Здравство
Физикална медицина и рехабилитација со нови апарати и физиотерапевти
♦ Разговор со МИРАНДА СПИВАК – поранешен новинар и уредник во Вашингтон Пост,
Проф.д-р Соња ЛЕПИТКОВА,
Работата на студијата за Гео паркот е уште еден доказ за силните стручни и научни капацитети на универзитетот „Гоце Делчев“
Предизвикот за весниците е присутен насекаде
Штип преку Брегалница во јуни се поврзува преку нов, челичен мост Трајче МИТЕВ
Пронашол води на над 700 локации, среќата на луѓето му е доминантна
2
Првото прашање на Миранда Спивак Од мој агол
N
Ш
тип го посетувале и го посетуваат многу значајни личности од европски и светски формат. Така било низ минатите години, така е и сега. Градот ја имаше честа во април месец да биде домаќин на новинарка која својата кариера ја изградила во еден од најпознатите весници на нашата планета. Тоа е Миранда Спивак, долгогодишна новинарка и уредничка во Вашингтон Пост, а сега едукатор на млади новинари кои сакаат да се бават со истражувачко новинарство. Треба да се има на ум дека Вашингтон Пост не е било кој весник. Има традиција од близу 142 години (првиот број излегол 1877 година), тираж од 700.000 примероци, посебно неделно издание на сто страници. Но, тоа и не е најважното кое овој весник го издвојува од другите. Имено, Вашингтон Пост стана планетарно познат по аферата Вотергејт која на почетокот од седумдесеттите години од минатито век ја открија двајца негови новинари. Тоа е афера која ја стресе Америка и стави крај на кариерата на тогашниот претседател Ричард Никсон и неговата администрација. Овој настан се смета за еден од најсветлите моменти во светскиот журнализам, а новинарите кои ја открија аферата ја добија највисоката Пулицерова награда за вонсериско новинарско остварување. Е, сега зошто сега, тука и во овој миг го пишувам ова? Затоа што кога Спивак дошла во Штип нејзиното прво прашање поставено на двајца мои колеги кои ја дочекале било – има ли градот весник! Не прашала Спивај за тоа дали градот има кафуле, кафеана, пастрмајлија, музеј, детска градинка, градоначалник, прволигаш во било што туку дали Штип има – весник. Од колегите добила потврден одговор дека има месечник по што Спивак посакала да се запознае со издавачот и уредник на месечникот
кого сега го држите в раце и го читате овој текст. Со Спивак имав краток разговор. Ме праша кој финансиски го поддржува весникот, која му е политичката ориентација (Вашингтон пост е весник кој јавно ја декларира својата наклонетост кон демократите) има ли млади новинари кои сакаат да пишуват за весникот и на тоа слично. И, на крајот од разговор побара еден примерок од Штипски Глас за да си го има во својата архива како еден вид сувенир од нејзините патувања низ светот каде, меѓу друото, а можеби и меѓу првото собира весници. Се разбира дека го доби примерокот а јас останав горд што меѓу стотици, можеби илјадници весници од светот во нејзи-
ната библиотеке ќе биде и нешто од Штип, нешто што се вика Штипски Глас. И уште еднаш, зошто ми беше важно да ве запознаам за оваа работа? Затоа што вашиот и мој месечник имаше застој од два месеци. Два планирани броја не излегоа на време. Причината беше финансиска, а јас тие два месеци чувствував некоја горчина во себе зашто граѓаните остана посиромашни за четириесеттина интервјуа, коментари,
Иван Бојаџиски
{tipski Glas, April-Maj, 2019 br. 91
колумни, осврти, анализи... Со ова, всушност, сакам да ви дадам отчет за тоа зашто весникот го немаше во тие два месеци. Поради парите, секако. А тежината кај мене беше уште поголема затоа што луѓето се научиле дека Штипски Глас излегува пред крајот на секој месец и дека тогаш треба да го имаат кај себе. А, тоа не се случи. Јавувањата на претплатниците (90 проценти од весникот е во претплата) беше еден вид позитивна сатисфакција за мене дека работата која ја работам не е за џабе. Дека и во овие времиња на интернет кога вестите патуваат од едниот до другиот крај на светот со светлосна брзина има луѓе кои си сакаат весник. Минатата година имав средба и правев интервју со Коџи Мичи, уредник за Европа во јапонскиот дневен весник Маиниче кој излегува во тираж од три милиони примероци. Мичи тогаш рече дека весниците сеуште не умреле, а кога ќе умрат не се знае. Најверојатно кога ќе умре последниот читател. А кога ќе биде тоа, и тоа не се знае. Пораката е дека и покрај неверојатниот развој на технологијата мирисот на хартијата, пиењето омилено кафе во друштво со весник в раце, желбата за пошироки анализи, репортажи, колумни, интервјуа, ставови, мислења што го можат само весниците, ќе остане уште многу време. Затоа на Штипски Глас му е неопходно оние кои со огласување во него го остават во живот да продолжат да го прават тоа, а на нив да им се придружат и други кои ги сакаат весниците. И, да, да се јават млади новинари кои би сакале да стекнуваат пракса работејќи за весник зашто досега никој од нив не дошол ниту да праша а во градот имаме студии по новинарство на Правниот факултет при УГД..
Штип најтранспарентна општина во Македонија
{tipski Glas, April-Maj, 2019 br. 91
С
поред извештајот од проектот „Следење на принципите на јавна администрација во зачувување на вредностите на добро управување“, финансиран од Европската унија, Општина Штип е најтранспарентна Општина во државата.Ова се должи на фактот што Општина Штип е секогаш отворена за соработка со сите кои покажале интерес за тоа, отворена за граѓаните и сите информации и активности ги споделува со јавноста. Граѓаните се консултирани и навреме известени за сите проекти и активности што ги презема локалната самоуправа. Покрај останатите барометри кои покажуваат дека Општина Штип е лидер во многу активности и ова истражувањето покажу-
ГРАДОНАЧАЛНИК
ва дека Општина Штип е најдобро рангирана во однос на објавувањето и информирањето на граѓаните во врска со финансиите и буџетското работење. Ова е доказ дека Општина Штип заедно со граѓаните создава буџет и се слуша гласот на секој жител на општината. Со истражувањата се опфатени 81 општина во државата и Општина Штип има индикатор на индекс на транспарентност 61,54 % и е прво рангирана на листата на општини по барометарот на транспарентност.
3
-Ова е показател дека новата локална власт се разликува од работењето на претходната власт, која беше пример за нетранспарентност. Ова е и мотив повеќе за нас да продолжиме и понатаму заедно со граѓаните, бизнис секторот, невладините организации и сите останати чинители во нашата општина да ги планираме активностите и заеднички да ги планираме и трошиме секој денар на граѓаните, рече Билјана Казанџиска одс локалната самоуправа..
Жителите на Плуждино бараат вода и средени патишта Н аселбата Плуждино која е на левата стран од патот кој од Штип води кон Радовиш, веднаш после излезот од Ново село, имаа средба со градоначалник Благој Бочварски. Оваа населба, според слободна проценка на жителите, има помеѓу 250 и 300 викенд куќи, а сопствениците во половина од нив таму си го живеат животот. Средбата беше на иницијатива на градоначалникот кој информираше дека дошол за на лице место, преку разговор изворно да сушне за проблемите со кои се соочуват жителите. -Знам дека најголем проблем ви е водоснабдувањето и патната инфраструктура, но тоа сакам да го слушнам и од вас лично. Да ги определиме приоритетите, да видиме што може во еден краток временски рок да се направи, а што е она за кое е потребно повеќе време, рече Бочварски. Присутните се пожалија на лошите патишта од кои дел, при поголеми поројни дождови се тешко проодни и , посебно, на недостигот од вода. Според нив викенд населбата Плуждино е голема населба, многу луѓе со години и децении живеат овде, а покрај лошите патишта има и недостиг од вода. Секој сам си буши бунари, досега за нив луѓето потрошиле над половина милион евра, а како што напомнаа со толку пари и блиската река Брегалница можела да се „донесе“ на овој терен. Тие од градоначалникот побараа провблемите со патиштата и водата да се решат на најбрз можен начин. Бочварски информира дека општината работи на донесување детален урбанистички план како услов за сé друго. Порача дека се чекаат пари од Владата за реализација на проектот „Линија 2“ што ќе значи изградба на големи резервоари од по 1.500 кубни метри вода на Пребег и на Ме-
рите со што квалитетна вода ќе добијат комплексот околу бањата Кежовица, населбата Плуждино, Три Чешми и дел од новата индустриска зона. „Се работи за проект кој тежи 1,5 милион евра, проект кој со години а веројатно и со децении е во агендата на многу локални власти, а ние сега имаме ветување од премиерот Заев дека на Штип ќе му биде помогнато за овој проект како и за браната на Отиња која очекуваме да почнеме да ја градиме уште оваа есен“, ги информира Бочварски присутните. Во однос на патиштата тој како привремено решение вети дека општината ургентно ќе пристапи кон нивно уредување со асфалтот кој се гребе од старите патишта за на нив да се стави нов слој, а дел ќе бидат макадамски уредени. Присутните го искажаа своето задоволство што конечно еден градоначалник ги посетил и се интересирал за потребите кои им се приоритетни. Тие останаа со убедување дека градоначалникот и локалната власт ќе си го одржи зборот и дека со активностите во Плуждино ќе се отпочне веднаш по избори за претседател на државата кои во меѓувреме завршија со изборот на Пендаровски.
4
ИНТЕРВЈУ
{tipski Glas, April-Maj, 2019 br. 91
Работата на студијата за Гео паркот е уште еден доказ за силните стручни и научни капацитети на универзитетот „Гоце Делчев“
Проф.д-р Соња ЛЕПИТКОВА, раководител на проектот Гео парк Кратово-Злетово (Лесново)
У
ниверизтетот „Гоце Делчев“ доби уште една голема доверба која ги отсликува неговите научни капацитети. Група професори од разни области ќе ja работат студијата (досието) за Гео паркот Кратово-Злетово (Лесново) што ниту е мала, а уште помалку едноставна работа. Оваа работа УГД ја доби преку јавен тендер распишан од Источниот плански регион, а евентуалното одобрување на истиот од страна на УНЕСКО ќе биде нов, голем импулс за развојот на регионот. Се работи за најголемиот проект во ова наше подрачје. Раководител на проектот е д-р Соња Лепиткова, професор по геохемија, петрологија и минерологија на Факултетот за природни и технички науки.
посветено работиме ќе зависат многу нешта. Проценките се дека овој Гео парк може значително да го препороди подрачјето во двете недоволно развиени општини Кратово и Пробиштип, а преку нив и во целиот Источен и дел од Североисточниот регион, да стане магнет за домашните но над се за туристи од разни делови на Европа и светот. Од кои причини токму нашиот Универзитет го доби тендерот? -Единствено УГД имаше понудено експертски тим кој ги исполни строгите критериуми дадени во тендерот, понудивме и најдобра методологија по која ќе се работат овие специфични документи. Важно е да се напомене дека ова е за првпат некој тим да работи ваква доку-
Г-ѓа Лепикова, зошто Гео парк? -Затоа што тоа денес е светски тренд. Затоа што Словенија, Хрватска, Романија, Грција имаат по два односно три Гео пракови кои се под заштита на УНЕСКО и кои во значителна мерка помогнаа во развојот на туризмот кај нив. Убедена сум дека нашата држава е на праг да го добие првиот Гео парк, а нашата работа е од пресудно значење зашто од студијата и досието на кои
ментација, што е уште еден во низата докази за научните квалитетни кои ги поседува Универзитетот „Гоце Делчев“. Нашиот универзитет ги поседува сите стручни и научни капацитети потребни за ваков проект, но и лаборатории кои може да бидат ставени во функција да се изработи квалитетен финален документ. Од посебно значење е и тоа што сите наши лаборатории се акредитирани што дополнително е
важно при крајната евалуација која ќе биде извршена од независни надворешни експерти покрај стручноста на експертскиот тим. Сакам посебно да потенцирам дека основата на која се формира Универзитетот беше постоењето на Рударскиот факултет кој сега функционира во рамките на факултетот за природни и технички науќи, што значи дека Рударскиот факултет има традиција од над 40 години и е единствена високообразовна институција од таков вид во државата.На студијата работи поголема група експерти по геологија, петрологија, геоморфологија, географија-картографија, а тука се и експерти од биодиверзитетот и туризмот. Изработката на студијата е при крај и таа треба да биде доставена до почетокот на месец јули, а до месец ноември да биде готово и досието. Што добиваме со Гео паркот? - Прво, земјите кои имаат Гео пракови за нивна реализација добиваа по десет, дваесет и триесет милиони евра во вид на грантови од фондовите на Обединети нации и на ЕУ за да можат заштитените подрачја да ги да ги развијат до ниво да станат исклучително интересни за туристите но и за граѓаните кои живеат во тие подрачја. Преку студијата и досието научниот тим на УГД
{tipski Glas, April-Maj, 2019 br. 91
треба да ја докаже спецификата и посебноста на сé она кое се предлага како дел од Гео паркот. Ако се помине како што треба со Гео паркот добиваме одлична можност за развој на туризмот, транспортот, услужните дејности а штипскиот универзитет во сета оваа работа го препознава и своето место зашто Гео парковите бараат високо ниво на знаење. Овде научните совети играат доминантна улога зашто тие ги креираат новите проекти, новите форми на развој кои не препознаваат импровизација, што сé заедно ќе биде услов број еден за нови проекти со вклучување млади, образовани луѓе за да може да се реализираат од европски аспект значајни развојни проекти. Што сé влегува во проектот Гео парк? Што ќе им биде понудено на туристите? -Во рамките на овој парк ќе влезат две подрачја кое нашето законодавство ги има заштитено со закон. Тоа се споменикот на природата Куклица и Плочи литотелми каде УНДП финансира одделени активности, каде се направи инфоцентар и се огради просторот, а
програмите на ОН почнаа со финансиска поддршка на определени проекти преку инфраструктурно уредување, разубавување и подигање на интересот кај странските туристи. Во Гео паркот влегуваат пештерите, манастирите, геоморфолошките форми, археолошките наоѓалишта кои се многубројни, старите форми на рударње, туке ќе влезе Музејот на ретки минерали кој годинава ќе се гради во Пробиштип, геологијата на просторот која е една од најстарите вулканизми на стариот континент, една уникатна и доста сочувана структура, тука се Бабакарините Водопади видливи од
ИНТЕРВЈУ
легендарниот Радин мост во Кратово, скаменетите лави над Горно Кратово кои се стари милиони години но се исклучително сочувани, а изгледаат како денес вулканизмот да застанал таму. Тука е и Раткова скала каде ќе се гради видиковец и од каде се пружа неверојатен поглед на сите четири страни, водотеците по кањонот на Злетовска река, езерото Кнежево, посебен акцент ќе се даде на Камените реки, одредени биодиверзитети карактеристични за подрачјето...Ние знаме дека по течението на Злетовска река, откако се изгради браната Кнежево се вратија некои форми на живот кои беа изумрени со честото пресушување на реката. Всушност, на едно релативно мало подрачје можат да се видат многу уникатни форми на живот сврзани со тој вулканизам. Студијата ќе даде одговор на прашањето зашто брезата во атарот на селото Шлегово ја има на определена надморска висина, зошто на определени места се јавуваат дабови шуми со посебни карактеристики какви што ги нема на друго место. Во студијата ќе има простор и за целата петрологија при што ќе се даде одговор на прашањето зашто тука, над Горно Кратово и Осоговските планини медот е толку уникатен, и зошто е уникатноста на млекото и млечните производи. Кај селото Неокази каде Киселичка
5
река се влева во Злетовска река, во делот на Кратово и Злетово, постојат стари рударски јами кои се од времето на антиката, а сето ова научниот тим на УГД ќе мора да го објаснува и брани пред експертите на Обединети нации. Дали само овој простор во државата е податлив за Гео парк? Не! Всушност, целата наша држава има уникатна геолошка градба со многу специфики. По овој треба да се работи на Гео парк за регионот на Кожув каде е светски познатиот рудник Алшар и во Мариовското подрачје. Каде е Штип и регионот во целата оваа убава приказна? -И Штип како најголем град во регионот, како регионален образовен, културен, стопански и од секаков друг вид центар, ќе има значајни бенефити од Гео паркот. Во приказната која треба да им ја понудиме на туристите, без оглед дали тие се домашни или странски, ќе бидат ставени и посебностите на Штип и регионот иако тие не се дел од студијата но во туристичката понуда ќе си го најдат своето место. Тука се археолошките наоѓалишта, Галерија на икони, поставките во Музејот, археолошкиот локалитет Баргала и многу други реткости од историско значење.
6
Предизвикот за весниците е присутен насекаде ГОСТИ
{tipski Glas, April-Maj, 2019 br. 91
♦ Разговор со МИРАНДА СПИВАК – поранешен новинар и уредник во Вашингтон Пост, а моментално независен истражувачки новинар.
В
о текот на овој месец во Штип престојуваше Миранда Спивак, поранешна новинарка во светски познатиот весник Вашингтон пост, а денес слободен репортер. Таа пред студенте по новинарсто на Универзитетот „Гоце Делчев“ одржа предавање за истражуваќкото новинарство. Тоа беше повод за разгов со угледната новинарка при што таа одговараше на значајни новинарсските теми. Г-ѓа Спивак, Вашата работилница во најголем дел се однесуваше на истражувачкото новинарство. Вие доаѓате од Вашингтон Пост. Овој весник својот зенит го достигна во 70-тите години со откривањето на аферата Вотергејт. Новинарите таму како индивидуалци направија голема промена. Мислите ли дека индивидуалците во оваа смисла можат да направат промена? Мислам дека индивидуалците можат да направат промена независно дали се новинари или не. Ако не се новинари можат да бидат извори на информации за новинарите. Кога ќе видат дека нешто не оди како што треба и треба да се поправи тие можат тоа да го кажат на новинарите. Сите луѓе можат да направат разлика со тоа што на пример ќе поддржуваат независни новинарски куќи, или ќе поддржат независни новинари. Во Македонија видов дека постојат такви новинарски куќи, новинари или редакции. Индивидуалци новинари исто така можат да направат разлика затоа што јавното објавување на неправда многу често води до промена. Тоа се докажало повеќе пати
на Балканот и на многу места во светот. Сме виделе безброј примери каде новинарите се вклучиле, кажале дека нешто не е во ред и тоа помогнало работите да се променат. Каква е состојбата на весниците во САД. Имаше информации дека тиражот им опаѓа, но во последно време слушаме дека се враќа популарноста на печатените медиуми. Предизвикот за весниците е присутен насекаде. Интернетот е
рството. Технолошки дури и во САД новинарството се уште не успеа да го надмине целосно тој предизвик. Ако отидете на веб страницата на Вашингтон Пост и ја споредите со онаа на Њујорк Тајмс ќе видите дека Тајмс има навистина интерактивна страница со неверојатни фотографии и графикони.Додека Пост се уште немаат толку технолошки напреден сајт и затоа е малку потешко да се дојде до читатели. Мислам дека сите весници во САД мора што побргу да го фатат тој воз.
добра работа, но во исто време го повреди печатеното новинарството многу. Американските весници научија да се прилагодат и да ги ставаат своите содржини на интернет. Сите во светот денес имаат паметен телефон и добиваат многу информации од таму. Па треба да се прашаме како да стигнеме до телефоните на луѓето. Мислам дека тоа е се уште е предизвик за новина-
Вашингтон Пост публикува секојдневно, но во недела имаат специјално издание. Зошто специјално издание? Речиси сите весници во САД го имаат тој концепт. Недела е денот кога се смета дека можете да соберете повеќе читатели затоа што луѓето имаат повеќе време. Недела е ден кога луѓето се посветени на одмор. Во недела има мно-
Ако имате добри извори на информации можеби и не ви треба многу пари за истражувачко новинарство. Македонија има многу информации на интернет. Владините институции поставуваат информации на нивните веб страни. На крајот сметам дека луѓето треба да имаат желба да платат за добро новинарство
{tipski Glas, April-Maj, 2019 br. 91
ГОСТИ
гу повеќе приказни во весниците, но не само во весниците туку и на интернет. Има повеќе приказни, приказните се подолги и покриваат повеќе теми. Дури во некои држави во САД дневните весници престанаа да се печатат секој работен ден. На интернет се секој ден, но не и печатеното издание. Можеби тоа е иднината, не знам. Јас сакам да читам печатено издание. Магијата на вртењето страна не ја заменува ништо. Истражувачкото новинарство во Македонија е повеќе како мит. Повеќето млади новинари овде сонуваат да станат ѕвезди преку ноќ. Што би им препорачала на нив? Мислам дека истражувачкото новинарство е многу многу важно овде особено во време кога се трудите да изградите демократски институции. Многу е важно да бидат тука новинарите кои ќе бидат очите и ушите на јавноста, затоа што јавноста оди на работа секој ден и немаат време да го слушаат парламентот, да ги гледаат седниците и слично. Новинарството игра клучна улога во секоја држава, но
вачка приказна без пари? Сите сакаат да бидат платени и во ниедна професија луѓето не работат бесплатно. Сите луѓе кои мислат дека на интернет можат да го добијат тоа бесплатно мислам дека се грешка. Затоа што за било која професија ако сакате да добиете нешто морате да платите. Ако одите во продавница морате да платите, ако одите кај адвокат морате да платите, зошто новинарството да биде бесплатно? Секако дека сметам дека може да се направи истражување без многу пари и многу луѓе го прават тоа. Ако имате добри извори на информации можеби и не ви треба многу пари. Македонија има многу информации на интернет. Владините институции поставуваат информации на нивните веб страни. На крајот сметам дека луѓето треба да имаат желба да платат за добро новинарство. На долг рок може да се оди на модел каде
во Македонија ова е особено значаен момент. Овде новинарите треба да ја играат таа значајна улога да се осигура дека владата е одговорна пред луѓето. За да се направи добра истражувачка приказна се потребни пари. Многупати е тешко да се дојде до средства кои треба да финансираат истражувачки приказни. Сметате ли дека е можно да се направи квалитетна истражу-
ќе има членарина, ние го правиме со јавните медиуми во САД. Не е задолжително, но сите кои сакаат даваат донација и стануваат членови. Мислам дека независното новинарство треба да се префрли на тој модел. Ако си новинар во Вашингтон Пост кои се златните правила кои мора да се почитуваат, правила кои по ниедна цена не смеат да се прекршат?
7
Има многу. Никој не смее да ве чести пијачка на пример, не може да ве честат ручек. Мора да го известиш Вашингтон Пост за сета своја сопственост и акции ако имаш некаде, па нема да можеш да пишуваш за работи кои се на некој начин поврзани со тебе. Се оди дури и подалеку. На пример јас имам деца, тие одат во државно училиште, и јас нема да бидам во можност да пишувам за тоа училиште, затоа што ќе се смета за конфликт на интереси. Можеби ќе можам да пишувам за државните училишта генерално, но јас не сум пишувала. Многу се внимава на конфликтот на интереси на новинарите. Дали можеш да споделуваш свои лични мислења на интернет? Јас не споделувам. Речиси никогаш не споделувам свои лични мислења на интернет. Имам свој Твитер и Фејсбук, но најчесто ги споделувам моите приказни таму или приказни на мои колеги. Која е главната порака која им ја пренесовте на студентите по новинарство? Новинарството е многу важна работа во Македонија. Знам дека луѓето се загрижени дека не е многу платена професија во моментот и веројатно можете да заработите нешто повеќе ако сте адвокат овде отколку новинар да речеме. Меѓутоа сметам дека ако се влезе во овие независни и нови редакции кои ги има во Македонија има големи можности за развој и да се има влијание во сопствената земја. Игор Стојанов
Физикална медицина и рехабилитација со нови апарати и физиотерапевти
8
Н
ајсовремени апарати за лекување на дегенеративни и трауматски заболувања, на скршеници, ревматизам и на постдегенеративни состојби се набавени за потребите на работната единица Физикална медицина и рехабилитација, кај народот многу попозната под името Физикална терапија која е во состав на Клиничката болница во Штип. Се работи за
ЗДРАВСТВО
{tipski Glas, April-Maj, 2019 br. 91
валитетно лекување на нашите пациенти, а денес нашата желба и потреба конечно се оствари. Вакви апарати се вистинска драгоценост, нив ретко која здравствена институција ги има. Тие ќе помогнат во брзо, ефикасно и квалитетно лекување на сите пациенти кои до нас ги препраќаат од ортопедија, трауматологија, неврологија и ревматологија. Практично тоа значи дека па-
да се шетаат од врата до врата зашто сите дијагнози ќе се прават на едно место. Со тоа, тврди Николова, нема да има гужви и застои во прегледот на пациентите, а квалитетот на здравствена услуга ќе биде подигнат на многу повисоко ниво. За ппотребите на пациентите кои се опоравуваат во физикална медицина и рехабилитација е купен апаратот Тесла слим, кој е единствен од таков вид во било која здравствена установа која е во сегментот на јавното здавствство. „Овој апарат е посебно значаен при лекувањето на пациенти со вештачки колкови, за пред и поздравствена установа во која, во циентот по лекувањето кај нас вед- стоперативна состојба на пациенпроеск дневно се прегледуваат око- наш ќе биде во работна способност, тите, за зглобови и рбетниот столб лу 200 пациенти во најголем дел од нема да мора да користи боледу- како и кај пациенти кои претпрее источниот регион но се поголем е и бројот на пациенти од Скопје. ТИТО Ова е прва позначајна 200 пациенти во просек дневно Според Ален Георгијев, ди- обнова на апаратите за здравствено третира ректор на болницата, апаратите се поефикасно и поквалитетно медицинскиот персонал во набавени со сопствени средства, а лекување на пациентите, зашто Физикална медицина и нивната вредност е 30.000 евра. старите апарати, како што овде рехабилитација. Пациенти ни „Откако претходно вработив- велат се од времето на Тито. рекоа дека персоналот е ме тринаесет нови физиотерапевти Во меѓувреме вработени се 13 секогаш на висина на и обезбедивме комплетно нова об- нови физиотерапевти и е одговорната задача, а новите лека за сите вработени, на ред дој- купена облека за целиот апарати само ќе придонесат де и новата генерација апарати кои персонал. кон квалитетот на лекувањето. ќе ја подигнат на значително повисоко ниво здравствена услуга во оваа наша работна единица“, рече вање и над се нема да трпи болки, мозочен удар поради мозочен удар, директорот Ѓеоргијев. посочи Ленче Николова,специјалист трауми и оперативни состојби, а кои -Досега работевме со апара- фтизијатар, раководител на работ- не се во состојба самостојно да се ти од времето на Тито, постари од ната единица. Таа додава дека се движат. И од овој апсект значењето половина век, упорно баравме нив- работи за апарати кои се комбини- на Тесла слимот е непроцентливо, но обновување зашто стоеше неоп- рани и со чие пуштање во функција порачува д-р Николова. ходноста за полесно, побрзо и пок- се избегнува потребата пациентите
Штип преку Брегалница во јуни се поврзува преку нов, челичен мост
{tipski Glas, April-Maj, 2019 br. 91
ГРАДОТ
Д
о крајот на идниот месец Штип ќе го добие третиот мост на реката Брегалница преку кој ќе се поврзат левата и десната страна на градот распослан на двете страни од втората по големина река во државата. Како што е познато нашиот град е идеално поделен на две посебни половини – лева и десна низводно од течението на реката Брегалница. На десната страна е нашата индустрија која прави пари, а на десната е градот со сите свои институции кои тие пари ги трошат. Изградбата на трет мост со пат кој ќе ги поврзе двете страни на градот преку кој ќе се одвива значителен дел од сообраќајот е при крај. Мостот е во завршна фаза во халите на Актива ДОО, тој е челична конструкција и ќе биде првиот челичен голем мост на наша река. Мостот е дел од новиот пат во должина од еден километар кој тргнува од крајниот дел на населбата „8 Ноември“ и завршува кај новиот кружен тек во близина на фабриката за чевли Баргала.
-Челичниот мост е долг 60 и широк десет метри тежи 240 тони, а на едната негова страна ќе има и патека за пешаци. Планираме мостот да го поставиме во текот на идниот месец, време во кое на оваа патна насока ќе се постави и вториот асфалтен слој, вели Иле Николов, директор на Актива.
9
Последен голем мост на реката Брегалница која го поврзува градот со индустрискиот дел, неколкуте населби и со патните правци кон Скопје и Кочани е изграден на почетокот од шеесеттите години. Тоа е бетонскиот мост кој е познат по тоа што при самата градба се сруши, а имаше и жртви. Во ова меѓувреме Штип се разви, доби повеќе нови населби, значајно се зголеми индустријата но и бројот на моторни возила па нов мост и ново сообраќајно поврзување на градот му беше неопходно. Преку новиот мост на многу поквалитетен и побезбеден начин од досега со индустрискиот дел и излезот од градот ќе се поврзе половина од Штип и жителите на населбите Сењак, Баби, Дузлак, 8 Ноември, Автокоманда. Овој мост, всушност, решава стратешко важно прашање за работниците од штипските фабрики, за индустријата, за безбедноста во собраќајот, а во исто време ќе ги растовари бетонскиот и камениот мост на Брегалница. Штипјани подолг период се прашуваа што станува со мостот и обиколницата која сообраќајно ќе го растовари градот. Иле Николов вели дека во прашање била задоцнетата ревизија на главниот проект без која ревизија не е дозволено поставување мост над река. -Ревизијата ја вршеше Градежниот факултет во Скопје, катедра за челични конструкции но таму беа презафатени со други работи. Втората причина е во сложеноста на ваков тип на мостови поради специфичноста на самата конструкција што бара една посериозна анализа и апсолутна сигурност во безбедносните карактеристики кои ние ги обезбедуваме, појаснува Николов. Во ова меѓувреме е направена успешна ревизија на основниот проект по што веќе пет месеци во производните хали на Актива активно се работи на изработката на мостот. Бидејќи останатиот дел од обиколницата во должина од еден километар деновиве ќе биде комплетно завршена со поставување втор асфалтен слој, создадени се предуслови од идниот месец регионалниот центар на истокот од државата да реализира проект кој е децениска желба.
10
С
Способната работна сила во надолен пад СТОПАНСТВО
{tipski Glas, April-Maj, 2019 br. 91
Работа активно бараат 2.227 лица, повеќе од половина се над 55 годишна возраст а 978 лица се без образование
лободната, млада и квалификувана работна сила станува проблем и на нашата општина. Состојбата воопшто не е весела, а ако продолжи овој тренд тогаш добро не ни се пишува па ќе мора спасот да го бараме во пензионерите кои сеуште се држат и ги бива за работа. Како што прави Хрватска, држава која го има истиот. Од состојбата која ја имаме на пазарот на трудот може да се заклучи дека градот-центар на Источниот плански регион наскоро ќе нема што да понуди на пазарот на трудот. Имено, според анализата на Бирото за вработување со која беа запознаени и советниците на последната седница на Советот на општината, во Штип се евидентирани вкупно 3.678 невработени лица од кои само 2.227 лица активно бараат работа. За оваа бројка дури може да се каже дека е и пристојна, но еден друг факт состојбата ја прави крајно загрижувачка. А тоа е фактот дека од 2.227 активни баратели на работа дури 1.127 лица се постари од 55 години,
денес треба да се пред портите на тивни баратели на работа кои се на пензионирањето, а дел од нив и ве- возраст од 15 до 34 годишна возќе пензионирани. Тие можат само раст се само 397 на број!
Како што денес стои работата на пазарот на трудот Штип, иако регионален стопански и образовен центар , наскоро наскоро ќе нема што да понуди на пазарот на трудот.
да чекаат да исполнат услов за социјална пензија која им ја ветува владата на Заев. Лица кои би можеле да сме-
Анализата на Бирото за вработување говори дека Општина Штип во вкупната бројка од 94.721 невработено лице во државата кои активно бараат работа учествува со 2,4 проценти. Меѓу невработените доминираат оние без образование – 978 лица, по нив следат лица со средно образование – 567 лица, а на третата позиција се лица со непотполно средно образование, а ги има 291 лице. Меѓу невработените се и 27 магистри и тројца доктори на науки. Од другата страна на оваа приказна е штипското стопанство кое се соочува со недостиг од работници, на кого пред се му фали квалификувана работна сила. Тоа не е случај само во текстилната и што говори дека за нив нема и нема таат дека некоја фирма ќе пројави чевларската индустрија туку и во да има заинтересирани фирми за интерес за нив само поради годи- многу други сегменти од стопанда ги вработата, зашто овие лица ните на возраст, односно лица ак- ската сфера.
Пензионерите се дружат, патуваат и се забавуваат
{tipski Glas, April-Maj, 2019 br. 91
ПЕНЗИОНЕРИ
П
ензионерскиот живот и не бил толку здодевен ако имаш организиарно и инвентивно здружени кое знае да ги активира и мотивира пензионерите. За Штип тоа е посебно зашто како град на текстилната и чевларската индустрија која вработува(ше) значајна работна сила се создаде поголема „армија“ од 8.400 старосни и семејни и нешто над илјада инвалидски пензионери. На чело на штипското Здружение на старосни и семејни пензионери е Ристе Нетков кој за девет месци покажа дека може да се носи со најголемата штипска „фабрика“. „Ннаселение старее па тука е и тенденцијата на зголемување на бројот на пензионери. Нашето здружение 2018 година ја заврши со многу активности како новогодишна прослава со 450 пензионери, прослави по клубови а се со основна цел за вклучување на што поголем број на пензионери во сите активности“, вели Нетков. Во текот на месец јануари оваа година се направија редовни избори во здружението и е избрано новото раководство, а за преседател, како што погоре нотиравме, беше избран м-р. Ристе Нетков кој предходно ја вршеше функцијата секретар во здружението. „Како новото раководство си поставивме три основни цели како предизвик во своето работење. Тоа се остварување на потребите на пензиоенерите на полето на социјалата, културно забавниот живот и спорт-
ските активности. Како приоритетна ни е да се зафатиме со конечно на решавање на проблемот со изградбата на домот за стари лица. Имавме повеќе контакти со градоначалникот Благој Бочварски при што градоначалникот ни вети дека ќе го вложи својот авторитет во решавање на проблемот. Во моментот, според нашите последни сознанија се чека уште одлука на Владата за да се продолжи со предвидените активнсти и домот комплаетно да се доизгради. Покрај сите овие активности ќе се посвети посебно внимание на затворање на судските спорови кој се провлекуваат последните неколку години и финансиски се одразија на работењето на здружението“, посочува Нетков.
11
Претседателот укажува дека значително е подобрена соработката со институциите на локалната самоуправа, со градоначалникот на Штип Благој Бочварски, со Народниот театар, со подрачните единици на фондот за пензиско и здравство осигурување каде е организирано и предавање за пензионерите со запознавање на најновите актуелни случување каде на оваа тема Здружението на пензионери го посети и Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика. „Во самата организација на здружението има формирано повеќе комисии од кои најактивна е комисијата за економија која во минатата и оваа година подели вкупно 100 хуманитарни пакети за загрозените пензионери, а исто така во соработка со Црвениот крст се организираше бесплатна храна за пензионерите од руралните подрачја.Во текот на активностите се направи и посета на средното училиште „Искра“ каде пензионерките на Здружението со вештите раце направија баници, зелници, пити, погачи и друго за сите присутни ученици кои помагаа,а не изостанаа и разните спортски реквизити топки фудбали, баскети и друго кои се поклонија на учениците од оваа училиште. Пензионерите од Штип се исто така редовни посетители на сите организирани културни манифестации од другите здруженија и тоа Благцето на баба во Велес, Зелникот на баба во Пробиштип,Свети Трипун во Кавадарци и ред други забави за пензионерите. Исто така се организирани и многу ескурзии во земјата и надвор од неа со посети на Црна Гора, Бугарија и Грција, а се планира и посета на соседна Албанија. Дел од средствата за овие патувања партиципира и самото здружение. Штип има 8.400 старосни и семејни и околу 1.000 инвалидски пензионери, ако се знае дека во Фондот за пензиско осигурување се регистирани околу 18.500 осигуреници, излегува дека на двајца вработени имаме еден пензионер.
„Заложбата на новото раковдство е по можност да се излезе во пресрет на сите барања на пензионерите, но свесниу сме дека здружението егзистира од пензионерскиот денар па затоа се трудиме сите средства да ги распоредиме на најдобар начин за сите пензионери да видат бенефит преку социјалата, културата спортот и секаде каде што има потреба“, додаава Ристе Нетков.
12
НАСТАН
{tipski Glas, April-Maj, 2019 br. 91
Велигденскиот концер, ново вонсериско доживување приредено од ДМУЦ „Серѓеј Михајлов“
Д
ржавниот музички училишен центар „Серѓеј Михајлов“ ни приреди уште едно вонсериско музичко доживување. Велигденскиот концерт беше по покровителство на Ротари клубот од Штип и во себе ја содржеше хуманата мисија. Беше тоа уште една претстава во низата прекрасни доживувања кои ни ги приредуваат музички надарените деца, нивните наставници, диригенти, раководството на училиштето на чело со директорот м-р Горан Кавраков. Овој настан секако ќе остане забалежан на позитивните страници од поновата штипска музичка и сеопшта културна историја. Преполнетата сала на Домот на култура „Ацо Шопов“ уживаше во музиката која беше прилагодена на настанот и неговото име – Велигденски концерт. Публиката можеше да ја слушне хорската изведба на Христос се роди, да ужива во народните Марика мома убава, Рум, дум, дум, во Велигденското оро, Ој Недо, Недо, Огреала месечина...И сето тоа под диригентската палка на
професор Тоше Митрев, наставничката на хорот, проф.Ленче Богдановска Атанасова и сето тоа одлично искоординирано од професор Илија Ќосевски. Настапија и хорот на Основното и на Средното музичко училиште. Претходната вечер ДМУЦ „Серѓеј Михајлов“ имаше настап и во Радовиш каде салата на Домот на културата беше претесна да ги прими сите радовишани заинтересирани заа концертот. -Сакам да истакнам дека ова е за првпат да имаме Велигденски концерт од ваков формат. Му се заблагодарувам на Ротари клубот од Штип за идејата зашто концертот е од хуманитарен карактер, а парите собрани од него ќе бидат наменети за реновирање на училници во нашето училиште, вели Горан Кавраков, директор на ДМУЦ „Серѓеј Михајлов“. Во продолжение неколку фотографии од концертот.
{tipski Glas, April-Maj, 2019 br. 91
ПРИЗНАНИЈА
13
Кадијо криво седи право суди КОЛУМНА
14
С
Пишува:
М-р Трајче КАЦАРОВ, писател
{tipski Glas, April-Maj, 2019 br. 91
оседот Атанас мажот на Атанаска синот на Коце и на Кица од селото на само неколку километри оддалечено од големиот град го уби сопственото куче со голи раце. Го уби оти ги напаѓало кокошките на соседот Боро мажот на Зора членови на фамилија која со векови опстојува во Големиот град. На крвничкото убиство присуствуваа скоро сите жители од маалото.
конски мерки, туку ако се бесни да На настанот што погоре во се остранат од животната средина текстот ви го раскажав се сетив по пат на еутаназија, а ако се не- после прочитаниот ФБ статус на мирни да бидат под назор на сто- еден наш истакнат новинар. Од панот. На оние кои не беа љуби- статусот се разбира дека новинатели на домашни миленичиња, рот остро го осудува опозицискиодносно немаа љубов кон кучиња- от лидер што сака да ги придобие та, емпатијата кон убиеното куче гласовите на одбегнатите парим доаѓаше од омразата кон сосе- тиици за остварување на партидот Боро мажот на Зора. За Боро ската програма, заборавајќи, или по градот се ширеа вести дека правејќи се на недоветен, дека и како продавач ги поткраднува гра- лидерот на партијата на власт ги ѓаните и поради тоа се стекнал со искорсисти одбегнатите партиици, Додека траеше чинот-гро- имот кој му овозможува комоција ветувајќи им слобода, односно зоморното убиство малските сеир- во живеачката. кршење на правото, за остваруџии длабоко го вдишуваа, а потоа вање на партиски цели. низ тешки воздишки го испуштаа Оние кои го сожалуваа куод градите летниот воздух притоа чето од омраза кон Боро во коменНа крајот од текстот сакам не преземајќи никакви активности тарите за грозоморниот настан да истакнам дека во правото е за спас на несреќното животинче. истакнуваа: „Така му треба, има дозволено, тоа го тврди теоСепак трагичниот чин ги обедини. повеќе кокошки од живинарската ријата, а се разбира и практичСите до еден изразувија емпатија фарма. Ги пушта по дворот и по ната примена, црното да се кон трагично загинатото животин- улицата за да им брка во очите на гледа како бело и обратно, бече. Од најмалиот па до најстариот сиромашните и гладни трудбе- лото да се гледа како црно. жител на маалото го осудија Ата- ници. Па, зарем за таков зол човек нас трудејќи се да погодат на каква биолошка единка и припаѓа. За Емпатијата кај сведоците на убиството не беше од децата постана волк за кој и најиста причини. Некои го сожалуваа кучето затоа што страшните приказни беа недосимаа љубов кон животните. За нив секоја реакција кај тапни, а за возраснитесуштество кучињата доаѓа како резултат на инстинктот, а не на кое нема допирни точки со човекот разумот. Ниедно дејаство не е разумно, туку само прикажан и во најгрда смисла на диктат на инстинктот. зборот.
Но, емпатијата кај сведоците на убиството не беше од иста причини. Некои го сожалуваа кучето затоа што имаа љубов кон животните. За нив секоја реакција кај кучињата доаѓа како резултат на инстинктот, а не на разумот. Ниедно дејаство не е разумно, туку само диктат на инстинктот. Тие се категорични во ставот дека не треба да се осудуваат со дра-
да настрада невино кутренце.“ Можеби е тоа единсвената Поуката од приказната можеме да причина што светот, ваков каков ја објасниме преку сентенцата „Ка- што е, функционира, т.е. опстојува дијо криво седи право суди!“ што со милениуми. значи во донесувањето на пресудата, вистинската, треба да се отфрли столчето-фотељата на која седиш, однсоно треба да се отфрлат личните интереси, субјективните толкувања на законот.
{tipski Glas, April-Maj, 2019 br. 91
ПРИЗНАНИЈА
15
Најдобрите репрезенти на регионот ги добија признанијата Н
а убава свеченост во амфитеатарот на Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ во Свети Николе беа доделени признанијата за најдобрите репрезенти на Источниот регион во повеќе области. Низ фоторепортажа ви ги претставуваме добитниците.
Признанието за особени остварувања во науката му е доделено на академик, проф.д-р Блажо Боев, рекотор на УГД кој со својата децениска научна работа овозможи регионот по пауза од 30 години да го добие новиот академик. Новинар на 2018 година е Викторија Димитрова Јованова, дописник од регионот на МИА и на ТВ Телма, за над 500 објавени прилози во минатата година. Амфенол Технолоџи во Кочани е најдобрата странска инвестиција која овозможи за пет години да се вработат 1.800 лица и со која се менува сликата за трудоинтензивното стопанство во Кочани и во регионот. Витаминка-Прилеп го доби признанието за најдобра домашна инвестиција преку купувањето на штипската фабрика за масло Брилијант и враќање на работа на 70-на работници. Драгица Здравева, раководител на Центарот за развој на ИПР, е прогласена за менаџер на 2018 година за нејзината посветена работа на изработка проекти кои го подобруваат животот во регионот додека Анѓелка Пеева Лауренчиќ, е избрана за најдобриот амбасадор на регионот во државата како личност која со својот сега покоен сопруг Иво во нашата држава го донесоа и инсталираа совремниот ПР. Макпрогрес-Виница дел од својот профит го вложува во заедницата, послебно за децата и младите за што го доби признанието за општествено најодговорна компанија.
Регионалниот центар за застапување во Делчево, доби плакета за најдоброто во невладиниот сектор, а Кирчо Стојанов од Кочани, за своето дарување парче од црниот дроб и спасување на живот на млада личност е прогласен за најхумана личност во регионот. Љупка Стојменова од Кочани е добитник на плакетата за најдоброто во образованието. Д-р Александар Мишев, специјалист по очни болести, Клиничка болница-Штип, најдоброто во здравството за бројните операции и за реешеноста да остане да се грижи за добриот вид на луѓето од регионот иако има понуди за работа во Скопје и во странство. На Република Словенија, за донациите во Штип, Пробиштип и во Центарот за развој на ИПР новинарите и доделија признание за најдобриот пријател на регионот, а ФК Кит Го-Пехчево е најдоброто во спортот како клуб кој во мало место донесе многу радости на пехчевци.
Рудник САСА се закити со посебно признание како најуспешен колектив во последната петолетка, а Фармахем во своите витрини ќе го чува признание за најдоброто во заштитата на животната средина. Конечно, градската театарска група „Сцена 71“ од Свети Николе, најдоброто во културата. Посебно признание за успешно петгодишно менаџирање со оваа манифестација доби Иван Бојаџиски.
Гостите беа поздравени од Тони Михаилов, претседател на Регионалниот центар на новинари „Исток“ во рамките на ЗНМ и Николчо Илијев, претседател на Советот на Источниот плански регион и од амбасадорот на Република Словенија проф.д-р. Милан Јазбец.
Со 220.000 евра европски пари ќе се санира и конзервира црквата „Св.Власие“
16
КУЛТУРА
З
аводот за заштита на спомениците на култура и музеј Штип потпиша договор со кој се здоби со можноста да користи 220.000 евра од ИПАР фондовите за санација и конзервација на црквата „Св.Власие“. Мите Штерјов, директор на оваа установа вели дека овој проект е во рамките на прекуграничната соработка со Република Бугарија.
-Проектот е во вредност од половина милион евра, од кои 220.000 евра ќе ги користиме ние за спомнатата црква која се наоѓа во подножјето на средно-
{tipski Glas, April-Maj, 2019 br. 91
вековната тврдина Исар, додека останатите пари ќе ги кориМите Штерјов, директор сти Бугарија, вели Штерјов. Црквата „Свети Власие“ датира од 14 век и е една од црквите кои се спомнувани во историските податоци. Остатоците од неа се откриени при археолошките работи во 2008/9 година. Во тие години црквата е откриена и вработените во Музејот истата ја доведоа до ниво да може на неа да се извршуваат санациони и конзерваторски работи. Директорот Штерјов вели дека во план и е на овој проект работите да отпочнат во текот на ова лето или најдоцна на почетокот од есента. Заводот и музеј Штип ги извршува завршните фази на Хусамедин пашината џамија во реонот „Св.Илија“ по што ќе се бара инвеститор за нејзина реставрација и конзервација по што истата ќе биде промовирана во уметничка галерија. Музејот е при крај и со изработката на проектот за конзервација и реставрација и на средновековната тврдина „Исар“. -И на овие два проекти силно сме посветени и сме убедени дека на истите ќе се работи во текот на оваа календарска година, додава Штерјов.
Боре МИНОВ со голема изложба во галерија во Швајцарија
{tipski Glas, April-Maj, 2019 br. 91
Н
КУЛТУРА
ашиот уметник и галерист Боре Минов на 17 мај отвори изложба на свои уметнички слики во новата галерија „Колорис Ранов“ во швајцарскиот град Клостерс. Минов ја прифати поканата, а љубителите на уметноста веќе уживаат во неговите слики. Честа е уште поголема ако се има во предвид фактот дека со изложбата на Минов се отвори и атаљето во градот кое е во сопственост на Марјан Ранов, човек кој потекнува од Скопје но кој долго време живее во Швајцарија, а работел во нашата амбасада во оваа нам пријателска држава. Клостерс е град на 1.200 метри надморска височина и е во
близина на границата на Швајцарија со Лихтенштајн. Градот е блиску до Давос, историски познатото место во кое секоја година се одржува Светскиот економски форум. -Со г-дин Ранов се запознав на многу необичен начин. Пред три месеци во мојата галерија во Штип влезе непознат човек. Љубопитно започна да ги разгледува сликите и другите уметнички предмети, застана пред едно мое дело и ме праша дали сум јас негов автор на што дадов потврден одговор. Дури тогаш човекот ми се претстави како Марјан Ранов, галерист од Швајцарија, давајќи ми отворена понуда со изложба на мои слики да го означам почетокот на работата на неговата
Националната установа универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ неодамна распиша меѓуопштински литературен конурс за песна и краток расказ. Денес, во убава и пријатна атмосфера во библиотеката беа соопштени добитниците на наградите кои имаа можност пред публиката да ги прочитат наградените творби. Конкурсот беше на тема „Книгата отворен прозорец кон светот“.
Ментор : Васка Дербова.
Библиотеката ги врачи признанија за “Книгата отворен прозорец кон светот
Во категорија од I-V одделение наградите ги добија: 1 место, Дамјан Митевски ООУ „Тошо Арсов“ III/1 одд. Ментор: Ванѓе Манева: 2 место, Андреј Стојанов ООУ „Ванчо Прке“ III/5 одд. Ментор: Јованка Кокошкарова: 3 место, Михаил Димов ООУ „Ванчо Прке“ IV одд.
Категорија од VI-IX одделение добитници на наградите:, 1 место, Анастасија Зимбакова ООУ „Гоце Делчев“, ментор: Маре Милева: 2 место, Антонио Тодев ООУ „Славејко Арсов“ VIII одд. ментор: Милкица МиленковиќСтојанова: 3 место, Милена Милорадова „Славејко Арсов“ VIII одделение: ментор: Милкица Миленковиќ-Стојанова. Пофалена беше творбите на, Катерина Здравкова „Славејко Арсов“ IX одделени, ментор: Милкица МиленковиќСтојанова.
17
галерија. По пријатен разговор со Ранов во кој тој ми кажа дека видел две мои слики во Берн, јас го прифататив неговиот предлог по што дојде и понудата на 17 мај со мои слики да ја отвориме галеријата, вели Минов. Изложбата на нашиот уметник кој е поклоник на реализмот и на експресивното сликарство ќе биде отворена цели два месеци. -Имам идеја по завршување на мојата изложба таму да однесам и други наши уметници кои во оваа, а и во некои други галерии во Швајцарија би го претставиле своето сликарство, а на тој начин би ја претставиле и уметноста на својата татковина, вели Минов.
место, Мартин Ристов СОУ „Коле Нехтенин“ ментор: Сузана Арсова.
Настанот покажа дека во Штип и се чита и се пишува. Наградените автори со посебна енергија ги Категорија возрасни читаа своите дела а публиката 1 место, Татјана Биџовска: 2 сите до еден ги награди со аплауз место, Стеван Богданов СОУ „Јане како признание за тоа што го Сандански одработиле младите и средната ментор: Валентина Бочварска: 3 генерација.
18
Д
Мостот на Брегалница некогаш......и сега ГРАДОТ НИЗ ФОТОГРАФИЈА
ве слики од една иста локација. Првата направена пред околу 58 години, втората сликана деновиве. На двете слики е бетонскиот мост на реката Брегалница кој ги поврзува двата дела на градот од левата и од десната страна на реката. На првата фотографија е мостот кој се градеше и се изгради на почетокот од шеесетите години на минатито век. Тој трае и си ја обезбедува важната функцијасо децении. Овој мост, при градбата се сруши при што за-
гина и еден работник. Изградбата беше финансирана од сојузни и државни фондови. За своето време мостот беше на ниво на објекти за кои велиме дека се од капитално значење, што е сосема на место.
Мај, матурски, традиција... В
о мај месец бевме сведоци на бројни славења на матурски вечери на средношколците кои го завршуваат школувањето и се подготвуваат главно за на факултет. Младите матуранти си останаа доследни на себе. Весели, разиграни, во придружба на „жива“ музика, дефилираа по улиците во центарот на градот. Убави деца, во убаво расположение го славеа полнолеството и крајот на една значајна
{tipski Glas, April-Maj, 2019 br. 91
Нема информации колку возила во изминатите 58 години поминале преку овој мост-убавец. Секако дека се во милиони. Што говори дека мостот си ја вршел и си ја врши одговорната задача.
етапа од нивните живот која никогаш повеќе нема да им се повтори. (На сликата матурантите од Средното медицинско училиште). Имаше (како и секоја година во вакви прилики) коментари дека на младите не им се потребни вакви матурски вечери со скапи тоалети и на тоа слично, но матурантите се послушаа себе си. Тие не сакаа да личат на своите родители (Душан Радович во Београде, добро јутро) и добро е што е така. Младоста сама по себе си е посебна, исполнета со неверојатна енергија, младешка еуфорија и ентусијазам, свои погледи на животот, правила на животната игра во тие нивни години... На сите матуранти честитки од Штипски Глас и istokpres.mk со желби за успех во животот и исполнување на сонот.
Пронашол води на над 700 локации, среќата на луѓето му е доминантна Р {tipski Glas, April-Maj, 2019 br. 91
ЛИЧНОСТИ
ударскиот инженер Трајче Митев последните години од животот ги посветува на водите, а преку нив и на среќата и задоволството на многу семејства. Од 2001 година тој е упорен трагач по подземни води,а во овие близу 18 години има истражувано на над 1.700 локации. За него парите и заработката не се никаков приоритет. Приоритет му е да види среќни лица кои се соочувале со недостиг од вода, главно во рурални подрачја, во викенд населби, во планински села, на мали или големи имоти. -Две години работев во флотација во Енергоинвест-Сараево, а флотацијата има потреба од 90 проценти вода. Потоа работев во Базалт кој во деведесеттите години се приватизира каде истражував подземни води, обични, теремални и минерални. Како слободен граѓанин мене ме води некоја творечка енергија која од 2001 година ја посветив на подземните води, а познато е дека водата е услов број еден за живот, за развој, за сегашност и индина, вели Митев. На почетокот од минатата година Митев ја издаде првата книга со наслов „H2O“. Во книгата се поместени карактеристиките на стотина од 700 успешни бунари чии капацитети ги открил тој. Книгата ја отвора со цитат од Чехов: „Животото си тече како вода...Биди вода. Таа секогаш оди право, не се свртува наназад за да види кој од неа пие, своите пречки ги пробива мудро. Ни еден камен не и е дораснат“. Во книгата може да се види кој е инвеститорот, кој месец се вршени истражувањата, до која длабочина е бушено, кој е капацитетот (издашноста), каква е температурата на водата, кои се нејзините карактеристики (бистрина, мирис и друго) какви цевки се вградени и од која година бунарот е во функција. -Кога на неко семејство ќе му најдам вода мојата среќа е еднаква на среќата на тоа семејство зашто знам дека водата е живот и дека животот си тече како вода. За Штип можам да кажам дека е богат со подземни води, нив ги има во викенд населбите Суиталк, Плуждино, над Болк 70, долж коритото на Отиња...Во Штип сум пронашол води на над педесет бунари кои
19
убаво и денес функционираат. Од ова веќе работам на изработка на хидрогеолошка карта за општинта со сите параметри што е значајно за иднината на градот и на општината, укажува Митев. Тој вели дека науката е основа во неговата работа. Тука пред се е геофизиката, а опремата со која ги врши мерењата е геомеханика, односно со геомеханички апарат кој има извор на струја па преку протокот на струјата низ слоевите на земјата на теренот кој е предмет на истражување, преку пропустливата на слоевите доаѓа до резултатот кој му кажува дали тука има вода или не. -Познат е фактот дека во Банско кај Струмица има геотермални води. Но луѓето се пожалија дека тие не се доволни за загревање на нивните оранжерии, дека поради голема потрошувачка на огревно дрво нивното производство не им било профитабилно во однос на тешката работа. Ме повикаа да извршам истражување. Веднаш отидов, упорноста даде резултат зашто пронајдов нов расед на термални води со повисоки температури. Земјоделците беа пресреќни, трошоците за раноградинарското производство значително им се намалија, а и јас сум двојно среќен, прво затоа што им донесов многу радост, а второ бидејќи пронајдокот позитивно влијаеше на екологијата зашто престана потребата да се сечат цели шуми за екоономските потреби на овие земјоделци, вели Митев.
Во Штип сум пронашол води на над 50 бушотини. Среќата на луѓето кога ќе видат дека на својата локација имаат вода е доминантното кое ме води да се бавам со истражување на подземните води.
Тој ги упатува заинтересираните неговата книга „H2O“ да ја бараат во нашите библиотеки зашто само таму можат да ја најдат. -Истражував води во Штип, цел источен регион, во скопско, струмичко, тетовско, во битолскиот крај... Не сум желен за работ зашто секој ден добивам по некој повик да излезам на терен со моите помошници Христо Царев и Јордан Балабанов. И пак ќе кажам дека мојот мотив е среќата на луѓето која можам да ја исчитам од нивните лица кога од подземната бушотина ќе потече вода. Некои ме сметаат и за дел од нивните семејства, вели Трајче Митев кој подготвува втора книга на истата тема.
СПОРТ
20
В
Моја нова цел е Олимпијадата во Токио, вели Егоров
{tipski Glas, April-Maj, 2019 br. 91
Егоров од БК Балканец во Штип донесе европска бронза
ладимир Егоров од БК „Балканец“ направи вистински подвиг на Европското првенство во борење кое се одржа во Букурешт, Романија. Борачот на „Балканец“ и на нашата репрезентација беше трет и освои бронзен медал.
нов, кој како и Егоров е од руско потекло но со наше државјанство, освои медал за нашата држава. И Егоров има македонско државјанство, тој е млад, тралентиран и надарен борач, а од „Блак-
Егоров беше примен и од градоначалникот Благој Бочварски
Егоров на душекот
Ваков резултат македонското борење нема направено цели дванаесет години кога Рамаза-
нец“ изјавуваат дека борачот има големи шанси да се избори и за настап на Олимписките игри кои идната година ќе се одржат во Токио, Јапонија. Бронзеното момче имаше прием во Агенцијата за млади и спорт, во Олимпискиот комитет, а прием во негова чест приреди и градоначалникот Благој Бочварски кој рече дека Егоров за Штип и за Македонија направил голема работа, дека знае каков труд и напор стои за да се освои европски медал и дека во името на граѓаните на Штип му се заблагодарува за успехот кој не направи горди. Владимир Егоров е стипендист на Агенцијата за млади и спорт.
www.istokpress.mk
Егоров со членови на БК Балканец на прием во МОК кај претседателот Васил Тупурковски
На најтрофејниот карате клуб „Штип“ му е потребна соодветна поддршка
{tipski Glas, April-Maj, 2019 br. 91
К
арате клубот „Штип“ последниве седум-осум години е најтрофејниот спортски колектив во градот. Иако клубот работи во многу скормни услови, сепак со фанатична посветеност се постигнати и се постигнуваат перфектни резултати. Тоа го разбра и Комисијата за спорт при Советот на општина Штип која одлучи на клубот да му се даде пристојна,иако недоволна за еден шампионски колектив финансиска помош. Крајниот збор ќе го има Советот на општината.
-Работиме посветено, секојдневно, упорно, а резултатите кои ги остваруваме докажуваат дека работиме и квалитетно. Нашата сала каде тренираат пионери, младинци и сениори е во нашата семјна куќа. Штип имал и има потенцијал во овој олимписки спорт, многу од пионерите и младинците како Басаров и Арсовски се исклучително талентирани, но за да создадеме нова генерација шампини, македонски, европски и светски потребна ни е посериозна поддршка од градот, вели Сашко Арсовски, кој е претседател и прв тренер а неговиот брат Жарко е втор тренер во клубот.
СПОРТ
21
Европско првенство. Како шампион за највисоки достигнувања е изграден во овој клуб. Сашко Арсовски е единствениот спортист од нашата држава кој освоил светски медал, и тоа бронзен во сениорска конкуренција. За светска бронза се имаат борено и Жарко Арсовски како и Емил Павлов.
-Од последните седум години КК „Штип“ во пет бил државен првак. Ние мислиме дека со тоа само ја збогатуваме позитивната легитимација на нашиот град за што
напорно работиме. Прваци бевме во 2011, 2014, 2015, 2016 и 2018 година. Продолжуваме по тие патеки на успехот, а младите таленти се гаранција дека имаме квалитетни наследници, коментира Сашко Арсовски. За тоа во какви услови овој клуб постигнува врвни резултати, пред КоКК „Штип“ постои од 2005 го- мисијата за спорт зборуваше Жарко дина. Емил Павлов е европски пр- Арсовски. вак и носител на бронзен медал од
-Нам ни е потребна поголема сала, со сите реквизити зашто многу деца доаѓаат да се бават со карате спортот, а салата не е адекватна на потребите на еден шампински клуб. Кога одиме на натпревари најмногу ни е страв во борбата да не ни се скине кимоното, зашто правилата се строги и тоа мора да се замени со друго кимоно. А ние друго-немаме иако сме шампиони на една држава, посочи Жарко.
Во моментов голема енергија е посветена на Олимписките игри кои идната година ќе се одржат во главниот град на Јапонија-Токио. Емил Павлов и Жарко Арсовски високо котираат на светската карате листа и ќе се борат да бидат дел од најголемата спортска манифестација на светот. За тоа до крајот на годинава им престојат настапи во премиер лиггите во Шангај, Токио, Москва и Мадрид сето тоа оваа година. На крајот да споменеме дека Емил Павлов беше избран за спортист на Македонија за 2018 година, а Сашко Арсовски доби Оскар за најдобар селектор на една државна репрезентација. Поголеми признанија – здравје.
22
РАЗОНОДА
TR-MR ov -Mi Re k e ~e R Ti
{tipski Glas, April-Maj, 2019 br. 90
Нашите политичари имаат одговори за се И одговорност за – ништо. За штедните влогови во банките гарантира државата. Само немаме гаранција за – државата: Власта со порака до народот: Не даваме никој да ги прави луди македонците. За такво нешто македонците си ја имаат својата власт! За сатиричарите нема живот во нашата држава. Работата им ја презедоа политичарите.
Razmisluva: Iv. BOJ
Штипска работа
Комши, што правиш? -Еве копам во бавчата. -Ај ќе си одам, да не сметам... По час-два. Комши, што правиш? -Ја ископав бавчата па седнав на една жолта и едно мезе... -Еј, супер, ај и јас да седнам со тебе оти сам не се пие и не се мези...
Ако за секоја лага на политичарите им Расте носто како кај Пинокио Двајца политичари на плоштадот не би можеле Да се разминат.
ВИЦОТЕКА
Трпе и Трпана
Трпана оди на гости кај Цвета и ја прашува: -Цвето, каде е маж ти, уште ли сте скарани? - Не, не… Ене го таму во дворот. – Во дворот? Не го гледам… – Во дворот, раскопај малку ќе го видиш!
ИМПРЕСУМ
Издавач: Медиум Боја 43 – Штип Седиште на фирмата и адреса на редакцијата: Ул. „Тошо Арсов“ бр. 23 – 2000 Штип Одговорно лице: Иван Бојаџиски
Излегува еднаш месечно Првиот број излезе во месец април, 2009 година Главен и одговорен уредник: Иван Бојаџиски Графички уредник: Јорданчо Бојаџиски,
Овој број е отпечатен на 29.05.2019 година
Бонева трета
Објавена листата на најплатени возачи во историјата: 1.Михаел Шумахер 2.Луис Хамилтон 3.Силвана Бонева
Тираж: 1.000 примероци
Ж-ка: 290000002136767 Едб:4029019522191 Т.Т.К. банка А.Д. Скопје Годишна претплата: 180 денари.
Печати печатница Генекс-Кочани Ул. „Тодосија Паунов“ б.б.
За Штипски глас се плаќа повластена даночна стапка од 5% ISSN 2545-4498
{tipski Glas, April-Maj, 2019 br. 91
С У Д О К У
Броевите од 1 до 9 впишете ги во блоковите со големина 3 x 3 полиња (врамени со здебелени линии), така да секој број може да се најде само еднаш во водоравната или хоризонталната насока
СКРИВАЛКА треба да пронајдете два скриени предмети
РАЗОНОДА
23
24
РЕКЛАМА
{tipski Glas, April-Maj, 2019 br. 91