Николчо Илијев, претседател на Источниот плански регион, градоначалник на Кочани
Наша цел се капиталните проекти Во интервју за нашиот весник Илијев зборува за плановите за поквалитетен развој на нашиот регион
САШКО ПРОТОГЕРОВ, в.д директор на ЈП „СТИПИОН“
Штип во рацете на младите политичари Благој Бочварски, градоначалник (33 години), Никола Тушев, претседател на ОО на СДСМ (30 години) м-р Иван Јорданов, претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ и советник (29) е штипското свето тројство, и заедно со Советот на општината ја носат најголемата одговорност во поглед на нашата иднина.
Штипјани - добитници на „Источните оскари“ Професорите Марија Максимова и Кирил Барбареев, инвентивните средношколци од Гимназијата, и фудбалерот Бобан Николов се добитници на признанието на новинарите од регионот
Го уредуваме Штип во сите делови
Соња Китанова
Поефикасни и поефектни услуги
2
[tipski Glas, Fevruari, 2018 br. 79
АНАЛИЗА ОД МОЈ АГОЛ
N
Иван Бојаџиски
Штип во рацете на младите политичари
Ш
тип ја довери својата иднина на младите. Од нивниот капацитет и квалитет, од посветеноста, од нивните идеи за градот и општината ќе зависи и општиот (не)успех на Штип. Од нив тројцата најмногу зависи дали ќе отвориме нови, квалитетни процеси во сите сфери кои го чинат животот на еден град, или можеби ќе си останеме на нивото на кое сме денес и сега. Тоа младо свето штипско тројство го прават градоначалникот Благој Бочварски, претеседателот на
партиски активист во СКМ и во Синдикатите, беше во самоуправните органи и тела на „Македонка“. Неговата сестра Маринела, во самостојна Македононија беше пратеничка во Собранието на Македонија. Токму поради таа семејна традиција убеден сум дека Никола знае што е добра политика, па од него оправдано се очекува делување во една таква, за Штип пожелна насока. Тоа е посебно важно зашто тие (тој) се власт, а на власта е и најголемата одговорност. Иван Јорданов е ново лице во штипската но и во државната политика. Има 29 години, магистер е по економски науки, начитан и едуциран, елоквентен и коректен во борбата на мислења со своите политички противници од СДСМ кои се на власт. Јорданов, како и Бочварски и Тушев има Благој Бочварски, градоначалник (33 години), Никола Тушев, претседа- убава појава која во сетел на ОО на СДСМ (30 години) и м-р Иван Јорданов, претседател на ОК која политика е само на ВМРО ДПМНЕ и советник (29) е штипското свето тројство, и заедно со поен плус. Тој е претседател на Општинскиот Советот на општината ја носат најголемата одговорност во поглед на комитет на ВМРО нашата иднина. ДПМНЕ, член е на Извршниот и на ЦентралОпштинската организација на СДСМ Никола Тушев и нот одбор на партијата, координатор на советничката претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО група, а тоа само укажува дека опозициската партија ДПМНЕ Иван Јорданов. во него, сосема оправдано и со голема надеж гледа каГрадоначалникот Бочварски има 33 години. Тој пацитет и квалитет, а можеби и иден нејзин лидер. е дипломиран архитект. Во својата партија СДСМ е по- Во оваа надежна приказна свое место има и советот тпретседател, што ќе рече десна рака на премиерот и на општината. Во двете советнички групации има квапартиски лидер Зоран Заев. Тој е човекот кој ги има литетни, искусни и во своите професии докажани личсите можности во свои раце, секако заедно со Советот ности. Има наши сограѓани кои работеле во на општината, да направи добри, капитални дела кои здравството, во образованието, во приватниот сектор, битно ќе го променат ликот на Штип. Бочварски има во стопанството, во јавниот сектор, во новинаенергија, има квалитет во себе, во изминатите близу рството...Советот предводен од првиот советник Јане четири месеци покажа и докажа дека е силно посветен Миланов, во овој период покажа дека се води од интена капиталните дела кои на градот ќе му дадат една ресите на градот а не од својата партиска исклучивост. нова визура, еден проевропски лик. Иако опозицијата Иако имаше разногласие по дел од точките кои беа на критикува дека ништо не било направено Бочварски си дневен ред, што е и очекувано, на крајот, во најголем ја турка развојната агенда силно убеден дека крупните дел од различното се доаѓаше до заедничкото. дела на Штип ќе му се случат токму во време на негоОд оваа тројка млади штипски надежи во поливиот мандат. Тоа се дела кои се наш, штипски децени- тиката, и од луѓето во Советот на општината, ќе зависи ски сон. и идниот развој на Штип. Мојата интиуција ми зборува Никола Тушев има 30 години. Тој е дипломиран дека сите тие ќе го дадат најдоброто од себе, зашто во економист, магистрант по менаџмент на бизнис адми- една таква насока се претставија во изминатите ченистрација. Тушев е изданок на семејство во кое по- тири месеци. Ако биде така, тогаш пред градот и оплитиката отсекогаш била силно присутна. Неговиот штината е една убава, една перспективна иднина. татко Мите Тушев, во годините на социјализмот беше
[tipski Glas, Fevruari, 2018 br. 79
РАЗГОВОР
3
Соња КИТАНОВА, секретар на Општина Штип
Новата систематизација нема да остави никого без работа • Новата систематизација е израз на потребата граѓаните да добиваат поефикасна и поефективна услуга, во таа смисла ќе има квалитетни промени...
П
о седумгодишна „пауза“ општина Штип го доби својот секретар.Тоа е Соња Китанова, дипломиран правник, која во општината работи 31 година.На оваа функција Китанова е од почетокот на овој месец, за што одлука донесе Советот на општината. Пред превземањето на оваа функција Китанова 12 години беше раководител на одделнието за комунални дејности. Со Китанова разговараме на теми на локалната самоуправа, теми за кои е неопходно да бидат информирани штипјани. -Мораше ли да биде избран секретар на Општина Штип? -Тоа одамна требаше да се направи. Согласно законот за административни службеници обврска на секоја локална самоуправа е по стапувањето градоначалникот на функција, во рок не подолг од два месеца, да биде избран и секретар на општината, ако во моментот такво лице нема. Нашата општина без секретар работеше седум годни, откако во пензија замина Киро Фичорски, а тоа не беше во рамките на законот.Таа празнина мораше да биде пополнета и порано, но добро е што сегашната локална власт го пополни тој празен простор зашто поарно некогаш отколку никогаш. -Зошто е важно да се има секретар во локалната власт? Која му е задачата, на што треба да се посвети, кои работи во функционирањето на локалната самоуправа треба да ги унапреди? -Секретарот е тој кој ја води целокупната администрација. Тоа е личноста на која е обврската секојдневно да се грижи за следење и спорведување на законите, особено во делот на работните обврски на вработените. Секретарот ја има од-
говорноста за обезбедување ефикасно и ефективно работење на администрацијата, дава поддршка во работата на градоначалникот во смисла на почитување на законите, дава совети, мислења и сугестии... Кај нас секојдневно се говори за преобемна а неефикасна администрација. Како во Штип стоиме по ова прашање? -Точен одговор ќе добиеме по изработка на новата систематизација на која и претходи увид во сите човечки и стручни ресурси кои ги имаме во општинската администрација. Јас сум од оние кои велат дека простор за подобро секогаш постои.Нам сега ни фалат правници и економисти, зашто тие струќи се темелот на секоја администрација. Моментно меѓу вработените во општината доминираат лица со завршена Педагошка академија. -Дел од вработените во општинската администрација, кога дознале дека се подготвува нова Новата систематизацијане се носи за луѓето да останат без работно место кое одговара на нивните стручни квалификации. Смислата на новата систематизација е да се намали бројот на секторите и одделенијата кои во моментот се премногу, а граѓаните да имаат подобри услуги.... систематизација, се уплашиле за своите работни места. Постои ли повод за таков страв? -Нема повод за такво нешто. Новата систематизација треба да помогне Штип да добие ефикасна администрација која на најдобар начин ќе им служи на граѓаните за кои и постои. Систематизацијата не
значи дека луѓето ќе останат без работно место кое одговара на нивните стручни квалификации. Смислата на новата систематизација е да се намали бројот на секторите и одделенијата кои во моментот се премногу, а граѓаните да добиваат побрзи и поквалитетни услуги. -А тој број е? -Имаме пет сектори и 21 одделение. Тоа значи дека имаме 26 раководители. Со новата систематизација е предвидено да имаме четири сектори и 17 одделенија. Групирањето на секторите и одделенијата ќе биде согласно сродноста на дејностите за кои тие се задолжени. Со ова бројот на вработени во одделенијата и секторите ќе биде поголем, што ќе ја подобри ефикасноста на нивната работа. И од овој аспект никој кој добро си ја извршува работата нема да остане без работа. Јас сум свесна дека правењето нова систематизација, било каде таа да се прави, секогаш ги прави луѓето нервозни, прави да се чуствуваат несигурно но пак ќе речам дека новата систематизација не се прави за некој да остане без работа туку за да можеме квалитетно да одговориме на потребите на градот, општината и на граѓаните. -Ја имате ли потребната поддршка во сите одие процеси од градоначалникот? -Поддршката е стопроцентна. Без такво ниво на поддршка и соработка нештата нема да бидат на потребното ниво. Со самото тоа што градоначалникот лично ме предложи за секретар дадена ми е и обврската да не ги изневерам неговите надежи во мене, односно да создадеме ефикасна и ефективна општинска администрација.
4
ИНТЕРВЈУ
[tipski Glas, Fevruari, 2018 br. 79
НИКОЛЧО ИЛИЈЕВ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ИСТОЧНИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН, ГРАДОНАЧАЛНИК НА КОЧАНИ
Не робуваме на ситни локални проектчиња, наш цел се капиталните проекти
Г
-дин Илијев, важите за еден од најуспешните стопанственици во регионот но и во државата, па поради тој факт и прашањето зошто Ви беше важно како натпартиски кандидат да се тркате за градоначалничката функција во Кочани? Тоа што сум на оваа позиција е резултат на момент во севкупни општествени прилики. Никогаш не сум размислувал ниту сум имал амбиција да бидам градоначалник, затоа што никогаш не сум се занимавал со политика, а кај нас, најчесто политичарите се тие што доаѓаат на такви позиции. Цел живот се занимавам со економија и менаџмент, сум работел кај нас и по други држави, еден период бев директор на „Винка“, а веќе 20 години имам своја компанија. Сè што имам сум стекнал работејќи напорно, честопати во тешки прилики кога за прашања од економско и индустриско значење наместо да ти помогне, државата ти одмагала, па сам талкаш по нејзините административни лавиринти. Вистина е дека компанијата „ИНТ“ е една од најуспешните во регионот и меѓу двестете најуспешни и најголеми компании според обемот на работа во државата. Тоа е резултат на сите што работат во неа, на креативноста, знаењата и искуствата што ги имаат вработените, благодарение на што
изградивме имиџ како што имаме. Мене,всушност никогаш не ми било важно да се тркам за градоначалничката функција ни како партиски ни како натпартиски кандидат, затоа што имав живот исполнет со работи со коишто преферирам да се занимавам. Моите размислувања беа дека не ми е местото таму, но човек има моменти кога своите лич-
на мислењата на јавноста на евентуалните кандидати за градоначалници. Според резултатите сум бил прв на таа листа, за волја на вистината, далеку пред другите. Тоа беше повод највисокото раководство на СДСМ да ме убе- дува да се кандидирам за градоначалник, зад кој ќе стои оваа партија. По многу преговори, и по резултатска предност во првиот круг на Локал-
Суштината на регионалниот развој е во подобрувањето на благосостојбата на регионите и намалување на регионалните нерамномерности. Регионалниот развој како концепт бара континуирана финансиска поддршка од страна на државата и многу добра координација меѓу министерствата, донаторите и засегнатите страни на регионално и на локално ниво. ни желби и цели ги остава далеку зад себе, посветувајќи се на колективните цели, тоа е една од главните причини што сум сега овде. Всушност, вклучувањето во пошироките општествени текови и мојата актуелна позиција е резултат на анкета, во која СДСМ ме вклучил без мое знаење, во мерење
ните избори од околу 4.000 гласа пред претходниот градоначалник на Кочани, еве ме на челното место на Општината. Го прифатив овој предизвик затоа што на Општината 1 треба човек што умее да менаџира, а не да води политика. Планските региони во државата се фор-
мирани заради потребата да се обезбеди што рамномерен регионален развој во сите сфери од животот. Како по ова прашање стои нашиот во однос на другите региони? Суштината на регионалниот развој е во подобрувањето на благосостојбата на регионите и намалување на регионалните нерамномерности. Регионалниот развој како концепт бара континуирана финансиска поддршка од страна на државата и многу добра координација меѓу министерствата, донаторите и засегнатите страни на регионално и на локално ниво. Како се спроведувала политиката на рамномерен регионален развој изминативе десет години по донесувањето на Законот, со си- те стратешки, програмски и плански документи кои следуваа по него, покажува и реалната состојба на која сведочиме и статистичките податоци. Источниот регион е најзапоставен, жителите се иселуваат, сега е последен момент да се смени нешто на подобро. Секоја успешна држава својот економски развој го темели на ресурсите со кои располага. Дали истокот си ги знае своите ресурси? Дали е тоа индустријата, земјоделието, рударството, туризмот... Или од сè по нешто, различно од општина до општина?
[tipski Glas, Fevruari, 2018 br. 79
Истокот има ресурси што можат да му обезбедат добар развој, секако со правилно стратешко планирање и со разумно и координирано дејствување. Имаме земјоделство, рудни богатства, геотермални потенцијали и други природни ресурси кои за жал, сè уште се минимално искористени.
ИНТЕРВЈУ дите луѓе. Дали на седниците на органот со кој раководите е поставена оваа крупна тема која ќе ја определи и нашата иднина? Што мисли планскиот регион да преземе за да се намали таа штета, ако не и да се сопре тој одлив на млади? Колку младите се земаат како најдрагоцен
Градоначалниците од регионот со своите колеги од Бугарија
Ако си ги знаеме ресурсите дали тие се искористени на еден квалитетен начин? Има голем простор за напредок и за подобрување во искористувањето на ресурсите. Во земјоделството,во туризмот посебно. Но, сметам дека еден од најзначајните потенцијали за напредок е човечкиот потенцијал. Овде треба многу да се работи, затоа што сè почива на човечките ресурси. Во нив треба да вложуваме за да ги подобриме општите состојби. Да работиме на јакнење на јавната свест на многу полиња, да вложуваме во континуирано учење, да ги подобриме релациите меѓу образованиот систем и пазарот на трудот, да ги јакнеме комуникациските вештини со надворешноста. Нашиот регион најголемата мака ја има во иселувањето на мла-
ресурс за сеопшт развој на регионот? Во нашава земја, како и во соседството, условите за живот не се на ниво на потребите што ги бараат младите. Од друга страна, иселувањето е процес во тренд на еден поширок ареал, па сè повеќе млади бараат леб на
кој бара добра координација на национално, регионално и локално ниво и работа на повеќе сфери во нашето работење и живеење. Младите се нашата иднина, тие се најголемиот ресурс на нашиот регион. Дали на вашите состаноци (Советот е формиран од градоначалниците) секој градоначалник влече на своја страна. Колку од различното одите кон единството во носењето заклучоци во однос на развојот на регионот? Колку се почитуваат мислењата и потребите на другата општина?Ако имате барем еден таков пример да го кажете... Советот на Источниот плански регион е релативно нов. Факт е дека секој како градоначалник е преоптоварен со амбицијата да постигне што подобри резултати за својата општина, што нè ограничува во разговорите за регионалните проекти. Мојот став по ова прашање е сосема јасен: да не робуваме на ситните локални проектчиња од ти-
Важно е да се има план како да се поврзат туристичките капацитети во еден поширок контекст: планински, бањски, алтернативен, културен туризам Запад, со убедување дека таму ќе им биде подобро. На седниците на Регионот разговараме како да помогнеме таа појава да се намали, разговараме за мерки што можат да се преземат – да спречиме, ако не можеме веќе да ги вратиме луѓето кои заминале од својата татковина. Тоа е сложен процес кој зависи од колективни суштински одлуки,
пот на мали улички и тротоари, кои со божемен регионалниот предзнак ќе засенат значајни регионални проекти. Тоа значи дека предност треба да има регионалниот развој, правец што сметам дека во следните четири години ќе го следи Советот на Источниот плански регион. Многу странски пријателски држави кои имаат свои амбасади во
5
земјава даваат финансиска помош на регионот. Тоа го прават и европски фондови. Колку ви значи таа поддршка, можете ли да ни кажете примери од вашето кратко раководење со планскиот регион кога некоја држава или некоја фонд/фондација нè поддржале? Секоја помош е добредојдена, посебно помошта од ЕУ-фондовите.И како градоначалници и како дел од Советот на ИПР, овој период го поминавме во подготовка на проекти за апликации на неколку програми. Колку за илустрација, ние, градоначалниците од Истокот, учествувавме во студиско пату- вање во Бугарија, преку Програмата за зачувување на природата, прoект на Швајцарската агенција за развој и соработка.Една од клучните цели на оваа Програма е подобрување на состојбата со природните вредности во сливот на реката Брегалница и промоција на нивно одржливо користење и управување преку воспоставување заштитени подрачја и други активности. Искуствата што ни беа претставени во Бугарија наспроти локалните состојби во Источниот дел на Македонија ќе служат како појдовна точка за изнаоѓање соодветни мерки за заштита на природата во Осогово, Плачковица и Малешевијата, региони кои изобилуваат со биолошка разновидност и природни вредности, а засега немаат формална заштита во Македонија. Умееме ли да направиме проекти кои ќе ги заинтересираат
6 странските донатори да „загризат“ и да вложат позначајни финансиски средства во нашиот развој. Имаме примери Франција донираше опрема од 5 милиони евра за Филтер станицата во Кочани, Швајцарија има донирано 50 милиони франци за заштита на екосистемот долж Брегалница, Словенија даде 1 милион евра за штипската филтер станица за да можат да бидат прифатени водите од Злетовица...Имаме ли сега такви проекти кои се понудени кај можни инвеститори? Странските држави донираат средства за подобрување на животната средина, за климатски промени и енергетска ефикасност, за развој на туризмот, образованието, за поддршка на ранливите групи, за зачувување на културното наследство, сè зависи од повиците и од стратешките и од програмските определби на донаторот. Моментно, чекаме одговор за доставената апликација до Проектот за локална и регионална конкурентност – „Планински велосипедски рај“, чија цел е развој на туризмот во Осоговието. Веќе во подготовка се апликациите по објавениот повик за Прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија во областите за заштита на животната средина и за развој на туризмот. Кочани со децении говори за браната на Оризарска, Штип за браната на Отиња, во Берово кое сака туристички да се развива проблем е што поради мала хидроцентрала езерото се испразнува сред туристичка сезона, Делчево сака да развива туризам на Голак, а таму сè е распаднато....Има ли шанса за време на овој мандат на Советот на регионот да се направи нешто конкретно по овие прашања? Извесно е дека изградбата на браната „Речани“ на Оризарска Река ќе добие поддршка од Владата на РМ, се работи на
[tipski Glas, Fevruari, 2018 br. 79
ИНТЕРВЈУ неколку технички детали што треба да се прецизираат, дали ќе се продолжи со истиот изведувач или ќе се распише нов тендер. Таквите големи проекти, бараат повеќе време за реализација, исто како и за обновувањето на капацитетите на Голак. Важно е да се има план како да се поврзат туристичките капацитети во еден поширок контекст: планински, бањски, алтернативен, културен туризам. За тоа што ќе се постигне во овој мандат, веројатно е неблагодарно да прогнозираме, важно е да се стремиме кон развој на регионалниот концепт, многу да работиме и да користиме добри пракси. И Штип ја има поддршката на Владата за браната на Отиња. Имавте повеќе патувања во странство, одевте со други градоначалници, кој е бенефитот од тоа? Има ли нешто што како искуство може да се пренесе кај нас, во регионот? Веќе спомнав за едно од тие патување и за придобивките што ги очекуваме од тој регионален проект. Секое патување донесува некое искуство, се добива одредена престава што и како да се направи кај нас. Од соседна Бугарија, како земја членка на Европската Унија имаме поддршка за нашите идни процеси. Тие искуства пробуваме да ги вградиме и да ги пренесеме кај нас. Всушност, секоја добронамерна соработка е добредојдена. Од какво значење за регионот е евентуалниот влез на државата во ЕУ? Ние, како мала држава сме мал пазар и без отворање на вратите на ЕУ, нашето придвижување напред ќе биде многу тешко. Другите држави, кои беа многу зад нас, сега нè престигнаа. Можностите за користење на европските фондови се особено значајни за регионот. Не само затоа, туку заради сите придобивки, влезот во ЕУ е нашата перспектива.
Штип за перспективите на ЕУ во дебата со градови од пет држави
О
пштини од седум европски држави, меѓу кои е и Штип како единствен град од нашава држава ќе реализираат повеќе дебати со единствена тема – перспективите на Европската унија. Во овој проект кој се реализира преку ИПА програмата на ЕУ носител е Општина Аксаково од соседна Бугарија, додека општина Штип се јавува како еден од партнерите. Проектот носи наслов „Иднината на Европа“, Првата средба ќе се одржи на крајот на април во Аксаково. На истата Општина Штип ќе ја претставува петчлена делегација предводена од градоначалникот Благој Бочварски. Вредноста на проектот е 150.000 евра, а Општина Штип ќе добие соодветен дел за организирање на средбата на неколку теми на крајот на јуни годинава во Општинскиот мултимедијален центар „Киро Глигоров“. Проектот беше аплициран од страна на Општина Аксаково лани.
Аксаково Освен Штип и Аксаково, во проектот се вклучени уште пет други земји од ЕУ, поточно пет локални самоуправи од пет западноевропски земји. Тоа се Сетубал од Португалија, Монтсерат од Шпанија, кој е во реонот на Валенсија, Озаров Мазовјецки од Полска, Виториа од Сицилија во Италија и градот Викторија од Романија. Во текот на следните три години секој град ќе биде домаќин на по една средба, а претставници од овие седум градови ќе дебатираат за иднината на Европа. Ова е прв пат Штип да биде вклучен во ваков проект во кој тематски се зближува со градови од Португалија, Шпанија, Италија, Полска и Романија. Во месец јуни, кога таква дебата ќе се оствари во Штип се очекуваат околу триесетина претставници од овие земји кои ќе ги споделат своите гледишта за иднината на Европа. Штип ќе биде домаќин на дебатата која ќе се одржи од 20 до 22 јуни. Со самото тоа што средбата е планирана да се одржи во Општинскиот мултимедијален центар „Киро Глигоров“, имајќи во предвид дека претседателот Глигоров беше политичар кој во деновите на осамостојувањето, заедно со тогашната политичка структура ги постави темелите за евро-перспективите на Македонија, ова е воедно и достојно одбележување во негова чест.
[tipski Glas, Fevruari, 2018 br. 79
Ш
ИНСТИТУЦИИ
Пожарникарите со 501 интервенција во незадоволителни општи услови
типската територијална противпожарна единица со 38 пожарникари, пет противпожарни возила и еден теренски џип, со обука на пожарникарите која ја имале пред девет години, со финансии главно од општинскиот наместо од државниот буџет, со застарена противпожарна облека која седум години не е обновувана, главно добро си ја извршува својата одговорна работа.
7
Тони Атанасов
„На 1.500 жители следува по еден пожарникар, па во однос на овие релации ние можеме да кажеме дека стоиме добро со оглед на фактот дека сме одговорни за општините Штип и Карбинци. Нашите пожарникари се во години кои им овозможуваат квалитетно да се справат со предизвиците, а постарите заминаа во пензија. Од тој аспект, а наспроти сознанието дека минатата година сме имале 501 интервенција, ние можеме да бидеме задоволни“, вели Тони Атанасов, командир на Територијалната ПП единица – Штип. Ако пожарникарите добро си ја извршуваат Минатата година пожарникарите имале 501 инсвојата работа, тоа не значи дека нема и проблеми. тервенција, речиси по две дневно. Најмногу од нив Проблем, според нашиот соговорник, е тоа што по- 203 биле во урбани средини, 166 на отворен простор, следната обука им била пред 9 години, а обуки согласно Законот за пожарникарство и програмата треба Пожарникарите лани имале вкупно 501 да се вршат почесто. Покрај ова не стојат добро рабоинтервенција. Меѓу другото спасувале тите ниту со облеката која е неопходна пожарникарите и мачки заглавени на покриви или на квалитетно да си ја извршат задачата.
високи дрвја, ваделе змии од возила, отворале (разбивале) врати во станови заклучени одвнатре кога децата се испаничувале. Работи за кои малку се знае
„Последниве 6-7 години ништо ново не е набавено од облека. Фали лична опрема, фалат шлемови, заштитни маски, ракавици, дрегери (апарати за дишење)...Покрај ова негрижата на претходното раководство беше причина за многу дефекти на дополнителната опрема како агрегати, водени пумпи, алигатори..Ние деновиве распишавме тендер за избор на 132 интервенции биле од техничка природа како при овластен сервисер па очекуваме овие работи наското сообраќајни несреќи. Но, имало интервенции и за спада бидат средени“, укажува Атанасов. сување мачки заглавени на покриви или на високи дрвја, вадење змии од возила, отворање врати во стаВо однос на финансиската поддршка државата нови заклучени одвнатре кога децата се испаничувале. спрема Штип не покажала ист аршин како спрема Скопје, Битола и други градови во кои државниот буџет „Сега ни фали помало возило за интевенции во учествува со 90 проценти од потребните средства. тесни патеки во град и во шумите. Преку амбасадата Штипската единица е доминантно товар на општин- на Јапонија аплициравме за такво возило чија вредскиот буџет. –„Во 2007 година имавме 15 вработени, ност е 100.000 евра. Убедени сме дека ќе ја добиеме од државата добивавме за толку луѓе за плата, дене- оваа донација зашто Јапонија е наш осведочен ска имаме 38 вработени а финансиите се исти како пријател“, оптимист е Атанасов. пред 11 години. Испративме писмо до Министерството за финансии со барање да се исправи оваа неправда, очекуваме позитивен одговор“, вели Атанасов.
8
IN MEMORIAM
Во чест на Трајчо СПАСОВ, првиот претседател на општина Штип во самостојна Република Македонија
З
амина од овој свет, од нашето опкружување Трајчо Спасов, првиот претседател на општина Штип во независна и суверена Република Македонија. Спасов почина на почетокот од месецов, на 84 годишна возраст. Тој беше еден од најпознатите политички и стопански раководители во историјата на Штип во времето на поранешниот систем. Во 1960 година, кога Македонија и Штип оскудеваа со образовен кадар, Спасов дипломира на економскиот факултет во Скопје. Во 1962 година е назначен за финансов директор на „Македонка“.Во 1966 година заминува во Медицинскиот центар каде работи како помошник директор по економски прашања. Од 1969 до 1972 година е директор на „Газела“ во изградба, а од 1972 до 1974 година ја извршува функцијата директор на одделението за развој во општина Штип. Истата година заминува на работа како индивидуален работовоен орган (директор) во „Макпромет“ каде спојува повеќе хетерогени дејности во единствена, успешна стопанска целина која за својата работа доби многу републички и сојуз ни признанија. Во најубавото време во „Макпромет“ работеа над 800 вработени. Во својот исполнет со остварувања и успеси живот, м-р Трајчо Спасов извршувал повеќе високи функции во општината. Од секретар на Фабричкиот комитет на СКМ во „Македонка“, преку претседател на Општинската конференција на СКМ на Штип до претседател на Советот на Сојузот на синдикатите, висока функција која ја извршува цели девет години. Повеќепати бил член на општински и државни комисии, совети и здруженија. Како младинец, на 16 годишна возраст, во 1949 година, учеству-
ва на Сојузната работна акција „Братство и единство“ каде станува ударник. Носител е на Орден на трудот со сребрен венец (1972 година),од претсеателот на Југославија Јосип Броз Тито одликуван е со „Орден заслуги за народ со сребрени зраци“, а со истиот орден е одликуван и од Претседателството на Социјалистичка Федеративна Република Југославија. На почетокот од независноста на Република Македонија Трајчо Спасов стана првиот претседател на Општина Штип. На оваа функција беше од 1990 д0 1996 година. Тој беше творецот на последниот Својот плоден живот Спасов го посвети на просперитетот на Македонија и на Штип. Беше ударник на доброволни младински работни акции, беше меѓу првите штипјани со факултетска диплома, беше политички активист кој извршуваше важни политички функции, од повеќе хетерогени дејности го создаде моќниот „Макпромет“, стана носител на три ордени и безброј други општествени признанија, се бореше за слобода на медиумите... штипски местен самопридонес кој беше реализиран во периодот 19921997 година кога штипјани, на солидарна основа, одделуваа од своите плати, а фирмите од својата добивка за изградба на брана на реката Отиња. И во подоцнежни години Трајчо Спасов не мируваше. Својот последен политички ангажман го имаше есента, минатата година, кога се појави на конвенцијата на СДСМ и коалицијата одржана во го-
[tipski Glas, Fevruari, 2018 br. 79
лемата сала на Домот на културата. На оваа конвенција тој јавно и јасно ја поддржа кандидатурата на Благој Бочварски за градоначални и предложениот советнички состав од оваа политичка групација. На Трајчо Спасов лично ќе се сеќавам како голем борец за слободно новинарство. Како млад новинар, во 1972 година, бев ставен на тапет од тогашното политичко раководство поради критички текстови во републичкиот неделник „Журнал“ и во синдикалниот весник Трудбеник. Текстовите беа посветени на големиот штрајк кој се случи во „Македонка“. На седница на Општинскиот комитет во зградата до хотелот „Оаза“ која подоцна стана управна зграда на „Чатал“, се бараше моја одговорност како новинар. Тогаш Спасов, ризикувајќи ја својата висока општествена позиција, зеде збор и како прв човек на Општинскиот синдикат рече дека кај новинарот Бојаџиски нема вина, дека вината за штрајкот треба да се бара кај раководството на фабриката. Бргу по неговото излагање бев „ослободен“ од обвинението и си продолжив со новинарската работа се до ден денес. Но, од тој ден се роди едно големо, убаво и трајно пријателство кое траеше полни 45 години. Тоа беше и мојата инспирација на неговото испраќање од Штип во вечноста да му посветам пригоден говор. На последното испраќање на неуморниот градител Трајчо Спасов, покрај семејството, присуствуваа и поголем број граѓани на Штип на кои ликот и делото на неуморниот градител и општественик им останува во сеќавање занавек. Свежо цвеќе на неговиот ковчег положи и делегација на Општина Штип предводена од градоначалникот Благој Бочварски.
[tipski Glas, Fevruari, 2018 br. 79
ОСВРТ
9
Време е за работа, за голема работа Започнавме да ја трошиме 2018 година. Славењето помина, поминаа празниците, пред актуелната градска управа се големи предизвици....Време е за работа, за голема работа...
П
ред и по секоја Нова година првата личност на градот доминантно се бави со посети, приеми, доделување награди и признанија...На деца, на млади,на училишта, болници, протипожарни служби,итна медицинска помош, социјално ранливи групи... И тоа, секако, е добро. Добро е на почетокот од секоја година да се покаже и да се види таа синергија помеѓу народот и личноста за која тој народ се определил да го води градот, општината. Но, празниците беа и поминаа. Настаните од убавите денови на нашето битисување на овој свет ќе останат за сите времиња само во медиумите. Пред се и над се во весниците кои се основни хроничари кои ги бележат важните настани случени во било кое време и истите ги архивираат во библиотеките, тие наши посебни храмови на убаво напишаната книжевна и секаква друга забележена на хартија историја. Затоа сега и овде ќе порачам: дека е време за работа. За голема работа. Пред новото штипско општинско водство стојат многу предизвици. Градот и селата, луѓето во нив, си имаат свои потреби на кои мора да се работи секојдневно. Ветеното од предизборието мора да се остварува. Тоа што локалната власт предновогодишно одлучи да ја намали цената
на водата за 5 проценти е добра работа. Но, тоа е само мал извор од кој мора да потече големата река на штипските надежи кои граѓаните ги полагат во оваа локална власт. Четири работи се доминантни и како потреба и како ветувања на грдоначалникот Благој Бочварски и личностите кои тој си ги избра да му помагаат во остварувања на ветеното. Првата потреба над сите потреби е гасификацијата на Штип. Трошоците за енергија на домакинствата, стопанските организации, институциите се мошне голема ставка во нивните буџети.Гасоводната линија ни е во близина на градот, останува уште да се изготват проекти како најефтиниот енергенс за кој знае светот да се донесе до потрошувачите. Ако пролетта е за ра-
Втората потреба е изградбата на браната на реката Отиња. За браната постои и проект, постои и проекција за нивото на врнежи во регионот од кој таа ќе се полни, постои и можност водата, во екстремно сушни лета да се донесе од Калиманци. Зад овој проект над 40 години стои градот, политиката и политичарите, експертите за води и екологија.Стои народот. Плус тоа имаме и свои пари од самопридонесот од околу 1,5 милион евра, имаме и плус нешто добри пари кои, на времето, биле дадени на јавните претпријатија кои кон овој проект можат да се раздолжат со работа.Треба само храбро да се тргне во релизација. Трето-прифаќање на водите од „Злетовица“. Системот е граден да го обезбеди градот и регионот
Нам не ни требаат 450 проекти. Потребни ни се 4-5 кои се карактеризираат како капитални. Средувањето на улиците, сообраќајот, водоводните линии, шахтите, комуналната хигиена – тоа е една секојдневна работа. За такво нешто секој може да биде градоначалник, власт...Вистинските неимари, градители, се гледаат преку нивните капитални дела кои во голема мера го олеснуваат животот на граѓаните и ја подобруваат општата слика за него пред севкупната јавност ботна офанзива, зимскиот период треба да се искористи за изготвување проекти за џабе да не ни минува времето. Зашто ниту еден ден во нашите животи не може да се повтори.
со вода во следните 50 години. Тоаа вода е поквалитетна и поефтина од онаа која ја пиеме. Доаѓа од висока планина, од незагадена околина, за неа не треба да се троши струја....Секој
добар домаќин ќе ги респектира овие аргументи и ќе направи се за семејството (градот) да добие поефтина а поквалитетна вода. Четврто–изградбата на нова детска градинка. Над 150 млади семејства имаат потреба од квалитетно сместување на своите деца во градинка. Најголем дел од нив се од населбата Сењак, во која живеат и најголем број млади брачни парови. Градоначалникот и неговата екипа мора да го искористат зимскиот период за да се изработат проектите, цврсто да се договори финансискиот дел на Министерството за труд и социјална политика и на пролет да се тргне во реализација на проектот на кој чекаат 150 дечиња. Нам не ни требаат 450 проекти. Потребни ни се 4-5 кои се карактеризираат како капитални. Средувањето на улиците, соо- браќајот, водоводните линии, шахтите – тоа е една секојдневн работа. Вистинските неимари, градители се гледаат во нивните капитални дела кои во голема мера го олеснуваат животот на граѓаните и ја подобруваат општата слика за него пред надвоешната јавност. Тоа е тоа кое се очекува од новата власт на чие чело е градоначалникот. Се погоре напишанот е елементот кој ќе ги обележи неговите четири години на управување со градот. Се друго е само мачкање очи на луѓето. Нешто што го видовме во претходните че(и.б.) тири години.
10
[tipski Glas, Fevruari, 2018 br. 79
ГРАДОТ
ЈП „Стипион“ го уредува градот во сите негови делови
С
огласно годишната програма за работа усвоена од Советот на Општина Штип, ЈП „Стипион“ во изминатите 3,5 месеци извршуваше работи кои на градот и на урбаните заедници во него му го даваат посакуваниот урбан лик на регионален центар. „Во населбите Балканска, Дузлак и Каваклија пробивавме и уредувавме улици во вкуен обим од 1.400 метри квадратни. Улиците кои порано не беа докрај пробиени и (или) тампонирани ги подготвивме за асфалтирање која работа ќе ја завршиме со првите потопли денови“, вели директорот Сашко Протогеров. Јавното претпријатие работеше и на уредување тротоари на улиата „Борис Крајгер“, во Ново Село и спроти Стопанска банка во центарот на градот. Според сите стандар-
ди уредени се тротоари во вкупна должина од 1.130 метри квадратни. Истовреме започнато е уредувањето на современ стационар за кучиња-скитници во реонот „Плуждино“ и е уредено помошно игралиште на Градскиот стадион.
то оддржување на на улици и тротоари, ги подигнавме шахтите на улиците кои со последното асфалтирање беа пропаднати и создаваа проблеми на возачите, ги исчистивме отворените канали. Во оддеСашко Протогеров лот за проектирање донесовме идејно решение за проект за малиот плоштад пред Домот на пензионерите“, нагласува директорот Протогеров. Во овој временски период извршено е партерно уредување во ОУ „Димитар Влахов“ за потребите на затворениот базен, а се работи и на доуредување на коритото на Отиња. За Нова година претпријатието пристојно го украси градот. Моментално се работи на уредување патека на Градскиот Камената, нерамна површина ќе се уреди стадион која требе да ги со бехатон плочки поврзе двете трибини, се чистат канали во Три Чеш„Во изминатите 3,5 месеци сообраќајно уредување во ми и се уредуваат тротоаимавме тековни активно- централното подрачје, а ри спроти Здравниот дом. сти во рамките на зимско- донесовме и основен
Нема повеќе паркирање на тротоари, пешачки премини...
Ш
типјани повеќе нема да се стават над законот во однос на паркирањето. Надлежните служби и СВР се решени енергично да се справат со оваа појава. За тоа граѓаните беа информирани од Оливера Блажева, овластен сообраќаен инспектор во Општина Штип. „Според законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Општината е надлежна за уредување на сообраќајот на локалните патишта и улици. Тоа, меѓу другото, опфаќа и поставување блокатори на возила на места што не се наменети за паркирање, како и отстра-
нување на блокатори. Првично ќе се преземат мерки за возила кои се паркирани на пешачки премини, во ниво на крстосници, на паркинг места кои се наменети за посебна категорија на корисници како инвалидизирани лица и авто-такси стојалишта, автобуски стојалишта, тротоари, коловози и друго“, рече Блажева. Поставувањето блокатори и нивно отстранување ќе се спроведува од страна на овластени контролори на ЈП „Стипион 2011“ Штип. Блокираните возила ќе се одблокираат откако сопственикот
ќе си плати 700 денари. „За поголема ефикасност при реализирање на активностите ќе имаме координирана соработка со МВР СВР Штип. Поради зголемување на проблемите со нелегалното паркирање кои ја загрозуваат безбедноста на сообраќајот, Општината ќе започне со спроведување на оваа мерка која ќе придонесе за зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот“, посочи Блажева.
[tipski Glas, Fevruari, 2018 br. 79
ОТЧЕТ
Градоначалникот Бочварски даде отчет за првите 100 дена
Г
радоначалникот Благој Бочварски, согласно неговото предизборно ветување за апсолутна транспарентност и отвореност за тоа што го работи локалната власт, даде отчет за сработеното во првите 100 дена на институцијата градоначалник.„Ги започнавме процесите за гасификација на Штип каде сме чекор поблизу. Обезбедивме 10 милиони денари за допроектирање на браната на Отиња, а по долг период од 30 години пролетва започнуваме со изградба на нова детска градинка. Во овој временски период започнавме со проектирање на затворен училишен базен, го решаваме сообраќајниот метеж во градот, се насочуваме кон отворање јавен градски превоз, остваривме и остваруваме развој и обнова на севкупната градска инфраструктура, ја укинавме наплатата за паркинг во одделни делови на градот, работиме на изградбата на локален пат Шашаварлија-Кошево-Почивало, формираме Солидарен фонд во кој се вклучува целиот град, остваруваме средби за прекугранична соработка“, рече Бочварски. Според градоначалникот, Штип ќе биде меѓу првите градови во државата чии граѓани ќе ги почувствуваат сите бенефити од гасификацијата на градот. „Главната гасоводна линија е во атарот на нашата општина, а по остварената средба со директорот на Македонски енергетски ресурси Благојче Котевски, сосема сме сигурни дека Штип ќе биде првата наредна општина која ќе ги користи благодетите на најефтиниот енергетски ресурс. Со тоа институциите, стопанските субјекти, граѓани имат намалени трошоци за енергија и до 70 проценти“, рече Бочварски. Од мртва точка е тргната работата и во однос на 40 годишната
штипска голема желба-изградба на брана на реката Отиња. Градоначалникот Бочварски уште еднаш потврди дека од Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство општината има обезбедено 10 милиони денари, пари со кои ќе се изврши допроектирање на проектот кој е од пред десеттина години.
Гасификација, брана на Отиња, нова детска градинка, Солидарен фонд, затворен училишен базен, почит кон првиот претседател Глигоров, решавање на сообраќајниот хаос, стационар за бездомни кучиња, тоа, помеѓу другите, се проектите кои започнаа да се подготвуваат за работа или се работат... „Штип, во овој четиригодишен мандат ќе ја има браната, ќе си го оствари својот 40 годишен сон“, кажа децидно Бочварски. Во однос на новата детска градинка градоначалникот посочи дека општината ги направила сите подготовки за таа летово да се гра-
11
ди во најживата и „најмлада“ населба Сењак. Ова е посебно радосна вест за близу 200 млади штипски семејства кои нема каде квалитетно да ги згрижат своите деца додека се на работа. –„За градинката 45 проценти од потребните финансии ги обезбедува Источниот плански региона, другото го обезбедуваме ние. Ова е првпат општина Штип да користи пари од ИПР“, истакна Бочварски. Оваа локална власт е прва која се сети на Киро Глигоров, првиот претседател на независна Република Македонија. Тоа е направено на начин што градоначалникот Бочварски постхумно му го врачи најголемото штипско одликување орденот „Сцети Никола“, и што на негов предлог Мултимедијалниот центар денес го носи името на покојниот Глигоров. Во изминатите сто дена локалната власт донесе одлука за намалување на цената на водата за 5 проценти, а уште за толку ќе биде намалена од почетокот на идната година, укинато е платеното паркирање во некои делови од градот со што, според градоначалникот, парите се враќат кон граѓаните. „Во населбата Сењак, до основното училиште „Димитар Влахов“ летово ќе изградиме затворен училишен базен кој ќе можат да го користат и повозрасните, во Новакова Чешма се реализира стационар за бездомни кучиња, наскоро ќе воведеме јавен градски превоз, формиравме Солидарен фонд за помош на оние на кои помошта најмногу ќе им треба“, информира градоначалникот.
12
УСПЕШНИ
[tipski Glas, Fevruari, 2018 br. 79
М-р МАРИЈА МАКСИМОВА, професор по пијано во ДСМУ „Сергеј Михајлов“
Н
Штип има неверојатно талентирани деца за музика
овинарите од источниот регион Ви ја додеија наградата „Најдоброто од истокот“ , еден вид Оскар на регонот за вредни остварувања во професијата која е ваш живот. Добитник сте на признанието на Штип „Свети Никола“, на признанието „Најдобар педагог“ за повеќегодишна работа која ви ја додели Сојузот на музички-балетските педагози на Македонија, на бројни меѓународни награди...Оттука, како гледате и на ова признание кое доаѓа од новинарите во регионот? На почеток би сакала да изразам огромна благодарност до новинарите кои ме предложиле и ме избрале да бидам добитник на оваа престижна награда. Секое признание за заслужен труд е еден вид потврда дека тоа што го работам е правилно и успешно, но наградата „Најдоброто од истокот“ ми е посебно драга токму поради фактот што доаѓа од луѓе кои многу ги ценам заради нивната исклучително тешка професија која му служи, го заштитува и промовира јавниот интерес, професија со достоинство и интегритет. Мојата работа е поврзана индиректно со новинарската фела, бидејќи токму таа ги промовира настапите и успесите на моите ученици, како и на нашето училиште „Сергеј Михајлов“. Вашето име со почит се изговара во светот на класичната музика. Пред се и над се како педагог по пијано кој со младите работи дваесеттина години. Што одлучи да се определите за музиката преку педагогијата? Јас навистина се пронајдов во педагошката работа. Не дека сум го запоставила свирењето, но едукацијата на учениците, односно пренесувањето на моето знаење на нови генерации навистина ме исполнува и уживам додека го работам тоа. Токму поради тоа, завршив и постдипломски студии на отсекот Методика на пијано. Инаку, отсекогаш ми се допаѓаше ликот на учител по пијано, тоа е личност која го воведува ученикот во прекрасниот свет на музиката, таа личност е педагог, советник, пријател, родител, пијанист, теоретичар, музиколог, психолог, па и менаџер бидејќи треба да се носи на вистински начин со предизвиците на современиот пијанизам, тоа е некој што има огромно
Марија со своите ученици освојуваи на многу награди
влијание врз интелектот на децата без разлика дали тие ќе се занимаваат со музика кога ќе пораснат или не. Нивната работа не е лесна, оваа професија бара вежбање од неколку часови на ден, а ние наставниците сме тие кои треба да им го олесниме и разубавиме
Бројот на наградите на моите ученици е навистина голем и секој нивен успех неизмерно ме радува, но лично за мене најголема награда е што сите тие успеаја да се запишат на Факултети за музика, на катедрите по пијано не само во Македонија, туку и на врвни конзерваториуми за музика во странство што е исклучително тешко. сето тоа неколкучасовно вежбање. Јас како наставник имам пријателски однос со нив кои тие секако знаат да го ценат. Сето ова што го наведов е доволен предизвик да се занимавам со оваа убава,
но и мошне комплексна професија. Како педагог по пијано,камерна музика и корепетицијата во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“, во целиот ваш професионален век се обидувате да ја подигнете музичката култура на повисоко ниво и да ја доближете класичната музика до сите луѓе. Сметате ли дека сте успеале во оваа мисија? Точно така, преку организацијата на концертите на нашите ученици, ние педагозите се трудиме да ја приближиме класичната музика поблиску до секој граѓанин. Сепак тоа е многу тешко и бара макотрпност и континуитет. За оваа цел, јас често барам помош од вас, новинарите кои преку своите медиуми ќе ги промовираат овие концерти. Можам да се пофалам дека во последно време имаме одлична соработка со општината и со скоро сите медиуми и вие несебично ни излегувате во пресрет. Последните неколку години организирав неколку концерти во нашиот град, меѓу кои настапив и како пијано придружба на одличниот сопран Виолета Арсовска, проект поддржан од Министерството за култура на Македонија. Реакциите беа одлични, а за тоа говори и огромната публика која беше присутна. Тоа покажува дека штипјани се желни за вакви концерти на класична музика, дека знаат да ја почитуваат и да уживаат во неа. Со Виолета Арсовска планираме и натаму да концертираме како дуо. Потоа би ги спомнала концертите на моите ученици на „Штипско културно лето“ на кои има неверојатно добар одзив од публиката, а неодамна бев дел и од организацијата на 3 хуманитарни концерти, со кои собравме средства за болни дечиња и посебно сум среќна поради тоа. Кое е вашето мислење по однос на заинтересираноста на децата и младите да изучуваат нешто што се вика класична музика? Со полна одговорност тврдам дека во Штип има неверојатно многу талентирани деца за музика. Повеќето од нив се ученици во нашето училиште. Кога ќе осетам таков потенцијал кај некој ученик, се трудам да им ја развијам желбата за музичко едуцирање преку класичната музика, претставувајќи им го тоа како еден вид на забава, а никако притисок. Многу од тие наши бивши
[tipski Glas, Fevruari, 2018 br. 79
УСПЕШНИ
напоменувам на учениците дека не одиме за награда, туку одиме за настап и да се претставиме во најдобро светло на тој концертен подиум. Но, скоро секогаш сме се враќале со високи награди. Меѓу нив имало Лауреати, специјални награди со освоени максимум бодови, награди за Со признанието на град Штип „19 декември“ најуметничка изведба, Први, втори, трети места, поученици сега концертираат низ светот фалници... Токму поради нивниот усили студираат на врвни музички акапех, јас сум добитник и на „Диплома за демии. Тука би искористила да си ги повисоки почести“, доделена на интернафалам моите бивши ученици кои ги ционалниот натпревар „Луиџи Занукоучев скоро 10 години;Андреј Шаклев кој ли“ во Италија, 2013, награда која ја успеа да се запише на најстариот мудобив бидејќи имав најмногу наградени зички конзерваториум во Италија, кај ученици на целиот натпревар. што примаат само 10 студенти годишВе ценат во Штип, ама Ве цено, а тој беше втор на список во конкунат и надвор од државата. Во таа ренција со пијанисти од цел свет, потоа смисла говори фактот дека сте член Елена Јанева која ја примија на унина жири комисии на државни и меѓуверзитеијатот во Болоња, Виктор Пенардно натпревари во Македонија, цов, кој сега се подготвува за ХоланИталија, Србија, БИХ...Какво е значедија, Марија Стојанова, која е сега мањето на тоа дружење со музички автурантка, Тања Трбојевиќ, Бојана Никоторитети од други држави? Да, јас сум член на жири на неколку престижни интернационални натпревари и дружбата во жирито со светски еминентни пијанисти претставува огромно искуство за мене. Тоа е одлична можност да се да се осознаат светските трендови во музиката, современите методи и техники за изучување на инструмент и да се разменат мислења. Тие дружби имаат приоритетно едукативен карактер за мене и натпреварувачите. Сепак главната цел на натпреварите е развивање на мотивацијата и афирмацијата на личните креативни потенцијали на пијанистите и можност да се настапи на иста сцена Своите ученици ги сака најмногу од се на светот со инструменталисти од цел свет. Преку тие изведби воедно се развива и ловска. Имаме и многу помлади кои се нивната желба за понатамошна работа големи таленти. во полето на класичната музика. Сите Импозантен е бројот на награтие натпревари имаат различна тежидите и признанијата (над 190) кои вана, а како крајно професионален кај шите ученици ги имаат освоено во што сум дел од жирито, би го издвоила Македонија, Италија, Словенија, Бунатпреварот „Giovani musicisti“ во Трегарија, Србија, Косово...Го препознавизо, Италија кој држи многу високи вате ли сјајот во нивните очи од ускритериуми на оценување и каде се пехот кој е и нивен и ваш истоврепријавуваат музичари од буквално сите мено? континенти. Улогата како член на жиДа, бројот на наградите на моирито е многу тешка, но деновите додете ученици е навистина голем и секој ка трае натпреварот, преставуваат гонивен успех неизмерно ме радува, но лемо уживање за мене, бидејќи го слулично за мене најголема награда е што шам музицирањето на најпотенцијалсите тие успејаа да се запишат на Фаните млади, но сепак зрели пијанисти. култети за музика, на катедрите по пиСо задоволство можам да кажам дека јано не само во Македонија, туку и на нашите пијанисти од Македонија и таму врвни конзерваториуми за музика во имаат освоено многу награди. странство што е исклучително тешко. Кога одиме на натпревари, јас често им
13 Многу имиња на ваши ученици се издвојуваат со награди и признанија освоени дома и на интернационални натпревари. Според Вас која е нивната иднина? Често зборувам за иднината со учениците и желбата на повозрасните ученици е да заминат во странство. Јас пробувам да најдам зборови да се потрудат да направат кариера тука, но немам доволно аргументи за тоа. Искрено, подобро да не зборувам сега на таа тема бидејќи ќе звучам песимистички. Со вашите ученици освоивте многу награди, дали, кога ќе се вратите дома, имате сцена на која, пред поголема јавност, можете да ги претставите своите ученици и нивната музика? Да, во право сте, многу се трудам, пред се` да работам квалитетно со учениците, потоа да ги водам по натпревари и фестивали, а откако ќе се вратат со награди, се трудам да ги промовирам. Учениците навистина заслужуваат да бидат популаризирани. Секаде кај што патуваме, тие се трудат најдобро да ги изведат своите компози-
Триумфално после секој концерт
ции, вежбаме макотрпно, одговорно, поднесуваме стресови, трема... и после секој настап, учениците се наградени со огромни аплаузи, награди и се третирани како звезди. Кога ќе се вратиме во Македонија, доколку не ги пофалам јас или тие самите на фејсбук, никој не знае за нивниот успех. Во последно време научив дека требало јас да пратам изјава до медиумите и на наше задоволство, тие покажуваат интерес, што додатно ги мотивира учениците за работа. Потоа следуваат концертите, односно да го покажат тоа што го знаат. Штип поседува прекрасна акустична сала за концерти, тоа е уметничката галерија „Безистен“. Таму има и квалитетно пијано и мислам дека одговорните треба да го изнајмуваат тој амбиент што е можно почесто на уметници.
14
[tipski Glas, Fevruari, 2018 br. 79
КОЛУМНА
Nомеn Еst Omen Пишува: М-р Трајче КАЦАРОВ, писател
Л
ето 1983 година. Седев покрај реката Сава и шпартав со погледот ту по зеленото крајбрежје, ту по површината на калливите води. Џабе, ништо интересно не влегуваше во распнатата мрежа на погледот. Пладневните темеператури во лето ги успиваат сите чувства. Емоциите пресушуваат, па мислите како жедни мастадонти трчаат на сите страни и рушат се’ пред себе. Бев готов да и се предадам на воените сили на сонот кога оддалеку дојава ревот на бригадирите учесници на Омладинската работна акција „Сава“. Како да пропаѓаа во жив песок, викаа на сет глас. „За кога? За Тита! За кога? За партију! За кога? За народ!“ Ме будеше и буден ме држеше секоја изјава на младите. Сакав да дадам свој прилог во градењето на братството и единството. Дедо дал кога дезертирал од кралската војска, тато кога станал ударник на Работната акција „Маврово“, Нана кога на мртво се вљубила во господ, а мама кога го напуштила вечерното училиште. На ОРА „Сава“ дојдов како член на бригадата „Братство и единство“. Градовите што имаа братски односи со мојот роден град учествуваа во составот на бригадата.Братски се држев за секој еден од мојата бригада, па дури и за оние од нежниот пол. Секоја речна вода ме потсетува на моето детство, на капењето гол во април, на ловењето риби со тел, среде лето, откако водите на Брегалница ќе се спуштеа толку ниско што едвај ги покриваа грбните перки и на најситните риби. О-РУК! О-РУК! Се бодреа во работата бригадирите, а во моите уши одекнуваа ударите на телот по речните води: плас, плас, плас, кога до мене сед-
наа две младинки-бригадирки. -Здраво, - рече онаа што имаше сини очи и распуштени руси коси. Ништо не одговорив. Гледав во нив како во фотографијата на седумте секретари на СКОЈ. -Здраво.- рече другата, таа што имаше темни коси, но не и поглед. -Се викам Слободанка, рече синооката. -Јас сум Боса, рече темнокосата. -И двете сме од Босна и Херцеговина, рече прво синооката, а потоа и темнокосата. -Мило ми е . –реков иако не знаев зошто ми е мило и колку време ќе ми е мило.
Извинете, дали навистина во вашата бригада има некој кој се вика Трајче? -Какво е тоа чудно, па и смешно име? - се надоврза на прашањето Слободанка. –Да,реков и до крајот на нашата средба се трудев да го сокријам името, да не кажам дека јас сум тој Трајче, тој со чудното, дури и смешно име. За името ми е зборот... Слободанка рече дека фрлила око на мене, па ете сега доаѓа да го види ефектот од фрленото. И реков дека и јас долго ја гаѓам со поглед, а сега гледам дека сум ја погодил. Морам да кажам дека Турците за оние што не ја кажувале вистината им подготвувале турска купка. Влегува лажливецот бос во казанот во кој нема вода, ама се загрева на купишта запалени дрва. Како што се загрева дното на казанот така лажливецот скока од нога на нога се додека не ја каже ви-
стината. Слободанка веруваше во мојата изјава затоа ме награди со широка насмевка која пак доста наивно ги откри не добро распоредените заби во усната празнина. Се разви муабет. Се’ одеше во интерес на братството и единството . Бев готов да се жртвувам за него. Ништо не можеше да ја запре љубовта кон мојот народ, кон партијата, кон маршалот. „За кога? За Тита, за партију, за народ!“ Тоа беше мојот животен лозунг. Наеднаш во разговорот за се’ она што беше актуелно на музички, филмски, театарски план во СФРЈ, Боса праша: -Извините, дали навистина во вашата бригада има некој кој се вика Трајче? -Какво е тоа чудно, па и смешно име? - се надоврза на прашањето Слободанка. -Да . –реков и до крајот на нашата средба се трудев да го сокријам името, да не кажам дека јас сум тој Трајче, тој со чудното, дури и смешно име. Набргу после чудното прашање и краткиот одговор се разделивме. Си ги разменивме адресите на живеење и си ветивме дека нема да се заборавиме. Не добив писмо од Боса и Слободанка иако поминаа 35 години оттогаш. Се разбира вината беше во мене, во мојот срам од името, во мојот скриен идентитет, во моето одрекување од обележјето, во моето одрекување од предците, лажно се идентификував. Во пиесата „Лари Томсон, трагедија на една младост“ Душан Ковачевиќ пишува: „Оној што се срамува од својот нос, од својот род тој не е достоен да живее.“ Ќе бидеме ли достојни да живееме ние Македонците ако се откажеме од нашето вековно обележје?
[tipski Glas, Fevruari, 2018 br. 79
КОЛУМНА
Со предлози за именувањето на улици и институции да учествуваат и граѓаните
Пишува: Елена Јосимовска, м-р по историја, хроничар на Штип
В
о последно време се почесто се поставува прашањето зошто во Штип кога се именуваат улици и институции многу малку се даваат имиња на заслужни Штипјани а уште помалку пак меѓу нив се наоѓаат имиња на жени. Така со децении наназад се дава иницијатива Средното Медицинско училиште „Јане Сандански“ во Штип (пред тоа беше „Вељко Влаховиќ“) да биде именувано по Славјанка Влахчева, жената која го основала ова училиште, но безуспешно. Иницијативата на Здружението на медицински естри на Македонија, Здружението на медицински сестри од Штип и Македонската асоцијација за историја на медицината во Македонија (МАИМ) остана неприфатена. Се поставува прашањето ЗОШТО? Ако е за Јане Сандански тој веќе го носеше името на касарната во Штип, како дојде до тоа и медицинското училиште да го носи истото име а да не се даде името на основачот на школата, една од првите медицински сестри во Македонија и добитничка на меѓународно признание за сестринство
што го доделува Меѓународниот Црвен крст со седиште во Женева. Од Женева и дадоа признание Штипјани не и го дадоа, зарем од двете именувани институции по Јане Сандански едното не можеше да и се даде на жената која во македонската историја важи за темел на сестринската професија во Македонија. Славјанка Влахчева целосно го посвети својот живот на професијата.Кога се вратила од Белград во Штип 1924 година со диплома за медицинска сетра била назначена да работи во тогаш-
Славјанка Влахчева како ученичка во школата во која инструкторки биле ученичките на Флоренс Најтингел, втора од десно 1924 година ната Маларична станица. Штип во тоа време бил маларичен град со големо страдање меѓу населението но и голем број други заразни болести. Славјанка работејќи пожртвувано без одмор им пру-
жала помош на заболените па и самата добила од пациентите маларија и туберкулоза и одвај преживеала.За нејзината пожртвуваност во спасувањето на животи и успешност во борбата со заразните болести била наградена со Кралски указ. Обврските на професионален план не и дозволиле да формира семејство па поради тоа таа не остави зад себе потомство. И не само таа истото и се случило и на нејзината сестра Павлина која го одбрала истиот пат и дипломирала во истата школа 1927 година. И двете сестри заминаа од овој свет без потомство затоа што тогаш оваа професија барала постојано да си на работа и немало слободно време за формирање на семејство. Во некоја следна прилика можеби ќе се најде простор на страниците на Штипски глас за нејзината богата биографија на која многумина би можеле да и позавидат. Кога сме кај именувањето на значајните Штипјани задолжително би споменала едно име со кое јас како Штипјанка се гордеам и многу ми е чудно како е можно неговото име никаде да не е споменато. Тоа е д-р Христо Димитриев син на лекар, кој Дипломирал на медицински факултет во Америка каде и специјализирал хирургија 1885 година. Цело време работел во Штип и помагал на Штипјани. Починал 1915 година во Штип во време на страотната епидемија на Дамчест тифус како мобили-
15
зиран лекар во српската војска. Неговото име како Штипјанец, прв хирург во целиот источен регион а можеби и пошироко, би требало да го носи барем Штипската болница. Во заслужните граѓани кои не треба да се заобиколат се д-р Људмила Смирнова основач на Детското и Инфективноро одделение и Детските јасли во Штип. Жена која многу дала за Штипјани од 1922 година кога доаѓа како руски бегалец до нејзината смрт 1977 година. Во оваа група спаѓа и д-р Ратка Илиева Балванлиева првиот педијатар во Македонија со специјализација од Медицинскиот факултет во Скопје. Не треба да се заборави улогата на Штипјанецот д-р Панчо Станчев кој е најзаслужен за искоренувањето на тешката заразна болест маларијата. Неговите методи за искоренување на маларија се прифатени во Светската здравствена организација како доктрина за ерадикација на оваа болест. Списокот на заслужни навистина е голем но барем да се воведе пракса без оглед на тоа која партија е на власт, заслужните Штипјани кои дале огромен придонес за градот да не бидат негирани како до сега. Како за почеток нека Средното медицинско училиште биде именувано по Славјанка Влахчева со што долгогодишната неправда ќе биде исправена. Барем толку.
16
КУЛТУРА
[tipski Glas, Fevruari, 2018 br. 79
Се што бараа, се им е одобрено Министерство за култура позитивно ја оцени програмата на Заводот за заштита на спомениците на култура и музеј Штип за 2018 година и ги прифати сите негови предложени проекти
Н
ационалната установа Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Штип до Министерството за култура навреме ја достави својата програма од национален интерес од областа на музејската дејност и заштита на нематеријалното културно наследство за тековната година. Деновиве Министерството јавно ги објави проектите кое се прифатени за работа во 2018 година, а меѓу нив се и сите проекти кои беа поднесени од страна на штипската национална институција. „Задоволни сме од фактот дека Министерството за култура ги прифати сите проекти кои планираме да ги сработиме годинава. Тоа само ни говори дека сме направиле квалиетна програма“, вели директорот Мите Штерјов. Но, да видиме на што годинава (веќе од идниот месец март) ќе работат стручните екипи на оваа институција. Ќе се реализира проектот Конзервација и реставрација на 30 икони во црквата Успение на Пресвета Богородица во Ново Село, за што министерството одобри 100.000 денари. За проектот„Конзервација и реставрација на 13 ѕидни слики на јужниот и северниот ѕид на истата црква се одобрени 150.000 денари, за заштита на археолошките истражувања на локалитетот Баргала – Централна (градска) базилика музејот ќе добие 250.000 денари, додека за годишно одржување на целиот локалитет Баргала на музејот му се одобрени 900.000 денари. Во опфатот на проекти кои се во програмата на Заводот за за-
штита на спомениците на култура и проекти кои оваа наша институција музеј-Штип се и археолошките ис- планира да ги реализира. Но, секатражувања на источниот дел од се- ко треба да се нотираат и проектите верниот одбранбен бедем од ар- како што се Штипјани, учесници во хеолошкиот Балканските војни 1912-1913 година л о к а л и т е т и во Првата светска војна 1914Баргала, а за 1918 година. Тука е и работилницаквалитетно та со деца од претшколска возраст одржување под наслов „Сподели богатство“, на Музејот едукативната работилница за деца на ВМРО за со посебни потреби – цртаме, учиме Штип и за нашето културно наследство, штипско одо- како и проектот „Увид во општина брени се Радовиш и Конче од областа на ар600.000 де- хеологијата, историјата, историјата нари. на уметноста и етнологијата“. Ќе „Акцент го- бидат рализирани и проекти од обдинава ќе ласта на ликовната уметност. дадеме и на „Наш дел од активностите ќе конзерватор- бидат и заштитните истражувања за ско-рестав- Боров Дол, за изградба на транр а т о р с к и спортна бескрајна трака од Дамјан работи. Ќе до рудникот Бучим во должина од 8 работиме на киломтери, како и исто таквите аробјект од хеолошки истражувања на трасата старата градска архитектура на ул. на која ќе поминува патот Штип-Ра„Гоце Делчев“ бр. 55-57, вакви за- довиш. Овие активности ги започнуфати ќе имаме и на фасадата на ку- ваме веќе од идниот месец“, вели ќата која е на улица „Крсте МисирГодинава ќе се извршат ков“ број 49, а ќе конзерваторско-реставраторски работи работиме и на изна објекти од старата градска работка на 22 заархитектура на ул. „Гоце Делчев“ бр. штитно-конзер ва55-57, а вакви зафати ќе има и на торски основи за фасадата на куќата на улица „Крсте заштита на спомениците на клтура Мисирков“ број 49. кои се во наша надлежност. Добиваме финансиски средства и за директорот Мите Штерјов. Покрај спомнатите во програодржување на Спомен куќата на народниот херој Славчо Стојменски“, мата се и повеќе други активност кои се во функција на тековното рабопосочува Штерјов. Во само еден новински текст тење на Заводот за заштита на споне е можно да се набројат сите мениците на култура и музеј-Штип.
[tipski Glas, Fevruari, 2018 br. 79
КУЛТУРА
17
Изложба - Ана Франк, историја за денес Изложбата е отворена во Општинскиот мулдимедијалчен центар „Киро Глигоров“ во присуство на голем број штипјани, главно млади
М
ладински образовен форум ја донесе и во Штип патувачката изложба „Ана Франк – Историја за денес “. На отворањето во Општинскиот мултимедијалнен центар „Киро Глигоров“ присуствуваа поголем број граѓани, од кои најмногубројни беа младите. За значењето на оваа изложба која го има прошетано светот за да све-
рена во Македонија во рамки на проектот „Хисторија, Историја, Повјест – Лекции за сегашноста“, а организатори се Младински образовен форум и Куќата на Ана Франк од Амстердам. Во изложбата има и панели кои се креирани посебно за македонскиот контекст во периодот по Втората светска војна до денес, а изработени од домашните екс-
Младите штипјани со особен интерес ја проследија изложбата
дочи за злосторствата на фашистичката идеологија зборуваа Билјана Казанџиска, раководител на одделението за јавни работи во Општина Штип, Кирил Панајотов, раководител на Мултимедијалниот центар ОМЦ „Киро Глигоров“ и Весна Трајковиќ од Младински образовен форум. „Изложбата претставува збир од триесет и девет изложбени панели, преведени на македонски и албански јазик,кои носат бројни детали од животот на малата Ана и нејзиното семејство од Втората светска војна. Изложбата е отво-
Изложбата ќе биде отворена за посетители до 06 март 2018 година од 08:00 до 15:30 часот, а влезот е бесплатен. перти Мишо Докмановиќ и Бесник Емини“, рече Весна Трајковиќ. Она што ја прави оваа изложба поинаква е што водичи за посетителите ќе бидат млади волонтери, средношколци кои поминале
обука за да ја раскажат приказната на Ана Франк.До сега, изложбата беше поставена во 13 градови во државата, а ја посетиле повеќе од 15 илјади млади. Изложбата во Македонија е изработена и донесена во рамки на проектот „Хисторија, Историја, Повјест – Лекции за сегашноста“ поддржан од Европската унија. Во Македонија изложбата доби поддршка од Министерството за надворешни работи, Министерството за култура, Министерството за образование и наука, Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и Амбасадата на Кралството Холандија. Проектот има за цел да го покрене вниманието и да поттикне дискусија за настаните од блиското минато на Западен Балкан кои се причина за различни поделби и генерирање на конфликти во минатиотвек. Преку промовирање на критичко размислување за настани од историјата и нивното значење во современотовреме и случувања, целта на Anna Frank House и партнерите е да се постигне помирување преку дијалог за заедничкот „Изложбата е значајна зашто преку неа се соочуваме со животот на младата еврејка Ана Франк, којашто била дел од милионските жртви на масовното и систематско прогонување и убивање на околу 6 милиони евреи. Дневникот на Ана Франк е инспирација, затоа што тој претставува уште една потврда за тоа дека надежта и храброста се најголем триумф на човештвото“, рече на оворањето Билјана Казанџиска.
18
П
РЕАКЦИЈА
[tipski Glas, Fevruari, 2018 br. 79
Лаги, лаги, лаги... до кога?
овод на мојата реакција е изјавата на врвот на ДПМНЕ по повод присуството на Министерката за образование и наука Рената Десковска, при пуштањето во употреба на новата спортска сала во училиштето „Славејко Арсов“ во населба Баби. Министерката го посети училиштето и ништо повеќе. Ако се навратиме малку поназад (десетина години) при изградбата на училиштето кое го раководам сега (а и тогаш), ПООУ „Гоце Делчев“ во населба Три Чешми, ќе видите како се однесуваа луѓето на ДПМНЕ, да почнам со ред. Училиштето во населба Три Чешми се градеше 2006 година со донација на Швајцарската влада – Агенција за развиток и кооперација (70% од средствата), Владата на Република Македонија предводена од страна на СДСМ (20% од средствата) и локалната самоуправа предводена од градоначални- кот Панде Сарев (10% од средствата). Донацијата ја обезбедивме ние како тим од училиштето, тогашната Влада на Р.М. веднаш ги уплати 20 % од средствата потребни за реализација на проектот. Локалната самоуправа своите 10 % требаше да ги реализира во вид на поставување на ограда околу дворот на училиштето и уредување на внатрешниот дел на дворното место на училиштето, вкупната сума беше рекордни 192.000 евра. Во договорот
стоеше дека при реализација на проектот за реконструкција на училишната зграда превозот на учениците од населба Три Чешми до градот Штип ќе го подмири Владата на Република Македонија. И што се случи? Изградбата на училиштети заврши за 6 (шест) месеци, а во меѓувреме дојде промената на власта во Република Македонија на парламентарните избори во 2006 година. Новите луѓе во Министерството за образование и наука НЕ САКАА да го испочитуваат договорот за превозот договорен од претходната постава на министерството, и тогаш-
поканет и новиот тогашен премиер (Груевски), а тој, заедно со тогашниот градоначалник Панде Сарев го отворија училиштето, при што тогашниот премиер Груевски во говорот излажа дека НЕГОВАТА ВЛАДА го изградила училиштето иако не беа ни на 100 дена од новата влада иако немаа никакава допирна точка со проектот, нивна обврска беше само да го испочитуваат договоребото од нивните претходници. Тие со доаѓањето на власт во 2006 година направија само зијан од 19.200 евра кои ќе се искористеа учениците од населба Три Чешми да имаат подобро уреден училишен двор а со тоа и побезбеден. Од тогаш до сега во неколку изборни циклуси на претставувањето на митинзите на ДПМНЕ во населба Три Чешми лажеа дека тие го изната локална самоуправа градиле училиштето, при
Училиштето во населбата Три Чешми е изградено во времето на СДСМ кога градоначалник беше Панде Сарев, со рекордни 192.000 евра, но цели 11 години со училиштето се гордее ВМРО ДПМНЕ лажно претставувајќи го како свој успех иако во него ниту шајка немаат заковано... бараше своите 10 % (192.000 евра) да ги пренасочи кон превозникот од кој добивме тужба за неисплатени обврски за превоз на ученици. На отварањето на училишната зграда, беше
што на пратениците од ДПМНЕ од Штип и беше омилена лага на парламентарните сесии кога стануваше збор за достигнувањето на образованието во Штип заслуга која секогаш си ја препишуваа
самите иако немаа никаква заслуга. Јас како тогашен раководител на училиштето, а од неодамна и сегашен раководител, сум посебно горд што бев во тимот што обезбеди најголема сума на пари (еднократна),за реновирање на училиштето. Лагата има кратки нозе, господа од ДПМНЕ ! Се сеќавам и за отварањето на реновираната спортска сала во ООУ „Гоце Делчев“ – Штип во 2009/2010 година, новата локална власт само ја пушти во употреба истата и тогаш господата од ДПМНЕ излажаа дека тие ја граделе – реконструирале. Се сеќавам и на една од социјалните згради во населбата Сењак, која ја изгради владата предводена од СДСМ (2002 / 2006 година), а Дпмне како по обичај само ја пушти во употреба и се пофали дека ја изградиле тие. Овие три случаи се само мал дел од многуте лаги на луѓето на Дпмне. Па до кога „господа“ ??? Дали размислувате како се чувствувале луѓето кои работеле на овие проекти, а вие ги крадевте ... Милан Васиќ раководител на ПООУ „Гоце Делчев“ – населба Три Чешми
[tipski Glas, Fevruari, 2018 br. 79
19
СПОМЕНАР
Стари штипски споменари
Страната ја уреди: Зоран Сичев Панорама на Штип од 1924 год. сликано од кумлако
Лџите - 1928 год
Дамјаница
Штип - улицата Кеј Маршал Тито
Мице Јорданов со учениците во дворот на старото музичкото школо - денес на оваа место е зградата на Собранието на општина Штип
20
СПОРТ
[tipski Glas, Fevruari, 2018 br. 79
„Балканец“ обединува над 100 деца и младинци В
о боречкиот клуб „Балканец“ некоја нова енергија.Над стотина деца и младинци, но и сениори, секојдневно тренираат во реновираната и загреана сала. Под тренерската филозофија на Мијал-
плански за да создадеме квалитетни личности у успешни спортисти во овој убав спорт“, вели Виктро Богданов, претседател на БК „Балканец“.
че Ананиев во тајните на борењето навлегуваат околу 60 млади, во групата младинци-сениори чиј тренер е Давор Тасев тренираат над 40 борачи. „Имаме прекрасни пионери и младинци кои даваат надеж дека за три до пет години Штип пак ќе биде расадник на шампиони. Дел од нив во минатата година станаа носители на медали за пионери и младинци на Балканско првенство во Словенија. Тие се гаранција дека достојна замена ќе имаат прославените Зоран Шоров, Симеон Шутев, Добре Маринков, Киро Ристов, Дејан Богданов...По нивните стапки тргнуваат Стефан Штерјов, репрезентативец, првак на Македонија во пионерска конкуренција, Ненад Панев кој има медал од Балканско првенство, па кадетите Филип Тасев, Давид Мишев, Окан Мамудов, Теодор Георгиев, Дарко Димитров и многу други. Ако се знае дека до пред две години младинските категории беа целосно испуштени, тогаш мислам оти е јасно дека во клубот се работи стручно и
Клубот од Општината доби 800.000 днари. Тоа е дватапи поКлубот ги прибра сите квалитетни свои членови кои низ годините ја пренесувале неговата слава. Трикратниот олимпиец Зоран Шоров е спортски директор кој е во постојана релација со тренерите. Александар Лазаров е секретар на БФМ, Костадин Шоров е секретар на клубот, Марјан Лазаров е претседател на судиската организација на ниво на Македонија, Дејан Богданов е потпретседатела на БФМ. веќе пари од оние кои ги добиваше до минатата година. Поддршката е евидентна и од тоа во „Балканец“ се задоволни. Градот конечно застана зад својот блескав репрезент на спортски план. А без пари, и во
спортот нема успеси. Тие се потребни за квалитетни подготовки, за опрема, за душеци...Сега сето тоа го има па и од тој аспект во клубот е видлив голем оптимизам. Боите на клубот меѓу сениорите ги бранат Дејан Митров, Бобан Данов, Бобан Савев, Аце Арсов, Мики Тодоров, Дејан Спасевски.... Клубот е засилен со Владимир Егоров, борач од Русија кој е и македонски репрезентативец. „За борењето како спорт во една држава мора да постојат повеќе центри. Во Македонија тоа се Скопје, Штип, Радовиш, Кочани, Велес, Прилеп...Добро е тоа што во Кочани одново се дава акцент на БК „Спартак“ со кого во минатото сме воделе тешки борби. Најдобро организиран клуб е скопска „Лирија“ која располага со големи финансии. Има можности за формирање квалитетна лига, а за публика нема проблем, во сите овие градови публика за боречкиот спорт имало и има, во Штип посебно“, укажува Богданов. Клубот ги прибра сите свои квалитени членови кои низ годините поминале низ него и ја пронесувале неговата слава. Така трикратниот олимпиец Зоран Шоров е спортски директор кој е во постојана релација со тренерите. Александар Лазаров е секретар на БФМ, Костадин Шоров е секретар на клубот, Марјан Лазаров е претседател на судиската организација на ниво на Македонија, Дејан Богданов е потпретседатела на БФМ. „Направивме позитивна екипа која сака да работи зашто борењето го носи во срцето. На клубот му е укажана голема чест што негови членови се во врвните национални боречки институции. Целиот овој пакет од содржини е голема гаранција дека сме на добар пат од БК „Балканец“ пак да создадеме шампионска екипа која ќе се појави и на меѓународните борилишта“, посочува Виктор Богданов.
[tipski Glas, Fevruari, 2018 br. 79
21
СПОРТ
Една слика илјада зборови - за штипскиот спорт милион надежи
Б.К. „Балканец“ добитник на многу признаниа за спортската и педагошка работа
Стотина дечиња навлегуваат во тајните на борењето под менторство на најдобрите штипски боречки асови
... и од друг тренинг Од еден тренинг ...
22
[tipski Glas, Fevruari, 2018 br. 79
РАЗОНОДА
TR-MR ov -Mi Re k e ~e R i T
Блокиран
Му ставиле блокатори на автомобилот Зашто паркирал на надозволено место Се заканил дека нешто ќе направи И направил: си платил па си го земал возилото!
Ветер во грб
Се фалеше дека неговите луѓе Му биле ветер во грбот. Кога го зборуваше тоа ич не не лажеше. Токму тој „ветер“ го оддува од сцената.
Политика
Пред 30 години не можевме ако Еднаш во денот не се видиме Денес не скаме очи да си видиме. Какво силно дејство има политиката...
Вкусови
Razmisluva: Iv. BOJ
Тој и жена му имаат ист вкус. Тој ја сака неа Таа се сака себе. Жени, жени, нарциси без кои Животот не е можен...
ВИЦОТЕКА ИМПРЕСУМ Издавач: Ив Ан Принт 16 – Штип Седиште на фирмата и адреса на редакцијта: „Страшо Пинџур“ – 2, 2000-Штип Одговорно лице: Иван Бојаџиски Излегува еднаш месечно Првиот број излезе во месец април, 2009 година Главен и одговорен уредник: Иван Бојаџиски Уредник на колумни Јорданчо Бојаџиски, Јелена Бојаџиска Овој број е отпечатен на 24.02.2018 година Тираж: 1.500 примероци Денарска сметка: 290000001875546 Даночен број: 4029016517952 Годишна претплата: 180 денари. Печати печатница Генекс-Кочани Ул. „Тодосија Паунов“ б.б. За Штипски глас се плаќа повластена даночна стапка од 5% ISSN 2545-4498
Грк, Албанец и Бугарин фатиле златна рипка. – Сакам во Македонија да има ерупција на вулкан – рекол Гркот. – Сакам во Македонија да има поплава – рекол Бугаринот. – Сакам во Македонија да има земјотрес – рекол Албанецот. – Готово – рекла рибата… Гледаат сред Солун изникнал вулкан, Бугарија била поплавена со вода, а Албанија била срамнета со земја. – ЗЛАТНА РИПКЕ, ШТО НАПРВИ?!!! – ИИИ, ИЗВИНЕТЕ ГЛЕДАВ СТАРА КАРТА ОД МАКЕДОНИЈА! Трпе и вели на Трана: – Трпано, замисли веќе шест дена лежам во штала покрај кравата, чекам да се отели и ништо! Трпана: – Кога те гледа покрај себе, сигурно мисли дека веќе се отелила. Трпе и вели на Трпана: – Го поканив другар ми Цветко вечер на вечера. Трпана цела полудена му вели: – Молам!? Куќата е во хаос, не сум била на пазарче, ништо немам испрано, сите тањири се во умивалникот веќе недела дена а и не ми се готви воопшто. – Го знам тоа, будалче, туку Цветко одлучил да се жени па сакам да му покажам како е во брак. Трпе и Цветко се сретнуваат после подолго време и Трпе го прашува Цветко: – Цветко, како оди работа, со што се занимаваш сега? – Фала богу добро оди, се занимавам со трговија со човечки органи! – Па дали си ти луд, имаш ли срце? – Уф, се потроши, ама да се слушнеме од следната недела…
[tipski Glas, Fevruari, 2018 br. 79
СУ Д О КУ
Броевите од 1 до 9 впишете ги во блоковите со големина 3 x 3 полиња (врамени со здебелени линии), така да секој број може да се најде само еднаш во водоравната или хоризонталната насока
СКРИВАЛКА треба да пронајдете два скриени предмети
РАЗОНОДА
23
24
РЕКЛАМА
[tipski Glas, Fevruari, 2018 br. 79