Каталог за членовите на лојалти клуб
ЛОЈА ЛНА КАРТ ИЧКА
ПОВЕЌЕ БИСЕРИ ПОВЕЌЕ ПОДАРОЦИ
ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ КОИ ПРОИЗВОДИ СЕ ДОСТАПНИ ОД НАВЕДЕНИТЕ БРЕНДОВИ И ПОВРЗАНИ СО БИСЕРИТЕ ОД ЛОЈАЛНАТА КАРТИЧКА КОНСУЛТИРАЈТЕ ГО ВАШИОТ ФАРМАЦЕВТ.
ЗЕГИН ЈА НАГРАДУВА ВАШАТА ЛОЈАЛНОСТ Зошто е добро да имате лојална картичка од групацијата ЗЕГИН? На наше огромно задоволство, сакaме да Ве информираме дека ланецот аптеки Зегин како и поликлиниката Зегин Медика во својата мрежа воведуваат и програма за лојалност. Програмата за лојалност е дел од нашата постојана грижа за Вашите барања и потреби - единствена картичка со многубројни придобивки за потрошувачите.
Колку повеќе купуваш толку повеќе добиваш! Картичката е дизајнирана со цел да се наградат сите потрошувачи за верноста и за лојалноста. Со единствената, бесплатна картичка можете да добиете многу бесплатни производи. Во зависност од бројот на собрани бисери кои се добиваат при секое купување кај нас, добивате гратис производи од актуелниот каталог. КАКО ДО ЗЕГИН ЛОЈАЛНА КАРТИЧКА? Зегин лојалната картичка можете ја добиете во сите аптеки на Зегин, и во поликлиниката Зегин Медика. Картичката има неограничен рок на употреба. Заедно со картичката добивате формулар за пополнување на Вашите податоци. Пополнетиот формулар го оставате во аптеките со цел да се внесат Вашите податоци во нашата база на корисници. Секогаш кога ќе дојдете на каса, Ве молиме да им ја прикажете Вашата Зегин лојална картичка на вработените за да бидете уредно регистрирани на каса. Секоја Зегин картичка има единствен регистарски број. Доколку биде оштетена или изгубена, истата не може да се замени, но можете да добиете нова лојална картичка.
ПОВОЛНОСТИ ОД КОРИСТЕЊЕТО НА ЗЕГИН ЛОЈАЛНАТА КАРТИЧКА
Со Зегин картичката нашите купувачи добиваат шанса да добијат гратис производи. Kорисниците на лојалната картичка ќе имаат ексклузивен пристап до голем број промотивни акции на специјални производи по повластени цени на сите продажни места на аптеките Зегин.
КОГА И КАКО СЕ СОБИРААТ БИСЕРИТЕ?
За секој купен производ (освен лекови) добивате бисери. Како до повеќе бисери: Лојалната картичка овозможува подарок за секој купувач. Бисерите кои купувачите ќе ги соберат денес, можат да ги користат веднаш во наредниот ден.
КУПУВАЈТЕ ПРОИЗВОДИ ОЗНАЧЕНИ СО БИСЕРИ!
Користење на бисерите од Вашата Зегин лојална картичка е многу едноставно: Собраните бисери можете да ги користите веќе од наредниот ден по Вашето прво купување. Бисерите се собираат до 31.12.2024 а имаат важност до 31.01.2025 год. потоа почнува нов период на собирање на бисери. После секој период, неискористените бисери се бришат од вашата Зегин картичка и почнува нов период на собирање бисери. Доколку сакате да се информирате за вкупниот износ на собраните поени - тоа можете да го направите на која било каса во нашите аптеки. Подароците важат до потрошување на количините. Побрзајте и искористете ги бисерите по Ваша желба. Ве очекуваме!
ЗЕГИН секогаш ги наградува своите лојални купувачи ,,ПОВЕЌЕ БИСЕРИ ДО ПОВЕЌЕ ПОДАРОЦИ’’ zegin.pharmacy
zegin_pharmacy
zegin_healthy_food
zegin_healthy_food