Skip to main content

68996355-Programa-Mentor-pripravnik

Page 1

ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ "ГЕРАС ЦУНЕВ" - ПРОСЕНИКОВО, ОПШТИНА СТРУМИЦА ПЛАН И ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА МЕНТОРОТ СО ПРИПРАВНИКОТ ВО УЧЕБНАТА 2008 / 2009 ГОДИНА Ментор: Љупка Поп-Тодорова, наставник по англиски јазик Работно искуство: 9 години Стручна подготовка: Дипломиран Професор по Англиски јазик и книжевност Смена: прва Приправник: Слободанка Тренчева, наставник по англиски јазик Смена: втора Планот и програмата се изработени согласно законските одредби. ЦЕЛИ:

• Оспособување на приправникот за самостојно, квалитетно и успешно реализирање на •

задачите на работно место – наставник по англиски јазик. Подготвување на приправникот за полагање на стручен испит.

ЗАДАЧИ: •

Да се оствари отворен, искрен, доверлив однос меѓу менторот и приправникот преку запознавање на личноста на приправникот; • Да се постигне максимално залагање како од страна на менторот, така и од страна на приправникот за што поуспешни резултати по пат на заеднчка работа; • Постојано да се следи целокупната работа на приправникот (реализација на наставната програма, изработка на дневни подготовки за час, начини на изведување на наставата, реализирање на наставен час и сл.) • Да ја поттикне мотивираноста на приправникот за изведување на современа, квалитетна и поуспешна настава. ОПШТИ ОДРЕДБИ: • •

Во текот на работата, менторот ќе му ја даде сета потребна помош на приправникот за реализирањето на целокупната работа; Во текот на оспособувањето, ќе се избегнуваат сите стереотипи во изведувањето на наставата, а ќе се применуваат такви пристапи што одговараат на современите општествени стандарди. ИНСТРУКТИВНО ДЕЛУВАЊЕ

Во текот на работењето, приправникот ќе добие целосна поддршка и помош при планирањето и реализирањето на наставата од страна на менторот на кого, од друга страна, ќе му биде овозможено преку соодветни активности истовремено и да ја следи реализацијата на наставата од страна на приправникот. Непосредното следење на работата на приправникот ќе се


врши со цел да му се даде непосредна помош на приправникот, а не како средство за критика. Притоа, менторот ќе биде во секое време на располагање, па преку дијалог ќе се откриваат интересите, проблемите и тешкотиите со кои се соочува приправникот во текот на работата со цел решавање и надминување на истите. КОНСУЛТАЦИИ Во текот на целокупната работа, ќе се обавуваат постојани консултации во врска со планирањето, подготовката и реализацијата на наставната програма по англиски јазик од страна на приправникот. Исто така, приправникот ќе биде во можност да учествува во планирањето и изведувањето на воннаставните активности, кои се поврзани со предметот кој го предава (работа на секција, дополнителна и додатна настава и сл.). КОРИСТЕЊЕ ЛИТЕРАТУРА И ДРУГ ВИД НА НАСТАВНИ СРЕДСТВА И ПОМАГАЛА Со цел поуспешно извршување на менторството, а пред се` заради поефикасно и поквалитетно самостојно изведување на наставата од страна на приправникот, ќе му биде посочена и ќе му биде овозможен пристап до соодветна стручна литература, прирачник за наставникот (Teacher’s Book) како и до сите останати видови наставни средства и помагала кои се неопходни за секојдневно непречено изведување на наставата. КОНКРЕТНИ ЗАДАЧИ • • • • • •

Помош на приправникот околу планирањето на наставните содржини кои се предвидени со наставната програма по англиски јазик за основно образование; Запознавање со начините на изготвување на годишни, глобални и тематски распределенија по предметот англиски јазик; Запознавање со начинот на изготвување на дневни подготовки за час; Увид и консултации во врска со начинот на реализација на наставната програма по англиски јазик; Посета на часови; Консултации после секоја посета на часовите. ПРОГРАМСКИ СОДРЖИНИ

• • •

Реализација на наставната програма по англиски јазик; Реализирање на редовна настава; Реализирање на дополнителна и додатна настава; • Организирање и учество во воннаставни активности (секции, училишни приредби и сл.);

• Соработка со стручниот актив Јазичари и општествена група предмети; • Организирање на ученички натпревари по англиски јазик на ниво на паралелка и на ниво на генерација.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
68996355-Programa-Mentor-pripravnik by Tanjapan - Issuu