Д-р Дијана Шишкова Гајдарџиска, специјалист по инфективни болести, раководител на р.е. за инфективни болести при Клиничка болница Штип
Некои доктори на работа остануваа и по 30 часа, зашто нам ни фалат специјалисти инфектолози
Благој БОЧВАРСКИ, градоначалник, претседател на Општинскиот штаб за заштита и спасување
100
Со одговорни граѓани, и навремени мерки го победуваме корона вирусот
Огромни резултати на оддделот за интервентна кардиологија при Клиничка болница
Јублилеј БРОЈА ШТИПСКИ ГЛАС
█ █ █ █
Десет години – 2.600 страници весник
Десет години – над 2.000 текстови за Штип
Десет години – историјата на градот архивирана во нашите библиотеки Десет години – интервјуа, разговори, колумни, анализи, информации
2
Од мој агол
Мал јубилеј во време на голема зараза N
В
о рацете, почитувани читатели, го држите стотиот број на Штипски Глас. Тоа е единствениот печатен локален или регионален медиум лево од реката Вардар. Од Куманово, преку Штип па се до Ѓевѓелија и назад до Берово. Како идеја започна пред десет години. Во ова време Штипски Глас во двете наши големи библиотеки со национален предзнак, онаа во Штип и другата во Скопје, на над 2.600 печатени страници, во трајно наследство остави преку 2.000 текстови за животот на градот и општината. Тоа се текстови кои претходно беа на верификација кај нашите читатели.Разговори, интервјуа, колумни, репортажи па се до малку хумор и сатира како израз на духот на времето во кое ги живееме нашите животи. Овде сакам посебно да им се заблагодарам на фирмите и институциите кои преку огласување во весникот помогнаа тој да се оддржи до денес. Огромна јавна благодарност до Актива на Иле Николов, рудникот Бучим, компаниите Кит Го и, Квенбергер Логистик, конфекцијата Вабо и во поново време Витаминка Прилеп... Втората благодарница ја упатувам до колумнистите на весникот: Трајче Кацаров, Стојче Самарџиев, Игор Стојанов, Страшко Стојановски, Кирил Барбареев, Елена Јосимовска,Трајче Стојанов кои со своите колумни квалитетно придонесоа Штипски Глас да биде посакуван и мошне читан медиум во нашата локална заедница и до Кирил Манев кој го уредуваше спортскиот дел. Да се прави и одржува весник, макар и месечник, во ова време е една тешка работа. Но, не се жалам затоа што секој број од весникот се создава со постојано прашање кај мене ќе имам ли пари да и платам на печатницата. Тоа е единственото прашање кое притиска и
пече. Парите се причината поради која годишно во просек сме издавале по десет наместо по дванаесет броја од весникот. Тоа колку само да се знае. Но, зошто на Штип му е потребен весник, и тоа не месечник туку неделник? Прво, затоа што градот и општината се еден мошне жив, динамичен организам кој си има свој бурен живот. Во Штип и низ селата се случуваат мал милион настани кои бараат и еден поинаков медиумски третман отколку што тоа го прават интернет порталите, телевизиите, радиото. Во прашање се важни настани кои си бараат поширока елаборација која како таква вреди да се достави до јавноста. А тоа најдобро може да го направи само весник. Втор одговор на прашањето зошто на Штип му е неопходен весник е содржан во весникарската традиција на градот. На времето, во годините на социјализмот, Штип имаше дури шест весници. Од градскиот неделник Штипски Весник до фабричките весници на Македонка, Астибо, Макпромет, весникот на тогашен Медицински центар денес Клиничка болница и повремените весници на Нова Трговија...Беше тоа едно богатство од медиумска наслада која нашиот и ваш Штипски Глас само ја продолжува. Имањето весник има и своја историска димензија. Весникот е тој кој останува во нашите библиотеки за и во наредни сто и повеќе години да сведочи за развојот на градот во едно посебно време. И по еден век некои нови истражувачи на животот на Штип, историјата за градот и општината ќе ја најдат само во весникот и, евентуално, во по некоја книга ако таква има, а кај нас тоа не се случило едно четириесеттина години. Истражувачите ќе можат да осознаат како во Штип се живеело,
Иван Бојаџиски
{tipski Glas, Maj, 2020 br. 100
која индустрија била на (с)цена, каков ни бил здравствениот систем, кои личности раководеле со градот, каква ни била културата, кој образовен систем функционирал, каков спортски живот пулсиран на терените и во салите... Јас, како страствен вљубеник во весниците, главен и одговорен уредник на Штипски Глас, како негов „родител“ и одржувач во живот можам само да ветам дека ќе направам сé што е во мојата севкупна моќ весникот да продолжи да излегува и понатаму. Би било волшебно ако се јават и нови пишувачи на текстови, посебно ако сакат да ни се придружат студентите по новинарство на УГД, ако актуелните колумнисти не се откажат од намерата да ги објавуваат своите ставови по разни општествени прашања, ако и други фирми се приклучат кон гореспомнатите и преку реклами на своето постоење финансиски го поддржат Штипски Глас. И уште повеќе да поддржат една идеја за штипски неделник, на што работи група новинари во градот. Имавме намера, почитувани читатели, да направиме една скромна прослава на овој јубилеј. Но, настанот се случува во едно посебно време на појава на новиот корона вирус кој во многу сегменти ги изместите нашите животи од востановените правила и можности. Сепак, кога сета оваа работа со вирусот ќе помине нешто во таа смисла ќе направиме. А во меѓувреме сакам да Ви се заблагодарам што вие сте „заразени“ со вирусот на читање на Штипски Глас и што секој месец на трафиките на кои весникот е во слободна продажба се интересирате дали новиот број излегол од печат.
ЗДРАВСТВО
Огромни резултати на оддделот за интервентна кардиологија при Клиничка болница {tipski Glas, Maj, 2020 br. 100
За две години во Клиничка болница направени се 2.500 коронографии, стентирани се 900 лица, а на половина од нив им е спасен животот зашто претходно доживеале срцев удар..
Н
ашата Клиничка болница која се грижи за доброто здравје на над 200.000 пациенти од регионот, бележи нов успех во последниве години. За само две години од моментот кога беше формиран одделот за интервентна кардиологија на ова одделение се остварени резултати со кои вработените во него и менаџерскиот тим на чело со директоро д-р Ален Ѓеорѓијев, имат право на своја гордост. Одделението со работа запона на 14 мај 2018 година, а за идејата зборува директорот, д-р Ален Ѓеорѓијев. „На 14 мај годинава се навршија две години од повторното ставање во функција на ангиографот, исклучително важен апарат кој при моето назначување за директор беше во дефект. Денес, две години потоа, се особено задоволство можам да кажам дека сме горди на бројките. Денес имаме двојно поголем буџет за набавка на материјали за кардиологија, имаме двојно повеќе стентови од минатата година, за што зборува фактот дека лани сме набавиле 410, а година 940 стентови. Граѓаните можат мирно да спијат зашто сите пет типови на стентови кои ги имаме се набавени од топ петте најпознати светски производители и, соодветно на тоа, сите се со врвен квалитет. Ние сме тука да ги слушаме нашите доктори, а Клиничка има доктори со кои секоја клиника во светот би се гордеела. Тоа се доктори кои можат да работат во секоја светска клиника, а наше е да ги слушаме и исполнуваме нивните барања, да им овозможиме апаратурите да работат, а тие, со својата стручност и силнаа поосветеност да продолжат како и досега да спасуваат животи“, вели директорот Ѓеорѓијев. Со одделението за интервентна кардиологија раководи д-р Сашко Николов, интервентен кардиолог. „Кога во 2014 година од приватното здравство се вратив во Клиничка болница Штип, мојата идеја и цел беше да формираме оддел за интервентна кардиологија. На 14 мај 2018 година, после неколкумесечна подготовка, со огромна помош на директорот д-р Ален Ѓорѓијев и менаџерскиот тим, успеавме да го отвориме овој оддел. Истито ден, за среќа на нашиот најмлад тогашен пациент кој имаше само 25 години, ја извршивме првата тешка и сложена интервенција, а таа за среќа на пациентот и на наше огромно задоволство беше исклучително успешна. Нашиот прв пациент и денес е жив и здрав, со него повремено се слушаме, и тој е во целосна севкупна кондиција“, рече Николов. Николов се потсети на првите моменти по стартот на одделот. Кога почнале биле само четири доктори и шест сестри,а денес со гордост можат да се пофалат дека одделот за интервентна кардиологија брои 7 доктори, 14 медицински сестри,четитри болничарки и две хгиеничарки. „Од месец мај 2018 до месец мај 2020 година на-
3
правивме околу 2.500 коронографии, а од 2014 година до денес вкупниот број на короногарфии изнесува 4050. Во ангиогфрафската сала вкупно сме стентирале околу 1.500 лица од кои што само во периодот 2018-2020 извршивме околу 900 стентирања. Од овие 900 стентирања 450 се миокардни инфаркти, односно пациенти со срцеви удари кои итно биле донесени на нашето одделение. Само во овие две години, покрај стентирањето, ние направивме кардиоваскуларна проценка и дијагностика на пациенти и тие беа испратени на третман во кардиохируршките институции во скопските клиники бидејќи во Штип нема кардиохирургија. Посебно сме горди што тие пациенти, сите до еден денес се во одлична состојба“, псоочува рече д-р Николов. На одделот за кардиологија при Клиничка болница Штип, во овој период направени се околу 15.000 ехокардиографии, односно кардиоваскуларни проценки, а од нив 6.000 се направени само во последните две години. „Горд сум што ја имав можноста целиот персонал кој работи на одделението за интервентна кардиологија да му го пренесам сето свое знање стекнато при мојата работа на приватните институции во моите пет години работа, како и знаењето стекнато низ моето учество на стручни конгреси и семинари насекаде низ светот. Посебна чест ми е што можам да соопштам дека целиот тим од интевентна кардилогија бевме поканети на последниот Балканско-Европски конгрес во Софија каде презентиравме една најсложена интервценција во нашата струка, каде во присуство на претседатели на интервентни кардиолошки здруженија во кои членуваат само 50 најелитни интервенти кардиолози од цел свет добивме пофалби и честитки, нашата презентација беше пријавена на нивниот сајт, а јас добив лична покана да присуствувам на нивниот митинг кој требаше да се одржи во септември годинава но поради пандемијата не знаеме дали ќе се одржи и во која форма ако се одржи“, најгласи д-р Сашко Николов. Тој информира дека за време на пандемијата при што сите морале да ги почитуваат мерките на Министерството за здравство, овој оддел работел со полн капацитет бидејќи нивните пациенти не знаеле дали ќе има или нема да има пандемија... „Во овие два месеци на пандемија направивме вкупно 77 стентирања од кои 95 проценти беа со срцев ифаркт. Во вака посебно тешки услови на носење маски, визири, скафандери, на менување на еден со друг скафандер со силна посветеност на здравјето на нашите пациенти успеавме тие да добијат навреме, стручна и професионална здравствена поддршка“, нагласи д-р Николов..
4
ИНТЕРВЈУ
{tipski Glas, Maj, 2020 br. 100
Со одговорни граѓани, и навремени мерки го победуваме корона вирусот
Благој БОЧВАРСКИ, градоначалник, претседател на Општинскиот штаб за заштита и спасување
Г
-дин градоначалник, како прв човек-претседател на Општинскиот штаб за заштита и спасување но и како прв човек на градот која е Вашата првична оценка за тоа како Штип се справо со новонастанатата ситуација предизвикана од коронавирусот. Коронавирусот е сериозен предизвик со кој целата човечка цивилизација с\ уште се соочува. Справувањето с\ уште трае, а важно е сите, и институциите, и граѓаните, да ги прават потребните чекори за да се спречи ширењето на оваа опасна болест. Ова ќе биде долга борба во која сите треба да бидеме подготвени и дисциплинирани. Штип првиот случај на коронавирус го имаше на 19 март. Во Штип досега имаме вкупно 36 заболени од коронавирус, а денес имаме 32 излечени, за жал две починати лица и две лица кои се активни случаеви. Уште пред првото појавување на коронавирусот во Штип, ние како Општина презедовме конкретни мерки со кои овозможивме зголемување на безбедноста на сите граѓани, а преку координативните состаноци на Општинскиот штаб за заштита со сите засегнати институции успеавме да го одвратиме првиот удар и до крај да ја задржиме ситуацијата да не излезе од контрола. Која беше првата мерка која ја презедовте за да се направи добра организација во таа борба? Уште пред да има заболени од коронавирус во нашата општина, односно на самиот почеток на март, започнавме со преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширењето на COVID-19 (корона вирус) во градот, првично преку нашите општински институции. Обезбедивме материјал за
шиење на 22 илјади заштитни маски за нашите граѓани кои маски општината ги подели на здравствени работници преку Министерство за здравство, на полицијата, на пензионери, на текстилни работници. Целата општинска зграда беше дезинфицирана заедно со шалтерскиот систем, основните и средните училишта, градинките, дневните центри, како и сите останати витални институции во градот. Продолживме со перманентно миење на улиците и контејнерите во градот. Сите контејнери и просторот околу нив редовно се дезинфицира. Улиците редовно се мијат. Формиравме мобилни тимови од волонтери и лица вработени во Општината за помош на сите стари и изнемоштени лица, лица со попреченост, лица кои поради различни причини имаат потешкотии со движењето или спаѓаат во категорија на лица со ризик со цел да им се олесни секојдневното функционирање и да не се изложуваат на дополнителна опасност. 238 граѓани досега ги искористиле овие услуги. Беше спроведена дезинфек-
ција на автобусите за градски превоз преку кои се превезуваат текстилните работнички. Одржав координативен состанок заедно со претставници од неколку текстилни фабрики, превозници од локалниот превоз што ги превезуваат работниците, Гласен текстилец, Хелсиншки комитет, Центар за јавно здравје, Државен санитарен инспекторат и останати засегнатни страни со состојбата со коронавирусот. На овој координативен состанок преземавме уште повеќе и поконкретни мерки за заштита на текстините работнички. Многу настани, конференции и големи собири беа откажани или изменети во својата форма, со тоа што се пренасочивме кон ползување на можностите што ги нуди интернетот, а нашите активности беа спроведувани од мал број луѓе кои постојано ги почитуваат мерките. Сите овие активности ги преземавме пред воопшто да се појави коронавирусот во Штип. Како функционираше и во кој состав беше Општинскиот штаб за заштита и спасување?
{tipski Glas, Maj, 2020 br. 100
Сиот овој период функциониравме во проширен состав со претставници од Центарот за јавно здравје, ДСЗИ, ДПИ, СВР Штип, ЈЗУ “Панче Караѓозов”...Сите кои членуваат во овој штаб се професионалци, одговорни и докажани во својата работа, па затоа и работата на овој штаб се покажува како мошне ефикасна и успешна. Во налетот на пандемијата имавме и допис од страна на Владиниот штаб при што бевме информирани дека и војската е ставена на располагање на општинските штабови како поддршка. Јавно се заблагодарив затоа што бев убеден дека Штип во тој момент може со своите општински сили да одговори на предизвикот, а секако не сакајќи да трошиме доплнителни државни ресурси. Работата не застана. Имаше неколкукратни процеси на темелно дезинфицирање на парковите, пешачките патеки, улиците. Се дезинфицираа и влезовите на зградите, автобуските постојки, а поставени и пунктови за дезинфекција на автомобили на влезовите во градот. Досега доделивме 1100 пакети на социјално загрозени семејства. Од страна на Општина Штип, на седница на Совет, за граѓаните и компаниите донесовме неколку мерки како поддршка. Сите граѓани се ослободени од наплата на паркинг за месеците мај и јуни, ослободување од наплата на комунална такса за терасите на локалите за време на пандемијата и ослободување на 50 % од фирмарината за 2020 година за фирмите кои немаат приход во овој период. Тоа се само дел од преземаните активности за спречување на ширењето на коронавирусот. Во меѓувреме, Општината ги спроведуваше и тековните активности. Покажавме висок степен на одговорност и посветеност на работата. Колку во тоа што како Општинскиот штаб го презедовте ви помогнаа медиумите за важните информации, заклучоци, одлуки да стасаат до граѓаните? Всушност проработи ли квалитетно таа тријада–претседател на штаб -медиуми-јавност? Би сакал да ја искористам приликата јавно уште еднаш да се
ИНТЕРВЈУ
5
заблагодарам на сите медиуми и медиумски работници кои во текот на целата пандемија беа во првата борбена линија и непречено работеа, поставуваа прашања и ги информираа граѓаните. Тоа значително ни помогна во севкупната битка со цел да бидеме поуспешни како општество во справувањето со Ковид-19. Како и во целата моја работа како градоначалник, така и сега, во екот на пандемијата, настојувам да бидам транспарентен, Општина Штип да биде транспарентна и сите граѓани да бидат информирани за активностите на градоначалникот и Општината кои се во граѓански ин-
На почетокот на месец март остварив средба заедно со претседателот на Советот на Општина Штип, Јане Миланов и со советниците од ВМРО-ДПМНЕ, Иван Јорданов и Љубе Здравков, со цел да ги информирам за одлуките и заклучоците на Штабот за заштита и спасување на Општина Штип. Како прв човек на градот, секогаш сум на располагање да разговарам и да примам сугестии. Ги информирав за сите случувања, за моменталната состојба и за превземените активности од наша страна. Се согласивме дека сега не е време за теснопартиски превирања и собирање
терес. Затоа и настојувам секојдневно да ги информирам граѓаните преку прес конференции и изјави за медиуми за тековните активности, а тоа го правам и на социјалните мрежи, односно на Facebook и Instagram.Транспарентноста е клучна алатка која овозможува високо ниво на соработка помеѓу сите општествени чинители, а со која граѓаните добиваат поголема заштита и безбедност, особено во овој период. Ние така и ќе продолжиме, со редовни споделувања на информации, затоа што тоа е во интерес на граѓаните. Каков беше односот на опозицијата во однос на мерките кои ги превземавте, помогна ли и таа во справувањето со короната во нашата заедница?
на ситни политички поени, туку дека е вистинско време да бидеме одговорни политички чинители и да се избориме со невидливиот непријател. Само неколку дена после тој состанок започнаа нападите, кои беа целосно неосновани и кон Општината и кон Клиничката болница, двете витални институции кои во тој момент деноноќно се бореа со Ковид-19. Да бидам искрен мојот фокус во целиот овој период е насочен кон овој проблем, бидејќи здравјето на граѓаните за мене има највисока цена. Секако поради јавноста, одговаравме дневно со факти и аргументи на сите неосновани напади. Повеќепати си го поставував прашањето, кога цел свет е на колена пред оваа болест, дали ова е појава само кај нас, додека институ-
6
ИНТЕРВЈУ
циите и граѓаните се борат со Covid-19, опозицијата да се бори против институциите на системот? Сметам дека опозицијата и во вакво тешко време не го положи испитот, бидејќи не смогнаа сили да го надминат тесниот партиски интерес, и да се стават во функција на државата. Но, тоа е нивен избор за функционирање и работа дури и во екот на пандемија, а во нивните одлуки за делување не навлегувам. Посебна одговорност во целата оваа работа имаше нашата Клиничка болница која се грижи за здравјето на преку 250.000 граѓани во регионот, от-
на со изразена благодарност до сите нив. Како го оценувате однесувањето на штипјани во однос на почитувањето на мерките пропишани од нашите здравствени власти? Штип беше и остана еден од најсолидарните градови во државата. Граѓаните покажаа дека кога стоиме заедно, обединети, сите еден до еден, рамо до рамо ќе се бориме со овој голем предизвик кој е исправен пред нас. Им благодарам на сите сограѓани за покажаното високо ниво на свест и одговорност, за доследноста во почиту-
тука како го оценувате ангажманот на менаџерскиот тим и секако особено на медицинските работници во Клиничка? Јас сум среќен што Штип има Клиничка болница со толку добар, квалитетен и посветен кадар кој професионално постапува во своите работни задачи. Тие на сите граѓани им обезбедуваат квалитетна, пристојна грижа, тие го водат дијалогот на заедницата, тие ги собираат потребните податоци за клинички испитувања и студии. Надежта за надминување на ова тешко време ја потпираме токму на трудот на здравствените работници, на кои сме им неизмерно благодарни за целата нивна посветеност и саможртва. Во име на граѓаните на Општина Штип во повеќе наврати јавно се заблагодарив на здравствените работници, а на две локации во градот поставивме големи плат-
вањето на мерките и за одлучноста заеднички да одговориме на предизвиците. Секако дека имавме сериозна реакцијата на граѓаните со внимателен пристап и придржување кон мерките, а тоа за мене беше ветар во грб во ова тешко време. После оваа состојба сум убеден дека заедно сме дел од едно посилно општество, со високо изразена солидарност и хуманост. Посакувам да ја чуваме солидарноста и хуманоста и понатаму помеѓу нас. Која е Вашата оценка за големите трговски организации кои во градот ги држат големите маркети за прехранбени производи и за лична и домашна хигиена, дали навреме и добро ги снабдуваа маркетите со оглед на фактот дека во тие денови многу повеќе се купуваше...
{tipski Glas, Maj, 2020 br. 100
Бевме во редовна комуникација со стопанствениците, меѓу кои и со големите трговски организации. Во неколку наврати од нив бев информиран дека прехранбени производи има, и дека градот е безбеден во тој дел. Инсистиравме да бидат заштитени сите вработени во маркетите, како и да се спроведуваат протоколи за посета на маркети кои значат безбедност за сите купувачи. И во викендите со долго траење на полициски час, поттикнавме посебен систем за достава, за секој граѓанин да може да се снабди со потребните намирници. Нашите служби и во ноќните саати ги дезинфицираа влезовите пред маркетите со цел заштита на граѓаните. Сметам дека од тој аспект немаше пропусти во нашиот град. Млад човек сте, но сепак во некои моменти почувствувавте ли и вие напор или замор во овие два-три месеци, имавте ли ноќи во кои не сте спиеле мирно поставувајќи си го прашањето „а што ќе биде ако епидемијата се прошири“? Моја работа е да се грижам за граѓаните, за градот. Да, периодов за мене имаше и непроспани ноќи исполнети со грижа за тоа што ќе донесе новиот ден. Многу често заедно со членови од штабот во вечерните и ноќните часови излегував со цел да оддадам поддршка на нашите служби кои беа на терен и се бореа со вирусот. Но, тоа е дел од мојот начин на работа, на која секогаш и пристапувам со голема одговорност. За среќа, ширењето на коронавирусот во нашиот град стагнира. Сакам така и да остане, а наскоро да прогласиме и целосна победа врз вирусот на ниво на Штип. За тоа да се случи, мораме сите да бидеме одговорни, да одржуваме социјална дистанца, да не се групираме и да водиме сметка за личната хигиена. Општина Штип и јас како градоначалник ќе продолжиме со упорноста во справувањето со овој предизвик. Ќе победиме!
Ситуација во која сфаќаме дека ние нé учиме заради училиштето, туку заради животот
{tipski Glas, Maj, 2020 br. 100
КОРОНА РАЗГОВОРИ
С
о проф.д-р Кирил БАРБАРЕЕВ, од Факултетот по образовни науки на УГД-Штип разговараме за деновите кои ги одбележа корона вирусот. Барбареев предава методика и образование на наставници. Овој семес- тар Пишува: Барбареев предава проф.д-р Кирил БАРБАРЕЕВ и во Словенија на Универзитетот во Копер. Тој е долгогодишен спортист, вљубеник во уметноста и целосно посветен за промена на парадигмата на македонскиот образовен систем. Професоре, кој е Вашиот поглед на оваа ситуација со Корона вирусот со која ситуација живееме веќе три месеци? Би кажал дека некои битки се добиваат само на кондиција. Мислам дека ова е таков предизвик со кој се соочува целиот свет, но и секој човек. Човек се навикнува и на добрите и на лошите нешта. Ерик Ериксон, во својата книга „Детство и општество“ (1950), пишува дека во нашата личност постои едно јадро кое останува секогаш исто и покрај сите промени кои ги доживуваме изложени на надворешни влијанија и влијанија кои од внатре самите си ги создаваме. Тоа јадро на кое луѓето од памтивек му давале различни имиња, секогаш ни овозможува чудна сигурност и извесност дека нашето Јас, во широката лепеза на чувства, внимание, слики и доживувања, практично во текот на целиот живот останува со себе идентично. Но, од искуството ако не се учи, тогаш тоа е безвредно. Колку е важно една личност во животот да има повеќе работи кон кои ќе си го насочи секојдневите, а не само темелната професија? Иако се бавам со педагогија, тоа е една линија на силна посветеност во последните 15 години, сепак во животот сум стекнал и многу искуство од спортот и уметноста кои многу ми помогнале. Тоа се толку важни и потребни активности на човек со кои ги развивате смелоста, трпението, упорноста, дисциплината, чувството за ритам и мерка, кондицијата. Одговорот на вашето прашање е да, многу е важно човек во својот живот да има и повеќе работи со кои ќе се бави освен само професијата на неговиот живот. Каков е денот на еден професор со толку многу ангажмани? -Имам свој дневен ритам, работните обврски ми
7
се во периодот од 9 до 18 часот, и се трудам во тој период да не слушам и гледам вести, ТВ, или да читам портали. Во тој период, имам предавање со студенти и на Универзитетот во Штип но и во Словенија, се трудам да работам колку можам повеќе, како и контакти со колеги и пријатели. Секој слободен момент, се обидувам да го користам за возење велосипед, со семејството, или да гледам некој филм. На кои теми се Вашите разговори со студентите? Она кое посебно го разговараме со студентите е како нé менува сите нас оваа нова состојба и како тоа ќе се одрази на образованието. Како сме ја сфаќале наставата? Зошто толку малку сме свесни за вирусите со кои живееме? Како ги пренесуваме биологијата, медицината, историјата, екологијата на учениците? Дали ќе треба преобмислување на темите и начинот на работа во образованието? Што е најважно денес за човекот? Дали конечно како луѓе сфаќаме кои се најважните работи? Зошто и за кого учиме!? За училиштето или за животот!? Сметата ли дека оваа ситуација која денес ја имаме ќе донесе некои нови насоки во системот на образованието? Образовните системи мора да ги променат своите правци на однесување со цел да им помогнат на децата, учениците, студентите да ги стекнат социјалните вештини потребни за надминување на отуѓеноста, сомнежот и недовербата што ги имаме во денешното општество, конечно заради својот опстанок. Тоа никако не значи дека треба да престанеме да им обезбедуваме на децата неопходно знаење, туку дека лекциите мора да станат дел од комплетна програма чија цел е да им помогнеме да разберат како да го користат знаењето откако ќе заминат од училницата. Позната е мислата на Ајнштајн „ОБРАЗОВАНИЕТО Е ОНА ШТО ЌЕ ОСТАНЕ ВО ТЕБЕ, ОТКАКО ЌЕ ЗАБОРАВИШ СÈ ШТО СИ НАУЧИЛ НА УЧИЛИШТЕ“. Kaков профил на човек бара ова ново време? Конечно треба да сфатиме дека од нас зависи во каква заедница и средина ќе живееме. Со какви вредности. Вредноста треба да се мери преку стандардите за пристојност и човечкиот опстанок. Потребни се луѓе афирмирани, миротворци, иноватори, луѓе кои живеат во хармонија со местото на живеење, човечни и морални. Заради тоа целокупното општество но и секоја локална средина мора да се труди да создаде генерации кои ќе поседуваат длабока жед за животот, квалитети како што се способност да се пронајдат задачи, да се научат самостојно да мислат, да станат богата личност која поседува љубов кон човекот, смисла за правда и морал, физичко здравје и дух.
8
ЗДРАВСТВО
{tipski Glas, Maj, 2020 br. 100
Д-р Дијана Шишкова Гајдарџиска, специјалист по инфективни болести, раководител на р.е. за инфективни болести при Клиничка болница Штип
Некои доктори на работа остануваа и по 30 часа, зашто нам ни фалат специјалисти инфектолози
Д
-р Дијана Шишкова Гајдарџиска е специјалист инфектолог зад која стои подолг работен стаж во нашата Клиничка болница. Од позицијата на раководител на р.е.за инфективни болести при Клиничката болница Штип, д-р Дијана беше на чело на инфектолошкиот тим кој ја водеше битката против Ковид 19 со цел штетите од истиот по животот и здравјето на граѓаните да бидат што е можно помали. Таа и тимот ја добија битката, а за деновите во кои никој од инфективно саглам не спиеше со д-р Дијана Шипкова Гајдарџиска разговараме за овој број на Штипски Глас. Докторке, кога слушнавте за новиот вирус помисливте ли дека тој ќе дојде и до нас? Заболувањето COVID 19 кое е предизвикано од новиот корона вирус SARS COV 2 се појави на крајот на 2019 година во Кина, во провинцијата Вухан. Се работеше за ново заболување кое се јавува на друг континент кој е далеку од нас. Слични коронавирусни инфекции имаше и пред 18 години – SARS ( 2002-2003 година) и пред 7 години – MERS ( 2013 година) , но тие тогаш не се проширија на другите континенти. Секако како и сите други, а посебно како специјалист инфектолог будно ги следев сите информации за оваа нова болест. Го знаев и фактот дека Инфективните болести не познаваат граници. Со појавата на вирусот во Европа, односно во Франција, Италија, Германија, како и сознанието дека вирусот се пренесува од човек на човек, а земајки го во предвид големиот проток на луѓе, прашање на време беше кога болеста ке дојде и кај нас. Како специјалист инфектолог знаев дека во минатото имало пандемии, но дека и јас ќе имам прилика да работам директно во таква ситуација најискрено не ни помислував. Сличната клиничка слика на COVID 19 со грипот веднаш ме асоцираше со пандемијата на Шпански грип која се јавила пред крајот на Првата светска војна, а од која, према проценката на СЗО, умреле над 40 милиони луѓе и тоа на возраст од 20 - 40 години. Многу слики од болниците тогаш и денес, новите монтажни болници, тешките болни и начинот на заштита на персоналот кој работи со тие пациенти ја потврдуваат сличноста на овие две пандемии само што сепак таа била посмртоносна. Како вашата работна единица се подготви за квалитетно справува со Ковид 19. Кои мерки ги преземавте како првичен одговор на епидемијата? Ја имаме таа можност да работеме на одделение кое е изградено по сите стандарди кои се препорачани за згрижување, лекување на болни со инфективна патологија и тоа со тријажа уште од местото на прв преглед на пациентот т.е. амбулантата, со карантински дел со посебен влез како посебна изолациона единица како и болнички дел кој е одделен од делот за персонал, со соби кои исто така се посебни изолациони единици. Во секојдневната работа на нашето одделение се применуваат континуирано
сите мерки за асепса и антисепса, како и заштита на персоналот кој работи, а и заштита на пациентот од евентуално пренесување на интрахоспитална инфекција. По добивањето на информациите за додатната заштитна опрема која треба да ја носат здравствените работници во смисла на визири, скафандери, заштитни очила и посебни епидемиолошки маски истите во краток рок ги добивме, дел преку самата болница а дел и преку донации. Се обучивме за редоследот на облекување и соблекување на целата заштитна опрема, а битен дел беше и набљудувањето еден со друг т.е. дали здравствениот работник ја има ставено на себе целата опрема. Битен дел во заштитата на персоналот беше и редовното одржување на хигиена на раце, употребата на средства за дезинфекција, со посебен осврт за недопирање на лице, уста, нос и очи кои се всушност и влезни врати на инфекцијата. Кога на вашето одделение е донесен првиот случај, колку заразени од вирусот вкупно поминаа низ одделението, колку од нив беа од Штип?
Ние здравствените работници последните години забележуваме дека тоа што претходните години беше изгубено, почитта кон оваа хумана професија повторно се враќа!
Првите случаи секако беа болни со фебрилност и респираторна симптоматологија кои беа суспектни за новата корона вирусна инфекција и кои бараа болнички третман. Првиот потврден случај беше примен на 27.03.2020 година. Од тогаш до денес на нашето одделение болнички се лекувани 20 пациенти од Штип и од другите градови од истокот на Република Северна Македонија кои гравити-
{tipski Glas, Maj, 2020 br. 100
ЗДРАВСТВО
раат према Штип. Во нашиот град досега се регистрирани 38 позитивни пациенти, од кои тројца се сеуште активни случаи, двајца се починати, а 33 оздравени. Пациентите без симптоми и со лесна клиничка слика се лекуваа дома а под секојдневен контакт и контрола од инфектолог и матичен лекар Колку персонал беше посветен на справувањето со епидемијата? Имаше ли страв кај нив од непознатото, како стоите со кадар на одделението? На Инфективно одделение во Клиничка болница Штип работат тројца доктори инфектолози. Тоа е мал број на специјалисти како и воопшто низ целата држава, бидејки инфектолозите како специјалност се дефицитарни. Имаме една докторка на специјализација која е отсутна поради бременост, а работат и две докторки по општа медицина. Во тек на месец Април кај нас беа распоредени наши колешки инфектолози од Струмица и Кочани кои ни помагаа за време на секојдневната работа и за дежурства за што сме им бескрајно благодарни. Се направи и реорганизација на дежурствата на младите доктори и специјализантите кои се вработени во Клиничка болница Штип, а кои ни помагаа за преглед на пациентите од друга инфективна патологија а кои не беа позитивни ни сомнителни за COVID 19 .Покрај нашите медицински сестри и болничари кај нас беа распоредени и сеуште се присутни медицински сестри од други одделенија кои несебично, пожртвувано
Неретко докторите остануваат и по 28-30 часа на работа особено заради тоа што ни фалат специјалисти инфектолози. Нам во условите кои ги имавме на помош ни дојдоа и инфектолози од болниците во Струмица и Кочани...
ја вршат својата работа во помош на заболените од оваа болест. Животната определба да се одбере медицинската струка како идна професија и да бидеш лекар или медицинска сестра, хуманоста,храброста и спремноста да било каде и колку и да се тешки и опасни приликите ја работиш истата, го води и го мотивира здравствениот работник да биде на ниво на својата задача и да му помогне на секој кому му е потребна помош. По колку часа на ден бевте на работа. Кога си одевте дома беше ли тоа со страв дека можеби и Вие сте се заразиле па тоа може да го пренесете на некој од семејството? Сите имаме определено време за работа. Сестрите се менуваа на 12 часа, дневна и нокна смена, а докторите работеа на принцип на дежурства. Епидемии сме имале и во минатото од други инфективни болести , а секоја година редовно имаме многу зголемен број на болни од грип. Можам да кажам дека имаме и тренинг на издржливост, така што сите остануваат и многу повеќе одколку што е потребно, а се со цел да се подели целата терапија, да се заврши со негата на болните како и да се помогне на критично болните. Неретко докторите остануваат и по 2830 часа на работа особено заради тоа што ни фалат специјалисти инфектолози. Во изминатите месеци сите моравме да сме внимателни и да избегнуваме контакти со блиски членови од семејството особено со оние кои се од ризични групи, што ни паѓаше особено тешко. Правилната употреба на личната заштитна опрема и употребата на дезинфекционите
9
средства, личната хигиена и социјалното дистанцирање беа мерки кои моравме да ги применуваме и на тој начин се штитевме од инфекција. Едно време излегоа информација дека од вирусот заболеле и ваши вработени. Колку тоа беше вистина, колку имавте заболени и како тоа го решивте? Можам да кажам дека во почетокот на пандемијата во нашата држава имавме исклучително тешка, критична пациентка, со тешко воспаление на белите дробови, а кај која беше добиен негативен резултат за COVID 19. Борбата за спасување на живот на таа пациентка навистина не изложи на ризик од зараза во некои моменти поради што дел од персоналот беше во изолација, а четири лица од вработените имаа лесна клиничка слика на болеста која заврши со излекување и истите се вратија на работа. Благодариме на грижата за нас од страна на медиумите кои најкоректно ги информираа граѓаните за таа ситуација. Откако се виде дека вирусот не е шега, многу наши компании, институции, поединци почнаа со донации кон Клиничка..Дали тоа ви помогна за да имате поголема сигурност во работата? Од срце им се заблагодарувам на многу поединци, наши пријатели, приватни фирми, институции кои несебично ни донираа лична заштитна опрема и хигиенски средства, а се со цел никој од вработените да не се осети загрозен дека нешто нема или се штеди во ЛЗО.
Во нашиот град до 24 мај се регистрирани 38 позитивни пациенти, од кои тројца се сеуште активни случаи, двајца се на жалост починати, а 33 оздравени.
Насекаде низ светот во 20 часот граѓаните од своите прозорци со аплаузи им оддаваа почит на здравствените работници. Дали тоа значи дека сега повеќе ќе ги почитуваме докторите, сестрите, болничарите, дали ќе го промениме нашиот однос кон оваа професија која спасува животи? Здравствените работници, лекарите и медицинските сестри секогаш, во сите моменти, колку и да се тешки, а и во оваа прилика како што е борбата со пандемијата си ја вршат својата професионална задача на највисоко ниво. Тоа можам најодговорно да го кажам за сите што работат на Инфективно одделение при Клиничка болница Штип. Гестот на бодрење и почит на здравствените работници со аплауз што се пренесуваше преку медиумите и социјалните мрежи беше наменет за сите нас – здравствени работници и ни беше особено драго да го гледаме и ние тоа. Задоволното лице и насмевката на оздравениот пациент а најголемиот дар за нас, тоа ни дава подстрек и сила и понатаму пожртвувано да ја работиме нашата професија. Ние здравствените работници последните години забележуваме дека тоа што претходните години беше изгубено, почитта кон оваа хумана професија повторно се враќа а особено сега кога сите надежи за правилна грижа, превенција и лекување на нас и нашите најмили се во рацете на тие луѓе кои несебично даваат дел од себе за да помогнат на секого. Ја користам приликата да ги замолам граѓаните сите и понатаму да се придржуваме кон мерките кои се препрачуваат од страна на епидемиолозите, а се со цел превенција на ширење на ова заболување
Брилијант на пазарот со три нови масла за подобар вкус во секоја чинија
10
ЕКОНОМИЈА
{tipski Glas, Maj, 2020 br. 100
Ш
типската фабрика за масло Брилијант, која е во сопственост на гигантот Витаминка од Прилеп, на пазарот се појавува со три нови масла од својот надалеку познат бренд – Брилијант. Од Витаминка информираат дека покрај сончогледовото и Омега-3 маслото, отсега на пазарот се достапни и Extra virgin (ладно цедено маслиново масло), помас маслиново масло, првенствено наменето за готвење и пржење и микс од маслиново и сончогледово масло, познато како салатно масло. Станува збор за врвни масла добиени директно од маслинки со механичка обработка. Свежо собраните маслинки се по потекло од маслинови плантажи во близина на Атина. Маслото се одликува со светла и јасна зелена боја, како и богат вкус со кадифена текстура. Extra virgin (ладно цедено маслиново масло) е достапно во стаклено шише од 750 милилитри, додека Помас маслиново масло и Микс од масла за салата се пакувани во 2 литри пакување за домаќинства и 5 литри пакување за ХоРеКа. Во краток временски период ќе бидат достапни и во пакување од 1 литар. Студиите покажуваат дека масните киселини и антиоксиданти во маслиновото масло можат да пону-
дат многу моќни здравствени придобивки, вклучително и намален ризик од срцеви заболувања. Екстра девственото маслиново масло какво што е Brilliant Extra virgin е најмалку обработен или рафиниран тип и се смета за најздрав вид маслиново масло.
Според хрватски РТЛ: Екс Југославија го „растури“ корона вирусот!
Н
помала смртност на еден милион жители од западот, објавија на РТЛ.
Во овие држави, според спомнатата ТВ, на еден милион жители просекот на починатите од Ковид 19 е 22 лица. Во западните земји тој просек е 250 лица!
Експерти кои говореа на а почетокот на овој месец Телевизијата заклучи дека оваа тема рекоа дека сиромашниот (мај, 2020) хрватската РТЛ најточно од се е тоа дека екс Југотелевизија објави интересен славија го растури корона вирусот! исток поминува подобро и поради задолжителната вакцинација проприлог во однос на корона вирусот. -Бројот на заразени и умрени тив туберкулозата, што го покажало Оваа ТВ истражувала на темата корона вирусот и одразот на панде- од Ковид 19 значително е помал во тестирањето извршено од америмијата во земјите од некогашниот источен блок и западниот свет, со Во седумте држави од екс Југославија смртноста од посебна анализа на седумте држави осамостоени од поранешна Југокорона вирусот е за 12 пати помала од западните славија. земји, на еден милион жители во бивша Југославија од
корона вирусот починале 22 лица, а во западните земји
Според оваа телевизија, дури 250! сите држави, од Македонија до Словенија, се фалеле со своите одлични остварувања во борбата државите кои некогаш беа на сиропротив Ковид – 19. машната, источна страна отколку на кански институт во 170 држави во богатиот запад. Седумте држави на светот. бивша Југославија имаат за 12 пати
{tipski Glas, Maj, 2020 br. 100
К
Ќе се офајди ли Штип со парите од неизградениот Карго аеродром? СОСТОЈБИ
арго аеродромот кај овчеполските села Мустафино и Ерџелија и штипските села Врсаково и Три Чешми кој требаше да почне да се гради во 2009 година, нема се гради. Поради тоа нашата Влада до турскиот инвеститор ТАВ доставила предлог-нацрт договорот со со кој на ТАВ му се предлага средствата од 50 милиони евра кои беа предвидени за изградба на овој аеродром да се употребат за изградба на инфраструктурни објекти во општините главно од Источниот регион. Во прашање се водоводи, канализации, градинаки... Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски беше на местото на кое требаше да го има карго аеродромот. Тој ја објави веста за предлог нацрт договорот испратен до ТАВ. Познато е дека Општина Штип очекува околу два милиони евра од овие средства за реализација на десет години најавуваниот проект за изградба на водоводната линија два со која ќе се обезбеди вода за бањско лечилишниот комплекс Ќежовица, за зоната за лесна, незагадувачка индустрија покрај патот Штипш-Радовиш, за водоснабдување на викенд населбата Плуждино, за населбата Три Чешми и индустриската зона во нејзина близина. Карго аеродромот ТАВ како идеја беше промовиран во 2009 година од тогашниот премир Никола Груевски. За таа потреба од индивудуалните земјоделци и од некогашниот ЗИК Овче Поле беа откупени 400 хектари најплодно земјиште кое беше најголемата производна нива за сточна храна во државата. Откако престана обработката на овие ниви во Македонија драстично се намали и сточниот фонд. На земјоделците кои ги продадоа своите ниви кои беа под системот за наводнувањње „Брегалница“ им беше платена троструко
11
повисока цена од нормалната. Подоцна се јави потребата од мерење на струењето на ветерот во подрачјето на кое требаше да се гради аеродромот. Две години потоа, во 2011 година, откако се јави првиот сомннеж дека карго аеродром нема да има зашто на никого не му бил потребен, Владата на Груевски, под притисок на земјоделците од Врсаково, Три Чешми, Ерџелија и Мустафино им ги даде откупените ниви под закуп зашто проценката беше дека е неразумно толку квалитетно земјиште да стои обраснато во плевел и трње. Земјиштето го добија 66 земјоделски семејства. Од тој ден поминаа девет години, а од карго аеродромот не биде ништо. Сегашниот чекор на Владата е добра основа оваа приказна да добие колку-толку среќен крај, а Штип да реши една своја голема потреба.
Од идната година од Штип до Радовиш по нов експресен пат
К
ако што сега стојат работите можно е од Штип до Радовиш веќе од идната година да се патува по сосема нов експресен пат. Австриската компанија Штрабаг која исклучително квалитетно (според експерртите) го гради овој патен правец прави се за тој да биде пуштен пред рокот. При неодамнешната посета на градилиштето премиерто Оливер Спасовски забележа дека изградбата на овој пат се одвива со забрзано темпо. „Реализацијата на работите е извршена до 83 проценти, и доколку дозволат временските услови се очекува експресниот пат да биде завршен и пред предвидениот рок, истакна при
денешниот увид на градежните работи на првата фаза од клучка Штип-Југ до Бучим на овој пат“, рече Спасовски. Инаку, крајниот рок за завршување на делницата од клучка Штип-Југ до Бучим, вредна 27,13 милиони евра, е април 2021 година. Втората фаза од изградбата на експресниот пат опфаќа реконструкција на две подделници, од Три Чешми до Штип-југ и од Бучим до Радовиш во должина од 16,87 километри и во тек се подготвителните работи на трасата. „Со овој пат и со интензивните работи на експресниот пат Штип-Кочани, го градиме интензивно југоисточниот дел од нашата земја и на тој начин
сообраќајно да ја поврземе со квалитетни патишта“ порача премиерот Спасовски. Тој нагласи дека со подобра патна инфраструктура ќе им се олесни на студентите, бизнис секторот, но и на земјоделците од струмичкиот и кочанскиот регион, кои своите производи ги пласираат на пазарите во земјава и странство.
12
„Боров Дол“ стартува во месец септември, Штип годишно ќе инкасира над 400.000 евра
Н
овиот рудник Боров Дол кој зафаќа територија на три општини-Конче, Штип и Радовиш ќе почне со работа во месец септември, оваа година. Ова го тврди Павел Кривинскиј, генерален директор на овој рудник за бакар. Почнувањето со работа на Боров Дол за општина Штип ќе значи доолнителни над 400.000 евра во општинскиот буџет, пари кои општината, согласно сегашната законска регултива и актуелна методологија, ќе ги добива на име концесиски надомест. За актуелностите сврзани со овој рудник, за инвестициите и перспективите, разговаравме со г-дин Павел Кривинскиј, украинец, генерален директот на Боров Дол, 37 годишен магистер на науки по индустриско инженерство и градежништво, дипломиран машински инженер. -Во текот на изминатата 2019 година, бевме целосно насочени кон остварување на прокламираната цел во однос на Боров Дол, а и денес сме целосно фокусирани и работиме во насока за исполнување на планираниот временски период за отпочнување со работа. Минатата година започнавме со инвестициската раскривка и реализиравме околу 99,3% од годишниот план за раскривка. Изградивме пат до рудникот, започнавме со градежните работи на трасата која ќе ги поврзува Боров Дол и постоечкиот рудник за бакар Бучим, објектите за примарно дробење и затвореното складиште за руда на Боров Дол. Сите наши активности продолжуваат и според планот за развојот на рудникот, септември 2020 година е месецот во кој треба да започнеме со работа., вели Кривинскиј. Кривинскиј појаснува дека безбедноста и здравјето на вработените им е приоритет и затоа тие во време на пандемија од корона вирус ги применуваат сите превентивни и заштитни мерки. –„Во овие тешки услови на епидемија, работењето на рудникот Боров Дол се одвива непрекинато. Стабилно ги
НАДЕЖ
{tipski Glas, Maj, 2020 br. 100
спроведуваме своите цели, а изведувањето на работните активности е прилагодено според моментално воведените мерки, услови и препораки од надлежните институции, појаснува Кривинскиј. Клучен дел од проектот Боров Дол e изградба на транспортна трака, која ќе служи за пренос на издробената руда од Боров Дол до постоечките капацитети на Бучим за преработка и складирање на руда. Транспортната трака е целосно покриена и е долга 7 километри. Таа, според нашиот соговорник, претставува современо инженерско решение, кое го ограничува ширењето на прашина и го сведува загадувањето на воздухот на минимум. Со оглед на фактот дека новиот рудник зафаќа територија на три општини, сите тие ќе имаат финансиска придобивка од концеси-
работат во општините Конче, Штип и Радовиш. Нашата цел е, преку нашето работење, да го поддржиме економскиот развој на општините, како и да им обезбедиме одржлив развој, кој во иднина нема да зависи само од рудникот, дециден е Кривинскиј. На овој рудник согласно сегашното ниво на експлоатација и преработка на бакарна руда во рудникот Бучим, експертите му предвидуваат стопански живот од најмалку десет години. Кривинскиј вели дека постојат можности за негово продолжување и понатаму кога ќе бидат истражени нови резерви од рудното тело. Изградбата на Боров Дол ќе
скиот надомест. Коцесискиот простор на рудникот со нешто над 40 проценти е на територија на Општина Штип, со околу 56 проценти на Општина Конче и со 4 проценти на Општина Радовиш. -Општините Конче, Штип и Радовиш, ќе имаат удел во експлоатацијата и преработката на рудата, а со тоа секоја општина може да смета на финансиска добивка врз основа на концесијата. Повеќето од вработените во Бучим ќе бидат префрлени во новиот рудник, но и ќе се создаваат нови работни можности за жителите од соседните општини. Според планот, се очекува бројот на вработени да изнесува околу триста луѓе. Воедно, при избор на идните добавувачи на Боров Дол ќе се земат во предвид фирмите кои
овозможи продолжување на ископ на бакарната руда најмалку до 2030 година, оперативност на постоечките објекти во рудникот Бучим, зачувување на работните места на повеќето вработени и можност за нови работни места, наместо затварање на рудникот. Бучим без Боров Дол нема иднина, а ниту пак Боров Дол без Бучим. И затоа сите наши активности се насочени кон скорото отворање на рудникот. -На почетокот на месец април добивме дозвола за изградба на рударскиот комплекс Боров Дол, од страна на Министерството за транспорт и врски на Република Северна Македонија, и веќе започнавме реализација на изградбата на потребните објекти, вели Кривинскиј.
Штип на име концесиски надомест на годишно ниво би требало да остварува финансиска корист од над 400.000 евра, тоа се пари кои на општината и следуваат по основ на концесиски надомест за експлоатација на рудата на нејзина територија.
{tipski Glas, Maj, 2020 br. 100
РЕКЛАМИ
13
Јубилеј во време на вирус
14
КОЛУМНА
В
Пишува: М-р Трајче КАЦАРОВ, писател
о моето место на живеење постои верување-ако не се замрзнат водите во реката за празникот Водици годината не ќе биде здрава. По реката треба да пливаат санти мраз за време на фрлањето на крстот. Оние, кандидатите, кои ќе се фрлат по крстот треба да имаат голема верба и љубов кон господа. Истата ќе го чува нивното здравје. Како што ми кажуваше мојот дедо Трајко кој израснал и остарел покрај реката-ниту едно од момчињата што се фрлале по крстот не се разболело иако скокале помеѓу одгромни санто мараз. За време на обредот на бреговите од реката немало медицински лица за брза интервенција. Така било во времето кога се верувало во семоќниот. Знаел народот дека господ е голем и дека неговата светост нема да дозволи верниците да страдаат, да ја изгубат вербата во него. Во денешно време во кое сé повеќе се свртуваме кон девизата на иконите на ренесаната - само човекот може да му помогне на човека, или „Антропос метрон пантон“ што значи „Човекот е мерка за се!“, односно кога сме обземени од философските гледишта на Ниче за кој вољата на човекот е моќ, нештата се изменија. Секуларната држава ја насочува вербата на човекот кон општествената заедница, кон вредностите што та ги заштитува. На Водици крстот и натаму се фрла наместо да се пушти во речните или езерските води. На бреговите стојат медицински екипи за брза интервенција. Водите не се замрзнати, не пливаат по реките санти мраз, не се крши мразот на езерските површини. По крстот скокаат банди, или ако сакате да бидеме поблаги во речникот, скокаат
{tipski Glas, Maj, 2020 br. 100
тимови кои имаат добро разработена стратегија и само ним познати тактики кои со години наназад им носат позитивни резултати, односно им го носат крстот симболот на верата и љубовта кон господа диретно во рацете. Зошто е тоа така? Не, оти сегашните луѓе се хуманисти, со верба во човекот и сите негови доблести, не оти ја сваќаат философијата на модерното време, туку оти се неверници. Не само што не веруваат во севишниот, туку не веруваат и во државата. Не веруваат во нејзините институции, а и во црквата како што би рекол Езра Паунд, во последно време се повеќе ја потврдува својата улога на рационализатор на верата. Кога Прличев нашиот Хомер, го изнеле насреде Охрида за да го водат сургун, мајка му со солзи во очите го молела да верува во Св. Климента, оти тој е праведен и со векови ги заштитувал праведните и верниците во господа. Деновиве кога светот е под опсада на мистичниот вирус, на кој ниту стрип јунаците од типот на Мандрак и Фантом не можат да му
брегови и слично, односно почнуваат да воопштуваат. Многу му било тешко на синот божји, Исус да го убеди народот да веруваат во еден бог, во неговиот татко. Неговото распнување не е воопштување на проблемот, туку ин медиа рес. Го направил најтешкото, она што на никој не му успеало, ја победил смртта, воскреснал. Го сторил тоа за да создаде апологети на неговата мисла и дело. И создал. Во ваков случај, на државата како секуларна творба која од самото свое постоење се бори црковните икони да ги замени со профани не и останува ништо друго освен да тргне по патот на божијот син. А патот води кон тешка одлука. Да воскрсне, да ја снема од световниот живот. Да постои само во мислите на народот. Да постои само како љубов, како желба, како сон кој ретко се сонува. Само така ќе создаде апологети, само така ќе почнат да ја почитуваат нејзината моќ. Само така ќе може да ги дисциплинира и оние што не ќе веруваат во нејзиното воскрснување, во нејзината победа на смртта
стапнат на опашката, повторно во Охрид верниците се присетуваат на моќите на Св. Климент. Некогаш вербата во неговата моќ ја избркала чумата од градот, сега го молат да го избрка и мистериозниот вирус. Време е во кое политичарите како што би рекол Лесинг за квазиписателите, кога не можат да продолжат со дејствието во расказот почнуваат да ја опишуваат околината, реките, морињата, нивните
Во таков случај во борба против мистериозниот вирус нема да појде државата со своите институции, туку народот вооружем со желбата да истрае - да постои. П.С. Го насловив текстот ЈУБИЛЕЈ ЗА ВРЕМЕ НА ГРИП зашто ја користам приликата да му го честитам Јубилејот на „Штипски Глас“ , односно излегувањето од печат на 100 број
Деновиве кога светот е под опсада на мистичниот вирус, на кој ниту стрип јунаците од типот на Мандрак и Фантом не можат да му стапнат на опашката, повторно во Охрид верниците се присетуваат на моќите на Св. Климент. Некогаш вербата во неговата моќ ја избркала чумата од градот, сега го молат да го избрка и мистериозниот вирус.
{tipski Glas, Maj, 2020 br. 100
Н
Демократијата бара гласни новинари и критични медиуми КОЛУМНА
Пишува: Драган Секуловски, извршен директор во ЗНМ
ема вистинска демократија без гласни новинари и без критични медиуми а истовремено, нема вистинска демократија во земји каде што властите ги замолчуваат новинарите и медиумите. Република Северна Македонија на светскиот индекс за слободата на изразување на реномираната организација Репортери без граници со седиште во Париз, оваа година е рангирана на 92-то место од вкупно 180 на глобално ниво и сме во друштво на Молдавија, Србија, Либерија и Украина. Ова е за три места подобро од 2019 година и е повеќе скок во место отколку драматично подобрување за кој би се фалеле. Некој ќе каже може и полошо но факт е дека можеме многу подобро и тука треба да се потсетиме дека на истите ранг листи нашата земја, например во 2009 беше на 34 место како прво рангирана земја од Западен Балкан. Кон ова треба да се стремиме, да си го вратиме тоа славно место каде новинарите имаа повеќе слобода а медиумите го претставуваа јавниот интерес. Има повеќе причини кои придонесуваат за лошиот имиџ на слободата на изразување на Македонија пред светот. Дел од нив се однесуваат на условите во кои работат новинарите и медиумите, начинот на кој тие се третирани од страна на претставниците на јавните институции, како и од политичките чинители. Освен ова, безбедноста на новинарите и медиумските работници, медиумскиот пазар, медиумската регулатива, како и праксата на правосудниот систем, кога станува збор за правата на новинарите и споровите кои ги имаат медиумите како правни лица, се други битни околности кои придонесуваат кон слободно функционирање на медиумскиот сектор. Како прв индикатор дека нешто не е во ред во една држава во функционирањето на медиумите се слабите и зависни јавни радио-дифузни сервиси, а во нашиот случај тоа е Македонската радио телевизија (МРТ). Овој медиум, во нашиот контекст, е финансиран од страна на граѓаните и истиот треба да претставува пример на приватните медиумите за начинот на кој се промовираат највисоките стандарди во етичкото известување, но и пример за производство на квалитетна програма од забавна и едукативна природа за пошироката јавност. Втор индикатор е работата на медиумскиот регулатор, а тоа е телото кое ги спроведува медиумските закони и прави надзор за работата на телевизиите и радијата, односно Агенцијата за аудио и аудио визуелни медиумски услуги (АВМУ). Оваа институција потребно е да демонстрира силна политичка
15
и финансиска независност како гаранција за неселективност во своите одлуки во однос на работата на традиционалните медиуми. Најголемата одговорност, но и обврска за создавање амбиент во кој новинарите ќе можат безбедно да ја вршат својата работа, а медиумите да работат независно ја има извршната власт. Владата, исто така, потребно е да ја мотивира законодавната власт да усвојува законски решенија во медиумскиот сектор кои се во согласност со најдобрите практики од другите земји - членки на Европската комисија, преку кои правосудството ќе има обврска да носи одлуки во согласност со практиките на Европскиот суд за човекови права. Земајќи предвид дека на ниво на ЕУ не постои универзално законодавство кое е заедничко за членките на Унијата, потребно е да се земе предвид локалниот контекст во кој функционираат медиумите кој е специфичен за секоја земја. Во оваа насока, директивите на Европската комисија, како и препораките на Советот на Европа и ОБСЕ се од особена важност зашто преку нивната имплементација во Северна Македонија, но и другите земји кои имаат статус на кандидати за ЕУ може да се дојде до квалитетни законски решенија. Новинарите и медиумите не можат да се изземат од одговорност кога станува збор за квалитетот и точноста на информациите и тие треба да ги следат принципите на Кодексот на новинарите на Македонија
Реномираната организација Репортери без граници со седиште во Париз оваа година нашата држава ја рангира на 92-то место од вкупно 180 на глобално ниво. Ова е за три места подобро од 2019 година и е повеќе скок во место отколку драматично подобрување со кое би се фалеле. Наш сон е 2009 година кога бевме на 34 место како прворангирана земја од Западен Балкан.
и истовремено да водат грижа за начинот на кој ги информираат граѓаните, притоа запазувајќи го јавниот интерес. Од друга страна, јавноста како примарен корисник на информациите потребно е да реагира на дезинформациите пласирани во медиумите и да биде критична, пред с; кон оние кои ги создаваат овие штетни појави, а потоа кон преносителите. За крај, да си признаеме дека професионалните новинари и критичните медиуми ни се потребни и јавноста треба да ги препознае и поддржи во својата работа. Само на тој начин граѓаните ќе покажат дека сакаат да бидат информирани и свесни за тоа како и за што се трошат нивните пари од страна на оние на кои им ја имаат доверено власта.
Идниот месец археолошки истражувања на теренот околу Саат кулата
16
КУЛТУРА
М
{tipski Glas, Maj, 2020 br. 100
За Саат кулата да се доведе во ред ќе бидат потребни 50.000 евра
ожно е Саат кулата која е во самиот центар на градот, а која не е во фунција десет години, веќе кон крајот на оваа или на почетокот од идната година да биде ставена во функција. Според Мите Штерјов, директор на Заводот за заштита на спомениците на култура и музеј Штип, идниот месец ќе започнат работите на археолошките истражување на теренот на кој е оваа градба.
-Во месец јуни ќе врашиме геомеханички истражувања, ќе ја утврдуваме статиката на кулата за потоа да прејдеме на работите кои ќе овозможат саатот да прородаботи, а самата кула да стане привлечен објект како за штипјани исто така и за гости-туристи од други места. Според нашите пресметки за таа работа ќе ни бидат потребни 50.000 евра, вели Штерјов.
екти кои се поделени во три групи. Првата група е визуелна уметност, архитектура и дизајн каде се финансирани проекти од областа на ликовната дејност превземање изложби и слично, втората група е заштита и недвижно културно наследство и проекти од заштита и археолошки истражувања пред се на Саат Кулата во Штип. Третата група се проекти за конзервација и реставрација. Овде спаѓаат археолошки истражувања на петоапсидалната базилика во Крупиште, археолошки истражувања на локалитетот Пилав Тепе, археолошки истражувања на северниот бедем во Баргала и изготвување на проекти за конзервација
е во подножјето на средновековната тврдина Исар и која датира од 14 век ќе се работи на партерното уредување и на конзервација на досега откриените делови од истата.Оваа црква е откриена во 2011 година, посочува Штерјов. Оваа е јубилејна година на Заводот за заштита на спомениците на култура и музеј Штип зашто оваа институција одбеле-
ЈУБИЛЕЈ Годинава Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Штип одбележува 70 години од постоењето. По тој повод во втората половина од годината ќе има многу настани со кои ќе се одбележи јубилејот, но се ќе зависи од тоа како ќе се развиваат работите со пандемијата.
По завршување на археолошките работи ќе се пристапи кон изработка на проект за еднаш засекогаш Саат кулата да биде санирана квалитетно и да може на подолг рок да си ја обавува својата мисија, Инаку, саатот работеше на малата бања и нартексот на до 2019 година кога за него се гри- базиликата Ехтра Мурос Баргала. жеше и саатот го „навиваше“ на секои 48 часа Ристо Донев-Учите-Годинава ќе го реализилот кој почина во 2010 година. раме и меѓународниот проект преку ИПР, а тоа е проектот за За активностите на музејот конзервација на црквата Св. Влаво тековната 2020 година Мини- сие на Исарот во Штип. Ќе се постерството за култура му одобри светиме на музејската дејност и на нашиот музеј четири милони заштитата на нематеријалното боденари. гатство. На Баргала ќе се реализира истражувачкиот проект на За годинава оваа установа централната базилика и бедемиод областа на културата има про- те. На црквата Свети Власие која
жува 70 години од оснивањето. По тој повод наесен ќе има многу настани со кои ќе му се даде значење на овој јубилеј, се разбира се во согласност со тоа како ќе се одвиваат настаните со корона вирусот.
КУЛТУРА
Крона вирусот ни го спречи уживањето во Велигденскиот концерт на Музичката академија од Базел и Музичкото училиште од Штип {tipski Glas, Maj, 2020 br. 100
К
орона вирусот ни направи бројни проблеми во секојдневниот живот. Покрај другото овој вирус го одложи и порадоно дговорениот Велигденскиот концерт кој требаше да го реализираат Музичката академија од Базел, Швајцарија и Музичкото училиште „Сергеј Михајлов“ од Штип. Но, на ваков раритетен музички настан штипјани ќе почекаат уште извесно време. -Поради настанатата ситуација со вирусот, од директорот на музичката академија во Базел добивме известување дека се одложува нивното доаѓање во Штип. Ние како училиште минатата година во месец септември бевме кај нив каде беа одржани семинари и концерти. Тогаш падна договор за Велигден годинава тие да дојдат во Штип. Делегацијата од Музичката академија од Базел требаше да ја предводи директорот, а со него беше планирано да дојдат и уште четворица професори и 20 ученици. Заедно, со наши професори и ученици требаше да го имаме Велигденскиот концерт,
К
17
но вирусот сето тоа го одложи на неодредено време, вели Горан Кавраков, директор на ДМУЦ „Сергеј Михајлов“. Велигденскиот концерт штипското Музичко училиште за првпат го одржа минатата година во Домот на култура „Ацо Шопов“, а беше планирано тој да стане традиционален. Но, здравјето пред се, па целиот проект е поместен за во иднина. Според договорот, екипата од Базел требаше да престојува во Штип во периодото од 4 до 10 април годинава, при што, покрај концертот, беа закажани и работилници како и проби со ученици и професори од ДМУЦ„Сергеј Михајлов“.
Годинава останавме и без Четр’сe...
орона вирусот годинава не остави без многу убави работи кои беа на агендата на Штип за овој период од годината. Меѓу другото останавме покуси и за раритетниот настан познат под името „Четр’се“, единствен од таков вид во државата. Настан кој се одржуваше на Денот на пролетта.
-Кога се појави корона вирусот и евидентно започна да се шири низ светот, ние решивме да им дадеме одмор на неодредено време на нашите членови од сите генерации. Навреме проценивме дека новиот вирус ќе потрае и дека нашето славно Четр’се годинава нема да го имаме. А ние имавме проби за настап токму на овој ден и по повод 130 членови од сите возрасти, од 7 до 77 години. овој празник кој е влезен во големата книга на УНЕЧетр’се подолго време привлекува илјадници СКО на заштитени културни добра од светскоо зна- гости не само од Штип чење, вели Благој Донев, претседател на КУД „Ристо Донев-Учителот“. Во ова друштво членуваат околу
Тито во Штип, Гавритов од ТК „Македонка“ со штафетата кај Тито
18
НЕЗАБОРАВ
{tipski Glas, Maj, 2020 br. 100
П
остарите луѓе го памеата времето на бившата држава Југославија и нејзиниот претседател, светската политичка легенда Јосип Броз Тито. Месец мај беше месецот на младоста на бившата држава и роденденот на Тито,а овие два празника се славеа со голем слет на стадионот на ЈНА се славеше на 25 мај. Секоја година штафетата на Тито му ја предаваше младинец/младинка од некоја од републиките и двете покраини. Во 1960 година таа чест му падна на Миле Гавритов, млад инженер во тогашниот текстилен комбинат „Македонка“. Таа година штафетата на младоста тргна од Македонија, од Ѓевѓелија. Со Гавритов (сега покоен) за овој настан последен пат разговарав пред околу 15 години кога тој сеуште работеше во Југоинспект во Скопје. „Пред настанот имав голема трема, но кога стадионот го исполнија непрекинати аплаузи и извици „Ние сме Титови, Тито е наш“, тремата во миг ја снема. Без проблем ги поминав сите степеници до ложата во која беше Тито, без грешка го кажав текстот и му го честитав роденденот. Потоа, во пригодна сала на стади-
онот на ЈНА Тито ми подари рачен часовник изгравиран со неговото име и негова посвета. Тоа беше најубавиот ден во мојата младост“, ми раскажуваше Гавритов за нешто што тогаш беше сон на секој млад човек во Југославија. Инаку, во носењето на штафетата на младоста од Ѓевѓелија до Триглав па потоа до Белград како главен град на Југославија учествуваа 400.000 младинци а патот на штафетата беше долг околу 5.000 километри.Додека штафетата се носеше од град до град и се предваше од рака на рака, кога ќе паднеше ноќта,каде и да се случеше тоа, се правеа логори каде цела вечер
младите свиреа, пееја, играа, рецитираа револуционерни песни...Идното утро штафетата на младоста го продолжуваше својот пат до крајната одредница-стадионот на ЈНА во Белград. Миле Гавритов беше четвртиот младинец кој на Тито му ја предаде штафетата на младоста. Се памети посетата на Тито на Штип на 10 јуни 1970 година. Претседателот дојде во посета на комбинатот „Црвена Ѕвезда“ при што кај селото Крупиште направи увид во каналската мрежа низ која штотуку потекоа водите од ХМС „Брегалница“. Истито ден Тито водеше разговор со политичкото раководство на градот предводено од тогашниот претседател на Општината Мане Атанасков. На Тито од името на градот му беше предаден подарок бакарна тепсија на која беше изгравиран мотив од стариот дел на Штип со саат кулата и безистенот. За да не се заборави кој и каков водаач беше Тито ќе го спомнеме уште и овој податок. Вечерта на 10 октомври 1945 година, во зградата на Народниот театар во Скопје, на свечена седница по повод Денот на востанието на македонскиот народ, маршал Тито лично им ги предава одликувањата Орден на народен херој на мајките на загинатите херои од Македонија: Орце Николов, Кузман Јосифовски-Питу, Мирче Ацев, Христијан Тодоровски-Карпош, Цветан Димов како и бабата на Страшо Пинџур. Тито држи и пригоден говор. Орденот на херојот Страшо Пинџур го прими неговата баба. Инаку, во носењето на штафетата на младоста од Ѓевѓелија до Триглав па потоа до Белград како главен град на Југославија учествуваа 400.000 младинци ,а патот на штафетата беше долг околу 5.000 километри. Додека штафетата се носеше од град до град и се предваше од рака на рака, кога ќе паднеше ноќта,каде и да се случеше тоа, се правеа логори каде цела вечер младите свиреа, пееја, играа, рецитираа револуционерни песни...Идното утро штафетата го продолжуваше својот пат до крајната одредница-стадионот на ЈНА во Белград.
БЕКРИИ – барана штипска група за сите радости
{tipski Glas, Maj, 2020 br. 100
ЕСТРАДА
19
П
остојат 21 година и на народот му носат само убави моменти. Настапуваат под името Бекрии, свират на секакви семејни веселби: свадби, родендени, крштевки. Тие се петмина штипјани и сите од ред се одлични музичари поради што се исклучително барани како музичка група. Составот Бекрии го сочинуваат: Ефтим Гегов кој свири на кавал и пее, Тони Лазаров, професор во средното музичко училише свири хармоника и синтисајзер, Дејан Мицанов, чии инструменти се саксофонот и кларинетот, Стојанче Бреслиски, бас гитара и Џевџет Јусинов-Џеко, ударни инструменти. Сите други освен професор Лазаров живеат само од тоа што ќе го заработат од своите настапи, и на сите овој период им е најтежок бидејќи во време на корона вирусот немаат никакви ангажмани. -Не можеме да се пожалиме, луѓето не бараат, а ние сме тука на најдобар начин да одговориме на нивната доверба. На свадби и други семејни веселби 80 проценти од музиката која ја свириме е македонска. На свадби многу често ги ставаме „во погон“ традиционалните инструменти како кавал, зурла и тапани,а на такви свечености сме придружувале многу наши познати естрадни уметници. Во последно време најмногу сме со Марјан Коцев со кого снимаме и ЦД насловено како „Македонска разгледница“ за кое се надеваме дека ќе биде готово до крајот на оваа година, вели Ефтим Гегов-Гега. Искуството на оваа група вели дека песната „Свадба Македонска“ е барана на секоја свадба, а Гегов укажува дека е таа еден вид свадбена химна. -Последниве години во нашата држава нема фестивали на народна музика, не излегуваат нови песни за разлика од соседна Србија која има една фантастична продукција на свои народни песни. Тоа за нас како група која тежнее кон филозофијата доминантни да ни бидат нашите-македонски песни е голем проблем, а е проблем и за сите други групи кои настапуваат на било каква веселба. Тоа е нешто кое многу ни фали, а во државата фали и телевизија која ќе и даде адекватен простор на македонската народна песна, посочува Гегов. Бекрии годишно имаат околу 150 настапи од кои најмногу, односно околу 80 настапи им се на свадби. Сега е време на корона вирус, свадби не се прават, рестораните во кои исто така свириме се затворени па тие решиле времето да го искористат за
обнова на репертоарот. Членовите на групата меѓусебно комуницираат преку интернет и гледаат да се во тек со музичките токови. Тие се група која многу не се промовира преку медиумите но се многу познати по својот квалитет за што луѓето, преку устни преданија, ја раскажуваат убавата приказна за Боеми која приказна така се шири и доаѓа до оние на кои токму таква група музичари им е потреба. -Во нашиот град има пет-шест такви активни музички групи и за сите има работа. Нашето искуство говори дека најмногу свадби се прават во месец август, кога дома си доаѓаат нашинци кои работат во
ГЕГОВ: Поради корона вирусот се откажаа свадбите за во април, мај и јуни, а одсекогаш најмногу свадби имало во месец август, затоа очекуваме од јули натаму секој ден да свириме на најмалку по една свадба дневно...
странство и тука, во родниот крај, решиле да направат свадба за себе или за своите деца. Но, сега имаме една сосема нова ситуација. Имено, поради вирусот и пандемијата свадбите кои беа закажани за месеците април и мај и јуни се откажани па очекуваме од јули натаму да настане еден неверојатен бран на свадбени веселби. Тогаш најверојатно ќе мора секој ден да свириме на по некоја свадба, но ние сме тука за народот, за младите кои решиле да стапат во брачна заедница, тука сме и ние да придонесеме најпрекрасниот момент во нивните животи да го направиме навистина незаборавен. Нам, во такви моменти, парите ни се второстепени, ние сме презадоволни кога ќе ги видиме задоволните лица на оние за кои во определен момент сме се наше на тоа место, порачува Ефтим Гегов.
20
БОЈАН РАЈКОВ: Фудбалската кариера ми е прва опција
СПОРТ
Б
{tipski Glas, Maj, 2020 br. 100
ојан Рајков, 21 годишен штипјанец, е од плејадата млади штипски фудбалери кои со својот фудбалски талент и посветеност на овој спорт се вбројува меѓу младите надежи кои можат да напрват нешто во светот на фудбалот. Моментално настапува за ФК „Кит Го“ од Пехчево, клуб кој целосно финансиски и логистички е поддржан од истоимената штипска компанија и нејзиниот сопственик Кирил Гогов, лично. Рајков игра на позицијата коректор. „Со фудбалот се „заразив“ на десетгодишна возраст, време во кое започнав да тренирам во младинската школа на Ф.К Брегалница. Денес играм за ФК „Кит Го“ од Пехчево, а истовремено и студирам на факултетот по информатика при универзитетот “Гоце Делчев”, вели Рајков. Тој укажува дека атмосферата во екипата е одлична, во клубот владее позитивна енергија и царува убаво другарство.
Тој во екипата на „Кит-Го“ дошол пред почетокот на актуелната сезона. Клубот во моментов се наоѓа на трето место на табелата со амбиции за влез во првата фудбалска лига. „Затоа со нетрпение го очекуваме продолжението на првенството кое е стопирано поради корона вирусот. Да видиме дали ќе можеме да се избориме за нешто повеќе од она на кое сме денес“, јасен е Бојан. Негова желба е еден ден да може да настапува како професионалец во некој поголем клуб. Смета дека за такво нешто има предиспозиции. „Насочен сум кон тоа за живот да заработувам играјќи фудбал. Факултетот го гледам како втора оп-
„За нас како спортисти е од посебно значење тоа што ја имаме големата поддршка на жителите на Пехчево кои од утакмица на утакмица доаѓаат во сé поголем број на стадионот каде имаме одлични услови за играње и тренирање. Ако во клубот имаме сé што ни е потребно за трениг и постигнување добри резултати, пехчевската публика е нашиот силен мотиватор да победиме на секој натпревар. Имаме публика за почит и на тоа заедништво помеѓу клубот, фудбалерите и публиката сме многу горди, појаснува младиот Рајков.
ција и му посветувам помалку време во однос на фудбалот бидејќи е тешко да се постигне целосен успех и на двете полиња“, ја кажува своја животна стратегија ова младо момче. Како насекаде во светот така и кај нас корона вирусот негативно влијае на сите фудбалери, екипи и воопшто на сите спортисти. Како и сите други и Бојан се надева на побрзо решавање на проблемот со вирусот за веднаш потоа сите спортисти и клубови да се вратат во нормала. „Барцелона е мојот омилен светски фудбалски клуб, а од сите фудбалери на светот најмногу го ценам и почитувам Роналдињо кој е мој идол. Но, постојано со мислите сум насочен и кон нашата фудбалска репрезентација за која сметам дека има реални шанси да се пласира на Европското првенство“, вели Бојан.
Барцелона е неговиот омилен светски фудбалски клуб, Роналдињо најмногу го цени како фудбалер, а убеден е дека нашата репрезентација ќе игра на Европското фудбалско првенство.
ЈАМАКОВСКИ: Денес во клубовите има се, само нема млади {tipski Glas, Maj, 2020 br. 100
Т
СПОРТ
амир Јамаковски е штипско момче кое го брани голот на ФК Слога од Виница. И денес, на 36 годишна возраст, кога врши многу значајна функција директор на штипската гимназија, тој е силно посветен на спортот, во случајот фудбалот. Настапувал за Брегалница Штип, Осогово, Брегалница Делчево, ЈСП-Скопје, Алумина, Астибо, Плачковица Радовиш, Кит-го Пехчево, Детонит и Слога Виница, а еден период играл и во првата македонска футсал лига за Мал Ајакс. -Во ФК Слога се најдов по повик на искусниот тренер Крсте Крстев со кого соработував додека бев голман на Плачковица. На голот на овој клуб сум од средината на минатата година кога и започнавме со подготовки за престојната сезона со амбиции да влеземе во Втората македонска лига-Исток.. Шансите ни беа огромни и реални со оглед на фактот дека сме на прво место остварувајќи своевиден рекорд од 10 победи со дадени 36 гола и ниту еден примен. Малку не закочи оваа состојба со корна вирусот кој се појави на почетокот од втората полусезона па натпреварувањето беше прекинато. Нашиот најголем конкурент, екипата на Овче Поле која ја победивме во меѓусебниот дуел е три бода зад нас, вели Јамаковски. За Виница и виничката публика има само убави зборови. Вели дека се изненадил позитивно кога на натпреварот со Детонит, во организација на навивачката група „Улави“, имале преполн стадион. –„Дојдоа над 1.000 љубители на фудбалот, атмосферата беше феноменална.Затоа мислам дека со таква публика Виница заслужува да биде член на Втората лига. И ќе биде, порачува Јамаковски. Во досега десеетте одиграни натпревари Слога сите ги има добиено. Раритетен е податокот дека клубот има дадено 36 и нема примено ниту еден гол! -Сакам да бидам јасен дека заслуга за тоа не е само моја бидејќи браневме тројца голмани, јас,Петар Лазаров и Ѓорги Јовановски. Пофалба би сакал да истакнам и за тренерот на голманите Игор Данев кој навистина квалитетно работи со нас и несебично ни го пренесува своето искуство, коментира Тамер. Од пред извесно време тој ја доби функцијата в.д. директор на гимназијата „Славчо Стојменски“Штип. Го прашуваме како ги спојува двете работи. -Со добивањето на новата функција, реализирањето на двете работи навистина е голем предизвик. Тоа е вистинска трка со времето бидејќи на работа во гимназијата сум до 15 часот, а веднаш потоа тргнувам за Виница на тренинзи. После тренингот се враќам назад повторно на работа.Во целава ова ситуација најмногу трпи моето семејство без кое сум речиси цел ден,но тие ја знаат мојата љубов кон фудбалот и имаат разбирање за тоа па немам никаков проблем од нивна страна. Инаку навистина е напорно и одзема многу
21
енергија,но секогаш сум максимално посветен на реализација на она на што ќе се нафатам. Се надевам дека ќе по- могнам Слога Виница да влезе во втората лига, по што планирам да се повлечам бидејќи иднината е во младината, а сепак и не сум толку млад веќе. Да им дадеме шанса на помладите, вели нашиот соговорник. За Виница на тренинг оди трипати во неделата. Вели дека тренерот Крсте Крстев од Кочани е специјалист за внесување на клубови од трета во втора лига,прекрасен човек, а уште подобар тренер.. -Во екипата има релативно млади фудбалери кои се од Виница, Кочани, Каменица и Пробиштип, со кои сме веќе една година и навистина создадовме една пријатна атмосфера за работа, хармонија меѓу сите нас и навистина е задоволство да се биде член на Слога. Овде морам на го пофалам и претседателот на клубот Златко Насев кој е еден неуморен работник и човек кој најмногу од сите посакува и се залага за Слога да влезе во Втората лига, укажува Јамаковски. Тој искрено мисли дека има огромна разлика од времето кога самиот бил млад и денес. -Порано немавме речиси никакви услови но сите доагавме да тренираме водени од желбата дека сите ќе станеме фудбалери. Денеска условите се одлични, младите имаат терени, имаат топки, спортски реквизити и многу други работи, но за жал ги нема младите. Премногу брзо се откажуваат кога ќе видат малку повеќе напор,не сакаат предизвици и мислат дека успехот доаѓа без труд, што не е така. Еден од големите проблеми и развојот на технологијата со која младите повеќе време поминуваат пред компјутер и телефон наместо да излезат и да спортуваат. Како професор ги советував дека нема ништо поубаво од спортот, место каде се дружат едни со други, запознавање на различни луѓе, градење на соживот со сите, создавање на навики кои ќе им требаат во животот,посветеност за успех, истрајност во многу нешта и едноставно - создавање на карактер на луѓе кои ќе бидат желни за победа и нема да потклекнат пред никаков предизвик. Јамаковски вели дека би сакал кариерата да ја заврши таму каде што почнал, а тоа е во штипска Брегалница каде ги има поминато сите категории. Тој изразува голема благодарност на сите тренери со кои работел, а тоа се Симеон Бојаџиев, Методи Папаров, посебно Лазар Балдазаров од Кочани какои Љупчо Колев и Игор Данев, а со последните двајца заедно и браневме.
РАЗОНОДА
22
Корона вирусот им овозможи на административците да се одморат од напорното неработење. Поинаков е случајот со работниците. И короната е како Калимеро-нема правда...
TR-MR ov -Mi Re k e ~e R Ti
{tipski Glas, Maj, 2020 br. 100
Ми велат: живеј како што сакаш, а не како што мораш Јас би живеел како што сакам да не морам да живеам како што морам. Не е до сакањето, до морањето е... Можеш да бегаш, ама не можеш да се сокриеш. Судбината кога тогаш ќе те стигне. Само од судбината не се бега... Македонија е земја во која сé се знае. Бидејќи секој секого снима. Снимките се, всушност, серумот На нашата вистина!
Razmisluva: Iv. BOJ
Младите сé повеќе трчаат по богатство. Да изградат голема, убава куќа Во таа трка на докажување заборават Да си направат деца. А децата се движечката сила во бракот Куќата е само најобичен амбиент...
ВИЦОТЕКА
Една баба гледа како поминува свадбена поворка и си мрмори: Млад човек се вљубил во девојка па ја прашал: -Убаво моме, дали би сакала да се омажиш за мене? – Уште една ја повеле со музика да мие чинии… - „НЕ сакам“ – одговорило девојчето. И така, младиот човек си живеел среќно до стотката ... Шета еден министер со сопругата. Поминуваат покрај еден чистач и таа го поздравува. Една анализа вели дека Босанец годишно во просек – Кој е овој? – прашува министерот. пропешачи 1,500 километри, – Соученик. Порано многу ме сакаше, дури ми Исто така анализата утврдила дека Босанец годишно предложи и да се омажам за него… – Ха! Ако си се согласела тогаш, сега ќе беше сопруга испива 120 литри ракија. Третата анализа упатува на фактот дека Босанецот на чистач! – Грешиш. Ако се согласев тогаш, сега тој ќе беше троши 8 литри ракија на 100 километри! министер!
ИМПРЕСУМ
Издавач: Медиум Боја 43 – Штип Седиште на фирмата и адреса на редакцијата: Ул. „Тошо Арсов“ бр. 23 – 2000 Штип Одговорно лице: Иван Бојаџиски
Излегува еднаш месечно Првиот број излезе во месец април, 2009 година Главен и одговорен уредник: Иван Бојаџиски 078/375582 Графички уредник: Јорданчо Бојаџиски, 078/473094
Овој број е отпечатен на 26.05.2020 година Тираж: 1.000 примероци
Ж-ка: 290000002136767 Едб:4029019522191 Т.Т.К. банка А.Д. Скопје Годишна претплата: 180 денари.
Печати печатница Генекс-Кочани Ул. „Тодосија Паунов“ б.б.
За Штипски глас се плаќа повластена даночна стапка од 5% ISSN 2545-4498
Непотпишаните текстови се на Иван Бојаџиски
{tipski Glas, Oktomvri, 2019 br. 94
С У Д О К У
Броевите од 1 до 9 впишете ги во блоковите со големина 3 x 3 полиња (врамени со здебелени линии), така да секој број може да се најде само еднаш во водоравната или хоризонталната насока
СКРИВАЛКА треба да пронајдете два скриени предмети
РАЗОНОДА
23
24
РЕКЛАМА
{tipski Glas, Maj, 2020 br. 100