Page 1


РАЈНХАРД КЛАЈСТ

ОЛИМПИСКИ

СОН

ПРИК АЗНАТА НА САМИЈА ЈУСУФ ОМАР


Библиотека

АПСОЛУТНИ ПОЧЕТНИЦИ Книга 1

Рајнхард Клајст ОЛИМПИСКИ СОН Издавач

БУНКЕР За издавачот

Владимир Битољану Јован Битољану Превод

Владимир Битољану Лектура

Маја Бражанска Подготовка за печат и дизајн

Ласко Џуровски, ТОТЕМ д.с. Печати

Пропоинт Издавањето на овој графички роман го поддржа

Copyright text and illustrations ©2015 by CARLSEN Verlag GmbH, Hamburg, Germany First published in Germany under the title DER TRAUM VON OLYMPIA – DIE GESCHICHTE VON SAMIA YUSUF OMAR All rights reserved Скопје, септември 2017


„Не оди слепо каде што те води патот, тргни таму каде што нема пат и остави свој белег.“ Цитат од Ралф Валдо Емерсон посветен на Самија Јусуф Омар, објавен на Фејсбук


Палермо Тунис

тунис

либија Сабха

САХАРА

Каиро

египет

Картум

СУД

АН

Метема

Адис Абеба

Етиопија

л

с

а ом

а иј Могадишу


П Р Е Д ГО В О Р

Секојдневно, при прелистување весници, обично на маргините на интересот, налетуваме на белешки за страдања во Средоземното Море на луѓе кои, во апсурдно малечки гумени чамци, се обиделе од африканскиот брег да ја дофатат Европа. Најчесто не продолжуваме со читањето, бројките - десет, дваесет или дури стотици мртви, не допираат до свеста. Што ја издвојува приказната на Самија Јусуф Омар? Зошто токму таа се задржува во нашите глави, меѓу судбините на илјадниците други кои трагично го загубија животот? Откако ја прочитав книгата Крајот на една спасувачка мисија од Елијас Бирдел, прашањето на бегалците постојано ме преокупира. Во октомври 2012 престојував еден месец во Палермо, за да истражувам и собирам белешки. Тоа што таму го доживеав длабоко ме потресе. Од сознанието за некадарноста на државите, до вистинско ропство, кое ние во остатокот на Европа, меѓу другото, го искористуваме за поволна набавка на овошје и зеленчук. Кога налетав на приказната за Самија Јусуф Омар, ме потресе трагичната сила на нејзиното опстојување. Благодарение на поддршката од новинарката Тереза Круг, која се беше спријателила со неа, можев лично да зборувам со нејзината сестра Ходан Јусуф Омар, на која во 2006 ѝ појде од рака да избега во Хелсинки. Од неа добив увид во животот на нејзиното семејство во Могадишу и во трагиката која ја донесе кинењето на фамилијарните врски. Иако лузните кои ги остави смртта на нејзината сестра беа премногу свежи, таа се согласи со мојата желба да ја раскажам нејзината судбина во форма на стрип. Тоа ми беше многу важно. За време на својата одисеја, Самија Јусуф Омар постојано одржуваше контакт со пријателите и семејството преку Фејсбук. Во меѓувреме, нејзините постови се избришани. Фејсбук пораките во оваа книга служат за пренесување на информации до читателот, и за таа цел тие се, помалку или повеќе, измислени, освен една - нејзиниот очајнички повик за помош од Триполи, кој ѝ го испрати на Тереза Круг. Многу настани од речиси едногодишното патешествие на Самија Јусуф Омар се веќе неповратно изгубени, така што некои ситуации се земени од извештаите на другите мигранти или се, дури, реконструирани од моја страна. Морав да си претставам како човек размислува или чувствува во одредени ситуации. Сепак, многу случувања се непоимливи за еден, како мене, безбедно израснат Европеец. Се надевам дека оваа книга праведно ќе ја отслика Самија, и дека нејзината приказна ќе ја подигне нашата свест за фактот дека зад вестите во медиумите за бегалската криза, прашање кое мора да биде адресирано, стојат судбини, а зад апстрактните бројки, човечки животи. Рајнхард Клајст 5


Ал-Шабаб е милитантно исламистичко движење во Сомалија, чија цел е воспоставување исламистичка држава и светски џихад. На југот и во централниот дел на земјата, по повеќедецениската граѓанска војна, се водат вооружени судири со владините трупи. Во деловите кои ги контролира милицијата на Ал-Шабаб владее строга примена на шеријатот. Хавала е глобален неформален систем на префрлање пари. Во земји во кои не функционираат банкарските системи, често постои само една можност за трансфер на пари. Парите се предаваат на хавала дилер од доверба, кој потоа го информира дилерот од местото на примачот, да му го исплати бараниот износ. Тие, потоа, меѓусебно си ги регулираат побарувањата. Веројатно на овој начин се вршени исплати од и на Самија за време на нејзиното патување.


Могадишу, 2008

7


...знам дека Кајре има.

Можеме да одиме кај Мохамед, тој има генератор.

Ама ќе не пушти ли да гледаме? Требаше да го прашаме.

белки нема да снема струја.

тој е арамија !

Што се случува таму?

Тоа е мајка ѝ на Самија!

8

Еј, влезете и седнете!


гледаме дали Самија ќе победи.

Крррррк... разврска во спринтот.... крррррк... на Олимписките игри овде во Пекинг.

Кога е таа на ред?

Сто пати ме праша, од кај да знам?

на ред се квалификации, 200 метри, жени

9


ова ли е нејзината трка?

пушти поглас-/ но!!!

БРЗО, РАЗБУДИ ГИ ДЕЦАТА!!!

Разбудете се! Самија е на телевизија!

Мојата ќерка!

Натпреварувачките се на стартот...

... КРРРРК...

...Фаворитката од Јамајка, Вероника Кемпбел-Браун...

...Изабел Ле Ру од Јужноафриканската Република...

...Русинката Наталија Русакова...

10


Еве ја Самија!

Прекрасна е!

...и во внатрешната патека Самија Омар од Сомалија ...

Кадијату Камара од Мали...

Малку е слабичка ...

Погледни ги другите ...

... Вистински машини! Саде мускули!

значи претешки се, Самија ќе им избега!

Натпреварувачките ги заземаат стартните позиции...

11

Ајде!!

Трчај Самија!


Напред гулапче мое! Каде е? зошто ги гледаме само другите?!? Самија!

Натпреварувачките пристигнуваат во целната рамнина. Убедлива победа за фаворитката... Но што се случува? Една натпреварувачка сЀ уште е на патеката.

...сомалијката не се предава...

...Иако другите одамна...

12

...пристигнаа на целта...


Напред Самија!

...Слабичката аутсајдерка од Сомалија, пристигнува убедливо последна на целта, но публиката ја слави како да е победник...

Што? Последна?

Коментаторот вели била многу неисхранета...

не е битно, ќерка ми трчаше на Олимпијада!!!

Пристигна десет секунди по другите.

што си замислува тој?!

Деца, дојдете! Си одиме!

Па што? Истрча 200 метри за пола минута...

...Нека проба тој да го постигне тоа!

13


14


Драги пријатели, Сигурно сакате да знаете дали сум разочарана. Пекинг беше прекрасен! Што ако бев последна? Следниот пат ќе бидам подобра. Така мора да размислуваш, ако сакаш да постигнеш успех во спортот. Сигурно моите дома и сите пријатели ме видоа на телевизија. Што ли ќе кажат кога ќе се видиме?

Самија, злато мое, колку беше вита на телевизија.

горда сум на тебе!

Мамо!

не ме интересира. Ајде да си одиме дома.

мамо, бе! бев последна!

17


Ајде, кажувај веќе. Како беше?

Ќе седнете ли конечно? Има бхајии!

18


Толку бев горда додека го носев знамето...

Сигурно имаше супер момци. Абди Саид Ибрахим, на пример, е баш шик...

Имаше ли симпатични момчиња?!

А бе ајде, немам поим!

Само нејќеш да кажеш!

мислите ли воопшто на нешто друго? Ајде да играме!

Ријана!

Ох, јас... не денеска ...

Нема и ти да заминеш?

мислам, засекогаш...

19


Драги пријатели, Веќе неколку дена откако се вратив во Могадишу. ѝ помагам на мајка ми по дома и се грижам за децата на сестра ми. Тоа е моја обврска, откако пред неколку години таа замина во Европа, да бара работа. Би сакала повторно да тренирам. Пекинг постојано ми е во мислите. Каде и да бев можев да го видам олимпискиот огин. Беше како месечина.

враќај се веднаш Ако слушнеш пукотници! И, те молам, донеси малку овошје. и стави шамија на главата!

Мамо, отидов да трчам!

Да, мамо!

20


Те видов на телевизија! сакам и јас да трчам!

Еј, Самија, одиш на тренинг?

Професионалецот мора секогаш да е во форма.

Кој ќе биде побрз?

Ти победуваш!

Не, ти!


Еј!

Одете пристојно.

на жените не им прилега да трчаат, нели Знаевте?

поздрав Самија ...

Нема да влезеш? Нее, можеби, другпат.

22


Селам, Мустафа!

Самија, многу сум горд на тебе!

Престани, трчаше на Олимпијада. Тоа не е мала работа. впрочем, другите имаа многу поскапа опрема, со која се победува.

Гледаше ?

Имаше добро време!

Да, за тука. Но за таму не беше доволно добро!

Маицата ме сопираше. беше преширока. Немав друга.

ги виде ли другите? Какви машини! сигурно секој ден јадат стек и салата.

23


Не како ние овде.

Можеби не требаше да трчам на 200 метри. Подобра сум на долги патеки.

Драги пријатели, Тренингот на Кони стадионот во Могадишу е сосема различен од Пекинг. Секогаш кога трчам, морам да внимавам да не се повредам. Патеката е преполна со дупки од бомби. Немаме штоперици. По тренингот јадеме малку ориз и банани. Што ќе се најде. Многу се смееме. Во Пекинг сè беше многу посериозно. Влогот беше многу поголем. Тоа ми се допадна.

24

Следниот победувам, Мустафа. Тогаш луѓето ќе слават затоа што сум прва, а не само да ме охрабрат да стигнам до целта.


Колку бев брза, Мустафа?


Го подобри сопственото време.

Уфф!

Морам да бидам уште побрза.

Сега морам да одам на работа. Се гледаме наредната недела!

Ангел си. Ќе ги однесеш ли Марван и Манал на спиење?

Донесов овошје!

26

Божја волја!


Што ти е, дете?

Гледам дека нешто те мачи, Самија.

Ништо, мамо.

Навистина не е ништо.

Драги пријатели, Многу сум мотивирана. Го подобрив сопственото време на 200 метри. По тренингот ја кријам опремата најдобро што можам во торбата, и кога ќе забележам некои од Ал-Шабаб, гледам да ги заобиколам во широк лак. Тие ги контролираат улиците и веќе неколку пати ми направија проблем затоа што трчањето не било за девојки. Понекогаш, кога ќе излезам од дома, не знам дали ќе се вратам безбедно. Но морам да продолжам да трчам, не гледам што друго би можела да правам.

Ти ли си таа што трчаше на телевизија?

АУ!

Што...

27


Те видовме. косата не ти беше покриена.

Навистина мислиш дека во друга земја можеш да правиш што сакаш?

Очигледно не знаеш како треба да се однесува жена.

Ги навредуваш народот, земјата и Пророкот!

Варди се!

Знаеме каде живееш!

Треба ли да те потсетиме што му се случи на татко ти?

Оставете ... ме

28


Што збориш, ма?

Тоа не бев јас.

што? Сакаш да не заебаваш?

Сте ме смешале со некого.

Никогаш не сум била на телевизија! Никогаш! Не знам за што зборувате! Оставете ме на мира!

Застани!!!

Драги пријатели, Вчера, по тренингот налетав на патрола од Ал-Шабаб. Овие луѓе секогаш ми влеваат страв со нивните религиозни проповеди и со нивните закани. Што си замислуваат, кои се тие? Успеав да им избегам. Не тргнаа по мене. Цел ден бев гневна и тажна. Да беше тато тука, ќе знаеше да ме орасположи.


Еднаш заборавив да зготвам јадење за Манал, додека мама продаваше зеленчук на пазар. Кога се врати, беше многу лута.

Морам ли сè сама? Кажи и ти нешто!

Почни да врескаш кога ќе ти кажам, ок?

Доаѓај веднаш!

АУ!

АУ!

АУ!

Еве ти! Еве, еве! Ова ќе те научи да слушаш.

Многу ми недостига тато. Постојано мислам на тој страшен ден кога за последен пат отиде на пазар.

30


31


Пред да го застрелаат тато, животот беше поедноставен. Можев да одам на училиште. Сега сè е поинаку. На мама ѝ е потребна сета помош, особено откако сестра ми замина во Европа. Како и многу други.

Сите заминаа. Не оставај ме и ти, Самија.

Без парите кои ги испраќа Ходан, тешко ќе сврзевме крај со крај. Сепак, посакувам сè да е како порано.

Стави ја шамијата.

32


Кога трчам, заборавам на сè. На разделбата со Ходан. На тоа што тато веќе го нема. На луѓето кои исчезнаа. На заканите со смрт, кои ги добиваше татo, затоа што не го следевме шеријатот.

На тоа што немам повеќе време да одам во школо.

На пцостите на оние за кои трчањето е грешно. Oд сето тоа можам да избегам.

На тоа што никаде не се чувствуваш сигурно. На мрачната иднина.

33

Profile for ИЗДАВАЧКА КУЌА БУНКЕР

Олимписки сон 1 33 стр  

Олимписки сон 1 33 стр  

Advertisement

Recommendations could not be loaded

Recommendations could not be loaded

Recommendations could not be loaded

Recommendations could not be loaded