Skip to main content

Stipski Glas

Page 1

РАНДАЛ СМИТ, американски новинар, добитник на Пулицеровата награда

Во Америка имаме многу силен „ѕид“ помеѓу Владата и медиумите

Добитници на Осмоноемвриските признанија

Викторија д-р Ристе м-р Марија Раде ДСМУ Димитрова Љуботенски Максимова Ивановски „Серѓеј Јованова Михајлов“

Штип во хумана мисија

За Симона собрани 140.000 евра

Хорот на Гимназијата го осветли 11 Октомври

Јована, студентка од Пирот

На УГД најдов се што ми треба во животот

Честит 8 Ноември, ден на ослободување то на Штип

Емил Павлов на пат кон Олимпијадата


2

Од мој агол

Како можеме да станеме светско солидарно чудо

Б

N

олеста на малата Сара (четири годишно девојче) и ставањето во функција на Солидарниот фонд на Штип се нештата што го одбележаа месец октомври во Штип. За лекување на Сара во Загреб потребни се 130.000 евра, семејството ги нема тие пари, а Штип, пред се благодарејќи на младите како и на блиски на семејството на Сара се крена на нозе и силно ја изрази своојата солидарност. Некако во исто време, одделно од овој настан, градот го доби својот Солидарен фонд за што поопширно пишуваме на друга страница во весникот. Солидарниот фонд е институција која за подолг период треба, низ една пред се морална димензија, да обезбеди солидарни пари на штипјани наменети исклучиво за здравствени потреби на наши сограѓани, првенствено деца и млади. На тој начин ние само ќе ја дозаокружиме убавата приказна за солидарноста на сите нас кои живееме во оваа наша заедница, приказна започната многу одамна кога Штип беше титулиран во самиот врв на европски градови во кои живеат граѓани со силно изразен елемент на солидарноста. Штип пред се, но и хумани луѓе однадвор, се на добар пат набргу да ги соберат парите потребни за лекувањето на Сара. А тука е и Фондот за здравство кој најави свое учество во оваа хумана и човечка мисија. Но, на нас кои сме одлучиле засекогаш да останеме во овој град е да се обидеме ваквите здравствени потреби на наши сограѓани да ги решаваме институционално, преку Солидарниот фонд. Што тоа, во пракса значи? Штип е индустриски град со висока вработеност. Во моментов при Фондот за пензиско осигурување имаме околу 18.500 осигуреници. Тоа се луѓе кои секој месец добиваат плата за она кое го сработиле. На сите нив е да дадат согласност секој месец кога им се исплатува платата, од неа да се издвојува

по едно евро (60 денари) пари кои автоматски нивните фирми би ги упалтувале во Фонот на солидарноста. Математиката, онаа најпростата вели дека ако 80 проценти од пензиските осигуреници дадат согласност за оваа мерка, околу 15.000 полнолетни граѓани секој месец ќе го полнат фондот со по едно евро од своите плати, што на месечна основа е 15.000 евра. Ако оваа сума се помножи со 12 месеци во годината доаѓаме до убава сума од 180.000 евра! Но, тука не треба да се заврши оваа работа. Имено, Штип има и околу 10.500 пензионери. Ако и од нив 80 проценти се согласат во фондот да уплатуваат по едно евро, тоа ќе значи дека 8.000 пензионери месечно во фондот ќе уплатуваат вкупно 8.000 евра што на годишно ниво е 96.000 евра. Ако оваа работа ја завршиме на достоинствен начин, тоа ќе значи дека годишно Фондот на солидарноста може да има околу 270.000 евра! Штип има и околу 10.500 пензионери. Ако и од нив 80 проценти се согласат во фондот да уплатуваат по едно евро, тоа ќе значи дека 8.000 пензионери месечно во фондот ќе уплатуваат вкупно 8.000 евра што на годишно ниво е 96.000 евра. Ако оваа работа ја завршиме на достоинствен начин, тоа ќе значи дека годишно Фондот на солидарноста може да има околу 270.000 евра!

Кон оваа работа треба да се додаде и можноста и сите наши стопапнски организации и институции, на доброволна основа секако, да одлучат да издвојуваат пари во солидарниот фонд согласно својот остварен профит. Се разбира дека јас тука само ја анализирам солидарната димензија на нас штипјани која треба и може да се остварува само низ една силна морална димензија која треба да ја поседува секој од нас. Штип може да стане светски пример, дури и светско чудо во со-

Иван Бојаџиски

{tipski Glas, Noemvri, 2019 br. 95

лидарноста. Штип тоа го може, а верувам дека и поголем број граѓани тоа и го сакаат и дека со својот став и однос кон Солидарниот фонд тоа ќе сакат и да го потврдат. Ние како штипјани не смеем да заборавиме на големите дела кои ги оставивме зад нас кога по принципот на солидарност го видоизменивме градот давајќи му изглед на современа урбана целина. Со солидарни пари (самопридонесите кои егзистираа три децении, а за што се изјаснувавме на референдуми) ни овозможија да имаме прекрасни, а неопходни згради во градот.Меѓу нив се Здравствениот дом, Домот на културата, зградата на Општината, Медицинското училиште... Солидарноста на вработените во Модната конфекција „Астибо“ нештата ги подигна на едно повисоко ниво. Солидарните саботи за кои се определија самите работници овозможија изградба на фабриката „Солидарност“, на детската градинка „Астибо“ на супермодерниот ресторан за општествена исхрана...По принципот на солидарност, при што во фондот најголем придонес имаа вработените во ТК „Македонка“ но и сите вработени во другите стопански организации, во само една петолетка се изградија 450 станови за штипски, пред се работнички семејства а со таа активност се продолжи и понатаму. Овие примери ги набројувам за помладите генерации да можат попрецизно да го сфатат значењето на солидарноста, а во таа смисла и на Солидарниот фонд. Па ако наскоро добието известување во однос на целиот овој солидарен аспект не отфралјте ја идејата и поставете си го прашањето како ќе се вградите вие во оваа убава приказна. И имајте на ум. Солидарниот фонд се води од мотото „Секогаш да уплатуваш во него, никогаш да немаш потреба од неговите пари“.


Како течеше хуманата „операција“ за Симона Ш {tipski Glas, Noemvri, 2019 br. 95

РАЗГОВОР

3

тип се обедини како никогаш „нем народ“, дека „ние не сме луѓе“, досега во хуманата мисија за преку оваа акција го покажа спротивсобирање пари за лекување во ното. Тоа овозможи да се обезбеди странство на четиригодишната Симона. првиот услов, а тоа е да се обезбедат Штипски Глас разговара со Борис Шар31.000 евра за Симона со семејството ковски, еден од архитектите на „операда може да замине на третман во болцијата“, кој работи во невладина органицата во Загреб. Првата рата од низација. 31.000 евра се обезбеди за само че-Боби, како тргна целата работири дена, а тоа беше услов девојчето та? да замин за Загреб и да добие трет-Јас сум близок со семејството, ман во болница. Тоа за мене е извондругар сум со таткото на Симона. Кога редна работа. ја дознавме лошата вест се собравме Што друго би издвоиле од овој другари, пријатели, блиски на семејстнастан? вото. Направивме стратегија како да -Тоа што во одделни фирми расобереме 130.000 евра, колку што бараа од болница ботниците сами се организираа. Исто беше и во инво Загреб. Си ги поделивме задачите и тргнавме на ституции, во судот, во училиштата, во Централниот терен да видиме што можеме да направиме. регистер, Клиничката болница...Тоа што преку мобилКоја ви беше првичната работа што моравте ната телефонија А1 и Т-мобиле се собра убава сума. да ја направите. Тоа што многу алатки за информирање беа ефикасни -Основно ни беше приказната да стигне до јав- што се покажа од собраните средства. Во прво време носта, до граѓаните преку сите можни средства за ко- мислевме дека најголема работа ќе се заврши преку муникација и информација. Да се анимираат граѓаните социјалните мрежи, но потоа свативме дека сите грапреку интернет, ТВ, флаери, мобилната телефонија со ѓани баш и не се на нив па ги користевме традиционаотворање број за донирање. Голема надеж ни дадоа лните медиуми и флаерите. Тоа многу помогна. првите два дена кога преку отворените телефонски Како кон сето ова се понесоа младите на лини донираа 160 лица. Започнаа да ни се јавуваат Штип? луѓе од разни места од Свети Николе, Струмица, Ра-Тие си имаат посебно место во оваа приказна. довиш, Охрид, Кочани, Скопје, а најмногу од Штип, беа Домот на млади, кафулиња, музички групи, Музичкото тоа луѓе кои ги познаваме но и сосема непознати лица, училиште, самоиницијативно организираа претстави и па и тие станаа информатори шиконцерти наплатуваа влезници, а парејќи ја приказната. Тогаш ни се јави Наспроти сите (о)говарања рите ги уплатува на сметката отвонадежта дека целта може да биде дека „нема народ“, дека „ние рена за Симона. Младите покажаа остварена. дека во себе го имаат хуманиот и соне сме луѓе“, преку оваа Како во целата оваа работа акција се покажа лидарниот ген, дека имаат одлична се постави штипскиот бизнис, гра- спротивното. Имало народ, смисла за организација па и тоа ѓаните... доста помогна во целата оваа активхуман, солидарен, -Имам само еден збор за тоа ност. одговорен... – прекрасно. Најголемиот дел од паНеодамна во градот е формирите кои досега ги собравме, а се ран Солидарен фонд и е избран собра 140.000 евра, се од граѓаните. Но, донираа и Управне одбор во кој сте и вие. Кој е вашиот поглед фирми, некои повеќе, некои помалку иако имаше и так- на оваа работа? ви кои не сакаа во нивните простории да бидат ставени -Мислам дека солидарниот фонд е нешто што кутии во кои работниците ќе донираат. Сепак, овие по- на Штип му е потребно како што на сите нас ни е последните беа помалубројни. Сметам дека Штип си го требен воздухот. Тоа е најдобар начин за обезбедупокажа својата убава хумано лице. Битно е да се каже вање пари од сите кои сакаат на месечна основа да дека донираа и наши луѓе од САД, Италија, Германија, донираат за солидарн, хумани цели. Приказната за соШвајцарија... лидарниот фонд ќе ја шириме кон јавноста како што ја -Според вашата евиденција колку граѓани на ширевме приказната за Симона. Од тоа колку пари ќе Штип се приклучија кон акцијата за помош на Си- влегуваат во него ќе зависи и на колку штипјани ќе мона? може солидарно да им се помогне кога ќе се соочат -Околу половина град одговори на позивот за бсо здравствени проблеми. Во тој поглед јас сум оптихуманост. Тоа е голема работа. Уште еднаш да по- мист дека Фондот ќе си го најде своето место во натврдам дека Штип, наспроти сите (о)говарања дека шето-штипско семејство.


4

ИНТЕРВЈУ

Во Америка имаме многу силен „ѕид“ помеѓу Владата и медиумите

{tipski Glas, Noemvri, 2019 br. 95

РАНДАЛ СМИТ, американски новинар, добитник на Пулицеровата награда

Р

андал Смит е поранешен американски новинар – добитник на најпрестижната Пулицерова награда за новинарствово 1982 година. Смит, во моментов е професор на една од најдобрите школи за новинарство во светот, на Универзитетот во Мисури. Тој даде интервју за радио и ТВ при Универзитетот „Гоце Делчев“ и за Штипски глас. Г-дин Смит,во 1982 година бевте дел од тим кој доби Пулицерова награда за новинарство. Многу години сте во новинарството. Можете ли да кажете која е клучната разлика во новинарството од 1982 година и денес? Секако најголема разлика е интернетот. Интернет направи огромна промена во медиумската сфера. Второ што е променето е моделот на профитирање и обртот на средства во традиционалните медиуми. Со сегашниот модел на медиуми ние мораме да бидеме многу повеќе свесни за својата публика од порано. Порано луѓето немаа толку избор, сега имаат многу избори. Овде во Македонија ние имаме проблем да мотивираме млади луѓе да се вклучат во новинарството. Голем дел од нив не сакаат да студираат новинарство и не сакаат да бидат новинари. Го имате ли овој проблем во САД и како се справувате со тоа? Мислам дека го имавме тој проблем после колапсот на дневните весници и некои други економски проблеми што ги имаа медиумите во САД. Но сега имаме раст на нови компании кои нудат добри работни места и добри плати. Како на пример Блумберг и ПроПублика, Политико. Тие компании се родија во последните 10 до 15 години и обезбедуваат добро платени работи за студенти. Ние како универзитет де-

нес привлекуваме многу студенти и тоа добри студенти. Една од причината е што овие нови медиуми кои ги споменав го сменија пристапот. Почнаа да известуваат за правата на малцинствата или маргинализираните групи, почнаа да покриваат области кои други не ги покриваа до

биваат пари од бизнисот не можат да известуваат за тој бизнис? Она што го реков е дека новинарите треба да разберат како работи нивниот бизнис. Треба да знаат од каде доаѓаат парите и како се трошат. Да се има знаење за тоа

Ако сега сум 25 години ќе почнам свој бизнис во медиумите. Ќе верувам во тоа и ќе формирам тим од добри новинари и уредници и ќе најдам област во која би можел да пишувам, како бизнис вести, и ќе го растам тој медиум тогаш, почнаа да плаќаат повеќе на вработените и слично. Овој бизнис е во транзиција, но во позитивна насока. Вие предавате бизнис новинарство. Рековте дека новинарите треба да се занимаваат и со тоа од каде доаѓаат парите и да се занимаваат со парите и профитот во медиумите. Дали мислите дека ова влијае на нивната објективност или пристрасност. Бидејќи ако тие до-

значи дека може да се биде повеќе проактивен и да се нудат идеи за нови продукти (медиумски) нови идеи за содржини кои би правеле профит. Во оваа смисла ќе бидете по продуктивен член на тимот ако знаете како работи вашата компанија. Исто така новинарите денес можеби треба да размислат дека еден ден можеби ќе бидат оставени сами на себе и сами ќе почнат свој бизнис и треба да имаат сенс како работи бизнисот.


{tipski Glas, Noemvri, 2019 br. 95

Овде во Македонија имаме проблем со владини пари во медиумите. Некои сметаат дека владата треба да ги субвенционира медиумите, некои велат дека тоа влијае на нивната објективност. Имате ли вие ваков проблем во САД? Кое е вашето мислење, дали владата треба да ги финансира медиумите? Не. Во САД е сосема спротивното. Начинот на кој ние се обидуваме да работиме е така што медиумите се сопственост на приватни лица и некои од нив се дури и на берза. Ние во САД имаме многу силен „ѕид“ меѓу владата и медиумите. Бидејќи нашата работа е да бидеме „куче чувар“ на владата и нивната работа. Од таа перспектива многу е тешко да се биде „куче чувар“ на владата и во исто време да се добива пари од владата. Дали можеби весниците добиваат пари од владата? Директно не добиваат, но во некои држави има закони и правила преку кои индиректно или директно весниците можат да добијат пари од владите. На пример за некоја нова одлука во општината или државата, има закон дека тоа мора да се објави јавно во весниците. И така тие би можеле да добијат одредени средства на тој начин. Но генерално владата не плаќа пари. Имаше мно-

Новинарот Стојнов го интервјуира Рандал Смит

владини пари. Кој е најголемиот предизвик на новинарството денес? Најголемиот предизвик е да се одржи темпото со технологијата и промените кои се случуваат. Исто така огромен предизвик е да се тренираат идните новинари. Да им се дадат алатки да бидат добри во правење подкаст на пример, да пишуваат добри текстови за интернет. Предизвиците се многу слични од пред 30 или 40 години. Според вас кои се најважните алатки што еден иден новинар треба да ги има? Кои се трите најважни работи кои треба еден новинар да ги знае?

Новинарите денес треба да размислат дека еден ден можеби ќе бидат оставени сами на себе и сами ќе почнат свој бизнис и треба да имаат сенс како работи бизнисот. гу голема дебата за ова во САД. Имаме неколку медиуми кои се финансираат од владата. Тоа е NPR (National Public Radio) кое е финансирано од граѓаните и од владата. Има и телевизија PBS (Public Broadcast Service) која е финансирана од владата, но бидејќи не добиваат доволно средства од владата често имаат проекти кои се финансирани и директно од граѓаните. Овие две медиумски куќи уживаат голем рејтинг во САД. Најголем дел од медиумите не се финансираат од

5

ИНТЕРВЈУ

Едно е што тие треба да бидат добар и јасен комуникатор со својата публика. Второ е што треба да имаат вештини за повеќе медиуми и во многу области. Затоа што кога ќе работат ќе се соочат секогаш со работи што не ги знаат. Мора да знаат како да ги научат новите работи. Имаме технологија што се менува секоја година и затоа мора да имате способност да се научите. И секако да бидете силни во неколку области кои сакате да ги покривате. На пример наука или

бизнис или политика... Можете ли да се сетите кој беше најдобриот совет кој го добивте вие кога бевте млад новинар? Најдобриот совет кој јас го добив како млад новинар беше „Пишувај секој ден“. Тоа ме направи многу подобар пишувач и многу подобар мислител. Кога бев млад многу често си мислев како ќе ми се исплати ова. На мојата прва работа морав да диктирам пожар преку телефон. Пишувањето секој ден ми помогна мојата мисла да стане почиста и појасна, да можам полесно да пишувам и да комуницирам. Ако сега сте 25 години. Во што ќе го вложите сето свое време и знаење? Ако сега сум 25 години ќе почнам свој бизнис во медиумите. Ќе верувам во тоа и ќе формирам тим од добри новинари и уредници и ќе најдам област во која би можел да пишувам , како бизнис вести, и ќе го растам тој медиум. Веројатно ќе најдам друг пат. Мојот пат во животот беше да работам за други, ако имам можност ќе отидам по патот да работам за себе си.

Разговарал: Игор Стојанов


6

Се знае кога, уште да се зане кој и зашто ги запали автомобилите на Тушеви и Џавиров ИНЦИДЕНТ

Во општината во текот на оваа календарска година биле запалени шест автомобили, пронајден е само еден сторител

М

есец октомври во градот го одбележа и палењето на автомобилите на Мите и Никола Тушеви, татко и син, долгогодишни партиски активисти на Социјалдемократскиот сојуз. Како колатерална штета изгоре и трет автомобил на наш сограѓанин на кој пламените јазици се прошириле од автомобилите на Тушеви. Некој ден по овој ицнидент, гореше нов автомобил. Овојпат на Емир Џавиров кој, како што изјави за медиумите, ниту со некој е на лошо, ниту знае кој и зашто сакал и го направил тоа. И во првиот и во вториот случај палежите се случија околу пет часот наутро. И тоа е единственото нешто кое ги поврзува двата настани. Има оговарања, се Штипската полиција досега плетат мистенема објавено ништо во врска со риозни приказни, се овие случувања кои ја потресоа влегува во филмови штипската јавност. Одтаму излегуваат со познатото „се работи на на сплетки и инрасчистување на случајот“. Луѓе триги, сите знаат упатени во материјата ни рекоа сé иако никој не знае дека вакви случаи најтешко се отништо...И поради ова криваат зашто сé се одвива во миг на полицијата е што при што актерите не оставаат репобргу да ги открие чиси никакви траги. Во овие случаи, трагите кои можеле да се најдат на сторителите за да молотовите коктели кои биле фрзамрат лени во возилата изгореле сосе шпекулациите... нив. За одбележување е дека на помош на нашате истражители од Статистиката на СВР Штип СВР Штип им дошле и колеги од говори дека во нашата општина, во Скопје но додека ги пишуваме овие редови истрагата нема дадено ре- оваа календарска година, намерно биле запалени шест автомобили, а зултати битни за јавноста. е откриен само еден сторител.

{tipski Glas, Noemvri, 2019 br. 95

Случајот со Тушеви стана случај со кој градот се позабави и политички и социјално. Логично е првата помисла при ваков крупен инцидент да добие политичка конотација. Имено, целата фамилија Тушеви е со години социјалдемократски определена. Маринела Тушева денес Маричиќ беше пратеничка од СДСМ, денес работи како советник на Рената Десковска во министерството за правда и е потпретседастел на Форумот на жени на СДСМ. Нејзиниот сопруг Бојан Маричиќ е советник во кабинетот на премиерот Зоран Заев. Никола Тушев до пред некое време беше претседател на ОО на СДСМ. Повеќе од доволно на случајот да му се даде политичка боја, да се помисли дека зад палежите стои некој од лутиот политички ривал. Но имаше и второ мислење на кое наведуваа и некои изјави од активисти на ВМРО ДПМНЕ. Дека Никола Тушев имал нерасчистени должничко-доверителни односи, дека ветувал работни места и за тоа земал пари, а ветувањата не ги исполнувал па некој многу налутен ги запалил автомобилите на него и на неговиот родител. Сепак, факт е дека секаква преуранета изјава не е во прилог на расветлување на случајот. Тоа е работа на полицијата и само на неа. Оговарања, правењето мистериозни приказни, влегувањето во филмови на сплетки и ингтриги во вакви случаи имало и ќе има. Одтука, на полицијата е најголемата одговорност да ги расветли овие случаи и да ја информира јавноста за своето откритие. Се додека не добиеме одговор од вистинското место, се ќе си остане само во доменот на шпекулациите.


Менаџери, уредници и новинари побараа итна интервенција на Владата за да не дојде до затворање на електронските медиуми надвор од Скопје

{tipski Glas, Noemvri, 2019 br. 95

Р

еална е шансата поголем дел од локалните и регионални електронски медиуми до крајот на годинава да се затворат ако итно не се превземат мерки финансиски да им се помогне. Тоа е барање на управителите и на дел од сопствениците на медиумите чии новинари се членови на Здружението на новинари на Македонија. Најавеното можно затворање на дел од овие медиуми со локална и (или) регионална концесија го придвижи аларамот поради што регионалниот центар на новинари „Исток“ во рамките на ЗНМ одржа дебата на оваа тема на која присуствува и членови на Агенцијата за визуелни и аудиовизуелни услуги, на ЗНМ и на Советот на честа при ЗНМ.

Во дебата во која учествува уредници и новинари од поголем број електронски медиуми во регионот беше заклучено дека прва итна мерка која треба да се донесе за спас на ваквите медиуми надвор од Скопје е да се врати можноста за закуп на медиумски простор од страна на владата и локалната самоуправа. На дебатата е констатиран и ставот на речиси сите градоначалници од регионот дека тие во своите буџети имаат пари и за такво нешто но не смеат да им плаќат на медиумите како резултат на законската пречка која се јави со усвојување на членот 102 од Законот за медиуми за кој член беше побарано итно укинување. До АВМУ е доставен предлог да се намалат казните кои локалните и регионалните медиуми ги плаќаат за евентуални прекршувања. Казните за локалните и регионалните медиуми

МЕДИУМИ

7

не можат да бидат исти како за на- медиумот. Притоа почетната помош ционалните е една од констатира- да не биде фикскна и да го следи ните грешки преку кои денес им се растот на државниот буџет врши неправда. Доколку законот пропишува Регулацијата да разграничи минимален број на вработени одреуслови кои треба да ги исполнува ден дел од евентуални субвенции локлален, регионален и национа- за медиумите би можеле да бидат и лен медиум. Да се намали нивото според бројот на вработени и спона регулација во локалните и регио- ред обемот на сопствена програма. нални медиуми. Концесиите за ло- Фактот дека општините не смеат да кални и регионални медиуми да се даваат пари на електронските менамалат и да се даде можност да се диуми е нешто што е насочено и плаќаат на рати, е барање кое исто против интересот на граѓаните во така ќе биде испратено до сите ре- локалните и во регионалните заедлевантни институции во државата ници. Општините не можат да плаво чија надлежност е решевањето тат за информациите кои се од на судбината на медиумите, а кои јавен интерес да стасаат до секој доминантно одлучуваат за форми- граѓанин, со што се оневозможува рањето на медиумската сцена во не само добрата информираност на држават. Присутните предложија и граѓаните туку и можноста тие да неколку мерки за доделување сред- учествуват во креирањето на полиства на медиумите според број на тиките во општината или во регионаселение во регион кој го покрива нот.


ЦАРОВСКА: Создаваме вистински социјален дијалог

8

ТЕКСТИЛИЈАДА

{tipski Glas, Noemvri, 2019 br. 95

М

инистерката за труд и социјална политика Мила Царовска во текот на месец октомври дури двапати беше на средби, дебати и соочувања со работодавачите и синдикалците како застапници на работничките права. По средбата во рамките на панел дискусијата „Синдикалното здружување во минатот и сега“, а во рамките на „Текстилијада 2019“ организирано од Гласен текстилец, министерката Царовска за Штипски Глас изјави дека дури сега започнува да се стрија, енергетика и рударство велат дека има фасоздава вистински социјален дијалог. брики со илјадници работници, кои вакви договори -Од сега започнуваме да се создаваме вистин- склучуваат на еден, два или три месеци. Смета дека ски социјален дијалог од кој можеме да очекуваме про- на овој начин работниците се несигурни и ова е една грес во делот на политиките за труд што ќе биде добар од причините што тие од страв не се и синдикално орза сите. Во минатото синдикалните организации беа ганизираат. само фигури и не носеа одлуки, и за нив тоа го правеРаботодавците на спомнатата дебата за новиот ше државата, но сега има процес во кој работите се изменети. Синдикатите кои се гласот на работниците се закон за работни односи сметаат дека и стариот закон вклучени во создавањето на сите закони кои ги засе- не е толку лош, но од новиот очекуваат допрецизирагаат работниците и за истите се води здрав дијалог. Во ња во одредени делови, бидејќи секој си дозволува овој дијалог се вклучени и работодавачите и држав- различно да го толкува, а посебно при судските одните институции и експертите, и ова навистина ме ра- луки. Ангел Димитров од Организација на работодадува. Во завршна фаза е креирањето на целосно нов вачи е против злоупотребата на работничките права закон за работни односи и Владата нема да го усвои во одредени фирми, а веќе како што рече фирмите се се додека не се постигне договор за отворените пра- и под притисок на странските партнери ова да го анушања којшто ќе биде во интерес на сите, истакна Царовска. Министерката потенцираше дека преку дијалог со работниците оштетени во процесот на транзицијата, се постигна денеска да имаме 11.000 стечајци кои се материјално обезбедени со месечен надомест до нивно пензионирање. Со новиот закон што неодамна го усвои Владата, таа бројка ќе се зголеми на 12.000.

Министерката Царовска потенцираше дека преку дијалог со работниците оштетени во процесот на транзицијата, се постигна денеска да имаме 11.000 стечајци кои се материјално обезбедени со месечен надомест до нивно пензионирање. Со новиот закон што неодамна го усвои Владата, таа бројка ќе се зголеми на 12.000.

– Во преговори сме и за зголемување на минималната плата и тоа наскоро ќе се случи. Барањето произлезе од синдикатите, и низ конструктивен разговор со работодавачите можам да кажам дека сме бли- лираат. ску до договор, рече Царовска. На третата Текстилјада во Штип во организација на Гласен Текстилец-Штип на отворените дебати Генералниот секретар на Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство, Маре Анчева забележа на коишто првпат присуствуваат сите засегнати страдека 200.000 работници годишно потпишуваат дого- ни, беше потенцирано дека дијалог мора да има, со вори на определено време, но работодавците наместо цел да се анулираат злоупотребите на работничките во утврдениот законски рок да им го трансформираат права, а како едно од решенијата беше посочено и работниот однос на неопределено, со години ги вра- зајакнување на капацитетите на Трудовиот инспектоботуваат на овој начин. Во новиот закон бараат да се рат. органичи бројот на работници на определено работно време кај еден работодавач. Од синдикатот за инду-


Teкстилците се заканија со клуч на фабриките К {tipski Glas, Noemvri, 2019 br. 95

СТОПАНСТВО

луч на вратите од сите македонски текстилни фабрики и најмалку 35.000 работници кои ќе останат пред фабричките порти ќе биде првиот чин од најавените протести на сопствениците на ваквите стопански капацитети во државата. На состанокот на Кластерот за текстил одржан во Штип, на кој присуствуваа околу шеесеттина сопственици на фирми од областа на текстилот од вкупно осумдесет членки на кластерот, беше речено дека оваа индустрија не може сама да го поднесе новото најавено зголемување на минималната плата во бруот износ од 21.000 денари. -Владата треба да знае дека учеството на платите во вкупните трошоци на производството во оваа трудоинтензивна гранка е многу поголемо од другите индустри и изнесува над 40 проценти. А тука се и трошоците за струја, за превоз, за годишен одмор. Овој факт како и фактот дека во државата имаме 22 неработни денови, плус годишни одмори и 7,5 часовно работно време се работи со кои не можеме да обезбедеме повисоки плати ниту да исплатуваме минимална плата каква што се заговара, рекоа учесниците во дебатата. Тие порачаа дека подолго од две децении не е менуван курсот на денарот во однос на еврото. Посочија дека пред две децении платите во текстилната индустрија биле од 7.000 до 9.000 денари, за денес да бидат за двапати повисоки, а притоа цените по единица производ кои им ги плаќаат нивните европски деловни партнери не биле зголемени ниту за цент.

Во текстилната индустрија платата во вкупните трошоци влегува со над 40 проценти, што не е случај со другите индустрии, работиме за цени како пред 20 години и за истиот обем на пари, е дваесет години нема промена на курсот на денарот спрема еврото....

Текстилците се пожалија и на, како што рекоа – преголемите зафаќања во корист на државата, но рекоа и дека не е толку голем проблем минималната плата колку што е проблем ниската продуктивност на трудот. Сопствениците посочија дека ниту во нивен интерес не е работниците да добиваат ниски плати но за поголеми плати потребно е зголемување на продуктивноста. За такво нешто, според нив, потребни се квалитетни млади работници кои денес не можат да се

9

најдат на пазрот на трудот. Стопанствениците од оваа индустриска гранка се пожалија и на честите избори кои се прават во државата, па во таа насока ценат дека престојните парламентарни избори ќе имале лош одраз врз стопанските токови, зашто сега сите чинители во државата ќе се свртеле кон предизборните активности, а стопанството ќе останело маргинилизирано. Маријана Перковска од Кластерот за текстил рече дека тие со актуелната влада отвориле квалитетни процеси на преговарања и договорања но новиот политички амбиент во државата она за што се договарал го довел во прашање. -Да се договориме на граѓанска непослушност, да продолжиме да исплаќаме плати како и досега, да дадеме јасна порака дека по ново во однос на зголемена просечна плата нема да постапиме. Со кое право платите во администрацијата постојано се зголемуваат, со кое право пензиите се покачуваат, кој создава нова вредност, кој ги заработува тие пари ако не стопанството кое е на маргините во оваа држава, рече сопственичка на конфекција. Друг сопственик рече дека бил од Берово. –„Во Берово веќе нема народ, а не ли пак работници. Имам конфекција со сто вработени, две децении не е менуван курсот на денарот во однос на еврото, не се менува зашто нашата држава е зависна од увоз, а не од извоз. Не дека не сакаме подобро да ги вреднуваме нашите работници, но толку се парите во оваа трудоинтензивна индустрија. А Владата треба да знае дека ние имаме работници кои заслужуваат плата од над 20.000 денари и такви кои не заработуваат ниту 10.000 но овие вторите им ги јадат парите на првите зашто минимална плата мора да се исплатува. За две децении на државата сум и дал дваесет милиони евра, од неа не сум добил ниту евро. Нема повеќе толерирање, ако нема договор и не се прифатат нашите барања тогаш има само еден одговор, а тоа е клуч на сите фабрики од текстилната индустрија па кога ќе се кренат 35.000 работници државата ќе види која енергија ја поседува оваа стопанска гранка, рече беровецот. Од настанот во Штип текстилците упатија апел до Владата да го слушне нивниот глас во спротивно прво ќе се одело на еднодневен прекин на работата во сите фирми, а потоа , ако таквата активност не даде резултат, протестот ќе траел многу подолго.


10

Г

ГИМНАЗИЈА

{tipski Glas, Noemvri, 2019 br. 95

Гимназијата во чест на народниот херој Славчо Стојменски

имназијата „Славчо Стојменски“ секоја година со пригодна програма го слави раѓањето на народниот херој Славчо Стојменски чие име го носи. Така беше и овој 25 октомври кога Гимназијата, со пригодна свеченост, го прослави својот патрон и својот патронат.

Хорот на гимназијата испеа неколку песни почнувајќи со химната и продолжувајќи со познатата борбена партизанска македонска песна „Во борба, во борба македонски народе“. Ученици читаа револуционерна поезија и сето тоа под диригентската палка на професор Дејан Илиев. Директорот на гимназијата Ристе Петковски со соработници положи свежо цвеќе на бистата на Славчо Стојменски.

Славчо Стојменски е роден 1921 година во Штип, во сиромашно семејство. Основно училиште и гимназија завршува во родниот град. Поради тоа што бил одличен ученик, неговото семејство успеало со големи напори да му обезбеди школување.

Неговото политичко формирање поврзано е со неговото дружење со Ванчо Прке. Двајцата се вклучиле во напредно младинско движење. Таму читале

марксистичка литература и се собирале на состаноци. Уште како ученик, Славчо и бил познат на полицијата. Повеќе пати бил прозиван во полиција и советуван да се откаже од револуционерните работи. Меѓутоа, тој и понатаму учествувал во работничкото движење и се формирал како комунист.

Хорот на гимназијата „Славчо Стојменски“ го осветли 11 Октомври

С

Загинал во 1943 година во нерамноправна борба со бугарскиот фашистички окупатор.

о свечена академија и потсетување на големото значење на 11 Октомври во нашата национална историја, Штип го одбележа 11 Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ. За значењето на овој датум говореа претседателот на боречката организација Перо Мицевски и градоначалникот Благој Болчварски. Во големата сала на Општина Штип да му дадат почит на празникот беа советници, претставници на политички парти, на Сојузот на борците, истори- На фотосот: хористите со диригентот Илиевски, директорот на гимназијата Ристе Петковски и професорката чари, образовен кадар.... Најголеми аплаузи на настанот доби хорот при Весна Кожинкова (од лево кон десно, прв ред). гимназијата „Славчо Стојменски“. Шеесетмината хористи со својот професор и диригент Дејан Илиевски, Штип го има Градскиот хор, ја има групата Раси со својот настап му дадоа посебен белег на наста- пеани штипјани, има и други пејачки групи и друштва, нот. но во сите нив се главно пензионери, иако во ГрадХорот одлично ја исполни химната, а прекрасно скиот хор, последната година се приклучија и неколкупрозвуче и познатата партизанска песна „Во борба, во мина млади луѓе со квалитетни гласовни можности. борба македонски народе“. Сепак, најмлад хор е овој на гимназијата и од него Хорот и нивниот диригент добија голем аплауз Штип може во иднина да црпи нови, квалитетни пејачи на отворена сцена. за своите културно уметнички друштва.


Интензивна монтажа на челичниот мост на Брегалница тежок 240 тони

{tipski Glas, Noemvri, 2019 br. 95

Н

ПРОЕКТ

а реката Брегалница, спроти фабриката за чевли Баргала, интензивно се работи на монтажата на новиот, челичен мост кој значително ќе го растовари густиот сообраќај на влезот/излезот од градот кон индустриските зони и кон Скопје и Кочани. Штип, кој е еден од најголемите индустриски центри во државата, по 65 години добива нов мост со комплетно ново сообраќајно решение. Мостот е дело на штипска „Актива“. Долг е шеесет, а широк десет метри и тежи 240 тони. Тој ја премостува втората по големина река во државата кај штипската населба „8 Ноември“ од каде новиот пат од околу еден километар води до новиот, годинава изграден кружен тек кај фабриката за чевли Баргала од каде започнува обиколницата. Вкупната инвестиција на „потегот над сите потези за Штип во независна Македонија“, како што го окарактеризира градоначалникот Благој Бочварски изнесува 58 милиони денари.

11

Имаше најави дека челичниот мост кој е ремек дело на „Актива ДОО“ и е прв од ваков тип во источна Македонија ќе биде готов до месец јуни, годинава, но работите се оддолжија пред се поради безбедносни причини зашто „Актива ДОО“ не сакаше ништо да препушти на случајот. Во целиот овој проект доцнеше и

Мостот е долг 60, широк десет метри и тежи 240 тони. Мостот ги сврзува двата брега на втората по големина река во нашата држава, реката Брегалница.

-Најзначаен е фактот дека преку новиот мост до своите работни места ќе патуваат илјадници вработени во штипските стопански организации за кои менаџерите на компаниите имаат обезбедено автобуски превоз. Преку овој мост ќе патуваат работниците од населбите Дузлак, Сењак, Автокоманда, 8 Ноември, Баби...Секако дека оваа патна насока ќе биде можност и сите останати граѓани со своите возила полесно да го напуштаат градот кога сакаат да отпатуваат во некоја насока, а целиот овој простор покрај Брегалница ќе биде магнет и за прошетки зашто на едната страна од мостот има и патека за пешаци, а се работи за исклучително убав предел кој вреди да се види, вели градоначалникот Бочварски.

ревизијата која ја вршеше катедрата за челични конструкции при Градежниот факултет во Скопје поради нивна презафатеност, изјави тогаш Иле Николов, првиот човек на „Актива ДОО“. Последниот мост на реката Брегалница во Штип беше изграден на почетокот од шеесеттите години на минатито век кога градот, преку развојот на текстилните капацитети пред се, започна да се промовира во индустриски центар кој десеттина години подоцна имаше 22.500 вработени и по тоа беше втор по вработеност град во Југославија. Тогаш фирмите купија автобуси за превоз на своите работници, а тој мост, иако во текот на градбата се сруши и имаше една жртва, придонесе за брз и безбеден транспорт на луѓето и производите во сите изминати шест десетлетиа.. Кога точно ќе заврши поставувањето на мостот и негово свечено пуштање во сообраќај во Штип не се даваат прогнози, но сосема извесно е дека тој настан ќе се случи многу бргу. Изградбата на овој мост има и историско значење за Штип зашто со негово пуштање во употреба ќе се намали притисокот на стариот камен мост на Брегалница кој датира од шеснаесетти век и е ставен под заштита на државата како историска посебност. Преку овој мост, иако тесен, се одвива добар дел од сообраќајот, што со пуштањето на челичниот мост ќе се избегне.


12

ХУМАНОСТ

{tipski Glas, Noemvri, 2019 br. 95

Осмоноемвриското признание за Максимова, Ивановски, Димитрова-Јованова, Љуботенски и ДМУЦ „Серѓеј Михајлов“

На предлог на Комисијата за доделување награди и признанија Советот на општина Штип одлучи за годинашните добиtници на признанието. Годинашни добитници се: Викторија Димитрова Јованова, новинар-допсиник на МИА, м-р Марија Максимова, професор по пијано во ДМУЦ „Серѓеј Михајлов“, д-р Ристе Љуботенски, сопственик на винаријата Имако Вино, Раде Ивановски, професионален пилот и Средното музичко училиште „Серѓеј Михајлов“. Наградите им се доделени за вонредни остварувања од значење за угледот на Штип во 2019 година. За одбележување е фактот дека од петмината наградени дури двајца се добитници на признанието „Најдоброто од истокот“ кое пет години по ред го доделува регионалниот центар на новинари „Исток“ при ЗНМ со седиште во Штип. Тоа се м-р Марија Максимова која го доби „Источниот оскар“ за посебни остварувања во сферата на образованието и Викторија Димитрова Јованова, која беше прогласена за новинар на годината. И Марија и Викторија високoто признание ги добија минатата година.


{tipski Glas, Noemvri, 2019 br. 95

РЕКЛАМА

13


За некогаш со љубов КОЛУМНА

14

М

Пишува:

М-р Трајче КАЦАРОВ, писател

ама работеше во фабриката „Македонка“. Во тоа време „Предарата“ како најпрво ја нарекуваа имаше околу 5400 вработени. По отворањето на на конфекцијата „Астибо“,за Штип почна да се зборува како за југословенски Манчестер. Мама работеше во три смени, а кога побарувачката на платното нарасна, трите смени беа малку, па ги заменија со четири. Така на мајка и се паѓаше да работи и за време на празниците. Постојано велеше: „За мене нема ниту празник, ниту делник.“ Во годините кога тато беше на дошколување мама работеше сама. Фмилијата се хранеше од нејзиниот личен доход. На секој дваесети во месецот ќе не собереше мене и сестра ми на масата во собата што ни беше и спална и трпезарија, ќе го отвореше жолтото плико и ќе ја истуреше содржината од него. На средина од масата ќе се појавеше сосем мало купче од банкноти и по некоја ситна паричка со сјај на старо злато.Знаевем дека тој ден мама ќе направи богат ручек. Го знаеше тоа и дедо Трајко, кој додека мама ги распределуваше парите од личниот доход седеше во своето собуле, пушеше и поткашлуваше. Од купчето пари најправо издвојуваше за подмирување на тековните трошоци, струја, вода, ѓубрарина и слично. Откако ќе го направеше тоа, ќе го земеше остатокот од парите во рацете ќе погледнеше во секого од нас и ќе речеше: „Еве што остана, ајде сега искарај до другиот дваесети.“ Во предарата покрај мензата за исхрана на работниците имаше и продавница во која, колку се сеќавам-според кажувањата на мама, продуктите се продаваа по помала цена. На двесети од месецот кога мама ќе го земеше

личниот доход влегуваше во продавничката и купуваше салама, во тоа време најмногу се јадеше „шункарицата“, купуваше и парче кашкавал. Немавме фрижидер, во маалата не верувам некој да имаше дома фрижидер. Дедо Трајко саламата ќе ја закачеше во тремот, таму каде што беше најтемно, да не ја фаќа сонце, а кашкавалот го чувавме во долапчето каде што го чувавме и лебот. Бевме сиромашни, ама бевме среќни. Ниту мама, ниту тато, ниту пак дедо се жалеа на сиромаштија, на немањето. Бевме среќни зашто имавме надеж, верувавме во посветли утра, верувавме во татковината, верувавме дека можеме самите со труд, ударнички да ги премостиме сите тешкотии во животот. Верувавме во системот, во неговите институции, верувавме во чесноста на водачите. Мама постојано велеше: „Учите деца, учите, зарем не гледате колку е тешко да ги претвораш деновите во ноќи, а ноќите во денови.“ Верувавме дека образованието, стручноста ќе ја сопре секоја општествена девијација, ќе го трасира патот на хуманото општество, ќе направат општетсво од кое никој не ќе сака да се исели, кое ќе ги прави неговите жители горди на своето потекло каде и да се на планетата земја. Бевме среќни зашто си ја сакавме татковината, оти бевме полни почит кон успесите на сите што го вееја знамето и ја пееја со полна уста химната. Верувавме оти имавме историја која ни ветуваше и иднина. Знаевме кој сме и знавме за каде сме. Во 1982 година ја напишав песната „Татко ми 30 години социјалистички работник“ – „... над главата му стои ликот на Тито/ Дали е марксист?/-тој најдобро прикажува за тоа/ зашто е горд Македонец.“ Во 1983 година во тогашниот Алманах на ЛК „Искра“ излезе

{tipski Glas, Noemvri, 2019 br. 95

отпечатена мојата песна „Генерацијо“ од која ги издвојувам стиховите: „Генерацијо / Ова се твои мостови, твои патишта / Ова е твоја химна, твое знаме / Ова е твоја слобода / Држи ја - држи ја / Нишкај ја – Генерацијо / Ти имаш партизани во крвта / Ти имаш челик во рацете / Плукни си во дланките / Кој пее, кој пее – и гради / Генерацијо...„ Еден мој пријател кога во разговор ќе се навратиме на тоа време постојано ја кажува истата анегдота: „Тргнавме на одмор. Во колата што ја возев беше жена ми и двете деца. Некаде на половина пат пукна една од задните гуми на колата. Во тоа време менувањето на гума на кола беше вистинска филозофија. Гумите имаа и вантерешен дел, поточно тој се оштетуваше. Требаше да ја извадиш внатрешната гума да ја залепиш потоа да ја вратиш назад па да ја напумпаш и да ја оспособиш за функционирање. Сетоа треба да се направи само во случај ако немаш резерван гума во колата. Јас немав резервна гума и тоа ми ја усложнуваше ситуацијата. Паниката се огледаше на лицата на секого од нас поготово кога почна да се стемнува. Додека гледав да наиде некоја кола и да ја сопрам колку да побарам помош ја здогледав ќерка ми како клекната зад колата се моли: „Те молам Тито, те молам златен Тито, помогни му на тато да ја поправи колата.“ Прво се насмеав, а потоа пуштив солзи. Некаква тага ме надваса“ Ете тоа беше време во кое на никого во татковината ниту на крајот од умот не му доаѓаше да побара помош од некакви си Германци, Францизи, Грци, Холандези и какви ли не европски принцези.


Пишува:

М-р Игор

В

38 луѓе виделе убиство, а никој не пријавил? КОЛУМНА

{tipski Glas, Noemvri, 2019 br. 95

Стојанов, новинар

о 1964 година во Њујорк жена со име Кити Џеновезе била брутално убиена пред нејзината зграда. Две недели после убиството познатиот Њујорк Тајмс пишува дека 38 луѓе или го виделе или го слушнале нападот, но ниту еден од сведоците не пријавил во полиција ниту се обидел да помогне. Од тогаш ваквата појава во психологијата се нарекува „Ефект на набљудувач“ – тоа е момент кога сите мислат дека некој друг треба да помогне. Овој ефект се изучува во сите светски универзитети по психологија. Њујорк Тајмс во тоа време напишал дека најмалку 38 луѓе ги слушнале повиците за помош од беспомошната жена, но според полицискиот извештај никој од нив не пријавил во полиција. Полицијата од Њујорк го информирала весникот дека сите сведоци кои знаат нешто за настанот не ја повикале полицијата и тие пристигнале многу доцна на местото на настанот, а како резултат на тоа Кити починала на лице место. Сето ова ја потврдува тезата дека луѓето секогаш мислат дека некој друг ќе ја заврши работата, и тоа го потврдува „Ефектот на набљудувач“. Многу бесчувствително нели? Штом е официјално мора да е вистина?

Официјалниот полициски извештај за 38 сведоци мора да е точен зар не? Се испостави дека најверојатно не е точен. Долги години после случајот со Кити Џеновезе истражувачи доаѓаат до заклучок дека веројатно полицијата од Њујорк тогаш излажала. Според нови откритија луѓето кои виделе, а не помогнале веројатно се само двајца, а вистината е и дека луѓето всушност повикале полиција. Самуел Хофман е еден од сведоците кои веднаш пријавил. Тој поминал 3 или 4 минути на телефон чекајќи да го добие диспечерот во полиција за да го пријави настанот. Многу е веројатно дека полицијата дала лажни информации на новинарите за да го оправдаат своето задоцнето пристигање на местото на убиството. Веројатно е дека кога новинарите ги прашале „Зошто толку доцна пристигнавте?“ нивниот одговор бил дека „Никој не пријавил“ и самиот полициски службеник сакајки да прикрие зошто полицијата пристигнала толку доцна ја измислил бројката од 38 сведоци. Набргу информацијата дека луѓето во Њујорк се бесчувствителни се проширила на насловните страници низ целиот свет. Новинарите ја објавувале бројката од 38 сведоци без притоа самите да ја про-

15

верат. Ова се случува многу често во новинарството. Во теоријата тоа се нарекува „информациона каскада“ – термин позајмен од економијата кој поедноставено значи дека луѓето преземаат акција само според нешто што слушнале од други луѓе.

Тоа во македонското новинарство се случило многу пати.

Поранешниот премиер излезе на официјална прес конференција и кажа дека жолти комбиња вршеле прислушување. Актуелниот премиер од авион објави селфи и информација дека Македонија доби датум за преговори. Големите медиуми објавија и сите други без минимална проверка ја пласираат истата информација. Новинарите се водат од правилото - „Премногу добро за да се проверува“, така јавноста добива впечаток дека е нешто вистина.

Со примерот за Кити Џеновезе и сличните во Македонија сакам да покажам дека официјалните претставници, извештаи или изјави не мора секогаш да се точни, тие се само официјални. Воедно од вакви примери се гледа дека оние кои имаат интерес од лажните вести и ширењето лажни информации во најголем случај се официјални претставници, или властодршци. Тезата која ја застапувам е дека новинарите немаат интерес од ширење на лажни вести, и дека колку – толку се тренирани да трагаат по вистината. На факултет, на сите школи и курсеви им се става во главата дека работата на новинарите е да се занимаваат со вистината. Од друга страна, политичарите, службениците, началниците, раководителите, особено оние кои доаѓаат од хиерархијата на партијата, оние кои го поминале партискиот тренинг, умот им е истрениран дека нивната партија треба да е на власт, да дојде на власт и таму да се задржи што е можно подолго. Затоа тие го имаат интересот да лажат, да кријат информации, да ја прикриваат својата неспособност, а не новинарите. Тие тешко ја разликуваат вистината од лагата, партиските послушници и властодршци не ја сфаќаат важноста на вистината за самите нив и за сите останати. Новинарите можат само да бидат доволно мрзливи да проверуваат, што не ги ослободува од одговорност, но сепак тие немаат интерес да ја лажат јавноста. Затоа јавноста мора да знае од каде доаѓа опасноста.


И поетски изданија.

Неуморниот Самоников КУЛТУРА

16

на возраст од 77 години штипскиот и македонски поет Благој Самоников делува неуморно кога е во прашање поетското творештво. Деновиве од печат излезе неговата најнова, деветнаесетта книга, од кои 16 се

Книгата песни под наслов „Поетско виножито“ донесува 77 песни на нашиот поет и раскажувач, добитник на наградите „Ацо Шопов“ за најдобра книга

{tipski Glas, Noemvri, 2019 br. 95

поезија и на наградата „Живко Чинго“ за најдобар расказ.

-Исправен пред неможноста за сазопознание , за постигнување на вистината за себе, поето може само да заклучи дека единствен начин, откако ќе се исцрпат сите други начини, да се спознае себе си, а преку себе и светот е- поезијата:„само песната поминува по мостот/непремостливото“, пишува рецензентот Мишел Павловски.

Слики од Струмичката ликовна колонија пред штипјани

Дваесеттина слики создадени од уметници од седум држави во рамките на годинашната Струмичка ликовна колонија месецов беа изложени во изложбениот салон на Домот на култура „Ацо Шопов“. Изложбата ја отвори Иван Бојаџиски, претседател на Комисијата за култура при Советот на Општина Штип а за уметничката вредност на изложените дела говореше Кирил Казанџиски, ликовен уметник и професор во гимназијата „Славчо Стојменски“. Струмичката ликона колонија е во организација на Центарот за култура „Антон Панов“. Таа е најстара ликовна колонија која постои 56 години. Во историјата на нејзиното постоење досега учествувале 1.300 уметници од поголем број држави од Европа и светот кои насликале над 2.600 слики. Годинава колонијата се одржуваше од 1 до 12 август. На колонијата, покрај сликарство се работи и графика, вајарство, фотографија и мозаик. Досега се изработени над 60 мозаици. Илјадници слики од колонијата денес ги красат просториите на Центарот за култура, општински и државни институции, стопански организации. Оттука, слободно може да се каже дека Струмица е најголемата уметничка галерија во нашата држава.

Професорот и ликовен уметник Казанџиски рече дека изложените слики во Штип доминантно се работени во маслена техника на платно, најомилената техника меѓу уметниците-сликари. Со оглед на фактот дека на отворањето на изложбата најприсутни беа учениците од најдоброто средно училиште во државата, а тоа е гимназијата „Славчо Стојменски“, Казанџиски им порача на учениците кои кај себе насетиле дарба за уметност, за сликарство посебно, да си дадат шанса таа дарба да ја искористат зашто уметноста е онаа гранка која светот го прави да биде подобро место за живеење.


Во Куд „Ристо Донев - Учителот“ со 120 членови од пионери до пензионери Н {tipski Glas, Noemvri, 2019 br. 95

ад 120 членови, од пионери до пензионери, машки и женски, од пет до 65 години возраст, пет дена во неделата вршат проби во Домот на култура „Ацо Шопов“. Нивна крајна цел е на концерти кои ги имаат во Штип и во десеттина европски држави да го претстават народниот фолклор во најдобро светло. Во друштвото, со членовите, работат Вероника Несторова и Дејан Митев, кореографи и Ефтим Гегов-Гега кој е вработен во Центаро за култура „Ацо Шопов“ како етнокореолог. Во овој културен храм е и седиштето на КУД „Ристо Донев - Учителот“. Од порано е познато дека идеен творец, „татко“ на најголемото фолклорно друштво во Штип е покојниот Ристо Донев познат како учителот. По неговата смрт за друштвото 24/7 се грижи неговиот син Баже Донев. -КУД „Ристо Донев -Учителот“ е вистинска културна академија на која голем број наши сограѓани од сите возрасти прво ги изучиле, а потоа и пред бројна публика ги презентирале нашите најубави народни ора. Друштвото располага со над двестотини народни носии. Поголемиот дел од нив се традиционални и оригинални народни носи претежно од Овчеполието, Малешевијата, Пијанец, скопска Црна гора, скопска блатија, од егејскиот крај. Сега сме во комуникација со проф. д-р Ванѓа Димитриева Кузмановска од Техничко технолошкиот факултет при УГД за да ги изработиме тие носии, вели Ефтимо Гегов-Гега. Според Гегов порано постоело мислење дека младите треба да се бават со спорт, со модерна музика, модерни танци но со формирање на одделот по етнокореологија во рамките на Музичката акдемија при УГД се зголеми интересот за националниот фолклор па

КУЛТУРА

секој ден се јавуваат главно млади за да се зачленат во КУД. За истакнување е фактот дека удел во оваа убава приказна има и средно музичко училиште „Серѓеј Михајлов“ на кое се изучуваат и традиционалните музички инструменти. -Дел од учениците од Средно музчико во делот на музиката и пеењето се веќе наши членови, а во реалција со Музичка академија кај нас доаѓаат студенти кои практично ги изучуваат методолошките вежби на традиционалните игри. Покрај стилизираниот фолклор стремиме да вметнеме што повеќе традиционален фолклор. Одиме на терен, меѓу народот, ги бараме и ги наоѓаме тие ора, всушност студентите одат на терен, истражуват и го пренесуваат во нашето Културноуметничко друштво, вели Гегов. Годишно ова КУД дава концерти по разни поводи кога тоа од него градот ќе го побара... Гостувале во десеттина држави во Европа. Во Полска, Бугарија, Србија, БИХ, Хрватска и во други главно балкански држави. Насекаде биле убаво пречекувани, салите главно биле полни, аплаузите никогаш не изосстанувале.

17

Со години КУД „Ристо Донев – Учителот“ е главната атракција на настанот наречен Четрсе. За идната година во план е на овој настан да гостуваат и друштва од три до четири земји с над 200 учесници, дел од нив ќе бидат сместени кај нивните колеги од штипското КУД, а за дел се размислува како и каде да преноќат една вечер. Во Друштвото ценат дека Четрсе може да биде во рангот на Пастрмајлијадата, но за тоа да се случи бараат логистичка поддршка од општината и се надеваат дека ќе ја добијат. Ова бидејќи тие се и најдобриот културен амбасадор на Штип како дома исто така и низ Европа. КУД „Ристо Донев Учителот“ е друштво кое се самофинансира, од чланарината која ја плаќаат неговите членови. -Идната година планираме повеќе концерти во нашиот град но и настапи низ Европа. Активно работиме на формирање оркестар на традионални инструменти, чалгиски оркестар, оркестар за стилизирани игри, посочува Гегов.


18

МЛАДИ

На УГД добивам одлично образование, ме освои топлината на штипјани

Јована ЌИРИЌ, девојка од Пирот, Србија:

{tipski Glas, Noemvri, 2019 br. 95

М

лада, елоквентна, отворена. Таква ја запознавме Јована Ќириќ, дваесетгодишна девојка од Пирот, Србија. Втора година е во Штип и веднаш се согласи своето „Штипско искуство“ да го сподели со читателите на Штипски Глас. Таа е студентка на втора година на Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“.

што таму наидувам и на млади луѓе кои трчаат или шетаат. Тоа е една убава глетка која ме освои. Покрај тоа неколкупати се имам искачено на средновековната тврдина Исар од каде се пружа извонреден поглед на градот. Она кое посебно ме освои е топлината на штипјани, нивната спремност да те сослушат, да ти помогнат, да ти појаснат. Четири години бев во Ниш но луѓето таму и луѓето тука не е иста работа. Овде на-Во Ниш завршив средно музичко училиште по вистина луѓето се многу повеќе луѓе од секаде каде што како животна цел си поставив да изберам профе- што сум била, јасна е девојката која вели дека го засасор кој работи квалитетно оти не сакав и не сакам за кала Штип со сите свои сетила. џабе да ми биде трудот и напразно да ми минат годините. Значи, не бирав факултет, град, држава туку бирав професор по пијано. Имав среќа мојот татко да има пријател во Штип кој се вика Ефтим Гегов, и самиот поНе избирав држава, град, знат музичар. Ефтим му кажал на мојот татко дека во универзитет, избирав професор кој Штип, на Музичката академија, при тукашниот Универможе да ми даде одлично зитет „Гоце Делчев“, има одлични професори по што дојдов во овој убав за мене град, се запознав со прообразование по пијано. Тоа што го фесорката Милица Шкариќ која со својот прв контакт барав го најдов во Штип, на УГД, ми даде надеж дека тоа што го барам го има во Штип, кај професорката Милица Шкариќ... се вика УГД, Музичка академија и професор Шкариќ, ни рече Јована. Нејзиниот инструмент е пијаното. Вели дека во прва година од својата професорка добила образоваНајмногу другарува со својата врсничка Алекние колку што не добила во сите четири години во сандра од Штип. Иако ретко, со неа најчесто излегува средното музичко училиште во Ниш. на кафе во некое наше кафуле. Готви самата за себе. Вели дека за време на викендот готви за цела недела.-Професор Милица Шкариќ е феноменален пе- „На штипскиот пазар има се што е потребно за квалидагог. Се прилагодува на секој студент, со секој од нас тетна исхрана па затоа ми е многу лесно да си зготвам нејзиниот разговор е поинаков, таа ни е и професор и јадења кои ги сакам“, потенцира Јована. пријател, таква личност сакав да ми помогне во моето образование, а преку тоа и во животот, појаснува ЈоваНејзина цел е еден убав ден да стане профена. сорка. Да им помага на младите во нивното музичко образование. Како што нејзе сега и помага професорИако вели дека нема многу време за прошетки, ката Шкариќ. бидејќи најголем дел од слободните моменти ги користи да отиде на академијата и да вежба пијано, сепак -Од концерти на класична музика кај нас не се за Штип и штипјани има одлично мислење. живее. Затоа сакам да бидам професор, а во исто време и да настапувам на концерти зашто сакам и кла-Шетам почесто покрај реката Отиња, исто така сичната музика да биде дел од мојот живот, порачува сакам да пешачам на патеката зад Исарот и мило ми е Јована Ќириќ.


Најинтересните предвидувања на Баба Ванга ПРЕДВИДУВАЊА

{tipski Glas, Noemvri, 2019 br. 95

19

Во 4509 година луѓето кончено ќе го видат Бог и ќе азговараат со него

П

ознатата пророчица, балканскиот Ност- која видовитата Ванга ја предвидела за 5079 рдамус како што ја нарекува Баба година. Ванга, која почина пред две децении, остави бројни свои пророштва за тоа што ќе Штипски Глас донесува 15 најважни се случува со светот се до неговата пропаст предвидувања.

2023 година

Орбитата на земјата се менува.

2028 – Астронаути патуваат на Венера. 2043 – Муслиманите ќе завладеат со Европа.

2256

– Непознат свемирски брод донесува мистериозна болест на земјата.

2229

– Во Франција се раѓа движење на отпорот чија цел е да се стави крај на владеењето на исламот во Европа.

2046 – Луѓето ќе живеат над 100 години зашто 3797 – Животот на земјата го снемува, луѓето

лесно ќе менуваат органи.

се преселуваат на нова планета.

2100 – Ноќ повеќе нема да постои, темниот дел 4509

од планетата ќе го осветлува вештачко сонце.

– Луѓето конечно го запознаваат Бог и разговарат со него лице в лице.

2130

4599

– Со помош на вонземјани луѓето ќе живеат и под вода.

2164 2183

– Луѓето стануваат бесмертни.

4674

– Врв на цивилизацијата популацијата – Животните ќе добијат човечки особини. достигнува 340 милијарди, почнува репродукција со вонземски суштества.

– Марс станува нуклеарна сила, бара независност од планетата Земја.

5079 – Крај на постоењето на светот.


20

СПОРТ

{tipski Glas, Noemvri, 2019 br. 95

Бликсу сум до остварувањето на Олимпискиот сон Е Емил Павлов, првак во светската Премиер лига

мил Павлов подолго време е најдобриот спортист на Штип и на Македонија. Со многу напор, со секојдневна работа во сала и вон неа, Емил заслужено си ги заработи сите симпатии не само на спортската јавност. Каратето е неговиот спорт во кој освои бројни европски медали и каде стана првак во светската Премиер лига во својата категорија. -Ако сакаме да бидеме прецизни се работи за две златни и две сребрени медали кои ги имам освоено на Европски првенства. Годинава, во исклучително силна конкуренција во Москва бев најдобар во светската Премиер лига. Овие успеси, зад кои се крие секојдневна макотрпна работа, ми се мотив плус да го дадам најдоброто од себе за идната година да се најдам на Олимписките игри во Пекинг, Кина, вели Павлов. Со освојувањето на Премиер светката карате лига во својата категорија Емил Павлов ќе добие мошне значајни поени на светската ранг листа со што станува многу поблиску до местата кои го отвораат патот за Олимпијадата. -Јавноста треба да знае дека до месец април идната година има уште пет до шест силни меѓународни турнири на кои ќе учествувам. По нив ќе се сумираат резултатите, а четворицата најдобри директно одат на Олимпијадата. Другите како нова шанса ќе го имаат турнирот во Париз кој ќе биде во месец мај, идната година, па со било каков медал се обезбедува норма за Олимпијадата, информира Емил Павлов. Родениот шампион вели дека за сите свои успеси самиот си е најзаслужен. Укажува дека многу вложувал и многу жртвувал, тренирал најредовно и макотрпно, додека другите се забавувале или одморале тој бил во сала. Но, исто така

укажува дека драгоцена му била помошта и поддршката од неговите тренери, од Карате федерацијата, Агенцијата за млади и спорт и најмногу од неговото семејство. Без

не е доволна зашто моите противници имаат многу подобри услови и поголема поддршка Да имав поддршка како што ја имат тие досега и јас би остварувал и поголеми резултати од остварените. Сегашните врвни остварувања се резултат на мојата посветеност и фанатичната жеба за успех, искрен е Павлов. Тој е среќен што расте бројот на деца во Штип но и во државата кои за свој спорт го избрале каратето. Павлов смета дека во моментов во нашата држава над 2.000 деца и млади тренираат карате и дека одличните остварувања како негови така и на други каратисти ги мотивираат децата да се бават со овој спорт. -Имам 27 години, тренирам во КК Штип, во моментов силно сум фокусиран на каратето но не ги запоставувам ниту студиите на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“. Сеуште не размислува во однос на тоа до кога ќе трае мојата кариера во каратето, она што можам да го кажам тоа е фактот дека засега се чувствувам

До месец април идната година има уште пет до шест силни меѓународни турнири на кои ќе учествувам. По нив ќе се сумираат резултатите, а четворицата најдобри директно одат на Олимпијадата. Другите како нова шанса ќе го имаат турнирот во Париз кој ќе биде во месец мај, идната година, па со било каков медал се обезбедува нормата. нивната помош, тврди Емил, сонот немало да се оствари. И неговиот роден град му ја дава сета поддршка. Таа е голема и од градоначалникот Благој Бочварски, од институциите. -Сепак, сакам искрено да кажам дека целата овааа поддршка

добро и дека ми е рано да размислувам за крај на кариерата во спортот кој ми донесе толку радости и куп медали. Само уште да ја дофатам Олимпијадата и мојот спортски сон комплетно ќе биде остварен, вели Павлов.


Kошаркарите - ветерани спортуваат и сакаат да ја вратат кошарката во градот

{tipski Glas, Noemvri, 2019 br. 95

СПОРТ

21

Ш

тип нема кошаркарска екипа која би се натпреварувала во некоја од државните лиги. Но затоа пак градот ги има своите ветерани, луѓе на возраст од четириесет до шеесет години, кои редовно тренираат, патуваат на турнири и се натпрваруваат. Тоа е КК „Астибо – ветерани“ Штип кој функционира во рамките на истоименото Здружение на граѓани. За идејата за формирање на здружението, за спортот како елемент на доброто здравје, за турнирите во и вон Македонија, разговараме со Томче Томев, еден од инцијаторите за формирање на клубот и активен кошаркар во него. -Сите ние кои сме во екипата и околу неа се состанавме пред седум години и решивме да го формираме клубот на ветерани во кошарка. Ние и од порано си се дружевме и денес се дружиме, зашто активно игравме кошарка, станавме преку спортот другари и пријатели па посакавме одново да го вратиме овој спорт во градот. Наша проценка беше дека ако ние се реактивираме сега како ветерани во спортот, тоа ќе го посакаат и помладите и дека на овој начин Штип ќе добие и клуб во сениорска конкуренција кој ќе се натпреварува во некоја од државните лиги. Досега тоа не се случи но ние сме оптимисти дека еден убав ден то такво нешто мора да дојде најмногу и поради сознанието дека првата кошаркарска топка била донесена во Штип и дека тука е одигран првиот кошаркарски натпревар во нашата држава, вели Томев. Во екипата која ја тренира Влатко Митев се: Томче Томев, Сашко Караколев, Мијалче Панов, Влатко Ефтимов, Коце Шекеринов, Петар Крстев, Ѓорѓи Балабанов, Дуле Трбоевиќ, Зоран Делипетров, Гоце Цурев, Сашко Бошков, Марјан Јорданов, Трајче Цветков, Драган Иванов, Александар Давитков, Ристе Стојанов, Методи Петров и Љубе Здравков. Идеја им дошла од соседна Србија каде ветераните имаат свои екипи во повеќе спортови, а најмногу во кошарката. Сега КК „Астибо-ветерани“ годишно на двапати се среќава со екипатата на ветераните од Нов Белград. Еднаш наесен пријателски средба има во Белград, а напролет во Штип. -Ние учествуваме и на турнири за ветерански екипи. Еден таков турнир од меѓународен карактер се одржува во Белград, друг во Задар. Во Белград турнирот се одржува последниот викенд во месец ноември, и на него учествуваат ветерански екипи од Турција, Израел, Словенија, Хрват БИХ, Унгарија, посочува Томев. На турнирите во Белград и во Загреб доаѓале да ги глдаат и прославени кошаркарски асови од екс Југославија која беше кошаркарска светска велесила. Настапите на ветераните ги следеле Јосип Ѓерѓа на

мастер турнирот во Задар, а во Белград на натпреварите доаѓале Данилович, Далипагич, Кичанович како и прославениот кошаркарски тренер Душан - Дуда Ивковиќ. -Интересен а фактот дека на овие натпревари и во Белград и во Задар има многу публика. Луѓето навиваат секој за својата екипа како на натпревар од најсок ранг. На сите сме им симпатични, а гледачите не бодрат да истраеме во оваа мисија на пропаганда на кошарката, укажува Томе Томев. Ветераните на КК „Астибо“ шест години тренираале во салата на Средното медицинско училиште, а од годинава се преселиле во спортската сала „Јордан Мијалков“. Тренираат по трипати во неделата. -Сега покренавме многу посериозна иницијатива за формирање на младински кошаркарски клуб кој би можел да се натпреварува во Втората македонска кошаркарска лига за потоа да се проба да влезе и во елитнота лига во мак кошарката. Новите генерации млади деца се со повисок раст, инелигентни се и надарени за спорт само некој треба да ги обедини и да формира екипа зад која треба да застане градот. Во нашиот град постојат само детски школи за кошарка јуниорски нема...Ние сме подготвени да помогнеме да се направи една ваква екипа и кошарката одново и на голема врата да се врати во Штип, вели нашиот соговорник. Оваа генерација не се предава во својата идеја за заживување на кошарката во градот. Веќе биле примени од првите луѓе на КФМ, а покрај за младиата екипа разговарале и за формирање на државна лига за ветерани. Имало интерес во пет градови – Штип, Струмица, Велес, Кавадарци, Битола...Во Битола прават турнир за ветерански екипи за Велигденските празници, а во КК „Астибо-ветерани“ се носат со идејата таков турнир да се направи и во градот и тоа за „8 Ноември“-Денот на ослободувањето и тој да стартува од идната година. Инаку, на турнир во Белград имаат освоено трето а на турнир во Белград четврто место. Со белградската екипа имаат одиграно 15 натпревари а резултатот е 8:7 за штипските ветерани.


РАЗОНОДА

22

TR-MR ov -Mi Re k e ~e R Ti

{tipski Glas, Noemvri, 2019 br. 94

Камилата без вода може да издржи сто дена, Македонецот без избори не може Да издржи ниту две години.

Во нашата држава имаме развиен политички живот Што за економскиот не би можело да се каже. Власта е задоволна. Народот ги оствари сите нејзини желби. Многу наши политичари откако Ќе скинат зелена Бараат народот да им признае Положен испит на зрелоста.

Не е точно дека нашите млади Немаат шанса во животот. Зарем Германија, Италија, Нов Зеланд Не се добра шанса?

Razmisluva: Iv. BOJ

Ако се врати комунизмот десет проценти Од жителите на Македонија ќе мора да го Докажуваат потеклото на парите. Другите 9о проценти ќе мора да го Докажуваат потеклото на животот.

ВИЦОТЕКА

- 50 денари... - Многу, бе! Како може да е толку скап? - Сега ќе ви објаснам: првите десет денари одат кај премиерот. Вторите десет денари одат кај претседателот, третите 10 денари одат кај министерот за економија, четвртите 10 денари одат кај министерката за култура. Само последните 10 денари се за лебот. - Ајдееее... Ама, еве ти 50 денари и Некој човек отишол во продавница дај ми еден леб, многу сум гладен. да си купи леб. Продавачот ги зема 50-те денари и - Колку е црниот леб? му враќа 10 денари. Петре се кандидира за пратеник. Соседот Павле го прашува: -Петре, што ти треба тоа? - Како зошто? Не гледаш ли што се случува наоколу? Власта тоне во раскош, корупција, безделништво... - Браво, ти сигурно енергично сакаш да се бориш против тоа? -Де бе комшпи, не сум толку будала, јас сакам да успеам и да бидам дел од тоа.

ИМПРЕСУМ

Издавач: Медиум Боја 43 – Штип Седиште на фирмата и адреса на редакцијата: Ул. „Тошо Арсов“ бр. 23 – 2000 Штип Одговорно лице: Иван Бојаџиски

Излегува еднаш месечно Првиот број излезе во месец април, 2009 година Главен и одговорен уредник: Иван Бојаџиски Графички уредник: Јорданчо Бојаџиски,

Овој број е отпечатен на 05.11.2019 година

Човекот се зачудил: - Зошто ми враќаш 10 денари, нели лебот е 50 денари? - Па, нема леб! Разговараат двајца хакери: - Го знаеш оној поглед кога на девојката од очи и’ се гледа дека сака да легне со тебе... - Не го знам. - Ни јас не го знам.

Тираж: 1.000 примероци

Ж-ка: 290000002136767 Едб:4029019522191 Т.Т.К. банка А.Д. Скопје Годишна претплата: 180 денари.

Печати печатница Генекс-Кочани Ул. „Тодосија Паунов“ б.б.

За Штипски глас се плаќа повластена даночна стапка од 5% ISSN 2545-4498


{tipski Glas, Noemvri, 2019 br. 95

С У Д О К У

Броевите од 1 до 9 впишете ги во блоковите со големина 3 x 3 полиња (врамени со здебелени линии), така да секој број може да се најде само еднаш во водоравната или хоризонталната насока

СКРИВАЛКА треба да пронајдете два скриени предмети

РАЗОНОДА

23


24

РЕКЛАМА

{tipski Glas, Noemvri, 2019 br. 95


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Stipski Glas by Jole Boja - Issuu