Д-р ТРАЈЧЕ СТОЈАНОВ, професор по философија
Штипјани сакаат град со приказна www.istokpress.mk
Благој Бочварски или Илчо Захариев?
На 15 октомври ќе излеземе на избори за да си избереме локална власт која на најдобар начин ќе се грижи за граѓаните, за градот, за екологијата на животната средина и на духот, за културата, спортот, археологијата...Исправени сме пред изборот на лицето кое заслужува, во наредните четири години да го води нашиот Штип. Дали довербата ќе му ја поклoниме на Благој Бочварски, дипломиран архитект како кандидат на коалицијата преводена од СДСМ или на вечно контроверзниот Илчо Захариев, зад кого стојат над 40 кривични пријави. Во овој број ќе прочитате пошироко интервју со Бочварски во кое ги донесуваме неговите идеи за еден модерен, урбан Штип. Побаравме исто интервју и со Захариев, но тој не не удостои ниту со одговор.
КЕМАЛЕДИН АРСЛАНОВ, борец за правата на стечајците
САЊА АРСОВСКА, актерка
Заев не врати во живот Градска власт што организира Културно лето со 1.000 евра не ја интересира културата на градот
2 ОД МОЈ АГОЛ
Б
[tipski Glas, Oktomvri, 2017 br. 75
АНАЛИЗА
N
Иван Бојаџиски
Бочварски за градоначалник
лагој Бочварски или Илчо Захариев. Тоа е клучното прашање на овие избори за нова локална власт во нашиот Штип. Иако е јасно дека и нашата одлука за тоа кој ќе носи одлуки од значење за градот, а тоа е Советот на општината, исто така е со голема важност. Оттука, на околу 43.000 штипјани со право на глас е најголемата одговорност досега да си ја кажат својата определба, својата вистинска приврзаност кон градот во кој се родиле, израснале, се формирале како личности, создале семејства... Тоа ќе го докажат ако својот глас го дадат за Благој Бочварски. А еве и зашто. Благој Бочварски, е ново, надежно лице во македонската политика. Тој е нова, голема, социјалдемократска инвестиција за Штип ако сакаме да имаме град во кој сите работи ќе си течат согласно законите, согласно интересите на граѓаните, согласно урбаните потреби на нашиот Штип. За време на кампањата Бочварски ги стекна симпатиите на голем број наши сограѓани токму поради тие негови вредности. Граѓаните се соочија со едно младо, мило лице, елоквентен говорник и соговорник кој знае за што зборува, кој си го знае градот и луѓето во него. Неговата програма за Штип е нешто кое едноствано не се одбива. А сето ова го нема кај неговиот политички противник за градоначалничката функција. И никогаш го немало. Од почетокот на својата политичка кариера Бочварски е приврзаник само и единствено на социјалдемократијата. Тој како човек не е форматиран да менува партии и партиски дресови, како што тоа го прави Захариев. Со тоа Бочварски ја покажува и докажува својата принципиелност.
шање е најконтроверзна личност која овој град било кога ја имал. Откако овој лик се има појавено во јавниот штипски простор, а тоа е од почетокот на нашата независност, него постојано го следат многу дубари и дубиози. Во средината на деведесеттите беше приведуван за аферата со државни пари и лекови со одамна изминат рок на траење. Во 2003 негови колеги од фармацевтската индустрија обзнанија за криминал тежок 840.000 тогашни германски марки. И за едното и за другото пишуваа медиумите. Но, Захариев е од оние кои не ја разбрале суштината на поговорката која вели
дот е пред историскиот предизвик да го делегитимира ВМРО ДПМНЕ како криминална политичка инсталација за кое многу убаво слушнавме во „бомбите“. Во „бомбите“ во кои свое почесно место си има и Илчо Захариев од неговите сопартијци наречен „багабонт невиден“ кој рејтинг во градот си создал по принципот „лизна –мазна“. Па сега на нас е големата одговорност дали нашиот глас ќе го дадеме за „багабонтот невиден“ и „Манипулатор за лекови“, или ќе ја избереме надежната опција.
Агуш до Захариев „Не знам оти не сум писмен, од каде го земате тоа школо толку многу да лажете? Немој да го лажеш народот како мене што ме излажа, пред избори ме примивте на работа во Стипион, ми пуштивте 5.300 денари, а знаеш ли што ми се случи после тоа? Ми дојде решение дека немам право на социјална помош 12 месеци, а социјалната помош ми беше 2.300 денари. Ај да видам, нејкам социјална помош, прими ме ме на работа, дали можеш да го направиш“.
„Од она од кое паметниот се срами, со тоа будалата се фали“. Притоа мислам на неговите над 40 кривични пријави за кои самиот рече дека му биле поднесени. Но, тој е и човек-лисица кој знае да си го заштити својот и само својот приватен интерес преку создавање пријателства со луѓе кои имаат моќ, главно во правосудството. Меѓу таквите се и дел обвинители и судии. А таа блискост, тоа правење услуги јас тебе – ти мене е грозниот елемент кој го спречува правото и правдата да заживее и во нашиот град. Захариев е и уништувач на многу семејства, завил во црно поголем број луѓе, главно млади.
За крај од овој мој поглед на оваа тема еве едно од бројните кажувања за Захариев,објавено на фејсбук во месец март 2015 година како писмо на граѓанин до градоначалникот. Писмото е од А. Д: Целото име и презиме нам ни е познато. „Не знам оти не сум писмен, од каде го земате тоа школо толку многу да лажете?Немој да го лажеш народот како мене што ме излажа, пред избори ме примивте на работа во Стипион, ми пуштивте 5.300 денари, а знаеш ли што ми се случи после тоа? Ми дојде решение дека немам право на социјална помош 12 месеци, а социјалната помош ми беше 2.300 денари. Ај да видам, нејкам социјална помош, прими ме Од другата страна на БочИ поради сето погоре напи- ме на работа, дали можеш да го наварски е Илчо Захариев. Во пра- шано Штип плаче за промени. Гра- правиш“.
[tipski Glas, Oktomvri, 2017 br. 75
НАСТАНИ
ШТИП: Величествена конвенција на коалицијата предводена од СДСМ
3
БОЧВАРСКИ: Штип ќе стане урбан град, метропола и раскрсница на Источна Македонија, град во кој ќе креираме капитални проекти и ќе го вратиме духот на младоста..
М
е совладуваат емоциите.Вака исполнета сала во која нема каде игла да падне ме потсетува на најубавите денови на Макфест. Штип се враќа во нормалата, Штип пак ќе биде град чие име ќе се изговара со респект“. (Стојан Троицки, легендарен директор на Макфест). „Ви го нудиме најдоброто од Штип. Како иден градоначалник, како иден Совет на општината. Благој Бочварски е понуда која не може да се одбие. Млад , образован, динамичен, човечен, интелигентен, начитан со прекрасна програма за Штип од нашите соништа. Советничка листа е спој на искуство, знаење, мудрост, младост, нова енергија, нови идеи...Тоа на Штип му го нудиме за одново да станеме град кој ќе биде респектиран од сите“. (Д-р Ален Георгиев, носител на советничката листа).
нален центар, ќе биде наш градоначалник, а овие луѓе, дел мудри и со големо животно искуство,дел млади кои само ќе си ја профилираат иднината ќе бидат нашиот Општински Совет. Пред Штип одново е убава иднина“. (Трајчо Спасов, прв претседател на Општина Штип во независна Македонија) „За вработување во театарот ми побараа партиска книшка. Им реков – благодарам и си заминав за Скопје. Така овие кои денес раководат со Штип се однесуваа кон младите кадри како иднина на градот. Такво нешто не смее да се повтори, и затоа тие ќе си заминат во историјата“. (Сања Арсовска, актерка во Драмски театар Скопје). Ова се само мали акценти од значајни луѓе на Штип кои имаа прилика да говорат на Конвенцијата на коалицијата предводена од СДСМ. Конвенцијата се одржа синоќа во големата сала на Домот на културата „Ацо Шопов“ во кој немаше каде игла да падне. На истата присуствуваа и министерот во МВР Оливер Спасовски и министерот за земјоделие Љупчо Николовски.
„Оваа слика е прекрасна. Штип се враќа во своите најубави денови, месеци и години. Убеден сум дека со оваа понуда во која еден млад човек од профилот на Благој Бочварски, кој како дипломиран архитект знае што му Поздравен со фретреба и што му личи а што нетични аплаузи кандидане му личи на еден регио- тот за градоначалник Бла-
гој Бочварски ја претстави својата програма за Штип. Посочи дека ќе се реши најкрупното прашање како што е сообраќајниот метеж во градот, ќе биде изградена, 20 километри гасификациска мрежа, градот ќе добие мултифункционален спортски центар на Суитлакот, бизнис заедницата ќе биде вклучена во дефинирање на приоритетите на општината, Штип ќе има локална самоуправа во која секој граѓанин ургентно ќе добива навремена и квалитетна услуга, наменски ќе се користата буџетските средства, ќе биде изгра-
отворат нови работни места општината ќе обезбеди еднаква максимална поддршка и квалитетна инфраструктура, а за старите лица ќе биде реализирана програмата „Не си сам“, потврди Бочварски. „Со еден збор Штип ќе стане урбан град, метропола и раскрсница на Источна Македонија, во кој ќе креираме капитални проекти и ќе го вратиме духот на младоста“, рече Бочварски. Свое обраќање имаа и носителот на советничката листа д-р Ален
дена брана на Отиња како Георгиев и министерот во 40 годишен штипски сон... МВР Оливер Спасовски. За сите странски и домашни инвеститори кои ќе
4
ИНТЕРВЈУ
[tipski Glas, Oktomvri, 2017 br. 75
БЛАГОЈ БОЧВАРСКИ, кандидат за градоначалник на Штип на коалицијата предводена од СДСМ
Ќе направиме штипјани да бидат неизмерно горди на својот град
Благој Бочварски, дипломиран архитект, 32 годишен, е кандидатот за градоначалник на Штип од коалицијата предводена од СДСМ. Во овој број на Штипски Глас го донесуваме интервјуто во кое Бочварски говори за програмата за Штип на оваа коалиција.
В
ашата печатена предизборна програма под наслов „Живот во Штип за сите“ ја отворате со реченицата „На секоја птица местото и е во своето јато“. Зошто токму таков почеток во Вашето обраќање до штипјани? -Тргнувам од фактот дека домот наш, местото во кое сме се родиле, сме се формирале како одговорни личности, во кое е нашето семејство, нашите роднини, соседи, пријатели, сограѓани е место во кое треба да ги реализираме сите наши соништа.Од дамнина е речено дека само дома си е дома, а јас само сакам, со својата младешка но сепак зрела енергија, со стручноста, знаењето, посветеноста, и секако со сите мои сопартијци кои ќе ја добијат довербата на штипјани, и со сите наши сограѓани, нашиот дом, нашиот Штип, да го направиме токму таков: место во кое ќе можеме да ги реализираме сите наши соништа, град за кој ќе можеме со гордост да кажеме дека е наш.
Меѓу приоритетите ја ставате градската и општинска инфраструктура? -Да, тоа е еден од најголемите приоритети на градот. Сегашната локална власт на чело со градоначалникот Илчо Захариев инфраструктурно од Штип направи град-карикатура. Видовме дека и при најмал дожд улиците ни стануваат непроодни, водата нема како да се однесе до атмосферската канализација зашто шахтите се покриени со асфалт, онаму каде што не се покриени се останати под висината на асфалтот што претставува голем проблем за возачите... Чиста импровизација. Двете страни од улиците покрај Отиња кои се во центарот на градот во определени временски периоди се речиси непроодни. Преку нив води патот до Клиничката болница која е од регионален карактер, а возилата на итната медицинска помош не можат да поминат. Овој проблем ќе го решиме со изградба на една, а ако е потребно и две катни гаражи во центарот на градот. Заедно со гра-
ѓаните ќе ги донесеме сите одлуки. Тие ќе бидат информирани за се’, и безнивна согласнот нема да се гради ништо. Во таа смисла ќе донесеме планови и проекти за патишта, улици и канализации,водоводи, гасоводна мрежа...Но, нема тоа да биде решение за само една година. Тоа што ќе се направи ќе биде квалитетно. Нема да лакираме туку ќе асфалтираме улици по сите правила, ќе градиме по план, ќе обезбедиме квалитетна инфраструктура за сите. Пат, вода, струја... Во оваа тријада е содржан темелот на секоја успешна заедница. Се вели дека овој век ќе биде век на борба за квалитетна вода која треба да стигне до сите домови, до секој човек. Кои се вашите планови во однос на ова прашање? - Две работи се од исклучително значење за добро здравје и квалитетен живот на луѓето. Тоа се чиста и здрава вода за пиење и чист воздух за дишење. За нас нема поважно нешто од здравјето на штипјани. Во таа смисла
ќе го зголемиме капацитетот на професионалните услуги на јавните претпријатија. Вода мора да има за секое домакинство во секое време. Над 2.000 граѓани во Чардаклија, Балканска и Македонка сега немаат здрава вода за пиење, ние тоа прашање ќе им го решиме. Во функција ќе ја ставиме водата од хидросистемот „Злетовица“ од која како град имаме 500 литри вода во секунда, што е за двапати повеќе од сегашните потреби. Цената на водата ќе ја намалиме за 10 проценти преку намалување на непродуктивните трошоци во ЈП Исар. Редовно ќе го собираме сметот. Секој граѓанин кој ќе го селектира сметот ќе добие намалување на цената на давачките за смет за дополнителни 10 проценти. Штип е град идеално поделен на две функционални половини. Лево од реката Брегалница е нашата индустрија, нашиот важен центар која прави пари за сите наши потреби. Од десната страна се сите институции кои ги тро-
[tipski Glas, Oktomvri, 2017 br. 75
шат овие пари. Како Вие, како нова власт, ќе им помогнете на стопанските организации? -Нашите бизнисмени кои посветено се вградија во успешната стопанска приказна на Штип како индустриски град овозможувајќи му стабилна социјална позиција заслужуваат многу покоректен однос од оној кој го имаа од поранешната власт на ВМРО ДПМНЕ. Во обезбедувањето бенефиции на компаниите ние нема да правиме разлика дали една компанија е домашна или странска. Ќе имаме еднаков пристап за сите. Во дефинирањето на стопанските приоритети, но и во сите други приоритети на градот ќе ја вклучиме нашата бизнис заедница. Ќе воведеме постојани бизнис форуми како редовна активност во проектирањето и следењето на локалниот економски развој. Ќе вложуваме во младите кадри кои ќе посакат да отворат приватен бизнис со почетна сума од 10.000 евра. Нашите мерки мора да резултираат и со поголеми плати на работниците, зашто без нивниот труд и стручност не може да има успешна компанија. Впрочем, владата на СДСМ донесе закон за минимална плата од 12.000 денари, што е за 3.500 денари повеќе од минималната плата во времето на ВМРО ДПМНЕ. Штип има 266 сончеви денови во годината, градот и неговата околина се познати по својот ветер за што постојат и бројни анегдоти, но тие ресурси воопшто не се користат. Колку сте посветени на користење на можностите кои ни ги дава природата, а кои се обновливи, односно не-
ИНТЕРВЈУ исцрпни? - Тоа е одлично прашање. Енергијата го движи светот и ние тоа го имаме во предвид. Бевме сведоци како осум години градоначалниците од ВМРО ДПМНЕ не лажеа со нивните „проекти“ во однос на искористување на потенцијалите на сонцето и енергијата на ветерот. Доаѓаа експерти, „инвеститори“ Шпанци, Американци, Израелци, Германци, Англичани, Французи и од други страни на светот за да видат дали можат во штипско да градат ветерни паркови. Како кој ќе дојдеше така и си одеше со незавршена работа. А сонцето над Штип и ветерот во неговата околина ја расфрлаа својата енергија во неврат. Бившите градо-
ност не можам да кажам. Она што јавно можам да им го порачам на моите сограѓани е тоа дека со превземањето на локалната власт, заедно со Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, ургентно ќе пристапиме кон користење на овие ресурси од што финансиски бенефит ќе има и нашата општина. Во нашата програма има решени за тоа. Над 40 години Штип се определува и бара изградба на брана на Отиња. Политички репрезенти, градоначалници, советници се фаќаа за раце и испраќаа пораќи дека се договориле градот да има големо вештачко езеро. Но, гледаме дека од тоа досега нема ништо. Кои се ва-
началници треба да одговорат на прашањето зашто на ова поле не е ништо направено. Лично сметам дека таков одговор најмногу може да даде бившата Влада на ВМРО ДПМНЕ која владееше 11 години. Дали беше во прашање барање рекет, за што слушнавме од тнр. „бомби“, или за неспособност и незаинтересира-
шите проекции во однос на браната? -Во сите наши неброени средби со граѓаните, на митинзите во урбаните заедници, на Конвенцијата во преполнетата голема сала на Домот на културата „Ацо Шопов“ јасно кажавме дека браната на Отиња е еден од нашите темелни приоритети. Гарантирам дека во време
5
на мојот градоначалнички мандат Штип ќе има брана. Не сакам ниту јас ниту СДСМ со сите коалициски политички партнери Штип да остане единствениот град, единствената општина во регионот кој/која нема брана. Не сум подготвен да ги изневерам децениските надежи на сограѓаните еден убав ден да имаат свое вештачко езеро. Еден таков објект ни е неопходен од повеќе аспекти. Прво, летните пеколни температури во градот ќе се намалат за неколку степени зашто низ реката Отиња постојано ќе си тече биолошкиот минимум. Второ: езерото ќе биде рај за илјадници штипјани кои таму ќе можат да се одморат, рекреираат, да уживаат. Трето: браната на Отиња ќе биде дом за сите риболовци-рекреативци, за кајакари, за пливачи... Конечно, пределот околу езерот ќе биде уреден со многу зеленило, ќе има терени за мали спортови, убаво и во склад со природата уредени угостителски објекти...И на крај, таму младите ќе можат да организираат забави зашто простор за такво нешто сега немаме. Имаме пари за овој проект, дел од самопридонесот, а дел и од државата за што имаме јасна поддршка од Владата на премиерот Зоран Заев. На средбите со граѓаните говоревте за гасификација на градот. Колку таа можност е реална, а колку е можеби само политички трик за да се добие глас повеќе? -Во тоа ветување нема никакви трикови. Нашата состојбата е таква што реално ни овозможува негова реализација. Гасоводната линија која од Клечовце води кон Него-
6 тино е во атарот на нашата општина. Планираме да изградиме 20 километри гасификасиска мрежа низ градот, најефтиниот енергенс-гасот да го донесеме до сите наши фабрики, до институциите, школите, до секој наш дом. На тој начин сметките за потребната енергија која сите ние ја трошиме ќе бидат многу помали. За да кажам како ќе го направиме тоа потребен е поголем простор, кога ќе го превземеме раководењето со општината граѓаните, преку медиумите, ќе ги добијат сите потребни информации. Само ќе кажам дека нашите анализи укажуваат дека со гасификацијата граѓаните ќе имаат помали енергетски трошоци за 40-50 проценти од сегашните. Младите луѓе секогаш се во предизборните агенди на политичките партии за потоа да се заборави на нив. Без младоста наша нема иднина, а свесни сме дека илјадници млади поради бесперспективност си заминаа од Штип. Каков ќе биде вашиот однос кон оние на кои секое квалитетно општество ја темели својата иднина? -Претходно реков дека секоја иницијатива за самовработување на младите ќе ја поддржиме со 10.000 евра. Тоа е проект на Владата на кој ние во Штип ќе му дадеме додатна вредност.Секаде во светот владее волонтерството, а ние планираме младите луѓе да ги вклучиме во волонтерските активности што е добро и за нив и за градот. Младите, стручни кадри ќе добијат вистинска шанса да се реализираат во струката зашто никогаш повеќе отколку сега ни е потребно
ИНТЕРВЈУ нивното знаење и нивината енергија ако сакаме да имаме успешен развој на градот и на општината. Во план ни е и уредување на поголем простор надвор од градот кој ќе го уредиме за големи настани, за концерти, забави, гостувања на ди џеи, ревии, за културни настани и на тоа слично. Транспарентноста на локалните власти кон граѓаните е светски процес но кај нас, во последните четири години посебно, институциите, локалната власт пред се,се затворија за јавно-
ста, Од кабинетот на градоначалникот, од Советот доаѓаа само дозирани информации, а не она кое вистински ги засега граѓаните. Ќе го продолжите тој тренд или... -Нема квалитетен развој на една општина без учество на граѓаните. Во тој контекст Штип, по 15 октомври, ќе има локална власт целосно отворена кон јавноста која има право да знае за се што
работат нивните избраници. Тоа наскоро и ќе се види. Штип има потреба од проширување на капацитетите на детските градинки. Се цени дека во моментов има барања за сместување на најмалку 150 деца.Како овој хендиќеп планирате да го надоместите? -Ја имаме ние таа информација. Во контекст на решавање на ова прашање планираме изградба на детска градинка во населбата „Сењак 4“ и во населбата Караорман. Децата се наш приоритет, за нив мора да ги обезбедиме најдобрите услови за и нивните родители да можаат во мир да си ја вршат својата работа на работните места. Во градинките ќе овозможим бесплатен престој на децата на самохрани родители, а ќе обезбедиме и бесплатна настава по англиски јазик. Сите градинки ќе добијат тер моизолациони фасади. Многу бура кај вашите политички противници, и многу надеж кај останатите граѓани предизвика вашето тврдење дека на Суитлакот ќе изградите Спортско-рекреативен центар со Дом за боречки спортови и со аква парк? -Нашиот политички противник е една безидејна политичка групација што го покажа во времето на осумгодишното владеење со градот и општината.
[tipski Glas, Oktomvri, 2017 br. 75
Да, тоа го ветуваме и ќе го оствариме. На Суитлакот ќе никне Спортско - рекреативен центар со отворени спортски терени, сала за боречки спортови и фитнес центар, аква парк, отворен и затворен базен, велосипедски патеки, а под Исарот ќе изградиме и скејт парк на површина од околу 400 метри квадратни. Штип е голем град во рамките на државата, во него има многу генерации на кои спортот им е при срце и е секојдневна потреба, а потреба од спортување и рекреирање најмногу имаат младите. Ние таа потреба ќе им ја овозможиме. Во делот за спортот ќе изградиме и нова спортска сала во Три Чешми, а ќе даваме стипендии за млади спортисти-репрезентативци. На секој спортист кој во градот ќе донесе медал од светско, европско, медитеранско и друго високо натпреварување нема да му искажеме почит само со сликање со него, туку и со други привилегии како личност која нас, штипјани, не направил да бидеме горди. Во функција на спортот ќе го ставиме и Мултимедијалниот центар кој две-три години стои празен кој ќе прерасне во ифнормативен центар за посетителите на СРЦ Суитлак, а таму ќе можат да се изнајмуваат и велосипеди. Важно е граѓаните да знаат дека ќе го вратиме духот на СРЦ „Џексон“, ќе го покриеме, ќе го обновиме целосно и ќе го подготвиме за спектакуларни турнири во мал фудбал и други тнр. „мали спортови“. Сепак, што ќе се прави со Градскиот стадион, со неколкуте фудбалски игралишта во градот и населбите?
[tipski Glas, Oktomvri, 2017 br. 75
-Локалната власт на ВМРО ДПМНЕ и нивниот градоначалник Илчо Захариев на ФК Брегалница потрошија околу 1,5 милион евра за четири години, а резултатот е чиста фудбалска катастрофа за градот! Тоа е една крајно понижувачка позиција за спортски Штип. Клубот ќе си добие раководство од стручни кадри кои умеат да го менаџират, ќе ја има нашата силна финансиска поддршка, столчињата на стадионот ќе бидат во сино-белата боја на клубот како што бараше Фалангата...Игралиштата во Баби, Бело Брдо, Кежовица и Македонка ќе добијат трибини. Фудбалот ќе го оставиме на фудбалерите, борењето на нашите славни борачи, каратето исто така, боксот ќе ја има сета наша поддршка...Се на се, спортот во Штип ќе добие една нова димензија каква што заслужуваат нашите спортисти и гледачите кои ги следат. Штип си има свои посебности, славни места со кои е поврзана неговата магична историја. Исарот, како средновековна тврдина е еден од тие знаци по кои градот надалеку е познат.Ќе има ли таму интервенции кои ќе го подигнат угледот на градот? -Со својата височина од 150 метри тврдината дава неверојатна прегледност на градот и на подалечната околина. Се што ќе правиме таму ќе биде во соработка и координација со Заводот за заштита на спомениците на култура и музеј Штип. Ќе ја осветлиме тврдината, а во план ни е да изработиме и физибилити студија за изградба на жичарница. На тој начин уште повеќе и на
ИНТЕРВЈУ уште попосебен начин ќе ја доближиме неговата атрактивност до бројни домашни и странски гости. Граѓанскиот сектор работи во полза на граѓаните. Овој сегмент од нашето семејство беше целосно игрориран од градоначалникот Илчо Захариев. Надежите на граѓанските организации се во темелна промена на ваквото однесување. Како Вие ќе се поставите во однос на оваа проблематика? -Добро рековте дека граѓанскиот сектор работи во полза на граѓаните. Тој сектор е од исклучително значење за секоја заедница. Граѓанските организаации се еден вид сервис на локалната власт која од нив може да добие мал милион корисни информации за тоа што од нас бараат граѓаните. Да, граѓанските организации ќе си го добијат заслуженото место, финансиски ќе ги помогнеме во рамките на законот, ќе воспоставиме редовна комуникација, ќе им обезбедиме бесплатен простор за работа како што е тоа во секоја добро уредена општина, а што Штип, под ова локално раководство сигурно не е. Каков значење им давате на урбаните заедници? -Секоја наша урбана заедница мора да има сé што е потребно за нејзните жители да се чувствуваат безбедни, слободни, среќни и задоволни. Населбите Сењак, Баби, Дузлак, Тошо Арсов, Брегалница, Ново Село, 8 Ноември, Пребег, Железничка, Славчо Стојменски, Васил Доганџиски, Пролет, Автокоманда, Македонка, Балканска, Чардаклија,
Долани, Драгоево, Лакавица, Караорман ќе имаат ново инфраструктурно уредување согласно со нивните потреби. Ќе има зелени пазари, многу зелени површини пред зградите и во населбите воопшто, канализациони мрежи таму каде што ги нема...Со еден збор секоја Урбана заедница мора да има се што има и централното градско подрачје. Само така сите во овој град ќе се чувствуваме еднакви, само на таков начин ќе можеме да кажеме дека живееме во град во кој ќе има еднакви можности и заедничкиот живот... Впрочем, нашето мото е ЖИВОТ ЗА СИТЕ ВО ШТИП! Тоа го ветуваме, тоа и ќе го оствариме. И затоа ги повикувам сите граѓани на Штип во недела, на 15 октомври 2017 година да излезат на избирачките места и да го
7
дадат свјот глас за коалицијата предводена од СДСМ, за бројот 19, зашто нашата коалиција и за градоначалник и за советници го нуди најдоброто од Штип. БЛАГОЈ, молам на крај одговори на едно прашање кои ми го постави група штипјани кои имаат мака со членови на свои семејства. Имено, имате ли во план да отворите дневен центар за лица со посебни потреби, како за деца и младинци исто така и за возрасни...Станува збор за ЦЕЛОДНЕВЕН престој што е потреба на овие луѓе... -Заедно со граѓаните, засегнатите категории ќе дискутираме за проблемот, и по превземањето на власта заеднички ќе ги донесеме сите решенија кои ќе бидат во интерес на сите.
8
УНИВЕРЗИТЕТ
[tipski Glas, Septemvri, 2017 br. 74
БОЕВ ДО СТУДЕНТИТЕ: Гордејте се со својата професија Се прават најразновидни напори да се омаловажат универзитетските дипломи, стекнатото знаење, стекнатата професија. Имајте на ум дека вие и само вие сте чувари на достоинството на вашата професија, им порача на студентите ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев
П
ремала беше големата сала на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип да ги прифати сите студенти на универзитетот “Гоце Делчев“ на првиот академски час во учебната 2017/18 година. Студентите ги поздрави ректорот, проф.д-р Блажо Боев, со еден супер инспиративен говор. -Гордеjте се со својата професија која може да се стекне само со упорна и макотрпна работа, со одрекување, неспани ноќи и со повеќегодишно континуирано посакување на онаа што сакате да бидете во животот. Се прават најразновидни напори да се омаловажат универзитетските дипломи, стекнатото знаење, стекнатата професија. Имајте на ум дека вие и само вие сте чувари на достоинството на вашата професија“ – им порача ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, на студентите на свеченоста по повод првиот академски час во учебната 2017/2018 година. Свечениот прв час се одржа во салата на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип, каде што
по обраќањето на ректорот Боев, новите студенти имаа можност да проследат и уметнички настап на извонредните Антонијо Китановски, Васил Хаџиманов, Никола Ристаноски и Гоце Саф.
тата титула.
„Водете сметка за начинот на кој ќе се однесувате и кога не сте на своето работно место, водете сметка за своето облекување и својот став, на својот однос кон колегите, како и кон сите оние кои Околу 2.000 бруцо- имаат потреба од вашето ши од денес го започнаа знаење. Ако себеси се десвојот пат до квалитетно валвирате во сопствените
Почитувани професори, учете ги своите студенти да ја сакаат својата земја. Професорите по македонски јазик не треба да заборават дека тие се чуварите на нашиот јазик и култура.
образование, а во своето обраќање ректорот Боев им порача дека иако во животот ќе се соочат со многу демотивирачки фактори и појави, сепак треба да веруваат во себе и да им овозможат и на другите да веруваат во нив, зашто звањето што ќе го стекнат со завршувањето на посакуваниот факултет ќе го стекнат со многу труд, ама уште поголем труд и напор ќе треба да вложат во стекнувањето на знаењето како да се носат со стекна-
очи тогаш и околината ќе ве гледа со омаловажување. Бидете горди, самоуверени, бидете подготвени да учите и доживотно да се усовршувате, бидејќи сте дел од оваа академија во која се градат вредности кои имаат траен карактер, бидејќи вие сте инженери, лекари, професори, адвокати, судии, новинари... потенцираше Боев, кој се осврна и на улогата што ја имаат професорите.
„Почитувани професори, учете ги своите студенти да ја сакаат својата земја.Професорите по македонски јазик не треба да заборават дека тие се чуварите на нашиот јазик и култура. Често може да се слушне како професорите на своите најдобри студенти им сугерираат што поскоро да ја напуштат нашата земја Република Македонија. Почна да се подразбира дека најдобриот успех на факултетот е сигурна гаранција за напуштање на земјата, Република Македонија. Ајде да ја свртиме перспективата. Да им укажеме на најдобрите студенти дека треба да останат во Македонија, бидејќи тие како најдобри ќе помогнат таа да стане подобро место за живеење за сите нас. Да не им дозволиме да заминат и да ја препуштат земјата на секакви манипуланти и кариеристи. Да им кажеме на нашите идни студенти дека нивна животна задача е да се борат против живиот песок во кој тонеме. Да им го развиеме чувството за општествена одговорност и да им објасниме дека тие оваа земја ќе ја исчистат од сите нечистотии со кои е извалкана. Ако
[tipski Glas, Septemvri, 2017 br. 74
УНИВЕРЗИТЕТ
9
се потрудиме ќе видиме дека нашите студенти ќе н+ послушаат доколку сме ние вистински професори во нивните очи. Почитувани студенти, сакам да ве уверам дека семето на сите економски, политички, културни, морални реформи во оваа наша земја може да изрти само во семејството, но и во вашите предавални, доколку во нив има професори кои можат да бидат пример за вас како студенти. Почитувани професори, дадете с: од себе содржините кои треба да ги претставите на часовите пред вашите студенти да ги направите разбирливи и интересни, задржете го вниманието на студентите. Ќе успеете во тоа само ако многу знаете, ако го сакате тоа што го работите и ако сте посветени на работата.
Нашите студенти можат ваши колеги не се подгода го препознаат тоа, без твуваат за часовите со грешка. студентите, дека некои ваши колеги ништо не раПочитувани профе- ботат, а земаат плата, не сори, немојте да се освр- се осврнувајте на гниежот нувате на тоа дека некои околу себе и немојте да се
предадете. Нека вашиот час за студентите биде оаза на знаење во севкупната пустина, светла точка во темнината, зрно смисла во бесмисленоста, рече Боев.. На крајот, ректорот Боев порача дека сите заедно, и студентите и професорите, имаат мисија да го вратат авторитетот на Универзитетот и знаењето, а тоа не може да се постигне со ниту еден закон туку само со големата мотивираност на сите заедно. „Доколку можеме да го направиме ова ќе паднат како домино сите пречки кои постојат кон подобриот живот во нашата држава Република Македонија“, рече Боев, потсетувајќи ги студентите дека тие се авангардата на ова општество и дека нивната сила и моќ е огромна, а нивната задача е од стратешка важност.
10
[tipski Glas, Oktomvri, 2017 br. 75
РАЗГОВОР Д-р ТРАЈЧЕ СТОЈАНОВ, професор по философија
Младите штипјани сакаат град со приказна Денешните граѓани на Штип сакаат да го живеат градот, не да преживуваат во него, а да одат на излет во Струмица, на базен во Неготино, во аква-парк во Пробиштип, на кино во Квадарци, на шопинг во Кочани... Мислам дека тоа конечно ќе пресуди на овие избори. Ова веќе е урбана заедница во духот и паланечки финти не поминуваат.
В
о недела, на 15 овој месец ќе имаме избори за нови локални власти. Би сакале да го слушнеме Вашето мислење во однoс на кампањата која се водеше и се води во Штип? Иако во последно време имам други, првенствено академски обврски и не следам систематски и детално, сепак ми се чини доста коректна и фер. Имам впечаток дека, особено кампањата на СДСМ, е дури и европска. Лично мене, тој манир на мали, камерни средби, со директен контакт со избирачите е далеку подобар, отколку маштабните митинзи каде се демонстрира само празна моќ. Особено средбите, како што реков, каде кандидатите се соочуваат буквално со граѓаните и заедно со нив се дебатираат приоритетите. Тоа навистина ми се чини како голем напредок во европски манир. На крајот на краиштата, власта како сервис на граѓаните најмногу е евидентна токму на локално ниво и тој дослух со граѓаните тука треба да биде и најсилен, ако сакате и најинтимен. Каков впечаток ви оставија кандидатите за градоначалник на нашиот град. Па мислам дека за обата кандидати важи из-
реката: нема втора шанса за прв впечаток. Кандидатот на СДСМ го остави тој прв впечаток - одлично, а кандидатот од ВМРОДПМНЕ, нема повеќе втора шанса за нов впечаток. Мене, особено ми беше интересен обидот на ВМРО-ДПМНЕ да го девалвираат кандидатот на СДСМ со наративот: „премногу е млад и неискусен“, а самиот Бочварски со впечатокот што го остава-
борно време, му се додворуваат на народoт со зборови дека „народот знае што е добро, а што не за него“, но има и мислења дека тоа и не мора да е сосема точно, дека народот при изборот се води само од од свои, лукративни причини, кај него проработува себичниот интерес? Видете, нештата многу се променети. Штип не е повеќе истиот град од пред 5-10 години. Штип е уни-
● Искрено уште еднаш, без доза на ласцивност, затоа што јас сум само граѓанин и сакам објективно да ја перцепирам политичката стварност, но кандидатот на СДСМ, Благој Бочварски многу пријатно ме изненади. Особено, заради фактот што првиот „муабет“ што ме пресретна за кандидатите беше тој „пуштен“ од ВМРО-ДПМНЕ за него, дека е млад, неискусен, незрел...Но, првата средба со него никако не ми се вклопуваше со тој муабет и впечатокот што го оставаше овој човек ше во настапите демонстрираше несвојствена зрелост, знаење и искуство,што мислам дека тоа ги збунуваше гласноговорниците на ВМРО кои го ширеа тој муабет. Излезе дека сето тоа на Бочварски всушност му беше најголемата предност, меѓу другото и заради фактот што нема „опашка“ врз која би го згазнале. Што, според Вас ќе го определи победникот. Политичките парти, во из-
верзитетски град, Штип е град со млади кои сакаат урбана средина, на кои им е доста само од тековно, редовно одржување на улиците, тротоарите или осветлувањето...тие сакаат град со приказна, град во кој ќе уживаат, град во кој ќе негуваат спомени, ќе се вљубуваат и радуваат, ќе доживуваат, одгледуваат поколенија, сонуваат иднина...Точката на интерес на граѓаните за овие избори е во голема мера
Т. Стојанов
поместена. И мислам дека тоа ќе пресуди на овие избори. Дали штипската политичка сцена веќе е созреана за да може да оддели вистина од лага, квалитет од неквалитет, можното од неможното, стручното од лаичкото... Па како што реков, имам чувство дека политичката средина во Штип е битно променета од последните локални, а да не зборувам за претпоследните избори. Структурата е малку поинаква, граѓаните стануваат поинформирани, пообразовани, повеќе прошетани...не можете на такви граѓани туку-така да им продадете евтини приказни. Денешните граѓани на Штип сакаат да го живеат градот, не да преживуваат во него,а да одат на излет во Струмица, на базен во Неготино, во аква-парк во Пробиштип, на кино во Квадарци, на шопинг во Кочани... Мислам дека тоа конечно ќе пресуди на овие избори. Ова веќе е урбана заедница во духот и паланечки финти не поминуваат. 5. Кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ Илчо Захариев ги избегна ТВ дуелите со
[tipski Glas, Oktomvri, 2017 br. 75
својот опонент, се појави само на „својата“ МРТВ која сеуште е далеку од тоа да биде јавен сервис. Можно ли е граѓаните да застанат зад кандидат кој бега од јавно соочување? Тоа само по себе зборува за односот на дотичниот кандидат кон сопствените сограѓани и општината. Не само на телевизија, туку и на јавно организирани дебати и соочувања на кандидатите, кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ не се појави, што навистина е чудно и спротивно, токму на погоре нотираниот европски дух кој го промовира СДСМ. Не само што е недозволиво тоа, туку во една демократска средина е погубно за кандидатот што не се појавил. Па, како еве јас - како неопределен граѓанин да се одлучам ако кандидатите не се појавуваат на јавно соочување, па јас не се појавувам во партиските штабови за таму да им ја дознаам програмата? Единствен начин да ми се претстават се токму тие дебати. Тоа мора да го научат. Да не сакате дебати, соочувања, а да сте политичар е во најмала рака, смешно. Тоа е како, на пример, да тврдите дека сте фудбалер, згора да се фалите и дека сте добар фудбалер, ама....еве од некои причини никогаш не се појавувате не терен да заиграте.Тоа е смешно. Во фудбалот битките се добиваат на терен, а теренот, пак на политичарите им е на дебатниот подиум, на медиумските дуели, каде се претставуваат и дебатираат. Секаде во култури со развиен демократски капацитет, токму тие дуели се пресудни во превагнување на тасот за или против. Мислам дека ин-
РАЗГОВОР систирањето на СДСМ на такви настапи, почнува да ја менува дебатната и демократската култура во тој поглед и тоа е за поздравување. Што Вам ви говорат митинзите на двете парити низ државата, а што во градот. Груевски настапи на полупразен плоштад, СДСМ имаше конвенција во преполнетата сала на Домот на култура, а митингот ќе им биде на 12 на плоштадот во Штип. Па, очигледен е трендот на македонската политичка сцена, а тоа ќе биде уште поевидентно чинам, на овие избори. Груевски е веќе осаменик не само на политичката сцена во Македонија, туку и во сопствената партија. Тие веќе делуваат како раштиман оркестар. Значи тие имаат проблем не само надвор, туку и внатре во сопствените редови. Ова ВМРО, веќе ни од далеку не е онаа гранитна, хиерархиска структура која „газеше“, сега тие се прегазени од упорноста и доследноста на Заев. Колку симболично, но сепак
татите. До пред тие парламентарни избори, на прсти се броевме тие кои јавно критикувавме, луѓето се плашеа. Мене дури и кога ми честитаа за колумните или јавните настапи, тоа го правеа со шепот. А тие пак, кои ме критикуваа, тоа го правеа со закани. Денеска тој страв е разбиен. Затоа, овие локални избори, чинам, ќе бидат послениот клинец во ковчегот на ВМРО-ДПМНЕ. Дали имате некаква фасцинација од било кој од учесниците во политичката борба за градоначалник. Дали има нешто кое пријатно Ве изненадило, односно дали има нешто, во зборот, во јавната комуникација, во обраќањето кон граѓаните што ве вознемирило? Искрено уште еднаш, без доза на ласцивост, затоа што јас сум само граѓанин и сакам објективно да ја перцепирам политичката стварност, но кандидатот на СДСМ, Благој Бочварски многу пријатно ме изненади. Особено, заради фактот што првиот „муабет“ што ме пре-
Овие локални избори, чинам, ќе бидат послениот клинец во ковчегот на ВМРОДПМНЕ. иронично сами си придумаја слоган „Нова ера“колку да покажат дека старата, добра ера за нив е завршена...на подолг период. На овие избори, граѓаните се уште поохрабрени и сè повеќе ќе гласаат за СДСМ, само да го засилат падот на ВМРОДПМНЕ и Груевски. Оти верувајте, минатите парламетарните избори, граѓаните беа ужасно исплашени и тортурирани и тоа битно влијаеше на резул-
сретна за кандидатите беше тој „пуштен“ од СДСМ за него, дека е млад, неискусен, незрел...Но, првата средба со него никако не ми се вклопуваше со тој муабет и впечатокот што го оставаше овој човек. Напротив, делуваше зрело, самоуверено, елоквентно и интелигетно. Се прашував дали ова е тој човек за кој зборуваат дека е неивен, млад и неискусен. За мене Бочварски е вистинско освежување
11 не само за Штип, туку и за македонската политичка сцена воопшто. И паметете ми го зборот, неговата светла политичка иднина допрва претстои. Во целата оваа предизборна атмосфера малку се говори за советничките листи иако Советот е тој кој носи одлуки а градоначалникот ги спорведува. Во минатиот број на весникот објавивме интервју со претседателот на советтот Влатко Миташев кој рече дека 4 години Советот бил под тортура на градоначалникот. Можен ли е развој на градот ако првиот човек се стави над се? Видете, во принцип јас не почитувам генерали после војна. Додека јас и некои други со години зборувавме во медиумите за тие состојби,тие „одлично“ кохабитираа,сега кога треба да се „репозиционираат“ ни обзнануваат дека и не кохабитирале баш најдобро. Но, нејсе, тоа е веќе минато. Она што мора да се случува во иднина е -прво да се почитуваат процедурите.Голем дел од несогласувањата во минатиот Совет и од актуелниот градоначалник, про- излегуваа од непочитување и кршење на процедурите. И второ и особено важно, Советот мора да биде составен од силни индивидуи, авторитетни, компетентни и достоинствени луѓе од градот, еснафи. Па сепак, тоа е град- ски совет, нели. И конечно, соодносот на силите во Советот мора да биде урамнотежен. Од тие причини се радувам што на овие избори своја листа имаат и Левица и искрено посакувам да освојат барем едно советничко место кое би било златниот баланс кој ќе ја овозможи, поточно принуди таа соработка на градоначалникот со Советот.
12
[tipski Glas, Oktomvri, 2017 br. 75
ГРАДОТ
Захариев сам си испиша кривична пријава Фалејќи се пред штипските пензионери со своите „дела“, Захариев само го потврди своето самоволие и незаконитостa во работата
Н
ие ќе го менуваме деталниот урбанистички план (ДУП) за објектот Домот за стари лица да се вклопи во него! Ова,на средбата со пензионерите, го рече Илчо Захариев, и со тоа самиот си
во актуелниот детален урбанис- тички план, a што е случај со Домот за стари лица.. Но, домот беше во градба подолго време, до карабина се изградени четири ката.Изведувачот, иако си ги има земено парите, не го има ставено покривот, на што реагираат и од Здружението на пензионери кои укажуваат дека домот започнува да се распаѓа бидејќи нема кров кој ќе го штити од невреме. Изградбата е прекината од надлежна градежна инспекција во 2015 година.
Не постои друга законска основа освен дивоградбата наречена Дом за стари лица да се сруши со експлозив, па и на Илчо Захариев да му протече низ ногавиците... испиша кривична пријава. Захариев пред пенИмено, според Законот, не зионерите уште се пофали може да се даде дозвола за дека општината ја ослобоградба на објект кој не постои дила пензионерската органи-
зација за 400.000 евра комуналии. Но, не кажа дека целиот објект е голема, скапа дивоградба. Проблем голем е и тоа што согласно законот, на парцели на кои има дивоградби не се третираат како парцели се додека дивоградбата не биде срушена. Дополнителен проблем е и фактот дека оваа дивоградба сега не може да се легализира зашто законот важеше до 2011 година. Се заедно, ако се почитува законот за градење, а мора, оваа зграда во кој пензионерската организација досега има вложено над 600.000 евра, ќе мора да прими експлозив во себе, а на
Илчо наш да му тече од ногавиците! И во оваа прилика бараме Основното јавно обвинителство да постапи по допрен глас и да поднесе кривична пријава против самоволниот градоначалник на Штип кој не ферма никакви закони, не ферма луѓе, не ферма ништо освен себе и своите финансиски интереси.
Бочварски, бидејќи знае што сакаат младите
М
ладинската политика е гаранција за квалитетно и транспарентно градење на секое општество.Се приклучив млад во политиката на големото семејство на младината на Социјалдемократскиот сојуз испровоциран од големото незадоволство од владеењето на режим, кој го задуши гласот на младите, односно нивниот глас не се слушаше туку напротив се замолчуваше. Нееднаквоста преку привилигирање млади со членска книшка од режимот кој наместо да се грижат за младите со својата политика на владеење избркаа близу 600.000 релативно млади луге, да си го тражат спасот по западно европските земји. Спортот во нашата општина е на најниско ниво, никој не се грижи за спортистите, а условите за спорт за жал во Штип се под секој просек. Да не заборавиме, од лошото менаџирање и несовесното работење нашиот фудбалски тим кој е белег на нашиот град, ФК Брегалница
испадна во Втората Македонска лига. Ова беше еден голем чекор за мене и голем предизвик да можам нешто да променам. Кога влегов во политииката знаев дека со многу напорна работа и многу непреспиени ноки ќе можеме да се избориме за подобар живот на младите. Заедно со моите партиски другари градевме политики со цел младите да ни останат овде, да добијат фер шанса за да бидат конкурентни на пазарот на трудот, да се вработат без притоа да им се бара партиска книшка. Квалитетот и знаењето ќе бидат приоритет во иднина младите да добијат шанса да се докажат преку најразлични видови на тренинг обуки. Од новата влада младите ќе добијат грантови за најдобрите бизнис идеи, неповратни сретства од по 10.000 евра за да можат сами преку своето знаење,енергија да бидат иновативни и да придонесат продуктивно во нашето општество. Конечно, младите во Штип знаат кој се
грижи за нивната иднина, тие ги препознаваат крупните капитални проекти на нашиот кандидат за градоначалник Благој Бочварски, кој исто така е произлезен од Социјалдемократск ата младина, а кој искрено и чесно се бореше и се бори да се слушне гласот на младите. Дружејки се и комуницирајки со млади мои врсници сватив дека дилемата е совладата, изборот е јасен, Благој Бочварски наш нов градоначалник. Ова бидејки младите не се само иднината младите се и сегашноста. Даниел Милевски, младински активист во СДСМ
[tipski Glas, Oktomvri, 2017 br. 75
Мојот портрет на Благој Бочварски
Можам сосема слободно да кажам дека Бочварски остава пријатен, дури и изненадувачки позитивен впечаток. Иако релативно млад, сепак делува зрело и самоуверено, особено делува интелигентно и образовано
К
ако граѓанин, навистина ми е важно кои ми се кандидати за градоначалник. Во оваа писмо ги ставам под лупа нашите градоначалнички кандидати. Какви се, како се однесуваат, што ветуваат, што нудат, како ќе го остварат.Од тие причини бев и на ниет да ги следам одблизу, да ги набљудувам и анализирам. Ги следев нивните јавни, телевизиски и медиумски настапи воопшто. Сакав да им исцртам еден портрет врз основа на тој мој мал граѓански „проект.“ Но, изгледа во случајов ќе го портретирам само едниот кандидат за градоначалник. Не дека така избрав или дека така сакав. Но, едноставно на неколкуте можности за јавни претставувања на градоначалничките кандидати, се појавуваше само едниот кандидат, кандидатот од СДСМ, Благој Бочварски. Дека немам никакви поинакви намери ќе ви илустрирам со два конкретни примера. Прво, во една прилика, како граѓанин отидов на јавна трибина, во организација на една невладина организација, на која се дебатираа приоритетие на граѓаните, од перспектива на граѓаните, на која требаше да бидат присутни и обата градоначалника. А во друга прилика, пак со нетрпение го очекував „дуелот“, т.е. Town Hall дебата во организација на телевизија „Телма“. Во двата случаи, како што многумина и од вас можат да посведочат, кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник, Илчо Захариев, не се појави. И оттука може да почне и мојата анализа. Имено, навистина не ми е јасно што мисли ДПМНЕ? Дали навистина мисли дека е доволно нивнот кандидат да се појавува на партиските збиранки, по плоштадите или по локалните месни заедници, а да ги игнорира јавните настапи и соочувањата? Не знам кој и зошто вака ги советува, но јас сум убеден дека погрешно ги советува, затоа што тоа не е доволно! Не е доволно да си „дувате во сопствениот рог.“ Затоа што навистина постојат неопределени, независни граѓани и граѓанки кои би сакале да ги слушнат обата кандидати и да го донесат својот суд врз основа на тоа. Во случајов, јавноста беше лишена од едната страна. Но,
13
ЛИЧЕН ПОГЛЕД
овој пример покажува, за мене, нешто уште поважно, уште позначајно: имено, говори за игнорантскиот однос на ДПМНЕ кон граѓаните и општината. Уште повеќе, говори за потценувачкиот однос кон сопствените сограѓани. Не може да не се појавите на настани организирани со цел да ве слушнат сите граѓани. Едноставно не може! Но, нејсе, тоа се лекции што ДПМНЕ мора сами да си ги совладаат и да се „симнат од облаци“. Во оваа прилика, сосема накратко за мојот граѓански впечаток за кандидатот што имав прилика да го следам, Благој Бочварски од СДСМ. Морам да бидам исНавистина не ми е јасно што мисли ДПМНЕ? Дали навистина мисли дека е доволно нивнот кандидат да се појавува на партиските збиранки, по плоштадите или по локалните месни заедници, а да ги игнорира јавните настапи и соочувањата? Не знам кој и зошто вака ги советува, но јас сум убеден дека погрешно ги советува, затоа што тоа не е доволно крен дека ова беше прва прилика да го слушнам и видам градоначалничкиот кандидат. И токму од тој прв впечаток можам сосема слободно да кажам дека Бочварски остава пријатен, дури и изненадувачки позитивен впечаток. Иако релативно млад, сепак делува зрело и самоуверено. Таков ми се виде и на настапот „во живо“ и на телевизискиот настап. Особено делува интелигентно и образовано. Зборот му е одмерен, не се расфрла со бесмислени ветувања и дефинитивно знае што зборува. Колку што мене ми е познато, тој е архитект, што за мене е особено важно. Оти
токму од досегашниве инженери во наводници си настрада градов. Колку што мене ми е познато, до сега Штип не го водел градежен инженер или архитект. Па токму тука се моите надежи дека со евентуален избор на Бочварски, градот би го водел некој што се разбира од она во што се состои и суштината на градот – урбанизмот. И затоа имам впечаток дека тоа е гласот што барем јас како граѓанин би сакал да го слушнам, затоа што е првиот глас кој ја гледа големата слика. А тоа е така, претпоставувам зато што, како што реков, и самиот е инженер, а таков не може да не ја гледа големата слика, да нема визија каде би се развивал градот. Самиот тој во своите настапи го потврдува тоа, дека водење град не се сведува на шминкање, бекатон плочки или тенки слоеви асфалт, ами урбано планирање што ќе овозможи правилен урбанистички развој на градот. Проектите се нешто тековно, или ако сакате нешто преку што се реализира, се остварува таа поголема визија, која толку долго му недостасува на градот. Овој град се гуши, заради немање визија каде и како би се проектирал и развивал во иднина. За тоа, сепак треба стручност, компетентност, но и храброст и визија. Некако сето ова го видов во кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ, Благој Бочварски. А во исто време- што говори за неговата пак практична страна од личноста - Бочварски ги знае и итните приоритети на овој град. Така што, убав е тој спој на храбра визија, и рационална прагматичност, во една личност. Да се надеваме дека така ќе остане и при евентуален негов избор за градоначалник на град Штип. Во оваа прилика нека биде доволно ова, доколку до крајот на изборите „налетам“ и на кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Илчо Захариев - на некој јавен настап се разбира, оти на партиски игранки, немам обичај да одам - со задоволство ќе го исрцтам и неговиот портрет, кој се надевам благовремено ќе биде објавен овде. Стојан Трајчевски, дипл. политиколог
14
ИЗБОРИ
[tipski Glas, Oktomvri, 2017 br. 75
[tipski Glas, Oktomvri, 2017 br. 75
РЕКЛАМА
15
16
КОЛУМНА
[tipski Glas, Oktomvri, 2017 br. 75
Забрана за интонирање на химната Пишува: М-р Трајче КАЦАРОВ, писател
Лошо прават македонските најголеми политички партии, и некои од ситнежот, што ја проектираат својата присутност на политичката сцена на фонот на патриотската композиција
С
поред речникот на поими на Википедија, Државната химна е патриотска музичка композиција која потсетува и се повикува на историските моменти, на традицијата и борбата на народот на една земја. Химната е официјална државна композиција. Со подемот на концептот на национална држава во XIX и XX век, поголемиот дел од нациите прифаќаат и химни како и сказна нивното национално чувство. Државните химни се користат во многу контексти. Се изведуваат на државни празници, фестивали, спортски манифестации и слично. На Олимписките игри државната химна се изведува во чест на добитникот на златен медал. Во некои земји химната се интонира пред почетокот на првиот школски час со цел да се потикне националното чувство.Голем број на радио и телевизиски станици ја свират химната кога се одјавуваат од програмата. Поголеми политички или групациски ентитети имаат свои
химни покрај државните. Така например Европската Унија, ја употребува „Одата на Радоста“ од Бетовеновата „Девета симфонија“, како официјална химна на Европа. Обединетите Нации, и Африканската Унија исто така имат свои химни. Република Македонија, својата прва химна ја добива во1943 год. Композитор е ТодорСкаловски. Стиховите се на Владо Малески. Користена е во склопот на СФРЈ, а по осамостојувањето е потврдена како официјална химна на Република Македонија. Пред некој ден во Домот на културата „Ацо Шопов“, беше интонирана химаната на Република Македонија и тоа во партиски цели. Но, куриозитетот не е во интонирањето, туку во забраната што ја издал човекот за ред и дисциплина во салата за време траењето на партискиот митинг. Имено, на оние кои задоцниле им забранил да влезат во салата.Не било добро им рекол, додека сите стојат мирно понесени
Интонирањето на химната на почетокот на партиските митинзи, конвенции го сфаќам како невидена хипокризија. Се интонира композицијата која обеденува и наведува на почит на трајните национални вредности, а партиските мегафони преку своите стереотипни говори шират омраза, разединување, заканувања, клеветења... од звуците на патриотската музичка композиција, да се муваат, односно да не ја почитуваат стоејќи мирно и повторувајќи си ги во себе стиховите на Владо Малевски. Убаво, добро сторено од страна на човекот задолжен за ред и дисциплина во салата. Лошо прават македонските
најголеми политички партии, и некои од ситнежот, што ја проектираат својата присутност на политичката сцена на фонот на патриотската композиција. Од таквите дегутантни дејанија лишени се само албанскаите партии, не од почит кон химната, туку од презирање на истата. Интонирањето на химната на почетокот на партиските митинзи, конвенции го сфаќам како невидена хипокризија. Се интонира композицијата која обеденува и наведува на почит на трајните национални вредности, а партиските мегафони преку своите стереотипни говори шират омраза, разединување, заканувања, клеветења итн. На фонот на химната кутриот наш партиски ситнеж, ги става во функција партиски кантари и мерат по сопствена мерка. Во поглед на историските вредности, она што за едните е победа за другите е пораз, она што за едните е јунаштво за другите е предавство. Во поглед на духовните вредности, она што за едните е духовна величина џин, за другите е џуџе. Во поглед на спортските резултати она што за едните е првото место, за другите е четвртото итн. Што значи строго треба да им се забрани на партиите да се допираат до хмната и знамето до државните симболи додека народот не одлучи дали се достојни за тоа, т.е. дали се достојни да бидат македонски партии. „Денес над Македонија се раѓа Ново сонце на слободата!“ Е нема слобода драги мои додека се делиме на наши и ваши, на патриоти и предавници!
[tipski Glas, Oktomvri, 2017 br. 75
КОЛУМНА
Европски огнови
ПИШУВА: Стојче Самарџиев економски аналитичар
В
о европа сто држави. Во Русија, Кина, Индија, Америка, Африка, Австралија две-три илјади нови држави. Потоа, пак нови сојузи: воени, политички, економски, меѓународни, планетарни и меѓупланетарни. Ние, ех ние, имаме алтернативи-античка и словенска. Словенската има свои алтернативи: берзите, смољани, струмјани, драговити, сигудати, ринхини, велегизити и венити. Можни се и енклави според четирите соседни држави, според заедниците или според наодот на меѓународната експертска комисија составена од Албанија, Бугарија, Србија, Грција, Германија, Русија, Америка и Ватикан. Информатичкото време е два-три децении, атомското време беше педесетина години, и двете траат. Се јавува третото време генетско-клеточно. Сето тоа е во текот на полседните 80 години. Што мисла мислат глобалистите, заговорниците, фамилиите? „Се мочкаат“ од смеење и си ја терат својата агенда, што повеќе матно, „ќотек“, крв плукање за... нив подобро, посигурно остварување на проектот. ВНИМАТЕЛНО Кога БДП и/или производството опаѓаат непрекинато шест месеци-тоа секаде се означува како рецесија. Ако се намалуваат извозот и увозот во извозно-увозна економија непрекинато шест месеци-тоа насекаде се вика рецесија. Кога девизните резерви се намалуваат со одлуки кои не се на централната банка (монетарната
власт) тоа секогша и секаде води кон монетарна нестабилност, а најчесто кон депресијација. Ако опаѓаат инвестициите непрекинато 6-9 месеци тоа секаде значи економска стагнација. Кога даноците се зголемуваат – сиромашните релативно плаќаат повеќе (имаат помалку пари за основните продукти). Кога даноците се намалуваат тоагаш богатите, релативно, плаќаат повеќе (повеќе трошат за луксузи – автомобили, вили, јахти, забави)... Е, па ова и на ова слично го знаевте ама го напишав, па што? Ајде сите на работа-ако има работа, а поликанти што помалку. Без политиканство и глупи навреди и фалбички! ИСАРСКИ ЕНКЛАВИ Подисарските победници мора да завшат неколку поважни работи. Клиничката болница (Универзитетска клиника) со терапијата (водена,кинеско, психо) и тоа како градежните објекти така и со опремата и потребните специјалисти. Во меѓувреме (најбрзо) во постојните
17
Најавениот, а сеуште незапочнат со градба карго аеродром „Врсаково“ ама без мудрување за вода, далководи или други локациски погодности до некоја соседна, „пријателска“ држава. Да се привлечат даночно и со други бенефити 4-5 странсќи и исто толкав број домашни инвеститори, но не од областа на текстилот и обувките, во развојната зона „Три Чешми“. Да се отпочне процесот на планирање и изградба на детална мрежа за гасификација... Патеката покрај реката Брегалнца е доволно долга, а регулацијата на реката по целиот нејзин тек во општинските граници е апсолутно оправдана и тоа со 2-3 езерца – гумени или слични брани. Потребна е регулација на Брегалница од изворот до влезот во реката Вардар со брани, канали, пошумување и друго, со меѓуопштинска спогодба и соработка во рамките на Источниот плански регион. Мирно и радосно во и по изборите!
Подисарските победници мора да завшат неколку поважни работи. Клиничката болница (Универзитетска клиника) со терапијата (водена,кинеско, психо) и тоа како градежните објекти така и со опремата и потребните специјалисти… објекти да се направат санитарии зашто нив ги нема, вратите, прозорците, по некој кревет со постелина на него, да се варосаат повеќе-практично сите простории, да се набават корпи за отпадоци, крпи и средства за чистење за чистачките, по некоја чинија и лажичка и чаша за чај. Ова не за друго туку да не дојде некој случаен посетител од Тетово, Гостивар или Скопје.
18
ЖИВОТ
Пасијата на Бошко Предоевиќ
В
[tipski Glas, Oktomvri, 2017 br. 75
о „редовното“ работно време Бошко Предоевиќ е во очната оптика Геталдус, ад Скопје каде работи како оптометрист, што значи дека ја одредува диоптријата за изработка на очни помагала. Кога ќе си замние дома, во населбата Баби, Бошко е друг човек. Уметник кој се посветува на сликање на икони. Тоа го работи во спокојот на својата гаража која е мало ликовно студио од 16 метри квадратни.
це, пари собирам колку да си купам материјал за пак да сликам, појаснува Предоевиќ. Во населбата Баби, за која Бошко вели дека има 10.000 жители, тој е и благајник во Црковниот одбор. Тој а и жителите од населбата се посветени на изградба на црквата „Свети Кирил и Методи“ која се гради долго време, а никако да се заврши градбата. Тој си има убава навика еднаш во годината да направи аукција на 3-4 икони, при што парите добиени за нив ги подарува за доизградба на црквата. -Црквата е желба на сите жители на Бабите. Повремено правиме собирни акции, па кој колку даде ги ставаме настрана и лека-полека го градиме објектот.Во оваа работа имаме поддршка и од владиката Иларион, што нам многу Анастасија и Бошко во работна атмосвера ни значи, вели Бошко.
Тука познатиот штипјанец почесто работи под будното око на роднини, пријатели, комшии дојдени на муабет, а и да видат што ново денес слика тој. -Роден сум во мало место на легендарната Козара, помеѓу Приједор и Бања Лука, кога завршив отометрија во Загреб ме пратија во Штип на работа како единствен во овој регион. Ми се бендиса градот, луѓето пред се, тука се оженив, создадов семејство, стекнав мал милион пријатели, сите добри луѓе, ја раскажува својата животна приказна човекот кој од идната година стекнува услов за пензија. Дарбата за иконосликарство ја насетил пред 30 години. Вели дека одненадеж му дошла идејата да слика, купил се што му треба, седнал на маса и почнал да работи. Па видел дека е тоа добро и продолжил со сликањеето. И така, се до ден денешен. -Од мојата гаража-студио излезени се над 500 икони. Тие денес ги красат домовите на голем број семејства не само во Штип туку и во Македонија, а и во странство. Надвор од државата моите икони најмногу ги купуваат нашинци на работа во Германија и Швајцарија, а ги има доста и во Србија. Не сум скап, ги продавам согласно имотната состојба на заинтересираното ли-
Сестрите Марија и Анастасија учат од кумот Бошко
родна големина“. Се разбира дека и ја почитував желбата. И други порачувале икони за да ги подарат на наши верски храмови, но најголем дел за да им бидат дома, нашите светци да им донесат мир, љубов, спокој, добар живот, вели Бошко Предоевиќ. Иконите ги слика на медиапан плочи со нанесување на стакло со бел цемент. По изработката иконите личат на фрески. Бошко, кој со сите во Штип е на арно и на убаво, вели дека кога ќе замине во пензија уште поинтензивно
Бошко слика икони. Насликал над 500. Секоја година прави аукција на свои дела, а парите собрани од аукцијата ги донира за доизградба на црквата „Свети Кирил и Методи“ во населбата Баби каде и живее. Тој е и благајник во Црковниот одбор. Додека работеше на нова икона до Бошко седна Марија Трајче, седмоодделенка. Ја зеде четката и започна да работи на иконата. – „Има талент во Марија, ако се посвети на уметноста може да направи многу. Пред неа е убава иднина“, посочува нашиот домаќин. На Марија и се придружува и помалата сестра Анастасија која покрај кумот Бошко исто така сака да се проба како уметник во доаѓање. -Доаѓа кај мене жена од Радовиш. Бара да и ја насликам Света Петка, сакала да ја подари на истоимениот манастир во Калаузлија. Рече: „Сликата ја сакам во при-
ќе се посвети на својата уметност. –„Тоа ме одмора, релаксира, ми дава нова
енергија зашто задоволството по секоја изработена икона е мошне големо. А тоа нема цена“, вели тој.
[tipski Glas, Oktomvri, 2017 br. 75
19
НЕВЛАДИНИ
КЕМАЛЕДИН АРСЛАНОВ, претседател на штипскиот огранок на стечајните работници УНИТ
Заев не врати во живот АРСЛАНОВ: Сегашниот премиер Заев првпат не посети на состанок на стечајците во 2013 година како претседател на партија. Тоа што тој тогаш ни го вети во целост го исполни како премиер...
Д
ваесет години илјадници стечајни работници во Македонија водеа борба за свои права, за колку-толку достоинствен живот. Протестира, пишуваа петиции, бараа носење на закони, маршираа, имаа судири со полицијата, киснеа под дождовни неба, мрзнеа по минусни температури но нивното прашање остана нерешено. Така беше се до доаѓањето на новата власт на социјалдемократијата во нашата држава и премиерот Зоран Заев како нејзин главен репрезент. Кемеледин Арсланов е човекот кој девет години е на чело на штипскиот огранок на „Унит“, организација на стечајците со седиште во Куманово на чие чело е познатата активистка Лилјана Георгиева која машки се спротивставуваше и во моментите кога полицијата превземаше брутални дејствија против стечајците.
дојде власт во Македонија која ќе ги оствари нивните желби, нивното право и нивните потреби. -За сиве овие години силно протестиравме барајќи си го своето право да бидеме третирани како луѓе во сопствената држава. Од патарината кај Велес пеш одевме до Скопје за пред Владата да го искажеме својот револт што ниту еден наш предлог на закон за стечајци не беше прифаќан. Имавме ситуации и на отворени судири со полицијата, иако тие беа ретки, но и ситуации кога на полицијата и оддававме признание за начинот на кој од нејзина страна бевме третирани. И во такви ситуации нас не не напушташе надежта дека нашата борба не е залудна, дека решение за нас ќе има, дека по долго време темнина во нашите животи ќе дојдат и години на светлост
-Се што досега ни вети Заев и неговата влада се ни е исполнето. Уште во 2013 година, како претседател на СДСМ, тој дојде на наш состанок. Тогаш тој јасно ни кажа дека ако дојде СДСМ на власт дека тие ќе го решат нашиот проблем. Инаку, законот е сосема јасен. Потребно е лицето да има направено 15 години работен стаж при што како стаж сега се смета стажот направен не само во една туку во повеќе фирми. Порано овој стаж се важеше само ако е направен во една државна фирма, што беше многу неправедно, твди Арсланов. Стечајните работници од Македонија беа и рекордери во штрајкување со глад.-Во Куманово штрајкувавме со глад шест месеци, никој од владата на Груевски ни не
Со долгоочекуваниот Закон за стечајци околу 3.600 -Сега слободно можеме да кажеме дека Зоран Заев и неговата поранешни работници во Македонија ќе добиваат влада не вратија во живот со носемесечно по 7.600 денари до ново вработување или њето Закон за стечајните работдо пензионирање. ници. Во Штип тој закон им ја врати насмевката на 520 стечајци, меѓу кои има и брачни парови кои додека траеше нашата борба за човечко и радост, посочува Кемеледин Арс- дојде да не праша како ни е. достоинство имаа најголеми про- ланов. Инаку, штипските стечајци во најгоблеми во нивните животи, вели Арслем дел се од трите големи фирмиланов до разговор за нашиот Со долгоочекуваниот Закон Текстилниот комбинат Македонка, весник. за стечајци околу 3.600 поранешни модната конфекција „Астибо“ и ЗИК работници во Македонија ќе доби- „Црвена Ѕвезда“. Нашиот соговорник укажува ваат месечно по 7.600 денари до дека цело време додека си го ба- ново вработување или до пензионирале правото на живот не ги напуш- рање. тала надежта дека еден убав ден ќе
20
ПРОЕКТИ
[tipski Glas, Oktomvri, 2017 br. 75
Квалитетна студија за туристички стимул за патување за меѓуграничниот регион
В
о рамките на реализацијата на меѓуграничниот проект “Промоција на руралниот и планински туризам преку користење на ИКТ, ИСО консултации и Туристички стимул за патување меѓу Бугарија и Македонија” финансиран од Interreg – IPA програмата за прекугранична соработка, од страна на Здруженијата Организација на жените - Штип и Трговско индустриска
гради, најдобар начин за наградување на вработените е паричниот бонус со 58%, стимулираното патување се користи 7% од компаниите, семинари, обуки се користат од 2% од компаниите и 33% од компаниите не ги наградуваат вработените на ваков начин. Резултати од квалитативното истражување: Ова истражување беше направено со луѓе кои рабо-
дестинации. Се препорачува да се формира мрежа и база со информации за медијаторите во источниот регион и глобално, со цел да се зајакне понудата. Реализација на ISO консултации - Во оваа активност беа вклучени шест компании. Компаниите кои користат консултантски услуги беа определени со претходна посета и разговор со нив. - Пла-
комора Благоевград, преку квалитативно и квантитативно истражување од страна на надворешни експерти се изработи студија за Туристички стимул за патување за меѓуграничниот регион. Поттикнувачкото патување е метод кој се користи за наградување на вработените за нивната добро завршена работа. Квантитативното истражување во кои беа опфатени 50 компании од регионот ги даде следните резултати: 49% од интервјуираните компании имаат воведено систем за набљудување на своите вработени, 69 % од SMEs во регионот ги наградуваат своите вработени преку различни методи на давање на-
тат во туризмот, хотели и луге кои се заинтересирани да понудат поттикнувачки патувања за SMEs во регионите. Ова истражување покажува 100% подготвеност од страна на туристичките работници. Препораки : Компаниите од источниот регион треба да воведуваат вакви патувања, најмалку два или три дена (за време на викендот). Препорачливо е зголемувањето на SMEs во источниот регион во аплицирањето на заеднички проекти за да се започне со методот за наградување – поттикнувачко патување. Понудата за источниот регион треба да биде подобрена со цел да се достигнат ЕУ компаниите и да се претстават атрактивни
нирање на процесот на имплементација започна во април 2017 кога беа избрани шест туристички компании и заврши во Јули 2017 година. Компании кои ја добија документацијата за ИСО стандардите изработена од страна на сертифициран експерт се следните: Хотел и ресторант Ваго – Штип, Хотел Гогов – Пехчево, Пицерија Фантазија – Штип, Ресторант Заки – Штип, Туристичка агенција Гранд Травел – Штип и Пицерија Парадизо – Штип. По добивањето на документацијата 3 компании најавија целосна сертификација.
Завршна прес конференција
В
о рамките на реализацијата на меѓуграничниот проект “Промоција на руралниот и планински туризам преку користење на ИКТ, ИСО консултации и Туристички стимул за патување меѓу Бугарија и Македонија” финансиран од Interreg – IPA програмата за прекугранична соработка, се организира завршна пресс конференција на ден 10 Октомври 2017 со почеток во 10. 00 часот во Хот. Изгрев Штип за презентација на финалните активности во рамките на проектот.
Се покануваат сите заинтересирани страни да присуствуваат на пресс коференцијата. Оваа активност предвидува поширок пристап до јавноста и до целните групи. Присутните ќе бидат информирани за резултатите на проектот и ќе добијат информации за Програмите за поттикнување на патување и најдобрите практики во светот што ги нудат за зајакнување на туризмот и за предностите од интеграцијата на ISO стандардите како алатка за подобра соработка помеѓу туристичките актери врз основа на нивната поголема конкурентност и стекнато знаење. Присутните ке имаат можност да се запознаат со создадените мрежи на туристички актери, создавајќи шанса тие да бидат вклучени или да станат дел од уште понова мрежа.
[tipski Glas, Oktomvri, 2017 br. 75
21
СПОМЕНАР
Стари штипски споменари
Страната ја уреди: Зоран Сичев
Улицата помеѓу хотелот Оаза и парко
Мостот кај судо и поглед на пазаро,денес на овоа место е трговскоит
Пазарот -денес на овоа место е Гратски Трговскиот Центар
Поглед на некогашниот здравен дом .денес зградата на собранието на општина штип
Чаршијата ,денес просторот помеѓу намата и вартекс
22
КУЛТУРА
[tipski Glas, Oktomvri, 2017 br. 75
САЊА АРСОВСКА, актерка
Градска власт што организира Културно лето со 1.000 евра не ја интересира културата на градот • Јас сум дете на светот, мразам граници, раси, нации, етнички поделби, национализам и религии, мразам се што не оттуѓува како луѓе. Верувам во љубов кон човек, не кон пол. Сакам еднаквост, социјална и полова, нејќам градење култ кон личности и од нив правење идоли. Не се плашам ако до мојот стан се насели бегалец од Сирија.
С
ања Арсовска е актерка, вработена во Драмски театар Скопје. Факултет за драмски уметности дипломирала во 2009 во класата на Владимир Милчин, без никакви надежи или големи сонови. Сакала и сè уште сака само добри услови за работа и претстави кои можат да го сменат јавното мислење, кои ќе го камшикуваат лошото општество, кои ќе го обликуваат истото, кои ќе ја будат, освестуваат, отрезнуваат публиката, претстави кои се ангажирани и смели. И никогаш не и било важно дали со таков театар ќе се бави во Штип или Њујорк. Сања, кога дипломиравте каде прво побаравте работа? Во Штип, во Скопје... И зошто баш таму?. Почнав да работам во Штипскиот театар уште за време на студиите и до денот кога дипломирав во тој театар веќе имав сработено 4 претстави. Не брзав да се вработам, но, чувствував дека му припаѓам на тоај театар. Четири години
откако дипломирав бев без работа, но никогаш, никаде не побарав вработување. Се појавивте на конвенцијата на СДСМ и коалицијата, говоревте речито, јасно, елоквентно, кажавте една мисла која не не запрепасти зашто за тоа многу се говореше во градот, а тоа е дека за да добиете работа во штипскиот театар ви барале членска книшка на ВМРО ДПМНЕ. Можете ли да ни каже-
градот Штип верувам безрезервно. Не знам зошто некој би бил запрепастен од тоа што го говорев, од причина што барање за партиска припадност во изминативе години беше еден од првите услови на секој втор кандидат кој аплицира за работа во државните институции. И мојот напад во говорот по прашање на моето вработување беше кон локалната власт, не кон тогашната
На конвенцијата се појавив за да го поддржам мојот драг пријател Благој, во чии искрени намери кон градот Штип верувам безрезервно. те кој ви го бараше тоа? И каков беше Вашиот одговор. Кој е вашиот став во однос на таквите непристојни предлози, без оглед од која страна доаѓаат тие? На конвенцијата се појавив за да го поддржам мојот драг пријател Благој, во чии искрени намери кон
централна влас. Никој не се дрзна од мене во Драмски театар да побара партиска книшка, а сите знаеја дека не само што не припаѓам на партијата на власт, туку сум и против неа. Мизерно ми е да кажувам дека сум се вработила според професионални, а не според партиски заслуги, исто како
што е мизерно што претходната влада се залагаше за вработување на своите партиски членови, без да се заложи за подобрување на условите во кои работат, без да ги интересира дали вработените имаат греење во зима, дали плафонот протекува кога врне, дали зградата во која работат се распаѓа... Мизерно, бедно и манипулативно, а сè што е такво сум критикувала и ќе критикувам, без разлика која партија е на власт. А што се однесува до повикот непосредно пред аудицијата за вработување во штипскиот театар во кој ми беше кажано дека ми е потребна партиска книшка за да се вработам, можам и идентитетот на лицето кое се јави и целиот разговор да го напишам во дијалошка форма, но сепак, тоа би го зачувала за пред органите на правдата, доколку бидам повикана. Што за вас е една добра градска културна
[tipski Glas, Oktomvri, 2017 br. 75
политика? Можно ли е Штип кој е регионален центар да се фали дека направил Штипско културно лето со само 1.000 евра. Дали парите се елемент за фалење или за плачење ако се штедело на културата? Како Вие ја доживувате културната сцена во градот, што е добро, што ни фали... Градска власт што организира културно лето со 1.000 евра, а троши десетпати повеќе за Патрамалијада, не ја интересира културата на градот. Според сумите обезбедени за Патрамалијада, заклучуваме дека парите не се проблем, туку проблем е безидејноста и погрешното поимање на поимот култура. Јас не се бавам со културни политики, но кога веќе сум прашана, да треба да одлучувам како уметнички и културолошки ќе го развивам градот, би ги впрегнала сите ресурси со кои градот располага, средно музичко, музичка академија, ликовна академија, филмска, театарска и би ги вклучила сите во креирањето на уметничките содржини на градот. Би направила конкурс за субвенционирање на локални уметници, индивидуалци или групи, кои би организирале настани во различни делови на градот... Нормално, сега зборувам на памет. Она што прво треба да се направи да се ангажираат експерти за менаџирање во културата кои ќе изготват стратегија за уметнички развој во која треба да се утврди во која насока ќе се движи културата и уметноста. Кое е вашето мислење за вклопување на театаро во некаков Центар за култура, от-
КУЛТУРА како претходно со децении работеше како самостојна институција во областа на културата и имаше резултати за почит? -Сум против театрите да делуваат во склоп за центри за култура. Сметам дека тоа беше една непопуларна реформа заради која и после долги години се уште не може да профункционира како што треба. Јас освен што сум актерка, се занимавам и со синдикат за култура во кој во нашата борба е и битката за одвојување на театрите од центрите за култура. Театарот треба да дејствува независно и не треба да биде ставено во прашање неговото присуство во јавниот кулурен простор, туку неговата должност како медиум. Порано театарот имаше резултати затоа што се знаеше негова-
лни поведенија на тој систем беа разголени со објавените „бомби“, односно прислушувани разговори... Само мал дел останаа свои и силно се спротивставија на таквата нова актерска позиција...Меѓу овие беа и еден Слободан Унковски, Александар Поповски, Петар Арсовски.... -Не се слагам дека беа мал број на уметници/актери кои се спротивставија. Можеби оние кои ги наведовте се најзвучните имиња, но доста млади, прогресивни, успешни уметници поминаа долги години на улици, по протести, тепани од полиција, притоварани, под постојани закани, репресирани... Да, културата беше партизирана. Некои од актерите беа во патриотски друштва, што од неСања во претстава во Драмски расчистени сметки со власта, што од искрени побуди, што од политичка неедуцираност, но јас несакам да зборувам на нив. Не сакам да трошам та обврска, сега театарот зборови за луѓе без личен се почесто праќа порака интегритет и достоинство. ”Нека ве воспитуваат дома Сакам да зборувам за или на школо,ние тука сме оние мои јунаци кои ги за да ве забавуваме”. И спомав погоре кои и покрај тоа мора да се смени. Па- тоа што немаат 10 животи тем, не зборувам за Штип- под перница, си ризикуваа скиот театар, зборувам за и своја лична егзистенција македонските театри. Чест и живот и енергија и кариера за да се променат на ретки исклучоци. Сметата ли дека наша- нештата, за да се ослота култура, во време- боди културата, државата, то додека на власт сè што беше заробено. И беше вемерето, беше горда сум на тие мои друпартизирана? Многу гари и колеги, мои браќа и наши познати актери сестри по улица. Кога би ви понудиле, беа во разни „патриденес и сега, да застаотски“ здруженија за нете на чело на наполитичка поддршка шиот театар, да го на бившиот систем, вратите во времето на иако сите анациона-
23
неговите најсјајни денови, дали би го прифатиле тој предизвик? Јас сè уште имам улоги за играње, административните работи би ги оставила на некој друг. Мене ми треба сцена, не канцеларија.И не, не мислам дека градот нема способен кадар што би го водел театарот. Која би била вашата културна политика во Штип? Каде се нашите потенцијали-во драмската уметност, во ликовната уметност, во литературата, во музичката дејност... Имаме потенцијали, само треба паметно да ги искористиме. Во однос на културните политики, се изјаснив во одговорот на едно претходно прашање. За крај едно политичко прашање: каде, како самостојна личност, како единка, припаѓате со целиот свој интелектуален хабитус: на страната сте на левицата или на десницата... Јас сум дете на светот, мразам граници, раси, нации, етнички поделби, национализам и религии, мразам се што не оттуѓува како луѓе. Верувам во љубов кон човек, не кон пол. Сакам еднаквост, социјална и полова. Нејќам градење култ кон личности и од нив правење идоли. Сакам слобода и правда. Нејќам државата да ми налага како да постапувам кон своето тело. Мислам дека на светотот му се сучуваат лоши работи затоа што луѓето читаат погрешни книги и гледаат лоши филмови. Не се плашам ако до мојот стан се насели бегалец од Сирија. Мислам дека доловно е јасно каде припаѓам.
24
СПОРТ
[tipski Glas, Oktomvri, 2017 br. 75
Кристина Манева, одбојкарка
Од новиот градоначалник очекувам да го свати вистинското значењето на спортот за град како Штип овие таканарачени спортски работници немаат поминато ни ден во сала, немаат оставено ни капка пот на терените за да постигнат некој резултат со кој после сите се величат како заслужни за истиот, не знаат што значи болка од загубен натпревар и на своја кожа немаат осетено бедни коментари околу квалитетот на играчите. Има ли решение? Годините поминати во овој спорт зборуваат за мојата посветеност на овој спорт, годинити поминати во штипската одбојка покажуваат за мојата пред се емотивна приврзаност кон клубот кој што благодарение на Универзитетот „Гоце Делчев“ се уште постои, благодарејки на нивната подршка, но јас денес веќе не сум дел од него. Годините поминати во него се печат и на квалитетот и на трудот на мојот тренер од почеток на мојата кариера па до денес кој ме научи на првите чекори на одбојката и ме направи играч ми создаде име како што вели тој. Но денес јас не можам да му заблагодарам и да му возвратам со мој придонес во неговата екипа, да постигнеме заеднички резултат поради тоа што јас морав да играм за друг клуб, во друга држава за да можам да заработувам од она во што сум вложила сé. Одбојката во Штип има млади таленти перспективни спортисти, поради тоа младинските и каде што ќе тренираат во топли сали, кадетските лиги имаат добар квалитет, каде што ќе имаат опрема, каде што до- но немаме сениорска лига со добар
Трениравме на терен кој што нашиот актуелен градоначалник го направи само за да се појави пред камера и ја исече црвената лента пред пуштањето во употреба, а секој кој има само минимални познавања за одбојката ќе сфати дека теренот е направен за да ја подценува нашата интелегенција како играчи...
К
ристина Манева е одбојкарка. Таа е спортски бренд на Штип. Висока, убава, елегантна, елоквентна, отворена во мислата-јасна во изразот, Кристина учествуваше на една интересна дебата за спортот. Нејзиното излагање беше магнетно привлечно за да го направиме ова интервју. Кристина, ве следевме на дебата за состојбата и иднината на спортот во Штип во организација на СДСМ. Што ве привлече за учество во дебатата? -Сакам да кажам дека со одбојката се бавам подолго од 17 години. Во мометот играм за екипа од Косово, а сум единствениот играч во Штип со толкаво искуство како во домашната лига така и со учество и на меѓународни натпревари. Но, се до моментот кога се организира оваа трибина од мене никој не побарал мислење, став, порака за тоа што се случува со одбојката, до каде сме, и што може да се направи за да се подигне квалитативното ниво во овој спорт. Фактот дека некој во градот отвори ваква дебата за мене беше повеќе од предизвик да се појавам на истата и да го кажам своето мислење во однос на оваа важна тема за секој град кој држи до себе. Која е вашата генерална оценка во однос на одбојката?. Во Македонија одбојката се повеќе тоне, условите се очајни, квалитетот не е на потребното ниво, а место да се подобрува ситуацијата сé повеќе се влошува. Тоа не е резултат на недостиг од перспективни спортисти, ниту е резултат на немање добри тренери, и не е резултат на недостиг од кадар кој професионално ќе се занимава со организирање на клубовите. Тоа е резултат на фактот дека сите квалитетни спортисти ја напуштаат државата во потрага по подобри услови. Во средини во кои нивниот труд ќе биде награден, каде што платата нема да им доцни со месеци или евентуално нема ни да ја добијат,
Се додека спортот ни функционира вака сé дотогаш светот ќе знае за Литванија, Финска, Исланд, Бугарија, а за Македонија ние ќе им објаснуваме кои се нашите соседи за да имаат престава каде на картата да не бараат... стојно ќе патуваат за утакмици...Конечно, каде што ќе бидат обезбедени во сé што му е потребно и што му доликува на еден спортист кој што се откажал од многу нешта за да го даде својот максимум да постигне резулат со кој ќе се гордее целиот град односно држава. Да не споменувам конкретни клубови за кои пример имаме и во нашиот град. На државно ниво имаме повеќе вработени околу организација на клубовите одколку што има играчи. Жално е тоа што
квалитет бидејќи истите тие младинќи и кадетќи играат и во сенирска лига. Иднината е во помладите да, но квалитетот е во постарите односно поискусни играчи кои ние веќе ги немаме. Како е тоа во светот, вие сте учествувале на интернационални натпревари, дебати за одбојката... Да, неодамна учествував на една работилница, нормално интернационална бидејќи секоја друга држава вложува во спортот за разлика од Ма-
[tipski Glas, Oktomvri, 2017 br. 75
СПОРТ волна бидејќи јас тренирав на терен кој што нашиот актуелен градоначалник го направи само за да се појави пред камера и ја исече црвената лента пред пуштањето во употреба, а секој кој има само минимални познавања за одбојката ќе сфати дека теренот е направен за да ја подценува нашата интелегенција како играчи. На еден метар од теренот има огромна провалија од 6-7 метра обрасната со шума во која само ова лето изгубивме 4 топки за игра, песокот е со секакви предмети стакло, зарѓавени работи, трња, камења и слично. Поради тоа морав да одам на тренинзи во Струмица и во Скопје, сама да си сносам тро-
Додека баравме спонзорства, сите не удараа по рамо и со разни изговори се правдаа зашто не можеле да ни помогнат, а нашата општина не сакаше ниту да не прими. Сепак, секоја чест за исклучоците, благодарение на нив некако успеавме... кедонија каде што спортистите сами вложуваат во спортот, за да ја промовираат државата.Таму колеги спортисти од Исланд, Естонија, Бугарија, Литванија и други држави споделуваа искуства во какви услови тренираат, колку вложуваат во одбојката и какво повратно дејство има сето тоа за нив и за промоција за нивните градови и за нивната држава. Јас бев засрамена од искуството што јас требаше да го споделам за нашите услови, за тоа колку нашата држава и нашите општини вложуваат во спортот. Која беше причина за вашата засраменост? -Требаше да кажам дека кај нас ниту еден играч не зема плата од одбојката. Сите играат од љубов од која после некое време се презаситуваш зашто даваш се од себе, а немаш резултат, играш пред празни сали бидејќи никој не сака да доаѓа да гледа на температури под нулата, во публиката која ја нема, освен неколку ентузијасти кои сакаат да се подсетат на своите стари денови, и деца одбојкарки кои се уште не сфатиле што ги очекува во иднина. Со некои од тие исти колеги поради претходно постигнати успеси бев на интернационален турнир во Либан за одбојка на песок. Тие таму ни кажуваа како се подготвиле за турнирот и, нормално, постигнаа резултати, а јас бев разочарана поради тоа што стигнавме само до четвртфинале. Во тој момент сватив дека треба да бидам презадо-
шоци за да имам термин за тренинг на тие терени. И сето тоа водена од љубовта да ја претставиме нашата држава достојно за да светот слушне за Македонија. Ова бидејќи некои учесници не знаеја ни каде се наоѓа Македонија! Притоа, требаше да веднеме глава додека баравме спонзорства, сите не удараа по рамо и со разни изговори се правдаа зашто не можеле да ни помогнат, а нашата општина не сакаше ниту да не прими. Сепак, секоја чест за исклучоците, благодарение на нив некако успеавме . Дали јас како спортист пред интернационален натпревар треба психички и физички да се спремам или да се занимавам со тоа како да стигнам до таму, оставам луѓето да размислат. Се додека спортот ни функционира вака се
25 же да биде една сериозна пресвртници во нашиот севкупен однос кон спортот во градот. Од сите прволигашки екипи во Штип, а ги имаше во ракомет, во кошарка и во фудбал, единствено одбојкарската екипа на овој град го задржа своето реноме и остана во првата одбојкарска лига на Република Македонија. Другите клубови заминуваа во втората лига или целосно се распаѓаа... Одбојката е спорт во кој може малку да се вложи да се постигнат големи резултати. Резултати со кој ќе се гордее нашиот град. Одбојкарскиот клуб во Штип ги има условите ва техничкиот дел, притоа мислам на сала, опрема, опрема за тренинг и слично, но за да очекуваме квалитетна одбојка мораме да најдеме начин да ги задржиме поискусните играчи, да ги мотивираме да бидат дел од овој клуб кој во Штип ги имаше и тоа многу за да постигнеме резултати. За да го вратиме сјајот на одбојката и повторно да ги наполниме сега празните сали очекувам од нашата Општина и од нашиот иден градоначалник да вложува во одбојката, во спортотвоопшто, а веќе кажав дека овој влог и не голем и е речиси незначителен за нашата Општина. Крајно време е заедно да направиме нашиот Штип да се гордее со добри резултати, а на публиката да им го исполниме викендот со квалитетни натпревари каде ќе го минуваат своето слободно време. Би упатила јавна порака и до медиумите за и тие да одвојат малку повеќе време за овој спорт, зашто како и тие малку да не подзаборавија. Силно верувам дека ова нема да остане само како дел од предизборни ветувања во предизборната кампања бидејќи имам причина да верувам во спротивното и овде би кажала едно огромно благодарам на нашиот иден градоначалник Благој Бочварски, зашто тој беше еден од исклучоците пред
Силно верувам дека ова нема да остане само како дел од предизборни ветувања во предизборната кампања бидејќи имам причина да верувам во спротивното. Би кажала едно огромно благодарам на нашиот иден градоначалник Благој Бочварски, зашто тој беше еден од исклучоците пред да заминам на интернационалниот турнир во Либан дотогаш светот ќе знае за Литванија, Финска, Исланд, Бугарија, а за Македонија ке објаснуваме кои се нашите соседи за да имаат престава каде на картата да не бараат. Што треба како град да направиме? -Мислам дека оваа трибина мо-
да заминам на интернационалниот турнир во Либан. Убедена сум дека Бочварски, со неговиот ентузијазам и желба за подобар Штип ќе најде трајно за еднаш засекогаш да имаме квалитетни решенија за одбојката како дел од спортското семејство на Штип
26
РАЗОНОДА СУДО К У
Броевите од 1 до 9 впишете ги во блоковите со големина 3 x 3 полиња (врамени со здебелени линии), така да секој број може да се најде само еднаш во водоравната или хоризонталната насока
СКРИВАЛКА треба да пронајдете два скриени предмети
[tipski Glas, Oktomvri, 2017 br. 75
[tipski Glas, Oktomvri, 2017 br. 75
TR-MR ov -Mi Re k e ~e R i T
27
РАЗОНОДА Гаражиран Захариев ги отстранил сите Гаражи во градот ама „заборавил“ Да ги отстрани неговите две. Ако си ги донесе лимузините од Бугарија цела населба ќе му Биде – гаража. Надвор Половина македонци се Надвор од државата Другата половина е Надвор од себе. Нарцис Градоначалникот самобендисаник Се пофали дека во Штип Направил колку што за 70 години не било направено. Се сложувам. За толку години никој Градоначалник не создал толку многу Потемкинови села.
Razmisluva: Iv. BOJ
Клеј „Јас сум најдобар, Летам како пеперутка, Бодам како оса“. Касијус Клеј? Не бе, Илчо Нарцисот.
ВИЦОТЕКА Издавач: Ив Ан Принт 16 - Штип Излегува – еднаш месечно Првиот број излезе во месец април, 2009 година Редакција: Иван Бојаџиски, главен и одговорен уредник Кирил Манев, уредник на спорт Маре Стоилова, уредник на колумни Јорданчо Бојаџиски, технички уредник Седиште на редакцијата: 2000-Штип, ул. „Страшо Пинџур“-2 Денарска сметка: ТТК банка 290000001875546 Даночен број: 4029016517952 Годишна претплата – 180 денари Печати: печатница „Генекс“-Кочани Ракописи и фотографии не се враќаат За Штипски глас се плаќа повластена даночна стапка од 5%
Се фалат Американец, Германец и Македонец за тоа која нација колку напреднала во медицината. -Кај нас кога човек ќе остари го сечеме на два дела, го ставаме во фрижидер, по еден месец го вадиме и тој е одново млад, рекол американецот. -Кај нас кога човек ќе биде пред умирачка, го сечеме на четири дела, го ставаме во фрижидер, го вадиме по една недела и тој е повторно здрав како дрен. -А кај нас кога некој пензионер ќе си ја види смртта, ќе го исечеме едро, па ситно, па ќе го смелиме, смеленото ќе го дадеме на куче да го изеде, изеденото кучето ќе го исфрли, и тоа гомно пензионерско пак гласа за ДПМНЕ! Млада жена на гробишта се зарипнува од плачење. До неа повозрасна жена, ја слуша, и приоѓа па и вели. -Кој ти е умрен? -Мажот ми умрееееее, липа младата жена. -Добро де, ај не плачи, ти си млада утре ќе си најдеш некој друг. -Утре ќе си најдам ама вечер што ќе правам, рекла младата и продолжила да си плаче. Мислам дека го омаловажуваш едното дете. - Кое? Перето, Тошето или она дебелото? Маж и жена не разговараат. Место муабет се разбираат со пораки. „Разбуди ме утре во 7, треба да одам на пат“, ја напишал мажот порката и си легнал. Станува утрото, гледа 8 часот е, на масата здогледува порака од жена му: -Стануваа, сега е 7 часот!
[tipski Glas, Oktomvri, 2017 br. 75
ПОНУДА
28
КАНДИДАТИ ЗА СОВЕТНИЦИ ОД КОАЛИЦИЈАТА ПРЕДВОДЕНА ОД СДСМ
Д-р АЛЕН ГЕОРГИЈЕВ, специјалист по општа хирургија НОСИТЕЛ НА ЛИСТАТА, 2.Д-р Сашко Николов, интернист, интервентен кардиолог, 3. Марјана Рогожарска, дипломиран правник, 4. Јордан Атанасов , пензиониран офицер, 5. Јане Миланов, електоринженер, професор во СОУ „Коле Нехтенин“ 6. Д-р Даница Рамбабова, специјалист по училишна медицина, 7. Милчо Смиљанов, дипл.економист, стопанственик, 8. Слободанка Момчилова, професор по физичко и здравствено образование, 9. Сашо Ѓоргиев, раководител во Баргала. 10. Верка Деспотова, пензионерка, 11.Иван Бојаџиски, новинар, 12. Елмир Мандак, поранешен фудбалер на Брегалница, 13. Соња Нацевска, активист во СДСМ, 14. Ѓорѓи Димов, дипл. економист во пензија, 15. Лидија Калофова, дипл.бизнис информатичар, 16. Јордан Тунев, дипл.лаборант, 17. Влатко Данев, приватен бизнисмен, 18. Марија Смилкова, студент, 19.Хадис Арсланов, забен техничар, 20. Моника Николова, дипл.економист, 21. Сања Кушева, студент, 22. Љупчо Јанев, дипл. инг. по индустриска логистика, 23. Сања Милева, дип. професор по одделенска настава.