Skip to main content

Stipski Glas 107

Page 1

ЗУЈИЦА АНГЕЛОВА, НОВ РАКОВОДИТЕЛ НА ЦЕНТАРОТ ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН

Придонесуваме регионот да стане поубаво место за живеење Интервју со д-р МИХАИЛ ДАНЕВ, на кое Штип чека цели 35 години

И денес да имам таква можност пак би постапил исто

● Проф.д-р Михаил Данев, во штипската историја останува

забележан како личност со најдолг стаж како претседател на Општина Штип, тој беше и прв човек на штипските комунисти, генерален директор на ЗИК „Црвена Ѕвезда“. Во интервјуто говори за се добро што е направено во тоа „негово“ време, но открива и досега непознатите моменти од бурниот период кога се случија самубиството на Михаило Нетков, најголемиот бунт на работниците во „Македонка“ и „Случајот Самоников“, обидот за отстранување на голем број стопански раководители, битката помеѓу „селската“ и „градската“ струја...

Никола Мицевски, спортски судија на 2020 година

Донче и Наташа ни докажуваа како се сака Штип

Благодарение на УГД одбојката во Штип се враќа на сцена


2

N

В

Од мој агол

За демократијата, за водата и за демагогијата Иван Бојаџиски

одата која ја пиеме, со која одржуваме хигиена, ги вадиме нашите дворови, готвиме и слично на тоа е тема со која беше окупирана штипската јавност во текот на овој месец. Прво беше зголемувањето на цената за што одлука донесе Советот на Општина Штип. Тоа е последната седница во минатата година кога советниците од опозицијата решија да ја напуштата таа света јавна сцена, зашто не сакале да учествуваат во носење одлука за зголемување на цената за нешто помалку од 18,5 денари просечно месечно по домакинство, што на годишно ниво е сума од 220 денари. Демагошката постапка на опозициските советници лесно се разоткрива зашто неколкумина од нив беа советници во Општинскиот совет и во 2011 година. Тоа е година кога Советот донесе одлука за најголемо покачување на цената на водата во историјата на градот, покачување за цели 39 проценти. Тогаш тие беа мнозинство во локалниот парламент, кренаа два прста за одлуката која значеше шестпати поголемо зголемување на ресурсот без кој нема живот. Тогаш никој од нив не ја напушти салата, не се откажа од говорницата и од микрофонот, туку со пламени говори ја бранеше таквата одлука. Одлука која значеше годишно оптоварување на семејните буџети за 1.272 денари. Демагогијата секогаш за резултат носела нови порази на секое ниво. Затоа тука сакам да споделам едно искуство од почетоците на осамостојувањето на нашата држава, кога една демагошка парола уништи систем за наводнување чија проценета вредност денес е 2,5 милијарди евра. Милијарди, не милиони, не е грешка. Имено, во тоа време се раѓаа многу организации, од кои најголемиот дел се титулираа како „заштитници“ на граѓаните. Во тие и такви услови се роди и некаков Самостоен земјоделски синдикат. Нивниот тогашен лидер ги повика земјоделците во нашиот регион да не плаќаат за водата која до нивните ниви им ја доставуваат вработените во водостопанство „Брегалница“. Синдикалниот лидер на земјоделците им појасни дека водата била дар од Бога и затоа не требало да се плаќа. И, земјоделците радосни дека некој води „грижа“ за нив престанаа со плаќање. Го направија тоа бидејќи нивниот лидер не им кажа дека тристотини работници во водостопанство „Брегалница“ работат за нивните ниви да имаат вода и да дадат квалитеен и богат род, и дека за својата работа треба да добиваат плата. А не им кажа ниту тоа дека еден капацитет од типот на системот кој и денес го имаме чини многу пари и дека неговото одржување во добра кондиција

{tipski Glas, Januari, 2021 br. 107

си бара големи финансиски средства.

Неплаќањето се оддолжи на некои четири-пет години. За тоа време стручњаци од оваа област упорно укажуваа дека земјоделците си ја сечат најдебелата гранка на која седат, но тие си го слушаа својот лидер. И, што добивме како резултат? Добивме пропаѓање на систем кој покрај „Калиманци“, втората по големина брана со акумулативна моќ од 125 милиони кубни метри вода“ има и 131 километар десен и лев магистрален канал и 330 километри каналска мрежа низ плодните ниви од Кочани па се до Кадрифаков во Општина Лозово. Најголемото богатство за земјоделците кое требаше да наводнува 25.000 хектари плодни ниви одеднаш „умре“. Се руинираа сите делови од системот, се крадеа дури и трафостаници од системот при што едно лице плати со својот живот. Канавките од мрежата низ полињата се „приватизираа“ од неодговорни поединци кои си ги носеа дома давајќи им ја улогата на корита за хранење на своите животни! Тоа беше така зашто немаше работници да го чуваат скапоцениот заеднички имот кој можеше да го изгради само голема држава како тогашна Југославија, зашто нашата сегашна држава нема ни случајно финансиски потенцијал за такво нешто. Но, да видиме што добро им донесе тогашната демагошка постапка на синдикалниот лидер. Неговиот повик доведе до тоа наместо 25.000 хектари руинираниот систем денес да наводнува одвај 7.000 до максимум 9.000 хектари. Еден стручњак, кој на времето беше на чело на ВРО „Брегалница“ направи математика според која 63 села кои треба да ги користат водите од овој систем, во просек годишно губат по еден милион евра од нереализирано земјоделско производство токму поради тоа што водата не може да стигне до сите нивни ниви. За 20 години тоа е над 1,2 милијарди евра загуба, која државата ја компензира со редовни годишни субвенции на земјоделците. И тогашниот земјоделски лидер беше од редовите на ВМРО ДПМНЕ, партија чии штипски советници ја напуштија седницата зашто не сакале да учествуваат во гласање за зголемување на цената на водата за пиење од штипскиот водовод. Видовме каков резултат даде една ваква „грижа“ пред речиси три децении. Белким штипјани нема да си го дозволат тој филм. Денес да не платат 18,5 денари повеќе месечно за вода, за по некоја година да констатираат дека системот не е во кондиција да им испорачува вода во секое време,а па да мора да плаќаат неколкукратно поголеми суми.


{tipski Glas, Januari, 2021 br. 107

РАЗГОВОР

Придонесуваме регионот да стане поубаво место за живеење Зујица АНГЕЛОВА, нов раководител на Центарот за развој на Источен плански регион

З

ујица Ангелова е новиот раководител на Центарот за развој на Источниот плански регион. Има 38 години, по потекло е од Виница живеe во Кочани. Таа е дипломиран политиколог, насока Локална самоуправа, политички систем и парламентарно право при Универзитет „Кирил и Методиј” – Скопје, Правен факултет „Јустинијан I”. Во Центарот за развој на Источен плански регион е од првиот ден на неговото екипирање, односно цели 12 години. Зујица, честитки за изборот, за пошироката јавност да ни дадете информација колку вработени има во Центарот и дали во однос на кадарот имете се што Ви е потребно за квалитетно извршување на одговорната задача. Во моментот во Центарот има шест лица вработени во редовен работен однос и две лица ангажирани на тековни проекти на определно време. Центарот е екипиран со квалитетен кадар од самиот почеток, a тимот во Центарот со своето знаење и капацитет максимално посветено изработува и реализира проекти кои придонесуваат за поголеми бенефити на целото население во регионот. Имајќи во предвид дека во наредниот период ќе се отворат нови Програми финансирани од Европските фондови, очекувам во иднина и зголемување на бројот на вработени така што соодветно би го зголемиле и опсегот и обемот на работа. Пред почетокот на секоја нова календарска година се носи планот за работа за наредната година. Дли такво нешто е направено за 2021 година? На деветнаесеттата седница на Советот за развој на Источен плански регион одржана на 28 декември минатата година се донесе, годишниот акционен план за 2021 година, што е наша законска обврска согласно Законот за рамномерен регионален развој. Годишниот акционен план за 2021 година за спроведување на Програмата за развој на Источен плански регион 2020-2024 година ги содржи сите неопходни оперативни чекори за спроведување на приоритетите и целите како и финансиска рамка која треба да биде покриена од буџетски средства од Програмата за рамномерен регионален развој, средства од Програмите на линиските министерства за регионален развој, средства од претпристапните фондови на ЕУ и од останати програми и донатори. Во акциониот план за 2021 година се влезени проекти кои се фаза на реализација, веќе аплицирани предлогпроекти за кои очекуваме одобрување како и предлогпроекти кои планираме да бидат разработени во тековната година. Дали, од досегашно искуство цените дека секој од градоначалниците гледа да „заграби“ што повеќе проекти за својата општина? Источниот регион, Советот за развој на Источен плански регион сите одлуки ги донесува со консензус, едногласно. Во однос на тоа какви проекти ќе се спроведуваат и кои општини ќе бидат вклучени, се води процес и се започнува уште во фазата на изработка на петгодишниот плански документ, Програмата. Регионалниот развој е базиран на bоttom up пристап, а последниве години и идентификацијата на тоа какви предлог-проекти ќе се подготвуваат и финансираат се одвива преку процес „форуми на заедницата” така што во ниту еден случај поимот „зграби” не е при-

3

сутен кај нас. Низ какви дебати доаѓате до она кое им е важно на граѓаните во регионот? Учествува ли во тие дебати и невладиниот сектор, и други институции надвор од Советот на ИПР? Центарот е институција од „отворен” тип во секое време сме отворени за предлози од заедницата, од сите чинители во регионот. Последниве години работиме по концептот на „регионални форуми на заедницата” што се покажа како многу корисна алатка за идентификација, приоретизирање и подготовка на проекти, во кои се вклучени претставници од јавни и образовни институции, приватен и невладин сектор и останати заинтересирани страни. Преку серија од настани, прво се идентификуваат клучни проблеми и потреби во одредени области, за да потоа се бара и понуди решенија за истите, на крај се прави приоритетна листа на предлог-проекти, истата се презентира пред Советот за развој на Источен плански регион, кој донесува конечна одлука, но Советот секогаш во предвид го зема и почитува мислењето на учесниците на форумот. Кои се приоритетните проекти за тековната година? Во кои сегменти се тие? Согласно мислењето на населението, низ процес на интензивна комуникација и соработка со општините, како приоритетни проекти за 2021 година се идентификувани: Изградба на Градски пазар во Делчево; осветлување на дел од магистрален пат А3 во општина Македонска Каменица; доуредување на регионален културно-туристички комплекс Лесново со завршување на системот за одведување на отпадни води; реконструкција на пристапен пат во Туристичката населба Беровско езеро и збогатување на содржините за рекреација преку реконструкција на смарт и авантуристички паркови во општините Штип и Кочани. Во делот на заштита и промоција на археолошкото и културното наследство оваа година ќе се заокружи Реконструкцијата на културниот дом во Виница, се завршува конзервацијата и пристапната патека до средновековната црква „Свети Власие“ на археолошкиот локалитет Исар а пред само неколку дена се заврши и реконструкцијата на Мултикултурниот Центар во Кочани. За да се набројат сите проекти потребен е поголем простор во весникот, повеќе информации може читателите да најдат на нашата веб страна www.eastregion.mk

Мислам дека Швајцарија досега е најголемиот донатор на проекти реализирани во ИПР? Република Швајцарија, преку Амбасадата на Република Швајцарија и швајцарската Агенција за развој и соработка во Република Македонија се најголеми донатори во нашиот регион и нивната поддршка во моментот се реализира преку три програми, како што е Програмата за зачувување на природата, Проектот за управување со речниот слив на река Брегалница и проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, кој е поддржан и од Министерството за локална самоуправа.


4

ИНТЕРВЈУ

Мега интервју на кое Штип чека цели 35 години

{tipski Glas, Januari, 2021 br. 107

Михаил ДАНЕВ, носител на орденот „Свети Николе“, најважната политичка фигура во Штип во периодот на седумдесеттите и одумдесеттите години од минатиот век:

И денес да имам таква можност пак би постапил исто Проф.д-р Михаил Данев, во штипската историја останува забележан како личност со најдолг стаж како претседател на Општина Штип, тој беше и прв човек на штипските комунисти, генерален директор на ЗИК „Црвена Ѕвезда“. Во интервјуто говори за се добро што е направено во тоа „негово“ време, но открива и досега непознатите моменти од бурниот период кога се случија самубиството на Михаило Нетков, најголемиот бунт на работниците во „Македонка“ и „Случајот Самоников“, обидот за отстранување на голем број стопански раководители, битката помеѓу „селската“ и „градската“ струја...

Г

-дин Данев, нашите честитики за орденот „Свети Никола“. Нашето прво прашање е: кога ќе се спомне Штип на што прво помислувате. И второ, како ја примивте информацијата дека тогашниот в.д. градоначалник Јане Миланов одлучи орденот „Свети Никола“ да Ви го додели токму Вам?? -Кога некој ќе ми го спомене Штип се потсетувам на убав семеен живот исполнет со топлина, пријателства и контакти, на енергична работа и ангажман со голема посветеност. Во однос на вториот дел од прашањето ќе кажам дека веста за моето одликување ја примив со големо задоволство. Ми се јави в.д. градоначалникот Јане Миланов, а во истиот ден ми се јави и новоизбраниот градоначалник Д-р Сашко Николов, и двајцата соопштувајќи ми ја за мене убавата вест. Бев пријатно изненаден, се разбира особено почестен и благодарен што градот и општината не заборавиле дека над една деценија од мојот работен век сум се вложил и дека посветено, лично и колективно сум дал допринес во изградбата, соработката и афирмацијата на Штип и Општината. Дали, од она кое го видовте и од она кое го знаете за градот, Штип се менува? Ако се менува дали е тоа на подобро или.. Штип го сакам. Штип е мојот град и со него ме поврзуваат многу емоции и спомени. Анализирајќи од оваа перспектива очекувам енергично и динамично развивање на градот, а за годините наназад би можел да констатирам дека посебно сум среќен што е уредена реката Отиња, што отсекогаш ми сметаше затоа што често го саниравме коритото по обилни врнежи но тоа не беше соодветно решение и даваше лоша слика за градот. Ми фали тоа што не се продолжи хортикултурното уредување на Исарот. Посебно тешко ми паѓа замреноста на спортот во општината. Само да потсетам дека во Штип од секогаш биле развиени сите спортови. Така на пример, екипата на јуниори на ДТВ Партизан своевремено го освои првото место во Југославија во Ма-

рибор. Резултатите на Брегалница во втора сојузна лига и во Купот на Југославија се евидентни. За борењето во слободен и грчко римски стил и да не зборуваме, дури имавме наши учесници и на Олимпијадите. Во градот беше активна кошарката, одбојката, ракометот, пинг-понгот, па Штип (покрај Охрид, Струга и Скопје) имаше ватерполо клуб и учествуваше на натпревари во пливање. Не случајно кај нас во 1978 година беше одржано и Југословенското првенство во пливање за постари пионери и пионерки. Во чест на денот на ослободувањето на градот, секоја година се одржуваше Меѓународен шаховски турини... Во објавата зашто токму на вас ви се доделува највисокото признание в.д. градоначалникот Миланов наброи четири големи објекти од значење за Штип и штипјани кои се изградени во времето кога Вие бевте претседател на Општината Штип во два мандата 19741982 година. На кои други убави работи се сеќавате од т.н. “ваше време“?. Голем број објекти се изградени во тој период, иако се разбира не е тоа само мое дело. Покрај споменатите: зградата на СО Штип, домот на културата „Ацо Шопов“ и Домот на ЈНА, библиотеката „Гоце Делчев“, тогаш депозитна матична библиотека, здравниот дом „Проф. Панче Карагозов“, Државниот архив на РМ за Општините од источна Македонија, Општинскиот суд, пинерскиот дом “Вита Поп Јорданова“, поштата во населбата „8 ноември“, ЕМУЦ „Коле Нехтенин“, Здружението на возачи, Меѓуопштинскиот затвор, педијатриското и инфективното одделение во Медицински центар, три детски градинки (Ново Село, Добиточен пазар и Астибо). На 06 април 1976 година со предавање во употреба на новоизградените рени бунари, градот се обезбеди со доволен капацитет на вода за пиење. Предадена е во употреба првата фаза на патот-источна магистрала од Миладиновци-Штип и тоа до Кадрифаково со заобиколниците кон Кочани и Радовиш. Патот на планината Плачковица кој е изграден со сојузни младински акции. Се доизгради


{tipski Glas, Januari, 2021 br. 107

ИНТЕРВЈУ

трговскиот центар кој со години беше стопиран, што го градеше центарот на градот. Реконструирани се сите одделенија на медицинскиот центар, Народниот театар (првата претстава во реконстриираниот театар се одржа на 08 ноември 1978), исто така реконструирана е зградата на Гиманазијата „Сл. Стојменски“, Средното музичко училиште. Даден е во употреба модернизираниот плоштад со фонтана Слобода. Изградени се мостови кај градската црква и кај Ново Село со што се насочни патничкиот сообраќај покрај реката Брегалница, наместо низ центарот на населбата, што дотогаш беше случај. Се изградија и неколку водоводи во селата: Радање, Драгоево, Карбинци, Чардаклија, Три Чешми, Долани, Таринци, Долни Балван, Долани, потоа патишта до селата Лесковица со мост на реката Крива Лакавица, Балван-Таринци со мост на реката Брегалница, до с. Софилари со мост на реката Крива Лакавица, пат до Долани, патот, електрификацијата и изградбата на школо во с. Кучицата, здравствена станица за потребите на населението од Лакавичкиот реон. Изградени се четири бензиски пумпи. Да го споменам и откривањето на споменикот на паднатите борци на Исарот, дело на академик, Проф. Богдан Богдановиќ од Белград, отпочнувањето на хортикултурното уредување на Спомен-паркот на

5

а беа отворени Рударско-геолошки и Економски факултет. Жалите ли за нешто што во тој период додека бевте највлијателна личност во градот, а тој период небеше временски мал, што не го направивте, а била насушна потреба на Штип и штипјани? Најтешко ми паѓа што не успеавме Штип да изгради Универзалната спортска сала со капацитет од 3.500-4.000 седишта. Проектот беше пред реализација и тоа скоро идентичен на спортската сала во Куманово. Имено, ГП Пелагонија Скопје и Искра од Куманово ги подготвиле сите елементи за монтирање на сала во Р. Србија, но бидејќи директорите Мустафа Амитов и Томе Крал немаа сигурност во финансиската конструкција на тамошниот инвеститор предлагаа да се изградат во Штип, со прифатлива и изводлива динамика за плаќање од страна на Општината и Републиката. Но локацијата за салата беше до крај исполитизрана (се предлагаше да се руши фабриката Мебел!) така да идејата за жал мораше да пропадна. Со изградба на неколку сали во состав на училиштата, со релативно мал број на посетители настојувавме да го ублажиме проблемот од недостаток на голема сала, но се разбира дека на Штип, од многу аспекти, посебно како универзитетски центар му е неопходно да има сала со голем капацитет.

БЕШЕ ЛЕСНО...Во тоа, како што го викате вие „мое време“ беше лесно да се биде претседател на Општина во која со сосема мали и ретки исклучоци немаше загуби, а речиси од секоја фамилија работеа по најмалку двајца членови. Тогаш, со политички акции не се дозволуваше факултетски образовани лица да бидат подолг временски период на евиденција на Заводот за вработување... Исарот, според проектот на проф. Драган Шојлевски. Интензивно се вршеа археолошки истражувања на Баргала, под раководството на археолог академик Блага Алексова. Свечено е отворена спомен куќата на народниот херој Славчо Стојменски. Беше организирана и трајна поставка на Галерија на икони во женскиот дел на црквата во Ново Село. Во тие години беше и пошумувањето на Општината со по околу 600 хектари годишно, со што бевме меѓу првите општини во РМ. Од тој период е и идејата за водоснабдување на тогашните Општини: Штип, Пробиштип, Св. Николе, Кратово, Кочани и Виница со вода за пиење, но и вода за наводнување и производство на електрична енергија од ХМС Злетовица. Беше анализиран и проблемот на безбедноста на водите од аспект на радиокативност, бидејќи ни беше познато дека во кратовско-злетовскиот базен има наоѓалиште на уран. Со цел да бидеме сигурни да тоа наоѓалиште не е над сливното подрачје на реката Злетовица каде ќе се гради браната, на иницијатива на Генералот Апостолски Михајло, кој тогаш беше Претседател на МАНУ, во Штип организиравме седница со претседателите на академиите од сите Републики и покраините на поранешна Југославија, а во тие рамки организиравме излет на Лесновскиот манастир. Идејата беше да на лице месо од најкомпетентниот научник во тоа време од областа на радиоактивноста во Југославија, претседателот на САНУ академик Павле Савиќ бидеме изворно информирани за евентуалната опсноста од присуство на радионуклеиди во водата. Во тој период требаше да се реализира третиот Универзитет во РМ. Оттука, Падагошката академија прерасна во Педагошки факултет,

Од предвањето во употреба на зградата на Општина Штип (Михо Данев и Киро Глигоров во средината)

Комлексот Кежовица, често беше предмет на договарање и анализа, дури 1976 година се определи одговорно лице задолжено за активностите - Ристо Кадифков, еден од поранешните претседатели во СО Штип, но за жал, како што беше случајот и со другите бањи, односно бањскиот туризам во Републиката, се немаше соодветно разбирање за такво инвестирање, а за давање под концесија на иностран партнер, што како опција се имаше во предвид, во тој период неможеше да стане ни збор. Браната Отиња, таа повеќе децениската желба на штипјани, беше и тогаш актуелна, но не сме издвојувале средства од самопридонес во тој период. Бидејќи со Генералштабот на ЈНА имавме изворедна соработка, од многу причини би ги спомнаа: изградбата на домот на ЈНА; организирањето на Југословенското аерорели во 1976 година кога го оспособивме дотогаш напуштениот спортскиот аеродром; одржаното 33-то спортско првенство на Скопската армиска област 1978 год. кога го целосно го исчистивме отпадот од возилата на дотогашните гаражи на автотранспортното претпријатие Балкан Експрес, што беше непријатна глетка на влезот на градот, односно го реновиравме градскиот базен, изградивме спортски објекти во негова непосредна близина, вклучувајќи го и неопходното уредување на градскиот стадион; во 1979 година се одржа Собир на резервните официри на Југославија во Штип. Собирот беше искористен за збратимување на Штип со Сплит, Повелбата


ИНТЕРВЈУ

6

М. Данев со орденот „Свети Никола“

беше потпишана во Штип на 08 ноември 1980 година, а во Сплит на 18 декември 1980 година; потоа истата година се одржуваат 11 смотри со вежби на екипите на црвен крст на Југославија. Овие соработки, а и да не ги спомнуваме другите активности со ЈНА (патот Штип-Неготино, патишта, посебно сите спомнати мостови надвор од градот, водоводи во Оптината, се изградени со нивно вклучување, па дури на дел од трасата на патот за Плачковица), и беа гаранција дека од страна на Генерал штабот е прифатлива идејата да градиме двонаменска брана на Отиња, која ќе служи за складирање на воени резерви. Но разочарувањето уследи по средбата со стручњаци од оваа областа, а посебно и со членови на МАНУ, на која покрај другите забелешки ни беше посочено дека е неопходно прво да се пошуми целото сливно подрачје кое е мошне големо, во колку сакаме да немаме проблем со наносите од ерозијата. Во договарањата со ЈНА немаше можност да се импровизираат инвестициите. Се сеќавам на разговорите во Белград со генералот на армијата Никола Лубичиќ за нивно вклучување и финансирање во рамките на Дом на културата, како посебен дел дом на ЈНА, пред да даде согласност праша дали е локацијата чиста и дали е во центарот на градот, со напомена дека тој со своите соработници ќе дојде во Штип, што беше небрзо и реализирано. Во тоа “Ваше време“ Штип беше индустриски развиен град, во еден период со 22.500 вработени, имавме големи фабрики Македонка, Астибо, ЗИК Црвена Ѕвезда, Метална, Селена, Прогрес инжинеринг, Југотутун. Го сметате ли тоа време за најсреќно за штипјани или? Секако дека беше лесно да се биде претседател на Општина во која со сосема мали и ретки исклучоци во тој временски период немаше загуби, а скоро од секоја фамилија работеа по најмалку двајца членови, а со политички акции не се дозволуваше факултетски образовани лица да бидат подолг временски период на евиденција во Заводот за вработување. Проблем беше моноструктурата на стопанството, оттука за да се промени структурата, иако тоа не беше лесно бидејќи се инвестираше интензивно и во текстилот (на пример Политекс, Џинс и слично) се изградија и дадоа во употреба неколку капацитети како што се првиот од многуте потоа дислоцирани објекти во РМ на ЕМО од Охрид (се изгради во Штип), во просториите кои биле наменети претходно за фабриката за чевли Газела се активира Агроалумина која работеше во состав на Алумина од Скопје; се инсталира комплетен нов програм за опрема за наводнување на Метална која работеше во состав на МЗ Тито; се изгради Фабриката за сијалици Селена која работеше во состав на Југотутун, се изгради, односно отпочна нов производствен програм во Баргала, се активира погонот на

{tipski Glas, Januari, 2021 br. 107

Опалит од Чишиново за неметали, со припојување на Мебел и погонот за производство на камени коцки Ежово кон ГП Пелагонија се воведоа нови производени линии; изграден е нов погон на Реплек. Имаше еден период кога во една петолетка се изградени 460 станови за работниците, тогаш бевме втор по солидарност град во Југославија, дали Штип треба да си го врати тој имиџ за град на солидарноста и зошто тоа е потребно.... Град на солидарноста, да така го нарекуваа Штип во тој период, а аргументите беа не само заради интензивната изградба на солидарните станови. Добро се сеќавате дека само во април 1974 година по повод VI Конгрес на СКМ во својство на претседател на Општинската конференција на СКМ Штип јас поставив камен темелник на 460 станови. Со-

СПОРТСКА САЛА...Најтешко ми паѓа што не успеавме Штип да изгради Универзалната спортска сала со капацитет од 3.500-4.000 седишта. Проектот беше пред реализација и тоа скоро идентичен на спортската сала во Куманово но... лидарните станови чија бројка изнесуваше приближно илјада се лоцирани во населбите „Автокоманда 4“, „Баби“, Добиточниот пазар, населбата „8 ноември“ и Старата касарна. Епитетот на солидарност беше и заради тоа што Штип беше Општина со најголем број на вработеност во РМ според бројот на население; перманентно за тој период се издвојуваа средства од граѓаните преку успешно изгласани самопридонеси, дури од 1974 година кога повторно по долг временски период се воведе самопридонесот (сериозен проблем беше капацитетот на градскиот водовод и безбедноста на водата, како и за Здравниот дом) се издвојуваше 3% од личниот доход; потоа беше организирана бесплатна исхрана и добивање на бесплатни учебни помагала за сите ученици од прво до осмо одделение. Се разработија т.н. полуплански населби, како што е случајот со Бабите. Тоа практично беше планска населба, но идеата беше да се решава проблемот со дивоградбите и да се задржи квалификуваната работна сила во Општината, така да заинтересираните добијат релативно евтини плацови, со тоа што комуналиите ќе паднат на товар на Општината. За илустрација да спомнам, дури и општински весник кој го добиваа бесплатно сите вработени во Општината беше насловен “Солидарност”. Затоа многу често бевме посетувани од сојузни, републички, а и општински функционери да го слушнат искуството. Секако солидарноста е неопходна и денес од многу аспекти, посебно во колку се сака да се спречи миграцијата на населението од државата. Фактите говорат дека во времето на социјализмот бевте највлијателна политичка фигура во Штип, но остана една мистерија во однос на тоа време, а тоа е годината 1983 година и познатата општествено-политичка диференцијација која “однесе“ повеќе познати стопански раководители од тој сектор. Тоа е година кога се самоуби Михаило Нетков, кога беше големиот штрајк во Македонка во чиј епицентар беше генералниот директор Борислав Самоников, повеќето успешни директори беа сменети. Тогаш се говореше за судир помеѓу т.н. “градска“ и “селска“ струја, при што вас Ве титулираа како водач на втората која ја доби битката. Би било добро за штипјани да ја појасниме таа состојба од тоа време. Многу ми е драго што ми го поставувате ова пра-


{tipski Glas, Januari, 2021 br. 107

ИНТЕРВЈУ

шање. И јас често слушам дезинформации дека сум учествувал во сечата на директори и околу судирот на т.н. две струи. Уште со моето доаѓање на функциите во Општината, а посебно по одбележувањето на 30 годишнината на ослободувањето на градот на 8 ноември 1974 година, кога ги поканив сите народни херои (не само од Штип, туку и тие кои престојувале на овие простори), првоборците и заслужните граѓани не само од Штип, но и на тие кои дале допринос на развојот на градот и Општината, се доубедив за македонскиот синдром на самоуништување, за проклетијата која владее на овие простори, посебно со време ја светив пораката која при испраќањето на Киро Глигоров, тогашен Претседател на Собранито на СФРЈ, ми ја спомна: “Михо те познавам од порано и сум слушал за тебе, но и од ова што го анализирам од овој мој престој, со овој ентузијазам ќе изгореш, бидејќи на овие простори се може да ти се признае но успехот и резултатите никогаш“. Но да почнеме по ред. Неспорен е фактот дека на одреден број поранешни функционери во Општината, а добар дел и на функционери во Републиката кои потекнуваа од Штип, заради неможноста да влијаат со своите непринципиелни ставови многу им пречеше единството во општината не само на ниво на општествено-политичките структури но посебно им пречеше коректната соработката со стопанствениците не само во градот но и пошироко. Нашата логика со секретарот на ОК СКМ, особено во првиот претседателски мандат беше “во колку неможе да им се помогне на стопанствениците да не им се одмага”. Оттука во некои кругови во Републиката можеше да се слушне дека “во Штип командуваат директорите, а не ОК СКМ и СО”. По секоја цена се сакаше да се разбие тоа единство. Така на пример на директорите им се предлагаа функции во Скопје или Белград, како на пример што беше случајот со генералниот директор на Македонка Љупчо Кангалов кој после неколку предлози ја прифати работата генерален директор на СОК. Случајот со Михаило Нетков беше многу поедноставен. Тој по основа на Резолуцијата на Инфорбирото и престојот на Голи Оток, во тој период беше ранлив. Многу често ми се префрлаше дека штитам човек кој бил на „белиот мермер”. Неговиот почеток на трагичниот крај отпочна со појавата на аферата околу злоупотребите во општествената исхрана во Астибо, кога беа притворени некои негови соработници, кои пред истражните органи наместо да зборуваат за злоупотребите во општествената исхрана зборуваа за фондовите со кој располага Астибо во странство со пораки до Нетков дека тие се млади ќе излезат од затвор, но следи негово затварање. По втор пат после Голи Оток. Тоа беше период кога Престедателеството на ЦК СКМ донесе заклучок дека јас треба да се повлечам од функцијата претседател на ОК СКМ, бидејќи треба да се посветам на функцијата Генерален директор на ЗИК Црвена Ѕвезда. Нормално дека Нетков беше информиран за одлуката на Претседателството на ЦК СКМ. На кобниот ден јас со генералот Благоја Аџиќ бевме на генерал-штабна вежба во Белград. Случајот Борче Самоников, се актуелизира по неговото враќање од амбасадор од Авганистан. Идејата да биде генерален директор на Македонка потекна од наши високи функционери во Белград, Скопје но и со согласност на Претседателот на ЦК СКМ. Ни беше соопштено да прифатеме дека генерален директор на Македонка би било времено решение, а потоа ќе биде повлечен на друго работно место. Сосема природно беше, да се помогне на наш сограѓанин. Но морам да кажам дека многу добронамерни сограѓани, кога разбраа за неговото ангажирање на работа во Штип, а

7

познавајќи го, ме прашуваат дали е точно дека и јас сум дал согласност, со предупредување дека правам голема грешка, бидејќи тој веднаш ќе почне да се меша во општинската политика, што и се обистини. Почна со некои деструктивни снаги да ровари, но и не само во Општината. Карактеристична беше неговата реакција за асвалтирањето на улицата меѓу театарот и џамијата која водеше кон станбената зграда во која живееше генералот Благоја Аџиќ, дека немало потреба да ја асвалтираме “генералската улица”. Посебно во колективот отпочна да шири дезинформации дека средствата од остатокот на Македонка јас ќе ги пренаменам за МК Астибо и ЗИК Црвена Ѕвезда, што беше несватливо. Кулминација беше неговото инволвирање во штрајкот во деновите кога во Штип присуствуваа сите членови на Претседателство на СФРЈ заради војната вежба на Криволак. Што се однесува до т.н. сеча на директори наполно се согласувам со вашето мислење дека од тоа време започна падот на Штипската економија. Од секогаш сум убеден дека за успешен стопанственик 40 години се малку за целосен успех, а за неуспешен раководител доволно е и еден ден да биде на раководно место па да упропасти работи кои тешко се исправаат. Оттука во моето работење бев мошне внимателен во кадровската политика. Сечата на директори отпочна по моето разрешување од Претседател на ОК СКМ Штип. Јас бев Претседател на ОК СКМ до крајот на месец

НЕТКОВ... Михаило Нетков по основ на Резолуцијата на Информбирото и претстојот на Голи Оток, во тој период беше ранлив. Многу често ми се префрлаше дека штитам човек кој бил на „белиот мермер”. Неговиот почеток на трагичниот крај отпочна со појавата на аферата околу злоупотребите во општествената исхрана во Астибо...

Домот на култура изграден во времето на М. Данев

октомври 1983 година. Би сакал еден од директорите да ми посочете кој бил до овој периодот непринципиелно разрешен. Да разговараме со факти. Се сеќавам на почетокот на т.н. сеча на директори кога беше притворен директорот на МК Астибо, Панче Насев за што слушнав на Македонската телевизија и веднаш реагирав на тогашниот Претседател на ОК СКМ Штип со прашањето дали за притворот изврашил неопходни консултации со ЦК СКМ, бидејќи принцип беше да неможе да се затвораат раководни кадри без да бидат информирани во ЦК СКМ. За жал одговорот беше дека неможел никој да добие телефонски во ЦК СКМ, а Окружниот обвинител и Претседателот на СО инсистирале


8

ИНТЕРВЈУ

СЕЧА НА ДИРЕКТОРИ...Со тнр. „сеча на директори“ започна падот на штипската економија. Од секогаш сум убеден дека за успешен стопанственик 40 години се малку за целосен успех, а за неуспешен раководител доволно е и еден ден да биде на раководно место па да упропасти работи кои тешко се поправат. Оттука во моето работење бев мошне внимателен во кадровската политика. Но, „сечата“ на директори затпочна по моето разрешување од Претседател на ОК СКМ Штип...

да биде притворен. Нормално со тоа образложение не се сложив. Само за потсетување во својство на секретар на претседателството на ЦК СКМ на барање на Панче Насев (кој тогаш работеше во Велес), да биде вратен за генерален директор на Астибо, јас се согласив, се разбира под услов тој повторно да биде примен во редовите на СКМ, што по исполнување на условот беше и реализирано. Во тоа време постоеше една сојузна акција под кодно име „Кадар“. Таа некако го „допре“ и Штип? Добро е што се сеќавате и на таа акција зашто можеби е најдобро мојот однос кон кадрите да го илустрирам со таа таканаречена Сојузна партиска акција “Кадар”. Имено, на почетокот на првиот претседателски мандат од страна на Претседателството на ЦК СКЈ, со потпис на тогашниот секретар Стане Доланц, мораше да се спроведе партиска задача за разрешување на сите раководни кадри кои биле по некој основ репресирани. Бевме повикани јас и секретарот

АКЦИЈА „КАДАР“...Беше тоа сојузна акција со цел да се разрешат од раководните функции сите кадри кои по некој основ биле репресирани. Таква наредба добивме од највисокото Југословенско и Макдонско раководство. Во Штип требаше да смениме 24 директори, а меѓу првите беше Михаило Нетков. Јас со тоа не се согласив...

на ОК СКМ Штип, Јордан Арсов, во канцеларијата на тогашниот секретар на претседателството на ЦК СКМ Боро Денков, во присуство на претседателот на Владата на РМ Благој Попов, претседателот на Советот за заштита на поредокот утврден со Уставот Страхил Гигов и секретарот на Секретаријатот за внтарешни работи Мирко Буневски. Ни беше врачен список со 24 раководни кадри од Штип кои биле по некој основ репресирани и ни беше речено дека треба да бидат разрешени од раководните функции кои ги завземаат. Се разбира меѓу првите на списокот беше и Михаил Нетков. Јас се спротивставив со образложение дека тие личности ја издржале казната, и дека лесно кадри не се создаваат, а дека во колку сакат да ја реализрат оваа партиска задача да бараат друг претседател на Собранието на општината. Неспорен факт е дека за разлика од други Општини каде со промената на нивните репресирани кадри имаше дури и човечки трагедии, ние не ја реализиравме партиската задача и не сменивме ни едно раководно лице од тој список. Но, да одговворам на прашањето и судирот помеѓу т.н. “градска” и “селска” струја, тема секогаш актуелна кога се сака некој да се оцрни, да се омаловажи за тоа што можеби само се родил во село, а очигледно неможат да се

{tipski Glas, Januari, 2021 br. 107

најдат други аргументи. Да се потсетиме дека по мојот мандат на функцијата претседател на СО Штип беше избран Др Боголуб Јовев, кој беше потпретседател за време на мојот мандат. Сигурно јас влијаев на неговиот избор, па можев да се одлучам за некој кој потекнува од село! По завршување на функцијата претседател на Општинскиот комитет на СКМ имав сериозни проблеми со ликвидноста на ЗИК Црвена Ѕвезда, а не ми паѓало на памет да се впуштам во такви судири, а зошто би го правел тоа, па старо правило е дека во враќањето на некоја функција нема среќа. Напротив, се дистанцирав од се и цврсто одлучив да се посветам и на докторатот, бидејќи уште 1973 година имав завршено трети степен последипломски студии на Факултетот за ветеринарна медицина во Белград, но секако немаше време за докторитање за време на обавување на функциите, а прашање беше колку тоа е и морално во тој период. Докторатот го одбранив во месец октомври 1984 година, што беше и предуслов по завршувањето на функцијата секретар на Претседателството на ЦК СКМ да го одбијам предлогот кога новоизбраното раководство на ЦК СКМ ми предлагаа финкција. Се ангажирав на струката во Ветеринарниот инстутут, односно Факултет за ветеринарна медицина, каде бев избран во вонреден, потоа според законскиот рок и во редовен професор, а на Тетовскиот државен Унуверзитет каде исто бев ангажиран, сенатот ме избра за професор емеритус (2008 година). Во Р.Србија сум избран за Почесен член на Академијата за ветеринарна медицина при српското ветеринарно друштво (2003 год.). Издадов три основни учебници за студентите, а со соработници два прирачници за НАССР систем, прирачник за обавување на курс за хигиена на храна и 77 научно-стручни трудови. Кога на порталот istokpres ја објавивме информацијата дека Вие сте добитник на Орденот “Свети Никола“, еден политолог напиша дека не познавал повеќе чесен политичар од Михаил Данев. Денес да си чесен и не е некој комплимент... Се согласувам дека денес веројатно чесноста и не е комплимент. Мене државата ме школуваше, се оформив со желба да и вратам, да ја сакам, да бидам патриот, да живеам но доколку зависи од мене да овозможам и другите да живеат. На материјален план веројатно толку беа можностите, живеевме од плата, така што не створив капитал со кој ќе им обезбедам на моите поколенија материјално богатство. Кога се преселивме во Скопје, со доаѓањето на функцијата секретар на претседателството на ЦК СКМ, понудено ми беше да бидам сместен во елитната населба на Водно, во тогашниот слободен стан на композиторот Тома Прошев кој се иселил од Македонија, што го одбив, а можев по примерот на многу поранешни функционери по завршувањето на функцијата да го продадам со што моето потесно семејство можеше да располага со повеќе материјални ресурси. Битно е да се има разбирање од фамилијата, посебно од мојата прекрасна сопруга Славе, со моето често ангажирање во слободното време таа ги воспита во тој дух и двете ќерки. Постарата ќерка е доктор на правни науки, а помладата ќерка е специјалист гинеколог акушер доктор на медицински науки. Постариот зет е специјалист по пластична и реконструктивна хирургија, а помладиот зет специјалист по интерна медицина-гастроентерохепатолог. Имам тројца внуци Петар, Калин и Дарјан и една внука Михаела. Се гордеам со нив. За мене фамилијата е најголемото богатство. И денес да имам таква можност пак би постапил исто. Иван Бојаџиски


Цената на водата минимално зголемена, тоа е резултат на зголемени оперативни трошоци

{tipski Glas, Januari, 2021 br. 107

С

ВОДИ

оветот на Општина Штип го усвои бизнис планот на ЈП „Исар“ за период 2021-2023 година. Истовремено, Советот даде зелено светло за нивелирање на цената на водата согласно препораките на Регулаторната комисија со што се обезбедува финансиската стабилност на претпријатието и неговово успешно работење. Секако дека најголем интерес во локалната јавност предизвика одлуката за нивелирање (покачување) на цената на водата за оваа и наредните две години. Одговорите на оваа тема ги побаравме од ЈП „Исар“. -Потребата од покачување на цената на водата пред се е резултат на порастот на оперативните трошоци како што се електричната енергија, матерјали и резервни делови за работа од една страна и потребата во реализацијата на инвестиционите проекти за подобрување на квалитетот на услугите како набавка на специјално возило за отпушување на фекална канализација, цистерна за вода, реконструкции и проширувања на водоводните линии, вели директорот Живко Тасев. Во целата оваа работа своја улога има и Регулаторната комисија за еергетика. Јавното претпријатие има обврска на секои три години да прави бизнис план и истиот да го достави до ова регулаторно тело на проверка. -Врз основа на бизнис планот на ЈП „Исар“ за регулираниот период, во случајов за 2021-2023, и планот за прилагодување на тарифите РКЕ врши проверка на веродостојноста на доставените податоци и проекци и донесува Решение за утврдување на минимален и максимален опсег на тарифите. Врз основа на бизнис планот како базна година 2019 и планот за прилагодување на тарифи регулаторна комисија врши проверка на веродостојноста на поднесената докумнатција и издава решение за мнинимална и максимален опсег на тарифата. Обврска на јп е при формирањето на цената на услугата да не излегува од рамките на пропишаните тарифи, а ако не постапиме по тоа мислење следат парични казни за даватели на услуги и одговорното лице, ги појаснува работите директорот Тасев. Цената на метар кубен вода во Штип за домакинства за 2020 одина изнесуваше 31,93 денари, во оваа календаарска година таа ќе изнесува ќе изнесува 33,76 денари. Тоа значи дека за просечна потрошувачка од 10 метри кубни месечно за едно домакинство месечно ќе биде повисока за 18,3 денари што на годишно ниво е сума од 228,00 денари. Ова е цена со вкалкулиран ддв и обврска кон фонд за води. Од друга страна цената на канализацијата се намалува од 12,00 на 11,58 ден за метар кубен во 2021 година. Во Штип последното покачување на цената на чинење на водата беше во 2011 година, кога покачувањето беше енормно големо, односно изнесуваше 39 проценти. Тогаш цената на кубен метар вода за домакинствата се зголеми од 25,60 на 35,50 денари а цената на водата за претпријатија за метар кубен од 38,20 денари беше покачена на 53,00 ден. Истовремено цената на услугата за канализација - домаќинства и институции од 8,70 денари беше зголемена на 12 денари. Цената на услугата за канализација за претпријатја од 16,40 ден. е покачена на 23,00 ден. Со ова покачување секое домаќинство што просечно троши по 10 метри кубни вода годишно беше оптоварена со износ од 1.272,00 денари на годишно ниво.

9

-Бизнис планот за периот 2021-2023 година кој Советот на општина Штип го усвои се однесува само на водните услуги и во планот за инвестиции каде како приоритети се дефинирани неколку работи. Тука е изведба на водоводна линија за водоснабдување на населба Македонка, решавање на проблемот со водоснабдување на населба Каваклија, изградба на канализација во населба горна Железничка како и реконструкции на постојни водоводни и канализациони линии. Инвестиционит план за 2021-2023г. е проектиран на 85.450.000 денари, а за канализации 44.600.000 денари, вели Тасев. Тасев вели дека прв приоритет на Општината и ЈП Исар досега бил обезбедување на чиста и здрава вода за пиење за сите населени места. -Како што знаете водоводот во населба Балканска функционира без никакви проблеми, со подобрување на временските услови ќе за заврши приклучувањто на село Чардакија, оваа година се планира да се реши и водоснабдувањето на Македонка така да во наредниот период се планирани низа активности за контрола на потршувачката и притисокот по одредени реони со поставување на мерачи на проток и регулатори на притисок со цел побрзо детектирање на дефекти на водоводни линии и контрола на нелегалната ИМА РАЗЛИКА За десет метри кубни вода, колку што е просечната потрошувачка по домакинство, едно домаќинство ќе плаќа 18, 5 денари повеќе месечно, односно 228 денари годишно. Во 2011 година цената беше зголемена за 39 проценти, а на годишно ниво тоа зголемување семејство со просечна потрошувачкја на вода го чинеше 1.272 денари. Разликата е евидентна.

потрошувачка. Водоснабдувањето преку бунарски ситеми и пумпни станици само по себе носи повисоки трошоци за електрична енергија. Исто така заради конфигурацијата на теренот дистрибуцијата на чиста вода во системот се врши преку три пумпни станици што исто така резултира со трошоци за електрична енергија. Со прифаќање на површинска вода од ХС Злетовица се очекува значително намалување на трошоците за електрична енергија особено во делот на бунарскиот систем и пумната станица Баби, појаснува директорот Тасев. ЈП „Исар“ има проблем и со недостиг на стручен кадар но и на физички работници кои треба да се грижат за чистотата на градот. Како планирате да го решавате овој пробле.Недостигаат економисти, хидроинжинери, електроинжинери , а исто така фалат и физички работници во сите сектори на работење. Освен ова претпријатието се соочува и со неповолна старосна структура на вработените ,поголемиот број на работници се на возраст над 55 години.


Економски совет од успешни стопанственици ќе му помага на градоначалникот

10

ГРАДОНАЧАЛНИК

{tipski Glas, Januari, 2021 br. 107

Г

радоначалникот д-р Сашко Николов месецов имаше средба со десетмина успешни стопанственици кои се во составот на економскиот совет кој ќе има задача, на доброволна основа и без било каков финансиски надомест да му помага на „таткото“ на градот со совети од сферата на стопанството и бизнис сферата. Со ова градоначалникот Николов го исполни своето предизборно ветување дека во функција на развој на градот ќе повика да се вклучат поголем број успешни луѓе од најразлични сфери на стопанскиот и општествениот живот. Стопанствениците ќе даваат свои предлози за тоа како да се развива локалната економија, а градоначалникот ќе ги поддржува бизнисите на нашите стопанственици со експресно издавање дозволи кои почиваат на позитивните законски прописи за развој на штипската економија. Секако дека на дело е една позитивна синергија помеѓу локалната власт и бизнис заедницата која

Градоначалникот Николов и стопанствениците разменија искуства од значење за градот

може да донесе многу добри и квалитетние нешта во животот на општината и на луѓето во неа, посебно ако се знае дека секој успех на една задница почива на успешноста на нејзиното стопанство.

Општината не може да најде архитекти, градежни инженери...

Н

а Општината и фалат дипломирани архитекти и градежни инженери. Најмногу од се им фалат лица од оваа струка за локалната самоуправа да може навремено и квалитетно да ги обавува своите активности од сферата на урбанизмот без што ниту еден град не може урбано, индустриски и на секаков друг начин да се развива и да го унапредува својот социо-економски живот. Речиси цела една годин за работа во Општината не можат да се најдат тројца дипломирани архитекти. Упразнето е местото на советник за уредување на граддежно земјште за кое место како квалификации се бара високо образование од областа на градежништвото, водостопанството или архитектура, урбанизам и планирање. Второто упразнето место е за советник-планер за кое е потребно образование од областа на архитектурата, урбанизмот и планирањето, додека третото слободно, а една година непополнето место е советник за урбанистичка документација за кое место е потребно образование од областа на градежништво и водостопанство или архитектура, урбанизам и планирање. На оваа позиција за град од форматот на нашиот Штип се неопходни двајца извршители, а таму сега има само еден. Според Соња Китанова, секретар во Општина Штип, овие места се ослободени поради одење во пензија на лицата кои таму биле вработени.

Оваа состојба може да предизвика проблем во урбанистичкото планирање зашто за да може некој да гради урбанистите мора, согласно законите, да ги каже условите под кои може да се гради. Без оглед даали се работи за куќи, станбени или индустриски објекти.Инаку, урбанистичките планови ги изведуваат стручни фирми, а на вработените во секторот урбанизам е да го контролира извршувањето на тие планови, што во сегашниве услови е една многу тешка задача. Според сознанијата на Штипски Глас причината што нема заинтересирани за работа на овие места се два услови. Првиот е лицето да има работен стаж од најмалку три години во струката, а такви нема на бирото за вработување, втората е висината на платата која изнесува 32.000 денари. Голем проблем е и тоа што цели четири години не е пополнето раководното место на одделението за урбанизам како и на секторот за урбанизам и градежно земјиште, комунални работи и заштита на животната средина.


МЛАДИ

Солвеј со поддршка на младите таленти од Штип, Радовиш и Конче

{tipski Glas, Januari, 2021 br. 107

● Младите таленти од Штип, Радовиш и Конче имаат бесплатна можност за изучување на англиски јазик, историја на уметноста и патување во Салцбург

Р

удниците Бучим и Боров Дол, објавуваат отворен повик за пријавување на учесници во онлајн креативната образовна стипендиска програма, која што се спроведува во соработка со светски познатиот Салцбуршки фестивал, поддржанa од матичната компанија на рудниците – Солвеј Инвестмент Груп. За 5-ти пат по ред ќе се одржи интернационалниот образовен проект наменет за млади таленти од три држави – Северна Македонија, Украина и Гватемала, со тоа што годинава можност за аплицирање имаат и младите талентирани штипјани, преку рудникот за бакар Боров Дол, чиј што дел од конецесијата припаѓа на територија на општина Штип. Во 2021 година, како одговор на предизвиците од пандемијата Ковид19, Солвеј ги прифати неодамнешните трендови и целосно ја редизајнираше својата програма за млади таленти, усвојувајќи го неформалното и стручно образование преку призмата на уметноста и новите технологии и креираше нова интерактивна програма прилагодена на дигиталното време, која што ќе се одвива преку платформите Zoom, WhatsApp, Miro и Notion и популарните социјални мрежи Instagram и TikTok. Поради пандемијата со Ковид19, оперскиот камп во Салцбург не се одржува, но ако не можеме да го посетиме, можеме оперскиот камп виртуелно да го донесеме кај нас. Новата генерација на учесници ќе имаат можност да бидат дел од новиот дигитален формат на образовната програма, во која што покрај изучувањето на англискиот јазик, воведена e и уметничка академија со интерактивни часови по историја на уметноста и мастер клас часови по музика, современ танц и движења, предводени од уметнички професионалци од Салцбуршкиот фестивал. Ова ново дополнување на програмата им овозможува на учесниците да се поврзат со врвни уметнички професионалци кои ќе им го пренесат нивното искуство и ќе ги научат како да бидат најдобри во она што го прават.

Креативните талентирани деца од Штип, Радовиш и Конче, кои што имаат музички талент,актерски или танцувачки способности или пак цртаат, фотографираат или дизајнираат т.е. сите оние кои поседуваат каков било талент во која било област можат да се пријават да бидат дел од интернационалната онлајн програма и да се здобијат со сертификат за завршен курс по англиски јазик, серификат за завршен курс по историја на уметност од iTunes University, специјализирани обуки предводени од експерти од Слацбуршкиот фестивал, викенд патување со организирана посета на културните инситуции во Скопје и присуство на оперски концерт, додека пак финалната награда за едедн победник од трите држави е персонализирано патување во Салцбург и индивидуална практична обука со ментор од Салцбуршкиот фестивал(во случај на законски ограничувања за патувања, патувањето ќе биде одложено или активноста ќе биде реализирана онлајн). Оваа иницијатива има за цел да ги потикне младите генерации да го развијат својот потенцијал, да ги откријат своите скриени таленти и да ги споделат со светот. Овозможува унапредување на вештините и знаењата и ги поддржува креативните тинејџери во нивниот пат кон успехот.Учесниците, освен што имаат можност за бесплатно усовршување на англискиот јазик, изучување на уметноста и запознавање со новите технологии, истовремено имаат можност и да стекнат нови пријателства ширум светот, да се поврзат со многу уметнички професионалци кои ќе им пренесат дел од нивното искуство и ќе ги научат како да бидат најдобри во она што го прават. Образовната програма CreativeFellowship претставува уникатна прилика преку која што тинејџерите имаат можност да го покажат својот извонреден талент и шанса да бидат дел од еден голем меѓународен проект, под надзор на професионалци од Салцбуршкиот фестивал. Повикот е отворен за сите млади креативни ентузијасти од Штип, Радовиш и Конче на возраст од 14 до 17 години. Вкупно 15 учесници од Северна Македонија имаат можност да бидат дел од стипендиската програма, а крајниот рок за пријавување е 8 февруари

11

2021 година. За подетални информации и начинот на пријавување, посетете ја интернет страницата: https://solwaygroup.com/musiccamp/?lan g=mk За програмата Creative Fellowship Едукативната програма Creative Fellowship се спроведува во рамките на партнерството со светски познатиот Салцбуршки фестивал. Промовира развој на вештини и компетенции кои ја стимулираат креативноста, но исто така стимулираат и квалитет, иновација и признавање на трудот на младите и поддршка на нивната кретивност. Стипендиската програмата за прв пат беше воведена во 2017 година, како 7-месечна едукативна активност, која што вклучуваше виртуелни часови по англиски јазик и патување до оперскиот камп на Салцбуршкиот фестивал за најистакнатите ученици. За време на курост по англиски јазик, учесниците имаат можност да се поврзат со своите колеги од другите земји и да се запознаат, разговараат и разменат мислења за културните различности, предизвиците и очекувањата од програмата…. Досега над 200 кандидати го завршија своето јазично образование, од кои што 18 од нив беа дел од оперските кампови за деца и млади на Слацбуршкиот фестивал, 3 од нив избраа професија поврзана со предметите со кои што се запознаа преку овој стипендиски проект. Дигитализацијата на програмата додава уште една суштинска перспектива за младите учесници. Програмата им нуди на учесниците компјутерска писменост, интернационлано вмрежување, часови по англиски јазик и часови по историја на уметноста. Кристина Крстева


12

Д

Донче и Наташа Танески покажаа како практично се сака градот ИНИЦИЈАТИВНОСТ

онче Танески (50) и неговата сопруга Наташа покажаа дека градот има инвентивни луѓе кои можат да дадат голем придонес во урабонто средување на Штип. Потребно е само локалната власт да ги слуша, следи и да помага таму каде што помош е потребна. Тие, со поддршка на уште еден дел од станарите од дворот на Седма кула направија приказна која треба да се следи. Донче Танески, златар во „Јувелир“, златарница во Пензионерскиот дом е човек кој и преку социјалните мрежи критикува одделни лоши појави во градот, дава совети и сугестии, го кажува својот став, и во најголем дел од неговите постирање се исчитува убава мисла и убава идеја за поубав Штип. Во сите нив нема љубов према било која партија, туку само љубов кон Штип. -До пред две децеинии мојот Штип беше за пример во поглед на својата уреденост. Сакам да се врати тоа ниво, а во тоа ќе успееме само ако младите се активираат во општествено корисна работа. Тоа е толку многу потребно бидејќи токму младите се тие кои најчесто ги прават урбаните проблеми. Го загадуваат градот, ја уништуваат заедничката имовина, го реметат јавниот ред и мир. А потребно е само некој да се јави во улога на нивни организатор во вистински цели и сигурен сум дека тоа ќе даде резултат, вели Танески. Но, овој инспиративен штипјанец не е силен само на зборови. Тој и на дело покажа што значи да се сака градот. Прво со својата сопруга Наташа, а потоа и со соседите Ненад Рибарски, Јоже Балаж и Зоран Јорданов зедоа да го средуваат кругот околу нивната станбена зграда позната како Седма кула. -Кога не ставија во карантин неколкумина соседи решивме повремено да се дружиме во дворот запазувајќи ги сите здравствени протоколи. Правејќи си муабет за се и сешто погледите ни лутаа по дворот на зградата кој беше тотално запуштен, обраснат во коров и со голема нечистотија. Бргу се договоривме да го средиме, неколку семејства собравме пари и купивме алатки и тргнавме во рекреација преку чистење на сметот и средува ње на дворот. Потоа ни се јавија идеи и за садање дрвца, цвеќе, трева...Околу зградата посадивме жива ограда, но онаа поквалитетна урегнтно ни беше испокрадена. Посадивме 20 палми, 30-40 борчиња, есента засадивме и трева која сега никнува. Дворот ни стана прекрасна оаза на која денес си ги одмораме и очите и си го бистриме умот, вели Танески.

{tipski Glas, Januari, 2021 br. 107

Тој и неговата сопруга Наташа беа најагилни во средувањето на дворот.Речиси секој ден можеше да се видат како со многу љубов и енергија го прават тоа. Но, Танески е и човек кој преку социјалните мрежи дава корисни совети како еднаш и засекогаш градот да ни заличи на некој град од Словенија, од чија комунална уреденост, чистота и хигиена Танески е инспириран. -Го можеме ние тоа. Потребно е само да се јават добри организатори, Општина Штип и ЈП „Исар“ со своите капацитети да помогнат. Јас понудив решение преку формирање на комунална полиција која ќе работи 24/7, која ќе нема милост према никој кој зага-

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ...Му се јавив на градоначалникот д-р Сашко Николов рано наутро и го известив дека имаме проблем со автомобили кои преку ноќ се паркираат пред нашата зграда каде е и паркиралиштето на ЈП Исар, дека од возилата се пушта гласна музика, автомобилите се со запалени мотори зради греењето... Што прават младите во нив не е наше, но станарите не можат да спијат. Градоначалникот рече дека ќе дојде попладне и во закажаното време не посети. Вети решавање и на овој проблем, а ние сме му многу благодарни што имаше време за нас и за нашата мака, па сме убедени дека решение ќе има, вели Танески. дува, руши, и го краде заедничкиот имот на сите граѓани на Штип. Казните мора да бидат регорозни, да нема протекционизам. Комуналната полиција да не биде шетач низ градот, туку одговорно да си ја работи работата. Со благи мерки тоа што го сакаме не се постигнува, барем не кај нас, дециден е Танески. Неговото мислење беше прочитано на седница на Советот на општината. Дали тоа ќе биде инјекција за решавање на проблемот но и за нови иницијативи останува да се види.


{tipski Glas, Januari, 2021 br. 107

РЕКЛАМИ

13


КОЛУМНА

14

С

Пишува: М-р Трајче КАЦАРОВ, писател

екое утро дедо Трајко кога од неговото собуле движејќи се по ходникот ќе ја поминеше вратата на собата каде ги минувавме ноќните, а и денските часови: јас, мама, тато и сестричето, испушташе воздишки од типот –Оф! Ах! Ах-лелее! Уф-лелее! Дејгидиии! и слично. На почетокот на неговото утринско пеење, мама од кожа излегуваше. Постојано му префрлаше на тато дека неговиот татко со утинското оф-леле, е неподнослив. Тато ја тешеше говорејќи и’: „Еден ден ќе свикнеш и тогаш ќе ти биде криво оти си се јадосувала“. Така и би. Едно утро дедо помина по ходникот без да шушне без да се слушне. „Што му е на татко ти?“ – го праша мама тато. „Сигурно свикнал на нашата незаинтересираност за неговите туфки и офки.“ – и одговори татко. „Свикнав на неговата песна, сега ќе му биде глуво наутро .“ – натажена му рече мама . „Ти реков јас, на човек не му треба ништо труго освен трпение. Трпение за да свикне. Ние покажавме трпение и свикнавме на татковите офки, тој покажа трпение и свикна на нашата индолентност.“ – и рече тато. Дедо седеше на чергичето во дворот, пушеше цигара и пивнуваше од пагурчето кога го прашав: „Зошто повеќе ниту офкаш, ниту туфкаш- да не оздраве?“ „Не, внучко, туку почувствував дека немам повеќе сили за залудна работа. А и свикнав на молкот на татко ти и мајка ти.“ – рече и го пушти погледот низ мрежата што му паѓаше врз очите, кон синото небо кое не влеваше надеж дека наскоро нема да се наоблачи.

Навики

Блажа, и на некои слободни активности на тато. Се жалеше на оние што го одалечуваа на подолго време од дома. „По цел ден е на игралиштето. Не можам да замислам, на навивач да му е поважен фудбалот од фамилијата. Се ми се чини дека не наоѓа задоволство кога е дома со мене и со децата.“ „Немој ќерко, немој да се јадосуваш, имај трпение. А кога ќе свикнеш на неговите отсуствувања, се’ ќе си дојде на своето место.“- и велеше нана. Нашата куќа беше покрај главниот пат по кој се минуваше преку мостот на реката и се одеше право кон излезот на градот, во маалото се зборуваше дека само тој пат води кон Скопје. Поради големата сообраќајна фрекфренција и поради немањето тротоари кои ќе ја гарантираат безбедноста на пешаците, тато не ме пушташе надвор од дворот. Може да се каже дека бев исклучен од сите детски радости на улицата. Низ солзи го молев да ме ослободи од неговите предрасуди. Беше категоричен во одлуката. „Подобри ти да свикнеш на осаменста во дворот, отколку јас да треба да свикнувам на синот повреден на улицата од несовесни возачи!“ – велеше.

Од мали нозе навиките и навикнувањето станаа моја опсесивна тема. Додека бев на отслужување на воената обврска во ЈНА, секое утро штом ќе се разбудев, ни самиот не знаев поради што, барабанев со прстите по шкафчето покрај креветот. Креветите беа двокатни. Јас спиев на горниот кревет, на креветот под мојот спиеше Бериша Сами, чистач на чевли на сараевската жеМама, покрај тоа што се жа- лезничка станица. „Еј, стари зошто леше на „шлагерот“ на дедо, се жа- кога ќе се разбудиш почнуваш да леше на нејзината мајка, на нана барабаниш со прстите по орман-

{tipski Glas, Januari, 2021 br. 107

чето?“-ќе ме прашаше. „Ни самиот не знам.“, му велев „ ама имај трпение ќе свикнеш.“ И свикна.

Наспроти нашиот беше двократниот кревет каде на втриот кат спиеше Дино дрвар.Прекарот дрвар го откриваше неговото основното занимање - сечење дрва по босанските шуми. Изгледаше како колосџин. За да ни влее страв во коските на сите нас во „Инжињериската четата“, велеше дека може да убие вол само со еден удар помеѓу роговите. На секој еден од четата што се тресеше од неговите закани му велев: „Трпение, имајте трпение, кога ќе свикнеме ќе ни биде криво што деновите сме ги минале во страв, а не требало!“ Така и би. На крајот од воениот рок додека се разделувавме, шаките од рацете на Дино дрвар, од кои претходно се плашевме како од клешти ни изгледаа сосем нормални дури и премногу меки. Како студент на Правниот факултет научив дека кратките казни се поефикасни отколку долгите зашто човекот ќе навикне на животот во одредена средина,па, после тешко ќе може да ја напушти. Нема да згрешиме ако кажеме дека златните правила на животот не одат далеку од трпението и навиката. Кој што побргу ќе научи да ги почитува и да им се подведува, животот ќе си го помине како бубрег во лој. Пример за тоа сме ние Македонците. Сме го истуркале пет вековното турско ропство, но не и навиката да бидеме робја. Од тешкото ропство има потешко, тоа е кога си поробен од лицемерни партиски моќници.


{tipski Glas, Januari, 2021 br. 107

Корона free желбички и желби КОЛУМНА

Пишува: М-р Дијана Насева, универзитет „Гоце Делчев“

- Сакам да одам на концерт со многу гужва; - Сакам во театар да одам; - Сакам во кино на премиера; - Сакам да се испијанам и да играм во диско; - Сакам во кафеана, па кафич, па диско, па бурек, па кафе, па дома дури в зори; - Сакам да одам во Португалија; - Јас сакам во Америка...

В

елат дека здравиот човек има милион желби, а болниот само една – да оздрави. Јас им посакувам поскоро закрепнување на сите кои ја водат битката на невидливото воено поле против бесклеточниот непријател. А со тие „прележаните“ и здравите си го правиме овој „бајрам со умот“.

Како се ближи времето на вакцинацијата и се погласни се изјавите дека се гледа крајот на оваа пандемија, сите ги кроиме плановите – а што потоа??

15

ста, недовербата во сопатникот до нас или муштеријата во маркетот пред вас ќе остави трајни паранои со кои уште долго ќе се бориме.

Реално човековите желби се променија. И битисувањето на човекот се промени. Реално големината на желбите почна да се мери во желбички. Бидејќи радост беше макар и желбичка да ни се оствари. Реално кафе во кафич на отворено стана размислување – да појдам или дома да го испијам. Бидејќи и најдобрата другарка ни беше сомнителна и причина после да си преиспитуваме симптоми. Реално домот ни стана главно прибежиште наместо последна одредница. Зашто никогаш не сме свесни што имаме се додека не го загубиме. Реално колку сето тоа да беше лошо, можеби кочница ни требаше. Светот како да се реинкарнира, видеата со преродбата на природата носеа моќна порака за тие што ја сфатиле. Реалноста ни се смени а

Еве помина цела година откако кинезите го изедоа лилјакот и откако се затвори светот. Дали некогаш во овие месеци на карантини, изолации, самоизолации, боледувања и оздравувања помисливте како ви се промени погледот кон светот и како кон вашите лични желби и потреби

Реално имаше луѓе кои многу не се лишија од своите желбички и слободи, ама останатите мечтаат за кафе покрај море, голем концерт, голема журка, пат до некоја дестинација од соништата или едноставно да го реализираат одложеното бизнис патување или да започнат нов бизнис. За децава да не зборувам тие со неа и ние. Но, колку реално се променивме и колку мечтаат за слободна дружба со другарчињата и веру- со душа чекаме околностите да се променат и дали се вале или не за училиштето, наставниците и училишни- ќе заврши откако ќе се „нормализираме“??... те клупи. Ние се сменивме во многу нешта, па меѓу другото и во желбите. Само што најверојатно голем дел Еве помина цела година откако кинезите го изедоа лилјакот и откако се затвори светот. Дали некогаш од нас или ќе заборават дека посакале нешто малечко, во овие месеци на карантини, изолации, самоизола- нешто суштинско, нешто љубовно и благородно намеции, боледувања и оздравувања помисливте како ви сто материјално во време на короната или ќе сфатат се промени погледот кон светот и како кон вашите лич- дека кога имаат можност за нешто кога се е „нормално“ ни желби и потреби. Ако до март ги имавме сите чо- трошат драгоцено време на недрагоцени нешта и пак вечки слободи и можности, светот ни беше на дланка, не го прават тоа што вистински го сакаат. наеднаш како сето тоа да се сруши. Ни пропаднаа плаНовата година секогаш носи нови „to do“ листи. нови, ни пропаднаа одмори, ни пропаднаа патувања. Некои повратни, некои неповратни, но што се грст евра Напишете ги и вие вашите планови во планерот по меили денари во споредба со човечкото здравје. И покрај сеци и реализирајте ги. добиените меилови и пораки од Букинг и Визер дали Пола од желбичките на почетокот на ова четиво се осмелувате да замислувате и планирате или чекате се да се смири? А кога ли тоа воопшто се’ ќе се смири? се мои. Има ли смирувачка? Или последиците од затвореноСе надевам ќе ми се остварат ☺.


„Пасивно пушење“ -нова претстава на нашиот театар

16

█ Поради корона вирусот премиерата и првата реприза се играни пред публика од само 30 гледачи, театарот чека на поволно време за полно гледалиште.

Ш

КУЛТУРА

{tipski Glas, Januari, 2021 br. 107

Од прес конференцијата: Вратеовски, Витанов, Мишева, Тулиев и Ристески

типскиот театар годината 2021 ја започна со таква е нашата судбина македонска. изведба на премиерата „Пасивно пушење“ од Ристевски (си) посака претставите да се играат српскиот автор Небојша Рончевиќ. Се работи во ноќните наместо во попладневни термини, како што за комедија, сатира и карикатура, како што рече режи- е сега поради здравствената криза. серот Ненад Витанов кој доаѓа од Велес. За Владимир Тулиев кој толкува една од уло-Сакам да порачам дека претставата ја работев гите, се работи за одличен текст кој одлично ја отслисо одлична екипа. Сите улоги во оваа претстава се кува состојбата насекадде во све- тот, а со тоа и во главни, а улогите ги толкуваат Владимир Тулиев, Миле Македонија. Вратеовски, Пеце Ристевски, Крис-Мене ми беше многу убаво кога тина Атанасова Арсова и Марија ја работевме претставата. Се смеМинчева Андонов. Костимите се евме и уживавме цело време и на дело на Томче Каранаков, сценоцел глас, сигурно дека ќе ја насмеграфијата е на Филип Витанов, а еме и публиката. Сепка, не би садраматургијата на Габриела Коцева кал многу да откривам околу самаТулиева, информира режисерот Вита претстава зашто магијата на танов. театарот е тоа да биде изненадуСпоред Витанов најубавото вање, рече Тулиев и појасни дека нешто е што актерите и сите други имале одлична работа атмосфера. кои работеа на претставата излегуЗа директорката Ката Мишева, ваат пред публика. Оваа претстава „Забрането пушење“ е претстава премиерно била изведена кон кракоја театарот ја изработил минајот на месец декември, минатата готата година и која имала премиера дина но без публика. во месец декември но без публика. -Иако претставата беше го-Во минатата година во месеците това, нашето задоволсто не беше јануари и февруари имавме две комплетно зашто вистинското задопремиери, веќе во месец март се Режисерот Ненад Витанов волство за актерите и другите учессоочивме со короната, а поради ници кои работа на претставата пандемијата не можевме да рабодоаѓа кога се игра пред публика зашто театарот постои тиме. Сепак летото одлучивме да не губиме од вреза неа, а публиката е таа која го дава конечниот суд за мето па почнавме со проби. Во тој период имавме и една претстава, а со тоа и за нашата работа, појасни неколку гостувања во Струмица, Куманово, Свети Нирежисерот Витанов. Според него мисијата на театарот коле како и во Приштина каде за претставата „Возво општеството како уметност е да направи едно бег- можни светови“ добивме награда од публиката. Штип ство од реалноста. има театарска публика, а по завршување на пандеПретставата е комедија, сатира, карикатура и мијата одново очекуваме полн салон, рече Мишева. ќе биде оддишка на публиката која поради пандемијата ќе ја има во помал број. Претставата „Забрането пушење“ трае 90 миАктерот Пеце Ристевски ја кани публиката да нути. дојде во театарот и да ја види претставата. -Има што да се види. Ова е супер комедија која ќе не насмее, а потоа ќе сакаме да заплачеме зашто


Библиотеката „Гоце Делчев“ и во услови на пандемија остварува програма од значење за граѓаните К

{tipski Glas, Januari, 2021 br. 107

ако нашата библиотека, која е една од трите библиотеки во државата со национален предзнак, работи во услови на корона криза? Доаѓаат ли љубители на книгата во неа, се одржуваат ли настани со примена на сите здравствени протоколи...На овие прашања одговор побаравме од директорот Зоран Костовски. -Годината што изминува беше со големи очекувања, проекти и активности, така и почнавме, но кризата со короната не спречи сите предвидени настани да ги организираме во живо, со физичко присуство на заинтересираната публика па затоа истите ги трансформираме во онлајн настани. За воња на вистината ќе кажам дека некои проекти и настани беа и со физичко присуство но со обезбедување и почитување на сите здравствени протоколи, вели Костовски. Националната библиотека “Гоце Дел-

чев“- Штип има три ката и три нивоа, две читални со 130 маси и четири кабинети за индивидуално учење. Во склоп на библиотеката работат повеќе одделенија. Тоа се одделение за деца, одделение за возрасни, одделение за студенти (академско одделение), роднокрајно одделение, депозитно одделение и инфобус – подвижна библиотека единствена од ваков вид во државата добиена преку фондацијата Институт отворено општество и Агенцијата за развој на Швајцарија и Канада во 2003 год, која ги опслужува руралните средини на Општина Штип и Карбинци. Располагаме со над 130.000 монографски публикации и над 1.000 наслови периодика, појаснува директорот Костовски.

КУЛТУРА

Библиотеката, и во ова здравствено кризно време реализира повеќе проекти а Костовски издвојува неколку од нив. -Би ги издвоил проектите Денови на Ацо Шопов и на Тоше Проески кој има само датум на раѓање, на Гоце Делчев великанот роден за да не учи и води, рекордер читател, до комплетирање на роднокрајна збирка, децата со посебни потреби во општеството, книги до инвалидизирани, неподвижни лица, Штип и штипјани во дневните весници и списанија. Посебен акцент би ставил на проектот Француски учиме-Македонски читаме, култура спојуваме и развиваме; Митровденски средби – промоција на доктори на науки од нашиот град, вели нашиот соговорник. Со онлајн настаните во склоп на проектот Француски учиме - македонски читаме имавме прилика да

слушнеме како студентката Гаел Лекок од еминентниот Институт за јазици ИНАЛКО во Париз имаше изведба на македонска изворна музика. Исто така библиотеката оствари онлајн средба со нашата Амбасадорка во Париз-Франција г-ѓа Јадранка Чаушевска-Димов. -Заокружувајќи ги овие настани односно проекти кои се дело пред се на нашите вработени а и од наши надворешни соработници можам слободно да заклучам дека се прилагодивме на вакви онлајн услови и успешно ја заокруживме годината која штотутку измина. Благодарни сме на безрезервната подршка на нашата министерка за култура Ирена Стефоска заедно со нејзината советничка и наша сограѓанка Јасминка Шопова, ќерка на нашиот славен поет и револуционер Ацо Шопов, а во негова чест е дадено името на роднокрајното одделение во нашата биб-

17

Активности преку зум платформа

лиотека, забележува Костовски.. Во делот на инвестиционите проекти во иднина библиотеката се надева на поголема соработка со локалната самоуправа. Притоа во план е адаптација на стариот објект на Радио Штип, локацијата за изградба на монтажна гаража за потребите на Инфобусот и комплетно преуредување на дворната површина заедно со амфитеатарот.

Костовски, директор на библиотеката

-Се надевам во оваа календарска година и со олабавување на кризата во која не чекаат уште поабициозни и поатрактивни проекти нашата институција НУ-УБ “Гоце Делчев“ да ја воздигнеме во една модерна, европска и пред се квалитетна културна установа. Порака до сите наши читатели во овие услови на живеење е да читаат повеќе книги зашто во време и услови на седење дома, со убава книгата во раце полесно ќе ја пребродиме кризата. Од мое име и од име на вработените во установата на сите штипјани им посакувам среќни Новогодишни и Божиќни празници, упатува честитка директорот Зоран Костовски.


18

П

Љубовта на прв поглед ги спои Златко од Штип и Сабрина од Кина ЖИВОТ

ред новата година во регистрационото одделение на матичната служба во Штип во официјален брак стапија 29 годишниот штипјанец Златко Георгиев и пет години помладата кинескиња Сабрина Фан од Шангај. „Се запознавме токму во овој светски центар каде јас престојувам повеќе од пет години. По завршувањето на Природно-техничкиот факултет во Штип се вработив како компјутерски дизајнер во една француска компанија во Шангај, каде од неодамна сум унапреден во финансиски менаџмент на овој оддел. Во близина е и една американска компанија за моден дизајн каде работи Сабрина. Се запознавме случајно на една пауза во блискиот ресторан. Можам, да ви кажам дека во буквална смисла на зборот тоа и за двајцата беше љубов на прв поглед“ вели Георгиев. „Прв пат доаѓам во Македонија и впечатоците се импресивни. Прифатена сум многу добро од сите со кои се сретнуваме, посебно од

во семејството, но тоа го оставаме да се одвива по природен пат, спонтано, без некои посебни планови однапред“, псочува Златко.

Народните обичаи во Македонија Сабрина веќе почна да ги учи, најпрвин со дочекот на новата година, потоа со Бадниковата вечер во Штип со родителите на Златко и на која паричката се паднала токму кај неа. Сабрина вели дека во Кина оваа лунарна година е годината на бикот.

Како што објаснува Златко тие имаат на ум во Македонија да останат до јуни, а потоа ќе заминат за Кина. Сабрина имала само еден месец виза за престој во Македонија, но сега со официјално склучениот брак би требало да нема некои поосебни ограничувања во врска со визата и престојот во Македонија.

Според актуелните протокоЗлатко и Сабрина по регистрацијата ли на свечениоот чин во Штип приво Општина Штип суствуваа само младоженците и кумовите, како и родителите на Златко, Соња и Ангел Георгиеви кои веднаш рекоа дека снаата ја

СЕ СЛУЧИ ЉУБОВ Се запознале во 13,5 милионскиот Шангај, Златко работел како компјутерски дизајнер во француска компанија, а Сабрина во американска фирма за моден дизајн, според двајцата тоа било љубов на прв поглед. родителите на Златко. Се договоривме во годината еден период да бидеме овде во Македонија, а во другиот период во Кина“ вели на англиски Сабрина која уште во старт почнала да ги учи основните македонски зборови.

{tipski Glas, Januari, 2021 br. 107

ПАРИЧКА КАЈ САБРИНА На Бадниковата вечер во Штип со родителите на Златко паричката се паднала токму кај Сабрина. Родителите на Златко ги поддржуваат младите, велат како ним им одговара така и нека прават само да имаат убав и среќен живот.

Златко најави дека ова што сега се прави во Штип ќе се случи и во Кина заедно со родителите и роднините на Сабрина, според нивните традиции и обичаи. „И двајцата сакаме нашата љубов да ја крунисаме со принова

прифатиле како нивна керка. „Ги подржуваме младите па како ним и одгавара така и нека прават, само да имаат убав живот и да бидат среќни.“ велат родителите на Златко. Т.Јовановски


Брејк Д Флор со јавна покана за часови по танцување за сите генерации

{tipski Glas, Januari, 2021 br. 107

С

СЦЕНА

ите штипјани без оглед на старосната возраст можат да научат да танцуваат или да практикуваат фитнес за подобрување на нивното физичко и ментално здравје , а таа можност за оваа 2021 година им ја нуди клубот ТСК Брејк Д Флор под водство на сопственичката Ева Пејова. Часовите се одржуваат онлајн и во сала со физичко присуство, а истите се организираат во согласност со протоколот за работа на танцовите студија одобрен од Комисијата за заразни болести и објавен во Службен весник на РСМ. -Посебна покана упатувам до повозрасните ентуазијасти кои сакаат да се рекреираат, бидејќи сме единствен ваков клуб во градот кој организира часови за оваа популација. Ова се полесни часови со соодветни вежби според возраста кои секој може да ги совлада, појаснува Пејова. Пејова појаснува дека се работи во мали групи за да се запази задолжителното растојание од 1.5 метар меѓу членовите, со половина час пауза меѓу групите за проветрување и дезинфекција на салата и опремата што се користи на тренинг за да се избегне создавање на гужва. Задолжи-

19

спортски клубови од Скопје, Куманово, Битола, Прилеп и Штип. ТСФМ е дел од Светската танцова спортска федерација и Меѓународниот олимписки комитет, а потпаѓа под Агенција за млади и спорт, Македонски олимписки комитет, Сојуз на спортски федерации, Факултетот за физичко образование, спорт и здравје и Федерација за училишен спорт на Македонија. -Му благодарам на Штипски Глас што ми овозможува да ја информирам јавноста дека редовно организираме обуки, работилници и манифестации за танц и фитнес, а во минатата 2020 година, согласно со здравствената состојба во државата, работевме и на онлајн обуки за почетници за Хип хоп и Денсхол танц.

Низ Брејк Д Флор поминале илјадници штипјани, најмладиот член имал четири, а најстарите се над 60 годишна возраст.

- Н а ш и те - с п о р т и с ти/спортистки редовно се појавуваат како пропратни танчери во видео записи за музички нумери на познати македонски музички ѕвезди и како дел од многу музички фестивали каде имаат настапувано со познати македонски музички имиња како Нокаут и Игор Џамбазов, Џина Папас Џокси, Александар Ристовски – Принц, Куку Леле и многу други. А на Фестивалот на забавни мелодии Макфест, минатата година, се закитивме и со наградата за најдобар сценски настап за нашиот настап со Виктор Апостоловски кој ја изведе компзицијата Срца камени, посочува Пејова. Инаку, за овие 13 години постоење на Брејк Д Флор (на македонски – Скрши го подот) преку клубот на Пејова тајните на танцувањето и на фитнесот ги научиле илјадници штипјани при што најмладиот член имал само четири а најстарите членови се над 60 години.

телно се мери температура на секој член пред да влезе во објектот, се дизинфецираат рацете и секој си носи чисти резервни патики наменети исклучиво за тренинг, маска и свое шишенце вода. Ева Пејова е лиценциран инструктор по танц и фитнес, оснивач на танцовиот спортски клуб Брејк Д Флор од Штип, кој работи со модерни танци и фитнес, како за деца така и за возрасни. Во областа на танцот и фитнесот Ева Пејова е актвина веќе 13 години. -ТСК Брејк Д Флор е единствен клуб од Штип кој е член на Танцовата Спортска Федерација на Македонија (ТСФМ) и танчерите-спортисти од Брејк Д Флор се натпреваруваат како на национални, така и на интернационални натпревари. Тие се повеќекратни државни прваци во повеќе танцови дисциплини и категории, меѓу кои дисциплините Џез Фанк, Денсхол, Воуг и Хилс - дисциплини со кои ретко кои клубови во државава работат, вели нашата соговорничка. Танцовата Спортска Федерација на Македонија по- Заинтересираните можат да ја побарат ЕВА ПЕЈОВА на стои од 1994 год (26 години) и брои 10 членки-танцови 078/ 317-373.


Емил ПАВЛОВ – спортист на 2020 година

20

СПОРТ

Комисијата за спорт при Советот на Општината, спортски новинари и спортски работници ги избраа најдобрите спортисти, спортски работници и спортски новинари на нашата општина за 2020 година. Признание е оддадено на 31 лице.

Пионери

1.Андреј Трајчев Баканец 2.Јован Атанасов Балканец 3.Јована Панева К.К. Македонка 4.Клаудио Јанковски К.К. Македонка 5.Џем Пашов К.К. Штип 6.Ива Колева Ж.К.К. Тим Арена 7.Вероника Зашевска Челични 8.Јован Данилов Кик бокс Гладијатор 9.Стефан Антониев Ф.К. Брегалница 10.Јован Николиски Осенсеи

Кадети:

1.Стефан Штеријов Б.К. Балканец 2.Ненад Панов Б.К. Балканец 3.Данил Николиски Осенсеи

Младинци:

1.Фадил Назифов Б.К. Балканец 2.Никола Нацев Кик бокс Гладијатор 3.Мила Вакувска О.К. Студент - жени

Сениори:

1.Емил Павлов К.К. Штип 2.Жарко Арсовски К.К. Штип 3.Слободанка Стефановска Кик бокс Гладијатор

{tipski Glas, Januari, 2021 br. 107

Најдобар тренер:

Сашко Арсовски К.К. Штип

Училишен спорт:

О.У. Ванчо Прке - наставник Ангелчо Рунчев

Коле Нехтенин - професор Методи Самарџиски

Најдобар спортски судија: Никола Мицевски

Посебен придонес во спортот: Маја Ашкилова

Надежен млад спортист: Димитри Радев

Спортски новинар: Зоран Ристевски

Најдобар спортски клуб: К.К. Штип

Спортски работници: Мијалче Маџаров Марија Гогова

Спортист на годината:

ЕМИЛ ПАВЛОВ, карате клуб Штип

Свечено доделување на наградите е закажано за 28 јануари 2021 година во салата на Советот на Општина Штип 18 часот согласно протоколите на здравствената комисија


МИЦЕВСКИ: Благодарение на УГД одбојката во Штип се враќа на сцената

{tipski Glas, Januari, 2021 br. 107

СПОРТ

● Пратеникот Никола Мицевски е носител на признанието најдобар спортски судија од Штип за 2020 година. Со Мицевски, меѓународен одбојкарски судија, разговараме за оваа негова страст...

Г

-дин Мицевски, нашите честитки за признанието најдобар судија во 2020 година за кое гласаа сите членови на Комисијата за избор на спортист и спортски работници во минатата година. Пратеник сте па како, и покрај овој голем ангажман кој бара многу време, успевата да се посветите и на својата спортска страст? Благодарам на честитките. Јас се водам од девизата дека кога се сака, се се може. Така успевам да ги инкорпорирам сите мои обврски, службени и приватни. Одбојката е моја пасија што ме прати од многу мала возраст и нешто, во што го наогам мојот внатрешен мир. Затоа со задоволство, секогаш кога професионалниот ангажман ми дозволува, ја користам приликата да се појавам на одбојкарските терени. Сакам да кажам дека ова е мое петто или шесто признание за најдобар судија, во нашиот град и секогаш ми преставува чест и задоволство да ги примам, имајки во предвид дека изборот покрај советниците во О. Штип го праваи спортски работници и новинари, кој знаат да ги вреднуваат постигнатите резултати во спортот. Малку за Вашата спортска биографија. Со одбојката како спорт се сретнав во моето основно образование, во далечната 1987 год. Кога под водство на мојот професор Новит Здравев учествувавме во школската одбојкарска екипа од која произлегоа и многу првотимци, во подоцнежниот период на Одбојкарскиот клуб Младост. Одбојка играв до 1993 година под водство на тренерот Н. Здравев и сега покојниот Т. Тасевски, од кои научив многу работи како за спортот, така и за нашиот однос кон животот, обврските и одговорностите како личности. Кога заминав на студии во Скопје, а после една повреда која што ја здобив на терените сакајки да останам во контакт со одбојката, решив да се вклучам во судиската организација на ОФМ, каде што во 1993 год го положив курсот за одбојкарски судии и почнав да судам во помладите категории. Од 1996 та година судам во првите одбојкарски лиги во државата, со ранг Одбојкарски судија, а од 2003 година се здобив со рангот Меѓународен одбојкарски судија, и од тој период до денес учествувам во многу реномирани одбојкарски турнири и натпревари. Во мојата скоро 20 годишна меѓународна кариера како позначајно би издвоил судење во лига на шампиони ( 6 сезони); Светско првенство во 2012 година за жени во Брно, Р.Чешка, два финални натпревари во Европските купови, 2013 и 2019 година, и последното Европско првенство за жени, што се одржа во септември минатата година. На меѓународна сцена имам отсудено близу 100, официјални меѓународни натпревари. Вашето мислење за одбојката во Штип и во Македонија? Одбојката во Штип, пополека некако срамежливо се враќа на сцена. И во машка и во женска конкуренција. Благодарение на континуираната подршка на Универзитетот

21

„Гоце Делчев“ и секако на големите ентузијасти и вљубеници во овој спорт Ванчо Санев и Благој Тасев, со чија заложба успеавме да ја зачуваме одбојката од изумирање во нашиот град. Гледам нови генерации на одбојкари и одбојкарки и ентузијасти, кој што почнаа да постигнуваат резултати но пред се да привлечат млади луѓе во спортските сали, што според мене во ова брзо време на живеење е резултат сам по себе. Македонската одбојка, пак во услови на недоволен број на спонзори успеа по втор пат невозможното да го направи возможно. Машката репрезентација се пласиреше на европското првенство кое ке се одржи оваа година, благодарение на храбрата игра и желба на нашите репрезентативци за успех, како и подршката која ја добиваат во логистиката од ОФМ.Во женска конкуренција пак се прават напори со репрезентација во помладите категории да се излезе на евтопск сцена, каде што отсуствувавме одреден временски период.Се надевам дека со пристапот ке успееме да направиме тим кој што ке биде компетитивен со сите европски репрезентации. Што е најважно за еден судија во одбојка? Пред се да се сака работата, да се чувствува играта, да се знаат правилата на игра, како теоретски така и практично, како би можело да се донесуваат брзи, точни одлуки, без да се влијае на играта и да се наметнувате на тимовите. Во судењето колку судијата е понезабележителен во играта, толку подобро си ја врши работата. За мене од посебно значење е тоа што патувањата, учество на големи одбојкарски натпревари, овозможуваат создавање на нови пријателства, запознавање со нови култури, традиции, и истории... тоа е највредното. Што да направиме на одбојката да и го вратиме местото кое таа некогаш го имашпе во нашиот Штип? Потребна е поголема подршка од Општината, обезбедување на термини и сали за непречена работа на сите спортски колективи во градот.Селекција на спортисти/ученици и вклучување на сите професори по физичко воспитување од основно и средно образование во училишни активности или можеби градски лиги во различни спортови,како би можело да се селектира. нивно мотивирање, наградување е еден од начините на вракањето на спортот во градот на ниво на кој што сите сакаме да биде.


РАЗОНОДА

22

TR-MR ov -Mi Re k e ~e R Ti

{tipski Glas, Januari, 2021 br. 107

Се вели дека денот по утрото се познава. Јас велам дека и најлошото утро може Да ни донесе најубав ден. Се зависи од нашата перцепција на тоа Што е убав ден.... Парите не се важни Ако ги имаш Кај нас е лесно да се стане Легендарен Тешко е да се остане Нормален. Жената е најдобриот пријател на мажот Се додека Мажот има полно ќесе пари....

Razmisluva: Iv. BOJ

СУДОКУ

ИМПРЕСУМ

Издавач: Медиум Боја 43 – Штип Седиште на фирмата и адреса на редакцијата: Ул. „Тошо Арсов“ бр. 23 – 2000 Штип Одговорно лице: Иван Бојаџиски

Излегува еднаш месечно Првиот број излезе во месец април, 2009 година Главен и одговорен уредник: Иван Бојаџиски 078/375582 Графички уредник: Јорданчо Бојаџиски, 078/473094

Овој број е отпечатен на 25.01.2021 година Тираж: 1.000 примероци

В недела ќе одам на утакмица Од македонска фудбалска лига Сакам малку да се здосадувам...

СКРИВАЛКА

Ж-ка: 290000002136767 Едб:4029019522191 Т.Т.К. банка А.Д. Скопје Годишна претплата: 180 денари.

Печати печатница Генекс-Кочани Ул. „Тодосија Паунов“ б.б.

За Штипски глас се плаќа повластена даночна стапка од 5%

ISSN 2545-4498 Непотпишаните текстови се на Иван Бојаџиски


Đ•Đ?Đ˜Đ“ĐœĐ?Đ˘Đ˜ĐšĐ?

{tipski Glas, Januari, 2021 br. 107

23

! . - ! & $ ! ! - * +! ,

! " ' ( ')

/ ! & ! . 3- !

% &"

" 8

$ ) 9 ( - ! !

# ! ! "

5 )

2 - " " ( 7

%

-

.!

4 ! - / (

( ; /

/ /

% '

% 0 . 1 2 (

) # / !

! . %

/ .

"

/ % &

6 $ ) $ -

& ! 3 " . / !

0 "

& ( -

/

6 "

5 ! !

& " -

" .

. #

& - )

. 4 ) : $

4 %

#%.


24

РЕКЛАМА

{tipski Glas, Januari, 2021 br. 107


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Stipski Glas 107 by Jole Boja - Issuu