Skip to main content

Ревија Поетска ноќ во Велестово бр. 21

Page 1

International Review of Velestovo Poetry Night, № 21, August 2021

VELESTOVO POETRY NIGHT

Интернационална ревија Поетска ноќ во Велестово, број 21, август 2021 г.

ПОЕТСКА ноќ во Велестово

Општина Охрид

Ристо Лазаров Славко Упевче Никола Упевче

Сигурбjорг Трастардотир Кристин Омарсдотир Надија Реброња Андреј Ал-Асади

Д. А. Лори Сашо Огненовски Ивана Јовановска Мартин Милески


Од Поетска ноќ во Велестово 2020 г.

Мозаици на Никола Упевче


33Поетска ноќ во Велестово

Интернационална ревија Поетска ноќ во Велестово број 21 август, 2021 година International Review of Velestovo Poetry Night № 21 August 2021 Редакција: Славе Ѓорѓо Димоски Јулијана Величковска Подготовка и дизајн: Јован Димоски Логистика: Александар Димоски Климент Јанковски Печати: Графо-ден ДООЕЛ Скопје Лого: Славко Упевче

Триесет и третото издание, во исусови години, Поетската ноќ во Велестово го одржува во специфичен период во кој се ноаѓа целиот свет, но без разлика на сето тоа продолжува ја раскажува приказната за себе и за сите нас. Длабока е таа приказна, клокоти од најдлабоките стерни на човековата душа бидејќи врутоците што ги разлева го носат најчувствителниот, најтреперливиот, наволшебниот ткаеж кој не може да се раскаже, туку само да се вдише и издише. Но, сепак, станува збор за приказна што ќе се размотува овие неколку денови во кои, веруваме, не ќе се чувствуваме загрозени бидејќи поезијата, исконскиот човечки говор, повторно и повторно, сизифовски ќе се обидува да го преобликува разбирањето на читателот/слушателот за себе и за светот. Овде и во оваа прилика не можеме да го теоретизираме веќе здодевното прашање: што може поезијата, туку едноставно да констатираме дека во нејзините рамки можеме да ја видиме фрагментарната слика на човекото искуство низ историски, општествени и политички искушенија, а со тоа да нѐ направи почувствителни, подалекувидни и подготвени за нови искуства. Уживајте во искреноста на поетскиот збор!


„Поезија – Залез“ низ објективот на Кире Галевски


33. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО

3

Почитувани велестовци, драги пријатели и гости-намерници Се сеќавам на мојата прва визита на Велестово, кога многу одамна, како средношколец во шеесеттите, дојден на одмор со родителите во Охрид, се запознав со една холандска фамилија и заедно со нив на магариња се искачивме на еднодневен излет до Велестово. Тогаш бев обземен со рокенролот и почнав да зачитувам поезија и да подзапишувам нешта кобајаги во тој авангарден стил, па затоа се изначудив кога фамилијата Холанѓани паѓаа во несвест од одушевеност пред носиите што постарите, а богами и помладите селанки од Велестово сѐ уште ги носеа, на понудената трпеза со тазе печено лепче, со домашно сирење, домашно ракииче, на четири исечено доматче, младо кромитче и луто пиперче, трпеза што пред заминување се налеваше со чаша домашно винце. Се сеќавам, ги галеа овците што попладнето се прибираа од ливаѓето и на враќање веќе беа целосно замелушени од преубавото охридско зајдисонце што од велестовските височини благо и долго сее незаборав во умот. Иако во себеси се потсмевав на нивната воодушевеност, сепак нешто длабоко во мене почна да ме жега со нејасни и недооформени прашања на кои многу подоца почнав да наоѓам одговори...

Затоа, ако старословенскиот бог Велес чие име е вткаено во името на селово, бил главен бог на земјата, облаците, водата, животните, на магијата и музиката, на песната на шаманите, тогаш дури сега ми станува јасно што ги водело моите чекори нагоре до ова велелепно место, до овој метафизички чардак ни на небо, ни на земја, до оваа жуборна вода од која при секое доаѓање ние, поетите, ритуално отпиваме по некоја голтка за да ја згаснеме жедта на шаманот во нас. Сега, кога по којзнае којпат сум повторно со вас, но штедро почестен со дар за незаборав, со една цела поетска ноќ посветена на моето дело, во едно духовно и емотивно разнебитено, скипнато технолошко доба, во ера на пандемија, на политички поделби и говори на омраза, шамански да ви речам неколку нешта: како прво, чувајте ја традицијата на велестовските поетски ноќи зашто политиката е ежедневна работа што брзо се заборава и што, барем кај нас, не носи бел ден и духовна наситка, теоријата на литературата е само ука за делото, филозофијата – само идеjа и ука за животот, чувајте ги велестовските поетски ноќи, зашто поезијата е за мене, ни помалку ни повеќе – живот, и тоа од најчист и сѐ уште неосквернавен вид. Зоран Анчевски

Се сеќавам на мојата втора визита на Велестово, кога веќе како поет со две стихозбирки зад себе, со разни патешествија по големиот бел свет, на покана од Славе Ѓорѓо, Венко, Брацо и другите поети од таа генерација, нешто помлади од мене, кои со невиден ентузијазам се обидуваа да остварат сон за кој многумина им се потсмеваа, а што јас од сѐ срце го споделив со нив како да е мој. Тогаш повторно се искачив овде, дишев од овој воздух, штедро пиев од магиите на местово и саноќ мудрував со Ганета, Антета, Ренџота, Радована, со тие наши поети-шамани, седнати на дрвени троногалчиња и клупи во црковната трпезарија, сѐ дури галичичкото утро не нѐ разбрка да се вратиме секој во својата поетска ќелија.

Велестово, aвгуст 2020 г.


33. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО

4

ШЕПОТ, ТИШИНА, НАДЕЖ

(за стихописот на лирското царство на Зоран Анчевски) Голем е залогот, треба да е моќен зафатот, тука е и ризикот но, затоа, богата е и наградата. Тој што издвоил дел од својот бесценет живот, а секој поединечен живот е бесценет, велам оној што посегнал по поетските книги на Анчевски, не само што не минал на страната на разочараните, туку се почувствувал награден. По секоја прочитана книга од нашиот автор сме останале со чувството дека сме биле сведоци, на некој начин и учесници во величествен лирски подвиг. Ако сме ја минале бессоната ноќ читајќи – сме осамнале во бистрото утро – со една неспоредлива лирска придобивка! Како да сме прекосиле димензии, мигум допирајќи се до духовни искуства и душевни трепети – низ лирски проблесоци! Според една симпатична дефиниција, поскоро досетка, сите автори, од сите времиња, народи, јазици и писма, допишуваат еден единствен текст – автобиографија на човечката цивилизација. Се присетуваме на неа, кога читаме автори, кои имаат широк цивилизациски зафат, што апсолвирале поблиски и подалечни книжевни искуства, па тие искуства станале и дел од самите нив, од нивниот книжевен хабитус. Такви плодоносни контакти препознаваме во поезијата на Зоран Анчевски, и тој дијалог со светската книжевна мисла и душевност дале впечатливи лирски резултати. Уште за првите книги Анчевски доби ласкави оценки. Така на пример Атанас Вангелов за дебитантската книга „Патувања низ скршени слики“ (1984), напиша дека е „постигната зрелост и свест за овладување на лирската материја“. За книгата „Стратегија на поразот“ (1994) Венко Андоновски забележа дека поетскиот запис на Анчевски осцилира меѓу две крајности: од „семиотичка егзалтација“ до „радикална скепса во потенцијата на означителските системи“. Андоновски уште констатира дека нашиот автор „го пополнува палимпсестот на Претходникот“. Притоа критичарот мисли на збирниот именуван или безимен Велик Претходник, при што поетскиот резултат се вмрежува во веригата на Великото Писмо на преогромниот Свет. И академик Влада Урошевиќ ќе го посочи колебањето меѓу обидот за исчекор од традицијата и „судбинската условеност да се остане во нејзините граници“. Од своја страна, пак, Санде Стојчевски со нагласено внимание се задржува на аспектот на универзалноста во поезијата на Анчевски. Тој ќе запише: „Овие лирски бранови наидуваат од најразлични меридијани и се усогласуваат во хармоничен и мудар текст отпорен на корозија, затоа што не се потпираат на атрактивноста и на егзотиката на далечните култури, туку во стиховите од нив се досипува универзалното јадро, јатката во која се втиснала историската човечка драма“. Секако дека Стојчевски ги има предвид различните лица на таа „драма“: од култура до култура, блиски и далечни. Без да се испушти од вид дека, сепак, творештвото е индивидуално искуство, преточено низ индивидуален творечки чин, па затоа омнипотентното лице на различноста, и покрај универзалната надворешност, се префрла врз дискретноста на произведувачите и консументите на уметнички обликуваните

фрагменти. И на поблиските и на подалечните традиции и култури и, се подразбира – во една дијалошка синтеза! Кај Анчевски е евидентно едно специфично обмислување на творечкиот чин, затоа што е свесен дека, колку што поетот подлабоко посегнува во творбената димензија на јазикот, толку повеќе ризикува да се најде вон од неговата комуникативна функција. За среќа, Анчевски го нашол тој modus procedendi. Доказ се многуте успешни реализации при стихувањето на интелектуалниот порив, зауздувајќи ги емотивните вртлози. Дури и тогаш кога лирскиот субјект може да се лоцира во конститутивен егзил, додека се внесува во записот на немирот и надежта. Шепотот, тишината и надежта... и трите врз фонот на небесата, во „загадочна небесна пантомима“. Тоа би била една покарактерна експресија од прочитот на поезијата на Анчевски. Сепак, добро би било да посочиме и неколку конкретни, впечатливи места, кои ќе ја дооформат сликата за едно творештво, коешто навистина го заслужува нашето внимание.

Бидејќи градивниот материјал на поезијата се зборовите и нивната звучна слика, може да се присетиме на идејата на Дерида, дека функционалноста на зборовите во еден јазик произлегува од тоа што тие се траги на различности. Но не може да не увидиме дека при нивната мотивирана употреба, сепак, се стигнува и до нивната полифункционалност и семантичка омнипотентност, внатре во истиот тој јазик. Трагата треба да биде разбрана заедно со нејзината, о-траговена и видлива разлика, споредена со другите траги и, особено, со носителите на одделните траги-записи како и нивната целокупност, т.н. референцијален систем. Тој референцијален систем за Анчевски е светската и домашната традиција. Поетска пракса што е веќе о-траговена е и светската и домашната модерност т.е. оној стремеж за одлепување од закостеноста на формите и ритмите. Стоте години истражувања, исчекорувања и експерименти со поетскиот јазик во модерната се стабилизираат во една престабилизирана хармонија на постмодерната.


33. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО

Вистинските поети, оние што се потпираат на својата дарба, му се доверуваат на своето вродено чувство за баланс меѓу сликата и звукот. Тоа е видливо во творештвото на Анчевски уште во првите книги, но особено е впечатливо во книгите „Линија на отпорот“ (1998) и „Превод на мртвите“ (2000). Тој момент сметам дека треба да биде посочен и нагласен затоа што кај Анчевски, особено во последната книга, метафорите се употребени на малку поособен начин. Така, поетските слики се едри, се редуваат некако неусетно и, главно, оставаат впечаток на лежерност, понекогаш дури и на индиферентност. Токму затоа и ритмиката, т.е. нивното редување, се распостила на поедар план, нивниот спој се чини лабав, а, со тоа, му се остава слобода на читателот да биде, на соодветен начин, внесен во поетската експликација. Така и тој, читателот, се здобива со чувството дека е интерактивен фактор, т.е. учесник. Значи, соодветно овозможената текстуелна конгломерација го подразбира и рамништето на рамноправен удел на рецепиентот, при ослободувањето на лирската енергија. Се стигнало до едно активно соучесништво во комплетната реализација на она што е зачнато. На хоризонтот на рецепцијата се мрешка јазична еротика, која ги подразбира и здогледува идните лирско-семантички плодови. На семантичката повеќеслојност на поезијата на Анчевски, што подразбира активна ролја на читателот укажува и Јулијана Младеновска-Тешија: „Песните на Анчевски се отвораат пред нас како феномени, кои од нас бараат дополнително поврзување“. Но, тука, ќе си дозволиме дополнување на согледаното, со тоа што ќе прецизираме, дека посочениот процес, т.е. дијалог, е двоен: прво, тоа е дијалог на присутниот поет и виртуелниот читател, а потоа, тоа е дијалог на реалниот, индивидуално мотивиран, читател-зналец, со отсутниот, всушност, затскриениот (зад метафори, созвучја и ритмови) поет. Во првите две книги, кои изобилуваат со минијатури, читателовото патување низ стиховите е еден вид патување низ „искршени слики“. Сепак, зад таа искршеност стојат суптилно подредени лирски мозаици. Во реализацијата на ритмичките изблици, поетот посега и кон просторно распостилање на стиховите, кои често се од еден збор, па и тој се распаѓа на составни слогови. Тоа, до некаде, нѐ потсеќа на практиките на сигнализмот. Нашиот поет честопати исцедил скриени значења и зрачења не само од полнозначните именки и глаголи туку и од прилозите, па и од слоговите, дури и од одделните повторени звуци (асонанци и алитерации). Ќе издвоиме уште неколку релевантни согледувања што фрлаат светлина при рецепцијата и толкувањето на поетскиот подвиг на Анчевски. Така, внимателниот прочит на Лидија Капушевска-Дракулевска ѝ овозможил да согледа колку внимателно е градена структурата на најновата стихозбирка „Небесна пантомима“, носител на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП-2018. Таа констатира дека структурата на оваа збирка е „строга, обмислена, со речиси математички прецизна форма“, при што ја нагласува и „нумеролошката симболика (три, еден, четири)“. Тоа лесно може да го провери секој читател, а она што јас би го додал е следното: не само во последната, туку уште во првата стихозбирка на Анчевски „Патување низ скршени слики“ таа обмисленост е видлива. Таков пример е песна-

5

та „Врати“ и од таа лирска минијатура најпрво издвојувам три стиха: „дишејќи / внатрешна тишина / шепотат...“ Алитерацијата, преку „шепотот“, природно нѐ внесува во „тишината“. И – поетското доживување е речиси комплетно! Велиме дека е „речиси комплетно“, затоа што Анчевски нема да е тоа што е, доколку не поседува ерудиција и увид во подлабоките слоеви на фонетската и јазичната материја, од која се обликува поетската супстанца. Во минијатурата има „уште нешто“, кое е потскажано со последните три стиха. Тоа „уште нешто“ тој „семантички вишок“, внесен од поетот, задира во езотеријата, што, пак, бара посебен осврт и експликација. Во последните три стиха: „Пријателу / изгубен си / те нема“ поетот, т.е. неговото реално, човечко битие, се обраќа кон „лирското јас“, кое тргнало да се извишува, во устремот да ги надмогне материјалните окови – ризикувајќи да се изгуби во загадочно озвучениот етер на осмата, т.е. божествената сфера. Не е случајно што мотивот на „снемување“ се повторува уште еднаш (во песната „Привид“), каде што тој е транспониран низ следните стихови: и ни шепоти дека тука сме одвај присутни, дека речиси нѐ нема, дека нѐ нема.

А „снемувањето“ може да ѝ претходи, но и да следи по состојбата – немост! И, каков е тој шепот? Веројатно е шепотот на осмата, божествената сфера. Читајќи ги овие стихови читателот не може да се оттргне од сугестијата дека присуството во телесната димензија е кревко, кршливо и измерливо во времето, додека човечката душа жеднее – по вечноста! Осмата небесна сфера, сферата на небесните ѕвезди, т.е. божествената сфера трепери, излачувајќи музика што можат да ја чујат само боговите. Но, бидејќи своевремено Ламартин ни укажа дека „човекот е соборено божество, кое уште се сеќава на небесата“, тука се поетите, кои упорно се вслушуваат во тој „божествен шепот“ што иде од небесата. Она што го начуле, го запишуваат, преточено низ стихови. Во очите и во ушите, за нас, обичните земни читатели и слушатели, тоа не може да биде музика на осмата небесна сфера, туку еден вид пантомима од вербализирани гестови. Пантомима проектирана врз бескрајната небесна шир, проникната од бесконечната небесна тишина. Човечкото битие, низ своето овоземно време, во стремежот да се ситуира во сферата на осмислено подре-


6

дените јазични знаци, ги распостила своите лирски траги пред нас како гестови, кои се сведоштва за индивидуалните и општочовечките јанѕи. Фактот што дури четири пати во петте клучни песни во збирката воочената „пантомима“ е „небесна“ ни го посочува фонот врз кој таа се одигрува. Ако кон тоа го додадеме и стихот, во кој стои: „лелеав шепот од небесата“ од песната „Анабасис“ – впечатокот за основното семантично лирско јадро е комплетен. Еден од манирите на нашиот поет е стихозбирките да ги довршува со т.н. коди, кои се еден вид клуч за заклучување на поетскиот материјал, распослан низ претходните страници, но е и клуч со кој се отклучуваат скриените или, од невнимание, пренебрегнати пораки. Ќе цитираме стихови од една таква кода, од циклусот „Од пишаното не се бега (допевања и коди)“ од стихозбирката „Историја на ветрот“ за да ја илустрираме поетовата опседнатост од „тишината“, која, низ алитерацијата на избраниот божествен звук, „сама изрекува“: Во окото шурка крвта тромо тишината тешка се валка бесшумно клокоти се меша („Потрага“)

33. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО

„лирскиот субјект преку далечините го осмислува домот и обратно, преку домот – се промислува копнежот по далечниот свет“. Тука може да се повикаме на недобројните теории за дихотомиите свое/туѓо, вдоменост/откорнатост, за исконската ексцентрација на човечкото битие, па дури и на примери од обмислениот микрокосмос во делото „Поетика на просторот“ од Гастон Башлар. Но јас нема да го направам тоа, туку повикувам да се прочитаат книгите на Анчевски. Може да се почне од последната. Од последно објавената. Други проследувачи на поезијата на Анчевски, на пример Оливера Ќорвезировска, спровеле опстојна анализа на поетиката на Анчевски. Меѓу другото, и Ќорвезировска обрнува внимание на синтагмата мозаик од надеж. За неа смета дека е, всушност, „скриена, имплицитна суштина на збирката ’Небесна пантомима‘“. Согласни со овој став, на тоа би се надоврзале, укажувајќи на една ингениозна дефиниција на поезијата дадена од Жан Кокто. Според него „поезијата е религија БЕЗ НАДЕЖ“. Имаме право да претпоставиме дека посочената синтагма „мозаик од надеж“ од поетот Анчевски е еден вид реплика на „безнадежната религија“ на Кокто. Самото тоа што денес, во тоталитарноста на технологиите, среде информациската загаденост, сѐ уште се пишува и се чита поезија, говори за тоа дека, сепак, поезијата е „мозаик ОД НАДЕЖ“. И, токму тоа, ја издигнува поезијата во ранг на – „религија на слободата“! Милош Линдро, август 2020 г.

Без да навлегуваме подлабоко во содржината на стиховното творештво на Анчевски и да ги издвојуваме и изнесуваме другите слични примери, кои ќе ги воочи секој малку поедуциран читател, можеме да се согласиме со согледувањето на Лидија Капушевска-Дракулевска дека преку префинетите инструменти на умот во стиховите на Анчевски се „следи ритамот на дијалектиката на животот и смртта“. Кон таа констатација нѐ упатува синтагмата „мозаик од надеж“, што е еден вид предуслов за живоста на небесната пантомима која, како метафора, може да ја поврземе со живиот творечки процес. Во збирката „Небесна пантомима“ поетот издвоил респективно почетно место, низ неколку песни, за своите лирски импресии од Индија. За појавата на овој егзотичен топос во книгата на Анчевски, проследувачката на неговата поезија Лидија Капушевска-Дракулевска ќе запише:


Ристо ЛАЗАРОВ „ЧЕСЕН ПОЕТСКИ ЗБОР“ Лидија Капушевска-Дракулевска

„ЧЕСЕН ПОЕТСКИ ЗБОР“ (Разговор со Ристо Лазаров) Ристо Лазаров (Штип, 1949) е поет, критичар, есеист, публицист и преведувач. Долгогодишен новинар во низа редакции. Бил генерален директор на југословенската новинска агенција „Танјуг“ и долгогодишен директор на националната телевизија „Телма“. Главен уредник на меѓународното списание „Балкан форум“ во кое свои прилози објавуваа Гинтер Грас, Чеслав Милош, Јосиф Бродски, Ханс Магнус Енцесбергер, Лешек Колаковски, Адам Михник и други врвни интелектуалци од целиот свет. Член е на Друштвото на писателите на Македонија, на Македонскиот ПЕН центар и негов претседател (2005 – 2014), како и на Чешкиот ПЕН центар. Досега ги објавил следните книги поезија: Ноќна птица во паркот (1972), Јана (1980), Грозен кикот (1982), Капки кисела вистина (1985), Лет(о) преку океанот (1988), Горјан во Дорјан (1988), Точка на вриење (1990), Од Битола појдов (1993), Одвајнадежна (1993), Силјан штркот уште еднаш ја облетува Македонија (1995), Херакле (1998), Колумбо (2000), Тројца за преферанс (2001), Одмолчена (2003), Ненадејна (2005), Чехопек (2006), Среде (2008), Жива рана, избор (2008), Сонот на коалата (2009), Кревалка (2011), Ситночекорка (2012), Јана/Јана (2013), Светилничар (2013), Препки (2014), Вампирското (2015), Мрак (2016), Птици (2016), Лавиринт (2017), Цедена (2018), Тесен пат кон далечниот север (2018) и Езерска (2019). Неговата поезија е преведена на неколку јазици. Застапуван е во повеќе антологии на македонската поезија.

Автор е на неколку книги огледи и публицистика: Прво лице еднина (интервјуа, 1982), Лист по лист (2000), Книга за животните и други огледи (2012), Врежанки (2014), Врежанки, белградски (2015) и Прашки ракописи (досега се објавени седум книги, 2017 – 2020). Од неговиот исклучително богат и разновиден опус би ги издвоиле и неговите преводи и препеви, од англиски и од српски јазик, на триесетина врвни автори: Чарлс Симиќ, Карл Сандберг, Филип Давид, Оскар Давичо, Милица Николиќ, Давид Албахари, Абдулах Сидран, Миљенко Јерговиќ и др. Добитник е на повеќе книжевни награди и признанија: „Млад борец“ (1972), „Мито Хаџи Василев – Јасмин“ (државна награда за новинарство, 1975), „13 ноември“ на град Скопје (1980), „Крсте Мисирков“ (државна награда за новинарство, 1982), наградата на МРТВ за најдобра книга за деца меѓу две Струшки вечери на поезијата (1987), лауреат на Празникот на липите (2000), „Ацо Шопов“ на ДПМ за најдобра поетска книга (2006), „Браќа Миладиновци“ на СВП (2008), „Книжевно жезло“ на ДПМ (2010), „Велја кутија“ на Македонските духовни конаци (2010), „Дијалог“ за најдобра книга поезија (2012) и „11 Октомври“ за животно дело од областа на културата и уметноста (2018). * Неодамна излезе од печат најновата, овојпат прозна книга на Ристо Лазаров, Намерници (2020), која во услови на актуелната светска пандемија со ковид-19, авторот ја споделува со своите пријатели по електронски пат, во неможност лично да ја подари, како што тоа вообичаено го прави. И нашиот разговор за „Културен живот“ се одвива електронски. Виртуелно или во живо, Ристо Лазаров е секогаш инспиративен соговорник, отворен и искрен, ироничен и критичен, но добронамерен и луциден. Богатото животно искуство и широкиот хоризонт на неговата


33. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО

8

ерудиција, се убава можност, при секоја нова средба, да научите многу, не само за литературата или за поезијата (Ристо е вистински архивар на книжевни анегдоти), туку и за актуелните геополитички случувања во светот, за неповторливите боемски дружења во некогашна Југославија, за старо Скопје или за денешна Прага... * ЛКД: Почитуван и драг Ристо, во моментов сте во Прага. За еден поет (книжевник, автор или уметник, воопшто), не постои изолација – изолацијата е нормална за творечкиот процес. Сепак, во услови на пандемија, има поместувања од нормалата: веројатно Ви е ограничено слободното движење низ градот-музеј?! Како се справувате со новонастаната ситуација? Извинете, можеби е ова премногу апсолвирано прашање во последно време, но некако е неизбежно. РЛ: Додека не му се најде чарето, ова прашање ќе биде актуелно, ќе наметнува однесувања на кои не сме навикнале и за кои сега се уверуваме дека би било прекрасно порано да сме ги приграбиле како начин на живот. Нејсе, никогаш не е доцна. Лично, не правам никакви дневни ,,стратегии и тактики“ за одбегнување на средбите со короната на улица. Нормално, повнимателен сум, ми годи што сум се раатисал (барем малкуцка, ама сум се раатисал!) од инаетот во нашинскиот ментален склоп, та имало – та немало корона. На почетокот губев концентрација, не можев да читам како што треба, за пишување ни збор, ама, ете, пак имал право народецот: времето лекувало сѐ. Лекувањето не мора секогаш да биде на интензивна нега. Се згоди така да ја почувствувам разликата во корона-атмосферата дома и тука, во Прага и пак го видов истото што со години го гледам. Тука сум со најблиските, во таа смисла мојата лична положба е драстично променета: сега веќе можам да читам, да пишувам, да ја заокружам ,,десетката“ од Прашките ракописи, досега се објавени седум... И најважно од сѐ, тука, во едни специфични услови, сега го почувствував вистинското значење на радоста на живеењето – покрај најблиските, во прошетките со внуката, со маски под кои блика радоста што сме заедно... Ја гледам колку ревносно ги следи онлајн упаствата на наставата, како пишува домашни, како го повела компјутерот како најобична играчка. Што се однесува, пак, до ограничувањата на движењата – тука едноставно нема такви, како што на улица со боринка да барате нема да најдете луѓе без маски. Музеите се отворени, книжарниците исто така, некако дискретно катаден се враќа стариот ритам на градот, стариот жубор на Влтава, најубаво опеаната река... Со Ацо Шопов во ,,Млад борец“ 1975

ЛКД: Да очекуваме некој нов наслов од Вашата едиција „Прашки ракописи“? РЛ: Да, да... Готово е готово! Останаа уште три наслови од планираните десет: Кундера, Сајферт, Јесенска. Ако пак не се испречи ова короништево, би требало до крајот на годината да излезат од печат. Време е да се размислува за нешто ново. ЛКД: Нашиот „електронски“ разговор го водиме за време на првомајските празници. Деновиве се појави едно Ваше долго, тнр. Биографско интервју за белградски весник „Данас“ во кое евоцирате спомени за некогашна Југославија. Сведок сте и хроничар на едно време кое се рефлектира во Вашиот опус, но и во Вашите релации со пријателите од тоа време... РЛ: Па, тоа е речиси истрошена тема. Нешто слично како во времево на корона-вирусот, при ,,раздружувањето“ на Југославија се бараше што поголема оддалеченост едни од други, како никогаш да не сме живееле заедно. Тогаш паднаа и сите маски, како пудрото од лицата на нечесните жени, како што на едно место рече Живко Чинго. И сега гледаме: земјата во која сме родени е веќе непостоечка. А сите до еден знаеме дека таа земја, како што пееше Јуре Каштелан, е ,,убава земја, мене најмила“. Не дека немаше фелери и деформитети, но Југославија не беше земја на богати тајкуни, туку земја на насмеани луѓе. Тајкуните збришаа сѐ – и насмевки, и луѓе. Арно ама, тоа што беше, не беше било-поминало. Било. И нема да избледне во сеќавањата на генерации и генерации израснати во таа земја. Сетики, тоа не е грев. И сетики и најголемите националистички идиоти размножени ,,од Вардара па до Триглава“ не мислат дека тнр. југоносталгичари се некакви теростистички бригади, ѓаволи што треба да ги снема. Ја ќе ги снема, ја нема да ги снема. Јас и не сум сигурен дека тој збор е добро избран, ама ете, три децении е во оптек. А колку за пријателите – се разбира дека ги имам многу, не само во екс-Југославија, и во други земји. И секаде каде што имам пријатели, се чувствувам како дома. Се радувам што имам и многу млади пријатели, родени кога веќе се закопуваше Југославија. Од многу пријателства не боли глава. Сите им се исчудуваат на пријателствата, а сејачите на пизми и омраза си ја вршат работата. Белград 2019: деделување на наградата ,,Петар Кочиќ“


ЛКД: Не толку одамна станавте лауреат на „Кочиќевото перо“ за стихозбирката Цедена и „Кочиќева книга“ за целокупно творештво што ги доделува Кочиќевата задужбина во Бања Лука и Белград. Убав подарок за Вашиот 70ти роденден. Во Белград се објавени седум Ваши книги. Очигледно, нивната рецепција е одлична, судејќи според споменатите награди... РЛ: Знаете што: Блаже Конески, во една прилика кога се говореше за преводот на неговите книги во странство, рече дека тоа е убава работа, ама каменот на своето си тежи. Џабе не сум ги запаметил овие зборови на премудриот Конески. Не мислам дека е поважно да се објави книга во странство отколку дома, никако. Јас имам десет книги и на други јазици: англиски, руски, чешки, словенечки, бугарски, албански... И кон сите имам подеднаков однос, како да се објавени во Скопје, само што ќе ти удрат еден краткотраен галеж на суетата. Така е и со наградите, па и со ,,Кочиќевата книга“ за целокупно творештво. Лицемерно е да се каже дека ви е сеедно ако жири во состав Миљенко Јерговиќ, Гојко Божовиќ и Никола Вуколиќ се определиле да ве вбројат меѓу добитниците на оваа регионална награда. Впрочем, и ние нашата највисока поетска награда, Златниот струшки венец, го доделуваме на странци, со два исклучока досега. Инаку, самите награди не се за творецот да трча по нив – доаѓаат и бргу се забораваат. Книгите остануваат. ЛКД: И самиот се занимавате со преводи и препеви. Освен макотрпната радост на преведувачот, несомнено, преводот помага и во збогатувањето на поетскиот вокабулар. Какви се Вашите искуства во овој домен? РЛ: Секакви. До таму да се зарекнам дека ,,доста беше“, преводите исцрпуваат многу. Задоволството доаѓа отпосле, ама е вистинско. Сум превел четириесетина книги. Некои од нивните автори воопшто не ги познавав лично. Без тој вложен труд ќе бев посиромашен. Оти, преведувањето отсекогаш спојувало различни култури, цивилизации и светови. Тоа е и мал книжевен рудник: мигот кога бараш наш збор, за веродостојно да го замениш странскиот. Зборче по зборче, се збогатува и нашиот речник. Пак ќе се присетам на едно кажување на Блаже Конески – колку среќен бил, имено, кога го препеал Хајне на македонски. Среќен од богатството на нашиот, македонски јазик ЛКД: Цели пет децении сте присутен на македонската книжевна сцена – Вашиот поетски првенец, збирката Ноќна птица во паркот се појавува во 1972 год., но уште како средношколец пишувате и објавувате стихови во периодиката. Како се роди поетот во Вас? РЛ: Како и кај сите други, безбели. Тоа најкусо би го опишал така што еден ден Ѓорѓи Доцев, мојот наставник по македонски јазик во осмолетката ,,Димитар Влахов“ во Штип, ме фати за рака и ме внесе во вриежот на светот на литературата. Потоа сѐ си врвеше, како што врвеше. Влада Урошевиќ е виновникот за излегувањето на мојата прва книга – прва во библиотеката ,,Алфа“ на Сојузот на литературните дружини и клубови на Македонија. Уроше-

Карлуп на Влтава: на гробот на Јарослав Сајферт

виќ, имено, беше селектор на првиот конкурс. Понекогаш и самиот не си верувам дека оттогаш минал половина век, не е малку. ЛКД: Таа младешка љубов и посветеност на поезијата траат до денес. Неслучајно, еден стих во збирката „Грозен кикот“ (1983) гласи: „Песната тоа сум јас“; и неслучајно, нашиот разговор го именував според заветот кој своевремено го побарал од Вас поетот Ацо Шопов – „чесен поетски збор“. За ова пишувате во книгата „Врежанки“, но не само во споменатата мемоарска проза, туку и во многу други прилики, не пропуштате да го истакнете значењето на овој наш великан. Ако не се лажам, и самата првпат лично Ве запознав на еден пригоден настан за Шопов кој се одржа во НУБ. Знам дека Ацо Шопов е на пиедесталот во Вашиот личен поетски Пантеон, но што е со колективната меморија? Дали и колку ја негуваме традицијата на вредности денес? РЛ: Одличен вториот дел на прашањето. Првиот е личен, ама непроменлив. Ацо Шопов секогаш бил и останува на највисокиот врв во мојот поетски свет. Погоре ги спомнавме наградите, еве прилика сега да кажам дека од сите награди и признанија што сум ги добил најмногу му се радувам и најљубоморно го чувам ,,Признанието за афирмација и негување на делото на Ацо Шопов“ што пред некоја година го добив во Штип. Знае, секако знае Ацо, колку сум горд за тоа. И колку тоа нему му припаѓа кога еден ден дојде во Штип и во тогашната кафеана ,,Џакарта“ ме натера да му дадам чесен поетски збор дека ќе заборавам на гимназиските палавости. Многу, многу. А колективната меморија ни е олеле мајко! Шопов отиде прерано, стана првиот починат класик од првата македонска литературна генерација. И така, еден по еден, си заминаа: Блаже Конески, Славко Јаневски, Гане Тодоровски, Петре М. Андреевски, Србо Ивановски, Гого Ивановски... Колку пати се преобјавени нивните книги? Каков третман имаат тие во системот на образованието? Дочекавме дури,


10

во лустрациското лудило, еден од првата седморка на Друштвото на писателите мртов да биде лустриран! ЛКД: Да, во многу од Вашите песни, а особено во поемите, како да одѕвонува она начело од поезијата на Ацо Шопов: „откривајќи го светот, да се открие татковината и откривајќи ја татковината, да се открие светот“. Тој дијалог и воспоставената аналогија помеѓу далечниот голем свет и нашето национално поднебје, од една страна, и од друга, симбиозата на традицијата и иновацијата (во елиотовска смисла), на фолклорниот орнамент со модерниот израз, односно на дијалектните идиоми со современиот колоквијален и урбан жаргон е, несомнено, еден убав влог во системот на македонската култура. Зошто практикувате токму ваков модел на пеење? РЛ: Па, некој добро ме поучи дека поезијата оди рака под рака со своето време. А секое време врие од радости и таги, од разни благодети и конфликти... Светот на поезијата е свет без граници, исто како и јазикот на поезијата. Минато и свршено е времето кога тнр. колоквијален немаше право на граѓанство во светот на ,,фината поезија“, та дури и романтична. А Витмен, а Сандберг, Гинсберг...? А наративите во новата европска поезија?

Со Лидија Димковска и Петар Андоновски

ЛКД: Неизбежно доаѓаме и до некои горливи прашања – прашањето за македонскиот јазик и идентитет. Парадоксално, но и во 21-от век сè уште нè обременува една проблематика која во цивилизираниот свет, главно е заокружена во 19-от век. За „Дојче Веле“ неодамна изјавивте: „Додека на земјината топка ќе живее последниот Македонец, дотогаш ќе трае и јазикот наш, македонски“. Прекрасна изјава, во стилот на еден Конески за „јазикот како наша единствена татковина“! Зрачи со оптимизам кој Ви е својствен, зар не?! РЛ: Повеќе зрачи си готовност со сите да се брани и одбрани македонскиот јазик. Еве, сега, пред добивањето датум за преговори со ЕУ, пак некои закачки од бугарска страна и лансирање на ,,службен јазик“. И тоа влегува во портфолиото на разговорите за одредување на датумот, како нешто сосема природно, Без збор од наша страна, што создава оправдан револт кај нашите луѓе. Згора на

33. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО: Ристо Лазаров

тоа и оттука се пуштија пробни балони на таа болна тема. Сфаќа ли некој во оваа држава дека веќе немаме ништо за раздавање и дека никому ништо не му борчиме, вклучувајќи ги и творците и менторите на ваквите атаки врз јазикот што Конески не случајно го нарече ,,наша единствена татковина“. Јас стојам и го зацврстувам стојалиштето што го напишав за ,,Дојче Веле“. Со Горан Стефановски во ,,Идадија“

ЛКД: Важите за ангажиран интелектуалец и за критичар со остро перо. Навистина сте редок автор и новинар кој бескомпромисно реагира на дневните, актуелни општествено-политички случувања овде и сега и кој во клучните мигови од македонската транзиција (која, патем речено, трае веќе 30 години!) се јавува како глас на интелектуалната совест. Вашата бунтовничка природа (во смисла на провокација, динамичност и будност на духот) се рефлектира и во поезијата, и во новинарството, уште една Ваша голема пасија и вокација. Поезијата и новинарството се две страни на Вашиот творечки профил кои чинат своевидно созвучје или „преплет“ (според еден Ваш термин). Колку поетот му помага на новинарот и обратно – новинарот на поетот? РЛ: Море, понекогаш и си одмагаат, да бидам ведар, ама ептен ретко. Знаете, возот се движи на две шини. Така некако ја сфаќам и коегзистенцијата на литературата и новинарството. Едно е недвојбено: мојата литература ќе беше многу посиромашна без новинарството, во чие средиште секогаш е живиот живот. Некој беше рекол дека новинарството е литература на брзина. А за нас, упростено речено, беше и извор на егзистенција. Ако не знаевте, да ви кажам дека кај нас професионален писател се станува со заминувањето во пензија – за сите други уметности постојат институции, а на писателите им преостануваше новинарството. Сега, можам да кажам, содејството на новинарството и литературата е нарушено во полза на литературата, ама одвреме навреме ме чешаат прстите, бара збор новинарот во мене. ЛКД: Во овој контекст на проникнување на новинарскиот и писателскиот занает, би Ве замолила да ни кажете нешто повеќе за меѓународното списание Балкан форум чијшто главен уредник бевте и во кое свои прилози објавувале звучни имиња од целиот свет (како што пишува во био-библиографска белешка поместена на поче-


33. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО: Ристо Лазаров

токот од ова интервју). Додека се подготвував за нашиот разговор, за жал, мојата електронска потрага за увид во споменатото списание (во неможност на физичка посета на библиотеките), не даде никакви резултати, па навистина сум љубопитна, а верувам дека ќе биде интересно и за читателите на „Културен живот“, особено за оние кои, од различни причини, го „пропуштиле“ ова списание, да ги споделите своите искуства за „Балкан форум“. РЛ: Идејата потекна од нашиот угледен дипломат Димче Беловски, а несебична поддршка имаше од тогашниот директор на ,,Нова Македонија“ Панде Колемишевски. Списанието излегуваше на чист англиски јазик, благодарејќи на одличните преведувачи, а и незаборавните лектори Пеги и Греам Рид. Излегоа дваесет броја на списанието со по најмалку двесте страници. Со прилози од Киро Глигоров, Тургут Озал, Милован Ѓилас, Збигњен Бжежински, Јануш Бугајски, Чеслав Милош, Лешек Колаковски, Јосиф Бродски, Гинтер Грас, Едгар Морен, Адам Михник. Баш една добра интелектуална елита. Списанието добиваше високи оцени и стекна голем меѓународен углед. Товарот на неговото излегување го носеше ,,Нова Македонија“, државата не се претргна со некаква помош, баш во тие години (1993-1997) како да не им требаше. Некои тогашни наши министри требаше да го видат списанието на работните маси на нивните странски колеги, па да разберат дека тоа не е рекреативно губење на времето. Неправедно е приликава да не се искористи дека во редакцијата на Балкан Форум беа Вања Тошевски, Димитар Мирчев, Владимир Богоев, Луан Старова... Кога заминав од ,,Нова Македонија“ се направи муабет како да продолжи Балкан Форум, амс не беше била работата до муабетот.

11

Некој ќе мора да ги затвори медиумските прозорци пред партиските луњи. Инаку, џабе мастрафот. Ќе продолжи да се прави нешто од што ќе се срамиме сите – и новинари, и консументи. ЛКД: А на поетите?

Година 1972: Еден од првите настапи на Струшките вечери

РЛ: Упорно во матицата на животот, со компјутерот в раце. Пишувајте, пишувајте, и пишувајте. Покорни – само пред поетскиот збор. ЛКД: Дали поезијата, меѓу другото, претставува пркос против реалноста? Имам впечаток дека Вашата поезија, и тогаш кога не е свесно ориентирана кон дневно-политички теми, на еден суптилен, понекогаш дури и сатирично-алузивен начин, тематизира фрагменти од актуелната македонска и балканска реалност (особено пост-југословенската „бричена стварност“, како што велите самиот)?! РЛ: Немам што да додадам, навистина. Инаку ќе дојдам до прашањето: што сакал поетот да каже? Или до она Жупанчичевото: поету, го знаеш ли твојот долг. Реков веќе: јас го живеам ова бурно време и си ја носам поезијата со себе. А тоа: критичен, сатиричен наратив – па, од оваа кожа во друга не се може. Да се можеше, ќе се викав поинаку.

Поетска Струга: прес конференција на венценосето Јанус Рицос, заедно со Гане Тодоровски и Петар Т. Бошковски

ЛКД: Имате богато новинарско искуство. Што е со новинарството денес? Би им дале ли некој совет на денешните новинари? РЛ: Сѐ, сѐ – само совети не. Какво општество, такво новинарство. За жал, со сите сили новинарството беше присилено на партизам. Имаше чесни исклучоци со појавата на ,,Утрински весник“ и ,,Дневник“, ама и таа приказна згасна во транзициските купопродажби. Сега имаме медиуми – навивачки табори, што е погубно за новинарството.

ЛКД: Знам дека ја следите денешната поетска (книжевна) продукција (во една пригода Катица Ќулавкова ќе рече дека сте „совршен читател“), дека пријателствувате со поети и книжевници (тука мислам и на критичарите) од сите генерации, дека за Вашиот опус пишувале многумина, од Милан Ѓурчинов, Анте Поповски, Влада Урошевиќ и Георги Старделов, преку Катица Ќулавкова, Глигор Стојковски, Томислав Османли и Иван Џепароски, сѐ до Лидија Димковска, Гоце Смилевски и Владимир Мартиновски. И сите Ве сметаат за припадник на нивната генерација. Веројатно тоа се должи на Вашата комуникативност, непретенциозност, младешка љубопитност..., освен на фактот што, како современици, споделуваме иста реалност со исти теми и дилеми. Во книжевниот живот нема старосни разлики, постојат само разлики во поетиките и сензибилитетот. Како се раѓаат Вашите книжевни пријателства? Нема рецепт, но сепак... РЛ: Примерот не е баш типичен, ама е жива животна вистина. Таму некаде, при крајот на деведесетите, бев уште


33. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО: Ристо Лазаров

12

во Телма и случајно во културната редакција, кога Ирена Павлова го праша уредникот може ли накусо да скокне до кафулето ,,Штрк“ спроти Шкаперда, ја чекале Гоце Смилевски и Лидија Димковска. Спомнувањето на Лидија ме штрекна и ја прашав Ирена може ли да ѝ правам друштво. По пат и кажав зошто: Лидија беше напишала голем осврт на мојата книга ,,Јаве“ што беше објавен во ,,Стремеж“. Дотогаш ниту знаев која е, ниту ја познавав лично. А беше напишала повеќе од 40 страници за мојата поезија... Слично искуство имав и со Анте Поповски. Добро, ова се атипични примери. На различни начини се создаваат, а сака и да се негуваат книжевните пријателства. Не спаѓам во категоријата на нежните и префинетите, ама додека го пишувам ова не можам да се сетам со кого од книжевната фела сум скаран... ЛКД: Имате импозантен книжевен опус достоен за почит и восхит. Освен поезија и поеми, пишувате и есеистика и критика, колумни, а во духот на дигиталното време објавувате и блогови, натаму, мемоарска и патописна проза, но автор сте и на цела серија телевизиски патописи. Како да пројавувате поголем афинитет кон хибридните жанри? Дали е тоа резултат на некој внатрешен порив, доследно практикување на принципот слобода, лудистичка постапка или нешто сосема друго? РЛ:- Прво поезија, потем сѐ друго, ако веќе сум немирен дух. Сѐ што набројавте не се создава по принципот денс ќе пишувам песни, утре огледи, задутре патописи. Сѐ во свое време. Не сум сосема сигурен дека имам поголем афинитет кон хибридните жанрови. Можеби новинарството тука создава некоја оптичка мамка. Едноставно: ако имам афинитет, имам афинитет да пишувам. Колај работа за жанровите. Слободата си е моја и не му ја давам никому, уште од првата книга. А одвреме-нареме ќе пристапи човек и кон некоја лудистичка постапка, не гледам ништо лошо во тоа. ЛКД: Во секој случај, поседувате еден оригинален и провокативен творечки немир кој го чувствуваме и ние, читателите. И секогаш успевате да бидете нов и инвентивен и секогаш успевате одново да нè изненадите. Еве на пример, со најновата книга „Намерници“. Книгата содржи триесет и шест записи за Скопје и неговите намерници (Орвел, Хичкок, Сартр, Гомбрович, Бродски, Леонардо,

Чаплин, Брижит Бардо…), а кон нив се приложени и два оригинални записи на Петер Хандке и Густав Крклец. Прозниот израз не Ви е туѓ, се разбира, но, може да се рече дека ова е Ваша прва проза која е своевиден меланж на документарност (фактичност) и фикција. Како настана оваа книга? РЛ: Како и многу други работи во животот – случајно. Седејќи лани лето во бавчата на ,,Пелистер“ ми се стори како Орвел да се вртка околу белата зграда на хотелот ,,Мериод“. Си запишав во ,,волшебното тефтерче“, по некој ден видов дека тоа може да се преточи во прозен запис. И би така. И го објавив тој текст во ,,Нова Македонија“. И пријателите ми рекоа зошто не продолжиш. И јас ги послушав пријателите. И ете така настанаа ,,Намерници“. Иако сум на далечина од 1.500 километри, до мене пристигнаа реакции што пријатно ме изненадија. Посебно од помладите, и уште помладите од помладите. Со оглед на тоа што книгата, во корона-времето ја дистрбуирав во pdf формат преку интернет, по ист пат ги добив и одгласите.

Со Матеја Матевски, незадолжително ,,Кај Јоле“

ЛКД: Мојот впечаток од средбата со Вашите „Намерници“ е дека во оваа книга пулсира препознатливиот урбан сензибилитет, Вашата фасцинантна ерудиција, дијалогот со книжевните предци или со некои култни икони од сферата на филозофијата, сликарството, филмот, науката, политиката..., но сето тоа „старо и добро познато“ е спакувано во едно ново руво. Во секој случај, мошне духовита, шармантна, асоцијативно-игрива и оригинална книга која нуди вистинско уживање за сите книжевни сладокусци, особено во услови на пандемија. Какви се првичните реакции од читателите?

Хавана: прочуената ,,Бодекига дел Медио“

РЛ: Ќе бидам нескромен ако не речам дека баш ме интересираше на каков одглас ќе наиде книгата, макар што безрезервно им верувам на два-тројцата ,,пилот читатели“ од кои едниот го напиша и предговорот. Ама, излезе повеќе од љубопитство, исакрено се изненадив од комплиментите што ми ги упатија некои колеги, за кои, познавајќи ги, верувам дека не се куртоазни. Постариот колега Димитар Башевски ми напиша: ,,Многу пријатно ме изненади. Полно со дух, со иронија, со познавање, а ништо не е далеку од она што е твоја поетика. И свртено кон Скопје, тоест кон нас, една слика за нас,


Со Маргарет Етвуд во Кјото

иронично стварна“. Лидија Димковска, пак, на Денот на книгата им ја препорача книгата на сите оние кои сакаат да дознаат и прочитаат извонредни книжевни мистификации полни со духовит и ироничен призвук за тоа како Скопје го посетиле Хемингвеј, Кафка, Бекет, Сартр и Бовоар, Диего Ривера и Фрида Кало, Ајнштајн, Кензо Танге, Микеланѓело, Пикасо, Џојс, Орвел, Бродски, Брижит Бардо, Хичкок и многу други личности од колективната меморија. Одлично космополитско четиво. Најмладиот меѓу нив, Живко Гроздановски, фрла еден поинаков поглед: ,,Од она што го читнав, до мене зрачи една многу убава емоција, мешавина од пријателство и меланхолија. Книгава, од она што го гледам, како мешавина од автобиографија и псевдоисториографска фикција, е споменик на едно време, убав зборник, мала енциклопедија и за мене посебно би можела да биде вредна затоа што јас, на пример, ретко сум во контакт со ваквите сведоштва за нашите големи имиња од ХХ век. Имиња што ги читам само како засебни појави, а всушност се комплементарни делчиња од еден убав мозаик, од едно време полно ентузијазам“. ЛКД: „Намерници“ упатуваат најмалку на уште две константи на Вашата поезија (есеистика и публицистика): инвентивното, речиси гномично именување („Одвајнадежна“, „Одмолчена“, „Ненадејна“, „Ситночекорка“, „Цедена“, „Езерска“, „Врежанки“...) и изострениот сенс за духовитост, хумор и иронија. Хуморот и иронијата како да се дел од Вашата природа и од Вашиот светоглед, не се само писателски и новинарски постапки? РЛ: Убаво сте воочиле. Ако јас самиот се сметам за верен приврзаник на дедо Марко Цепенков, некако редно е, кога треба, да се помачам да бидам, како што велите, гномичен. По еден збор ми е доволен за насловите на книгите. Два би биле многу, а три премногу. А што се однесува до хуморот и иронијата како мој светоглед, апсолутно сте во право. Што можам: таков ме скроиле. ЛКД: Како и да е, и Вашата најнова книга, како впрочем и целокупниот Ваш опус, се врзува за животот, како што тоа убаво го констатира Лидија Димковска во една опсежна студија за Вашата поезија. Во таа смисла, би ми било драго ако нашиот дијалог испише барем една страница од Вашата книга наречена Живот. И по традиција, Ви го отстапувам завршното прашање (иако секој дијалог останува отворен, во крајна инстанца): има ли нешто што досега

Со Иван Доровски во Прага

никој не Ве прашал, а што би сакале да го споделите со читателите на „Културен живот“? РЛ: Оф, мори мајко! Еве на пример: зошто нашата култура и уметност се отстапени на случајни луѓе, зошто естрадата има сѐ поголем примат и се смета за културен репрезент на државата ни, зошто ,,Песната на евровизијата“ се смета за наша европејска легитимација, а не романите на Гоце Смилевски и Лидија Димковска, на пример? Аман, ќе претерам со прашањата! ЛКД: Заблагодарувајќи Ви се на разговорот во ова „лудо време“ во името на редакцијата на „Културен живот“, Ви посакувам добро здравје и уште многу креативни остварувања во иднина. И Ве чекаме во Скопје! Поточно, новиот број на „Културен живот“ Ве чека во Скопје! Искрено жалам што не сум поет за да можам да Ве поздравам со оној чудесен ацошоповски завет: „чесен поетски збор“. РЛ: Ако е време на маски, сега без маски: ми беше вистинско задоволство и искрено Ви благодарам на овој онлајн муабет, впрочем како и сите литературни кафе-прикажувања со Вас ,,во живо“.

Со Славко Јаневски во ,,Македонска книга“


33. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО: Ристо Лазаров

14

Васе Манчев ПОЕЗИЈА НА ЗНАЧЕЊА ку е способен да ги исползува во создавањето на песната, толку побогат и уметнички повреден ќe биде нeговиот поетски израз.

Во обидот да се рабере и доживее поезијата во оваа книга („Лилјаци“) на угледниот македонски поет Ристо Лазаров, нужно е да се тргне од книжевно-теорискиот став дека книжевно-уметничкото дело е живо единство на текстот и контекстот. Притоа, треба да се знае дека тоа живо единство настанува при самото раѓање на текстот, уште пред тој да биде запишан, изговорен или тонски снимен. Нужно е, исто така, да се знае дека маѓу текстот или, во случајов, песните во оваа книга, од една, и контекстот во кој тие се создаваат, од друга страна, постојат неопределен број живи маѓуодноси, кои се пројавуваат преку своевидни, за творечкиот процес мошне битни креативни интеракции. Кон нив треба да се подразберат и интеракцијата меѓу строфата и песната како нејзин контекст, која е поврзана со живата интеракција меѓу стихот и строфата како негов контекст и интеракцијата меѓу зборот и стихот како негов контекст. Поетското искуство со векови потврдува дека токму живото единство меѓу текстот и контекстот овозможува богат и плоден уметнички израз на повисоки и највисоки нивоа на поетската уметност. Особената вредност на овој своевиден систем на жива интерактивна поврзаност на различните делови и нивоа во самата поетска творба и нивните контексти и (сите тие заедно) со контекстот во кој песната е сместена, во најголема мера се огледа во своевидниот процес на раѓање, создавање и откривање нови, изменети или ослободени значења на постојните зборови, некој вид отворање на зборовите и активирање неоткриени или потиснати значења, постигнување богата и уметнички жива изразна повеќезначност. Од тоа колку творецот е свесен за тие заемни дејствени односи и живи интерактивни врски и кол-

Овој книжевно-теориски став за книжевно-уметничкото дело како живо единство на текстот и контекстот кои даваат нови и овозможуваат откривање други значења на зборовите има свој пандан во Де Сосировата лингвистичка теорија, во нејзиниот дел кој го разработува токму прашањето за значењата на зборовите. Во таа теорија постои живо единство меѓу јазикот и вонјазичниот свет, во кое зборовите имаат значења кои се однесуваат до вонјазичната стварност, при што вонјазичниот свет е најширокиот контекст на јазикот и на сите негови творби. Според Де Сосир, значењето во лингвистиката е јазична појава која ги поврзува јазикот и вонјазичната стварност, при која преку комуникациската јазична функција се пренесуваат информации за вонјазичниот свет и за тоа како тој свет се разбира. За да биде можна комуникациската функција на јазикот, јазичните единици со кои се комуницира мораат да имаат значења кои се однесуваат до вонјазичниот свет. Со своето тврдење дека јазикот не е номенклатура на називи со кои се именуваат предметите во вонјазичниот свет, туку дека е систем на јазични знаци, Де Сосир го определил значењето како посредна категорија помеѓу јазикот и вонјазичниот свет. Тоа говори дека значењето се остварува со употребата на јазичниот знак кој мора конкретно да се однесува до определен предмет на вонјазичниот свет. Врз основа на тоа, структуралистичката семантика разликува денотативно, референцијално и конотативно значење, што значи дека лексемата во јазикот, говорот или односот на говорникот кон вонјазичниот свет остварува различни видови значења. Во интеракцијата меѓу контекстот и текстот контекстот ја има иницијативата и неговото дејство врз текстот ги произведува и дава новите и изменети значења кои, во случајов со оваа книга, едновремено и го збогатуваат, и го очуднуваат, и го објаснуваат поетскиот израз. Импулсите тргнуваат од контекстот, се артикулираат во текстот и се рефлектираат назад во контекстот. Така креативно поттикнат, на дејството од контекстот, текстот одговара со своја творечка акција, менувајќи ги значењата од контекстот и откривајќи нови, дури збунувачки, тешко разбирливи и уште потешко прифатливи и усвојливи значења за вистините и законите на природата и општеството, за животот и судбината на човештвото. Според тој модел уметнички функционира и живото единство на текстот (песните) и контекстот во кое настанало ова поетско дело на Ристо Лазаров. Насловната песна „Лилјаци“, уште со првите стихови го воведува читателот токму во суштината на тоa единство меѓу текстот и кон-


33. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО: Ристо Лазаров

текстот, во тој особен систем на односи и интеракции, во креирањето нови и менувањето на постојните значења со други, поинакви, од кои се создава сложена повеќезначност како основна одлика на ова поетско остварување. По првите три стиха, веќе се знае дека зборот „Лилјаци“ во насловот го нема своето вообичаено значење и се oчекува во песната да добие нови значења. Тоа предизвикува сложена, длабока и (поради карактерот на контекстот, зловесна) недоумица, во која се бара одговор што точно во песната ќе значи таа именка, дали тие катранести и дребни крилести суштества се птици или црни ѓаволи, за кои ни сезнајниот Господ не знае што се и од што се додека никој жив на целиот свет нема дерман од нив. Во тоа барање и очекување нови значења, зборот „Лилјаци“ е наполно отворен и прима други значења: птици, црни ѓаволи, демони; натаму, како што се развива песната, тие се „летечки риби/црна, невидлива авијација/како онаа американската“, стануваат страотно борбено мноштво: „цели легиони по пештерите/недобројни гроздови/виснати по секое гранче на дрвјата“; тие „...ги знаат сите/мегдани на црното зло...“ „Во зорт-заман.../се преправаат/пејачки друштва формираат/хорови на слепите лилјаци/пеат серенади/пеат и по нарачка/се додворуваат/па збеснато ги вртат/мини коњските главчиња“... Контекст на оваа песна е Ковид 19 пандемијата, планетарна здравствена и егзистенцијална криза во која е трагично загрозен целиот човечки род. Невидливиот вирус покажува кобна сила со која секојдневно зема човечки жртви, чиј број забрзано расте и станува милионски, со зла закана да се претвори во помор на човештвото. Светот, особено оние негови делови што важат за најнапредни, најразвиени и ужасно моќни, кои имаат свест, знаења и способности да победат секаков непријател па и секавично да го уништат и сиот живот на Планетата Земја – токму тие надбожји херои, гротескно сардисани, дезориентирани, загрозени, збунети и уплашени, треперат немоќно пред невидливиот, безвкусен и безмирисен вирус и умираат без лек и божји спас. Моќта на вирусот е толку голема и страшна што го зароби човештвото и го промени човековиот свет, го преправи самиот човек во сопствен убиец, ги промени нормалните значења на животот со значењата на страдањето и смртта како казна. Лилјаците, за кои во почетокот на епидемијата, се тврдеше научно дека се носители и преносители на вирусот, дека ја пренеле заразата врз луѓето, ги добиваат значењата на кобното зло, значењата на первертираниот, демонизираниот гротескен свет. Највпечатливото и најзастрашувачко ново значење на лилјаците во оваа вознемирувачка, морничава песна, кое иако не е кажано, несомнено е: лилјаците се луѓето. Така светот на човекот е гротескен, комичен и трагичен во исто време, ирониски и таговен, дисхармонизиран, свет на идиоти кои пред пандемијата си вообразувале дека се недопирливи за секое зло, особено она што самите секојдневно и од името на Бог им го задаваат на други луѓе, на милијардните клетници и несреќници, кутрите жртви на бездушна експлоатација и бескрупулозна идиотизација уште од времето пред божјото создавање на светот па до денешен ден.

15

И песните од првиот циклус „Новоизградениот пекол“ се во контекстот Ковид 19 пандемијата. Првата од нив е речиси чудесна евокација на жива и разиграна епизода од животот на чешкиот сликар Алфонс Муха. Таа евокација се пројавува во свет кој е променет не „по мера на обичниот човек/ами по мера на некој илегален вирус/ кој непрестајно произведува/само страв, страв, страв/и нови сорти изоланти.“ Светот е загадочен, заканувачки таинствен, гротескно противречен, во нови значења кои тешко се разбираат и одгатнуваат, спротивни на претходните, среде кои се чини дека Алфонс Муха прави шпага „преку сиот ум на човештвото“. Тотално дезориентиран во гротескната повеќезначност на поимите, Свети Илија од црквата во Могорче, Дебарско, Македонија, се мачи „...да одгатне/барем што значи Словенската епопеја“ на Алфонс Муха, ремек делото од дваесет слики. А вистината е во первертираноста на значењата до тој степен што уметноста на возвишеното и верата како пат во совршенството добиваат значење на лага, идиотизам, залудност, беда и страдање. Контекстот Ковид 19 пандемија е контекст и на песната во која Франциско Гоја, со своите Гола и Облечена Маја во музејот Прадо во Мадрид и со посетителите Алберти, Андриќ и Вознесенски го доживува ужасниот Шпански грип – „поморот на една третина од човештвото“. Сите без исклучок, штом ќе се сетат На покосницата, со тежок молк во мислата Кинисуваат наназад во времето... Контекстот ги менува значењата на слободата со значењата на ропството, значењата на оптимизмот и радоста со значењата на песимизмот и чемерот, значењата на моќта со значењата на немоќта, значењата на животот со значењата на смртта. Светот е кошмарен и болен. Рафаел Алберти, Иво Андриќ и Андреј Вознесенски излегуваат бесцелно од музејот Прадо и тешко воздивнуваат: „Зарем е важно сега каде ќе се упатат?“ Во контекстот Ковид 19 пандемија се маѓепсани и Диреровите Четири јавачи на апокалипсата кои галопираат да ...„му стават лисици на невидливиот ѓавол“. Јавачите стигаат до првата крчма и се гостат за да ги потсетат „новите поколенија/дека гладна мечка оро не игра“. Свечености се само панаѓурите на кои главни херои се мечкарите, а единствени танчерки се токму мечките. Чудни некои мечки, од западна провиниенција: на гробовите на умрените мечкари ставаат по една перуника, за полесно да им врви муабетот со Богородица. Вирусот е преназначен во невидлив ѓавол, кому митолошките библиски јавачи не му можат ништо, како што ни библискиот бог, како гротескна измислица и креатура, не сторил ништо за спасение во ниедно страдание на човештвото. Затоа Дирер се плаши дека може „претставата за витезот, смртта и ѓаволот/пак да се игра во Нирнберш-


16

ката судница“. Ужасите од касапниците во Втората светска војна се едначат со ужасите од гробниците што може да ги наполни невидливиот ѓавол (Ковид 19). Низ злато и крв се провира невидливиот ѓавол – еден, два, три: вршиме проба на војна без мирис на барут, треба да се навикне народната будалија дека само од зборови не се гради иднина и дека тотално е излитен (од претерана употреба) речникот на молчењето со куса воведна напомена: ќе да е вистина дека има епохи во кои ниту има, ниту ќе има вистина. Во контекстот Ковид 19 пандемија, по четири века, одејќи по темни и зловесни визии, Караваџо се враќа во својот роден град Милано да постави нов штафелај пред Дуомо. Си доаѓа дома со порив, мисла и гонет од нужност да слика нови значења во старата стварност. Но градот е сенишен и умртвен, „пред Дуомо е пуста пустелија/бутици затворени, луѓе во карантин“... Тука владее ...„нешто невидливо – ем невидливо, ем смртоносно/како чумите во негово време/чие што потекло сѐ уште е непознато“. Паѓа во драматична творечка (духовна) и егзистенцијална немоќ, животниот хоризонт му се стеснува и стемнува, светот станал отворен гроб на кутри заробеници на пандемијата. Поразен и уплашен, тој бега од „жариштето на епидемијата на идиотизмот“, притоа пребарувајќи низ џеповите „да не случајно го изгубил калаузот/за излез од новоизградениот пекол“. И уметноста е немоќна пред невидливиот и кобен вирус, не може да ги промени неговите апокалиптични значења и да го апсолвира ужасот со кој ја тресе целата планета. Циклусот „Ерихонските труби“ за свој контекст ја има власта како општествена моќ, воспоставана и наметната над човечкото општество според таканаречениот божји (библиски) систем на организација на животот на човештвото на Планетата Земја, во сите видови и облици и за сите времиња. Според тој систем, човештвото е поделено на мал процент привилегирани миленици на бог (моќни, богати властодршци) и на милијардно мноштво подвластени, експлоатирани, заробени, до елементарно егзистенцијално дно деградирани и идиотизирани човечки суштества со неразвиена, во претпештерјето на инстинктите блокирана примитивна и лажна свест за себе и за светот во кој се жртви на бескрупулозна теократија и ѕверски насилства. Тој систем се одржува со сурова нечовештина и свиреп егоизам на моќното малцинство над огромното немоќно мнозинство, на перфиден начин наметнат како нужност без која човештвото не може да опстојува на Планетата Земја. Во тој систем злото има значење на љубов и спас, страдањето има значење на вознес, блаженство и вечен живот, a измамата ги има сите

33. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО: Ристо Лазаров

значења на најубава и возвишена, апсолутна „вистина“ за човекот. Создавајќи ги песните во таков контекст, кој е во хоризонтот на контекстот Ковид 19 пандемија, поетот добива дополнителни можности и пошироко поле за креирање нови значења во текстовите на песните, нужни за откривање на чистите вистини за општеството, човештвото, системите на власт и облиците на моќ под кои човекот страда како роб. На тој начин се ослободуваат и рехабилитираат стварноста и животот од лажните, нечовечни и злосторнички претстави и поимања. Така, во песната „Назарет“, се открива дека самиот Исус Христос не е никаков вистински бог, туку измислена и исфабрикувана креатура да го одржува, јакне и развива системот на власт и моќ од името на исто така измислениот и исфабрикуван, семоќен, беспочетен и бесконечен бог. Со многу иронична живост значењата на светото, возвишеното, божјото се заменуваат со нови, ослободени значења на ослободената вистина: Кога се вратил од патувањата, дури во Назарет забележале дека го бива за разни чудесии: да јава, на пример, не само камили ами и ноеви и да кркнува по една кајгана од ноеви јајца два-триесет пати поголеми од кокошкините. Е, тоа се јајца! – си велел во себе Христос, ......................................................................... Цела фамилија да нараниш, да остане и за комшиите. И совршено тркалести јајца, тркалести Како земјината топка, како што утврди еден, кој Не е од Галилеја, ама двојно се вика така: Галилео Галилеј. И да имаше потекло од Галилеја, Не се важеше, оти во Галилеја сите веруваа Дека земјата е како шаховска плоча на која Не било дозволено царот да биде поразен. Денеска се прифаќа уката на Галилео Галилеј, Не важи веќе шаховската плоча од Галилеја, единствено што на царовите никој не им може ништо, имале, ја немале круни – важни се салдата во швајцарските банки. И циклусот насловен како „Вонредна состојба“ за свој контекст ја има вонредната состојба што ја наметна Ковид 19 пандемијата. Како што е познато, станува збор за вонредна состојба во која невидливиот вирус секојдневно зема потресен број човечки жртви и навева зловесни и морничави слики за иднината на човечкиот род на Планетата Земја. Вонредната состојба, по својата основна смисла, претставува замена на редовната состојба на животот и неговата општествена организација. Со вонредна состојба се суспендираат постојните, нужни, логични и оправдани правила и норми за редовно и безбедно одвивање на животот и функционирање на општеството. Вонредната состојба дејствува многу силно, драматично, застрашувачки и збунувачки врз луѓето до кои се однесува, зашто


33. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО: Ристо Лазаров

претставува радикален пресврт на нормалното во ненормално, на здравото во кобно болно, на вообичаеното во невообичаено, на пријатното во непријатно, на јасното во нејасно, на безопасното во опасно, на редот во безредие, на смислата во бесмисленост. Како таква и притоа контекст во кој се создава поезија, вонредната состојба влијае првенствено врз значењата на зборовите и ги менува со нови, им наметнува свои во согласност со „својата логика и законитости“. Така, на пример, ракувањето кое има значење на блиско пријателство и почит добива значење на непријателски акт, смртно загрозување на туѓ и сопствениот живот, непочитување и безобѕирна нечовештина. Истото се случува и со пријателското, роднинското и љубовното гушкање и прегрнување. Така е и со текстот на песната во контекстот на вонредната состојба предизвикана со Ковид 19 пандемијата, при што, со менувањето на едни, постојни значења и наметнувањето други, нови, спротивни на вообичаените се создава уметнички исклучително впечатлива и функционална повеќезначност со која се отвораат нови изразни можности на ниво на зборовите, стиховите и поетската творба во целост. Останало од дедовци, татковци Кога е вонредна состојба Нема играчка, ами само плачка. Сум запаметил, но не сум разбрал. За поетот Лазаров, во ситуација кога се целосно неразбирливи и знаењето и искуството на претците, светот на човекот е генерално и радикално преназначен во своја спротивност, свртен главечки наопаку, претурен од живеење во умирање, турнат во нова, своевидна вонредна состојба, поетски наречена „нов светски поредок“. Вонредна состојба е И секој ден, на сите меридијани се пребројуваат жртвите на новиот светски поредок. Човештвото не е свесно дека е целосно збркано, тешко ги сфаќа или воопшто не ги разбира новите, изменети лингвистички, филозофски и религиозни значења и категории кои го означуваат неговиот свет и живот. Човештвото не може да ја задржи и одржи својата рационалност пред налетот на силната и примитивна фантазмагоричност и инстинктивност, се поткопува и урива системот на вредности врз кои е поставен и функционира опстанокот на човештвото на Планетата Земја, се гази и отфрла моралот и пропаѓа во нечовештина и зла. Повеќе експерти- имунолози Се ангажирани во одржувањето на цената на животот. Цената на човечкиот живот не се спомнува во ниедна анализа. И власта и опозицијата, како дрогирани, мавтаат со партиски книшки. ...................................................................

17

Колку повеќе конкуренти ќе исплукаш, толку скали си повисоко до врвот. Не дека го нема Брехт, ама и тој самиот е депримиран никој не зборува за сопствената срамота – сите за туѓата. Хамлет велеше дека треба да се биде подготвен. А за што? За какво лицемерие? Човештвото е во конфузија, сите релевантни категоријални системи на организацијата на опстанокот и спасот се дефектни, сиреч бескорисни, дури и бесмислени. Радикално и вџашувачки загрозениот човек сѐ поризично се однесува како мува без глава. При таква деструкција на рационалните конструкции на човековиот свет, разуларените инстинкти пируваат. Поетот Лазаров се обидува да ги рехабилитира и активира здравата и спасоносна свест и поучната меморија и да му ја врати изгубената ориентација на човештвото кон спасот од кобната угроза. Притоа, тој се ползува со отрезнувачката и опаметувачка иронија и нејзините лековити значења. Едни веруваат дека се родени за да живеат други си мислат дека живеат за да умрат. И едните и другите се во дупките на времето. Мнозина се сеќаваат за Лудвиг Витгенштајн: мајката му е на мува да ѝ го покажеш излезот од шишето. И песните во другите циклуси („Зад ѕуницата“, „Ронење на класот“ и „Кубен петел“) ги имаат, со впечатлива изразност, особеностите на поетската уметност на Лазаров во оваа книга, пред сѐ на изменетите и новосоздадените значења, како збогатување и проширување на значенската структура на песните и засилување на уметничката функција на повеќезначноста. Извесни разлики, во однос на претходните циклуси произлегуваат од поинаквите контексти во кои се создадени овие песни. Овде, како контексти се јавуваат определени, значенски мошне богати и идејно поттикнувачки реминисценции на настани, личности, доживувања, сознанија, слики и други конотативно податливи мотиви од минатото на самиот поет Лазаров. Молња по молња Молњоглед, молњопев. Секавиците Прават бегалци од зборовите. .................................................. Едни велат: молњата е небесен сејач на страв. Други велат: молњата е постоење. Значи стравот е постоење. Постоење во страв. („Запад“)


33. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО: Ристо Лазаров

18

Ристо Лазаров е доследен реалист во своето поетско творештво. Сета негова поетска уметност е длабоко и цврсто втемелена во објективната реалност. Таа, следствено, и се раѓа, и фукционира само во границите на познатата човекова стварност и она што во таа реалност е човековиот свет. Услов за значенско пеење кај таквиот тип уметничко создавања е, освен контекстот во кој настанува, и поетскиот текст да биде целосно во реалноста. Тоа, всушност, во пресудна мера го определува и овозможува високиот квалитет на поетската уметност на овој македонски поет. Во споредба со сите други типови контекст, особено со мошне често користениот измислен, фиктивен контекст, кој е најприспособлив кон идеите на творецот и со кој авторот владее како со своја творба, реалистичкиот контекст со своите плодови во самиот текст овозможува побогат и повисок уметнички квалитет на поетскиот израз и, особено, повпечатливо и порелевантно разбирање на тој израз, како и посилно доживување на самата песна. Поетскиот говор на овој поет е јасен, силовит и директен, недвосмислен дури и кога има форма на двосмисленост и загадочност при користењето изразни средства кои се својствени за други типови пеење, каков што е поетската фантастика. Тие се своевидни проекции на елементи и значенски аспекти од реалноста на контекстот, кои во спој со некои од новите и изменети значења во текстот добиваат квалитет на фантастични елементи и поразвиени фантастично облокувани делови на поетскиот израз. Со други зборови, фантастичниот квалитет во реалистичното миље само се рефлектира врз и во реалистичната форма, не потиснувајќи го и не негирајќи го реализмот на поетскиот израз, туку збогатувајќи го со нови значења и различнородна уметничка вредност. Освојувањето на тајната на варирањето на постојните и креирањето нови значења на зборовите и владеењето со вредностите на повеќезначноста на поетскиот јазик и израз на поетското дело (книгата) како живо единство на текстот (песната) и контекстот (вонјазичниот свет) во пресудна мера му помогнало на поетот Лазаров да ја определи својата творечка постапка за ова свое поетско дело. Како најсоодветна се покажала творечката постапка во која и текстот и контекстот се јасно и целосно дефинирани во мигот на самото создавање на песната. Самиот Лазаров, во слободна расправа за творечките постапки на значајни поети од светската и македонската книжевност, го има претставено својот поетски modus operandi на лапидарен начин: „Јас не почнувам да пишувам, ако не го знам крајот на песната. Јас, всушност, ја знам целата песна додека ја запишувам.“ Тоа, упростено, значи дека неговата творечка постапка има два речиси едновремени тека: 1) живо и инспирирано обезбедување на поетскиот материјал (текстот) во целост и 2) негово естетско-уметничко обликување во поетска творба. Затоа, при читањето и доживувањето на оваа негова поезија, на читателот му се наметнува впечаток дека песните се испеани живо и вдахновено, дека секоја песна, без оглед на најзиниот обем и должина, е испеана во еден здив.

Творечката постапка на поетот Лазаров во многу потсетува и личи на упатството и советот што Данте Алигиери во својот трактат „Гозба“ ги дал на сите оние што подлегнале на убавото искушение да создаваат книжевно-уметнички дела. Ако творецот, советува Данте, го изразува своето дело усно, тој треба својот јазик да го извежба да биде толку брз и способен да ја достигне брзината на мислата за да ја изрази (по можност) во нејзината целост. Ако, пак, творецот го изразува своето дело со пишување, тој треба својата рака да ја извежба да биде толку брза за да може да ја запише мислата во нејзината полнота. Откако ќе биде постигнато тоа, следи обработката на фиксираниот материјал, односно техниката на творечко обликување на делото.

Во методолошка смисла, творечката постапка на поетот Лазаров има доста заедничко и со начинот на кој славниот шахист Боби Фишер, еден од најзначајните светски прваци во шах, ги постигнуваше своите најголеми успеси. Михаил Ботвиник, секако најкреативниот првак на светот во шах, објаснувајќи ја творечката генијалност на Боби Фишер, оставил тврдење дека тој шаховски велемајстор, уште пред да ја почне шаховската партија, знаел дури 52 потега. Тоа значи дека Фишер безмалку ја предвидувал и целата игра на противникот, секој можен одговор на секој негов потег во најмалку две варијанти, односно го знаел контекстот на својата игра – играта на противникот. А тоа уште значи дека тој можел да ремизира или да ја изгуби партијата само ако противникот на неговите потези одговори надвор од контекстот што Фишер со својата однапред изградена партија го подразбирал, поточно надвор од системот на шахот. Во овие три примери на творечка постапка во која творбата, како живо единство на текстот и контекстот, се антиципира во целост, е од пресудно значење за вредноста на самата творба, затоа што создавањето се одвива во творечки процес кој е жив, отворен и ги има и нуди речиси сите можности да се сочува и изрази неговото богатство и големомерно и впечатливо. Во таквото пеење точно се знае што се пее, за што се пее, какво е секое значење во уметничката комуникација и зошто поетското дело е богата уметничка повеќезначност. Со таква творечка постапка, со толку скапоцени плодови од неа (мора да се признае, не само во оваа негова поетска книга, туку и во претходните) поетот Ристо Лазаров постигнува творечки нивоа високи колку највисоките постигања на многу поети чии дела се во врвот на светската книжевност.


33. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО: Ристо Лазаров

19

ПЕТ ПЕСНИ ЗА ОХРИД ЅВЕЗДАРИУМ СРЕДЕ ЕЗЕРО На кајче кога си среде езеро најубаво гледаш колку е големо езерото. Тогаш малку ти помодрува работ на насмевката: една голема птица над тебе знае дека си незаштитен и грака ли, грака претсказанија. Збрлавена е птицата од среќа леле, ќе слета на дното на езерото! Оттаму најубаво се гледало како и ти потонуваш и се мачиш пред да се удавиш да си го закрпиш последниот сон. Со водена игла.

Риџата или голема или не е риџа. Деспина или е најлична или не е Деспина. Ѕвездариумот над езерото или е најсјаен или не е ѕвездариум. Пушките што фрлаат кога ја грабеле Деспина САДИЛО Од занес гугучки ангелска песна излегува.

биле секавично губење на разумот од љубов голема или не биле пушки.

Насмеани бисери му се тркалаат низ грло, сосе вековите – и тие да не се покусо. ИМАРЕТ Дали беше Евгенија или некоја друга мома засадила бор на Имарет, на врв ритка, па од врв бор се фрла опул преку езерските планини. Тука, под борот, се вршела редовна смена на боговите како што се менува стражата пред Бекингемската палата во Лондон. Под свежо обелените ѕидови на едно мало куќиче севезден, дење-ноќе, скитаат сенки: ту се дерат на сет глас, ту плачат, секогаш од мака. Таков е театарот на сенки. Под борот со децении веќе годиначе непроодено си спие. За мајка му Ташула само еден бил Господ.

Садило вековите се мераци ги садило – безвремено кандило. Исто ти било да се пее и да се живее. БЕЛО ВО ЦРНО Влегува бела – истекува црна. Река, слеана во езерото, црно-бела тепсија. Врз неа пастрмките играат шах, ловат сонце и ги даруваат рибарите – дрим дримосани. Никогаш не се знае кој е на потег.


20

33. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО: Ристо Лазаров

Noce avec les étoiles

Avec Goran à la station de bus du quartier « Jané Sandanski »

A « La chair sauvage » de Goran Stefanovski Fin de représentation Les projecteurs s’éteignent sur les éclairs de la parole Là finissent les Balkans Et peu nous importe le prix du billet pour l’Europe Brillent dans la nuit les bateaux sur Danube Héï, le faucon boit de l’eau du Vardar* Vin enivrant de joie dans les cœurs, un havre d’étoiles Thalia sautille comme un poisson à la noce macédonienne avec les étoiles Les projecteurs s’éteignent sur les éclairs de la parole fête folle des dieux.

Au lieu de nous retrouver le soir au buffet du théâtre Nous nous rencontrons de plus en plus souvent le matin à la station de bus du quartier « Jané Sandanski » (nous ignorons le nombre des Jané ici, mais des Jana il y en a beaucoup). Si nous étions des footballeurs nous nous serions dit trois fois « salut » -Et c’est tout ! Nous, nous commençons l’échange matinal des rêves frais de la nuit. Nous croisons dans L’Histoire de l’Est sauvage* (chair sauvage*, est sauvage, cochons sauvages, -vie devenue sauvage : femmes nues hystériques succulentes comme des pêches; machines à moudre les désirs ; marzipan de la moelle osseuse vendu en sachet au kiosque du coin avec une dose obligatoire de thé indien ; ourse et lion attelés au même joug galop de cerfs en automne précoce ; mots éparpillés sur le trottoir (les nôtres, d’anglais, d’arabe, de toutes sortes). Sous le lampadaire cassé de la rue nous nous sommes créé une île pour un temps futur (ou : un trou noir*, peut-être ?). Bonjour les joggeurs, bonjour les ouvriers ! Il est clair comme deux plus deux que le vin rouge de Tikves ne coule pas de nos chauffe-eaux électriques et même si c’était le cas : demain il faudra nous brosser longtemps les dents avant d’aller au travail ! Des visages fatigués nous regardent aux fenêtres des bus. Nous ne remarquons même pas que nous avons manqué encore un bus pour le buffet du théâtre. ……………… - Textes de Goran Stefanovski Дел од поетските објави во странство


33. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО: Ристо Лазаров

21

Бобан Карапејовски Марија Пандева

ИНТЕРПОЛАЦИИ ИЛИ МЕЃУСТИЛ: ЈАЗИКОТ ВО ТВОРЕШТВОТО НА РИСТО ЛАЗАРОВ Апстракт: Современиот македонски поет, прозаист и новинар Ристо Лазаров мошне фреквентно е наративен во лириката, поет во раскажувањето, наративен во поезијата. Создавајќи специфичен меѓустил, можеме да проследиме низа јазични особености со кои се одликува неговото творештво. Поезијата и прозата на Лазаров се одликуваат со силна интертекстуалност, а делата му се референцијално набиени. Неговиот јазик се простира во широк опсег: од височините на литературноуметничкиот и конструкции типични за т.н. висок стил (на пример, формите на плусквамперфектот) до разговорни конструкции, лексика и турцизми, како и народни, некои веќе и архаични или архаизирани конструкции (зјапав, утакмица, сетики, му ја дувнале – си отишле, итн.). Целта на нашиот труд е да ги пронајдеме граматичките форми differentia specifica на творештвото на Ристо Лазаров, како и стилските изразни средства, со кои го збогатува литературниот јазик. Клучни зборови: интерполација, меѓустил, интертекстуалност, лирика, раскажување Биографските податоци за авторите знаат да бидат само пополнување на времето (или на просторот) во рефератите или во статиите. Честопати животописот се сфаќа како нужно зло или нешто на што мора да се потпре истражувачот за да стигне со суштината кај авторот. Овојпат, се чини, биографијата на Лазаров е еден од клучните стилски меѓници и одредници, мошне важен, ако не и најважен елемент за разбирањето на извесни пројави во неговиот израз и во поетската и прозната реч што му е differentia specifica наспроти другите автори. Роден во 1949 година во Штип, го поминува својот животен век во новинарството, извршувајќи одговорни професионални и општествени функции – уредник во Млад Борец, Комунист, генерален директор на Танјуг, Телма... Всушност, во ова мошне кратко претставување на Лазаров, во една реченица ги даваме оние три важни точки за нашата анализа: времето во кое авторот се

раѓа и активно твори, како израз на извесна временска и социјална парадигма, која наоѓа исходиште и во јазикот; родениот говор, зашто секоја култивација и стандардизација е само надградба на базата, и поврзаноста на основната професија на авторот, зашто во уметничкото творештво ќе се судрат... или, ќе се преплетат: дијалектната база, стилот што е најфреквентен во секојдневното професионално функционирање на авторот и посебните одлики на уметничко-литературниот стил. Всушност, стилистиката е најмалку строга, па и припадноста кон одреден стил, особено во време на видливи хибридизации на жанровите, на литературата, а – оттаму – и на јазикот, како и ракурсот на истражување – сè понагласено интер- и мултидисциплинарен – придонесува Лазаров да стане своевидна парадигма на она што се нарекува интерполација или, можеби, меѓустил. Интерполацијата ја прифаќаме како термин со кој се вметнуваат зборови, фрази, па други и цели пасуси во еден книжевен текст, кои отстапуваат – случајно или намерно – од основната линија на нарацијата или од основниот тон на лирскиот субјект во текстот. Односно, се работи за друг глас или друг стил, кој не е основниот или ги нема одликите на стилот во кој се класификува односното уметничко дело. „Стилот е збир од дополнителни информативни вредности на говорот, а тие произлегуваат од изборот на изразни средства меѓu повеќе конкурентни и нивно вклопување во текстот“ Јелинек 1992: 15–26 кај Минова-Ѓуркова 2003: 199). Ако во еден јазичен стил се вметнат (се интерполираат) одлики на друг стил, можеме ли да зборуваме, по принципот на „контаминацијата“ на еден јазик со граматички и лексички особености од друг (меѓујазик) – за меѓустил? И, дали тој т.н. меѓустил, кој честопати е производ на идиолектот, дава дополнителна јазична и уметничка вредност на одредено дело? Ако „административниот функционален стил го пропишува човековото дејствување, научниот го објаснува, а публицистичкиот – ја запознава јавноста со него“ (Минова-Ѓуркова 2003: 209), јазикот на лирската поезија не е толку акционален, а акционалноста треба да е изразена преку предикативните јадра, додека лирскиот субјект треба да се искажува повеќе преку епитетизација, метафоризација и сл., дали наративноста на Лазаров нè внесува во еден нов специфичен свет на потврдување на уметничколитературниот фукнционален стил како израз на севкупноста на човековиот живот, преку талентот на авторот (сп. Минова-Ѓуркова 2003: 208)? Современиот македонски поет, прозаист и новинар Ристо Лазаров мошне фреквентно е наративен во лириката, поет во раскажувањето, раскажувач во поезијата... Создавајќи специфичен меѓустил, кај него можеме да проследиме низа јазични особини со кои се одликува неговото

Крајова: Со Хусто Падрон, Сретен Перовиќ и Ристо Василевски


22

творештво. Јазикот на Лазаров се протега од височините на литературноуметничкиот и конструкции типични за т.н. висок стил (на пример, формите на плусквамперфектот) до разговорни конструкции, лексика и турцизми, како и народни, некои веќе и архаични или архаизирани контрукции (зјапав, утакмица, сетики, му ја дувнале – си отишле, итн.). И, токму тие јазични играрии го ставаат во фокус и го предизвикуваат вниманието на проследувачите на Лазаров. Старделов, зборувајќи за поемите на Лазаров, тука – во преден план – ја имаме „Силјан Штркот уште еднаш ја облетува Македонија“ ќе напише: „Во таа штркова ера во која тогаш била Македонија, останало нерастајнето што е сон и што е јаве, та дури и Фројд и Јунг, одгатнувачите на сонот биле ‘ајле шашардисани’, па целата работа излегла без почеток и крај, без глава и опашка. Бил немоќен да рече во што е работата дури и битолскиот оџа, кому прилепчани му правеле темане да каже што е што, но и тој не знаел ништо за сонот и јавето, но затоа советувал во таа работа многу да не се буричка, бидејќи: Во рисјански сонови Чунки од еден сон Две востанија се кревале“ (Старделов 2009: 13). Обрнете внимание на цитатите со кои се врзуваат Фројд и Јунг, од една страна, и „ајле шашардисаноста“, како и врзувањето на јазикот на оџата со сврзникот чунки, ама неговото врзување и со праобразецот на Силјана и јазикот на Цепенков, но оџата од Битола со стиховите од „Одвајнадежна“: (...) Ама глава, ама чутура сè повеќе почесни плотуни на закопи сè повеќе молитви за спасение ... Сè оди во мајчина му: и ѕвездите, и цвеќињата, и пеперутките, и гулапчињата, и гитарите, и серенадите.

33. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО: Ристо Лазаров

во Те сонував снежна, каде што вуилиците се кајмакчалански до јужниот ветар ти ги топеше цицките. Не зазира пред лексика што е разговорно вообичаена, а дава дополнителна напнатост и визуализација. Таквиот избор секогаш гради дополнителна врска со читателите... и да подзаспијат во читањето, цицките ќе ја разбудат конативната функција, ќе ја потенцираат емотивната, но ќе скријат во себе и фатика/контактност и магија и ритуалност (сп. Пандев 57–58), често и преку предизвикување шок кај оние што сакаат да ја „прочистат“ поезијата, како и јазикот во литературна/стандардна употреба од вулгаризми или синоними сфатени вулгарно, со свои лексички неутрални парници. Уште еден пункт на кој кратко се задржуваме е користењето на извиците во адвербијална и/или модификациска смисла, овде и предикативно, како начин за прикажување на нешто дека е многу/отаде, како во Вистинита песна, каде што се вели дека оваа песна е до олеле мајко вистинита. Во „Колумбо“ ја среќаваме и конструкцијата „ел адмирале“, која претставува комбинација од членот за машки род во шпанскиот јазик (el) и вокативната форма на именката адмирал во македонскиот јазик. Во шпанскиот јазик, за разлика од македонскиот, членот оди пред именската група, а посебни наставки за искажување вокатив не постојат. Па така, авторот направил многу интересен спој од двата јазика и притоа добил именска група што совршено му одговара на контекстот во поемата: Кристофере, ел адмирале, обраќање кон Кристофер, и со неговото име и со неговиот чин, притоа потенцирајќи го чинот со употребата на шпанскиот член. Во истата книга среќаваме и турцизми (шуќур, ѓоамити), архаизми како дикат (стори се дикат, отвори ги четворни очите) и пизма (отрпвин ако те запизмат, за навек пизма ќе те следи) каде што именката пизма станува и инхоативен глагол (запизми – замрази). Авторот, како и во многу други дела, така и во ова, „Колумбо“, прави спој помеѓу минатото и сегашноста, или пак спој помеѓу различни минати епохи, користејќи признаци добро познати за читачката публика.

Оти, како поинаку да се допре до дамарот на читателот, ако не со онаа пословична пцост со силна елипса – мајчина му...!? Или, кога во „Историја на болеста“, ќе те соблечат угол гол и од соблекувањето до цитатноста на знаците за забрана со кои завршува оваа повест за боледувањето („плукањето на подот е забрането“), целосно ќе се раскаже, ќе се разобличи, со силни посочувања кон микротопоними (Букет како место, не како име), настани како временски отсечки (Струшки и Прличеви беседи) приказна со лирски набој, наместо песна со повремени раскажувања. Или, Расипаната славина, која се отвора со грав, гулаш и цвеќе, како голема алегорија, а не само како импресионистичко-експресионистички потфат за воодушевеноста од некои традиционални македонски мезиња, како кај Конески со патлиџанот и сирењето и насладата од нив. Или, од суптилен ерос, повторно со македонски мотиви

Со Лидија Димковска на доделувањето на Европската награда за литература


33. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО: Ристо Лазаров

„Господе, биди со нас“, се молеше ти, а на небо трештеа громови на површината на морето скокаа разни риби, октоподи и медузи каде и да се свртиш – само море, чиниш во сите светски кина се прикажува реприза на потопот на светот. Во овие стихови ни создава претстава за патешествието на Колумбо низ немирните бескрајни мориња и нè поттикнува да си создадеме визуелна слика во која се појавува кино, векови и векови пред да биде измислено киното. Во следните стихови: При сè што објасни, адмирале, остана неразјаснето што ќе се случеше со твојата „Санта Марија“, Кристофере, ако со морнарите на неа потајум се качеше и македонскиот револуционер Павел Шатев кој имаше солидно искуство во потопувањето ѓемии. авторот ги поврзува ерата на Колумбо и на Солунските атентатори, го неутрализира времето и го преосмислува – времето не постои, но сè и сите постојат истовремено, сите временски паралели се споени во една точка. А, Санта Марија, пак, од името на бродот до венециската црква и песната на Лаза Костиќ, секогаш фино врзува и поврзува. Формите на стариот инструментал, каква што е потајум (потајом > потајум со билабијализација), даваат дополнителна патина на јазикот и ни го приближуваат времето за кое се зборува и со лексички средства. Слична постапка vis-à-vis времето Лазаров применува и во „Лавиринт“, а тројанскиот коњ и Кинг Конг стануваат „интерполациска“ метафора: Едно е знајно и сигурно: токму во Троја е роден првиот дрвен коњ, голем, бабачко како Кинг Конг, што на крајот ѝ дошол до акот и на самата Троја. А, нелиричноста, но – на сметка на тоа – живите слики, се добиваат и со турцизмите, овде употребени модификациски – бабачко во еквативни конструкции (бабачко како Кинг Конг, бабачко = Кинг Конг). Секако, авторот намерно ги прави овие паралели и го шета читателот низ времето, па така, од приказните за Троја, Зевс и Атина, стигнува со Бардо и Делон, односно до ММФ и Светската банка: Јоргованите ќе се мачат да замирисаат на старите филмови со Брижит Бардо и Ален Делон.

23

Да не ви се верува: еден ден сите луѓе на планетава се разбудија во своите претходни животи и заиграа танго на плоштадот. Свиреше како и секогаш оркестарот на Меѓународниот монетарен фонд подзасилен со свирците од Светската банка. А, времето е (и)сторија, приказна без почеток и крај: Точка ептен видлива, баш како на крајот на секое писание за историјата која мнозина заведе да помислат дека има крај на историјата, а немало и ќе нема крај на историјата додека таа плови по морињата Колективниот когнитивен багаж, како што видовме во претходно споменатите примери, е важна одредница за Лазаров. Тој користи кодови што се познати само на определена територија или, пак, им се познати само на луѓето од определена (социјална) група (генерација и сл.).: Тогаш во Македонија уште не беше излегол лозунгот на еден веќе подзаборавен политички лидер дека има прашања кои не заслужуваат одговор. (Лазаров 2017: 14) Покрај предминатото време, како стилска доминантна, во оваа мошне симпатична – а само поради димензиите и никако поради квалитетите – книшка, особено доаѓа до израз интертекстуалноста, со оглед на тоа што постојано се цитираат стихови на Цветаева, но и нејзини преписки со пријателите. „Подоцна, во едно писмо до Пастернак, Цветаева пишува дека, всушност не го сакала Есенин. Особено поради самоубиството и стиховите ‘Довидување, другар мој / на овој свет не е ништо ново да се умре / но и да се живее не е којзнае што’, на кои Владимир Мајаковски, кого Цветаева го сакаше, одговори дека ‘на овој свет ништо ново не е да се живее / но и да се умре не е којзнае што’.“ (Лазаров 2017: 16-17) „Вампирското“ е силно референтно кон народниот гениј, односно се забележуваат елементи од македонскиот фолклор, вклучително и култот кон вампирот, демонско хтонско битие, односно кон ѓаволот, како еден специфичен елемент на македонската книжевност. И сето тоа зачинето со апла разговорни јазични елементи (ем, аман, бе, демек, превара, ничкоса – од турцизмите споменати претходно до грчкиот глаголски суфикс -оса, фреквентен во народниот јазик). Еден друг Ристе, играорец ем ороводец, (аман бе, други машки имиња имало ли тогаш??) Ристе Казако, демек, тогаш метач во Софија а подоцна можеби и братучед на еден фудбалски судија, си носел товари лук да ја насолзи малце ѓаволската превара и ги витоса играорците вампири да им го ничкоса орото, па да си го гледа ќеифот. Широчината да се знаат и да се познаваат отсечките од светската историја, но тие јасно да се врзуваат за локал-


24

ниот бит, ни ја покажуваат дијалектиката на постоењето и на творењето на оние што знаат да создаваат: само да се знае е духовна празнина; само да се сака своето е провинцијализам. Да се знае и отаде, а со тоа знаење да се сака овдешното, да може да се поврзе и да се приопштат локалните кон светските текови, тоа е веројатно идеалната мера за добра, ангажирана и талентирана поезија, која станува лирска приказна, поради силната нарација. Метафори, споредби, турцизми, архаизми, историзми – сите средства се дозволени, барем во јазикот, особено кога целта е создавање слика за земјата на окружувањето како catuna mundi, често Македонија како центар на светот, спојка на сите цивилизации, литератури и култури, во сите временски оски на историја. Барем во стиховите на Ристо Лазаров! Поезијата на Лазаров е силно референцијална, мошне важно и за литературата и за литерарноста, но и за општествените процеси. Свое место во литературата сигурно имаат и херметичноста, играта со стилските изразни средства и со зборовите надвор од некаков опиплив контекст, но новинарското во поезијата на Лазров, онаа особена наративност и врска со нашето секојдневие, ја прават не само читлива и посакувана туку и мошне вредна во актуелниот миг, кога постмодерната отстапува, а постпостмодерната реафирмира некои универзални (условно, „модернистички“) вредности. Реактуелизацијата звучи езрапаундовски: „Направете ново!“ Еве нова приказна (со секоја стихозбирка на Лазаров) за сите нас денес и тука! Литература Минова-Ѓуркова, Л. 2003: Стилистика на современиот македонски јазик, Магор, Скопје. Пандев, Д. 2006: Основни поими за науката на јазикот, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје. Старделов, Г. 2009: „Тој грозен кикот човечки“ Толкувања – поетскиот свет на Ристо Лазаров, Дијалог, Скопје. Извори Лазаров, Р. 2009: Избрани дела (книга прва), Дијалог, Скопје. Лазаров, Р. 2009: Избрани дела (книга втора), Дијалог, Скопје. Лазаров, Р. 2009: Избрани дела (книга трета), Дијалог, Скопје. Лазаров. Р. 2012. Ситночекорка, Дијалог, Скопје. Лазаров, Р. 2015. Вампирското. Дијалог, Скопје. Лазаров, Р. 2017. Лавиринт, Везилка 2011, Библиотека поезија, книга 15, Скопје. Лазаров. Р. 2017: Цветаева во Прага, Везилка 2011, Скопје. Лазаров, Р.2018. Цедена, Везилка 2011, Скопје. Лазаров, Р. 2019: Езерска, ВиГ Зеница, Скопје. Лазаров, Р. 2020: Намерници, Виг Зеница, Скопје.

33. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО: Ристо Лазаров

ГОЛГОТА Вжарен пат, вжарен череп на врв планина, вжарен молк на Ерусалим, сосе вжареното догорче на последната цигара се згазнува страдањето без да се има на ум дека секое страдање си носи ново страдање. Задишана толпа од толку туркање кон врвот: кој прв ќе се искачи ќе стане вечен светилник на смртта а толпата под него ќе се изнагледа облаци и ќе изнаучи дузини додолски песни. На оние најдолу ќе им се изнафрлат едночудо транзициски муви, од сите алати за потпора до иднината ќе им остане само зборот и од него, кога ќе се види аирот, ќе летне вжарена во незнајни насоки првата христијанска пцовка: од патот кон Голгота дури до Лесново во жална Македонија ќе се стркала еден вжарен воденичарски камен занавек и тука да се запамети дека има реплики од Голгота а работа на Македонците ќе си биде да најдат јунак што ќе го турка каменот угоре – ама кон кој врв на Осоговските планини, оти колку Македонци толку врвови имаше по планините. Стартна точка на поднежјето на патот кон вжарениот череп на врвот исто така бил череп запален ама не толку вжарен празен а тврд, потврд од главите на господарите на животот и на смртта на мирот и на војната. А се спомне мирот.


33. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО: Ристо Лазаров

25

ЈАЗИКОТ НА „ЈАНА“ ОД РИСТО ЛАЗАРОВ Чинот на депоетизацијата како инвентивна творечка постапка во структуирањето на поетскиот свет на Ристо Лазаров предизвикува внатрешна деривација на извесни издвоено модифицирани изразни средства, при што се преосмислува нивното значенско полниште (т.е. значенската обвивка) со признакот стилистичка изнијансираност, а нивното форсирано приопштување кон квантумот карактеристични за определен јазик поетски средства, праволиниски се усогласува со општите развојни насочености на разговорниот македонски јазик. Притоа се имаат предвид некои пројави суштински за современиов миг и обусловени од начинот и ритамот на животот на генерацијата што се диференцира со свој посебно осмислен поетски свет, транспониран низ специфични погледи, сфаќања и навици, коишто во крајна линија се резултат на едно суптилно пресоздавање на традиционални обрасци во допир и под влијание на нови надворешни фактори. Оттаму, во прв ред поетската мисла на Ристо Лазаров претставува превреднување на завременети поетски симболи низ осовременето стилско жариште, а понатаму, попрецизно , таа е компромис од процес на сопоставување и подредување на одделни идиоматски фрази, специфични за македонскиот јазик со други современо инфилтрирани фрази, најчесто калкирани или целосно заемани од други, првенствено западноевропски јазици и функционално приспособени како жаргонизми во речникот на односната генерација, т.е. како одраз на осознавање на една нова култура, почнувајќи од нејзините префинетости , па искрајно сѐ до некои помодно восприемени културни девијации. Во таа посока се реализира супституција на заемни фразеолошки комплекси кои на синтагматско рамниште се инвентаризирани како категоријални семантички полиња, односно се пренебрегнуваат одделни осведочени изрази, чија генеза е во словенско и балканско воздејство, а на нивното место претендираат адаптирани изразни конструкции, по потекло од англискиот или воопштено од западноевропските јазици. Во контекст на разгледуваната поезија, идиоматските фрази се наметнуваат со својата природност и спонтаност, со можноста за асоцијативност, макар што зазвучуваат и со извесна иронична оценка, која пред сѐ е резуултат на изменет однос кон извесни народско-естетски квалификативи и мерила. ... Ова е вриеж-јазик, изблик и предизвик јазик, згуснато афективен и така препознатлив. Одлачен од секојдневноста и повторно бунтарски втурнат во неа. Димитар Пандев, „Јазикот на Јана од Ристо Лазаров“, Согледби, Книжевна младина на Македонија, Скопје 1981, с. 25-28

***

Од гледна точка на второто, во естетиката и поетиката за мене најбитно рамниште, можеме да речеме дека Лазаров нурнал во столетното, во исконското, архетипското егзистенцијално искуство на македонската народна песна и него на еден модерен, односно посмодерен начин, го изразил во неговата сегашна песна. Притоа, тој не создал таква една и иста. Напротив, и двете песни – старинската народна, од една, и денешната, неговата, од друга страна, упатуваат една на друга, се влеваат една во друга без да се изедначат и без да станат нешто исто и нешто еднакво. Георги Старделов

*** Постапката, по својата евокативност, асоцијативна, но и блиска, по својата филозофска сугестивност можеби блиска до онаа на Жак Превер во повоената француска поезија, кога овој маг на европското модерно пеење со невидена семантичка револуција – невидено се дистанцира од генерациските слогани на поетите од својата генерација силно вкоренети во француската поетска традиција, какви што беа Анри Мишо, Рене Шар, Андре Френо и други. Луан Старова


33. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО: Ристо Лазаров

26

ЧЕВЛИ ЗА ТАТКО МИ збунети сме со брат ми во продавницата за чевли на главната улица во родното место. кога бевме деца во истава продавница ни купуваа нови чевли пред почетокот на секоја учебна година. татко ни тогаш гледаше чевлите да бидат првин удобни па убави и да бидат еден број поголеми за да можат да се износат. чевлите треба да се израснат, велеше татко ни. сега со брат ми му купуваме нови чевли на татко ни. се држиме до неговите некогашни упатства: чевлите да бидат удобни па убави да не го стегаат и да не му прават плускавци ќе се реши да прави долги прошетки низ прашумата од сеќавања. овие чевли на татко ни мора да бидат шпицести и со тврд ѓон за да може тој да му опне мераклиски некоја клоца на преправениот ангел чувар кога ќе почне да му балега за бесмртноста на добрината и на праведноста. горко се насмеавме со брат ми излегувајќи од продавницата за чевли еден ден пред умирачката на татко ни.

*** Ристо Лазаров пишува едноставно, директно, непосредно, ослободен е од лирскиот исказ и од поетизирана слика. Тој го претпочитува, одејќи по примерот на некои современи поети во светот, дури и говорот на весникот, на фељтонот, на обичниот разговор, но проектирајќи го него низ својот сензибилитет и низ светото на своите идеи, тој него го облагородува, правејќи од целината на песната едно доживување што умее да ни се обрати со своите хуманистички пораки. Тој ја прави и поезијата негова и посебна и значајна во панорамата на нашата современа поезија. Матеја Матевски

МОСТОВИ Секогаш пред да се вратам од Прага за Скопје по цел ден зјапам во Карловиот мост на Влтава Секогаш пред да се врати од Скопје во Прага син ми по цел ден зјапа во Камениот мост на Вардар И само ние двајцата си знаеме какви брзаци ни течат низ душите додека пред разделба по цел ден зјапаме во мостовите.

***

Несомнено Лазаров е субверзивен во однос на јазикот на традицијата и нејзиниот аксиолошки универзум и тоа го прави лесно, игриво и непретенциозно, чинам со единствена умисла во денешната загледаност кон возвишената крепост и празнината што ја крепи (небаре театарска кулиса!): да ја довика полнотијата на животот што од дамнини тука се одвивал, да го довика неговиот вриеж, да ја оплоди полнокрвноста на вообразбата во режисерската инсценација (среде крепоста, крај задѕидинските смокви), да ја очуди и потсили во полнокрвноста на нејзиниот дамар меморијата на топосот и јазикот, низ поетската инсценација на нивната интеракција. Наташа Аврамоска


*** Лирските објави на Ристо Лазаров го носат ризикот (авторски, се разбира) на свесно одбраниот чин на создавање на таканаречна непоетска поезија (антипоезија), ако може тоа така да се дефинира низ условен оксиморон! Зашто, формалистите, априористите, папагалистите и вечните курсисти во уметноста упорно ќе си мислат (доколку воопшто мислат) дека поезија е само она што ги пропишале само правилата на поетската уметност сфатена или прифатена преку школските нормативни естетики. Очевидно, Ристо Лазаров не е врамен во нормите за книшко поимање на поетската уметност, иако при поврвен период може да се помисли дека и оваа поезија може да се храни од поезијата (темите – Рацин и современите македонски писатели!). Овој поетски автор е од групата на поанахроните творци, па настои да стои на страната на неформалното, неформалистичкото, вонстатутарното сфаќање на поетскиот феномен. И – токму таму и стои!

Гане Тодоровски

КАВИ ЗИМИ, ТАКВИ РИМИ Какви зими, такви рими: жена ми и син ми во туѓина китат елов садник и кршат погача за бадник јас пак сам кмишам дома ко во мечкина утроба трома грицкам виртуелен сладник а татковината ни – гурбетчиски расадник.

МУЗИКА Синот единец во Прага Севезден ја слуша ,,Самo дома си е дома". Ние омлитавени родители во Скопје Севезден ја слушаме ,,Влтава". Така некако изгледа Музиката на двојната тага.

Со Блаже Конески: прво лице еднина (интервју)

БРАНЧЕ Крај езерото ненаситно цицам музика од едно распалавено бранче. Во ливадите над езерото Моцарт бере планински чај.

*** Поезијата на Ристо Лазаров за мене има голема привлечност, веројатно и затоа што е сосема различна од онаа што самиот ја пишувам. Неговата песна е целосно потопена во атмосфера и во амбиент коишто јас се трудам да не ги допуштам во мојот пев. На извесен начин, книгите на Лазаров ми овозможуваат читателска рамнотежа, досипуваат потребни дози стварност, така што светот добива во полнота, станува поверојатен и поуверлив. Прифатливо се стабилизира. Со задоволство го читам Ристо Лазаров, затоа што „сета негова поезија е свртена кон секојдневието, меѓутоа, со посебна дарба и рафинман од него ги извлекува вистинските симболи на универзалноста и сечовечноста“ (Анте Поповски). Санде Стојчевски


33. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО: Ристо Лазаров

28

*** Кога би се обиделе да направиме синтеза за поетскиот опус на Лазаров, тоа би можеле да го соопштиме вака: – Ристо Лазаров е гласен и ангажиран автор. Заговорник на неконформалност. Можеби прегласен и можеби – директен. – Сета поезија му е свртена кон секојдневието. Автентичен и надарен автор. На дневни теми им дава печат на универзалност и свеченост. – Константни мотиви: спомени, средби, нередот и нервозата на денот. Жаргон директно населен од улицата. Сето тоа прераскажано низ иронија и хумор. – Стихови исполнети со алузии: присутен паралелизам помеѓу животните текови и книжевниот одраз. Надреалистички обрти. – Влегува во етапа на апсолутна авторска зрелост; се издигнува над голиот надреалистички опис и над поимот за пригодна поезија. – Инвентарот на неговите метафори слики е – обемен. Не ја почитува згуснатата и концизна реч. Морбидни интонации. – Негува интелектуална поезија набиена со значења. Ги избегнува замките на патетиката и големите зборови. – За политиката размислува, но неговата поезија не е политизирана. Горчлива е и – сериозна. Гневна. Не е тоа релација на одминати векови туку залагање за сегашноста. Не е исклучив, туку живее и пишува младешки. Тургењев би рекол: блазе си му на оној кој во младоста бил млад. Од претставник на својата генерација тој прерасна во претставник на своето јас. – Јунакот на оваа поезија е обземен од зли претчувства и страв поради светот во кој ја остварува својата љубов, како и љубовта на Превер: таа е среќна и несреќна но самата љубов е – слобода. Ја ништи тривијалноста на секојдневието. – Песните содржат социополитички тонови, но тие не се програмски политички и се разликуваат од ангажираната поезија. Насели во својата поезија жаргон на субкултурни облици. Анте Поповски

Средба на аеродромот во Истанбул: со Катица Ќулавкова и Славе Ѓорѓо Димоски


33. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО: Ристо Лазаров

29

КРАТКА БИОГРАФИЈА И БИБЛИОГРАФИЈА Ристо Лазаров е роден на 3 октомври 1949 во Штип, Република Македонија. Дипломирал Југословенска литература и македонски јазик на Филолошкиот факултет во Скопје. Тој е автор на 28 книги поезија и на неколку избори од неговото творештво. Објавил и Избрани дела во четири тома. Автор е и на повеќе книги огледи и публицистички трудови. Негови книги се објавени на англиски, албански, бугарски, српски, чешки, словенечки јазик, а поетски циклуси на германски, француски, шведски, турски, романски, унгарски и други јазици. Превел на македонски над 30 книги од англиски, чешки, српски, бугарски и други јазици. Добитник е на сите значајни награди за поезија во Македонија и застапуван е во сите антологии на современата македонска поезија. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1972 година, а од 2005 до 2014 година бил претседател на Македонскиот ПЕН центар. Живее и работи во Скопје, како новинар. Бил генерален директор на југословенската новинска агенција „Танјуг“, главен уредник на меѓународното списание „Балкан форум“, а долги години беше директор и главен уредник на независната национална телевизија „Телма“ во Скопје. Автор е и на повеќе новински и телевизиски патописи. Книги поезија: Ноќна птица во паркот, 1972 Јана, 1980 Грозен кикот, 1982 Капки кисела вистина, 1985 Лет(о) преку океанот, 1988 Одрони, избор 1988 Точка на вриење, 1990 Одвајнадежна, 1993 Силјан штркот уште еднаш ја облетува Македонија, 1995 Јаве, избор 1998 Херакле, 1998 Колумбо, 2000 Тројца за преферанс, 2001 Одмолчена, 2003 Ненадејна, 2005 Чехопек, 2006 Среде, 2008 Жива рана, избор 2008 Сонот на коалата, 2009 Избрани дела во четири тома, 2009 Поезија, избор 2010 Кревалка, 2011 Ситночекорка, 2012 Јана/Јана, 2013 Светилничар, 2013 Препки, 2014 Вампирското, 2015 Птици, 2016 Лавиринт, 2017

Цедена, 2018 Тесен пат кон далечниот север, 2019 Езерска, 2019 Трпки, 2020 Лилјаци, 2021 Книги поезија за деца: Горјан во Дорјан, 1988 Од Битола појдов, 1990 На странски јазици: Siljan the Stork Flies Over Macedonia Once Again (1996) Историа болезни (Москва, Русија, 1996) Јавне песме (Просвета, Београд, Србија, 2003) Силјан Штрка ошче веднаж лети над Македониа, Софија, Бугарија 2006) E Befte (на албански, 2006) Heraklej (Љубљана, Словенија 2006) Cechovabeni (Брно, Чешка, 2007) Отплесана историја (Архипелаг, Београд, Србија 2012) A Seashell Anchored in The Centuries (2014, Poetry Pacific, Vancuver, Canada) Препреке (Повеља, Краљево, Србија 2015) Labyrint (Брно, Чешка, 2016) Мрак (Архипелаг, Београд, Србија, 2017) Цеђена (Задужбина Петар Кочић, Бања Лука, 2019) Језерска (Архипелаг, Београд, Србија, 2019) Лавиринт (Агора, Нови Сад, Србија, 2019) Слепи мишеви (Архипелаг, Београд, Србија, 2021 Огледи и публицистика: Прво лице еднина (Скопје, 1982) Лист по лист (Скопје, 2000) Книга со животните и други огледи (Скопје, 2012) Врежанки (Скопје, 2014) Врежанки белградски (Скопје, 2015) (По)гледи (Скопје, 2016) Марина Цветаева во Прага (Скопје, 2017) Незгасливите чешки пламени (Скопје, 2018) Главата на Кафка (Скопје, 2018) Процесот на Слански и други чешки судбини (2019) Храбал – тажниот крал на чешката книжевност (2019) Хашек – добриот војник Швејк (2020) Чапек – книжевна легенда (2020) Сајферт – нобеловецот од прашкиот Монмартр (2021) Јесенска – име на љубовта и слободата (2021) Кундера – животот е некаде другаде (2021) Нaмерници (прозни записи, 2020) Доктор Санде во Прага (2020)


30

Преводи и препеви: Горан Бабиќ: Столб во реката (Скопје, 1982) Дејан Новачиќ: СФРЈ за повторувачи (Скопје,2003) Георги Константинов: Човекот е прашање (Скопје, 2006) Александар Новачиќ: Досието Чехов (Скопје, 2006) Абдулах Сидран: Партизански гробишта (Скопје, 2012) Чарлс Симиќ: Несоница (Скопје, 2012) Александар Новачиќ: Венедикт Ерофеев и хорот на пијаните ангели (Скопје, 2012) Душко Новаковиќ: Капитулација (Скопје, 2013) Миљенко Јерговиќ: Промена на времето (Скопје, 2013) Карл Сандберг: Чад и челик (Скопје, 2014) Оскар Давичо: Покрив на луњата (Скопје, 2014) Милица Николиќ: Руска археолошка приказна (Скопје, 2014) Филип Давид: Книга на сеќавањата и заборавот (Скопје, 2015) Александар Новачиќ: Булгаков – писма до Сталин (Скопје, 2015) Славој Жижек (заедно со Бранко Лазаров): Исламот, атеизмот и модерноста (Скопје, 2015) Драган Великиќ: Иследник (Скопје, 2016) Милисав Савиќ: Џимиринче (Скопје,2016) Дејан Алексиќ: Да се биде (Скопје, 2016) Енес Халиловиќ: Sидови (Скопје, 2016) Мухарем Баздуљ: Кукла од парципан (Скопје, 2017) Енес Халиловиќ: Ако долго гледаш во понорот (Скопје, 2017) Бранислав Нушиќ: Покрај бреговите на Охридското Езеро (Скопје, 2017) Раде Драинац: Поет или бандит (Скопје, 2018) Дагмар Доровска: Вистинскиот момент (Скопје, 2019) Славој Жижек (заедно со Бранко Лазаров): Ленин 2017 – сеќавање, повторување и разработка (Скопје, 2019) Славој Жижек: (заедно со Бранко Лазаров): Да се почне од почеток (Скопје, 2020) Гојко Божовиќ: Книжевноста и дните (Скопје, 2021)

Добитник е на највисоката државна награда на Република Македонија „11 октомври“ за животно дело, како и на повеќе книжевни награди и признанија: „Млад борец“ (1972), „8 ноември“ на град Штип (1972), ,,13 ноември“ на градот Скопје (1980), наградата на МРТВ за најдобра книга за деца меѓу две Струшки вечери на поезијата (1987), наградата „Ацо Шопов“ на ДПМ за најдобра поетска книга (2006), наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП (2008). Во 2000-та година беше лауреат на Празникот на липите во Скопје, а во 2010 година е награден со „Книжевното жезло“ и со наградата „Велја кутија“ на Македонските духовни конаци. Признанието за афирмација и популаризација на ликот и делото на Ацо Шопов му е доделено во 2017 година, а во 2012 година ја доби наградата Дијалог за најдобра книга поезија (Ситночекорка). Добитник е и на наградата „Петар Кочиќ“ за најдобра книга и за животен опус на Задужбината Петар Кочиќ, Бања Лука, во 2019 година.

33. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО: Ристо Лазаров

ЛИЛЈАЦИ Птици ли се, црни ѓаволи ли се, којзнае дали и Господ знае што се и од што се ама никој жив на овој сматен свет дерман нема од нив. Што чудо ќе беа вечни третосменци: ноќе летај, дење дреми а се знае дека живиот свет ноќе ги прави оние работи а не се знае за нив, светите лилјаци кога се котат и каде се котат. Од земја да никнуваа Немаше да ги има толку – цели легиони по пештерите недобројни гроздови виснати по секое гранче на дрвјата. Слепи ги викаат а ги знаат сите мегдани на црното зло божем злото има друга боја и ги има во сите големини икс, медиум, икс-медиум три икса тадури со л на крајот. Премачкани се со сите бои премачкани се и со крлушки па некои во главите поднамачкани ги викаат летечки риби црна, невидлива авијација како онаа американската, де. Крилјата им се кожени, сетики не и непробивни. И никој не докажал дека се асли слепи, имале само поразвиено сетило за слух уште неродени висококвалификувани се за кодоши. Во зорт-заман време се преправаат пејачки друштва формираат хорови на слепите лилјаци пеат серенади пеат и по нарачка


33. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО: Ристо Лазаров

се додворуваат па збеснато ги вртат мини-коњските главчиња (да, ако не сте знаеле, главите им се како на коњи) ако додворувачката им излезе попуста – џабе катаноќните проби, џабе хорската облека, џабе ангажманот на врвни диригенти, џабе курдисувањето на јазиците што им се подолги од нив самите (со толку долги јазици никој не може да ги победи во алапачирање – ни на селска чешма, ни во телевизиска дебата). Не е утврдено ама многу се збори дека лилјаците од родот на птичјиот лошитилак имаат црна крв со црни крвни зрнца дека сите до еден имаат црни наметки какви што филмовите има одмазникот Зоро. Можеби е поарно мисловниот свет на лилјаците ич да не го гибаме: црни мисли, црни души, црн измет, со опроштение, и ако таков ве плесне по глава како црна мачка да ви гопопречила патот. Туго, туго, Сте го виделе ли црното братство легија ли е, што ли е, како ноќум демнат како џиновски гроздови обесени по дрвјата! Толку црно на едно место нема никаде во светот освен кај што демнат лилјаците. На лилјаците се разбира баш им е гајле се организираат во црни бригади на лика поцрни од рудари и ударнички градат нови црни гнезда во старите црни пештери во кои во старите песни очите паралдисуваа за сонцето да него гледаат. И на лилјаците

31

сонцето многу им пречи па веќе ангажирале црни институти за масовно ослепување на народите (ако воопшто преостанаа народи на дуњава останаа да се бројат – само уште страшливците). Се подразбира дека наспроти сите други лилјаците му се радуваат на црното сонце, како што им се радуваат и на црните гламни откако ќе изгорат куќите и со црни камења ги гаѓаат противпожарникарите кои во црна облека дошле да ги скротат црните гламни. Со исти такви камења лилјаците ни ги здробија и сите дулбии со кои во слободното време се занесувавме со светлата иднина. А ете, дојде време само на поповите да им се даваат црни мантии на попуст божем тоа ќе не куртули од црното што ни било пишано: историјата да нѐ шиба, да бидеме никој и ништо тројца кајшто има едниот да е кодош, да ни ставаат отрови во депониите а ние салтуку да зјапаме во небото божем од таму ја чекаме да дојде добрината што сме ја изгубиле во ноќните бежании од лилјаците. А лилјаците пак ќе си бидат лилјаци, пак ќе си пијат крв, пак ќе нѐ касаат а на жените ќе им се вплеткуваат во косите, пак ќе се кажуваат дека сите до еден му се први братучеди на Дракула... Кој сака верува, нека се чуди, ама сега засега никогаш со голи раце не допирајте лилјаци лигавештии се допираат само со ракавици и се гледаат со маски. На очи е работата: орото не прилега без лилјаци а зурлаџиите уште ги курдисуваат писките.


32

GAGARIN’S SMILE, OR ETERNITY LASTS FOR 108 MINUTES The world is trying hard to determine what eternity is like and how long it lasts. As long as the smoke from coal-fired power plants or as long as the shining light of the stars? The dense smoke (industrialization, fabrication of the future) makes it hard to breathe and stars can be touched easily only in poems. Amidst the battle over eternity someone asked a bizarre question: could it be that eternity lasts as long as an ordinary smile? And every one knew full well that he who laughs last laughs longest. Although some smiles are feigned and some vanish quickly like the masks from the faces of the dishonest. Amidst the battle over eternity the snow began to change its aggregate state. At about that time in the Pioneers’ we started to prepare for the First of May Parade and already knew it wasn’t nice to lie not even on April Fool’s Day for he who lies and steals will have lice all his life and wear long johns. We made models of wooden planes, and struggled to fix their wings with carpenter’s glue. And we learned a little about the fact that it’s easier said than done. They said: man is not a bird. Planes are for flying, and children for crying: Uncle drop leaflets! Ladybird! Ladybird! Fly away home... How many flashes of lightning can be reflected in the visor of a space helmet, does lightning have a soul and how can one enter the lightning’s soul?

33. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО: Ристо Лазаров

Certainly with a smile – it’s as brief as flash of lightning, but the memory of it is eternal. Which leads to the conclusion that eternity can last as long as lightning equivalent to a smile. Before eternity begins something must be whistled, something by Dmitri Shostakovich, for example the one about how the fatherland hears all, the fatherland knows when children fly to the clouds. And most likely it constantly counts the red blood cells. The fatherland, the father’s smile. It took a hundred and eight minutes from the fatherland to eternity including touching the stars along the way out of curiosity and furtive whispering with God himself. And a smile, at the moment of touching the stars – so that the people below can figure out on the first calculators how much gentleness fits in an ordinary smile which as we know can’t be bought in the market, can’t be borrowed or stolen, but only given as a gift. The smile when he touches the stars is mirrored in the great spring and must be photographed for the first series of smiling postage stamps. It’s incredible: he gathers the flight around the planet in his enigmatic smile that will shine and shine on for as long as the earth turns merrily around the sun.


33. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО: Ристо Лазаров

33

ТРЕБА ЖИВЕТИ

Слободану Унковском

У паузи представе ,,Три сестре“ у Скопљу након дугих година сретох старог пријатеља, још из младих дана и одмах заденусмо мали разговор о томе дали Чехов и Брехт излазе на двобој на сцени? Може ли када се баш данас игра Чехов, да се пренебрегне Брехт? И све тако, уобичајена размена мишљења. Одједном, пре но што се вратисмо да догледамо представу супруга мог пријатеља ме упита: дали твој син још увек ради у Прагу? Да, да, биће већ двадесет година... Ех, вели она: вама је бар близу, ево где је Праг, а где је тек Канада... Да је било трећег са нама, можда би рекао: а да знате где је Нови Зеланд... А ако смо анкетирали публику сигурно би направили добар азбучник свих македонских џенемија. Ах, то буцкало Антоша који мисли да даме са псићима још увек шетају по летовалиштима на Криму! ,,Песник безнадежности“ – рекао је о Чехову неко који је знао да се неке убице наде прогањају у вечности. Као, утешно нам изгледаху завршне реплике Олге, Маше и Ирине загрљене у једној заједничкој сузи наде: Треба живети, треба живети...

Со Михаил Ренџов, мој сограѓанин и повеќе од тоа

Со Чарлс Симиќ, едно белградско пладне


33. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО: Ристо Лазаров

34

ЗБЕСНА ЕЗЕРОТО Долго време маслосано и заспано како бајче на небеската лулашка, наеднаш, пет дена пред во сите светски календари да се запише доаѓањето на пролетта (како што дечињата ги запишуваат во прво одделение) не баш од нигде никаде, ами од југот, дувна силен ветар, ветриште и езерото збесна, збесна како аздисани дечишта што збеснуваат кога мајките не им купуваат сладолед кога од болка им се зацрвенети грлата (други нешта од друго зацрвенуваат, ретко од срам), збесна езерото како кога народ се крева илјадно од човечки неправдини кога некој ќе пратеше абер дека баш езерото, нивното езеро, не им припаѓа ними, а и народот и езерото знаеја дека си припаѓаат едни на други.

На гробот на Франц Кафка во Прага

Езерото само прогласи генерално чистење и немилосрдно, ударнички, како во стари времиња почна да ја исфрла сета нечистотија што луѓето, од мрза, немукает, а најмногу од ,,баш ми е гајле” ја фрлале, правејќи од езерото големо водено буниште. Исфрлаше езерото та дури машини за перење и фрижидери, електрични шпорети и секакви предмети за домаќинствата со изминат рок на употреба. Патем, им врати езерото мило за драго и на новосајбиите кои беа наумиле езерските брегови да ги спојат со своите кафеански тераси кои насила со даски и бетонски плочи ја покриваа езерската шир без око да им трепне дали нивниот бизнис, бизниз френд, му предизвикува неизлечиви болки на езерото: се поплавија терасите, се разлетаа маси и столчиња, дојде време да почнат да се израмнуваат сметките. Ич не било за ништо збеснувањето на езерото, ниту само за кафеанските тераси испружени во него, и други ѓаволштини имало, велеа дежурните еколози. Сведок им беше снегот на надезерските планини. Рибите во езерото се ангелосаа, од немајкаде правеа салто мортале, се превртуваа немоќно и од зорт како неранимајковците на суво, а некои се прекоруваа што престанале да веруваат во чуда, возвишено и божествено било тоа – само нека помине овој беснотилак, пак ќе си веруваме во чуда, велеа рибите, а и ќе испраќаме по некој рибар да запали во наше име свеќи во сите охридски цркви. Едни старци, пулејќи го езерото од брегот, салтуку си повторуваа: аман,бре, не го заслужуваме ова (освен кога го заслужуваме, преповторуваше едно боцкало), други, уште постари, се прашуваа во себе да не има ова збеснување некаква врска со песната ,,Бог да бие Русе..." (демек: езерото се противи и сака Номче да ја вози Русе со кајчето, а не Ѓорѓе – мижи Асан да ти бајам, велеа поприбраните). Не е непознато дека стравот од смртта и од некоја тешка болест, па и од збеснувањето, го разбудува сеќавањето, па една група повозрасни си спомна на песната на Нина Спирова ама не знаеја каде да ја најдат и песната и пејачката за најсетне да се смири, о, езерото наше.


33. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО

35

Впечатоци од 32. Поетска ноќ во Велестово „И без да се чита поезија, Велестово ја носи во себе. Поетската ноќ во Велестово е домаќин на веќе присутното. На залезот кај Каменон зракот што го чува езерото слегува меѓу зборот за кратко… Како што зракот го менува аголот кога влегува во водата, во Велестово зборот го менува својот допир. Станува потивок, а подлабок, како езерото во својата зеница.“ Павлина Атанасова „И во овие тешки времиња, Поетска ноќ во Велестово ни приреди незаборавни мигови на полпат меѓу Охридското езеро и бескрајот. Првата вечер, посветена на поетскиот свет на Зоран Анчевски беше волшебна, а длабочината на неговите песни одекна во височините на Велестово. Втората вечер имавме среќа да го следиме зајдисонцето и заноќувањето од високо, од платото над Каменот, читајќи и слушајќи поезија од Тоде Илиевски, Биљана Стојановска, Јулијана Величковска, Павлина Атанасова, Ѓоко Здравески, Перо Сарџоски, Исток Ј. Улчар... Со огромен мерак и јас учествував во поетската гозба, читајќи десетина песни од најновата книга. Огромно фала до организаторите и до сите учесници за прекрасното дружење!“ Владимир Мартиновски

АНАГРАМИ од Тоде Илиевски

Велестово

Поетска ноќ во Велестово

В ТВОЕ СЕЛО којшто бил имал поглед мошне мил езеро модар блен ноќ и ден тој би гледал

ПОВЕЌЕВЕКОВНОСТА – ЛОТОС! ПОВЕЌЕВЕКОВНО – СТО ЛОСТА!

Славко Упевче

Никола Упевче

Сликарот довек под твојот ѕвезден УСПЕВАЛ ЧОВЕК да биде везден

УЧЕНИК ВО ПЕЛА


33. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО

36

Сигурбјорг Трастардотир Сигурбјорг Трастардотир (Исланд, 1973) е автор на осум стихозбирки, два романа, неколку збирки со ултракуси раскази и неколку изведени драми. Нејзината стихозбирка „Маршови на факли“ (Blysfarir) била номинирана за Наградата за литература од Нордискиот совет во 2009 година, а ја освоила Исландската награда за литература за жени – Fjöruverðlaunin. Потоа била објавена во Германија и во Шведска. Нејзините песни се преведени на десетина јазици, од фризиски до француски јазик. Соработува со многу фотографи и композитори и редовно пишува колумни за неколку електронски и печатени весници во Исланд.

директни описи мислам дека сè што може да се каже за океанот е веќе кажано

direct descriptions

сакам да го заменам зборот рај со меше

I think everything has been said about the ocean that can be said

не се согласувам дека очите искрат мислам дека пловат

I want to swap the word heaven for belly

не мора да е тоа на крајбрежјето (оти бесмислено е да се алудира на океанот) порадо би си дремнала под непознато меше и малку повеќе размислувам за нафтените ресурси имам убодна рана на левиот бут што не можам да ја опишам другар ми еднаш имал операција на слепо црево и рече дека било како пораѓање

I don’t agree that eyes sparkle I think they float not necessarily at the shoreline (for it’s pointless to allude to the ocean) I’d prefer to slumber beneath an unknown belly and am thinking more about oil resources I have a stab wound on my left thigh that I cannot describe my friend once had an operation for appendicitis and said it was like giving birth


33. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО

37

Измивање

Washout

Под одреден сноп светлина од светилката во бањата изгледам исцрпено како мојата прапрапрабаба што имаше осум деца на оваа возраст и си беше супер, деветтото дете почина од туберкулоза, ја слушам Џoан Баез од метален предмет во дневната соба и си драматизирам со брчките за разонода оти знам дека овие долини под очиве ми се од планината над селската црква на баба ми која си беше супер и се мачкам себеси со синкави креми, мерам забен конец во големина на дланката од проѕирно кутиче и го гасам светлото како што таа би сторила за да штеди

In a certain glare under the bathroom-light I am haggard like my great-great-grandmother who had eight children at this age and was swell, the ninth child died of tuberculosis, I listen to Joan Baez from a metal object in the living-room and dramatize my wrinkles for fun because I know these dales beneath my eyes are from the mountain above the country church of my grandmother who was swell and I smear myself with bluish cremes, mesure a dental floss the size of my palm from a lucid case and put out the light like she would have done to skimp

достава до дома

home delivery

човек со точак ми влегува во дневната соба од големите уши му капе масло за коса има голем нос и скинати ногавици слегува од точакот има голема уста, а не вели ни збор маслена дамка на подот можеби престанав да ги разбирам луѓето, ама што сака овој човек? помислувам да го понудам со сок од јаболко и тогаш ја нарушува тишината со шашливите очи разгледува наоколу и вели: да, вие нарачавте револуција?

a man comes cycling into my living room big-eared and dripping riot oil big-nosed and ripped pant legs dismounts from his bike big-mouthed but doesn’t say a word an oil slick on the floor maybe i’ve stopped understanding people but what does this man want? i consider offering him apple juice then he ruins the silence squint-eyed, looks around and says: yes, did you order a revolution?

Препев: Јулијана Величковска


38

33. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО

Надија Реброња Надија Реброња (Нови Пазар, Србија, 1982) е поетеса, есеист и книжевен критичар. Докторирала книжевност на Филозофскиот факултет во Нови Сад. Предава литература на Државниот универзитет во Нови Пазар. Поезијата ѝ е преведена на неколку светски јазици (англиски, шпански, италијански, француски, германски, полски, турски, персиски, арапски, македонски, албански и словенечки). Според стиховите од нејзината книга Танц по морињата во италијански превод, 2016 година, направени се осум композиции на Конзерваториумот Николо Пицини во Бари и беа претставени на неколку концерти во Италија, во Данска и во САД. Добитничка е на Признанието за поезија од градоначалникот на градот Пенономе во Панама. Објавени стихозбирки: Танц по морињата (Нови Пазар, 2008) и Фламенко утопија (Краљево, 2014). Научна студија Дервишот или човекот, животот и смртта (Белград, 2010). Книги на странски јазици: Alfa, Alef, Elif, избор песни на шпански (Гранада, 2011); Flamenco utopia, на шпански (Мексико Сити, 2017), Borges'in Gözlerinden, на турски (Анкара, 2018). Фламенко утопија на македонски (ПНВ Публикации, 2020) и Flamenco utopié на француски јазик (Phi Éditions, 2021).

патриција, фламенко-танчерката

хишам, фармацевтот, во дворот на мавриската куќа

танцувам со чевлите ја освојувам земјата на тоа место градам утопија

во некој друг град што исто се вика гранада јас не се викам хишам и умрев за време на франко гледајќи како го стрелаат лорка

мојот простор на кој танцувам му припаѓа на сиот свет никогаш не престанува да постои тука наоѓам актери и кукли четиристрани театри брод и градина во него сите страници на исчезнатите книги прашина од музејот камења и песок сите отворени врати танцувам звукот ги брише

рабовите на планината

кон смртта ме поведе за рака поетесата ар-руканија ми кажа дека клучот за животот се стиховите на ѕидот од алхамбра во овој град што исто се вика гранада јас се викам хишам седам во дворот и ја читам книгата со стихови од ѕидовите на алхамбра не се плашам од ѕидови и го фрлам клучот за животот бидејќи кругот е формата на времето а јас секогаш сум во гранада и не е важно како се викам


33. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО

битрис, поетесата од хипи-кланот на перофлаути моите татковци се широките прерии персиските шари андалузиските села фонтани и плоштади моето минато се возовите на толстој сестрите на шекспир визбите на борхес нека им ги излеат во бронза лицата на некои други повеќе ги сакам лисјата од историите

хуан и ана

39

фредерик, уметник-фотограф, на гранада постојат пејзажи совршени за злосторство таму каде што градот те прегрнува те стегнува меѓу дланките на гигантските зданија те пушта да истечеш во облините на улиците каде што фонтаните ти го мијат сеќавањето на сопственото име таму злосторникот ти дозволува да оживееш само на плоштадите на плочниците и во насмеаните девојки на нив

свирачи во метро ние сме белиот простор врамен со бројот нула кругот е хоризонт кругот е јамка околу вратот сониа, на карим, пријателот

ние веќе знаеме дека сме ликови од книга затоа буквите не нè интересираат но звуците, зборовите тука одекнуваат и болат сакаме авторот да нè сака да не престане да чувствува градоболка само ако нè сака ние зборуваме само ако сонуваме анхел, додека чекори тој постои еден ден ќе престанеме да сонуваме ќе нè избрише тишината и ќе престанеме да се сонуваме себеси

мојата внатрешност е сплет од овие улици повторно бев град вчера бев белград денеска бев буенос аирес утре бев избришана точка на излитената мапа сега отчукувам низ уличната врева

кога ќе зачекорам кон тебе од мојот арапски кварт кон катедралата преминувам само една улица портата елвира под неа циган што се вика фаусто ми пее фламенко и слушам сè за мирот бесот и сиромаштијата

Препев: Искра Пенева


33. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО

40

Андреј Ал-Асади Андреј Ал-Асади (Лондон, 1996). Дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Автор е на стихозбирките “Midnight Blues” (Антолог, 2014), „Под дервишовото сиќе“ (ПНВ Публикации, 2018), со која влегува во потесниот избор за наградата Браќа Миладиновци на Струшките Вечери на Поезијата. За збирката раскази „Друго минато“ во 2018 година ја добива наградата за дебитантски прозен ракопис „Новите“ од Тепмлум. Во 2019 година ја издава стихозбирката „Небесна Геометрија“, издание на ПНВ Публикации, со која исто така влегува во потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ што ја доделуваат Струшките вечери на поезијата. Андреј Ал-Асади учествувал на бројни читања, перформанси и други културни настани во Македонија.

„Центарот на светот “ Некогаш Со восхит си спомнував на првиот борец Што танцуваше над мртвиот плен И со стап, полека ги исцрта четирите страни на светот За нас За Хаосот И непокорливиот копнеж Се сеќавав и на дедо ми Што сѐ уште ги чува шапката и коланот Ако има нова војна И тивко се поклонував пред камените бисти Кои го вардат минатото Од заборав Но, никогаш поинаку Никогаш не помислив Дека темнината може Да си е доволна самата на себе И дека секоја потрага е залудна Секој допир без смисла Дека не постојат херои Освен во самите нас.

Утеха за босите Слободата не е Да можеш што сакаш да правиш во светот Туку со себе Да му се насмевнеш в лице на мракот И да ги претекнеш сите желби Да разбереш Оти солената архитектура на срцето Е само слика на четирите страни на светот Ти си ништо, а имаш Подол си, а љубиш Слободата е филозофија на искреноста Нешто што не се повикува Туку до коешто мора да стигнеш Предавство на два-тројца мили Збогум со досегашното „јас“ И бес и втас И бесрамен кас И бркотница И рапав срам Та-та-та-рам Како потемна ноќ за посветол ден Та-та-ра-там Да пееш Да танцуваш Да-ри-ди-дам Да умираш сам Да видиш бел пупунец дур умираш Слободата е нешто до кое штом стигнеш Се смееш и ништо не чувствуваш...


33. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО

41

Милост за последниот ден Калемам воздишки врз грбот на ветрот Полни молбен крик Што ќе допатуваат до тебе Низ простор и време Да те будат од сон На семе што пишти в сува река Да се вратиш назад каде чемерот Што почнува Да се глода самиот себе. Ако е вистина Отвори очи и вивни се Меѓу златни плевели Каде што ѓакони го учат плачот на мазгите До округли села, патишта и градови И овчарите по ридови полегнати. Помини низ пустини Каде што испосници аронија колват Да скубнеш палестинска гранка Што цвета в денот летен Најди ги и тие кои научија Како луѓе збрани да тешат Кои на гурбет куд влечат Во бели платна зад себе. Ако е вистина Спомни им за мене – Минлив звук на едно провидение И ќе те бакнат Во црната дамка врз челото.

Бегалци (Селам алејкум Европа) Камчиња како песјаци в петици И закоравена пот под пазуви На која жедни муви се лепат Продолжуваат напред Низ матен поглед да молат За бар сува кришка леб Па во дожд ќе ја наквасат И од срце ќе ја протријат За понатаму да можат да продолжат Каде што белите гулаби Латински зборуваат со небото.

Зулфиќар Еден краток сон да мине, и будни сме засекогаш Смртта повеќе да не биде; Смрт, ти ќе бидеш онаа што гине... (Џон Дон, Божествени сонети) На тој што се родил Не му останува ништо сем смртта А дотогаш нека биде птица Што ги шири крилјата На првиот утрински зрак И се вивнува низ студениот воздух Да кружи над каменот Дур не се стори кришка леб Ил’ само уште една песна Дотогаш нека биде ветер Што си го бара патот Низ најгустата трска И во најтенката пукнатина по ѕидот Што и од мракот може да сплете песна Човек само на смртта може да се обложи Штом ништо друго не останува Да молчи пред она што минува И мижи штом нешто доаѓа Да го запамети секое лице на ноќта И да умрат сите ѕвезди Во еден негов сладок грч Да се сплотат сите јазици Во една топла воздишка И накалемат сите молитви Во една стрела наспрем сонцето Слободно да талка онаму Каде што зборот заспива и крвта оглувува Каде што лаѓите на мислата гламјосуваат на пол’ пат Каде што гласот на совеста Тоне в душа ко чкорче в темен бунар На човекот што се родил Ништо не му останува Сем смртта Еден пршлен што не се распаѓа И бесконечно сеќавања...


33. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО

42

Кристин Омарсдотир v. Срцето ми бие во твојата дланка и само таму.

Кристин Омарсдотир е исландска писателка, поетеса и драматург. Родена е во 1962 г. во Рејкјавик, а детството го поминала во Копенхаген и во Хапнарфјердир. Со својата прва претстава напишана во 1985 г. ја освоила првата награда на натпреварот за пишување драми од Националниот театар на Исланд, по што следуваат уште неколку награди за нејзините прозни, драмски и поетски текстови. Автор е на четириесетина книги, од кои осум се стихозбирки, а нејзините книги се преведени на дански, на англиски, на фински, на француски, на германски, на шведски и на други јазици. Нејзиното творештво игра значајна улога во исландската, но и во европската литература. Избор од нејзиниот поетски опус во кој се опфатени 30 години од нејзиното творештво објавено во сите нејзини стихозбирки од првата до последната во 2017 г. наскоро ќе биде објавен и на македонски јазик под наслов „Келнерка во есен“ во препев од англиски на Јулијана Величковска, а во издание на ПНВ Публикации.

Препукнува! во твојата дланка – само таму. * Миропомази ми ги сонот и дојката со твојот јазик и ветувања за внимателни прсти. * И пофали ме! речи: – добро правиш – и пофали ме! во сон во сон со тебе: – дека не одам низ шуми барајќи те, со тебе – . Дојди поблиску, земи ми ја и главата! на мојата мисла подај ѝ рака допри ја мојата нежност, и пофали ме! и дозволи ми да спијам под тебе.

v. My heart beats in your palm and only there.

and praise me! into sleep into sleep with you:

It bursts! in your palm – only there.

– that I do not walk woodlands searching for you,

*

with you – .

Anoint my sleep and breast with your tongue

Come closer, take my head too!

and promises of cautious fingers.

give my thought a hand, touch my tenderness,

*

and praise me! and permit me to sleep under you.

And praise me! say: – you do well –


33. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО

43

WAITRESS IN FALL

КЕЛНЕРКА ВО ЕСЕН

she wipes the blood from her face (the sword) rinses the apron in the cold cold water (in the blue sink) lays down the apron

ја брише крвта од своето лице (мечот) ја плакне престилката во студена студена вода (во синиот мијалник) ја остава престилката

the morning dew demands an answer in order to dry

утринската роса бара одговор за да се исуши

walks out

излегува

*

*

whether she murdered, was murdered doesn’t matter

дали таа убила или била убиена не е важно

*

*

the autumn air is tender on the foothills clear as water in a truthpond

есенскиот воздух е пријатен во подножјата чист како водата во езерцето на вистината

the morning dew rests against her blue cheek

утринската роса почива врз нејзиниот модар образ

THREE POETESSES

ТРИ ПОЕТЕСИ

Three poetesses in white bras sit around a low round-table. With books in hand.

Три поетеси во бели градници седат околу ниска тркалезна маса. Со книги в раце.

A man dressed in a pirate sweater comes in through the door from a snowstorm and sits at the women’s table.

Маж облечен во пиратски џемпер влегува низ вратата од снежна бура и седнува до женската маса.

Takes off his sweater.

Го соблекува џемперот.

When he touches one of them they are already dead. And don’t come back to life. Though they await his kisses.

Кога ќе допре една од нив тие се веќе мртви. И не оживуваат. Сепак, ги очекуваат неговите бакнежи.

Then he stands up, takes hold of the touched one and carries her out.

Тогаш тој станува, ја потфаќа допрената и ја изнесува.

The current of air when the door opens and closes turns the pages of the books of all three.

Струењето на воздухот при отворањето и затворањето на вратата ги врти страниците на книгите од сите три. Препев: Јулијана Величковска


33. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО

44

Д. А. Лори Долорес Атанасова – Лори е родена 1974 г. во Германија, каде што ѝ минало раното детство, а потоа живела во Охрид, сѐ до 1993 г. кога се преселува во Скопје каде што живее и сега. Работи како професор по англиски јазик. Песните на Д.А.Лори за првпат се објавени во „Букбокс“, а во 2014 г., ја издава својата прва стихозбирка „Будење во трето лице еднина“ (Блесок). Во 2016 г. ја издава „Со ветрот под рака“ (Антолог), а во 2019 г., излегува нејзината трета книга, „Небо во кафез“, (самостојно издание, поддржано од Министерство за култура). Нејзини песни се објавувани во ревии, во монографии и во периодиката, како: „100 000 поети за промена“, е-книгата „Поетискон“, онлајн магазинот „Словокулт“, Fixpoetry (германска платформа за литература на интернет), монографијата на „Астални проекции“ и списанието „Современост“. Добитник е на наградите: „Антево Слово“ (Ангело ла Векија, 2017), „Тодор Чаловски“ за 2019 година, во чии рамки беше објавена и нејзината четврта стихозбирка „Ќе фатит бран“ (Галикул). Во 2020 г. беше номинирана во потесен избор за наградата „Браќа Миладиновци“ (СВП). Нејзини песни се преведени на германски, на англиски, на хрватски, на српски и на шпански јазик. * Кога ќе умрат сите сведоци на твојот живот, ти почнуваш да се измислуваш, стануваш херој, мајка, татко, вселенски патријарх, папа, сите измислени, сите неизмислени ликови. Тебе ти останува редот да го напуштиш овој свет со лаги, измислици, фантазии. Вистината останува тивка и невидлива ко здив, се распрснува на сите страни, како стаклена минијатура, никогаш да не се состави.

Нотр Дам гори Прво се јавија загрижените, рекоа Гори! Леле, каква катастрофа! Потоа се јавија згрозените, рекоа Гори! Уф, ми се превртува сѐ во утробава... Па се јавија жедните за чуда, рекоа Гори! Само крстот не! Се јавија научниците, рекоа Гори! Златото се топи на 1064°C, затоа не! Се јавија и рамнодушните, рекоа Гори. Каде е овде железничката станица? Се јавија владите, богатите и оние што ги нишаат вратите, рекоа Гори! Шокирани сме! Човечиња, дајте ги платите! Се јавија сиромашните, бегалците од границите, гладните и жедните, заборавените и забаталените, рекоа Гориме!

Ќе се сретнеме ли? Возам низ градот во ниедно време, по мокри улици и празни семафори, по улиците, сеништа од дневниот метеж, на радио, „Сениште“ од Архангел, Под ова небо железно никогаш нема да се сретнеме... Сите ние неколкумина, во оваа темна ноќ, одиме некаде; и мачката, која знае да оди по вода, и згрбавениот старец, кој ги влече нозете полни години и умор, и јас, замислена зад воланот, со цигара во рака и глава полна мрачни стихови, и моите вчера, денес и утре, удобно оптегнати на задното седиште... Понекогаш ноќите се премногу долги, чиниш никогаш нема да се раздени, да светне ден и да ме повлече, да ме сардиса со обврски, да подзаборавам дека тивко се губам, дека се разминувам со себе, со тебе, со другите. Ќе се сретнеме ли?


33. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО

45

Сашо Огненовски

Македонски писател и комуниколог. Неговата книжевна библиографија вклучува пет стихозбирки (Лавина, 1995; Плодовите на пеколот, 2014; Пустински цвет, 2015; Шума, 2018; Менување на минатото, 2019), две книги со детски пиеси (Обична бајка, 2002; Магичен компас, 2011), две пиеси за возрасни (Тага, 2012; Тврдина, 2016) и два романа (Сивиот плоштад, 2019; Турнеја, 2020), како и голем број трудови од областа на комуникологијата, семиотиката, мултикултурализмот, театарот објавени во разни списанија и презентирани на голем број конференции низ светот (Гетеборг, Осло, Милано, Белград, Скопје, Нови Сад, Лондон итн.) Неговата последна пиеса „Тврдина“ е објавена на англиски јазик од страна на издавачката куќа „Лулу“ од Јужна Калифорнија, САД, додека неговите детски пиеси се објавени на српски јазик од страна на издавачката куќа „Алма“ од Белград. Пишува осврти, есеи и колумни за македонски, српски и англиски портали. За неговата поезија е добитник на наградата ИВА БОГДАНИ од Приштина, Косово и наградата на Црногорската асоцијација на преведувачи. Неговите дела се преведени на англиски, на српски, на албански, на индиски и на арапски јазик. Главен и одговорен уредник е на книжевното списание „Книжевни елементи“ и на веб-списанието „Елементи“.

ШУМОЛЕЊЕТО НА ДОЖДОТ Пак минуваме низ кривоклетните вакафи и се згадуваме, Се намовнуваме, се загрнуваме со кратки раце, Се погледнуваме еден со друг и се пребројуваме. Сами, иако недобројни, никогаш непребројани Ете пак во непрегледна ширина пекаме за скали, трем и одаја. Наша непребол во време на чекање. Чекаме подолго од Владимир и Естрагон иако тие уште чекаат. Како ќе се сфатиме ако се залажуваме и тогаш Кога точно знаеме дека за нашата сегашност Смртта е само лек, а на раѓањето веќе никогаш нема да помислиме. Има една куќичка на работ од оваа бескрајна рамнина. Со трем, со скалила, со одаја. Со луѓе од луѓе родени. Има една сончевина и водопад недалеку, Има еден облак кој се снебива дали да се приближи, Има и смеа и солзи, има и „добро утро“ и „добра ноќ“, Има се, има и измислена катадневност во оваа замаглица.

БДЕЕЊЕ Темен облак не се задава толку лесно ... Нема крвави долови и суви гранки полни со искината облека, Нема ни барутен чад, ни испуштен добиток по кривите патчиња. Има бессона матрона загубена во грмушките На планинскиот превој сега веќе без име Без анализи на оставени документи од Заборавени шупи кои имале среќа да го Избегнат палежот. Нема темен облак оти нема поезија за пијанки, Нема ни таму долу, оти од ова нема подолу ... Нема одмор од препрочитувања, Има бесчувствително бдеење оти и сонот веќе Не ни е фантазија, ами само страв од смрт. Оние што бдееле знаат дека кога римата не може Да се испее, таа е смешен капитал без историја.

Ние застануваме. Дождот продолжува да шумоли.

(од поетската збирка „Менување на минатото“, издание на ПНВ Публикации, Скопје, 2019)


33. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО

46

Ивана Јовановска

Ивана Јовановска (1998, Скопје) студира на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ — Скопје. Учествувала на повеќе поетски читања во Скопје, како: „Астални проекции“, феминистичкиот фестивал „Прво па женско 6“, поетските читања во Социјалниот центар „Дуња“ и др. Нејзините песни се објавени во: списанието за литература „Современост“, порталот за книжевност и култура „Окно“, електронското списание „Репер“, платформата за поезија и книжевност „Фуснота“, интернет платформата „100 000 поети за промена“, порталот за феминистичка култура „Медуза“ и во е-списанието на студентите на Филолошкиот факултет “In Medias Res”. Аматерски се занимава и со уметничка фотографија. Автор е на стихозбирката „На ракавот на градот“ (ПНВ Публикации, 2021).

ПРОЛЕТ Ќе дојде пролет Кога на Мајката што ја газиме болките ќе ѝ ги простиме, кога на бетонските деца ќе им се поклониме. Кога ќе земеме здив, за да се поздравиме со налутените страни на светот. Пролет ќе дојде само кога од Блискиот Исток Сонцето ќе го позајмиме.

КОГА БАБА МИ ГО ОПЛАКУВА ДЕДО МИ Кога баба ми го оплакува дедо ми силно невреме надоаѓа од север и тежок град се истура врз ситните ќерамиди. Удира со бес и тропа дури не го здоболат плеќите. Се повлекува поразен. Животот по улиците останува нем. А потоа, ни станува јасно колку боли крајот. Продолжуваме молчаливо да љубиме, поинаку, повеќе.

ПОТРАГА Те пребарав низ сите градини, низ сите ходници, соби и шпајзови. Се протнав во сите тунели што ме носеа до нашиот свет. Ги истражив дупките на ѕидовите, фрлајќи сто погледи кон темните и мирни гнезда на бетонските мисли. Си реков: тешко е човек да те пронајде, но барем двајцата успешно губиме во оваа игра на потрага со еден недостиг по другиот.


33. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО

47

Славко Упевче

Роден e 1951 година во Охрид. Дипломирал на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, во класата на професор Рубенс Корубин. Член е на ДЛУМ, ДЛУПУМ. Самостојно изложувал во: Македонија, во Бугарија, во Србија, во Хрватска и во Словенија. Учествувал и во повеќе групни ликовни изложби во Европа и во Америка. Негови дела се наоѓаат во збирки на сите континенти.

ИЗЛОЖБИ: 1969: Охрид, Дом на култура „Моша Пијаде“ 1970, 1971, 1973, 1974: Охрид , Дом на култура „Григор Прличев“ 1977: Задар, Дом на ЈНА 1981: Охрид, Дом на култура „Григор Прличев“ 1985: Вевчани, „Печалбарски денови“ 1986: Охрид, Салон на НИП „Нова Македонија“ 1988: Крушево „10 дена Крушевска Република“ Спомен куќа на Никола Мартиновски

2000: Скопје, Културно-информативен центар – 30 години творештво 2000: Струга, Центар за култура „Браќа Миладиновци“ 2002: Белград, Србија Хотел „Младост“ 2004: Вилмингтон, С. Каролина САД 2009: Охрид ,Фестивал „Охридско лето“ – 40 години творештво 2011: Охрид, Куќата на Робевци 1 100 год. од упокојувањето на Преподобен Наум Охридски Чудотворец 2013: Охрид, Куќата на Уранија, МАНУ „Охридскиот чинар“

1988: Скопје, Салон на ДЛУМ и ДЛУПУМ 1990, 1992: Охрид, Куќата на Уранија, Завод и Музеј

2014: Охрид, Куќата на Уранија, МАНУ „Исчезнатиот Охрид“

1992: Велестово – Поетска ноќ во Велестово

2016: Вевчани, „Вевчански карневал“

1995: Софија, Бугарија Универзитет „Св. Климент Охридски“

2016: Софија, Бугарија ХХ јубилеен меѓународен фолклорен фестивал „Витоша“

1996: Копар, Словенија Театар во Копар

2019: Охрид, Куќата на Робевци – 50 години ликовна хроника на Охрид (1969 – 2019)

1996: Пула, Хрватска Фоаје на Театар „Гавела“ – Загреб, Осиек, Сплит


33. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО

48

КОН МОНОГРАФИЈАТА „50 ГОДИНИ ЛИКОВНА ХРОНИКА НА ОХРИД – СЛАВКО УПЕВЧЕ“ Славе Ѓорѓо Димоски Педесет години творештво е значаен повод охридскиот уметник Славко Упевче да ја подготви својата импресивна (златна) изложба во Охрид и да ја објави монографијата „50 ГОДИНИ ЛИКОВНА ХРОНИКА НА ОХРИД – СЛАВКО УПЕВЧЕ – Златна јубилејна монографија 1969 – 2019“. Неколку пати по различни поводи сум се изјаснувал за сликарството на Упевче, но овојопат ќе се осврнам на оваа монографија, бидејќи обележувајќи го златниот творечки јубилеј, истовремено таа дава широк преглед и целосно согледување на неговото творештво и неговите творечки фази. Упевче е сликар на Охрид, сликар на охридската архитектура и охридскиот пејзаж, во неговите пастели на највисок трон зачувана е охридската божествена светлина, ретко каде видена, доживеана и заробена во рамките на неговите слики. Со огромната посета на изложбата, охриѓани, а и други намерници што во тоа време се најдоа во Охрид ѝ оддадоа почит на златната рака на овој уметник. Можеби е единствениот на македонскиве простори што длабоко се протнал во вековните нишки на една специфична архитектура и ја сочувал од заборав. Охрид на неговите слики не е оној што го гледаме денес, туку тој е еден друг Охрид, мистичен, заробен како инсект во килибарно зрно, топол, често и лирски растеперен во волшебните отсјаи на „големата“ и „божествената“ вода. Сликарскиот ракопис на Упевче е препознатлив по распосланиот блесок на боите што внимателно го визуелизираат просторот посредно што влегува во неговиот видокруг. Насловната страна на монографијата го изнудува љубопитството кон она што следува низ страниците: во преден план е охридскиот чинар, а низ гранките е испреплетен стариот Охрид со своите знаменитости, црквите и Самоиловата тврдина. Во цврсто единство се врзани вековите со нивниот древен мирис; сликарот од нивните фасади го презел тој мирис и го слика како нешто живо, нешто што дише во вековниот спокој. Творечката биографија на Упевче е испишана во внатрешните страници на монографијата која се отвора како златно ковчеже полно со скапоцено азно што наеднаш се прелева пред нашиот поглед. Преку еден колаж од текстови и фотографии од живописот на сликарот се преминува кон фасцинантите репродукции кои хронолошки ја репродуцираат меморијата на исчезнатиот Охрид. Првата репродукција претставува улица со „Кројачки салон“, „Саатчија“. „Кондураџија“ и „Тенеќеџилница ТИШИНА“, еден моќен оксиморон кој нашол место и во „Знаците покрај патот“ од Иво Андриќ. По оваа следуваа репродукции кои на свој

начин ги раскажуваат охридските приказни, длабоко носталгични, уверливо врежани во окото на гледачот; неговата сликарска градба, било да е туш, акварел или пастел настојува и успева до усвитеност да го доведе внатрешниот интензитет на бојата до „жива слика“ која не се исцрпува и бесконечно се обновува во некој натприроден ритам (или „здив“). Тоа е најзабележливо во мотивот „Чинар“. Чинарот е сликан во различни временски периоди: од кога бил најбуен, кога бил сломен од снежно невреме, до денешната бедна состојба во која се наоѓа – тоа е тој импулсивен временски ритам пред вашите очи. Охридските фасади се не помалку интересни за сликарските сладокусци. Филигранската изостреност му дава посебен простор на детаљот доведувајќи го до „класични“ димензии. На пример, Упевче создава колажи на прозорци од старите охридски куќи и структурно ги поврзува во асоцијативни споеви кои ја одразуваат длабочината на сликата, додека, пак, панорамските слики отвораат широки пространства изнијансирани со топли бои, карактеристични за охридскиот пејзаж. Во овој дел спаѓаат панорамите на Охрид во различни временски периоди, но и пејзажаните пространства на Галичица, изворите на Црн Дрим, манстирот Свети Наум, крајбрежни сцени со кајчиња, рибарски мрежи и сл. Целовитоста на монографијата се затвора со документи од животот на Славко Упевче и каталог на сите негови слики. Импресивен опус за почит.


33. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО

49

ЗА СЛАВКО УПЕВЧЕ Предизвикот што Охридскиот пејзаж и архитектура во млади години му претставувале загатка на Упевче, доживувајќи ја играта на сонцето, бојата, светлоста и сенките, оставаат во него длабоки траги што го насочуваат кон творечки изблик. Тој доаѓа до израз во играта со тушот и перото или со магичноста што го дава пастелот. (...) Желбата што побргу да се совлада мотивот ослободен од детаљи, подоцна го вовлекува да секој детаљ филигрански го пренесе на цртежот и да создаде игра на линии проткаени со светлини и темнини. Тој пат упорно го следи и неговите изворни цртежи покрај тоа што се одликуваат со верноста на мотивот, неговата архитектура и материјалот со која е таа обликувана, се надополнуваат со играта на светлоста и сенката. Во нив, не среќаваме само издвоен инсерт или објект, туку настојување да се извлече што повеќе од амбиентот во својата меѓусебна зависност на повеќе објекти дополнети со флората, крајбрежието, пловните објекти и човекот. Ова се основните карактеристики со кои се одбележуваат бројните цртежи од Охрид и Струга.

*** Ќе се согласиме во тоа дека односот на сликарот Славко Упевче кон величенствената творечка инспирација дал резултат токму во доменот на беспрекорните можности во техниката на сликање, и токму тука имаме можност да видиме дела кои, и според колоритноста, и според раскошната прецизност во потегот, одразиле целина што речиси заокружила временски текови и состојби кои ги проследува окото, на сегашниот миг во својата елементарна материјлна поставеност. Пастелите на Упевче, оттука, ќе доминираат во сегментот на надворешната динамика на формите, но со тежнеење тие да го подразбираат заедништвото со ентериерот во извонредниот ритам на композициската компактност на планот на пастелот и мотивот. Трајан Мартиновски, Нова Македонија, 1993 г.

Жарко Н. Този, 1982 г.

*** Дадени на макро план, композициите со објектите се видно назначени со изразита црвена боја на покривите и белата боја на фасадите со раскошна зелена и од сина по сина боја на езерските води, со црвено кафеавата на црквите, камбанариите, Самуиловата тврдина или Калето до Кукулот, со што се потврдува вечноста на градот меѓу синото посветло небо и сино темно езеро. Славко Упевче е сликар на светли бои, сликар на радоста во сончевиот Охрид. Тој е македонски сликар, но пред сѐ е охридски сликар. Тој знае да ја долови вистинската насмевка на пејзажот и поучен од големите охридски фрески галерии по ѕидовите на десетиците охридски цркви, да ја определи нијансата на бојата создадена под сонце и онаа смекната под сенка. Проф. д-р Драги Стефанија 1996 Копар, Словенија

Основна констатација е дека Славко Упевче не го слика Охрид, туку она што го дефинираме како охридско. Кога го докажуваме ова имаме предвид дека на неговите платна ќе ја сретнеме Струга, Крушево и друго место, до каде што допрело она што Охрид го бара низ векови. Оттука, и можност неговото сликарство да се толкува низ пошироки димензии, па сé до балканските и медитеранските струења и заложби. Впрочем, некој од современите теоретичари во ликовната уметност (Борис Петковски) напишал дека медитеранскиот простор во природна и географска смисла е единствен, меѓутоа во културата се покажува разновиден. Заеднички се само старите антички напласти, односно остатоци од човечки живеалишта, чија карактеристика е мошне често, дека се урнатини.

Жарко Този, 1986 г.


50

33. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО

...Овие слики претставуваат дел од визуелната историја на Охрид и охридското крајбрежје. Овој ликовен хроничар на своето време е воедно вљубеник во својот град, што перманентно и неуморно го следи пулсирањето и животот на Охрид со синевината на Охридското Езеро. Академик Васко Ташковски, 2014 г.

Визија за убавината Првиот впечаток што го наметнуваат пастелите на Славко Упевче е уметничката аспирација да се одберат оние мотиви за сликарско создавање од природата, од кои може да се согледа визуелниот лирски однос кон стварноста. Сликарската перцепција е насочена во прв ред на интимно лирско гледање и фиксирање на поетската стварност која бега. Чиста визија за пејзажот на градските панорами со јасни и свежи бои без излишни спекулативни и наративни интерпретации, содржина. Повеќето слики се натопени со тивки нијанси на лирично доживување, и со поетски лиризам. Во традиционално сфатената композиција сликарот остварува лични ликовни визии за убавината повеќе отколку опис на виденото. Творечките импулси следат на база на авторските сеќавања, асоцијации и емотивни психолошки медитации. Воочено и доживеано, поткрепено во визијата и свеста стануваат инспирација која ги продуцира посакуваните илузии, не само на просторно препознатливите информации, туку и на оние субјективните возбудувања, екстатички состојби, што сугерираат извесни состојби на атмосфера и дух. Атмосферата на пастелите на Упевче е спокојна, зрела, флуидна и смирувачка, со јасно лирско озарување: „Воздухот како да опива со утринската роса, а утрата се како симбол на чистотата и ветувањата“. Силниот внатрешен ритам е распознатлив во авторскиот дуктус, со кој истиот ќе ги избрише сите пропратни поединости на одбраниот мотив и ќе ги предочи само битните ликовни односи, личниот коментар на светот што го опкружува. Од неговата рака се создаваат повеќе или помалку среќни реализации на виденото – доживеаното, а недвојбено е дека секоја слика на Упевче е слика на субјективна реакција водена со силен внатрешен порив и понирање во субјективноста на духовните вредности – уметникот ни ја пренесува ширината на своите емоции. Вештината со која ја третира сликарската материја го наоѓа своето исходиште како еден сомнителен талент, кој природно и со упорна работа го гради своето занаетско усовршување. Техниката му е најблиска до природата и природноста на битките низ своето трворештво. Славко Упевче соопштува личен изразито емоционален однос кон се што е убаво во природата. Како сликар на стилистичка поетика, но со смирени „кротки жители“ си ја осигура наклонетоста на публиката, го доживеа ехото на своите вештини, наоѓајќи своевиден „feedback“ баш во таа соединетост со родниот крај. Д-р Никола Гроздановски – сликар, Загреб, 10.5.1996 г.


33. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО

51

НИКОЛА УПЕВЧЕ Никола Упевче е роден 1978 година во Охрид. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Самостојно изложува од 2002 година и реализирал бројни проекти на современи мозаици и реставраторски третмани на антички мозаици во земјата и во странство, а учествувал и на бројни групни изложби. Живее и работи во Охрид.

Го запознав Никола во Мароко во 2011 година (X-от Меѓународен Комитет за Конзервација на Мозаици – ICCM), се знаeвме и претходно, но за време на таа конференција имавме можност да разговараме за нашата работа, да се запознаеме. Имаше непосредно чувство, хармонија во начинот на соочување со работата, со животот. Потоа полека се роди силно пријателство. Работевме заедно и во реставрацијата, како научно, така и во изработката на мозаици, во Македонија и во Италија. Среќен сум што го запознав Никола, со него влегов во Македонија, во неговиот свет. Ја запознав неговата земја, неговото езеро, неговото семејство, неговата култура, неговиот професионализам, неговата имагинација. Желбата да се живее е очигледна во неговите мозаици, желбата да се игра, да се забавува е силна. Комбинира бои, мермер, стакло и други материјали со рафинирана техника и со свој препознатлив јазик. Очигледно е во неговата работа дека кога работи се насмевнува, се бори – додека се забавува, ова го прави неуморен, вулкански. Неговите дела се тродимензионални, тие излегуваат на виделина, доаѓаат до Вас, Ве вклучуваат, Ве носат и Ве однесуваат низ боите и формите за да Ве натераат да го почувствувате неговото расположение, неговата бесконечна желба да се изрази. Благодарам, мој пријателе! Алекс Лугари Alessandro Lugari Soprintendenza Speciale per il Colosseo, il Museo Nazionale Romano e l'Area Archeologica di Roma Алесандро Лугари Специјалeн надзор на Колосеумот, Националниот римски музеј и Археолошката област на Рим


33. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО

52

Ателјето на Никола Упевче открива волшебни светови соткаени од камен каде посетителот брзо ја исчитува длабоката слоевитост на видливото. Гледајќи го како работи со голема вештина и знаење, не само за мозаичните учења, туку и за антиката која е негова голема инспирација, се увидува дека не станува збор само за завиден мајсторлук и напор, туку и за голем мерак при творењето. Тој успева преку тврдиот камен да створи мекотија во изразот, пренесувајќи ја неговата природна боја, нам обично затскриена. Секое поединечно камче е облагородено преку неговиот допир пред да стане дел од една наративна целина која раскажува илјадници приказни – стории за Плаошник и Канео, за езерото и рибите, за охридските цркви, куќи и луѓе кои пред него оставиле печат во градот. Авторот не само што ја пренесува историјата преку уникатен сликовен облик, нурнувајќи во световите што му претходат, туку ја толкува и сегашноста. Па така неговиот Охрид ни го пренесува со извонредна деталност пред кој гледачот останува долго испитувајќи ја сопствената просторна ориентација. Уметноста на Упевче секако создава уште една трага во милениумската стратиграфија на градот и останува како уште едно сведоштво за создавачкиот континуитет. Александра Николоска Македонска академија на науките и уметностите


33. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО

МЕТАМОРФОЗА преобразување, преобразба, промена, преобраќање, претворање... Летово на 2 август во градскиот музеј „Куќата на Робевци“ во Охрид, беше отворена изложбата „Метаморфоза“ на младиот, сè уште недипломиран сликар Никола Упевче (1978). „Метаморфоза“ е негова прва самостојна изложба. Иако сè уште го нема одбрането дипломскиот испит како би се стекнал со звање дипломиран сликар, Упевче преку „Метаморфоза“ понудува материјал за две различни и целосни дипломски одбрани, проекти или, пак, изложби. Правило и став на професорите на ФЛУ е дека недипломираните студенти не се зрели да настапат јавно и да ги изложуваат своите креации и творби, освен на изложби што пред себе задолжително го носат епитетот студентски. Меѓутоа, праксата покажува дека кога станува збор за современи медиуми и иновации, младиот уметник знае да настапи и со подобро дело наспроти колегите припадници на старата школа кои имаат стаж во областа на пластичните уметности. За да се даде појасна слика за она што јавноста во Охрид имаше прилика да го спознае и да го процени, потребен е опис како и на изложеното и на понуденото, така и на амбиентот и на просторот. Изложбата може да се подели на два дела – медиумски и технички.

53

фотографија Од една страна, Упевче се претстави со дигитални отпечатоци на компјутерски обработена фотографија. Токму овој сегмент и го диктираше насловот на изложбата. Мотивите што ги обработил и ги зел како појдовна точка, всушност, се фотографски импресии од природата, најчесто од спојот на копното и водата на изворите на Црн Дрим. Креативноста на Упевче е насочена кон изнаоѓање мотиви, нивно дуплирање, со што се создава ефект на одраз во огледало или позитив-негатив. Среќна околност е што големиот формат на отпечатоците, кој во заемно дејство со колоритот на мотивот, во корелација со просторијата и објектите во неа, делуваа силно врз перцепцијата на посетителите. Поставката беше во просторија со камена пластика и надгробни споменици. Тој фотографијата ја користи како парче од мозаик, како дел од сложувалка која составена со остатокот ја дава посакуваната и замислувана содржина. Токму тој момент е спојот и премостување со другиот дел од изложбата која е составена од мозаици, но со мозаици кои ја редефинираат техниката. мозаик Мозаикот е уметност на правење дизајн и слики преку составување на обоени парчиња од стакло, мермер и останати соодветни материјали и нивно прицврстуваење на подлога од цемент/бетон. Тој ѝ се припишува на антиката зашто најпознатите мозаици, нам познати, се наоѓаат или на археолошките локалитети или во христијанските храмови и катедрали. Современиот и апстрактен мозаик кај нас, за жал, не е толку практикуван. Упевче демонстрира вештина на составување на класична мозаик техника, но носивоста на изложбата е во осовременувањето на истата. Неговите мозаици се апстрактно геометриски или со асоцијативна симболика. Наместо каменчиња користи обоени коцки и парчиња пластика на подлога исто од пластика или плексиглас. Освен вградувањето на индустриски материјали од денешницата, Упевче испробува употребата на готовиот индустриски предмет од секојдневието да го вгради во тродимензионален мозаик. Овој дел од изложбата е, пак, поставен во просторија наменски направена за уметнички изложби. „Метаморфоза“ отвора простор и прашања за понатаму. Отвоpa патишта и насоки, поставува, (ре)дефинира. Изложбата понуди и некои недоследности и аномалии. Но акцентот е во настапот, творбата, креацијата, мислата. Дури и најдолгиот пат започнува со првиот чекор, а чекорот е веќе минато, следуваат останатите...

Нада ПЕШЕВА


33. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО

54

Мартин Милески https://martinmileski.com/ https://www.instagram.com/martinwire7/ youtube.com/martinwire

Мартин Милески е музичар од Охрид. Неговиот примарен инструмент е гитарата. Автор е на музичкиот албум “Colosseum full of emotions” кој содржи осум инструментални песни. Неговиот матичен бенд е “Saidon” со кој подготвуваат нов материјал за албум. Негува повеќе музички стилови: метал, рок, блуз, како и изворната македонска музика. Настапува веќе тринаесет години уште од 14-годишна возраст. Неговите видеа може да се погледнат и на неговиот „Јутјуб“ канал на кои освен авторска музика има и разни преработки и интерпретации. Во моментов работи на својот втор соло албум.


Од Поетска ноќ во Велестово 2020 г.

Мозаици на Никола Упевче


International Review of Velestovo Poetry Night, № 21, August 2021

VELESTOVO POETRY NIGHT

Интернационална ревија Поетска ноќ во Велестово, број 21, август 2021 г.

ПОЕТСКА ноќ во Велестово

Општина Охрид

Ристо Лазаров Славко Упевче Никола Упевче

Сигурбjорг Трастардотир Кристин Омарсдотир Надија Реброња Андреј Ал-Асади

Д. А. Лори Сашо Огненовски Ивана Јовановска Мартин Милески


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Ревија Поетска ноќ во Велестово бр. 21 by Jovancho Dimoski - Issuu