АЛЕРГИИ



Алергијата е прекумерна реакција на имунолошкиот систем на надворешни супстанции и обично е безопасна за организмот.
Кога некое лице е алергично на некоја супстанција, имунолошкиот
систем погрешно препознава дека претставува опасност за организмот и го напаѓа. Надворешните супстанции кои можат да предизвикаат алергиски одговор, се нарекуваат алергени можат да дејствуваат некои видови на храна, лекови, домашна прашина, полен итн.
При доаѓање во контакт со вакви алергени, имунолошкиот систем произведува заштитни молекули наречени (имуноглобулин Е). Овие антитела предизвикуваат одредени клетки да лачат разни хемикалии (вклучително и хистамин) кои, кога влегуваат во крвотокот, достигнуваат до различни органи и предизвикуваат одредени симптоми. Најчесто погодени органи од алергии се очите, носот, грлото, белите дробови, кожата и дигестивниот систем.
Некои алергии се сезонски (пролет, лето, рана есен) кога концентрацијата на определен полен во воздухот е највисока. Други ги имаме преку целата година, како што се алергии на домашна прашина и животни. Алергиите на храна и лекови се манифестираат секој пат кога некое лице ќе земе соодветни супстанции. Повеќето видови на алергии се доживотни.
ПРЕДИЗВИКУВАЧКИ АГЕНСИ
Дерматофагоидес Полен Храна
Хемикалии Лекови
Убоди од инсекти
Грини во домашната прашина (паразити)
житарици, дрвја, треви
кравјо млеко, белка од јајце, риба, овошје, зеленчук, ореви средства за чистење и козметика
антибиотици, лекови против болки
пчела, оса и друго.
Генетска предиспозиција – ако член на семејство страда од алергија, ризикот е поголем
Присуството на астма или други алергиски заболувања го зголемуваат ризикот
Во детството, алергиите се почести кај момчињата
Неповолните фактори на животната средина, исто така, влијаат на развојот на алергии:
Изложеноста на чад од цигари во текот на првите години од животот предиспонира за развој на алергии.
Ретката вентилација во просторијата доведува до акумулација на разни надразнувачки соединенија наречени иританти. Тие ги иритираат мукозните мембрани на дишните патишта и ги прават почувствителни.
Влагата во затворен простор е фактор во развојот на алергиски ринитис (воспаление на носната слузница) кај децата и возрасните. Исто така, создава услови за развој на патогени бактерии и мувла.
При голем сообраќај, загадувањето на воздухот со разни гасови како што се сулфур диоксид, јаглерод моноксид, фини честички се зголемува
воспалението на дишните патишта и го зголемуваат ризикот од алергиска болест во атопични услови.
да ги разликуваме алергиите од грип, настинка и ковид 19
КОВИД-19 ГРИП
СИМПТОМИ Треска/температура Често Често Понекогаш Никогаш
Болки во мускулите Малаксаност Кашлање Затнат нос Воспалено и болно грло
Чешање на очи/нос/грло Губење здив и отежнато дишење Главоболка
Губење на мирис и вкус
Гадење и повраќање Дијареа
НАСТИНКА АЛЕРГИИ
Често Често Понекогаш Никогаш Често Често Понекогаш
Често Понекогаш
Често
Често Често
Често
Никогаш Никогаш Понекогаш Понекогаш Понекогаш
Понекогаш
Понекогаш Често (суво) Често Често Често Често Често Често Често Често
Понекогаш Понекогаш
Понекогаш Понекогаш (кај мали деца)
Понекогаш Понекогаш (кај мали деца)
Често Ретко Ретко
Понекогаш Понекогаш
Никогаш Никогаш Никогаш Никогаш
Правилниот третман бара правилна дијагноза. Најточна информација може да се даде со вршење тест со крв или на кожа со што се идентификува на која супстанција е алергичен пациентот.Тестот на кожа вклучува нанесување на мали количини прочистени алергени на кожата (во пределот на раката помеѓу лактот и зглобот) со еден од трите методи:
Тест на кожа – по лесно гребење на кожата, тестираниот алерген се акумулира на микро-траумата
Тест со убод – капка алерген најпрво се нанесува на кожата, потоа се прободува со цел влез на алергенот.
Интрадермален тест – алергенот се инјектира подкожно
По одреден временски период, се појавува присуство или отсуство на реакција на кожата од алергенот.
Крвниот тест ја испитува количината на алергиски антитела IgE (имуноглобулин Е) во крвта.
Покрај класичните антихистаминици (Лоратадин,Деслоратадин...), како и големиот број на препарати кои што се користат за подобрување на имунолошкиот систем.... Во зависност од симптомите...
-Изотоничен раствор на морска вода**(99.9%).
-Хијалуронска киселина со висока молекуларна тежина во форма на сол (0,1%).
-Ослободување од симптомите на сува слузокожа на носот.
-Намалување на чувството на чешање и пецкање и намалување на создавањето на красти.
Хидратација на слузокожата на носот.За возрасни и деца над 1 година.
-вода, натриум хлорид, алкохол, екстрат од лист (тегавец), масло (катрафај), масло од плод (црн пипер), масло од иглички (елка),масло(мароканска сина камилица), масло од цвет (вид на камилица),масло (грендландски рузмарин)
Деконгестивно дејство во форма на спреј, наменет за симптоматски третман на назална конгестија, како на пример во случај на алергиски ринитис (прашина, полен) и назофарингитис.
-изотоничен раствор на морска вода
-цветна вода од екстракт од исландски лишај
-алое вера
-етерично масло од мирта Нежен спреј за бебиња (од раѓање) и деца
За лесно дишење при: Настинка Алергии
Конгестија (затнат нос)
-екстракт од цвет на лопен -екстракт од цвет на црн бозел -екстракт од вербена -екстракт од ехинацеја -екстракт од цвет на јаглика -екстракт од андрографис
За горен дел од респираторен систем одржување на одбрамбените механизми на организмот, посебно во горниот дел на респираторниот систем за смирување на горниот дел на респираторниот систем, вклучително и грлото
-Стерилен, хидратантен офталмолошки раствор со течен екстракт од (Calendula officinalis) невен.
-Смирува и ослободува при состојби на иритирани и надразнети очи.
-Биокомпатибилен производ со неутрална pH и специфични компоненти кој помага во обновување на природниот физиолошки
баланс на очите и дава пријатно чувство на свежина и ослободување.
-Печење или чешање на очите, предизвикани од различни фактори
-стерилен, хидратантен и лубрификантен офталмолошки
раствор со течен екстракт од
Освежува и осободува од
симптоми на алергија на очите и симптоми на очите при висока температура, како што се чешање и печење на очите.
-растително масло: Brassica napus* (семе од репка); желатин* (Gelatine); есенцијално масло: Origanum vulgare* (оригано), Citrus limon* (лимон); глицерин* (Glycerine); антиоксиданс: екстракт богат со токофероли.
За одржување на здравјето на респираторниот систем.
Концентрат од капер Концентриран прашок од лист од маслинка Концентрат од смил Концентрат од црна рибизла Концентрат од женшен Ресвератрол Поради својата антиоксидантна и имуномодулаторна активност, го поттикнува ублажувањето на алергиските тегоби, како што се ринитис и уртикарија. Концентратите од капер, црна рибизла и женшен придонесуваат за намалување на ослободувањето на хистамин и модулација на воспалителниот процес. Ресвератролот и концентратите на H. italicum
и листот од маслинка го поддржуваат интегритетот на ткивата, како резултат на регулацијата на оксидативните процеси.
Цинк таблетите претставуват граничен
производ, формула со антиоксидативни
карактеристики наменета за поддршка на имунолошкиот систем на
организмот и одржување на здравјето
на кожата. Една таблета содржи 50 мг
цинк во форма на цинк глуконат. Цинкот е есенцијален минерал во траги
значаен за бројни функции во
организмот и компонента на голем број ензимски системи во организмот.
Кверцетин, Витамин Ц (како Ester-C®, калциум Л-аскорбат), Цитрус Биофлавоноиди Комплекс, Шипинка прашок, Ацерола екстракт во прашок, Бромелаин, Рутин прашок - Кверцетинот има антихистамински ефект. Преку студии е покажано дека ги намалува респираторните несакани ефекти при алергија. Кверцетинот е познат по своите антиоксидативни дејства и антиалергиски својства кои се карактеризираат со стимулација на имунитетот, антивирусна активност, инхибиција на ослободување на хистамин.
Л-аскорбинска киселина, желатинска обвивка на капсулата, цитрус биофлавоноиди, бромелин, екстракт од шипинка, ацерола прашок, цинк цитрат
-Алергија, астма и поленска треска -Синдром на хроничен замор
-Вирусни инфекции -Когнитивно оштетување -Нарушена циркулација
-Воспаление на простатата, мочниот меур и јајниците -Хронични инфекции на простатата
Екстракт од коприва (Urtica dioica extract) 2000 мг
- Екстракт од црна рибизла (Ribes nigrum extract) 2000 мг
- Екстракт од ехинацеа (Echinacea purpurea extract) 1200 мг
- Екстракт од шипинка (Rosa canina extract) 2000 мг
- Екстракт од тегавец (Plantago lanceolata extract) 8 мг
Заштита од алергии Ослободување од симптоми на алергија
Зајакнување на имуниот систем
- Откријте кога е сезоната на полен и консултирајте се со вашиот лекар.
- Не излегувајте при суви и ветровити денови кога концентрацијата на полен е висока, ретко проветрувајте и избегнувајте одење близу полиња или градини.
- Редовно менувајте ги филтрите за климатизација и возете со затворени прозорци.
- Брз туш и промена на облеката помага да се отстрани поленот што се наталожил на облеката, кожата и косата кога сте биле излезени.
- Изберете ја вистинската правосмукалка – најдобрите за борба против алергија имаат ХЕПА филтер. Ги фаќа најмалите честички од прашина и не дозволува да се вратат во воздухот при чистење.
- Немојте да ја бришете прашина со сува крпа – ова предизвикува силно распространување на големи и мали честички од прашина во домот.
- При високо ниво на влажност во домот, купувањето на апсорбери за влага е добро решение
- Капете ги миленичињата – во спротивно ризикувате акумулација на алергени во миленичето.
- Користете природна козметика, средства за чистење и детергенти за да ја намалите иритацијата
- Инхалирајте се за да ги исчистите дишните патишта и да ги исфрлите акумулираните секрети.