Душица ТРЕНЕВА, актерка во мода
„Умри машки“ ја врати публиката во театарот Младата актерка која ги освои штипјани со улогата на Ева, зборува за својот пат од новинарството до актерството
ЖИВКО ТАСЕВ, в.д директор на ЈП „ИСАР“
Орденот „Свети Никола“ постхумно за Киро Глигоров
Затеков долг од три милиони евра
Градоначалникот Благој Бочварски постхумно му го додели орденот „Свети Никола“ на првиот претседател на независна Република Македонија, кој на церемонијата во соборниот храм го прими неговата ќерка Донка Глигорова. Носители на признанието „19 Декември“ се стопанственикот Трајан Ангелов, архитект на логистичката компанија „Квенбергер логистик Македонија“, актерките Сања Арсовска и Наташа Петровиќ и фубалскиот Јована ГЕОРГИЕВА, спортист на Штип репрезентативец на Македонија Бобан Николов. Во овој број донесуваме интервју со стопанственикот Трајан Ангелов.
Ибрахимовиќ во Штип, ќе лови дивеч, шптипјани во лов на него Од мој агол
Да не си му во кожата на Бочварски
Хиперактивното девојче патува кон покривот на Европа
2
[tipski Glas, Januari, 2018 br. 78
АНАЛИЗА
N Да не си му во кожата на Бочварски ОД МОЈ АГОЛ
Иван Бојаџиски
▌Вмровци плачат дека Бочварски ги оставал без работа, сдсмовци дека не им дава работа... ▌Градот си го враќа приматот на културна метропола ▌Што заедничко имаат 250.000 инекции од пред 25 години, и 1.000 вентили од пред две-три години?
1
Штипски вмровци се жалат дека градоначалникот Благој Бочварски им дал отказ од работа на стотици вработени во локалната самоуправа и во други институции во надлежност на општината. Тоа било така зашто тие биле вмровци. Нивниот лелек го пренесува нивен портал. И во тоа нема ништо лошо, лошото е што другата засегната страна во овие политички процеси смета дека работата не стои така, односно дека работата стои спротивно од кажаното. Таквите, активисти и членови социјалдемократи, на сметка на градоначалникот и раководството на СДСМ испраќаат критички забелешки. Луѓето кои биле во првите борбени редови за делегитимирање на клептократската државна и нарцисоидна локална власт тврдат дека им биле изневерени надежите. А надеж број еден е работно место според образованието и работа со која может да си ги прехранат семејствата. Кај овие лица нервозата расте од ден во ден зашто не можат да си замислат дека со општината, во многу важни сегменти, сеуште раководат оние кои народот јасно и недвосмислено ги делегитимира. И, што сега? Јас си мислам дека денес е најтешко да си му во кожата на градоначалникот Бочварски. Во предизборите сите актери кои се бореа за освојување на локалната власт даваа големи ветувања на своето членство. Такви ветувања, во тоа не се сомневам, има давано и Бочварски. Но, факт над сите факти е дека сите од вемерето, вработени од клептократската братија на Груевски си се на своето место. Како што е факт дека оние кои водеа тешка борба да ги снема од нашата политика Груевски сосе фамилијата и Нарциот од Ѕвегор чекаат на својата шанса. И тука е маката на градоначалникот зашто ветувањата се дават да се исполнуват.
2
Штип сериозно се раздвижува на културен план. Градот започна да пулсира во ритам на изразени културни настани и вредности. А тоа е нешто кое одамна не ни се има случено. Во последните два месеци имавме: Отворање на изложба на слики од Струмичката ликовна колонија, изложба на слики од поети-сликари, ја проследивме манифестацијата „Во чест на поетот“ со исклучителен портрет на нашиот исклучителен Ристо Лазаров, извонредна беше промоцијата на две значајни книги на неодамна починатиот Кирил Петров, имавме театарска премиера на „Умри машки“, концерт на Градскиот хор, промоција на Зборник на роднокрајни автори, претстава за деца „Енци-менци-
одделенци“ пред преполна сала во „Салон 100“,, новогодишен коцерт на КУД „Ристо Донев Учителот“, претстава за деца во Народниот театар и во Домот на култура, изложба на слики на академската сликарка од Кочани Марија Мицова Гацова, традиционалниот новогодишен концерт на Музичкото училиште... Овој „список“ на настани од културата во само шеесеттина дена, како и фактот дека во буџетот за наредната година локалната власт предвиде повеќе пари за културата, се само една убава најава дека Штип започнува да си го враќа приматот на културна метропола на цел еден регион. Со тоа градот одново се промовира во значајна културна точка и на државно ниво. Разбирливо, темел на таа нова културна политика е Центарот за култура „Ацо Шопов“. Од овој аспект погледнато, можеме да се надеваме дека 2018 година, на полето на културата, ќе биде сосема поинаква година од она кое сме го имале во претходните четири години. Тоа е време кога екс градоначалникот ни „правеше“ Штипско културно лето со апсолутно некултурна сума на пари од само 200 евра!
3
Ова лудо време ми враќа спомените од средината на деведесеттите. Тогаш напишав текст за купени 250.000 инекции пеницилин во нашата болница. Куриозитетот беше во тоа што рокот на инекциите истечуваше за најмногу две години, а за да се потрошат толкав број инекции требаше да поминат десет години! Сега добиваме информации дека во ЈП „Исар“ биле набавени 1.000 вентили, а бил потрошен само еден! Допрва ќе дознаеме колку години се потребни за да се потрошат 1.000 вентили од тој формат, и колку пари биле заробени во тој „проект“. Како што допрва ќе дознаеме дали во јавното претпријатие се работело одговорно, или народски реченодомаќински. Иако јас знам за минимум 12 кривични пријави кои наскоро ќе бидат обелоденети. Како граѓани имаме право да знаеме зашто минатата година се купени 7.000 метли и зашто секој метач дневно трошел по 1,2 метли! Дали е тоа согласно стандардите и согласно праксата на добри домаќини. Пракса која бара да се штеди на се па и на метлите. Или: зашто на бугарска фирма од која претпријатието купувало струја наместо за шест месеци им е плаќано веднаш, а на ЕВН наместо веднаш не е плаќано цела година па е направена камата од милион денари. Дали и тоа е во согласност до домаќинскиот начин на работење? Прашањето е тука, одговорот го очекуваме од надлежните.
[tipski Glas, Januari, 2018 br. 78
3
НАСТАНИ
Ибрахимовиќ во Штип, ќе лови дивеч, шптипјани во лов на него
Р
етко ни се случува некоја планетарно популарна личност да го посети нашиот град. Таков настан имавме Познатиот фудбалер и пасиониран ловец Златан Ибрахимовиќ, деновиве е виден во Штип, во еден од градските ресторани. Популарниот Ибра не се криеше, напротив како и секогаш ведар и насмеан љубезно се поздравуваше со оние кои го препознаа, што и не беше некоја тешка и сложена работа. „Ибрахимовиќ делуваше како сосема обична личност, без било каква придружба се движеше во индустрискиот дел на градот каде се
сместени и бројни ресторани. Кога влезде внатре многумина посакаа да се сликат со него, а тој никого не одби“, ни изјави ќелнер вработен во ресторанот во кој Ибрахимовиќ ручал. Тој е познат како пасиониран ловец па се верува дека во Штип дошол да лови во познатото ловиште на Серта, каде секоја година на лов доаѓаат најмногу Грци но и ловци со дебели портмонеа кои плаќаат без да прашат за уловениот дивеч. Колку денови ќе остане Ибра во Штип и во Македонија оста-
нува тајна но голем број штипјани тргнаа во „лов“ на Ибахимовиќ сакајќи да го видат Швеѓанецот во живо и да си направат фотка за сите времиња со оваа легенда на современиот фудбал.
Пиеме поефтина вода за пет проценти • Од почетокот на 2019 година цената на водата ќе се намали за уште пет проценти
У
бава новогодишна честитка им испорача локалната штипска власт на своите сограѓани. Новата цена започна да важи од првиот јануарски ден, што значи дека штипјани веќе пијат поефтина вода. Градоначалникот Благој Бочварски потсети дека ова поефтинување е уште едно реализирано ветување дадено во време на предизборната кампања. „Како и што ветивме во предизборието, ја намалуваме цената на водата за пиење за 5 проценти, а од почетокот на 2019 година ќе следи ново намалување за истиот процент. Како локална власт ветивме дека за време на овој мандат цената на водата ќе биде намалена за 10 проценти, и ние тоа ветување го исполнуваме“, рече Бочварски. За намалување на цената на водата во Штип согласност даде Регулаторната комисија која го прифати аргументото барање на ЈП „Исар“. „Регулаторната комисија за енергетика ни даде понуда да ја избереме минималната просечна тарифа со што ќе се одржува рентабилноста на ЈП „Исар“, но ќе се заштити и интересот на граѓаните. Па така, во 2018 година цената на метар кубен вода за пиење на домаќинствата и јавните иснтитуции изнесува 33,73 денари, што е за 5 проценти помалку во однос на досегашната тарифа. Во 2019 година предивуваме уште едно петпроцентно намалување со што кубен метар
вода ќе чини 31,96 денари“, порача Бочварски. Во регулираниот период, исто така, цената на водата за пиење ќе биде намалена за 9 проценти за правните лица, па наместо 53 денари за метар кубен вода од почетокот на 2018 година цената ќе изнесува 48,29 денари заклучно со 2020 година. Инаку, ЈП „Исар“ има евидентирано 46.000 лица кои ја користат водата за пиење (95 проценти од жителите на градот) кои просечно дневно трошат по 103 литри вода. Во 2017 година ова јавно претпријатие на
ЈП „Исар“ има евидентирано 46.000 лица кои ја користат водата за пиење (95 проценти од жителите на градот) кои просечно дневно трошат по 103 литри вода. Во 2017 година ова јавно претпријатие на своите корисници им има испорачано 1.734.435 метри кубни вода. своите корисници им има испорачано 1.734.435 метри кубни вода.
4
[tipski Glas, Januari, 2018 br. 78
ИНТЕРВЈУ
ЖИВКО ТАСЕВ, в.д директор на ЈП „ИСАР“
Затеков долг од три милиони евра
П
рво со што се соочив кога го презедов раководењето со ЈП „Исар“ беше фактот дека сметката беше празна. Износ: нула. Една малку попродлабочена анализа ни покажа дека вкупниот долг на јавното претпријатие изнесува три милиони евра (180 милиони денари). Со оваа важна информација за празната каса и прекумерните долгови го започнавме разговорот со Живко Тасев, в.д. директор на ЈП „Исар“. „Најмногу долгуваме кон Министерството за финансии - 60 милиони денари, и кон разни поголеми добавувачи - 45 милиони денари. Во исто време имаме побарувања во вкупен износ од 130 милиони денари од домаќинства, но со оглед на тоа дека наплатата просечно е на ниво од 85 проценти, можеме да сметаме на побарувања кои можат да се наплатат до најмногу 110 милиони денари. Тоа нам ни говори дека како ново раководство раководењето на јавното претпријатие го започнуваме со минусно салдо од околу 60 милиони денари (еден милион евра)“, вели Тасев. Во овој период исплатена е платата на вработените, но притоа се заштедени и еден милион денари. Новиот ди-
ректор вели дека порано се исплаќале додатоци за прекувремена работа, за празници и се делеле награди, иако за тоа основа немало. –„Со подобра организација, сите
Тука пред се спаѓа фактот за големиот број вработени со несоодветно образование.-„На вработени со средно образование им се дадени решенија за работа со ви-
Годината 2018 за ЈП „Исар“ ќе биде многу ангажирана. Ќе се работи на остварување на потребите на жителите од повеќе урбани заедници и села, секаде според потребите, зашто секој човек заслужува квалитетна вода, канализација, зелени површини, дрвореди... 360 вработени можат, во реално работно време, квалитетно да си ги извршуваат работите“, појаснува Тасев. Што се однесува до бројот на вработените нашиот соговорник смета дека тој не е преголем, но загрижуваат некои други состојби.
соко образование па тие добиваат и таква плата. Мораме да го почитуваме законот и новото бодирање согласно степенот на образование и работното место да оди на Управен одбор, да се изврши промена во систематизацијата на работните места па секој ќе
добива плата согласно квалификациите и работното место кое такви квалификации бара“, укажува Тасев. Во овој период во ЈП „Исар“ е влезена полиција за економски организиран криминал која го истражува работењето на поранешното раководство во одделни сомнителни елементи. Доа- ѓањето на финансиската полиција е резултат на определени индикации за можна злоупотреба на службената положба и овластување со финансиски импликации по претпријатието. „За оваа прилика ќе спомнам две од повеќето елементи на сомнеж за можна злоупотреба во минатотот. Првата можност е во фактот дека „Исар“ склучил договор со фирма од Бугарија за снабдување со електрична енергија. Во договорот стои дека сметките ќе се исплатуваат по шестмечен грејс период, но и покрај ваквиот договор, тие биле исплаќани ургентно. Во исто време „Исар“ купувал електрична енергија и од ЕВН каде сметките се плаќаат на месечна основа, но за разлика од односот кон фирмата од Бугарија на ЕВН воопшто не и било плаќано за испораката. Не е платен долг од 12 милиони денари од кои три милиони ние ургентно исплативме. Овој долг донесе и
[tipski Glas, Januari, 2018 br. 78
ИНТЕРВЈУ
камата од еден милион денари“, вели директорот Тасев. Во вториот случај е инволвиран поранешниот директор Ангел Бојаџиев. Тој како директор имал лимит за користење на службен мобилен телефон од 4.000 денари месечно. Во 2016 и 2017 година Бојаџиев
види од инспекцискиот надзор. Неодамна Управниот одбор ја усвои програмата за работа во 2018 година. Кои се нејзините главни насоки? „Ќе го работиме тоа што е најважно за жителите на секој дел од градот, на секоја урбана заедница или село во оп-
трошел за телефон од 6.000 до 20.000 денари месечно, а за да не мора од свој џеб да ја надополнува разликата го пречкртал делот од решението со кое му бил определен лимитот. За колку пари го оштетил ЈП „Исар“ ќе се видело од истрагата. Во овој дел важна е и приказната за метлите кои биле набавувани. Имено, во 2017 година биле купени 7.000 метли! ЈП „Исар“ има 20 метачи на улици и јавнопрометни површини, па излегува дека секој од нив, за 24 работни денови месечно „трошел“ по 29 метли. Тоа по метач е 1,2 метли на ден! Дали и тука, во набавката на метлите, има финансиска штета по претпријатието, и тоа ќе се
штината. Ќе градиме водоводни линии во населба „Балканска“, водоводни и канализациони линии ќе градиме во „Блок 2000“, „Баби“, „Дузлак“, за новиот објект на Луна
зона Баби нова канализација и водоводна линија, работиме на елаборат за заштитни зони за водоснабдителни објекти, ќе ги реконструираме застарените лини на повеќе локации, ќе ги реконструираме водоводните линии на улиците „Сутјеска“, „Јане Сандански“, и дел од улицата „Борко Талев“ како и реконструкција на канализациона и на водоводна чинија на „19 Бригада“. Во програмата за работа е и реконструкција на дел од водоводната линија во „Пребег“ и изградба на врска помеѓу линија еден и населба „Баби“. Во програмата е предвидена набавка на камион за прочистување на канализацијата и ровокопач, вели Тасев. Последниве денови одделни зони на градот остануваа без вода. Во што беше проблемот? „Ни се случија три поголеми дефекти како резултат на неодговор-
Финансиската полиција веќе влезе во ЈП „Исар“. Има индикации за злоупотреба на службената положба и овластувања. Интересни се случаите со фирма од Бугарија за снабдување со струја и наспроти неа со ЕВН. Во овие случаи не е постапувано одговорно и согласно праксата на добар домаќин, не е постапувано огласно превземените обврски и законот... Комерц, за станбена зграда на „Борис Крајгер“, фекална каназлизација ќе градиме во Стар Караорман, во работна
ното работење на поранешната локална власт. На сите три места било планирано да се заменат старите водоводни лини,
5
но наместо замена тие локации биле покриени со новиот асфалт. Ние ги средивме дефектите ургентно. Работната единица Комунална хигиена ќе се поднови со 150 нови метални контејнери со зафатнина од еден метар кубен и со 200 пластични канти за смет за домаќинствата. Ќе биде набавено и половно специ- јално возило за собирање на канти од 5 кубни метри зафатнина и уште едно возило за канти од 1,1 кубен метар. Работна единица Зеленило сите жардињери и цветни површини ќе ги засади со цвеќе од сопствениот расадник,со декоративни садници ќе бидат збогате- ни парковите површини, булеварите „Гоце Делчев“ и „Партизанска“ жардинерски ќе бидат уредени и ќе биде поставен систем капка по капка. Ќе се уредат повеќе паркови површини. ЈП „Исар“ ќе работи на доуредување на коритот на Отиња, новите гробишта ќе бидат осветлени, ќе се реконструира кровот на бања „Кежовица“ . „Од голема важност е одлкуката секторот финансии да направи динамика на плаќањата на обврските спрема фирмите со валутен рок од 60 дена за да не се плаќаат камати и судски трошоци“, појаснува директорот Живко Тасев.
6
ГРАДОТ
[tipski Glas, Januari, 2018 br. 78
Градот си ја враќа солидарноста
Н
а иницијатива на градоначалникот Благој Бочварски во градот се работи на создавање на Општински солидарен фонд. Оваа потреба се наметна како резултат на бројните барања за хумано и солидарно активирање на нашата Општина кога се работи за случаи кои бараат средства за интервенции од значење за доброто здравје на луѓето, а неретко и за спасување на човечки животи. „Заквалитетно и непречно основање, а потоа за нормално и квалитетно функционирање на Солидарниот Фонд неопходно е да се формира Управен одбор во кој ќе влезат претставници на институции, стопански фирми, невладиниот сектор, здравеството и други значајни за градот институции, вели иницијаторот на оваа
организации, лекарската комора, медиумите, Општинската организација на Црвениот крст, локалната самоуправа, а двајца членови, по еден од позицијата и од опозицијата, ќе даде Општинскиот совет. Во надзорниот орган на работењето на солиПо еден член во Управниот одбор ќе дарниот фонд, за негово непречно и транспарентно работење, ќе бидат вклучени родителите кои веќе биле предложат бизнис заедницата, невлазасегнати со проблемот на обезбедување финансии за дините организации, лекарската копотребите на своите најблиски. мора, медиумите, Општинската Од спомнатите институции е побарано да делегираат организација на Црвениот крст, локалсвои членови во Управниот одбор на фондот, а по доната самоуправа, а двајца членови, по бивањето на предлозите, на првиот работен состанок еден од позицијата и од опозицијата, ќе ќе бидат дефинирани сите важни прашања за квалидаде Општинскиот совет. тетно функционирање на истиот. За одбележување е дека Штип, во времето на убава и корисна идеја, градоначалник Благој Бочвар- социјализмот, имаше свој Солидарен фонд од чии ски. средства се градеа станови за работниците, а се поВо таа смисла по еден член на Управниот магаа и семејства во случаи на здравствени проблеми одбор ќе предложи бизнис заедницата, невладините на нивни членови.
По улиците покрај Отиња ќе се вози во две ленти?
Н
ајдоброто можно решение за сообракајниот метеж во централното градско подрачје од двете страни на реката Отиња е изградба на конзолни тротоари над речното корито, паркинг местата да се лоцираат на сегашната тротоарна површина, а двете коловозни ленти да бидат ослободени за возење. Ова е предлог на ЈП Стипион и градоначалникот (архитект по професија) Благој Бочварски изнесен на денешната јавна дебата на тема: какво сообраќајно решение во центарт на Штип, односно по улиците „Васил Главинов“ и „Михајло Апостолски“. Покрај сообраќајни стручњаци, експерти по сообракај од Секретаријатот за внатрешни работи,
претставници на ЈП Стипион, на навладини организации, жители на урбаните заедници засегнати од овој пробле, од УГД, во дебатата учествуваше и проф.д-р Верица Данчевска од Отсекот за собраќај и транспорт при Битолскиот универзитет. Проф. Трајчева оцени дека е за почит напорот на општина Штип за креирање квалитетни и конкретни сообраќајни решенија, но забележа дека тоа само по себе не е доволно. –„Исто така од особена важност е и градењето и одржувањето на сообраќајна култура кај сите учесници во сообраќајот зашто сообраќајот претставува динамичен процес за кој не постои констан-
тна солуција со која апсолутно сите би биле задоволни, но со правилно организирање и јасна цел возможно е да се дојде до решение на проблемите“, потенцира Трајчева. Крајниот резултат од спроведувањето на ова решение би бил зголемување на бројот на паркинг места, но и растоварување на сообраќајните линии до најважните институции и организации во центарот на градот.
[tipski Glas, Januari, 2018 br. 78
БУЏЕТ
7
Oпштинскиот буџет ќе тежи 15 милиони евра Буџетската каса ќе се полни со однос 50:50 проценти на основниот буџет и блок дотациите
С
оветот на Општина Штип денес го изгласа буџетот за 2018 година. Буџетот е проектиран на 942.425.000 денари (околу 15 милиони евра). Со исклучок на еден советник кој беше воздржан, сите други советници, и од позицијата и од опозицијата гласаа за буџетот. Практично, во советот преовладаа интересите на Штип и штипјани. Имаше различни видувања по значајни прашања, но на крајот, преку исцрпна демократска дебата, одлуките се носе со пристојно мнозинство гласови. Седницата на која се носеше буџетот всушност беше продолжение на претходната кога советниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ја напуштија седницата. Образлагајќи го буџето, градоначалникот Благој Бочварски потсети дека на неговото изготвување му претходеа бројни средби со граѓаните, на кои средби беа слушнати бројни граѓански предлози за тоа што Општина Штип треба да направи во 2018 година. „При изготвувањето на буџетот за 2018 година во целост се почитуваше принципот на буџетска дисциплина и рационално и ефикасно искористување на приходите како и истовремено сведу-
вање на непродуктивните трошоци на минимум, а се со цел обезбедување на поголем простор за инвестиции кои ќе бидат во функција на развојот на општината, односно за инвестиции чија функција е развојна“, потенцира Бочварски.
цијалната кохезија помеѓу граѓаните и зголемување на квалитетот на живот во општина Штип. Во буџетот за 2018 година предвидено е реализирање на повеќе капитални проекти. За капитални инвестиции, кои се најважен елемент во раз-
Учеството во вкупниот буџет на блок дотациите и основниот буџет е 50:50 проценти. Како што беше речено на денешната седница на Советот на општината, основната цел на буџетот е да се нама-
војот на градот, се позиционирани 180 милиони денари. -Успеавме да излобираме проектот брана на река Отиња да влезе во Програмата на Министерството за земјоделство,
Штип својот буџет ќе го посвети на изградба на нова детска градинка, брана на Отиња, гасификација, патна градска инфраструктура, невладините организации добиваат повеќе пари, културата и спортот си го добиваат заслуженото внимание... лат непродуктивните трошоци и да се обезбеди простор за реализација на политиките на новата локална власт. На тој начин ќе се обезбеди простор за мерки и проекти коишто ќе значат зајакнување на со-
шумарство и водостопанство.По допроектирање на проектот, треба да започне изградба на оваа долгоочекувана инфраструктурна инвестиција. Гасификацијата е уште еден голем капитален проект за
нашиот град.Во буџетот за 2018 година, издвоени се буџетски средства од 6 милиони денари за изработка на основен проект за секундарната мрежа на градот со сите фази. Работиме напорно за да можеме да започнеме со реализација и да ја отпочнеме гасификацијата на градот, рече Бочварски. Во изработката на буџетот, ставен е акцент и на желбите и потребите на најмладите. Во таа смисла предвидена е изградба на детска градинка во населба Сењак, како и изградба на десет детски игралишта на десет локации во Штип. Ќе има четири пати повеќе средства за рекреација и спорт на учениците од основните и средните училишта во нашиот град. Средствата за невладини организации се зголемуваат од 700.000 на 1,2 милиони денари. Во 2018 година, предвидено е во Општина Штип да се реализираат мноштво други проекти, меѓу кои: изградба на стационар за бездомни животни, реконструкција на трибини на градскиот стадион, реконструкција на крстосницата во населба Сењак, изградба на мал затворен базен во соработка со Агенција за млади и спорт, енергетски ефикасно улично осветлување и друго.
8
И
ВОДИ
[tipski Glas, Januari, 2018 br. 78
КОНЕЧНО: „Злетовица“ тргнува од точката на 7 годишното мртвило
стече и седмата година од моментот кога регионалниот хидросистем „Злетовица“ беше пуштен во употреба, но неговата употребна вредност се сведе на околу 10 проценти. Наместо да се користат 900 литри вода во секунда за пет општини во источниот регион, сега се користат помалку од 90 литри во секунда. Тоа системот вреден над 100 милиони евра го прави силно неисплатлив. Но, се појави нова надеж. Неодамна градоначалниците на Штип, Пробиштип, Карбинци, Свети Николе и Лозово беа на средба кај вицепремиерот Кочо Анѓушев. Тема: поголема и поодговорна искористеност на овој благодат, ставање на водите од „Злетовица“ во функција и на добробит на жителите од спомнатите општини и целосна исплатливост на системот. „Оваа проблематика добива на значење како прашање од најголем приоритет за нашите општини. Се договоривме стручни тимови да видат во што е проблемот што водите од овој хидросистем ги користат само општините Свети Николе и Пробиштип. Се говори дека во определен временски период тие се заматуваат, но дали од тоа што нема таложник на системот или поради нечисти водоводни цевки во должина од 20 километри, ние тоа не го знаеме. Затоа кај вицепремиерот падна договор одговори на ова прашање да даде струката за потоа да се види како проблемот ургентно да се решава“, рече денес Благој Бочварски, градоначалник на Штип. Во моментов водите од „Злетовица“ за пиење ги користат само општините Свети Николе и Пробиштип, Кратово зафаќа вода од истоимената река но од зафат над браната „Кнежево“ изграден во времето на бивша Југославија, поранешното штипско општинско ра-
ководство одбиваше да ја стави во функција оваа вода со укажување дека се заматувала...А во меѓувреме ратите по кредитот за системот стасуваат, парите треба да се враќаат, а за кредитот гарант е
Градоначалниците од Штип, Свети Николе, Карбинци, Пробиштип и Лозово на средба кај вицепремиерот Кочо Анѓушев се договорија да се превземат нови чекори за поголема искористеност и финансиска самоисплатливост на ХС „Злетовица“...Дали работите тргнуваат од мртва точка на која стојат 7 години?
Владата на Македонија. И порано имаме пишувано дека од 900 литри вода во секунда од овој систем 500 литри се наменети за Штип како најголем град во регионот. Но, и Штип да ја користи водата и да плаќа за неа системот пак нема да биде финансиски самоодржлив. За да се случи тоа неопходно е да се реализираат двете наредни фази – првата за наводнување на 4.500 хектари плодни ниви во општините Пробиштип и Кратово, и втората, да се изградат неколку хидроцентрали низводно од браната „Кнежево“. Седум години поранешните директори уверуваа дека имале уверување од Европската инвестициона банка дека ќе ги кредитира двете наредни фази. Уверуваа дека техничката документација за двете наредни фази која ја работел шведско-бугарскиот конзорциум „Свеко“ ќе била готова до крајот на 2015 година. Но, од ветеното поминаа уште две години повеќе, а од документацијата нема ништо. Затоа средбата кај вицепремиерот Анѓушев дава барем нова, почетна надеж дека нешто ќе се смени на овој план и дека големиот благодат во големите води на „Злетовица“ ќе биде и финансиски исплатлив.
[tipski Glas, Januari, 2018 br. 78
9
УНИВЕРЗИТЕТ
Универзитетот „Гоце Делчев“ со Грција и Кипар во нов проект за органско ѓубриво - БИОотпад Во целиот проект свое посебно место имаат и истражувачите од Универзитетот во Штип д септември 2017 година, тим од Универзитетот „Гоце Делчев“ Од Штип работи на проект финансиран од фондовите за развој во Европскиот регион по IterregBalkanMed програмата –Utilizing Pay As You Throw System and Autonomous Composting Unitsfor Biowaste Managementin Touristic Areas – BIOWASTE”.
О
Дијана Насева
Јермасоја по околу 270 000 евра и по околу 80 000 евра за истражувачите од УГД и од институтот. Со овие средства тимот ангажиран во проектот најпрво со туристичките и комерцијалните објекти, а потоа и со останатите граѓани ќе работи на селектирањето, сепарацијата и обработката на отпадот, особено остатоците од храна (орган-
кот на работењето на проектот очекувано е да произлезат и научни трудови кои би помогнале постапките да се пресликаат и во останати општини во државите партнери на проектот и на тој начин да се промени третирањето на отпадот особено тој од органска природа. Според директивата за ѓубрива 98/2008 доста амбициозно се предвидени придобивките од освестувањето за депониите, сепарацијата на отпад, рециклирањет и многу работи треба да се подобрат до 2020 година во Европа, особено на темата цврст отпад. Деновиве во Опшски отпад) и негово пре- тина Пробиштип беше ретворање во органско ѓубриво во специјални автономни компостерски единици. Добробитот покрај моментот со заштитата на околината е и намалувањето на трошоците на објектите, како и на домаќинствата бидејќи ѓубрарината би се плаќала по при-
Проектот БИОотпад ќе трае 24 месеци и е финансиран од европската комисија по програмата за транснационална соработка Интеррег Балкан – Медитеран 2014 – 2020. Освен УГД партнери во проектот се и Општина Катерини, Грција која е водечки партнер, Општина Пробиштип, Македонија; Општина ЈермасоДобробитот покрај моментот со заштитата ја, Кипар и Технолошкиот на околината е и намалувањето на институт од Крит. трошоците на објектите, како и на Станува збор за домаќинствата бидејќи ѓубрарината би се проект вреден 1.300 000 плаќала по принципот – плати колку фрлаш. евра од кои поголемиот дел од средствата ќе бидат за имплементација на нципот – плати колку фр- ализирана работна средпроектот во Општините – лаш. Од анализите на ре- ба помеѓу проектниот тим Катерини, Пробиштип и зултатите добиени во те- на УГД и Општина Про-
биштип, техничките лица за овие две институции и професорот Такис Маниос од Техничкиот институт во Крит, кој е практично и автор на проектот. Покрај предвидувањето на динамиката за оваа година, беа остварени средби и со сопствениците на угостителските објекти вклучени во проектот Сан Нико и Црешово топче, како и директорот на комуналното претпријатие. Проект менаџерот м-р Васко Златковски ги запозна сите со намената и намерата на проектот и сите беа убедени дека спроведувањето ќе протече без никакви пречки. „Динамиката во 2018 година е веќе пред-
видена и останува граѓаните да бидат информирани за придобивките од Биоотпад“, ни изјави м-р Дијана Насева, лице за комуникација и видливост на проектот Биоотпад за УГД и општина Пробиштип.
10
ОДЛУКА
[tipski Glas, Januari, 2018 br. 78
Мултимедијалниот центар ќе се вика „Киро Глигоров“ Целосното име на оваа институција ќе гласи –Општински мулдимедијален центар „Киро Глигоров“ – Штип.
М
улдимедијалниот центар во градот ќе го носи името на првиот претседател на независна Република Македонија – Киро Глигоров. Ова одлука ја донесе Советот на општина Штип на предлог на Комисијата за култура. Киро Глигоров историјата го памети како врвен економист, политичар и државник. Роден е на 3 мај 1917 година во Штип, почина на 1 јануари 2012 година во Скопје. Собранието на Република Македонија, на 27 јануари 1991 година, го избра Киро Глигоров за прв претседател на самостојна и суверена Република Македонија. На 7 март истата година Глигоров му го дава мандатот
на Никола Кљусев, познат неговата ќерка Донка Гли- горов. економист, професор и по- горова. „Во оваа соба ќе литичар, исто така роден Целосното име на бидат изложени книги на во Штип, за состав на оваа институција ќе гласи претседателот, негови публикации, неговото пијано и Во спомен собата ќе бидат изложени бројни други негови лични книги на претседателот, негови предмети, коишто негопубликации, неговото пијано и бројни вото семејство ги подари други негови лични предмети, коишто на Општина Штип. Нашата неговото семејство ги подари на институција ја презема одОпштина Штип говорноста да води грижа и за предметите кои некопрвата македонска влада. – Општински мулдиме- гаш биле во лична сопКиро Глигоров е архитек- дијален центар „Киро ственост на претседателот тот на мирното раздружу- Глигоров“ – Штип. Градо- Глигоров, но и за зачувување на Република началникот Благој Бочвар- вањето од заборав на неМакедонија од Југосло- ски пред новинарите ја говите големи венската федерација. На образложи целата идеја достигнувања. И сето тоа 19 декември годинава, на околу именувањето на како наша должност да му Денот на градот, нему по- Мултикултурниот центар го обезбедиме вистинстхумно му беше доделен со името на првиот маке- ското место во историјата орденот „Свети Никола“ донски претседател Киро на нашата земја“ порача кој од рацете на штип- Глигоров. Притоа, тој ја Бочварски. скиот градоначалник Бла- претстави и собата која ќе гој Бочварски го прими биде спомен соба на Гли-
Европа чека проекти од Штип и oд бугарскиот град Гоце Делчев
В
ладимир Москов, градоначалник на бугарскиот град лишта, за подобрување на инфраструктурата на училишГоце Делчев, беше во посета на Штип. Тој возврати тата, како и пристапни рампи за лицата со посебни потреби. за посетата која штипскиот градонаЕдно општинско училиште би мочалник Благој Бочварски ја имаше на гражело да влезе овде како проект, дот Гоце Делчев. но сега сме с< уште во фаза на „Ова е наша втора средба, а наша преговарање и разговори“, посочи стратешка цел е да ја продлабочиме сораБлагој Бочварски. ботката не само во тековната година туку и за идни времиња. И во овие наши разговоНеговиот колега од градот ри главен акцент ставаме на идната сораГоце Делчев го извршува шестиот ботка во делот на ИНТЕРРЕГ-ИПА промандат на најважната градска пограмата за прегугранична соработка помеѓу зиција. Москов рече дека постојат нашите две држави. Програма која треба да големи можности преку ЕвропМосков и Бочварски ските фондови наменети за пресе реализира во периодот до 2020 година“, Градоначалниците договараат работи од взаемен интерес рече штипскиот градоначалник Бочварски. кугранична соработка да се Според двајцата градоначалници акцент на прего- реализираа повеќе проекти кои ќе влијаат на подобруваворите се дава на можноста за аплицирање за проекти во њето на квалитетот на животот на граѓаните во општините делот на туризмот кои се финансирани од европските фон- Штип и Гоце Делчев. дови. „За граѓаните на Општина Штип е важно тоа дека „На нас е да направиме се за да ја искористиме ние ќе аплицираме, преку разговори, преговори и договори оваа голема можност која ни се нуди преку европските фонзаедно со Општина Гоце Делчев за проекти од културното дови. Убеден сум убеден дека и ние и Штип имаме стручни наследство на нашиот град. За проекти во однос на Исарот, тимови кои можат да придонесат кон таа цел“, рече градоштипско Ново село, за енергетски ефикасни објекти, учи- началникот Москов.
[tipski Glas, Januari, 2018 br. 78
ВАНДАЛИЗАМ
Не кршете ги спомен плочите и бистите, ако ви е до кршење скршете си ги главите
11
Нов вандализам во градот – испокршена спомен плочата поставена во чест на револуционерот, поет, академик и дипломат Ацо Шопов....До кога вандалите ќе бидат недостапни за правдата?
Н
ово „херојство“ на штипски вандали. Тие неодамна ја испокршија спомен плочата на револуционерот, првоборец, поет, акадеим и дипломат Ацо Шопов. Плочата е поставена на родната куќа на Шопов, а од неа добронамерните се информираат за тоа дека во оваа куќа се родил и својата револуционерна дејноста ја спроведувал Ацо Шопов. Спомен плочата е поставена од Општинската организација на борците во НОВ. Ова не е првпат да се прави вандализам врз спомениците и спомен обележјата подигнати во чест на штипјани кои не ги жалеа своите живот во борбата проти фашистичкиот окупатор во Вторта светска војна, во векот кој се смета за најрвав во историјата на човештвото во кој, во разни војни, загинаа над 86 милиони луѓе. Тоа е таа борба која во овој наш град траеше се до 8 номеври 1944 година кога Штип ја доживеа својата слобода.
Тој е еден од основоположниците на современата македонска книжевност. Неговата прва збирка Песни (1944) e прва книга на македонски јазик објавена во слободна Македонија. Бил претседател на Друштвото на писателите на Македонија ДПМ и негов член од основањето во 1947 година. Шопов е и првиот претседател на Советот на фестивалот Струшки вечери на поезијата, претседател на поранешниот Сојуз на книжевните преведувачи на Југославија и претседател на Сојузот на писателите на Југославија. Член на Македонска академија на науките и уметностите
За сторителите на ваков вандализам уште еднаш мора јавно да се каже кој е Ацо Шопов, какво е неговото револуционерно дело, каков поет, академик и дипломат беше тој. Ова е важно да се знае за да се свати грозоморноста на чинот на скренавењето на плочата пре која секој штипјанец кој ќе помине треба и да се поклони.
(МАНУ) бил од нејзиното основање (1967). Член на Македонскиот ПЕН центар. Прв директор на издавачката куќа Кочо Рацин од Скопје, Ацо Шопов бил и долгогодишен директор на издавачката куќа Македонска книга, како и главен уредник на повеќе списанија меѓу кои и сатиричниот весник Остен.
Ацо Шопов е роден на 20 декември 1923 година во Штип. Уште како гимназијалец, во 1940 година, станува член на Сојузот на комунистичката младина на Југославија, а две години подоцна се вклучува во антифашистичката борба, како борец во редовите на Третата македонска ударна бригада.
Тој како успешен дипломат станува и амбасадор на СФРЈ во Сенегал, а на оваа функција е од 1971 до 1975 година. Ацо Шопов ја завршува својата кариера како претседател на Републичката комисија за културни врски со странство. Тој има објавено тринаесет збирки поезија и исто толку избори од пое-
зијата на македонски јазик, како и петнаесетина избори препеани на странски јазици. Штип на повеќе начини му се оддолжи на Шопов. Центарот за култура го носи неговото име, во него постои посебна соба позната како „Спомен соба на Ацо Шопов“, секоја година, на 20 декември, на денот на неговото раѓање тука се одржува познатата манифестација „Во чест на поетот“, а со разни книжевни манифестации Штип се потсетува и на денот на неговата смрт. Во рамките на манифестацијата „Во чест на поетот“ се оддава признание на истакнати институции и поединци од областа на култура за нивниот придонес во промоција на националните културни вредности. Пред Центарот за култура градот подигна спомен биста во спомен на Ацо Шопов. Шопов почина на 20 април 1982 година во Скопје оставајќи капитално дело зад себе вградено во нашата слобода и во националната култура со која како народ се гордееме. И затоа на институциите е големата одговорност да ги пронајдат сторителите на најновиот вандализам кои удрија по нашите светилишта и тие да бидат изведени пред лицето на правдата и содветно казнети. Зашто и од овој апсект единствената можна порака до вандалите е „Ако ви е до кршење не кршете ги спомен обележјата на штипјани кои ви ја донесоа слободата, подобро скршете си ги главите“.
12
УСПЕШНИ
[tipski Glas, Januari, 2018 br. 78
Tрајан АНГЕЛОВ, директор на Квенбергер Логистик Македонија
Т
Логистички опслужуваме производство на 20.000 текстилни работници
рајан Ангелов, човекот кој ја создаде бренд компанија која денес во Европа е позната под бренд името Квенбергер логистик Македонија е добитник на годинашнаво признание „19 Декември“ кое го доделува градоначалникот на Штип по повод верскиот празник Свети Никола, Денот на градот.Признанието на Анѓелов му е доделено за остварени исклучителни резултати во сферата на стопанството. Г-дин Анѓелов, како Вие денес би ја исцртале личната карта на Квенбергер Логистик Македонија?
-Компанијата е формирана во 1996 година. Денес таа е првенец во логистичката дејност во државава. Имаме 80 вработени кои поради својот квалитет и посветеноста на работата имаат, за наши услови, натпросечни плати. Поседуваме логистички капацитети во Штип и во близина на скопскиот аеродром. Ние сме линк помеѓу домашните производители и европските пазари. Кој е придонесот на Квенбергер Логистик Македонија за
читателите на овој вес- њето. Имаше ли на тој ник. дведецениски пат пречки, всушност како Пред некоја го- се одвиваше вашиот дина го отворивте ло- развој се до степен да гистичкиот центар на бидете една од најусКвенбергер Логистик пешните логистички Македонија во бли- компании во Европа? зина на скопскиот аеродром. Која ви беше -Ние имавме и целта? имаме еден осмислен Трајан Ангелов развоен пат и исто такнационалното стопанва стратегија. Знаевме ство? -Преку овој логи- што сакаме, која ни е стички центар ние да- целта, знаевме како да - Пружаме логи- вама интерконтинен- ги оствариме идеите и стика во текстилната, тална логистика кори- идеалите, знаевме што автомобилската и ма- стејќи камионски и треба да работиме за лопродажната индуст- брод-Bски транспорт. да имаме успех. Конерија. Во текстилната ин- Сакам да потенцирам чно знаевме во вистиндустрија опслужуваме дека нашата компанија ски момент да повлече40 германски фирми оперира со над 200 ка- ме вистински деловни кои произведуваат во миони сите со мотори потези, да инвестира120 наши текстилни ка- со еколошки стандарди ме во развојот на компацитети во кои се вра- кои ги бара Европа,а панијата. Во изминатите две децении секогаш Признанијата кои доаѓаат од градот во сме работеле со позикој е вашиот дом, каде е вашето тивен резултат, секоја семејство, пријателите, другарите, година сме оделе неповеќе или помалку познатите е нешто колку чекори напред. кое нема цена. Без лажна демагогија ќе Не дека во одделни раречам дека ова признание ми е најмило. звојни етапи не сме Има најголема вредност зашто градот имале проблеми, но сево кој живеам и во кој создавам нови когаш сме знаеле како вредности го препознал мојот труд, истите да ги надминеме мојата посветеност, резултат... и да продолжиме по патот кој сме си го зацртале. ботени над 20.000 ра- тоа се Еуро-5 и Еуро-6. ботници. Преку сервиси Ние и на овој начин саВо светот влаи услуги го оптимализи- каме и успеваме пози- деат новите технолораме логистичкото ра- тивно да влијаеме на гии, тие во логистичботење на нашите кли- животната средина кај киот бизнис се од исенти. За тоа колку на- нас и во Европа. клучително значење, шата работа е значајна колку Квенбергер Лоза домашната економиЈа „терате“ 21- гистик Македонија поја оставам да проценат та година од постое- светува внимание на
[tipski Glas, Januari, 2018 br. 78
овој сегмент? -Ние одиме во чекор со времето. Секогаш и во секоја наша развојна етапа. Во оваа ера во која владее информатичката технологија ние сме сојузници со неа. Ја користиме на најдобар можен начин
УСПЕШНИ -Да, имаме бројни награди за работата на која јас лично целосно сум посветен 21 година, награди за кои се заслужени и вработените. Во 2007 година станавме прва логистичка компанија која доби Оскар за корпоративна општествена одговорност.
даваме на клиентите, година дена подоцна во Њујорк станавме добитници на платинеста награда за квалитет. Имаме и на десеттина други награди и признанија кои ги красат нашите простории...
Наградата дојде од Македонско - Германското стопанско здружение. Во 2009 година, во Париз ни беше доделена наградата за квалитет на услугите кои им ги
оцени Вашите резул- на радост на нашата тати во сфе- рата на локална заедница и на стопанството? мојата држава Република Македонија. -Одамна е речено дека само дома си е дома. Следствено на
зашто таа ни ја оленува работата. Информатичката технологија ја користиме за организирање на сервисите и на услугите. Ние веќе започнавме и со дигитализација на актуелните бизнис активности. Наш приоритет е секогаш да ги користиме можностите и привелигиите кои ни ги дават новите технологии. Во управните простории на Квенбергер Логистик Македонија се поместени бројни награди, домашни и странски кои говорат за успешноста на компанијата. Колку наградите Ви значат, колку тие можат да бидат некаков стимуланс за иднината?
13
И сега, како логичен след на вашите успеси во логистичкиот бизнис, и посебно на вашата лична посветеност во развојот и успехот на Квенбергер Логистик Македонија дојде и признанието „19 Декември“. Како Вие гледата на фактот дека градоначалникот Благој Бочварски успеа да ги види и соодветно да ги
тоа и признанијата кои доаѓаат од градот во кој е вашиот дом, каде е вашето семејство, пријателите, другарите, повеќе или помалку познатите е нешто кое нема цена. Без лажна демагогија ќе речам дека ова признание ми е најмило. Има најголема вредност зашто градот во кој живеам и во кој создавам нови вредности го препознал мојот резултат. Наградата говори дека сум направил нешто во Штип и за Штип. И тоа е она кое само може да ме мотивира, мене лично и сите вработени во компанијата, да го продолжиме успешниот пат. А тоа, убеден сум, ќе биде и
14
[tipski Glas, Januari, 2018 br. 78
КОЛУМНА
Уметниците и државата Пишува: М-р Трајче КАЦАРОВ, писател
К
ога веќе се крена галама околу тертманот од страна на владата кон уметниците тогаш ќе си земам за право да ја впрегнам и мојта маленкости да изартикулира некои размисли. Значи, мислам дека секој уметник по однос состојбата во животната заедница-државата, треба да постапува како Салвадор Дали за време на граѓанската војна во Шпанија. Кога се огласила војната, на секоја педа од Шпанската земја, уметникот тргнал да ја напушти родината. На оние коиго прашале, каде ќе оди зарем не гледа дека државата е во пламен, им одговорил дека тоа што се случува во Шпанија не е негова работа, т.е. не е негова војна. Многумина ќе ме нападнат и ќе речат дека секој има долг кон родината, дека проблемот на државата е проблем на секој нејзин жител, дека сите здружено треба да се бориме за да се создадат пријатни услови за живеење. Но, не треба да заборавиме дека многу уметници се користени од
страната на владеачките структури како средства за реализација на нивните програмски цели, некогаш добри, одат во прилог на доброто живеење, некогаш лоши, па, одат на штета на државата и животот во неа. Таков е примерот со многуте поети, писатели, музичари и слични на нив,ширум светот. Сергеј Михалков, рускиот поет и писател си ја спасил главата, не заглавил во Сталиновите логори на смртта, оти генералисимусот кога ја прочитаал песната на поетот со наслов Светлана, помислил дека
ARS LONGA VITA BREVI тоа е она што треба да го знае секој властодржец. е посветена на неговата ќерка. Инаку поетот Михалков ја напишал за неговата некогашна сакана со име какво што имала и ќерката на Сталин. За Никита Станеску (Добитник на Златниот венец на поезијата на СВП) се зборува дека можел со нога да ја отвора вратата на шефот на државата, Николае Чаушеску. Преку поетот, диктаторот
Чаушеску пред светот ја манифестирал својата великодушност кон творците на убавта реч. Хитлер им забранил на своите главорезачи да му ја отсечат главата на Ернст Јирген, познат германски интелектуалец и писател, ама, пак, го испратил неговиот син на Источниот фронт каде овој го загубил живоотот. И понатаму. Езра Паунд бил прогласен за нацист, подржувач на политиката на Мусолини, но без присуството на Паунд светската литература којзнае дали ќе го имаше Томас С. Елиот и неговата „Пуста Земја“. Кнут Хамсун не можел да се сврти во дворот кога сите негови обожаватели решиле да му ги вратата книгите затоа што бил националист, воедно го обожавал Хитлер и неговата политика. Но, кога историчарите на литературата сфатиле дека треба секој настан во историјата да го разгледуваат во контекст, тогаш светот разбрал дека уметничкиот чин на Хамсун и на сличните на него, е поголем од сите ситни сметки и зла што може да ги произведе обичниот човек.
Штип има 3.205 станови повеќе отколку домакинства Република Македонија цели 15 години не направила попис на населението и добрата (од 2002 година наваму), а некои работи од последниот попис сврзани со Штип треба да и бидат познати на штипската јавност за подобро да си ја знаат општината. Штипски Глас ви помага во таа мислија. Општина Штип има вкупно 44 населени места, заедно со градот. Според пописот од 2002 година во нашата општина живеат 47.796 жители. Во општината има 15.065 домаќинства, а бројот на станoви е поголем за 3.205, односно во општината има 18.270 станови. Просечното штипско семејство има 3,17 ченови.
[tipski Glas, Januari, 2018 br. 78
ЖИВОТ
МОЛЕР И РАБОТНИЧКА ОД ТК „МАКЕДОНКА“ ПОЛОВИНА ВЕК ВО БРАК
15
Во 2016 се венчале, во 2018 правеле „Златна свадба“
Б
рачната двојка Цвета поранешна работничка од ТК „ Македонка “ и молерот Анте Матета од Штип наполниле педесет години брак, а „златната свадба “ ја крунисале со заедничка семејна веселба со синот, керката, четирите внуци и двата правнука. Нивниот јубилеј, половина век во брак доаѓа точно после две години откако во 2016 година официјално се венчале во католичката црква во Штип. Тоа беше прва, групна венчавка на пет брачни двојки од Штип. Во новата католичка црква ги венчал бискупот скопски и апостолски Кире Стојанов. „Според католичкиот обред најпрвин мене ме покрстија, а потоа следуваше црковното венчавање со сопругот Анте. Со него стапив во граѓански брак на регистрацијата што се изврши во Штип последниот ден од 1967, а свадбата се случи на први декември 1968 година“, вели штипјанката Цвета која додава дека таа како македонка сега се чуствува и како хрватка. Повеќе од триесет години била работничка во ТК „Македонка“ во Штип од каде заминала во пензија. Анте Матета бил роден 1942 година во Бања Лука. Мајка му била македонка родена во Штип, а татко му босански хрват. Во Штип се доселиле 1946 година. –„Сега имам 76 години и шест децении работам како занаетчија. Мојот омилен занает со кој се прославив во Штип е молерството и сите ме знаат како Анте молеро. Работам колку можам и денес, но бојадисувам само кај мои луѓе што не можам да ги одбијам“,вели Анте
За долговечноста на бракот и двајцата велат дека е потребно љубов, трпение и попуштање. Идеален брак нема, имало и расправии, но секогаш еден треба да попушти. „ Сега за Европското првенство во ракомет бевме единствени, навивавме и
за Македонија и за Хрватска. Сакавме тие да играат во финале па сеедно кој ќе победи. Но, тоа не се случи па оваа желба ја оставаме за внуците“ велат сопружниците. Со својот занает Анте го немало и по цели денови. Знаел многу често по работата да се заседнува со домаќините или со пријателите што ги сретнувал по пат на кај дома. Цвета вели дека таа како сопруга никогаш не му префрлила зашто толку долго го нема. Секогаш настојувала кога ќе си дојде изморен да си легне, а утредента одморен си се објаснувале. Двајцата велат дека убаво им поминал половина век брачен живот. Велта дека сега најмногу живеат за внуците и правнучињата. Се надеваат дека ќе доживеат и „сребрена свадба“ како јубилеј од нивната црковна венчавка пред две години. Т.Јовановски
16
Душица ТРЕНЕВА, актерка во мода
„Умри машки“ ја врати публиката во театарот
Со импресивната улога на Ева во театарската претстава на ШНТ „Умри Машки“, младата актерка Душица Тренева ги освои штипските театарски сладокусци. По премиерата многумина се прашуваа која е девојката што така впечатливо ја изнесе на сцена својата нималку лесна улога. Штипски глас ја дава можноста за подобро запознавање со девојката која како актерка многу ветува. -Студентка сум на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Се во животот е резултат на нешто што сме го доживеале во млади години, па така е и со мене. Мојот татко, во професионална смисла, е Симеон Гаврилов, во чие драмско студио бев членка. Тогаш одлуката да бидам актерка беше моја, родителите не ми бране, напротив ме поддржуваа да се бавам со тоа што ме прави среќна. Кај Гаврилов научив дека не е толку важно колку ќе направиш туку како тоа ќе го направиш. Тој ме научи на самопочит, зашто кај Гаврилов јас не бев само на некој вид курс
[tipski Glas, Januari, 2018 br. 78
КУЛТУРА
по актерство, таму поминав една многу важна школа на животот, вели Тренева. Вели дека кога годините и дошле за на факултет двапати се обидувала да се запише на ФДУ но и во двата случаи била одбиена. „Немав јас вујко владика за да станам поп. Така беше тогаш. Се примаа деца на познати родители. Јас не бев едно од нив. Но, си ја имав упорноста, вербата во себе, идеа-
Претставата Умри машки ја врати публиката во театарот, Душица Тренева има извонредно остварување во улогата на Ева, таа е актерка во мода.
погодат одлични професори како Кирил Барбареев, Страшко Стојановски, Андон Мајхошев, Сузана Џамтовска и други од кои научив многу за една исклучителна професија за секое општество. Но, мене сепак, ме влечеше актерството, па се решив уште еднаш да се јавам на приемен, ако ме примат убаво, ако не ќе бидам новинарка. На моја трета среќа ме примија и сега сум на четврта година на ФДУ. Моја одлука е да дипломирам на двата факултети, но животна професија да ми биде актерството“, ги појаснува нештата Тренева Таа вели дека претставата „Умри машки“ ја вратила штипската публика во театарот. Досега покрај премиерата имале и пет репризи со вкупно околу илјадата посетители. Но, како Душица, актерката за која се говори, ја доби првата улога во својот ак-
Поради политиката кај нас ја снема и театарската критика, што е една многу лоша работа. Кога актерите ќе се ослободат од политичкиот товар ќе бидат ценети на вистински начин, нивното дело покрај публиката вистински ќе го валоризира и критиката, а тоа сега не е случај. лот на кој целосно му бев посветена. За да не загубам чекор со мојата генерација се запишав на Правниот факултет при УГД на студиската програма новинарство и односи со јавноста. Имав среќа да ми се
терски живот? „Најзаслужен за тоа е Никола Ристов, дипломиран режисер, директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“. Тој ме предложи на режисерот Коле Ангеловски кој го прифатил
предлогот на Ристов. Ангеловски, дајавјки ми ја улогата, ми рече кратко – „Верувам дека тоа ќе го направиш одлично“. Бев презадоволна кога по премиерата ми упати професионални комплименти. Сакам да порачам дека во Ефтим Трајчов и Милорад Ангеловски имав супер партнери на сцената, тие имаат искуство што мене, како недипломирана актерка на која ова и беше прва улога многу ми помогна. Тоа е таа колегијална поддршка без која не е можен ниту личен ниту колективе успех на сцената“, вели Тренева. Во претстата, барем за наши прилики има некои „послободни“ сцени. Kaкo младата актерка се носеше со нив, што на тоа и кажало нејзиното момче? -Режисерот Ангеловски ми кажа дека на сцената малку ќе морам да се разголам јас веднаш реков дека е тоа ОК. Јас одамна имам сфатено дека е тоа дел од мојата професија. Моето момче беше и на некои од пробите, беше и на премиерата, а гледаше и некои репризи, неговата поддршка која ми значеше се на овој свет беше многу позитивна. Во конзервативна средина каква што е нашата ретко можеш да најдеш таков партнер, и од тој аспект јас сум пресреќна. Штип, Скопје или Европа? Каде Тренева се гледа себеси по некоја година? -Во Европа. Таму ја
[tipski Glas, Januari, 2018 br. 78
гледам својата иднина. Во Скопје не сакам ниту да живеам ниту да работам, кога ќе дипломирам ќе си се стационирам во Штип, но мој идеал е да заминам на доусовршување во некоја европска земја...Да дадам акцент на сценските движења, на движењето на телото, на нешто кое се нарекува физички театар, а кое во моментов е светски тренд. Кај нас многу ми пречи тоа што политиката
КУЛТУРА влезе и во уметноста, во театарот посебно, што јасно го видовме во претходниот период...А во Македонија поради политика ја снема и театарската критика, што е една многу лоша работа.Кога од таквиот товар ќе се ослободиме и актерите ќе бидат ценети на вистински начин, што сега не е случај, вели Душица Тренева.
За културата во Штип близу 10 милиони денари •Годинава за културата во градот-регионален центар се предвидени за 1,5 милион денари повеќе од лани Институциите од културата кои се под „капата“ на општината, здруженија на граѓани и поединци кои реализираат содржини од интерес на културните потреби на локалната заедница,а кои ќе понудат квалитетни содржини од областа на културата, годинава можат да сметаат на вкупно 9.760.000 денари. Во оваа сума се планирани и инвестиции за квалитетно одржување на објектите и опрема во културата. Ова е за 1,5 милион денари повеќе од лани, средства кои локалната власт, од општинскиот буџет, ќе ги вбризга во културниот амбиент на градот. „Оваа програма ги определува стратешките приоритете на локалната самоуправа преку поддршка во сите облици на остварувањето на културата на локално ниво, пред се заради остварување на основните цели во оваа важна област. Во оваа смисла приоритет се дава на создавање квалитетни услови за континуирано остварување во културата на локално ниво, обезбедување услови за достапност на граѓаните до културните вредности и нивно масовно користење, поддршка и промоција на културното наследство и творештво, овозможување на услови за остварување и заштита на врвни културни вредности како и
17
поттикнување на разновидноста и разноличноста во културата на локално ниво“, вели Кирил Панајотов, советник за култура во локалната самоуправа. Општината со 180.000 денари ќе го подржи традиционалниот Новогодишен/божиќен концерт, манифестацијата „Во чест на пролетта“ ќе има на располагање 120.000 денари, Штипското културно лето со децениска традиција добива 700.000 денари (наместо 12.000 де-
Шопов 100.000 денари, одбележувањето на Денот на градот 19 декември ќе биде поддржано со 150.000 денари, проекти на институции, здруженија на граѓани и поединци кои ќе реализираат содржини од интерес за локалната заедница ќе имат на располагање 200.000 денари, со 100.000 денари ќе биде поддржани проекти кои ќе ги стимулираат сите видови на творештво заради популаризација, презентација и користење на културното наследство. -Планирани се средства и за инвестиции и одржување на објекти и опрема во културата. Тука пред се се мисли на докомплетирање на системот за озвучување во Мултимедијалниот центар за што се планирани 240.000
ДИЛЕМА Дали пастрмалијадата во себе содржи и културен елемент или е тоа само чист комерцијален производ за кој Општина Штип издвојува 2,5 милиони денари? Комисијата за култура смета дека во пастрмалијадата нема ништо од култура и дека во однос на оваа манифестација треба да има нов проект... нари лани), фестивалот на забавна музика „Макфест“ добива 4,5 милиони денари... И годинава ќе има пари за поддршка на одбележувањето на празници и датуми кои се значајни за историјата на градот. Така, за одебележувањето на Денот на ослободувањето 8 ноември наменети се 250.000 денари, за одбележувањето на годишнината од раѓањето на поетот, револуционер, академик и дипломат Ацо
денари. За соработка, посредување и размена на програми од областа на културата, преку гостувања на наши уметници во збратимени и други градови и држави, а поради размена на културни содржини планирани се 200.000 денари, за обезбедување учество на ансамбли, клубови или поединци на врвни културни манифестации во државата и надвор од неа буџетот изнесува 120.000 денари, посочува Панајотов.
На седницата на Комисијата за култура беше изнесена дилемата во однос на манифестацијата „Штипска пастрмајлијада“. Дилемата е во прашањето дали оваа манифестација е од областа на културата или не. Иван Бојаџиски, Сашко Николов и Слбоданка Момчилова, членови на Комисијата за култура беа со заеднички став дека оваа манифестација во себе го содржи само комерцијалниот елемент зашто гостувањето на Цеца, Лепа Брена, Харис Џиновиќ и други познати пејачи од соседството, продажбата на тони пиво и вино и на илјадници пастрмајлии никако не му дава ореол на културен настан. Во таа смисла тие оценија дека е неопходен нов пристап кон оваа манифестација за да се види дали е потребно општината за неа да дава толку многу пари, или таа работа да им се препушти на оние кои од неа имаат финансиски бенефит.Комисијата заклучи дека работите треба да се согледаат од секаков аспект, ако е потребно да се направи нов проект во однос на пастрмајлијадата. Зашто како што рече д-р Сашко Николов, ако е тоа културен настан кој треба да биде поддржан со буџетски пари, тогаш на истиот нека настапуваат домашни пејачи, актери, фолклорни групи, градската музиа и градскиот хор наместо пејачи од странство. –„На начин каков што е сега ние не поддржуваме никакви домашни културни вредности и затоа сметам дека е крајно време тоа да го промениме“, посочи Николов.
18
ЖИВОТ
Стојанче од Штип придружник на Тито на патувањето до Алжир
И
мето на Јосип Броз Тито, кој светскиот печат го ословува како нетипичен комунистички водач, и понатаму со почит се изговара во светот. Меѓу луѓето кои имале допир со оваа легенда на светското слободарско движење се и двајца штипјани. Едниот од нив му бил масер на Тито, живее во Белград и не сака да зборува за неговото искуство со доживотниот претседател на Југославија. На такво нешто се заколнал на времето. Вториот е Стојанче Митовски, сега пензионер, кој бил на бродот Галеб кога Тито, во 1965 година, патувал во повеќедневна посета на Алжир. „Во ЈНА служев во Пула. Јас бев на школскиот брод Јадран. Во 1965 година Тито, на бродот Галеб пловеше за Алжир. На бродот бев и јас како придружба зашто тогаш го имавме братството и единството па на Галеб беа Срби, Македонци, Словенци, Босанци, Хрвати, Црногорци“, вели Митовски. Сликите од тоа за него прекрасно доживување сеуште му се свежи. Вели дека додека патувале кон Алжир Тито во повеќе наврати се појавувал на палубата. „Ќе се појавеше ненајавено на палубата, меѓу посадата на бродот. Веднаш се упатуваше кон некој од војниците, подофицирите, официрите...Ќе ја подадеше раката и со неговата позната насмевка ќе прашаше за името на морнарот или војникот за тоа каде живее но и како живее. Тито се интересираше за се. Еден ден ми пријде и ме праша за името и од каде доаѓам. Му реков дека се викам Стојанче, дека сум од Македонија, од градот Штип...-„Од Штип си, па јас во Штип сум бил во 1957 година, во месец мај. Многу народ многу убаво ме пречека таму“, ми рече Тито. Ми ја пушти раката и ми посака среќа во животот. На тој настан, на фактот дека сум зборувал и сум се ракувал со човекој кој беше светска политичка легенда никогаш нема да заборавам, вели Митовски.
[tipski Glas, Januari, 2018 br. 78 Стојанче Митовски
Легендарниот брод Галеб со кој Тито патуваше по светот, на својот поморски пат до Алжир го Бродот Галеб придружувале два брода-разбивачи, бродовите Јадран некакви проблеми, се смееше, беше и Трогир. весел и убаво расположен. Ние во -Галеб исплови од сплит- него видовме една сосема обична ското пристаниште. Цело време личност, една човечка големина попловеше по мирно море, немаше читувана од целиот свет. Мене Тито никакви проблеми на тој пат, сите ми останува во моите најубави сена бродот бевме среќни што се гри- ќавања“, порачува Митовски. жиме нашиот претседател да стаса Нашиот соговорник се сена време и безбедно до крајната де- ќава на еден посебен детал од пастинација. А тоа беше големиот тувањето со Тито. Имено, Тито од пристаништен град Александрија. Алжир за Југославија се вратил со Кога стигнавме до Александрија авион. Кога бродот Галеб испловил на пат за дома, официрите забелеТито со морнарите и жала како го следат две неидентивојниците на палубата фикувани подморници. oд Галеб разговараше „Нашиот екипаж се обиде да како со свои најблиски. стапи во контакт со подморниците. Прашуваше од каде се, Но, првиот обид беше неуспешен, од другата страна немаше никаков дали имаат некакви глас. Се направи и втор обид за копроблеми, се смееше, муникација. Пак ништо. Тогаш офибеше весел и убаво цирите са качија на топовите и ги расположен. Тоа не се насочија цевките кон подморниците. заборава... Јас си реков „Стојане, ти во Македонија жив не се враќаш“. Сите двата разабивачи останаа укотвени бевме во едно грчевито исчекуна пет километри од брегот, а само вање. Сепак во еден миг подморниГалеб се усидри на пристаништето. ците го свртеа курсот и се оддалеОгромна маса народ беше дојдена чија од бродот. На сите ни олекна. да го пречека Тито. Стотици илјади Тие си заминаа, а јас си реков „Стојугословенски и алжирски знаменца јане, имало господ, ќе си се вратиш се вееја во рацете на алжирците. во Штип кај своите“. Така и биде Тито беше фантастично пречекан, зашто во 1966 година го завршив како што беше случај и при сите не- служењето во ЈНА и се вратив гови други посети на држави во тој дома“, вели Митовски. период, се потсетува Митовски. Тито во Штип беше и во 1970 Тито секоја ден се појавувал година. На 10 јуни тој го посети ЗИК на палубата. Се шетал, разговарал „Црвена Ѕвезда“, а кај Крупиште ги со придружбата, со својот фото апа- виде првите води од Брегалничкиот рат снимал пределите по кои пло- хидромелиоративен систем кои повел Галеб. текоа по плодните ниви во регио„Тито со морнарите и војни- нот. Тито со Јованка низ Штип се ците на палубата разговараше како возеше во отворена лимузина. со свои најблиски. Се распрашуваше од каде се, како се нивните семејства, прашуваше дали имаат
[tipski Glas, Januari, 2018 br. 78
19
СПОМЕНАР
Стари штипски споменари
Страната ја уреди: Зоран Сичев
Штип и штипјани - 9 септември 1923 година
Штип - 1925
1925г. Штип- Ново Село
Персонал од некогашнио Бриони
Штип 1924 г ...Поглед кон црквата на Исарот и зградата на српската жандармерија (денес дом на млади) сликано од кај денешната автобуска станица
20
[tipski Glas, Januari, 2018 br. 78
СПОРТ
Јована ГЕОРГИЕВА, спортист на Штип
Хиперактивното девојче патува кон покривот на Европа
И
ма 20 години, студентка е на втора година на ПМФ при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, нејзин избор е молекуларната биологија,студиите и одат одлично, а годинава стана носителка на престижното признание спортист на Штип. Нејзиното име е Јована Георгиева. Таа е млада, елоквентна, интелигентна девојка која животот си го посветува на студиите и на омилениот спорт-каратето. Разговорот со оваа успешна млада личност ни беше вистинско уживање, а нејзиното размислување за важните нешта во животот можат да бидат голем поттик за многу млади луѓе кои си го бараат вистинскиот пат. Јована, како се случи твојата „зараза“ со каратето? -Ништо во животот не се случува без причина. Имав пет години кога мојот татко ме однесе на карате натпревар.Мислам дека тој тоа го направи со намера зашто јас си бев
хиперактивно дете па тој веројатно знаел дека каратето како динамичен, индивидуален спорт може да ме привлече таму да ја трошам својата енергија. И биде така. Си реков дека ќе тренирам карате, а се друго кое ми се случуваше од тогаш до денес е само еден логичен след на мојата посветеност на спортот кој го сакам и на кој посветувам добар дел од моето слободно време. Кои резултати ти ја донесоа оваа титула? -Прво го освоив третото место на државното првенство и тоа ми донесе учество на Балканското првенство каде бев трета, тој успех ми ги отвори портите за учество на Европското првенство каде освоив бронзен медал. Оние кои одлучуваа во процесот за избор на спортист на годината, на основа на овие мои резултати, одлучиле дека јас годинава ја заслужувам оваа титула која ми значи зашто доаѓа од мојот роден град. Нема големи спортски остварувања без голема, речиси секојдневна посветеност на спортистот. Луѓето ве гледаат само кога се натпреварувате, но што се стои зад една титула малку кој знае... -Тоа е точно.Освен моето семејство и колегите од клубот малку кој
друг знае дека на дневна основа тренирам по 3-4 часа. Пред натрепаври за клубот или репрезентацијата дневно тренирам три пати по 1-2 часа. Практично, јас не можам времето да го издвојам за каратетот и за некаратето, зашто ова е спорт кој бара и квалитетни психички подготовки кои се постојани. Така и само така се стигнува до врвни спортски резултати и се освојуваат врвни признанија. Сега и јас и другите каратисти сме исправени пред нов предизвик. Имено, за првпата во историјата на Олимписките игри кои се сон на секој млад спортист се воведува и каратетот. Овој спорт ќе биде присутен на Олимпијатдата во Токио во 2020 година. Со сите свои психички и физички квалитети ќе се подготвувам за Олимпијадата иако знам дека конкуренцијата ќе биде неверојатна. Покрај семејството кој друг влијаеше на твојата кариера? -Штип е неверојатен град кога е во прашање спортот, каратетот посебно. Ние имаме асови како Емил Павлов, браќата Жарко и Сашко Арсовски во чии клубови тренирав долго, тука се и тренерите Александар Кузмановски и Кристијан Младеновски кои практикуваат еден исклучително квалитетен пристап во тренинзите и воопшто
подготовките за создавање врвни спортисти. Браќата Арсовски и Павлов донесоа многу медали во нашиот град. Тоа е една прекрасна спортска приказна пред која ние како град треба да се поклониме. -Сега сте членка на скопскиот клуб Олимпик-2007. Студирате во Скопје. Што би издвоиле од вашиот „скопски живот“? -Јас во Штип завршив гимназиско образование каде темел ми беше математиката. Она што таму го видов како образовен квалитет ми дава за право да заклучам дека нашата, штипската гимназија е број еден меѓу средните училишта во државата. Тоа им го кажувам на моите колеги. Им кажувам дека во Гимназијата има исклучителни професори, има дисциплина без што не е можен успех,дека токму во штипската гимназија се добива перфектно знаење како важна подготовка за на факултет. Во однос на каратето многу е важно како секојдневно се поставуваш кон обврските, што важи и за студирањето. Ако за два месеци имам Европско првенство јас се концентрирам на тоа зашто има мал милион делчиња кои го прават мозаикот на успехот. Доаѓале моменти кога сум си помислила „доста е, јас повеќе не можам“, па потоа
[tipski Glas, Januari, 2018 br. 78
пак ќе дојде успех и одново емоциите се тие што те водат кон нови остварувања. Сакам луѓето да знаат дека каратето е интелигентен спорт, спорт на надмудрување, мислата те води кон целта како да најдеш позиција да освоиш поен, како да удриш и сето тоа да ти дојде во секунда. Во себе мора да имаш повеќе потези, да мислиш кој потез во кое време ти дава шанса за поен, силата има значење но мора да знаеш како неа да ја употребиш. Најголем дел од успешните спортисти имат свое мото, некоја мисла која ги води по патот на успехот. Има ли Јована такво нешто? -Тоа е точно. И јас имам мото, а тоа гласи „Верувај му на процесот“. Мора да му се верува на процесот бидејќи денес луѓето немаат време за многу нешта, а за врвен резултат треба време и треба да се верува во тоа што го работиш, а тоа што го работиш е-процес. Она што е важно и кое треба да се знае е дека за врвен спортист се потребни сериозни вложувања зашто скапа е опремата, а додека да дојдеш до степен Федерацијата да се грижи за тебе, до тогаш родителите го поднесуваат тој товар. Тоа Штип мора да
21
СПОРТ го знае зашто во секој спорт градот има по најмалку три таленти кои можат многу да направат за негова силна афирмација, само што на тие спортисти им е потребна финансиска поддршка. Пример ви е ракометарот Мартин Поповски кој игра за репрезентацијата на Македонија на ЕП во Хрватска,
носи со притисокот, кој во секунда донел одлука да шутира и да израмни на 23:23 со спортска велесила каква што е Германија, а тоа, меѓу другото го научил и во својот прв клуб, во „Текстилец“, од своите спортски учители. Тоа штипјани треба да го знаат.
Првите честитки за Јована дојдоа од градоначалникот Бочварски, кој и го предаде пехарот
зад него стои една исклучителна школа на РК „Текстилец“, тоа не е школа тоа е академија. Мартин е спортист кој научил да се
Колку на факултетот во Скопје твоите колеги знаат за спортот со кој се бавиш? -Многу малку, иако
по успехот на ЕП некои дознаа нешто повеќе. Јас не сакам многу да се знае за мојата спортска определба, сакам да е одвоено едно од друго, сакам и во двете работи да сум успешна, не сакам половичност, не признавам малодушност. Каде по завршување на факултето, дома или во странство? -Сакам да си останам во мојата држава зашто само дома си е дома. Јас ќе си ја побарам шансата да можам дома да работам на она кое е моја животна определба. Ако државата не ми ја даде таа шанса тогаш странството останува како можност. Студирам нешто што е дефицитарно, нешто што кај нас е ново, па сметам дека таков кадар ќе и требе на Македонија. Државата мора да верува во младите луѓе, да и даде шанса да го работат тоа за што се школувале. Исто ви е и во спортот. Павлов, браќата Арсови и другите успешни спортисти да беа во Франција например, ќе беа многу почитувани, во нив ќе се вложуваше толку колку што е потребно, државата ќе се гордееше со нив.Насекада шампионите во науката и во спортот се национална гордост се надевам дека тоа еден убав ден ќе биде така и кај нас.
Спортско качувачки клуб „Астибо“ даде четворица државни шампиони Од спортско качувачкиот клуб на вештачка карпа Астибо досега стигнуваа малку информации. А дека во овој клуб интензивно се работи констатиравме од една наша посета лани во просториите на клубот.Но, оттогаш , па наваму, немавме никакви информации. Дури деновиве бевме информирани за настапите. Информациите за оваа спортска дисциплина не ни доаѓаат на време, а тоа е многу важно да се смени, зашто е познато дека по 2020 година качувањето на вештачка карпа ќе биде и олимписки спорт. Веруваме дека и некој штипјанец по неколку години ќе исполни и
олимписка норма за учество на ЛОИ. Спортско качувачкиот клуб на карпа Астибо ја заврши годината со неколку убави резултати. Четворица членови на Астибо станаа и македонски шампиони во своите дисциплини. Тоа се Михаела Санева,,Васил Караѓозов,,Кирил Сичков, и Бисера Петрова.На последното државно првенство што се одржа во Скопје, медали освоија- Ева Караѓозова,Бисера Петрова, Михаела Санева и Кирил Сичковпрви места и Игнат Санев,Кристијан Гуњов и Васил Караѓозов- втори места. (к.м.)
22
[tipski Glas, Januari, 2018 br. 78
РАЗОНОДА
TR-MR ov -Mi Re k e ~e R i T
Чесно Од чесна работа не се живее, Заклучи Македонецот И реши своето дете да го Прави - политичар! Цунами Штип не треба да стравува Од катаклизми Господ Бог доволно не казни И со Илчо како наше цунами. Нема - има Нема рудници, нема фабрички оџаци Нема ливници, нема, асфалтни бази Народот ќе живее само од воздух Кој секој ден му го прочистува Лилјана!
Razmisluva: Iv. BOJ
Проценка Газда на работници дал 100 денари За годишен одмор. Газдата правилно проценил: Неговите работници за одмор добиваат По само еден ден. Па: колку денови одмор-толку пари...
ВИЦОТЕКА ИМПРЕСУМ Издавач: Ив Ан Принт 16 – Штип Седиште: „Страшо Пинџур“ – 2, 2000-Штип Одговорно лице: Иван Бојаџиски Излегува еднаш месечно Првиот број излезе во месец април, 2009 година Главен и одговорен уредник: Иван Бојаџиски Уредник на колумни Јорданчо Бојаџиски, Јелена Бојаџиска Овој број е отпечатен на 30.01.2018 година Тираж: 1.500 примероци Денарска сметка: 290000001875546 Даночен број: 4029016517952 Годишна претплата: 180 денари. Печати печатница Генекс-Кочани Ул. „Тодосија Паунов“ б.б. За Штипски глас се плаќа повластена даночна стапка од 5% ISSN 2545-4498
Кавадарчанец оди дома и носи шест пакета вино, две шишиња ракија и два леба. – Да не че иаме гости вечер!? – Не бе, оти?! – Ами шо толку леб си зел!!! Грк, Албанец и Бугарин фатиле златна рипка. – Сакам во Македонија да има ерупција на вулкан – рекол Гркот. – Сакам во Македонија да има поплава – рекол Бугаринот. – Сакам во Македонија да има земјотрес – рекол Албанецот. – Готово – рекла рибата… Гледаат сред Солун изникнал вулкан, Бугарија била поплавена со вода, а Албанија била срамнета со земја. – ЗЛАТНА РИПКЕ, ШТО НАПРВИ?!!! – ИИИ, ИЗВИНЕТЕ ГЛЕДАВ СТАРА КАРТА ОД МАКЕДОНИЈА! Фатија кумановац златну рибу и она му кажала ако гу пушти ќе му испуни жељу. И кумановац кажаја: – Ауди Q7 – Сакаш ли на лизинг или на кредит ? – А ти сакаш ли на зејтин или на маст? Драган Вучиќ фатил златна рипка а таа му вели: -Пушти ме бе, сељак еден! Грк фаќа златна рипка и таа му вели: – Пушти ме и ќе ти исполнам 1 желба. – Сакам да ја победиме ФИРОМ во кошарка! – Извини, ама таква желба ни јас не можам да ти исполнам!
[tipski Glas, Januari, 2018 br. 78
СУ Д О КУ
Броевите од 1 до 9 впишете ги во блоковите со големина 3 x 3 полиња (врамени со здебелени линии), така да секој број може да се најде само еднаш во водоравната или хоризонталната насока
СКРИВАЛКА треба да пронајдете два скриени предмети
РАЗОНОДА
23
24
РЕКЛАМА
[tipski Glas, Januari, 2018 br. 78