Д-р АЛЕН ГEОРГИЕВ, директор на Клиничка БОЛНИЦА – Штип
Болницата е во тешка ситуација, тука сме да го најдеме лекот www.istokpress.mk
Премиерот ЗАЕВ во Штип на средби со сопственици на конфекции, работници, активисти и синдикалци
Солидарноста ќе не направи посреќни
● Солидарноста во општеството е наш императив, некој што заработил, што се збогатил (и) преку трудот на работниците својата среќа мора да ја подели со нив, на тој начин Германија, Франција и други земји станаа среќни, а тоа го можеме и ние како држава, порача премиерот Заев
Реортажа:
Во Лесковица ништо добро
Писмо од Франција
Во Македонија да се изучува францускиот јазик
Ангел Михаил,
2
[tipski Glas, Juli, 2017 br. 73
АНАЛИЗА
N
ОД МОЈ АГОЛ
Иван Бојаџиски
Брегалница како најава за распад на вмровскиот систем во градот Што ни говори црвениот Заев ги слушна сите картон за Ангел страни, работнициte Бојаџиев? очекуваат добри вести од Скопје
1
Штип е неверојатен град. Дури и во политичка смисла. Или можеби најмногу во неа. Кога најмалку се надеваш ќе се случи политичко лудило. Да слушнешда не поверуваш. Месецов се случи таков настан. На седница на Советот на општината беше побарана оставка од Ангел Бојаџиев од функцијата претседател на ФК Брегалница. И кога се мислеше дека неговите вмровски советници ќе направат се за и овојпат да не им биде удоволено на политичките ривали од СДСМ, се случи ново светско чудо. Сите вмровски советници гласаа на Бојаџиев да му се даде црвен картон. Сите до еден! А Бојаџиев не е било кој. Како директор на ЈП „Исар“ тој е десната рака на градоначалникот. За него Захариев е светост. Исус Христос. Библија. Давањето корпа на Ангел се смета за смртен грев. Нешто како во Штип да дадете корпа на Захариев. Надвор од секакво сомнение е дека настаните околу фудбалскиот клуб и неговиот претседател го најавија распадот на вмровскиот систем во градот. Пред се распадот на Илчо и групата околу него. Овој случај на штипјани само и стави до знаење дека Нарцисот од Ѕвегор, кој на функцијата градоначалник се одржува благодарејќи на заканите како кон најблиските така и кон посветените критичари, е пред политичка смрт. Кога удрија на неговиот најблисок соработник, вмровските советници всушност удрија по Илчо. Што секако е крајно корисно за секој нормален граѓанин на некогаш гордиот Штип.
2
Месецов премиерот Заев дојде во Штип. За разлика од неговите претходници не отиде во партиското седиште, не отиде во Општината, не се сретна со градската бирократија и друга слична боранија. Заев дојде да се сретне со
Вмровската осигуровка и нашиот Устав
работниците, синдикалците, невладините активисти кои се посветени на правата на работниците. Но, премиерот направи и друг, квалитетен потег: се сретна и со работодавачите од наши конфекции. Така тој си создаде можност да ги слушне сите страни значајни во однос на темелното прашање кое го доведе во нашиот град: работничките права, нивното (не)почитување и најавената од оваа Влада минимална плата од 12.000 денари. Заев во Штип беше пречекан како свој човек. Како син, брат, другар, пријател...како личност блиска на секого. Што би се рекло близок и на цар и на сточар. И само поради таквиот негов пристап луѓето се охрабрија и на јавна сцена ги изнесоа сите проблеми, надежи но и очекувања од оваа Влада. Работниците си кажаа што имаа да кажат, сопствениците на конфекции исто така, синдикалците фрлија поглед од свој агол, невладините го кажаа своето кое се базира на нивните истражувања. Премиерот си замина од Штип испратен со надежи од оние кои речиси ја беа изгубиле надежта декa во оваа држава некој се бори за нив. Токму и поради тоа пред премиерот е големата одговорност на дело да докаже дека неговата посета, неговите ветувања, неговите заложби ќе дадат резултат во полза на најсиромашните. Јас цврсто верувам дека тоа ќе биде токму така.
3
Дали ВМРО ДПМНЕ уште во 2004 година знаел дека му се ближи времето за абдикација од власта па си донесе закон според кој директори и раководители на државни институции и организации можат да бидат само „луѓе од внатре“ кои ги исполнуваат условите од вмровскиот закон? Веројатно ќе да е така, зашто сега се гледаат последиците. Со еден таков закон сите граѓани не се ставени во еднакви можности да бираат и да бидат бирани. Иако такво нешто гарантира Уставот.
Вемеровската конструкција, таа нивна осигуровка, настана откако оваа партија ги принуди сите вработени во државни институции да си земат вмровска книшка. Само таа им била гарант за останок на работа и за раководно место. Секоја друга книшка, дури и онаа на Ајнштајн за неговата генијалност, била и сеуште е ништовна зашто така вели законот на вемерето. Долго време укажувавме на силната партизација која ја спроведе оваа партија во секоја пора од општеството. За една година речиси сите вработени во администрација станаа – вмровци. Чест на исклучоците, а ги има и такви, иако тие се најмалото малцинство во државата. Мој став е дека таа итроштина на вемерето не е никаков квалитет. Напротив. Тоа е државен удар во еден од најважните сегменти-кадровската политика. Тоа е змија-отровница ставена во пазувите на секој добронамерен македонец. Пораката е дека само вмровец е квалитет сам по себе и сам за себе, се друго е втора лига. Новиот расплет на политичката сцена во државата сепак упатува на фактот дека се се менува па и свеста на македонскиот граѓанин. Исчезна стравот од вмровското насилие. Луѓето сега слободно можат да критикуваат, да укажуваат, да предлагат што е добро, да се борат против тоа што е лошо. Мислам дека новата Влада ургентно требе да донесе нов Закон со кој на сите граѓани на Македонија, без оглед на политичка, верска, полова или било каква друга припадност ќе и биде овозможено да бидат конкурентни за раководни места во било која институција. Се разбира под услов да ги исполнуваат условите пропишани со Статут во односната институција. Ако остане вака, многу квалитетни луѓе од средната и од помладата генерација нема да можат да го дадат својот придонес во изградбата на новото лице на Татковината. А тоа, барем според мене, е еден од најголемите проблеми во државата
[tipski Glas, Juli, 2017 br. 73
3
РАЗГОВОР Д-р АЛЕН ГEОРГИЕВ, директор на Клиничка БОЛНИЦА – Штип
Болницата е во тешка ситуација, тука сме да го најдеме лекот
Д
-р Ѓоргиев,разговорот го водиме само една недела откако седнавте во една од најжешките фотељи во толку важна област како што е здравството. Сепак, со оглед на фактот дека 12 години работите во болницата од кои половина како специјалист по хируршки болести, сметаме дека и досега сте знаеле многу работи за неа...Оттука, што ви кажуваат првите денови? Моите претпоставки, на база она кое јас го гледав и го слушав сиве овие години беа дека ситуацијата во нашата Клиничка болница не е добра. Иако немам целосни сознанија, а до нив ќе дојдам за најмногу еден месец, фактите ми говорат дека се соочуваме со многу лоша финансиска но и персонално-кадровска состојба. А тоа значи? Значи дека болницата е во финансиска дупка од околу 30 милиони денари, но точната до денар сума ќе ја знаеме по целосниот увид. Сепак, таа бројка е тука некаде. Кога веќе е така ние ќе мора од Министерството за здравство, од Владата да побараме зголемување на буџетот кој досега изнесувал 350 милиони денари кои се пари од државата и 60 милиони денари пари кои болницата сама ги остварува. Нам ни фалат пари и за тековни потреби и за инвестиции зашто има многу дупки за крпење, многу рани за санирање. Сепак,јас лично се нафатив на оваа одговорна работа зашто сум убеден дека ќе имаме добри остварувања пред се за доброто на пациентите. Постојано се говори за кадровска криза во Клиничката болница. Укажувањата се дека доктори-специјалисти си одат во приватни клиники или во странство, дека нема медицински сестри, болничари, хигиеничари... Како мислите да го надоместувате тој силен кадровски хендикеп? Мене ми е одамна јасно дека специјалистите си одат поради ниските, понижувачки плати во државното здравство. Тоа е нивниот најчест мотив. Тука нешто мора да се корегира. Ова е едно од клучните прашања за нашето здравство зашто доктор тешко се создава, а специјалист уште потешко. За двете е потребно време, многу време. Најголемите штети по професијата настанаа пред 4-5 години, кога беше познатиот
штајк на белите мантили. Тогаш се направи страшно негативна слика за докторите, за белите мантили воопшто. Таква штета тешко се поправа но тука сме да работиме на враќањето на достоинството на луѓето кои деноноќно се грижат за здравјето на граѓаните. Инаку, во моментов ни фалат 40 сестри, 20 болничари и исто толку хигиеничари. А колку доктори специјалисти ни фалаат ќе дознаеме наскоро. Што направивте во првата недела од вашиот мандат? Ги посетив речиси сите оддели на болницата. Ја „скенирав“ состојбата и видов дека многу работи кои бодат в очи можеме и сами да ги поправиме. Потребна е само организација и желба. Наскоро ќе се видат резултатите од тоа. Потоа, многу одделенија имаат потреби од тнр.„мали работи“ како правосмукалки, клима уреди, перални...Во таа смисла добивам многу барања но ние ќе одиме по принципот на приоритетност . Она кое ме изненади е изненадувањето на колегите кои ми рекоа дека одамна не им се случило директорот на болницата да ги посети нив и нивните одделенија. А тие посети, средби и разговори се првиот чекор кон создавање меѓусебна доверба за доброто на сите. Во државата хит станаа сознанијата за трошоците за репрезентација кои ги правеле разни министри, нивни заменици, директори на државни институции...Како Клиничката болница стои по ова праашање? Јас видов дека трошоците за репрезентација во нашата установа биле прилично високи. Она што можам да го гарантирам е тоа дека такво нешто повеќе нема да го има во нашата болница. Мора сите кои сме тука вработени да знаеме дека здравствениот денар има за неколку пати поголема цена од денарот во други сфери. Но, не е само репрезентацијата. Тука се и други нерационални трошоци пред се во користењето на службените возила. Како личен пример јас од дома на работам одам и се враќам со свое возило, што би се рекло со „свој бензин“,службениот автомобил го користам само кога одам од канцеларијата до болницата или некои нејзини оддели. Тоа ќе биде правило за сите. Посебно „болен“ оддел ви е физикалната терапија. Луѓето постираат
на интерент безброј фотографи од кои се гледа м и зе р и ј а т а на тој објект. Но, раководителот и понатаму си е на местото, ништо не се помрднува, никој не одговара... Кај физикалната терапија ние имаме еден голем проблем. Имено, не е јасно дефинирана нејзината сопственост. Со одлука на Владата од 2014 година таа институција е поделена помеѓу Министерството за здравство и Универзитетот „Гоце Делчев“. Апсолутно се сложувам дека физикалната терапија е за генерален ремонт, но се додека не се изјасни Министерството за здравство во однос на сопственоста, илузорно е да инвестираме во нешто за кое не сме сигурни дека е наше. Има многу негативна енергија кај граѓаните во однос на Клиничката болница, состојбата во која се наоѓа таа, па неретко подебелиот крај, ни криви ни должни го изнесуваат докторите. Што ќе направите да се промени таа перцепција кон луѓето кои се борат за нашето здравје, неретко и за нашите животи? Точна ви е таа констатација. Многу луѓе во болницата доаѓаат со предубедување дека тука никој не ги почитува. Сепак. нашите анализи кажуваат дека 90 проценти од пациентите се задоволни од докторите, но многу голем е бројот на пациенти кои не се задоволни од условите. Па едно со друго честопати се меша.Јас сум свесен дека на многу одделенија ситуацијата не е добра, не се добри собите, санитарните чворови, креветите...но ние тоа полека ќе го менуваме. Впрочем, јас сум на оваа позиција да направам да биде подобро во се, подобро за пациентите, докторите, за сите вработени...Но пред се за луѓето за чие здравје ние се грижиме. Ќе направам се заедно со тимот Штип да биде споменуван по добро и поради Клиничката болница која има посебно значење зашто е од регионален карактер. Болницата колку што е значајна за нашиот град, за нашите сограѓани исто толкаво значење има и за луѓето од Кочани, Виница, Берово, Делчево, Каменица....
4
НАСТАН НА МЕСЕЦОТ
[tipski Glas, Juli, 2017 br. 73
Премиерот ЗАЕВ во Штип на средби со сопственици на конфекции, работници, активисти и синдикалци
П
Солидарноста ќе не направи посреќни
ремиерот Зоран Заев придружуван од Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика, и пратеникот Благој Бочварски, во втората половина од овој месец беше во посета на Штип.Заев информира дека во нашиот град дошол за со засегнатите страни да разговара за едно од врвните права во секоја успешна држава, а тоа е правото на работникот. Притоа, премиерот појасни дека се работи за правото на пристојна плата, добри работни услови, денови за годишен одмор според законот, прекувремената работа. Сите овие прашања премиерот Заев ги стави во контекст на најавената социјална мерка, а тоа е минималната плата од 12.000 денари
Солидарноста во општеството е наш императив, некој што заработил, што се збогатил (и) преку трудот на работниците својата среќа мора да ја подели со нив, на тој начин Германија, Франција и други земји станаа среќни, а тоа го можеме и ние како држава, порача премиерот Заев која оваа Влада ја вети на работниците, а која е програмска определба на оваа Влада. Премиерот беше дециден дека Владата е искрена во веру-
вања дека е преку подобри плати за трудот на работниците ќе дојде до покачување на стандардот а со тоа и до подобрување на севкупниот живот во
Македонија.
Според Заев вработените во текстилната и чевларската индустрија се најслабо платени во Македонија.–„Токму поради ваквото сознание ние тргнуваме од Штип, градот на текстилот, за да видиме каков ефект ќе даде мерката минимална плата од 12.000 денари. Дојдовме, за низ дебата, да видиме каков бенефит ќе има таа
ЗА БОГАТИ СТРАНЦИ НО И ЗА СИРОМАШНИ МАКЕДОНЦИ Минатата Влада го стимулираше туризмот на начин што субвенционираше богати странци со бесплатни апартмани, исхрана и многу други поволности...Ние со таа мерка ќе продолжиме но и ќе ја прошириме. Со неа ќе опфатиме 35.000 сиромашни граѓани, со ниски примања кои ќе ги имаат истите, ако не и поголеми бенефиции...На тој начин позначително ќе се стимулира домашниот туризам, ќе се наполнат Охрид, Берово, Дојран, Маврово но и ќе се отвори можност сиромашните да можат да одморат со помош на државата, зашто нивната економска моќ тоа не им го допушта, рече Заев.
[tipski Glas, Juli, 2017 br. 73
НАСТАН НА МЕСЕЦОТ
5
мерка врз работниците пред се. Сакам да истакнам дека целиот овој процес нашата намера не е да се уништуваат фабриките зашто со тоа би ги уништиле перспективите на работниците“, посочи премиерот. Тој порача дека мора да се води сметка нашите претпријатија од сферата на текстилот и на чевларската индустрија да бидат конкурентни на светскиот пазар, дури и да отворат нови пазари, но сето тоа мора да биде
мална плата е работник кој добива 9.000 денари месечна плата, зашто од разни објективни околности не е способен да заработи повеќе, месечно дома да може да однесе 12.000 денари, а оној кој денес добива 12.000 да има 13.500 до 14.000 денари плата. Тоа ќе придонесе за зајакнување на стандардот на работниците со што ќе се создаде спирала на зголемување на финансиската моќ на голем број вработени во разни сектори и индуст-
ните да разговарам со работниците. Видов добри услови за работа, климатизирани хали... Работниците ми рекоа дека не се точни информациите дека работеле по 16 часа дневно, дека работниот ден во принцип им трае 8 часа, а кога процесот ке го побара тоа се продолжува за час два, дека во принцип продолжената работа им се плаќа иако има и спротивни примери. На сопствениците им посочивме дека постои закон според кој секое продолжено рабо-
Премиерот рече дека работниците во конфекциите најмногу се пожалиле на неможноста да користат годишен одмор согласно законот. „Текстилците ни рекоа дека им се дава одмор од само една недела, наместо 21 ден како што тоа го гарантира законот. Може да се респектира и ставот на сопствениците на конфекции дека преку лето има најмногу работа, дека е таков процесот, но текстилците и чевларите мора да имаат најмалку 10
поддржано и со повисоки плати за работниците зашто сопствениците со својот капитал и знаење но и со потта и стручноста на работниците го создале својот капитал. „Има компании кои даваат по 10.500 до 11.000 денари плата, но има и такви кои даваат плата од по 9.000 денари.што е понижувачко. Суштината на нашата мерка за мини-
рии“, рече Заев.
тење мора да биде во договор и во согласност со работниците. Секоја експлоатација на работниците е казнива по закон и тоа сопствениците мора да го знаат. Знаеме за случаи на давање половина плата во ќеш за да се избегнат двачките кон државата, ние тоа ќе го сосечем во корен зашто е и против државата и против работниците“, појасни Заев.
дена одмор за да можат да го искористат со своите семејства и вистински да се одморат. Ние на решавање на оваа проблематика ќе бидеме силно посветени“, порача Заев. Според премиерот,од месец септември ќе се старува со минимална плата од 12.000 денари за што Владата месечно ќе издвојува по 1,5 милион евра.
Тој оценува дека бизнисмените мора да се свесни оти со поголеми плати се зголемува и мотивацијата кај работниците, дека со тоа ќе има и поголема продуктивност но и квалитет. „Ги посетив и разговарав со некои од сопствениците на конфекции, но и сам заминав во пого-
6
[tipski Glas, Juli, 2017 br. 73
ПОЛИТИКА РЕФОРМАТОРИТЕ НА ВМРО ДПМНЕ ВО ШТИП
Од Груевски имавме многу некоректен однос но демократизација на Партијата ќе има
В
натрешната иницијатива за демократски реформи во ВМРО ДПМНЕ организираше панел дискусија и во Штип. Актерите кои сакаат да ја видат својата партија како демократска, рекоа дека нивна цел не се никакви високи позиции во партијата туку единствена цел им е нивната партија да се демократизира, членството да се чувствува слободно во
не успеал да создаде влада. Според Стефановски тоа предизвикало многу незадоволство кај членството. „Кај нашето членство видов големо незадоволство од начинот на кој се носат сите одлуки без тие за било што да се прашаат. Партиските другари од Иницијативата излегоа со нови, современи идеи за демократизација на ВМРО ДПМНЕ во што
БОГОЕСКИ Ние Груевски го сметаме за рамноправен член, како и секој друг, но сакам да порачам дека ние како Иницијатива од него имавме еден многу некоректен однос, но имаме надеж дека тој ќе го следи позитивниот пример на нашиот генерален секретар Емил Димитриев. изразување на своите ставови, изборот на личности за раководни позиции во партијата, на државно но и на локално ниво да биде исклучиво привилегија на членството, а не како што тоа е досега за тоа да одлучува само врвот на партијата. „Постојано сме на терен, меѓу нашите членови, кај најголем број од нив ја имаме поддршката за нашата цел, иако, да бидам искрен, сеуште кај добар дел од членството постои страв,песимизам, неверување дека демократизацијата ќе ја изведеме лесно.Ние насекаде повторуваме дека нашата иницијатива ја водиме внатре во партијата, ништо не правиме надвор од неа, цврсто веруваме во успехот на она зад кое застанува се поголем дел од членството. Едноставно, оваа иницијатива е осудена на успех“, рече Петар Богоески,еден од иницијаторите. Штипјанецот Панче Стефановски рече дека се приклучил кон иницијативата зашто по победата на последните избори ВМРО ДПМНЕ
и јас се најдов и сум убеден дека ќе направиме добра работа како за партијата исто така и за државата“, порача Стефановски. Присутните на панел дискусијата за одлична ја оценија изјавата на нивниот генерален секретар Емил Димитриев според кого некои луѓе цели десет години се во врвот на ВМРО ДПМНЕ и на други клучни места за државата, и дека е време тие малку да одморат, а на нивно место да дојдат нови луѓе со нови, свежи идеи. „Ние тоа го оценуваме како реакција на реален вмровец кој е загрижен за случувањата во неговата партија. Очекуваме 80 проценти од членството да размислува на ваков начин“, рече Богоески. Според него, Штип е втор град во кој Иницијативата прави панел дискусија за горливото прашање во однос на темелните промени во ВМРО ДПМНЕ. –„Нашата партија најголемите победи ги остварува во третата изборна единица во која е и
Штип, имаме голема доверба во нашето штипско членство, сега повеќе вмровски членови слободно дискутираат и во овој град, а тоа е најдобар знак дека нештата одат во посакуваната насока“, укажа Богоески. На новинарско прашање зошто спомнуваат многу имиња но не и името на главниот човек во оваа пикантна политичка приказна, а тоа е Никола Груевски, лидер на ВМРО ДПМНЕ, Богоевски со насмевка рече дека тие него не го имаат заборавено.
пратениците...На крајот од краиштата сето ова ќе резултира со отворен процес на слободни дискусии, на решавање на сите важни прашања во една демократска процедура“, рече Богоески.. Во однос на претстојните локални избори, луѓето од Иницијативата кои беа на панел дискусијата во Штип, а тоа покрај Богоески и Стефановски беше и Дејанчо Стојменов од Делчево, рекоа дека тие имаат своја филозофија како да се спроведат изборите, а притоа да не се создаде антагонизам по-
СТЕФАНОВСКИ Моите сопартијци од Иницијативата излегоа со нови, современи идеи за демократизација на ВМРО ДПМНЕ, во таа работа и јас се најдов, убеден сум дека ќе направиме добра работа како за партијата исто така и за државата „Го каниме Никола Груевски да се појави на нашите панел дискусии. Очекуваме дека наскоро ќе ни се приклучи и дека ќе постапи како што постапи нашиот генерален секретар Димитриев. Ние со Груевски се сметаме за рамноправни членови на партијата, како и секој друг, но сакам да порачам дека како Иницијатива од него имавме еден многу некоректен однос. Сепак, тој знае колкава поддршка имаме кај членовите на ЦК, меѓу дел од
меѓу припадниците на Иницијативата и другото вмровско членство. Во престојниот период Иницијативата ќе го охрабрувала членството со својата нова енергија да се заокружи процесот на демократизација, членството во секоја општина само да си ги избира кандидатите со градоначалници и советници, а не како што тоа се правело досега за сите работи да одлучува само еден човек.
[tipski Glas, Juli, 2017 br. 73
7
ПОЛИТИКА
Зоран КОСТОВСКИ, советник од НП со најдолг советнички стаж во Штип
Го имаме најнеквалитетниот советнички состав во историјата на Штип
З
оран Костовски од 2000 година седи во советничките клупи на Општина Штип. Тоа се четири мандати со вкупно 16 години. Би се рекло близу до професионализација на оваа важна функција. На есен се најавуваат нови избори за нови локални власти. Тоа ни беше повод за разговор со најдолговечниот советник во општината на тема нековата (можна) идеја за барање нов советнички мандат, за коалицирањето, за Штип денес и сега... Дали Зоран Костовски од ВМРО НП планира да оди и на нов – петти по ред мандат во Советото на Општина Штип? Во овој момент не можам да ви дадам точен одговор. Сето тоа зависи од проценката на Извршниот комитет на партијата. Како ќе биде решено на тоа ниво така и ќе биде. Научен сум да ги почитувам одлукие на највисокиот орган, а тоа ѕака ќе биде и во овој случај. Ако е во план такво нешто со кого неговата партија денес е во коалиција, или со кој политички блок има намера да оди на локалните избори, или можеби сами ќе одите...со свој кандидат за градоначалник и своја советничка листа... Засега сме во коалицијата ВМРО за Македонија, се надевам дека така и ќе остане на локалните избори и моментално и на државно и на локално ниво делуваме како трета опција на политичката сцена. Нормално дека размислуваме за квалитетна советничка листа и угледен кандидат за градоначалник. Како партија на искусни и проверени луѓе ние на Штип можеме да му понудиме квалитетно водство. Порано, пред последните избори се говореше низ градот дека Вие би можеле да бидете кандидат за градоначалник, постојат ли такви намери, такви можности за престојните локални избори? Ах, да, секако. Но само ако се наместат коцките можно е и такво нешто.Со искуството кое го имам стекнато како советник ценам дека можам да дадам допринос за мојот град. Јас секогаш себеси се ставам во служба на заедницата на мојот град и на мојата држава, но за евентуална кандидатура, пак ќе речам, одлучува Извршниот комитет на ВМРО НП. Дајте една оценка за политичката состојба во државата и за тоа каде е општина Штип денес. Република Македонија мина низ еден тежок период на криза но за наша среќа гледам дека демократските процеси се враќаат во нормала, а за Штип ќе речам само тоа дека е жално што градот од центар на источна Македонија скоро е незабележителен во напредокот. Советник сте во 4 мандати, 16 години се тоа, оттука добро е да и кажете на јавноста кој советнички состав, спо-
ред Вас, бил најдобар и кој најмногу придонел за градот?Ако имате ваков избор кажете по што тој состав бил најдобар? Најдобар беше составот од пред два мандата кога во советничкиот состав партиципираа сите политички субјекти и се се договараше на еден демократски и коректен начин. Тоа беше вистинско богатство на градот и општината, богатство кое преку еден демократски, квалитетен пристап придонесе многу за градот. Ако е тоа така како што велите, која е Вашата оценка за сегашниот Совет на општината? Дали мандатот му помина во политички препукувања, дали тој носеше квалитетни одлуки за Штип? По мое видување можеби ова е најнеквалитетниот состав бидејќи позицијата со своето мнозинство претеруваше и немаше никаков слух за предлозите од опозицијата.Незнам од која причина функцијата советник така беше девалвирана од самото мнозинство што сигурно и самите тие не беа свесни за тоа. Напредуваше ли Штип во овие 4 години на локална власт...Посебно во областа на културата и спортот? Каде бевме-каде стигнавме, што бевмешто станавме? Ниту во спортот ниту во културата немаше никаков напредок дури назадувавме. Типичен пример е ФК Брегалница но и помалите спортови каде се немаше никаков слух за нивно помагање. Оваа година за разлика од предходните на училишниот спорт, по моја иницијатива, ја зголемивме ставката од 100.000 на 200.000 денари но за жал немаме ниту сали ниту квалитетни спортски објекти и се сомневам дали воопшто рационално ќе ги потрошиме. За културата гледаме што се случува со Штипско културно лето, тоа е на најниски гранки од своето постоење, а за поголемите манифестации гледаме само тежок кичерај. Општината денес има драматично поголем буџет од било кога порано, над 15 милиони евра севкупниот буџет е, дали овие пари се наменија за
вистинските цели кои едно место го маркираат како град, како важна точка на картата на државата или... За жал трендот на раководење на локалните самоуправи е во правец да се инвестира во мртва материја а не во жива. Мислам на тоа дека луѓето го создаваат духот на квалитетното живеење во една општина а во нив никој не инвестира. Затоа младите ни бегаат и има се поголема сиромаштија и тежок е животот на граѓаните.Конкретно за Штип на изминувањето на четвртиот мандат со жалост можам да констатирам дека нема брана на река Отиња, нема инвестиција во бањата Кежовица, нема голема спортска сала, нема развивање на туризмот.... Имате ли Ваш став во однос на промената на државната власт? Колку тоа може да предизвика драматични промени во локалните единици, дали дпмне повеќе нема да биде суверен владетел со општините како што е сега.. Не сакав да коментирам за случувањата во ВМРО-ДПМНЕ но тие нема да владеат на таков начин како што владееја и на локално и на државно ниво. Мојата искрена желба како еден од оснивачите на оваа партија во град Штип е, преку реформаторите или на било кој друг демократски начин да се транс-
ПРОФЕСИОНАЛИЗАЦИЈА Потребна е целосна професионализација на советничката функција за доброто на општините...
формираат во една демохристијанска партија која самите ја преферираат. Порано излеговте со предлог за професионализација на советничката функција. Останувате ли на тоа мислење? Да! Јас имав поднесено таква иницијатива зашто така ќе има поголема посветеност на работата и ќе се направи еден финансиски баланс за разлика од сега.
8
[tipski Glas, Juli, 2017 br. 73
ПРАВА
„Гласно“: на работниците им е неопходно правно описменување Горан Трајков: информациите кои кружеа низ Штип дека многу текстилци и чевлари завршувале во брзата помош беа демантирани од самата служба за итна медицинска помош...
Н
евладината организација, здружение на граѓани „Гласно-Тивкото мнозинство“ неколку месеци интензивно работеше на истражувањето по прашањето на правата на работниците во источниот дел на Македонија. Притоа, посебен акцент во истражувањето беше дадено на прават на работниците од текстилната и од чевларската индустрија. „Истражувањето го отворивме во месец декемри, 2016 година кога бевме меѓу работниците и ги прашавме што тие мислат за своето здружување во синдикати, односно дали тие чувствуваат потреба од Синдикат кој би ги застапувал и би се борел за нивните права кои по закон им припаѓаат.Од 200 испитаници 178 рекоа дека би сакале да имаат синдикат во својата фирма. Сепак, тие беа отворени да кажат дека немале храброст да покренат и реализирааат една таква иницијатива! Ни рекоа дека стравот им бил резултат на месечните договори за работа“, вели Трајков кој е на чело на оваа невладина органиација. Од 200 испитаници 136 рекле дека се запознати со Законот за укажувачи, а на прашањето дали се за тоа минималната плата да се изедначи со другото стопанство, доминантниот одговор беше дека е потребно не само израмнување на минималната плата со другите стопански сектори туку и дека таа треба да се зголеми. Минималната плата во текстилната индустрија изнесува 9.080 денари, а во други гранки таа е 10.500 денари.
им е неопходно правно опис- менување. Голем дел од нив не си ги знаеле правата кои по закон им припаѓаат.
Средба на текстилци во Кочани
Трајков
МИТАЏИИ На есен ќе имаме една трибина на која ќе дојде и директорот на Државниот трудов инспекторат, а на која сакаме да го отвориме прашањето дали е можно сите инспектори да се „митаџии“ и за мал надомест да ги „продаваат“ правата на работниците“, информира Горан Трајков.
Истражувањето ја демистифицирало постојаната шпекулација дека во конфекциите на истокот од државата се работело деноноќно. –„Од дебатат произлезе дека продолжено се работи два дена со по два часа во неделата, или вкупно 16 часа во месецот. Во Штип кружеше информација дека многу работници од конфекциите завршувале во Брзата помош поради исцрпеност. Ние бевме во оваа институција, а таму ги Според Трајков, основна работа негираа таквите информации, велејќи кои тие ја нотирале од средбите и раз- дека немале ниту еден таков случја од говорите била таа дека на работниците текстилната индустрија“, вели Трајков. „Во источниот регион одржавме 36 трибини. Почетокот ни беше тежок, млаку работници се охрабруваа да дојдат, а уште помалку да зборуваат на трибините. Но, подоцна таа бројка стануваше се поголема, работниците се поотворени во однос на својата положба во фирмите во кои работат“, појаснува Горан Трајков.
И според истражувањето на „Гласно“ најголем проблем кај оваа категорија работници се годишните одмори. Истражувањето покажало дека, ако се тргнат празниците во кои и онака не се работи, работниците за одмор добиваат само 3-4 работни денови. „Речиси насекаде во местата во кои на текстилците им се дели плата од 9.500 денари ни беше речено дека со тие пари не е можно да се исхрани семејството. Во виничка „Зона Трико“ имавме раритетен случај работниците даа добиваат плата од само еден денар! Кожарската фабрика „Кодоро око“ од Крива Паланка три месеци немаше дадено плата на работниците, кога ги отпочнавме преговорите со сопственикот ургентно дадоа по една плата, бидејќи двете други плати не ги исплатија според договорот ги дадовме на суд. Но тука има проблем што ќе тужете една фирма, таа оди во стечај па се појавува нова...На овие „итроштини“ на газдите треба со содветен закон да им се застане на пат за да се заштитат работниците“, појаснува нашиот соговорник. Од „Гласно“ оствариле средба со директорот на државниот трудов инспекторат Ајладин Хавази. Трајков укажува дека средбата поминала во одлична атмосфера.-„И таму рековме дека наша цел не е да се казнуваат сопствениците туку работниците да си ги остваруваат сите свои законски права, во секое време додека се на работа. Се договоривме за поредовни инспекциски надзори, посеб но во фирми познати како прекршители на правата на работниците. На есен ќе имаме една трибина на која сакаме да го отвориме прашањето дали е можно сите инспектори да се „митаџии“ и за мал надомест да ги „продаваат“ правата на работниците“, информира Горан Трајков.
[tipski Glas, Juli, 2017 br. 73
СОРАБОТКА
Македонија и Бугарија реализираат туристички проект
9
Проектот го реализираат Организацијата на жени - Штип и Трговско-индустриската комора Благоевград
О
д 18 октомври 2016 г. започна реализацијата на меѓуграничниот проект “Промоција на руралниот и планински туризам преку користење на ИКТ, ИСО консултации и Туристички стимул за патување меѓу Бугарија и Македонија” од страна на Здруженијата „Организација на жени Штип“ и Трговско индустриска комора Благоевград финансиран од Interreg – IPA програмата за прекугранична соработка. Целта на проектот е Промовирање на соработката меѓу регионалните учесници во проектната област за одржлив туризам. Целна група се сите организации, кои дејствуваат во областа на туризмот; работодавачите, вработените, локални власти, невладини организации, локални заинтересирани страни од проектната област Главните активности кои овој проект ги вклучува се: ISO Консултации за 12 туристички актери (6 во Бугарија и 6 во БЈРМ) со што се обезбедува одржливост од претходниот проект Freshair 2 и претставува потврда на добра практика за зголемување на економскиот капацитет на туристичка дејност во прекуграничниот регион. Втората голема активност е истражување на Туристичкиот стимул за патување. Туристичкиот стимул за Патување е поттик за патување, кој е дизајниран да се мотивира или да предизвика акција, како награда за вработените или деловните партнери. Проектните активности завршуваат на 18.10.2017
Од 18 октомври 2016 г. започна и реализацијата на мегуграничниот проект „Дигитална природа” од страна на Здруженијата „Без граници 21 век”, и „Организација на жените-Штип“, финансиран од Interreg – IPA програмата за прекугранична соработка. Овој проект е продолжение на проектот „Дигитална култура за регионално зближување“ (www.digital-culture.eu) Главната цел на проектот е зголемување на атрактивноста и видливоста на природните знаменитости во Бугарско-македонскиот прекуграничен регион, главно преку интернет и на тој начин да се помогне преку искористување на потенцијалот на природните ресурси да се зголеми конкурентноста на регионот како единствена туристичка дестинација. Начинот за постигнување на таа цел е преку популаризацијата, преку современите технички средства на атрактивни електронски, печатени и медиумски информации за 100 природни знаменитости по 50 од двете страни на границата. -Собирање и дигитализација (електронска верзија) на информации за природните објекти - Креирање на веб портал на проекта на 3 јазици -Креирање на дата база на информациии за туристичката понуда во регионот - Создавање на фото клуб за дигитално фотографирање на природата - Саем -Дигитална природа - Фестивал - Дигитална природа
Проектните активности завршуваат на 18.12.2017 Во рамките на реализацијата на меѓуграничниот проект “Промоција на руралниот и планински туризам преку користење на ИКТ, ИСО консултации и Туристички стимул за патување меѓу Бугарија и Македонија” финансиран од Interreg – IPA програмата за прекугранична соработка, од страна на Здруженијата Организација на жените -Штип и Трговско индустриска комора Благоевград, на ден 13.07.2017 Се одржа ИНФО ДЕН за презентација на проектот и неговите активности во хот. ИЗГРЕВ, Штип, каде што присуствува 30 учесници - заинтересирани страни (претставници од медиумите, НВО, Туристички компании, угостителски претставници) На ИНФО ДЕНОТ беа презентирани реализираните овие активности : -ИСО стандардизација
-Промоција на Студијата од истражувањето за употребата на Туристичкиот стимул за патување. Истражувањето на туристичкиот стимул за патување беше направено во 11 општини од Источниот регион на Република Македонија и во 14 општини од Благоевградската област каде што се утврди колку компаниите се подготвени да го користат овој метод како награда за своите вработени и колку туристички атракции можат да се понудат како вакви туристички пакети, ваучери и друго за работодавците.
10
ПИСМО ОД ФРАНЦИЈА
[tipski Glas, Juli, 2017 br. 73
Франција е пријател на Македонија одсекогаш!
глиски јазик тоа ви Црвен крст... и неколку правни тела, мее предност да ви се ѓународни. Францускиот е јазик на три зголемуваат ваши- седишта на европските институции: те своите шанси на Стразбур, Брисел и Луксембург. меѓународниот - Учење францускиот помага во пазар за вработу- учењето на други јазици, вклучувајќи ги вање. Познавање и латинскиот јазик (шпански, италијанна францускиот ски, португалски и романски), но, исто јазик ги отвора вратите на француските така, англиски јазик од францускиот се компании во Франција и во странство, предвидени повеќе од 50% од сегашво сите франкофонски земји (Канада, ниот англиски речник. Швајцарија, Белгија, Луксембург и Аф- Да се научи француски јазик, рика). Франција е петтата комерцијална е прво задоволството на убав јазик со моќ и третиот рај за странски инвести- богат и распеелив речник каде што ции, таа е водечки економски партнер. често се нарекува јазик на љубовта. -Треба да се знае дека францу- Францускиот е, исто така, аналитички скиот јазик е меѓународен јазик на го- јазик, кој е структурен и развива критвење, мода, театар, визуелна умет- тичко размислување што е многу коност, танц и архитектура. Знаејќи го рисно во разговори или преговори. францускиот јазик човекот има оригиФранција, исто така е бр.1 во нален пристап до големите дела на цивилни и воени авиони, бродови и француска и на франкофонска литера- подморници, нуклеарната енергија, воз тура, но, исто така, синематографија и со голема брзина, воена моќ (легиопесни. Францускиот е јазик на Виктор нери, жандармерија, противпожарна Иго, на Молиер, Леополд Сенгор Шен- ...), медицина, но, исто така, козметика, дар, Едит Пјаф, Жан Пол Сартр, Ален парфимерија, архитектура, градежнишДелон и Зинедин Зидан. тво, патни мрежи, гастрономија, сирење - Франција е најпосетуваната (повеќе од 1.600 врсти), леб (речиси земја во светот со повеќе од 70 ми- 400 различни видови) и да не заборалиони посетители годишно. Со знаење виме на уникатното сведско вино “црна францускиот е толку повеќе пријатно вено, бело и вистинко розе “(повеќе од да посетуваат Париз и сите региони на 750.000 хектари) со речиси 8 милијарди Франција (сласта на кот дазур, врвови евра за извоз, шампањ (над 2,64 мина Алпите преку солидно крајбрежје на лиони хектолитри) ... Бретања), но, исто така, да се разбере Подобро некогаш отколку никокултурата менталитетот и уметноста на гаш! Македонија е подготвена да научи французите. Францускиот јазик е исто и да го спроведе овој голем и преститака корисна кога се патува во Африка, жен начин на културата и напредок во Швајцарија, Канада, Монако, Сејшелите однос на тоа која е Франција. - Франција е земјата на Замоци со ПРИСТАП Знаејќи го францускиот јазик човекот има над 45.000 и повеќе оригинален пристап до големите дела на француска од 80.000 Маноар. и на франкофонска литература, но, исто така, - Говорејќи синематографија и песни. Францускиот е јазик на францускиот осо- Виктор Иго, на Молиер, Леополд Сенгор Шендар, бено си овозможу- Едит Пјаф, Жан Пол Сартр, Ален Делон и Зинедин вате да ги Зидан. продолжите своите студии во Франција во реномирани универзитети и бизнис школи и инжене- (Авторот е овластен експерт на ринг, класифицирани меѓу најдобрите ЕУ во доменот на обновливи универзитети во Европа и светот. Сту- извори на енергија. Тој е и дентите кои зборуваат француски основач на ЦЕО на Ангелус имаат корист од француската влада со Франсе, фирма која се занимава стипендии и можност да се запишат на со излолација на база постдипломски студии во Франција во нанотехнологија во источна и сите дисциплини и да добијат меѓуна- северна Европа. Роден е во Македонија, а 42 години живее и родно приз- ната диплома. - Францускиот е и работен јазик работи во Франција. Активно е и официјален јазик во ОН, Европската вклучен во дијаспората во унија, УНЕСКО, НАТО, Меѓународниот македонската заедница и во олимписки комитет, на Меѓународниот општествениот живот)
Учете и научете француски јазик. Тоа е јазикот на љубовта, на модата, на Ајфеловата кула, на Едит Пјаф, Жан Пол Сартр, на Ален Делон и Зинедин Зидан...
За Штипски глас пишува: Ангел Михаил,
У
ште од Првата светска војна, Франција припаѓа на Источната војска каде што 70 000 од нив никогаш не се вратиле во Франција. Тие почиваат во мир во Скопје. Има околу 3 000 тела, меѓу кои 900 се идентификувани гробови и во Битола околу 15.000 непознати и повеќе од 6.000 гробови се наоѓа на двете страни. Македонците во времето на Југославија, продолжија да го учаат францускиот јазик, но малку по малку, за ЖАЛ се одалечивме од оваа прекрасна традиција, од традицијата на познавање на Франција и Франкофонијата. Македонија од нејзиното осамостојување во 1991 година поради неколку политички тешкотии не успеа да стане член на ЕУ. Сепак, ние ја делиме новата надеж со новата влада за продолжување на меѓународните односи, за членство на Република Македонија во ЕУ. Ние сме во надеж дека како што никогаш не е доцна така не е доцна ниту да се обнови пријателството со Франција. Зошто Франција? - Повеќе од 200 милиони луѓе на пет континенти го зборуваат француски јазик. Франкофонијата вклучува 70 држави и влади. Францускиот јазик е странски јазик најучен во светот после англиски јазик. Исто така е единствениот јазик со англискиот, коj може да се научи во сите земји на светот. Франција има најголемата мрежа на културни установи, во кои часови по француски јазик посетуваат над 750 000 луѓе. - Ако говорите француски и ан-
[tipski Glas, Juli, 2017 br. 73
СЛУЧАЈ
Судска разврска за Домот за стари лица во септември предмет, а како ќе се заврши целата оваа работа ќе ни биде појасно во септември месец“, вели Александар Шалев, претседател на Здружението на пензионери од нашиот град. Захариев вели дека во нивните фиоки нема никакви документи во однос на Домот за стари лица. Го нема проектот, документи за тоа кој е инвеститор, кој е надзор, дали е спроведен тендер. Целиот случај се комплицира со смртта на поранешниот претседател на Здруженито на пензионери во чиј мандат започна изградбата на Домот. „Ние немаме ништо од документација за така важна и голема инвестиција, но од Основното јавно обвинителство сме информирани дека кај нив е целокупната документација. Судскиот процес е закажан за 25 септември, дури тогаш и ние ќе дознаеме многу нешта во врска со оваа инвестиција“, поочува Шалев кој не крие дека тужената странка е токму Здружението на пензионери. Шалев За објектот кој стои на ветрометината на сите временски доба, Здружението има потрошено околу 600.000 о 2015 година Домот надлежните евраа сопствени пари. На изведувачот инспекциски органи донесоа ре- на работите, фирма од струмичкиот шение за запирање на изградба- крај, и е платено и за изградба на крота на домот за стари лица чиј инвести- вот, но на зградтаа кров нема. –„Инситор беше Здружението на пензионери ситираме кај изведувачот да го стави од Штип. И две години потоа градбата е кровот бидејќи вака како што е сега „замрзната“ а четирикатната зграда го Домот започа да се распаѓа. Правиме ќе го чека месец септември кога во су- се да го заштитиме тоа што е изградено, но до крајот ИЗВЕДУВАЧОТ СЕ КРИЕ За објектот кој стои на септември и на ветрометината на сите временски доба, судската пресуда Здружението има потрошено околу 600.000 најверојатно нема да можеме ништо евраа сопствени пари. На изведувачот на да направиме,“, работите, фирма од струмичкиот крај, и е реагира претседаплатено и за изградба на кровот, но на телот Шалев. За доиззградата кров нема, а изведувачот, фирма од градба на Домот струмичко, се крие и не си ја довршува за стари лица поработата... требни се уште околу 1,5 милион евра. Здружениедот треба да се разрешат некои праша- то ги нема тие пари, надежта е во Евња во однос на законитоста. ропските фондови, иако Александар „Градбата е стопирана а постои Шалев вели дека во процесот би можел и кривична пријава против нашето здру- да се вклучи Републикчкиот донд на жение. Кривичната пријава е поднесена ПИОМ. од граѓани-пензионери. Основното јав„Кој и да сака да вложи дополно обвинителство има формирано нителни 1,5 милион евра, ние, со оглед
Судскиот процес во однос на изградбата на овој дом е закажан за 25 септември годинава, до тогаш работата останува статус кво...
11
на големината на нашиот влог, ќе инсистираме на сопственост од 40 проценти“, вели нашиот соговорник. Домот за стари лица треба да има сместувачки капацитет за 120 лица. Здружението на пензионери од соинвеститорот за себе ќе бара простор за 50 стари лица. Според сегашната ситуација ќе се чека до септември и судската пресуда. Но, што и да биде јасно е дека во реализацијата на оваа инвестиција има простор за сомнеж па произлегува дека кривичната пријава од граѓаните-пензионери не била залудна и беспредметна. Поранешната Влада најави градба на повеќе вакви домови во
В
Домот ќе почека на посреќни денови државата. Имаше најава и за финансиска поддршка од државата, но сега е јасно дека, барем во штипскиот случај, таква помош не е дадена. И кочанското Здружение на пензионери пред три години најави изградба на ваков, уште поголем Дом за стари лица кој требаше да има регионален карактер. Но, досега нема ништо од таа работа, иако вакви домови им се потребни на дел од старите луѓе. Ова посебно зашто живееме во време кога голем број млади заминаа и заминуваат на работа во странство, а нивните родители се оставени сами на себе.
12
СОРАБОТКА
[tipski Glas, Juli, 2017 br. 73
Невладини организации од Македонија и Бугарија ќе го развиваат туризмот
Учесници во проектот по туристичките дестинации во Македонија и во Бугарија
За развојот на туризмот во двете држави се водени повеќе дебати
Од дебатата во Штип организирана од Органицацијата на жени - Штип и Трговско - индустриската комора на Благоевград Дебата
Голем интерес на медиумите за овој проект
[tipski Glas, Juli, 2017 br. 73
13
МЕДИУМИ
Новинарите лево од реката Вардар на дното • Истражувањето кое го спроведе здружението Младински клуб покажа дека само за новинарите во оваа држава нема дно...
Н
овинарите во источниот, североисточниот и југоисточниот регион работата ја обавуваат во крајно лоши, речиси мизерни услови. Тоа е така од финансиски аспект, од аспект на (не)почитувањето на работно време, на финансискиот надомест за нивниот физички и интелектуален труд... Ова беше констататирано на денешната дебата во Штип на која беше промовирана брошурата под наслов „Социо-економската положба на новинарите од Источна Македонија“, спроведена од Здружението „Младински клуб“-Штип. Истражувањето и работата на брошурата траеше шест месеци, а автори на истото се новинарите Тони Михаилов, Игор Сојанов и Иван Бојаџиски. „Истражувањето ни покажа дека речиси и нема новинар во овие три региони во кои живеат 526.866 жители, кој добива платен годишен одмор или слободни денови или финансиски надомест за работата за време на празник или викенд. Дури 54,2 проценти од новинарите земаат плата од 11.000 до 16.000 денари, а 11,9 проценти од новинарите добиваат плата од 8.000 до 10.000 денари. Само 10,2 проценти од новинарите имаат плата во висина на просечната месечна плата во државата. Редовна плата и уплата на придонеси имаат само 47,5 проценти од новина-
МИХАИЛОВ Дури 54,2 проценти од новинарите земаат плата од 11.000 до 16.000 денари, а 11,9 проценти од новинарите добиваат плата од 8.000 до 10.000 денари...
рите. Тие работат значајни прилози за кои добиваат „фрапантни“ 200 денари од објавен прилог, а најголем број од нив мора да работат и друга работа, во и вон професијата за да можат да преживеат“, рече Игор Стојанов. Каков е односот на државните јавни сервиси, МРТВ и агенцијата МИА
кон тнр. „над ворешност“, таква е севкупната медиумска ситуација, смета Тони Михаилов. „Во регионот кој е предмет на ова истражување (Радиодифузни региони Д2, Д3 и Д4) МРТВ има само 3 дописника, а МИА има ангажирано седум дописници од кои само едно лице е во редовен работен однос. МРТВ има 35 воСТОЈАНОВ зила а ниту едно за дописниците од регионот, па и овие тројца дописници мора да се снаоѓаат со превоз ако редакцијата ги прати на задача во место надвор од нивното живеење. Така, дописникот од Струмица ги „држи“ и Радовиш, Дојран, Валандово, Гевгелија и Богданиц и до нив треба да стигне пеш или како ќе се снајде. Тоа говори дека МРТВ, всушност, не го покрива регионот со новинари-дописници, со што најголема штета им се нанесува на граѓаните од овие подрачја кои не можат да
СТОЈАНОВ Во овој регион МРТВ има само три дописника, во државната информативна агенција МИА работи само еден редовно вработен дописник...
слушнат или видат некоја информација која е од нивното подрачје иако и тие како и сите други плаќаат радиодифузна такса“, рече Михаилов. Според Иван Бојаџиски, состојбата на која тие како истражувачки тим наишле во медиумите кои се во општините лево од реката Вардар (од Крива
Паланка до Гевгелија, од Пробиштип и Штип до Берово) била најлоша до сега во неговата полувековна новинарска кариера. „Имаме медиуми во кои новинари со месеци не земале плата. Имаме медиуму во кои новинарите се и камермани, монтажери и слично. Наидовме на медиуми во кои најголем успех на новинарите е ако можат да си најдат работа надвор од професијата, по можност во државни институции или како ПР агенти во некоја добростоечка фирма. Но, нашиот проблем е во нашето несакање да застанеме едни зад други, да бидеме солидарни кога некому му е тешко, кога не добива плата, нема здравствено и пензиско осигурување, кога работи 24/7 а добива плата помала од работници во индустрии за кои секој МИХАИЛОВ
ден новинарот пласира жалопојни приказни. Се додека еден убав ден не си речеме – доста е - прекинуваме сите до еден со работа, нашата позиција нема да се измени“, констатира Бојаџиски. Планирано е ова истражување
БОЈАЏИСКИ Се додека еден убав ден не си речеме – доста е прекинуваме сите до еден со работа, позицијата на новинарите нема да се измени. Потребна ни е солиданрост сега повеќе од било кога... да биде презентирано во Клубот на новинари во Скопје, во Куманово, Делчево-Берово, во Кочани-Виница и во некои други места во кои функционираат медиуми.
14
КОЛУМНА
[tipski Glas, Juli, 2017 br. 73
Дрн-дрн и морето од приказни
Пишува: М-р Трајче КАЦАРОВ, писател
В
о романот „Харун и морето од приказни“, авторот на „Сатанските стихови“, Салман Ружди, пишува за шахот Дрн-Дрн и неговата способност да раскажува приказни. Имено Шахот Дрн-Дрн, живее,т.е. егзистира од таквата умешност. Во тоа му помагаат партиските кандидати за функции во држвата. Свесни дека не им се верува на политичарите зашто и тие самите не си веруваат во кажаното, или ветеното, го ангажираат шахот Дрн-Дрн, за време на предизборните капмањи да раскажува приказни. Го ангажираат зашто народот сака да биде мамен со благозвучни реченици. Па, така успешните настапи на политичарите во предизборните кампањи и нивните победи на изборите стануваат тесно поврзани со интерпретацијата на приказните со нереална содржина. Поради таквата вештина што ја поседувал, шахот ДрнДрн, за политичарите, кандидати за државни функции, станува посилен и од судбината. Кога тој ќе си ја фати работата во свои раце, односно кога ќе се сложи за одредена парична сума да се нафати да раскажува приказни,на политичарот не му останува ништо друго
освен озарен во лицето да го пее познатиот рефрен: „Нама нико ништа не може! Ми смо јачи и од судбине!“. Салман Ружди, во романот не напишал што станало со политичарите кога на шахот Дрн-Дрн, после ненадејната семејна трагедија, му избегала жената со соседот банкар, ја изгубил способноста да раскажува приказни. Тојне напишал, ама секој читател на романот може да констатира дека од изгубената вештина да раскажува нереални приказни најмногу настрадал народот. Се нашол кутриот народ, што би
Политичарите не ги сакаат раскажувачите на нереални приказни, на „голи измислици“, зашто во нив гледаат конкуренција, ривали кои што можат да им ја загрозат кариерата, да не речам животот. рекле србите, помеѓу два лоша. Од една страна политичарите во кои воопшто нема доверба, а од другата онемениот шах Дрн-Дрн. Така е во романот на авторот врз кого е фрлена фетва, Салман Ружди, но во нашата стварност, мораме да признаеме колку и да е болно, стварноста е поинаква. Нашиот народ им верува на политичарите. А политичарите ја користат довербата па штом дојдат
на власт, со сета сила да удрат не по некои други, туку по раскажувачите на нереални приказни. Ги ставаат на столбот на срамот, им лепат етикети дека се предавници, односно дека со лагите што јавно ги артикулираат му штетат на народот. Со еден збор ги прогласуваат за противнародни елементи, непријатели број еден на државата. Од тоа не само што страдаат тие, измислувачите, раскажувачите на нереалните приказни, туку и целото нивно семејство, до незнам кое колено. Веднаш после ова наше излагање, односно констатирање, ќе се прашате, зошто е тоа така. До одговорт не треба да каскаме со години, со децении, не треба да поминеме илјадници километри или светлосни години, зашто одговорот е овде меѓу нас и секој го знае и гласи: Политичарите не ги сакаат раскажувачите на нереални приказни, на „голи измислици“, зашто во нив гледаат конкуренција, ривали кои што можат да им ја загрозат кариерата, да не речам животот. Најгласни по крадецот, да се фати, вика крадецот. Најмногу против нереалните говоранции, лажните ветувања, приказните со имагинарни содржини , се противат тие што ги користат како средство за градење политичка кариера, лагоден живот на грбот на народот, на оној народ на кој му е забрането да и верува на вистината и да се служи со неа.
Istokpress.mk Интернет портал кој за само 8 месеци е читан
Близу 1.000.000 пати! Проверете зошто istokpress е еден од најчитаните портали во државата
Секој ден 24/7 важните работи побарајте ги на
Istokpress.mk
[tipski Glas, Juli, 2017 br. 73
КОЛУМНА
Во Очекување
ПИШУВА: Стојче Самарџиев економски аналитичар
Г
-7 и Г-20 чекале да завршат популистите и популизмот. Европа ги чека есенските избори во Германија, а потоа, како и пред тоа или малку поинаку – со германската економија на чело. Во Западниот Балкан маж – кетарите се шеткаат, а не си ги слушаат мухабетите. Ние сме балканска сила, ги „дрмаме “: северот и југот, западот и истокот од времињата на Александар, Самоил, партизаните, мртвите и живите. Во економијата маратон 1–2 напред, 5–6 назад. Ураа–до победата и по неа, а по неа тие што ќе останат овде и вакви ќе пијат млеко од кукавици со мед од оси... Досадна економија Какво време е ова, кога нема криза (финансиска, енергетска, нема ни криза за кафе). Уф леле... Кина, Индија, Јапонија, Источните тигри немаат стапка на раст 10-12, немаат ни 5-6, а ги снема БРИКС и Евро-Азискиот сојуз. Западниот балкан се натпреварува за европски и кинески грантови и кредити или кој е најголем производител на конфекција, обувки, краставици и ситна боранија. Рамче од Тирана е „најфраер“, како шериф и никој од колегите не „шиша“, западно милениче бил, сам се фалел. Хе,хе-Рамче од Нашиот Запад ќе соработувал со источното „наше братче“ за нашата среќна иднина. Марш, идиоти, како би рекле северниот и јужниот ни пријател. Павле Воскопулос-македонецот, рече „Три магариња се караат за туѓо стебло“ (сега се четири магариња). Рогови во вреќа, барут во дрвена
барака тоа е ЗБ. Ха, ха-сега овде е најтипче Рамче патиката со двоглавиот црн орел. “Бати Сојузот бати“. Со овој Сојуз може ЕУ навистина да се распадне. Во Европа поединечно додека не се расчистат меѓусебните: големини, истории, религии, менталитети... Тоа може да биде „набрзина“-век или два ако додржи свемирот? Чавкарска агроекономија Чавките по кантите низ штипските населби, се резултат или последица на голите- опустошени полиња. Нема жита, пченка, бостани, лозја, овошки, бавчи, градини. Во напуштените села снемало муви и други инсекти, ластовички, врапчиња и други птици- немале храна. Снемало храна за инсектите, птиците, волците, глувците, змиите... а нема ни луѓе. Каде отиде богатиот растителен и животински свет, каде отидоа луѓето? Останале: дабот со својот длабок корен, жбунестиот габер и смреката кои сами од себе си ја обезбедуваат храната и си ја задржуваат влагата во долгото топло лето на овде измиената, лита земја. Ако патувате за Охрид преку планината Серта, застанете на „Ушите“ (превојот кон тиквешијата) за да ја видите пустелијата од тиквешијата преку Серта, Криволакавичко до крајот на овчеполието. Ќе ја видите територијата на 12 локални самоуправи, а на југозападот од „Ушите“ ќе го видите и најголемиот македонски воен полигон Криволак. Во таа македонска пустина многу јулски и августовски денови се со температура над 40°C, а вода за разладување, не за пиење, има во Вардар кај селото Пепелиште. Ни денар за инвестиции Од населбата 8-ми ноември до Болницата (од клиниката нема ништо) се полнат старите канти со куп кесиња поголеми од нив. Таванот на влезот од подновениот Трговски центар (не е ни центар ни трговски)
15
чека локални избори. Да, кантите и влезот се од локални пари за инвестиции, а државните беа за клиничката болница. Ни едно ни друг-до кога? Димитар, соседот, рече дека клиничката болница или Универзитетската клиника, најдобро ќе било да се градела кај Кежовица-физикалната. Таму има простор и услови за клиника и клиники, за хотели, паркови, сали, рекреации, спортови. Од Кежовица преку Мерите до Пребек, од Кежовица до мостот на Брегалница кај Калимерово, регионалниот пат Радовиш-Скопје до раскрсницата Штип-Скопје-Кочани. До овде доаѓа автопатот Миладиновци Штип, од овде водат експресните патишта Штип-Радовиш-Струмица, Штип-Кочани-граница со Бугарија. Тука минува пругата Велес-ШтипКочани. Тука е заборавениот Аеро-
Криволак, од овој крај, од Ушите се гледа пустелија на територијата на 12 општини.
дром (карго или помал). Овде е Универзитетот Гоце Делчев и факултетите за медицински науки. Тука се Кежовица, Л’џите, физикалната терапија. Тука е реката Брегалница за миење, пиење, пливање. Тука е воздухот како природна клиника. Тука е просторот за вложувње во наредните 4-5 децении. Овде има место за инвестиции од: мали, средни и големи трговци, локални самоуправи, државата, странците. За сите ќе има добра заработувачка и високи профити. Ајде, македонци и власи да го славиме заедно заедничкиот пророк Св. Илија. За многу години да сме во сите славења и целиот живот да сме во заедништво!
16
РЕПОРТАЖА
[tipski Glas, Juli, 2017 br. 73
Во Лесковица ништо добро
В
о претопол понеделнички јулски ден го посетив селото Лесковица. Сакав да видам како луѓето денес живеат на село. Имаат ли се што им треба за еден пристоен живот? Што за нив значи зборот „селска идила“? Што им носи радости, а по што тагуваат... Од разговорите со неколкумина во селото, при што најмладата наш соговорничка имаше „само“ 76 години, дознав дека во Лесковица нема ништо добро! Нема вода, нема продавница, леб доаѓа двапати во неделата го носи комбе, нема млади, нема редовен превоз до гра-
живот“, ни ја раскажуваше Рада својата приказна. Таа но и Димитар Данилов како и Бојка Станчева велат дека селото останало заборавено и од локалната и од државната власт. „Вода за пиење имаме само еден саат во денот. Некогаш ни толку. Имаме резервоар, цевковод низ селото, но кога се асвалтираа улиците механизацијата ја притисна цевката и вода снема до поголем дел од куќите. Реагиравме во општина Штип, му дадовме задача на нашиот „одборник“ Киро Арсов да отиде кај градоначалникот Димитар Данилов, на плоштадот кој никој не го користи и да побара нашите продот, малиот плоштад е изместен од блеми да бидат решени но градонасвојата вистинска локација....Нема, чалникот Захариев не сакал да го нема, нема... прими!. Во ред ли е тоа“- се прашу„На времето Лесковица ваше Димитар Данилов, човек на 77 имаше над 120 куќи со над 350 жи- години кој како и Рада Јанева цетели. Од куќите се слушаше џагор, смеа, живот, младост. Денес не има само триесеттина жители. Младите, кој како успее да се снајде си го фаКОРПА ОД ЗАХАРИЕВ тија патот, останавме село на старци. А кој млад би сакал да Лесковчани имаат еден куп остане кога тука ги нема ниту проблеми. Му дале задача најелементарните услови за живот“, на нивниот „одборник“ тоа се запраша Рада Јанева, жена на 76 да му го каже на години која целиот свој живот го поградоначалникот Захариев минала во селото. –„Имам три деца, ќерката е во Скопје, синовите за да може нешто да се одамна си отидоа од селото зашто реши. Но Захариев одбил тука перспектива не видоа, со мојот да го прими претставникот сопруг живееме од пензија од на лесковчани! 10.500 денари од кои половина ги даваме за лекови. Синовите ми се без работа, ќерката нешто не помага и така некако го туркаме овој лиот живот си го минува во селото.
Плочата на Захариев
Сам е, сопругата му починала, но до неговата куќа е неговиот постар брат па со него главно ги поминува тегобните денови на село. Нашите соговорници се жалат на тешкиот селски живот. Велата дека нема никаква идиличност во животот на село. Пред две години починал газдата на единствената продавница за леб и други основни прехранбени производи кој бил од Неготино. Од таа година продавница во селото нема за ништо, па ниту за леб. „Денес е понеденик сме седнале тука, под оваа топола, под сенка, да го дочекаме комбето кое секој понеделник и четврток ни носи леб. Од седум дена само во два дена имаме можност да си купиме свеж леб. Па сега некој нека каже дека на село се живее убав живот. Кој нормален човек би се вратил да живее во вакви услови“, прашува Рада Јанева. На една височинка гледаме призори (столбови) од одамна распадната зграда. Некогаш тоа било училиште. Димитар вели дека сака да не одведе до таканаречениот „плоштад“. „Градоначалникот и општината решија плоштад да градат тука, а не на местото на кое традиционално, со децении селаните се собираат. Ние инсистиравме мал плоштад да имаме кај месноста Падарница, кое е наше собирно место. Но, го изградија на друго место, а таму никој ниту оди ниту седи. Направија и чешма ама нема вода. Поставија и некаква табла, ама и таа
[tipski Glas, Juli, 2017 br. 73
се рони“, ни рекоа Рада и Димитар. А тоа што некој го нарекол плоштад, тоа ви се дваесетина квадрати поплочени со камен, три степеници, чешма со две корита, а без капка вода, и – табла на бела мермерна плоча. На таблата пишува: „Плоштадот е изграден 2014 година. За идните генерации. Градоначалник на Општина Штип прим.м-р Илчо Захариев“...Мермерната плоча е прилично избледена... На Падарница повеќе жени од мажи чекаат леб. Прашувам: кој подолго живее во селото? Мажите или жените. Сите велат – полапола. Бојка Станчева пак иронично додава: нема ни жени ни мажи...Само стари луѓе, па кога и
иселените доаѓаат да си ја видат Лесковица, да запалат свеќа во убавата црква „Свети Ѓорѓија“. Луѓето кои толку топло ме примија во нивното село велат дека тогаш сите играт и пеат, тогаш е еден сосема поинаков ден. Со Димитар влегуваме во дворот на црквата. А таму голема мермерна плоча и на неа запишани имињата на партизаните од селото кои загинале за нашата слобода како борци против фашизмот во Втората светска војна. Во книгата на вечноста на Лесковица се запишани: Владо Арсов, Ване Миладинов, Блажо Илиев, Тоде Шапков, Јордан Петрушев и Димитар Јанев. –„Спомен плочата ја подигна организацијата на борците
Селаните го чекаат комбето со леб
нас ќе не снема селото ќе остане пусто. Таа додава дека живее од социјална помош од 3.000 денари, дека детето не и било вработено, дека одвај некако го крпела животот...„Не очекував дека на 80 години ќе биде вака мачно. Кога бевме млади стотици од нас ќе отидевме на жетва, со српови жнеевме а песна се ореше низ целото лакавичко подрачје. Имавме се што ни треба, се ни беше убаво. Овде земјата е добра, родна, но нема млади за работа“, коментираше Бојка. Кога ќе падне мрак Лесковица потонува во сон. По улиците имало само четири исправни сијалици. Луѓето се повлекуваат во своите домови и главно гледаат телевизија. За празниците Голема Богородица и Ѓурѓовден селото оживува. Тоа се негови празници. Најголем дел од
17
РЕПОРТАЖА
Спомен плочата на паднатите борци од селото во НОБ
Рада и Бојка во муабет за тоа што носи денот
од селото. Нашите луѓе загинаа во борбата со бугарскиот и германскиот фашистички окупатор. Ние достоинствено го чуваме споменот на
штипскиот градоначалник – дека тој ќе ги вратил луѓето на село оти таму било многу убаво за живот. Нека ја посети Лесковица и нека се
Црквата во селото
нив“, потенцира Димитар Данилов. убери дека освен демагогија во Околу пладен го напуштам селото. такви зборови ја нема суштината. Во умот ми се вртат зборовите на
18
[tipski Glas, Juli, 2017 br. 73
СПОРТ За ЛОИ во Токио, 2020 година
Од Штип тројца кандидати-каратисти!
З
оран Шоров беше последниот штипјанец кој учествуваш на ЛОИ во БАРСЕЛОНА 1992 година. Тој е најуспешниот спортист, со три учества на ЛОИ. Најголемиот успех го постигна на ЛОИ во Лос Анџелес 1984 година, кога стана 6 во својата категорија.Учестуваше и на ЛОИ во Сеул 1988 г. Киро Ристов беше
учествуваше на ЛОИ во Мексико Сити 1968 година. Дали по 28 години Штип ќе има учесник на ЛОИ во Токио 2020 година?
во категоријата до 84 килограми, членови на КК Штип и Јована Георгиева, која освои бронзен медал на ЕП во Турција, членка на КК Македонка.
Како што сега стојат работите, најголеми шанси да учествуваат Олимпијадата имаат тројца штипски каратисти. Тоа
„Верувам дека барем еден штипски каратист ќе учествув а на ЛОИ во Токио 2020 година. Конкуренцијата ќе биде голема.
Жарко Арсовски
учесник на две ЛОИ во Монтреал 1976 и Москва 1980 г. Симеон Шутев беше првиот Македонец, кој
Јована Георгиева
се Емил Павлов, кој беше и европски шампион, Жарко Арсовски, кој е најдобар во Македонија
циони, ќе се бодуваат за ЛОИ во Токио. Идната година во Париз веројатно ќе има и проширување, зголемување бројот на категориите. Ние веќе почнавме со подготовките за врвните меѓународни првенства во Маврово, ќе имаме и викенд подготвки во Штип..“ - изјави новиот селектор на македонската сениорска ре-
Емил Павлов
Идната година сите меѓународни турнири од „Златната“ премиер лига ќе бидат квалифика-
презентација, штипјанецот Сашко Арсовски.
По седум години ФК Брегалница ја напушти Првата лига
Можно ли експресно враќање во елитата?
Д
ека парите „не играат“, туку организационата поставеност, најдобра потврда е ФК Брегалнца.. Според парите што ги добива од локалната самоуправа, Брегалница беше меѓу петте најбогати клубови во Првата македонска лига. За три години потроши околу 1 милион евра, а на крајот мораше да ја напушти елитата. Парите беа фрлени во „бунар“. Очигледно, лошата организација на клубот го донесе и бродоломот. Затоа, на последната седница на Советот на општината, не случајно беше побарана и одговорност за лошите резултати. Се знае кои ги именува лицата во раководните структури на клуботградоначалникот!. Сега, од него се
бара пак да именува „свои“ луѓе во раководството на клубот . До кога така ќе се однесуваме и ќе трошиме народни пари? Во меѓувреме, досегашниот претседател Ангел Бојаџиев го почитуваше заклучокот на Советот .и поднесе неотповиклива оставка Без разлика на се, Брегалница, под раковоството на тренерот Никола Кузманов, ги почна подготовките за новата второлигашка сезона. Од ланската екипа останаа, барем засега, само двајца фудбалери Горан Здравков и Ристе Наумов. Може ли Брегалница експресно да се врати во елитата? Тоа од неа го бараат фановите . Во новата сезона, „сините“ ќе можат да сметаат на 4,2 милиони де-
нари..Ќе мора идните денови да се обезбеди и повалитетен играчки фонд ако се сака Брегалница да се врати во Првата лига. Се очекува до почетокот на првенството, 26 август, екипата да се стабилизира и да одигра повеќе пријателски средби. Веруваме дека во меѓувреме ќе се уредат соблекувалните по сите стандарди, ќе се покрие едната трибина, за да може на Градскиот стадион да се играат и европски средби.
[tipski Glas, Juli, 2017 br. 73
19
СПОРТ
За него најмногу се зборува во спортските кругови
Бобан Николов е херојот на младата репрезентација и на Вардар!
И
ако има само 21 година, во последните недели најчесто е споменувано неговото име. Станува збор за Бобан Николов, кој е капитен на младата репрезентација на Македонија, која учествуваше на ЕП за млади во Полска и член на шампионот Вардар. Бобан Николов даваше тон на играта на младата репрезентација.За првпат во историјата на македонскиот фудбал, една македонска репрезентација учествуваше на Европско првенство. Најголем придонес за учеството на ЕП имаше токму Николов.
Тој настапува и за екипата на Вардар во КЕШ. Вардар во второто квалификационо коло ја победи силната екипа на Малме. Во првата средба, Бобан Николов постигна еден гол, и Вардар со тој гол извлече нерешен резултат (1-1).Во реваншот со Малме, Бобан Николов го постигна третиот решавачки трет гол за Вардар (3-1). Тој на двете средби беше херојот на Вардар. Бобан Николов потекнува од фудбалската школа на Брегалница, потоа играше во Виторул во Костанца, Романија, а пред една сезона
се дојде во Вардар. За него има заинтересирани повеќе фудбалски клубови. Го потврди својот раскошен квалитет. „За да успееш во фудбалот мора многу трпение,напорни тренинзи, самооткажување. Јас бев упорен и ете резултатите од таа работа не изостануваат. Голема благодарност упатувам и на поддршката од моите родители (Санде Николов- ЦАНЕ е неговиот татко , екс претседател на Брегалница, успешен бизнисмен), но и тренерите.
Сметам дека се уште не сум го кажал последниот збор. Уште сега имам понуди, но во Вардар засега ми е добро. ..“- вели Бобан Николов, кој со одликува со префинета техника, одличен, изграден удар и преглед на играта.
И тоа се случи- Боксерската федерација ја призна грешката!
Пинк Пантер- екипен дравен првак!
Н
а 2 јули во Штип се одржа Државното првенство во бокс. По завршувањето на првенството беа прогласени најдобрите. За екипен државен првак беше прогласена екипата на Чаир, пред Пинк Пан-
тер и Баргала. Боксерската федерација на Македонија дополнително, ги разгледа сите настапи на боксерите и бодовите. БФМ јавно призна дека направила грешка во собирањето на бодовите на Државното првенство. Така, дополнително ,БФМ за Државен екипен првак ја прогласи екипата на Пинк ПАНТЕР, што ја предводи Илија Младеновски, голем вљубеник во благородната вештина. Пинк ПАНТЕР собра најмногу бодови 105, ЧАИР 95 И Баргала 80. Пинк ПАНТЕР сега треба да добие два пехара- за најдобар клуб и тренер. Тие претходно им
Меморијален турнир „Горѓи Стојков- Пивка“
Д
турнир и таа организација треба да биде поучна за сите екипи кои органзиираат вакви и слични турнири. Се помина во најдобар ред, ни тропските темпаратури не спречија да гледаме квалитетен и атрактивен фудбал. Екипите на ВАРДАР, за деца родени 2005 и 2006 година, немаа конкуренција во двете категории. Посебно импресивен впечаток остави генерацијата 2005 година, која ја наполни мрежата на МАРЕК од Дупница, Бугарија, победувајќи со 13-1. Оваа генерација, предводена од тренерот Кралевски како да
Страниците ги подготви: Кирил Манев
беше од друга планета!?. Само треба овој состав да се задржи, бидејќи има големи предиспозиции. Не случајно, најдобри фудбалери на турнирот во двете категории беа фудбалерите на Вардар- Дарко Цековски2006 и Давор Серафимовски-2005. Трофејот „Ѓорѓи Стојков – Пивка“ го освои голманот на Брегалница Филип Слободанчовски (2О05), кој беше прогласен за најдобар голман на турнирот.. Пехарот му го предаде семејството на Горѓи Стојков, ќерката Катерина и синот Виктор. Најдобар голман во генерацијата 2006 е Иваил Крмов од Марек, во истата генера-
Вардар со двојна круна еновиве во Штип, на фудбалското игралиште со вештачка трева во Бело Брдо , заврши Првиот меморијален меѓународен турнир „Горѓи СтојковПивка“, во чест на поранешниот голман на Брегалица и педагог. На почетокот мора да ја истакнеме беспрекорната организација на турнирот на ФК Мал Ајакс, каде Горѓи Стојков во последните денови од животот работеше и ги учеше младите таленти. Честитки за претседателот на Мал Ајакс, Влатко Манев и неговите соработници. Покажаа како се организира
припаднаа на ЧАИР. најдобар боксер по првенството беше прогласен боксерот на Пинк Пантер, Димитар ТАШКОВ. Сепак, иако правдата е задоцнета, имаше среќен крај за Пинк ПАНТЕР. Понекогаш чесно е да се признаат грешките, како што е случај сега. Можеби во иднина не треба на брзина да се прогласуваат најдобрите. Со најновата одлука на БФМ, Пинк ПАНТЕР е апсолутен победник на Државното првенство. Оваа екипа ја освои екипната титула, пехар за најдобар тренер и најдобар боксер. ција најдобар стрелец е Бранимир Иванов од Постолов Пандев, кој постигна 4 гола. Во категоријата 2005 година ,најдобар стрелец е Филип Јовановски од Вардар со 7 постигнати гола.. И фналните сфедби ги следеа голем број познати фудбалски имиња, меѓу нив и Кире Герасимов,, Стево Илиев- Гуња, Пандо Богоев и др. РЕЗУЛТАТИ,2005- Брегалница- Мал Ајакс 4-1, Вардар-МАРЕК 13-1, Мал АјаксМАРЕК 1-1, НА ПЕНАЛИ 2-3. финале ВАРДАР- Брегалница 5-2. 2006 Мал Ајакс – МАРЕК 2-3, ПостоловВАРДАР 2-3,Постолов- Мал Ајакс 5-2, ВАРДАР- Марек 60..
20
ГРАДОТ
[tipski Glas, Juli, 2017 br. 73
Малото, Потемкиново село на Захариев
В
о близина на новата фонтана спроти хотелот „Оаза“ изградена е чешма. За очекување е кога се даваат пари за било каква градба таа и да има своја смисла и намена. Но, на чешмата нема ниту славина, а за вода ич не станува збор. Што ќе му е на градот таква „градба“ ако од не неа не тече вода? Која е смислата да се потрошат 50 или 500 или 5.000 евра, а градбата да не служи за ништо? Впрочем, низ градот, долж коритото на Отиња и на плоштадот одамна постојат чешми уредени со намера луѓето да има каде вода да се напијат и лице да се замијат. Долги години овие чешми функционираа беспрекорно за
кога дојде оваа власт да биде донесена одлука дека на штипјани и патницитенамерници вода на отворено е луксуз. Кога ќе ја здогледаш ти се чини чешма, кога ќе и пријдеш гледаш дека било фатаморгана.
СУВА ЧЕШМА На чешмата нема славина, што значи од неа не тече ниту вода... Па зошто тогаш за неа се давани пари?
И оваа чешма што не е чешма зашто нема вода е само мал детал од крупните Потемкинови села кои ги направи локалната власт на чело со „архитектот и урбанист“ Илчо Захариев.
Откосо гледано
„ Пешачка зона“
З
ошто насловот под наводници? Па затоа што во Штип прогласената пешачка зона е се друго само не тоа што го носи името. Прво: на проглаената пешачка зона нема никаква друга содржина освен асфалтната лента и осветление, кое најчесто половично функционира. Нема клупи, нема чешми, нема санитарни чворови...ма нема НИШТО! Друго: но затоа има пречки (барикади) со дупло поставени армнирани
циплинираните возачи, ама и пешаци и пред се родители со мали деца во колички!? „Алал му ќуфте“ кој го „искреирал“ ова. На почетокот и на крајот од делницата на пешачката зона има поставено информативна табла со сообраќаен знак за забрана на движење на патнички моторни возила и мотоцикли со времеограниченост од 15:00 до 7:00 часот од понеделник до петок, а од 00:00 до 24 часот во сабота и недела. Во друго време патот е слободен, но има барикада па помини ако можеш! На делницата од патот прогласен како пешачка зона има угостителски објект Бриони, потоа зоолошка градина, а потаму објекти на управата на Македонски шуми во Штип, а уште понатаму се две населени семејни куќи. Од другата страна на препреката има две викендички чии сопственици поминувабетонски блокови поврзани со заварени ат по дел од пешачката зона. Ниту за метални цевки и странично ископан едни ниту за други не е регулиран присров, да не можат да поминуваат недис- тап, а го користат нормално.
Ние домашните се навикнавме на ситуацијата со блокадата на овој пат. Но што ќе речат гостите на Штип од други места на Македонија како и од странство? А често се случува да тргнат по таа насока во дозволеното време и се принудени да се враќаат поради барикадата. Се прашувам да ли градските власти од локалната самопуправа ќе се сетат да го разрешат овој заврзок на современ цивилизациски начин. Се надевам,ДА! Никола Бељански
[tipski Glas, Juli, 2017 br. 73
СПОМЕНАР
Стари штипски споменари
21
Страната ја уреди: Зоран Сичев
Чаршијата во Штип за време на 2 световна војна
1930 г,споменико на ѓенерал Ковачевиќ
Штип 1930 денес пред камениот мост
Панорама на Штип во 20- сетите години од минатиот век ..денешен плоштад
22
[tipski Glas, Juli, 2017 br. 73
РАЗОНОДА
TR-MR ov -Mi Re k e ~e R i T
Омраза Нас никој од светот не не мрази. Ние сме си доволни самите на себе! Добар Во вистината не секогаш треба да се бара убаината. Убавината е во самата потрага по вистината. Вистина Сретнав една Вистина. Ја прашувам Колку таа како Вистина е вистинска. Ми вели: Како Вистина секогаш сум вистинска Освен кога излегувам од устата на политичарот. Дно Новинарите анализираа: Професијата го допрела самото дно. Погрешно. Никој не го знае дното на нашето Новинарство...
Razmisluva: Iv. BOJ
Издавач: Ив Ан Принт 16 - Штип Излегува – еднаш месечно Првиот број излезе во месец април, 2009 година Редакција: Иван Бојаџиски, главен и одговорен уредник 078/393-730 Кирил Манев, уредник на спорт Маре Стоилова, уредник на колумни Јорданчо Бојаџиски, технички уредник 078/473-094 Седиште на редакцијата: 2000-Штип, ул. „Страшо Пинџур“-2 Денарска сметка: ТТК банка 290000001875546 Даночен број: 4029016517952 Годишна претплата – 180 денари Печати: печатница „Генекс“-Кочани Ракописи и фотографии не се враќаат За Штипски глас се плаќа повластена даночна стапка од 5%
Чекор Ние сме пред бездната која води Кон конечното пропаѓање. Потребен ни е само уште еден Мал, одлучен чекор...
ВИЦОТЕКА СЕДУМТЕ БОЖЈИ ЗАПОВЕДИ НА МАКЕДОНЕЦОТ Сакај го креветот како што се сакаш самиот себе Биди фер, ако видиш дека некој одмора, помогни му Мотиката е нешто свето, светите работи со раце не се фаќаат Она кое можеш да го направиш утре не прави го денес Имај на ум дека секоја желба поминува, па и желбата за работа На работа доаѓаш уморен, затоа седни 2-3 часа за да ссе одмориш Ако работата е здравје, остави ја на болните По првата брачна ноќ таткото го прашува синот: -Како беше со снаата? -Супер, испадна дека е невина! -Веднаш враќај ја дома, ако досега никој не ја сакал морало да има причина... Трпана на Трпе: -Знаеш трпе кога се омажив за тебе бев многу глупава А Трпе возвраќа: -Знам бе Трпано, ма тогаш бев многу заљубен за да сум можел да забележам... Маж и жена убаво си се караат: -Ти повеќе ја сакаш Брегалница од мене, со плачни очи вели жената. -Ако ја сакаш вистината јас повеќе го сакам и ФК Таринци од тебе. Возвратил мажот.
[tipski Glas, Juli, 2017 br. 73
РАЗОНОДА СУДО К У
Броевите од 1 до 9 впишете ги во блоковите со големина 3 x 3 полиња (врамени со здебелени линии), така да секој број може да се најде само еднаш во водоравната или хоризонталната насока
СКРИВАЛКА треба да пронајдете два скриени предмети
23
24
РЕКЛАМА
[tipski Glas, Juli, 2017 br. 73