Д-р Христина Серафимовска Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ OK Штип
Текстилните работници, работодавачите или Владата, кој е поважен?
Две години потоа:
Детска градинка, вода за Балканска, нов пат и мост на Брегалница, осветлен влезот во градот...
Парите од Солвеј ќе ги греат дечињата во „Пчелка“
Села:
Говединкови одбележаа златна свадба
Лажните вести околу Ацо Шопов и обидот да се понижи КУД „Ристо ДоневУчителот“
Во лесковичкиот MИНОВ: крај три села, покажа дека Штип три исти Сеима талентирани судбини деца за сликарство
2
Од мој агол
N
К
Лажните вести околу Ацо Шопов и обидот да се понижи КУД „Ристо Донев-Учителот“
олегата Игор Стојанов во овој број на весникот има прекрасна колумна околу лажните вести. Тој го поставува крупното прашање за тоа дали хистеријата околу лажните вести може да биде опасна. Некако во исто време, на пет дена пред излегување на овој број на весникот, штипската јавност беше бомбардирана со лажна вест во која за партиски и некои други лични цели се злоупотребени имињата на две легенди во нашиот културен простор. Првата е злоупотребата на името на поетот, револуционер и општественик Ацо Шопов, втората е содржана во обидот за омаловажување на значењето во нашиот културен простор на КУД „Ристо Донев-Учителот“. Во што ми е поентата? Центарот за култура кој го носи името на Ацо Шопов до Советот на општината поднесе барање за доделување на 10.000 денари за манифестацијата „Во чест на поетот“ која се одржува овој месец и е во чест на Ацо Шопов. Манифестација со длабока традиција во постоењето на градот на која се чествуваат поетите и поетската реч. Советот на општината на предлог на соодветната комисија одлучи за оваа намена да додели 6.000 денари. Одлуката беше едногласно прифатена од сите советници. Но, зошто 6.000 наместо бараните 10.000 денари? Затоа што прво Комисијата за култура, а потоа и Советот оценија дека оваа сума е сосема доволна за остварување на програмата. Бидејќи се работи за народни пари оценка беше дека не треба да се дава преку лебот погача. Вториот елемент беше содржан во фактот дека НУЦК „Ацо Шопов“ е институција од културата од национално значење, и како таква
таа се финансира со државни пари па тука општината нема ниту обврски ниту одговорности. Но и Комисијата за култура и Советот (сите советници и од позиција и од опозиција) оценија дека на манифестацијата треба да и се помогне. На истата седница Советот, пак на предлог на Комисијата за култура, го прифати барањето на КУД „Ристо Донев-Учителот“ за финансиска поддршка. Ова културноуметничко друштво не е друштво, тоа е културна институција. Нешто во ранг на Танец, само што е штипски производ. Или поточно-производ на легендарниот Ристо Донев познат под прекарот „учителот“, а продолжен од неговиот син Благој Донев. Тоа е друштво со над 120 членови од 4 до 70 години старост распоредени во четири возрасни групи, со личен фонд од над 300 народни носии од сите предели на Македонија некои стари над сто години кои се со непроценлива вредност, има народен оркестар на изворни инструменти, проби се одржуваат од понеделник до петок во Домот на култура. И годинава друштвото на 17 овој месец ќе го одржи традиционалниот концерт во чест на Свети Никола-Денот на градот и на претстојната Нова 2020 година. И какло и секогаш концертот ќе го проследат најмалку 1.000 штипјани. Посебен факт е сознанието дека со членовите работи ентокореологот Ефтим Гегов кој е и раководител на музичката група, а овде својата пракична настава ја одработуваат и четворица студенти по етнокореологија на Музичката академија при УГД во Штип. На оваа институција Советот и додели 30.000 денари. Но баш една таква институција од областа на културата, од дел од медиумите е окфалификувана како друштво кое не заслужува
Иван Бојаџиски
{tipski Glas, Dekemvri, 2019 br. 96
да добие 30.000 денари зашто „играле таму некои ора“! Таквите „загриженковци“ за културата во градот ценат дека повеќе пари Советот требало да насочи кон манифестацијата во чест на поетот, манифестација која собира максимум пет шест лица кои ќе учествуваат на истата, а за која и сто евра се сосема доволни пари дури и за ручек за гостите и дел од домаќините, секако. Факт е дека и едното и другото си го заслужуваат вниманието на градот. КУД „Ристо Донев-Учителот“ за првпат добива општински пари иако е општинска институција. Манифестацијата „Во чест на поетот“ ја прави Центарот за култура „Ацо Шопов“ и на него е да најде државни пари за истата. Но, годинава, според нашите истражувања, Министерството за култура не дало пари за литературни манифестации не само за Штип туку и за никој друг. Неговите политики можат и е добро да бидат подложени на преипитувања, па и на критики, но во целата оваа приказна да се става етничкиот елемент како причина зашто министерот бил албанец па на македонци не давал пари, тоа е безмалку невкусно, неаргументирано и целосно неточно. Општина Штип, овој советнички состав, и позиција и опозиција секогаш кога била во прашање културата имале посебен однос. Овде само сакам да потсетам како бившиот градоначалник „правеше“ Штипско културно лето со 200 евра, како да е ова некоја зафрлена паланка, а не културен центар на државата. Затоа е добро да се прочита колумната на Стојанов. За лиферувачите на бофл вести, или лажни вести да бидат навреме разоткривани, да се спречат со невистини да не ја трујат јавноста. Ова бидејќи само вистината е таа која ќе не одведе во друштвото на уредените општества кон кои стремиме.
{tipski Glas, Dekemvri, 2019 br. 96
А
ктуелните бранувања во текстилната индустрија од предложените владини мерки го наметнаа прашањето-кој е поважен: работниците, работодавачите или Владата? Есенцијата на проблемот е во недостигот од интегриран пристап кој подеднакво ќе ги третира сите засегнати страни. Опасноста која и се заканува на текстилната индустрија не е препознаена од клучните играчи, а произлегува од чистиот популизам, кој освен што се рефлектира врз квалитетот на понудените решенијата, генерира и непоправливи последици по целата индустрија. Во моментот текстилниот сектор е жртва на мерки, кои освен популистички се и анахрони (а за тоа никој не зборува). Концептот на загарантирана минимална плата беше понуден во 2012 г. од тогашната Влада на ВМРО-ДПМНЕ и беше своевидно решение кое ги даде посакуваните резултати во време кое се карактеризираше со повисоки профити, стабилна состојба со пазарот на труд и концепт на СДИ кој беше во развој. Денес состојбите се многу поинакви. Во недостаток на инвентивност и стручно мислење, упорно се манипулира со овој (слободно можеме да кажеме) инструмент – минимална плата, без да се согледаат последиците врз работниците (изедначување со подобрите, демотивираност, манипулации со нормата) и врз работодавачите (неодржлива финансиска оптовареност, продуктивност која не се зголемува). Овие импровизирани
Текстилните работници, работодавачите или Владата, кој е поважен? СТАВ
3
решенија во голем дел се темелат на примерот на големите компании од текстилната индустрија, а се обврзувачки за претпријатијата од сите големини и дејности. Инструментот МП упорно се форсира, а последиците од неговата примена се непознати, неистражени или намерно занемарени. Во недостиг на излезно решение веќе проструи размислување на дел од работодавачите да го компензираат овој притисок со укинување на платената пауза од половина час наменета за топол оброк, со што директно се уназадуваат работничките права - последица од мерката што требаше истите да ги подобри. Се појавија размислувања и за евентуални измени на законската регулатива и увоз на работна сила (поевтина и побројна). Повторно по грбот на работникот! Во услови на не инволвирање на академската заедница во креирање на развојни мерки се запоставуваат суштинските прашања како на пример, со каква
Реалност е дека ниту минималнат плата, ниту принципот „дајте друго дете“, ниту укинување на платената пауза нема да ги реши проблемите иницирани од недостиг на адекватен пристап. Наместо импровизација и инстант решенија, потребна е длабока анализа и реформирање на целокупниот процес по пат на интегриран пристап. Интегриран во смисла на носители на решенија (влада-академска-бизнис заедница) и сеопфатен во смисла на мерки кои ќе ги гарантираат правата на работниците, ќе ги подобрат условите за работодавачите и ќе дадат позитивна рефлексија врз Владата која ќе ги креира. Клучно во креирањето на решенија е секој од чинителите, трагајќи по подобрување на сопствената позиција, да тргне најпрво од потребите на другиот. Она што и недостига генерално на македонската економија е препознавање на човечкиот ресурс како клучен и незаменлив што не е случај со развие-
работна сила располага моментално текстилната индустрија? Состојбите на терен велат дека носечкиот кадар, кој е стручен и со одговорен пристап кон работата, е на возраст од 50-55 г. – погубно! (постарите се со опадната физичка кондиција, а младите се се поретки и од времен карактер поради неатрактивноста на текстилниот сектор, па работодавачите имаат проблем со чести пријави/одјави и планирање на работниот процес).
ните земји. Да, илјада денари плус на платата на работникот значат многу, но само доколку не го загрозуваат на друг начин. Вистината е дека работникот заслужува многу повеќе од минимална плата!Фокусот на сите чинители треба да биде токму на работникот, бидејќи тој е индикатор за состојбите на сите останатите. Д-р Христина Серафимовска Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ OK Штип
Реалност е дека ниту минималнат плата, ниту принципот „дајте друго дете“, ниту укинување на платената пауза нема да ги реши проблемите иницирани од недостиг на адекватен пристап. Наместо импровизација и инстант решенија, потребна е длабока анализа и реформирање на целокупниот процес по пат на интегриран пристап
4
Две години потоа: Детска градинка, вода за Балканска, нов пат и мост на Брегалница, осветлен влезот во градот... ОТЧЕТ
{tipski Glas, Dekemvri, 2019 br. 96
Отчет за сработеното градоначалникот Бочварски даде пред преполнетата сала на ОМЦ „Киро Глигоров“. Тој говореше за започнатите и реализирани инвестиции, за орд сум и задоволен што мо- за работата на актуелната власт во оние кои се во тек како и за остварувањата кои се во идеја. На отчежам да констатирам дека во изминатите две години. тот присуствуваа и Оливер Спасовизминативе две години во кои
Отчет на градоначалникот Благој Бочварски за двегодишното работење. Градоначалникот уште еднаш потврди дека браната на Отиња ќе се гради...
Г
ја имам честа и одговорноста да бидам градоначалник на Општина Штип, нашиот град и нашата општина остваруваат напредок и успеси коишто одамна сите ние ги заслужуваме. Во минатото, Штип талкаше дезоирентирано и бесцелно, со безидејно водство и стагнација на многу полиња. Но, во изминативе две години покажавме дека со вредна работа, настојчивост и упорност му го даваме на Штип местото кое го заслужува: вистински универзитетски, економски, културен, здравствен, спортски центар кој на сиот регион му го покажува патот кон европски вредности и европско секојдневие, рече градоначалникот Благој Бочварски во својот јавен отчет
БАРАЊА На половина пат сме од мандатот кој ни го дадоа граѓаните на нашиот Штип и општината. Денес само можеме да констатираме дека сме реализирале многу од она кое со нашата предизборна програма им го ветивме на штипјани. Тоа беше можно бидејќи граѓаните, нивните барања и потреби ни беа и сеуште ни се во центарот на вниманието, порача Бочварски.
Бочварски рече дека кога оваа власт дошла и ја превзела одговорноста за Штип, тој лично како градоначалник наследил општина со бројни проблеми. Сепак тоа нив не ги поколебало и обесхрабрило, туку им било мотив повеќе уште првиот месец да се фатат за работа и да почнат да ги решаваат проблемите.
ски, министер во МВР, Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ и Горан Милевски, министер за локална самоуправа. -На половина пат сме од мандатот кој ни го дадоа граѓаните на нашиот Штип и општината. Денес само можеме да констатираме дека сме реализирале многу од она кое со нашата предизборна про-
{tipski Glas, Dekemvri, 2019 br. 96
грама им го ветивме на штипјани. Тоа беше можно бидејќи граѓаните, нивните барања и потреби ни беа и сеуште ни се во центарот на вниманието, порача Бочварски. Споед првиот граѓанин на Штип од најсуштинските проекти како најголема штипска потреба се издвојуваат неколку работи. -Штип имаше огромна потреба од изградба на нова детска градинка. Нашите истражувања ни покажаа дека над 200 млади брачни парови бараат квалитетно сместување и целодневна грижа за нивните деца додека тие се на работа. Ние ги слушнавме нивните барања и потреби и храбро тргнавме во реализација на изградба на нова детска градинка во населбата „Сењак“ со капацитет од 200 дечиња. Нова градинка градиме по период од 35 години, нејзината изградба е при крај, а со овој потфат Штип целосно го решава сместувачкиот проблем со деца, нагласи Бочварски. Градоначалникот информира дека градинката чинела еден милион евра. Новиот мост на реката Брегалница, кој решава голем проблем од сферата на сообраќајот, е во завршна фаза. Бочварски информира дека со неговото поставување и изградбата на новиот пат кој покрај фабриката за чевли Баргала излегува кај кружниот тек, ќе се растовари сообраќајот од повеќе населби
ОТЧЕТ
та Железничка, рече градоначалникот. Во овие две години реконструирани се и изградени над 50 улици во должина од 16 километри, а исто така изградени се 11.000 метри квадратни пешачки површини, а обезбедивме и квалитетно улично осветлување на влезот во градот, изградивме нов тротоар до Кампус 4 со што ги обезбедивме студентите и другите пешаци, а на жителите од Железничка им е обезбедена нова пешачка содржина. Она кое Бочварски го смета за успех е и фактот дека, Општина Штип денес е една од најтранспарентните Општини во државава. Тоа значи дека граѓаните знаат каде
ЦЕЛ Наша основна цел во секојдневното работење е да понудиме доследна и темелна изработка на сите активности и потфати кои ги преземаме. Најголемо внимание посветуваме на тоа да добиеме квалитетна и трајно добра изработка на секое поле
лево од реката Брегалница кои патот и мостот ќе ги спојат со индустриската зона и излезот на Штип кон другите делови на државата. -Водата за пиење во овој век е приоритетната придобивка за сите. Пристап до квалитетна вода за сите жители на Штип и селата – тоа е едно од нашите предизборни ветувања. Населбата Балканска со години немаше чиста и здрава вода за пиење, ние Балканска ја поврзавме на градскиот водовод, а во иднина продолжуваме кон населба-
и за која намена се троши и последниот денар од општинскиот буџет. -Во овој двегодишен период изградивме нова платформа за паркинг во централното градско подрачје, со што обезбедивме комплетно нови паркинг места во срцето на градот. И покрај убедувањата од опонентите дека цената на водата за пиење мора да се покачи, ние постапивме спротивно и ја намаливме за десет проценти со што целосно го исполнивме ова наше ветување. Покрај тоа што ја намаливме цената
5
на водата за пиење, ЈП „Исар“ исто така почна да работи домаќински и одговорно, заради што успеваме не само да ги реализираме секојдневните активности, туку исто така и набавивме две нови машини за ЈП „Исар“. Енергетски оспособивме три објекти во Општината со зелени извори на енергија, односно фотоволтаици. Бочварски како посебно важни проекти зад кои, како што напомна, стои актуелната но и централна локална власт, освен изградбата на брана на Отиња ја спомна и гасификацијата на градот. Тој тоа го оцени како особено значајно постигнување за нашиот град. -Наша основна цел во секојдневното работење е да понудиме доследна и темелна изработка на сите активности и потфати кои ги преземаме. Најголемо внимание посветуваме на тоа да добиеме квалитетна и трајно добра изработка на секое поле. За нас останува приоритет темелниот пристап кон решавањето на проблемите, како и обезбедувањето квалитетна и долготрајна инфраструктура за сите граѓани. Градиме општина која е полна со креативност и можности за сите, општина во која различностите обединуваат. На половина од мандатот со задоволство констатирам дека реализиравме многу од ветеното. За нас, важни се сите граѓани и сите нивни потреби. Работиме во интерес на граѓаните, рече во својот јавен отчет градоначалникот Благој Бочварски.
Драган Данев ќе раководи со Полициската станица Штип Д БЕЗБЕДНОСТ
6
раган Данев е старо/новиот командир на Полициската станица од општа надлежност Штип. Данев има 42 години, роден е во Штип, а има 17 години работен стаж во полицијата. Да раководи со полицијата во општината Данев доби доверба од Советот на општина Штип на последната седница. Инаку Данев пред 23 месеци беше назначен на оваа позиција со решение на Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. -Благодарам на големата доверба која ми ја укажаа советниците. Она кое од ова место можам да го кажам е фактот дека сите ние во Полициската станица Штип преку зголемен интензитет во работата и со ставање во функција на сите наши ресурси и способности ќе придонесеме за уште подобри реузултати во работата за побезбеден Штип и општината во целина, рече Данев. Тој по изборот даде извештај за безбедносната состојба вo oпштината оценувајќи го овој временски период како стабилен, со мал пораст на криминалот во зголемената кражба на електрична енер-
{tipski Glas, Dekemvri, 2019 br. 96
гија.
Опозициските советници пред гласањето за избор на командир на ПС Штип ја напуштија седницата обвинувајќи го советничкото мнозинство дека им го ускратило правото на демократска расправа во однос на изборот на првиот штипски полицаец. Претходно, од опозицијата обвинија
Опозициските советници тврдеа дека Штип бил небезбеден град, дека имало 20 опожарени возила, Данев одговори дека градот е безбеден и дека годинава се опожарени шест, а не дваесет возила и се што ќе се каже додека истрагата не си ја заврши работата ќе се третира само како шпекулација...
дека Штип станал небезбеден град тврдејќи дека во текот на оваа година во градот имало опожарено дваесет возила. -Не се дваесет, имаме шест опожарени возила, за едно од нив е откриен сторителот, за другите се води истрага од што биле опожарени, целиот случај е препуштен на надлежните органи, а се што ќе се каже надвор од тоа може да се третира само како шпекулација која не се потпира на никакви аргументи“, појасни Данев.
Клиничката болница во нова опрема инвестираше 350.000 евра
Н
ова опрема за подобро здравје на пациентите во вредност од 350.000 евра е инвестирана во Кличинката болница во градот која е од регионален карактер.Ова беше речено при посетата на градоначалникот Благој Бочварски заедно со директорот д-р Ален Георгијев на одделението за кардиологија во рамките на болницата. -Откако д-р Ален Георгијев е назначен за директор на Клиничката болница во нова опрема се инвестирани 350.000 евра. Она кое посебно сакам да го потенцирам е фактот дека Владата покажува голема грижа за медицинскиот кадар својата иднина да ја креира во својата држава. За тоа говори фактот дека до февруари 2020 година платите на специјалистите ќе имаат зголемување од 40 проценти, а на медицин-
ските сестри од 20 проценти, рече Бочварски. Бочварски и Ѓеоргијев го посетија одделението за Кардиологија во кое се извршуваат значајни инвестици со цел да се создадат подобри услови за персоналот и да има задоволни пациенти. Градоначалникот Бочварски заедно со директорот Георгијев разговараа со дел од младиот персонал во болницата за нивните потреби и за одразот на новите инвестиции во болницата но и во човечкиот капитал.
Само 2,5 години беа потребни оваа власт да покаже како се работи во интерес на народот
{tipski Glas, Dekemvri, 2019 br. 96
О
пштинската организација на Партијата на пензионери одржа годишно собрание во чија работа учествуваше и Илија Николовски, претседател на оваа партија и пратеник во Парламентот од третата изборна единица во која е и Штип. Николовски рече дека на актулената власст предводена од Зоран Заев и требале само 2,5 години за да покаже и докаже како се работи во интерес на народот. Тој ја искажа гордоста што пензионерската партија направил одличен избор при одлуката да коалицира со СДСМ.
-Партијата на пензионери ја формиравме во 2014 година, во време на најголемиот подем на груевизмот. Одлучивме да се бориме против тоа зло, се приклучивме кон СДСМ и коалицијата во борбата против груевизмот, бевме активни во Шарената револуција, и за да ја нормализираме државата влеговме во коалицијата. Резултатите кои оваа Влада ги оствари во изминатите 2,5 години се импозантни, тоа може да се аргументира од секаков аспект“, рече Николовски. Николовски потенцира дека основната цел на Партијата е да работи на подобрување на правниот и социјален статус на пензионерите, на ранливите категории како бранителите, инвалидите...
ПОЛИТИКА
-Деновиве имавме прилично тешка седница на Парламентот за покачување на минималната плата. Успеавме во тоа па сега наместо 12.500 имаме минимална плата од 14.500 денари. Тоа говори дека за само 2,5 години оваа Влада успеа во она кое за нашите преетходници беше невозможна мисија – да ја зголеми минималната плата од 9.000 на 14.500 денари. Се зголемија платите во образованието, здравството, културата, војската полицијата. Тоа е вистинска грижа за народот која оваа власт ја има“, рече Николовски. Претседателот на партијата на пензионери посебно се осврна за пензиите вчера, денес и во иднина. -Како што погре реков се покаќија палтите во многу сектори во државата, а се покачи и минималната плата во државата. Сега не ред дојдоа пензионерите и нивните пензии. Од први јануари 2020 година пензиите се зголемуваат за 700-750 денари. Оваа власт ја презеде одговорноста за државата на 1 јуни 2017 година, и за 2,5 години ги зголеми пензиите за 1.600 денари. Постојат реални претпоставки дека БДП ќе биде над три проценти,што отвора можност за ново зголемување на пезниите за плус 180 денари, или се заедно зголемувањето може да изнесува 930 денари, а можеби и нешто над тоа. Ќе се усогласуваат и пензиите на вработените во полицијата кои во пензија заминале пред 2010 година. Единственото од што се плашам е пратениците од ВМРО ДПМНЕ да не го опструираат и Законот за пензиите, кога него ќе го носиме во собранискиот дом“, информира Николовски.
7
Тој рече дека социјална државна пензија ќе имаат над 4.000 граѓани, дека со активна работа на Партијата на пензионери е укината квотата за лекови, воведена е патронажна служба, се менува начинот на менаџирање на домовите за стари лица... -Сакам одтука, од Штип, да најавам дека наскоро ќе почне изградбата на голем Дом за стари лица во Кочани чиј сместувачки капацитет ќе биде над 200 лица и ќе биде од регионален карактер, а Владата прави напори да се продолжи и со изградбата на Домот за стари лица во Штип. Нашата држава наскоро станува 30 членка на НАТО, а тоа не е само безбедносно прашање, тоа е и прашање на нашиот економски развој, тоа е еден од условите за подобра иднина за сите нас“, посочи првиот човек на Партијата на пензионери и пратеник Илија Николовски. Во Штип Николовски беше гостин и во дневникот на ТВ Ирис каде на прашањата на новинарката Јуле Малинова даваше одговори на сите релевантни прашања од политички, економски и социјален карактер.
8
С
75 години слободен Штип, Осмоноемвриските признанија во рацете на петмина добитници ЈУБИЛЕИ
о промоција на седуммина нови доктори на науки и со свечена седница на Советот на Општина Штип во Мултикултурниот центар „Киро Глигоров“ градот го одбележа драгоцениот јубилеј – 75 години од ослободувањето. Свечената седница ја водеше Јане Миланов, претседател на Советот на општината. Миланов, во името на штипјани им се заблагодари на борците за слобода за тоа што не ги жалеле своите животи за ние денес да живееме во слободна држава.
{tipski Glas, Dekmvri, 2019 br. 96
пиење, изграден е кружен тек на влезот од градот, нова паркинг платформа за 40 возила... -На 8 Ноември 1944 година започнува новата историја на Штип која, низ овие 75 години, донесе слобода но и многу промени. Таа борба постои и во новото време и низ разни варијации. Тие промени низ кои минувал и минува нашиот град низ годините, а и денес е во тесна врска со борбата за нови проекти, борба за создавање на квалитетни услови за сите наши сограѓани, борба за поубав и уште посовремен Штип. Низ
Добитници на наградата од лево кон десно: Горан Кавраков, директор на ДМУЦ „Серѓеј Михајлов“, Викторија Јованова, градоначалникот Бочварски, Марија Максимова, Ристе Љуботенски, Раде Ивановски и Јане Миланов, претседател на Советот на Општина Штип.
На свеченоста говореше и градоначалникот Благој Бочварски.Тој потенцира дека Штип со право се титулира како универзитетски, економски, административен, културен и спортски центар. -Денес ја чествуваме и величиме храброста на нашите сограѓани, прославуваме 75 години во кои Штип и штипјани живеат, опстојуваат и творат слбодно, надградувајќи се со прифаќањето на предизвиците кои ги носи ново време, рече Бочварски, Градоначалникот потсети дека од овој ден тој и новата локална власт ја започнуваат третата година од мандатот и дека во претходните две години Штип добил неколку значајни капитални објекти од значење за заедницата. Посебно ги посочи новата детска градинка која ќе прими 200 деца кон крајот на годинава, рече дека во финална фаза е поставувањето на нов мост на Брегалница, населбата Балканска за првпат во својата историја на постоење добила чиста вода за
сите овие години градот се разви во клучен центар на текстилната, чевларската, кожарската, прехранбената индустрија, на производството на вино, но градот стана и важен универзитетски центар со силен економски раст. Како таков Штип денес е посакувано место за живеење, убава и перспективна локација и тло за лични и општествени перспективи, рече Бочварски. Потоа градоначалникот им го врачи признанието „8 Ноември“ на четворица штипјани и на една институција. Добитници се: Викторија Јованова, новинар на МИА, м-р Марија Максимова, професор по пијано во државниот музички училишен центар „Сергеј Михајлов“, д-р Ристе Љуботенски, стопанственик, сопственик на Имако вино, Раде Ивановски, професионален пилот, страствен ракетен моделар и Државниот музички училишен центар „Серѓеј Михајлов“. Сите тие признанијата го добија за посебни и значајни оствараувања од значење за угледот на Штип.
Тромбоза и како да се справиме со неа
{tipski Glas, Dekemvri, 2019 br. 96
ЗДРАВЈЕ
Д
Разговор со д-р Мери Шорова, специјалист по трансфузиона медицина
еновиве д-р Мери Шорово, специјалист по трансфузиона медицина при Институтот за трансфузиона медицина Скопје, регионален центар Штип одржа импресивна работилница со лица над педесетгодишно доба на која докторката им даде добри совети на присутните во однос на тромбозата.Тоа беше и повод за разговор со д-р Шорова на тема тромбоза, како да се препознае и што треба да се направи за човек да се справи со неа. Докторке, за почеток што е тромбозата? -Венскиот тромбоемболизам (ВТЕ) е потенцијално фатално заболување кое претставува голем здравствен проблем и е една од најчестите причини за смрт во болниците.Годишно од оваа болест заболуваат едно до три на илјада лица, тоа е така и во нашата држава. Реалната инциденца (број нан новозаболени лица) на венска тромбемболија во општата популација не е позната би-
дејќи поголемиот дел од пациентите, веројатно повеќе од педесет проценти имаат клинички тивка болест, вели д-р Шорова. Но, како се добива тромбоза? -При повреда нормално е да дојде до згрутчување на крв затоа што на тој начин се спречува губење на крв и потикнува зарастување на раната.Кога зборуваме за венски тромбоемболизам мислиме на формирање на тромб (згрутчување на крвта) во венската циркулација. Создадениот тромб, преку циркулацијата може да дојде до различни делови на телото и да доведе до запушување на крвните садови, а со тоа и до инфаркт, мозочен удар или белодробна емболија. Бројни фактори го зголемуваат ризикот од развој на ВТЕ а тие лесно може да се идентификуваат во клиничката пракса.а) траума или хируршка ортопедска интервенција на долните екстремитети б) кај пациенти со инфаркт на миокард, мозочен удар; в) претходна длабока венска тромбоза (веројатно и најголем ризик фактор за повторен ВТЕ поради уништување на венските залистоци) г) прекумерна тежина д)генетска предиспозиција; ѓ) малигни заболувања; е) лица кои подолго време поминуваат во кревет и лица кои патуваат на подолги дистанци. Ја прашуваме докторката кои се симптомите и како да знаеме да ги препознаеме?
9
-Околу половина од луѓето со длабока венска тромбоза воопшто немаат никакви симптоми. Длабока венска тромбоза може да се случи одеднаш, со мало предупредување или пак да се развие постепено. Тоа е сериозна состојба која може да премине во итен случај. Поради тоа, треба да се третира брзо и соодветно. Најчести симптоми се болка или чувствителност на едната или двете нозе (ретко), што може да се јави при стоење или одење, црвенило и оток на екстремитетот, видливи површински вени.Ако имате некој од овие симптоми, треба да го посетите вашиот лекар што е можно поскоро. Знаци и симптоми на белодробна емболија која е најтешка компликација на длабоката венска тромбоза може да вклучуваат:тешкотии при дишењето,кое е побрзо од нормалното, болка во градите или непријатност,која обично се влошува со длабок здив и кашлање со исплукување на крв, низок крвен притисок, слабост. Ако имате некој од овие симптоми, веднаш треба да побарате лекарска помош. Во однос на тоа како тромбозата се лекува д-р Шорова вели: -Во зависност од клиничката слика на длабоката венска тромбоза, лекувањето може да биде во болница или во домашни услови.Само во првите неколку дена неопходно е строго мирување,потоа се препорачува умерено движење. Ногата се поставува во подигната коса положба.На болната нога се ставаат облози од acidi borici, се прави блага масажа по должината на вената одоздола нагоре. Кои се советите на д-р Шорова? Практични чекори за да се задржи ризикот од ВТЕ на ниско ниво. Прашајте го вашиот лекар за потреба од компресивни чорапи доколку имате проширени вени.Регулирајте ја вашата телесната тежина,вежбајте редовно, избегнувајте долги периоди на седење и стоење, застанете барем на секои два часа кога возите. Ако пушите, откажете се. Во исхраната да се користи што повеќе мрсна риба, куркума, кромид, лук, црно вино, ѓумбир, зеленчук и овошје богато со витамин Ц и пектини (јаболко и грејпфрут). Одржавте една навистина импресивна интерактивна работилница, која беше нејзината цел? Тргнувајќи од фактот дека првата помош е витална,иницијална интервенција која помага за намалување на сериозни повреди и ги зголемува шансите за преживување, Црвениот крст на општина Штип настојува првата помош да биде достапна за секого и да барем едно лице во секое семејство има можност да научи да укажува прва помош. Многу често луѓето не се свесни за вистинската вредност на првата помош и за жал треба сеуште да се работи на подигање на јавната свест за значењето и потребата од основни познавања за укажување на прва помош, за кое во еден дел на работилницата говоревме и имавме практични вежби.
И Карбинци ќе пие вода од „Злетовица“
10
ДОНАЦИЈА
{tipski Glas, Dekemvri, 2019 br. 96
К
арбинци ќе пие вода од рефгионалнот хидросистем „Зларовица“. Таа ќе биде трета општина која ќе виде голема корист од овој систем вреден околу 100 милиони долари. Ова беше соопштено при посетата на Трајан Димковски, министер за земјоделие, шумарство и водостопанство на оваа општина. За оваа намена ќе се гради филтер станица со капацитет до 40 литри во секунда, а ќе се гради и водоводна мрежа. Инвестицијата е во вредност од 2,7 милиони евра. Парите се од државниот буџет, а Карбинци е првата општина која ќе ги користи средстватa од Владата наменети за целосно ставање во функција на регионалниот хидросистем.Со вода ќе се обезбедат 3.200 жители на малата потплачковичка општина. -Ова е голем ден за нашата општина, конечно ќе решиме едно темелно прашање за животот на населението во овој крај, рече Јордан Насев, градоначалник. ХС „Злетовица“беше пуштена во употреба пред девет години (2010) а досега нејзините води ги кори-
стат само општините Свети Николе и Пробиштип иако системот е граден за потебите на водоснабдување на шест општини. Покрај Свети Николе, Пробиштип и Карбинци тоа се уште Штип и Лозово додека шестата општина Кратово вода зема од реката Злетовица над браната Кнежево. На овие општини на располагање им се вкупно 900 литри вода во секунда, од кои 500 литри се наменети за Општина Штип како најголема во ова друштво на општини засегнати со ХС „Злетовица“. Браната „Кнежево“ која е во состав на овој систем е со акумулативна моќ од 22,5 милиони кубни метри вода и во моментов е полна до врв.
Парите од Солвеј ќе ги греат дечињата во „Пчелка“
К
лонот „Пчелка“ во состав на детската градинка „Вера Циривири Трена“ од идното зимо ќе се грее на пелети наместо со печки на дрва. Се решава едно важно прашање за квалитетот на градинката во која секојдневно борават по околу 80 деца. Овој потфат се прави со доминантни пари од компанијата Солвеј со седиште во Швајцарија, која во нашата држава го има единствениот рудник за бакар Бучим кај Радовиш. Оваа компанија, на 28 август оваа година -Денот на македонските рудари, на општина Штип и подари ваучер во износ од 6.000 евра. -Не се ова некои големи пари но наша намера е да покажеме дека ја почитуваме општината Штип и сакаме таа ваучерот да го искористи за некој зафат за кој саматра општина ќе процени дека е и е потребен. Ова го рече Ден Бронштајн, Дан Бронштајн, претседател на Одборот на директори на Солвеј. Ваучерот го прими градоначал-
ниот Благој Бочварски кој со бирани зборови се заблагодари за подарокот. Општината одлучи овие 6.000 евра да бидат искористени за инсталирање на нов систем за греење на пелети во клонот „Пчелка“. -Од самото отварање, па до ден денесе оваа градинка се загрева со печки на дрва, а со оваа помош од Солвеј поминуваме на пелети. Целата инвестиција чини 529.000 денари, а за заокружување на инвестицијата ние додадеме дополнителни 160.000 денари, рече
Софка Атанасова,директор на оваа градинка. Таа упати благодарност до Солвеј и до градоначалникот на Штип што одлучил оваа донација да се искористи за една клучна потреба на нивната градинка. Комплетната реконструкција на овој клон ќе се изврши идната година за кога Министерството за труд и социјална политика истиот го има ставено во својата програма. Клонот „Пчеллка“ е во самиот центар на градот,.веднаш зад гимназијата „Славчо Стојменски“.
ТВ Ирис се ребрендира, кадровски и технички се екипира {tipski Glas, Dekemvri, 2019 br. 96
МЕДИУМИ
Р
егионалната телевизија Ирис после мал застој во емитувањето на програмата се ребрендира и пак се појави во етерот. На чело на медиумската куќа е нов директор кој вложува многу енергија за телевизијата да стане регионалне медиумски бренд број еден. -На директорската позиција сум назначен од првиот октомвриски ден и во овој кус временси период, заедно со луѓе од куќата кои се посветени на идејата телевизијата да успее, ги согледавме сите недостатоци, потреби и неопходности и напорно работиме на тоа ТВ Ирис одново да стане угледен и посакуван медиум во регионот, вели директорот Благој Серсемов кој е доктор по економски науки. Нашиот соговорник вели дека никогаш не размислувал за тоа дека еден ден ќе добие понуда да застане на чело на медиум како што е телвизијата. Но понудата од сопствениците ја прифатил како нешто што тој го нарекува „специјален предизвик“.
11
регион. Ќе имаме и емисии од научен и забавен карактер, патеписи, репортажи, документарни и спортски емисии. Апсолутно е јасно дека за да се реализира таква програма потребен е кадар, а јас сега силно сум посветен на решавање на тоа прашање. Имаме солиден новинарски кадар но потребно ни беше и освежување па покрај веќе познатите новинарски ликови како Јуле Малинова, Зоран Зарински, Трајан-Тоте Ристовски, Војо Маневски и Драги Герасимов-Пушката, на работа во телевизијата веќе се и Славица Величковска и Надица Стојчев од поранешната К+ телевизија, а големо освежување во вестите е и појавата на м-р Игор Стојанов како водител. Стојанов заедно со Марија Салтирова и Јуле Малинова по два дена во неделата
СЕРСЕМОВ: Никогаш не сум размислувал за тоа дека еден ден ќе добијам понуда да застанам на чело на медиум како што е телвизијата. Но понудата од сопствениците ја прифатив како нешто посебно, како еден вид „специјален предизвик“.
-Моја идеја е од ТВ Ирис да направиме телевизиски медиум по европски терк. Некој можеби ќе си помисли дека тоа невозможна мисија, но јас тврдам дека кога човек нешто силно ќе посака тоа може и да го оствари. До тоа ниво ќе дојдеме постепено со секојдневна посветена работа на сите кои се во телевизијата. Знам дека за добар ТВ медиум се неопходни три нешта – финансии, кадар и техника – но го знам и тоа дека оваа тријада може да се оствари, појаснува Серсемов. Концептот на телевизијата ќе биде многу поразличен од досегашниот. А тоа, според виденото на програмата во првите два месеци, е веќе видливо. -На програмата покрај вестите ќе имаме и дебатни емисии, нешто што многу недостига во нашиот
ги водат вестите. Тука е и Ненад Јованов, млад оперски пејач кој има емсија од областа на музиката. На програмата на телевизијата ќе оди и популарната емисија на народна музика „Вековни ноти“ чиј комплетен автор и водител е музикологот, проф.Димитар Митевски како и емисијата „Штипски соколи“ во авторство на Драги Герасимов-Пушката, вели директорот Серсемов. Во однос на техничкиот кадар телевизијата е сосема коректно екипирана .Тука со години се Горан Христовски-Кичо, Трајче Малинов-Чордаш, Трајче Андонов и Петар Черкезов и Дарко Донев. Посебен акцент ТВ Ирис става на регионалниот аспект. Серсемов укажува дека секое место во Источниот плански регион за кој телевизијата има фреквенција, ќе биде покриено со добра слика и од сите нив на телевизијата ќе има соодветни иформации. Ќе бидат покриени општините Берово, Пехчево, Делчево, Македонска Каменица, Виница, Кочани, Зрновци, Чешиново -Облешево, Пробиштип и секако Штип кој е град-центар на регионот и во кој се сместени сите институции од регионален карактер. -Имаме големи планови зашто ТВ Ирис некогаш беше бренд меѓу локалните електронски медими, наша обврска е да го вратиме угледот кој нашата телевизија го уживаше во регионот и оваа екипа тоа и ќе го направи, коментира директорот Благој Серсемов.
12
М-р Марија Максимова со признанието „Најдобар наставник во екс Југославија“ ОБРАЗОВАНИЕ
{tipski Glas, Dekemvri, 2019 br. 96
Покрај ова признание Максимова годинава понесе и две други, големи признанија за својата работа: наградата „Најдоброто во образованието во регионот која ја доделува Регионалниот центар на новинари „Исток“ и Осмоноемвриското признание на градот.
М
-р Марија Максимова, професор по пијано во Државното средно музичко училиште „Сергеј Михајлов“ во Штип годинава го доби признанието „Најдобар наставник во поранешна Југославија“ која втора година по ред го доделува истоимената асоцијација, а чиј амбасадор е и проф.д-р Кирил Барбареев од Универзитетот „Гоце Делчев“. Се работи за асоцијација која нема свое место на седиште и делува од разни градови од државите кои беа во состав на екс Југославија. Таа има за цел да ги обедини наставниците – ентузијасти, кои се спремни да вложат заеднички напори да се подобри образовниот процес. Во неа се вклучени наставници од сите профили, од сите полиња, почнувајќи од наставници од претшколска возраст до универзитетски професори. За да се стане член, а потоа да се освои наградата не е воопшто едноставно, треба да се исполнат многу критериуми. -Наставникот мора да има реализирано стручен труд, иновации во наставата, научен труд, истра-
жувања во областа на педагогијата, да биде организатор на проекти, предавач на јавни собири од струката, да има награди на државно и интернационално ниво, да се има свој блог на кој ќе ги промовираат своите ученици, креативност во наставата, вели Максимова. Годинашнава манифестација се одржа во Белград. -Од настанот се враќам со неповторливи импресии, таму разменивме драгоцени искуства и се до-
говоривме за нови средби, конференции, размена на идеи и слично, појаснува Максимова. Максимова годинава се закити и со две други високи признанија за работата во областа на образованието. Новинарите од регионот токму нејзе и го доделија „Најдоброто од истокот во образованието“ за 2018 година, а Максимова годинава стана добитничка и на наградата „8 Ноември“ која градот Штип ја доделува по повод Денот на ослободувањето. Се работи за асоцијација која нема свое место на седиште и делува од разни градови од државите кои беа во состав на екс Југославија. Таа има за цел да ги обедини наставниците – ентузијасти, кои се спремни да вложат заеднички напори да се подобри образовниот процес. Нејзин амбасадор е и проф.д-р Кирил Барбареев од универзитетот „Гоце Делчев“.
Најдобарата наставничка може да се види како на социјалните мрежи ги споделува сите успеси на нејзините ученици на домашни и светски натпревари, а тие не се мали. Агилна е во организацијата на сите настани кои ги прави најзиното училиште на кое го поклонува големиот дел од слободното време. Таа живее со и за доброто образование на младите кои решиле класичната музика да им биде животна професија.
{tipski Glas, Dekemvri, 2019 br. 96
РЕКЛАМА
13
Во слава на Хлестаков КОЛУМНА
14
Пишува:
М-р Трајче КАЦАРОВ, писател
(Неколку нешта поради кои не можам да ја премолчам претставата „Ревизор“ на дипломираните студенти на ФДУ во класата на Мими Таневска Србиновска) „Не е можно да се ослободиме од впечатокот дека луѓето најчесто мерат со лажливи мерки“ Сигмунд Фројд
„Имаме толку многу споменици и немаме место за уште еден“, реплика на еден од оние кои треперат од ревизорот, односно од оценката за нивната служба во институциите на системот. И навистина ако го погледнеме светот во целост ќе забележиме дека има многу споменици поради што нема повеќе место-простор за уште еден. А тој еден е Хлестаков. Но, не е еден, историјата, магистарот на животот, не учи дека Хлестаков е сите други пред него. Така што не е нужно да има уште еден. 1 Еве како тоа го објаснуваме: Германскиот писател Ернст Јирген вели дека времето не може да се врати назад, ама може да се повтори. Токму ваквото сознание можеме да го употребиме како доказ дека времето на Хлестаков се повторува. Па, без задршка, можеме да заклучиме дека Гогољ не го измислил Хлестаков, туку само го препишал од повтореното време.Хлестаков е симбол за вечниот живот на земјата. Во пишаната литература уште од Гилгамеш човекот е во потрага по вистината и секогаш останува верник, поклоник на лагата. Хлестаков не лаже тој само ја потикнува лагата во секој од нас. Тој е подржувач на гласот кој не учи дека нај-
важно во животот е да сакаш, а не да можеш. Многу сакаат, малку можат. Хлестаков е вербата дека секој може. Ако можете да бидете во друштво со човекот кој е на ти со Пушкин, или со човекот кој секоја недела прави журка на која се поканети сите министри од владата, тогаш многу е лесно и ти да станеш пријател со Пушкин и со министрите од владата. Хлестаков дебело наплатува од измамените воедно уверувајќи ги дека не е поткуплив. Тој им го руши интимниот живот, им го обљубува жените на оние кои бараат преку него да ги реализираат своите детски соништа при тоа убедувајќи ги дека немаат рогови на главата, односно дека нивниот успех во животот е поради тоа што имаат верни жени. Тој е погубувач на здравото општество, на вистинскиот живот продавајќи рецепти за победа на стравот, односно за конфорен живот и конформистичко однесување. 2 Шшшшшшшшшшш! Испртија порака актерите од сцената. Како да сакаа да кажат: Шшшшшшшшш, молчето никому не кажувајте за она што го гледате и слушате, зашшто можеме да ја налутиме лагата. Да ја налутиме таа што е посилна и поинтересна од вистината. Зошто да и се поклонуваме на лагата? Зашто подобро е секој жив да знае дека е вистина, а не лага постоењето на господ и задгробниот живот. Подобро е секој жив да знае дека за остапувањето од десетте божји заповеди, односно поради тоа што ќе украде, што не ќе ги почитува блиските, што ќе лаже, што ќе убива, нема да биде казнет, туку ќе добие мандат за водач на народот, односно неговите дела ќе бидат пример за успех во животот. 3 Шшшшшшшш! Испратија порака актерите од сцената како да сакаа да кажат: Никому не кажуваје за оваа претстава зашто успехот нејзин може да им ги потопи бродовите на многу актери во националните театри (ги има булук). На
{tipski Glas, Dekemvri, 2019 br. 96
актерите кои длабоко се поклонуваат пред Хлестаков во себе. Пред десетица години Љубиша Георгиевски во еден разговор за тоа како треба да се оценува претставата ми рече: „На работно светло. Добра претства се гледа на работно светло.“ И во право е професорот зашто на добро обмислениот конфликт не му требаат ниту зурли, ниту тапани, ништо повеќе од две столици па дури и на светлост од моб. телефони (пример за тоа е прикажувањето на претставата во Дом на културата „Ацо Шопов“ во Штип. Откако на сцената се изгасија рефлекторите поради дефект во електричната мрежа претставата продолжи под светлаоста на мобилните телефони). Во претставата „Ревизор“ станавме сведоци на актерски реалитет свесен дека за нечие задоволство треба да проектира препознатлива присутност на сцената . „Претставите се гледаат од 14. ред во партерот. Ако оттаму можеш да слушнеш и видиш претставата е погодена“.- му рекол Илија Џуалековски на Љубиша Георфгиевски. Сметаме дека констатацијата е точно зашто нема фигурално предметната композиција ако истата не е во согласност сценската геометрија и актерската вештина во изразот. Еластичноста на телата, точно одредените движења, јасно и гласно изговорените говорни партитури, ја прават сценската изјава податлива за коалициона врска со публиката. Дипломираните актери во класата на Мими Таневска Србиновска во претставата „Ревизор“ покажаа дека се подготвени да ги совладаат сите сценски препреки што ќе ги одвои од умешно осмислената и прецизно изведената сценска игра . Штета што ФДУ нема театарска сцена со постојан репретоар. Претставта „Ревизор“ ќе ги обори сите рекорди на гледаност
Пишува:
М-р Игор
Р
Дали хистеријата околу лажните вести може да биде опасна? КОЛУМНА
{tipski Glas, Dekemvri, 2019 br. 96
Стојанов, новинар
ечиси во се што веруваме, се што знаеме, се што имаме во нашите глави доаѓа од друга личност. Независно дали станува збор за точна или неточна информација таа е резултат на информации и знаење од други луѓе во текот на нашиот живот. Ние сме социјални „животни“ и сме исклучително зависни од мислењето и информациите на другите. Единствен начин да се информираме е од други луѓе. Така се формирал човековиот мозок, благодарение на тоа што учиме од другите така се развиваме. Затоа вие не треба одново и одново да учите за нештата, затоа што некој пред вас го искусил и ви го кажал. Замислете го влезот на информации како еден канал, како една врата во нашиот мозок. Кога таа „врата“ за информации е отворена за развој на човекот, за добри и корисни информации, таа „врата“ е отворена и за лошите вести и за неточните информации. Ако ја затворите оваа врата ја затворате за двете работи, ако ја отворите ја отворате за двете. Земете го нај основниот факт што го имате во вашата глава. Да речеме дека земјата е тркалезна. Како прво, сигурно дека вие тој факт го имате слушнато од други луѓе, и како второ не можете да го проверите или барем најголем дел од нас не го проверуваат. Мозокот функционира на начин што дозволил да веруваме на одредени факти без да ги провериме, со цел да не губиме премногу време. Значи, ние сепак веруваме на други луѓе без можност да провериме. Од нај основните до нај сложените факти. Така функционира биологијата на нашиот мозок. Ако вие пробате да ја затворите таа „врата“ со цел да не влезат неточни информации или лажни вести, ќе ја затворите и за информациите кои се точни. Затоа тврдам дека хистеријата за лажни вести може да предизвика премногу скептични граѓани кои нема да веруваат во ништо, но и нема да го реши проблемот што го имаме сега. Земете пример човек што моментално верува во теории на заговор. Ако го бомбардирате тој човек со тоа дека во светот постојат многу лажни вести вие го заклучувате неговиот систем на доверба засекогаш и тој останува да верува во теориите на заговор засекогаш. Затоа што ја затворате „вратата“ за лажни вести, но ја затворате и за вистинските. Тоа е истиот канал. Неговиот вредносен систем сега останува забетониран. Ако некогаш се обидете да му доставите факти кои се против неговите теории на заговор неговиот мозок ќе ги одбие фактите со аргументот „лажни вести“, оти нели рековме дека не можете се да проверите, па така не можете да ги проверите и вистинските факти.
15
Сите ние имаме социјална доверба, доверба во другите луѓе. Се плашам дека хистеријата околу лажни вести сериозно ја разнишува социјалната доверба која ја има меѓу луѓето. Кога вие велите „знам дека сонцето се врти околу земјата“ или „знам дека САД слетаа на месечината“ вие всушност велите „верувам на учителот во основно и средно“ или „верувам на НАСА и сите научници кои ги имам слушнато на темата“. Лажните вести се шират на истиот принцип како и вистинските вести. Ако вие се потпирате на новинарите, научниците и професорите и им верувате на нив, на кој се потпираат тие? На други луѓе, можеби на други новинари, научници и професори. Невозможно е да се провери се, мора да имаме некоја рамка во која ќе дозволиме да кажеме дека нешто е вистина. Дури и оние кои откриваат нови вистини, тргнуваат од претходни вистини кои тие исто така не ги провериле, туку ги слушнале/прочитале од некој друг. Затоа мислам дека хистеријата околу лажни вести може да предизвика негативен ефект и дека е подобро „вратата“ да остане отворена. Наместо да им се влева страв на луѓето дека може да бидат излажани да се стимулира критичкото мислење и да се стимулира слободата на говор. Да се изградат луѓе, новинари, професори, експерти и авторитети на кои
Мислам дека хистеријата околу лажни вести може да предизвика негативен ефект и дека е подобро „вратата“ да остане отворена. Наместо да им се влева страв на луѓето дека може да бидат излажани да се стимулира критичкото мислење и да се стимулира слободата на говор. Да се изградат луѓе, новинари, професори, експерти и авторитети на кои луѓето ќе им веруваат. луѓето ќе им веруваат. Оти луѓето веруваат на луѓето и тоа така треба да остане. Секој факт да биде предизвикан од друг факт, па луѓето ќе си веруваат во што ќе изберат. И напротив, демократијата не се загрозува од слободата на говор, демократијата се загрозува ако се направи обид да се ограничи слободата на говор макар и во функција на „справување со лажни вести“.
16
В
MИНОВ: Се покажа дека Штип има талентирани деца за сликарство КУЛТУРА
{tipski Glas, Dekemvri, 2019 br. 96
о креативната работилница на уметничката галерија Колорис АМ на познатиот уметник Боре Минов 14 штипски деца на возраст од 6 до 12 години учествуваат во ликовната школа, единствена од ваков вид во регионот. Покрај Минов со талентираните за уметност деца работи и Сара Петров, дипломиран ликовен уметник.
-Талентот си е нешто од Господ Бог дадено, па поради тоа наша цел е да ја пробудиме уметноста во децата, да ги насочиме по вистинските патеки. Се понатаму ќе зависи од нивната посветеност на сликарството како гранка на уметноста. Моја оценка е дека таленти има, некои се талентирани за цртање, некои за сликање со бои, секој се искажува во она кое во моментот му е најинтересно. Кога се дружат во Колорис АМ на децата им е забавно и тоа е она кон кое ние стремиме, низ дружење и забава децата да ги учат техниките на цртање, вели Минов. Дванаесет од вкупно четиринаесет деца со свои слики учествуваа на групната изложба во изложбениот салон при домот на култура „Ацо Шопов“. Бројна публика дојде на отворањето, а не се знаеше кој беше повозбуден-децата или нивните родители.Изложбата имаше хуманитарен карактер, половина од сликите беа купени од присутните, а парите беа наменети за лекување на четиригодишната Симона. Сликите се продава по цена од 700 и 900 денари.
Целиот настан беше одлично осмислен. Него го отвори хармоникашкото трио во состав Тони Лазаров, и Милан Коцев, професори во Државниот музички училишен центар „Серѓеј Михајлов“ и нивниот ученик Бојан Наков. За изложените слики, за талентот на децата, за смислата на креативната работилница говореше Боре Минов.
-Колорис АМ и во иднина ќе прави вакви манифестации и сите тие ќе бидат од хуманитарен карактер. Исклучително ни се бендисува тоа што градот формира Солидарен фонд, па парите, мали или големи сеедно, ќе ги уплатуваме во него. И мене како уметник и како сопственик на уметничка галерија ми е важно нашите деца и младинци да добијат можност да ги искажат своите креативни способности. На тоа јас и Колорис АМ сме силно посветени, а моја надеж е тоа дека стотина деца во иднина ќе учествуваат на нашата креативна работилница, а некои од нив можеби еден убав ден ќе станат познати и почитувани уметници од светски углед, вели Боре Минов, архитектот на оваа преубава идеја.
Жени писателки ги промовираа своите романи во Штип
{tipski Glas, Dekemvri, 2019 br. 96
Н
аде Стоилковиќ, новинарка, Маја Божиновска, маркетинг менаџер и Верица Митева, сметководител, сите од Скопје, ги претставија своите романи пред штипјани. Настанот се случи во кафе книжарницата „Арт“ во која ако купиш книга добиваш и кафе по што книжарницата е единствена во регионот. Наде е авторка на романот „Ќерката на дрвосечачот“, роман кој за кратко време доживеа три изданија, потписот на Маја стои зад романот „Флерт, уцени и високи потпетици“ а Верица своето писателско првенче го има во романот „Нечесна игра“. -Презадоволни сме од тоа колку штипјани, во најголем број жени, дојдоа на претставувањето на нашите романи и сите до една
КУЛТУРА
17
си купија од нив. Впрочем, така беше и во други места зашто луѓето сé повеќе купуваат книги од домашни автори за свое задоволство но и за подарок, ни изјави Наде Стоилковиќ чиј роман е најпродаван во издавачкото семејство „Сакам книги“ кое стои зад овие три романи.
Сите три романи, според нивните авторки, се инспирирани од вистински настани. Наде својот
роман го напишала пред 19 години,но издавачите не пројавиле интерес за сега романот да стане бестселер. Маја инспирацијата ја наоѓа во нејзината потрага по работа, а Верица во односите помеѓу љубовта и кариерата. Романите на новите лица во нашата литература можат да се најдат во кафе книжарницата „Арт“ која е веднаш до Комерцијална банка.
Несекојдневна промоција на Маалски приказни од Синиша Станковиќ
В
о некои изминати времиња маалото (денес Урбана заедница) било место на кое луѓето си „вртеле“ мал милион прикаски. Од спорт, преку култура до пазар и политика. Во време без интернет и без сегашните стотина електронски медиуми, во маалото се дознавале првите информации за важни настани. Секако дека во маалските муабети имало и разработен систем на оговарање и „рекла-казала“ прикаски на тема „кој со кого“, „кој каде“ и „кој зашто“. Во тие времиња денешните приказни биле прикаски, што на новинарот Синиша Станковиќ му послужиле како идеја за неговата книга раскази под наслов „Маалски прикаски“. И токму ова најново дело од македонското издаваштво беше претставено пред полниот салон на НУУБ „Гоце Делчев“. Промоцијата, во најмала рака, беше несекојдневна, односно мошне иновативна. Се одвиваше преку разговор со писателот кој го водеше новинарот Столе Наумов. Низ разговорот, беше раскажана прикаската за тоа како е создавано ова дело, за значењето на маалото во животот на една генерација, за маалските случки, маубети, договарања, мангуплуци и слично.
Авторото Станковиќ посочи дека во книгата се содржани над 60 раскази кои тој ги пишувал во период од пет години пред да се реши да ги стави во книга и да ги објави. Дел од расказите на мошне инспиративен начин ги прочита Марјан Наумов, актер од младата генерација македонски актери. Присутните се насладуваа и од прекрасната музика на ученици од ДМУЦ „Серѓеј Михајлов“, над чија преубава изведба бдееше професорката м-р Марија Максимова.
Кате и Моне Говединкови: 50 години брак, приказна за љубовта која ги совладува сите пречки
18
ЖИВОТ
В
о голема слога и во љубов која половина век не згаснала,Кате и Моне (Симеон) Говединкови минатиот месец ја имаа својата „Златна свадба“. Со семејството и со круг од најблиските пријатели, во штипска кафеана, тие славеа јубилеј за почит. Моне и Кате за Штипски Глас ја раскажуваат својата љубовна животна приказна. Приказна за една меѓусебна почит, за растењето на семејството, за убавите моменти кои биле далеку побројни и оние другите кои им дошле со транзицијата. -Се запознавме во 1967 година, а по две години врска решивме дека сме спремни за брак и семејство па во месец ноември 1969 година направивме свадба. Се запознавме на Исарот,на Четрсе, јас таму со групата свирев, а Кате беше до другарки. Нив ги привлече музиката а мене ме привлече Кате па веќе наредниот ден станавме момче и девојка кои се вљубиле еден во друг. Свадбите тогаш траеле цел месец, вели Моне.
Кате појаснува дека поради љубовта на Моне кон музиката (гитарата) цел живот им поминал како музика. -Со Моне и друштвото како млади одевме на серенади и поседенки, немаше тогаш мобилни и компјутери. Тоа беше нашата омилена забава. Имавме одлично друштво, главно музичари, тие имаа група во која беше и мојот Моне. Бевме млади, вљубени, но бевме и домаќини луѓе кои создаваа дом и семејство. Водилка ни беше љубовта која си ја имавме и почитта со која беше исполнет нашиот дом. Никогаш не ни беше здодевно, вели Кате. Домот им се исполнил со полн сјај кога на свет дошле ќерката Цветанка (1971) и синот Кире (1975). – Децата ни го исполнија сонот, ни го осветлија домот, ни го збогатија животот во секоја смисла. Двете внуќи од Цветанка дополнително ни го разубавија секојдневието. Денес двете се на Меицински факултет, повозрасната Лиљана Панова студира за доктор, помладата
{tipski Glas, Dekemvri, 2019 br. 96
Деана за главна сестра. Сами си ја избраа иднината, раскажува Моне. Него штипјани го знаат како музичар кој перфектно свири и пее. Со групата имале илјада свирки, на повик на познатиот режисер Бранко Гапо (сега покоен) со Раде Рогожаров на празник свиреле кај него во Скопје. Во Штип Моне и групата во која се Сашо Зенделов (мандолина), проф. Ристе Јанев (бузука) и Перо (хармоника) тие не одбиваат никого. Сакаат да им направат задоволство на луѓето. -Не беше животот само лесен. Имавме и тешки моменти. Најтешко ни беше во времето на транзицијата. Моне работеше во Метална па во Селена, дојде транзицијата фабриката се затвори тој остана без работа. Иста судбина во исто време ме снајде и мене. Работев во МК „Астибо“ и тој отиде во стечај а јас дома. Беше претешко но, пак да повторам, љубовта и меѓусебната почит не оддржа во хармонија, појаснува Кате. Моне почесто и преку ноќи не е дома. Оди на свирки, дали тоа ја нервира Кате? -Ни случајно. Му ја знам јас страста, после мене и семејството најмногу ја сака музиката. Јас таа љубов не сакам да му ја ускратам. Ама и Моне е исклучително коректен кон мене кога јас со пријателки ќе си се најдеме и подолго задржиме на муабет. Пак велам, бракот може да опстане само ако си имаме меѓусебна почит, ако секој од нас ја почитува страста на другиот...Ние така,во една фина атмосфера останавме заедно 50 години, вели Кате. На прославата во кафеаната Тројка, Кате и Моне одново се присетиле на времето пред половина век. Добиле скромни подароци од семејството и пријателите. Моне и колегите од составот ги почестиле присутните со македонски пезни, главно серенадни. Тие денес живеат во куќа во центарот на градот. Ја изградиле на темелите на старата која Моне ја наследил од родителите. Во неа на посебно место стои сребрен орден од Тито како победник на едно натпреварување на металците од Југославија. -Имаме само една желба: Господ Бог да ни го држи здравјето, да си ги видиме внуќите како ни растат, уште долго да се дружиме и на сите да им ја раскажуваме приказната за нашата љубов како услов да се опстане половина век во убав брак, ни рекоа Говединкови.
Во лесковичкиот крај три села, три исти судбини
{tipski Glas, Dekemvri, 2019 br. 96
СЕЛО
Т
19
ри села во лесковичкиот крај, три исти судбини и три исти прикаски. Останати само стари над 65 години, најстариот жител има 92 години, условите за живот се тешки, куќи на добри домаќини се затвораат, продавници нема, училишта исто така нема... За нашето село (не)весело разговараме со Гоце Јанев, претседател на месната заедница за Лесковица, Пиперово и Суво Грло. - Во трите села имаме околу 80 жители. Тоа се стари луѓе кои живеат од своите мали пензии. Стока едвај да има 50-60 грла овци, колку што на времето имаше секое домаќинство во овие села. Имаме и парадокс што луѓето од Лесковица, Пиперово и Суво Грло секој петок одат на пазар па таму, меѓу другото, купуваат и земјоделски производи. Излегува дека денес градот го храни селото. А не дека луѓето од овие села не можат да си засада градинарски производи, туку проблемот е во тоа што нема вода за тие да се одржуваат, вели Јанев.
ат...
Во Пиперово, според Јанев денес живеат дваесеттина лица, во Лесковица околу 35 жители, за викенд доаѓаат околу сто и тие се постојани викендаши, а во Суво Грло има само десеттина кои таму живеат. -Водата е главниот и најголем проблем. Човекот одамна се качи на месечината, а жителите на овие села немаат вода. Со поголема среќа се жителите на Суво Грло, кое село иако носи вакво име сепак има вода за своите жители. Во Лесковица од водовод вода има само еден час во денот, Пиперово исто има вода ама и таму редукциите се големи. Од овој апсект тоа не е живот и по тоа прашање општината треба да направи нешто, ги појаснува Јанев работите во овие некогаш, а и денес убави села. До секое од селата водат асфалтни патишта, и тоа е добро. Но, треба да се знае дека во овие села нема ниту едно училиште, а ги нема зашто тука деца одамна не се раѓаат. На времето, во средината на седумдесеттите години од минатиот век имаше две паралелки со по 40 деца, половина беа од Лесковица. Школо нема од 1984 година, а тоа е време од 35 години. Тоа дека нема деца, нема школово, тоа е најдобриот знак дека убавите села полека и убаво изумира-
една бандера. Биле малку луѓе па немало доволно пари да се плати уличното... -И превозот во петок кога луѓето сакаат да одат на пазар е проблем. Всушност, нема организиран превоз. Баравме многупати но на никого не му се испал-
-На времето во Лесковица имаше над 650 жители. Имавме над сто куќи, во секоја во најмалку по шестмина, некаде и повеќе. Но, времето, приликите, си го направија своето. Нашите села полека изумираат, како течат годините старите ќе си одат, а нив нема кој да ги замени...Иднината не ни е розова, но кој знае, можеби во некое време нештата ќе се променат па луѓето пак ќе се свртат кон селото, оптимист е Јанев. Во Лесковица луѓето се жалат и на лошото улично осветлување. Светат само сијалиците преку
ПАРАДКОС Од сите три села само Суво Грло има вода! Ако се цени по имињата на селата тогаш е јасно дека станува збор за парадокс. А Суво Грло се прослави и во втората половина на осумдесеттите кога ЈНА во близина на селото го бараше златото од фашистите од Втората светска војна кои се повлекувале од Грција...
тило, па луѓето користат такси. Тоа е така за сите три села. Јас би рекол три села-сто проблеми, ама животот, каков и да и во овие села си врви. Луѓето знаат да се дружат, да си помагат, да се радуват на мали нешта...И тоа е најдоброто во нивната приказна, вели Гоце Јанев.
Што е болката и како да се решат проблемите во штипскиот спорт
20
К
СПОРТ
• На оваа тема трибина во градот организира Комисијата за спорт при СДСМ; предводена од Наумче Мојсоски
ои се проблемите во спортот во општината, како тие да се надминат и како да се создаде поблагопријатна клима за тренинг и натпревари на штипските спортски клубови и спортисти. На оваа тема се дебатираше во нашиот град. Дебатата ја организира Комисијата за спорт при владеачката СДСМ, а гости беа Научне Мојсоски, познат ракометен репрезентативец и претседател на Комисијата за спорт при владеачката партија, Адријана Будимир, исто така позната ракометарка. Покрај нив во Комисијата за спорт при СДСМ се и спортисти со многу меѓународни признанија и успеси, меѓу кои: Гоце Макаловски, Владо Недановски, Едина Муса, Тодор Гечевски, Игор Митревски, Никола Ѓошевски, Дрита Ислами, како и многу други.На трибината обраќање имаа и директорот на Агенција за млади и спорт-Дарко Каевски, како и Ѓорѓи Тасев - советникот за млади и спорт на премиерот. Штипски Глас донесува повеќе ставови и мислења на познати штипски спортисти и спортски работници. Според Новит Здравев, кој ја водеше трибината, Штип е град со пребогата спортска историја, редок центар со поголем број олимпијци, освојувачи на државни првенства и меѓународни признанија. -Сега со цел да му се даде значење на спортот во училиштата е воведен забавен спорт за деца до десет годишна возраст, училишниот спорт стана база за добивање нови, квалитетни спортисти, рекреативниот спорт функционира одлично, аматерскиот исто така...Но, имаме и проблеми. Така кај борачите, многу од врвните имиња отидоа во пеливанското борење за да заработат некој денар, наши познати спортисти денес стојат како обезбедување
{tipski Glas, Dekemvri, 2019 br. 96
на вратите од кафулиња, а сето тоа бидејќи од спортот со кој се бават и преку кој на Штип му донесоа многу признанија не можат да живеат, рече Здравев. Дел од штипските спортски работници се пожалија дека градот нема асална спортска сала, дека три школски сали во кои некогаш се спортувало-тренирало денес се вон употреба, дека рекреативците им го земат и така малиот простор во салите за тренинг. За тоа колку е значајно да се има сала говореше Зоран Сичев, директор на БК „Олимпија“. Сичев рече дека во населбата Баби имало многу талентирани деца за борење, но проблем било да се оди на тренинг до градот, па кога во населбата се отворила спортска сала 60 деца се пријавиле за борењето. -Одиме на натпревари, постигнуваме одлички резултати, а на девојчињата не можеме ниту еден ручек да им обезбедиме. Во сите
ле за ваучери при Агенцијата за спорт и млади но не добиле ниту ваучер ниту одговор.-„А имаме четири деца во репрезентацијата, и очекуваме поинаков однос“, рече Манев. И други учесници укажаа на фактот од недостиг на спортски сали за тенинг, иако Штип е универзитетски град и како таков е град на младите, побараат трите сега нефункционални сали да се средат за да има клубовите каде да тренираат, побараа поголема финансиска поддршка од државата преку Агенцијата за спорт и млади, беше речено дека целиот спорт во Штип е аматерски, професионализам нема, дека професионален клуб не ниту ФК Брегалница иако таа е на најдобар пат, со својот квалитетен спонзор да стане професионален спортски колектив. -Токму ова за кое вие говоревте не убедеи дека Штип, како голем спортски центар, е првиот град
категории имаме над сто девојчиња кои спортуваат, и тоа некој треба да го респектира. Но, не се само финансиите проблем, проблем се и салите, зафатени се од рекреативци, нам ни се дава термин после 22 часот, но кој родител ќе го пуште своето девојче во тоа време, гласно праша Благој Тасев, тренер на женската одбојкарска екипа. Влатко Манев од „Мал Ајакс“ клуб познат по малиот фудбал, а кој беше шампион на Македонија, рече дека денес имаат и школа за голем фудбал, се пожали дека конкурира-
од кој треба да тргнеме со ваквите трибини за изворно да го слушнеме мислењето на спортистите и спортските работници. Спортистите најдобро го чувствуваат спортот и потребите негови, затоа во СДСМ е формиран тим од докажани спортисти кои ги водат и се во спортските комисии.Свесни сме дека во сите спортови има многу проблеми, затоа се и овие трибини за изворно да слушнеме за нив за да можеме да ги решааваме. И од лично искуство можам да кажам дека некои важни работи тргнаа кон подобро.
МОЈСОСКИ: Јас сум две децении ракометен репрезентативец, давав се од себе за успех на националниот ракомет, а денес немам ниту ден работен стаж и во пензија ќе нема од што да живеам. Тој проблем го имаат поголем број врвни наши спортисти, му го изнсовме на премиерот Зоран Заев и сме на добар пат и тоа да го решиме, рече Мојсоски.
Фалангата – 30 години верност на ФК Брегалница В {tipski Glas, Dekemvri, 2019 br. 96
СПОРТ
о месец ноември навивачката група Фаланга одбележа 30 години постоење. По тој повод првиот ден навивачите со возила и знамиња на Брегалница продефилираа низ градот, а потоа се искачија на Исарот каде направија светлосна и димна кореографија која денес е забранета на стадионите. Вториот ден фалангистите се собра на плоштадот од каде организирано, со знамиња на кубот и навивачки песни заминаа на стадионот на натпреварот Брегалница-Саса. Во 1992 година од спортскиот весник Скок Фалангата беше прогласена за најдобра навивачка група во државата. Во историјата на нејзиното постоење водачи и биле Александар Наумов-Ако, Тодор Стефанов-Боки, Зоран Манасков-Шмеќер и Роберт Николовски-Ропче. Денес Фалангата е компилација од новата генерација навивачи кои се во групата и дел од оние кои се тука три децении. Навивачката група со срце и душа е со својата Брегалница, ја следи насекаде, капитално придонесува за сите успеси кои ги имал клубот. Со успесите се радуваат на неуспесите тагуваат...Но, таков е животот на сите фанатични навивачи на спортски клубови.
21
Во најубавите денови Фалангата имала околу 1.000 организирани навивачи, денес околу 300. Koн неа е приклучена и навивачката група Ултра банда која постои пет години. Тие сами си се финансираат. Штипски Глас донесува неколку фотографии од прославата.
РАЗОНОДА
22
TR-MR
{tipski Glas, Dekemvri, 2019 br. 96
Шеиците своето богатство го направија Од својата нафта Нашите власти богатството го направија Од потта на „својот“ народ. Не е проблем што тие ја освоија власта. Проблем е што власта ги „освои“ нив.
ov -Mi Re k e ~e R Ti
Нашите успеси се неверојатни Во нив никој не верува.
Еден политичар гарантираше дека На неговиот народ нема да му фали Влакно од глава. За главата не даде никакви гаранции...
Некои новинари знаат што е слободно новинарство Само чекаат власта да им даде слобода да го кажат тоа. Razmisluva: Iv. BOJ
Кога народот крева раце, дали то значи дека гласа Или дека се – предава?
ВИЦОТЕКА
Баба отишла на доктор и го потпрашува докторот: – Докторе да ви кажам нешто. Медицинава стварно напреднала многу со годините. Кога бев млада морав да се соблечам гола за да ме прегледаат, сега доволно е да го исплазам јазикот. Кога позната порно глумица била избрана за пратеничка во италијанскиот парламент на присутните им се обратила со зборовите: – Почитувани колеги…
ИМПРЕСУМ
Издавач: Медиум Боја 43 – Штип Седиште на фирмата и адреса на редакцијата: Ул. „Тошо Арсов“ бр. 23 – 2000 Штип Одговорно лице: Иван Бојаџиски
Излегува еднаш месечно Првиот број излезе во месец април, 2009 година Главен и одговорен уредник: Иван Бојаџиски Графички уредник: Јорданчо Бојаџиски,
Овој број е отпечатен на 02.12.2019 година
Цветко седи во ресторан. Го чека келнерот и го прашува: – Дали пејачката исполнува желби? – Да, господине. – Тогаш, речете и да замолчи! Се врати ли ќерка ти од Дубаи? – Да, да. – И ти донесе ли некој сувенир? – Да, да донесе. Ќе го крстиме во недела. Тираж: 1.000 примероци
Ж-ка: 290000002136767 Едб:4029019522191 Т.Т.К. банка А.Д. Скопје Годишна претплата: 180 денари.
Печати печатница Генекс-Кочани Ул. „Тодосија Паунов“ б.б.
За Штипски глас се плаќа повластена даночна стапка од 5% ISSN 2545-4498
{tipski Glas, Dekemvri, 2019 br. 96
С У Д О К У
Броевите од 1 до 9 впишете ги во блоковите со големина 3 x 3 полиња (врамени со здебелени линии), така да секој број може да се најде само еднаш во водоравната или хоризонталната насока
СКРИВАЛКА треба да пронајдете два скриени предмети
РАЗОНОДА
23
24
РЕКЛАМА
{tipski Glas, Dekemvri, 2019 br. 96