Лилјана ВАРАДИНОВСКА, сопственик на маркетиншката агенција „Маркетинг микс“
Маркетингот е инвестиција во која вложуваш за да добиеш
Спектакл: ШКЛ со сопранот Елена Голомеова
Владо НЕТКОВ, стопанственик, сопственик на конфекцијата „Милано“
Текстилот е осуден на умирање
Доц. д-р Емилија АРСОВ, продекан за настава на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“
Конекцијата помеѓу науката и праксата ги дава посакуваните резултати Од аголот на Иван Бојаџиски:
Градинката „Астибо“ убав дом за 800 дечиња
За името ми е зборот...
2 ОД МОЈ АГОЛ
В
[tipski Glas, Juni, 2018 br. 83
АНАЛИЗА
N
Иван Бојаџиски
За името ми е зборот
ладата предводена од премиерот Зоран Заев ја има докажано решеноста еднаш и за вечни времиња да ни го симне од вратот тешкото бреме во однос на името на нашата држава. Бреме кое од моментот на распадот на Југославија ни го натовари некоретниот наш јужен сосед Грција. Што би рекле србите – „Што сусед јужније, то стање тужније“. Но, проблемот е тука, со него живееме 27 години, од неговото нерешавање не можеме да мрднеме од мртвата точката на која се најдовме во моментот кога раскинавме со бившата држава и кога стигна грчкиот ултиматум. Тоа ставање под тепих на проблем кој е нашата најголема кочница на патот кон остварување на големата идеја да станеме дел од цивилизираниот свет, да изградиме уредено општество, тоа е најголемиот грев на сите досегашни наши политички дејци. Без оглед на фактот кој од која партиска инсталација произлегувал. Но, каква е денес нашата домашна позиција по однос на ова, за сите нас судбинско прашање? Актуелната власт е решена да го реши овој проблем. Зоран Заев е храбар и харизматичен премиер. Добро знае која е иднината на Македонија и кој пат треба да го фатиме на таа експресна магистрала кон Европското семејство. Тоа што премиерот прифати договор за името да ни биде Северна Република Македонија наместо Бивша Југословенска Република Македонија, тоа што во договорот името Македонија си останува, што нацијата е македонска, што се друго што ни е од значење ни е македонско, тоа е е најголемата придобивка во долгиот и мачен процес на договарање. Нешто што најголем дел од граѓаните не го очекуваа, а дел не го ниту сонуваа. Посебно оној дел кој денес се јавува како најгласен критичар на договорот помеѓу двете соседни држави. Убеден сум, силно сум убеден дека тоа што Заев и преговарачкиот тим го изборија во преговорите со Грција да го избореше сегашната опозиција ние денес ќе имавме преполни плоштади на кои ВМРО ДПМНЕ ќе ја славеше „големата победа“. Од говорниците ќе слушавме пламени говори за „мудроста во преговарањето“, за заштитниот национален идентитет, за тоа што Македонија е во самото срце на името и се што тоа значи, и на тоа слично. Но, денешната опозиција силно се исплаши од преговарачкиот успех, а бидејки за вемерето секој успех за Македонија е неуспех за Партијата, тие кренаа голема врева, една негативна кампања со која и во која одново се обидуваат кај народото да го посеат семето на раздорот. Јасно е дека ВМРО ДПМНЕ со сите остатоци на Груевизмот не сака Македонија да стане дел од уредената Европа. Ако тие тоа го сакаа во нивните 11 години тоа и ќе го направеа. Но нивната тактика беше: пред меѓународната заедница ќе се докажуваме како посветени преговарачи, а пред нашиот народ ќе раскажуваме друга прикаска со патриотска (според нивните мерила за патриотизам) нарација. Тоа говори дека тие никогаш сериоз-
но и не сакале да го решат најкрупното прашање во однос на нашата иднина. А не сакаа зашто имаат паничен страв од владеењето на правото и слободата на медиумите пред се и над се. Кога во нашата држава ќе се востанови вистински правен механизам нема да го има тефтерчето на Гордето (Г.Јанкуловска) од кое ќе се „цедат“ судии спремни да се заколнат на „верност до гроба“ на Партијата која ги поставила на места за кои не се. Па потоа да судат и пресудуват по теркот на налогодавецот а не согласно законите. Ако Македонија го решеше ова прашање и ги отпочнеше преговорите за влез во ЕУ, тогаш немаше да има „Он, жена му, децата, во колата па во ендек“ (Протугер, човек од кабинетот на Груевски како Брајан Де Палма режира убиство на семејство)! Ако ги почневме преговорите немаше да имаме кандидат за градоначалник кој неговите сопартијци го титулираа како „Багабонт невиден“ (за Илчо Захариев ми е зборот). И пак, ако вемерето сакаше да бидеме европејци немаше да има „Сврти му ја главата накај клозетот, нека некој му ја притисне главата со чизма а камерите да снимаат“ (наредба каква да им биде осветата кон Љубе Бошковски). И конечно немаше да можат да командуваат со медиумитее во стилот „Началниче бе, па од 12 прилози во вестите 7 ни дојдоа од Владата) (разговор Мијалков-Латас за „слободата“ на куртонот „Сител“). Во однос на јазикот, кој со договорот останува македонски, на вемерето треба со закон да му се забрани да го споменува тој важен сегмент. Забраната да важи се додека од Партијата не стигне извинување за Блаже Коневски кој од Милошовски беше наречен „Џуџето од Небрегово“. А Коневски не е било кој. Тој е самото срце на нашиот - македонски јазик. Тој е неговиот кодификатор и еден од втемелувачите на македонскиот книжевен јазик. До ден денешен не слушнавме извинување, па забраната за која пишувам погоре треба сеуште да важи. Опозицијата оценила дека со договорот сме се откажеле од нашите во Егејска Македонија. Сме ги оставиле сами и незаштитени. Но, што за 11 години нивно владеење тие направија за Егејците? Се изборија ли за некои нивни права согласно светските стандарди? Не! Го поставија ли прашањето за нивната положба пред ОН? Не! Всушност, интересот за тнр. „Егејско прашање“ допираше само до интересот на педесеттина нашинци кои имаат потекло од таму. Интерес да станат директори, пратеници, министри, да добијат удобно и доброплатено место. Македонија ќе ја биде. Ќе ја биде пред се затоа што го има својот Заев кој маестрално и во интерес на сите кои живееме во ова наша убава држава ја води политиката. Нешто за што беше спремен да плати и со својот живот.
[tipski Glas, Juni, 2018 br. 83
УСПЕШНИ
3
Лилјана ВАРАДИНОВСКА, сопственик на маркетиншката агенција „Маркетинг микс“
Маркетингот е инвестиција во која вложуваш за да добиеш
Р
аботите на полето на маркетингот, дали оваа работа ја сметате за креативна и инспиративна, и колку таа, во духовна смисла ве исполнува? За мене работата во маркетингот е една од најкреативните и најинспиративни работи.Така е секогаш кога се работи со луѓе, идеи и креации, кога станува збор за нешто што бара близок пристап до луѓето, ги следи нивните навики, желби и потреби. Маркетингот го сметам за креативен дел на еден производ или услуга. Поради тоа, моето мотото секогаш е: „Следете го сонот и работете го тоа што го знаете и што ве исполнува“ . Во најпознатите светски компании издвојуваат определен процент од добивката за маркетиншки цели... Каква е кај нас ситуацијата? За жал, дел од нашите компании сметаат дека маркетингот е трошок, иако посакуваат нивиот бренд, нивниот производ да биде прифатен од потрошувачите. Морам да кажам дека мал процент од нашите комапании издвојуваат минимално од добивката за маркетинг, меѓутоа, тоа не е само до нив и нивниот тим, туку понекогаш економските прилики во нашата држава им го диктира таквиот начин на размислување. Затоа, секогаш им велиме на нашите клиенти дека го разбираме тој став, но дека влогот во маркетингот секогаш се враќа повеќекратно. Колку време се бавите со оваа работа, како ги остварувате вашите контакти со компаниите, како ги убедувате дека со добра и квалитетна реклама секој производ може да си најде купувач? Мојата приказна започна во 1995 и одтогаш па се до денес, заначи полни 23 години, ја надградувам. Ја сметам за успешна приказна, во која
сум се пронашла, како во професија која исолнува и враќа многу. Ретко кој млад човек ја разбира оваа професија и уште поретко се определува да ја има за професионална определба. Така е во помалите градови, за разлика од Скопје, каде многумина прават спој на маркетинг и ПР и како такви кадри влегуваат во професионални специјализирани агенции. За светот и да не зборуваме. Работата во рекламните агенции е атрикативна и платени, а со тоа и честа професионална определба на младите образовнани кадри. Што се однесува до тоа како ги убедувам компаните дека со добра реклама се доаѓа до купувач, тоа е умеење, вештина, но и многу анализа на потребите на клинетот, наспроти условите на пазарот и навиките на купувачите или потрошувачите. Никогаш не е исто и тешко дека може да се повтори ист начин на работи и преговори во две компании. На крај, во оваа професија, секој си има алатки за успешност. А, самиот факт дека досега Маркетинг Микс има реализирани бројни маркетиншки кампањи, се доказ дека некој ја препознал креативноста и дека со квалитен маркетинг се доага до крајната цел. Дали во нашата држава се има сенс за значењето на маркетингот? Кои фирми од кои дејности најмногу водат сметка за тоа, а кои заостануваат на ова поле? Да, се повеќе се развива сенсот за значањето на маркетингот и тоа ме радува, нормално компаниите со производство за широка потрошувачка се тие кои најмногу вложуваат во маркетингот, телефонските и интернет компаниите, големите синџири на маркети, кои знаат дека само многу реклама е доволно реклама и никогаш не смее да се престане да се зборува за нивните производи. Колку кај нас има креативни фирми кои креативно, и на светско ниво можат да смислат добра реклама? Па имаме ние креативни компании , кои навистина знаат да направат одлични рекламни пораки, за што доказ се и наградите по светските фестивали. Креативните луѓе, што секоја агенција мора да ги има, се вистинското богатство, кои заедно со техни-
ката знаат да направат чудо. Сме имале во минатото многу слогани, мото или кованици од зборови што останале во нашата меморија со години. Тоа е изворно, наше, можеби и затоа останало толку години. Како ги избирате медиумите во кои една компанија, преку ваша Маркетинг микс фирма, ќе ја пласира својата маркетиншка порака до јавноста? Прво многу е битно која целна група ми е потребна за реализација на една кампања, па потоа нормално ги избирам медиумите според нивниот рејтинг кај публиката, каде ќе ја пласирам целата маркетишнка кампања и во каква форма. Во последно време, традиционалните медиуми ја губат трката со дигиталните медиуми, иако телевизиите и натаму остануваат главниот прзорец кон добрата продажба преку атрактивни реклами. Колку штипските фирми водат сметка за маркетингот на својот производ? Посебно оние кои произведуваат за широк круг потрошувачи? За жал многу малку, и тоа е еден друг сегмент за кој треба да се поработи малку повеке со нашите фирми. Се чини, дека во тој збор на компании со кои работи Маркетинг Микс, токму штипските компании се најмалубројни. Очекувам работите полека да се менуваат на подобро, откако полека настапува генерациска смена на менаџерските позиции, кога во семејните бизниси родителите ги отстапуваат местата на нивните образовани деца. Може ли добар маркетинг да ја подобри сликата за некоја стопанска гранка, за определан фирма, за менаџери, за нашите текстилци например? Годините на лоши вести од текстилните фабрики наштетија на типичната штипска индустрија. Наместо да се создаваат брендови, познати во земјата и пошироко, кога ќе се споменат конфекциите, сликата води кон нешто друго. Ретко која од овие компани, со исклучок на една–две, вложија во маркетинг, грижливо го градеа својот имиџ и имиџот на своите производи и бизниси. Ниту пак вложија во ПР стратегија. Текстилството е типичен пример на замемарен, стихиен и непромислен пристап кон маркетингот и ПР.
4
ИНТЕРВЈУ
Текстилот е осуден на умирање
В
[tipski Glas, Juni, 2018 br. 83
Владо НЕТКОВ, стопанственик, сопственик на конфекцијата „Милано“
ладо Нетков, сопственик на конфекцијата „Милано“ која постои од 1996 година и е една од најстарите конфекции во градот, секогаш е отворен за разговор со новинарите зашто навремената и правилна информација ја смета за светост. Со оглед на фактот дека последниве месеци се отвори силна дебата за судбината на текстилот во Македонија, со Нетков разговаравме на темата која во државата тангира 40.000, а во нашиот Штип 8.000 работници. Тој вели дека можеби луѓето не им веруваат кога укажуват на фактот оти текстилот, стопанска гранка која социјално го одржува Штип во една пристојна кондиција, е на умирање. Која е причината, г-дин Нетков, за вашето предупредување за невеселата иднина на текстилната индустрија кај нас? Генерално проблемот е настанат со носењето Закон за минимална плата со што дојде до тотално пореметување на платниот систем во фирмите. Во текстилната индустрија тој проблем е мултиплициран поради староста на работната сила која во просек има 50 години. Имено, работната сила во текстилната индустрија се повеќе старее, се поголем е бројот на работници кои се пред пензија, а кои физички не се моќни да работат на машина. Кога на овие работници ќе им се пресмета минималната плата од 12.000 денари и на тоа ќе се додаде надоместокот за стаж кој кај нив е највисок, тогаш доаѓаме до заклучок дека нивната месечна плата се заокружува на најмалку 14.000 денари. Со оглед на фактот дека работниците на машина имаат просечна плата од 16.000 денари, доаѓаме до фактот дека платите на двете категории вработени речиси се изедначени. А тоа ниту е фер ниту е стимулативно. Бројката на вработени кои наместо да работат на машина чистат конци е од 5 до 10 проценти.
Зборувате за нефер и нестиумулативен процес? Секако. Со овој закон се стимулираат непродуктивните работници иако насекаде во светот е обратно. Работел не работал работникот во една конфекција мора да добие 12.000 денари плата на која сума се додава и надоместокот за работен стаж. Дали е само тука проблемот? Не, не може да се тврди дека само во овој дел од нашето секојдневие лежи големиот проблем со кој се соочува текстилната индустрија. На него се надоврзува и ниската продуктивност на нашите работници во однос на продуктивноста во поразвиените земји. Според сите мерења на Светската банка продуктивноста во нашите текстилни фабрики е за двапати помала од онаа во развиениот свет. И тоа е една голема болка во севкупното функционирање на оваа стопанска гранка. Имавте средба со премиерот, пред него ги искажавте сите ваши проблеми, говоревте и за тоа дека Македонија има многу неработни денови, празници... Колку и тој факт негативно влијае на состојбата во оваа индустриска гранка? Ние имаме 40 часовна работна недела која речиси сите наши
Владо Нетков,
има во јавноста исто така се почитуваат. Имаме и околу 20 дена празници во кои не се работи. Тоа значи дека на годишно ниво работни се само десет месеци.Поради сето ова ние постојано го поставуваме прашањето како во продуктивноста да бидеме на ниво на германците...За мене е погрешна приказната дека со Законот за минимална плата и со се друго за кое претходно говорев ќе ни се покачел стандардот бидејќи платите, а со тоа и стандардот, се силно врзани за продуктивноста. Пред премиерот говоревте за недостигот од работна сила. Го поставивте прашањето за иднината на нашето стопанство во целост, не само за иднината на текстилната индустрија. Како стоите по однос на оваа прашање? Ова е прашање кое задира и во сегментот на продуктивноста и во сегментот на нашата иднина за Кога оваа индустрија ќе дојде до нето плата од 300 која ние тврдиме дека не е розова. евра, а согласно условите Имено, му предочивме и на премиво кои таа работи, ниската ерот дека нашите млади луѓе мечтаат за работа во странство, ретко продуктивност, големиот кој сака да остане да работи дома. број неработни денови, Во нашата конфекција годишно ќе старосната граница на дојдат 6-7 млади луѓе, ќе прашат за вработените, тогаш работа, сите до еден прво прашунајмалку половина од ваат за плата, никој за тоа што трефабриките ќе затворат. ба да го сработи, каква продуктивност да оствари, а потоа никој повеќе не се враќа назад. Затоа ние конфекции до крај ја почитуваат. сме принудени да бараме работниИмаме и 20 дена годишен одмор кој, ци од блиските општини Пробиши покрај бројните шпекулации кои ги тип, Свети Николе, селата во кочан-
[tipski Glas, Juni, 2018 br. 83
ско... А тоа ни прави дополнителни трошоци зашто мора да плаќаме автобуси и слично. Па сега како да го зголемиме извозот кога секојдневно имаме одлив на работна сила, нови работници нема а трошоците се зголемуваат. Значи, повисока плата од сегашната не е можна? Видете, кога оваа индустрија ќе дојде до нето плата од 300 евра, а согласно условите во кои работиме, ниската продуктивност, големиот број неработни денови, старосната граница на вработените, тогаш најмалку половина од фабриките ќе затворат. Го кажувам ова во името на целата оваа индустриска гранка за после да не кажат одговорните дека на таквата катастрофа не сме предупредиле. Колку на целата оваа невесела приказна влијае фактот дека нашите конфекции произведуваат по лон систем, дека немаат сопствено производство? Мислам дека кај нас системот на лон работа не го разбираат. Ние и пред десет години ги имавме истите цени, кои можеби се зголемени најмногу до пет проценти за нашиот производ. Германците немаат инфлација, кај нас платите во последните десет години се зголемени за 60 проценти, а платите во вкупните трошоци во текстилната индустрија изнесуваат 80 до 90 проценти. Во исто време цената на производот кој го работиме за странски партнери е останата на исто ниво. Ние шест години имавме соработка со деловен партнер од Германија, но во месец февруари годинава ја прекина соработката со нас и го префрли производството во Бангладеш со појаснување дека тука веќе не им се исплатело. Така државата загуби производство вредно 800.000 евра, а овој случај не е осамен. Владата донесе мерка која ќе важи од септември годинава, со која мерка со 50 милиони евра ќе ги поддржува фирмите кои го зголемуваат извозот. Дали оваа мерка може да му помогне на текстилот, да го стимулира... Мислам дека оваа мерка нема ништо да промени кај нас, во текстилот. Зошто? Затоа што овие
ИНТЕРВЈУ
пари ќе можат да ги користат фирми кои го зголемуваат извозот, а текстилот не е меѓу нив. Зошто? Затоа што во констелација на сегашните услови кои ги имаме не постои начин на кој ние би остварувале поголем извоз. А нема начин бидејќи немаме доволно работници, немаме продуктивност, нашите партнери си бараат други земји со поефтина работна сила...Затоа велам дека текстилната индустрија е осудена на умирачка ако државата не помогне таа да опстане во ова време и во овие услови. Каква е состојбата со текстилот во развиените земји? Треба да се знае дека тектилот е трудоинтензивна индустриска гранка и како таква таа прва умира во развиените земји кои се стремат кон повисокодоходни гранки на стопанството. Словенија пред десет години ги затвори своите текстилни капацитети во кои просекот на плата беше 500 евра, но тие имаа за 3-5 пати повисоки цени од кај нас. Втората разлика е во фактот дека во развиениот свет имаат алтернативи за вработување во други, поперспективни и попродуктивни стопански гранки кои се шират, а ние во Македонија немаме такви можности. Колку за нашата држава е важен влезот во Европската уни-
5
ја низ призмата на иднината на текстилот? Исклучително е важно. Најдобар пример ни е соседна Бугарија. Таа пред десет години стана членка на ЕУ, кога влегоа во унијата тие добија шанса за побрз развој и на текстилниот сектор. Пред да влезат во ЕУ таму платите во текстилот беа 70 евра, сега се помеѓу 250 и 300 евра. Со влезот во ЕУ тие добија грантови до 50 проценти за опрема, за многу кус период тие се модернизираа, автоматизираа со финансиска поддршка на унијата... Тоа говори дека влезот во ЕУ треба да ни биде приоритет и за нас зашто ќе донесе многу добри нешта за нашето стопанство и за нашите граѓани. Една од мерките на Владата за поддршка на стопанството се субвенциите. Кој е ваши-
от поглед на можноста преку субвенции да се подобрува состојбата во текстилната индустрија? Со овие мерки кои ќе се применуваат од месец септември, годинава, секој кој ќе ја зголеми плаСо Законот за минимална тата на 18.000 денариќе може да смета на 30 проценти нивелирање плата се стимулираат на платите од просечно исплатенепродуктивните ната плата во задните три месеци и работници иако насекаде разликата во плата до 18.000 дево светот е обратно. нари. Но, тоа не важи за фирми кои Работел не работал остваруваат добивка од над 10 проработникот во една центи. Второ, субвенции се предвиконфекција мора да добие дени само за првите шест месеци, а што ќе биде потоа не знаеме како 12.000 денари плата на што не ни се познати ниту нашите која сума се додава и надоместокот за работен обврски, Поради овие непознаници компаниите се скептични кон вака стаж кој кај старите, непродуктивни работници најавените субвенции.
е најголем...
6
РАЗГОВОР
Конекцијата помеѓу науката и праксата ги дава посакуваните резултати З
[tipski Glas, Juni, 2018 br. 83
Доц. д-р Емилија АРСОВ, фитопатолог-заштитар, продекан за настава на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“
емјоделскиот факултет при УГД е научно-образовна институција од посебно значење. Ова бидејќи храната е основа на опстојот на секој држава, а примената на науката во земјоделското производство е услов без кој поголемо и поквалитетно производство не е можно. Со доц. д-р Емилија Арсов разговараме за значењето на овој факултет, за интересот на младите да студираат на него, за науката како услов без кој не се може...
Професорке Арсов, што беше пресудно да студирате на Земјоделски факултет ако се знае дека тоа се смета за царство на мажите? Времето кога јас требаше да го направам вистинскиот избор, се беше поинаку од денес - време во кое Универзитетот им го доближуваме до секој дом, секоја фамилија и секој млад иден студент, кога сите информации ги стававме на дланка. Како резултат на можноста која ми се отвори да учам во лабораторијата за заштита на растенијата при Институтот за јужни земјоделски култури, мојот избор беше заедно со мојот ментор, да го чекорам патот кон непознатото, за да
наоѓаме решение за здравствените проблеми кои се јавуваа(т) кај земјоделските производи. Љубовта кон работата, кон науката ги руши сите бариери, и не постои само царство на мажи, туку една тимска работа меѓу колеги кои се стремат да ги реализираат своите цели.
Колку младите денес сакаат да студираат земјоделски науки? Интересот да се студира на Земјоделски факултет во наставните центри во Штип, Струмица, Кавадарци и Прилеп е на задоволително ниво, имајќи во предвид дека Македонија е земјоделска земја, најголем дел од семејствата живеат од земјоделие, имаат свои земјоделски површини на кои секогаш имаат потреба од свои или пак вработени инженери-агрономи. Статистички гледано години наназад, имаме пропорционално ист број на машки и женски студенти, но секогаш женските се поамбициозни од машките па побрзо стигнуваат до саканата цел и до своите диплома. Во моментот имаме само студенти од Македонија во сите наставни центри, и во секој центар имаме работна група од 30-40 студенти, со вкупна бројка од 120-140 студенти вкуп-
но по година. Тие имаат можност да студираат на атрактивни, современи и практично применливи студиски програми.
Постојат мислења дека информатичките и медицинските науки се најатрактивни зашто за нив, барем во Европа има многу слободни места за работа, одтука како стојат работите во однос на атрактивноста со земјоделските науки? Предизвик за студирање на Земјоделски факултет е фактот дека производството на здрава храна, следењето на една добра земјоделска пракса може да се реализира само доколку имаме образовани млади луѓе, односно дипломирани земјоделски инженери - агрономи. Младите образовани земјоделски инженери се оние кои треба да ги направат промените во земјоделското производство, преку имплементација на современи методи и техники на работа, како и употреба на информатичката технологија во заштитата на растенијата и правилната прихрана на почвата преку примена на софтверско решение. Интересот да се биде дел од академската средина на Земјоделски факултет
расте како резултат на нашата целосна достапност и посветеност кон студентите, одличната инфраструктурна организираност. Тековните студенти се нашите вистински промотори за реалната слика која постои на нашиот факултет.
Kакви услови за студирање имаат Вашите студенти? Го имате ли потребниот професорски кадар, лаборатории, задолжителна ли е практичната настава... Нашиот Универзитет има беспрекорно лесен, достапен систем на студирање, електронски систем, односно електронско досие за секој студент кој е достапен 24/7. Нема уплата во пошта / банка, чекање, нервози и малтретирање, сé може да се менаџира преку сметка и систем на УГД. Постои достапност на на наставниот кадар, флексибилност и коректен однос на релација професорстудент. Имаме одлична инфраструктура, комплетно опремени предавални, лаборатории и се разбира научно – истражувачки центар достапен за секој млад ентузијаст кој има идеи, а ние нудиме простор за реализација на истите. Свеста кај мла-
[tipski Glas, Juni, 2018 br. 83
РАЗГОВОР
дите луѓе се менува, желбата за поголемо знаење, развивање на сопствен земјоделски бизнис, искорис- тување на субвенциите од државата, стручно помагање и развивање на фамилијарниот бизнис за егзистенција, ја продлабочува свеста и, се разбира, го менува традиционалното мислење за обработка на почвата. Тоа се прави преку имплементација на современа методологија на работа која нашите студенти преку пракса која ја организираме во текот на целата година на студирање, како на површини на наши производители но и на страна, како на пример во Србија, Бугарија, Грција. Секогаш одиме во тренд со најсовремената методологија на работа, и со студентите на лице место, на терен, се соочуваме со модерното земјоделие како. примена на комбајн на берење грозје, следење на бербата и
ката, или како многу млади себеси се гледаат во странство... Нашите студенти имаат можност секоја година од почетокот на студирањето преку обавување на студентска пракса да направат една конекција со земјоделските фирми со кои Земјоделскиот факултет има склучено договор за соработка, да ја зајакнат нивната врска до моментот на дипломирање и на тој начин само да си го отворат патот после нивното дипломирање, со тоа што цело време додека се на летна пракса тие работат но и го истакнуваат својот потенцијал кој секој раководител на фирма го има во предвид за идно вработување.Во моментот нашите студенти интензивно учат низ пракса во текот на целата година на опитните површини на УНИ Сервис Агро ДООЕЛ, под Земјоделскиот факултет.
преработката на грозјето до финален производ.
Кој е вашиот поглед на македонскиот аграр и неговиот спој со науката? Особено сме горди што од самото постоење на Земјоделскиот факултет имавме идеја која оваа година ја имаше својата
Дали Вашите студенти се песимисти или оптимисти во поглед на нивната иднина? Ценат ли дека за нив ќе има работа во стру-
реализација, со организирање на првото стручно научно советување Агронаука и пракса, со кое направивме конекција меѓу науката и праксата. На советувањето беа дискутирани неколку значајни те-
7
избор во 40-тината партнери институции на Земјоделски факултет, а во рамките на ЕРАЗМУС програмата. Секој млад човек има голема желба да излезе од границите на Ма-
Во лабораторијата на Земјоделски
ми за едно современо земјоделско производство како примена на дронови и GPS мониторинг, како и пленарна тема за поголемо искористување на ИПАРД фондовите. Ние сме секојдневно присутни на терен, но особено значајно за секој кој се занимава со земјоделско производство, е научно - истражувачкиот центар УНИЛАБ кој им нуди најсигурни, брзи и точни анализи на почва, вода, растителен материја и храна (масло за јадење и вино).
кедонија, да види како е да се живее надвор од конфорната зона, зона во која сé е организирано од професорите на факултет, но и од фамилијата во домашни услови. Ние секогаш ги мотивираме и ги поттикнуваме нашите студенти да го направат тој чекор, да ја поднесат апликацијата и да остварат студиски ЕРАЗМУС престој, со кој секој од нашите студенти на Земјоделски факултет,кој бил настрана и повторно ни се вратил да го заврши образованието, се вратиле како оформени Колку Вие, како про- академски граѓани со пофесор и Вашата инс- дигната самосвест и поготитуција како научна лема самодоверба. установа правите спој со светот, со странски научни институции од вашата област? Доц. д-р Емилија Арсов, Нашите студенти фитопатолог, заштитар имаат една прекрасна Продекан за настава можност за студирање на УГД и можност за споредба на образованието кај нас и, се разбира, по
8
Алармантно: 12,32 проценти од младите користат дрога
А
нкетното истражување „Злоупотреба на опојни дроги“ е спроведено од студенти на Правниот факултет при УГД во Штип, во рамките на предметите Социологија на правото и Граѓанско општество под менторство на проф. д-р Страшко Стојановски. Истражувањето е реализирано во текот на оваа година, а резултатите кои се добиени од него даваат алармантни сознанија за младите и дрогата. Анкетирани се 400 испитаници, најголем дел на возраст до 35 години, студенти и средношколци од средни училишта во Куманово, Кочани, Штип и Струмица. „Како резултат од истражувањето можеме да процениме дека околу 14,32 % од младите користеле или користат опојни дроги. Многу почесто опојни дроги злоупотребуваат припадниците од машкиот пол за разлика од женскиот и студентите наспроти средношколците. Изненадувачки е податокот дека лицата со најнизок социјален статус (со семејни месечни примања до 8.000 денари), како и оние со највисок (со семејни месечни примања над 60.000 ден.) многу почесто злоупотребуваат опојни дроги за разлика од оние со среден социјален статус. Злоупотребата кај оние со најнизок социјален статус се искачува до речиси една третина. Последното, упатува на претпоставката за користење на поевтини и помалку квалитетни дроги кај овие лица, но исто така истите ги поврзува и со зголемениот криминалитет, преку кој истите обезбедуваат материјални средства“, вели менторот, проф.д-р Страшко Стојановски Според истражувањето, кај една четвртина од испитаниците, вклучувајќи ги и оние кои што веќе консумирале дроги, постои можност за злоупотреба на дрогата. Кај студентите ваквата можност се зголемува дури на една третина и речиси
АЛАРМ
на една половина од испитаниците со најнизок социјален статус, кај кои постои можност да консумираат опојни дроги. Испитаниците одговориле дека најчесто се злоупотребува марихуаната ,но значителен процент исто така изјавиле дека се злоупотребуваат и лекови за смирување во комбинација со алкохол. „Посебно загрижува фактото на кој истражувањето укажа, дека повеќе од една третина од испитаниците во своето потесно опкружување, семејство или друштво, познаваат лица кои злоупотребуваат опојни дроги, а речиси 60 проценти од испитаниците, во секојдневната комуникација, слушнале за некој познаник кој што нив ги користи. Опојните дроги, според испитаниците, најчесто се злоупотребуваат во ноќни клубови,на изолирани периферни места и музички фестивали“, констатира проф. Стојановски.
Посебно загрижува податокот дека повеќе од една третина од испитаниците во своето потесно опкружување, семејство или друштво, познаваат лица кои злоупотребуваат опојни дроги, а речиси 60 проценти од испитаниците, во секојдневната комуникација, слушнале за некој познаник кој што нив ги користи
Загрижувачки е податокот според кој пристапот до опојни дроги речиси за сите категории испитаници е мошне лесен. Не бил лесен само за еден процент од нив! Најголем дел од испитаниците, целосно или делумно се запознаени за штетното дејство од опојните дроги, а
[tipski Glas, Juni, 2018 br. 83
С. Стојановски
согласно перцепцијата на испитаниците, нарушувањето на здравјето е најчесто штетно влијание предизвикано од опојните дроги. Доколку се направи споредба со истражувањето кое е реализирано во 2015 година, може да се забележи значителен пораст во злоупотребата на опојните дроги кај категоријата студенти, од 13 %, на 18, 5 %. Исто така, кај видот на опојни дроги забележливо е дека злоупотребата на тешките видови дроги, како хероин или кокаин е енормно неколкукратно зголемена, од 2,7 на 12, 1 %. -„Резултатите од ваквите истражувања не можат да се земат како егзактни, тие се индикативни за општествен проблем во регионот, но и пошироко, кој може да има далекусежни негативни последици. Решението на ваквиот проблем во најмала рака е повеќедимензионално“, вели професор Стојановски. Но, како да се намали, ако веќе не може да се спречи искоренувањето на ова зло? Каде тука е одгоорноста и што треба да прави општеството, Центрите за социјална работа, МВР, како наместо со последици да се посветиме на превенција...За тоа во пообемното истражување во наредниот број на Штипски глас во кој ќе го донесеме и Исландското позитивно искуство кога злоупотребата на алкохол кај малолетиници од 42 и на маихуана од 17 е намалена на само 5 проценти.
Квалитетни патишта ќе го поврзуваат Штип со Скопје, Кочани, Радовиш и Пробиштип В [tipski Glas, Juni, 2018 br. 83
о источниот регион во тек е вистинска градежна офанзива во модерни автопатишта кои градот, како регионален центар, на многу поквалитетен начин ќе го поврзат со Скопје, Кочани, Радовиш и Пробиштип. Не постои помалку или повеќе вреден автопат, експресен или магистрален пат но факт е дека патот Миладиновци-Свети Николе - Штип е нешто што овде сме го чекале со децении. Последните информации говорат дека постојат шанси овој автопат да биде готов уште оваа есен. Но, додека се вршат последните градежни акивности на спомнатиот автопат долг 46 километри во кој се вложуваат 206 милиони евра, започнаа работите на брзите патишта до Кочани и до Радовиш, а наскоро се очекува да започне и реконструкцијата, а инвестицијата е 6 милиони евра. Во текот на месецов во Штип престојуваше министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски. Заедно со градоначалникот Благој Бочварски тој присуствуваше и на доделувањето на решенија за легализација на објекти изградени до 3 март 2011 година. „Со градоначалникот Бочварски и со претставници на општинската администрација разгова-
ПОТФАТИ
равме за сите инфраструктурни проекти кои се одвиваат и во идниот период се планира да бидат реализирани. Градоначалникот Бочварски покажува сериозна посветеност и му честитам за тоа, а ние како Министерство,како Влада ќе го поддржуваме, со цел Штип да може да ги реализира ветените проекти.Ние работиме на патната инфраструктура и сме посветени на тоа. Во наредниот период во овој регион предвидено е да бидат вложени 320 милиони евра за подобрување на инфраструктурата. Интензивно се работи на автопатот Миладиновци Штип, како и на експресните магистрални патишта Штип-Радовиш и Штип-Кочани. Со изградбата на овие патишта и автопатот,
„Особено ми е драго што Владата со силен капацитет работи на изградбата на автопатот Миладиновци - Штип, со што ќе н< поврзе со главниот град со една побрза делница. Експресните патишта кон Кочани и Радовиш исто така се многу важни, со што ќе имаме и подобра и посигурна инфраструктура за патување на сите наши граѓани. Зборувавме за разработка на неколку детални урбанистички планови кои Општина Штип веќе ги има доставено во Министерство за транспорт и врски и ми е особено драго што наидуваме на одличен прием таму и веќе тие се при крај со нивна реализација, па наскоро ќе можеме да ги имаме спремни за да влеземе во реализа-
ќе се направи сериозно подобрување на патната инфраструктура во овој регион,“ посочи министерот Сугаревски. Градоначалникот Бочварски рече дека со министерот Сугаревски дискутирале за повеќе отворени прашања, за сите инфраструктурни проекти, коишто ги работи Владата со засилено темпо и динамика.
ција на тие ДУП-ови. Исто така, ја искористивме можноста за на петнаесетина наши сограѓани им доделиме решенија за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти,“ истакна градоначалникот Бочварски. Во собраниската сала градоначалникот Бочварски и министерот Сугаревски на десеттина семејства им ги доделија решенијата за утврдување
СУГАРЕВСКИ Работиме упорно и посветено на патната инфраструктура. Во наредниот период во овој регион предвидуваме да бидат вложени 320 милиони евра за подобрување на инфраструктурата.
9
правен статус на бесправно изградените објекти. Станува збор за решенија издадени на основа на Законот за постапување со бесправно изградени објекти. За да биде праведна и достапна за сите легализацијата на бесправно изградените објекти, Владата на РМ донесе одлука да го продолжи рокот за легализирање до крајот на оваа година. Сите граѓани кои претходно не успеаја да поднесат барања за легализација, сега можат да го остварат во дополнителен рок. И натаму остануваат истите потребни документи за аплицирање, а услов за легализација е објектот да бил изграден заклучно со 3 март 2011 година. Со овие измени на Законот за постапување со бесправно изградените објекти излегуваме во пресрет на илјадници граѓани кои досега поради различни причини не можеа навремено и комплетно да аплицираат за легализација на своите објекти. Инаку, вкупно иницирани постапки за утврдување правен статус на бесправен објект од 3 март 2011 година до 19 јуни 2018 година е 12.250. Вкупно решени постапки за утврдување правен статус на бесправен објект од 3 март 2011 година до 19 јуни 2018 година е 6.158.
Одбележана 105 годишнината од Брегалничката битка ГРАДОТ
10
Н
а месноста Каленица кај Штип беше одбележана 105 годишнината од Брегалничката битка. На одбележувањето присуствуваа делегација на Општина Штип предводена од градоначалникот Благој Бочварски, претставници од српската амбасада, државниот секретар во Министерството за труд, социјална политика и боречки права при Влада на Република Србија, членови на здруженија, организации и слично. „Оваа битка треба да служи како поука за тоа како народите на Балканот не треба да се однесуваат. Она што треба секојдневно да го правиме е да подадеме рака секому и да се бориме против поделбите. Да имаме разбирање меѓу себе, да соработуваме и секогаш да имаме на ум дека богатството што Македонија го посе-
дува е во различностите, а убави- ната е во обединувањето на тие различности. Сега е време да ги отфрлиме политиките на поделби, раздор и конфликт, кои се во спротивност со нашите и европските вредности. Наша должност и одговорност треба да би- дат интересите на сите граѓани без исклучок. Ни требаат оптимизам, смиреност и одговорност, почит за минатото, но и одлучен чекор кон подобра иднина. Да работиме на решавање на споровите и проблемите, да избираме решенија што обединуваат. Да учиме од историјата, а не да ја повторуваме. На темелите од минатото да градиме иднина“ истакна во својот говор градоначалникот Бочварски. Битката на Брегалница била водена помеѓу Српската армија од
Околу 200 деца бараат згрижување во семејства
[tipski Glas, Juni, 2018 br. 83
една и Бугарската војска од друга страна. Таа се смета за најкрвава битка во Втората Балканска војна. Всушност, оваа војна започнала со битката на Брегалница во која учествувале околу 306.000 војници. Во разни војнички униформи на двете страни учествувале и многу Македонци кои биле мобилизирани на едната или на другата страна. Историјата запишала дека се убивале брат со брат кои војувале еден против друг. Оваа битка започнала ноќта на 30 јуни и траела до 9 јули, 1913 година, а во неа загинале над 50.000 војници. До битката дошло бидејќи двете страни не можеле да се договорат околу распределбата на териториите кои ги освоиле од Османлиското царство
Н
а плоштадотСлобода во Штип, можеше да се слушне детски жагор. Со убави ,креативни настапи,децата од штипските детски градинки ги наградија сите присутни во кампањата за заштита на децата од ранливите категории, кои бараат згрижувачки семејства. Оваа кампања ја води Министерството за труд и социјална политика, преку центрите за социјална заштита.На убаво замислената приредба, со музика и игри, децата од градинките се претставија со неколку точки, кои предизвикаа многу емоции, спонтани аплаузи, солзи радосници, многу желби.. Приредбата ја следеа и голем број родители со своите дечиња. На истата родителите беа информирани за тоа што е лице што згрижува,зашто се потребни лица што згрижуваат, на кои деца им треба семејство што ќе ги згрижи,
каква поддршка добиваат лицата кои згрижуваат дете... Конечно, беше речено дека околу 200 деца во нашата држава во моментов бараат згрижување во семејства. Со еден збор убаво попладне на плоштадот „Слобода“ во нашиот град. К.Манев
Градинката „Астибо“ убав дом за 800 дечиња
[tipski Glas, Juni, 2018 br. 82
В
о детската градинка „Астибо“ згрижени се 800 деца. За нив секојдневно се грижи посветен персонал од 120 лица. Се работи во четири објекти, во матичниот објект „Астибо“, и во градинките во населбите „Баби“, „8 Ноември“ и „Сењак“. Билјана Трајчевска е в.д. директор на градинката. За моментната состојба во која се наоѓаат објектите вели: -Сите објекти кои се во состав на нашата установа се во добра општа состојба. Сепак, треба да се истакне фактот дека се градени во периодот од 1980 до 1985 година што значи дека е потребно нивно реновирање. Посебно ако се има во предвид фактот дека нашата гра-
динка згрижува околу 800 дечиња од предучилишна но и од училишна возраст за кои истите се грижат 120 вработени лица. Ја прашуваме Трачевска освен згрижувањето и негата, дали децата на таа возраст добиваат и нешто повеќе. -Тоа е добро пашање зашто задача на градинката не е само згрижување на детето туку таа има и воспитно - образовна функција која се остварува преку програмите што се имплементираат во текот на целата година. Децата се здобиваат со вештини од разни области како што се моторичките, когнитивните, социјални и слично. Децата во градинка стекнуваат хигиенски навики имајки во предвид колку време од денот истите поминуваат тука. И сето тоа преку игра, песна со еден збор на забавен и истовремено еду-
ГРАДИНКИ
кативен начин. Градинките во градот се во надлежност на општината и функционираат како Општински јавни установи. Прашањето до директорката ни беше колку општината навреме и квалитетно ги сервисира обврските кон градинката? -Да, основач на нашата градинка е општината и ние досега сме задоволни од соработката со истата. Секако тука треба да се истакне договорот кој го потпишавме со градоначалникот за ослободување на самохраните родители од плаќање на партиципација. Нетреба да се заборави и соработката со МТСП која е на одлично ниво и за првпат после толку години се чувствуваат позитивни вибраци. Она за кое жалиме е неможноста да одгово- риме на сите млади родители кои бараат да ни ги доверат своите деца. Капацитетот на градинката неможе да ги задоволи потребите на родителите за згрижување на нивните најмили. Сепак, радост и олеснување сакам да истакнам дека општината направи важни чекори во оваа насока и со изградба на новвата граника во населбата „Сењак“ овој горлив проблем ќе биде минато. Во градинката постои перманентна грижа децата да добиваат квалитетна, здрава, хигиенски уредно и свежо подготвена храна. Храната ја подготвуваме во нашата
11
таква личност во нашата градинка немам сретнато. Во блиска иднина планирано е подобрување на условите за престој на децата со реновирање на јаслениот дел во објектот Астибо, бојадисување на објектите,замена на мебел и слично. За истакнување е настанот кој го организиравме на 01.06 на градскиот стадион во Штип заедно со другата градинка на кој учествуваа околу 350 дечиња и исто толку родители и со кој настан го одбележавме периодот од детството кој означува завршување на престојот во градинка. Само да истакнам дека добивме комплименти од присутните дека со бројноста на публиката можеме да се „носиме„ со фудбалски клуб. Исто така бевме учесници на Колонијата на детско пријателство чиј домакин годинава беше градот Цетиње и градинката Загорка Ивановик. На истата учествуваа дечиња од Бања Лука, Бијелина, Сомбор, Шабац, домакинот Цетиње и секако ние од Македонија. Децата вкупно 10 заедно со нивните воспитувачки имаа можност да за11познаат другарчиња од други држави, да се запознаат со друга култура, поинакви обичаи, јазик. Секојдневно беа организирани разни активности од посета на културно-историски знаменитости, спортски игри, ликовни активности, прошетка на Ловќен, до одење на море во Будва. Сенасе децата уживаа и немаа време да тагуваат за најблиските. Секако треба да напоменеме дека централна кујна во објектот Астибо освоивме и пехар и медали на и ја дистрибуираме по останатите спортската олимпијада. објекти. Дечињата добиваат два главни оброка и две ужини за време на престојот во градинката. Нашиот персонал е нешто кое посебно сакам да го пофалам зашто со децата неможе да работи личност која, по нашински кажано „не е детушар„ а
12
Ш
ШКЛ
Преубаво отворање на ШКЛ со сопранот Елена Голомеова
тип може да се пофали дека имаше неверојатно убаво отворање на 33-то издание на Штипско културно лето. Ѕвезда на отворањето кое го проследија 700 посетители во големата сала на Домот на култура „Ацо Шопов“ беше сопранот Елена Голомеова. Елена е „штипско дете“ кое својата европска кариера ја изгради во последните 12 години откако живее и работи во операта во Ница, Франција. Неа ја придружуваше малиот камерен оркестар на Македонската филхармонија. На настанот присуствуваше и Кристијан Тимотие, амбасадор на Франција во нашава држава, а Летото, со пригоден говор, го отвори градоначалникот Благој Бочварски. Тој во својата беседа напомна дека ШКЛ е штипски но и македонски културен бренд и дека градот под Исарот е горд на своето значење во културниот живот на Република Македонија. Кога Елена Голомеова се појави на сцената и го „пушти“ од себе кон публиката својот прекрасен глас, силен и долготраен аплауз ја исполни салата. Иако на оперски претстави се ракоплеска само на крајот од секоја изведба, штипјани сакаа час побргу да и порачат не Елена дека се возбудени и почестени што во таа посебна ноќ ја имаат можноста за средба со неа и уживање со сите сетила во нејзното оперско пеење. Деведесет проценти од репертоарот беше од француски композитори, а сите изведби беа прифатени со огромно одобрување од публиката. Од „Врати се“, преку „Не ме заборавај“ до „Небото над Париз“ Голомеова ја предизвикуваше публика после секоја рефрен да аплаудира. По „Неблагодарно срце“ и „Малечки усни“ на ред дојде – фантазијата!
[tipski Glas, Juni, 2018 br. 83
Она што Елена го најави пеку порталот istokpress.mk, дека во програмата е и обработка на една македонска песна, предизвика огромно воодушевување. Со првите тактови на оркестарот публиката ја препозна легендарната македонска „Чија си“ на Славе Димитров, основоположникот на македонската забавна музика. Кога салата ја исполни рааскошниот глас на сопранот Голомеова, на воодушевувањето му немаше крај. По концертот стотици штипјани сакаа да дојдат до својата ѕвезда. Со топла прегратка и избрани зборови да и се заблагодарат за прекрасното доживување. Честитаа и амбасадорот Тимоние и градоначалникот Бочварски. Долго во таа преубава штипска ноќ, а долго и по неа, се раскажуваше за настанот кој Штип не го имал со години наназад. „Ова беше мојот сон. Сон да настапам пред моите сограѓани. Преде 700 луѓе како мое големо, почитувано семејство. На почетокот, кога видов полна сала, убави луѓе, позитивни вибрации кои доаѓаа од сите страни, бев силно возбудена. Си реков дека ќе го дадам најдоброто од себе, а така и беше. Јас ја чувствував гордоста на моите штипјани што сум дел од нив, а ценам дека и тие ја почувствуваа мојата гордост што овде сум се родила, сум го минала детството, што Штип и штипјани ми се во срцето и што никогаш нема да исчезнат од него. Сакам да се заблагодарам на моите штипјани што толку убаво и емотивно ме прифатија, на градоначалникот Благој Бочварски што локалната власт го овозможи сето ова, на оркестарот кој одлично ме поддржуваше и на Славе Димитров кој ми ги ги даде партитурите на „Чија си“ нешто без кое оваа легендарна македонска забавна песна немаше да ја има“, ни рече Елена веднаш по концертот.
[tipski Glas, Juni, 2018 br. 83
ШКЛ
13
Амбасадорот Тимоние и градоначалникот Бочварски за време...
...и по концертот со честитки за Голомеова
14
Пишува: М-р Трајче КАЦАРОВ, писател
М
ожеби никогаш немаше да ми текне за Петар Кочиќ* и неговата прекрасна сатирична пиеса „Јазовецот пред суд“ ако актуелната животна ситуација во нашата Македонија не ја препознав како референца на збунетост, страв од надворешни влијанија и од самоуништување. Раката на правдата е долга поготово ако е поткрепена од правосудните органи. Свесен за тоа бил и Давид Штрбац, ликот од Кочиќевата сатирична пиеса „Јазовец пред суд“. Селанецот Штрбац од чесниот суд барал да биде осуден јазовецот што му ја изел летнината од нивичето што се наоѓало покрај царската шума. Кога судијата се спротивставил на тоа, а воедно го прогласил тужителот за луд, се соочил со изјава која ја обелоденува големата верба на селаните во царската власт, однсоно, во умешноста на царот да озаконува се’ што може да се види и слушне во царштината. „Вашиот цар“ ќе рече Давид Штрбац „ во се’ се разбира и секогаш знае што е по законот, а што не е. “ Во величењето на царската власт Штрбац ќе вложи и интимна исповед, па ќе каже :Овој славен суд токму мене ме има ослободено од многу зла. Имав син, силно, витко момче. Небаре вита ела беше. Го земаа во војска. Го испратија во Грац. По година дена ми донесоа црна книга и три форинти. „Давиде, умре син ти. Царштината ти испраќа
НИЧИЈА ЗЕМЈА
КОЛУМНА
три форинти . Тоа ти е награда“, -ми рече кнезот... Имав крава дебела крава. Од устата вадев нејзе и давав. Се додека почна да скока преку плотот и да ми ја гази летнината. Еден ден ете ти преставник од институцијата, онаа што ја собира летнината и порезот. Ми рече дека поради тоа што кравата ми прави штети треба да им ја предадам за да можат институциите што се грижат за доброто на народотда ја казнат и да ја затворат во кралските штали...Ме ослободија и од козите. За време турско беа како овцички мирни. Кога дојде окупацијата ја насетија слободата и збеснаа. Грабаа, земаа, па, ми остана само свињата. Беше дебела. Јадеше, многу јадеше. Го лапаше сето она на што ќе наидеше. Лакомоста не и беше добра страна. Поради тоа ми правеше многу штета. И тоа го насети добрата, премудрата власт и преку својата институција, онаа што собира се’ што имаш по дома, дојде и ме ослободи од свињата. Бев многу радосен. Беа радосни и мојата жена и моите деца. Беа среќни што ќе останат гладни, ама ослободени од штеточината. Скокнав на порезџиите и братски ги прегрнав. Ги бакнав, па на сет глас извикав: „Живи и здрави да сте браќа, вие мислите на гладниот народ!“. Морам да признам чесен суде дека оваа власт направи многу добри работи за нас: Ете повќе од врвот на планините не рикаат волови. Никој повеќе не ни ги бодина децата. Ова малку стока што ни ја остави е молчалива, слаба, едвај се движи, ед-
[tipski Glas, Juni, 2018 br. 83
вај преживува,ама нам тоа ни е доста, за подобро не сме заслужиле. “
Судијата кој од величењето на царската власт станувал се погорд, мирно, наведнувајќи се кон Давид Штрбац, го прашал: „А како се вика тоа твое нивиче. Знаеш дека во овие наши тефтери треба се’ точно да биде наведено.“ На тоа итриот селанец му одговорил: „Чудно се вика мојата нивичка. Не знам на чија страна е правдата, но знам дека светот нивичката ја нарекува: „Ни Давидова, ни царска , ни спахиска“. Ако така светот ја нарекува,сугрно тоа и е точното име: „Ни Давидова, ни царска, ни спахиска“. Но, чесни суде, додека ние овде се натегаме околу името, овој овде крадец, всушност, неговиот брат се гости од пченката на мојата нивичка, затоа ве молам да побрзате со осудата.“ Секое поистоветување со актуелната стварност во нашата страдалница МКД е не намерно. *„Од целокупното творештво на Кочиќ избива уметничката сила на непосредното доживување на стварноста. Крупна карактеристика на неговото творештво е пожртвуваната љубов кон татковината, трагичното доживување на австро-унгарската окупација и активниот бунт против ропството. Неговото портретирање на ликовите не е шематско, туку тие се прикажани реално, иако тие се насликано еднонасочно, што се должи на неговиот патриотизам.“
[tipski Glas, Juni, 2018 br. 83
МЕДИУМИ
Истражувањето на штипски новинари, основа за дебата за МРТВ, за новинарите и нивниот статус
15
Јавниот сервис занемарува еден огромен простор во државата на кој живеат над 520.000 граѓани, простор на кој нема ниту дописници и од кој нема ниту информации...
И
стражувањето за социо-економската положба на новинарите во североисточниот, источниот и југоисточниот регион, простор на кој живеат над 520.000 жители, и односот на Јавниот информативен сервис МРТВ како и на државната информативна агенција МИА кон овој дел од државата, беа основа за дебата која Здружението на новинари на Македонија ја организира во својот клуб во Скопје. Анализата ја изработија штипските новинари Игор Стојанов, Тони Михаилов и Иван Бојаџиски, а таа предизвика интерес кај сите засегнати страни да се појават на дебатата. Најголем дел од дебатат беше посветена на МРТВ. Се поставија прашањата како до вистински силен, независен јавен информативен сервис? Како до финансиска и политичка независност, како едно од темелните барања на ЕУ? -На просторот кој беше наша цел како истражувачки тим, за МРТВ работат само тројца новинари кои се во редовен работен однос. Сите тие се на работа во радиото додека телевизијата нема ниту еден вработен. Тоа говори дека јавниот сервис некоректно се однесува кон еден огромен број граѓани на нашава држава од чии места нема доволно или воопшто не стигаат информации. Дописништвата во многу места се укинати, во Штип е дадено на угостители, во Струмица состојбата со ништо не е подобра, во Куманово исто така не е во функција“, потенцира Стојанов. Насер Селмани,претседател на ЗНМ, оцени дека без сериозни реформи во МРТВ нема да имаме ниту реформи во медиумската сфера вооопшто.-„На МРТВ и е неопходна по-
литичка и финансиска независност. Тоа не е наша измислица, тоа е нешто кое функционира во развиена Европа и кое е препорака на Европа и за нас“, посочи Селмани. Тони Михаилов, еден од учесниците во истражувањето потсети дека ЗНМ има легитимитет да каже каков јавен сервис ни е неопходен. – „Ако тоа не го направи ЗНМ, не знам кој друг би го направил. Оваа дебата е потребна и е токму во една таква насока. Потребно ни е да извлечеме поуки од истражувањето и јавниот сервис да отвори свои регионални центри во сите поголеми места од
јавната работа на јавниот сервис. Тој момент е најбитен, иако е битна и финансиската самостојност кој 25 години никако да се обезбеди. Но, освен неопходните 30 милиони евра, кои сега ги нема, на јавниот сервис му се неопходни млади, способни, стручни, храбри луѓе во сите негови сегменти за тој да си го добие вистинското значење во нашето општество и во нашата држава. Всушнст, на јавниот сервис му е неопходна автономија за да може одговор- но и квалитетно да си ја извршува работата од интерес за нацијата“, заклучи Бојаџиски.
кае ќе се покриваат регионите. Така и младите новинари ќе добијат шанса да се искажат во професијата а граѓаните од тнр. „внатрешност“ ќе бидат и информатори и информирани за случувањата во нивната средина“, рече Михаилов. За Иван Бојаџиски, исто така учесник во обемното истражување, кој четири години бил член на Советот на МРТВ и претседател на неговата Програмска комисија, не е нејасно зошто јавниот сервис не си ја врши функцијата. „МРТВ, во сите овие години на нашата самостојност, доброволно се предаваше/продаваше на политичкиот интерес на секоја од владеачките партии поради што граѓаните ја имаа „прочитано“, и редовно искажуваа голема недоверба кон
Интересно е што, иако беа поканети на дебатата, на неа не дојде никој од раководството на МРТВ. Затоа пак во дебатата учествуваше една респектибилна група вработени кои исклучително критички се осврнаа на состојбите во јавниот сервис. Некои од нив побараа во куќата да влезат две ревизорски групи, една наша другата од странство... „Состојбата „плаче“ за комплетна ревизија во сите сегменти на јавниот сервис. Кога кај нас би влегле ревизори, само во таков случај ќе може да се види целата катастрофична состојба во која е доведена МРТВ. На јавниот сервис му е потребен генерален ремонт, не е се и само до парите многу тоа е до неспособните раководства кои ги поставуваат партиите“, рекоа некои од вработените.
16
КУЛТУРА
Ќе правиме дебата за нова културна политика на Штип
[tipski Glas, Juni, 2018 br. 83
Слободанка Момчилова, член на Комисијата за култура при Советот на Општина Штип говори за актуелниот миг на штипската култура, за потребата од промени и иновации, за пари кои секогаш недостигаат но кои актуелната штипска власт некако ги обезбедува...
В
о 2004 година Штип беше првиот Град на културата во државата. Таа доверба значеше само едно:дека на државно ниво било оценето дека нашиот град има мошне квалитетен културен живот и дека за тоа треба да биде награден. Ова и поради фактот дека идентитетот на еден град, на заедницата, пред се и над сé се цени според нивото на културните случувања во него. Слободанка Момчилова е член на Комисијата за култура при Советот на општина Штип. Ја запознавме како квалитетен борец градот да се врати во амбиентот на квалитетен културен живот. На седниците на Комисијата дава квалитетни предлози, а истовремено знае да препознае добри идеи кои доаѓаат од други. Со Момчилова разговараме за културниот амбиент и за потребите на Штип и штипјани. -Како Комисија за култура, помошно тело на Советот на општината, наша обврска е да ги детектираме вистинските предлози во оваа област но и самите да даваме идеи во однос на културните потреби на штипјани. Мене само ми фали тоа што членовите на Комисијата од опозицијата ја бојкотираат работата, не доаѓаат на седници со што ја ускратуваат можноста за уште поквалитетни предлози кои тие, убедена сум во тоа, ги имаат. Тие можат со своите идеи да му помогнат на градот во создавање на поквалитетен културен амбиент, но засега не сакат да го прават тоа. Ова е и мој јавен повик до нив да ни се придружат зашто пет глави повеќе и подбро мислат од три, смета Момчилова. За неа е добро тоа што тројцата активни членови присутни на секој состанок на Комисијата, Сашко
Николов, Иван Бојаџиски и таа, имаат многу блиски ставови во однос на културната политика, што е можност да се дојде до квалитетни решенија. -Ние имаме три големи манифестации во оваа област. Тоа се Штипското културно лето, Макфест и Пастрмајлијадата. За ШКЛ годинава издвоивме 5.000 евра, што е за 25 пати повеќе од лани кога се издвоени само 200 евра. Лично сметам дека и овие пари за кои ние се изборивме се малку за ваков вид манифестација, но секогаш мора да се водиме од можностите на буџетот. ШКЛ имаше спектакуларно отворање на кое како град мора да бидеме горди, а имаме и повеќе манифестации од класичната музика, литературата, сликарството, хорското пеење, фотографијата, го поддржавме познатиот хепениг на Вртешка кој „врти“ илјадници млади, посочува Момчилова. Вон секое сомнение е дека „Макфест“е штипски музички бренд. Но тој со годините стана негација на самиот себе. „Како Комисија за култура и како локална власт, уште од годинава настојуваме да се случат квалитативни промени во овој фестивал. Промените да значат дека луѓето пак ќе се „тепаат“ за влезници наместо со присила да се носат во сала. Ако не успееме годинав, поради краткото време, тогаш веќе по овој „Макфест“ ќе тргнеме во негова модернизација. Што значи тоа? Значи да имаме фестивал на забавна музика со учество на пејачи од Балканот, значи во вистинска смисла на зборот интернационален, но и барем една вечер да биде посебна за младите македонски пејачки таленти. Тоа не е неможна мисија, не бараме преку лебот погача, туку фестивалот да биде она
кое некогаш беше и кога цела Македонија сакаше да биде во Штип или да го гледа преку ТВ екраните“, коментира Слободанка Момчилова. Во однос на Пастрмајлијадата, според нашата соговорничка, постои едно принципилно прашање за кое во Комисијата се дебатира. А тоа е прашањето дали Пастрмајлијадата може да биде културен производ или е само комерцијален продукт. Момчилова коментира: „Во Комисијата мислеме дека оваа манифестација треба да биде под Локалениот економски раз- вој (ЛЕР)зашто ги има сите примеси на комерцијална работа која помага на угостителството, производителите на разни пијалаци, на туризмот... Но, за тоа ние уште ќе разговараме се до носењето конечно решение. Во однос на ангажирањето пејачки ѕвезди од странство, наш став е дека е тоа работа на оние на кои Пастмајлијадата најмногу им помага, а тоа е бизнис секторот. Лично мое мислење е дека тие ѕвезди помагаат да се собере многуилјаден народ и да има допир со нашиот култен гастрономски бренд-пастрмајлијата, но пак велам, во однос на прашањето дали е тоа дел од културата на градот мое лично мислење е дека не е тоа“. Момчилова од името на Комисијата, најавува голема дебата од која треба да исферментира прашањето за тоа каква културна политика му е потребна на Штип во иднина. – „Таква дебата ќе правиме по завршување на летото, ќе ги поканиме сите кои имаат идеи, што ќе значи дека заедно со граѓаните ќе го исцртаме новиот лик на штипската култура“, вели Момчилова.
[tipski Glas, Juni, 2018 br. 83
17
КУЛТУРА
Ќе добие ли градот Дувачки оркестар? Пред сто години Штип имал Градски дувачки оркестар. На времето тој настапувал по повод разни свечености од значење за заедницата, а свирел и на погреби. Во поново време градот нема такво нешто, но ново светло во мрачниот тунел фрла ентусијазмот на поголема група млади музичари кои имаат квалитет и кои се подготвени градот да добие Градкси дувачки оркестар. На оваа тема разговараме со м-р Баже Костадинов, професор по труба во средното музичко училиште „Сергеј Михајлов“, доцент на Музичката академија при УГД кој четири години бил прва труба во Македонската опера и балет. -Градски дувачки оркестар сме имале од 1918 до 2006 година кога тој престанал да работи. Ние, група од 40-на вљубеници во музиката формиравме нов оркестар со надеж дека ќе ја имаме потребната поддршка од општината. Во неа се ученици од ДМУЦ „Сергеј Михајлов“, студенти на Музичката академија, професори но и ентусијасти. На почетокот од годинава формиравме Здружение на граѓани, од Министерството за култура добивме само 100.000 денари за концерти во Штип и во Велес. Овие пари не се доволни за реализација на зацртаните цели, а тие цели се Штип да има дувачки оркестар кој ќе биде еден од брендовите на овој наш град, вели Костадинов. Првиот концерт го одржале во Мултикултурниот центар „Киро Глигоров“ пред пеполна сала. За проби повеќепати ја менувале својата локација, не добиле постојан простор за својата работа иако градот има слободен простор во своите капацитети од областа на културата.
-Имаме годишна програма за работа, за нејзина реализација потребни ни се 600.000 денари, но ние такви пари немаме. А нашата идеја е дувачкиот оркестар да прерасне во мал симфониски оркестар, па еден убав ден да направиме опера во градот во кој знаменитиот Серѓеј Михајлов ја поставил првата опера во Македонија и тоа токму во Штип во 1925 година. Ако се можело тогаш, во многу скромни услови, зашто тој сон Штип да не си го оствари и сега кога на дофат ни се сите можности, посочува Костадинов. М-р Баже Костадинов
Жално е универзитетски град, прв Град на културата во државата (2004), регионален економски центар, град со Музичка академија, со етаблиран Државен музички училиштен центар, град на легендарното КУД „Македонка“, родно место на првата опера во Македонија да нема свој Градски дувачки оркестар
Овие ентусијасти нудат музичка култура која и недостасува на градот. Нудат продолжување на стогодишната традиција, за што гаранција се големиот број млади луѓе кои со нетрпение чекаат да дојдат на проба на оркестарот. И зад сето тоа стојат нивните скромни барања во однос на просторното прашање и финансиската поддршка.
Проба на оркестарот
Костадинов ги кани штипјани, а и другите кои го читаат овој текст, да дојдат на нивните концерти кои ќе се одржат во нашиот град во догледно време, а под диригентската палка на маестро Тоше Митрев. За концертите штипската јавноста на време ќе биде информирана.
Виктор, штипјанецот кој во Дубаи го остварува својот сон
18
В
иктор Михајловски е млад човек од нашиот град. Пред две години донел важна животна одлука: ќе замине од државата во потрага по подобар живот. Некаде каде ќе може да ги реализира своите можности и каде ќе биде повеќе почитуван. Со Виктор разговараме за сé релевантно во однос на овој негов чин. Виктор, кога и зошто замина за Дубаи? - Заминав во месец ноември, 2016 година. Мојата подобра перспектива беше мојот мотив. Перспектива во која се вклучени и подобрата плата соодветна на знаењето, трудот, посветеноста, работливоста. А тоа, не ли, е сон на секој млад човек кој оценил дека може повеќе и подобро од она кое му се нуди дома. Зашто го избра Дубаи. Зашто не Германија, Англија, Италија...каде главно заминуваат нашите млади... -Некои работи во животот се случуваат случајно, па така кај мене излезе и со Дубаи. Таму имав пријатели кои почнаа да работат во компанијата каде и јас сега сум вработен. Тие ми беа поттик. Би сакал да работам во Европа некаде, но со нашето државјанство (пасош) потешко се наоѓа добра работа на нашиот континент. Прилагодувањето на нова средина е едно од клучните прашања за опстанок во еден друг и поинаков свет. Ти беше ли тешко во првите денови? -Да, на почетокот ми беше малку чудно. Целиот тој амбиент, тој поинаков свет, средина поразлична од нашата. Но, мене процесот на прилагодување ми го олесни компанијата во која работам, а која покрај работата ми обезбеди и стан. Како се снајде со работа. Што работиш, за кого, како е тамо со ра-
ЖИВОТ
ботното време, може ли од заработеното пристојно да се живее? - Во Дубаи го работам тоа што е моја љубов, кое цел живо сум сакал да го работам и го работам и на тое поле да ја градам својата кариера. Работам како аудиовизуелен техничар во Леголенд, најмоќен бренд на планетата, која е дел од Мерлин Ентертаинментс како втора најголема компанија за ентертејнемт после Дизниленд на светско ниво. Работното време е подолго во споредба со овде во Македонија, но таму многу време одзема превозот зашто Дубаи е најголем и најгусто населен град во Арапските Емирати, има близу три милиони жители. Во однос на заработката можам да кажам дека таа не е најдобра, но како за почетник и не е така лоша. Јас на сето ова гледам пред се како одскочна даска за во иднина. Дали може да се живее од заработеното е дискутабилно бидејќи животот во Дубаи е доста скап, но сепак може пристојно да се живее и нешто да се заштеди. Мора да се знае дека во 2012 година Дубаи беше 22-ри најскап град во светот. Има ли во Дубаи многу нашинци? Има ли посебо штипјани. И на кои работи главно тие работат? -Да, има многу Македонци, меѓу нив и неколкумина штипјани со кои сум во контакт. Сите работат различно зависи од искуството кое го имаат и колку долго се во Дубаи. Она што треба да се знае е фактот дека во
[tipski Glas, Juni, 2018 br. 83
Дубаи се бараат работници од скоро сите проефсии кои постојат на светот. Оние кои имаат намера да заминат во Дубаи мора да знаа дека нивниот јазик е арапски, а службен јазик е англискиот. Скоро е невозможно да се снајдеш ако не знаеш англиски. Има ли таму законско работно време, што ако сака човек да поработи повеќе часови од законски определените... - Се во зависност од договорот кој секој си го потпишува секој поединечно и секој за себе. За секоја компанија е различно. Дали Дубаи е она кое го гледаме од ТВ или филмови, раскош, сјај, море, убавини или и таму си има сиромаштија која ние не ја гледаме... - За жал има и сиромаштија, но моќта на медиумите е доста голема и тие успешно го сокриваат тој дел од приказната за Дубаи. Што најмногу ценат газдите кај кои странец е на работа? Стручност, работливост, посветеност кон фирмата, спремноста секогаш да се оди напред или... -Најгоемем дел од нив го ценат трудот, знаењето, посветеноста, и умеат соодветно да го наградат тоа. Сепак, и таму, во одделни сегменти постои експлоатацција на трудот. Одењето напред за нив е клучот на успехот, но тие не заборават што биле и мислат на тоа што ќе остават зад себе... За крај, колку луѓето во Дубаи знаат за Македонија, за нас, за нашата култура, историјата, сегашноста? Па, и не знаат нешто посебно. Но за Македонија како дел од поранешна Југославија знаат по нешто. Знаат за Мајка Тереза, Александар Велики, но го споменуваат и Никола Тесла како човек од нашето соседство.
СПОМЕНАР
Стари штипски споменари
[tipski Glas, Juni, 2018 br. 83
19
Страната ја уреди: Зоран Сичев Улица Вита Попјорданова на почетокот од 50-те години од минатио век
Панорама на градскиот плоштад некаде во средината на 50-те години од минатио век
Старите касарни сликани од Исаро некаде во средината на 30-те години
Некогашното школо кај градската црква
Штипски ергени седнати кај продавницата од Џидровата куќана некогашното корзо -денес Хит маркет
20
Ш
ФК „Брегалница“ и ФК „Кито Го“ со моќни состави во новата сезона
типска „Брегалница“ и „КиГо“, Пехчево во новата сезина заедно ќе играат во Втората фудбалска лига, исток. Двете екипи најавуваат успешна есен. Најавија дека ќе се засилат со неколку нови фудбалери. Тоа значи дека ќе имаат моќни состави. Брегалница ќе почне со подготовките на 4 јули. „Сините“ ќе се подготвува во Струга од 23 до 31 јули. Ќе одиграат и неколку пријателски средби. Кит-го летниот одмор го искористи за одмор и рекреација во Грција, на Халхидики.
СПОРТ
„Бевме 12 дена во Грција. Ем се одмаравме, ем трениравме на плажите. Сакам во името на Стручниот штаб и сите фудбалери да му се заблагодариме на нашиот газда, Кире Гогов, кој ни го обезбеди овој одмор. Со ова уште еднаш докажавме дека сме едно семејство. Кире Гогов ни е како родител, а ние ќе му се оддолжиме на нашиот газда со добри игри, зашто тој покажа дека го сака фудбалот и спортот и го помага“- ни рече шефот на Стручниот штаб, Трајче Сенев. Кит-го ќе се подготвува од 1 јули во Пехчео, заедно со српскиот прволигаш Тројал од Крушевац. И Брегалницаа и Кит-го најавуваат коректна межусебна соработка.
[tipski Glas, Juni, 2018 br. 83
„Со Кит-го имаме добра соработка. Сакаме таа да продолжи и во иднина...“- вели спортскиот директор на Брегалница, Елмир Мандак. „Најмногу што сакам- со сите клубови да имаме соработка, пред се со Брегалница. Нашите средби ќе предизвикуваат посебен интерес, особено што и нашите фудбалери претежно потекнуваат од Штип. Верувам дека соработката меѓу двата клуба ќе биде на највисоко ниво, ќе биде за пример“, ни изјави Трајче Сенев, тренер на Кит-го..
ШТИП ПО 16 ГОДИНИ ЈА ВРАТИ ТИТУЛАТА ВО КАРАТЕТОТ, СЕ ОЧЕКУВА ТОА ДА ГО СТОРИ И БАЛКАНЕЦ
• Емил Павлов е европски шампион, Жарко Арсовски и Дејан Митров со бронзени медали од Медитеранските игри...
Ш
типјани организираа величенствен дочек на бронезните момчиња од Медитернските игри, Жарко Арсовски и Дејан Митров. На одделните свечености присуствуваше и градоначалникот на Штип, Благоја Бочварски.Тој, по преземањето на одговорната функција во градот, како да ги маѓепса спортистите за високи дострели. „Горд сум на шампионите, на каратистите, борачите, но и на пингпонгарите на Шампион ФА, кои станаа вицешампиони во екипното првенство. Ветувам дека на сите спортисти и спортски клубови ќе им даваме поддршка. Веќе се договоривме да ја уре-
диме салата на Балканец, пингпонарите тренираат во салата на УТЦ, а порано постојано патуваа во Свети Николе на тренинзи. ...“- изјави штипскиот градоначалник.
Штипјани „дрмаат“ со каратето и борењето
В
о Тарагона, Шпанија се одржаа Медитеранските игри. Македонија ја претставуваа 71 спортист во 14 спортски дисциплини. Македонија може да се пофали со пет медали од Игрите. Три освоија каратистите, две борачите. И во двете репрезентации носители на медали имаше од Штип. Носител на бронзен медал во карате е Жарко Арсовски, додека Емило ПАВЛОВ, кој беше знаменосец и растргнат на сите страни, го освои високото петто место. Селектор на македонската карате репрезентација беше Сашко Арсовски. Уште две медали освоија каратистите Берат Јакупи златен и Ненад Келебиќ бронзен. Инаку, на МИ, Штип имаше уште еден селектор. Тоа беше Петар Чурлиновски, кој водеше еден боксер-македонски репрезентативец, Лулзим Исмаили, кој остави добар впечаток. Борачите се вратија со две медали натурализираниот Магдмедг-
П
21
СПОРТ
[tipski Glas, Juni, 2018 br. 83
Ж. Арсовски
дџаи - Нуров златен и Дејан Митров од Штип бронзен медал. Штип треба да се гордее со каратистите и борачите. Само како потсетување, годинава Емил ПАВЛОВ по вторпат стана еврпски шампион, а со Жарко Арсовски и Столе Јордев по 16 години ја вратија титулата во Штип, во екипна конкуренција.
„Јас сум среќен, во истовремено и хорд на моите каратисти. Оваа година ни поична со успеси. Би сакал во 2020 година во Токио на ЛОИ да имаме и еден олимпиец од редот на каратистите...“- вели селекторот Сашко Арсовски. Младите борачи на Балканец учествуваа на ЕП во борење за кадети, каде Филип Тасев, Ненад ПАНОВ, Дарио Димитров, Давид Мишев и другите оставија најдобар впечаток, Членот на Лирија Бесир Алити беше втор на ЕП за кадети, додека на детското ЕП во Унгарија, Стефан Штерјов од БАЛКАНЕЦ и Реџеп Пацоста беа петти во своите категории. „Наша цел е да обезбедиме услови за работа на младите борачи. Деновиве ќе стигне новата опрема за нив. Горди сме на успесите што ги постигнуваат...“-ни рече тренерот и претседател на Балканец, Виктор Богданов.
Пинг понг
Шампиони ФА- вицешампиони
ингпонгарите на ШАМПИОНи ФА играат на чиста аматерска основца. Од сопствените џепови ги плаќаат сите трошоци за настапите. Работат со гоолем ентузијазам и љубов кон спортот. Деновиве заврши екипното првенство во пинг понг во Македонија. Првото место го освои ВАРДАР, а Шампиони ФА го освои второто место. Штипските пингпингари го одбранија второто место, кое лани го освоја. Боите на ШАМНПИОНИ Фа ги бранеа Сашко Богатинов, Филип Младеновски, Александар Кралев и Дамјан Стојчев. „Голема благодарност упаатуваме на локалната властм на чело со градоначалникот Благој Бочварски кои ни доделија спортската сала во УТЦ за тренинзи на нашите пингпонгари. Тоа резултираше ми со второто место во екиипна конмкaуренција. Имаме и неколку млади деца, кои ја усовшуваат техниката во пинг понгот...“ ни рече Сашко Богатинов.
Подготвил: Кирил Манев
РАЗОНОДА
22
TR-MR ov -Mi Re ~e Rek i T
Патриот
[tipski Glas, Juni, 2018 br. 83
Оди македонец на доктор. -Докторе нешто многу градите ми помодриле? -Дај да видам, рекол докторот. Македонецот му ги покажал градите. -Ти мора да си голем патриот, констатирал докторот. -Така е докторе, за Македонија ќе умрам! -Е, па и ќе умреш ако не престанеш Со тоа постојано удирање во гради. Дај намали од тоа патриотизмот, зашто и таа Болест знае да биде опасна по живот..
Мажи
Се игра светското првенство во фудбал. Ова е вистинско време жените да ги Изневерат своите мажи. Ама нема со кого зашто само вистинските мажи гледаат фудбал!
Комарџија
Razmisluva: Iv. BOJ
ИМПРЕСУМ
Издавач: Ив Ан Принт 16 – Штип Седиште на фирмата и адреса на редакцијта: „Страшо Пинџур“ – 2, 2000-Штип Одговорно лице: Иван Бојаџиски Излегува еднаш месечно Првиот број излезе во месец април, 2009 година Главен и одговорен уредник: Иван Бојаџиски Графички уредник: Јорданчо Бојаџиски,
Овој број е отпечатен на 29.06.2018 година Тираж: 1.000 примероци Денарска сметка: 290000001875546 Даночен број: 4029016517952 Годишна претплата: 180 денари. Печати печатница Генекс-Кочани Ул. „Тодосија Паунов“ б.б.
За Штипски глас се плаќа повластена даночна стапка од 5% ISSN 2545-4498
Пратеник од вемерето од Струмица Да ти била голем комарџија Па сега: ако така лесно можел да ги искоцка своите пари Уште полесно би ја прокоцкал И иднината на државата.
ВИЦОТЕКА
Блажо цариник сумњал дек Мара го изневеруе, дошол порано од работа, и вика на Мaра: - Кај го крииш швалерот мори? - Абе Блажо, неам швалер... Виа курдисал да проверуе по собите, влева у дневната и вика: - Не е туа.... Проверил у едната соба, го нема, у другата соба, го нема, влева у спалната, и гледа од под кревет една рака со 500евра у неа, ги зел и вика: - Туу даа, и туа го нема.... Рација, ги собрале проститутките у МВР, и ги прашуат: - Ти проститутка ли си? - Не, јас сум манакенка... Прашале уште 5-6, сите манекенки, и прашуат една и она вика; - Јас сум проститутка.. - И има ли работа? - Че има, да не се виа манекенките.. Блажо се жене за Мара, и првата брачна ноќ излева од купатилото сет накострежен и вика на Мара: - Е сеа Маро че те растурам... - Да бе, пола Кавадарци не успеа, е сеа ти че ме растуриш...
Блажо фанал 100.000 евра на Лото и го викнале да си ги подигне парите, и новинарите го прашуат: - Шо че правите, со толку ногу пари? - Па прво, це развраќам таму, кај шо сум дужен... - Добро, а шо че правите со другите? - Другите че почекат...
[tipski Glas, Juni, 2018 br. 83
С У Д О К У
Броевите од 1 до 9 впишете ги во блоковите со големина 3 x 3 полиња (врамени со здебелени линии), така да секој број може да се најде само еднаш во водоравната или хоризонталната насока
СКРИВАЛКА треба да пронајдете два скриени предмети
РАЗОНОДА
23
24
РЕКЛАМА
[tipski Glas, Juni, 2018 br. 83