Skip to main content

Br66

Page 1

Истражување на Елена Јосимовска

Мијалче Парнаџиев меѓу светците на МПЦ Стр.

12

Политика Трајчо СПАСОВ, прв претседател на Општина Штип во независна Македонија

Штип има одлична кадровска база, но лошо е што таа е исклучена од сферата на одлучување 4 Стр.

Голем штипски парадокс

Формирана Општинска организација на Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ) Зоран Костовски, советник, претседател на ОК на ВМРО -НП

Да за

квалитетните, не за

полтроните

Стр.

8

Во Текстилното училиште се запишаа само 4 ученици! Стр.

7

Актива гради фабрика во Пробиштип

Култура

Промовирани две книги на

Кирил Петров


2

N

АНАЛИЗА ОД МОЈ АГОЛ

Конкурс за одамна зафатени места Иван Бојаџиски

●Има ли елементи на кривично дело во постапката на директорот и на Управниот одбор на ЈП „Исар“? ●ПОГПМ и во Штип, нешто што беше наша неопходност ●Текстилното училиште останува без ученици, директорката си замина на одмор

1

Неодамна ЈП „Исар“ објави оглас за прием на десеттина лица за работа на разни позиции, во добар дел како службеници. Не е познат бројот на пријавените, но познато е тоа дека директорот и Управниот одбор најсурово се поиграа со големиот број невработени штипјани, меѓу кои има и мајстори на својот занает но и лица со факултетско образование. А дека се работело за грозна шашма, за голема, нечовечна измама конструирана од (не)одговорните субјекти во ова претпријатие бргу излезе на виделина. Имено, лицата кои требало да се примат на работни места, а кои според огласот беа „слободни“ да ти биле отпорано вработени, што значи „Исар“ распишал оглас за работни места кои воопшто не биле слободни! За верување е дека поголем број млади луѓе се јавиле на огласот. За верување е и тоа дека за прибирање на бараните документи тие вложиле пари на своите родители, зашто како невработени ги немале. Но, дали големата измама во режија на директорот и на УО на ЈП „Исар“ не е нешто што подлегнува на кривична одговорност? Дали тоа играње со човечката надеж, таа голема измама на голем број млади луѓе, не е нешто што повлекува и кривична одговорност? На тоа работи еден наш адвокат кој бил ангажиран од измамените, а резултатот ќе се знае кога ќе заврши феријата во судовите.

2

[tipski Glas, Juli - Avgust, 2016 br. 66

И во Штип се формира Општинска организација на Партијата на пензионери и обединети граѓани на Маќедонија. За тој чин пишуваме поопширно во овој број на весникот. На основачкото собрание имаше пристоен број на присутни со оглед на разочараноста на граѓаните од политиката која се води во државата. Ми беше укажана голема чест со едногласниот избор за нејзин претседател. А и ми личи, девет години сум пензионер. Утредента пријател ми вели: „Вие ли пензионерите ќе ја спасувате државата“! За мојот пријател да нема дилеми, а и сите други, користам прилика да ги информирам неинформираните дека ова е партија во која членуваат полнолетни граѓани без оглед на возраста, а не само пензионери. Потпретседателот на нашата Општинска организација е образовано момче на 30 годишна возраст. Имаме и втор потпретседател, а тоа е жена. Но, дека и оваа политичка партија може да стане (и веќе станува) значаен чинител на нашата политичка сцена во која многу Дрини се криви, укажуваат и следниве примери. Во Парламентот на оседна Србија, Партијата на обединетите пензионери има девет пратеници, а има свои претставници и во Владата. И Хрватската Партија на пензионерите има четворица пратеници, додека во Словенечкиот парламент оваа партија е застапена со 11 пратеника, а од нив дури четворица се министри. На почетокот од преговорите за името помеѓу Македонија и Грција, на средбата со министрите Поповски и Василакис, гледајќи го нашиот (пре)млад министер, медијаторот Нимиц само кусо прокоментира: „Овој проблем можат да го решат само белите коси“. И ете ви ги белите коси во ПОГПМ како искуство, плус младите како нова креативна енергија, сплотени во една партија чие значење наскоро уште како ќе се види

Ако Kосовари отвораат асфалтна база во Штип, што станува со нашата?

Р

егионална телевизија извести дека извeсна, засега неименува косовска фирма, ќе отворела асфалтан база во Штип. Ако информацијата е точна, тогаш останува отворено прашањето што ќе се случи со нашата асвалтна база лоцирана на осмиот километар покрај патот Штип-Радовиш. Оваа база постои над 40 години и правеше асфалт главно за потребите на источниот регион. Таа беше, а и сеуште е во состав на ЈП „Македонија пат“. Од оваа јавно државно претпријатие, пред некоја година, поголема група вработени беа трансферирани на работа главно во културните институции во градот. Немало за нив доволно работа, а ЈП „Македонија пат“, кое на времето беше најпосакуваното ЈП за вработување, западнало во големи финансиски проблеми.

„Нема шанса за такво нешто. Информацијата не ви е точна. Ние имаме асфалтна база која солидно си ја извршува својата функција, прави асфалт за потребите на регионот зашто и ние имаме регионална легитимација“. Ваков одговр на нашето прашање во однос на тоа што ќе биде со нашата асфалтна база, даде Ванчо Коцев, раководител на п.е.„Македонија пат“ чие седиште е во Штип. Ова беше и последната изјава на Коцев за некој медиум, зашто од денот кога разговаравме тој замина во пензија. Во атарот на штипско веќе постојат две асфалтни бази. Покрај базата на „Македонија пат“ и кинеската компанија „Синехидро“ отвори своја база кај месноста Ежово поле каде го прави асфалтот потребен за автопатот Миладиновци – Свети Николе-Штип кој е во изградба.

75 ГОДИНИ ОД АНТИФАШИСТИЧКОТО ВОСТАНИЕ

С

Eпопеја на непокорените

едумдесет и пет години од антифашистичкото востание на југословенските народи Баш како во песната на Мите Богоевски, поет, кој го даде својот живот за слободата на Македонија: ко вчера да беше, ко овој час! Летнаа, прелетнаа цели 75 години од кревањето на југословенското антифашистичко востание на четврти јули 1941. Ветриштата на времето ја однесесоа и државата создадена во победоносното востание, а сведоци сме како низ историските врвулици минуваме ние кои паметиме, а и новите генерации.

Повикот на КПЈ до народите на Југославија е јасен: сега е време, сега чукна часот да се кренете сите како еден во бој против окупаторот и нивните домашни слуги, крвници на нашиот народ. Не се обѕирајте кон каков и да е терор на непријателот...Само по три-четири месеци Титовите партизани ја создадоа Ужичката Република, а потоа, преку Козара, Неретва и Сутјеска, низ Февруарскиот поход, славна Дебарца и Козјак, , преку Сремскиот фронт – до конечното ослободување на Југославија, онаа Југославија веќе конституирана на Второто заседание на АВНОЈ. Војската ја водеше Тито, а во неговиот Врховен штаб беа уште и Арсо Јовановиќ, Михаило Апостолски, Светозар Вукмановиќ Темпо, Пеко Дапчевиќ, Милован Ѓилас, Коча Поповиќ, поп Влада Зечевиќ, Раде Кончар, Франц Лескошек, Иван Мачек, Моша Пијаде, Александар Ранковиќ, Иво Лола Рибар, Исидор Папо, Павле Савиќ...

Колку за потсетување: малку повеќе од шест месеци пред кревањето на востанието во Дубрава кај Загреб се одржа Петтата земска конференција на КПЈ, на која претседаваше генералниот секретар Јосип Броз. Тогаш партијата е забранета, работи во илегала. Бројна состојба, од Гевгелија до Триглав: КПЈ брои 7.000 (седум илјади членови), а СКОЈ – Составен дел на антифашистичка 17.800. војска беа и 120.000 македонски партизани, од кои 20.000 ги положија животите на олтарот на На 4 јули, недела-две по нападот на слободата. Првото заседание на АСНОМ и Германија врз Советскиот Сојуз, во куќата на создавањето на македонската држава остаРибникари на Дедиње (основачи и сопстве- вија неизбришлив историски печат и сериозни ници на весникот “Политика”) се одржува сед- обврски пред поколенијата што доаѓаат. ница на Политбирото на КПЈ, на која се донесува одлука за кревање на сенародно На крајот на војната Југословенската востание. Присутни: Јосип Броз Тито, Алек- армија броеше 800.000 војници и офицери. сандар Ранковиќ, Милован Ѓилас, Иво Лола А беа само 7.000 комунисти и 17.800 скоевци... Рибар, Светозар Вукмановиќ Темпо и Сретен Како што сега стојат работите Штип, градот на текстилот, Жујовиќ (тука се и Рибникари и Дедиер, како ќе остане без своето текстилно училиште! За учење во набљудувачи). Штипјанецот Ристо Лазаров него се пријавиле само четири ученика! Истражувајќи на на Фејсбук оваа голема за Штип тема, се обидов да тропнам на портата од ова училиште. Но, веќе на скалите ме пречека една чистачка и ме информира дека директорката си заминала на одмор и го распуштила колективот до новата учебна сезона. ЗАБОРАВНИ ИЛИ... Си помислив дека тоа не може да биде можно, дека кога училиштето гори не е одговорно ниту е морално директорката да си се лади во неко наше или странско одмораНие не го одбележавме овој ден. Не го одбележаа ниту борците лиште.Сепак, се покажа дека чистачката била во право. и продолжувачите на нивното дело. Ги забораваме големите Канцеларијата на директорката беше затворена. Излезе спонастани или...? Но, тоа не значи дека 4 јули не постои како ред познатата „Селото (училиштето) гори, бабата (директорважен датум во нашата историја. Тоа само значи дека ние ката) се чешла (одмора)“. Факт е дека првите луѓе на опшнемаме однос кон датумите на кои беше трасиран нашиот и тинските училишта се избор на градоначалникот. Оттука, со светски пат кон Слободата. нетрпение ја очекувам неговата реакција. Во секоја нормална (и.б.) општина за таква неодговорност следи смена.

3


[tipski Glas, Juli-Avgust, 2016 br. 66

3

РАЗГОВОР Зоран КОСТОВСКИ,

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОК НА ВМРО-НП И СОВЕТНИК СО НАЈДОЛГ СОВЕТНИЧКИ СТАЖ

На сцена да стапат најквалитетните, а не полтроните

С

оветник сте шеснаесет години, го „трошите“ четвртиот мандат, со таква политичка кариера во локалната заедница никој не може да се пофали. Оттука, на што, според Вас, се должи овој штипски, а веројатно и македонски рекорд? Мојот одговор ќе биде краток. Ценам дека сите мои мандати се засноваат на цврстата идеолошка определба и доследност, чесноста и професионалниот пристап кон советничката функција. Тоа штипјани одамна го препознаа и поради тоа толку време ми ја укажуваат својата доверба.

Мислам дека ова прашање е во доменот на повисоката политика. Најдобро спек беше времето на владеење на мојот лидер Љупчо Георгиевски кога имавме висок стандард, а парите беа пуштени мегу луѓето кои имаа среден бизнис. Друго ништо посебно не се случуваше во изминатите 25 години за народот да има подобра живеачка..

Вие сте политички активен во сите години на нашата независност. Претседател сте на ОК на ВМРО НП чиј лидер е Љупчо Георгиевски, а познат е фактот дека многумина присутни во локалната политика ги напуштаа своите партии приклучувајќи се кон победниците... Јас не сум од таков материјал. Еден сум од оснивачите на ВМРО-НП во Штип од 2004 год па наваму, исто како што бев и еден од оснивачите на ВМРО-ДПМНЕ во Штип од 1990 година.

Колку сите досегашни советнички состави беа во функција на развојот на Општина Штип? Можеше ли повеќе и подобро, колку неслогата помеѓу двата големи политички субјекти застапени во Советот беше и е пречка за позначајни остварувања? Како што веќе споменав најголема демократија и најголеми успеси имавме во времето кога во Општинскиот совет доминираа советници од нашата партија. Мандатите на другите состави на Општински совети, како и на сегашниот, минуваа и минуваат во постојани препукувања или во преголема доминација на едните или другите без интерес да се сработи нешто добро за сите нас.

Според Вас, кој советнички состав е најдобар досега и зошто? Најдобар советнички состав беше оној од времето кога ВМРО-НП имаше најмногу советници- шест, а плус тоа и претседателот на Општинскиот совет беше од нашите редови. Во тој совет одлуките се донесуваа со консензус, при што сите политички партиципиенти учествуваа со свои предлози што придонесуваше да имаме квалитетни решенија за многу витални штипски потреби. На 8 септември 2016 година Република Македонија ќе одбележи 25 години од независноста...Во државата се води дебата по прашањето дали ние ја оправдавме нашата независност?

Дали Штип, во овие 25 години се развива согласно потребите на заедницата? Дали штипјани се среќни луѓе, вие имате контакти со народот, што тие луѓе ви кажуваат, на што се жалат, од што се задоволни... Граѓаните најмногу се се жалат на невработеноста,а оние кои имаат работа се жалат на условите за работа. Моето видување на нештата е едноставно: ако во приватниот сектор, посебно во текстилните фабрики, имаше поголеми плати одколку во државните фирми друга ќе беше

Сведоци сме на силна партизација на општеството, колку тој факт, погледнато и од агол на вашата советничка позиција и позиција на лидер на партија во една општина е кочница за напредок? Тоа е една негативна тенденција која час побргу треба да престане за да најквалитетните во сите сфери стапат на сцена, а не полтроните. Најголем проблем на младите од Штип и истокот е невработеноста, а најголем проблем на регионот е тоа што младите си одат од татковината. Што го создаде овој голем проблем и како

ГРАДОНАЧАЛНИК Ако ми биде дадена шанса на следните локални избори за градоначалник, јас со мојата авангардност и бунтовнички дух ќе можам да го воздигнам градот на едно завидно ниво со една свежа крв... да се реши ова болно прашање? Како што спомнав предмалку, стандардот, односно неквалитетното живеење ги одвлекуваат младите да бараат свое место во светот, а ние, ако не се најде модус да

Уште само 8 месеци имаме до новите локални избори, па со оглед на вашето политичко искуство сакаме да ве прашаме дали имате намера да се кандидирате за градоначалник, за што во градот се говори?

Eм градежна експанзија, ем антидепресиви

урд Aпс о источниот плански регион присутна е експанзија во низа градежни активности, пред се во асфалтирањето на улиците. Од Берово преку Каменица, Виница и Кочани па се до Штип и Пробиштип се асфалтираат бројни улици, а со тоа градовите добиваат на својата привлечност. Но, дали со тој факт луѓето се среќни? Се чини дека одговорот е негативен. Имено, на регионалните ТВ на кои се објавуваат стории за градежната експанзија во голем дел од градовите на истокот од Македонија, истовремено се присутни и информации за сe поголема потрошувачка на антидепресиви!

В

прикаската.

се задржат младите, Од политичката кореќе бидеме нација во лација на односите во нашиот изумирање. град мислам дека за жал сеуште сме во една црно-бела Вашето мис- варијанта која не е добра за лење за спортот во градот. Сепак, ако се укаже Штип? Има мисле- шанса јас со мојата авангардња дека градот на ност и бунтовнички дух мисспортско ниво дла- лам дека ќе можам да го возбоко е паднат, ва- дигнам градот на едно завидшето мислење е но ниво, со една свежа крв, важно зашто во се- тука мислам на ангажирање мејството имате ус- на младите кои во меѓувреме пешен млад спор- завршија по големите европтист... ски градови, и со нивна помош Благодарам на и моето искуство ќе напраова прашање бидејки виме еден одличен спој со и како поранешен од- што ќе го вратиме реномето бојкар кој беше дел на Штип. од едни многу поуспешни генерации, а и Што е Зоран Костовсега кога мојот син е голема ски во Советот на општиодговорност да одржуваш ната: позиција или опозиеден првак на Македонија по- ција? И како го цените личсебно тежината е уште пого- ниот придонес во работата лема бидејки е тоа поедине- на Советот чен спорт каде од 6,5 годишна Освен тој период на возраст сме по турнири, на- владеење што го спомнав потпревари, а за жал и мојот бу- векето сум опозиција. Но, џет тоа не може веќе да го предлозите како опозиционер издржи.Пак ќе речам за жал тешко минуваат без оглед колзашто синот Петар е мој шам- ку тие се во корист на градот пион но е и шампион на Маке- и на штипјани. Можам одгодонија, на Штип и на сите нас. ворно да кажам дека моја беОдамна е познато дека спор- ше заложбата за уредување тот е спас на младите кои јас и на коритото на Отиња, заедно како педагог ги насочувам да со деканот на Факултетот по го преферирааат. Јас и сега туризам при УГД први во 2008 рекреативно спортувам, а бев година упативме барање за и организатор на еден хуман уредување на пешачка патека мини-турнир на кој сите фан- покрај реката Брегалница. Сегрупи игравме за хумана по- пак, тогаш се немаше слух за мош на еден наш сограганин. тоа и сега конечно гледаме дека тоа можело да функционира.

А едносо со друго не оди, не ли? Регионална ТВ објави аналитички обработена информација според која токму нашиот регион е македонски првак во земање антидепресиви. Тоа се оние лекарства за смирување кои човек ги употребува кога нештата не му се во ред кога „ситуацијата“ во него создава непријатни чувства и кога е тероризиран од мачнината на животот кој го живее . Додека улиците се асфалтираат расте бројот и на младата популација која посегнува по антидепресиви. Тоа е факт кој силно загрижува и на чие решавање треба многу поупорно да се работи.

Што, според Вас е приоритено да се гради во градот? Одсекогаш сум сакал мојот град да биде град кој некогаш беше центар на Источна Македонија и на кој сите со респект гледаа. Мислам дека мора да завршиме некои капитални објекти како што се брана на Отиња, голема градска спортска сала, комплексот Кежовица со затворен базен, жичара на Исарот, а Штип и штипско Ново Село да станат туристичка атракција за многу наши посетители што ќе го посетуваат нашиот град.

Штипскиот градоначалник например, на почетокот од мандатот рече дека ќе им ја врател насмевката на штипјани. Дали тоа е направено? Оговорот е негативен. И во Штип се асфалтираат улици но се помал е бројот на граѓани на чие лице ќе ја видите онаа широка, заразно позитивна насмевка. Затоа пак се зголемува бројот на замислените лица, а се поголем станува и бројот на граѓани кои ќе ги видите како на улица сами со себе си зборуваат... Убаво е што се асфалтира, но многу позначајно е да се создаде општество на среќни луѓе кои ниту на сон нема да помислат на антидепресиви. (в.б.)


4

[tipski Glas, Juli-Avgust, 2016 br. 66

ИНТЕРВЈУ ние нашата независност не ја оправдавме. Ние паднавме на две клучни работи кои се основа за успешноста на една држава. Прво, Македонија на својата врвна државна позиција не доби личност која ќе делува обединувачки, на која сите граѓани ќе и веруваат. После Киро Глиговор, кој успешно ја одигра државничката улога во своето време, ние не добивме друга личност со такви квалитети. Тоа резултира со силно поделено општество и граѓани, при што поделбата е пред се по партиска основа, а одамна е познато дека поделените општества не може да сметаат на успех. Таа поделба се рефлектира и во социјалната сфера зашто се создадоа мал слој на пребогати и огромен број на сиромашни луѓе. Второ, во нашата држава, во првите години од незвисноста,

„Кирил и Методиј“, Јодрдан Поп Јорданов, претседател на МАНУ...Сите тие дадо свој впечатлив придонес во поставувањето на темелите на независна Република Македонија но дадо придонес и за тоа Штип да биде лидер во југоисточниот регион. Но, за разлика од тогаш сега Штип го изгуби таквото лидерство, а во многу важни сегменти има стагнација или назадување. Да се вратиме на Штип. Што затековте кога седнавте во првата градска фотелја? Во таа 1991 година не постоеше никаква регулатива. Со амандманска интервенција се направи концентрација и централизација на сите функции во Републиката, општините беа обезвластени. Сите ингеренции на општините и беа одземени. Единствен приход во општинската каса беше данокот на промет од продажба на недвижен имот. Имаше тоа некаква логика во однос на тенденциите кои се

имаме координација со носителите на функции во локалната самоуправа, претседателите на политичките партии и со раководството на боречката организација за да знаеме што се случува во градот. Приоритетна цел ни беше да продолжиме со изградбата на левиот и десен колектор од двете страни на реката Отиња. Но, пред тоа, како најважна задача ни беше да обезбедиме средства по принципот на солидарност.Донесовме одлука за воведување местен самопридонес, а со дел од средствата ја финансиравме доизградбата на колекторите. Во исто време за квалитетно водоснабдување на неколку високи зони во градот изградивме соодветни резервоари,а беа изработени и бунари со што сите делови на Штип беа оптимално снабдени со вода како по квалитет исто така и по квантитет. Ние бевме убедени дека самопридонесот ќе успее бидејќи солидарноста беше заштитен знак на Штип и на штипјани во тогаш големата

СТРУКТУРА

Општината денес ја нема неопходната кадровска структура, не постои кадровска екипираност, организација и проекти за развој...

Трајчо СПАСОВ, прв претседател на Општина Штип во независна Македонија

Штип има одлична кадровска база, но лошо е што таа е исклучена од сферата на одлучување Република Македонија не ја оправдува својата независност, зашто после Киро Глигоров не се најде човек кој ќе делува обединувачки, па народот е многу поделен, пред се по партиска основа.

И

мето на Трајчо Спасов, магистер по организација на работа, ќе остане запишано во историјата на нашата општина како име на личност избрана за прв претседател на Општина Штип во независна Македонија.На највлијателната функција во нашата локална заедница Спасов беше избран во 1991 година, како член на Либералната партија. Во тој состав Собранието на општината имаше 50 одборници од кои 35 беа од партијата на Спасов. Тој функцијата претседател на Општината ја вршеше се до месец декември, 1996 година, значи полни шест години. Тоа што Република Македонија, на 8 септември годинава, ќе одбележи 25 години од независноста, беше повод за мега интервју со оваа исклучителна личност со пребогата работна и општетсвена биографија вредна и инспиративна за цел еден роман. Денес Спасов е на 83 годишна возраст, пензионерските денови ги минува во друштво со сопругата Наташа, медицинска сестра со која е во брак 52 години, другарува со внуците, а добар дел од денот го минува во својот овоштарник од 1,7 декари плодна земја. Г-син Спасов, погледнато од ваш агол и од оваа временска дистанца, би сакале да ни кажете дали Република Македонија ја оправда својата независност, односно дали се остварени/остваруваат идеалите на независноста? Mислам дека во најголем дел

се спроведе неправедна приватизација. Имено, имотот создаван во времето на социјализмот беше имот на сите граѓани, се титулиаше како сечиј и ничиј, па согласно тоа најправедно беше секој граѓанин кој со својот труд придонел за создавање на тие материјални вредности да добие дел од тој општествен имот. Мој став е дека во тоа време, согласно начинот на кој беше создавано целокупното материјално богатство во нашата држава, најдобар и најправеден беше моделот на приватизација преку поделба на ваучери, модел предложен од Петар Гошев и Стојан Андов. На тој начин секој наш граѓанин кој со својот труд имаше дадено придонес во создавањето на големите материјални добра, ќе го добиеше делот кој си го беше заслужил. Но, тогаш во Собранието на Македонија беше усвоен друг концепт на приватизација, а резултатите ги гледаме и денес. Од друга страна, кога зборуваме за независноста, ние како штипјани треба да бидеме горди што во првите години на нашата независност на најважните функции во државата ги имавме нашите штипјани. Киро Глигоров, кој е првиот претседател на Република Македонија, Никлола Кљусев, првиот пемиер, Горги Наумов, министер за правда, Јордан Мијалков, министер за внатрешни работи, Јордан Арсов, прв претседател на Уставниот суд, Драги Данев, ректор на Универзитетот

јавива во западниот дел на државата, но не и за Штип и за источниот регион. Во тие први години на нашата независност за општините да може да функционираат државата интервенираше со позајмици за плати и за режиски трошоци. Во таа година во локалната самоуправа затекнав 60 вработени, а кога си заминав од функцијата останаа само 25. Каква ви беше стратегијата, односно како се снајдовте за да можете да реализирате некои важни проекти?

Југославија.. Што, од капиталните објекти, покрај колекторите и резервоарите доби Штип во првите пет години на нашата независност? Во тој период го уредивме влезот во градот, односно го изградивме булеварот. Не беше тоа мала работа бидејќи проектот бараше многу работа, постоеше потреба да се уредат многу подземни инсталации, но ние имавме одличен проект, добар стручен кадар и успеавме на градот да му обезбедиме убав влез со прекрасно булеварско решение. Во соработка со ЕСМ изградивме 35 киловолАКТИВА И НИКОЛОВ тен трансформатор што придонесе за стабилно напојување со струја и на „Актива“ стана штипски и индустрија и на градот. Потоа, донемакедонски бренд во совме одлука за изградба на 400 волградежната индустрија тен трансформатор за поврзување на Македонија со Србија, таа одлука за благодарение на жал тогаш не се реализира но се реакадровската екипираност, лизира неодамна. Поштата тогаш беодносно на тимот кој го ше во заедница со телекомот, но се создаде првиот човек Иле донесе одлука да се направи параНиколов. Тој елемент е лелна пошта како замена за скопскаосновата на силниот та, па ако дојде до хаварија на скопекспанзијата која ја ската штипската пошта да ја превземе доживува „Актива“, а тоа за централната поштенска функција во Штип е од посебно значење државата. За едно од поголемите досзашто имаме развој во тигнувања го сметам изградбата на Градската капела. Како локална власт нешто што не е текстил. оценивме дека е голем проблем поНиколов направи одлична ворките со нашите покојни да минуваекипа, гледаше и гледа со ат низ градот, и дека е прашање на децении пред времето, ја културата тој проблем да се реши на препознава иднината, а начин како што тоа го прави сиот цилично ценам дека вилизиран свет. Капелата ја изградивпоголемите успесите допрва ме со средства на нашето јавно коќе дојдат. мунално претпријатие. Потоа пристапивме кон реализација на проектот ниту еден реон, ниту една населба да Како претседател на Општи- не биде без квалитетна вода за пиената направив секој понеделник да ње, што значеше поврзување на дел


[tipski Glas, Juli-Avgust, 2016 br. 66

од населбите со филтер станицата. Изградбата и асвалтирањето на улиците си беше една тековна работа околу која не се креваше некоја посебна политичка врева. Да се вратиме на самопридонесот. Од неговото завршување до денес изминаа речиси 20 години, а најголемиот дел од парите собрани во ваше време сеуште стојат неискоритени. Каква е вашата оценка за таквата наша состојба, да имаш пари а да не умееш да ги ставиш во функција на потребите на градот? Од самопридонесот се собраа околу три милиони марки. Тие пари беа наменети за решавање на прашања поврзани со водоснабдувањето на градот и за изградба на брана на Козјачка река. Уште во тоа време за браната на Козјачка река постоеја различни мислења, а подоцна се покажа дека добар бил потегот што не се градеше таа брана. Имено,од надлежното министерство за води децидно ни беше кажано дека тие не се за брана на таа река, дека немаат намера финансиски да го подржат тој проект. Нивниот одговор беше ако општината има пари сама да си ја гради браната. А без помош од државата тоа не беше можно. Тоа беше пресудно да не се гради таа брана, а јас мислам дека беше одлично тоа што на Козјачка река не градевме брана. Од тој проект профитираа само урбанистите,тие изработија три студии, во една се тврдеше дека реката има вода за да наполни една брана, во друг дека вода нема... Сепак, факт е дека и по две децении тие пари од тоа ваше време сеуште стојат на сметка. Иако, во сите овие години, партиски челници, градоначалници, претседатели на Совети се сликаа фатени за раце и со ветување дека ќе се гради брана, овојпат на реката Отиња. Но, факт е дека и од тоа нема ништо... Мислам дека Штип има поважна работа од градење брана на Отиња. Градот сеуште има околу 6 километри азбестни цевки низ кои тече водата од филтер станицата до домовите на граѓаните. Тоа е крајно несериозно, неодговорно, се прави голема штета по здравјето на голем дел од нашите сограѓани. Азбестот како материјал докажано има канцерогени својства, цевките се слаби и при поголем притисок на водата пукаат при што водата за пиење се меша со онаа од канализационата мрежа, односно со фекалиите. Азбестните цевки се причина што речиси половина од водата која доаѓа од филтер станицата до градот се губи низ системот. Кога јас денес би бил градоначалник би се залагал парите од самопридонесот да се искористат за отстранување на азбестните цевки. Водоводната инсталација на градот е околу половина век и треба дел по дел да се менува. Ако и за ова е потребен референдум, за 7-8 месец ќе имаме локални избори па нека на нив се постави на гласање и ова прашање. Јас сум убеден дека одговорот на штипјани ќе биде во полза на нивното здравје. Што се однесува до браната на Отиња тој проект е можен само под услов ако левиот магистрален канал кој од браната „Калиманци“ е изграден до Аргулица се доизгради до местото на кое е предвидена браната. Тоа е можно и на таа тема треба да се работи. Има ли нешто што би им за-

ИНТЕРВЈУ мериле на градоначалниците после вас? Голема грешка на секој од нив е што не направија пречистителна станица па фекалиите од градот непречено и нефилтирирано истекуваат во реката Брегалница, втората по големина река во државата. А за сето

ШТИП И „СКОПЈЕ 2О14“ Имам впечаток дека Штип го има пресликано „Скопје 2014“ но на еден поинаков начин. Имено, градската власт упорно работи на тоа да собере што повеќе пари од граѓаните и фирмите и притоа не води сметка за урбанизацијата на гардот, за тоа дали Штип се загушува наместо да има простор да диши... ова време се даваа многу грантови, добар дел од помалите градови во нашето опкружување нив ги искористија и изградија колектори со пречистителни станици..Тоа, секако е прашање и на нашата еколошка свест, на свеста за зачувување на животната средина, на умешноста да се дојде до пари преку грантови од меѓународните институции...Ние имаме и многу училишта, градинки, иснтитуции, цели населби покриени со азбестни покриви кои се канцерогени..Во градот имаме поголем број атомски громобрани кои се штетни по здравјето, еден таков имаме и на зградата на Општината. Таа опасност по здравјето на штипјани мора да се елеминира, тоа мора да биде приоритет за секоја општинска власт. Штипската стопанска структура продолжува да се потпира на текстилот и на чевлите. Какво е вашето мислење по однос на структурата на локалната економија и може ли тука нешто повеќе да се нап- рави? Пропаѓањето на Штип на економски план започна во почетокот на осумдесеттите години со познатите кадровски чистки во многу наши дотогаш успешни фирми. Во такви услови се растури кадровската основа на градот. Јас и денес не можам да ја разберам намерата на тогашното општинско раководство, пред се на Михаил Данев, кој беше на највисоките општински и партиски функции...Тогаш се создадоа „случаи“во „Македонка“, „Астибо“, ЗИК „Црвена Ѕвезда“, „Макпромет“, „Прогрес инженеринг“, „Селена“, „Баргала“, „Метална“...Тогаш настана големата кадровска чистка при што од најважните позиции беа отстранувани најспособните штипјани. Наместо на овие носечки фирми да им се помогне во подготовките за нивна современата трансформација што беше една голема потреба, се случи голема атака за смена на кадрите. Денес мислам дека ние имаме повеќе два посебно светли примери во нашето стопанство. Првиот е примерот на „Актива“ која благодарение на кадровската екипираност, на тимот кој го создаде првиот човек Иле Николов, остварува силен развој во нешто што не е текстил. Николов направи одлична екипа, гледаше и гледа со децении пред времето, ја препознава иднината, а поголемите успесите допрва ќе дојдат. Позитивен е и примерот на „Баргала“,

5

која единствена од големите фирми успешно го преброди стечајот а потоа и трансформацијата, доживеа голем развој, што според мене е дело на првиот човек Костадин Барзов, кој знаеше како да ја извади фабриката од можната ликвидација, да ги пронајде вистинските партнери и во неа да вработи над илјада луѓе одејќи во чекор со новото време. Добро за Штип е и тоа што индустрискиот круг на некогашниот „Астибо“ Убав брак кој трае 52 години: си ја задржа и разви Трајчо со сопругата Наташа дејноста во сферата на конфекциското знаењето, работливоста, попроизводство,овојпат со повеќе десветеноста, квалитетот туку е важна сетици конфекции кои се белег на само партиската книшка... Покрај ова Штип и кои, заедно со конфекциите лично сметам дека премногу се отиде надвор од тој индустриски круг, му во материјалното, а филозофијата на носат еден социјален мир и стабилуспешниот човек е да воспостави проност на градот зашто социјално ситуипорција на повеќето свои активности раат близу 8.000 луѓе. Во тие фабрики и тогаш ус- пехот не изостанува. денес има висока технологија, преОпштина Штип денес има фектни за работа услови...Конечно, со најголем буџет во историјата на посебен пиетет треба да се споменат постоењето во овие 25 независни и фирмите „Кит Го“ која водена од македонски години. Дали народниКирил Гогов од корен ја промени фите пари се трошат рационално, и од каде доаѓаат парите... Имам впечаток дека Штип го БАРГАЛА И БАРЗОВ има пресликано „Скопје 2014“ но на еден поинаков начин. Имено, градската власт упорно работи на тоа да соФабриката за чевли бере што повеќе пари од граѓаните и „Баргала“ е синонимен за фирмите и притоа не води сметка за успешна трансформација на урбанизацијата на Штип, за тоа дали еден голем штипски градот постепено се загушува намесколектив, што е дело на то да има простор да диши. Секој агол Костадин Барзов кој не од било која улица, секоја зграда, седозволи фабриката да отиде коа кафуле, секоја продавница добиво ликвидација, ги пронајде ва дозвола за проширување,без оглед вистинските партнери и таа дали тоа од урбанистички аспект е две децении работи без оправдано и има смисла. Зад таквата „урбана филозофија“ се крие само едпрекин и со илјада но: општината да собере што повеќе вработени, така „Баргала“ пари, а за последиците друг нека му не ја снајде судбината на ја мисли. Има и една друга работа. „Македонка“, „Астибо“, ЗИК Градоначалникот и локалната власт „Црвена Ѕвезда“... мора да знаат дека Штип на времето беше град со свое радио, со повеќе весници, ШКЛ беше на многу поквалилозофијата на малопродажбата и статетно ниво отколку што тоа е денес, на не само штипски туку и македонски го имавме „Макфест“ како меѓунаробренд. Кон ова успешно друштво треден фестивал...Денес ништо од тоа. ба да се придодаде и фабриката за Како општина имавме тесна соработмасло „Брилијант“ која со умешното ка со повеќе збратимени градови, најраководење на Мите Николов стана многу од нив беа од Бугарија и Румубренд на еден поширок европски нија, луѓето од двете страни на гранипростор. цата масовно се дружеа, фирмите Вашето мислење за градот соработуваа, „Баргала“ и „Астибо“ во моментов. Локалната власт сеимаа продавници во Благоевград, декој ден се фали со некои свои успенес сето тоа е запоставено. си... Штип беше главниот промоМое мислење е дека Општитор за регионалниот хидросистем ната ја нема неопходната кадровска „Злетовица“. Изминаа речиси сеекиираност со адекватна застапеност дум години, а благодетите на сисна потребните струки која треба да темот не се користат. Штип не ја биде носител на развојот преку изготсака таа вода, иако даде најмногу вување програми од сите сфери на пари за проектот... општествениот живот, без разлика да„Златовица“ е наш проект, ли тие ќе се реализират на покус или наш предлог. Кога велам наш мислам подолг рок. Штип секогаш бил расадна Штип. Градот на времето даде ник на кадри, но во полседно време 100.000 долари за изработка на доимаме стагнација, тоа може да се викументацијата за „Злетовица“. Со огди и од фактот дека ако на почетокот ромна поддршка на Коста Балабана нашата независност штипјани донов, штипјанец, почесен конзул на минираа на политичките позиции во Јапонија во Македонија, Јапонската државата, денес таму нема човек од влада се согласи да го финансира градот. Интересно е дека тоа му се проектот. Овој регионален проект числучува на Штип кој има солидан кадни над 100 милиони долари. Раководровска база, но негативната селекција ните структури на Штип, но и на некои си го прави своето, зашто не е важно


6

СТОПАНСТВО

други општини, носат одговорност за тоа што „Злетовица“ не се користи, иако водата одамна е во дворот на нашата филтер станица. Таа вода докажано е далеку поквалитетна од оваа која денес ја пиеме од рени бунарите. Игонирањето на „Злетовица“ е лоша работа за штипјани но и за државата која е гарант за кредитот кој ќе мора да се враќа. Кој е Трајчо Спасов? Со оглед на фактот дека добар дел од помладите генерации малку знаат за првиот градоначалник на Штип во независна Македонија, донесуваме извадоци од неговиот плоден и продуктивен професионален и општествен живот. Работниот век го започнал во „Македонка“ од каде заминува на Економски факултет по чие завршување пак се враќа во Текстилниот комбинат каде врши повеќе економски функции, меѓу кои и функцијата финансиски директор. На 27 годишна возраст станува секретар на Фабричкиот комитет на СКМ, а тоа е време кога најголемата штипска фабрика кадровски силно се екипира благодарение на стратегијата на генералниот директор Димитар Бојков. Од „Македонка“ заминува во Медицинскиот центар каде како заменик директор, заедно со познатите доктори кои беа и директори Тише, Ноти, и Гајдарџиски (така штипјани најдобро ги паметат) ги поставува темелите на современата здравствена институција за Штип и регионот. Одтаму кариерата го води во Собранието на општина Штип како раководител на службата за развој. Спасов ја поврзува Општината со Институтот за економија во Белград, во Штип ги носи Глигоров, Кљусев и други еминентни економисти и се организираат големи дебати за промена на трудоинтензивноста на штипското стопанство, односно за поголем развој на „Метална“, „Прогрес инженеринг“, „Селена“ и други фирми. Спасов е архитект на современиот „Макпромет“ во кој обедини повеќе хетерогени дејности. Во еден момент во оваа фирма работеа над 1.000 лица. Тие години во Штип започна отворањето на големите самопослуги и магацини, Штип стана град во кој се слеваше река народ на пазарење. Во 1991 година е избран за прв претседател на Општината во историјата на независна Македонија. За својата севкупна работа Спасов е добитник на 25 признаија, плакети и одликувања. Ошштинскиот синдикат, под негово водство, прв во Македонија,ја доби Првомајската плаќетат за најдобар синдикат во Македонија. Тој лично, а и „Макрпомет“ се носители на признанието на градот „8 Ноември“, носител е на медал со сребрени зраци од претседателот на СФРЈ Јосип Броз Тито, Претседателството на СФР Југославија му го има доделено признанието медал за братство и единство. Во независна Македонија од Сојузот на борците на Македонија доби посебно признание. .. Трајчо Спасов е еден од малкуминати познати и успешни штипски стопанственици и општественици кој во процесот на трансформација на општествениот капитал не присвои фабрика или било што друго. Вели дека моралните начела во него не му дозволиле да заплива во такви води....

[tipski Glas, Juli-Avgust, 2016 br. 66

„АКТИВА“ гради фабрика во Пробиштип Штипската градежна фирма си зеде за обврска леарницата во соседниот рударски град да ја изгради до месец април, идната година

Н

ајоцна до средината на идната година рударскиот град Пробиштип ќе добие нов индустриски капацитет, леарница во која ќе се произведуваат делови за монтажна, железничка и автомобилска индустрија. Леарницата е сопственост на „Кранфилд Фаундри“.

На поставувањето на камен-темелникот на новата фабрика покрај премиерот Димитриев, присуствуваа и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, министерот за привлекување странски инвестиции Бил

фабрики“, рече премиерот Димитриев. Пробиштип, е рударски град кој доживеа социјална голгота со затворањето на рудникот „Злетово“. Но премиерот кој и самиот потекнува од овој град е оптимист. Тој пред присутните вети дека наскоро ќе се рестартира и рудникот, по што околу 500 ру-

Премиерот Емил Димитриев го поставува камен-темелникот на новата фабрика во Пробиштип која ја гради нашата „Актива“ и во која ќе има работа за 280 лица

На свеченоста при поставувањето на камен темелникот, премиерот Емил Димитриев нагласи дека инвестицијата е вредна 15 милиони евра, дека фабри- ката ќе се простира на површина од 8.000 метри квадратни и ќе зафаќа простор од 80.000 метри квадратни,. Предвидено е во неа да се вработат околу 280 лица. – „Не се сомневаме дека во првата половина на идната година ќе ја пуштиме во работа оваа фабрика, гаранција за тоа ни е штипска „Актива“ која секогаш, на време и со висок квалитет ги извршувала превземените обврски“, рече премиерот Димитриев.

Павлески, државниот секретар за животна средина и просторно планирање Соња Лепиткова, заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски, и Тони Тоневски, градоначалник на општина Пробиштип, -„Фабрика се гради во новата индустриска зона „Неокази“ каде инвестираме два милиони евра од кои 1,5 милиони за обебзедување електрична енергија до самата зона, а 300 илјади евра за изградба на комплетна инфраструктура, зашто во оваа зона планираме да донесеме и други инвеститори кои ќе градат нови

дари повторно ќе се вратат на своите работни места. „ За развојот на Источниот регион голем придонес ќе има и изградбата на новите експресни регионални патишта од Штип до Пробиштип кои ќе се градат исто така оваа година, а од наредната, според програмата на Владата,, е планирана изградба и реконструкција на регионалниот пат Пробиштип до штипското село Крупиште, како и изградба на патот Пробиштип- Пониква, нагласи Димитриев.

„Џонсон контролс“ најголем извозник од Штип

Оваа компанија е на 7 место меѓу 100-те топ македонски извозници Со производството на навлаки за автомобилски седишта фабриката „Џонсон контролс“ сместена во ТИР зоната е најголемиот извозник од Штип. Со остварен изво од 72.117.676 милиони евра, „Џонсон контролс“, според анализата на неделникот Капитал, е на седмото место меѓу стоте топ македонски извозни компании. Кога е во прашање Штипската еконономија и нејзиниот извоз, треба да се нотира и фактот дека белгиската компанија „Ван Хул“, која во Македонија влезе преку нашата „Актива“ , со извоз на автобуси во вкупна вредност од близу 94 милиони евра, е едно место пред „Џонсон Контролс“. Познат е фактот дека штипска „Актива“ е деловно поврзана со овој најголем европски производител на автобуси. Според Аргир Лазовски, „Актива“ во вкупниот финансиски ефект на „Ван Хоол“ учество со 8 до 10 проценти. На оваа листа на стоте топ извозници од Македонија е и масло за јадење кое се произведува во нашата ддржава и бележи нагорен извозен резултат. Производителите поименично не се спомнати но за верување е дека и штипски „Брилјант“ има свој удел во тоа. Во ова друштво на успешните се и винариите, а со оглед на факто дека Штип има дури три винарии – „Мако Вино“, „Езимит“ и „Аневски винарија“ може да се претпостав и дека и овие наши стопански капацитети имаат свој значаен удел во севкупноста на македонскиот извоз.


[tipski Glas, Juli-Avgust, 2016 br. 66

И во Штип формирана Општинска организација на Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ)

Партијата постои три години, има 15.000 членови, а за претседател на штипската Општинска организација е избран новинарот Иван Бојаџиски кој ќе ја извршува и функцијата координатор за Источниот плански регион

О

д првиот јулски ден политичкиот живот на Штип е збогатен со нов политички субјект – Општинската организација на Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОГПМ). Оваа партија е формирана пред три години и за ова, во политичка смисла кусо време, кон неа се приклучија над 15.000 граѓани. На изборното собрание во нашиот град присуствуваа над педесеттина наши сограѓани. За претседател на Општинската организација е избран новинарот Иван Бојаџиски. Обраќајќи им се на присутните Бојаџиски зборуваше за политичката состојба во државата со акцент на состојбата во источниот регион. Како најголеми проблеми тој ги посочи демографската ерозија, испустените градови и села во регионот, некореткните игри на власта со земјоделците, бесперспективноста на младите, силната партизација на се што какотака функционира на овој наш простор, (не)слободата на медимумите без кои не се можни слободни избори, тортуратаа на имателите на каква годе власт врз тие што не сакаат да мислат и делуваат како нив... „Пред десеттина дена невладината организација „Амброзиа“ од Пехчево објави пообемно истражување според кое 64 проценти од младите во регионот не ја гледаат својата иднина во својата татковина! Тоа е поразителен факт. Ние се соочуваме со испустени градови и села, стари луѓе остануваат сами зашто нивните деца заминале и ма-

7

ПОЛИТИКА

совно заминуваат во странство, а власта секој ден на своите медиму се фали со успеси. Во однос на медиумската сфера цивилизираните нации одамна имаат заклучено дека без слободни медиуми нема слободни избори, без слободни избори нема легитимна власт, без легитимна власт нема напрадок во ниту една област од општественото живеење. Ние живееме во лажирана демократија, а тоа е најпоразителното сознание за сите кои вистински си ја сакаат слободата, демокатијата, човекољубието, татковината“ рече Бојаџиски. Илија Николовски, пензиониран генерал, претседател на ПОПГМ, рече дека Партијата во која има пензио-

„Нашата партија се појави на политичката сцена во многу сложени политички, економски, институционални и безбедносни проблеми со кои се соочува Македонија. Во време кога во земјата постои голема нерамноправност помеѓу луѓето, огромни социјални разлики,појава на супербогати и екстремно сиромашни социјални слоеви и групи во кои се и изманипулираните пензионери и невработените, образовани млади личности. Тоа е состојба која создава големо незадоволство во нашето општество. Токму и поради таквите состојби ПОПГМ сака да биде фактор на помирување, на внесување нова енергија, враќање на достоинството на пензионерите, отворање вистински перспективи за младите луѓе“, посочи лидерот Николовски. Тој посебно го назначи фактот дека Македонија од лидер во регионот денесе е на крајот од редот за влез во НАТО и ЕУ, а судбината на земјата е неизвесна. –„Тоа е период на постојана економска криза, постојано задолжување, со голема дупка во пензискиот фонд што е резултат на неодговорното, аздисано и предолго врадеење на една група луѓе кои немаат Бојаџиски Николовски идеали а се водат од стекнатите интереси“, нери но и многу млади луѓе, посочи Николовски. сака да даде придонес во меЛидерот на ПОПГМ инфорнувањето на бесперспектив- мира дека членовите на оваа носта и безнадежноста во партија се учесници во „ШареРепублика Македонија. ната револуција“ предводена

ЗА ШТО СЕ ЗАЛАГА ПОПГМ? Македонија – една изборна единица Пред коалционите партии ПОГПМ ќе постави поголем број уникатни барања. Позначајни од нив се: 1.Вовдедување пропорционален изборен модел со Република Македонија една изборна единица и со отворени листи; 2.Бројот на пратенициво Собранието на Македонија, од сегашните 123 да се намали на 90; 3.Изборот на претседател на државата да се врши во Собранието со 2/3 мнозинство; 4.Мандатот на претседателот на владат да се ограничи на два мандати;

Она што треба да се знае за Илија Николовски

П

отекнува од нашите – источни краишта на Македонија. Роден е во с.Панчарево, Беровско пред 68 години. Завршил Воена академија на копнената војска во Белград (1967-1971). Говори англиски, грчки, српски и бугарски јазик. Во пребогатата и успешна кариера бил помошник на военото аташе во Грција, ја претсставувал Македонија како воено аташе во Бугарија, работел како директор на дирекцијата за меѓународна соработка во Министерството за одбрана, учествувал во изработката на сите фундаментални документи за приближување на Р.Македонија до Партнерството за мир.. Бил воен претставник на Р.Македонија во Воениот комитет на НАТО во Брисел, а во исто време бил и аташе на одбрана во земјите на Бенелукс. Носител е на проектот од областа на одбранбената дипломатија за потребите на МО. Се пензионира во 2005 година за во наредните осум години да биде на чело на Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста на државата. Николовски е познат како успешен организатор и учесник во многубројни меѓународни конференции, трибини и работилници од областа на одбраната.

од невладиниот сектор. –„Уче- риумите, стандардите, профествуваме на овој голем, сена- сионализмот, дека се водени роден протест бидејќи нашиот од лагата и сервилноста, а не минат труд, резултатите од од честа и лојалноста кон пронего, нашето жртвување фесијата, а нивна цел е неред силно се вградени во теме- и насилство наспроти правда лите на независна, слободна и и мир. суверена Македонија. Тој факт ни го дава легитимитетот, заедно со младите кои се нашата иднина да не дозвоОд основачкото собрание лиме иднината да „Ние немаме друг избор ни ја упропасти криминална банда која ја зароби државата, освен да истраеме, да го згоги узурпира и партизира ин- лемиме бројот на нашето ституциите“, рече Илија Нико- членство и заедно со другите партии и граѓани со кои имаме ловски. ПОПГМ не сака да ја про- ист поглед на сегашноста и пушти оваа уникатна прилика исто размислување за тоа и историска шанса да се бори каква треба да ни биде идниза народот да си ја врати ната, да се избориме за слоправната држава, слободата, бода, правда, сигурност и правдата демократијата. Спо- еднаквост“, порача Николовред Николовски на актуелната ски. власт важна им е Партијата а не државата, важни им се непотизмот и врските а не крите-

5.Целосно одвојување на државата и религиозните институции; 6.Најниската нето плата веќе од 2017 година да изнесува 15.000 денари. 7.Почнувајќи од 2017 година најниската основица од која ќе се пресметува придонесот за ПИОМ да биде 72 проценти од износот на просечно исплатената плата; 8.Укинување на државните субвениции за работодавачите во технолошко-развојните индустриски зони; 9.Повторно враќање на можноста во пензија да се оди врз основа на сопствен избор, за жени 35 а за мажи 40 години работен стаж; 10.Можност за докуп на работен стаж до три години; 11.Воведување на државна социјална пензија;

12.Задолжително усогласување на пензиите три пати годишно; 13.Усогласување на пензиите според најповолните законски решенија на пензионери кои имаат помали пензии од другите со иста професија; 14.Со имотот и финансиските средства од солидарниот фонд на пензионерите да управуваат самите пензионери; 15.ПОПГМ ќе поведе иницијатива за законска можност за избор на замена на матичен лекар за пензионерите кои подолго време престојуваат во друга општина; 16.Подигање на старосната граница за важење на возачките дозволи согласно практиките во ЕУ.


8

СТОПАНСТВО

[tipski Glas, Juli-Avgust, 2016 br. 66

Богдов

Во Текстилното училиште се запишаа само 4 ученици!

С

амо четири ученика се запишале во нашето текстилно училиште! Тој факт го става на испит прашањето дали немањето интерес кај младите да се школуваат во некоја од текстилните струки го најавува и самиот крај на ова училиште. Иронијата да биде поголема тоа се случува во град со пребогата историја на развојот на текстилот, град во кој 70 проценти од вработените во стопанството се токму во оваа стопанска гранка, град кој дал плејада врвни кадри кои го развивале текстилот во и вон нашата држава. Ваквата состојба несомнено бара итна и широка дебата за кадровската иднина на трудоинтензивната стопанска гранка која во

Нетков

градот ситуира над 7.700 лица и нивните семејства, и која, во едно пресудно време на општествена и економска транзиција, социјално го спаси градот. Во дебата е потребно да се вклучат претставници на локалната самоуправа на чело со градоначалникот, сопствениците на претпријатија од областа на текстилот, Кластерот за текстил, Стопанската комора, професорите од самото училиште... Пред четири години, кога веќе се најавуваше дека ќе ни се случи ваква состојба, во анкета за нашиот весник, едено момче кое првин се пријави,а потоа си ги зеде документите од училиштето, на наше прашање зошто не сака

да учи во Текстилното, ни рече токму вака: „Учел не учел шивачката машина не ми бега“. Пред две години градоначалникот вети дваесет стипендии за децата кои ќе се запишат во оваа училиште, а потоа низ градот се коментираше дека стипендиите ги користеле деца од социјално ранливи семејства со единствена намера да ги користат месечните 2.000 денари како социјален надоместа за нивните семејства. Но, да видиме како оваа сиуација ја коментираат дел од сопствениците на нашите конфекции. За Штипски Глас, на оваа специфилна за Штип тема својот став го изнесоа Владо Нетков, сопственик на конфецијата „Милано“ и Ване Богдов, сопственик на конфекцијата „ВаБо“. И двајцата се со став дека е близу денот кога Штип ќе остане без своето средно текстилно училиште.- „За таквата состојба постојат повеќе причини. Прво, сите млади сакаат работа во државна администрација каде платите се многу високи, а како такви тие не се во согласност со можностите на нашата економија. Таа состојба ги наведува младите да бараат работа само во администрацијата, не и во стопанството. Покрај ова најголем дел од младите, по завршување на средното училиште се запишуваат на факултет што има одраз на продуктивноста, а преку тоа и на профитабилноста. Втората причина лежи во фактот дека кај нас сеуште не се сака да се сфати реалноста, а таа е дека текстилот е трудоинтензивна гранка, без можност за поголема автоматизација со што целиот процес главно зависи од индивидуалните способности на работникот. Трето, продуктивноста на трудот во македонските текстилни претпријатија во споредба со оние во западните држави е на ниво од само 57 про-

центи, што значи дека таа е 2:1 во полза на развиените европски земји, слабата продуктивност силно влијае на профитабилноста, а преку тоа и на наградувањето“, велат Нетков и Богдов. И двајацат наши соговорници се на мислење дека од деновите на приватизацијата па се досега текстилните фирми се мета на најцрна медиумска пропаганда. –„Постојано ни се импутира дека

домашните инвеститори странците добиваат големи бенефиции, не плаќаат придонеси. Кога и домашните компании би добивале такви бенефиции, тогаш можностите за вложување во најсовремена опрема и можностите за поголеми плати ќе бидат реални“, посочуваат Нетков и Богдов. Условите за работа во речиси сите штипски конфекции се на највисоко ниво. Се работи во

во нашите конфекции се врши експлоатација на трудот, а со тоа кај огромен број млади се создаде перцепција дека од работа во конфекција не може да се живее што, секако, не е и не може да биде точно. Конечно, младите кои го завршуваат школувањето во Текстилното училиште се многу слабо едуцирани, училиштето не им помага да бидат квалификувани за својата работа, па кога некој млад човек ќе дојде на работа во конфекција одново мора да ги учи вештините“, посочуваат Богдов и Нетков. Нашите соговорници сметаат дека уште многу години Штип, а и добар дел од државата, ќе бидат „осудени“ на производство на текстил, главно на конфекција. Тие укажуваат на фактот дека и најголем дел од странските инвеститори во Македонија овде инсталираат капацитети за производство на текстил.-„За разлика од

климатизирани и добро осветлени хали, барем во конфекциите лоцирани во кругот на „Астибо“ просечната плата изнесува 14.000 денари. –„Нам ни се импутира дека имаме многу прекувремена работа, а секој добронамерен ако сака може да се увери во фактот дека во овој индустриски круг, кај сите конфекции, во изминатите седум месеци прекувремено се работело само еден единстве ден“, уверуваат Богдов и Нетков. Во конфекцијата „Милано“ експерти за услови при работа неодамна извршиле увид во условите за безбедност при работа. –„Тие ги мереа елементите на присуство на прашина, бучава, осветленоста на халите, квалитетот на воздухот и просторот по вработен. Нивна оценка е дека имаме применуваме највисоки стандарди и имаме најдобри услови за работа“, укажува Нетков.


[tipski Glas, Juli-Avgust, 2016 br. 66

РЕКЛАМА

9


10

[tipski Glas, Juli-Avgust, 2016 br. 66

КОЛУМНА

Пусто турско (КНИЖЕВНА ПОСЕТА: Братислава од 20.06. до 27.06.2016 година)

П

оради тоа што Турците биле распашани по Будим, не им останувала, така распашани, распојасени, друга работа освен да го создадат Будимпештанскиот пашалук. Го создале, а храбрите Унгарци џенем фтиле кон Братислава. Така словачкиот град станал центар на изгубеното царство. За тоа тврди и дворецот изграден на висорамнината што се наоѓа на левата страна по течението на реката Дунав. Но, она што ќе ти го каже секој братиславчанец, кога ќе стане збор за дворецот, е за крунисувањето на Марија Терезија. Во дворец била крунисана првата жена што се јавува како наследник на престолот на австрискиот двор. По три пијачки... Братислава е град каде подеднакво се пие ракија, вино и пиво. Задоволството од пиењето вино не оди на штета на пиењето ракија или пиво и обратно. Боровичката не заостанува во маратонската трка зад величенственото темно пиво. Виното, благо и суво и црно и бело, непрестано потсетува на Дионизиските празнувања. Може да се каже дека жителите на Братислава се веселат на сите јазици на светот. А кога пијат, ах кога пијат, од сите страни сонце ги грее и сведоци се на четири месечини. Вацлав Хавел Повеќето жители на Словачка имаат лошо мислење за Вацлав Хавел. Дури книжевниците и театарџиите зборуват за него како за лош драматичар. Некои од режисерите велат дека после премиерната изведба на неговите пиеси, се играат уште само неколку репризи. Објаснувањето за анимозитетот кон Хавел, народот го извлекува од затворањето на фаб-

риките за произвоство на тенкови. Во првите години по излегувањето од Варшавскиот договор, Хавел наредил Чешкословачка да престане со производство на тенкови. Фабриките за производство на тенкови биле на територијата на Словачка. Околу 10000 работници Словаци, останале без работа. Безработните Словаци тешко можеле да ја разберат одлуката на Хавел, како што и живот без леб и сланина. Меланхоличари -Словаците се меланхоличен народ. Зарем? Се изнадив од изјавата на пријателот театарски режисер. Да, да меланхолијата е фолклор кај Словаците.-А јас мислев дека се духовити. Никако не можам да ги заборавам делата на Хашек, Чапек, Богумил Храбал, Јиржи Менцел...Да, ама тоа се Чеси. -Сепак гласам за вредностите што ги знам кога бевте заедно. Француска градина Градината зад претседателската палата во Братислава е направена по примерот на француските градини. Движењето во круг им смета на некои од Словаците, па често негодуваат: - „Ми се врти во главата кога ќе помислам колку круга треба да направам за да го најдам излезот. Тоа зборува за затвореноста на Французите кон другите народи. Влегувањето во англиските градини е многу лесно. По прав пат се влегува, така и‘ се излегува. Одењето по прав пат секогаш ти го скратува времето кое треба да го потрошиш за да стигнеш до вратата за надвор, па нека е и онаа што води надвор од животот. Историја Толку многу историја има во секојдневниот живот, во сегашноста, што постојано ме наведува гласно да изартикулирам груба мисла: „Ми доаѓа

да пукам во секој што ќе го изговори зборот историја, т.е. во секој што ќе посака да ме врати назад во времето.“ Братислава има богата историска трпеза. Сите што ќе се послужат од неа за кратко време подригнуват од прејаденост. Кога ми дојде да повратам историски имиња, години, епохи, цареви, кралеви, пажови, побарав од моите пријатели, словачките писатели, да ме одведат во новиот дел на градот. „Добив огромна потреба“ им реков, „да го видам местото каде мртвите не пијат пиво во пивниците, не шетаат по градот со отворени чадори за сонце и не купуваат воздишки од живите како спомен за долго сеќавање.“ Пани Тихо Седевме во кафебарот со шпански назив „Ла путика“, во стариот дел на Братислава. Бевме тројца Македонци. Не се делевме на предавници и патриоти. Ама муабетот ни тргна по македонска калдрма: Дрн-дрн, дупка, или ако сакате дрн-дрн, јарина. Македонските теми не би биле тоа ако не се дискутираат гласно и страсно. Се‘ превртивме, се‘ растресовме. Ниту на Бога му го оставивме божјото, ниту на шиширџиите шиширите.Народ што има такви дискутанти, полемичари, сезнајковци, не би требало да се плаши за целосната миграција од родната почва. И само што стапнавме на прагот да ја растуриме милата ни татковина за да одново почнеме со изградбата од корен, едно ситно старче, по се‘ изгледа, што седело и мирно читало словачка „Правда“ на соседната маса, дојде ја спушти главата меѓу трите наши и тивко сосем тивко ни рече; „Пани тихо!“ После тоа ниту дума не проговоривме како да ни беше доволно тоа што регистриравме жртва на нашата пламена дискусија. Застанати пред барот со шпански назив „Ла путика“ , во

Пишува: Трајче Кацаров, писател стариот дела на Братислава, се разделивме еден од друг, немо, тихо, поздравувајќи се само со погледите. Да ни е жива родината! Наполеон Наполен се потпира на клупа на плоштадот во Братислава. Секој, турист, домородец, што ќе се најде на плоштадот седнува на клупата во друштво со Наполеон. Гледа Наполеоново топовското ѓуле што се забило во ѕидот на општинското собрание и никако, со векови, никако да експлодира. Наполеон гледа и се мурти, а народот што седнува покрај него на клупата, се фотографира и се радува оти ниту Наполен, ниту ѓулето не му можат ништо. Марија Терезија Една жена, а сто маки. Крунисана во Братилава. Промискуитетна. Секоја вечер јавала на младо машко, инфан. Секое утро се опростувала засекогаш од своите пастувчиња. Ги беселе, черечеле, убивале за да не ја одадат големата љубовна тајна. Ги бирала од прозорецот додека тие гордо како победничко знаме ја виореле својата младост под ѕидините на крвавиот замок. Но, легендата не им пречи на Братиславчани, со златни крунички да го поплочат патот по кој одела до катедралата каде се извршил чинот на крунисувањето. Секоја година на тој ден, на 25 јуни, убава девојка се движи по одбележаниот пат, луѓето се собираат околу неа, се фотографираат и уживаат во крвавите страници на историјата.

ПЕСНАТА КАКО ИДЕНТИТЕТ

Сеправославен Собор Цар Константин го организирал првиот сеправославен собор во 325 година. Последниот собор се одржал 787 година во Никеја. Новогогодишниот, закажан во Крит, не беше сеправославен, не беше ни православен. Таму ги немаше руската, српската, бугарската и други цркви. Ние немавме покана, никоја црква не не признава како самостојна македонска црква. Вартоломеј со помош на грците не успеа да стане Православен Папа. Амин.

Абнормалните политички и економски манифестации и состојби во светот, освен Брегзит, ќе ги има уште во многу поводи. Основните причини: долговите и глобализацијата остануваат, се шират и се зголемуваат. Лондон останува меѓу најважните финансиски пазари во светот, а економската и посебно политичката соработка меѓу Европа и САД останува да се одвива преку Англија. И многу договарања и кое-какви „зафрканции“ се од „блискоста и заедништвото“ на Англија и САД. Низ дневните политики на малите играчи ќе има мали промени на берзите и берзантските производи.

Референдум Прогнозерите го погодија резултатот 52:48, ама обратно, повеќе беа за излегување. Така било поради гласањето на сиромашните и понеимотните-пролетерите. Ураапролетери, Маркс... Доволно ќе е ако е и од англиската демократија. Вистината е дека и ова е една од многуте приказни во невремето од веков.

ИПА-фондови Расходите во Буџетот на ЕУ ќе се менуваат поради долговите на поедини членки, на Централната банка на ЕУ како и од внатрешните политички односи во ЕУ. На нас ни кажаа дека средствата од ИПА-фондовите ќе ги намалат за една третина, односно за 27 милиони евра. 27 милиони евра за 2016 се 0,85 насто од буџетските

ПИШУВА: Стојче Самарџиев економски аналитичар

расходи или околу 11 насто од планираниот буџетски дефицит на Македонија за 2016 година. Оваа и вакви мерки ќе ни ги испраќаат ЕУ, ММФ и др. за политичката криза, за шарени шаренила, корупции... Се намалува оценката за кредибилитетот, се намалуваат (може да ги снема или да се повлечат досегашните) странски инвестиции. ММФ не напушта, не сме имале потреба од него или...? Долговите стасуваат, а средства за враќање се помалку и помалку. Македонија вработува - 2 Статистиката за крајот на минатата, односно почетокот на оваа година евидентирала: активно население 945.821; вкупно вработени 714.435 од кои 353.312 во деловните, безфинансиските дејности, а невработени биле 231.386 или 24,5 насто од активното население. Со мерката „Македонија вработува - 2“, планирано е вработување на околу 20 илјади лица. Ако се исклучат останатите приливи и одливи (доселеници, откази, пензионирања и сл.) со оваа ак-

тивност се обезбедува генерациска вработеност. Според состојбите од почетокот на годината овие вработувања ќе значат пораст на вкупниот број на вработени за 2,8 насто, намалување на невработеноста за 8,6 насто, а ако сите се вработат во деловниот сектор (стопанството) ќе значат зголемување на вработените во овој сектор за 5,7 насто. Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност е од јули 1997 година, а членот 98 во 25 досегашни дополнувања стигнал „Ж“ со многу ставови. Вистински идентитет Во мајските, јунските и првите јулски денови, националната радост ја донесуваа: Даниел, Горан, Мите, Мартија, Антонија. Кои се-сите ги знаеме. Песната, песната-постојано ни е идентитетот. Даниел, Мите.. се големите наши македонски херои во оваа мачна 2016 година. Тие херои и моите внуци со нивните петки по „екстерното“ ми беа радоста на крајот од пролетта и почетокот на летото во годината низ која стареам.


[tipski Glas, Juli-Avgust, 2016 br. 66

КОЛУМНА

Одбележување јубилеи или партиски договори Пишува: Делчо Везенковски -Вујче

М

акедонија има плејада заслужни дејци кои со својата непрегорна работа и ангажира во сферата на сојот делокруг на дејствување, го свртуваат вниманието на пошироката оптествена јавност во нашата земја и надвор од неа - во белиот свет. Таквите наши културни, научни, општествени дејци и стопанственици ја шират вистината и славата на својот град, а со самото тоа и на сопствениот народ и држава - Република Македонија. Полно од нив се имаат закитено со безброј награди и јавни признанија, прогласувани се за почесни членови на разни високонаучни институции (академии) во десетина земји во светот, како и за експерти во нивните научни области. Тоа нивно врвно достигнување и перманентно докажување со нови дострели е мошне ценето во странсто но, за жал, кај нас таквите постигнати резултати наидуваат на извесно минимизирање, па дури и со голема доза на завист. Како и секоја година, така и во текот на минатата (2015) година, нашата установа (НУ Универзитетка библиотека „Гоце Делчев“-Штип) доби допис од Комисијата за култура

при Собранието на Република Македонија (Бр.25-34741) за доставување на наши предлози за одбележување значајни настани и истакнати личности во Република Македонија за 2016 год. Според содржаните критериуми и услови за доставување на конкретни предлози (прокти) се одлучивме наш предлог овојпат да биде јубилејот - 80 Години живот и 60 години активност и дејност на тројцата другари - наши сограѓани и истакнати научни, културни и образовни деј-ци: познатиот невропсихијатар и епилептолог кај нас, а особено во светот Проф. д-р Методи Чепреганов, врвниот македонски поет, литературен критичар и библиотечен советник Михаил Ренџов, како и еминентниот познавач на литературата за деца кај

предлог не го сретнавме на списокот, едноставно - го немаше, бевме одбиени. Ова ни се случува наназад десетина години - нашите предлози да бидат одбиени. Само да се потсетиме, за 2009 година наш предлог беше одбележување на јубилејот - 80 Години од раѓањето (1929) на познатиот македонски историчар на уметноста и кустос-советник д-р Коста Балабанов. Се разбира, извесна сатисфакција за неговото неуморно ангажирање на полето на презентациј и популаризација на значајното културно богатство на нашата земја, посебно теракотните икони кои под негово раководство беа пронајдени на археолошкиот локалитет Виничко Кале, беше добивањето на новото највисоко општинско признание - на-

Отпор кој трае една декада Комисијата за култура при Собранието на Р.Македонија и годинава непријатно го изненади Штип. Не прифати одбележување на јубилеи на штипјани, светски признати имиња во разни области на општественото живеење. Тој „отпор“ на Скопје кон Штип трае десет години... нас и пошироко на Балканот - универзитеткиот професор во пензија д-р Душко Цацков. Лица кои заслужуваат секаква почит и достоен респект од секого, на кого барем малку му значат нивните постигнати дострели и резултати. На наше големо непријатно изненадување и разочарување, во донесената Годишна програма на погореназначената Комисија за култура (во почетокот на 2016 год.), нашиот

градата „Св. Никола“ на Општина Штип. Кулминација на нашето изненадување и разочарување со одлуките на Комисијата за култура при Собранието на Република Македонија, секако претставува неприфаќањето на нашиот предлог за 2015 год. за одбележување на јубилејот - 90 Години (1925) од раѓањето на нашиот познати и во светот признат и почитуван нуклеарен физичар Проф. д-р

11

Јордан Поп-Јорданов. Комисијата се дрзна да го игнорира и минимизира овој значаен јубилеј на големиот научник и академик, но на него не заборавија најповиканите и најкомпетентни од највисоката научна установа кај нас - Македонската академија на науките и уметностите. Академијата му се оддолжи на достоен начин со одржување на Свечена академија посветена на неговиот голем јубилеј. Се разбира сите пофалби се за Академијата, а споменатата Комисија за култура треба сериозно да се замисли кога ги донесува нивните одлуки, бидејќи одудараат од објективното вреднување и достојна почит на нашите еминентни сограѓани на повеќе полиња на дејствување и творење. Не треба да се прави никаков компромис кога во прашање се осведочени и од пошироката општествена и светска јавност потврдени вредности на нашите неуморни творци, чија основна цел е верно да и се служи на науката и вистината. Да се остават настрана ситнопартиските интереси и по секоја цена да се фаворизираат личности и настани, кои дури и на локално ниво се со ограничено значење и недоволно познати и истражени. Зборуваме за постигнати осведочени (верификувани и валоризирани) резултати занчајни за пошироката општествена заденица - нашата земја, но донесената Годишна програма за одбележување на значајни настани и истакнати личности во Република Македонија за 2016 година го прави спротивното.

На почетокот од месец септември Нов интернет поратал – Сите новости од регионот, третирани на сериозен начин, без сензационализам... Аргументирано, точно, потребно, аналитички.... Наша девиза ќе биде – Точноста пред брзината! ви ветува: Информации, коментари, репортажи, колумни, интервјуа кои ќе се потпираат само на аргументи...

..Од „А“ до „Ш“ за нашите, источни работи ....


12

ТРАДИЦИЈА

[tipski Glas, Juli-Avgust, 2016 br. 66

Штипјанец меѓу светците во поновата историја на МПЦ

На 12 јануари 2017 година Епископ Велички Свети Гаврил Лесновски Светогорец , роден како Мијалче Парнаџија, ќе биде прогласен за светец. Канонизацијата ќе биде дел од јубилејот 50 години од возобновувањето на автокефалноста на МПЦ. Постапката за канонизација МПЦ ја започна пред шест години, беше потребно да се обезбедат ставовите и на останатите православни цркви. Комисијата за канонизација при МПЦ ги има комплетирано сите потребни документи за неговите дела и завршени се сите постапки за неговото официјално прогласување за светец. Веќе е изработена и икона со неговиот лик, а нацртани се и неколку фрески како светец во некои цркви. Една од нив е и параклисот „Свети Никола“ во Аеродром. Во Берово 2013 година е изграден храм кој го носи неговото име а неодамна, во јуни 2016 година Брегалничката епархија постави камен темелник за храм со неговото име на местото на куќата во која некогаш живееше семејството Парнаџиски. Кој беше Мијалче Парнаџија? Епископот Велички Гаврил , роден како Мијалче Парнаџија води потекло од семејство од штипско Ново Село. Роден е на 10 март 1926 година во Штип, во патријахално занаетчиско семејство, од татко Методиј (подоцна со монашко име Кирил) и мајка Гора Парнаџиска. Основното и гимназиското образование го стекнал во родниот град. Од 1944 година бил учесник во НОВ. Во почетокот на војната бил вклучен како партизан, а по завршувањето на борбите, во 1947 година бил прекомандуван во Корпусот на народната одбрана, во единици стационирани на граница, како специјални одреди составени од одбрани борци. Најпрво бил на граничниот сектор кај Делчево (Царево Село), потоа во Кавадарци, и на крајот, на граничната линија на Кајмакчалан. Во својата единица бил на должност – писар, како строго доверливо лице. Едно време бил и секретар на Скоевската организација. Поради големата ревност во службата и примерно однесување бил предложен и за прием во КПЈ, но поради тоа што „одел в црква“ не бил примен. Се стекнал со чин водник и бил одликуван со орден „Заслуги за народ“. По демобилизацијата извесно време бил на служба во градскиот Народен одбор во Штип. Две лета учествувал и на работни акции во Нов Белград како и на автопатот Белград – Загреб, каде што добил и пофалници. Потоа се запишал на Факултетот за ликовни уметности во Белград. По дипломирањето, во 1955 година, работел како професор по уметност и историја на уметноста во гимназијата и Учителската школа во Штип. Според оценката на ревизорот, познатиот уметник Борко Лазевски, тој бил еден од најспособните педагози во Македонија. Поради мошне развиената вонучилишна настава, штипската гимназија била прогласена и за најдобро средно училиште во Македонија. За време на траењето на студиите и педагошката активност, двапати престојувал во странство. Најпрво како студент во втора година на Факултетот бил на научен престој во Париз, а потоа (1959), со група просветни работници бил на светска уметничка изложба во Брисел. Покрај работата во училиштето, како професор, Парнаџија работел и како скулптор. Неговите прекрасни експонати се наоѓаа низ парковите во Штип, за кои ние децата од повоените генерации многу добро се сеќаваме. Мијалче Парнаџија интензивно работел на естетското обликување на својот роден град, за што има добиено и признане

од Ристо Кадифков тогашен претседател на општината. Како докажан и проверен педагог бил предложен и за професор на Педагошката Академија, која тогаш била отворена во Штип. Но поради низа причини тој го напуштил Штип во 1960 година и заминал да живее во Скопје, каде многу успешно работел како самостоен уметник. Сочувани се две спомен обележја направени од рацете на Парнаџија. Тоа се спомен обележјата на загинатите родољуби од Кратовско и овековечениот лик на работникот. За жал, во Штип сите негови скулптури кои тој ги изработи со свои лични средства како подарок на градот „исчезнаа“. Го нема детето со бардачето, момчето со флејтата и безброј други вистински ремек дела за кои не се грижеше градот туку неговиот татко додека беше жив. А потоа забот на времето си го направи своето. Претпоставувам дека главната причина за игнорирањето на големиот уметник Мијалче Парнаџија беше одбивањето да стане член на комунистичката партија затоа што не се откажа од црквата. Длабоко разочаран од некоректниот однос на системот кон него, во 1963 година одлучува да замине на Света Гора со цел да се замонаши и таму да остане до крајот на својот живот, далеку од сите што длабоко го разочараа. Од тогаш почнува вториот период од неговиот живот. Тежок и макотрпен. Додека чекал одобрување од грчките власти за прием во манастирот Хилендар се случувало да ползи од изнемоштеност и со денови се хранел само со корења. Цело време додека престојувал во Света Гора избегнувал контакти со луѓе. По едно негово енергично барање да му се даде документот „елинопистос“ – грчко државјанство, услов за останување засекогаш на Света Гора, или да се врати во Македонија, тие одбиле да го прифатат барањето и тој морал да се вратил во својата родна земја како монах со монашко расо од грчкиот манастир „Свети апостол Павле“и монашко име отец Гаврил.

Една од иконите на Гаврил Светогорец По доаѓањето во Македонија 1971 година , светогорскиот монах Гаврил престојувал во повеќе манастири: како игумен и раководител престојувал во почетокот во манастирот “Свети Пантелејмон” во Кочани, во Света Богородица во село Побожје – Скопско, Света Богородица во Матка – Скопско, Свети Димитриј – Марков Манастир, „Свето Преображение“ во Зрзе, а во декември 1975 година бил

назначен за игумен на Лесновскиот манастир каде голем дел од животот го поминал и во пештерските келии во близина на манастирот во Лесново, каде живеел целосно аскетски живот во буквална смисла на зборот. Тој го обновил и разурнатиот стар конак во манастирот и ја подигнал и црквата „Успение на пресвета Богородица“ во Пробиштип, која е и прва и единствена црква во градот. Покрај сите свои подвизи и одговорности, учел и меѓу првите дипломирал на Теолошкиот факултет во Скопје. На 28 август 1989 година, со одлука на САС на МПЦ, беше хиротонисан во епископски чин, со титула епископ Велички. Епископот Велички е едно од најпреподобните имиња од поновата историја на Македонската Православна Црква. Епископот Гаврил е познат и како автор на повеќе книги. Познати се: неговата стихозбирка „33 песни за Ерусалим“ (1975), „Света Гора – Небесна земја“ (1978), „Пред најголемиот јубилеј на човекот“ (1980), „2000-годишнината на христијанството е на прагот“ (1981), „Чудата на пресвета Богородица“ (1984, превод), „Правила и одредби на Православната Црква за постот“ (1994), како и други научни студии со богословска, историско-национална и уметничка содржина.

На 12 јануари 1990-та година, во својата скромна ќелија во Лесновскиот манастир епископот Гаврил го заврши својот земен живот. На закопот присуствуваа илјадници верници. Замина осамен, тотално разочаран во оние што веруваше. И имал право, еве денес младите и не знаат кој беше Мијалче Парнаџија. Оваа година се одбележуваат 26 години од неговата смрт, и само 6 месеци до неговата канонизација во светец, сега во последен момент Штипјани ставија камен темелник за подигање на храм посветен на наговото име. Другите тоа го направија многу порано. Сепак не е се изгубено, ги нема скулптурите, и подарок не знаевме да чуваме, но ете еден ден ќе има храм, камен темелникот е тука. Елена Јосимовска


[tipski Glas, Juli-Avgust, 2016 br. 66

КУЛТУРА

ПРОМОЦИЈА НА ДВЕ КНИГИ НА КИРИЛ

ПЕТРОВ ЗА ШТИПСКИОТ ТЕАТАР

13

КОСТА БАЛАБАНОВ: Кирил Петров остави исклучително дело за 128 годишната театарска историја на Штип

В

о рамките на годинашново Штипско културно лето, на eден посебен начин, пред бројна публика која ја љуби театарската уметност, беа промовирани книгите „Ars longa, vita brevis“ („Уметноста е вечна, животот е краток“) и „Театарски записи“ од Кирил Петров. Двете книги имаат над 800 страници посветени на театарската уметност и култура во нашиот град, книгите се богато илустрирани со преку 250 фотографии од театарски престави, личности и настани сврзани со нашиот театар и неговите остварувања во изминатите 128 години, зашто според авторот Петров Штип има театар, театарска култура

и верна театарска публика уште од 1888 година. Промотор на двете книги беше нашиот познат сограѓанин, д-р Коста Балабанов, еминентен историчар на уметноста, филмски и телевизиски сценарист. Во својата инспиративна беседа Балабанов рече дека Кирил Петров остава исклучително дело кое има непроценливо значење не само за театарската историја и култура туку и за севкупната историја на Штип. –„Низ штипскиот театар поминале голем број генерации како режисери, актери, сценаристи, сценографи, костимографи... Штип важел и важи за град кој има рафинирана театарска публика. Книгите на Петров се

одлична основа за понатамошно проучување на историјата на театарот Андонов, Петров, Балабанов, Самоников и на театарскиот живот во градот“, жување во нашите библиотеки, во потенцира Балабанов. Медијатор на настанот беше театарот, разговори со сегашни и поактерот Страшко Милошевски кој ранешни театарски работници, причиташе делови од книгите на авторот. бирање фотографии, за сето тоа да Карикатуристот Методи Андонов, во се стави во една приказна запишана знак на почит за капиталното дело и раскажана на голем број страници, кое Петров го остава во трајната ме- а која ќе остане како трајна вредност морија на градот му подари портрет во севкупната културна историја на градот“, посочи Петров. карикатура. „На книгите посветив неколку години работа. Ова бидејќи ваквиот вид литература си бара многу истра-

Mузејот работи на рекомпонирање и на подобрување на безбедноста на поставките Kaцаров одбележа 30 години творештво Везенковски: Кацаров како поет се појави во 1986 година, и до денес создаде и објави 34 збирки песни

Музејот работи на издавање на публикацијата „Маруша“, по чиј текст е работена првата забранета претстава во Македонија

З

аводот за заштита на спомениците на култура и музеј Штип до крајот на тековната година ги интензивира активностите во кои најголем дел завзема рекомпонирањето и безбедноста на поставките.

Н

а пригоден но скромен начин, во присуство на најблиските, писателот, есеист и колумнист Трајче Кацаров, кој со упорна и квалитетна работа си создаде свое реноме, име и презиме во нашата но и поширока култура, одбележа 30 години активно творештво. За ликот и делото на Кацаров зборуваше Делчо Везенковски, виш библиотекар, раководител на роднокрајното одделени при НУБ „Гоце Делчев“. „Трајче Кацаров на нашата културна сцена се појави во 1986 година. со неговото прво чедо - дебитантската збирка песни, со симболичен наслов: „Во подмишките на будил-никот“, во издание на Литературниот клуб „Искра“ од Штип, во кој веќе членуваше неколку години. Ова негово првенче како да го разбуди и разгоре творечкиот пламен на младиот и мошне талентиран поет, кој со несмален интензитет ја продолжи низата на авторски дела: збирката песни, со наслов: „Го следите ли Хорхе“ во 1991 година па до последната - 34. по ред: збирката песни „Песни за Таја“ во тековната (2016 год.), каде за издавач се јавува НУ Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ од нашиот град. Заедно со „Песни за Таја“ е издадена и пригодна библиографија, со наслов: „Трајче Кацаров - библиографско портфолио“, чиј составувач сум јас, со кој чин, Библиотеката се придружува кон одбележувањето на споменатиот јубилеј, кој е гордост и за нашиот град и нашата држава“, посочи во својата беседа Везенковски.. Според Везенковски библиографијата на Кацаров содржи поголем избор од вкупно обработени 600 библиографски единици поделени во неколку поглавја: авторски дела, избрани дела, дела преведени на други јазици, рецензии, застапеност во антологии/избори, дела објавени во периодиката, преводи и препави од српски и од бугарски јазик, есеи и критички осврти, интервјуа, разговори и средби со Т. Кацаров, како и критички осврти за неговото творештво по хронолошки редослед.

„Работиме на рекомпонирање на постојаната поставка во спомен куќата на Славчо Стојменски со презентација на нови документи и фотографии и со подобрување на визуелниот концепт. Покрај ова работиме и на подобрување на безбедносниот систем на поставката“, вели директорот Зоран Читкушев. Исто така Музејот работи и на рекомпонирање на етнолошката поставка со презентирање на експонати кои досега се чувани во депоата на институцијата. Се работи и на изработка на витрини и на системот за илуминација (осветлување) како и на подобрување на безбедноста на поставката преку поставување сензори и видео надзор. „Во делот на археологијата заедно со Филозофскиот факултет работиме на асрхеолошки истражувања на локалитетот „Аргач“ кај Криви Дол. Истовремено активно работиме и на издавање на публикацијата „Маруша“, која била првата забранета театарска претстава во Македонија. Покрај тоа работиме на публикации за археолошките локалитети „Баргала“ и „Исар“, а ја подготвуваме и изложбата на битолскиот уметник Борислав Траиковски која ќе биде презентиран во Софија, Бугариј“, информира Читкушев.


14

В

[tipski Glas, Juli-Avgust, 2016 br. 66

СПОРТ ПРИВАТИЗАЦИЈАТА- МИСЛЕНА ИМЕНКА!

Ќе има ли трансформација на спортските друштва во Штип?

о Штип прволигашките клубови треба да бидат А.Д. Но, не е така. Можеби причина за тоа е и што некои клубови го загубија прволигашкиот статус, но и недефинираните законски прописи за финансирањето приватен капитал во спорот. И ФК Брегалница треба да биде Алционерско друштво. Точно е тоа дека клубот е А.Д , но уште поточно е дека тој е тоа само на хартија. Се финансира од Буџетот на општината. Затоа и политиката длабоко е навлезена во клубот, но и во другите спортски друштва, кои добиваат мали средства, пред се, котизации за учества во првенствата, со исклучок на БК Балканец и РК Текстилец, кои се финансираат по годишни програми. Трансформацијата и приватизацијата на спортските екипи во Штип остана мислена именка. Додека екипите се финансираа со приватен капитал, имаа и поголем успех. Ќе спомнеме само некои

Ф

лица кои вложуваа приватен капитал во спортските друштва., со цел да мотивираме и други да вложуваат во спортот. Во фудбалот и во борењето средства вложуваше Мите Николов, „Нико Петрол“, кога Брегалница успеа да ја „скокне“ Третата лига на Македонија и да се врати во Втората лига, 2001-2002 година. Заедно, со Мите Николов, беше и Руди Јордев, исто така познат стопанственик. Мите Николов и со БК Балканец , кога го финансираше,постигна успех. Првпат, во самостојна и независна Македонија, 1995 година, Балканец ја освои шампионската титула. Во Брегалница свој капитал инвестираше и Спиро Каев, во Меѓурепубличката лига на СФРЈ. Средства во Брегалница вложуваа и Санде Николов- Цане, бугарскиоот бизнисмен Јордан Андреев, 2003-2005 година. Во Брегалница средства вложуваа и Ѓоше Зенделов и Љупчо Манџуков. Од другите спортови, треба да се одбележат

Викторија Варадинова - Чудо од дете

Кој ги брка спонзорите од ФК Брегалница?

К Брегалница е еден од ретките фудбалски клубови кој сеуште не се трансформирал, односно приватизирал. Затоа, можеби и досега , во самостојна и независна Македонија, се постигнуваат само просечени резултати. Брегалница е единствен прволигаш од сегашната Прва лига без освоена титула и излез во Европа! Се разбира, Штип тоа не го заслужува! Локалната самоуправа молчи за трансформацијата. Веројатно и е добро да се трошат парите на граѓаните, да се ангажираат фудбалери во „четири очи“, тренер без соодветна лиценца..., Јавноста во работењето е мислена именка. „Имам сознанија дека во Штип досега доаѓале неколку заинтерсирани спонзори да ја прифатат Брегалница , од Италија и Турција, но биле избркани. Веројатно има причини за тоа. Најдбро е вака да се работи, а се знае зошто!? Ако сакаме Штип да има стабилен прволигаш и да излезе во Европа, мора да се приватизира. Сега интересот за фудбалот во Штип е се помал. Ова раководство, со локалната самоуправа,

„Многу ми се смешни луѓето кои тврдат дека во кик боксот нема да успеам. Нека бидат сигурни дека ќе ги демантирам уште со настапот на светското првенство во Ирска“, вели Викторија не направи ништо да се обезбедат услови за работа на фудбалерите, се оддолжува реновирањето на Градскиот стадион,нема удрено ни една шајка на трибините. Фудбалското игралиште во Суитлакот , за кое се потрошени над 200 илјади евра народни пари не се користи, оти не се ни оддржува, на фудбалското игралиште со вештачка трева во Бело Брдо и натаму нема соблекувални. Публиката ја нема ни на тренинзите, оти нема ни трибини. Очигледно, локалната самоуправа во Штип и лугето кои таа ги ангажира да го водат клубот, имаат една цел- да го уништат фудбалот во Штип...“- вели легендата на штипскиот фудбал, Никола Штериев.

Жарко Арсовски се врати дома

Ж

арко Арсовски, кој повеќе од една деценија е член на македонската карате репрезентација, по 9 години, се врати во Штип. Тој доби исписница од КК „Макпетрол“, каде беше член од 2008 година. Жарко Арсовски, со својот постар брат Сашко Арсовски, се и тренери на најдобриот македонски каратист, Емил Павлов, носител на државната пензија откако во Финска 2014 година ја освои титулата европски шампион во категоријата до 60 килограми.

„Нас не чекаат големи предизвици, а со тоа и голема работа“, вели Арсовски

вложувњата во одбојката на Ласте Георгиев, „Мелита“,кога штипските одбојкари играа и во Купот на ЦЕВ. Финансиски ги помагаше и Ангел Дончевски „Мавис“ Во пинг-понгот, сопствен капитал инвестираа и браќата Ангел и Трајче Миладинови. Пингпонгарите играа и во европскиот куп Ненси Еванс.Во пингпонгарскиот клуб Шампиони ФА, вложувања имаше и Горан Давков. Во БК Баргала најмногу средства инвестираа Костадин Барзов и Благој Донев., во ракометот Кире Бардаров. Тодор Шумански и компанијата Кожувчанка, во воздухопловството Ангел и Тодор Шумански...

Жарко Арсовски беше трет на СП во Белград во 2010 година, двапати победник во Премиер лигата, (2012 и 2014 година), двократен европски универзитетски шампион (2009 во Белград и 2013 година во Подгорица). Во 2014 година, на ЕП во

П

о стапките на Оаза клубот, и успешните резултати на Далибор Огњанов, Дејан Петриќ, Кирил Нацев,, Шенол Асанов,Зоран Симонов, Горги Влахов и другите, продолжи новиот кик-бокс клуб „Гладијатор“ . Најистакната поединка е Викторија Варадинова. За која слободно може да се дадер оценка дека е чудо од дете“. Викторија имаше настапи на неколку врвни првенства. Секогаш ги собираше аплаузите. Немаше конкуренција. Иако е само младинка, таа е неприкосновена во неколку дисциплини. Стана балкански шампион, на Светскиот куп во Хрватска го освои првото место. Хрватските весници зборуваа дека во Македонија се раѓа еден голем талент- Викторија Варадинова. Таа ќе успеа. Ќе постигне нови успеси.

Москва беше петти, а во Монпеље 2016 година го освои седмото месо. „Среќен сум што конечно се вратив во Штип, во КК „Штип“. Сега имаме одличен тим, со тројца квалитетни карате мајстори. За мане тоа е нов предизвик за нови успеси. Уште сега ги почнуваме подготовките за ЛОИ во Токио,2020 година, Но пред тоа, годинава, во месеците септември и октомври, сите тројца Емил Павлов,Саше Арсовски и јас не очекува силниот турнир во Премиер лигата во Истанбул и СП во Линц, Австрија. Не чека голема работа . Верувам дека ќе успееме...-“- вели Жарко. Инаку, портретите за браќата Сашко и Жарко Арсовски, објавени на порталот Штипски Асови, предизвикаа голем интерес во јавноста. За Жарко Арсовски текстот го прочиа-

Инаку, Викторија Врадинова треба да учествува и на СП во Република Ирска, Даблин. Таа, во една изјава има речено вака:„Многу ми се смешни луѓето кои велат дека нема да успеам...“ И ние Викторија веруваме во Тебе. Познавајки те по упорноста, посветеноста, квалитетот - ќе успееш!

теле над 19 илјади посетители, пријатели на ФБ, а за Сашко Арсовски над 18 илјади посетители на ФБ. Со тоа поратолот Штипски Асови доживееја нов рекорд по читаност, што јасно зборува за популарноста на оваа страница. Очигледно, на македонскиот спортски печат и електронските медиуми, со чесни исклучоци, им недостасуваат токму континуираното потсетување на најдобрите спортисти, кои се идоли на младите ...

Страницата ја подготви: Кирил Манев


[tipski Glas, Juli-Avgust, 2016 br. 66

TR-MR

ov -Mi Re k e ~e R i T

15

RAZONODA Информирани Со цел подобро да биде Информирана за ситуацијата Во земјата Нашата Влада повикува се Поголем број луѓе На информативен разговор! Сељаци Кај нас само сељаци кога Ќе дојдат на власт Се обидуваат да предизвикаат Граѓанска војна. Избор Од сигурни извори дознавам дека Aдам и Ева биле Македонци. Оделе голи и боси и мислеле дека Живеат во рајот.

Razmisluva: Iv. BOJ

Песна Откако не убедија дека Македонската песна не одржала Низ вековите Ние само си пееме и ништо не работиме. И така се одржуваме...Низ вековите... Пријатели Не дозволувај твоите Пријатели да станат Пребогати Тогаш ќе немаат време За пријателството со тебе.

Броевите од 1 до 9 впишете ги во блоковите со големина 3 x 3 полиња (врамени со здебелени линии), така да секој број може да се најде само еднаш во водоравната или хоризонталната насока

С У Д О К У

СКРИВАЛКА треба да пронајдете два скриени предмети

ВИЦОТЕКА Црногорците почнале масовно да се селат во Македонија. Од медиумите дознале дека тука нема работа. Мујо и Хасо гледаат порниќи. Па Мујо му вели на Хасо: -Хасо, друже мој, дига ли ти се: -Дига ми се друже Мујо... -Е, ако ти се дига ај дигни се и донеси по едно пиво! Учителката ги кара децата: -Споро мислите, споро читатет, споро пишувате, споро мислите...Има ли нешто што го работите брзо? Станува малиот Перица па вели: -Има учителке, ние бргу се заморуваме...

ШТИПСКИ ГЛАС Основач, главен и одговорен уредник: Иван Бојаџиски 072/214-159 Компјтерска подготовка: Јорданчо Бојаџиски

Печатено во печатница „Европа 92’-Кочани Дистрибуција: „Басе прес“ -Штип

Учителката ги прашува децата како функционира државата. Малиот Перица дига два прста, а учителката му вели да стане и да појасни. -Државата учителке функционира како прекуокеански брод! -Како тоа можеш да го објасниш? -Па учителке, капетанот е премиер, посадата се минстри.. -А народот, каде е народот? – прашува учителката. -Патниците се народот. Вели Перица. -А што прави народот? -Цело време повраќа оти државата се клати, вели мудриот Перица. Ева го прашува Адам: -Адаме, дали ме сакаш? -А која друга да ја сакам, прашал Адам.


16

ПЕРИСКОП

[tipski Glas, Juli-Avgust, 2016 br. 66

„Ванчо Прќе“ никако да стане нашиот Широк Сокак

В

о изминатите 25 години од нашата независност беа давани многу ветувања, слушнавме безброј идеи, дознававме за многу стратегии сврзани со нашата култна улица „Вачо Прќе“ на која се лоцирани поголем број средни и мали продавници, банки, штедилници, кладилници, по некој реторан, пиљарници... Речиси секоја локална власт имаше по некоја идеја за оваа улица. Идеите се движеа од тоа „Ванчо Прќе“ да се исчисти од возила, по неа да не се одвива сообраќај и таа да стане наше шеталиште. Имаше идеи под улицата да се изгради тунел кој ќе излегува кај Огледалото, по што самата улица ќе беше шеталиште, но таа идеја излезе како нереална, пред се поради големите финансиски трошоци.

Игри на среќа

Штип нема улица како што Битола го има својот култен Широк Сокак. Нема место во центарот на градот по кој безбедно ќе се корзираат граѓаните, а младите мајќи безбедно ќе ги шетаат своите деца.

Штипјани не сакаат 100.000, тие сакаат 300.000 евра! Како се зголемува премијата на лото, така во градот се зголемува уплатата. Штипјани имаат за двапати поголеми уплати сега, кога премијата е 300.000 евра... „Редовно си уплатувам по две колони на лото ливчето, тоа ме чини 30 денари, си одам дома и до моментот на извлекување јас сум милонер. Кога ќе се соочам со вистината дека моето ливче не е добитно, не се разочарувам. Си велам во себе-Бог е голем, сигурно сака да ми даде повеќе пари па мојата добивка ја остава за следното коло“. Тоа ни го рече пензионерот Гаврил, со кого во трафиката на „Тутун пром“ во состав на Трговскиот центар уплатувавме за популарната игра на среќа.

Проблемот, кој евидентно постои, е која сообракајница да ја замени улицата „Ванчо Прќе“. Уште поголем проблем е тоа што на оваа тема дискутираат само локалГлигор, вработен во оваа трафика, вели дека штипјани ните власти, додека стручната фела, по некое лошо, непишано правило не се консултира по ова прашање.

навалуваат на игрите на среќа во две ситуации: прво, кога премијата на лото е поголема од почетните 100.000 евра, а второ, Сепак, надежта е таа која последна умира а некои нови генерации можеби ќе го кога се земат пензиите па пензионерите купуваат грепки за дочекат денот кога култната штипска улица ќе биде тоа што му е неопходност на градот. своите внучиња.

Песимистите побројни Песимистите кои уплатуваат лото но не веруваат дека баш тие ќе ја добијат премијата се во поголем број од оптимистите. Но, играта продолжуав....

„Сега кога главната премија на лото изнесува околу 300.000 евра чиста добивка, имаме за двапати повеќе уплати отколку кога лотото изнесуваше почетните 100.000 евра. Уплатуваат постари лица, припадници на средната генерација, но по една до три колони уплатуваат и младите. Најверојатно од џепарлакот кој им го имаат дадено родителите или дедовците и бабите“, вели Глигор. Интересно е тоа што најголем дел од играчите на лото не веруваат дека премијата е наменета за нив. –„Главно велат дека гром во коприва не удира, не веруваат дека таква среќа токму нив ќе ги погоди, но редовно уплатуваат. Има и такви кои велат дека таа вечер на нив е редот. Сепак, песимистите се далеку побројни од оптимистите“, ги расчистува Глигор сите дилемите на релација оптимисти-песимисти. Според нашиот соговорник кога се делат пензиите голем број пензионери купуваат од познатите грепки. Во Штип се има паднато премијата – автомобил Рено твинго, ја има добиено едно девојче. Ако се суди по други поголеми добивки, Штип не спаѓа во категоријата среќни градови.

Суверницата јавен градски клозет

П

оставена на ударно, атрактивно место, пред Стопанска банка, а спроти мостот на донаторот Мите Николов, на важна крстосница, монтажниот објект кој требаше да биде сувенирница одамна стана јавен градски клозет.

Наместо сувенири кои ќе можат да ги купат домашните луѓе како и странски посетители на градот, за да однесат парче спомен од Штип, сувенирницата е претворена во јавно, отворено веце, од кое се шири неподнослива смрдеа на сите четири страни на светот. Сувенирницата била во надлежност на Министерството за култура. Така информираат од локалната власт. Но, ова министерство досега не покажа интерес објектот да служи за својата намена, што некои наши сограѓани без грам култура го користат на примитивен начин. Без оглед на кого му припаѓа монтажниот обејект тој час побргу треба да си ја добие намената или, ако тоа не е можно, да се дислоцира.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook