Skip to main content

Stipski glas 71

Page 1

Дуото „Грациозо“ настапи во Мароко Дуото кое го сочинуваат д-р Невенка Дуковска (пијано) и м-р Кристина Палија (сопран) по втор пат настапија на сцените низ Мароко

ИНТЕРВЈУ: Aкадемик, д-р Жан МИТРЕВ, штипјанец, прв македонски кардиохирург

Во Штип доаѓам сé поретко, ама Штип ми е секогаш убав во спомените Во интервјуто д-р Митрев говори за 19.000 извршени кардиоваскуларни и 30.000 други операции, во позитивен контекст ги споменува Никола Кљусев и Хари Костов, вели дека тој не го барал туку сам си го направил патот во националната карддиохирургија, се осврнува на идеите со куќите во Ново Село и стопираната градба на Таши Баир, искажува благодарност до новинарите од регионот за признанието, си признава дека во Штип доаѓа се поретко но затоа пак родниот град си го носи во своето срце....

Јована Георгиева ја испишува спортската историја на градот Георгиева освои бронзен медал во карате на ЕП во Турција

Прва штипјанка со медал од европско првенство

Новинарите го избраа најдоброто од Истокот


2

[tipski Glas, Maj, 2017 br. 71

АНАЛИЗА

N

ОД МОЈ АГОЛ

Иван Бојаџиски

Ќе има ли кривична за Захариев за трговскиот? Судот одлучи дека трговскиот центар се гради спротивно на законот, да видиме дали Јавното обвинителство ќе си ја заврши работата

1

Градоначалникот не извози со пегличката, ќе наседнат ли штипјани уште еднаш на неговата грозна финта?

Трговскиот центар се гради нелегално. Зад незаконитоста која повлекува и кривична одговорност стои градоначалникот Илчо Захариев. Тоа е последната во низа одлуки на судот. Според адвокатот Панче Докузов, кој ги застапува интересите на сопствениците кои сметаат дека се изманипулирани со решението за градба потпишано од градоначалникот, трговскиот центар е најголемата дива градба во градот. Докузов констатира дека и помалите дивоградби се противат на рушењето зашто се повикуваат на трговскиот центар. Познатиот адвокат вели дека барањето за повторување на постапката е правно средство, бидејќи се работи за управен спор, по која претставка нема веќе право на жалба. Првостепениот е должен во законски рок да ја обнови постапката и по службена должност.

2

Црквата треба да е одвоена од државата, но не и да е споена со партијата

Македонија е во изборна година. По предвремените парламентарни избори кои завршија со крвави глави на до вчера опозициските пратеници, следуваат изборите за нови локални власти. Јасно е дека нив ќе ги имаме на есен.

3

Дали нашата црква е одвоена од државата? Или е во љубов со само еден дел од неа? Оној вмровскиот. Некои последни настани се потврда на ова второ тврдење. Дека нашата црква љуби само една партија. Што ќе рече само еден дел од народот свој. А еве и зашто. Неодамна владиката Брегалнички г-дин Иларион со писмен акт побара од Општина Штип да им бидат доделени 600.000 денари за набавка на црковно звоно. Ништо спорно, барем за мене, иако имаше и текстови во медиуми дека е тоа недозволиво во услови кога црквата и државата се одвоени. Но, за мене е мошне проблематичен еден дел од писмото со кое владиката Иларион се обраќа до Советот и градоначалникот. Во него, меѓу другото, владиката тврди дека „оваа власт ни е од Бога дадена“.

Во Штип главна тема на политичките, што сериозни што трач муабети, се имињата на можните канди- дати за градоначалник. Се говори дека кругот се стеснува и во СДСМ и во ВМРО ДПМНЕ. Во ВМРО ДПМНЕ сеуште не е расчистено дали последниот шптипски градоначалник Илчо Захариев, на кој, како и на секоја стока со изминат рок на траење му помина рокот на употреба на 15 мај годинава, ќе добие нова шанса. Илчо одамна изјави дека такво нешто не го интересира, но секогаш треба да се има на ум дека неговото јавно „не“ е всушност тајно „да“. Или уште поточно кажано „ако убаво ме замолат од парМене не ми се интересни инте- тијата можеби и ќе се кандидирам“. Сега имаме нова власт во државата. ресите на луѓето опфатени со конроМожно е да има поинаква од сегашната верзните процеси околу градбата на Живо ме интересира ако Илчо стане власт и во општината. Мене ме интеретрговскиот. Интересен ми е Захариев за старо-нов кандидат дали пак ќе ни ја сира дали нашите владици и новата кого се тврди дека има мал милион за- продаде финтата со неговата „пег- државна власт ќе ја титулираат како од фати во градот без тој да го почитува личка“ како негова скромност за доби- Бога дадена, или ќе си премолчат во законот, дека против него се поднесу- вање на изборите. Се сеќавате дека очекување да им се врати власта која ваат кривични пријави, а нешето Ос- пред четири години Илчо обзнани дека за нив е баш таква. новно јавно обвинителство досега се на работа ќе доаѓал со својот прастар нема огласено во однос на истите. Јасно е дека на црквата и приавтомобил познат под прекарот „пегличка“, дека тоа му го налагала него- паѓаат световните, а на државата Инаку постојат индиции дека вата скромност, дека работниот ден ќе државните работи и обврски. Оттука, против Захариев има дури 38 кривични го започнувал во 5,30 наутро, иако нор- црквата најмалку има право на полипријави. малните луѓе работите си ги извршу- тичко делување во кое го сместувам и ваат во едно нормално работно време. цитираниот дел од текстот на г-дин И само поради тоа, а и поради Но, два-три месеци по изборите Илчо Иларион. неопходната општествена потреба да наш си се префрли во убавиот служебн се почитуваат законите секогаш и во Пасат со кој почесто си одеше во Зве- А дека црквата е и со политичко-партисекој случај, го очекуваме крупниот од- гор да си ги посети своите. ски профил говори и сликата од еден говор на крупното прашање ќе има ли настан за кој пишуваме во овој број на кривична против самоволниот штипски Овде се потсетувам на позна- весникот. Настанот е од состанок на градоначалник кој Штип си го присвои тиот преварант Остап Бендер од рома- вмровскиот врв во општината, а на сликако свој пашалак. Обвинителството, ните на Иљф и Петров и неговата ката, можат да се видат и двајца свешсамо да потсетиме, сега има можност светски позната мисла „Идејата наша – теници во „работна“-свештеничка да отвори предмет и по допрен глас. облека...Што би се рекло: една слика – бензинот ваш“. комплетна дијагноза.


[tipski Glas, Maj, 2017 br. 71

3

ПОЛИТИКА

Oд весело поминаa на кисело

Oткако им стана јасно дека ја загубија власта во државата, а уште повеќе дека се пред пораз и на локалните избори, штипските вмровци го сменија изразот на лицата свои...

В

емерето се збогува со државната власт. Некои нови политики, нови луѓе, нови проекции доаѓаат за Македонија откако социјалдемократите остварија мнозинство во Собранието на Македонија. И во Штип се позасилено се говори дека состојбата во до вчера веселата партија стана – кисела. Свесноста

профитира нешто тој лично нешто партијата негова... Но, фотографија со свенатите лица е резултат и на фактот дека сите досегашно истражувања за расположението на штипјани одат во прилог на социјалдемократите и партиите од левиот политички корпус. Тие истражувања говорат за тоа дека по промената во државната ќе настапат промена и во локалната власт. Најголем „придонес“ за лошиот имиџ на вмровци во однос на штипската политика, без сомнение има градоначалникот со изминат мандат Илчо Захариев. Тој е човекот кој со својата нарцисоидна природа, самољубие, бесчувствителност, бескрупулозност на мал милион луѓе им нанесе огромни неправди. Промената на власта не е ништо необично во нормалниот свет на кој ние не му припаѓаме. И кога губат избори нормалните луѓе во нормално уредените држави си заминуваат од власта и функцијата со насмеани лица, срдечно поздравувајќи се со своите политички противници. Само кај нас тоа се прави со смркнати, кисели лица, како сите животни бродови да им потонале.

дека повеќе не се власт ги доведува главните штипски вмровци до стресна ситуација. Тоа е разбирливо ако се знае дека најголем дел од скиснатите лица на фотографијата беа тие кои имаа(т) позиции, власт, титули, моќ, пари, можност да кажат кој треба да работи, а кој (Фотографијата е превземена од Народа биде отпуштен од работа, кој каков ден Глас, Прилеп). тендер да добие и колку од истиот да

ПАРТИЈА НА ОБЕДИНЕИ ПЕНЗИОНЕРИ И ГРАЃАНИ НА МАКЕДОНИЈА

Штип, втор град од внатрешноста по собрани потписи Паријата собираше потписи за пререгистрација, од градовите во внатрешност Штип е на второ место после Куманово

П

артијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ) стана парламентарна партија. На предвремените парламентарни избори оваа партија беше во коалиција со СДСМ, а нејзиниот претсе-

дател пензионираниот генерал Илија Николовски стана пратеник во нашата, трета изборна единица. И самиот Николовски е од овој крај, поточно од селото Панчарево, општина Пехчево. Тој беше наше воено аташе во Брисел и во Софија Имаше законска потреба ПОПГМ да се пререгистрира за што беше потребно да се соберат најмалку 1.000 потписи. За помалку од еден месец беа собрани 1.083 потписи. Во активностите беше вклучена и Општинската организација од Штип, а откако процесот заврши беше констататирано дека после Куманово Штип е втората општина со најмногу собрани потписи во внатрешноста

Илија Николовска на државата, а на трето место е Делчево. Со тоа ПОПГМ беше пререгистрирана за период од само еден месец. Извршниот одбор на Партијата, на последната седница расправаше за евентуална промена на името, при што беа изнесени повеќе предлози за кои ќе се отвори јавна дебата меѓу членството. Во сите овие процеси учествува и Општинската организација од нашиот град.


4

ИНТЕРВЈУ

[tipski Glas, Maj, 2017 br. 71

ИНТЕРВЈУ: Aкадемик, д-р Жан МИТРЕВ, штипјанец, прв македонски кардиохирург

Во Штип доаѓам се поретко, ама Штип ми е секогаш убав во спомените Долго време со д-р Митрев се дговаравме за ова интервју. Бидејќи знаевме дека кај него исклучителна предност имаат пациентите, ние сепак, не ја губевме надежта. Доктор Митрев го оствари ветувањето, во еден оптимален рок одговори на нашите прашања, а ние сме среќни што можеме да Ви ги пренесеме неговите размислување за неговиот пат до прва ѕвезда не само во македонското здравство..

Н

овинарите од Источниот регион Ви оддадоа признание за се што досега имате направено во здравството во нашата држава. Кога го примавте „Источниот оскар“ рековте дека оваа награда многу Ви значи,јавно ја искажавте Вашата благодарност. Уште рековте дека по 17 години во Македонија можеби сте успеале да не убедите дека никој ништо не Ви дал, дека се што сте направиле сте го направиле од срце...Би рекол дека тоа беше едно Ваше многу емотивно обраќање. Зошто на еден таков емотивен начин се обративте пред преполниот амфитеатар.... -Токму така,кога нешто се работи од срце, со посветеност и голема љубов и кога тоа ќе се препознае од јавноста, од “седмата сила“, тогаш и вредноста на наградата е голема. Веројатно затоа и емоциите се појавуваат... Оваа награда ми е посебно значајна бидејќи е потврда за мојата седумнаесетгодишна “борба“ за воведување на стандарди во здравството во Македонија, или уште повеќе што пациентот го поставив на едно достоинствено ниво.

татковината, иако во тоа време Вас како кардиохирург Ве бараа многу развиени држави и Ви нудеа неверојатно добри услови за работа. Тогаш имавте 39 години. -Има една латинска поговорка “Aut inveniam viam aut faciam” – „Јас или ќе најдам пат, или ќе направам“! Јас одлучив да направам пат за кардиохирургијата во Македонија...Иако имав одлични понуди и услови за работа во западните земји, сепак во целите кои беа моја водилка на патот до успехот беше отворање на кардиохирургија во Македонија, која до тогаш ја немаше, па затоа пациентите мораа да заминуваат во странство за ваква операција. Оттука и мојата интенција тие операции да ги овозможам и ги пружам на пациентите во Македонија. Сега, после 17 години од мојата работа во земјата, кога и ги поставив постулатите на кардиохирургијата во земјата, горд сум на фактот што пациентите за операција на болести на срце не мора да заминуваат во клиниките во странство. Туку, уште повеќе, кај нас доаѓаат пациенти од другите држави за овде да направат операција на срце.

донија и влезот во тогашната Воена болница. Кој од тогашните политичари најмногу се заложи Македонија да го има Жан Митрев како прв кардиохирург во историјата на нашата држава? Знам дека имавте многу опструкции од еден дел од новинарската фела, од новинар(к)и кои себеси се титулираа како експерти за здравство.Рековте дека Вашето име, во времето кога дојдовте во Македонија,

ОДЛУКА Јас не го барав патот, јас одлучив да го направам патот во кардиохирургијата кај нас...

било на насловните страни во медиумите, во еден критички контекст, и дека тоа за Вас било многу збунувачко. Во Свети Николе, каде добивте овации од бројШто беше пресудно пред Го паметиме времето на ната публика, рековте дека 17 години да се вратите во Вашето доаѓање во Маке- во тие денови и месеци сте

имале чувство дека сте правеле нешто лошо...Како е можно тоа? -Вистината секогаш излегува на виделина, порано или подоцна. Веројатно, така беше и со мојот случај. Сепак, мојата најголема поддршка доаѓаше од пациентите...Неодамна, на контролен преглед дојде четвртиот пациент опериран пред 17 години од мене, кој направил збирка на новинарски написи за мене и мојата работа, меѓу кои и од времето кога ја водев битката со мои противници. Меѓу нив имаше и писма од пациенти кои застанале во моја одбрана кај ресорните министерства. А за мене, тоа е најголемата поддршка.Од таму и ја црпев мојата сила за да продолжам понатаму, а вистината за мојата работа ја испишуваат исто така пациентите, секојдневно... Благодарности добивам често од пациенти на кои сум им го продолжил животот или сум им подарил втор живот, како што знаат да кажат тие. Имам пациенти


[tipski Glas, Maj, 2017 br. 71

ИНТЕРВЈУ

5

Новата „Жан Митрев Клиника“ Дали таа негативна енергија која се еманираше во однос на Вас од некои значајни кругови во државата, во некој определен момент кај Вас не создаде чувство дека некои не Ве сакаат тука? Ако сте го почувствувале тоа кое е Вашето мислење, зошто сме ја имале таа состојба? Дали било во прашање некоја завист, љубомоа, можеби и злоба? -На ова прашање ќе оставам да си одговорат читателите сами. Би било суетно да носам заклучоци дека тоа е поради завист или љубомора. А можеби ќе треба да го поставите на тие што беа опоненти во тоа време...

Жан Митрев со признанието од новинарите

кои водат квалитетен живот и се работоспособни и после 15 или 16 години од операцијата, а тоа е највредната потврда за мојата стручност. И на крај, сето тоа ги анулира неубавите работи од моите почетоци. Инаку, Никола Кљусев беше политичарот кој ми подаде рака и беше моја вредна поддршка во почетоците, за која сум му благодарен.

Се сеќавате ли на времето кога од Штип, од Македонија заминавте во Германија? Колку беше напорен, трновит Вашиот пат до успехот, си го замислувавте ли понекогаш нивото до кое стигнавте-Вашето име да се изговара со респект низ целата држава? Дали е тоа остварување на Вашиот сон? -По заокружувањето на високото медицинско образование, заминав од Република Македонија за да се дообразувам и соберам искуство за хирург на реноминирани клиники во европските земји. Сето тоа со една мисла и цел... Да успеам да се етаблирам во самостоен хирург за што неуморно работев и продолжив да чекорам

напред, по патот до успехот... А,успехот е загарантиран со искрената и темелна посветеност кон работата, вложениот максимален труд и пристап кон пациентите, а резултатите сами по себе доаѓаат. И овде нема тајна, туку многу работа и посветеност. Ден по ден, година по година, со мојата секојдневна работа имам постигнато бројка од над 15.000 перации на срце и со овој факт се вбројувам во групата на ретки кардиохирурзи во Европа кој постигнал високи резултати и со богато искуство.

НИКОЛА КЉУСЕВ беше политичарот кој ми подаде рака. Тој беше моја вредна поддршка во почетоците, за која сум му благодарен.

Остварувањето на мојот сон е насмевката на задоволниот пациент, искреното благодарам кое го добивам по успешната операција, по вратениот живот... По 17 години напорна работа ја отворивте новата клиника, нешто светско а сепак во Македонија. За Вас се говореше дека сте обземан од антиката, па ако тоа е така која беше причината клиниката од „Филип Втори“ да ја преи-

менувате во „Жан Митрев Клиника“? Љубовта кон историјата, кон корените никогаш нема да се промени. Но, работата понекогаш бара промени. Причината за промената на името на болницата произлегува најпрво од самата структура и организираност на болницата, проширените услуги, современите просторни услови. Низ годините, со времето, пациентите од странство моето име го проврзуваа со болницата, така што ми се обраќаа и ми пишуваа со: “д-р Филипи“ или “д-р Втори“... и оттука мојат поттик да почнам да размислувам дека можеби треба да променам нешто. Но, дефинитивната одлука беше донесена кога бев при крај со градењето на новата болница. Затоа што, буквално, тоа е мое дело. Секој милиметар, целата опрема, се што е направено таму е поминато, осмислено и исконтролирано од мене. Времето, а посебно енергијата што ја вложив таму беше атомска!!! Тоа сум јас, и сега, секој може тоа да го види и почувствува и однадвор и одвнатре. А антиката има голем печат на целата зграда, и споменикот на “Филип Втори“ има посебно место и стои пред главниот влез. Се си е како што треба. Во новата клиника вложивте над 40 милиони евра. Во едно интервју рековте дека му должите благодар-


6 ност на Хари Костов и на Комерцијална банка. Дали тоа значи дека кај некои други банки баш и не наидовте на разбирање? -Хари Костов ми помогна кога бев во безизлезна состојба. Некако, слична си-

ИНТЕРВЈУ лекција“... Пациентите се тие кои го носат последниот суд, а бројката од над 15.000 операции на срце се најдобриот показател за тоа на кој хирург и на која институција најмногу му веруваат. Со оваа бројка се вбројувам во групата на

услуга, совети за подобар, поздрав и среќен живот. Поголемиот број од пациенти поминуваат и по илјадници километри во пат, најчесто, во тешки и критични состојби. Но, тие непријатни моменти се анулираат кога

[tipski Glas, Maj, 2017 br. 71

мојот тим, пред се поради групата на пациенти, кои се едни од најтешките во медицината. Сакам да истакнам дека за лекувањето на гангрената ние имаме поставено еден уникатен пристап. Развивме и воспоставивме

Кардиохирургијата му беше животен сон

туација како кога ќе дојде пациент како итен случај, на умирање и кога јас со мојот тим го враќаме назад... и тој продолжува да живее, твори, работи и се радува на животот. Буквално, така беше и со мене. Се вели дека вистинските пријатели се кога ќе ти помогнат во најтешкото. Тој ми е единствениот мој вистински пријател. И затоа му реков: Благодарам пријателе!!! Со она “Благодарам“ што и јас го добивам од пациентите. Откако некои во државата увидоа дека Жан Митрев со крупни чекори ја развива кардиохирургијата помогнаа и на други субјекти во приватното здравство да развиваат таква дејност, да им носат пациенти.... Како вие гледате на тој вид на конкурентност?Еднакви ли се аршините на државата кон сите или... -Конкуренцијата најчесто носи квалитет.Тоа е добро за пациентите, но и за нас од докторската фела, зашто се прави “природна се-

ретки кардиохирурзи во Европа, кој постигнал високи резултати и со богато искуство. Двојните аршини не се добри за пациентите бидејќи поради таквата поставеност, но и поради финансиската состојба пациентот некогаш нема избор. Мора да се одлучи да се лекува во државна кардиохируругија. Ние сме препознатливи во јавноста по сложените операции, а бројни пациенти од земјите од Европа, но и пошироко ги почувствувале благодетите од медицинските услуги во болницата. А токму поради изведувањето на најсложени кардиоваскуларни операции, навремената и прецизна дијагностика, но и секојдневното воведување на нови оперативни техники и инвазивни процедури во работата имаме реноме на изнвонредност во работата, во регионот и пошироко. Усните признанија кои ги добиваме од задоволните пациенти се највредната награда за мене и мојот тим чија мисија е спасен живот, понудена професионална, квалитетна медицинска

нивниот живот е спасен, кога еден мултиклиничен и тераќе ја добијат посакуваната писки пристап, што подразмедицинска грижа. бира вклучување на повеќе постапки и третман во лекуКој е резултатот од постое- вањето кој води до позитивњето на Вашата клиника во ни, видливи резултати. Со Македонија. Колку опера- овој пристап и третман, од ции и на тоа слично... тешко болни пациенти со -Од 1 март 2000 го- претходни индикации за амдина до денес, во болницата путација на екстремитетите, се изведени 19.000 кардио- ние ги испраќаме дома со соваскуларни и 30.000 други чувани екстремитети и спаоперации, а за само една го- сен живот. Комплицираните дина во новата болница се операции и случаи се дел од направени над 3.500 опера- моето работно секојдневие. ции и 40.000 прегледи и Дневно, во мојата долгогодруги интервенции.Уникатно- дишна пракса имам по три ста на медицинските услуги комплицирани операции... кои ги пружаме во нашата Всушност, во мојата работа болница не издвојува од мно- нема лесен пациент... Секоја

ХАРИ КОСТОВ е личноста која ми

помогна кога бев во безизлезна состојба. Некако, слична ситуација како кога ќе дојде пациент како итен случај, на умирање и кога јас со мојот тим го враќаме назад

гу болници и клиники во регинот. Така е и со лекувањето на гангрената, која беше голем предизвик за мене и

операција е од животно значење за пациентот, а јас со таков пристап приоѓам кон секој од пациентите.


[tipski Glas, Maj, 2017 br. 71

Познати сте и како хумана личност. На истокот од Македонија силно одекна Вашиот гест кога пративте Ваше медицинско возило за од с. Русиново, беровско до Вашата болница да донесе една жена која беше во лоша здравствена состојба а немаше пари за лекување...Што е тоа што Вас ве прави филантроп, човекољубец... -Тоа е човечки, христијански, да се помогне на беспомошните. Кај мене тоа е засилено и поради самата професија, Хипокритовата заклетва.. Бројни случаи како жената од Русиново имам во мојата секојдневна работа, веројатно и по тоа се издвојувам од сите останатите од “бизнис медицината“. Добива оној што дава, не што зема.. Тоа е мојата девиза по која се водам во мојот живот.

ИНТЕРВЈУ

7

ентните и нивните насмевки се изворот на енергијата за мојата работа. Огромна енергија и вредност има во тие зборови, искрени и полни со благодарност. Често се среќавам и слушам со мои пациенти, со многу од нив имам искрени и долги пријателства.

Штип е Вашиот роден град но Вие имате Поликлинка во Струмица и нејзина подружница во Битола, во Пациентите се секогаш прва грижа на д-р Митрев Штип не отворивте ништо... Зошто е тоа така? Го имам примерот и на д-р Чепреганов Методи, и тој работи во така наши пациенти кои нај- куќи? Струмица и Кочани ама во често ги користат услугите во -Има една стара поШтип никако. Во што е про- Скопје. говорка “Со сила можеш да блемот? -Потребите и бара- Пред повеќе години во му земеш на човек, но со њата на пациентите секогаш Штип, на Таши Баир (Камен сила не може да му дадеш“. имаат приоритет и темелно рид) започнавте да градите Јас пробав да бидам пример ги анализирам. Одлуките за интересен комплекс. Колку за некои „бизнисмени“ и друотворање на Поликлиника во што ме држат сеќавањата ги луѓе, да им го свртам вниСтрумица и во Битола беа таму требаше да има и ам- манието дека таквите места Кога новинарите ор регио- донесени на тој начин. Голем фитеатар со 700 седишта... како што е штипско Ново Село се од огромно значење и нот Ви го предадоа признадека треба да вложуваме нието рековте дека награиако не мора да имаме продата од нив Ви е мошне НОВО СЕЛО Штипско Ново Село е од фит од тоа. Тоа има значење значајна, но додадовте деогромно значење, во него треба да се за минатото, но и за идника најголемата награда за вложува, јас се обидов но мојата идеја не ната... Но, не беше токму таВас е кога ќе спасите нечиј беше токму така разбрана. Се појавија ка разбрано. Се појавија досживот и ќе го добите она та проблеми околу дозволи, „Благодарам докторе“... доста проблеми околу дозволи, одобренија и слични работи Колку тоа „благодарам докодобренија и слични работи па затоа и ги па затоа и ги подарив четиторе“ Ви дава нова енерподарив четирите куќи на општината, рите куќи на општината, со гија...Се случува ли поненадеж дека тие работите покогаш сами да побарате да добро ќе ги реализираат. се слушнете со ваш пациент и да прашате како му е? број на пациенти од Штип, Но, работите застанаа. Што Ви беше идејата за тој простор и зошто сопревте со инвестицијата? Колку често доаѓате во - Во тоа време плани- Штип? И кога ќе дојдете со рав рехабилитација. Но... Се кого се среќавате? Покрај е подготвено, да се продол- родителите, имате ли и жи, но тоа треба да е во рам- другари од гимназиските ките на здравствената поли- денови, се среќавате ли со тика за да може да функцио- некои од нив? нира.За сега, тоа не е можно. -Некако, се поретко доаѓам кон Штип. Освен со Во легендарното Ново Се- родителите, не се гледам ло на времето купивте не- буквално веќе со никој. Да, колку куќи една до друга... чудни времиња дојдоа. Но, И за тој простор имавте многу често се навраќам таидеја, но по повеќе години му во моите мисли, како било идејата не успеавте да ја порано, како сме се дружеле, Во секојдневна посета на своите пациенти остварите...Потоа куќите ги забавувале... Убаво е и кога подаривте на Општина имаш убави спомени. И заШтип. Зошто се откажавте тоа Штип ми е убав и секогаш -Како што кажав по- Кочани и другиот дел на ис- од оваа идеја и што тре- ќе го сакам. горе, благодарноста од паци- точна Македонија се исто баше да правите со тие


8

ЛИЧНОСТИ

[tipski Glas, Maj, 2017 br. 71

Некои луѓе продолжуваат да растат и по смртта! По повод 100 годишнината од раѓањето на Киро Глигоров, првиот претседател на Република Македонија. Пишува Веле Митановски, новинар и долгогодишен пријател на Глигоров

М

у благодарам на Господарот на Универзумот, што ми ја определи животната професија која, пак, ми овозможи многу често да бидам во Ваша близина. Најнапред како известувач од Охрид (му благодарам и на градот, без кој, ниту ќе бев она што сум денес, ниту ќе ја имав честа да Ве запознам!), а потоа, и колку некому, денеска, да му прозвучува како нескромност: како ваш семеен пријател.

тите честитка од една цела страница! Во една прилика кај мене дојдовте и со вашиот внук Иван. Стројно, високо, тенко момче, налик на деда си. Јас, сполајму на Севишниот, ги имам четворица. Во Вашиот и мојот Охрид Пиперковски го снима играниот фил Дедо и внук. Двајцата од моите, стануваа во 6 наутро, статисти се во филмот. Како дедо им пред нешто повеќе од 55 години, со Ристо Шишков, во камењарот над Калишта – со Ристо Шишков и Богатството е во при- Дарко Дамевски. јателите, а не во ќупот полн со злато! Ете, Господарот на Универзумот, не сакал да ми Неколкупати ме по- овозможи, барем еднаш, да честивте со приството – во се сретнам со Вашиот син добата од мојот живот како Владимир, иако ги “голтам” угостител, семејно сме биле сите негови четива и предуи во други “заведенија”, од предувања, напишани и каВас ја добив честа, во Охрид, жани, по весниците и теледа Ви ја организирам промо- визиите. цијата на “Македонија е се што имаме” и да бидам еден Преку Вас, и покрај од говорниците, заедно со Вас, запознав и другарував академик Георги Старделов со многу драги луге, од преи драгиот, наш, заеднички рано починатата Снежана пријател (Бог да му душа Османли, па Живко, Свето, прости), професорот и истак- дипломатот Бојче, мојот сонат правник, охриганецот со граѓанин Ахил… Со вашите дух – Никола Крлевски. ангели-чувари: Зоран Носко и Цобе. Со Вас, со госпоѓа Нада, со ќерките Лилјана и Да не бевме во симојата професионална ко- туација, во каква што сме, ќе лешка Донка, всушност Ма- ги изоставев сиве овие збокедонка. За прв пат за нејзе, рови погоре и ќе напишев откријам: “Да му речам на само една реченица. Но, за тато да те испрати некаде жал, и големо неверство кон надвор”. Никој пат тоа не го Вас, од она се што ни го остапобарав од Вас, ниту за над- вивте и од она “се што го вор, ниту за дома. Како што имаме” (Македонија), на доникојпат нема да заборавам, бар пат сме да го загубиме – дека со Ваше интервју (бевте засекогаш!!! Татковината ни е подготвени да дојдете и лич- во прашање, а после тоа, отно во студиото), го отворив како некои ќе заминеме од моето Супер радио, а кога ја овој свет, а некои ќе се дославевте првата 5 годишни- распрскаме по отворениот на, не заборавивте да ни упа- свет (Македонија е една од

Глигоров говори во ОН на 7ми април 1993 година ретките, која има помалку Македонци дома, отколку надвор!!!???), ќе ја изгубиме, не само земјата, туку и нашата последна татковина – како што не учеше мојот професор (читај ме добро Антонијо Пребледениот Кичевски!), ГОРОСТАСОТ од Небрегово, Блаже Конески. На оние што и денес Ве омаловажуваат, а не Ви се – не до колената, туку до глуждовите, ќе им ја спротивставам мислата на Виктор Иго, дека во нормални, цивилизари земји, луѓето ги ценат по тоа не колку се високи и убави, туку какви се – од рамената нагоре! И што носат во тој завршен дел од телото! Вие го имавте и едното и другото. На оние, кои денес, само за една (и бедна!) своја глава, го ставаат на коцка ,,сето она што го имаме,, ќе им ја спротивставам една животна анегдота, што сте ми ја кажувале. Кога генералот на ЈНА (Кукањац ли беше, или некој друг-кукала им мајка!), се исчудувал : Дали се шегувате, или навистина мислите дека Македонија нема да и се спротивстави на ЈНА – ако се повлече со сета опрема што ја има (заедно со штекерите откронати во касарните!?), вие сте му одговориле: Вие само заминете, понесете се што сакате, дури и со (сиктер) кафе ќе ве испратиме! Да не заборавам: Истите оние, “патриотите”, што тргнаа во заробување на “флотилата” од дури два патролни чамци во каналот во

Охрид, и денеска, се во првата борбена линија, во “одбраната” на татковината!? Почивајте, Претседателе во вечен мир, зашто Вие имало за што да се родите! Пресетателе Глигоров: Не оставивте во европското, сега сме во предворјето на пеколот!? Па,сепак, има надеж: Post nubila Phoebus (После облаци сонце)!Вашата оставнина е во духот на овој народ. Небото почнува да се разведрува, со читателите ќе споделам една анегдота, колку да ги разведрам, да ги насмеам, барем, до половината од Вашата широка, речиси заразна насмевка. Еднаш доаѓав кај Вас, горе на Калето, во вашата ”вила” според денешните мерила, на нашава аздисана камарила-речиси “колиба”? Ме вози, рековте, возачот (бог да му душа прости), по угорниниве намаваму, кога гледам една женичка, речиси бабичка, со огромен зимбил (торба) намирници. Му велам на возачот, застани да ја понесеме, греотичка е! А, таа, онака, по охридски ни одбруси: Ја со чужди мажи не се воза!? И уште еднаш ќе напишам: Да не беше ситуацијава во земјата, што Вие ја оставивте во предворјето на Европа, ваква каква што е, тоест- никаква (во предворјето на пеколот!?), ќе напишев, всушност, ќе препишев, само една реченица: Некои луге продолжуваат да растат и по смртта (Рајнер Марија Рилке)


[tipski Glas, Maj, 2017 br. 71

ИСТОРИЈА

Митската борба на Гоце Делчев за слободна Македонија На 4 мај се навршија 114 години од убиството на деецот и апостол на Македонската револуционерна организација

И

Штип, на пригоден начин, му оддаде почит на Гоце Делчев (Ѓорѓи Николов Делчев) кој загинал 4 мај 1903 година, а кој, меѓу другото,учителствувал во нашиот град. . Гоце Делчев е роден во Кукуш 4 февруари 1872. Тој е национален херој, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, бил апостол и срцето на револуционерна Македонија.Тој е идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. Гоце Делчев се школувал во родното место каде што завршил прогимназиско образование Тој во Солун, во тамошната Машка гимназија раководел таен ученички револуционерен кружок, Се вратил во Македонија (1894) и во Штип бил учител во Ново Село. Тука Гоце Делчев се сретнал со Даме Груев и се вклучил во раководењето на Mакедонска револуционерна организација.Тој ја проширил мрежата на Организацијата (пролетта 1895 г.) и преку Виница организирал тајни канали. Во Солун учествувал на советувањето со водечките личности на Организацијата: Даме Груев, Пере Тошев и др. за заземање став кон Македонскиот комитет основан во Софија. Во септември бил назначен за директор на училиштето во Штип. Пред крајот на декември 1895 г. Делчев ополномоштен од ЦК на МРО, отпатувал во Софија на разговори со Македонскиот комитет и неговиот придонес кон македонското дело,

меѓутоа разговорите биле неуспешни. Организирал пунктови на МРО во Ќустендил и во Дупница (во почетокот на 1896), а во февруари во Штип организирал протестна демонстрација против власта.

целта на македонската борба: да се исправи неправедното решение на Берлинскиот договор за Македонија и за добивање полна политичка автономија. По Солунската афера, Делчев и Ѓорче Петров, како задгранични претставници,ги презеле надлежностите на Централниот коми- тет. По добиеното известување за апсењето на членовиМермерниот саркофаг во црквата „Свети те на ЦК во СоСпас“ во Скопје во кој од 1946 година полун, со Ѓорче Печиваат земните останки на Гоце Делчев. тров во Учествувал на Со- средината на март издале лунскиот конгрес на кој била инструктивно писмо до усвоена нова идеологија и окружните, до околиските и стратегија во дејствувањето. до селските комитети, како и Со Ѓорче Петров ги израбо- до војводите на четите, за тиле новиот Устав и Правил- продолжување на дејствуваник на Организацијата. њето според постојната проВо текот на Доневата грама. афера поради недостаток на Делчев бил посветен докази бил ослободен, меѓу- на функционирањето на тајтоа во мај повторно бил уап- ните канали, курирската слусен и спроведен во Скопје жба, тајната пошта, обезбекаде што бил затворен во дувањето материјални средКуршумли-ан, но повторн бил ства и снабдувањето на Орослободен. Сепак аферата го ганизацијата со оружје, со свртела вниманието на тур- муниција, со револуционерна ските власти кон Делчев. Во литература и со весници. Орсептември бил назначен за ганизирал производство на главен учител (директор) во бомби и експлозиви во с. Банско од каде што ја продо- Саблер (Ќустендилско), Бурлжил дејноста за ширење на гас, Пловдив, а потоа и на мрежата на Револуционер- Св. Гора (меѓу Зографскиот ната организација. Се отка- манастир и Хиландар). Тој е жал од учителската должност основач на Четничкиот ини целосно се посветил на ма- ститут и творец и воспитувач кедонското ослободително на првите организациско-агидело.Ја презел должноста тациони чети и војводи. Зана задграничен претстав- едно со Ѓорче Петров израник на МРО во Софија. Со ботиле Правилник за четите. писмо до католичкиот надби- Со формирањето на селскаскуп во Пловдив, Менини та милиција била доградена на Ватикан му ја претставил четничката организација, која

9 непосредно ја раководел Делчев, со статус на главен ревизор. Револуционерната организација ја презела на дело судската и извршната власт. Дејствувала тајна македонска држава во Османлиската Империја. За зацврстување на редовите во Организацијата Делчев извршил неколку инструктивни обиколки. Во зимата на 1900 година тој ги обиколил комитетите во Одринско, со цел подобра координација меѓу македонските и тракиските револуционери. Од август 1901 до март 1902 година Делчев ги обиколил и комитетите во централниот и во западниот дел од Македонија. Тој исто така го предводел конгресот на Одринскиот револуционерен округ одржан во Пловдив, во април 1902 година, а потоа Делчев презел обиколка и во централните Родопи. На крајот од септември жестоко го осудил Горноџумајското востание. Делчев го отфрлил решението на Солунскиот конгрес од 1903 година за кревање востание и со чета заминал во внатрешноста на Македонија со раководните кадри да издејствува повлекување на решението за масовно востание. Во април, во Солун се сретнал со Даме Груев, кој штотуку се вратил од заточение, двајцата се договориле востанието да се води со засилени четнички дејствија и терористички акции. Од Солун се упатил за Серско на закажаниот конгрес на Серскиот револуционерен округ. Пристигнал во селото Баница, Серско на 3 мај. Војската го опколила селото и во борбата утрото загинал Делчев, бескомпромисниот борец за самостојна македонска држава. Посмртните останки на Гоце Делчев на 11 октомври 1946 година, од страна на тогашната комунистичка власт биле пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје.


10

СТОПАНСТВО

[tipski Glas, Maj, 2017 br. 71

„Јагја Мезлер“ со нова инвестиција од 11,5 милиони евра Гингер Каја, сопственик: „Штип стана европски центар во производството на ластик“

Ф

абриката „Јагја Мезлер“, која во Штип како странска инвестиција функционира 17 години, е во фаза на реализација на нова инвестиција во вкупна вредност од 11,5 милиони евра. Инвестицијата започна да се реализа во текот на минатата година, а ќе биде завршена до почетокот на есента, годинава. „Во погонот ткајачница за производство на деним ткаенини инвестираме 7,5 милиони евра преку целосна промена на машините. Машинскиот парк „Ролс Ројс“ го заменуваме со машини од најновата технологија од фирмата „Пиканел“ од Белгија која е најдобра во светот за производство на ваква технологија. За два месеци ќе ги замениме сите 60 машини, вели сопственикот Гингер Каја.

100 нови работни места Новите инвестиции отвораат и нови работни места. Според сопственикот Ѓингер Каја „Јагја Мезлер“ ќе бара околу сто работници за двата погона Другата инвестиција е во погонот за производство на ластик. Во овој погон, во набавка на нови машини за нова производна линија, кои веќе се пристигнати во фабриката, „Јагја Мезлер“ вложува четири милиони евра.

Според Каја, во погонот за ластик досегашната севкупна инвестиција изнесува 9,5 милиони евра. Дневното производство изнесува 1.720.000 метри. „Со големо задоволство можам да кажеме дека Штип е најголемиот

Гингер Каја

центар во Европа за производство на ластик кого го пласирама во стотици држави, почнувајќи од Македонија, преку Србија, Русија, Косово па се до Сирија“, појаснува Каја. Освен во Штип ластик се произведува само уште во Кина. Тој информира дека машините во погонот за ластик се од италијанската фирма „Гомез“ која е број еден во светот за ваква технологија. Мислам дека реба да се истакне и фактот дека насекаде каде оди нашето производство тоа го носи печатот на произведено во Македонија. Со тоа, барем јас така сметам, придонесуваме за угледот на државата во едни пошироки светски рамки“, коментира нашиот соговорник. Новите инвестиции отвораат и нови работни места. Според сопственикот Каја „Јагја Мезлер“ ќе бара околу сто работници за двата погона. Тој е свесен дека во Штип има се помалку

млада, слободна работна сила, и дека е тоа голем проблем со кој се соочуваат многу локални фирми. „Со цел да привлечеме работници од младата популација, донесовме одлука за зголемување на платите. За колкав процент ќе биде тоа зголемување, нема да кажеме се додека таквата одлука не биде донесена, а тоа ќе биде најдоцна до оваа есен. Она што јавно и одговорно можам да го кажам во моментов е дека просечната плата во погонот за деним изнесува 15.000 а во погонот за ластик 14.000 денари. Покрај ова, со ефектуирањето на новата инвестиција во двата погона, со што бројот на работници ќе се заокружи на околу 500, планираме и отворање на сопствен ресторан во кој работниците ќе се хранат бесплатно, односно трошоко ќе падне на товар на фирмата“, вели Гингер Каја.

„Пиканел“ наместо „Ролс Ројс“ Во погонот за деним „Ролс Ројс“ се заменуваат со „Пиканел“, во погонот за ластик новите машини се од италијанската фирма „Гомез“ која го има најдоброто од технологијата во тој сегмент Во развојните планови на овој странски инвеститор кој не добива никакви бенефиции од државата е и изградба на голема предилница за што „Јагја Мезле“ веќе има купено плац во кругот на поранешна „Македонка“. Инаку, оваа фирма е стопроцентен извозник на целокупното свое производство.


[tipski Glas, Maj, 2017 br. 71

ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА И СТОПАНСТВОТО

Странски компании апстинираат од инвестирање „Политичката криза му задава проблеми на стопанството. Тие проблеми ги чувствуваме и ние во Актива. Најмногу се чувствуваат во делот на инвестициите кои досега требаше да бидат започната но не се. Се работи за странски инвеститори кои ја најавија својата решеност да инвестираат во фабрики во ТИРЗ зоните, се работи за

НИКОЛОВ: Преговорите со три странски компании се застанати зашто тие нема со кого во државата да ги дефинираат условите...

странски инвеститори со кои ние имавме сериозни и сеопфатни преговори кои во моментов, поради кризата се застанати“. Ова е оценка на Иле Николов, директор на Актива, за влијанието на политичката криза врз стопанството во нашава држава. „Овие разговори се застанати зашто во моментов заинтересираните инвеститори нема со кого во државата да ги дефинираат условите за инвестирање. Бизнисот насекаде во светот па и кај нас не сака политички нестабилни држави, земји кои пдолг период се во состојба на политичка криза. Затоа ние стопанствениците бараме кризата да се реши што побргу бидејќи во спротивно последиците по стопанскиот развој можат да бидат само полоши“, констатира Николов. Актива имала три странски компании со кои биле започнати преговори за нивно инвестирање во фабрики во ТИРЗ зоните во Македонија. Сепак, поради политичката криза разговорите се одложени за некои во политичка смисла поскпокојни времиња. Николов посочува дека ако кризата потрае тогаш последиците ќе бидат поголеми поради фактот дека Актива имала долготрајни планови со повеќе странски инвеститори.

11

СТОПАНСТВО

. Штипски глас истражуваше на тема дали, како и колку политичката криза има негативни импликации по стопанството

Ване Богдов од конфекцијата „Вабо“ вели дека кај нив засега поголеми проблеми нема. Но, и во текстилниот сектор кај странските партнери постои интерес за македонските политички состојби. „Имаме за некој мал процент намалени нарачки, нашите партнери и кога ќе дојдат кај нас и по телефон се

вработени. „Едното со другото е во меѓусебна зависност. Просечната старост на вработените во текстилната индустрија е 45 години. Ако пред десет години една работничка за 8 часа изработуваше десет кошули, денес таа произведува само шест кошули. Зошто не се подмладува работната рака во

БОГДОВ: Проблеми засега

ФИЛИПОВ: Нема млади луѓе за

немаме, но нашите партнери на неделна основа се интересираат за нашите политички состојби...

работа во текстилните капацитети, сите сакаат во администрација, а сега и оваа криза....

интересираат за состојбата. Тие ја следаат ситуацијата кај нас на неделна основа. Се работи за наши деловни партнери кои работат и во Бугарија, Тунис, Романија и кои, ако кризата се продлабочи и тие се почуствуваат несигурно можат да го преселат своето производство. Затоа е неопходно брза разрешница на политичката состојба во државата“, вели Богдов. За Венцислав Филипов, сопственик на „Астибо фешн“ фирма која го менаџира бизнисот во текстилната индустрија, во моментов се значајни две работи. „Првата е час побргу да се формира Влада, а тој кој неа ќе ја формира да излезе пред народот и да ја каже вистинската состојба во која се наоѓа државата. Треба да го праша народот дали е подготвен да издржи период каков што беше ов 1945 до 1965 година, кога по Втората светска војна се градеше државата. Тоа беше време кога ранети од големата војна создадовме држава со сите атрибути и за сите потреби на луѓето. Ние денес имаме една таква потреба“, вели Филипов. Според нашиот соговорник, текстилот воопшто е во сериозна криза зашто и покрај технолошката опременост тој се соочува со намалена продуктивност и со стара структура на

нашите текстилни капацитети? Затоа што сите млади чекаат да бидат здомени во јавната администрација. Многу млади си седат дома а нивните родители кои се зад машините со мислите не се тука, преокупирани се со судбината и иднината на своите деца. Пред една деценија општината имаше помалку од 80 вработени, денес таму има за трипати повеќе административци. За сите нив стопанството треба да заработи“, посочува Филипов. Тој смета дека и со нашето образование нешто не е во ред. Вели дека тука имаме дебел дебаланс зашто 80 проценти од младите се запишувале на општествените а само 20 проценти на природните науки. –„Треба да се направи нова образовна стратегија, да се насочуваат младите кон природните науки, младите од семејствата кои немаат финансиска можност да бидаат финансиски поддржани од државата. Само така, за 5-6 години ќе можеме да го намалиме образовниот дебаланс и да имаме квалитетен кадар за најпотребното-за стопанството“, појаснува Филипов. Според него, актуелната политичка криза само ги заострува тие состојби и не му помага на стопанството да работи и создава во спокојни услови, туку напротив.


12

ИНВЕСТИЦИИ

[tipski Glas, Maj, 2017 br. 71

И Штип ќе се вброи во рударските општини

• Финансиски бенефит од експлоатацијата на минералните суровини во рудникот „Боров Дол“ ќе имаат општините Штип, Конче и Радовиш, ќе се продолжи животниот век на рудникот „Бучим“, а новиот рудник ќе вработи над 100 лица...

З

аводот за заштита на спомениците на култура и музеј Штип и фирмата „Боров Дол“ денес потпишаа договор за заштитноконезрваторски работи на истоимената локација. „Боров Дол“ е посебна фирма, нов дел од рударското семејството на странскиот инвеститор „Солвеј“ во чија сопственост е и рудникот за бакар „Бучим“ кај Радовиш. Договорот на кој потписи ставија директорот на музејот Зоран Читкушев и управителот на „Боров Дол“ Николајчо Николов е со вредност од 11,2 милиони денари, што е сума која „Боров Дол“ ќе ја исплати на Музејот за неопходните истражни и заштитно-конзерваторски археолошки работи. -Се работи за локација со површина од два хектари која зафаќа територија на три општини-Радовиш, Штип и сосема малку Конче. Очекуваме за најмногу половина месец од Заводот за заштита на културното наследство.да добиеме одобрение за работа по што на терен ќе излезе екипа од 80 лица меѓу кои десет археолози, пет лица од друг стручен профил и над 60 физички работници,вели Читкушев. Според него, работите треба да бидат завршени за најмногу шест месеци. Николов појаснува дека на „Боров Дол“ веќе биле завршени геолошките истражувања. Минатата година тие добиле концесија за експлоатација на рудното тело,

но услов било детално да се истражи археолошкиот локалитет „Врчва“ кој е во самото срце на концесискиот простор. -На „Боров Дол“ се утврдени над 50 милиони тони рудни резерви што на овој капацитет му гарантира најмалку десетгодишна експлоатација. Во моментов се работи на главниот рударски проект и на другата потребна документација. За овој капацитет е значајно тоа што за

риторија на општина Конче, со 39 проценти во општина Штип и со околу 4 проценти во радовишка општина. Сите тие ќе имаат постојан годишен бенефит од концесискиот надомест за експлоатација, со отворањето на овој рудник се продолжува животиот век и на рудникот „Бучим“ во чии капацитети ќе се преработува рудата, вели Николов. Ако работите бидат завршени според договорот,

Николов и Читкушев го потпишаа договорот првпат во историјата на на- веќе од почетокот на идната ционалното рударство имаме година на „Боров Дол“ ќе мо-

•НИКОЛОВ

Новиот рудник со 40 проценти ќе зафаќа дел од територија на општина Штип, општинатаа ќе има годишен приход во буџетот од 400.000 до 500.000 евра

•ЧИТКУШЕВ

На археолошките истражувања и заштитно конзерваторските работи ќе бидат ангажирани околу 80 лица, од кои 10 археолози...

рудник кој е на територија на же да се започне со експлоатри општини. Имено, „Боров тација на бакарната руда, a со Дол“ со 57 проценти е на те- тоа се отвораат и околку сто

нови работни места. „Боров Дол“ е на околу осум километри оддалеченост од рудникот „Бучим“, рудата до рудникот ќе се транспортира по пат не бскрајна лента. Изготвена е и студија за оценка на влијанието на проектот врз животната средина, а пред да се започне со процесот на експлоатација ќе биде организирана јавна дебата со учество на сите заинтересирани субјекти, посочува Николов. Досега за потребите на овој рудник беа експлоатирани рудните тела „Вршник“ чија експлоатација целосно е завршена, потоа Централното рудно тело на кого резервите му се при крај, а останува до 2022 година руда да се вади само од рудното тело „Бунарџик“, но со паралелна подготовка и на рудното тело „Чукар-2 исток“. Новото рудно тело „Боров Дол“ ќе биде причина за измени во Законот за минерални суровини поради тоа што истото зафаќа територија на три општини, што со ниту еден друг македонски рудник досега не било случај. Но, што тоа ќе значи за Штип? Прво, дел од вработените ќе бидат од нашата општина, а второ, според параметрите на рудникот и актуелните цени на металите бакар и злато на светската берза, од концесиите за екслопатација на рудата можат да се оствари финансиски бенефит за локалниот буџет до половина милион евра.


[tipski Glas, Maj, 2017 br. 71

10 години Универзитет „Гоце Делчев“-Штип

БОЕВ: Универзитетот е извор на осмислено живеење

С

о пригодна свеченост универзитетот „Гоце Делчев“-Штип ја одбележа првата декада од постоењето. На свечената академија во преполнетата голема сала на Центарот за култура „Ацо Шопов“ за историската улога на универзитетот и универзитетската заедница зборуваше ректорот, проф. д-р Блажо Боев.

знаат убавината на животот преку осознавањето на вистината и добрината, односно човечката страна на животот и светот,или поинаку кажано, повикани сме, повеќе од многу други, живеејќи и работејќи да оставаме траг на вистината, вистина без која нема добрина, како ни добрина без вистина. Универзитетот треба да го раз-

Ректорот Боев (средина) и првиот ректор Саша Митрев (горе,десно) со новите доктори на науки на УГД

На почетокот Боев нагласи дека Универзитетот има историска задача да биде извор на осмислено живеење, односно да биде заедница на оние кои се свесни за тоа дека благосостојбата на една земја не зависи толку од големината на нејзините вкупни приходи, или така наречениот БДП, ниту од убавината на разните градби, колку од бројот на образовани млади луѓе, од нивното знаење, карактерот кои тие во себе и со себе го носат, односно од интелектуалниот потенцијал. Нашата грижа треба да биде професионалната кариера на секој наш студент, а посебно на оние кои допрва треба да ја започнат таа кариера, односно допрва треба да бидат студенти. Ние како универзитетска заедница, односно, академија повикани сме да реализираме такви програми и проекти со кои младите ќе ја запо-

13

УНИВЕРЗИТЕТ

вива логичкото мислење кај студентите, но истовремено мора многу понагласено да ја развива креативноста и имагинацијата на студентите. Логиката може да не одведе од Земјата до Месечината, а имагинацијата ќе нe одведе до другите светови и другите цивилизации и култури во универзумот. -Образованието има единствена и клучна улога во решавањето на предизвиците со кои се соочуваме. Разликата во интересите, во однос на општото добро и личните интереси, се исклучително, односно недозволиво големи. Универзитетите се буквално неми за она што му го должат на општеството и главно ги насочуваат студентите да бидат концентрирани само на голите сопствени интереси. Постои многу голема празнина помеѓу образованието кое му дава многу можности на поединецот

Благосостојбата на една заедница најмногу зависи од бројот на образовани млади луѓе, од нивното знаење, карактерот кои тие во себе и со себе го носат, од нивниот интелектуален потенцијал

в о однос на тоа да учиме да ја изградиме нашата одговорност кон пошироката заедница. Јас мислам дека е потребно универзитетите и сите школи на сите нивоа во образованието да ги учат студентите и учениците на јавно делување, за можностите и обврските на секој граѓанин. Потребни ни се повеќе енергични говорници во јавната арена и млади луѓе кои имаат сила да донесат одлуки, а потоа и да ги спроведат на дело, рече ректорот Боев. Според првиот човек на УГД, ние сме го заборавиле образовниот систем кој треба да не учи како етички, ефикасно и интелигентно во општеството да се ангажираме. –„Ова не e прашање на сентименталност и ентузијазам, туку се работи за тоа како навистина да се носиме со предизвиците, што од друга страна подразбира да ги развиеме сите способности кои ги имаме како човечки суштества до максимум како што се: способноста за размислување, согледување и слушање, а не само слепо и покорно да следиме што ни се кажува и да не учествуваме во случувањата околу нас. Ректорот потсети дека Универзитетот мора да ги едуцира студентите како да се снајдат во светот кој постојано се менува. –„Тој не е предодреден за вас и уреден по наша мерка, тоа е свет во кој мора да работите и да соработувате со многу луѓе, не само затоа што ви е потребна нивната помош туку и затоа што тие со вас треба да ја споделуваат истата визија дека она што го работите има смисла. Тоа е тоа што го загубивме некаде, но благодарејќи на образованието тоа можеме да го вратиме“, потенцира Боев. Во традиционалниот универзитет и традиционалната настава професорите го организираат и осмислуваат часот пред да го започнат предавањето. Меѓутоа светот не е

нешто што може секогаш однапред да се организира. Треба да го пуштиме светот да влезе во нашите предавални, мораме да прифатиме дека тоа е свет во кој никој не ги знае одговорите на многу прашања. Универзитетот мора да профункционира на основите на педагогијата на откривањето, а не на основа на педагогијата на потрошувачкото општество. Мора да го откриете она што не го знаете. Единствената разлика помеѓу факултетот и студентите е таа дека факултетот знае како е да се биде студент. Ние не сме единствени кои ги знаеме одговорите, ама сме единствени кои знаеме како да ги осознаеме. Според Боев генерацијата која го изнесе товарот на основањето на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип ја одигра својата историска улога. – „Слободно можам да кажам дека таа генерација остави длабоки траги во развојот на високото образование во Република Македонија. И затоа, во оваа прилика, изразувам голема благодарност на сите кои беа дел од овие десет години на развој на Универзитетот“, рече ркторот. Зборувајќи за универзитетот како реална цивилизациска придобивка и како авангарда на секое општество, како општествен коректив и како креатор на идејата за изградба на општество по мерка на граѓаните Боев нагласи дека позицијата на Универзитетот е да биде глобален форум за интелектуално ангажирање преку проактивната комуникација на идеи генерирани на универзитетот и отвореноста кон нови идеи генерирани на било кое друго место. Споре ректорот, голем Универзитет не само што го пренесува образованието создадено во неговата заедница, туку е исто така отворен кон идеи генерирани на било кое друго место.


14

ПРИЗНАНИЕ

[tipski Glas, Maj, 2017 br. 71

Новинарите го избраа најдоброто од Истокот Источните оскари кои ги доделуваат новинарите од новинарскиот центар „Исток“ при ЗНМ им беа доделени на најдобрите репрезенти во стопанството, образованието, здравството, трудот, туризмот, хуманоста, книжевноста, новинарството, културата, спортот...

Т

рета година по ред новинарите од регионалиот центар „Исток“ во состав на ЗНМ ги доделија Источните оскари на најдобрите репрезенти на нашиот регион во повеќе области. На преубава свеченост на МСУ „Гаврило Романович Державин“ во Свети Николе, пред повеќе од 200 посетители, настапи мандолинскиот оркестар „Свети Николај“ од Свети Николе, а за секој од добитниците на признанието беше прикаќан краток филм, по што им беа доделни оскарите. Меѓу наградените се и академик д-р Жан Митрев, штипјанец, прв кардиохирург во државата, за посебен придонес во областа на здравството од

Претставникот на ПСД „Осогово Кочани“ со наградата

значење за граѓаните на Република Македонија. Признание во областа на регионалното здравство новинарите му доделија на Ангиографскиот центар при Клиничката болница во Штип Останати добитници се: Соња Даниловска, наставничка од Пробиштип. најдоброто во образованието, ПСД „Осогово“-Кочани, најдоброто во спортот, Јанче Стојковски, ВКВ рудар во „Саса“, најдоброто во областа на трудот, Николајчо Николов, заменик генерален директор во рудникот „Бучим“, менаџер на 2016 година, печатница „Европа 92“-Кочани, најдоброто во стопанството, хотел „Манастир“-Берово, најдоброто во туризмот, Ротари клуб

Соња Даниловска од Пробиштип е најдобрата наставничка

Академик д-р Жан Митрев со посебно признание за особен придонес во здравството

Кочани-Виница, за посебен придонес во хуманоста, мандолинскиот оркестар „Свети Николај“ од Свети Николе, и маестро Кирил Трајков, диригент, најдоброто во културата, швајцарската компанија „Албиро“ која е во најтесна соработка со делчевската конфекција „Крзно“ за најдоброто во општествената одговорност, Миле Ѓорѓиоски, Делчево, најдоброто во книжевноста во областа на хуморот и сатирата, Даниела Такева, најдобар новинар-репортер и Горан Лефков, најдобар новинар-истражувач. Во продолжение моменти од доделувањето на наградите.

Ротори клубот Кочани-Виница доби признание за хуманост

Мандолинскиот оркестар „Свети Николај“ од Свети Николе и маестро Кирил Трајков најдобро во културата


[tipski Glas, Maj, 2017 br. 71

15

ПРИЗНАНИЕ

Насер Селмани, претседател на ЗНМ го предава признанието на Даниела Такева за репортер на годината

Миле Ѓорѓиоски од Делчево со признание за најдоброто во хуморот и сатирата

Швајцарската фирма „Албиро“ доби признание за општествена одговорност

Викторијан Муцунски од хотел „Манастир“ - Берово со наградата за најдоброто во туризмот

Признание во здравството за Ангиографското одделение при Клиничка болница Штип

Николајчо Николов е прогласен за менеџер на 2016 година

Новинарот Горан Лефков со наградата за најдобар новинар - истражувач

В. Димитровски, директор на печатницата „Европа 92“-Кочани најдоброто во стопанството

Рударот на „Саса“ Јанче Стојковски е најдобриот работник во регионот


16

КОЛУМНА

[tipski Glas, Maj, 2017 br. 71

Бајката за изгубените деца

Пишува: М-р Трајче КАЦАРОВ, писател

И

ма една бајка која никогаш не можам да ја заборавам. Сликите од неа ми се повторуваат секогаш кога ќе се најдам во беда и безизлезот од неа. Во бајката на Браќата Грим, сиромашните родители, поточно маќеата на Јованче и Марика, доаѓа, се разбира за неа, до оптимално решение за спас од гладот кој се заканува да ја погуби фамилијата. Му го открива планот на својот маж, биолошкиот татко на децата. Според планот гладните деца треба да ги одведат во шумата, поточно да ги загубат во неа. Откако мајката на Јованче и Марика, по тешко боледување умира, нивниот татко се преженува. Ревнува како ранет лав и и‘ ветува на злобната жена, ако ја реализира замислата додека тој ќе биде

во потрага по храна, кога ќе се врати ќе ја погуби. Жената не остапува од планот. Под изговор дека треба да се наберат диви јаготки колку да се згрижи гладот, ги води децата во шумата. Благодарение на каменчињата со кои Јованче, го одбележува патот одејќи кон црната шума, децата се враќаат назад. Тоа не ја одвраќа злата жена од намерата. Под истиот изговор, повторно ги води во шумата. Јованче наместо со каменчиња го одбележува патот со трошки леб. Трошките леб стануваат добродојдена храна за птиците, но не и излез за децата од црната шума. Кога велам дека оваа бајка никако не можам да ја заборавам сакам да кажам дека во нашата државна, политичка стварност има низа моменти кои и‘ помагаат, односно ја освежуваат мојата меморија.Се‘ ми се чини дека кај нас некои сервираат сериозни планови за македонските деца. Планови што, покрај негодувањата на родителите, имаат

максимална реализација. Не се тоа планови штои помогаат на децата во нивниот развој и просперитет, што им ги поплочуваат патишатата кон иднината со добри надежи. Погубни се зашто ги водат децата во црните, непреодни шуми од кавги, закани и недоразбирања. Ги водат за да таму ги загубат, ги заборават. И зошто тоа го прават? Социолозите би рекле поради нагласениот индивидуализам „Јас сум пред се‘ и над се‘ и моите потреби се најважни“. Во бајката за Јованче и Марика, маќеата од страв да не ја сотре гладот, одлучува да ги жртвува децата. Нејзината потреба, однсно желбата да преживее и‘ ги оправдува сите средства. Оние што ги испраќаат македонските деца како што погоре напишавме, во густите шуми од кавги, закани и недоразбирања, ги носат истите карактеристики како маќеата на Јованче и Марика. Нагласениот индивидуализам се огледа и кај нив. Нивната света национална деј-

одат да живеат во „големите градови“. Никој од „градските“ не нè прашал како живееме. Многу млади луѓе кои сакаат да останат да живеат во малите градови се среќаваат со повеќе пречки отколку бенефиции. И покрај големата желба за своето родно место, принудени се да го напуштат. На крајот од денот најважна е егзистенцијата. Убавините на животот не ги прави само работата. Ние не сме слушнале за премиера на филм многу одамна. Театарски претстави гледаме неколку пати во годината, реткост се и журките или други културни настани. Спортските натпревари кај нас се мисловна именка, а трговските центри неисплатлива инвестиција. Гратчињата исчезнуваат, додека Скопје е пренаселено и премногу загадено. До каде ли ќе оди ова лудило? Затоа доста не обвинувате зошто сите доаѓаме да живееме во Скопје или се иселуваме. Сите сакаме пристојни услови за живот и затоа по-

ност е да најдат начин како да преживеат, односно да ги стават нивните потреби пред потребите на другите. Нивната света цел им ги оправдува средставата. Но, кутрите водачи забораваат дека заедно со децата и тие се губат во шумата од кавги, закани и недоразбирања. Како што го рушат патот за просперитет на децата, така го рушат и својот. Лошите мисли раѓаат лоши дела од кои најмногу мака трпат нивните стопани. Во бајката на Браќата Грим, Јованче не случајно пред поаѓање во црната шума, ги наполнил џеповите со каменчиња. Не го осуетил планот на маќеата, туку ја слушнал кога му го изнесувала на неговиот татко. Бајките секогаш нудат добар наук. Настанот во наведената бајка не повикува на претпазливост, што би рекол нашиот народ, на очи отворање, пред да се тргне по патот кој ни се нуди како излез од безизлезот.

Ние провинцијалците ... Многу млади луѓе кои сакаат да останат да живеат во малите градови се среќаваат со повеќе пречки отколку бенефиции.

С

копјанизацијата на државата е еден сериозен проблем, кој надлежните го игнорираат веќе подолго време, бидејќи така им одговара. Многу одамна во државата функционираа многу градови. Денес функционира само еден, кој моментално го направија безвреден. Големи градови како Штип, Битола, Прилеп се претвораат во пустелии. Старите скопјани не се ништо друго освен случајно родени луѓе токму таму. Потекнувам од едно мало гратче за кое постојано се шегуваат дека во него не се случува ништо. Не се далеку од вистината, но со причина. Постојано слушам навреди, осуди, омаловажувања и кич текстови по портали за провинцијалците кои

Пишува: Николина Атанасова, новинарка сакувам да создадеме еднакви услови за сите. Малите градови не се помалку важни од „Големиот“. Не дозволувајте сите заедно да пропаднеме во живиот загаден песок. Подајте ни рака, си одиме дома.


[tipski Glas, Maj, 2017 br. 71

КОЛУМНА

Екстерно оценување

ПИШУВА: Стојче Самарџиев економски аналитичар

Од запад и од исток ништо ново

Р

еган беше добар глумец, а стана и добар претседател на американците. Трамп е добар капитал – менаџер. Ќе стане ли глумец со глумење на добар претседател, ќе ги лове ли непријателите со „трикови” или многу тешко ќе го руши „талогот” или…? Ќе чекаме, а што ќе видиме...? Франција и Германија годинава се „преизбираат”. Револуцијата е далеку, а војната и војните се постојани низ децениите наназат. За сега, останува натпреварот во атомите за загадувањето и уништува-њето. Не с# за чекање тиранците од Тирана, Речица, од каде и да се, како сами се викаат и како сакаат да ги викаат. За Македонија и за македонците нека прочитат во турските пописни дефтери од: 15, 16, 17, 18, 19 и по-

четокот на 20 век. Освен Куранот, нека ја прелистат и Библијата, посебно на Посланијата на Апостол Павле кои се од времето од кога почнува да се бројат годините на ова денешно време на планетава Земја. Овде – дома, ќе дојде генерацијата од овој век – сегашната, екстерно и интерно оценувана. Таа ќе направи и ќе удри печат за Македонија и македонците!? Денарот е економската самостојнот на Македонија

М

акедонски денар, кратенка ден., ISO 4217: MKD, бројчен код: 807. Тоа е официјалната валута во Македонија, воведен на 26 април 1992 година на Велигден. Народната банка на Република Македонија има и е со единствено и исклучиво право на печатење и издавање на монети и банкноти во Република Македонија. Значи, македонската економска самостојност во овој април, на Велигден, наполни 25 години. Имаме Народна банка (монетарна власт) која издава монети (метални), банкноти (книжни) и електронски пари-денари. Монетарната власт и нејзината политика во изминатите 25 години се основниот, најцврстиот и најсигурниот

столб на Македонија и посебно на нејзината економија На монетарната политика (и систем) покасно се додаде и фискалниот систем и политика-посебно даночните (персоналниот, добивката, ддв) како стабилизирачки елементи. Во „посакуваната“ федерација овие политики не се единствени и се извор на: евазии, парцијални, мали економии, со почести и поголеми инфлации и други нестабилности. Во таква држава постојана е само нестабилноста (пример: СФРЈ по 1971 година). Нестабилноста во економијата и на денарот во изминатите 25 години доаѓаа исклучиво од политичарите: нивните изјави, политизирања, реизбирања, а посебно во најнестабилните 2001, 2004 и последните три години. Доаѓаат и од двојазичните општини во кои не се плаќаат: даноците, комуналните услуги (вода, смет, такси, потрошена струја, улично осветлување) и барањата тоа да се финансира од Буџетот. Ш-Штип

Р

екоа дека во производството на кошулата има повеќе операции во споредба со производ-

17

ството на навлаката (пософистицирано). Кошулата е за извоз и навлаката е за извоз. Напредокот е во тоа што објектите и машините се сопственост на странски фирми (за работниците незнам кои се на странците-извоз е...). Останавме на „Ш“ – шиење: кошули, кондури, навлаки; конец, игла, лепак, метро, модел, пегла... (повеќе туѓи и за туѓинци, наши се платичките и даноците на нив). Иле и Аргир од Актива со нивните екипи, се единствениот напредок. Зејтинот некој го прегореа и стана горчлив. Зградата „за здравјето“ напредувала за некој кат. Опремата и кадарот ќе се набавеле и остручиле по некои идни избори: месечни, полугодишни, редовни, времени, предвремени, шарени, балистички, платформистички или било какви?

Ѓурѓовден е! Ај излзи Ѓурѓа-Ѓурѓице: дар да даруваш, испраќање да приредиш. Првоизлезенитенакити ги црвено-жолто, со јоргован намирисај ги!

Istokpress.mk Интернет портал кој за само 6 месеци е читан

500.000 пати! Наше е да Ви го дадеме најдоброто-Ваше е тоа да го проверите

Секој ден 24/7 важните работи побарајте ги на

Istokpress.mk


18

ЛИЧНОСТИ

Даница Фичорска со книга-лексилиум за секоја душа Книгата „Приказна за старата дама“ се чита во еден здив, во неа се поместени стотици ликови, а е посветена на посветениот персонал од Физикална терапија и на нивните пациенти

Примарису д-р Даница Фичорска, и во пензионерските денови не сака да мирува. Последната година си ставила во задача да напише книга за Физикалната терапија во која го помина работниот век, најдолго како нејзин раководител. Но, ако помисливте дека книгата обработува стручна тематика, дебело се лажете. Напротив, книгата е производ на креативната енергија на д-р Фичорска во која се раскажуваат неверојатно добри приказни за персоналот и неговата посветеност на пациентите, но во неа се поместени и безброј животните приказни на лица кои помош за своите здравствени проблеми побарале таму. Книгата има наслов „Приказна за старата дама“, а дамата е – Физикалната терапија. Д-р Фичорска, кој Ви беше мотивот да напишете книга која се чита со неверојатна леснотија, а при читањето, емотивците ќе пуштат и по некоја солза? -За Физикалната терапија како дел од поранешниот Медицински центар, а денес Клиничка болница, се пишувало и зборувало, а и денес се прави тоа, главно од негативен аспект. Притоа се мисли на состојбата во која е наоѓала/наоѓа оваа институција. Но, во сите тие приказни се испуштило од предвид дека во неа работеле и работат врвни професионалци, личности кои целосно се посветиле на своите драги пациенти, луѓе кои, во поедини моменти, забо-

равале и на ручекот, на семејните обврски, на работното време, само и само да им помогнат на болните. Бев вработена таму, бев и раководител нејзин и не можев да поминам преку една таква неправда. Си ставив во задача за тие луѓе и за нивните пациенти да напишам книга при што имињата на поголем дел од пациентите се измислени зашто многу луѓе не сакаат да се знае за нивните болести. Ја прочитав книгата речиси во еден здив. Ме фасцинира убавината на зборовите кои во нив ги редите како бисерни ѓердани. Ме фасцинира и преубавата конструкција на реченицата, елоквентноста, милозвучието на напишаното. Тврдам дека сте напишале книга која (ќе) се

чита во еден здив, па од тој аспект им ја препорачувам и на оние кои многу читаат но и на оние другите... -Благодарам за убавите зборови ако мислите дека тие се вредни за моето дело. Сепак, јас себе не се

сметам за писател иако претходно имам напишано книга поезија (Чај од водолија, 2015 година) како и неколку книги од областа на мојата струка. Зборовите напишани во книгата си доаѓаа сами од себе, си се редеа во реченици за кои сметав дека најдобро ќе го опишат јунакот/јунаците во односната приказна, дека ќе го доловат амбиентот во кој се случувал настанот...Конечно, дека ќе кажат и една вистина за персоналот кој водел и води деноноќни битки за здравјето на луѓето.

[tipski Glas, Maj, 2017 br. 71

Тука и таму ќе се согледа и по некоја критика во однос на состојбата во терапијата.

тие беа луксуз!?...Мислам дека акцентот повеќе Ви бил на „рѓосана“ и „столовите беа луксуз“ отколку на креветот како под конец? -Па, да. Во поглавја од книгата поместувам и делови кои говорат за состојбата во терапијата. Таа подолго време не е добра, а

Од апсект на недостиг и застареност на апаратите, некаде фали паркет... На едно место велите: „Креветите беа наместени како под конец, а до нив стоеше рѓосана масичка. Столови за седење немаше,

тоа морам да го кажам за читателот да знае дека и во такви услови персоналот правел чуда. Дека големата љубов кон професијата, што ќе рече кон пациентите, го надоместуваше тој хендикеп. Денес слушам дека нешто таму се реновира, се


[tipski Glas, Maj, 2017 br. 71

надевам дека мојата стара дама ќе се уреди по некои прифатливи стандарди. Но, не може да се работи со апаратаи од прастаро време, иако персоналот надоместува многу. Меѓу ликовите во книгата ви е и Сергеј, руски уметник, кој се заблагодарил така што Ви оставиле една убава слика која и денес ја краси Физикална терапија, како и слика за Вас лично која Вие ја чувате со многу љубов во Вашиот дом? -Многу луѓе, откако ќе им помогневме, наоѓаа посебни начини да ја искажат својата благодарност. За тоа пишувам во неколку поглавја од книгата. Серѓеј беше уметник кој со колеги ги црташе иконите во црквата „Света Троица“ во Радовиш на ктиторот Гуштеров. Еден ден дојде кај нас и рече дека раката многу го боли зашто по цел ден лежел во неприродна положба за да ги слика фреските на таванот. Го прифативме уметникот како и секој друг наш пациент, му определивме терапија и по неколку дена раката му беше како и порано. Се врати во Радовиш, па одтаму пак ни дојде носејќи две уметнички слики. Рече: едната сакам да ја краси вашата установа, другата вашиот семеен дом. Имавме човек кого овде му ги вративме функциите на нозете. Човекот се врати дома и по некое време дојде со камион, ги собра сите расклатени столици, ги однесе и по недела дена ни ги врати како нови. Од рудникот „Злетово“, чии рудари беа наши постојани пациенти ни купија повеќе работи. Се беше створила една убава синергија помеѓу персоналот и пациентите, а тоа беше една прекрасна работа за сите нас. Во книгата имате преубави, инспиративни приказни за родители и

ЛИЧНОСТИ деца, за таа нераскинлива, чудесна врска. Прекрасна е приказната за 17 годишна девојка која изгледала како да излегла од нацистички логор, коска и кожа, за стравовите на нејзината мајка...Пишувате за детето Бенџамин и неговите криви ноџиња и за посветеноста на неговите родители, па неверојатната сторија за д-р Мери. Мишел, Мартин, Зорица... -Да, има повеќе такви приказни од кои може да се напише нова книга под наслов „Родители и деца“. Знаете, кога ќе ни дојдеше дете тогаш дававме и повеќе од можното за да му помогнеме. Но, на исто рамниште за посакуваниот успех е и поддршката на семејството. Љубовта на родителите детето посебно ја доживува, ја прима со сите сетила, таа му е нешто како мелем на душата, па кога таа љубов доаѓа во комбинација со нашата стручност и посветеност тогаш резултат мора да има. Затоа во книгата има толку многу спомнувања на родители и нивната улога во приказната. Јас сум многу среќна што мене и денес ќе ме сретне непознат човек и ќе ми рече: „Докторке, се сеќавате ли на мене пред 20 години бев ваш пациент, не можев да одам, а видете ме сега“...Ете, тоа се моменти за кои живеам не само јас туку и сиот персонал во Физикална терапија кој, заедно со бројни пациенти, се ликови од мојата книга. Јас одлучив дека таа мала приказна за големите луѓе од Физикална терапија и за нивните пациенти треба да се раскаже на начин на кој јас тоа го направив. Тоа го сметав за мој дол кон тие драги лица кои целосно и безрезервно се беа посветиле, а и денес се посветуваат на својата хумана професија, на своите пациенти.

19

Актива гради обиколница за подобра сообраќајна комуникација Обиколницата ќе биде готова до крајот на летото, ќе биде долга еден километар, а на реката Брегалница ќе има челичен мост долг 60 а широк 7 метри

П

ат во должина од еден километар, мост широк седум, а долг 60 метри гради штипска „Актива“. Тоа, всушност, е нова обиколница која во најголема мерка ќе биде од помош на индустријата во Штип. „Според наши проценки обиколницата треба да ја завршиме до крајот на ова лето, а на неа се работи со голем интензитет. Мостот преку реката Брегалница ќе биде челична конструкција, а истиот се прави во нашите хали. Обиколницата ќе излегува кај фабриката за чевли Баргала“, вели Иле Николов, директор на „Актива“.

Според некои анализи во населбите Сењак, Дузлак и Баби живеат над 20.000 жители, што е речиси половина од штипското население. Во најголем дел се работи за вработени во штипските стопански капацитети лоцирани во старата но и во новата штипска индустриска зона. Oбиколницата има значење и во фактот дека значително ќе се растовари сообраќајниот метеж и гужвите кои сега се создаваат на камениот и на бетонскиот мост на реката Брегалница по кои се одвива целокупниот сообраќај. Гужвите се посебно големи по 14,30 часот кога работниците од втората смена одат а нивните колеги од првата смена се враќаат од работа. Не само што работниците побргу ќе стасуваат до своите работни места, туку со новата обиколница ќе се скрати и патот кон Скопје, Кочани и другите места со кои Штип како најголем град во источниот региона е сообраќајно поврзан.


20

ГРАДОТ

[tipski Glas, Maj, 2017 br. 71

На една година пред крајот на мандатот во стилот „Илчо против Илчо“ изјави дека сакал да ја брани оваа брана и дека за тоа ќе барал странски пари. Но, на Илчо му измина мандатот, а од браната – ништо. Сепак. не дека Илчо не направи баш ништо во однос на изградба на брана на Отиња. Во близина на ЈП „Исар“, во коритото на реката, тој „проектира“ и изгради мала брана, а најголема благодарност, 24/7 му изкажуваат – жабите во реката кои, благодарение на урбанистичката вдахновеност на Илчо се накотија во реката. „Од креќетот на жабите не се спие. Доаѓа лето не знаеме дали ќе можеме прозорец да отвориме на наште станови, зашто и со затворени прозорци од жабјиот хор нема спокој“, ни рекоа дел од станарите во станбената зграда во близина на „браната на Отиња“ на архитектот од Звегор. Оваа брана стана за потсмев на штипјани зашто во неа се акумилира На почетокот од мандатот Илчо рече дека брана на Отиња не секаков вид на отпад. Единственото доаѓа во предвид за време на неговиот мандат. Сепак, воден добро во оваа лоша штипска приказна од своите архитектонски небулози тој ни изгради жабарник на е тоа што жабарникот на Илчо е на крајот од градот, а од крекетот на жабите мир немаат дел од крајот од градот па крекетот на жабите луѓето кои живеат во негова близина освен за вработените во ЈП „Исар“ и жителите на две-три поголеми станбени згради и на пет – шест куќи од десната а стартот од мандатот, значи ден дека тој нема намера да гради страна на реката, за други не причинува пред четири години, градоначал- брана на Отиња, нешто што е четири- проблем. никот Илчо Захариев беше деци- децениски сон и барање на штипјани.

Жабарникот на Илчо

Н

Штипјани со силна поддршка на децата со посебни потреби

З

а само три часа над 2.000 граѓани на Штип го дадоа својот потпис за измена на Законот за деца со посебни потреби. На градскиот плоштад, во две книги, голем број граѓани на гра-

дот под Исарот, со своите постписи, се придружија на родителите кои имаат деца со посебни потреби, со цел да се донесат измени во законите за нив. „Овие деца го заслужуваат нашето внимание, заслужуваат посебен третман од државата кој ќе се регулира со закон кој ќе им помогне полесно да пловат низ животот. Не се двоумев, дојдов и го дадов својот потпис за измена на Законот за деца со посебни потреби“, ни изјави младата Слободанка Андонова. Акција тргна од главниот град на државата. Синоќа, во „Жена парк“, родители на деца со посебни потреби

поставија шатори и во нив ја поминаа ноќта. Изутринава од 10 часот, во Скопје и во повеќе други градови започна акцијата за собирање на 10.000 потписи за барањето на родителите и граѓаните да може да влезе во собраниска процедура. Во Штип, на Градскиот плоштад, потписи ќе се собираат до 18 часот. Потребно е да се понесе лична карта.


[tipski Glas, Maj, 2017 br. 71

21

ГРАДОТ

Помоли се, запали свеќа за спас па во сала на операција На влезот од Клиничката болница се гради капела која ќе биде готова многу време пред новата болница...

Н

а влезот од Клиничката болница во Штип се гради верски објект - капела. Капелата е наменета за верските потреби на болните кои (ќе) се лекуваат во оваа регионална здравствена институција. Таа се гради во исто време кога се гради и новата клиничка болница.

Но, како што сега стојат работите, сосема е сигурно дека верскиот објект ќе биде изграден многу порано од здравствениот. Капелата е донација на шведската невладина институција Хентил Хил која вакви и други објекти донира во повеќе држави во светот.

Според информациите кои ги имаме новиот верски објект ќе биде готов до есента, оваа година. Црквичката се гради на локација за кога ќе се влезе во кругот на болницата да не може, а да не биде забележена. Па сега тука има едно крупно прашање: дали секој кој ќе има потреби од здравствени интервенции прво ќе му се помоли на Господ Бог, а дури потоа ќе влезе во салата за интервенции? Со оглед на состојбата во која се

наоѓа нашето државно здравство, во кое спаѓа и нашата Клиничка болница (тука не ги вбројуваме најголемиот број на доктори, сестри, болнички персонал туку само условите во болницата) народот нема на што друго да се потпре освен на Господ Бог. А тоа ќе биде така се додека нашето здравство не ги допре барем минималните светски и цивилизациски стандарди.

Големи сообраќајни гужви кај мостот Брилијант •Во времето од 13 до 13,45 часот, секој работен ден, во овој дел од центарот на Штип постојано има сообраќајни проблеми, а сообраќајна полиција нема за квалитетно да го регулира протокот на возила.

С

екој ден од 13 до 13,45 часот, кај мостот Брилијант спроти Стопанска банка, се создава голем сообраќаен метеж. Моторни возила на мостот и на улиците од двете страни на реката Отиња стојат закочени и по половина час. Возачите почесто ги губат нервите, а сообраќајна полиција нема да го регулира протокот на возила. Факт е дека на овој простор по

кој минуваат и возилата на итната медицинска помош од сите соседни градови за да стасат до Клиничката болница сообраќајот е со најголем интензитет токму во ова време. Кога таму само еден час би имало сообраќајна полиција за квалитетно да го регулира сообраќајот проблеми не би имало. Метежот во тој период е најго-

лем бидејќи тогаш завршува првата смена во основните и во средните училишта лоцирани на овој потег, поради што бројни родители со своите возила чекаат да си ги земат децата, а во тоа време најмногу работа се отвора и за такси возилата. Проблемот е тука, го регистриравме и со фотографии, решение за него секако дека постои.


22

КУЛТУРА

[tipski Glas, Maj, 2017 br. 71

Самоников со ново поетско дело Благој Самоников е следбеник на Ацо Шопов, претставник на штипската поетска школа, еден од најголемите македонски поети, а неговата нова поетска книга е врвна, зрела поезија која доаѓа од врвен поет, рече промотовор проф.д-р Венко Андоновски

П

о повод 35 години од смртта на големиот македонски ревлуционер и поет Ацо Шопов, во неговата спомен соба, во Домот на културата кој го носи неговото име, пред бројна публика, беше промовирана новата поетска книга на познатиот поет, раскажувач и драматург Благој Самоников. Беше тоа еден преубав културен настан проследен од, за вакви прилики бројна публика која ужива во песните на Самоников. Тој е единствениот автор кој живее и твори во Штип, а е добитник на наградата „Ацо Шопов“ за најдобра книга поезија за 2010 година за книгата „Неизносена ведрина“.. Посебно инспириран беше промоторот, проф.д-р Венко Андоновски, кој го нарече Самоников голем македонски поет, следбеник на Ацо Шопов.

знаеме.“, посочи промоторот Андоновски. Ова е 17 книга на Самоников, а 12 негово поетско печатено дело. Тој за Штипски глас вели дека ноќта е единственото време кога градот (Штип.н.з.) потонува во тишината, а тој останува сам со себе и со авторите од неговите бројни книги сместени на рафтовите од полиците во неговата работна соба. „Наредниот ден, рано наутро, онака „на трезно“, кога ќе замине творечкиот занес се префрлам на лектура и корекции на напишаното.“, ни изјави Самоников, Тој нагласува дека поетот не пишува за пари, уште помалку за слава, тој пишува за да исфрли нешто од себе, нешто што го притиска и пече. Како што во една своја знаменита песна пееше знаменитиот Ацо Шопов:

Благој Самоников со неговото најново поетско дело

Ако носиш нешто неизречено Нешто што те притиска и пече Закопај го длабоко во тишината Тишината сама ќе го рече

Проф. д-р Венко Андоновски со инспиративна анализа на делото на поетот

„Во најновото поетско дело, книгата „Непроѕирна светлина“ поетот се води по патеката на непознатото, а тоа е всушност патеката на создавањето. Чест ми е што по повод 35 годишнината од смртта на големиот Ацо Шопов имам можност да промовирам поет кој го сведува светот на неговата светлина. Зашто тоа воопшто не е лесна работа, тоа е макотрпна работа бидејќи поезијата пред се и над се е обожување на светот“, рече Андоновски. Андоновски нагласи дека светот мора да се упрости преку поезијата. – „Ние мислиме дека знаеме што е светот, но сите ние во себе го носиме стравот дека токму тоа е она кое не го

Самоников вели дека авторот треба да има моќ да го протолкува говорот на тишината. Вели дека и во неговиот живот имало малку моменти на ведрина но за жал многу од тие моменти останале неизнесени. „Непроѕирна светлина“ не е загатка. Таа е непобитна вистина зашто кога собата е мрачна палиме светилка и гледаме што има во неа. Кога ноќта е темна, без ѕвезди и месечина на земјата не се гледа што има. Но кога в зори ќе огрее сонце се гледа што имало од онаа страна на темнината, но ние никако не можеме да продреме од онаа страна на светлината за да откриеме што таму има. А тоа е таа вечна провокација на секој автор, на секој уметник“, појаснува Самоников. Според авторот, ако секој човек во себе ја негува убавината како начело на своето поведение и однесување тогаш сигурно ќе нема војни и страдања на луѓето. Песни од најновата книга поезија на Самоников читаше актерот Страшко Милошевски, а убав вовед во целокупноста на културниот настан

Актерот Страшко Милошевски читаше песни од најновото дело на Самоников

Ако секој човек во себе ја негува убавината како начело на своето поведение и однесување тогаш сигурно ќе нема војни и страдања на луѓето. даде писателот м-р Трајче Кацаров. Познатиот актер Страшко Милошевски извонредно читаше песни од најновото поетско дело на Благој Самоников, а преубава, инспиративна увертира во целокупноста на прекрасниот културен настан даде драматургот Трајче Кацаров. (и.б.)


[tipski Glas, Maj, 2017 br. 71

КУЛТУРА

Дуото „Грациозо“ настапи во Мароко

К

ласичното дуо Грациозо, д-р Невенка Дуковска (пијано) и м-р Кристина Палија (сопран) по втор пат настапија на сцените низ Мароко, но овој пат во „културна мисија“ за презентација на македонското современо музичко творештво. Пред бројната публика во три града тие имаа самостојни концерти на кои изведоа композиции од македонската современа културна ризница. На нивниот репретоар беа застапени делата на Зографски, Скаловски, Голабовски, Прокопиев, Иванов и др. Настапите на нашите уметнички беа во рамките на Фестивалот ENTRERRITMOS кој по шести пат се одржа во месеците април и мај. Тоа е Меѓународен фестивал на културната разноликост, а има за цел да ја претстави културата за мир и соживот помеѓу различните народи. Годинава на овој фестивал учествуваа над 200 учесници, а свој прилог дадоа и културни и образовни делегации од десет земји. Паралелно со музичките и уметнички изведби, фести-

Во два дена два концерти пред исполнета сала и близу 1.500 посетители. КУД „Ристо Донев – Учителот“ уште еднаш докажа дека е културен магнет за штипјани

К

онцертната сезона КУД „Ристо Донев – Учителот“ ја отвори со два едноподруго големи концерти во Домот на култура „Ацо Шопов“ кои ги проследија над 1.500 штипјани. Сезоната е отворена со концерти одржани на 17 и 18 март, по повод Денот на пролетта и познатиот празник Четрсе. „Сезоната ја отвораме на ваков начин трет пат последователно. Гостин ни беше и КУД „Живинце“ од БИХ. Настапија и интерпретатори на народни изворни песни од Штип и на познатите босански севдалинки кои на сцената ги донесоа членовите на КУД од Живинце. Мислам дека публиката уживаше, за што потврда беа

долготрајните аплаузи и исполнетата голема сала на двата концерти во двете посебни ноќи“, вели Благој Донев, претседател на штипското КУД.

23 Дуото кое го сочинуваат д-р Невенка Дуковска (пијано) и м-р Кристина Палија (сопран) по втор пат настапија на сцените низ Мароко

валот организираше работилници, семинари и тематски состаноци на кои беа разгледувани современи прашања во врска со материјалните и нематеријалните наследства, животната средина и човековите права. Филозофијата на фестивалот е да се посвети внимание на одржливиот развој на социјалната работа, како и промоцијата на паралелната дипломатија, која игра улога во комуникацијата со народите на земјата и промовирањето на цивилизацијата и историјата на Мароко.

Два последователни концерти на КУД „Ристо Донев-Учителот“

Концертите на КУД „Ристо Донев - учителот“ секогаш се магнет за Штипјани

Нашето кулурно уметничко друштво годинава има план да гостува во Србија, БИХ и Бугарија, а на крајот од школската година, како што налага традицијата, да одржи и два годишни концерти во Штип.

„Примарна задача на нашето КУД е да ја негува и промовира националната фолклорна култура дома и во странство. Радосни сме поради сознанието дека секоја година ни пристапуваат се поголем број главно млади луѓе кои го почитуваат националниот фолклор. Во моментов имаме 150 членови и

добри услови за работа во Домот на култура „Ацо Шопов“. Имаме членови од пионери до пензионери, а тоа ни дава за право да се кажеме дека за иднината на друштвото и за презентација на нашиот фолклор нема зима“, вели Донев.


24

СПОРТ

ПРВА ШТИПЈАНКА СО МЕДАЛ ОД ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО Јована Георгиева ја испишува спортската историја на градот Георгиева освои бронзен медал во карате на ЕП во Турција

Ш

типјанката Јована Георгиева, членка на КК Македонка и на репрезентацијата на Македонија во карате, на ЕП во Коџаели, Турција, 4-8 мај, го освои бронзенот медал во категоријата до 55 килограми. Таа на ЕП во Турција во борбата за третото место ја победи Французинката Емили Туј. Средбата заврши 1-1, но со оглед на тоа што Георгиева прва освои поен, таа беше прогласена за победник во средбата и носител на бронзениот медал.

Јована Георгиева се нареди меѓу спортските великани на Штип и Македонија. Со оглед што каратето е олимписки спорт, веројатно Јована Георгиева ќе добие и државна спортска пензија.. Георгиева е првата штипјанка во историјата на штипскот спорт- карате, која е носител на медал од ЕП. Медали од ЕП -карате, мажи досега освојувале и Емил Павлов, кој стана европски шампион во категоријата до 60 килограми, 2014 година во Тампере, Финска, бронзен медал на ЕП во Монпеље , Франција 2016, како и Сашко и Жарко Арсовски, сите членови на КК Штип

[tipski Glas, Maj, 2017 br. 71

„МАКЕДОНСКИ БИСЕР“ ГОДИНАВА ВО ШТИП ОД 9 - 11 ЈУНИ

Се најавува учество на сто борачи

П

о третпат во својата боречка историја, Штип ќе биде домаќин на најголемата боречка манифестација во Македонија, „Македонскиот бисер“. Таа се одржа во Штип во 1993, 2010 а ќе се одржи и во тековната 2017 година. „Се е подготвено за оваа голема спортска манифестација. Во Штип ќе дојдат најдобрите европски борачи, од Турција, Бугарија, Украина, Русија, Молдавија... „Македонскиот бисер“ ќе биде филтер за Светското првенство кое во месец август годинава ќе се одржи во Париз, Франција. Од македонските борачи ќе настапат Нуров, Егоров, Сејфулаху, а по подолга пауза и Дејан Митров од Балканец. Верувам дека ќе бидеме добри организатори на оваа манифеставија. Исто така, во Штип ќе промовираме и млади боречки судии, кои ќе судат на „Бисерот“, истакнува потпретседателот на ФБСМ, Дејан Богданов, поранешен боречки ас. Средбите ќе се одржат во спортската сала „Јордан Мијалков“.

Штипјани предводници на боксот во МАКЕДОНИЈА

Пинк Пантер, учесник во Регионалната боксерска лига Во Регионалната лига учествуваат 7 екипи од Македонија, Хрватска, Србија и БИХ

В

о Штип, 2015 година, се формира уште еден боксерски клуб. Тоа е „Пинк Пантер“. Овој клуб го водат Илија Младеновски, како претседател и Димитар Ташков, како директор и боксер. Илија Младеновски е поранешен боксер на „ „Баргала“ и. боксерски судија, Димитар Ташков е исто така екс боксер на „Баргала“ Тренираат во просториите на Здружението на пензионерите во Штип. Илија Младеновски истакнува дека имаат коректна соработка со БК „Баргала“. Истото го тврди и тренерот на „Баргала“, Петар Чурлиновски, селектор на македонската репрезентација, кој им беше тренер на Димитар Ташков и на Илија Младеновски.. Инаку, Илија Младеновски е претседател на Пинк Пантер. Тој е и потпретседател и на УО на Регионалната

боксерска лига, во која се натпреваруваат 7 екипи од четири поранешните ЈУ држави: Македонија, БИХ, Србија и Хрватска. Македонската екипа Пинк Пантер од Штип е составена од најдобрите боксери во Македонија, Пинк Пантер, Аперкат и Пелистер. Првенството почна на 5 март 2017 година. Во првото коло Пинк ПАНТЕР се сретна со Војводина –Спартак од Србија. Гостите од Србија победија со 10-6.Средбата се одржа во спортската сала „ Јордан Мијалков“ во Штип. Во Штип, на 7 април 2017 година, во рамките на Регионалната балканска лига, гостуваше европскиот првак Сесвете од Загреб. Се сретна со Пинк ПАНТЕР. Победи Сесвете со 12-4.


[tipski Glas, Maj, 2017 br. 71

Во БИХ Балкан опен во кик бокс

25

СПОРТ ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ЗА СЕНИОРИ ВО ПИНГ ПОНГ

Петар Костовски – шампион Јована Арсова со две титули најдобра на Балканот

В

о БИХ , во градот Тешањ, се одржа Балканскиот куп- „Балкан опен“. Штипски Гладијатор се врати со три признанија. Највредното го освои штипјанката Јована Арсова, која во две дисциплини беше најдобра и беше прогласена за тип беше организатор на најдобра натпреварувачка на БАЛДржавното сениорско КАН ОПЕН. За најдобар натпреварупрвенство во пинг понг. вач беше прогласен Димитар Геор- Учествуваа околу 60 пингпонгари. гиев. Најголем успех имаа пингпонарите на УГД. Членот на овој клуб, Трето место освои и Никола Петар Костовски, иако беше еден Нацев, од Гладијатор-Штип. од најмладите учесници на првенството уште еднаш и тоа во сениорска конкуренција, ги потврди

Ш

своите квалитети. Како од шега ги совладуваше проивниците и на крајот стана државен сениорски првак на Македонија. „Не беше лесно да се дојде до титулата. Оваа титула ми е е една од најдрагите, бидјќи конкуренцијата беше силна.. Упатувам благодарност и до Универзитетот Гоце Делчев, кој покажа како треба да се помага спортот. По заслуга на Универзитетот, Штип станува центар на пингпонгот во Македонија...“- ни рече новиоот македонски шампион, Петар Костовски. Инаку, Државното првенство во Штип можеше да се следи и преку Интернет, во живо. Тоа беше вистинска пропаганда и афирмација на пингпонгот во Македонија, , но и на Универзитетот во Штип.

Споменикот во Штип ќе биде откриен на 27 мај Драгослав Шекуларац-Шеки, во избор на Л Екип, најугледниот спортски весник во Европа, е меѓу стоте најдобри светски фудбалери на минатиот век

С

помен обележјето на светски познатиот фудбалер Драгослав Шекуларац, роден штипјанец , ќе биде откриено на 27 мај. Тоа го потврди и авторот на спомен обележјето, познатиот уметник од Штип, Методи Андонов. „Во финална фаза се подготовките за поставување на спомен обележјето во паркот пред Домот на културата во Штип. Се фарбаат потребните елементи. Нозете на Драгослав Шекуларац ќе бидат офарбани во златна боја, што ќе биде асоцијација на „златните нозе“ на Шекуларац. На едната нога ќе има натпис ШЕКИ, а на топката и негов потпис. Ќе има и табла, на која ќе пишува „Овде своите први фудбалски чекори ги почна светски

познатиот фудбалер, Драгослав Шекуларац...“- вели авторот Методи Андонов. Изградбата на спомен обележјето е приватна иницијатива на спонзор од странство, пријател на Шекуларац. Деновиве во Штип претстојуваше екс селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Бошко Ѓуровски, кој истакна дека спомен обележјето ќе биде атракција за сите туристи кои ќе наминуваат во Штип. Монтирањет на елементите на спомен обележјето ќе почне на 23 мај, и се очекува до 25 мај се да биде во најдобар ред. На 27 мај е свеченото откривање на спомен обележјето. Се очекува да го открие некој од познатите фудбалски

легенди на Црвена Ѕвезда. Најавено е дека ветераните на Црвена Ѕвезда и Брегалница на Градскиот стадион истиот ден (27 мај) ќе одиграат и ревијална средба. Во екипата на Црвена Ѕвезда ќе се појави и Драгослав Шекуларац, кој токму во Штип официјално се прости од активното играње, на 20 септември 1978 година, во присуство на 12 илјади гледачи на Градскиот стадион. За гостите од Белград, главниот спонзор, резервира 30 соби во Штип. Страницата ја подготви: Кирил Манев


26

РАЗОНОДА СУДО К У

Броевите од 1 до 9 впишете ги во блоковите со големина 3 x 3 полиња (врамени со здебелени линии), така да секој број може да се најде само еднаш во водоравната или хоризонталната насока

СКРИВАЛКА треба да пронајдете два скриени предмети

[tipski Glas, Maj, 2017 br. 71


[tipski Glas, Maj, 2017 br. 71

TR-MR ov -Mi Re k e ~e R i T

27

РАЗОНОДА ЅВОНО Илчо даде 10.000 евра за ѕвоно за црква. Го направи тоа откако поповите му порачаа дека оваа власт ни била дадена од Бога. Сега кога повеќе ја немаме власта „дадена од Бога“ очекуваме Илчо да си ги побара народните пари назад Кога веќе и Бог се откажал од неговата власт... ПОТПИС На плоштадот голем број штипјани го дадоа својот потпис за посебен закон за децата со посебни потреби. Нарцисот не се потпиша. Тој сите свои потреби си ги обезбеди како градоначалник. Да се бави со потребите на другите Илчо нема време. РЕБРА На улиците во градот кои Илчо Нарцисот ги лакираше минатата година се појавија ребра. нешто слабо ги „нахранил“ Илчо нашите улици со асфалт. Каде отишла „храната“ ќе откриваат некои ревизори...

Razmisluva: Iv. BOJ

РЕЗУЛТАТ Брегалница испаѓа од елитното фудбалско друштво, а Илчо даде 300.000 евра. Да дадеше Илчо милион евра Брегалница можеше и да се расформира. Само не му текна. Толку од неговата „успешност“.

ВИЦОТЕКА Издавач: Ив Ан Принт 16 - Штип Излегува – еднаш месечно Првиот број излезе во месец април, 2009 година Редакција: Иван Бојаџиски, главен и одговорен уредник Кирил Манев, уредник на спорт Маре Стоилова, уредник на колумни Јорданчо Бојаџиски, технички уредник Седиште на редакцијата: 2000-Штип, ул. „Страшо Пинџур“-2 Денарска сметка: ТТК банка 290000001875546 Даночен број: 4029016517952 Годишна претплата – 180 денари Печати: печатница „Генекс“-Кочани Ракописи и фотографии не се враќаат За Штипски глас се плаќа повластена даночна стапка од 5%

ПОЛИЦАЕЦ

Ако имаш намера да насмееш полицаец во петокот кажи му виц во средата.

РУСОКОСИ (1) Разговараат две русокоси. -Го гледам календарот за оваа година па констатирав дека оваа Нова година се паѓа во петок, појаснила првата русокоса. -Убаво, само да не биде во петок тринаесетти, ќе биде страшно, рекла втората русокоса. ПРБОБЛЕМ

Македонец бил оженет со влаинка. Имале син во тинеџерски години. Еден ден синот го прашал татка си: -Тато, што сум јас, македонец или влав? - Зошто е тоа важно сине? -Па еден човек сака да ми продаде мобилен, ако сум влав да се ценкам, ако сум македонец да му го здиплам....

РУСОКОСИ (2)

Разговор на две русокоси: Првата: - Каде си родена ма ти? -Дома, а ти? -Јас во болница? -Што, зарем не ти беше добро?


28

РЕКЛАМА

[tipski Glas, Maj, 2017 br. 71


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Stipski glas 71 by Jole Boja - Issuu