Skip to main content

Stglas br48

Page 1

Никола Мицевски, директор на ЈП Исар

ЈП Исар меѓу 200 најуспешни компании во Македонија! ● Регулираната цена на водата и штедење на сите позиции придонесоа за успехот

Пастрмајлијада, мода и музика

Штип една недела царство на сите уживања

Каде отидоа 30 милиони стари динари од фондацијата „Сергеј Михајлов“?

Замина Христо Крстевски, големиот македонски писател Живот

Проф. д-р. Методи Чепреганов, специјално за Штипски глас:

Зошто и од каде агресија во ова време

Скопјанка живее во Свети Николе, а ги лекува штипјани


2 ОД МОЈ АГОЛ

N

Кога вревата ќе стивне Иван Бојаџиски

►Убаво си се забавивме ама се отворија и некои прашања ►Лошиот глас надалеку се слуша, добриот и до крајот на светот ►Зашто градот заборави на писателот и автор на текстот на Еден бакнеж?

1

Ја пребродивме и таа убавина . Ред висока мода од наши, штипски креатори, ред македонски забавна музика на Макфест, ред пастрмајлии. Сега, кога вревата прилично стивна, ред е да се направи и некаков рекапитулар, односно коментар на настаните. Погледнато од мојот субјективен агол можам да констатирам дека сите работи, ако ги посматраме како „три во едно“ си ја постигнаа целта. Многу народ, голем, дури и огромен интерес посебно за она слатко гастрономско задоволство наречено пастрмајлија. Весели лица, цели семејства, потскокнуваа под ритамот на музиката на сите пејачи и оркестри кои настапија на бината покрај Камениот мост. За миг се заборавија проблемите за кои и во нашиот град наголемо и секојдневно се зборува. Се разбира, како и насекаде во Македонија, кога се сака да се направи спектакл, да се привлече многу народ, се канат музички ѕвезди од надвор, исклучиво од поранешниот Ју простор. Алан Исалмовиќ со Кад бих био бело дугме и Харис Џиновиќ беа главните фаци кои, во позитивна смисла, ја запалија масата, иако и настапот на групата Синтезис наиде на одличен прием. Но, прашањето кое ќе остане отворено и за сите идни вакви манифестации, а кое го слушнав и од неколкумина наши сограѓани е: дали е пристојно, дали е оправдано, на најголемиот македонски празник 11 Октомври, на најголемиот собир на граѓани кој сме го имале до сега, (ако се исклучат митинзите на политичките парти во првата декада од осамостојувањето) да ечи песна на немакедонски јазик? Дали таквиот избор е нешто што ќе си го дозволи било која држава која држи до себе? Ако го прашате народот тој ќе рече: „па што ако е така, кој тоа македонски пејач ќе привлече толку народ, та не ли генералната цел на пастрмајлијдата е да дојдат што повеќе луѓе“? И ова може да држи вода, но само до моментот додека на дневен ред не дојдат големите зборови од типот „национално достоинство“, „патриотизам“, „национална гордост“ и на тоа слично. Јас го немам вистинскиот одговор што да се прави во однос на ова прашање, но останувам заговорник на потребата за таквата состојба да се направи една тркалезна маса, да се поведе дебата, да се слушнат повеќе мислења и оваа важна дилема да се расчисти за сите идни времиња.

2

{tipski Glas, Oktomvri, 2013 br. 48

НОВО ВО ГРАДОТ

Лошиот глас надалеку се слуша а добриот и до крајот на светот. Оваа мудра мисла добива потврда во последниот деловен потфат на нашата „Актива“ и со рангирањето на ЈП „Исар“ меѓу 200 најдобри компании во Македонија според остварената нето добивка. За „Актива“: Антонио Витило, сопственик на компанијата „Витекс Македонија“, италијански бизнисмен, не ги штедеше убавите зборови на сметка на оваа наша компанија која тој лично ја избра да ја гради неговата

нова фабрика во индустриск ата зона Бунарџик кај Скопје. Во разговорот што го водевме за време на пост а в у в а њ ет о каменте мел никот, Витило јасно кажа дека во голема конкуренција, при еден куп многу сериозни понуди од многу компании, тие премногу не се двоумеле и за изведувач на работите ја избрале токму „Актива“. Витило ми рече дека во бизнис круговите слушнал многу убави работи за можностите на штипската фирма, за квалитетот и спазувањето на роковите со кои таа ги завршувала бројните големи градежни проекти меѓу кои спаѓаат и мега фабриките на белгиски „Ван хол“ во Бунарџик и фабриката на „Џонсон контролс“ во зоната кај Штип. За ЈП „Исар“. Податокот дека нашето јавно претпријатие по децении работа со загуба сега остварува профит, е нешто кое никој не го очекуваше. Освен можеби раководството на претпријатието. Да се најдеш меѓу 200 најуспешни компании во државата е сознание за – капата долу! Овој факт е на радост на сите нас кои живееме во Штип бидејќи тој, всушност, ни говори дека во поглед на најважните комунални потреби на градот ние одиме по една нагорна линија. Тоа значи сигурно водоснабдување, почист град, повеќе зеленило, подобро уредни Градски гробишта...

3

Неодамна почина големиот мајстор на пишаниот збор Христо Крстевски. Зад себе остави огромен книжевен опус: раскази, есеи, романи. Беше преведуван во десеттина европски држави, со легендарниот Момо Капор беше на „ти“, многу книжевни експерти за него тврдеа дека е македонскиот Маркез. Неодамна во Лондон, на англиски јазик, англиски издавач го издаде романот „Циганско лето“ а во моментот во САД се печати неговиот најнов раскажувачки производ. Тој е и автор на текстот на легендарниот евергрин „Еден бакнеж“ кој до ден денес остана на врвот во националната забавна музика. Но, во градот кој себе си се титулира (и) како културен центар никој од културните дејци не се сети на големиот раскажувач. Или немаме дејци или немаме култура. А можеби е и едното и другото? Веројатно и затоа никој не предложи да се одржи комеморативна седница во некоја наша културна установа, некој да каже збор – два за неговото дело, на неговото вечно почивалиште, во име на Општината, да положи букет свежо цвеќе. А ние си имаме Комисија за култура како помошно тело на Советот на општината. Го имаме и Домот на култура кој го носи името на писателот Ацо Шопов, што значи колега на покојниот Крстевски. Во овој наш град е и Националната библиотека која го носи името на „Гоце Делчев“ во која се одржани и се одржуваат голем број промоции на пишани дела. Тоа што никоја од овие институции не се сети дека од нашата заедница си заминува еден голем писател, тоа ќе се запише на контото на нашата срамота.

Седум штипски компании меѓу 200 најдобри, нето добивката 6,5 милиони евра милиони евра. Другата компонента која е значајна кога е во прашање е содржана во фактот дека овој финансиски резултат е остварен во различни стопански и услужни дејности, од телекомуникациски услуги и услуги во областа на кабелската оперативност, преку винарската индустрија, транспортот и шпедицијата се до текстилот за кој постојано се тврди

*40 проценти од нето добивката е во двете компании кои во деловниот свет се познати под името Роби

С

поред анализата на весникот Капитал, меѓу двестете најдобри и најголеми компании од Македонија кои во 2012 година оствариле највисоки профити се и седум од Штип. Листата на најуспешни штипски фирми ја предводат Роби кабелска ТВ со 70 и Роби телекомуникациски услуги со 69 милиони денари, односно нешто над 2,3 милиони евра. Првата компанија е на 96 место втората пет места подолу, односно на 101 место. На 108 место е винаријата Езимит груп со нето добивка од 66 милиони денари, односно околу 1,1 милион евра. Компанијата од областа на трговија со текстил Нико 2002 е на 129 место со нето добивка од 57 милиони денари (околу 900.000 евра), фирмата Линеа прима од областа на текстилната индустрија е на 165 место и таа лани инкасирал 48 милиони денари (малку под 800.000 евра), транспортно – шпедитерската компанија Јан шпед е на 195 место со нето добивка од 41 милион денари (670.000 евра) а на 199 место е рангирано јавното претпријатие „Исар“ со нето добивка од 40 милиони денари или околу 650.000 евра. Како што може да се види од оваа анализа на Капитал, седумте најуспешни штипски компании за 2012 година оствариле нето добивка од 6,5

дека е нискодоходвна трудоинтензивна гранка. И, секако најголемото пријатно изненадување ЈП „Исар“ кој до пред две години работеше со загуба.

40.000 гимназијалци на едно место

Г

имназијата „Славчо Стојменски“ наголемо се подготвува за редок спектакл. На едно место ќе се најдат таблоата од сите генерации завршени гимназијалци во трекот на стогодишната историја на постоењето

на оваа образовна институција. Подготовката на таблоата е во завршна фаза а сликите се сочувани за севкупноста на штипската историја благодарејќи на студиото „Фото Трајче“ и на педантноста на луѓето кои биле на чело на оваа наша високообразовна институција. Се проценува дека во изминатите сто години низ гимназиските клупи поминале над 40.000 ученици.

„Целата оваа работа ја правиме во рамките на одбележувањето на реткиот јубилеј – сто години гимназиско образование во Штип. Сегашната гимназија „Славчо Стојменски“ корените ги има во 1913 година кога во Штип била формирана нижата српска гимназија. Ги поседуваме таблоата на 90 проценти од генерациите кои се школувале овде а за првите генерации имаме списоци на учениците и наставниот кадар кои списоци ќе бидат изложени заедно со таблоата“, вели Ристе Петковски, директор на официјално најдоброто средно училиште во Македонија. Изложбата каква што досега не сме ја имале во нашиот град ќе биде отворена во уметничката галерија Безистен на светиот ден Свети Никола кој е и Ден на градот, а тоа е 19 декември. Инаку во оваа образовна институција се школувале многу личности кои подоцна станале истакнати политичари, научници, општественици.


{tipski Glas, Oktomvri, 2013 br. 48

3

РАЗГОВОР ЕРОЛ АДЕМОВ,

виш референт за односи со заедниците

Ромите со крупни чекори одат напред

Е

рол Адемов е млада, образована личност. Тој е апсолвент по право на скопскиот универзитет. Припадник е на ромската етничка заедница и е вработен во локалната самоуправа како референт за односи со заедниците. Ромите се на второто место според бројноста на жители во нашата општина, после Македонскиот народ а пред влашката етничка заедница која е трета. Според последниот попис од 2002 година, во Штип живеат 2.195 роми или 4,6 проценти од вкупното население. Г-дин Адемов, каква во моментов е состојбата со ромската заедница како најбројна етничка групација после Македонците во нашата општина? -Имам повеќе аргументи со кои може да се потврди вистината дека ромите, во последно време, со крупни чекори одат напред. Она што за секоја па и за оваа етничка заедница е најважно секако е фактот на нивниот опфат во образовниот систем на државата. Бројките се охрабрувачки бидејќи тие говорат за тоа дека сé поголем станува бројот на ромите кои се школуваат и тоа е таа позитивна линија од

основното преку средното па се до високото образование. Да ни дадете некои аргументи во однос на ова прашање. -Ќе почнам од ромите од регионот кои студираат на некој од факултетите, главно на универзитетот „Гоце Делчев“. Нив ги има 132 и таква бројка на опфат на ромите во високото образование досега не сме имале. На прва година ОБСЕ НЕ ПОСОЧИ КАКО НАЈПОЗИТИВЕН ПРИМЕР ВО ОДНОС НА РЕШАВАЊЕТО НА ПОТРЕБИТЕ НА РОМИТЕ тие се ослободени од партиципација. Во средното образование имаме запишано 65 а во основното 475 ромски деца во општината. Ромските семејства сé повеќе ја сфаќаат важноста на образованието што секако е повеќе од добро. Некои медиуми излегоа со информации дека дел ромските од деца кои требало да се запишат во прво одделение не седнале во школските клупи бидејќи со родителите биле на работа во други места во државата а

странство. Општината спроведува проект финансиран од Советот на Европа кој е од важност за ромската заедница. Во што е тука поентата? -Нашата општина e вклучена во „Ромед – 2“. Како општина ќе имаме соработка со медијаторите, а во функција на унапредување на стандардите на ромите. Во таа смисла наскоро ќе се формира тело кое ќе ги утврдува приоритетите на оваа заедница по што ќе биде изготвен акционен план кој треба да биде

НА НАШИТЕ ФАКУЛТЕТИ ДЕНЕС СТУДИРААТ 132 РОМИ ОД РЕГИОНОТ, ТОА Е БРОЈКА КАКВА ШТО ДО СЕГА НЕ СМЕ ЈА ИМАЛЕ

УСЛОВИТЕ ЗА ЖИВОТ НА КОСОВСКА, ШИОРОК ДОЛ И РАДАНСКИ ПАТ ПОСТОЈАНО СЕ ПОДОБРУВААТ

на некои работата им била да питачат? -Ја имаме таа појава и тоа за нас не е нешто непознато. Факт е дека во прво одделение во основното образование не тргнаа 16 ромски деца а во средното, кое исто така е задолжително недостасуваат 11 момчиња. Ние ги контактиравме родители, а тие ни рекоа дека биле на работа надвор од Штип но ветија дека нивните деца ќе седнат во училишните клупи. Можеби ќе недостигаат само мал број деца кои со своите родители се веќе во

имплементиран во 2014 година. Овој проект е финансиран од Советот на Европа и Република Македонија, а во него е вклучена е и невладината организација „Сонце“ од Тетово. Нашата организација Здружение на мултиетничко општество за човекови права – Штип, во соработка со невладината организација „Хера“ од Скопје вклучи ромски здравствени медијатори во здравсвените институции. Од ОБСЕ наскоро ќе не посетат бидејќи тие нас не посочија како најпозитивен пример во однос на реша-

вањето на проблемите и потребите на ромската заедница. Косовска, Радански пат и Широк Дол се локациите на кои се сконцентрирани ромските семејства. Колку општината се грижи за ромите да имаат исти услови за живот како и другите во градот? -Секој ден на овие локации се работи по нешто кое е од значење за унапредување на животот на ромите но и на сите други кои таму живеат, иако ромите убедливо се доминантни. ЈП „Исар“ одлично го има решено прашањето во однос на водата за пиење, а ова јавно претпријатие изврши реконструкција на водоводната и на канализационата мрежа. ЈП „Стипион“ со средства на општината и со 1 милион денари од Министерството за транспорт и врски и министерот без ресор Неждат Мустафа ја асфалтираше Косовска а ОБСЕ финансира изградба на детско игралиште. Овој проект чини 5.380 евра а десет проценти од оваа сума се влог на нашата општина. Тоа говори дека се работите забрзано се менуваат и тоа е во полза на ромите но и влијае на угледот на општината.

Борците и градот во чест на 11 Октомври „11 Октомври, Денот на востанието на Република Македонија преставува пресвртница во борбата за самобитност и национална индивидуалност на нашиот народ во неговата борба за слобода. Борба за национални и социјални права, за сопствена државност. Со вооружената борба Македонија не стана квислиншка територија туку напротив, жешко подрачје за окупаторот на кого му ги расипа сите планови и одигра значајна улога во целокупниот расплет на втората на Втората светска војна“. Со овие зборови Петар Мицевски, секретар на ОО на Сојузот на здруженијата на борците од НОБ им се обрати на присутните кои пред алејата на народните херои дојдоа да го одбележат големиот празник на македонскиот народ. Меѓу присутните беа градоначалникот Илчо Захариев, пратеникот Трајче Димков, претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Нико-

ла Мицевски, претседателот на ОО на СДСМ Владимир Милошев, делегација на АРМ, советници, членови и поддржувачи на боречката организација и други.

„11 Октомври е значаен ден од македонската историја кој не само што е симбол на македонската борба за слобода туку е и ден кога е поставен еден од

темелите на македонската држава“, потенцира Патар Мицевски.


4

ИНТЕРВЈУ

[tipski Glas, Oktomvri, 2013 br. 48

Никола МИЦЕВСКИ, директор на ЈП „Исар“

ЈП „Исар“ помеѓу 200 најуспешни фирми во Македонија

С

о нето добивка од над 600.000 евра за минатата година јавното претпријатие „Исар“ се вброи меѓу 200 најголеми и најуспешни компании во државата. Оваа информација може да се види во специјалната едиција на весникот „Капитал“ кој секоја година, на основа остварените финансиски резултати, прави рангирање на најуспешните согласно нето добивката која тие ја остваруваат. ЈП „Исар“ е на претпоследното 199 место на оваа листа која ја предводи Македонски телеком а завршува со Екстра Меин. Тоа е и повеќе од добар повод за интервју со Никола Мицевски, првиот човек на ова јавно претпријатие. Г-дин Мицевски ова е изненадување за штипската јавност која од ЈП „Исар“ со години добива информации за работа со загуба. Во што е поентата на овој пресврт? -Повеќе елементи делуваа на ваквиот позитивен резултат. На право место тоа е регулираната цена на водата, потоа максимално намалување на несуштинските трошоци, на трето место е редовната контрола на сите активности заради потребата од намалување на загубите, на ова се надоврзува подобрената организација на работа и редовното следење и реагирање во однос на побарувањата и обврските кои ги имаме. Работењето со добивка, претпоставуваме, отвора можности за инвестирање во обнова на механизацијата и возниот парк за подобра комунална хигиена на кој план „Исар“ има потреба. Значи ли тоа дека по штипските улици наскоро ќе можеме да видиме нови возила пред се за собирање и изнесување на сметот? -На жалост тоа нема да се случи бидејќи целокупната добивка мораме да ја насочиме кон сервисирање на финансиските обврски кои ги имаме кон Европската банка за обнова и развој. На нашите граѓани им е познат фактот дека во 2000 година ЈП „Исар“ зеде кредит од ЕБОР од 2,5 милиони евра, за кои гарант е општината.Менаџерите кои во минатото раководеле со претпријатието не ги намирувале ратите, кредитот не е отплаќан, а сега тој долг ние мораме да го отплатуваме. Од минатата година која исто така ја завршивме со добивка, ЈП „Исар“ редовно го исплатува кредитот кој е до 2015 година кога мора да се плати и пос-

ледната рата. Тој факт нам ни ги врзува рацете добивката да ја инвестираме во набавка на нови возила и со тоа да влијаеме на подобрувањето на перформансите на претпријатието. Што тоа ќе значи за Штип? -Значи дека најмалку до 2015 година ќе мораме да работиме со постојната механизација. Возилата се стари и прилично амортизирани а од друга страна обемот на работа во областа на комуналната хигиена се зголемува. Самиот факт дека во Штип секој ден мигрираат по 10.000 студенти од други места говори дека е зголемен капацитетот на комуналниот отпад. Покрај ова ние си презедовме за обврска да го собираме отпадот и од сите приградски населби, тоа

шта ѓубре и таа слика не е добра за никого. Нам ни се неопходни нови возила за смет ама засега пари за такви инвестиции немаме иако, и во вакви услови, ценам дека градот го одржуваме во една коректна комунална хигиена.. Да се вратиме на најголемата болка а тоа е кредитното задолжување кон ЕБОР. Како стоите во однос на тоа крупно прашање? -Во 2010 година кога го презедов менаџирањето со јавното претпријатие ЈП„Исар“ имаше достасани а неплатени обврски во висина од 75 милиони денари и уште толку кои доаѓаа во наредниот период до 2015 година. Јавното претпријатие и локалната самоуправа, од 2009 година до денес имаат сервисирано око-

го правиме и за реонот Света недела како и во населбите кои се во процес на легализација. Тоа за нас значи зголемен обем на работа а со тоа и зголемени трошоци бидејќи наше мото е дека Штип мора да биде чист град, да биде на ниво на своето реноме како регионален центар. Од ваш агол погледнато како Штип стои во поглед на комуналната хигиена што е прашање од големо значење за секој град кој држи до себе. -Мое мислење е дека во однос на комуналната хигиена градот стои релативно добро иако секогаш бараме простор и решенија таа слика да биде уште подобра. Наш најголем проблем, да повторам, е застарениот возен парк кој предизвикува чести дефекти на возилата за собирање и изнесување на сметот. Само еден од старите камиони да застане поради дефект, планираната динамика на изнесување на сметот се пореметува, низ поедини делови во градот остануваат поголеми купи-

лу 1,1 милион евра обврски по основ на овој кредит. Да беше кредитот редовно враќан сега ќе бевме со многу поголема добивка и ќе можевме да купиме возила кои ни се неопходни во секојдневното

фатени од Советот на општината кога ја презентиравте вашата програма за тековната година? -Со задоволство можам да кажам дека она што беше во нашите развојни планови за тековната година ние стопроцентно го реализиравме, се разбира заедно со локалната самоуправа. Сепак,најголем проблем се загубите во водоводната мрежа за кои се говори дека изнесуваат и до 60 проценти од водата која се испорачува од филтер станицата. Како до решение на овој голем проблем кој создава и лоши финансиски импликации? -Наши анализи укажуваат дека поголем процент од водата која не се регистрира како потрошена, а тоа значи дека и не може да се наплати, е резултат на дивите приклучоци. Во помал процент, од 20 до 30 проценти, загубите на водата се резултат на старите водоводни системи во поедини делови на градот. Тоа е таа реална загуба се друго е кражба, а ние правиме стратегија како да се справиме со овој проблем. Решение? -Овој проблем ќе го решаваме преку поставување на нови водомери со далечин-

Кредитот пред се Добивката е 600.000 евра но таа ќе ја употребиме за враќање на кредитот земен од ЕБОР. Да биле на време плаќани ратите ние сега ќе можевме да инвестираме во нови возила за собирање и изнесување на комуналниот отпад,во нова механизација...Вака, за ново инвестирање во оваа сфера ќе почекаме уште некое време... работење, а кое влијае да имеме комунално почист град. Во таа насока ќе ја инвестиравме добивката, но што е тука е. На кое ниво е реализацијата на развојните планови кои ги имате како јавно претпријатие а кои беа при-

ско читање, потоа преку формирање на подзони кои редовно ќе се контролираат, и трето со перманентни активности на замена на дотраените водоводни линии каде се јавуваат најголемите загуби на вода. Тоа е патот до надминување на оваа лоша состојба

која директно влијае на финансиското работење на нашето претпријатие. Реализацијата на овие активности бара многу пари и за тоа нам ќе ни биде потребен консензус не само на релација ЈП „Исар“ – локална власт туку и со сите други фактори во градот. Едноставно, за такво решение на големиот проблем неопходни се многу пари што значи дека ќе мора да бараме поволен кредит. До каде се работите на филтер станицата за истата да може да ги прифати водите од регионалниот хидросистем „Злетовица“? -Грантот од половина милион евра за реализација на втората фаза на филтер станицата кој е од Владата на Словенија ни е одобрен и во секој момент очекуваме да започне нејзината реализација. Опремата е пристигната, а идното лето сето тоа ќе биде ставено во функција. Тоа ќе значи дека од „Злетовица“ ќе имаме можност да користиме 500 литри вода во секунда а на користење ќе ни бидат и 270 литри вода во секунда од сегашниот бунарски систем. Тоа пак ќе значи дека Штип ќе има вода која во моментот е доволна за град каков што е Скопје, што говори дека со „Злетовица“ проблемот со водоснабдувањето се решава за децении нанапред. Стариот бунарски систем нема да го запоставиме и ќе го чуваме водејќи се од народната дека нов бунар треба да се копа но во стариот да не се плука. Со „Злетовица“ повеќе нема да стравуваме од евентуална поплава на бунарите кои се покрај реката Брегалница, што ни се случи на 26 февруари годинава. Факт е дека Штип ќе има вода колку за три вакви градови, оттука на кога ќе го продавате вишокот вода? -Од „Злетовица“ ќе земаме толку колку што ќе ни бидат потребите. Но, од повеќе вода за пиење никогаш немало штета. Напротив. Ние веќе аплициравме до Министерството за транспорт и врски за финансиска поддршка од кредитот од ЕБОР кој го зеде нашата Влада. Бараме 1,5 милион евра, од кои 800.000 евра за канализација и за пречистителна станица во населбата Караорман и дел за проектот „Линија – 2“. Во рамките на овој проект идејата ни е да изградиме два големи резервоара кај Пребег и на Мерите и да обезбедиме доволни количини вода за индустријата, за приградската населба Три Чешми, за Пребег, за бањско – рекреативниот центар Кежовица и за реоните Новакова Чешма и Плуждино.


[tipski Glas, Oktomvri, 2013 br. 48

СДСМ доби старо нов општински лидер

Реорганизација и преструктуирање како приоритет

В

ладимир Милошев, специјалист по максилофацијална хирургија, кој две години ја врши функцијата претседател на Општинската организација на СДСМ, повторно е именуван за оваа политичка. Милошев има 48 години,што значи дека е доволно млад но и сосема искусен за да може успешно да одговори на големиот предизвик. Инаку, на јавниот оглас кој го распиша партијата, низ внатрепартиска постапка за оваа функција се самокандидираа шестмина претенденти, при што лидерот Зоран Заев се определил за Милошев. -Наш приоритет се брзите и јасни чекори за внатрешна реорганизација и преструктуирање. Тоа ни е потребно бидејќи по последниот пораз на локалните избори дојде до пасивизација на членството. Тоа ни се случуваше и поради некои оправдани околности. Имено, во периодот по мартовските избори ние моравме да ги напуштиме старите партиски простории при што во барање нови и нивно уредување помина доста време и тоа се одрази на нормалното функционирање. Потоа фатија летните одмори и внатрепартиската постапка за именување на нов претседател, вели Милошев. Според лидерот на Општинската организација на СДСМ штипската партиска организација има 3.100 члена со членски книшки.

“

Советниците од СДСМ прашаа за проектот Отиња, ама одговор не добија. Зошто се кријат информациите за најважниот штипски проект? -Ќе пристапиме кон концепциски промени на политичкото делување усогласени со новиот концепт на новото централно партиско раководство. Свесни сме дека граѓаните се веќе уморни од празните кампањи и лажните ветувања на оваа власт, тие добро знаат дека преку начинот на кој ВМРО ДПМНЕ ја практикува власта силно е нарушено нивното достоинство. Оттука, наша цел е, не само кај членството на СДСМ туку и кај најголемата армија граѓани – неопределените, да ја вратиме довербата во социјалдемократијата, во нашата партија за на следните избори граѓаните да имаат јасна слика за каков СДСМ ќе гласаат и што од нас како партија можат реално да очекуваат, посочува Милошев. Тој е дециден во ставот на партијата дека на барање на многу граѓани на Штип тие ќе бараат одговорност за проектот „Отиња“ кој СДСМ го смета за централно штипско прашање. – „Ќе бараме одговорност од претходниот и од актуелниот градоначалник на Штип за овој проект. Не може да се помине така лесно преку фактот дека најважниот проект вреден два милиони евра сега добива сосема подруг тек. Нашите советници го поставија прашањето за тоа што денес се работи во Отиња, дали постои нов проект, кој е инвеститорот и колку тежи инвестицијата, како ќе изгледа коритото на реката, кој е надзорен орган и зошто во реката се работи без за тоа да се има одлука на Советот на општината. Одговор не добија но ние нема да престанеме да ги бараме најважните одговори за Штип. Како партија ќе се бориме против секаква импровизација бидејќи граѓаните очекуваат решавање на нивните суштински проблеми и потреби а не само козметика“, вели Владимир Милошев.

У

5

ПОЛИТИКА

нијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ во големата сала на Домот на култура „Ацо Шопов“ одржа годишно собрание. По повод овој настан разговаравме со Иван Јорданов, претседател на младите вмровци. Под кое мото се одржува изборното собрание на младите членови на владејачката ВМРО ДПМНЕ? -Нашето мото на ова изборно собрание е „Многу идеи, една цел – Македонија“. Која е целта која планирате да ја остварите со едно вакво мото? -Пред се и над се да ги мотивираме младите да не го напуштаат родното огниште, да останат тука, да ги искористат своите потенцијали и квалитети за свое добро и за доброто на Македонија. Тоа е нашата темелна цел. Кој е поводот едно така крупно прашање да се стави на јавна дискусија? -Соочени сме со фактот дека се поголем станува бројот на млади луѓе кои својата иднина ја бараат надвор од својот дом, од својата татковина

ЈОРДАН НАСЕВ е новиот претседател на ОО на СДСМ во Карбинци

Секогаш конструктивни кога одлуките се од корист за сите во општината

С

о одлука на лидерот на СДСМ Зоран Заев дипломираниот правник Јордан Насев е новиот лидер на социјалдемократите во општина Карбинци. На јавниот оглас на партијата се јавиле четворица канди- дати но Заев оценил дека во неговиот тим кој самиот го составува најдобро решение за општинската организација во Карбинци е токму Насев. Веднаш по изборот на претседателот избран е и Извршен одбор во кој влегоа 16 члена и петчлен Надзорен одбор. Јордан Насев во партијата е од 1996 година. Работел како секретар во Општината, тој е актуелен советник во Општинскиот совет и е координатор на советничката група на СДСМ, ја извршувал раководната функција директор на ЈП „Плачковица“ а по победата на ВМРО ДПМНЕ на локалните избори во 2009 година работи како технички раководител на јавното претпријатие. -Приоритетно во нашата политичка програма е привлекување на младите во партијата и враќање на довербата во социјалдемократијата. Имаме една константна бројка од околу 400 членови со партиски книшки. Интересен е фактот дека во општина Карбинци СДСМ секогаш ужива поголема доверба од политичкиот противник ВМРО ДПМНЕ за што говори

“

Привлекување на младите во партијата е нашиот приоритет фактот дека на последните пет локални избори ние секогаш победуваме во Советот на општината. Само на мартовските избори годинава имавме 1.100 гласа повеќе но политичкиот противник, во последните два изборни циклуса, на волшебен начин го добиваше градоначалничкиот мандат. Наша основна цел е победа на идните локални избори и на таа цел ќе го посветиме целиот наш ангажман, вели Насев. Односот на силите во општинскиот совет на Карбинци помеѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ е 4:4 а еден е независен советник. –„Независно од се ние како советници сме конструктивни за што говори фактот дека на шест досега одржани седници на Советот секогаш бевме едногласни во носењето одлуки бидејќи ценевме дека тие се од интерес за општината. Таква политика ќе водиме и понатаму“, потенцира Насев.

Иван ЈОРДАНОВ, претседател на Унија на млади сили на ВМРО ДПМНЕ

Република Македонија. И тоа го оценуваме како еден голем проблем по иднината на нашата држава. Во партијата цениме дека владата на ВМРО ДПМНЕ им дава шанса на младите да работат и од својата работа да можат да егзистираат, за на тој начин да придонесуваат за своето добро и за просперитетот на државата. Тој потенцијал на младите мораме да го ставиме во функција на она кое го нарекуваме иднина на Македонија. Каде сме на тој пат? Што ви говорат состојбите кои, како што ни рековте, биле предмет на ваша анализа? -Македонија е на раскрсница. Прашањето е да се биде или не. Ние цениме дека на младите е најголемата одговорност да помогнат Македонија да оди во својот просперитет. Поради тоа од младите бараме да ја вложат сета своја енергија, целото свое знаење, работливост и креативност во остварувањето на најважната национална цел.

Младите повеќе да си ја сакаат државата Колку члена има УМС во Штип? -Имаме над 2.000 членови со членски книшки. Младите го препознаа ВМРО ДПМНЕ како партија која ги штити националните интереси, темелните вредности на државата, препознаа дека нашата партија ја води државата кон просперитетна иднина, и затоа се поголем станува бројот на младите од Штип кои ни пристапуваат. Но, тоа е и обврска за сите нас во раководството на партијата, за сите членови на УМС, упорно да работиме на основната цел содржана во мотото на оваа наша изборна конференција „Многу идеи, една цел – Македонија“. Идеите секако ќе ги црпиме од младите членови на партијата. Тоа е патот кој не води до остварување на поголеми вредности, пат на кој не признаваме никакви пречки, тоа е магистралата по кој младите сили на ВМРО ДПМНЕ ќе се движат заради остварување на подобра иднина за сите во нашата Македонија.


6

[tipski Glas, Oktomvri, 2013 br. 48

ГРАДОТ

Каде се 30 милиони стари динари, оставина на Сергеј Михајлов?

Н

емам никаков род кој би ја наследил мојата скромна имовина, а бидејќи наполнив 74 години треба да бидам спремен за неизбежниот крај. Од мојата уштеда за 38 години работа во оваа земја, а и од ликвидацијата после смртта на мојата жена, накит и други цености кои ги донесов во емиграција, на денешен ден располагам со следните готови пари и покретни вредности“... Вака, рускиот емигрант Сергеј Михајлов, на 29 ноември 1959 година го започнува пишувањето на својот тестамент кој, до својата смрт, уште неколку пати ќе го надополнува. Серѓеј Михајлов е роден во 1885 година во Харков, тогашна Царска Русија, а животот го помина во нашиот Штип. Тој е основач и прв директор на Нижото и на Средното музичко училиште во градот. Неговото име стои зад операта Палјачи изведена во тогашно Повластено позориште во Штип на 29 август, 1925 година, како прва опера воопшто изведена во Македонија. Конечна верзија на тестаментот на Михајлов и денес се чува во перфектна состојба во депоата на регионалниот архив во Штип. Михајлов почина на 22 септември 1975 година и е погребан на Градските гробишта во Штип. Штипски глас направи истражување со цел да се види што скромниот Сергеј Михајлов му остави на нашето музичко училиште, и да ли неговите желби содржани во тестаментот се испочитувани. Делчо Трајков, раководител на државниот архив на Македонија, одделение Штип, мошне љубезно одговори на нашето барање, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер да ни го даде на увид тестаментот на човекот кој на повеќе начини го задолжи нашиот град но и Македонското образование и култура. Од целокупноста на документацијата може да се види дека Михајлов, во 1970 година за првпат го допишува (дополнува) тестаментот. Во него пишува дека по неговата смрт целокупниот имот го остава на Средното и Нижото му-

Останата сума од годишниот интерес може да се употреби за материјална помош на сиромашни а добри ученици, за набавка на музички инструменти или поправка на исти, за ноти, стручни книги или Факсимил од тестаментот на Сергеј учебници и слични предмети кои служат за педагошки цели“, стои во тестаментот на Сергеј Михајлов. Тој не ја исклучил можноста, двете музички школи во Штип да бидат затворени „како што веќе имало случаи во други градови“. –„Во противен случај сите права ќе ги С. Михајлов користи онаа школа која ќе продолжи да работи, ако не камата од 10%, б) штедна сите права ги добива Висо- книшка 00965 на сума од ката музичка школа во 3.463.190 стари динари со Скопје“. Вака Михајлов ја камата од 7,5 %, в) обврззаокружил својата волја во ници на заем од 100.000 однос на располагањето со стари динари, г) готови неговиот имот после него- пари од 100.000 до 200.000 вата смрт. стари динари, д) 13 турски Но, три години по- лири, е) златен саат поклон доцна, во 1973 година (две од Општина Штип, ж) бронгодини пред да почине) зен медал исто така поклон Сергеј Михајлов одново го од Општина Штип, ж) штеднадополнува текстот на на книшка број 3741 на сутестаментот. Во додатокот ма од 765.080 стари динари на тестаментот тој бара да се чува кај секретарот на се овозможи да се осигури школото и моментно е за неговиот стан од кражба, трошок за погреб и слично“, погребот да се изврши без пишува во додатокот. Понаверски церемонии и без таму Михајлов бара парите фотографирање. –„Во ма- од сите книшки да се префрлат на штедната книшка број 11046 на која интере30.197.700 стари динари сот е највисок 10%, турските лири, и се друго што На штедната книшка на Сергеј може да се уновчи како и Михајлов која се споменува во сите готови пари да се влотестаментот имало 30.197.700 стари жат на штедна книшка број динари. Ова во Штипски весник од 11046 а клавирот и се што 1983 година го пишува Павле школото може да употреби Стоилковски, тогашен општински ќе се носат во школо. просветен инспектор. Стоилковски го Важно е да се знае и поставува прашањето зашто не се тоа дека Михајлов во тестакористат средства од фондот „Сергеј ментот барал фондацијата Михајлов“. Ова прашање Стоилковски да има име „Фонд на бивго поставува осум години по смртта на шиот директор на музичкоМихајлов, кој почина на 22 септември то школо во Штип Сергеј 1975 година. Михајлов“. Од тогаш до денес одговор на ова прашање поставено на страниците (Во идниот број: Што на Штипски весник не е даден! велат во Стопанска банка, ка-

Но, познатиот педагог не сакал ништо да остави неразјаснето по неговата смрт. Оттука во натамошниот текст на тестаментот тој кажува како да се трошат парите кои тој му ги остава на училиштето по неговата смрт: „Годишниот интерес (камата, н.з.) да се троши према следниот план: целокупниот влог од точките б, и в е мојот легат на вечити времиња кој школото нема право да ги троши целосно или делумно, но ќе се користат само со годишниот интерес (камата, н.з.)“. На крајот од секоја учебна година, со одлука на наставничкиот совет (а никаков друг орган или лице) се наградат најдобрите ученици од втори до последен клас од Средното и од Нижото музичко училиште.Наста в ничкиот совет ќе одлучи колку ученика ќе награди како и да ја одреди паричната сума. Н а г р а д у ва н и можат да бидат ученици кои изучуваат една од следните дисциплини: клавир, виолина, виола, виолончеПотписот на Сергеј Михајлов ло, контрабас, на тестаментот флејта, обоа, биде уплатен до мојата кларинет, фагот, хорна, смрт, а запишана е сумата труба, тромбон, соло пееод 1.000 динари, во целост ње. Инструментите кои не ќе припадне на музичкото влегуваат во симфониски зичко училиште. Еве што пишува во тестаментот: А) Сумата на штедната книшка број 3741 ја молам управата на училиштето да ја подигне и со некое погодно за таа работа лице употреби на мојот погреб кој ќе се обави без религиозни церемонии Б) Сумата од штедна книшка број 00965 по мојата смрт ќе се префрли на името на средното и нижето музичко училиште во Штип со најповолниот за школото интерес. В) Ценостите кои не се потребни за школото да се уновчат, и сумата да се приклучи кон штедната книшка број 00965. Сумата уплатена на име заем на незапослени во износ кој ќе

Веќе сум стар и... На 29.07. 1970 година Сергеј Михајлов, во штипскиот суд, пред судијата Милан Хорват и записничаката Пале Цветкова, започнува да го диктира додатокот на тестаментот од 1959 година. А тој почнува вака: „Веќе сум стар, на 85 години, долго време живеам во Штип и својот работен стаж го имам завршено во Нижата музичка школа како директор..После мојата смрт сета имовина која ја опишав во тестаментот и таа што ќе ја стекнам до крајот на животот сакам да остане на Средното и Нижето музичко школо во Штип“.. училиште во Штип и ќе се внесе во штедната книшка број 00965. Ова стои во тестаментот на Михајлов.

оркестар, џез инструменти и инструменти за забавна музика, не се земат во предвид за наградување.

сичката во спална соба имам две штедни книшки а) под број 11046 на сума од 9.875.398 стари динари со

ков е ставот на лица од Музичкото училиште, зошто не е испочитувана волјата на Михајлов и зошто нема траги од неговата благородна фондација?)


[tipski Glas, Oktomvri, 2013 br. 48

Зошто и од каде агресија сега и во ова време?

ПИШУВА:

Проф. д-р. Методи Чепреганов

В

о секојдневната употреба зборот агресија означува штетни дела на уништување или оштетување на се што не опкружува живо и неживо под дејство на деструктивни пулзии и импулси кои го гонат индивидумот на штетно делување. Сето тоа е поради интелектуалната немоќ да се справи со соговорникот, односно немање ментален капацитет за нормален дијалог во интерперсоналната комуникација. При ова се поставува едно исконско прашање дали во зборот агресија се кријат ирационални и вродени страсти со задоволство за убивање? Најдобар пример се војните со нивната крајна ирационалност, бидејќи на крајот сите се „губитници и победниците и победените“. Прашањето е многу едноставно: дали ирационалноста на сите недела што со себе ги носи војната ја чинат вродени деструктивни пулзии својствени само и единствено на човекот? Во актуелниот момент на сознанија, во поимот агресија, во психосоцијална смисла се кријат две дијаметрално спротивставени толкувања и во овој контекст самиот збор треба да го сфатиме како „мост кој ја соединува биолошката адаптативна агресија (или уште нарекувана бенигна агресија) која нема зло во себе и човечката деструктивна агресија која е уништувачка и злобна (нарекувана малигна агресија). Како резиме на овие две толкувања: бенигната агресија е дефанзивна, уште поточно реактивна, додека малигната е офанзивна, деструктивна и свирепа, во која се инкор-

7

ЗДРАВЈЕ

порирани (за жал) специјалните човекови склоности за уништување и желба за апсолутно владеење. Во контекст на бенигната и малигната агресија се поставува едно многу битно прашање на психолошкиот, поточно на психосоцијалниот аскет на анатомијата на човековата деструктивност, односно агресија. Денеска, во векот на максимални технички и други достигнувања, за жал сведоци сме на невиден пораст на насилството и деструктивноста како во национални така и во светски размери. Вистината која не опкружува, со која се будиме и го поминуваме денот, хроничен и пролонгиран стресоген фактор за секоја жива индивидуа на мајката планета Земја, со бројни секојдневни примери од насилства и тероризам на стадиони, при протести, штрајкови, или дома во семејството. Овој фактор кој ги „раѓа“ сите психосоматски страданија на милиони луѓе во свето, секако дека бара истражувања и теоретски испитувања за евентуалната масовна превентива, ако е тоа воопшто можно макар и теориски, како животот на секого од нас би бил посмирен, похармоничен, со благосостојба за поквалитетно живеење. Во актуелниот момент на нашето постоење можеби повеќе апсурд отколку реална можност! Во оваа смисла проблемот на агресијата бил, е и останува актуелен. Напишани се бројни книги и писанија на сите континенти со една единствена цел за етологијата (грчики етхос–однесување, норма) односно за науката на однесувањето, за карактерот, за социјалните, моралните и етичките норми, религијата и за сите други, навистина мултифаторијални параметри, канони и догми, се со цел да се дојде до „некое похармонично друштво,однесување со почит и доверба, со поголема толеранција во интерперсоналните односи“.

Во сите тие дела постои една и единствена теза и толкување: агресивното однесување на човекот кое се манифестира во војните, во направените злосторства, во меѓучовечките секојдневни односи и расправии,како и во сите други човекови дејствија во кои се присутни деструктивни и садистички однесувања, сите тие произлегуваат од еден филогенетски програмиран и вроден инстинкт кој бара растоварување и го чека поволниот момент за да дојде до израз. Толкувањата се навистина комплексни и тие во себе имплицираат повеќе теории,секоја со свое толкување и гледиште. Најстарата теорија на Лоренз

Денес, во векот на максимални технички и други достигнувања, ние сме сведоци на невиден пораст на насилството и деструкцијата како на светско исто така и на национално ниво! е наречена неоинстинктивизам која не убедува во фактот дека „насилството произлегува од нашата животинска потреба, од нашиот несовладлив нагон за агресивност“ така што „би требало да го прифатиме законот на еволуцијата со кој се објаснува моќта на тој деструктивен нагон“. Меѓутоа, дали со оваа теорија можеме да одговориме на многу актуелни прашања од нашиот, сегашен и секојдневен живот и збивања, анализирајќи ја ирационалноста на социјалните системи и кршењето на законите, забраните, и табу темите криејќи се зад некои возвишени зборови од типот „чест, сакање на татковината, одбрана на татковината“ и слично. Веројатно не, бидејќи заклучокот би бил „ако загинеме ќе загинеме уверени дека природата ни ја наметнала таа судбина и дека тоа се случило така како што ни го

наметнала природата“. Теорија со големи прашалници. Спротивно на оваа теорија е бихевиористичкото учење кое не го интересираат субјективните фактори кои го тераат индивидумот на едно одредено однесување и чувствување, туку битноста е во тоа „како се однесува поединецот и кои се и какви се општествените и социјалните услови кои го обликуваат таквото однесување“ Чекор напред е необиохевиористичкото учење на Скинер, како најприфатена психолошка теорија во САД спрема која „човекот е социјално битие, неговиот модел на однесување зависи од милјето во кое се раѓа, развива, учи, работи, постои, значи инкорпорира во себе социјални, морални, етички, и би рекле религиозни норми, матурира во здрава и зрела граѓанска личност. Луѓето се крајно рационално ориентирани, имаат малку чувства и чувствата не се тие кои ги раководат, тие се до максимум контролирани. Сите ние како луѓе во себе носиме две наполно различни врсти на агресивност, веќе споменати, и ќе се потрудам да ги дообјаснам. Првата е дефанзивна, или бенигна агресија, потребна за опстанок на единката и врстата, агресија која човекот ја дели со животните, уште наречена филогентски програмиран импулс за напад, или бегство, одбрана, во моменти кога се загрозени виталните интереси на животното, односно на човекот. Таа е биолошки прилагодлива и ја снемува во моментот кога за снемува и нејзината причина поради која истата била активирана. Оваа агресија е дел од човековата природа, одбраната ја нарекуваме синдром на адаптација. Втората е малигната или деструктивна, или свирепа агресија. Таа е специфична исклучиво за човекот кој не е филогенетски програмиран и не е биолошки прилагодлива, таа ирационална,нема цел, задоволството е во профитот, таа е биолошки штетна, нејзината главна манифестација е убивање, свирепост и потчинување на другиот – другите и, што е

„најстрашно“, како што велат психолозите „степенот на деструктивност место да се намалува со матурацијата на цивилизацискиот ментум тој расте, во корелација со се поголемиот развој на цивилизацијата“. Апсурд кој ја застрашува и прави ирационална иднината на светот! Малигната агресија претставува вкоренет човечки потенцијал во услови на човечка егзистенција. Со цел да се изнајде некоја корелативност и вклопување во претходните теории, во „игра“ е третата теорија наrечена енвиронменталистичка која всушност прави поврзаност помеѓу човековата биолошка детерминација и неговата егзистенцијална ситуација, условена од условите и потребите на милјето во кое индивидумот се раѓа, расте, постои и твори. Во овој контекст во цивилизацискиот ментум остануваат повеќе собитија на злосторства за кои, во афективна и мотивациска смисла на должината на траењето на афектот, во никој случај не може да ја оправда силината на омразата, на злобата и свирепоста на злочините кои траеле со денови, ако се знае дека афектот е краткотрајно интензивно чувство. Историски примери за овие злосторства се масовните колежи на војниците на Александар Вели- ки на граѓаните во Тир, вадењето на очите на 14.000 војници на Самуил и масовните убиства на евреите во Втората светска војна. Злосторствата коин се длабоко врежани во мемориските цивилизациски записи, а од кои, за жал. Не се извлекуваат соодветни наравоученија, бидејќи помали или поголеми злосторства од различен ка- рактер над невини луѓе се случуваат и денеска. Голем апсурд за интелектуалниот капацитет е тие емотивни напливи на карактери за кои и психолозите и психијатрите се длабоко убедени дека излегуваат од рамките на нормалното однесување и расудување.

(Продолжува во идниот број)


8

СТОПАНСТВО Успех кој не прави горди

Актива ќе ја гради фабриката на „Витек Македонија“ во Бунарџик

Н

а почетокот од овој месец во индустриската зона „Бунарџик“ кај Скопје започна изградбата на новата фабрика за хидраулични армирани црева „Витек Македонија“ која е дел од познатата италијанска компанија „Технохозе“. На свеченоста присуствуваа премиерот Никола Груевски, вицепремиерот Владимир Пешевски, директорот на технолошко индустриските развојни зони Виктор Мизо, амбасадорот на Италија во Република Македонија Ернесто Масимино Белели, сопственикот на италијанската компанија Антонио Витило, директорот на „Актива“ Иле Николов и многу други гости од бизнис заедницата во Македонија. Премиерот Никола Груевски во својот говор го потенцира фактот дека „Технохозе“ е странската компанија која најбргу од сите странски инвеститори донела одлука по период од само една година од изградбата на првата таква фабрика во зоната Бунарџик да гради уште една своја фабрика. –„Компанијата ги препозна сите предности кои Република Македонија им ги дава на странските инвеститори што пресудило само десет месеци по изградбата

ВИТИЛО За нас Актива е проверен партнер кој ќе ни помогне во растењето на производството!

на првата нивна фабрика која има 2.800 метри квадратни метри тие да инвестираат во нов капацитет кој за четирипати ќе биде поголем од претходниот. Тој факт говори за

одличните услови кои нашата држава ги нуди на инвеститорите. Овој настан е силна порака дека Република Македонија од странските инвеститори е забележана како интересна дестинација за инвестирање, а факт е дека и нашите промоции низ светот но и во нашата земја даваат резултати“, рече Груевски.

[tipski Glas, Oktomvri, 2013 br. 48

Антонио Витило: „Во Aктива видовме сериозна, одговорна и квалитетна компанија и воопшто не ни беше тешко да ја избереме како единствен изведувач на работите“

„Познат ни е фактот дека токму Актива ги изгради двете најголеми фабрики, едната на Ван Хол во Бунарџик а другата на Џонсон Контролс во зоната кај Штип. Актива работеше и на реконструкцијата на нашата постојна фабрика во Бунарџик од што ние бевме многу задоволни зашто видовме дека се работи за компанија со изграден механизам на висок професионализам. Ние претходно, пред да го потпишеме договорот, бевме во Штип каде ги видовме потенцијалите на Актива кои се несомнено големи и од кои бевме воодушевени. Потоа нам не ни беше тешко да се определиме за Витило и Николов штипската компанија. Кај го потпишуваат договорот нас воопшто нема никакво за изградба сомневање дека Актива ќе ја изгради фабриката до крајот на идната година, како што е договорено, бидејќи дознавме дека сите свои деловни потфати компанијата ги НИКОЛОВ завршувала со висок квалитет и во строго договорените временски Изненадени сме од фактот рамки. Конечно, Актива за нас е колку добри информации партнер кој ќе ни помогне во расима италијанскиот тењето на производството и од тој инвеститор во однос на аспект ние сме многу горди“, ни можностите на нашата изјави Антонио Витило. фирма! Изградбата на новиот стопански капацитет ќе чини 11 милиони евра. Со пуштањето во Антониот Витило, сопстверабота производството ќе се никот на „Витек Македонија“ не го зголеми на 45.000 метри армирани криеше воодушевувањето од изхидраулични црева дневно. борот на штипска Актива за комп-Со инвеститорот многу летен изведувач на работите на бргу се договоривме токму ние да ја градиме фабриката во Бунарџик иако конкуренцијата од ден во ден е се поголема. И самите бевме изненадени од фактот колку добри информации има Премиерот Груевски ја фрли првата лопата италијанскиот инвеститор за нашата фирма новата фабрика која ќе има 12.000 и со каков респект господинот метри квадратни и во која ќе се Витило зборуваше за Актива. Ние вработат 150 лица. Тој ни изјави сме апсолутно сигурни дека фадека одлуката да инвестира во бриката ќе ја изградиме и пред Македонија ја донел поради факдоговорениот временски период, тот дека нашата држава имала додека ќе одговориме на довербата бра стратешка позиција во однос на најдобриот можен начин“, ни на пазарите на развој но и поради изјави Иле Николов, првиот човек поволностите кои Македонија ги на Актива. овозможува на странските инвес● титори.


10

КОЛУМНА

[tipski Glas, Oktomvri, 2013 br. 48

ФОНТАНА

И

се пожалил Стојан на мајка зошто не си пошла на чешма, си: зошто не си понела стомни, зошто мори ладна вода не си ги наполни-А мори мамо, многу ја љубам ла? А требало да те прашаат. Оти Лилјана. недоаѓањето можеби не било од не -Ако де, нема ништо лошо во тоа. љубов кон Стојана. Овде во опција Рекла мајка му. покрај нејзиниот карактер може да -Нема, нема, ама има. Таа не ме влезат и нејзините естески критељуби, или пак јас не можам да риуми, или навиките од детство видам дека ме љуби... да пие вода дождовница, или да се -Има и за тоа лек. Му рекла мајка капи во цептер садови. Ако појдему. ме од естеските причини, не доаѓа-Е кажи го де? И подвикнал Стојан. њето може да било предизвикано: - Ја земи си тајфа мајстори па Поради лошото архитектонско реизгради среде село чешма шаре- шение, или поради неускладените на. Сите моми ќе дојдат на вода бои, т.е. поради тоа што е ептен белким и Лијлана мома ќе дојде. шарена. Но, може Лилјана да не Како му кажале така кутри дошла на чешмата и поради изСтојан направил. Си зел тајфа мај- дашноста на водата во секунда стори та изградил среде село чеш- време. Како и да е Лилјана мома ма шарена. И навистина сите моми не отишла на чешмата и прекарот од селото дошле на вода, само кучка и останал засекогаш, а СтоЛилјана не дошла. Поради тоа јан останал несреќно заљубен Стојан и мајка му ја нарекле кучка. исто така засекогаш. Кучка еднаш, кучка засекогаш. Но приказната за Стојан и Е мори кутра Лилјано те на- Лилјана, а и за шарената чешма не рекле кучка, а никој не те прашал завршува со нив. Времето е цик-

лично, па многу нешта се повторуваат. Убаво напишал латиноамериканскиот писател Марио Варгас Љоса: „...кога некои песни ќе ги надминат строгите граници на личното искуство...од автобиогравски стануваат историски“. А кога е нешто историја, драги мои, тогаш предвидувањата дека ќе се повтори секогаш се остваруваат. Така е и со неостварената љубов помеѓу Стојан и Лилјана. За истата да се повтори во денешно време не ќе ни е потребна чешма шарена. Доволно е да се изгради фонтана и тоа на среде градот, на местото означено како плоштад. И така ако закажеш средба на фонтаната изградена насреде плоштадот може многу лесно да станеш евидентичар на доаѓањето на сите моми од градот (колку да фрлат троа поглед врз чудото) но, не и на доаѓањето на саканата. И во овој случај не треба да се брза со прекарот кучка зашто рековме погоре во текстот, причината за

Пишува: Трајче Кацаров, писател

недоаѓањето не мора да е немањето симпатии туку да е сосема друга. Може девојката да не се согласува со архитектонското решение, т.е. да мисли дека фонтаната е многу смешна па не сака нејзината љубов уште од почеток да биде исто таква. Можеби нејзиниот естетски критериум запрел кај фонтаната DI TREVI, изградена во барок стил на плоштадот TREVI во Рим. Во неа се фрлаат две парички едната за да ти се оствари желбата, а другата за повторно да се вратиш во Вечниот град. Лошо е некого да наречеш кучка ако за тоа немаш доволно причини...

Политика, буџет и инвестиции

ПИШУВА: Стојче Самарџиев економски аналитичар

Европа Канцеларката победи. Еврото во наредните 4 години е осигурано. Енергетиката, даноците и стручната работна сила се најавени за централни економски активности во Германија. Локомотивата на европската економија и наш најголем трговски партнер (35,2 насто од вкупниот извоз), останува и во годините што следат. Економија со силна монетарна, фискална и работна дисциплина е германската проекција. Таков проект и треба и на ЕУ, но и на Македонија до крајот на оваа деценија.

Македонија Македонија е далеку од Европа и уште подалеку од Америка во се и од се. Буџетските расходи, за 2014 година, Владата ги утврди на износ од 2,87 милијарди евра што е 33,8

проценти од планираниот БДП за истата година. Буџетскиот дефицит во износ од 297,6 милиони евра е 3,5 проценти од планираниот БДП (8,5 милијарди евра) и 11,6 проценти од буџетските приходи. Малата анализа ќе ја задржиме на доброто и недоброто од буџетските бројки во споредба со тековната и наредна економија. Добро: средствата за капитални инвестиции се зголемени за 20 проценти и ако нивното структурно учество во буџетот и понатаму е мало (12,7 проценти).

Не е добро: буџетот расте за 7 проценти, а планираниот БДП за 3,2 проценти. Иста динамика на буџетот би значело дефицит од 2,1 проценти од планираниот БДП. Дефицитот од 3,5 проценти од БДП беше планиран и за 2013 година, а со ребалансот е предложен 3,9 проценти. Во 2014 година стасувале за отплата околу 180 милиони евра, а во 2015 над 440 милиони евра. Отплатите можат да условат повисока дефицитна стапка или поголеми структурни промени во буџетските расходи.

Во септември, лоши работи беа и граничните блокади (косовски, српски и бугарски) за извоз на наши земјоделски производи во текот на нивната сезонска берба. Добрите работи, од овој период, се девизните резерви од 2,08 милијарди евра (во јули намалувањето беше поради намалувањето на цената на златото, па резервното злато се искажуваше во помала вредност) и порастот на депозитите на претпријатијата и граѓаните во банките и штедилниците. Депозитите од јануари до крајот на август се зголемиле за 6,7 милијарди денари, а вкупните банкарски кредити за 3,3 милијарди денари. Вкупните кредити се 90 проценти од вкупните депозити на претпријатијата и граѓаните.

Штип Штип е далеку од Скопје и има безначајни белези: Исарот, Макфест, Пастрамалии, Мода и во последните години Отиња. Во посериозниот дел од поттекстот - за семејните бизниси и можните инвестиции. -Нашето локално

стопанство го прават околу 1470 трговци од кои 65 проценти се микро. Според законот, тоа се трговци со годишен бруто приход до 50.000 евра и со најмногу 10 вработени. Нашите микро трговци вработуваат, во просек, 1,8 лица и просечно остваруваат по 27,5 илјади евра бруто приход. Во просек имаат по 11.750 евра материјални-основни средства, 9350 евра капитал и резерви и во просек работат на граница на рентабилитет со просечно исплатена плата од 157 евра месечно. Нивното работење е во сите дејности, а најмногу ги има во трговијата, преработувачката индустрија, транспортот, угостителството, здравството итн. Во економска смисла, најинтересна е групата трговија и транспорт во која работат микро и мали трговци чии број е 51 проценти од вкупниот број на друштва регистрирани во Општината. Овие трговци вработуваат над 3000 лица што е 19 проценти од вкупно вработените во стопанството и имаат најдобра економија: добивка од 9,4 проценти во вкупниот приход и загуби само 4 проценти од остварената добивка во групата. Секоја инвестиција има социјално и економско

значење: вработување, плати, профити, инфраструктура... Од локален аспект проектот „Клинички Центар“ за Штип е социјално најподнослив и економски најпрофитабилен. Можеби и затоа што проектот реално може да се финансира од повеќе евтини извори на средства, меѓу кои се и: непотрошените средства од последниот местен самопридонес, данокот на имот во наредните 7-10 години, Републички буџет од делот наменет за капитални инвестиции, здружени средства на јавно-приватно партнерство (домашно и странско), кредити од меѓународни и домашни финансиски организации и други извори. Проектот потребно е да го опфати инвестирањето во: Нови градежни објекти и тоа во постојниот градежен неизграден простор или сосема нов градежен простор на пример Бриони, Под Мерите и Кежовица и др. Опрема и тоа нова во секоја медицинско оперативна целина и Стручен кадар и тоа од овдешниот факултет, како посебен центар, со меѓународно признати специјализации.


[tipski Glas, Oktomvri, 2013 br. 48

11

СТАВ

Погрешно закопчана кошула

ПИШУВА: Доц. д-р Кирил Барбареев

Ч

овекот ги создал институциите на власта само за да ги одбрани своите лични и колективни права.Човекот можел да и ги даде на власта само оние права кои самиот ги поседувал. Тоа што го немал, не можел ни да го даде. Значи, власта ги има само оние права кои ги има секој поединец. Но, исто така, човекот по својата најдлабока природа е егоистично суштество. Неговиот – или да бидеме сосема прецизни: нашиот личен интерес – е единствениот мотив и основниот двигател на сите наши постапки! Дури, ако бидеме сосема искрени кон себе ќе сфатиме дека дури и она што го нарекуваме „несебич-

ност“, односно „благородност“, според својата природа е вешто прикриен егоизам. Така со векови збору- ваат филозофите просветители! Овие вистини за човековите права и егоизмот најдобро можат да се илустрираат со еден краток економски пример на Ралф Емерсон кој отсекогаш ми бил многу интересен заради неговата едноставноста која се заснова на две претпоставки за природата на човекот: Сите луѓе еднакво трошат, и сите луѓе еднакво не произведуваат. Иако првата претпоставка изгледа дека не е точна, бидејќи сите луѓе не трошат баш исто,сепак, таа во основа е коректна. Само да си спомнеме кога сме на свадба или во ресторан, на сите ни даваат исти порции. Втората претпоставка е сосема поинаква. Секој човек под еднакви услови, ќе произведе различно. Некои ќе произведат повеќе од другите. Младите, енергичните и повештите ќе

произведат повеќе од постарите, мрзеливите и невештите. Здравите ќе произведат повеќе отколку болните. Но, секој од нив ќе потроши отприлика исто. Тоа значи дека поедини луѓе произведуваат повеќе отколку што трошат, додека други трошат повеќе отколку што произведуваат. Е, сега да претпоставиме дека 7 луѓе се наоѓаат на пуст остров. Секој човек, произведува различно а троши исто. Значи: А произведува 1200 троши 500 Б 750 500 В 600 500 Г 400 500 Д 300 500 Ѓ 250 500 Е 0 500 ВКУПНО:

3 500

3 500

Според овој економски модел, личностите А, Б и В произведуваат повеќе отколку што трошат,додека пак, Г, Д и Ѓ трошат повеќе отколку што произведуваат, а Е е целосно зависна од останатите присутни. Личноста Е е потполна нес-

пособна да произведува. Важно е да се сфати дека личностите, Г, Д, Ѓ и Е, се зависни, во поголема или помала мерка, од останатите личности во овој модел. Факт е дека личноста Е е потполна зависна од сите, и ако тие не се на островот, личноста Е сигурно ќе умре. Сега логично се поставуваат две прашања: 1. Дали личноста Е има право да ги спречи останатите ако решат да го напуштат островот; и 2. Дали личноста Е има право да ги присили останатите да го произведуваат она што и е потребно за егзистенција. Непродуктивните Г, Д, Ѓ и Е, сфатиле дека сопственоста на продуктивните А, Б и В не може да се земе со сила и развиле стратегија. Ги повикале на состанок продуктивните и го отвориле прашањето како да се постапи со вишокот. Пристапиле кон гласање, мнозинството да одлучи како сопственоста да се дели. Во овој случај Г, Д, Ѓ и Е, гласале вишокот да се дели на еднакви делови, додека А, Б и В биле против.

Ако мнозинството изгласа дека треба да се земе сопственоста на малцинството, како се вика тоа? Тоа се вика, демократија. Според овој принцип, човекот тргна да ги менува и Божјите заповеди. Па воведе етика на ситуација или ситуациона етика –„правилно е тоа што во моментот мене ми одговара“:„Не кради, освен ако...“. Таквиот однос кон нештата се нарекува кражба. Дали тоа го направил поединецот, или групата, преку институциите кои се нарекуваат власт, тоа е сеедно, тие направиле злочин. А кога тоа ќе се озакони тогаш и кражбата е легална. Еден од клучните проблеми на нашето општество е што нашата демократија започна со злочин, со кражба, со измама. Започна со привилегии а тоа значи со неправди. Бидејќи привилегијата на едните е нанесување неправда на другите! Нашето прво копче на кошулата е погрешно закопчано.

Економска придобивка на Штип од Турските студенти 5 милиони евра. Турција е на 16 место меѓу светските економии, и покажува континуиран економски раст благодарение на конкурентната работна сила која постојано се стреми кон едукација, развој и прогрес. Пишува: М-р Мартин Ѓорѓиев, претседател на CIVITAS

З

а разлика од другите билатерални односи, односите на Македонија со Турција отсекогаш важеле за традиционално блиски, пријателски и економски. Уште од самото осамостојување Турција е присутна во Македонија, а денес брои приближно 40 мали и средни фирми, при што од големите карактеристични се Зираат банка, Туркиш ерлајнс и во поново време Турскиот холдинг Џеваир и млекарата Суташ. Во Штип, локалната власт ги поедноставува постапките за инвестирање на турските инвеститори, од кои најзаинтересирани се оние за бизнис со медицина, спа туризам и за термалните води на Штип. Се очекува АК Ајдин Пластик од Измир да инвестира во слободната зона во Штип, инвестиција вредна

Во последно време се забележува дека турските студенти почесто студираат во странство, заради подобрување на лингивистичките способности, недостаток од студии во матичните и скапи школарини на приватните универзитети, оскудно и несоодветно образование за меѓународниот пазар, подобра репутација и стартна работна позиција и вредно искуство и знаење. Според последните податоци од Институтот за статистика на УНЕСКО во Македонија има над 500 студенти од Турција, кои се привлечени од целосно дигитализирана и квалитетна настава со најсовремена опрема и модерна технологија, големата понуда на наставни програми на англиски јазик, полесните уписи, признавањето на странски дипломи и на европските квалификации, воведување на Бачелор и Мастер дипломи, соработката со други универзитети, нови пристапи и идеи во истражување.

Штип е еден од најстарите градови и центар во Источна Македонија, во кој живеат над 200 турски семејства. Со отварањето на вториот државен универзитет во Штип, бројот на турски студенти почна рапидно да се зголемува, а издадените дипломи сé повеќе се признаваат во Турција. Ова овозможува меѓукултурни интеракции, развој на меѓукултурното пријателство и меѓународно разбирање, како и зголемување на културната свест на домашните студенти. Основни проблеми на странските студенти се непознавањето на македонскиот јазик, немањето студиски програми на англиски јазик во Штип, отежнатите административни услови, како и високата цена на киријата и продажната цена на становите. Турските универзитетски професори и инвеститори бараат обезбедување погодни услови и локација за изградба на студенски дом за сместување на турските студенти. Се јавува потреба од организирање на еден вид на културна размена со земјата на странските студенти, разменување на практики со таа земја, интензивно дружење со колегите од странство, патување низ земјата и запознавање со нејзината култу-

ра, традиција и менталитет, одржување на работни групи за подобрување на соработката и размена на искуства од работата на националните комитети.

Како што македонската економија станува се поглобализирана, користа од меѓународното образование во нашата економија е субстанционална, при што за да остане конкурентна во глобалната економија, Македонија мора да привлекува и придонесува за талентираниот капацитет во многу области – научен и истражувачки развој, можности за економски развој, културна диверзификација. Турските студенти кои студираат во Штип исто така придонесуваат за постојан доход на локалната заедница, претставувавувајќи вреден извор на високо квалификувана работна сила во економијата. Во прилог на ова, образованието што го дават универзитетите е вреден извоз и претставува мерлив индикатор како и секој друг извозен производ.


12

[tipski Glas, Oktomvri, 2013 br. 48

ЖИВОТ

град докСкопјанка живее во Свети Николе, торкатаВое нашиот речиси три години. Вели дека искуството од ова време проведено со а ги лекува штипјани нејзините пациенти и гово-

*Приказна како од романите за млада докторка од нашата метропола која решила да живее во мало место и да работи во нашиот Штип

Ј

улијана Китановска Спасев е општ лекар, која работи во ПЗУ „Мак медика“. Таа е скопјанка која живее во Свети Николе а ги лекува штипјани. Доктор Јуле, како што од милост ја викаат пациентите, е една бескрајно шармантна личност, секогаш со позитивен однос кон своите пациенти. Но, како се случи еден обратен процес: додека сите од внатрешноста сонуваат еден ден да си најдат работа во Скопје таа иако родена скопјанка се одлучи да живее во соседното Свети Николе и да работи во нашиот Штип. -Патиштата на секој човек се непредвидливи. Мене од Скопје во Свети Николе ме пресели љубовта со мојот Кирил, ветеринарен лекар од ова гратче. Љубовта ја крунисавме со брак во 2009 година од кој ни се родија ќерката Јана

која има три и синот Трајче кој е на двегодишна возраст. Медицина завршив во Пловдив, Бугарија а бидејќи во Свети Николе не најдов работа еве ме во Штип, каде доктор Дончо Ѓоргиев ми даде шанса да се докажам, вели доктор Јулијана. Нејзе не и недостига Скопје, ниту нејзиното Маџир маало. И пречи само тоа што во Свети Николе немало речиси никаков културен живот, ништо на што со сопругот би можела да го потроши слободното време, немало базен за да се помине некој сач во време на познатите пеколни овчеполски горештини. –„Секојдневното патување од Свети Николе до Штип и обратно не ми е некој проблем бидејќи тоа и не е некоја далечина. Една група светиниколчани кои работат во

овој град доаѓаме заедно, со едно возило на работа, а и јас сум возач. Вие немате поим колку жители на Свети Николе секој ден доаѓаат на работа во Штип“, ни збо-

“

Не ми недостига Скопје, важна ми е среќата на моите најблиски и здравјето на моите пациенти

руваше докторка Јулијана.

Споменик на храбриот пилот запретан во прашина и трње

Н

а 5 јули 1973 година Штип, Македонија и тогашна Југославија ја потресе веста за загинувањето на Велибор – Бобан Вељковиќ од Трстеник, младо момче, потпоручник во Југословенското воено воздухопловство. Младиот Бобан загина во близина на приградската населба Караорман. Неговиот авион се сруши речиси во коритото на Брегалница. Таму се уште стои споменикот кој, во чест на синот единец го подигна неговата мајка Марија. Весниците тогаш пишуваа дека Бобан сосема свесно го жртвувал својот млад живот бидејќи не сакал да ја искористи можноста и да се катапултира од воениот авион кој имал сериозен дефект. Ако не го направел тоа авионот ќе паднел над градот што ќе предизвикало многу човечки жртви и голема материјална штета. Откако пилотот со вешт маневар некако успеал да го извлече авионот на безбеден простор веќе немал време за катапултирање. Со леталото се урнал на брегот од реката Брегалница. Денес, на тоа место имаме една многу жалосна слика. Споменикот подигнат од неговата мајка е целосно запуштен. Околу него прав, нечистотија и трње наместо трева и цвеќе. Бетонскиот ѕид распаднат, но спомен плочата на која е сликата на пилотот во униформа и зборовите на неговата мајка Марија се уште му пркоси на

ри дека штипјани најмногу страдаат од покачен крвен притисок, се жалат на стрес. -„Тие работи си ги носи сегашниот начин на живот, тие болести не се никакво изненадување“, појаснува докторката. Таа тврди дека нема никаква желба за враќање во Скопје. Доволно и е семејството и среќата на нејзините најблиски, средбите со пријателите кои, дал господ Бог ги има во изобилство. За својата професија вели дека се определила водена од желбата да им помага на луѓето, да се грижи за нивното здравје. Но, не е задоволна од состојбата во која се наоѓа нејзината професија. –„Нашата професија денес е потцене-

времето. Дали општината има морална обврска да се грижи за овој споменик или е тоа проблем на неговото семејство кое Бобан веќе го нема бидејќи бил единец, со рано починат татко а и неговата мајка веќе е покојна? Од локалната власт добивме информација дека сите споменици и спомен обележја во нашата општина се во надлежност на општината, но овој споменик не е во општинската програма за

заштита бидејќи бил подигнат од неговата мајка. -Се до распадот на бившата заедничка држава, кога и јас бев претседател на ОО на Сојузот на резерв-

правата на пациентите, што секако е добро, но никогаш не се зборува и за правата на докторите кои се прилично узурпирани. На ова поле има што да се работи за нештата да дојдат во една нормала“, појаснува младата докторка. Таа укажува дека во својата пракса се среќава(ла) и со многу нервозни пациенти. –„Во трпението е лекот, како докторка јас имам обврска да истрпам се бидејќи кај нас доаѓат луѓе кои си имаат проблеми од здравствена природа. Но, морам да кажам дека работејќи во Штип токму меѓу пациентите на ПЗУ „Мак медика“ стекнав многу искрени пријатели кои ме почитуваат и кои јас ги почитувам. Тоа мене ми е сосема доволно“, посочува докторка Јулијана Китановска Спасев, која наспроти сите наши предрасуди дека живот има само во Скопје го одбра спротивното. Се разбира, како и во секоја друга ваква или слична приказна, чиј лајт мотив е љубовта која прави чуда. случај.

Како

и

во

овој

та. Во нашата држава постојано се говори само за

*Пред 40 години млад пилот загина во близина на Штип. Медиумите тогаш пишуваа дека намерно го жртвувал својот живот за авионот да не падне над градот. Неговиот споменик денес е една жална слика која не говори добро за нас

ните воени старешини ние и боречката организација како и ЗИК „Црвена Ѕвезда“ се грижевме за споменикот. На денот кога загина младиот пилот одевме таму и полагавме свежо цвеќе. Точно е дека него го подигна неговата мајка но тој беше финансиран од општината. Откако сите споменици и спомен обележја потпаднаа под надлежност на општината, институциите и фирмите кои претходно се грижеа за овој споменик повеќе не го прават тоа, вели Трендафил Атанасовски, актуелен претседател на Општинската организација на борците од НОБ, поранешен директор во ЗИК „Црвена Ѕвезда“ и поранешен претседател на Општинската организација на Сојузот на резервни воени старешини. Во писмо до тогашен Штипски весник, мајката на Бобан се заблагодарува на градот и на организациите и институциите во него за се она кое тие го имаат направено за заштита на споменикот на Бобан.

Цениме дека останува обврската на локалната власт сериозно да истражи како и под кои околности загина младиот пилот. Иако настанот се случи пред 40 години, наша морална обврска е на овој случај да му го дадеме вистинското значење, па ако Бобан го жртвувал својот живот за да не настрадаат невини жители на Штип, како што тогаш пишуваа медиумите, тогаш кон споменот и споменикот во негова чест да оствариме адекватен однос. Во спротивно да се види што со него, бидејќи состојбата во која е тој денес не зборува добро за нас посебно што споменикот е во близина на прометен пат и покрај него секојдневно минуваат и наши и странци.


[tipski Glas, Oktomvri, 2013 br. 48

13

KULTURA

Во спомен на Христо КРСТЕВСКИ, македонски раскажувач, романсиер, есеист, новинар

Замина човекот кој ни остави грамадно книжевно наследство

П

очина Христо Крстевски. Одненадеж, без најава за некаква болка која би можела да биде навестување дека, можеби, му се ближи крајот на исклучително плодниот му живот. Почина мирно, неполна недела пред нашата последна средба, кога со моето возило го префрлив од центарот на градот до населбата „8 ноември“, каде беше неговиот стан. Иако врнеше силен дожд, под тремот на зградата си направивме убав, пријателски, колегијален муабет. Се договаривме за негово учество на мојот 50 годишен новинарски јубилеј, а тој со радост прифати да говори на тој настан. Христо Крстевски е познат македонски раскажувач, романсиер, есеист, а на почетокот од плодната писателска кариера беше и новинар. Новинарството го започнавме заедно во весникот на ТК „Македонка“. Беше миленик на Михаило Нетков а подоцна и на Борислав Самоников, генерален директор на текстилниот комбинат, кој го именува за шеф на неговиот кабинет. Двајцата познати стопанственици исклучително ги ценеа интелектуалните капацитети и квалитети на Крстевски. Јавноста најмногу го знае по неговиот текст за песната Еден бакнеж која победи на фестивалот во Опатија во 1962 година, што за тоа време преставуваше една голема сензација. Но, Христо Крстевски, дипломиран филолог, пред се и над се беше врвен интелектуалец, еден од најплодните македонски писатели чии дела одамна ги надминаа границите на малиот

македонски книжевен простор бидејќи се објавувани во десеттина земји во Европа. Автор е на над четириесетина раскази, романи, есеи. Иако секој негов роман е мало ремек дело во македонската национална култура, овде ќе ги издвојам романите Жестина (1982), Раскази од Равен издаден три години подоцна, Тереза Хум (1988), Циганско лето (1990), Нови ветришта од Равен (1991), Кралицата на гроздоберот(1992),Виртуоз (1994), Реттен малер а новел (2000), Гнила кобила (2000), Равенска трилогија...Минатата година издавач од Лондон, фасциниран од романот Циганско лето,

се одлучи истиот да го објави на англиски јазик и за англиското говорно подрачје. Но, бидејќи животот пишува романи Крстевски парите од тој меѓународен проект започна да ги добива дури годинава! Не успеа да ужива и во тој дел од меѓународната слава. Не му

било пишано. Но, останува фактот дека сите негови дела длабоко ќе го надживеат писателот Крстевски, а според некои влијателни писатели неговиот голем и богат книжевен опус допрва ќе биде откритие за нашата јавност. За одбележување е тоа дека во овој момент во САД се печати неговата најнова книга, трилогијата Албатрос над Солун, која во книжарниците треба да се појави на почетокот од идната година. Последните две децении Крстевски целосно се повлече од јавниот живот. Беше разочаран од многу состојби во општеството. Се затвори во тишината на својот дом целосно посветувајќи се на своето творештво. Не сакаше предвреме да открива ништо од своите тајни проекти кои љубоморно ги чуваше длабоко во себе. Велеше дека за своите дела ќе зборува кога тие ќе се појават во јавноста. Од почетокот на нашето познанство кое датира од шеесеттите години, тој си беше бунтовник без но најчесто и со причина. Иако уште од1989 година стана член на ДПМ Крстевски многу не се движеше во тие кругови. Без оглед на фактот што беше носител на наградата „Ѓурѓа“ за роман на годината, тој почесто зборуваше дека ДПМ е една затворена каста која води сметка само за своите – скопски интереси. А тој не беше човек кој некому ќе му се потпикнува за на таков начин да оствари нешто за себе. По

тоа прашање не правеше никакви компромиси. –„Некои пишуваат за да живеат, јас живеам за да пишувам“, зборуваше Крстевски. И тука беше во право. Градот во кој го помина животот, во кој создаде капитални дела за нашата литература и култура не најде потреба да му се оддолжи на било каков начин. Немаше комеморативна седница, а на такво нешто требаше да се сети најмалку Комисијата за култура при Советот на општината. На испраќањето до вечниот дом немаше ниту еден претставник на локалните власти. Тоа, секако, не е во ред и не говори добро за нас како заедница која треба и мора да ги почитува вистинските вредности.

ЕДЕН БАКНЕЖ Фестивал на забавна музика Опатија 1962, прва награда на публиката Интерпретатор Нина Спирова Текст: Христо Крстевски Музика: Петар Пешев Текст на песната: Еден бакнеж песни рој Еден поглед безброј сни Моите желби немаат број Штом ме плени љуби ме ти Нова надеж срце греј Штом ќе стаиш очи две Мојот поглед твој е плен Штом ме плени љуби ме ти Нема тајни во оваа мала среќа Да те љубам зар тоа не е се И да постои ова мила нежна надеж За еден мал твој срамежлив бакнеж Еден бакнеж песни рој....

И. Бојаџиски

Сликарство

Сликарката Лена ЃУРИЌ излагаше во Скопје и во Битола *За Свет Никола таа ќе изложува во родното Свети Николе

Л

ена Ѓуриќ, парижанка која живее во нашиот град и која штипјани имаа прилика да ја запознаат како сликарка на годинашнава заедничка изложба со Нада Накова и Голуба Хилјадникова за 8 март, Денот на жената, имаше изложби во Скопје и во Битола. Во Скопје Лена изложуваше во Домот на култура „Кочо Рацин“ а во Битола во Заводот и музеј. И во двата града уметницата пред бројната

публика се претстави со 33 свои дела, сите слики во маслена техника. „Задоволна сум од интересот и од одѕивот на публиката која дојде да ги види моите слики во нашата метропола и во Битола“, ни ги кажа своите импресии оваа надарена сликарка. Битолските медиуми известуваа за настанот споредувајќи го истиот со најважните случувања во културниот живот на големиот град. Лена Ѓуриќ, која е родена во Свети Николе а три децении живеела во Париз и која решила да се скраси во

нашиот Штип доби нова покана за изложба. На 19 декември, на големиот верски празник Свети Никола таа е поканета да ги изложи своите дела во родното свети Николе, во уметничката галерија на Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романовиќ Державин“. –„Со задоволство ја прифатив поканата да изложувам во родното место што е и мој дамнешен сон“, ни рече Лена Ѓуриќ.


14

[tipski Glas, Oktomvri, 2013 br. 48

СПОРТ

гу пријатели и најверојатно е дека кариерата ќе ја завршам во Брегалница иако некоја голема понуда од друг клуб би може и да ме премисли.

Горан ЗДРАВКОВ, капитен на ФК Брегалница

Борбата за Европа ќе ја водиме идната сезона

Веќе трета сезона како сте капитен на Брегалница. Што е поентата на таа, така да ја наречам „командна“ функција во клубот?

*Капитенот и најдобар фудбалер на башиот прволигаш за аспирациите на клубот, за себе и за фудбалот како игра која носи задоволство на милиони луѓе низ светот

З

а него сите имаат само убави зборови. Управата, тренерот, фудбалерите за Горан Здравков, кого навивачите веќе го промовираа во една од фудбалските легенди на Штип, говорат само во суперлативи. А тој, на теренот на кој е од пионерските денови, односно од својата осма година, е личност за се. Како капитен на екипата и ја носи неопходната стабилност пред и за време на натпреварот, кон противничките играчи има фер однос, црвен картон добил само еднаш во професионалната кариера која трае седумнаесет години. Со Горан Здравков разговараме за кариерата и за ФК Брегалница денес и утре. Неговата кариера е една инспиративна приказна која треба да ја следат многу млади кои сакат да се докажат во овој спорт. На почетокот од разговорот го прашуваме Здравков зошто Брегалница сезонава игра во стилот топло – ладно?

многу бодови што говори за еден наш нов квалитет, вели Здравков. За годинава Брегалница опстанокот во лигата си го постави како основна цел. Кога цел ќе ни биде нешто повеќе од гол опстанок во лигата, со оглед на фактот дека фудбалот во Штип најмногу се сака за што говори посетеноста на секој натпревар? -Стратегијата за опстанок во прволигашкото друштво како основна цел е резултат на фактот дека годинава од лигата ќе испаднат четири екипи а ќе нема никаков дополнителен бараж. Во услови на многу изедначена конкуренција таквата стратегија е сосема оправдана. Мислам дека ќе успееме во исполнувањето на оваа цел а дека идната сезона нашата цел ќе биде повисока: ќе се бориме за место кое води во Европа!

-Сето тоа што вие го поставувате како проблем постои. Лично сметам дека на Градскиот стадион му е потребна комплетна обнова. Во сите сегменти кои вие ги набројавте. Мој став е дека Македонија, покрај стадионот во Скопје, мора да има стадиони за меѓународни натпревари и во Штип како и во Битола. Овие три градови треба да бидат нашите фудбалски центри. Се разбира дека Штип сам нема таква финансиска моќ и поради тоа нам ни е потребна сериозна помош и поддршка од ФФМ. Тоа мора да е дел од државната стратегија во однос на фудбалот кај нас. Штип треба да има стадион за 10.000 гледачи. Тоа е и начин како македонската фудбалска репрезентација да се избори за пласман на некое големо фудбалско натпреварување. Без добра инфраструктура нема успех, а фудбалот кај нас ќе биде осуден на просечност. Инфраструктрурата ќе привлече и голем број деца и младинци да се бават со фудбалската игра. Мене друг рецепт за успех не ми е познат. Вториот проблем е времето во кое ги играм натпреварите а тоа е главно преку лето и на температури и до 50 степени целзјусови. Затоа се потребни стадиони на кои би можеле да се играат ноќни натпревари. Вашата омилена позиција е играч за врска а улогата ви е прилично офанзивна. Дали тоа е вистинското место од кое, во фудбалска смисла, можете најдобро да се изразите?

ФК „Брегалница“ - 2013 -Постојат повеќе елементи кои имаа влијание на таквата наша игра. Тргнавме одлично, дојдовме на врвот од Првата македонска фудбалска лига и со тоа на нашата бројна и верна публика и дадовме надеж дека можеме многу повеќе од она кое до сега сме го остварувале. По еден таков старт големите очекувања се нормална работа. И кога ја имавме добрата шанса да се одлепиме на врвот, ние не одигравме најдобро со Ренова и со Македонија Ѓорче Петров. И тука го загубивме чекорот. Падот дојде и како резултат на многуте повреди на фудбалерите, останавме без 5-6 играчи, игравме среда – недела со 12 фудбалери во екипата, што за овој ранг натпреварување е една мошне тешка работа. Но, јас и моите соиграчи сме задоволни од еден друг факт кој до сега не бил карактеристика на клубот. А тоа е фактот дека и од страна донесовме

На што ги темелите ваквите ваши проекции? -На фактот дека имаме стабилно финансирање од страна на Општината, дека зад нас целосно стои градоначалникот Илчо Захариев, дека од идната сезона во првата екипа ќе имаме и пет млади фудбалери од младинскиот погон на клубот кои многу ветуваат и кои веќе од наредната сезона ќе бидат откритие за штипската публика. Мошне значаен е фактот дека се тоа штипски деца. Штип е најфудбалски град но стадионот, од секаков аспект, не е на ниво на потребите. Теренот е со трева која се суши, помошните терени не се адекватни, трибините застарени, нема санитарни јазли за бројната публика. Повеќе нема отколку што има. Што треба да направиме за таа слика да се подобри?

-Апсолутно. Цел живот играм на таа позиција бидејќи така можам да го дадам најдоброто од мене. Тренерите ми даваат поголема слобода со што јас можам да ја изразам својата креативност но, во исто време и голгетерските способности. Во текот на оваа година постигнав 16 голови и имав десет асистенции. Најдобар стрелец сум во клубот. Игравте во повеќе клубови, дури и во Шведска, како течеше вашата кариера и каде планирате да ја завршите? -Почнав во Брегалница а играв уште за Силекс, Работнички, Куманово и Ренова. Пет години фудбалскиот леб го печалев и во Шведска. Последните четири години сум во Брегалница. Имам 32 години, а со оглед на фактот дека живеам спортски планирам во фудбалот да останам уште некоја година. Работата како комунален инспектор во Општината ме исполнува, семејството кое го сочинуваат сопругата Марија и ќерките Луција (8) и Ерика (6) е мојата оаза на спокојот, преку фудбалот стекнав мно-

-На еден начин капитенот е врската помеѓу тренерот и фудбалерите кои се на терен. Моја задача е да ги поддржам фудбалерите и кога не им оди, да ги охрабрам, да создавам добра атмосфера на релација тренер – фудбалери, и на релација играч – играч, да одржувам коректни релации со судиите за време на натпреварот, да имаме фер однос спрема противниците и да „гинеме“ на теренот за боите на клубот и на градот. лот?

Што сé ви донесе фудба-

-Многу важни нешта. Голем број пријатни моменти и многу искрени пријателства. Конечно, фудбалот е причина за моето добро здравје поради спортскиот начин на живот. Но, бавењето со овој спорт значи и доста одрекнувања од работи кои се важни во животот на секој млад човек. Кога моите пријатели одеа на одмор јас бев на подготовки, што значи дека трпеше семејството, и не можев да бидам со пријателите на важни настани. Од фудбалот заработив за еден нормален живот и тоа е онаа втора придобивка. Каде се гледате себе си по завршувањето на фудбалската кариера? -Пак во фудбалот но сега во една сосема подруга улога која се уште ја немам дефинирано бидејќи во моментот силно сум посветен на успехот на Брегалница. Најверојатно ќе се впуштам во тренерски води бидејќи јас без фудбалскиот терен и не можам да се замислам.

ФУДБАЛСКИ ЦЕНТРИ Покрај Скопје уште Штип и Битола мора да бидат фудбалски центри во кои ќе се играат меѓународни натпревари. За тоа е потребно комплетно реновирање на нашиот стадион во што најголемата помош треба да дојде од ФФМ.

ЕВРОПА КАКО ЦЕЛ За годинава цел ни е да опстанеме во лигата, за идната сезона сигурно ќе се бориме за излез во Европа


[tipski Glas, Oktomvri, 2013 br. 48

TR-MR

ov -Mi Re k e ~e R i T

15

RAZONODA Стриг Дознаваме: во индустриската зона ќе се гради фабрика за производство на ножици. Анализата на инвеститорот покажала дека во Македонија имало уште многу овци за стрижење! Фотељаш Велат: човекот седнат е во погрешна фотелја. Не е погрешна фотелјата Погрешен е задникот кој седи во неа! Бои Ги промени сите партиски бои па сега тврди дека со тоа се стекнал со сертификат да го „фарба“ народот! Тито Македонци му пишуваат на Маршалот: „Тито, врати ни се“ А Маршалот им одговара: „извинете, ама толку луд па не сум“!

Razmisluva: Iv. BOJ

Огледало Пастрмајлија јадеме само во месеци кои во себе ја имаат буквата „р“ Затоа пак преку цела година јадеме – трици!

Броевите од 1 до 9 впишете ги во блоковите со големина 3 x 3 полиња (врамени со здебелени линии), така да секој број може да се најде само еднаш во водоравната или хоризонталната насока

С У Д О К У

СКРИВАЛКА треба да пронајдете два скриени предмети

ВИЦ ПО ВИЦ – ВИЦОТЕКА Таткото: дете мое, време е да те научам како да се бричиш. -Тато, се уште ми е рано. -Ама веќе си во пубертет, влакната се повеќе ти растат. -Ако бе тато, рано ми е. -Добро ма ќерко, како сакаш! Трпе лежи на операциона маса. -Докторе, успешна ли ќе биде операцијата. -Ич да не се секираш Трпе, сум направил над сто операции. -Супер доктор, сега не се секирам. -Па и не треба, еднаш и на мене мора да ми успее!

ШТИПСКИ ГЛАС Основач, главен и одговорен уредник: Иван Бојаџиски 072/214-159 Компјтерска подготовка: Јорданчо Бојаџиски

Печатено во печатница „Европа 92’-Кочани Дистрибуција: „Басе прес“ -Штип

Трпана му се лути на својот сопруг: -Трпе, мислам дека едното дете го омаловажуваш! -Кое ма, Горан, Иван или оној волот! Некој тропа на куќата од Влавот Коста. Таткото му вели на синот да види кој е. -Тато, некој човек бара донација за базенот во нашето маало. -Добро сине, дај му една чаш а вода...ама не претерувај, дај му од оние малите чаши!


16

ПЕРИСКОП

[tipski Glas, Oktomvri, 2013 br. 48

Една недела штипско уживање и лудување *Со три во едно, Недела на модата, Макфест и Штипска пастрмајлијада привлековме над 150.000 граѓани

Н

ашиот перископ на површината на Штип месецов забележа три прекрасни манифестации со кои се вброивме во семејството на градовите кои знаат што сакаат и имаат капацитет тоа што го сакаат да го организираат на високо ниво. Во тоа име, како град, имаме право на своја гордост. Модната недела, Макфест и Пастрмајлијадата беа предизвик за неполна недела низ градот да се слее река од сто и педесет илјаден народ. Бројката е проценка на организаторот, во што ние не се сомневаме. Посебно „густо“ беше за време на пастрмајлијадата. Дел поради вкусниот гастрономски специјалитет, дел поради имињата на пејачите и групите кои го забавуваа многуилјадниот народ. Иако насекаде низ светот модните ревии се прават за одбрана група на луѓе, пред се од сферата на бизнисот и креативните уметности, штипската претстава беше во функција што повеќе народ да ги види достигнувањата на нашите конфекции. Иако Штип како метропола на текстилот работи главно лон, што значи дека извезува само работна сила, сé поголем станува бројот на конфекции кои на пазарот се појавуваат со сопствено производство. Кон тоа семејство се придружи и креативниот тим на соодветниот факултет при УГД. Се на се беше тоа претстава која ни ги наполни сите сетила. Фестивалот на забавна музика Макфест се уште се бара себе си. Убава е идејата на новиот уметнички директор Драган Мијалковски за фестивал на мелодии кои ќе легнат на сечие срце, но факт е дека вака конципиран тој не привлекува некое посебно внимание. На фестивалот му требаат пари, многу пари за да се врати на старите патеки. Но, добрата страна на приказната е што Штип не се откажува од својот Макфест, а ако идната година биде време на неговата сериозна реконструкција тогаш тоа ќе биде одлична работа Пстрмајлијадата беше полн погодок. Синтезис, Алан Исламовиќ и „Кад бих био бело дугме“ и легендата на бившите ЈУ простори Харис Џиновиќ си го направија своето. Колку народ дојде поради пастрмајлијата толку и за да ги слушнат песните и музиката на спомнатите. Цели семејства, големи и мали друштва, групи и поединци, четири дена, покрај Камениот мост, уживаа во штипскиот специјалитет и во убавата песна. Од тој аспект наша претпоставка е дека еден близок ден пастрмајлијадата ќе се изучува и како социолошки феномен.

Ангела Пингова, водителка во ТВ Стар

С

екој ден е нов предизвик. Да се најде нешто атрактивно а во исто време актуелно за мојата емисија Лајт. Сепак не се жалам, Штип е голем град и во него има интересни случувања податливи за убаво да бидат спакувани во емисијата. Имаме голем број уметници, град сме на модата, го имаме Факултетот за музичка уметност, имаме едно ниво на културен и забавен живот. Гледаноста на емисијата ми укажува дека добро си ја работиме работата и од тој аспект јас и во овој период ќе се фокусирам на нејзините содржини.

Најголем интерес владееше за пастрмајлијадата

Штипски модни новитети на Градскиот плоштад

Струмичанката Александра Јанева, победничка на Макфест

Борче Серафимовски, ген. дир на МСУ

Ж

ивеам и работам во Свети Николе но почесто доаѓам во Штип, град во кој имам многу пријатели. Времето го користам во разгледување на продавниците но и во книжарниците бидејќи секогаш сакам да купам убава и актуелна книга. Потоа со пријателите седнувеме на убава штипска пастрмајлија. И годинава бев на пастрмајлијадата, видов река од народ и тоа некако ме исполни. Овде се среќавам и со студенти на универзитетот во Свети Николе на чие чело сум, и во убав амбиент релаксирано си разговараме за секојдневни нешта.

Ружа Макаренко Текстилна работничка

Д

невниот ритуал во работен ден е секогаш ист. Наутро на работа во конфекцијата каде настојувам сите работни обврски да ди извршам на време и квалитетно. По работата дома, а се знае што ја чека една домаќинка: ручек, седнување на семејството на маса, потоа кафе муабети за тоа кој како го поминал денот, па малку средување на куќата. Приквечер покрај ТВ, гледам некоја од бројните серии и задолжително локалните телевизии за да слушнам што ново има во градот.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Stglas br48 by Jole Boja - Issuu