4
1
ВЕЗЕЊЕ Сценарио и цртеж: Марџан Сатрапи Библиотека: АПСОЛУТНИ ПОЧЕТНИЦИ Книга 9 Издавач: БУНКЕР Бул. Св. Кирил и Методиј 40/5, Скопје Главен уредник: Владимир Битољану Превод од француски јазик: Јоана Хаџи-Лега Христоска Лектура: Милена Стојановска Дизајн, типографија и подготовка за печат: Ласко Џуровски, ТОТЕМ д.с. Печати: Пропоинт - Скопје Тираж: 300 Наслов на оригиналот: Broderies © 2003, Marjane Satrapi and L’Association. All rights reserved. Published by arrangement with eddy agency. За македонското издание © Бункер, 2023 « Cet ouvrage a bénéficié du soutien du Programme d’aide à la publication de l’Institut français. » „Ова издание ја доби поддршката на Програмата за помош во издаваштвото на Францускиот институт.“
Издавањето на оваа дело е поддржано од
Министерство за култура на Република Северна Македонија Скопје, 2023 2
3
4
Беше навистина вкусно! Благодарам. Госпоѓава овде е таа на која треба да ѝ се заблагодарите. Вистински виртуоз в кујна. Сатрапи ми ласка.
Баба ми го викаше дедо ми „Сатрапи“, никогаш по име. Велеше дека сопругот треба да се почитува. 5
По ручекот, мажите, по обичај, одеа да дремнат, а ние останатите, жените, ја раскревавме масата. Марџи, сине, погрижи се за самоварот. Дa, бабо.
6
Самоварот беше моја обврска. Бев задолжена за него наутро, напладне и навечер. Треба да се напомене дека утринскиот самовар ја немаше баш истата функција како во останатите делови од денот. Утрински самовар Бабо, сакаш шолја чај?
Зачепи!
Баба ми беше зависна од опиум. Докторот ѝ имаше кажано да го зема за да ги ублажи болките (така барем велеше таа). И, кога се будеше, пред да го земе, расположението честопати ѝ беше за никаде, ама тоа никогаш не траеше долго. Доволно беше во чајот да стопи парченце прегорен опиум* за да ѝ се вратат смислата за хумор и природната срдечност. Требаше само да се почека малку.
*Она што останува на дното од лулето откако ќе се испуши опиумот. 7
Оној никаквецон, со глава на дибек...
ПФФФ...
И другион глупак... Баба ми пред
Одвратни се...
Срање!
Збоктисано ми е од животов!
Чајов мириса на лајна!
Баба ми потоа
И, внучке моја мила, како си ми? Добро?
Подобро од пред малку. 8
„Опиумот има многу квалитети“, велеше баба ми. „Не служи само за ублажување на болката.“ Погледни ме, отсекогаш сум имала ширум отворени очи како твоите...
... Затоа, кога бев помлада, земав едно парченце пред да одам на забава. Тоа ми ги стежнуваше очните капаци. Ми го правеше погледот копнежлив.
И ти би требало да научиш да ги подзатвораш очите. Зарем навистина мислиш дека вака изгледам енергично и паметно? Не, ама полесно ќе си најдеш додворувачи. 9
Благодарение на своите полузатворени очи, баба ми трипати се мажеше. Дедо ми ѝ беше последниот сопруг.
10
Пладневен и вечерен самовар Чајот што го приготвувавме во тие моменти имаше сосем поинаква функција. Сите се собираа околу оваа напивка за да ѝ се препуштат на омилената активност: МУАБЕТОТ. Но тој муабет имаше и свое посебно значење: Озборувањето на другите е луфтирање на срцето...
11
Потребни се околу четириесет и пет минути за чајот да зоврие и да се свари во самоварот (се работи за готвење, а не за инфузија). Кога конечно се појавив со послужавникот во салонот, другите само што ги имаа измиено садовите.
Ах, конечно! Браво, Марџи! Господ да ти даде здравје!
Значи колку сме усогласени! Браво, внучке моја! Браво! Милина! Ох! Ах!
12
Благодарам, душо.
13
И така почнуваше уште една долга сеанса на луфтирање на срцето...
14