Македонка Николовска, СДСМ
Иван Јорданов, ВМРО-ДПМНЕ
Работно лето за СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
ЗАЕВ: За браната на Отиња 7,5 милиони евра од државниот буџет БОЧВАРСКИ: Браната ќе започнеме да ја градиме идната пролет
Пет милиони денари за една ветерница
Заврши Штипското културно лето
2
Од мој агол
N
В
Иван Бојаџиски
И во однос на изборите ние сме раритетна светска појава
о нашата држава се засилува дебата во однос на прашањето: предвремени парламентарни избори или не. Се вршат разни анкети, „добитничка“ е онаа страна на која се приклонети „анкетарите“, и во оваа сфера лажни вести на тони, така да не може да се знае што е вистинската воља на народот. Меѓу оние кои сакаат да ја дознаат вистината сум и јас. И како новинар, и како граѓанин на оваа, за мене убава земја. Па разговарам со сите. Со старо и со младо. Муабетите секогаш ги вртам на темата која ми е важна: предвремени избори – да или не? Кога ќе сумирам се на едно место можам одговорно да тврдам дека огромно мнозинство од народот е против предвремени парламентарни избори. Зошто тоа е така? Луѓето говорат дека се уморни од избори. Дека избори имаме на секои две години. Дека тоа е важна тема само за високата политика и „големите“ политичари кои само сакаат власт и ништо друго. Дека нашата држава е во континуиран изборен процес, при што кога една политичка структура ќе дојде на власт другата веднаш бара предвремени избори, покажува и нашата анализа. Од 1990 година, кога сме ги имале првите избори во рамките на СФРЈ (сите понатамошни избори биле во независна, суверена Република Македонија) до 2016 година сме имале девет парламентарни, пет претседателски, а од 1996 година и шест локални избори. Во овие години на нашата самостојност сме имале и три референдуми на државно и дури седум на локално ниво во седум општини. Од вкупниот број парламентарни избори дури четири биле предвремени и сите во последните десет години: 2008,2011,2014 и 2016 година. Само во една прилика се поклопиле парламентарни и претседателски избори. Ако се направи вкупен збир
ќе се дојде до бројката од 21 изборен циклус. Ако пак на оваа „изборна“ бројка се додадат и трите референдуми, целиот циклу на излегување од дома за да се гласа за нешто се завршува на бројката 24. Во 26 години 24 излегувања да се даде својот глас за нешто и за некого, тоа значи дека приближно по еднаш во годината сме морале да одиме на гласачките места за да го дадеме својот глас. Мислам дека како држава и по тоа сме раритетна светска појава. А сега да се вратам на тоа што мисли народот (штипски и семаќедонски) во однос на прашањето да продолжиме или не секоја година да ни биде изборна. Дека оваа дилема треба да ја цениме како вештачка, надуена, непотребна и против интересите на нормалниот живот во нашата татковина зборуваат многу аргументи. Бизнис секторот, кој е најважната алка во општествениот синџир во една држава, има јасен став. А тоа е дека евентуалните предвремени избори негативно ќе се одразат на нашето стопанство, а преку него и на Од 1990 до 2016 година сме имале 21 изборен циклус. Ако пак на оваа „изборна“ бројка се додадат и трите референдуми, сме излегувале од дома за да гласаме за нешто 24 пати. Тоа пак значи дека во вкупно 26 години приближно по еднаш годишно сме излегувале на гласање. Која држава може да го поднесе тоа?
нашата економија. Во една таква мисла не треба да се бара некоја голема филозофија зашто целиот државен механизам ќе се насочи кон изборите зашто секој сака да биде победник. Економијата, фабриките, производството, а со тоа и платите, бенефициите за вработените ќе бидат ставени во втор план. Понатаму целиот општествен живот, културата, образованието, здравствена фела, па и спортот и спортистите (малку ли ни се такви
{tipski Glas, Juli, 2019 br. 93
приемери од минатото) аналогно на нашиот обичај, ќе биде впрегнат во предизборна функција, секој одрработувајќи за својата партија која на некој начин го направила свој зависник зашто нешто му подарила, нешто кое има значење во неговиот живот. Сите ќе заборават на својата примарна општествена обврска, на својата работа силно посветувајќи се на утакмицата во која победник треба да биде само нивната партија и никој друг. Уште понатаму: со секои нови избори кај нас само се заоструваат, се комплицираат односите меѓу луѓето кои се поклоници на разни политики и на разни политички субјекти меѓу кои ќе се води „политичката војна“ за добивање на власта. И по тоа прашање ние сме шампиони зашто токму на политичкото се испокараа блиски пријатели, роднини, па и семејства. Ако е тоа нашата надеж за подобра иднина преку предвремени избори – мислам дека тука иднина нема без оглед на тоа дали надежта е таа која последна умира. Затоа, мојот став, кој го базирам на моите разговори со луѓето на оваа тема, на моето животно искуство, на работата во новинарската професија која се темели на истражување и аргументација велам дека никакви предвремени, вонредни или незнам какви избори не ни се потребни. Актуелната власт има обврска да го води овој наш брод до крајот на мандатот, па ако вкупниот збир на крајот за неа биде позитивен ќе дојде и наградата. Опозицијата пак наместо секој ден да труби дека се потребни предвремени избори да си ја врши својата обврска спрема државата и да си го чека редот кога партиите и нивните политики излегуваат на големиот мегдан. Се друго е погубно за иднината на сите нас кои живееме на овој убав простор.
{tipski Glas, Juli, 2019 br. 93
РАЗГОВОР
Анѓел ДИМИТРОВ претседател на Организацијата на работодавачи и
Се плашиме дека текстилот ја живее последната деценија П
3
претседател на Здружението за текстилна индустрија при Стопанската комора
ред нашата текстилна индустрија која вработува и социјално ситуира околу 35.000 работници не стои розова иднина. Напротив, мислењата на менаџерите во оваа стопанска гранка се неподелени-дека нашиот текстил најверојатно ја живее својата последна деценија. На тема–текстилот денес и неговата иднина разговараме со Анѓел Димитров, претседател на Одборот на работодавачи и претседател на Здружнието за текстилна индустрија при Стопанска комора на нашата држава. Г-дин Димитров, многу информации, шпекулации, калкулации има околу иднината на текстилната индустрија во нашата држава. Кое е вашето мислење во однос на оваа голема стопанска и социјална тема? Нашата текстилна индстрија е во еден слободен пад веќе неколку години. За тоа постојат поголем број елементи кои имаат свое влијание на падот на сите параметри кои се значајни за опстанокот и развојот на оваа индустрија. Јас би набројал само неколку, оние најважните: недостигот од млада работна сила, законот за зголемување на минималната плата како и јасната решеност на деловните партнери од развиените европски држави за кои работат нашите фирми да ги селат своите бизниси во држави во кои можат подобро да заработат отколку кај нас. Колку голем е проблемот од недостиг на нова работна сила, пред се на млади луѓе? -Тоа е голем проблем кој се изострува од година во година. Овој проблем станува алармантен. Проблемот од недостиг на работници посебно доаѓа до израз последната година. Имено, во периодот мај 2018-мај 2019 година бројот на вработени во текстилната индустрија е намален за 5,6 проценти, што е за двапати повеќе од намалениот број на вработени во индустријата воопшто. Што е болката со странските партнери? -Нивна нова определба е да ба-
раат и наоѓаат простор за работа во азиските држави, на далечниот исток но и во дел од државите кои се осамостоија од поранешниот Советски сојуз каде бизнисот им е многу поисплатлив поради големата невработеност, бројноста на млада способна за работа сила и каде се работи за многу пониски плати од оние кај нас. Поради таквиот став на странските партнери тие на нашите фирми им даваат се помалку работа. Зошто го прават тоа? Затоа што не се осмелуваат одеднаш да престанат да ги користат услугите и квалитетот на нашите текстилни капацитети. Странските партнери се свесни дека во нашата држава во која текстилот има традиција има обучени, квалитетни работници, има успешни менаџери и затоа сеуште не се подготвени целото производство да го селат од тука. Тие се свесни, а тоа и нам ни го кажуваат, дека нашата држава во блиска иднина ќе стане дел од Европската унија, а знаат дека во унијата не се можни плати од 250 евра по ра-
Во периодот мај 2018-мај 2019 година бројот на вработени во текстилната индустрија е намален за 5,6 проценти, што е за двапати повеќе од намалениот број на вработени во индустријата воопшто, а се изгубени 5.000 работни места.
ботник, па затоа тие темелно и навремено се подготвуваат во барањето на нови држави во кои нивниот бизнис би им бил поисплатлив. За една година изгубени се околу 5.000 работни места во текстилната индустрија. Кон што води ова? Нашата држава треба да е свесна дека веќе загубивме околу 5.000 работни места зашто бројот на вработени во текстилната индустрија спадна од 40.000 на 35.000 лица. А тој тренд не само што не запира, туку станува се посилен. Но, не е тоа единствениот проблем кој го притиска текстилот кај нас.
Тука е и законот со кој се зголеми минималната плата, а со тоа пораснаа и платите над неа, трошоците во производството на текстил се зголемија, а странските партнери не сакаат ни да слушнат за зголемување на цената на производството кое го работиме за нив. И затоа на нашите фирми им е се потешко да исплатуваат повисоки плати, а сето тоа води кон една голема неизвесност. Штип е град на текстилот со над 70 текстилни фирми и над 7.000 вработени. Просечната плата во штипските конфекции е 17.000 денари. Што со градот ако приказната за текстилот се одвива на начин кој вие го најавувате и предвидувате? Да, тоа за градот е најлоша можност зашто Штип е меропола на текстилот во кој илјадници семејства живеат од него. Централно е прашањето што ќе биде со тие работници кои се над 45 години, кои нема каде да отидат, на кои работата во текстилните капацитети им е услов за социјална стабилност. Тоа е централното прашање. Факт е дека сопствениците на текстилни фирми го пренасочуваат капиталот во други дејности свесни дека текстилот во однос на неговата перспектива е во големи проблеми. Што текстилците бараат од државата? -Ние сме со став дека државата треба да ги компензира придонесите за делот од платите кои се над нивото над минималната плата. Тоа, според нашите пресметки, на годишно ниво се околу десет милиони евра со кои државата треба да го субвенционира текстилот. Зашто 35.000 семејства се 100.00 граѓани, а нивната иднина и нивната судбина не се работи кои треба да се остават под тепих.
БРАНА
ЗАЕВ: За браната на Отиња 7,5 милиони евра од државниот буџет Б ОЧ В А Р С К И : Б р а н а т а ќ е з а п о ч н е м е д а ј а г р а д и м е и д н а т а п р о л е т
4
П
ремиерот Зоран Заев при последната посета на Штип информира дека Владата донела одлука да ја помогне изградбата на браната на реката Отиња со 7,5 милиони евра. „Штип заслужува да го оствари својот децениски сон, Владата е тука да помогне во конечната изградба на браната на Отиња. За оваа намена од државниот буџет издвојуваме 7,5 милиони евра“, рече Заев. Од разговорот кој на оваа тема го водевме со градоначалникот Благој Бочварски Штипски глас дознава дека изградбата на браната ќе започне напролет. И изјaвата на премиерот Заев и онаа на градоначалникот Бочварски се едни од најубавите нешта кои штипјани ги имаат слушнато во последните три децении кога е во прашање иднината на градот. Ова бидејќи браната е сон кој граѓаните на Штип го сонуваат над половина век, а Штип е единствениот град во регионот кој во свој атар нема поголема отворена вода за рекреација, релаксација, спортови на вода, спортски риболов, одмор на душата и секако, капење во време на летни горештини. „Сумата која ни ја вети премиерот е всушност проектираната вредност на браната согласно новиот проект. Уште еднаш сакам да кажам дека кога дојдов на оваа функција во општината не успеав да најдам никаков проект за браната. Во водостопанство најдов нешто и тоа што го најдов таму го однесов на Градежен факултет во Скопје за оваа институција да изработи основен проект. Градежниот факултет во 2006 година добил пари за оваа работа па ние направивме само анекс на тој договор за тие да ги из-
готват сите нови неопходни анализи, проектот да се доработи, ние да доплатиме нешто и за тоа постигнавме согласност“, вели Бочварски. Според градоначалникот градот веќе го има основниот проект со ревизија за изградба на браната, а веќе во месец август, годинава ќе биде организиран јавна расправа за влијанието на студијата врз животната средина. Оваа студија се финансира од Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство. Браната на Отиња ќе биде од камено-насипен тип. Круната на браната која е на државно земјиште ќе биде висока 34 метри, што е еднаква височина на зграда од единаесет ката. Круната на браната всушност ќе биде и пат кој ќе ги поврзе населбите „Блок 2000“ и Суитлак, а ова населба, во проекциите на општината се планирана како развиена спортска структура.
{tipski Glas, Juli, 2019 br. 93
на Отиња. Порано имаше идеја во сушни периоди браната да се дополнува од брегалничките води, зашто низ Брегалница, втората по големина река во нашата држава, на годишно ниво протекуваат по 250 милиони кубни метри вода, од кои 115 милиони метри кубни (нето) се акумилираат во браната Калиманци и се користат за наводнување на нивите од кочанско до Каратманово кај Велес, додека другите слободно истекуваат. Ако таа идеја еден ден дојде до фаза на реализација тоа нема да биде некој поголем проблем бидејќи левиот магистрален канал од Брегалничкиот хидромелиоративен систем е изграден до аргуличко поле. Браната е предвидено да служи за одмор и рекреација, за спортови на вода, за спортски риболов, а преку неа ќе се пушта нужен минимум вода за во речното корито секогаш да ја има со што преку лето ќе се дојде до намалување на тем-
Поголема од Гратче, Мавровица и Пишица
Браната на Отиња ќе акумулира три милиони метри кубни вода. По количината на водата која ќе ја обезбедува оваа брана ќе има за 1,2 милиони кубни метри вода повеќе од браната Гратче кај Кочани, за половина милион кубни метри вода од Мавровица кај Свети Николе и за 2,1 милион метри кубни од браната Пишица. На подрачјето на источниот регион браната Калиманци акумулира 125 милиони метри кубни вода, Мантово 49, Кнежево-22,5 милиони, браната на Ратевска река кај Берово 11 милиони метри кубни. Во план е изградба на брана на Оризарска река со зафатнина од 22 милиони метри кубни вода. Се заедно вкупниот акумулациски капацитет на вештачките езера во регионот во моментов е 216 милиони метри кубни, а со Отиња и Оризарска тој ќе биде 241,6 милиони метри кубни вода.
Според проценките на хи- пературите во централното градско дролозите браната на Отиња ќе мо- подрачје низ кое тече 2,2 илометри же да се полни од средно врнеж- долгата градска река. лива година. Тоа го овозможува големото и широко сливно подрачје
{tipski Glas, Juli, 2019 br. 93
Н
БРАНА
5
Дванаесет години од меморандумот за браната на Отиња
а 27 февруари 2007 година беше потпишан меморандум за изградба на браната на реката Отиња. Зад меморандумот (прилог кон овој текст) како општа согласност на политичките чинители во општината, стојат девет печати и исто толку потписи. Согласност дека брана му е потребна на Штип и дека таа треба да се гради дадоа: Панде Сарев, тогашен градоначалник и Илчо Захариев, во функција на претседател на Советот на општината, претседате-
лите на СДСМ, ВМРО ДПМНЕ, Социјалистичката партија, Партијата на власите, Либералната партија, ВМРО Народна партија, и Демократска алтернатива. Во текстот на меморандумот стои дека се покренува законска иницијатива за изградба на брана на Отиња, како спортско-рекреативна, економско–туристичка, и еколошки заштитена зона, со регулација на речното корито... Од тогаш до денес од браната ниту „Б“.
ПРЕПУКУВАЊЕ
Бочварски: браната е нов придонес кон
6
{tipski Glas, Juli, 2019 br. 93
зајакнување на нашата економија Јорданов: Тоа не е брана, тоа е само обичен цртеж
Н
ајавата на премирот Зоран Заев дека Владата ќе ја финансира изградбата на браната на Отиња, стана нов повод за меѓусебни препукувања на релација ВМРО ДПМНЕ – градоначалник Благој Бочварски. Веднаш по обраќањето на премиерот за поддршката со 7,5 милиони евра, се огласија од опозицискат ВМРО ДПМНЕ преку прес конфенција на лидерот Иван Јорданов. „Оваа локална власт предводена од СДС веќе добро ни е позната по своите фото сесии, меѓутоа сега сликањето добива и сериозна конкуренција во цртеж – проектите. Граѓаните на Штип веќе две години можат да видат како локалната власт ја залажува јавноста со прикажување на цртежи од некакви си виртуелни проекти. Па така, до сега граѓаните на цртеж-проектите можеа да видат и добија Аквапарк најголем во Македонија, обиколница до Бањата Кежовица, исто така добија брана на река Отиња, 20 километри гасоводна мрежа и секако добро познатата жичара до Исарот, критикуваше Јорданов и продолжи: -Овие цртеж-проекти се само добра претстава за виртуелниот свет во кој живее и работи оваа локална власт. Сите ние знаеме дека сето ова е далеку од реалноста. Местата кои се претставени се обични ридови и ливади обраснати со трња и трева. Преку цртежи-проектите овие локални власти уште еднаш докажуваат дека се уметници во неспособност и неработење“. Бргу-бргу стигна одговорот од градоначалникот Бочварски „Општина Штип заедно со Владата влегува во процес на изградба на најзначајниот и најпосакуван објект за штипјани, БРАНА НА РЕКАТА ОТИЊА. Браната за Општина Штип и за граѓаните е многу значајна и таа носи економски развој на градот во наредните 15, 20 па и повеќе години. Носи трајно добро за денешните и идните генерации и е многу значајна заради тоа што многу претходни генерации во изминатите 35 години не успевале да најдат начини, можности, средства, политичка воља
да изработат проекти за да се изгради ова вештачко езеро во близината на градот. Оваа брана ќе го развие спортот, рекреацијата, наводнувањето на зелените површини, земјоделско земјиште, ќе го заштити градот од поплави, а во иднина може и да произведува електрична енергија, рече Боварски и ја „закачи“ опозицијата: -Не можам да ја разберам па-
сификација на Штип. Затоа оваа локална власт работи на проект за гасификација, проект за градски стадион, проект за СРЦ Суитлак, проект за Брана на реката Отиња, проект за обиколницата и многу други проекти за растот и развојот на Штип. Затоа ќе треба уште многу време за да сфатите дека без техничка документација или по вас „цртежи“ нема развој, нема инвестиции и нема напредок, рече
никата и стравот кај ВМРО-ДПМНЕ во овие денови откако заедно со Претседателот на Владата, Зоран Заев ја најавивме изградбата на најзначајниот проект за градот. Оттука кај мене се поставува прашањето, дали ВМРО - ДПМНЕ е против изградба на Брана на реката Отиња имајќи во предвид дека во изминатите 8 години ниту ја третираа како прашање, ниту ја проектираа, ниту пак ја ветија на последните локални избори дека ќе ја реализираат.Токму овде е големата и суштинска разлика помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Тие освен што во нивните мандати се занимаваа со асфалтирање на 2 сантиметри асфалт, сечење ленти и правење спектакли од пуштање на чешми, мини мостчиња во коритото на река Отиња, од фонтани правење жардињери и слично, немаа визија за идниот развој на Штип, коментираше градоначалникот на Штип. Тие „цртежи“ за коишто зборуваат се неопходната техничка документација за изградба на Браната, исто така и за изградба на Спортскорекреативен центар Суитлак и за изградба на гасификација. Штип единствениот град кој во време на ВМРОДПМНЕ формирал јавно претпријатие за гасификација во 2012 година, а на крајот на 2017 година сеуште немаше започнат основен проект за га-
Бочварски. Првиот граѓанин на Штип потсети дека за само една и пол година оваа локална власт досега изградила паркинг платформа во централното градско подрачје, целосно нов кружен тек кој е дел од обиколицата кај населба Пребег, гради нова детска градинка во населба Сењак во вредност од речиси 1 милион евра, а инвестира и во градинката во Осми Ноември, Автокомадна и во централната градинка Астибо.-„Инвестиравме во сите основни школи. Изградивме повеќе канализации и водоводи за една и пол година од колку ВМРО-ДПМНЕ во целиот мандат, го градиме водоводот во населба Балканска и ја намаливме цената на водата за пиење за 10 проценти“, поентираше Бочварски. Тој нагласи дека разликата помеѓу СДСМ и ВМРО ДПМНЕ е огромна. –„Браната ќе ја изградиме ние, а ќе ја користат сите граѓани и денешните генерации и оние коишто доаѓаат после нас.Јас како градоначалник очекувам заедно да се радуваме и да ги поздравуваме успесите на Штип. Од опозицијата очекувам идеи и предлози за доброто на нашиот град, но и доколку ги нема јас и Општина Штип ќе продолжиме вредно и посветено да работиме на подобрување на квалитетот на живот на нашите сограѓани.
Формиран солидарен фонд, градот си ја враќа солидарноста
{tipski Glas, Juli, 2019 br. 93
Н
ашиот Штип по пауза од три децении си ја враќа солидарноста нешто по што беше познат на просторот на бивша Југославија. На предлог на градоначалникот Благој Бочварски Советот на општината донесе одлука за формирање на солидарен фонд од кој собраните средства ќе се наменуваат исклучиво за лекување на штипјани, посебно за лекувања кои бараат многу пари како и за лица заболени од ретки болести. -Со оваа идеја се носевме подолго време но сега се создадоа услови за формирање на солидарниот фонд во кој, барем јас така се надева, на годишно ниво ќе се присобира пристојна сума на пари со кои ќе можеме да им помогнеме на наши сограѓани кои имаат или ќе се соочат со здравствени проблеми, а за кои нашиот здравствен систем неможе целосно да им ги покрие трошоците, вели градоначалникот Бочварски. Веќе е формиран Управен одбор кој од своите редови ќе избере претседател, а сосема сигурно е дека тоа ќе биде градоначалникот како најодговорно лице за успешност на фондот и за наменско користење на средствата од него. Бочварски вели дека општината ќе направи силна кампања помеѓу стопанските субјекти, институциите, граѓаните за секој, кој колку ќе може, да донира во овој солидарен фонд. -Девизата на фондот ќе биде „Секогаш да донираш, никогаш да немаш потреба од неговите пари“. Штип и во минатото има испишано мал милион позитивни приказни во однос на солидарноста на неговите граѓани, а сметам дека таа убава приказна, сега во нов амбиент, нашиот град одново ќе го стави на прво место меѓу градовите со изразена солидарност во нашава држава“, порачува Бочварски. Од кабинетот на градоначалникот изјавуваат дека за дваесет месеци време во кое функционира ова власт, првиот човек на градот при-
СОЛИДАРНОСТ
мил близу 5.000 граѓани со разни барања, а над 800 од нив биле дојдени кај него за да бараат финансиска помош за лекување на лице од своето семејство. Тоа правело метеж пред кабинетот на градоначалникот, луѓе со медицински наоди барале помош од општината...-„Сега таа слика ќе ја снема, ќе имаме еден солидарен извор за финансиска поддршка на болните според приоритетите, за тоа кој кога и колку може да добие помош ќе одлучува Управниот одбор на фондот кој ќе се состанува еднаш месечно, а понекогаш, ако некој случај бара итност и ургентно“, појаснува Бочварски. Мирка Кузмановска во времето кога Штип беше втор град по солидарност, веднаш после Марибор, Словенија, работеше како социјален работник во Модната конфекција „Астибо“ каде постоеше цела служба која се бавеше со потребите на работниците. Кузмановска вели дека оваа идеја е нешто најдобро што можело да му се случи на Штип.
Мотото на солидарниот фонд ќе биде – „Секогаш да донираш во фондот, никогаш да немаш потреба од неговите пари“!
-Нашето искуство од пред три децени ни говори дека штипјани имаат душа, сакаат да помогнат, солидарноста им е света работа, само
За 20 месеци кај градоначалникот дошле над 800 лица да бараат финансиска помош за решавање на здравствени проблеми свои или на членови на своето семејство.
требаше некој да се сети на тој факт. Ова е нов предизвик во едно ново време, а секое време е погодно за човекот да ја искаже својата човечка страна. Денес многу наши сограѓани
7
ѕвонат по домовите на штипјани, бараат помош за лекување на своите најблиски, луѓето даваат колку што можат но не се секогаш сигурни дека некои од барателите не ја злоупотребуваат нивната добрина. Затоа формирањето на еден ваков фонд е повеќе од неопходност. Во она кое ние го нарекуваме „наше време“ имаше солидарен фонд за болни лица, ние во „Астибо“ имавме и работничка банка од каде дававме неповратни бескаматни средства за работниците, тој чин го прифатија и други штипски организации и затоа Штип стана втор град во Југославија по својата солидарност. Ние тогаш помогнавме дете кое имаше проблеми со срцето да може да отиде во странство на операција која успешно се заврши, тоа чинеше многу пари, а имавме и повеќе други такви случаи. Убедена сум дека солидарниот фонд е нешто најдобро што на Штип му се случува во ерата на нашата независна држава. Ние не треба да заборавиме дека на основа нашата солидарност, со здружени пари на фирмите и граѓаните изградивме бројни објекти во градот како Здравствениот дом, Медицинското училиште, Домот на култура „Ацо Шопов“, зградата на општината и на поранешните политички организации, Пионерскиот дом и други вели Кузмановска. Управниот одбор на фондот ќе направи голема информативна кампања со цел што поголем број граѓани и институции да станат дел од новата штипска солидарна приказна. Граѓаните и институциите ќе бидат информирани и анимирани преку медиуми, билборди и на многу други разни начини.
8
Швајцарија во заштитата на животната средина во регионот инвестирала 50 милиони франци РЕГИОН
{tipski Glas, Juli, 2019 br. 93
Н
ашиот регион е подобро место за живеење благодарејќи и на инвестициите кои во форма на донации и грантови ги има вложено Швајцарија. Според информациите кои на барање на Штипски глас и на порталот istokpress.mk љубезно ни беа дадени од амбасадата на Швајцарија во нашата држава, до овој момент, за живот во подобра и поздрава животна средина, Швајцарија во регионот има инвестирано над 50 милиони швајцарски франци. Во информацијата која ни беше доставена од амбасадата на Швајцарија, беше речено дека оваа држава ги препознава потребите и потенцијалот на Брегалничкиот регион, и согласно тоа препознавање досега има поддржано бројни проекти во регионот. Во областа на доброто владеење форумите на заедниците (завршен проект) овозможија поголемо учество на граѓаните во процесот на донесување на одлуки во нивните општини. Истовремено, поддржана е администрацијата да развива добро владеење на локално ниво кое го применува принципите на вклученост, одговорност и доверливост. Концептот беше развиван низ неколку фази и применет во две третини од општините во Северна Македонија. Во Брегалничкиот регион, голем број од општините учествува во овој проект. Меѓу нив се Штип, Берово, Виница, Делчево, Карбинци, Кочани, Македонска Каменица, Пехчево, Пробиштип, Чешиново-Облешево, Свети Николе и Кратово. Во тек е проектот за зајакнување на капацитетите на општинските совети во кој проект учествуваат општините Свети Николе и Кочани. Главната цел на овој проект е да се зајакне и зголеми значењето на членовите на општинските совети за да можат поактивно да ја извршуваат својата улога за надгледување и претставување со што ќе допринесат општинските власти да бидат поодговорни и ефективни во задоволувањето на потребите на граѓаните, информираат од амбасадата на Швајцарија. Оваа нам пријателска држава ни помогна и во областите на вработувањето и економскиот развој. Швајцарска програмата за поддршка на извозот SIPPO, проект кој е во тек, го промовира извозот на македонски текстилни компании од Штип, Кочани, Виница и Делчево повеќе од 15 година преку поддршка во учество на познати меѓународни саеми, деловни средби и информации за новите стандарди и барања за извоз. Во моментов, SIPPO ги поддржува Текстилното трговско здружението текстилен кластер и Invest North Macedonia, преку кои им се помага на текстилните компании во пронаоѓањето на нови клиенти на пазарите во Швајцарија и Европската Унија. Со ништо не заостанува ниту поддршката во инфраструктурата, управувањто со водите и унапредувањето и заштитата на животната средина. Швајцарската поддршка на Брегалничкиот регион во областа на животната средина започна во 2006 година и постепено, со текот на времето, овој регион стана еден од фокус - регио- ните во развојната соработка помеѓу Швајцарија и Северна Македонија. Досега, скоро 50 милиони швајцарски франци се донирани во овој регион за различни проекти поврзани со животната средина.
Швајцарија инвестираше во изградба на Пречистителна станица за отпадни води во Кочани која ги пречистуваат отпадните води од градот Кочани и блиските села. Дополнително, овој проект ги зајакна капацитетите и знаењето на вработените во јавното претпријатие во Кочани. Во блиска иднина, се очекува и отпадните води од градот Виница и околните села да бидат пречистени во оваа станица. Проектот за подобрување на водоснабдувањето и пречистувањето на отпадните води во Берово (завршен проект) овозможи жителите на Берово и околните села да бидат снабдени со вода за пиење со добар квалитет, како и со третман на отпадните води. Во рамките на проектот за Интегрирано управување со водите во сливот на Река Брегалница (завршен проект), за прв пат во земјата се изработи План за управување на сливно подрачје со целосна усогласеност со Европската рамковна директива за води. Исто така, сите 15 општини од сливот беа помогнати со помали инфраструктурни проекти за води. Проектот за подобрување на водоснабдувањето на Делчево (тековен проект) ќе ги обезбеди граѓаните на градот Делчево и околните села со вода за пиење со добар квалитет и доволни количини. Најмладите жители на Брегалничкиот регион добија образование поврзано со животната средина и природните вредности на овој регион преку Програмата за интегрирање на образованието за животна средина во македонскиот образовен систем (завршен проект). Програмата за зачувување на природата (тековен проект) помага на властите во процесот за одржливо управување со природните ресурси преку практична примена на конзерваторски мерки како што се воспоставување на регионални заштитени подрачја и интегрирано управување со шумите во Брегалничкиот регион. Преку промоција на одржливо произведени произ- води и услуги, се очекува да се создаде и економска корист на локалното население. Според информацијата која ни беше дадена, во последните 25 години Швајцарија во нашата држава инвестирала над 260 милиони швајцарски франци за поддршка на реформите кај нас. И сето тоа со цел нашата земја да постигне европски стандарди и да изгради социјално-инклузивна демократија, да создаде работни места и да го поддржи економскиот раст, да ја подобри инфраструктурата и јавните услуги и да обезбеди одржливо управување со природните ресурси. Со севкупната своја инвестиција во нашата земја Швајцарија е една од најголемите билатерални развојни партнери на Северна Македонија.
СДСМ на терен ќе ги промовира своите политки
{tipski Glas, Juli, 2019 br. 93
С
о новото раководство на чело со претседателот Александар Кангалов, СДСМ во Штип ја менува стратегијата. По неколкуте состаноци на највисоките органи на партијата во Општина Штип, од владеачката партија најавуваат излегување на терен, меѓу народот. „Во СДСМ си ја зададовме обврската кон сите вас да обезбедиме побрз напредок на општеството, зголемување на квалитетот на секојдневието и повеќе пари кај граѓаните. За исполнување на нашите обврски, летово спроведува-
И
ПОЛИТИКА
ме потребни промени, нов начин и осовременет модел на нашето работење, а сè со цел да имаме задоволни граѓани. Затоа, во текот на летото нема да одмараме, туку ќе спроведуваме теренски активности и средби со граѓаните во сите маала, урбани заедници, во сите села и населени места. Преку разговор за досега оствареното, но и заедничко планирање за она што доаѓа покажуваме и на дело дека зборот важи“, порача Македонка Николовска, секетар оа Општинската организација на СДСМ. Според Николовска граѓаните ќе имаат можност секојдневно да се среќаваат со тимовите на СДСМ, кои ќе бидат придружувани од партиски носители на функции, советници, директори и раководители кои доаѓаат од нивните редови, како и градоначалникот, претседателот и секретарот на општинската организација, но и сите други претставници на локалното раководство. Целата структура на СДСМ се става во функција за успешна реализација на потребите на граѓаните. На средбите ќе се зборува за потребите на
ВМРО ДПМНЕ: Лето исполнето со средби и креирање визии
опозициската ВМРО ДПМНЕ летово не седи со скрстени раце. Според Иван Јорданов, претседател на Општинскиот комитет, ВМРО ДПМНЕ во Штип годинава има и ќе има вистински работно лето. „Работата на опозицијата е секогаш будно да ги следи политиките кои се имплементираат од власта на локално и национално ниво. Нашата работа е да ја следиме работата на локалната самоуправа и да ги детектираме сите недостатоци кои се прават, како и сето она кое е ветено, а не се реализира“, ни изјави Јорданов и продолжи: „Во текот на летниот период, како и во останатиот дел од годината, јавноста ја информираме преку прес конференции, при што граѓаните ја препознаваат
9
граѓаните, за отворените прашања, за работата на институциите, за начинот на решавање на проблемите. Ќе се разговара за тоа што е добро сработено во изминатите две години, но и за тоа што може да се подобри. „Заедно со вас, граѓаните на Штип ги донесовме промените, заедно со вас продолжуваме да го забрзуваме напредокот на нашата средина и на нашата земја, заедно со вас работиме за подобар живот
Летово се гледаме на терен, ќе се дружиме со граѓаните на Штип, порача Македонка Николовска.
на сите наши граѓани низ целата земја. Ве покануваме да ни се приклучите. Бидете гласни, изјаснете ги вашите ставови, затоа што ние сме тука да го слушнеме вашиот глас и веднаш да делуваме, изјави Николовска на прес конференција завршувајќи ја истата со „Се гледаме на терен“.
нашата искреност во оваа работа, па затоа често пати од нивна страна сме алармирани за работи кои се во надлежност на општината или јавните претпријатија, а не се извршуваат“. Летниот период, поради годишните одмори и не е толку интензивен, но и покрај тоа ВМРО ДПМНЕ продолжува со редовни активности, како средби со месните комитети, лицата кои имаат одговорности во партиските тела, со кои не само што се одржуваме состаноци, туку се креираат и визии за понатамошниот период.
10
Бруцош – магазин за новите студенти
УНИВЕРЗИТЕТ
{tipski Glas, Juli, 2019 br. 93
Во магазинот, единствен од ваква природа во државата, бруцошите ќе ги добијат сите релевантни информации во однос на нивото студирање на УГД и животот во Штип, а средношколците ќе добијат информаци во однос на прашањето зашто е добро да се запишат на Универзитетот „Гоце Делчев“.
У
ниверзитетот Гоце Делчев преку одделот за радио и ТВ подготвува еден нов вид на магазин за сите студенти и средношколци. Магазинот кој ќе се вика „Бруцош“ ќе биде своевиден информатор преку кој ќе можат сите нови и актуелни студенти да ги добијат информациите кои им се потребни. Станува збор за магазин во кој ќе може да се најдат информации за тоа кои се најдобрите места во градот, каде може да се јаде, што би требало да се проба кога се доаѓа во Затоа што овде ќе можат да се добијат голем број на Штип, колку чини градот, а колку студирањето, па се информации кои му се потребни на студентот или на до студиски програми и информации за текот на сту- оној кој планира да станува студент. диите. Во еден ваков магазин, кој ќе биде на 68 страИдејата е студентите да бидат добро информирани за најважните работи и настани во градот и на Универзитетот „Гоце Делчев“. Овој магазин би требало да бие и своевиден водич за студентите за тоа кои се најважните датуми во текот на нивните студии, кои се начините да добијат стипендија или каде можат да се вклучат во практична работа додека се на студии и слично. „Бруцош“ ќе го добие бесплатно секој бруцош на Универзитетот „Гоце Делчев“, а во текот на целата студиска година тој ници, ќе можат да се прочитаат и интервјуа и разго- ќе може да се најде во сите кампуси на УГД и во објеквори со студенти, дипломирани студенти, но и познати тите на партнерите на магазинот. личности. Уредник на Бруцош е Тони Михаилов, проектен „Бруцош“ ќе биде наменет, не само за студен- координатор е Игор Стојанов, а технички уредник тите, туку и за средношколците и нивните родители. Александар Максимов.
„Пајак“ ќе ги отстранува непрописно паркираните возила
{tipski Glas, Juli, 2019 br. 93
ГРАДОТ
Ш
тип од градот Скопје на подарок доби специјално возило, тнр. „Пајак“ за отстранување на напрописно паркираните возила. Советот на општината, на последната седница, донесе одлука со која определи локација на која пајакот ќе ги носи возилата кои таму ќе стојат се додека сопственикот не си ја плати казната.
нари. Ќе биде од затворен тип, со постојана чуварска служба и контрола на влезот и излезот на возилата. За тоа кои возила ќе се отстрануваат поради тоа што нивните сопственици ги паркирале на недозволени за тоа места ќе одлучува сообраќајната полиција на чиј повик ќе реагираат од ЈП „Стипион“ во чија надлежност ќе биде возилото Паркинг центарот за овој тип „Пајак“. возила многу бргу ќе биде уреден Факт е дека во Штип има на улица „Булева ЈНА“, во населбата „8 Ноември“ кај старите бу- многу несовесни возачи кои парки-
П
11
раат на тротоари, на зелени површини, пред портите на приватни имоти и влезови на институции, а поради недостиг од пајак возило таквите возила досега не може да бидат отстранувани. Ваквиот начин на диво паркирање најмногу е со цел да се избегне плаќањето за паркирање на возилата на за тоа јасно определени и обележени места во градот. Се смета дека на овој начин ќе се стави ред во паркирањето во градот.
Пет милиони денари за една ветерница
риказната со инсталирање ветерници и фотоволтаици на територијата на нашата држава се интензивира, а по првите ветерници кај Богданци сега се подготвува терен и заинсталирање ветерници на подрачјето и на други општини, меѓу кои и во нашата општина. Советот на Општина Штип, на последната седница, донесе одлука за цените по кои ќе заинтересираниот инвеститор ќе може да инсталира ветерници и (или) фотоволтаици. Така, секој што ќе посака да инвестира во ветерници за производство на струја во атарот на општина Штип за нејзино поставување (за едно столбно место) ќе треба да плати пет милиони денари. За поставување на фотоволтаици цената е 150 денари од метар квадратен. Една ветерница има распон на перките во радиус од 90 до 100 метри. Нашата општина првите пари од поставување на системи за обновливи извори на енергија треба да ги заработи од првата ветерница која ќе се гради кај овчеполското село Богословец. Дел од турбините на првата од десетте најавени ветерници кои ќе се градат на овој терен зафаќа и терен од штипска општина и тоа дел од катастарска општина Доброшани. Поголемиот дел од ова ветерница ќе зафаќа простор кој е во рамките на општина Свети Николе, а инвеститор е домашната компанија „Тор импекс“. Во изминатите петнаесеттина години во нашата општина доаѓаа инвеститори заинтересирани за поставување ветерници и фотоволтаици говорејќи
дека Штип има „златни“ услови за производство на струја од овие обновливи извори на енергија. Доаѓаа инвеститори од Шпанија, Англија, Израел, Франција, Русија, Германија и други држави но иако сите го
За поставување фотоволтаични централи инвеститорите ќе треба да плаќаат по 15 денари од метар квадратен.
фалеа нашиот ветер и нашето сонце кое го имаме 266 денови во годината, никој не изгради ништо. Сега со измена на законската регулатива кога се срушени многу административни бариери, се цени дека многу бргу ветернициците ќе бидат видени по нашите ридови, а фотоволтаичните централи и во низиските делови.
12
Ноќ на распеани и разиграни штипјани НАСТАН
{tipski Glas, Juli, 2019 br. 93
Распеани штипјани
В
о рамките на Штипското културно лето прекрасна ноќ се случи во ОМЦ „Киро Глигоров“ каде своја вечер имаше групата „Распеани штипјани“ на која гости и беа пејачката група при Здружението не пензионерите-трудови инвалиди и женската пејачка група од населбата Баби. Публиката која до последно место ја исполни салата, а имаше и многу народ кој стоечки ја проследи перфектната ноќ за уживање со сите сетила, со силен аплауз ги поздрави сите учесници. Посебен шлаг на вечерта дадоа серенадните песни во кои беа опеани
значајни личности од штипската културна и песнопојна историја. Дел од песните ги пееше и публиката. Програмата која траеше 90 минути заврши со големо оро на кое покрај учесниците во програмата се фати и дел од публиката. На страницата донесуваме неколку фотографии од убавиот, освежителен летен настан. Свое шоу имаше и Митко Шопов, дел од групата „Распеани штипјани“ кој исполни неколку познати новокомпонирани македонски народни песни.
Хорот при пензионерите - трудови инвалиди
Женската пејачка група од населбата „Баби“
Митко Шопов со оркестарот „Распеани Штипјани“
Настанот се заврши со оро на сите учесници
{tipski Glas, Juli, 2019 br. 93
РЕКЛАМА
13
КОЛУМНА
14
К
Пишува:
М-р Трајче КАЦАРОВ, писател
ај Александар Чомовски алијас Чом, два пати бев на мегдан, т.е. гостував во неговите тематски емсии (тогаш насловена како АКО), а емитувани преку ТВ мрежата на ТЕЛМА телевизија. Во дебатната емисја АКО бев во друштво со академик Катица Ќулавкова. Темата се допираше до она што прави Македонија за сонародниците во соседните држави. Меѓудругото му реков на Чом, а со тоа ја потсетив македонската јавност дека во 2003 година Народниот театар од Штип (за време на моето вд директорување) гостуваше во градот Воден во соседна Грција. Ансаблот на Народниот театар (тогаш се уште беше народен) гостуваше со претставата ТРОНБОНОТ.Автор на пиесата по која е работена претставата е Марио Пондикас, а режијата ја потпиша грчкиот режисер од македонска провиниенција Петрос Панамас. Претствата ја игравме пред театарската публика во Воден на македонски јазик. На почетокот Петрос Панамас ја извести публиката дека во претставата ќе се зборува на македонски јазик, а потоа на јазикот на месното население (на грчки јазик) ги запозна со содржината. На гостувањето со актерите на Народниот театар беа и тогашниот градоначалник Димитар Ефремов и советникот од СП д-р Панче Пуздерлиски. Делегацијата од Собранието на општина Штип беше примена од градоначалникот на Воден. На средбата градоначалниците разменија пригодни подароци и разговараа за проектите и постигнатите резултати за време нивнот градоначалнички мандат. На второто гостување во дебатната емисија на Чом (повеќе не го носеше називот АКО) во студиото беше поканет и писателот Венко
Парчиња леб премачкани со свинска маст или со паштета
{tipski Glas, Juli, 2019 br. 93
Андоновски. Дебатиравме на темата - Кои и од што ја бранат Македонија. Не беше тешко да се дебатира на зададената тема, односно да се одговара на провокативните прашања на водителот на разговорите. Со потсетувањето на она што идеологот на ВМРО, Гоце Делчев, го рекол, т.е. дека не знае за друг народ кој толку многу страдал од самиот себе, мислам дека одговорите ни беа in medias res, т.е.оние што ја бранат ја бранат од самите себе. Искусниот водител не заборави да ни постави прашање на кои одговорите требаше да посведочат за слободата на медиумите. Заклучокот (се разбира без заклучување) беше дека квантитетот не зборува за квалитетот, односно големиот број на пишани и електронски медиуми не е гаранција за слободата и истинитоста во известувањето. На навраќањето на дебатните емисии на Чом, ме наведе неодамнешното негово гостување во емисијата „Стадион“ на радио мрежата Канал 77. На прашањето на
одговара: „Социјализмот е освета на потчинетата класа.“ Народот пак, на прашањето што значи промена на власта, одговара секогаш преку сентенцата (простете што ќе ја напишам на српски јазик) „Сјаши мурто да узјаше Курто!“ Се сеќавам како деца, ужинките секогаш ги јадевме на улицата. За повеќето од мојата генерација, детството и’ беше сиромашно. Реков за повеќето значи не за сите. Како востановена пракса беше јадењето на ужинката на улицата. На повеќето од нас на горната страна на парчето леб за ужинка ќе ни намачкаа свинска маст. Преку неа ќе посипеа солца и црвен пипер. На некои пак парчето леб и беше премачкано со паштета, путер или некаква друга кулинарска пикантерија. Таквата разлика за некои од оние што јадеа леб и маст беше болна, го јадеа своето и го посакуваа туѓото, односно, бараа начин како да се дограбат до него. На силните им беше лесно, насила доаѓаа до по-
водителот Столе Наумов како Чом би ја протолкувал актуелната ситуација РЕКЕТ. Чомовски, искусниот журналист рече: Рекетот не е ништо друго освен прераспределаба на стекнатото богоставо( се мисли на нерегуларен начин) од поединци жители на Р. Македонија. Таквото објаснување на Чом ме потсети на Кнут Хамсун и неговото блескаво дело „Мистерии“. Во романот се поставува прашање: што претставува социјализмот? Кнут Хамсун преку својот лик во романот
сакуваното, оние пак што не располагаа со таква моќ се користеа со најразлични методи, една од нив беше да плукнат на парчето леб премачкано со паштета.
Се сеќавам како деца, ужинките секогаш ги јадевме на улицата. За повеќето од мојата генерација, детството и’ беше сиромашно. Реков за повеќето значи не за сите. Како востановена пракса беше јадењето на ужинката на улицата...
Нашиот народ уште од мали нозе се учи да не се грози од сопствената плунка, односно да го излиже она што го исплукал.
Брилијант ги содржи сите корисни карактеристики што ги нуди сончогледовото масло
{tipski Glas, Juli, 2019 br. 93
СТОПАНСТВО
Н
ајчесто користената состојка во кујната е сончогледовото масло, дали за готвење или за свежи салати. Се користи во мали количини, а според некои истражувања возрасен човек просечно користи/консумира по литар сончогледово масло месечно. Лажичка или две, во секој оброк, толку малку, а толку корисно и потребно што за поттикнување на вкусот, што од нутритивен аспект. Моќен антиоксиданс, извор на витамин Е, кои карактеристики ги има и какви предности носи со неговото консумирање, повеќе од разговорот со Жаклина Георгиева, шеф на лабораторија во фабрика 3 на П.И. Витаминка ад Прилеп. „Сончогледовото масло е меѓу најдобрите извори на природен витамин Е и линолна есенцијална масна киселина што го прави едно од најквалитетните масла за јадење. За витаминот Е, треба уште да се знае дека е еден од најмоќните антиоксиданси што го
забавува стареењето и гo спречува создавањето на слободните радикали“, објаснува Жаклина Георгиева, шеф на лабораторијата во фабрика три на Витаминка во чие
Пат за поврзување на три с е ла – 5,6 милиони денари
15
семејство е и штипската фабрика за масло Брилијант. Георгиева додава дека сончогледовото масло треба да биде застапено во секојдневната исхрана заради неговата богата нутритивност, висока стабилност и квалитет. И дека на мастите и маслата мораме да им дадеме посебно значење во секојдневната исхрана бидејќи се главен и резервен извор на енергија потребна за извршување на секојдневните активностите. Мастите и маслата обезбедуваат нормална функција на нашиот организам, бидејќи учествуваат во градбата и одржувањето на клеточните структури, служат како извор на топлина и го штитат телото од ниски температури, овозможуваат апсорпција на важните витамини (А, К, Д и Е) растворливи во масло и се извор на полинезаситени есенцијални масни киселини, кои нашиот организам не може да ги произведе туку мора да ги внесе преку храната.
Г
радоначалникот на Штип Благој Бочварски во име на Општината, потпиша договор со Министерство за локана самоуправа и Бирото за рамномерен регионален развој за изградба на уште една делница од локалниот пат Шашаварлија – Кошево – Почивало. Се работи за делница од 3.500 метри квадратни во вредност од 5,6 милиони денари која дел ќе бие финансиран од Владата, а дел од Општина Штип.
„Можам да кажам дека на овој повик успеавме да добиеме средства за да реализираме уште 3500 метри квадратни нова асфалтна површина со вредност од 5,6 милиони денари од коишто еден дел ќе биде кофинансиран од страна на Општина Штип, а дел ќе биде поддршка од страна на централната власт.
овие две делници, едната од Бирото за рамномерен и регионален развој, другата од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство се 29.000.000 милиони денари или близу 500.000 евра,“ изјави Бочварски.
Шашаварлија има 108 жители и е на надморска височина од 601 метро, Кошево има 5 жители и Претходно добивме средства за 14.000 метри надморска височина од 420 метри, а Почивало има 79 квадратни исто така асфалтна површина на овој многу жители. Бројот на жители кај сите е според пописот од важен локален пат. Вкупната вредност на средства за 2002 година.
16
Хорови од Ќустендил и од Штип за сладокусците на хорското пеење КУЛТУРА
В
{tipski Glas, Juli, 2019 br. 93
о рамките на штипското културно лето, на летната сцена во Домот на млади, во свежа и пријатна летна ноќ, настапија хоровите „Братство“ од Кустендил и Градскиот хор Штип. Со поголем број хорски изведби тие ги разнежија срцата на штипјани кои го сакаатр хорското пеење. А дека Штип го сака тоа докажа и публиката која ја исполни летната сцена.
„Минаа години без да те заборавам јас“ (Минаха години), а голем дел од публиката речиси без грешка пееше со триесеттината хористки на хорот „Братство“. Така беше и со „Чукни во дрво“ во изведба на Градскиот хор од нашиот Штип. Доказ дека песната ги зближува народите. На крајот од 75 минутниот концерт, организа-
Публиката на дел од песните им се придружи на хористите. Посебно интересен беше моментот кога хорот од Ќустендил ја запеа познатата и славна
торот, Градски хор Штип, на гостите од Бугарија им подари специјална плаќета.
„Љубовните јадови“ на Жетица Дејановиќ
В
о рамките на ШКЛ пред штипјани Жетица Дејановиќ од театарот „Бора Станковиќ“ од Врање, Србија, се претстави со монодрамата „Моите љубовни јадови“. Жетица која е член на спомнатиот театар, ги освои штипјани, а посебно штипјанки кои беа осумдесет проценти од публиката во Домот на млади каде, под отворено небо, се одигра монодрамата. Актерката од Врање ги собра симпатиите на штипската публика со монодрамата која на духовит начин го прикажува животот на една жена која е во потрага по маж, а е веќе во поодминати години. Таа дава се од себе да го најде мажот од своите соништа но тој постојано се извлекува. Таа себе си се нарекува „прабабадевојка“, од по свадбите на пријателките, собира рекорден број бидермаери и пее од тага...
Убава и гледлива претстава со впечатлива игра на Жетица Дејановиќ кој ги насмеа штипјани, им ја разубави и така убавата вечер.
Инаку монодрамата е работена по мотивите на книгата „Белешки на еден неженет“ на авторот Александар Стојадиновиќ. Оваа монодрама на сцената на театарот во Врање е поставено по повод 20 годишната актерска работа на Дејановиќ.
Со импресивен настап на етно составот „ВЕЗ“ затворено Штипското културно лето КУЛТУРА
{tipski Glas, Juli, 2019 br. 93
П
о едномесечни настани од областа на културата, со разновидни содржини, заврши годинашново 34 по ред Штипско културно лето. Видовме 17 настани, од монодрами преку промоции на книги, до музички настапи. Годинашново ШКЛ со пригоден говор го затвори градоначалникот Благој Бочварски, а честа да го имаат последниот настап ја имаше етно составо „ВЕЗ“. -Штип уште еднаш ја покажа сета своја динамичност и разноликост во сферата на културата. Општина Штип цврсто застана зад оваа манифестација подржувајќи ја финансиски и со сета логистика. Така ќе биде и во иднина зашто полните сали и отворени
простори ни покажаа и докажаа дека сме град со високо изградени естетски критериуми кон културата, дека нашите сограѓани сакаат квалитетна култура, а тоа годинава преку ШКЛ им беше овозможено, рече Бочварски. Етносоставот „ВЕЗ“ имаше импресивен настап. Групата која исполнува традиционални македонски народни песни, а дел од нив со мала преработка, десеттина пати доби аплаузи на отворена сцена во ОМЦ „Киро Глигоров“ чија голема сала беше претесна за
И џезот К во Штип си има своја публика
%
17
сите граѓани кои сакаа да ги слушнат инспиративните членови на групата и волшебниот глас на Моника Стојчева. Поголем дел од песните ги пееше и дел од публиката, што беше знак за огромното задоволство од изведбата која ја разубави и онака убавата штипска летна јулска ноќ.
БОЧВАРСКИ ...и овогодишното Штипско културно лето докажа дека Штип има динамична и квалитетна култура, општината го поддржа ШКЛ финансиски и логистички, а тоа така ќе биде и во иднина зашто нашите граѓани тоа го заслужуваат...
-Ова е за сите вас, за прекрасната публика, за моето семејство, за овој одличен состав. Ова е вечер за убавата македонска народна музика, а јас се надевам дека ќе останете задоволни, рече профсор Илија Ќосевски, создателот на „ВЕЗ“. Групата ја сочинуваат: Илија Ќосевски, кавал, Никола Ѓоргиев, тамбура, Моника Стојчева, вокал, Христијан Стаменковски, тапани и Марио Иванов, пијано и гајда.
авраков џез квартет со настапот во Домот на млади, а во рамките на ШКЛ, докажа дека и Штип си има квалитетна публика која го сака и го разбира џезот. Овој квартет пред респектибилна публика каде доминираа младите, изведе дела од познати светски џез легенди како Кени Гарет, Стив Колман, Пат Метини, Мајкл Брекер, Вејн Шортер и други. -Исклучително сме благодарни што Комисијата за култура и тимот кој работеше на ШКЛ ни овозможија да настапиме пред нашата публика. Ова е наш прв настап во рамките на ШКЛ, се надевам дека секоја година ќе бидеме дел од оваа респектибилна културна летна манифестација, изјави м-р Горан Кавраков, идејниот творец на џез квартетот. Во овој музички состав се Панко Гелев, електрична гитара, Филип Крстевски, тапани, Боро Шопов, бас гитара и Горан Кавраков алт саксофон.
На Исарот тони отпад, како да се справиме со некултурата?
18
М
ногу штипјани ќе речат дека градот не ни е доволно чист, а никој притоа не се прашува кој е нашиот граѓански и цивилизациски однос по однос на ова прашање. Овие денови нашиот сограѓанин Александар Колев, на фејзбук објави повеќе фотографии од средновековната тврдина Исар, посебно во делот во кој е лоциран споменикот на револуцијата. На фото-
графиите може да се види губре расфрлано на сите страни, пластика, хартија, текстил, железо, а велат дека таму честопати можат да се најдат и шприцеви оставени од луѓе кои се дрогираат. Лесно е да се критикува јавното претпријатие, тоа како одговорни граѓани и треба да го правиме, но што станува со нашиот однос кон градот? Колку ние самите се грижиме за јавната хигиена во Штип? Што правиме и што имаме направено по тоа прашање? Дали сме свесни за фактото дека што еден може да растури сто други не можат да исправат? Што да кажеме ако на такси постојката спроти хотелот Оаза сред бел ден ќе видите на тротоарот фрлени три пластични мали кутии од кафе купено од некој близок
ГРАДОТ
{tipski Glas, Juli, 2019 br. 93
автомат? Што да кажеме ако пред вас вози скап џип, а од неговиот прозорец газдата негов на прометна улица фрла празна лименка од кока кола? Конечно, што да мислиме кога некои ученици од средните училишта ќе купат бурек, а попатно, од бурекџилницата до училиштето, ја фрлат хартијата на улица? Бројни се таквите примери на неодговорност, некултура, непочитување на градот, на однесување
шата неодговорност. Има еден предлог на повеќе места во градот да се постават камери кои ќе ни ги обелоденат луѓето кои го валкаат не само градот, туку и неговото реноме и углед како регионален културен, образовен, економски, спортски и секаков друг центар. Можеби во тоа е спасот, зашто само така можеме да ја вратиме одговорноста преку казнената политика на која сосема аборавивме, а која, по се судејќи е решение за овој голем проблем. кое нема врска со цивилизацијата. Затоа фото сесијата на сограѓанинот Александар Колев е драгоцен прилог кон утврдување на најважната причина зошто градот и нашите култни места како што е Исарот се гушат во сметот на на-
Штипското момче со мандолина
{tipski Glas, Juli, 2019 br. 93
ЛИЧНОСТИ
19
Донче Караколев, основач и раководител на „Распеани штипјани“, 43 години учествува во музичкиот живот на Штип. Ова е негова приказна за градот низ музиката, за серенадите, за народната, пред се и над се за штипската серенадна песна, за тоа кој ги помага...
С
о музиката е од 1976 година. Свири на неколку инструменти, во последно време најмногу на мандолина. Пее, диригира, организира, договара настапи. Тој е на чело на „Распеани штипјани“, пејачка група која е регистирана како Здружение на граѓани. Нејзина алфа и омега. Кон крајот на месецов групата имаше концерт во ОУК „Киро Глигоров“ пред преполна сала.
-Постоиме осум месеци, а веќе имаме гостувано низ целата држава и во соседна Бугарија. „Распеани штипјани“ како група постоела низ целата музичка историја на градот, јас ја обновив и со група која ја сака серенадната, а посебно штипска градска песна започнавме со проби, а потоа и со настапи. Добро ни оди, гледаме задоволна публика и тоа засега ни е доволно, вели Караколев.
да ја негуваме. И затоа ми беше мило кога во публиката, на нашиот концерт видов доста млади луѓе. Тоа е многу надежно, појаснува Караколев. Со радост говори за времињата кога во градот имало многу пејачки групи кои оделе по серенади, пееле по прозорците на штипските убавици. Ги забавувале гостите на имендени...Со еден збор времиња кога животот бил песна, а песната живот.
-Во моментов велам дека ние сме последните мохиканци кои сакаат и прават се серенадната песна да не згасне. Посебно штипската, онаа која овде се одржала со векови. И затоа ние на концертот ги испеавме и Ефче Канино, Марето Нацево, Очи имап Стојне, Моми одат, моми одат по штипски сологокаци...Па не се штипски легендарни песни само Рајна Бурева, Ленка Пингова, Дончо штипјанчето кои се убави и важни, но ние имаме плејада други песни кои не смееме да ги заборавиме, потенцира Караколев.
Тој им е многу благодарен на Борис Балабанов, Александар Донски и Димитар Митевски за тоа што им откриваат многу вакви песни од пребогатата песнопојна историја на Штип. Благодарен е и на Венци Филипов, сопственик на Астибо Фешн Груп за тоа што пејачите во групата ги опремил со убави кошули, како и на фирмата ЕАМ која им сошила блузи со нивното лого. Посебно се благодарни на Здружението на пензионери во чии простории бесплатно имаат проби, а тие возвраќаат со настапи кога здружението тоа од нив ќе го побара. Од далечната 1976 година Караколев соработувал, свирел и пеел со стотина членови. Тој е м-р по земјоделски науки, свири контрабас, гитара, мандолина, а има и убав глас, завршил ниже и средно музичко училиште.
-Штип е неверојатен град во однос на музиката. Има многу музичари, пејачи, град во кој староградската, серенадна песна се пее над сто години. Кога забележав дека неа ја снемува од нашата музичка сцена, се решив да ја вратам преку „Распеани штипјани“. Си реков дека не смееме на младите да им ги оставиме само Цеца, Лукас, Брена, Чолиќ и други, дека ние си имаме своја музичка легитимација, дека неа мораме
Членовите сами си плаќаат членарина, си купуваат облека, си го плаќаат патувањето надвор од Штип. -Гостувавме на меѓународниот фестивал на етнички, староградски песни во Злетово, во Свети Николе ги претставувавме пензионерите, бевме на меѓународен фестивал во Белица, Бугарија, па на Илинденски денови во Битола, во август ќе пееме во Радовиш, а во месец септември одиме на фестивал во Ќустендил и во Охрид на охридски староградски средби. На ваков начин го презентираме Штип ни една убава музичка разгледница која говори за некои стари времиња кога староградската песна царувала во градот, вели Дончо Нацев, кога по концертот во ОУК „Киро Глигоров“ го нарекоа „Момчето со мандолина“.
Пионерите на ОК „УГД Студент“ државни прваци
20
П
СПОРТ
{tipski Glas, Juli, 2019 br. 93
ионерската екипа на Одбојкарскиот клуб „УГД Студент“ ја одбрани честа на Штип во екипните спортови, освојувајќи ја титулата во државното пионерско првенство. Финалниот турнир се играше во Штип, во спортската сала „Јордан Мијалков“, а во финалето „УГД Студент“ беше подобар од „Весна“ од Пробиштип, победувајќи со 3:1 во сетови (21:25, 25:22, 25:21 и 26:24). Со тоа, пионерите – одбојкари станаа единствениот клуб кој досега во оваа година се закити со титула во екипна конкуренција. Дека одбојката во Штип е на добар пат да се врати во врвот, покрај титулата на пионерите е и третото место во државното првенство на младинците на „УГД студент“.
Кулминација на одбојкарските успеси на државно ниво треба да биде учеството на сениорската репрезентација на Македонија на Ев-
Пионерите – одбојкари станаа единствениот клуб од Штип кој до овој момент од тековната година се имаат закитено со титула во екипна конкуренција
Свој придонес во остварувањето на вакви резултати имаат и спортските работници кои работат со младите одбојкари, кои квалитетите ги потврдија и на повисоко ниво. Ванчо Санев како селектор и Благој Тасев како тренер на репрезентацијата на Македонија до 18 години, го освоија бронзениот медал на Балканското првенство во одбојка до 18 години, кое се одржа во Урошевац, Косово. Третото место Македонија го освои во конкуренција на шест балкански репрезентации, а во решавачкиот натпревар во петтото коло, кој одлучуваше за третото место, нашите одбојкари ја победија селекцијата на Албанија со 3:1. Бронзата од Урошевац е прв медал за некоја одбојкарска репрезентација на Македонија освоен на Балканско првенство.
ропското првенство во септември годинава, а за
штипската одбојка секако голем поттик е што штипјани се дел од националните селекции.
{tipski Glas, Juli, 2019 br. 93
СПОРТ
Кирил Гогов – Општина Штип 51:49 проценти акции во ФК Брегалница
О
д овој месец доминантен сопственик на пакетот акции во ФК Брегалница е бизнисменот Кирил Гогов кој од ФФМ е прогласен за најдобар фудбалски работник во нашата држава за 2018 година. Гогов на берза купи 51 процент од акциите на клубот додека преостанатите 49 проценти остануваат во сопственост на Општина Штип. -Продажбата на доминантниот пакет акции е само продолжение на одлуката на Советот на општина Штип, за која гласаа сите советници, за еден ваков чин. Се работи за многу значајна одлука за Штип и штипјани зашто Брегалница е од исклучително значење за градот и за граѓаните, а клубот беше на крстопат дали да продолжи како и досега или да се приватизира. Во време на мојот мандат за Брегалница од буџетот издвојувавме по 180.000 до 200.000 евра. Во овој период одлучивме раководењето на клубот да го дадеме на поранешни истакнати фудбалери како Шумански, Штериев, Милосавов, Мандак, Ризов кои во историјата на Брегалница имаа значајна улога“, рече градоначалникот Бочварски. Тој смета дека се додека клубот е во ингеренции на општината јавноста ќе има перцепција дека во него е вмешана политиката, а тоа, според Бочварски, требало да се избегне. -Многу често во минатото клубот трошел и до 300.000 евра од буџетот на општина Штип. Ние сме свесни дека Брегалница е клуб со 98 годишна традиција, дека клубот е поголем од сите нас, од секоја политика, од партиите, од тренерите, од играчите кои поминале низ него. Тоа е клуб кој постои за граѓаните,за градот, за државата. Секаде каде што како градоначалник одев, во соседните
21
држави посебно, ме прашуваа за Брегалница. Тоа говори дека клубот си имал и има свое реноме и надвор од нашата држава, а то само ни кажува за потребата од наша свесност за каков клуб се работи. Токму затоа сите во општината бевме свесни дека на клубот му се потребни нова енергија, повеќе средства, посилен кадровски и стручен потенцијал. Како градоначалник и како штипјанец јас не сакам Брегалница да биде штипска гордост само поради нејзиното минато, настапите во Втората ЈУ фудбалска лига, поединечните блесоци во Првата национална лига, туку сакам да биде гордост и денес и во иднита, потенцира Бочварски. На јавниот повик за продажба на доминантниот пакет акции се јавил само бизнисменот Кирил Гогов. За Бочварски тоа е одлична вест зашто Гогов, со ФК Кит Го од Пехчево направи силен прорес во фудбалскиот спорт во државата па е сосема сигурно дека ФК Брегалница е во сигурни раце кај личност која покажа и докажа дека има љубов кон овој спорт и знае како да направи успех. -Трансакцијата е завршена, Кирил Гогов со 51 и Општина Штип со 49 проценти ќе се грижат за ФК Брегалница. Убедени сме дека со Гогов како доминантен сопственик Брегалница ќе се врати во Првата фудбалска лига. Општината има обврска да ги одржува стадионите и игралиштата во градот, рече Бочварски. Согласно договорот ако во некое време и од некоја своја причина Кирил Гогов посака да излезе од Брегалница должен е акциите прво да ги понуди на Општина Штип.
РАЗОНОДА
22
Владата распиша оглас за вработување на хигиеничарка. Услов: да е доктор на науки со одбранет докторат на тема: „Улогата на метлата во поновата македонска историја“!
TR-MR ov -Mi Re k e ~e R Ti
{tipski Glas, Juli, 2019 br. 93
Виница шест дена го празнуваше Петровден, а седмиот го одмораше! Да не нешто во Виница живеат црногорци?
Нашиот министерот рече дека со новиот Закон сакале подобро образование. Нема потреба. Сите се запишуваат, никој не остава, сите завршуваат одлични! Подобро образование од ова – здравје. Нашие главни партии за се да ти имале Црвени линии. Мислам дека се работи за далтонизам. Кај нас сите линии се само црни.
Адам бил единствен жител на земјата и живеел во рајот. Од некаде се појавил Господ и му рекол на Адам: „Да ти дадам жена“. Му ја дал Ева. Од тогаш кај народот постои изреката: „Да не даде Господ“.
Razmisluva: Iv. BOJ
Пред венчавка во црква момчето скришно му дава на попот 100 евра и му вели: – Попе, сакам да го испуштиш делот: ‘Се колниш ли дека ќе и бидеш верен до гроб?!’ Почнува церемонијата и попот: – Се колниш ли дека ќе и бидеш верен до гроб? Момчето низ заби рекло “Да”, но после луто го прашува попот: – А бе, нели пари ти дадов? – Е, да, ама таа ми даде nовеќе.
ИМПРЕСУМ
Еден Македонец отишол на лекар со болки во градите. Му направил докторот рентген и рекол: – Имате лебарка во белите дробови. Треба да одите во Германија на операција. Отишол во Германија, го прегледале таму и му рекле: – Вие сте 15-ти пациент што ни доаѓа од Македонија. Белите ви дробови се совршено здрави. Кажете им на докторите таму дека имаат лебарка во рентгенот!
Издавач: Медиум Боја 43 – Штип Седиште на фирмата и адреса на редакцијата: Ул. „Тошо Арсов“ бр. 23 – 2000 Штип Одговорно лице: Иван Бојаџиски
Излегува еднаш месечно Првиот број излезе во месец април, 2009 година Главен и одговорен уредник: Иван Бојаџиски Графички уредник: Јорданчо Бојаџиски,
ВИЦОТЕКА
Овој број е отпечатен на 31.07.2019 година
Трпана го прашува Трпе: – Зошто секогаш ја носиш мојата слика во паричникот. – Кога се соочувам со некој проблем, без разлика колку голем ми изгледа, ја погледнувам твојата слика и проблемот исчезнува. Трпана задоволно: – Ти давам сила и надеж? Трпе одговара: – Да! Ти ја гледам сликата и се прашувам: „Кој проблем може да е поголем од овој?! Тираж: 1.000 примероци
Ж-ка: 290000002136767 Едб:4029019522191 Т.Т.К. банка А.Д. Скопје Годишна претплата: 180 денари.
Печати печатница Генекс-Кочани Ул. „Тодосија Паунов“ б.б.
За Штипски глас се плаќа повластена даночна стапка од 5% ISSN 2545-4498
{tipski Glas, Juli, 2019 br. 93
С У Д О К У
Броевите од 1 до 9 впишете ги во блоковите со големина 3 x 3 полиња (врамени со здебелени линии), така да секој број може да се најде само еднаш во водоравната или хоризонталната насока
СКРИВАЛКА треба да пронајдете два скриени предмети
РАЗОНОДА
23
24
РЕКЛАМА
{tipski Glas, Juli, 2019 br. 93