Skip to main content

Stipski Glas 104

Page 1

Трајчо МИТЕВ, независен кандидат за градоначалник на Штип

На Штип му е потребен непартиски градоначалник

Страв и надеж на улицата

„Ванчо Прке“

Модели на младите штипски креатори Репортажа

Д-р. Димитар КОЖУХАРОВ,

Брзата и нездрава храна и пушењето се главни причини за ракот на бешиката

Мичо Сушето живот на река

Битка за Штип


2

К

N

Од мој агол

Битка за Штип Иван Бојаџиски

ако и пред секои избори, така и месец и нешто денови пред предвремените избори за градоначалник на Штип, право на свој медиумски живот си го добија шпелкулациите и лицитациите. Подолго од 45 дена градски и регионални, а нешто и национални медиуми шпекулираат со имиња на можни кандидати за првата градска фотеља. Во најголем дел од нив, по принципот „први дознаваме-први јавуваме“, се лицитира со имиња на повеќе или помалку познати граѓани за кои на електронските медиуми и на порталите се говори дека се во видокругот на својата политичка партија за функцијата градоначалник на Штип. Не дека ова е нешто ново, нешто непознато, неслушнато и невидено во нашите животи. Дел од работата на медиумите е и нешто што во новинарската пракса се вика „наслушнавме ама доказ немаме“, но и покрај тоа објавите течат зашто се работи за еден мошне примамлив, курентен политичко-медиумски производ кој најлесено се продава на јавноста и која прави медиумите да се фалат (некои со право, некои без доказ) дека биле „нај“ гледани, слушани, читани. Во тоа и такво светло медиумите им соопштија на штипјани дека во градот има можеби и педесеттина личности способни да ја обавуваат градоначалничката функција. Од доктори, преку професори, до политички активисти. Од ТВ и радио монтировките дознаваме дека СДСМ ќе го дефинира својот кандидат од некоја од овие личности: Д-р Сашко Николов, во моментов пратеник, д-р Ален Ѓоргијев, директор на Клиничка болница Штип, Јане Миланов, професор и во моментов в.д.градоначалник на градот, Александар Кангалов, претседател на ОО на СДСМ и Билјана Казанџиска, раководител на сектор за јавни дејности, образование и локален економски развој во Општина Штип. Од лагер листата на ВМРО ДПМНЕ во јавна промоција се шпекулира со имињата на Иван Јорданов, пратеник и претседател на Општинскиот комитет на Партијата во Штип, Никола Мицевски, пратеник со подлг пратенички стаж, Илчо Захариев, поранешен градоначалник како надпартиска личност, Трајчо Димков, екс пратеник, Весна Ничева, советничка во Советот на општината, проф.д-р Кирил Барбареев од УГД, проф.д-р Саша Митрев, поранешен ректор на штипскиот Универзитет, иако професорите излегоа со изјави да не се шпекулира со нивните имиња. И СДСМ и ВМРО ДПМНЕ се големи и организирани политички субјекти кои до последен момент нема да си ги откријат своите адути. А тоа ќе биде таму некаде околу втората половина не месец ноември, и тогаш политичкото небо над Штип целосно ќе се разбистри, а околу 41.000 избирачи ќе почнат, во домашен амбиент, на улица, во кафена, на работните места да си ги прават своите математики за тоа која личност го заслужува почесниот престол на градот. Тогаш градот, својствено на секое предизборно време, повеќе ќе

{tipski Glas, Oktomvri, 2020 br. 104

мисли и дебатира отколку што ќе работи. Во ова меѓувреме само еден кандидат е сосема извесен. Тоа е рударскиот инженер и граѓански актвисти Трајчо Митев кој за самостојна, независна од било кој политички субјект кандидатура навреме собра 250 потписи и го најави своето учество на овие избори. Со Митев Штипски Глас има убав разговор во овој број на весникот, а тоа го правивме зашто се работи за уникатна личност која не се плаши од политичките гиганти и по вторпат им пркоси, па до 13 декември, кога ќе биде првиот изборен круг ќе си ја тера предизборната агенда и ќе се надева токму тој да стане осмото светско чудо. Ова е време кога на повеќе места низ градот се дебатира по прашањето дали и партијата Левица ќе излезе со свој кандидат. Се шпекулираше со името на професор на Универзитетот, но до ден денешен од партијата која изненади на последните предвремени парламентарни избори, нема никаков абер. Дали во Левица имаат некоја нова филозофија – да си молчат до денот на вистината како краен рок за пријавување на кандидати – останува да покаже ова кусо време кое е пред нас. На Штип му е потребен градоначалник кој го знае градот. Кој од штипјани е прифатен како добра, позитивна линост, како голем и посветен работник,

На Штип му е потребен градоначалник кој го знае градот. Кој од штипјани е прифатен како добра, позитивна линост, како голем и посветен работник, мислител, како човек полн со идеи во однос на тоа како се води, урбано уредува и развива еден град кој е регионален центар, кој има Универзитет, развиена медиумска заедница, регионална здравствена институција од типот на Клиничка болница, поголем број регионални установи

мислител, како човек полн со идеи во однос на тоа како се води, урбано уредува и развива еден град кој е регионален центар, кој има Универзитет, развиена медиумска заедница, регионална здравствена институција од типот на Клиничка болница, поголем број регионални установи кои одработуваат за целиот Исток и многу други карактеристики на град од таков формат. Сега е јасно дека на изборите ќе имаме тројца кандидати. Дека (најверојатно) ќе имаме и втор круг на гласање. Сега е јасно дека на 13 декември ќе се бие големата „Битка за Штип“. Кој ќе победи кој од неа ќе излезе „ранет“ во политичка смисла, како и секогаш во вакви прилики ќе си го каже народот. А народот секогаш е во право, без оглед какви одлуки носи, добри или погрешни.


{tipski Glas, Oktomvri, 2020 br. 104

РАЗГОВОР

На Штип му е потребен непартиски градоначалник исто како што му е потребен воздухот

Трајчо МИТЕВ, независен кандидат за градоначалник на Штип

Т

рајчо Митев има 61 година. Тој е рударски инженер со завиден стаж во невладиниот сектро. Митев е единствениот штипјанец кој со својата кандидатура за градоначалник на Штип како независен од било која политичка партија кандидат покажа храброст да излезе на изборен мегдан со кандидатите на двата големи политички блока. Г-дин Митев, ова не е прв Ваш обид како независен кандидат да дојдете до функцијата градоначалник. Оттука, што е тоа што Ве тера на потребата да им создавате немир на големите политички блока? -Точно е дека не ми е првпат независно од партија да се појавам како независен кандидат за градоначалник. Во 2005 година ги собрав потребните 250 граѓански потписи, а на изборите добив 385 гласа. Мене тој резултат не ме разочара, напротив ми даде нова енергија зашто мојата мисија не е само да станам прв граѓанин на градот во кој моето семејство има вековна традиција, туку и да испратам определени политички пораки. А тие пораки се? -Пред се да охрабрам и други сограѓани кои веруваат во себе и во своите способности да се обидат, без потпора на големите партии, да ја добијат наклоноста на јавноста за еден убав ден некој од нив да може да биде татко на Штип. Тоа ќе биде вистински народен градоначалник, а не личност која ќе рааботи само по наредба на својата партија. Всушност, ова е мој внатрешен порив против кого јас не можам, таков е целиот мој живот кој е една вечна борба за хуманитарни работи, за граѓански права и слободи, за квалитетно урбано живеење еднакво достапно за сите, а не приоритет за тоа да имаат поединци или одбрани групи... Што е тоа што Вас би ве препорачало како градоначалник на град од големината и значењето на еден Штип? -Низ животот и работата имам стекнато големи знаења од разни области важни за раководење со еден град и со една општина. Имам стекнато знаења преку имплементација на проекти со евалуација на над дваесеттина семинари на кои се дебатираше за фискализација и децентрализација на локалната самоуправа, односно за нејзина нова организација. А тоа е нешто со кое доцниме десеттина години. Работниот век го поминав во градежна фирма, одтука ми е познато како еден генерален или детален урбанистички план треба да изгледа, а оттука и како да изгледа урбанизацијата на нашиот град која ние денес ја немаме. На чија поддршка најмногу се надевате? Кои се вашите целни групи за кои мислите дека би го дале својот глас за Вас? -Тоа се маргинализираните групи кои се далку под средната класа граѓани. Се надевам на гласот на граѓаните ослободени од стегите на политичките партии, на младите кои решиле да останат дома и на кои им е преку глава од смената на луѓе од двете политички партии на врвната функција во нивниот град. Тука се и неопределените во политичка смисла кои се и најбројното гласачко тело кое не

3

излегува на избори зашто е незадоволно до владеењето на двата политички блока. Што прво би направиле ако граѓаните, на декемвриските избори, Ви го дадат гласот и Ве изберат за градоначалник? -Никој сам за себе и по себе не е способен за се и сешто. Затоа прво ќе направам комплементарен тим во кој ќе има стручњаци од сите области од значење за развојот на градот и општината и за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Ќе бидам слуга на народот, напорно ќе работам на реализација на нивните потреби, нема да ги лажам за ништо, а се што ќе ветам ќе биде со рокови на исполнување. Според мене така треба да се однесува одговорен татко на градот кој мора да работи во интерес на сите и на заедницата како таква, а не во свој интерес. Може ли Штип поквалитетно да се развива отколку што тоа е случај сега, и што Вие би направиле во таа смисла? -Досегашните татковци на Штип фатија погрешни правци.Нивната концентрација беше насочена на мали работи кои треба да се секојдневие, а не нешто со кое некој треба да се фали. Нам, на Штип и штипјани ни требаат големи проекти од типот на брана на реката Отиња која сите ја „прават“, а никој досега не ја направи.Со овој за Штип исклучително важен проект никој сериозно досега не се има

...јас го гледам Штип како Опатија, со овој хрватски град на Јадранот сме слични и по однос на водните ресурси и по квалитетот на воздухот, Штип би го направил град на фонтани со над 50 вакви градби и град на липите и на леандрите.

зафатено. Во однос на браната покрај водата од сливното подрачје на Отиња и Козјачка река преставува извор на чиста вода од која може да се полни браната, но за тоа поподробно ако станам градоначалник. Инаку, јас го гледам Штип како Опатија, со овој хрватски град на Јадранот сме слични и по однос на водните ресурси и по квалитетот на воздухот, Штип би го направил град на фонтани со над 50 вакви градби и град на липите и на леандрите. Една ваша препорака во однос на тоа на што посебно треба да обрати внимание локалната власт? -На младите и на нивниот секојдневен живот. Потоа на привлекувањето странски инвестиции. Без оглед на фактот дека локалната власт нема ингеренции за тоа, еден инвентивен градоначалник, инвентивен Општински совет, службите во кабинетот на градоначалникот, во општината, ако се способни тоа треба да го можат. Но, прашање е дали нашите градоначалници тоа го сакаат, дали имаат капацитет на еден таков начин да го менаџираат градот.


4

ИНТЕРВЈУ

{tipski Glas, Oktomvri, 2020 br. 104

Д-р. Димитар КОЖУХАРОВ, специјалист уролог, раководител на одделението за уролошки болести при Клиничка болница-Штип

Брзата и нездрава храна и пушењето се главни причини за ракот на бешиката

Д

октор Димитар Кожухаров е познат и признат специјалист уролог кој петнаесет години раководи со уролошкото одделение во состав на Клиничката болница во Штип која се грижи за 250.000 граѓани од регионот. Со д-р Кожухаров разговараме за условите за работа од просторен и кадровски аспект, за одразот на современиот живот врз уролошките болести, за сегашниот третман на докторите и другиот медицински кадар од страна на државата... Д-р Кожухаров, колку во системот на Клиничка болница е старо одделението за урологија? Колку години вие сте специјалист уролог и колку време сте началник на тој оддел?

Дали на овој оддел ги имате сите услови за пружање квалитетна здравствена услуга на луѓето на кои им е потребна вашата помош. Тука мислам на просторни услови, на инструменти, апаратура... Уролошкото одделение располага со 18 болнички кревети распоредени во четири соби и една операциона сала. Во последните две години имаме добиено нов едноскопски сет кој ни овозможува да ги работиме ендоскопските операции. Во однос на апаратурата релативно добро сме снабдени но секогаш има можност за уште подобро опремување. Каква е кадровската екипираност? Ги имате ли сите неопходни кадри, доктори специјалисти, ме-

зајакне одделението со уште една сестра двајца болничари и еден хигиеничар. Во моментот имаме на специјализација еден млад доктор д-р Горан Кожухаров, а што е посебно добро засега немаме одлив на медицински кадар во странство.

Во овие услови на Корона криза се обидуваме да ги згрижиме сите пациенти на кое им е потребно лекување, а посебно итните случаи и пациентите со малигни заболувања. Имаме посебна организација каде се стремиме одделението секогаш да има медицински тим кој што е присутен на одделението, а исто така и да имаме и тим за евентуални итни случаи за во операционата сала. Лекувањето на уролошките болни од страна на специјалист уролог почнува во почетокот на осумдесетите години кога од специјализација се враќа д-р Тодор Ивановски. Мојата специјализација започнува во 1986 година и како доктор специјалист се вракам во 1990. Тие десетина години уролошките болни се лекуваат во склоп на хирургија. Од 1994 год се отвара посебно уролошко одделение каде што се згрижени пациентите со уролошка патологија. Како раководител на одделението сум петнаесеттина години.

дицински сестри, болничари, хигиеничари.. Да не се случува одлив на специјалисти во странство? Има ли наши доктори на специјализација по Урологија. На одделението работотат четворица специјалисти уролози. Покрај менет тука се и д-р Венцо Шопов, д-р Владко Филипов и д-р Благој Здравев На одделението имаме и четири медицински сестри за работа во смена, две медицински сестри за работа во амбуланта главна сестра на одделение и еден болничар и еден хигиеничар. Во подобри услови би било добро да се

Со оглед на фактот дека Клиничка е болница од регионален карактер од кај имате најмногу пациенти... Уролошкото одделение при КБ Штип згрижува пациенти од целиот источен регион, односно од простор на кој живеат околу 250.000 жители. Секојдневно работат две уролошки амбуланти, во секоја од амбулантите просечно дневно имаме по околу 30–40 пациенти. Во операционата сала годишно имаме околу 300 интервенции. Кога е во прашање урологијата и уролошките болести кои од овие болести се најприсутни, а на кои


{tipski Glas, Oktomvri, 2020 br. 104

Вие и тимот сте најпосветени. На што посебно се жалат мажите, на што жените? Најприсутни заболувања во уролошките амбуланти се бенигната хиперплазија и инфекциите на уринарен тракт, а во последно време и карциномите на простата и на мокрачната бешика. Кај мажите секако најчесто застапена е бенигна хиперплазија на про-

ИНТЕРВЈУ

пациентите. Со брзиот начин на живеење и неправилната исхрана а посебно пушењето на цигари коа е научно докажано дека предизвикува еден од причините за карциномот на бешика. Треба и мораме сите заедно да го подобриме и унапредиме здравјето на пациентите со совети за здрава храна, повремена физичка активност и секако редовни контроли во уролошка амбуланта.

5

болница Штип, а само за одредени дијагностички процедури се испраќаат во Скопје како што е биопсија на простата и за која интервенција се надваме дека во најскоро време ќе биде обезбедена апературатата од менаџерскиот тим од болницата. Понатаму некој калкулоси на бубрегот се испраќаат со Скопје за кршење на истите во таканаречената када ( ЕSWL). Со оглед на добрата стручна екипираност и евентуалната подршка со нов инструментаририум се надеваме дека наскоро сите операции ќе се извршуваат во КБ Штип. Дали нешто се подобри во третманот на докторската професија, тука пред се мислам на платите кои беа многу ниски. Дали вашите колеги специјалисти и сестрите денес се задоволни од третманот на општеството кон нив? Мислам дека докторите полека си го добиваат заслуженото место во опшеството и во последните неколку години платите на медицинскио персонал се покачени условите за работа се подобрени. Мегутоа ценам дека тие сеуште не се на вистинското ниво кој го заслужуваат медицинските лица, а тоа најдобро се виде сега, во условите на пандемијата со Ковид 19 каде истите сме први на ударот на пандемијата. Но факт е дека струката успешно се справува со оваа голема здравствена криза и по цена на многу животи на медицинските лица.

Немаме случаи наши доктори специјалисти и друг медицински персонал да ја напуштил урологија и да заминал на работа во странство. Во последно време платите на медицинскиот персонал се покачени, а условите за работи подобрени, но тие сеуште не са на вистинското ниво...

статата, а кај жените инфекцијата на долниот уринарен тракт. Дали сегашниот начин на живот има влијание и врз уролошките болести? Ако име на што се резултат тие? Секако дека да има проблем врз животот и квалитетот на живот на

Што е тоа што не може да им се помогне на болните тука па се препраќаат на клиники во Скопје. Ќе дојде ли некогаш ден сите операции да се прават на нашата урологија и да не мора да се оди во главниот град на тамошни клиники? Најголемиот дел од уролошките операции се извршуваат во клиничка

Како, во услови на Корона криза, работи урологија? Примате ли само итни пациенти или се е како и вообичаено? Во овие услови на Корона криза се обидуваме да ги згрижиме сите пациенти на кое им е потребно лекување, а посебно итните случаи и пациентите со малигни заболувања. Имаме посебна организација каде се стремиме одделението секогаш да има медицински тим кој што е присутен на одделението, а исто така и да имаме и тим за евентуални итни случаи за во операционата сала.


6

УНИВЕРИТЕТ

Поради пандемијата Универзитетот имплементира хибриден систем на едукација

{tipski Glas, Oktomvri, 2020 br. 104

Д-р Mишко ЏИДРОВ, вонреден професор, проректор за настава и студенти на УГД

Новото време предизвикано од пандемијата на Ковид 19, здравствена криза која од корен ги измени нашите животи има(ше) одраз и врз функционирањето на образовните институции. На оваа тема разговараме со проректорот за настава и студенти д-р Мишко Џидров.

Г-дин Џидров како стои УГД со годинашниов упис на студенти со оглед на здравствената криза и сé она кое таа го донесе во нашите животи? Без поголеми технички проблеми завршија 3те уписни рокови за запишување на студенти во прва година на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип. Понудивме целосно онлајн уписи поради ситуацијата со пандемијата. Кандидатите убаво ја прифатија оваа можност и добро се снајдоа. Онлајн пријавувањето и претходно се користеше на УГД, но оваа година по прв пат целосно спроведовме и пријавување и запишување. Нема да бидам скромен и ќе кажам дека сме единствен универзитет што го понуди ова како опција. Секако тука нема да застанеме и се она што го научивме оваа година ќе го подобриме и ќе понудиме подобен систем и процес за запишување наредната година. Во однос на бројот на студенти, мора да бидеме задоволни од одѕивот и запишаните студенти поради тоа што оваа година е карактеристична во споредба со претходните, не само поради пандемијата туку и поради помалиот број на матуранти. Оваа година имаше помалку број на кандидати поради тоа што истите се родени непосредно по воениот конфликт 2001 и плус поради реформа во основното образование пред 9 години, каде дел од кандидатите се запишаа во минатата генерација. Треба да се знае дека на ниво на држава годинава се запишаа околу 13.000 студенти што е за 2.500 студенти помалку од минатата година.

Има ли некои поголеми новини во новата академска година на УГД? Оваа академска година ќе се одвива по веќе акредитираните студиски програми. Ова се студиски програми кои веќе се препознаени од новите студенти и голем број студенти веќе студираат по нив. Универзитетот поминува низ фаза на (ре)акредитација студиските програми и за наредната година ќе понуди покомпактен број на студиски програми и ќе биде уште попривлечен за идните студенти. Пандемијата на Ковид 19 донесе сосема нова филозофија на полагање испити, дали УГД е подготвен, технички и кадровски за цела академска година со онлајн настава? Земајќи ја во предвид ИТ инфраструктурата со која располага Универзитетот „Гоце Делчев“, искуството со кое се стекнавме претходниот семестар и самиот факт дека бевме издвоени како успешен пример за трансфер кон онлајн учење, Универзитетот пристапи кон имплементација на хибриден систем на едукација во овој семестар. Ова подразбира комбинирање на поголем број на ИТ алатки, системи на електронско учење и едукативни платформи, и сето ова се прави за поголема заштита на здравјето и сигурноста на студентите и вработените на Универзитетот но по цена на не се намали квалитетот на образовниот процес. Моментално теоретската настава, односно предавањата, индивидуалната настава и други облици и обврски кои се соодветни на специфичноста на на-

ставно – научната и уметничката област, да се спроведуваат онлајн. Практичната настава (вежбите, лабораториски, клинички) се одвива комбинирано, и онлајн и со физичко присуство. Сето ова се спроведува во согласност со здравствените протоколи и е прилагодено според спецификата на наставната дисциплина и бројот на студентите. Испитите, колоквиумите и другите форми на континуирана проверка на знаењето се одржуваат комбинирано (онлајн и со физичко присуство) според потребите и големината на групите. За сето ова донесовме распореди по единиците на Универзитетот кои строго мора да се почитуваа, но и кои ќе се прилагодуваат според можните нови ограничувања поради пандемијата. Пандемијата не го доведе во проблематична состојба само УГД туку и градот зашто многу семејства, трговијата имаа убав дополнителен приход од студентите кои сега не се во Штип туку студираат од дома. Не мислите ли дека и од овој аспект Ковид 19 ни направи проблем, зашто во едно поранешно интервју ректорот Боев рече дека студентите во градот оставале годишно 10 милиони евра? Мора да признаеме дека Штип е универзитетски град и дека студентите се дел од неговиот живот. Сведоци сме на раздвиженост на градот кога студентите се тука. Ефектот не е само финансиски туку и социолошки и културолошки, влијаат на работната сила, на модернизацијата, на урбанизацијата,


{tipski Glas, Oktomvri, 2020 br. 104

на интернационализацијата... сX на сX студентите се нова движечка сила на живот во Штип. Претходниот семестар се забележа отсуството на студентите поради прекинот на настават и нивното заминување од градот. Овој семестар сепак поради хибридниот начин на настава голем дел од студентите се вратени и пополека се враќа онаа раздвиженост на која сме научени. Се надевам дека ситуацијата ќе се подобрува и дека целиот тој ефект од нивното присуството во градот ќе се врати пак. Од Мајкрософт УГД беше препознаен како Универзитет кој кој изврши успешна транзиција кон учење од далечина. Како на УГД се гледа на оваа пофалба која дојде од една толку угледна светска информатичка компанија? Универзитет „Гоце Делчев“ минатиот семестар беше препознаен токму од Мајкрософт како успешен пример транзицијата кон учење од далечина со Microsoft 365. Но таа наша соработка која е започната од 2010 го-

УНИВЕРИТЕТ

софт производи - Microsoft Azure, Azure data, Azure AI, and Power Platform fundamentals. Сето ова ќе овозможи нашиот академски кадар да се обучува во водечки области под менторство на Мајкрософт. Дали УГД и годинава го има сиот потребен кадар за квалитетна настава? Фалат ли во некои сегменти, на некои факултети, одредени професори, асистенти и ако фалат како тоа ќе се решава? Кадровската екипираност е едно динамични прашање кое е многу комплексно и бара долгорочен пристап, на државно ниво кое бара еден стратешки и сеопфатен пристап. Во моментот екипираност ги задоволува моменталните барања за нормално функционирање на сите факултети и на сите студиски програми. Секако е потребно подобрување на односот професор / студенти на единиците, но и потребно е стратешко размислување на државно ниво за развојот на наставен кадар за различни научни области. Претходно споменав дека Универзитетот помину-

7

многу повеќе да се користи за решавање на голем број на проблеми во општеството. Дел од професорите можеби водени од ова покажуваат политички амбиции со надеж дека ќе можат да придонесат повеќе кон развојот на нашата држава. Нивниот придонес може да биде од големо значење и не гледам ништо спорно во нивното вклучување во политиката. Секако ова не мора да влијае на нивното професионално извршување на тековната работата на Универзитетот.Кадровското екипирање ги задоволува моменталните барања за нормално функционирање на Универзитетот, па таквиот нивен ангажман во никој случај не го оптеретува нашето работење. Има ли некаква штета од последниот случај/скандал со Еразмус програмата во која се вклучени и нашите универзитети (во програмата, не во скандалот), и дали тоа може да има негативни импликации на остварување на Еразмус програмата а нашиот УГД има соработка со над 100 универзитети...

ПРОФЕСОРИТЕ И ПОЛИТИКАТА Неоспорливо е знаењето и искуството со кое располагаат голем број на професори и сметам дека тоа може многу повеќе да се користи за решавање на голем број на проблеми во општеството. Дел од професорите можеби водени од ова покажуваат политички амбиции со надеж дека ќе можат да придонесат повеќе кон развојот на нашата држава. Нивниот придонес може да биде од големо значење и не гледам ништо спорно во нивното вклучување во политиката дина продолжува и се продлабочува со најразлични содржини кои ќе бидат понудени на нашите студенти и вработени. Најпрво на студентите ќе им овозможиме една нова програма која се вика Student Ambassadors Programme. Сите активни студенти ќе имаат можност да користат бесплатен софтвер, алатки за учење во дигитални лаборатории, да добијат вредносен кредит за истражување во Azure Fundamentals, да бидат менторирани од Мајкрософт професионалци, да бидат дел од настани организирани од нив во форма на гости и предавачи, но и да добијат можност да бидат кандидати за вработување во Мајкрософт. За вработените ќе биде понудена Microsoft Learn for Educators програмата која овозможува пристап до курикулуми за официјалните Мајкро-

ва низ една фаза на (ре)акредитација на студиските програми и ова покрај другите причини се прави и поради оптимизирање на ангажманот на наставниот кадар на универзитетот. Последниве години се поголем станува бројот на професори кои се занимаваат со политика и сакаат (посебно) да станат пратеници, градоначалници.. Што, според Вас, ги тера професорите наместо со образовно/научна работа да се бават со политика и дали нашите универзитети не ги задоволуваат нивните потреби и, второ дали универзитетите на овој начин можат да имат дефицит од професори... Неоспорливо е знаењето и искуството со кое располагаат голем број на професори и сметам дека тоа може

Важноста на овие фондови преку Национална агенција за европски образовни програми и мобилност е голема за универзитетот. Секоја година Универзитетот аплицира во различни повици и ги користи европските фондови. Ваквите повици се и те како важни и за професорите и за студентите. Мобилноста е составен дел од нашето работење и од година во година бројот на студенти, професори и административен кадар кои е дел од програмите се зголемува. Ова придонесува на интернационализација и на универзитетот и на градот, а добиеното искуството влијае на развој на студентите и кадарот. Универзитетот ги следи случувањата во Националната агенција и се надева дека нема да има некакви негативни импликации во однос тековните програми и нови повици што следуваат.


БИТИЌИ: „Актива ДОО“ е фантастичен пример за тоа што значи новата развојна економија

8

ПРОМЕНИ

{tipski Glas, Oktomvri, 2020 br. 104

Ф

атмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата за економски прашања месецов престојуваше во Штип. Тој ја посети компанијата „Актива ДОО“, а потоа имаше средба со стопанственици од општината. -Актива е една од оние наши компании кои знаат да одговорат на предизвиците прво на пандемијата, а потоа и да покажат како дасе биде конкурентен на домашниот, регионалниот и на светскиот пазар. Ова компанија е фантастичен пример кој покажува што значи нова развојна економија. „Актива ДОО“ е компанија која почна со работа во 1999 година, со само еден семеен компјутер, за да денес прерасне во компанија со 500 вработени од Штип и од регионот, или со над 30 милиони евра годишен обрт остварен токму во годината во која сме во најголема економска криза, рече Битиќи. Тој ја искажа својата почит кон оваа штипска компанија со ставот дека „Актива ДОО“ токму во годината во која ја живееме најголемата економска криза поради Ковид 19 реализира инвестиции во својот развој од четири милиони евра за да произведува метални производи кои се составен дел од другите ланци на големи светски компании и инвеститори во нашата држава. –„Ова е одличен пример за тоа како една компанија во еден мал град за кого велиме дека не е развиен покажува, знае и умее, со добра желба и добра поддршка од државата да може да се развива и да биде конкурентна на светскиот пазар. Имено, компанијата во 2018 година потпиша договор за финансиска поддршка од страна на државата при што ние како Влада укажавме дека ќе ги следиме нивните инвестиции во период од пет години, а денес дознав дека во нивните планови во 2021 година ќе имаат инвестиции од седум милиони евра, а овие планови на „Актива ДОО“ секако дека ќе бидат поддржани од Владата. Ова покажува дека Владата кога одлучи домашните и странските инвеститори да ги третира на ист начин не направи лош избор. Напротив, таа одлука има значење за домашните компании и кое е значењето на таа поддршка, рече Фатмир Битиќи.

Тој потенцира дека со менаџментот на „Актива ДОО“ разговарал за четвртиот пакет економски мерки. Битиќи ги охрабри бизнисмените од Штип и регионот да продолжат да инвестираат зашто само на тој начин ќе покажат дека тоа е начинот нашата економија да биде конкурентна на светскиот пазар , а нашите компании ќе се најдаат во вредносниот синџир на странските инвеститори. Иле Николов, првиот човек на „Актива ДОО“ го изрази задоволството што вицепремиерот за економски прашања само 15 дена по превземањето на функцијата ја посетил нивната компанија. -Ние го запознавме вицепремиерот Битиќи со сите наши развојни проекти кои сме ги имае, иако тие за нив имаат доволно информации со оглед на фактот дека нашата компанија е на 35 место меѓу 200 најсупешни македонски компании и сето ова нам ни дава уште еден импут за натамошен развој. Нам многу ќе ни помогне и целата економска поддршка која ја добиваме од државата зашто таа поддршка ќе ни биде од битно значење во натамошниот развој во идниот петгодишен период, рече Николов. Николов потсети дека и покрај тешките услови на стопанисување годинава „Актива ДОО“ успеала да се избори со проблемите и ја изрази надеж-

та дека компанијата ќе запише уште една успешна календарска година како во поглед на физичкото производство исто така и во поглед на финансискиот обем.. -Очекуваме веќе идната година да се надмине проблемот со Ковид 19, и дека ќе оствариме уште поуспешна година, што ќе ни овозможи да ги реализираме сите наши планирани проекти, порача Николов. На новинарско прашање за исплатата на надоместот за годишен одмор, познатиот К-15, Николов рече дека таквиот жаргон треба да се исфрли од употреба бидејќи тој е остаток од едено друго време и од еден друг општествен и економски систем. -Овој додаток како таков е надживеан, на компаниите треба да им се остави сами, во рамките на нивните можности да одлучуваат за исплатата на 13-та или можеби и 14-та плата. Работниците ако знаат дека компанијата во која работат им е успешна, а со тоа и тие се успешни, самите тие би се бореле за што поголем профит на самата компанија за на крај да добијат 13 или евентуално 14 плата што е популарно и што се применува во компаниите во цел свет. Тоа би бил и сериозен потстрек за нашите вработени, за младите луѓе кои се повеќе одат на работа во странство да останат дома и да си ја најдат среќата во домашните компании.


{tipski Glas, Oktomvri, 2020 br. 104

К

ГРАДОТ

Страв и надеж на улицата „Ванчо Прке“

9

орона вирусот доведе во финансиска криза голем број она кое им е неопходно. Но, што е тука е живееме во надеж производни фирми но и продавници за секаква стока, дека оваа криза наскоро ќе ја снема и дека животот одново мали и средни дуќани. Улицата „Ванчо Прке“ во Штип ќе се врати во нормала и оваа трговска улица пак ќе си го е позната и како „Трговска улица“ поради стотината дуќани врати сјајот, порачува младата дама вработена во продавво кои се продава се и сешто. Бевме во посета на дел од бу- ницата. тиците и продавниците за уреди за домакинството и за наоВлегуваме во продавница за наочари. Перфектно чари и ги прашавме луѓето во нив како им одат бизнисте во уредена, мошне прегледна, стотици видови на наочари по време на корона. секакви цени се вистински украс на продавницата. Но... -Во над дведецениското постоење на нашиот бутик -Од месец март наваму прометот ни опадна за 60 ова е најлошиот период, Корона кризата го преполови про- проценти. За толку проценти падна и влезот на граѓаните во метот, луѓето се исплашени од ситуацијата, а ако некој слу- продавницата. Не можеме да заработиме ниту за киријата, чајно влезе да купи нешто ни кажува дека народот, во вакво три месеци летово дуќанот беше затворен, немаше никаква време, парите ги чува за не дај боже да не дојде уште полош смисла да работи кога никој не влегуваше во него. Државата период. И оние кои ќе влезат во бутикот се плашат дури и мора да им помогне и на малите бизниси, ние очекуваме да пробат нешто, само разгледуваат. Условите ни се влоше- помош, всушност малите и средните бизниси ја држат нани и поради тоа што се затворија границите па не сме во со- шата економија и тука ургентно треба да се интервенира, ни стојба да носиме стока од нашите традиционални партнери зборуваше младиот господин од оваа продавница. од странство, ни рекое во бутик за машка и женска модна гардероба. Во бутик наменет само за мла- -Од месец март наваму прометот ни опадна за 60 ди иста приказна. Продавачката ни ка- проценти. За толку проценти падна и влезот на жува дека прометот е намален за 30-40 граѓаните во продавницата. Не можеме да заработиме проценти. –Летото беше жива катастро- ниту за киријата, три месеци летово дуќанот беше фа, сега поради сезоната нешто мрдна затворен, немаше никаква смисла да работи кога никој на подобро но фактите говорат дека не влегуваше во него. ситуацијата ни е далеку од добра. За(Сопственик на продавница за наочари) творените граници се посебен дел во оваа приказна, со Бугарија мора да се има тестови на Ковид 19, со Грција се ептен затворени па и Штип на својата трговска улица има убаво и со вкус некоја нова модерна за младите стока не можеме да доне- уредени продавници за се и сешто. На излогот од една просеме. Бидејќи ништо не функционира, ни свадби ни роден- давница стои информација дека во неа секој производ е за дени ниту пак училиштата работат промет нема. Ние ги на- цена помала од 99 денари! маливме цените на дел од производите иако цената на хра-Ние не се жалиме. Продажбата оди речиси како и ната прилично се зголеми, но пак не оди работата, ни пора- порано. Тоа е најверојатно поради фактот дека овде имаме ча млада продавачка во бутик за млади. кинеска стока за која е познато дека е многу ефтина, а во Не се на мака само бутиците во кои се продава об- време кога луѓето поради вирусот штедат тука им е најисплека за секоја возраст. Проблем има и во продавница за латливо да купат нешто за својот дом, вели продавачката уреди за домакинство. која како и сите други со кои разговаравме постојано ги пре-Јасно е дека корона кризата не погоди сите на оваа чекува купувачите со маска на лице држејќи се до препораулица. Кај нас прометот е намален за 30 проценти зашто лу- ките на здравствените власти. ѓето прво стават на страна пари за храна, а од друго купуват


10

Проф. д-р Трајче Стојанов ќе предава на студенти во Москва УСПЕХ

{tipski Glas, Oktomvri, 2020 br. 104

Професор д-р Трајче Стојанов кој предава философија на Универзитетот „Гоце Делчев“ е избран за почесен професор на „Московски социјално-педагошки Универзитет“. Со оглед на тоа дека се работи за голем успех на наш човек во меѓународна конкуренција, го замоливме професор Стојанов за читателите на Штипски Глас да го каже својот поглед на ова признание.

Е

ден од универзитетите со кои имам долгогодишна соработка „Московски Социјално-педагошки Универзитет“, ми го додели звањето Profesor Honoris Causa, или „почесен професор“. Оваа титула е почесна и се доделува како признание во академската средина за успешна работа и исклу- чителни дострели на некоја личност, во областа на науката, културата или уметноста. Вакви почесни титули во академската средина се доделуваат уште од Средниот век, а прва забележана е на универзитетот Оксфорд, во 14-от век. Таа секако има церемонијално, почесно значење, не научно, но токму како таква таа е демонстрација на почитта која се изразува кон нејзиниот примател. Вообичаено се доделува на посебна церемонија, која и во случајов требаше да се збидне, но заради околностите со пандемијата, сега за сега, сепак ќе изостане. Но, се надевам штом малку се стабилизира состојбата, сепак ќе има можност да се оддржи таа церемонија и звањето да ми биде доделено. Се работи за универзитет со кој во неколку наврати сум соработувал. Еве и моментално работиме на еден заеднички проект „За семејните вредности“ во кои се вклучени неколку студенти од нашиот Факултет за образовни науки, при УГД-Штип, како и неколку семејства и во кој се истражуваат семејните вредности во современото доба. Така што ова признание е резултат на мојата долгогодишна соработка со колеги од Русија. Јас голем дел од мојот докторат го работев во Москва, под менторство на проф. д-р Михаил Маслин од Универзитетот „Ломоносов“, во Москва, професионално, академски и научно сум врзан за Русија. На Универзитетот во Москва имам колеги со кои имам блиски, не само професионални, туку и лични, човечки релации и таа комуникација со нив е скоро на дневна основа. И токму во таа смисла оваа почесна титула за мене има не само професионално, туку и длабоко интимно значење. Јас целиот свој живот се „занимавам“ со Русија. Магистрирав на Достоевски, а докторирав на руска философија. Најголем број од моите истражувања и публикации се посветени на руската философија, политика, култура... Пред крајот на минатата година се појави и мојата тритомна студија „Руска религиска философија: Контексти, Историја, Проблеми“, во издание на Аз-Буки, Скопје, која ја имаше својата промоција во МАНУ, каде своја почесна реч имаше и рускиот амбасадор во Македонија, Н.Е. Баздникин Сергеј Александрович. Така што, оваа почесна титула на некој начин е „награда“ за мојот академски интерес за Русија. Но, од друга страна и огромна обврска. Знаете, кога сте млад, полетен и недоволно опитен ги посакувате признанијата, но кога тие почнуваат навистина да доаѓаат, разбирате каква „беља“ сте си навеале, дека сте се обврзале на нешто, сте

„ветиле“ нешто што морате да го исполните. Јас поминав еден семестар во Москва работејќи на мојот докторат и Москва, но и Русија воопшто, мене ми е исклучително драга и жалам што во овој период на пандемија, часовите кои требаше да ги реализирам на тамошниот универзитет ќе бидат онлајн. Но, веќе се договараме со моите московски колеги, штом помине оваа состојба, ќе заминам да ги држам предавањата „во живо.“ Иако, овие денови на интензивна комуникација со Москва забележав дека рускиот малку ми зар’ѓал, но се надевам за недела-две престој таму бргу ќе се вратам во форма и ќе можам да остварам плодна комуникација со тамошните студенти. Како почесен професор немам обврска за редовни предавања, тоа се повеќе јавни, вонкурикуларни и пред сè, свечени предавања од поширок јавен интерес. Па во таа смисла мојот престој во Москва нема да биде на редовна основа, туку главно еднаш годишно, по неколку месеци, се разбира доколку за тоа постои подеднаков интерес од тамошната академска јавност. Многу е тешко кога сте специјалист за Русија да предавате во Русија. Како беше таа народната, „не можеш да му продаваш сливи на сливар.“ Затоа, долго размислував што можам да одберам како тема за предавањата, а да биде интересно за тамошните студенти, не може на руси да им зборувате за Достоевски. Мојата специјалност е „хендикеп“ во Русија. Затоа, се решив за серија предавања од областа на политичката философија, насловени како „Русија во очите на еден странец: лекции по политичка теологија“, каде што ќе отворам, но и ќе тестирам некои свои хипотези кои долго се провлекуваат во моите истражувања. Особено мојот најопсесивен интерес: односот помеѓу религијата и политиката, поточно како религиското транспонирано во сферата на политичкото ја креира и детерминира политичката и културната свест во одреден историски период. Таа, така да кажам „секуларизација на религиозното“ и односот кон политичкото е нешто особено важно за Русија, руската култура и политика, од почетоците на руската философија, до денес. Но и важно за денешното промислување на политичкото. Се надевам ќе биде интересно за руските студенти, но подеднакво и за мене.


Креативните квалификации го подигнаа интересот за Текстилното училиште

{tipski Glas, Oktomvri, 2020 br. 104

В

ОБРАЗОВАНИЕ

о тековната учебна година СОУ „Димитар Мирашчиев“, попознато во јавноста како Текстилно училиште, ќе дојде до бројката од 20 запишани ученици во прва година иако во моментов се запишани 16 лица. Оваа бројка е на ниво од минатата година. Катица Костова, вршителката на должност директорка вели дека да не била корона кризата таа бројка секако би билка поголема. -Пандемијата беше таа која не спречи да го презентираме нашето училиште, односно образовните профили кои ги имаме на најдобар можен начин.Наместо со живи контакти во основните училишта и со осмоодделенците во нив, ние презентацијата ја вршевме преку интернет, со видеа и нашата фан страница, а информативни флаери ставивме и пред секое основно училиште. Претходните години презентацијата ја вршевме со наменски видеа во самите училишта. Резулатот е тој што го имаме и од него, со оглед на ситуацијата која ја имаме ние сме задоволни, вели Костова.

11

ници. Училиштето има машини, компјутери и интернет што е неопходно за квалитетна настава. Но, каква е соработката со компаниите од текстилната индустрија? Ова прашање е посебно значајно ако се има во предвид дека Штип е епицентар на оваа индустрија во која работат над 7.000 работници. -Сакам да го искажам своето задоволство од фактот дека нашите ученици се добро прифатени од поголем број фирми од текстилната индустрија. Оствауваме соработка со конфекциите ВАБО, Линеа, ЕАМ, Грантекс, Астибо Бејзик, Тистајл, Штиптекс...Нашите ученици таму обавуваа(т) феријална пракса добиваат увид во најновите техннолошки достигнувања. Сепак годинава до тоа не дојде поради пандемијата иако договори со компаниите имаме. Таа врска ќе продолжи и во идно време во годините кога пандемијата ќе биде минато, вели директорката Костова. Во Текстилното училиште, во сите години, има вкупно 69 ученици. Нешто над половина од нив се од Штип, другите се главно од градовите и селата во регионот како што се Свети Николе, Радовиш, Кочани, Чешиново, Конче и од селата од плачковичкиот регион. На денот кога бевме во ова училиште дел од учениците беа во работилницата каде ги подготвуваа своите моОва училиште ќе имало поголем број запишани во дели за ревијата која во Домот на млади во Штип се одржа прва година но родителите од другите општини, главно од регионот, поради пандемијата се плашеле за здравјето на Учениците се добро прифатени од поголем број своите деца да дојдат во Штип и да видат фирми од текстилната индустрија. Остварена е за какво училиште се работи. тесна соработка со конфекциите ВАБО, Линеа, ЕАМ, -Кај нас интересот расте пред се Грантекс, Астибо Бејзик, Тистајл, Штиптекс...Учепоради новите квалификации, а тоа се техничар за дизајн и техничар за диници таму обавуваа(т) феријална пракса и добиваат зајнирање на облека. Се работи за креаувид во најновите техннолошки достигнувања. тивни занимања Зголемениот број часови за практичната настава обезбедува трајни вештини, а засега теоретската настава ја обавуваме преку интернет (онлајн) додека практичната, на 24 овој месец. Оваа ревија во која средношколци од тексо примена на сите здравствени протоколи, се обавува со стилните училишта и студенти од Универзитетот „Гоце Делфизичко присуство во нашите работилници, посочува Ко- чев“ ги прикажуваат своите вештини во моделарството беше стова. во организација на Текстилно трговското здружени – текстиВ.д.директорката вели дека училиштето има млад, лен кластер. Во истата, покрај СОУ „Димитар Мирасчиев“ со стручен, амбициозен и мотивиран кадар. Сите се посветени свои модели учество зедоа и училиштата од Виница, Берово на тоа училиштето да успее и еден убав ден да се врати на и Македонска Каменица како и студенти од Техничко-технопатеките од своето најубаво минато кога тука вриело од уче- лошкиот факултет во Скопје.


12

В

Moдна ревија за промоција на младата генерација модни креатори МОДА

о чии раце и во чија инвентивна творечка лабораторија ја оставаме иднината на модата која ќе излегува од нашата држава? Одговор на тоа прашање беше даден на манифестацијата „Денови на текстилната индустриј-промоција на младата генерација“ одржан во втората половина на овој месец во Домот на млади во нашиот град. Млади дизајнери, моделари, инвентивни и иновативни девојки и момчиња ги претставија своите колекции на отворен простор во Домот на млади. Присутните можеа да

{tipski Glas, Oktomvri, 2020 br. 104

ги видат креациите на учениците од средните општински училишта „Димитар Мирасчиев“-Штип, „Ванчо Прке“-Виница, „Ацо Русковски“-Берово, „Миле Јаневски Џингар”–Македонска Каменица и „Методи Митевски-Брицо“-Делчево како и на студентите од Технолошко-техничкиот факултет при Универзитетот “Гоце Делчев”-Штип. За убавината на модата не се потребни многу зборови, тоа најдобро го покажуваат фотографиите кои ви ги ставаме на увид.

Манекенките со креации на модните креатори од СОУ „Димитар Мирасчиев„

Модни креации на учениците од текстилното училиште

Текстилно

Технично - технолошки факултет

СОУ „В.Прке“ Виница

Текстилно


{tipski Glas, Oktomvri, 2020 br. 104

РЕКЛАМИ

13


14

КОЛУМНА

К

Пишува: М-р Трајче КАЦАРОВ, писател

ога почнаа муабетите околу бомбите, која кога ќе биде фрлена, која каде ќе падне, која кого ќе го погоди, се сетив на бомбите од моето детство. Мислам дека нема човек што во животот не бил во допир со некоја бомба. Велам со некоја оти ги има многу врсти на бомби.

Ете јас се сеќавам на дедо Трајко. Тој за разлика од сите нацртани бомби во романите „Никогаш роб“ со Мирко и Славко, беше жива бомба. Тате постојано и велеше на мама: „Пази жено тате е жива бомба, ако не му се погоди ручекот ќе есплодира, партали ќе не направи.“ И навистина сите внимававме дедо да не есплодира за време ручекот. Најмногу внимававме да не есплодира кога на ручек ќе ни дојдеа гости-управникот на тате и претседателот на комисијата за доделување на солидарни станови. Сите сркаа, кркаа од поставеното на масата, а ние стегавме заби и гледавме во дедо да не ја активира бомбата. Ако есплодираше никој немаше да ни верува дека есплодирала поради ќутот на дедо. Се сеќавам и на други две бомби што оставија длабоки рани во душите и на мажите и на жените од нашата маала. Едната бомба се викаше МЗ, а другата КС. Е, кога ќе излезеа на џадето, МЗ и КС, мажите од маалото кокореа очи како да беа јавнати од црни магариња. Гледаа, тешко воздивнуваа и мислеа на глас: „Е овие ти се викаат секси бомби, човек да посака да му есплодораат во раците“ Жените на симпатиите на мажите реагираа на својствен начин. Штом бомбите ќе се појавеа на џадето, се собираа и сите до една

Бом-Бом, Бомби!

размислуваа на глас: „Абе овие нашите мажја ептен се изветреани. Ниту од бомби се плашат, ниту од експлозија. Тоа што не мислат за нивните животи, нека не мислат, ама барем да мислат за породот.“ Ете тоа ги натера жените од нашата маала да се организират во сојуз. Го нарекоа Сојуз за заштита од експлозија на секси бомби. Додека мажите секојдневно очи вадеа во секси бомбите, жените ум собираа. Мислеа како да дојдат до фитилот на бомбата.

{tipski Glas, Oktomvri, 2020 br. 104

многу бомбици на сите во градот да и го покачат шеќерот во крвта, кренаа во акција. Штом ќе ги видеа секси бомбите како излегуваат на корзо, ќе ги поканеа на кафенце и на свежи бомбици.

Убаво осмислената акција не траеше кратко. По неколку месеци на МЗ можеше лесно да и се залепе прекарот прасица, а исто така и на КС. Станаа подебели од сите прасици што во скришни кочини се чуваа во нашата маала.

...Се сеќавам и на други две бомби што оставија длабоки рани во душите и на мажите и на жените од нашата маала. Едната бомба се викаше МЗ, а другата КС. Е, кога ќе излезеа на џадето, МЗ и КС, мажите од маалото кокореа очи како да беа јавнати од црни магариња. Гледаа, тешко воздивнуваа и мислеа на глас: „ Е овие ти се викаат секси бомби, човек да посака да му есплодораат во раците“

Мажите, ајдамаци, воопшто не посветуваа внимание на Сојузот на жените, затоа жените мислеа спокојно. Мислеа и измислија. Почнаа сите до една да прават слатки така наречени бомбици. Ги правеа по рецепт набавен преку тајни врски од единсвениот слаткар во градот познат по прекарот Шериф Бајо. Прават бомбици жените, думани се креваат. Буткат шеќер немерено, буткат брашно немерено, маргарин, буткаат чоколади, вафли, што ли не. И откако направија толку

Мажите кога ќе видеа како некогашните секси бомби од дебелина едвај се влечкат по џадето се прекоруваа еден со друг оти навреме не ги активирале. Но, не само тоа, туку на некогашните секси бомби почнаа да гледат како на хемиски. А жените, итриците од нашата маала, станаа експерти за бомби. Работеа под девизата: „Ако не можеш бргу гледај на време да и го скратиш фитилот“!


А

Не се расправај со будала… КОЛУМНА

{tipski Glas, Oktomvri, 2020 br. 104

Пишува: Тони Михаилов

ко пред Ковид кризата беше јасно дека (зло)употребата на слободата на говорот (посебно на социјалните мрежи) може да нанесе штета на здраворазумското мислење, да попречи јавноста да биде квалитетно и објективно информирана, да ги стави во втор план точните и релевантни информации за сметка на лажните вести и шпекулациите, во ова време на Ковид криза, опасноста е уште поголема. Веќе слободно може да се каже дека сега дури и здравјето на граѓаните се доведува во опасност (иако и претходно имаше такви опасности, на пример со антиваксерството). Упорното објавување на „проверени“ информации дека корона вирусот е измислен, дека е лага дека во болниците има заболени ( „кој тоа видел дека капацитетите се исполнети на инфективните одделенија“ и паралелно со тоа објавување на видеа од некои празни болнички соби, со тврдење дека „сликата е од денеска,вчера...“ ), дека носењето маски не е потребно, до нудењето на „саможртвување“ со престој на инфективните одделенија, кај заразните со корона, за да се докаже дека нема вирус, свесно или несвесно, ги доведува граѓаните во заблуда. Создавањето на една таква атмосфера на недоверба, збунетост кај граѓаните, го зголемува процентот на оние кои имаат отпор кон мерките за заштита, за жал дури и кон најосновните – носење маски, дистанца, негрупирање... Секој обид за укажување на штетноста од непочитување на мерките е предмет на синхронизирани напади од личности, кои во најголем дел постираат за: -теории на заговор; земјата е рамна; сакаат да не чипираат; сакаат да го намалат бројот на население; 5 Г мрежата го шири вирусот; авионите не запрашуваат со вируси; длабока држава, се јадат мали деца; се даваат по 2000 евра за да починатиот се евидентира како заразен од корона; вакцините предизвикуваат аутизам... Опасноста и штетата која може да се нанесе се зголемува со зголемувањето на влијанието на социјалните мрежи врз нашите животи. Тенденцијата социјалните мрежи да се користат и сфаќаат како релевантен извор на информации од огромен дел на јавноста е се поприсутна, па со еднаква релевантност се прифаќаат и информациите кои ги споделуваат професионалци, кои истражуваат па објавуваат, но и оние

15

кои на сопствени профили ги објавуваат поединци кои немаат а и тешко може да имаат познавања за темите за кои пишуваат. Никогаш не можете да знаете кој стои зад профилот кој објавува нешто, или кој ви коментира и дебатира со вас на објавата. Додуша, понекогаш и знаете, што за жал не ја намалува можноста да се најдете во ситуација „не се расправај со будала, некој од страна можеби нема да ја види разликата“. И во реалниот живот, но и во виртуелниот, некој како да сака да забораваме дека секој не може се. Сите мислат дека можат да бидат лекари, инфектолози, министри, научници, во случајов да знаат за вирусот повеќе од некој кој животот го посветил на тој дел од науката. Впрочем, самото наше општество трпи многу токму од практикувањето на тоа дека „секој може се“, па имаме илјадници личности кои ни виновни ни должни се наоѓаат на позиции да одлучуваат, раководат, шефуваат,

Можеби затоа во оваа ситуација понекогаш и треба да се ризикува и да се расправа и со будали, и по цена некој од страна да ве изедначи со медиокритетите, „стручњаците“, сезнајковците... а сиротки, не знаат да „бекнат“ за областа за која се назначени. Штетата е евидентна, и во реалниот свет, и во виртуелниот, а во случајов, граѓаните оттикнати да не веруваат во вирусот, поттикнати да не почитуваат мерки, си го доведуваат во опасност и сопственото, но и здравјето на сите околу нив. Можеби затоа во оваа ситуација понекогаш и треба да се ризикува и да се расправа и со будали, и по цена некој од страна да ве изедначи со медиокритетите, „стручњаците“, сезнајковците...колку и да е невозможна мисија, можеби барем дел од оние кои ќе прочитаат ќе сфатат дека сепак почитувањето на мерките ќе помогне и нема да наштети, независно дали некој верува или не во вирусот. А можеби и под секоја објава на социјалните мрежи, треба задолжително да стои: носете маска, држете дистанца, не се групирајте. Во меѓувреме, секако дека ќе продолжиме да дебатираме, но не е лошо да размислиме пред нешто да кажеме – дали со тоа некому можеме да нанесеме штета?


16

Во знак на почит кон неодамна починатиот уметник Кирил Ефремов КУЛТУРА

{tipski Glas, Oktomvri, 2020 br. 104

Големиот уметник го напушти овој свет како последица на вирусот Ковид 19 оставајќи зад себе бројни уметнички дела и импресивна творечка биографија

О

вој месец, како последица од Ковид 19, на 82 годишна возраст почина познатиот штипски и македонски ликовен уметник Кирил Ефремов. Тој здасебе остави бројни уметнички дела кои денес ги красат галериите во раззни делови од светот но и домовите на љубителите на сликарството како посебен вид уметност. Кирил Ефремов е роден на 19 декември 1938 година во Штип Сликарство завршил во училиштето за применета уметност „Лазар Личеноски“ во Скопје, во класата на познатиот сликар и педагог Лазар Личеноски. Завршил Академија за ликовна уметност во Белград.

Ефремов спаѓа во генерацијата на уметници која го најави своето присуство во современата македонска ликовна уметност, на почетокот на шеесетите години од минатиот век. Историјата на развојот на сликарството во градот и нашата држава укажува на фактот дека тој беше во групата на тогаш младите уметници како што беа: Анастасов, Шемов, Перчинков, Ристески, Ѓеоргиевски, Ташковски, Чемерски, Франговски и други. Овие ликовни уметници, пове-

Сликите на Кирил Ефремов денес ги красат бројни галерии во земјата и странство, тие се дел од приватните колекции наљубителите на оваа уметност, Ефремов во периодод 1994-1996 година беше прв човек на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, а во поранешна Југославиј доби втора награда за сликање портрет на другарот Тито. ќето излезени од Ликовната академија во Белград, во годините на седмата деценија од 20 век, го започнаа својот творечки пат, за да понатаму се развијат во зрели уметници кои ги преземаа и ги продолжија современите текови на македонската ликовна уметност.

Југославија и на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Во неговата пребогата уметничка биографија остана запишано дека во 1994 до 1996 година и самиот станува претседател на Друштвото на ликовните уметници на Република Македонија – ДЛУМ, со што е првиот и единствен штипјанец претседател на ова здружение. Има реализирано над 50 самостојни и околу стотина групни изложби во земјата и странство.

Во 1986 година за време на студискиот престој во Париз, го остварува сонот на секој уметник да има своја изложба во градот на уметноста и на светлината. Токму во Париз Ефремов реализира самостојна ликовна изложба во галеријата на овој интернационален град на уметноста. Како претседател на ДЛУМ во 1996 година, повторно релизира самостојна изложба во Париз, заедно со уште неколкумина ликовни уменици од нашата земја.

Застапен е со дела во постојани галериски поставки во Музејот за Современа Уметност – Скопје, Уметничка Галерија „Даут Пашин Амам“ – Скопје, Уметничката галерија Куманово и Штип. Неговите дела се наоѓаат во сопственост на галериски и музејски збирки во земјата, како и во приватни колекции во: Скопје, Белград, Загреб, Сараево, Љубљана, Париз, Лондон, Стокхолм, Берн, Цирих и други градови. Застапен е во повеќе енциклопедии, од кои најзначајни се: „Енциклопедија на ликовната уметност на Југославија“, лексикографски завод Загреб 1984; „Кој е кој во Југославија“, Хумус Белград 1969; „Кој е кој во светот“ – Маrckhes publication, Чикаго 1984; „Современо македонско сликарство“ од проф. д-р Борис Петковски – историско монографска книга.

Кирил Ефремов остварил студиски патувања во Париз (Франција), Италија и во Швајцарија. Добитник е на најголемата државна награда за сликарство на ДЛУМ „Лазар Личеноски“. Во периодот на поранешна Југославија, добитник е на втора награда за сликање на портрет, на изложбата во Тузла (БиХ), која ја доби за изработка на портрет на Јосип Тој беше член на Сојузот на ликовните уметници на Броз – Тито.

Кирил Ефремо долги години работеше како ликовен педагог во Домот на култура „Ацо Шопов“ каде во тајните на оваа уметност упати голем број деца и млади, а некои од нив тргнаа и по неговите стапки.


Театарот со претставата „Ова дете“ кон средината на ноември

{tipski Glas, Oktomvri, 2020 br. 104

Ш

КУЛТУРА

типскиот народен театар премиерно ќе ја изведе најновата претстава од Жоел Померат „Ова дете“. Оваа претстава актерите од нашиот театар започнаа да ја подготвуваат во месец март годинава, но поради настанувањето на Корвид 19 истата беше „замрзната“. Половина година подоцна театарот продолжи на нејзината реализација, а пробите почнаа на 5 октомври. Ката Мишева, в.д.директорка на Центарот за култура „Ацо Шопов“ ни изјави дека претставата е финансирана од Министерството за култура. -Претставата започна да се подготвува во месец март годинава, а по половина но пандемијата ги спречи подготовките за сега да се продолжи со истите. Режисерот и бројната актерска екипа се сигурни дека оваа претстава нашата публика премиерно ќе може да ја види кон средината на месец ноември, вели Ката Мишева, в.д.директорка на Центарот за култура „Ацо Шопов“. Режисер на претставата е велешанецот Александар Ивановски, сценографијата ја работи Филип Коруновски додека костимите се на Раде Василев. Улогите ги толкуваат:

В

Владимир Тулиев, Валентина Георгиева, Марија МинчеваАндонов, Ангелка Нашкова, Пеце Ристевски, Кристина Атанасова и Ефтим Трајчов. Наредна претстава која е планира во овој театар е „Пасивно

Меѓународен музички натпревар кој само пандемијата може да го спречи

о програмата на Музичкото училиште „Серѓеј Михајлов“ за месец ноември е и организирање на првиот меѓународен натпревар во повеќе музички дисциплини. Планирано е натпреварот да се одржи од 16 до 20 ноември, годинава. -Со голема посветеност работиме на организацијата на овој фестивал, прв од ваков карактер кај нас. Но, состојбата со пандемијата може да го одложи настанот без оглед на тоа какви здравствено-безбедносни мерки ќе имаме.Сепак, ако поради оваа светска пандемија годинава не успееме, идната година сигурно ќе имаме ваков прекрасен музички настан од меѓународен карактер. Но засега ние си ги тераме подготовките, вели мр-Горан Кавраков, директор на ова училиште. Натпреварот е договорен со повеќе држави од Европа,а договорот е направен во март месец годинава, пред појавата на Ковид 19. Планирано е натпреварите во поедини дисциплини да се одржат во Музичкото училиште, во Домот на млади и на Музичката академија на УГД. Инаку натпреварот е планирано да се реализира со физичко присуство на учесниците, што би требало да биде на ниво на голем музички спектакал. Организаторот се надева дека корона вирусот нема да биде пречка, но сепак се ќе зависи од здравствената состојба кај нас и во земјите од каде треба да дојдат учесниците.

17


18

ЖИВОТ

Мичо Сушето – живот на река

„Дома ручам и спијам, а живем на реката“. Вака себеси се дефинира Михајло Данев, во градот познат само како „Мичо Сушето“ кој на 3 ноември ќе наполни 80 години. Мичо е штипска и македонска рибарска легенда. Додека си муабетевме на брегот од реката Брегалница кај Камениот мост, рибарите кои минуваа таму го поздравуваа со „Здраво мајсторе“. Сите го почитуваат како Бог во семејството на рибарите. Работниот век го помина во „Нова Трговија“ за која вели дека било големо и многу сложно семејство раководено од една од штипските директорски легенди Драги Миладинов. Работел како раководител на НАМА и како главен благајник. -Спортскиот риболов, реките и водите воопшто ми станаа опсесија уште на десетгодишна возраст, што значи дека на реката сум цели 70 години.Користам само трска и јадица, малите риби ги враќам назад во реката. Ред е и тие да пораснат па после пак ќе ги ловиме, ни зборуваше Мичо Сушето.

Додека лека-полека го подготвува риболовниот стап кој е на склопување, а може да достигне должина од 5,5 метри, Мичо се присетува каде сé ловел риба во својот живот. –„На реките Брегалница и Вардар и на вештачките езера Тиквешко езеро и Мантово, но 99 проценти сум на мојата најмила пријателка Брегалница. Чивијата пред 70 години ми ја ставиј Боро Јовев кој беше и претседател на Општина Штип, тогашниот актер Васил Радев, Боро Дилев, Сане Кецот, Фертико, Трајко Караѓозов, еден од браќата Делипетреви. Како вели онаа босанска мудрост – „Фатило па не пушта“, па така седум децении кај мене опстојува и оваа опсесија“, појаснува Сушето. Што е тоа што го тера секој божји ден да замине на реката и да се препушти на својата страст која му го определила животот? -Тука, на брегот од брегалничките води, се што моето око гледа, се што моите сетила чувствува се тоа ме восхитува и смирува. Живописната природа, главно бистрите води, мирот кој нема цена, апсолутниот спокој... Сето тоа ми ги

{tipski Glas, Oktomvri, 2020 br. 104

смирува нервите, ми носи позитивна енергија, ми ги разбиструва мислите. А тоа дали ќе уловам риба или не, тоа е второстепена работа. Јас уживам во природата, во речните или езерски води, тоа е нешто што некој кој не го искусил не може да го свати. Обично ловам по 2-3 кила риба зашто во 80 проценти од годината времето е наклонето за риболов, поентира Сушето. Според него Штипскиот бушар и мената мрена се домородни риби кои живеат во Брегалница, во неа се мрестат и во неа умират. Пролазни риби се бојник, крап, сом, и тврдата мрена. Сушето вели дека тие во Брегалница доаѓат напролет да се мрестат што го прават во мали води, а потоа пак се враќаат во Вардар. Многу ноќи преспал на брегот од Вардар, на вливот на Брегалница во Вардар, на Брегалница кај Софилари, Пенуш и Доброшани. Ноќевал со колеги риболовци поради ноќниот и раноутрински рибо-


{tipski Glas, Oktomvri, 2020 br. 104

лов. Вели дека помеѓу него и водата постои некоја магична врска која само некој писател или поет може точно да ја опише. Неговата риболовна опрема и не е баш ефтина. -Имам седум скапоцени трски, кога ќе се извлечат долги се по 5, метри а лесни како перце. Едната чини 200 евра. Во мојата риболовна опрема спаѓаат и гумените чизми, капа за против сонце, поткапа за зимско доба, јадици и, во последно време, поради годините столче на расклопување иако и понатаму главно ловам стоејќи. Дома имам над 2.000 јадици и над 10 километри конец. Ловам само на леб како мамка, вели Сушето. На својата Брегалница најмногу лови во ревирите на селата Софилари, Пенуш, Тестемелци, Доброшани. -Најмногу се радувам после бујни пролетни и есенски дождови кога Брегалница ќе дотече а големите и брзи води ќе го однесат сето ѓубре од неа. –„Многу лош народ сме во однос кон реките и природата воопшто. Многу загадуваме, а

ЖИВОТ

природата знае да врати и после некој друг ни е крив“, се нервира најпознатиот рибар во Штип и регионот. Рибата која ќе ја улови ја носи дома и ја нуди на роднини и пријатели. Не ја продава за пари. Вели дека во неговото семејство од кое ја има сета поддршка за својата животна страст ја има најголемата поддршка рибата кој тој ќе ја улови се јаде само еднаш во неделата. – „Другото го давам на семејството на мојата сестра Коцка, на внуците од трите ќерки, а еднаш брегалничка риба однесов на братуче во Скопје и тој рече дека повкусна риба од брегалничка не јадел во животот“, ја раскажува Данев, алијас Сушето својата вистинска рибарска приказна. И ден денес се сеќава на една средба на брегот од Брегалница. Кога ловел риба му пристапила неозната жена. Зборувала српско-хрватски. Ме праша која е оваа река, и кажав дека е Брегалница, а таа ми возврати дека секој ден доаѓала на реката, од неа направила илјада фотографии за на крајот да ми каже дека поубава река во Југославија таа не виделе. – „Уабвица е нашата Брегалница, само ми е страв дека не знаеме добро да си ја чуваме“, загрижен е Сушето. Тој од дете другарувал со водата. Бил член на пливачкиот клуб „Младост“, кога во 1955 година бил отворен Градскиот базен тре-

19

нер им бил легендарниот Куновски кој бил претседател на Пливачкиот сојуз на Македонија, а бил и ватерполитст, на штипскиот базен се натпреварувал и легендарниот Дики Бојаџи. -Тогаш имавме и клуб за водени спортови, на Брегалница возевме сандолини, тренер ни беше Момчило Милошев. Убави времиња беа тоа, како деца се бавевме со спорт, а денешните деца само на мобилен, укажува Сушето. Но, до кога оваа рибарска легенда денот ќе го минува покрај реките? -Додека можам ќе бидам спортски риболовец. Кога снагата ќе ми се умори повремено пак ќе си доаѓам на реката но нема да ловам. Ќе си ја гледам Брегалница, нејзината живописна околина и ќе си уживам, го завршува муабетот Михајло Данев, на штипјани познат само како Мичо Сушете. Потоа ја издолжи трската и ја фрли во водите на Брегалница, Тој ме замоли да му ја објавиме песната која ја има напишано како Оригинална творба на Мичо Сушето: Бев болен, толку болен

Како прекцана змија се влечев, Ако даде господ да се излечам Ќе се препородам

И пак на риба ќе си одам!


ИЛИЕВСКИ: На добар пат сме да го оствариме сонот и Брегалница да игра во Првата фудбалска лига 20

СПОРТ

Ф

удбалскиот миленик на штипјани Брегалница добро гази по патеката на планираниот успех. По девет кола штипските сини се на врвот на табелата каде првото место го делат со главниот конкурент Тиквеш од Кавадарци. Со седум победи и две нерешени средби Брегалница покажува дека годинава има капацитет и квалитет да го оствари сонот, а тое е влез во елитното фудбалско друштво на Македонија. -Јас сум задоволен од оствареното посебно со оглед на фактот дека му гостувавме на Тиквеш и останавме непоразени. Мислам дека сме во предност затоа што на крајот при ист број на бодови одлучуваат меѓусебните дуели. Вака, за Штипски Глас, коментира Добринко Илиевски, шеф на стручниот штаб на сините . Фудбалот со публика и без неа некако не е исто. Тоа се однесува и на ФК Брегалница која ја има најверната публика на светот, а навивачката група Фаланга е нејзината движечка сила. Илиевски се надева дека пандемијата набргу ќе си замине во историјата и дека работите пак ќе се нормализираат како во сите пори на општественото живеење исто така и во спортот. -Иако сите се трудиме и во вакви услови-неуслови да одговориме на предизвикот и да останеме професиона-

{tipski Glas, Oktomvri, 2020 br. 104

семејството на ФК Брегалница да го даде својот максимум на секој натпревар. –Ретко која екипа може да се пофали со условите кои ги има Брегалница, коментира нашиот соговорник. Илиевски тврди дека сите во клубот се посветени и фокусирани на целта која се наметнува, а тоа е влез во првата лига. Брегалница има достоен конкурент во Тиквеш. Според шефот на стручниот штаб на Брегалница на крајот од првенството прв ќе биде оној клуб кој ќе успее да ја задржи психолошката стабилност и кој на овој план ќе биде постабилен, односно оној клуб кој ќе успее да ја одржи добрата форма во подолг период. Илиевски е убеден дека тоа ќе биде штипскиот клуб. Брегалница и физички и психички е подготвена во една спортска борба да биде прва, а оној кој ќе биде втор ќе мора да игра бараж за влез во Првата фудбалска лига.

Пресреќни сме што имаме квалитетен спонзор кој го сака фудбалот, ги сака

Брегалница и Штип и кој има огромни

вложување во Брегалница што на клубот му дава една стабилност, еден спокој и квалитет да ја оствари зацртаната цел. лци, сепак подршката од трибините е нешто поинакво, нешто кое на сите нам ни недостасува. Публиката секогаш е нашиот дванаесетти играч, таа ги мотивира, ги понесува фудбалерите да ги дадат своите крајни можности, но што е тука е и ние како и сите други во спортот мораме да чекаме на подобри времиња, односно на надминување на здравствената криза, појаснува стратегот на Брегалница. Илиевски е задоволен од постојниот играчки кадар. -Иако имаме многу млади играчи на кои им е потребно време да се навикнат на притисокот кој го носи борбата за повисок ранг и немањето право на грешка. Перспективата е во младоста и треба да се сочекаат за да го искажат квалитетот и да се наметнат како играчи на кои треба да се смета. Во нив и јас и сите во клубот цврсто веруваме, вели Илиевски. Тој ги фали условите кои ги има клубот. Вели дека тие се на високо ниво, а тоа е мотив плус секој кој е дел од

-Сите ние во клубот сме пресреќни што во КИТ ГО имаме одговорен и квалитетен спонзор кој го сака фудбалот, ја сака ФК Брегалница и има огромни вложувања во неа. Јас и претходно сум работел во Штип, во Брегалница, но условите тогаш и сега се неспоредливи во полза на сегашните. Огромните вложувања во клубот покажуваат дека се работи за сериозен и долгорочен проект за кој е потребно само малку трпение и клубот ќе биде еден од водечките во македонскиот фудбалот, јасен е Добринко Илиевски. Шефот на стручниот штаб на сините го фали Штип како докажан фудбалски центар кој одсекогаш бил фудбалски град со голема традиција. Вели дека Фалангата на секој чекор ја покажува љубовта кон клубот и голема штета е што не е на трибините. Но Илиевски се надева дека во скоро време, со изградбата на новиот стадион, и љубителите на фудбалот ќе се вратат и ќе го прослават заеднички враќањето на својот омилен клуб во првата лига на Македонија.


{tipski Glas, Oktomvri, 2020 br. 104

ГРАДОТ

21

Во месецот на борбата против ракот, в.д. градоначалникот Јане Миланов, советниците и дел од вработените кои се поддршка на Советот ги облекоа маиците со пораките на Задружението БОРКА за на тој начин да дадат до знаење дека се приклучуваат кон хуманата мисија за организација на вакво здружение и во Штип

1

ЈП „Исар“ забрзано го уредува остатокот од речното корито на Отиња каде веќе е оставен и пешачкиот мост донесен одкај Здравниот дом.

2

Конечно се уреди и аргачот. Место во центарот на градот, голем двор од сите четири страни обиколен со згради и со еден влез за автомобили во него. Конечно, ова калливо и прашливо место стана убав простор за одмор на станарите од овој дел на градот.

3

Птичји поглед на новата паркинг платформа кај Здравниот дом. Со 40 паркин места решава голем проблем за паркирање кај оваа здравствена установа. Вредноста и е 18 милиони денари, половина се средства од Министерството за локална самоуправа преку ИПР, другата половина од општинскиот буџет.


РАЗОНОДА

22

TR-MR

{tipski Glas, Oktomvri, 2020 br. 104

Шекспир беше најголем автор на трагедии... ..се до појавата на нашите политичари. Aко во огледалото го препознаете Својот карактер-не кршете го. Огледалото не ви е виновно Прашајте си го карактерот...

ov -Mi Re k e ~e R Ti

Луѓето се многу слатки, рече канибалот Завршувајќи ја својата вечера.

Грижете се за здравјето на вашата сопруга Зашто еден ден, ако ви замине Дебело ќе зажалите за тоа што нема со кого слободно Да си се испокарате. Како момче беше чесен човек. А потоа стана – политичар.

Razmisluva: Iv. BOJ

СУДОКУ

ИМПРЕСУМ

Издавач: Медиум Боја 43 – Штип Седиште на фирмата и адреса на редакцијата: Ул. „Тошо Арсов“ бр. 23 – 2000 Штип Одговорно лице: Иван Бојаџиски

Излегува еднаш месечно Првиот број излезе во месец април, 2009 година Главен и одговорен уредник: Иван Бојаџиски 078/375582 Графички уредник: Јорданчо Бојаџиски, 078/473094

Овој број е отпечатен на 23.10.2020 година Тираж: 1.000 примероци

Каков ќе биде свеот во иднина? За светот не знам, за иднината Знам дека ја немаме....

СКРИВАЛКА

Ж-ка: 290000002136767 Едб:4029019522191 Т.Т.К. банка А.Д. Скопје Годишна претплата: 180 денари.

Печати печатница Генекс-Кочани Ул. „Тодосија Паунов“ б.б.

За Штипски глас се плаќа повластена даночна стапка од 5%

ISSN 2545-4498 Непотпишаните текстови се на Иван Бојаџиски


{tipski Glas, Oktomvri, 2020 br. 104

РАЗОНОДА

23


24

РЕКЛАМА

{tipski Glas, Oktomvri, 2020 br. 104


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Stipski Glas 104 by Jole Boja - Issuu