Сопранот ЕЛЕНА ГОЛОМЕОВА на отворањето на Штипско културно лето
Бочварски: имам перфектен тим од соработници
Благој Бочварси
Соња Китановa
Никола Тушев
Милкица Димитрова
Кристина Костова
Живко Тасев
Сашо Протогеров
Д-р Снежана ТРАЈКОВСКА, директорка на Здравниот дом
Брзата помош бргу ќе се екипира Одлична вест од Клиничката болница
Ф.К. Кит-Го светско чудо
Ангиографот повторно во работа
Дали летово ќе се капеме во сопствената пот? АКТУЕЛНО
2
Ш
• Градоначалникот даде квалитетна понуда, општината бесплатно да го наполни базенот, откако овој објект беше „зафркант“ од екс таткото на градот Захариев кој култниот „разладен систем“ го приватизира...
типјани летово можеби ќе се капат само во сопствената пот. Работата на Градскиот базен, единственото место во градот каде може да се доживеат моменти на релаксација и разладување од горештините е под знак прашање. Опозицијата го искористи тој момент да ја нападне актуелната локална власт, но вистинскиот одговор дојде експресно и од вистинското место, од градоначалникот Благој Бочварски.
И оваа случка уште еднаш ја потврдува потребата од изградба на браната на Отиња, оти Штип си остана град-сирак кој единствен во регионот нема на своја територија вештачко езеро, односно поголема вода за одмор и рекреација.
„Јавноста знае, дека за време на владеењето на мојот претходник, градскиот базен е отуѓен од Општина Штип, односно е продаден на приватно лице. За жал, сега Општина Штип не може да стори ништо за да го врати во рикверц тој процес“, рече градоначалникот. Тој додаде дека како градоначалник има желба да им излезе во пресрет на штипјани. -„Изминативе денови се обидувам да ги употребам сите ингеренции за нашите граѓани да не останат без своето најомилено место во летниот период. Општина Штип како институција нема ингеренции да натера некого да стопанисува и да го стави во функција базенот, но ние, заедно со со ЈП „Исар“ ги ставаме на располагање сите свои ресурси и капацитет за базенот да работи и ова леото“,
С
[tipski Glas, Maj, 2018 br. 82
рече Бочварски. Тој јавно ја истакна идејата за општината, односно ЈП „Исар“ бесплатно да го наполни базенот со вода. Но, тоа е можно само во согласност со сопственикот на градскиот базен. Општината подава рака со искрени намери да се најде решение за сите граѓани на Штип да не бидат приморани годинава да се разладуваат во други градови. Сега на потег е сопственикот и наскоро ќе се
види дали тој го прифаќа предлогот на Бочварски, но останува фактот дека екс градоначалникот. Ако не биде така, тогаш штипјани на капење и разладување ќе одат на базен во Неготини, и/или во Аква паркот во Пробиштип, а некои и на браните Мантово и Градче кај Кочани зашто Штип друга поголема вода за одмор и рекреација нема. Но, и овој случај, само уште еднаш ја потврдува потребата од изградба на браната на Отиња, оти Штип си остана град-сирак кој единствен во регионот нема на своја територија вештачко езеро.
Студенти од УГД следеа седница на Совет на општина Штип
туденти од прва и втора година на правниот факултет и Мајхошев вели дека со ваква пракса како дел од практичстудиите по новинарство беа гости на последната сед- ната настава за студентите Правниот факултет при Униница на Советот на општина Штип кој траеше цели 7 часа верзитетот „Гоце Делчев“ ќе продолжи и во иднина. поради бројноста и сериозноста на точките кои беа предмет на разгледување, расправа и одлучување. „Ова е практична настава за нашите студенти како дел од вежбите кои ти ги имаат. Студентите се тука да го следат процесот на креирање и носење одлуки на локалниот парламент. Тие се тука за да ги видат сите добри но и помалку добри дискусии, заложби и ставови во однос по важните прашања за нашата локална заедница“. Ова ни го изјави проф.д-р Андон Мајхошев, под чие менторство студентите будно ја следеа бурната и на моменти експлозивна расправа во Советот на општина Штип.
[tipski Glas, Maj, 2018 br. 82
З
Брзата помош бргу ќе се екипира
дравствениот дом во градот обавува неколку важни функции. Една од нив е и службата за брза медицинска помош која 24/7 е во служба на над 60.000 жители на општините Штип и Карбинци, меѓу кои се и околу 10.000 студенти на УГД кои живеат во градот. Бразата помош подолго време има проблеми да го задржи кадарот за што во овој број на Штипски Глас разговараме со д-р Снежана ТРАЈКОВСКА, директорка на оваа здравствена институција
Г-ѓа Трајковска, каква е моменталната кадровска ситуација во брзата помош? За само една година шестмина доктори си заминале од oваа служба од кои тројца во последните три месеци. Дел од нив заминале во странство во надеж дека нивното знаење финансиски покоректно ќе биде вреднувано, дел се вработиле во приватни ординации, а дел се определиле за специјализација на свој трошок. Со оглед на бројот на жители во општините Штип и Карбинци нам ни се потребни десет комплетни екипи со доктор, медицинска сестра и возач. Ние во моментов имаме само седум екипи. Имаме седум доктори и исто толкав број на сестри, а и кај двете позиции ни фалат по тројца. Познат е фактот дека од оваа важна здравствена служба докторите си заминуваат поради малите плати и неможноста да напредуваат во професијата. Колкава е платата на еден доктор во здравствена служба која мора да функционира 24 часа во денот, и за викенди но и за празници? -Основната плата на доктор во оваа служба е 26.500 денари, а
РАЗГОВОР
со трети смени и дежурства еден доктор на крајот од месецот максимално може да смета на 30.000 денари. За професија за која се студирало шест години, која е во функција на здравјето на луѓето и спасување човечки животи тоа е прескромно, и на овој план нешто мора да се направи. Не од денес и не од вчера познат е фактот дека доктоЛАЖНИТЕ ПОВИЦИ ОДЗЕМААТ СКАПОЦЕНО ВРЕМЕ
На подрачјето на кое работиме неопходно е да се подигне на повисоко ниво здравствената култура кај луѓето. Во Брзата помош доаѓаат луѓе и за банални работи, како настинка, главоболка и слично и на тој начин одземаат драгоцено време на луѓето на кои брза медицинска помош навистина им е потребна. Имавме телефонски повик, лице ни вели доаѓајте бргу на оваа адреса човек се гуши, ние најбргу што можеме одиме на посочената адреса, а таму луѓето ни велат дека никој не се гуши, дека никој нема потреба од доктор. А има и возачка некултура кога возачи не даваат предност на нашето возило. Тоа мора да престане зашто кај нас времето е многу важен фактор да се помогне на луѓето, вели 29 годишниот д-р Горан Андонов, раководител на брзата помош.
рите си заминуваат главно поради ниските плати кои недоволно го вреднуваат нивното знаење, стручноста, одговорноста која ја носат со себе. Јавноста малку знае за ефектите од работата на брзата помош?
3
-За подобро запознавање на нашата работа ќе кажам неколку значајни податоци. Нашата брза медицинска помош годишно остварува од 15.000 до 17.000 прегледи од кои 6.000 се домашни посети. Докторите и медицинските сестри речиси и немаат слободно време со оглед дека оваа служба работи 24/7. Тие малку во шега повеќе како вистина велат дека не можат сите да бидат ниту на свадба на свои блиски зашто работниот процес и одговорноста не го дозволуваат тоа.
Постојат ли најави дека оваа состојба, посебно со докторите, може да се подобри? -Да, постоти и таа можност е мошне реална. Службата за итна медицинска помош набргу ќе биде доекипирана со двајца доктори и три медицински сестри. Покрај ова имаме и најава од Јапонската амбасада дека ќе ни донираат комплетна опрема за службата. Ако овие две работи се исполнат тогаш ќе можеме да речеме дека основните предуслови се исполнети и дека 60.000 жители на Штип и Карбинци, како и студенти кои живеат во градот, ќе можат да сметаат на уште поитна и поквалитетно грижа за нивното здравје во моменти кога помошта им е ургентно потребна.
Има ли надеж, најава и за повисоки плати на докторите и сестрите како услов број еден да се остане во службата? - Министерството за здравство и Синдикатот се договорија да се зголеми надоместокот за ноќните смени, а од месец септември за 5 проценти ќе бидат зголемени и платите на сите вработени во здравството. Тоа може, на некој начин, да даде нов мпулс докторите да останат подолго пред се во единицата за брза медицинска помош. А сето тоа, пред се и над се, во служба на здравјето на луѓето.
ИНТЕРВЈУ
Имам перфектен тим од стручни соработници
4
[tipski Glas, Maj, 2018 br. 82
ВРЕМЕ Е ЗА ТРИ КРУПНИ ПРАШАЊА ДО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БЛАГОЈ БОЧВАРСКИ
Ш
типски Глас оцени дека е за ново интервју со градоначалникот Благој Бочварски. Овојпат правиме интервју со само три, но без исклучок капитални прашања важни за јавната перцепција на локалната власт. Г-дин градоначалник кои се вашите најблиски соработници, и колку, во овие изминати седум месеци, сте (не)задоволни од нивната работа?
Благој Бочварси
Градоначалничката функција, меѓу другото, со себе носи одговорност за вклучување и интегрирање во работата на Општината на сите вработени. Менаџирањето на вработените е особено важна, затоа што со добро менаџирање на површина излегуваат најдобрите резултати коишто секој поединец може да ги даде. Затоа, во изминатите неколку месеци настојувам во работата да бидат вклучени буквално сите, секој да го имплементира своето знаење во извршувањето на секојдневните обврски, но и да се споделуваат идеи за подобрување на работата. Сметам дека
во тоа успевам, затоа што се забележува значителна раздвиженост и ефективност во извршувањето на работните задачи. Во работењето на Општината важно ми е да ги вклучам сите, а секојдневно одржувам состаноци и средби со вработени во различни сектори. Секогаш сум отворен за нивните сугестии и напори заеднички да стигнеме до решение за некој проблем или унапредување на веќепостоечките услови.
Раководителите на секторите во голема мера ја олеснуваат работата на локалната самоуправа. Задоволен сум од сите нив, затоа што се брзи, ефикасни и ефективни, работат во корист на граѓаните и сериозно ги спроведуваат сите нивни работни задачи. Одговорноста којашто раководителите ја носат е голема, но морам да забележам дека секој од нив знае професионално да се носи со истата. Сигурен сум дека во секој момент можам да се потпрам на нив.
Соња Китанов
Никола Тушев
Милкица Димитрова
Кристина Костова
Живко Тасев
Сашо Протогеров
Раководителите на секторите во голема мера ја олеснуваат работата на локалната самоуправа. Задоволен сум од сите нив, затоа што се брзи, ефикасни и ефективни, работат во корист на граѓаните и сериозно ги спроведуваат сите нивни работни задачи.
СОЊА КИТАНОВА Покрај раководителите на секторите, секогаш можам да се потпрам и на Секретарот на Општина Штип, Соња Китанова. Нејзиното долгогодишно искуство и познавање на се што е поврзано со работењето на Општина Штип ми нуди спокој за текот по кој се одвиваат секојдневните општински случувања. Се разбира, овде се и моите соработници коишто го олеснуваат функционирањето на кабинетот. НИКОЛА ТУШЕВ е ангажиран во делот на советување и водство во однос на работата и конекцијата помеѓу локалната и централ-
[tipski Glas, Maj, 2018 br. 82
ната власт. Тој е задолжен за обезбедување ефективна соработка помеѓу релевантните институции, како и водство во делот на остварување на стратешките цели на локалната власт. Тушев има многу задолженија, меѓу кои е и градење и развивање добри врски помеѓу институциите, како на локално, така и на централно ниво. Тушев развива позитивни работни врски, но и платформи за промоција и развој на работата на Општината. Целите на неговата работа се поврзани и со обезбедување еднаквост на можности и промовирање на разновидните потреби и аспирации на заедниците во Штип. МИЛКИЦА ДИМИТРОВА е ангажирана во делот со обезбедување лидерство за сите останати вработени во Општината, делегирање обврски за нив и спроведување на секојдневните задачи. Таа советува и води во делот на конструкција, развој и испорачување на општинските цели, приоритети и одговорности. Димитрова соработува и со советниците во Совет на Општина Штип, претставниците на Општината во работата на Комисиите при Совет на Општина Штип, а исто така и се грижи за исполнување на критериумите и очекувањата коишто се поставени за солидно и успешно завршена работа. Во одредени ситуации кога сум спречен лично да присуствувам на настани, Димитрова го претставува кабинетот. Таа исто така е задолжена и да делегира обврски, но и да ја воспостави комуникацијата помеѓу вработените и градоначалникот, како и комуникацијата помеѓу граѓаните и градоначалникот. КРИСТИНА КОСТОВА Развојот и имплементацијата на комуникациските стратегии со цел поддршка на градоначалничките приоритети и цели се обезбедени преку транспарентна работа и подготвеност за одговор на сите прашања. За комуникацијата со медиумите и јавноста задолжена е Кристина Костова. Нејзините задолженија се во рамки на обезбедување развој и водство на полето на остварувањето секојдневна комуникација со медиумските работници, но и реализирање на комуникациските стратегии
ИНТЕРВЈУ
на локалната власт. Целта е развојот на локалните политики да се пласира пред граѓаните, но и да се одговори на сите прашања коишто се интерес на граѓаните. На овој начин се обезбедуваат совети поврзани со комуникацијата со јавноста не само за мене како градоначалник, туку и за сите вработени во Општина Штип. Позитивниот имиџ на Општината се темели на отвореност и транспарентност, коишто секој јавен службеник им ги должи на граѓаните. ЖИВО ТАСЕВ - САШКО ПРОТОГЕРОВ Во реализирањето на проектите и спроведувањето на секојдневната работа несебична поддршка и пожртвувана работа на терен имам и од директорите на јавните претпријатија. Со Сашко Протогеров, којшто директорува со ЈП
5
„Стипион 2011“, и Живко Тасев, којшто е на чело на ЈП „Исар“, имаме секојдневна комуникација во чијшто фокус секогаш се потребите на граѓаните и изнаоѓањето начини за брзо и ефективно одговарање на нивните барања, но и за издигнување на квалитетот на живеење во нашите заедници. Заедно со директорите на јавните претпријатија работиме интензивно не само на разубавување на ликот на градот, туку првенствено на доследна и темелна изработка на сите активности, со акцент на квалитетна и трајно добра изработка. Темелниот пристап кон решавањето на проблемите и обезбедувањето квалитетна и долготрајна инфраструктура останува приоритет на оваа локална власт, на чијашто реализација сите заеднички работиме.
Панорама на Штип
Граѓаните знаат дека можат да се обратат и во мојот кабинет и кај моите советници, а исто така и да одржуваат закажани индивидуални средби. Имено, во изминатите шест месеци колку што сум градоначалник на Општина Штип, имам остварено над 1400 индивидуални средби со граѓани.
Како тече секојдневната работа како градоначалник на Општина Штип? Како функционира работата во Вашиот кабинет? Секојдневната работа е динамична, брза и ефективна. Покрај средбите со граѓаните, претставници на различни организации и здруженија, како и присуството на различни настани, моите секојдневни работни обврски подразбираат состаноци и средби со вработените во Општината. На овие состаноци разговараме за потребите на граѓаните, за тековни или идни проекти, начини
6
за нивно спроведување. Важно ми е да слушнам не само како тече спроведувањето на проектите, туку и идеи за подобрување. Затоа настојувам секое утро да одржам координација со секретарот на Општината, со раководителите на секторите и со моите соработници. На тие утрински координации секој споделува информации за тоа што е сработено и што ќе се сработи, а честопати доаѓа до идеи за интерсекција на работата во различни
ИНТЕРВЈУ
штина Штип, туку јас како градоначалник ќе доаѓам во нивните заедници и ќе остварувам заеднички средби со нив, на коишто се надевам дека ќе можам да ги слушнам сите проблеми, барања и предлози коишто тие ги имаат за мене. Средбите со граѓаните на ниво на урбани заедници најчесто ќе се случуваат во попладневните часови, за да можат сите граѓани да имаат можност да присуствуваат на нив. За средбите ќе бидат информирани
[tipski Glas, Maj, 2018 br. 82
струкција на веќепостоечките Чистење на дивите депонии во градот, хортикултурно уредување на сите зелени површини и значително подобрување на ликот на градот Обезбедување мерки за сите категории граѓани, со цел издигнување на квалитетот на секојдневното живеење во Штип За да се остварат сите овие, а и останатите приоритети за овој градоначалнички мандат, приоритетите за секојдневното работење на локалната самоуправа мораат да бидат насочени кон добро менаџирање на сите релевантни институции и ентитети, а за таа цел мора добро да се менаџираат вработените во Општината. Затоа фокусот е на висока продуктивност на секој вработен. Секојдневните приоритети се поврзани со обезбедување видливост на сите проекти и потфати на Општината, креирање и одржување инклузивна и функционална работна средина за сите, поставуање платформа за соработка, но и пласирање на сработеното. Инсистирам на чесна, совесна и професионална работа, вложен труд, Штип, 2018 стручна посветеност и искрен пристап. Должни сме да ги браниме интересите на Општината и граѓаните сектори. Убеден сум дека тој начин преку дневните билтени на Општи- на Штип исклучиво согласно закона креативна работа придонесува ната, преку раководствата на урба- нот и етичките норми. Со вакви за продлабочување на соработката ните заедници и преку социјалните приоритети во секојдневното рабои комуникацијата со граѓаните, што мрежи. тење, верувам дека успехот е немие и главна цел во вршењето на оваа новен. јавна служба. Третото прашање на кое ги бараме одговорите се вашите ГРАЃАНИТЕ Се разбира де- врвни приоритети во секојдневка кога зборувам за секојдневното ното работење? работење, не можам да ги заобико- Врвните приоритети во секојдневлам или заборавам граѓаните, со ното работење се поврзани со врвкоишто секојдневно остварувам ните приоритети на мојот градосредби. Граѓаните знаат дека за таа началнички мандат. За потсетувацел можат да се обратат и во мојот ње, тоа се: кабинет и кај моите советници, а исто така и да одржуваат закажани Гасификација на Општина Штип индивидуални средби. Имено, во Изградба на брана на река Отиња изминатите шест месеци колку што Изградба на нова детска градинка сум градоначалник на Општина Изградба на нови паркинг места Штип, имам остварено над 1400 ин- преку нова платформа за паркинг дивидуални средби со граѓани. Изведба на втора фаза на обиколНо, не застануваме овде. Во ница на Општина Штип текот на месец јуни започнувам со Изведба на нови улици и реконсредби со граѓаните по урбаните за- струкција на старите едници. Граѓаните нема да мораат Изведба на нови водоводни линии да доаѓаат во просториите на Оп- и канализациони мрежи и рекон-
Aнгиографот во штипската Клиничка болница одново во функција
[tipski Glas, Maj, 2018 br. 82
ЗДРАВСТВО
Важниот дијагностички апарат цела година беше неупотреблив, менаџерскиот тим најде 50.000 евра и го стави во работа
П
о цела една година неработење и малтретирање на пациентите од регионот на снимање наместо во штипската Клиничка болница да одат во Скопје, ангиографот е поправен и одново е ставен во функција. Раководството на болницата најде начин и обезбеди 50.000 евра за негова поправка. „Исиот ден ден кога ангиографот одново започна да си ја врши работата, на нашето одделение беше донесен пациент на 37 годишна возраст на кого итно му беше потребно снимање а потоа и стентирање зашто снимањето покажа дека пациентот е со развиен акутен инфаркт на срцето. Тој имаше многу среќа што во нашата болница и на нашето одделение дојде токму во денот кога ангиографот одново беше ставен во работа. По успешното стентирање пациентот беше пренесен на инфективо одделение од каде, по опоравувањето, си замина дома“, рече д-р Сашко Николов, интервентен кардиолог. На ангиографот кој е од исклучително дијагностичко значење отсега па натаму ќе можат да сметаат 250.000 потенцијални пациенти од Штип и регионот. Претходно тој цели година стоеше расипан без можност да си ја обавува фунцијата. Одново е ставен во функција благодарејќи на големото залагање и упорноста на менаџерскиот тим на болницата.
„Обезбедивме 50.000 евра за поправката па пациентите од Штип и од регионот одново можат
да сметаат на подобри здравствени услуги во нашата болница. Апаратот не беше во функција од арил месец минатата година, јас за директор дојдов во изборно време кога не можеше да се распишуваат тендери, а откако таквата можност се отвори ние пристапивме кон негово решавање и резултатот е тука“,
7
д-р Ален Георгијев
информира д-р Ален Георгијев, директор на Клиничка болница Штип.
Според д-р Николов, тие сега располагаат со огромен материјал, а пациентите треба да бидат спокојни зашто повеќе нема да се носат во Скопје.
Спасуваа животи: екипата при коронарната единица во Клиничката болница
Голема среќа имал 37 годишен пациент со развиен акутен инфарк на срцето кој на снимање на одделението дошол токму на денот кога ангиографот одново проработел, па по успешната интервенција и рехабилитацијата на инфективното одделение си заминал дома...
„Во моментов кога ангиографот проработе на нашата листа на чекање имавме 50 пациенти. Времето е исклучителен фактор за срцево болните, времето е всушност мускул, колку повеќе пациентот чека толку повеќе мускулот страда, со поправката на ангиографот и обезбедените материјали за него ние ќе им помогнеме на сите граѓани кои имаат потреба од наша стручна квалитетна здравствена интервенција во Клиничка болница“, појасни д-р Николов.
[tipski Glas, Maj, 2018 br. 82
ОБРАЗОВАНИЕ
Проф. Д-р Кирил БАРБАРЕЕВ, проректор на УГД
8
Нашето образование не е толку лошо колку што ние самите сме убедени во тоа
ПИСА -програма за интернационално вреднување на учениците неодамна ги објави резултатите според кои Република Македонија, по однос на ова важно прашање стои прилично лошо. Објавата на резултатите отворија многу прашања за квалитетот на нашиот образовен систем и предизвикаа реакции во јавноста. Штипски Глас цени дека резултатите бараат одговори од најповиканите. Во оваа смисла разговараме со д-р Кирил Барбареев, професор на Педагошкиот факултет и проректор на Универзитетот „Гоце Делчев“. Г-дин Барбареев, кои се причините за лошите резултати на нашите ученици во однос на нивниот образовен квалитет? Постојат повеќе причини зошто резултатите на нашите ученици на овие тестирања во споредба со учениците од другите земји е полоша. Можеби попрво треба да се каже дека денес постојат две спротивставени струи на педагози реформатори. Едните пропагираат образование како цел, мотивација, интеграција, мрежа, центар за учење. Другата струја на педагози реформатори пропагира глобални, целосно неутрални тестови на знаење, натпреварувачки дух, конкуренција, ефикасност, казни. Првите сметаат дека преку образованието треба да се развие креативноста, вторите културата на стандардизација и тестови. Што е ПИСА? ПИСА Е програма за интернационално вреднување на учениците. Тоа е програма која на секои три години, со меѓународно споредување, се испитуваат знаењата на петнаесетгодишниците во една држава. Скоро сите одлуки во образовните политики кај нас во последните 15 години се мотивирани заради лошите места на ранглистата на ПИСА тестот, и сите се насочени кон истата цел, да се подобри местото на ранг листата. Имено, кога младите во некоја земја ќе бидат лошо рангирани на ПИСА тестот се јавуваат нормативни притисоци состојбата да се поправи и тоа така што наставниците ќе треба подобро да ги тренираат своите учени-
ци за решавање на тестовите. Какво е учеството на нашата држава во оваа програма? Република Македонија има учествувано во еден циклус на мерење и тоа во PISA 2000, па што е публикуван и Национален извештај. Во 2013 година се вклучивме во реализација на PISA 2015. Последните резултати отворија многу прашања за квалитетот на нашиот образовен систем и предизвикаат бурни реакции во јавноста. Основно е прашањето зошто резултатите на нашите ученици се полоши во споредба со резултатите на учениците од други земји? Постојат повеќе причини. Прво, различна е традицијата и културата на системот. Кај нас учениците во овие 27 години ги учат дека оценката е најважна, а не процесот на решавање проблем и критичкото мислење. Второ, системот не е подготвен и сите реформи во овие години не се во насока на тие барања на тестовите и на тие политики. Тоа значи, дека уште од иницијалното образование на наставниците, кога се подготвуваат за професијата, тие не поминуваат низ таков процес. Трето сето ова е директна политика на англосаксонските системи. Нашиот образовен систем е поставен на темелите на континенталната традиција, на системите на поранешниот СССР, Германија и Франција, односно СФРЈ. Оттука, тогаш тоа беше добар систем и имаше резултати до 1990 година. Потоа започна демонтажата на системот. Треба ли да бидеме разочарани од ова сознание? Би рекол дека не. Тоа е само сигнал кој ни е даден дека треба да се фати концептот на реформата. Според мене ние не сме толку лоши колку што самите сме убедени во тоа. Само едно размислување во оваа насока: зошто нашите ученици се успешни и добри кога влегуваат во некои училишта во запад? Имаме многу такви примери во овие 25 години. Имаме наставници со брилијантни светски резултати. Така што јас сум многу претпазлив кога се зборува и посочува само од едно место
дека ние сме најлоши. Стандардизираните тестови имаат смисла и значење, но тие не смеат да станат клучна култура на квалитет во образованието. Во образованието не можете да измерите се, нема таков инструмент кој сеизмографски прецизно ќе објасни кој како работел во текот на годината. Токму и затоа секое мерење во образованието нема да покаже каков е образовниот систем, туку ќе измери кој најдобро се прилагодил на условите. Вредностите на учителот не можат да се измерат, тие можат да се почувствуваат. Колку концептот на глобално тестирање е реален показате? Повеќе од 80 универзитетски професори од врвни универзитети во светот му се обратија на директорот на Програмата за интернационално вреднување на учениците (PISA), тие објаснуваат зошто ваквиот концепт на оценување му штети на образованието? Едно од објаснувањата е дека нема добри реформи ако ги игнорирате не-образовните фактори, меѓу кои и социо-економската нееднаквост на нациите. Во многу земји, вклучувајќи ги и САД, нееднаквоста драстично се зголеми во текот на изминатите 15 години, се прошири образовниот јаз меѓу богатите и сиромашни Затоа се смета дека треба да се развијат алтернативни форми од рангирања. Ова и поради фактот дека ПИСА постојано мери тесен опсег на мерливи аспекти на образованието. Таа го одвлекува вниманието од помалку мерливите и немерливите образовни цели, како физичката култура, моралниот, граѓанскиот и уметнички развој, а со тоа опасно ја стеснува нашата колективна имагинација и врска со она што е образование.
JП „ИСАР“ ветува спокојно лето
[tipski Glas, Maj, 2018 br. 82
С
о 280 до максимум 300 литри вода во секунда која може да ја испорача на градот и приградските населби „врзани“ за градскиот водовод, ЈП „Исар“ ветува спокојно лето. Јавното претпријатие навреме превзеде активности за изработка на уште два бунари во рамките на бунарскиот систем, се чека тендерот да заврши и работата на бунарите ургентно да се заврши. Со тоа ќе се добијат дополнителни 30 до 40 литри вода во секунда. „Летото може да дојде, а какви и да се температурите ние сме подготвени градот и населбите квалитетно да ги снабдиме со вода. Во овој период акцент ставивме на изградба на водоводна мрежа до населбата „Балканска“ која сега добива вода од бунарите на „Македонка“, а која вода не е употреблива за пиење. Во оваа населба работиме и на приклучок за канализација во должина од 200 метри. Во населба „Баби 6“ на една од улиците, привршуваме со изградба на водоводна линија во должина од 85 метри и на канализациона линија од 110 метри. И на улицата „19 Бригада“ ги реконструираме водоводната и канализационата мрежа во должина од 120 метри, зашто тој дел од градот имаше проблем со двете мрежи“, информира ди-
ректорот Живко Тасев.
ВОДА
Јавното претпријатие „Исар“ годинава посветено работи и на решавање на проблеми во населбата „Суитлак“. Почнати се работите на нова канализациона линија во должина од 500 метри, а постои интерес и да се продолжи со уште еден крак од 200 метри што би било инвестиција од 500.000 денари.
гогодишен проблем на градот.Во населбата „Балканска“ се работи на приклучок за канализација во должина од 200 метри“, вели Тасев.
Штип има многу топли лета па граѓаните почесто прашуваат што е се јавните чешми на кои човек може вода да се напие и лице да се замие, да се освежи. Тасев вели дека во тек е анализата за тоа на кои места и во кои населби, освен во центарот на градот, треба да има такви чешми. Во план е летово на услуга на граѓаните да им бидат ставени десет такви јавни чешми.
„И во населбата „Баби 6“ работиме интензивно на водоводна линија во должина од 80 и канализациона линија долга 110 метри. На улицата „19 Бригада“ исто така работиме на реконструкција на Во населбата „Дузводоводната и на канализационата мрежа во до- лак“ се работи на водолжина од 120 метри, со водна и на канализациона што решаваме еден дол- линија долга 250 метри, во БАЛКАНСКА Во овој период акцент ставивме на изградба на водоводна мрежа до населбата „Балканска“ која сега добива вода од бунарите на „Македонка“, а која вода не е употреблива за пиење. Во оваа населба работиме и на приклучок за канализација во должина од 200 метри
КОНТЕЈНЕРИ поминат е тендерот за набавка на 200 канти кои ќе се делат на граѓаните при што редовните плаќачи на сметките ќе можат да ги добијат на 12 рати со белешките за водата за комуналните услуги. ЈП „Исар“ набавува и 150 контејнери од 1,1 метар кубен зафатнина, а 50 од нив ќе дојдат деновиве
9
„Каваклија“ уште 30 семејства ќе се приклучат... Сите активности ќе се започнат за десеттина дена кога јавното претпријатие ќе го добие новиот ровокопач-липќер. Во исто време и на улицата „Коле Неделковски“ се реконструира водоводната линија во должина од 50 метри.
„Работиме секојдневно и на прашања врзани со хигиената. Помина тендерот за набавка на 200 канти кои ќе се делат на граѓаните при што редовните плаќачи на сметките ќе можат да ги добијат на 12 рати со белешките за водата за комуналните услуги. Набавуваме и 150 контејнери од 1,1 метар кубен зафатнина, а 50 од нив ќе дојдат деновиве. Го рзубавуваме градот со цветни насади насекаде каде за тоа има можност за што имаме обезбедено 30.000 парчиња разновидно цвеќе. Хортикултурно го уредуваме кружниот тек кај „Дујле“ со нови, декоративни садници, 1.000 трендафили садиме од мостот кој Стар Конак го поврзува со Исарот, а таму каде што е можно поставуваме систем капка по капка“, укажува директорот Тасев. На Градските гробишта во новите парцели се уредуваат пристапни патишта, чешми и се садат декоративни садници, а се поставуваат и жардиниери.
Во младите лежи надежта за нашата иднина
[tipski Glas, Maj, 2018 br. 82
МЛАДИ
Викторија КУКУШЕВ, претседател на Совето на млади во општина Штип
И
дната година Советот на млади во Штип ќе одбележи десет години постоење. За оваа организација на младите во градот разговараме со Викторија Кукушев, нејзин претседател која на почетокот од разговор вели дека потребата од неговото формирање и функционирање е резултат на потребите на младите за нивна застапеност во донесувањето и формирањето на младинските политики на локално и национално ниво. Ги повикавте јавно и младите од другите партии, пред с0 од ВМРО-ДПМНЕ, да Ви се придружат. Го направија ли тој потег? Да. Нашиот искрен повик заедно да креираме и спроведуваме младински политики беше слушнат и пред извесно време на седницаа беа изгласани и четирие члена од оваа партија па во моментот Советот на млади брои девет члена, во кој се опфатени различни младински групи средношколци, студенти, млади вработени... Што досега направивте во рамките на истиот? Кои активности ги преземавте? Изготвивме План и програма за 2018 година. Програмата опфаќа повеќе сегменти во кои се опфатени сите млади, но и сите можни начини преку кои истите ќе можат да се вклучат и активираат и да придонесат за кревање на квалитетот на живеење на младите во нашата општина. Предвидени се соработки со сите институции, невладинини организации кои работат со млади. Имавме јавен повик за соработници кој е постојано отворен за сите млади кои сакат да се приклучат на Совет на млади. Позитивната енергија и став кон работата на Советот на млади се докажа преку големиот број апликации кои пристигнаа, така
што Совет на млади за три месеци активна работа брои повеќе од 30 млади соработници. Организиравме повеќе настани. Сакаме да ги вклучиме и младите од руалните средини да ги слушнеме нивните потреби и проблеми, а воедно да најдеме начини истите заеднички да ги решиме. Ќе се организирааат настани со нашите млади кои живееат, учат, работат во странство. Тие ќе бидат нашите амбасадори и линк во земјите каде престојуваат Кои се глобалните проблеми на младите во градот и општината? Како Совет на млади активно сме меѓу младите, разговараме со нив, ги слушаме нивните идеи, предлози и проблеми. Сите заеднички сме согласни дека се потребни одредени иновативни мерки преку кои ќе може да ги привлечеме младите да дојдат на културноуметнички манифестации, бидејќи такви настани имаме, но се чувствува отсуството на млади. Студентската младина за главен проблем го смета немањето студентски дом, недостатокот од кино, за што апелираат сите млади. Ние проблемот создаден од овој недостаток се обидуваме да го решаваме ad hoc, со организирање филмски проекции на филмови. Летото пристигна, но младите немаат базен од отворен тип. Ние ќе настојуваме што е можно побрзо да биде разгледана можноста за почеток на изградба на Аква парк. Неодамна имавте интересна организација на Прва младинска Олимпијада во Штип. Од каде идејата, колку млади учествуваа на неа, колку народ дојде да го види тоа? Младинската спортска Олимпијада беше организирана со цел да се афирмира здравиот
10
живот, да се потикне натпреварувачкиот дух кај младите и да се истакне потребата од поголемо екипно спортување. Над 150 учесници се натпреваруваа во четири спортови: фудбал, кошарка, тенис и штафетно трчање на 400 метри. Имавме еден прекрасен викенд на дружба и позитивна енергија. Огромната заинтересираност и посетеност е само доказ дека спортот му е потребен на овој град и ние како Совет на млади ќе настојуваме оваа Олимпијада да стане традиционална за месец мај, при што ќе се зголеми бројот на спортови во кои нашите млади ќе можат да се натпревауваат и да освојуваат убави награди. Едно истражување на УГД покажува дека 78 проценти од младите не си ја гледаат иднината во државата. Кое е вашето мислење за тоа, и дали Советот расправал во однос на оваа тема важна за опстанокот на нацијата? Белата чума е нашата најголема закана, бидејќи опстанок на едно општество без младина не постои. Затоа нашиот најголем мотив е да работиме за младите и со младите заеднички да дејствуваме за промени во животот на младите, како на локално, така и на национално ниво. Се движиме во одлична насока воведувајќи ги младинските гаранции, мерките за самовработување, субвенциите за млади земјоделци, обуките и доквалификациите за млади... Впрочем, во младите е надежта за нашата иднина.
Карбинци се свртува кон Вртешка и Плачковица
[tipski Glas, Maj, 2018 br. 82
В
о овој број на весникот донесува репортажа за Вртешка, едно од шесте плачковички села кои припаѓаат на шопската етнографска структура. Се сместило на 690 метри надморска височина, а се наоѓа во општина Карбинци. Од Штип до селото има 33 километри. Во 1900 година според Васил Кнчов (книгата „Македонија, етнографија, статистика“) селото имало 54 жители. По ослободувањето, во 1948 година, во Вртешка живееле 210 лица, најголем број жители имало во 1953 година-250, за во 1991 тој број да падне на само 12 жители.. Според последниот попис од 2002 година во Вртешка живеат 6 лица. Селото се полни со народ на Ѓурѓовден кога се посетува убавата црква Свети Ѓорѓи и на Петровден.
ТУРИЗАМ
развој на активниот туризам, при што како база се користи планинарскиот дом Вртешка кој се наога на висина од 1106 метри. Овој дом е со капацитет од 60 легла, но до него се стигнува по земјен пат. Насев вели дека одтука можат со уживање да се посетат: Пештерите (Млечна, Голема и Ќуп), Кањоните: Камник (Македонското Колорадо) за кое Штипски Глас донесе посебна репортажа, кањонот на Козјачка река (слапови и водопади, природата ги изгравирала во вулканската карпа) и кањон на Зрновска река (недопрена од човек густата листопадна шума), Археолошкиот локалитет Баргала доцноантички град, од поранешен римски каструм во 4 век кој се развил во цивилен и епископски центар.
11
1,3 километар. Проектот содржи и подобрување и одржување на постоечките понуди за сместување како реновирање и адаптација на планинарскиот дом Вртешка, развој на дополнителни инсталации потребни за да се задоволат потребите на пазарот на активни туристи (приспособување на патеки за пешачење и планинарење до туристичкуте атракции, мултифункционална вештачка карпа за искачување), активности за семејства со деца (изградба на детско игралиште) и адекватно одржување на локалитетите и атракциите. Со ова ќе се зголемат популарноста на дестинацијата и конкурентноста на туристичката понуда, укажува градоначалникот Насев..
Предложениот проект е во Плачковица, Вртеешка, пешПланинарскиот дом Вртешка вредност од околу 750.000 евра, а терите, кањоните, водопадите, ар- се користи и како простор за одржу- свој придонес во овој проект ќе дахеолошките локалитети сеуште се вање на културни манифестации / дат и Општина Карбинци како и малку познати за современите туристи. Општина Карбинци сега е во 50.000 ЕВРА очекување на европски пари за тој Толку средства се планирани за темелна обнова голем туристички и рекреативен потенцијал да го стави во функција (реконструкција на легендарниот планинарски дом како што тоа го прави современиот на Вртешка, простор на кој годинава одново ќе ја свет.Име наоектот -Планината Плачковица, изобилува со природно, културно историско и археолошко наследство. Нејзините падини се протегаат помеѓу општините Штип, Карбинци, Зрновци, Виница и Радовиш, но иако поседува исклучителни природни вредности истите не се доволно промовирани и достапни за туристите и претставува една недоволно туристички развиена територијална целина, вели Насев.
има познатата музичка манифестација која привлекува десеттици илјади главно млади луѓе...
фестивали на празникот Ѓурѓовден друштвото за планинарски спортови и Петровден и за организирање на „Лисец“ од Штип. Сите партнери ќе Оффроад рели (два пати годишно). учествуваат во спроведувањето на предложениот потпроект со сопствен финансиски и нефинасиски -Имаме проект со кој се пла- придонес. нира создавање на современа и Општинана аплицира за квалитетна инфраструктура за брз грант од Светската банка и има и безбеден пристап до туристички голема надеж дека проектот ќе и локалитети. Проектот предвидува биде подржан. реконструкција на нова делница од околу еден километар од пристап- (На следната страница погледПланината Плачковица е об- ниот пат Вртешка. Во текот на 2016 нете ја фоторепортажата од ласт со многу висок потенцијал за година е реконстуриран дел околу Вртешка)
12
РЕПОРТАЖА
Убавото село убаво се испусти
[tipski Glas, Maj, 2018 br. 82
Вртешка. Во 1953 година била село со 250 жители. Со пописот од 2002 година – само шестмина. Убавото село на убава планина (Плачковица) уште поубаво си се испусти. Фотографиите кои ви ги даваме на увид говорат во таа насока.
Музичкото училиште јавно ги прикажа своите капацитети
[tipski Glas, Maj, 2018 br. 82
НАСТАН
Под мотото „Отворен ден на Државното музичкки училишен центар „Сергеј Михајлов“-Штип, ова наше култно музичко училиште ги претстави своите можности пред штипјани. Убавата презентација се случи на плоштадот „Слобода“ каде стотици граѓани, меѓу кои
13
имаше родители, млади и деца можеа да ги слушнат музичките интерпретации на учениците од ова училиште. На плоштадот беа изложени и бројни музички инстурмени, од оние народните,традиционални до најсовремени.
14
Пишува: М-р Трајче КАЦАРОВ, писател
Храната како обединувачки фактор
Е
ден мој роднина додека децата му беа мали, четири на број, не им дозволуваше да јадат со него на иста маса. Не го објаснуваше ставот, но и по никоја цена не го менуваше. Се сеќавам на призорот: четирите „едноглавци“ насобрани на малечка масичка офарбана со зелена боја сркаа од чиниите пред себе и воопшто не погледнуваа кон големата маса на која седеше нивниот татко и мајка им. Мојот дедо Трајко не го менуваше местото на масата. Седеше на чело. Тато го наследи неговиот престол. Јас денес за време ручекот седнувам на моето место, но, не е исклучено да го променам без посериозни причини. Не така одамна ја напишав песната. Во текстот ќе приложам фрагмент од неа: Пишувам песна А мајка ми ме кани на појадок Појадокот, лебот наш насушен Пишувам песна А синовите ме канат на ручек Ручекот, разбирањето наше и опростот Пишувам песна А жената ме кани на вечера Вечерата, должноста наша и покајот Од стиховите на песната може да се види вербата во обединувачката моќ на храната во фамилијарните односи. Цитатите што ги позајмив од еден наш дневен вес-
КОЛУМНА
[tipski Glas, Maj, 2018 br. 82
ник зборуваат за обединувачката мојот пријател на ручек. Средбата моќ на храната во дипломатијата: требаше да даде сериозен прилог кон изготвувањето на стратегија за Џоана Мелденсон-Фирман осовојување на респектабилни попрофесорка на Американскиот уни- зиции во маргинална институција на везитет во Вашинтон и експерт за сисемот.На местото за ручек, рекулинарска дипломатија, вели дека: сторан на добар глас во градот, „Тоа е дел од тактиката“. Истражу- стигнавме со мало задоцнување. вачкиот консултант Сем Чапал Човекот што не покани под изговор Сокол , кој тврди дека храната на дека бил премногу гладен веќе се самитот буквално и фигуративно ја гостеше од чинијата во која беше поставува масата за позитивни ди- сервиран специјалитетот на куќата. скусии, и додава: „Целото мени е После нужното извинување поради инзвонредно бидејќи се опфатени доцнењето се свртивме кон келнесите региони на двете Кореи, ме- рот и без размислување го наранито има обединувачка моќ.“ Хи- чавме она што се наѕираше од чилари Клинтон ја нарекува храната : нијата на организаторот на деловниот ручек.„Не“ -рече келнерот„немаме повеќе од специјалитетот“. Ова што е пред вас беше последАналитичарката д-р ната порција. Како замена ни поМарија Велез де нуди скара. Кога се сложивме и Берлинер верува дека почнавме да бираме од приложехраната е страшно моќна ното во менито, келнерот ни ги зеде менијата од рацете и ни рече: „Од алатка и дека оној што го контролира пристапот до скара имаме само кебапчиња.“ Не изненади дрскоста на келнерот како храната, ја контролира и и тоа што во реномиран ресторан, преговарачката маса! во кој многу ретко ќебапчињата ги запишуваат во менито, од скара да има само ќебапчиња. Умешно пре„најстарата дипломатска алатка“ во кривајќи ја збунетоста го прифаодржувањето на односите. Анали- тивме она што ни беше понудено. тичарката д-р Марија Велез де Берлинер верува дека „храната е страшно моќна алатка и дека оној На одење кон дома му реков што го контролира пристапот до на пријателот, од договорот, од изхраната, ја контролира и прегова- готвувањето на стратегијата нема рачката маса“. Менделсон –Форман да излезе ама баш ништо. Ова не тврди дека храната во дипломат- беше ручек за позитивни дискусии, ските ситуации исто така може да ги туку за понижување. Не, покани на намали бариерите. Таа вели дека: ручек за да не понижи, за да ја ис„храната ги очовечува луѓето, по- такне неговата позиција - махараџа точно ги очовечува противниците.“ на грбот на индиски слон. И би како што му реков на пријателот. Понекогаш нешто тргнува наопаку. За мене храната и трпезата Неочекувано и јас станав се свети нешта и не знам што е она сведок на тоа дека со храната , со што може човекот да го натера да менито како стратегија, или тактика ги користи како алатки за очовечуза позитивни дискусии може да вање. тргне наопако. Не поканија мене и
Медиуми или Фејсбук,со нив или на (без)нив
[tipski Glas, Maj, 2018 br. 82
В
Пишува: Пане Кукушев о современото општество јавното комуницирање се одвива со посредство на медиумите. Притоа медиумите не дејствуваат само како неутрални пренесувачи на пораките од немедиумските комуникатори до нивната публика, туку и како релативно самостојни фактори на јавното комуницирање кои, преку сопствениот субјективитет и кодовите на својот симболички јазик, битно влијаат и на неговиот тек и постигнувања. Но, со текот на времето јавноста доживеа длабоки промени, што на извесен начин ги промени и условите на дејствување на медиумите. Денес, во современото масовно општество, јавноста се повеќе функционира како отворен комуникациски простор во кој професионалните комуникатори преку медиумите настојуваат да ја придобијат нејзината публика за своите посебни интереси и цели. Масовни медиуми (често само медиуми) или јавни гласила, поим кој најчесто се користи за да се означи оној дел од медиумите кои допираат до многу голема публика (обично, населението на една држава). Публиката на масовните медиуми е како масовно општество со посебни особини, меѓу кои атомизација и недостиг на општествени врски, го прават посебно подложно на влијанието на модерните мас-медиумски техники како рекламирањето и пропагандата. Потребата од проучување на функцијата на медиумите е поврзана со основните прашања и концепти на медиумската писменост. Функцијата на медиумите е да пренесуваат креирани пораки од некој, создадени за да го привлече вниманието на публиката, да пренесат ставови, но и да се обидат да ги на-
КОЛУМНА
метнат. Сето ова е со намера да постигне некаква цел, без разлика дали е социјална, економска, политичка или друга. Публиката треба да знае за функциите на медиумите, за да може полесно да ги анализира и сфати медиумските пораки, да разбере зошто се создадени и да ја разбере намерата на оној кој ја испратил пораката. Додека весникот како прв масовен медиум имал функција само да информира, подоцна со развојот на граѓанското општество, функцијата се променила и се проширила неговата улога. Денес, во демократските општества, медиумите имаат задача за информирање на јавноста за работата на органите. Улогата на медиумите е да се промовира различноста на мислење, јавнота дебата и граѓанска партиципација во општеството, да ги промовира демократските вредности, да се залага за слободата на изразување и слободата на говорот. Многу мои пријатели, другари и роднини се изненадени зошто немам Фејсбук.Едноставно,мојата приватност не сакам да ја споделувам со секого.Скандалот со податоци за Фејсбук и Кембриџ Аналитика вклучува собирање лични информации за 87 милиони корисници на Фејсбук и речиси сигурно многу поголем број затоа што Кембриџ Аналитика почнала да ги собира уште во 2014 година. Податоците, наводно, се користат за обид за да влијаат врз мислењето на гласачите во име на политичарите кои ги ангажирале. Различни политички организации користеле информации од добиените податоци за да се обидат да влијаат на јавното мислење. По откритието, Фејсбук се извини поради јавното вознемирување и падните цени на акциите. Начинот на кој Кембриџ Аналитика ги собираше податоците беше наречен “несоодветeн”. Скандалот беше значаен за поттикнување на јавна расправа за етичките стандарди за компаниите од социјалните медиуми, политичките консултантски организации и политичарите, но и за поголема заштита од онлајн-медиумите и правото на приватност, како и ограничување на де-
15
зинформациите и пропагандата. Фејсбук во ноември, 2007 година создаде маркетинг иницијатива која дозволува на веб-страниците да се публикуваат активностите на корисникот на нивниот профил на Фејсбук како ,,општествени реклами” и да ги промовираат производите. Кога е лансирана, Фејсбук изјавил дека ,,не се споделуваат лични и идентификациони информации со рекламниот агент во креирањето на општествена реклама”, и дека ,,корисниците на Фејсбук ќе ги гледаат општествените реклами само до тој степен до кој нивните пријатели споделуваат информациии со нив”.Корисниците на Фејсбук можат да изберат да се приклучат на една или повеќе мрежи, организирани по градови, работни место, училиште и регион. Овие мрежи им помагаат на корисниците да се поврзат со членовите на истата мрежа. Корисниците исто така можат да се поврзат со пријатели, со што ќе им дадат пристап кон профилите на нивните пријатели но можеби нивните ријетели не се и мои. Веб-страницата е слободна за корисниците, но создава приход од маркетинг. На секоја почетна страница на корисникот има најважни информации како што се промени на профилот, настани кои претстојат и родендени на пријателите на корисникот но и многу лесно ќе се откриваат личните активности како што се промени во статусот на врската, настани и конверзации со други корисници. Имам еден другар кој остварува солидни приходи ,,кликајки,, на рекламите на веб страниците и за секој ,,клик,,добива по 1 цент.Така се промовираат производите но и создава приход од маркетинг. За крај, пак ке потсетам дека функцијата на медиумите е да пренесуваат креирани пораки, создадени да го привлече вниманието на публиката, да пренесат ставови, но и да се обидат да ги наметнат.Затоа немам Фејсбук и затоа не кликам на реклами и линкови по порталите. Тоа што ме интересира, сам го пронаогам но, најважно од се,пијам кафе и се дружам со пријателите без телефон или таблет во раце.
Уметноста на студентите од УГД во галеријата „Безистен“ КУЛТУРА
16
С
[tipski Glas, Maj, 2018 br. 82
тотина уметнички дела изложија студентите од Ликовната академија, архитектура и дизајн и од Технолошко-техничкиот факултет при Универитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Изложбата е поставена во уметничката галерија „Безистен“ која топло ја препорачуваме на сите да појдат и да ја видат. На отворањето говореше проф.д-р Катерина Деспод, декан на Ликовната академија. „Делата претставени од студетите остануваат верни на реалноста и најавтентични со себе си. Само автентичноста ќе ве одржува на нозе и ќе ви ја крене главата. Движете се кон тоа да бидете единствени, а кога се сомневате послушајте ја својата интуиција. Студентите имаат прилика да ги претстават своите дела и да остават впечаток во круговите на уметноста и дизајност“, рече Деспод. Таа уште додаде дека крајниот резултат е плод наречен уметничко дело, а резултатот е нивната креативност.-„Креативноста не би постоела ако нема претходен напор-цртање, сликање, дизајнирање“, порача Деспод. Делата на студентите на УГД ја наполнија со уметност галеријата „Безистен“ на радост на сите љубители на убавите нешта.
Уметноста на младоста и радоста на Штип
У
метничката галерија Безистен беше преполна со граѓани кои сакаа да ги слушнат малите пијанисти од основното музичко училиште во Штип. Дваесет ученици, надежни пијанисти, некои од нив идни членови на некоја од нашите и/или европски филхармонии, други идни педагози, или можеби самостојни музички уметници изведоа дела сонати, етиди, менуети, сонатини, прелудиуми од најпознатите светски класици. Беше тоа младоста и радоста на Штип. Доказ беа силните и искрени аплаузи кои се слушаа цел час колку што траеше програмата.Професорите по пијано м-р Марија Максимова, Бисера Иванова, Павлина Димитрова, м-р Славчо Величков, Јасмина Бикова-Стојанова, м-р Александра Трајкова, Гоце Костадинов, Катица Андонова, м-р Анита Љуботенска, Елена Ефремова и мр Гордана Тренчева-Јанкова имаат право на своја гордост за тоа како ги учат децата да навлезат во тајните на пијаното. Пред клавирот продефилираа Елена, Јована, Стефан, Кристијан, Весна, Бисера, Симон, Теодора, Ива Г., Ирина, Борис, Јасна, Зоран, Ива С.,. Андреа, Тина, Никола, Меланија, Сандра и Сара. И сите до една/еден добија големи аплаузи за своето музицирање. Истата вечер се одржа и годишниот концерт на учениците од средното музичко училиште „Серѓеј Михајлов“.
Сопранот Елена Голомеова на отворањето на Штипско културно лето
[tipski Glas, Maj, 2018 br. 82
КУЛТУРА
17
Н
а 29 јуни годинава, Штипското културно лето кое ќе трае до крајот на месец јули, ќе го има најспектакуларното отворање во својата тридецениска историја. Културното лето ќе биде отворено со вечер на сопранот Елена Голомеова, која својата европска кариера ја изгради во операта во Ница, Франција. Голомеова ќе исполни повеќе оперски арии во придружба на 22 член оркестар, под раководство на светски познатиот, а наш македонски обоист, маестро Васил Атанасов. Елена Голомеова е родена штипјанка која своето музичко образование го започнала во средното музичко училиште во Штип за последната година да ја заврши во истоветно училиште во Скопје. На конкурс за млади таленти распишан од амбасадата на Република Франција во Македонија, во 2000 година, таа добива привилегија да замине за Франција при што се определува за Ница и за тамошната опера. Во меѓувреме добива француска стипендија, го завршува високото музичко образование со одличен успех, во меѓувреме настапувајќи на оперната сцена во Ница. Подоцна Голомеова ги завршува и посдипломски студии на соодветна институција во Париз. Во операта во Ница Елена Голомеова е од 2006 година. Таа е европски позната солистка на спомнатата опера која настапувала на поголем број оперски сцени на стариот континент.
Интересно е дека ова ќе биде првиот настап на Елена Голомеова во нејзиниот роден град на некоја од култните културни манифестации!
Максимова и Арсовска
Вечерта со сопранот Елена Голомеова ќе се одржи на 29 јуни годинава во големата сала на Домот на култура „Ацо Шопов“ со што ШКЛ и официјално ќе биде отворено. Комисијата за култура ја прифати програмата за ШКЛ која е разновидна и која предвидува настани
за сечии вкусови. Штипскиот Народен театар ќе настапи со последната претстава „Амадеус“, МНТ со Игор Џамбазов ќе ја разгали штипската публика со претставата „Говорна маана“, театарот „Ј.К. Џинот“ ќе ја прикаже претставата „Тоалет за дами“…Штипјани ќе имаат можност да уживаат и во вечерта на романтичарски и македонски соло песни со дуото Виолета АрсовскаМарија Максимова, ќе се одржи и концерт на барокни арии и дуети на Ана Палупски-сопран, Наташа Пандазиева-мецосопран и Наташа Трбоевиќ-пијано. Tриото Класико – Невенка Дуковска, Ване Аревски , Кристина Палија ќе ја донесат својата музичка разгледница, а Градскиот хор се јавува како организатор на Вториот интернационален фестивал на камерни хорови и пејачи „Астибо фест“ на кој ќе настапат хорови од повеќе држави. На ШКЛ ќе има и повеќе поетски вечери, ликовни изложби, рок подиуми, а на врвот Вртешка на планината Плачковица ќе се одржи традиционалниот музички хепенинг кој секоја година привлекува илјадници посетители.
Пухче фејсбук има, народ нема
18
П
ред половина година ново пријателство на фејзбук ми понуди Село Пухче. Си помислив дека е тоа убава работа, дека некому му текнал, селото да си го рекламира.Заклучив дека е тоа прекрасна идеја на нејзиниот творец. Но, стопати оттогаш се обидов да стапам во контакт со новиот интернетски пријател, селото Пухче, а никогаш и никој не ми се јави од другата стран. Но, црвот новинарски веќе јадеше одвнатре. Па во еден празничен ден си реков дека ќе одам во Пухче да видам какво е тоа село кое има свој фб профил. Да видам колкумина се, да поразговарам за животот во нивното село. Дали им е арно/убаво, дали има на што да се пожалат, дали ќе „нафрлат“ некоја нова нивна идеја за подобар живот. До Пуче се стигнува по макадамски пат кој од селото Лакавица води угоре кон малата планина. Од Лакавица до Пухче, барем тако ми рекоа луѓе кои попатно ги сретнав, имало три километри, Половина пат лош, полн со дупки,половина асвалтиран пред две-три години. И еве ме пред портите на селото. Стари куки, најголем дел од плитар и кал направени. Тропам на една, па на друга, па на трета врата, а никој да отвори. Одам погоре, гледам пристојна куќа со убав двор полн со цвеќе. Две големи кучиња домакински и на ланци врзани јавуваат на домаќините дека некој им е пред портите. Излегува жена, ми приоѓа со насмевка, со позитивна енергија. Прашува кого барам. Велам: било кого. Барам луѓе како вас, кои живеат овде. На домаќински средената железна порта си муабетиме со 68 годишната домакинка Роска. „Во селото живееме 15-16 души. Нема повеќе. На времето имавме 75 куќи со преку 250 жители. Се слушаше жагорот на децата. Сега тоа го нема. Се исселија луѓето во Штип, Скопје, а најмногу во Неготино. А и што да барат тука, работа нема. Две семејства одгле-
РЕПОРТАЖА
дуваат овци, едно говеда,луѓето кои останаа тука се бават и со земјоделие. Народот замина за да им обезбеди подобра иднина на децата“, вели Роска. Таа е љубезна и не води кон куќата на Тоде и Марјан, татко и син. Сопругата на Тоде е во Штип, на пазар. Марјан со својот трактор вредно работи на земјата. „Малку народ останавме. Оти животот на село не е лесен. Зимо-лето само за работа знаеме, задоволни сме што претходната власт ни асфалтира дел од патот и ни направи чешма, инаку нашата маке ќе беше поголема. Се надеваме дека и оваа локална власт ќе направи нешто за селото“, вели таткото Тоде. Тој е сигурен дека со лошата политика спрема селото која се водела во сите изминати 25 години ниту едно село немало да ни остане. Задоволен е од државата која редовно му плаќала субвенции, а субвенции семејството добило и за последната година.
РОСКА Во селото живееме 15-16 души. На времето имавме 75 куќи со преку 250 жители. Се слушаше жагорот на децата. Сега тоа го нема. Се исселија луѓето во Штип, Скопје, а најмногу во Неготино. Тука иднина не видоа...
Марјан има 26 години. Се грижи за 500 овци. Има овчар кој добро го плаќа, а тој самиот се грижи за земјата вршејќи ги сите земјоделски работи. Семејството е модерно и ги има најпотребните земјоделски машини. Марјан е момчето кое стана многу познато кога една национална ТВ ја објави неговата приказна преку која тој јавно си бараше невеста. Тогаш Марјан порача дека неговата животна сопатничка нема ништо да работи на поле освен дома да готви и да врши други домакински работи кои ги врши секоја домаќинка. Но, денот кога бевме во
[tipski Glas, Maj, 2018 br. 82
Роска
Пухче Марјан не сакаше да говори на оваа тема, освен што ни кажа дека сеуште е ерген. „Тука сум роден тука си останав. Имам 500 овци, таткоми има шест хектари своја земја, а работи плус три хектари земени под концесија. Ја имаме целокупната потребна механизација, и од таа страна сме задоволни“, ни рече Марјан и веднаш замина со трчање кон тракторот за да продолжи со работа. Пухче се лоцирало под врвовите на Серта. Над него многу шума, под него како на дланка убаво плодно поле. Се гледа дури и патото Штип-Радовиш. Погледот е импресивен. Но, и оваа природна убавина ги заморила луѓето та иднината си ја побарале во поголеми места. Се враќам назад кон Штип. Попатно размислувам дали не е време за нова стратегија кон ваквите испустени села. Државата да им изгради куќи на семејствата од села како Пухче, а новиот дом да им биде селото Лакавица кое е веднаш до убав пат, има вода, струја, школо... Размислувам дека е тоа поефикасно и за држвата зашто нема да мора да инвестира во патишта, водоводи, електрика во села во кои живеат двајца без тројца. Така јас барем помислив враќајќи се назада кон „цивилизацијата“. Од ова мало патување останав покус за важна работа: не успеав да го најдам креаторот на фејсбук профилот на селото. Веројатно е тоа некој од селото кој живее во Штип или во Неготино. Зашто Пухче иако има 15-16 жители има 44 гласачи кои живеат на друго место, а сеуште не си ја промениле адресата на која живеат.
СПОМЕНАР
Стари штипски споменари
[tipski Glas, Maj, 2018 br. 82
Страната ја уреди: Зоран Сичев
1926 год. Јаворо во Ново Село
1974 год. слаткарицата Јаја кај Пролече
Жандармеријата у Штип некаде околу 29-те години од минатио век денес дом на младите
Бојаџиски еден од првите авијатичари од Штип
Ат - пазаро у Штип
19
20
Е
По европското злато Емил се подготвува за Олимписките игри во Токио СПОРТ
[tipski Glas, Maj, 2018 br. 82
Емил ПАВЛОВ, „златниот“ штипјанец кој се искачи на покривот на Европа
мил Павлов донесе златни моменти во нашиот спорт и на некој посебен начин ја разгали нацијата гладна за европски и светски врвни остварувања. Момчето кое има 26 години, и е предодредено за собирање медали, неодамна, на Европското првенство во карате во Нови Сад стигна до своето второ злато. Во бројните интервјуа за медиумите, Павлов, член на КК „Штип“ контекстот на своите успеси го става во постојаното откажување од тнр. „нормален живот“ и целосна посветеност на спортот. „За да го дофатите врвот пред сé и над сé треба многу работа, спортски живот, откажувања од нешта кои им се привлечни на младите луѓе. Спортистот ја нема таа привилегија се додека атакува на врвни резултати. Потребни се истрајност, посветеност, континуитет, а покрај ова неопходна е и поддршка од најблиските, од клубот, од заедницата во која живее и се стреми кон врвни резултати“, вели Павлов. Тој во дисциплината кумите (категорија до 60 кгр.) стана Европски првак. Тоа му е второ злато, прввото го освои во 2014 година, а има и една бронза. -На првото злато не му се израдував толку како на ова. Тогаш и не бев свесен каков резултат направив. До тој момент Македонија немаше европски првак во карате, а за второто злато знаев дека ќе биде потешко затоа што противниците веќе ме познаваа па ги анализираа моите борби. Ако во 2014 година освоив злато како непознат во тој спорт, сега златото дојде во моменти кога европските каратисти, оние најдобрите, се познаваат меѓусебе и адекватно се анализираат и подготвуваат за секое следно првенство, посочува златното
момче на Македонија. Сега неговиот поглед е свртен кон Токио и Летните олимписки игри кои во 2020 година ќе се одржат во главниот град на Јапонија. Но, пред да се влезе во рајот мора да се помине чистилиштето. А
Новиот поглед на Емил Павлов сега е свртен кон Токио и Олимписките игри кои ќе се одржат во 2020. Но, пред да се влезе во рајот мора да го помине чистилиштето. А тоа е Светското првенство...
тоа е Светското првенство. Вели дека и во 2014 година на Светско првенство бил многу близу до медал но завршил на петата позиција.-„Да, ќе биде многу тешко но не и невозможно зашто годинава сум победувал и носители на светски медали“, убеден е Павлов. Во однос на поддршката од најблиските, пред се од семејството, истакнува дека без тааа силна поддршка тој не би стигнал
до врвот. –„Поддршката од семејството, од девојката посебно ми значат во моментите кога нема да го досегнам успехот кон кој сум стремел. Тогаш таква подршка ме храбри, ми дава нови сили, нов елан да ја надминам кризата и да го остварам сонот“, тврди Емил. Зад квалитетни, европски и светски резултати со сите свои капацитети треба да застане и државата преку своите спортски федерации. Павлов тврди дека Карате федерацијата, МОК, Агенцијата за млади и спорт им ја даваат поддршката на спортистите, а се надева дека тој пристап во наредниот период уште повеќе ќе се подобри зашто спортистите, со своите резултати, се едни од најважните амбасадори на својата држава и нација во светот. За него е сосема извесно дека со златен медал или најмалку финале на Светското првенство сигурно ќе биде учесник на ОИ во Токио. –„Престојното светско првенство не е и последната шанса за ОИ. Ќе има и други натпревари на кои ќе имам можност да остварам норма. Живеам за тоа, силно сум посветен на сонот да станам олимпиец и ќе направам се што е до мене тоа така и да биде“, вели Павлов. Емил знае на кого да упати посебна благодарност за тоа што стасал до врвот на Европа. Вели дека се што научил во каратетот е заслуга на неговиот тренер Сашко Арсовски. –„Нашата соработка е неверојатна, нашиот однос е нешто што носи резултати, па во таа смисла ценам дека двајцата ќе се најдеме во Токио на Олимиспките игри во 2020 година“, убеден е Емил Павлов кој испиша нови златни страници во штипскиот и македонски спорт.
Штипскиот спортски амбасадор во Унгарија „скокна“ до родниот Штип
[tipski Glas, Maj, 2018 br. 82
П
СПОРТ
Бoбан Николов му ја донесе титулата на Видеотон!
ред одигрувањето на последното коло во Унгарското првенство, Бобан Николов, најдобриот спортист минатата година на Истокот, според изборот на новинарите на ЗНМ од овој дел на Македонија, „долета“ во родниот Штип, да се види со другарите и пријателите и пак замина во Унгарија, на прославата на шампионската титула на Видеотон. Доби два дена одмор, откако со неговиот гол, Видеотон ја освои титулата на едно коло пред крајот на првенството. „Сметам дека македонската фудбалска репрезентација ќе се пласира во завршниот дел во Лигата на нациите на Европа. Првите натпревари почнуваат во септем-
ври. Во средбите со трите репрезентации во нашата група ќе извојуваме шест победи. Жал ми е за Брегалница што не се пласира во Првата лига. Мислам дека и во новата сезона тешко ќе биде да се освои титулата. Ќе има тешка борба со Борец и Тиквеш. Мора да се обезбедат адекватни засилувања. Не смее да има сентименталности, другарството да се остави на страна, треба да играат најдобрите“- ни изјави во кратката средба во Штип,
21
Бобан Николов, додавајќи дека најголем фан на неговата екипа е премиерот Орбан, кој ги следи сите средби на овој клуб...
Без пораз и со гол разлика за Гинис - 120-15! Кит-го најуспешен клуб во рамките на ФФМ
К
ит-го ја прослави шампионската титула во Втората лига. Овој клуб е единствен во сите рангови натпревари под ингиренции на ФФМ- Првата, двете втори и шесте регионални лиги. Единствен е без пораз , со само една нерешена игра. Го заврши
Ф. К. Кит - Го
првенството со 76 бода. Втора е екипата на Кежовица.од Штип. Кит-го ја прослави титулата и идната година ќе игра во Втората лига, исток, заедно со штипска Брегалница. Мора да се каже дека Кит-го работи на професионални основи. Претседателот на клубот Кире Гогов обезбеди одлични услови за работа – го уреди фудбалското игралиште во Пехчево според сите стандарди. Во иднина во Пехчево ќе можат да се играат и меѓународни средби. Деновиве Кит-го беше домаќин и на финалето на Купот во женска конкуренција. Во екипата на Кит-го играат претежно фудбалери од Штип, предводени од тренерите Трајче Сенев, Димитар Маџунаров, Љупче Колев, како и соработниците на Кире Гогов, Никола Кузманов, Јованче Пилешков, Стојанче Станоевски и комесарот за безбедност, Горан Трајков- Шљиво. Подготвил: Кирил Манев
22
РАЗОНОДА
TR-MR ov -Mi Re ~e Rek i T
[tipski Glas, Maj, 2018 br. 82
Наша поезија
Прва политичка лига, Втора политичка лига, Трета политичка лига Дига Кој што стига...
Искреност
Ваши познати и помалку познати Ќе ви кажат колку искрено ве почитуваат. Пред било што да прифатите Прво проценете ги луѓето зашто Искреноста е скап подарок Никогаш не треба да се прифаќа Од ефтини луѓе.
Живот
Razmisluva: Iv. BOJ
ИМПРЕСУМ
Издавач: Ив Ан Принт 16 – Штип Седиште на фирмата и адреса на редакцијта: „Страшо Пинџур“ – 2, 2000-Штип Одговорно лице: Иван Бојаџиски Излегува еднаш месечно Првиот број излезе во месец април, 2009 година Главен и одговорен уредник: Иван Бојаџиски Уредник на колумни Јорданчо Бојаџиски, Јелена Бојаџиска
Овој број е отпечатен на 30.05.2018 година Тираж: 1.500 примероци Денарска сметка: 290000001875546 Даночен број: 4029016517952 Годишна претплата: 180 денари. Печати печатница Генекс-Кочани Ул. „Тодосија Паунов“ б.б.
За Штипски глас се плаќа повластена даночна стапка од 5% ISSN 2545-4498
Исправка: Во минатиот број погрешно е напишан месецеот на печатењето на бројот стои март а треба април
Живеј без да мразиш зашто мразат само слабите. Живеј без да лажеш зашто лажат само оние што се плашат. САКАЈ зашто сакаат само големите!
ВИЦОТЕКА
Отишол македонец во јавна куќа во Париз. -На кој начин саката да водиме љубов, прашала проститутката. -Па најдобро ми одговара на македонски начин. -А не, не, ништо од бизнисот на кредит не може, рекла проститутката.
Оди Трпе на психијатар. Па вели: -Докторе, нешто не е во ред со мене, навечер си зборувам со шифоњерот! -Како тоа зборуваш со предмет, прашал психијатарот. -Па така, спијам јас со жена ми и во сон слушам како шифоњерот во спалната вели:: „Мислам дека твојот заспа“. Мојата жена му одговара: - „И јас мислам дека е заспан“. А шифоњерот одговара: - „Добро, тогаш јас ќе одам“, па на мене ми пукнува филмот и му се дерам: -Нема ти никаде да одиш, уште не сум те исплатил! Која е разликата помеѓу пчела и свекрва? Пчелата ќе боцне па ќе умре, свекрвата боцка ли боцка и после секое боцкање е се повеќе млада... Учителот го прашува ученикот: -Миле, која работа на светот е најтешка. А Миле како од пушка: -Па, онаа машка работа на татко ми? -Како бе Миле баш таа работа најтешка? -Па синоќа ја слушам мајками како му вика на таткоми: „Овој твојот ни Господ Бог не може да го дигне“!
[tipski Glas, Maj, 2018 br. 82
С У Д О К У
Броевите од 1 до 9 впишете ги во блоковите со големина 3 x 3 полиња (врамени со здебелени линии), така да секој број може да се најде само еднаш во водоравната или хоризонталната насока
СКРИВАЛКА треба да пронајдете два скриени предмети
РАЗОНОДА
23
24
РЕКЛАМА
[tipski Glas, Maj, 2018 br. 82