КОНТЕКСТИ ЗА РОМИТЕ ВО МАКЕДОНСКИТЕ МЕДИУМИ
АНТИЦИГАНИЗАМ ГОВОР НА ОМРАЗА ДИСКРИМИНАЦИЈА
Анализата “Контексти за Ромите во македонските медиуми – дискриминација, говор на омраза и антициганизам“ е издадена во рамки на проектот “Мобилизација на сите засегнати страни за намалување на дискриминацијата на Ромите во Македонија. Проектот е имплементиран од страна на Едукативниот Медиумски центар 24 Вакти а финансиски поддржан од страна на Европската Унија.
Анализа: КОНТЕКСТИ ЗА РОМИТЕ ВО МАКЕДОНСКИТЕ МЕДИУМИ – ДИСКРИМИНАЦИЈА, ГОВОР НА ОМРАЗА И АНТИЦИГАНИЗАМ Издавач: Едукативен и медиумски 24 ВАКТИ / 2019, Скопје За издавачот: Рамадан Бајрам Координатор на проект: Бајрам Рамадан Автор на анализа: ДАНИЕЛ ПЕТРОВСКИ
Публикацијата е издадена во рамките на проектната активност „Мобилизација на сите засегнати страни во медиумскиот простор за потребите од намалување на дискриминацијата на Ромите во медиумите во Македонија “ која е составен дел на проектот “Заедничка иницијатива за зајакнување на ромското граѓанско општество на Западен Балкан и Турција поддржан 2015/370-300 од Европската комисија“. Оваа публикација е подготвена со поддршка на Европската Унија. За нејзината содржина единствено е одговорен авторот и истата не ги изразува гледиштата на Европската Унија.
ВОВЕД Медиумите и нивниот начин на известување и креирање на јавно мислење, отсекогаш бил фокус на истражување на многу аналитичари и експерти од областа на владеењето на правото и медиумската писменост. Медиумскиот простор на ромската етничка заедница во Северна Македонија опстојува уште од осамостојувањето на државата во 1991 година, најнапред со отварањето на програма на ромски јазик при МРТВ а понатаму со функционирање на локални електронски ТВ медиуми па се до отварање на интернет ромски портали. Ако се анализира националната опфатеност на ромските медиуми, единствено може да се издвои и спомене програмата “Бијандипе“ при МРТВ која се емитува три пати неделно по 30 минутна програма и на телевизискиот и на радискиот канал. Првата локална телевизија на ромски јазик БТР Национал од март 2015 година престана со емитување на програма на ромски јазик а во моментот функционира и работи единствено ТВ Шутел. Во Република Северна Македонија активно работат и придонесуваат ромските интернет портали 24Вакти, Рома Тимес и Рома Прес. Најчесто за прашањата и проблемите на Ромите известуваат не-ромски медиуми кои креираат информации и на локалните но и на национални медиуми користејчи различни средства за информирање. Ако се земе предвид фактот дека медиумите креираат јавно мислење кој понатаму се претставува и расте во спопствен став, мора да се спомене дека за културолошката идеологија и слика за ромската заедница во општеството придонесуваат токму средствата за информирање односно различните медиуми преку својата уредувачка политика. За начинот на пренесување на информации поврзани со помалите етнички заедници а со најголем фокус на ромската заедница, постојат многу анализи и истражувања чии автори се невладините организации и меѓународните институции. Едукативниот медиумски центар 24ВАКТИ, константно ги надгледува локалните и националните медиуми и на годишно ниво публикува извештај од анализата за начинот на пренесување на информации за Ромите. Анализата “Контексти за Ромите во македонските медиуми – дискриминација, говор на омраза и антициганизам“ е издадена во рамки на проектот “Мобилизација на сите засегнати страни за намалување на дискриминацијата на Ромите во Македонија. Проектот е имплементиран од страна на Едукативниот Медиумски центар 24 Вакти а финансиски поддржан од страна на Европската Унија.
Последната публикација “Стигмата за Ромите од медиумите“ го опишува начинот на известувањето за ромската заедница чиј контекст се антициганизмот, говорот на омраза и дискриминацијата. Преку квантитативно и квалитативно истражување на медиумскиот простор, оваа публикација ќе ја прикаже состојбата во македонскиот медиумски простор и нивната перцепција за ромската заедница како и инпутот од креациите на новинарите кои придонесуваат кон создавање на јавно мислење во општеството за Ромите.
Ова истражување ја анализира генералната слика на медиумскиот простор во Северна Македонија во контекст на антициганизмот, ширењето на говор на омраза и дискриминацијата кои се главните чинители на стигмата и модерниот геноцид врз ромската заедница. Покрај методолошкиот пристап кој содржи квантитативни анализи, ова истражување ќе дадеи насоки и препораки за постоечките законски нормативи и регулаторни тела кои имаат можност да влијаат кон спречување на дискриминацијата по етничка основа во медиумите. Дел од публикацијата ќе даде и квалитативна анализа на рекациите и претставките и нивното значење и функционалност во насока на спречување на ширење на дискриминација а со тоа и почитување на Кодексот на новинарите. Мораме да наведеме дека истражуввањето се базира на лични ставовии мислења на поединци а земен е примерок од 50 испитаници и анализи и заклучоци од две фокус групи на млади до 35 години. Оваа публикација одделно ќе даде препораки до сите вклучени страни кои можат дапридонесат кон намалување на говорот на омразат и дискриминацијата во медиумите, вклучувајќи ги невладините организации, државни институции, меѓународни организации, аналитичари и експерти, медиуми и новинари како граѓани од ромска и неромска етничка заедница.
СОДРЖИНА
МЕДИУМИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА И НИВНАТА УЛОГА Постојат различни објаснување кои го опишуваат поимот “медиум“ почнувајќи од општата дефениција, преку класично-конвенционалната па се до социолошката дефиниција која го таргетира времето и просторот на кој се пренесуваат информациите. Сепак, сите дефиниции објаснуваат дека поимот “медиум“ претставува средство за информирање и пренесување на пораки од испраќачот до примателот. Доколку се согледаат состојбите во развојот на медиумот од перспектива на потреба за информирање може да се заклучи следното: Медиумот како средство за информирање станува креатор на јавно мислење преку разични механизми и инструменти за пренесување на информацијата. Весниците почнуваат да се печатат во големи тиражи, нивните сопственици креираат уредувачка политика насочена кон општествените текови и настани вклучувајќи ја политиката и економијата. Радио станиците креираат јавно мислење за забавниот и музичкиот свет преку емитување на различен жарн на музика и преку константното емитување на одредени интерпретатори, формираат поединци коие ги претставува како најдобри и највлијателни. Понатаму, телевизиите емитуваат различни емисии, серии и филмови како и продуцираат вести на дневна основа и јавно критикуваат политики на највисокото раководство од одредена елита. Всушност “новите“ медиуми креираат ставови кај своите реципиенти и произведуваат диференција кај општеството во однос полова еднаквост, сиримашни и богати, модерни и патријахални, интегрирани и еманципирани наспроти маргинализирани и необразовани, мнозински наспроти малцински етнички групии други диференцијални основи. Едноставно, преку следење на медиумот се креираат систем на вредности за различни групи на луѓе. Во последната декада во Република Северна Македонија еден од најголемиот фокус на контаминирачко општествено но и политичко прашање е слободата на медиумите како еден од потстулатите на демократијата во државата. Аспектот на слободата на говорот со цел заштита на јавниот интерес преку медиумските механизми за информирање е ставен во највисоките нормативи заштитени со Устав и закон, но имплементацијата и ограниченоста од елитите стана главен “виновник“ за предизвиците на новинарите и нивната уредувачка политика. Почитувањето на човековите права во рамките на демократијата а особено од страна на медиумите и новинарите во насока на запазување на Кодексот на новинарите и креирањето на дискриминацијата прераснува во секундарна перцепција на “борбениците“ за слобода на медиумите и јавното говорење.
За жал, во Северна Македонија сеуште можат да се најдат примери на конфронтација помеѓу слободата на говорот и јавното изразување од една страна и почитувањето на основните човекови права а особено на малцинските заедници од друга страна 1. Улогата на медиумите во општеството и информирањето за помалите етнички заедници е од особено значење да се анализира и се даде експертиза бидејќи нивното влијание и опфатност креира став и одбивност кон одредена група, доколку предходно не се почитуваат општите норми и правила на известување од страна на новинарите и уредниците во одреден медиум. Основните етички и морални норми и нормативи се напишани во Кодексот на новинарите во членовите 1, 2 а особено членовите 10 и 11 каде се наведува доследно почитување на основните човекови права без притоа да се креира дискриминација по било кој основ. Кодексот на новинарите претставува основен постулат за секој новинар и медиум и означува основна и фундаментална рамка која е неопходно да се почитува и применува со цел заштита на јавниот интерес, објективноста и заштита на професијата новинар. Непочитувањето на фундаментот во новинарската професија, а особено на челновите 10 и 11 доведува до креирање на стереотипи и предрасуди кон одредени групи и етнички заедници ако се земе предвид дека пласираната информација е јавна и нејзината содржина опфаќа широк аудиториум . Еден од најчестите еклатантни примери кога се известува за ромската заедница, новинарите често ја наведуваат ромската припадност на лицето кој ја изврши негативната појава во одреден настан. На таков начин ја генерализира целата етничка заедница, креира стереотипи и предрасуди кои во блиска иднина настануваат и се основа за дискриминација од страна на општеството кон сите Роми. Таквите случаи се тендециозни и најчесто имаат негативно влијание, сакајќи да добие популаризација самиот медиум, се стигматизира и генерализира личноста и проблемот прераснува од индивидуален во општествен. Тендециозното информирање доведува до ширењена проблемот а негативните влијанија ги чувствуваат останатите Роми кои сакајќи да функционираат во мултиетничката и мултикултурната општествена кохезија, наидуваат на стигма кај останатите групи кои веќеимаат формирано став и мислење на стереотипи и предрасуди базирано на информацијата која е пласирана од медиумот за една личност припадник на ромската заедница.
Говорот на омраза е тоталитарна форма на масовно диференцирањекоја на почетокот креира локална деградација а понатаму прераснува и кон јавна закана кон одредена група 1 Оваа констатација ќе биде образложена во наративот на оваа публикација кога фокус на тема ќе бидат реакциите и претставките и нивната функционалност.
по било кој основ. Во Северна Македонија досега немаше случаи на јавна закана кон ромската заедница бидејќи истата е ограничена со закон, но немањето на толеранција и користењето на стереотипи и предрасуди доведоа до меѓуетнички закани и тепачки помеѓу Роми и не-Роми. Најчесто говорот на омраза е присутен во виртуелната комуникација користејќи ги механизмите на социјалните мрежи. Ова образложение во поширок контекст е во корелација со новата форма на модеред геноцид а во Европа наречена како “антициганизам“, што во суштина претставува форми на креирање на “обрач“ кон ромската раса.
Насилство врз Роми РасДЕФИНИРАЊЕ НА ПОИМИизам Геноцид ТЕКСТ АДИСКРИМИНАЦИЈАЈА ГОВОР НА ОМРАЗАВИДЕО
Текст
I
II
III
СТЕРЕОТИПИ
ГОВОРГОВОР НА ОМРАЗАЕКТАНТИЦИГАНИЗАМ ЕН
ТАБЕЛАРЕН ПРИКАЗ ПРИ КРЕИРАЊЕ НА СТИГМА КОН РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА
ВЕСНИЦИ РАДАНТИЦИГАНИЗАМ ИНТЕРНЕТ ПОРТАЛИ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
ПРЕДРАСУДИ
КРЕИРАЊЕ НА ЈАВНО МИСЛЕЊЕ
ДИСКРИМИНАЦИЈА
ЕКСПРЕСИЈА ПОСТАПКА ПОЛИТИКА ЗАКАНИ ЛИДЕФИНИРАЊЕ НА ПОИМИ/ ДИСКРИМИНАЦИЈАИНДИРЕКТ
МОДЕРЕН ГЕНОЦИД
СТАВ ТЕЗА СВАЌАЊЕ АРГУМЕНТ ФАКТИ
ДИФЕРЕНЦИЈА СТРАВ КОН ГРУПАТА СЕГРЕГАЦИЈА ДЕГРАДАЦИЈА
АНТИЦИГАНИЗАМ
ДЕФИНИРАЊЕ НА ПОИМИ Целта на оваа публикација е да информира за дејствијата на медиумите во контекст за антициганизмот, говорот на омраза и дискриминацијата. Познавањето на различните облици на расизам и теоретскиот дискурс на поимите придонесува кон квалитативна анализа и темелна обработка на податоците.
ДИСКРИМИНАЦИЈА Првобитното значење на поимот дискриминација доаѓа од латинскиот збор “discriminare“, кој значи „се разликува“, меѓутоа со текот на времето овој израз, особено во правото, добива негативна конотација на недозволен различен третман. Различните термини, како што се, „дистинкција“, „исклучување“, „рестрикција или ограничување“ и „предност“ се користат за означување на различниот, пред сè, дискриминаторски третман. Дискриминација значи секое правење разлика, искористување или ограничување на луѓето врз основа на нивните колективни идентитети (пол/род, класа, етнос, сексуален идентитет, верска припадност) со што ги загрозува или оневозможува остварувањето или заштитата на нивните човекови права и слободи. Во однос на медиумскиот третман, а анализирајќи ги примерите и креациите на медиумските работници, може да се заклучи дека дискриминацијата може да се согледа низ призмата на активен и пасивен третман кон одредени групи за кој општеството изградил став дека се различни. Активниот третман подразбира медиумско емитување кој ја нагласува разликата кон “останатите“ и преку јавен говор, а притоа искористувајќи ја слободата на изразување, ги дискредитира, диференцира и омаловажува нивната функција во општеството преку текст, аудио или видео креација. Пасивниот третман од страна на медиумите кој креира дискримиинација кон одрдени “различни“ групи подрзбира инфереиорност и пасивност во однос на нивните потреби и проблеми. Тука најмногу влијае уредувачката политика на одреден медиум кој својата активност ја насочува кон јавниот интерес без притоа да земе предвид потребите на помалите магринализирани групи. Периодичното известување за социјалните групи и маргинализирани етнитети доведува до пасивен третман од страна на медиумите што всушност креира дискирминација и сепарација помеѓу битно и небитно. Покрај известување и креирање на јавно мислење, одговорноста на медиумите и да ја подигнат свеста на дражавнитеинституции за потребите и проблемите на помалите групи со што би дале поддршка во нивниот развој во еднаквоста. Со немањето на интерес од една страна и комерцијализацијата на медиумите од друга страна се пасивизираат
маргинализираните групи што подразбира дискиминаторски однос од страна на медиумите.
ГОВОР НА ОМРАЗА Говорот на омраза претставува инфлуенца од слободата на изразувањетокако постулат на демократското општество. Слободата на изразување во својата смисла овозможува размена и плурализам на идеи за да се оствари богатството на мислата и преку комуникација да се реализира демократијата и политичкиот дискурс. Динстинкцијата помеѓу говорот на омраза и слободата во изразувањето претставува политичка и социјална инспирација на невладините организации и меѓународни институции во обидот да направат разлика без при тоа меѓусебно да се ограничат. Говорот на омраза отвора непријатни и комплексни проблеми за современите општества оддадени на почитување и негување на културниот плурализам и толеранцијата. Говорот на омраза подразбира изразување на омраза за определена група. Тој се користи за да се навреди едно лице преку расната, етничката, религиската или друга група на која тоа лице и припаѓа. Таквиот говор генерално настојува да ја осуди или обесчовечи индивидуата или групата или да изрази гнев, омраза, насилство или презир кон нив. Терминот се однесува и на пишана и на усна комуникација, како и некои форми на однесување на јавно место: протести, јавни обраќања и слично; палење на знамиња; испишување на графити; лепење на плакати; делење и дисеминација на летоци со таква содржина; изразување преку ТВ и радио; и од поново време, изразување на интернет. Всушност, искористување на сите можни медиусмки средства за информирање со цел предизвикување и манифестирање на ксенофобија, хомофобија, закани па дури и загрозување на животот. Искористување на медиумот во насока на фрустрирачки дејствија, кои на почетокот се на лична основа но со вклучување на масовна публика, веќе станува меѓугрупна и општествена експресија. Зависно од начинот на изразувањето на говорот на омразата а во насока на заштита од говорот на омразата, во демократските општества се парализираат обидите за спречување на тој феномен повикувајќи се на слободата и правото на изразување што е во погрешна насока и корелација со основните човекови права и слободи. Таквиот парализирачки контекст е базирана на основа на скорешен пример од страна на јавна личност во Северна Македонија која со низа навреди и омаловажувања беше ослободена од носење на одговорност поради одлуката од Јавното обвинителство повикувајќи се на правото на слободно изразување и јавно говорење. 2 Мора да се напомене дека во Северна Македонија, јавното говорење и слободата во изразувањето со поттикнувачки содржини на говор на омраза, најмногу може да се забележат по социјалните мрежи и нивните консталации за меѓусебна виртуелна 2 Образложение на конкретниот пример во темата: Функционалноста и мерките на постоечките законски регулативи.
комуникација преку коментари и различни постови во кои се употребуваат лични кавги на етничка, политичка, верска и родова основа.
АНТИЦИГАНИЗАМ Антициганизам претставува нова форма на расна дискриминација насочена кон Ромите, Синтите, Пaтувачите и сите останати ромски етнички групи. Преку различни механизми и дејствија се креира диференција во општеството а особено се истакнува стигмата која ги остранува Ромите од општествените текови окарактеризирајќи ги како “цигани“ различни од останатите. Тоа е резултат на еден комплексен историски процес на расизам, насилство и стигма којшто понатаму произведува низа структурни неповолности и исклучување на цела етничка група од општествените текови на развој, бидејќи се перципираат како закана на „белата“ културна хегемонија. Иако терминот има се поголемо и поголемо институционално значење и признавање, сепак неговата дефиниција не може да се структуира бидејќи опфаќа сестрани импликации насочени кон ромската заедница од различен аспект. Антициганизмот вклучува дискриминаторски облици на постапки како и говор на омраза, но најголем дел во себе вклучува многу импликации и манифестирања на расизам. Според видовите на експресии и манифестирања, антициганизмот содржи директни и индиректни креации кои имаат за цел да ја дескредирираат ромската заедница, колективно да ја омаловажуваат и да ја стигматизираат и креираат обрач преку кој нема да се дозволи развој и напредок. Така, низ европските држави може да се забележи дека ромската заедница доживува вистинска расна експлоатација од страна на мнозинските народи без никакви предходни индиции или предизвикувања од страна на Ромите. Понатаму, може да се забележи дека Ромите стануваат дури и предмет на политичка кампања за време на оддржување на државни избори со што јавното линчување и истребување на Ромите, станува мета за прибирање на гласачко тело. Анализирајќи ја состојба на Ромите на европско ниво и нивната презентираност во медиумите, може да се забележи дека дури и уредувачката политика е насочена со репресивна програма и тоталитарно дискриминирачка со цел омаловажување на ромската заедница. Таквиот начин на информирање креира расна дискриминација и омраза кон Ромите а како последица на тоа е креирање на став “циганска закана“ кон општеството а преку тоа и директни закани по животот на Ромите.
Во Република Северна Македонија, антициганизмот претставува сублимат и креација на преовладувањето на стереотипите и предрасудите во општеството како и дискриминаторските практикии манифестации во јавниот сектор како и на меѓуетничкото ниво. Имено, антициганизмот се засилува во општествените пори со самото неактивирање и нерешавање на проблемите на Ромите од сферата на социјалните прашања. Немањето на лична документација, питачењето, сегрегацијата во училиштата, немањето на социјална и здравствена заштита креира суб група во ромската заедница којаод општеството е наречена како “цигани“ различни од останатите Роми. Понатаму, искористувајќи ја слободата на изразување дел од медиумите и јавните личности директно и индиректно диференцираат групи на Роми со што ги омаловажуваат и стигматизираат а нивната општествена вредност и даваат статус на граѓани кај кои сиромаштијата, неедуцираноста и невработеноста се со највисока стапка и нивната инклузија е минимална. При креациите и доделувањето на наведените епитети, ги сместуваат Ромите во редовите на најмаргинализирана група која има ниска вредност и е стигматизирана, а со тоа општеството се дистанцира од нив што всушност се дел од основите за антициганизам.
MEТОДОЛОГИЈА НА ИСТРАЖУВАЊЕТО ИНСТРУМЕНТАРИУМ
ЦЕЛНА ГРУПА
ОЧЕКУВАН РЕЗУЛТАТ
Анализа на постоечки податоци и извештаи од страна на релевантни институции и невладини организации
ЕМЦ 24 ВАКТИ Закон за спречување на антидискриминација Закон за медиуми
Компаративна анализа
Прашалник наменет за перцепцијата на младите Роми во однос на темата
7 млади Роми
Квантитативни и квалитативни податоци
Организирање на фокус група и разговор со млади Роми во однос на темата
7 млади Роми организирани во фокус група
Анализа и извештај за перцепцијата на малдите Роми
6 млади не-Роми
Квантитативни и квалитативни податоци
6 млади не-Роми организирани во фокус група
Анализа и извештај за перцепцијата на малдите не-Роми
Поставување на онлајн анкета во однос на темата наменета за ромски и неромски невладини организации и поединци
Невладини организации Студенти Роми и Не-Роми Новинари Роми и Не-Роми
Квантитативна и квалитативна анализа
Следење на медиумите и интернет порталите на дневна основа од 05.08. – 30.08. 2019
Пишани медиуми Електронски медиуми (ТВ и интернет портали) Социјални мрежи (Фејсбук)
Анализа на објавени текстотви и постови кои се однесуваат на ромската заедница
Прашалник наменет за перцепцијата на младите не-Роми во однос на темата Организирање на фокус група и разговор со млади не-Роми во однос на темата
КВАЛИТАТИВНА АНАЛИЗА НА ПОСТОЕЧКИТЕ ИЗВЕШТАИ И ЗАКОНСКИ НОРМИ Ова истражување, покрај квантитативната анализа на податоците од испитаниците, ќе се осрне и на квалитативно анализирање на постоечките законски норми од страна на државните институции како и на извештаите од невладините и меѓународните организации во контект на дискиминацијата, говорот на омраза а кои се однесуваат на медиумското прикажување на Ромите. Земени во предвид на детална анализа се анализите од Едукативниот медиумски центар 24 Вакти за состојбите во предходните три години, почнувајќи од 2016 до 2018 година низ кои е следена ситуацијата и врз основа на податоците дадени се препораки и заклучоци. Понатаму, еден краток осврт на надлежното институционално тело Агенцијата за аудиовизуелни услуги и нејзиното мониторирање за електонските медиуми. Исто така ќе се осврнеме за делови од извештаите од страна на Агенцијата за аудиуовизуелни медиумски услуги за застапеноста на етничките заедници во медиумскиот сектор од 2011 година до 2017 година, преку анализа за застапеноста на медиумскиот кадар по етничка линија во јавниот сервис како и приватните медиумски радиодифузери и печатени медиуми. Особено, краток преглед ќе се даде на постоечкиот Закон за спречување и заштита од антидискриминација со фокус на работата на Комисијата за заштита од дискриминација. Важен инструментариум за заштита од дискриминација и говор на омраза при фундаментот слобода на изразување е испраќањето на претставки и реакции до самите медиуми какои до телета за регулација на содржините во медиумите. Овој извештај ќе даде податок за користењето на овој меанизам. Ромското прашање и интеграцијата на Ромите во Сверна Македонија е од особена важност за приближување на земјата во европските интеграции и токму затоа ЕУ и нејзината структурална организација со особена вжност ја следи состојба на ромските и редовно дава извештаи за напредокот на земјата. Овој извештај ќе се осврне на последниот извештај за напредокот на земјата објавен во 2019 година мај месец а исто така и на генералниот извештај на земјите членки и земјите со статус на кандидат за ингерацијата на Ромите.
ИЗВЕШТАИ ОД ЕДУКАТИВНИОТ МЕДИУМСКИ ЦЕНТАР 24 ВАКТИ Едукативен медиумски центар 24 Вакти, започнувајќи од 2016 година редовно ја следи состојбата со презентирањето на Ромите во медиумите и аналогно на тоа креира анализи и извештаи од нивната работа притоа почитувајќи ја слободата на изразувањето како еден од основните лементи на демократијата. Сепак, тргнувајќи од реалните состојби каде медиумите креираат слика за Ромите о негативна конотација преку стереотипни и дискриминаторски содржини, дава препораки за подорување на состојбите до медиумите и до надлежните институции за поактивна регулација на медиумската содржина. Во 2016 година, поаѓајќи од содржините во медиумите за ромската тематика, најмногу поради пренесувањето на странските вести во македонските медиуми, во период септември – октомври мониторира странски и македонски медиуми и нивната содржина. Насловот “Сликата за Ромите во медиумите во Република Македонија“ дава преглед на состојбите во пишаните, електронските медиуми и интернет порталите давајќи конкретни примери и случаи на пренесување и креирање на говор на омраза и дискриминација. Важен заклучок беше даден дека сензацијата и недоволното информирање при пласирањето на информација креира слика за Ромите во негативен контекст при тоа не запазувајќи ги начелата од Кодексот на новинарите како основен принципиелен закон во новинарската професија. Понатаму, сликата за Ромите во медиумите беше анализирана и во 2016/2017 година давајќи конкретни примери во медиумите каде се прекршуваат начелата од Кодексот на новинарите а особена експликација дава и на последиците и стереотипите кон Ромите со конкретни настани како што се тепачките во базените низ земјата, понатаму за говорот на омраза од страна на јавни личности и функционери во државните институции. Особена важно е да се истакне примерот со актерката Ирена Ристиќ која јавно, користејќи ја слободата на изразувањето ги класифицирала Ромите како непријатели на животните. За тој конкретен настан, во јавноста бурно се реагираше а случајот беше и пријавен и до јавното обвинителство за што постапката е прекината во корист на актерката со образложение дека слободата на јавно изразување е основното човеково право. Едукативниот медиумски центар 24 Вакти во 2018 година организира панел дискусија и фокус групи со група на новинари Роми и не-Роми и јавно дискутираат за проблемите, со што дава јасни препораки до сите релевантни институции укажувајќи на проблемот со кој се соочуваат Ромите во контекст на медиумското прикажување. Важно и од особен приоритет е да се спомене дека без адекватни реакции и претставки проблемот
продолжува и понатаму за што укажуваат и податоците од оваа анализа која ќе даде и квантитативни податоци во односн на проактивноста на ромската заедница, невладините организации. Генерално, доколку се направи компаративна анализа на препораките и заклучоците може да се укаже на постоење на проблемот и понатаму. Подобрени се законските мерски во однос на заштита од дискриминација, свеста за реагирање е поголема но сепак јавната дебата и дискусиите за проблемот се неопходни како и соработката со медиумите и вклучувањето на новинарската фела во ромските активности .
АНАЛИЗИ ОД АВМУ Агенцијата за аудиои аудиовизуелни медиумски услуги е формирана согласно Законот за аудиои аудиовизуелни медиумски услуги донесен во декември 2013 година од страна на Собранието на Република Македонија. Една од нејзините надлежности, покрај регулирање на електонските медиуми во Северна Македонија и нивната радиодифузна дејност, е да се грижи и за медиумската содржина во насока за заштитана слободите и правата на сите граѓани. Во овој контекст, значајно е да се нагласи членот 48 од Законот 3 за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во кој се истакнува: “Аудио и аудиовизуелните услуги не смеат да содржат програми со кои се загрозува националната безбедност, се поттикнува насилно уривање на уставниот предок на Република Сверна Македонија, се повикува на воена агресија или вооружен конфликт, се поттикнува или шири дискриминација, нетрпеливост или омраза врз база на раса пол, религија или националност.“ Во прекршочните одредби од истиот Закон, наведени се неколку членовии нормативи кои предвидуваат глоби во различни износи помногу основи.За жал, иако членот 48 содржи важен аспект кој треба да биде испочитуван од страна на радиодифузерите, сепак не постои казнена одредба за прекршување на законската норматива. Поради тоа, дел од надлежностите на Агенцијата е истовремено и да вршат и мониторинг преку програмскиот надзор и да реагираат на евентуалните прекршувања од страна на радиодифузерите. Сепак, нивната реакција содржи претставка со опомена а во некои случаи и поведување на постапка согласно Законот за заштита и спречување на дискриминација и Јавното обвинителство. Иако по својата функција, Агенцијата треба да опфати и областа на интернет порталите како медиумско средство за информирање, сепак во Законот предвидено е само да се регулираат интернет страниците кои содржат анимирани графички елементи како помошно средство. Тука особено е важно да се истакне немањето на регулација на интернет порталите кои според ова итсражување креираат најмногу дискриминација и
3 https://avmu.mk/wp-content/uploads/2017/05/Zakon_za_audio_i_audiovizuelni_mediumski_uslugi_mkd_1.pdf
шират говор на омраза ако се земе фактот дека преку телефонските апарати и компјутерите, општеството најбрзо стигнува до информација.
Агенцијата за аудиои аудиовизуелни медиумски услуги, редовно подготвува извештаи за работата на радиодифузерите во Северна Македонија и од аспект на застапеноста по етничка основа во медиумскиот кадар, дава податок за вработените по етничките заедници. Во нивната веб страна, може да најде податок генерално за вработените во македонските медиуми кои се класирани по етнички заедници. Во интерес на оваа публикација беше да се изнесе податокот за ромската заедница. Во 2017 година, во медиумскиот сектор во Северна Македонија биле вработени и ангажирани 2918 лица од кои 16 се припадници на ромската етничка заедница. Овие податоци се однесуваат генерално вклучувајќи го и јавниот сервис МРТВ како и за приватниот медиумски сектор. Застапеност на ромската заедница во м едиумскиот сектор во Северна Македонија - 2017 година Вработени во медиумски сектор
Роми
0.55%
99.45%
2918
16
Од графиконот, може да се забележи дека од 2918 вработени во медиумскиот сектор, ромската заедница е застапена единствено нешто помалку од 1%. Во истиот извештај од страна на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, истакнато е застапеноста на ромската етничка заедница во јавниот сервис односно во Македонската радио телевизија (МРТВ). Податокот е публикуван во август 2018 година а се однесува за состојбата во 2017 година. застапеност на ромската заедница во јавниот сервис 2017 година Вкупен број на вработени
Роми
0.56%
99.44%
886
5
Од горенаведениот графикон може да се забележи дека од 886 вработени само 5 или нешто помалку од 1% Роми, се вклучени во работата на јавниот сервис односно во државната радио телевизија Во рамките на МРТВ, се емитува програмата на ромски јазик “Бијандипе“ која е поделена во телевизиско и радиско емитување. Телевизискиот дел од програмските содржини се
емитуваат на вториот канал на МРТВ два пати неделно по половина час и еднаш неделно по еден час. Во текот на месецот се подготвува и се емитува емисија на ромски јазик која трае по еден час. Во радиската програма, содржината и емитувањето се реализира по 30 минути во програмата на втората радиска станица. Според реалната состојба во јавниот сектор, програмските содржини ги подготвуваат по еден вработен како новинар и уредник. Согласно истиот извештај, бројот на вработени е константно ист и во предходните години. Број на ромски кадар, вработени во јавниот сервис - МРТВ по години година 2018 година 2017 година 2016 година 2015 година 2014 година 2013 0
1
2
3
4
5
6
Според табеларниот прикаж може да се забележи дека од 2013 до сега, бројот на вработените е константно ист и само од 2016 година може да се забележи раст за само еден вработен повеќе. Согласно систематизацијатаво МРТВ, секоја програмска содржина и единица неоподно е да има уредник и новинари кои ќе ја подготват емисијата. Во
програмата на ромски јазик “Бијандипе“, уредникот сам ја подготвува емисијата што не е ист случај како во другите редакции на помалите етнички заедници. Од наведените податоци може да се заклучи дека ромската етничка заедница речиси не е застапена во кадарот во медиумскиот сектор, што претставува еклатантен пример за дискриминација, омаловажување на интелектуалната вредност. Токму затоа и говорот на омраза, ширењето на стереотипите е последица на немањето на ромски новинари и медиумски кадар во медиумите во Северна Македонија. Присуството на ромски кадар во медиумите ќе придонесе кон поголема кохезија помеѓу медиумот и ромската заедница преку лобирање и застапување на ромските интереси од страна на работникот / новинарот.
ЗАКОНСКИ РЕГУЛАТИВИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Во Република Северна Македонија, говорот на омраза и дискриминацијата по различни основи е криминализиран согласно кривичниот закон како и законите за спречување и заштита од дискриминација како сет од други закони поврзани со граѓанството. Согласно Кривичниот Законик, говорот на омраза е криминализиран под специфични услови. Имено, член 417, став 3 определува дека “Тој што шири идеи за супериорност на една раса над друга или пропагира расна омраза или поттикнува на расна дискриминација, ќе се казни со затвор од шест месеци до три години.“ Одредба која го инкриминира говорот на омраза преку компјутерски систем се наоѓа во челнот 394: “Тој што преку компјутерски систем во јавноста шири расистички и ксенофобичен пишан материјал, слика или друга репрезентација на идеја или теорија која помага, промовира или поттикнува омраза, дискриминација или насилство, против кое било лице или група, врз основа на раса, боја на кожа, национално или етничко потекло, како и верско уверување, ќе се казни со затвор од една до пет години.“ Некои елементи на говор на омраза може дополнително да се најде во член 179 и член 319 од Кривичниот Законик. Поконкретно член 179 определува дека “Тој што со намера за исмејување јавно ќе ги изложи на подбив македонскиот народ и припадниците на заедниците кои живеат во Република Македонија,ќе се казни со парична казна.“ додека член 319 определува: (1)“Тој што со присилба, малтретирање, загрозување на сигурноста, излагање на подбив на националните, етничките или верските симболи, со оштетување туѓи предмети, со сквернавење споменици, гробови или на друг начин ќе предизвика или ќе разгори национална, расна или верска омраза, раздор или нетрпеливост, ќе се казни со затвор од една до пет години. (2) Тој што делото од став 1 го врши со злоупотреба на положбата или на овластувањето или ако поради тие дела дошло до безредие и насилства спрема луѓе или до имотна штета од големи размери, ќе се казни со затвор од една до десет години. “ Согласно Законот за заштита и спречување на дискриминација има посебни казнени одредби за правни и физички лица кај кои се утврдува прекршување на законот и тоа со глоби кои се различно класифицирани. Мора да се напомене дека имплементацијата на речиси сите закони чија основа е заштита на човековите права и слободи, согласно Уставот и меѓународните конвенции, се реализира хиерархиски со многу сложен систем за које неопходно време.
Имено, граѓанинот лично или претставен од било која форма на застапување, поднесува претставка или реакција по која надлежните реагираат и го процесуираат предметот по нагорна инстанца. Претпоставениот прекршок поминува низ различни филтри на докажување, се додека не се докаже делото односно не се донесе пресудата.
Во овој контекст, важно за анализирање е предметот со ширењето на омраза од страна на актерката Ирена Ристиќ која користејќи компјутерски систем на комуникација, ширела и поттикнувала омраза кон ромската заедница. Имено, на 17 јули 2017 година, актерката на својот фејсбук профил објавува: “Циганите (поради некоја политичка, или не знам каква, коректност нарекувани Роми, као со тоа нивните злодела да добиваат на легитимитет или нивниот живот на квалитет) ја претоварувале, константно ја тормозеле Аурора и во даден момент нејзината нога пука, не може да додржи… паѓа! Циганите собираат сè што до претходно било на нејзиниот грб и ја оставаат така, падната и во бесознание… Од тука па натака, следевте низ нашите објави… Коњот не е куче, нема да може да преживее со три нозе“. Нејзиниот статус предизвика голем револт и незадоволствво кај граѓаните а особено кај припадниците на ромската заедница и покренаа обвинение притив неа за ширење говор на омраза против Ромите. На 13.10.2017 година, беше повикана од страна на Основното јавно обвинителство на распит како осомничена, по што ЈО на 05.11.2018 година донесува Решение со кое ја прифаќа одбраната на актерката, оттаму наведуваат дека искажаното е во согласност со член 10 од Конвенцијата за основни човекови права и слободи односно правото на слобода на изразување. Ова решение е обжалено од наводно оштетените, но и жалбата е одбиена од Вишото Јавно Обвинителство и решението е правосилно.
Преку овој пример се истакнува немањетона дистинкција помеѓу слобона на изразува и ширење на говор на омраза. Македонското законодавство го нотира и го криминализира ширење на говор на омраза од една страна но сепак не го класифицра како прекршок во одредени случаи бидејќи се коси со меѓународното конценционално право на слобода на изразување.
После носењето решението од страна на ЈО, Ирена Ристиќ поднесува тужба кон подносителите на прекршокот за навреда и клевета со што се деградираи омаловажува нејзината чест и углед. Сепак, секогаш треба да се внимава на балансот што мора да постои помеѓу уставно гарантираното право на слобода на говор и недозволениот говор на омраза. Слободата на говор не смее да биде загрозена, исто како што и не смее да биде злоупотребувана.
ЕВРОПСКА УНИЈА И МЕЃУНАРОДНИ СТАНДАРДИ
Основата на структурата на феноменот антициганизам за опфаќа говорот на омразата и дискриминацијата како и постапките кои ги креира општеството користејќи го мејнстримот во генерала. Основите на човековите права - почитувањето на секој поединечен човечки живот и достоинство - можат да се најдат во најголем број големи светски религии и филозофии. Тргнувајќи од историските предизвици, Генералното собрание на Обединетите нации во 1948 година, ја усвојува Универзалната декларација за човековите права а во 1950 година Советот ја донесува Европската конвенција за човекови права е конвенција за заштита на човековите права донесена. Со нив се контролира и регулира извршувањето на државната власт врз поединците, се доделуваат слободи на поединците во однос на државата, и со нив се бара од државата да ги задоволи основните потреби на луѓето под нејзина јурисдикција. Оттука за Република Македонија релевантна е Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи на Советот на Европа од 1950 година 18 каде членот 10 го гарантира правото на слободно изразување. За почитувањето на правата во Северна Македонија со фокус на ромската заедница, Европската комисија во месец септемри 2019 го објавува извештајот за напредокот во имплеметацијата на националните стратегии за инклузија на Ромите. Покрај областите за вработување, домување, образование и здравство – постои и наратив во делот за дискриминација и антициганизам. Во извештајот со особена важност се истакнува новиот закон за спречување и заштита од дискриминација, во позитивна конотација истакнувајќи ги можностите за ромската заедница и поднесувањето на реакции и претставки од страна на поголем аудиториум како и поставувањето на сегрегацијата како основ за дискриминација. Мора да се напоменат и препораките за подобрување на состојба а кои се однесуваат на надлежните институции:
Потребна е обука на судството за практично спроведување на новиот закон за антидискриминација и на идентификација на дискриминација. Недостаток на разбирање и препознавање на антициганизмот како форма на расизами семитизам од страна на институциите воопшто и националните власти особено. Културната свест за геноцидот на Ромите е скоро непостоечка во националното колективно и сознание
KВАНТИТАТИВНА АНАЛИЗА ОД ИСТРАЖУВАЊЕТО ЗА РОМСКАТА ЕТНИЧКА ЗАЕДНИЦА ВО МАКЕДОНСКИТЕ МЕДИУМИ
Креирањето на јавното мислење како и формирањето на ставови и перцепции за ромската заедница, најмногу придонесуваат медиумите преку своите механизми за информирање а најмногу преку уредувачката политика и новинарите. Основен фундамент преку кој се води целата новинарска фела е Кодексот на новинарите чија главна задача е да создаде услови за објективно и сестрано информирање запазувајќи ги основните човекови права а притоа овоможувајќи право на слободно изразување . Непочитувањето на кодексот, придонесува кон субјективност, политизирано информирање како и креирање на стереотипи и предрасуди кои придонесуваат кон дискриминација. Основна цел и задача на ова истражување е да се соберат податоци за начините на информирање за ромската заедница од страна на медиумите, нивната квалификација за целата ромска јавност од една страна и активноста и проактивноста на ромската заедница во насока на заштита од дискриминација. Целна група при прибирањето на информациите и податоците беше насочена кон млади Роми и не-Роми на возраст до 35 години како и медиумските работници, невладини и владини организации. Податоците од ова истражување се прибирани преку две истражувачки инструменти: 1.Фокус групи со млади Роми и не-Роми, 2.Креирање на анкетен прашалник во Gogle form од 10 прашања и испрaтен до релевантни институции: Здружение на новинари во Македонија (ЗНМ), Совет на етика на медиумите во Македонија (СЕММ), Народен правобранител, Комисија за заштита и спречување на дискриминација, ромски невладини организации, новинари Роми и неРоми, студенти Роми како граѓани припадници на ромската и не-ромската заедница. Бројот на испитаници и учесници во фокус групите беа 13 од кои 6 припадници на неромската заедница и 7 млади до 35 години од ромската етничка заедница. Вкупниот број на испитаници кои одговориле преку Gogle form прашалник се 50. Според целокупната евиденција за потребите на ова истражување земени се податоци од вкупно 63 испитаници кои преку своите одговори, ставови и мислења придонесуваат кон квантитативна анализа за состојбите и начините на известувањето за ромската заедница во Македонија.
Фокус Групи; 13 Анкетен прашалник Google form; 50
Фокус Групи
Анкетен прашалник Googl e form
ФОКУС ГРУПИ Една од методолошките пристапи на ова истражување е директен разговор со фокус група од млади на возраст до 35 години. Во рамки на истражувањето се оддржаат две оддлени работилници со Роми и не-Роми, чија едукација и профил на образование, и ниво на познавање на темата беше различна. Целта на работилниците беше да се осознаат начините на пренесување и примање на информации поврзани со Ромите, нивото на познавањето на проеблематиката и нивната вклученост во медиумските постактивности и преку однапред концепирани прашања, членовите од фокус групите директно разговараа и дебатираа меѓусебно. Креираниот прашалник содржеше десет прашања чија што фокус тема на разговор беше начинот на пренесување на информации поврзани со Ромите и нивната проактивност кон намалување на стереотипите и предрасудите. Од дискисијата може да се извлечат неколку заклучоци кои даваат придонес кон креирањето на оваа анализа а сепак се релевантни бидејќија опфаќаат младината која споредсите најнови извештаи, најмногу го користи интернетот за добивање и ширеше на информации. Генерално македонските медиуми известуваат субјективно а помалку објективно ако се земе предвид фактот дека поврзаноста на високите структури од медиумите со политичките партии е на високо ниво. Ставот на целната група од ромска заедница смета
дека сенцазијата какоо вест а поврзана со Ромите секогаш е повеќе примамлива за уредувачката политика а помалку реалните проблеми и или дневната политика. Како примери се наведоа неприсуството на македонските медиуми за време на прес конференцијата на политичките партии за време на камапањата за Претседател на Република Северна Македонија. Тогаш, освен ромските медиуми, никој друг не беше присутен на прес конференцијата кога кон јавноста се обратија претседателот на Сојузот на Ромите Амди Бајрам, претсдеталот на партијата ОПЕР и претсдеталот на огранокот на општина Шуто Оризари Курто Дудуш. Како за компарација, сензационалната вест поврзана со смртта со “Дедо Алфонско“, стана најчитана и најпренесувана информација во македонските интернет портали. Генералниот став на не-ромската целна група за време на фокус дискусијата а во однос на покривањето на ромските теми во медиумите, беше слабата видливост и промоција на активностите од страна на организаторите на настаните, како услов за присуство на медимска покриеност. Сепак и двете целни групи, имаат јасен и заеднички став дека ромската тематика повеќе е присутна со сензационални вести во македонските медиуми отколку вести поврзани со културата, спортот, двенвата политика или истражувачки стории. Во однос на прашањето “Дали сметате дека во медиумите во Република Северна Македонија, се шири говор на омраза и антициганизам кој придонесува до немање на толеранција помеѓу младите Роми и не-Роми?“ генералниот став е дека медиумите директно влијаат кон креирање на јавно мислење за Ромите, но дека интенцијата во негативна конотација со времето се губи иако, сепак постојат медиуми чии идентитети не се откриени а сепак имаат големо влијание. Во однос на темата проактивноста за намалување на стереотипи и предрасудиво медиумите, младите Роми и не-Роми, велат дека многу малку се запознаени со мерките за заштита и реакција кон медиумите и надлежните институции. Младите велат дека во знак на револт коментираат на постовите на социјалните мрежи на некоја вест поврзана со Ромите, но често и за жал велат дека во коментарите најчесто вокабуларот на изразување води кон говор на омраза. Директни реакциии претставки до надлежните институции не користеле бидејќи непознавањетона самите институции, нивната одговорност и нивната заштита, доведува до читање на информацита и премолчување на истата. Интересен е моментот кога двете целни групи дадоа одговор на прашањето кој имаше триможни одговори: “Дали ќе Ви пречи Ром, да биде презентер на Вести во една од националните медиуми? Да Не Не, не ма да мии пречи доколку неговиот јазичен дијалект е соодветен
Младите Роми рекоа дека нема да им пречи Ром да биде презентер на вести во македонски медиум со предзнак дека тоа нема да се случи бидејќи користењето на соодветен литературен македонски дијалект не е одлика за Ромите. Всушност преку еден таков одговор се потврди дека и помеѓу самите Роми има стереотипи и предрасуди и дека нивото доверба од не-ромската заедница е многу слаб, како однапред да знаат дека тоа е невозможно. На истото прашање одгоорија и 6-мина не-Ромина возраст до 35 години со различен профил на едукација и ниво на познавање на темата. Нивниот одговор е во насока на позитивна реакција со пред знак на третиот можен одговор: “Не, не ма да мии пречи доколку неговиот јазичен дијалект е соодветен“. Ваквиот одговор има две конотации. Првата е со насока на потврдување на еднаквоста кон општеството и пристапот кон заедничко општество, додека втората конотација дава предзнак на стереотип дека нивото на говорење на литературен македонски јазик е мал. Конкретни препораките од двете целни фокус групи беа во насока на намалување на стереотипите и предрасудите кон општеството:
Отвореност од страна на медиумите кон ромската заедница почитувајќи ја како рамно правна и еднавкав воопштеството. Вклучување на ромските интелектуалци во стории и теми поврзани со општествени прашања, како анкетирани лица или експерти Интернет ромските портали да ги преведат своите вести и информации и истите да бидат двојазични Константна комуникација помеѓу роми и не-роми новинари
АНКЕТЕН ПРАШАЛНИК Во рамки на истражувањето, креиран е online прашалник во goоgle form кој има за цел да осознае мислењето на публиката во однос на претставувањето на ромската заедница во медиумите во Република Северна Македонија. Главен фокус и контекст на анкетниот прашалник е дискриминацијата, ширењето на говор на омраза и антициганизмот. Конструираните прашања се насочени кон собирање на податоци за реалната состојба при известувањето, принципите, начелата и мерките во рамки на одредби од официјални Кодекси и закони за медиуми кои содржат заштита на човекови права и дискриминација и трет фокус е утврдување на проактивноста од страна на општеството при намалување на стереотипи и предрасуди и ширење на говор на омраза. Согласно истражувањето, генралниот став од анкетираните е дека медиумите во Република Северна Македонија известуваат преку политизиран начин на информирање.
Дури 40 проценти од испитаниците сметаат дека известувањето на медиумите е согласно уредувачката политика контролирана од страна на сопствениците на медиумот кои се директно или индиректно поврзани со високите структури и на власта и опозицијата. Дури 25 проценти од испитаниците, сметаат дека сензацијата е многу присутна при известувањето или давањето на информација со цел креирањена рејтинг на медиумот, без притоа да се запазат стандардите при известувањето за што говори и податокот дека само 14% проценти сметаат дека медиумите информираат објективно. Кој е Вашиот став за начинот на известување на медиумите во Република Северна Македонија? Сензационално Политизирано Субјективно Објективно 0
5
10
15
20
25
Главните структурални начела за известување и информирање за новинарската професија е инкорпорирани во Кодексот на новинарите. На прашањето, “Дали медиумите во Република Северна Македонија го почитуваат Кодексот на новинарите?“ 60 проценти одговориле дека делумно се почитува додека од 63 испитаници, 19 одговориле со “НЕ“. Интересен е податокот дека само 6 испитаници од 63 анкетирани лица, одговориле дека медиумите го почитуваат Кодексот на новинарите.
Дали медиумите во Република Северна Македонија го почитуваат Кодексот на новинарите?
9.52%
60.32%
Да Не Делумно
30.16%
Во следниот графикон се согледува темпото на известување за ромската заедница во медиумите во Северна Македонија. Преку овој табеларен приказ се покажува колку често медиумите ги презентираат Ромите во рамки на своите програмски содржини. Колку често медиумите известуваат за ромска тематика? 60 50 40 30 20 10 0 Секој ден
Еднаш неделно
Континуирано
Еднаш месечно
Периодично
Како клучен наод од ова истражување, може да се утврди дека ромската заедница единствено само периодично е застпена во македонскиот медиумски простор. Високи 83 проценти од испитаниците сметаат дека ромската тематика само во одредени периоди е застапена во медиумите. Во дискусија со целната група за време на фокус групите, беше констатирано дека најмногу тој период е единствено по повод 8ми Април, Светскиот денна Ромите, медиумската фела е заинтересирана за ромската заедница. Само 6 испитаници сметаат дека ромската тематика е застапена еднаш неделно, додека само 2 од испитаниците одговориле со еднаш неделно. Тука со особена важност треба да се истакне проблемот со недоволната информираност за ромската заедница во македонскиот медиумски простор. Доколку се направи анализа на овој податок, може да се заклучи дека оттргнувањето на потребите и проблемите на ромската заедница од медиумскиот простор, претставува еклатантен пример на дискриминација. Медиумскиот вакум создава стигма за ромската заедница во општеството креирајќи слика за немање на културна вредност и интелектуален капацитет. Сепак, проблемите на ромската заедница се очигледни за општеството, како на пример питачењето во главнитеградски улици и живеењето во неадекватни услови. Уредувачката политика на медиумот, ромските проблеми ги таргетира периодично но не и континуирано се дур не се реши проблемот, што всушност една од нивните задачи е преку истражувачки стории да помогне кон подобро општество. Сакајќи да осознаеме кои теми најмногу ги презентираат медиумите за Ромите, беше поставено прашањето: “При изборот на теми поврзани со Ромите, уредувачката политика на медиумите најчесто известува за: Реалните проблемите и нивната состојба; Дневна ромска политика; Култура и спорт; Црна хроника; Сензационални вести; Друго.
Според табеларниот приказ подолу може да се забележи дека сензационализмот кај новинарите и медиумите, кога се известува за Ромите, најмногу е присутен. Ваков став имаат 38% односно 24 испитаници од вкупно 63, додека темата “Реалните проблеми и состојбата на Ромите“ 22 % од испитаниците сметаат декае застапена во медиумите. Сепак, висок процент од испитаниците сметаат дека темата “Црна хроника“ е присутна во средствата за информирање. Интересно е да се согледа дека само 3% од испитаниците, во медиумите ја забележале темата “Култура и Спорт“. Културното богатство на ромската заедница го претставува идентитетот на Ромите и често, различни институции организираат културни настани во кои медиумската фела не е присустна и не известува за истата.
Кодексот на новинарите претставува збир на начела и принципи по кои новинарите треба да се придржат доколку сакаат да известуваат објективно при тоа користејќи ја слободата на изразување и почитувајќи ги основните човекови права. Челнот 10 од Кодексот на новинарите утврдува: “Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).“додека членот 11 повикува на прифаќање наопштествените стандарди и почитувани на етнички различности.
Ова истражување го испита мислењето на јавноста насочувајќи го прашањето конкретно за ромската заедница а во контекст на почитување на Кодексотна новинарите.
Дали за време на известувањето за Ромите, медиумите го прекршуваат Кодексот на новинарите, особено членовите 10 и 11 Делумно
Не
Да 0
5
10
15
20
25
30
35
Од горенаведената табела може да се забележи дека 49% од испитаниците одговориле дека медиумите делумно го прекршуваат Кодексот на новинарите а во иста насока оди и одговорот од испитаниците кои одговориле со 38% дека ги прекршуваат членовите 10 и 11. Почитувањето на Кодексот на новинарите и неговата имплементација е под надзор на Здружението на новинарите во Македонија (ЗНМ) и е предводен од страна на Советот на честа. Единствената обврска и надлежност на ова регулаторно тело е да постапи врз основа на претставки и реакци од страна на оштетените опоменувајќиги новинарите и медиумот. Ова истражување имаследствено прашање кој е поврзан со предходното. “Колку од испитаниците испратиле претставки и реакции до Советот на честа?“
Доколку на предходното прашање сте одговориле со ДА, дали сте реагирале до самиот медиум или сте испратиле претставка до Советот на честа? 21.82% 36.36%
41.82% Да Не Често гледам дискриминаторска содржина но не реагирав
Одговор на ова прашање дадоа 55 испитаници од кои високи 42% одречно рекоа дека не испратиле а 36% иако гледаат дискриминаторкса содржина сепак не испратиле реакција, што во разговор со групите може да се заклучи дека незнаењето и немањето на доволно информации за начините на заштита го ограничува пристапот до реагирање. Сепак, 12 од ипитаниците рекоа дека испратиле реакции ипретставки до Советот на честа и до ЗНМ.
Едно од најважните прашања кој го испитува мислењето на испитаниците а е во контект на темата е: “Дали сметате дека во медиумите во Република Северна Македонија, се шири говор на омраза?“ Одговор на ова прашање дадоа сите 63 испитаници а резултатот е табеларно прикажан погоре. Имено, 41% од испитаниците сметаат дека во медиумите во Република Севверна Македонија се шири говор на омраза по различен основ, а според многу извештаи од меѓународни институции и невладини организации, говорот на омраза најмногу е насочен кон етничките заедници и разлилна сексуслна ориентација. Интересен е одговорот на испитаниците кои велат дека во медиумите во Северна Македонија се шири говор на омраза на индиректен начин преку несовесни и ненамерни содржинии постапки од страна на новинарите. При разговорите со учесниците од фокус групите, таквиот вид на постапки се приметува кога новинарите ја наведуваат припадноста на етничката заедница: “.......лицето е од ромска етничка заедница“. Ваква интенција содржеше ТВ прилогот на АЛСАТМ4 со објавување на анализата: “Сериски убиец демнее во Македонија“ на 7 август 2019 година, наведувајќи дека една од жртвите пронајдено во Горно Оризари е припадник од ромска националност. Следствено на ова прашање, испитаниците дадоа одговор на кој тип на медиум шири говор на омраза и антициганизам?. Целта на ова прашање е да се таргетираат механизмите и средствата за информирање при ширњето на говор на омрза, дискриминацијаи антициганизам.
4 https://vecer.mk/node/28361
Доколку на предходното прашање сте одговориле со ДА, Ве молиме наведете кој тип на медиум шири говор на омраза и антициганизам? 10.00%
14.00%
76.00%
Пишани медиуми Електронскимедиуми Интернет портали
Имено, овој податок е еден од клучните наоди на оваа анализа чија цел е да ги прикаже податоците од ставовите и мислењата на испитаниците во односн на медиумската презентација на ромската заеница. 76% од ипитаниците сметаа дека интернет поратлите најмногу шират говор на омразаи антициганизам користејќи ги социјалните мрежи кои преку постови и коментари нивото на јавна дебата е сведен на омаловажување и меѓусебна навреда. Констатацијата од фокус групите на ова прашање наведува до немање на начело и норма во државата засправување со ширеше на говор на омрза по интернет порталите поради немање регулација интернет порталите и социјалните мрежи.
МЕХАНИЗМИ ЗА ЗАШТИТА Министерство за внатрешни работи Кривичното дело говор на омраза, може да се пријавите во Министерството за внатрешни работи. Говор на омраза на социјалните мрежи, можете да пријавите до одделението за електронски криминал при Министерството за внатрешни работи. Јавно обвинителство За кривичното дело говор на омраза, можете да поднесете кривична пријава до основното јавно обвинителство, кое треба да го истражи случајот и да одлучи дали ќе поведе кривична постапка против посочениот сторител. Комисија за заштита од дискриминација За случаите на дискриминаторски, вознемирувачки или понижувачки говор, кој има за цел или резултат повреда на достоинството на одредено лице или создавање заканувачка, непријателска, понижувачка или застрашувачка средина, до Комисијата за заштита од дискриминација може да се поднесе претставка за заштита од дискриминација/вознемирување. Претставката се поднесува во рок од 3 месеци од денот кога била сторена повредата или најдоцна една година од дознавањето за актот на дискриминација. Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги За случаите на говор на омраза на радио и телевизија, можете да поднесете претставка до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, посочувајќи ја програмата, конкретниот медиум, датумот и периодот на емитување на програмата. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, односно директорот на Агенцијата може да ги преземе следните мерки : да донесе решение со кое ќе го опомене; да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка во случај кога и покрај донесеното решение за опомена продолжува со вршење на истата повреда за која е опоменет, во текот на годината; да поднесе кривична пријава; да достави предлог до Советот за одземање на дозволата
Здружение на новинари на Македонија - Совет на честа За случаите на говор на омраза во медиумите од страна на новинари кои се членови/членки на Здружението на новинари на македонија, може да се поднесе претставка до Советот на честа на Здружението на новинари. Овој совет ги поставува и брани принципите на етичното, избалансираното и објективното новинарство кое ги почитува човековите права при што целосно се запазува слободата на уредувачката политика на медиумот. По разгледување на претставката, доколку Советот на честа утврди повреда на начелата и одредбите од Кодексот на новинарите на Македонија, јавно реагира и ја осудува ваквата повреда. Совет за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) Овој совет функционира како невладина организација чија работа има за цел саморегулација на медиумите преку примена на морални санкции кон оние кои не ги почитуваат професионалните стандарди и Кодексот на новинарите. Во рамки на Советот постои советодавно тело - Комисија за жалби која разгледу-ва жалби од граѓани, правни лица и други претставници на јавноста во врска со објавените содржини во медиумите, посредува меѓу лицата кои упатиле жалба и уредникот, односно медиумот на чија содржина се однесува жалбата и донесува одлуки по жалбите во врска со евентуални прекршувања на Кодексот; Во анкетниот прашалик од ова истажување се постави и прашањето: “Дали сметате дека е потребно формирање натело за саморегулација на дискриминаторкса содржина по било кој основ, кој ќе реагира самоиницијативно“? 62% од испитаниците односно 39 анкетирани лица, одговорија дека е потребно формирање на тело за саморегулација. 33% одговорија дека е постоечките меанизми се доволно со тоа што треба да се зголемат нивните обврски и одговорности со цел намалување на дискриминацијата во медиумите по различен основ како и опфатеноста на средствата за информирање со фокус на интернет порталите.
РЕАКЦИИ И ПРЕТСТАВКИ И Комисијата за жалби при Совет за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), во март 2017 година излезе со комплетна анализа за своето две и пол годишно работење. Анализата констатира дека од 190 одлуки кои ги донела Комисијата врз основа на примените жалби до Советот, во 44 случаи (или 22% од вкупниот број на одлуките) се однесуваат за сторени прекршувања од областа на говорот на омразата и дискриминацијата, санкционирани врз основа на чл. 10 од Кодексот на новинари на Македонија. Комисијата констатира дека „најчесто станува збор за ширење на говор на омраза врз основа на сексуалната ориентација и врз основа на политичката определба на засегнатите групи и поединци“ и тоа во најголем број на случаи во он-лајн медиумите и од некои новинари кои се и автори на емисии во електронските медиуми. Во својата анализа, Комисијата детално обработува десетина случаи на говор на омраза, тргнувајќи од претпоставката дека „онлајн-медиумите, како и традиционалните медиуми, имаат одговорност да не објавуваат коментари што ги надминуваат границите на јавната критика и што содржат експлицитни пораки со говор на омраза“ Во текот на 2018 година до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) пристигната е само една претставка по основа на посебните забрани за ширење дискриминација, нетрпеливост или омраза врз основа на раса, религија или националност, содржани во членот 48 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Инситутцијата Народен правобранител излезе со извештај5 за работењето во 2018 година и статистички дава приказ за состојбите со реакциите и претставките за измината година. Народниот правобранител постапувал по барање на 3458 жалби од кои 2,23 се поднесоци пооснов на недискриминацијаиправична застапеност. Во годишниот извештај стои дека 1913 лица одподносителите се изјасниле за припадноста на етничката заедницаи дека од нив 91 биле Роми. По основ на дискриминација само една жалба имаше поднесено припадник на ромска етничка заедница. Наведените податоци отвараат многу прашања и дискусии, меѓу кои најважно е прашањето кој се однесува на нискиот број на реакции и претставки до надлежните институции по основ на дискриминација и говор на омраза. Од заклучоците со фокус групите може да се констатираат неколку аспекти: Недоволно познавање на самите институции и нивната одгоорност, немање на доверба во регулаторните тела во насока на намалување на феномените, инфериорност и незаинтересираност од страна на ромската етничка заедница.
МЕДИУМСКО ПРИКАЖУВАЊЕ
15.07.2019 https://vecer.mk/node/25035
09.08.2019 http://www.vicoteka.mk/vicovi/rasistichki/dodvoruvanje-4/
5 http://ombudsman.mk/upload/Godisni%20izvestai/GI-2017/GI-2018.pdf
16.08.2019 https://www.mkd.mk/galerii/se-chisti-vardarishte#1
07.08.2019 https://vecer.mk/node/28361
КЛУЧНИ НАОДИ - ЗАКЛУЧОЦИ
Медиумите креираат јавно мислење кој понатаму прераснува и расте во сопствен став инкорпориран во теза и идеологија. За културолошката експресија и слика за ромската заедница во општеството придонесуваат токму средствата за информирање односно различните медиуми преку својата уредувачка политика.
Аспектот на слободата на говорот со цел заштита на јавниот интерес преку медиумските механизми за информирање е ставен во највисоките нормативи заштитени со устав и закон, но имплементацијата и ограниченоста од елитите стана главен “виновник“ за предизвиците на новинарите и нивната уредувачка политика.
Почитувањето на човековите права во рамките на демократијата а особено од страна на медиумите и новинарите во насока на запазување на кодексот на новинарите и креирањето на дискриминацијата прераснува во секундарна перцепција на “борбениците“ за слобода на медиумите и јавното говорење.
Од 2918 вработени во медиумскиот сектор, ромската заедница е застапена единствено нешто помалку од 1%. Во јавниот сервис од 886 вработени само 5 или нешто помалку од 1% , Ромите се вклучени во работата на МРТВ.
Во Република Северна Македонија сеуште можат да се најдат примери на конфронтација помеѓу слободата на говорот и јавното изразување од една страна и почитувањето на основните човекови права а особено на малцинските заедници од друга страна. Немање на дистинкција помеѓу слобода на изразување и ширење на говор на омраза. Македонското законодавство го нотира и го криминализира ширење на говор на омраза од една страна но сепак не го класифицра како прекршок во одредени случаи бидејќи се коси со меѓународното конвенционално право на слобода на изразување. Слободата на говор не смее да биде загрозена, исто како што и не смее да биде злоупотребувана.
Еден од најчестите еклатантни примери кога се известува за ромската заедница, новинарите често ја наведуваат ромската припадност на лицето кој ја изврши негативната појава во одреден настан. На таков начин ја генерализира целата етничка заедница, креира стереотипи и предрасуди кои во блиска иднина настануваат и се основа за дискриминација од страна на општеството кон сите Роми. Таквите случаи се тендециозни и најчесто имаат негативно влијание, сакајќи да добие популаризација самиот медиум, се стигматизира и генерализира личноста и проблемот прераснува од индивидуален во општествен.
76% од ипитаниците сметаат дека интернет порталите најмногу шират говор на омраза и антициганизам користејќи ги социјалните мрежи кои преку постови и коментари нивото на јавна дебата е сведен на омаловажување и меѓусебна навреда. Младите велат дека во знак на револт коментираат на постовите на социјалните мрежи на некоја вест поврзана со Ромите, но често и за жал велат дека во коментарите најчесто вокабуларот на изразување води кон говор на омраза.
41% од испитаниците сметаат дека во медиумите во Република Северна Македонија се шири говор на омраза по различен основ а најмногу кон етничките заедници и ЛГБТ групите.
Како клучен наод од ова истражување, може да се утврди дека ромската заедница единствено само периодично е застпена во македонскиот медиумски простор. Високи 83% од испитаниците сметаат дека ромската тематика само во одредени периоди е застапена во медиумите.
Проактивноста на на ромската заедница во борбата со стереотипи и предрасуди во медиумите и ширењето на говор на омраза е минимална, додека телата за регулација на содржините во медиумите реагираат само по основ на дадедени претставки, помалку по службена должност односно самоиницијативно.
КЛУЧНИ НАОДИ - ПРЕПОРАКИ
Креирање на план и стратегија за дистинкција помеѓу говор на омраза и слобода на јавно изразување;
Целосна импелемнтација на начелата од Кодексот на новинарите од страна на уредниците и новинарите;
Поголема одговорност од медиумските работници при креирање на информации и вести поврзани со етничките заедници и маргинализираните групи;
Вработување на Роми во медиумската индустрија со што ќе доведе до поголема кохезија помеѓу ромската заедница и новинарите;
Јавниот сервис да обезбеди ромски медиски кадар при реализација на емисии на ромски јазик во Вториот канала на МРТВ;
Интервенција во законската рамка за третманот на говорот на омраза во офлајн и онлајн медиумите со што ќе се дојде до кохерентен и правно издржан контекст за превенција и санкционирање на овој заканувачки општествен феномен;
Воведување на методолошки издржани и технолошки поддржани механизми за следење и мерење на говорот на омразата во македонскиот медиумски простор, што ќе овозможи соодветна прогностика и обработка на трендовите, како и конкретни акции за детекција, превенција и подобро санкционирање на овие појави;
Воведување на конкретни образовни содржини во нивоата на основно и средно образование кои ќе се однесуваат на комуникацијата на интернет и низ социјалните мрежи („дигитално граѓанство“), со посебен осврт врз феноменот на слободата на говорот и нејзиниот антипод – ширењето говор на омраза;
Оддржување на обуки и работилници со медиумските работници на тема говор на омраза, дискриминација и антициганизам;
Искуството со акциите за вклучување на Ромите покажува дека долгорочните промени во која било од областите на политиката бара справување со антициганизам и дискриминација кон Ромите и градење доверба меѓу Ромите и не-ромски заедници.
Борбата против стереотипите и говорот на омразата треба да се води преку градење на позитивни наративи за Ромите меѓу мејнстримот општеството и зајакнување на ромскиот идентитет;
Поголема проактивност на ромскиот граѓански сектор при следењето на медиумите и нивниот начин на пренесување на информации за Ромите. Особено е важно следењето на медиумите а со тоа и навремено регирање на прекршувањето на законските норми и правила на известување.
Со цел намалување на стереотипите и предрадусите како и ширешето на говор на омраза, неопходно е соработа помеѓу ромската заедница и медиумите;
Проблемите на ромската заедница како и презентирањето на културниот идентитет може да помогне во креирање на позитивна сликаза Ромите во општеството преку истражувачки стории;
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА ЗАКОНИ 1. 2. 3. 4. 5.
УСТАВ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА И СПРЕЧУВАЊЕ НА ДИСКИРИМИНАЦИЈА КРИВИЧЕН ЗАКОНИК ЗАКОН ЗА АУДИО И АУДИВИЗУЕЛНИ УЛУГИ ЗАКОН ЗА МЕДИУМИ
ИЗВЕШТАИ И АНАЛИЗИ 1. ЕВРОПСКА УНИЈА 2019 / Commission staff working document – Roma inclusion measures reported under the EU Framework for NRIS – part 2 / Report on the implementation of national Roma integration strategies https://ec.europa.eu/info/publications/report-implementation-national-roma-integrationstrategies-2019_en?fbclid=IwAR1dPuwJL34AjDozGfzvFDGVEp2a8aSEWnTAgbv6tVpWawBbmZA9MBSp00 2017 / Antigypsyism - A Reference Paper / Version June 2017 http://antigypsyism.eu/wp-content/uploads/2017/07/Antigypsyism-reference-paper16.06.2017.pdf
2019 / Fundamental Rights Report 2019 https://fra.europa.eu/sites/default/files/fra_uploads/fra-2019-fundamental-rights-report2019_en.pdf
2. НАРОДЕН ПРВОБРАНИТЕЛ 2019 / Годишен извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права http://ombudsman.mk/upload/Godisni %20izvestai/GI-2017/GI-2018.pdf 3. АГЕНЦИЈА ЗА АУДИО И АУДИОВИЗУЕЛНИ МЕДИУМСКИ УСЛУГИ 2019 / Структура на вработените во аудио и аудиовизуелната медиумска индустрија во 2018 година https://avmu.mk/ 2018 / Анализа на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2018 година https://avmu.mk/ 4. МИСИЈА НА ОБСЕ ВО СКОПЈЕ ОБСЕ, 2013 - Слобода на изразување и говор на омраза / автори Елена Михајлова, Јасна Бачовска, Томе Шекерџиев. – Скопје https://www.osce.org/mk/skopje/116610?download=tru е