Skip to main content

Stipski glas br 80

Page 1

ИВАНА ЈАНКОВ ЃУРЃЕВИЌ, ДИРИГЕНТ

Да снимиме композиции од Нетков, од Михајлов ...

Новинарите го избраа најдоброто од истокот ● И годинава, по четврти пат, новинарите ги избраа најдобрите во регионот во стопанството, екологијата, општествената одговорност, образованието, културата, спортот ... опширно на страна 12-13 Д-р АЛЕН ГЕОРГИЈЕВ, в.д.директор на Клиничка болница

Ни фали кадар, потпишуваме договори со педесеттина лица за доброто на пациентите

Универзитетот „Гоце Делчев“ го одбележа својот празник


2

[tipski Glas, Mart, 2018 br. 80

АНАЛИЗА ОД МОЈ АГОЛ

N

Иван Бојаџиски

„Ајде бе, кога ќе почнете да работите“ ▌За капитални проекти си треба „капитално време“ ▌Зошто ни се потребни, дури неопходни признанијата ▌Штип повеќе не е национален центар на хуморот и сатирата, што да се направи по тоа прашање

З

1

боровите од насловот најчесто ми ги упатуваат граѓаните со кои имам секојдневни средби. На улица, во фабрика, во канцеларија, на разни настани. Ми ги упатуваат како на советник, како на еден од 23 избрани да управуваат со нашиот Штип. И, секако, да ја носат сета одговорност. Без оглед кој и како го сваќа тој принцип на човековото однесување во неговиот животен простор. Одамна е речено дека народот секогаш е во право. Од народот треба да се примат совети. И критики, секако. Треба да се размислува по однос на зборовите на граѓаните. Кои, во најголем дел се добронамерни укажувања. Но, кои се моите одговори? На луѓето кои ми ги поставуваат ваквите прашања им одговарам дека како новоизбрана локална власт сме посветени на она што се нарекува капитални проекти. Нешто што подолго време го немаме во градот и општината. Нешто за што долги години само се договараме, и за кое само сонуваме. Им говорам дека треба време за почеток на гасификацијата. Треба малку време за ревизија на проектите за браната на Отиња. Треба уште помалку време за да почне градбата на новата детска градинка. На која чекаме 30 години. И треба уште време за уште некој капитален објект кој е ветен во предизборието. Им посочувам на граѓаните дека работи од секојдневен карактер се обавуваат во континуитет. Се уредуваат тротоари, се прават нови зелени површини, се средуваат улици, културата доби едно повисоко ниво, во спортот работите се средуваат-резултати се покажуваат. Значи треба време. За капитални проекти треба капитално време. Ако големите проекти кои се ветени во предизборието не бидат реализирани тогаш народот ќе си го каже своето. Тоа е факт над сите факти. Како што тоа си го кажа на последните локални избори кога и даде ефектна корпа на бившата локална власт која многу „работеше“...

Н

2

овинарите по четврти пат ги избраа најдобрите од регионот. Во повеќе области доделени се вкупно 13 признанија. За тоа донесуваме репортажа во овој број на весникот. Но, зошто една таква манифестација е потребна, дури неопходна? Живееме во време во кое ретко ќе најдете човек кој за друг ќе каже некој добар збор. Ретки се моментите кога личност која прави добри дела за локалната и (или) регионална зедница ќе добие признание од својата средина. Тоа само го потврдува фактот дека ние сме во страшен дефицит со пријатели кои можат да го признаат успехот на другиот. Новинарите од регионот отворија еден, по мене убав процес. Јавно им даваат почести на луѓето и институциите кои направиле добро дело во една календарска година. А колку тоа им значеше на добитниците, најдобро можеше да се види на вечерта која ние ја нарековме „Ноќ на источните оскари“. Ако умееме да им оддадеме признание на најдобрите, највредните, настручните, најпосветените помеѓу нас, тоа ќе значи дека сме станале луѓе кои знаат да го препознаат туѓиот придонес за доброто на заедницата.

Н

3

а крајот од месецов во Кочани се одржа вечер на хумор и сатира. Можеби ќе си речете – па што тоа има со нашиот Штип. Има. Уште како има. На таа вечер, помеѓу десеттината афористичари немаше ниту еден штипјанец. А Штип, до пред дваесеттина години, после Скопје, беше вториот главен град на хуморот, сатирта и карикатурата. Денес никој повеќе не се бави со тоа. Како да се промени оваа состојба? Така што институциите задолжени за културата, меѓу кои спаѓаат и хуморот и сатирата, ќе ја отворат темата и ќе поработат на тоа. Време е Штип да си врати многу свои вредности. Меѓу кои и вредностите во оваа област.


СТОПАНСТВО

Домашните фирми во тешки услови направиле херојска работа

[tipski Glas, Mart, 2018 br. 80

Фирмите од Регионалните стопански комори на Штип и Битола во вкупниот БДП на државата учествуваат со 25 проценти, тоа говори за нивното значење за националната економија

Н

а Балканот од 1991 година до денес не успеавме да затвориме ниту едно суштинско прашање.Ние не ги искористивме големите потенцијали од заедничкиот живот зашто се плашевме од реобновување на Југославија. Немаме инфраструктура, но затоа пак имаме систем кој не изгради партнерски однос со компаниите, државата наместо да го штити интересот на приватниот сектор прва си ги наплаќа побарувањата, а нејзините обврски кон овој сектор изнесуваат 350 милиони евра. Во такви услови она кое нашите компании го работат е една херојска работа“.

ните сопственици да бидат почитувани од правосудниот систем...Моите фиоки се преполни со тајни рекетирања, со претставки на фирми. Имаме проблеми на релација капитал труд, незадоволство постојано се искажува од двете страни. Тоа е така зашто кај нас не живее трипартитниот договор. Мора да се воведе вистински дуален систем во образованието, мораме да создаваме кадар кој му е потребен на стопанството, се договоривме за германскиот систем, но ако тој систем не профункционира фирмите ќе имаат проблем. Нашите фирми работат во услови на многу проблеми, меѓу нив се и потрошувачката на скапата електрична енергија зашто го немаме ефтинот гас, немаме квалитетна работна рака, имаме држави во нашето соседство со кои немаме договори за соработка, како што се Грција и БИХ“ што е исто така проблем, порача Азески.

Тој рече дека Стопанската комора со своите членки е пред конечно Ова го рече Бранко Азески, решение на тие проблеми, но како претседател на Стопанската комора пречка го оцени административниот на Македонија на средбата со педе- капацитет на државата за кој рече сеттина стопанственици од РегионаАЗЕСКИ: Моите фиоки се прелните стопански комори на Штип и на полни со тајни рекетирања, со Битола одржана во нашиот град. На претставки на фирми. Имаме средбата присуствува и градоначалпроблеми на релација капиници на општини од овие региони. тал-труд, незадоволство по-

Според Азески домашните компании биле одлични зашто и во тешки услови на стопанисување успеале да опстанат, да ги шират своите бизниси, да набавуваат нови технологии и да вработуваат.

стојано се искажува од двете страни. Тоа е така зашто кај нас не живее трипартитниот договор.

БОЧВАРСКИ: Годинава во стопанството, од општинскиот буџет ќе вбризгаме до 1 милион евра како наша поддршка за општинската економија.

„Ние денес, согласно новите светски движења мора да се определуваме за поинаков пристап. Сопственоста е декларирана, вие сте сопственици на вашиот капитал, и имате право истиот да го браните. А дека е слаб за да може да испорача тоа значи почитување на склучените решавање на тие прашања во еден договори, значи компаниите и нив- брз период.

3

Азески за мошне позитивен го оцени фактот дека за првпат имаме двајца бизнисмени на чело на Владата, дека Македонија има млада екипа во ликот на градоначалниците кои ќе донеле нова енергија посебно во однос на стопанството, се пофали дека Стопанската комора имала разбирање со Владата но и стави знак прашање по однос на резултатите за кои рече дека времето бргу ќе покажало дали ќе сме ги имале. Според Мирко Велковски, претседател на Регионалната стопанска комора на Битола, во овој крај имало регистрирано над 5.500 фирми но само 20 од нив биле големи а 100 до 150 средни.

„Ние сме значајна алка во националната економија ако се знае дека во бруто домашниот производ учествуваме со 13 проценти. Ако на ова се додаде дека фирмите од Регионалната комора Штип во БДП учествуваат со 12 проценти, тогаш станува јасно нашето значење за економијата на нашата држава“, рече Велковски. Тој се пожали на тоа дека на стопанствениците од оваа комора многу им бил тежок патот кон надворешните пазари и побара да се направи заедничка стратегија по тоа прашање. Излезот го гледа во создавање големи и моќни компании. Велковски се пофали дека компаниите од неговиот регион имале воспоставено одлична соработка со бизнис заедницата на Грција и на Албанија и тоа дало одлични резултати. Штипскиот градоначалник Благој Бочварски посочи дека во државата се создава поволна политичка и биснис клима.-„Имаме клима која станува се поповолна за бизнисот, ни се случуваат нови инвестиции, од нашиот општински буџет годинава ќе издвоиме до еден милион евра кои ќе ги вбризгаме во стопанството како наша поддршка“, рече Бочварски.


4

НАСТАН

СТОЈАН АНДОВ: Заев и министерот Димитров ги водат преговорите со Грција во согласност со државните интереси

С

тојан Андов, првиот претседател на Собранието на независна Република Македонија пред штипјани ги претстави трите свои книги кои изобилуваат со интересно и читливо четиво за бурните настани од историските мигови на нашето осамостојување. Бројна публика дојде на убавиот настан, а за значењето на овие книжевни дела зборуваа писателите Раде Сиљан и Блаже Миневски како и публицистите Љубомир Гајдов и Љупчо Арсовски. Говорејќи пред штипјани Андов рече дека во негови години (82) малку било напорно да се пишуваат книги. –„Јас своите книги ги пишував според сеќавањата и на основа мали политички студии...Во моите печатени дела се содржани сите факти во однос на нашето осамостојување, во однос на признавањето на самостојноста и независноста на нашата држава но има и делови од распаѓањето на бившата држава Југославија“, рече Андов. Тој додаде дека во неговите книги можат да се најдат се запишани и нашите односи со Слободан Милошевиќ и со албанците, односите со Грција. Се работи за теми кои досега не се обрааботувани кај нас“, рече Андов. Тој појасни дека денес политичкии не е активен без оглед на фактот дека постојано бил опседанат од домашни и странски новинари кои сакале да го слушнат и неговото мислење во однос на нашите актуелни состојби. –„Мислам дека во клучниот период не се отворија прашањата за општествените рефотми, за приватизацијата, за градењето на демократски капацитети во државата, порача Стојан Андов. Според Андов уште во првите години од независноста народот ги тур-

кал тогашните политички раководители да работат на промени, но многу работи се одвивале стихијно.„Бараните промени не се одвиваа согласно потребите на државата и на граѓаните туку во тие промени преовладуваа личните интереси кои се можни само во неуредена држава. Сепак, акцентот во моите книги е даден на севкупниот подем на Македонија кој е е евидентен“, порача Андов.

Стојан Андов му подари од своите дела на градоначалникот Бочварски

АНДОВ Во однос на преговорите со Грција мислам дека нашите органи, премиерот Заев и министерот за надворешни работи правилно и во согласност со интересите на државата и на народот ги објаснуват своите ставови и своите предупредувања што не можеме да прифатиме. Ако останат на таа линија, која сега ја имаат, ако не се поколебат во тоа, мислам дека ќе имаат важна историска улога во нашата иднина,

[tipski Glas, Mart, 2018 br. 80

На новинарско прашање за негов став по однос на Законот за јазиците, Андов вели дека на тоа суптилно прашање гледа од една пензионерска дистанца, а не како директен учесник во тие процеси. Во однос на актуелното прашање за Законот за употреба на јазиците Андов процени дека требало да се има трпение за да се обезбеди една темелна процедура за неговото донесување. Ова што сега го имаме, според Андов, е резулат на невнимание, потценување на правниот аспект и силата на тој аспект. –„Ако не се расчисти прашањето околу амандманите не можеме да знаеме кој тоа ја има прекршено процедурата, дали е тоа пре- миерот или претседателот на државата“, рече тој. Во однос на преговорите со Грција за името, Андов ги пофали премиерот Зоран Заев и неговата влада велејќи дека работата, гледано од аспект а нашите национални интереси, се одвиваат добро. -Мислам дека нашите органи, премиерот Заев и министерот за надворешни работи правилно и во согласност со интересите на државата и на народот ги објаснуват своите ставови и своите предупредувања што не можеме да прифатиме. Ако останат на таа линија, која сега ја имаат, ако не се поколебат во тоа, мислам дека ќе имаат важна историска улога во нашата иднина, рече Андов“.Тој излезе со оценка дека актуелната Влада, со одредени пропусти кои ги има, иако е малцинска сепак е подобра од повеќето други влади малцински или мнозински, сеедно.


[tipski Glas, Mart, 2018 br. 80

ПОЛИТИКА

Миро КАЦАРОВ, портпарол на ЛДП и потпретседател на ОК на ЛДП во Штип

5

Во политиката влегов за да бидам на страната на граѓаните

Г

-дин Кацаров, што ја определи Вашата политичка профилација на 32 годишна возраст? -Се сеќавам, бев дете од 8 години кога почнав со големо внимание да ги следам тогашните парламентарни избори. Ги знаев сите партии, македонски и албански, сите кандидати , слогани. Уживав гледајки ги рекламните спотови на платено политичките програми. За тие околу мене беше чудно бидејки бев второ одделени,а мене веќе ме интересираше политиката која од секогаш била професија и занимање на повозраните и учените луѓе. Барем така ме учеа дома. Во тоа време во раните почетоци на деведесеттите имаше критериуми, не можеше секој да биде политичар или да се занимава со политика. Со политика се бавеа само професори, доктори, истакнати правници, економисти, сите истакнати во своите струки. Нивната интелектуална свест беше на повисоко ниво. Зошто мислите така? Тие тогаш како повеќе да сакаа да и помогнат на Македонија. Ги вложија сите свои капацитети самостојна и суверена Република Ма-кедонија да ја направат демократска и просперитетна држава. Тогашниот Сојуз за Македонија го сочинуваа СДСМ, ДПМ, СПМ и Лига за Демократија.Тоа беа најголемите македонски партии заедно со ВМРО ДПМНЕ и Либерлната партија на Стојан Андов. Тие се политичките партии кои оставија значаен траг во македонската политика. Тие партии ми ја потикнаа љубовта и желбата да се занимавам со најнеблагодарната работа, а тоа е политиката. Погоре рековте дека не може секој да се бави со политика, зашто Вие мислите дека сте погодни за такво нешто?

-Имам завршено факултет за политички науки, значи за политика сум се оспособувал. Политиката беше мојата стратешка цел. Без оглед на фактот дека и денес ги паметам умните зборови на мојот ценет професот, дипломат и еден од врвните политиколози, покојниот Димитар Мирчев, кој често знаеше да не предупреди дека „политиката е ку..а“ Значи по завршување на факултетот се определивте за политиката? -Не! Откако се стекнав со звањето дипломиран политиколог,мене животот ме однесе на сосем друга страна. Влегов во шоубизнисот. Пет години успешно ја водев најгледаната забавна емисија, македонски супер бренд, Бекстејџ. Добивавме награди, соборувавме рекорди на гледаност. Снимавме со ЗЗ Топ, со 50 Цент и Паул ван Дајк, стигнавме до Америка и Панама, направивме тв револуција. Во 2013 година за прв пат ја напуштив Македонија, бидејки стана очигледно дека кај нас немаше место за луѓе кои не беа дел од владејачката гарнитура. Заминав за Стокхолм, Шведска каде живеев и работев како маркетинг асистент во мобилна компанија. Во 2014 година повторно ја напуштив татковината и заминав во Азија, поточно во Дубаи каде до 2017 работев како менаџер на најголемиот спортски бренд “ Најк “. Зошто се вртивте дома? За да се бавите со политика? -Може и така да се каже. Да бидам искрен, туѓината пуста да остане, па решив сето свое искуство од Европа и Азија, сето свое знаење, умешност, почитување на различни нации, религии, мултиетнички соживот, почитувањето на еден спрема друг да го преточам во мојата една и единствена татковина Република Македонија. Се вратив за да почнам да го работам тоа што го

сакам и умеам. Политичката ситуација беше повеќе од очајна, кризата се продлабочуваше, луѓето беа незадоволни, Македонија во кома, странците диригираат, бизнизмените умираат, еконимијата е на поразително ниво...Случајно на еден ручек со моето семејство во еден од штипските ресторани седнува со нас човекот кој ми даде ветер во грб, човекот кој ме натера да влезам во огнот, кој ме мотивира, кој ми даде совет и поддршка, професорот и поранешен пратеник во македонското собрание, поранешен претседател на Општинскиот совет и поранешен лидер на Либерално Демократската партија во Штип, Благој Голомеов. Решив да се сообразам со либерлната идеологија, демократски ставови кои изискуваат еднакви права за сите, без разлика на вера, нација, примања, боја на кожа, професија. Лидерот на Либерано - Демократката партија пратеникот Горан Милевски ми ја дадоа довербата за портпарол на ЛДП на Македонија и потпреседател на О.K . Штип. Постојано ќе сум на страната на граѓаните, со политички средства ќе се борам за правата на послабиот, за почитување на законите кои мора да бидат еднакви за сите, чесно и траспаретно ќе ја извршувам секоја дадена задача. Што работите денес? -Моментално сум дел од ТБМ групацијата од Чешка, која има свои канцеларии во Скопје и сум проект менаџер;Така денот ми е исполнет максимално со обврски и планови за подобар живот.


6

ЗДРАВСТВО

Д-р АЛЕН ГЕОРГИЈЕВ, в.д.директор на Клиничка болница

Ни фали кадар, потпишуваме договори со педесеттина лица за доброто на пациентите

О

сум месеци д-р Ален Георгијев раководи со Клиничката болница во градот која е од регионално значење за доброто здравје на луѓето. Времето поминато на една од најважните функции во регионот е погодно за разговор на тема што ветивме, што направивме, што ни е да правиме, што сака, коментира и бара јавноста.. -На оваа функцијата в.д директор на Клиничка болница Штип сум осум месеци. Сметам дека тоа е ралетивно краток период за да може јавноста да даде некаква оценка за мојата работа.Со оглед на тоа со каква состојба се соочив, и со оглед на фактот дека поради изборите цели 3 месеци бевме без можност за поправка на апарати, прием на персонал, без Управен Одбор и друго, сметам дека болницата генерално оди во добра насока, а јас сам барам малку трпение од јавноста. Проблемите во вака голема и важна здравствена институција не се решаваат преку нок, но сигурен сум дека после одреден период ќе можеме да повлечеме линија и да кажеме дека сме успешни и дека треба да сме горди на Клиничка Болница Штип“, вели д-р Георгијев. Подолгорочна болка на болницата е недостигот од кадри од сите профили. Како тоа болно прашање се решава, ако се решава? -Точно е тоа дека ни фали кадар од многу профили, а посебно од сестри, болничари хигиеничри, техничкии кадар. Деновиве ќе потпишеме педесетина договори за дело, со што барем малку ќе ја поправиме состојбата во тој дел. Со оној кадар со кој располагаме ќе се обидеме максимално да излеземе во пресрет на потребите на пациентите, коментира нашиот соговорник. Факт е дека на болницата не и фалат само луѓе туку и опрема без која нема квалитетно лекување? -Да, и тоа е факт. Затоа ние во изминатиов период набавивме нова опрема и тоа апарати за лепење на крвни садови, пациент монитори, дефибрилатори, перфузори, ЕКГ апарати, уро-

лошки и гинеколошки лапароскопски столб, персонални компјутери, инкубатори, станица за компримиран кислород , перници, чаршави, кебиња итн. Поправени беа апаратот за компјутерска томографија, сервисиран апаратот за магнетна резонанца, дензитометарот, плазма стерилизаторот, апаратот за Фако метода кај катаракта (перде народски), борерот за ортопедси операции. Од големите апарати при крај е и набавката на дел за апаратот за ангиографија, со кој конечно после повеќе од една година срцевите болни и инфарктите повторно ќе бидат лекувани кај нас. Дополнително, ставени се во функција и нови апарати кои сме ги имале кај нас, а од за мене неразбир-

Што се однесува до ветувањето на Заев за поголеми плати на специјалистите, очекуваме според најавите на министерот, веќе од април да се зголемат дежурствата, а од септември и платите на здрваствените работници. И ова веројатно не е доволно за да се зголеми импулсот на останување на лекарите во Македонија, но периодот од нецели 10 месеци е прекраток за да тоа се оствари.Длабоко сум убеден дека до крајот на мандатот, зборот ќе биде исполнет. Во врска со наградувањето, сметам дека истото, дадено на оние кои тоа го заслужуваат ќе делува стимулативно на скоро сите вработени. Но и казнувањето на сите оние кои не ја работат својата работа пожртвувано и спротивно на начелата на медицинската етика, ќе го има. ливи причини стоеле неотпакувани како што се апаратот за ЕЕГ, за ЕМГ, апаратот за стрес тест, како и два апарати за физикална терапија ласер и апарат за магнетотерапија. Опозицијата неодамна критикуваше дека болните лежеле во сту-

[tipski Glas, Mart, 2018 br. 80

дени соби. Вистина или само политички спин? -Проблемот со греењето постоеше само неколку часа од еден единствен ден 28 Февруари. Се друго се шпекулации и неосновани напади. Нафта добиваме редовно, имаме резерви. Уште поважно, пред грејната сезона, имаше и поправка на системот, со кој успеавме делумно и зградите на инфективно одделение и Детското одделение, да добијат колку толку топли радијатори, што беше хроничен проблем со години. На детското одделение се санира и електричната инсталација, со цел да може да го издржи оптеретувањето, бидејки дополнително набавивме греалки и панели, со цел нашите најмали и најмили да имаат топол престој. -Во тек е изградбата на новата Болница е во тек.Бидејки комплетно е во надлежност на Министерството за Здравство, очекуваме според зборовите на министерот Филипче дека до крајот на оваа година изградбата ќе приврши. Што ке значи за Штип и регионот не треба да се трошат зборови. Модерна болница, за достоинствен престој на пациентите и прекрасна работна средина за сите вработени, посочува Ален Георгијев.. Ланската година е започната со мала сума пари на сметката. Без пари нема ништо, најмалку квалитетно здравство. Како стоите по однос на ова прашање? -Од кога сум јас директор, на сметката имаме 11 милиони денари, најголемиот долг од 24 милиони денари, се намали на 12 милиони. Немаме неплатени сметки за комунални услуги (вода струја), сите достасани фактури се платени на време. Вработените добиваат повисоки надоместоци за плата, всушност реалните, како што им следува, нешто што со години им било закинувано. Ја зголемуваме наплатата на нашите побарувања, се штеди секаде каде што може, на репрезентации, на службени возила...


Универзитетот „Гоце Делчев“ го одбележа својот празник

[tipski Glas, Mart, 2018 br. 80

7

УНИВЕРЗИТЕТ

С

о Свечена академија, збогатена со уметнички дел–настап на Влатко Стефановски, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип одбележа 11 години од основањето. На Свечената академија присуствуваа министерката за образование и наука, Рената Дескоска, ректори на државните и приватните универзитети во Република Македонија, првиот ректор на УГД, проф. д-р Саша Митрев, градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, Митрополитот брегалнички Иларион, како и останати гости и пријатели и соработници на Универзитетот „Гоце Делчев“.

Најдобрите студенти со ректорот Проф.д-р Блажо Боев

Министерката за образование и наука Рената Дескоска изрази задоволство што има можност да присуствува на одбележувањето на 11 години од основањето на УГД. -Посебно задоволство ми е да присуствувам меѓу студентите и професорите на УГД, особено што овој универзитет како еден од најмладите успеа во своето 11-годишно постоење да се рангира како втор во државата, што покажува дека некогаш годините на постоење не се толку битни колку што се битни залагањата на професорите, студентите и менаџирањето на универзитетот. Сакам да упатам апел и понатаму да се продолжи со градењето на квалитетот во образованието, бидејќи тоа е практично вистинската инвестиција за развој на секоја држава. Новиот Закон за високо образование, кој веќе е во собраниска процедура, ќе биде и соодветна законска рамка која ќе овозможи автономија на универзитетите, градење на слобода во академското изразување и влијанието на универзитетите во креирањето на политиките. Новиот Закон за високо образование, практично, е пример на инклузивна политика, односно градење на решенија заедно, во дијалог со универзитетите, со оние кои треба да го применуваат и на кои се однесува овој закон – рече министерката Дескоска. Ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, во своето обраќање на Свечената академија се задржа

Дескоска и Боев

на примената на Болоњскиот систем во високото образование, на Единствениот кредит трансфер систем, образовни системи кои трпат критики од одредени центри и во многу ситуации се како на обвинителна клупа. Боев истакна дека всушност тоа се добри системи, а ако има проблеми тие се во нивното имплементирање, за што сите фактори во високообразовниот систем треба да се потрудат многу повеќе. За единаесетте години постоење, Боев смета дека УГД одговорил на својата задача со оглед на релативно краткиот период за оформување и етаблирање на една високообразовна институција. - Денеска славиме 11 години постоење на Универзитетот „Гоце Делчев“, 11 години макотрпна работа да изградиме една установа буквално од почеток. Тоа е нова млада установа која имаше само неколку постојни установи и мислам дека тоа го направивме на

ДЕСКОСКА: Сакам да упатам апел и понатаму да се продолжи со градењето на квалитетот во образованието, бидејќи тоа е практично вистинската инвестиција за развој на секоја држава.

БОЕВ: Ншиот универзитет е нова млада установа која имаше само неколку постојни установи и мислам дека тоа го направивме на најдобар начин и мислам дека го оправдавме нашето постоење најдобар начин и мислам дека го оправдавме нашето постоење, предаваме добро знаење на студентите, градиме добри студенти, квалитетно образование и мислам дека ќе продолжиме во таа насока. Се надевам дека со новиот Закон за високо образование многу од дилемите кои досега постојат ќе бидат надминати, во поглед на автономијата на универзитетот, во поглед на финансирањето, во поглед на кадровската автономија, во она што значи подмладок на универзитетот и институционално зајакнување – изјави ректорот Боев. На Свечената академија им беа доделени и признанија на студентите со најдобар постигнат успех на сите факултети во состав на УГД.


8

Новите вработувања ќе ја чинат општината 33.000 евра годишно

ВРАБОТУВАЊА

За годинава услов за одење во пензија стекнуваат 7 вработени Во мандатите на на чии работни места треба да дојпретходните градоначалници на годишно дат нови лица. Уште шест нови вработувања треба да бидат реализиниво се вработувале во просек по 15 лица, годинава рани до крајот на годинава заради се отвора простор за 6 нови потребите од поефикасна локална самоуправа. Тие шест нови работни вработувања места, во бруто износ, ќе ја чината општината околу 2,5 (два) милиони е 100.000 евра како што об- денари, што е еднакво на 33.000 јавија од штипската опозици- евра. ја туку околу 33.000 евра во „Ни фалат економисти, правбруто износ ќе чинат новите вработувања во штипската локална са- ници, информатичар, градежен инмоуправа. Опозиционерите ја три- женер, архитект, сообраќаен инжеплира бројката и како кукувично јајце и ја поттурија на јавноста зашто За годинава услов за сто илјадарки поубаво звучат, а и одење во пензија силно бодат очи. стекнуваат 7 вработени

Н

На последната седница на Советот на општината јасно беше предочено дека за годинава се предвидени вкупно 13 нови вработувања од кои седум се за места кои ќе бидат испразнети поради пензионирање, додека шест работни места се нови вработувања поради потребата од подобрување на капацитетите на општината.

„Согласно Законот за вработени во јавниот сектор ние имавме обврска до крајот на овој месец да изготвиме годишен план за вработувањње. Тој план содржи три компоненти: работно место преку унапредување или распоредување; планирано испразнување на работни места преку пензионирање и трето, планирање нови вработувања. Новите вработувања треба да се реализираат согласно остварувањата на буџетот“, рече Соња Китанова, секретар во Општина Штип.

на чии работни места треба да дојдат нови лица. Уште шест нови вработувања треба да бидат реализирани до крајот на годинава заради потребите од поефикасна локална самоуправа. Тие шест нови работни места, во бруто износ, ќе ја чината општината околу 2,5 (два) милиони денари, што е еднакво на 33.000 евра.

нер. И сето тоа е согласно големината на нашиот град и потребите кои произлегуваат од тој факт. Еве ви еден податок во однос на ова прашање: во тек е постапката за решавање на предмети од бесправно изградени објекти во градот, нив ги има околу 9.000, на таа работа се ангажирани сите правници и тука ни фалат луѓе“, вели Китанова.

[tipski Glas, Mart, 2018 br. 80

Инаку, во локалната самоуправа во Штип има 160 вработени. Во најголем дел се со завршена Педагошка академија или Педагошки факултет. Платите околу кои се плетат разни пикантни приказни и не се нешто посебно.Вработен со средно образование имаат плата од 14.000 до 17.000 денари, помлад соработник има плата од 20.000 денари, виш соработник зема 23.000 денари, вработените со статус на државен советник (не оние во Советот на општината, да нема забуна) имаат плата од 25.000 до 28.000 денари, во зависност од работниот стаж.

Годишниот план е изготвен на основа постојната систематизација на работните места која систематизација е донесена во 2015 година. Советот на Општина Штип на последната седница донесе одлука за 2019 година да се изготви нова систематизација при што акцент ќе се даде на прераспоредувањето на дел од вработените кои сега завземаат работни места кои не се во согласност со нивните квалификации.


„Злетовица“ ја зокружува својата целовитост М [tipski Glas, Mart, 2018 br. 80

арт е месец во кој, на 22-от ден ја славевме водата зашто тој ден е прогласен за Светски ден на водите. Во контекст на овој значаен датум бевме во регионалниот хидросистем „Злетовица“ во Пробиштип изграден за со вода, по квантитет и по квалитет, да снабдува шест општини меѓу кои и Штип како регионален центар и најголем нејзин корисник. Се интересиравме во однос на суштинското прашање. А тоа се прашањата околу искористеноста на водниот потенцијал од 22,5 милиони кубни метри вода која стои на располагање во браната „Кнежево“, но и за тоа до каде се работите на двете наредни фази - наводнување и производство на електрична енергија кои системот ќе го направат профи- табилен.Само колку да напоменеме, овој систем е планиран да ги задоволи потребите од квалитетна вода на Штип, Пробиштип, Свети Николе, Карбинци, Лозово и Кратово во наредните најмалку 50 години. „До овој момент водите ги користат општините Пробиштип и Свети Николе, Кратово одамна тоа го користи со зафат над браната, а во последно време квалитетни подготовки за прифаќање на водите во своите системи ги прават и општините

ОСВРТ

Штип, Карбинци и Лозово. Поради тоа се очекува во еден оптимален временски рок искористеноста на големиот воден потенцијал кој го има „Злетовица“ да биде на значително повисоко ниво“, вели Миле Илиевски, в.д.директор. Општина Штип за која се наменети половина од вкупно 900 литри вода во секунда кои регионалниот водоснабдителен систем им ги овозможува на шесте општини е во

ниот човеков ресурс. „Ние сме посветени на решавање на проблемот со имплементација на најнови технологии за преработка на водите, односно наместо водата да се преработува со песочни филтри што е застарена технологија, тоа да се прави со ултра филтрација. Во меѓувреме бараме пари за изградба на филтер станица и пат до неа што е сума од 1,8 милиони евра. Ние сме мала општина

фаза на тестирање на кои тие пари ги нема па се можностите на филтер надеваме на поддршка од

Општина Штип ги тестира можностите на системот и филтер станицата, а општина Карбинци работи на проект за изградба на филтер станица со што ќе се обезбеди водоснабдување со вода за 13 села со опфат на 83 проценти од жителите.

станицата во делот наменет за прифаќање и преработка на површинските води. Очекувањата се најдоцна до крајот на месец мај Штип, за почеток, да прифаќа по 100 литри вода во секунда и во комбинација со постојниот водоснабдителен систем од рени бунарите да има спокојно лето во поглед на обезбеденоста со најваж-

Владата на Република Словенија која во оваа смисла му помогна и на Штип, но имаме надеж и во Европските фондови“, вели Јордан Насев, градоначалник на Карбинци. Оваа општина со изградбата на филтер станицата и прифаќањето на водите од „Злетовица“ ќе ги задоволи потребите на 13 села или на вкупно 83

9

проценти на жителите во општината. Карбинци сега се снабдува од бунарски систем. е состојбата и со општина Лозово каде исто така се вршат подготовки за прифаќање на водите од „Злетовица“. „Познат е фактот дека овој регионален хидросистем ќе стане самоисплатлив кога ќе се реализираат и двете други фази. Првата од нив е фазата за наводнување на 4.500 хектари плодни ниви од кои 3.500 хектари во општина Пробиштип и 1.000 хектари во кратовско. Втората и најпрофитабилна е од областа на енергетиката, односно изградба на неколку хидроцентрали кои ќе произведуваат околу 50 милиони киловатчасови електрична енергија на годишно ниво“, вели Илиевски. Шведско-Бугарскиот конзорциум „Свеко“ наското треба да ги заврши проектите за двете наредни фази по кое ќе се бара кредитори за истите. Изработката на проектите ги финансира Европската инвестициона банка, а голема е веројатноста таа кредитно да застане и зад двете нови фази. Инаку браната „Кнежево“ која има акумулативна моќ од 22,5 милиони кубни метри вода е речиси до врв полна, односно во неа се акумулирани 21,5 милион кубни метри планинска вода.


10

Ј

ПРЕЗЕНТАЦИЈА

Од „Боров Дол“ нема опасност по животната средина

авната расправа во однос на влијанието на новото рудно тело Боров Дол кој со 40 проценти зафаќа и дел од нашата општина покажа дека експлоатацијата на овој терен ќе нема никакви несакани импликации по животната средина. Презентацијата и дебатата беа во организација на министерствата за транспорт и врски и за животна средина. Николајчо Николов, заменик генерален во рудникот „Бучим“ и упра вител на Бор Дол рече дека отварањето на рудникот „Боров дол“, кој ќе биде површински коп ќе го продолжи векот на „Бучим“ за најмалку уште десет години и тоа почнувајќи од 2020 година.

[tipski Glas, Mart, 2018 br. 80

предвидува отварање на еден современ коп за бакарна руда. На Боров Дол ќе бидат применети најдобрите европски и светски практики за заштита на животната средина. Боро Дол ќе биде рудно тело кое на никој начин нема да има негативни импликаНиколајчо Николов и Благој Бочварски со екипите ции по животната средина“, посочи Николов. Тој на- ници во Лакавичкиот регион и претгласи дека по ископувањето на јало- ставници на институции. Ги слушнавината, веднаш ќе се рекултивира вме сите мислења, а ова е добро и просторот, што досега не е правено е во насока на транспарентноста во останатите руд- којашто ја заговараме и ја најавувавме во претходниот период. ници. Најблиско на- Беше повеќе од неопходно да ги селено место до но- слушнеме сите аргументи, да ги виот рудник е штип- соочиме сите ставови. Во дебатата ското село Брест, во учествуваа и стручните луѓе од Опкое живеат четвори- штина Штип кои работат во делот ца жители. Меѓу нив на животната средина, инспектое и Стојанче Траја- рите, за да на крај го добиеме и нов, кој смета дека БОЧВАРСКИ: Беше ќе има бенефит од повеќе од неопходно да отварањето на рудги слушнеме сите никот. Трајанов Штипскиот музеј заврши голема работа на Боров Дол аргументи, да ги соочиме вели дека раководсите ставови за да на „Овој рудник ќе биде моде- ството на Бучим оствариле средба крај ги добиеме и рен и според европските стандарди. со селаните и според она што им мислењата од Тоа е инвестиција од 50 милиони било презентирано тие биле убедеевра. Ископот од рудното тело Бо- ни дека од Боров Дол нема да има Министерството за ров Дол до рудникот Бучим ќе се загадување на земјоделските поживотна средина и траспортира со бескрајна транспор- вршини во атарот на нивното село. просторно планирање и Градоначалникот на ОпштиМинистерството за НИКОЛОВ: На Боров Дол на Штип, Благој Бочварски истакна транспорт и врски, ќе бидат применети дека откако ќе се слушне мислењеспоред кои мислења ќе најдобрите европски и то на екпсертите ќе се донесе и одги носиме нашите одлуки светски практики за луката за „Боров дол“,бидејќи дел со ингеренциите коишто од овој рудник е на територија на заштита на животната ги имаме“ Општина Штип. средина. Боро Дол ќе И градоначалникот на Штип, биде рудно тело кое на Благој Бочварски присуствуваше на мислењето од Министерството за никој начин нема да има животна средина и просторно плаоваа јавна дебата. негативни импликации „Мене ми е посебно драго нирање и Министерството за транпо животната средина што во јавната расправа учествуваа спорт и врски, според кое ќе ги тна лента за понатамошна прера- од Универзитетот „Гоце Делчев“, од носиме нашите одлуки со ингеренботка во флотацијата. Главниот невладиниот сектор како, заинтере- циите коишто ги имаме“, рече грарударски проект е изра- ботен тој сирани граѓани, од месните заед- доначалникот Бочварски.


[tipski Glas, Mart, 2018 br. 80

П

Животот и ние

роф.д-р Методи ЧЕПРЕГАНОВ,невропсихијатар-епилептолог, кој 58 години се грижи за здравјето на нацијата,од новинарите во источниот регион го доби признанието за животно дело. На свеченото доделување д-р Чепреганов настапи со беседа која, поради својата актуелност, ви ја донесуваме во целот. Еден голем кинески филозоф, многу одамна, во своето капитално и вековито дело „Умот царува,а моќта и снагата трулат“, ја енграмирал најмоќната променада низ цивилизациските психо-емотивни основи на животот со мислата: да живееш и да постоиш значи да работиш,да твориш,да креираш, да ствараш, да умееш, да почитуваш, да те краси ЕМПАТИЈА, флексибилност и толерантност, значи да имаш изграден свој психо профил со високо инкорпорирани норми во совеста на сопственото ЕГО. Совеста, е еволутивен процес при кој на психофизичката обдареност од мајката природа,со тек на време личноста аквирира и инкорпорира воспитание, едукација, знаења, искуство,социјални, морални,етички и духовни норми, таа постепено созрева во милјето во кое постои, во средината на фамилијата и опкружувањето.Тоа се насушните норми кои ја формираат психо и цитоархитектурата на една личност, кои го креираат и формираат нејзиниот психопрофил. Во овој контекст, модерната психологија, сознанието за матурирана личност го надградува: во името на зрелост со социјална когниција која означува збир од ментални процеси кои поддржуваат одредени наши социјални интеракции во нашиот интерконтакт кон другите, кон oколината, реалноста и осмисленоста на нашите намери, планови, желби, замисли, верувања и емоции. Капацитетот на социјалната когниција не води сите

БЕСЕДА

11

нас и управува со нашето социјално однесување, со нашата адаптација, како многу значаен фактор во приемот, но и одговорот на на- Признанието за животно дело на д-р Чепреганов дојде од рацете на градоначалникот Бочварски шите соодветни реални или несоодветни хистероидни и непромис- со каков вокабулар, но и како и на кој начин и со каква мимична гестилени социјални интеракции. Во овој контекст, личноста е кон- кулација, гримаса, боја на глас и гломерат од 7 психички функции: движение ќе биде нашиот однос памтење, мислење, внимание, на- према соговорникот, дома на улигони, перцепции, волјаафект, а сите ца, на работа, секаде и на секое под плаштот на осмата функција место. Ова значи, дека во нашите свеста инкорпорирани (или) хармонично кога личноста е зрела и умее интерперсонални односи, ништо да почитува, да има емпатија, да не е случајно, се е предодредемилува и знае да раззговара, да но и зависи од тоа колку сме ја созбиде толерабилна и флексибилна, реале и надградиле нашата личсо спремност, култура и интерпер- ност, со норми на воспитание и сонален однос да може да се дого- едукација, со богатство на знаење вори и да донесе адекватно ре- и искуство. шение кое е во корелација со капа- Практично овие две структури се цитетот на нејзината емоционална нашето ОГЛЕДАЛО КОН НАДВОР, интелигенција (или) дисхармо- нашата КАРАКТЕРНА ЕКСПРЕСИнично, со крајна детруктивност ЈА на особините на ПСИХОПРОФИво екологијата на духот, ЛОТ на нашата личност, тоа сме поточно во интерперсоналните од- ние со сето она што го носиме и носи во секојдневните контакти, со што сме го инкорпорирале во нас злоба, омраза, љубомора, завидли- како норма и параметар, социјален, вост, карактерни настраности, па- морален, етички и духовен, на фон, раноичност и малигна нарцисоидно на БОГАТСТВОТО ОД ЗНАЕЊЕ, ст, агресивност и асоцијално, психо- кое или го имаме, или го немаме. Како единка, одсекогаш во патско и карактеропатско однесување. Денес, невронауката ја животот ја следам и препорачупотврди архитектурата на наши- вам сентенцата дека УМОТ царува, а снагата, силата, насилството, ароот психопрофил. Имено, во нашиот церебрум ганцијата и агресијата трулат. Рабопостојат две спротивставени струк- тата, чесноста, креативноста, емпатури кои се во постојана спрега, и тијата, богатството на знаења, мотоа од една страна нашиот емоти- ралот етиката и социјалните норми вен мозок со амигдалното јадро и се најголемото духовно богатство лимбичниот систем, носител на на една матурирана личност, параемоционалната интелигенција и на- метри и особини за кои треба да се шите психоемотивни напливи, и од живее и одживее животот, полни со друга страна структурите на преф- верување и знаење дека духовното ронталниот лобус, нашиот рацио, за сите нас е основниот животен кој ја контролира амигдалата и емо- фундамент, двигател и носител на циите и ја донесува децизијата, од- нашите позитивни психонапливи луката за нашиот мисловен дуктус, и енергија.


12

Р

Новинарите ги наградија најдобрите од Источниот регион УСПЕШНИ

[tipski Glas, Mart, 2018 br. 80

егионалниот центар на новинари „Исток“ кој делува во рамките на ЗНМ, на пригодна свеченост им ги врачи признанијата на најдобрите репрезенти на нашиот регион. Признанија за особени остварувања од значење за нашата регионална заедница добија: Проф.д-р КИРИЛ БАРБАРЕЕВ доби признание за најдоброто во високото образование, М-р МАРИЈА МАКСИМОВА,го понесе признанието за најдоброто во педагошката работа во областа на класичната музика, Општина ПРОБИШТИП, доби признание за најдоброто во областа на селскиот туризам за влогот во Лесново, БОБАН НИКОЛОВ, фудбалер, фудбалски репрезентативец, член на унгарски Видеотон е најдоброто во спортот, ТОНДАХ, фабрика за керамиди од Виница е најдоброто во стопанството, рудникот САСА, доби признание за десетгодишно вложување во заштитата на животната средина, „КОМАРЕЦ“, кочански портал е најдоброто во областа на медиумите, М-р д-р ГОЦЕ СТОЈМЕНОВСКИ од Делчево го понесе признанието за најдоброто во здравството, АМБРОЗИА- Пехчево е најдоброто во невладиниот сектор, ИН ВИНИЦА ВЕРИТАС, фестивал за хумор и сатира од Виница е најдоброто во културата, ЕКО - ПАК ХИТ од Кочани, го освои врвното признание за најдобри остварувања во екологијата, штипските гимназијалци СТЕФАН, МАРИЈА, НИКОЛА, ГОРДАНА, АНДРЕА, станаа лауреати во областа на иновациите , додека признанието за ЖИВОТНО ДЕЛО од значење за здравјето на нацијата му беше доделено на Проф.д-р МЕТОДИ ЧЕПРЕГАНОВ. Штипски глас низ повеќе фотографии го доловува убавиот настан кој се случи во амфитеатарот на МСУ во Свети Николе. Генерален покровител е рудникот Саса, а најголем пријател г-дин Максим Прохоров, директор за инвестиции и развој во овој рудник.


Проф.д-р Кирил Барбареев

Јасминка Пашалиска Андоновска „Амброзија“

Учениците од гимназијата „Славчо Стојменски“

М-р д-р Гоце Стојменовски, Делчево

Проф.д-р Методи Чепеганов

13

УСПЕШНИ

[tipski Glas, Mart, 2018 br. 80

Билјана Митева, „Еко пак хит“

Славчо Ивановски, портал „Комарец“

Славко Донев, Ин Виница Веритас

Максим Прохоров

Марија Митевска, општина Пробиштип

Санде Николов, татко на Бобан Николов

М-р Марија Максимова, професор

Владимир Златковски, Тондах

М-р Марија Стојановска, рудник Саса


14

КОЛУМНА

Пишува: М-р Трајче КАЦАРОВ, писател

Аристотел бил ученик на Платон. Бил дел од студентите кои црпеле знаење од првата Академија во античка Грција. Со неа управувал Платон . Аристотел бил обожуван ученик . А кога отсустувал од часовите Платон велел: „Го нема умот слушателите се неми“. Аристотел своите философски ставови и укажувања ги градел реплицирајќи, или спротивставувајќи се на наукот на Платон. Бил под големо влијание на својот учител дури првите негови пишани творби му биле во дијалошка форма. Формирањето на Лицејот, откако ја напуштил Атина, било резултат од разочарувањето од својот учител. Платон оставил аманет по смртта со Академијата, наместо Аристотел да раководи негов блисок роднина . Се надевам дека тоа не ја преполнила чашата на Аристотеловото трпение, па рекол: „Мил ми е Платон,

[tipski Glas, Mart, 2018 br. 80

Мил ми е Платон, ама вистината ми е помила но вистината ми е помила.“ Ставот е категоричен за философот кој ја протажира квалитетната умереност. Па причината за изјавата не треба да се бара во оставнината на Платон, туку во човековата мисловна состојба. Еден милиениум и повеќе од изјавата на Аростотел, Декарт во јавноста ќе ја лиферува сентенцата Kogito ergo sum што во превод значи:„ Мислам значи постојам“. Ако за Аристотел биле важни мислителите тогаш без потешкотии можеме да ставиме знак на равенство помеќи вистината и постоењето. Така ќе добиеме флоскула која гласи „Не лажи за да постоиш„ или „Говори ја вистината за да те има“. Ако се земе во предвид дека во нашата, се надевам и во повеќето социјални средини, политичарите најмногу лажат, односно се‘ друго им е помило од вистината, ќе излезе дека нивното постоење е во прашање, односно тие постојат

ВИСТИНАТА В ЛИЦЕ

На еден му ја плеснаа вистината в лице. Кутриот се затетерави И плесна на земјата. Не требаше толку силно, рече. Потоа си го собра телото и си замина со воздишка што беше потешка од неговата глава.

само како проекција на нашите стравови, слабости, ниски страсти. Само по себе станува јасно дека државате во која лагата е средство кое се употребува при секоја инклинација кон посакуваната цел, не постои, односно нејзиното постоење е во прашање. Пред некој ден бевме сведоци на невидена лага: Полицајката која добила неколку васпитни од паметен и умен функционер, рече дека повредите видливи на фацата и‘ се оти се акнала во пајак. Бидејќи сум писател кој нема намери да скока на барикади и да вее знамиња на митинзи ќе ја искористам можноста, што ми ја дава весникот „Штипски глас“ и ќе приложам песни од циклусот „Песни за лагата и вистината“. Циклусот е дел од стихозбирката „Емигрантот Цвик“ објавена во 2003 година.

ПАЗАР НА ВИСТИНАТА Колку вистини можам на Бело видело да изнесам? Се праша трговецот на вистини И отвори пазар на вистината. Вистини! Вистини! Вистини! Насекаде се слуша за квалитетот и цената на вистината. Вистини! Вистини! Вистини! И никој на пазарот не доаѓа, И никој за вистините не прашува – Се жали трговецот на вистини и Се кае oти вистината од устата не му излегува.


КОЛУМНА

Пoтребна е поголема поддршка на субкултурата

[tipski Glas, Mart, 2018 br. 80

развојот на културните кај вистинските вљубенивредности во нашата зем- ци во културниот израз. ја имаат и бројните здру- Бројните забележителни женија на граѓани, клубо- настапи на разни културви, друштва, здруженија... но-уметнички манифестана следбеници и љубите- ции дома и надвор (шили на културниот израз, се рум нашата земја) се реаПишува: разбира, на волонтерски - лизирани со сопствени Делчо Везенковски-Вујче чисто аматерски однос, со лични средства на членоголем ентузијазам и љу- вите на овие клубови и ултурата е поим со бов. Сите овие субкултур- здруженија, а прашање е пошироко значење ни чинители, кои дејству- до кога ќе оди сето тоа?! за начинот на жи- ваат заедно со професиоВо 2012 година Ловеење, традициите, оби- налните установи и инсти- калната самоуправа на чаите и нивниот начин на туции, го сочинуваат на- Штип организираше своеизразување и пренесува- шето културно милје. За видна средба со субкулње. Се развиле разни разлика од професиона- турните чинители - клуформи и содржини на из- лните чинители, субкул- бови, друштва и здружеразување и нивно прене- турните се судираат со нија со своевидната желсување: ликовно, книжев- низа проблеми - од кад- ба за проширување на но, филмско, музејско, му- ровски, организациски, взаемната соработка, нузичко, театарско... Сите програмски, администра- дејќи поволни можности тие во современиот свет, тивен, а најповеќе од фи- за презентирање пред поа со самото тоа и кај нас, нансиски карактер. Фи- широката јавност. Истата се презентирани преку нансиските средства се средба беше само можбројните установи и инВо минатата 2017 год. ДЛУШ-Друшто на ституции кои се грижат за ликовни уметници на Штип одбележунегувањето и развојот на ваше значаен јубилеј - 50 години органикултурата (библиотеки, зирана ликовна активност со изложбени салони, заводи за заштита на културорганизирање на традиционалната 50 ното богатство, музеи, годишна ликовна изложба на неговите театри, кинотека, издачленови, наместо да се слави јубилејот вачи куќи, друштва, асосо пригодна монографија, истото поцијации... и друго). Овие мина со ретроспективна изложба и организирани чинители од областа на клутурата најобично ливче - наречено каталокче!? се со предзнакот национални или општински, во за- главна причина за низа ност Локалната самоупвисност од нивното значе- нивни нереализирани рава да покаже поголемо ње и видот на директно проекти и зацртани про- „разбирање“ за потребите финансирање, т.е. дали грамски задачи и активно- на клубовите и друштвата тоа доаѓа од државниот сти, а тие што ќе се доби- пред нивните специјални или од општинскиот бу- јат од локалната или по- гости од Министерството џет. Значи, станува збор широката општрествена за култура на Македонија. за професионални субјек- заедницата, по основ на Иако средбата беше форти - со вработен стручн конкурирање со одредени мална - инцидентна, скокадар, организација и проекти - ни оддалеку не ро без никаков видлив функционални објекти, можат да бидат доволни ефект сепак, заслужува каде одговорноста за сра- за нивно адекватно реа- извесно внимание, бидејботеното е ставено на нај- лизирање. Токму ова е ќи барем нешто се има високо рамниште. оној „камен на сопнување“ преземено. Не е фер да Сепак, покрај нив, што придонесува за нама- се остават на маргините свој удел и значење за лување на ентузијазмот на случувањата, зашто на

К

15

истите им е неопходно пружање помош и разбирање од локалната и пошироката заедница. Овие културни чинители се со повеќедецениско постоење и дејствување, кои изградиле извесен бренд во нивната активност. Поразувачки е податокот некои да трошат народни пари со надуени патни сметки, исплатени дневници, божемно прекувремено одработени часови и дежурства или исплаќање на измислени бонуси за успешно завршената работа, а други да си плаќаат дури и од сопствените џебови за активности и дејности од општествена корист. Во минатата 2017 год. ДЛУШДрушто на ликовни уметници на Штип одбележуваше значаен јубилеј - 50 години организирана ликовна активност со организирање на традиционалната 50 годишна ликовна изложба на неговите членови, наместо да се слави јубилејот со пригодна монографија, истото помина со ретроспективна изложба и најобично ливче - наречено каталокче!? Клубовите, друштвата и здуженијата со валоризираните резултати од нивната активност и дејствување (добиените бројни награди, признанија и благодарници), несомнено говорат за оправданоста од нивното постоење, бидејќи имаат долгогодишна традиција на взаемна соработка со професионалните институции и установи од областа на културата.


16

КУЛТУРА

[tipski Glas, Mart, 2018 br. 80

РАЗГОВОР ЗА ХОРСКИТЕ РАБОТИ СО ИВАНА ЈАНКОВ ЃУРЃЕВИЌ

Сакаме да ја снимиме „Брегалничка рапсодија“ од Славко Нетков, да снимиме композиции од Сергеј Михајлов, но...

Г

радскиот хор е една од културните легитимации на Штип. Диригентката Ивана Јанков Ѓурѓевиќ е негов заштитен знак.За штипските „хорски работи“, за убавите и неубави страници од работата на хорот, разговараме со Ивана која е една од ретките која има магистрирано како диригент во држававата. Ивана цени дека ланската година била една од најуспешните за нивниот хор. Покрај традиционалните настапи во Штип, по разни празнични тие настапувале и во Радовиш на староградските средби „Саноќ седам“ и на Новогодишниот базар во Свети Николе. „Учествувавме на четири меѓународни фестивали, од кои двата се со натпреварувачки карактер и од нив се вративме со три први награди. Во Ќустендил освоивме две први места во категориите: мешани хорови и машки вокални ансамбли, а во Костандово (исто Р.Бугарија) добивме прва награда во категорија хорска изведба на народната песна. На ревијалниот музички фестивал во Драч имавме два успешни настапи. Таму се претставивме со македонската староградска песна, ка- ко и со популарните странски композиции. Ние на најубавм начин ја презентиравме и ја презентираме националната култура преку староградските и други песни“, вели Ивана Јанков Ѓурѓевиќ. Минатата година посебно ја обележи организацијата на првиот фестивал под име „Астибо 2017“. „Четири месеци го организиравме фестивалот, но до последен ден не знаевме дали воопшто ќе се одржи. Финансиската конструкција ја затворивме жаргонски кажано „на мускули“, односн со помош на неколку штипски фирми. Фестивалот се одржа на летната сцена во Домот на млади. Имавме гости од Македонија

и регионот, бројчано кажано околу 100 учесници. Гостите беа презадоволни, публиката исто така. Што повеќе да направиме“, јавно прашува Ивана. Таа тврди дека некои поединци сакале да го опструираат фестивалот со подметнување на неадекватно озвучување (широкопојас-

Ивана во свој елемент

ката уметност - работата со Градски хор. Тоа ми даде дополнителна сила да работам со елан и понатаму, но сепак со надеж дека еден ден и јас ќе имам адекватен извор на егзистенција, а не како магистер да имам месечни примања во висина од 10.000 денари (6000 од УГД и 4000 од Градскиот хор) а притоа да немам ниту здравствено, ниту пензиско осигурување“, со јад во душата ни зборуваше оваа на хорското пеење посветена жена.. Ивана е задоволна од бројчаната состојба во хорот. Вели дека бројката на хористи варирала, но, за среќа сега има тренд на зголемувањето на членството. Моментално хорот има 23 члена, а нему „хронично“ му фалат уште некој сопран и бас. Нашето следно прашање е како хорот стои во финансиска смисла. –„Финансиската ситуација, фигуративно да се изразам е таква што едвај го држиме носот над водата. Имено, единствените финансиски средства се од месечната членарина во висина од 300 денари по член, од кои јас, како диригент, а морам да напоменам дека сум невработено лице, примам месечен хонорар во висина од 4000 денари.

ни микрофони кои се најадекватни за озвучувањето на поголеми ансамбли едноставно исчезнаа иако беа порачани и платени). Тогашниот градоначалник ја одби честа да го отвори фестивалот, Советот на Општина Штип Градот бил и под српско и под бугарско го одби барањето владеење, поминал низ капитализам и на Градски хор таа социјализам, но денес со жал вечер продолжеконстатирам дека ниедна окупација и но работното врениедно општествено уредување толку ме на угостителне ја запоставувало културата и скиот објект во кои уметност како што тоа се случува во беше свечената вечера за сите овој мачен и предолг период на учесници. –„Јас транзиција. тие работи, едноставно, не можам да ги разберам“, Облеката сами си ја финансираме, појаснува Ивана.. како и патувањата во Македонија и „Голем дел од мојата лична странство. Каде и да одиме, носиме горчина се намали кога Општина автентични подароци за организаШтип ми го додели 8 Ноемвриското торите и учесниците на фестивали признание од областта на музич- со цел да го промовираме Штип, не-


[tipski Glas, Mart, 2018 br. 80

говата култура и стопанство. Имавме неколку донации од штипските модни конфекции во вид на кошули, блузи, материјал за фустани и тука завршува помошта од страна. Од претходната власт немавме апсолутно никаква подршка - напротив, имавме многу проблеми иако во хорот имаме различно партиски определени членови. Од сегашната градска власт имаме ветувања дека Градскиот хор ќе има подршка и помош. Имаме надеж дека новата градска власт ќе има слух за културата во градот“, вели Ивана. Хористите се од најразличните професии.Во хорот има економисти, правници, инженери, има психолог, биолог, воспитувач, пензионери, но преовладува медицинска струка. На шега хористите знаат да кажат дека никој ништо не им може покрај толку медицински лица во хорот. За пофалба е подмладување на хорот со доаѓање на неколку студенти од Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“. Пробите ги одржуваат трипати неделно во Домот на млади, со кој имаат одлична соработка. Но, овие зимски месеци ги поминуваат во ОУ „Ванчо Прке“ и во УГД. Тие ја користат приликата што им ја дава Штипски глас за да им се заблагодарат на директорот на ОУ „Ванчо Прке“, како и на ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ што ни излегоа во пресрет и ни ги обезбедија одличните услови за проби. Сепак, за хорот е најдобро да има своја просторија со пијано, каде би можеле непречено да одржуваме проби. За годинава хорот има големи планови. Во план е одржување на Вториот фестивал„Астибо-фест“, кој годинава ќе се прошири и на камерни хорови. Од Министерството за култура тие добиле одредени средства, а имале и ветувања дека и Општина Штип ќе застане зад овој фестивал. Факт е дека квалитетот на фестивалот ќе зависи исклучиво од финансиите.

„Сакаме да ја снимиме Брегалничка рапсодија од Славко Нетков, па некои композиции од Сергеј Михајлов, кој несомнено е музичкиот татко на овој град. Сакаме хорски да обрабо-

КУЛТУРА

тиме десетина штипски староградски песни, да ги снимиме на ЦЕДЕ и да направиме видео-снимки на десетици прекрасни локации во градот, а тоа можеме да направиме само со финансиската помош на Општината. Такво цеде може да биде своевиден сувенир на градот, кој може да се подарува на странските делегации кои гостуваат во Штип“, ги кажува Ивана плановите за годинава.. Во последно време се воста-

17

ко кажано во нашиот хор важи оној „мускетарски“принцип-Сите за еден, еден за сите. Интересно е тоа дека Градскиот хор има своја стандардна публика. Важно е што хористите забележуваат дека на секој нов настап се појавуваат и нови лица кои сакаат да го чујат тоа што хорот со душа го работи. Тоа, според нашата соговорничка, е знак дека тие успевале да допрат до повеќе луѓе и да направат барем еден час повеќе жи-

Градскиот хор на еден од многуте настапи

новува соработка со Музичката академија во смисла што некои студенти членуваат во хорот, Ивана седма година е хонорарно ангажирана на Музичката академија. Од 2016 е насловен доцент по предметите од областа на диригирање. –„За својата света, професионална мисија го сметам всадувањето на љубов кон музиката на младите поради тоа што сакам студентите на кои им

вотот да им биде посреќен. На што работи Ивана во моментот? –„Во завршна фаза сум со пишување на монографијата за еден век хорско пеење во Штип. Градот бил и под српско и под бугарско владеење, поминал низ капитализам, социјализам и со жал констатирам дека ниедна окупација и ниедно општествено уредување толку не ја запоставувало културата и уметност како што се случува во овој мачен

предавам хор и хорско диригирање и кои се подготвуваат во иднина да бидат хорски диригенти, да ја почуствуваат таа посебна атмосфера која ја имаат аматерските хорови, тоа заедништво, пријателство, љубовта кон музиката, желба за вокално напредување, желба за припадност на хорската заедница. Накрат-

и предолг период на транзиција. За крај би го парафразирала Винстон Черчил, кој, во времето на Втората светска војна, кога министрите вршеле притисок да ги пренасочи средствата од културата кон одбраната, им одговорил:„Ако ние не ја негуваме културата и традицијата, што ќе браниме тогаш?“

Од претходната власт немавме никаква подршка напротив, имавме многу проблеми. Од сегашната градска власт имаме ветувања дека Градскиот хор ќе има подршка и помош. Живееме и работиме во надеж дека новата градска власт ќе има многу повеќе слух за културата во градот од претходната.


18

УМЕТНОСТ

Прекрасна изложба на дела на жени сликарки од Штип и од Виница

Н

езапамтено голем интерес покажаа штипјани за изложбата на уметнички слики на жени-сликарки од Штип и од Виница. Големиот изложбен салон во Домот на култура „Ацо Шопов“ беше исполнет до последниот сантиметар, а меѓу присутните имаше љубители на уметноста од секое возрасно доба при што доминирааа младите. Изложбата беше по повод Меѓународниот ден на жената – 8 март. Уметничките Лена Ѓуриќ, Нада Накова, Голуба Хилјадникова, Бубе Донска и Сара Петров од Штип и нивните колешки од Виница Катица Алексова, Благица Стојановска, Гордана Вренцоска и Маријана Иванова се претставија со 27 дела. Куратор на изложбата беше познатиот штипски уметник Борче Минов. Прекрасниот уметнички настан го отворија писателот Трајче Кацаров со песна за мајката, за што доби голем аплауз и поетесата Марија Емилија Кукубајска со мини есејот под наслов „Арт-по“ за што, исто така, беше наградена со голем аплауз од присутните. Изложбата ја отвори Иван Бојаџиски, претседател на комисијата за култура при Советот на општина Штип . „Овааа изложба е всушност најава за нов пристап во културата во источниот регион на која општините и културните институции во нив прават нова, регионална стратегија за регионален карак-

тер во областа на културата. Она кое како културен чин ќе се случува во Штип ќе биде презентирано и пред граѓаните на сите други места во регионот, и обратно. Многу проекти ќе бидат работени во заедничка корелација и во уметничка синергија на автори од повеќе места во регионот“, рече Бојаџиски. На изложбата присуствува и пред присутните се обратија и градоначалниците на Штип и на Виница Благој Бочварски и Ивица Димитров. „Како помал град

среќни сме што вечерва можеме да се пофалиме дека наши уметнички изложуваат заедно со штипските колешки. Виница е значајна културна точка не само во регионот. Со Виничкото кале, теракотните икони кои го прошетаа светот, со музејот Теракота, со фестивалот Ин Виница Веритас и со активното друштво на уметници „УМ“. Очекуваме оваа изложба наскоро да биде претставена и пред виничката публика“, рече Димитров. Благој Бочварски

ЛЕНА ЃУРИЌ: Ми беше особено задоволство што бев дел од еден преубав уметнички настан каков што немам доживеано во кариерата. Оваа изложба е доказ дека уметноста во регионот треба да се здружува по разни поводи, а и без поводи.

КАТИЦА АЛЕКСОВА: Во Виница имаме активно друштво на ликовни уметници, заедничката изложба со нашите штипски колешки и неверојатно бројната публика која дојде на отворањето, интересот нејзин, ни е доказ дека уметноста не познава никакви граници, па ниту општински.

[tipski Glas, Mart, 2018 br. 80

порача дека новото водство на Општина Штип стои и секогаш ќе стои зад културата како знак на препознавање на градотрегионален центар. „Ние сме тука за на секој начин да ги поддржиме сите вакви настани, тука сме и за соработка со сите други градови од регионот. Штип допрва ќе блеска на полето на културата, а дека сме силно посветени на тој сегемент од нашето секојдневие говори и оваа неверојатна публика која дојде на отворање на еден преубав настан кој е во организација и на Комисијата за култура при нашиот Општински совет и на НУ Центар за култура Ацо Шопов“. Организатори на изложбата беа Центарот за култура „Ацо Шопов“ и Комисијата за култура при Советот на општина Штип. Интересно е дека меѓу уметничките кои ги изложија своите дела покрај веќе етаблираните Ѓуриќ, Алексова, Накова, Вренцоска, Хилјадникова, Стојановска беа и младите и надежни уметнички Бубе Донска, Сара Петров од Штип и Маријана Иванова од Виница.Сите уметнички од организаторот добија по еден каранфил.


СПОМЕНАР

Стари штипски споменари

[tipski Glas, Mart, 2018 br. 80

Џамијата у Кадидере - а денес на овоа место е салата на о.у Внчо Прќе

Страната ја уреди: Зоран Сичев

Старата автобуска станица - денес на овоа место е зградата на работничкио универзитет

Дамјаница Штип 1920-24

Некогашната зградата на србската жандармерија денес домо на младите

1958 Штипјанки -Љилјана Варчева Калинка Тимчева и Драгица Лазарова

19


20

Наместо In Memoriam

Бате Нико го даде најдоброто од себе за својата ФК Брегалница, за својот Штип

* Сеќавање на НиколаНико Хаџиев, фудбалска легенда ( 1937-2018)

Д

еновиве штипјани се простија од големата фудбалска легенда – Никола Хаџиев.. Неговото име е запишано со златни букви во штипската спортска историја. Тој тоа го заслужува..До крајот

одиграв на пријателската средба со Осогово во Кочани.Играв лев халф. И оттогаш, па се до крајот на активната фудбалска кариера го задржав тоа место...“- ни зборуваше Никола Хаџиев. Со него речиси секојдневно бевме заедно кога работеше и во штипскиот синдикат.. По работното време, имавме и седенки. Никола Хаџиев во Брегалница одигра над 500 средби. Многу години беше и капитен на екипата.. Повозрасните штипјани секогаш ќе се сеќаваат на неговите игри, неговата борбеност и сакањето на Штип. Се жртуваше за фудбалот. Му го подари на Штип целото свое знаење.

на животот остана верен на БреНаместо во Партизан галница. По завршувањето на ак- во Брегалница тивната фудбалска кариера про- Квалитетите на Никола Хаџиев беа должи да ги пренесува знаењата на забележани уште како младинец. младите генерации. Со него се сврБеше член на зани најзначајните oстварувања на младата репреФК Брегалница. зентација на Југославија. На Почеток собирот на мла„ Во Штип имаше многу маалски дите фудбалери екипи....“ се сеќаваше Бате Нико за во Нови Сад, Хасвоите почетоци.- Така започна моџиев на тренинјата фудбалска кариера. Игравме зите го чуваше едни против други..Како ученик во прославениот осмо одделение, еден ден ме повијугословеснки ка директорот на училиштето.Во нефудбалер, говата канцеларија беа двајца не- Ивош. Никола Хаџиев секогаш се познати луѓе. Тие ме забележале сеќаваше на подготовките во Нови како играм фудбал во маалото. За- САД почнаа да ме убедуваат да играм за „ Јас играв во екипата со МеБрегалница. Се спротиставив, би- лиќ, Галиќ, со браќата Чебинац, Мидејќи сакав прво да го завршам лорадовиќ. Од натпревар во натшколувањето. Извршија и притисок превар, јас од трета категорија фудна луѓето кои го водеа нашиот ма- балери во репрезентацијата, стигалски тим. На крајот попуштив. Пр- нав до прва. Ми помогнаа моите вата средба за Брегалница ја пробни натпревари. Беше доволно

[tipski Glas, Mart, 2018 br. 80

на една средба да го чувам Александар Ивош од Војводина.во тој момент еден од најдобрите југословенски фудбалери.Ме следеше тренерот на Партизан, Флоријан Матекало. Играв лев бек, на спротивната страна беа Ивош, Бошков, Веселиновиќ, Крстиќ. По средбата ми пријде Матекало. Бараше од мене да замиинам со него во Белград и да потпишам договор со Партизан. Се јавив дома, во Штип и мајка ми одговори дека се уште сум мал и оти не можам да се снајдам во Белград. Тоа му го кажав на Матекало, кој ми рече дека во Белград за мене и моето семејство се обезбедини стан, а за семејството работа. Но, јас бев неодлучен. Носталгијата си го направи своето...“ – ни зборуваше Никола Хаџиев.

Квалификации Никола Хаџиев ги отвори светлите страници на фудбалот во Штип. Учествуваше во три квалификацииза пласман во Четвртата зона и во Втората сојузна лига на СФРЈ.. Сите три квалификации беа минати успешно.. „Се сеќавам на овие квалификации. На првата средба во Четвртата зона (1955 година) на средбата со Тимок од Заечар, на Градскиот стадион дојдоа над 10.000 гледачи. Така беше и на првите квалификации за Втората сојузна лига на СФРЈ Имаше многу солзи радосници. По првите квалификации со ОФК Титоград во Штип публиката не носеше на раце од Железничката станица до центарот на градот....“ ја раскажуваше својата пребогата фудбалска историја Бате Нико, како што од милост и почит кон него го нарекуваа сите кои го ознаваа. И не забораваше да каже: „Се што постигнав во животот и го должам на Брегалница. Овој клуб беше мојата најголема љубов. Никогаш не зажалив што останава да играм во својот клуб,за својот Штип..“ Кирил Манев


[tipski Glas, Mart, 2018 br. 80

21

СПОРТ

Штип – карате центар на Македонија

В Одличен пролетен старт на Брегалница ● Цел е второт место, а со тоа и баражот

Ф

удбалерите на Брегалница успешно стартуваа во пролетниот дел на Втората фудбалска лига. Забележаа две победи и едно реми. Ги победија Тиквеш и Плачковица, а играа нерешено со Беласица..

Новиот тренер на Брегалница, Емил Грнев форсира брза игра чии носители се младите фудбалери. Екипата на Брегалница е спој на млади и поискусни фудбалери. Во првите кола, се издвојуваа Михал Маневски, Ристе Темелков, Оливер Христов, Марио Крстов, Бојан Рајков, Мартин Давков, Ване Јованов,а од поискусните Иван Митров, Лазар Илиев..

„Наша цел е борба за втората позиција на табелата. Тоа ќе ни овозможи да играме бараж натпревар за влегување во Првата лига, со осмопласираната екипа од елитното друштво. Ние до крај не се предаваме, ќе се обидеме да го загрозиме и првото место на табелата на Беласица. Јас сум задоволен од играта на моите фудбалери во изминатите кола. Верувам дека добрите резултати и атмосфера во клубот и натаму ќе се подобруваат...“- вели младиот тренер на Брегалницва, Емил Грнев. кој барем во првите три кола ја оправда довербата.. Во изминатиот период, во преден план со своите игри, се истакнува 18 годишниот Михаил МАНЕВСКИ, кој ги брани боите на репрезентацијата на Маке- донија до 19 години. Тој, на квалификационите средби за пласман на ЕП, беше најдобар македонски фудбал, а Македонија ја победи Англија со 2-0.

акви резултати во континуитет на штипските каратисти не се паметат. Најпрвин, каратистите на КК Штип, по 16 години, станаа екипни шампиони на Македонија, на Државното првенство што деновиве се одржа во нашиот град. Потоа следуваше и трумфот на Балканското првенство во Истанбул, Турција, 24-25 март. Претходно Емил Павлов стана вицешампион во светската Премиер лига. Сиве овие резултати се за почит. Очигледно, Штип станува карате центар во Македонија. На Балканското првенство во Турција, Емил Павлов, во поединечна конкуренција, го освои златниот медал. Потоа, со Жарко Арсовски и во екипна конкуренција беа најдобри на Балканот.Бојана Манева од КК Штип, на оваа Балканијада го освои 7 место. За овие успеси заслужен е и селекторот на машката репрезентација на Македонија, Сашко Арсовски, кој е тренер и на КК Штип. „Овие резултати се постигнати со многу труд и самооткажување. Сега не очекува ЕП во Нови Сад, Србија. Верувам дека и од овој значаен настан ќе се вратиме со успешни резултати и и ќе ја зголемиме колекцијата со медали“- ни рече Сашко Арсовски.

П

ПО 16 ГОДИНИ ШТИПЈАНИ НАЈДОБРИ ВО МАКЕДОНИЈА

оследното Државно првенство во карате се одржа во Штип 2002 година.Тогаш, КК Партизан беше најдобар клуб во Македонија. По 16 години, Штип повторно беше домаќин на Државното првенство. Во екипна конкуренција, КК Штип ја врати титулата во Штип. Пред 16 години во екипата на Партизан настапи и тогашниот младинец, Сашко Арсовски. Сега боите на КК Штип ги бранат неговиот брат Жарко Арсовски, кој е капитен и на ма- кедонската карате репрезентација, Емил Павлов и Столе Јордев.. Инаку, на Државното првенство во Штип во поединечна конкуренција Емил Павлов и Жарко Арсовски беа најдобри. Двајцата се кандидати и за ЛОИ во Токио 2020 година..


22

РАЗОНОДА

TR-MR ov -Mi Re ~e Rek i T

Ефтино и скапо

[tipski Glas, Mart, 2018 br. 80

Кочо Анѓушев, вицепремиер, рече Дека тие немало да ја промовираат Македонија како земја на ефтина работна сила. Ќе ја промовирале како земја на прескапи Политичари!

Просек

Aко Оговијата сме ја прогласиле за парк на природата ќе сме биле блиску до европските пари. Мојот резон вели вака: ако Штип го прогласиме за Њујорк ќе сме блиску со просечна плата од 5.000 долари.

Страв

Луѓето се плашат од тоа што не го знаат Бидејќи ние македонците сé си знаеме Од ништо не се плашиме. Претерано Европа претера Со протерувањето.

Генерација

Razmisluva: Iv. BOJ

ИМПРЕСУМ

Издавач: Ив Ан Принт 16 – Штип Седиште на фирмата и адреса на редакцијта: „Страшо Пинџур“ – 2, 2000-Штип Одговорно лице: Иван Бојаџиски Излегува еднаш месечно Првиот број излезе во месец април, 2009 година Главен и одговорен уредник: Иван Бојаџиски Уредник на колумни Јорданчо Бојаџиски, Јелена Бојаџиска

Овој број е отпечатен на 30.03.2018 година Тираж: 1.500 примероци Денарска сметка: 290000001875546 Даночен број: 4029016517952 Годишна претплата: 180 денари. Печати печатница Генекс-Кочани Ул. „Тодосија Паунов“ б.б.

За Штипски глас се плаќа повластена даночна стапка од 5% ISSN 2545-4498

Нашите млади луѓе Сеуште се тражат Тоа е така зашто тие И припаѓаат На загубената генерација.

ВИЦОТЕКА

Мажот кон жената: „Вие жените да не се возбудувате зашто трчиме по вас, ние трчиме и по топката и на крајот ја шутнеме“. А жената: „Ви мажите не возбудувајтре се ако се вљубиме во вас, се вљубуваме и во чевлите па на крајот секоја од нас купува по 15 пара, за секој случај“! Му стигнало писмо на Трпе, го крие од Трпана ама та го забележува и прашува: -Трпе мој, гледам си добил писмо, ако си загрижен само кажи, ја сам твоја жена и во добро и во зло, твоите проблеми се и мои, му вели Трпана. Точно Трпано, во право си, ни пишува швалерката сме станале татко, одговорил Трпе.

Го викнал коњот магарето на гости. Дошло магарето и гледа многу медали и трофеи кај коњот. -Овие медали ти се од Олимписките игри, прашал коњот. -Да, одговорило магарето. Утредента магарето го кани коњот на гости, ама не зна со што да се пофали. Му покажал слика на зебра и рекол – Ова сум ја кога играв за Јувентус!

Отишле Трпе и Трајче во фабрика за колбаси. Праша Трпе како оди процесот а технологот му вели – тука ќе ставише еден вол на крајот излегува колбас. -А може ли обратно?-прашува Трпе. -Тоа само на таткоти му има успеано, ставил колбаса на крајот излогол вол, му реплицирал Трајче.


[tipski Glas, Mart, 2018 br. 80

С У Д О К У

Броевите од 1 до 9 впишете ги во блоковите со големина 3 x 3 полиња (врамени со здебелени линии), така да секој број може да се најде само еднаш во водоравната или хоризонталната насока

СКРИВАЛКА треба да пронајдете два скриени предмети

РАЗОНОДА

23


24

РЕКЛАМА

[tipski Glas, Mart, 2018 br. 80


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Stipski glas br 80 by Jole Boja - Issuu