Skip to main content

ИСКРА

Page 1

ИСКРА

ОУ „СТИВ НАУМОВ“БИТОЛА

Б Р О Ј

2

Ј А Н У А Р И

Проект Еразмус +

ВО ОВОЈ БРОЈ ЌЕ ЧИТАТЕ:

Нашето партнерство со европските училишта

Втора мобилност во Полска Од 13 до 19 мај 2018

год.

Училиштето и локалната заедница.

Цветановска

мобилноста во Полска,

и

Симјановска,

наставниците:

Силвана

Ристевска-координатор на проектот, Ана Динковска-

текот на мобилноста во

Божиновска и Александар

Полска, нашите ученици

Димитров и директорката

реализираа

д-р Дијана Христовска од

активности со ученици од

ОУ

Италија,

„Стив

Битола

Наумов“-

учествуваа

заеднички Португалија,

на

оваа

мобилност

претходеше 1

Активности за патронат

3

Воннаставни активности

4

прекрасни и незаборавни

почеток Романија,

Грција

мобилности се реализираа

Полска,

кои

во рамките на проектот

организирани од страна

„Зелени

и беа

училишта

за

на училиштето домаќин

иднина“

од

во

местото

Полска,

Псари,

каде

престојувавме. У РЕДНИЦИ : НОВ ИН РСКА СЕ КЦИ Ј А ПОД РАКОВ ОДСТВ О НА М АГД АЛЕН А САЈ КОВ А

понесоа

соработка,

ќе претставуваат добар

февруари, 2018 год. Двете

програмата Еразмус +. Во

наставници

и

прошетки и дружење, кои

мобилноста

на островот Крф, Грција,

одржлива

ученици

заедничката

ù

која се реализираше во Еко-активности 2

нашите

искуства и спомени од

мобилност во Полска. На РУБРИКИ:

туристичко

видео за Македонија. Од

Марковска,

Марија Зорица

дигитално

учениците:

Дарија

Редовни активности во нашето училиште и учење низ игра.

Erasmus+

2 0 1 9

што Во

Полска, нашите ученици се

претставија

презентација

на

со тема:

Загадување на воздух и

за

реализирање

успешно на

мобилноста која треба да се

реализира

следната

година во месец март, кај нас

во

Македонија

Битола,


2

Зелени училишта ОУ„Стив

Наумов“-

Битола заедно со уште пет

партнерски

училишта од Италија, Романија,

Грција,

Полска и Португалија од

октомври

година

го

европскиот

2017

реализира еколошки

проект „Зелени училишта 2.0 за одржлива иднина“ кој ќе трае две години. Проектот

е

дел

од

Еразмус+ програмата на Европската поддржана

унија

и

е од

Националната агенција за

европски

образовни

(од октомври 2017-октомври

програми и мобилност во

2018) и се изработи акционен

Р Македонија. Во периодот

план за планирани активности

од 15.10-19.10.2018 година во

Тирлисуа,Романија

одржа

се

вториот

транснационален

состанок

на

на

проектот

учествуваа Силвана

кој

координаторот Ристевска

и

помошник

директор

Валентина

Ѓоргиевска.За

време на состаноците се утврдија проектни

реализираните активности

од

кои ќе се спроведуваат во втората

година

од

проектот.Учесниците

имаа

можност да присустуваат на редовни и воннаставни часови и активности и подобро да се запознаат

со

воспитно

образовниот процес,традицијата

културата од целата област Бистрица

во

Романија.

првата година на проектот од страна на сите партнери

известил: Силвана Ристевска

ИСКРА

и северна


БРОЈ 2

3

Фестивал за поезија ученичата Елена Дурловска е добитник на втора награда на истиот конкурс. 28.08.2018г.

На меѓународниот фестивал за поезија и краток расказ "Јанош Сивери" во Нови Сад, ученичката Зорица Симјановска освои втора награда! Исто така и

На меѓународниот конкурс за есеј на тема: „Пријателството во нашиот свет“ во Стара Загора, Бугарија во организација на Општина Стара Загора, Народна читална „Родина 1860“, Клубот „Млад писател“ и весникот „Teen's Paper“, освоени се:

Известил:Ана Динковска-Божиновска

прва награда-Зорица Симјановска 9 в одд. втора награда-Андреа Гулабовска 8 а одд. и Симона Котевска 9 в одд. пофалени-Јована Стефановска и Ева Дојчиноска од 8 б одд. Ментор:Ана Динковска-Божиновска

„Ние поддржуваме европски димензии на образование:

Посета на Хераклеа

Нашите ученици од трето одделение имаа незаборавен историски час

нашите ученици се идни граѓани на светот“ - Мото на „Стив Наумов“

каде учеа за постанувањето на Хераклеа Лнкестис, со потекло од IVв.п.н.е. и се запознаа со нејзините знаменитости преку исцрпното и интересното излагање на куратор од музејот на град Битола. Известил: Даниел Митревски

Локална соработка Во редовните активности на нашето училиште, акцент се става и на соработката со локалната заедница, невладини организации и организации за поддршка на граѓанството. За таа цел, на ден 24.09. Претседателот на Црвен крст Општинска организација Битола со Директорот на ОУ ,,Стив

Наумов" потпишаа меморандум за соработка, а воедно во училиштето ќе се отвори катче на Црвен крст.

Известил:Валентина Ѓоргиевска


4

Сефардскиот свет Месец октомври беше посветен на движечката изложба на Музејот на жртвите од Холокаустот – Скопје, поддржана од МОН и во соработка со Центропа – непрофитна организација за зачувување на спомените на Евреите жртви на Холокаутот. Посебна чест ни беше укажана со чинот што музејот ни ја довери задачата изложбата во Битола да ја организира и постави нашата наставничка Магдалена Сајкова – ветеран учесник на Центропа семинарите и

секако, во соработка со НУУБ „Св. Климент Охридски“ на истата да присуствуваат ученици од сите средни и основни училишта во градот, професори и вљубеници во историјата. Изложбата беше отворена со краток музички перформанс на учениците на ОУ „Стив Наумов“ – Битола, а пригоден збор зедоа директорот на музејот, г -ин Горан Садикарио, координаторот на Центропа за Македонија, г-ѓа Даниела Штерјева и директорот на НУУБ гин Бојан Стефановски. На преку десет

документарни паноа, нашите ученици – водичи имаа можност да ги запознаат посетителите со досега неслушнати историски и животни приказни од историјата на Евреите. Известил: Јована Спасеновска 9б

Детска недела

ИСКРА

Сојузот за грижи и

членки на ООН во

воспитување на децата

првата полна недела од

на Македонија во

месецот октомври. Оваа

соработка со

година почетокот на

Министерството за труд

Детската недела беше на

и социјална политика,

ден 05 Октомври 2018

секоја година, веќе

година. По повод Денот

неколку децении е

на приемот на

носител на активностите

првачињата, беше

поврзани со

организирана културно

Детската

уметничка програма во

недела во Р

чии рамки се прочита

Македонија,

детското ветување кое

која се

стои на последната

одбележува

страна од детскиот

во сите

пасош.

држави

На приемот на првачињата

присуствуваше и директорката на нашето училиште д-р Дијана Христовска. Никогаш не треба да се заборави дека децата се нашето најголемо богатство, нашата иднина и нашата гордост, тие имаат еднакви права , а наше е да им ја дадеме сета поддршка и можност да растат сигурно и здраво. Известил: Јасмина Гочева- одд.настава


БРОЈ 2

5

Environmental event for our youngest students: Dramatisation with magician for waste selection

Известил:Силвана Ристевска

Pakomak, who supported the event, is the first company in Macedonia to be licensed by the Ministry of environment for selection and processing of packaging waste.

Eco Event: How can we select the waste from the school yard? An eco-action for waste collection in and around the school yard was organised. The students were divided into three groups: - The first group collected plastic waste in yellow bags - The second group collected paper in blue bags,

and - The third group collected glass waste in green bags Afterwards, thе collected waste was put in specially marked bins in the Eco corner for waste selection in our school.

Learning about healthy food with NGO Slow Food Macedonia "When you buy food, think twice"


6

Ја запознаваме Македонија

Во редовните активности на нашето училиште омилени се оние слободните, како организација на различни приредби и викенди надвор од Битола. Овојпат тоа беше прекрасната Струга, каде во период од 19-21 октомври 2018г. нашите ученици од шесто и седмо одделение имаа неповторлива можност да ги запознаат знаменитостите на соседните градови, да ја проучат нивната култура, специфичните одлики на крајот, богатата културна и историска традиција. Почетокот беше резервиран за Ресен и посета на сарајот- еден од најрепрезентативните примери на објекти градени во неокласичен стил во Македонија. Изграден е во француски ренесансен стил и се смета за еден од поважните примери на архитектурата од почетокот на XX век, во кои се присутни елементи и од другите европски историски стилови во

ИСКРА

архитектурата. Граден е во периодот од 1905 до 1909 година од еден од водачите на Младотурската револуција, Ахмед Нијазибег. Неговиот покрив е обновен во 1982 година, а во 2005 година е реставриран со средства од Светска банка. Денес зградата на сарајот е Дом на културата „Драги Тозија“ и во него се сместени постојаната поставка на дела на македонската сликарка Кераца Висулчева и галеријата на дела од Ресенската керамичка колонија. Прошетката продолжи за преубавата Струга и литературниот час за дејноста и значењето на браќата Миладиновци, нашите преродбеници и единствената ,,причина“ на светската манифестација за славење на поезијата„Струшки вечери на поезијата“. Следеше посета на природонаучниот музеј „Д-р Незлобински“. Вториот ден беше резервиран за Охридмакедонскиот Ерусалим и посета на Билјанините извори. Прошетка по охридското пристаниште и

капетанијата, па до страта чаршија и часови слободни факултативен разглед


БРОЈ 2

Секако многумина од нас ги искористија за далеку прочуениот сладолед и уживање во бројните

ресторани покрај најубавата улица со калдрма на Балканот. Третиот ден ни беше за Вевчани. Град-држава, како милуваат мештаните да го наречат, а за нас нова дестинација за проучување. Тргнувајќи спротивно на течението на брзаците стигнавме до прочуените Вевчански водопадиизвори, едни од поретките псевдопериодски сифонски врела во Македонија. Сместени на

7

источните падини на планината Јабланица, на надморска височина од 900 метри. Главниот извор е сместен во отворот на пештера. На десетина метри подолу, се наоѓаат неколку постојани извори кои подземно комуницираат со главниот извор.Тука посетивме една од постарите водениции го проучивме начинот на добивање на брашно со масивни воденичарски камења придвижени од силата на водата. Ја посетивме и куќата Михајло Пупин, великан во областа на физиката и електрониката, научник и пронаоѓач од светски глас, кој дал особен придонес во областа на телекомуникациите, радиотехниката и радиологијата.За своето автобиографско дело „Од имигрант до пронаоѓач“ посмртно ја добил Пулицеровата награда во 1924 година, како и многу други награди со светско значење за својата научна работа. Семејните корени на Пупин се во село Нича, Москополе, денешна Албанија. Семејството, со јасно изразени влашки чувства, во потрага по подобар живот се преселило во Вевчани. Михајло Пупин имал особена љубов кон Македонија и Охрид, каде давал црковни ѕвона како поклони на охридските цркви, основал фонд за помош на сиромашното население и сл. Во 1913 година била основана фондацијата „Олимпијада Пупин“ во рамките Српската академија на науки и уметности, која давала помош при образованието на децата од Србија и Македонија. Во негова чест во Вевчани е отворен спомен-дом на Михајло Пупин. Семејната куќа на родот Пупин, изградена во средината на 19 век, е целосно обновена и сега е сместувачко-угостителски објект со музејска поставка за животот и делото на Пупин. Сепак особено уживање ни беа ноќните журки и караоки –забави. Благодарност до детското

одморалиште „Мајски цвет“-Струга, на прекрасната услуга и излегувањето во пресрет на нашите барања, со ветување дека и во 2019г. ќе им бидеме гости. Репортажа на Магдалена Сајкова


8

Месец на книгата Октомври беше месецот на книгата и меѓународен месец на училишните библиотеки. Нашето училиште беше дел од голем проект организиран од НУУБ „ Св. Климент Охридски“ - Битола во соработка со сите училишни библиотеки во општината. Ова е првпат да се организира ваков проект, а нашите ученици да имаа можност да се дел од разни работилници. Сите

ученици кои сакаат да се приклучат во работилниците, заедно со нивните наставници можат да се обратат кај

одговорниот наставник Марија Трифуновска.

Водата - извор на животот

На ден 19-ти октомври, учениците од шесто одделение беа дел од екоедукацијата на

тема ,,Водата-извор на животот". Преку кратки презентации и квизови наставничките Катерина Маруши, Ивана Деловска и Весна Гецовска им ги проширија видиците за значењето на водата. За крај беше одржан и мал турнир во фудбал меѓу учениците.

„ Дај ми риба и ќе јадам еден ден, научи ме да ловам и ќе јадам цел живот“Јапонска народна мудрост

ИСКРА


БРОЈ 2

PAGE

Предавање ,,ЗЕМЈОТРЕСИ И СПАСУВАЊЕ ПРИ ЗЕМЈОТРЕС " Користење на ИКТ во наставата

По повод одбележување на патрониот празник на нашето училиште беше замислено и реализирано предавање за земјотресите и спасување во услови на земјотрес. Предавачи: наставник Јасмина Гочевска и наставник Благој

Гацовски -географија Присутни беа учениците од IVв и VIг одделение и со интерес го проследија едукативното предавање. Залкучок е дека ваквите предавања треба да се случуваат почесто и да се практика во наставата.

Десеминација на Erasmus + Во рамките на проектот Еразмус +,на први ноември 2018г., координаторот Силвана Ристевска, помошник директорката Валентина Горгиевска и наставничката Ана Божиновска одржаа десеминација пред заинтерисираните

родители за реализираните активности од проектот заедно со нашите европски партнери, но и за претстојните активности во месец март 2019г.

Dissemination of our project #Scientix on Twitter!

9


10

Еко-драматизација Наставничката Гордана Гецовска со своите ученици од 3б одд. реализираа ЕКОдраматизација како воннаставна активност со која се вклучија во одбележувањето на деновите на патрониот празник на нашето училиште, но и ги

поддржаа Еразмус+ акциите, со единствена цел: да се подигне еколошката свест кај намладите, како најзначаен фактор за заштита на нашата планета.

Драмата можеше да се

Учиме со експерименти Наставничката по физика Марина Јаневска не извести за реализираните интегрирани активности организирани од предметните наставници во активот биологија, физика, хемија и природни науки, во кои учествуваа ученици од трето, осмо и деветто одделение. Темите на кои се работело биле: 1. Демонстации и експерименти - учиме и се забавуваме во реализација на учениците од 8 одделение 2. Презентации, предавања и работилници на тема: Енергија - можност за

ИСКРА

живот, Заштита на планетата Земја, Селектирање на отпад. Голема благодарност до одделенските раководители на трето одделение: Зоре Ѓоргиевска, Гордана Гецовска, Наташа Цветковска и Виолета Цветановска кои учествувале со свои ученици во работилниците, како и за психологот Виолета Блажевска Митревска која го следела настанот.


БРОЈ 2

11

Современа комуникација

На 22.10.2018г. во рамки на одбележување на патрониот празник во НУУБ „Св. Климент Охридски", учениците од 8 одд. реализираа дебата на тема: „Современите средства за

комуникација"'. Низ слики ви пренесуваме дел од настанот реализиран од наставничката Ана Динковска-Божиновска.

Патрон празник Недела исполнета со активности по повод одбележувањето на патрониот празник на нашето училиште ОУ„Стив Наумов“-Битола. Меѓу нив и дисеминацијата на проектот Еразмус+ со неколку активности: - Презентација на проектните активности пред нашите ученици, родители и локалната

средина; -поставување на промотивно катче од каде секој ќе има можност да се запознае и да се претстават нашите партнер училишта вклучени во овој проект; -презентациај, предавања и работилници на тема: Енергија- можности за живот, Заштита на планетата Земја, Селекција на отпад.

Видете повеќе во галеријата.

Хуманитарна акција Хуманитарна акција за децата во Домот за доенчиња од страна на учениците од IV -а и IV-б. Активност вредна за поздравување.Браво дечиња!

Носители на активноста: Лилјана Трајчевска и Билјана Кузмановска


12

Пееме и пишуваме на јазиците што ги изучуваме По повoд патрониот празник на училиштето, на 24.10.2018 година се одржа поетско читање и работилница на тема „Поезијата во странските јазици“. Учениците имаа можност да се For the occasion of our patron holiday, a poetry reading and a workshop on the topic “Poetry in foreign languages” was held on 24th October 2018. The students had the opportunity to acquaint themselves to the poetic works of famous authors in three languages: English, German and French. Organisers of the activity: Marija Trpkovska, Gabriela Mamakis, Ana Bozhinovska.

ИСКРА

запознаат со поетски творби од познати автори на три јазици: англиски, германски и француски јазик. Организатори на

активноста: Марија Трпковска, Габриела Мамакис - Петковска, Ана Божиновска


БРОЈ 2

13

Pour l’occasion de la fête de notre mécène, une poèsie-performance et un séminare ont eu lieu le 24 octobre 2018 sur le sujet «La poèsie en langues etrangères». Les éleves avaient la possibilité de faire conaissance des œuvres de quelques auteurs célèbres en trois langues: anglais, allemand et français. Les organisateurs de l’activité: Marija Trpkovska, Gabriela Mamakis, Ana Bozhinovska. Aus Anlass des Patronatsfeiertages der Schule hat am 24.10.2018 eine poetische Lesung mit einem Workshop zum Thema „Die Poesie in den Fremdsprachen” stattgefunden. Die Schüler hatten die Möglichkeit mit den Werken bekannter englischen, deutschen und französischen Autoren kennenzulernen. Veranstalter: Marija Trpkovska, Gabriela Mamakis Petkovska, Ana Bozhinovska


14

ИСКРА

Галерија: Патронат


БРОЈ 2

PAGE

Креативни активности Изработка на книга за народниот херој Стив Наумов од ученици од V одд., реализирана на 16.10.2018г. – Како дел од активностите за патрониот празник стручниот актив на 5-то одд.уште еднаш не потсети на големото дело и лик на нашиот патрон и некогашен ученик во ова

училиште.Горди сме на минатото и традицијата.

Известил: Весна Деспотовска

Конкурси По повод патрониот празник на нашето училиште, традиционално беа распишани литературен и ликовен конкурс на тема „Без минато, нема иднина“, на кои учениците можеа без ограничување да учествуваат со свои творби и свечено да го одбележат празнувањето. Конкурсите беа со награден карактер, каде наградените ученици добија пригодни подароци во вид на популарна литература-како траен спомен на нивното остварување. Беа пријавени многу творби од нашето училиште, училиштата соработници, како и збратименото училиште ОУ„Мите Богоевски“Ресен. Околу наградите имаше комисија со која претседателствуваше наставничката Христина Мијалчева. Во оваа прилика

БЕЗ МИНАТО, НЕМА ИДНИНА

на сите им изразуваме благодарност за покажаниот интерес и учество, а вам ви ја даваме првонаградената творба на

Минатото е во многу бои борби, солзи, победи брои, но ја љубам сегашноста моја која е во црвена и жолта боја.

ученичката Фросина Алексовска од 7а одд, ментор Магдалена Сајкова, да уживате во неа:

Минатото е татко на овој свет На сите ни е единствен цвет Во него имиња големи живеат И за нови сведоштва плодови збираат. А сегашноста нежно ме грее И се околу мене тивко се смее Но минатото е секогаш во мојата мисла Без него животот нема да има смисла. Времиња ,убави сте сите в сјај За животот убав да нема крај Без минато, сегашност нема, Минатото без почит, иднина зема. Фросина Алексовкса VII-a

15


16

Првачињата во библиотека Текстот е преземен од веб- страната на библиотеката.

По повод Месецот на книгата, повеќе од 100 првачиња од ОУ„Стив Наумов“ Битола ја посетија НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола. Првачињата се запознаа со работата и функционирањето на библиотеката, што

претставува занимавањето библиотекар, како треба да се однесуваме кон книгата и на многу други теми. Посета на библиотеката, промовирање на книги и читањето е нешто константо што го правиме за нашите членови, особено со децата од најмала возраст, само така ќе имаме образовани деца ( ќе имаат култура за читање на книги) и ќе

имаат навика постојано да ја посетаат библиотеката, да изнајмуваат книги и да разговараат со нивните другарчиња. Ви благодариме ученици, наставнички за Вашата посета, ни внесовме многу позитивна енергија и многу радости.

Другарство Уште една активност по повод патрониот ден на училиштето . На ден 22.10.2018г. учениците од III –в и III – г под менторство на одделенските наставници Наташа Цветковска и Зоре Ѓоргиевска реализираа МИО активност – работилница на тема „Другарство“. Целта на

работилницата беше изработка на честитка за свое другарче а со тоа поттикнување на другарување, меѓусебна соработка, почитување и толеранција

Посета на музејот По повод патрониот празник, учениците од второ одделение го посетија музејот и учествуваа во работилницата „Се запознаваме со минатото“.

Одговорни наставници: Анџелика Петковска и Снежана Димитровска ИСКРА


БРОЈ 2

17

Децата во сообраќајот На 28 ноември 2018 и 06 декември 2018г. претставници на МВР Битола, под раководство на Александра Анџиева им одржаа едукативно предавање на учениците од II а и б и IV а и б на тема : „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“

Во наше име ,им благодариме за соработката! Извор: Валентина Ѓоргиевска

Запознавање со e-Twinning Нашето училиште уште еднаш ги отвори вратите за новите и модерни текови во образованието и беше домаќин на работилницата на тема: „Запознавање со европската Е-твининг платформа“, одржана на ден 12 декември 2018г. Обуката беше организирана во соработка со Националната агенција за европско образованиеСкопје и БРО-

советничката Мирјана Давкова. На обуката присуствуваа професори од средните училишта во Битола, кои ќе го десеминираат проектот, а помеѓу нив и нашите колеги: Магдалена Сајкова, Марина Јаневска, Дарко Мицевски и Александар Димитров. Презентери на обуката беа и Силвана Ристевска и Билјана Темелковскаамбасадори за Е-твининг,

од Битола. Извор: Валентина Ѓоргиевска


18

ЗДРАВА ХРАНА На 23 ноември 2018г., во нашето училиште се случи еден прекрасен еколошки настан— фестивал на здравата храна, каде сите одделенија подготвија различни активности кои имаа за цел да ги едуцираат учениците, но и да ги вклучат родителите, баби, дедовци, пријатели во заедничките активности за подготвување, одгледување и едуцирање за здравата храна. Па така, беа одбележани Ден на костенот, Ден на тиквата, Ден на

Ден на тиквата во III одд.

ИСКРА

мандарините и портокалите, беа одржани неколку квизови, но и подготвени неколку драматизации. Дел од активностите ќе можете да ги проследите во галеријата која следи.

Придонес од првоодделенците


БРОЈ 2

19

„Моите мандарини“ - II-г

5.Житарици, овошје и зеленчук, месо и млеко, шеќери 4.1200 калории 3.Енергетската вредност на храната 2.Онаој што е направен од брашно од цело зрно 1. Онаа што го одржува телото здраво

Ден на крушата во IV-г

1.Што е здрава храна? 2.Кој леб се нарекува интегрален? 3.Што е калорија? 4. Колкав е потребниот број на калории за дневен влез кај возрасен човек? 5.Каква е пирамидата на исхрана кај човекот?


20

„Зелена салата со боите на виножитото“

Здраво тело, здрав дух

Да бидеме хумани! На 5декември 2018г. во нашето училиште се одржа мотивациско предавање од страна на волонтери од Црвениот крст од Битола: Марија и Емилија Китановски. На предавањето беа присутни учениците од

ИСКРА

осмо а одд., а им беше понудено доброволно да се зачленат во општинската организација на Црвениот крст-Битола. Бидете хумани!


БРОЈ 2

21

Соработка со „Интерворкс“ Дека нашето училиште е секогаш расположено за заеднички проекти со локалната заедница потврди низ акцијата на оплеменување со садници во соработка со „ Интерворкс“ едукативниот центар, како дел од нивната донација во повеќе училишта низ нашата општина. Во акцијата учествуваа нашите ученици, нивните наставници, и сите заедно

за поубава и почиста животна и работна средина. Акцијата беше спроведена на 10 декември 2018г.

Конкурс од библиотеката Во рамките на јавниот конкурс на НУУБ„ Климент Охридски“ за создавање на поетски творби од млади автори, нашите ученици, веќе докажани творци зедоа активно учество и при тоа придонесоа за промоција на поезијата воопшто и творештвото кај младите поети од овој крај. Производ на оваа манифестација беше поетската збирка промовирана на патрониот празник на НУУБ ,осми

Љубов е... Љубовта е чувство, извор од нашите срца. Да се љуби е возвишено дело, да се биде љубен е богатство цело. декември, и јавна благодарност за несебечната поддршка на нашето училиште, неговите ученици и натавници –ментори во целокупната работа на библиотеката со благодарници за учество . Од наша страна, ние им посакуваме уште многу успешни години работа, уште посилна и поуспешна соработка и многу големи , заеднички проекти. Известил: Марија Илкоска 7б одд.

Во сечии очи љубов да се чита, Искрена љубов топлина да блика. Да си љубен и да љубиш е среќа и радост, вистинската љубов е вечна младост. Андреа Марковска VII-б


22

МЛАДИ ТЕХНИЧАРИ И ПРИРОДНИЦИ На 31 март 2018г.нашето училиште беше домаќин на 55от Регионален натпревар по народна техника. На натпреварот учествуваа голем број на ученици од повеќе градови, а од нашето училиште зедоа учество повеќе ученици во повеќе натпреварувачки дисциплини и беа освоени следниве награди: Прво место – ракетно

моделарство – Јован Здравковиќ VI в одд. Трето место – сообраќајно моделарство – Михаела РистевскаVIII в одд. Второ место – филм – Андреја РистевскаVIII а одд Трето место – филм – Христина ХристовскаVIII а одд

Второ место – фототехника – Сандра ДимчевскаVIII а одд Ментори: Игор Стојанов и Магдалена Сајкова

СПОРТСКИ ДОСТИГНУВАЊА Учениците од нашето училиште во 2018 година, како и претходно, се докажаа на спортски план. Машките и женските екипи имаа одличен успех претставувајќи го нашето училиште и освоија голем број на награди на спортските натпревари. Од нивните достигнувања вреди да се споменат следниве: На општинскиот натпревар во голем фудбал кој се одржа на 03.04.2018 г. женската екипа го освои првото место. На ден 16.04.2018год. се одржа регионален натпревар во голем фудбал женски во Градско.Поради освоено прво место на општинскиот натпревар нашето училиште зеде учество на регионалниот натпревар.На овие натпревари го освоивме второто место за кое и добивме диплома. ИСКРА

Ментор: Томче

ученици освоија прво место. Ментор: Весна Гецовска

Петровски. На ден 08.03.2018год.се одржаа општинските натпревари во кошарка женски во салата на ОУ „Ѓорги Сугарев“.На овие натпревари зеде учество и нашето училиште и го освои второто место со што се здоби со пехар и диплома. Ментор: Томче Петровски. На општинскиот натпревар во женска одбојка во Битола, екипата од нашето училиште освои трето место. Додека на регионалниот натпревар во машка одбојка што се одржа во Прилеп, нашите

На општинскиот натпревар во женски ракомет во Битола, нашата екипа освои трето место. Ментор: Весна Гецовска.


БРОЈ 2

23

МУЗИЧКИ НАТПРЕВАРИ Како и секоја учебна година така и 2018година, училишниот хор и мандолинскиот оркестар учествуваа на регионалниот натпревар „Музички смотри“ што се одржа на 28.04.2018 година во ОУ „Елпида Караманди“ – Битола. Училишниот хор составен од 22 членови се натпреваруваше во една категорија и освои прво место. Мандолинскиот оркестар составен од 12 членови се натпреваруваше во една категорија и освои второ место.

Балетската група за модерен балет составена од 13 членови зеде учество на општинскиот натпревар за модерни танци „Танцувачот“ што се одржа на 22.12.2017 година во ОУ „Даме Груев“, Битола и освои второ место. Со хорот, мандолинскиот оркестар и балетската група работи како диригент-ментор наставникот по музичко образование од нашето училиште Елизабета Груевска.

УСПЕШНИ НАУЧНИЦИ На државниот натпревар за применета физика преку демострациони експерименти кои се одржаа како еден од низата настани реализирани по повод „Ноември - месец на науката“, во организација на Сојузот на хемичари и технолози на Македонија во соработка со Друштво на физичари на Република Македонија и ПМФ – Скопје, ученичките Андреја Ристевска и Сандра Дамчева од осмо одделение освоија второ место, под менторство на предметниот наставник по физика - Марина Јанеска. На државниот натпревар по физика одржан на 19.05.2018г., ученичките Тина Миловановска и Теона Богдановска од деветто одделение освоија трето место, а ментор им беше предметниот наставник по физика Марина Јанеска. На државниот натпревар по хемија организиран од Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, ученикот Јован Секуловски од IX г одделение ја освои втората награда под менторство на Елица Лазаров.

На 19.05.2018, Друштвото на биолози, Друштвото на физичари и Сојузот на хемичари и технолози на Р. Македонија организираше натпревар по Природни науки на Природно-математичкиот факултет во Скопје. На натпреварот ученичката Лина Чашитовска од V а одделение и ученикот Филип Јовановски од V б освоија трето место. Ментор: Силвана Ристевска. На државниот натпревар по биологија во категоријата за деветто одделение, ученикот Јован Секуловскиод IX г доби прва награда со освоени 100 поени, а ученичката Христина Костовска од IXа освои втора награда. Ментор: Александра Николоска.


24

Новогодишен саем на книга Посета на Новогодишен саем на книгата, со омилените списанија Росица, Другарче, Развигор...средба со писателите за деца и промоција на серијалот книги ,,Кралска академија " , актив I одделение

Среќна нова 2019! Ученици од трето одделение и од Еразмус тимот во нашето училиште, повторно во уште една хумана акција изработување и донирање на украси за Среќна Нова 2019 година!

Новогодишен концерт 2018 ја завршивме со новогодишен донаторски концерт, организиран со Советот на родители од ОУ „Стив Наумов“ Битола, учениците, наставниците и хорот на нашите ИСКРА

„Ѕвончиња“, на 13 декември 2018г. во Центарот за кулутра, под мотото: „Од децата за децата“. Средствата ќе бидат наменети за уредување на

училиштниот двор. Голема благодарност до сите учесници!Ви благодариме на сите за покажаната поддршка и доверба.


БРОЈ 2

25

Управување со отпад со собирна акција на пластика и хартија. „ Мисли глобално, делувај локално “-приклучете ни се!

Организирано управување со отпад. Да ја зголемиме свеста за почиста и здрава еколошка средина кај учениците. Од нас зависи во каква средина ќе живееме. Ние започнавме

Белградска бронза за нашата Ева Нашата Ева Милевска ученичка во 7а одд., како претставник на скијачкиот клуб „Пелистер“, го освои третото место на скијачкиот натпревар „Трофеј Београд“, одржан викеднов 26.01.2019г.на Копаоник, во категорија У-12, во екстремно тешки услови. На –18 степени, на скоро целосно замрзната патека, каде многумина се здобија и со повреди, Ева го заслужи бронзениот медал и достојно го претстави нашето училиште, градот и државата.

Нашите ученици да се силни и здрави личности со високи етички вредности кои ќе ги афирмираат динамичните – современи и мултикултурни врски во модерното општество. Разликите се предност, не чекор назад.

Ние особено се гордееме со успесите на сите ученици освоени на натпреварите на било кое поле и затоа посебно ги поддржуваме талентираните ученици . Овојпат честитките одат за Ева Милевска, нека им биде поттик на сите дека со истрајна и вредна работа, успехот не може да изостане. Браво Ева!

https://bitolanews.mk


ОУ „Стив Наумов“ - Битола

Адреса: ул. „Стив Наумов“ бр. 93

Прашањето за основната функција на училиштето поаѓа од новата филозофија на живеење и работење каде што од младите луѓе се бара поголема флексибилност,оригиналност,креативност,амбициозност,демократичност,интерперсонални односи,креативност,подготвеност за живот и работа во демократско и мултикултурално општество. Ако сакаме да ги подготвиме училниците за предизвиците на новиот милениум, училиштето треба да доживее битни промени.Училницата треба да биде место каде ќе им се овозможи на учениците почит и поддршка на индивидуалниот развој во сообразност со нивните предиспозиции и возрасни карактеристики во согласност со современите психолошко-структурални теории за учење притоа водејќи грижа да им се помогне на учениците да градат мултинационални,демократски,креативнотворечки,естетски,етички,истражувачки,еколошки,работни, културни,социо-емоционални и многу други знаења и способности.

Телефон: 047-223-364

- Годишна програма на ОУ„Стив Наумов“

E-mail: stivnaumov@gmail.com

За нас „ Единствената смисла на животот е да му се служи на човештвото “ - Толстој

Следејќи ги тенденциите на модерното образование, во текот на 2018г. се залагавме да го унапредиме развојот на нашите ученици и да ги донесеме поблиску до светските стандарди. Со тоа што ја продолживме нашата соработка со Erasmus+ програмата, им ја овозможивме шансата на нашите ученици да го запознаат светот низ друга перспектива, низ новите ученички размени и мобилности. Следствено, прицнипите на квалитетното образование станаа за нас подостижни со воведување на современи и софистицирани методи. Во делови од образовниот процес успешно ги интегриравме ИКТ помагалата, така што училиштниот стандард ги имплементира докажаните дидактички практики. Особено сме горди што нашите техники брзо се исплатија. Во 2018г., наниживме бројни награди и дипломи, дома и надвор од земјата. Верувам дека нашите ученици ќе бидат продуктивни, успешни и реализирани

д-р Дијана Христовска граѓани во нашето општество. За 2019г. ќе се залагам, заедно со моите колеги, да стигнам чекор поблиску до вистинската мисија и визија на „Стив Наумов“: „ Мојата училница-поле на знаење, оригиналност, креативност, емпатија, демократија, избор, поддршка и подготовка за живот.“ „Изворот за воспитно-образовниот план и програма е детето. Познавањето на децата го сочинува воспитнообразовниот план и програма и прво што бараме е знаењето во директната вистина за децата.” (Рут Чарни)


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
ИСКРА by magdalena.sajkova75 - Issuu