ПРОЕКТ СМАРТ ФАРМАЦЕВТ
НАУЧИ ДЕНЕС - ПРИМЕНИ УТРЕ
Улогата на фармацевтот во општеството е многу важна и тој е важен дел во грижата на пациентите, со цел следење на сите новитети во фармацевтската грижа и светските трендови за подобрување на улогата на фармацевтот во општеството, дел од нашите вработенимагистри фармацевти присуствуваа на првиот симпозиум посветен на аптекарската здравствена заштита што се одржа во Скопје во организација на „Фарма експерт“Аријана Мештровиќ и Здружението на приватни аптеки на Република Северна Македонија (ЗПАРСМ).
ШТО ЗНАЧИ СМАРТ ФАРМАЦЕВТ
СМАРТ фармацевт e проект дизајниран од страна на - Doc. dr. sc. Arijana Meštrović, MPharm, FFIP и Mike Rouse B. Pharm (Hons); MPS, FFIP (International Pharmaceutical Federation (FIP)).
Претставува Иновативен модел за поттикнување промени во образованието и практиката во фармацијата.
Обезбедува Стратегии за имплементација на примената на процесот на фармацевтска грижа за пациентот (PPCP –Pharmacists’ patient care process).
Фокусиран е на Фармацевтската грижа – односно, на трансформација на “традиционалниот фармацевт“ во “Современ фармацевт” чиј фокус е грижата за пациентот, преку проширување на фармацевтските услуги во аптеките, за обезбедување најдобра и најбезбедна терапија за пациентите.
Се спроведува на глобално ниво, низ 19 земји во светот, од различни континенти, во кои влегува и нашата земја.
КОИ СЕ ЦЕЛИТЕ НА
ПРОЕКТОТ СМАРТ ФАРМАЦЕВТ...
Воведување на процесот за грижа на пациентите од фармацевтите (PPCP), усвоен во мај 2014 година од страна на Заедничка комисија на фармацевти практичари во различни области, во САД.
Мултидисциплинарен пристап во грижата за пациентот со фокус на улогата на фармацевтот.
Класификација на проблемите поврзани со лекови, усвоена од PCNE (Мрежа за фармацевтска нега на Европа) и шаблони за собирање на податоци.
КОЈА Е УЛОГАТА НА
ФАРМАЦЕВТИТЕ ВО ЗЕГИН АПТЕКИ...........
Контрола на пропишаната терапија, избор на соодветен лек, контрола на дозата, интервалот на дозирање, контраиндикации и интеракции со лекови, за да биде активен и видлив член на здравствениот тим.
Обезбедување на рационална и безбедна употреба на
лекови, преку учество во набавка, дистрибуција, подготовка и администрација на лекови, како и контрола на пропишаната терапија, за да се оптимизира во корист на пациентите.
Придонесува во безбедноста на терапијата за пациентите; преку намалување на грешките при земање лекови и други несакани дејства поврзани со употребата на лекови. Влијае на усогласеноста на терапијата, која е основен
фактор за рационална фармакотерапија и е од суштинско значење за постигнување на терапевтската цел.
КОИ КОМПЕТЕНЦИИ
ЌЕ ГИ РАЗВИЈАТ ФАРМАЦЕВТИТЕ ЗА ДА ОБЕЗБЕДАТ
СООДВЕТНА ГРИЖА
ЗА ПАЦИЕНТИТЕ.......
Управување со времето.
Тимска работа.
Комуникациски вештини.
Колаборативна пракса и меѓупрофесионална соработка.
Клинички вештини.
Користење на национални упатства и примена на фармација и медицина базирана на докази.
ШТО ЗНАЧАТ КЛИНИЧКИТЕ ВЕШТИНИ ЗА ФАРМАЦЕВТИТЕ...........
Користење на национални упатства и примена на фармација и медицина базирана на докази.
Набљудување на проблеми поврзани со лекови:
� Препознавање, клиничка евалуација и интервенции за интеракција со лекови;
� Препознавање, пријавување и спречување на несакани
реакции од лекот;
� Следење и подобрување на придржувањето кон терапија;
� Проверка и следење на ефективноста на терапијата;
� Препознавање и корекција на медицински грешки; Проверка на ефективноста на терапијата и безбедноста на пациентот со набљудување на субјективни и објективни параметри.
Правилно одредување приоритети и постигнување на терапевтската цел.
Интервенции и нивно документирање во законска рамка на фармацевтската пракса.
Благодарение на активното учество во проектот и симпозиумот СМАРТ Фармацевт, нашите учесници – магистри фармацевти ќе се стекнат со поголеми компетенции во комуникацијата со лекарите, како и за подигнување на квалитетот на услугата, постигнување клинички резултати за пациентите, рационална фармакотерапија, намалување на негативни ефекти, брза идентификација на проблемот и поголема проактивност. Овие компетенции ќе ги подобрат индикаторите за поголем квалитет во практиката, поголема следливост на пациентите и зајакната соработка со сите инволвирани страни.
Повисокиот стандард за фармацевтска грижа која го поставува проектот СМАРТ Фармацевт, со фокус на континуирана едукација која како компанија постојано ја следиме и професионалиот развој на фармацевтите, се во корист и на фармацевтите и на пациентите.
Нашите вработени – СМАРТ фармацевти не се само дозери на таблети, тие се чувари на благосостојбата на пациентите и се професионалци кои нудат врвна нега.