Skip to main content

Br77

Page 1

Д-р Дејан МИРАКОВСКИ, професор по вентилација и техничка заштита на УГД

Штип е среќен град, во него се дише квалитетен воздух

JAНЕ МИЛАНОВ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ШТИП

Советот мора да биде

На гимназијалците им се насмевнува награда од МИЛИОН евра

конструктивен граѓански парламент

ОД МОЈ АГОЛ

Навредена „големина“


2

[tipski Glas, Noemvri, 2017 br. 77

АНАЛИЗА

N Навредена „големина“ ОД МОЈ АГОЛ

Иван Бојаџиски

▌Илчо Захариев не дојде да го предаде мандатот, се понесе како навредена „големина“... ▌„Грин Гарден“ воведува нови стандарди во домувањето ▌Како ќе се развива филмот „До победата и по неа“?

1

Илчо Захариев, екс градоначалникот на Штип, остана верен на својата нарцисоидна природа. Природа во која највредно од се е неговото его (јас). Откако загуби на изборите кои од сите страни се оценети за демократски и фер, тој направи неверојатно нефер, нецивилизиран, неодговорен потег: не дојде културно да го предаде мандатот на неговиот наследник Благој Бочварски! А тоа е нешто што се нема случено во историјата на овој наш град. Захариев кој силно, секојдневно, 24/7 се перчеше со своите „успеси“ веројатно оценил дека граѓаните на Штип ја навредиле неговата „големина“ давајќи му шут картон од најважната и најзвучна позиција во општината. Па затоа реши(л) да не дојде на еден од најважните настани за демократијата: да си го признае поразот и да го предаде мандатот на личност за која се определил броен народ. Срамно, недолично, нецивилизирано. А сепак толку доследно на неговата самобендисана природа.

2

Во Штип започна да се гради станбен комплекс според сите светски стандарди. Нешто што ќе биде наша, штипска гордост. И урнек за многу други градови кои држат до себе да го следат тој пример. Комплексот го гради нашиот градежен бренд „Актива“. Лоциран е во населбата „Сењак“. Населба која е „најжива“, најраздвижена, со најмногу млади брачни парови кои живеат во градот. Комплексот носи убаво име - „Грин Гарден“. Во превод „Зелена Градина“. Оваа градба воведува нови стандарди во нашата живеачка. Ќе биде од затворен тип., во простор во кој ќе се „сместат“ шест станбени згради секоја со по 60 стана. Се гради од најнови материјали, еколошки, кои имаат значење за сигурноста, комодитетот, енергетската ефикасност...За сите уба-

вини на живот во семејството, тоа наше царство на спокојот. Ќе биде тоа простор исполнет и со многу зеленило, фонтана, уредени паркинзи, шеталишта, убави корпи за отпадоци, клупи, дрвореди... Да се купи стан, да се живее животот во ваква посебност е сон на секој што најмногу од се сака квалитетен живот. Тој сон сега станува штипска стварност.

3

Имаше еднаш еден убав филм. Насловот му беше „До победата и по неа“. Тој филм ќе го гледаме и во Штип. Ќе се „прикажува“ во наредните четири години. Социјалдемократите со своите верни политички сојузници-помали но не и поневажни политички партии, убедливо победија во Македонија. И во Штип, разбира се. Институцијата градоначалник и мнозинството во советот се од социјалдемократска политичка градба. Што би се рекло - политичка градба во кој човекот и неговото право на живот е на прво место. Човекот како светилник на се што е значајно во една заедница. Беа избори, дојде победата, социјалдемократите рекоа дека дошол живот за секого во државата. Но, неретко е полесен периодот до победата отколку оној по неа. Градоначалникот Благој Бочварски, во перидот додека се биеше политичката „Битка за Штип“ даде определени ветувања за еден поинаков град. Тој не настапи како неговиот претходник кој вети 145, а се пофали дека реализирал 450 проекти. Бочварски ги издвои важните приоритетни, капитални објекти без кои еден град не може да се нарече – град. Другото како асфалтирање улици, одржување хигиена, зеленило и на тоа слично се претпоставуав само по себе. Народот е тука да ја следи неговата работа и работата на Советот на општината. Народот е тој кој постојано треба да го потсетува новото водство на Штип, градоначалникот пред се, на неговите ветувања. И да бара нивно исполнување. На градоначалникот е да дава отчет со многу такт и без многу самофалење. Тоа се народните очекувања од своите избраници.


[tipski Glas, Noemvri, 2017 br. 77

3

ИЗБОРИ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2017

Благој Бочварскиградоначалник Општинскиот совет: 12:11 за СДСМ - Советничкиот состав

И

зборите за нови локални власти одржани на 15 октомври 2017 година донесоа превласт во Советот на општината

архитект Благој Бочварски. Неговата победа беше изразен со 1.715 гласа повеќе од противкандидатот Илчо Захариев.

комисии на Советот. Комисијата за финансирање и бѕџет ќе ја водди Маријана Рогожарска Поповска, прв човек на комисијата за урбани-

Советот на општината првата (конситутивна) седница ја имаше на 6 ноември 2017 година. Со неа раководеше највозрасниот советник Иван Бојаџиски. На седницата, по верификацијата на мандатите на сите 23 советници, за претседател на Советот на општината со 12 гласа „ЗА“ и 11 воздржани беше избран советникот Јане Миланов од СДСМ.

- Сенка Андреева, претс. на ОИК му го предава уверението на градоначалникот Бочварски

за СДСМ и коалицијата. Оваа политичка групација освои 12 советнички места во локалниот парламент,а нивниот политички конкурент ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата освои 11 советнички места. Изборите за градоначалник имаа две полувремиња. Поради големиот број неважечки гласачки ливчиња градоначалникот не беше избран во првиот круг одржан на 15 октомври. Во вториот круг кој се одржа две недели подоцна (29 октомври) победа однесе кандидатот на СДСМ и коалицијата, 32 годишниот

Конститутивната седница помина во свечена атмосфера, а убав фил на убавиот политички настан му даде поранешниот претседател на Општинскиот совет Влатко Миташев. Ненајавено Миташев се појави на конститутивната седница, а по нејзиното завршување побара јавно и свечено да му ги предаде клучевите од канцеларијата на претседателот на Советот на својот наследник Јане Миланов. На овој убав, цивилизациски чин присуствуваа сите советници, градоначалникот Благој Бочварски и новинари од сите штипски медиуми. Со тоа Миташев, за разлика од екс градоначалникот Захариев, покажа и докажа дека е почитувач на демократските принципи и културата во политиката. На првата работна седница на Советот на општина Штип беа избрани и членовите на постојните

Миланов и Миташев, сегашен и претходен претс. на Советот на Општината

зам комунални дејности и заштита на животната средина е Верка Депотова, претседател на комисијата за социјални работи и здравство ќе ја води д-р Билјана Ефтимова, комисијата за култура му е доверена на Иван Бојаџиски, за образование на Слободанка Момчилова, за статут и прописи Милчо Смиљанов, за еднакви можности Бети Тасева, за права на детето д-р Ѓорѓи Велков, а на чело на комисијата за спорт е Елмир Мандак.


4

ИНТЕРВЈУ

[tipski Glas, Noemvri, 2017 br. 77

JAНЕ МИЛАНОВ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ШТИП

Советот мора да биде конструктивен граѓански парламент Г-дин Миланов, избрани сте за претседател на Советот на општина Штип. Кое, според Вас, е значењето на оваа функција? Функцијата Претседател на Советот можеме да ја гледаме низ призмата на две структурни димензии: техничка и суштинска. Првата се однесува на надлежностите кои директно произлегуваат од Законот за локална самоуправа и Статутот на општина Штип.Задолженијата во овој дел претежно се од процедурален карактер: свикување и раководење на седниците на Советот, организација на неговата работа, формално-правно застапување на донесените прописи и нивно официјално доставување до Градоначалникот. Суштинската димензија пак, отвора една поинаква перспектива. На пример, од оваа дистанца ми дозволува да понудам еден поинаков пристап во координирањето на активностите на Советот, чија вредност беше брутално девалвирана години наназад. На граѓаните им е потребен силен граѓански парламент во чии рамки секој ќе си ја знае својата работа, но и одговорноста која следи по секоја (не)извршена постапка. На конститутивната седница советниците од опозицијата во однос на предлогот Вие да бидете

првиот советник гласаа воздржано. Кој е Вашиот коментар на првиот јасен знак дека опозицијата во советот почесто ќе прибегнува кон опструкција на одлуките кои доаѓаат од мнозинството? Ако пред влегувањето во општинската сала, секој ја остави пред врата сопствената суета, гарантирам дека внатре ќе се отвори многу поголем простор за конструктивна дебата и програмска расправа. Застапувајќи го тој пристап, не ја доживувам како опструкција воздржаноста на советниците од опозицијата при мојот избор за Претседател на Советот. Дури и не го сфаќам тој потег како став на воздр-

здрава политичка категорија, од која единствено треба да произлезат позитивни промени. Во претходниот мандат 4 години бевте советник, координатор на советничката група, Вие најчесто излегувавте на говорница...Колку иску-

Соработката со градоначалникот во најмала рака е клучна алатка за реализација на проектите кои би ја придвижиле општината нанапред. Сметајќи се себе за човек кој преферира да делува наместо да зборува, би одговорил концизно дека после речиси една деценија, конечно Штип доби градоначалник со јасно изградени ставови и најважно од сè, со визија која граѓаните ја препознаа... жаност кон мене лично, туку како генерален политички став на опозицијата преку кој всушност се испраќа одредена порака кон нивното членство. Сè додека се помеѓу маргините на конструктивноста, различните партиски ставови ги сметам за една

ството од овој мандат Ви овозможува квалитетно да ја обавувате функцијата претседател на Советот? Во време кога слободната мисла беше под силна пресија на државниот апарат, не ни преостануваше ништо друго освен

аргументирано да бараме правичност, па макар и од говорница. Тоа искуство само по себе е драгоцено од сите можни аспекти. Што се однесува до поврзаноста на мојот претходен ангажман со сегашната позиција, би рекол дека во овој дел од исклучителна помош ми е искуството во делот на формалното функционирање на Советот и познавањето на процедуралните можности и инструменти кои советниците ги имаат на располагање, во рамки на таа институционализирана борба за подобрување на состојбите во градот. Неизбежен е и фактот дека самата функција Претседател на Советот повлекува многу поголема одговорност во споредба со советничкиот мандат, особено во делот на толкувањето на законските надлежности на сите чинители на општинскиот Совет и законитоста на одлуките кои произле-


[tipski Glas, Noemvri, 2017 br. 77

гуваат од него. И на првата работна седница на Советот советниците од ВМРО ДПМНЕ реагираа речиси на записникот, на соодносот на советници во комисиите, на тоа дали некој има или нема конфликт на интереси за да биде советник...Вие се обидовте со фино, со убаво, со мек тон во гласот да им појасните дека сето она што тие го спорат е неспорно... Дали имате чувство дека опозицијата ќе контрира на се што доаѓа од мнозинството или.... Менувањето на навиките и излегувањето од т.н.комфор-зона, за многумина не е нималку лесен процес. Оттука, од старт е сфатлива појавата на разни манифестации на револт. Сè додека несогласувањата се изразуваат преку легитимни инструменти, во овој дел не постои проблем кој би нè засегнал нас како Совет. Јавноста е сведок дека советниците од опозицијата деновиве реферираа за некои пракси кои самите ги применуваа и тоа во континуитет, додека ја имаа власта во свои раце. Да оставиме простор работите да се одвиваат во институционализиранa формат, па надлежните институции да одлучат што е спорно а што не... Ние сепак немаме мандат да изигруваме истражен орган. Градоначалникот и советничкото мнозинство се од иста политичка групација. Колку тој факт го отвора патот кон носење квалитетни решенија од интерес за градот и граѓаните? Како општество надминуваме еден исклучително чувствителен транзитивен

ИНТЕРВЈУ период од демократски аспект. Затоа, подготвени сме како локална власт да делуваме исклучиво конструктивно и максимално посветено, за проблемите со кои се соочуваат граѓаните конечно да дојдат на дневен ред. Тоа што Градоначалникот и советничкото мнозинство се од иста политичка провиненција, не би требало да биде пресуден фактор за успех во една нормална демократска средина. Но, во нашиот случај е една олеснителна околност, барем додека да ги вратиме демократските постулати во нормала. Едно е сигурно: Градоначалникот ќе ја има сета можна поддршка и помош од страна на Советот, а не се сомневам дека тој процес базиран

ната власт, од која очекуваме да биде додатен ветер во грб за сите проекти кои од јавноста ќе бидат препознаени и оценети како добри и кои ќе донесат бенефит за сите граѓани. Минатиот советнички состав, советниците од тогашното мнозинство 14:9 за ВМРО ДПМНЕ беа ставени под капата на бившиот градоначалник. Колку, во таков амбиент, Советот можеше самостојно да носи одлуки без тие да бидат диктирани од градоначалникот кој е само извршен орган и има обврска да ги извршува одлуките на Советот. Прашањето ми е дали имате намера да го вратите легитимитетот и значењето на Со-

Имаме обврска да го извадиме Советот од шините на еднонасочниот правец кој го диктираше претходната општинска власт. Ова круцијално општинско тело, единствено треба да биде конструктивен граѓански парламент! Впрочем, доволна поука за сите е искуството што го имавме од претходниот мандат, за тоа каква не треба да биде соработката на релација Градоначалник – Совет и обратно

на меѓусебна соработка и почитување, ќе биде двонасочен. Секако, овде е и поддршката од централ-

ветот кое тој го има согласно Законот за локална самоуправа, легитимитет кој длабоко

5

беше згазен во претходните 4 штипски години? Не само намера, туку пред себе имаме и обврска да го извадиме Советот од шините на еднонасочниот правец кој го диктираше претходната општинска власт. Ова круцијално општинско тело, единствено треба да биде конструктивен граѓански парламент! Впрочем, како што е констатирано и во самото прашање, доволна поука за сите е искуството што го имавме од претходниот мандат, за тоа каква не треба да биде соработката на релација Градоначалник – Совет и обратно. Тогаш мнозинската советничка група функционираше целосно под диктат на тогашниот Градоначалник - нешто што и отворено и го предочија и на пошироката јавност, за жал кога веќе беше предоцна, кога многу неквалитетни одлуки произлезени од тој неконструктивен однос веќе беа донесени. Не смееме да дозволиме да се повтори таквата пракса, која од јадро на граѓанската политика, ги претвори граѓаните во колатерална штета. Има мислења дека актуениот советнички состав е можеби најквалитетен досега? Може ли тој да биде пресвртни орган кој ќе му го врати приматот на град-регионален економски, образовен, здравствен, културен, спортски и секаков друг центар? Ќе оставиме времето да покаже кој со какви намери ја побарал довербата од граѓаните. Во меѓувреме, наместо за анализа на профилот на Советот, сета енергија би ја вложил на враќање на неговата автентичната улога


6 во рамки на општината. Во таа насока, искрено се надевам дека секој советник, поаѓајќи од својот личен морално-вредносен суд, ќе ги надмине тесно-партиските агенди и ќе работи исклучиво во интерес на граѓаните. Само на тој начин ќе успееме да му го вратиме сјајот на Штип, како културно - административен и економски центар на Истокот. Колку е важна соработката со градоначалникот? Веќе имате повеќемесечно искуство од предизборниот период, а и потоа со градоначалникот Бочварски? Дали тој е човек подоготвен на целосна соработка, умее ли да слуша и други мислења, има ли капацитет да го оствари потребното ниво на постојана соработка со Советот на општината? Соработката со градоначалникот во најмала рака е клучна алатка за реализација на проектите кои би ја придвижиле општината нанапред. Сметајќи се себе за човек кој преферира да делува наместо да зборува, би одговорил концизно дека после речиси една деценија, конечно Штип доби градоначалник со јасно изградени ставови и најважно од сè, со визија која граѓаните ја препознаа. Доста ни е од паравани на политички констелации кои граѓанската политика ја сведуваа на ниво на партиски штаб. Немам дилема во делот на соработката со градоначалникот Бочварски. Неговите досегашни залагања и остварувања во делотна граѓанските политики од позиција на пратеник во Собранието на Република Македонија, доволно говорат за него-

ИНТЕРВЈУ виот политички капацитет и морален интегритет. Сé започнува од економијата, од нашето стопанство, колку Советот ќе им се „најде“ на нашите стопански колек-

чење? Стопанските субјекти се моторот на една економија, без разлика дали говориме за национално, регионално или општинско ниво. Оттука, напредокот

Стопанските субјекти се моторот на една економија, без разлика дали говориме за национално, регионално или општинско ниво. Оттука, напредокот на реалниот сектор во општински рамки, ќе значи и напредок на самата општина. Затоа, максимално сме подготвени низ еден конструктивендијалог да излеземе во пресрет на логистичките барања на бизнис-субјектите... тиви кога тие од него ќе побарат да донесе некоја одлука која за нив може да има големо зна-

на реалниот сектор во општински рамки, ќе значи и напредок на самата општина. Затоа, максимално

[tipski Glas, Noemvri, 2017 br. 77

сме подготвени низ еден конструктивендијалог да излеземе во пресрет на логистичките барања на бизнис-субјектите, но притоа и да воспоставиме двонасочност на овој процес, кој би значел директно подобрување на состојбите во градот. Само со заеднички сили можеме да постигнеме оптимален баланс помеѓу политичките и економските операции кои се чинители на виталниот дел на крвотокот на една општинска целина. Соодоносот од 12:11 говори за тенко мнозинство, само ако фали еден советник од мнозинството, што опозицијата може и има право да го искористи за свои политички интереси. Во градот веќе се зборува дека најмалку двајца советници од малцинската групација ќе поминеле кај мнозинството? Разговарал ли некој за таа можност со Вас? Како претставници на Социјалдемократскиот сојуз, но и на новата општинска власт, би сакал да потенцирам дека ние не се занимаваме со калкулативна, туку со прогресивна политика. Напоменувам дека секој советник носи одговорност да ги застапува интересите на граѓаните, а не оние на потесното партиско опкружување. Затоа, секој кој ги смета за загрозени своите советнички надлежности и права, ќе наиде на апсолутна статутарна и поддршка од моја страна.


[tipski Glas, Noemvri, 2017 br. 77

7

ИЗБОРИ

Николчо ИЛИЈЕВ, избран за претседател на Советот на Источниот плански регион Кочанскиот градоначалник ќе биде на чело на регионот две години, по што ќе го замени штипскиот градоначалник Благој Бочварски

С

оветот на Источниот плански регион доби нов претседател. Тоа е Никочо Илијев, градоначалник на Кочани. Едногласниот избор го направија градоначалниците на 11 општини колку што ги има регионот на неодамнешната конститутивна седница. Илијев на оваа важна регионална функција ќе остане најмалку во наредните две години. -Оваа доверба ја сметам само како нова, голема обврска пред граѓаните на нашиот плански регион. Знам дека очекувањата на граѓаните од нас градоначалниците се големи, и тоа е во ред зашто тие убедлиов ни ја дадоа довербата да раководиме со општините и регионот. Јас и моите колеги ќе настојуваме да ги исполниме сите ветувања дадени во предизборниот период, за што е неопходно најголемо

ниво на меѓусебна регионална соработка, рече Илијев. Илијев уште порача дека ќе биде прв меѓу еднаквите, кој посветено ќе се бори за секој проект и за негова успешна реализација, за секоја идеја која ќе допринесе за подобар живот и развој на истокот, кој, според Илијев, подолго време бил запоставен што придонело за ма-

бидат ставени во функција на развојот на општините и на севкупноста на регионот. - Законот за рамномерен регионален развој предвидува издвојување на еден процент од БДП односно околу стотина милиони евра. Најмногу пари ќе добијат најнеразвиените региони, меѓу нив, секако, е и источниот регион, рече Па-

ИЛИЈЕВ: Знам дека очекувањата на граѓаните од нас градоначалниците се големи, а тоа е во ред, зашто нашиот регион е еден од најнеразвиените што придонесува тој да се испуствува бидејќи младите се иселуваат... совно иселување главно на младите од родните огништа. На конститутивната седница присуствуваше и заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлевски. Тој најави поголеми средства во буџетот за 2018 кои ќе

влевски. Градоначалниците се договорија по истекот на мандатот на Илијев, ова функција да ја превземе штипскиот градоначалник Благој Бочварски.

Toни Михаилов на чело на регионалниот новинарски центар „Исток“ •Михаилов го замени Бојаџиски кој стана советник

Р

егионалниот центар на новинари „Исток“ кој делува во рамките на Здружението на новинари на Македониј доби нов в.д. координатор. Тоа е Тони Михаилов, новинар во универзитетското радио и ТВ. Михаилов оваа функција ќе ја обавува до изборот на координатор што е планирано да се одржи идната година. Изборот на Михаилов дојде по оставката на оваа волонтерска функција која ја даде досегашниот координатор Иван Бојаџиски. Како што е познато Бојаџиски, на последните локални избори, е избран за советник по што си даде оставка на функцијата прв човек на регионалниот актив. На состанокот на новинарите во Штип присуствуваа и Насер Селмани, претседател на ЗНМ, Драган Секуловски, извршен директор во ЗНМ, Столе Наумов, Зоран Фидановски и Мишко Иванов, членови на УО на ЗНМ.

Насер Селмани уште еднаш потенцира дека регионалниот центар „Исток“ бил најдобриот центар во рамките на ЗНМ. „Тој успех е резултат на силната посветеност на новинарите од источниот регион, посветеност кон својата професија и своето професионално здружение. Овој центар покажа најмногу активности и имаше бројни иновации кои само го зајакнаа угледот на новинарите и на нивното здружение. Остануваме во наддеж дека и во иднина, со Михаилов како в,д,координатор, овој центар ќе остварува завидна и за новинарите и новинарството квалитетна активност“, рече Селмани. Доскорешниот координатор Иван Бојаџиски се заблагодари за петгодишната доверба да биде на чело на регионалниот центар, порачувајќи дека сите добри резултати се заедничко дело на близу 40 новинари и медиумски работници во регионот.


8

СТОПАНСТВО

Штипските стопанственици сакаат гас, сонуваат работници Н а состанок на Регионалната стопанска комора се дебатираше за состојбата во стопанството и можностите за подобрување на истата. Најголемо внимание беше посветено на можноста час побргу да се реализира најавениот проект за гасификација на градот, а се поведе дебата и за проблемот со работната сила која, од месец во месец станува се поизразен -Работиме на тоа гасот што побргу да го ставиме во функција на стопанството но и на институциите и граѓаните. Впрочем, тоа е дел и од нашето предизборно вретување. Работиме на тоа поле зашто нашите пресметки говорат дека гасот ќе овозможи помали енергетски трошоци за стопанството од 50 до 70 проценти. Во Штип гасот ќе биде поефтин и од Струмица зашто

таму се носи со возила, а кај нас ќе доаѓа преку гасоводен систем, ги информираше стопанствениците градоначалникот Благој Бочварски. Присутните забележија дека штипското стопанство се соочува со дефицит од работна сила. Тие побараа да се даде законска можност работникот по завршување на тат хонорарно со само работниот ден со 8 часов- еден лист хартија по прино работно време, да мо- нципот пријава-одјава. же да работи во друга -Стопанската коСтопанствениците побараа да се даде законска можност работникот, по завршување на 8 часовниот работен ден, да може да работи во друга фирма два до четири часа, за што би му било платено, а целата процедура да се поедностави.. фирма два до четири часа. Беше укажано на комплицираните законски регулативи, а беше побарано работниците да можат да се се селат од една во друга фирма каде ќе рабо-

Писмо од Ново Село

мора влегува во проект со УСАИД за носење на закон за практиканти. Имаме многу млади кои работните вештини можат да ги стекна преку практична работа во стопанството за

[tipski Glas, Noemvri, 2017 br. 77

што би им се плаќало.. Цениме дека тоа ќе им помогне на фирмите да се здобијат со нова, млада, а плус тоа и квалификувана работна сила. Ова го потенцира Љупка Самарџиска од Стопанската комора на Македонија. Стопанствениците побараа при носењето закони кои се однесуваат на регулативите во стопанската сфера да учествуваат и луѓе од бизнис заедницата.

Неуредниот колектор – опасност по луѓето и животната средина

Кога беше граден колекторот во градот во делот кој поминува низ Ново Село, поголем дел од куќите кои беа под неговото ниво останаа неприклучени на истиот. Пред повеќе од десет години се направи напор по што овие куќи беа приклучени на главниот колектрот преку помошен колектор за собирање и транспортирање на фекалиите. Овој колектор е изграден до цевката кај мостот на река Брегалница, во непосредна близина на Л џите и тој ги поврзува двата брега на реката. Препумпната станица за собирање на фекалните води која беше изградена не профункционира, а фекалиите што доаѓаа до неа преку цевка долга 50-на метри по течението на реката, а пред клисурата, влегува во водите на Брегалница. Со поплавата од 26 март 2013 година, кога водата во Брегалница силно и бујно надојде што беше несвојствено за многу претходни години, цевката од помошниот колектор беше прекината и однесена така што сите овие години наназад од тој случај фекалиите истекуваат директно во Брегалница, десеттина метри

низводно од мостот. Кој поминал одтаму сигурно ја почуствувал несносната миризба која ја има преку цела година, а која е посебно интензивна во текот на летниот период. Иако надлежните за овој голем проблем на жителите на Ново Село, а во исто време и голема несреќа по екологијата на водите на Брегалница беа информирани, тие досега не превзедоа ништо да го решат проблемот. Овде сакам да напоменам дека тоа се случува непосредно до местото на кое се фрла светиот крст по кого од мостот скокаат стоина главно млади луѓе, и на кое место луѓе полнат вода не водејќи пртиоа сметка за нејзината хемиска и биолошка исправност. Ќе упатам порака до новиот градоначалник на Штип Благој Бочварски овој проблем да му биде еден од приоритетните. Ова бидејќи истиот не трпи одлагање и бара итно решавање за утре ако се јават последици по луѓето и животната средина да не кажеме дека било Киро Маџунаров доцна.


[tipski Glas, Noemvri, 2017 br. 77

ОБРАЗОВАНИЕ

На гимназијалците им се насмевнува награда од МИЛИОН евра

Н

а државниот натпревар Get in the ring 2017 за стартапи, Стефан Маневски, Никола Патраклиски, Марија Трајковска, Гордана Арсова и Андреа Спирова учениците во четврта година гимназија „Славчо Стојменски“, под менторство на професорот Петре Петковски, го освоија првото место во категоријата Е-Health. Со тоа тие се здобија со право на учество на меѓународниот натпревар за стартапи во Брисел кој ќе се одржи во месец март, идната година. Младите генијалци од наша-

В

та гимназија која со години наназад важи за едно од трите најдобри

Оваа надарена петорка се натпреварува со својата идеја – маска за мобилен телефон во која е вграден алуминиумски радијатор кој електричната ја претвора во топлинска енергија. средни училишта во Македонија, а во последните пет години најмалку двапати беше и на првата позиција, се натпреваруваа со нивната идеја

9

– маска за мобилен телефон во која е вграден алуминиумски радијатор кој електричната ја претвора во топлинска енергија. Овие талентирани ученици ни појаснија дека целта на нивната иновација е да им се помогне на лицата заболени од Рајноов синдром, а воедно и на сите други кои сакаат да се чувствуваат удобно при користењето на на својот телефон во услови на многу високи или многу ниски температури. Оваа петорка која може да го прослави своето училиште, својот град и својата држава планира во најблиско време да создаде прототип на нивната иновација и да направат медицинска анализа со консултација на стручни лица. Во Брисел на гимназијалците им се насмевнува награда од милион евра. Патните трошоци им ги покрива училиштето кое е подготвено максимално да ги поддржи овие ученици на патотот кон големиот успех кој сами си го имаат трасирано.

Текстилното училиште со нова стратегија

о последните десеттина години Средното општинско училиште „Димитар Мирасчиев“ работи на работ на опстанокот. Лошите образовни политики, гарнирани со проблематичните кадровски решенија, го доведоа некогаш респектибилното „текстилно школо“ до работ на пропаста. И тоа не било каде, туку во градот во кој царува текстилот како главна стопанска гранка. Со одлука на градоначалникот Благој Бочварски, за нов в.д.директор во училиштето е именуван Дејан Доневски. -Наша обврска е со нова стратегија да го запреме најавениот процес на конечното умирање на училиштето, а потоа со повеќе надлежни институции да воспоставиме соработка за негова ревитализација. Сметам дека училиштето си има

своја сегашност и своја иднина, а на нас е да работиме да ја оствариме нашата идеја и потреба, вели Доневски. Новата стратегија предвидува враќање на угледот и привлекување на младите кон професиите од текстилната сфера кои тука се изучуваат. Пред се тука се работи за струкуите конфекциски техничар и конфекциски компјутерски оператор. -Намерата ни е да пробаме со дуално образование кое ќе се обидеме да го реализираме по претходен договор со општината, стопанствениците, Бирото за образование и Министерството за образоваие. Тука ја очекуваме поддршката од домашните текстилни капацитети и од странските кои во Штип и околината лоцираа свои фабрики. Мислам дека тоа е стратегија во ко-

ја секој може да си го најде својот интерес и да го вгради во општиот интерес на стопанството, посочува Доневски. Тој вели дека јавноста треба да знае дека училиштето не е затворено, дека си има своја перспектива, дека во него работат 20 квалитетни наставници. Доневски вели дека ќе остварат многу подобра соработка со локалната власт која досега ја немало.


10

УНИВЕРЗИТЕТ

[tipski Glas, Noemvri, 2017 br. 77

Д-р Дејан МИРАКОВСКИ, професор по вентилација и техничка заштита на УГД

Штип е среќен град, во него се дише квалитетен воздух

Г-дин Мираковски, најавивте дека во Штип, на репрезентативна локација, планирате да инсталирате мерач на квалитетот на воздухот. Која беше причината за еден ваков потег на УГД? Нашата лабораторија веќе неколку години работи на развој на сопствени инструменти, кои треба да овозможат пефикасно и подостапно мерење на суспендираните цврсти честички (прашина) во околината, а истовремено да ја имаат прецизноста на референтните инструменти. Овие инструменти беа развиени со поддршка на индустријата, пред се за нивни потреби, но ние сакавме да ја прошириме нивната употреба и да ги направиме резултатите од овие активности корисни за пошироката јавност. Бидејќи поголемите центри на Истокот како Штип и Струмица, не се покриени со државната мониторинг мрежа, се одлучивме заедно со локалните самоуправи да обезбедиме системи за овие градови, кои ќе овозможат следење на концентрацијата на цврсти честички во реално време и ќе ги информираат локалните власти и јавноста за состојбата со квалитетот на воздухот. Секако почнуваме од Штип, бидејќи тука сме базирани и најефикасно може да се извршат сите потребните подготовки. Инаку овие инструменти се поставуваат на локации кои ќе го прикажуваат квалитетот на воздухот на да-

деното подрачје, на пример урбана зона или зона со интензивен сообраќај, индустрија и слично, на одредена висина и растојание од препреки со цел резулатите да одговараат на квалитетот на воздухот

придонес на науката во корист на луѓето, на заедницата? Не е само софтверот, нашите активности резултираа со комбинирање на високо технолошки елементи во прецизни мерни

Што e АМБИКОН групата? АМБИКОН е дел oд лабораториите при Факултетот за природни и технички науки (некогашниот рударско-геолошки факултет). Името го има добиено како кратенка од зборовите „амбиент“ и „контрола“, што е и основно поле на работа на оваа група. Инаку раководител на целата лабораторија е професорот Блажо Боев, додека во АМБИКОН се директно вклучени д-р Дејан Мираковски, доц. д-р Марија Хаџи Николова, м-р Бобан Самарџиски и Игор Павлов. Информатичката поддршка ни ја обезбедуваат луѓето на нашиот ИТ центар, м-р Гоце Богатинов и Јордан Тиквешански. во таа зона. Ние најверојатно ќе одиме со урба-ни локации, како најважни за изложеноста на населението. Софтверот е изработен во научната лабораторија на УГД...Дали тоа го сметате за конкретен

станици, кои можат автоматски да работат и да ги пренесуваат далечински податоците до системи кои ги обработуваат резултатите и даваат информации во реално време за целата јавност. Сето тоа, бидејќи е направено кај

нас, е многу поевтино од ваквите станици на реномираните светски производители, а со тоа и подостапно. Дополнително, ние можеме во најголем дел локално да ги одржуваме станиците и да ја контролираме нивната прецизност, што е исто така значителна заштеда на време и средства во однос на мерните станици произведени во други држави. Инаку, ние оваа активност ја правиме без надомест и ги ставаме станиците во сервис на граѓаните во регионот во кој функционираме. Иако тоа можеби не секогаш е највидливо за јавноста, функционирањето на научните институции на многу начини ја менува околината во која тие функционираат.Попрецизните мерења или новите производни технологии, високо специјализираните лекари или инженери, кои се плод на научната активност на универзитетите, директно овозможуваат на пример побезбедна работа на работниците, поголема продуктивност и заштеда на компаниите, подобро лекување на болните. Сето тоа можеби се мали чекори, но тие сигурно го подобруваат квалитетот на живот во средините во кои овие институции функционираат. Што ќе се мери во однос на возухот? Овие станици се дизајнирани да ја мерат концентрацијата на суспендирани честички во воздухот или т.н. прашина, како една од најприсутните зага-


[tipski Glas, Noemvri, 2017 br. 77

дувачки материи кај нас. Тие може по потреба да мерат две групи (фракции) честички, кои се разликуваат според нивниот аеродинамички дијаметар изразен во микро метри, a се означуваат како РМ10 и РМ 2,5. Инаку според националните прописи, доколку просечните концентрации на РМ 10 фракцијата, за период од 24 часа не надминуваат 50 микрограми на метар кубен, тие не би требало да имаат негативно влијание врз здравјето на луѓето. Со зголемување на концентрацијата, но и на периодот на изложеност, почнуваат да се јавуваат негативни ефекти пред се кај нај осетливите групи, како децата и хронично болните, а при многу високи концентрации и долги периоди на изложеност, негативни ефекти врз здравјето може да се јават кај сите луѓе. Некои меѓународни организации како Американската Агенција за животна средина, имаат дефинирано т.н. индекси на квалитет на воздух, во кои се дефинирани 6 категории на квалитет и влијанието на истите врз поедини групи луѓе. Тие почнуваат од квалитет на воздух безбеден за сите луѓе, воздух опасен за поедини осетливи групи луѓе, па се до многу опасен за сите. Од Општина Штип побаравте да обезбеди пристап до локацијата, струја, столб на кој ќе стои мерачот...Разговаравте ли за тоа со градоначалникот Бочварски? Секако. Градоначалникот, Благој Бочварски беше информиран и ни даде целосна поддршка. Во крајна линија комплетирањето на оваа активност е возмож-

УНИВЕРЗИТЕТ но само со заеднички напори на УГД и локалната самоуправа, поради што нивната поддршка ни беше неопходна.. Подолго време се бавете со научни истражувања во областа на животната средина, пред половина година поставивте мерачи за квалитетот на воздухот на подрачјето на рудниците Бучим и Саса, кај Бучим се мери квалитетот на воздухот и за Боров Дол

значително да го редуцираат негативното влијание врз воздухот, додека проблемот во урбаните средини е покомплексен. Дали заагадувањето од аспект на квалитетот на возухот има влијание од локацијата на која е сместен еден град? Морфологијата на теренот, покрај другите фактори, има големо влијание врз квалитетот на воздухот во урбаните средини. Кај населените места во

Мираковски со новинарите

кој со 40 проценти е во општина Штип. Што покажува мерењето на таа локација? Првичната инцијатива и поддршка за конструкција на овие инструментите дојде токму од овие индустриски капацитети, па вакви станици се поставени кај селото Дамјан во зоната блиску до идниот коп Боров Дол, како и во Саса во индустрискиот круг и населбата под самиот рудник. Генерално, оваа се рурални локации со добар квалитет на воздухот и мерењата покажуваат помали концентрации во споредба со било која урбана средина, посебно во зимскиот период, кога разликите се неколкукратни. Оваа само го потврдува сознанието дека со добра контрола индустриските капацитети можат

котлините, во текот на зимата се јавува феноменот на температурна инверзија која го прекинува нормалното струење на воздухот,па се јавуваат голем број магливи денови со драстично зголемено загадување. Оваа е посебно изразено во густо населените котлини, како Скопската или Полошката котлина. Кај градовите на висорамнини, „мирните“ денови со магла се повеќе инцидентни, а ваквите периоди ретко траат повеќе од неколку дена. Во таа смисла во каква позиција е Штип? Имало ли досега макар и инцидентни мерења на воздухот и ако ги имало што покажале тие? Штип, со својата локација и големиот број на ветровити, а малиот број на „мирни“ денови со појава

11 на магла, може да се смета за навистина среќен по оваа прашање. Мерењата во фазата на тестирање на опремата од оваа година, како и минатата година во текот на зимските месеци потврдија дека квалитетот на воздухот е во рамките на дозволеното и деновите со загадување се ретки (инаку надминувања до 35 дена на годишно ниво се дозволени и се сметаат за нормална појава). За споредба, просечните концентрации од последните пет дена за Скопската котлина се споредени со измерените во Штип, при што е очигледно е дека Штип е убедливо најчист и ниту еднаш не ја надминува дозволената гранична вредност.Тоа веројатно добро го чувствуваат и самите граѓани и нивната перцепција се совпаѓа со мерењата. Колку, по однос на ова прашање, софтверски решенија на кои работите вие како институција, сте поврзани со Европа и светот? Не само на овој проект, ние сме поврзани со многу институции од Балканот и Европа и соработката е постојана. Во конкретниот случај, на пример сензорите кои ги користиме се од реномирана компанија од САД, па директна комуникација ни е повеќе од неопходна. Тука морам да споменам и дека нашата лабораторија, не само што соработува со други институции и лаборатории од странство туку и врши специјални мерења за индустриски капацитети во регионот, на пример во Србија, Албанија, а од неодамна и во Бугарија, која како членка на ЕУ има посебно високи стандарди во оваа сфера.


12

В

ГРАЃАНСКИ СЕКТОР

[tipski Glas, Noemvri, 2017 br. 76

Завршна прес конференција

о рамките на реализацијата на меѓуграничниот проект “Промоција на руралниот и планински туризам преку користење на ИКТ, ИСО консултации и Туристички стимул за патување меѓу Бугарија и Македонија” финансиран од Interreg – IPA програмата за прекугранична соработка, се реализираше завршна пресс конференција на ден 10 октомври 2017 година во хотел „Изгрев“- Штип. На завршната пресс конференција се презентираа постигнатите резултати во рамките на проектот Една од главните актвности е ИСО консултации на 6 туристички компании на кои им се доставија изготвени елаборати за начинот на спроведување на Системот за квалитет. Компаниите кои беа вклучени во оваа активност се: Хотел-ресторант Ваго-Штип, Хотел ГОГОВ Пехчево, Туристичка агенција ГРАНД ТРАВЕЛ Штип, Пицерија Фантазија Штип, Ресторант Заки и Пицерија Парадизо. Целта на ИСО

консултациите е да се олесни и подобри работата на компаниите и доближување до европскиот пазар. Истовремено на компаниите им е објаснето што значи системот за управување со квалитет, имплементација на ИСО стандардите, политиката за квалитет со цел да им допринесе олеснување на нивната работа со крајна цел зголемување на бројот на туристи, изјави Софија Петковска ИСО консултант И втора главна активност е истражувањето за стимулирачкиот метод за патување во проектниот регион од кое произлезе тријазична книга во која се објавени резултатите и препораките од истражувањето, изјави Наташа Ицева – Претседател на Организацијата на жени –Штип На пресс конференцијата присуствуваа 40 учесници претставници на туристички компании, невладин сектор, јавна администрација и новинари кои имаа можност да се запознаат со создадените мрежи на туристички актери.


[tipski Glas, Noemvri, 2017 br. 77

РЕКЛАМА

13


14

КОЛУМНА

[tipski Glas, Noemvri, 2017 br. 77

ГОЛИ И НЕ ОБВРЗАНИ Пишува: М-р Трајче КАЦАРОВ, писател

(Со сето ова изнесено во писмена форма немам намера пред јавноста да поднесам трактат за уметноста, туку сакам да најдам анлог во политичкото милје во нашава страдна Македонија. Замислете нашиот народ да има можност, на осонов човековите права загарантирани со сите светски закони, да е на позицијата во која е Роден во своето атеље, па да може да ги набљудува своите избраници за функции во законодавната, извршната власт и судската власт, во формата, во суштината со која природата ги обдарила, притоа да им забрани да заземаат пози, туку онака како од мајка родени да го работат она кое го избрале по сопствено видување)

Е

ден ден во атељето на Огист Роден, влегол Пол Гзел, човекот кој преку книгата разговори со уметникот, со наслов „Огист Роден за уметноста“, праќа порака до оние на кои им претходи великиот уметник. Пораката е, побожно да ги сакаат мајсторите кои создавале пред нив. Кога влегол во атељето, Пол Гзел, покрај не малиот број фигури извајани во различен материјал, видел и група на млади луѓе кои наполно голи се шетале

горе-долу по атељето. Роден ги плаќал да се мафтаат по просторот по кој владеал. Имале улога на модели. Роден ги набљудувал внимателно нивните природни движења. Им забранувал да заземаат пози зашто сакал да ги доловува, да ги скицира, нивните природни движења од главата па преку мускулите на рацете на нозете и телото. Во разговорите со Гзел, Роден го објаснувал присуството на младите голи тела во атељето преку потребата да докаже дека уметноста почива само на вистината, се’ друго што значи поза ја уништува целта на уметноста.Природните движења му даваат на уметникот да навлезе во длабочината на формата. Со влегувањето во длабочината ја избегнува замката што ум ја

Всушност не постои ниту убав стил, ниту убав цртеж ниту убава боја, постои само една убавина, убавината на вистината која се открива поставува ширината. Што значи она што е природно не доближува до длабочината, до суштината на формата без која нејзиното постоење би немало оправдување. Тоа Роден го објаснува и преку ставот за стилот во уметноста. Еве што вели тој: „Всушност не постои ниту убав стил, ниту убав цртеж ниту убава боја, постои само една убавина, убавината на вистината која се открива. И кога висти-

ната, длабоката мисла,силното чувство избива од книжевното, или уметничкото дело, очигледно е дека стилот, цртежот и бојата се само одраз на вистината...Уметникот кој се расфрла со својот цртеж, писателот кој сака да му го фалат стилот личат на војник кој се прчи во својата униформа, а одбива да оди во војна, или пак личи на земјоделец кој постојано го чисти, гланца ралото за да му блеска наместо да го зарие во земјата..“ Со сето ова изнесено во писмена форма немам намера пред јавноста да поднесам трактат за уметноста, туку сакам да најдам анлог во политичкото милје во нашава страдна Македонија. Замислете нашиот народ да има можност, на осонов човековите права загарантирани со сите светски закони, да е на позицијата во која е Роден во своето атеље, па да може да ги набљудува своите избраници за функции во законодавната, извршната власт и судската власт, во формата, во суштината со која природата ги обдарила, притоа да им забрани да заземаат пози, туку онака како од мајка родени да го работат она кое го избрале по сопствено видување. Ќе можеме ли во таков случај за нашиот народ да кажеме дека не е ништо подалеку од младиот глушец во Ла Фонтеновата басна, кој ја сметал мачката за голем пријател. Огист Роден симпатиите на глушецот кон мачката ги толкува како израз на„ветропир“ кој нема критички дух.“

www.istokpress.mk ЕДНА ГОДИНА - 2 МИЛИОНИ ПОСЕТИТЕЛИ ПРОВЕРЕТЕ ЗАШТО!


[tipski Glas, Noemvri, 2017 br. 77

КУЛТУРА

„Кобајаши Мару“ или нема ништо поопасно од ,,чесен,, градоначалник

Пишува: Пане Кукушев о една од првите епизоди на култниот серијал ,,Звездени патеки,,се споменува замисленатата вежба за спасување на цивилниот вселенски брод ,,Kobayashi Maru,,.Тоа е обука за вежбање наменета за тестирање на карактерот на питомците во Звездената академија. Накратко, неподвижен брод се наоѓа во неутрална зона, а влегувањето на бродот за спасување во зоната ќе предизвика некои чудни инциденти па мора да се одлучи - дали да се направи обид за спасување на екипажот на Kobayashi Maru со загрозување на сопствен брод и животот - или да се напушти Kobayashi Maru преодреден за уништување. Ако кадетот одлучи да се обиде со спасување, симулацијата е дизајнирана да гарантира дека бродот ќе биде уништен со губење на сите членови на екипажот. Целта на тестот не е кадетот да го победи противникот, туку да се тестира реакцијата во ситуација која не донесува победа. Како Бизнис теорија, одредени економисти го користеле Kobayashi Maru како пример на потребата за редефинирање на темелот на кој бизнисот се натпреварува - менување на правилата наместо да се игра во лажирана игра-како пример за успешна бизнис стратегија / Olenick, Michael “Redefining Markets: Captain Kirk & the Kobayashi Maru”/”Редефинирање на пазари :

В

Капетан Кирк и Кобајаши Мару“ Па прашањето кое се поставува е – Која е врската со Штип, со екс градоначалникот Захариев и изборите? Па едноставно е,ние обичните грагани ги сменивме правилата на однесување односно, одново го воспоставивме правилото на слободно изразена волја. Моралот е секогаш дефиниран од страна на оние кои се на власт. Што сменивме? Па го заменивме стравот со храброст, самобендисаноста и арогантноста со одговорност, волунтаризмот со стручнос, криминогениот менталитет со чесност и праведност. Го надминавме стравот од репресија и избравме нова власт. Претходната состојба не беше однела во една безидејност, каде пред се беше битно да си припад-

Изгледа дека некој советник за односи со јавноста добро знаел на Захариев да му прави евтина реклама, ама сепак некој мора да работи и заработи за да може ,,доброволно,, да донира цемент, камен, песок, коцки, мостови, цвекиња и клупи ник на одредена партија, да мислиш не со своја глава туку да си послушник. Знаењето, стручноста и искуството беа потиснати, затоа толку

Од новиот градоначалник очекувам нова енергија, чесност, отвореност за нови идеи и проекти но и храброст и одлучност да ги оствари... многу наши деца избегаа во странство. Состојба на заплашеност кај гласачите постоеше, особено затоа што државниот апарат беше партиски запоседнат. Штип и штипјани заслужуваат повторно да се слушне нивниот глас и мислење за секој

15 проблем и потреба Поранешниот градоначалникот не убедуваше дека само тој ги знае најдобрите решенија, а градот неговите решенија не го чинеле речиси ништо. Очигледно е дека градоначалникот имал сопствена ,,визија“ која ја пренесувал на неговите послушници, а тие ја реализираа секоја негова ,,идеја“ и предлог како можност за сечење лента за самопромоција која е надвор од секоја логика. Изгледа дека некој негов советник за односи со јавноста добро знаел да му прави евтина реклама, ама сепак некој мора да работи и заработи за да може ,,доброволно,, да донира цемент, камен, песок, коцки, мостови, цвекиња и клупи. Да не ги заборавиме и ,,Макфест,,и ,,Пастрмалијадата,,со нивните спонзори, а парите завршуваа во приватни џебови. Секогаш кога ќе искористиш некого, никогаш не боли да му се заблагодариш. На тој начин полесно ке го искористиш повторно. Со самобендисаноста локална власт, посебно градоначалникот кој само сакаше са си го слуша сопствениот глас наместо гласот на граганите, соработката беше невозможна. Очигледно е дека неговите сопартијци, коалициони партнери и други ,,соработници,, беа само декор кои го подржуваа неговото его. Советниците од Советот треба да управуваат со градот а градоначалникот - да раководи и менаџира. Но истовремено треба да се расчисти со криминалот и криминалците Што очекувам од новиот Градоначалник ? Очекувам нова енергија, чесност,отвореност за нови идеи и проекти но и храброст и одлучност да ги оствари .Да , сакам и да живееме во град каде ке има и паркови и зеленило , чист и среден град со редовна и квалитетна вода по ниска цена но и театар кој ке поставува нови претстави, кино, изложби ,концерти и места за одмор и рекреација но и спортски случувања кои ги оправдуваат вложените средства . Конечно,имама шанса да бидеме пристојно место за живеење , вистински центар со вистински луге.


16

КУЛТУРА

[tipski Glas, Noemvri, 2017 br. 77

Импресивна изложба на дела на штипските ликовни уметници Многу народ дојде на отворање на изложбата која помина во знакот на прославата на Денот на ослободувањето на градот и полувековното постоење на ДЛУШ

Н

а 7 ноември 2017, Друштвото на ликовни уметници од Штип (ДЛУШ) по 50-ти пат ја организираше својата традиционална изложба на Митровден во чест на денот на ослободувањето на Штип. Тоа воедно беше и 50 годишен јубилеј од формирањето на друштвото. Изложбата ќе остане во сеќавање како настан за паметење. Уметничката галерија „Безистен“

беше преполна со уметнички дела и посетители и вака голема посетеност и интерес за настанот немало веќе подолго време во историјата на друштвото. Изложбата беше овозможена и организирана во целост од директорот на Завод и музеј од Штип, Мите Штерјов. Тој во своето обраќање пред присутните нагласи и на дело покажа дека во целост ја разбира потребата од организирање вакви настани кои се значајни за градот. Изложбата беше прогласена за отворена од новоизбраниот градоначалник на Штип Благој Бочварски кој го поздрави организирањето на оваа манифестација во рамките на Програмата за одбележување на Денот на ослободувањето на градот. Бочварски воедно посака и во иднина оваа традиција да продолжи со истиот интензитет како и досега.

Со изложбата на штипското ликовно творештво на посетителите и сите љубители на Павле Ѓоргиев-Зуфа, Љубица и Љупчо Донски, Иван Сулев, уметноста им автори на првата изложба на ДЛУШ беше пружена можност да ѕирнат лата на авторите: Драган Биков, во еден поинаков свет, свет на раз- Љубица Накова Донска, Љупчо лични сензибилитети, идеи и креа- Донски, Павле Георгиевски Зуфа, Пецевски, Гоце ции собрани да ја промовираат Александар својата средина. Самата цел на организирањето на изложбата е придонес за афирмација и континуиран развој на ликовната култура на Штип. Првата изложба на ДЛУШ беше организирана на Митровден во далечната Стојановски, Тодор Максимов, 1967 година во рамките на одбеле- Трајче Радојевски, Миодраг Јосижувањето на денот на ослободува- мовски, Иван Сулев, Мирко Дончевњето на Штип. Во првиот каталог од ски, Мите Павловски, Александар Првата изложба на ДЛУШ беше организирана на Митровден во далечната 1967 година во рамките на одбележувањето на денот на ослободувањето на Штип. Во првиот каталог од изложбата се запишани следните учесници: Драган Биков, Љубица Накова Донска, Љупчо Донски, Мирко Дончевски, Кирил Ефремов, Ѓорѓи Здравев, Томислав Крмов, Мишо Казанџиски, Александар Пецевски, Гоце Стојановски, Иван Сулев и Шандор Керекеш како гост на изложбата изложбата се запишани следните учесници: Драган Биков, Љубица Накова Донска, Љупчо Донски, Мирко Дончевски, Кирил Ефремов, Ѓорѓи Здравев, Томислав Крмов, Мишо Казанџиски, Александар Пецевски, Гоце Стојановски, Иван Сулев и Шандор Керекеш како гост на изложбата. На годинашнава изложба на слики и скулптури беа изложени де-

Смилков, Зоран Малиновски, Марин Коцалев, Виолета Бочварова , Александар Брашнаров, Кирил Казанџиски, Борче Минов, Петре Колев, Марјан Карашов, Горан Карашов, Лазо Китанов ,Маја Бикова, Стојан Е. Јосимовскa


[tipski Glas, Noemvri, 2017 br. 77

17

КУЛТУРА

Нешто ново во штипската култура Боре Минов, наш познат ликовен уметник, на волонтерска основа планира да го заживее фоајето како убаво место за нови уметнички остварувања

Ц

ентарот за култура внесува една значајна новина која ветува квалитетно да придонесе за подинамичен културен живот во градот. Станува збор за волонтерски ангажман на лице, познат штипски уметник, кој ќе се грижи убавите уметности да заживеат на начин кој му е потребен на градотрегионален клтурен центар. Боре Минов, ликовен уметник, на волонтерска основа си ја презеде обврската да работи за квалитетни промени во културата. „Во Домот на култура „Ацо Шопов“, во изложбениот просторфоаје, ќе се обидам да придонесам за прогрес на ликовната, но и на другите видови уметност. Тоа планирам да го направам преку постојано организирање ликовни изложби, со мој целосен ангажман во тех-

ничкиот дел, маркетингот, преговорите и договорите со уметницитесликари. Целта ни е тој убав простор да заживее на еден нов, квалитетен начин, да привлечеме уметници и публика“, вели Минов. Програмата на која ќе се посвети овој уметник е надвор од програмата која ја има планирано Центарот за култура, но, во исто време, двете работи ќе бидат во меѓусебна координација. „Во тој простор планирам да има ликовна работилница но таа ќе биде за постари наши граѓани кои ја сакаат оваа уметност и работат на тоа поле. Децата и младите свои ликовни школи имаат во училиштата“, појаснува Минов. Во овој простор уметникот планира да се одржуваат и панаѓури на книгата со учество на изда-

Б. Минов

вачки куќи, да има и продажна галерија на слики и книги, а сликарскиот дел да биде постојана постановка. На вратата од фоајето ќе има информација за времето во кое галеријата ќе биде отворена како и телефонски броеви на кои евентуалните туристи и групи од градот и околината ќе можат да побарат галеријата да им биде веднаш достапна.

ПРЕТСТАВЕНА НАЈНОВАТА КНИГА ПОЕЗИЈА НА МИХАИЛ РЕНЏОВ

Н

Јас, елегии

а 9 Ноември во Домот на младите во организација на НУЦК „Ацо Шопов“ и Домот на млади, во преполнетата сала, поетот и литературен критичар Бранко Цветковски, ја претстави најновата поетска книга ЈАС. ЕЛЕГИИ, на Михаил Ренџов. Инаку Ренџов за наведената книга ја доби наградата „Браќа Миладоновци“. Наградата му е доделена за најдобра поетска книга помеќу две Струшки вечери на поезијата. Промоторот Цветковски во својот осврт кон наградената книга истакна дека авторот Ренџов е една од најзначајните личности во македонската современа поезија, односно дека ги населува горните свери на македонската книжевна атмосфера. Ренџов во поздравната реч, односно забалагодарувајќи се на организаторите на промоцијата , на критичарот Цветковски како и на многубројната публика-пријатели на неговата поезија, рече: „Ова ми е втора наградена книга. Наградата „Браќа Миладиновци“ ја добив и за кинигата „Нерези“ во 1982 година и тогаш помислив дека сум го достигнал врвот, но откако ја добив истата наградта и за книгата, ЈАС. ЕЛЕ

ГИИ, сфатив дека врвовите се’ уште не се освоени, односно ме чекаат, ако ме чекаат“. Куриозитет на вечерта беше настапот на Божидар Симоновски-гитара и Мирче Кикиритков-вокал. Публиката беше воодушевена од изведбата на мелодијата „Две китки , две ми девојки“ за која стиховите ги напишал Михаил Ренџов. Медијаторот на промоцијата Кацаров, по настапот на двоецот СимоновскиКикиритков рече: „Со настапот на познатите музичари се потврди дека озвучувањето на стиховите е најприфатливо ако е со музика,односно со итерпретиран нотен запис.“ Стихови од наградената книга читаа членовите на книжевниот клуб при Домот на млади : Ванета Панова и Божидар Доневски.


18

ЖИВОТ

Пешки поминал 136.000 километри, стасал до пензија А

ко животот навистина пишува романи, тогаш животот на нашиот сограѓанин Благој Нофитов (64) дава можност за роман каков што сеуште не е напишан. Работејќи цели 40 години како поштар, тој остварил стотици илјади средби со штипјани на кои им носел писма главно со радосни содржини. Самиот вели дека, според неговата пресметка, дневно, за пет часа разнесувајќи пошта по штипските домови, поминувал во просек по 13 километри. Чекор по чекор, ден по ден, месец по месец, година по година и Нофитов стигна до заслужената пензија. Ако е точно, а сметаме дека е „тука некаде“, дека дневно Нофитов поштарот поминувал по 13 километри, и ако прифатиме дека годината има околу 265 работни денови, излагува дека јунакот од нашата приказна, за 40 години работа, поминал над 136.000 километри! -Си ја сакав професијата. Главно ми носеше многу радости низ животот. Непроценливо е тоа што имав можност на стотици семејства дневно да им посакам добро утро или добар ден, тие да ми отпоздрават, некои и да ме поканат на кафе и слатко. Речиси и не паметам некоја лоша случка, нешто непријатно да ми се случило...Добар е овој наш народ, луѓето во Штип се прекрасни, така барем јас мислам на база моето искуство“, вели Благој.

Во поранешна Југославија пензиите на пензионерите им ги носел дома, им ги предавал на раце. -Имаше тогаш обичај во целата држава на поштарот да му се даде некој денар од пензијата зашто тоа носело среќа. Не беа тоа големи пари, не даваше секој пензионер. Но јас бев радосен зашто знаев дека на луѓето кои четириесеттина години работеле за доброто на нашиот град и нашата држава им ја носам заслужената пензија. Носев и социјална помош, а по осамостојувањето на Македонија тоа со носење чекови и пари дома го снема. Дојдоа нови времиња, нови законони, нови навики и сите требаше да се

кои не стасал да ги предаде во петокот, а не сакал ниту да останат за понеделникот. -Мене и денес ми е радост што никој, во тие мои 40 години, не се пожали на мојата работа. Никој не ми подвикна, сите беа задоволни. А низ работата имав и разни неверојатни случки.Така, со велосипед носев пошта до Железничка, од таму до Балканска, па преку цевководот кој служеше за пренос на водата од бунарите на „Македонка“ до самата фабрика го префрлав велосипедот на другата страна од реката Брегалница за да стасам до Бабите како наслеба во изградба, појаснува Нофитов. Во поранешна Југо-

Во поранешна Југославија немаше мобилни телефони, па мајќите со душа ги чекаа писмата од своите синови-војници. Неретко кога некоја мајка ќе видеше на ковертот дека писмото е од синот знаеше да се расплаче. Тогаш во мене се мешаа чувствата, ем тажни ем радосни. Тажни поради солзите на мајките, радосни зашто знаев дека добиваат убави пораки од своите деца прилагодуваме на тоа, ве- славија млади од Штип ли нашиот соговорник Но- оделе да служат војска во фитов. далечни градови. Нивните Дневно по 13 километри, па ако прифатиме дека годината има околу 265 работни денови, излагува дека јунакот од нашата приказна, за 40 години поштарска работа. изминал над 136.000 километри! Вели ортопедите да не се радуваат, нозете и денес не чувствуваат никаква болка! Тој вели дека дневно, во просечк, разнесувал по 500 поштенски пратки. Во сабота не работел ама затоа почесто неделата му била „малку работна“ зашто имало многу пратки

мајќи пред се, со душа чекале писма од нив. -Тогаш немаше мобилни телефони, па мајќите со душа ги чекаа писмата од своите синови. Не- ретко кога некоја мајка

[tipski Glas, Noemvri, 2017 br. 77

ќе видеше на ковертот дека писмото е од синот знаеше да се расплаче. Тогаш во мене се мешаа чувствата, ем тажни ем радосни, тажни поради солзите на мајките, радосни зашто знаев дека добиваат убави вести од своите деца... Тие мајчини солзи и денес знаат да ми се јават во потсвеста кога ќе се сетам на мојата работа, со радост ни раскажуваше бившиот поштар кој во пензи- јата ужива веќе седум месеци. За него штипјани говореа дека е културен човек кој знае како да им се обрати. Тој пак вели дека луѓето биле многу добри со него, ја сфаќале тежината и одговорнста на неговата работа и соодветно на тоа се однесувале. А дали Благој го заболеа нозете од изминатите 136.000 километри како поштар? -Никако! И сега нозете ме служат одлично. Не да одам туку летам по градот. Имам кондиција, не чувствувам никакви болки во нозете, ортопедите џабе да не се радуваат, низ смев ни говореше поштарот кој работејќи ја својата професија стана една од штипските легенди.


[tipski Glas, Noemvri, 2017 br. 77

19

СПОМЕНАР

Стари штипски споменари

Страната ја уреди: Зоран Сичев Панорама на Штип околу средината на 20 -те години од минатиот век

Хотел Краљ каде било сместено првото кино во Штип

Старата автобуска во Штип - денес домот на културата и работничкио универзитет

Старата пошта или чепрегановата куќа денес зградата на НА-МА

Слаткарата Пролечеденес новата зграда порта пролет


20

[tipski Glas, Noemvri, 2017 br. 77

СПОРТ

Што очекуваат спортистите од новиот градоначалник Благој Бочварски?

И

Импровизациите во спортот - минато?!

склучитено тешка задача ќе има новата локална власт во Штип да го врати спортот на поранешните патеки! Досега не се памети ваква хаварија на спортот во Штип, каква што е денеска. На најниското скалило паднаа спортските клубови. Има и чесни исклучоци. Што се случи со нашите брендови -ФК Брегалница, Балканец (единствено заживеа пионерската школа), пинпонгарскиот клуб, боксерскиот (сега се јавуваат млади боксери), ракометот, ги нема ракетните моделари,кошаркарите,стрелците, риболовците. Тие некогаш излегуваа на европските сцени. Не случајно, деновиве новиот градоначалник Благој Бочварски го посети Копер во Словенија. Го посети и Спортскиот центар.Беше транспарентен, па преку видео видовме зошто е таму. Побрзаа некои новинари, кои досега упатуваа само славопојки кон поранешната власт, да ја омаловажат оваа посета. Зошто тоа не го правеа кога спортот во Штип „исчезна“, кога беа доведувани непроверени фудбалери од странство за кои се трошеа не мали средства? Тогаш, само фалеа, а критичките новинари беа исфрлани

од спортските терени.Насилнички поранешната власт се однесуваа кон нив, но и одмазнички кон нивните семејства. Тогаш, првите луѓе на градот газеа преку живи луѓе за да ги задоволат само своите болни апетити. Се дрзнаа да бидат и уредници, да ги „дисциплнираат“ критичките новинари. „Подобните“ новинари не напишаа ни збор за теренот на Градскиот стадион, за кој се потрошени 500 илјади евра, а тревата ја има се помалку... Новиот градоначалник ќе мора прво да ја санира состојбата на Градскиот стадион. Да се изгради покриена трибина, а мали трибини да се изградат и на игралиштата во Бело Брдо, Кежовица, Бабите. Парите за спортот мора да се трошат транспарентно. Да се преиспита работењето на А.Д Брегалница, кое треба да даде отчет. Ова А.Д постои само на хартија, со него во изминатите години раководеа само блиски пријатели на екс градоначалникот. Безмилосно се трошеа пари. Не се знае колку изнесува загубата, но таа се мери со над стотина илјади евра. Затоа, малку чудна беше изјавата што ја даде еден раководител во локалната самоупра-

ва пред вториот круг на изборитедека во Општината се работи „домаќински“ и оти „нема долгови.“ Ќе мора во иднина да се прекине импровизацијата во работењето на спортските клубови. Со нив треба да раководат спортски легенди кои во изминатите години се се докажале и кои имаат авторитет во градот.. За младите спортски таленти треба да се обезбедат стипендии и награди, да се стимулираат педагозите по физичко воспитание. Во програмата за работа, градоначалникот вети изградба на нови спортски објекти, како на пример затворен и отворен базен. Веруваме дека ќе има време да размислува и за покривање на СЦ „Џексон“, но и изградба на монтажни трибини за повеќенаменските игралишта кај спортската сала Јордан Мијалков, во Автокоманда... Се разбира, за да се реализира сево ова потребни се пари. Веруваме дека ќе почне да функционира Законот за спорт, па да има повеќе пари за спортот во Општината...

Младите пливачи од Штип постигнуваат успешни резултати

Од двапливачки митинга „Челични “се вратија со 18 медали

М

ладите пливачи од ПК „Челични“ учествуваа на два митинга во Бугарија и се вратија со 18 медали. Едниот пливачки митинг се одржа во Софија, вториот во Благоевград..На митингот во Софија учествуваа 450 пливачи од повеќе држави, а во Благоевград ,240 од Македонија и Бугарија. „Имаме една раскошна пливачка генерација, која учествува речиси на сите пливачки натпревари во Македонија, но и надвор од нашата држава.. Иако немаме затворен базен во Штип, сепак се снаоѓаме како знаеме и умееме. И мора да кажам постигнуваме и добри резултати. На митингот во Благоевград, нашите деца освоија 18 медали, а на митингот во Софија се пласираа од 8 до 20 место во своите дисциплини...“ –

ни рекоа педагозите Методи Петров и Мирко Јакимовски.

Би требало да ги споменеме и имињата на децата-пливачи- Андоновски, Цоневска, Зашевска, Глаев, Јанков, Трајчев,С. Нашков, Наков, Киров, Георгиев,...,


[tipski Glas, Noemvri, 2017 br. 77

21

СПОРТ

Кит-Го второлигаш, „Ќежовица“ ќе се подготвува...

В

о Третата фудбалска лига сé е во знакот на „Кит-го“, каде играат неколку млади фудбалери од Штип. „Кит-Го“ убедливо води на табелата со 13 бодови предност пред другите кандидати. Може уште сега овој клуб да го промовираме во второлигаш. Се работи за многу организиран клуб кој работи на професионална основа. Го води

штипскиот бизнисмен Кире Гогов, а тренер е Трајче Сенев. Во оваа екипа со добри игри во есенскиот дел се истакнаа Јамаковски, Денковски, Синев, Стјојанов, Симевски, Ташков, Колев, Трендафилов Дујовски, Тиквешанац, Димовски.. Исто така, како што е случај со Кит-го, и Кежовица работи на долги патеки. Мора да се пофали

раководството на овој клуб Драган Митов и Зоран Саздов. Неколку млади фудбалери се наметнуваат и во оваа екипа..

МАДИТЕ СО ПОДДРШКА НА ИСКУСНИТЕ НА ДОБАР ПАТ

Брегалница со шанси за враќаење во првата лига

П

о првата полуетапа во Втората македонска фудбалска лига, Брегалница е без пораз. Беласица, Брегалница и Борец ќе водат главен збор за првите две места на табелата. Првото место обезбедува директен пласман во Првата лига, а второпласираната екипа ќе игра бараж. Во првиот дел, Брегалнјвца играше нерешено на двете гостувања во Струмица и Велес. Значи, би требало да е во предност пред стартот во вториот круг. Во оваа лига ќе се играат три круга. Може да се каже дека сега Брегалница има млад тим, малдите фудбалери потпомогнати со искусните Здравков и Наумов , на сите средби прикажаа мошне добри игри.

КИК БОКСЕРИТЕ СЕ ПОДОБРИ

Во Штип донесоа медали од Балканијадада и ЕП

М

ладите кик боксери на „ Гладигатор“ од Штип постгнуваат мошне добри резултати. Тие се учесници на многу меѓународни турнири. Успешно го претставуваат градот и Македонија. На последното Балканско првенство во Црна Гора и на ЕП за млади, двајца кик боксери на овој клјуб се закитија со медали- сребрена и бронзена – Јована Арсова и Никола Нацев. Заслужен за успесите на „Гладијатор“ е и тренерот Шенол Асанов. Штипските кик боксери сами се снаоѓаат во обезбедувањето средства за настапи на меѓународните првен- ства. Голема помош имаат и од академик Жан Митрев. Кога сме кај кик боксот, уште една штипјанка, која настапува за скопски клуб, ги потврдува своите квалитети- Викторија Варадинова. И таа освои медали на Балканското и ЕП за млади. Уредил: Кирил Манев


22

[tipski Glas, Noemvri, 2017 br. 77

РАЗОНОДА

TR-MR

Внимание

Во животот најмногу ќе потрошиш Ако имаш Млада жена и стар автомобил.

Подобро утре

ov -Mi Re k e ~e R i T

Македонската железница никако да проработи. Затоа нашето подобро утро Толку многу доцни.

„Храброст“

На фејсбук се објавуваат Големи вистини. Во нив лажен е само Профилот на објавувачот Толку за нашата храброст.

Парадокс

Кога бевме другари Живеевме како господа Сега кога станавме господа Живееме од денес до утре.

Навистина лудаци

Razmisluva: Iv. BOJ

Издавач: Ив Ан Принт 16 - Штип Излегува – еднаш месечно Првиот број излезе во месец април, 2009 година Редакција: Иван Бојаџиски, главен и одговорен уредник Кирил Манев, уредник на спорт Маре Стоилова, уредник на колумни Јорданчо Бојаџиски, технички уредник Седиште на редакцијата: 2000-Штип, ул. „Страшо Пинџур“-2 Денарска сметка: ТТК банка 290000001875546 Даночен број: 4029016517952 Годишна претплата – 180 денари Печати: печатница „Генекс“-Кочани Ракописи и фотографии не се враќаат За Штипски глас се плаќа повластена даночна стапка од 5% ISSN 2545-4498

Крадци влегле во библиотеката И украле неколку книги. Полицијата утредента ги нашла И ги сместила право во – лудница!

ВИЦОТЕКА - Французинката од левата страна има маж, од десната љубовник, зад себе си сомнително минато, пред себе светла иднина, а на главата шапка. – Македонката од левата страна има 3 полни најлон ќеси од самопослуга, од десната страна 2 деца, зад себе си убаво минато, пред себе не гледа иднина, а на главата маж. Млад дечко ги кине ливченцата на маргаритката и вели: Во 19 век: Ме сака, не ме сака… Во 20 век: Ќе спие со мене, нема да спие со мене… Во 21 век: Маж сум, жена сум… Тројца рибари ловат риба на Преспанско езеро. Едниот фаќа златен крап. Крапот му проговорува со човечки глас. – Пушти ме во водата и ќе ти дадам еден подарок. – Каков подарок? – прашува заинтересирано рибарот. – Избери си сам: Голема љубов, голема мудрост или милион денари. – Сакам мудрост! – без многу размислување вели рибарот. – Готово! – рекол златниот крап и скокнал во езерото. Другите двајца рибари некое време го гледале својот пријател и конечно еден од нив рекол: – Ајде бе кажи нешто мудро бе? – Требаше да ги земам парите. Трпе, зошто сакате да се разведете? – Жена ми по цели ноќи скита по кафани. – Ајдее… Да не лажеш? – Не лажам господине судија. Мене ме бара…


[tipski Glas, Noemvri, 2017 br. 77

РАЗОНОДА

СУ Д О КУ

Броевите од 1 до 9 впишете ги во блоковите со големина 3 x 3 полиња (врамени со здебелени линии), така да секој број може да се најде само еднаш во водоравната или хоризонталната насока

СКРИВАЛКА треба да пронајдете два скриени предмети

Пустинската жена: Одењето на луѓето кои не ни требаат нас не може да не боли

23


24

АКТИВА

[tipski Glas, Noemvri, 2017 br. 76

info@aktivagreengarden.com.mk 070 22 22 07 / 070 24 24 22


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Br77 by Jole Boja - Issuu