Skip to main content

Stipski Glas 97

Page 1

Лилјана КРСТЕВСКА, добитничка на признанието „Свети Никола“

Само емотивец може да работи со лица со интелектуална попреченост

Фантастичен Новогодишен концерт на Музичкото училиште

Штип доби нова градинка по пауза од 30 години Иле НИКОЛОВ, сопственик на АКТИВА ДОО Штип

Во

2020 година ќе инвестираме

10 милиони евра Никола КЉУСЕВ,

Човек – историја, еден од втемелувачите на нашата независност

5 најдобри

работи во 2019


2

Новогодишна порака на градоначалникот

{tipski Glas, Januari, 2020 br. 97

Благој БОЧВАРСКИ

Почитувани штипјани,

Пред нас е Новата 2020 година – година на нови предизвици и нови успеси на нашиот град. И во 2020 година ќе продолжиме да работиме како отворена Општина на реализирањето на мноштво проекти кои ќе придонесат за дополнително зголемување на квалитетот на живеење во Штип.

Досега направивме многу

Само во оваа 2019 година целосно го комплетиравме капиталниот проект – сосема нова детска градинка во населба Сењак. Во 2019 година, Штип стана првиот град во земјава кој обезбеди места во детските градинки за сите деца. Тоа е значајно достигнување на кое сите му се радуваме и со кое сите се гордееме. Чиста и здрава вода за пиење добија жителите на населба Балканска, што предизвика позитивна промена во секојдневието на овие наши граѓани. Во годинава што изминува започнавме со реализација на повеќедеценискиот штипски сон – изградба на брана на река Отиња. Браната на рeкa Отиња ќе даде нова реалност, но и нов квалитет на Штип. За некој ова изгледаше многу недостижно но со макотрпна работа, многу средби, состаноци, носење на храбри и вистински одлуки се изборивме и обезбедување финансиска конструкција за овој објект. Во 2020 година очекувам да поставиме камен темелник на брана на рeка Отиња и да биде изграден сериозен дел од неа. Во Новата 2020 година ќе продолжиме да работиме напорно на подобрување на условите во секоја сфера под локалната самоуправа. Ќе продолжиме со вложување во реконструкција на училиштата, спортските објекти, но и со реконструкција на постоечката инфраструктура, како и пуштање во употреба на мостот на река Брегалница, нови улици, тротоари, патишта и нова паркинг платформа во централното градско подрачје. Во периодот кој претстои Штип ќе биде гасифициран, ќе добиеме и покриен базен, како и спортско-рекреативен центар Суитлак.

Драги сограѓани,

Тоа се само дел од проектите за чија реализација ќе се залагам и во иднина. И во новата година ќе продолжам да работам во ваш интерес. За вие да продолжите да бидете задоволни. Во Новата 2020 година ви посакувам многу љубов, личен мир, добро здравје и бројни успеси. Нека почетокот на новата деценија ни донесе многу заеднички успеси, бериќет, среќа и благосостојба на кои сите заедно ќе се радуваме.

Нека ни е СРЕЌНА НОВА 2020 ГОДИНА!


{tipski Glas, Januari, 2020 br. 97

Л

илјана Крстевска, дипломиран социјален работник три децении е посветена на лицата со интелектуална попреченост во развојот. За својата самопрегорна и со љубов исполнета работа, таа годинава со право го понесе високото признание „Свети Никола“ кое го доделува градоначалникот на Штип Благој Бочварски, а по повод 19 Декември, денот на градот. Со Крстевска разговараме за сите аспекти од нејзината работа додирнувајќи го и емотивниот елемент. Г-ѓа Крстевска, цел работен век го минувате во работа со луѓето. Би се рекло дека имате исполнет живот... -Мислам дека е така. Грижата за луѓето, за пациентите, за социјалните случаи, за семејствата, се вградени во темелот на мојот живот. Две години како сум во пензија но сеуште сум на работното место, доаѓам еден ден во неделата во Здравствениот дом на повик на директорката и во договор со Министерството за здравство. Не дека не сум спремна ова место да го препуштам на некој од младата генерација но ние немаме дипломиран социјален работник без работа. Па додека такво лице не се најде јас стојам на услуга. Во вашата карира работевме многу работи поврзани со луѓето, семејствата, работевте и на посвојување на деца. Што денес би кажале во однос на ова болно прашање? -Би рекла дека процесот на посвојување на деца беше многу поизразен пред дваесет-триесет години. Се посвојуваа деца кои биле

РАЗГОВОР

3

Лилјана КРСТЕВСКА, добитничка на признанието „Свети Никола“

Само емотивец може да работи со лица со интелектуална попреченост

плод на несакана врска меѓу маж и жена, деца родени вонбрачно но и деца од повеќедетни семејства за кои нивните родители заклучиле дека немаат услови петтото или шестото дете да го чуваат и негуваат. Кога шетате низ градот среќавате ли деца во чие посвојување сте посредувале? -Секако. Ги среќавам, ги поздравувам и заминувам. Тие не знаат ништо за тоа. Знаете, тоа е тајна која ниту еден социјален работник нема да ја открие. Тајна која останува до гроба. Најдобро е така за сите. Со „Порака“ сте триесет години. Сега сте и нејзин претседател. Во „Порака се лица со попреченост во раазвојот над 18 годишно доба. Како се грижите за нив и кој е во тимот? -Прво сакам да се заблагодарам на градоначалникот Бочварски, на националната „Порака“, на ОУ „Гоце Делчев“ што се заложија во ова училиште, кон крајот на 2019 година, да отвориме нов, исклучително уреден центар. Предтоа работевме во поскромни услови, сега настана нова ера во квалитативните услови за работа. Во нашата „Порака“ имаме 15 лица од кои 12 се редовни, три се повремени. За нив се грижат Стојка Гапева, помошник едукатор и Галаба Настова, дипломиран психолог. Мојата претседателска функција ме обврзува на постојани контакти со републичкото здружение, на разговори со родителите кои ги запознавам со законите од оваа сфера, ги упатувам каде да се обратат за некое свое барање...

Дали сте емотивец и како ги доживувате средбите со лицата со интелектуална попреченост во развојот? -Да, јас сум голем емотивец. И како жена и како човек воопшто. Во себе го имам она кое е најважно за оваа работа, а тоа е љубовта кон тие лица, решеноста да го дадам најдоброто од себе во нивната социјализација. Сликите кои ги гледате таму знаат да ве вознемират, емотивно да ве испразнат, по милион пати си го поставувате прашањето зашто баш ним тоа им се има случено...Да, таа работа ја прифаќам и со многу емоции, но ако не си емотивец такво нешто не можеш со успех да го работиш. Разбирливо, сите ние таму работиме на тие лица да им помогнеме колку што е можно повеќе. Низ животот сте биле во бројни комисии од социјална природа. За вас, оние кои ве познават, велат дека сте мошне одговорна личност спрема работата? -Им благодарам за таквото мислење, но јас знам дека кога бев во Комисијата за мобилност и слепило знаев со другите членови и во сабота и во недела по цел ден да работиме за да им помогнеме на луѓето. Сега работам во Комисијата за оцена на видот и степенот на попреченоста на лица во ментален развој, па и тука имаме многу работа. Сепак, јас велам дека работата го прави човекот, и погледнато од тој агол јас сум задоволна. И да кажамнајважна е љубовта кон тоа што го рааботите.


4

ИНТЕРВЈУ

Во 2020 година ќе инвестираме 10 милиони евра Ш Иле НИКОЛОВ, сопственик на АКТИВА ДОО Штип

тип е идеално поделен град на два дела. Делбата ја прави реката Брегалница. Од десната страна долж нејзиното течение е нашата индустрија која создава нови вредности, создава пари. Од левата страна се училишта, институции, градинки, администрација кои живеат од парите

кои ги прави нашето стопанство. Штипски Глас на истекот на 2019 година беше во Актива ДОО, која е на 84 место меѓу стоте најголеми компании во државата, на 35 место во државата меѓу најуспешните компании, а во последните пет години е на петто место меѓу најбрзо растечките компании во РСМ. Факти и повеќе од доволни за убаво интервју со Иле Николов, прв човек на компанијата, интервју преку кое ги донесуваме најважните аспекти од работењето во 2019 и проекцијата за развој во 2020 година. Г-дин Николов, каква е Вашата генерална оценка за работата во 2019 година низ призмата на остварениот развој и резултати? -Годината 2019 ја завршуваме со позитивни резултати како во

однос на физичкиот обем на производството така и финансиски. Ние и во 2019 година сé повеќе се димензионираме во ширењето на производните капацитети со што Актива стана лидер во државата во делот на метални производи. И според статистичките показатели на релевантни државни институции ние сме

{tipski Glas, Januari, 2020 br. 97

нери за чии потреби се димензионираме просторно и машински, го обезбедивме сиот потребен инженерски кадар и работна сила за да одговориме со квалитет и навремени испораки. Работиме за компанијата Ван Хоол-Белгија за која произведуваме делови за автобуси, за американската компанија FAST

-Успехот е резултат и на дисциплината во работата што ни овозможува висок квалитет на тоа што го работиме и навремени испораки. Актива го има сиот потребен инженерски кадар, имаме прекрасни работници во непосредното производство кои максимално се ангажираат во работата, вредни се и квалитетни, а Актива ја сметаат за свој втор дом. на прво место во оваа дејност, а зад нас се еден Брако, Факом и многу други. Искусен стопанственик сте, такаречи од ништо создадовте нешто големо и вредно, нешто кое обезбедува близу 500 работни места и е наш бренд во светот. Прашањето ми е на што се должи овој успех?

GLOBAL за која работиме опрема за потребите на аеродромите ширум светот претежно-разна опрема за локален транспорт на пратки, авионски контејнери по светските аеродроми со којшто успеавме да испорачаме производи во Америка, Европа и Азија. Третата компанија е германска, тоа е Тисен Круп каде со нивна подружница во Белгија имаме перфектна соработка во две -Нашиот успех е резултат на насоки: тие нам ни испорачуваат репоголемиот обем на производство проматеријали за наши производи, за нашите стратешки странски парт- а ние ним им испорачуваме сериски


{tipski Glas, Januari, 2020 br. 97

производи за нив и нивните клиенти ширум светот. Како најнов проект е производство и испорака на метални шасии за мобилни дробилки за германската компанија Клеман како краен купувач. Ние веќе го испорачавме прототипот и во секој момент очекуваме позитивен одговор за од месец март да започнеме со гарантирано сериско производство за наредните 3 години. Сакам посебно да потенцирам дека кон сиот овој успех голем печат дава работната дисциплина, квалитетниот инженерски кадар, нашите прекрасни, вредни и на својата работа посветени работници кои максимално се ангажираат за остварување на вака високи резултати. Вашата Актива во деловниот свет е позната и како компанија која дава силен печат во изградбата на нови индустриски капацитети на странски и на домашни инвеститори. -Да, и тоа е нешто што нашата севкупна легитимација пред деловниот свет ја прави исклучително позитивна. Ние сега сме во фаза на успешно привршување на изградбата на деловни објекти во нашата држава, а за странски инвеститори. Во ТИР зоната во Штип ја привршуваме изградбата на фабриката Кондево која е италијанска инвестиција, ги привршуваме фабриките на Витек и Макдиа во ТИР зоната во Скопје кои се исто така

ИНТЕРВЈУ

сервис на Волво во индустриската зона Чојлија-Скопје. Тука е и фабриката Кранфилд Фаундри во Пробиштип која неодамна беше пуштена во работа,новата обиколница за влез во Штип, а и неколку други објекти од помал обем. Во 2019 година ја завршивте првата од шесте станбени згради во станбениот комплкс Грин гарден.. Што станува со другите згради од комплексот? -Благодарение на високиот квалитет на градба сите 60 стана се продадени. Продолжуваме и во 2020 со изградба на уште две станбени згради за до крајот на годината да имаме уште сто нови станови за сто семејства. Имајќи го во пред-

Ние мора да бидеме оптимисти дека животниот стандард ќе се зголемува, и на тој начин ќе обезбедиме подобар амбиент за живот дома како услов младите да останат во татковината. Јас единствено така го гледам начинот и можноста да ги задржиме нашите млади луѓе зашто родното гониште, поширокото семејство, пријателите, амбиентот во местото во кое сте се родиле ништо на светот на може да ги замени. италијански инвестиции, во истата зона работиме забрзано на објектот на германска Дура, а за Ван Хол во зоната во Скопје ги работиме објектите за потребите на вработенитересторантски дел и гардероби. За домашни инвеститори завршуваме неколку објекти меѓу кои за Кратер, фабрика за производство на инсталации за греење и ладење за потребите на Ван Хол, фабрика за калено стакло на Глас Флекс во Тетово,

вид квалитетот кој го даде првата зграда, и сите пофалби и високи оценки за квалитетот кој ги добиваме од купувачите, но и од интересот кој постои, сосема сме убедени дека и овие станови ќе бидат продадени, а станарите ќе имаат среќа во нив. Ако 2019 беше мошне успешна во деловното работење на Актива, кои се проекциите за 2020 година?

5

-Ние влегуваме во нов производен циклус со финансиска големина од десет милиони евра. Финансиската конструкција е затворена и можеме да започнеме со изградба на нови производни погони од околу 18.000 метри квадратни во Актива. Со тоа ние ќе го дуплираме сегашниот производен капацитет. Ќе ги прошириме производните линии за постојните партнери, а ќе изградиме и комплетно нова технолошка линија за антикорозивна заштита, таканаречена КТЛ технологија, која е најсовремена технологија за антикорозивна заштита на сите метални делови во автомобилската индустрија. Дел од овој капацитет ќе биде искористен и за производство на метални шасии за автобусите на Ван Хоол. Еден дел од капацитетот ќе биде резервиран за нови клиенти кои исто така се од автомобилската индустрија, а со кои тимот на Актива води завршни преговори. Ние веќе имаме склучено договори за работа за индустриски и други објекти за познати инвеститори домашни и странски , а се надеваме дека и на ова поле ќе имаме доволно работа за овие капацитети да бидат искористени. На ранг листата на најголемите фирми во 2018 година во државата сте на 84 место, меѓу најуспешните сте на 35 место, а меѓу најбрзо-растечките фирми во последните пет години сте на пето место. Што вам ви зборува тоа? -Ни зборува дека некој ја следи нашата работа, нашите ост-


6

варувања, нашиот развој. Меѓу најуспешните сме на 35 место но треба да се има на ум фактот дека пред нас се 14 големи странски компании од рангот на Џонсон Мети, а пред нас се и неколку државни претпријатија како ЈП за државни патишта, Мепсо, Државна лотарија... Па кога ќе се направи една ваква анализа, кога ќе се добијат вакви признанија не е можно ништо друго освен да бидеме горди на на нашиот успех. Колку сте задоволни од стручниот кадар, работниците, од нивниот однос кон работните обврски, од севкупниот однос кон Актива? -Ова е убаво прашање зашто нашиот успех е резултат и на дисциплината во работата што ни овозможува висок квалитет на тоа што го работиме и навремени испораки на нашите производи. Актива го има сиот потребен инженерски кадар, имаме прекрасни работници во непосредното производство кои максимално се ангажираат во работата, вредни се и квалитетни, а Актива ја сметаат за свој втор дом. Од друга страна нашиот менаџерски тим води грижа за навремена исплата на платите чиј просек е 450 евра, а се надеваме дека во 2020 година ќе порасне на 500 евра. Нашите вработени добиваат бесплатен топол оброк, имаат бесплатен превоз, осум автобуси ги носат од нивните домови во Штип, Кочани, Злетово, Свети Николе, Радовиш и од голем дела села од регионот. Меѓу менаџерскиот тим и вработените постои една убава синергија, а тоа е она кое не може, а да не даде резултат. Долги години сте истакнат стопанственик па би било добро да се слушне вашето мислење за состојбите во државата, посебно од аспект на идниот развој на националното стопанство и останокот на младите дома. -Имајќи ги во предвид сите политички превривања на државно ниво останувам во надеж дека во 2020 година ќе се обезбеди политичка стабилност во државата која ќе има позитивен одраз и врз стабилниот развој на нашето стопанство. Тука пред се мислам на

ИНТЕРВЈУ

{tipski Glas, Januari, 2020 br. 97

нашиот прием во НАТО и на конечното добивање датум за пристапни преговори за влез во европското семејство. Тоа е битен услов за влез на странски инвестиции, а со тоа и за нови работни места како најважен чинител за економски развој на државата и благосостојба на граѓаните. Ние мора да бидеме оптимисти дека животниот стандард ќе се зголемува, и на тој начин ќе обезбедиме подобар амбиент за живот дома како услов младите да останат во татковината. Јас единствено така го гледам начинот и можноста да ги задржиме нашите млади луѓе дома зашто родното гониште, поширокото семејство, пријателите, амбиентот во местото во кое сте се родиле ништо на светот на може да

сега има разработени поголем број плацови. Ова ќе биде од капитално значење за развој на индустријата во Штип, а за која идеја се заложив јас лично како и претходниот и актуелниот градоначалник. Се надевам дека актуелниот градоначалник Бочварски ќе има доволно храброст и визионерство какво што и досега покажува за реализација на овој проект кој опфаќа зона од над 300 хектари површина. Единствено голем проблем во моментот останува ново проектираниот експресен пат Штип-Радовиш кој наместо од новата клучка кај Три Чешми од каде се оди кон Кочани и Пробиштип логично и неопходно е да оди преку аеродромот Сушево кон Радовиш за целосно да се заокружи новата обиколница. Сега, со измените во проектот, а без детална анализа на определени државни структури се планира истиот пат да оди на постојната траса. Со тоа ќе се направи изолација на таа зона. За овој проблем со градоначалникот Бочварски неколкупати бевме на средба со директорот на ЈП за државни патишта со цел да се исправи оваа состојба но до ден денешен нема позитивни сигнали.

го замени. Штип и вашиот поглед на градот и општината? -Покрај инвестициите кои ги најави градоначалникот Благој Бочварски, како што е браната како капитален објект од големо значење, а и други проекти најавени со програмата за развој на општината, лично многу сум загрижен во делот на обезбедување индустриска зона за домашни

Што да се прави во овој случај? -Како долгогодишен стопанственик во градот ценам дека ако поголем дел од бизнис заедницата и од граѓаните се организираме за истите да се запознаат со овој проблем од страна на општинските власти ќе успееме да го сочуваме овој дел од градот за ширење на индустриската зона, а новата обиколница во форма на експресен пат, а потоа и

инвеститори која е веќе планирана покрај левата и десната страна на обиколницата кон Радовиш почнувајќи од клучката за влез во Штип во насока на обиколницата каде до-

на автопат да биде изградена на местото каде што е предвидена и за каде има изработено идеен проект. Тоа би било идеално за сите.

Во името на сите вработени во АКТИВА ДОО на граѓаните на Штип им посакувам среќна Нова 2020 година и весели Божиќни празници. Им посакувам добро здравје пред се и успех во она кое го работат.

Голема желба ми е сите мои сограѓани да го сакат својот град и сите заедно да се погрижиме да си го чуваме Штип како во делот на хигиената така и во сé друго за да живееме во амбиент во каков што живеат луѓето во секој друг модерен европски град.


Работи на кои можеме да бидеме горди В Од мој агол

{tipski Glas, Januari, 2020 br. 97

N

о 2019 година ни се случија и многу добри работи. Нешта кои влијаеа на квалитетот на нашите животи. На дечиња, на пионери и пензонери, на сите 45.000 жители на овој наш убав Штип. Јас за оваа прилика, кога започнавме да ги „грицкаме“ првите денови од Новата 2020 година ќе издвојам само некои од нив.

1

Новата детска градинка која ја добивме по период подолг од три децении и за мошне кусо време (две години од мандатот на оваа локална власт) е нешто кое значи остварување на сонот на двеста млади семејства кои сакаат квалитетно сместување, чување и воспитание на своите дечиња. Убаво рече градоначалникот Бочварски дека раниот детски развој е многу важен за натамошниот развој на секоја личност. Ете, токму тоа го овозможува новата градска капитална инвестиција. Зашто се започнува од раните детски денови кога се формира карактерот и личноста на еден човек. Новата градинка ги ослободува од грижа родителите додека се на работа зашто знаат дека нивните дечиња се во сигурни раце. Таа на бабите и дедовците им обезбедува повеќе време за одмор, зашто во неможност нивните внучиња да бидат сместени во градинка тие им се и воспитувачи, негуватели, учители.. Од овие аспекти градинката „Виножито“ е една од работите кои не можат а да не се сместат на позитивната листа на новата штипска легитимација.

лугите на Актива. Имињата на Ван Хоол, најголемиот светски производител на автомобили, на Фаст Глобал, Тисен Груп, Клеман значат почит во деловниот свет. А токму со овие компании Актива воспостави деловни односи кои Штип ја мапираа на светската карта на компании кои имаат посебно значење. Оттука, барем мене не ме изненадува фактот дека Актива годинава планира инвестиции од 10 (десет) милиони евра. Веќе напролет ќе можеме и лично да сведочиме за новиот голем успех на оваа компанија. А нејзиниот успех е и надеж за бројни млади луѓе дека ќе си најдат работа дома, во компанија чие име повикува на јавна почит.

3

Пред крајот на 2019 година беше објавена книгата под наслов „200 најголеми и најуспешни“. Се работи за компании од најразлична дејност.На таа листа на најдоброто од Македонија нашиот КИТ ГО е на 49 место! Кит Го кој веќе има над илјада вработени, специјализирани маркети во речиси сите градови во државата,само ја продолжи, ја надогради преубавата приказна за успешноста на штипската трговија. Да не заборавиме дека Нова Трговија „на времето“, кога ја водеше Драги Миладинов, беше втора во Југославија по остварен доход по вработен. Денес Кит Го е во самиот врв во трговијата на мало. Тоа име, тој бренд создаван низ децении макотрпна работа е мотив да се влезе во неговите маркети каде едно семејство може да се обезбеди со сите потреби. И затоа КИТ ГО е посебен и успешен. На радост и задоволство Во овој број на весникот доне- на сите во овој наш Штип кои знаат суваме интервју со Иле Нико- да се радуваат и на успесите на лов, сопственик на веќе култ- другите. ната наша Актива ДОО. Што ни каНовогодишниот концерт на жува интервјуто? Тоа дека и ние Музичкото училиште „Сергеј имаме стопански капацитет кој на Михајлов“ беше спектакуласветскиот пазар е во рамноправна конкуренција со светски компании. рен. Над 1.800 луѓе видоа што може Компании кои се повеќе ги барат ус- едно училиште. Од нив над 400 на

2

4

Иван Бојаџиски

7

концертот во Радовиш, другите на двата концерти во Штип. Мислам дека само луѓе кои не биле во ситуација да организираат така големи, толку убави нешта не можат да знаат колку работа, посветеност, љубов, ентусијазам се крие зад една така грандиозна работа. Тоа што аплаузите не престануваа, тоа што учениците и нивните професори покажаа неверојатна музичка претстава, тоа говори дека ние, во ова училиште имаме нешто со кое можеме слободно да се пофалиме не само кај нас дома. Затоа директорот Горан Кавраков, стратегот Илија Ќосевски, диригентките Славица Деспотова и Ленче Богдановска Атанасовка заслужено си изборија место меѓу петте најдобри нешта кои ни се случија во 2019 година.

5

Oваа мала приказна е за рубриката верувале или не. Дури во 21 век населбата Балканска доби вода за пиење! Многу локални власти се фалеле дека ќе го решат овој проблем, но дури во 2019 ЈП „Исар“ овој проблем е ставен ад акта. Балканска има 170 семејства, а во оваа фаза квалитетна вода за пиење добија 55 проценти од нив. За другите се работи на приклучувањето. ЈП „Исар“, во најтесна соработка со Советот на општината и со градоначалникот во 2019 покажа и докажа дека си стои на зборот. Токму затоа на нашето најголемо јавно претпријатие треба да му се верува кога ветува дека квалитетна вода за пиење ќе однесе и за населбите Чардаклија и Македонка. Со овој потег Штип го симна од своето лице срамот што толку време три големи населби немале квалитетна,хемиски и бактериолошки чиста вода за пиење. ЈП „Исар“ докажа дека кога се сака, кога се има стратегија, сите работи кои значат квалитетен живот се можни.


Oрденот „Свети Никола“ постхумно за Никола Кљусев, првиот премиер во независна Македонија Н 8

ПРИЗНАНИЕ

а пригоднаа свеченост во соборниот храм „Свети Никола“, на 19 деќември Денот на градот, свечено беа врачени орденот и признанијата кои го носат името на овој светец. На свечениот чин присуствуваше и Оливер Спасовски, министер во министерството за внатрешни работи на нашата држава. Орденот „Свети Никола“ постхумно му е доделен на Никола Кљусев, премиер во првата експертска влада на Република Македонија.

{tipski Glas, Januari, 2020 br. 97

зика ,,Макфест’’, на Лилјана Крстевска, дипломиран социјален работник со 40-годишно работно искуство од областа на работата со маргинализирани групи и претседателка на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. Орденот и признинијата на добитниците им ги врачи градоначалникот Благој Бочварски. „Ние сме должни да ја сочуваме оставштината од нашата историја, да и оддадеме почит и да ја промовираме како наша најголема историска вредност.

Признанието „Свети Никола“ им беа врачени на Јас ќе продолжам и понатаму да оддавам почит касарната ,,Јане Сандански’’, на Стојан Троицки, еден на вистинските вредности и на нашите историски заод основоположниците на фестивалот на забавна му- служни сограѓани“, рече Бочварски.

ШТИП: Буџетот за 2020 –991,5 милиони денари

С

оветот на Општина Штип на последната – декмвриска седница во 2019 година го усвои буџетот на општината за 2020 година. Буџетот го образлагаше Трајче Цвртков. Според Цветков Општина Штип во 2020 година ќе има буџет од 991,5 милион денари, или 16,1 милион евра. Тоа значи дека за тековната година е планиран буџет поголем за осум проценти од минатогодишниот. Структурата на буџетот е следнава: основниот буџет е во износ од 438 милиони денари, блок дота-

циите се во висина од - 470,5 милиони денари, од самофинансирачки дејности се планирани 64 милиони денари, а од донации 19 милиони денари. Буџетот беше усвоен со мнзинството главоси на советниците.На стата седница беше усвоен и буџетскиот календар за 2020 година како и предлог одлуката за врдноста на бодот на државните службеници за 2020 година.


ПОРТРЕТ

Човек – историја, еден од втемелувачите на нашата независност

{tipski Glas, Januari, 2020 br. 97

Никола КЉУСЕВ, носител на орденот „Свети Никола“ на град Штип

А

кадемик, проф.д-р Никола Кљусев е еден од знаменитите штипјани кој оставил големи траги во развојот и напредокот на нашата држава. Како борец во антифашистичката борба 1942-1945 година, како научник, општественик, академик, универзитетски професор. Тој не го доживеа моментот кога градот (градоначалникот Бочварски), единаесет години по неговата смрт исправи една неправда донесувајќи одлука да му го додели најголемото признание на Штип, орденот „Свети Никола“. Со овој чин родниот град му се оддолжи на првиот македонски премиер, за се добро кој тој го направи во својот долг (живееше 81 година) и исклучително плоден живот. Бидејќи младите генерации малку знаат за оваа динамична, харизматична и со сите пријателски расположена личност, Штипски Глас го донесува неговиот портрет. Никола Кљусев е роден во Штип на 2 октомври, 1927 година. По школувањето во родниот град се запишал на економскиот факултет во Белград. Стартувал како одличен студент, бил посветен на економските науки, но во 1947 година, во време на Информбирото е казнет и испратен на Голи Ото каде имало 1601 осуденик од цела Југославија од кои пет проценти, односно 801 лице биле од Македонија. По период од две години Кљусев одново ги продолжува студиите на Економскиот факултет во Белград каде што и дипломира. Во текот на професионалниот живот тој постојано се надградувал. Бил на специјализации и студиски престои во САД (Фордова фондација на универзитетите „Колумбија“ во Њујорк и „Беркли“ во Сан Франциско), во Велика Британија (на Универзитетот „Сасекс“ во Брајтон и на Лондонската економска школа), во Академијата на науките на Советскиот Сојуз во Москва и во Академијата на науките во Полска во Варшава, во Меѓународната банка за обнова и развој во Вашингтон итн. Учествувал на меѓународни конгреси на економистите во Монтреал, во Мадрид и во Будимпешта. Во рамките на меѓународниот проект „Инструменти на научнотехнолошката политика (СТПИ)“ престојувал во повеќе земји. Како врвен економист Никола Кљусев станал член на Економскиот совет на СФРЈ и на Економскиот совет на СРМ; член на Централниот одбор и на Научната секција на Сојузот на економистите на Југославија, како и претседател на конзорциумот на економските институти. Исто така, тој бил член и на редакцијата на списанието „Економист“ како и главен и одговорен уредник на списанието „Стопански преглед“. Никола Кљусев ра-

9

ботел на повеќе научно-истражувачки проекти. Работејќи на инвестицио-развојната проблематика, која станала негова животна опсесија, ги добил сите научни степени, заклучно со докторат на Белградскиот универзитет (1964 година) и сите научни звања сè до редовен професор на Економски факултет во Скопје и член на МАНУ. Посебно значајно е неговото дело во процесите на осамостојување на нашата држава од поранешна Југославија кога одигрува значајна улога во воспоставувањето на нејзината независност и суверенитет. Во 1991 година д-р Никола Кљусев е избран за прв премиер на Република Македонија застанувајќи на чело на експертската влада. Проследувачите на политичките случувања и на развојот на Македонија во годините на нашата независност сигурно знаат дека токму Никола Кљусев е „таткото“ на националната валута-денарот. Монетарното осамостојување на Република Маќедонија се случи на 26 април 1992 година, а тој историски чин го објави Никола Кљусев, како премиер.

Академик Никола Кљусев, во нашата историја останува запаметен како прв премиер на првата (експертска) влада на независна Република Македонија, како „татко“ на првата национална валута денарот кој беше воведен во оптег на 26 април 1992 година кога настана монетарното осамостојување на државата.

По падот на експертската влада, Никола Кљусев ја продолжува својата голема општествена мисија. Бил избран за претседател на Националната конвенција на Македонија и на Советот на ВМР ДПМНЕ. Од почетокот на месец декември, 1998 година до јули 2000 година тој е министер за одбрана во владата на Љупчо Георгиевски. Шест години подоцна од владата е именуван за претседател на УО на Агенцијата за странски инвестици. Никола Кљусев е носител на многу признанија за севкупноста на својот политички, општествен и стручен ангажман. Носител е на Орден со златен венец, на наградата „13 Ноември“ на град Скопје, на наградата „11 Октомври“ за животно дело, а постхумнот му е доделен орденот „8 Септември“. о овој текст само сакаме да дадеме придонес кон незаборавот на човекот,штипјанецот, академик, борец и прв премиер на една влада во самостојна Македонија-Никола Кљусев.


По 36 години сериозна реконструкција на Инфективното одделение при Клиничката болница К 10

ЗДРАВСТВО

линичката болница со секој изминат месец последните две годиниво квалитативна смисла ги подобрува своите капацитети и можности. Таквата политика на постојано инвестирање во медицински апарати, кадар, услови за работа се проширува и на Одделението за инфективни болести за кое се обезбедија услови (пари) за поголема реконструкција со основна цел заштеда на енергија/пари. -Нашиот град доби 230.000 евра европски пари во рамките на проекти за прекугранична сорабока финансирани од фондовите на Европската унија. Овие пари ќе бидат искористени за реконструкција на инфективното одделение со цел да се подобри енергетската ефиканост на објектот и да се намали емисијата на стакленички гасови. Тоа ќе значи обнова на прозорци, врати, фасада и целокупната електричната инсталација, вели д-р Ален Ѓеорѓијев, директор на Клиничката болница. Одделението за инфективни болести во рамките на Клиничката болница е едниствено од ваков вид одделение во регионот. Изградено е во 1983 година, а во него годинава се извршени 8.063 прегледи. На стационарно лекување минатата година биле близу 1.000 пациенти.

Во рамките на овој проект на пригодна свеченост, договор за истиот потпишаа градоначалниците на Штип Благој Бочварски и градоначалникот на бугарскиот град Гоце Делчев Владимир Москов. Зад проектот стои Центарот за развој на Источниот плански регион, при што вкупната инвестиција изнесува 380.000 од кои 150.000 евра се наменети за градот Гоце Делчев. Во градот Гоце Делчев ќе се работи на санација на водоводниот и канализациониот систем, ќе биде инсталирана фотоволтаична централа на покривот на објектот, ќе се намалува продукцијата на стакленички гасови и ќе се работи на намалување на количините на вода во тамошната здравствена иснтитуција. Целиот проект ќе се одвива под името „Климатски пријателски здравствени институции. Директорот Ален Георгијев вели дека реализацијата на инвестицијата ќе запоне во првите месеци од 2020 година. Одделението за инфективни болести во рам-

{tipski Glas, Januari, 2020 br. 97

ките на Клиничката болница е едниствено од ваков вид одделение во регионот. Изградено е во 1983 година, а во него годинава се извршени 8.063 прегледи. На стационарно лекување биле близу илјада пациенти. -На нашето инфективно одделение проектот ќе се одвива во три фази. Во правата фаза ќе се работи на енергетска фасада, на замена на сите прозорци, на освелувањето кое ќе се смени со еколошко и штедливо, ќе се заменат сите олуци и ќе се изгради пристапна рампа за инвалидни лица. Втората фаза започнува со реализација од месец мај, 2020 година, со промена на кровот и системот за греење, а третата фаза ќе значи комплетно реновирање на ентериерот, вели Георгијев. Градоначалникот Бочварски, го отвори настанот во функција на претседател на Советот на Источниот плански регион. -Заедничките напори за подигање на свеста за климатските промени меѓу населението, јавната адми-

Директорот Ален Георгијев вели дека Инфективното со инвестицијата од 230.000 евра ќе стане еден од енергетски најефикасните објекти во градот, а условите во него ќе бидат подигнати на значително повисоко ниво. нистрација и другите чинители ќе придонесат кон успешно искористување, зачувување и управување со природните ресурси во областа и подобрување на севкупниот квалитет на животот на граѓаните. Се работи за ЕУ средства од програмата за прекугранична соработка. Нашите капацитети се на располагање , главен предизвик за нашата општина останува да работиме на црпење на Европските фондови се со цел да ги искористиме расположливите капацитети од програмите на Европската Унија, рече Бочварски. Градоначалнкот упати честитки до раковотството на Клиничката болница што за период од две години покрај набавката на медицинска опрема од огрома важност за пациентите со самопрегорна и посветена работа успеа да ја реновира и детската соба на оддел за Хируршки болести, како и да изврши реновирање на Оддел за детски болести.


Штип доби нова градинка по пауза од 30 години В {tipski Glas, Januari, 2020 br. 97

ПОДВИГ

11

етено-изградено. Штип го доби најубавиот Новогодишен подарок- новата детска градинка „Виножито“. Она кое на почетокот на мандатот на оваа власт изгледаше утопија, за само две години стана стварност. На радост на 200 дечиња и нивните родители кои ја имаат мож- носта да ги користат услугите на една европски модерна детска градинка. Со ова Штип стана првиот град во државата во кој сите деца добија можност за претстој во градинка.

значаен објект. Детската градинка „Виножито“ денес импресионира со шаренилото на можости кои ги нуди за секое дете: можности за добро воспитување, за дружба, за учење, за развивање емпатија, но и општествена одговорност кај најмалите, кај оние за кои градиме подобра иднина. Оваа зграда ја изградивме од темел. Горд сум што на местото каде порано имаше руини и неуреденост, сега ние, сите граѓани и граѓанки на Штип, добиваме нов и корисен објект кој придонесува за општествената кохезија и за дополнително Градинката „Виножито“која ќе работи во состав сплотување на заедницата“, рече Бочварски. на детската градинка „Астибо“, беше предадена во употреба пред Новогодишните празниви. На свечениот Инаку во овој објект се инвестирани околу 60 чин присуствуваа и Оливер Спасовски, сега технички милион денари (еден милион евра) од кои пари 37 мипремиер, Горан Милевски, министер за локална са- лиони денари се пари од буџетот на општина Штип. моуправа, градоначалникот Благој Бочварски, претсе- Градинката „Виножито“ е градена согласно највисоките дателот на Советот на општина Штип Јане Миланов, стандарди за енергетски ефикасен објект, и според советници, јавни и културни работници, директори на светските стандарди на потребите на децата во една училишта, општественици и многу народ желен да го современа градинка. Градинката има корисен простор види првиот капитален објект во Штип после толку од 1.600 метри квадратни и таа е прв ваков објект кој многу години се гради во Штип после пауза од над 30 години.

Обраќајќи се пред присутните градоначалникот Бочварски рече дека Штип е првиот град во нашата држава кој комплетно и комплексно го реши прашањето со згрижување на сите деца. Имено, пред актуелната локална власт во својата четиригодишна програма да ја вметне детската градинка, анализите укажаа на една ваква потреба. Според тие анализи, во Штип има околу 200 млади семејства кои бараа нивните деца, додека тие се на работа, да бидат сместени во градинка. Логично е, на место е тоа што градинката е лоцирана во населбата „Сењак“ зашто во неа, како и во населбите близу неа живеат најголем број млади семејства.

Градинката има 1.600 метри квадратни корисен простор, во неа се инвестирани еден милион евра од кои , а може да прифати 200 деца. Со тоа Штип стана првиот град во државата во кој за секое дете има место во градинка.

ски.

Пред присутните се обрати и Оливер Спасов-

„Нема подобро од тоа да се инвестира, да се вложува во децата, во образованието и со тоа да ја градиме нашата иднина. Искрено сакам да му оддадам признание на градоначалникот Благој Бочварски поради неговите напори да може да реализира што поголем број капитални инвестици во Штип. Бочварски се одлучи да финансира во нешто што е потреба на граѓаните. Во училишта, градинки, спортски објекти, улици, паркови...Тоа е вистинската легитимација на вистински градоначалник кој правилно и за вистинските потреби на граѓаните ги троши средствата на даночните обврзници на Штип“, рече Спасовски.

„Ми претставува огромна чест, но и гордост и лична сатисфакција што денеска се собравме на вака убав настан за да го прославиме отворањето на новата детска градинка „Виножито“ во населба Сењак. Ова е еден од најважните капитални проекти за Општина Штип, којшто го ветивме во предизборната кампања. Ваков објект триесет години не е изграден во Општина Штип, а само две години од преземањето на локална власт, присуствуваме на неговото отворање“, рече граСпасовски ја изрази пооддршката која оваа доначалникот Бочварски во пригодниот говор. влада ја дава на Штип и на целиот регион и најави дека и во иднина владата ќе ги помага и поддржува проекСпоред Бочварски на Штип, со изградбата на тите кои се од капитално значење, односно и во 2020 оваа градинка тој се зафатил уште на самиот почеток година ќе биде посветена на реализирање вакви капиод својот мандат. тални проекти каква што е детската градинка „Виножито“. „Не се занимавав со барање изговори или оправдувања, туку презедов акција, покажав самоиницијатива, се борев и се изборив за да го добиеме овој


12

ПОДВИГ

Спасовски

Бочварски

{tipski Glas, Januari, 2020 br. 97

Милевски


За Новогодишниот концерт на Музичко училиште постои само еден збор: ФАНТАСТИЧНО!

{tipski Glas, Januari, 2020 br. 97

КОНЦЕРТ

Музичкото училиште „Сергеј Михајлов“ пред Нова година ни приреди уште еден Новогодишен концерт за уживање. Публиката уживаше со сите свои сетила.Со сетилата за вид, слух, чувство. Над 1.400 посетители во Штип и уште 400 во Радовиш концертот го доживеаја како своја емотивна територија во која не се штедеа дланките. Бурните, постојани аплаузи ја дадоа највисоката оценка за организаторите, изведувачите, сценографите, диригентите, директорот, гостинот... И секако, за ненајавениот гостин, големото изненадување, светскиот велемајствор на клавир – Симон Трпчевски. Од директорот м-р Горан Кавраков, преку координаторот на проектот проф. Илија Ќосевски, диригентите професори Тоше Митрев, Славица Деспотова, Ленче Богдановска Атанасовска сите го удрија својот перфектен печат на настанот. Заедно со 240 ученици, изведувачи. Појавата на Симон Трпчевски со чие музицирање на клавир беше најавен крајот на концертот, беше шлаг на превкусната торта на настанот на годината во штипската култура.

13


14

Неспорно е одредени знаења да бидат заеднички КОЛУМНА

Пишува:

М-р Трајче КАЦАРОВ, писател

И

маше еднаш еден многу познат уметник во Индија. Неговиот ученик Раџи, кога го завршил школувањето, му ја донесел својата последна слика и побарал проценка. Ранга му рекол:- “ Вие Раџи сте веќе уметник и вашата слика ќе ја цени народот.” Побарал од Раџи да ја изложи сликата на повеќе места во градот. Но, до неа да остави црвен молив и порака преку која ќе побара од луѓето да ги подцртаат местата кои не им се допаѓаат. Раџи го послушал својот учител. Кога по неколку дена отишол да го види резултатот се вчудоневидел. Речиси целата слика била покриена со црвени крстови. Сликата во која ја ставил својата душа и ја насликал со толку многу труд била како црвен ѕид. Ја зел и отишол кај Ранг да му се пожали, всушност да му каже колку е тажен и навреден. Ранг му рекол да не биде тажен, туку да продолжи да слика.

Раџи повторно ја насликал сликата, а Ранг го советувал да ја изложи повторно на истото место, но овој пат да остави четки и боји, а во пораката да побара од луѓето да ги поправат местата кои не им се допаѓаат. Неколку дена подоцна, Раџи отишол да види што се случило. Бил многу среќен зашто сликата не била допрена, четките и боите не биле користени. Трчајќи отишол кај учителот за да ја сподели радоста.

Ранг му рекол: “ Драги Раџи, во првата ситуација се гледа дека штом ќе им дозволите на луѓето да критикуваат стануваат немилосрдни. Луѓето кои во животот не насли-

кале ништо дојдоа и ја издраскаа твојата слика. Додека во втората ситуација ти посака од нив да ги поправат грешките, побараа да се конструктивни. Да се биде конструктивен бара знаење и вештини. Поради незнаењето, никој не се осмелил да ја поправи сликата. Драги Раџи, во вашата работа не е доволно да бидете мајстор, туку потребно е знаење. Од оние кои немаат концепт за вашата работа не можете да очекувате да го ценат, оценат вашиот труд. За нив, вашата работа нема вредност. Со неписмените никогаш не се карајте и не ги споделувајте вашите дела, затоа што ќе бидете разочарани”.

Една сентенца која што доаѓа од древните врмиња вели: Со необразованиете треба да се однесуваш исто како и со жените (нека ми простат жените, древните времиња самите говорат за тоа) ако ги избегнуваш се навредуваат, ако се спуштиш на нивното ниво стануваат дрски. Сентенцата не е далеку од пораката на приказната. Нема период од историјата на човештвото каде ова пракса не се повторува. Пред само неколју месеци светската јавност ја поплавија протестите на некои влади на одлуката на Шведската академија за доделување на Нобеловата награда. Имено тие донесоа одлука нивните абасадори во Шведска да не присуствуваат на свеченоста по повод доделувањето на Нобеловата награда на австрискиот писател и интелектуалец Питер Хандке. Спро- тивставувањето на одлуката на Шведската академија произлегува од подршката на Хандке на политиката на Слободан Милошевиќ експлицитно предочена за време на Косовската криза. На земјите кои се спротивставуваа или не се согласуваа со одлуката на Шведската академија и се приклучи и нашата земја. Шефот

{tipski Glas, Januari, 2020 br. 97

на дипломатија полн разбирање за владините одлуки на земјите кои протестираат му забранува и на нашиот амбасадор да присуствува на свеченоста по повод доделувањето Нобеловата награда на Питер Хандке. Овде мо- раме да си го поставиме прашањето со што Питер Хандке, како литерат, интелектуалец го навреди, или го предизвика македонскиот народ на еден таков однос со неговата личност и дело. Сакле ние или не, во дообјаснувањето на ваквиот став мораме да ја повикаме горе наведента приказна на помош. Ако доделувањето на Нобеловата награда ја претставиме преку сликата на Раџи јавно изложена за да можат оние кои ќе се соочат со неа да имаат право да ги прецртаат местата за кои сметаат дека не се вешто изработени. Прецртувањето од страната на македоснкиот шеф на дипло- матијата ќе го објасниме преку пораката на учителот до својот ученик: „Драги Раџи штом ќе им доз- волите на луѓето да критикуваат стануваат немилосрдни. Луѓето кои во животот не насликале ништо дојдоа и ја издраскаа твојата слика.“ Текстот би го завршил со цитат позајмен од книгата „Историја на филозофијата“ од Бранко Бошњак. Тој во поглавјето „Обновување на филозофското учења на антиката“ го цитира предлагачот за основање на универзитетот во Берлин (1809). Еве дел од цитираната мисла на Вилхем Хумболт: „Неоспорно е одредени знаења да бидат заеднички, уште повеќе одредено образование на духот и карактерот, она што на никој не треба да му недостасува.“


Пишува:

М-р Игор

Д

За време на изборите не им верувајте на социјалните мрежи КОЛУМНА

{tipski Glas, Januari, 2020 br. 97

Стојанов, новинар

оаѓаат нови избори во Македонија. Манипулацијата и пропагандата на изборите ќе биде присутна можеби како никогаш досега. Благодарение на тоа што преку интернет секој има достап до вниманието на гласачите, сега таа манипулација и пропаганда може да биде од секого кон секого. Ова во одредена смисла е во корист на новинарството. Затоа што с< повеќе се цени доброто новинарство, а с< помалку се верува на неформалните извори на информации. Со појавата на социјалните мрежи и интернетот мислевме ќе ја откриеме ултимативната вистина и дека ќе ставиме крај на „манипулативните мејнстрим медиуми“, но по се изгледа дека интернетот и социјалните мрежи е многу полесно да станат манипулативни мејнстрим медиуми во вистинска смисла на зборот. За да разберете колку голема манипулација постои на социјалните мрежи мора да знаете што користат партиите на интернет за да го придобијат вашето внимание. Тоа се ботови, тролови и манипулација со алгоритмите преку емоции. Емоции користат од секогаш и не само на интернет, но овде се многу важен елемент за да можете да ја препознаете манипулацијата и пропагандата. Ботови се профили на социјалните мрежи кои се водени од страна на компјутери. Наједноставно кажано зад тие профили не постојат вистински луѓе туку едноставна вештачка интелигенција. Нивната работа е да создаваат вештачка популарност на одредени политичари или политички партии. Како што може да се види и во Македонија, вие имате политичари кои имаат повеќе лајкови од гласови. Не можам со сигурност да кажам дека македонските политичари користат ботови за зголемување на својата популарност на интернет, но некои проценки во Европа и САД велат дека дури до 40% од лајковите на одредени политичари доаѓаат од лажни профили. Оваа вештачка популарност може да предизвика позитивен фидбек дури и преку споделувања или ретвитови и вие да имате чувство дека одредени пораки од политичарите се споделуваат многу често. Тоа е вештачко и лажно. Човекот како поединец, често реагира како што реагира масата на луѓе, па затоа е поверојатно да дадете поддршка на некој кој гледате дека има популарност. Денес е многу лесно да се купат лајкови. Едноставно напишете на Гугл дека сакате да купите следбеници на социјалните мрежи и за многу ниски цени вие можете да станете „популарен“ на интернет. Од ова може да се извлече заклучок дека никогаш не можете да знаете колку вистински лајкови има одреден политичар на социјалните мрежи и тоа никако не смее да биде пресудно за да знаете кој политичар е популарен, а кој не. Политичарите и нивните ПР агенции манипулираат со алгоритмите на социјалните мрежи. Алгоритмите на интернет се оптимизирани за да го задржат ва- шето внимание. Тоа е од чисто бизнис причина. Што повеќе време давате на одреден вебсајт тоа повеќе пари за тој вебсајт. Вашето време е пари за нив. Меѓутоа што го задржува вашето внимание? Тоа се најчесто емотивни крајности. Или

15

нешто што е премногу среќно, весело и буди убави чувства или нешто што е премногу страшно и опасно и буди негативни чувства. Овде ќе забележите дека политичарите од власта ќе имаат за цел да ги побудат вашите крајно позитивни чувства на начин што ќе пишуваат и споделуваат работи кои се во насока дека на вас никогаш не ви било поубаво, дека земјата е тргната напред како никогаш до сега, дека ова што се случува е неверојатен пресврт кон позитивното. Додека партиите од опозицијата, ќе одат со апокалиптични сценарија. Дека одиме во амбис, дека ќе ја снема државата, а можеби и вас. Истражувањата покажуваат дека негативните емоции привлекуваат повеќе внимание од позитивните. Можеби затоа ВМРО-ДПМНЕ и кога беа на власт заговараа дека државата ќе исчезне, дека се спрема некој голем заговор, дека мора луѓето да се кренат на нозе или пак можеби затоа СДСМ кога беа во опозиција користеа страшна терминологија за тогашната власт, за проблеми кои не се толку страшни или пак не се во моќ на власта да ги реши. Сигурно знаете дека човек под силни емоции не размислува најразумно, затоа и се трудат да ги побудат силните емоции кај вас за да не размислувате трезвено. Нешто слично како кога сте вљубени, под дејство на тие силни емоции може да правите многу „глупости“. Вакви емотивни замки користат троловите - третата алатка во рацете на политичките партии. Тоа се професионалци кои дневно осум до десет часа поминуваат на социјалните мрежи управувајќи со повеќе профили, поттикнувајќи или супресирајќи дебата. Овие тролови најчесто се служат со негативните емоции. Влегуваат со коментари на статуси, со свои статуси, со твитови и споделувања и се служат со јазик кој е на работ на навреди, заговори и апокалипси. Тоа јасно може да се види кај одредени луѓе на социјалните мрежи во Македонија кои свесно и смислено користат јазик кој има навреди, пцовки и сосема несоодветни емотивни крајности. Целта е да го предизвикаат вашето внимание, тие се платени за тоа. Целта им е да предизвикаат негативна дебата за противникот или да ве спречат вие да ширите негативности за нивниот кандидат. Затоа многу често напаѓаат и лично. Од овој текст, кој повеќе е како упатство, може да се каже дека за време на изборите морате да биде повнимателни и да имате на ум дека никој и ништо на интернет не е репер за популарноста или за тоа што луѓето ги интересира. Најпаметно е, барем за време на предизборието, да ги блокирате или игнорирате сите кои гледате дека шират партиско политичка пропаганда на интернет (независно дали се согласувате или не со нив) и ако ви се пријатели да ги одблокирате после изборите. Секако дека треба да донесете информирана одлука за тоа за кој да гласате, но најдобриот начин е да ги гледате дебатите меѓу политичарите и преку тоа сами, без ничија помош или сугестија да донесете заклучок за кој да гласате. Но внимавајте и на замките со кои се служат и во телевизиските дебати, внимавајте секогаш кога се обидуваат да ви поттикнат позитивно или негативно чувство. Размислете дали имаат нови идеи и креативни решенија, како вистински ќе имате бенефит од мерките и идеите кои ги предлагаат, а не од празните зборови, заговори или бајки.


МИРАКОВСКИ: Во однос на амбиенталниот воздух Штип е среќен град Н 16

ВОЗДУХ

а почетокот од месец декември во градот беа измерени 400 микрограми цврсти честички на метар кубен. Нашите сограѓани се навикнати на сосема чист воздух па овој факт ги натера на јавна дебата која се водеше преку социјалните мрежи за тоа дали нешто во градот не е во ред и дали загадувањето доаѓа од некој „непознат“ и неидентификуван фактор. На социјалните мрежи мислењата и „сознанијата“ одеа дотаму дека загадувањето дошло како резултат на горење на цврст отпад од непознато потекло кој бил донесен од Скопје и складиран на штипската депонија, зашто на скопската депонија таков материјал не смееле да горат. Други оваа појава ја препишаа на загадување на воздухот до кое дошло од штипски фирми кои ја искористиле ноќта спроти тридневното празнување да се ослободат од материи од кои, согласно законската регулатива не смееле на ваков начин да се ослободуваат.

{tipski Glas, Januari, 2020 br. 97

на пм честички во текот на 24 часа во критичната ноќ изнесуваше 146.4 микрограми на метар кубен. Работата станува загрижувачка ако ваква бројка ја имаме подолго од 35 дена во годината зашто тоа ќе значи дека имаме проблем со квалитетот на воздухот. Но, Штип, во текот на годинава имал само десет вакви денови, па самиот тој факт говори дека градот, во

Штип е благословен град во однос на квалитетот на воздухот кој го дишиме, но конечното решение е во најавената гасификација, а во меѓувреме греењето на домаќинствата да се решава со инвертер клими или пелети, вели Мираковски. Сепак, одговор на вака деликатни прашања може да даде единствено науката поради што Штипски Глас мислење за оваа појава побара на Универзитетот „Гоце Делчев“ преку разговор со проф.д-р Дејан Мираковски. -Нема никаква причина за возбуда зашто во Штип не се случи ништо што и порано, во определени денови од годината, не се случувало во однос на квалитетот на амбиенталниот воздух. Во тие денови кога се измерени 400 микрограми тврди честички на метар кубен, Штип беше без својот препознатлив ветер кој го „чисти“ градот од загадување, а кој ветер му овозможува на Штип да биде еден од градовите со најдобар квалитет на воздухот. Пак ќе кажам дека загаденоста доаѓа од печките на дрва, што е проблем и во многу други места, вели проф.д-р Дејан Мираковски. Инаку, УГД има поставено мерни станици во Штип, Кавадарци, Прилеп и Струмица. Мерната станица во Штип е на зградата на општината. Според Мираковски, кога е во прашање амбиенталниот воздух споредби се прават на период од 24 часа или на годишно ниво. Податоците кои се даваат за состојбата во еден час служат само на луѓето со астма или други болести да ги затворат прозорците на своите домови. -Печките на дрва се најголемите виновници и ништо друго, вели Мираковски. Просечното присуство

поглед на квалитетот на воздухот е во ред, тврди Мираковски. Се под 50 микрограми честички на метар кубен е добар воздух. Професорот укажува дека конечното решение треба да се бара во гасификацијата, а во меѓувреме семејствата и институциите кои користат дрва за греење да се префрлат на пелети или на клими инвертери. Науката потврдила дека се под 50 микрограма тврди честички на метар кубен е добра состојба на воздухот, а два дена по „критичната“ ноќ во Штип беа измерени 48 мкг/м3 , во Кавадарци помеѓу 60-100 (има две мерни станици), во Прилеп 70, додека најлоша е состојбата во Струмица со дури 180 измерени микрочестички на метар кубен. Предупредувањата кои научните работници од нашиот универзитет ги даваат во континуитет во однос на квалитетот на воздухот не само во нашиот град туку и за други места, само ја потврдуваат потребата од решавање на стратешкото прашање во однос на тоа дека е неопходно градовите да се греат на друг вид незагадувачка енергија. Тука пред се спаѓа гасот на кое Штипската локална власт посветено работи, а во меѓувреме, додека Штип да се гасифицира н ауката предлага домаќинствата да се греат со инвертер клими или да користат пелети.


После годинашново одбележување Ацо Шопов може мирно да почива Б {tipski Glas, Januari, 2020 br. 97

КУЛТУРА

17

орецот, партизан, општественик и поет Ацо Шопов за 96 годишнината од раѓањето доби чествување на кое овој град мора и треба да е горд. Шопов, кој важи за еден од најдобрите лириски поети на стариот континент годинава доби признание за севкупноста на своето поетско дело на начин каков што не сме доживеали последниве петнаесеттина години. Прво, пред бистата на поетот беа положени буети свежо цвеќе од градоначалникот на Општина Штип Благој Бочварски, од Советот на Општината, од политички организации, Центарот за култура кој го носи неговото име, Гимназијата „Славчо Стојменски“ и други. За ликот и делото на Шопов говореше Кирил Панајотов. Како и секоја година најприсутни на настанот беа младите од гимназијата „Славо Стојменски“.

поет/писател кој цел живот твори во родниот Штип и кој зад себе има оставено осумнаесет книжевни дела меѓу кои има поезија, раскази и драми. Самоников, за своето творештво е добитник на бројни награди за книжевност, а е лаурат и на наградата „Ацо Шопов“ за најдобра книга-поезија. За поетиката на Самоников говореше Мишел Павловски: -Најновата стихозбирка на Самоников содржи 77 песни поделени во три циклуси. Прагот како симболика кој може да спои и да раздели, индиректно, се користи во целата книга за да се навлезе во автореференцијалната дименизја , да се проверат сопствените ставови, или да се определи местото на себството, рече рецензентот Павловски.

Во спомен собата на поетот, која се наоѓа во Домот на култура „Ацо Шопов“ беше одржана величествена манифестација со музичко-поетски перформанс во изведба на фолклористи при КУД „Ристо Донев Учителот“ и млади поети и рецитатори од гимназијата „Славчо Стојменски“ и ОУ „Димитар Влахов“. Поетскиот перформанс осмислен во инвентивната културна лабораторија на писателот Трајче Кацаров и етнокореологот Ефтим Гегов вработени во Домот на култура, беше исклучителна. Во епицентарот на настанот беше поетско-сатиричната песна на Шопов под наслов „Јус универзум“. Се работи за песна во која поетот Ацо Шопов, на сатиричен начин, ги криткува и става на поширока општествена анализа несовршеностите и аномалиите на системот во времето во кое таа песна е создавана, а тоа е времето на екс Југославија. Не помало внимание предизвика и промоцијата на најновото поетско дело „Подземно виножито“ на штипскиот поет Благој Самоников. Се работи за

Стихови од Шопов и Самоников низ културниот простор на Домот на култура прозвучеа импресивно преку интепретацијата на актерот Страшко Милошевски. Импресивен беше и крајот на целиот преубав настан. Него го „зачини“ писателот Трајче Кацаров со следнава мисла: „Кога Ацо Шопов тешко се разболе, група поети беа во негова посета во болницата. Шопов не можеше да зборува, ги беше заборавил буквите. Мислам дека тој тоа намерно го направил тоа за ние денеска да можеме да зборуваме за него“, рече Кацаров. Кетерина Мишева, директорка на Центарот за култура „Ацо Шопов“ на Институтот за македонска литература му предаде посебна плакета за големиот придонес која оваа институција го дава во промоцијата на македонската литература и за чување и почитување на делото на Шопов. Плакетата ја прими Маја Јакимовска Тошиќ, директорка на спомнатиот институт.


Штипски Глас прашува: По што ќе ја паметите 2019, што очекувата од 2020 година

18

МИСЛЕЊЕ

{tipski Glas, Januari, 2020 br. 97

Годината 2019 е зад нас. За едни добра, за други „нормална“ за трети лоша. За првите годината била добра зашто се оствариле нивните очекувања, за вторите дека годината била како и секоја претходна, а за третите лоша бидејќи она за кое сонувале не им се остварило. Штипски Глас направи мини анкета со познати штипјани кои одговараа на овие прашања. Бети ТАСЕВСКА, советничка од ВМРО ДПМНЕ:

Време на една огромна загуба

К

рајот на секоја година е вистинскиот момент да се сумираат севкупните впечатоци, видувања и доживувања. Годината што изминува (ќе) ја паметам како време на една огромна загуба, време кога еден човек го губи својот индентитет и достоинство. Остави длабока рана промената на името. Дел си од азбуката, ама буква безгласна и беззвучна зашто одземено ти е правото за било што-право и правда едноставно не постојат. Ветуваниот подобар живот го нема, ветуваното напумпано и фамозно влегување во ЕУ не е ниту на повидок, испревртено образование, целосно руиниран здравствен систем, руинирано и клекнато судство, пад на квалитетот на земјоделските култури. Година (2019-та) е година во која темнината апсолутно ја засени и онаа малку светлина што ја имаше.

Во годината што иде очекувам нова визија каде промената треба и мора да биде основен па дури и единствен двигател, победа над темнината и успешно соочување со предизвиците. Посакувам Македонија да успее, да бидеме свои, единствени и со крената глава!

Слободанка МОМЧИЛОВА, советничка од СДСМ:

Година на многу добри остварувања

М

ногу убави нешта ни се случија во 2019 година, и јас неа ќе ја паметам токму по убавината на случувањата. Јас сум од сферата на образованието и тука ќе ги спомнам квалитетните промени во него. Во убавите работи ги ставам и посветеноста на државата да инвестира во човечкиот капитал бидејќи се чуствував навредена кога во претходниот период пред страанските инвеститори ја рекламираа нашата држава со ефтина работна сила. Во нашата општина ссведочевме на големата посветеност на локалната власт за решавање на големите потреби на граѓаните. Населбата Балканса за првпат доби чиста вода за пиење, Штип доби нова детска градинка, а сум посебно горда што нашиот град стана единствен во државата во кој секое дете има место во градинка, тука се и активностите околу изградбата на браната на Отиња, новиот мост на Брегалница кој се изгради по пауза од шест децении, а со кој се растоварува сообраќајот во ргадот. Во 2020 од која ги трошиме првите денови, очекувам ако општина да продолжиме ппо тој пат, да започне изградбата на браната на Отиња, и сите заедно да си го напправиме нашиот Штип место за уште поубаво живеење. На сите граѓани им посакувам Среќна нова 2020 година, весели Божиќни празници, во тековната година да злеземе со нови сили, нова позитивна енергија за успешно справување со сите предизвици пред кои како заедница ќе се сипречат пред нас.


Среќна Нова 2020 година и весели Божиќни празници Ви посакуваат

{tipski Glas, Januari, 2020 br. 97

ЧЕСТИТКА

19


МАНДАК: Ги поддржувавме и ќе продолжиме да ги поддржуваме сите спортски колективи К 20

аква, од спортски аспект, ни беше 2019 година? Имаа ли спортските колективи поддршка од локалната власт, а ако ја имаа во кој обем беше таа и од што зависеше? На оваа тема во разговор за Штипски Глас импресиите ги кажува Елмир Мандак, првото лице на штипскиот спорт, претседател на Комисијата за спорт при Советот на општина Штип. -Општина Штип, Комисијата за спорт, Советот и советниците во минатата година изградија еден мошне квалитетен однос кон спортот и спортските репрезенти на градот и општината. Сите клубови добија можност Општината да им ја исплаќа котизацијата без кое нешто не можат да се натпреваруваат во своите спортови. За да нема забуна сакам да бидам јасен дека ова важи само за сениорските екипи, вели Мандак. Но, кој од поголемите клубови колку пари доби за натпреварувањето во соите спортови? -Минатата година со согласно Програмата за спорт од општинскиот буџет беа одобрени 16 милиони денари. Од тие пари фудбалскиот клуб „Брегалница“ доби 12 милиони денари, боречкиот клуб „Балканец“ инкасира 900.000 денари, Ракометниот клуб „Текстилец“ – 460.000 а карате клубот „Штип“ – сто илјади денари. Говорам за клубови кои имаат најголемо значење во нашата општина. Клубови кои во себе „врзуваат“ најголем број спортисти од пионери до сениори, клубови кои остваруваат видливи резултати и, конечно, клубови кои поради популарноста на спортовите со кои се бават собираат и најмногу публика, појаснува Елмир Мандак. За еден клуб да може да смета на општински пари тој мора да е регистриран во соодветната спортска федерација. Тоа се клубови на кои Советот на општината ги има прифатени и одобрено нивните годишни програми за работа, а кои,

СПОРТ

на крајот од годината, даваат извештај за потрошените народни пари. Но, колку спортот во Штип со своите резултати враќа за поддршката која ја добива од општината? -Во глобала има задоволство од остварените резултати и од тоа како се развива штипскиот спорт. Со голем помош на општината, и посебно сега по влегувањето на приватен капитал, кога за клубот доминантно се грижи успешната компанија КИТ ГО, ФК „Брегалница“ е пред влез во Првата фудбалска лига. Тоа е резултат кон кој стремевме. Од друга страна БК „Балканец“, по период на криза одново се враќа на патеките на своето славно минато. Каратистите на чело со Сашко Арсов и Емил Павлов се број еден не само во Штип туку и во нашата држава. Штип ја има големата шанса после последниот олимпиец Зоран Шоров одново да има свој спортист на Олимписките игри, а тоа е каратистот Емил Па-

{tipski Glas, Januari, 2020 br. 97

ната спортска мапа на градот, а оптимизмот го црпам од упорноста и посветеноста на поранешните кошаркари да имаме во градот и ваков тим. Сакам да кажам дека и дадовме значење и на одбојката како спорт со тоа што за 2019 година ја плативме котизацијата за Одбојкарскиот клуб при УГД, а така ќе биде и годинава вели нашиот соговорник. Во Штип женскиот спорт, според Мандак, не е на ниво. Затоа годинава е донесена одлука за формирање на женски фудбалски клуб. Четири девојки од Штип играат за ЖФК „Тиверија“ од Струмица која е на второ место веднаш после ЖФК „Саса“ во единствената лига на државата, а според Мандак голем е и бројот на девојчиња кои го сакаат фудбалот како спорт со кој би се ба-

Штип има над 1.000 млади кои се бават со некој спорт, а Општината од својот буџет издвои 16 милиони денари за спортските колективи при што на сите им ја плаќа коризацијата без кое тие не можат да се натпреваруваат...

влов кога финансиски го поддржуваме. Го помагаме и кик боксот со тоа што на „Гладијатор“ му ја плаќаме котизацијата и му доделуваме финансиски средства за одење на турнири и натпревари од друг вид, потенцира Мандак. Штип е град во кој беше донесена првата кошаркарска топка во Македонија, но кошарката ја немаме? -Тоа е факт. Но, рааботиме упорно и на оваа материја. Заедно со поранешни кошаркари разговараме за формирање на кошаркарски клуб и за враќање на овој спорт на штипската спортска сцена. Лично сум оптимист дека од годинава и овој спорт ќе се најде на позитив-

веле.

Со оглед на фактот дека првото лице на штипскиот спорт беше активен спортист/фудбалер, го прашуваме колку тој е на релација со нашите спортисти. -Моите средби со спортистите и спортските работници се речиси на дневна основа. Ги почитувам, а и тие ме почитуваат. Велат дека е добро тоа што поранешен спортист е претседател на Комисијата за спорт и дека јас можам да ги разберам нив и нивните барања. Во секој случај треба да се знае дека Штип има над 1.000 млади кои се бават со активен спорт, што е една добра слика за активниот живот на младите, укажува Елмир Мандак.


{tipski Glas, Januari, 2020 br. 97

РЕКЛАМА

21


22

РАЗОНОДА

TR-MR ov -Mi Re k e ~e R Ti

{tipski Glas, Januari, 2020 br. 97

Наод Кај делчевското село Стамер се откриени фосилни слонови, носорози, џиновски мрзливци, антилопи, газели, мајмуни...Новата наука треба да истражи дали македонците се потомци на џиновските мрзливци... За научно да се потврдат некои тези кои самите си ги раскажуваме за нас и нашето потекло...

Тријада Писателите пишуваат трагедии, театарот ги игра, а политичарите ги создаваат

ДНК Паметни се нашите политичари. Тие чистеа низ градовите со ракавици на рацете, за после да не може на некои да им се направи днк анализа... Нова Истече старата, дотече новата 2020 година. Во неа влегуваме со надежи, а ќе ја испратиме, како и сите испраќања досега со „никогаш повеќе“. Годините се менуваат, само ние си остануваме исти.

Razmisluva: Iv. BOJ

Љубов (1) На социјалните мрежи државата најмногу ја „сакаат“ оние кои ништо не работат. Каде загина познатата – „Државата се сака со труд, со работа“. Или и сакањето денес не е исто како што некогаш беше?

ВИЦОТЕКА

Прашање: Разговарат двајца пријатели: -Дали би оженил девојка од Скопје или баба од Зошто Мујо нема влакно на јазикот? -Затоа што неговата Фата се бриче... Берово? -Баба од Берово, оти бабата од Берово има 30 години, а девојката од Скопје има 45 години, рекол прашаниот. Стар човек оди на демонстрации во Русија и носи Мујо бара работа во Германија. Кога изгубил секаква транспарент на кој пишува: надеж дека ќе ја најде еден германец го вика на -Фала ти друже Сталин на среќното детство. Полицаец го гледа транспарентот па му вели на разговор и го прашува:: старецот: -Од каде си момче? -Ова нема смисла. Ти си многу стар, кога ти си бил -Од Босна, вели момчето. дете Сталин не бил ниту роден. -Од Босна? А, не бива вие сте многу мрзливи. -Не е така, мрзливи се црногорците, ние босанците -Моето детство беше среќно баш поради тоа... сме само малку глупави, се обидел Мујо да се извади..

ИМПРЕСУМ

Издавач: Медиум Боја 43 – Штип Седиште на фирмата и адреса на редакцијата: Ул. „Тошо Арсов“ бр. 23 – 2000 Штип Одговорно лице: Иван Бојаџиски

Излегува еднаш месечно Првиот број излезе во месец април, 2009 година Главен и одговорен уредник: Иван Бојаџиски Графички уредник: Јорданчо Бојаџиски,

Овој број е отпечатен на 03.01.2020 година

Тираж: 1.000 примероци

Ж-ка: 290000002136767 Едб:4029019522191 Т.Т.К. банка А.Д. Скопје Годишна претплата: 180 денари.

Печати печатница Генекс-Кочани Ул. „Тодосија Паунов“ б.б.

За Штипски глас се плаќа повластена даночна стапка од 5% ISSN 2545-4498


{tipski Glas, Januari, 2020 br. 97

С У Д О К У

Броевите од 1 до 9 впишете ги во блоковите со големина 3 x 3 полиња (врамени со здебелени линии), така да секој број може да се најде само еднаш во водоравната или хоризонталната насока

СКРИВАЛКА треба да пронајдете два скриени предмети

РАЗОНОДА

23


24

РЕКЛАМА

{tipski Glas, Januari, 2020 br. 97


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook