Issuu on Google+


M

MAKEDONSKO SONCE

меа инервју БОРИС ТРАЈKОВСКИ, претседател на Републ

ДА ГРАДИМЕ НАДПАРТИСКИ И НАДЕТНИЧКИ

КОНСЕНЗУС 8 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 505 / 05.03.2004


ика Македонија Претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски, е нејзин втор лидер, инаугуриран на 15 декември 1999 година. Изминативе четири години ќе бидат исклучително тешки и за него и за народот и за Р. Македонија, дотогаш нереално именувана како "оаза на мирот". Ќе биде меѓу првите што ќе го сфати тоа. Уште од времето на косовската бегалска криза, која го потресе светот, а најмногу нашава држава. Од тогаш како заменикминистер за надворешни работи се пројави како политичар кој поседува не само човечност, туку и упорност, трпение, комуникативност, но и одлучност и цврстина. Ќе се соочи со големи искушенија за време на воениот и постконфликтниот период. Ќе ги одмерува одлуките во непроспиените ноќи, свесен дека неговата одговорност е најголема за иднината на државата. А, требаше да го издржи и "умувањето" на сите (домашни и странски), оние кои можат да се сместат во сентенцата: лесно е да бидеш "генерал" особено по битката. Затоа и потезите што ги влечеше во изминативе четири стресни, сиви, воени и поствоени, но сигурно историски години за Македонија, Европа и светот, не беа суштински анализирани. Сериозните аналитичари, велат: историјата ќе покаже дека тој сепак е најкорисниот политичар од ова време на македонската историја. Премногу човек, добродушен и продуховен, и покрај сè што му приредуваа домашните, а во последно време и некои странски медиуми, ќе продолжи да се залага за квалитетниот развој на медиумите и нивната должност не само да информираат, туку и да ги пренесуваат фактите на вистинит, транспарентен, професионален и, пред сè, чесен начин. Уверен дека е тоа мошне важно за развојот на демократијата во државата, како што е важно образованието и воспитанието на секој поединец. А, нему ќе му го овозможат токму тоа неговите родители уште од 25 јуни 1956

(Извадоци од инервјуо со Борис Трајковски, објавено во "Македонско сонце" бр. 497 од 09.01. 2004 година)

година во Струмица каде што е роден. Во 1980 година ќе дипломира на Правниот факултет во Скопје. Ќе специјализира деловно право и право на работни односи, по што ќе реализира повеќе студиски престои во САД. Приватноста ќе му ја исполни сопругата Вилма, а подоцна и неговите две деца ќерката Сара и синот Стефан. Семејно всадениот, здрав патриотизам, проектиран преку ВМРО-ДПМНЕ, надпартиски ќе го позиционира преку извршувањето на неговата државничка функција. Факт, кој не секогаш ќе биде соодветно прифатен во нашево длабоко партиски поделено општество. Затоа, одлучно ќе реагира на сите појави на реваншизам од политичко-партиска природа. Особено кога е загрозено конституирањето на клучни органи на политичката и судската власт во РМ. (Уставниот суд, Републички судски совет). Во изминатиов период преку посетата на бројни држави во Европа и светот, јасно ги искажа заложбите за поголема соработка и унапредување на односите на РМ со сите држави во светот. Уверен дека процесот на европеизацијата на Македонија и на Балканот е неповратен. Заради што го осуди обидот на СПЦ за создавање паралелен синод во Македонија. Препознавајќи ги воскреснатите туѓи, пропагандно-освојувачки цели од минатото, што сега преку верата вршат силен политички атак врз МПЦ, македонскиот народ, македонскиот идентитет и врз македонската државност. Цврсто и непоколебливо стави вето и на новиот Закон за државјанство со кој е нарушено сувереното право на државата да води сметка за националните интереси утврдени во Уставот на РМ. А, претседателот Трајковски, особено се грижи за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ што живеат во соседните земји, како и за иселениците од земјава. Како што, впрочем, тоа го прави и за младите, лицата со посебни потреби и сите граѓани во Република Македонија.

Разговорот го водеше: Снежана КЛИНЧАРОВА Господине Претседателе, каква е Вашата генерална оценка за штотуку изминатата 2003 година? ТРАЈКОВСКИ: Верувам дека сите граѓани на РМ го носат истото чувство за годината што измина, а тоа е дека таа означи навлегување во помирни води и конечно 9 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 505 / 05.03.2004


M

MAKEDONSKO SONCE

меа инервју

оставање зад нас на негативните работи од минатите години. Како Претседател на РМ посебно сум задоволен што можам да констатирам дека во минатата година го завршивме процесот на постконфликтно стабилизирање и се зафативме сериозно со реформските обврски и евроатлантските интеграции. Оптимист сум и за годинава и се надевам дека позитивните процеси и тенденции ќе продолжат во истата насока и ќе донесат економски просперитет, општа благосостојба и среќа за сите наши граѓани. Имплементирањето на Рамковниот договор оди добро, но договореното во Охрид отстапува по разговорите во четири очи меѓу коалиционите партнери (децентрализацијата). Дали го делите мислењето на експертите дека е особено важно како ќе се изврши новата територијална поделба?

БОРИС ТРАЈКОВСКИ

ТРАЈКОВСКИ: Пакетот закони за децентрализација е последниот преостанат проект од Рамковниот договор и ангажманот на политичките субјекти во следните два месеца ќе биде концентриран токму на ова прашање. Не само мислењето на експертите, туку и размислувањето на обичните граѓани е дека станува збор за исклучително значаен проект чијашто доследна имплементација директно ќе го одреди степенот на демократија и квалитетот на животот во локалните заедници што навистина не им остава простор на надлежните органи за импровизирање со основните права на граѓаните. Целиот процес треба да се одвива мошне внимателно, при што примарно ќе биде во јавната расправа да биде слушнат гласот на луѓето кои ќе живеат во новите општини, затоа што сето ова го правиме за нивно добро, а не за кревање на нечиј партиски рејтинг пред избори. 10 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 505 / 05.03.2004

Колку Вие како Претседател, покрај сите обврски со Вашата функција, наоѓате време да ги сослушате и проблемите на обичните граѓани? Се мисли, пред сè, на роднините на 12 киднапирани Македонци и нерасветлената судбината, на нивните најблиски? ТРАЈКОВСКИ: Не само како на Претседател, туку пред сè како на човек мошне ми е непријатно да констатирам дека државата не успеа, во целата 2003 година, на унесреќените семејства на сите киднапирани и исчезнати лица од конфликтот во 2001 година да им понуди барем некаков, наместо никаков одговор на нивното единствено и најважно барање. Државните органи се тие кои го одбираат патот по кој ќе дојдат до вистината и за таа цел можат да се формираат комисии и да се распишуваат награди, но луѓето кои


ОД ИЗЈАВИТЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ

ТРАЈКОВСКИ

1999 - 2004 ја бараат вистината повеќе од две години се најмалку заинтересирани за процедурата - тие го чекааат одговорот, а државните органи се единствените кои се платени и одговорни да дојдат до него. Мојот мандат како Претседател на Република Македонија го започнав со секојдневни средби и разговори со обичните луѓе од сите слоеви на населението и сакам да продолжам со таа практика. Политичките функции се делегирани од граѓаните и политичката одговорност се поднесува пред нив. За жал, кабинетското управување со судбината на луѓето, наместо да биде дел од лошото минато, останува доминантен стил на однесување на повеќето политичари на одговорни функции. Прашања за кои има различни оценки во јавноста, а со кои Вие сте преокупирани и како врховен командант, се одбраната, реформите во АРМ и зачленувањето во НАТО. Што е сработено дома и како стоиме со поддршката од нашите странски партнери, особено од САД? ТРАЈКОВСКИ: Можеби некој ќе помисли дека не сме сосема објективни кога велиме дека на планот на реформите во областа во одбраната се направени навистина значајни достигнувања во изминатава година, меѓутоа таа квалификација не доаѓа само од ПРМ, туку од сите релеватни меѓународни институции кои имаа увид во нашите активности. Јас сум цврсто решен во рамките на моите уставни надлежности да продолжам во истиот стил и во 2004 година, а особено во периодот до Истамбулскиот самит каде што очекуваме признание за досега направеното и дефинирање на РМ како најсериозен кандидат за членство во НАТО во следниот круг на проширување. Во целиот тој контекст особено значаен факт е потпишаната Повелба за парнерство со САД, Албанија и Хрватска за која што ние дадовме иницијатива уште на Прашкиот самит на НАТО во 2002 година и со која де факто добивме силна

МОЈАТА ЖЕЛБА Е ДА Й ПОМОГНАМ НА МАКЕДОНИЈА ЗБОРОВИ СО КОИ ОСТАНА ЗАПАМЕТЕН - "Многу убаво Вие од Шведска ги следите настаните. Јас ќе ви дадам еден предлог: Пратете сто авиони и пренесете ги бегалците во Стокхолм. Ако ви е толку жал за бегалците како што велите зошто не донесете авиони за да ги пренесете во своите земји" - им порача Трајковски на претставниците на странските медиуми стационирани во Македонија за време на бегалската криза во 1999 година како заменик-министер за надворешни работи.

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 1999 ГОДИНА КРЕАТОРИ НА МИРОТ НА БАЛКАНОТ Кичево, 3 октомври - "Иднината на Република Македонија е Европа. Во разговорите с�� меѓународната заедница нема зошто да се плашиме и да бидеме инфериорни, зашто ние сме креатори на мирот на Балканот. Ќе се залагам Македонија активно да учествува во Пактот за стабилност, а основа на надворешната политика треба да биде интересот на граѓаните на Македонија и местото на нашата држава на меѓународен план. Нема да дозволам менување на границите на нашата држава. Оваа мала земја на Балканот може да ги обедини сите, без оглед на разликите, на верската и националната припадност. Верувам во Македонија, зашто имам визија за нејзината иднина. Верувам во народот на кој сакам да му изградиме добра, просперитетна и стабилна држава", изјави Трајковски на митингот во Кичево. Во рамките на предизборната кампања Борис Трајковски престојуваше и во Македонски Брод. Прво тој го изнесе проблемот на невработеноста, особено кај младите од кои многумина го напуштија овој крај. - "Затоа, ќе сторам сè - рече тој- во рамките на моите можности како претседател да ги вратам и да им обезбедам достоинствен живот. Не е лесно тоа што ќе се вети и да се исполни, но имам визија за вашите барања и затоа со Владата ќе создадам амбинет за достоинствен живот". Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Борис Трајковски, потсети на преродбенската улога и мисија на браќата Миладиновци и на други творци, во кои е вткаено чувството на самобитност, отфрлајќи ја шпекулацијата во јавноста дека со тандемот Георгиевски - Трајковски ќе завладее тоталитарен систем. - "Не е вистина - подвлече Трајковски. Јас тој систем лично го имам почувствувано и истите тие луѓе што заговараат за тоа, се плашат од тој систем. Не сакам тој да се врати и ги повикувам сите, вклучително и нашите опозиционери, дека како претседател ќе бидам медијатор, каде што сите политички лидери ќе ги приближувам и ќе соработувам со единствена цел - за доброто и просперитетот на нашата држава. Сите ги повикувам на заеднички живот. Ќе се залагам за поголема улога и афирмација на светската поетска манифестација Струшки вечери на поезијата која одигрува голема улога да станеме дел од европското семејство. На културен план ние сме веќе влезени не само во европската, туку и на светската карта на вредности", рече на крајот Борис Трајковски. МАКЕДОНИЈА ВО ОБЕДИНЕТА ЕВРОПА Радовиш, 8 октомври - "Македонија, напред. Македонија во Европа. Македонија заслужува да биде модерна, со модерни граѓани кои ќе бидат креатори на својата судбина која не можат да им ја скројат старите креатори. Нам ни требаат млади и перспективни луѓе со европска определба. Нам ни треба претседател кој е блиску до народот и политичари кои веруваат дека Македонија е центар на стабилноста и сигурноста на Европа. За тоа јас имам визија и цели кои се потпираат на вашите желби, цели кои не ветуваат дека од утре ќе се променат, цели кои заедно ќе ги оствариме за кои сме овде да се договориме како заедно ќе го изодиме патот во наредните пет години. Но, само со вас граѓаните на Република Македонија, без оглед на верската, политичката и националната припадност, бидејќи вие самите знаете како ќе го поминеме тој пат кој носи одговорност пред нас, пред нашите деца, нашата перспектива. Да изградиме едно стабилно граѓанско општество во кое заедно ќе се грижиме за нашиот демократски просперитет. Сето тоа ќе го постигнеме сите заедно во нашата родна Македонија која моментно е место изложено на разни кризни ситуации од кои ќе треба да ја обезбедиме со сигурен, безбедносен, одбранбен, правен и демократски систем со стабилни граници, во стабилен регион во кој Македонија и понатаму ќе се афирмира како модерна и демократска држава во која не ќе може да се направи никаков прекршок врз човековите права и слободи. Создавањето на слободата на граѓанинот во Република Македонија е мојата визија, бидејќи многу ми е битно дали граѓанинот ќе ме чувствува како свој претседател во унитарна држава каква што ја замислувам Македонија. Држава во која ќе се залагам во борбата против криминалот, корупцијата, а за заштита на приватноста на семејството на граѓанинот од кого очекувам и иницијативи за самоорганизирање на 11 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 505 / 05.03.2004


M

MAKEDONSKO SONCE

меа инервју

политичка, но и конкретна експертска поддршка од најсилната држава во Алијансата за натамошниот тек на реформите и целосна интеграција. Амбициите на Република Македонија, како што често се нагласува се насочени за поскорешно наше влегување во НАТО и во семејството на Европската унија. Какви се нашите реални шанси за влез во ЕУ и кога е вистинскиот момент за аплицирање? ТРАЈКОВСКИ: Во изминативе месеци водевме интензивна политичка и екс-

БОРИС ТРАЈКОВСКИ

пертска расправа околу можноста формално да аплицираме за членство во Европската унија. На маса беа ставени две групи на аргументи. Првата, која нашите постигнувања ги споредуваше со прецизните бирократски правила на Унијата, со кои понекогаш имаат проблеми и најстарите земји - членки. И втората, која прашањето го поставуваше и разгледуваше во стратешки рамки. Сосема е јасно дека поддржувачите на првиот пристап се во право кога велат дека сме сè уште далеку од Брисел, како што беа земјите членки и кандидати во времето кога ги поднесува своите апликации. Меѓутоа, сметам дека е подобро

12 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 505 / 05.03.2004

ако во прилог на нашата апликација ги понудиме следните пет аргументи, од поинаков карактер. Прво, апликацијата ќе ја засили внатрешната кохезија во Република Македонија, затоа што во прилог на ЕУ се изјаснуваат огромното мнозинство наши граѓани, независно од етничката припадност. Второ, статусот на кандидат ќе ни овозможи пристап до структурните фондови на Унијата кои имаат потенцијал сериозно да ги поддржат нашите напори за излез од економската рецесија. Трето, влегувањето во процедура, и подоцна во преговори со Унијата, е несомнено јасен сигнал за потенцијалните странски


ОД ИЗЈАВИТЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ

ТРАЈКОВСКИ 1999 - 2004

економски план, приватната иницијатива, присуство на странскиот инвеститор и воопшто за состојби во кои ќе ги заборавиме зборовите кредит и помош" - изјави Трајковски. РАЗВИВАЊЕ НА ЧОВЕКОВАТА СВЕСТ Приле - "Мојата визија и сон за Македонија во 21 век - истакна Трајковски - е интегрирана и активно вклучена во сите меѓународни политички текови на живеење, со висок респект и како центар од кој ќе се креира политиката во регионот и поради нејзината геополитичка позиција. Наскоро сегашните млади генерации ќе бидат сведоци кога тоа ќе стане реалност. Кај нив треба да се вгради чувството дека до соодветниот животен стандард, кој е чекор поблиску до европскиот, може да се стигне единствено со почитување на правната држава, со изграден систем на вредности во кој ќе владеат правичноста, моралот и одговорноста, со што Македонија, по европскиот модел, ќе стане општество на благосостојба за граѓаните. Посетата на едно прилепско семејство на двајца стечајни работници кои опстануваат без основните средства за живот, ме трогна и ме заболе до длабочината на срцето и поради тоа, на тие луѓе, како еклатантен пример за жртви на суровото минато време, се заветив на кој и да е начин да им помогнам. Македонија мора да се гради како социјална држава, со нови морални кодекси на однесување кон хендикепираните и ретардираните, со неопходното внимание, со подгревање на човековите чувства за солидарност и доброволна хуманост, како и со развивање на свеста за човекот и неговите потреби, по примерот на современите европски држави. Само на тој начин, со јакнење на семејните вредности и доблести, како основна клетка на стабилното општество, како и со борбата против сите општествени зла на денешнината, Македонија во 21 век ќе влезе во заедницата на развиените земји. Насочувајќи ги младите генерации кон сестрано надградување на нивните знаења, односно инвестирајќи во нив како Европејци, ќе инвестираме и во прогресивна иднина". Наместо со страв, македонските граѓани, уживајќи во слободата и своите демократски права, како што порача Трајковски, во третиот милениум треба да говорат со јазикот на христијанската љубов, на пријателството и на вредностите што ги поседуваат. ВО НОВОТО ВРЕМЕ СО НОВИ ЛУЃЕ Завршен миин во Скопје На завршниот митинг Борис Трајковски посочи дека на младите генерации како европски државјани им останува задачата Македонија да ја воведат во 21 век, како иднина на оваа земја. Нашата традиција и култура да ја афирмираат како рамноправна со европските, додавајќи дека дојде новото време, на почетокот на третиот милениум, кога земјата треба да прифати нови реалности и да воспостави нови односи. - "Новото време не се гради со стари луѓе и со минатите времиња, со новите програми на поранешните политичари - посочи Трајковски - туку со морална трансформација на идентитетот на личноста. Не може добар комунист да биде и добар демократ за кои не знаеме кога ја говореле вистината и кое е нивното вистинско време. Дали Македонија ќе се реши во новата иднина да тргне со прогресивно ориентиран претседател, кој демократијата ја учел во европските центри, кој произлегува од нив, на кој власта не му била ниту цел, ниту средство за богатење, а политиката не му служела за освојување на власта. Дали Македонија ќе се реши за претседател кој има нагласено чувство за одговорност кон човекот, што ја претставува иднината и новиот европски имиџ на политика. Тоа е денешното разбирање што ви го нудам иднина со политичари кои ги познаваат новите европски трендови на политиката, кои ги знаат глобалните процеси и промени. Македонија не сака да оди рикверц, таа сака да оди напред, а тоа може да се постигне со промена на личностите, зашто новото се гради со ново. Со политичари кои немаат багаж од политичкото минато, кои доаѓаат од народот, со визија за демократијата, со цел за интегрирање во европското семејство, и за Македонија со евроатлантска ориентација за влез во Европа, до која сме на чекор поблиску, но и најблиску досега". ИЗЈАВИ НА БОРИС ТРАЈКОВСКИ ОД 2000 ГОДИНА

инвеститори дека ние повеќе не сме на мапата на ризичните региони. Четврто, Република Македонија на тој начин станува модел и за преостанатите земји од Западен Балкан и придонесува за неговата европеизација. И последно, но не и најмалку важно, институционалното приближување кон Унијата, без сомнение, ќе ги релаксира односите во целиот регион во пресрет на последните геополитички позиционирања најавени за 2005 година. Во целиот контекст, воопшто не е за потценување фактот дека овие денови во

07.04. 2000 Претседателот Трајковски, истакнувајќи го големото пријателство меѓу двете земји (Македонија и Хрватска), изјави дека тој и претседателот Месиќ се согласиле за потребата во иднина двете држави повеќе да соработуваат на регионален план. Во тој поглед, Трајковски рече дека било договорено во рамките на Пактот за стабилност, двете држави заеднички да аплицираат проекти за преостанатите пари, кои не беа поделени на првата донаторска конференција. Во исто време, на разговорите била промовирана и идејата за потпишување меморандум за разбирање и соработка, за двете земји да се приближат кон ЕУ. 15.04. 2000 Претседателот Борис Трајковски побарал од Вашингтон целосна поддршка на Македонија во борбата против терористичките групи. Шефот на македонската држава рекол дека е неопходно САД и меѓународната заедница да испратат порака до сите политички структури на Косово дека мораат да го почитуваат територијалниот суверенитет на нашата земја и дека во Република Македонија треба да гледаат држава што многу й помогна на меѓународната заедница за време на кризата минатата година. Претседателот Борис Трајковски истакнал дека не сакаме да се судриме со терористичките групи, но и ако не го почитуваат територијалниот суверенитет и интегритет на нашата земја и бидат закана за нашите војници, нема да имаме друг избор и одлучно ќе застанеме во нивна заштита. 23.05. 2000 Претседателот Трајковски, го покани папата да ја посети Македонија. Тој по аудиенцијата изјави: - "Македонија е држава со стара христијанска традиција од каде почнала да се шири оваа вера во Европа 13 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 505 / 05.03.2004


M

MAKEDONSKO SONCE

меа инервју

БОРИС ТРАЈКОВСКИ сите земји - членки на ЕУ привршува процесот на ратификација на Спогодбата за стабилизација и асоцијација која први ја потпишавме во регионот и со тој чин и први го реализираме нејзиниот формален аспект. Силна поддршка за процесот на интеграциите е интензивираната регионална соработка кон која конечно во последните две години како држава сме поставени на сосема нов начин, за разлика од поранешниот статичен и безидеен пристап кој доминираше во надворешната политика со години. Заедничкото обраќање на петтемина претседатели од Западен Балкан до Самитот во Копенхаген, заедничкиот настап на тројцата претседатели во Прага, самитот на петтемина лидери во Охрид, трилатералниот самит посветен на Коридорот 8 и големиот регионален форум "Дијалог меѓу цивилизациите", се само пет во серијата примери од новиот автентичен концепт за соработка, во чии рамки земјите од регионот покажуваат европско одне сување. Би сакал да потенцирам дека минатата година во соработката со Република Грција најзначајно беше ратификувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ и лидерството и определеноста што ја покажа Република Грција за интегрирање на регионот на југоисточна Европа во Европската унија. Искрено очекувам дека таа ќе продолжи да биде наш промотор и да дава поддршка за нашето полноправно зачленување во ЕУ. Годините што поминуваат не ја намалуваат важноста на разговорите со Репубика Грција околу разликите за името, затоа што станува збор за прашање со исклучителни историски и стратешки референци за нацијата и државата. Очекувам во блиска иднина спорот да биде надминат со единственото праведно и меѓународноправно издржано решение, а тоа е почитување на сувереното право на една независна држава да се нарекува со името што самите нејзини граѓани го избрале. Нерешениот статус на Косово ја зголемува неизвесноста и активноста во повеќе политички центри. По серијалот избори (на Косово, Србија и Црна Гора, нашите, особено

14 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 505 / 05.03.2004


ОД ИЗЈАВИТЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ

ТРАЈКОВСКИ 1999 - 2004

оние во САД) се очекува напнатоста да кулминира некаде во средината на 2005. Можна ли е поголема дестабилизација на регионот и во Македонија? ТРАЈКОВСКИ: Мојата политичка позиција во врска со ова прашање многу јасно ја соопштив во неодамнешното годишно обраќање во Собранието на РМ и на редовната средба со нашите амбасадори која се одржа пред извесно време. Во сè уште фрагилниот регионален контекст клучните фактори на меѓународната заедница треба да настапат мошне внимателно и да понудат сеопфатна стратегија за регионот која нема да реши едно прашање, а да отвори серија други. Интерес над интересите на политичките субјекти и граѓаните на РМ е да го зачуваме територијалниот интегритет и суверенитет на земјата и нејзините евроатлантски перспективи. За таа цел потребно е итно градење на надпартиски и надетнички консензус заради подготвување одговор на сите можни сценарија и варијанти во врска со косовското прашање и идниот развој на односите меѓу Србија и Црна Гора затоа што тие две прашања ќе го вообличат дефинитивниот изглед на Балканот. Во секој случај граѓаните на РМ не треба да имаат дилеми дали државното раководство ќе ја дочека подготвено таа разврска. Длабоко сум убеден дека ние ќе знаеме да го промовираме нашиот концепт во кој сите аргументи содржат неспорен правен и политички легитимитет. Господине Претседателе, Република Македонија конечно мора да има јасна визија за идниот развој. Каква е Вашата и со кои конкретни чекори ја поткрепувате? ТРАЈКОВСКИ: Република Македонија мора да има визија за економскот развој, бидејќи тоа е едно од најзначаните прашања за граѓаните. За оваа визија треба да постои консензус кај сите политички партии. Светската економија влегува во една нова фаза. Имено, ниту индустриските капацитети, ниту сурови-

и затоа го поканив папата да нè посети. Истакнав дека светите браќа Кирил и Методиј имаа голема заслуга за ширењето на христијанството и во државите каде католичката вероисповед е најприсутна, во земјите на Централна и Источна Европа. Привилегија е да се биде претседател во држава каде има богатство на повеќе етнички групи и различни верски припадности и дека ќе се залагам да бидам претседател на сите нив без разлика на верската или етничката припадност" - рече Трајковски. ИЗЈАВИ НА БОРИС ТРАЈКОВСКИ ОД 2001 ГОДИНА 02.08. 2001 По повод празникот, претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски, упати честитка до граѓаните во која се вели дека: - "Република Македонија се брани и ќе ја одбрани секоја своја педа и тоа ќе го сториме на начин што бара најмалку човечки жртви и минимални разурнувања. Затоа, голема предност му даваме на политичкиот пат, но целосно сме подготвени и за ефикасно воено решение", истакна претседателот Трајковски. 13.08. 2001 - "Мошне сум задоволен од лидерите кои направија сè за подобрување на иднината на земјава. Успехот го заслужуваат граѓаните, политичките лидери, но и меѓународните претставници Леотар и Пердју, кои многу работеа со нас за да ги надминеме разликите. Ова не е само политички договор, туку и договор за мир, кој ќе го отстрани присуството на терористите" - изјави претседателот Трајковски. Шефот на државата предупреди дека во времето кога се парафираше договорот и имавме прекин на огнот, имавме и најголем број жртви. - "Некој сака да го прекрши постигнатиот договор, а во периодот се појави нова формација, АНА, која се бори за територија, а не за права. Се обраќам до меѓународната заедница да се справиме со предизвикот и да се справиме со новата милитантна формација АНА. Направивме чекор напред, но има уште многу да се направи. Нашето легитимно право за одбрана на територијалниот интегритет останува" - рече Трајковски. 18.08. 2001 По повод 18 Август, Денот на Армијата на Република Македонија, во обраќањето пред стројот на старешините и војниците, претседателот Трајковски ги пофали и ги охрабри војниците да бидат смели и непоколебливи бранители на татковината. Претседателот потсети дека првпат од осамостојувањето на Македонија, АРМ заедно со припадниците на МВР, се исправени пред задачата да ја бранат нашата татковина - задача за чие извршување неколку десетици македонски синови ги положија своите животи, додека многумина се ранети и повредени. - "Иако Македонија во ниеден момент не се двоумеше дали треба да се брани од терористичките банди, ние достоинствено ја почитувавме определбата да му дадеме шанса на мирот, одејќи по подолгиот пат, за решение со помалку жртви и разорувања, иако тој пат е многу тежок и на моменти за некого неразбирлив" - рече Трајковски. Зборувајќи за Рамковниот договор и за операцијата "Жетва", Претседателот рече дека тие можат да не успеат ако "нема јасна и енергична акција на НАТО за разоружување на теренот, која треба да биде најефикасна во првите 15 до 20 денови". - "Македонија ќе ја брани својата територија и уставниот поредок со сите расположиви средства", додаде тој. ИЗЈАВИ НА БОРИС ТРАЈКОВСКИ ОД 2002 ГОДИНА 08.01. 2002 - "Јас сум претседател на оваа држава, избран од сите граѓани на Република Македонија, и така чинам и понатаму да ја извршувам својата функција, без разлика на мојата верска определба. Јас ги почитувам традициите на МПЦ. Една од моите задачи е да ја афирмирам МПЦ на надворешен план и да работам на нејзино признавање. Тоа што јас й припаѓам на Методистичката црква е мое лично, приватно право и во никој случај, како Претседател, тоа не сум го злоупотребил. И спомнувањето на Господ во моите обраќања, е спомнување на една универзална аксиома - тоа е Господ кој сите верници од која било религија го почитуваат" - изјави Трајковски. 14.09. 2002 - "Длабоко сум уверен дека сите граѓани на Република Македонија ќе демонстрираат зрело и одговорно однесување, со што ќе покажат дека се определени и способни да ја насочат иднината на својата држава во вистинската насока и конечно да го затворат последното поглавје од кризата, која предолго не измачуваше во минатата и оваа година", рече во своето обраќање до граѓаните Борис Трајковски. Претседателот Трајковски е уверен дека "нашите многубројни пријатели од светот со големо внимание ќе ги следат нашите избори и од степенот на демократијата и нивото на политичка култура што ќе ги покажеме на 15 септември ќе донесат заклучок колку сме блиску до евроатлантските интеграции". - "И затоа сакам - подвлече тој - да го повикам секој од вас да ја исполни оваа граѓанска должност. Немојте да дозволите гласините да ве одвратат од намерата да гласате. Секој глас ќе има влијание врз изборот на луѓето што ќе ви служат вам во следните четири години. Демократијата во Република Македонија ја прават нејзините граѓани, а нејзината сила станува сè поцврста со секој даден глас. Во недела треба да го дадете својот глас за изградба на побогата, помирна и попросперитетна Македонија, а тоа е доволна причина за да излезете на гласачките места". 15 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 505 / 05.03.2004


M

MAKEDONSKO SONCE

меа инервју

ните, ниту земјата се доволна основа за економски развој. Затоа, покрај традиционалните гранки, мора да се свртиме кон развојот на новите сектори кои се носители на т.н. економија базирана на знаењето. Информатичката и телекомуникационата технологија, способноста за иновации и нивното ефектуирање на пазарот претставуваат главна моторна сила на развојот. Веднаш мораме да почнеме да работиме на создавањето на информатичко општество, да го зајакнеме овој сегмент на економијата, односно да ги поддржиме информатичките компании, да го приспособиме образованието да создава кадри какви што

БОРИС ТРАЈКОВСКИ

и` се потребни на новата економија. Република Македонија мора да развива извозно ориентирана економија. Со цел да ги поддржам домашните стопански субјекти во нивните напори за освојување нови пазари, во годината што измина и` помогнав на градежната оператива на Република Македонија за да добие инвестициони работи во вредност поголема од 140 милиони евра. Истото го правам и со фармацевтската индустрија и наскоро и на ова поле очекувам конкретни резултати. Мојата поддршка ќе продолжи и во иднина. Ќе се залагам да им отворам нови пазари во странство. Со ова се надевам дека ќе им помогнам 16 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 505 / 05.03.2004

на овие значајни гранки за македонската економија. Ја повикувам и Владата и сите други државни институции да ми се придружат во овие напори. Во денешниот глобален свет, во кој е најважно знаењето и поседувањето на информациите, просперитетот на секоја држава зависи од квалитот на образованието. Затоа образовната политика претставува клучно стратешко прашање преку кое се изразува визија за содржината и профилот на државата, нејзината организација и економска структура, но исто така и нејзиното место во светот и светската економија. Во оваа смисла образованието се наметнува како императив на времето


ОД ИЗЈАВИТЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ

ТРАЈКОВСКИ 1999 - 2004

во кое живееме. Инвестицијата во образованието е инвестиција во иднината. Догодина ќе се одржат претседателските избори. Веќе се појавија некои априористички тези. Едните велат дека ќе нè зафати српскиот претседателски синдром, а другите велат дека изборите ќе бидат наместени и веќе знаат дека стариот ќе биде и нов Претседател. Ќе се кандидирате на изборите сигурно, нели? ТРАЈКОВСКИ: Ќе повторам дека изборите што треба да се одржат на самиот крај на наредната година не се во мојата агенда. Јас ги извршувам моите редовни обврски и задачи според уставните ингеренции и според мојата претседателска платформа. Не сакам да толкувам нечии нагаѓања, прогнози или желби, а своите конкретни одлуки секогаш ги соопштувам кога ќе им биде времето. Така ќе биде и во врска со темата што ја покренувате со вашето прашање. Би сакал уште да додадам дека и во изминатата година ми беше чест да ја вршам фукцијата Претседател на Република Македонија. Понекогаш патот беше трнлив, другпат бев охрабрен од нашиот успех, но најважно е да останеме на курсот. За тоа треба дисциплина, напорна работа и посветеност, бидејќи таа задача не е лесна. Во текот на минатата година забележав наплив на негативни емоции и енергија кај нашиот народ. Тоа не е добро за нашиот морал како граѓани и за перспективите на државата. Се надевам дека во 2004 година кај секој граѓанин повторно ќе видиме будење на гордоста и целосна морална и духовна преродба на Македонија. За таа ни малку лесна задача да биде остварена треба дисциплина, напорна работа, силна волја и целосна посветеност кон договорените цели. Навистина е можно да ги реализираме нашите желби ако работиме заеднички, во атмосфера на соработка, толеранција и пријателство.

15.09. 2002 - "Очекувам дека ќе имаме фер и мирни демократски избори и задоволен сум, зашто со другите граѓани на Република Македонија го дадов својот глас, што е обврска и право на секој од нас. Пријатно се чувствувам оти утрово се сретнав со многу пријатели и соседи кои во голем број излегуваат на гласање. Гласањето е демократски чин со кој граѓаните ја определуваат политичката опција што ќе ја води Република Македонија во наредните четири години. Граѓаните се определуваат за опцијата што може да ги исполни нивните барања и да ги заштити нивните интереси. Затоа уште еднаш ги повикувам граѓаните да ја понесат одговорноста и да ги изберат своите претставници" - рече Трајковски. ИЗЈАВИ НА БОРИС ТРАЈКОВСКИ ОД 2003 ГОДИНА 08.01. 2003 Претседателите на земјите од Западен Балкан (Хрватска, Албанија, Југославија и БиХ) ја прифатиле иницијативата на претседателот Борис Трајковски за организирање регионална тркалезна маса за интеграција во ЕУ. Претседателот Трајковски добил потврда од нив во телефонските разговори за време на празниците, а им упатил и официјални писма. Претседателот Трајковски за неговата иницијатива за зајакнување на регионалната соработка и интеграцијата на петте земји во ЕУ очекува поддршка и од новиот претседавач со Унијата, Грција. 20.02. 2003 - "Нелегалната трговија со мало и лесно оружје во Македонија и во регионот ги доведува во опасност стабилноста и безбедноста не само на земјава, туку и на Европа во целина", изјави македонскиот претседател Борис Трајковски во говорот на тркалезната маса "Мало и лесно оружје во Македонија - приоритети за акција", која се одржа во Скопје. Трајковски рече дека собирањето на оружјето е долг процес и дека за тоа ќе треба да се направат и промени во постојните правни акти. - "Треба да го искористиме присуството и расположението на меѓународните организации акцијата да заврши брзо и ефикасно. Најавите на Владата за аболиција и легализација на црното оружје е за поздравување и е гаранција дека е на вистински пат да се соочи со проблемот" - рече претседателот Трајковски. 02.08. 2003 Илинден е клучната алка во жртвувањата за самостојна македонска држава. Тој нè обединува сите и е основа за нашиот европски патриотизам и за почитувањето на универзалните вредности. Ова беше главната порака од централната прослава на Илинден, во Крушево на Мечкин Камен, во говорот на македонскиот претседател Борис Трајковски. На прославата на стогодишнината на македонската државност присуствуваа неколку илјади граѓани. - "Крушевската Република е симбол на сонот на сите балкански народи за европски стремеж. Идеите на Манифестот во ништо не се поинакви од зборовите на визионерите на модерна Европа, кои и денес звучат како да се напишани токму во илинденското утро 1903 година. На патот од Илинден до Европа, во визиите и делата на апостолите Гоце Делчев, Никола Карев, Ѓорче Петров, Крсте Петков - Мисирков и многу други, Македонија беше замислена како дом за сите нас, без разлика на националната и верската припадност, за сите оние што сонуваат за светот како поле за културен натпревар. Во Европа не може да се влезе без идентитет и достоинство" - рече Трајковски ИЗЈАВИ НА БОРИС ТРАЈКОВСКИ ОД 2004 ГОДИНА 04.02. 2004 До спорот меѓу двете цркви не требало да дојде и во иднина духовниците ќе треба најмалку двапати да размислат што прават затоа што нивната одговорност е двојна, напишал македонскиот претседател Борис Трајковски во писмото до Вселенскиот Патријарх Вартоломеј по повод последните недоразбирања меѓу МПЦ и СПЦ. - "Ја почитувам Вашата одамна изјавена намера да се вложите себеси во негувањето на дијалогот и надминувањето на разликите меѓу МПЦ и СПЦ, кои подолг период го истоштуваат духот на христијанството. Верувам дека отсуството на позитивен резултат досега нема да ја поколеба Вашата силна волја да продолжите со напорите за приближување на ставовите на членовите на едно исто семејство, затоа што заеднички проповедаме и веруваме во дијалогот до исцрпување како метод кој нема алтернатива" - истакнува Трајковски во своето писмо. Тој го замолува Вселенскиот Патријарх заеднички да се борат против екстремните опции во Црквата кои им нанесуваат штета на сите. - "Вие знаете дека не само на небото, туку и на земјата има доволно место за сите луѓе, независно во кој Господ веруваат. Ве замолувам непрекинато да го заложувате Вашиот авторитет и духовна сила за негување на различностите и на неотуѓивото право на православните народи да ги нарекуваат своите цркви така како што чувствуваат, односно како тоа се практикува меѓу помесните цркви" - пишува Трајковски. 25.02. 2004 - "Пред многу години, кога бевме соочени со големи проблеми, никој од нас не веруваше дека Македонија ќе направи значаен чекор напред и ќе биде подготвена за значаен исчекор кон европските интеграции. Со денешната апликација почнува формално процес во кој треба да следат значајни реформи и на крајот да резултираат со членство во Европската унија. На тој пат ќе се соочиме со многу предизвици и проблеми, но самите треба да бидеме гаранти за што поскоро пристапување во членство во ЕУ, а не тоа да го гарантира некој од надвор - изјави Трајковски по потпишувањето на апликацијата заедно со премиерот Бранко Црвенковски. Подготвила: Рената МАТЕСКА 17 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 505 / 05.03.2004


SONCE NA PRAVDATA

Da go pregrneme zaedni~kiot interes so zdravo rasuduvawe za idninata

Dimitar Pop - Georgiev Berovski

PARALELI За жал, требало да се случи несреќата во која загина Претседателот на Р. Македонија за да се осведочиме дека сме изгубиле "претседател со европски атрибути", "визионер на европската ориентација на Р. Македонија", "архитект на регионалната соработка", почитуван прегалец на балканското пријателство и личен пријател на речиси сите балкански државници. Загубивме, според ехото што плави, претседател на сите граѓани кој вистински го разбрал и почитувал мултикултурализмот, ја градел довербата меѓу заедниците и придонел за позитивниот развој на меѓуетничкиот баланс и стабилност на Р. Македонија. Се осведочивме во претседателовите бројни... ...и одлични позиции меѓу релевантните светски државници кои искажаа недвосмислена почит и симпатии кон господинот Борис Трајковски како кон човек и политичар. Во сиот тој склоп самите ние како да бевме убедени единствено во неговата човечка добрина и во неговата богољубива природа. Речиси секому му беше јасно оти станува збор за срдечен човек со многу пријатели и за човек кому му е дадено нив да ги стекнува и тогаш кога е претседател; зашто, обично, претседателите (и премиерите) немаат пријатели. Пред несреќата, медиумите и устите на владините политичари киптеа со "атрибути" и склопови од подруга дефиниција за Претседателот. Сите тие не се однесуваа на ПРЕТСЕДАТЕЛОВАТА ПОЛИТИКА и на неговите решенија; не полемизираа за предметот, туку предоминантно беа упатени лично, ad personam, што би рекол "обичниот" ни граѓанин. КОЈА Е ВИСТИНАТА за Претседателот, односно во што е неговиот придонес за Р. Македонија? Иако е потребна поголема временска дистанца, сепак е можно, ако не конеч-

но да се вреднува, барем да се прикаже (дескриптира) политиката на Претседателот во однос на главните предизвици со што, всушност, започнува и самото вреднување на делото. При тоа, острината на рабовите на неговата политика (прашањето на нејзината различност) претпоставува споредбен метод или паралелна дескрипција на ПОЛИТИКИТЕ на државните раководства ПРЕД И ЗА ВРЕМЕ НА претседателот БОРИС ТРАЈКОВСКИ поврзани со исти и со слични предизвици. Кои беа главните предизвици како за овој, така и за претходниот претседател, инклузивно и за односните владини состави? На прво место тоа беа интеретничките односи и прашањето за нивно врамнотежување и дефинирање како еден од столбовите на (не)стабилноста на Р. Македонија. Второ, тоа беше прашањето за односот кон нашите соседи, следствено и кон поопштото прашање за регионалната политика и соработка. Трето, тоа беа нашите евроатлантски стремежи; нашите напори кон тие интеграции и нашето очекување од меѓународната заедница. 24 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 505 / 05.03.2004

1. Меѓуетничките односи почнаа да се затегаат по донесувањето на Уставот на Р. Македонија и од ден на ден стануваа жешка тема. Албанците бараа разбирање од страна на државата, на прво место за високо образование на мајчин јазик, за посебен нивен израз во политичкиот систем и во моделот на донесување закони, рамноправна застапеност во јавната сфера на сите нивоа, јавни права за етничките симболи (за нивното знаме) и сл. Македонската страна СÈ ДО 1998 година на тие барања гледаше како на ПЕРМУТИРАН АЛБАНСКИ СЕПАРАТИЗАМ на што со посредство на државата се спротивстави со груба репресија. Важно е да се каже дека репресијата не беше заснована врз формалноправна одлука, туку врз фактичка и неформална волја со челна позиција на врвниот државен раководител. Таквиот однос на македонското раководство како политика на неговиот врв, ги поврза упадите и акциите на полицијата во РАДОЖДА, БИТ ПАЗАР, РЕЧИЦА и ГОСТИВАР правејќи синџир на појави и манифестирајќи ригидна политичка позиција на македонското државно раководство. Таа состојба на работите ја наруши довербата меѓу политичките актери. Политичките субјекти на Албанците престанаа да му веруваат на Претседателот, тие почнаа да не му веруваат ниту на ПРЕМИЕРОТ И на надлежните министри и покрај фактот што и самите беа во Владата. Државниот врв, а особено ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на Р. Македонија, сета своја вештина и искуство ги искористи како КОНЗЕРВАТИВНО "ДРУШТВО" со дух и стил кој конечно создадоа изговор за појава на екстремниот албански национализам кој од поединечни терористички акти пламна во масовен воен судир во 2001 година. Тактички, тој екстремизам се формира со прелевање на тероризмот од Косово, преку приврзување на локалниот радикализам, па до избувнување на помасовни воени судири на Албанците со македонската држава.


Оттаму, може да се констатира дека КОРЕНОТ НА 2001 година ЛЕЖИ во сите претходни години и во политиката НА ДОТОГАШНИОТ ДРЖАВЕН ВРВ; во политиката која не се беше еманципирала од духот и логиката на претходната (југословенска) држава. Кога работите стигнаа до 2001 година, Р. Македонија се најде на крстосница по прашањето на својата иднина. Масовната и неселективна примена на сила беше опасната алтернатива. НОВИОТ, млад и сосема поинаку формиран ПРЕТСЕДАТЕЛ, меѓутоа побрза со иницијатива за мирни разговори и со идеја за реформи во правниот и политичкиот систем кои ќе го ресорбираат и пренасочат конфликтот. Во таа смисла, побара помош од меѓународната заедница и преку услугите на еден Бадентер и на претставниците на ЕУ и на САД се дојде до охридскиот Договор. Се дојде до онаа рамка која сè повеќе добива поддршка и смисла во македонската реалност и која й обезбедува перспектива на Р. Македонија. Сето тоа воопшто не можеше да биде замисливо до 1998-99 година, иако сите тие теми и решенија требаше да бидат завршени дотогаш. Односната улога на СПИРИТУС МОВЕНС НА МИРОТ во Р. Македонија, кога тој навистина беше загрозен и чесното залагање на претседателот Трајковски за имплементација на охридскиот Договор, сè до крајот на неговата животна патека, по прв пат создадоа имиџ дека претседателот на Р. Македонија е претседател на сите граѓани во државата. Тие признанија доаѓаа и од внатре и од надвор што не можеше да се случи пред тоа. Претседателот Трајковски односните признанија ги стекнуваше постапно, со мака и по цена на навреди и горчини. Меѓутоа, беше длабоко свесен за вредноста на мирот и стабилноста и поради тоа ги прифаќаше ризиците и неудобностите иако, нормално, тоа не му беше ниту право, ниту пријатно. И покрај фактот дека на меѓуетнички план треба уште многу трпение и енергија за да се надминат опасните стапици што можат да бидат поставени, сепак може да се рече дека претседателот ТРАЈКОВСКИ ОСТАВИ ФУНДАМЕНТ и покажа пример на каков начин е можна иднината на Р. Македонија. 2. Во односот кон нашите соседи до 199899 година владееше филозофијата на еквидистанца. Тоа беше политика според која Р. Македонија манифестираше навреденост од проблемите што й ги создадоа соседите. Тргнувајќи од чувството на нанесена неправда и од проценката дека нашите соседи не се ослободени од историските флоскули и од аспирациите кон неа, државниот врв практично й сврте грб на политиката на активна соработка и на дијалог со нив како на практика преку која ќе се надминуваат меѓусебните недоразбирања. Згора на тоа, македонското раководство сметаше дека Р. Македонија е многу понапред од сите соседи во транзиција и дека во однос кон нив е држава за пример и според правниот и според демократскиот карактер.

Македонскиот државен врв Р. Македонија ја дефинираше како "оаза на мирот", "шампион на транзицијата", "модел за меѓуетнички односи" и сл. Врз таа основа тој бараше признание и инсистираше на индивидуален и првенствен прием во европските и евроатлантските асоцијации. Секоја сугестија за регионален пристап и за регионални врски се доживуваа како субверзија кон Р. Македонија. На тоа следеа бројни и екстензивни објаснувања со кои македонскиот претседател ги предозира со "едукација" претставниците на меѓународната заедница. Овие, пак, спротивно, Р. Македонија ја сместија во групата држави на западниот

Балкан што беше најголемо разочарување за тогашното државно раководство. За разлика од таквата политика, претседателот Трајковски, инклузивно, и Владата избрана во 1998 година, ја прогласија политиката на позитивна енергија и соработка со соседите. Таа политика на која, без сомнение, претседателот Трајковски БЕШЕ ГЛАВНАТА ФИГУРА И ГЛАВНИОТ ИГРАЧ, придонесе да се решат поголем број на претходно создадените проблеми со три од четирите соседи. Битно се промени атмосферата во односите со соседите. Не само што се изгради цела архитектура на взаемни односи, туку се создаде меѓусебна доверба и взаемно пријателство. Импонираат исказите на балканските државници за улогата на македонскиот претседател во регионалната архитектура и соработка. Мошне софиситицирано прозвучува и изјавата на младиот Пандели Мајко кој како во античките драми укажува дека претседателот Борис 25 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 505 / 05.03.2004

Трајковски и со својата смрт й даде скапоцен подарок на Македонија, а тоа се љубовта и мирот кои доаѓаат од сите страни. Тоа е нова појава во односот кон Р. Македонија и нова појава внатре во неа на која й посредуваше проевропската, човекољубива и демократска природа на младиот Претседател кого сите граѓани го почитуваа и симпатизираа и како претседател и како човек; можеби не го почитуваа само претенциозните кариеристи, лукративните и нарцисоидните, или самоумислените "енциклопедисти", без чие присуство не е можно ниту едно политичко (за)другарство. 3. Односите со големите држави, фактори на меѓународната заедница, повеќе години беа оптоварени со непријатно пријателство. Имено, македонското раководство откажувајќи се од активната соработка со соседите ги сврте своите погледи кон големата политичка сцена, пред сè кон САД, очекувајќи големите западни држави да го исправат тоа што македонското раководство го доживуваше како нанесена неправда, посебно од страна на Грција. Ориентирајќи се наместо кон соработка со соседите, кон драматизирање на совеста на големите држави, македонскиот државен врв со време стана незгоден партнер, бидејќи респективните пријатели ги става во деликатна положба - да заземат страна, занемарувајќи ги своите интереси и политики, плус пренабрегнувајќи ја позицијата и моќта на државата на која се оплакува. На таков начин, создавајќи си резерви кај големите држави и не поместувајќи се од позицијата на навредена партнерка, Р. Македонија остана уште поосамена, а македонското политичко раководство се покажа неделотворно во надминувањето на сопствената изолација и покрај поттикнувањата самото тоа, а го најде начинот на разбирање и соработка со соседите. Спротивно и неверојатно, тоа раководство држеше до еден вид есхатологија - дека правдата мора да излезе на видело и да победи, стига да се истрае и издржи. Политиката на претседателот ТРАЈКОВСКИ НАПРАВИ ВИСТИНСКА ПРЕСВРТНИЦА на тој план и на неа веќе укажавме во основни црти, а и на сите им е познато. Се покажа дека таа политика е единствено прифатливиот пат што Р. Македонија може да го оди КОН своите стратегиски цели - НАТО И ЕУ. Во таа смисла, сепак, не сакаме да веруваме дека Р. Македонија како внатрешен фактор во таа насока го имала само господинот Борис Трајковски, како што сугерира изјавата на Стратфорската агенција, а имено дека смртта на претседателот Борис Трајковски не само што била празнина за системот, туку и празнина за иднината на земјата. Кога тоа би било така и самиот пример на претседателот Трајковски би бил не само невозможен, туку и бесперспективен.


OKO NA SONCETO

I SO SMRTTA VO SLU@BA NA @IVOTOT Животот е појак од сè, Почитувани читатели. Потврда за ова наоѓаме - парадоксално, но многу вистинито - дури и во големите трагедии и губитокот на човечки животи, а особено кога е во прашање животот на претседател на држава, каков што е случајот со Македонија и со нас Македонците. Нашиот претседател Борис Трајковски покажа дека и со смртта е во служба на животот. Прашањето е дали ние Македонците ќе го сфатиме тоа. Ако се суди според нашата сплотеност во овие трагични моменти за Македонија, тогаш со сигурност може да се каже дека ќе бидат излишни прашањата: "Што уште треба да дадеме", или "Што уште треба да ни земат за да нè остават да живееме во мир и спокојство". Со неговото прерано заминување како да сакаше да каже: "Доста е". Затоа неговиот живот, и особено неговата смрт, нека бидат симбол на нашето единство, иднина и просперитет. И покрај објективните тешкотии и пречки пред кои вековно беше исправен македонскиот народ, претседателот Трајковски беше уверен, а тоа го покажа и со своето политичко дејствување, дека судбината на Македонија е во наши раце и зависи најмногу од нас.

АЛЕКСАНДАР АНЧЕВСКИ, ректор на Универзитетот "Свети Кирил и Методиј"

ДОСТА СО ПРОКЛЕТСТВАТА КОИ НÈ СЛЕДАТ Навистина е доста. Како некое проклетство да го следи македонскиот народ. На првиот претседател му направија атентат, на Трајковски му се случи несреќа. Не знам до кога вакви случувања ќе се случуваат. Да се надеваме дека ова ќе биде последното премрежие за македонскиот народ. Ова што му се случи на Претседателот е трагедија, не само лична, туку и за целиот македонски народ. Трајковски беше непосреден човек и пријател на Универзитетот. Секогаш наоѓаше време да го удостои Универзитетот со своето присуство. Секогаш имаше разбирање за проблемите со коишто се соочувавме. Мислам дека покрај загубата за неговото семејство, загубата за македонскиот народ, трагедијата на Претседателот е и загуба за Универзитетот.

БЛАЖЕ РИСТОВСКИ, академик

ВИНАТА ДА ЈА БАРАМЕ КАЈ СЕБЕ Воопшто не сум фаталист и не верувам дека некој или нешто предопределено дејствува против Македонија и Македонците. Тоа е стек на околности при кои најчесто фактор е човекот. Несреќата на Македонија е друга: што имаат такво опкружување со историски претпоставки што сè уште се злоупотребуваат, но и во овој случај најчесто главниот фактор сме биле и сме ние самите. Ако треба да бараме виновник, треба пред сè да го побараме кај себе. Никогаш не сме постигнале единство (освен во време на НОБ), а од тоа единство може да зависи и судбината на Македонија како држава и на македонскиот народ како субјект.

ЉУБОМИР ФРЧКОСКИ, универзитетски професор

УЖИВАШЕ ПОДДРШКА ОД СИТЕ ЕТНИЧКИ ЗАЕДНИЦИ - "Јас не мислам дека нешто драматично ќе се случи на безбедносен план. Голем губиток е за нас губењето на Борис Трајковски од друг аспект. Имено, прво и основно тој имаше кај нас непроценета, меѓутоа исклучително силна меѓународна позиција која ниеден политичар до сега, а и од сега не може да ја повтори, и истата чесно да ја одработи за својата држава. Второ, тој ги 30 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 505 / 05.03.2004


СУДБИНАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ

постави односите со соседите на еден квалитативно нов начин, што поради својата лична позитивна енергија, што поради политичкиот концепт и истите ги претвори во динамична соработка за разлика од претходникот. Внатрешната фигура, уставната негова позиција ја бранеше, ја играше така како што треба. Јас лично ја оценувам исклучително добро. Така што балансот на моќта го постави во корист на македонската демократија. Сега таа точка ќе биде исклучително проблематична во постборисовиот период. И трето, уживаше поддршка од сите етнички заедници, навистина тоа не беше изнудена, изманипулирана поддршка, туку беше вистинска и недвосмислена. Во таа смисла тој беше фигура која Макдонија ја држеше во спотот на интересот на меѓународната заедница и ја движеше во вистинска насока во регионот. Тука е големиот губиток на таквиот политички профил за нас. Мислам дека ниту Охридскиот договор, ниту неговата имплементација, ниту регионот сега ќе бидат дестабилизирани, но истовремено мислам дека нема да повториме таква интегрирачка фигура каква што беше претседателот Борис Трајковски”.

СНЕЖАНА ВЕНОВСКА - АНТЕВСКА, директор на Институтот за македонски јазик

СУДБИНСКО НИ Е ДОБРОТО ДА СЕ ИЗМЕША СО ЛОШОТО Мислам дека македонскиот народ не е од среќните, но во овој момент сметам дека што и да се каже не би имало никаква смисла. Молкот е најподобен. Можеби судбинско ни е доброто да се измеша со лошото. Но, сепак, во нас е силата, и токму таа сила треба да нè води за да ги надминеме сите лоши работи што ни се случуваат. Таква сила имаше и нашиот претседател, Борис Трајковски. Сега единствено би сакала да зборувам за него како голем пријател и на Институтот, и на многумина вработени во него. Го познавав како голем оптимист, верник, широк човек кој доколку некого запознаеше, секогаш го препознаваше и ќе го поздравеше. Секогаш имаше позитивно мислење за Институтот. Иако беше многу ангажиран како претседател, тој издвои време и беше присутен на одбележувањето на 50-те години од Институтот за македонски јазик "Крсте Мисирков". На нашите средби говоревме за напредокот на Институтот во иднина, за воведување на компјутерски корпус, а најважно нешто за кое секогаш беше расположен да говори беше колку е важно да се истражува македонскиот јазик. Не сакам сè уште да верувам во тоа што се случи, и поддржувајќи ја изјавата на Никола Груевски, постојано се прашувам: "А што ако чудото е можно?".

ЈАНИ МАКРАДУЛИ, пратеник

СУДБИНАТА СИ ПОИГРА СО МАКЕДОНИЈА Пратеничката група на СДСМ е потресена од случувањата и од информациите за трагичниот настан. Денес за Македонија требаше да биде свечен ден. За жал судбината уште еднаш си поигра со Република Македонија и со нејзините граѓани и овој свечен ден стана ден на жалост. Како пратеничка група на СДСМ ве уверувам дека функционираме во согласност со Уставот и надлежностите и ќе продолжиме во овие тешки моменти да работиме за Република Македонија.

31 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 505 / 05.03.2004


OKO NA SONCETO

I SO SMRTTA VO SLU@BA NA @IVOTOT

ОЛИВЕР ШАМБЕВСКИ, директор на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

СЕКОГАШ СМЕ ГИ НАДМИНУВАЛЕ ТРАГЕДИИТЕ Историјата на македонскиот народ имала свои светли, но и трагични и тешки моменти. Настанов е еден од тие. ВМРО-ДПМНЕ во овој момент кога ви ја давам изјавата сè уште се надева дека постои каква и да е можност дека некој од македонската делегација предводена од претседателот Трајковски сепак преживеал. Она што сакам да го кажам во врска со вашето прашање е дека македонската историја, историјата на македонскиот народ, не се разликува многу од историјата на кој и да е друг народ. Кај сите народи имало и светли и темни моменти во нивната историја. Она што е битно што треба граѓаните на Република Македонија и сите Македонци да го знаат е дека Македонија издржувала, издржува и ќе издржува веројатно и трагедии од овој тип, но и трагедии кои некогаш се посудбоносни за македонскиот народ. Меѓутоа, битно е дека ние сме, дека ние постоиме, дека секогаш сме ги надминувале трагедиите коишто ни се случувале, дека македонскиот народ и граѓаните на РМ се мудри граѓани, коишто се достојни на името кое го носат на земјата во која живеат и повеќе од убеден сум дека сите заедно ќе најдеме сили да го надминеме и овој тежок момент од нашата историја.

ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ, Демократски сојуз

СУДБИНАТА САМИ ДА СИ ЈА КРОИМЕ Република Македонија и македонскиот народ повторно се исправени пред настан кој може да предизвика внатрешни делби и меѓусебни обвинувања. Во поновата историја на македонскиот народ постојани биле очекувањата големите сили да нй подадат рака за да застанеме на нозе. За жал, тоа досега не се случи. Ние, како народ, мора да извлечеме искуство и судбината сами да си ја скроиме. Силата и моќта е во народот. Ако не сме имале влијание во содржината на договорот склучен во Букурешт, со кој Македонија е поделена на три дела, не можеме да бегаме од "одговорноста" за охридскиот Договор, или пак за случувањата во врска со атентатот над Киро Глигоров и смртта на Борис Трајковски. Ако сакаме да одиме напред, треба да покажеме единство и да ја искористиме интегративната сила на македонскиот народ, но за сè треба отворено да разговараме и одговорноста да се лоцира кон оние што ја изигруваат довербата на народот. Во времето додека Бранко Црвенковски е претседател на Владата, се случија две големи трагедии - атентатот над Киро Глигоров и загинувањето на Борис Трајковски во авионска несреќа (која сè уште не е разјаснета), но досега не видовме тој човек врз себе да преземе дел од одговорноста. Постојано ја префрла одговорноста на друг. Веруваме дека за случувањата во Македонија, во голема мера сме самите виновни. Треба да покажеме дека сме државотворен народ и дека никогаш нема да се откажеме од борбата за Македонија. Тоа треба сите да го покажеме на дело. Судбината и иднината на Македонија е во наши раце. Подготвила: Ружица ГОЧЕВСКА

32 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 505 / 05.03.2004


OKO NA SONCETO ШПЕКУЛАЦИИ И КОНТРОВЕРЗИ ОКОЛУ ТРАГЕДИЈАТА

НИЗ МАГЛА ДО КУП СОМНЕЖИ Неизбежно е прашањето зошто СФОР, како директен контролор на летот, во текот на целиот ден и ноќта не ја соопштил точната локација за паѓањето на авионот и зошто потрагата по загубениот авион траела дури 24 часа, доколку на системот за следење виделе каде точно паднал авионот. Зошто од страна на СФОР им беше забрането на федералните власти на БиХ да се вклучат во потрагата на настраданите?! Се слушна дека претставници на меѓународните сили биле видени на денот на несреќата на местото каде што лежел урнатиот авион, па дури дека е направена и замена на "црните кутии". Подготвиле: Рената МАТЕСКА Милева ЛАЗОВА

Т

рагичниот настан што ни се случи, за жал, станува уште потрагичен поради многубројните шпекулации, контроверзи, сомнежи, контрадикторности, што произлегоа од целата процедура на расветлување на случајот. За жал, ќе останат да лебдат многу неодговорени и неразјаснети прашања. Прво, зошто авионот летал толку ниско и зошто цели 7 минути се исклучени од вкупно 25-минутната комуникација со контролната кула, со којашто раководеле претставници од СФОР? Зошто цели седум минути не постоела комуникација помеѓу авионот и контролната кула кога веќе било утврдено дека авионот прениско летал? Впрочем, зошто контролната кула не реагирала онака како што во такви прилики треба да реагира, туку врската е целосно прекината? Второ, останува нејасно зошто веднаш по објавувањето на веста за трагичниот настан целата истрага намерно или случајно, или пак од трети причини, беше насочена во сосема друга насока? СФОР кажуваше едно, а босанските власти нешто друго. Сомнеж предизвикува и тоа што уривањето на авионот се случило на само 300 метри од населено место, што говори дека е повеќе од невозможно тамошните жители навреме да не алармирале за несреќата. Зошто тогаш истрагата беше насочена во сосема погрешен правец? Трето, останува неразјаснето зошто трупот на авионот е неоштетен

од евентуалната експлозија, додека труповите на настраданите се целосно јагленосани? Оттука останува нелогично како опстанале други делови од авионот целосно негибнати, додека очигледно под висока температура целосно биле уништени само телата на настраданите. Четврто, во очи боде и претпоставката дека еден труп не е јагленосан, туку надвор од преостанатите е пронајден како се држи за гранка, што алудира на веројатноста дека можеби токму тој се спасил од несреќата. Петто, шпекулација или не, некои медиуми објавија дека и надлежните од СФОР што биле во контролната кула веднаш по настанот се вратиле кај своите семејства во Франција. Токму тоа, доколку е вистина, го наметнува прашањето - зошто истите не се подложени на истрага за случајот? Шесто, како прашање се наметнува и заминувањето на премиерот Црвенковски на местото на настанот (вистинските причини!). Зошто беше неопходно и тој лично да направи увид на несреќата? Сепак, се чини дека шпекулациите добија најфантастични размери кога, како што спомнавме, се слушна дека еден од патниците на македонскиот лет го преживеал неколку минути падот, но наводно, поради доцнењето на спасувачките екипи, починал на самото место фатен со раката за една гранка. Фрапантна беше и веста дека, наводно, еден час по несреќата, еден од патниците во авионот се јавил по мобилен на своите домашни, за да каже дека имале несреќа, по што се загубил сигналот... Првичните шпекулации околу неисправноста на авионот, евентуал42 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 505 / 05.03.2004

ната грешка на пилотот, како и временските неприлики, беа исклучени како причина за несреќата. Очигледно, грешката требаше да се бара на друго место. Но, иронијата е во тоа што токму нам ни се случи овој немил чин, под голем превез на сомнеж, токму на денот кога Македонија требаше да ја поднесе апликацијата за членство во Европската унија? Шпекулациите и контроверзиите секогаш се јавуваат кога недостигаат неофицијални информации! Која е вистината околу трагедијата која ни се случи, има ли виновник и кој е тој? Македонија и македонскиот народ треба и заслужуваат да ја знаат вистината за да не нè јаде јанѕа дека некој намерно ни ја "скроил" судбината.

ОДГОВОРНОСТ На 28 февруари сараевскиот "Дневни аваз" објави дека македонскиот претседател Борис Трајковски бил жив неколку минути по паѓањето на авионот. Според вештакот за судска медицина, Хамза Жујо, осумте тела кои беа пронајдени покрај авионот биле потполно јагленосани додека телото на Трајковски било делумно запалено. - "Постојат индиции дека Трајковски, за разлика од преостанатите патници кои загинале на лице место, бил жив неколку минути по несреќата. Тоа се наѕира и врз основа на фактите дека тој бил пронајден во положба како се држи за гранка", пишува весникот повикувајќи се на свои извори. Подоцна ова беше демантирано со уште една шпекулација дека лицето


што се држело за гранка било од обезбедувањето на Претседателот. Истиот весник вели дека според првичните резултати од истрагата, несреќата ја предизвикала грешка на пилотот Марко Марковски до која дошло поради лошите временски прилики. Ваквите информации предизвикаа реакции, но и деманти околу можната грешка на пилотот, бидејќи станува збор за мошне искусен професионалец кој најмалку 50 пати слетал во Мостар и физички добро го познавал теренот. Од друга страна, Агенцијата Бета информираше дека "доколку со истрагата се докаже оти моторот на авионот не откажал, директна одговорност за паѓањето на авионот ќе ја сноси контролата на летот од Мостар, односно францускиот баталјон на СФОР". - "Во моментот на ударот во ридот, авионот се движел дури 650 метри пониско од дозволената висина на летање. Исто така, во моментот на паѓањето, авионот на македонската Влада се наоѓал во воздушна линија само на 15 километри од Аеродромот во Мостар на кој требаше да слета. Тој потег бил под директна контрола на навигацискиот тим на СФОР" тврди извор од Министерството за внатрешни работи кој побарал да остане анонимен. - "Овој извор додава дека, сепак, ова се претпоставки и дека анализата на црната кутија која беше најдена наредниот ден по несреќата ќе ја даде конечната вистина за паѓањето на авионот. Според ваквите информации, неизбежно е прашањето: зошто СФОР како директен контролор на летот, во текот на целиот ден и ноќта не ја соопштил точната локација за паѓањето на авионот и зошто потрагата по загубениот авион траела дури 24 часа, доколку на системот за следење виделе каде точно паднал авионот", објавува Бета. Да не остане покусо, портпаролот на СФОР, Дејв Саливен, претходно соопшти дека СФОР не ја сноси вината за падот на авионот на македонската Влада. Токму тука може да се констатира дека ваквата изјава е прејудицирана, бидејќи истрагата не е завршена. Тој подоцна го обвини Црвенковски за некоректност. 43 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 505 / 05.03.2004


OKO NA SONCETO ШПЕКУЛАЦИИ И КОНТРОВЕРЗИ ОКОЛУ ТРАГЕДИЈАТА - "Неговата изјава за грешки на СФОР во првичната истрага не е коректна. Случајот е под истрага и не е благодарно за кого било да се шпекулира дека е виновен за несреќата. Ние работиме на собирање на фактите, по што ќе изведеме заклучоци и ќе ги соопштиме" изјави Саливен.

ЕКСПЛОЗИЈА? Во првичните информации на Танјуг беше кажано дека веднаш по несреќата на непристапен терен се наоѓаат припадниците на СФОР како и спасувачките екипи коишто се во потрага по "исчезнатиот авион". - "Службата за барање и спасување на БиХ во соработка со СФОР веднаш ги презела активностите на истрага, во согласност со Законот и пропишаните процедури и меѓународни правила", беше соопштено од Дирекцијата за цивилно воздухопловство на БиХ. За Фена, портпаролот на федералното Министерство за внатрешни работи, Неџад Вејзагиќ, соопштил дека авионот најверојатно се срушил во местото Хргуд кај Столац. Очевидците на овој настан се јавиле во Редакцијата на веб сајтот www.pincom.info каде наводно информирале дека авионот се срушил во месноста Комање Брдо кај Хргуд. Паѓањето на авионот го видела некоја овчарка со којашто разговарале службени лица. Таа буквално кажала дека "нешто пукнало во воздухот". Доколку авионот навистина експлодирал во воздух, се наметнува прашањето за причината на експлозијата. Повторно останува нејасно зошто постоеја многу нејасностии и различни посочувања на локацијата каде авионот беше урнат? Во недостиг на точни и прецизни информации за она што навистина се случуваше во близина на Мостар, се појавија многу воздухопловни и медиумски "експерти" кои тврдеа дека не била чуена експлозија, немало опожарување, а голем сомнеж е фрлен

и околу тоа како можеле телата толку термички да бидат оштетени. Според началникот на полициската управа на Босна и Херцеговина, Златко Милетиќ, пак, авионот паднал во минско поле. Но, Роксанда Крстевска, македонскиот заменик-јавен обвинител, изјави дека немало никаква експлозија. Што е вистина од сето ова? Што навистина се случувало на кобната кота 524? Во таа насока, симптоматична е изјавата на бугарскиот конзул во Босна и Херцеговина, извесна Росица Каменова. Таа за бугарското "Радио нет" изјавила дека "според некои информации, авионот последен пат се поврзал со контролната кула во Мостар на височина од 2.000 метри, при што се пожалиле дека многу слабо го примаат сигналот". Освен тоа, таа тврди дека авионот на претседателот Борис Трајковски "пристапувал кон Мостар од правец на Дубровник, што според експертите е невообичаено". 44 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 505 / 05.03.2004

Никому не му е јасно зошто авионот летал по воздушната линија 365, која е многу опасна, зашто минува меѓу планини што тешко се заобиколуваат. Зошто авионот не летал по линијата 360, која се користеше и пред војната, која е сосема безбедна и на која нема никакви пречки? Сите знаеме дека во контролната кула на мостарскиот Аеродром беа француски војници од СФОР. Кога авионот ќе се приближи 30 километри до Аеродромот, контролната кула ги има сите податоци за леталото и за неговото движење, односно за височината и за локацијата. Докажано е дека авионот се движел 500 до 600 метри под дозволената височина. Зошто никој не му јавил на пилотот да го крене авионот? Се знае дека авионот го управувал еден од најискусните пилоти во Македонија. Како СФОР воопшто можеше по трагедијата да пребарува локација на 30 до 40 километри подалеку


од местото на уривањето на авионот, кога контролата на летот веќе имаше прецизни податоци за локацијата и височината на авионот во последните моменти пред уривањето? Можеби сакаат да ги прикријат своите грешки и да наведат дека причина за несреќата е дефект на авионот.

НАВИГАЦИЈА Воздушната кула на Мостар, според мислењето на воздухопловните професионалци и според релевантни стручњаци, имала посебна процедура за слетување. Уште од времето на нејзината изградба, поради конфигурацијата на околниот терен, сите авиони, со помош на уредот за навигација поставен на Дубравската висорамнина, авионите слетувале во правец југ - север. Со други зборови, авионите слетувале поедноставно со постоење на единствен пристапен

пат. Минатата година била отворена и нова навигациска кула која располагала со најсовремена навигациска опрема. Според досегашните процедури и правила на работата на контролата на летот на воздушната кула во Мостар каде што се наоѓаат бригадите на југоисточните мировни сили, со стопостотна сигурност може да се тврди дека контролата на летот во периодот на паѓањето на авионот била во надлежност на припадниците на францускиот контингент на СФОР. Значи, располагајќи со современа навигациска апаратура, потполно е нејасно како можело да се случи прекин на врската и неутврдување на локацијата на несреќата. - "СФОР не им дозволувал на хеликоптерите на војската на Федерацијата да го надлетуваат регионот каде што се случила несреќата" - потврдил и премиерот на БиХ, Аднан Терзиќ, којшто отворено им забележал на претставниците од СФОР, бидејќи потфрлиле со инфор45 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 505 / 05.03.2004

мациите за настанот. Други извори тврдат дека причината поради којашто СФОР не им дозволил на преостанатите пристап до местото на авионската несреќа е тоа што тие сакале први да стигнат до црната кутија. Уште поиндикативно е сознанието дека пред повеќе од 20 дена на подрачјето каде што се урна авионот, СФОР организирал вежби за потрага и спасување во случај на авионска несреќа. По наоѓањето на авионот, главните делови биле на едно место, додека преостанатите биле распрскани во радиус од 200 метри. Според зборовите на директорот на Дирекцијата за цивилно воздухопловство на БиХ, Џелал Хасечиќ, спасувачките екипи до авионот можеле да стигнат за еден час. Како и да е, до соопштувањето на официјалните информации од надлежните лица за расветлување на причините за несреќата, шпекулации и претпоставки и натаму ќе има.


505