Skip to main content

Stipski Glas 84

Page 1

Македонска свадба

Борче и Надица направија неверојатна свадба во Пиперово

Една година потоа: д-р Ален ЃEОРГИЈЕВ, директор на Клиничка болница

Отворена спомен соба на првиот претседател на Република Македонија

За подобро здравство вложивме 140.000 евра сопствени средства

ЗАЕВ: Глигоров е еден од најголемите синови на Македонија СТОПАНСТВО

Брилијант, нов член на големото семејство на Витаминка

РЕГИОН

Штипски „Фагус“ го спасува Пехчево


2 ОД МОЈ АГОЛ

Ќ

[tipski Glas, Juli, 2018 br. 84

АНАЛИЗА

N

Иван Бојаџиски

Сите на референдум за името, за ЕУ и НАТО, па кој како милува

е имаме референдум за името. Раферендум кој ќе ја определи нашата иднина. Ќе живееме ли во времето на Александар Велики Македонски или во времето на цивилизирана Европа. За тоа ќе носиме важна одлука. Заробениците-митомани ќе инсистираат на некакво античко минато од кое не можат да ја видат македонската перспектива. Оние другите се личности кои со ширум отворени очи и јасен ум го гледаат светлото на крајот од мачниот македонски транзициски тунел. Тунел чиј последен мал отсјај на некаква надеж зпочна да згаснува последниве единаесет години под криминалното владеење на вемерето. Ќе имаме референдум и тој ќе биде успешен. Во тоа не се сомневам. Не затоа што јас им припаѓам на овие вторите кои работите ги гледаат од перспектива на нашата иднина, туку поради фактот дека до таков заклучок доаѓам по малиот милион разговори со наши сограѓани. Млади, средовечни, стари, мажи и жени, работници и административци, интелектуалци , селани, земјоделци... Луѓето говорат дека името и се што ни е од национален интерес е тука. Со договорот со Грција го имаме сочувано за век и веков. Повеќе никој нема да ни го доведува под сомнеж. Никој нема да поставува прашање од таа света сфера. Празни муабети на таа голема тема повеќе нема да има. Тоа е факт. И тука треба да се каже: крај! Да се стави точка. Од разговорите со граѓаните осознавам дека им е прекуглава од празна политичка реторика која за нив не решава ништо. Реторика која само им служеше на криминалнaта структура од бивашата владеачка гарнитура да си го „товари магарето“. Луѓето говорат и една друга работа за која јас еднаш веќе пишував. Дека овој референдум ќе ја профилира иднината која и припаѓа на младите генерации. На оние кои сеуште не наполниле педесет години. Па, аналогно на тоа, во канцелариите, крај машините, во кафулињата, на улиците, во секој и секаков разговор оваа тема станува се поактуелна. Дека со овој референдум ние всушност ја ставаме на испит европската иднина на младите генерации. А еве и зошто. Логика вели дека во ЕУ ќе влеземе по најмалку десет години. Тоа е време во кое оние кои денес имаат 55 години тогаш веќе ќе бидат во пензија. Ќе имаат некаква социјална сигурност. За разлика од младите, кои ако Македонија не стане европска, цивилизирана и во секоја смисла просперитетна држава ќе немаат друг избор. Ако Европа не дојде кај нив тие ќе заминат во Европа. Ќе си ја бараат спокојната иднина во земји каде способноста, стручноста и работливоста се доминантна категорија. Наспроти партиската легитимација

како услов за работа што кај нас е закон над сите закони. Тоа, во најголем број, го говорат и луѓето со кои секојдневно, благодарејќи на мојата професија, се среќавам. И затоа е овој мој став. Дека на референдум треба да се излезе семејно и свечено и со јасни сознанија за тоа за што го даваме нашиот глас. Како што во интервју за порталите istokpres.mk i Либертас го рече познатиот белградски адвокат Тома Фила, по потекло од нашата Македонија. Јас лично ќе излезам и ќе гласам на овој референдум, кој по своето значење е веднаш до референдумот за независна, самостојна Македонија од 1991 година. Мојот глас го сметам за глас на моите внуци за кои ја носам одговорноста во градењето на новата иднина на мојата и нивна татковина. Зашто и на мене, како и на сите вас кои сте над педесет години старост, најважни ни се нивните животи и нивната среќа. Се над тоа и под тоа не постои. Овде сакам да укажам и на еден важен момент кој како поука и за нас беше испратен од една ТВ дебата на српска телевизија. Во емисијата кај познатиот Миломир Мариќ учествуваа веќе спомнатиот адвокат Тома Фила и еден српски генерал кој бил во затвор во Шевенинген. Генералот го кажува следното: „Во затворот беше и Рамуш Харадинај, сегашен премиер на Косово. Рамуш ми забележа дека ние Србите многу сме се бавеле со политика и дека тоа не било добро за нас. Го прашав како тоа мисли, а тој ми одговори вака: ние на Косово не се бавиме со политика. Тоа им го оставаме на американците. Кога требаше да избереме претседател, како владеачка коалиција се договоривме за личноста. Името го запечативме во коверт, и заминавме во амбасадата на САД. Ковертот му го дадовме на амбасадорот, тој го отвори, го прочита и ни го врати. Потоа амбасадорот од една фиока од неговото биро извади коверт, ни го подаде и ни рече да се вратиме назад, да го отвориме и прочитаме, а потоа пак да дојдеме кај него, Го направивме тоа, прочитавме што пишува, и еве не назад кај амбасадорот. Во ковертот го пишуваше името на Атифете Јахјага, како кандидат за претседател. Ние му рековме на амбасадорот дека таа личност не ја познаваме, на што тој ни одговори дека тие ја познавале и дека Јахјага ги поминала сите нивни дипломатски школи“! Така и биде. Јахјага стана претседателка на Косово. Нашиот премиер Зоран Заев во една прилика го кажа следново: „Ако ти е тешко, а нам ни е многу тешко, тогаш го повикуваш пријателот. И ние ги повикавме американците“! Тука ставам крај. Кој разбрал разбрал.


[tipski Glas, Juli, 2018 br. 84

В

о мало село до границата со Бугарија постои човек по име Делчо.Вреден, работлив, снаодлив, секогаш и во секое време. Се бави со земјоделие, но од дополнителната дејност, претпоставуваме, подобро профитира. Тој Делчо посредува помеѓу наши граѓани и бугарските власти за добивање бугарско државјанство. Има свое комбе за кое вели дека секогаш е полно со луѓе кои ги носи во соседната земја за пред тамошните власти да си ги докажат своите „бу-

СОСТОЈБА

Вози Делчо....

3

гарски корени“ како услов за државјанство и европеизација. Делчо за Бугарија носи секакви личности. Од земјоделци кои не можат да живеат од своите ниви, до деца на политичари, професори, службеници, работници.Сите сакаат да заминат во Европа, а за цената и за „бугарските корени“ ич не им е

поголем станувал бројот на граѓани кои барале лекарско уверение за комплетирање на документите потребни пред бугарската држава. Што нам ни говори тоа? Дека Македонија продолжува да се празни. Се празни зашто младите не си ја гледаат перспективата тука. За да го остварат својот сон да живеат во уредени држави, да имаат асална работа, се откажуваат и од своите Европа сега, или Делчо корени. Затоа Европа сега! Не дека и ќе продолжи да вози кон тогаш нема да ја има оваа економБугарија ска миграција, туку затоа што само тогаш Македонија ќе мора да стане уредена држава во која лека-полека гајле. Сето тоа, на крајот од приказ- ќе се подобруваат нештата како ната, се исплатува. Меѓу таквите услов за опстанок на младата генерација. бројни се и штипјани. По кратко, едногодишно заА до тоа време ќе биде – тишје, според лекар од Штип, одново е настаната еуфорија да се вози Делчо, правец Бугарија! добие европски-бугарски пасош. Се

Големите цивилизациски мисли на Глигоров бараат јавност

Ш

тип, родното место на Киро Глигоров мошне достоинствено се оддолжи на познатиот политичар од југословенско време и прв претседател на самостојна Република Македонија.Советот на општината донесе одлука за именување на Општинскиот мултимедијален центар во ОМЦ „Киро Глигоров“. Во овој центар неодамна беше отворена спомен собата на Глигоров. Настанот беше мошне убав и пријатен, убави говори во чест на Глигоров имаа премиерот Зоран Заев и градоначалникот Благој Бочварски, во спомен соФалат големите мисли: „Македонија ни е сe

што имаме“

И Гандиевската: „Ова куп старо железо не

е вредно за ниту еден загубен човечки живот“.

времето кога во два мандата ја извршуваше највисоката државна функција - претседател на Македонија.

Но,во овој убав простор во кој секој посетител има средба со важен дел од историјата на Македонија, недостигаат две големи мисли. Едната од нив е мисла која ја дефинира Македонија како наша единствена татковина, втората мисла Гандиевски, со која Киро Глигоров само се потврдува како светска личност која излезните решенија и за најкрупните државни проблеми ги бара и наоѓа по пат не ненасилни методи.

Лично ценам дека двете големи мисли на Глибата вкусно се поместени предмети кои му припаѓале на покојниот претседател, писма, книги, работно биро, горовие ставени во рамка како прилог на овој текст заклавир, многу фотографии од неговото политичко должително треба да стојат на објектот кој го носи дејствување како во поранешна Југославија чија фе- неговот име. деративна единица беше и Македонија, исто така и од


4

ИНТЕРВЈУ

За подобро здравство вложивме 140.000 евра сопствени средства

[tipski Glas, Juli, 2018 br. 84

Една година потоа: д-р Ален ЃEОРГИЈЕВ, директор на Клиничка болница

З

а в.д. директор на Клиничка болница Штип д-р Ален Ѓеоргијев, беше назначен на 19 јули минатата година. Една година по превземањето на секогаш жешката функција, со д-р Ѓеогијев разговараме на теми од значење за здравјето на граѓаните од регионот.

Во кои и какви услов, д-р Ален, го започнавте раководењето со болницата? Се најдов пред еден нов, голем предизвик. Имав тежок период до месец ноември, бидејки поради локалните избори, немаше можности за никакви нови тендери, а имавме расипани апарати, неможност за ангажирање на работници кои ни беа неопходни, а немавме ниту Управен одбор. Потоа се формира Управниот oдбор и пред себе поставив неколку приоритети. Прво секој денар кој треба да влезе во Болницата да биде собран, да се намалат непотребните трошења, да се поправат и сервисираат апаратите кои ни се неопходни, да се набави со сопствени средства нова апаратура и опрема колку што сe може, да побараме донации за работи кои ни се потребни, да ангажираме работници, за да го ублажиме недостигот од кадар и, секако, да се реши еден голем камен околу вратот со тужбите на вработените за неисплатени додатоци на плата во претходните три години, а дел од нив веке имаа извршни решенија, што многу ја чинеше болницата...

И, каков е резултатот денес една година потоа? Најдовме начин да се исплатат додатоците на плата на вработените, половина им е исплатена, другата половина во месец септември (270.000 евра), долгот кон Трансфузиологија од 24 милиони дена-

поправи конечно и ангиографот за коронарографија со кој се спасуваат многу животи. Сите поправки досега не чинеа околу 140.000 евра.

ри, го намаливме на подносливи 6 милиони денари, немаме неплатени сметки за комунални услуги, ангажиравме околу 60 луѓе со договор на дело, доктори,сестри, болничари, хигиеничари, физиотерапевти... Пациентите конечно добија пакувана, поквалитетна храна и тие тоа го признаваат...Извршивме поправка на апаратот за дензитометрија, апаратот за операции на катаракта

Дел граѓани не фалат, дел не критикуваат, но во мнозинство се оние првите, а тоа ни говори дека сме на добар пат. Се разбира, нема волшебно стапче да се сменат работите за само една година.

(перде), апаратот за анестезијa, двапати го поправавме и го поправивме апаратот за компјутерска томографија, се направи сервис на апаратот за магнетна резонанца, се

Од каде пари? Со сопствени средства набавивме ЕКГ апарати, пациент монитори при што сакам да кажам дека на интензивната нега на Интерно одделение немаше ниеден, сега има три нови, како и САРИЛ кој доби пет нови апарати, перфузори, апарат за лепење крвни садови, лапароскопски столбови за операции од областа на хирургијата, урологијата и гинекологијата, нова станица за компримиран кислород, конечно после над 30 години се набавија нови индустриски машини за перење и сушење на болнички веш.. Во тек се набавки на пациент монитор и ЦТГ апарат за гинекологија, како и апарат оксилог за транспорт на тешки витално загрозени пациенти во друга установа..... Успеавме да обезбедиме и донации. Од поголемите донации , добивме две нови амбулантни возила од Јапонската амбасада, имавме шведска донацијата за опремување на коронарната единица каде сега пациентите имаат третмана како што треба без притоа да бидат преместувани на другиот крај на болницата како што беше претходно. Со донации комплетно ја реновирана детската соба на Хируршко одделение и сега е пристојно место за нашите најмили и најмали,се молерисаа нервно и детско одделение, делумно физикалната терапија. Искрено се надевам дека до есента ќе успееме да го добиеме проектот од Европска Унија, каде настапуваме со партнери од Република Бугарија, со сесрдна помош од Источниот плански регион, со кој ќе добиеме околу 140.000 евра за ре-


[tipski Glas, Juli, 2018 br. 84

конструкција на Инфективното оделение, кое ќе остане надвор од новата зграда на Клиничка Болница, како и уште еден проект во висина од 20.000 евра за набавка на комплетно нова медицинска апаратура за потребите на физикалната терапија.

Во посета ви доаѓаа двајцата министри Таравари и Филипче, што видоа, што забележаа, што ветија? Не треба да си министер или експерт, за да видиш дека инфраструктурно нашата болница е во катастрофална состојба, делумно од забот на времето, делумно со неодржување и вложување во истата. И министрите ги препознаа нашите напори сега да имаме колку толку пристојни услови, додека да се изгради новата болница, каде се ќе биде поинаку и подобро.

Важен е погледот на министрите но најважно, според нас, е мислењето на граѓаните, на пациентите... Апсолутно. Јас можам да кажам дека дел граѓани не фалат, дел не критикуваат, но во мнозинство се оние првите, а тоа ни говори дека сме на добар пат. Се разбира, нема волшебно стапче да се сменат работите за само една година. Инаку критиките и фалбите ги добивам на секаков начин, лично на работното место, на улица, по телефон, на вибер, месинџер и секогаш се трудам нештата кои не се добри да се поправат. Од министерството е најавено сто нови вработувања во Клиничката болница. Ќе ја биде ли таа работа? Да, тоа е така најавено но кога тоа ќе се распише конкурсот и дали ќе ја биде таа бројка која се споменува зависи од одобрението од Министерство за финансии. Нас не води оптимизмот, надежта зашто нашата болница има регионално значење за 200.000 потенцијални пациенти. Лично се надевам дека веќе во месец септември годинава ќе можеме тоа и да го спроведеме. Но, пак велам се е во рацете на нашето министерство со кое имаме одлична соработка.

ИНТЕРВЈУ

Што е тоа што од кадар ви фали? Во однос на кадарот ни фали буквално се, како од медицински кадар (доктори сестри) исто така и од немедицински кадар - болничари и хигиеничари, правници,економисти, информатичари, занаетчии итн.

5

Покрај поединци, лекари, сестри, болничари кои заслужуваат почит за својот однос и професионалност, пациенти говорат и за мрзеливи, неодговорни вработени. Ваш став? Мнозинството вработени си ја вршат работата, совесно, пожртвувано и одговорно. За жал имаме и поединци кои и порано, а и сега, си тераат по свое, арогантни се, дрски, не ги вршат своите обврски. Јас често ненајавено ја посетувам болницата во вечерните часови и до скоро, усно се трудев, да им укажам на оние кои не си ја вршат работата како треба. Никому не сум му дал,отказно решение, тоа е крајна, болна и непопуларна мерка, но од неодамна има неколку вработени што имаат писмени опомени, како и парични казни изречени од Дисциплинската комисија. Се наде-

Ангиографот не работеше подолго од една година. Вие успеавте да го ставивте во функција. Како? Ангиографот не работеше од лани , некаде од март-април,а се до моето назначување (околу 4 месеци) не беше поправен. Причините не ми се познати. Во моментот кога се создадоа услови истиот да биде поправен, по консултации со Министерството за здравство ние го распишавме тендерот и апаратот беше ставен во функција на 14 мај оваа година. Поправката чинеше околу 50.000 евра, ние таа работа ја завршивме со сопствени средства.. Инаку, коронарната единица од скоро е перфектно уредена. Со ангажман на д-р. Сашко Николов и неговиот тим, и со мој ан- вам дека ќе се поправат, но пак ќе гажман, но највеќе на Телекабел кој речам одговорноста, културата, оддонираше 8 пациент монитори, ин- несувањето кон пациентите и пристапот кон работните обврски, враСите поправки досега не ботените ги имаат индивидуално, а чинеа 140.000 евра, тоа се некои работи и особини ги стекнуваме и со образованието и со допари инвестирани за машното воспитување. здравјето на луѓето. Со

партнери од Бугарија, преку ИПР аплицираме за проект кој треба да ни обезбеди нови 140.000 евра за реконструкција на Инфективното одделение.

фузомати и перфузори, сега пациентите престојуваат таму,а не се преместуваат на интензивна нега на Интерно одделение за мониторинг. Со ова пациентите имаат подобри услови за престој.

До каде сме со новата болница, роковоте се нешто се пролонгираат... Според последните најави од Министерството за здравство, за околу една година би требало да се заврши објектот на новата Клиничка болница. Вработените ќе добијат екстра модерни и пријатни услови за работа, со комплетно нова апаратура, а 200.000 пациенти од регионот поквалитетни услуги и услови за престој во истата.


ЗАЕВ: Глигоров е еден од најголемите синови на Македонија

6

НАСТАНИ

[tipski Glas, Juli, 2018 br. 84

Ова премиерот го рече во своето обраќање на отворањето на спомен собата на првиот претседател на Македонија

Д

остоинствено и на вистински начин Штип му се оддолжи на својот сограѓанин, првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров. Откако претходно Советот на општината, на предлог на градоначалникот Бочварски, донесе одлука Општинскиот мултимедијален центар да го носи името на првиот македонски претседател, во овој објект, на свечен начин беше отворена неговата спомен соба. На отворањето говореа премиерот Зоран Заев и градоначалникот Благој Бочварски, Донка Глигорова, ќерка на покојниот претседател и многу народ кој го почитува ликот и делото на Глигоров. Премиерот Заев го наече Глигоров „Еден од најголемите синови на Македонија“. „Глигоров е еден од великатните на македонскиот народ. Од учесник во НОБ па се до неговите два мандати како претседател на Македонија во најважните мигови на нејзиното осамостојување, Глигоров се вгради во нашата историја како темелен столб во нејзиното создавање.И затоа овој ден е голем ден како за Штип исто така и за целата наша држава“, рече премиерот Заев. Тој посебно нагласи дека претседателот Киро Глигоров застанал на чело на младата македонска држава во моменти кога се поставуваше прашањето да се биде или не.-„Неговата мудрост, огромното политичко искуство, неговиот интелект, беа огромна предност кои на Македонија и помогнаа речиси негибната да излезе од крававиот

распад на Југословенската федерација, и да стане меѓународно признанен ентитет“, посочи Заев. Премиерот уште нагласи дека под мудрото раководство на Глигоров, во клучните први години, Македонија успеала да опстане и покрај ембаргата и санкциите од соседите и успешно да се избори со внатрешните предизици и поделби, за потоа да се етаблира во заедницата на независните држави.

секогаш се залагал за толеранција и искористување на придобивките на здрав политички дијалог. Не само што ја означи сувереноста и самостојноста на Македонија, туку и искрено и напорно работеше нашата земја да биде интегрирана во сите релевантни меѓународни организации. Неговите бројни походи по македонски успеси во светот беа осло- бодени од национализам, а

БОЧВАРСКИ: Од исклучително значење е тоа што Штип и Македонија знаат на вистински начин да го ценат и почитуваат капиталното дело на Киро Глигоров

За грдоначалникот Бочварски од исклучително значење е тоа што Штип и Македонија знаат на вистински начин да го ценат и почитуваат капиталното дело на Киро Глигоров. „Штип ги цени вистинските вредности и ги почитува вистинските македонски херои и патриоти. Затоа минатата година постхумно му го доделивме одличјето Орден Свети Никола на претседателот Глигоров. Со достојна почит и пиетет продолжуваме да се сеќаваме на него и на неговата суштински значајна улога во осамостојувањето на нашата земја и влогот со кои н4 задолжи. Претседателот Глигоров беше демократ којшто во својата долга и плодна политичка кариера

посветени на мирот и пријателството, с4 со цел за меѓународно етаблирање на македонската држава“, рече Бочварски. Премиерот уште нагласи дека под мудрото раководство на Глигоров, во клучните први години Македонија, успеала да опстане и покрај ембаргата и санкциите од соседите и успешно да се избори со внатрешните предизици и поделби, за потоа да се етаблира во заедницата на независните држави. Во спомен собата се поместени лични предмети на Глигорово кои во име на семејството ги даде Донка Глигорова, ќерка на покојниот петседател, фотографии од неговата полувековна политичка дејност, писма, книги и слично.


Брилијант, нов член на големото семејство на Витаминка

[tipski Glas, Juli, 2018 br. 84

С

СТОПАНСТВО

7

о купување на зградите, опремата и брендот, прилепска Витаминка го презеде Брилијант и во сопственост на компанијата премина недвижниот имот, објекти од 4.956 метри квадратни и земјиште со право на сопственост од 21.592 метри квадратни, подвижни ствари како и правата од индустриска сопственост (трговски марки и индустриски дизајн), сè во вкупна вредност од 7.300.000 ЕУР. По првиот чекор, компанијата во најбрз можен период го рестартираше производството и за неполни 2 до 3 месеци, Брилијантсе најде во продажТака, соодветно на високите финатори во производниот процес ба, велат од Витаминка. стандарди на компанијата како и и со капацитет на рафинираторот од 120.000 литри дневно. За потреЗначењето на преземениот бите на штипската фабрика, во почекор е огромно. Со рестартирањегоните во Штип повторно се ангато на производството на Брилијант, Со рестартирањето на жирани околу 70 поранешни врабоВитаминка влезе во нова фаза од тени. производството на своето работење и отвори нови перБрилијант, и со спективи во развојот на компанијаВитаминка повеќе години навраќање на 70-те та. Покрај обезбедувањето на суроназад беше најголем купувач на винска база за потребите на произсончогледово масло на Брилијант вработени, Витаминка водството и можноста за развој на за потребите на своето тековно провлезе во нова фаза од нови производи, потрошувачите од изводство за мајонезот, за флипсот, своето работење и целата државата добија уште и виза кремовите. А со оглед на тоа што отвори нови сококвалитетен производ, единство производниот процес, за голем перспективи во вен по составот, чистината и технодел од производите одамна не колошкиот процес. развојот на ристи хидрогенизирани масти, масти со штетните трансмасни киселикомпанијата и од Целта на оваа значајна, од ни, обична палмина маст и слично, специјално значење за повеќе аспекти инвестиција е долновиот Брилијант е создаден токму Штип. горочно обезбедување на суровинда ги исполни постигнатите критеска база за производството и зариуми и воспоставените производни цврстување на Витаминка како листандарди. дер во прехранбената индустрија во Македонија. Со овој потег се напра- тоа што Витаминка секогаш достаТака, оваа инвестиција дови модернизација и автоматизација вува врвен квалитет, и новопроиз- бива многу поголемо и пошироко на техничко - технолошките проце- ведениот Брилијант е носител на значење а за Витаминка ќе значи си, комплементарност и интегри- истите карактеристики како висо- пред се подобрена деловност и рање во производството. Инвести- коквалитетно тројно рафинирано можност за растење. ција за Витаминка значи спроведу- масло за јадење. Се произведува вање и конкретни чекори за реали- на современа и технолошки моНовиот Брилијант е веќе дозирање на деловна стратегија што дерна опрема од германско потекло стапен со препознатливиот изглед, ќе овозможи понатамошен долгоро- што ја прави фабриката во Штип но помодерен, со мал редизајн на чен развој. единствена на Балканот со три ра- етикетата.


8

Убав гест на Бочварски во името на градот ГРАДОНАЧАЛНИК

[tipski Glas, Juli, 2018 br. 84

Градоначалникот испрати телеграма на сочувство до неговиот колега на збратимениот Сплит, а по повод смртта на Оливер Драгоевиќ

О

вој месец почина Оливер Драгоевиќ, композитор, пејач, шоумен, голем човек во секоја смисла на зборот. Со песните на Оливер растеа генерации, народот се веселеше во секоја пригода, тој беше личноста која ни го разубавуваше секојдневието, го сакаа големи и мали, машки и женски, пионери и пензионери... Оливер Драгоевиќ живееше во Сплит а Штип е град збратимен со овој хрватски град-убавец на

Загубата е голема не само за нашиот братски Сплит и за пријателска Хрватска, туку и за целиот регион и светот. Оливер Драгојевиќ остави зад себе богата ризница музички нумери кои сплотуваат и обединуваат. Спомените за Оливер Драгојевиќ нема да избледат, затоа што тој како човек и како музичар остави големи Инаку,Штип и Сплит се збратраги кои нема да се заборават. тимени градови уште од времето на Во моментите на болка, утеха не- поранешна Југославија, врските пока биде неговото творештво кое- меѓу двата града час беа постојани

Јадранот. Штипскиот градоначалник Благој Бочварски направи убав потег испраќајќи телеграма со сочувство до својот сплитски колега, градоначалникот Андро Крстуловиќ Опара. „Со големо жалење ја примивме веста за смртта на еден од најобожаваните и омилените пејачи во нашата заедничка поранешна држава. Срцата на обожавателите ги освои со неговите безвременски нумери, кои ќе останат значајна културолошка оставштина за генерациите што доаѓаат.

што останува вечен спомен“, стои час со прекини, но од пред седумво телеграмата што во името на осум месеци тие одново одат по наШтип и штипјани ја испрати Боч- горна линија. варски.


Штипски „Фагус“ го спасува Пехчево РЕГИОН

[tipski Glas, Juli, 2018 br. 84

9

И „Кит Го“ учествува во развојот на туризмот преку изградба на угостителско-туристички капацитети во малиот град

Д

рвно индустрискиот комбинат „Фагус“, фирма чиј сопственик е од Штип, во вистинската смисла на зборот е спасител на малиот општински центар Пехчево, и значително придонесува за вработеноста на соседното Берово. Ова го тврди пехчевскиот градоначалник Драги Тренчевски кој искажува голема благодарност за придонесот на штипските стопанственици во животот на општината со која тој раководи. „Фагус вработу 450 лица од кои 250 се од Пехчево, а околу 200 од соседното Берово. Ако се знае дека нашата општина според пописот од 2002 година има 5.517 жители од кои во Пехчево пред 16 години живееле 3.067 лица, и ако на ова се стави големата миграција која ја имавме во минатото, добро ќе се види значењето на „Фагус“ за нашиот живот. Да не е „Фагус“ на Пехчево можеме да му туриме пепел“, вели Тренчовски. Тој е благодарен и на друга штипска фирма „Кит Го“ за која вели дека инвестира и придонесува за развојот на туризмот и спортот во општината. Општината имаше шанси да направи значаен пресврт во својата економија и да обезбеди уште 200 работни места, но, според Тренчовски, тој процес бил запрен од претходната државна власт. „Во нашата општина руската компанија Солвеј изврши геолошки истражувања на бакарна руда, наодите беа во насока дека тука простор за отворање рудник има, но поранешната власт не се согласи со технологијата со која руската компанија „Солвеј“ планирала да го вади бакарот од тој простор. Кога рудникот требаше да проработи Пехчево остана без него, а дали ќе

го имаме овој стопански капацитет и 200 нови работни места останува да покаже времето“, посочува градоначалникот Тренчовски. Неможноста да се има и друг инвеститор од форматот на „Фагус“, а со тоа и да се отворат нови работни места за младите, придонела за масовно исселување во европски земји. Се разбира дека младите во странствот заминале со бугарски пасош. „Тоа е факт над сите факти. Нашите млади, а во последниве години и цели семејства, главно се иселуваат во Италија и Германија. Кој отишол повеќе не се вратил назад. Тоа е нашиот најголем проблем, зашто треба да се знае и фактот дека околу 200 куќи во општината, во најголем дел во Пехчево денес стојат празни и со катанци на вратите“, вели градоначалникот Драги Тренчевски,

ТРЕНЧОВСКИ Ако не е „Фагус“ ние на Пехчево можеме само пепел да му туриме!

Првиот човек на оваа општина е со став дека Пехчево не ја има напуштено идејата за рудник, а со тоа и за 200 нови работни места. „Како општина идејата за „Кадиица“ не сме ја напуштиле. Планирама по летните одмори да направиме јавна дебата за ова прашање. Ќе ја повикаме стручната јавност, луѓето од „Солвеј“ компанија која инвестираше во геолошките истражувања на Кадиица, екологистите и, секако, граѓаните на Пехчево. Ако дебатат ни покаже дека отворањето на рудникот и начинот

на експлоатација на рудата нема да имаат последици по животната средина, тогаш како мала, недоволно рзвиена општина, ќе бараме рудникот да проработи“, вели Тренчевски. Но, Николајчо Николов, заменик генерален директор во рудникот за бакар „Бучим“ кој од руската компанија „Солвеј“ која доби концесија за геолошки истражувања беше назначен за управител на „Кадиица метал“ не е оптимист. „Во геолошките истражувања „Солвеј“ потроши три милиони евра. Дојдовме до фаза на барање дозвола за експлоатација за што изготвивме проект за подземно лужење. Но, нашиот проект беше одбиен од Владата која не упати на друг начин за вадење на бакарот кој за инвеститорот немаше економска оправданост. Нашите стручни укажувања дека се работи за целосно затворен и за животната средина заштитен систем, не дадоа резултат. Ја почитуваме вољата на новиот градоначалник на Пехчево, убаво е да се поведе нова дискусија за „Кадиица“ и нејзиното евентуално ставање во стопанска функција што може да реши многу проблеми и потреби пред се на Пехчево, но мислам дека шансите „Солвеј“ да продолжи со проектот се мали“, вели Николов. А во ова меѓувреме штипски „Фагус“ ќе остане брендот и заштитник на Пехчево, додека другата штипска фирма „Кит Го“ ќе продолжи да го развива туризмот во овој дел на Малешевијата.


МЛАДИ

Домот на млади го враќаме на младите штипјани

10

Горан ТРАЈКОВ, директор на Домот на млади

О

пштинската установа „Дом на млади“ треба да преставува динамична културна институција во која провејуваат мноштво идеи, теми, поетика, форми и медиуми во различни креативни области, секојдневни интерконекции и преку спојување во една унифицирана програма која треба да даде извонредна енергија и силен профил на Домот, да се разбере минатото и да се подготви да порасне за иднината. Ова, за Штипски глас го вели Горан Трајков, новиот директор на установата која е епицентар на младинските случувања во градот. Според него, програмските активности имаат за цел е да ги обединат ликовната, музичката, литературната, издавачката трибуналната,филмската, образовната и едукативната програма и изведувачка уметност... „Домот има две сцени: летна и зимска. Ако се земе во предвид дека откако е направена летната сцена во Дом на млади до денес таму шајка не е закована. Оттука неводењето грижа за истата со тек на време си го направило своето. Она што е моја желба и желба на вработените е да се обнови летната тераса на Домот на млади и да се стави во функција. За период од околу 30 дена направивме план за работа и поделба на одговорностите, се зафативме со работа и мислам дека завршивме доста голема работа.Овде сакам да им се заблагодарам на Општина Штип, Советот на Општина Штип, градоначалникот Благој Бочварски, и на еден мал број волонтери кои несебично се вклучија во акција и заеднички ја направивме, односно ја разубавивме летната тераса на Дом на млади“, вели Трајков. Основна функција на Дом на млади е да ги поддржува аматерите во своите намери да израснат во врвни професионалци. Домот застанува зад секој аматер,но во исто време промовира помалку познатите и нешто повеќе познати професиона-

лци кои создале врвни дела, а за кои мислиме дека вреди младите од Штип да ги проследат, да уживаат и културно да се издигнува преку нивните креации. Практично, со самото тоа идејата е сакаме да се градат мостови помеѓу возрасните и младите за трансфер на искуство. „Многу современи аналитичари и други критичари на уметноста почнале да ја забележуваат уметничката вредност на некои графити и мурали да ја признаваат како форма на јавна уметност. Ние овие два месеци отвораме работилница за мурали и графити со која ќе раководи Ана Ѓорѓева, млад и талетиран уметник. Таа ќе се потруди на младите да и го пренесе искуството и да ги запознае со основите на графитите преку теорија и пракса за кој Домот издвои ѕидови на кои им е неопходна уметничка интервенција“, вели Трајков. Гостувањето на Аца Лукас донесе и бројни критики. Што по однос на овој настан вели директорот Трајков?

ЗА АЦА ЛУКАС Мораме да задоволиме и некои поинакви вкусови. Од концертот на Лукас заработивме некоја пара која ја инвестирам во Домот во кој 30 години шајка не е удрена...

„Прво и основно Штип нема концертна сала. која може да собере над 2.500 лица. Оттука нашите луѓе често се изложуваат на дополнителни трошоци за патување до Скопје па и во странство. Домот на млади не може љубоморно да ја крие својата тераса, која во последните години е тотално неискористена. На малата летна сцена има одвај 30-на посетители, додека големата сцена обраснува со трева. Одржувањето на домот е прилична скапа работа доколку сакаме да функционира во вистинската смисла на зборот. Контекстот на времињата во кои живееме се сосема различни, вкусови има безброј,

[tipski Glas, Juli, 2018 br. 84

лично мислам дека е фер граѓаните со поинаков вкус да можат да проследат и еден поинаков концерт. Летната тераса која е обновена и уметнички разубавена ни ја побараа заинтересирани угостители од Штип за организирање на концерт од екс ју сцената. Домот на млади не е дел од организација на тој настан, но се јавува како издавач на простор“, ги појаснува Трајков нештата. На настапот на Лукас присуствувале околу 2.000 посетители. Добиените средства се инвестираат во санирање на кровот кој тече и во двете сали и секаде каде што е потребно.-„Сигурно и самите знаете дека имаше пишувања по медиумите за инвестиција над 70 илјади евра, а домот руиниран, но тоа е друго прашање за кое во друго интервју ќе дадам одговори“, порачува Трајков.. Тој е задоволен од соработката со локалната власт. Вели: „Кога дојдов за директор на сметката на домот имаше само 4.500 ден и долгови во износ од 400.000 ден. Имаше руинирани и затнати санитарни чворови, хигиенски средства за одржување на домот не биле набавувани со месеци. Имаше голем недостаток од основни средства за работа. Се обидов состојбата да ја стабилизирам, да ја раздолжам институцијата,а како долг сега ни остана само сума од 25.000 денари или во проценти долгот е намален за 96%. Зградата и терасата се во многу лоша состојба на кои ќе им претстои 4 годишен постојан ангажман за да се доведе во 100 % функционалност. Во овој период набавивме еден лаптоп (за прв пат во Домот), со 70 проценти ја реновиравме летната тераса, ги опремивме санитарните чворови, набавивме опрема за амбиентално осветлување, фасадата е во фаза на подготовка за мурално уметничко разубавување, Еразмус програма се спроведува со шест студенти од Бугарија преку Советот на млади од Штип.


Ристови се враќаат во родното Пиперово

[tipski Glas, Juli, 2018 br. 84

И

м дојде големата идеја и во родното село Пиперово направија голема традиционална Македонска свадба. Со сите адети на своите предци. Свадба каква што досега не ја имало на овие простори. Многу убав и весел народ им дојде на свадбата. Младоженецот Борче Ристов си го оствари сонот од своето детство. А со него и неговата сопатничка Надица со која заедно ќе пловат по бистите води на својата спокојна иднина. Приказната на семејството Ристови е податлива за секаква нарација. Родителите Коце и Дилбера во своето Пиперово изродиле четири деца-три машки и последното и најмладо – женско. Трајче, Димче, Борче и Лила. Живееле во голема слога .

Борче ја раскажува животната сторија на своето семејство. И за тоа зашто наскоро сите пак ќе си се соберат за среќно да си го проживеат остатокот од животот на родната грутка. -Беа тоа сиромашни времиња. Таткоми работеше во Опалит, Чешиново, мајками беше домаќинка грижливо внимавајќи на своите деца. Кога малку потпораснавме сите работевме по нешто. Да, бевме сиромашни ама неизмерно среќни, сплотени, како во приказната за старецот и седумте стапчиња. Бевме заедно, ништо не може-

ЖИВОТ

ше да не раздели, да не скрши, се сакавме, се почитувавме, си игравме, си помагавме....Јас и Лила пред повеќе од две децении заминавме на работа во Германија, во Хановер. Се снајдовме. Имаме убава работа, убав живот таму. Но... Тука борче застанува. Се гледа дека сака да ги измери зборовите кои ќе следат. -Но, само дома си е дома. Сите решивме наскоро да си се вратиме на родното огниште. Во нашето Пиперово. Работевме долго и напорно, спечаливме пари доволни за до крајот на животот и за исполнување на соништата од детството. Не е далеку денот кога сите деца на Дилбера и Коце, нивните семејства, пак ќе си се собереме во Пиперово од нашето детство, појаснува Борче. Борче веќе изградил нова куќа во своето село. Ја изградил во стар, македонски стил. И неговата сестра Лила ќе си гради куќа. Во Пиперово, секако. И братот Трајче таму си има викендица во која од Штип доаѓа секој викенд. „Таму, во Пиперово, под планината Серта, учевме во основното у ч и лиште. Тааму растевме опкружени со љубовта на родителите. Таму станавме луѓе благодарение на воспитанието кое го добивме од родителите. Таму, уште на млади години, донесов одлука, ако правам свадба таа да биде во Пиперово со сите обичаи на нашите предци. Таму ние децата никогаш не слушнавме нашите родители да

11

кренат глас еден на друг. Таму каде царуваше скромноста, љубовта, меѓусебната почит, спокојот..Таму, во моето Пиперово се гледам себеси во блиска иднина, Јас, Надица, моите браќа и мојата сестра. Сите заедно како што беше некогаш. Можеби по наса ќе дојдат и други и селото пак да ни оживее“, порачува Борче. По свадбата Борче и Надица, а и сестрата Лила, се вратија во Хановер. Уште малку ќе поработат, а потоа рикверц, назад во Македонија, во Пиперово. Си дадовме збор дека кога дефинитивно ќе си дојдат ќе им одиме на гости и ќе направиме нов запис за нив. Тие тоа си го заслужуваат со својата култура, со

своето сваќање за животот, со својата силна посветеност на родното место.


12

П

МАКЕДОНСКА СВАДБА

[tipski Glas, Juli, 2018 br. 84

Mакедонска свадба за миг го оживеа испустеното Пиперово

иперово одамна е село во кое нема народ, живеат само двајца, но иселените од него си ги сочувале имотите и старите куќи, а за викенд речиси секогаш се во родното место. Борче кој потекнува од Пиперово и Надица, кои со години се на работа во Германија, си дале завет дека свадбата ќе ја направат во Пиперово и со сите традиционални народни македонски адети. Така и биде. Третиот викенд од овој месец Борче и Надица Ристови направија свадба за паметење. Секако дека тоа немаше да биде можно и на нивото на кое беше, ако тие не ја имаа поддршката од општината, од Домот на млади и од граѓанското здружение „Еуро арт“ кое ја негува националната фолклорна традиција и чии педесеттина членови, со своите ора и песни, предизвикаа големо воодушевување. Младоженците беа облечени во традиционална македонска народна носија, а свадбата започна со свадбените обичаи во домот на невестата. Во нејзиниот двор се разви големо оро, а беа извршени и сите обичаи кои се практикувале во едно поранешно време. По веселбата во дворот на невестата поворката тргна кон селската чешма а одтаму и кон манастирската

црква „Света Богородица“ каде се изврши венчавката. По тој чин настана голема народна веселба, на орото освен играорците од „Еуро арт“ се фати и народот, па сето тоа изгледаше многу убаво. Горан Трајков, директор на Домот на млади, порачува дека од организациски аспект се беше направено на високо ниво, сите актери го дале најдоброто од себе.

Младоженци се Борче и Надица Ристови, работат во Германија ама имале исконска желба свадба да направат во родното место.

„Домот на млади и Општина Штип ја дадовме сета неопходна логистичка поддршка, „Еуро арт“ исто така, се надеваме дека на сите им беше убаво, селото за миг оживеа како во времињата кога таму имало многу народ, а присутните имаа прилика за едно големо задоволство од свадбата и се што одеше со неа“, рече Трајков.


[tipski Glas, Juli, 2018 br. 84

13

МАКЕДОНСКА СВАДБА

Невестата Надица, според стариот обичај полни вода од селската чешма

Нема вистинска маќедонска свадба без да се развиори знамето

Зурли, тапани и македонско оро

На платото пред чешмата се разви оро кое го поведе младоженецот Борче

Невестата низ прстен го гледа доаѓањето на младоженецот

Прекрасни, старински народни носии и дадоа посебно значање на свадбата

Невестата Надица со другарките во очекување на младоженецот со сватовите да дојдат по неа


14

Пишува: М-р Трајче КАЦАРОВ, писател

Револуцијата и дефиницијата за неа

„Ако звуците немаат простор да дишат, ако зборовите не дишат, тогаш тие што ги испуштаат се задавуваат, умираат задушени....“ (Од романот ЛАЈКА на Адријан Алуј Георге)

Р

оманот ЛАЈКА на романскиот писател Адријан Алуј Георге во 2014. е прогласен за роман на годината во Романија. Во 2017 година во превод на македонски од Ирина Кроткова, ја препознава нашата книжевна јавност преку идавачката куќа –„ Македоника литера“. Во романот станува збор за последните денови на комунизмот во Романија. Сето тоа е презентирано преку персоналот и пациентите на психијатриата Глод. Романескната вистина во делотото ЛАЈКА е безвремена, т.е. станува збоор за реалитет што може да се сретне на секое место на земјината топка и во секој општествен поредок.

Токму тоа не наведе да презентираме куси фрагменти во нашиот весник. Во главата 18 од романот, пациентите и персоналот со помош на видни личности од науката и другите општествени дејности се обидуваат да ја дефинираат Револуцијата што се случува во Романија после падот на Берлинскиот ѕид. Помеѓу повеќето соговорници и публиката сместена во дворот на психијатријата ГЛОД, бара реч и историчарот, професорот Сбурлан инаку пациент во лудницата.

КОЛУМНА

„Беше облечен во широк костум, премногу широк, ракавите му се мафтаа, бидејќи рамената му се собирале. Пациентите главно носеа пижами или тренерки врз кои ги носеа памучните мантили, сини или розеви. Но, пациентот Сбурлан имаше облечено костум за да биде на висина на настанот“ Така авторот го опишува професорот по историја кој е повикан да ја дефинира револуцијата. Професорот во дефинирањето се користи со компаративна метода, па поаѓа од Француската револуција за која ќе каже дека почнала во 1789 а завршила во 1799 година со државниот удар од 18 ноември на Наполен Бонапарта. Во обидот да ја дефинира Револуцијата професорот Сбурлан се користи со цитати од делото на дипломатот Шарл-Морис Талејранд Перигор. Дипломатот е еден од најмаркантните фигури во политичкиот жи-

[tipski Glas, Juli, 2018 br. 84

нив треба да направиш и едните и другите да станат твои алатки...Не верувајте на првите залети зашто секогаш се чесни, а во политиката тоа што се верува станува поважно од тоа што е вистина.“ Во обидот да ја дефинира револуцијата со помош на цитатите од францускиот дипломат, професорот на лекување во психијатријата се користи и со делови од биографијата на дипломатот. Па ќе изјави дека во својот тестамент дипломатот напишал оти не си префрла што и служел на повеќе режими (на сите) бидејќи се насочил со мислата да и служи на Франција која ќе остане пак Франција во која ситуација и да биде. Лудиот професор обидот да ја дефинира револуцијата во Романија го завршува со зборовите, парафразирам, лицето на комунизмот треба да биде човечко и ништо повеќе.

Ако Хрватска, според Игор Мандиќ може да биде еднособен стан, тогаш нашата Страдалница има адекват во лифт за двајца. Епа тогаш: како би звучела „Одата на радоста во лифтот за двајца ?“ вот на тогашна Франција. Неговата итрина, снаодливост и непринципиелност го држат секогаш на високи позиции, пред се како министар за надворешни работи, амбасодор, советник и сл. Професорот пред присутните во дебатата не го вади дипломатот од устата, па постојано ги потенцира неговите ставови, како што се:

„Простите треба да се искористат, а интелегентните и силните да ги направиш сојузници, ако навистина си попаметен од

Во еден есеј мојот омилен писател и интелектуалец Игор Мандиќ, за неговата Хрватска ќе каже дека според големината во светски рамки, може да и најде адекват во еднособен стан. Ако таа може да биде еднособен стан, тогаш нашата Страдалница има адекват во лифт за двајца. Епа тогаш: Како би звучела „Одата на радоста во лифтот за двајца ?“


[tipski Glas, Juli, 2018 br. 84

Н

Пишува: м-р Игор Стојанов, новинар

екои сакаат бојкот, некои сакаат референдумот да помине со прифаќање на договорот, други го сакаат обратното, но многу од граѓаните остануваат збунети. Со примена на минимална математика и со малку логика дојдов до заклучок дека бојкот не е најпаметното решение, ниту пак решение кое гарантира било што. Претпоставуваме, нели, дека СДСМ сака референдумот да успее со поддршка на договорот со Грција, дека ВМРО – ДПМНЕ сака граѓаните да гласаат против договорот со Грција, а некој дел од политичарите сакаат референдумот да не успее, да нема цензус. Зошто бојкотот не е решение за било кој? ВМРО константно има од 450 – 460 илјади гласачи, а константно на изборите во Македонија во последните 10 години излегуваат над 1 милион избирачи. За референдум се потребни 900.000 гласачи и од тие 450.001 да гласаат за една опција. За ова клучно прашање, за ова прашање кое ја мачи нацијата 30 години лично сметам дека секој граѓанин е засегнат и никој не може да остане рамнодушен така лесно. На социјалните мрежи гледаме дека секој има мислење за ова прашање, за договорот, за името сите имаат нешто да кажат. Ќе биде многу тешко, барем за голем дел од граѓаните, да останат индиферентни и да бојкотираат на овој ден. Можеби ќе има граѓани кои ќе ги убедите да останат дома, но најголем дел имаат силни емоции ЗА или ПРОТИВ ова прашање, па кога емоциите се вклучени тешко е да се убедат граѓаните да останат незаинтересирани. Некои прават паралели со референдумот од 2004 година и велат дека и овој може така да се бојкотира. Тоа е неспоредливо. За тој референдум граѓаните не ни знаеја што е територијална организација, голем дел од нив се уште не знаат што и донесе тоа на Македонија. За ова прашање се информирани сите и сите емотивно се врзани за него. Првата опција е да претпоставиме дека ВМРО ДПМНЕ повикуваат на бојкот.Мора да имаме на ум дека од нивните 460 илјади речиси е невозможно сите да ги убедат да не излезат да гласаат на тој клучен ден. Доколку можете да убедите 450 илјади гласачи да останат рамнодушни тој ден вие мора

Да се бојкотира или не? КОЛУМНА

да бидете ПР мајстор. Според мене, и покрај евентуалниот повик на Мицковски, ќе излезат најмалку 150.000 од нивните гласачи. Ако 300 илјади вмровски гласачи бојкотираат тоа значи дека остануваат уште 900 илјади гласачи (според последните избори). Гласачите на СДСМ и албанските партии ќе излезат, дел од „неопределените“ ќе излезат и тие 150 на ВМРО ќе бидат доволни да обезбедат сигурен цензус, но недоволни да преовладува нивното мислење. Не велам дека сите ќе го подржат договорот, но ВМРО така ризикуваат да обезбедат цензус, но без доволно гласачи кои ќе бидат против договорот. Ќе имаме нешто над 900 излезени гласачи со 150 илјади „вмровци“ кои ќе гласаат против договорот.Тука може да се калкулира со уште 250 илјади неопределени кои ќе гласаат против договорот и сепак нема да ја имаат бројката од над 50% од излезените, а цензусот ќе биде постигнат. Во ова сценарио ВМРО ДПМНЕ ризикува да повика на бојкот, а референдумот да успее без нивно максимално учество. Ова е претпоставка, но дури и да се оди на оваа карта сепак тоа не значи сигурна успешност на референдумот. Иако мала веројатност (со оглед на важноста на прашањето) сепак е можно да не се дојде до цензусот од 50% во ситуација кога ВМРО – ДПМНЕ повикува на бојкот. Како да се обезбеди сигурна успешност на референдумот? Втора опција. Во разговор со неколку вмровци дознав дека имаат поделеност внатре во партијата. И лично мислам дека овде дури и ВМРО ја игра целата претстава за да обезбеди цензус. Како е можно ВМРО да обезбеди сигурен цензус, а притоа да помине референдумот со прифаќање на договорот? Има само еден начин. Да го подели своето гласачко тело на едни што ќе излезат да гласаат и едни што ќе бојкотираат. Во разговор со неколку вмровци забележав дека тоа и се прави. Во ВМРО - ДПМНЕ веќе има две струи. Едни што велат дека треба да се излезе и да се гласа, а други кои што велат дека треба да се бојкотира. И мислам дека дури ова не е случајно сценарио туку дека е една политичка одлука која е донесена во консензус со другите политички елити во државата и меѓународната заедница. Не велам дека не е легитимна. Можеби ВМРО - ДПМНЕ се има впуштено во играта на решавање на овој проблем во сценарио во кое и тие ќе помогнат, но зад јавната сцена. На некој начин тоа би било добро за Македонија, ако имаме еден таков широк консензус од политичките елити кои

15

имаат многу повеќе информации што би можело да се случи ако сега не се реши овој проблем. Но што и да се случи, најважно од се е да не се прогнозира дека референдумот нема да биде фер. Да не се впуштаме во таква јавна дебата во која ќе шпекулираме дека референдумот може да биде наместен. Доколку имаме таков јавен дискурс секогаш ризикуваме опасно сценарио - голем дел од луѓето да не ги прифатат резултатите од референдумот. Ако граѓаните се посомневаат дека нешто е нелегитимно тоа е пострашно и од тоа нешто да е нелегално. Слично сценарио се случи на 27-ми кога дел од луѓето сметаа дека изборот на Талат е нелегитимен. Ние како никогаш до сега имаме обврска референдумот да биде чист како солза и имаме обврска да излезат што е можно поголем број на граѓани се со цел да дадат поголем легитимитет на целиот тежок процес. Ова не е лесна одлука, не е лесен период за Македонија. Колку поголема излезеност толку поголем легитимитет на најважната одлука во историјата на државата. Можеби ниту една од овие две претпоставки не е точна, но со бојкот ризикуваме да оставиме само на 450 илјади граѓани да одлучуваат за најважното прашање, ризикуваме на нашите внуци да им кажеме дека ние бевме надвор од донесување на одлуката. Дури и референдумот да не успее „бојкотирачите“ ништо нема да добијат и тоа не може да биде подобро од тоа да излезат над милион граѓани и демократски да одлучат дали се ЗА или ПРОТИВ.Дури и референдумот да не успее тоа не значи дека е завршена работата со договорот со Грција, тоа сами значи дека референдумот не успеал. А ако излезат што е можно повеќе граѓани и гласаат ПРОТИВ тоа значи дека овој договор заминува во историјата, ако гласаат ЗА тоа значи дека граѓаните одлучиле така. Ако не гласаат, тоа ништо не значи. Затоа мислам дека ниту еден план на политичарите нема да успее ако излезат што е можно повеќе граѓани и да гласаат по своја волја.Независно дали сте ЗА или ПРОТИВ договорот со Грција, ако не сте слепи партиски послушници, за ова битно прашање мораме да знаеме дека е волјата на мнозинството. Ако не излеземе немаме право да реагираме на било каков исход од референдумот. Тоа е демократијата – волјата на мнозинството.


16

Поезијата на затвореници пред штипската публика

Г

о прекршиле законот, добиле затворски казни, но тоа не значи и дека престанале да бидат луѓе со сите особености. Не ги загубиле ниту емоциите кои двајца затвореници од затворот „Штип“ ги преточиле во стихови а затворската управа и овозможи тие да излезат во книги поезија. Националната установа Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“, во соработка со КПД Штип, ги објавија книгите поезија „Стихови од една водолија“ на поетот Жарко Миличевиќ и „Саркофаг“ на Исак Хаџи (псевдоним). Посебноста на овој настан е што авторите се затвореници кои токму во казнено-поправната установа во Штип решиле да се пробаат во поетските води.

КУЛТУРА

Промотори на делата на Миличевиќ и Хаџи беа д-р Милена Ристова Михајловска и м-р Трајче Кацаров, писател. Тие со многу убави зборови ги пофалија првенчињата на двајцата автори и притоа ги охрабрија да продолжат да творат. „Во јавноста многу малку се говори за КП домовите, а кога се зборува тоа најчесто е во негативен контекст. Но таму има и убави работи,

МИЛИЧЕВИЌ Уметноста, книжевноста, литературата и културата се запишани во моето ДНК. Дедоми свирел на флејта, таткоми има збирка од 300 песни кои сака да ги издаде, а еве и јас сега издавам книга поезија. една од нив е и оваа наша соработка со библиотеката, соработка во која досега сме имале неколку заеднички проекти. Сите тие нешта, како и оваа промоција на книги поезија од затвореници, има возвишена цел да

[tipski Glas, Juli, 2018 br. 84

ја подигне свеста кај граѓаните, кај институциите дека по завршување на казната овие лица треба да бидат прифатени од општеството“,

рече Мики Тодоров, управител на КПД Штип. „Уметноста, книжевноста, литературата и културата се запишани во моето ДНК. Дедоми свирел на флејта, таткоми има збирка од 300 песни кои сака да ги издаде, а еве и јас сега издавам книга поезија. Сакам да бидам искрен дека сум читал само романи, поезија никогаш, но ете и тоа се случи. Како ученик во ОУ „Ванчо Прќе“-Штип ќе се вљубев во некое девојче ама не смеев да му пријдам, немав храброст, па тоа што сакав да и го кажам го запишував на лист хартија па и го подавав. Можеби тоа биле моите први стихови“, рече Миличевиќ пред бројната публика. Штипјани со домаќински аплауз ги наградија затворениците поети и им посакаа по издржување на казната да бидат прифатени од општеството на соодветен начин.


О

ИСТОРИЈА

17

Она што не е кажано за Брегалничката битка

[tipski Glas, Juli, 2018 br. 84

сумдневната крвава Битка што се водела на бреговите на реката Брегалница, како исцрпувачка рововска војна, не само што била една од најголемите и најкрвавите битки во Балканските војни, туку, по упорноста со која обете страни се бореле и губитоците што ги имале, зазема видно место во историјата на модерното војување. Со неа конечно бил решен завојувачкиот конфликт помеѓу Бугарија и Србија и со тоа Балканските војни биле завршени. Во знак на сеќавање на жртвите од оваа битка во месноста Каленица, во близината на Штип, била изградена спомен капела со костурница, како меморијален споменик каде биле погребани во заедничка гробница, телата на 6000 војници припадници на српската армија во која имало повеќе националности, меѓу нив и многу мобилизирани Македонци.. Капелата била со голема уметничка вредност изградена по проект на Иван Мештровиќ и фрескописана од познатиот хрватски уметник Крсто Хегедушиќ со мотиви од битката на река Брегалница. Расфрланите коски по уривањето на овој споменик, веднаш по Втората светска војна, по сеќаваСпомен капелата на жртвите на реката Брегалница и жрт- њата на постарите Штипвите од Брегалничката епи- јани, биле собрани во дрдемија-колерата 1913 вени буриња и погребани во подножјето на Чепрегановата црква на градските гробишта во атарот Ново Село во Штип. Тоа веројатно е последната дестинација одредена за почивка на овие 6000 војници. Во месноста Каленица од неодамна Општината Штип постави спомен обележје на кое секоја година на 30 јуни, кога почнала Брегалничката битка, во знак на сеќавање на овој крвав настан, делегација на Општината и преставници од Р. Србија полагаат свежо цвеќе со порака ова повеќе никогаш да не се повтори. Она што никој не го споменува кога се зборува за артилерискиот двобој на Брегалница помеѓу српската и бугарската армија, се жртвите од колера кои според извештаите на воените известувачи биле поголеми од жртвите во воениот судир. Во денешно време кога се повеќе се оддалечуваме од годините на овие настани и кога меѓу нас повеќе нема живи сведоци на оваа трагична епизода од штипската историја, таа полека станува подзаборавена дури и за многумина непозната. Колерата 1913 година наречувана уште и Брегалничка епидемија, но и азијатска колера (во првите години од минатиот век ,1903-1923, во Индија од оваа

болест изумреле 7 милиони млади луѓе), ја донеле како воена зараза, бугарските трупи префрлени од Чаталџа во долината на реката Брегалница. Болеста се појавила молскавично и во редовите на српската војска поради тоа што војниците неконтролирано ја пиеле загадената вода од Брегалница. Нешто подоцна епидемискиот пожар букнал и меѓу цивилното население со многу голем број на смртност. Старите Штипјани се сеќаваа на војниците на мртва стража во рововите покрај Брегалница како храна на кучињата и гавраните. Со денови водите на Брегалница влечеле надуени трупови жртви на колерата. За време на колерата 1913 година велеа тие, во градот на неколку места имало ископано длабоки јами со свежо гасена вар, каде по наредба на санитетот, под изговор да не се шири епидемијата, болните и полуживи били фрлани во варта.

Медицински сестри од странските санитетски мисии пружат помош на населението по улиците на Штип

Дупките со вар останаа заеднички гробницина војниците, санитетските мисионери од странство, лекари, болничари, медицински сестри, доброволци на црвениот крст и голем број на цивилно население. Ова се заборава ли? Елена Јосимовска


18

М

Коце Андонов, музичар со европска кариера

узички шпици за ТВ серии, меѓу нив и за светски познатиот комичар Бени Хил, за филмови, како музичар ги придружувал Катерина Валенте, Петар Краус и други.

Замина во Австрија, во Грац, како единствен Македонец кој беше примен на Високата школа за музика и уметност во овој град. Се случи тоа во 1973 година. Студираше џез и со највисоки оценки, во 1979 година ја заврши Високата музичка школа, Остана во Грац и сега е важен дел од џез сцената во Австрија, еден од најпознатите музичари во таа европска земја. Станува збор за штипјанецот Коце Андонов,

УСПЕШНИ

[tipski Glas, Juli, 2018 br. 84

претседателот на Русија, Михаил Горбачов, во рамките на дијалогот за Европа, одржан во Грац. Коце Андонов со својата група ја пратеше оваа средба. Оркестарот во кој дел е и Андонов по потреба може Во почетокот на 1980 година да се трансформира од дуо, пртеку ја сними и шпицата за телевизи- трио, квартет и биг бенд формација. ската серија на познатиот светски комичар Бени Хил. Неговите соло Впрочем, фотографиите најнастапи се наоѓаат на снимките на добро зборуваат за Коце Андонов. сите познати групи, пејачи, во Авст- Првата фотографија е од Штип, корија.. На концертите ги придружува га Коце ја засакал музиката и заи познатите светски пејачи Петар едно музицирал со тогаш познатите Краус, Катерина Валенте... Грац, по повод 50 годишниот јубилеј. Штипјанецот музицира со најпознатите врвни џез музичари во светот, настапува на многу концерти, на радио и ТВ серии и филмови.

Андонов настапува на класични концерти, па преку мали клубови, до музицирање на отворање изложби, промоции на нови модели на автомобили. Тој се сеќава и на своите настапи на приемите кај претседателот на Австрија и Владата.

Андонов со оркестарот чиј член е свиреше на средбата на германскиот канцелар Кол со тогашниот претседател на Русија, Михаил Горбачов, во рамките на дијалогот за Европа, одржан во Грац

За неговите успеси кои ги Еден таков настан беше и остварува(л) на џез сцената во Австрија пишува и во издадената кни- неговото музицирање на средбата га во 2016 година од Академијата во на германскиот канцелар Кол со

штипски музичари Лазо Цецов, Коле Христов и Кирил ТрајковскиКирац (на фотографијата со Коце Андонов).

Овој успешен штипјанец останува вистински македонски музички амбасадор во Австрија и насекаде, во сите интервјуа и разговори не заборава да нагласи дека потекнува от Штип, од Македонија.

К.Манев


СПОМЕНАР

Стари штипски споменари

[tipski Glas, Juli, 2018 br. 84

Едно од култните места за ногу генерации штипјани, слаткарница Пролет - сликана на почетокот од 70те години од минатиот век

Мотив од Ново Село - сликано во средината од 70те години на минатиот век

Некогашното школо Тошо Арсов - денес раскрсницата кај градската црква

19

Страната ја уреди: Зоран Сичев

Бојаџиски еден од првите штипски авијатичари во Кралството СХС

Улицата по која некогаш шетале штипјани на корз


Пехчево ќе гледа убав фудбал, Штип под прашалник С 20

е наближува стартот на новата првенствена сезона. Брегалница и Кит-го, каде претежно играат фудбалери од Штип, а претседател и сопственик е Кирил Гогов одиграа и неколку пријателски средби. Брегалница не ги потврди своите кивалитети, но до почетокот на првенството се уште има време.Можеби формата на екипата ќе оди во нагорна линија. Барем таков оптимизам има во клубот. За разлика од Брегалница, Кит-го мирно го очекува стартот во Втората лига, како дебитант. Кит-го

СПОРТ

фудбалот. Кирил Гогов вложува во спортот и резултатите сами по себе ќе дојдат. Нема самозаадоволство кај првиот човек на Ки-го. Не само што обезбеди одлични услови за работа, го уреди те- ренот, туку размислува и да изгради и спортски центар, со повеќе содржини во Пехчево, во непосредна близина на фудбалскиот стадион. Новиот спортски центар треба да биде најдобар на Балканот. Почнаа и подготвителните работи за овој спортски комплекс, кој ќе има капацитет за 600 спортисти. Во овој пе-

Кит го во Пехчево ќе гради најубав спортски центар на Балканот, спортскиот комплекс ќе може да прифати 600 спортисти.

[tipski Glas, Juli, 2018 br. 84

доаѓање на ракометни и други екипи од Македонија и странство. Убавините на Пехчево - фудбалскиот терен и хотелот Гогов, ги почувстваа фудбалерите на српскиот прволигаш Трајал. Пред заминувањето од Пехчево, тие јавно се заблагодарија за гостопримството на домаќинот.

риод во хотелот Гогов, подготовките за новата сезона ги реализиима квалитетен тим, но и сопстве- зираа ФК Трајал од Крушевац и ник, кој има визии за напредок на Борец од Велес, а има најави и за

Баланско првенство во одбојка на песок во Штип Молдавија и БИХ најдобри

Д

еновиве во Штип, во дворот на Гимназијата, се одржа Балканското првенство во одбојка на песок. Учествуваа 7 држави, со околу 50 натпреварувачи. Ова првенство во летниот период го раздвижи и спортскиот живот во градот под Исарот. Штипјани, како и обично, беа одлични домаќини.. Инаку, вакво Балканско првенство по третпат се одржа во Штип. Првите две првенства се одржаа во 2011 и 2012 година, кога локацијата за натпреварите беа плоштадот Слобода и СЦ Џексон.

Според очекувањата најдобри резултати на ова Балканско првенство постигнаа репрезентациите на Молдавија во машка и БИХ во женска кокуренција. Македонските репрезентации озвојуваа по една по-

беда и во машка и во женска конкуренција. Инаку, Балканското првенство привлече голема посетеност, особено во вечерните часови.


[tipski Glas, Juli, 2018 br. 84

СПОРТ

Влатко Костов јавно ја истакна кандидатурата за прв човек на ФФМ

21

Имам визии за унапредување на фудбалот во Македонија

П

оследните денови во центарот на внимаанието на македонската спортска, и не само спортска јавност , се наоѓа познатиот спортски педагог, штипјанецот Влатко Костов. Тој, по оставката на првиот човек на ФФМ, Илчо Георгиевски, јавно, транспарентно, ја истакна кандидатурата за претседател на ФФМ.Се чини,Влатко Костов од сите кандидати кои се „вртат“ во јавноста за нов претседател на ФФМ котира највисоко. Не е ни чудно.За него не треба да се трошат многу зборови. Одличен тренер и педагог, принципиелен, чесен, харизматичен со визии за иднината на мак фудбалот. Впрочем со своето досегашно делување тој тоа го потврди – да биде петтиот претседател на ФФМ во самостојна и независна Македонија. Се работи за комплетна спортска личност, која може да донесе спас на мак фудбалот. Чудесни резултати Влатко Костов е роден на 1 септември 1965 година во Штип. Играл фудбал во повеќе еипи, во „златните генерации“ на Брегалница, Вардар, Пелистер, Ло- комотив-Софија.Како тренер долг е списокот на екипите кои ги предводел. Во Првата лига на Македонија ги внесе екипите на Брегалница, Осогово, Куманово и Турново, ги спаси од испаѓање од лигите Саса, Влазерими, бил тренер на Работнички. Со екипата на Ренова беше шампон на Македонија 2009-2010 година, а и куп победник во 2011-2012 година Играше во Интер тото купот, Лигата на Европа и КЕШ. Со екипата на АЛ Реад од Саудиска Арабија се пласира во Кралскиот куп на оваа држава.. Четири години беше асистент тренер на младата репрезентација на Македонија, а две години на А селекцијата За свиоите успешни резултати беше двапати прогласен и за најуспешен фудбалски тренер во Македонија.. Одлични резултати постигна и кога беше тренер на Брегалница 2003-2004 година кога како тренер ја внесе во Првата лига и во 2015 година, во пролетниот дел кога ги спаси „сините“ од испаѓање од Лигата. Брегалница ја презеде кога имаше само 13 бодови, по првиот дел и кога беше „отпишана“ од прволигашкото друштво. Така не мислеше Костов. Во пролетниот дел тој редеше само успеси, за на крајот да го освои 7 место. Во пролетниот дел загуби само една средба и тоа од Ренова Ги победи или играше нерешено сите други екипи. Во вториот дел освои 35 бодови, најмногу од сите прволигаши. Беше пред Вардар, Шкендија, Работнички. Брегалница 912 минути не прими гол. Филип Гачевски, голманот на Брегалница, го сруши македонскиот рекорд и се нареди меѓу 50 светски голмани кои најмногу минути не примиле гол. Не се „врзува“ за никого Влатко Костов бара чесна и фер борба за претседателската функција на ФФМ. „Не се врзувам со никого. Ќе настапам самостојно

на изборот за претседател на ФФМ. Очекувам коректен натпревар, без подметнување. Довербата треба да биде добиена со квалитет, а не како што досега беше со помош на политичарите и политиката. Во јавноста се шпекулира дека сум сакал да бидам селектор. Тоа воопшто не е точно. Јас сакам да бидам претседател, бидејќи само како прв човек на ФФМ можат некои работи да се променат во Фудбалската федерација...“истакнува Влатко Костов. Во изминатите неколку дена,откако јавно ја обелодени својата кандидатура за претседател на ФФМ, Влатко Костов од сите страни добива безрезервна поддршка, особено на социјалните мрежи. Тоа подразбира дека Костов подеднакво е почитуван и од фанови- те, но и колегите и спортските работници ширум Македонија- да застане како прв човек на ФФМ. Човек со визија Влатко Костов има капацитет да ја води ФФМ. Има и визии.-„Мојот прв чекор, ако бидам избран за претседател на ФФМ, е да се обидам да ја подобрам спортската инфраструктура. Фудбалските терени кои се почнати да се реновираат, но кои треба и да се завршат. Мора на овој план да помогне и ФФМ. Истото се однесува и за помошните терени, кои се слаба страна на мак фудбалот. Без добри терени нема ни напредок на фудбалот во Македонија. Не треба фудбалот да се концентрира само на едно место. .“.- вели Костов. Тој смета дека клубовте треба да се ослободат од некои непотребни.трошоци.-„Мора да се најдат генерални спонзори и за Првата и за вторите лиги. Котизацијата која ја плаќаат клубовите е доста скапа. Екипите ,тие пари, можат да ги употребат за други намени. Третите лиги треба да ги финансира ФФМ. Мора да мислиме и на општинските лиги, кои се база за „регрутирање“ млади фудбалери. Тие треба да добиваат средства и од ФФМ и од Општините...“- посочува познатиот педагог.. Кога собрание на ФФМ? Сега ФФМ ја води тричлена комисија од УО. Таа треба да ги заврши сите активности околу изборот на нов претседател на ФФМ.Делегагите на ФФМ се тие кои треба да го изберат новиот претседател. Се шпекулира дека изборот може да биде извршен и за еден краткок временски период, до месец септември годинава, но можно е и да се оддолжува и да заврши во јануари, или февруари идната година.Дали изборот на новиот претседател ќе го извршат досегашните делегати на ФФМ, кои веќе немаат база!?. Многу работи во мак фудбалот во меѓувреме се променија, особено што не функционираат ОФС, односно општинските фудбалски лиги . Дали ќе има избор на нови делегати на ФФМ? Овие прашања се очекува наскоро да бидат разрешени ... Подготвил: Кирил Манев


РАЗОНОДА

22

TR-MR ov -Mi Re k e ~e R Ti

[tipski Glas, Juli, 2018 br. 84

На глава Ги известувам кандидатите дека повеќе никој Нема да може да ми се каќи на глава Таму повеќе нема место...

Љубов Не е љубов кога си замислуваш иднина со него. Љубов е кога не можеш да си замислиш иднина без него

Очи Слушај со очите, не со ушите. Она кое ќе го слушнеш со ушите секогаш и не мора да е точно. Она кое ќе го видиш со очите секогаш е точно. Доктори Македонскиот парадокс е тука: Се повеќе доктори на науки, а се позаболено општество...

Razmisluva: Iv. BOJ

ИМПРЕСУМ

Издавач: Ив Ан Принт 16 – Штип Седиште на фирмата и адреса на редакцијта: „Страшо Пинџур“ – 2, 2000-Штип Одговорно лице: Иван Бојаџиски Излегува еднаш месечно Првиот број излезе во месец април, 2009 година Главен и одговорен уредник: Иван Бојаџиски Графички уредник: Јорданчо Бојаџиски,

Овој број е отпечатен на 30.07.2018 година Тираж: 1.000 примероци Денарска сметка: 290000001875546 Даночен број: 4029016517952 Годишна претплата: 180 денари. Печати печатница Генекс-Кочани Ул. „Тодосија Паунов“ б.б.

За Штипски глас се плаќа повластена даночна стапка од 5% ISSN 2545-4498

Шекспир Шекспир рекол: „Да се биде или да не се биде“. Македонецот вели: „Да се иде, или да не се иде“. Одлучува да се иде... во Бугарија по пасош...

ВИЦОТЕКА

Седат група црногорци, поминува нивни пријател србин па им вели: -Оти бе вие црногорците сте толку мрзеливи? -Не сме мрзеливи само Исус пред да го распнат на крст ни рече: „Да не сте работеле ништо додека јас не се вратам“...И ние чекаме... Влегува дедо црногорец во кафуле и Од вратат вели: -Има ли тука некој посилен од мене. Се јавуваат двајца грдосии и велат: ние дедо сме посилни од тебе. -Штом е така излегувајте надвор да го бутнете автомобилот не сака да запали....

Избила војна помеѓу црногорците кинезите. Двајца црногорци стојат на стража, а едниот прашува: -Еј, другар, а колку ги има тие кинезите? -Па околу една милијарда. -Мајко моја кој сето тоа ќе го погребе, рекол вториот ценогорец. Како во Црна Гора го викаат вонбрачното дете? -Дете на непознатиот херој!

Оди новинарска екипа на ББС низ Амазон во потрага по непознати племиња. Наидуваат на едно такво племе и го прашуваат поглавицата: -Има ли тука некаде човекојадци? -Нема, последниот го изедовме вчера, рекол погалвицата...


[tipski Glas, Juli, 2018 br. 84

С У Д О К У

Броевите од 1 до 9 впишете ги во блоковите со големина 3 x 3 полиња (врамени со здебелени линии), така да секој број може да се најде само еднаш во водоравната или хоризонталната насока

СКРИВАЛКА треба да пронајдете два скриени предмети

РАЗОНОДА

23


24

РЕКЛАМА

[tipski Glas, Juli, 2018 br. 84


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Stipski Glas 84 by Jole Boja - Issuu