Page 1


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 68

17 МАРТ 2012 ГОДИНА

страна 2


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 68

РЕВОЛУЦИЈА-МАГАЗИН

страна 3

Содржина Неделна панорама .......................................................................... 04 За да ја разбереме, треба да ја научиме ЕУ ....................................... 09 Како стигнавме пред европските порти? ........................................... 14 Комшиското Поглавје 23 .................................................................. 22 Битно е нешто да се случува (Поглавје 24) ....................................... 26 Насилство по нарачка!? ................................................................... 31 Хелсиншки комитет за човекови права ............................................. 33 Западот сè уште е без конкуренција ................................................. 37 Една година од сириските немири .................................................... 41 Медиумите не ја потценуваат економијата ........................................ 45 THE HELP (2011) ............................................................................. 48

Импресум Oсновач и главен и одговорен уредник М-р Митко Јованов, e-mail: mitko.jovanov@mkrevolucija.com Заменик на главниот и одговорен уредник и администратор Славица Ѓоргиева, e-mail: slavica.gjorgieva@mkrevolucija.com Помошник на главниот и одговорен уредник и администратор Елена Павловска, e-mail: elena.pavlovska@mkrevolucija.com Уредник за филмска уметност, стрип и уметнички анимации: Владимир Неделковски, e-mail:vladimir.nedelkovski@mkrevolucija.com Соработници-аналитичари: Елена Николовска, Магдалена Јовановска, Кристина Вељаноска, Александра Николовска, Даниела Цветаноска, Милена Петровска Надворешен соработник: Д-р. Себастијан Рајнфелдт, Виена, Австрија

Технички уредник: Миланчо Ристовски e-mail: miki.ristovski@mkrevolucija.com Маркетинг: Славица Ѓоргиевa Е- mail: slavica.gjorgieva@mkrevolucija.com моб.: +389 (0) 75 63 44 94


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 68

РЕВОЛУЦИЈА-МАГАЗИН

страна 4

Автор: Влатко Неделковски

„Револуција“, магазин за политика, економија и култура ISSN 1857- 7458 Адреса: Востаничка 67б-7 1000, Скопје Република Македонија revolucijamagazin@mkrevolucija.com http://mkrevolucija.com/ 00 389 76 52 93 89 00 389 75 63 44 94

Издавач: МУЛТИМЕДИЈАЛНА МЕДИУМСКА ПЛАТФОРМА Непрофитна организација за демократија и креирање јавно мислење Жиро сметка: 2704953485006 Даночен број: 4058011508300 Депонент на Тутунска банка АД, Скопје

Адреса: Востаничка 67б-7 1000, Скопје 00 389 76 52 93 89 00 389 75 63 44 94


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 68

НЕДЕЛНА ПАНОРАМА

Усвоена Резолуцијата за Македонија На резолуција донесена со парламентарно мнозинство, во средата Европскиот Парламент повика на датум за преговори за членство со ПЈРМ. Заклучокот на европарламентарците беше дека Парламентот сака на оваа земја, која е кандидат за ЕУ од 2005 година, да ѝ се даде датум за почеток на преговорите за пристапување. Тие самите сметаат дека неуспехот на Советот конечно да одреди датум за преговори предизвикува „легитимни фрустрации и незадоволство“ во јавното мислење. Пратениците изразија и жалење што изгледите за пристап се блокирани од страна на спорот за името со Грција.

страна 5

По ваквата одлука на Европскиот Парламент, на 15 март 2012 следеше Пристапниот дијалог на високо ниво за Република Македонија. Негова цел е да се даде нова динамика на реформскиот процес за пристапување во ЕУ и со тоа да се зајакне довербата и да се поттикне европската перспектива на земјата. Високи извори од Брисел велат доколку Македонија сериозно работи на задачите од дијалогот извесно е - во декември Европската комисија со поголем притисок да издејствува официјални преговори за Македонија. Кон крајот на месецот договорено ќе отпочне техничкиот дијалог за поглавјата 23 и 24, што веќе наголемо се најавува низ медиумите и влијае на граѓанскиот адреналин. Европа нема милост кога критикува пред нејзиниот праг. Штом нè пофалија, време е и сами да си дадеме едно заслужено браво и да се надеваме дека критиките на ЕУ ќе нè трансформираат во едно подобро општество, во брзо време.

Го поздравија избирањето на новиот парламент и брзото формирање на коалициона влада, но се загрижени за основните слободи.

Филе на средби низ Скопје Пред почетокот на пристапниот дијалог на високо ниво Комесарот на Европската унија за


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 68

НЕДЕЛНА ПАНОРАМА

проширување Штефан Филе оствари повеќе средби со државниот врв, политички партии и граѓански организации во Република Македонија. На средбата со заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Теута Арифи разговараа за активностите и мерките кои ќе се реализираат во петте клучни области кои се опфатени со Пристапниот дијалог, а чија цел е да се овозможи нова динамика во реформските процеси кои се дел од европската агенда. Вицепремиерот Арифи ја потврди подготвеноста на Владата посветено да продолжи со имплементација на реформите во областите кои се дел од Пристапниот дијалог, со што ќе се придонесе за унапредување на процесите со Европската унија.

страна 6

средбата и двете страни ја изразија својата подготвеност за соработка и компромис. Додека Филе уште еднаш ја потврди подадената рака од Европската Унија, премиерот му вети дека ќе даде сè од себе за да се спроведат потребните реформи.

Мора да има баланс – Филе оствари средба и со лидерот на најголемата опозициска партија. Оттаму го информирале за мотивите и за содржината на политичкиот дијалог кој се воспоставува со Македонија на високо ниво. Очекувано - дипломатски ја поздрави оваа фаза од соработката на Македонија со ЕУ и истакна дека со овој дијалог од страна на Европската комисија сака да се поттикне и да се охрабри владата да направи позитивен исчекор на тој план.

Непосредно пред пристапниот дијалог Еврокомесарот разговараше и со Премиерот на Република Македонија. На

На многгуте средби кои Штефан Филе ги имаше деновиве во Скопје, пред пристапниот дијалог постојано се повторуваше истата реченица. Токму затоа целото ова негово шетање по Скопје


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 68

НЕДЕЛНА ПАНОРАМА

може да се сумира како „Ние бараме, ние ќе дадеме“. Македонија доби насоки, но и точни рокови до кога ќе треба да ги исполни задачите. Еврокомесарот Фуле во мај и септември ќе дојде повторно во земјава за да исконтролира како се спроведуваат обврските. Да се надеваме дека на некоја од средбиве Филе успеал да дојде бар до некоја од традиционалните македонски колачи, па да има што да раскажува дома, бидејќи средбите – веќе сите знаевме што ќе се кажат уште пред да почнат...

Преку социјалните медиуми до посилна демократија Социјалните медиуми и политиката, беше темата на панел дискусијата организирана од ЕУ Инфо центарот, со наслов „Подигање на јавниот дијалог на повисоко ниво: социјалните медиуми, олеснителен фактор за инклузивна демократија". Говорници на панелот беа Роберт Лидл претставник од Европската Унија, кој е вршител на должноста шеф на делегацијата на Европската унија во земјава, Сеад Џигал од Центарот за нови медиуми, Филип Стојановски од фондацијата „Метаморфозис“, Мевлудин Ибиш од

страна 7

Интернационалниот Балкански Инситут, а истата беше модерирана од Дарко Булдиоски од Центарот за нови медиуми.

Целата на оваа дискусија беше да се презентираат начините на кои политичарите или политичките партии ги употребуваат социјалните медиуми како начин на комуникација со граѓаните. До тука говорниците извлекоа заклучок дека моќта, масовноста и едноставниот пристап на социјалните медиуми е многу малку или погрешно искористен од политичките креатори во Македонија. Роберт Лидл објасни дека покрај употребата на традиционалните медиуми, Европската Унија и ЕУ Инфо центарот во Скопје ги употребуваат социјалните медиуми како уште еден начин преку кој ќе се соопштуваат новостите во оваа организација. Самиот тој призна дека е голем предизвик за една огранизација како што е Европската Унија да


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 68

НЕДЕЛНА ПАНОРАМА

го задржи интересот кај читателите, бидејќи најчестите информации кои се презентираат преку социјалните мрежи се официјални информации. Вели дека е многу тешко за Европската Унија да објавува информации, бидејќи истите мораат да бидат неколку пати проверени и секогаш официјални. Според тоа тие имаат и официјален кодекс, кој им е доставен директно од Брисел и до кој мораат строго да се придржуваат. Сеад Џигал вели дека досегашната практика на сите политичари била да се употребат социјалните медиуми само во делот кога се прават кампањи. Тие тогаш масовно ги употребуваат истите, а кога веќе ќе поминат изборите сите забораваат на нив. Политичарите во таквиот случај, вели Џигал, дека се однесуваат како еден вид на „Олимп“, од каде само испраќаат информации до граѓаните. Ова нè доведува да го поставиме прашањето: Навистина ли само во преизборните кампањи на политичарите и политичките партии им се важни проблемите на граѓаните, додека пак кога ќе го добијат мандатот веќе никој не го интересира што има да каже народот?!?! Еден од посочените примери на оваа панел дискусија беше

страна 8

употребата на Твитер профилот на Премиерот. Дефинициите во учебниците или, пак, познавачите на социјалните мрежи ќе ви посочат дека овие медиуми се употребуваат за директна, двонасочна комуникација со целната публика. Оттука, очигледно е дека Твитер профилот на Премиерот се употребува сосема погрешно. На овој профил ќе видите дека некој кој е задолжен за објавување на на информации на истиот, тоа го прави во трето лице еднина и притоа само соопштува информации за активностите на премиерот, што, всушност, укажува на тоа дека со овој профил не се очекува двонасочна комуникација...

Марш за мир!/Marsh për paqe Како реакција на серијата насилни меѓуетнички ситуации инциденти, на кои властите реагираа споро и со низа контроверзи, во Македонија се јави една нова иницијатива наречена „Марш за мир“. Тие потенцираат: „Поттикнувањето етничка и расна омраза или нетрпеливост е кривично дело. Во САД и други земји низ светот, како злосторства од омраза се сметаат активности кои се мотивирани од било каков вид расизам и


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 68

НЕДЕЛНА ПАНОРАМА

шовинизами при кои злосторниците ги одбираат жртвите поради нивната припадност кон определена група.“ И токму затоа преку видео спот, постери и кампања преку социјалните мрежи се промовира идејата за „Марш на Мир“ против неодамнешните насилства кои се случија низ републиката. Маршот се случува денес, 17 март 2012, со почеток во 14 часот од Школка во градскиот парк во Скопје.

страна 9

граѓански организации, со учество на уметници и медиумски личности од сите локални етнички групи кои не сакаат да ги снајде реприза на конфликтот од 2001 година. Нивната порака е следната: ЗА Мир! ЗА живеење едни со други наместо едни покрај други! ЗА Смирување на тензиите! ЗА Доброто на сите луѓе! ЗА Пријателство! ЗА Општество без насилство! Без предрасуди и манипулации! Добредојдени се сите луѓе кои се залагаат за смирување на тензиите и подигнување на јавната свест за заеднички живот! Ова е прашање на граѓанска и човечка освестеност! Да го посадиме семето на љубовта. Сакаме и можеме! „Револуција“ ќе маршира за мир. А вие?

Иницијативата е во организација на активисти и околу 67


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 68

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА

страна 10

М-р Митко Јованов

За да ја разбереме, треба да ја научиме ЕУ „Го разбирам светот како културен натпревар меѓу народите“. Наместо тоа, голем дел од граѓаните денеска во сопствена држава се борат како да преживеат.

врз остатокот од светот, некогаш и некаде тоа влијание е позитивно, но некогаш и некаде, и негативно.

Центар на модерната цивилизација Основите на модерната цивилизација во најголем дел се на европско тло. Развојот на демократијата, исто така и развојот и унапредувањето, на човековите, работничките, социјалните права, се случува на европско тло. Во Европа се рушат монархиите и се воспоставуваат демократски општества (Француската револуција). Европа го откриваше непознатиот свет на другите континенти на земијаната топка, Америка, Австралија... Во Европа се случија големите технолошки откритија, првата парна локомотива, Дизел и Ото моторот, авионот... На европско тло се родиле и твореле Пикасо, Бетовен, Моцарт, Шопен... Токму поради таквиот историјат, Европа одиграла клучно влијание за човештвото да го има сегашното ниво на развој. Европа имала, и има огромно влијание

Единствениот пазар на Европската унија, е најголем потрошувачки пазар во светот. Економијата на ЕУ е една од најголемите во светот, најголем дел од жителите во државите на ЕУ, имаат најголем животен стандард. Од друга страна, на стариот континент, биле потикнати и се одиграле најразорните војни во историјата на човештвото. Најголемите разлики и антагонизми меѓу луѓето, историјата ги забележала токму во Европа, мегу нив и најголемите верски конфликти со масовни колежи и убиства (Вартоломејска ноќ).


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 68

ЕУ е најхумана иницијатива Национализмот е исто така европска појава, кој пак, подоцна добива и екстремни форми - фашизам, нацизам и шовинизам. Токму и поради ваквата историја, интеграцијата на државите во Европа во политичка заедница и заеднички пазар и економија, е најхуманата иницијатива во историјата на човештвото, бидејќи тоа резултира со повеќе мир, безбедност и развој, не само во Европа, туку и во остатокот од светот. Иницијаторите и водачите на европските народи во изминатите пет децении, со интегративниот процес, се спротивставија на национализмот, уште повеќе на фашизмот, шовинизмот, појави кои им нанеле големи страдања и злосторства во минатото. Меѓусебната доверба и солидарност се двата базични принципи врз кои почива ЕУ. Спроведување на процесот на интеграција има огромна цена, во тој процес се инвестирани, и се инвестираат стотици милијарди евра, многу откажувања, големи компромиси, отстапувања, приближување на разликите до степен, тие да станат подносливи без да предизвикуваат проблеми за мирот и стабилноста. Евроинтегративниот процес поседува моќ и енергија бидејќи е поттикнат и започнат од

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА

страна 11

Франција и Германија, кои се негови најголеми двигатели. Тоа се токму државите, народите меѓу кои во историјата постоела најголема омраза, ривалство, што ги чинело милиони човечки животи и огромни материјални штети. Тие успеаа да ги надминат огромните меѓусебни недоразбирања, кои имаат историска и материјална основа. Тоа беше огромен влог во иднината на Европа, и изврши силно влијание врз другите држави на континентот да го следат истиот пример. Благодарение на евроинтегративниот процес, денеска Европа ги нема проблемите како на пример, тие меѓу Германија и Полска, Италија и Словенија, Италија и Австрија, како и многу други. Секако има уште проблеми и конфликти. Постоечките проблеми ќе мора да се решаваат врз основа на принципите на ЕУ, без разлика дали тој процес ќе биде болен, и ќе предизвикува големи колективни емоции. Доколку проблемите бидат надминати порано, тоа ќе биде од голема полза. Искуството од досегашниот евроинтегративен процес зборува дека ретко која држава решила да остане надвор од овој процес (Швајцарија и Норвешка). Европската интеграција опстојува и се развива и


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 68

покрај скептицизмот што ја следи постојано од нејзините почетоци. Моќта на ЕУ и процесот на интегрирање што таа го поседува, е во тоа што таа не е само заедница од интерес, туку многу повеќе од тоа. Европската интеграција е и идеологија која содржи во себе сила да ги решава проблемите кои во минатото изгледале нерешливи. И покрај сите слабости, дека нема заедничка надворешна политика, не е единствена и сл., ЕУ докажува дека таквите обвинувања се неиздржани кога ќе се земат горенаведените историски искуства што ги има зад себе Европа. Токму затоа, процесот на интеграција не е лесен. Притоа, не треба да очекуваме моќта што ја поседува ЕУ да се сконцетрира на едно место, како на пример Белата куќа во Вашингтон.

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА

страна 12

евроинтегративните процеси да ги нема и денеска да не постоеше ЕУ, каква што е денеска, дали ќе бевме во поповолна ситуација во однос на реашавањето на проблемите со кои сме соочени, меѓу кои и спорот што ни го наметна Грција. Добро знаеме од историјата, како се постапувало кон нашите цели да основаме сопствена држава. Истотака се сеќаваме и на неколкуте сценарија од раните деведесетти години на минатиот век, меѓу кои и сценариото за поделба на нашата држава, меѓу тогашниот претседател на Србија Слободан Милошевиќ и грчкиот премиер Мицотакис. Токму таквите сценарија во кои учествува членка, во тој период Европската заедница, не можеа да се реализираат.

Нашата полза од ЕУ Од опстојувањето на Европската унија имаме и ние како држава и народ полза, иако нас ни изгледа како да е сосема спротивно, особено дека како народ сме уценети да си го промениме името на државата поради барањето од Грција. Ако сме скептични во овој однос, тогаш, да се обидеме да замислиме ситуација

Од таму произлегува полезноста од евроинтегративниот процес за Македонија, бидејќи нашата вековна борба за самостојна


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 68

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА

страна 13

држава беше задушувана од посилните околу нас.

претседаваат со телата и органите на ЕУ.

Денеска на европско тло сè помалку се исплати со оружје да се наметнуваат решенија.

Интегрцијата во ЕУ подразбира успешно зајакнување на капацитетите на институциите на државата, функционална правна држава, заштита на човековите права, развој на демократијата, порационално управување и трошење на државните пари, ефикасна борба против корупцијата, економски развој...

Таквото искуство и обид скапо ја чинеше Србија, која се обиде со сила да ги добие териториите каде што живеат Срби, но се случи да изгуби територии за кои историски сметаше дека се неразделен дел од неа. Денеска Србија силно и забрзано се менува согласно стандардите и принципите на ЕУ. Сегашната фаза во евроинтегративниот процес за нас е премногу тешка, тоа е фаза која ја доживуваме емотивно. Посебно тешко е поради недовербата кон другите, која пак, е поради лошите историски искуства што ги имаме низ вековните борби и напори за основање на државата, потоа, нејзиното осамостојување и процесот на трансформација во демократска и правна држава. Во таа насока, сосема погрешно е да се гледа на интегрирањето во ЕУ како губење на индентитетот. Бидејќи индентитетот се губи преку вршење асимилација, тоа не е случај во ЕУ. Напротив, во ЕУ индентитетите се зајакнуваат, посебно тоа е случај со малите народи, кои имаат прилика да

Овие придобивки се значајни во денешно време да го зајакнеме сопствениот индентитет и да го манифестираме на европската и светската сцена. Најекспресна манифестација на националниот индентитет и чувство, има во културното творештво, спортот, науката, односно каде што доаѓаат до израз креативноста, уметноста, умешноста, секаде каде што има натпреварувачки дух кој предизвикува социјална и колективна кохезија.


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 68

Со своето минато и историја, како народ нашето место е токму во Европската унија. Токму како што се искажал еден од нашите великани и борци кој го посветил животот за самостојна Македонија, Гоце Делчев: „Јас го разбирам светот како културен натпревар меѓу народите“.

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА

страна 14

Наместо тоа, за жал најголем дел од припадниците од македонскиот народ, денеска мораат да се борат за да обезбедат основни услови за да преживеат. За таквата ситуација која е резултат од изминатите 20 години, виновниците се дел од нас, и треба да ги бараме во нашите редови.


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 68

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА

страна 15

Елена Павловска

Како стигнавме пред европските порти? По прогласувањето на независноста во јануари 1991 година, Република Македонија го истакна членството во Европската унија како една од нејзините стратешки интереси, пат по кој сé уште одиме. Патот е долг и макотрпен со многу пречки. Не е лесно! Но мораме да признаеме дека ЕУ ни е потребна! Да не го погазиме веќе стореното, да го изодиме патот!

Патот кон ЕУ Европската Унија (ЕУ) е наднационална и меѓувладина унија и заедница на 27 демократски земји-членки. Европската Унија е најголемата конфедерација на независни држави во светот, основана под ова име во 1992 година со Договорот за Европска Унија (Мастришкиот договор). Сепак, многу аспекти од Унијата постоеја и пред оваа година преку серија на претходни договори, кои датираат од 1951 година.

Неоспорен е фактот дека целта на секоја европска држава е да пристапи кон оваа Унија и неоспорна е важноста за членството кон оваа заедница. Колку и да се удираме во градите велејќи дека нам тоа не ни е потребно, дека можеме и самите, факт е дека без помошта од ЕУ нашиот развој е дискутабилен. Но, каков е патот до ЕУ? Секоја држава која сака да стане полноправна членка на Европската унија, својата намера ја изразува со поднесување на барање за членство кое го предава на Советот на Европската унија. Советот ја задолжува Европската комисија да ја процени способноста за исполнување на критериумите и условите за пристапување на земјата кон ЕУ. Кога велиме дека сме под будното око на ЕУ, токму на ова се мисли. Секој чекор, секој настан се следи, а потоа се издаваат извештаии за напредокот, согласно со потребните критериуми. Критериумите кои секоја земја мора да ги задоволи, во јавноста се познати како Копенхашки критериуми, а можат да се поделат на политички, економски и административни. Во однос на политичките критериуми станува збор за стабилност на институциите кои


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 68

ќе гарантираат демократија, владеење на правото, заштита на човековите права и почитување и заштита на правата на малцинствата. Критериумите кои ги донесе Европскиот совет на седница во Копенхаген во 1993 година, вклучуваат и постоење и функционирање на пазарна економија која мора да биде во можност да се справи со притисокот на пазарот и правилата на европската економија, односно да биде во можност да се справи со притисокот на конкуренцијата и пазарните сили внатре во Унијата.

Колку ова го исполнија земјитечленки, можеме и самите да процениме, но сепак - тоа е условот. Исто така, секоја земја кандидат мора да биде спремна да ги преземе сите обврски и одговорности во насока на прифаќање и исполнување на целите на политичката и економската и монетарната унија.

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА

страна 16

Таканаречените административни критериуми, познати и како Мадридски критериуми, утврдени на седница на Европскиот совет во 1995 година, бараат секоја земја кандидат да биде способна да создаде услови за прилагодување на националната административна структура кон механизмите кои функционираат во јавната администрација на ЕУ. Тоа значи дека правните акти и закони мора да се во согласност со ЕУ-регулативата. Ако мислењето на Комисијата е позитивно (земјата ги исполнува овие услови), а Советот едногласно го поддржи истото до донесување на преговарачка рамка, преговорите за пристапување на нова членка се сметаат за официјално започнати и отворени. Нужен и неоходен предуслов во процесот на пристапување е донесувањето на претпристапна стратегија чија цел е да ја подготви земјата за идното членство. Претпристапната стратегија вклучува многубројни документи и механизми како што се договори за здружување, договор за стабилизација и пристапување, економски договори и конвенции, европски партнерства, претпристапна помош, кофинансирање од меѓународни финансиски установи, учествување во програмите на ЕУ, во работата на агенциите на ЕУ, донесување на


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 68

национална програма за усвојување на европското законодавство и извештаи за напредокот кон политичкиот дијалог.

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА

страна 17

позитивно мислење од страна на Европската комисија и едногласна потврда од Европскиот парламент пред да се даде на ратификација на државите членки на Европската унија. По завршувањето на процесот на ратификација на договорот за пристапување во сите земји членки, земјата кандидат станува полноправна членка на Европската унија. Скратено кажано, патот е долг и напорен со многу препреки, но ние веќе зачекоривме по него. До каде е Македонија на патот до ЕУ?

Европската комисија континуирано го известува Советот на Европската унија и Европскиот парламент за напредокот на процесот на преговарање, а извештаите на земјата-кандидат ѝ служат како своевидни упатства за квалитетот на подготовката за членство во ЕУ. Во текот на преговорите земјите-кандидати добиваат помош од ЕУ за да им се овозможи полесно да го достигнат нивото на економскиот развој на Унијата. Кога преговорите за сите поглавја ќе бидат завршени, Советот на Европската унија и земјата кандидат, врз основа на заклучоците од преговорите, заедно составуваат предлог на договор за пристапување кон Европската унија. Предлогот на договорот мора да добие

Чекорите на Македонија Прашањето околу идното проширување на Европската Унија теоретски е отворено за секоја држава која се наоѓа на европскиот континент, која е демократска, земја во која функционира организацијата на слободен пазар и земја која е подготвена да ги спроведе сите претходни закони кои ги налага законодавството на ЕУ. Сепак, дали една земја ќе пристапи кон унијата е предмет, кој се оценува од страна на институциите на ЕУ. По прогласувањето на независноста во јануари 1991 година, Република Македонија го истакна членството во Европската унија како еден од нејзините стратешки интереси, пат по кој сè уште одиме.


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 68

Европската унија на 15 јануари 1992 година, формираше Арбитражна комисија, предводена од претседателот на Уставниот суд на Франција, Робер Бадинтер (сигурно ви е познато презимето). Комисијата заклучи дека Република Македонија ги задоволува сите услови за меѓународно признавање и дека името не претставува територијална закана. Меѓутоа, заради спротиставувањето на Грција нашата земја да се признае под уставното име, задоцни процесот на меѓународно признавање и воспоставување на дипломатски односи со ЕУ.

Целосните дипломатски односи меѓу РМ и ЕУ се воспоставени во декември 1995 година, кога е отворена и мисијата на РМ во ЕУ. Република Македонија од 1996 година е корисник на Програмата ФАРЕ (Phare), програма создадена од ЕУ за помош на реформите на земјите од Централна и Источна Европа, насочени кон пристапување во ЕУ. Во април 1997 година потпишана е Спогодба за соработка меѓу

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА

страна 18

Република Македонија и Европската заедница, како и Спогодба во областа на транспортот, а потоа и за текстилот. Потоа Европската унија отвори претставништво, односно канцеларија на Европската комисија во Република Македонија. Во февруари 1998 година за прв пат се одржа политички дијалог меѓу РМ и ЕУ, а во март истата година се одржа првиот состанок на Советот за соработка меѓу РМ и ЕУ. Тој успешно функционираше сè до воспоставување на новото тело со Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Европската комисија во 1999 година, оформува нова рамка во која се одвива соработката на ЕУ со земјите од т.н. Западен Балкан. (Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Хрватска), кој го нарече Процес за стабилизација и асоцијација (ПСА). Канцеларијата на Европската комисија во 2000 година беше подигната на ниво на Делегација на Европската комисија. Советот на министри на Европската унија во декември 2000 година донесе Одлука (Регулатива) со која се воспостави КАРДС (CARDS) програмата, како програма за помош на Европската унија на земјите кои припаѓаат на


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 68

Процесот на стабилизација и асоцијација. Република Македонија е прва држава од земјите-учеснички во ПСА која ја потпиша Спогодбата за стабилизација и асоцијација во април 2001 година. На 22 март 2004 година, во Даблин, Република Ирска, Владата на РМ поднесе барање за членство во ЕУ со што се потврди континуираната и јасна политичка определба за приклучување кон Унијата.

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА

страна 19

инструментот за претпристапна помош (ИПА) и Рамковната спогодба помеѓу Република Македонија и Комисијата на Европските заедници за правилата за соработка во врска со финансиската помош. Република Македонија е прва земја во регионот чии проекти беа одобрени од Европската комисија и прва земја во регионот која ја потпиша Финансиска спогодба со што се овозможи користење на средствата од ИПА-фондовите. На 1 јануари 2008 година стапи на сила Спогодбата за визно олеснување и Спогодбата за реадмисија со ЕУ. На 18 февруари 2008 година, Европскиот совет го усвојува Пристапното партнерствоза земјата, обновувајќи го претходното Европско партнерство од 2006 година.

На Самиот во Брисел на 17 декември 2005 година, Европскиот совет реши Република Македонија да се стекне со статус земјакандидат за членство во ЕУ. Оттогаш Европската комисија објавува редовни извештаи за напредокот на Република Македонија. На 30 октомври 2007 година се потпишани Финансиската спогодб а меѓу Владата на Република Македонија и Комисијата на Европските заедници за Националната програма за 2007 година во рамките на

Во февруари 2008 година, отпочна дијалогот за визна либерализација за граѓаните на Република Македонија.

Во март 2008 година, Европската комисија ја усвои комуникацијата


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 68

за Западен Балкан, во која се изложуваат одредниците за преминување во следната фаза од пристапниот процес . Истата година, во месец мај, Европската комисија го презентираше патоказот за визна либерализација, во кој јасно и прецизно беа дефинирани одредниците, по блокови, кои требаше да се исполнат од страна на Република Македонија. Од страна на Европскиот Парламент на 12 март 2009 година усвоена е Резолуција за извештајот за напредокот на Република Македонија во 2008 година во која се предлага отпочнување на преговорите за членство во ЕУ. Четири месеци подоцна, Европската комисија, врз основа на направените реформи и постигнатите резултати, одлучи да даде предлог за доделување на визна либерализација за граѓаните на Република Македонија. По својот извештај објавен на 14 октомври 2009 година, Европската комисија, одлучи да предложи отворање на преговорите за пристапување на Република Македонија во Европската Унија. Одлуката беше донесена врз основа на убедливиот постигнат напредок и значителната работа на клучните реформски приоритети, познати како одредници 8+1, а особено поради исполнувањето

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА

страна 20

на копенхашките политички критериуми. На 1 декември 2009 година, по долг и макотрпен процес на преговори, по неуспешните референдуми во Франција и Холандија, а после и во Ирска, со повторен обид и со правење на одредени отстапки, стапи на сила Лисабонскиот договор, кој покрај зголемувањето на надлежностите на Европската унија, Европскиот парламент и националните парламенти на земјите членки, го отвори патот за реформи на институциите за нови проширувања со нови земји-членки во ЕУ, вклучително и на Република Македонија. На 30 ноември 2009 година, Европскиот совет на својот состанок донесе одлука за визна либерализација за граѓаните на Република Македонија со важност од 19 декември 2009 година. Европскиот парламент, на својата седница одржана на 10 февруари 2010 година, ја изгласа Резолуцијата по Извештајот за напредокот на Република Македонија во 2009 година, во која бара од Европскиот совет, без понатамошно одлагање, на својот Самит во март 2010 година, да ја потврди препораката на Европската комисија и да донесе одлука за отпочнување на преговорите за членство со Република Македонија, со напомена дека јасната перспектива за членство во ЕУ е главната движечка сила


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 68

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА

страна 21

за реформи во земјата, од исклучителна важност за политичката стабилност и заедничка цел на политичките актери и етничките групи во Република Македонија.

економијата како и слободата на медиумите.

Односите Македонија - ЕУ

Постојаното повторување влијаеше да граѓаните тоа го сфатат како ултиматум - или името или ЕУ. Ултиматум кој никогаш не е искажан од страна на ЕУ и кој е нерален. Затоа и неретка е појавата на развој на евроскептицизмот во земјата, особено во последно време. Голем број од граѓаните сметаат дека од нив се бара да се откажат од името, за да влезат во ЕУ.

Сепак, до денеска, датум за започнување на преговори со ЕУ, Република Македонија сè уште не добила. Најголемиот проблем на земјата околу започнувањето на преговори со ЕУ е спорот за името со соседна Грција. Грција го отфрла името Македонија бидејќи според неа, тоа имплицирало територијални амбиции кон сопствената територија на Грција, односно, северниот дел на провинцијата Македонија. Поради тоа, ЕУ земјата ја нарекува „Поранешна Југословенска Република Македонија" (ФИРОМ). Решавањето на проблемот со името стана услов за пристапување кон Унијата. Грција, постојано потврдува дека ќе го искористи своето право да го блокира пристапот без претходно да биде најдено решение, односно изјавува дека ќе употреби вето, исто како што го употребила при блокадата на земјата за влез во НАТО пактот. Други позначајни тешкотии со кои се среќава Република Македонија е остварувањето на европски стандарди на владеење на правото и

И покрај големото лобирање и подршката од некои европратеници, се знае која е главната причина зошто сè уште тапкаме на ЕУ патот- името.

Македонските граѓани се поделија околу дилемата НАТО и ЕУ или уставното име на земјата. Во анкетата што ја спроведе Македонскиот центар за меѓународна соработка, на прашањето дали сте за НАТО и ЕУ и по цена на компромис околу името позитивно одговориле 40,5 отсто, додека блиски 39,6 отсто и натаму се за зачувување на името, и по цена на застој во


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 68

евроинтеграцијата. Анкетата спроведена на 1090 испитаници покажува дека граѓаните би сакале многу (58 отсто) спорот да се реши годинава, но дека во огромен процент не веруваат дека ќе се случи тоа, а 24,2 отсто од нив не веруваат дека ќе се реши воопшто.

Да не го изгубиме патот Со прогласувањето на независноста во јануари 1991 година, Република Македонија го истакна членството во Европската унија како еден од нејзините стратешки интереси. Остварувајќи ја оваа определба, Република Македонија се

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА

страна 22

легитимира како партнер од доверба и сојузник на Европската Унија, кој мина низа етапи во односите, приближувањето и интегрирањето на ЕУ. Поминавме низ многу да добиеме позитивни критики во европските извештаи, да добиеме статус на земја кандидат за прием, да ЕУ ни покаже доверба и да ни дозволи пристап до некои свои фондови и субвенции за развој на државата во сите свои сектори. Да не се лажеме: ЕУ ни е потребна! Единствен начин да ги разбереме нејзините постапки и да ја разбереме нејзината важност е да ја запознаеме во целост и да не дозволиме медиумските заблуди и митови да ни го поматат умот и да ни влеат евроскептицизам. Само информираноста може да ни донесе слободно и ефективно размислување! Само со макотрпна работа и напор ќе докажеме дека и ние сме ѝ потребни на ЕУ!


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 68

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА

страна 23

Eлена Николовска

Комшиското Поглавје 23 Пред стартот на пристапниот дијалог на високо ниво со ЕУ, на 15-ти март, низ медиумите постојано се повторуваа зборовите на Теута Арифи „Скринингот Македонија го почнува со поглавјата 23 и 24“. И толку. Ниту се потрудија на јавноста да ѝ објаснат што значат овие зборови, ниту, пак, да објаснат што значи исполнувањето на овие зборови за обичниот граѓанин на Република Македонија.

Поглавјата 23 и 24 се, всушност, дел од цел список поглавја кои постојано се надополнуваат и менуваат, а ги претставуваат фундаменталните принципи врз кои почива Унијата и кои секоја земја- кандидат мора да ги почитува за да стане дел од Унијата. Содржејќи ги најважните принципи за ЕУ, скрининг- процесот за сите земји- кандидати најчесто започнува токму од нив. Поглавјето 23 се занимава со областа на Правосудството и

основните човекови права и во него пишува: „Политиките на ЕУ во областа на судството и основните права имаат за цел да ја одржат и понатаму да ја развијат Унијата како подрачје на слобода, безбедност и правда. Поради тоа, воспоставување на независно и ефикасно судство е од огромно значење. Непристрасност, интегритет и висок стандард на донесувањето на решението од страна на судовите се од суштинско значење за заштита на владеењето на правото. Ова бара цврста заложба за отстранување на надворешните влијанија врз судството и за да се посветат соодветни финансиски ресурси и обуки. Правни гаранции за фер судски постапки.

Исто така, земјите членки мора да се борат против корупцијата ефикасно, бидејќи таа претставува закана за стабилноста на демократските институции и владеењето на правото. Солидна правна рамка и


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 68

доверливи институции за да се поддржи една кохерентна политика на спречување и одвраќање на корупцијата. Земјите-членки мора да го осигураат почитувањето на човековите права и ЕУ- правата на граѓаните, како што е загарантирано со Повелбата за основните човекови права.“

Што значи скрининг- процес на ова поглавје? Подразбира дека одговорните органи на ЕУ ќе анализираат дали Република Македонија ги почитува следните точки:  Независност, непристрасност и администрацијата на судството  Ефикасноста на судството и казнениот систем  Казнено-поправните установи  Институциите за човекови права  Спречување на корупцијата  Борбата против корупцијата  Борба против перење пари и финансирање на тероризам  Слободата на изразување и слобода на печатот

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА

страна 24

За секоја од овие области поединечно, експерти од ЕУ составуваат извештај за земјата, детално објаснувајќи како Република Македонија ги регулира истите и до кој степен го прави тоа успешно. Значи, за да биде оценката позитивна, Република Македонија мора да има пред сé независно и непристрасно судство. Ова подразбира судии и судски органи кои донесуваат одлуки само врз основа на лично согледување на изнесениот доказен материјал. На нивната конечна одлука не смее да има никакво поинакво влијание. Колку е навистина вака? Последен пат кога бев во Основниот суд во Куманово, низ вратата на судијката се слушаше муабет кој одеше вака: „Ти среди ми ја оваа работа, а јас после ќе ти ги префрлам парите на сметка. Добро комшија. Договорено е.“ Ова не е единствен ваков комшиски муабет од кабинет на судија. Со ваквиот муабет комплетно се крши идејата за независно и непристрасно судство. Во оваа точка спаѓа и правото на фер судење, ама со ваков муабет и тоа лета низ прозор. Можеби требаше да ги затегнеме нашите комшии - судии малку поцврсто. Република Македонија треба да има и ефикасно судство, што подразбира ефикасно, брзо и навремено спроведување на


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 68

судските постапки. Ефикасно значи и по пат кој за странките би значел трошење на најмалку пари и време. Со оглед на фактот што за да земат повеќе пари, некои адвокати со години го влечкаат истиот случај користејќи ги законските дупки, ама и комшијата судија, останува недоискажано како тие го сфатиле терминот „ефикасно“. За Условите во нашите Казненопоправни установи нема сега да зборуваме, бидејќи сите знаеме отприлика на што личат, колку ги исполнуваат условите за едукација на затвореничката популација и ресоцијализација на истата во општеството.

Спречување на корупцијата, борбата против корупцијата и борбата против перење пари и финансирање на тероризам се однесуваат на иста област. Корупцијата доаѓа од горе и се шири надолу. Ова значи дека доколку власта е корумпирана и ги спроведува нејзините политики користејќи корупција,

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА

страна 25

тогаш и сите кои на скалилото на хиерархија се под неа го прават истото. Тероризам, можеби и финансираме - ама не знаеме, бидејќи некој дебело ја плаќа тишината на одговорните органи. Едно мора да признаеме, а тоа е дека претходно немавме никакви органи за спречување на корупција. Сега имаме, ама тие некако не се баш непристрасни и независни во својата работа. Институциите за човекови права или поточно раѓање на многу од нив, изгледа е област во која најмногу сме успеале. Деновиве Република Македонија има огромна бројка на владини и невладини институции кои се борат за почитувањето на човековите права на граѓаните во оваа држава. Донекаде можеби им успева, поради фактот што ги информираат граѓаните за нивните права. Ама како тие да ги остварат истите, ако во општеството владее корупција!?

Слободата на изразување и слободата на печатот ни е


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 68

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА

можеби една од најболните и најкритични точки во моментов, главно бидејќи ја нема. Медиумите носат партиски бои, а оние кои се независни добиваат чести закани кога објавуваат вистина. Неодамна бевме сведоци и на масовна хајка на новинари и новински агенции кои баш и не играа како што свиреше власта. Уште еден доказ за немањето слобода во овие две

страна 26

области е и обидот за подредување на клеветата во редот на кривични дела. Заклучокот од скринингпроцесот на Поглавјето 23 е најмногу комшиски. Комшии судии, комшиска полиција и комшиски расположена власт. Оставам на моите комшии сограѓани сами да ја довршат оваа најкомшиска анализа...


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 68

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА

страна 27

Славица Ѓоргиева

Битно е нешто да се случува (Поглавје 24) Постепено се загрева атмосферата и се одбројуваат деновите кога ќе започне техничкиот дијалог за фамозните поглавја 23 и 24. Како што е наведено во претходниот текст „Комшиското Поглавје 23“, 23ката и 24-ката се, всушност, дел од цел список поглавја кои постојано се надополнуваат и менуваат, а ги претставуваат фундаменталните принципи врз кои почива Унијата и кои секоја земја- кандидат мора да ги почитува за да стане дел од Унијата. Содржејќи ги најважните принципи за ЕУ, скринингпроцесот за сите земјикандидати најчесто започнува токму од нив.

растечката рамка на заедничките правила. Пред сè ова бара силен и добро интегриран административен капацитет за спроведување на законите од страна на органите за притисок, кои мора да ги постигнат потребните стандарди. Професионален, сигурен и ефикасен полициски апарат е од огромно значење.

Поглавјето 24 се однесува на европските принципи на Правдата, слободата и безбедноста. Во него, се вели: „Политиките на ЕУ се стремат да ја воспостават и да ја развиваат Унијата како сфера на слобода, безбедност и правда. За прашања како што се контрола на границите, визи, надворешна миграција, азил, полициска соработка, борба против организиран криминал и против тероризам, царинска соработка и судската соработка во кривичните и граѓански предмети, земјите-членки мора да бидат соодветно опремени за да адекватно ја имплементираат

Најдетален дел од политиката на ЕУ за правда, слобода и безбедност е Шенгенскиот договор кој ги повлекува внатрешните гранични контроли во ЕУ. Како и да е, за новите земји-членки деловите од Шенгенскиот договор се спроведуваат по пристапувањето, според посебна одлука на Советот треба да се преземат по пристапувањето.“


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 68

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА

Организирано против организираните Да се организираат соодветните органи за да се борат против организираниот криминал – не е воопшто лесна работа, ниту пак цел која може да се постигне преку ноќ. Особено не на Балканот.

страна 28

„вријат“, не смее да се игнорира – Балканот е епицентар на организираниот криминал, а Македонија е во срцето на Балканот. Можеби ова е причината што нашето Министерство за внатрешни работи е едно од (медиумски) најактивните, а неговата министерка постојано на тапет. На почетокот на минатата година, во рамките на акцијата наречена „6,35“, МВР успеа да пресече меѓународен канал за нелегална трговија со оружје. Притоа беа уапсени деветмина осомничени од криминалната група, сите македонски државјани.

Како што ќе напише доцент Вера Стојарова од Универзитетот Масарик во Брно, во Чешката република: „Иако помалку озлогласен од рускиот или кинескиот организиран криминал, балканскиот регион може моментно да се опише како еден од најважните епицентри на организираниот криминал транснационален и глобален феномен. Групите на организиран криминал имаат заеднички интерес да остварат профит, така што надминувањето на етничките разлики не е проблем за нив.“ Иако можеме да се радуваме дека барем во една сфера меѓуетничките односи не

Во декември 2011, акцијата „Бришач“ збриша 33 од вкупно 57 осомничени за лажирање на сообраќајни незгоди. Во акцијата инволвирани беа и 17 полицајци кој приготвувале лажни извештаи за т.н. фиктивни сообраќајки.

Истиот месец, со акцијата „Калдрма“, продолжение на


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 68

познатото „Змиско око“, МВР уапси над 80 вработени на патарини. Притворените беа осомничени дека проневериле над 2 милиони евра со лажни фискални сметки.

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА

страна 29

против организираниот криминал. Имплементацијата на полициските реформи продолжува, но структурни проблеми, малуброен кадар и недостатокот на буџетски средства сè уште постои.“ А кога сме кај полицијата... Иако никој не го мери, рејтингот на чуварите на редот и мирот е на незавидно ниво. Стравот постои, но почитта избледува.

Неодамна пак, македонската полиција во заедничка акција со бугарските колеги пресече меѓународен шверц на дрога и заплени три килограми хероин наменет за домашниот пазар. Шверцот се одвивал на релацијата Турција – Бугарија – Македонија, а бил откриен по претходни оперативни сознанија добиени во соработка со бугарската полиција.

Ова делумно заради нив самите, но и помалку делумно и од медиумскиот балон по убиството на Мартин Нешковски на плоштадот Македонија, и уште повеќе деновиве – по двојното убиство во Гостивар.

И така натаму со примери... Како и да е, нашето МВР е постојано во акција, а дали во криминалната џунгла ги „лови“ тигрите, или се задоволува само со погрешно залутаните мајмуни – не е наше да судиме. Европа пак, со својот последен извештај смета дека „одреден напредок е забележан во полициската соработка и борбата

Протестите против полициската бруталност, како што и самото име си кажува – е САМО ПРОТИВ оние кои ја користат силата и доделениот авторитет, не за да штитат, ами за да штетат. За жал, луѓето по правило се склони кон стереотипи и


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 68

генерализација, па кога сето тоа ќе го додадете зачинот медиум, доаѓаме до рецептот „сите полицајци се лоши!“.

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА

страна 30

со отворени раце, ќе ги погали и ќе им даде колачиња.

Европа бара реформи, посоодветна опрема и поброен кадар. А не сфаќа дека ние сме во економска криза, и нема услови за сето тоа...

Визи и миграција Европската унија забележува напредок и во полето на миграцијата и визната политика. Веднаш по спуштањето на Шенгенскиот ѕид, ЕУ го впери прстот кон нас, укажувајќи ни да си ги собереме азилантите.

Бидејќи ЕУ мора да се слуша, нашите ги засукаа ракавите и се фатија за работа. Преку агресивна кампања граѓаните на Македонија се информираа дека немаат никакви шанси да добијат ниту политички, ниту економски азил во Европа. Научија што значи визната либерализација (патување, студирање), а ги исфрлија од глава погрешните информации дека ЕУ ќе ги дочека

Бројот на баратели на азил од Република Македонија во земјите-членки на ЕУ постојано се следи. Така знаеме дека мерките кои државните институции ги преземаат за спречување злоупотреби на визната либерализација даваат резултати и бројот на баратели на азил од Македонија во државите на Шенгенската зона во последните месеци е значително намален, или како што обожаваат да кажат – сведен е на минимум. И тоа сè така лесно, поради информативни кампањи... Не ќе беше лошо да ставеа и парични казни за секој што ќе побара азил, а ќе биде одбиен. Е тогаш ќе пораснеше буџетот, и можеби ќе имаше пари и за полицијата... И ЕУ не се согласува дека е сè така сјајно во сферата на азилантството. Во извештајот вели: „Имплементацијата на полето на азил останува недоволна,


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 68

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА

вклучувајќи го и обезбедувањето на правна помош, интерпретација и пристап до социјалните права.“

страна 31

Ама што знаат тие, дали живееле во Македонија, па да кажат??

многу компликации. Слични привилегии во брзо време ќе добиеме и со Црна Гора (еден ден можеби и со Грција), откако потпишаниот договор ќе се ратификува и ќе стапи во сила.

Ајде да патуваме!

Дали сме безбедни?

И, десертот за крај. Најсветлата точка во ова поглавје, на кое му се радува граѓанинот со средно длабок џеб е меѓуграничната соработка со нашите соседи и комшии. Не заради големата ефикасност при заедничките полициски операции, не заради размената на информации за борбата против криминалот – туку заради личната карта.

Секој македонски граѓанин кој има биметриски документ за лична идентификација, може да го стави ранецот на грб и да се впушти во авантури во соседна Албанија и соседна Србија. Министерствата имаат толку силни и пријателски односи, што се договорија да ги пуштат граѓаните да си шеткаат без

Поглавјето 24 навидум не е чувствителна тема, но задира во нашето секојдневје. Безбедноста и сигурноста (пот)свесно се на врвот на нашите приоритети. Надлежните органи се активни 24/7. Но некако останува чувството дека работат, а ништо не прават. Како да се крева врева, колку пријателите од ЕУ да нè потапкаат по рамо, и да видат дека и во Македонија сепак, нешто се случува. Постарите генерации копнеат по времето кога можеле да го остават автомобилот на улица со отклучени врати, да преспијат покрај автопат во глуво доба и да се разбудат наспиени, а автомобилот да го пронајдат исто како што го оставиле. Помладите генерации, преминуваат улица кога ќе видат униформирано лице, од страв да не го погледнат поинаку од тоа како што тој милува. Па, дали се чувствувате безбедни во својата држава?..


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 68

МАКЕДОНИЈА

страна 32

Елена Николовска

Насилство по нарачка!? Општ хаос по улиците на нашата Македонија. Секојдневни меѓуетнички препукувања, тензии и тепачки. Младите во борба, постарите во паника. Си спомнувате ли кога беше вака последен пат? 2001-вата година засекогаш ќе остане запишана како темна точка во нашата историја. Токму тогаш за последен пат ескалираа вакви тензии. А зошто? Во деновите пред да настапи сегашнава тензична атмосфера, етничките Албанци и етничките Македонци имаа мирен соживот во земјата наречена Македонија. Раните од војната конечно зараснаа, на една иста маса наздравуваа млади луѓе од двата етникуми. Заедничко навивање од спортските трибини. И сега некој се обидува да нè врати назад десетина години.

Очајно копав низ историјата на нашава држава во обид да најдам еден заеднички именител за времињата кога се нарушил

мирот во државава. Во еден хронолошки распоред пишува дека во 1997 Уставниот суд ја забрани употреба на албанското знаме, предизвикувајќи протести. Собранието го усвои Законот за ограничена употреба на Албанското знаме. Под оваа информација стојат зборовите „Тензијата расте“. Следува разорувачката војна од 2001.

Некаде во февруари годинава присуствував на Собраниска седница на Комитетот за политички систем и односи меѓу заедниците. Пратениците на ДПА излегоа со барање за прогласување на денот на албанското знаме како државен празник за етничките Aлбанци во Македонија. Овие измени не поминаа на прво читање. Барањето беше одбиено. На крајот на февруари и почетокот на март зачестија етничките тензии во земјава. Дека знамето на секоја нација е од особена емотивна важност за секој нација е комплетно


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 68

разбирливо. Меѓутоа, знамето на нашата заедничка територија, каде ние живееме заедно како нација е МАКЕДОНСКОТО. Дали тоа некој упорно ги насочува емотивните напливи на двете страни во некои свои повисоки цели користејќи го Знамето? А ние сите заедно дозволуваме да нè користат како марионети и да си играат со нас...

Целата оваа состојба потсетува на војните на големите Кралства од средниот век кога луѓето следеле еден војсководец чиј предборбен говор секогаш во себе ги вклучувал зборовите „Борете се за боите на своето Знаме“ со намера да ја поттикне својата војска за истрајна борба. Во рацете секогаш го држел цврсто знамето на кралството. Не мора ни да напоменам дека од овие борби ќарот го гледал само

МАКЕДОНИЈА

страна 33

Кралот и оние од високата класа кои за време на борбите си уживале во некоја дебела сенка.

Па млади луѓе мои, зарем сме на исто интелектуално ниво со жителите на Средниот век, кога само црковните луѓе смееле да бидат образовани? Ние сме интелегентни, образовани и слободни во своите избори, а сепак дозволуваме некој да употребува средновековни ишарети на нас, за да го добие најверојатно истото што и Кралот после секоја војна - зголемување на своето сопствено богатство. Ние не сме средновековни војничиња немоќни да влијаат на својата судбина, ние сме моќната иднина на оваа земја, и сами ќе си ја скроиме баш како што нам ни одговара!!!


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 68

МАКЕДОНИЈА

страна 34

Хелсиншки комитет за човекови права Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, како што е дефиниран во својот статут, претставува „невладина, доброволна, вонпартиска и непрофитна организација на граѓани во Република Македонија, со цел како член на Меѓународната хелсиншка федерација за човекови права со седиште во Виена и прифаќајќи го нејзиниот Статут, да работи за општото добро и заедничките интереси на сите луѓе, на граѓаните на Република Македонија и на граѓаните на сите држави чии Хелсиншки комитети се членки на IHF (international Helsinki federation)“.

Член на Комитетот може да биде секој полнолетен граѓанин, кој е државјанин на Република Македонија или странец со постојан престој во Република Македонија, без оглед на неговата национална, расна или верска припадност. Членот доброволно пристапува кон

Комитетот и притоа потпишува пристапница со која изразува подготвеност да членува како „личност чии ставови и гледишта се наднационални и пред сè општочовечки.

Зошто? Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија (МХК) е невладина организација која се занимава со промоција и заштита на човековите права, без политичка и религиозна ориентација. Целта на постоењето на МХК е зголемување на свеста за концептот на човековите права и основни слободи втемелен во Универзалната декларација за човековите права, двата меѓународни пакта (за граѓанските и политичките и за социјалните, економските и културните права), Европската конвенција за човековите права и основни слободи и Завршниот документ од Хелсинки од 1975 година; градење на демократски услови во кои тие можат да се практикуваат и стимулирање на поголемата заштита во нивното остварување. МХК врши мониторинг на состојбата со човековите права, нуди правна помош на граѓаните во случаите на повреда или ограничување на


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 68

правата и слободите, соработува со други организации и со државните органи во насока на зголемување на промоцијата, почитувањето и заштитата на човековите права и слободи. Визијата на МХК е дека сите луѓе треба да имаат можност да ги практикуваат нивните основни права и слободи и да имаат можност да ги заштитат во случај на нивно прекршување или ограничување. Ова претставува основа на демократскиот развој и гаранција на мирот на национално, регионално и светско ниво.

МАКЕДОНИЈА

страна 35

декларација на Обединетите нации за човековите права од 1948 година и консеквентните препораки и сродни документи на ОН, СоЕ и ОБСЕ и да ги запознава со своите сознанија за евентуалните прекршувања македонските надлежни органи и јавност со цел да се надминат евентуалните проблематични состојби, едновремено помагајќи им на лицата чии права и слободи биле повредени;

Меѓу основните цели и задачи на Комитетот спаѓаат следните: а) да ја поддржува и афирмира имплементацијата на Завршниот документ на КЕБС потпишан во Хелсинки, Финска, во август 1975 година и посебно да се грижи за доследно спроведување во Република Македонија, но и сите други членки на Хелсиншката федерација, на седмиот принцип од Декларацијата за принципите од кои се раководат земјите учеснички во своите меѓусебни односи и т.н. „трета кошничка” или Соработката во хуманитарните области; како и натамошните документи на КЕБС/ОБСЕ; б) да го набљудува остварувањето на човековите права во Македонија преку призмата на Универзалната

в) да го поддржува, залагајќи се за човековите права и слободи, развојот на демократските институции, и посебно промоцијата на законитоста и владеењето на правото; г) да се ангажира во релевантни истражувачки и документациони активности што ќе водат кон објавување на научни дела и образовен материјал, како и најшироко можно запознавање со човековите права по пат на образование, а со што тие ќе станат дел од културата на секојдневното живеење на граѓаните на Република


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 68

Македонија; д) да развива тесна соработка со IHF и нејзините членки, како и другите соодветни невладини национални или меѓународни асоцијации во функција на постојано унапредување на заедничките заложби за заштита на човековите права и слободи.

Како? Заради постигнување на своите цели Комитетот го презема следново: а) развива активности во форма на застапување, лобирање, преговарање, медијаторство, едукација по пат на семинари и работилници, експертскоконсултативни дејствија, вклучувајќи и изготовка на студии, организирање трибини и тркалезни маси во функција на јавна расправа, иницирање законски и подзаконски промени и новелирање и издавачки дејсности;

б) изготвува и публикува месечен, шестмесечен и годишен

МАКЕДОНИЈА

страна 36

извештај за состојбите со човековите права и слободи во Република Македонија; в) доследно и совесно ги исполнува своите обврски, но и ги реализира своите права што произлегуваат од членството во IHF, а што писмено ќе биде регулирано во Статутот на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Р. Македонија г) им помага на жртвите чии права се повредени, особено со развивање проекти за правна помош и развивање мрежа од т.н. „адвокати од доверба”; д) собира, прима и создава средства со кои ќе се овозможат активностите на Комитетот. МХК настојува да придонесе за зголемување на почитувањето на човековите права и слободи и подобрување на условите за нивно практикување и заштита, со што придонесува за развојот на демократијата и обезбедувањето на мирот. Од фундаментално значење за достигнување на ова е развој кој ќе се базира на почитување на основните човекови права и слободи и ќе биде насочен кон нивно натамошно промовирање и заштита, како и изградба на таков државен систем кој ќе се потпира на владеењето на правото и на изградбата на конзистентен систем за контрола и санкционирање на повредите на човековите права и слободи.


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 68

Дали? Хелсиншкиот Комитет за човекови права е најмоќна и можеби најдобро подготвена невладина организација за справување со проблемот на кршење на човековите права во Република Македонија. Меѓутоа, многу забелешки се ставаат на тоа дека како невладина организација која соработува со други невладини организации кои се справуваат со истата проблематика, Комитетот сепак останува слеп за некои сериозни прекршоци на човековите права што константно ги прават највисоките државни органи. Невладина организација по дефиниција исклучува секакво мешање на претставници од било која влада, меѓутоа многу луѓе во државава не мислат дека тоа е вистина кога станува збор

МАКЕДОНИЈА

страна 37

за кршењето на човековите права. Сепак, иако не е совршен, Хелсиншкиот Комитет прави значаен прогрес во областа на заштита на сите човекови права. Значајно е тоа што тој нуди правна помош и остава можност на било кој граѓанин на републикава кој смета дека му е прекршено некое право, да истапи пред Комитетот со гаранција дека некаква акција ќе биде превземена. А не е за потценување и помошта која им ја нуди на граѓаните преку неговата соработка со разни други невладини организации, како здруженија на граѓани поблиски до самата проблематика на кршење на човековите права во Р.М. Подготви: Елена Николовска


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 68

СВЕТ

страна 38

Интервју со Fransis Fukuyama

Западот сè уште е без конкуренција По падот на Советскиот сојуз вие објаснивте дека либералната демократија е единствениот општествен систем кој преживеа. Се плашите денеска дека капитализмот и глобализацијата, можат да ја уништат демократијата? - Сè уште нема алтернатива на капитализмот, размислувањата одат во потрага по правичен економски развој. Западниот општествен модел е во опасност да ја уништи средната класа. Технологијата допринесе голем број работни места да се укинат.

Токму затоа ли западните држави како САД и Велика Британија ги пропагираат услужните дејности? - Да, но повторно се создадоа проблеми, бидејќи мислиме дека без ништо да произведуваме, туку само со нудење услуги може да напредуваме, а

производството ќе го препуштиме на други држави, на пример како Кина. Тоа веќе не функционира. Не треба да заборавиме дека социјализмот во САД не бил тема, бидејќи постоеше силна средна класа. Денеска вработените од средната класа заработуваат не повеќе од приходите пред 30 години. Какво влијание ќе има ваквата состојба врз општеството? - Тоа е лошо за демократијата. Кога приходите се распределени правично, тогаш кај граѓаните постои меѓусебна доверба, нема привилегирана мала елита, чии интереси политичарите ги реализираат. Што ја прави демократијата? - Демократијата без силна средна класа води кон популизам, кон недоразбирања, и одлуки кои се паметни, демократијата се соочува со блокади. Во САД ние веќе доживуваме враќање кон популизмот и тоа во десниот политички спектрум. Кога ќе ги прашате приврзаниците на движењето Tee-Parties што мислат за владата, тие јасно ќе ви кажат дека ја мразат Владата. Тие се чувствуваат угнетени од елитата. Според социолошките истражувања, социјалните


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 68

стандарди во Европа полесно се постигнуваат отколку во САД. Американскиот сон за човек да може да стигне од мијач на чинии до милионер, остана буквално само сон. Токму затоа ли прашањето за социјалните права стана предизборна тема? - Проблемот во САД е тоа што кој ќе ја отвори оваа тема, веднаш е етикетиран како борец за класната поделеност. Претседателот Барак тоа го искуси. Во неговиот говор за состојбата во која се наоѓа нацијата, тој побара поголем данок да плаќаат богатите, и затоа веднаш беше етикетиран за европски социјалист. Тешко е во САД, да се поттикне левичарско движење, тоа еднаш се има случено после економската криза во триесетите години од минатиот век. Но сегашната светска финансиска криза се споредуваше со тогашната светска економска криза. - Ама изостана отпор од левицата. Кризата започна од wall street и таа беше можна бидејќи контролата врз финансиските пазари систематски се изоставаше, според идеолошките барања од десницата. Кризата ги погоди обичните луѓе, додека финансискиот сектор пак профитираше, бидејќи доби

СВЕТ

страна 39

помош од државата. Јас очекувам Tee-Parties движење од левицата. Може Occupy Wall Street да биде тоа движење? - Не. Ова движење јас не го земам за серизоно, тоа се истите луѓе кои во 1999 година во Сиетел, протестираа против Светската трговска организација. Тоа се антикапиталисти без свој предлог.

Што ја спречува мобилизацијата на левицата? - Американските државни резерви и министерството за финасии одлучија да не интервенираат со поттикнување на производството и тоа предизвика невработеност од 20%. Тогаш Претседателот Рузвелт големите банки ги подели, и никој не се обиде против тоа да протестира, бидејќи тоа беше неопходно. Јас мислам дека банките Голдман сакас, Ситигруп, Американ банк, повторно треба да бидат поделени и финансискиот сектор


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 68

да се регулира. Тие треба да бидат поделени на мали делови и кога ќе имаат лоши финансиски резултати, да можат да банкротираат, а притоа да не предизвикаат штети. Барак Обама тоа не го спроведе доволно? - Обама понуди добра можност на почетокот од финансиската криза, како што Newsweek наслови: „Сите ние сме социјалисти“, за големите банки да ги национализира и подели на мали делови и продаде. Но неговата Влада остави впечаток пред светот дека тој прави тоа што го посакува Wall Street.

СВЕТ

страна 40

Сакате да кажете дека Републиканците се помалку пријателски настроени кон Wall Street? - Не, Wall Street стрит веќе одамна ги има Републиканците во својот џеп. Зошто Обама не успева да ги придобие луѓето кои се фрустрирани? - Бидејќи Обама нема визија да понуди нов економски поредок. Обама зборува за враќање кон класичниот стандард што постоеше во седумдесетите години од минатиот век поголемо влијание на државата, а глобализацијата е лоша. Што тоа значи? - Германскиот економски модел може да биде пример за САД. Германија произведува производи кои останатиот свет сака да ги купува. Германија подобро ја заштити средната класа отколку САД.

Со други зборови Обама и неговите советници, меѓу кои и Timothy F. Geithner се дел од причината за протестот? - Да, тие имаат влијание со одлуките. Шефот на Bank Goldman Sachs, Lloyd C. Blankfein десетина пати се советуваше со Timothy F. Geithner. Тоа уште влијае на политиките во Белата куќа.

Агендата 2010 на поранешниот канцелар Шредер треба да биде пример за американската левица? - Германските социјалдемократи успеаа да го направат пазарот на труд флексибилен и социјалната држава да биде конкурентна. Старата мантра „Повеќе држава“ егзистира во Германија. Но тоа не е случај со Италија,


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 68

Франција..., и затоа и дојде до евро-кризата. Дали заштитата на средната класа е една форма на протекционизам? - Запад нема да допушти Кина да биде светска фабрика. Дали денеска политичарите можат да влијаат и управуваат со финансиските пазари? - Политичкото водство стана многу тешко и сложено, не само во однос на финансиските пазари. Сите современи демократии имаат една слабост, тоа што сите интересни групи ги буткаат своите интереси без обзир на другите. Пример за тоа е Грција, во која што лекарите, аптекарите, архитектите, си ја наплатија својата цена, што државата ја води во банкрот. ЕУ ќе остане демократска по обидите за спас на Еврото? - Европските елити секогаш го поддржувале интегративниот процес и правеле напори истиот да се реализира и напредува.

СВЕТ

страна 41

Потврда за тоа се напорите што се прават кога некоја држава ќе одбие одреден процес, преку неуспешните референдуми и тогаш гласањето се повторува. Елитата ќе им каже на граѓаните „Вие сè уште не сте го разбрале добро прашањето. Токму затоа десните популистички и екстремистички партии во државите на ЕУ имаат сè поголем успех, бидејќи актуелните политичари не ги застапуваат доволно интересите на граѓаните. Дали авторитарните сиситеми како тој во Кина се пример за успешен модел за светот? - Не, кинескиот модел е неморален, длабоко не фер, секој граѓанин може да биде во секој момент лишен од слобода. Исто така кинескиот систем не функционира, раширена е корупцијата, насекаде во Кина има протести. Западната демократија со сите свои слабости, е сè уште единствениот успешен модел. Подготви: Митко Јованов Извор: Spiegel


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 68

СВЕТ

страна 42

Една година од сириските немири Помина цела година откако луѓето на сирискиот претседател Башар ал Асад, со вооружени напади возвратија на мирните протести во јужниот град Дера. А само неколку недели пред тоа во интервју со еден новинар од „Wall Street Journal“ изјави дека Сирија нема да ја фати вирусот кој се шири низ арапскиот свет. Притоа, се велеше дека претседателот на Сирија се раководи според идеологија, која ќе ја направи Сирија имуна на „ Арапската пролет“.

поддршка на лидерот на Либија, Хасан Насралах, Асад се здоби со голема слава. Сепак, тоа не му помогна, за населението да го прифати она што се случуваше со ширењето на демонстрациите, по првите убиства на невооружените демонстранти во Дара, пред една година. Г-дин Асад велеше дека се бори за својот живот, дека се бори против насилниот заговор, кој доаѓа од странство. Но, премногу луѓе знаеле премногу работи за оваа земја, која е една од најголемите полициски земји на Блискиот Исток, за да веруваат во ваквото тврдење. Една година подоцна, режимот на Асад се соочува со вооружено востание. Неговиот режим има моќна воена сила која се труди да ги држи вооружените бунтовници настрана од главните центри.

Иронијата на последниве 12 месеци е што господинот Асад не погреши во врска со легитимитет што го ужива меѓу голем дел од населението. Многумина на кои не им се допаѓаше сирискиот репресивен систем, ги слушаа неговите ветувања и искрено се надеваа дека Асад ќе ги исполни. На Сиријците им се допадна начинот на кој тој им се спротивстави на Израел и на Западот. Поради неговата

Тие почнаа од предградијата на Дамаск, па во Хомс, оттаму во Идлиб, а сега се чини дека повторно се сконцентрирани на Дера. Но, суштината на асиметричната борба, посилниот против послабиот, е дека не се работи за жестоки битки. За послабата страна она што е најважно е да се истрае и покрај сè. Ако Арапите од Заливот го исполнат своето ветување да ги снабдат


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 68

бунтовниците со оружје, востанието ќе се засили. Досега претседателот Асад цврсто се држи и силно верува дека тој ќе победи. Досега тој и војската ја имаат поддршката на заедницата Алви, како и на другите малцинства, меѓу кои и христијаните кои стравуваат од последиците од насилна промена на власта. Друга причина за постојаната кохезија на режимот е дека клучните работни позиции се во рацете на неговото семејство или лица блиски до него, кои не се откажуваат така лесно. А, Асад ја има Русија да го штити во Безбедносниот Совет на ОН. Русите ја ценат соработката со Сирија, која е нејзин единствен вистински пријател во регионот. Русија во Сирија има станица за прислушкување и поморска база и во никој случај не би сакала да ги изгуби. Меѓународното внимание сега е свртено кон Сирија, Кофи Анан е на мисија таму. Тој се обидува да ги спречи убивањата со дијалог во кој ќе ги вклучи двете страни. Ако неговата мисија не успее и ако продолжат да умираат цивили, ќе следи притисок за директна воена интервенција од странските сили. Што се случува во Сирија? Владата во Сирија се обидува да го смири востанието поттикнато од настаните во Тунис, Египет и

СВЕТ

страна 43

Либија. Обединетите Нации велат дека илјадници се убиени во немирите и дека многу повеќе биле притворени и раселени. Владата на Сирија исто така вели дека стотици од безбедносните сили погинале во судирите со вооружените терористички банди.

Какво уредување има? Семејството на Претседателот Башар ал-Асад е на власт од времето кога неговиот татко Хафез ја превзеде власта во 1970. Земјата претрпе мала либерализација откако Башар стана претседател во 2000, но промените набрзо забавија, а може да се каже и дека се свртеа во обратна насока. Критичарите се притворени, домашните медиуми се строго контролирани и високата класа често пати извлекуваше корист од економската политика. Правата на граѓаните беа оценети како едни од најлошите во светот . Кој ја почна бељата? Продемократските протести избувнаа во март 2011 година по апсењето и мачењето на група тинејџери кои имаа испишани


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 68

револуционерни слогани на училишните ѕидови во јужниот град Дара. Владините безбедносни сили отворија оган на маршот во знак на протест и притоа четворица цивили беа убиени. Наредниот ден владините сили повторно отворија оган за време на погребот на убиените, и повторни уште едно лице беше убиено. Луѓето почнаа да бараат Асад да се тргне од власта.

Како реагираше владата? Владата се обиде да се справи со ситуацијата, употребувајќи сила и правејќи некои мали отстапки. Претседателот Асад, ја прекина 48-годишната традиција и усвои нов Устав кој дозволува повеќепартиски систем. Но истовремено, владата не престана да користи сила против невооружените демонстранти во некои градови, на пример Хомс, кој неколку недели беше интензивно бомбардиран.

СВЕТ

страна 44

Кои се демонстраторите? Опозицијата е видно поделена. Неколку групи формираа коалиција - Сирискиот национален совет, но доминира сунитската заедница и протераните отпадници. Сирискиот национален совет не се согласува со Националниот координативен комитет во врска со владините и странски интервенции и смета дека е тешко да се работи со бесплатната сириска армија дезертери кои се обидуваат на сила да го симнат Асад од власт. Како реагираа другите земји? Меѓународниот притисок врз Владата на Сирија се зголемуваше. Беше исклучена од Арапската лига, додека Обединетите Нации и САД ја санкционираа. Како и да е, немаше аргументи на одлуката на Советот за безбедност на Обединетите Нации за прекин на насилството. Иако воените интервенции беа прекинати од страна на Западните земји, се зголемуваа повиците за нивно вооружување. Што ќе се случи следно? Другата страна изјави дека во моментов мирно решение не е на повидок. Водството на Сирија изгледа напнато во врска со зауздување на отпорот и поголемиот дел од опозицијата ќе го прифатат само решението за крај на режимот. Некои веруваат


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 68

дека очекувањата за пропаѓањето на валутата на Сирија и неможноста да исплаќаат плати ќе придонесе за пропаѓање на власта. Сепак се стравува дека моменталниот хаос во земјата ќе

СВЕТ

страна 45

трае долго време и ќе придонесе за интензивирање на конфликтите. Подготви: Кристина Вељаноска Извор: BBC News


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 68

СВЕТ

страна 46

Медиумите не ја потценуваат економијата Економијата во Северна Ирска е во сериозна рецесија. Многу е важно да се спознае и измери сериозноста на истата. Притоа, неопходно е истакнување на најдобрите и најрелевантните докази, но тоа не е оправдување за да се тврди дека неразумно се омаловажува економијата. Сепак, субјективното користење на нецелосни податоци треба да биде разумно критикувано.

Министрите имаат право да критикуваат доколку економските извештаи се претерано песимистички. Со оглед на состојбата на економијата на национално и интернационално ниво, економијата во Северна Ирска се покажа како поиздржлива од она што се очекуваше.

Кога извршни министри ќе изјават дека дел од медиумите ја омаловажуваат економијата и дека тоа само по себе носи штета, тогаш целата тема предизвикува сериозна загриженост.

Економијата се движи во лоша насока. Ова е нешто што кога се знае, се очекува (не секогаш оправдано) Владата да покрене соодветни мерки. Како и да е, „проблемите“ секогаш треба да се претставени во вистинкото светло.

Бројот на невработени е зголемен и постои шанса да продолжи да се зголемува. Според некои статистики, невработеноста е помала во однос на останатите региони во Велика Британија. Важно е да се спомне дека бројот на вработени луѓе, со полно или половина работно време, останал висок и е повисок од предвиденото. Исто така, има важни позитивни ефекти и прогрес во одредени сфери. Приходите од сточарството веќе три години бележат позитивен раст. Бизнисите покажуваат знаци на зголемено производство.


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 68

Но, постојат и негативни страни. Градежништвото бележи висок степен на неискористени капацитети. Малопродажниот сектор се соочува со намален промет поради намалените персонални приходи. Министрите имаат одговорност да не изјавуваат работи коишто ги извртуваат доказите и водат кон нереални заклучоци.

СВЕТ

страна 47

владата, се ретки и често проследени со оправдувања, наместо со убедувања. Обидот да се убеди бизнис заедницата дека економијата е главен приоритет паѓа во вода по серијата неодговорени критики и препораки од различни делови на самата бизнис заедница.

Секако, постојат успешни приказни за локалните фирми, но, тие успеси не треба да го прикријат загрижувачкиот пад на нови инвестициони проекти. Потребата да се поттикнат поголеми инвестиции го насочува вниманието кон бавниот прогрес при донесувањето одлуки за девалвација на даноците за претпријатијата и неколкуте концептуални и административни проблеми коишто тоа би ги создало. Негативните критики на сметка на министрите поради резултатот на нивната неодлучност не треба да претставува изненадување. Најсоодветниот одговор на тврдењето од страна на министрите дека медиумите ја загрозуваат економијата е тие самите да се запрашаат дали ги превземаат потребните мерки за да ја заживеат истата... Интервенциите од страна на министрите, како одговор на предлозите за подобрување на економија од програмата за

Постои опасна празнина помеѓу владата и бизнисмените која е пополнета со постојан критицизам и, кога тој е објавен во медиумските извештаи, тоа не треба да се искористи за да се нападнат медиумите. Економијата во Северна Ирска мора биде постабилна и посилна. Официјалните агенции и оддели поставени да осигурат промена на подобро потфрлуваат на повеќе начини. Да се критикува тоа потфрлување е неопходно и конструктивно, а не метод за омаловажување на економијата.

Подготви: Милена Петровска Извор: Belfast Telegraph


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 68

МЛАДИ СО СТАВ

страна 48


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 68

АРТВИЗОР

страна 49

Од перото на Владимир Неделковски

THE HELP (2011) Улоги: Chris Columbus Режија: Tate Taylor Сценарио: Tate Taylor Продуцент: Emma Stone, Viola Davis, Allison Janney (За да не се наруши автентичниот стил на авторот, текстот не е редактиран)

Mоќна приказна за правата на малцинствата во Америка Во океанот од филмови за зомби и вампири, суперхерои и манекенки претставени како да се олицетворение на гневот божји (треба ли уопште да ги спомнам „бисерите“ као Resident Evil: Retribution и Underground: Awakening), заплива една ретка риба-филм кој без воздржаност ги прикажува бело-црните општествени односи во „демократската колевка“, Америка.

Филмот, The Help, е најуверливата и најзабавната приказна за тема како класна поделба, лажен морал и расизмот кој, да не претерам, ми наликува

на вродена карактерна црта на белите луѓе (кога во една државичка како нашата, на крајот од светот, во која живеат 90 % луѓе со светол тен, се среќавам секојдневно со вицови од типот: што прави циган на Олимпијада? -Смрди на сто метра!- и нормално е да помислам дека нешто им фали во умот на белците). Сместена во турбулентната ера на борба за граѓански права, раните 60-ти, приказната ја следи активноста на младата, штотуку вработена- но екстремно амбициозна, новинарка, Јуџиниа Фелан, наречена „Скитер“, благодарејќи на нејзиниот машкудански карактер. Скитер, по дипломирањето на Оле Мис, се враќа во родниот Џексон, во Мисисипи, каде расизмот се враснал дури до гените на белите жители. Нејзиниот слободен ум ја принудува да ја согледа арогантноста и неправедноста кои се доминантна одлика на нејзините врснички и некогашни пријателки и затоа таа не успева да се вклопи во женското друштво во градчето. Капката која ќе ја прелее чашата е веста дека нејзината дадилка, која ја


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 68

чувала, мазела и пазела од 0 години, била избркана од работа бидејќи била „застарена црнчуга“ и тоа лично од мајката на Скитер. Сочувствувајќи со маките и проблемите на црните слугинки, Скитер решава да ги обелодени сите подлости, злоупотреби и лицемерства на белите, богати, малограѓанки, во однос на нивните црни слугинки, во книга, пишувана според лични сведоштва на очајни, понижени и малтретирани, црни жени, на кои работата на слугинка им го претставува целиот живот. Скитер се спријателува со слугинките Ејбилин и Меј Мобли и после тешки и исцрпни убедувања, успева да ги убеди двете жени да го искажат товарот што им лежи на душа и дури и да најдат уште слугинки со исти и случни проблеми, за да ги раскажат и тие своите приказни, кои Скитер темелно и фино ги прибележува во своите тетратки... И наскоро, прибелешките на Скитер се објавуваат во книгата: Испомошта (The Help);

АРТВИЗОР

страна 50

Филмот е базиран на истоимениот роман кој дури и поревносно го напаѓа американскиот систем, кој и денес, во врвот на цивилизацискиот поредок и со црн човек како претседател, сé уште е далеку од правичен за неговите граѓани кои се од друга раса и националност. Но, има една споредба меѓу нашите и нивните расисти која морам да ја направам; Па, не можам да речам дека ги сакам Америте, али што се однесува до слобода на говор и изразување, сепак се за пофалба. Споредбено, кај нас, во екот на реформи и „борби“ за еднаквост на човековите права, не можам да се сетам на ниту еден филм, ниту еден роман или било какво дело на нашите интелектуалци, каде се критикува не само општествениот систем, туку и самиот македонски менталитет. Ама стварно... Америте се алчни, дебели, приглупи, перверзни, дволични, мрзливи и... и не знам веќе какви. И све набројано е тачно. НО! Сите добри филмови, каде се судира гледачот со социјална неправда и расни злодела и слична тема, се сепак, сите од американско потекло; Амистад, Американска историја Икс, Судар, Оз, Чудни дни, Товарот на белиот човек, Ѕидот, Запомнете ги титаните, Мисисипи гори, Малколм Икс, Клубот на памукот, Еден ден без Мексиканци, Али - и листата на одлични серии и филмови оди во бескрај... Сите овие дела се апсолутно, одлични


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 68

стории, кои сум ги гледал и кои силно ме трогнале. И СИТЕ СЕ ОД АМЕРИКАНСКИ АВТОРИ! Значи, какви биле и какви се денес Американците се сепак две различни причи. Они биле и робовладетели и убијци на повеќето од индијанското население и такодаље, али веќе не се! Не се веќе толкави расисти колку што биле, сакам да кажам... Ако почнам да набројувам причини зошто така мислам, тука се: иницијативата да се вработат толку и толку проценти од таа или оваа националност; па школи каде исто е означена процентуална застапеност на малцинствата; па на крајот... АБЕ, ОНИ СЕ ПРВИ КОИ СТАВИЈА ЦРН ЧОВЕК ЗА ПРЕЗИДЕНТ! Па, тоа го нема ни у Франција, која е наводно, најлиберална за расна еднаквост. Зборот ми беше, Американците, колку и да биле ѓубриња, нешто сепак научиле од своите грешки (односно злодела). А, од друга страна (на светот), сме ние. Ние кои сме ептен подобри од Америте и Енглезите и Џерманците и сите други држави со мешана националност. Ќе поставам само едно прашање: Да не стигнеше кошаркарската репрезентација на РМ до четврто место во свет, дали некој ќе знаеше за името Лестер Бо МекКелеб? Се читаме! Конечна оценка 9,0/10

АРТВИЗОР

страна 51


Револуција магазин - број 68

17 МАРТ 2012 ГОДИНА

страна 52

Револуција магазин бр.68  

Магазин за политика, економија и култура

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you