Skip to main content

Stipski Glas 88

Page 1

Советници: Момчилова и Серафимовска

Момчилова:

Ги прифаќаме сите добри предлози на опозицијата

Д-р Серафимовска:

На Штип му фали малку повисока свесност за самиот себе

Најдоброто од Штип за 2018 година

Академик проф. д-р Блажо БОЕВ, ректор на УГД

Драгица ЗДРАВЕВА, раковод.на Центар за развој на ИПР

Горан ТРАЈКОВ, директор на Домот на млади

Викторија ЈОВАНОВА ДИМИТРОВА, новинарка

Сашо НАУМОСКИ, ген. директор на Витаминка

М-р Ивана ЃУРЃЕВИЌ, диригент

Боре МИНОВ, уметник и галерист

Дуо м-р АРСОВСКА, сопран и м-р МАКСИМОВА, пијано

ЛазарТАСЕВ, студент

Благој БОЧВАРСКИ, градоначалник

РАЗВОЕН Штип од 2018, да прерасне во РАЗВИЕН Штип во 2019 година!

Бобан меѓу своите

SRE}NA NOVA 2019 GODINA


2

N

Ш

Година на добри остварувања, дали знаеме да ги препознаеме? Иван Бојаџиски

типски Глас и оваа година изврши избор на личности и групи кои ја одбележаа 2018 година. За секој наш поединечен избор нудиме и конкретна аргументација. Тоа се личности кои на еден посебен, специфичен, благороден начин одработија година која, токму поради нивното дело, ќе остане запишана на позитивната страница на нашата, штипска легитимација. Изборот не го вршевме сами. Консултиравме социолози, филозофи, новинари, јавни и културни работници. Им понудивме поширока листа, тие го направија овој избор кого го гледата и читате на нашата насловница. На секој избор може да му се најде маана. Секој избор може да биде фален, поддржуван и (или) критикуван. Тоа е темелно демократско право. Штипски Глас како единствен печатен медиум лево од реката Вардар во своите десет години постоење и 88 издадени броеви со околу 2.000 наслови оставени во нашите библиотеки да сведочат за нашата сегашност, е поборник токму за такво општество: отворено, демократско, критички настроено но и општество на луѓе кои ќе знаат да го препознаат најдоброто од доброто, соодветно да го валоризира и да му каже едно човечко „благодарам“. На оние кои ги избравме за личности кои ја одбележаа 2018 година им ги упатуваме нашите честитки, на сите останати им посакуваме здрава, хармонична, успешна Нова 2018 година.

Н

Од мој агол

а крајот сме од уште една календарска година. Време во кое се сумираат резултати од она кое сме си го сработиле. За потоа, на основа на тие и такви резултати, да креираме нови содржини во нашето постоење.

Содржини кои ќе помогнат светот во Новата година да биде и почовечен, и посреќен и поубав. Во една таква смисла на крајот од годинава, посебно во месец декември, имавме бројни настапи на наши образовни и културни друштва и самостојни дејци во културата. Би рекол – се бисер до бисер. Овде сакам да ги издвојам дуото на класична музика МаксимоваАрсовска, професорки на Средното музичко училиште „Сергеј Михајлов“ кои низ државата одржаа осум концерти. КУД „Ристо Донев – учителот“ не почести со годишниот концерт на кој уживавме во народната фолклорна традиција. Средното музичко училиште со својот Новогодишен концерт само уште еднаш ни покажа зашто е најдобро меѓу таквите училишта во државата. Неговиот концерт беше врв на сите врвови во културата, нешто во кое уживавме со сите сетила. И Брејк Д Флорс со педесеттина деца и млади направи танцова претстава за паметење. Градскиот хор го претстави Штип во многу места дома и во странство и освои меѓународни награди. Кон крајот на годинава студенти на Правниот факултет при УГД на симултано судење го освоија првото место во државата, а студентот Лазар Тасев, штипјанец, стана најдобар млад обвинител. Па сега, кој вели дека ние, како држава, немаме перспектива?

Б

ез стопанство, сепак, нема ништо. Нема ниту култура. Стопанството е тука да создава материјални можности за заедницата, а културата ја има мисијата да ни го облагородува животот. Нашите фирми, и во затегнати услови на европскиот и светски пазар, имаа успешна година. На текстилците, кои инаку се најкритикуваната групација во градот и држа-

{tipski Glas, Dekemvri, 2018 br. 88

вата, треба да им се симне капа зашто социјално ситуираат над 7.000 семејства. Лично мислам дека најголем дел од критиките кон нив се некоректни, зашто нештата секогаш мора да се земаат во општ контекст на случувањата во светот, а во рамките во кои опстојува оваа стопанска гранка. Замислете како би изгледал градот без нив?! Штипска Актива одново позитивно не изненади. Би рекле ништо ново. Со првите испораки на количките за аеродромите во Лондон, и со нарачките за други светски аеродроми, Актива само уште еднаш потврди дека е светско, а наше. Штип, конечно, дочека и домашна компанија да инвестира во општинското стопанство. Зборот ми е за прилепска Витаминка која ја купи, а потоа и ургентно ја рестартира фабриката за масло Брилијант. Со тоа Витаминка направи 2018 да им биде исклучително среќна година на седумдесет штипски семејства.

В

о 2019 година очекуваме инфраструктурен настан кој значително ќе придонесе за развојот на Штип и регионот во секоја смисла. Тоа е пуштањето во функција на автопатот Миладиновци-Штип. Ќе биде тоа една европска магистрала по која патувањето ќе стане задоволство наместо мака. Македонија, а со неа и Штип, сепак се градат. Како луѓе треба да го напуштиме нихелистичкиот пристап на размислување, а да го прифатиме оптимистичкиот. Зашто само оптимиститите можат да го направат светот подобро место за живеење. Истото се однесува и на нашиот Штип. Конечно, имавме година на добри остварувања, само дали знаеме да ги препознаеме? Нека ни е Среќна, Здрава, Весела и со нови успеси исполнета 2019 година!


ГРАДОНАЧАЛНИК

РАЗВОЕН Штип од 2018, да прерасне во РАЗВИЕН Штип во 2019 година!

{tipski Glas, Dekemvri, 2018 br. 88

За новогодишниот број на Штипски Глас од градоначалникот Благој Бочварски побаравме да направи осврт на годината која изминува. Подолу го донесуваме неговиот поглед на 2018 година и оптимизмот за 2019 година.

А

ко направиме еден ретроспективен осврт на годината во изминување,првиот резултат кој е на очиглед на јавноста, е јасната дистинкција меѓу приоритетите на општинската агенда во изминативе 365 дена и периодот претходно. Денес, граѓанинот е во фокусот на делувањето на локалната власт и неговиот глас се слуша секојдневно, а не само на ден на избори. Во дослух со секојдневните потреби на моите сограѓани, во оваа измината година решивме неколку горливи проблеми кои се провлекувале со децении. И тоа по редослед кој го диктираат единствено засегнатите граѓани и нормално, теренските услови. Се фокусиравме на проекти кои имаат реална општествена, а не само теоретска вредност и чија реализација директно имплицира врз подобрување на условите за живот на граѓаните. Да почнеме со ред: КОНЦЕПТУАЛНИ ПРОЕКЕТИ Концептот Отворена општина е една проектна платформа чија реализација, а понатаму и имплементација низ секојдневното работење, не беше нималку едноставен процес. Низ бројки, отворените врати на Општината изминатава година значеа средба со над 3.000 граѓани и евидентирани двојно повеќе барања и проблеми со кои истите се соочувале со децении. Сето тоа пак, во понатамошната фаза значеше изнаоѓање решенија за сите оние барања за чија реализација ингеренции имаат општинските институции, тела и органи. Отворените врати на Општината значат и отвореност за директна соработка со граѓаните при носење буџетски одлуки и креирање проектни приоритети, граѓански дебати и партнерски однос со секој чинител на општествената заедница. Од аспект на официјална соработка со граѓанскиот сектор, ги отворивме вратите за невладините организации,за што одвоивме 1 милион денари, како партнер од доверба при реализација на нивните проекти. Во овие година дена успеавме да издејствуваме намалување на цената на водата за пиење за 5 проценти, со тенденција за дополнително намалување во текот на 2019 година.

КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИОНИ ПРОЕКТИ Ако ги сведеме на заеднички именител инфраструктурните зафати кои вклучуваат изградба, реконструкција и тампонирање на улици, локални патишта и тротоари, интервенциите во овој дел се сведуваат на околу 7.600 метри санирана / поставена инфраструктурна мрежа. Покрај тоа, изведени се приближно 5.000 метри водоводно-канализациони линии. Ако во ноември 2017 година на сметката на Општина Штип имаше само 3 милиони денари, само година дена подоцна имаме инвестиции во висина од 2,6 милиони евра во инфраструктурни проекти. Во редот капитални инвестиции секако е изградбата на нова детска градинка, нешто за кое Штип нема слушнато цели три децении. Со ова ќе се реши проблемот со т.н. листи на чекање во постоечките градинки, кои претставуваат вистинска главоболка за голем број родители. Цели 70 проценти од средствата за оваа инвестиција чија вредност изнесува 800.000 евра, се обезбедени од страна на Општината. Новата паркинг - платформа исто така е проект со голема капитална вредност, имајќи предвид дека станува збор за прв реален и непопулистички чекор кон решавање на проблемот со сообраќајниот хаос во централното градско подрачје. Оваа инвестиција од околу 10 милиони денари е само дел од стратегијата за трајно справување со овој реален проблем на граѓаните. Во делот на капитални набавки, ја збогативме механизациската опрема на јавните претпријатија, набавувајќи две нови машини (градежна машинаровокопач и машина за чистење на јавно-прометна површина),чија употребна вредност значи заштеда на околу 200.000 евра на годишно ниво. Гасификацијата на Општина Штип е една од најголемите капитални инвестиции што му се случува на градот. Проектот е во фаза на реализација, а со оглед на комплексноста на поставувањето на оваа енергетска платформа, од досегашната евалуација како општина сме презадоволни од текот на работите. Гасификацијата на Општина Штип ќе значи огромна директна

3

заштеда во семејниот буџет на граѓаните. БРАНА Во моментот се преработува основниот проект, а паралелно со тоа се работи на ревизијата на основниот проект за брана на реката Отиња. Завршен е тендерот и започнува да се работи и на студијата за животна средина.

ЕВРОИНТЕГРАТИВНИ ПРОЦЕСИ Периодов Штип се позиционираше високо на евро-интегративната агенда на земјава, а зазеде и значајни позиции на дипломатските агенди на високите конзуларни претставници од Европа и светот. За прв пат во досегашната пракса, централниот настан по повод Денот на Европа се одржа надвор од Скопје и изборот за град-домаќин падна токму на Штип. Како општина, заедно со граѓаните ја оправдавме честа да се најдеме рамо до рамо со европските метрополи кои на овој начин го чествуваат најголемиот празник на Европа. Како градоначалник, изминатава година бев домаќин и на десетина официјални дипломатски посети од страна на делегации предводени лично од амбасадорите во земјава. Она што би сакал да го упатам како искрена честитка од мое лично и од име на Општината, е заеднички, со здружени сили да ја креираме иднината на нашиот град. Идната година не очекуваат нови предизвици, не очекува многу работа. Јас сум максимално подготвен, затоа што знам дека ве имам вас, граѓаните и знам дека Штип заслужува да биде вистински центар на истокот и репер за многу Општини. Во периодот што ни следува, да си посакаме многу среќа и исполнети празнични моменти, во празничен мир да ги наполниме батериите за во идните 365 дена заеднички да продолжиме да ја надоградуваме алката која ја започнавме, Општина Штип – отворена и услужна, Општина за сите! РАЗВОЕН Штип од 2018, да прерасне во РАЗВИЕН Штип во 2019 годин


4

ИНТЕРВЈУ

{tipski Glas, Dekemvri, 2018 br. 88

Регионот од седмо го искачивме на трето место по степен на развиеност

Драгица ЗДРАВЕВА, раководител на Центарот за развој на Источeн плански регион

И

сточниот плански регион е еден од осумте плански региони во државата кои се формирани со донесувањето на Законот за рамномерен регионален развој од 2007 година. Исто толку време раководител на Центарот за развој на овој регион, кој е самото негово срце, е Драгица Здравева, дипломиран економист, една хиперактивна личност целосно посветена на својата работа. Со Здравева разговараме на теми значајни за развојот на регионот кој брои околу 180.000 жители кои живеат во 217 населени места во 11 општини. Источниот плански регион има Совет за развој на регионот што го чинат сите градоначалници од единаесет општини, со председател на Советот кој се бира на две години со можност за повторен реизбор. Претседател на Советот со мандат од две години е Николчо Илијев градоначалник на општина Кочани. Г-ѓа Здравева, кое е значењето на Центарот за развој на ИПР во однос на развојот на истокот? Центарот како правен субјект е од големо значење за развојот на регионот и работењето на Советот за развој на планскиот регион во спроведувањето на планските документи и намалување на диспаритетите помеѓу општините во регионот но и надвор од него помеѓу регионите. Основна цел и задача на Центарот е да подготвува предлогпроекти од значење за развојот на регионот, да изнаоѓа извори за нивно финансирање било од националниот буџет и Програмите на линиските министерства, а посебно да ги користи ЕУ средствата преку различни повици и програми, донаторски средства, средства од билатералната соработка на Република Македонија со други држави и друг тип извори.

Центарот обезбедува стручна и техничка помош на општините при подготовка на различни проекти, соработува со општините, здруженијата на граѓани, бизнис заедницата, образовните институции и универзитети, врши промоција на развојните потенцијали на регионот, и повеке административно технички работи. Ако денес, по цели 11 години постоење го заокружите целиот бенефит како тоа би го квалификувале? Пред неколку години нашиот регион беше поредпоследен по степен на развиеност, денес тој е трет по степен на развиеност веднаш после Скопскиот и Југоисточниот плански регион. Тоа говори дека има остварувања во насока на подобрување што секако е резултат на активностите и напорите на локално, регионално и национално ниво. Многу фактори допринесуваат за развојот, но сеуште недоволно ако се има во предвид големиот процент на иселување посебно на младите луѓе и испразнетите села. Колку финансиски средства досега преку ИПР дошле во регионот за сите овие години? Како раководител на Центарот сум трет мандат и со завршување на истиот завршува и мојот работен век па аргументирано можам да дадам одговор на ова ваше прашање. Во овој период реализирани се повеке од 80 проекти директно преку Центарот и голем број проекти во соработка со други министерства, организации и здруженија каде Центарот се јавува како стратешки партнер или партнер. Не би било реално да се кажат само финансиските средства за проектите кои директно се поминати преку сметката на Центарот, бидејки големи се буџетите на оние проекти кои ги имплементираме / реализираме во регионот во сора-

ботка со наши донатори или министерства, а кои средства не минуваат ниту преку сметките на Центарот ниту преку сметките на општините во зависност од тоа кој ја спроведува јавната набавка за конкретниот проект.Ќе кажам еден пример од Анализата која беше изработена за периодот 2009-2014 година: најуспешен регион е Источниот регион кој успеал за секој потрошен денар како оперативен трошок во неговото функционирање да обезбеди 17 денари инвестиции во проекти. Како се грижите за правична распределба на парите, од кои критериуми се водите, имате ли поплаки на некои градоначалници дека ним помалку им се дава, а дека други се фаворизираат? Секогаш се трудиме и настојуваме предложениот проект да има регионален карактер, да бидат вклучени најмалку три општини или бенефитот да го чувствува регионот. При распределбата на средствата од Министерството за локална самоуправа преку Бирото за


{tipski Glas, Dekemvri, 2018 br. 88

регионален развој постојат критериуми кои мора да се почитуваат за да се финансира тој проект. Но морам да кажам дека секоја општина влече према себе, што е и нормално, па ние како Центар се трудиме на предложените проекти сепак да и го пронајдеме регионалното значење за да не се најдеме во ситуација тој проект да биде одбиен и така да изгубиме драгоцени средства. Има поплаки од градоначалниците и ќе ги има и во иднина, тоа јас го сметам за нормално. Се обидуваме да има правичност во реализација на проектите и тоа сметам дека го постигнуваме, зошто правичноста во распределбата не се мери само преку средствата што ги добиваме од Министерството за локална самоуправа туку генерално преку сите средства и имплементирани проекти. Она за што Советот треба да се залага е реализација на крупни проекти преку кои ќе се искористуваат постојните потенцијали во регионот независно локациски во која општина ќе биде лоциран објектот или инсталацијата. На ова треба многу да се работи и да се менува односот и размислувањето на секој градоначалник. Секоја општина од својот буџет го финансира работењето на Центарот, па оттука како во оваа насока стои Штип, колку пари вложува општината а што има добиено од проектите? Годишните средства што општина Штип ги трансферира на сметката на Центарот се 477.960,00 денари, согласно Договорот склучен помеѓу општините и Министерството за Локална самоуправа. Штип има најголем износ на средства бидејки се плаќа според големината на општината, а во однос на обврските со општина Штип не сме имале ниту досега ниту сега проблеми. Неспоредливо е мерењето на средствата што ги уплатува општината со тоа што нејзе и се враќа, преку реализираните проекти. Еве Ви примери: изградбата на локалниот пат с. Врсаково - с. Судик на една единица средства од општината 34,73 единици се инвестиција, или за изградбата на мултимедијалниот центар Киро Глигоров соод-

ИНТЕРВЈУ

носот е 19,30, кај паркот на МАКФЕСТ соодносот е 15,81, кај детската градинка која е во фаза на реализација (значи само средствата кои ги обезбедува Центарот без кофинансирањето од Штип) соодносот е 33.23 итн. Изработен е Нацрт просторен план за регионот (за 11 општини) кој чини 1.100,000,00 ЦХФ односно 63.283.000,00 денари и ако се спореди со вкупните средства од сите 11 (единаесет) општини од 1.818.580,00 денари на годишно ниво соодносот е 34,80 единици инвестиција на еден денар вложен од општините.

5

рија или во возилото. Работам исто како и во помладите години. Во една прилика еден министер ми рече: “Од каде ти е енергијата, ти работиш како да си на почеток на кариерата, а на на истекот”. Се насмевнав и му реков дека тоа што го сакам не ми е тешко. Не ми претставува проблем да работам и повеќе од дванаесет часа дневно ако треба, да работам дома по цел ден на компјутер ако тоа е услов да се фати некој рок или да се среди извештај, да се проверат некои материјали. Ги контактирам колегите од другите центри, ги насочувам и по-

Неспоредливо е мерењето на средствата што ги уплатува општината со тоа што нејзе и се враќа, преку реализираните проекти. Еве Ви примери: во изградбата на мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“ соодносот е 19,30, кај паркот на МАКФЕСТ соодносот е 15,81, кај детската градинка која е во фаза на реализација (значи само средствата кои ги обезбедува Центарот без кофинансирањето од Штип) соодносот е 33.23 итн.

За вас лично велат дека сте хиперактивен раководител. Наутро сте во Каменица, потоа одите за Пробиштип, попладне за Скопје. Оние кои Ве знаат велат дека имате неверојатна енергија и работна дисциплина. Колку Вие лично се посветувате на обврските кои се од капитално значење за регионот? Јас сум целосно посветена на работата. Не само сега во Центарот туку целиот мој работен век. Работата ми претставува задоволство и воопшто не ми смета ако треба и цел ден да го поминам во канцела-

магам ако треба, соработувам, не кријам информации и веднаш ги споделувам зошто за мене важи правилото: “сподели со друг за да научиш повеке.” Настојувам колегите во Центарот да посетуваат работилници, конференции, стручни состаноци во земјата и странство зошто колку повеке јакнат нивните капацитети толку сум посилна и јас, а со тоа и Центарот. Мене не ме плаши конкуренција ниту знаењето , напротив во мојот работен век научив како цврсто да стојам на нозе и да ги решавам проблемите.


6

Секое утро се будам околу 56 часот наутро и мозокот ми е веке вклучен: што ме чека во текот на денот, со кои обврски да ги задолжам колегите, со кој градоначалници или министерства да се слушнам и исконтактирам, да проверам до каде се завршени одредени активности или проекти, да ја проверам електронската пошта и слично. Ако се сетам на некоја работа за да не заборавам и во нокта станувам да си запишам во телефонот кој секогаш е во спалната соба до мене. Не ми е проблем да одговорам на било кој повик и после работното време, за време на викендот или годишниот одмор. Мојот телефон е секогаш вклучен. Каква е прекуграничната соработка со Бугарија на проекти преку кои привлекувате европски пари. Нашиот Центар е единствено подобен согласно поделбата да апли-

К

ИНТЕРВЈУ

цира со проекти од ИНТЕРЕГ ИПА Програмата со Република Бугарија. Не можеме да работиме со Програмата со Грција, Албанија, Србија што е навистина голем хедикеп во однос на други Центри кои можат да работат со две програми. Програмата со Република Бугарија е најмногу искористена Програма во однос на средствата, но буџетите за проектите се значително помали од оние од Програмата со Грција . Мултимедијалниот Центар Киро Глигоров е резултат токму на таа програма со вкупен буџет од 336.000 евра од кои 150.000 евра се ЕУ средства и 186.000 евра се средства од буџетот на општината. Досега сите проекти со кои сме аплицирале на повиците од оваа Програма ги реализиравме. Дали општините ги исполнуваат своите обврски во однос на финансирањето на Центарот?

{tipski Glas, Dekemvri, 2018 br. 88

Во однос на ова прашање генерално сум задоволна. Но има мал дел од општини кои сеуште ги немаат измирено обврските за 2018 година, а таа веќе завршува, или измируваат заостанати обврски од предходни години и претходното раководство. Најголем проблем е плакањето од општина Делчево поради натрупани заостанати обврски уште од 2013 година. Но како што напоменав Центарот е финансиски стабилен поради дополнителните средства што ги обезбедува од менаџирање на ЕУ проекти и донаторските средства за проекти. Јас сум финансиер и сум задоволна бидејки Центарот е ликвиден штом е во можност самостојно да ги предфинансира проектите за покасно да ги врати вложените средства без да има проблеми во исплатата на платите на вработените и измирувањето на тековните трошоци.

Штипските советници ќе го зајакнуваат капацитетот на Советот

ако Советот на општината да ги зајакне своите капацитети? Како советниците од разни политички групации подобро да се запознаат за повеќе да бидат од корист за граѓаните, од корист за заедницата? Работилница со таква намена се одржа викендов во Пехчево, во готелот „Гогов“, а на истата присуствуваа советниците од нашиот град.

Работилницата беше во организација на Фондацијата за развој на локалната заедница која во Штип постои петнаесет години. За тоа како да се зајакне капацитетот на Советот на општината говореа Боби Шарковски и Невенка Лонгурова од спомнатата фондација.

„Значајна е климата на меѓусебна соработка на советниците од спортивставени политички групации, значајна е поддршката која доаѓа од граѓаните, од медиумите, значајно е и тоа кога Советот на општината носи одлуки советниците пред да ја донесат одлуката да размислат кој резултат ќе го донесе односната одлука за локалната заедница. Одлука се носи само ако се констатира дека таа ќе донесе добар резултат“, беше речено на работилницата.

Советниците искажаа низа свои размисли како квалитетно да се подобри работата на Советот на општина Штип, и дадоа јасна порака дека вакви работилници се повеќе од корисни за квалитетот на работата на локалниот парламент.


Живко ТАСЕВ: Имавме година на вредни остварувања

{tipski Glas, Dekemvri, 2018 br. 88

В

о годината која изминува ЈП “Исар“ оствари вредни резултати од значење за квалитетното функционирање на градот и општината. Целосно бевме посветени на нашата основна задача – Штип и населбите во секое доба од деноноќието да имаат вода, бевме посветени на изградба на водоводни и канализациони линии таму каде што ги немаше или каде што беше потребна нивна замена, работевме на хортикултурното уредување, на хигиената, набавуваме контејнери, машини за поквалитетно справување со предизвиците, интевениравме во пределот на градските гробишта и во бањата Кежовица... Вака, Живко Tасев, првиот човек на ЈП „Исар“, ја оценува 2018 година од аспект на задачите и остварувањата. -Во тековната година извршивме изградба на нови и имавме реконструкција на постоечки водоводни линии во должина од 2929 метри. Во исто време работевме на канализациони линии во вкупна должина од 1624 метри.. Вкупната инвестиција изнесуваше 27 милиони денари, а средсвата се обезбедени од буџетот на општина Штип и сопствени средства на ЈП „Исар“, вели директорот Тасев. Еден од најзначајните потфати беше изградбата на нова водоводна линија за снабдување на населбата Балканска. За и жителите од оваа населба да имаат квалитетна вода за пиење беше завршен транзитниот цевковод со премин преку реката Брегалница во должина од 1045 метри. Во овој потфат се инвестирани 16 милиони денари. ЈП „Исар“ изврши реконструкција на канализационата линија во Каваклија во должина од 272 метри во што е инвестирано 830.290 денари. На улицата Каваклија кај Шардаванбаши изградивме водовод и фекална канализација во должина од

ЈП „ИСАР“ ВО 2018 ГОДИНА

120 метри, вредноста изнесува 311.375 денари. Во оваа година е работено на водоводни и канализациони линии во Суитлакот, Дузлакза станбената зона Сончев град, на Радански пат, Дузлачки рид, на линија до Градските гробишта и ДСУ „Искра“, до Новакова чешма за стационарот за кучиња... -За подобрување на водоснабдувањето бушевме два нови бунари во локалитетот Штипско езеро и изведовме нови водоводни врски со бунарите во што инвестиравме 2,7 милиони денари. ЈП „Исар“ се погрижи да обезбеди квалитетно водоснабдување и за станбениот комплекс Грин Гарден во кој се градат шест згради со 360 станови. За таа потреба е поставена водоводна линија од 124 метри во што се вложени 804,268 денари. Секторот паркови и зеленило работеше на Градскиот стадионот на игралиштето во Суитлак, редовно се одржувани игралиштатат во Балканска и Брегалничка. Хортикултурно го облагородивме градот на влезот кај Лук Оил (кружен тек) кај Дујлето, кружниот тек кај Базалт, на Градските гробишта поставивме жардињери и украсно зеленило. Уредувавме дрвореди на Бул „Гоце Делчев“ каде поставивме систем капак по капка, на „Партизанска“, „Ванчо Прќе“, во повеќе населби ги сечевме сувите дрва, од- ново хортикултурно го уредивмее просторот кај фонатаната Макфест, информира Тасев. Секторот комунална хигиена набави 55 нови метални контејнери со зафатнина од 1,1 метар кубен, набавени се и распределени 200 канти, уредени се нови платформи

7

за контејнери на улицата „Борис Кидрич“ и на улицата „Личка“, изработени се и на разни делови во градот се поставени 36 бетенонски корпи, во центарот на градот се поставени 70 метални крпи за отпадоци. Годинава се расчистени и повеќе мини депонии на разни локации.

Јавното претпријатие ги уреди просториите за сместување гости во одделението во бања „Кежовица“, а работеше и на тампонирање и бетонирање на пристапни патеки на гробиштата. По пат на тендерски постапки набавена е машина ровокопач, машина за метење улици, четири машинки моторна коса - тримери и моторна пила, а се набавени и поставени 25 нови клупи“. Вкупната инвестициона вредност изнесува 9.868.000 денари без пресметан ддв.


8

Ги прифаќаме сите добри предлози на опозицијата СОВЕТНИЦИ

Слободанка Момчилова советничка од СДСМ

Како ја оценувате работата на Советот на општината? Со секоја наредна седница и квалитетот и ефиkасноста се подобрува, што секако се должи на искуството што го стекнуваме. Дали мислете дека Советот се бавеше/се бави со прашања кои се клучни за развојот на градот и општината или.... Секако дека сите одлуки што ги носи советот се важни за општината.Сега, некои се клучни, а некои и про форма за да се испочитуваат законот и процедурите. Кој е Вашиот став во однос на настапите на вашите колеги од политичкиот конкурент? Цените ли дека советниците од спротивната политичка групација придонесуваат за квалитетот на седниците, но пред се за квалитетот на одлуките кои се носат? Лично мислам дека има меѓу колегите од опозицијата поединци кои се конструктивни и помагаат во носење на поквалитени одлуки, посебно поради искуството што го имаат како советници. Но има и такви кој тераат само политика и ги користат седниците само за лична промоција пред камерите. Колку како советници се водите од фактот дека сте тука да работите во полза на граѓаните зашто од нив сте избрани, а не само во полза на партијата и коалицијата чиј репрезент сте? Единствен факт од кој се водам е користа за граѓаните.Проблемот настанува кога од некоја одлука една група е задоволн,а а друга не бидејки може да изгуби поедини повластици. Се случило ли Вие лично и Вашата советничка група да застанете зад предлог кој дошол од противничкиот табор? Ако има такви случаи зошто била ваква вашата постапка? Се разбира.Не само јас туку и цела советничка група имаме прифаќано укажувања и предлози од опозицијата.Можеби ќе беа и повеќе ако опозицијата учествуваше во работата на комисиите бидејки таму е основната расправа по секоја точка и се формира ставот по истата. Што, според Вас, му фали на градот, во која насока очекувате Штип да се развива во идните 34 месеци колку што ви преостанува од мандатот? Како човек кој се движи пешки по цел град најмногу ми пречи хаосот со автомобилите и ѓубрето расфрлано насекаде.Би била и многу среќна ако при движењето низ градот гледам и повеке зеленило.Јасно е дека за да се поправи оваа состојба мора да се подигне и свеста на жителите на Штип дека немора секаде да се оди со автомобил,дека отпадоците се фрлаат само на места одредени за тоа и да не збору-

{tipski Glas, Dekemvri, 2018 br. 88

вам дека од нас зависи дали зеленилото кое е веке поставено ке го одржуваме или уништуваме.Исто така и секоја средба со директорите на јавните претпријатија ја користам да ги потсетам да се ангажираат во поставување на контејнери за рециклирање на повеке места по градот и хортикултурно уредување на секоја слободна површина. Дали Штип ги остварува критериумите на еден регионален образоваен, стопански, културен и секаков друг центар? Ако не ги остварува сметате ли дека и Советот има придонес за таквата слика? Ако станува збор за тоа дали постојат институции од тие домени одговорот е, да.Неможам да кажам дека е центар, освен образовен, но тоа само поради постоењето на Универзитетот.Немам лично искуство со неговото работење,но самиот факт дека на повекето факултети предавања има само 2, 3 дена во неделата ме доведува до сомнеж за квалитетот.Оставам простор ова да е сугестивно мислење бидејки пред 30 години кога јас бев на факултет,студирањето бешенешто многу поразлично. Во однос на градот како стопански центар, општината работи на инфраструктурата и условите за водење бизнис,секако меже и повеќе, но не гледам ништо повратно од стопанствениците.Основно е да го ценат трудот на работникот и да си признаат дека без тие работници не може да има стопанство.За да биде културен центар општината може најмногу да придонесе само ако одвои повеке сретства. Каква, според Вас, треба да биде конструкцијата на Советот? Стари и искусни, средна генерација која има минато но пред која стои и подолга иднина, млади без искуство...или? Секогаш е најдобро кога има мешан состав и кога искуството помага на иницијативата.Поважно е да бидат карактери кои прифакаат нови работи,кои гледаат по 10,20 години напред и не се плашат да превземат одговорност за работи од кои ефектот нема да се види веднаш за да добиваат политички поени.И најважо да се луѓе кои не очекуваат личен профит и да не се подложни на уцени. Со какви надежи и желби влегувате во 2019 година? Најсреќна ке бидам ако успееме да ги исполниме планираните капитални проекти, да го растеретиме сообракајот во центарот и да поработиме на екологијата.Единствена желба ми е да не ни се случи никаква елементарна непогода и општината годината да ја помине мирно и да напредува во секоја смисла.


СОВЕТНИЦИ

На Штип му фали малку повисока свесност за самиот себе

{tipski Glas, Dekemvri, 2018 br. 88

Д-р Христина Серафимовска, советничка од ВМРО ДПМНЕ

Д-р Христина, изминаа 14 месеци од работата на овој советнички состав. Кое е вашето мислење за неговата работа во однос на квалитетот и ефикасноста. Квалитетот и ефикасноста, како мерливи категории, зависат од перцепцијата на граѓаните темелена на расположливите информации и ефектите од реализираните проекти.Состојбата е многу потреби, малку иницијативи од граѓаните, еднолични Барања и ограничени можности да се излезе во пресрет на сите.Генерално, неопходно е преуредување на постоечкиот системи генерирање на нови можностиза подигање на квалитетот на животот во Општината од која сме избрани. Дали мислете дека Советот се бавеше/се бави со прашања кои се клучни за развојот на градот и општината или.... Важноста на Советот како институција не е предмет на дискусија, таа е утврдена, но до каде сме со нивото и дигнитетот на истата?! Ерозија на институции од ваков тип може да предизвика индиферентноста по клучни прашања, формалното носење на одлуки, дефицитот на иницијативи, недостигот на личен печат врз работите, ниското ниво на личен интегритет и слично. Клучно е ние да го движиме системот, а не тој нас. Одлуките на Совет не смеат да се заобиколуваат. Концептот на бројка заради бројка и третирањето на советниците како креатори на евентуално мнозинство е истрошен концепт кој мора да биде надминат. Кој е Вашиот став во однос на настапите на вашите колеги од политичкиот ви конкурент? Цените ли дека советниците од спротивната политичка групација придонесуваат за квалитетот на седниците, но пред се за квалитетот на одлуките кои се носат? Дискусии има, но доблеста е да се признае издржаноста на аргументирани предлози е најчесто на едно декларативно ниво. Носењето одлуки е процес кој сеуште е заробен во стегите на едно пошироко општествено расположение. За жал,во непопуларната пракса од овој тип евидентна во нашата држава, своја улога имаат и дел од граѓаните, кои го имаат прифатено ова шаблонизирано функционирање на општествениот систем и со недоверба ги примаат евентуалните отстапувања. Колку како советници се водите од фактот дека сте тука да работите во полза на граѓаните зашто од нив сте избрани, а не само во полза на партијата и коалицијата чиј репрезент сте? „Запоставувањето на граѓаните“ не важи само за политиката. Наоколу e евидентна себична самоуверена индивидуалност, која никако не сака да го прифати светот виден со очите на другиот. Често среќаваме домашни миленичиња облечени како луѓе, бидејќи нивните стопани се убедени дека така им го даваат најдоброто од себе. Политичките партии пак, сметаат дека нивната понуда се преклопува со „доброто“ на граѓаните. Поентата е дека партиите мора да бидат свесни за различностите во очекувањата, а народот наместо на своите индивидуални желби

9

предност треба да им даде на решенијата поддржани од мнозинството.Токму затоа ВМРО ДПМНЕ како народна партија, се обидува да биде блиску до граѓаните и предлозите за изборните програми ги црпи токму од нивните артикулирани потреби. Се случило ли Вие лично и Вашата советничка група да застанете зад предлогкој дошол од противничкиот табор? Ако има такви случаи зошто била ваква вашата постапка? Како политичка партија со огромен број реализирани проекти имаме висока самодоверба и се водиме од девизата дека на конкуренцијата се одговара со поголема сопствена конкурентност, на евентуалниот квалитет со одговара со уште поголем квалитет. Со ваков концепт потребата да се сопне противникот е отсутна, и наместо конфликт, развојот се јавува како природна последица на конкурирањето. Што, според Вас, му фали на градот, во која насока очекувате Штип да се развива во идните 34 месеци колку што ви преостанува од мандатот? На градот пред се му фали малку повисока свесност за самиот себе, за наследството кое го носи, местоположбата, потенцијалните стопански гранки и сл. Користејќи ги декларативно предиспозициите на Штип, многупати во погрешен контекст, прерано ги потрошивме. Во иднина очекувам да се обнови интересот кон сето она што го прави Штип типичен и препознатлив град. Дали Штип ги остварува критериумите на еден регионален образовен, стопански, културен и секаков друг центар? Ако не ги остварува сметате ли дека и Советот има придонес за таквата слика? ВМРО ДПМНЕнаправи многу за Штип да се издвои како регионален центар. (УГД, ТИР зона, СДИ, автопат Штип - Миладиновци, локална инфраструктура, Клиничка болница) Претходно за Штип само носталгично се зборуваше како за некаков центар од минатото со предиспозиции повторно да прерасне во таков. Денес состојбите се значително променети, а ние како политичка партија сме горди на учинокот. Каква, според Вас, треба да биде конструкцијата на Советот? Стари и искусни, средна генерација која има минато но пред која стои и подолга иднина, млади без искуство...или? За да има квалитетни одлуки, рефлексија на различни искуства, запазување на светогледот на секоја различна фела и генерација, континуитет, проактивност и визионерски пристап дефинитивно Советот мора да биде од мешан состав. Со какви надежи и желби влегувате во 2019 година? Посакувам 2019 да биде година на сеопшто отрезнување.Со ескалирање на духовната ерозија во нас го загрозивме опстанокот на сопствената држава. Корисно ќе биде конечно да сфатиме дека просперитетот и вредностите не се категории кои меѓусебно се исклучуваат.


Брилијант го проширува производството со маслото Омега 3

10

АНАЛИЗА

{tipski Glas, Dekemvri, 2018 br. 88

П

о повод малиот јубилеј шест месеци од превземањето на фабриката за масло Брилијант од страна на прилепска Витаминка, раководството на прилепскиот гигант во прехранбената индустрија пред новинарите од Штип и од ги запозна со досегашните резултати од работењето на Брилијант. На настанот присуствуваа и градоначалниците на Штип Благој Бочварски и на Прилеп Илија Јовановски, а за шестмесечните остварувања и за идниот развој зборуваше директорот на Витаминка Сашо Наумовски.

„Пред шест месеци имавме успешно превземање на фабриката за масло Брилијант, и овој бренд производ ургентно го вративме во продавниците, маркетитите, на продажните полици. Производната линија е последен збор на технологијата, а од чисто еколошки причини мазутот како гориво го заменивме со земјен гас. Со фабриката „Благој Ѓорев“ работиме на враќање на сончогледот на нашите ниви за што преговаравме во Владата, а со суровина засега се обезбедуваме главно од Бугарија. Денес најголемиот дел од производството го пласираме на домашниот пазар но се повеќе брендот Брилијант си го пробива патот и на пазарите во Косово, во Србија, а наскоро така ќе биде и во Албанија како стар, поранешен пазар, рече Сашо Наумовски, директор на „Витаминка“.

Имајќи ја предвид експертизата на Витаминка во делот на иновациите и развој на производите Брилијант има вистински успешна приказна. Таков е примерот со Брилијант“, изјави Владимир Трпаноски, Комерцијален директор на Витаминка.

Во производството на Брилијант Омега 3 искористени се современи методи со што се доби висококвалитетно сончогледово масло збогатено со есенцијални масни киселини. Брилијант Омега 3 е збогатено со докосахексонична (DHA) масна киселина и Брилијант Омега 3 е новото масло за јадење од со тоа станува извор на Омега 3 масни киселини, а со Витаминка кое од пред извесно време е достапно на негово консумирање и голем здравствен бенефит. продажните места. Со појавата на Брилијант Омега 3, Фабриката во Штип во моментов има искористеност од се зголемува производниот асортиман на фабриката во Штип, а овој бренд ја зацврстува својата позициоВоведувањето на маслото Омега 3 е нираност на пазарот. Воведувањето на ова масло е инвестирање во проширување на производниот асортиман а преку воспоставување на новиот технолошки процес, претставува вложување и во фабричките капацитети.

„Со Брилијант влеговме во сегмент на производство каде има голем потенцијал за раст. Имајќи ја предвид експертизата на Витаминка во делот на иновациите и развој на производите Брилијант има само успешна приказна пред себе. Сепак станува збор за производ што има своја традиција, свој неспорен квалитет, свои потрошувачи, но со иновативни производи ќе успееме да придобиеме и нови потрошувачи. Праксата покажува дека со вистински вложувања, во вистински момент и начин, секој бизнис дава резултати.

инвестирање во проширување на производниот асортиман, а преку воспоставување на новиот технолошки процес, претставува вложување и во фабричките капацитети.

40 проценти од нејзиниот капацитет но со освојување на нови пазари и со нови производи таа искористеност ќе расте.

Инаку, во фабриката на работа се вратени 70 работници.


Новинарите го избраа најдоброто од истокот

{tipski Glas, Dekemvri, 2018 br. 88

ПРИЗНАНИЈА

Од Штип добитници се академик проф.д-р Блажо Боев, ректор на УГД, Драгица Здравева, раководител на Центарот за развој на ИПР, Викторија Јованова, новинарка, а признание поврзано со Шип доби прилепска Витаминка за рестартот на габриката за масло Брилијант.

Н

овинарите ор регионалниот центар „Исток“ кој делува при Здружението на новинари на Македонија, во рамките на манифестацијата „Најдоброто од истокот“ ги избраа најдобрите репрезенти на регионот во повеќе области., Добитници на ова признание кое годинава се доделува по петти пат се:

НАУКА За најдоброто во науката е избран Академик проф.д-р Блажо БОЕВ, ректор на УГД, кој годинава беше избран за дописен член на МАНУ. Боев зад себе има голем број научни трудови објавувани во домашни и во светски научни списанија, а со неговиот избор за член на МАНУ регионот, по пауза од точно 30 години, го доби својот нов академик. СТОПАНСТВО категорија домашна инвестиција - ВИТАМНИКА Прилеп за деловниот потег со купувањето на штипската фабрика за масло БРИЛИЈАНТ со што ургентно ја активира затворената фабрика и ги врати на работа сите 70 работници. СТОПАНСТВО, странска инвестиција АМФЕНОЛ-Кочани кој вработува околу 2.000 лица и значајно придонесува за благосостојбата на Кочани, на регионот и на Република Македонија. ХУМАНОСТ... Кирчо СТОЈОВ од Кочани кој донираше дел од свој орган со што спаси живот на млада личност. ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ ...Компанијата ВИНЧИНИ – Виница за проектот за социјализација на децата со потребни потреби, мерки во екологијата, редуцирање на технолошкиот отпад и рециклирање на амбалажа. КУЛТУРА Тетараска група „СЦЕНА 71“ - Свети Николе, за континуиран придонес во културата на градот и државата, со посебни остварувања во 2018 година. МЕНАЏЕР НА ГОДИНАТА избрана е ДРАГИЦА ЗДРАВЕВА, раководител на Центарот за развој на Источниот плански регион за нејзиниот квалитетен придонес во раководењето со центарот и изработка на квалитетни проекти со кои се привлекувани странски донатори со што ИПР за осум години од претпоследно седмо се искачи на трето место по развеност. НОВИНАРСТВО за новинар на 2018 година е избрана ВИКТОРИЈА ЈОВАНОВА ДИМИТРОВА, новинар на

11

ТВ Ирис, дописник на ТВ Телма и на МИА од Штип и регионот за над 500 објавени прилози на овие медиуми и за силната посветеност на професијата. СТРАНСКИ ПОМАГАТЕЛ избрана е АМБАСАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЛОВЕНИЈА, за нејзиниот влог - донации во филтер станиците во Штип и Пробиштип и во некои други места во регионот. СПОРТ признанието го добива ФК „КИТ ГО“ – ПЕХЧЕВО и неговиот сопственик КИРЕ ГОГОВ како пример за вложување во спортот во мала средина, вложувања во изградба на тренинг центар во Пехчево и брз успех во македонскиот фудбал. ПОСЕБНО ПРИЗНАНИЕ му е доделено на ИВАН БОЈАЏИСКИ идејниот творец на манифестацијата „Најдоброто од истокот“ за успешното петгодишно менаџирање со истата.

Новинарите засега не ги доделија признанијата во областите образование, туризам и животна средина поради недостиг од предлози. За овие категории предлози ќе се даваат до 10 јануари, 2019 година. Свеченоста која новинарите ја крстија под име „Ноќ на источните оскари“ и на која ќе бидат доделени признанијата, ќе се одржи во месец февруари, 2019 година. Како и секогаш досега за секој од добитниците се прави филм во траење од по 90 секунди. Манифестацијата ќе ја отвори Николчо Илијев, претседател на Советот на Источниот плански регион, а нејзин водител како и досега ќе биде новинарот и претседател на Регионалниот центар на новинари „Исток“ – Тони Михаилов.


12

НОЕМВРИ ВО ШТИП

{tipski Glas, Dekemvri, 2018 br. 88

Најдоброто од Штип за 2018 година

Академик проф.д-р Блажо Боев ректор на УГД

Драгица Здравева, раководител на Центарот за развој при ИПР

По период од 30 години Штип и регионот го добија новиот академик. Тоа е проф.д-р Блажо Боев, ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“. Зад академик Боев е една долгогодишна, макотрпна научна работа зад која стојат голем број научни трудови објавени во домашни и светски релевантни научни списанија.

Таа е личност со ретко голема работна енергија и со квалитетни стручни потенцијали кои целосно ги вложува во одговорната работа од значење за Штип и регионот. Во моментот раководи со 17 проекти чија реализација ќе значи нов квалитет во развојот на регионот.

Горан Трајков, директор на Домот на млади

Викторија Јованова Димитрова, новинарка

Од неговото доаѓање на првата позиција Домот на млади стана централна точка на културата во градот. Со својата креативност и визионерство, со 80 проекти во 2018 година, успеа да ги привлече младите луѓе, да го направи Домот на млади нивна посакувана дестинација.

За неа нема работно време. За тоа говори фактот дека за ТВ Ирис, ТВ Телма и на МИА за кои медиуми работи, во 2018 годината има објавено над 500 прилози со што на најдобар начин придонесе за добро информирана јавност.

Сашо Наумоски, ген.дир на Витаминка

М-р Ивана Ѓурѓевиќ Јанков, диригент

Со решението да ја купи затворената фабрика за масло „Брилијант“, успешно да ја рестартираат и ресетираат, ургентно на работа да вратат 70 работници, прилепска Витаминка и нејзиниот прв човек направија чин за секоја почит.

Со неверојатна енергија и посветеност Ивана го води Градскиот хор кој стана една од препознатливите легитимации во културниот и музички живот на градот. Ивана со голема страст го подготвува хорот за настапи кои се вистинско уживање, а салите секогаш се прполни.

Боре Минов, уметник и галерист Со одлуката да отвори преубава галерија на уметнички дела Боре Минов на Штип му ја даде алката која недостасуваше во неговиот живот. Со неговата инвентивност Штип доби уште едно култно место какви што имаат сите градови кои држат до себе.

М-р Максимова и м-р Арсовска Дуото Марија Максимова и Виолета Арсовска со осум настапи низ државата на кои сполнуваа дела од класичната музика го промовираа својот Штип на најдобар можен начин. Љубителите на овој вид музика со нетрпении ги очекуваа(т) нивните настапи.

Лазар Тасев, студент Лазар е претставник на младата генерација која ќе го понесе товарот на квалитетните промени во државата. Тој е државен првак во симултано судење во категоријата јавни обвинители. Македонија има на што да ја потпре својата иднина.


{tipski Glas, Dekemvri, 2018 br. 88

РЕКЛАМА

13


Живот после животот КОЛУМНА

14

П

Пишува:

М-р Трајче КАЦАРОВ, писател

редадени во рацете на политичарите (за да не моделираат како глинени голуби) и на нивните нозе (за да не шутираат како парталави топки) почнавме да подзабораваме на некои наши национални величини. Една од нив е и великанот на драмската реч Горан Стефановски. Тој , пак како да го насети тоа и апансанс ни покажа дека е жив. Како го направи тоа?

Па едноставно, како и секој жив човек, легна и умре. Чудно ама вистинито. Вистинито зашто штом човек ќе умре се раѓа сеќавањето, се раѓа љубовта кон него. Од памтивека е останато, кај секој што се сеќава на починатиот се изместува сликата на објективната стварност. Па, наместо берач на трње починатиот станува собирач на ѕвезди, наместо орач на камени ниви станува молзач на небески сокови. Сите, сто процентно, се убедени дека брадата на господ најмногу нему му прилегала. Каде и да одел оставал траги какви би оставил облак во панталони. Не ретко на некои од државните функционери после смртта им се препишува улогата на отец и син на нацијата. Согласни со ваквите констатации не ни останува ништо друго освен да се сложиме дека без смртта нема живот. Кој не

умрел, тој не живеел. Односно не може да живее човекот што не умрел. Ете кога Горан Стефановски умре ни текна дека го имаме. Го имаме и тоа голем, видлив за целиот свет. Мајстор за светлината и сјајот, потребни да се наслика светската стварност и за оние на исток и за оние на запад и за оние на југ и за оние на север. Го имаме човекот што зборува на сите светски јазици и се лулее на мрежа сплетена од сите земјини меридијани. Го имаме човекот кандилце пред секоја светска икона. Ова не може да се протолкува како мал праксис во докажувањето на тезата дека и животот и смртта се идеи, односно дека не можат да се повторат. Секој обид би бил залуден зашто би било само, што би рекол Платон за уметноста, слика на сликата.

{tipski Glas, Dekemvri, 2018 br. 88

поинаку е со Отоманската империја. Падна на коленици, болна, Империјата од Босфор и наеднаш оживееја сите нејзини лошотии и добрини. Новото време, новите политики носат нови ветришта што треба да ги издуваат лошите историски чинови од светската меморија. Распаѓањето на СФРЈ исто така може да се земе како потврда на тезата дека по смртта се раѓа љубовта кон починатиот. Во последните години, пред да се случи, страшниот чин, немаше жител на СФРЈ кој не и наоѓаше замерки и што не беше подготвен да гласа за нејзино погубување. За осудената на смрт, булук луѓе се јавуваа да бидат дел од стрелачката формација. Гореа од желба да и пукаат в чело, директно во срцето. Но, кога кутрата падна на коленици, се срони, се роди љубовта кон неа. По целиот бел свет низ небесните разгласи се слушаат песните кои ја опеваат убавината на починатата. Страшно, но вистинито!

Но, не само Горан Стефановски, годинава за месец-два умреа и други великани на уметничкиот чин, пред се на театарот: Вачо Петрушевски, Љубиша Ѓеорѓиевски, Мите Грозданов, Љупка Џундева. Сите тие заедно Се плашам дека така ќе се со своите дела по смртта оже- случи и со нашава страдалница веаја на свој начин. Македонија. Тогаш кога дефинитивно ќе ја изгубиме ќе сфатиме Во општествени прилики што сме имале, ќе се роди љутоа многупати е забележано кај бовта кон неа. пропаѓањето, смртта не некои држави, или империи. Да почнеме од антиката: Троја најмноЖали горо, жали сестро/ти гу оживува по поразот. Штом се за твојте лисја горо/ јас за свозатворија животните патишта јата младост/ младост во Макеоживееја легендите кои се непо- донија, горо! битни, посилни од животот. Истото се случи и со Римското царство и со Византинското. Не


{tipski Glas, Dekemvri, 2018 br. 88

ЧЕСТИТКА

15

Среќна нова 2019 година од пријателите на Штипски Глас


Декември, месец на дуото Арсовска-Максимова

16

П

КУЛТУРА

оследниот месец од годината беше „резрвиран“ за м-р Виолета Арсовска, порфесорка по соло пеење и М-р Марија Максимова, професорка по пијано и двете во Државниот музички училишен центар „Серѓеј Михајлов“. Министерството за култура ги поддржа, а тие, во месецот кој го најавува доаѓањето на Новата година, максимално се оддолжија со прекрасни концерти на класична музика кои ги имаа во повеќе градови низ нашата држава. Дуото во месец декември настапи во Скопје, во Штип, им го разубави денот на кумановци, а потоа и на граѓаните на Свети Николе. Иако класичната музика не е следена од преголем број граѓани, сепак, на нивните концерти доаѓаше за класичната музика бројна публика. На нивниот репертоар се дела на Качини, Шуберт, Рахмањинов, Прокопиев, Скаловски и Цанев. Нема збор дека дуото Арсовска-Максимова станаа заштитен бренд на културата на нашиот Штип. Мр Виолета Арсовска во 2008 година има дипломирано на Универзитетот Св.Кирил и Методиј на Музичката академија во Скопје,отсек соло пеење со највисоката оцена Cum Laude,во класата на проф.Билјана Јакимовска.Уште како студент настапува на сите концерти во рамките на концертната активност на факултетот, потоа следуваат аудиции и настапи на Млади оперски надежи во Македонската опера и балет, како и настапи со оркестарот на Македонската филхармонија.Веднаш по дипломирањето се запишува на магистерски студии кај проф.м-р.Весна Гиновска Илкова.Во 2012 година магистрира во класата на проф.м-р Славица Галич Петровска.Следуваат низа концерти во повеке градови низ државата. Од 2008 година таа работи како редовен професор по соло пеење и реди успеси како на државни така и на меѓународни натпревари по соло пеење, со својата класа на ученици. Редовно учествува како солист на сите значајни манифестации со оркестарот на ДМУЦ “Сергеј Михајлов” од Штип.Тука спаѓаат Новогодишните и завршните концерти на училиштето. Арсовска, заедно со пијанистката Максимова во 2018 година имаат низа солистички концерти во државата, во рамките на манифестацијата” Нов културен бран” поддржана од Министерството за култура .Соработката со Максимова ја продолжуваат и понатаму како дуо со кое го издадоа и нивното прво ЦД со современа музика од Mакедонски и Руски композитори. М-р Марија Максимова е пијанист и истакнат педагог по пијано, камерна музика и корепетиција во Државниот Музички Училишен Центар „Сергеј Ми-

{tipski Glas, Dekemvri, 2018 br. 88

хајлов“. Настапува како корепетитор со неколку наши инструменталисти, а нејзините ученици земаат активно учество на многу значајни концерти, фестивали и натпревари во Европа и кај нас. Во програмата на концертите, посебно става акцент на промовирање на македонските композитори во странство.

Дуото на својата соработка и додаде нова вредност со издавање на своето прво ЦД со современа музика од Mакедонски и Руски композитори.

Максимова е добитник на повеќе признанија; плакета за најдобар педагог за повеќегодишна успешна работа, доделена од Сојузот на Музичко-балетски педагози на Република Македонија, „Диплома за високи почести“ на интернационалниот натпревар “Луиџи Зануколи“ за млади музичари во Римини, Италија, потоа признание за ширење на музичка култура на интернационалниот натпревар „Giovani Musicisti“ во Тревизо, Италија, дипломи за освоени Лауреати на натпревари со ученици, специјални награди, дипломи за остварени високи педагошки резултати во Европа, признанија за успешна работа, дипломи за високи педагошки успеси на Интернационален Интернет натпревар, сертификати за посетени семинари на еминентни пијанисти, учество во работилници за креирање на наставната програма, учество на стручни предавања од областа на пијанистичката педагогија, организиран од Европската Асоцијација на Педагози по пијано. Добитник е на Признанието „Свети Никола“ за вонреден ангажман и постигнувања, доделена од Општина Штип, а во 2018 е добитник на Плакета за посебен придонес во областа на педагогија на класична музика, доделена од Здружението на новинарите на Источна Македонија. Учениците во класата на проф. имаат добиено над 200 награди на професионални музички интернационални и државни натпревари во Франција, Италија, Словенија, Бугарија, Србија, Косово и Македонија Максимова последниве години е член на жири на Интернационални натпревари по пијано во Италија, Србија, Босна и Македонија.


КУЛТУРА

Штип во чест на Ацо Шопов, признание за склуптурот Васил Василев

{tipski Glas, Dekemvri, 2018 br. 88

П

17

Штипјани ги видоа скулптурите на Милошески

редновогодишно Штип имаше бројни културни настани. И после 36 години од неговата смрт, родниот град на Ацо Шопов на вистински начин го чествува неговиот лик и дело. На 20 декември по повод денот на раѓањето (година 1923) на револуционерот, поет, општественик и академик во Домот на култура кој го носи неговото име млади поети читаа негови знаменити песни, за ликот и делото на Шопов зборуваше писателот Трајче Кацаров, апознатиот академски сликар Васил Василев од Никола Ристов, директор на Центарот за кулура го прими признанието „Ацо Шопов“ за скулптурата со ликот на Шопов која се наоѓа во Домот на култура. Во изложбениот салон на оваа институција беше отворена изложба на скулптури од скулптурот доцент д-р Слободан Милошески. Пред бројна публика изложбата ја отвори проф.д-р Трајче Стојанов, естетичар. „И со оваа самостојна изложба сега веќе познатиот академски скулптор Слободан Милошески се потврдува како автентична појава на македонската уметничка сцена. Евидентно под влијание на американскиот скулптор Александар Калдер и неговите „мобили“, сепак нашиот „македонски Калдер“ се јавува не како едноставен епигон, туку како самосвоен творечки феномен“, рече Стојанов.

В

Лена ЃУРИЌ со изложба во Делчево

Чудесна приказна во 31 СЛИКА

о декември месец штипската сликарка Лена Ѓуриќ имаше изложба во Спомен домот на АСНОМ во Делчево. Изложбата ја отвори новинарката Даниела Такева која инспиративно говореше за сликарството на Лена.Штипски Глас подолу го донесува текстот, еден вид рецензија, на Миле Ѓорѓијоски, познато име од писателската фела. Деновиве сликарката Лена Ѓуриќ, во фоајето на спомен домот АСНОМ, преку сликарската техника масло на платно во 31 слика раскажа ретко инспиративна и топла приказна која не ги остави рамнодушни бројните посетители на уметноста во градот под Голак. Она што ја прави оваа изложба посебна е онаа чудесна нитка која ги поврзува сите триесет и

една слика, односно сите триесет и една приказна во една целина, и од оваа изложба прави чудесет филм во триесет и една слика, во кој е преточен животот, сонот, фанта-

зиите и интимната приказна на авторката на овие прекрасни дела. Сум бил многу пати во овој простор, сум присуствувал на многу изложби, но никогаш не сум почвуствувал олку многу позитивна енергија. Едноставно, кога човек ќе се препушти на магијата на овие 31 слика чувствува како да се се наоѓа во некоја друга димензија на просторот и времето,и наеднаш чиниш дека не постои ништо друго освен оваа бајковите приказна во триесет и една слика, дека запрело времето и со помош на некоја временска машина сте отпатувале во некој чудесет свет - светот на уметност. Секоја чест за уметничката од Штип, Лена Ѓуриќ. Миле Ѓоргијоски


МЛАДИ

Нашата генерација ќе го подобри животот во Македонија

18

Лазар ТАСЕВ, студент на Правниот факултет при УГД најдобар симултан млад обивинител во Македонија

Л

азар Тасев е студент на трета година на Факултетот за правни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“. Тој на државниот натпревар по симултано судење го освои првото место заедно со тимо а и индивидуално беше прв во категоријата на јавни обвинители. Со младата надеж на македонскиот правосуден систем разговараме на теми важни за младите но и за општеството во целина. Лазар, како го дожиевте ова големо признание за вас лично, за студентскиот тим на факултетот и за професорите секако? Точно, тимот на Правниот факултет при УГД на натпреварот по симулирано судење го освои првото место. Се работи за натпревар кој се одржува секоја година на Правниот факултет во Штип во кој учествуваат пет тимови од правните факултети во Република Македонија кои се натпреваруваат меѓу себе во симулација на судење од областа на кривичното право. Нашиот тим во кој бев јас со колегите Кристијан Јованов, Вероника Газепова, Давид Митровиќ, Наташа Гоцева ,Љупка Спирова, Благој Милев, Марија Коцева, Влатко Пачарски и Ивана Недева а ментори ни беа проф. д-р Лазар Нанев, проф. д-р Олга Кошевалиска и ас. д-р Елена Максимова и имавме предмет за кривичното дело Тешка телесна повреда. Во тимот на УГД јас бев во улога на јавен обвинител и освоив индивидуална награда за најдобра симулација на јавен обвинител на натпреварот. Пред се оваа награда ја доживеав како признание за големиот труд вложен во подготовката за судењето, но и оваа награда за најдобар јавен обвинител исто така за мене преставува и една огромна чест и мотивација и понатаму да продолжам со слични успеси. Кој е Лазар Тасев? Јас сум роден и живеам во Штип, завршив во Гимназијата „ Славчо Стојменски“, а сега сум студент во трета година на Правниот факултет при УГД. Татко ми е правник и работи како судија во Основниот суд во Штип, мајка ми е дипломиран технолог и работи во приватна фирма, мојата помала сестра учи во

Гимназијата „ Славчо Стојменски“. Се определив за правните науки, бидејќи секогаш ми побудуваа интерес општествените предмети во училиште, општествените и политички случувања во државата, како и фактот што од секогаш сум ја сакал правдата. Дали фактот дека вашиот татко е судија, а во семејства на судии има многу книги од правото, Ве привлече и Вас да студирате на овој факултет? Не тоа што мојот татко е судија, не влијаеше на мојата одлука да се запишам на правни студии. Но, тоа што бев уште од најмала возраст опкружен со правна литература и разговорите во врска со правото кои се водеа во моето поширока фамилија во која има и други правници ме интересираа, па можеби и имале мал придонес во одлуката и јас да станам правник. Сепак по поминати две години на правни студии сфатив дека сум донел вистинска одлука и дека правните науки се тоа што јас навистина го сакам и во тоа ја гледам својата иднина. Како, во квалитативна смисла, ја оценувате Вашата генерација која денес студира, а веќе утре треба да си ја превземе судбината на земјата во свои раце? Сметам дека младите во Република Македонија, па тука и мојата генерација поседува квалитет и знаења со кои можеме да го подобриме општествениот живот и да направиме вистински реформи во државата. Сепак не знам колку од нив би останале овде и да ги применат стекнатите знаења или пак како образовани луѓе ќе заминат во странство. Каде Лазар ја гледа својата иднина? Во татковината или во странство... Со правен факултет на еден начин и сте ограничени со можноста да заминете во странство и да започнете да работите во струката, поради фактот што секоја држава си има свој правен систем, а го изучувате правниот систем на државата каде студирате. Сепак со нострификација на диплома и тоа е возможно, како и различните меѓународни институции во светот кои ја нудат можноста еден

{tipski Glas, Dekemvri, 2018 br. 88

правник од нашата држава да замине и да се вработи таму, што преставува вистинска чест и престиж. Но, дали ја гледам мојата иднина во државата или надвор од неа не знам, можеби прво би сакал да се обидам да изградам кариера во Република Македонија. Младите сосема оправдано, а и очекувано ја изградија оваа идеја, која е заснована на повеќе аргументи. Нискиот стандард, малите плати, можностите кои ги имаат за вработување после дипломирање, немањето на објективни мерила и критериуми, состојбата во државата и да не набројувам понатаму, се доволна причина студентите да го спакуваат својот куфер и да заминат надвор од државата и подобриот живот да го продолжат таму. Кој е Вашиот сон: да се вработите во домашното судство, да магистрирате и докторирате и да биде професор на некој факултет, да заминете во адвокатура, да заминете во политика? Искрено сега за сега сакам да ги завршам моите додипломски студии и подоцна да се запишам на мастер студии по Казнено право и да магистрирам, но во која правна фела подоцна би сакал да заминам се уште размислувам. Цените ли дека начинот на кој денес се стекнува знаење на факултетот на кој студирате е примерен на новите тенденции во светот, односно дали професорите предаваат на начин кој ги привлекува студентите не само да слушаат туку и да бидат проактивни во текот на предавањата? Апсолутно да, на нашите предавања студентите имаат активна улога, на начин што се вклучуваат во предавањето преку дискусија, дебата со професорите, анализа на пресуди, така што застарениот модел на ex cathedra е напуштен. Исто така и студентите имаат можност доброволно да се вклучат најразлични активности надвор од предавањата, како што се ораторски вечери, летни школи, семинари, симулирани судења и слично. Така што Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев воопшто не отстапува од светските тенденции во високото образование.


Демант на текстот „Штипската библиотека последна меѓу библиотеките со национален статус“

{tipski Glas, Dekemvri, 2018 br. 88

СПОР

Демант на вработените околу изјавата на в.д. директорката Блага Спиридонова објавена во Шшииски Глас,Октомври, 2018 бр. 86 под наслов „Штипската библиотека последна меѓу библиотеките со национален статус“

И

зјавата во целост во печатениот медиум не може да се оцени и окарактеризира никако на друг начин освен отворена намера за оцрнување и нарушување на интегритетот на установата а со самото тоа и на вработените во установата.Неточна е и изјавата дека се забележува значително опаѓање на бројот на читатели. Бројот на новозапишани млади читатели е променлив во текот на годините. Некогаш се помалку, некогаш повеќе. Во главно го следи трендот на бројот на новозапишани ученици во училиштата воопшто. Полувистинита и полуточна изјава е дека библиотеката е во последна група на библиотекарството во државата. Штип е и ќе биде регионален центар на библиотекарството. Наведеното рангирање спроведено од Министерството за Култура на РМ се однесува за директорите на установите, а не за вработените и институциите. Неточна изјава е дека минатите години не сме настапувале на ниту еден меѓународен настан. Установата последните десетина години активно учествува на меѓународно ниво, склучување на соработки, гостувања, презентирања на библиотеката во странство и сл. Само во последните четири години има десетина гостувања, соработки, промоции на нашата библиотека и Македонската култура, добиени награди од други држави и сл. Неточна изјава е дека коефициентот на плати на вработените

е намален поради наводното неработење на вработените во библиотеката „...Што би се рекло колку пари (работа) толку музика (плати)...“ Коефициентот на плати на вработените не е намален ниту имаат плати пониски од другите библиотеки. Коефициентите на плати и платите воопшто не се намалени но за жал и не се ниту зголемени во планираниот однос во последите десетина години. Во врска со работењето на вработените во институцијата се гледа од резултатите во работењето на институцијата која овие десетина години на очиглед на граѓаните беше дека не мирува туку напредува. Физичко внатрешно и надворешно уредување на библиотеката, дворно уредување, внесување на новини во промоциите во библиотеката, концерти во и околу библиотеката, бројни настани и манифестации. Ова не би било приказ ако вработените се однесувале како во изјавата: „...Што би се рекло колку пари (работа) толку музика (плати) ...“ Покрај тековната работа во последните две години се издадени две персонални библиографии и една тековна библиографија. Во изјава за себе, во која кажува дека се здобила со титулата Советник за библиотекарство, што

19

е највисоко звање во областа и дека е и добитник на наградата за животно дело на Здружението на библиотекари на Македонија, за жал Спиридонова кажува нешто што е во делумна контрадикторност со нејзините изјави за неработењето на вработените во институцијата, и со изјавата истакнува дека единствено таа работела за целиот овој истакнат период вклучително и во истакнатите 36 години стаж. Никаде не истакнува дека самостојно човек во библиотекарството не стигнува до највисокото звање во библиотекарството туку издигнувањето на одреден библиотекар во звање треба да има во голема количина соработка со останатите вработени. За целокупното работење на Национална установа – Универзи-

тетска библиотека „Гоце Делчев“Штип секоја година се поднесува детален извештај за работењето на установата до Министерството за Култура на РМ по што досега за последните 10 години нема добиено ниту една негативна забелешка за работењето на институцијата. Од вработените во НУ-УБ „Гоце Делчев“-Штип и подржано од Управниот одбор при библиотеката.


20

РЕГИОН

{tipski Glas, Dekemvri, 2018 br. 88

Владата со пет милиони евра ќе го подобрува водоснабдувањето на Штип, Лозово и Карбинци

О

пштините Карбинци и Лозово ќе градат нови филтер станици, а општина Штип ќе си обезбеди нова технологија во својата филтер станица со што ќе се овозможи покрај подземните да можат да се преработуваат и површинските води од регионалниот хидросистем „Злетовица“. „Владата одобри пет милиони евра за квалитетно решавање на водоснабдувањето на општините Штип, Лозово и Карбинци. Штип добива пари за преадаптација на својата филтер станица за истата да може да ги прифати површинските води од регионалниот хидросистрем. Помалите општини

вица, и тие ќе се снабдуваат преку регионален водоснабдителен систем за кој се потребни еден милион евра пари за кои ние ќе аплицираме во наредната година, вели Јордан Насев, градоначалник на Карбинци. Оваа општина во моментот со вода за пиење се снабдува од петнаесет посебни водоснабдителни системи што, според Насев, нивната вода ја чини многу скапа. –„Ако останеме на сегашниот начин на водоснабдување во идните три години цената на водата ќе се зголеми за 40 проценти, со изградбата на филтер станицата и прифаќање на водите од „Злетовица“ цената на водата ќе ни биде пониска за дваесет проценти“, вели Насев. Oпштина Лозово која има 2.850 жители и девет населени места од кои пет се поголеми а во другите живеат по едно до две семејства, со нетрпение ја очекува својата филтер станица. – „Во моментов со вода се снабдуваме од сопствени бунари со водоводи, а тоа не е добро решение. И уште четири села освен Лозово се со свои водоводи но само филтер станицата и водата од ХС „Злетовица“ генерално ни го решава проблемот за многу идни години. Покрај филтер станицата ние ќе изградиме и главна водоводна линија во должина од четири километри со која ќе бидат снабдени поголемите села“, вели градоначалникот Аце Велковски.

Карбинци и Лозово ќе добијат пари за изградба на нови филтер станици за да можат да ги задоволат потребите на своите жители со квалитетна вода за пиење“, информира Миле Илиевски, директор на ХС „Злетовица“.

Општина Карбиници мака мачи како да ги задоволи потребите на своите близу 5.000 жители.

Штип пак цело време со вода се снабдува од седумдесеттина рени бунари лоцирани покрај реката Брегалница. Со изградбата на ХС Злетовица се пристапи и кон доизградба на филтер станицата со нов објект и технологија кои овозможуваат зафаќање и преработка на површинските води од системот. Во оваа работа многу помогна Владата на Словенија преку својата амбасада во Македонија која за проектот одобри 1,2 милиони евра. Но, некои работи не се во согласност со технолошките стандарди поради што мора да се интервенира за најголемиот потрошувач на вода од Злетовица да може истата и да ја користи.

-Овој потег на Владата е од животно значење за жителите на нашата општина. Со изградбата на филтер станицата што е наш сон од моментот кога постанавме самостојна општина, ќе се обезбеди вода за пиење на 83 проценти од населението. Ова од причина што од нашите вкупно 29 населени места еден дел се во простор на планината Плачко-

ХС „Злетовица“ е пуштена во употреба во 2010 година, а одтогаш нејзините води ги користат само општините Свети Николе и Пробиштип, и двете добиваат по 50 литри вода во секунда. Од овој систем за шесте општини во регионот се предвидени 900 литри вода во секуинда, од кои половина се наменети за Штип.

Од овие пет милиони евра општините ќе можат да користат 3,5 милиони евра во текот на идната година, додека другите пари ќе ги добијат во 2020 година.


{tipski Glas, Dekemvri, 2018 br. 88

Б

21

СПОРТ

Бобан Николов ги одушеви децата од своето поранешно училиште

обан Николов, фудбалски репрезентативец на Македонија, кој игра за Мол Види во Унгарија, на покана на раководителот Милан Васиќ, беше во посета на училиштето во штипската населба Три Чешми. Николов е бивш ученик на ова училиште. „Бобан оствари импресивна и емотивна средба со учениците и вработените во училиштето. Неговиот разговор со учениците траеше околу два часа. Учениците беа многу љубопитни, а Бобан трпеливо одговараше на нивните бројни и различните прашања“, вели директорот Васиќ.. Престојот на Бобан во училиштето беше збогатен со две уметнички точки, а разговорот неколкупати беше прекинуван од бурните овации на учениците, покренати од љубовта кон него. Пред разговорот со учениците, од името на

училиштето Бобан беше поздравен од раководителот Милан Васиќ, а за него говореа и неговите наставници, кои го учеле во времето кога Бобан бил нивен ученик.. Дел од наставниците сега се во други училишта но дојдоа на средбата со својот омилен и скромен ученик. „Поканата да дојдам во моето училиште и да разговарам со учениците, да се сретнам со моите учители ме импресионира. Ги искористив деновите кога немам фудбалски ангажман, дојдов во училиштето и ми беше прекрасно, Во дневникот си ги видов оценките, децата беа љубопитни, јас одговарав на нивните прашања. Ова за мене беше една многу емотивна средба и многу сум благодарен што истата ми беше овозможена“, рече Николов. За раководителот Милан Васиќ одлично е тоа што средбата по-

минала во исклучителна атмосфера. –„Учениците прашуваа, Бобан одговараше на секое прашање,имаше и смешни досетки па сите присутни слатко се смеевме. Јас велам дека имавме исклучителен ден со Бобан Николов кој е една прекрасна млада личност, не само успешна во фудбалот туку и одлично воспитана и културна во секој поглед“, рече Милан Васиќ. На крајот од средбата, раководителот Васиќ, на Бобан Николов му врачи Пофалница, божикни и новогодишни честитки, скромни подароци и му се заблагодари за минатогодишната донација летниковецот кој го краси училишниот двор. По завршувањето на средбата, Бобан долго време трпеливо делеше автограми и се сликаше со учениците...


22

РАЗОНОДА

TR-MR ov -Mi Re k e ~e R Ti

{tipski Glas, Dekemvri, 2018 br. 88

Нашите политичари ја следат модата Ги менуваат политичките дресови според актуелноста. Ние тагуваме што го изгубивме Груевски. Тој тагува што останал без Македонија. Тагата е општа појава во нашата татковина. Многумина сонуваа да имаат своја држава Па откако ја добија фатија магла во странство.

Razmisluva: Iv. BOJ

Во 1981 година хит беше песната – Сметајте на нас. Во независноста хит стана песната – НЕ сметајте на нас Ние заминуваме за Европа!

ВИЦОТЕКА

...Жена ќе се најде, за другар ќе биде многу тешко!

ИМПРЕСУМ

Издавач: Ив Ан Принт 16 – Штип Седиште на фирмата и адреса на редакцијта: „Страшо Пинџур“ – 2, 2000-Штип Одговорно лице: Иван Бојаџиски Излегува еднаш месечно Првиот број излезе во месец април, 2009 година Главен и одговорен уредник: Иван Бојаџиски Графички уредник: Јорданчо Бојаџиски,

Овој број е отпечатен на 27.12.2018 година

...Кај дедо Господ.... Тираж: 1.000 примероци

Денарска сметка: 290000001875546 Даночен број: 4029016517952 Годишна претплата: 180 денари. Печати печатница Генекс-Кочани Ул. „Тодосија Паунов“ б.б.

За Штипски глас се плаќа повластена даночна стапка од 5% ISSN 2545-4498


{tipski Glas, Dekemvri, 2018 br. 88

С У Д О К У

Броевите од 1 до 9 впишете ги во блоковите со големина 3 x 3 полиња (врамени со здебелени линии), така да секој број може да се најде само еднаш во водоравната или хоризонталната насока

СКРИВАЛКА треба да пронајдете два скриени предмети

РАЗОНОДА

23


24

РЕКЛАМА

{tipski Glas, Dekemvri, 2018 br. 88


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Stipski Glas 88 by Jole Boja - Issuu