ИНТЕРВЈУ Проф. Д.р Трајче СТОЈАНОВ
Овој политички и уставен систем одамна е мртов Стр.
Групна фотографија на добитниците на признанието „Најдоброто од истокот“
од мој агол
Три приказни за нашиот Нарцис Стр.2
Лажи Вере, лажи
Стр.
7
Kитење со туѓи перја
Што точно кажа, а што точно излажа директорот на ЈП „Исар“ во интервјуто за една ТВ
„АКТИВА“ гради фабрики за белгиски, руски, германски и домашни компании Стр. 6
4-5
ПОЗНАТИТЕ И НИВНИТЕ НОВИ ПРЕДИЗВИЦИ
Доктор Фичорска во поетските води “По четири книги од областа на струката, доктор Даница издаде книга со 200 песни, а наскоро ќе се претстави и со книгата „Приказна за 5 старата дама“ Стр.
Стр.
11
Пет аргументи зашто градскиот базен не требаше да се продава
Култура
Лена Бела
изложува во Виница
Нада Накова во Скопје
Стр.
13
2
[tipski Glas, April, 2016 br. 64
АНАЛИЗА ОД МОЈ АГОЛ
Три приказни за нашиот Нарцис
N
Иван Бојаџиски
• Илчо како онаа на попот: не ме гледај што правам, слушај што зборувам • Демагошките пакети на градоначалникот • Примариус магистер – аспсолутно погрешно
1
Градоначалникот штипски Илчо Захариев, ја користи секој средба со младите за да им порача дека не треба да ја напуштаат татковината и дека среќата треба да си ја бараат во Македонија. Ги убедува Илчо наш младите дека само дома си е дома, дека како што е убаво дома не може да биде убаво на ниту едно друго место на светот. Убава мисла, нема што. Но, проблемот е во нешто сосема друог. Во фактот дека и во овој поглед Илчо ја применува познатата изрека на некој поп кој на верниците, кога ќе го фателе дека прави нешто спротивно од она кое лично им го проповедал, им велел „не гледајте ме што правам, слушајте ме што ви зборувам“. Имено, градоначалникот наш одамна си ја прати ќерка си сосе зетот на работа во главниот град на Бугарија. Упатените говорат дека таму Илчо, на своето дете, му обезбедил повеќе од богат живот. Но, тоа не е тема на овој поглед од мојот агол. Темата ми е во однос на крупното прашање зошто Илчо, ако Македонија е толку убаво место за работа и живот не го остави своето дете да работи дома и со тоа да придонесува за татковината? Зошто Македонија е добро место за живот на секој друг освен за неговото дете? Тоа е прашања мајка на сите прашања кога е во прашање однесувањето на човек кој сака да управува со еден град во кој тој лично лагата ја инсталира како вистина а вистината како лага.
2
За Новата 2016 година Захариев направи повеќе посети, а една од нив посебно ни падна во очи поради тешката демагогија на првиот човек на градот.
Имено, Илчо Захариев, реши да ги посети луѓето кои по студ, пеколно сонце, на дожд, во време и невреме работат во реката Отиња. Оние кои не ги познаваат работите ќе речат – одлична работа. Но, оние кои го знаат јадецот ќе речат – чиста демагогија. Имено, градоначалникот реши да ги почести со по еден пакет прехрабени производи луѓето кои работат по цел ден а тој ги „наградува“ со по 5.000 денари на име месечна плата! Впрочем, за таа работа градоначалникот јавно беше критикуван на една трибина во организација на ВМРО-ДПМНЕ и тоа од човек кој работел на уредување на реката, човек кој го искусил „милосрдието“ Илчово. Човекот од говорницата тогаш го праша Илчо зашто толку ефтино ја цени работата на луѓето кои работат на Отиња? Како одговор на неверојатната експлоатација на луѓето од реката, Илчо реши за Новата година да им подари пакети. Наместо реални пари за реално завршена работа, решението дојде во пакети преполни демагогија.
3
На секој документ кој доаѓа од Општината, при секое негово спомнување на медиумите, при пуштање на уличка, сокак, чешма,плоштад, игралиште, градоначалникот е најавуван како „Примариус магистер Илчо Захариев“! Тешко му на оној говорник или медиум кој така нема да го титулира. А јас овде и од мој агол ќе кажам дека од тоа лажно титулирање на штипјани им е дојдено преку глава. Но, што, всушност е примариус? Се работи за научна титула која се доделува во медицината и може да се користи само во неа и на ниту една друга позиција. Со ваква титула се стекнува медицинско лице кое положило специјалистички испит, кое има работено најмалку 15 години во здравството каде покажало добри резултати во организацијата и унапредувањето на оваа важна област. За ова може да се информира секој граѓанин под услов да го отвори Службен весник на Македонија од 23 март 1992 година. Тоа значи дека титулата на Илчо, која мора да ја слушаме или да ја читаме по стопати на ден, не може да се користи како некаков негов магнет и доказ за „ученоста“ на нашиот градоначалник. Едноставно, китењето со ваква титула од функцијата градоначалник е недозволиво. Тоа е само замајување на јавноста како израз на нарицисоидниот каратктер на Илчо. Никаде во светот, па ниту кај нас, не постои училиште за градоначалници. Како што не постои ниту училиште за премиер, претседател на држава. Па и нашиот претседател Ѓорѓе Иванов е доктор на науки, но никаде јавно, кога е во прашање неговата политичка функција, тој не е ословуван како доктор. Има и градоначалници доктори на науки, но никој нив не ги ословува така, ниту тие тоа го бараат, туку едноставно се ословувани само со нивното име и презиме и функцијата која ја обавуваат. Кога Илчо ќе се симне од грбот на Штип, и кога ќе и се врати на фармацијата, ќе смее колку што сака да го користи терминот „Примариус магистер“. До тогаш под итно мора да престане да ги замајува штипјани со нешто што тој, од оваа позиција, воопшто не е и не може да биде. Инаку примариус означува прв лекар, раководител на болница или болничко одделение. А Штип, барам јас така знам, не е болница, не е ниту болничко одделение, па согласно тоа и не може за градоначалник да има примариус магистер. Очигледно е дека само Илчо примариусот и магистер наш мисли поинаку.
Издвојуваме
Денови на турската култура во Штип Турскиот театар се претставува со „Слуга на двајца господари“ и „Прометеј“ , а на 19 мај ќе има промоции на книги од турски писатели и денови на современиот турски филм... Центарот за култура „Ацо Шопов“ организира денови на турската култура во Штип. За понеделник и вторник е најавено гостување на Турскиот театар, а на 19 мај, во чест на 135 годишнината од раѓањето на Кемал Ататурк, таткото на современа Турција, ќе АТИЛА КЛИНЧЕ: се одржат повеќе промоции на книги, а ќе има и „Со голема радост доаденови посветени на сов- ѓаме во градот со високи ремениот турски филм и силно изразени естет„Во понеделник, на ски културни вредности и 18 овој месец Турскиот остварувања, град во кој театар во Македонија ќе ја е изведена првата опера прикаже претставата во Македонија и во кој „Слуга на двајца госпо- театарот си има деценидари“ во режија на Јуџел ски живот и успешнен опЕртен. Пред почетокот на стој“ претставата ќе биде промовирана монографијата „Со сигурни чекори до целта“ во која се поместени остварувањата на овој театар во последните пет години, а чиј автор е директорот Атила Клинче. Во вторникот штипјани ќе можат да ја видат претставата „Прометеј“ во режија на Дејан Пројковски. На 19 мај, во соработка со Културно информативниот центар на амбасадата на Турција во Македонија планираме промоција не книги на турски писатели и проекција на филмови во рамките на деновите на современиот турски филм“, а во чест на 135 годишнината од раѓањето на таткото на современа Турција Ќемал Ататурк, вели Трајче Кацаров, уметнички директор на оваа штипска институција од областа на културата. Предизвици за оваа соработка има повеќе. Прво, во Штип Турски театар нема гостувано повеќе од три децени, второ со отворањето на универзитетот „Гоце Делчев“ на истиот се запишаа околу 450 студенти од Турција, трето, според пописот од 2002 година во општините Штип и Карбинци живеат близу 1.300 граѓани од турска националност и четврто, градот си има театарска публика која со голем интерес ја (д)очекува секоја средба со театри од други градови како и од други држави. Да не заборавиме дека во Штип пред повеќе години гостуваше и Московскиот художествен театар со светската актерска ѕвезда Инокејтин Смоктуновски, нарекуван „царот на советските актери“ со претставата „Галеб“ од Чехов. МНТ после секоја своја премиера првата реприза ја имал во Штип, штипјани можеле почесто да проследуваат претстави на белградски театри и на театари од другите културни центри во поранешна Југославија. „Со голема радост патуваме во градот со високи и силно естетски културни вредности и остварувања, град во кој е изведена првата опера во Македонија и во кој театарот си има децениски живот и успешнен опстој. Штип е и универзитетски центар кој многу млади од Турција го избраа како своја можност да се стекнат со високо образование и кои, во тоа сме убедени, имаат потреба да погледнат театарска претстава на еден турски театар во Македонија. Мислам дека е ова само нов почеток на една културна соработка помеѓу нашиот театар и НУЦК „Ацо Шопов“ која во иднина уште повеќе ќе се развива“, ни изјави Атила Клинче, кој во Турскиот театар е цели 33 години а последните девет години е на негово чело. За двете театарски претстави на Турскиот театар цените се популарни, по 100 денари за претстава, а уште одсега е најавен значителен интерес за нив.
[tipski Glas, April, 2016 br. 64
НА ИБИ
ПОЛИТИКА
М
ДС АС
Н
ТР
СДСМ ќе воведе минимална плата од 15.000 денари, просечна платаб од 29.000 денари, ќе се враќа достоинството на трудот но и со 140 милиони евра неповратни средства ќе им се помага на домашните мали и средни фирми
Враќање на достоинството на трудот, и на криминално стекнатото богатство
3
лемиот број прашања кои штипјани им ги упатија на учесниците во оваа соочување на опозицијата со јавноста. На штипјани им беше речено дека Македонија, во иднина, ќе ја водат чесни, способни и одговорни луѓе. „Нашата програма која ја претставуваме пред сите граѓани на Република Македонија е вистинскиот одговор на прашањата кои секојдневно си ги поставуваат нашите луѓе, а тоа е прашањето има ли излез од оваа економска, социјална, морална и секаква друга криза. Насекаде каде одиме ја чувствуваме таа нова енергија кај луѓето, таа нова надеж во подобра и попросперитетна иднина надеж во подобар живот за сите, во повисок стандард не луѓето. Во фокусот на нашата програма е отворањето нови работни места, со повисоки плати достоинствени за секој наш работник и со загарантирани работнички права. За таа цел ќе обезбедиме 140 милиони евра не-
прави и за таа глупост потроши 650 милиони евра народни пари “, рече Спасовски. За пратеничката Рената Дескоска владеењето на правото во нашата држава ќе се врати и ќе се почитува откако на Македонија ќе и се случат демократските промени, при што законите ќе важат
СПАСОВСКИ:
БОЧВАРСКИ:
ДЕСКОСКА:
АТАНАСОВ:
ШТИП – БАСТИОН НА СДСМ
ТРИ МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА ПАТИШТА
БЕЗ АМНЕСТИЈА ЗА КРИМИНАЛОТ
РЕВИЗИЈА НА ОБРАЗОВНИОТ СИСТЕМ
Македонија стана слепо сообраќајно црево на Балканот. СДСМ кога ќе дојде на власт ќе инвестира над три милијарди евра во патната и во железничката инфраструктура. Оваа власт за 10 години изгради само 7 километри автопат и со тоа сообракајно ја излолира државата.
Нема да има амнестија за криминалот, секој што го прекршил законот ќе одговара, а парите коишто со години се излевани од државата преку оф шор компании ќе ги вратиме назад кон граѓаните.
По промена на власта ќе направиме целосна ревизија на образовниот систем. Ќе дадеме поддршка на наставниот кадар, наместо да ги казнуваме наставниците ќе ги наградуваме. Ќе изградиме студентски дом во Скопје, студентски кампус во Штип,
повратна државна помош за домашните мали и средни претпријатија. Кога народот ќе ни ја даде доверба ќе заврши ерата на експлоатацијата на трудот на нашиот човек, минималната плата ќе ја зголемиме на 15.000 денари, просечната плата ќе достигне ниво од над 29.000 денари“, рече генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски. На прашањето на дел од присутните од каде пари за сето тоа, Спасовски со одговор дека веќе е документирано дека фамилијата која ја држи власта во државата, од Македонија има изнесено 5,2 милијарди евра, а неофицијалната бројка е над 10 милиони евра.„Тие пари стекнати на криминален начин ние ќе му ги вратиме на народот, а Македонија има пари за сите потреби на граѓаните но ние нив нема да ги трошиме на споменици како што актуелната власт го
за сите подеднакво. „Нема да има амнестија за криминалот, секој што го прекршил законот ќе одговара, а парите коишто со години се излевани од државата преку оф шор кмпании ќе ги вратиме назад кон граѓаните“, рече Дескоска. Од друга страна Благој Бочварски, претседател на Комисијата транспорт и врски им порача на штипјани дека Македонија, под власта на ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски (о)станала слепо сообраќајно црево на Балканот, држава која сите ја одминуваат. „Нашата програма во делот на патната и железничката инфраструктура предвидува инвестиција од над три милијарди евра. Наша цел е Македонија да не остане слепо сообраќајно црево на Балканот и во Европа, а цел ни е и Македонија без кал и без црни точки на кои секојдневно гинат невини луѓе. Кога ќе ја превземеме
кражба на народни пари преку надуени цени при изградбата на патишта. . На трибината беше речено дека одкако СДСМ и здружената опозиција ќе ја превземат власта ќе ги растовари децата од премногуте непотребни предмети и веднаш ќе го укине екстерното тестирање..„Всушност по промена на власта ќе направиме целосна ревизија на образовниот систем. Ќе дадеме поддршка на наставниот кадар и наместо да ги казнуваме, ќе ги наградуваме. Ќе изградиме Студентски дом во Скопје, студентски кампус во Штип, ќе ги намалиме предметите во основното образование, а екстерното оценување ќе го укинеме веднаш“, рече Петар Атанасов, претседател на Комисијата за образование. Штипјани поставија поголем број прашања на кои добија одговори.
В
раќање на украдените над пет милиони евра кои фамилијата ги има изнесено од државата и законско процесуирање на тие што тоа го направиле, минимална плата од 15.000 а просечна од 29.000 денари, силна финансиска поддршка на малите и средни претпријатија, три милијарди евра во сообраќајната инфраструктура за Македонија да не остане слепо црево на Балаканот кого сите го одминуваат, целосна ревизија на образовниот систем, вработување според квалитет, а
Штип одново станува тврдина на СДСМ. Тоа е аргументирано преку независно истражување на јавното мислење. Штипјани се меѓу птвите пет најголеми градови во Македонија кои сакаат промени и кои во СДСМ ја гледат новата надеж за себе и за Македонија
не според партиска припадност. Тоа на штипјани им го вети СДСМ од трибината посветена на мерките содржани во програмата на најголемата опозициска партија, како решение за излез од длабоката економска, социјална и морална криза во која е западната Македонија. Трибината се одржа во преполнетата голема сала на Центарот за култура „Ацо Шопов“. Интересот на штипјани да слушнат што тоа, како нивна подобра иднина, им го нуди СДСМ беше евидентен, а тоа се виде и од го-
власта ургентно ќе инвестираме 550 милиони евра во регионални и локални патишта, а ќе изградиме и 600 километри автопатишта. По новите избори во сообраќајната инфраструктура во државата ништо повеќе нема да биде како што е сега“, потенцира Бочварски. Тој ја обвини актуелната власт за
4
ИНТЕРВЈУ
Овој политички и уставен систем одамна е мртов и само од вас. Па и во најразвиените демократии и најсилните еконимии имате несреќни поединци. Вториот начин е тој социјалниот – директна упатеност кон надвор. Посебно кога со вашата општествена позиција и улога сте во можност да делувате „во светот“, вие некако како да сте повикани, тоа станува ваш внатрешен повик. Знаете, како професор вашата задача е да го правите најдобро тоа за што вашиот народ ве плаќа – да образувате, да истражувате. И веќе тука сте упатени кон надвор, кон светот. Дополнително, како мислител, интелектуалец, промислувач вие имате „внатрешна потреба“ да ја мислите стварноста околу себе, вклучително и општествената и таа промисла да ја обзнаните. Едноставно, сакал не сакал чове-
легитимно. Исто како што е легитимна и мојата лична потреба и не треба да биде неразбрана и заради тоа подложна на осуда, која сепак, треба да сте подготвени да ја прифатите. Имате и политички ангажман во Левица, која ако добро сум забележал, е партија која се бори за уредено општество и социјална правда. Со која идеја ја формиравте оваа партија и колку таа стан(ув)а релевантен политички фактор во севкупноста на нашата ден сте од ретките, ако не каква-таква полтичка струки единствен интелектуатура? лец од Штип кој јавно пиЛевица е нов политички шува и говори за нашата субјект на македонската полиактуелна политичка ситуација. тичка сцена. Тоа е партија која Го правите тоа во време-неникна како автентичен субјект не време кога токму на интелигенсамо како последица на неодамцијата и се укажува дека нешните протести на студентите покажува невидена импотени професорите, туку долго фертност по однос на состојбите ментираше низ во државата кои станаа аларисторијата на немантни. Зошто еден професор За разлика од квази-елитизмот на СДСМ зависна Македопо филозофија, кој може да си нија. Тоа е субјект и квази-патриотизмот на ВМРО, во Леужива во комодитетот на она кој „регрутираше“ вица се вклучени момци и девојки какое го работи, се одлучува на лени во суровите транзициски услови и поединци од орваков тип на политичко делуганизации кои со кои знаат дека патот не е ниту во болен вање? национализам, ниту во лажен елитизам. години се борат Па понекогаш и јас си го поза социјална ставувам истото прашање – правда, како зошто се лишувам од она што кот е zoonpoliticon, суштество што „Ленка“ и „Солидарност“ и пребританската аристократија го наживее во заедница и таа заед- раснувањето во партија беше лорекува „splendidisolation“ – „велиница го афектира. Сепак, не сум гичен след. Дел од луѓето што се ченствена изолација“? Но застапник на тезата на Ж. Бенда, таму, се мои „соборци“ од „Проведнаш во тој миг ми доаѓа на ум изнесена во книгата Предавство фесорскиот пленум“, „Студентокму еден Британец, еден од на интелектуалците, дека инте- тскиот пленум“ и јас на драга најголемите умови на 20-от век, лектуалците се должни да се волја се нафатив да помогнам, Бертранд Расел. Научник, матепроизнесуваат, само заради фак- затоа што мислам дека Левица е матичар, логичар, философ, но и тот што се интелектуалци. Не, првата партија која никна во Маактивист, пацифист и анти-импезошто интелектуалците би биле кедонија со јасно профилирана ријалист, кој секогаш се пројавудолжни повеќе од било кој друг? левичарска идеологија и во таа вал против сите облици на Напротив, никој ништо не е до- смисла има што да каже. СДСМ, тортура. Бил противник - и тоа лжен. За мене овој став е висти- прво идеолошки не е јасно прогласно го заговарал- на секој минит - се изразувате, како филирана партија, или барем е литаризам, тоталитаризам и немислител, научник, правда. За што се разбира бил филосот, поет, па бркан од работа, шиканиран и наво таа смисла и оп- Дури и некако ова да помине, за кого вредуван, дури и затворан. штественик...само ние на било кои следни избори би треВидете, имате два начина како да заради внатреш- бало да гласаме? Сè аболиран до абосе „справите“ со светот. Првиот е ната потреба да го лиран! Политичари ли се или чисто „антрополошки“ – упатеправите тоа. Така и криминални банди? ност кон внатре, вториот чисто јас, не се чувству„социјален“ – упатеност кон надвам повикан од невор. Првиот е целосно личен и каква надворешна должност, ами профилирана како социјалдемокрајно интимен – работа над саод внатрешна потреба. Јас сум кратска (а во идеолошка смисла миот себе и ништо повеќе. Да се политичко суштество кое има тоа е „ниту риба, ниту жена“ оградите во сопствениот свет со внатрешна потреба да ги опсер- идеологија) и второ е наследник доволно високи ѕидови за ништо вира општествените феномени на старите Југословенски струкод надвор да не ве афектира и да исто толку силно колку што има тури што ù носи сериозно бреме. ја барате својата среќа во тој инпотреба да пишува научни тру- За разлика од квази-елитизмот на тимен свет. И тоа е сосема легидови, да истражува, да пишува СДСМ и квази-патриотизмот на тимно, впрочем тоа на некој поезија, да твори... Тоа јас го до- ВМРО, во Левица се вклучени начин е нужно, а и најважно, жувавам само како нечија вна- момци и девојки калени во сурозатоа што прва и единствена затрешна, интимна потреба. И само вите транзициски услови и кои дача на секој поединец е „соптогаш е автентично, сè друго е из- знаат дека патот не е ниту во ственото спасение“. Не можете нудено, а со тоа и неавтентично. болен национализам, ниту во да се борите за светлината во Затоа и не оценувам и осудувам лажен елитизам. светот, ако самите не сте светако колегите не сакаат да го праМакедонија зовре по лина. А на крајот од денот, навиват тоа. Едноставно не чувству- објавата на претседателот Ивастина е точно дека сета ваша ваат потреба. И тоа е сосема нов за аболиција на се што се среќа или несреќа зависат од вас
Е
[tipski Glas, April, 2016 br. 64
бави со политика. Во колумни во портал јасно го кажувате својот став, а тоа од Вас го бараме и за читателите на Штипски глас, односно за штипската јавност. Таа одлука на Ивано очигледно е политичка или дури би рекол „псевдополитичка“, чисто „договорна“. Нема врска ниту со правото, а најмалку со моралот. Од правна гледна точка тоа е неиздржано по повеќе основи. Веќе во старт оваа одлука е противречна – што е ова: помилување, аболиција, амнестија? Сите овие три правни институти се различни, а претседателот ги „испомеша“. Понатаму, дури и во една чисто нормативна перспектива оваа одлука нема основ. Имено, членот 11 од Законот за помилување е избришан со Законот за изменување и дополнување од 2009 - којшто, пак, е укинат од страна на Уставниот суд. Со правен јазик, тоа значи дека членот 11 е мртов и Уставниот суд нема право да го оживее! Тоа право го има само Собранието на РМ, кое сега е распуштено. А претседателот донесе неоснована одлука. Од морална гледна точка не верувам дека е потребен коментар. Дури и некако ова да помине, за кого ние на било кои следни избори би требало да гласаме? Сè аболиран до аболиран! Политичари ли се или криминални банди? И ние како граѓани треба ним да им ја дадеме довербата!? Тие утре треба да бидат кандидати што ќе ја бараат мојата, вашата, нашата доверба? 50 и кусур помилувани од обете партии утре треба да ми ја водат државава!? Видете, самиот термин „кандидат“ во својата етимологија содржи морална конотација. Доаѓа од латинскиот „candidus“, што значи „бел“ и упатува токму на моралната чистота, неизвалканоста на тој што ја бара мојата, нашата доверба да раководи со јавните работи (т.е. да се занимава со политика, што во суштина е исто). Тоа е смислата и на „белиот фустан“ на невестата на свадба – реферира на нејзината чедност, невиност. Во случајов, нашава невеста не само што не е невина, ами дури емалку итрудна. Говорите за „аздисана моќ“ на власта. како филозоф посочувате дека се работи за менталитет, ерго психологија а не за политика. Што точно значи тоа? Евидендно е „власта корумпира, апсолутната власт, апсолутно корумпира“. Во нашиот случај ние имаме и дополнителен проблем. Знаете, најтешко се бо-
[tipski Glas, April, 2016 br. 64
рите против фанатици. Тоа е најсилното оружје што било кој може да го поседува, затоа тероризмот е практично непобедлив. Никој не е способен за „големи жртви“, „големи дела“, ако самиот не е длабоко уверен дека работи за доброто на нацијата, државата, светот. И од тоа нужно се раѓа фанатизам. Јас мислам дека во „психоанализата“на ова 10 – годишно владеење на ДПМНЕ (затоа што политичката анализа овде е јалова), е испуштен токму овој момент на идеализам. Кој што сака нека говори, но сепак мислам дека клучниот момент е токму ова нивно длабоко лично уверување дека се месии, дека се водени од идеи и идеали за спас на овој народ. И токму затоа се толку жилави, а особено толку горди и бесрамни; не се чувствуваат виновни (ни за овие, ни за идните обвиненија), а се чувствуваат моќни (не е важно колку истраги ќе се отворат, ами колку ќе се затворат) и затоа ја бараат „довербата“ уште еднаш и уште еднаш и уште еднаш („сто“ избори до сега распишаа кога ќе им текнеше). А во голема мера, на таквата психологија се должи и нивниот успех кај гласачите, затоа што „обичниот“ граѓанин сака фанатизиран лидер. Фанатизмот на авторитарниот ум и тоталитарниот систем произлегува токму од тоа идеалистичко уверување дека всушност работите за доброто на државата, народот и нацијата. И тоа е нешто што искрено ме плаши. Упатените тврдат дека потегот на Иванов всушност е диригиран од политичкиот центар на владеачката структура, дека крајна цел му е да се укине СЈО...Многу експерти се искажаа во однос на таквата (можна) намера , се јави и меѓународниот фактор присутен во државата кој укажа на фактот дека такво нешто не смее да се случи, дека е тоа атомска бомба врз договорот од Пржино...Дали укинувањето на СЈО е крајната цел кон која стреми „аболицијата“ на Иванов, и што Македонија би добила со тоа? Видете, овој политички, уставен систем веќе одамна е мртов. Потезите што сега се влечат од сите страни се само игра на посилниот, правила веќе одамна не постојат. Системот впрочем ги подразбира правилата – победникот не може да ги заобиколува, во спортивно се расипува играта. Тоа е како шах – има систем, има правила, ако почнете да „скокате“ со ланферот, наместо со коњот, тогаш таа игра се растура. Тоа е смислата на секој правен, уставен, законски поредок – да воспостави правила на игра. И тоа е битот на политичкото. И токму затоа можеби ние - тоа повеќе
5
ИНТЕРВЈУ пати го повторувам - живееме во состојба на предполитичкото, ние живееме, искусуваме некава Левијатановска, природна состојба во која човек на човека е волк. Ние нашиот поредок го срушивме одамна, во таа смисла искрено ништо не би ме изненадило. Затоа и велам дека политички анализи и предикции во вакви констелации се навистина невозможни, ова не е предмет на политичка анализа. Дали ќе се укине СЈО? Во таа смисла никој не може да каже, ова е игра без правила, ова е борба на посилните и послабите. Дали тоа им одговара на ДПМНЕ? Секако, тоа обвинителство не беше направено за мене, за вас. Дали ќе се укине или не, тоа не зависи од никаков договор, од никакво Пржино, од никаква политика, оти ова не е политика, ова е животински бој. Што ќе значи укинувањето? Веројатно уште поголем хаос кој не сакам дури ниту да го мислам. Го цитирате Достоевски во однос на здравиот и нездравиот менталитет...Има ли во нашата приказна елементи за нов Достоевски, за книга која ќе даде одговор на неговиот став дека здравиот менталитет ќе најде смирение во одговорот „јас сум виновен“, нездравиот во одговорот „другите се виновни“. Достоевски не е само мојот „омилен писател“, ами и моја професионална „опсесија“. Јас магистрирав на неговото творештво, а докторирав на теми од руската философија. И она што таков тип на мислители ме имаат научено е токму тоа колебање помеѓу погоре споменатото „антрополошко“ и „социјално“ ниво во секој поединец. Достоевски упатува токму на тоа „двојство“ во секој од нас (еден негов роман токму и така е насловен „Двојник“), кое треба да го препознаеме и да го артикулираме. Одговорот, смирението, помирувањето помеѓу овие две противречности лежи токму во разбирањето дека секој ја носи личната одговорност. Во разбирањето дека секој има свој влог. Каде филозофот, професор и колумнист Трајче Стојанов го гледа излезот од оваа политичка, а не помалку и морална криза? Ако сакам да бидам песимистцинично би рекол има два излеза: едниот е аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, другиот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Ако сакам да бидам оптимист ќе речам дека оваа борба ќе биде мачна и долга, но не и јалова. Од ова веќе излегоа млади генерации на кои слободата, демократијата им се важни. И тоа се генерациите на кои се надевам, во кои верувам.
ПОЗНАТИТЕ И НИВНИТЕ НОВИ ПРЕДИЗВИЦИ
Доктор Фичорска во поетските води “По четири книги од областа на струката, доктор Даница издаде книга со 200 песни, а наскоро ќе се претстави и со книгата „Приказна за старата дама“
октор Даница Фичорска, специјалист физијатер, која две децении раководеше со Физикалната терапија од најубавите времиња на оваа здравствена институција се обиде и во писателските води. Пензионерските денови и минуваат во дружење со компјутерот на кој ги забележува своите поетски и други писателски содржини. Нејзината поетска книга „Чај од водолија“ со 200 преубави песни, е нејзнин прв излет во пишување на нешто што не е поврзано со медицината. Откако ја издаде книгата, доктор Даница како што милуваат да ја нарекуваат штипјани, го започна пишувањето на нова книга под наслов „Приказна за старата дама“. „Ако според насловот помисливте дека е тоа книга за некоја конкретна личност, тогаш не сте во право. Старата дама во книгата е физикалната терапија. За неа пишувам како за живо суштество, за нејзинот значење за здравјето на луѓето, за значењето на нејзините води, за сите квалитетни луѓе со кои имав среќа и задоволство да работам, а се во функција на доброто здравје на граѓаните...Таа приказна како значаен дел од мојот живот ме прогонуваше и јас морав да ја напишам“, вели Фичорска. Даница го живее своето трето доба. Пишува во тишината на својот дом. Вели дека за поезијата нема некое посебно време на создавање.„Поезијата е нешто што ќе ви дојде во момент кога тоа не сте
Д
го планирале, не сте го очекувале. Не мора да ја чекате ноќта за да ви дојде на ум некој убав стих, тоа може да се случи и во раните штипски утра, за време на ручек, или во услови на попладневен одмор“, појаснува познатата докторка. Бидејќи е сама во својот дом, на Даница Фичорска пишувањето и е од исклучителна важност. „Така и давам отпор на самотијата, не сакам да ме земе под свое. Кога немам што друго да правам јас седнувам и пишувам. Важно ми е дел од важните нешта кои го одбележале мојот живот да ги оставам во книга. Своето богато професионално искуство го оставила во четири стручни книги од кои денес учат младите во средните медицинска училишта. Тие се и драгоцен прирачник за докторите. –„Се што ми беше од знчење во професијата сакав да го оставам на младите, како свој долг кон нив. Се надевам дека мојата стручна литература на некој посебен начин ќе им помогне, ќе ги облагороди и како личности и како стручњаци“, вели Фичорска. Таа, барем досега, не промовирала ниту една своја книга. За новата која наскоро ќе излезе од печат и се понудивме да и приредиме промоција каква што доктор Даница заслужува поради сето тоа што го направи за овој град и за луѓето од регионот за чие добро здравје се грижеше се до пензијата која заслужено си ја ужива веќе осум години.
6
[tipski Glas, April, 2016 br. 64
СТОПАНСТВО
„АКТИВА“ гради фабрики за белгиски, руски, германски и домашни компании
И годинава не престанува градежната офанзива на „Актива“, работа има на сите страни и за многу европски компании
П
ред неполн месец „Актива“ ги започна работите на изградбата на новата фабрика за автобуси на белгиската компанија „Ван Хоол“ во индустриската зона „Бунарџик“ кај Скопје. Новата фабрика на познатата белгиска компанија за авотбуси ќе има работна површина од 32.000 метри квадратни, а истата ќе биде завршена до втората половина на идната година. „Ван Хоол“ има потреба од проширување на своите производни капацитети во нашата држава што е резултат на зголемената потреба на компанијата за производство и извоз на автобуси во САД и на Европскиот пазар. Ние ја изградивме и нивната прва фабрика во „Бунарџик“, тие беа многу задоволни од квалитетот на изградбата и спазените рокови за изградба, па поради тоа ни го доверија и новиот капацитет“, вели Лазовски. Новата фабрика на „Ван Холк“ во Македонија нужно ја стави на маса потребата од проширувањето на капацитетите и на самата „Актива“. Во овие капацитети се изработуваат делови за автобусите на белгијците. Пред две години во работа беше пуштена фабриката „Актива аутомотив“ во Штип,а веднаш до неа наскоро ќе започне изградбата на новата хала од 10.000 метри квадратни. Со тоа штипската компанија која бележи исклучително брз раст во својата градежна активност, ќе го заокружи
ЛАЗОВСКИ: Преку нашето училиште за заварувачи поминаа над 80 главно млади луѓе од кои најголем дел се стекнаа со сертификати за оваа дефицитарна професија.
сопствениот простор за потребите на „Ван Хоол“ на работна површина од 18.500 метри квадратни. „Во првиот месец од тековната година во Петровец свечено беше пуштен во работа новиот логистички центар на „Квенбергер логистик“ од Штип. Овој центар кој има работна
површина од 9.000 метри квадратни го изградивме во рекорден рок и согласно највисоките стандарди за ваков вид на градби. Oд месец февруари, годинава, ја започнавме изградбата на фабриката на ОДВ електрик, германска компанија која својот производен капацитет го лоцира во индустриската зона во Охрид. Во
Признанија за здравствените работници Пензионираниот специјалист анестезиолог Стојан Ничев, каридолошката и неврохируршката единица при Клиничката болница наградени за својата работа од Општина Штип
П
о повод 7 април, светскиот ден на здравјето Општина Штип им додели признанија за посебен приддонес во развојот на здравството на пензионираниот доктор, специјалист-анестезиолог Стојан Ничев, на кардиолошката и на неврохируршката единица при Клиничката болница во градот. Наградите ги врачи Влатко Миташев, претседател на Советот на општина Штип. Миташев ја нагласи надежта дека го направиле вистинскиот избор и дека со овој чин општината сакала да му да го даде соодветното значење на здравството и да ги награди луѓето кои силно придонесувале или придонесуваат за неговиот углед.
Стојан Ничев е доајен на штипското здравство. Тој се смета за основач на анестезиологијата во Штип. Иако веќе наполнил 85 години сеуште е свеж во меморијата и со радост се сеќава на својата работа во нашата болница. – „Во 1974 година бев првиот анестезиолог во болницата. Сите операции одеа преку мене. Ми помагаше техничкиот персонал, бидејќи немаше кој друг. Беше навистина тешко а уште потешко ако се знае дека така работев 10-12 години. Дури по една деценија, дојде уште еден колега па можевме малку да здивнеме. И ден денес се гледам со колегите, со помладите и на секој годишна прослава јас сум тука“, рече Ничев. Д-р Сашко Николов од кардиолошката единица вели дека веќе направиле интервенции на над илјада пациенти. -„ Околу 300 пациенти вративме во живот а за над 200 не дозволивме да се најдат во ситуација да бидат враќани во живот, што сметам дека е голем
Пробиштип го подготвивме теренот за изградба на леарницата, која е руска инвестиција, и која планираме да ја завршиме до крајот на тековната година“, посочува Лазовски. Најпознатата штипска градежна компанија е во работна офазнива еден подолг период, а во моментов покрај за домашни гради фабрики и за белгиски, германски и руски компании. Во штипската технолошко развојна индустриска зона „Актива“ неодамна ги заврши работите на изградбата на фабриката на германската компанијата „Семак“, а во моментов работи на поставување на внатрешните инсталации. Во Скопје, во населбата Илинден, оваа компанија пред дессеттина дена ја започна изградбата на новиот капацитет на „Нептун“. „Ако до пред две години бевме соочени со недостаток од стручен кадар пред се од техничките науки, а ни недостигаа и заварувачи, денес тој проблем е надминат. Од 320 вработени 12 проценти се со високо образование, во најголем дел работат во нашите производни погодини, во помал дел во канцеларии. Со заварувачкиот кадар се обезбедивме така што отворивме сопствено училиште за заварувачи низ кое поминаа над 80 млади луѓе при што најголем дел од нив се стекнаа со сертификати за заварувачи“, вели Лазовски. успех. Ние сме релативно млад тим, засега успешно се бориме со предизвиците. Секогаш има потреба од кадар и опрема, и мора да се каже дека веќе има најави за зголемување на тимот, една наша колешка е веќе на специјализација во Скопје а има најава и за дополнување на бројот на вработени што ќе помогне во уште поуспешно справување со предизвиците“, посочи Николов. И невролошката единица, според д-р Влатко Захариев, за само две години постигналасолидни резултати: -„Досега имаме направено над 45 операции, ценам дека можеме уште повеќе, така што со годините ќе имаме се поголемо исксутво и секако можност за нови успеси, а се во служба на доброто здравје на нашите пациенти“, посочи д-р Захариев.
[tipski Glas, April, 2016 br. 64
KИТЕЊЕ СО ТУГИ ПЕРЈА „Кога дојдовме јас и градоначалникот градот го заваривме како пустина. Сега го направивме како никогаш досега“...Така некако, се пофали на ТВ Ангел Бојаџиев, директорот на ЈП „Исар“ и во приближно 45 минути, педесеттина пати го спомна градоначалникот Захариев. Но, Ангел наш заборава дека постојат луѓе, информации, факти кои секое негово кажување, во дел од секундата, може да се демантира. За многу работи за кои знае да се пофали, тој всушност, како и неговиот врховен ментор, се китат (и) со туѓи перја. Но, да видиме како стојат работите околу „пустината“. Од-
с. Селце. Инвестирани се 210.000 евра. Селото доби вода, а за одржување на водоводот амбасадата на Турција донираше 10.000 марки.
носно да видиме дали нешто претходно е работено во градот и селата. Оваа е отворање на серија текстови на оваа тема. Овојпат се бавиме со водоснабдувањето.
оваа населба пиеше вода од својот водовод.
Еве што локалната власт направи во периодот 2001-2002 година во оваа област. Значи, збор е за важни комунални работи завршени за само две години. СЕЛЦЕ. Во 2001 година (градоначалник Димитар Ефремов) изграден е водовод за 50 семејства во
7
ЛАГА
СТАР КАРАОРМАН. Лани или преклани беше, Бојаџиев се пофали дека изградиле водовод во Стар Караорман и дека за првпат во својата историја луѓето од оваа приградска населба добиле вода од водовод. Лага невидена, зашто вистината е сосема поинаква. Во 2001/2002 година изработен е бунар од кој населбата добива по 10 литри вода во секунда. Вложени беа 35.000 евра. 14 годинин пред големата лага на Бојаџиев
ВРСАКОВО. Ова село имаше водовод од 1968 година но се јавија проблеми па во 2001/2002 година, заради негово добро функционирање, изградена е пумна станица, потисен цевковод, шахти, електрична енергија, секундарен цевковод. Вложени се 23.000 евра. Врсаково 14 години има водовод а со тоа и вода за пиење.
Веќе не е можно да се поднесуваат фалбите на Ангел Бојаџиев кои секојдневно ги лиферува преку дел од електронските медиуми. Човекот си присвојува се како своја, и посебно како заслуга на градоначалникот Захариев, кого ќе го спомене по стопати во една емисија. Но во тие тиради најмногу има лаги, односно китење со туѓи перја. ОБЈЕКТ НА АРМ. За потребите на градот кај АРМ, до реката Брегалница, во 2002 година изграден е систем од пет бунари со целокупнта потребна опрема. Бунарите со потесен цевковод се поврзани со бунарот на локалитетот Чардаклиско езеро. Вкупно се добиени 60 литри вода во секунда. Вложени се над 200.000 евра. Средствата се обезбедени од каматата на месниот самопридонес и се дадени како позајмица на ЈП „Исар“. ШИРОК ДОЛ. На оваа улица во 2002 година изведена е линија во должина од 240 метри со профил 90. ЈП „Исар“ инвестираше 461.000 денари.
РАДАНСКИ ПАТ. Во текот на 2002 година за подобро снабудвање на населбата, со изградба на потисен цевковод, пумпна станица, авоматизација, енергетско напојување, инвестирани се 15.000 евра. ШАШАВАРЛИЈА. Околу 85.000 евра се инвестирани во изградба на сите елементи за квалитетно водоснабдување на селото. Од таа година Шашаварлија има вода од свој водовод.
НАЈАВА Во идниот број ќе објавиме точно кога се изградија пат за Шашаварлија, тротоари кај Македонка, кога се инвестираше на улиците „Сутјеска“, „Партизанска“, „Михајло Пупин“, кога е изграден капиталниот објект Градската капела, ќе објавиме за 35.000 метри квадратни уредено градско зеленило кое сега е прилично уништено, ќе ги потсетиме штипјани на првиот информатички центар во градот во кој се инвестирани 30.000 долари...Ќе ги објавуваме работите и за годините потоа, аргументирано и со факти.
И сето тоа со намера секогаш и во секое време да се соочуваме со вистината. Овојпат и со намера да ја демантираме, демаскираме, големата, луда лага на директорот на ЈП „Исар“ дека Штип, пред тој да стане директор (види богати!) бил пустелија. Зашто само аргументите се вистина, а не нечија манипулација.
Зошто во Штип водата не е поевтина за 7 денари по кубен метар? Само нашето градско раководство не ја сака водата од „Злетовица“. Поради некаква матност, поради згрешена технологија на филтер станицата или...
Ш
тип не ја сака водата од регионалниот хидросистем „Злетовица“ а градскиот татко изјавува дека тоа е така бидејќи водата била матна. Но токму таа „матна вода“ не им пречи на жителите на Кратово, Пробиштип и Свети Николе, а наскоро нема да и пречи ниту на општина Лозово. Карбинци ќе причека да го реши прашањето со филтер станица, зашто не ја сака штипската, иако таа е лоцирана на половина пат помеѓу двете општини и е на идеална позиција да врши работа за двете општини. И по шест години од пуштањето во работа на ХС „Злетовица“ регионалниот водоснабдителен систем во кој е инвестирано над 100 милиони долари, од кои 82,5 милиони се странски-јапонски кредит, стои неискористен. Иако најголем бенефит требаше да има Штип како најголем град во регионот, штипското ра-
ководство, она на градот и на ЈП „Исар“, кон оваа инвестиција се однесуваат крајно неодговорно. А токму Штип е градот кој треба да ползува најголеми придобивки од „Злетовица“. Ако се користат нејзините можности цената по кубен метар вода за граѓаните, стопанските субјекти, институциите ќе биде пониска за 7 денари. Математиката вели дека во моментов, во вкупната цена на кубен метар вода струјата учествува со 11 денари. Ако се прифати водата од „Злетовица“ за неа ќе се плаќа по 4 денари, но ќе нема потреба од трошење скапа струја 24/7 од рени бунарите крај Брегалница. Зошто ЈП „Исар“, градоначалникот, Советот на општината не се зафатат со оваа тема која има суштинско значење за стандардот на штипјани? Тоа е една голема непознаница. Локалните заедници избираат свои водства за да работат во интерес на граѓаните. Во овој случај тоа не е така. Напротив. Во Штип има експерти кои говорат дека не е во прашање некаква матна вода, туку дека е во прашање промашена технологија на новиот дел на филтер
станицата изграден за да може да ја прифати водата од „Злетовица“. А во тоа се вложени над 1,5 милион евра. Токму и поради овие два факта штипјани мора да ја знаат целата вистина. „Злетовица“ беше желба на регионот. Таа желба ја оствари актуелната власт од која произлегуваат и сите градоначалници во шесте општини. Но, кредитот треба да се враќа, а системот произведува големи загуби. И само поради овој факт „Злетовица“ не смее да остане само прашање на таму некое си локално раководство. Државата мора да види што да се прави зашто, на крајот од краиштата, таа е гарант за кредитот кој, ако се враќа од буџетот, ќе мора да го плаќаме сите ние граѓаните.
Штипјани плаќаат најскапа вода во регионот, па иако има можност за нејзино поефтинување, градското раководство не го тангираа оваа тема...
8
ИЗБОР
[tipski Glas, April, 2016 br. 64
Новинарите го одбраа најдоброто од истокот
По вторпат годинава новинарите од региналниот актив „Исток“ при ЗНМ го одбраа најдоброто од истокот во повеќе области. Во преубав амбиент на ресторанот „Москва“ во Свети Николе, пред околу 200 гости, беа доделени признанија на најдобрите регионални репрезенти во стопанството, иновативноста во производството, екологијата, здравството, образованието, науката, културата, туризмот, трговијата, хуманоста... Посебно признание и беше доделено на амбасадата на Република Франција во Република Македонија за нејзиниот придонес во развојот на регионот преку донаторства и грантови. Признанијата им беа доделени на следниве претпријатија, институции и поединци: На ТАБ МАК, фабрика за акумулатори во Пробиштип за посебни остварувања во стопанството; На Марија Стојановска од рудникот „Саса“ за особени остварува
во заштитата на животната средина; Проф. др. Дејан Мираковски од УГД за особен придонес во науката. Евро хотел „Гратче“, за најдоброто во туризмот На КИТ ГО, за најдоброто во областа на трговијата; На Лена Ѓуриќ, уметница од Штип, за храброст На Стрмош, рудник за неметали од Пробиштип, за иновативност во производството од значење за здрава храна; На д-р Весна Илиевска, специјалист рентгенолог од Берово, за особени остварувања во здравството; На КХАМ, невладина организација од Делчево која е прогласена за најдоброто во невладиниот сектор; На Фолклорниот ансамбал „Китка“ од с. Истибања, Виничко за најдоброто во културата
Групна фотографија на добитниците на признанието „Најдоброто од истокот“
Д-р Душан Николовски, ректор на МСУ „Гаврило Романович Державин“, Свети Николе-Битола со признанието за најдоброто во образованието
Тоше Стојановски, менаџер на евро хотел „Гратче“ со признанието за најдоброто во туризмот
Лоренс Оер, амбасадорка на Франција во Македонија добива признание за континуираната поддршка на регионот. Признанието го врачи претседателот на активот на новинари Иван Бојаџиски
Новинарите постхумно му одадоа признание на неодамна починатиот колега Зоран Двојаковски, признанието го прими неговата сестра Милена Стамболиска
[tipski Glas, April, 2016 br. 64
Петар Верчко, директор на фабриката за акумулатори „Таб-Мак“ со признанието за најдоброто во стопанството
Лена Ѓуриќ, од Штип го доби признанието за храброст и хуманост
Стојко Митевски, архитект на КУД „Китка“ од с. Истибања, виничко со плакетата за најдоброто во културата
9
ИЗБОР
Д.р. Весна Илиевска, спец. ренгенолог од Берово доби признание за најдоброто на истокот во здравството
Марија Стојановска, од рудникот „Саса“ доби признание за остварувањата во сферата на животната средина
Злата Басарова, директорка на Рудникот за неметали „Стрмош“ со признанието за иновативност во производството
Кире Гогов, сопственик на „Кит-Го“ прими признание за најдобра компанија во областа на трговијата
КХАМ од Делчево е избрана за најдобра невладина организација, директорот Зекир Абдулов со признанието
Проф. д-р Марија Хаџиниколова, со признанието за проф. д-р Дејан Мираковски, за најдоброто во науката
10
[tipski Glas, April, 2016 br. 64
КОЛУМНА
ВОЗ ЗА ЕДЕН
В
о Јапонија има воз кој пренесува само еден патник. Поради одалеченост на местото до каде сообраќа возот , властите решиле да ја укинат линијата, но тогаш виделе дека во возот постојано патува момче кое оди на училиште. Наместо да ја укинат линијата и возот да го пренасочат кон друга дестинација, тие го оставиле се‘ додека момчето, ученикот има потреба да се превезува до училиштето. Ете на хуманоста може да се каже дека и нема крај. Се сеќавам во моето одделение имаше една од ученичките која наутро, а и попладе доаѓаше секогаш прва во училиштето. Живееше надвор од градот. Наутро мораше да стане рано, сосем рано за да стигне навреме на настава. Додека ние кои живеевме близу до училиштето, ги тресевме соништата од главите како кучињата болвите, откако ќе почуствуваат како им лазат по нервите, таа веќе седеша во клупата и ги по-
вторуваше уроците шт ни беа зададени за учење напамет. Така го започна школувањето, како прваче, така заврши осмо. Никој не ја прогласи за најдобра, најодлична ученичка во одделението иако оценките и поведението говореа на сет глас за тоа. Прва од генерацијата го заврши високото образование, прва се запосли, а сега поради природата на работата прва отиде во пензија. Никогаш никој не и помогна во превозот. Секогаш сама се снаоѓаше. И секогаш стигнуваше навреме. Можеби, оти кај нас сите се свесни дека „Знаењето е сила, знаењето е моќ“. А добрите ученици ја поседуваат и силата и моќта , па не им е потребна помош . Јапонците се грижат за своите патници, не жалат што возовите ќе превезуваат само еден . А ние се грижиме за нашиот еден воз и жалиме што сме толку многу патници. Сите чекаме на возот кон иднината, а возот го нема, или е премногу стар и не е за употреба.
Чекам и си мислам. Што ќе стане со македонскиот писател ако остане сам-еден единствен ? Ќе забележат ли некои декачека ( за иднината). Ќе му обезбедат ли превоз да го превезе? Тргнувајќи од тоа колку ги есапат регистрираните 300-400 писатели, пред се, оние што ги удриле темелите на македонската книжевна и научна реч, мислам дека пешки ќе цапа кутриот писател се додека не се изгубии во просторот и во времето. А откако ќе се изгуби, на сите ќе и биде мило оти ќе останатсо една грижа помалку, ако оа го есапат за грижа. Понекогаш се плашам да го приберам, да го регистрирам целиот багаж од триесетина напишани книги, дваесетина драмски дела исто толку пиеси за деца, стотина статии, рецензии, над петстотини колумнимини есеи, зашто не знам каде со него. Дома на сите им е тесно, уште мојот багаж им недостига, на работа никој ниту те гледа, ниту те слуша, а уште по-
Пишува: Трајче Кацаров, писател
малку пак знае и сака да знае што носиш и колку е тоа важно и снажно, за професијата. Надвор пак, на улицата, ќе го носиш и од теретот негов ќе папсаш и никој не ќе се најде да ти помогне да стигнеш таму каде што треба да стигнеш, каде што за сите ќе биде подобро, и за оние грамотните, а и за оние што тоа не се. Ете стравот од таква природа ме теара да си клатам врата, да си земам плата и да верувам во судбини. А судбината ни е да чекаме додека некои се одважат па ни кажат: Бидејќи сте малку,па не можеме да ве забележиме,се укинува возот за превоз на македонските писатели (за иднината се разбира).
Вера, Надеж и Љубов долговите. Тие трилиони (долари, евра) се основната причина за „состојбите“ и додека се такви и толкави ќе има: терористи и војни-регионални, поши„Така, сега остануваат триве: роки и до атомски. Тоа и Верата, Надежта и Љубовта, одговара на големите „тајфи“но најголема од нив е Љубовта“ светски и регионални. За 7 миСв. Апостол Павле 1.Кор 13.13 лијарди луѓе што полошо, за другите од и во „тајфите“ тоа поМАСАКРИ добро. ПИШУВА: Стојче Самарџиев економски аналитичар
Во гробница од пред 7.000 години пронајдени масакрирани луѓе. Што друго знаеме за пред 7.000 години? Масакар си е масакар-масовно, многу, убиени независно дали е со камен, стрела, голем нож, оловен метак, гасна комора... Има масакрирани и масакратори-наредувачи и извршители. Некој рекол дека петтиот јавач на апокалипсата (пропаста) е тероризмот. Овој уништувач ги вклучува и другите четири: болеста, смртта, војната и гладта. Оваа 2015 година има многу лажење и контралажење, а вистина „ич“. Русија ќе го воспоставувала билансот, ама „големите тајфи“ од западот си ја спроведуваат замислата. Кина, сеуште, никој не ја прашува? Во втората половина, од годината што тече како да ги заборавија
Монетарен поредок Од 2016 година во кошничката на светската резервна валута (специјални права на влечење) при Меѓународниот монетарен фонд ќе влезе и кинескиот јуан со 11 проценти. Досега во ова пресметковно мерило влегуваа: Доларот со 42, Еврото со 37, Фунтата со 11 и Јенот со 9 насто. Од 2016 година во кошничката влегуваат: Доларот 42, Еврото 31, Јуанот 11, Јенот 8 и Фунтата со 8 насто. Значи, Доларот останува со иста „силина“ како и до сега. Сигурно е дека кинезите ќе бараат поголемо учество, а останатите од групата 21 нема да мируваат. Ова е продолжение на сегашниот (исцрпен) финансиски систем, а новиот нема да започне со залажувачкото вклучување на парите со ликот на Мао.
Плод Ние до мај 2016 година и малку потоа, ќе си градиме и одржуваме бодликави жичени огради. Ќе не бранат од економски, какви што сме и ние со децении, преселници. Дома ќе се градиме и доградуваме со партиски огради, со стоечка и лазечка економија и со некакви зевзекмански ЕУ и НАТО определувања. Кошули
Не постојат обврски за работење после искористувањето на државните бенефити, а со тоа немаат и обврска спрема вработените. Овде има високо квалификувани работници, дизајнери, менаџери чии резултати по ништо не заостануваат зад светските брендови. Економската техника е едноставна: на пазарот се помалку квалификувани работници, се помали општи резулатати на домашните конфекционери, а „странците“ се со пониска цена на чинење (не плаќаат даноци, добиваат бенефити од буџетите). Профитите, овде создадени, „странците“ си ги земаат за себе, со што настанува одлив на вредноста уплатена од работниците во овдешните конфекции. Инвестициите во здраството, информатичките технологии и машинството се иднината за Штип. Овде се потребни и странците ако сакаат и ако можеме да ги „доведеме“ и да ги подржуваме во сH.
На Штип му требаат многу инвестиции, но не и странски инвестиции во производство на кошули. Штип има доволно и конкурентно способни претпријатија кои имаат средства и луѓе за развој. Странските, бенифицирани-инвестиции во оваа гранка се „гола“ кражба на квалификувани работници и кражба од Буџетските (даночни) средства. Со даночните ослободувања и другите попусти и олеснувања на „странците“, со наши плати се прави, економско неиздржливла, ценовна дискриЗа 2016 година ни остануминација. Со помалите или ос- ваат: „Верата, Надежта и Љулободе- ните даноци и другите бовта“. попусти, странците имаат пониска цена на чинење, а со тоа и повисок профит.
[tipski Glas, April, 2016 br. 64
ИСТРАЖУВАЊЕ
Градскиот базенот не требаше да се продава Градскиот базен и комплексот околу него кој Захариев го продаде можеше да носи добри пари во градската каса под услов таму умно да инвестираше градот....На ова тема е текстот кој следи
И
градскиот базен се продаде! Сé што е имот кој им припаѓа на штипјани градоначалникот Илчо Захариев го распродава. Градоначалникот се поставува како стечаен управник на Штип.Неговата работа потсетува на времето по осамостојувањето на Македонија кога имотот кој целиот народ го градеше со децении се раскрчмуваше по багателни цени. Тогаш ги добивме стечајните управници кои, согласно Законот за стечај, имаа две можности: да ликвидираат или да реструктуираат. Речиси сите се определија за најлесната опција, па ликвидираа наместо да реструктуираат и на фабрикитие и другите објекти да им го продолжат животот за доброто на сите. Градоначалникот дошол на идеја да го продава градскиот базен и целиот простор околу него што е вкупна површина од 15.000 метри квадратни. Се продава едно од најкултните места во Штип, атрактивен терен, место на кое штипјани се разладуваа и рекреираа преку лето. Но, мора ли баш се што е имот на општината да оди во приватни раце. Низ еден пример сакаме да ја докажеме тезата дека овој простор може и треба да остане имот на локалната заедница, да се примени еден подруг принцип на негова модернизација и на да носи добри пари кои подоцна можат да се вложат во социјални или други трансфери. ПРВ ФАКТ: СО БАЗЕНОТ МОРАШЕ НЕШТО ДА СЕ НАПРАВИ Факт е дека Градскиот базен, таков каков што е, во изминатите четири децении чесно си го отслужи своето. Светот оди напред, се менува, а ние само треба да ги користиме неговите добри практики кога и самите ќе посакаме да се менуваме. Нашиот базен треба да претрпи темелна обнова. Дали таму ќе се гради само базен со придружни содржини, дали тоа ќе биде аква (воден) парк , таква одлука не е тешко да се донесе ако се направат анализите за потребите на градот и на неговите граѓани. Но, ние таква анализа не видовме, или барем градоначалникот, ако такво нешто имаше неа ќе ја доставеше до јавноста. Значи, со базенот и со тој голем простор требаше нешто да се направи и одлуката да се пристапи кон негова модернизација е на место. Но, кои беа (а и сеуште стојат) можностите тој простор да
се искористи за доброто на сите, да стане извор на значајни приходи за општинската каса од која, во натамошна транспаретнтна постапка тие пари ќе се користат за најважните потреби на градот.
мал фудбал, кошарка, одбојка, играалишта за деца....Во негов состав се ресторан со летна бавча со капацитет од 1.200 места, повеќе помали рессторани за брза храна, проавница за сувенири. Покрај аква паркот е простор за пар-
ВТОР ФАКТ: ПРИМЕР КОЈ ШТИП ТРЕБА ДА ГО СЛЕДИ Со доаѓањето на интернетот светот стана глобално село во кое секој може да го дознае она кое за кое пројавува интерес. Во однос на овој случај овде сакаме да го пренесеме искуството на српскиот град Јагодина. Јагодина пред десеттина години (2007) го доби својот аква парк. Претходно Советот на општината донел одлука објектот да се направи со општински пари зашто на целата идеја и претходела сериозна анализа во однос на можните благодетите кои било реално да се очекуваат од една вака голема инвестиција. Анализата во која биле вклучени поголем број експерти покажала декаа општината нетреба да бара приватен инвеститор туку сама треба да гради ваков објект, дека тој ќе биде профитабилен, ќе се отворат многу нови работни места.... Аква паркот во овој српски град се наоѓа на 2 километри надвор од градот и се простира на 3,5 хектари. Има 7 базени за спортски и рекреативни активности со водени атракции за деца, 9 тобогани со вкупна должина од 600 метри. Олимпискиот базен ги исполнува сите услови за пливачки и ватерполо натпревари според прописите на светската пливачка федерација. Целиот комплекс е осветлен со моќни рефлектори што овозможува ноќни спортски и забавни манифестации. Овој воден парк содржи и терени за
кирање на илјада возила.
11 машните семејства пред секоја зима им се донираат по 5 метри кубни огревно дрво, се помагаат надарени ученици, уметници, се поддржуваат спортски клубови и медиуми. Меѓу другото, Јагодина има и неделен весник во кој работат 14 новинари! Значи тоа е поучната приказна која Штип треба и мора да ја искористи во овој случај. Можело (и сеуште може) да се испрати делегација која на лице место би се уверила во големите придобивки од една ваква општинска инвестиција. Да се продаде е најлесната работа на светот. Да се продаде нешто кое не е твое, во кое не си вложил пари, енергија, знаење е полесно од најлесното. Да не се фрли поглед надвор од местото во кое живееш, и тоа во време и услови кога новите комуникациски технологии (интерентот пред се) ти даваат прегледност за случувањата во целиот свет, е една навистина тешко сватлива позиција. Поради овие аспекти и можности не мора баш во последната година од својот мандат Захариев да постапи на начин на кој наумил да постапи. Поарно е уште барем година дена размислување отколку период на долги години каење за нешто што се направило спротивно на интересите на градот.
ТРЕТ ФАКТ: ЗА ПАРИТЕ СЕ РАБОТИ Но, да видиме што тоа денес има ЈагоСДСМ: дина од својот аква Захариев го раскрчмува имотот на парк. штипјани Во 2011 гоОдлуката на Захариев да го приватизира дина аква паркот го градскиот базен и просотор околу него препосетиле 350.000 дизвика жестока реакција кај опозицискиот лица, добар дел и СДСМ. од странство. Оп„Во својата безидејност, ВМРОштината јавно ДПМНЕ го раскрчмува имотот на граѓаните објавува дека тој е на Штип. Најавена е скандалозна одлука, една од нивните напогубна за градот Штип и неговите граѓани. профитабилни инВМРО-ДПМНЕ на чело со градоначалникот вестиции. Парите Илчо Захариев, има намера да го продаде кои се слеваат во Градскиот базен, единственото прибежиште општинскиот буџет на штипјани за спорт и рекреација во летсе користат главно ните горештини. Базенот со целиот ограден во социјални траноколен простор, вклучувајќи и инфраструксфери. Отворена е тура за угостителски објект, чија површина е кујна за сиромашни 1.250 m², е понудена на продажба за сканво која 450 лица додалозно ниска стартна цена од 81.000 евра. биваат по еден Дополнителен простор за сомнеж топол оброк отвора и членот од договорот кој е дел од дневно. На сите оваа скандалозна одлуката со кој купувачот млади до 35 години на градскиот базен се обврзува да ја купи кои не успеале да целата градежна парцела со површина од формираат брачна околу 15.000м2 по фиксна цена од 1080 дезаедница општинари за м2. ната, од овие фонНаместо цената да биде предмет на дови, им плаќа јавно наддавање, како што и налага самиот комплетен годишен Закон за располагање со ствари во државна одмор во Грција, па и општинска сопственост, таа од старт е ако таму младите фиксирана“, реагираше опозицијата која го се бендисаат и постави и прашањето дали оваа трансакција склучат брак, опе веќе де-факто направена и се чека само штината ја финанејзино аминување од страна на мнозиннсира и нивната ството во Општинскиот совет. свадба. На сиро-
12
[tipski Glas, April, 2016 br. 64
ПИСМО ОД СКОПЈЕ
Во слава на операта
Пишува: Мишо Китановски,
Испуштената шанса да се одбележи 90-годишнината од изведбата на првата опера во Штип но и во Македонија (19252015) е неопростив грев. А, градскиот пандур воодушевено викал: „Луѓе, колку убаво пеат“!
Т
ој, 9 август 1925 година, домаќинките во спарното штипско поладне ја метеле попрсканата со вода калдрма на тесните улички од двете страни на реката Отиња, а зајдисонцето во пурпур се спуштало зад Исарот.
Минувачите подзастанувале и се чуделе – „што му е на човекот“, зашто тој непрестано трчал од еден до друг канделабар и весело мавтајќи со рацете повторувал – „луѓе колку убаво пеат“. Навистина неговата радост
Учесниците во првата опера во Македонија Додека уморените од полските работи вјасале, спуштајќи се од кај Сутлакот, од кај Кумлакот, од кај Кадидере, додека во Солун, во киното „Македонија“ се прикажувал филм во кој главната улога ја играл прославениот Чарли Чаплин, а во Софија, исто така, таа ноќ во салонот „Македонија“ се одржувала штипска вечер во организација на Благотворнотото братство, каде што се собирале добротворни средства наманети за македонските бегалци што и во тоа време надоаѓале во Македонија, додека пак, во Белград, таа августовска квечерина мајсторите дотурале боја во машините на кои се печател најстариот балкански дневен весник “Политика“. А, на неговата прва страница со големи црни букви се објавувал текст под наслов: „Убиени неколку шиптарски качаци во близина на Дебар“. Ете, ноќта што галежно се спуштала тој 29 август 1925 година во Штип, очигледно била необична, Имено, општинскиот пандур Тасе Стаменков, од кога ги запалил канделабрите пред Официрскиот дом и неколкуте распоредени крај Отиња кои со мужуркава светлина само ги оцртувале силуетите на луѓето, што наближувале...незабележан од никого, се шмугнал во салонот и...се стаписал. Неколку пати ги триел своите очи, зашто не верувал во она што пред себе го гледал и што го слушал. Затоа, омаен од таа убавина и среќен поради средбата со исклучителниот настан, во миг излетал од салонот и почнал силно да вика...Луѓе, колку убаво пеат“..: „Луѓе, колку убаво пеат“.
многу бргу се исполнила, зашто публиката не само што го испол-
Новинар, истражувач, аналитичар
Силвиот, Ристо Ѓурѓичков како Тонио и Глигор Ќурчиќ, придружуван од градскиот хор „Единство“. Режисер на првата опера во Штип, реализирана само со клавирска придружба, бил театарскиот „авантурист“ Душан Будимировиќ, кого панонската кошава го откорнала од таму и го донесла во Штип. Задачата му била да формира Повластен театар, а тој не само што подготвил повеќе театарски претстави, туку се вдал да подготвува и опери, како што била операта „Паљачи“. На општи задоволство на штипјани, премиерата на првата опера „Паљачи“ од Руџеро Леонкавало целосно успеала, па дури и постигнала завиден успех и интерес кај публиката. Присутните на премиерата долго аплаудирале и воодушевено фрлале цвеќиња кон Бурева, Шчербаков но и кон останатите учесници, сите заедно
Штета, голема штета е што Штип не ја одбележа оваа годишнина која е значајна не само за културата во градот туку и за културната на цела Македонија. Независно од фактот што некои мислат дека ова не е првата изведена опера во Македонија, зашто е реализирана без оркестар, а само со клавирска придружба. Да не заборавиме, како и да е, а можеби е и така, но сепак, факт е дека сé во оперскиот живот во државата започнало од Штип. нила салонот до последното место, туку и го преполнила. “да не може да се диши“. Многумина дури и прифатиле да стојат до клавирот на кој требало да свири капелникот, маестро Сергеј Михајлов, придружувајќи ги пејачите. Поточно,тој рамноправно учествувал во изведбата на првата опера „Паљачи“ од Руѓеро Леонкавало во Штип. Маестро Михајлов бил руски емигрант роден во Харков, кој работел како капелник во Гевгелија,а дошол пред извесно време во Штип по барање на Душан Будимировиќ, директор на Повластениот штипски театар. На сцената пак, главната женска улога во операта ја толкувале убавицата Благородна Бурева, тогаш гимназијалка, која настапила во улогата на Неда. Таа имала седафест глас и кадифена топлина, додека нејзин партнер бил геометарот Андреј Шчербаков, исто така руски емигрант. Тој бил носител на главната машка улога на Канио, додека останатите улоги ги пееле Славко Нетков како
„удавени“ во пот, колку од вложе-
со пејачите, од чии зажарени очи се читал восхит од успехот. А за него (успехот) следните денови и недели нашироко се зборувало во штипската чаршија, така што многумина трговци посакале да го видат тоа „чудо“ во кое се пее и се глуми...Не изостанале и пофалбите во весниците. Колку за потсетување: штипскиот Повластен театар својата работа ја започнал во 1923 година, така што изведбата на операта „Паљачи“ всушност била 201 премиера, но прва од оперски вид. И, уште нешто. Иако театарот бил формиран за остварување на пропагандни цели и за денационализација на македонскиот народ, таа цел никогаш не се остварила, зашто штипјани и таму каде што гостувал театарот не го дозволиле тоа. Така почна и така, со различен интензитет, продолжи штипскиот од со и во храмот на Талија, Но, што се случило со заслужените за операта „Паљачи“? Режисерот Д.Будимировиќ пак, како што го донесол некој внатрешен ветер, така и го однеслол после некое време поминато во Штип. Истото тоа подоцна се случили и со Б.Бурева и А.Шчербаков. Единствено маестро С.Михајлов остана сам со својата сопруга и клавирот под Исарот, колку да се знае и памети. Штета, голема штета е што Штип не го одбележа оваа годиш-
БЛАГОРОДНА БУРЕВА Првиот глас на првата опера во Македонија. Присутните на премиерата долго аплаудирале и фрлале цвеќиња кон Бурева
ниот труд и напор исто толку поттикнати од желбата да се успее, зашто по прв пат се среќавале со пеење во опера. Тие долго се поклонувале и заедно со публиката аплаудирале...Се така во тивката, звезедена августовска ноќ низ која се разлевале гласовите на пејачите и самата музика. Било сосема јасно дека е остварен голем успех. Будимировиќ и капелникот Михајлов зад скромните завеси се прегратски си честитале
нина која е значајна не само за културата во градот туку и за културната на цела Македонија. Независно од фактот што некои мислат дека ова не е првата изведена опера во Македонија, зашто е реализирана без оркестар, а само со клавирска придружба. Да не заборавиме, како и да е, а можеби е и така, но сепак, и вака скромно, факт е дека сé во оперскиот живот во државата започнало од Штип.
[tipski Glas, April, 2016 br. 64
13
КУЛТУРА
Музејот конзервира96 икони во црквата „Успение на пресвета Богородица“
З
аводат за заштита на спомениците на културата и музеј Штип, најавува активна работна пролет и лето. Активностите започна со конзервација на 96 икони во црквата „Успение на пресвета Богородица“, а продолжуваат со конзервација на Еврејските гробишта, етаблирање на нова етнолошка поставка, систем на надзор и обезбедување на депото со вредни археолошки предмети и обнова на фасади на три куќи заштитени со Закон. „Покрај иконите вршиме конзервација и на царските двери но и на источнитиот и јужниот параклис на оваа црква. Сето тоа го правиме во насока на етаблирање на нова галериска поставка на икони кои секогаш го привлекувале вниманието на посетители од нашата но и од други држави. Таму ќе бидат конзервирани 96 икони, а целиот процес треба да биде завршен до верскиот празник „Свети Никола“, односно до 19 декември
кој е и Ден на градот“, вели Зоран Читкушев, директор на оваа национална институција. Паралелно со овие активност екипите на музејот работат на конзервација на еврејските гробишта како и на конзервација на археолошкиот материјал откриен во текот на археолошките истражувања извршени на археолошкиот локалитет „Баргала“ во текот на минатата и на оваа година. „Дел од активностите кои ги планиравме за тековната година се во насока на реализација на проекти за етаблирање на нова етнолошка постановка и осовременување на археолошкото депо. Во ова меѓувреме, со цел да го заштитиме вредното археолошко и народно богатство, поставивме сензори, ново осветлување и видео надзор во депото. Работиме на изработка на посебни витрини во кои ќе бидат изложени ексклузивни експонати од етнологијата и
на тој начин тие ќе станат подостапни за пошироката јавност“, посочува Читкушев. Штип има повеќе објекти, пред се куќи, кои поради својата специфична архитектура се заштитени со Законот за заштита на културното добро. Годинава штипскиот музеј ќе работи на обнова на фасадите на куќите со броеви 57 и 59 на улицата „Гоце Делчев“ како и на фасадата на куќата со број 49 на улицата „Крсте Мисирков“. Во овој период експертите во оваа установа работат и на изготвување на заштитни конзерваторски ос-
Лена БЕЛА изложува во Виница
Нада НАКОВА изложува во Скопје
• Изложбата ја отвори Јулијана Иванова, директорка на музејот „Теракота“ а за сликарството на Лена зборуваше новинарот Зоран Заринск
С
ликарката Лена Ѓуриќ, која се јавува под уметничкиот псевдоним Лена Бела, ги изложи своите дела
во галеријата „Венеција“ во Виница. На отворањето на изложбата присуствуваа голем број љубители на уметноста од Виница, Кочани и Штип. Изложбата ја отвори Јулијана Иванова, директорка на музејот „Теракота“ а за уметничкиот опус на Лена Бела зборуваше Зоран Зарински, новинар на регионалната ТВ Ирис. „Музејот „Теракота“, широко ги има отворено вратите на уметничката галерија „Венеција“ за сите уметници кои
во неа сакаат да ги изложат своите дела. На наша покана уметницата Лена Бела овде изложи 32 слики за кои сум убедена дека ќе предизвикаат посебен интерес во нашата културна јавност. Виница е град кој држи до културните вредности, а во таа филозофија се вклопува и оваа изложба на слики од креативната, мајсторска уметничка работилница на Лена“, рече Иванова. Зоран Зарински посочи дека уметницата Лена Бела е поклоник на реалистичното сликарство, дека во нејзините слики преовладуваат убавините на природата, животните но и специфичните ликови на луѓе кои уметницата ги среќавала на своите бројни патувања .„Нејзин заштитен знак во сликарството е галскиот петел, еден од симболите на Франција, во чиј главен град Лена живеела 30 години, а сега е жителка на Штип“, рече Зарински.
нови за Источниот плански регион, а во завршна фаза е и процесот на валоризација и ревалоризација на спомениците на културата кои се во надлежноста на установата. Читкушев укажува на фактот дека установата кадровски била соодветно екипирана, дека ја имаме материјалната поддршка од Министерството за култура, и дека одговорната задача ќе биде реализиран согласно зацртаната динамика и со неопходниот квалитет.
Н
Пред скопската публика Накова ќе се претстави со 50 свои дела
ада Накова на 20.04.2016 година, ќе изложи близу 50 свои слики во уметничката галерија „КО-РА“ при Домот на култура „Кочо Рацин“ во
на уметноста при Домот на култура „Кочо Рацин“.
Скопје. Накова пред скопските љубители на уметноста ќе се претстави со портрети во маслена техника и пејсажи во акварел и акрил. Изложбата на Накова ќе ја отвори Виолета Кариќ, историчар
со група од 24 македонски сликари во Вашинтон, САД, по повод Првиот конгрес на бединетатат македонска дијаспора. Изложбата во главниот град на Македонија ќе и биде втора самостојна изложба воопшто.
Нада Накова досега има учествувано на пет групни ликовни изложби. Првата и беше
14
[tipski Glas, April, 2016 br. 64
СПОРТ ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ГРАДСКИОТ СТАДИОН?
В
Фудбалот во Штип умира на рати
еќе шест месеци Брегалница игра на неутрален терен, во Кочани. Во исто време, во Штип се реконструира Градскиот стадион. Но, работите никако да се помрднат од „мртва точка“. Во последните недели беа повлечени и машините од Градскиот стадион. Досега беа завршени некои работи на теренот, дренажата.. Кога се очекуваше да се финализира дренажата, се повлекоа машините и работниците. Остана една лоша сликарасфрлени купишта песок, отворени капии... Од обврските на Општината–ништо. Воопшто не се започнати работите на трибинскиот дел, на трафостаницата, соблекувалните. Уште долго фудбалерите на Брегалница ќе играат на неутрален терен, фудбалот во Штип на рати ќе „умира“. За жал, не е проблем само Градскиоот стадион. Во Штип , во изминатите години, беа
изградени и две фудбалски игралишта во Суитлакот и Бело Брдо. Фудбалското игралиште во Суитлакот веќе една година не се користи, затворено е за фудбалерите. Причина- нестручната работа на теренот! Подлогата е тврда, проработи, како што и се очекуваше, свлечиштето. Овој терен не е одржуван долго време и тоа е една од причините за ваквата
Педагозите молчат, важно им е дека секој месец си ја добиваат платата! состојба. Теренот во Бело Брдо е одличен, вештачката трева , исто така. Тој терен се одржува. Но, фали инфраструктурата. Нема соблекувални, вода , струја, тоалети... За жал, на овој терен тренираат и учениците од фуд-
НИКОЛА ХАЏИЕВ, (79) ШТИПСКА ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА:
БРЕГАЛНИЦА МИ Е ВО СРЦЕТО!
Н
икола Хаџиев играше во првата „златна генерација“ на Брегалница, која 1964 година ја освои првата титула во Македонија. Тој беше и член на младата селекција на СФРЈ. Добиваше многу понуди да ја промени средината. Го бараше и белградски Партизан. Но, носталгијата за Штип го направи своето. До крајот на фудбалската кариера остана верен на „сините“. По завршувањето на кариерата беше и успешен тренер. Пензионерските денови ги минува шетајќи во центарот на градот. Годините си го прават своето. Штипјани за Никола Хаџиев велат дека е комплетна спортка личност. „Брегалница секогаш ќе ми остане во сеќавањата. Моите клупски другари никогаш нема да ги заборавам- Ефремов, Иванов, Манушев, Арсов, Желев, Петровски, Гордош, Каракашев, Наџаков, Ражанков, Ципушев... Тоа беше таа „златна генерација“ која играше со срце, љубов. Генерација која го сакаше фудбалот и за него жртвуваше се“, вели Хаџиев за Штипски глас. Се сеќава на многу моменти од фубалската кариера. –„Доживеавме ташка сообраќајна несреќа во Црна Гора, пред реванш квалификацконата средба со ОФК
балската паралелка на ФФМ во Штип. Во неа учат и момчиња и девојчиња. Сепак, најжално е – зошто на ваквата состојба со терените во Штип молчат педагозите, тренерите? Можеби само тие се задоволни, оти секој први ги добиваат платите. Исто така, каде се инспекциските служби, кои дозволуваат да се тренира на терен на кој се уште не е извршен технички прием ( Бело Брдо). Со ваква фудбалска инфраструктура, тешко можат да се очекуваат добри резултати на фудбалските екипи.
КВАЛИФИКАЦИСКИОТ ТУРНИР ЗА ЛОИ ВО ЗРЕЊАНИН, СРБИЈА
ПОСЛЕДНА ШАНСА ЗА ДАНОВ, МИТРОВ ПОДГОТВЕН
М
Титоград, во 1964 година. Но, пак се вративме на зелениот терен, да го продолжиме започнатото. Моја порака до младите е да го сакаат спортот, бидејќи тој може да им донесе многу благодети...“вели популарниот Бате Нико. Тој секогаш е во друштво со спортисти. -„ Често шетам, главно во центарот на градот.. Се дружам со моите некогашни клупски другари. Се случувцаат и ненадејни средби, кога доаѓаат и солзи радосници, откако ќе се присетиме на тие убави времиња. Овие прошетки ми помагаат. Моја порака- е повозрасните повеќе да се движат, ако сакаат долг живот...“- заклучи Бате Нико., кој е прогласен и во тимот на векот на Штип.
акедонската репрезентација во борењеги заврши подготовките во Самоков, Бугарија. Таму се подготвуваше Дејан Митров , заедно со спаринг партнерот Јасин Реџелари. Заради зафатеност на работното место, иако беше планиран, на подготовките во Самоков не замина Бобан Данов. Во Махачкача се подготвуваа двајцата натурачизирни Македонци, Лапазан и Нуров. Подготовките во Самоков беа успешно завршени. Митров имаше повеќе контролни борби со борачи од Бугарија, Швајцарија, Албанија Германија, Шпанија, кои исто така се подготвуваа во Самоков. Ја темпиравме неговата форма за квалификацниоот турнир за ЛОИ во Рио, во Зрењанин, Србија, 15-18 април. Митров ги „исчисти“ килограмите и сега нема никакви проблеми со нив.. Нема повреда. Се е во најдобар ред. Митров е подготвен за силниот турнир.Само на душекот треба да ги потврди своите квалитети...“-изјави тренерот Љулзим Вренези.
Кои македонски борачи ќе учествуваат на првиот квалификационен турнир во Зрењанин? „Познати се имињата. Мислам треба да му се даде последна шанса на Бобан Данов, кој веќе 15 години дава придонес за македонското борење. Во категоријата до 65 кгр ќе настапи Дејан Митров, до 57- Лапазан, 96 -Нуров и 125Данов. По двајца најдобри борачи од секоја категорија во Зрењанин ќе обезбедат учество на ЛОИ во Рио....“- додаде Вренези..
УШТЕ ЕДНО КОЛО ДО КРАЈОТ НА ТРЕТИОТ ДЕЛ ОД ПРВАТА МФЛ
БРЕГАЛНИЦА САМА ОДЛУЧУВА ЗА СЕБЕ!
У
ште едно коло остана до крајот на третиот дел во Првата фудбалска лига на Македонија. Брегалница долго се мачеше, на крајот - успеа. Во последното коло од третиот дел, Брегалница сама одлучува за себе. Во последното коло, штипјани во Кочани играат со Работнички. Брегалница со победа ќе се пласира во плеј офот, а ако загуби, ќе игра во плеј аутот. Во меѓувреме, Брегалница и во Купот ќе игра со Работнички. Првата
средба во Кочани меѓу овие две екипи заврши 1-1. Брегалница има историска шанса да игра во финалето на Купот. „Сами одлучуваме за себе. Тешко беше да се стигне до целта, бидејќи не е лесно сите средби да се играат во гости. Дојдовме до „изворот“, не смееме да дозволиме друг да се„напие вода“ од него... Ќе сториме се- да играме во плеј офот. Тоа значи и многу порелаксирано до крајот на првенството...“- изјави капитенот
на Брегалница, Горан Здравков.. Пред одигрувањето на последното коло, Брегалница го зазема шестото место на табелата, со 32 бода.
Страницата ја подготви: Кирил Манев
[tipski Glas, April, 2016 br. 64
15
RAZONODA Трето дете
TR-MR
ov -Mi Re k e ~e R i T
Македонците мора да прават Трето дете Бидејќи првите две Веќе им се Во странство
Наша состојба
Ние македонците Не го славиме Дено на вљубените Наш ден за славење е Денот на – замразените.
Контролирани
Во Македонија не се вели „Се е под контрола“ Туку се вели „Сите сме под контрола“.
Ненормални
Razmisluva: Iv. BOJ
Во нашата библиотека Непознати крадци Украле десетина книги. Полицијата бргу ги фатила И експресно ги сместила Во – лудница!
Броевите од 1 до 9 впишете ги во блоковите со големина 3 x 3 полиња (врамени со здебелени линии), така да секој број може да се најде само еднаш во водоравната или хоризонталната насока
С У Д О К У
СКРИВАЛКА треба да пронајдете два скриени предмети
ВИЦОТЕКА Зошто црногорците масовно се доселуваат во Македонија? Слушнале дека тука нема работа! Како во Црна Гора се нарекува вонбрачно дете? -Дете на незнајниот јунак! Во Будва девојка минува покрај кафуле. Млад црногорец и се додворува: -Мала, многу си згодна, вели момчето. -Тоа ми е од пливаање. Водата прави чуда, рекла девојката. -А зошто малку барем не си ја потопувала и главата, и возвратило момчето. Црногорец ја убил својата сопруга и му се суди: -Добро бе човече, 30 години сте во брак и ти сега одлучи да ја убиеш? -Па знаете друже судија како е: те денес, те утре, те задутре...и така признавам дека малку се оддолжи ... ШТИПСКИ ГЛАС Основач, главен и одговорен уредник: Иван Бојаџиски 072/214-159 Компјтерска подготовка: Јорданчо Бојаџиски
Печатено во печатница „Европа 92’-Кочани Дистрибуција: „Басе прес“ -Штип
Во кафаена кршен црногорец се обраќа на убавата келнерка: -Девојко, ај свари ми едно кафе јако како мене, слатко како тебе. По извесно време девојчето му го носи кафето. -Девојко, ти нешто да не си се преценила, и рекло момчето откако го пробало кафето. Зошто црногорците ништо не работат? Затоа што Исус Христос и рекол „Додека јас не се вратам вие ништо да не сте работеле“!
16
РЕКЛАМА
[tipski Glas, April, 2016 br. 64