Skip to main content

ELECTRIC FORKLIFTS CATALOGUE (mk)

Page 1

КАТАЛОГ 2026

ЕЛЕКТРИЧНИ ВИЉУШКАРИ RK-15EFL-PRO · RK-35EFL-PRO · RK-50EFL-PRO

1,5 – 5 t

80 V

6.000 mm

5 год.

Носивост од 1.500 до 5.000 kg

Литиумска батерија со брз полнач

Опционална висина на подигање

Гаранција на батеријата или 1.500 работни часа

П РОД АЖБА · С ЕРВ И С · РЕЗЕРВ НИ Д ЕЛОВ И

R ADEK.C OM .M K


ВОВЕД

ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ

01

RADEK електричните виљушкари

Достапни со носивост од 1.500, 3.500 и 5.000 kg,

претставуваат современо, економично и

како и со различни висини на подигнување и

сигурно решение за магацини,

дополнителна хидраулична опрема, тие можат прецизно да се приспособат на потребите на секој

производствени погони и логистички

корисник.

центри.

Чистата и тивка работа, едноставното управување

Комбинацијата од моќен електричен погон, литиумска батерија со брзо полнење и минимални потреби за одржување овозможува значително пониски работни трошоци во споредба со

и долгорочната сигурност ги прават една од најдобрите инвестиции за современо ракување со товар.

класичните виљушкари.

КЛУЧНИ ПРЕДНОСТИ Нулта емисија на издувни гасови — погоден за работа во затворен простор Значително пониски трошоци за енергија и сервис Без моторно масло, филтри и сложено одржување Тивка работа и подобри услови за операторот Моментален вртежен момент и стабилна моќност до крајот на смената

R A D E K · Е Л Е К Т Р И Ч Н И В И ЉУ Ш К А Р И

02


ТЕХНОЛОГИЈА

ЛИТИУМСКА БАТЕРИЈА

02

01 БРЗО ПОЛНЕЊЕ, ДОЛГ ВЕК Современата литиумска батерија обезбедува брзо полнење, долг работен век и стабилни перформанси во текот на целата смена. Не бара одржување, дополнување вода ниту посебна просторија за полнење. 80V систем со брз полнач Полнење за 2 до 5 часа, зависно од моделот 7 до 12 часа работа со едно полнење Меѓуполнење во пауза без оштетување на батеријата Гаранција 5 години или 1.500 работни часа

02 ЕКОНОМИЧНА И ЧИСТА РАБОТА Електричниот погон значи ниски работни трошоци, тивка работа и нулта емисија на издувни гасови. Без моторно масло, филтри и сложено одржување — потребно е само редовно полнење и виљушкарот е подготвен за работа. Пониската потрошувачка на енергија и отсуството на редовни сервиси на моторот директно ја намалуваат цената на еден работен час.

R A D E K · Е Л Е К Т Р И Ч Н И В И ЉУ Ш К А Р И

03


ПЕРФОРМАНСИ

МОЌ И СТАБИЛНОСТ

03

Силен електричен погон, полни индустриски гуми и ниско тежиште обезбедуваат сигурно совладување на нагорнини и стабилно подигање на полн товар.

12 / 15 %

300 mm/s

10 / 12 km/h

500 mm

Максимален совладлив наклон со / без товар

Брзина на подигање кај RK-50EFL-PRO

Брзина на движење со / без товар

Центар на товар кај сите модели

R A D E K · Е Л Е К Т Р И Ч Н И В И ЉУ Ш К А Р И

04


ОПРЕМА И КВАЛИТЕТ

КОНФИГУРАЦИЈА ПО МЕРКА

04

ПРОФЕСИОНАЛНА ОПРЕМА И МОЖНОСТИ Стандардно опремени со полни индустриски гуми, а достапни и со Side Shift, хидраулично позиционирање на вилушките и Triplex јарбол до 6.000 mm. Конфигурацијата може да се приспособи според просторот, товарот и начинот на работа — од тесни магацински патеки до тешка манипулација во производство. Дуплекс или Триплекс јарбол Слободно подигање (free lift) Странично поместување и позиционер на вилушки Продолжени вилушки и специјални приклучоци

ПРОВЕРЕНО ПРОИЗВОДСТВО Произведени во реномирана специјализирана фабрика со долгогодишно искуство во електрични виљушкари. Секој модел поминува контролирано производство, тестирање и проверка на безбедноста, квалитетот и исправноста.

Тест на носивост со калибрирани тегови пред испорака

R A D E K · Е Л Е К Т Р И Ч Н И В И ЉУ Ш К А Р И

05


СПОРЕДБА

ЗОШТО ЛИТИУМСКА БАТЕРИЈА

05

ЛИТИУМСКА НАСПРОТИ ОЛОВНО-КИСЕЛИНСКА Литиумската батерија се полни значително побрзо, не бара одржување и обезбедува подолг работен век и стабилна моќност. За разлика од неа, оловно-киселинската бара редовна проверка, дополнување вода и подолго време за полнење.

ЕЛЕКТРИЧЕН НАСПРОТИ БЕНЗИН / ПЛИН Литиумскиот виљушкар работи без издувни гасови, значително потивко и со пониски трошоци за енергија и сервисирање. За разлика од Petrol/LPG моделите, не бара моторно масло, филтри, свеќици или редовно одржување на моторот.

ЕЛЕКТРИЧЕН НАСПРОТИ ДИЗЕЛ Литиумскиот виљушкар нуди чиста и тивка работа, моментална моќност и минимално одржување. Во споредба со дизелскиот, нема издувни гасови, промена на масло и филтри, а трошоците за енергија и секојдневна експлоатација се значително пониски.

R A D E K · Е Л Е К Т Р И Ч Н И В И ЉУ Ш К А Р И

06


ПРОГРАМА

МОДЕЛИ

06

Три носивости кои ги покриваат најчестите потреби во магацин, производство и логистика. Сите модели се достапни со Дуплекс или Триплекс јарбол.

RK-15EFL-PRO

RK-35EFL-PRO

RK-50EFL-PRO

1.500 kg

3.500 kg

5.000 kg

Погонски мотор Батерија

3 kW 80V / 80Ah

Работно време

7–8 ч

Погонски мотор

7,5 kW

Батерија

80V / 210Ah

Работно време

9–10 ч

Погонски мотор Батерија

16 kW 80V / 300Ah

Работно време

10–12 ч

Радиус на вртење

2.000 mm

Радиус на вртење

2.300 mm

Радиус на вртење

2.500 mm

Тежина

2.280 kg

Тежина

3.985 kg

Тежина

5.500 kg

ИЗБОР НА МОДЕЛ

ИСПОРАКА И СЕРВИС

Носивоста се одредува според најтешкиот

Сопствен сервисен тим и резервни делови на

вообичаен товар, а не според исклучокот.

залиха. Пуштање во работа, обука на операторите

Висината на подигање и типот на јарбол зависат

и редовно сервисирање се дел од испораката.

од висината на регалите и од светлата висина на вратите.

НЕ СТЕ СИГУРНИ КОЈ МОДЕЛ ВИ ТРЕБА? Испратете ни ги димензиите на товарот, висината на регалите и бројот

radek.com.mk

на смени — ќе ви предложиме конфигурација и ќе ја пресметаме разликата во трошок по работен час.

R A D E K · Е Л Е К Т Р И Ч Н И В И ЉУ Ш К А Р И

07


ПОДАТОЦИ

ТЕХНИЧКА СПЕЦИФИКАЦИЈА

07

Модел

RK-15EFL-PRO

RK-35EFL-PRO

RK-50EFL-PRO

Номинална носивост

1.500 kg

3.500 kg

5.000 kg

Тип на погон

Електричен

Електричен

Електричен

Тип на батерија

Литиумска

Литиумска

Литиумска

Напон / капацитет на батеријата

80V / 80Ah

80V / 210Ah

80V / 300Ah

Полнач

Брз полнач

Брз полнач

Брз полнач

Центар на товар

500 mm

500 mm

500 mm

Стандардна висина на подигање

3.000 mm

3.000 mm

3.000 mm

Опционална висина на подигање

6.000 mm

6.000 mm

6.000 mm

Стандарден тип на столб

Дуплекс (2 степени)

Дуплекс (2 степени)

Дуплекс (2 степени)

Опционален тип на столб

Триплекс (3 степени)

Триплекс (3 степени)

Триплекс (3 степени)

Слободно подигање

Опционално

Опционално

Опционално

Димензии на вилушките (Д × Ш × Деб.)

1.070 × 100 × 32 mm

1.220 × 100 × 40 mm

1.220 × 150 × 50 mm

Странично поместување (Side shift)

Опционално

Опционално

Опционално

Хидраулично позиционирање на вилушките

Опционално

Опционално

Опционално

Тип на гуми

Полни гуми

Полни гуми

Полни гуми

Вкупни димензии (Д × Ш × В)

2.300 × 1.200 × 2.150

2.650 × 1.200 × 2.150

3.200 × 1.250 × 2.150

mm

mm

mm

Минимален радиус на вртење

2.000 mm

2.300 mm

2.500 mm

Брзина на движење, со / без товар

10 / 12 km/h

10 / 12 km/h

10 / 12 km/h

Брзина на подигање, со / без товар

200 / 240 mm/s

240 / 300 mm/s

300 / 320 mm/s

Максимален совладлив наклон, со / без товар

12 / 15 %

12 / 15 %

12 / 15 %

Моќност на погонскиот мотор

3 kW

7,5 kW

16 kW

Моќност на моторот за подигање

3 kW

5 kW

13 kW

Време на полнење

2–3 часа

3–4 часа

4–5 часа

Работно време со едно полнење

7–8 часа

9–10 часа

10–12 часа

Тежина

2.280 kg

3.985 kg

5.500 kg

Гаранција на батеријата

5 години / 1.500

5 години / 1.500

5 години / 1.500

работни часа

работни часа

работни часа

Производителот го задржува правото на измени во конструкцијата и спецификацијата без претходна најава. Наведените вредности се однесуваат на стандардна конфигурација.

R A D E K · Е Л Е К Т Р И Ч Н И В И ЉУ Ш К А Р И

08


ПОБАРАЈТЕ ПОНУДА Ќе ви помогнеме да го изберете вистинскиот модел според товарот, висината на регалите и начинот на работа — со пресметка на трошок по работен час во споредба со постојниот виљушкар.

ПРОДАЖБА · СЕРВИС · РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ · ОБУКА

© 2026 RADEK · Сите права задржани


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
ELECTRIC FORKLIFTS CATALOGUE (mk) by RADEK - Woodworking & Metalworking Machines - Issuu