Skip to main content

Stipski Glas 105

Page 1

Осмоноемвриските признаниа кај најуспешните штипјани

Штип избира градоначалник ова е понудата

Симон 1. ПОЛИКАРП

5.

Трајчо МИТЕВ

2.

д-р Сашко НИКОЛОВ

4.

Гоце АНГЕЛОВ

7.

Лазар НАУМОВ


2

N

К

Од мој агол

Далеку од искреноста Иван Бојаџиски

ако полнолетни граѓани, жители на град регионален центар исправени сме пред нови избори. Овојпат, на 13 декември, избираме „само“ градоначалник на Штип како резултат на фактот дека екс градоначалникот Благој Бочварски замина на повисока функција-министер за транспорт и врски. Тоа беше чин со кој на нашиот Штип му беше дадено до знаење дека си го враќа приматот на политички важен центар во државата, што ние како град, како историја, како искуство и како вистина отсекогаш сме биле, па секоја политика, лева или десна сметала на кадри од градот под Исарот.

Декемвриските избори за „татко“ на градот ќе бидат осиромашени со одлуката за неучество на нив од страна на опозициската ВМР ДПМНЕ. Став на оваа инаку голема партија е дека во време на пандемија, на голема светска зараза, не треба да се оди на избори зашто на тој начин се доведувало во опасност здравјето на граѓаните. На нив не им значеше ништо тоа што избори имаше и во 350 милионска Америка, што избори имаше во БИХ, а и во некои други земји во кои корона вирусот е многу поизразен од нашата. Мое мислење е дека тука не се работи за состојби за кои, во однос на изборите во Штип и во Пласница, говорат опозиционерите. Такво ми е мислењето од причина што на мал милион прес конференции на нивниот штипски Општински комитет се бараше оставка од актуелната државна но и штипска власт. На тие мали медиумски митинзи токму вмровските структури бараа брза промена на власта, говорејќи дека само на тој начин Штип можел да се спаси од „најавената“ пропаст од владеењето на СДСМ со нејзините политички партнери.

{tipski Glas, Noemvri, 2020 br. 105

вија да го повикат „својот народ“ на апстиненција.

Тоа, во декемвриската изборна трка секакако е голем политички хендикеп. Најголемата опозициска партија да нема свој кандидат, тоа не се случило никогаш на било кои штипски локални избори. Избори на кои настапувале дури и партии и поединци кои сосема добро знаеле дека нивните шанси се милион пати помали од оние кои ги имаат двете големи партии поради богаството на човечки ресурси кои се нивната политичка снага.

Сепак, фактот дека покрај кандидатот на СДСМ на овие избори политичката понуда е збогатена со уште четири лица од кои три се кандидати на политички партии или групации, а еден е независен кандидат, говори дека во Штип ќе има голема битка за градоначалничката функција. Иако прогнзите говорат дека кандидатот на СДСМ д-р Сашко Николов е апсолутен фаворит, изненадувања секогаш се можни. Како што беше можно еден Кадиз да го победи Реал среде Мадрид кога на малиот клуб не му се даваа ниту промил шанси макар и за нерешено. Кој од петмината кандидати ќе го води градот до идниот октомври ќе се знае на 13 декември околу 22 часот. Дали кандидатот кој ќе победи од својата партија ќе добие мандат да се „трка“ и на редовните избори за нови локални власти, и тоа ќе биде познато наскоро. Сепак, за верување

Прогнозите говорат дека кандидатот на СДСМ д-р Сашко Николов е апсолутен фаворит, но треба да се има во предвид фактот дека изненадувања секогаш се можни. Како што беше можно еден Кадиз да го победи Реал среде Мадрид кога на малиот клуб не му се даваа ниту промил шанси макар и за нерешено.

И сега, кога дојде денот да си ја остварат желбата и да го „спасат“ регионалниот центар од „власта која не ја бива за ништо“, тие се попишманија и започнаа да измислуваат мал милион причини за својата изборна апстиненција. ВМРО ДПМНЕ, преку медиумите, повеќепати ги повика штипјани да не излегуваат на изборите за да не си го ризикувале здравјето, наместо да си најдат асален кандидат, прифатен од поголемиот дел на штипската полнолетна јавности и да си ја одмерат политичка големина на единствениот начин кој го познава демократскиот свет. А тоа се е дека тоа ќе биде така, зашто нема некоја здрава логика во изборите. тоа некој кој победил на избори пред само десет месеци да не биде кандидат на избори во октомври, 2021 година. За Но, и на ова поле пак доаѓаме до нивната неискре- верување е дека дотогаш ќе помине и оваа здравствена ност. Ваквите повици од типот „здравјето пред се“ не се ре- криза и дека најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ зултат на нивната преголема грижа за вашето и за моето ќе го нема тој адут во ракавот па ќе донесе исправна полиздравје, туку на фактот дека во претходно направените ис- тичка одлука за учество на тие избори, без оглед на фактот питувања на јавното мислење добиле сосема прецизна опо- какви ќе бидат прогнозите од испитувањата на јавното мисмена дека, барем во овој момент, нивните шанси за успех лење. се прескромни. Најмалку двајца од претпоставените кандидати за градоначалник на Штип од редовите на СДСМ ,споШтипски Глас во овој број ги објавува интервјуата со ред тие истражувања, имале многу повисок рејтинг во градот четворица кандидати за градоначалник на Штип. Ги објавуод рејтингот на првиот кандидат на опозиционерите. И тука ваме така како што на нашите прашања одговорија секој од завршува приказната за загриженоста за нашето здравје. кандидатите. Во претходниот број објавивме интервју и со Опозициската партија која бараше неодложни избори ур- независниот кандидат Трајчо Митев. Така Вие почитувани гентно ја смени „песната“ и започна да лелека над нашето читатели ќе можете и на овој начин да ги дознаете размиздравје претходно известувајќи ја јавноста дека тие на из- слувањата на кандидатите и да одлучите на кој од нив ќе му бори во „вакво време“ немало да одат, и притоа, не забора- го дадете својот глас.


д-р Сашко Николов

3

ИЗБОРИ 2020

{tipski Glas, Noemvri, 2020 br. 105

Трајчо Митев

Лазар Наумов

Симон Поликарп-Џими

41.777 граѓани со право на глас, градоначалник на Штип се станува со 6.964 гласа

Доктор, пензионер, професор, осигурителен агент и евангелиски проповедник ќе бијат битка за првата градска и општинска фотеља

С

поред едниствениот избирачки список на Република Северна Македонија точно 41.777 жители на Општина Штип имаат право на глас на престојните вонредни избори за градоначалник на Штип. И покрај апстиненцијата на ВМРО ДПМНЕ која не излезе со свој кандидат и на Левица за која се зборуваше дека ќе биде учесник во изборната трка но не се појави на неа, понудата ставена на изборната маса на штипјани ќе биде богата. Најпрестижната општинска функција која уште се нарекува и „татко на општината“ ја сонуваат дури дури петмина кандидати.

Број 1. Симон Поликарп, кандидат на партијата Интегра; Првиот изборен круг е на 13 декември, вториот на 27 декември, ако нема победник во првиот круг. Број 2. Д-р Сашко Николов, кандидат на СДСМ и коалицијата Но, да видиме кои се правилата на овие избори кои ќе се одржат на 13 декември, годинава. Број 4. Гоце Анѓелов, кандидат на коалицијата „Иднината

За изборите да бидат регуларни неопходно е на избирачките места да се појави една третина од електоратот. Преведено во бројќи тоа се 13.926 лица. Ако било кој од кандидатите, при таква излезност освои 6.964 гласа уште во првиот круг станува градоначалник. Ако никој не освои толкав број гласови, се оди во втор круг при што во него ќе се избира помеѓу двајца кандидати кои освоиле најголем број гласови во првиот изборен круг. Со ждребување одржанo во ДИК гласачкото ливче со бројните редови на кандидатите ќе изгледа вака:

во наши раце“ ;

Број 5. Трајчо Митев, кандидиран од група избирачи; Број 7. Лазар Наумов, кандидат на партијата ТМРО

(За да нема забуна броевите 3 и 6 им припаѓаат на Општина Пласница која исто така има избори за градоначалник на 13 декември).


4

Г

ИНТЕРВЈУ

{tipski Glas, Noemvri, 2020 br. 105

Д-р Сашко НИКОЛОВ, кандидат за градоначлник на Општина Штип од СДСМ и коалицијата

Штип има свои потенцијали, со добра организација и одговорна работа градот и Општината ќе ги препородиме

-дин Николов, Во јавната дебата во градот во однос на овие избори се говори дека на овие избори вие немат некоја поизразена конкуренција, посебно и поради фактот дека ВМРО ДПМНЕ одлучи да не оди на нив. Кое е Вашето мислење во однос на ваквите дебати? -Не би се сложил со тоа. Имено, секој од кандидатите си има свои вредности и свои погледи за тоа каков го сака нашиот град. Ќе се сетите оти и за време на кампањата за пратеник во Собранието на Република Северна Македонија не се занимавав со останатите кандидати, туку водев сметка на граѓаните да им ја доловам програмата на нашата партија, на СДСМ. Истиот пристап ќе го имам и сега. Имам намера, на што е можно поголем круг луѓе да им претставам на што ќе ги употребам следните 10 месеци, со цел условите за живот на сите штипјани да бидат подобри. Сепак, нема да одречам оти „оценките“ за мое водство во поглед на другите кандидати не дошле до мене и до мојот тим со кој ја водам кампањата. Само ќе речам оти во неколку изборни циклуси сите процени се покажаа како недоволно прецизни. Оттука, ние ќе работиме исто како и до сега. Максимално ќе се посветиме на водење коректна кампања, која ќе се спроведува почитувајќи ги сите протоколи за безбедност, зашто да не заборавиме, ништо не е поважно од безбедноста на нашите сограѓани. Инаку, тоа што ВМРО ДПМНЕ се повлече од изборите не значи ништо. Наши сознанија говорат оти се активни по урбаните заедници и бараат граѓаните да не излезат на гласање. Сведоци сме на најприземната кампања која некогаш е водена и видена во Штип. Очекувам да биде спуштена на уште пониско ниво. Но, нема да се занимавам со таков вид нечовечки однос. Јас имам хумана професија, се борам за човечките животи и до сега немам дамка во кариерата. Немам намера ни да направам нешто, што би било на

штета на моите сограѓани. А тие кои немаат друга работа, нека пишуваат објави по социјалните медиуми, нека одат по урбаните заедници и руралните средини и нека продолжат со негаторските ставови. Јас знам оти граѓаните ќе умеат да ги проценат вистинските вредности и за нив да го дадат својот глас. Со оглед на фактот дека поради вашата докторска професијаспасувањето животи, односот со луѓето во минатото, големиот број пријатели на фб, на вашиот минат труд во политиката како советник и како пратеник, стои едно уверување дека Вие можете да бидете одличен градоначалник. Дали таквото мислење Ви создава притисок или... Занимавајќи се со занает кој во дел од секундата одлучува за живот или смрт на човечко суштество, слободно ќе кажам оти притисок не чувствувам. Но, ќе се сложам со Вас, чувствувам лична обврска да ја оправдам довербата и на граѓаните на општина Штип да им овозможам приближно еднакви услови за живот. Тимската работа која ја воспоставив на одделението кое го водам во Клиничката болница Штип, ќе биде принцип кој ќе го применам и тука. Зашто, знам оти еден човек не може да постигне ништо. Од друга страна, ако во работата се потпре на стручни лица, успехот е гарантиран. Истовремено, меѓучовечките односи и одговорноста кон работата на општинската администрација ќе направам напор да ја подигнам на нешто повисоко ниво. Со секој од раководителите на

одделенијата и со сите вработени во локалната администрација ќе поразговарам во обид да создадам тимска работа и тимски пристап во решавањето на проблемите и планирањето на идниот развој на Штип. Ништо помалку значајно, ќе посветам внимание на начинот на кој се финансираат дел од проектите. Имам намера да го зголемам процентот на финансирање на проектите преку поднесување предлогпроекти на повиците од разни донаторски проекти, Инструментот за прекугранична помош Македонија – Бугарија, програмата БалканМед, повиците за проектни предлози објавени од страна на Европската Комисија, Зелениот фонд при Светската организација за храна...преку користењето на средства од донатори, ќе имаме повеќе средства од сопствените извори, со што ќе продолжиме во решавањето на проблемите на штипјани за многу пократок временски рок. Според моите гледања, Општина Штип мора да го реши прашањето за формирање служба за односи и доверба со јавноста. Довербата најчесто е клучниот збор во создавањето една убава и полезна синергија помеѓу општинската власт и јавноста, таква служба ниту нашата


{tipski Glas, Noemvri, 2020 br. 105

ниту некоја друга општина кај нас нема и од тука многу често се јавува состојбата јавноста да не и верува на својата локална власт зашто не ги добива навреме сите релевантни за неа информации... Имате право. Пред неколку години Штип учествуваше во проект за подобрување на видливоста на општинската администрација и воведување на т.н. е-услуги. Од тогаш до денес, техниката и технологијата достигнаа нови размери, па веќе и носењето планови за развој се изработуваат на начин што граѓаните не мора да излегуваат од дома. Со други зборови, имам намера веќе постоечката платформа за е-услуги да ја надградам и на граѓаните да им овозможам поголема достапност до службите и до градоначалникот.Се разбира, ни една платформа не може да ја замени улогата на човечкиот фактор, а во општинската администрација веќе има лица кои имаат капацитет да дадат многу повеќе во овој поглед. Да повторам од пред малку. Имам намера на секој вработен да му дадам можност да се реализира и да ги покаже и докаже своите човечи и професионални квалитети. Ќе ги мотивирам да се вградат во новиот изглед на општинската администрација, да ја зголемиме транспарентноста при носењето одлуки и да ги вклучиме граѓаните во сите постапки, кои се однесуваат на нивното секојдневие. Граѓаните најчесто го поставуваат прашањето каде одат и на што се трошат нивните пари кои одат во буџетот на Општината. Што ќе направите на овој план за да нема шпекулации и да нема дезинформации дека власта ги злоупотребува парите на граѓаните? Шпекулациите се создаваат во случаи на недостиг од информации. Токму во тој правец ќе го насочам своето делување. Ќе ја зголемам транспарентноста во трошењето на јавните пари до највисока можна граница. Општината веќе има изградено одлична соработка со надворешни чинители кои прават анализи за начинот на кој се трошат народните пари. Еден од нив е и Фондацијата за развој на локалните заедници, која неколку години на ред прави независни анализи за структурата на општинскиот буџет, како и за структурата во трошењето на истите. И подобро е кога независни од локалната самоуправа организации прават такви анализи, зашто се елиминира факторот за можна пристрасност. Имам намера да ги поттикнам и другите граѓански здруженија да се вклучат во таквиот процес на анализа на податоците. А

ИНТЕРВЈУ

5

ние ќе направиме се, тие да имаат непречен пристап до сите податоци, кои им се неопходни. Дел преку системот за отворен пристап до информации од јавен карактер, дел преку самостојно објавување на сите позиции на кои сме ги потрошиле средствата прибрани од граѓаните. Ние сме и ќе останеме институција за народот и тие ќе бидат трошени согласно нивната волја. Пред малку спомнав оти преку надградбата на платформата за е-услуги ќе направам напори за вклучување на секој граѓанин во процесите на одлучување. Нема нешто поубаво, од сознанието дека плановите за развој и средствата кои ќе се потрошат на тој развој се по волја на граѓаните, а не според нечија лична желба или замисла. Трајче Спасов, поранешен прв човек на Општината кој ја имаше функцијата од 1992 до 1997 година, сега покоен,почесто изјавуваше дека градоначалникот има работно време од шест дена од кои најмалку два дена треба да е во Скопје каде се сите институции, министерства и каде се остварува комуникација со домашни и меѓународни финансиски фактори и таму да лобира за проекти и пари за својата општина. Вашиот став? Преточено со обични зборови, градоначалникот треба да ја има улогата на промотор за капацитетите или

средства за финансирање проекти. Во Штип го имаме Универзитетот, нтаму се најквалитетните човечки и технолошки капацитет кои можат да бидат ставени во развојот на нашата заедница. Ќе ја искористите ли тој неверојатен научен ресурс во корист на Штип и општината? Општината и Универзитетот веќе имаат воспоставено соработка. Мерната станица за мерење на квалитетот на воздухот е поставена од страна на Амбиком, лабораторија при универзитетот. На мислење сум оти вакви мерни уреди треба да поставиме на уште неколку места, да го покриеме целото подрачје на градот. Само тогаш ќе имаме целосна слика за тоа каков воздух дишат штипјани. Но, ова не е единственото можно подрачје за соработка. Нивото не електронско претставување на стопанските субјекти во општината (емаркетинг) е на многу ниско ниво. Ништо подобро не е ниту присуството на странски гости во истражувањето на бројните туристички знаменитости. А за сите набројани недостатоци постојат соодветни факултети при УГД. Оттука, во првата недела од стапување на новата должност, ќе го поканам ректорот од универзитетот на работна средба. Да ги разгледаме нивните можности и согласно потребите на градот да по-

можностите за вложување во сопствената општина пред инвеститорите. И тука г-динот Спасов бил целосно во право. За да биде сé како што треба, општината мора да има однапред подготвени проекти, кои ќе ги нуди на заинтересирани инвеститори. На неколку пати укажувам оти посебен осврт ќе дадам на надградувањето на интернет страницата од општината, односно ќе ги користам алатките кои масовно се користат во ова ново време. Но, да не бидам погрешно сфатен. Свесен сум за вредноста на човечкиот контакт и незаменливоста на живиот збор. Затоа, во ниту еден момент нема да запре мојата посета на министерствата, Бирото за регионален развој, Заедницата на единици на локална самоуправа и сите други органи и тела на Владата, каде се врши планирање и распределба на

стигнеме согласност за взаемна соработка. Науката секогаш ќе има збор во носењето издржани решенија. Општината треба и има можност да ги намали трошоците на сите објекти кои се во нејзина надлежност-градинки, училишта, јавни установи и сето тоа преку примена на енергетска ефикасност и соларни панели. Се цени дека на тој начин ќе се остваруваат големи заштеди на буџетските средства. Во мандатот на Бочварски се направија позитивни работи во оваа насока носекогаш се може повеќе... Да, значаен дел од недостатоците за кои говорите се веќе надминати. Во време на мандатот на г-динот Бочварски реализирани се бројни проекти за приспособување на училиштата во градот кон стандардите за заштита

Шпекулациите се создаваат во случаи на недостиг од информации. Токму во тој правец ќе го насочам своето делување. Ќе ја зголемам транспарентноста во трошењето на јавните пари до највисока можна граница. Општината веќе има изградено одлична соработка со надворешни чинители кои прават анализи за начинот на кој се трошат парите на граѓание. Една од нив е и Фондацијата за развој на локалните заедници...


6

на енергија и намалување на емисијата на стакленички гасови. На најголемиот број училишта променети им се прозорците и вратите, како и фасадите. Со тоа значително се намалени трошоците за загревање. Исто така, сменет е и системот на загревање на една од градинките, од екстра лесно масло за греење на пелет. Но, тука нема да застанеме. За време од 10-те месеци ќе ја истражам можноста за изработка проект, кој ќе биде поднесен за финансирање при Зелениот фонд на ФАО. Во тој проект, ќе предвидиме обнова на фасадите на сите згради во Штип, а кои во најголем број се наоѓаат во населбите 8-ми Ноември, Автокоманда, Сењак. Исто така, ќе направиме напори да ги промениме и системите за загревање во училиштата и другите државни институции, кои денес за загревање користат екстра лесно масло за греење. За да го зголемиме процентот на искористување на потенцијалот од сончева енергија, ќе предвидиме ко-финансирање на трошок за поставување на фотоволтаици кај 1.000 домови, кои имаат поволна местоположба за оптимална инсолација. Да скратам, имаме терен за работа, постојат донаторски проекти, а на општинската администрација ќе N преостане да подготви квалитетни проекти, кои ќе бидат поддржани за реализација. Поголем број познавачи на нашите прилики говорат за тоа дека Штип нема визија за тоа како ќе се развива градот во наредните 20,30, 50 години. Нема документ каде сме, а каде сакаме да стигнеме и како тоа ќе го изведеме. И тоа не само од урбанистички аспект кој ќе даде одговор кое е и што е и каде треба да се лоцира туку и ќе даде одговор каде и како ќе се рaзвиваме на план на образование, култура, спорт, социјална политика и слично...Проценките се дека досега градот главно стихијно се развива..Цените ли дека на таков документ треба да се работи во време кога Вие ќе бидете на чело на општината? Има основ за Вашиот став. Но, решението е малку повеќе од комплексно, каков треба да биде и приодот во изнаоѓање на оптималното решение. За таа цел, ќе ги поканам за соработка сите стручни потенцијали при локалната самоуправа, невладините организации, обичните граѓани, но и стручната фела која се занимава со планирање за стратешки развој. Врз основа на егзактно прибрани податоци, водена дебата со населението и дадени предлози од стручните лица, ќе направиме напор Штип да го уредиме по примерот

ИНТЕРВЈУ

на т.н. smart-градови. Ни треба да ја зголемиме и безбедноста во градот, бучавата... За сето ова е неопходно остварување соработка меѓу сите чинители кои пред малку ги спомнав. Исто така, стратешкото планирање е процес кој не може да заврши за 10 месеци, колку трае овој мандат. Но, ако го започнам, бидете убеден оти ќе го завршам. Одамна се говори дека на градот му е потребна студија за неговите компаративни предности кои можат да се искористат за развојот на градот и доброто на граѓаните. Тука се сонцето, топлите води во Кежовица, Универзитетот, тука е Ново Село со својата историја и специфична архитектура кое требаше да стане наш Монмартр и наше Скадарлија... Не се само тие. Погледнете ја Баргала, бројните градски цркви, близината на Лесновскиот манастир...и да не редам. Нам ни треба не само стратегија за развој на туризмот. Ни треба и регионално поврзување, зашто Штип сам по себе е премал за една сеопфатна туристичка понуда.Оттука, се сложувам оти ни е неопходен стратешки документ каде ќе бидат опфатени и анализирани потенцијалите за развој на туризмот. Но исто така и ништо помалку значајно е регионалното поврзување. Потребата од изработка на регионален пристап е исто така неопходност. Говорејќи за регионален пристап не мислам само на општините од нашиот плански регион, туку и на оние од другите плански региони во опкружувањето. А ако на ова се додаде и можноста за меѓународно регионално поврзување, тогаш сликата станува целосна, со многу поголем потенцијал. Градот нема свои рекреативни зони, нема поголеми паркови површини, нема каде мајките да ги прошетат своите деца...Навистина, се изградија бројни маалски игралишта но дали е тоа доволно за град регионален центар? Ме погодивте во мојата слаба точка. Сведоци сме за бројот на наши сограѓани кои во грижата за своето здравје практикуваат дневни и вечерни прошетки покрај Отиња, покрај популарната Патека и на патот до кружниот тек кај Лук Оил. Жалам што морам да го кажам ова, но две од трите места каде нашите сограѓани рекреираат се апсолутно неподобни за таква активност. Движејќи се покрај улици и булевар, дишат загаден воздух од издувните гасови од возилата во движење, па наместо корист, ја зголемуваат опасноста по своето здравје. Од друга страна, Штип располага со бројни локали-

{tipski Glas, Noemvri, 2020 br. 105

тети, кои со добро планирање може да станат најубавото место каде нашите сограѓани може да рекреираат. Патот од населбата Мазги, кој води до Струмиа чешма, а кој се спојува со патот кој води од сега веќе населбата Суитлак до село Љуботен е еден од правците кои би можеле да го уредиме. Да биде поплочен со бекатон плочки, осветлен со сијалици кои ќе се напојуваат со фотоволтаици, поставени клупи за одмор и поставени чешми за освежување. Понатаму, патот од улицата Борко Талев која по завршувањето води до подножјето на Клиси Баир (Клисибир...) и кој може да се спои со претходната патека до Струмина чешма е вториот можен правец за изградба на рекреативна зона околу Штип. Нема да згрешам ако предочам оти еден мал локал на врвот Клиси Баир би бил доста посетено место за сите рекреативци во пролетните и летните месеци. Кога ќе ја превземете функцијата по автоматизам станувате и претседател на Источниот плански регион. Голема болка на општините е фискалната децентрализација, општините преку ЗЕЛС бараа од централната власт 5 проценти од ДДВ да оди во општинските буџети, дали цените дека ова важно прашање е потребно да го поставите високо на агендата на Вашето управување со Советот на ИПР... Советот на Источниот плански регион е тело за управување со работата на Центарот за развој на источниот плански регион. Таа институција треба да развива и спроведува проекти од регионално значење. Бројот на вработени во истата и условите во кои работат треба да ги приспособиме на нараснатите потреби на општините. А сето ова е во директна врска со расположливите финансиски средства. Секоја иницијатива која ќе придонесе за изработка и спроведување на соодветен број квалитетни проекти, ќе ја има мојата поддршка. Да потсетам, секоја општина сама по себе нема поголеми изгледи за развој. Но, ако на развојот се гледа интегрално, регионално, и при што секоја од општините, но и регионот во целина, развојот ќе го планира според т.н. SMART специјализација, многукратно ги зголемува можностите за финансирање на такви проекти со користење на меѓународни финансиски средства и побрзо достигнување на посакуваниот степен за развој, подобри услови за живот на населението и здрава и зачувана животна средина.


Симон Поликарп-Џими: Студентски град и туристички комплекс „Кежовица“ О {tipski Glas, Noemvri, 2020 br. 105

д родната Нигрија во нашата, а веќе 43 години и негова Македонија, дојде во далечната 1977 година за да учи за рударски стручњак. Иако идејата му беше да заврши рударски факултет па потоа да се врати во родната земја, сепак судбината сакаше популарниот меѓу штипјани Џими да остане тука, меѓу нас и со нас за цел живот. Деновиве Симон Поликарп-Џими, повторно е во фокусот на интересот не само на штипјани туку и на цела Македонија, зашто ако нешто беше неочекувано тоа беше неговата кандидатура за „татко“ на нашиот град. Toj македонско државјанство добил во 2005 година. Симон, која е вашата биографија? -Имам 60 години, во Македонија дојдов прво во Пробиштип каде се запишав на средното рударско училиште, а потоа преминав во Штип на рударско-геолошки факултет. Ми се бендиса тогашниот живот тука па решив да создадам семејство. Сопруг сум на Билјана, татко на два прекрасни сина-Адамс кој има 31 и Анџело кој е една година помлад од него и на еден внук (од Адамс) кој гордо го носи моето име. Семејството ми е се, а во изминатите над четири децении во Штип создадов мал милион пријатели кои ги имам и низ цела Македонија. Јас сум евангелиски проповедник, хуманитарец, а мојата работа е да им помагам на сиромашните поединци, населби и институции кои работат со загрозени лица. -Од каде идејата за Вашата кандидатура за градоначалник? -Овде сум и политички активен во партијата Интегра на проф.д-р Љупчо Ристовски. Јас би рекол дека во партијата делувам од позадина, но тука сум, во Интегра. Кога г-дин Ристовски ми соопшти дека би сакале јас да бидам избор на партијата за градоначалник, откако ми ја соопшти таа вест веднаш дадов потврден одговор зашто мислам дека имам квалитет и капацитет за такво нешто. -Како ќе тече Вашата предизборна кампања, колку сериозно Вашата партија ќе застане пред Вас и

ИЗБОРИ 2020

ќе биде со Вас за време на кампањата? -Ќе ја имам целата поддршка на Интегра. Веќе имам изборен штаб, зад мене ќе стои голем тим од волентери и мои поддржувачи кои сакаат токму човек од мојот ков, личност која сама се пробивала низ животот, која има позитивен став кон сите луѓе, која е хумана и толерантна и која умее да направи многу добри работи за заедницата. Ќе биде тоа тим кој од мене како градоначалник нема да бара ништо за себе но силно ќе ме поддржи да дојдам до крајната цел, односно да бидам избран за градона- чалник на мојот сакан Штип. Тие луѓе ги знаат моите цели и колку јас сум посветен тоа што е во мојата програма и да успее. -Значи сигурни сте во изборна победа? -Не, не го велам тоа зашто такво нешто само еден Господ Бог може да знае. Но некако во себе имам големо чувство дека мојата победа е можна, на што ми укажуваат и бројната поддршка од штипјани. -Која е вашата стратегија за Штип, ако го дбиете мандатот? -Прво што сакам да кажам тоа е дека во Штип сум над 30 години, сум растел и сум созревал со многу гене-

7

рации штипјани, одлично го познавам градот, секоја негова урбана заедница, секое негово катче...Во мојата програма две работи се стратешки. Првата е изградба на студентски град, втората изградба на бањско-рекреативен и туристички центар „Кежовица“. Тоа се штипски приоритети. Зошто? Студентите се срцето на животот на нашиот град. Без нив Штип не би бил тоа што е денес. Тие млади луѓе заслужуваат да студираат според светски стандарди, да имаат свој - студентски град како што е тоа насекаде. Бањско-рекреативниот комплекс „Кежовица“ својот темел го има во топлите води, а со уредување на теренот и привлекување инвеститори кои ќе вложат во развојот тука ќе никнат голем број брендирани хотели. Во тие два проекти ќе бидат вработени третина од невработените млади луѓе на градот. На крајот, тука има многу гладен народ и ќе направам се во Штип да нема ниту една гладна уста. -Од каде пари за сето тоа? -Пари има. Имам луѓе, инвеститори од надвор, мои пријатели и познаници кои сакаат да инвестираат на секое поле, од инфраструктурата преку економијата до спортот и културата. -Запознати ли сте со буџетот на Општина Штип, со тоа колку пари стојат на располагање за да можете да реализирате проекти кои сте си ги зацртале? -Да, знам со кои пари располага општината, а она кое сега одговорно можам да го тврдам е тоа дека секој денар ќе биде употребен за неговата намена и за напредокот на градот. Јас не ја сакам таа функција за некаква лична корист, имам доволно за живот, ја сакам поради градот и граѓаните во него кои одамнаа ме прифатија како свој па ред е сега јас да им се оддолжам. Посебно ќе бидам посветен на младите и спортот, ќе правам кампањи за подигање на свеста кај нашата млада популација за развој преку спортот и рекреацијата.


ИЗБОРИ 2020

Да ги завршам домашните задачи кои поранешните градоначалници не ги завршија

8

{tipski Glas, Noemvri, 2020 br. 105

Лазар НАУМОВ, кандидат на ТМРО за градоначалник на Штип

Л

азар Наумов, (44 години), по професија е музичар, дипломирал на Факултетот за музичка уметност отсек Музичка теорија и педагогија при Универзитетот „Гоце Делчев“. Тој е кандидат на партијата ТМРО за градоначалник на Штип на декемвриските избори. Вели дека се гордее што ниверзитетот го носи името на нашиот најголем револуционер Гоце Делчев. -Предавав 4,5 години во Државниот музички училишен центар „Сергеј Михајлов“ како професор по пијано, инаку свирам клавијатура и хармоника, еден сум од основачите на Бумбари бенд, музичка група која постои од 1993 година, со снимени два албуми, третиот е во изработка, каде што се појавувам како композитор и аранжер на неколку од нашите песни, со настапи на фестивали, хуманитарни концерти и настапи низ целата наша држава, со турнеи по Австралија и Европа, Швајцарија, Италија, Германија...Инаку сега моментално сум вработен во АД Осигурителна полиса – експозитура Штип како менаџер на експозитура. Живеам во стан, фамилијарен човек сум, среќно оженет со мојата сопруга Верица веќе 23 години, имаме две прекрасни ќерки Светлана и Елена, Светлана има 22 години заврши средно музичко училиште во ДМУЦ Сергеј Михајлов, сега мажена и има две златни дечиња Дарија и Лука (значи може да се каже дека сум и еден од најмладите дедовци) и заедно со нејзиниот сопруг Мики живеат и работат во Германија, а моментално многу ми недостигаат. Помалата ќерка Елена има 16 години, и таа е тргната по моите стапки, јас слободно велам мојата замена, учи во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ ги изучува пијаното и соло пеењето, има настапувано на повеќе фестивали од кои и на минатогодишниот фестивал на забавни мелодии Макфест, има учествувано и освоено повеќе награди на општински, регионален, државен натпревар со први места, на интернационалниот фестивал Арт Ин во Охрид во конкуренција на деца од повеќе држави има освоено прво место во нејзината категорија. За мене музиката е живот, музиката ги обединува сите квалитети, може да не величи, да не оддалечи,

развесели или да го скрши најтврдото во нашите срца со најнежното од своите меланхолични тонови. Но, нејзината примарна задача е да ги води нашите мисли кон возвишени нешта, да не воздигне, па дури и да не растрепери. Музичката уметност често зборува низ звуци подлабоки од поезијата и се задржува на најголемите скриени шуплини во срцето. Песната го воздигнува нашето битие и не води кон доброто и вистинското, вели Наумов. Го прашувам сеуште младиот музичар и дедо како дојде до негова кандидатура за градоначалник на Штип? -Потребата да се променат некои работи во Штип, јас би ги нарекол домашни задачи на претходните градоначалници кои не си ги вршеа како што треба, тоа беше мојата потреба за мојата кандидатура. Во ТМРО сум член од почетокот на 2019 година, а веќе од средината на 2019 сум и координатор на Општинскиот комитет на ТМРО во Штип. Оваа политичка партија фигурира од поодамна во Штип со свои членови, има своја организација во Штип со управен одбор. Но, зошто Лазар Наумов, освен погоре кажаното, сака да стане татко на градот?

- Во Штип сум роден, овде израснав, овде се школував, овде ги поминав најубавите години од мојот живот. Штип е мојот роден град и ми е длабоко во срцето, штета што во изминативе години раководен од погрешни луѓе, со исклучок на некој од нив, не се издигна во тоа што требаше навистина да биде, а тоа е регионален центар. Освен отварањето на УГД овде има уште многу работи кои треба да се реализираат за навистина Штип да го има епитетот центар на Источниот регион. Јас мислам дека со домаќинско работење, енергичност, посветеност, тимска работа, може да се направи многу за Штип и штипјани. Наумов, во разговор за нашиот весник, ги појаснува неговите приоритети кои ќе ги реализира(л) ако ја добие довербата на сограѓаните. -Мои приоритети за еден поубав и попросперитетен Штип е да поработиме многу повеќе на запирање на процесот на депопулација во градот, а посебно за младите во Штип кои треба да бидат главни двигатели на овој процес. Бидејќи младите се нашата иднина. Општината ќе обезбеди организиран бесплатен секојдневен превоз во две насоки за учениците во деветолетките кои живеат во селата од општи-


{tipski Glas, Noemvri, 2020 br. 105

ната. Ако станам градоначалник на Штип, ќе бидам градоначалник на сите граѓани, без разлика на партиската или етничката припадност, ќе бидам човек кој ќе ја врати довербата на граѓаните во институциите и ќе се грижам за развојот на градот. За мене ќе биде преголема чест да се биде татко на градот, а воедно и голема обврска која мора да се оправда. Со оглед на тоа дека се работи на релативно мал временски период од неполна година, поточно осум месеци, јас ќе се потрудам со силна мотивираност во соработка со локалната самоуправaа да покажам резултати, со нов пристап, со нова енергија која ќе знаат да ја препознаат граѓаните да покажам една нова слика со која би го побарал гласот и поддршката од граѓаните на следните редовни локални избори кои за многу кратко време ќе дојдат. Јас би се фокусирал на секојдневните проблеми со кои се среќаваат нашите граѓани, да се сервисират редовно комуналните потреби на граѓаните, би спомнал дека за средување на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје повеќе од потребна е голема катна гаража во центарот помеѓу хотелот Гарни и Трговскиот центар, како и една во близина на градскиот пазар, но за реализација на сето тоа се потребни средства. Затоа, најпрво треба да се види со колкав капацитет, со каков буџет располага општината и што е првенствено неопходно за граѓаните. Штип е регионален центар во секоја смисла. Здравствен, економски, образовен, културен, спортски, како за оваа положба на градот размислува Наумов? -Да, тоа е така но кога ќе спомнеме регионален здравствен центар не можам, а да не го спомнам стариот клинички центар и незавидната состојба во која што се наоѓа тој како и изградбата на новиот клинички центар кој и уште како е потребен во овие моменти на пандемија, кој требаше според изјавите од 2018 година на актуелниот министер за здравство Венко Филипче да биде готов до средината на 2020 година, а овој проект сеуште го нема видено светлото на денот. Ако навистина сакаме да биде регионален здравствен центар во правата смисла на зборот, навистина треба да се потрудиме и да дадеме се од себе за постигнување на таа цел. Потоа, бања Кежовица, јавно приватно партнерство или преку ИПАРД фондовите на ЕУ, да се обезбедат пари за темелна реконструкција и на бањскиот дел и на сместувачките капацитети. Во добра координација со одделенијата на Центарот за развој на

ИЗБОРИ 2020

9

Источен плански регион и посветеност кон тековните проекти, би можеле да направиме многу за Источниот плански регион не само да го задржи првото место за својата транспарентност, туку и да излеземе со многу повисок процент на исполнетост на обрските. Штип со самото отварање на Универзитетот Гоце Делчев стана студентски град, па затоа и реално е да се размислува за потребите на студентите кои доаѓаат да студираат овде, за изградба на студентски дом, во кој би функционирала студентска менза, кои би допринеле за потребите на студентите а и за намалување на невработеноста. Побаравме мислење од кандидатот Наумов и за состојбата во културата во градот, спортот... - Во однос на културата не можам а да не го спомнам Макфест, кој во последните години е сведен на класична училишна програма. Потребно е добивање на правен статус на Макфест,негово професионализирање. Финансирањето да оди и преку општината и преку Министерството за култура. Потоа, општината ја има на управување

меѓународна презентација на македонската култура и уметност. Во однос на спортот Општината мора да има повеќегодишен план во кој спорт ќе инвестира, за да привлече приватна инвестиција. Штип има многу спортски предизвици огласно традициите: одбојка, ракомет, борење, пливање, кошарка, пинг понг и слично. Еден од клучните проекти во мојата програма е итна изградба на мултифунционална сала за 7.000 гледачи, зашто Штип како регионален спортски центар заслужува да има спортска сала за врвни натпревари..Значи, итна изградба на репрезентативен милтифункционален спортски објект, со што кров над глава ќе добијат спортистите од повеќе спортови, но и градот ќе влезе во редот на репрезентативни спортски центри. Браната на Отиња и Вашиот став по тоа? - За проектот брана на Отиња слушам и сум сведок уште од дете кога нашите родители работеа солидарни саботи и недели и трети смени и се собираа пари за самопридонес за изградба на брана на реката Отиња. Проектот

институцијата „Дом на млади“. Да се издвојат повеќе пари за дејност на институцијата, дејност која целосно ќе биде свртена кон младите. Финансирање на секции од типот : драмска, музичка, ликовна, хор, литература, филм и слично. Општината на располагање го има и објектот Мултимедијален центар „Киро Глигоров“. Поради промашените архитектонски решенија, потребна е санација на објектот и поинаква поставеност со цел зголемување на реализираните програми. Потребно е нејзино преобразување во посебен правен субјект. Таму според мене е најидеално да се инвестира во кино сала. Општината финансиски да ги поддржува културно уметничките самодејности, особено кога станува збор за

којшто е неколкудецениски сон на штипјани,бидејќи штипјани за оваа брана сонуваат уште од 1960 година, капиталниот проект за кој експертите даваа само проценки колку би чинел, конечно има точна пресметка. Инвестицијата чини точно 7.500.000 евра, таа е недостижна за буџетот на Општина Штип, и добро е што Владата одобри 7 милиони евра за овој за сите нас важен проект. Да, нам ни е потребна баната, а јас како градоначалник ќе се посветам на остварување на овој штипски сон.


10

Г

Гоце АНГЕЛОВ: Уредувањето на комплексот Кежовица е мој приоритет ИЗБОРИ 2020

оце Ангелов, кандидат за градоначалник на Штип од коалицијата „Иднината е во наши раце“ има 53 години. Има завршено високо образование на факултетот за образовни науки “Гоце Делчев”-Штип, а работи како виш Инспектор дежурен во ЦИК при СВР Штип. Во брак е полни 22 години со сопругата Даниела со која имат две деца. Семејството Ангелови живее во стан во населба 8-ми Ноември, а хоби на Гоце се спортски активности, пред се планинарењето. Г-дин Ангелов, на која од партиите во коалицијата сте член и како дојде до Вашата кандидатура? -Не сум член на ниту една политичка партија, а околу кандитурата за градоначалник на Општина Штип дојде така што преставниците на политичките партии -Демократи, Македонска обидинителна реформска организација и Работничка партија пртходно дознале за мојата професионална и одговорна кариера, по што тие ме контактираа и ми предложија да бидам кандидат за градоначалник за нивната коалиција под име „Иднината е во наши раце“. По остварените контакти и образложението од нивна страна за сериозноста на нивните намери во однос на тоа токму јас да бидам нивен кандидат за градоначалник на Штип јас ја прифатив кандидатурата за оваа одговорна функција. Вие сте штипјанец, добро го познавате градот и ја познавате општината и поради карактерот на Вашата професија, па оттука прашањето на што најмногу ќе се посветите ако станете прв граѓанин на нашата општина? -Пред се мојата посветена работа ќе биде на урбаното средување на градот и населените места, на социјалната култура, а ќе се посветам и на спортот-односно сите спортски активности. Сепак, мој најголем приоритет ќе биде уредување и доизградба на Бања Кежовица. Со отворањето на Универзитетот Штип уште повеќе го понесе епитето Град на младите, дали и во оваа насока има нешто во Вашата програма, и каков ќе биде вашиот однос кон армијата пензионери во нашиот град? Да Штип е град на младите па во мојата програма има простор за натамошно создавањето на уште подобри услови за нивното образование и живот во секоја смисла, во тоа да имаат подобри услови, подобро да се едуцираат. Ние имаме обврска овој град постојано да продуцира млад, образован и квалитетен кадар кој ќе биде иднината на градот. Бидејки Штип е град и на близу 10.000 пензионери, за оваа популација на граѓани би посветил внимание како гардочалник со изградба на старечки дом во склоп на бања Кежовица. Во мојата програма има место и за културата која мора да ја подигнеме на едно повисоко ниво. Во однос на комуналните потреби? -Од комунален аспект најмногу внимание би посветил na подобрување на водоснабдувањето, дооасфалтирање на улици во одредени населби каде е потребно и навремено подигање на сметот.

{tipski Glas, Noemvri, 2020 br. 105

Сигурноста и безбедноста на имотот и на граѓаните на Штип и општината? -Мислам дека Штип е еден од посигурните градови за живот, со одредени појави, за кои ќе се залагам да бидат надминати, односно гласната музика на која реагират граѓаните и бучавата од моторите, а тој проблем заедно со граѓаните и надлежните институции во мојот мандат ќе биде надмината. Кои големи, капитални објекти му се неопходни на градот, а за чија изградба Вие би сте заложиле ако станете градоначалник? -Јас сум одлучно за изградба на браната на реката Отиња, ако народот ми ја даде довербата тоа ќе биде една од моите преоритетни задачи. Како регионален центар на град Штип покрај добивањето на Аква паркот, приоритет ќе ми биде изградба на модерна спортска сала за сите спортови, со школи за младите, и базен од отворен и затворен тип.

Одлучно сум за изградба на браната на реката Отиња, ако народот ми ја даде довербата тоа ќе биде една од моите преоритетни задачи. Како регионален центар на град Штип покрај добивањето на Аква паркот, приоритет ќе ми биде изградба на модерна спортска сала за сите спортови, со школи за младите, и базен од отворен и затворен тип како и изградба на голем бањско-туристички комплекс „Кежовица“.

Што е уште значајно во вашата изборна агенда? -Голем приоритет ми е изгрдба на голем комплекс (туристичко бањски центар) во бања Кежовица кој ќе биде запишан во историјата на град Штип, кој ќе им служи на штипјани и ќе придонесе за бањско-туристичкиот развој, а со тоа и за економијата на градот. Колку граѓаните ќе бидат креатори на поубавото лице на Штип ако вам ви биде дадена довербата да го водите градот и општината? -Постојано ќе бидам во контакт со нив, а постојано ќе одржувам средби и со менаџерите на фирмите, и секогаш ќе им бидам на располагање соодветно и навремено заедно да ги решаваме сите проблеми, односно соработката ќе биде на највисоко ниво.


Општините обезбедуваат 3.000.000 денари за основање на ЈП „Еко исток-североисток“ Д {tipski Glas, Noemvri, 2020 br. 105

РЕГИОН

11

еветнаесет општини од источниот и североисточниот регион постигнаа договор за основање на заедничко Јавно претпријатие за управување со отпад под име „Еко исток-североисток“. Потпис на договорот ставија единаесет општини од Источниот плански регион и осум општини од североисточниот регион. И општина Штип, на последната седница на Советот на општина, донесе одлука за издвојување на средства од својот буџет за основање на заедничкото јавно претпријатие за управување со отпад (ЗЈПРУО) „Еко исток-североисток“. Вкупниот износ на средства за оваа намена е три милиони денари, а нашата општина во таа сума учествува со 384.272 денари. Најголем износ во вкупната сума има Општина Куманово со 848.074 денари, a најмал износ од 26.242 денари ќе уплати Општина Зрновци како најмала по број на жители општина во двата региона. Депонијата ќе биде лоцирана кај светиниколското село Мечкуевци. Но, низ историјата за создавање регионаСашо Велковски, градоначалник на Свети Николе лна депонија имало повеќе локации на што се јавувал отпор од месното население. Прашање за тоа каква, на овој план е состојбата го прашавме Сашо Велковски, градоначалник гуваат во градот, како што првично беше планирано. Ќе се изврши и комплетно проширување и санирање на сите мона Свети Николе, општина во која е селото Мечкуевци. стови што водат до фабриката за отпад со што ќе се обезбеди безбедно минување на камионите на овој патен правец, вели Велковски. Бидејќи секоја од општините има финансиска обврска кон ЈП согласно големината на жителите, го прашуваме Велковски дали сите општински совети донесоа позитивна одлука, односно дали очекува на самиот почеток да има проблеми од финансиска природа. -Во тек е донесување на одлуки од страна на општинските совети за формирање на ЈП. Овој процес е договорено во најкраток можен рок да биде реализиран. Што се однесува до проблеми од финаВозила за изнесување на комуналниот отпад во кругот на ЈП „Исар“ нсиска природа, сметам дека истите нема -Го имаме во предвид отпорот од месното населе- да влијаат на буџетите на општините се до профункциониние . И јас бев револтиран за тоа дека ќе се гради региона- рање на самата фабрика, појаснува светиниколскио градолна депонија во нашата општина, бидејќи никој не беше началник. Бидејќи депонијата ќе биде на територија на Опизвестен или јавно презентиран на пошироката јавност. Но бидејќи договорот за изградба на фабриката за отпад е веќе штина Свети Николе логично најголемиот број од вработени склучен од страна на претходните локални власти, а клау- да бидат од оваа општина. -Според студијата најголем број од вработувањата зула во договорот има дека сите трошоци во случај да се откажеме од договорот ќе ги сноси општината, моравме да ќе бидат од општина Свети Николе. Зборувам за вработупристапиме кон реализација на договорот. Сметам дека вање во фабриката на 30-тина наши сограѓани. Инаку, во рамкте на заедничкото претпријатие ќе се месното население е доволно информирано за изградбата на фабриката, а од страна на претставниците на Министер- врше собирање на безопасен отпад, негова обработка и отството за животна средина и Европската унија ни укажаа странување, демонтирање не кршот, обновување на посебдека истата треба да биде изградена по сите стандарди со но издвоени материјали и слично. Управниот одбор ќе има цел намалување на загадувањето и почвата на пошироката 15 члена, најмногу од Општина Куманово – 4, додека Штип територија на општината. По мое инсистирање наредната и Кочани ќе дадат по два члена. Ќе има неколку претоварни година ќе биде изграден дел од патниот правец од клучка станици кои ќе бидат заеднички за неколку блиски општини Свети Николе-Куманово до патниот правец за с.Мечкуевци од каде сметот ќе се носи на регионалната депонија поради со што возилата што ќе го донесуваат отпадот нема да вле- натамошен третман.


12

Признанието „8 Ноември“ на вистински адреси

П

ПРИЗНАНИЈА

{tipski Glas, Noemvri, 2020 br. 105

о повод 8 Ноември, денот на ослободувањето на градот, Општина Штип и годинава ги додели традиционалните Осмоноемвриски признанија. Годинава, ова признание им беше доделено на Проф.д-р Трајче Стојанов од УГД, на оперската певица Елена Голомеова, на Одделението за инфективни болести при Клиничка болчница Штип и на Територијалната противпожарна единица. Поради Корона кризата свеченоста се одржа во кабинетот на в.д.градоначалникот Јане Миланов, а целиот настан беше пренесуван преку zооm платформата.

-Овој ден е повод да се потсетиме и да им оддадеме должна почит на сите оние борци, херои кои ја извојуваа слободата на Штип, но истовремено е повод и да оддадеме признание на заслужени граѓани и институции кои со своето делување и дела оставаат траен белег и даваат голем придонес за угледот на градот на еден поширок простор, рече в.д.градоначалникот Миланов кој признанијата им ги предаде на добитниците. Подолу гво слика и текст за добитниците на признанието.

ИНФЕКТИВНО ОДДЕЛЕНИЕ,...Ова одделение при Клиничка болница Штип е првата одбранбена линија против светската зараза предизвикана од вирусот Ковид-19. ДокторГите, медицинските сестри, болничарите и се друго кое работи на оваа одделение деноноќно, веќе седум месеци, ја бијат битката за здравјето на наши сограѓани и граѓани од регионот. Тоа е една исцрпувачка борба во која персоналот, со мало време за мал одмор, работи 24/7. Екипата е преморена но секогаш водена од Хипократовата заклетва, наоѓа дополнителен извор на сили да продолжи во својата света мисија. На фотосот: д-р Дијана Шишкова, раководител на Инфективното одделение го прима признанието од рацете на в.д.градоначалникот Миланов.

ЕЛЕНА ГОЛОМЕОВА...Таа е најпознатата оперска певица излезена од нашиот град. Речиси дваесет години работи во Франција, во оперите во Ница и Париз, настапувајќи во култни оперски претстави кои ги полнат салите. Елена Голомеова, честопати е гостин на француските медиуми и во своите интервјуа никогаш не заборава да каже дека нејзиниот роден град е Штип. Таа е нашиот културен амбасадор во земјата на уметност и светлината, а на штипјани сеуше во прекрасно сеќавање им е нејзиниот концерт со орќестарот на Македонската опера и балет на отворањето на Штипското културно лето 2018 година.

Проф.д-р ТРАЈЧЕ СТОЈАНОВ....Годината 2020 е година на истакнатито професор по философија на Факултетот по образовни науки при УГД д-р Трајче Стојанов. Покрај предавањата на факултетот каде студентите, поради начинот на кој професорот им ја претставува философијата како наука, тој годинава направи научен подви во две насоки. Прво, го објави капиталното дело Руска религиска философија кое имаше промоција во МАНУ, а потоа доби известување дека е примен за вонреден професор на Социјално-педагошкиот институт во Москва, чест која ја нема доживеано никој од нашиот регион.

ТЕРИТОРИЈАЛНА ПРОТИВПОЖАРНА ЕДИНИЦА....Тие се на браникот на заштитата на нашите животи и на нашите имоти. Нашата противпожарна служба годинава одбележува 100 години постоење и напорна работа. Тоа е тим од луѓе кои на првиот повик ќе се качат на противпожарните возила и ќе заминат на терен за да се справат со огнената стихија. Тие се екипа на тивки луѓе кои само си ја работат својата одговорна работа без да креват голема јавна галама. Со секоја нова календарска година тие се се повеќе опремени со возила и опрема но и со нови знаења. Признанието 8 Ноември е за сите пожарникари кои работеле во изминатито еден век. На фотосот Тони Атанасов, раководител на ТППЕ го прима


{tipski Glas, Noemvri, 2020 br. 105

РЕКЛАМИ

13


КОЛУМНА

14

Н

Пишува: М-р Трајче КАЦАРОВ, писател

а час-два пред почетокот на епохалниот натпревар Македонија – Грузија, движејќи се кон дома, маскиран иако во колата бев сам, му се јавив на мојот помал син.

Време е да се определиме кога некој од семкарите, наредени како стрелачки вод пред влезната врата на стадионот, ќе му понудеше од прилозите што ги имаше во плетената кошница.

{tipski Glas, Noemvri, 2020 br. 105

виме и кога ќе се најдеме во улога на гласачи на изборите за народни преставници во собраниските, парламентарните органи,или на изборите на претседател на државата. Можеме да кажеме дека партиите наликуваат на фудбалски тимови, или реперезентации кои со избрани „играчи“ пофтаат кон победа. Па лесно кога ќе се согласиме со свечената обврска и ќе се исправиме како благонадежни патриоти пред гласачката кутија за кого ќе гласаме: За партијата чии сме фанови, за поединци од списокот на кандидати, или за Македонија? Овде ќе бидам дециден и ќе одгооворам: Од секогаш нашиот нардод имал лукративен резон, па, гласал само за себе.

Натпреварите ги гледаше исправен како војник гардист од највисоката трибина. Не сакаше комоција додека гледаше како фудбалерите „гинат„ на теренот. Сочувствуваше со нивната пот, мака, желба да се победи. Губеше со нив и победуваше. Плачеше и од радост и од тага. Татко беше гурман, но и гоМислев дека има некое изне- лем фан на фудбалот. Знаеше тие надување за кое не сака да ме из- две уживања разумно да ги раздевести преку телефон. Седевме пок- ли. рај телевизорот кога ми покажа неколку фотографии постирани на соДодека траеше натпреварот цијалната мрежи. На сите се гледаа навиваме извикувајќи пароли, апНа крајот од текстот сакам трпези преполни со храна и пијало- лаудиравме, корневме коси и кр- да објавам песна – фрагмент од ци, и навивачи, наседната околу нив шевме прсти. Желбата да победи поемата АКО како индијанци кои чекаат некој да Македонија, не раздразнуваше мноим го подаде лулето на мирот. Не- гу повеќе од било која, што би рекле мо ја известуваа јавноста за сред- србите „травка побрљавка“. ствата кои ги применуваат за острење на навивачките страсти. Победивме. И после солзите ПАТРИОТ радосници и после спласнувањето -Ете, - рче синот, едното му на еуфоријата во која не проектира Ако некогаш станеш патриот противречи на другото.Јадењето му желбата - на било кој начин да отТогаш и само тогаш ќе сфатиш пречи на фудбалскиот натпревар, патуваме за Европа, се сетив на или ако сакаш фудбалскиот натпре- еден играч од нашата репрезентаСонцето насекаде грее вар му пречи на јадењето. Или на- ција од албаски происход, на кој, А сјајна само вивај, или јади и пиј. играч од косовската репзентација Татковината твоја ќе е му замерил оти немал предвид дека Во мигот се сетив на татко игра со сонародници. Тоа ме навеОд пламенот ми, кој беше голем фан на фудбал- де да си го поставам прашањето: За Што во тебе ќе гори И изгорените смрзнати ќе гинат скиот клуб „Брегалница“. Дедо Трај- кого ние, всушност, навиваме: ко постојано велеше –„Мојот Мире, Дури и мртов кога ќе те носат можеш само на стадионот да го нај- а) За Македонската репезентација; За живот од тебе ќе просат деш и да го загубиш!“ Тато никогаш б) За поединци, играчи во репрене се смести на трибините со кеса зентацијата; Е, ако некогаш станеш патриот семки, сончоглед, пуканки, или било г) За Македонија Лесно ќe ти е да сфатиш: каква храна за папагали. Секој што за татковината љубов нема Одговори може да има колку Не со друго се слови освен со идиот „Одам да гледам фудбал, а што модели има прашањето. Истоне да си ги лижам прстите“.- велеше то прашање можеме да си го поста-Аљоша што би сакал да купам за грицкање и пиење додека го гледаме натпреварот давајќи им можност на навивачките страсти да видат бел ден среде ѕвездена ноќ. -Не купувај ништо! - одговори кратко синот


Ш

Да се менуваме, да не менуваат, или какви сме такви сме – нетокму сме!? КОЛУМНА

{tipski Glas, Noemvri, 2020 br. 105

Пишува: Тони Михаилов

тип, 2019, влез на некоја зграда...Двајца млади штипјани крвнички тепаат девојка, едниот тоа го снима, снимката излегува на социјалните мрежи... Згрозување, осуда, барање казни за насилниците. Под жестокиот притисок на јавноста, брза реакција, насилниците приведени, осудени на казна затвор (во меѓувреме поради ковид кризата пуштени на домашно издржување на казната, што е друг аспект на случајот....) Во меѓувреме, жртвата на нападот останува без својот родител, и се чини, ништо за неа не се менува на подобро поради тоа што случајот излезе во јавноста и доби судска разрешница....Веројатно не се смени ништо и за сите други слични случаи, кои остануваат неоткриени, затоа што жртвите не се осудуваат да пријават а насилниците се охрабруваат. Тука, околу нас се случува сето тоа, и не значи дека нешто се смени поради откриениот случај, кој ете сите ние го подзаборавивме....кучињата лаат, караванот...Дали можеби институциите надлежни за борба против насилството од ваков вид сменија нешто, извлекоа поука, дали се поефикасни? Штип 2020...стара жена оди по улиците...боса, дезориентирана, со рани по нозете. Млад човек ја забележува и решава да побара помош за на...ги алармира институциите, кај дел од нив добива стандарден одговор , парафразиран најчесто како „што можеме да направиме?“. Реагира директорот на болницата, и се пружа помош на жената, која се испоставува дека е некогашна директорка на гимназијата, професорка, која по објавите ја препознаваат бројни ученици кои со задоволство се присетуваат на неа...и се разбира, се чудат како таа можела да дојде во таква ситуација? Момчето кое и помага влегува заедно со други волонтери во нејзиниот дом, каде наидува на страшна и загрижувачка глетка – хаос на сите страни, неизмиени садови, расфрлано, нечисто...извор на секакви опасности од заболување. Волонтерите чистат, помагаат, и носат храна, сето тоа наидува на пофалби по објавите на социјалните мрежи...Во меѓувреме излегува и другиот дел од приказната, за тоа кој требало да ја чува и да се грижи за жената, кој не ја чувал, како, зошто...и нормално, секој со својата страна – ама ефектот е, дека жената останува сама и без грижа. Околу половина година подоцна, жената пак можете да ја видете по улиците, прашање е дали некој и помага, прашање е дали системот имаше решение за неа. Интересот траеше додека траеја и објавите за помошта од волонтерите. Се смени ли нешто кај институциите, се смени ли нешто и кај нас граѓаните? Кучињата лаат, караванот..... Штип, 2020 (а можете да изберете и која било година....) Излегувате де се прошетате во природа, и решавате да се разодите кон Мирјанина црква, кон борчињата покрај патот кон Шашаварлија, да дишете чист воздух и да бидете во природа. По пат, има што да видите – на периферијата на градот, масакр врз шумата, дивоградби на сите страни, ѓубре (ако ви е потребна илустрација, слично на депонијата која се наоѓа на патот на заобиколницата над Би-

15

тола). Субстандардни услови за живеење, куќарки направени само за да се фати место, струја и вода којзнае како приклучени... Се охрабрувате да го поминете некако тој Твин пикс, радувајќи се на чистата природа која ве очекува на само километар-два...и што ве чека? Добивате впечаток дека сте дошле на депонија. Веднаш покрај асфалтниот пат, тони и тони ѓубре, шут, градежен отпад, кое не може до таму да се донесе со мала количка, мора со трактор или камион...внатре во шумата, меѓу борчињата кои некогаш одамна некој ги засадувал со желба тие да бидат белите дробови на градот, некој исфрлил илјадници употребени пластични пакувања за храна...ќе видите и стар кревет, душеци, облека... Снимате, фотографирате, објавувате на социјалните мрежи за да се пробуди свеста дека не треба да бидеме ѓубре кон при-

...Штип, 2020 (а можете да изберете и која било година....) Излегувате де се прошетате во природа, и решавате да се разодите кон Мирјанина црква, кон борчињата покрај патот кон Шашаварлија, да дишете чист воздух и да бидете во природа. По пат, има што да видите – на периферијата на градот, масакр врз шумата, дивоградби на сите страни, ѓубре... родата, прашувајќи се „зошто“? Дали се луѓето толку идиоти или пак што некој им дозволува и не ги санкционира, виновен е тој некој друг? Дали после објавата и алармирањето, е казнет некој граѓанин што фрлал ѓубре таму, дали е контролиран некој возач на трактор или камион, дали се зголемени контролите? Кучињата лаат, караванот.... Има уште многу слични примери, кои покажуваат дека немаме функционален систем, кој нема да дозволи поединци да ги решаваат проблемите кои институциите треба не само да ги решаваат, туку и превенираат. Лесно е да се каже – треба една подлабока анализа зашто е тоа така, па немаат ингеренции институциите, па социјалниот мир е во прашање, па нема доволно инспектори...изговори безброј. А најверојатно е, дека сепак, тајната е во неработењето. Се додека бараме изговори за нашето неработење, ќе биде вака....караванот ќе врви, на штета на сите нас.


16

КУЛТУРА

Министерката СТЕФОСКА: Заводот и Музеј Штип го негува она што со векови нашите предци го граделе...

{tipski Glas, Noemvri, 2020 br. 105

М

есецов во градот престојуваше министерката за култура Ирена Стефоска. Таа присуствуваше на отворањето на специјалната изложба во уметничката галерија Безистен организирана од Заводот за заштита на спомениците на култура и музеј Штип, а по повод 70 годишнината од постоењето на оваа институција. Изложбата е од

комбиниран тип, изложени се предмети најдени при археолошките ископувања на Боров Дол во 2017/2018 година, ракотворби со наслов „Жената чувар на традицијата“ и слики од современата македонска ликовна уметност. -Секогаш кога доаѓам во вашиот град, во нашиот Штип едни исти стихови ми се навраќаат во мислите. „О граде мој, езеро мое на животот. Само еден твој брег се капе во бела виделина низ која ѕирка твојата штотуку насмевната историја. Сите што ја градеа и доградуваа“...рече Стефоска. Министерката уште порача:

нашите предци го граделе, што ние денес го доградуваме и што идните генерации ќе го надградуваат. Според министерката темелите на иднината се наоѓаат во археолошките локалитети, во средновековните тврдини и базилики, во Османлиските караван сараи и амами, во спомениците од НОБ. Последниве заземаат особено место во Програмата за работа на Министерството за култура зашто антифашизмот е втемелен во нашата државност, а повоена Европа е градена на антифашистички темели. Младите генерации заслужуваат да растат и да се развиваат со вредностите на антифашизмот. Но, културното наследство го сочинуваат и фолклорот т.е. народното творештво, занаетите, обичаите, ритуалите, како и уметничкото творештво од нашето современие.Сето тоа е дел од нас, сето тоа го исцртуваме на културната карта на Европа и на светот. Изложбата со која денес се одбележува јубилејот на Заводот прекрасно го одразува овој широк спектар на нашето културно наследство надоврзувајќи се на сопствената традиција. Директорот на оваа установа д-р Митко Штерјов, во своето обраќање рече:

СТЕФОСКА: Цели седум децении оваа институција е чувар и промотор на културното наследство на градот Штип и на неговата околина.

-Колку ли само споменици на културата во овој град и неговата околина сведочат за незаборавот. Училиштето во Ново Село, денес седиште на ректоратот на Штипскиот универзитет што го носи името на учителот Гоце Делчев, саат кулата во Горно Маало во која се уште живее легендата за вљубениот бег и убавицата Анка, бројните цркви, Хусамедин пашината џамија, кеманиот мост, Безистенот во чие предворје денеска се собравме за да го одбележиме јубилејот на Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј Штип основан пред 70 години под називот Народен музеј на штипскиот крај“ рече министерката Стефоска и додаде: -Веќе седум децении оваа институција е чувар и промотор на културното наследство на градот Штип и на неговата околина. Од барутница до галеријата на икони во црквата Свети Никола, преку деветте илјади инвентарни предмети, Заводот и Музеј Штип го негува она што со векови

-Нашата институција е формирана во 1950 година како комплекс со повеќе научно-истражувачки одделенија кои покасно се оформуваат во археолошки, етнолошки, историски и историја на уметноста. Во 1964 година Безистенот станува уметничка галерија, а осум години подоцна е формирана и галеријата на икони во црквата Пресвета Богородица во Ново Село. Збирката на музејот брои 6.000 инвентарни предмети од кои најголем дел се археолошки. Во 2014 година е отворен и музејот на револуционерната борба.


Раѓањето на новите сликарски надежи на Штип

{tipski Glas, Noemvri, 2020 br. 105

В

КУЛТУРА

о галеријата Колорис М во тајните на сликарството навлегуваат голем број дечиња кои се новата сликарска и уметничка надеж на Штип. Но, од каде една ваква иницијатива? Иницијалната идеја за започнување на еден ваков проект потекна од желбата да им понудиме на оние кои ја сакаат уметноста, нешто сосема поразлично од другите курсеви по цртање и сликање. Што е тоа што не’ прави поразлични? Поразлични не’ прави пред се’ тоа што овде ја поттикнуваме слободната волја и индивидуалниот начин на експресија. Покрај презентација на сликарските техники и правила и нивно практицирање, овде ја поттикнуваме и охрабруваме слободата на творење во сликарството. Да, употребуваме водени боички за изработка на акварел, но која е вашата замисла, што ќе направите вие со водените боички? Нашата цел е слободата на изразување, а со групите кои досега ги формиравме, полека се движиме кон неа, вели Боре Минов, уметник, сопственик на галеријата Колорис М. Школата за цртање и сликање во Галеријата Колорис АМ, Штип, започна со редовни часови од септември минатата година. До сега таа била домаќин на две изложби со дела изработени однејзини курсисти. На почетокот се работело со деца од 6-14 години, а оваа година Колорис М започна да работи и со возрасни. Интересот расте и кај децата и кај возрасните, едноставно поради фактот што на Штип му беше потребно вакво уметничко катче. Досегашните коментари и рекации се позитивни, а тоа на Колорис М му дава се’ поголем мотив да продолжи и да прерасне во една квалитетна заедница на артисти.

17

Тамара Петрова (11 години) вели дека доаѓа на курсевите затоа што ликовната уметност ја привлекува и сака што повеќе да научи. Курсот во Колорис го посетува веке една година,а продолжува и понатаму.За курсот,дознала од познаници. Многу е задоволна што е посетител на овој курс и се чувствува многу посигурно во изработката на нејзините цртежи.На крајот од секој два месеци од курсот се прави изложба на изработените дела и децата се презадоволни од настанот. Би сакале таа традиција да продолжи. Оваа година, ако ситуацијата со пандемијата дозволи, планирана е изложба во Домот на културата, таму некаде пред Нова година на која учество ке имаат и членовите од возрасната група. Нина Стојчев има 10 години, а и нејзините родители на прашањата зашто на курс по цртање и сликање, рекоа дека талентот мора да се храни со многу работа,а на курсот тоа го добиваат од професионалци. –„Курсот го посетувам една година, а за него дознав од Facebook“, вели Нина која на часовите се чувствува задоволна и опуштена зашто го учи тоа што најмногу го сака. Слични кажувања имаа и останатите деца,од кои поголемиот дел дојдоа на двомесечен курс,а тука се повеке од една година. -Курсевите ги водиме јас и Анастасија Петрова, дипломиран ликовен уметник. Би сакал да нагласам, дека целта на овие курсеви не е само да научиме како да цртаме и сликаме, туку во ова време на сé поголемо виртуелно живеење, потребата од Арт терапија ни е потребна на секој од нас,без разлика на талентот кој го поседуваме за оваа дејност и возраста. Ние сме тука за вас. па ако вие сте среќни,тогаш ние сме пресреќни, вели Боре Минов.


100 години противпожарна служба во Штип

18

ЈУБИЛЕЈ

{tipski Glas, Noemvri, 2020 br. 105

Од кофи, буриња, лопати, копачи до најсовремени противпожарни средства за период од еден век...

Г

одинава Штип одбележува 100 години противпожарникарска служба. По повод големиот јубилеј Општина Штип на ТППЕ и го даде признанието „8 Ноември“. По овој убав повод разговараме со раководителот Тони Атанасов. -За нас, за градот, за граѓаните ова е голем и несекојдневен јубилеј кој е наша гордост. Приказната започнува во 1920 година кога од страна на еврејскиот еснаф предводен од евреионот Соломон Рубиса по занимање тенекеџија е формирано доброволно противпожарно друштво на кое самиот тој бил и командир и финансиер на единицата. Единицата

се состоела од 12 пожарникара меѓу кои биле и: Илија Руменов , Михаил Мингов-барабанџија, Ѓорги Спасов, Страхил Тренев, Панче Миров и други. Својата задача ја извршувале со примитивни средства, кофи буриња, копачи, лопати. Единицата била задолжена и за палење и гасење на уличното осветлување –фенерите. Единицата учествувала во гаснењето на големиот пожар кој избувнал во тогашната касарна 1924 г. како и во спасувањето на луѓето и стоката при големата поплава во централното градско подрачје 1937 г. Веднаш по ослободувањет 1947 година се формираат и доброволни противпожарни друштва, а општинскиот противпожарен сојуз е формиран 1951 г.Првата база била во куќа зад училиштетио Ванчо Прќе, а потоа е преместена во месноста Путка-скала во кругот на тамошното комунално претпријатие.Сегашната база ПП-домот почнува да се гради 1959 г. а во употреба е пуштен 1965 г.проектот е земан од Охрид и во тоа време преставува најголем објект за таа намена во Македонија. Домот е наменет и проектиран за комплетен

престој на ПП-единица.Во него има сала за физичка подготовка,пинг-понг сала,работилница за полнење на ППапарати,спални соби,гаража за моторни возила, магацини, канцеларии ,кула за физичка подготовка на пожарникарите, вели Атанасов. Во однос на опременоста единицата прво работела со прирачни средства,а за побрзо стигнување до местото на пожарот користеле запрежна кола. Првото моторно возило наменето за гасење на пожар е донесено 1955 г, таканаречена Прага која што била основно средство за гасење.Потоа единицата постепено се опремувала со други средства како што се руски џип, ТАМ-Дајц, Џип-Вилнус , често се споменува и моторната пумпа Сората. Според Атанасов признанието „8 Ноември“ доделено од Општина Штип е голема чест како за службата денес така и за плејадата пожарникари кои во изминатите сто години професионално ја работеле оваа хумана работа, спасувајки безброј животи. –„Наградата не обврзува сите припадници на единицата да со уште поголем интузијазам и професионалност ја вршиме нашата работа“, порачува Атанасов. Денес ТППЕ-Штип претставува една современа професионална единица не само за заштита од пожари туку и од сите видови на елементарни и други непогоди кои го загрозуваат животот на граѓаните,животните и материјалните добра. Еди-


{tipski Glas, Noemvri, 2020 br. 105

ницата брои вкупно 33 вработени професионални пожарнкара , располага со една цистерна за дотур на вода, и поголем број други средства за квалитетно извршување на работата. - Можеме да кажеме дека постојано ја подобруваме нашата опременост,од ДЗС добивме совреме хидруличен сет за сообраќајни несреки, наскоро се надеваме дека ќе се реализира и набави современо ПП-возило финансирано од ЕУ, од РЦУК добивме на употреба три современи компјутери со што сме подготвени да се вклучиме во NIKS системот, веќе е завршен тендерот за набавка на лична заштитна опрема за пожарникарите финансиран од буџетот на Општината. Пред да биде вклучен во работата на професионалната единица пожарникарот мора да има диплома за положен испит од противпожарна заштита. Изготвуваме годишен план за обука според кој секојдневно пожарникарите посетуваат обука, се уигруваат за меѓусебно дејствување, ја подобруваат и одржуваат својата физичка подготвеност, ги унапредуваат своите вештини. Сите пожарникари имаат сертификати за прва помош, работа со дрегери и слично. Имаше еднаш една идеја Противпожарната да биде преселена на друга локација... -Да постоеше таква идеја од некои претходни политичари но сега оваа идеја е напуштена. Сегашниот ПП-дом (база) има големо сентиментално значење не само за пожарникарите туку и за голем број наши сограѓани, во минатото ПП-домот бил еден вид цетар на општественото живеење. Локацијата е перфекно избрана, бидејки се наоѓаме во центар на градот , речиси подеднакво одалечени од сите дестинации во градот што е многу битен фактор при нашето дејствување.Знаете ние сме во постојана борба со времето бидејки навременото пристигнување на местото на несреќата значи помала штета и помали човеки загуби. Сакам да појаснам дека Законот за пожарникарство предвидува на 1.500 граѓани еден професионален пожарникар што значи дека ние во моментот имаме солидна пополнетост можеби сме и најпополнетата единица во државата, укажува раководителот Тони Атанасов.

ЈУБИЛЕЈ

Иако име на службата асоцира на тоа дека таа работи само на заштита од пожари но тоа во стварноста не е така бидејки вработените се обучени и опремени и за други активности кои го наметнува современиот живот. Нашите противпожарникари работат како професионална единица за заштита и спасување од сите видови на елементарни непогоди , несреки и хаварии, заштита од

19

сите поставени задачи. Зарем за оваа добра соработка не сведочи и добиеното 8 – ноемвриско признание, коментира Атанасов?. Тој укажува на фактот дека најчест причинител на пожарите е човекот било од невнимание, болест или користољубие. Пожари се случуваат како на индустриски така и на индивидуални објект но сепек преовладуваат интервенциите кај индиви-

ЕВРЕЈСКИ ЕСНАФ...Службата е формиран во 1920 година кога од страна на еврејскиот еснаф предводен од евреионот Соломон Рубиса по занимање тенекеџија е формирано доброволно противпожарно друштво на коетој самиот бил и командир и финансиер на единицата. Единицата се состоела од 12 пожарникара меѓу кои биле и Илија Руменов, Михаил Мингов-барабанџија, Ѓорги Спасов, Страхил Тренев , Панче Миров и други. поплави, сообраќајни несреки, спасување на милиничиња, дезинфекција на јавно прометни површини и простории и слично. Актуелната локална самоуправа се повеќе ги препознава можностите и капацитетите на единицата па така вработените се повеќе сее ангажирани од страна на Општината и Јавните претпријатија за различни активности (дотур на вода, дезинфекција, остранување на дрвја и сл.) -Имаме одлична соработка со градоначалникот и Советот на општината, благодарни сме на тоа што ја имаме нивната доверба и ке настојуваме и понатаму да одговореме на

дуалните објекти бидејки од едноставна причина што тие се помногубројни но и индустриските објекти се поорганизирани и кај истите превантивата е на повисоко ниво. -ТППЕ преставува единствена постојана оперативна единица оспособена и опрремена да интервенира во било кое време и во било каква ситуација. Работиме 24 ч. дневно, имаме во постојано дежурство едно одделение, едно одделение е во домашна приправност, а останатите две одделениа можеме да ги мобилизираме во секое време, појаснува нашиот соговорник.


Со реновирањето на спортската сала во ЕМУЦ „Коле Нехтенин“ подобри услови за учениците и спортистите С 20

СПОРТ

ите штипски училишта имаат и спортски сали но една од најкористените се салата на ЕМУЦ „Коле Нехтенин“. Изградена и предаддена во употреба во осумдесеттите години на минатиот век, училишната зграда и спортската сала денес се дом за над 750 ученици кои, спортскиот живот го живееја во салата која последните години стана многу руинирана. Благодарение на оваа сала учениците на ЕМУЦ освоија голем број награди на спортски натпреварувања од различен карактер. -Спортската сала во нашето училиште по димензии е најголема во Општина Штип односно спортскиот терен е со димензии 46х24 метри, висината на салата е околу околу десет метри. Нашата саала располага и со трибини за 300 до 350 гледачи, вели директорот Дејан Павлов. Актуелната локална власт одлучи да вложи во темелна реконструкција на салата која е при крај. Салата која има три обележани терени за кошарка, одбојка и ракомет. Во минатото во оваа сала повеке спортски клубови од нашата општина одржувале тренинизи и се играле првенствени натпревари.

Во вечерните часови салата ја користеле и рек- реативци. Поради лошите услови на спортскиот терен пред четири години е забранета за користење од страна на спортски клубови и рекреативци, а се користеше само за изведување на наставата по спорт и спортски активности за учениците. Интересно е дека во минатото имало добро опремени соблекувални со тушеви и простории за раководствата на клубовите.-„Кога јас бев назначен за директор наидов на една жална сосстојба на целосно руинирани соблекувални

{tipski Glas, Noemvri, 2020 br. 105

и купатила. Во овој проект на реконструкција на салата не е предвидено реновирање на овие простории но се надевам дека заеднички напори со општинското раководство и овие важни делови од спортската сала ке бидат реновирани во најкраток можен рок“, појаснува директорот Павлов. Проектот за реконструкција на спортската сала е вреден околу 7,5 милиони денари. Во соработка со градоначалникот дел од средствата се обезбедени од Општина Штип а дел од сопствени средства на училиштето. -Со реконструкцијата е опфатено комплетна замена на спортскиот терен, замена на прозорите и заштитните мрежи на истите, комплетно молерисување на целата сала и комплетно ново осветлување на истата во кое е предвидено осветлување на три нивоа, односно осветлување за наставен час, осветлување за тренинг и осветлување за спортски натпревари. Новиот терен ке биде обележан со три обележани терени за кошарка, ракомет и одбојка, а подот ке биде поставен со Профи ПВЦ под со сертификат од ФИБА за играње на професионални натпревари, го образлага Павлов целиот процес. Реновирањето на оваа спортска сала е од витално значење за спортот во нашиот град бидејки ќе добиеме една модерна сала во која ќе се играт и професионални натпревари. Салата ќе можат да ја користат и рекреативци со што повторно би зажи- веал спортскиот дух во нашата Општина, а секако и часовите по спорт и спортски активности ќе се одвиваат во многу подобри, да не речеме европски услови. И пред да се започне со реновирање на салата има барања за нејзино користење. Барањата се од спортски клубови но и од рекреативци, но сите вакви барања беа одбиени а истите ќе се разгледуваат кога спортската сала ќе биде спремна, а тоа ќе биде на почетокот на второто полугодие. Се разбира се ќе зависи и од тоа како ќе се развива состојбата со корона вирусот. Училишната управа е тука за позитивно да одговори на сите барања на клубовите и групи рекреативци. Но, тоа не е се во однос на оваа тема. -Моментално сме во преговори со Министерството за образование и наука за добивање на проектот за промена на кровот на спортската сала со што училиштето целосно ке биде со нов кров. Сакам да ја изразам голема благодарност до МОН за спроведениот проект за промена на кровот на училишната зграда и се надевам дека до пролет ке имаме нов кров и на спортската сала. Сепак, ние не застануваме овде, неуморно ќе се бориме за реновирање и на останатите делови од училиштето кои што ги затекнав во очајна состојба, порачува првиот човк на ЕМУЦ „Коле Нехтенин“.


Д

МУЗИЧКО

Над 200 учесници на првиот меѓународен музички фестивал во организација на ДМУЦ „Сергеј Михајлов“

{tipski Glas, Noemvri, 2020 br. 105

ржавниот музички училишен центар „Сергеј Михајлов“ месецов го организира првиот меѓународен музчки фестивал од меѓунароен карактер. На фестивалот кој трраеше четири дена учествуваа над 200 ученици од музичките училишта во нашата држава во дисциплините: дувачи, ударни, традиционални народни инструменти, џез и поп дисциплина, гудачи, пијано..камерни состави, соло пеење, хармоники.. -Имавме пријавени и учесници од соседни држави но поради пандемијата тие не може да допатуваат во Штип. Се надеваме дека наредната година ќе бидат присутни, вели м-р Горан Кавраков, директор на ДМУЦ „Сергеј Михајлов“.

21

Жири комисијата додели награди за најдобрите, први, втори и трети награди на децата. Според Кавраков ова било едден мошне квалитетен музичари натпревар на кој учесниците ги покажале сите свои музички квалитети. Натпреварите се одржаа на две ликации, во училиштето и во Домот на млади. Псебна благодарност упатуваме до Горан Трајков, директор на Домот на млади. Натпреварот ја имаше својата завршница со завршен концерт кој одеше онлајн на социјалните мрежи, и на кој настапија најдобро рангираните. Целиот настан беше организиран од професионален тим од училиштето.

Раде Биљарски, (клавир) и останатите ученици од ДМУЦ „Серѓеј Михајлов“ победија во своите категории на првиот Меѓународен натпревар на ученици од музичките училишта во државата и од соседството.

Младите музичари од нашето култно музичко училиште уште еднаш покажаа дека ние не треба да стравуваме за нашата иднина на полето на класичната музика. Нивната дарба и посветеност на музиката е нешто фасцинантно.


22

РАЗОНОДА

{tipski Glas, Noemvri, 2020 br. 105

Ако сакаш, ќе си најдеш решение За секој проблем Ако не сакаш ќе си најдеш – изговор.

TR-MR

Нашите мозоци ќе се врателе од странство За пак да работат дома Ако се вратат тоа значи дека никогаш и не биле некои мозоци...

ov -Mi Re k e ~e R Ti

Има луѓе кои и понатаму тврдат Дека Корона вирусот не постои Кога короната ќе ги однесе во болница Oд таквите и инјекциите ќе се разболат...

Шведскиот премиер ги замоли граѓаните Поради Корона вирусот да не одат Во библиотеки. Они на нас лекции ќе ни држат... Ние во библиотека не одиме ни кога сме здрави.

Razmisluva: Iv. BOJ

СУДОКУ

Денес никој ништо не чита. Никој ништо не чита, а сите мислат дека сé знаат. Сите мислат дека сé знаат, а ништо не прават. Ништо не прават зашто ништо не читаат. (Продолжува понатму низ животот)

ИМПРЕСУМ

Издавач: Медиум Боја 43 – Штип Седиште на фирмата и адреса на редакцијата: Ул. „Тошо Арсов“ бр. 23 – 2000 Штип Одговорно лице: Иван Бојаџиски

Излегува еднаш месечно Првиот број излезе во месец април, 2009 година Главен и одговорен уредник: Иван Бојаџиски 078/375582 Графички уредник: Јорданчо Бојаџиски, 078/473094

Овој број е отпечатен на 26.11.2020 година Тираж: 1.000 примероци

СКРИВАЛКА

Ж-ка: 290000002136767 Едб:4029019522191 Т.Т.К. банка А.Д. Скопје Годишна претплата: 180 денари.

Печати печатница Генекс-Кочани Ул. „Тодосија Паунов“ б.б.

За Штипски глас се плаќа повластена даночна стапка од 5%

ISSN 2545-4498 Непотпишаните текстови се на Иван Бојаџиски


Đ Đ?Đ—ĐžĐ?ОДĐ?

{tipski Glas, Noemvri, 2020 br. 105

'

& % 2 )

23

&

!

( & ) #

* *

$ % &

+ ,

-

.

$

0 1

-

, ,

/ .

,

0 1

- 3

2 0 1

2

+

4 . & , & 0 1

& - ( ) 3 -

'

(

+ &

0 1

2 + 8 &

, -

0 1 & 7

+ & #

)

, ( &

6 - -

/ 4 ) ( - -

( &

)

-

* .

#

.

& '

, )

"

2 3

% .

5 ) + (

& ,

#

9 .

6 & + 7

' $


24

РЕКЛАМА

{tipski Glas, Noemvri, 2020 br. 105


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Stipski Glas 105 by Jole Boja - Issuu