Skip to main content

Stipski Glas br 89

Page 1

Академик проф. д-р Блажо БОЕВ, ректор на УГД

Науката е пресудна за развојот на секое општество

Димитар КАШИКОВ, туристички работник

Викторија МИЛАНОВСКА,

Димитар ФИНДАКОВСКИ,

Штипјани се хумани, само нам ни треба систем

Човекот кој ги градеше нашите фабрики

Анѓелка ПЕЕВА ЛАУРЕНЧИЌ, можен кандидат за претседател на Македониа

Неопходно ни е свртување кон личноста

Борислав Илиќ, наш промотор во Србија

Имаме што да Штипската пстрмајлија понудиме во туризмот го освои Лесковац но... Од мој агол

Проф.д-р Дејан Мираковски

Брегалница, Отиња и штипскиот ветер на градот му обезбедуваат најквалитетен воздух

Емил Павлов, европски првак во карате

Олимпијадата во Токио е сон кој можам да го остварам

Петар Колев јавно врбува кодоши


2

Од мој агол

Петар Колев јавно врбува кодоши N

П

етар Колев е нова појава на македонската политичка сцена. Штипјанец кој делува главно од Штип и во Штип. И по малку нешто од Скопје. Тое е полето на неговото делување и на неговата партија ГДУ. На регионалната ТВ Стар човекот си доби долго време еден ден во неделата да им попува на штипјани за тоа што е добра, а што лоша политика. Таквата негова ориентација во времето и во нашиот простор мене ми е сосема јасна. Човекот се бори на некои следни парламентарни избори да стане пратеник. Од третата изборна единица, секако. Да стане пратеник во македонскиот Парламент во кој, некако сум убеден во тоа, Колев ќе говори на чист,литературен бугарски јазик зашто нашиот јазик и нашата националност тој не ги признава.

ворејќи на бугарски јазик тврди дека македонската нација не постои. Дека ние сме – бугари. Тоа го тврди во името на нацијата која не си ја признава. A во чие име сака да води големи политики. Тука и сега.

Иван Бојаџиски

{tipski Glas, Januari, 2019 br. 89

ните избори“, истакна Петар Колев, претседател на ГДУ преку телевизијата на која има(ше) свои бројни настапи.

Демагошката пораката на Колев е јасна како бел ден. Таа треба да се чита вака: Изберете ме мене за пратеник, советник, било што, јас не сум себичен, не сум арогантен, не сум среброљубив, јас сум ви чисто олицетворение на милосрдието. Мајка Тереза во скап костим и скапи чевли....

Воден од големиот порив да направи нешто од својот живот во нашата висока политика, човекот на кого му ги посветувам овие редови неодамна ја отвори и сезоната на јавно врбување кодоши. Секако, кодошите му се потребни за да ги остварува своите политички цели. Нема кај него морал, етика, човекољуИ ете, почитувани читатели, бие, солидарност. Барем како таков баш убаво напредуваме. Петар Коне се има пројавено до овој момент. лев кој не знае која му е националноста, „охрабрува“ наш советник, Но, како П.Колев јавно се легитимно избран од овој народ, да обиде да врбува кодоши? му биде кодош. Да излегува во јавноста и јавно да ги накодоши совет„Ја изразуваме нашата под- ниците кои „не сакале“ да бидат содршка за идејата на општинскиот лидарни според извитоперените За тоа Колев зборува(л) во советник г. Тулиев, половината од критериуми на Колев за солидарбезброј интервјуа на ТВ во Бугарија паушалот на општинските советни- ност. Со тоа тој прави кривично дено и на наши телевизии. Како што зборуваше и во емисијата на Васко Шамари за македончето! Ефтов во која, иако медиумот е македонски, а новинарот му поставува Повеќе од 20 години НИЕ го одгледуваме нашето мало прашања на македонски јазик, Кобратче Македонија, му допуштивме да прави апсолутно селев инсистира и си говори на чист нешто, но во еден момент тоа порасна, стана голем маж на литературен бугарски јазик. И дури, 20 години, и почна да прави бељи..Треба да си го сакаме се фали со тоа. Значи, на политичарот и „лидер“ Петар Колев не треба да му се верува. Тоа треба да се каже додека е време. Јасно и гласно. Зашто како што тој настапува по медиумите и на јавната политичка сцена во Македонија јасно е дека тој ја нема темелната супстанца за бавење со политика во нашата Македонија. А тоа што тој го нема се вика национална самосвест. Час е бугарин, час македонец. Се определува во зависност од коњуктурноста на моментот. И тоа не го крие. Дури и јавно си го признава. На бугарските но и македонски медиуми на кои го-

како наш брат, но понекогаш треба да го ШАМАРАМЕ за да слуша... (Петар Колев за Бугарска ТВ)

ци, оние кои работат или се во пензија т.е имаат други приходи, да бидат донирани за добротворни цели. Го охрабруваме господинот Тулиев да излезе јавно пред штипската јавност да ја елаборира својата идеја и да аргументира кој од општинските советници кои имат и други приходи се спротиставиле на истите. Нека штипската јавност и целиот регион знаат какви себични, арогантни и среброљубиви општински избраници сме избрале на претход-

ло. Без оглед дали е свесен за својата небулоза за јавно врбување кодоши.

Но, македонската политика во изминатите 28 години виделе се и сешто. Сме преживеале политичари од формат, и антиталенти за политика кои, кога немаат што добро да понудат за иднината на својата земја, посегнуваат по демагогија. Како во случајот со „лидерот“ Петар Колев.


{tipski Glas, Januari, 2019 br. 89

РАЗГОВОР

Штипјани се хумани, само нам ни треба систем

Викторија МИЛАНОВСКА, секретар на Општинската организација на Црвен крст Штип

В

еќе четири месеци Викторија Милановска е на функцијата секретар на Општинската организација на Црвениот крст. Таа е дипломиран новинар, експерт за односи со јавноста. Претходно работела во Агенцијата за односи со јавноста при „Алкалоид“-Скопје, а била и портпарол на Ракометната федерација на Македонија. Штипјанка е, секако. Викторија, какво е вашето мислење за штипјани во однос на нивната хуманост? Овие четири месеци само ми го потврдија увреженото мислење и сознание дека штипјани се хумани луѓе кои сакаат да помогнат кога помошта на друг му е потребна, само проблем е тоа што нам ни фали систем. На тоа мора да работиме сите, а на таа важна работа ќе бидеме посветени и ние од Општинската организација на Црвениот крст. На база на која аргументација го темелите тоа чувство за тоа дека штипјани се хумани и човечни и дека фали само систем? -Во овој временски период со екипи на нашата организација посетив повеќе села и градски населби. Влегов во многу социјално ранливи семејства откако претходно голем број граѓани на Штип, стопански фирми и институции донираа пари и храна за сиромашните. Хуманоста ја видов и кај оние кои даваа за оние кои немаат и кај оние кои ја примаа таквата помош. Еве ви само еден во низата убави пример. За Божиќ го посетивме селото Лесковица. Имаше голем снег и непроодни патишта, но некако успеавме да се пробиеме до селото и на семејствата кои беа во социјален ризик им однесовме храна и намирници потребни за претстојните празници. Посетивме и еден самец, му го подаривме пакетот, човекот се заблагодари... Но, до него живее не-

говата сосетка, исто така во социјален ризик. Човекот-сосед нé замоли доколку сме во можност да ú помогнеме и нејзе, напоменувајќи: „не грижете се, доколку залихите се при крај, помошта што ми ја дадовте мене ќе ја поделам со комшивката“. Ова е тотална негација на она кое ние така често, во наплив на неаргументирана самокритика, знаеме да кажеме дека хуманоста и човечноста повеќе не живеат тука. Има уште доста вакви примери. Како да изградиме систем кој сега ни фали? -Ние ќе почнеме така што ќе креираме систем, база на податоци за сите семејства и поединци кои живеат во перманентен социјален ризик во нашата општина и во општина Карбинци за чие подрачје постоиме. Сакаме да имаме точна евиденција колку вакви семејства и поединци има, на кој каков тип социјална помош му е неопходна за вистинската помош да стигнува во вистинските раце. Да видиме дали и понатаму ќе фрламе многу храна, а притоа имајќи луѓе кои на дневна основа не можат да си имаат барем еден топол оброк. Тука сакаме да напраивме едно единство, една синергија со други институции и организации за целиот процес да добие една нова смисла, една нова димензија. Штип тоа го може и на тоа ние посветено ќе работиме. На Светскиот ден на гладта имавте активности со цел барем тој ден да нема гладен човек во овие две општини. Како помина сето тоа? -Светскиот ден на гладта е на 16 октомври, а на тој ден во цел свет Црвениот крст организира активности за да се нахранат гладните. Пак велам дека нашите луѓе се хумани зашто за тој тен собравме донирани пари кои беа доволни да се купи еден тон храна која ние

3

ја доставивме до гладните луѓе. Тука сакам да ги издвојам и Кит Го кои донираа храна, и Пивара Скопје која донираше вода и сокови. Секако и маса наши сограѓани кои дадоа пари. Сакам да укажам на фактот дека во сите наши области имаме одлична соработка со градоначланикот, со општината во целост, со ЈП „Исар“ и останатите општински институции. Она кое посебно сакам да го истакнам како човечки квалитет и голем хуман капитал на нашиот град, тоа се младите. Тие се меѓу најхуманите, сега на обука за хумани вредности подготвуваме триесет наши основци и средношколци. Да ни кажете за средбите со петгодишниот Тоше и осумгодишниот Кико? -Да, тоа беа посебно емотивни настани. Во населбата Дузлак кај семејство на Тоше го однесовме Дедо Мраз со полна вреќа подароци. Тогаш прв пат видов дете што вистински плаче од среќа. Во друга градска населба пак, во семејството на Кико, откако Дедо Мраз пристигна, детето не сакаше да го пушти да си оди зашто во нивниот стан Дедо Мраз претходно никогаш не влегол. Ова се длабоко-емотивни моменти во кои човек едноставно не може да остане рамнодушен. За крај, како стоиме со крводарителството? -За 2018 година имаме регистрирано 2.181 крводарувања само во Службата за трансфузиона медицина во Штип, а покрај тоа во текот на годината беа организирани и 19 теренски крводарителски акции на територијата на општина Штип и Карбинци, кои резултираа со дополнителни 591 крводарување. На ова поле ни претстои голема работа за мотивација за крводарување.


ИНТЕРВЈУ

{tipski Glas, Januari, 2019 br. 89

Науката, истражувањата и технолошкиот развој се пресудни за едно општество

4

М

Академик, проф.д-р Блажо БОЕВ, ректор на универзитетот “Гоце Делчев“

инатата година проф. д-р Блажо Боев, ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“Штип, стана дописен член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Штип и регионот, по пауза од цели 30 години (Никола Кљусев, 1988 година) го доби новиот академик. Овој настан беше повод за разговор со академикот Боев, разговор во кој доминира науката како двигател, столб на развојот на секое општество. Г-дин Боев, каков беше Вашиот пат од Кавадарци преку Штип до националниот „Совет на мудрите“ како што се нарекува МАНУ и како Вие лично ја прифативте информацијата дека сте станале член токму на еден ваков Совет? Човек пред се треба да ја сака професијата која ја работи. Сè друго доаѓа потоа. Повеќе од 30 години се обидувам искрено да пристапам кон работите кои ме интересираат и за кои трагам заедно со моите колеги. Македонската академијата на науките и уметностите е највисоката научна и духовна институција која го поттикнува и следи развојот на науките и уметностите и се залага за нивно унапредување. Таа има национален и космополитски карактер и по самата природа на луѓето кои се занимаваат со оваа професија љубопитноста е она што те мотивира и влече кон откривањето на новите нешта, а тоа се пред се универзалните вредности. Оттука, навистина за мене претставува престиж и голема одговорност влезот во една заедница во која луѓето се обединуваат во идеалот на науката, вистината, креативноста, убавината, етиката и тн Зад Боев се над 35 години научна работа. Ако науката е склоп на знаења, каков треба да биде пристапот на една лич-

ност да добие статус на научник? Научникот систематски се бави со стекнување знаења и примена на научни методи. Пристапот треба да биде т.н. отворен кон научното знаења. Што тоа значи? Постои Берлинска декларација за отворен пристап на научното знаења, чиј главен иницијатор беше врвниот научен институт Макс Планк. Оваа декларација говори за начинот на публикување на научните информации, за отвореноста и споделувањето на научното знаење од страна на институциите но и поединците, дека на знаењето треба да се гледа единствено како кон подобрување на општественото живеење, а не на комерцијализација. Тоа подразбира дека секој корисник кој има пристап до интернет може да чита, презема, копира и печати материјали без никакви технички, правни или финансиски бариери. Единствена обврска е да му се обезбеди на научникот (на авторот) интегритет и делото вистински да се цитира. Научниците имаат космополитски карактер. Затоа тие се стремат кон споделување на се она до кое доаѓаат. Познат ни е фактот за стотици научни трудови објавувани од Вас во репрезентативни научни списанија во земјата и светот. Оттука, каков прилог се дава преку таа врска за научната мисла воопшто? Улогата на науката, истражувањата и технолошкиот развој се пресудни за едно општество. Без наука нема економски и технолошки развој. Денешната технологија е заснована на вчерашните научни откритија, но истовремено поттикнува нова наука, која креира, пак, нови технологии. Според некои автори, науката преку воведувањето на новите технологии има влијание меѓу 20-50% во економските раст.

Од која област се вашите научни трудови? Која е Вашата специјалност во областа на науката? Областа на научно-истражувачката работа се протега во три комплементарни научни области: петрологија, минералогија и геохемија на животната средина, при што во своите истражувања се стремам да воспоставам и да развијам блиска врска меѓу овие дисциплини и геологијата и геодинамиката. Она што посебно би сакал да го потенцирам е работата во мулти(мега) проектот LOREX (LOrandite EXperiment), чија главна цел е откривање соларни неутрини со помош на изотопот на олово-205 во минералот лорандит од лежиштето Алшар. Како еден од водечките експерти во геологијата на пошироката област и самото лежиште Алшар кое во минералогијата претставува реткост од светско значење, даваме огромен придонес во активностите на овој голем меѓународен научен потфат во кој учествуваат и научните гиганти како што се институтите Аргон (САД), ГСИ - Дармштат


{tipski Glas, Januari, 2019 br. 89

(Германија) или Рикен (Јапонија). Што, според Вас може да придонесе науката во цивилизираниот свет? Можно ли беше светот денес, со сите свои совршености и маани, да се изгради како таков без науката? Цел на науката е откривање низ постапка на истражување на непознато знаење и негова примена. Клуч на научната работа е поставување на вистинските прашања и потрага по вистината. Во 19 век доаѓа до професионализација на науката, и тогаш започнува експанзивен развој на науката. Американскиот историчар на науката Дерек Прајс дава една интересна слика, и таа отприлика оди вака: Растот на науката е над 7% годишно. Во САД во почетокот на 19 век постоеле само околу илјада научници, околу средината на векот околу десет илјади, во почетокот на 20 век околу сто илјади, а денес повеќе од еден милион. Според статистиките на УНЕСКО, бројот на научниците расте во светот, при што во земјите во развој порастот е 56%, а во развиените држави 9% (највисок е растот на Азија, а посебно на Кина, во која живее и работи секој петти научник на светот). Ако 19 век беше време на механиката, првата половина на 20 век – на физиката и хемијата и технолошкиот развој, втората половина на 20 век – електрониката и информатичките науки,почетокот на 21 век – генетиката и биотехнологијата, а поблиската иднина несомнено ќе го наметне приоритетот на екологијата и технолошките иновации на одржлив развој. Колку академик Боев е задоволен од одност на државата кон науката? Да ги видиме фактите: Македонија издвојува само 0,21 процент од буџетот за наука, во ЕУ тоа е за 4 пати повеќе, во Словенија 2 проценти, односно десет пати повеќе, Хрватска за 2,5 пати повеќе... Третманот на науката во општеството во целиот период на транзицијата па и денес бележи недозволиво ниско ниво и стагнација. Постојниот модел на финансирање се сведува главно на буџетско финансирање. Сите научни установи, универзитети и МАНУ се финанси-

ИНТЕРВЈУ

5

раат на ист начин, преку буџетот. Само мал процент, незабележителен се користи на научно-истражувачката дејност. Прашањето за финансирањето на науката е клучно за развојот на општеството, во повеќе држави тоа е решено на поинаков начин кој има неколку карактеристики: -стопанскиот сектор учествува со 60-70%, остатокот го покрива буџетот. Фондовско управување подразбира партиципација на државата, стопанството и научната заедница. Така се зголемува одговорноста на сите партиципиенти. Наши познати научници тврдат дека нема наш универзитет меѓу првите 500 на Шангајската листа, и коментираат дека тоа е резултат на потценетоста и

на Универзитетот. Меѓу другото, тие вклучуваат и создавање научен фонд за поддршка на индивидуалните истражувања, што беше напредна идеја дури и за највисоко рангираните европски универзитети. Опремени се десетици високо модерни научни лаборатории. Како УГД ги стимулира младите студенти но и професори кои покажуаваат сенс кон науката... Универзитетот „Гоце Делчев“ направи успешен обид да ја приближи науката до студентите, средношколците, бизнис заедницата и пошироката јавност. Започнавме со неколку проекти „Наука за живот“, тоа е концепт преку кој на Универзитетот ќе можете да ја

маргинализацијата на науката. Твдра дека научниците се оставена сами на себе дека работат во несоодветни услови... Колку ова е точно? Одговорот на ова прашање е дел од претходното. Според мене постои брзо решение за ова прашање. Потребна е визија, знаење и храброст за овие теми. Да се надеваме дека доаѓаат периоди кога ќе можеме да се посветиме на овие прашања. Колку на УГД и се придава важност на науката? Колку науката му служи на стопанството? Во овие 10 години успеавме да воспоставиме некои нови практики, поставивме одлични основи на научно-истражувачки капацитети

слушнете мислата. Отворивме фонд за студентски и професорски научни истражувања. Секој студент и професор кој има идеја, предлог, може да аплицира во фондот и да добие од 100.000 до 200.000денари за реализација на идејата. Веќе се гледаат првите резултати. Јас како ректор се обидов да се посветам на ова прашање кое не е едноставно и кое бара многу време, напорна работа и тимски дух. Во мојата програма посветив посебно внимание на делот квалитет на наставата и науката.


6

ИНТЕРВЈУ

{tipski Glas, Januari, 2019 br. 89

Ни треба изземење од големите политички колективи, неопходно ни е свртување кон личноста

Анѓелка ПЕЕВА ЛАУРЕНЧИЌ, штипјанка, можен кандидат за претседател на државата

А

нгелка Пеева Лауренчиќ е родена штипјанка. Во нејзините „штипски денови“ беше активна на секое поле, па и во политиката. Беше првенец на генерација во гимназијата „Јане Сандански“. Беше советник во Град Скопје и во општина Кисела Вода. Еден мандат беше и пратеник. Сега нејзината партија ја најави за можен кандидат на претстојните избори за претседател на државата. Анѓелка со големо задоволство прифати да даде интервју за Штипски Глас кое ви го пренесуваме во делот кој следи. Г-ѓа Анѓелка, вашата матична партија ЛДП до јавноста испрати информација дека Вие сте можен кандидат на претстојните избори за претседател на државата. Колку оваа информација е сеуште во игра, и колку за тој став на ЛДП е запознает најголемиот Ваш коалиционен партнер? Чест е да и служиш на нацијата, не само за мене, верувам за секој граѓанин на Македонија. Во тој контекст јас ја оценувам и идејата на либерал-демократите како храбра да понудат свој кандидат и на тој начин да внесат нова свежина во овој биполарен политички контекст во кој живееме, во обид да ја истакне личноста, наспроти партиските колективитети во кои живееме со децении. Би било неискрено ако кажам дека не сум почестена со тоа, уште повеќе што самата таа идеја со голема брзина беше пренесена и прифатена, а и рашири некоја свежа енергија која секојдневно ја чувствувам во форма на искрена поддршка на поединци од различни професии, ориентации, заедници. Инаку, согласно фактите и

формалните аспекти, нема процедурална одлука, ниту пак моја лична до овој момент. Но енергијата се чувствува. Тринаесет години сум надвор од политиката и најискрено целата оваа работа, како и коментарите околу сето тоа, за мене дојдоа сосема неочекувано. Во изминатиот период целосно сум посветена на друго поле, а тоа е етаблирање и развој на деловна приказна која дава услуги од сегментот на односите со јавноста и комуникацискиот менаџмент (популарно познат како ПР). Компанијата која ја водам е една од првите во оваа област и сериозно придонесе за развој на комуникациската индустрија во Македонија. Во последните неколку години моето стекнато знаење од оваа област го пренесувам и на посдипломците на Американ Колеџ од Скопје. Активна сум во деловниот свет и на други проекти и сметам дека само преку личен ангажман на луѓето кои се практичари и кои имаат што да дадат во општеството, може да придонесеме за развој, наместо како што сме навикнати најчесто да бараме некој друг да ги реши проблемите и да ја префрламе одговорноста дека некој друг ни е виновен за нашите промашувања. Време е патриотизмот да го мериме по други параметри. Сега и овде. Која е Ангелка Пеева Лаурениќ? Ренесансата во Штип, седумдесетите и осумдесетите години од минатиот век, беше времето на моето детство и адолесценција кое го поминав во Штип. Период проткаен со ведар дух и големи очекувања од предизвиците на животот. Тоа ни даде шанса и мене и на луѓето од мојата генерација да делуваме во различни полиња и на еден

здрав начин да ги дефинираме своите афинитети. Основно училиште завршив во „Ванчо Прќе“, а продолжив во штипската Гимназија. Целиот тој период го паметам како едно непроценливо и убаво парче од животот. Уште од рана возраст бев заинтересирана за дополнителни ангажмани покрај училиштето како здолжителна обврска. За наша среќа тогаш имаше многу множности да се делува преку различни форми на активности. Во текот на основното образование на тринаесет години бев избрана за Претседател на сите основни училишта во градот, под капата на Центарот за основно образование, во Пионерскот дом работев како пионерски инструктор дури и носевме деца на летување. Паралелно интензивно работев во секцијата за фотографија и фотограм за што имам неколку Републички награди, го основавме клубот на Млади амбасадори – проект што и денес би бил актуелен, завршив во


{tipski Glas, Januari, 2019 br. 89

нижо музичко училиште - инструмент клавир. Се разбира и многу се дружев низ штипските улици, со другарките и другарите со кои и ден денес сме заедно. Во која смисла е вашето паметење на градот од вашите „штипски денови“? Гимназискиот живот отвори и дополнителни страници. Штип е познат по активен политички живот и многу наши сограѓани и во минатото придонесоа за нашата државност во различен политички контекст. Веројатно тоа „штипско наследство“ не ме одмина и мене. Станав активен член на сојузот на социјалистичката младина на општинско ниво и член на конференцијата во Скопје, како делегат од Штип. Продолжив и со други активности, го започнавме првиот гимназиски весник „Чекори“, бев активен член на Драмското студио „Ацо Шопов“ од Штип, под раководство на ценетите режисери кои работеа со нескриен ентузијазам, подготвувавме драмски претстави, модни ревии, настани од различен карактер, дури и првиот Мак-фест 1986, бев дел од познатата редакција на емисијата на радио Штип „На младински бран“ – секоја недела во 11, а во недостаток на женски водители, дури и водев неколку градски настани, најчесто за денот на градот – 8 Ноември, ако не грешам еднаш токму со Вас. Инаку, бев првото девојче во градот на мотор, велосипед со мотор што е право, активен учесник на штипската „парада“ и „под хотелот“ пред и по училиште, редовен гостин во Џет и Амадеус првите кафетерии во градот, секој петок и сабота во Домот на млади и незаборавните диско забави, по некоја серенада подоцна... Многу убави спомени и еден неизмерно богат и шарен живот за еден малолетник, поминав во најградскиот град во државата – мојот роден град Штип. Благодарение на моите родители пред се’, а и со очигледно голем број на добронамерни искусни луѓе околу мене, од различни области, оваа животна фаза ме направи личност, ми даде ветер во грбот дека секој ден во животот е нов предизвик и тука нема страв, напротив има

ИНТЕРВЈУ

7

голем предизвик. Незимерно сум благодарна за тоа. Сепак, еден ден моравте да заминете. И од дома, и од Штип. Паметам дека од родниот град директно заминавте за САД... Секако зашто со полнолетсвото дојде и другата страна од животот – одвојувањето од дома. Таа 1988 заминав во УСА во посета на блиските роднини и со некаква идеја да продолжам со школување на тој континент. Искрено, искуството од трите месеци поминати таму не ми беше поттик да останам, без дилема одлучив да се вратам во Македонија на Правниот факултет во Скопје. Во тој период станав и чен на Претседателството на сојузот на социјалистичката младина во Скоп-

многу научени лекции. Во секој случај корисни. Во моменти на внатрешна дилема како ќе го продолжам својот прфесионален живот и извесно разочарување од одредени политички потези одлучив да направам сериозна промена. Јас се водам од принципи и сакам тоа што го работам и на што сум посветена да верувам дека нешто суштински може да се промени и да дадам мој личен придонес. Тогаш ја прифатив поканата од маркетинг агенцијата Идеа плус, со која веќе имав соработка на повеќе политички кампањи, и станав дел од нивниот тим. Тогашниот за мене соработник од политичките кампањи, а подоцна и сопруг Иво Лауренчиќ, ме прими со голема доза на искреност

је. Некаде на половина од студирањето започна процесот на политички плурализам. Со распаѓањето на младинската организација ја основавме првата политичка партија во РМ, Младата демократско прогресивна странка, која подоцна со спојувањето со реформските сили, ја оформи – Либералната партија. Од тука некаде почнува посериозниот политики ангажман, кој се движи по нагорна линија, од претседател на подмладокот на либералите, до два мандати потпрет- седател на Либерал демократите, од општински советник во општина Кисела Вода и Градот Скопје, до пратеник во Републичкиот Парламент. Многу активен политички живот, бурен, ентузијастички – многу пријателства,

со следново „добро дошла, овде се ради да клијент буде задовољан, да се одради професинално до краја, – сваки дан, није ово политка”. Пораката беше повеќе од јасна. Учев од почеток, во од, да го стигнам што побрзо нивото на знаење што од мене се бара. Сосема нов свет за мене, поинаков, со реален учинок секој ден и единствен судија – пазарот. Нешто подоцна, оваа моја професионална приказна, по желба на универзумот, стана судбинска и на приватен план. Од таа проиказна како во роман, емотивна и јака, набрзо ја добивме Вера, нашето првородено дете со Иво. Три години подоцна и Ведран. Ваквиот професионално-приватен развој на случувањата повторно донесе нова


ИНТЕРВЈУ

8

дилема и одлуката да се основа првата агенција за однои си јавност – Имиџ ПР, во која и денес работам. Мислам дека од таа 2002 година до овој миг кај Вас се случија многу нови работи.. Да, годината 2002 на некој начин беше судбинска за мене. Судбината сакаше да ми ги земе мајката и сопругот за многу кратко време, тежок и трауматичен период, во кој е навистина многу тешко да останеш цврсто на земја. Но, од друга страна сум благодарна што имам две прекрасни, за мене совршени деца – Вера гимназијалка од Орце Николов и Ведран основец од

недај боже за премиер или претседател на држава.. Јас верувам во квалитет на личноста и карактерните црти, полот воопшто не е важен и мислам дека оваа тема е надмината. Сепак сме имале многу жени во политиката, а имаме и денес, па други и во воениот период многу храбри жени играле важна улога. За мене денес во 2019 година мислам дека ова не е тема. Без оглед на фактот што доминираат мажи во политиката, причината за тоа треба да ја бараме можеби на друга страна, во личниот избор на луѓето. Оттука мислам дека не се работи за маж или жена. Кај

Кочо Рацин, прекрасни колеги, професионален тим, клиенти на кои има благодарам за довербата и еден куп други признанија за нашата агенциска професионалност. Во моето секојдневие, покрај деловната активност, го подготвувам докторатот на тема односи со јавност, предавам на постдипломски студии на Американ колеџ на англиски и македонски јазик, учествувам во повеќе хуманитарни проекти преку Движењето за поддршка на креативност „Браво сине“ и Ротари Интернационал – клубот каде што членувам. Прилично богато секојневие, во општествено социјална смисла. И вака кога ги пишувам сите овие нешта, станувам свесна колку многу историја и процеси поминала мојата гренерација во оваа земја. Многу, навистина многу. Kaj нас е врежано мислењето дека жена не е за политика,

нас предизвикот е како да излеземе од големите политички колективитети и да се свртиме кон личноста и нејзиниот капацитет. Имаме многу примери и во бизнисот, политиката и во другите општествени дејности, каде што жените покажале огромен успех и солидно лидерство. Оттука, цврсто се залагам за принципот дека секој што сака да придонесе во одредена област и има квалитети може да го направи тоа. Се е прашање на личен избор. Која е Вашата оценка за функција претседател на државата? Претседателот согласно нашиот Устав има улога на патрон на нацијата, па според мене тој треба да биде со граѓаните и да делува во насока на менторирање на одредени процеси кои ќе придонесат за развој на различни сегменти во општеството.Цврсто сум убедена дека

{tipski Glas, Januai, 2019 br. 89

токму тоа беше и целта кога се создаваа законските рамки кои ја дефинираа оваа функција. Иако според нашиот Устав имаме поделба на законодавна, извршна и судска власт, а државното уредување е дефинирано како парламентарна демократија, претседателската функција има значајно место во општеството, кое има за цел да создава баланс помеѓу различностите без оглед дали се политички, етнички, полови, религиски или било какви. Да го представува пред се’ граѓанинот како единка – капацитетот на поединецот, наспроти колективизмот. Исто сметам дека токму преку оваа функција треба да се креираат нови можности кои ќе придонесат кон општ прогрес. Тоа секако е мое гледиште и жалам што овој потенцијал не беше до крај искористен, што се должеше воглавно на слаба нашата политичка зрелост, во генерална смисла на зборот. Сметам дека ние генерално кога нешто не функционира заради човечки фактор сакаме да го решиме со промена на закони или ново редефинирање на надлежностите. Сепак многу нешта зависат од персоналните решенија. Уставните надлежности се само рамка. Многу простор има за реално учество на претседателот во секојдневните процеси. Потребна е поголема ширина, креативност и реална желба да го поддржиш доброто и да се спортивставиш на погрешното. Сепак е тоа најзначајна фигура избрана на непосредни избори. Тоа обезбедува многу широко поле, многу простор за нови искуства во востановениот политички стил на кој сме навикнале. Да се вратиме на Вашите „штипски денови“...Кога ќе ви речат Штип на што прво се сеќавате? И дали понекогаш доаѓате во родното место? Штип тоа се убави спомени на среќа и безгрижност. Тоа е градот на моето детство и младост. Секое мое навраќање во Штип ме потсетува токму на тој период од животот, а токму тој период од животот е најубав за секој човек. Секогаш и сега кога доаѓам ме обзема тоа пријатно чувство.


КОНЕЧНО: ЈП регионална депонија со седиште во Свети Николе

{tipski Glas, Januari, 2019 br. 89

О

ДЕПОНИЈА

сумнаесетте градоначалници од источниот и свероисточниот плански регион и Општина Свети Николе, којашто е дел од вардарскиот регион денеска во Штип едногласно одлучија да се формира меѓурегионално Јавно претпријатие, коешто ќе управува и стопанисува со современиот систем за управување со отпад, а којшто ќе биде лоциран во близина на селото Мечкуевци, Свети Николе. Со оваа одлука градоначалниците го откочија процесот за користење на 35 милиони евра, коишто ЕУ ги дава за набавка на опрема, камиони, изградба на претоварни станици, контејнери и изградба на регионалната депонија, односно современиот систем за управување со отпад. Градоначалникот ан Општина Штип, Благој Бочварски истакна дека веќе не е спорна ниту локацијата на депонијата. Владата го прифати барањето на Општина Свети Николе за изградба на нов пат, кој ќе води до самата депонија, бидејќи согласно претходниот проект, камионите, коишто ќе го носат сметот од општините од источниот регион требаше да поминуваат низ градот Свети Николе. Бочварски забележува дека овие два региони ќе бидат првите, коишто ќе добијат депонија согласно европските стандарди, а во меѓувреме ќе се затворат сите депонии во двата региони, коишто во моментов ги задоволуваат стандардите на ѓубришта. -Се работи за поголеми средства, за преку 35 милиони евра, средства кои треба да ги добиеме како држава, грант од ЕУ, неповратни пари, со цел да добиеме почиста и поздрава животна средина, вели Бочварски. Новото регионално јавно претпријатие ќе нуди услуги за собирање на смет на околу 300 000 граѓани од двата региони, во следниот период тим од правници треба да го направи статутот на претпријатието. -Она што ќе бида направено како статут и ќе биде договорено како процент на управување и учество во органите на управување на ова јавно претпријатие да биде задоволително и во интерес на сите општини кои учествуваат во оваа постапка, рече Борјанчо Мицевски градоначалник на Општина Крива Паланка. Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашко Велковски смета дека експертите од Министерството за животна средина треба да излезат на терен и на месното население да му објасни како ќе функционира овој современ систем за депонирање на сметот од двата региони, бидејќи наслението на овој дел има обработливи површини и фарми. На денешниот состанок имаше дебата меѓу градоначалниците дали новото претпријатие да биде јавно или акционерско, сепак преовлада мислењето кај поголемиот дел на градоначалниците дека тоа треба да биде јавно. Градоначалниците на Пробиштип, Бе-

9

рово, Каратово и Карбинци забележаа дека со реализацијата на овој капитален проект за двата региони ќе имаат бенефит граѓаните и општините, кои што ќе ги затворат депониите кои се на ниво на ѓубришта и ќе нема загадување на животната средина. Новиот современ систем за депонирање на смет за двата региони ќе биде од затворен систем, а како што велат експертите, коишто со години работат на овој проект ќе биде фабрика за отпад, но без големи профити. Ана Каранфилова од Министерството за животна средина истакна дека има безброј примери во европските земји како функционираат овие системи за управување со депонии, како што е Германија, каде што функционираат вакви јавни претпријатија. ВДЈ Викторија ДимитроваЈованова На денешниот состанок во Штип градоначалниците од источниот и североисточниот регион донесоа одлука за формирање на Јавно претпријатие - меѓурегионалната депонија, чие седиште ќе биде во Свети Николе. Во оваа општина, во атарот на село Мечкуевци, ќе се изгради и уреди регионална депонија со најсовремен систем за управување со отпад. Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашко Велковски истакна дека многу е и логично ова претпријатие да биде лоцирано во неговата општина, каде што ќе се гради и депонијата. Осумнаесетте градоначалници, од Берово преку Пехчево,Делчево, Кочани, Штип до Пробиштип, Свети Николе и Куманово, општини од Источниот, Североисточниот и дел Вардарски регионв донесоа одлука тим од правници, во рок од десет дена да го направат статутот на новото меѓурегионално јавно претпријатие за современиот систем за управување со отпад. Овој систем ќе биде прв во државата, кој што ќе опфати собирање и депонирање на сметот според европските стандарди. Претстои период на тендерски постапки за набавка на камиони, контејнери, опрема, изградба на претоварни станици и изградба на депонијата, којашто ќе биде од затворен систем. Проектов ќе чини над 35 милиони евра, а се обезбедуваат како грант од ЕУ.


Седумнаесет проекти за нов развој на Источниот регион

10

С

РЕГИОН

о седумнаесет нови проекти кои ќе се реализираат во речиси секоја општина во Источниот плански регион кој има над 180.000 жители ќе се подобрува квалитетот на животот од Берово преку Пехчево и Делчево, Виница и Кочани се до Пробиштип и Штип. Малата шестчлена екипа во Центарот за развој на овој регион вредно работеше на на проектите и во изминатите дванаесет години што, според раководителката Драгица Здравева, придонело регионот од претпоследно да се искачи на трето место по развиеност, веднаш после скопскиот и југоисточниот. -Секоја од единаесетте општини ќе има бенефит од проектите кои се одобрени и за кои се обезбедени финансиски средства. Штип ќе добие детска градина, Делчево пешачки мост преку реката Брегалница како проект со кој се збогатува туристичката понуда во градот под Голак, во Кочани преку реализација на проектот „Зелени згради“ ќе се изврши адаптација на општинската зграда во енергетски ефикасен објект, во оваа општина ќе се гради и пат од селото Оризари до манастирот „Добра вода“, вели Здравева. Секоја од општини ги предлага своите приоритети пред Советот на регионот кој ја има доминантната улога во носење конечни одлуки. -Таква е постапката. Општинските совети носат одлуки за тоа кои потреби им се приоритетни, за нив аплицираат пред Советот на ИПР кој е е надлежен да носи одлуки што и каде ќе се гради и ќе се финансира. Тоа е така за да се овозможи секоја од општините да добие поддршка за проект кој и е важен. Нам работата во тој поглед многу ни е олеснета бидејќи како градоначалници имаме извонредна соработка и лесно наоѓаме заеднички јазик во однос на проектите, вели Николчо Илијев, ретседател на Советот на ИПР и градоначалник на Кочани. Согласно усвоените проекти за кои се обезбедени и финансиски средства, во пет општини – Виница, Кочани, Чешиново-Облешево, Карбинци и Пехчево- ќе се градат патишта како дел од проект за развој на руралните средини. Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој со 35 милиони денари на кои ќе им бидат придодадени уште 11 милиони денари како влог на општините, ќе го поддржи руралниот развој на општините Кочани и Карбинци.За 22 села се изработува урбанистички план. -Лесново е еден од највпечатливите и најпосетувани манастири во државата, а ние за него изработивме досие со комплетна анализа за негово прогласување за гео парк со што овој манастирски комплекс ќе влезе во светската мрежа на гео паркови. Општината Чешиново-Облешево е позната по своите штркови,

{tipski Glas, Januari, 2019 br. 89

а таму ќе се гради еко-етно село за општината подготвено да го дочека месецот јуни зашто оваа општина годинава е прогласена за европпско село на штрковите и во тој месец тука ќе дојдат многу експерти од различни сфери на животот, посочува Здравева.

Посебно интересен е проектот „Стари вековни дрва во микрорегионот ПијанецМалеш“ кој веќе го спроведува Балканската федерација за одржлив развој и проектот за одржливо управување со природните ресурси во микрорегионот Пијанец – Малеш како втора фаза од проектот.

Посебно интересен е проектот „Стари вековни дрва во микрорегионот Пијанец-Малеш“ кој веќе го спроведува Балканската федерација за одржлив развој и проектот за одржливо управување со природните ресурси во микрорегионот Пијанец – Малеш како втора фаза од проектот. Годинава Пробиштип во рамките на регионалниот развој треба да го добие својот Музеј на ретки минерали, Берово смета на пешачка и велосипедска патека патека покрај реката Брегалница, кај селото Соколарци во општина Чешиново- Облешево ќе се гради станица за третман на отпадните води, Зрновци ќе добие етно парк . Овие проекти се очекува да бидат одобрени од Бирото за регионален развој. Регионот има активна прекугранична сорабока со Бугарија со која се работи на два проекти – рекон-

Лесново е еден од највпечатливите и најпосетувани манастири во државата, а Центарот за развој на ИПР за него изработи досие со комплетна анализа за негово прогласување за гео парк со што овој манастирски комплекс ќе влезе во светската мрежа на гео паркови.

струкција и адаптаација на мултикултурниот центар во Кочани и конзервација и реставрација на црквата „Свети Власие“ која е дел од штипската тврдина „Исар“.


Ако не нема на светските саеми, немаме шанси да го развиваме туризмот {tipski Glas, Januari, 2019 br. 89

ТУРИЗАМ

Имаме ли реална можност за развој на туризмот како една од движечките стопански гранки во светот? На оваа тема разговараме со Димитар Кашиков, сопственик на туристичката агенција „Феријал Кашиков“ , човек кој половина век работи во овој сектор

Т

уризмот насекаде во светот е значајна гранка на секоја национална економија. И нашата држава прави напори за развој на туризмот, но фактите говорат дека сеуште сме далеку од тоа одделни наши региони да можат да живеат главно од туризам. Тоа не е ниту Охрид, нашата прочуена туристичка дестинација. Во Штип и во регионот, преку стратегијата за развој на туризмот која ја има направено Центарот за развој на Источниот плански регион, се настојува и оваа стопанска дејност да заживее. На ова тема разговараме со Димитар Кашиков, стар туристички „волк“, кој половина век е во оваа сфера. -Нашиот источен регион и нашата општина Штип, а покрај неа и Карбинци, имаат свои потенцијали кои можат да бидат привлечни на милионската армија туристи од цел свет. Убаво е тоа што Центарот за развој на ИПР изготви развојна стратегија, но и ние туристичките работници од Штип и регионот имаме што да кажеме во врска со оваа работа, вели Кашиков. Според нашиот соговорник првата работа што мораме да ја направиме е да создадеме линк со најголемите саеми по туризам во Европа. А такви ги има во Берлин, Утрехт, Лондон, Белград, Загреб, Будимпешта, Москва... -Не можеме да си седиме дома и да чекаме туристите сами да ни дојдат. Ние мора да диме кај нив и по нив.Тие мора да имаат добри информации за нашите туристички потенцијали. Да знаат зошто треба да го посетат Штип и источниот регион. Во таа работа потребно е поврзување со сите наши туристички агенции. На овие саеми да се појават градоначалниците со свои стручни екипи, туристичките работници, заинтересираните институции...Таму треба да однесеме еден куп пропаганден материјал зашто туристичкото семејство сака да има добри информации за регионите кои треба да ги посети. Ако говориме праведно треба да кажеме дека во Штип, кој исто така си има свои туристички посебности, никој досега нема донесено вистински туристи. А за такви се сметаат организирани групи со над десет лица, вели Димитар Кашиков. Но, која е можната туристичка понуда на Штип и на регионот? -Туризмот не може да се поврзе само со еден град, тој најмалку си бара регионален пристап. Кај нас

11

можеме да говориме за гастрономски туризам каде темелна точка треба да ни биде штипската пастрмајлија како наш бренд, а и истоимената манифестација која ја имаме. Но, приодот мора да биде сосема подруг. Овде треба да се направи една квалитетна синергија помеѓу локалната власта и туристичките организации во градот. Пастрмајлијата како гастрономски бренд треба да има свои промоции во соседните држави. Во БугаријаБлагоевград, во Србија, во Грција и на Косово. И тоа месец дена пред манифестацијата. Во градови во овие држави треба да правиме Денови на штипската пастрмајлија по што големи групи туристи ќе ни дојдат на нашата манифестација. Планинскиот туризам да го развиваме преку Пониква, Голак и Малешевските планини кои треба да бидат столб на ваквиот вид туризам. Наша голема можност е и верскиот туризам со манастирот Лесново и манастирот во Берово како централни точки,тука се и нашите цркви, галерии на икони во нив за кои меѓу туристичкото светско семејство постои голем интерес. Конечно, во смисла на историското минато на цивилизациите тука се познатите археолошки локалитети Баргала, Мородвис, Виничко Кале со теракотните икони, Била Зора и Гиоглифот кај Свети Николе , Стамер и Град кај Делчево. Имаме ние и на ова поле што да понудиме но ако не нема на европските саеми, ако не понесеме големи количини пропаганден материјал, ако не создадеме квалитетни работници во туризмот нема да имаме многу фајде од тоа што како можност треба да биде наша предност, јасен е Кашиков. Во Штип со децении се говори за можностите за бањски туризам, секако тука најважен елемент се лековитите топли води на Кежовица? -Да, се говори, ама ништо не се прави.Не може една бања која е јавно купатило да го промовирате како некаква туристичка можност. Не! Ние мора да видиме како во овој вид туризам чуда направија и како големи профити остваруваат Банско, Сандански, Гоце Делчев во Бугарија или Пролом Бања и Врњачка Бања во Србија, а ние си останавме само на јавно купатило. Не може тоа така. Јас се надевам дека стратегијата за туристички развој на регионот направена од Центарот за развој на ИПР сите ќе ни даде нова енергија да ги свртиме работите во наша полза. А тоа ќе биде добро за сите во нашата локална и регионална заедница, појаснува Димитар Кашиков.


Брегалница, Отиња и штипскиот ветер на градот му обезбедуваат најквалитетен воздух

12

ВОЗДУХ

Н

{tipski Glas, Januari, 2019 br. 89

Проф.д-р Дејан Мираковски

ашиот град, нашите граѓани, дишат најквалитетен воздух во државата. Оваа убава здравствена информација ја аргументираат мерните станици кои во Македонија ги има поставено универзитетот „Гоце Делчев“. Првата аргументација е дека квалитетот на амбиенталниот воздух во Штип во континуитет е во дозволените граници, втората е содржана во фактот дека и во сегментот на дозволената граница штипскиот воздух е во водечката тројка на места во кои се дише најквалитетен амбиентален воздух. -Штип е во друштво на Лазарополе, предел за кој се смета дека има најквалитетен амбиентален возух во нашата држава. Нашите мерни станици тоа ни го имаат потврдено низ целата 2018 година. Имено, во текот на една календарска година дозволено е максимум едно подрачје, еден град да можат да имаат 35 дена над дозволените законски микрограма честички на метар кубен. Штип, во текот на 2018 година, имал само шест такви денови, вели проф.д-р Дејан Мираковски, проректор на Универзитетот „Гоце Делчев“.

да нема магла, или бројот на денови со магла е исклучително мал. Тука, во позитивна смисла секако е и познатиот штипски ветер кој го прочистува воздухот и на таков начин влијае на неговиот квалитет, посочува Мираковски. УГД го мери амбиенталниот воздух од 2015 година. Од тогаш досега низ државата се поставени пет мерни станици: ги има во Штип, Струмица, Прилеп и две во Кавадарци. Наскоро таква станица ќе биде поставена и во Берово. Покрај УГД такви мерни станици има поставено и државата но и тие само го потврдуваат фактот за Штип како град со најдобар, најквалитетен амбиентален воздух. Интересно е тоа дека меѓу градовите со повисока концентрација на честички од дозволеното е и Струмица. Но, за науката тоа е објективна состојба ако се има во предвид фактот дека струмичката котлина е на таква позиција што нема можност за струење на воздухот. А тоа е пресудно за квалитетот на воздухот кој го дишиме.

Дневно дозволената количина на микрограм честички изнесува до најмногу 50 милиграма на метар кубен, годишниот просек не смее да изнесува над 40 микрограми. Во Штип оваа состојба е од пет до 11 микрограма честички на метар кубен на дневна основа. Тоа е за четирипати помалку од дозволеното со закон. -На оваа поволна состојба која има значајно влијание на нашето севкупно здравје во Штип најмногу влијаат природните фактори. А тоа е конфигурацијата на која се наоѓа градот. Притоа доминантни за ваквата состојба се двете реки Брегалница и Отиња кои се природни коридори за струење и постојано прочистување на воздухот. Поради тоа Штип е и град во кој речиси и

-Доминантен извор на загадување на воздухот во нашата држава се печките на дрва. Пример се Струмица која нема загадувачка индустрија, но и Кавадарци кој и во време кога Фени не работеше имаше загадување над дозволените граници, вели Мираковски. Според професорот за сите наши градови, а секако и за Штип, генерално решение за почист и поквалитетен воздух е гасификацијата. –Информиран сум дека во Штип се работи на проектот за гасификација, тоа ќе ја елиминира потребата од греење на дрва, па ако и климатските услови останат исти ние ќе немаме никакви проблеми со воздухот кој го дишиме.

Штип по квалитетот на амбиенталниот воздух е во друштво на Лазарополе, предел за кој се смета дека има најквалитетен амбиентален возух во нашата држава. Мерните станици на Универзитетот „Гоце Делчев“ го верификација тој факт низ целата 2018 година.


{tipski Glas, Januari, 2019 br. 89

РЕКЛАМА

13


Умно, не паметно

КОЛУМНА

14

Н

Пишува:

М-р Трајче КАЦАРОВ, писател

е е тешко да се научи, не е тешко да се зне, тешко е умен да си, односно умно да постапуваш. Една поговорка вели: „Паметниот човек го кажува она што го знае, а умниот она што треба.“Тоа е добра причина да се направи јасна дистинкција помеѓу умните и паметните, односно да се прави разлика меѓу паметно и умно кажаното. Животната пракса покажува дека има многу повеќе паметни од умни. Како што од шумата не можат да се видат дрвјата така од паметните многу тешко можат да се наѕирнат умните. Па често паметното кажано го сметаме за умно. Тоа се јавува како единствена причина народниот гениј да ја лиферува во јавноста крилатицата: „Ќе му дојде умот кога ќе си отиде кумот“. Односно ќе сфати народот дека паметно кажаното не е што и умното, ама доцна, кога за тоа ќе нема потреба. Мајките своите деца уште од колебка ги милуваат со зборовите: „Паметното мори на мајка!“ „Умното мори на мајка!“. Така тие не водејќи грижа за суштината на зборовите го мешаат умното со паметното. Кога некој би и’ го предочил тоа, мајките, несомнено би избрале, децата да им се умни, значи не паметни. Кога светот би бил населен само од умни луѓе тогаш и создателот, драгиот Бог, ќе може да здивне од многуте пораки упатени до

него од паметните. Умни, ни требаат во сите сфери на човековото живеење. Како театартарџија можам да кажам дека театарот од памтивека, се мисли на успешниот, го чинеле само умни творци. Уште Аристотел преку своите дела подучувал дека поети, драмски писатели можат да бидат само умните, оние кои ќе знаат што треба да остават во песната за да биде сфатлива, а што да остранат од неа. За актерите важи истото правило. Најдобри се оние актери кои нема да го учат текстот напамет, туку умно ќе го разработат, ќе го проанализират, т.е. ќе го сфатат. Како пример ќе јаприложиме репликата на Димитрија од драмското дело на Горан Стефановски „Диво месо“. Откако компанијата „Шнајдер“ преку Хеман Клаус ќе сака да ја откупи куќата на Димитра Андреевиќ за да се прошиири просторно, а Стево синот на Димитрја тоа ќе го прима како соработка со развиената Германија, Димитрие лут ревнува: „Ебави младоста. Се ќе запустите. Не признавате ни ѓавол, ни бог. Немате ред ни во главите ни во телата. Се на своја рака, со првиот ветер, како муви без глава. Мислите се што лета се се јаде. Европа ве бара! И се прди на Европа за вас. Воздивнуваате по Германија! А таткото што ги изгуби нозете за да вам ви направи куќа е помија што не знае два и два и им пречи на Европејците да прават кариера. Не знаете да се чувате. Живеете на вересија. Ќе загинете по некои

{tipski Glas, Januari, 2019 br. 89

дупки, ќе ве изедат пајажини, името ќе ви се затре, коренот ќе ви се запусти, трага нема да остане од вас. Солзи немам да ве исплачам колку сте за жалење.“ Ете зарем овој текст не е подобро да се разбере па да се интерпретира отколку само да се научи напамет. Морам да кажам дека на ваквото мое обраќање до јавноста ме наведе професорот А. Вангелов кој во една своја колумна напишал дека на времето Колишевски му рекол на Црвенковски, да и даде по нешто на писателите, тие иако се маргинална група на луѓе сепак можат да му наштетат на системот преку своите дела. Според мерката што е умно, а што паметно, овде ќе кажеме дека Колишевски умно го советувал Црвенковски. За тоа како Црвенковски ја примил поуката и како постапил по неа, никој ниту видел, ниту чул.Сепак според аритулацијата на нашите писатели, за актуелана состојба во која се наоѓа „Нашата куќа“ алузија на куќата на Димитрија Андреевиќ во „Диво месо“ на Г. Стефановски, можеме да кажеме дека тие се огромни апологети на сентенцата „Молчењето е злато“. Мудар бол Сократ кога рекол „Сега знам дека ништо не знам“, ама мудри се и нашите писатели кога тоа го премолчуваат.


{tipski Glas, Januari, 2019 br. 89

Деметрополизација како проект

КОЛУМНА

Пишува: Д-р Страшко Стојановски, професор по социологија на УГД

С

екое утро се будиме со нови очекувања, нови надежи и желби, или пак можеби во нова меланхолија, со неизвесни перспективи, чиста рутина и урнати соништа. Да се надеваш е добро, да се разочаруваш е очекувано, но да сонуваш големи соништа во мало место е речиси невозможно. Или сето ова е само привид и одраз на субјективна рефлексија...

Регионот во кој живееме е оптоварен со сериозни предизвици. Демографската депопулација, високо ниво на политичка поларизација, ниски примања во реалниот сектор, високи очекувања од јавниот сектор и државата и секојдневно соочување со недостаток на мерит вредностен систем, клиентелизам и инертна бирократија. Но во овој регион исто така постојат и значителни преспективи за развој, генерирани од природните ресурси и човечкиот капитал кој истиот ги поседува. Она што е неопходно е да се воспостави систем на добро менаџирање со ресурсите и ефектуирање во интегрален развоен регионален проект. Во реалноста на организацијата на локалната власт во Република Македонија постои двостепеност и декларативно спроведување на децентрализација со 3 % ДДВ кој останува во општините. Предимензионираноста на концентрацијата на сите ресурси во главниот град, рефлектира во изразена внатрешна миграција, која подеднакво е предиз викана со можностите кои главниот град ги нуди од аспект на економски перспективи, но и повисокото ниво на културна понуда,забавни содржини, разноврсност на активности и можности за интеракција. Или пак, можеби и поради стереотипизацијата на локалното како назадно, ограничувачко и без можност да бидете препознаени и вало- ризирани од средината. Доколку тврдам дека последното е општествен конструкт од 70-те години на минатиот век, со цел да се обезбеди забрзана индустријализација, најверојатно нема да бидам разбран во целост. Но да бидеме конкретни. Штип како географски центар на регионот во кој се наоѓа, треба да ги искористи своите потенцијали и да изгради систем на ге-

15

нерирање решенија кои ќе обезбедат поквалитетен живот не само за градот, туку и за целиот регион. Ефектуализацијата на интелектуалните ресурси кои произлегуваат од универзитетот „Гоце Делчев“, во соработка со стопанството, мораат да бидат препознаени е искористени од локалните власти. Во оваа насока треба да се канализираат правци на истражувања кои ќе го детерминираат идниот развој на регионот.

Друг аспект на кој би сакал да се осврнам е надпартиската приоретизација на регионалните проекти. Илустративно, објектот кој (не) се гради во рамките на клиничкиот центар не е, и не може да припаѓа на одредена политичка опција. Ова е стратешки проект од исклучително значење, не само за градот, туку за целиот регион. И додека државата директно и континуирано буџетски интервенира во градот Скопје (без разлика на гарнитурите кои се навласт), на градовите во внатрешноста им се нуди еднократна милостина во „искупување на гревовите“, т.е. откупување на долговите. Општините мора да се организираат и да се борат за ресурсите. Но не за еднократно и дискриминаторско решение, туку за трајно надминување на проблемите со кои се соочуваат. Доколку општините и регионот не сакаат да останат крпачи на дупки и реализатори на проекти „1 км асвалт“, мора да се изборат за значително поголем процент на ДДВ да останува во локалните буџети, кој етапно треба да се зголемува, зошто да не до ниво на 50 %.

За почеток доколку сакаме младите да се будат со желба да не заминат трајно, или професионално да се реализираат во рамките на регионот, локалната заедница мора да поседува ресурси за задоволување на нивните потреби, а тоа би значело и можност за независност во делувањето од централните власти и реализација на крупни стратешки инфраструктурни проекти. Деметрополизацијата може да започне веднаш! п.с. Прогласување на „Најдоброто од Истокот“ е пример како треба интегрално да се делува во правец на погоренапишаното. Промената започнува во рамките на иницијативите во секој од нас.


16

Г

Ивана: Годината 2018 беше најплодна за Градскиот хор КУЛТУРА

радскиот хор со 32 активни члена, а под диригентската палка на м-р Ивана Јанков Ѓурѓевиќ е посебна културна институција која каде и да настапува плени со хорската интерпретација на песни главно од нашата национална музичка ризница, но и песни кои се општоприфатени во светот како цивилизациска вредност. Штипски Глас ја прогласи Ивана за личност на 2018 година поради самопрегорот со кој го води хорот и квалитетот кој хорот го поседува. Членовите на хорот се на возраст од дваесет до 66 години. Ги има лекари, економисти, просветни работиници, пензионери, а од минатата година кон хорот се приклучија и десеттина студенти при Музичката академија на УГД.. -Задоволство е да се работи со ваков состав. Сите до еден сме посветени на тоа што го работиме. И секој настап го доживуваме со посеебни емоции. Овде сакам да се заблагодарам на ректорот на УГД, академик, проф.д-р Блажо Боев, кој ни овозможи пробите да ги имаме во просторија на универизтетот каде имаме пристојни услови и пијано. Благодарни сме и на Општина Штип за превозот кој ни обезбедува превоз.

и на релација Штип-Параќин-Ресавица-Штип, во април месец, кога бевме поканети да оддржиме два самостојни концерти во Србија и во декември, кога учествувавме на првиот Меѓународен хорски фестивал во Ќустендил, Бугарија, од каде се вративме како лауреат на фестивалот. Македонската песна - староградска, народна, поп, рок, па дури и софистицирани фолк нумери чинат сигурно деведесет проценти од репертоарот на хорот. Ивана вели дека мисијата на хорот се движи во две насоки: - да се сочуваат вредните музички бисери од заборав - и да се збогатат со хорски аранжмани, за да може хорот, како ансамбл да го врати стариот сјај.

{tipski Glas, Januari, 2019 br. 89

Публиката најбурно и најрадосно реагира токму на познатите македонски песни, но најдобар впечаток оставаат весели, шегобијни песни, со изразена ритмика. За мене тоа е логично. Народот е претрупан со проблеми, финансиски, егзистенцијални, политички, верски... Сакаат нешто што ќе им ја разгали душата.. -Минатата година беше најплодна година за Градски хор. Имавме преку 20 настапи во Македонија, Црна Гора, Бугарија, Србија и дури 5 целовечерни концерти и тоа во: Пехчево, Делчево, Параќин (Р.Србија), Ресавица (Р.Србија) и секако традиционален Новогодишен концерт во Штип. Факт е дека штипската публика не познава и, следејќи го нашиот подем не поддржува во нашата мисија, но, годинава оддржавме скоро едноиполсаатна програма во градовите каде нашиот хор е потполниот анонимус и, на наше големо задоволство публиката исклучително позитивно реагираше на нашето претставување, вели Ивана. Според нашата соговорничка хорот ќе постои без оглед дали градот целосно ќе застане зад него или не. Но, Ивана вели дека хорот си ја заслужува поддршката зашто секаде каде што настапува го преставува Штип. А Штип, според Ивана, има долга музичка традиција и секој кој работи квалитетно на ова поле заслужува да биде поддржан. -Мене ми е посебн мило тоа што младите го сакаат животот, па ни доаѓаат во хорот. Сакаат добра атмосфера, сакаат да се добредојдени во хорот, сакаат патувања, дружење, музика која им значи нешто. Кога ќе им го обезбедите тоа, тие стануваат верни на хорот. Сепак, повторно се провлекуваат финансии. Ако мораат да платат членарина, пат, гардероба... прашање е дали можат да го издржат тоа. На ова сите треба да размислуваме, вели Ивана. Таа е бескрајно благодарна што Штипски Глас ја препознал нејзината квалитетна работа со хорот.„Оваа награда најмногу ми значи, тоа говори дека некој ја следи мојата работа, а наградата си има посебна тежина зашто јас не сум родена штипјанка туку сум дојдене тука од Крагуевац. Но, мило ми е што штипјани ме прифатија на начин кој ми создава обврска секогаш да го давам најдоброто од себе. А јас тоа и го правам. Без оглед на фактот што и по 16 години живот во Штип сеуште сум невработена.


Штипскиот Исар станува штипски видиковец

{tipski Glas, Januari, 2019 br. 889

С

редновековната тврдина Исар која се извишува над Штип и од која се пружа најубавиот поглед на градот, на Ново село, на индустриските зони, на реките Брегалница и Отиња наскоро ќе стане градски видиковец. На овој проект работи Заводот за заштита на спомениците на култура и музеј Штип кој од локалната самоуправа побара финансиска поддршка од 5.000 евра за завршување на проектот за тврдината. -Имаме идеен проект, а во периодот од 2008 до 2011 година ги завршивме и неопходните археолошки истражување на акрополата на тврдината при што пронајдениот археолошки материјал го заштитив-

ме и го сместивме во нашите депоа. Сега сме во фаза на настојување на основа на идејниот да изготвиме основен проект за кое ни се потребни помеѓу 8.000 и 10.000 евра. Затоа од Советот на општината побаравме оваа голема потреба на Штип, преку финансиска поддршка за изработка на основниот проект да биде поддржана, вели Мите Штерјов, директор на штипскиот музеј. Акрополата на Исарот зафаќа површина од 1.700 метри квадратни. Штерјов укажува дека ако во првите четири месеци од годинава биде изгработен основниот проект, за што постои можност, тогаш ќе се искористи можноста веќе во месец мај да се конкурира пред меѓународни донатори за уредување на Исарот како штипски видиковец. Затоа, оценува Штерјов, општината

17

КУЛТУРА

ургентно треба да го подржи нивното барање зашто Исарот е една од штипските легитимации по кои градот надалеку се препознава. Надежно во целата оваа приказна е тоа што штипската средновековна тврдина е влезена во програмата на Владата како проект од капитално значење па се очекува и нејзина финансиска поддршка. За да се оствари проектот неопходно е од Исарот да се дислоцираат антената и куќичката на МРТВ која шест години не е во функција, антената на бившата локална ТВ Теко која не постои над триесет години но и големиот железен крст кој е сместен токму на бедемот, а со проектот се предвидува негова дислокација на соодветно место. Тврдината Исар е на 370 метри над нивото на реката Брегалница која тече покрај неговото подножје. Бедемот на тврдината е прилично добро сочуван, а претпоставките на експертите е дека тврдината била подигната во раниот среден век заради одбранбените и стратегиските потреби на градот кој лежел во нејзиното подножје.

Мите Штерјов, директор

градоначалник Благој Бочварски стои и изградбата на жичарница за превоз на патници од подножјето до врвот на Исарот, а Бочварски тврди дека нема откажување од овој проект и дека истиот ќе биде реализиран во текот на овој негов мандат. Ако дојде од реализација на проектот Штип ќе има своја уредена тврдина, свој видиковец од форматот на Самоиловата тврдина во Охрид. На врвот од тврдината ќе има мали објекти за освежување, за продажба на сувенири и книги кои ќе говорат за историјата на тврдината но и на градот Штип. Музејот ќе обезбеди и соодветни, квалификувани туристички водичи кои ќе им помогнат на туристите да ја разберат приказната за Исарот и за Штип. Засега на средина од тврдината е изграден само споменикот на револуцијата, проект на познатиот

Штип ќе има своја уредена тврдина, свој видиковец од форматот на Самоиловата тврдина во Охрид. На врвот од тврдината ќе има мали објекти за освежување, за продажба на сувенири и книги кои ќе говорат за историјата на тврдината но и на градот Штип.

Во моментов голем проблем е што до акрополата на тврдината не постои никаков пат и искачувањето до неа е мошне тешка и сложена операција. Директорот Штерјов вели дека ќе мора да се изгради жичарница поради потребата за качување на материјалот потребен за реализација на проектот. Во предизборната агенда на актуелниот

белградски архитект Богдан Богданович. Овој споменик е најчесто посетуваното место на тврдината што говори дека има луѓе кои би сакале да фрлат поглед од акрополата на Исарот, само што денес нема дотаму како и со што да се искачат, а на самата тврдина нема никакви содржини.


Штипската пастрмајлија ги освојува лесковчани

18

СПЕЦИЈАЛИТЕТ

{tipski Glas, Januari, 2019 br. 89

● Борислав Илич, (23) во Лесковац има мал ресторан со име „Штипска пастрмајлија“ во кој нашиот гастрономски бренд стана и лесковачки специјалитет...

Б

орислав Илич од Лесковац има само 23 години. Неговата мајка е од Штип, град во кој ова младо момче за првпат во животот пробал штипската пастрмајлија. Момчето одлучило да се посвети на угостителството, отворил мал ресторан, му го дал името Штипска патрмајлија и бизнисот му тргнал добро. Мало парче од приказната за Борислав видовме на српскиот јавен сревис РТС. Градоначалникот на Лесковац доделуваше грантови како поддршка на градот на млади луѓе кои сами решиле да прават бизнис, а меѓу нив беше и јунакот од нашата приказна. Тоа беше и повод за разговор со него за Штипски Глас. БЛАГОДАРНОСТ Рецептот го добив од мајстор Игор Станков од Штип. Без негова помош сето ова не беше можно. Ја користам приликата да му се заблагодарам зашто тој е пример дека добри луѓе и искрени пријатели сеуште постојат.

-Бев кошаркар, пред мене беше добра кариера но доживеав повреда, кариерата ми беше прекината па си реков да започнам свој бизнис. Со оглед дека кога сум во Штип главно јадење ми е штипската пастрмајлија одлучив да пробам со нешто што во Лековац ќе биде иновативно. Но, како што сите знаеме секој почеток е тежок, таков беше и мојот почеток, но ми помогна градот со донација со која ја осовременив опремата за производство на пастрмајлијата. Тоа многу ми помогна и затоа ја упатувам мојата благодарност на Горан Цветковиќ, градоначалник на Лесковац, вели Борислав. Рецептот го добил од мајстор од Штип. Од Игор Станков без чија помош сето ова не би било можно.Ја користи приликата преку Штипски Глас да му се заблагодари на мајстор Станков зашто вели дека тој е пример дека добри луѓе и искрени пријатели сеуште постојат. -Сакам на штипјани да им порачам дека овој бизнис сеуште не е развиен така како што јас сакам. Но, од ден во ден штипската пастрмајлија е се побарана во Лесковац. Мои муштерии се луѓе од сите воз-

расти. Од пионери до пензионери. Кој како пробал од штипската пастрмајлија останал верен на неа. На луѓето им се допаѓа оваа комбинација на месо и тесто, начинот на кој специјалитето е подготвен, неговиот вкус и мирис. Многумина ќе порачат од пастрмајлијата за цело семејство и, како и во Штип си носат дома на семеен ручек, посочува Илич.. Во Штип младото, инвентивно момче доаѓа почесто. Па тоа е родното место на неговата мајка, -Пред да тргнам со бизнисот често бев во Штип, град кој многу ми се допаѓа. Таму имам роднини но и бројни пријатели со кои имам прекрасен однос па често се слушаме преку социјалните мрежи. Јас сум млад човек, но создадените пријателства лесно не се заборават. Во Штип ми е секогаш преубаво, но мојот сегашен бизнис не ми допушта почесто отсуство од Лесковац, вели Борислав. Дали неговата, а и наша штипска пастрмајлија ЦЕНТАР Локалот Штипска пастрмајлија е во центарот на Лесковац. Борислав ги кани сите штипјани кои ќе се најдат во Лесковац да го посетат. Сите го знаат па лесно се наоѓа патот до Штипска пастрмајлија. може да ги збратими двата града? -Тоа се повеќе политички работи. За такви нешта одлучуваат општинските водства. Јас би сакал тоа да се случи, зашто тоа би било прекрасно. И еве еден предлог: нека некој во Штип проба за свој гастрономски бренд да ја има лесковачката плескавица. Тоа е неверојатно вкусно јадење. Би било прекрасно штипската пастрмајлија и лесковачката плескавица да бидат знак на големо пријателство меѓу двата града. Можеби вреди да се проба такво нешто, порачува младиот бизнисмен. Борислав Илич е горд на својот ресторан и на името кое го носи – Штипска пастрмајлија. Вели дека неговите пастрмајлии по квалитет се еднакви на штипските зашто и тој користи најквалитетно брашно и свежо и квалитетно месо. -Мојот ресторан е во самиот центар на Лесковац. Ги канам сите штипјани кои по било каков случај ќе дојдат во Лесковац да ме побараат. Сите ме знаат и секој тука ќе им каже каде е локалот Штипска пастрмајлија. Јас сум некако убеден дека овој бизнис допрва ќе го развивам зашто презадоволните муштерии го барат тоа од мене, порачува Борислав.


ЖИВОТ

Приказна за човекот кој ги градеше „Македонка“, „Астибо“ и уште седум други фабрики низ Македонија

{tipski Glas, Januari, 2019 br. 89

Ова е приказна на Димитар Финдаковски, еден од генерацијата која ги постави темелите на штипското и дел национално стопанство. Кога се изградија фирми за 15.000 вработени. Вреди да се прочита.

Д

имитар Финдаковски во месец март ќе наполни 89 години. Освен видот кој му попуштил и мали проблеми со едната нога, во се друго е супер. Најдобро кај него е неговата меморија.Тој е еден жив компјутер во кој се регистрирани многу важни моменти од штипската економска историја. Тоа и беше темата на нашиот разговор. За нештата да не останат во заборав. Финдаковски, дипломиран економист, кој се школувал во Чешка, во Лесковац и во Скопје, се вработил во „Македонка“ во 1953 година, една година по пуштањето во работа на тогашната Памучна индустрија. Започнал да се школува како текстилец, завршил како дипломиран економист. -Како млад економист веднаш бев примен на работа во „Македонка“ каде 18 години бев шеф на ткајачницата, а четири години раководител за развој на дисплоцираните погони. Работев и на отворање на нови погони во „Македонка“. Од Штип ме префрлија на работа во „Интекс“ во Скопје заедно со Димитар Бојковски, кој беше генерален директор на „Мaкедонка“ и Ѓенчо Генадиев, исто од нашиот комбинат. Преку „Интекс“ како „штипска група“ ја развиваме текстилната индустрија во државата, вели Финдаковски. Откако „штипската група“ го поставила „Интекс“ на здрави нозе како сложена организација на македонскиот текстил, Финдаковски се враќа во Штип. На барање на Михајло Нетков преминува во МК „Астибо“. -Беше тоа време на силен ентусијазам, на посветеност да из-

градиме нови и нови стопански капацитети, да отвораме нови работни места....Нетков ми довери работа како шеф на погон, а потоа работев и во комерција. Во „Македонка“ бев во годините кога интензивно градевме погодни за да имаме комбинат на заокружено текстилно производство, во „Астибо“, под волшебното диригентство на Нетков создававме Југословенски и европски моден бренд. Буквално не спиевме кога ги создававме, а потоа и во континуитет ги модернизиравме овие капацитети, појаснува Финдаковски. Вели дека такво време, таков ентусијазам повеќе нема. Луѓето, работниците пеш- ки оделе на работа до „Македонка“ се додека фабриката не ги купила првите автобуси. –„А никој да се пожали, никој да не каже дека му е тешко“, се присетува нашиот соговорник. Укажува дека то- гаш немало квалификувани работници кои дошле подоцна со отворање на Средното текстилно учлиште. -Знаевме дека малите градови во регионот немаат индустрија. Тогаш во „Македонка“ ја прифативме филозофијата за изградба на дисплоцирани погони во БеровоАлкалоид, Делчево-Фротирка, Свети Николе-Снитекс. Кога работев во „Астибо“ визионерот Нетков одлучи да отвораме конфекции во Виница, Пробиштип, Кратово, Македонски Брод, Македонска Каменица, Свети Николе, Крива Паланка. Во еден момент „Македонка“ дојде до 5.850 вработе, „Астибо“ имаше над 3.000, а со сите дислоцирани погони бројката на вработени дојде до 15.000. Тоа беше нашиот, штипски придонес кон благосостојбата на работни-

19

ците, семејствата, државата, ве- ли Димитар. Интересен е моментот кога во „Македонка“ решиле да и помогнат на општината во изградбата на Работничкиот универзитет. Финдаковски ја раскажува оваа приказна: -Општината реши од својот буџет да изгради Работнички универзитет за дообразување на работниците. Тоа е зградата спроти хотелот. Дојдоа до прва плоча и работите застанаа. Немале пари. Тоа беше во втората половина од шеесеттите години на минатиот век. Тогашниот претседател на општината Кадифков побара од раководството на „Македонка“ да помогне со пари. А ние бевме во еден силен развој, пари ни требаа. Меѓу другото одделивме пари и за изградба на колекторски систем за прочистување на отпадните води. Седнавме како раководството да видиме што да пра-

виме. Нашата одлука беше парите наменети за колекторот да ги дадеме за Работничкиот универзитет. Така и биде. Во таа зграда, во 1970 година, тогашното политичко раководство на градот имаше средба и разговор со Тито. И на тој факт бевме горди, ни рече Финдаковски. Сега, во пензионерски години се вратил на својата средношколска љубов-поезијата. Сон му е да издаде збирка од свои триесеттина песни. Му ветивме дека ќе помогнеме и овој сон да му се оствари. Димитар Финдаковски, со целото свое животно дело, тоа си го има заслужено.


Ке играме бараж, Штип пак ќе има прволигаш

20

З

СПОРТ

оран Штерјовски е новиот шеф на стручниот штаб на ФК Брегалница. Го превзеде клубот, а со тоа го превзеде и најголем предизвик – ФК Брегалница да го освои второто место во Втората фудбалска лига како услов за играње бараж за влез во елитното фудбалско натпреварување во државата. Зад Штерјовски е завидна тренерска кариер. Во неговот портфолио стои дека бил шеф на стручниот штаб на Пелистер, Победа, Силекс, работел во ПловдивБугарија, па во Грција и Кина. Тоа говори дека новиот стратег на Брегалница има и меѓународно искуство во водење на фудбалски екипи. -Имав добри информации за Брегалница, за нејзините навивачи, за Штип како град чија локална власт финансиски го помага фудбалот. Тоа говори дека градот и клубот ги имаат најважните нешта за да се направи успех, вели Штерјовски.

Поканата да го тренира клубот дошла во момент кога тој само што се вратил од Кина. -Секогаш има моменти кога се носат големи одлуки малку повеќе да се поразмисли. Но, како што веќе реков, знаев многу за Брегалница, па откако ги направив сите анализи го прифатив предизвикот кој дојде од раководството на клубот. Кога дојдов во Штип констатирав дека клубот располага со солидна инфраструктура, со играчки кадар кој може да даде многу повеќе од она кое досега го имала Брегалница, со раководство кое си ја знае работата и со градоначалник и севкупна локална власт кои квалитетно финансиски го поддржуваат клубот. Сето тоа, барем за мене, е предуслов број еден за остварување на стратешката цел, а тоа е враќање во Првата фудбалска лига, јасен е Зоран Штерјовски. Тој констатирал дека на три позиции Брегалница мора да најде поквалитетни играчи. Две позиции се веќе обезбедени, а наскоро и третата „рана“ ќе биде „санирана“.

{tipski Glas, Januari, 2019 br. 89

-Да, ни фалеа тројца поквалитетни фудбалери за да ја оствариме целта. Раководството квалитетно си ја заврши работата, и сега целата одговорност е на мене, моите соработници и фудбалерите. Моја цел е Брегалница да биде силно респектиран фудбалски прволигаш, зашто Штип име прекрасна публика која го разбира фудбалот, која знае да те понесе но и да негодува ако работата не ја правиш како што треба. Ја користам можноста да ги поздравам навивачите и од нив да побарам кога нема да ни оди тогаш да не поддржат зашто тогаш поддршката на фудбалерите им е најважна, вели Штерјовски. Новиот стратег ветува напаѓачка игра, но и тактички умна. Тврди дека фудбалерите ќе донесат многу нови задоволства на публиката зашто таа не само што е тринаесетти играч, туку е и главниот мотиватор за една позигтивна атмосфера не само на теренот, кога клубот игра, туку и воопшто во животот и просперитетот на Брегалница. -Конечно, спортот, фудбалот посебно, постојат поради гледачите, публиката. Ние гледам која е мисијата на фудбалот во светот. Полни стадиони, однапред распродадени, публика која и кога тимот губи ја пее клупската химна, ја гледаме животната радост на луѓето во деновите за викенд. Тоа мора да биде така и кај нас, во Штип посебно зашто градот го сака фудбалот, си ја сака ФК Брегалница, публиката бара повисоко ниво на натпревари, а јас ветувам дека ние ќе

Спортот, фудбалот посебно, постојат поради гледачите, публиката. Секој викенд ние гледам која е мисијата на фудбалот во светот. Полни и однапред распродадени стадиони, публика која и кога тимот губи со жар ја пее клупската химна, ја гледаме животната радост на луѓето во деновите за викенд. Тоа мора да биде така и кај нас, во Штип и во цела Македонија... сториме се тоа така и да биде. Конечно, тоа е и мојата мисија во вашиот убав град, порача Штерјовски.


{tipski Glas, Januari, 2019 br. 89

СПОРТ

Олимпијадата во Токио е сон кој можам да го остварам

Емил ПАВЛОВ, европски првак во карате, носител на оскарот за најдобар

21

спортист на Македонија за 2018 година

М

инатата година за Емил Павлов по многу нешта беше специјална. Стана европски првак за сениори во карате и го понесе оскарот за најдобар спортист на Македонија. Сосема во ред е и тоа што одново стана и спортист на Штип за 2018 година. Со тоа на својата страниците од својата сеуште млада, а по многу нешта посебна биографија, Емил Павлов кој има 26 години, уште еднаш по 2014 година, и ја додаде највредната компонента. Зашто сон на секој спортист е врвот на кој, во европското карате денес суверено владее нашиот Емил. А тој по вторпат го досегна европскиот врв минатата година на Европското првенство во Нови Сад.

-Во минатата година остварив резултати кои си имаат своја специфична тежина. Овој резултат како и освојувањето на златниот медал на Европското првенство во карате во 2014 година се моите најголеми, највредни остварувања. Сепак јас сеуште го сонувам својот сон за учество на Олимпијадата во Јапонија која ќе се одржи идната година и на која, каратето како спорт и каратистите како спортисти ќе се појават по првпат. Се до овој миг каратето не беше дел од олимписките спортови, а се знае кое е значењето

на Олимпијадата меѓу спортските настани во светот, вели Павлов. Новото европско злато Емил Павлов го освои во исклучително силна конкуренција. Откако и овој спорт стана олимписки многу европски и светски каратисти многу посериозно се подготвуваа(т) за да можат да фатат олимписка норма. Дали Штип, после нашите славни борачи-олимпијци ќе го добие и својот олимпиец во карате? -Можам да кажам дека 2018 беше многу успешна година за мене. Јас сум единствениот роден Македонец што има освоено златен медал од олимписки спорт од едно Европско првенство, а кое нешто ме прави многу горд. Но, сега имам нов сон, нов предизвик. А тоа е во тековната 2019 годи- на да ја обезбедам олимписката норма за во идната година, на Летните олимписки игри во Токио, да освојам и олимписки медал. Бидете уверени дека времето до Олимпјадата максимално квалитетно, заедно со мојот тренер Сашко Арсовски, ќе го поминам за остварување на тој мој сон, посочува златното европско момче. Емил вели дека ќе биде исклучително тешко да се освои олимписка норма но фактот дека нималку не е лесно да се досегне и европско злато го прави оптимист. Зашто тој уште како дете, кога започнал да се бави со овој спорт имал сон, сон да се биде меѓу најдобрите на стариот континент, целосно се посветил на исполнувањето на својот сон и на крајот соништат му ста-

нале стварност. -Годинава ме очекума многу напорна работа, учество на бројни турнири, сите до еден се критериум за Олимпијадата. Затоа 2019 година за мене ќе биде година на макотрпни подготовки, одмерување на силите и способностите со најдобрите каратисти на светот и фаќање норма за летните олимписки игри во Токио, вели Павлов. Емил Павлов во моментот котира меѓу петнаесетте најдобри каратисти во светот, иако до пред месец беше во топ десетте светски каратисти. Низ својата богата кариера Павлов победувал и европски и светски шампиони. -Само да продолжам со работа под менторство на мојот тренер Сашко Арсовски и со поддршката која ја имам од Агенцијата за млади и спорт, од МОК и од Карате федерацијата на Македонија ценам дека би можел да донесам и медал од Олимпијадата. Но, да почекаме што ќе ни донесе времето. Она кое јас сакам јавно да го ветам дека што е до мене ќе направам се за да заминам на олимпијадата и таму да својам медал. Јас засега само тоа можам да му го ветам на моето семејство, на мојот тренер, на мојот Штип и на мојата Македонија, уверува Павлов.


РАЗОНОДА

22

{tipski Glas, Januari, 2019 br. 89

TR-MR

Нашите крадци од високата политика Ги судат не затоа што украле Туку затоа што дозволиле да ги фатат!

ov -Mi Re k e ~e R Ti

Ако на некое ваше барање политичарот Ви рече „ќе рзамислам“ знајте дека ви Вели – „ма кој те е...! На следните избори да ги избереме Оние кои не се добри.. Со изборот на најдобрите не испаднавме на добро! Дрвната индустрија останала без материјал. Сигурно, кога сите цепаници станаа политичари.

Razmisluva: Iv. BOJ

Има нешто нездраво во нашиот „Здравствен систем“. Весниците се во криза зашто нема кој да чита. И општеството е во криза зашто никој ништо не чита.

Виц на бројот

ВИЦОТЕКА

Разговараат Петре и Павле. -Абе Петре, те гледам 40 години со твојата жена се водите за рака. Мора да е тоа љубов голема? -Абе петре, јас ја држам за рака, зашто ако ја пуштам веднаш трча во најскапата продавница. И тоа трае, и трае, и трае.... ИМПРЕСУМ

Издавач: Ив Ан Принт 16 – Штип Седиште на фирмата и адреса на редакцијта: „Страшо Пинџур“ – 2, 2000-Штип Одговорно лице: Иван Бојаџиски Излегува еднаш месечно Првиот број излезе во месец април, 2009 година Главен и одговорен уредник: Иван Бојаџиски Графички уредник: Јорданчо Бојаџиски,

Овој број е отпечатен на 30.01.2019 година

Виц на бројот (2)

Душо имам две вести – добра и лоша. – Кажувај, да слушнам! – Решив да те напуштам!!! – Ајде сега кажи ја и лошата!

Тираж: 1.000 примероци

Денарска сметка: 290000001875546 Даночен број: 4029016517952 Годишна претплата: 180 денари. Печати печатница Генекс-Кочани Ул. „Тодосија Паунов“ б.б.

За Штипски глас се плаќа повластена даночна стапка од 5% ISSN 2545-4498


{tipski Glas, Januari, 2019 br. 89

С У Д О К У

Броевите од 1 до 9 впишете ги во блоковите со големина 3 x 3 полиња (врамени со здебелени линии), така да секој број може да се најде само еднаш во водоравната или хоризонталната насока

СКРИВАЛКА треба да пронајдете два скриени предмети

РАЗОНОДА

23


24

РЕКЛАМА

{tipski Glas, Januari, 2019 br. 89


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Stipski Glas br 89 by Jole Boja - Issuu