Skip to main content

Stipski Glas br. 99

Page 1

Филиз МЕХМЕТОГЛУ, штипјанка со турско потекло

Штип ми е потребен како што ми е потребно дишењето

Драгана, Роберт, Цветанка, Евелина, Страшко, Дејан, Симона

Проф.д-р Зоран Десподов, декан на Факултетот за природни и технички науки при УГД

Нашата иднина ја гледаме во нашата држава Штип доби нов мост со преубаво име - Иднина

Носители на нашето рударство се кадри кои дипломирале на нашиот факултет

Младите доктори од Итната медицинска помош

Симон Поликарп-Џими

Македонија просперитетна, Штип позитивно изненадува


2

Од мој агол

N

К

Чиј е мостот?

Иван Бојаџиски

{tipski Glas, Mart, 2020 br. 99

ај нас ништо не може да помине без јавна расправија. Читај – јавна кавга. Што и да направи било која актуелна власт, колку тоа што е направено да е значајно за градот, спротивната страна од политичкото семејство ќе си најде модус тоа да го оспори, да го негира, да го критикува, понижува... Ништо подобра не ни беше ниту јавната галама со пуштањето во функција на новиот мост Иднина, и новата патна врска која е од капитално значење за градот. Опозицијата излезе со кририка дека актуелната власт се фалела со туѓи (нивни) проекти, и во тоа име си направија и прес конференции. Некој ќе рече предизборно време е, во такви денови се е дозволено па дури и она кое во културните држави е недозволено. Но, ајде да видиме чиј е мостот?! Односно дали е тоа мост на

таа инаку убава идеја, остана нејасно. А бившата власт имаше четири години да го заврши проектот. Тоа што беше само половично направено од бившата локлана власта, актуелната гарнитура која раководи со Штип го направи да биде цело и употребливо, функционално, атрактивно, корисно. Го заврши мостот, го асвалтира патот, го изгради кружниот тек на булеварот „Гоце Делчев“ каде новиот пат излегува, ги постави сообраќајните знаци. Му даде значење, функција, живот на патот. Тоа се фактите. И за едните, и за другите. Она кое мене не ми се бендисува кај опозицијата е тоа што нивното раководство не го поздрави чинот на отворањето. Што никој од пратеници, советници, раководители по институции кои и во времето на СДСМ сеуште си се на своите раководни работни места не се поја-

годарност, секако во свое име но најмногу во името на граѓаните. А требаше да го има. Мостот и новата патна врска се нешто што градот не го имал цели 65 години. Брегалница е втора по големина река во државата, па изградбата на мостови на такви реки и во наши услови е исклучително комплицирана и скапа работа. И затоа сите кои живееме во овој град треба да бидеме горди на остварувањето на овој проект. За мостот и новата патна врска се потрошени околу еден милион евра. Не се тоа пари на ВМРО ДПМНЕ ниту се пари на СДСМ. Тоа се пари од општинскиот буџет кој се полни од парите на граѓаните, на стопанските организаци, работниците, земјоделците, сточарите...Тоа се наши, народни пари.

ВМРО ДПМНЕ или на СДСМ, или е мост на сите граѓани, што е единственото нешто што може да не направи горди. Фактите говорат дека оваа патна врска започна да се гради во времето на бившата локална власт. Тоа е факт кој не може да биде негиран.Го започна, ама не го дозаврши. Го остави на средпат. Како и мостот. Зашто не се заокружи сета

вија на настанот. Дали тоа значи дека тие нема да го користат овој пат и мостот за да преминат од едната на другата страна на градот? Одговорот си е кај нив. Тоа што не ми се бендиса кај владеачкото мнозинство е фактот што никаде, во нивните говори, не беа споменати нивните претходници како зачетници на идејата за оваа градба. Немаше збор на бла-

И затоа, кога ќе видете некои како водат јавна, жолчна расправија околу тоа чиј е мостот, слободно кажете му дека е ваш, негов, на вашиот сосед,на колегата, на познат и непознат, дека е на секој граѓанин кој одлучил својот живот да го врзе за својот Штип. Ете чиј е мостот.


{tipski Glas, Mart, 2020 br. 99

Н

а средбата дојде насмеана. Насмевката не ја симнуваше од убавото лице цел час додека разговаравме за Штипски Глас. Филиз Мехметоглу, жителка на 18 милионскиот Истанбул, родена штипјанка, со задоволство се согласи на разговор за нашиот весник. Да ги сподели своите мисли, своите сеќавања, своите надежи, искуствата со своите штипјани. Филиз, што е тоа што не Ве прави толку позитивна та не ја симнува насмевката од лицето? -Пресреќна сум што сум тука. Што одново ги живеам моментите на среќното детство. На сигурноста која како дете ја имав во Југославија, на безгрижноста, на односот на тогашната држава кон културата посебно. На сите убави мигови од моментите поминати во родниот Штип кои се трајни, неизбришливи. Ете затоа. Носталгијата кај мене кон родниот град е многу силна...тоа е нешто кое со зборови не може да се искаже... Всушност, Штип ми е потребен како што ми е потребно и дишењето! Од кое семејство потекнувате и кога и зошто се иселивте од Штип, од тогашна Југославија во Турција? -Мои родители се таткоми Булент и мајками Севинч Мехметоглу. Таткоми постарите штипјани го знаат како Булент Бегчето. Тој работеше во тогашна дистрибуција, живеевме во стан во близина на старата зграда на дистрибуција, кај театарот. Бев мала, имав само 11 години кога заминавме од Штип, а

РАЗГОВОР

Штип ми е потребен како што ми е потребно дишењето

Филиз МЕХМЕТОГЛУ, штипјанка со турско потекло

3

зошто моите родители одлучиле така не знам. Мојата мајка во Истанбул имаше бројна родбина, веројатно тоа пресудило за отселувањето на кое семејството се одлучи во 1985 година. Која е таа папочна врвца која толку силно ве врза за Штип? -Па јас во моите мисли, со мојот дух никогаш не се одделив од Штип. Пак ќе ја споменам носталгијата која за мене е толку силна. Во себе имам големи спомени на еден убав живот. Јас сум ви билингвистичка личност која за себе вели дека е штипјанка со турско потекло, моето прво писмо беше кирилицата, дома зборувавме и турски и македонски јазик. Кога заминавме да живеееме во Турција продолжив да пишувам на латинично писмо, да учам, да студирам...Поради силната носталгија која ја имав и ја имам кон родниот град, која носталгија никако не ме напушта, а како минуваат го-

лолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ – Скопје, оддел за македонски јазик. Магистерскиот труд е објавен во книга која е со наслов „Хомонимите помеѓу македонскиот и турскиот јазик“. Издавањето е поддржано од Министерството за култура на Македонија, како речник на македонско-турски јазик на 152 страници. Што работите, со кого се дружите во Штип? -Немам многу слободно време. Сега сум во фаза на докторирање, одам во предавални, на факултети, истражувам во библиотеката, зафатена сум со студенти од турска националност на УГД. На Универзитетот „Гоце Делчев“ предавам на студентите дојдени од Турција, ги учам Македонски јазик. Сите овие нешта ми одземаат многу време, иако повремено се среќавам со мои пријателки од детството во Штип. Истражувам и пишувам на-

дините таа станува и се посилна, се вратив во Штип, во Македонија да студирам. Магистратурата ми беше начин и можност за остварување на сонот да престојувам што повеќе во градот на моето детство. Колку често доаѓате во нашиот град? -Во Штип, во Македонија доаѓам најмалку еднаш годишно, а останувам најмалку еден месец. Купувам книги, научни и секакви други, ги носам во Истанбул и таму работам на научно истражувачки трудови. Овде доаѓам десет години по ред, магистратура одбранив на Фи-

учно-истражувачки трудови, а во задните години започнав да преведувам поезија и детска литература, досега имам преведено две книги од турски на македонски јазик. Инаку, работам на Универзитет во Истанбул. Штип или Истанбул? -Во Истанбул сум со телото во Штип со мислите, со срцето, со душата. Ако ме прашате каде би сакала да живеам, јас ќе ви речам дека тоа е земјата која се викаше Југославија...Мене таа држава, таа земја сеуште ми живее во срцето...

Мои родители се таткоми Булент и мајками Севинч Мехметоглу. Таткоми постарите штипјани го знаат како Булент Бегчето. Тој работеше во тогашна дистрибуција, живеевме во стан во близина на старата зграда на дистрибуција, кај театарот


4

ИНТЕРВЈУ

Носители на нашето рударство се кадри кои дипломирале на нашиот факултет

{tipski Glas, Mart, 2020 br. 99

Проф.д-р Зоран ДЕСПОДОВ, декан на Факултето за природни и технички науки

Ф

акултетот на чие чело сте (За природни и технички науки), односно поранешниот Рударско-геолошки факултет, со Факултет по педагошки науки е најстар во семејството на УГД. Дали цените дека тој ги исполни целите поради кои одамна беше отворен, и на кој начин факултетот му помогна на нашето стопанство? Факултетот за природни и технички науки односно некогашниот Рударско-геолошки факултет одговорно тврдам дека ги исполни целите за кои бил основан. Имено, факт е дека изминативе четириесет години носители на рударското производство во нашава држава се токму инженерите кои дипломираа на нашиот Факултет, а потврда за тоа дека станува збор за квалитетни кадри е фактот дека тие денес успешно менаџираат и во интернационални компании кои се концесионери на нашите рудници. Каков годинава беше интересот за упис кај Вас? Можам да кажам дека годинава уписот на нови студенти на нашиот Факултет беше релативно добар. Ова посебно ако се има во предвид фактот дека во нашава држава е намален интересот за студирање на техничките факултети воопшто. Воглавно, на нашиот Факултет се запишуваат студенти од општините од источниот регион, и тоа: Македонска Каменица, Радовиш, Крива Паланка, Струмица, Штип и други. Како декан кој има контакти со нашите рударски компании колку тие се задоволни од квалитетот на завршените студенти? Имаат ли некоја забелешка во таа смисла или... Во својство на декан сум во

постојан контакт со нашите и странските рударски компании со цел да ги осознаам потребите за нашите кадри и, се разбира, оценувањето на нашите кадри од компетентни луѓе во рударските компании. Од тие контакти добивам впечаток дека тие во суштина се задоволни од работењето на инженерите кои завршиле кај нас, со забелешки во поглед на зголемувањето на знаењета

кажам дека се остварува во задоволителна мерка. Нашите студенти одат на практична работа во рудниците и таму се стекнуваат со практични знаење од својата струка. Ние сме технички и применливи струки, кај нас се може да се види на лице место, како тоа функционира, од што е изработено, за што е наменето, и тоа на студентите им остава трајна меморија.Студентите се добро прифатени од раководните луѓе на рудниците, а посебно студентите-стипендисти во кои компанијата вложува со цел во иднина да добие кавлитетен инженерски кадар. Општо познато е дека инвестијата во кадар е најисплатлива инвестиција. Од неодамна го затворивте одделот во Пробиштип. Дали проценката на ректорската управа беше дека филозофијата по еден факултет во секоја општина беше погрешна... Да, некои технички факултети-единици на УГД, чии седишта беа во Пробиштип, Виница и Радовиш се префрлени во Штип. Постојат повеќе оправдани причини за таквиот потег на Ректорската управа на УГД меѓу кои главна причина

за странски јазици и познавањето на апликативни софтвери за геолошки и рударски потреби. Остварена ли е во доволна мерка таа синергија помеѓу Факултетот како научна установа и стопанските организации кај нас? Синергијата помеѓу Факултетот како научна установа и стопанските организации кај нас можам да

беше малиот интерес на ново запишани студенти во тие градови, потоа нерешените просторни услови, неопременоста со лаборатории и друго, а тоа секако се одразуваше и на квалитетот на завршените студенти. Пред да се основа една високо-школска установа најпрвин мора да се направи добра проценка на одзивот за студирање, да се направи добра анализа на пазарот на тру-

Токму рударската и геолошката наука се тие кои треба да кажат дали економски и еколошки е исплатливо отворање на нови рударски комплекси, а не екологистите.


{tipski Glas, Mart, 2020 br. 99

дот од соодветните профили на стручни кадри и нормално установата да биде изградена по светски стандарди. Дисперзираните студии на некои единици на УГД во градовите Кавадарци и Скопје ќе продолжат да функционираат и понатаму со оглед на фактите дака таму просторните услови се обезбедени и има прилично добар интерес за студирање во тие дисперзирани центри на УГД. Колку факултетот е обезбеден со квалитетен професорски и асистентски кадар, колку во здобивањето квалитетно знаење помага вашата лабораторија... има ли нешто што Ви недостига? Нашиот Факултет е релативно добро обезбеден со професорски кадар, но не и асистентски кадар што е случај не само со факултетите на УГД, туку и со факултетите на останатите универзитети во нашава држава. Тоа е голем хендикеп за Факултетот, и тоа не е одраз на водење на погрешна развојна кадровска политика на Факултетот, туку одраз на државните политики во поглед на подмладување на универзитетите. За ова доволно зборува примерот со Институтот по хемија на Природно-математичкиот факултет при УКИМ-Скопје. Нашиот Факултет поседува софистицирани лаборатории кои пред се се наменети за научно-истражувачка работа во која се вклучени и студенти, и слободно можам да ви кажам при посета на професори од странски универзитети на нашиот Факултет добиваме безброј комплименти за опременоста со лаборатории. Меѓутоа, овде недостигаат лаборанти, а новиот Закон за високо образование налага кандидатот за лаборант да има тригодишно работно искуство што представува дополнителен проблем при нивното вработување. Процентуално околу 70 проценти од вработениот професорски кадар се професори кои магистрирале и докторирале на нашиот Факултет, но истите тие професори во рамките на изработката на нивните магистерски и докторски трудови претстојувале на студиски престои во познати странски универзитети

ИНТЕРВЈУ

5

или институти, и во комисиите за одбрана на нините трудови задолжително имале екстерен ментор односно член на комисија од странски Универзитет или Институт. Познато ми е дека структури од УГД не сакаат да се изјаснуваат во однос на обидите за отворање нови рудници и тнр. „борба“ на еколошки здруженија до тоа да не дојде....но да се обидам да побарам Ваше мислење... Не ми е познато кои структури од УГД не сакаат да се изјаснуваат во однос на обидите за отворање нови рудници и на некој начин да им се спротивстават на мислењата на екологистите, но одговорно ви тврдам и доколку има такви сигурно тоа не се структури од мојот Факултет. Може да се воспостави баланс помеѓу екологијата и економскиот одржлив развој за тоа имаме безброј примери во светот, па земете ги за пример Канада, Австралија, земјите во Јужна Африка, Јужна Америка и други кои уште како вложуваат во рударскиот сектор бидејќи тој зазема голема ставка во нивниот бруто домашен производ, ја зголемува вработеноста и придонесува за зголемување на животниот стандард. Токму рударската и геолошката наука се тие кои треба да кажат дали економски и еколошки е исплатливо отворање на нови рударски комплекси, а не екологистите. Со примената на тех-

ви, таму експлоатацијата на минералните ресурси завршила затоа што започнала многу порано, и сега се посветува поголемо внимание на екологијата, таа етапа еден ќе пристигне и кај нас. Би сакал да издвоите рударски компании кои остваруваат одлична соработка со факултетот и неговиот стручен тим. Факултетот за природни и технички науки остварува одлична соработка со странските рударски компании кои стопанисуваат со Рудникот “Саса”, Рудникот “Бучим”, исто така имаме добра соработка и со компанијата Булмак 2016 која стопанисува со Рудниците “Злетово” и “Тораница”, добра е соработката и со компанијата Мермерен Комбинат од Прилеп, цементарницата ТитанСкопје, како и рудниците во рамките на државната компанија ЕЛЕМ, а тоа се РЕК Битола-Битола и РЕК Осломеј од Кичево. Дали во идниот период планирате отворање на нови студиски програми или осовремену- вање на постојните студиски програми на Вашиот факултет ? Според Законот за високо образование задолжително е реакредитирање на студиските програми на секои пет години, па во таа насока на Факултетот моментно имаме активности за подготовка на новите Елаборати за акредитација на студиските програми за учебната 2021/2022 година, кои ќе бидат дос-

нологии со висок степен на заштита на животната средина и почитувањето на најдобрите техники и пракси односно светските стандарди во поглед на заштитата на животната средина уштете како може да работат рударските производни комплекси. Националното минерално богатство кое една држава го поседува ако во даден момент со поволни пазарни услови и примена на современи техники не го експлоатира и валоризира, исто е како и да не го поседува. Ние да не одиме предалеку со еколошките норми како во некои западно европски држа-

тавени до Одборот за акредитација на високото образование за нивно одобрување.Секако дека овде предвидуваме осовременување на студиските програми со воведување на нови предметни содржини и нови предмети по примерот на светски познатите рударски универзитети и факултети, и во духот на новото време, каде студентите ќе можат да се стекант со знаења и вештини за најновите сознанија и технолошки достигнувања во областите на: геологијата, рударството, инженерството за заштита на животната средина и индустриската логистика.

Околу 70 проценти од вработениот професорски кадар се професори кои магистрирале и докторирале на нашиот Факултет...


6

С

МЛАДИ

{tipski Glas, Mart, 2020 br. 99

Нашата иднина ја гледаме во нашата држава Разговор со младите доктори од Итната медицинска помош

едуммина млади доктори од нашиот град работат во Итната медицинска помош која е во состав на Здравствениот дом. Страшко Миладинов тука е веќе 5 години, Роберт Ефтимов 4 години и 2 месеци, Симона Арсовска Ѓоргиева-14 месеци , Евелина Ѓорѓиева-9 месеци, Цветанка Младеновска и Драган Величковски по шест месеци и Дејан Манов – три месеци. Тие се иднина на нашето здравство, силно и страствено посветени на хуманата професија, полни со надеж дека иднината ќе биде на нивна страна и дека сите до еден ќе останат на работа во својата татковина. Одлучни се своите вештини од областа на здравствена заштита за кое така макотрпно и посветено учеле да ги стават во служба на доброто здравје на својот народ. Со младите доктори разговаравме на повеќе теми значајни колку за нив самите уште повеќе за сите нас како нивни сегашни и (или) идни пациенти. Разговаравме за причините за нивната одлука да се определат за студии по медицина, за целите кои во семејството на нашиот здравствен систем сакаат да ги остварат но и за тоа каде тие ја гледаат својата перспектива: дома или некаде во поразвиените од нас европски држави. Одговорите на прашањата кои им ги постави Штипски Глас ги донесуваме како групни одговори зашто тие ни рекоа дека тоа е нивен заеднички став во кој нема никакви посебни калкулации. Со својот мадешки ентусијазам тие ја кажаа својата вистина, јавно ни ја предочуваат својата приказна, а на надлежните во здравствениот систем на државата е сериозно да ги видат и проучат нивните пораки и да превземат чекори во врска со нивните укажувања. На нашето прашање со какви уверувања се одлучиле да студираат медицина, тие го дадоа след- ниов одговор:

Многу пати во животот се прашуваме кој сме ние и што сакаме да бидем. Која е нашата цел, зошто постоиме? За да постигнеме некоја цел треба да се бориме за да опстоиме и да одиме само напред да не се откажуваме .Затоа се одлучивме за една од потешките и пред се една од најхуманите професии. Нешто што многу не поттикна да студираме медицина е нашата определба да помогнеме на луѓето за да бидат посреќни и здрави како ментално така и физички. Се одлучивме за оваа хумана професија, да спасуваме животи, бидејки животот е една телевизиска кутија со ред неочекувани настани понекогаш е потребно многу малку за да направиш еден човек да бидеш здрав и среќен Не интересираше да го слушнеме нивното мислење во однос на перспективата – какви им се шансите како млади доктори да напредувате во струка-

ција е под директива на Здравстениот дом кој има потреба само од специјалисти од трудова медицина, спортска медицина, вонболничка педијатрија и медицинска биохемија, а во догледно време нема да ги нуди и овие специјализации бидејки се пополнети со соодветни кадри. Во ваква поставеност на здравствениот систем шансите да специјализираме нешто што ни е при срце се скоро еднакви на нула! Ова е генерален проблем на ИМП во повеке градови во државата. Уш-

та? Да специјализираат нешто што им е при срце...Еве што тие ни рекоа: Ова е едно тешко и за жал болно прашање..Ако во минатото работата како доктор во Итната медицинска помош ја нарекувале “Отскочна даска” или најдобар пат за да се усовршиш и да напредуваш како доктор, сега можеме слободно да ја наречеме “Слепа улица”. Тоа е така затоа што нашата институ-

те потрагично е што законите не ни дозволуваат да конкурираме на приватни специјализации бидејки сме вработени во јавна здравствена установа, па затоа мораме да дадеме отказ од работното место па потоа да конкурираме на приватна специјализација. Ние докторите се надеваме дека ШТИПСКИОТ ГЛАС и гласот на другите градови ќе допре до министерството да се најде решение за ова прашање. Нашиот

Иако работата во странство несомнено нуди свои предности, сите ние својата иднина ја гледаме во нашата држава. Градењето на кариера како лекар е предизвик секаде, па сметам дека и во нашата држава, со доволно мотивација и упорност, тоа може успешно да се направи.


{tipski Glas, Mart, 2020 br. 99

предлог е секој доктор кој што има повеке од три години искуство да биде превземан од повисока здравствена институција (Kлиничка болница) и да му се даде можност да специјализира .На овој начин задоволни ќе бидат докторите, здравствениот систем и самите пациенти од здравствената услуга, бидејки во пракса се покажува дека најдобриот пат до доктор-специјалист е добрата основа, односно предходно работно искуство како доктор во службата за итна медицинска помош Во нашата држава и во нашето општество многу се говори, се дебатира за одливот на младите, школувани кадри во странство, Европа е привлечна, во моментов развиените земји имаат 340.000 слободни работни места, се бараат дури 120.000 доктори... Кои се вашите размислувања за таму и за останок дома? -Иако работата во странство несомнено нуди свои предности, сите ние својата иднина ја гледаме во нашата држава. Градењето на кариера како лекар е предизвик секаде, па сметам дека и во нашата држава, со доволно мотивација и упорност, тоа може успешно да се направи. Ја знаете ли разликата во однос на условите за работа надвор и условите дома? Што е тоа што кај нас, во нашето здраство треба да се промени, да се унапреди за да не размислувате за заминување? Ако сите млади доктори си заминат кој ќе остане да се грижи за доброто здравје на народот во нашата држава ... Секако дека ја знаеме разлика. Условите во развиените држави се многу поразлични од условите тука. Освен стручната подготовка на страна достапни се и голем број на апарати кои помагаат во посоодветното дијагностицирање и навремено откривање на поедини заболувања. Ние овде имаме дефицит на основен материјал, нам на располагање ни се само неколку основни апарати и се трудиме да го извлечеме максимумот од тоа со кое располагаме. Но, и нашите доктори во поглед на едукацијата и стручноста се на едно доста високо ниво, нам ни е потребна само поголема и пое-

МЛАДИ

фикасна едукација на населението, потребно ни е подигање на свеста за најчестите хронични заболувања. Ние цениме дека е потребно, дури е неопходно почесто да се зборува, и тоа многу отворено да се зборува за најчестите проблеми во здравството бидејќи само така можеме да изградиме подобро здравство за сите. Сметаме дека кому-

никацијата помеѓу колегите како од примарното така и од секундарното здравство треба да се подобри. Да се вложуваат повеќе финансиски средства за обуки и едукација на медицинскиот персонал во нашата држава но и надвор од неа. Дали Висината на платата може да е основен мотив да се размислува за одење на работа

7

работат главно бараат во странство. Главната причина за оваа појава се драстично повисоките плати, подобрите услови за работа и живот, како и напредување во струката. Овој тренд на прв поглед се чини дека е позитивен, бидејќи економски развиените држави во Западна Европа нудат многу подобри можности за квалификуваните медицински кадри, Докторите се незадоволни од можноста за професионален напредок, статусот во општеството и од платата. Младите лекари се соочуваат со тешкотии за вработување, освен по партиска линија. Доколку државата не најде решение за проблемот со заминувањето на здравствените работници во странство, постои можност здравствениот систем да се соочи со уште поголеми прeдизвици во непосредна иднина. Потребно е поголем стимул за задражување на младите кадри во нашата држава, и секако да разбереме дека самите сме одговорни за се што се случува. Доколку има задоволни доктори нема да има незадоволни пациенти. И, за крај на овој разговор за нашиот медиум, каков е односот на граѓаните-ваши пациенти кога ќе Ве видат како им доаѓате во домашна посета ... Имаат ли доверба во Вас или ви велат дека сте многу млади, дека имаат доверба во постарите, поискусни... Редовно наидуваме на различно прифаќање од страна на гра-

Потребно е поголем стимул за задражување на младите кадри во нашата држава, и секако да разбереме дека самите сме одговорни за сé што се случува. Доколку има задоволни доктори нема да има незадоволни пациенти.

во приватниот здравствен сектор или надвор од татковината? Или можеби, приоритет има и нешто друго? Во последните годнини сите забележуваме за големиот број на доктори и здравствени работници како од јавното така и од приватното здравство, како заминуваат на подобро платени работни места. Искусните доктори сé повеќе се определуваат за приватниот сектор или одвреме навреме одат на крузери, додека младите со диплома,

ѓаните. Повеќето граѓани имаат целосна довербата во нас, но има и такви кои што самите си ја одредуваат својата дијагноза и терапија, па баараат третман по нивен вкус. И тогаш нидуваме на недоразбирање со наште пациенти. Ние сме млад тим, но веќе со добро искуство и никој не ни става забелешки на сметка на нашата младост.


8

ЗАЕДНИШТВО

Штип е на нов испит да си ја врати солидарноста О

{tipski Glas, Mart, 2020 br. 99

Борис ШАРКОВСКИ, член на Управниот одбор на Солидарниот фонд

пштина Штип го формира Општинскиот солидарен фонд кој ќе се полни со доброволни финансиски прилози на граѓани, стопански организации, институции, од наменски културни и културнозабавни настани, донатори...Управниот одбор имаше два состанока на кои е донесена одлука парите од фондот да се користат за здравствени потреби во случаи на тешки болести на наши млади сограѓани. Формиран е Управен одбор. Борис Шарковски е член на Управниот одбор и е човек кој долго време е во невладиниот сектор и работел/работи на проекти од значење за нашата локална и регионална заедница. Со Шарковски разговараме за сите аспекти во однос на Солидарниот фонд. -Г-дин Шарковски, која беше потребата од формирање на ваков фонд во нашиот град? -Потребата е евидентна, доволно е само да видиме колку повици за собирање на средства, посебно за лекување на деца, кружат по традиционалните и социјалните медиуми. Од друга страна постојат истражувања дека бизнисите и граѓаните донираат средства, но на несистематски начин, ад хок. Кога некое семејство се соочува со тешка здравствена состојба на своето дете, најмалку што му треба е да се грижи за тоа од каде ќе најде средства, кои се во определени случаи незамисливо големи. За да се избегне ова и да се направи фонд кој ќе се полни тековно, а не ад хок и да се даде каква таква потпора на семејствата кои се соочуваат со ова, се иницираше формирање на Солидарен фонд. Фондот се формираше на иницијатива на Градоначалникот на Општина Штип. Акциите за собирање на средства кои одекнаа во Штип, како за Валерија и последната за Симона, уште повеќе ја потврдија потребата од еден таков фонд. Донесени се актите, претседател на УО е градоначалникот, одржавте две седници, што сега е на ред? Следува, можеби, најтешката работа, посебно за нас кои директно сме вклучени во работата на Фондот, а тоа е промоцијата на истиот. Имено, јавноста мора да биде запознаена со сé што е поврзано со Фондот: како и колку средства ќе се соберат, како ќе се доделуваат, по кои и какви критериуми... Поради тоа се планираат поголеми промотивни настани, но ние како УО стоиме на располагање цело време, за граѓаните навремено да ја имаат секоја потребна информација. Потоа следуваат индивидуални средби со бизнис заедницата и настани на кои ќе се прибираат средства за фондот. За која намена ќе се користат средствата собрани во фондот? Средствата ќе се користат за лекување на деца во странство, откако сите можности во државата ќе

бидат исцрпени, т.е. за зафати кои кај нас не можат да се направат. Ова нема да биде фонд кој ќе покрива тековни здравствени потреби на граѓаните, тие се исто така важни, вклучените во фондот ќе се обидат да помогнат на сите, но средствата ќе се користат исклучи-

телно за оваа намена. УО на фондот во моментов изработува детален правилник за тоа кој може да користи средства и јавноста правовремено ќе биде запознаена со истиот. Како ќе се пристапи кон афирмација на целите на фондот, на кој начин приказната за новата штипска солидарност ќе допре до масите,.. -Сите можни алатки кои се на располагање ќе се користат: јавни настани, концерти, поставување на кутии, директни средби, настани во училиштата... Исто така, добредојдени се и предлози од граѓаните за нови форми и начини. Идејата на фондот ќе се гради на позитивните исуства, но прво мора да создадеме позитивно искуство. Најдобриот начин е секој граѓанин на месечно или годишно ниво да издвојува средства, да се создаде навика за постојано донирање. Ова е можно, но потребно е и подигање на свеста и транспарентност за да успее цалата оваа работа. Ние во фондот сме стопроцентно сигурни дека ова ќе функционира.

„Секогаш да уплатуваш, а никогаш да немаш потреба од парите на Фондот“... Ова ќе биде девизата на Солидарниот фонд на Штип.

Во вакви случаи во нашето општество па и во нашата општина клучниот збор е „доверба“. Сметате ли дека граѓаните кои треба да вложуваат за нив ситни, а за идејата многу големи пари, ќе имаат доверба во правилното користење на средствата?


{tipski Glas, Mart, 2020 br. 99

ГРАДОТ

Довербата е главниот постулат на кој е поставен фондот. Структурата на фондот е поставена на начин кој оневозможува било каков обид за злоупотреба. Сите одлуки ги носи Управниот одбор, а тој е составен од луѓе кои доаѓаат од различни сектори: локалната самоуправа, здравството, бизнис заедницата, невладиниот сектор). Тие луѓе немаат никаква финансиска корист од членувањето во фондот. Извршниот директор ги извршува одлуките на УО и нема никакво право самостојно да носи одлуки. УО има свои правилници за работа и не е можно арбитрарно носење на одлуки. Транспарентноста на фондот, всушност е најголемата брана од можни манипулации, а знаејќи го интегритетот на членовите на УО ниту еден негов член нема да дозволи никаква дамка на работењето. Градоначалникот е член на УО, давајќи му поголема тежина на одлуките кои се носат. Имињата на членовите на УО се познати: Благој Бочварски, градоначалник, претседател на УО, Иван Бојаџиски, заменик претседател, Д-р Даница Рамбабова, д-р Билјана Ефтимова, Боби Шарковски, Емилија Ефремова и Александар Патраклиски. Тоа се личности со интегритет, познати на штипската јавност и тие апсолутно стојат и ќе стојат зад одлуките кои ги носи Фондот и активностите кои тој ги превзема. Штип има околу 18.500 пензиски осигуреници, има и над 10.000 пензионери, дали Фондот утврди сума која ќе биде побарана од граѓаните, секако секој на доброволна основа, и дали во Фондот може да се присобере сума на пари кои ќе ја обезбедуваат целта-солидарно, како град, као заедница, да им помогнеме на лица со тешки болести чие лекување е многу скапо... Тоа значи дека во Штип има 18.500 граѓани кои работат и примаат плата. Има и бројна групација пензионери кои примаат пензија. Пензионерите добро се сеќаваат на солидарните акции, и затоа тие се важна целна група на фондот. Но, не само од нив, од сите ќе биде побарано да издвојат незначителен дел од своите месечни примања за целите на фондот, нормално доброволно. По промоцијата на фондот ќе имаме и анализа на тоа колку средства треба да се очекуваат, во зависност од применетиот пристап и дали треба да менуваме нешто во пристапот. Сите ние директно вклучени, а и секој граѓанин посебно, посакуваме овој фонд да се полни и никогаш да нема потреба да се користи. Поради неможноста да се предвиди колку средства и кога ќе бидат потребни тешко е да се оперира со некаква сума. Уште повеќе што нема горен лимит за собрани средства. Штип, во бившата држава, беше втор град по солидарност, после Марибор во Словенија. Дали овој убав детал од историјата на нашето постоење како град и како солидарни, хумани луѓе, може да ја подобри приказната кај граѓаните? Апсолутно. Оваа приказна не е само нешто за кое се зборува, овој епитет е заслужен со солидарни активности. Затоа, за мене, ова зборува дека штипјани низ својата историја биле хумани, а од некои сегашни искуства знам дека и денес се такви како луѓе. Спрем-

9

носта и желбата да се помогне се присутни, а тоа се покажа и со досега спроведените акции за прибирање на средства. Јас бев лично вклучен, заедно со уште многу луѓе, во акцијата за собирање на средства за малата Симона и видов колку луѓе, познати и непознати, беа спремни да се вклучат, да помогнат. Се јавија безброј граѓани кои беа спремни да организираат настан, да искористат свои лични контакти, да постават кутија, не само да донираат средства. Финансиите се важни, но понекогаш ваквиот вид на поддршка е исто така важен, зашто тоа зборува за емоцијата на луѓето и спремноста да се откажат од своето време и ресурси за да помогнат на некој кој (не) го познаваат. Иако несакани, ваквите настани имаат и позитивна страна, ги зближуваат луѓето, тука е меѓусебно помагање, враќање на вербата на човек во човек. Освен главната цел за која е формиран фондот, има и други споредни цели, пред се градење на заедницата. Низ годините на транзиција поимот заедница како да се изгуби, постојаната борба за егзистенција на голем дел од граѓаните – од една страна и трупањето на големо богатство кај мал дел на граѓаните, создаде дискрапанца, два света кои не се познаваат и не си помагаат. Ваквите активности ќе овозможат стекнување на припадност кон заедницата, а тоа ќе има и други позитивни ефекти на развојот на Штип како заедница.

Управниот одбор го сочинуваат: претседател-Благој Бочварски, градоначалник, Иван Бојаџиски, заменик претседател, д-р Даница Рамбабова, д-р Билјана Ефтимова, Боби Шарковски, Емилија Ефремова и Александар Патраклиски, членови..

Фондот поаѓа од граѓаните и им служи на граѓаните...Колку е подобра хуманоста преку една организирана форма каква што е Солидарниот фонд од она кое сега го имаме-самостојно одење на очајни луѓе од врата на врата, од институција до институција за да го спасат здравјето на најмилите свои? Дефинитивно ова е најдобриот начин. Во идеално општество нема потреба од солидарен фонд, има институции кои ги задоволуваат потребите на граѓаните, а тие за тоа плаќаат даноци. За жал нашето општество сеуште не е такво. Во текот на моето професионално искуство сум видел многу примери на одење од врата на врата на очајни луѓе кои бараат спас за најмилите. Затоа, солидарниот фонд се формираше за да помогне барем таа грижа да не ги оптоварува семејствата, тоа да биде грижа на сите нас. Затоа јас, како член на УО на Фондот, ја користам приликата граѓаните да се приклучат кон оваа голема и над се хумана, човечна идеја, да донираат во него, кој колку што може и сака. Така заедно ќе си помогнеме во најважната сфера, а тоа е здравјето на нашите млади сограѓани.


Нова хала на Нов Тренд во близина на скопскиот аеродром К 10

СТОПАНСТВО

{tipski Glas, Mart, 2020 br. 98

он крајот на месец февруари, во непосредна близина на скопскиот аеродром во општина Петровец, штипската фирма Нов Тренд гради нова хала со површина од 7.600 метри квадратни. Халата ја гради штипска Актива ДОО (Иле Николов) која се обврза овој импозантен обејкт да го изгради во рок од само три месеци. Со тоа на оваа стопанска активност и е даден силен штипски печат. Градоначалникот на општина Петровец Борче Митевски, за време на поставувањето на камен темелнико, ја искажа својата голема благодарност до инвеститорот. -Нашата искрена благодарност до инвеститорот и до Квенбергер Логистик Македонија која фирма ќе ја користи оваа хала е голема зашто тоа значи отворање на сто нови работни места што за нашата општина е шата држава е во Штип. Управител на оваа успешна компанија во Штип е Трајан Ангелов кој од новинарите значајна работа, рече Митевски. на регионалниот актив „Исток“ кој е во рамките на

Халата ќе ја користи Квенбергер Логистик Македонија зашто барањата на македонските фирми за логистичка поддршка на нивните производи е се поголема. Неа ја гради Актива ДОО со што на целиот проект му се дава јасен штипски печат. Површината на парцелата на која се гради втората хала која ќе ја користи логистичкиот оператор Квенбергер Логистик Македонија има 35.000 метри квадратни и се наоѓа во непосредна близина на аеродромот. Инаку, новата хала е во близина на постојната која за потребите на Квенбергер Логистик Македонија беше изградена во 2015 година. Се работи за хала со површина од 9.200 метри квадратни од каде се пружа логистичка поддршка на нашето стопанство. Иницијативата за изградбата на овој логистички центар дојде од австрискиот логистички оператор Квенбергер Логистик Македонија чие седиште за на-

Здружението на новинари на Македонија е прогласен за менаџер на 2019 година во регионот. -Намената на новата хала е да обезбедиме квалитетна поддршка на домашни и странски компании од повеќе индустрии зашто побарувањата во таа насока сé се поголеми. Ние имаме и поголем број вработени кои од Штип до логистичкиот центар во Петровец патуваат на работа секој ден, а со изградбата на новиот автопат патувањето е брзо и претставува задоволство, вели Ангелов.


Свечено пуштен мостот на Брегалница, го доби името- Иднина

{tipski Glas, Mart, 2020 br. 99

ГРАДБА

11

С

о пригодна свеченост на почетокот од овој месец беше пуштен во употреба челичниот мост на реката Брегалница со што се отвори за употреба новата сообраќајница која го поврзува градот со индустриската зона и излезот кон Скопје и Кочани. Мостот ќе го носи името – Иднина. На свеченоста присуствуваше техничкиот премиер Оливер Спасовски, потпретседателката во Владата за економски прашања Мила Царовска, министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски, градоначалници на поголем број општини од Источниот плански регион, советници, раководители на институции, граѓани. -Денес е голем ден за Штип. Денес е ден на поврзување, на раст, ден во кој даваме нова димензија на напредокот на нашиот град. Oвде гледам толку многу лица, обединети и со позитивна мисла за денешното пуштање во употреба на новиот мост на река Брегалница. Мостовите имаат моќна и важна симболика во општеството – тие се симболи на поврзувањето, на соработката и на хармонијата. Кога настапуваат мирот и заздравувањето на едно општество, тогаш изградбата на мостовите го означува нашиот прогрес, рече градоначалникот Бочварски.. Тој порача дека моралната и симболичка вредност на мостовите инспирира дух на самодоверба, напредок и надеж. И додаде дека мостовите имаат и многу конкретна економска вредност, затоа што овозможуваат суштинска експанзија на продуктивната размена. -Затоа сум убеден дека денес Штип испишува историја и го трасира патот кон една уште поубава иднина. Овој мост е модерна, современа градба со уникатна конструкција единствена од ваков тип во државата. Само металната конструкција е со тежина од 240 тони, а заедно со сите останати елементи мостот има тежина од 670 тони. Мостот има две коловозни ленти, тротоар за пешаци, должина од 60 метри и широчина од 10 метри. Овде морам да ја искажам мојата благодарност и гордост затоа што ова конструктивно ремек дело е изработено од домашната, штипска компанија Актива ДОО, која поставува високи стандарди во изградбата на метални конструкции во државата и надвор од неа, поентираше градоначалникот Бочварски. Тој потенцира дека заедно со овој мост оваа локална власта ја има изградено и сообраќајницата која завршува со кружен тек на булеварот „Гоце Делчев“, која е во должина од 1.200 метри, а на која сепоставени .8400 метри квадратни асфалтна површина. Целата инвестиција на улицата, мостот, кружниот тек и улич-

ното осветлување изнесува нешто над 60 милиони денари, тоа е во целост инвестиција на Општина Штип. -Во мојата визија Штип го гледам како модерен, урбан град кој гради своја перспектива и можности за граѓаните и пред се за младите луѓе. Убеден сум дека вакви инфраструктурни зафати даваат шанса за побрз развој на економијата, за растеретување на метежот, побрзо движење на работниците, студентите, граѓаните. Сетоа ова со неколку збора значи раст, развој, перспективи, иднина, рече Бочварски. Тој појасни дека поради сето погоре кажано овој мост ќе го носи името мост “Иднина”. -Нека мостот Иднина сведочи за развојот на градот, нека биде конкретен израз на соработката помеѓу сите граѓани и субјекти, вклучени во локалното управување, но и на нашата одлучност да го отвориме регионот за нов развој и просперитет. Овој мост ќе биде значајна транзитна точка, но исто така и точка на среќавање на штипјани од двете страни на Брегалница. Врските и точките за средби коишто се создаваат

Овој мост е модерна, современа градба со уникатна конструкција единствена од ваков тип во државата. Само металната конструкција е со тежина од 240 тони, а заедно со сите останати елементи мостот има тежина од 670 тони. Мостот има две коловозни ленти, тротоар за пешаци, должина од 60 метри и широчина од 10 метри.

преку мостовите не остваруваат само олеснување на трговијата и транспортот. Се разменуваат и прашања и одговори, продукти и идеи, оцени градоначалникот во својот говор. Тој на граѓаните на Штип им порача дека мостовите ни наметнуваат и големи одговорности. Одговорни сме да го чуваме и да се грижиме за мостот „Иднина“, одговорни сме да обезбедиме безбеден премин за секого. На свеченоста говореа и премиерот Оливер Спасовски, Мила Царовска и Горан Сугаревски.


12

ФОТОРЕПОРТАЖА

{tipski Glas, Mart, 2020 br. 99

Убав настан, многу народ, убаво расположени: техничкиот премиер Оливер Спасовски и градоначалникот Благој Бочварски

Мила Царовска, потпретседателка во Владата, понесена од настанот имаше мошне инспиративен говор.

Мостот кој го спојува Штип со неговата индустриска зона ќе го олесни транспортот и квалитетно го решава сообраќајниот метеж.

Горан Сугаревски, министер за транспорт и врски, вети уште многу пари од Владата за решавање на инфраструктурните потреби на општините.

Дрим тимот на Актива ДОО: Саше, Иле и Зоран Николови, компанија која го изработи првиот челичен мост во државата.

Мостот е вистински убавец, редок украс на реката Брегалница и на градот, врзува две точки, левата во која пулсираат институциите и десната каде што се создаваат парите.


{tipski Glas, Mart, 2020 br. 99

РЕКЛАМИ

13


14

Семки, леблебија, нашите победија

КОЛУМНА

В

Пишува: М-р Трајче КАЦАРОВ, писател

о епизодата „Состанок на врвот“ од стрип серијата Мандрак се зборува како четири планети, зелената, водената, големата и црвената, осум светлосни години одалечени од земјата-сината планета, водат вековни војни. Исцрпени од вековното војување решиле да склучат мир и тоа на планета надвор од нивната галаксија и на јазик како што се зборува на избраната планета. Ја избираат сината планета, земјата и со свемирски возила слетуваат токму во градот каде се наоѓа зградата на Обидинетите нации што тие ја нарекуваат местото каде се чува мирот на планетата земја. На состанокот кој треба да се одржи надвор од јавноста амбасадорите на четирите планети наместо да се договорат за прекин на војната тие жестоко се расправаат, односно ја подгреваат и онака вжештената атмосфера. Амбасадорот на зелената планета кој за да биде незабележан од земјаните позајмува форма на човек, дава предлог кој, ако се усвои, може раскараните да ги смири. Тој предлага на состанокот да присутвува и неутрално лице, односно жител на сината планета-земјата. Лицето да посредува помеѓи завојувание страни. На улицата на големиот град Њујорк, наидуваат на Мандрак, човекот маѓесничар, хипнотизер, идеална личност за разрешување на спорот помеѓу четирите планети. Мандрак откако ги ислушал внимателно амбасадорите ги прашаш: Дали знате зошто војувате? Прашањето ги замолкнало амбасадорите. Секој по неколку пати самиот на себе си го поставил прашањето: Зошто војуваме? За кратко време мирната атмосфера ја разбива амбасадорот на зелената планета. „Ти честитам господине.“ – му

{tipski Glas, Mart, 2020 br. 99

рекол на Мандрак. „Вашето прашање и немањето одговор од наша страна ни помогна во решавање на вековниот конфликт. Мирот конечно е склучен!“ Содржината на стрипот ме наведува да помислам на меѓупартиската војна која во нашата страдалница Македонија се води од почетокот на независноста. Исто како во горенаведнениот стрип, можеме завојуваните страни да ги категоризираме според големината и според партиските обележја во кои влегуват и боите. Ги има во сите големини и во сите основни бои. Најголемите и најдолго во војната се црвено-црните со жолто сините. Овие две најголеми партии во војната влегуваат со своите коалициони партнери кои по боја се бели, само жолти, само црвени, само црни итн. Војната од почетокот до днешни дни се води непрекинато. Она што е каратеристично за ова војување се преговарачките тимови кои по-

страни не им е туѓа психолшката војна која понекогаш не оди подалеку од фашизоидна пропаганда. Се користат со сите расположливи медиуми и социјални мрежи за сеење страв и паника. Амбасадорите на завојуваните страни-партии кои се залагат за демократија, мир и просперитет на заедницата своите програмски определби ги објавуваат секогаш со победнички извици.Извици чие иманентно значење е идентично со она кое го извикувавме како деца во уличните битки: „Семки, леблебија, нашите победија!“. Е со такви извици нашите партиски „победници“ ги убедуваат своите подржувачи дека се дел од победничката армија која маршира кон тримфалната арка низ која се влегува во Европа и Северноатланската алијанса. Според моето скромно милсење, на завојуваните партии им треба посредник од типот на стрип јунакот Мандрак. Им треба

стојано се во функција, односно постојано се состануваат и никако да склучат мир, да ја завршат војната. Досега не е забележана предност на военото поле на ниту една партија, односно завојувана страна. Војуваат со скоро ист воен арсенал, т.е. битките во кои победуваат и губат им се идентични на број. Жртвите и придобивките исто така. Користат идентична воена доктрина која се базира врз исти стратегии и тактики. На ниту една од завојуваните

посредник кој ќе ги знае сите маѓеснички трикови, сите фокуси-покусипрепарандуси, кој со левата рака материјалното ќе го претвара во нематеријално и обратно. Им треба некој кој одважно ќе ги праша: Знаете ли зошто војувате? Коментарот на поставеното прашање, на мојот покоен татко би бил: „Ќе одговорат кога ќе си го видам тилот.“

Најголемите и најдолго во војната се црвено-црните со жолто сините. Овие две најголеми партии во војната влегуваат со своите коалициони партнери кои по боја се бели, само жолти, само црвени, само црни итн. Војната од почетокот до денешни дни се води непрекинато. Она што е каратеристично за ова војување се преговарачките тимови кои постојано се во функција, односно постојано се состануваат и никако да склучат мир, да ја завршат војната


{tipski Glas, Mart, 2020 br. 99

Пишува:

М-р Игор

Корона-вирус донесе две епидемии

Ж

КОЛУМНА

ивееме во време кога достапот до информации е најленовинар сен од било кој момент во човечката историја, а сепак е време на најголем број на дезинформации и демонстрација на незнаење. Сигурно за целото време додека трае ова со Корона - вирусот сте слушнале многу од ваши пријатели или познаници со муабети „ракија го лечи Корона вирусот, ако ракија дезинфицира раце зошто да не дезинфицира од внатре?“, „Ова е измислен вирус во лабораторија, го измислија да ја срушат кинеската економија“, „Вирусот не ни постои, станува збор за обичен грип“, „Американците го имаат лекот и го чуваат да го пуштат во погодно време“ итн. Многу од овие тврдења доаѓаат од луѓе кои немаат никаква врска со биологија, медицина, епидемиологија и слично. Многу често пишувам за дезинформациите и многу често се држам до тезата дека дезинформациите не можат да се запрат, она што може е да не им веруваме или да знаеме критички да селектираме. Можеме да забележиме дека речиси со секој предизвик со кој се соочува човештвото дополнителен проблем претставуваат лажните информации. Нашите сограѓани на социјалните мрежи се со свои измислени теории на заговор. Не се дел ни од светските теории на заговор кој комуниколозите веќе ги анализираат. Ние сме до толку мрзеливи што не мрзи и светските заговори да ги прочитаме, но имаме бујна фантазија па си креираме свои глупости. Веројатно логично е да претпоставите дека тоа е безопасно, но не е целосно така. Со Корона - вирусот за првпат се појави т.н. инфодемија – епидемија на дезинформации. Бранот на неточни информации ја поткопува и така разнишаната доверба во системот, во глобалните организации, во владите, здравствените власти, невладините организации и научниците. Најголем дел од оние кои се упатени веруваат дека токму тие луѓе и организации се оние кои ќе бидат одговорни да се справат со евентуална пандемија. Замислете во каква иронична ситуација се наоѓа разумот. Од една страна веруваат дека властите коват заговор против вас, а од друга страна при евентуална пандемија барате целосна одговорност и помош од нив. Неточните и лажни информации кои се шират и меѓу луѓето, не само преку интернет, можат да доведат до опасни реакции. Можат да доведат до употреба на средства и преземање акции кои се штетни за нивното здравје, но и до опасна стигматизација и дискриминација кај одредени луѓе. Еве некои работи кои успеав да ги проверам за потребите на овој текст: - Не, лук не го лечи или превенира Корона. - Не, ракија не спречува Корона. Нема научен доказ кој потврдува дека алкохолот има било каков бенефит за човечкото тело. Алкохолот во медицината наоѓа примена единствено за надворешна употреба. Медицината успеала да најде примена на морфиум, но не и на алкохол. - Не, Симпсонс го немаат предвидено доаѓањето

Стојанов,

15

на Корона - вирус. Тоа е фотомонтажа. - Книгата од 1981 година не го предвидува Корона вирус. Станува збор само за користење на името Вухан, но не и на името Корона. Од сите книги на светот ќе најдете некоја што го споменува Вухан во контекст на болест. - Болеста не е измислена како биолошко оружје. -Нема вакцина против Корона (сега за сега). СЗО се надеваат дека ќе се пронајде за неколку месеци. И уште многу други бесмислени конспирации. Не знам од кога стана чудно и невообичаено човештвото да се справува со болести и вируси. Зарем не е тоа поентата на целата наука и медицина? Зарем тоа не е предизвик кој е присутен од кога постои човекот? Зарем тоа не е вечната борба на природата? И да, секогаш ќе има вируси, секогаш ќе има болести и секогаш ќе има предизвици кои ќе треба да се надминуваат независно колку модерно време живееме, колку модерен мобилен телефон имате или колку ви е брз интернетот. Секогаш ќе постојат и неточни информации, а нам ни останува борбата да ги спречуваме вирусите кои се шират во природата и Нема вакцина против Корона (сега за сега). СЗО се надеваат дека ќе се пронајде за неколку месеци. И уште многу други бесмислени конспирации. Не знам од кога стана чудно и невообичаено човештвото да се справува со болести и вируси. Зарем не е тоа поентата на целата наука и медицина? Зарем тоа не е предизвик кој е присутен од кога постои човекот? Зарем тоа не е вечната борба на природата? Секогаш ќе има вируси но секогаш ќе постојат и неточни информации кои СЗО ги нарече „инфодемија“. И тие можат исто така да бидат подеднакво опасни. Имајќи можност нашиот глас да допре до повеќе луѓе одговорноста за тоа дали шириме лаги е на секој од нас. Со корона вирусот се појави и бранот на дезинформации. Тоа се вируси кои СЗО ги нарече „инфодемија“, кои се шират како неточни инфо- рмации меѓу луѓето. И тие можат исто така да бидат подеднакво опасни. Имајќи можност нашиот глас да допре до повеќе луѓе одговорноста за тоа дали шириме лаги е на секој од нас. Нема вакцина против Корона (сега за сега). СЗО се надеваат дека ќе се пронајде за неколку месеци. Не знам од кога стана чудно и невообичаено човештвото да се справува со болести и вируси. Зарем не е тоа поентата на целата наука и медицина? Зарем тоа не е предизвик кој е присутен од кога постои човекот? Зарем тоа не е вечната борба на природата? И да, секогаш ќе има вируси, секогаш ќе има болести и секогаш ќе има предизвици кои ќе треба да се надминуваат независно колку модерно време живееме, колку модерен мобилен телефон имате или колку ви е брз интернетот. Секогаш ќе постојат и неточни информации и нам ни останува борбата да ги спречуваме вирусите кои се шират во природата и вирусите кои СЗО ги нарече „инфодемија“, кои се шират како неточни информации меѓу луѓето. И тие можат исто така да бидат подеднакво опасни. Имајќи можност нашиот глас да допре до повеќе луѓе одговорноста за тоа дали шириме лаги е на секој од нас.


16

Театарот со нова премиера „На отворено море“ од Мрожек

Д

КУЛТУРА

{tipski Glas, Mart, 2020 br. 99

режисер и е автор на дизјаност на најновата претстава на ШНТ. Во претставата играат Анѓелка Нашкова, Марија Минчева Андонов, Пеце Ристевски, Миле Вратеовски и Владимир Тулиев. Режијата на најновата премиера на ШНТ е на Никола Ристов, гардеробата на Верица Давчева, а драматургијата на Весна Куслеска. Тон мајстори се Ванчо Бојаџиев, Жаклина Пеева и Ване Ѓоргиев, светло мајстори Ристе Стојановски и Методи Саздов, видео бимот е дело на Александар Талевски, гардеробата на Верица Давчева, а декоратери се Горги Чапов, Перо Иванов и Тимчо Арсовски. На отворено море е претстава која ни ја доближува реалноста на себичното, за самопрогласеното цивилизирано, за стравот од празен стомак. Садомазохистичкиот поглед

на човештвото низ објективот на апсурдот, драма каде катарзата не е во полнењето на празниот стомак, туку во чинот на убиството. Драма која ни покажува дека се е веќе избрано дури и пред идејата за самиот избор. Интелигентен, но сепак животински начин на преживувањеда се убеди другиот дека вредноста на неговото постоење се состои само во неговата смрт за другите да преживеат. Дали можеби во крвта ни е никогаш да не е доволно, дали секогаш недоволно е човечкото, суштинското. Дали кога стомакот е празен постојат норми? Зошто човекот уништува најмногу луѓе дневно?

ачорот Ал е стар и изнемоштен, а покрај тоа и мрзелив. Затоа бара работа лесна ,но богато да го храни. Кралската круна и кралскиот престол ги наоѓа како идеална прилика за реализација на неговата идеја. Мрзата, гладот и болната амбиција го спобудалуваат па на вистинскиот свет гледа од свој агол. Поаѓајќи од девизата дека секој може да биде крал ако има кралство се прогласува за крал на кралството на седумте канти во улицата „Бистра боза“. Кантите се заборавени и од оние што фрлаат смет и од оние што ги празнат, па оставени на себе издупчени и празни ја отежнуваат положбата во која се наоѓа гладниот и луд самонаречен крал мачороот АЛ. Ова е сижето на најновата книга за деца на писателот Трајче Кацаров која деновиве излезе од начин,преку мачорот, гладните мачпечат. Во приказната на алегоричен ки, кучињата и глувците се исмеју-

ваат човечките особини како што се:лакомоста, алчноста, мрзеливоста и желбата за власт. Вака прикажаната содржина на прикказната ја прави читлива и достапна и за возрасната публика. Книгата е во издание на издавачката куќа „Просветно дело“ од Скопје.Таа може да се купи и во книжарницата на оваа издавачка куќа која се наоѓа зад поштата во центарот на градот. Кацаров е еден од најплодните автори во државата од средната генерација писатели. Неговото книжевно дело се огледа во скоро сите книжевни родови и жанрови. Автор е на четириесетина книги за возрасни и за деца: поезија, прозараскази и романи, драмски текстови, критики и есеи. Кацаров е добитникна пет високи награди за посебни остварувања во книжевноста.

рамата „На отворено море“ од Славомир Мрожек е втората премиера на штипскиот Народен театар во тековната година. Премиерата беше на 29 февруари годинава, но по подолго време салата не беше исполнета до последно место иако билетите беа распродадени. Дел од редовните посетители на театарските претстави се уплашија од корона вирусот па одлучија, кога целата оваа ситуација со вирусот кој го запали светот ќе помине да ја видат претставата на некоја од репризите. -До 6 март годинава нема да имаме репризи, бидејќи тоа е препорака од Владата поради корона вирусот. На нашите премиери секогаш се барало карта повеќе но овојпат стравот од вирусот си го направи своето, па имавме и празни столчиња, ни изјави Никола Ристов кој е

М

„Приказна за мачорот АЛ“ на писателот Кацаров во книжарниците


Малите уметнички надежи со нова изложба пред штипјани

Н

адарени за сликарство деца кои во тајните на оваа уметност навлегуваат преку школата по цртеж и сликарство на галеријата „Колорис АМ“ на штипјани им приреди ново уметничко уживање. Деца на возраст од пет до четиринаесет години ги претставија своите цртежи во изложбениот салон при Домот на културата „Ацо Шопов“. На отворањето на изложбата присуствуваа поголем број граѓани на Штип кои, и на ваков начин, им дадоа поддршка на младите кои

17

КУЛТУРА

{tipski Glas, Mart, 2020 br. 99

го насетиле својот талент за овој вид уметност и му се посветиле на истиот. Целиот настан беше одлично осмислен. Него го отвори виолинското дуо Дијана Арсова и Филип Горгиев, од Музичкот училиште „Серѓеј Михајлов“, а за сликарската дарба на децата и за самата изложба говореше Боре Минов, ликовен уметник, сопственик Александар Зафировски на галеријата „Колорис АМ“. Минов, заедно со Анастасија Пе- „Колорис АМ“, а на истата се излотрова, ликовен педагог, ги упатуват жени 81 дело од 14 учесници“, рече децата во тајните на оваа уметМинов на отворањето.

Дијана Арсова и Филип Горгиев

Боре Минов со младите уметници

ност. -Во време од шест месеци колку што функционира оваа уметничка штипска оаза, низ три циклуси кои траат по два месеци досега поминале над триесет надарени за сликарство и цртеж деца. Ова е втора изложба на младите уметници од

Според Минов, изложбата е продажна, таа е од хуманитарен карактер зашто парите кои ќе се присоберат од продадените дела ќе бидат уплатени за националното здружение „Храбро срце“. Дел од сликите ќе бидат подарени на одделението за интервентна кардиологија при Клиничката болница во Штип. Дел од од посетителите си купија по некоја слика и така ја покажаа својата хумана страна.


18

ИНТЕРВЈУ

Македонија денес е попросперитетнна од пред 25 години

{tipski Glas, Mart, 2020 br. 99

Симон Поликарп-Џими, штипјанец од Нигерија, хуманитарец

Пред 25 години, во интерву за наш весник Симон Гаџи Поликарп изјави дека иднината на своите деца ја гледа во неговата Нигерија. Но, тој и семејството и денес се тука, во Штип и Македонија, што е повод за интервју на тема зошто познатиот Џими рече па порече...

С

имон Поликарп, попознат како Џими, има 64 години. Во Штип дојде на 18 годишна возраст од Нигерија. Дојде во нашата држава кон средината на седумдесеттите години за стручно да се усовршува на тогашниот Рударски факултет. Момчето со темна боја на лицето и со изразена кадрава коса веднаш стана миленик на штипјани и голема градска атракција. Многу бргу го научи нашиот јазик, уште побргу стекна голем круг на пријатели, за потоа во Штип да склучи брак со Биљана од кој брак им се изродија синовите Адамс, кој денес има 28 години и Анџело на 27 годишна возраст. Во интервју за тогашниот весник Панорама, во 1996 година, Симон рече дека тој иднината на своето семејство ја гледа во Нигерија. Но, 24 години потоа, Симон Поликарп-Џими сеуште е во Штип, во Македонија. Зошто тој ја смени својата животна одлука? Што е тоа што му даде назнака дека треба да остане во нашата држава? Како тој гледа на иднината на Македонија, а со тоа и на перспективите на сите граѓани, вклучително и на своето семејство. На овие теми е нашето интервју со Симон, кој вредно работи во областа на хуманоста, а работи и како евангелски проповедник.. Симон, зошто рече па порече во поглед на тоа каде сакаш да живееш со своето сеемејство? -Не негирам дека пред 24 години во интервју за ваш весник реков дека иднината на моите деца, на моето семејство ја гледам во

родната Нигерија. Но, јавноста која ме познава треба да знае дека во време кога ја дадов таквата изјава условите во Македонија беа сосема поинакви од денешните. Да не должам многи, само ќе кажам дека условите во економијата тогаш беа речиси безнадежни, а како резултат на тие и такви тогашни околности јас имав идеја да си заминеме за Нигерија. Но, тука е и вториот фактор. А тоа е мојата младост. Беа тоа години кога човек плановите не ги анализира толку длабоко и на својата иднина не и приоѓа така аналитички, па со оглед на тоа и плановите кои ги носев во однос на мојата иднина не беа баш најправилни. Конечно тука е и фактот дека децата

нија покажа силни аспирации да биде член на европското семејство. И самата економска ситуација во државата е сменета на подобро, а со влезот во ЕУ таа уште повеќе ќе се подобрува. Денес во мојата Македонија секој кој сака да работи ќе си најде работа, ќе може социјално да си го обезбеди семејството што за разлика од порано не беше таков случај. Конечно, останав тука, јас сум верник и силно верувам дека сум останал во Македонија зашто самиот Бог го сакал тоа.

ми беа многу мали, а јас како родител заедно со мојата сопруга размислувавме за нив додека денес тие сами размислуваат и носат одлуки за себе. Тврдиш дека денес условите за живот во Македонија драматично се сменети на подобро од пред четврт век. Да ни ја образложиш оваа твоја теза? -Секако. Денес Македонија, за разлика од средината на деведесеттите години е многу попросперитетна. Денес во географска Европа многу работи се сменија, Македо-

Сепак, со оглед на тоа дека имавте понуди да работите и во други, далеку поразвиени држави од нашата, Вие решивте Штип да биде местото во кое ќе создадете и ќе го развивате семејството. Толку ли е добро во Штип, во Македонија да не се прифати можноста која Ви беше понудена ? -Ова ви е добро прашање зашто на него имам одговор кој сакам да го слушне македонската јавност, македонските граѓани. Имав понуди за добра работа во САД, во Чикаго, во Нов Зеланд и во Англија

Денес Македонија, за разлика од средината на деведесеттите години е многу попросперитетна држава. Денес во географска Европа многу работи се сменија, Македонија покажа силни аспирации да биде член на европското семејство. И самата економска ситуација во државата е сменета на подобро и затоа јас не погрешив што решив тука да останам.


{tipski Glas, Mart, 2020 br. 99

но никаде не прифатив. Ќе прашате зошто? Јас во моментов, во овие услови кои ги има Македонија не би живеел на никое друго место освен тука кај што сега живеам со своето семејство. Единствено освен во Штип би можел да живеам уште во родниот ми град Јола, во Нигерија. Притоа, сакам да кажам дека се не е само во парите. Да, тие се важни, дури и неопходни за еден пристоен живот, но има нешто и над тоа што еден човек, едно семејство може да ги направи среќни и задоволни. А тоа е една сосема подруга приказна... Чекам да ни ја раскажете... -Па еве ја приказната. Мене исклучително позитивно ми импонираат луѓето во оваа топла и убава Македонија. Аргументирано тврдам дека ние македонците сме посебен народ на Балканот, посебен во најпозитивната смисла на овој збор. Јас 40 години живеам тука, соработувам со Македонци, Албанци, Грци, Бугари, со нив сум во непрекинати работни односи, но има нешто посебно, некоја неверојатна магија во македонците. Јас сум по малку разочаран од тоа дека ни самите македонци не се свесни за таа своја особина. Кога ние македонците ќе знаеме правилно да си го вреднуваме нашето значење тогаш и нашиот колективен успех ќе биде поголем. Велите „ние Македонците“? —Знам на што е вашата алузија. Да, јас сум Македонец, јас размислувам како Македонец, со многу луѓе другарувам како Македонец, а и голем број македонци ми велат „ти си Македонец“. На многу конференции на кои одам во светот во врска со хуманата мисија која ја вршам тука јас ја застапувам Македонија. Што работи нашиот Џими во моментов? -Јас сум евангелиски проповедник но сум посветен и на хуманитарна работа. Имам фондација „Галилеј Балканс“ на која јас сум и основач и претседател, во неа имаме десетмина активно вработени и триесеттина волонтери. Нашата хумана мисија се состои во изградба на водоводи во села каде ги нема, во донации на болници преку на-

ИНТЕРВЈУ

бавка на кревети, болнички материјал, разни медицински помагала... На таа хумана мисија силно сме посветени и имаме одлични резултати. Од каде пари? -Нашата фондација тесно соработува со светски реномираната агенција и фондација „Глобален предизвик“ чие седиште е во

Њујорк, САД. Од таму ни доаѓаат најголем дел од финансиите, иако имаме и други сродни фондации низ светот со кои исто така посветено соработуваме. Да се вратиме на почетокот, рековте дека денес Македонија е многу просперитетна земја. На кои факти ги засновате тие ставови?

19

кои сме во Македонија. Вие за Штип секогаш сте говореле со пиетет. Го знаете ли, го сакате ли градот толку колку што убаво говорите за него? -Штип, барем за мене е еден од најпросперитетните градови во државата. Штип е град кој секојдневно позитивно изненадува. Отворањето на Универзитетот „Гоце Делчев“ му донесе една нова енергија на нашиот град, има многу млади, раздвижено е насекаде...Сите досегашни општински структури додадоа по некоја нова вредност во инфраструктурата на Штип и затоа градот ни е толку убав. Да бидам сосема прецизен – Штипе е град на кој другите градови му завидуваат и тоа во секоја смисла. А токму тоа говори дека ние живееме во навистина убаво место. Често сте низ регонот, па да слушнеме една Ваша оценка за него. -Источниот регион ми се чини дека е најмалку развиен во државата. Посебно е тешко на луѓето во Малешевскиот крај. Не знам од што луѓето живеат таму зашто во местото во кое природата ги истурила сите свои дарови не се гради ниту една фабрика, нема простор каде луѓето да си ја најдат среќата. Таму мора да се вложува многу, државата тука треба да се покаже и докаже. Малешевијата е од Господ Бог создадена за развој на туризмот. Јас честопати таму водам гос-

Штип, барем за мене е еден од најпросперитетните градови во државата. Штип е град кој секојдневно позитивно изненадува. Отворањето на Универзитетот „Гоце Делчев“ му донесе една нова енергија, има многу млади, раздвижено е насекаде...Сите досегашни општински структури додадоа по некоја нова вредност во инфраструктурата на Штип и затоа градот ни е толку убав.

-Македонија е пред вратите на Европската унија. Тоа е голема работа. Кога ќе станеме дел од европското семејство ќе се отворат уште многу нови места зашто во економијата ќе има многу инвестиции, ќе се зголемат платите, ќе порасне стандардот. Македонците се емотивно врзани за своите огништа, во подобрена економска и социјална ситуација на државата тие неа нема да ја напуштаат. Извесниот влез во ЕУ е навистина големо достигнувње за државата, за сите нас

ти, главно од Америка, ги водам на Аурора, на тој овоземски рај на брегот од езерото, а тие ми велат дека таква убавина вклопена во една тријада – шуми, езеро, ливади – ретко може да се најде во светот. За нив Аурора е посебна приказна, тие сметаат дека тој крај треба најмногу да се развива во туризмот на начин како тоа го прави Аурора, но велат дека треба и да се знае таа убава приказна да му се соопшти на светот.


20

Аутобосс –

НОВО ВО ГРАДОТ

од автогалантерија до велосипеди

{tipski Glas, Mart, 2020 br. 99

* Ако имате визија и од мала продавница можете

В

да направите светско, а наше

о Штип неодамна со пригодна церемонија е отворена нова продавница за автогалантерија и козметика, монтажа на одредени продукти како и велосипеди за сечија возраст. Исклучително естетски уредената продавница се наоѓа на самиот кружен тек во населбата Сењак, кај штипјани познат под името „кружниот кај филето“. Новиот простор всушност значи одговор на нараснатите потреби и барања на клиентите. Саше Варадиновски е сопственик на Аутобосс. Вели дека со овој бизнис почнал во 2012 година.„Почнав со мала продавница и голема желба за успех“. Првата продавница ни се наоѓа во населбата Сењак, на стотина метри над храмот Св. Климент Охридски. Оваа година решивме да се прошириме на нова локација како подружница АУТОБОСС 2, се со цел да се

задоволи побарувачката на пазарот на она што ние го нудиме и притоа да се избегне фрустрацијата на клиентите од чекање да бидат услужени. Втората локација се наоѓа на самиот кружен тек, кај штипјани познат како „кружнио кај Филето“. Со отворањето на нова локација, наша цел е да бидеме поблиску до нашите клиенти, воедно да го збогатиме асортиманот“, вели Варадиновски. Тој додава:-„Главно се занимаваме со продажба на автогалантерија и козметика, монтажа на одредени продукти како и велосипеди за секоја возраст. Од оваа година планираме да ги воведеме, како дел од нашиот асортиман, кај децата, популарните тротинети.

Како дел од она што го нудиме, ќе набројам: голем избор на патосници, навлаки за седишта и волани, акумулатори, светла, стоп светла, брисачи, радиа,паркинг сензори, центрани брави,моторни масла, полир пасти, ароматизери и многу многу артикли. Со еден збор имаме богата понуда за вљубениците во автомобилите и спортот“, информира Варадиновски. Големата љубов кон автомобилите, како и себедокажаувањето во бизнис фелата на нашиот град биле мотивот за бавење со оваа дејност. Наашиот соговорник е задоволен, вели дека со макотрпна работа, и добро менаџирање докажал дека сонот може да се исполни.-„На пазарот сме веќе добри 8 години, а за наголем успех ги сметам позитивните коментари од моите клиенти. За тоа морам да го споменам и мојот тим кој е секогаш тука за мене и клиентите. Заедно стоиме на располагање на потребите на клиентите“, коментира Саше. За цените вели дека тие главно се диктирани од пазарот. Но, тие се трудат да ги прилагодат на нашата куповна моќ. Има цени и квалитет за секој џеб, квалитетот и цената одат рака под рака. Но, што најмногу бараат клиентите? Варадиновски вели дека за вистински вљубеник во автомобили, нема нешто што не му е потребно. Но, секако постојат одредени артикли кои се сметаат за луксуз и такви кои се неопходни. Наголема побарувачка има за резервни сијалички, патосници, бришачи, моторни масла, акумулатори, како и авто радиа и звучници, раткапни, украсни ауспузи, ароматизери. Но, зошто човек би го одбрал Аутобосс за да ги задоволи потребите на својот автомобил? Варадиновски вели: Затоа што ние нудиме, пред с?, пријателски пристап. Кога нашите клиенти ке излезат задоволни од нашите продавници, тоа е успех. Покрај продажбата ние вршиме и монтажа на купената стока кај нас. Доколку не сме во можност да го услужиме клиентот, го препраќаме онаму каде сметаме дека ќе му бидат исполнети барањата.


{tipski Glas, Mart, 2020 br. 99

СПОРТ

21

Имаме шанса, ќе сториме се за директен пласман во Првата фудбалска лига Добринко ИЛИЕВСКИ-Пижон, шеф на стручниот штаб на ФК Брегалница

Ф

убалскиот клуб Брегалница ги започна натпреварите од пролетниот дел во Втората фудбалска лига-Исток. Штипската фудбалска јавност се надева дека од идната есен ќе гледа прволигашки фудбал. Ова е мотивот на Штипски Глас за разговор со Добринко Илиевски, шеф на стручниот штаб. -Бевте тренер на ФК Кит Го, за одтаму да дојдете на чело на стучниот штаб на ФК Брегалница. Како ви се случи прво Пехчево, а потоа и Штип? -Пред да му пристапам на фудбалскиот клуб Кит Го имав долги разговори со сопственикот Кирил Гогов од кои сватив дека се работи за многу сериозен и искрен човек со големи амбиции во спортот. Немав дилема дека клубот кој тој го предводи ќе биде добра средина за мене.Кога тој реши да ја превземе Брегалница и ми понуди јас да бидам шеф на стручниот штаб веднаш прифатив знаејќи дека тој ќе стори се Брегалница да го добие сјајот кој што го заслужува со својата традиција. Колку сте задоволни од составот на вашиот стручен штаб? Можете ли заедно да ја достигнете целта? -Мојот стручен штаб го сочинуваат Љупче Колев кој е тренер на голманите, Димитар Маџунаров и Александар Танчески, млади и амбициозни тренери кои постојано се едуцираат и јас сум многу задоволен од нив и мислам дека тие се подготвени да го однесат клубот во повисок ранг на натпреварување. Струмичка Беласица ви бега три бода, тренерите, капитените, фудбалерите знаат да кажат дека тоа е само еден натпревар разлика, но го сакаме вашето мислење дали тоа, со сите околности кои ги имаме, е достижно? -Трите бода предност на Беласица се достижни секако и ние ќе сториме се директно да се пласираме во првата лига. Битката за тоа ќе биде неизвесна и ќе трае до последното коло но Брегалница има тим, тимот пак има амбици од идната натпреварувачка сеззона да се натпреварува во Првата македонска фудбалска лига. -Вие и пред 7-8 години бевте тренер на Брегалница, гледате ли денес некои квалитетни промени во него во однос на тоа време? -Искрено, од 2013 год кога бев тренер во клубот не видов некоја промена во ниту еден аспект се додека клубот не го превзеде новиот сопственик.Огромните напори кои ги вложува во подобрување на инфраструктурата пред се покажуваат дека нештата се менуваат и дека Брегалница брзо ќе стане бренд каков

што посакува огромната армија навивачи. Сакам да кажам дека денес клубот е на многу повисоко ниво со начинот на функционирање во сите сегменти. Само малку трпение и време е потребно да почне да функцинира како еден од најдобро организираните клубови во државата. Има ли Брегалница играчки кадар за повисоки остварувања од сегашните, потребни ли се нови фудбалери..

Во играчкиот кадар се етаблирани многу младински репрезентативци на Македонија и очекувам низ првенствените битки да созреат и да станат носители на клубот на подолг рок. Мислам дека селекцијата што ја правиме со спортскиот директор Никола Тонев е добра и перспективна и ќе донесе резултати во следниот период -Навивачите? Штип е фудбалски град со навивачи кои го разбираат и сакаат фудбалот.Фалангата е наш 12 играч и секогаш ни дава огромна подршка.Наша обврска е е да ја оправдаме нивната доверба Каква е атмосферата во соблекувалната? -Во соблекувалната владее добра атмосфера во која капитенот Ристе Нумов и неговиот заменик Дарко Стојанов како играчи со најголемо искуство го држат адреналинот на потребното ниво. Нешто за судењето во есенскиот дел. Задоволни/незадоволни? Судењето во есенскиот дел беше навистина коректно и јас би сакал така да продолжи така затоа што од тоа многу зависи квалитетот и регуларноста на натпреварувањето. За крај, какви се шансите на нашата репрезентација за пласман на Европското првенство? Македонската репрезентација има големи шанси да се пласира за прв пат на европско првенство. Имаме одлична генерација и со малку среќа мислам дека ќе успееме .Тоа би бил голем импулс за фудбалот во Македонија кој искрено е на многу ниски гранки во моментот.


22

РАЗОНОДА

TR-MR ov -Mi Re k e ~e R Ti

{tipski Glas, Mart, 2020 br. 99

Пред 50 години ако како деца не се видевме на улица како да не постоевме. Денешните деца ако не добијат барем стот пораки дневно на мобилен како да не постојат. Не е до времето-до децата е.... Ако си ги криеш своите гревови никогаш нема да станеш подобар човек. Мостот до добрината се поминува со признавање на гревовите кои сите ги имаме. Подобри луѓе стануваат само оние кои ќе решат да го поминат тој важен мост во животот.

Наша правда: Петре Петров се осудува на смрт со бесење. Петре Петров има право на жалба на оваа пресуда. Правото на жалба не го одлага извршувањето на решението!

Razmisluva: Iv. BOJ

Вашата идеја може нема да се оствари за една, за пет или за десет години. Ама важно е да се има идеја. И уште поважно е да се почне....

ВИЦОТЕКА

Европеец оди во џунга. Наидува на човекојадец. -Сега ќе те носам дома, ќе те варам и ќе те сервирам за вечера, рекол човекојадецот. -Ама имам деца дома, кој ќе ги храни, се молел европеец. -А моите гладни ли да бидат, одговорил човекојадецот и го спакувал европеецот.

Баба секој ден од пазар се враќа дома со полициска кола. Внукот ја прашува: -Добро ма бабо што беља правиш кога секој ден полиција те носи дома. -Внучко мој, таксито е скапо па јас ќе видам полицајци со кола и им велам дека сум се загубила.: ..па тие ме качуваат во кола и ме носат дома.

ИМПРЕСУМ

Ж-ка: 290000002136767 Едб:4029019522191 Т.Т.К. банка А.Д. Скопје Годишна претплата: 180 денари.

Научна експедиција оди во шумите на Амазон и наидува на непознато племе. -Има ли кај вас човекојадци, прашал водачот на Kога штипјанец ја прегрнува својата жена? -Кога го вози автомобилиот во рикверц! експедицијата. -Нема, последниот го изедовме синоќа за вечера, рекол водачот на племето. Издавач: Медиум Боја 43 – Штип Седиште на фирмата и адреса на редакцијата: Ул. „Тошо Арсов“ бр. 23 – 2000 Штип Одговорно лице: Иван Бојаџиски

Излегува еднаш месечно Првиот број излезе во месец април, 2009 година Главен и одговорен уредник: Иван Бојаџиски 078/375582 Графички уредник: Јорданчо Бојаџиски, 078/473094

Овој број е отпечатен на 05.03.2020 година Тираж: 1.000 примероци

Печати печатница Генекс-Кочани Ул. „Тодосија Паунов“ б.б.

За Штипски глас се плаќа повластена даночна стапка од 5% ISSN 2545-4498

Непотпишаните текстови се на Иван Бојаџиски


{tipski Glas, Mart, 2020 br. 99

С У Д О К У

Броевите од 1 до 9 впишете ги во блоковите со големина 3 x 3 полиња (врамени со здебелени линии), така да секој број може да се најде само еднаш во водоравната или хоризонталната насока

СКРИВАЛКА треба да пронајдете два скриени предмети

РАЗОНОДА

23


24

РЕКЛАМА

{tipski Glas, Mart, 2020 br. 99


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Stipski Glas br. 99 by Jole Boja - Issuu