25 ГОДИНИ НЕЗАВИСНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Интервју со Димитар ЕФРЕМОВ, градоначалник на Штип во периодот од 2000 до 2005 година
Направивме многу, но не се фалевме зашто тоа го сметавме за наша должност Стр. 4-5
Добре МАРИНКОВ, добитник на државната награда „8 Септември“
Стр.
3
Имаме се повеќе спортски сали, а се помалку деца во нив АНАЛИЗА
За две години извршено стентирање на 450 пациенти Сите кардиоваскуларни и периферни интервенции какви што се вршат во реномирани европски клиники, две години со голем успех се вршат 8 во Ангиографскиот центар при штипскиот Медински центар Стр.
Најдоброто од Штип во 25 години независност
КОНТРА
СТАВ Елена Јосимовска, м-р по историја, хроничар на Штип
Што направивме за 25 години независност? Бурев
Стр.
6-7
Кукушев
БУРЕВ: За три години направено е како за триесет КУКУШЕВ: Штип одамна го изгуби својот сјај и шарм
Зошто штипјани немаат предност во својот 11 Штип? Стр.
Јосиф Ковачев
ОБРАЗОВАНИЕ Универзитетот „Гоце Делчев“ со околу 2.500 нови студенти
Најголем интерес има за Факултетот за медицински науки 12 и за Факултетот Стр. за туризам и бизнис логистика
2
N
ОД МОЈ АГОЛ
Шпекулации и калкулации
Иван Бојаџиски
●Захариев не сака или нема да добие шанса за нов мандат? ●Каде ќе се селат Коцев, Југов, Бојаџиев, Иванов? ●Празна политика наместо реалноста на животот создава испразнети дуќани ●Прв на простор од 60 милиони луѓе, градот не го поддржува никако.
1
Илчо Захариев немало да бара нов мандат за градоначалник. Му биле тешки овие четири години. Напорно работел, но не бил задоволен од информациите кои се почесто ги слушал меѓу народот дека граѓаните не биле задоволни од неговата работа. А тоа него силно го лутело. Така гласи првата шпекулација на половина година пред локалните избори. Втората шпекулација вели дека од својата партија Илчо немало да добие нова шанса за првата градска фотељ. Укажувањата се дека на негово конто била ставена дебела забелешка за тоа дека ја поделил партијата. Дури и дека ја приватизирал и пасивизирал. И сето тоа на сметка на глорификацијата на својата личност. Дека поради таквиот негов однос во градот не се знаело кој е претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ кој целосно бил ставен во сенка на Захариев. Третата шпекулација гласи дека Захариев, во изминатите 3,5 години создал повеќе непријатели на ДПМНЕ отколку што го проширил кругот на пријателите. Четвртата шпекулација говори дека ако партијата немала да му даде шанса за нов мандат тој ќе одел сам на избори како независен кандидат. Се разбира дека ова се само шпекулации и калкулации. Работите ќе се разбистрат после новогодишните и Божиќните празници, кога се очекува власта и опозицијата да се изјаснат по однос на своите кандидати за најугледната градска функција на која треба да дојде човек пред се со високи морални квалитети, на кој на прво место ќе му биде среќата на луѓето. Дали шпекулациите за кои пишуваме ќе се покажат како вистините, ќе покаже времето. Засега е точно само тоа дека во изминатите 25 години ниту еден од градоначалниците во Штип не доби шанса за втор мандат. Во меѓувреме ВМРО-ДПМНЕ распиша јавен оглас за кандидати за градоначалници. Интересно ќе биде да се види колкав ќе биде штипскиот интерес на вмровското членство.
2
[tipski Glas, Septemvri, 2016 br. 67
АНАЛИЗА
Има и една друга шпекулација во однос на голема, речиси тектонска промена на кадри на владеачката партија кои сега се на важни раководни места. Промените ќе ги правел градоначалникот лично. Според проширените шпекулации низ градот, нов директор на ЈП „Исар“ ќе бил Игно Иванов, сегашен директор на ЈП „Стипион“. Неговото место во „Стипион“ ќе му било доделено на Александар Југов, сега вработен во ЛЕР. Ангел Бојаџиев од првата позиција во ЈП „Исар“ ќе бил префрлен за раководител на затворот „Штип“ каде едно време беше одговорен за затворската економија. Васил Коцев од раководител на затворот ќе бил префрлен за раководител на подрачната единица на „Македонија пат“, која функција ја имаше пред да биде назначен за прв човек на штискиот затвор. Иако постојат шпекулации дека и Коцев бил можен кандидат и за директор на ЈП „Исар“. Тоа е тема за која во градот се зборува на секое место. Колку во оваа шпекулација и калкулација има вистина ќе се знае многу бргу. Ако до крајот на месец септември овие најави не се остварат, тогаш е извесно дека се ќе си остане на своето место до новите локални избори во месец март, 2017 година.
АНАЛИЗА
Најдоброто од Штип во 25-те години на нашата независност Штипски глас направи едно свое истражување за најдобрите работи кои му се случија на градот во изминатите 25 години од нашата независност. Еве го нашиот избор. Штипската жена. Во годините на севкупната транзиција штипската жена преку работата во текстилните фабрики и во чевларските фирми стана темелот на социјалниот живот на семејството. Посебно во првите години на нашата независност кога со право се говореше дека жените се на работа додека мажите седат дома и чуваат деца зашто за нив немаше доволно работни места. И од овој аспект пред се, штипската жена е херојот на Штип во изминатите 25 години, и како таква заслужува главниот споменик во градот да биде во нејзина чест... Универзитет „Гоце Делчев“. Отворањето на УГД во 2007 година му донесе една нова, младешка енергија на градот, широко отворајќи ги портите за младите желни за наука, пред се за младите од регионот. Во деветгодишното постоење на УГД дипломираа близу 6.000 млади луѓе. Универзитетот има и една битна социјална димензија за Штип зашто студентите во овој наш град годишно оставаат по околу 10 милиони евра, иако најзначајната негова позиција е тоа што создава квалитетни кадри на кои (ќе) се потпира нашата иднина. Универзитетот а најголемата фабрика на знаења во источниот и југоисточниот регион и како таков си има изборено посебно квалитеетно место во годините на нашата независност. Актива. Или поточно Актива инженеринг ДОО Штип со децении работи на остварувње на штипскиот сон за промена на стопанската структура од трудоинтензивна кон повисоко профитабилна. Сонот гласеше помалку текстил - повеќе стопански капацитети од другите области на нашата економија. Актива како градежна фирма во која доминантен е челикот, е квалитетниот предвесник на оваа голема штипска мисија чија реализација тешко оди. Актива за кратко време ќе наполни две децении постоење, а за овој период дојде до ниво од 350 вработени меѓу кои се и 50-на високообразовани кадри. Многу нови фабрики во разни делови на Македонија се дело на инспиративните луѓе од Актива. Поликлина „Д-р Органџиски“. Со ин витро оплодувањето оваа позната поликлиника им помага на брачните двојќи да го решат проблемот со брачната неплодност, и како таква е единствена во овој регион. Тој факт има повеќенасочно значење. Прво: многу млади семејства кои се соочувале со брачна неплодност, а потоа преку ин витро оплодување добиле бебе го исполнуваат својот живот со неизмерна среќа. Второ: се остварува една битна компонента за секоја нација, а тое е нејзиното подмладување а преку тоа и нејзиниот опстанок. Зад овој успех стои д-р Ванчо Органџиски, специјалист гинеколог кој во 1992 година повлече храбар потег формирајќи ја првата приватна здравствена институција во државата воопшто.
Ангиографскиот центар при Клиничката болница за само две години ги докажа сите свои предности во еден посебен сегмент од грижата за здравјето на жителите од регионот. Пред две години, за првпат во една штипска здравствена установа се изврши стентирање на пациенти со коронарна, срцева болест. Од тој ден специјалистичката екипа при овој центар има направено дијагноза на близу 1.500 пациенти при што биле стентирани над 450 лица, од кои 220 биле со акутен инфракт. Значењето на овој центар е во тоа што повеќе не мора да се патува за Скопје за во Почесто шетам низ центарот на градот при што среќавам една појава која, ба- тамошните клиники да се бара спас и продолжување на животот. Сега рем според мене, е мошне загрижувачка. Имено, на многу дуќани долж тргов- тоа го имаме и во Штип, во Клиничката болница која има регионален каската улица Ванчо Прќе“ се соочувам со мноштво затворени продавници на кои рактер. пишува „Дуќанот се издава“. Ако тргнете откај огледалото удолу кон центарот, ќе Градската капела е една одлична работа која му се случи на градот во сретнете многу празни дуќани кои нивните стопани или корисници повеќе не можат овој важен период од нашата историја. Под мотото „Животот треба да да ги работат, поради што се обидуваат да им најдат нови кирајџии кај кои надежта, биде достоинствен, но и заминувањето од него исто така“, локалната власт вложи идеја и пари во нејзина изградба. Одтогаш покојниците не барем засега, сеуште не умрела. Тој факт, тој поглед на испразнетите продавници во самото срце на градот, го- мора да се чуваат дома до времето на погребната церемонија, а ги снема и долгите колони од возила кои правеа големи застои во сообраќајот, повори за празните џебови и намалената куповна моќ на штипјани. Кој што сака нека себно низ новоселската клусура. Достоинството при испраќањето од овоговори и мисли, но фактите само ја потврдуваат немоќта на поголем дел жители на земскиот свет беше филозофија на развиените и организирани земји и овој наш град да купат нешто повеќе од храна, односно да потрошат некоја пара за градови, со изградбата на капелата тоа стана и наша привилегија... потребите на своите деца за нивно облекување и школување. Во градот одамна е умрена секаква дебата за важните состојќи на нашите Злетовица како регионален водоснабдителен проект е од исклучително значење за регионот, а пред се за Штип зашто нашиот град како региоживоти. Имаме мал милион владини и невладини организации кои никогаш не го по- нален центар ќе може да користи половина од расположивиот капациставиле крупното прашање во однос на социјалната ситуираност (поточно: немоќ) на тет од водата за пиење. Ако минатиот век беше век на борба за нафта, штипјани и нивните семејства. Градот повеќе се бави со празна политика отколку со овој веке ќе биде век на борба за квалитетни води кои на земјината топка реалниот живот. Би било убаво кога некоја институција/организација би направила ги има многу малку. Лошо е само тоа што и по шест години од изградбата на хидросистемот Штип не ја користи водата од него иако таа е неанализа на оваа тема, и за резултати ја извести јавноста. колкукратно поквалитетна од онаа која ние денес ја пиеме од рени бунарите. Сепак, Злетовица е тука како голема потреба и можност со акуЕве една убава работа која ни се случи деновиве, а за која информираа ме- мулација на 22,5 милиони кубни метри вода. диуми од Република Српска во БИХ. Штипјанецот Марјан Ивановски станал победник во Бланик купот одржан во Приједор. Тоа е натпревар во кој пилотите Булеварот е една од најубавите работи зашто за секој град од исклуна едрилици се натпреваруваат во прецизно слетување. Нашиот Марјан, член на чително значење е како ќе изгледа неговата влезна порта. Денес овој булевар е бисерен гердан на градското лице кој плени со својата убави но аеро клубот „Штип“, победил во конкуренција на 32 натпреварувачи од Полска, и со безбедноста во сообраќајот која ја пружа. Убаво уреден, перфектно Србија, Словенија, БИХ, Хрватска , Црна Гора и Македонија. Тоа е простор населен осмислен од стручни луѓе, квалитетно изведен, со целокупна подземна со 60 милиони луѓе.Секоја чест за ова момче но јас знам како понатаму ќе се одви- инсталација која не се гледа со голо око но која има исклучителна фунваат работите. Можеби ќе има прием кај градоначалникот, ќе се кажат неколку по- кција, нашиот булевар стана инспирација и за други места за и тие влезфални зборови, ќе се заврши церемонијата, а потоа Ивановски и другарите од клубот ните порти во своите градови да ги решаваат на ваков начин. ќе си заминат и ќе продолжат да се борат со беспарицата зашто градот за нив не дава ни скршена пара. Во сите нормални држави (општини) за ваков подвиг се доОва е нашиот избор. Штипски Глас останува отворен за Вашите суделуваат парични средства на првакот и на неговиот клуб за да можат безгрижно, гестии во однос на добрите работи кои ни се случија во 25-те години барем во идната петолетка да се посветат на својот спорт. Кај нас прваците ќе си на нашата независност. Вашите погледи на овој сегмент од нашиот останат само со чукање по рамо и сликање пред камери, повеќе во функција на оние заеднички живот ќе бидат објавени во нашиот весник. кои го прават приемот отколку на оние кои и на ваков начин ја пенесуваат славата на Штип на еден многу широк европски простор.
3
4
[tipski Glas, Septemvri, 2016 br. 67
3
РАЗГОВОР
Добре МАРИНКОВ, добитник на државната награда „8 Септември“
Имаме се повеќе спортски сали, а се помалку деца во нив
Македонскиот, а со него и штипскиот спорт длабоко пропаѓаат, публика речиси и нема на борилиштата, резултати нема, тоа мора да биде повод за големо истражување...
Н
ашиот познат спортски ас, поранешниот борач, а потоа тренер и спортски работник Добре Маринков е годинашен добитник на високата државна наград „8 Септември“. Наградата на човекот кој остави исклучително квалитетни траги во најтрофејниот штипски и македонски спорт му беше врачена во Собранието на Македонија, на свеченоста одржана по повод 25 годишнината од нашата независност. Штипски Глас не виде подобар повод за разговор со оваа исклучителна личност која без влакна на јазикот говори за спортот некогаш и сега, за неговото значење за младите генерации но и за нацијата воопшто. Г-дин Маринков, честитки за големото признание. Какво е Вашето чувство неколку дена по добивањето на Државната награда? -Не се надевав на вакво нешто, зашто ние како нација патиме од синдромот на заборав.Но, сепак имало некој (некои) кои ги анализираат општите остварувања во спортот, имињата и резултатите кои стојат зад тие имиња, и на база на направената анлиза процениле дека јас сум достоен и заслужен за македонскиот спорт, па согласно тоа и да
создава една генерација квалитетни борачи кои подоцна, како Киро Ристов, Симеон Шутев, Зоран Шоров, заедно со мојата маленкост, ќе го прослават името на Штип и на Македонија настапувајќи на светските спортски мегдани. Инаку, првите борби ги имав во родното село.Не се срамам да кажам дека со децата од Мождивњак пасевме говеда, а на ливадите се боревме за полесно да ни поимине денот... Секогаш се вели дека борењето е најтрофејниот спорт во државата. Дали и денес тоа е така? -Видете, во наше време постоеше девизата тренирај повеќе од противникот за да го победиш. Денес тоа е променето па се вели – тренирај поквалитетно за да победиш. Јас знам само едно: борењето не е спорт само на сирова сила, баш напротив, тоа, како и секој спорт, е пред се спорт на умот. Нема да биде изненадување ако ви кажам дека сите борачи кои на балкански, европски или светски првенства зедоа медали се со завршен факултет. И во таа смисла квалитениот спорт си има свое значење. А во однос на прашањето можам само да кажам дека како град и како држава на спортски план про-
РЕПРЕСИВЕН АПАРАТ Со балканец раководат луѓе од репресивниот апарат во државата, тие водат сметка само за „своите“ а не за способните.... бидам носител на ова врвно признание кое се доделуваат во нашата држава. Од тој аспект моето задоволство е навистина големо. Претходното големо признание дојде во 1968 година кога бев прогласен за најуспешен спортист на деценијата во избор на весникот „Вечер“. Родени сте во селото Мождивњак, кривопаланечко, семејството ви се пресели во Штип каде учевте средно училиште, а и покрај противењето на родителите, во далечната 1961 година започнавте да тренирате борење во „Балканец“. Зошто го одбравте овој спорт? -Болвата ми ја пушти Ристо Таков, познат тренер и спортски работник од тоа време.Тој ме воведе во тајните на борењето. Учев и вредно тренирав, а по тренингот, навечер, ги средував работите во салата и во помошните простории. Едноставно, се вљубив во борењето зашто во тие години „Балканец“ беше уреден клуб, многу млади се зачленија во него, започна да се
паѓаме. Во таа корелација е и борењето. Оние кои работат денес во овој спорт мора да знаат дека за да се дојде до врвот потребен е период од околу десет години упорна работа. Ако спортските сали не се отворени за децата и младите од 7-19 часот, а не се, тогаш ништо не правиме. Мора да ги следиме примерите на САД, Русија, Иран, Азарбејџан, Грузија кои се светска сила во борењето бидејќи кај нив, во нивните сали се работи од утро до полноќ. Впрочем, неодамнешната Олимпијада во Бразил убаво ни го покажа ззначењето на спортот преку кој една нација се промовира на квалитетен начин пред милијарди луѓе. Што е со Балканец? Зашто клубот кој беше најпозитивната легитимација на Штип и на македонското борење денес не е тоа? -Има тука една интересна работа. Од 1985 година наваму клубот е во рацете на луѓе кои работат во репресивниот апарат на државата. Личности кои се вработени или во
затворот или во полицијата.. Тука мислам на Томе Атанасов, Трајче Димков, Марјан Атанасов сегашен претседател на клубот, а нивното сваќање за тоа како се раководи еден клуб е репресивно...Не е добра оваа работа зашто тие си бираат соработници кои ним им одговараат, а не лиѓе способни да направат нешто добро за клубот. Јас сум должен да потсетам на еден настан од 1969 година кога Томе Атанасов ги собираше борачите по кафеана за да го сме-
и како архитект на моќната „Адора“ покажа и докажа дека е човек од идеја и дека не е само празна флоскула неговата мисла „Само делата се вистина“. Но, него не можеа да го прелажат ситни интриганти и тој со право си замина од челната позиција на БФМ. Колку политиката има влијане во и на спортот? -Премногу! Таа има
ЧИФЛИГАНЕЦ Ванчо Чифлиганец се нафати да ја води БФМ, но бргу свати дека разните лоби групи нема да му дозволат да ја реализира својата одлична стратегија. Тоа беше повод успешниот бизнисмен и докажан спортски работник бргу да се повлече од таа позиција. нат Симеон Шутев од тренер иако само тој беше со виша тренерска школа специјалност борење. Јас тогаш морав да го напуштам Балканец и три години се борев за клубот од Радовиш. Од таа година наваму не престанаа борбите за превласт во клубот, во него нема место за оние кои знаат и можат, а таа состојба трае и до ден денешен а (не)резултатитеги гледаме.. Борењето и на државно ниво бележи стагнација иако и денес велиме дека се работи за најтрофејниот национален спорт. Познатиот Ванчо Чифлиганец, кој покрај во економијта во државата се вложи себеси и во борењето, се нафати да ја води боречката организација. Но, малку време потоа си замина од таму...Зошто еден таков докажан низ животните предизвици капацитет го направи тоа? -Ова е добро прашање. Чифлиганец на чело на БФМ дојде со искрени желби да го доведе нашето борење на едно високо квалитетно ниво. Но, не му требаше многу време за да види дека таму работите не само што не се добри, но и дека поради интересите на разните лоби групи не може да ја оствари својата одлична програма за развој на борењето. Ванчо е докажано успешен деловен човек, тој од БК „Бучим“ направи светски првак во борење, порано се бавел со овој спорт и знае како во него се прави успех. Ако му дадеа одврзани раце да избере тим, да постави стратегија тој ќе ја вратеше славата на македонското борење. Впрочем Чифлиганец и како прв човек на рудникот „Бучим“
влијание и во Балканец. Јас му честитам на ВМРО ДПМНЕ за извонредната организираност, тие презедоа се во свои раце но лошото во таа нивна политика е што немаат резултати, немаат никаква одговорност, немаат ништо...а токму одговорноста е најважна за напредокот на една нација во се па и во спортот. И затоа на спортско поле ние бележиме едно длабоко пропаѓање, не само во еден туку во сите спортови. Имаме се повеќе сали и игралишта, а се помалку деца во нив, салите работат со службеничко работно време. Во Скопје имаме голем стадион, а на фудбалски натпревари доаѓаат по одвај илјада посетители. Неодамна имаше средба помеѓу Вардар и Веспрем, две европски елитни ракометни екипи, а салата полупразна!И тоа во Скопје, град кој има 550.000 жители! Некој мора да направи анализа зошто народот не оди да следи дури и најквалитетни спортски натпревари. Има тука некаков отпор. Колку семејството е важна алка во синџирот на твојот голем успех? -Семејството ти ја дава онаа позитивна енергија без која нема успех во ништо, па ниту во спортот. Имав среќа моите родители, откако отпрвин беа против тоа да се бавам со борењето, а потоа се уверија дека мојата желба е преголема, започнаа да ми дават силна поддршка да успеам во мојот избор и беа многу горди кога освојував медали. Тука ќе ја споменам мојата сестра Стојанка Јованова, поранешна професорка по англиски јазик во Гимназијата, која во 1962 година сама до-
Од спортската биографија 1964 година – на турнирот „Олимписки надежи“ во Полска освојува прво место за борачи до 21 година. Истата година на силниот светски турнир „Дан Колов“ во Бугарија освојува трето место во сениорска конкуренција. Во 1966 година на Европско првенство во Германија е шести. Година дена подоцна на Меитеранските игри во Тунис освојува сребрен медал. Истата година на „Средба на солиданроста“ во Скопје е прв. Во таа година станува добитник на тогаш високото Општинско признание „8 Ноември“. Во 1968 година учествува на светско првенство но губи од светскиот првак турчинот Севинџ...Во 1973 година учесник е на Универзијадата во Москва, освојува шесто место...Во 1974 со Балканец во Купот на европските шампиони освојува трето место...Потоа многу години е тренер и спортски работник... патува во Скопје да ме бодри на едно првенство. Кога видове дека е меѓу гледачите, и го слушнав нејзиното бодрење си реков дека морам да победам. Во 1973 година засновав семејство. Господ Бог ми ја подари мојата бесценета сопруга Благородна која беше страдалник во годините додека јас бев тренер и спортски работнк. Без нејзиното разбирање за она кое го работев со голема љубов, без нејзината јасна поддршка, јас немаше да бидам тоа што бев и што сум денес. Дефинитивно, семејството е слаткиот извор на сите мои успеси. Мене и денес семејството ми е се што ми треба и ме исполнува....
4
[tipski Glas, Septemvri, 2016 br. 67
ИНТЕРВЈУ сов и претходно со Методи Милев, сега покоен, а во најтесна соработка со локалната власт, успеавме да изградиме повеќе објекти од исклучително значење за квалитетот на животот на Штип и на штипјани. Еве некои од најважните: во време кога бев директор на ЈП „Фортуна“ го изградивме Градскиот пазар што беше една многу макотрпна работа зашто пазарот се градеше на еден многу скалест терен тежок за работа. Наш предлог тогаш беше пазарот да се гради на местото каде денес е маркетот Туш, но урбанистите кои беа под ингеренција на локалната власт тоа не ни го дозволија зашто таму требало да се гради трговски центар со ки-
посветија на обврските и во целост ја оправдаа укажаната доверба. Ние и тогаш сметавме дека без стручен кадар поставен на соодветни на струката работни места нема просперитет, нема успех. Тоа се докажуваше низ секојдневната пракса. Конечно, од големите капацитети неопходни за град од форматот не нашиот Штип, во најтесна соработка со градоначалникот Спасов и со одлука на Собранието на општината, ја почнавме изградбата на капелата, што беше инвестиција на ЈП „Фортуна“. Кога дојде до промена на власта, ВМРО ДПМНЕ сакаше капелата да биде приватизирана, по што таа остана недоизградена, а кога бев избран за гра- доначалник
беди што е можно подобри услови за живот на граѓаните во локалната заедница. Среќата на граѓаниот да и е на прво место. Ние работевме во една таква насока водени од приоритетите на Штип и неговите граѓани. Во таа смисла беше и одлуката да се изгради асфалтен пат до депонијата „Трештена скала“. Во тнр. „наше време“ ја уредивме обиколницата на влезот од градот кај Железничка станица која и денес е украсна порта на Штип, наша секојдневна работа беше реконструкцијата на водоводните линии во градот и селата каде такво нешто беше потребно. Извршивме реконструкција на три моста на Отиња...
БУЏЕТ 1:14 ПАТИ Во време кога јас бев градоначалник локалниот буџет заедно со средствата од Фондот за патишта изнесуваше само ЕДЕН милион евра...Денес тој е за 14 пати поголем. За толку пати народот стана посиромашен...
25 ГОДИНИ НЕЗАВИСНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Интервју со Димитар ЕФРЕМОВ, градоначалник на Штип во периодот од 2000 до 2005 година
Направивме многу, но не се фалевме зашто тоа го сметавме за наша должност П
о повод 25 годишнината од независноста на Република Македонија нашиот весник продолжува да ги интервјуира личностите кои во овој четврт век биле избирани за градоначалници. Во минатиoт број го објавивме интервјуто со Трајчо Спасов, кој беше прв претседател на Општина Штип во независна Македонија од Либералната партија. Него во 1996 го наследи Томо Миташев од ВМРО ДПМНЕ, сега покоен. Димитaр Ефремов од редовите на СДСМ е третиот по ред градоначалник кој оваа функција ја вршеше во периодот од 2000 до 2005 година, а во овој број на весникот го правиме интервјуто со него.
но сала. Иако бевме власт ние не сакавме ништо да градиме на сила, а без да ја добиеме согласноста на стручната фела. Ја изградивме филтер станицата која ја пуштивме во работа во 1991 година. Носител на инвестицијата беше ЈП „Фортуна“ која во тој процес вложи 13 милиони тогашни германски марки или 6,5 милиони евра, а во таа сума беа и пари од самопридонесот на штипјани. Потоа пристапивме кон изградба на четирите главни колектори за одвод на отпадни води (К-1, К-2, К-3 о К-4) кои ги изградивме исто така со пари од самопридонес и во кое вложивме 3,5 милиони евра..Тоа, според мене, се капитални објекти без кои едден град од рангот на Некако природен беше ваши- Штип кој е регионален центар не от избор за градоначалник на може да функционира на еден кваШтип поради фактот дека литетен начин.. претходно долго време бевте прв човек на најважното јавСеќавањата водат во насока но градско претпријатие во дека тогаш ЈП „Фортуна“ го кое, по природата на нештата, немаше сиот потребен кадар се полага приемниот испит за па ги отворивте портите за изборот за градски татко. Отмлади, стручни луѓе... тука, како вие гледате на ваДа, тоа е точна констатацишиот избор и на вашите ост- ја. Изградбата на филтер станицаварувањата во текот на ман- та, што беше голема и насушна датот? штипска потреба, си бараше во -Во тогашното ЈП „Фортуна“ неа да имаме соодветен стручен каде бев директор 16 години, по- кадар. Тогаш ги примивме на расебно во последниот мандат кога бота Лидија Коцева, Сашо Даградоначалник беше Трајчо Спа- скалов и други кои целосно се
истата ја завршивме не дозволувајќи нејзина приватизација зашто ценевме дека граѓаните ќе се соочеа со големи сметки за нејзините услуги. Ние бевме локална власт која водеше сметка за приоритетите на граѓаните и нивните се-
Одамна е речено дека приоритет на секоја власт е да обезбеди вода за секоја населба или село, за секое домакинство. Тоа е точно зашто во овој век да немаш вода е нешто што не смее да се дозволи. Во време на ЗЛЕТОВИЦА мојот мандат имавме повеќе зафати за подобрување на водоснабдувањето. Изградивме резервоар Општинската власт мора на Радански пат, водоводна линија под итно да ја стави во за Широк дол, Селце, Шашавраупотреба водата од лија, Стар Караорман, Врсаково, регионалниот Пиперово, ја реконструиравме вохидросистем доводната мрежа на Косовска, „Злетовица“. Бунарите од ...сите спомнати села и населби кои Штип се снабдува со добија водоводи во тој период. Во вода веќе го губат Стар Караорман изградивме фекапацитетот, тие си ја кална канализација...Во тој период превземаат водата еден извршивме реконструкција со проширување на мостовите кај Гимнаод друг,во тој реон повеќе зијата, кај Судската зграда и кај нема место за нови кулите, со 327.860 евра ја реконбунари...Не се точни струиравме улицата „Генерал Мигласините дека водата од хајло Апостолски“ при што ја смеЗлетовица не била добра нивме целокупната подземна инза пиење, таа е многу сталација...Потоа, го осветливме поквалитетна од оваа која патот од Бриони до Суитлакот, изденес ја добиваме... градивме асфалтен пат до Пиперово, тротоари кај населбата Македонка, 14 игралишта за деца, мејства. уредивме повеќе автобуски поСпоред Вас, која е темелната стројки, а качувањето до култниот улога на една локална власт? Исар од Споменикот на револуНејзината улога е да обез- цијата до врвот на тврдината го
олеснивме со изградба на 500 скали...Се изборивме од Италијанската влада да добиеме 750.000 евра кои ги вложивме во инвестиции за подобар живот на ромите... Денес многу се коментира за спортот во градот. Коментарите се главно негативни со укажување дека Штип на спортски план пропаѓа... И јас едно време играв фудбал, бев спортист и спортот ми е многу близок. Во време кога бев градоначалник издвојувавме многу средства за спортот, во сезоната 2002/2003 ФК „Брегалница“ повторно стана прволигаш. Во штипската фирма „Стел Импекс“ имавме одличен спонзор, подоцна клубот го презеде бугарскиот бизнисмен Јордан Костадинов и тогаш клубот беше гордост и заштитен спортски знак на Штип. Денес, како што гледам, спортот е на маргините на локалната власт, ФК „Брегалница“ ќе се бори за опстанок во првата лига, во кошарката наши клубови ќе играат во лига на претставници од земји на поранешна Југославија но за таму клуб од Штип не се споменува. Борењето едно време беше заштитен знак на градот, денес и за него не се слуша ништо добро...Но, зошто е тоа така треба да си кажат оние кои управуваат со градот. Кои, според Вас, се виталните потреби на Штип на кои локалната власт треба секогаш и упорно да работи? Ургентно треба да се решава едно многу големо прашање кое е и голем проблем од областа на сообраќајот. Со урбанистичкиот план е предвидена изградба на мост кај старите бунари, кој треба да излезе на улицата „Партизански одреди“. Овој мост ќе овозможи квалитетно сообраќајно рас- товарување на другите два моста на Брегалница зашто сега, кога работниците се носат
или се враќаат од работа е голема гужва. Преку овој мост ќе се поврзат населбите Сењак, Баби, Дузлак, Автокомонда, всушност половина град ќе има пристап до индустријата. Добро е што се направи улицата Вардарска, но за да
МЕДИУМИ На градот му се неопходни весник и радио. И тоа неделен весник каков што Штип имал со децении и радио како најбрзо информативно средство. Мислам дека општината има законска можност да финансира такви медиуми... дојдеш до неа треба да се мине преку улицата Славчо Стојменски која е мала и тесна. Овој проблем може да се реши со пробивање
нова улица покрај ординацијата на д-р Стојменов која треба да излезе на раскрсница кај училиштето „Гоце Делчев“, оттаму да се поврзе со улицата Сутјеска, а на тој начин подобро ќе се искористи и
„Вардарска“. Друго, неопходно е да се изгради водоводната „Линија-2“ од препумпна станица Баби преку населба Македонка до Пребег,а таму да се изгради и голем резервоар за кој оваа власт постојано зборува но никако да почне да го работи. Преку таа линија ќе се обезбеди вода за долг период за индустриската зона, за Ново Село, Преберг , комплексот Кежовица, Плуждино, Три Чешми...
дам зашто тако нешто нема. Ние со мали пари направивме многу но не се фалевме зашто тоа беше наша должност, за да правиме добри работи бевме избрани, денес се е само гола реклама.
За секој зафат, за секоја нова градба потребни се пари. Од тој аспект, на кое ниво беше буџетот во периодот кога бевте градоначалник? Тоа е добро прашање зашто без пари нема ништо. Тогаш буџетот на општината изнесуваше еден милион евра заедно со средствата од тогашниот Фонд за патишта. А тоа е за 14 пати помал буџет од годинашниов кој е над 14 милиони евра. Со тие мали пари, со вистинска посветеност на по-
Т
требите на градот и граѓаните, со солидарни средства по што градот беше европски познат успеавме да изградиме десеттина капитални објекти. Јас во последните осум години таков објект не гле-
НА 28 И 29 ГОДИНА НА НАШИОТ УНИВЕРЗИТЕТ
Културата на Јужна Кореја во Штип
Н
5
ИНТЕРВЈУ
[tipski Glas, Septemvri, 2016 br. 67
а 28 и 29 септември во Штип ќе се организира Корејски камп за студенти и млади луѓе. Настанот е во организација на Глобалната младинска организација и интернационална невладина организација „International Youth Fellowship“ а во соработка со Универзитет „Гоце Делчев“. -Оваа организација работи преку поттикнување на лидерството и изнаоѓање на практични решенија на проблемите со глобализацијата. International Youth Fellowship повеќе од 20 години организира настани на светско ниво, од кои најголем дел се едукативни, односно тоа се настани пред с наменети за младите луѓе и студентите ширум светот. Со канцеларии во повеќе од 80 земји од светот, оваа организација има одлично искуство во соработката со младите луѓе и поттикнувањето на менаџерските, лидерските и меѓучовечките особини кај нив. Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип е логистички и инфраструктурен партнер во орга-
низацијата на овој Камп, како своевиден мост помеѓу младите луѓе во Штип и можноста за нивното инволвирање во Д. Насева вакви проекти, вели м-р Дијана Насева, координатор на студентскиот Корејски камп. Кампот ќе биде организиран во два дена, ќе дојдат и 30 волонтери од IYF и ќе биде весело и динамично во Штип, особено на Кампусот на Економски факултет и во Мултимедијалниот центар на УГД каде ќе бидат фокусирани активностите. Насева истакнува дека на настанот, помеѓу другото, ќе бидат презентирани традиционални корејски методи за пишување со четка, корејски традиционални облеки, корејски традиционални игри, уникатен корејски начин на создавање на фигури, часови по корејски јазик за основна комуникација, манири, таеквондо, ментални вежби...
Кој е Димитар Ефремов? ретиот по ред градоначаник на Штип по професија е дипломиран правник. Девет години работел во правната служба во ЗИК „Црвена Ѕвезда“, еден од најголемите комбинати во државата во времето на социјализмот. Потоа 16 години бил директор на ЈП „Фортуна“, денешен „Исар“ . Работел во Фондот за здравствено осигурување. Во политиката бил претседател на ОО на СДСМ , а од 2000 до 2005 година бил градоначалник на Штип...По завршувањето на мандатот повторно се враќа за референт во Фондот за здравство, по што две години ја врши функцијата раководител на Македонија пат-подружница Штип, од каде, како технолошки вишок е префрлен во општината да работи како референт. Вели дека тоа било направено смислено за да не можам да бида избран за советник. Од 2014 година е во пензија. Како пензионер времето најмногу им го посветува на внуците Тамара, Лила, и Андеј. Со Лила, сопругата практикуваат навечер да гледаат телевизија , да се играат со внуците...Почесто оди на нивата во Горни Балван, каде на времето имал викендица но пред локалните избори во 2005 пред му била запален кровот и сега стои без кров. Се рекреира на овоштарникот, а за здравјето вели дека одлично го служи.
Поканети се сите млади луѓе кои што се заинтересирани да бидат дел од оваа несекојдневна манифестација... Во текот на месец август преку медиумите на Универзитетот бил пуштен оглас за волонтери за Корејскиот камп во Штип. –„Притоа потенциравме дека се потребни 30 волонтери кои ќе бидат дел од тимовите за организација на програмата, тим за настапи и презентација и тим за раководење и одржување, волонтерите кои ќе бидат дел од овој камп ќе се здобијат со лидерски и менаџерски вештини како и вежбање на конверзација и комуникација низ сите волонтерски aктивности. Како верификација на волонтерскиот ангажман, сите волонтери ќе добијат Интернационален сертификат од оваа организација. –„На наше огромно задоволство се пријавија и поголем број на студенти и млади луѓе од бројот што го баравме. Тоа ни укажува на фактот дека младите луѓе овде се расположени да запознаат нешто ново, да се дружат и да разменуваат мислења и култури“, вели за Штипски Глас координаторката Насева.
6
ПОЛИТИКА
[tipski Glas, Septemvri, 2016 br. 67
Што направивме за 25 години независност? Штипски Глас ќе објави ставови на лидерите на помалите политички партии во градот за актуелни политички и општествени прашања. Во овој број ги донесуваме мислењата на Трајче БУРЕВ, лидер на Социјалистичката партија која е дел од власта, и на Пане КУКУШЕВ, лидер на Либерална партија како дел од опозицискиот блок.
БУРЕВ: За три години направено е како за триесет КУКУШЕВ: Штип одамна го изгуби својот сјај и шарм Бурев 1.На 8 септември Македонија одбележа 25 години од независноста. Дали ја оправдавме, можевме ли и подобро, кои се придобивките од тој чин, а во кои делови не се исполнија очекувањата Бурев - На 8 септември Македонскиот народ ја заокружи македонската државност. Опстојувањето на самостојна и независна Република Македонија, во почетокот во услови на отворени сомневања во способноста на Македонците да ја оддржат државата надвор од составот на поранешната федерација, а кои доагаа од надвор, но за жал и од одредени внатрешни структури, е потврда во исправноста на одлуката на македонските граѓани да ја градат својата иднина во сопствена држава. Македонскиот народ со својата мудрост и трпение ги преброди сите предизвици со кои беше соочен. Од безбројните политички блокадии подметнувања од соседството и пошироката меѓународна заедница, економските блокади воведени од страна на нашите соседи, па се до испровоцираниот конфликт во 2001 година. Со надминувањето на овие ситуации македонскиот народ ги исполни очекувањата на претходните генерации, особено илинденската и генерацијата од Народноослободителната војна. Успеавме да ја сочуваме нашата држава, да создадеме амбиент на современо демократско општество, а последната деценија и услови за забрзан економски развој. Република Македонија да претставува пример за внимателно планирани и спроведени политики во интерест на граѓаните и покрај сериозните ризици од глобалната финансиска и должничката криза. Доколку не ни се случеше неправедната трансформација на општествениот капитал која придонесе најголем број од стопанските капацитети да се затворат, доколку не ни се случеше огромниот број на граѓани да ги изгубат работните места, секако дека економскиот развој на државата ќе беше со уште позасилено
темпо. Затоа се креираа политики преку кои значително се намали процентот на невработеност во државата. Меѓутоа не успеавме да ги надминеме внатрешните поделби. Голем терет за нашата генерација се измените во Уставот на Р. Македонија, со голема леснотија прифатеното менување на државното и историско знаме на Македонија, потклекнување на притисоците за согласност за понижувачкиот акроним на државата наместо уставното име Република Македонија. Овие отстапки се исклучително сериозни и задираат во чуствата и достоинството на македонскиот народ, многу се штетни и за нив историјата ќе го даде својот суд. Всушност тие веќе и денес од најголем број на Македонците се оценети како трагични отстапки, а учесниците во тоа обележени. Се поевидентните социјални разлики, но и политичките поларизации кои придонесуваат и кон поделба на националното ткиво, што особено треба да загрижува, затоа што е премногу опасно за државата и нацијата. Наместо градење на единство за клучните ставови по најосетливите национални прашања и интереси, ни се случува поделба на табори. Сето ова не прави премногу ранливи и изложени на притисоци од надвор. Но, Македонскиот народ секогаш кога е најпотребно самиот гради неопходно единство и заедништво. Секогаш кога се засегнати неговите витални интереси народот го наоѓа клучот за справување со проблемите со кои се соочува.
тата деценија на државната сувереност и независност на Македонија. Либералната партија, како и останатите демократски определени структури, констатира перманентно уназадување на состојбите во Репуб- лика Македонија. Тоа пред се во владеењето на правото, независноста и објективноста на судството, човековите и граѓанските лични и колективни права и слободи, меѓуетничките односи, медиумите, перформансите на домашната економија, развојот и финансиската одржливост на земјата и професионализмот и департизира- носта на институциите. Причините за проблемите на земјата денес, некои ги бараат во претходната политичка историја на македонскиот народ и нација, а решенијата за проблемите ги поврзуваат со предодреденост за систем на цврста рака. Спрега од политички и медиумски центри на власта со години фабрикува историја низ глорификација на личности и проекти со сомнителен историски придонес за македонската држава и народ. Либералниот пристап е дека во Македонија ќе надвладее граѓанскиот концепт или ќе не снема. Само така, нашата политичка борба денес ќе ги поштеди нашите деца од неизбежните проблеми и конфронтации утре. Историјата не завршува со нас, но иднината треба да започнува.
2. Штип е град кој ја даде речиси целата прва Влада во самостојна Македонија, го даде првиот поглавар на МПЦ дедо Михаил, претседателот на МАНУ, на Уставниот Кукушев – Четврт век независност суд...Денес во високите ешалони е и малку но и многу време за неш- на власта нема штипјанец... то да се оцени. Проблемот е во тоа што сакајки да градиме иднина, Бурев - Таа констатација не е станавме заробеници на истори- точна. Штип има заменик министер јата. На Македонија не и се потреб- во Министерството за земјоделни нови судири и делби на исто- ство, шумарство и водостопанство, риски теми. Но, нема отстапка од Ванчо Костадиновски кој успешно фактот дека анти-фашистичката ја извршува својата функција. Точнародно-ослободителна борба зас- но е дека Штип е град кој го врака нована на илинденските слободар- својот стар примат како центар на ски традиции, АСНОМ и источна Македонија и нормално промислениот, иако макотрпен пат дека заслужува и повеке места во на меѓународно признавање од Владата на Република Македонија 1991 година се темелите на тре- и се надевам дека во наредната
Влада на коалицијата ,,За подобра Македонија,, ќе има и повеке претставници од Штип. Кукушев - Штипските политичари имаат една маана-кога ке го поминат Овче поле, забораваат на Штип. Можеби грижејки се за сопствената ,,политичка кариера“ се плашат да не ги обвинат за локалпатриотизам, а нели, тие се претставици на ,,високата политика“ во РМ. Дека денес во високите ешалони на власта нема штипјанец, не е точно-ги има и премногу. 3. Како се развиваше градот во овие 25 години? Одиме ли напред, стагнираме ли, назадуваме ли? Кои се добрите, а кои лоши работи во Штип? Бурев- Секогаш има простор за постигнување на поголеми резултати на секое поле па и на полето на развитокот на град Штип. Сведоци сме на времето кога се уништи целото стопанство во Штип, преку затворањето на фабриките Македонка, Астибо, Селена, Метална, како и уништувањето на еден од најголемите агро комбинати ,,Црвена Звезда,,. Од позиција на уништено стопанство и економија па се до денес може да се каже дека пополека се враќаме на некој нормален економски пат кој води кон поперспективна иднина. Нормално дека треба уште да се работи на подобрување на условите за стопанството и подигање на стандардот на населението во општина Штип на кое нешто работи Владата на коалицијата ,,За подобра Македонија... Кукушев - На Штип му се случија многу работи-Универзитет, булеварски влез во градот, пастрмалијада, капела, нови мостови и стари руинирани улици, Макфест каков што беше и каков што е моментално, без Кино а со мостови на Сутјеска и Неретва, со оваква ФК Брегалница и спорт и без пристојна спортска сала каква што заслужува, без Радио Штип, со Штипски глас и со занемени грагани. Читетелите сами нека го одвојат доброто од помалку доброто.
[tipski Glas, Septemvri, 2016 br. 67
4.Каква денес ви е соработката со локалната власт, со градоначалникот посебно...Ве канат ли на дебати кои се предуслов за носење одлуки од значење за сите жители на градот? Бурев - Социјалистичката Партија на Македонија, Општинска Организација Штип и јас на чело на Општинската организација можам слободно да кажам дека имам одлична соработка со Градоначалникот Илчо Захариев како и со останатите структури во Локалната власт. Како дел од коалицијата,,Заподобра Македонија,, имаме претставник во Советот на општина Штип каде се носат одлуките за општина Штип и активно учествуваме во нивно изготвување и спроведување. Кукушев - Дебата нема бидејки немаме покана за никакава активност организирана од Локалната самоуправа. Со самобендисана локална власт, посебно ако е градоначалник кој само сака да си го слуша сопствениот глас наместо гласот на граганите, соработката е невозможна. Очигледно е дека неговите сопартијци, коалициони партнери и други ,,соработници“, се само декор кои го подржуваат неговото его. 5. Политичките лидери, пред околу 6 години, фаќаа рака и потпишаа мемораднум дека браната на Отиња мора да се гради. Денес гледаме дека од тоа нема ништо само кај ЈП Исар се уредува некое мало, вештачко езерце... Бурев - Браната на река Отиња е проект кој треба да се гради со парите собрани од граѓаните на самопридонес. Единствено граѓаните на референдум можат да одлучат за реализација на тој проект. Политичките партии не се тие кои одлучуваат каде ќе се трошат парите на граганите.
7
ПОЛИТИКА еден град : кино, опера, затворен базен, универзална сала, стадион... Преку отварањето на Универзитетот „Гоце Делчев“, изградбата на нова Клиничка Болница, уредувањето на коритото на река Отиња, изградбата на пешачката патека под Исарот, отварањето на повеке повеќенаменски игралишта во повеке населби, средувањето на мултифункционалниот центар во Бриони познат како Летното кино, мислам дека Штип се движи во вистински правец кон остварување на зацртаната цел за дооформување на ,,градскиот лик,,. Во проектите на наредната Влада на коалицијата ,,За подобра Македонија,, сигурно ќе влезат и некои од споменатите капитални објекти од областа на културата кои недостасувват во моментот во нашиот град. Кукушев - Во Штип најмалку се прашуваат граганите а уште помалку струката е ставена во позиција да одлучува по однос на ова суптилно прашање од кое зависи како ќе ни изгледа градот. Очигледно е дека градоначалникот има сопствена ,,визија“ која ја пренесува на неговите послушници а тие ја реализираат секоја негова ,,идеја“ и предлог како можност за сечење лента за самопромоција која е надвор од секоја логика. Штип одамна го изгуби сјајот на град, Штип го изгуби својот шарм. Не е само фонтаната и изгледот на плоштадот она што му недостасува на градот. Она што се случува со коритото на Отиња е само една обична импровизација и во очите на било кој архитект или урбанист треба да биде срамота.
7. Што може да се направи во град од форматот на Штип со буџет од 14,2 милиони евра колкав што е локалниот буџет годинава, и со грантови од Европските фондови и држави пријатели на Македонија од 1,5 до 2 милиони евра? Дали цените дека парите се користат рационаКукушев - Ставот на Либералната лно, одговорно, домакински? партија е познат на граганите на Штип, сето останато е чиста им- Бурев - Знаете, како и во животот провизација и ,, замачкување“ на така и во економијата секогаш поочите на граѓаните дека некој неш- мислувате дека се можело да се то работи... постигне и повеќе. Лично мислам дека во последните три години во 6. Дали денес Штип, во урбана Штип се има толку вложено колку смисла е добро уреден град. не се вложило во претходните 20Колку фелата е ставена во пози- 30 години, ако не и повеке. Впроција да одлучува по однос на чем граѓаните се сведоци на преова суптилно прашање од кое родбата на Штип која ке продолжи зависи како ќе ни изгледа гра- и во наредниот период. дот, меѓу ретките градови сме кој нема фонтана, лошо стоиме Кукушев - Рационално, одговорно во однос на спортот, и домакински трошење на парите на граганите на Штип е мисловна именка за оваа структура која моБурев - Точно е дека на Штип како ментално раководи со градот. центар на здравствените, културните и стопанските збиднувања во 8. Каков е Вашиот став за силовој источен дел на Македонија му ната партизација во државата, а доликува да има не само фонтата, со тоа и во Општината? Каде ќе уреден плоштад, паркови, туку и не одведе една таква состојба многу повеќе работи својствени за во која е важно да припаѓаш на-
место да знаеш и да можеш? Бурев - Немам право да го променам ниту коментирам вашето гледање на работите. Моето мислење не се совпаѓа со Вашето, а ќе го поткрепам со безбројните реализирани проекти во нашата општина кои недостасуваа во претходниот период. Значи... Кукушев - Состојбата во државата е пресликана во Општината. Оваа состојба веќе не одведе во една безидејност, каде пред се е битно да си припадник на одредена партија, да мислиши не со своја глава туку да си послушник. Знаењето, стручноста и искуството се потиснати, затоа толку многу наши деца избегаа во странство. Состојба на заплашеност кај гласачите постои, особено што државниот апарат денес е партиски запоседнат. Назадувањето на државата е се повидливо со ширењето на кругот на населението што зависи од „милоста“ на новите „аги“ и „бегови“.Или можеби секој од нас ќе направи сопствено самоиспрашување и конечно ќе има храброст и мудрост да си ја земе иднината во сопствени раце.
Кукушев
ноставно се нема слух за она што значи информирање, пренесување на вест, контакт со народот. Наместо одговор, ќе дадам илустрација за почеток на вести на наши локални медиуми - Се појавува некоја ,,случајна личност“ и дава изјава дека,, ...откако Градоначалникот Примариус Магистар НН ги асфалтираше улиците во Штип,.... Јавното комунално на граѓаните...“, или можеби стравот е во прашање.. Обнова на улогата на медиумите својствена на демократските земји, како критичари на секоја власт, ке и овозможи на јавноста контрола врз извршната и судската 9. Каков е Вашиот став за сил- власт, што денес не постои. ната партизација во државата, а со тоа и во Општината? Каде ќе 10. На лидерите-соговорници им не одведе една таква состојба оставивме можност сами да одгово која е важно да припаѓаш на- ворат на прашање кое сами себе место да знаеш и да можеш? би си го поставиле и кое го сметаат за релевантно за ова интервју со Бурев - Во денешно време на ком- нив.. Таа можност ја искористи пјутеризација и интернет мислам само лидерот на Либералната пардека е променет начинот на ин- тија. формирање на граганите. Од друга страна на никој не му е оневозмо- Кукушев - Наместо сам да си пожено да отвори медиум и да ра- ставам нарачано прашање и даботи. Минатото си е минато, сегаш- дам одговор, ке дадам само една носта е таа во која живееме, а ид- констатација - во некои поранешни нината е таа која можеме да ја за- времиња, умни луѓе ставале коцки мислиме. Кој ли може да замисли на стрмните улици во Штип, а декаков ке биде начинот на инфор- нес некои помалку паметни ставамирање во иднина! ат тенок слој на асфалт врз нив за да можат да сечат ленти. Но тие Кукушев - За жал информирањето забораваат дека кога-тогаш, коцна граѓаните преку медиумите во ката ке излезе на виделина. градот е сведено на минимум. Ед-
8
[tipski Glas, Septemvri, 2016 br. 67
ЗДРАВСТВО
За две години извршено стентирање на 450 пациенти Сите кардиоваскуларни и периферни интервенции какви што се вршат во реномирани европски клиники, две години со голем успех се вршат во Ангиографскиот центар при штипскиот Медински центар
Ж
ивотите на многу граѓани од Штип и источниот регион се спасени во последните две години благодарение на стручноста и посветеноста на стручниот медицински тим од Ангиографскиот центар, односно коронарната единица при Медицинскиот центар во градот. За само две години, докторите Марјан Јовев, Сашко Николов, Гордана Камчева и Стојка Докузова, со голема стручна поддршка на медицинските сестри Нада Андонова, Валентина Темова, Слободанка Јованова и Маре Костова, како и рентген технолозите Кире Трајчев, Ване Берков и Илија Кузмановски извршија коронарографија (дијагноза на коронарна срцева болест) на 1.422 пациенти при што биле стентирани 450 лица од кои 220 лица биле со акутен инфаркт на миокардот (срцевиот мускул). Кон оваа успешна екипа треба да се спомне и името на хигиеничарката Весна Горгиева. Нашите соговорници укажаа на фактот дека хигиената во еден ваков здравствен цен-
тар мора да биде на највисоко ниво, што вредната и педантна Горгиева и го прави. Овој центар со работа започна во месец септември, 2014 година. Доктори(Од лево) Горгиева, Темова, Јованова, Јовев, Докузова, те Јовев и Николов, Николов, Костова, Камчева, Трајчев во разговор за Штипски Глас, велат дека во првите тација на нозете поради Од нив четири се одседум месеци работеле под гангрени на стапалата и по- напред закажани, додека менторство на специјали- тколеницата им ги спасу- три се поради итност. Никости од Србија, а веќе го- ваме долните екстремитети лов и Јовев укажуваат дека дина и половина и најтеш- а по интевенцијата тие си голем проблем е тоа што ките операции ги работат продолжуваат со нормален жителите на источниот ресамостојно. живот. Вакви интервенции гион за кои здравствени ус„Голем број пациен- сме имале на 40 лица од луги дава штипскиот ти од регионот, кои порано речиси сите општини во ре- Медицински центар кој има за бај пас интервенци би гионот“, посочуваа Јовев и регионален карактер, во оделе во други здравствени Николов. регионот малку се знае. центри, сега, со сложени, специфични интервентни СТЕНТИРАЊЕ НА НОЗЕ методи успеваме да ги решаваме со стентирање. Од почетокот на годинава се започна со Она што е од посебно знастентирање на артерии на нозе. Такви чење, а за кое жителите на сложени операции се направени на 40 овој наш регион немаат допациенти и на сите нив им биле спасени волно информации, е факдолните ектремитети... тот дека од почетокот на оваа година започнавме со стентирање на артерии на Дневно во овој цен- „Секој проблем на нозете нозете. На тој начин на па- тар се врши стентирање на кои болки се резултат на циенти кои беа пред ампу- четири до седум пациенти. отворени рани и болки во
ЕДНО ИСКУСТВО
листот, а кои болки се зголемуваат при пешачење при што луѓето не можат ни сто метри да изодат, ние успешно ги решаваме. Практично, сите интервентни кардиовалскуларни и периферни интервенции (на нозете) кои се вршат во реномирани здравствени центри на Европа, од почетокот на годинава со голем успех се вршат и во Ангиографскиот центар при Медицинскиот центар во Штип кој е негова короднарна единица. Затоа им советуваме на граѓаните од Штип и дека ние сме тука и дека постоиме и за ваков вид интервенции“, велат нашите соговорници Јовев и Николов. Од пред три месеци Ангиографскиот центар доби нов ехо апарат со кој се извршуваат кардиолошки и васкуларни прегледи на нозете и на вратот. Со тоа се добива прецизна дијагностика која е од исклучително значење за натамошниот третман на пациентот. Нашите соговорници велат дека со секој месец се поголем е бројот на лица со кардиоваскуларни проблеми. Тие тоа го толкуваат како „данок“ на стресниот живот кој го живееме.
Илија АНТОНОВ: Доктор НИКОЛОВ ми ја спаси ногата
„При извршувањето на една физички малку понапорна работа, кога сакав да се исправам, во коленото почувствува голема болка. Ногата ми се здрви, а од ден на ден болката беше се поголема. Ме упатија на ортопедија, а по два дена лежење доктор Даница Дончовска ми рече дека мора да одам нај доктор Сашко Николов во одделението за Ангиографија. Д-р Николов веднаш ме прифати, а по испитувањето ми рече дека имам запушена вена...Потоа ме бушеа и вечерта ја поминав прилично мирно и без поголеми болки. Утредента, рано пред официјалната визита, ме посети д-р Николов, ме прегледа и со насмевка ми рече: „Ја спасивме ногата“! Цел живот ќе сум му благодарен на д-р Николов за тоа што ми ја спаси ногата“.
Ова ни го изјави Илија Антонов, 73 годишен наш сограѓанин, кој бил пред опасност да ја загуби десната нога ако не била итната и стручна интервенција на д-р Николов заедно со целокупнио тим во Ангиографското одделение при Клиничката болница во Штип. Неговиот син Сашко вели дека имале многу совети од роднини, а и од некои доктори, итно да одат во Државната болница во Скопје, со укажувањаа дека во спротивно неговиот родител ќе останел без нога. –„Сега, после ова наше искуство, можам да кажам дека направивме вистински избор кога се одлучивме спасот за ногата на мојот татко да ја бараме кај наши, штипски специјалисти. Ногата на мојот татко беше црна како јаглен, низ неа не циркулираше крвта, болките му
беа преголеми. Голема благодарност и до доктор Дончовска, која прва не упати кај д-р Николов и со тоа ни го покажа вистинскиот пат како да го решиме големиот здравствен проблем. Ние како семејство вечно ќе му бидеме благодарни на д-р Николов и неговиот тим за стручноста и посветеноста при операцијата на мојот родител, а вечно ќе сме и благодарни и на д-р Дончовска која знеше во вистинско време да не упати на вистинското место“, вели синот Сашко. „Пресреќен сум што ме оставија на две нозе. Сега си ги работам сите работи на викендицата кај Мирјанина црква. Го живеам својот втор живот“, со насмевка и голем оптимизам ни рече Илија.
[tipski Glas, Septemvri, 2016 br. 67
РЕКЛАМА
9
10
[tipski Glas, Septemvri, 2016 br. 67
КОЛУМНА
ДОМА Кратки средби за долги носта, ќе речат оние што ќе сакаат почувствувано на сопствената да ја истакнат неговата функцио- кожа (МалкуТрајчевци траат, малсеќавања
N
omenest omen, рекле старите римјани. Правило од кое не би требало да има исклучоци. Ние Македонците најмногу го чувствуваме на сопствената кожа. Насекаде не препознаваат по имињата. На основа на нив и не карактеризираат како индивидуи, како личниости. Кај нас, и имињата на возрасните и на децата, завршуваат со партикулата че, или со вокалот е, што значи засекогаш малечко, недораснато, несозреано (Трајче, Стојанче, Стевче, Николче, Тодорче, Данче, Санде, Веле, Раде, Трпе, Вале, Сузе, Мире итн). Не сум исклучок од луѓето кои ја почитуваат, односно ја применуваат во различни животни услови сентенцата на старите римјани. Ќе си го каже некој името, или ќе го каже називот на топонимот и јас веќе знам со каков човек си имам работа, односно за какво место станува збор. Во Белград покрај стотицата хотели е и хотелот „Дом“. Само една кратка београдска удолница, по која се спуштаат црвени трамваи и илјадници други автомобили во сите бои на виножитото, го дели хотелот „Дом“ од центарот на градот. Тоа му е пред-
нална вредност. Има само една ѕвездичка. Па сепак, секој застанат пред неговите порти се сложува дека е доволна за називот ДОМ, да се почуствува како изгреано, летно сонце. Дом, дома, неможе да буди друга асоцијација, освен на топлина, безбедност, фамилијарност. Некои од пријателите ми велеа дека домаќините би можеле да се потрудат и да ни обезбедат подобро, поквалитетно сместување. Името на хотелот „Дом“ ми беше доволен аргумент, да не се посомневам во изборот. Познат во мојата потесна, а и поширока фа-
Добро велеа моите стари дека само дома си е дома, момент кога се потсетив на нивните зборови „Кај и да си гледај дома да си“.... милија како „куќно пиле“, хотелот „Дом“, се јавуваше како вистинското гнездо за мојата душа трепетлика. Но, секое правило има исклучоци, па така секое име не мора да значи обележје.Тоа ние Македонците најмногу го имаме
куТрпевци трпат). Само што влегов во собата резервирана за мојот престој од неколку ноќевања, сфатив дека во овој „Дом“, можам да бидам само странец. Туѓинец зашто веднаш ме обзеде чувството на узурпатор, на натрапник, на егоцентричен, неодговорен, невнимателен човек. Еден афоризам вели вака: „Животните немаат ум да се пазат од човекот“. Инсектите исто така. Морав да згазам, или да убијам, ненамерно, многу инсекти за да го потврдам човечкото во себе, стравот и себичноста... После лошо проведената ноќ, малку спиење и многу битки со пајаците , лебарките и комарците, не ми остануваше ништо друго освен добро да се најадам и напијам чај, кафе, млеко и што ли не. Собата за појадок, а и за сите видови на оброци, беше во сутеренот на хотелската зграда. Седнав на првата слободна маса. Само што отворив уста да прашам што има за појадок, келнерката спастрена во бороснаки и црна униформа актуелна од шеесетите години на бившатан ни СФРЈ, ме извести дека за појадок има само јајца. Тоа е она што најмалку сакам да појадувам, па прашав дали има
Пишува: Трајче Кацаров, писател
друго. А таа ми одговори зарем е малку тоа што имаат се‘ од јајца. Тоа ми беше доволно да побарам зелен чај. Келнерката мајчински ме извести дека имаат само чај од нане. Немав многу време, а само еден час требаше да дојде човек од Сојузот на писателите за да ме поведе во салата каде треба да се одржи промоцијата. Во холот на хотелот, покрај рецепцијата се поздравив со човекот спастрен како што може да биде спастрен човек жител на голем град, па онака гладен и ненаспан го прашав: Дали е се‘ во ред со моето доаѓање, со сместуваењето во хотелот „Дом“ и слично. „Да“, рече и тргнавме. Направивме чекор-два по улицата, се свртев кон влезната врата на хотелот, погледнав кон ѕвездичката и називот „Дом“ и се потсетив на она што непрестано ми го повтараа моите баби, а и мајками:„Дома си е дома синко, кај и да си, гледај дома да си...“
Во земјата на светците ПИШУВА: Стојче Самарџиев економски аналитичар
1.
Во август македонските градини и овоштарници се полни со вкусни и здрави плодови. Август е месец на големите Свети празници: Илинден, Петка, Пантелејмон, Климент, Преображение, Голема Богородица. На крајот на месецот завршува ученичкиот одмор. Во овогодишниот август имаше поплави, а по нив имаше хуманост и солидарност. Да, да кога има физички болки, душата и духовното се многу здрави. Дојде септември, а во него: Црковна нова година, почеток на новата учебна 2016/2017 година, нови сеидби во земјоделието, славење-бележење на 25 годишнината на Републиката, годишнина од последната голема политичка криза, бележиме голем буџетски дефицит. Ќе имаме три дена Пастрма-јада (десетта по ред). Уф, оф, леле... Другите славења и бележења ќе ги имаат другите, ќе поминат, ќе се заборават низ времето.
2.
Од поплавите во штипско (во почетокот на 2015 година) моите пријатели Славица и Стојанче имаа големи штети. Кривата Лакавица им ги однесе кравите, козите, живината, шталата, кукичката, а нивата од која ја хранеа стоката ја наполни со песок и камења. Никој и ништо не им надомести (таму вложувале над 30 години). Поплави имало ама хуманоста и солидарноста не биле секогаш?
3.
Светите-Мајка Тереза, Папата ја прогласи за светица. На 12 јануари 2017 година, Гаврил Лесновски Светогорец, ќе биде прогласен за светец на православието. Светогорецот почина на 12 јануари 1990 година во Лесновскиот манастир. Со Успение, како збор, се означува: сонот, блажеството, мирот, спокојството и радоста. Нема многу да побара од МПЦ, според одредбите на каноните, дванаесетти јануари да се прогласи за Успение на Светогорецот Гаврил Лесновски-Амин.
4.
Да не бегаме од црковното оти ќе заглавиме во комунизмот или некои преодни форми каде е многу лошо-тешко. Јас и немам време за
промени во сегашната неизграденост со темни ликови кои вградуваат туѓо минато и туѓи јазици со уништување на сегашноста и неизвесноста на иднината.
лува. Потребен ни е часовник-екомер. Ај,... Здраво до Пржино од поодамнешниот, арачиновски почеток.
5.
7.
Гасоводот-дојде до Штип, а од Штип ќе оди на југозапад, југ, југоисток и исток. Време е да се прават проекти за гасификација, да се планираат и наплаќаат средства за деталната мрежа низ населбите, до становите, халите, училиштата. Инвестицијата е голема и долгорочна, посебно за граѓаните. Местото за иницијатива е Советот на Општината, а време за нејзин почеток е оваа есен. Економијата од оваа инвес6. Шарена економија-Стратегиското тиција ќе доаѓа во иднина преку зане е утврдено, а дневните испол- штедување во енергенсите. нувања се добри ако не се враќање назад низ „ситнурии“. Девизните резерви се со големини и структура од 2015 година, 8. а јавните и приватните долгови Ученици и студенти со радосен „шибаат“ во височини. успех нека ви е новата 2016/2017 Буџетскиот дефицит скока, учебна година. а домашните извозници се истите и се со истата структурна моќност Текстот ми беше завршен (тутун, кошули, грозје, пиперки, кога слушнав И З Б О Р И на 11 декрставици, зелки и оние увозно-из- кември. На здравје, со здравје. возни полуфабрикати). Каматните стапки растат, а кредидниот рејтинг-мал и се намаБлокада-По железница, од Штип можете да патувате до Скопје, а во Европа неможете. Можете ако се „попнете у Нишу“. Од Ниш можете за Бугарија, Европа, за блиски и далечен исток. Можете да се утоварите и во Приштина за некаде. Србија ја модернизира железницата, а ние си немаме друг излез.
[tipski Glas, Septemvri, 2016 br. 67
СОСТОЈБИ
Зошто штипјани немаат предност во својот Штип? сограѓанин, Јосиф Ковачев, 76 години пред оваа школа, поточно уште во 1869 година, во училиштето во Ново Село основал „Даскалоливница“, тогашен назив за учителска школа, со интернат во
Пишува: Елена Јосимовска, м-р по историја, хроничар на Штип
▌Јосиф Ковачев уште во 1869 година во училиштето во Ново Село основал „Даскалоливница“, тогашен назив за учителска школа, тој е основач и на првата градска библиотека, но неговото име не го носат овие институции. Се поставува прашањето зошто штипјани немаат предност во својот Штип?
О
дбележувањето на јубилејот 70 години од првата учителска школа на македонски јазик во Штип, на 7 септември 2016 година, ма наведе на размислување од кое произлезе прашањето: зошто Штипјани кога именуваат институции не им даваат предност на своите сограѓани, дури ни тогаш кога тие се основачи. Типичен пример за тоа е токму оваа учителска школа која го носеше името на Гоце Делчев. Велам носеше затоа што од шеесетите години на минатиот век, со отварањето на тогашната Виша педагошка школа, таа престана да постои засекогаш. Она што мене ми прави голем впечаток е фактот што нашиот
Јосиф Ковачев
која на школување доаѓале ученици од пошироките балкански простори.Оваа школа на Јосиф Ковачев дала учители за цела Македонија воведувајќи модерни принципи на настава врз кои почива и денешното образование. Имено по завршувањето на Богословија во Белград заминал на студии во Киев. Како одличен студент добил стипендија од фондацијата на познатиот Васил Евстатиев Априлов, позната како Фонд Априлов. Во Киев останал 4 години на Богословскиот факултет при што се запознал со делата на најголемите руски педагози и со делото на основачот на руската педагогија Константин Димитриевич Ушински. Особено кај него влијаела идејата за поделба на
учениците по возраст и во посебни оделенија. Поради тоа паралелно запишал да студира и завршил Педагогија со Психологија (1839 во Штип - 1898 во Софија) и по дипломирањето 1868 година заминал на работа во Габрово како професор во гимназијата на Априлов. Како човек кој доаѓа од Русија за властите во Империјата бил сметан за руски шпион и по наредба на Митхад Паша веднаш бил интерниран во Штип. Овде Јосиф Ковачев бил повикан за учител од училишната општина во штипско Ново Село 1869 година каде се зафатил со реформи во образованието. Во исто време тој формирал школа за обука на учители, а за сите дотогашни учители кои работеле по старата ќелијна метода, формирал курсеви за обука по новите методи директно пренесени од Русија. Но поради постојаните иследувања и малтретирања од страна на властите, дури и со закана за негова физичка ликвидација тој со тешко срце го напуштил Штип и тоа засекогаш. Покрај тоа што за неговото име е поврзано модерното образование во Македонија и првата школа за обука на учители, што е автор на првиот учебник по Педагогија кој преставува методика на наставата за учителите, првиот Буквар по нагледна и гласна метода, кога требаше да и се даде име на учителската школа во Штип во 1945 година таа го доби името на Гоце Делчев кој само една година бил учител во Штип. Зошто? Втората значајна работа што тој ја направил за градот е тоа што ја формирал првата градска библиотека од каде се позајмувале книги за читање од страна на граѓаните. Но, кога се даваше име на Народната библиотека во Штип повторно беше ставено името на Гоце Делчев, Зошто? Барем таа
11
установа можеше да биде именувана по неговото име. Ако тоа е поради фактот што се што направил било на бугарски јазик кој во тоа време покрај турскиот бил единствено дозволен јазик за употреба во Империјата, тогаш што да кажеме за Гоце Делчев кој бил учител по бугарски јазик поставен од Бугарската Егзархија. Ако пак тоа не е причината тогаш што е, зошто ниту една институција не е именувана со неговото име иако тој е основачот. За жал и не е само
тој, во Штип тоа си е редовна пракса да се заобиколуваат Штипјани игнорирајќи ги нивните заслуги. Ова истото се однесува и за Средното медицинско училиште за кое исто така е потребно поопширно образложение но за тоа во наредниот број на Штипски глас.
Maрјан Ивановски, најдобар едриличар на простор исполнет со 60 милиони луѓе
Б
осанските медиуми први јавија дека штипјанецот Марјан Ивановски (27) станал победник на Бланик купот во Приједор, град со околу 32.000 жители во Република Српска. За работите да бидат појасни, Ивановски, кој е член на аеро клубот „Штип“, станал севкупен победник на овој едриличарски куп. Тој остварил најдобар резултат во прецизно слетување со едрилица на зададена цел, при што од второпласираниот бил подобар за цели 13 метри. Според босанските медиуми, на Бланик купот учествувале 32 натпреварувачи од Полска, Србија, Словенија, Хрватска, Црна Гора, БИХ и Македонија што е простор на кој живеат над 60 милиони жители. Овој податок само го засилува впечатокот за тоа каков голем успех остварил младиот Ивановски. -Станува збор за единствено натпреварување во прецизно слетување на двоседна повеќенаменски опремена едрилица „Бланик Л – 13“. Годинава натпреварувањето беше во организација на aeро клубот „Приједор“ од истоимениот град, вели Ивановски. Тој има завршено Факултет за индустриска логистика на УГД, а потекнува од семејство во кое страста за летањето станало професија. Неговиот татко Раде Ивановски, кој почетоците во летањето ги направи исто така на аеродромот во Штип, денес е капетан на комерцијален авион на турската компанија „Пегасус“. И Никола, две години постариот брат на Марјан е заразен со летањето. Тој е пилот на спортски авион и на едрилица. Интересно е дека Ивановски сам го финансирал своето патување до Приједор што е пат од 800 километри, како и котизацијата.Од домаќините бесплатен му бил само престојот. -Не барав ништо од Општината, од државата, ова е еден изолиран спорт кој си има опште-
ствена тежина и значење, но знам дека него никој не го помага и затоа се потпрев на своите финансиски можности. Јас од 2007 година сум активен пилот на спортска едрилица. За таа да биде повлечена и да се вивне на небото потребно е да биде повлечена од авион „Утва -75“ за што пак треба гориво кое сам си го плаќам. Нема што да се прави, иако на некој посебен позитивен начин го промовирав градот, од општината немаме поддршка ниту јас ниту клубот, посочува Ивановски. Штипскиот аеро клуб има десет активни членови. Десткувано е членството бидејќи во убавите времиња имаше околу 60 члена. Активно летаат само семејството Ивановски, браќата и нивниот татко Раде кога не пилотира на комерцијален авион. Тие се луѓето кои посветено обучуваат млади личности, а летово токму Марјан има обучено тројца младинци кои се вљубиле во едриличарството и тие веќе летаат самостојно.
Нема да биде изненадување ако еден ден во пилотската кабина на комерцијален авион пилотот и копилотот бидат од Штип со исто презиме – Ивановски! -Со едрилицата сум се искачувал до 2.800 метри без употреба на кислород, а дозволената висина е до 3.300 метри. Со маска за кислород дозволената висина на која може да се искачи едрилицата е 5.000 метри. Овој спорт е преубав, едрилицата не создава шумови, горе си сам меѓу птиците и се чувствуваш како птица, погледот на земјата е преубав, можат да се направат многу убави снимки, а во еден здив може да се прелетаат до 20 километри, нагласува Ивановски.
Марјан (27) стана севкупен победник во прецизно слетување со едрилица на зададена цел меѓу 32 кандидати од седум држави
Младиот пилот вели дека овој спорт носи опасности. –„Едрилицата нема мотор, па поради тоа секој прелет мора убаво и до детали да биде испланиран за да се има безбеден лет и безбедно да се слета на посакуваното мест“, вели нашиот соговорник. Марјан не се надевал на победа во Приједор зашто таму с натпрварувале членови на аеро клубови со големи буџети, повеќе тренинг и далеку подобри услови за работа. Меѓу натпреварувачите имало и професионални летачи. Марјан, најмладиот од летачкото семејство Ивановски сега е на училиште во Унгарија за да се стекне со АТПЛ дозвола која ќе му овозможи да може да управува со комерцијални авиони. Нема да биде чудо ако еден убав ден, во некој комерцијален авион, на комерцијален лет, во пилотската кабина се најде посада од пилот и копилот со презиме Ивановски од Штип.
12
[tipski Glas, Septemvri, 2016 br. 67
ОБРАЗОВАНИЕ Универзитетот „Гоце Делчев“ со околу 2.500 нови студенти
Најголем интерес има за Факултетот за медицински науки и за Факултетот за туризам и бизнис логистика
Н
овите студенти на универзитетот „Гоце Делчев“ првиот академски час ќе го имаат на 15 овој месец, додека наставата на сите факултети и академии ќе започне четири дена подоцна. На пригодната свеченост која ќе се одржи во Мултимедијалниот центар на УГД, новите студенти ќе ги поздрави и со пригодна реч ќе им се обрати ректорот проф. д-р Блажо Боев, по што ќе го има традиционалното дружење помеѓу студентите и професорите на кое дружење се разменуваат мислења од корист за сите. Планирано е и отворање изложба на уметници од Јапонија која се организира со посредство на конзуларното претставништво на оваа земја во Република Македонија. Инаку, Јапонија ќе отвори амбасада во нашата држава на почетокот од идната година. -Годинава ќе имаме околу 2.500 нови студенти што е на ниво кое го имавме минатата година, а е во рамките на нашите планирања и очекувања. За нас како високообразовна установа од посебно значење е тоа што за сите факултети и академии имаме при-
стојна бројка на запишани студенти. Сепак, најголем дел од младите се запишаа на Факултетот по медицински науки и на Факултетот по туризам и бизнис логистика. За одбележување е фактот дека е зголеме бројот на млади кои се запишаа на Факултетот за природно-технички науки, а посебно голем е интересот за факултетот по информатика, вели проф. д-р Кирил Барбареев, проректор за настава на УГД. Според пројавениот интерес, на Факултетот по медицински науки се запишале 620 лица. Интересен е фактот дека ако мина-
Средното образование на ниво од минатата година Во средните училишта во градот учат вкупно 2.450 ученици
В
о прва година во четирите општински средни училишта во Штип се запишаа 540 ученици. Тоа е бројка речиси на исто ниво како и минатогодишната. Според Маја Ашкилова,советник за средно образование при локалната самоуправа, вкупно во училишните клупи од прва до четврта година во средните училишта во градот годинава седнале околу 2.450 ученици. За одбележување е дека во две од четирите општински училишта, а тоа се ЕМУЦ „Коле Нехтенин“ и средното медицинско училиште „Јане Сандански“ се запишани и ученици од други места, а не само од Штип како што е случајот со гимназијата „Славчо Стојменски“ и Текстилното училиште.. Според училишта бројот на запишаните средношколци во прва година во новата учебна 2016/2017 година изнесува:
Гимназијалците на првиот одмор од првиот школски ден во новата учебна година
ЕМУЦ „Коле Нехтенин“ – 210 ученици Медицинско училиште „Јане Сандански“ – 160 Гимназија „Славчо Стојменски“ – 150 Текситлно училиште – 4 со тоа што во меѓувреме, според советничката Ашкилова, бројот е направен напор за зголемување на запишаните ученици во прва година во Текстилното училиште, а тој напор дал резултат. Сите училишта одговорно се подготвиле за квалитетна настава како во поглед на наставниот кадар исто така и во поглед на просторните услови.
тата година за општа медицина имало 60 слободни места, денес таа бројка е дуплирана, односно општата медицина ќе ја изучуваат 115 студенти. На Факултетот по туризам и бизнис логистика се запишани околу 500, на Факултетот за придоно - технички науки околу 200, на Економскиот факултет 180, на Филолошкиот 140, на Земјоделски и на Факултетот по информатички науки по 130, на Правен 100, на Факултетот по образовни науки 50, по исто толку студенти се запишале и на електротехничкиот, машинскиот и техничко-технолошкиот факултет. Интересен е податокот дека на текстилно инженерство кое се изучува на Техничко-технолошкиот факултет се запишале 18 лица, што во еден град и еден регион во кој како стопанска гранка царува текстилот е повеќе од значајно. Ќе нема уписи само на Филмската академија, зашто политиката на запишување на оваа академија е нови студенти да се примат после четири години, односно откако школувањето ќе го заврши цела една класа.
-Намалена ни е квотата за Факултетот за образовни науќи, но ние побаравме дозвола од Министерството за образование оваа квота да се зголеми бидејќи имаме поголем интерес на младите за овие науки. Се надеваме дека нашето барање ќе биде прифатено, посочува Барбареев. Инаку, на Ликовната академија е отворен нов студиски програм-вајарство за кој интерес покажале петмина талентирани студенти, а на оваа академија ќе учат вкупно осум студенти. На Музичката академија ќе се образуваат околу 50 млади личности. Кога е во прашање универзитетот „Гоце Делчев“, за одбележување е и тоа дека Универзитетот продолжува да биде значаен промотор на квалитетни случува од областа на културата. Во таа смисла е и организацијата на културната манифестација „Корејски денови во Штип“ при што во нашиот град за првпат ќе биде промовирана корејската култура. Настанот ќе се случи кон крајот на овој месец.
Основно образование: 50 првачиња повеќе од лани
Според извршената анализа и податоците добиени од петте основни општински училишта, во мeсец септември за учебната 2016/2017 година се запишани вкупно 511 ученици во прво одделение во општина Штип. Според податоците добиени од Министерството за правда односно матичната книга на родените и селектираните податоците од реонизацијата, станува збор за 575-585 ученици кои го исполнуваат условот за запишување во прво одделение според датумот на раѓање односно тоа се деца кои се родени во периодот од 1 јануари 2010 до 31 јануари 2011 година. Првооделечиња се запишани по основни училишта: ООУ Ванчо Прке – 168 ООУ Тошо Арсов – 95 ООУ Гоце Делчев - 87 ООУ Димитар Влахов - 113 ООУ Славејко Арсов - 48 ......или се заедно 511 ученици. -Споредбено со минатата година во истиот период (септември) податоците покажуваат дека бројот на првооделенчиња тогаш изнесуваше : ООУ Ванчо Прке– 131; ООУ Тошо Арсов– 69; ООУ Гоце Делчев – 69; ООУ Димитар Влахов – 145 и ООУ Славејко Арсов – 53 или вкупно во прво одделение биле запишани 467 запишани првооделенчиња. Минатата година, по добивањето на списоците на незапишани деца во прво одделение доставени од страна на училиштата, и по увидувањето на разликата во списоците на родени и запишани деца во прво одделение, одделението за образование, во месец септември дополнително формира тимови за работа на терен, во кои, покрај претставникот од одделението за образование, советникот за основно образование уште влегоа и вработени од локалната самоуправа и тоа од областа на социјалната заштита, етничките заедници и вработени од ромска националност. Во месец септември 2015 година екипите беа постојано на терен, ги посетија семејствата и адресите кои беа назначени на списоците со даден акцент на семејствата од ромска националност, ги проверуваа податоците за незапишани деца, кои согласно Законот за основно образование беа должни да ги запишат децата во прво одделение и ги запознаваа за казнените санкции од Законот за основно образование, во кој е нагласено дека основното образование е задолжително за сите граѓани на Републик Македонија и дека прекршувањето на законот повлекува казна од 60-80 евра во денарска противвредност. Оваа активност вроди со плод така што во месец септември дополнително беа запишани околу 20-30 ученици во прво одделение, вели д-р Соња Николова, советник за основно образование во локалната самоуправа. Оваа година, по интензивното информирање на граѓаните во месeц мај, август и првите денови од месец септември, од страна на одделението за образование, со законските одредби на Законот за основно образование, имаме повеќе од задоволителни резултати. Така што споредбено со истиот период лани имаме околу педесетина запишани првооделенчиња повеќе од минатата учебна година. По добивањето на списоците од страна на училиштата дополнително ќе бидат преземени соодветни мерки и активности. Ставот на одделението за образование е дека овој проблем со незапишани деца и деца кои не посетуваат настава е горлив и е од комплексна природа и истиот ќе биде третиран со заеднички сили од страна на локалната самоуправа, одделението за образование, претставници на етничките заедници (пред се ромската) и училиштата, и се надеваме дека на тој начин со заеднички сили работата ќе вроди со плод. Притоа, заеднички став на сите е ДЕКА МЕСТОТО НА ДЕЦАТА Е ЕДИНСТВЕНО ВО УЧИЛИШТАТА.
[tipski Glas, Septemvri, 2016 br. 67
КУЛТУРА
ЕГЗИСТЕНЦИЈАЛИИ – ПОЕТСКО ПРВЕНЧЕ НА ПРОФЕСОРОТПО ФИЛОСОФИЈА ТРАЈЧЕ СТОЈАНОВ
13
Моите песни се одраз на моето лично искуство и мојата духовна состојба П ознатиот професор по философија на УГД Трајче Стојанов неодамна се претстави со своето поетско првенче, книгата Егзистенцијалии со поднаслов „Џебна фолософија во стихови. Убав повод за угоден разговор со професорот на тема поетот и неговата поезија.
Професоре Стојанов, зошто поезија и зошто џебно издание? Претходно пишував куси раскази кои ми ги објавуваше Темплум. За еден таков расказ добив втора награда во 2014 година. Речиси цела една деценија пишував поезија па кога песните ми дотежнаа на душата па решив да се ослободам од нив на начин што истите ќе ги објавам и тие така ќе станат јавна сопственост. Па на кого му е до поезија нека чита... Изданието е џебно бидејќи моите песни се куси, а сакав тие да можат да се читат во секоја пригода. Кога човек кој сака поезија ќе пазарува во самопслуга и чека на каса во долгиот ред за да плати, кога ќе се вози во автобус, додека во ресторан чека на своето кафе, кога си зема краток одмор на клупа во некој парк, додека шета со саканата при што со една
рака ја прегрнува, а во другата ја држи мојата книга и на девојката која можеби еден убав ден ќе стане составен дел на неговиот живот и чита убава поезија...
Каде еден професор го виде својот интерес за бавење со литературата? Првичниот мотив за мојот интерес за литературата го најдов кај Сјерен Кјеркегор, дански философ, мене еден од најомилените. Тој е филозоф кој жанровски е поблизок до литературата, тој е личност која ме инспирира можеби и поради тоа што сум близок со неговата философија. И токму поради тоа на книгата и дадов поднаслов „Џебна философија во стихови“ зашто на некој посебен начин таа е експликација на неговиот философски систем преку стихови. Имено, философот Сјорен размислува за три фази во животот на човекот: естетска, етичка и религиска. Оттука и мојата поетска книга е од три дела: естезис (естетика), поезис (поетика) и ноезис (суштина). Писатели, прозаисти и поети, се почесто потенцираат дека денес и тука станува многу тешко да се добие творечка ин-
Трајче Стојанов(десно) со промоторот Блаже Китанов на промоцијата
спирација за на хартија да се стави нешто вредно. Од каде Вам ви дојде инспирацијата? Зад секоја од песните во Егзистенцијалии стои некои мое лично искуство но и лична духовна состојба. Впрочем, тоа е така кај ској поет. Мојата книга поезија претставува лична приказна, впечатлив доказ за моето духовно живеење. На некој посебен начин ова мое поетско првенче е дел од мојата автобиографија во однос на мојот духовен живот. Последната песна има наслов кој може да ги загрижи почитувачите на ова ваше лите-
ратурно поетско дело. Песната е со наслов „Крај“...Дали тоа значи дека првенчето ќе биде и последно во вашиот обид за пишување убава поезија? Не, тоа никако. Тоа е само име на мојата песна со која ја „затворив“ мојата прва поетска книга. Но, тоа секако нема да биде мопјата последна збирка, ветувам дека ќе ги има повеќе но новите збирки ќе бидат објавувани така како што сами доаѓаат во мојата душа и ги заплиснуваат сите мои благородни, творечки сетила.
Музејот започнува со конзервација на четири фасади на куќи заштитени со закон Ќе се конзервираат куќите со број 55 и 57 на улицата „Гоце Делчев“ (кај огледалото) , куќата со број 67 на улицата „Крсте Мисирков“, а за куќата со број 49 на оваа улица при крај е проектот за конзервација
В
о агендата на Заводот за заштита на спомениците на култура и музеј Штип, покрај работите за кои веќе пишувавме во Штипски Глас, е и конзервацијата на фасадите на четири куќи. За три од нив Музејот има се изготвено соодветни проекти, а за четвртата проектот е при крај. -Ќе започнеме со конзервација на фасадите на куќите со број 55 и 57 на улицата „Гоце Делчев“ за што работата преку тендер ја доби скопската фирма „Карпош“. Истовремено ќе се работи и на конзервација на фасадата и на куќата со број 67 на улицата „Крсте Мисирков“ додека за куќата со број 49 на истата оваа улица проектот е при крај, вели Зоран Читку-
шев, директор на оваа штипска установа од областа на културата. Фасадите на спомнатите куќи ќе бидат конзервирани во нивниот изворен облик во текот на идната година. За сите нив е добиена согласнот и од сопствениците без која согласнот не може да се вршат никакви интервенции. Неодамна, познатото штипско семејство Караѓозови, на универзитетот „Гоце Делчев“ му ја поклони семејната куќа во Ново Село, во близина на ректоратот. И оваа куќа е под заштита на Законот за заштита на културното наследство, а директорот Читкушев вели дека Музејот, во соработка со УГД сигурно и на најдобар можен начин ќе и го сочуваме изворниот фасаден облик. -Во градот имавме вкупно 18 куќи со посебни решенија за заштитено културно на-
следство. Две од нив се завршени, останаа уште 16. Идната година ќе ја завршиме конзервацијата на четирите погоре спомнати куќи. Се работи за градби кои се надвор од Ново Село кое, како што е познато, е заштитена архитектонска целина, посочува Читкушев. Во областа на археологијата Музејот годинава работеше на истражувања во локалитетот „Аргачи“ кај Криви Дол. Таму е откриена ранохристијанска базилика, а моментно се работи на црквата „Свети Власии“ која се наоѓа кај старата кланица, зад тврдината Исар. Во ова меѓувреме се работи и на галеријата на икони, а наскоро ќе се започне со реконструкција и на куќата на народниот херој Славчо Стојменски. Ќе има зафати и во уметничката галерија Безистен како и на етнолошката поставка и на депото во музејот.
14
[tipski Glas, Septemvri, 2016 br. 67
СПОРТ ЗЕЛЕНАТА ТРЕВА НА ГРАДСКИОТ СТАДИОН СЕ РАЗВИВА
Општината да ги реализира обврските
З
елената трева на Градскиот стадион расте, иако во некои делови на теренот има и жолта боја. Но, тоа може да се среди. Има е една шахта покрај аут линијата, која создава проблеми. Од оваа шахта тече вода, која пак донесува кал. Иако, како што велат изведу-
Со договор склучен со ФФМ локалната самоуправа има обврски да ги реновира соблекувалните, да донесе струја за рефлекторите и да обезбеди покриена трибина. Од тоа, засега нема ништо... вачите, неколку пати интервенирале во ЈП Исар да го отстранат дефектот, тоа досега не се случило. Локалната самоуправа има обврски со договорот склучен со ФФМ – да ги реновира соблекувалните, да донесе струја за рефлекторите и да обезбеди покриена
трибина. Од тоа, засега нема ништо! Нема ништо и од поставување тоалети на стадионот и вода, а исто така и поставување тампон на атлетската патека. Неопходно е на време локалната самоуправа да ги реализира обврските.Не би требало подоцна да бара „дежирни виновници“, како што беше порано кога градоначалникоот Захариев тврдеше дека песокот кој се носеше на фудбалскиот терен не одговара на стандардите, а со истиот подоцна се покри теренот. Тој застој во изведувањето на работите на Градскиот стадион, за што никогаш не се даде вистинското оправдувања, сега има и последици. Ако работите одеа нормално, сега Брегалница ќе можеше да игра дома и немаше да патува во Кочани, заедно со фановите. Време е локалната самоуправа да почне со реализира ње на обврските...,
Јуксел Јесилова, новиот тренер на Брегалница
Сакам професионално ниво на клубот и на фудбалерите Јуксел Јесилова од Турција е новиот тренер на Брегалница. Во нашиот град е само неколку дена но веќе стекнал доволно добри сознанија за Штип и фудбалот во градот под Исарот. „Моја цел е да го издигнам клубот и фудбалерите на едно професионално ниво. Не сакам да
ТОМИСЛАВ БЛАЖЕВСКИ УСПЕШНО СТАРТУВАШЕ ВО ГЕРМАНИЈА
Мојот сон е исполнет, Германија го виде мојот квалитет
Д
еновиве екс фудбалерот на Брегалница, Томислав Блажевски, кој ќе се памети по својот коректен и чесен однос кон клубот и фановите, но и со својот квалитет, одигра пријателски натпревар против Бундес лигашот од Германија, Хамбург. Екипата на Блажевски, Странд 08, член на регионалната лига, успеа да одигра нерешено 2-2 со големиот ривал. По натпреварот, Томислав Блажевски ја даде оваa изјава: „За средбатa пишуваат сите германски весници и социјални мрежи. Исто така, средбата ја пренесуваше и една германска телевизија. Јас одиграв еден одличен натпревар, имав две шанси за гол, но за малку не постигнав гол. Тоа беше натпревар за кој сонував во животот, но стана реалност да заиграм против бундеслигаш каков што
е големиот Хамбург“, изјави Блажевски. Тој го изрази своето задоволст во и од одличната атмосфера и големиот број на гледачи. –„ Едноставно, тоа беше настан кој што не можам да го опишам со зборови, а ќе го паметам цел живот. По натпреварот разменив дрес со познатиот фудбалер на Хамбург, Халиловиќ..“.изјави Блажевски. Му посакуваме на Томи натамошни успеси во Германија.
Штип ќе добие споменик во чест на кошарката?
зборувам за она што било, мора да мислиме на идниот период. . Наше е да работиме максимално професионално, да ја подигнеме физичката подготвеност на повисоко ниво кај секој од фудбалерите. Само така ќе има и резултати. Јас секогаш сум оптимист“- вели тренерот Јесилова. Според Јесилова истакна нов спонзор на Брегалница ќе биде Ајден Озгон, бизнисмен од Истанбул. БРЕГАЛНИЦА СО ТРОЈЦА НОВИ ФУДБАЛЕРИ
Двајца романци и еден бразилец со професионални договори Нови членови на Брегалница се Бразилецот Диего Деалмеида Мерес, како и Романците Каруца Јован Роберт и Ахим Флорин . Сите тие потпишаа професионални договори со Брегалница. Договорите се верификувани во ОФС-Штип и ФФМ. Со овие тројца фудбалери, бројот на странците во Брегалница се зголеми на петмина зашто претходно Кобетиќ и Муратовиќ потпишаа професионални договор. Вкупно Брегалница има потпишано 19 професионални договори.
Иницијаторите предлагаат спомен обележјето да биде поставено пред ОУ „Ванчо Прќе“ како паметник на првата кошаркарска средба во Македонија и во Штип одиграна на 27 август 1933 година
Д
еновиве, пред ОУ „ Ванчо Прќе“ во Штип се одржа средба на иницијативниот одбор за одбележување на почетокот на првата кошаркарска средба во Македонија. На средбата за досегашните активности на Иницијативниот одбор зборуваше претседателот Тодор Рибарски познат спортски работник. Тој истакна дека привршуваат подготовките за поставување спомен обележје пред ОУ Ванчо Прќе, каде се одиграла првата кошаркарска стредба во Македонија на 27 август 1933 година . За спомен облежјето е изработен и идеен проект. На средбата присуствуваше и претсе-
дателот на Комисијата за спорт во локалната самоуправа, Борче Коцев. Тој истакна дека ја поддржува иницијативата, по што и Штип ќе биде препознатлив. Сега ќе треба барањето да се достави и до другите комисии на локалната самоуправа, за да ја одобрат локацијата за спомен обележјето. Ова и заради тоа што Општината треба истото да го одржува.- рече Коцев. Се сретнавме и со Стојан и Тодор, синовите на Трајко Кошевалиски, кој прв од Словенија ја донесе кошаркарската топка во Македонија, односно во Штип, Тие ја поздравија иницијативата и дадоа безреревна под-
дршка. Исто така, поддршка на иницијативата даде и познатиоот педагог тренер на повеќе „златни“ кошаркарски генерации во Штип, Методи Шишков кој на средбата беше во друштво со познатиот фудбалер Стево Илиев. „Му честитам на Тодор Рибарски за упорноста да се изгради спомен обележје како сеќавање на еден голем спортски настан во Македонија...“ни рече Методи Шишков. На овој настан присуствуваа и други познати спортски имиња, како фудбалерот на векот на Штип,Стојан Арсов, членови на една од првите „златни“ кошаркарски генерации , Стојан Герасимов, познатиот, спортски работник, бригадниот генерал Стојан Димчов, екс фудбалерот и спортски работник, Никола Кангалов и други. Поддршка на иницијативата даде и Миле Петковски, еден од најдобрите кошаркари на Штип на сите времиња. Се јави од Скопје, каде сега живее и ја поддржа иницијативата. Страницата ја подготви: Кирил Манев
[tipski Glas, Septemvri, 2016 br. 67
15
RAZONODA Ветување
TR-MR
ov -Mi Re k e ~e R i T
Ќе ги вложам сите сили да ве внесам Во Втората фудбалска лига Tоа градоначалникот Илчо Им го ветил на фудбалерите На Брегалница кои играат во Првата лига! Сатира Кај нас сатирата била умрена. Сигурно, кога денес нашата Севкупна сцена е окупиран само Од комедијанти! Помош За секое поплавено семејство Владата ургентно даде по 500 евра. Толку еден министер испива Виски за еден работен ден!
Razmisluva: Iv. BOJ
Лидер Македонија е лидер во Економските реформи И е лидер во сиромаштијата Практично, ние сме лидер како Светско чудо!
Броевите од 1 до 9 впишете ги во блоковите со големина 3 x 3 полиња (врамени со здебелени линии), така да секој број може да се најде само еднаш во водоравната или хоризонталната насока
С У Д О К У
СКРИВАЛКА треба да пронајдете два скриени предмети
ВИЦОТЕКА Секретарката влегува кај претседателот Иванов и му вели: Господине претседателе, ви стигна меил... -Претседателот е отворен за сите, слободно нека влезе, рекол Иванов... Влегува Трпе во ресторан и седнува на една празна маса. -Господине, ова е шведска маса... -Добро пријателе, не се секирај, кога ќе дојдат швеѓаните јас ќе си станам и ќе одам на маса за македонци... Мотото на нашите банки е – „Ние имаме апсолутна доверба во нашите клиенти“. Па за секој случај ги врзуваат пенкалата за шалтерите. Толку од довербата на македонски начин.
ШТИПСКИ ГЛАС Основач, главен и одговорен уредник: Иван Бојаџиски 072/214-159 Компјтерска подготовка: Јорданчо Бојаџиски
Печатено во печатница „Европа 92’-Кочани Дистрибуција: „Басе прес“ -Штип
Маж се враќа дома во ситните саати и ја затекнува сопругата со друг маж во кревет. Изнервиран силно викнува: -Невернице, сега сé знам, сé знам... А жената мртва ладна му возвраќа: -Ако знаеш се ајде кажи кога Колумбо ја отркил Америка? Секоја вечер мажот на ТВ гледа фудбал. На жена му и доаѓа преку глава таквото негово однесувањње и му вели: -Ти еднаш мораш да избереше, или фудбалот или јас.... -Ај почекај да ззаврши утакмицата па ќе изберам, рекол мажот...
16
[tipski Glas, Septemvri, 2013 br. 67
PERISKOP КАКВО ЛЕТО ИМАВТЕ
Тоше Рогожарски, келнер во Пара Поли
Л
етово со сопругата Ана го искористивме за нашето прво брачно патување низ Европа. Наш интерес беа значајни туристички и културни знаменитости во Италија, Шпанија и Франција. Ги посетивме Венеција, Монако, Монте Карло, Барселона, Лорет де Мар... Имавме прекрасен одмор на повеќе значајни дестинации, видовме како светот живее во еден непрекинат ритам на важни случувања, конечно се соочивме со река од народ кој говореше на многу различни јазици, а сите беа среќни...Ова беше летно патување кое мене и на мојата сопруга Ана ќе ни остане во трајно сеќавање.
Kристина Десподовска, градежен инженер во Актива
Л
етово имаме многу работа поради што одморот (ќе) го користам во месец септември. Во моите планови е да одам на Крф, каде во септември нема гужва а јас сум личност која не сака одмор кога на омилената дестинација има многу народ. Повеќе го сакам мирот покрај морето во чии благопријатни води уживам....Седум дена ќе одморам, што се вели ќе ги наполнам батериите зашто есенва не чека многу одговорни работни обврски. Слободното време во летниот период го користам за шетање низ градот, а секоја втора недела одам за Делчево да си ги видам родителите.
Блаже Давитков, поранешен фудбалер на Осогово-Кочани
Л
етово речиси секој ден сум во Штип по работа за потребите на водостопанство. Ако ми се посреки да се видам со некој од моите колеги, поранешни фудбалери на Брегалница, ќе си помуабетиме за старите времиња и за сегашните состојби во фудбалот. Му бев тренер на Здравков, капитенот на Брегалница, голем пријател сум со Давитков и Маџунаров со кои работевме и на пионерските фудбалски школи јас во Кочани тие во Штип, со младинците...Секое доаѓање во Штип ми причинува радост зашто во овој град секогаш се чувствува добредојден.
Ивана ХАЏИМОЈСОВА, преведувач и толкувач по англиски јазик:
Младите штипјани сакаат да учат странски јазици
Н
ад стотина, главно млади штипјани, последниве три годни поминале низ училиштето за странски јазици „Хајд Парк“ на младата професорка Ивана Хаџимојсова. Ова училиште е лоцирано во населбата „Сењак“ за кое Ивана вели дека е населба на млади брачни парови кои имаат деца кои пак сакаат да учат странски јазици.
БА А СВАД К С В Е АЛЕШ
О-М АНЕЧК
ПИЈ
-Во „Хајд Парк“ младите ги изучуваат англискиот и германскиот јазик. Иако меѓу нашите посетители најголем број се деца и младинци, сепак има и од средната генерација наши сограѓани. Нивната желба да се совлада англискиот и (или) германскиот јазик е голема и најголем дел од нив имаат успех во својата јазична мисија“, вели Ивана. Во „Хајд Парк“ спомнатите јазици ги изучуваат и жители од блиската населба „Баби“ како и од други делови на градот. На младата професорка и импонира фактот дека сите посетители на нејзиното училиште со видлива
П
страст се предаваат на учењето. -Со новите технологии, интернетот пред се, денес речиси и нема дете кое не го познава англискиот јазик. Нашата мисија е преку нашето училиште познавањето, говорење и пишување на англискиот, но и на германскиот јазик да го подигнеме на повисоко ниво. Ние тоа го правиме на едно мошне кративно ниво со што часовите се и едукативни и забавни. На крајот од секоја учебна година која трае од средината на месец септември до крајот на месец мај добиваме резултати кои и мене како професор и моите ученици не прават да бидеме задоволни од
постигнатото, нагласува Хаџимојсова. Светската популација брои над седум милијарди луѓе, а се проценува дека половина од неа го говори англискиот јазик. Со тоа англискиот, иако непризнат како таков, стана светски јазик.Ивана укажува на фактот дека нејзините ученици сметаат дека без знаење на англискиот тешко дека ќе успеат во своите намери да градат кариери дома или во светот. –„Затоа сите тие се силно посветени на потребата да ги совладат овие два јазика, при што англискиот, од веќе познати причини, повеќе гипривлечува“, посочува Ивана.
Традиција негувана на еден посебен начин
рвиот викенд од овој месец во Делчево се одржа десетата по ред Пијанечко-Малешевска свадба. Организатор е КУД „Гоце Делчев“ од Делчево, а човекот чиј голем труд и силна посветеност и знаење стојат зад традицијата која се негува на еден посебен начин е Зејнел Реџепов, кореограф во ова КУД, а кој ги заслужува сите честитки. Зејнелов ни изјави дека манифестацијата е во функција на туристичката понуда на овој убав Пијанечко-Малешевски крај. Честа на ова јубилејно издание на свадбата да бидат младоженци им припадна на Милена Параскова од Пехчево и Драган Антовски од Берово. Тие ни изјавија дека се пресреќни од можноста која им била дадена да бидат младоженци кои ја продолжуваат традицијата на своите претходници. –„Облеката која ја носиме е стара преку 200 години, во таква облека се венчавале нашите пра, пра, пра родители, ние
само правиме нешто за нашата традиција да не исчезне со текот на времето. Од тој аспект оваа манифестација заслужува внимание и поголема поддршка од сите фактори кои се одговорни за чување и негување на нашето културно наследство, на наште убави традиции“, ни рекоа младенците. Во рамките на манифестацијата мошне атрактивно беше големото, сенародно оро на кое се фатија стотина учесници во манифестацијата облечени во убава народна носија, меѓу нив и од КУД „Каблови“ од збратименјот град Јагодина, Србија но и многумина од присутните граѓани. .