International Review of Velestovo Poetry Night, № 20, August 2020
VELESTOVO POETRY NIGHT
Интернационална ревија Поетска ноќ во Велестово, број 20, август 2020 г.
ПОЕТСКА ноќ во Велестово
Општина Охрид
Зоран Анчевски Димитар Филиповски Дарко Багески SKOPJE GUITAR TRIО
Тоде Илиевски Павлина Атанасова Ѓоко Здравески Биљана Стојановска Владимир Мартиновски Јулијана Величковска
Дел од атмосферата на 31. поетска ноќ во Велестово, август 2019 година
32Поетска ноќ во Велестово
Интернационална ревија Поетска ноќ во Велестово број 20 август, 2020 година International Review of Velestovo Poetry Nigh, № 20 August 2020 Редакција: Славе Ѓорѓо Димоски Јулијана Величковска Подготовка: Јован Димоски Логистика: Александар Димоски Климент Јанковски Печати: Графо-ден, ДООЕЛ Скопје Лого: Славко Упевче
Триесет и второто издание на Поетска ноќ во Велестово се одржува во знак на вирусот КОВИД 19. КОВИД 19 наметна многу нелогичности во човечкото живеење: форсирано одвикнување од заеднички средби, од физички допири, поздравување со мавтање на раце, кимнување со глава, држење растојание, позабавено движење, давање самонаредби: - Стави маска! - Миј ги рацете дваесет секунди! - Дезинфицирај ги чевлите! - Дезинфицирај ги намирниците купени од маркет! Сè може да биде вирусоидно. Долгата самоизолација и воведувањето на рестриктивните мерки можат да наметнат и нови навики, на пример поздравувањето со рака или прегнувањето да станат старомодни, бакнувањето да биде преку маска, а на пристојна оддалеченост да се поздравуваме со крената рака во ракавица од латекс. КОВИД 19 можеби го наметнува и јазикот на самоизолација, на самоговорот, па во иднина можеби повторно ќе треба да го учиме јазикот на улицата, на градот, на околината... Славејќи ја поезијата во услови на пандемија се враќаме кон јазикот како едно од најголемите чуда, бидејќи тајната на пишувањето, не е во ништо друго, туку во чудото на живиот јазик. Тоа влева и оптимизам дека пак ќе дојде време на среќавање, поздравување, разговарање, време на воздух, сонце и восхит.
Мотив од Велестово
ИВАН ЏЕПАРОСКИ ВЕЛЕСТОВО, ВОЗВИШЕНОТО И ПОЕЗИЈАТА (Обраќање на 31. Поетска ноќ во Велестово) Почитувани Велестовци, драги пријатели, Огромно е задоволството што сум вечерва со вас во овие височини на Велестово кои, верувам – не само за мене туку и за сите вас дојденци одоздола, од крај езерото а и од другаде – прават да се чувствуваме возвишено. Оттаму, хронотопот Велестово и оваа извишеност, чиј дел барем накратко сме и ние, како да се поврзува и со естетичката категорија „возвишено“ со која самиот јас од поодамна се занимавам а за која имам напишано голем број студии од кои произлегоа и двете мои книги: „Естетика на возвишеното“ (2008) и „Поезијата и возвишеното“ (2019). Во нив ги разгледував „возвишеноста“ и „возвишеното“ од гледна точка на филозофијата и на естетиката, но, секако, и од гледна точка на поезијата и на филозофијата на книжевноста. Познато е дека „возвишеното“ како критички и како естетички поим, но и во секојдневната комуникација, се определува во смисла на нешто високо, воздигнато, достоинствено, благородно, духовно и морално позитивно. Возвишеното е она што е отаде сите споредби, што е апсолутно големо, било математички во термините на неограничена големина, било динамички во термините на неограничена моќ. Ова е стандардното изведување на категоријата возвишено онака како што се определува во филозофијата на Имануел Кант, поточно во делот „Аналитика на возвишеното“ од неговата прочуена книга „Критика на моќта на судењето“ (Kant, Kritik der Urteilskraft, 1790). Возвишеното се употребува, особено во англиската естетика на XVII и XVIII век, за да ги означи и природните објекти што во нас предизвикуваат еден вид на „восхитувачки страв“ (delightful horror) или „неопислива стравопочит“ (indescribable awe) врз основа на определена вистинска неизмерност. Возвишеното, исто така, се поврзува и со определена религиозна нишка што несомнено е присутна во него и тоа најмногу преку особеното „искуство на божественото“ што се определува како возвишено. Оттаму кога светото, или моменти на светото, се појавуваат во книжевноста а најмногу во поезијата, тие се појавуваат не за да подучат, туку да разбудат и да поттикнат да се соочиме со возвишеното во стварите и појавите и во нас самите. Зашто светото, како што укажува Рудолф Ото (Otto, Das Heilige, 1917), посредно во поезијата најсилно се манифестира низ возвишеното и величавото, а непосредно само негативно: низ молкот и темнината. Бидејќи возвишеното како категорија е повеќедимензионална и е поврзана и за естетиката и за етиката, но и за теоријата и историјата на книжевноста, таа содржи и општо-филозофски и општо-психолошки димензии и може да се толкува и од реторичка и од политичка, и од лингвистичка и од социолошка позиција. Историјата на категоријата возвишено, оттаму, е историја на различни исчитувања, меѓу кои оние филозофските на Псевдо Лонгин, на Кант, на Берг, па сè до постмодерното возвишено кај Лиотар, претставуваат успешни обиди оваа категорија сеопфатно да се појасни и да се разграничи од категоријата убаво.
При сите овие обиди и толкувања неколку нешта, сепак, остануваат како константи: фактот дека возвишеното секогаш се поврзува со издигнатоста, височината, големината како и со траењето. Секако, битно е и сознанието дека од појавата на возвишеното во античката лирика, па сè до модерното и постмодерното поетско возвишено, приказната за возвишеното си наоѓа свое бележито место во развојот на поетското творештво во светот, а оттаму и во македонското поетско творештво. Затоа сметам дека и во мојата поезија возвишеното има свое значајно место и тоа врз основа на еден обратен редослед: како едно „пара-модернистичко возвишено“ во поезијата од „Светлината на Света Гора“ (2015) и како едно „постмодернистичко возвишено“ од „Грабнувањето на Европа“ (2012), „Еклоги“ (1992) и „Слики од изложбата“ (1989). Почитувани, Во Велестово се наоѓа црквата „Успение на Пресвета Богородица“ изградена и живописана (според натписот од северниот ѕид) на 4 мај 1444 година, значи пред 575 години. Таа како нагледно и да ја толкува категоријата возвишено, зашто покажува дека и нешто кое според својата големина не е грандиозно, може според своето траење и долговечност, како и според чувствата што во нас се будат кога епифаниски ќе го почувствуваме „светото“, да биде возвишено и да буди возвишени чувства. Згора на тоа, погледот од овие височини кон светлините на езерото и на Охрид, уште повеќе како да го засилуваат чувството на возвишеност, поврзувајќи ги возвишено во природата и возвишеното во културата и во поезијата. Затоа нека продолжи возвишеното траење на Велестово и на „Поетската ноќ во Велестово“, затоа нека продолжи и успешното траење и славење на поезијата. Иван Џепароски
32. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО
3
„Во август 2019 година, деновите пред КОВИД 19, бев во Македонија за да учествувам на фестивалот Поетска ноќ во Велестово. Бев поканет таму специјално за промоцијата на мојата книга, избор поезија, објавена двојазично на англиски и на македонски јазик, во препев на Јулијана Величковска. Промоцијата се одржа во Охрид, а промотор беше Димитар Пандев. Беше тоа спектакуларна ноќ покрај езерото, вклучувајќи ја самата промоција, читањето поезија на македонски и на англиски јазик, па дури ја пуштија и „Пак ќе бидеме нација“ од Волф Тоунс. Ова беше моја втора посета на Македонија и беше вистинско уживање како и првиот пат во 2016 година. Беше задоволство да ги видам моите стари пријатели, меѓу кои и големиот Славе Ѓорѓо Димоски, но запознав и многу нови пријатели како Иван Џепароски, Поли Муканова и Владимир Левчев. Фестивалот во Велестово секогаш ќе ми биде омилен. Благодарност до Jулијана и до сите останати што прават Поетска ноќ во Велестово да биде олку успешен фестивал!“
„Поетска ноќ во Велестово: Поети од Македонија и од целиот свет се среќаваат во тоа фантастично село во планината, на стрмното извишување над Охридското Езеро. Слушаме поезија покрај старата чешма, под месечината – поезија, музика, уметност, прекрасна природа. Велестово – тоа за мене е поезија – и по форма и по содржина.“ Владимир Левчев, Бугарија Владимир Јачев чита стихови од Иван Џепароски
Џери Марфи, Ирска Владимир Левчев, Поли Муканова и Џери Марфи
Претставување на наградата Роман на годината за 2018 г.
32. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО
4
ПОЕТСКА ХРОНИКА ПОД ВЕЛЕСТОВСКОТО НЕБО Тоа се случи многу одамна– далечната 2008 година, кога добив мејл од Зоран Јакимоски, кој дотогаш не го познавав. Писмото го прочитав со помош од мојата колешка, која добро знае македонски. Во него тој изразуваше задоволство од моите стихови што ги беше прочитал на една книжевна интернет страница и побара од мене дозвола и согласност за превод на македонски. Се разбира, тоа беше огромна чест за мене и со радост се согласив со предлогот. По тоа следуваше објава во едно литературно списание „Книжевно житие“ и бев изненадена кога Зоран ми предложи да објавиме и книга. До тој момент јас немав објавена стихозбирка – имав испратено ракопис до една бугарска издавачка куќа, но не беше излезен од печат. Така, Јакимоски го преведе ракописот на македонски. Самата книга беше поддржана од библиотеката „Григор Прличев“ – Охрид, од страна на тогашниот директор Тоде Илиевски. Таму и се одржа промоцијата на книгата, на почетокот на мај 2009 г. – многу пред бугарската промоција, што се случи во октомври истата година. Јакимоски е талентиран поет и истакнат преведувач и филолог. Нему му ја должам редакцијата на двете мои стихозбирки објавени до сега – подредувањето во циклуси, заглавијата и апсолутно сите преводи на македонски. Таа креативна соработка претставува пријателство проверено од времето. Посилно од секоја државна политика и секоја виша дипломатија на пишаните протоколи. Ова е необјаснивата моќ на зборот што поврзува, а не разделува. Правејќи нѐ дел од еден поетски универзум. И така, повеќе од десет години сум во контакт со поети и писатели од Македонија. Гостував на некои од поетските фестивали таму. А најголема трага врз мене остави токму Поетска ноќ во Велестово – поради многу причини. Една од нив е магичното место на кое се одржува фестивалот – во село со панорамски поглед на Охрид. Поли Муканова и Зоран Јакимоски
Моето прво гостување таму беше во 2013 г. Никогаш нема да го заборавам тоа магично чувство за време на читањето – месечината, чешмата, музичката поддршка од Влатко Мартиновски. Тоа ме вдахна и ја напишав оваа песна: Велестово времето е крстот на кој го распнуваме словото до изворот исплетуваме истории древни и само распнатите зборови ја поседуваат меморијата што поетот ја збрал во минливите дланки На фестивалот Поетска ноќ во Велестово гостував и во 2017 г. заедно со големите поети Аксинија Михајлова, Владимир Левчев и Ани Илков. Бидејќи 29-то издание на фестивалот беше посветено на бугарската поезија, беше објавена и престижна антологија, во која беа објавени песни од 16 современи бугарски поети. Потоа фестивалот го прослави својот 30-годишен јубилеј. Славе Ѓорѓо Димоски – основачот на манифестацијата и неговите достојни следбеници во ова настојување – Јулијана Величковска, Јован и Александар Димоски го прават ова магично искуство дел од емотивниот свет на уметниците кој се влева во вечната магија на поезијата, во реката која никогаш не престанува да тече и ги измислува зборовите – вака се пишува историјата на Поетската ноќ во Велестово повеќе од 30 години. Летото 2019 година, бев гостин на фестивалот – заради посебен личен јубилеј – 10 години од објавувањето на „Мигови во кибритна кутија“ (2009) преведена на македонски. Претставувањето беше во библиотеката „Григор Прличев“ – публиката се состоеше од пријатели, познавачи на поезијата и нови читатели. Одново се убедив во моќта на зборот – како доближува непознати, урива граници и ги создава најдрагите пријатели, оние кои веруваат во тебе! Магична атмосфера и волшепство – тоа најточно ги опишува моите впечатоци од 31-та Поетска ноќ во Велестово! Му посакувам долг живот на фестивалот и уште многу поетски ноќи под велестовското небо! Поли Муканова, Бугарија
Зоран АНЧЕВСКИ
КНИГИТЕ СЕ И ЗАРАЗА И ЛЕК И УТЕХА, ВОЕДНО
Господине Анчевски, годинашново издание на манифестацијата Поетска ноќ во Велестово е посветена на вашето поетско творештво. Вие сте долгогодишен проследувач на оваа манифестација, сте држеле и беседа, така што ги знаете нејзиниот формат и концепт. Што мислите за манифестации од ваков тип и каде им е местото во рамките на Македонија, особено што десетина години е и меѓународна?
Секое признание или награда што му се доделува на човека, а особено на уметник, е всушност признание за неговата посветеност на работата или на уметноста што ја практикува со одредено умеење и љубов, како и за ефектите или резултатите што доменот во кој тој сиот се вложил ги има врз другите луѓе во заедницата кои, пак, од тие причини и му го доделуваат признанието на уметникот. Затоа сум му многу благодарен на одборот на манифестацијата Поетска ноќ во Велестово што ова издание на поетската манифестација ми го посвети мене и на моето поетско торештво, оддавајќи ми со тој чин почит за мојата посветеност и постигнатите резултати во уметноста на поезијата. Особено ме радува фактот што ова признание доаѓа од манифестација со долго опстојување во нашата култура при што им укажала чест на речиси сите наши врвни поетски имиња од различни генерации и типови поетски писма. Манифестацијата ја следам (како учесник, беседник или љубопитник) уште од нејзиното основање и отсекогаш ме фасцинирала љубовта, преданоста и самопрегорот на организаторите во процесот на нејзиниот растеж од локална до меѓународна манифестација. Самото нејзино повеќедецениско постоење укажува на неопходноста за тоа постоење бидејќи заедно со Струшките вечери на поезијата, еден од најреномираните поетски фестивали во светот, ја сместува нашата земја високо на светската поетска мапа. Од друга страна, пак, овие два врвни настани ја имаат и значајната функција за одреду-
вање на курсот на современата македонска поезија низ презентација на афирмирани поетски имиња и опуси што може да имаат соодветни влијанија врз профилирање на поетските писма на одредени автори со добар слух и спремност за иновативни потфати кај нас. Затоа не треба да нѐ чуди постојаната виталност и стилска разнообразност на македонската современа поезија бидејќи ваквите манифестации ненаметливо, но постојано му принесуваат на македонскиот поет различни поетики на неговата творечка трпеза. Го живееме времето на вирусот КОВИД-19 кој остава драстични последици на сите општествено-политички и културни сфери. Не е изоставена и културата на светско ниво. Постојано со свои мислења, сфаќања, толкувања се вклучуваат творци и авторитети од литературната сфера околу оваа, не така едноставна, ситуација. Вие како интелектулец од поширок формат, што мислите за оваа ситуација? Епидемии на вируси и болести имало откако постои човештвото и истите се пренесувале во различни поднебја и кај различни народи и раси со катастрофални последици. Но за првпат во историјата на човештвото ние не се соочуваме со епидемија, туку (следствено на глобализацијата) се соочуваме со пандемија, а тоа има не само биолошки, туку и посебни психолошки ефекти кај поединецот и заедницата во која тој опстојува и ги манифестира своите човечки потреби, вклучително и на неговите потреби од култура. По дефиниција, културата е многу кревка и чувствителна творба што бара постојана нега за да би со сигурност опстанала во сегашноста и внимателна надградба за да би имала сигурна иднина. Исто така, епидемиите и пандемиите создавале и специфични состојби во општествено-политичкиот домен на живеењето, при што доаѓале до израз различни екстреми: анархија и
6
хаос во кои пропаѓале сите вредносни системи што го дефинирале културното живеење на човекот од една страна, до наметнување разни видови тирании, автократски и инквизициски режими (како световни така и духовни), од друга, што ги укинувале дури и основните слободи на луѓето и човечката потреба за комуникација. Имајќи го предвид фактот дека основен двигател на културата е комуникацијата, тогаш може да се заклучи дека во такви ситуации најмногу страдала токму таа, а јасно е дека со дефицит на истата, човекот станува помалку човек. Спасот лежи можеби во една друга „инфекција“ – читањето, тој „контравирус“ што метафорично ни го контаминира умот во позитивна смисла. Затоа, книгите се и зараза и лек и утеха, воедно. Низ вековите се случиле многу епидемии во Европа, многу карантини, а луѓето притоа биле среќни да имаат книги крај себе и да ги читатаат заедно или да ги предаваат од рака на рака. Ако немале, тогаш кажувале приказни или пееле песни. Културата, парадоксално, е создадена така да може да се храни и од најголемите човечки катастрофи, па затоа и во периоди на нејзина најголема атрофија, таа збира сили за нови пробиви, за што, впрочем, ни сведочат бројни капитални дела што настанале за време на такви катастрофи или биле инспирирани од нив: неколку книги од Библијата, Пелопонеските војни на Тукидид и Kралот Едип на Софокле во 5. век п.н.е., Декамерон на Џовани Бокачо во 14. век, Дневник во годината на чумата на Даниел Дефо во 17. век, Последниот човек на Мери Шели во 19. век, или Скерлетната чума на Џек Лондон, Чумата на Албер Ками и Слепило на Жозе Сарамаго во почетокот, средината и крајот на 20. век, да набројам неколку од многуте. Честопати, епидемијата или вирусот во литературата се користат како ефектни метафори за односот помеѓу човекот и природата, при што се оди и дотаму да човекот се сфаќа како вирус по однос на природата, а таа – во своја одбрана, му враќа со иста мерка. Дали поезијата може да се избори со денешницата? Не класичното: дaли поезијата може да го спаси светот, туку конкретно: дали може да се избори со денешницата, односно колку современиот човек може да посматра, да забележува и да твори? Творечки да оговори на прашањата што ги поставува современиов начин на живеење? Денешницата е „секогаш веќе“ остров на минатиот ден (што би рекол Умберто Еко), но уметноста, што значи и поезијата, во најдобра смисла на зборот, тежнее кон вечноста, иако е условена од денешницата којашто и е неопходна како дишење, исто како што и на секоја „денешница“ од минатото ѝ е неопходна уметноста. Затоа, уметноста и денешницата се еден вид антагонистичка структурализирачка структура што е во постојано движење, вортекс со извонредна енергија што извира од центрифугални и центрипетални сили што се меѓусебно условени. Но како никогаш досега, човечкото битие е изложено на неверојатно брз развој во технолошка смисла, особено во сферата на медиумите и комуникацијата. А имајќи предвид дека уметноста суштински зависи од медиумската и комуникативната сфера, значи дека и таа е изложена на огромен
32. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО
притисок за брзо прилагодување кон новите медиуми а, како што гледаме, не е во состојба постојано да ги следи, ниту во квантитативна, ниту во квалитативна смисла. Како и да е, парадоксот на новото време е во тоа што колку е човекот понапреден во комуникативните технологии (интернет, Фејсбук, Твитер, итн.), толку повеќе е сам и сѐ повеќе ја губи аристотелијанската функција на „зоон политикон“ или општествено битие, речиси завладеан од загадочната моќ на компјутерскиот екран. Имагологијата, или создавањето слика за себеси и за другиот, што до неодамна се реализираше во посебни научни, идеолошки и/ или политички центри, сега му е препуштена на анонимниот поединец кој честопати намерно ја димензионира во лажни или девијантни претстави како за себеси, така и за другиот. Следствено, светот сѐ повеќе живее во сѐ поголема лага, поединецот сѐ повеќе ја губи моќта да си верува самиот себеси, станува заробеник на самопроектираната лажна претстава за себеси, а впрочем тука се и бројните лажни вести на дневна основа за да му помогнат во тоа бидејќи имаат сѐ поголема улога во создавањето на големата лажна слика за светот. Во неа сите класично познати системи на вредности се подриени, но (барем засега) без можност да бидат заменети со нови, поквалитетни системи. Слично е денес и со поезијата. Сведоци сме на сѐ поголема продукција со ниско вредносно рамниште на глобално ниво. Поетската сликовитост, фигуративност, мудрост, иронија и сл., како да се преселија и первертираа на социјалните мрежи и твитерајот, претворајќи се во евтини, петпарачки стихоклепства со квазипоетичност и честопати со навредлива или денунцијантска намера, со цел да се урива, навредува, потсмева... Како резултат на тоа, а и на кукавички удобната псевдонимност или анонимност што социјалните мрежи му ја нудат на поединецот како опција, расте говорот на омраза, шовинизам, неонацизам, и сл. Се загушуваме и давиме во плиткоста на умот, се задоволуваме со површни задоволства и доколку ваквиот тренд продолжи, тогаш, како што вели Мери Шели во погоре наведеното дело, слободно може да ѝ речеме, „збогум на уметноста, збогум на елоквентноста...“. Со Јехуда Амихај во Св. Софија, СВП 1995 г.
Јазикот и поезијата. Што најмногу се чувствува, што најмногу може да се чуе, која е денешната адреса на поезијата, посебно во земји со мал број говорители на еден јазик, како и нашава? Дали човекот е вреден онолку колку што може својата внатрешност да ја претстави – преточи – во јазикот? Поезијата е јазик исто онолку колку што јазикот во својот зародиш бил поезија. Со цел да го именува реалното, материјалното, суштественото околу себе, пра-човекот (сѐ уште во нераскинлива врска со Создателот-Природата) ги гукнал и начкртал првите звучни и визуелни адеквати/ корелати/симболи за себеси и за тоа вон него (светот/универзумот). Така започнале јазикот и писменоста, а со нив и најдолгата и најубавата игра помеѓу човекот и светот, субјектот и објектот, означителот и означеното, помеѓу еднозначното и многузначното – игра што трае до ден-денес. Без таа игра ниту ќе има поезија, ниту уметност воопшто. Но ако некој мисли дека уметникот е доброволен заробеник на убавината, радоста и безгрижноста што играта може да ги понуди, тоа сепак не е така. Играта не би била игра доколку во неа ја нема пречката, изненадата, лавиринтот, предизвикот. Множењето на зборовите и на јазиците само го продлабочуваат тој лавиринт и го зголемуваат предизвикот, но истовремено го сеат семето на стравот од ентропија кај човекот, од поништожување на сѐ, па така тој почнува да произведува и поставува правила за играта, да поставува замки во кои понекогаш и самиот паѓа, наспроти сета рамнодушност на означеното. Во таа смисла прашањето „дали човекот е вреден онолку колку што може својата внатрешност да ја претстави – преточи – во јазикот“ е во извесна смисла парадоксално. Човекот, освен биолошката, нема друга внатрешност, ја има само надворешноста што ја восприема и ја „повнатрешнува“ со своите сетила и постојано се обидува да ја именува со помош на јазикот којшто е една апсолутно нестабилна, „лизгава“ категорија и структура. Следствено, целта на поетот-играч-танчер-еквилибрист-дворски шут во Кина или во Македонија е иста: обајцата во играта користат исто средство/помагало – зборот; обајцата се нарколептички зависни од светот околу нив, којшто не е свет од некоја друга планета и им е доволно познат за во играта да го престорат во непознат; или доволно непознат за во играта да го направат познат. За мене, тоа е прималниот и примарниот предизвик на поезијата како уметност и на поетот како уметник. Во таа смисла, креацијата не може да подразбира големи или мали јазици – поетите говорат на ист јазик, но нивните читатели ги читаат на различни јазици чија распространетост е различна, па оттаму (сосема неправедно и непоропорционално со уметничките вредности), бројот на „навивачите“ во публиката ја одредува „славата“ на актерот. Затоа, новите електронски медиуми кои уште пред почетокот на играта ја обезбедуваат споменатата анонимност како на „уметникот“, така и на „публиката“, ги прават ниту „уметникот“ уметник (со чесни исклучоци, се разбира), ниту „публиката“ – публика, а уште помалку оценката на уметничкото дело – критичка, бидејќи таа се сведува на броење „лајкови“ и „емотикони“.
Поздравна реч на „Мостови“
Патувањата и поезијата. Стварни и имагинарни патувања. Во повеќе слободни разговори со Вас сте ми расжажувале интересни случки и сеќавања од Вашите патувања, како на пример од патувањето со Возот на Европа или патувањата по Индија (опеани во еден дел од Вашата книга Набесна пантомима). Како поет ме интересира која е врската помеѓу стварните и имагинарните патувања, дали да се прифати како стварност она што го раскажувате, бидејќи останале парчиња сеќавања или она што е опеано, бидејќи тоа е запишано/издишано, е постојано и трае. Овде би ги посочил циклусите „La vita nuova“ и „Индиски рапсодии“. Поконкретно кај се наоѓа (која е) симбиозата помеѓу реалното и имагинарното патување во Вашата поезија? Патувањето за мене е слично, ако не и исто, со читањето или со толкувањето на напишаното – созерцување на стварното. Патникот во непознат пејзаж е како нов збор во зародиш од песна. Шекспир во неколку наврати во своите драми и сонети има речено дека „животот е само сон“, а јас би додал (поради нешто посовремениот контекст), дека животот е само патување од еден сон во друг и дека патувањето е размена на стварности за соништа, или уште подоборо – размена на соништа за стварности. Индиските мудреци (а многу подоцна и англо-американските пантеисти) го поистоветуваат универзумот со Создателот, т.е. го гледаат светот како овоплотување на божјата мисла и намера. Исто како и во сонот, со патувањето излегуваме од еден сон што го сметаме за наша стварност и влегуваме во друг, кој е нечија друга стварност, сѐ со цел да го нахраниме нашиот ум со нови светови/соништа што ќе му послужат во неговото приближување кон космичката свест. Затоа патникот не треба да гледа само со очите, туку и со умот, бидејќи само со имагинативната
8
моќ на умот (симболично изразена како трето око) ќе се крене над сетилните, „пијани“ уживања во светот што се манифестираат во вид на миговни изблици што го мелушат умот и ќе зачекори во сферата на „трезвеното задоволство“, како што го нарекува Вордзворт. Впечатоците од патувањата се складираат како фрагменти, слично како што и од соновите остануваат само откршоци, деланки. Песните, пак, се обид на авторот да ги систематизира тие фрагменти во целина, па затоа ги реди во потесно или полабаво поврзани циклуси што, пак, ја образуваат книгата. На тој начин фрагментите од сонот се обединуваат во една поширока мозаична визија или сложувалка. Затоа песната не е дневничен запис при патување, туку е повторно патување, преоткривање на патот, пресоздавање на светот... Да ѕирнеме малку подлабоко во Вашата поезија. Овде предвид ја имам книгата Избрани песни (од едицијата 130 тома на мак. лит.) Како прашање ќе посочам еден извадок од предговорот на Санде Стојчевски „... неговите познавања на книжевноста се во директна креативна врска со неговата лирика. Оттука и големите барања што лирското писмо на Анчевски ги поставува пред читателот.“ Строго построените песни во овој избор навистина од читателот бараат внимание, предзнаења, информираност за да го најде/открие задоволството во Вашата поетско писмо. Прашањето е: дали поезијата од читателот секогаш бара повисоки критериуми за да го открие, понекогаш и непроѕирниот, поетски свет? Пишувањето не оди никако без читањето – тоа е негова основна храна. Им се чудам на некои автори кои не сакаат или одбиваат да читаат други автори. Едни тоа го прават од малициозност кон другиот, со изговор дека читањето други може да ја контаминира нивната оригинална креативност, а други, пак, самозадоволни од хоризонтот на искуства и знаења што веќе ги стекнале, самите себеси се сметаат за поетски магуси, пророци или мудреци. Многу е полесно за секој автор да учи од некои кои претходно веќе научиле многу (се разбира, од другите пред нив) за творењето и патем самиот, значи сосема свесно, да си ги одбере влијанијата што евентуално би можеле да го облагородат неговиот креативен чин и да го подигнат на повисоко квалитативно ниво неговото дело. Авторот не треба да се плаши од влијанија, напротив – треба со радост да ги прифаќа како откривање тајни поврзани со креативниот чин, особено во периодот на неговото творечко созревање. Елиот одлично им одговара на сите што мислат дека не им се потребни влијанија од претходниците под изговор дека денес ние знаеме многу повеќе од нив. „Да, но тие се тоа што го знаеме“, им вели тој. Друго е прашањето како авторот да се справи со тие влијанија, како да ги вгради во своето дело. Имено, решението не е во имитирање на влијанијата, туку во апсорпција на искуствата и знаењето на претпочитаните прочитани автори, без оглед дали се работи за искуства од формално-стилски аспект, како што се употреба на разни поетски форми, градење стих, строфа, рима, ритам, звук, музика, слика и сл., или тие се од суштествен карактер, како што се третман на одредена тема, апропријација на материјали од мит или легенда, вршење лексички подбор и дезавто-
32. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО: Зоран Анчевски
матизација на истиот, оживување или очудување истрошени, клишеизирани („скаменети“) метафори и симболи, избегнување „нагорени места“ (што би рекол Конески) и сл. Поезијата не е лесна уметност и за неа треба долго чиракување во „продавницата за отпад на срцето“ (како што вели В. Б. Јејтс), но и на умот, би додал. Неопходноста од таа постојана вежба ја намалува потребата од она за што мнозина поети романтично се врзуваат – инспирацијата. Да, потребно е вдахновение, но поетот не може и не смее да чека тоа да се појави, туку треба да го предизвика. Слично е и со читателот. Се разбира, сите ние би сакале да имаме компетентни и високо квалификувани читатели, исто како што уживањето во читањето поезија од страна на читателот е многу поголемо доколку тој знае што е поезија и како да пристапи кон нејзиното читање и толкување. Неговата компетентност исто така зависи од неговата лектира бидејќи поезијата употребува фигуративен јазик преполн со книжевни алузии и референци на претходни автори, митови, легенди и сл. Ако читателот не е во состојба или е без претходна подготвка нив да ги препознае во новиот (кон)текст, тогаш ниту може да ја разбере песната, ниту, пак, да го добие очекуваното уживање во неа. Навикнат на брзи информации што може веднаш да ги „изгугла“ на својот компјутер или телефон, денешниот читател станува сѐ помрзелив и потромав и не сака да учи. Токму затоа поезијата не му е ниту предизвик, ниту уживање. Едноставно, престанува да се обидува да ја консумира и разбира, покривајќи ја својата неспособност со нејзино цинично отфрлање како нешто сосема неважно во животот. Тука не може многу да помогне ни образованието бидејќи и тоа страда од истиот проблем со ученикот, како и поезијата со читателот.
Активно ја следите македонската помлада поезија. Дали може некако да ги определите влијанијата што доаѓаат однадвор, од големите поетики. Дали има совпаѓања со актуелната европска поезија или карактеристична е автентичната поетика на македонскиот јазик? Имајќи предвид дека човек не може да живее само од поезијата, јас мојата професионална кариера ја градев на универзитетот како наставник по англиска и американска книжевсност, со специјалност курсеви и предмети по поезија и за поезија. Не е мал бројот студенти кои уште за време на студиите се одважиле да ми пријдат со свои творби (како и на моите колеги од Катедрата, Горан Стефановски – до извесен период – и Драги Михајловски), така што постојано сум во контакт со интересите на млади автори во сферата на поезијата, кусиот расказ и прозата воопшто. Мнозина од нив се денес веќе афирмирани книжевни имиња (Румена Бужаровска, Калина Малевска, Магдалена Хорват, Афродита Николовска, Елена Пренџова и други) и веќе имаат изградено свои ставови по однос на најразлични книжевни жанрови и форми низ кои се искажуваат како автори. Нормално е за време на своите студии по англо-американска поезија тие не само да акумулираат знаење за спремање испити, туку со својата љубопитност
32. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО: Зоран Анчевски
да ги продлабочат своите познавања за авторите кои пишуваат на англиски јазик. Како што посочив претходно, влијанијата се многу корисни и добредојдени во различни фази од развојот на еден автор, но најмногу во раните фази. Затоа, сосема е нормално и очекувано во нивните творби најпрво да прозвучат голем број врвни автори од книжевностите на англиски јазик, за потоа, без многу потешкотии, да ги упатам и на книжевните авторитети во македонската традиција, пред сѐ поради споредба и контраст со нив, како и поради неопходноста да ја збогатуваат својата изразна моќ на мајчиниот јазик кој, неретко, студентите по странски јазици и книжевности прилично го занемаруваат во почетните години од студиите. Што се однесува до нивната можност да ги следат современите книжевни текови во регионот и пошироко, тие тоа најчесто го прават на социјалните мрежи (што е секако една од најпозитивните страни на новата комуникативна технологија) и со следење на електронските книжевни часописи во кои и тие често објавуваат. Но она што најмногу недостасува денес при обликувањето на еден млад автор (и воопшто на секој автор) е сѐ поевидентното отсуство на рецензентска критика, којашто колку-толку врши првична нивелација на некои вредносни критериуми во врска со делото и на тој начин го воведува во книжевната средина. Мислам дека сте еден од најголемите познавачи на состојбите на поезијата во светот како преведувач, но и како поранешен претседател на УО на Струшките вечери на поезијата. Во едицијата на добитниците на „Златниот венец“ голем број книги го насат Вашиот потпис како преведувач/препејувач/приредувач. Кое е Вашето мислење за поезијата во светот денес и дали македонската поезија (а и македонската литература) има/наоѓа место во неа?
Горан Стефановски, Зоран Анчевски и Љупчо Стефановски во семинарот за англиски јазик и книжевност
9
Морам да признаам дека јас „пораснав“ и како човек и како автор со Струшките вечери на поезијата. На фестивалот доаѓав уште од студентски денови за да би ги видел поетите од светот, но и за да би го чул „вавилонскиот џагор на јазиците“ што неверојатно ме воодушевуваше и што подоцна (како претседател на УО) ме наведе да воведам читање на езерото Матка, каде во амбиент на умножено ехо се читаше поезија без превод, а слушателот можеше целосно да му се препушти на многузначниот џагор на јазиците и слободно да се соживее со музичкиот елемент на поетската креација. Значи, на СВП волонтирав како студент во Прес-центарот каде полека почнав да стекнувам искуство за преведување стихови, а потоа мојата прва поетска книга Патуавње низ скршени слики (1984) ја доби наградата на Млада Струга за најдобра дебитантска книга. Во меѓувреме се запознав со голем број поети од целиот свет, а со некои од нив останав во постојана комуникација што подоцна, со осамостојувањето на Македонија се покажа како многу корисно бидејќи престанаа да постојат комуникациите што ги имаше Сојузот на писателите на СФРЈ, во Македонија сѐ започнуваше од почеток, а некои од моите познаници и пријатели во меѓувреме станаа водечки поетски имиња во светот. Подоцна станав член на Советот на СВП, па член на Комисијата за доделување на „Златниот венец“, а на крајот и претседаател на УО на СВП. Конечно, во 2018 година, мојата поетска книга Небесна пантомима се закити и со наградата „Браќа Миладиновци“, најпрестижната поетска награда кај нас, што ја доделува СВП. Сѐ на сѐ, мојата соработка со СВП трае речиси непрекинато повеќе од четири децении во текот на кои се наталожи еден огромен преведувачки опус за потребите на овој меѓународен фестивал, објавени што во билтените кои порано се правеа во текот на СВП, што во изданијата Кој е кој на СВП, бројни поединечни изданија на поети застапени во едицијата „Плејади“, но секако најдраги ми се преводите што сум ги работел (најчесто
10
самостојно или во соработка со други преведувачи) на добитниците на наградата „Златен венец“, меѓу кои се Тед Хјуз, Јехуда Амихај, Шејмас Хини, В. С. Мервин, Томас Транстромер, Макото Оока, Нанси Морехон, Махмуд Дарвиш, Матеја Матевски, Беи Дао, Маргарет Атвуд, Ко Ун, Чарлс Симиќ, како и на годинешниот лауреат Амир Ор. Исто така сум уредувал, приредувал и преведувал голем број тематски антологии од македонската современа поезија на англиски јазик, како и книги од македонските лауреати на наградата „Браќа Миладиновци“, што е од голема важност за афирмација на нашата поезија во странство. Преводот е секако макотрпна работа, а ако преведувачот е истовремено и самиот поет, тогаш тој од себеси одлева голем дел од креативната енергија и време за преточување на автори од други јазични средини и култури на својот мајчин јазик и култура. Преводот од еден јазик на друг можеби и не е најтешката задача на преведувачот, колку што е преводот на културата во која е вкоренето делото на странскиот автор. Тоа бара сериозно познавање и проучување на културата и поетиката на тој јазик. Во тој случај преводот навистина би можел да се сфати како извноредно макотрпна работа, доколку од него не произлегува и соодветна награда за преведувачот. Имено, преводот е реверзибилен процес бидејќи покрај вложувањето во него има и земање од него, особено (како што реков претходно) ако преведувачот е и самиот автор. На мислење сум дека преведувачот треба да е најтемелниот читател и толкувач на делото на авторот што го преведува, а неопходното сосредоточено читање го наградува преведувачот/читател/ автор со огромни сознанија за нови поетски хоризонти, техники и теми што тој подоцна може да ги вгради во сопствената поетика. Ваквото взаемно проникнување во процесот на преводот е од огромно значење бидејќи еден автор кој припаѓа на една јазична култура, поетика и традиција се одомаќинува во друга, со што ја збогатува истата и може позитивно да влијае на нејзиниот понатамошен развиток и напредок. Зоран Анчевски на поетски фестивал во Рига со Богомил Ѓузел
32. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО: Зоран Анчевски
Затоа сметам дека да ја немаше СВП и нејзините изданија на македонски јазик на дела од врвни светски поетски имиња, нашата поезија бездруго ќе заостануваше далеку од светските поетски процеси, но како што сега стојат работите, таа не само што предничи според својот квалитет во нашето поблиско опкружување, туку не го губи чекорот ни со светските поетски текови и трендови. Истовремено, сето тоа што е досега сторено во рамките на СВП за афирмација на македонската поезија во светот ја направи истата интересна за странски издавачи, па дали со индивидуални изданија или со антологии, таа може да се регистрира во разни делови од светот. Но сепак сметам дека можеше да се стори уште повеќе, особено ако Македонија имаше соодветна издавачка политика и вистински издавачи-промотори на македонската книжевност во светот, но тоа е веќе тема за друга дискусија. Живееме во параноично општество во кое вредносните критериуми како да ги нема или се изместени до крајни граници. Најмногу од процентот на читатели што го имаме, преокупирани се со некоја паралитература. Во вакви состојби дали е возможно да се покрене дијалог за вистинските вредности, не само литературни, постои ли интелектуален капацитет за тоа? И второ: свесни сме дека одамна е исчезната критичката мисла за новопојавени литературни дела, печатените и електронските гласила не даваат простор за мислење, најавување или новинска критика за некое дело која би била и препорака до читателот. Дали отсуството на вакви форми ѝ носи штета на литературата, или отсуството на критичка мисла за литературата, посебно поезијата, ја фрла на општесвените маргини? Одговорите на овие прашања веќе ги загатнав претходно, но не е на одмет да се каже и нешто повеќе, особено за вредносните критериуми кај нас, за нивната ентропија и за немањето начин како тие да се возобноват и негуваат. Имено, многу општествени текови и култоролошки матрици неминовно се сменија по осамостојувањето на Македонија. Бевме сведоци на еден радикален настан кој по националната еуфорија, предизвика период на стагнација, па дури и создавање вакуумски џепови во многу домени во општественото и културното живеење на Републиката, но и пошироко на Балканот, целосно разнебитен од граѓански војни и постсоцијалистички мафијашки картели кои ги запустија до крај веќе разнишаните социјалистички економии. Падот на идеологијата не беше проследен со создавање нова, туку со брз растеж на национал-шовинизмот, етно-религиозниот шовинизам и супрематизам, итн. Претходните авангарди во политичкиот и културниот живот се распаднаа или беа вовлечени во претходно наведените трендови. За разлика од распадот на овие простори, Европа се обединуваше, најпрвин во еден пазар, а потоа и во една унија со голем оптимизам и економски растеж. Се отворија границите за проток на луѓе, капитал и идеи, додека истите кај нас речиси целосно се затворија. Додека ние ги лечевме раните од распадите и војните, светот ги прифаќаше новите информативни и комуникативни технологии, ги развиваше со невидена брзина, и иташе кон глобализација на економијата, кревајќи го неолиберализмот како нова економска доктрина до невидени височини. Наместо национал-
Со Иван Џепароски и Маја Бојаџиевска во Лисабон од каде тргна Милениумскиот воз, 2000 г.
но обединување кај нас се случија поделби по сите можни политички, етнички, религиозни и културолошки шевови што, за жал траат и до ден-денес. Социјалното раслојување, несигурноста и бесперспективноста станаа наше секојдневие, наместо колективно градење на вредносни критериуми во сите сфери, се случи воспоставување на извитоперени критериуми за лични потреби, за градење на култови на индивидуални моќници во бизнисот, политиката, медиумите, итн.; величење на медиокритетските вредности, сервилноста и полтронството; коруптивното однесување се воспостави како етички кодекс и завладеаа во сите сфери... По овој резимиран опис на состојбите во последниве три децении, останува да лебди прашањето над сите нас: постои ли интелектуален капацитет и волја за надминување на ваквите состојби или сме сите веќе заболени од вирусот на резигнација и апатија, фрлени на плеќи од сопствената немоќ да ги смениме нештата кон подобро и поправедно општество што ќе ги возобнови веќе загубените вредносни критериуми во секој домен на живеењето и културата, што ќе ги демаскира псевдоиндивидуалците и псевдоинтелектуалците, т.е. личностите со двоен морал, со високи општествени-политички апетити и претензии, а всушност, длабоко во себе, искомплексирани, корумпирани и нечесни личности. И да не се залажуваме: тие не се само кај „нашите“ или „вашите“, тие се насекаде бидејќи тие ги измислија поделбите на „наши“ и „ваши“ за полесно да ги спроведат своите мрачни – не политички или културни – туку лични, перфидно прагматични планови и проекти. Токму од овие состојби произлегува и парадоксот дека и по сите проповеди за новото „демократско“ и „слободно“ општество што како огномет не наткриваат во периодите на предизборието, во секојдневието не постои ништо од
конструктивна критика, туку мрачна бласфемија, блатење на најгрд можен начин, реторика од најмрачните дувла на разумот, која полека станува „репер“ за новите генерации на социјалните мрежи. Отсуството на здравиот критички дискурс е евидентен и во книжевната критика. Можеби ќе бидам преостар ако речам дека тоа се должи на „академизација“ на книжевната критика и нејзино пренесувување во полето на книжевната теорија и филозофија на критиката. Не дека сум противник на овие дискурси, но на книжевноста ѝ е повеќе неопходна т.н. „рецензентска“ или „новинска“ критика, како што ја нарекувате. Се почесто се објавуваат книги што поминуваат апсолутно незабележано во медиумите – без јавни промоции, без критички рецензии во медиумите (без оглед што сега доминираат електронските медиуми), без ТВ прикази, и сл. Книжевните списанија одвај живуркаат, културните редакции во ТВ куќите и дневните информативни медиуми се укинати (со ретки и чесни исклучоци), а со нив и емисиите и страниците од областа на културата, под изговор дека немаат доволна гледаност или читаност. Новинарите од тие редакции беа прешалтани во други „попрофитабилни“ редакции, а оние поснаодливите станаа аналитичари на политиката на (не)културата. Не помнам кога последен пат сум гледал ТВ емисија во која новинар, критичар и автор говорат за некое дело, а уште помалку да полемизираат за него. Чаре? Во моментов не гледам. Констатација? Вредносните системи се кревки структури што многу брзо може да се уништат, но долго, долго време и знаење се потребни за повторно да се создадат или возобноват. Крајно време е да се започне со тој процес, да речеме, од образованието, па натаму.
12
И последно прашање би било околу моќта или магијата на јазикот. Јазикот нас нѐ развива (или открива) длабински. Дали ја има таа моќ во површниот свет на денешницава? Јазикот е нешто што ни е дадено во наследство од нашите претци со завет за негово чување, негување и развивање. Но тоа не е нималку лесна и едноставна задача. Ако „јазикот е нашата татковина“ (како што вели Конески), тогаш грижата за него има уште поголемо значење. Јазикот е медиум на сето наше битие и ум – како на лично, така и на колективно ниво, што значи дека и грижата за јазикот треба истовремено да се одвива на обете нивоа. Употребата на јазикот се манифестира низ говор и писмо, така што е неопходно да се негуваат и двете истовремено. Јазикот е живо битие, па затоа може да се случи да изумре, како латинскиот или келтскиот, но и да воскресне, каков што е случајот со Хебрејскиот – јазикот на старозаветната Библија, на пример, којшто по долговековна смрт повторно воскресна и стана официјален јазик на Израел. Тоа значи дека писмото го зачувало јазикот до таа мера да тој повторно оживее. За говорот се неопходни говорници на јазикот, а за писмото е најнеопходна литературата и така повторно доаѓаме до поезијата којашто за мене претставува најпрефинета и најделикатна употреба на јазикот. Вистинската моќ на јазикот не е во говорот бидејќи за дневна употреба ни се неопходни и помалку од 500 зборови, туку во пишаниот збор, во литературата. Усната традиција во некои средини, каква што е и нашата, одиграла значајна улога во одржувањето и диференцијацијата на јазикот по однос на другите сродни јазици, но пишуваниот јазик го создава оној стамен постамент врз кој се гради литературата. Затоа, да не беше Зборникот на браќата Миладиновци не ќе ги имавме подоцна ни Рацина, ни Венкота Марковски, ни Блажета Конески, ни Славкота Јаневски, а ни Ацота Шопов. Исто така сметам дека ако еден јазик во себе може да ја вдоми Библијата, тој е веќе целосно изграден јазик спремен и за други големи книжевни подвизи и дострели. Така било со сите т.н.
32. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО: Зоран Анчевски
„големи“ јазици (англискиот, шпанскиот, францускиот, германскиот, итн.), но и со сите други „помали“ јазици кои поради разно-разни историски ситуации се оформиле и кодифицирале со извесно задоцнување, каков што всушност и македонскиот. Значи, ако литературата е чувар и подвижник на јазикот, а истовремено јазикот е единствениот медиум на литературата, тогаш сметам дека современите технологии во доменот на комуникациите, барем досега, се пакажаа како прилично штетни за развитокот на јазикот, особено што ги редуцираа на минимум и оние околу 500 неопходни зборови за елоквентна дневна комуникација. Веќе се соочуваме со генерација млади луѓе кои имаат проблем со склопување на една проста реченица од десетина зборови на својот мајчин јазик. Немам ништо против постоењето дигитализирани книги (иако ги претпочитам печатените), но потребата за брза информација се повеќе го уништува читањето како дел од образовниот процес и неопходната подготовка на поединецот да има моќ целосно да се изрази себеси како човечко битие. Веќе станува сѐ поочигледно дека голем број млади луѓе дури и во јавни простори како шеталишта, ресторани, кафеани, превозни средства, па и библиотеки, наместо да комуницираат со говор, тоа го прават по пат на штури електронски СМС пораки, па дури и само со електронски симболи. Ме загрижува тоа што на тој начин голем број млади луѓе остануваат емотивно незрели, немоќни да изразат емоција низ говор или писмо. Немоќта за искажување емоции, пак, води до натрупување на сѐ посложени фрустрации кај поединецот, па оттаму и сета агресивност во однесувањето што се шири околу нас како вирус. Ако тоа во иднина стане доминантно однесување во постоењето на човекот, тогаш веќе не можеме да се говориме за човекот како човек, туку за некое битие без емоции, за битие од некој друг вид. Разговорот го водеше Славе Ѓорѓо Димоски
Паскал Гилевски, Зоран Анчевски, Гане Тодоровски и Славе Ѓорѓо Димоски: едно скопско пладне, 2007 г.
32. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО: Зоран Анчевски
13
Патување кон Итака
Travelling to Ithaca
1. Осаменоста плови по длабоки мориња во високи кораби
1. Loneliness sails through deep seas in tall ships.
На јарболите безброј обесени Одисеи
On their masts many Odysseys are hung.
Само месечината како месечар танцува на површината
Only the moon like a sleepwalker dances on the surface.
Музиката во рацете на музите никогаш не умира
Music in the hands of the Muses never dies.
* * * White Fire’s passage (empty sky... Sad ships of silence (a barren shore... Shrunken fingers (the night’s fever... Where (a forked wish... ? ! How far is the end (a blind crossroad...
***
Бели заоѓања на Огнот (сетно небо... Празни бродови на тишината (молчалив брег... Закоравени прсти (ноќна жега... Каде (расчекорена желба... ? ! Далеку ли е крајот чуден крстопат... 2. Исеченото небо лее бела крв врз телата на морнарите – палуби на отворено месо
2. Slit sky spills white blood over the sailors— decks of open flesh.
Јас Посејдон морето го испив а галебите сè уште јадат мртви риби
I, Poseidon, have drunk the sea and still the seagulls eat dead fish. Translated by James MacKinley and the author
Зоран Анчевски и Томас Транстромер на СВП 2003 г.
На Пелистер со колеги од Факултет
32. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО: Зоран Анчевски
14
Клетва
Spell
Облечен во неколку сенки од знаците потајум се восхитувам и чукам на твојата порта со празни раце и проѕирно срце
Dressed in many shadows I secretly admire the signs and knock at your door with empty hands and fragile heart
„Дабогда распукале сите твои слова саѓе ти фатиле кориците мувла мислата
‘Would your letters crack and your covers burn your thoughts decay
Тргни ја оградата и сруши го ѕидот меѓу нас; смири го многуглавиот пес на (с)мислата и отвори го патот за да влезам во Лавиринтот...
Remove the fence demolish the wall between us calm the many-headed dog of meaning open the road and let me enter the Labyrinth…
...да го чујам само џагорот на Вавилон и потоа ко лелеава сенка пак да ме снема“
… hear the noise of Babylon and then like a shuddering shadow disappear again’
Ноќта постојано надоаѓа и се пласти...
Night keeps falling in layers…
Јато гулабици исплашено првнува...
A flock of doves flies off in fear…
Неписмена песна
Illiterate Poem
Оваа песна сака во детаљ да го опише смрдливото лето и небото распарчено на електрични огради од букви и опасни азбучни зони.
This poem wants to describe the stinking summer in detail but the sky is divided into fences of electrical letters and dangerous alphabetical zones.
Оваа песна сака да биде странец кој никогаш не тргнал на пат но ноќта & ја наврела капата на шутот со ѕвончиња и крстопати.
This poem wants to be a foreigner who’s never been on the road but the night has put a motley hat on its head with bells and crossroads.
Оваа песна е формулар за прием во светот но раката што ја пополнува се тресе како мандолинска жица и измислува ново клинесто петолиние
This poem is an application form for joining the world but the hand that fills it out trembles like a mandolin string and invents a new cuneiform system of notes.
Оваа песна е неписмена песна. Не умее ни стих да си прочита. Не знае ни наслов да си напише. Немоќна е автор да си најде.
This poem is an illiterate poem. It can’t read a line of its own. It can’t conceive a title for itself. It can’t find an author.
Пелтечи гурабии. Квачи муќуци. Се потпишува со палец.
It stammers garbage. It hatches rotten eggs. It signs itself with a thumb.
Добива награди.
Wins awards.
По печурки со Драги Михајловски на Скопска Црна Гора
Превод На Драги Михајловски Збор по збор ги преведов мртвите во живи, коските во месо, зимите во лета ги преведов, летата во зими, накалемив диво на питомо, на змиите кошулки им скроив, на ангелите крилја, на зборот станав судија кој во тек(ст)от не смее да се види, заспивав врз зглавје од туѓи соништа, се будев во доброутро од мртви јазици. Го преведов минатото во сега, денот во ноќ, сегашноста во утре ја преведов, но превидов еден груб, непредвидлив факт што при секој и сечиј преведен здив сум губел еден од моите, штедро сум се трошел и арчел, сум се дробел без да сетам збор по збор сум истекувал во туѓо писмо… …и сега од мене алчно се чека и жеден преку вода да преведам, но јас веќе ниту здив имам, ниту збор, ниту рака, мојава сопствена мака да ја преведам во благост, мојава тага да ја преведам во радост и да речам – доста.
Тranslation For Dragi Mihajlovski Word by word I translate the dead into living, bones into meat, winters into summers, molehills into mountains. I shed the snake’s skin, tailor angel’s wings. I am the word’s judge who remains unseen within the text. I sleep on a pillow of someone else’s dreams; I wake up, to a Good morning— in dead tongues. I translate day into night the past into present— oblivion into memory, today into tomorrow, but did not anticipate the cruel desiccating act, the fact that with every translated breath I lose my very own, spend myself, waste myself unknowingly, floating word by word into another context. So now, I’m expected to transport the thirsty across the river without getting wet, without being quenched. I neither have the breath, nor words, nor hands, to translate my own pain into sadness, happiness— plenitude—stop, enough. Translated by the author and Sudeep Sen
32. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО: Зоран Анчевски
16
Хендикепирана песна
Handicapped Poem
Оваа песна е хендикепирана песна. Оваа песна доживеала нешто страшно: насилство во семејството развод убиство од љубомора
This is a handicapped poem. This poem has witnessed something horrible: family violence jealousy divorce murder
племенска војна граѓанска војна светска војна геноцид
Оваа песна има раштиман генетски код. Оваа песна има трауми од раното детство: пелтечи има тик (нема такт) мочка во гаќи гледа под око, мрачи Оваа песна е аутист и затоа е аутсајдер, а не фаворит. Но оваа песна, простете, е моја и затоа: треба да се грижам за неа, да внимавам на неа, да ја учам да оди да зборува вистини да чита други песни да пее и игра а не да навредува и плука да ѝ подарам искрена љубов оти мое е чедо што треба да го надживее овој суров софокловски свет, (оти мое е...) што треба да преживее оти чедо ми е мое е чедо е... Со Богомил Ѓузел и Јовица Ивановски во Летонија
tribal war civil war world war genocide
This poem has a jumbled genetic code. This poem has traumas from early childhood: stammers uses mime (but no rhyme) wets its pants watches, darkling This poem is autistic an outsider, no favourite but this poem, pardon me, is mine so: I must look after it care about it teach it how to walk talk truth read other poems sing and dance not to curse and spit I must give it sincere love for it is my child who must endure this cruel Sophoclean world (for it is mine…) Автостоп во Калифорнија 1978 г. who must survive for it is my child it is… mine
32. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО: Зоран Анчевски
17
ПЕТ ПРОШЕТКИ НИЗ ПОЕТСКАТА ШУМА НА ЗОРАН АНЧЕВСКИ (Зоран Анчевски, Небесна пантомима, Скопје, Темплум, 2018)
1. Прошетка прва: именување Небесна пантомима. Интригантен наслов. Игрив, загадочен, многузначен, интермедијален, провокативен... Најнапред, имплицира просторна организација: небото, заедно со земјата, е резултат на првобитната, вертикална поларизација на просторот горе-долу, која подразбира цела низа на дуалистички парови од типот: светло-темно, бесконечно-конечно (или вечно-минливо), макро-микрокосмос, божествено-човечко, активен (машки) принцип vs. пасивен (женски) принцип и тн. Пантомимата, пак, е стилизирана, драматична и естетизирана невербална комуникација, говор на телото (подразбира: гестикуација, движење, поглед, поза, допир), поезија со високо култвирано движење, уметност на тишината, денес – независен уметнички облик. Невербалната комуникација е пракомуникација која настанала пред крикот од кој подоцна се родил зборот. Во поетскиот универзум на Анчевски, синтагмата „небесна пантомима“ е синоним на пеењето/творењето; „небесна пантомима“ е оној поетски обратен свет, „mundus inversus“, кој опстојува наспроти, огледално (како одраз) или паралелно со стварносниот реален свет. Конечно, „небесна пантомима“ е специфичната лозинка на нашиот поет, неговиот „повик за патување“ – буквално или духовно – со него како искусен кормилар низ небесната шир вон или во нас. Зашто, небото, тој чувар на тајните на судбината и регулатор на космичкиот ред на универзумот, опстојува и во внатрешноста на човекот, во душата. 2. Прошетка втора: математичка поетика Небесна пантомима се одликува со математички строга и совршено осмислена архитектоника: од воведната тријада, песните „Диви коњи“, „Небесна пантомима“ и „Светулки“ кои ја структурираат влезната рамка на книгата или воведот – „Пролегомена“, композицијата ја чинат уште четири циклуси: „La vita nuova“, „Ноќни куќи и напеви“, „Дневни дитирамби и каприча“ и „Силна песна“. Освен многузначноста на нумеролошката симболика (три, еден, четири), вака конципираната стихозбирка како да го следи ритамот на дијалектиката на животот и смртта, или на денот и
ноќта (во духот на назнаките на нашиот поет), но алудира и на моќта на песната да ги хармонизира спротивностите на човековото постоење, да ги измири противречностите помеѓу своето (сепството, домот) и туѓото (другоста) и да понуди мозаично осмислени стихови кои дури и синтагматски се созвучни со носечкиот амблем – „небесна пантомима“. Почетната „бескрајна небесна пантомима“ во чие дно како сидро се спуштил „привидот на овој живот“, прераснува во „мозаик од надеж / за жива, совршена небесна пантомима“ во финалната песна „Употреби на животот“, со забелешка: „наместо кода“, или, наместо крај на една музичка партитура. Оливера Ќорвезироска со право ќе ја нагласи споменатата „поетска мајсторија на ист синтагматски почеток и крај“ која, според неа, „ја свртува најновата збирка на Анчевски во беспрекорен круг, во поезија што се тркала низ и во животот.“ 3. Прошетка трета: слободата како основен „spiritus movens“ Воведната песна во Небесна пантомима, „Диви коњи“, има посвета: „за слободоумните“. Несомнено инспирирана од восхитувачката слика на дивите коњи кои толку моќно галопираат низ планината Бистра, оваа песна, со својата експлицитна посвета, е илустративна за поетското кредо на нашиот автор: слобода пред сѐ и секогаш. Слобода да се господари со просторот на пеењето, по аналогија на дивите коњи кои „со смирен галоп и лесна прелест / ја изведуваат својата велелепна / небесна пантомима: / сеат дробни ѕвезди од копитата, / веат млечни патишта од гривите / што ја испишуваат историјата на ветрот...“ – како што читаме во споменатата песна. Патем речено, треба ли да се спомене дека „историја на ветрот“ е наслов на претходната стихозбирка на Анчевски?! Дали оваа автореференцијална назнака, свесна или несвесна, претставува израз на континуитетот на творечките принципи за кои се залага поетот или пак, е случајна коинциденција?! Како и да е, во конкретниов случај, акцентот е ставен на дивите коњи, тие се објект, но и субјект на пеењето. Овие хтонски суштества ги премостуваат далечините, конкретно, земјата и небото, со својот велелепен „танц“, со развеаната грива на ветрот, со галоп кој создава впечаток дека лебдат, дека се одвојуваат од тлото и слободно му се препуштаат
18
на просторот, исто како што стиховите родени во творечката лабораторија на поетот, слободно полетуваат во вечноста. Финалната поетска слика во песната „Светулките“ за вознесот „меѓу ѕвездите“ не е ништо друго туку слика на поетот за кој не постојат граници во творечката слобода. Истата смисла (вознесување) ја содржи и терминот „анабаза“. Анчевски е заговорник на слободата и во поглед на изборот на темите на пеењето, како и на слободата на песната од формален аспект, па во таа смисла, во Небесна пантомима ќе сретнеме варијации на теми од една страна, а од друга, и песни и поеми и минијатури и сонети во слободен стих, како што нагласува самиот, како и скалест стих кој инсистира на просторноста на песната, на распоредот на зборовите, но и на белината, тишината помеѓу нив. Версификаторската слобода, заедно со слободната тематика, се, впрочем, општ топос во современата поезија. Третото ниво на слобода е слободата на асоцијации: алузиите на омилените книжевни претци кои, не ретко, минале и низ преведувачкото перо на нашиот автор или дијалогот со други писма. Слобода дури и во користењето на исти наслови од типот на: „La vita nuova“ на Данте Алигиери или „Anabasis“ на Сен-Џон Перс.
Со лауреатите Васко Граса Моура и Ангело В. Суарез, 2004 г.
4. Прошетка четврта: пат за Индија Циклусот песни „La vita nuova“, иако експлицитно и со мотото алудира на Данте Алигиери, всушност, претставува „емоционална автобиографија“ на нашиот поет и е поттикната од неговото патување во Индија. Оттаму, Индија, неповторливото искуство од средбата со оваа далечна култура и цивилизација, се Зорановата Беатриче во Небесна пантомима. Имам впечаток дека тој „нов живот“ виден и почувствуван
32. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО: Зоран Анчевски
во Индија, чудесно се рефлектира во доминантниот сензибилитетот на овие стихови, кој е во знакот на еден исклучително смирувачки, хармоничен, возвишен и свечен тон, веројатно, аналогно на атмосферата во индиските храмови. Оваа моја претпоставка можеби е далеку од вистината, со оглед на тоа што никогаш реално не сум ја посетила Индија, но виртуелно, преку стиховите на Зоран можам да го изјавам и спротивното: „Да, бев во Индија“, исто онака како што ја доживеав и Африка преку стиховите на Ацо Шопов и неговата Песна на црната жена. Индија! Привлечен топос за уметничка обработка, повеќекратно потврден низ традицијата на творечката практика во светски рамки. Да се сетиме само на Волт Витман и на неговата поема „Пат за Индија“, парадигматична за неговата визија за светскиот кружен пат што поаѓа токму од Индија. Или, на истоимениот култен филм-оскаровец на Дејвид Лин од 1984г. според романот на Форстер, кој, меѓу другото, е илустративен и за преиспитување на идентитетот на главната хероина, по доживеаното мистично искуство во необичните индиски пештери. И нашиот Анчевски има стихови за пештерските храмови, тие „конаци на духот“, „изделкани од благослови и мантри“ – како што вели во своите „индиски рапсодии“. Овие стихови пулсираат во духот на древните индиски обреди и ритуали, нудат „загадочна небесна пантомина“, просветлуваат како мандала, таа „кружна геометрија на мигот и вечноста“, возвишуваат во духовна смисла. Особено впечатлива е визијата на Индија во втората песна од „Anabasis“ каде што читаме: „Овде и водата ја мешаат со молитви, бавно отпиваат голтка по голтка за да ја згаснат жедта на душата што се ниша ко сув лист напладне.“ И уште: „дождовна си капка што учи да оди во поход“, вели нешто подоцна нашиот поет; „молкума го голташ стравот од недофатното, / ја боледуваш природата на кружното постоење“ (песна 3, „La vita nuova“). Оваа поезија е „поезија на елементарноста“: пее за вода, земја, ветар, оган, за монсуни, прашуми и планини, за птици (јастреб, жерав) и дрвја (палми, хибискус, бамбус, банјан – џиновско тропско дрво, прогласено за национално дрво во Индија) и тн. Типична индиска вегетација, флора и фауна дефилира низ стиховите на Анчевски, но исто како и кај веќе споменатиот Шопов, лирскиот субјект преку далечините го осмислува домот и обратно, преку домот – се промислува копнежот по далечниот свет. Илустративна во оваа смисла е поемата „La vita nuova“, во која некаде на почетокот читаме: „Се заразив со огромни татковини / по растегливите страни на светот / што и сега, дури стареам, / ми го одземаат здивот“, за во финалните стихови да
32. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО: Зоран Анчевски
констатира: „Далечините не се места / што јавно ги посакуваш / (но скришум им се надеваш), / оти се прашаш дали во нив / постои тишина и топлина / што сал домот твој ти ја нуди.“ Би рекле, Зоран Анчевски е номадски тип на поет, кој антејски е врзан за својата почва; наликува на индиското дрво банјан, за кое, во истоимената песна, самиот ќе рече: „Ти си Прометеј залидан кон небото, / а окован со жив синџир за земјата.“ Оттаму, следниот циклус „Ноќни куќи и напеви“ претставува враќање дома, кон некои по малку подзаборавени национални вредности – напуштените празни куќи (дел од нив прогласени за културно наследство) во Крушево, Брајчино, Витолиште, Галичник... Ноќта, таа „ненаситна ламја“, царува во пустите, осамени, мртви куќи кои стануваат „ноќна мора“ за ретките посетители. Овие локуси на минливоста сведочат за искуството на загуба, аналогно на искуството на смртта. Зар не е оваа поетска „физика на тагата“ суптилно предупредување за болната вистина на нашето совремие?! Зар не се крие во неа свеста за горчливата општествена стварност чии сведоци сме овде и сега, секаде и секогаш?! Напуштањето на домот, преселбите, заминувањето... се актуелни состојби на нашето секојдневие. По ноќниот мрак следува дневната светлина, односно „Дневните дитирамби и каприча“, но и тие се во знакот на дневно-рационалното сознание дека животот ни се лизга: „Дури си трепнал / животот поминал - / божем филм со забрзан тек / и гледаш – староста ѕирка од секаде“ – се вели во песната „Старост“. Иако лирскиот субјект е „жетвар на лузни“ во таа „горка комедија“ наречена живот, сепак, оваа поезија не очајува. Напротив! Парадигматична во оваа смисла е песната „Секој ден“: „Секој ден вршам проверка на стварноста: да не е лита, молци да не ја јадат, да не капе, ’рѓа да не ја фаќа. Секој ден вршам попис на чувствата: да не се поарчиле, да не скршнале на погрешен пат, далдисани по вечна пролет – привлечна ко привид, а сепак недофатна. Секој ден ми е доволно непознат за повторно да го живеам наспроти заборавот што ми ги мете стапалките.
19
Секој ден ме исполнува со жизнена возбуда, ме ослободува од примките на ноќта и ме тера напред кон висините полни со птичји кикот.“ 5. Прошетка петта: ars poetica Финалниот циклус во Небесна пантомима насловен како „Силна песна“ е клучен за арспоетичкото начело на Анчевски. Кусата синтагма на Конески „песна строга и проста“, овде уште повеќе се редуцира. И во претходните збирки, особено во Див мир (2004), нашиот поет пееше за: сериозна, ангажирана, дегажирана, неписмена, нова, адолесцентна, хендикепирана... песна. На споменатата низа, во оваа стихозбирка ѝ е додаден уште еден епитет – силна песна. Која песна е „силна“? Дали онаа која се темели врз искуството на загубата како во посветените песни на Огнен Чемерски и на таткото?! Стиховите во споменатите песни се созвучни со резонанците на душата. Или, можеби силна песна е онаа родена во осаменост?! Според Анчевски, „силна“ е песната на еден Транстромер („Силна песна“), несомнено и на древниот Хомер или Милтон („Слепиот поет“). „За да преживееме / ни треба силна песна / што вишокот зборови / самата ќе го отфрла, / а кусокот – самата ќе го раѓа“ – читаме во песната „За да преживееме“. Значи, „силната песна“ е животен еликсир за оваа поезија. Но како да се дојде до неа?! Поетскиот рецепт се крие во првиот дел од финалната дводелна песна „Употреби на животот“: „Меси го мигот на постоењето ко парче густа глина, гмечи го, сѐ дури во себе не ја смекнеш скоравената душа и од неа не обликуваш трошка надеж за вознес и налуничав небесен танц.“ Следствено, можеби, „силна песна“ е онаа која говори за неограниченоста на поетскиот стремеж?! Зашто, на еден поет од форматот на Зоран Анчевски, само небото му е граница. Лидија Капушевска-Дракулевска
32. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО: Зоран Анчевски
20
Заговор
Plot
По долгата и тешка војна секогаш се наоѓа некоја божица што ќе ти понуди добар ветер за да запловиш кон познати брегови и да се вратиш дома (без да знаеш дека за доаѓањето ги предупредиле) да клекнеш на брегот со спремен целув како што од памтивек си било па со триумф и замор да тргнеш кон дворовите и чардаците свои. Крај старите глетки да минеш непроменети (зошто ти си тој што ги менува) во бестежинска состојба да го минеш прагот и спремно да влезеш во бањата полна со миризливи балзами и билки за потоа (и покрај заморот) да легнеш со жената што сега ти е туѓа без да знаеш за неверството за интригата заговорот и никогаш повеќе да не се разбудиш наутро да те најдат со скастрена глава отворена уста и вкочанет поглед испразнет од сите пожари на војната од сите слики што знаење ти биле и живот.
After a long and toilsome war there’s always some fair goddess who turns up to offer you a following wind to sail back to known shores, to sail back home (without your knowing your arrival there has been well-heralded) to kneel with a kiss at the ready on the shore the way it’s always been since time began, to set out in triumph, though in weariness, towards your vaulted palaces, the sights that are unchanged (for you are he who changes them) to cross the threshold weightlessly ready to plunge into the tub full of sweet-smelling balsam, scented herbs; and then, however weary, you lie down with the wife now alien to you (and you know nothing of her faithlessness nor of the plot) never to wake again, to be found at dawn, a headless corpse with mouth agape, eyes glazed, purged of all war’s fires, of all the sights you knew so well, of life.
Каков крај за уморните херои но нека се знае и ова: во осветата што доаѓа од крвта нивна тие се бескрајно решителни.
What an end for weary heroes— but let this too be known: they hold an endless purpose—the revenge that springs up from their blood. Translated by the author, Peggy and Graham W. Reid
…Ante Portas
…Ante Portas
Од лудило на војна замаени фатени во налуничава шема на Смртта во совршена стратегија на поразот по сури планини преслапи и замрзнати крвотоци справите бојни ги тегнат
Mindless in the madness of war caught in the maddening scheme of Death in the perfect strategy of defeat they hauled the heavy armoury across steep mountains and gaping gorges and glaciers of blood.
По амбиси в небо на аџилак тргнале в поход кон Најмоќниот кој во разврат во инцест пливнал а цврст е ко биста од мрамор
Was it a pilgrimage to heaven they set out on or a campaign against the Almighty drowning in incest, breeding sin and yet still solid as a marble bust.
Така и ние тргнуваме во опсада на Зборот и кога сме сигурни дека е наш – ко Рим од рацете ни првнува...
And thus we too set out to besiege the word and when we are certain of our spoil it flees from our grasp like Rome
Колку ли тогаш враќањето може да боли: мали жртви на обидот а не на триумфот!
How painful then the return might be— small victims of the attempt, and not the triumph? Translated by the author, Peggy and Graham W. Reid
32. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО: Зоран Анчевски
Глечер
21
На Богомил Ѓузел (од втора перспектива)
Ќе беше поарно да брцневме само прст во окото на Киклопот па да го запретаме во сеќавањето и со потсмев да му се навраќаме Но ете неуки и слепи – стратези на поразот ја повторивме античката грешка го потценивме и тргнавме пругоре четириношки И сега тоа не е лузнава што како жива рана ме мачи ами што сиот во коскиве го носам а студот ме глочка ме пие рие низ крвта до секоја жилка што ноќе тргнува да ми ја заледи свеста да ме начека во стапица и да ме лизне да ме потсети на поразот и пак како Титаник да ме преполови
(Брезовица, 1985) На прес со Транстромер, СВП, 2003 г.
Glacier
To Bogomil Gjuzel (from another point-of-view)
It would have been wiser to poke but a finger into the Cyclop's eye then bury it in our memory and return to it in ridicule But green and blind, strategists of defeat, we repeated the antique error we underestimated it and set out on all fours Now it is not the scar like an open wound that bothers me but the fact that I carry it in my bones and its cold that bites me, swallows me that burrows through my blood to every sinew that nightly starts to freeze my consciousness to trap me trip me remind me of defeat and cut me in half again like the Titanic Brezovica, 1985 Translated by the author, Peggy and Graham W. Reid
Поетско читање во клубот „Кочо Рацин“, Скопје , 1974 г.
32. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО: Зоран Анчевски
22
Триптих за гавранот На Тед Хјуз (1930-1999)
(посветено на неговите посвети)
1. „Следи го гавранот и ќе најдеш мрша“ Тежок е патот низ големото стадо планини. Небаре друмски разбојници, глетките ме чекаат на пусија зад секој свиок и чинам безмилосен поглед ме следи од секоја спила. Нема птичји џагор во бигорниот воздух. Билките исплашено чемреат. Корењата кришум се повлекуваат. Црно нешто наперчено на патот. Клунот – крвава кама што блеска на утринскиот зрак. Под канџите парталава мрша од зајак. Мевот распорен. Цревата испаруваат на остриот воздух. Црн бисер вгнезден над клунот подмолно ме гледа и вели: „Мини патнику ранобуден. Ти немаш ништо со ова царство на смртта“.
Да ми ти е сор канџата. Да ми ти е сјајно перото. Да ми ти е моќно крилото. Да не ти ми е милоста. Да не ти ми е жалта. Да не ти ми е прошката. Да не ти ми е совеста, оти твој е воздухот и сè што во него лета, оти твоја е земјата и сè што по неа лази, оти твој е животот светот – твој е. Оди. Градба
2. „Стариот волк гаврани го јаваат“
Го гледам дедо ми во долот на крајот од лозјата наспроти брегот обраснат со црно мимолетно дабје: мавта со сорот и вика колку што глас го држи. На метар од него лежи сива бовча од лито крзно. Стар волк. Одвај жив. Крвав кладенец наместо око. Два метри над него три гаврана грачат со раскрилени крилја, кљакаат и грачат: „Што бараш ти во нашево царство, Сè што е наше самото кај нас си иде“. Сорот се крева во одбрана на староста, но запира на полпат од стариот барјак развеан на остриот провев во долот. „Пу, натемаве, рожби на темниот!“ Стариот со пцости ја качува угорнината. Зад него болен виј ги леди сите подземни мртвици од кои гадливо се цеди пролетта.
Дури со колци и јазол го околчуваат местото, лебдам над нивата од твоите зборови посеани со голема грижа, со миро навадена и со молитви наѓубрена...
3. „Рожбата на гавранот му е убава на гавранот“ Црна е и мајката на сите бои. Црна е и најубавата рожба на школката. Црна е и постелата на океанот. Црн е и чаршафот на ноќта. Црн е и таванот на сите ѕвезди. Црн е и оџакот на сите огништа. Црн е и витезот на смртта. Црна е и предупредата на животот. И чумата е црна, стаена во црниот бунар. Ѕифт-црна е крвта во вените на земјата. Црница е името на оваа планета. Добредојде првородено мое, зачнато во најдалечната црна космичка дупка, испилено во најцрната црна корија. Да ми ти е бистро окото. Да ми ти е остро клунчето.
На Јехуда Амихај (1924-2000)
Дури копаат темели за мојот нов дом, стенка ѕевгарот на мислата, окото ко рало ми запина, ора по твоите стихови, потскокнува по нивниот див мир. Дури црпат ненадејна вода од темелите, фрлам ноќници во длабокиот вир на твојата песна преполн јадри зборови што небаре левијатани ме гледаат подмолно од мастилава темнина... Дури клаваат курбан крвава глава од брав, со волчја смерност се војвам околу трлото и го демнам твоето намножено стадо зборови чии клопотарци ѕвонат до длабоко во ноќта... Дури пеат весело мистрии и тесли, го дерам руното од твоите зборови, ја чистам острата козина на стихот, се хранам со топлата утроба на строфата. Дури пуштаат висок по ѕидовите, го мерам ритмот на твојата мудрост, тежината на љубовта што истекла од тебе и топлината што навлегла во секој звук... Чатија дури креваат со заумни благослови и песна што допира отаде сферите, се прашувам како да го сместам твојот семир во мојот стих што претесен е да го прими. Градба. Дури тие ја градеа мојата, јас ја разградував твојата.
32. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО: Зоран Анчевски
A Triptych for the Crow
For Ted Hughes (1930-1999) (Dedicated to his dedications)
A: “Follow a crow and you will find carrion“ The road is hard through this flock of mountains with views that lie in ambush like bandits at every turn, their merciless gaze awaiting behind each rock and crag in silence unbroken by birdsong, the air as still as stone. The herbs are wilting fear as their roots withdraw. Something black struts along the road its beak a blood-stained knife that drips and shines in the morning sun. In its claws it grips the ragged corpse of a rabbit with its stomach ripped open. Steam rises from the viscera exposed to the chill morning air and the black pearls nestled above the beak dart up and eye me with scorn― ‘Pass by! Walk on, early traveller! You have nothing,’ they seem to tell me ‘To do with this kingdom of death.’ B: “When the wolf grows old, the crows sit on his back“
Во Сан Франциско, 1978 г.
I see my grandfather in the ravine at the far end of the vineyard, below a slope overgrown with oak brush, waving his sickle and yelling. By his side there lies a bundle of mangy thin grey fur— an ancient wolf that’s barely alive with a bloody well for an eye. A few steps from the wolf three crows spread their wings and clack their beaks ‘What are you doing in this kingdom of ours? Don’t you know that all that belongs to us must come to us alone?’ The sickle rises in defence of old age but stops in mid-air above the black banner of wings waving in the sharp draught in the ravine. ‘Get out of here!’ the old man yells ‘You spawn of the blackest devil!’ and turns away cursing to climb the slope— away from the awful howl of pain that freezes even the underground streams oozing repulsive spring.
23
C. “The crow’s nestlings look beautiful to the Crow“ Black is the mother of every colour. Black is the most precious offspring of the shell. Black is the bed of the ocean. Black is the sheet of the night. Black is the ceiling of all the stars. Black is the chimney of hearths. Black is the knight of death. Black is the premonition of life. The plague is black, lurking from its black well. Tar-black is the blood in the veins of the earth. Black Turf is the name of this planet. Welcome my firstborn child, engendered in the deepest black cosmic hole, hatched in the blackest of all Black Forests. May your eyes be clear, your beak be resolute, your claws be sharp, your feather be lustrous, your wing be mighty know not of mercy, of sorrow, of forgiveness, of conscience for yours is the air and all that flies in it, yours is the earth and all that crawls upon it, for yours is life, death the whole world is yours. Go.
32. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО: Зоран Анчевски
24
Цветот и гласот
Според ехото на нарцисот што го слушнав како цвета во градината
1. Нарцис Убав до неподносливост, заљубен во себеси до смрт, непријател на необичното, атентатор на различното, за Другото не сака да чуе. Себе (за себеси) стапица се поставил, ја понудил понадата: издлабил Вир и поставил примка – сопствената (с)лика во него ја чека и кога ќе се јави „Те сакам“, ѝ вели. 2. Ехо Попусто Ехо ечи, таа не знае за слика, ами само за збор што не е нејзин. Не ја држи место на Другото збор му дава и јачи скршена од љубов по Еден неосетлив наркотичен сон.
Таа зборот негов го прифаќа, во неа жар и маја фаќа а до него не стига – сал му се враќа – ѝ се враќа во болка ја гуши „Те сакам, акам, аммм...“ Во камен во сура карпа ја суши – а не ја руши. 3. Тој и таа „Кој е тука?“ „Тука...!“ „Зошто ми бегаш?“ „Ми бегаш...!“ „Треба заедно да сме.“ „Едно да сме...!“ „Ќе умрам, ама нема да ме имаш!“ „Да ме имаш, да ме имаш...!“ И така до крајот: тој удавен во сопствената слика а таа во глас што сликата скаменето ја враќа, (праќа?)
The Soul of My Father Душата на татко ми
На Ј. А. (1930 – 2014)
О татко, душата ти е сега летало од проѕирна хартија со долга опашка од весници, внимателно сплетена и потоа растегната како радосна хармоника,
For J. A. (1930–2014)
Oh, father, your soul’s now a kite made of bright cellophane, with a long newspaper tail carefully pleated and stretched like a happy accordion.
за бистрооките ангели поседнати врз облаците помно да ги читаат отсечоците од твојот живот и да ти судат за сторените грешки или да ти бакнуваат рака за сторените добрини.
The clever-eyed angels sitting on a cloud’s rim, their thin legs dangling, now carefully assemble the puzzle of your life, judging your wrongs, or kissing your hand for the alms you selflessly gave.
Задушница, 2015
All Souls’ Day, 2015
32. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО: Зоран Анчевски
The Flower and the Voice
According to the echo of a narcissus I heard blossoming in my garden
1. Narcissus Unbearably handsome, he fell in love with himself An enemy to the unusual, an assassin of the different, he had no time for the Other He set his self as bait for himself, offered the offering, set the snare, and threw himself down by the edge of a pond to see his own image reflected there rising up to the words ‘I love you’
25
the word unto the Other and can only sigh with love for a senseless narcotic dream. She takes his word inside herself. It thrives and catches flame but never reaches Him— ‘I love you’ ‘I love you’ forever returns from him to her until she burns in pain and finds that love has dried her voice and worn her down to rock that can never be broken— but can only reflect. 3.
‘Who’s here?’ ‘Here…’ ‘Why do you shun me?’ ‘Do you shun me…?’ ‘We must join one another!’ ‘Join one another…’ ‘I’d rather die than you should have me!’ ‘Have me, have me…!’
2. Echo
And so on and so on until he dies, drowned in his own self image, leaving her lost in the voice the image rejects (sends?).
Echo pines and moans in vain knowing nothing of the image but only the word— the word that is not hers. Restlessly she offers up
Mist
Магла
Him and Her
За Амир Ор
For Amir Or
Маглата не може да ја развее ни клетва, ни молитва. Тоа реката поти морничави утра. Во очите го нема зракот што рие и се насладува на секоја трепетна слика. Нема кој да ти каже што е напред, а што назад. Знаеш одамна да одиш, но чекориш потамина во оваа средна земја: ни горна, ни долна. Си мислиш: земјата што ја напуштив беше поарна, нештата си имаа име на показ – патиштата свои патокази, домот свои приказни.
Neither curse nor prayer can disperse the mist. The river steams, sweats ominous mornings. Eyes are glazed, vacant, uncomprehending, that once delighted in every fluttering image. There’s no one to say what’s ahead or behind. A seasoned walker, you now tread blindly through mid-country, with no way up or down, thinking as you go: the land I left is better, things there at least have something to show – the roads have their signs, homes their stories.
Чекорот го мериш со препки врз голиот камен во кој е врежана историјата на секој човечки пад. Со кандило го бараш денот во себе што ти коткаше одлучна мисла. Се кошкаш самиот со себе и пелтечиш загубени птици чиј продорен крик ја реже реско маглата од оваа загадочна небесна пантомима.
The naked stone measures your stumbling steps, adding them to the history of every human fall. You raise a lantern to the day inside you, that once stirred a thought resolute and whole. You elbow yourself and stammer a shrill cry, like a lost bird sounding through slabs of mist in this mysterious celestial pantomime.
Јамуна, Агра, Индија, 2013
Jamuna, Agra,
India, 2013
32. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО: Зоран Анчевски
26
Опстанок
Survival
Откако секоја можност за иднина во сегашноста ќе ја исцрпиме и отфрлиме како празна черупка употребена гумичка поаѓаме во потрага по замена на себеси
Having exhausted every possibility of any future at this time rejecting it like an empty shell like a used rubber we set off in search of a surrogate self
Но минатото е јарем со кој никако да се справиме апсолутна контроверза цивилизациски изум за единство на погледи канализирање мисли и миење мозоци – биолошка потреба на ѕевгарот
But the past is a yoke impossible to deal with an absolute controversy a civilized invention to unify views to channel thoughts and wash brains— a biological need of oxen
Минатото е мртов цитат препис стрвина врз која се нафрламе како мршојади тегнејќи секој свое парче уплашени да не се изгубиме себеси да не ни поцрнат белите крвни зрнца виделцето да не ни пресуши и окотот да не ни пцовиса
The past is a dead quote a transcript a carrion we devour like vultures each tugging at its own piece scared lest we lose ourselves lest our corpuscles blacken lest our sight desiccate and our brood perish
Секоја можност е исцрпена хероите уморни десеткувани потрагата јалова Молкум Потајум си се повклекуваме во кожинката наша во чаурата ни за трајна хибернација
Every possibility is exhausted the heroes are weary decimated the search unavailing Silently Covertly we retreat into the shadow of our skins into our cocoon for permanent hibernation На фестивал во Мастрихт (Холандија)
32. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО: Зоран Анчевски
Between Ttwo Worlds
Меѓу два света
27
(interim, interregnum 1990)
(interim, interregnum 1990)
Скитнати меѓу два света еден мртов – другиот немоќен да се роди ни чело ни тил имаме
Lost between two worlds one dead, the other incapable of being born with neither brow nor nape
Толку малку мозок ни остана per capita толку малку разум во предел од сури спили и сушни години
So little brain is left per capita so little sense in this domain of ragged crags and years of drought
Без чело а на чело со евнуси и ситни души Рече некој: „Ахеронт е пред нас“ – длабок ко живот Ноќиме во логор од некои претходни бедници полн брбушки и живин отпад и секој зачмаен во групниот грев го чекаме Бродарот без пари да не пренесе преку до брегот маглив до целта надежна до Спасот што пропаст е крајна до Крајот што светиот Спас ни е не е е ? ! .
Headless but at the head eunuchs and petty minds Someone said: Acheron’s ahead, as deep as life We sleep the night in the camp of previous wretches full of sheep-droppings and mercurial waste We wait for the ferryman to ferry us across for free to the misty shore that end of our hopes to Salvation the final fall
1. Жерав
4. Ibis
Чунки совршен бел чун сочинет од чудни чинки – жив мрамор врз одливот:
Like a slender white sail made of an ancient spell – the living marble in mud:
жерав, со трпелива желба вежбана милион години, чека ли чека прилив.
an ibis, with patience practised over millions of years, wading and waiting for prey.
Чиниш дека в час сал сенка станал што дробни риби ја бараат за почин,
In what seems an instant it turns to a shadow, luring the unsuspecting to rest –
за тогаш да стрелне ко ровја, да клукне мал залак што го голта в миг
and then it darts, lightning-fast, pecking its catch, gulping it down at once,
и пак мрамор да се стори.
when it turns to marble again.
Тотада, 2016
To the end that our Salvation is or is not is ? ! .
Totada, 2016
Кога пишувам...
When I Write…
Кога пишувам за пролетта патувам по поле послано со отклучени насмевки и степенот на омраза кон непријателите на мојот народ нагло се смалува
When I write about spring I cross a field of unlocked smiles and my hate for the enemies of my people suddenly loses its bite
Кога пишувам за летото удира крупен град врз кожата на воениот барабан а гајдата на полето пишти исплашено над насобраната летина што ни птиците не ќе ја колваат
When I write about summer hail breaks from nowhere and dances to the tunes of war drums as the bagpipes wail in the fields about the unharvested crop that even the birds resent
Кога пишувам за есента солзи капат од крилјата на птиците здурнати во краен егзил а внатрешниот непријател на мојот народ се подготвува за зимска офанзива за да го одложи сонот на мечките
When I write about autumn tears drip from the wings of the birds rushing into permanent exile as the inner enemies of my people prepare for a winter offensive that will delay the slumber of the bears
Кога пишувам за зимата небаре излегувам по весник и цигари го оставам последниот зрак од денот како бакшиш и исчезнувам засекогаш отаде границите на ноќта во ново постоење што жедно ќе ја вдишува пролетта
When I write about winter I feel like going out to buy cigarettes to receive the last sunbeam instead of small change and disappear forever beyond the borders of night into some new existence that thirstily breathes in spring
Диви коњи
Wild Horses
За слободоумните
Дивите коњи не носат пораки по крвавите воени врвици, туку гордо бодинаат вон битките, ги презираат наконтените витези сосе амблемите на бојните штитови и симболите на барјаците и шлемовите, подоко ги гледаат разгалените дами што со шамивчиња ги поздравуваат мртвите...
Wild horses don’t carry messages on the blood-stained paths of war, but gallop proudly beyond battles, despising the haughty knights, the emblems on their shields, the symbols on flags and helmets – they’re scornful of spoiled ladies waving silk scarves in greeting the dead...
Дивите коњи ги чека прегратката на зајдисонцето и меката Кумова слама спрострена во Елисејските квечерини по која со смирен галоп и лесна прелест ја изведуваат својата велелепна небесна пантомима: сеат дробни ѕвезди од копитата, веат млечни патишта од гривите што ја испишуваат историјата на ветерот врз пасмото на мрачната вселена и подбивно ги гледаат војните од крстопатите на соѕвездијата.
Wild horses yearn sunset’s embrace and the softness of the Straw Way stretching to an Elysian twilight – they canter lightly, steady paced, to perform their masterful celestial pantomime: their hooves spark with tiny stars, the Milky Way unfurls from their manes weaving the history of the wind on the loom of a dark universe – they look down on wars from the crossroads of constellations.
Бистра, 2015
For the free-minded
Mt Bistra, 2015
Небесна пантомима
На душата
„Моли се за мене сега и во часот на моето раѓање“ Според Т. С. Елиот Само ти, душо моја, умееше да се справиш со острите копја на моите зборови и со скипнатата тежина на угарот во мене. Сега твоето тврдокорно отсуство ме пронижува како лист ситен тутун што се суши на скржаво есенско сонце. Домот ми е премал за чекорите чија упорност ги заокружува аглите и ги населува со топли леи од ветувања.
Со Тед Хјуз на СВП, 1994 г.
Celestial Pantomime
To the soul
Се претворам во млечен прав што по вторпат се таложи во темелите од древна црква во текот на еден човечки живот.
“Pray for us now and in the hour of our birth.” T. S. Eliot, “Animula”
Но друг спомен освен за тебе, душо, немам. Талкам од еден крај до друг крај на сопствената пустина без оази –
Only you, my soul, knew how to handle the sharp spears of my words, the sifted weight of the barren field in me.
ги бројам убавите денови закачени на оптегнат сончев лак од скудно лето што не дозволува мигови на каење
Now your obstinate absence strings me like a scrawny tobbacco leaf drying in the stingy autumn sun.
во привидот на овој живот што како сидро се спуштил на дното од една бескрајна небесна пантомима
My home is too small for the steps whose persistence rounds its corners, inhabiting them with seedbeds of promises.
и спокојно го чекам моето ново раѓање.
I turn into the milky dust that settles in the foundations of an ancient church for the second time in a human life. But I have no other memory of you, my soul. I wander the breadth of my desert without a sheltering oasis – I count the pleasant days hung on a thin sunbeam in this poor summer that denies even a moment’s regret in the illusion of this life that’s anchored at the bottom of an endless celestial pantomime waiting complacently for my second birth.
На Фестивалот во Тајван со поетот Гуанг Гуанг
32. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО: Зоран Анчевски
30
1. Конаци на духот
1. Lodgings of the Spirit
За Ронче
For Ronche
Ако реката можела со тврдоглава упорност да издлаби корито за својот тек низ времето, зошто духот не би можел да издлаби колевка за своето раѓање во каменот?
If the river can shape a bed through time with stubborn, unwavering persistence, why shouldn’t the spirit chisel a cradle for its birth in limestone?
Порозно е времето на животот човечки. Минуваме низ него како низ скршено огледало во кое плотта се ломи во недоглед и запираме во полумрак во кој се множат еха.
Time is porous for the living: a shattered mirror through which we pass, our body broken infinitely small, stopping in dimness where echoes multiply.
Сенките ријат во неподвижниот танц на боговите смраморени во вечна екстаза. Телата, снеможени, се трошат во своето прабитие наталожено ко прашина од древни ѕвезди што ја вее нов космички ветер.
Shadows burrow in the dance of gods petrified in eternal ecstasy, feeble bodies crumbling, sifting through time in drifts, like the dust of dead stars swept by cosmic wind.
Жедта е неопходна за такво патување. Секој чекор го мериме со пролеана голтка пот. Зракот сончев е небесен камшик што шиба по плеќите на земјата и отвора распукани рани.
Thirst is necessary on such journeys. Every step is measured with a sip of heavy sweat. The sun’s rays become whips that lash the hump-backed earth, opening new wounds.
Реката скипнала и се свила во пуста потковица, Над неа храмови изделкани од благослови и мантри. Каменот е единствен облик на мирот. Толку ладен, а од топлина создаден.
The river is sunken, curled into a horseshoe. Above it – temples, chiselled with blessings and mantras. Stone reflects the shape of peace – cold, immutable, yet born of fire,
Во него е вплотена визијата за светот.
embodying the vision of the world.
Пештерските храмови во Аџанта и Елора, 2016
The cave temples in Ajanta and Ellora, 2016
(Од „Индиски рапсодии“)
(From “Indian Rhapsodies”)
Поплака на стариот воин
(сонет во слободен стих)
The Lament of the Ancient Warrior (a sonnet in free verse)
Време е од мечовите да исковаме плугови, од преживеаните фаланги да направиме орачи, да засукаме ракави и за работа да се фатиме што носи леб и пород, а не смрт и слава.
It’s time to forge ploughs from swords, make plowmen of the surviving phalanxes, roll up our sleeves for the work at hand: bread and offspring, not death and glory.
Да го оставиме лакот заспан, а плуг да стегнеме в рака, не коњ да бодинаме, ами ѕевгар по бразда да тераме. Не поснопица луѓе да правиме по полиња бојни, туку по слогови родни снопје жито да врзуваме.
Let the bow slacken, keep the plough straight, instead of spurring steads prod the slow oxen, instead of reaping bodies on the battlefield harvest the scattered fields of wheat and corn.
Само така благослов ќе сретнеме на широкиот пат по кој треба да се тргне без делби и празни фалби кога светлината изгрева една за сите, се шири и брзга ко шурка брашно под каменот мелнички.
And so we’ll be blessed on the wide road, travelling without division or vain praise, the morning light shining generously for all, spreading like flour from a radiant millstone.
Земјата ја помни крвта што ја тера во плач да се гуши, но со радост го чека ралото, за песна да ѝ отвори душа.
The earth remembers and weeps spilt blood, but welcomes the plough that opens it to song
32. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО: Зоран Анчевски
31
Силна песна
Strong Song
На Т. Транстромер (1931 – 2015)
For Tomas Tranströmer (1931 – 2015)
Исковавме ѕвездена ноќ за твојата жизнена соната отсвирена со лева рака пред будното око на ангелот од Св. Софија.
We forged and rivetted a night with stars for your lively, left-handed piano sonata which bewildered the pale angel in St Sofia.
Испиливме ден за ластовици што ќе ти го летаат ликот сѐ до квечерината навезена врз езерото со свилен конец.
We hatched a blue day for the swallows that would carry your image until evening, over the lake embroidered with silken threads.
Изнедривме жубор-река што ќе нѐ потсетува дека и ние сме сал гола вода заробена во малку прав и време.
We presented a warbling river to remind us that we are also naked and pristine water imprisoned in a body of dust and time.
Сега и нам рокот на траење ни мина, а нема поколение што ќе го разбере будното око на ангелот,
We have already outlived our use-by date, but there’s not a generation in sight to understand the look in the angel’s eye,
што ќе се вклопи во созвучјето на птичјите крилја и ќе го прочита жуборливиот тек на говорот со болскотен сјај на твојата ненадејна ‒ силна песна.
to embrace the harmony of birds’ wings, to appreciate the current of your speech that springs from your strong song.
2016
На СВП со Јехуда Амихај, Петре Бакевски и Гане Тодоровски, 1995 г.
Ноќна куќа 1
(сонет во слободен стих)
Night House 1
(a sonnet in free verse)
Чавките под чатијата од оваа куќа се единствени природни наследници на темнината од таванот под кој со децении се слушал тешкиот чекор на блажените жени
Jackdaws stirring in the roof of this house are the natural heirs of the darkness there, but echoes still sound in the rooms below: shawled, heavy women walking in clogs,
и плачот од радости и таги, раѓања и умирања. Сега во неа се јаде мувлосан леб на отсуството. Портата ѝ е замандалена со црни клетви и прекори, плитарите во ѕидот зјаат разјадени од стршлени.
their muffled weeping at births and burials. The green bread of absence waits on the table, the gate is latched with curses and spells, relentless wasps crack the mudbricks walls.
Бршлен од густо сплетен мрак ѝ ги покрива очите, ѝ ги руши гнездата на утринската птичја смеа. Самотијата е врзана пред неа на ’рѓосан синџир и како празно котле од кое одамна испарила надежта,
Ivy woven from shadows covers the windows, claims the door, crumbles the swallow’s nest. A rusty chain hangs from the chimney’s neck, the blackened pot forgotten in the hearth
го плаши породот кој уште нероден си заминува отаде високите предели на пролетта со млечен снег.
frightens away generations yet to be born – they fly to high spring shedding its milky snow.
Брајчино, Преспа, 2013
Brajchino, Prespa, 2013
32. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО: Зоран Анчевски
32
Ноќна куќа 2
Night House 2
(Куќата на Чаловци во Галичник) На Тодор Чаловски (1945–2015)
(The House of Chalovski’s in Galichnik) For Todor Chalovski (1945–2015)
Во источниот прозорец се шири мало вирче голуждрави зраци од кое би штедро да пивнат и лакомите духови на куќата.
A small pool of fledgling rays rises in the eastern window from which the thirsty ghosts of the house would keenly drink.
Во јужниот прозорец се вие раскошно пролетно виножито што ги таложи звуците на свадбите и населува ден со кралски пеперуги.
High on the sounds of weddings, a splendid spring rainbow unfurls in the southern window, shares the day with royal butterflies.
Во западниот прозорец се свива далечната песна на жетварите кои во своите вагани лук и оцет дробат залаци зрели сонца.
A distant song of the harvesters curls in the western window – they crumble morsels of ripe sun in bowls full of water and vinegar.
Северниот прозорец страда од височини и снежно слепило: секоја зима му баеме од чинки и му ги заѕидуваме очите.
The northern window suffers from heights and snow-blindness: each winter we cast a favourable spell and seal its eyes with stones. Галичник, 2009
Galichnik, 2009
Зората доаѓа
Dawn Comes
На В. С. Мервин
For W. S. Merwin
Зората доаѓа како име изговорено за првпат. Но и тоа треба да се земе со доза на сомнеж, оти напролет го изговараат многу усти со различен зимски мирис на здивот.
Dawn: a name spoken for the first time, to be taken with a grain of suspicion – many mouths utter it in spring, each with its own breath smelling of winter.
Зората може да мириса на благовест проследена со срамежлива смеа на ангелот пред чудото што треба да се случи на земјата за да ја запре големата загуба од човечки души.
Dawn: the smell of pure annunciation, followed by the shy giggling of an angel, and this before the earthly miracle that prevents the loss of countless souls.
Зората може да мириса и на блага проповед од устата на поетот во која се котка нов јазик и од небесните очи во кои му цветаат нови билки за чие именување немаме никакво упатство.
Dawn: the smell of a sweet sermon from a poet mouthing a new language, from celestial eyes blooming with new herbs for whose naming we lack instructions.
Зората може да мириса и на грда клетва што руното на белото јагне го прави црно, божем задоцнета зимска ноќ послана како јамболија врз напукнато уво на камбана.
Dawn: the smell also of a foul curse that dyes the fleece of young lambs black, after the winter night has spread its woollen cloak over the churchbell’s cracked ear.
Зората може да мириса и на крупно прашање за нешто што сите добро го знаеме и уважуваме, но одговорот на него се раѓа како сув глогов трн што дури и срцето на ѓаволот го има за презир.
Dawn: the smell of a cosmic question about something we all know and cherish, whose answer’s like the dry hawthorn that even the devil’s heart scornfully rejects.
Зората може да мириса и на мошусна роза што цвета само во мудри градини во кои животот не е претворен во испукана почва, туку првка ко голуждрава птица при прв лет.
Dawn: the smell of the early musk rose that blooms only in the garden of the wise, where life’s not like impoverished soil, but a fledgling about to flutter in flight.
Зората доаѓа...
Dawn comes...
32. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО: Зоран Анчевски
33
НЕОБЈАВЕНИ ПЕСНИ (ARS POETICA)
Песна – жив оган Зборовите Не можам да се откажам од моето вечно ‘јас’ – поезијата. – Мацуо Башо, 17. в.
Ретко јазикот ти се подавал ко верна љубов кога требало рамномерно да ги распоредиш слоговите тишина во глувите агли од куќата. Напати зборовите си ги сеќавал ко меќава од лути снегулки што одбивале да се пластат во совршен ред врз петолинија со празни ноти. Другипати, пак, ти биле ко тешки грамади што не можеле да појдат божем степски номади кон меките долини со диви коњи од значење. Честопати мачно се провирале низ ушето од тенка игла што секогаш чезнеела да навезе чеиз од ленено платно со сите годишни доби. Понекогаш ко гулаби-лепезани се кревале високо во синиот недоглед и стрмоглаво се спуштале за да се спојат страсно со својата сува сенка на земјата. Еднаш чекореле ситно по ретка калдрма оковани со тешки пранги и букагии, а другпат првкале радосно ко витки нозе на страсна Менада...
Тој што те создал го украл огнот од боговите. За нас – туѓинец, паганин, за тебе – родител чиј крик замрзнал во густите кавкаски глечери што ќе се стопат за некои идни поколенија. Сите стари спомени ти се божем појни птици родени од пепел што мириса на јоргован и смил. Но адресата што си ја пренесувала од колено на колено не е иста – се сменила, постои ли? Сама си како сломен човечки глас в пустина – тој најтажен од сите создадени инструменти, но и искра од звук што ко зрнце песок се тркала и во својот поход собира други на себе слични: тие од допирот се жарат, за потем да пламнат и со вулканска страст и порив да создадат нови острови во океанот од модар молк.
Песна – леден брег Со еден врв како со сјајна кикиришка се перчиш по големото синило. Три четвртини од значењето криеш вешто, за поарни времиња и похрабри погледи. Никој не може да те измери, де се топиш де мрзнеш, катаден – никој да те гушне и билото да ти го сети – ја го било, ја не го било: Самотно лунѕаш по маглишта и цибрини.
Зборовите немаат свој век и рок на траење. Тие живеат во куќи без прозорци и покриви, та катаноќ сонуваат дека се севезден будни
Сме ги галеле зборовите што биле со нас, но ти си недофатна – се топиш на допир и се претвораш во студена струја што ни ја ѕемне плотната кал до несон.
и пред зори, ко ѕвезди, поаѓаат на неизвесен пат, исплетен од пусии, привиди и авантури, за да научат како да не се свртат назад и пак да ја побараат постелата на молкот покриена со кревки пеперуги.
Ти ни младост имаш, ни старост – ами ко бел кит се војваш низ нив, пловиш низ темното, акаш низ древното, нѐ тераш напамет да ти ја учиме трагата. Од ум нѐ вадиш. Од сон. Од јаве. И сѐ така: ние по тебе, а ти по нас.
34
КРИТИКАТА ЗА ЗОРАН АНЧЕВСКИ Зоран Анчевски (1954) е поет, есеист, литературен преведувач и професор по англо-американска литература. Своето образование го стекнал во Македонија и во САД. Досега ги има објавено стихозбирките Патувања низ скршени слики (1984), Стратегија на поразот (1994), Линија на отпорот (1998), Превод на мртвите (2000) Див мир (2004), Избрани песни (2008, на македонски и на англиски јазик), Историја на ветрот, (2009), Небесна пантомима (2018) како и обемната критичко-теоретска студија За традицијата (2007). Автор е, приредувач и уредник на голем број поетски антологии, избори и прозни дела на врвни светски автори на македонски јазик. Резултат на неговата преведувачка и уредувачка активност се и трите антологии објавени на англиски јазик: две на современа македонска поезија и една на куса современа македонска проза. Исто така има објавено голем број есеи и статии од доменот на литературата, културата и преводот во разни списанија во земјата и во странство. Учествувал на бојни меѓународни поетски фестивали, конгреси и семинари и раководел со поетски и преведувачки работилници. За своето творештво ја има добиено наградата „Студентски збор“, за најдобра дебитантска книга (1985), „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу две СВП (2018) и престижното меѓународно признание за поезија „Ѓакомо Леопарди“ (Реканати, Италија, 2004). За својата преведувачка дејност ја има добиено наградата „Григор Прличев“ на Друштвото на литературни преведувачи (2001). Член е на ДПМ и на Македонскиот ПЕН центар, чиј секретар бил во два наврата, а сега е негов актуелен претседател. Од 2003-2007 година бил претседател на Управниот одбор на меѓународниот фестивал „Струшки вечери на поезијата“, а сега е член на Уметничкиот совет на фестивалот. Книжевното творештво на овој сестран и плоден деец несомнено остава незаборавен белег во историјата на македонската поезија, со што Анчевски заслужено станува природен наследник на големите поети како Шопов, Конески, Јанески и Ѓузел. Неговиот поетски свет е истовремено интимен и универзален: тој е длабоко промислен и учен, искажан низ призма на личното, но и преку дијалог со светската книжевна мисла. Напнатоста на дихотомијата традиција/иновација е честа одлика на неговите стихови, искажана преку лирски јазик во кој наследството на македонскиот јазик наоѓа нов, свеж, и длабоко сликовит израз. Критиката недвосмислено ќе покаже дека Зоран Анчевски е еден од носечките фигури на современата македонска поезија. Дека тој се вбројува во звучните имиња на современата македонска поезија уште при појавата на неговата дебитантска збирка Патување низ скршени слики потврдува и критичарот Атанас Вангелов во својот предговор кон оваа стихозбирка, чија спротивставеност од свежост од една, но и зрелост, од друга страна, сè уште е реткост во македонската поезија триесет и пет години
32. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО: Зоран Анчевски На Астални проекции, 2017 г.
подоцна: „Зоран Анчевски пишува одмерено, здржано, без карактеристичниот младешки полет, во некоја рака изразито рационално. Треба веднаш да се каже дека тоа не се знаци на недостиг од персоналитет, ами многу повеќе, сведоштво за постигната зрелост и свест за овладување на лирската материја“ (Вангелов, 1984). Вангелов не изостанува да го спомене сложениот поетски контекст на времето во која се појавила оваа збирка на Анчевски: „Книгата Патување низ скршени слики од поетот дебитант Зоран Анчевски, настанува во една таква компликувана, умножена, многугласна и, ако сакате, брутална лирска атмосфера. И за него веќе не се постава прашањето ‘јас и светот’, ами превосходно прашањето ‘јас во светот’, и тоа токму во овој свет, зашто кај него не може да се насети алузија оти верува во друг свет, подобар или полош – сеедно.“ (Вангелов, 1984) Лирската меланхолија, која се чини е константа и низ преостанатите збирки во творечкиот опус на Анчевски, Вангелов ја препознава во оваа збирка, повторно ставајќи ја во контекст со тековните поетски струи и тврдејќи дека е „некарактеристична како лирска поезија за најголем број млади поети од сегашната македонска поезија“ (Вангелов, 1984). Уште од оваа поетска збирка во поетиката на Анчевски се навестува неговиот дијалог со англо-американските модернисти, како и критичкото продолжување на традицијата во македонската лирика – па така Вангелов забележува дека дел од насоките во неговата поезија наоѓаат корен во имажизмот, но и дека поетиката се приближува до онаа на Богомил Ѓузел, при што заклучува дека Анчевски е „упатен во нашата актуелна лирска ситуација“ (Вангелов, 1984). Оваа интертекстуална постапка на таканаречена „упатеност“, т.е. ерудитско познавање на сопствената и туѓите поетски традиции, како и тенденција на нејзино преиспитување и реконтекстуализирање е основната точка на која се осврнува и Венко Андоновски во својот поговор кон Стратегија на поразот, дефинирајќи го Анчевски како постмодернист кој „посегнува по ‘празните цитати’ од минатото“ (Андоновски, 1994). Дискутирајќи го поетското писмо на Анчевски како типично за постмодернистичкиот дискурс, Андоновски вели дека
32. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО: Зоран Анчевски
поезијата на Анчевски постои „семиотичка егзалтација, која на крајот се претвора во семиотичка резигнација, во радикална скепса во потенцијата на означителските системи“ што на крајот кулминира во чувство на несигурност и „разнишаност на монологичноста на дискурсот“ (Андоновски, 1994). И во својата критичка белешка кон Превод на мртвите Андоновски ја истакнува преобмислениот дијалог со минатото и традицијата карактеристична за поезијата на Анчевски: „Поезија која не стои спроти светот како Бог, како врвен принцип кому сѐ му е јасно, затоа што е создател на јасното: поезија која е на „ти“ со светот, која полемизира, расправа, прашува и неретко, дава одговори со вкус на цинизам и иронија; поезија која ги открива цивилизациските шевови, која ги отвора фистулите и флоскулите на културата, која без респект и пардон, а со нагласена лиричност го пополнува палимпсестот на Претходникот, на текстот од Вчера и големото Одамна…“ (Андоновски, 2000). Во својата рецензија кон Историја на ветрот, Влада Урошевиќ не изостанува да ја забележи комуникацијата меѓу минатото и сегашноста во поезијата на Анчевски. Споредувајќи го творештвото на Анчевски со неговите претходници, Урошевиќ тврди дека Анчевски го донел „ветрот на промените“ и на истите тие промени им дал „боја и звук“, наспроти „инсистирањето врз руралното минато, наспроти восхитот пред древноста на почвата и наспроти идентификацијата помеѓу личното и заедничкото“ (Урошевиќ, 2009). Осврнувајќи се на одност на Анчевски кон традицијата, проблематика во која Анчевски е добро упатен со оглед на неговото темелно, академско познавање на поетиката на Т. С. Елиот, Урошевиќ потцртува дека кај Анчевски силно се чувствува „потребата од модернизација и потребата од одржување на врска со традицијата“ (Урошевиќ, 2009). Следствено, Урошевиќ вели дека Анчевски води „креативен дијалог со традицијата... не со желба да го оспори она што пред него било кажано, туку да го дополни, или, на извесен начин да го прилагоди кон новите времиња“ (Урошевиќ, 2009). Ете на кој начин овааа поезија во својата основа ја носи свеста за промените: Со Греам и Пеги Рид и Тарик Елтајеб на СВП
35
според Урошевиќ, тоа се чита уште во насловниот симбол на стихозбирката: ветрот: „Вграден и во насловот на книгата, ветрот е постојано присутен елемент кој ги открива некои од клучните приницпи што управуваат со ‘пеењето и мислењето’ на овој творец“ (Урошевиќ, 2009). Но спротивно на принципот на промената кој овој ветар го симболизира стои и „приципот на рушителство, на насилен прекин на континуитетот, на бришење на традицијата“, па така ветрот кај Анчевски има двојна улога: „Напати е носител на обнова, напати е деструктивна сила која се втурнува кон обидите да се воспостават трајни вредности на една почва и во една култура“. (Урошевиќ, 2009) Оттаму Урошевиќ заклучува: „Примерот на Анчевски, согледан во рамките на развојот на македонската поезија од неколкуте последни децении, е, истовремено, приказна за обидот да се излезе од традицијата и за судбинската условеност да се остане, сепак, во нејзините граници, кои, притоа, постојано се шират“ (Урошевиќ, 2009). Дека поезијата на Анчевски е предизвик и дека за неа треба клуч посочува и Јулијана Младеновска-Тешија во својот осврт кон Небесна пантомима, збирката песни на Анчевски со најмногу критички текстови – што се должи од една страна на тоа што збирката ја доби престижната награда Браќа Миладиновци, но и од друга, на зрелоста и мудрата сложеност на оваа книга, како и на совршената структура и слоевитиот јазик на песните. Така, повикувајќи се на теориските предлошки за отсутното во јазикот (Дерида) како и она што е неименливо во јазикот (Бекет), Тешија го карактеризира поетското постоење во песните на Анчевски како „запрашано, заиграно, во постојана потрага по ново метафорично втемелување на јазикот и човекот кој веќе не е растргнат помеѓу жалта за старите и потрагата по нови вредности, туку оди горе во длабочините на небесното/духовното“ (МладеновскаТешија, 2019). Повикувајќи се на Дерида, таа вели „Лепливоста на неговите стихови упатува на идејата на Дерида: зборот е трага, разлика, неповторливост, неговото значење се открива дури кога е залепен, како различен, до другите зборови и така го открива своето значење из разликата, како треперење помеѓу присутоста и отсутноста“ (Младеновска-Тешија, 2019). Оттаму, таа поцртува дека „во неговата поезија алузивното и елузивното, зборот и неизговорливото, знакот и празнината, заминувањата и враќањето, се одвиваат паралелно. Враќањето е секогаш едно. Има призвук на смирение, ненадмината хармонија, недофатно синило“ (Младеновска-Тешија, 2019). Имајќи ја предвид семантичката повеќеслојност на поезијата на Анчевски и активната улога на читателот во неа, а тоа е улога на извесен одгатнувач и зналец, Младеновска-Тешија посочува на уште еден дијалог во оваа збирка: „...бидејќи неговата поезија е интеруметничка игра, сликовно-текстуална и текстуалносликовна, песните на Анчевски се отвораат пред нас како феномени кои од нас бараат дополнително поврзување на најмалку два медиуми кои најчесто ги восприемаме на различен начин, со окото (она сликовното) и со умот
32. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО: Зоран Анчевски
36
(она јазичното), инсистирајќи на саморефлексивност и деконструкција.“ Оттаму, Тешија заклучува дека „да се чита Анчевски е задача“ (Младеновска-Тешија, 2019). Изразената двојност за која зборува МладеновскаТешија ја забележува и Лидија Капушевска во текстот „Пет прошетки низ поетската шума на Зоран Анчевски“, па така, покрај синонимот за пеењето и творењето, покрај повикот за буквално или духовно патување, „ ‘небесна пантомима’ е оној поетски обратен свет, ‘mundus inversus’, кој опстојува наспроти, огледално (како одраз) или паралелно со стварносниот реален свет“ (Капушевска, 2018). Капушевска во структурата на оваа збирка – строга, обмислена, со речиси математички прецизна форма, со „нумеролошка симболика (три, еден, четири)“, чувствува тенденција на збирката „да го следи ритамот на дијалектиката на животот и смртта, или на денот и ноќта (во духот на назнаките на нашиот поет), но алудира и на моќта на песната да ги хармонизира спротивностите на човековото постоење, да ги измири противречностите помеѓу своето (сепството, домот) и туѓото (другоста) и да понуди мозаично осмислени стихови кои дури и синтагматски се созвучни со носечкиот амблем – ‘небесна пантомима’“ (Капушевска, 2018). Со сопружниците Амихај на СВП, 1995 г.
И покрај прецизната, длабоко осмислена структура на збирката, во песните провејува концептот на слободата не само во тематска смисла, туку и во формална, па така Капушевска подвлекува дека „Анчевски е заговорник на слободата и во поглед на изборот на темите на пеењето, како и на слободата на песната од формален аспект, па во таа смисла, во Небесна пантомима ќе сретнеме варијации на теми од една страна, а од друга, и песни и поеми и минијатури и сонети во слободен стих, како што нагласува самиот, како и скалест стих кој инсистира на просторноста на песната, на распоредот на зборовите, но и на белината, тишината помеѓу нив. Версификаторската слобода, заедно со слободната тематика, се, впрочем, општ топос во современата поезија“ (Капушевска, 2018). Интеретсктуалните подлошки кај Анчевски, или пак она што други критичари го гледаат како дијалот
со традицијата, Капушевска го нарекува „слобода на асоцијации“ и го издвојува како уште едно ниво каде што слободата се манифестира во оваа збирка – па така, таа „слобода на асоцијации“ всушност е „алузиите на омилените книжевни претци кои, не ретко, минале и низ преведувачкото перо на нашиот автор или дијалогот со други писма. Слобода дури и во користењето на исти наслови од типот на: „La vita nuova“ на Данте Алигиери или „Anabasis“ на Сен-Џон Перс“ (Капушевска, 2018). Просторот во Небесна пантомима на Анчевски за Младеновска-Тешија е повеќе мисловен отколку стварен: „Во аристотеловска смисла, тоа би значело дека топонимот кај Анчевски е само почетна референца на нешто стварно (град, село, куќа)... во текстот тој служи за едно поинакво градење на стварноста…“ (Младеновска-Тешија 2019) додека Капушевска во појавата на странскиот топос – Индија, гледа тенденција домот и туѓината да се искористат како спротиставени пунктови кои се дефинираат еден со друг: „ лирскиот субјект преку далечините го осмислува домот и обратно, преку домот – се промислува копнежот по далечниот свет“ (Капушевска, 2018). Конечно, Лидија Капушевска ја карактеризира песната во Небесна пантомима како „силна“ песна – алудирајќи, во стилот на самиот автор, на насловите на претходните песни на Анчевски, посебно во збирката Див мир: сериозна, ангажирана, дегажирана, неписмена, нова, адолесцентна и хендикепирана песна, до што на извесен начин ја истакнува Небесна пантомима во однос на својата поетска ефективност. Во „Стилска монолитност и творечки зенит“, Санде Стојчевски исто така ја истакнува ефективноста и зрелоста на Небесна пантомима: „Во овие песни „на ортома од пајажинки“ се нижат зборови од еден јазик што стасал до својата апсолутна зрелост, во нив нашиот поет ни се открива во својот творечки зенит, тука текстот се одвива така што „крајот на едно име е почеток на друго“, а мудриот говор и понесниот пев се наоѓаат во цврст творечки преграб“ (Стојчевски, 2019). Таму каде што Тешија гледаше мисловен наместо стварен простор, и таму каде што Капуешвска гледаше туѓ топос преку кој се дефинира својот, и обратно, Санде Стојчевски гледа универзалност: „Овие лирски бранови наидуваат од најразлични меридијани и се усогласуваат во хармоничен и мудар текст отпорен на корозија, затоа што не се потпираат на атрактивноста и на егзотиката на далечните (просторно и временски) култури, туку во стиховите од нив се досипува универзалното јадро, јатката во која се втиснала историската човечка драма“ (Стојчевски, 2019). Двојните нивоа во поезијата на Анчевски може да се толкува и низ појавата на контрастните слики или концепти-Тешија, на пример, потенцира дека „Анчевски ги доживува нештата вон вообичаените конвенции и контекст; неговите песни се полни со обрати и контрасти“ (Младеновска-Тешија, 2019). Стојчевски на сличен начин го забележува пројавата на навидум спротивставените нешта во оваа стихозбирка: „Песните
32. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО: Зоран Анчевски
во Небесна пантомима ги ставаат на проверка нашите првични впечатоци за вистинската природа на нештата, нè исправаат пред неочекувани претстави, осветлувајќи ги затскриените, сенести места на појавите, па така бидуваме замислени над кревкоста на навидум цврстите нешта, како каменот и почвата, на пример, од една, и цврстината на навидум кревките нешта, како светлината и зракот, од друга страна“ (Стојчевски, 2019). Како и Капушевска која во структурно строго обмислените песни на Анчевски исто така гледа извесна версификаторска слобода, така и Санде Стојчевски ја забележува ослободеноста на песните од својата строга форма, особено од римата, и покрај тоа што тие се испеани во сонетен облик, и тоа шекспировскиот и италијанскиот. И покрај земањето на извесна слобода во версификацијата, Стојчевски смета дека „сонетите кај Анчевски не се притивнати, не се оштетени од нивната еуфониска страна, бидејќи и покрај интервенцијата, тие и натаму звуковно се вибрантни, нив ги носи неспорен внатрешен ритам, проткаени се со суптилна интонациска мрежа, па наидуваат преку определен такт, во бранови, со збиени составки, омеѓени со запирки“ (Стојчевски, 2008). Конечно, имајќи ги сите овие карактеристики предвид, Стојчевски ја поставува стихозбирката во врвните дострели на македонската поезија: „Тоа е книга на мудри лирски реферати кои, меѓутоа, не се потпираат само на житејското искуство туку истовремено се целосно втемелени во еден беспрекорен увид во разновидноста, но пред сè во рангот на книжевното врховништво на сите периоди и култури“ (Стојчевски, 2019). „Нуркање во дребното“, уште еден осврт кон Небесна пантомима од Оливера Ќорвезироска има поинаков критички пристап: Ќорверзироска ги разгледува основите на поетиката на Анчевски – структурата, лексиката, тематиката, традицијата – но низ рамките на дребното, во кое „се скрило најважното.“ Иако таа потенцира дека формата на стихозбирката – поетската шема – е „крупна“ во својата организација и концепт, сепак ваквата совршена поставеност е нужна за читателот да ја има можноста да нурне во дребното: „Во совршен ред е целата поетска шема: организацијата на песните, циклусите, распоредот на песните во одделните циклуси“ (Ќорвезироска, 2018). Мајсторијата на Анчевски не е само во совршената поставеност на формите, во длабинското познавање на структурите која му ја дава можноста со нив да игра, да експериментира, да ги ослободува: кај Анчевски од особено значење е лексиката со која ги гради концептуалните контрасти карактеристични за неговата поетика. Па така, Ќорвезироска подвлекува една таква „поетска мајсторија“: „Поетската шема е блескаво затворена со истата синтагма од насловот – небесна пантомима, проширена со две придавки – жива и совршена. Но, само некој збор поназад од затворањето на поетската шема на книгава, налетуваме на синтагмата мозаик од надеж што е, всушност, скриена, имплицитна суштина на збиркава. Оваа поетска мајсторија на ист синтагматски почеток и крај, ја свртува најновата збирка
37
на Анчевски во беспрекорен круг, во поезија што се тркала низ и во животот“ (Ќорвезироска, 2018). Богатата, разноврсна и раскошна лексика која претставува извесно надворзување со традицијата на македонската поезија е една од основните карактеристики на поезијата на Анчевски – но Ќорвезироска забележува една друга тактика кај поетот: „Создавањето илузија дека некој збор е доминантен во точно зададен контекст е напредно ниво на творечка стратегија и го сметам за голема вештина...“ – тука Ќорвезироска го зема за пример зборот „привид“, кој е употребен само шест пати во стихозбирката. За оваа вештина Ќорвезироска ќе забележи: „Се работи за прикриена poeta doctus-постапка при која однапред определен збор што не е употребен најголем број пати во текстот, завладува со другите зборови и со текстот во целина“ (Ќорвезироска, 2018). И Оливера Ќорвезироска ја подвлекува врската на Анчевски со традицијата: според неа, тој припаѓа на светската традиција, но со тоа ја проширува македонската традиционална поетска школа. Во поезијата на Анчевски се судираат туѓото и нашето: „Неговото пеење е бучно, бујно и вртложно, со слапови, повеќегласно, хорско, со контролирани и синхронизирани гласови на овде и таму, на тука и негде, на сега и некогаш, на дарба и знаење, на обраќање и реферирање, со сенки од светската, ‘туѓата’ поезија издолжени во нашиот, мајчиниот јазик“ (Ќорвезироска, 2018). Конечно, Санде Стојчевски во својот општ осврт кон поезијата на Анчевски прецизно опишува една од одредувачките карактеристики на поезијата на Анчевски: „Таа знае да започне со благ лирски напев и наеднаш, крајно неочекувано, да ве внесе во сосема збунувачки ирониски продолжеток“ – поезија за која е потребен читател кој нема да се препушти на текстот по старата читателска навика (Стојчевски, 2008). А за поетот, тој вели: „Се покажува дека во лицето на Зоран Анчевски македонската литература има информиран, образован, љубопитен и темелито посветен поет кој ја пее и низ певот непрекинато ја посматра, ја коментира и ја промислува сопствената песна. Лиричар кој не допушта меки тонови, разводенетост и кревки изјави и чувства, туку певот го армира со ведрина, со иронија и самоиронија, со недвосмислено не на стереотипното и неотпорното“ (Стојчевски, 2008). Румена Бужаровска
32. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО: Зоран Анчевски
38
Библиографија: 1. Од Зоран Анчевски: -
Анчевски, Зоран. (1984). Патување низ скршени слики. Кочани: ГРО „Младост“.
-
Анчевски, Зоран. (1994). Стратегија на поразот. Скопје: Македонска книга.
-
Анчевски, Зоран. (2000). Превод на мртвите. Скопје: Три.
-
Анчевски, Зоран. (2004). Див мир. Скопје: Магор.
-
Анчевски, Зоран. (2007). За традицијата. Скопје: Магор.
-
Анчевски, Зоран. (2008). Избрани песни. Битола: Микена.
-
Анчевски, Зоран. (2009). Историја на ветрот. Скопје: Магор.
-
Ančevski, Zoran. (2011). Selected poems. Skopje: St Clement of Ohrid University Library.
-
Анчевски, Зоран. (2018). Небесна пантомима. Скопје: Темплум.
2. За Зоран Анчевски:
- Андоновски, Венко. (1994). „Поетот како семиотички полиглот“. Поговор во З. Анчевски. Стратегија на поразот. Скопје: Македонска книга. -
Андоновски, Венко. 2000. Белешка во З. Анчевски. Превод на мртвите. Скопје: Три.
- Вангелов, Атанас. 1984. „Убавото и безумното“. Предговор во З. Анчевски. Патувања низ скршени слики. Кочани: ГРО „Младост“. - Капушевска-Дракулевска, Лидија. (2018). „Пет прошетки низ поетската шума на Зоран Анчевски“ (Промотивен текст за книгата Небесна Пантомима). Скопје: Темплум. - Ќорвезироска, Оливера. (2018). „Нуркање во дребното“ (Промотивен текст за книгата Небесна Пантомима). Скопје: Темплум. https://okno.mk/node/72390, пристапено на 7.7.2018. - Младеновска-Тешија, Јулијана. (2019). По повод претставувањето на поетот Зоран Анчевски и наградената стихозбирка Небесна пантомима во Осијек, Хрватска 2019. https://okno.mk/node/79033, пристапено на 25.6.2019. -
Стојчевски, Санде. (2019) „Стилска монолитност и творечки зенит“. Нова Македонија, 23.1.2019.
-
Стојчевски, Санде. (2008). „Стратегија на успехот“. Во З. Анчевски. Избрани песни. Битола: Микена (5-15)
- Урошевиќ, Влада. (2009). „Копнежи по промени и страв од промени“ (Промотивен текст за Историја на ветрот од Зоран Анчевски). Скопје: Магор.
Со Амир Ор на фестивал во Мастрихт (Холандија)
Портрет на Тед Хјуз во Св. Софија, СВП 1994 г.
32. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО
39
Владимир МАРТИНОВСКИ РАСПНАТА ПЕСНА Левата рака ѝ посега по звуци Чуени нечуени пискави меки (Во интонации на баби и внуци) Сите во себе копнее да ги смести Со десната нога се фаќа за бои Уште повеќе мери ретки нијанси Која од нив во кој стих добро ќе стои (Најмилите ги чува ко брилијанти) Левата нога ѝ е врз стари книги (Читани во некои дамнешни зими) Внимава од нив ништо да не повтори (А сепак нови значења да им отвори) Со десната рака запишува бајки Чекајќи да ја заковаат со шајки
*** Кога и да погледнев на тоа место, една мравка лазеше секогаш во истиот правец, по истата линија. Кога и да погледнев на тоа место, ја гледав мајка ми како свиена лежи на студените скали, чекајќи да се сварат нејзините портокали во чоколада, некој лек, за некаква болештина. Кога и да погледнев на тоа место, гледав розово свежо месо, со бели жили и мирис на срнечка смрт. Кога и да погледнев на тоа место, гледав зелени кактуси и лимон осветлен од месечината. Кога и да погледнев на тоа место некој ноќен молец ја гризеше ткаенината. Кога и да погледнев на тоа место мравката повторно лазеше. Секогаш во истиот правец, секогаш по истата линија...
Јулијана ВЕЛИЧКОВСКА
32. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО
40
Павлина АТАНАСОВА ТАТКОВИНА Песната е татковина на поетот вели Селан. Ја барам сега голата песна, бескрајната татковина, откога тоа не си ти. Зглоб во кој не се вгнездило времето, таква треба да биде мојата песна. Гледам надвор, се вслушувам во сѐ и сѐ ми се измолкнува. Не опстануваат најсилните, туку најприспособливите и животот се склопува во крајбрежните песочни кули што ги градиме, секој со своето семејство. Бледо утро е. При секој удар на брегот брановите се белеат како бели крвни зрнца на морето.
дрво. круг. не разбирам мода и модерно. што е тоа? град градила самовила ни на небо ни на земја. јас сум дрво. корењата ми се в земја. главата ми е крошна, птици ми чрчорат во косата, дланките ми вишнеат кон небото. низ мене пловат води и зајдисонца, виножита ми се прекршуваат по трупот. помнам сѐ. и што било и што ќе биде. оптегнувам лак одоздола угоре и чекорам по него. и да паднам, знам дека ќе паднам на меко. знам дека секогаш ќе има пак.
Ѓоко ЗДРАВЕСКИ
знам дека веќе сум бил тука и дека, ако притреба, пак ќе се вратам во кругот.
32. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО
41
ЛИПАТА МЕ ВИКА, АКО ДОБРО СЛУШНАВ... Спомените рани можат да ме вратат кај што славеј пее, грлат гулаб гуга: само едно стебло во селскиот атар – не знаев и не знам јас за липа друга. Ја сонував ноќе, да ме допре сакав – исконската љубов со неа ја делев и секое лето се опивав така, страдалнички верен на чистата прелест. Ама колку брзо поминува веков?! Од умот ја сметнав штом тоа се случи или чекав таа да направи чекор?!
Тоде ИЛИЕВСКИ
Некој силен ветер во шумата бучи. Липата ме вика, ако добро слушнав. За вечната верност одам да ја гушнам!
*** Се обидувам да ти објаснам дека спиеме додека сме будни и дека сме будни додека сонуваме. Ти сѐ ме разбираш. Ти се обидуваш да ми објасниш дека ако макар и на кратко го тргнам фокусот од тебе светот ќе ми биде грд. Јас ништо не те разбирам. Мене ми е потребна твојата прегратка како вода и сон. Тебе ти е потребна мојата прегратка како сенка на стар орев среде летна жега под која сакаш да одмориш повремено.
Биљана СТОЈАНОВСКА
32. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО
42
ПЕСНИ ЗА ВЕЛЕСТОВО Јордан Плевнеш
Мотив од Велестово
ВЕЛЕСТОВО – МАКЕДОНСКА ГЛЕДНА ТОЧКА НА ИЗГУБЕНОТО
Милош Линдро DAMNATIO MEMORIAE
На Григоръ Ставревъ Пърличевъ
Твои беа, а и наши беа И Баш Бујук и Џерџ Па и Кузман и Џеладин Дури и – Али Паша Тепелена! Твои беа, а и наши беа На нашите прадедовци На твоите современици Окритски и Дибрански Пограечки и Лински И Источки и Белички Во маглите на времето Чекајќи – ветришта и студој! Има Атина – нема Сердика! Ниту Москов – ниту Црков! А пцалтите појат – ко крастави пци! Ама почнаа пастирите народни Да си слегвет от Исток Да си слегвет от Велестоо За да си продаат белиот смок И да си принесат – студениот здив!
Во Велестово „селото меѓу две неба“ Како што го опева Богомил Ѓузел Се отвора пред вас најубавиот поглед Низводно меѓу Охрид и Преспа И ако го повикате на помош Архимед, за секој случај Можете да ја видите дури и изгубената Атлантида Ако огледнете низземно, Копајќи дури со голи нокти Ќе најдете можеби парам-парче сторени црни плочки По кои со бела креда била пишувана Последната трагедија на Еврипид „Почетокот на народите“ Изгубена засекогаш меѓу дворот на Архелај и врвовите на Галичица Не, не заборавајте! Гледајќи во изгубеното да не го изгубите и добиеното Кое се сведува на 25 713 км2 на земјата и 2 м2 под земја. Точно е дека Македонија е слична на бескрајот Со тоа што и Бескрајот и таа граничат сами со себе И точно е, бескрајот нема да ни избега Најбитно е од Велестово Македонската гледна точка на изгубеното Да не би, да го изгубиме и добиеното.
Мотив од Велестово
Од книгата „Уби поезија Иби патрија“ Феникс, 2011 г.
32. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО: Димитар Филиповски
43
Димитар ФИЛИПОВСКИ
Димитар Филиповски е роден во 1975 г. во Скопје. Завршил средно уметничко училиште во ДСУПУ „Лазар Личеноски“ – Скопје и дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на проф. Драган Попоски-Дада, во вајарскиот оддел. Стручно се усовршил работејќи како асистент во ателјето на академик Томе Серафимовски.
Од 2006 г. работел како професор по акт и применето вајарство, а од 2012 г. работи како директор на училиштето ДСУПУ „Лазар Личеноски“ – Скопје. Од 1998 година во континуитет работи на изведба на големи споменици: „Мајка Тереза“ во Скопје, „Скопје 63“ во Скопје, „Милтон Манаки“ во Битола, „Симфонија на мирот“ во Скопје, „Наим Фрашери“ во Тетово, „Кочо Рацин“ во Велес, „Порака за мир“ во Нирнберг, „Господин Господин Доситеј“ во Скопје, „Св. Климент Охридски“ во Охрид, „Св. Кирил и Методиј“ во Белград, „Пеце Атанасовски“ во с. Долнени, „Александар Македонски“ во Штип и други.
Учествувал на сите годишни изложби на ДЛУМ, во 2003 г. учествувал на „Еден скулпторски ракопис“ во МАНУ, Скопје, во 2008 г. бил дел од изложбата „108 Македонски уметници во Париз“, а во 2011 г. своите дела ги изложил на „65 Години на ДСПУ ,Лазар Личеноски‘ – Скопје. Меѓу неговите јавно изложени скулптури се: „Дожд“, природен камен, во Червара ди Рома, Итлија (1998), „Дивокоза“, бронза, 150 цм., во Маврово (2005), „Сила“, бронза, 140 цм., во Сарај – Скопје (2004), „Рис“, бронза, 70 цм., во Охрид (2006), „Лет“, бронза, 150 цм., во Струмица (2007), „Шмизла“, бронза, 180 цм., Скопје (2009), „Еееј!“, бронза, 180 цм., Скопје (2009), „Заљубени“, бронза, 250 цм., во Скопје (2009), „Методија Андонов – Ченто“, мермер, 5 м., Скопје (2010), „Цар Самоил“, мермер, 5 м., Скопје (2011) и многу други.
44
Поголемиот дел од нашиот живот се состои од правење избори. Но во реткиот и интересен случај на Димитар Филиповски уметноста, конкретно вајарството и бронзата, се тие кои него го избрале. Она што Димитар го гледал со своите детски очи, како први слики за светот, била леарата на дедо му. Темно место, со зачадени ѕидови каде светлината доаѓа од моќниот огин на Прометеј кој нескротливо жари и деноноќно пламти. Место каде не припаѓа кој било. Првите слики за светот на Диме се како е да се биде Хефест, да се биде во утробата на вулканот, местото каде огинот алхемиски ја менува природата на металите. Иницијацијата на Диме е помината уште пред да си го знае своето име. Врската помеѓу бронзата и него е остварена. Од совладување на виртуозноста на леење на бронзата според ренесансните фирентински формули, па до трагање и негување на духот на творештвото. За немирен дух како него тоа не било тешко. Тој е опкружен со генерации уметници кои се собирале околу семоќното огниште во леарата. Тој го стекнува допирот на обликување на Роден, Мештровиќ, работејќи во ателјето на Томе Серафимовски. И не запира тука.
32. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО: Димитар Филиповски
Современото творештво и вкус, во најголема мера, го обликуваат трендови и можеме упростено да го резимираме со една траги-комична констатација дека „не правиш ништо погрешно, доколку никој не разбира што е тоа што го правиш“. На прашањето зошто баш лав? Диме едноставно вели: „А зошто да не? Можеше да биде и акт.“ Тој укажува дека уметноста не се потпира само во опсесивната потрага на нови идеи. Во неговите лавови го гледаме лавот од виничките икони, лавот на Жефаровиќ, гледаме аеродинамичност но и стабилност. Во лавовите всушност ја гледаме супериорноста на Диме во работењето и изведбата во бронза, воедно потсетувајќи нѐ на оној благороден факт дека ништо не е ново под ова сонце, дека седиме на рамениците на џиновите од минатото, на она искуствено знаење што човештвото како чин на цивилизациско созревање и како пркос кон боговите, со трудољубивост и креација некогаш осознавало, учело и творело, а наша должност е да не го прекинуваме тој ланец на искуство и творештво. Наташа Јовковска, историчар на уметност
Димитар Филиповски покрај своите споменици на Цар Самоил и Ченто, Пиетрасанта, Италија 2010 г.
32. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО: Димитар Филиповски
45
Заварување бронза
Патинирање на скулптурата ,„Заљубени“
„Димитар Филиповски потекнува од семејство што се занимава со скулптура. Неговиот дедо и татко се извонредни мајстори на леењето уметнички склуптури во бронза со повеќедецениска традиција. Во неговата тактилна постапка гледаме искуство негувано од детството и извонредно чувство за материјалот, со изграден ракопис. Неговите скулптури се мали ремек-дела со студиран израз и импресионистичка светлина, што открива дека се долго осмислувани и варирани. Тој по формата е најблизок до својот учител aкадемик скулптор Томе Серафимовски. Патот што го зацртал, со упорност и работа, ветува еволуција и иднина на скулптор од особен жанр.“ Академик Цветан Грозданов
Со сопругата Гоца покрај скулптурата ,,Рис“ Патинирање
46
Дарко БАГЕСКИ SKOPJE GUITAR TRIO
Дарко Багески е роден 1981 година во Скопје. Музичкото образование (нижо и дел од средно) го започнува како ученик во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, во класата на проф. Јане Пенов. Матурира во Средното музичко училиште „Павао Марковац“ во Загреб, Хрватска, во класата на проф. Џевдет Сахатџија. Своите студии ги продолжува на Високата школа за музика „Франц Лист“ во Вајмар, Германија, во класата на професорката Кристиане Шпаноф, а дипломира во класата на професорот Јурген Рост. Потоа, три години студира постдипломски студии на Државниот Конзерваториум за музика во Солун – Грција, во класата на проф. Герхард Рајхенбах (Германија), а магистрира во класата на проф. Костас Коциолис (Грција). Во текот на своето школување посетувал многубројни „мастер часови“ кај еминентни професори и педагози по класична гитара: Зоран Краишник (Србија), Томас Милер Перинг (Германија), Лаура Јанг (Канада), Зоран Дукиќ (Хрватска), Аниело Десидерио (Италија), Никита Кошкин (Русија), Ернесто Битети (Аргентина), Карло Маркионе (Италија), Одаир Асад (Бразил), Павел Штаидел (Чешка). Следел предавања по светска музика кај проф. Томас Фелоу (Германија) и предавања по методика на класична гитара кај проф. Моника Рост (Германија). Претседател и основач е на Македонското Здружение на класични гитаристи, како и уметнички директор и еден од основачите на Меѓународниот фестивал за класична гитара ТРЕМОЛО. Основач е на Летната гитарска академија во Охрид. Остварил многу солистички концерти и настапи во Македонија, Хрватска, Србија, Германија, Грција, Бугарија, Црна Гора, Шведска, Италија, Тајван, САД и Кинa. Настапувал како солист со повеќе камерни оркестри, како и со Македонската Филхармонија. Моментално работи како вонреден професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје.
32. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО
Дарко Багески
32. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО
47
Виктор Драганов е роден во 2000 година во Скопје. Основното музичко образование го стекнува во ДМБУЦ „Илија Николовски — ЛУЈ“ — Скопје во класата на проф. м-р Дарко Багески. Средното музичко образование го продолжува во ДМБУЦ „Илија Николовски — ЛУЈ“ — Скопје во класата на проф. м-р Дарко Багески. Во моментот е прва година на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. м-р Дарко Багески. Во текот на своето школување учествува на многубројни државни и меѓународни натпревари во Македонија, Србија, Бугарија, Косово, Хрватска, Германија каде што има освоено 7 први, 5 втори и 4 трети награди. Учествува на повеќе летни и зимски школи за гитара во Охрид, Суботица, Пореч и Плевен. Има посетувано „мастер часови“ кај професорите: Џевдет Сахатџија, Павел Штаидел, Зоран Аниќ, Срѓан Тошиќ, Ливиу Георгеску, Никола Монтела, Слободан Миливојевиќ, Росен Балкански, Стела Митева-Динкова, Антонио Фрускела.
Дарко Багески
Георги Трајков е роден во 1997 година во Струмица. Основно музичко образование стекнува во Струмица во класата на проф. м-р Васко Пиличев. Средното образование го продолжува во ДМБУЦ „Илија Николовски — ЛУЈ“ во Скопје, отсек класична гитара во класата на проф. м-р Дарко Багески. Во моментот e четврта година нa Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. м-р Дарко Багески. Во текот на своето школување учествува на повеќе државни и меѓународни натпревари во Македонија, Бугарија, Србија, Хрватска, Австрија, Германија и Италија каде што има освоено 7 први, 4 втори и 5 трети награди. Учествува на повеќе летни школи за гитара, зимска школа за гитара во Суботица и академија за гитара во Охрид. Учествува на концерти одржани по различни поводи во Шпанската, Италијанската и Француската амбасада. Во текот на студиите редовно учествува на концертите организирани од Факултетот за музичка уметност во Скопје. Активно посетува мастер часови кај еминентни професори: Џевдет Сахатџија, Томас Оферман, Зоран Краишник, Срѓан Тошиќ, Георг Шмиц, Јоханес Молер, Роберто Фабри, Франциско Мораис Франко, Горан Листеж, Јоргос Панетсос, Зоран Аниќ, Ијан Kауделак, Оман Камински, Костас Котсиолис. Дарко Багески
32. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО
48
АРХИВ НА МАНУ (документ за Велестово) Фонд Бранислав Русич (87/I) Мештаните и соседните жители името на селото го изговаараат како „Велèстоо“, или „Велèстô“, а во Завој и Вèлесто. Првиот облик го има и Верковиќ, 245. Во 1865 година запишано е како „Велечова“ или „Weleschtova“ [Хан, 401, и во картата на крјот од книгата]; а кон крајот на минатиот век (се мисли на 19 б.) како Белестово [ Нушиќ, 93] и „Велесто (Велестово)“ [Кънчов, 152] – а во најново време „Велестово“ [А. Крстић, Приповетке, I(СКЗ, 1932, 112; на многу Охрид... ]. Подбивно Пештанци Велестово го именуваат „Карадак“, а жителиете „Карадаци“. Велестовци не знаат ништо за потеклото и значењето на името на своето село. Во втората половина на XIV век во грчкиот напис во црквата „Цар Константин и царица Еелена“ во Охрид името е наведено во облик на вториот падеж tou Belastobon (то ест „Вел’стово) [М. Марковић]. Подрачјето на Велестово се граничи на потезите: Горица на запад, Охрид на северозапад, Рамне на север, Коњско на југ и Шипокно на југозапад. Нивите, градините, сувари, шумичките, шумите и камењарите
се наоѓаат на местата: Слива, Стар Извор (на меѓата со Коњско), Чука, Елен Врв, (меѓа со Шипокно), Гора, Џафа, Асан Џура, Стара Рача (речно корито), Глого, Висок Врв или Три Мажи, Кирој Буки, Калишта, Корита (извор), Црн Образ, Вар, Вршек, Красје, Горна Нива, Боза, Рача (река), Кромидине (Кромидишта: извор), Црско, Сeлиште (било село), Дабје (градините до селото). Велестово е на блага косина свртено кон езерото, на средна висина од 1060 метри над морето, на исклучително голо карстно земјиште, (низ селото не тече никаква вода; но за време на силни дождови најдојдуваат бури кои во непосредната околина прават големи штети; а особено голема штета била причинегта во мај 1947 г.). На средината на селото („На Средсело“) е Чешмата доведена од Селиште, чија вода се употребува за наводнување на нивите, за домашни потреби и за напојување на стоката. Водата е лесна, но лете е топла заради плитките цевки и на места отвори околу нив. Селото има недостаток на вода. Селото се дели на: Горна Мала, Долна Мала (ги дели патот кој минува од југ кон север) и Ѓорѓоска Мала. Како заебен дел често се означува и „Средсело“ кое е окллу чешмата. Тука било старото основно училиште, а новото е на јужниот крај од селото. Во селото е Црк-
32. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО
вата Света Богородица, со гробишта околу неа. Селска слава е Голема Богородица, кога „се креват леб“. Тогаш се селските свадби. Ги има четири.... Според преданието, Велестово во старо време било повисоко од денешното место, во Селиште, кое е во мала вдлабнатина („в дупка“). Сега тука се ниви. На еден крај од Селиште луѓето покажуваат траги од две цркви, а на друг карај биле гумната. Се прикажува дека од шумата околу старото село излегувала ламја и ги јадела лугето кои доаѓале на чешмата. Тоа светците не можеле да го гледаат, Па Богородица (нивната икона) неќе бегала во капина, која се наоѓала на местото на денешната црква и повремено светкала. Таа тука се сместила и го повлекла народот да се пресели на денешното место, кое тогаш била мала ледина среде шума. Тука луѓето си изградиле куќи и на Богородица и подигнале црква и веќе биле мирни од напаста на ламјата од старото село. Тогаш во селото имало само три куќи (Малуковци на горниот крај, Ѓорѓовци на средината и Дурановци на долниот крај од селото). Меѓу народот се зборува дека селото во средината на XIX век имало 30 куќи. Подоцна, во шеесетите години имало 40 христијански куќи (Хан, 401). После дваесет години како да имао 83 (Ћоровић, 295). Старец од 90 години (1947) [Јонче Трифуноски] памети дека во неговата младост имало околу 50, колку што се запишани 1862 година [Нушић, 93]. Пред 1889 година дека имало 602 [Веркович, 295], а пред крајот на минатиот век (се мисли на 19 в.) имало 560 жители [Кънчов, 152]. Во 1947 година во него живееле три разгранети рода во 141 домќинатво (куќи) со 824 православни Македонци. Главно занимање на Велестовци било печалбар-
49
ството, најмена работа, сточарство (одгледување на овци и кози) и дрварство. Стари семејства: Малуковци (имаат 73 домаќинства. Речиси сите живеат во Горна Мала, се „молет“ на Свети Никола. Од нив произлегле: Јанкуловци (19). Тие се делат на Шаровци (2), Шиниковци (9), Јанковци (2), Гаврановци (2), Дулевци (3) и Повиловци; Пазарковци (26), со Пазарковци (5), Кировци (5), Шаптевци (3), Краповци (6), Божиновци (1), Блажевци (4) и Рудевци (2); Гуштеровци (19), меѓу кои се Гуштеровци (9), Пинтовци (2). Прдовци (2) и Петревци (6); Богдановци (5), Малуковци (2) и Тупановци (2). - Ѓорѓовци (32 домоќинства во својата мала. Пречиста). Од нив произлегле: Белевци (14), кои се делат на МИлевци (6), Пешликовци (3), Мицаруновци (2) и Балевци (2); Џајковци (10); Ризмановци (4) и Дочовци (4). - Дураквци (36 ///) Од нив произлегле Скалуновци или Џинџевци (8), кои се делат на Опрашковци (1), Пупунцовци (1), Упарчрвци (4), Џинџевци (1) и Мацуровци (1), Таневци (13) со деловите Толевци (8), Нуневци (1), Дочовци (1) и Таневци (3); Мулазимовци (8), со своите ограноци: Мишевци (3), Киклевци (3) и Глишовци (2); Ѓумлегаровци и Клоковци (3) и Шудиновци (4). - Иселеници : Малиновци во Горица /// се преселиле во Охрид (20, од 1903 до 1946, повеќето од Богдановци, кои таму се викаат и Чекреџиовци; во Битола (од Малуковци 1, 1908), Ѓорѓовци има во соседна Горица (од Балевци 1, 1927 г.), Дудановци (ги има во Горно Лакочереј (Огришловци 1, 1927), во Охрид (Мадуровци 2, 1942; Муладиновци 1, 1942).
Мотив од Велестово
Мотив од Велестово
ПЕСНИ ЗА ВЕЛЕСТОВО
Кире Неделковски ВЕЛЕСТОВСКИ МОСТ Граден со добри пријатели Мајстори со голема доверба – Докжани Сонувачи Градители Кои внимателно Влегуваат Во лексиката Кои прво ги Мерат мислите Зборовите ги одбираат Како цврст материјал Кој ќе ги издржи годините И Тежините кои следат. Качени Високо Мајсторите Се договараат и со светците Бараат Свои заштитници Горе За секој случај Чувај Боже Да не се случи Некакв Грешка Та да попушти Мостот Не дај Боже А толку внимателно Граден Со наш Материјал За да издржи Минување на Децении и векови од книги. Од книгата „Моите мостови“ Изд. Битолски книжевен клуб, 2012 г.
Мирко Томовски КВЕЧЕРИНА ВО ЕСЕН Велестово Вратите само овде се отворени Ќе те поведам со себе горе, во златните струни кои прелетуваат меѓу чешмата и наличените куќи А долу? Долу нема езеро Нема И град нема Нема и град Утринска прекривка за која се уште не сум напишал ништо ги голта во својот оброк Долу нема езеро Нема град Ќе те поведам со себе горе, меѓу златните струни од чешмата до наличените куќи Долу нема езеро Нема град 19.12. 2019 Св. Никола
Дел од атмосферата на 31. поетска ноќ во Велестово, август 2019 година
International Review of Velestovo Poetry Night, № 20, August 2020
VELESTOVO POETRY NIGHT
Интернационална ревија Поетска ноќ во Велестово, број 20, август 2020г. Општина Охрид
ПОЕТСКА ноќ во Велестово Зоран Анчевски Димитар Филиповски Дарко Багески SKOPJE GUITAR TRIО
Тоде Илиевски Павлина Атанасова Ѓоко Здравески Биљана Стојановска Владимир Мартиновски Јулијана Величковска