Skip to main content

Br53

Page 1

Д-р СУНЧИЦА ПОСТОЛОВА

Брзата помош брзо ќе остане без доктори

Проф. СТРАШКО СТОЈАНОВСКИ

Кај младите постои поделеност во одност на туѓите државјанства

Јубилеј

Репортажа

КОЦЕ МИТРЕВ:

Човекот кој трајно ни ја остави снимената историја на градот Јуруците од Плачковица се населуваат во Радање БОНАВЕНА светски ударник социјален случај На плоштадот наместо фонтана ќе не „лади“ жардињера

Стопанство

Медиуми

Новата фабрика на Актива според планот

Новинарите од истокот се дружеа во Аурора

Скапаницата „Бриони“ станува мултикултурен центар


2

[tipski Glas, Juni, 2014 br. 53

АНАЛИЗА ОД МОЈ АГОЛ

Штип, неговите вредни творци и општествената одговорност

N

Иван Бојаџиски

▌Несреќата дојде кај соседот, колку ние сме подготвени за можна средба со катаклизмични појави? ▌За Коце Митрев и Васил Шумански и нивното значење за градот и пошироко ▌Што е општествена одговорност според примерите од весниците на Битола и Штип

1

Штом несреќата ќе дојде кај комшијата таа всушност тропнала и на вашата порта. На оваа мудрост мора да се пристиме во време кога Србија, БИХ и Хрватска доживеаја вистинска катастрофа од големите води какви што, според српски експерти, не биле видене во последните 120 години. Штетите се мерат во милијарди. Евра, секако. Ова е, всушност, една важна лекција, едно голема опомена и за нас. Штом мечката тропнала кај комшиите таа, кога тогаш, ќе дојде и во нашиот двор. А за тоа, ние треба да бидеме подготвени. Да живееме како сто години да нема поплави но и секојдневно да се подготвуваме како уште утре една таква катаклизма може да не снајде и нас. Впрочем, предиграта, увертирата во едно вакво можно сценариот ние ја имавме на 26 февруари 2013 година. Секој граѓанин на Штип мора да ги има пред своите убави очи сликите кога Брегалница стана пловна „од Берово до Вардар“, кога беа потопени дел од новоселските куќи, кога под вода се најдоа легендарните лџи, кога многу објекти сместени покрај коритото на втората по големина и значење река во Македонија се најдоа под вода и тоа до самите покриви. И кога еден млад штипјанец се провоза со својот чемец по Брегалница. Дали и колку воопшто сме подготвени да се справиме со евентуална катастрофа која нашиот град би можел да го снајде од дури три страни: од реките Брегалница и Отиња но и од самата местоположба на Штип, град во кој, кога ќе заврнат дури и сосема пристојни дождови, улиците стануваат реки. Тоа е прашање за јавна дебата. За граѓаните да знаат дали можат на раат да спијат.

2

Ќе се „ладиме“ со жардињера Ќе нема што да не лади на плоштадот, ќе нема каде да фрлиме паричка за среќа која ни е толку потребна…

Т

окму така. Наместо фонтана која требаше да ни донесе освежување, и тоа во централната точка за секоја град каков што е плоштадот, сега имаме жардињера. Тоа значи дека и понатаму остануваме град без фонтана. Нешто што одамна го имаат Берово, Виница, Кочани, Македонска Каменица но не и регионалниот центар Штип. Кој, каде, како, зошто? Ова се најчестите прашања кои си ги поставуваат граѓаните на Штип кога ќе се спомне фонтаната. Кој ја утна работата со фонтаната? Дали е тоа поранешниот градоначалник Зоран Алексов, неговите планери, архитекти, идејни творци на новиот лик на Штип? Или фонтаната можеби и можеше да проработи и да служи на својата цел, но новиот градоначалник Илчо За-

хариев оценил дека ќе требаат уште многу пари за таа да стане функционална. Некои пак говорат дека за се е виновен осведочениот анимозитет помеѓу поранешниот и сегашниот градоначалник па оттука не се знае правата вистина во однос на оваа инвестиција па цехот ќе го плаќаат граѓаните, бидејќи во секоја штипска градба се вградени парите на штипјани. Која и да е, каква и да е вистината за овој неуспешен проект факт е дека на Штип му е потребна фонтана. Не од типот на онаа мини фонтана поставена пред една слаткарница, туку голема, вистинска фонтана која ќе одговара на реномето на градот како регионален центар и град – големина од секаков аспект: стопански, административен, образовен, културен, спортски...

Две личности кои со децении, секој на свој начин, ја создаваа квалитетната слика за Штип, регионот и Република Македонија во целина, деновиве ги одбележаа своите јубилејни години на непрекинато создавање трајни вредности. Коце Митрев, нашата снимателска легенда, човекот кој над пет децении со камерата ја бележеше историјата на нашето создавање и растење, кого историјата на градот го има регистрирано како први штипски режисер, филмски и ТВ сценарист, телевизиски репортер, основач на „Манаки“ -, првиот кино клуб вон Скопје, ни ја раскажа својата животна приказна преку монографијата за себе. Оваа книга останува наш паметник за една силна вљубеност во животната професија која резултира со значајни историски снимени материјали од развојот и растежот на градот и регионот. Штип без Коце Митрев, неговата камера и неговиот професионализам денес ќе беше многу посиромашен за еден битен дел од својата пребогата историја. Васил Шумански пак, го одбра Кочани, културната дестинација на македонскиот драмски аматеризам, да ја одбележи својата 40 годишнина од моментот кога се зафати со тешката но благородна работа меѓу вљубениците наа скапаница од зграда наречена летно кино „Бриони“, или во театарската уметност, речиси деца, да открива нови таленти. Со убавата поточно она што остана од неа, започна да се руши, а на таа уметност Шумански „зарази“ стотици и стотици млади од целата држава, а атрактивна локација ќе никне мултикултурен центар од регионајмногу од Штип. Добар дел од нив денес се познати актери кои ги гледаме во на лен карактер. Секако дека се работи за една од ретко добрите принашите театри. На Митрев и на Шумански Штипски глас им посакува долг живот и добро казни кога е во прашање Штип. Оваа работа стана можна откако по долга судска постапка се докажа дека сопственик на „Бриони“ е здравје, зашто нивната творечка енергија сеуште не е исцрпена. Наротив!

Скапаницата „Бриони“ станува мултикултурен центар

О

3

Менде Младеновски, сопственик на Битолски весник, во својата редовна колумна во еден од последните броеви на весникот ја опсервира општествената одговорност на битолските фирми. Анализирајќи го тој вид одговорност спрема печатените медиуми, Младеновски се прашува каква е таа општествена одговорност кога една добростоечка фирма ќе ти врати назад три примероци од весникот на кои од порано се имала преплатено. Во пари тоа, на месечно ниво изнесува „фрапантни“ 240 денари! А само колку за потсетување Битолски весник неодамна одбележи 50 години постоење и е заштитен знак на градот. А барем малку да го утешам колегата од Битола? Да му кажам дека во Штип состојбата е и многу подраматична во однос на единствениот печатен медиум (во Битола ги има вкупно пет). Во мојот град, во кој порано излегувале дури седум весници, Штипски глас опстојува благодарејќи само на наколку фирми чии менаџери го сакаат весникот. Од Штипски глас раце крена дури и новата локална власт, за разлика од Битола чиј градоначалник покажува пристоен однос кон сите весници кои таму излегуваат. И на Штипски глас му се случува да му вратат пет, десет или дваесет броја на кои одделни фирми биле претплатени, и кои сега, благодарение на таа мерка, како и самата наша општина, „штедат“ по некоја ситна пара доволна колку за кафе. При едно гостување во Штип Душан Ковачевиќ, познат белградски писател и драматург, го рече следново: „Град кој нема весник и кабаре не може да се нарече град“! А ние само можеме да ги повикаме нашите бројни фирми да покажат општествена одговорност кон единствениот градски месечник и да не се плашат дека ќе банкротираат ако за него, во месечен износ, издвојат барем по 1.000 денари.

Општина Штип, по што можеше да се стартува со рушењето а потоа и со изградбата на објектот, односно со уредувањето на овој со децении запустен терен. Мултикултурниот центар, според првичните информации, ќе има кино сала, голем изложбен салон, повеќе студија за работа на надарени но и на докажани личности од разни гранки на уметноста. Нешто што порано беше Пионерскиот дом. Финансиските средства за овој проект се од Европските фондови. Истите се резултат на заеднички проект од прекуграничната соработка помеѓу Македонија и Бугарија, нешто што европските фондови, последниве години, сесрдно го подржуваат. Во овој проект ќе бидат инвестирани 225.000 евра, а Мултикултурниот центар треба да биде изграден до крајот на ова година. Фирмата која истиот ќе го гради допрва ќе биде избрана.


[tipski Glas, Juni, 2014 br. 53

3

РАЗГОВОР Д-р СУНЧИЦА ПОСТОЛОВА,

РАКОВОДИТЕЛКА НА БРЗАТА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ

Недостигот од доктори ни е најголем проблем Г-ѓа Постолова, брзата мединска помош е од капитално значење за секоја локална или регионална заедница, па оттука и прашањето за тоа каква е моменталната состојба во оваа служба? Oна кое мене како раководител најмногу ме загрижува е се поголемиот недостиг од доктори. Според бројноста на населението кое го прокриваме на територијата на општините Штип и Карбинци, и според големината на територијата, ние траба да имаме 11 доктори, а во моментов ги имаме само седум. Но, тоа и не е најлошото бидејќи во месец септември оваа година двајца наши доктори ќе заминат на специјализација а една докторка најави заминување на работа во странство, во Германија. Претходно двајца наши доктори ја напуштија службата исто така заминувајќи во странство. Сето ова ни сигнализира дека кон крајот на годинава оваа витална служба ќе остане само со четворица доктори, а тоа ќе биде една многу проблематична состојба. Треба да го имаме на ум и фактот дека Штип е и универзитски центар што значи дека бројот на граѓаните на кои може да им се случи да имаат потреба од една ваква здравствена служба е прилично зголемен. Зошто нашите доктори наместо дома се почесто сакаат да работат во туѓина? Тука нема некоја голема филозофија. Во пра-

шање е вреднувањето на нашиот труд а со тоа и оценката за значењето на нашата професија. Нашите доктори се многу слабо платени за разлика од докторите во развиените европски земји каде нашиот кадар е мошне баран и ценет. Доктор по медицина во брзата помош има вкупни месечни примања од 27.500 денари, во која влегува и додатокот за работа од осум или девет денови по 12 часа во ноќна смена. Одамна е речено колкава ти е платата така општеството те цени, па поради тоа сé поголем станува бројот на доктори од Македонија кои не сакаат да работат во услови на така потценувачкo вреднување на нивното

Оваа екипа не би одела на терен и би ги покривала случаите кои не се итни. Тоа посебно важи за деновите во кои матичните доктори не работат, што денес многу често се случува, посебно за време на викендите и државните празници. Но тука е и фактот дека матичните доктори работат двосменски па останува еден празен временски интервал кој ние мора да го покриваме.Нам ни претстои летна сезона кога матичните доктори, по обичај, воведуваат летно работно време па сите пациенти се на грбот на нашата служба.

Честопати се случува ваша екипа да мора да оди на домашна интервенција, притоа во амбулантата на итната медицинска помош да нема кој да ги прегледа пациентите, а некои граѓани на таквата сос-

Која состојба ја предизвикува оваа појава? Тоа нас многупати не става во непријатна ситуација амбулантата да ни биде преполна со пациенти кои не се итни случаи, кои доаѓаат за редовни, рутински прегледи, а во истиот момент ние да добиеме

ДВАЈЦА ДОКТОРИ НИ ЗАМИНАА ВО СТРАНСТВО, НАСКОРО ТАМУ ОДИ И ТРЕТИОТ, ДВЕ ДОКТОРКИ КЕ ОДАТ НА СПЕЦИЈАЛИЗАЦИЈА, ОСТАНУВА МАЛКУ КАДАР ВО БРЗАТА ПОМОШ

ДЕГРАДИРАЧКИ СЕ ПЛАТИТЕ НА ДОКТОРИТЕ. НАШ ДОКТОР МЕСЕЧНО ДБИВА 27.500 ДЕНАРИ, ВО КОЈА СУМА СЕ И НОЌНИТЕ ДЕЖУРСТВА ОД 8 – 9 ДЕНА, ОДНОСНО РЕЧИСИИ 1ОО ЧАСА МЕСЕЧНО

ЧЕСТО ИМАМЕ НЕПОТРЕБНИ ПОВИЦИ ЗА ИНТЕРВЕНЦИИ КОИ НЕ СЕ ОД ИТЕН КАРАКТЕР, ЗА СЕМЕЈНИ РАСПРАВИИ, ЗА НАЈОБИЧНА НАСТИНКА, ЗА НЕРВОЗНИ ГРАЃАНИ...

знаење и на нивниот труд. За споредба ќе речам дека службеник во локалната администрација со високо образование има повисока плата од онаа на докторите. Ете затоа од Македонија секој месец во странство заминуваат по десетмина доктори, и тоа главно млади.

тојба знаат и бурно да итен повик за интервенција изреагираат. Каде тука во нечиј дом, во некое село го гледате решението? или во градот, при што најбрзо мора да делуваме и Овој проблем го да заминеме на терен. Дел имаме како една реална од пациентите во амбулансостојба при што решение- тата го разбираат тоа, но то го гледам во формирање има и такви кои стануваат дежурна служба која би им нервозни и својата нервоза стоела на располагање на ја искажуваат врз персонапациентитете независно од лот. Јас само можам одгоитната медицинска помош. ворно да тврдам дека

целиот тим на нашата служба дава се од себе на време да стигне таму каде што е потребно, за по интервенцијата најбрзо да се врати во амбулантата. Неретко, од вашата институција, излегува предупредувањето да не се упатуваат повици за домашна интервенција без за тоа да се има вистинска потреба. Се поправат ли работите во оваа насока? Напротив. Наш дополнителен проблем и понатаму е тоа што многу често ни се случува граѓани да бараат брзата помош да им дојде дома, а за тоа да нема никаква причина. Баналноста на таквите повици може да се согледа и во фактот дека нас не викаат и за интервенција за семејни каранцици, за најобична настинка, за пациенти кои од некоја своја причина станале нервозни па се одлучиле да ја повикаат брзата помош, а има и случаи кога граѓанинот не сака(л) да плати такси за да дојде во амбуланта па се одлучил да не повика нас. Неодамна добивте нови, одлично опремени возила. Колку тоа ви ја олесни работата? Би рекла дека е тоа една одлична работа која ни се случи. Владата ни додели четири комплетно опремени возила според светски стандарди и тоа во многу ни ја олесни работата. Секако дека тоа е пред се во служба на нашите пациенти.


4

ИНТЕРВЈУ

[tipski Glas, Juni, 2014 br. 53

СТРАШКО СТОЈАНОВСКИ, ПРОФЕСОР ПО СОЦИОЛОГИЈА, РАКОВОДИТЕЛ НА ЦЕНТАРОТ ЗА ПРАВНИ И ПОЛИТИЧКИ ИСТРАЖУВАЊА ПРИ УНИВЕРЗИТЕТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“

Кај младите постои поделеност во одност на туѓите државјанства Страшко Стојановски е млад научник. Тој е доктор по социологија, наука која го изучува општеството, различните општествени односи, интеракцијата и културолошките аспекти. Професор е на Правниот факултет при универзитетот „Гоце Делчев“. Група професори при овој факултет го формираа Центарот за правни и политички истражувања со кој раководи професорот Стојановски а во која група голем придонес дава и професорот по филозофија Трајче Стојанов. Во ова интервју со професорот разговараме за значењето на оваа нова творба на нашиот Универзитет, за резултатите од првите истражувања кои Центарот ги има направено, како и за вклученост на студентите во неговата работа. Дебати на значајни општествени прашања се водени во Штип и во Струмица.

Г

-дин Стојановски, на кои прашања се посветува Центарот за правни и политички истражувања?

-Првиот аспект е насочен кон истражувања на одделни појави и односи во општеството, првенствено оние појави кои ги тангираат младите луѓе. Вториот аспект е поврзан со организирање трибини и дебати главно со студенти кои ги организираме секоја среда. Истражувањата се на регионално ниво, на просторот на источна Македонија со вклученост на професори, аналитичари, експерти но и на студенти. Организираме и настани од научно значење, трибини на експертско ниво какви што беа трибината за Синдикатите во Македонија и дебатата за положбата на Македонското малцинство во соседните држави Грција, Албанија, Бугарија и Србија која имаше голем одглас во севкупната македонска јавност. Ние сме млада институција и пред нас допрва претстојат сериозни истражувања. Наесен ќе организираме меѓународна научна конференција на тема „Општествените промени во глобалниот свет“ за што упативме покани до повеќе држави во светот, а од голем број од нив веќе добивме потврда за нивно учество. Ова не е само промоција на нашиот Универзитет туку и на градот Штип како негово седиште како и на источниот регион. Имавте две истражувања на теми кои во овие мигови се исклучително актуелни за нашето општетсво, а кои се однесуваат на младите. Првото истражување беше на тема „Младите и нивната иднина“, второто на тема „Зошто младите заминуваат од државата“. Што ни сугерираат овие истражувања? -Истражувањата ги вршевме на два нивоа. Првото кај средношколците, второто целна група ни беа студентите. Притоа добивме многу интересни сознанија во однос на нашата млада популација и нивниот поглед на нивната

иднина. Така, на прашањето каде тие себеси се гледаат во иднина, 40 проценти од испитаниците рекоа дека својата иднина ја гледаат во Скопје, исто толкав процент во друга држава, а 10 проценти од младите средношколци својата иднина би ја врзале за местото во кое живеат. Кај студентите имаме спротивни ставови. Дури 60 про-

ФАКТИ

77,3 % Од испитанциите одговориле дека би сакале да заминат на работа во странство

71,5 % Од учесниците во анкетата рекле дека ако заминат во странство семејството би била причина за враќање дома

42 % Од испитаниците рекле дека би зеле туѓо државјанство за да заминат во развиена држава на Европа

70 % Од населението во регионот игра игри на среќа, младите спортска прогноза, пензионерите бинго и лото

центи од нив би останале да живеат и работат во местото од кое потекнуваат, во Скопје себе си се гледаат 10 проценти од испитани-

ците а 30 проценти се гледаат вон државата. Што за вас, како научни работници, ви говорат овие факти? -Ова нам ни укажува на исклучително значајниот факт за големата мисија која ја врши универзитетот „Гоце Делчев“. Факт е дека доколку овие млади луѓе, денешни студенти на УГД студираа во Скопје, најголем дел од нив ќе посакале да останат во главниот град на нашата држава. Универзитетот „Гоце Делчев“, им овозможи на младите да студираат во родното место или во негова непосредна близина, каде тие ги препознаваат можностите да градат кариера и своја иднина. Сепак, кај нас владее мислење дека многу млади сакаат да заминат од Македонија и среќата да си ја побараат во странство. Колку оваа раширена теза во нашето општество е точна? -И нашето истражување ја потврди оваа вистина. Имено, на прашањето „Дали би заминале надвор од државата“ 77,3 проценти од испитанците имаат дадено потврден одговор, на прашето зошто сакаат да заминат над половина од нив одговориле дека тоа би го направиле за да заработат, односно да работат во странство, да заработата за потоа пак да се вратат дома. Само 9,7 проценти рекоа дека би заминале во странство за таму да градат кариера. Важно е сознанието од истражувањето дека основна причина за некој кој сака да замине во странство но откако ќе заработи пак да се врати дома е – семејството. Може да се каже дека семејството е факторот кој ги врзува младите за државата. Кај младите во нашата држава присутен беше стремежот да се земаат туѓи државјанст-

ва, пред се Бугарски, за полесно да можат да заминат во некоја развиена земја. Колку таа теза е докажана преку вашите истражувања? -Работите по ова прашање стојат вака: 42 проценти од испитаните млади луѓе имаат дадено потврден одговор, односно дека би зеле туѓо државјанство за да можат да заминат во странство, 33,5 проценти одговориле дека тоа не би го направиле а кај 18,18 проценти одговорот е „не знам“. Ова нам ни укажува на поделеноста кај младата генерација во однос на туѓите државјанства како услов да се замине од Македонија. Но, на прашањето кои би биле причините да се вратат од странство дури 71,5 проценти одговориле дека тоа би го направиле поради семејството а 7,8 проценти поради подобри услови за живот. Истражувавте и во една кај нас мошне раширена област, а тоа опседнатоста од игрите на среќа со што се „заразени“ и голем број млади? -По ова прашање полето на испитаници значително го проширивме опфаќајќи популација од 15 години до пензионери. Се покажа дека 70 проценти од населението во регионот игра игри на среќа! Посиромашните тоа го прават за да добијат некоја пара, побогатите од чиста разонода. Најпопуларен облик на игри на среќа е спортското обложување, пензионерите најмногу се залепени на бинго и лото... Дали игрите на среќа создаваат зависност? -Апсолутно. Огромен е бројот на испитаници кои на прашањето дали станале зависници од игрите на среќа имаат дадено потврден одговор. ●


[tipski Glas, Juni, 2014 br. 53

Нема човек каде вода да се напиење и лице да си замие

В

о централното подрачје нема ниту една чешма на која човек може вода да се напие и лице да си замие. Да се освежи во деновивите кои стануваат се потопли и потопли. И малата фонтана со убава славина која фрлаше мал млаз, доволен за безбедно пиење вода, а која и сега стои на плоштадот ама сува како нашето познато Суво грло, не работи. Големата фонтана на плоштадот која требаше да ни донесе освежување дефинитивно не е фонтана. Секнаа и оние пет – шест чешми долж коритото на реката Отиња, во центарот на градот. Не се во функција подолго време.

5

РАЗНО

П

оследните предвремени парламентарни избори донесоа и неколку интересни сознанија за трансформацијата на гласачкото тело во нашата општина. Една од тие необичност е забалежана кај Демократската унија за интеграција која има свој огранок и во Штип. Имено, ако на изборите во 2011 оваа партија доби 980 гласа, три години подоцна, односо на изборите во 2014 година, оваа партија доби само 154 гласа!. Тоа значи дека за само две години пар-

ското како и добар дел од ромското население. Во нашата општина, според пописот од 2011 година, има 2.195 роми (4,6 проценти од вкупното население) односно 1.272 турци (2,7 проценти од вкупното население). Ромите се втората етничка структура веднаш после македонцскиот народ. Од 47.796 жители на општината 41.670 или 87,2 проценти се македонци. Влашката заедница е на трето место со 2.074 (4,3 проценти) од вкупниот број на жители, а на четврто место се турците.

Постизборна мала анализа: ВМРО ДПМНЕ му ги зеде гласачите на ДУИ Во 2011 за оваа партија гласа 980 а на годинашниве избори само 154 избирачи. Лидерот Сане Арсов вели дека нивните гласачи им ги зела владеачката партија тијата на интегративците „калирала“ за 826 гласа. -Нашето гласачко тело отиде кај ВМРО ДПМНЕ. Многу гласови на ромите и на турците се префрлија на контото на владејачката партија. Тука проблем нема, луѓето таму си го најдоа интересот. Ние како партија сакавме да бидеме чесни, коректни, без да донираме и поткупуваме било кого, а тоа, во вака социјално тешки времиња, ни се одрази на резултатот, вели Сане Арсов, лидер на општинската организација на ДУИ. Инаку, со пописот од 2002 година во нашата општина се регистрирани само 9 албанци. Но, пред три години за ДУИ гласаа и најголемиот број од тур-

-ДУИ има своја општинска организација и во Штип бидејќи е меѓуетничка партија а интеграцијата на сите националности и е приоритет и тоа е содржано во нејзиното име. Партијата е формирана според европски модел и таа е единствена партија во Македонија во која покрај албанци членуваат и македонци, турци, власи, роми, вели лидерот Арсов.

ВМРО ДПМНЕ бара нов претседател на Општинскиот комитет Деновиве, баш на плоштадот, на едно девојче од околу дванаесет години му се слоши. Добри луѓе потрчаа да најдат вода, да го освежат. Други се фатија за мобилните да повикаат брза помош. Некој се сети и тркна до првата најблиска сендвичара од каде донесе шише вода за со освежување да му се помогне на девојчето. За тоа време на местото на настанот, на плоштадот, пристигна возилото за брза помош со дежурен лекар. Брзата помош пристигна мошне брзо, за разлика од водата по која луѓето се растрчаа по блиските седнвичари и слаткарници. Можеме ли, смееме ли оваа централна точка на нашиот град, низ која секојдневно врви река народ, да ја оставиме без вода? Може ли при повеќе чешми и мала згодна фонтана, денес да немаме ништо од тоа? Ај што ќе останеме единствениот град на истокот, а најверојатно и во државата кој ќе нема фонтана на својот плоштад, туку ќе бидеме и редок град во кој ќе немаме макар и минијатурна чешма за жедните луѓе да има каде да се напијат а оние испотените и лице да си замијат. На локланата власт е да поразмисли во однос на оваа потреба, да направи напор и да направи нешто за решавање на овој, барем според наше мислење, не така мал проблем.

▌На јавен оглас се бара првата личност на Општинскиот комитет

В

ладеачката партија пред извесно време објави неколку јавни огласи за избор на претседатели на Општинските комитети во повеќе општини во државата меѓу кои е и Штип. Штипските вмровци ќе добијат нова прва личност на Општинската организација поради тоа што сеуште актуелниот претседател Никола Мицевски, во ова меѓувреме, стана пратеник и веќе е седнат во парламентарната фотеља. Огласот на ВМРО ДПМНЕ за избор на нов претседател на Општинскиот комитет во Штип, како и за другите градови, трае до крајот на овој месец. –„Секој кој смета дека има капацитет и морален дигнитет да ја води Општинската организација која низа години е во победнички континуитет, и кој ги исполнува посебните услови наведени во огласот, има можност да се јави и да конкурира за оваа политичка функција. Јас со задоволство ќе му ја предадам оваа функција и на новиот претседател ќе му посакам да го продолжи успехот на нашата партија во

Штип“, ни изјави Мицевски. Нема точна бројка колку кандидати, на десеттина денови пред крајниот рок, се имаат пријавено на огласот на својата партија. Низ градот циркулираат многу бројќи, се шират шпекулаци, а се прават и калкулации со споменување на имињата на определени личности. Но, се додека Никола Груевски, во својство на претседател ВМРО ДПМНЕ, не го каже конечниот збор, цлиот овој процес ќе си остане на ниво на шпекулативни, пикантни политички приказни кои го дразнат политичкиот нерв на многумина. Политички аналитичари од градот велат дека на новиот преседетел воопшто нема да му биде лесно бидејки тој ќе наследи претходник но и Општински комитет во чие време ВМРО ДПМНЕ во општина Штип најубедливо ги има добиено политичките битки со својот лут политички ривал СДСМ. Според партискиот статут од сите пријавени кандидати Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ ќе избере 5 -6 личности кои ќе одат на интервју кај Никола Груевски кој го има последниот збор.


6

СТОПАНСТВО

[tipski Glas, Juni, 2014 br. 53

Над 350 штипски работници бараат предвремена пензија ▌Поради истрошеност, односно „замор на материјалот“ волкава бројка изморени од работа постари работници од штипското стопанство поставуваат интересно барање

В

о времето на предизборните активности поголема група од постари работници во дел штипското стопанство на претендентите за пратенички мандати им доставија и едно раритетно барање. Имено, над 350 работници кои кај себе почувствувале „замор на материјалот“ побарале во законодавниот дом да се донесе закон со кои тие би заминале во предвремена пензија а на нивните места би дошла млада работна сила. „Имаме многу години проведени на работните места, но старосното доба не ни е доволна за одење во редовна пензија. Се чувствуваме истрошено, од ден во ден се послабо гледаме, немаме доволно физичка сила за квалитетно извршување на работните обврски...Одењето на работа ни е мака а не задоволство, нашата продуктивност е мала, а мала од нас е и користа на фирмите во кои работиме. Затоа бараме предвремена пензија, чиј износ би бил во согласност со годините кои сме ги поминале на работа во производството“. ДОМИНАНТНО ТЕКСТИЛЦИ Ова е сижето од барањето на изморените од работа работници. Се работи за група од околу 350 лица од кои педесеттина се мажи а другите од понежниот пол, истапија пред штипските пратеници и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, филијала Штип. Според Љубе Здравков, раководител на штипската филијала, деведесет проценти од овие лица се вработени во текстилната индустрија. –Тоа се работници кои во своите рани млади години од животот седнале главно зад шивачките машини, а на кои физичка сила им е значително намалена. Нивното барање е да се донесе закон со кој во предвремена пензија би заминале сите жени од материјалното производство кои наполниле 35, односно мажите со 40 години работен стаж, а кои немаат доволно години за да остварат редовна пензија“, вели Здравков. На овие работници им требаат уште 6 – 7 години за да остварат право на пензија. Верица Ј. на работа во штипска конфекција тргнала на 18 годишна возраст, денес има 54 години, носи наочари со голема диоптрија, а вели дека и самата чувствува дека не може да го даде она кое во производството се бара од неа. –„Од нас се бара и квантитет и квалитет но нашите сили, нашите физички можности се лимитирани. Оттука, најдобро за сите би било кога ние би заминале во некаква пензија а на нашите места би дошле млади работници“, вели Верица.

МАЈСКО – ЈУНСКИ АКТИВНОСТИ НА ЈП „ИСАР“ Бањата „Кежовица“ се реновира, поставени 31 нова клупа за седење

И

во месеците мај и јуни ЈП „Исар“ продолжи со засилени активности во функција на уредување на градот. Откако на вжештеното директорско столче седна Ангел Бојаџиев (сега како в.д.директор од 12 мај) се започна со реновирање на бањата „Кежовица“. Се реновираат спалните соби, се обновува и освежува фасадата, а ќе се реновира и машката бања.

-Ја реновиравме и освеживме и фасадата на управната зградата и економскиот двор на „Исар“, извршивме комплетна реконструкција на парковите во урбаната заедница „Автокоманда“ започнавме хортикултурно уредување на повеќе локации во градот и во коритото на реката Отиња. Зa ова кусо време набавивме и поставивме 31 клупа во разни делови на градот и го започнавме оградувањето со фолија на местата на кои се поставени контејнери. Во населбата „8 Ноември“ уредуваме нов парк со детско катче, со украсни мостови, многу цвеќе клупи за одмор, реконструиравме водоводна вмрежа во должина од 250 метри на улица „Питу Гули“, вели Бојаџиев. ПОДМЛАДУВАЊЕ Подмладувањето на работната рака во штипските конфекции е вториот дел од истата приказна. Менаџерите се жалат на фактот дека од година во година старосната граница се зголемува, дека млада работна сила нема ни за лек. –Просечната старост на работничките во мојата конфекција е 43 години, во некои други таа е и повисока. Факт е дека млада работна рака нема. Ако порано, веднаш по завршувањето на една школска година сме имале поголем број завршени средношколци кои кај нас барале работа, а од кои најголем дел биле со завршено средното текстилно училиште, денес тоа повеќе го нема. Инцидентни се случаите кога некој ќе побара работа на машина, а тоа се главно млади лица кои претходно работеле во некоја самопослуга или во фирма која, од некои причини престанала да постои. Факт е дека работната сила во нашата општина старее“, вели Ване Богдов, сопственик на конфекцијата „Вабо“ во која просечната плата за нормално работно време е 200 евра. ОПШТИНАТА СТУМИЛИРА Со одлуката за давање стипендии за ученици кои ќе се запишат во средното текстилно училиште локалната самоуправа дава прилог кон неопходноста за зголемување на интересот кај младите за запишување на ова училиште уште од наредната учебна година. На иницијатива на градоначалникот Илчо Захариев, општината ќе доделува по дваесет стипендии за исто толкав број запишани текстилци. –„Стипендистите ќе добиваат по 2.000 денари месечно, што значи дека општината ќе издвојува по 40.000 денари на месечно ниво. Соодветната комисија веќе го има прифатено предлогот на градоначалникот Захариев а наскоро по истиот ќе одлучува и Советот на општината. Ќе биде тоа прилог на локалната власт за мотивирање на младите да се школуваат во училиштето после чие завршување работното место им е загарантирано“, вели Драган Ристов, одговорен за односи со јавноста во кабинетот на градоначалникот.

И во текот на ова лето, според в.д.директорот, ќе се продолжи со уредување на коритото на реката Отиња а ќе се одвиваат и сите неопходни тековни активности од значење за градот и за граѓаните. Идниот месец ќе започне доизградбата на нова гробна парцела за 220 гробни места. -Во однос на комуналната хигиена наша најслаба страна ни е недостигот од специјални возила за собирање смет поради што ние сме во подготовка да набавка на уште две специјални возила кои ќе бидат од таков тип што ќе овозможат покривање на тешко достапни места за од нив навремено и квалиетно да се собира сметот, посочува Бојаџиев.


[tipski Glas, Juni, 2014 br. 53

РЕПОРТАЖА

7

Јуруците од Плачковица се населуваат во Радање поколенијата да можеме да ги школуваме. Во Оџалија нема никакви шанси за пристоен живот и заносиме до откупниот центар во Ра- тоа јуруците се селат во довиш оддалечен седум километ- места кои нудат поголеми ри. Овде си купив куќа, купив и можности, пред се порамалку земја а нешто зедов и под ди близината на Штип“, наем. Карбинци како општински вели ова младо момче. Но, како Македонцентар ми е близу, а близу е и Штип, и се некако е полесно. Се- ците гледаат на се помапак, сакам да кажам дека и таму совното населување на и тука животот на обичниот чо- јуруците во нивното севек е тежок и мачен, за нас нема ло? Русе Атанасов кој е работа во фирма или админис- на 46 годишна возраст вели дека ЏАМИЈА СО КАМЕН ОД ТУРЦИтрација, но и покрај тоа постои голем дел од неговите пријатели се ЈА Во селото, на местото на старата се гради нова џамија. Според голема разлика помеѓу животот токму јуруците. тоа што го видовме ќе биде голема во Али Коч и во Радање. За мене најважно е тоа што Штип како БРАТСКИ ЖИВОТ ВО СИРОМАШ- и една од најубавите во овој дел од град кој дава големи можности ТИЈА „Или си човек или си гнида. државата. Џамијата се гради веќе за школување ми е близу а во Тоа е важно а не кој од која етничка петта година, каменот се носи од образованието ја гледам идни- заедница бил. Си живееме прек- Турција а финансиите ги има обезната на своите деца“, ни рече 34 расно со Шенол и многу други мои бедено турската агенција ТИКА соселани и никој не гледаме кој од која пред извесно време ја финангодишниот Шенол Османов. Приказната на Озџан Сулеј- која од која националност е. Она сираше и изградбата на мало учиман кој има 33 години во многу што сите заедно не боли е фактот лиште во Оџалија, а претходно нешто е идентична со онаа на дека и во Радање животот е многу инвестираше во училиште и во КаШенол Османов. Вели дека од мачен. Садиме тутун а откупува- лузлија, села сместени во планипланинското село Оџалија сле- чите ни го земаат за без пари па ната Плачковица. Главниот инжегол во Радање во потрага по по- тука страдаме сите. Килограм ту- нер кој е дојден од Албанија и раководи со работите на џадобар живот. мијата не сакаше да каже ништо за тоа кога истата ќе ПОДОБРИ УСЛОВо Радање ни рекоа дека тие не се ЈУРУЦИ туку ЈОРУЦИ. Така било правилно. Јорук значело чо биде готова. Во Радање ВИ „Имам сопруга век кој постојано се движи. На светската ен ци кло постои и црква па така и и едно дете а овде педија Викепедија стои дека Јуруклак е предел православните христијани се преселивме со на западните падини на планината Плачковица и муслиманите си имаат намера на детето да кој започнува од врвот Лицец (1754 м.надморска свои храмови за своите му обезбедиме колвисочина) и завршува до реката Крива Лакавица. Јуруците се доселиле на овие простори во 16 век верски потреби. ку толку подобри ускако номади – сточари од планинските краеви на лови за живот. Во Југозападна Анадолија, стои во оваа енциклоЗБОРОТ НА ГРАДОНАЧАОџалија нема нишпедија. ЛНИКОТ Мислам дека то, ни патишта ни денска во Радање 60 добри пасишта, нипроценти од жителите се од ту квалитетна земја. И во Радање тун ни го откупуваат за по 50 денанемам земја, ниту се бавам со ри а нас не чини повеќе. Премие- јуручката (турска) етничка заедсточарство но тука полесно наоѓам рот треба да дојде и во Радање, да ница а 40 проценти се Македонци. Треба да се знае и тоа дека на вресезонска работа па успевам нешто мето ова село било со доминантно да заработам за да го издржувам турско население кое во најголем семејството, а ако затреба веднаш дел се иселило во Турција по што ќе мо- жам да си земам земја и да во Радање помасовно се садам тутун. Моето дете има три населиле Македонците, а сега, години, сакам да го школувам а не откако макеонското население мада остане со осмо одделение и да совно се иссели главно во Штип се мачи низ животот како јас и соимаме процес на ново враќање на пругата што се мачиме, а од овде нашите сограѓани од турската етдо Штип каде има големи можничка заедница. Што се однесува ности за школување е многу блисдо водата како градоначалник ку“, ја кажува својата приказна знам дека тоа прашање не ни е младиот Сулејман кого го сретнавдобро решено но ветувам дека во ме кај џамијата која е во изградба. текот на ова лето ова прашање ќе го решиме на задоволителен наСТАВОТ НА ЈАШАР Јашар Сулејчин. Во Радање годинава ставивман има 27 години а неговата приме асвалт на главната улица во казна е нешто пооптимистичка. види со свои очи и да слушне со Младото момче има постојана ра- свои уши што ние имаме да му должина од 1.600 метри за што бота како воспитувач во медреса- кажеме. А ќе го информираме дека Агенцијата за државни патишта ни та во Штип, има редовна плата ка- тука животот застанал. Со години даде 11 милиони денари. Летово ко и неговата сопруга која работи барам работа, а никој не ме сака. ќе работиме на расчистување на во едно штипско училиште. И тој во Не само мене, но и другите здрави улиците и ќе направиме напор да Радање слегол од Оџалија. –„Јас и прави мажи и жени кои се ра- изгра- диме повеќенаменско игравелам дека и тука, во Радање фа- ботоспособни. Водата за пиење во лиште, зашто во Радање, и покрај ли сé. Водата за пиење е никаква, селото не е за пиење, во неа и се, има и деца и млади, ни изјави нема продавници, само десеттина мрши ќе најдеш. Моите пријатели, градоначалникот на општина Карлица работат главно во штипските јуруците, слегоа тука оти во Рада- бинци Зоран Минов. конфекции, а во слободното време ње гледаат повеќе надеж за своите ● садат тутун и чуват стока. И јас са- деца, но јас надеж не гледам“, редам тутун зашто мора да се тргне волтирано ни зборуваше Русе Атанешто настрана, да се обезбеди за насов.

*Живееме во слога и во голема сиромаштија, велат луѓето од ова убаво село

Р

адање е убаво село сместено на убава местоположба. Куќите се распослани под самата планина Плачковица, очите насекаде гледаат големи зелени пространства, сé овде наликува на една идилична слика.Но, и Ра-

дање си има свои проблеми. Селото кое некогаш имаше над илјада жители денес нема повеќе од 180 куќи во кои тегобниот живот го крпат нешто помалку од 400 луѓе. До пред десет години ова село беше со 80 проценти македонско и 20 проценти јуручко (турско) население. Денес јуруците сочинуваат 40 проценти од жителите на Радање. Големата преселба на луѓето од ова село кон Штип придонесе во него да останат претежно стари луѓе. Има многу празни куќи кои се продаваат за мали пари. Во последните шест – седум години јуручкото население, кое главно живее во селата на падините на планината Плачковица во општините Карбинци и Радовиш сé помасовно ги напуштат своите домови и се преселува во Радање. Деновиве бевме во селото каде разговаравме со дел од жителите од оваа етничка групација кои ни рекоа дека на преселба се одлучиле од чисто прагматични причини. Имено, тие повеќе не сакале да живеат во села од кои до градовите Штип и Радовиш се стигнувало по долго и мачно патување, односно во села во кои биле исцрпени најголем дел од можностите за обезбедување пристојна животна егзистенција за себе и, пред се, за нивните деца. ЗБОРОТ НА ШЕНОЛ „Зошто се преселивме во Радање? Па затоа што во моето село Али Коч, во општина Радовиш животот беше повеќе од тежок. Имам сопруга и три деца, и таму како и ваму живеевме од тутунот кој моравме да го


8

К

оце Митрев, актер, сценарист, режисер, ТВ и филмски снимател ни го презентира својот живот во големата книга на своето уметничко постоење. Книгата има едноставен, како солза чист наслов

[tipski Glas, Juni, 2014 br. 53

ЛЕГЕНДИ дадам силна естетска порака, зашто уметност без естетика не бива“, вели Митрев. На многу млади години животот го води во Риека. Во овој град на Јадранското море Коце заминал

раево ме извести дека таму дошле камери и дека камера може да се купи за тогаш големи 27.000 динари. Не чекав ниту минута, заминав во банка, подигнав кредит, ги пратив парите на Мичо а тој ми купи каме-

ници. Започна со Љубомир Катниќ, продолжи со Ванчо Ристов па со Иван Бојаџиски, Никола Глигоров и на крајот со Павле Горгиев. –„Секој новинар со кого работев си беше посебен карактер, што е сосема

Со синот Жан и неговото семејство

Донски, Манева, Митрев

КОЦЕ МИТРЕВ Човекот кој трајно ни ја остави снимената историја на Штип „Коце Митрев – Монографија“ приредена од историчарот Александар Донски. Таа ни ја доловува сета љубов на Митрев кон убавите уметности. Низ нејзините близу 500 страници провејува неограничена количина на љубов и силна посве-

во 1954 година, кога имал само 19 години. –„Во Риека заминав на покана на еден мој пријател кој таму веќе работеше. Јас ја сакав глумата и во тамошниот театар ме примија како статист. Но, мојата мајка постојано ме викаше да се вратам дома

Семејството на Коец Митрев

теност кон сé што тој го работел во животот. Од бројните актерски улоги наредени како бисерен гердан во десетгодишното негово траење на штиците кои живот значат, преку професијата снимател прво за ТВ Скопје а потоа и за МРТВ, до основањето на кино клубот „Манаки“ и комплетното авторство на повеќе документарни филмови што за тоа време беше вистинска Сизифовска работа. Меѓу нив и документарниот филм „Санка“ кој собра повеќе награди на фестивали во поранешна Југославија каде конкуренцијата беше исклучително силна и стана добитник на златна плакета на Првиот републички фестивал на аматерски филм во Македонија, во Скопје, месец ноември 1964 година. „Јас никогаш не можев да седам на едно столче, на едно место. Едноставно, мене место не ме држеше, а се водев согласно својата моментална, временска инспирација. Мојата љубов беше голема кога ќе станеше збор за глумата, режијата, снимателството. На сите овие нешта и приоѓав со целото свое битие, секогаш настојувајќи да

што јас истата година и го направив. Си дојдов во Штип, се пријавив на аудиција во театарот и веднаш бев примен во постојан работен однос. Така започна мојата десетгодишна театарска кариера“, појаснува Митрев. Во тие години директор на театарот бил Методи – Тото Зенделски а актери биле големите штипски уметници Васил Радев, Стојка Слејанска, Илија Арев, Алеко Протогеров, Ружа Икономова, Тања Атанаскова и други. Млад, убав и згоден Митрев добива главно улоги на љубовници за што добива одлични критики во весниците. Но, негова љубов не е само глумата. Од книгата на неговиот живот може да се насети, и тоа сосема прецизно, дека Митрев, всушност, најмногу од се бил вљубен во камерата. Сеќавајќи се на времето од пред 57 години тој ќе рече дека првата филмска камера ја купил во 1957 година. -Во тие времиња во Македонија човек и да имаше пари немаше од каде да се купи камера. Пријателот Мичо кој беше на работа во Са-

ра. Кога ја добив камерата и за првпат ја држев во рака бев најсреќниот човек на светот“, се присетува Митрев на тоа време и на тие години. Камерата подоцна ќе го определи неговиот професионален живот. За подобро да се запознае со филмската уметност, со создавањето уметност на подвижните ленти, Митрев почесто ќе ја посетува библиотеката каде ги бара најдобрите книги по филмска режија. Започнува да ги прави (режија, сценарио, снимателство) првите документарни филмови. Во неговата лична, пребогата видотека стојат филмовите „Собир на борците“, „Санка“, „Автопат“, „Брегалница во Втора лига“, „Сите мои деца“ и „Злетовица“, а со тогаш младиот и талентиран Ванчо Хилјадников го снимаат филмот „Круг“ додека со група автори го работи филмот „Штипски журнал“. Митрев како режисер а Петар Шакинов како снимател го создаваат

нормално за човековата природа, но јас со сите нив бев и соработник и пријател. Штета што четворица од нив повеќе не се меѓу живите, што прерано го напуштија овој свет заш-

Салата на Мултикултурниот центар при УГД беше претесена да ги собере сите штипјани кои го почитуваат ликот и делото на Коце Митрев. Промоцијата на монографијата за неговиот творечки живот како и дел од неговото творештво во сферата на документарните филмови кои беа прикажани на филмско платно ја проследија над 300 граѓани. то нивното пријателство ми недостига“, нагласува Митрев. Митрев е во хармоничен брак со Милка цели 54 години, во кој

Честитки од синот Саша

филмот „Очи“.Во големата книга на штипското постоење Коце Митрев останува забележан како човекот кој го формира првиот кино – клуб во Штип „Манаки“ а во кој снимателската и филмска уметност ја изучуваа голем број млади штипјани. На човекот кој секогаш, околу себе ширеше позитивна енергија Штип и регионот најмногу се сеќаваат како првокласен снимател за Македонската телевизија. Во својата кариера Митрев работеше со петмина новинари како свои соработ-

им се родија синовите Жан, денес познат кардиохирург и Саша, доктор по земјоделски науки и ректор на универзитетот „Гоце Делчев“. Тој е дедо на четири внуки и еден внук Низ својата пребогата кариера Коце Митрев има добиено безброј награди, специјални плакети, дипломи а е добитник и на највисокото признание на градот – наградата „8 Ноември“. ●


[tipski Glas, Juni, 2014 br. 53

9

СТОПАНСТВО

Актива: новата фабрика според планот Добар дел од работата е завршена, останува покривањето на халата, прифаќањето на машините и, во септември, почеток на производство на шасиите за автобусите на Ван Хоол

И

зградбат на новата фабрика на Актива за автобуски шасии кои ќе бидат вградувани во автобусите на белгиската фирма Ван Хоол, а кои се произведуваат во фабриката на оваа компанија во ТИРЗ „Бунарџик“ кај Скопје, оди според зацртаната динамика. За

неполни два месеци од километри далечина веќе се гледаат контурите на идниот стопански капацитет. Челичните конструкции на првата хала која ќе има 8.000 метри квадратни изработени во постојните хали на фабриката веќе се поставени а до крајот на месец јуни халата ќе ја добие својата „капа“, односно покривот. -Сите работи се одвиваат онака како што планиравме и по тоа прашање нема никаков проблем. Сосема сме убедени дека на почетокот од месец септември, оваа година, ќе стартуваме со производната програма. Во постојани контакти сме и со господинот Филип Ван Хоол кој постојано бара информации од нас за тоа до каде сме стасани со проекот. Во следниот период ги очекуваме машините за во халата. Откако оваа хала ќе ја пуштиме во работа веднаш ќе стартуваме со изградбата на другата хала со иста големина, вели директорот Иле Николов.

Автопатот Миладиновци – Штип „нападнат“ од две страни

Г

радежната офанзива за изградба на автопатот Миладинoвци – Свети Николе – Штип е започната. Патот е „нападнат“ од две страни: од кај штипската населба Три Чешми се расчистуваат површините каде ќе минува магистралата а истите активности се извршуваат и на три километри од Свети Николе кон Куманово. За почеток домашни фирми под будното око на стручњаци од кинеската компанија „Синехидро“ која ја доби работата, вршат ископ на земја долж трасата по која ќе минува овој автопат, а кој од бизнис заедницата пред сé се третира како најважниот елемент за економски развој на источниот дел од државата. „Со земјените работи започнавме на 2 мај годинава, а според зацртаната динамика автопатот треба да го завршиме до 2 мај 2017 година, односно за три години. Досега се ископани 40.000 кубни метри земја, а со секој нов ден вклучуваме се поголема механизација и така ги забрзуваме работите“, ни рече Даи Ѓидонг, менаџер на одделот за техничка документација. Според наши-

те информации од трасата каде поминавме едно претпладне, вистинската градежна офанзива ќе настапи од почетокот на месец јули кога се очекува да пристигнат голем број моќни градежни машини, кои патуваат со брод од Кина до пристаништето во Солун од каде ќе бидат транспортирани во Македонија. На потегот кај Свети Николе поставена е табла со сите информации во врска со оваа инвестиција. На таблата пишува дека патот ќе биде долг 45,8 километри, ќе има 14 мостови, седум клучки, 25 пропусти за водотеци. Јасно е запишан и датумот до кој истиот треба да биде завршен, а тоа е 2 мај 2017 година. Зенг Ѕонглианг, административен менаџер, е силно убеден дека Македонија ќе добие исклучително квалитетен автопат. –„Во моментот покрај ископите

на земја почнавме да работиме и на два моста на кои ја поставуваме основата. Но, вистинската работа допрва ни претстои, а без оглед на тоа колку тука ќе бидат високи температурите ние ќе работиме од утро до вечер за да го спазиме рокот“, вели срдчниот Кинез. Во Свети Николе се дојдени околу четириесеттина од вкупно 80 стручњаци од разни градежни области кои „Синохидро“ ги има ангажирано на овој проект. Првично постоеше идеја во овчеполската метропола да се изгради кинеска населба во која требаше да се смести стручната екипа. Но, од таквата намера се отстапи па „Синохидро“ го зеде под закуп хотелот „Овче Поле“ и сега таму се врши негова голема обнова бидејќи истиот беше прилично руиниран. Кинеските стручњаци кои се дојдени во Македонија се сместени во овој хотел без оглед на фактот што тој се реновира. Овде наскоро ќе се вселат сите 80 експерти од кинеската компанија.

Автопатот ќе биде широк 29 метри со по две ленти во двете насоки секоја со широчина од по 3,85 метри, меѓу двете ленти ќе има заштитен зелен појас од 4 метри и систем за зафаќање на атмосферските води од коловозите. Од двете страни на автопатот ќе има уште по една лента широка 2,5 метри за застанување. По овој автопат ќе може да се вози до 120 километри на час а од Штип до Скопје ќе се патува само 30 наместо сегашните најмалку 60 минути. За граѓаните од источниот и југоисточниот дел

на Македонија, но за бизнис заедницата пред се, ова е најдобрата и најпотребната работа што ќе има големо влијание врз подобрување на развојот на стопанството. –„Белгиската компанија за автобуси Ван ХООЛ ја одбра нашата фирма за долгорочна соработка па ние во Штип градиме голема фабрика за автобуски шасии за автобу-

сите кои Ван Хоол ги произведува во својата фабрика во зоната „Бунарџик“. Најголема забелешка нашите странски партнери ја имаат на лошата патна мрежа па ова ќе биде една голема, квалитетна промена која ќе придонесе за развој на бизнисот во овој дел од државата“, вели Иле Николов, директор на „Актива“. На иста позиција во размислувањето е и Славчо Сирачевски, сопственик на супер атрактивниот рисорт и спа-центар Аурора на Беровското езеро. –“Светското туристичко семејство бара убави, сигурни и брзи патишта за да се стаса до некоја омилена туристичка дестинација. Источна Македонија има голем потенцијал во туризмот, но лошата патна инфраструктура е таа која ги одвраќа странските туристи од одмор во нашите туристички дестинации. Автопатот е голема шанса да се направи квалитетен исчекор, но е неопходно да се изгради и пристоен пат од Штип до Кочани а одтаму и до Берово како место кое најголемиот потенцијал го има во туризмот“, вели Сирачевски. ●


10

[tipski Glas, Juni, 2014 br. 53

КОЛУМНА

Она што го дава едната не треба да го знае другата рака Се токми невреме Ветерот пак ќе дига, ќе носи Дождот пороен ќе коси. Градот се стуткал Како еже на асфалтен пат. Стојам на вратата од Балконот на третиот кат. Еве и правата мољња од небото вјаса. Згрме и потрча небесниот ат. До каде ли бурата во мене ќе стаса.

Т

оа беше нашето старо место. Не под стариот бор, туку на прозорецот над мраморот. Мраморот, така нана Блажа го нарекуваше мијалникот во собата која беше ем кујна, ем трпезарија. Прозорецот над мијалникот гледаше право во трендафилот месечар кој со својата разгранетост го покриваше полскиот нужник. Мал беше орабениот простор од него, но голема беше приказната за небото. Секогаш кога со нана Блажа ќе

застаневме на прозорецот погледнувавме право кон небото. Јасното небо, беше знак дека Господ ни е наклонет. Темното, дека се лути, дека му здодеало човештвото со купиштата гревови што ги прави. Кога ќе загрмеше, кога молња ќе го распараше нана го палеше кандилцето во нејзината соба и се молеше. Мене ме држеше покрај неа клекнат на колена. На сите мои прашања одговараше со очите. Со полуспуштените очни капаци врз нив, ми даваше знак да молчам, да истрајам. Кога ќе завршеше молитвата ќе ми кажаше дека тоа светецот Илија трча по небото со кочијата во која се впрегнати врани коњи. Дождот за нана Блажа беа солзите господови. Постојано велеше дека еден ден тие, т.е. Господовиот плач ќе потрае четириесет, ако не и повеќе дена и тогаш реките што ќе ги направат ќе го однесат гревот заедно со грешниците од земјата. Ќе преживеат само праведните како што навремето преживеал дедо Ное. Да беше жива откако ќе ги регистрираше сите овие дождови и поплави што настанаа во северниот дел од

Балканот, сигурно ќе речеше дека пророчувањето се остварува, многу грев се накотил на земјата, Господ ќе си додје по своето. Но, ќе имаше и други замерки. Една од нив ќе беше организирањето помош за постраданите во поплавите краишта. Не ќе беше против укажаната помош, ама ќе беше против медиумското покривање на хуманитарните акции. Таа знаеше да каже дека нашата религија не учи да им помагаме на луѓето кога се во неприлики. Оној што помага не треба со тоа да се фали, да ја потенцира својата хуманост, да бие по сите црковни и градски камбани. Она што ќе го даде десната не треба да го знае левата. Само така човек се ослободува од возгордеаноста од начинетото, т.е. се ослободува од најтешкиот христијански грев. Нејзиниот отпор кон сите во јавноста објавени хуманитарни акции ќе беше пасивен, или одејќи на црква молејќи се пред иконите непрестано повторувајќи: Господи прости им знаат како, ама не знаат до каде. И навистина во времето на големата трагедија сликите што доа-

Пишува: Трајче Кацаров, писател

ѓаа директно од загрозените територии сите до една беа врамени со хуманитарните акции, со собирање, храна, облеки, концерти, откажување од месечната плата и сл. Не можам да кажам дека тоа не е хумана акција и дека не е од алтруистички побуди, но не можам да кажам дека никој од дарителите се одважил па на претставниците на медиумите кои трчаат по ваквите работи како лешинари по трупови им кажал: Ве молиме оставете да му служеме на доброто во човекот, зашто човекот пред се е добро суштество и тој за своите добри дела никогаш не бара ниту награда ниту јавност.

Неподнослива леснотија на реформирањето

Пишува: Трајче Стојанов, Доц. д-р по филозофија, професор на УГД

Ч

овекот е навистина противречно, контрадикторно суштество. Од една страна ја бара и посакува промената, дури можеби и пресвртот, револуцијата, а од друга страна сите свои сили ги троши да ја запре промената, да постигне стабилност, постојаност и неменливост на актуелната состојба. Во една таква противречна состојба се одвива и личниот и општествениот живот. Потрагата по мир и стабилност, по некаква statusquo состојба, веројатно е одлика на староста, а желбата за промена и реформа, е одлика на младоста. Старецот ја живее сигурноста, младиот ја посакува промената. Балансот помеѓу овие два екстрема, веројатно значи совршен живот - како личен, така и општествен. Можеби хармонијата (и личната и општествена), и се состои токму во хармонијата помеѓу промената и неменувањето. Затоа што, да се опстојува во мирот и сигурноста на statusquo ситуацијата кога околностите просто пискаат за промена, веројатно е знак за лична или општествена депресија; од друга страна пак, да се инсистира на промена по секоја цена, кога актуелната состојба задоволува, веројатно е неуроза. И обете крајности се симптом за лична и социјална патологија. Во продолжение ќе ја анализирам младоста и нејзината неуротична потреба за промена и опасностите кои произлегуваат од тоа. Имено, зошто младиот неуротичар инсистира на промена по секоја цена? Секако, тоа е симптом дека актуелниот миг не го задоволува! Но,

како толку лесно им се фрла на реформите во прегратка и зошто воопшто е возможно така лесно да се одлучи за реформа и промена? И токму тоа е она што во секој реформски дух е симптом на незрелост, незрелост која е кобна; да, токму таа неподнослива леснотија на реформирањето, е коб на секоја реформа. Старецот, искусниот, мудриот, многу потешко се решава на тоа, можеби не толку заради тоа што ја нема неопходната сила и енергија на младиот потребна за промена, колку заради длабокото животно искуство кое се наталожило во мудрост. А таа мудрост го научила на две клучни работи: - Прво, животот го научил старецот дека независно од сите промени, овој свет отсекогаш бил и ќе биде долината на плачот, дека ниту една промена не е доволно коренита за да ја смени личната и социјалната трагична состојба. Затоа што несреќата не е социјална категорија, таа е егзистенцијална. Таа животна мудрост ја насетува секој „старец“. И таа метафизичка тага го прави неагилен кон секоја општествена промена. - Второ, доколку и има сила и енергија и доколку сеуште барем и малку верува дека реформата навистина може да направи промена, тој сепак е доволно претпазлив за со таква леснотија да се реши на брзи, спектакуларни промени. Тоа особено е случај со умен, образован, мудар и продуховен старец, кој разбрал дека ако и има промена, таа треба да биде темелна, бавна и сеопфатна. Затоа мудар човек тешко се одлучува за промена, а кога веќе ќе се одлучи, тој е темелен и длабок. Неопитниот, неискусениот и вообичаено простиот (не во онаа највулгарна смисла, туку едноставниот, симплифицираниот карактер), реформатор сака промена по секоја цена – и ја прави и брзо и насила. Тој мисли дека може сè, затоа што не знае ниту како е сега, како се дошло

до сегашната состојба, ниту каква треба да биде идната, а и ако знаат каква треба да биде идната состојба, секако не знаат зошто.Впрочем, прашањето „зошто“, прашањето на смислата, колку и контрадикторно да изгледа тоа, не е реформаторско прашање. Реформаторот мисли дека може да биде секако, само да е поинаку и особено дека поинаку мора да биде. Тоа е како да играте шах со неискусен шахист, кој штотуку ги научил правилата. Тој е желен за игра, сака да се одмери. Таков играч во првиот миг знае да ви биде многу незгоден - ќе ве изненади, ќе се отвори некако чудно, ќе направи некој непредвидлив потег, ќе ве збуни со намерата, мислите небаре е претставник на некој чудна шаховска школа која вие во долгогодишната и макотрпна шаховска кариера, никогаш не сте ја сретнеле. И во првиот миг дури и ќе ви предизвика и восхит и страв. И ќе ве заплаши и задума. Такви се реформистите, неопитни, млади, енергични, желни за игра. „Може сè“ – пискаат тие. „Ама чекај – вели староста – тоа треба добро да се одмери.“ И додека ти мериш, тие скроиле нова мерка. Тоа е така затоа што на младиот реформист му недостасува знаење, длабок увид во секоја појава што сака да ја промени. Тој не може да ги увиди сите врски и односи во појавата, тој не ја согледува длабочината; од површината – нему сè му изгледа површински, лесно, само треба да се има храброст да се направи промената. Тој нема увид дека сè на светот, вклучително и нештото што сака да го промени, е поврзано меѓу себе, дека едно со друго е испреплетено во сложени врски. Затоа младиот не го интересира теорија, тој сиот е пракса, или барем го интересира теоријата само додека ја оправдува неговата пракса. Ниту една акција кај него не почива на длабоко разработена теорија. Токму заради ваквиот недостаток на теориски фундамент, тие

го доживуваат светот без фундамент, и токму затоа ќе ги видите како се опробуваат во сè. Тие можат сè и секаде – тие се и бизнисмени и теолози и кафанџии и професори и поли- тичари и менаџери и трговци и истражувачи... И навистина, каде и да ги ставите тие „ќе се снајдат“, затоа што секогаш се движат по површината, а за таму не треба длабок, туку само издржлив плуг – а тие го имаат таквиот. Но секогаш, ама баш секогаш ќе ги препознаете токму по тоа – виделе едно дрво, а зборуваат за сите шуми на светот. И тоа како врвни експерти, со врвна самоувереност. Тие немаат проблем со себе, ниту со појавата која се зафаќаат „од корен“ да ја сменат. Затоа што - ако не можат тие, не може никој. Тие ќе го направат тоа по секоја цена. И особено на сила. Единствениот критериум им е „успехот“, кој во суштина е толку аморфен, толку млитав, толку несуштински и не-онтолошки критериум, што практично значи сè и ништо. Но, тие секако не ја разбираат оваа дефиниција на успехот, па успехот им е доволен мотив. Додека другите сиот живот го посветиле на едното дрво, тие изгореле цела шума и во меѓувреме посадиле нова – и се разбира, заради тоа тие се поуспешни од оној кој сиротиот целиот свој живот си го посветил на тоа едно дрво, без разлика што од неговата посветеност на тоа дрво никнала науката за дрвото, на која истите тие реформатори се повикуваат при сечењето и садењето на шумата. На крај, се разбира дека овие профили „млад“ и „стар“, треба да се сфатат и условно и независно од вистинската возраст. Во секој старец има млад и обратно, а секако имате млади старци и стари младичи. Во секој од нас постои опасноста да нè однесе водата на инерцијата, исто толку колку што постои опасноста да се зафатиме со реформирање на сè и сешто и тоа со една таква, просто неподнослива леснотија која секако треба да нè плаши!


[tipski Glas, Juni, 2014 br. 53

11

ЖИВОТ

БОНАВЕНА: 33 работни акции, 38 ударнички значки, 30 пати крводарител за живот со 1.052 социјални денари месечно!

П

рашајте било кого во Штип кој е Зоран Лазов, и во најголем број случаи ќе го добиете одговорот „немам поим“. Ако пак го конвертирате прашањето во „дали го знаете Бонавена“, е, тогаш добивате сосема подруга приказна. Сите знаат кој е Бонавена, зашто тој со децении е една од најпознатите личности во градот. Зоран Лазов, односно тој господин Бонавена, е личност која во времето на социјализмот, на братството и единството, на младинските работни акции, на Југославија како заедничка држава на повеќе народи и народности, како млад човек, учествувал на 33 работни акции од Вардар до Триглав. Ја градел тогашната татковина со голем елан и силна посветеност. За тоа најдобро говорат неговите 38 ударнички значки. Нешто што

ЈА

ЛГИ А Т ОС

Н

П

ретко може да се најде кај младата генерација од неговото време. Нашиот Бонавена е и триесеткатен крводарител. Човек на кого хуманоста му е неговата Библија. –„И да сум гладен, а некој да ми го побара моето парче леб, јас ќе му го дадам. Нема да можам лесно да спијам ако не му помогнам на човекот. Таква е мојата природа, а против природата не се може, односно јас не можам против себе“, вели Бонавена. За животната приказна на Зоран Лазов – Бонавена дознав од угледен граѓанин на Штип со кого седевме во кафулето „Сквер“ а кој, кога виде дека во кафулето влегува Бонавена, ми ја раскажа приказната за него. –„Еве го човекот со 38 ударништва кој денес живее од социјална помош од илјада денари“, рече пријателот.

-На пет работни акции имав двојни ударништва. На Ѓердап, Смедерово, Плитвичко езеро, на автопатот Братство – единство кога тој се градеше низ Македонија, па на Борско езеро....Ееееј, беа тоа години на голем општ младински занес да се даде придонес во изградбата на татковината, а преку една таква филозофија на изградба на државата се градевме и ние како млади личности“, носталгично се присетуваше на своите младешки денови познатиот штипјанец. Најмногу бил горд на младинската работна акција за изградба на хидроцентралата „Ѓердап -2“ на Дунав.-„Не построија сите пет илјади акцијаши од петнаесет бригади од цела Југославија. Требаше да се читаат имињата на ударниците. Ги имаше

ОД КАДЕ БОНАВЕНА? Како дете сакав да бидам боксер. На маалски боксерски натпреврар бев најдобар, а тогаш во мода беше боксерот Бонавена па мене ме крстија по него. Од тие дамнешни времиња повеќе ме знаат по овој прекар отколку по моето крстено име и презиме. Ама мене не ми пречи...

Веднаш го седнав Бонавена на една празна маса за да ми ја раскаже својата (не)весела животна приказна.

повеќемина, за на крајот, командантот на населбата, другарот Весо Пејовиќ да рече: „За најдобар ударник на МРА „Гердап“ се прогласува Зоран Лазов од младин-

ската работна бригада „Ацо Шопов“ од Македонија! Сите македонци бевме горди што најдобриот акцијаш беше од Македонија, штипјани кои бевме прилично бројни посебно го прославивме тоа признание...Беа тоа прекрасни времиња кога младината се насочуваше на вистински корисните работи за татковината, носталгично ни зборуваше Бонавена. Но, минаа години, се распадна Југославија, републиките станаа посебни држави, а кланицата со ладилник во која работел Бонавена како работник на производна линија, пропаднала. Тој останал без работа и се нашол на списокот на граѓани присилени да живеат од минималната социјална помош која им ја дава државата. Па така некогашниот голем акцијаш, градител, ударник, крводарител ЧОВЕК во вистинската смисла на зборот, подолго време живее од социјалните 1.052 денари! -Сигурно дека тоа се пари со кои не може да се живее. Тоа не само што не е никаква помош туку не е ниту милостиња. Да просеш на улица ќе собереш десетпати повеќе пари. Но, јас сум горделив човек, не сакам да се жалам, што ми пишал Господ Бог тоа и ќе биде. Имам 50 години, на многу луѓе сум им направил добро, имам некои пријатели меѓу штипските бизнисмени па тие финансиски ми помагаат. На овие мои години никој не ме прима на работа, Во секој случај не се жалам над мојата судбина, колку што можев дадов за државата, таа ми враќа колку што мисли дека треба да ми врати па што е тука е, вели Бонавена, кој живее сам во спрат од куќа наследен од неговите родители. ●

Збогум трафико легендо!

овеќе ја нема трафиката на „Тутун“ сместена веднаш до стоковната куќа „Центар“ на трговската улица „Ванчо Прќе“. За една година не ја дочека педесеттата, за да слави јубилеј. Демонтирана е а на нејзино место ќе дојде нова, нешто поголема, посовремена, поубава но историски празна и без биографија трафика на која ќе и требаат барем пет децении да може да ја испише приказната на трафиката – претходничка. А трафиката на „Тутун“ има испишано мал милион убави приказни од животот на Штип и штипјани. Овде се купени тони цигари, гуми за жвакање, бомбони, слатки чоколдца а над се весници. И оние кои излегуваа од медиумските работилници на нашата Македонија но и весниците кои, во поранешната држава, ни доаѓаа од Белград, Загреб, Љубљана, Сараево, Сплит, Риека, Марибор... На оваа трафика се заборавани многу паричници со повеќе, помалку или со ич пари но со многу лични докуменит. Потоа клучеви од станови, автомобили, работни простории. Вработените секогаш им ги враќале на сопствениците, а ако лично не успевале да ги нај-

дат, за таа цел го користеле Радио Штип кое ревносно ги известувало расеаните граѓани каде да си ги подигнат заборавените работи. Кај трафиката на „Тутун“ се договарани многу средби, посебно на младите а уште попосебно на вљубените. „Ќе те чекам кај трафиката на „Тутун“ во осум часот“. Така младите, вљубени парови ги договарале своите средби. –„Ќе се најдеме кај трафиката на „Тутун“ па одиме на по едно пиво“. Ваков договор правеле луѓето во средни но и оние во подоцнежни години. Времињата течат со стравотна брзина. Повеќе ништо не е како што некогаш било. Промените бришат и многу култни објекти кои, во држави кои држат до традицијата, никогаш не се рушат. Таков култен објект беше и трафиката на „Тутун“. Дали новата трафика ќе ус-

пее да ја создаде магијата на онаа претходната, останува да ни покаже и докаже времето. Ние само можеме да воскликнеме: „Збогум трафико легендо“! Или: „Збогум легендарна трафико. Ти благодариме за спомените кои впечатливо ги остави врз животот на десетици илјади штипјани“! ●


12

[tipski Glas, Juni, 2014 br. 53

КУЛТУРА

Ш

типското културно лето ќе старува на 27 јуни во 19,30 часот со концерт на КУД „Ристо Донев – Учителот“ во големата сала на домот на култура „Ацо Шопов“, а свеченото отворање е закажано за 3 јули кога во православниот храм „Свети Никола“, во 19 часот, ќе настапи Византискиот хор „Хармосини“ од Скопје. Предвидено е точно 29 културни настани да зафатат простор од 45 дена, што значи дека општинското културно лето ќе трае до 10 јули.

културни содржини, како што се уметничката галерија „Безистен“, библиотеката „Гоце Делчев“, Домот на млади, Народниот театар и Домот на култура „Ацо Шопов“, годинава се надополнети со познатите штипски верски храмови „Свети Никола“ и „Успение на Света Богородица“ каде, на 25 јули, ќе се одржи фолклорен концерт на ансамблот „Јабланичко коло“ од Лебане, Србија и на штипскиот ансамбл за народни песни и игри „Тоска“.

театар ќе можат да ги видат и претставите „Лола“ на Интимен театар од Битола како и претсвата „Каминот“ на НУКЦ „Антон Панов“ од Струмица. Посебно интересен е рок хепенингот на „Вртешка“ на кој минатата година се собраа над 2.000 посетители, посочува Панајотов.

културата си има едно посебно место во севкупниот живот на граѓаните и дека согласно таквиот статус на градот редовно имало публика за сите културни настани. –„Не гледам зашто тоа не би било така и годинава“, вели Панајотов.

Координаторот на ШКЛ укажува дека Штип е град во кој

ШТИПСКО КУЛТУРНО ЛЕТО: За 29-то издание - 29 културни насттани Театарски претстави, ликовни изложби, настапи на КУД, рок концерти, промоции на книги се дел од содржините на ШКЛ кое ќе трае од 27 јуни до 10 април. Од странство ни доаѓаат уметници од Србија, Полска и Турција -Се потрудивме и годинава ШКЛ да биде од интернационален карактер бидејќи, покрај настапите на уметници од нашата држава, ќе имаме настапи и на уметници од Србија, Полска и Турција. Програмата е разновидна, од концерти на класична музика, преку рок концерти и промоции на книги, до изложби на фотографии, театарски претстави и настапи на Културно – уметнички друштва“, вели Кирил Панајотов, координатор на ШКЛ. За разлика од порано, годинава е зголемена бројноста на локациите на кои ќе се одвиваат настаните од ШКЛ. Традиционални штипски дестинации на кои со децении, преку лето, можат да се погледнат некоја од понудените

-Има некоја симболика во фактот дека за 29 издание на ШКЛ имаме точно 29 културни настани. Програмата е конципирана на начин што го задоволува интерсот на разни групи на граѓани во однос на културните содржини. Нашиот литературен клуб „Искра“ ќе се претстави пред штипјани со вечер на творештвото на своите членови, Ванчо Аревски и Невенка Трајкова на флејта и пијано ќе ни ги донесат музичките хоризонти, ликовниот уметник Петре Колев ќе ни го долови своето сликарство преку ретроспективна изложба, а по повод неговите 45 години уметничко творење, љубителите на театарот покрај претставата на „Мрачна комедија“ на штипскиот Народен

Висока награда за поетот Панајотов Кирил Панајотов е добитник на висока награда за поезија на интернационалниот поетски фестивал „Лирски гласови“ кој секоја година се одржува во Софија, НР Бугарија. На овој фестивал за кој секоја година се распишува меѓународен конкурс, во конкуренција на поети од 32 држави и над 70 учесници, на Кирил Панајотво му е доделена третата награда за неговата песна „Тајната на зборот“. Панајотов е автор на две книги поезија и на уште шест книги од областа на книжевната историја.

ДАФ во чест на Васил Шумански

К

он крајот на месец мај во Кочани се оддржа педесеттото, јубилејно издание на ДАФ – драмски аматерски фестивал. Во рамките на фестивалот беше оддржана посебна вечер со пригодна програма во чест на нашиот сограѓанин Васил Шумански, а по повод неговиот четиридецениски придонес за развојот на драмскиот аматеризам во нашата држава. За делото на Шумански говореа писателот Трајче Кацаров и извршниот директор на ДАФ, познатиот работник во културата од Кочани Благој Пенов. Свечениот чин го надополнија бројни поранешни ученици во драмската театарска работилница на Васил Шумански, новинари, јавни и културни работници. Меѓу нив беа и Јорданка (Данче) Зенделска, Мише Димитријев, Владимир Соколов – Ваха, Ванчо и Благој Самоникови, Кирил Петров, Раде Рогожаров, Страшко Милошевски со група пријатели од Пробиштип, Илија Стефановски, Иван Бојаџиски и други почитувачи на сето она кое Шумански го даде како квалитетен прилог кон афирмацијата на драмскиот аматеризам во

Република Македонија. На свеченоста беше потенцирано дека од драмската театарска работилница на Шумански излегле плејада млади вљубеници во театарска магија од кои некои за цел живот и останале во оваа творечка професија.


[tipski Glas, Juni, 2014 br. 53

13

KULTURA

Неда Неждана, украинска режисер, преведувач

поетеса,

драматург,

Понесувам важни искуства од престојот во Штип ▌Неждана е авторка на драма која минатата година беше дел од репертоарот на нашиот театар

о посета на Штип беше Неда Неждана, една од најистакнатите личности во културата на Украина. Тоа е онаа Неждана чија драма „Самоубиство на осаменоста“ беше поставена минатата година на сцената на штипскиот театар. Во разговор за нашиот весник украинката посочува некои аспекти на културната соработка на релација Македонија – Украина, за културата како безвремена вредност која во најпозитивна смисла влијае на создавање големи, трајни и квалитетни пријателства меѓу народите. Госпоѓа Неда, што ве доведе во нашиот град? -Најмалку две работи. Првата да ја погледнам претставата направена по мојата драма „Самоубиство на осаменоста“ која минатата година на сцената на вашиот театар ја постави режисерот и мој сопруг Олександар Мирошниченко. Втората, со луѓето од театарот да поразговараме за можностите за

В

продлабочување на култуната соработка помеѓу Штип и мојот Киев, односно помеѓу Украина и Македонија, и сето тоа со надеж дека секој од нас ќе го даде својот придонес кон продлабочување и проширување на таа соработка. Ви се остварија ли очекувањата? Половично! Немав прилика да ја видам „Самоубиство на осаменоста“ во интерпретација на ШНТ бидејќи една од носечките актерки во неа имала здравствени проблеми. Сепак, не жалам што од Приштина, каде учествував на два европски фестивали и каде воспоставивме мрежа на евродрама, дојдов во

Штип, бидејќи за мене беше мошне интересно искуството кое ми го пренесе сопругот Олександар за одличната соработка со сценографот, со композиторот на музиката и со актерите кои мојата драма одлично ја изнеле на сцената. Конечно, се видов и со мојот колега Трајче Кацаров, првиот човек на театарот во овој град, со кого разменивме некои идеи за натамошна соработка. Треба да се знае дека во Украина се играше дрмаски текст токму на Кацаров. Би рекла дека бев жалосна што не си ја видов претставата во штипска театарска презентација но, во исто време, задоволна сум од разговорите кои ги имав во театарот. Би сакале да го слушнеме вашето мислење за нивото на соработката помеѓу двете држави на културен план, односно дали таква соработка постои и, ако постои, дали истата е на потребното ниво? Факт е дека едно ниво на соработка постои и дека работиме во насока тоа ниво да се продлабочи. Имаме преводи на книги, некои наши театри соработуваат меѓусебно, имаме фестивали кај нас и во Македонија на кои ја презентираме културата на двата народа. Но, секогаш има простор за подобрување на нештата, посебно во областа на културата бидејќи токму преку културата народите најдобро меѓусебно се запознаваат. Би рекла дека јас сум тука и во мисија на запознавање на културата во Македонија. Сигурна сум дека од краткиот престој ќе понесам некои важни искуства. Сакам посебно да потенцирам дека

во моментот со Ана Добрина работиме на подготовка на зборник на украински песни кои ќе ги преведеме на македонски јазик. Автори на песните се Олександар Витер, Олег Миколајчук и Оксана Танјуг. Сигурна сум дека потоа ќе уследи и превод на македонски песни на украински јазик, што е моја голема желба. Вашите штипски колеги ве претставија како повеќеслојна личност во сферата на културата во Украина но и вон неа. Да ни кажете нешто за себе? На Националниот универзитет во Киев предавам драмска теорија и пракса. Член сум на Фондацијата на независни театри во главниот украински град. Јас сум поет, драматург, театарски критичар во театарскиот центар „Лес Курбас“ во Киев. Мои дела, поезија и драмски текстови, се објавени на петнаесет јазици, во голем број главно европски држави. Како функционира театарот во Украина? Така што ние, театарските работници се занимаваме со се што е значајно за современата драма. И тоа не само за украинската туку и за светската современа драма. Во таа смисла имаме заеднички проекти со колегите од Србија, Германија, Франција и други држави, а најмногу преводи имаме од украински на француски јазик и обратно. Моја желба е тоа ниво на соработка да го оствариме и со нашите македонски колеги што би било од големо значење за културата во двете пријателски земји. ●

Прво место за штипјанката Афродита Николова Првата Гејтс Кембриџ стипендистка од Македонија, Афродита Николова, најуспешна на поетскиот слем за Македонија одржан во Прилеп лем-натпреварот е поетски натпревар во кој поетите изведуваат свои песни. Секој учесник има најмногу три до пет минути пред микрофонот и не смее да користи реквизити. Изведбата на секој учесник ја оценуваат пет члена од публиката на скала од еден до десет, кои доброволно се пријавуваат. Највисоката и најниската оцена се поништуваат, додека другите оцени се собираат и ги формираат конечните освоени бодови за секој учесник. Победник е учесникот со најмногу бодови. Слем-натпреварот е поетска форма на изразување, еден вид субкултура кој во светски рамки опстојува од осумдесеттите години на минатиот век. Во Македонија за првпат слемот дојде во 2010 година со работилниците од германскиот поет Михаил Абдуали. По ова имаше неколку обиди за слем, но македонската поетска сцена и култура сé уште срамежливо ја прифаќаше оваа форма. Сепак, во моментов се чини дека поетскиот слем

С

има иднина и кај нас. За ова сведочи третиот по ред поетски слем одржан во Прилеп со поддршка на Министерството за култура. Станува збор за поетски настан кој ги почитува универзалните правила на поетскиот слем, и во кој редовно учество досега земале домашни поети, но и од соседните земји Србија, Бугарија, Косово. Оваа година поетскиот слем се одржа во градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп на 31-ви мај, со рекорден број на близу 30 изведувачи. Организатори на настанот годинава беа македонската поетеса Елена Пренџова и актерот и поет Игор Трпчески, а во првичната инцијатива на прилепскиот слем учествуаше и Катерина Батаклиева. Прилепскиот слем исто така објавува и алманах со песните на изведувачите. По речиси три часа поетска изведба и гласање жирито ги одреди трите награди за вечерта. Младата поетеса Афродита Николова од Штип го зеде првото место на натпреварот со песна-

та „Смеата на медузата“, второто место му припадна на Исидор Јованоски од Прилеп, а третото на Драгица Здравеска исто така од Прилеп. Афродита Николова, првата Гејтс Кембриџ стипендистка од Македонија, вели: -Особено ми е драго што мојата песна допре до публиката: Јас самата имам голем интерес за поетскиот слем и изведбата, не само како поет, туку и како истражувач. По едногодишниот престој на Универзитетот во Кембриџ, Англија се запознав со слем-натпреварите одблизу. Тому поради ова сум среќна за добрата реализација на нашиот слем,

оти е тешко да се координираат 30 учесници“, вели Николова, првата Гејт Кембриџ стипендистка од Макдонија. Нејзините докторски студии на Кембриџ од полето на образованието и уметничките интервенции, меѓу другото, имаат за цел да го променат сфаќањето дека поезијата е достапна само за привилегираните творечки кругови. –„Јас бев почесен финалист на ниво на Кембриџшир на слем-натпреварот насловен „Јагода“ („Strawberry Slam“) избрана од жири меѓу кои и беше и познатата британска слемерка Холи Мекниш, а

„

Пред да заминам за Англија желба ми е да го реализирам првиот поетски слем во мојот роден Штип

бев трета на локалниот слем во Кембриџ „Чекан и Јазик“ („Hammer and Tongue“). Моето слем-видео е избрано од британскиот поетот Патрик Видс за страната на поетската ра-

диоемисија од Кембриџ, „Хедстенд“, појаснува младата докторантка на Кембиџ. Поради ова таа реши да ја поттикне дискусијата за иднината на слем поезијата во Македонија преку рубриката „Петни жили“ од книжевното списание „Ш“ коешто се објавува заедно со независното списанието „Излез“. Во оваа рубрика таа има зборувано со неколку поети од младата македонска генерација, а во најновиот број на „Ш“ ќе излезе и интервју со младата британска слемерка Шарлот Хигинс. Рубриката е наменета за секој што сака да дознае повеќе за поетскиот слем, како тој функионира во странство, но и како младите поети кај нас го разбираат иститот и како ја гледаат неговата иднина на наше тло и култура. Едноставно ова е отворена платфрома за сите што сакаат да го пробудат својот креативен дух, да научат нешто ново, да придонесат со свое мислење за слемот или пак своја поетска изведба. Следно што Афродита сака да го оствари пред привременото заминување во Англија, е прв поетски слем во родниот град Штип.

●


14

[tipski Glas, Juni, 2014 br. 53

СПОРТ АНАЛИЗА

„ Трио“ без мани!

Ш

типските „сини“ во претпоследното коло го обезбедија опстанокот во Првата лига. Се пласираа на седмото место со 44 бодови. Толку бодови „сините“ освоија и лани, кога беа шести. Годинава, амбициите се поголеми. Се зависи од тоа каков ќе биде играчкиот кадар, но пред се –финансиите.

„Златните“ штипски момчиња

ШТИП ОСТАНУВА ВЕРЕН НА БОРЕЧКАТА ТРАДИЦИЈА

Ако се прави некоја анализа за учинокот на фудбалерите на Брегалница во изминатото првенство, тогаш единствена е констацијата - тројца фудбалери од 26-те колку што играа, беа во преден план. радот под Исарот е пионер на совремеТоа се капитенот Горан Здравков, потоа голгетерот ното борење во Македонија. Штип остаРисте Наумов и најголемото откритие, голманот Данува верен на традицијата, од сите натниел Божиновски. Тие во континуитет прикажаа најпревари да се враќа со медали. Така беше и добри игри, не осцилираа во формата.

Г

Горан Здравков на седум средби беше прогласен за играч на натпреварот, Ристе Наумов постигна најмногу голови- 9, а Божиновски прими мал број голови-34 и според оценките е меѓу првите тројца најдобри голмани во Првата лига. Инаку, во текот на првенството, имаше доста осцилации во игрите на Брегалница. Во првиот дел со своите игри се наметнаа Ефтим Аксентиев, Глигор Глигоров и Томислав Блажевски. Во продожението, вниманието го привлекоа Иван Митров, Дарко Стојанов, Саше Ѓорески, Ристе Марковски, Славче Велковски, Сашко Ристов и младиот Стефан Коцев... „Задоволен сум од она што го прикажав во изминатото првенство, Највозрасните игравме и најдобро. Во фудбалот се цени само квалитето,не возраста. Целта ја остваривме, сега треба да мислиме на иднината.“- вели капитенот Горан Здравков. Кога сме кај Здравков, тој веќе размислува и за својата иднина. Деновиве ќе го посетува семинарот за тренери за добивање „Б“ лиценца, но сигурно Брегалница размислува на овој фудбалер, по завршувањето на кариерата, за придонесот што го дава, да му додели и некоја функција во клубот.

125 килограми ,е без конкуренција. Исто така, Бобан Савев ги „мелеше“ своите противници, за на крајот да го совлада искусниот Атанасов од Радовиш, со туш. Од останатите борачи на Балканец ,треба да го споменеме и второто места на Иван Анакеив, кој во средбата со Абази подлегна на атмосферата и судењето. Но, не треба да го обесхрабрува и сребрениот медал. Никола Димитриев потврди дека е раскошен талент и во иднина од него треба да се очекуваат уште

на Државното првенство во Скопје, во сениорска конкуренција. Штипјани освоија четири златни медали, колку и домаќинот. Во борењето се вреднуваат и резултатите до петото место во 8 -те категории, каде сега предност имаше домаќинот, бидејќи учествуваше и со повеќе борачи. Но, кога има екипни натпревари одлучуваат поените во меѓусебните дуели. Штипјани на ова државно првенство сите златни медали ги освоија по победите со „туш“, во сите борби, за што беа морални победници, го заслужија и првото место во екипна конкуренција. Радува фактот што „златните“ штипски момчиња Дејан Богданов и Дејан Митров на еден блескав начин, по повредите, се вратија на душеците. Со своите борби тие оставија импресивен впечаток. Дејан Богданов настапи и во една категорија повисоко, но тоа не му сметаше да си поигрува со противниците и да ја „смири“ темпераментната домашна публика. Одлично се бореше и Бобан Данов, кој докажа дека во најтешката катеторија до

подобри резултати. Сега се задоволи со „среброто“. Давор Тасев се појави во една категорија пониско, „симнуваше“ повеќе килограми, во интерес на клубот, па со оглед на големата пауза што ја имаше,тоа се почувствува на неговата форма. Во иднина и од него треба да се очекуваат подобри резултати. Добар впечаток остави и Дејан Спасовски, кој беше трет, како и Горан Ангелов, се разбира ако продолжи со тренинзите. Сигурно е дека Балканец ќе освоеше и повеќе поени во екипна конкуренција ако се појавеа на душеците Аце Арсов, Саше Арсов, Стефан Никовски... Кога се зборува за успесите на Балканец, мора да го споменеме и хомогеното раководство, на чело со Стојан Колев и Ристе Шалев,а пред се големиот спортсмен и педагог, Трајче Димков,кој дава тон на севкупното работење. Раководството обезбеди новаи опрема за сениорите и кадетите, реновираше и дел од салата за тренинзи, а обезбеди и други бенифиции за борачите. Со еден збор, борењето во Штип го задржува својот висок рејтинг. Само во иднина треба поголемо внимание да се посвети на помладите категории, кадетите и пионерите.

ВЛАТКО КОСТОВ НАМЕСТО ВО ШТИП СЕ ВРАТИ ВО САУДИСКА АРАБИЈА Костов одново тренер на Ал Раед Тој потпиша договор на една година со клубот кој под негово водство се пласира во плеј офот во Саудиска Арабија

В

СЕ ЧЕКА ПРЕОДНИОТ РОК Нема дилеми, со оглед на амбициите на Брегалница во новото првенство, преодниот рок ќе биде доста интересен. Најголемиот број фудбалери, иако договорите им се завршени, не размислуваат за други средини, бидејќи во Штип имаа одлични услови за работа, пред се финансиски. Има и такви за кои уште сега владее интерес да заминат во други клубови, особено по одличните игри во финишот од првенството. Брегалница е заинтересирана да ги задржи најдобрите. Со нив се водат и разговори. Тоа го потврдуваат и во клубот. Во овој момент Брегалница сака да ги задржи во својата средина голманот Божиновски и Иван Митров, бидејќи се знае дека тие ќе бидат „мета“ на менаџерите. Се водат разговори и со други фудбалери. Во клубот истакнуваат дека имаат и преддоговори со неколку квалитетни фудбалери, но не ги откриваат нивните имиња, се до преодниот рок.

латко Костов, еден од најтрофејните тренери во Македонија, кој имаше и успешна фудбалска кариера ,се врати во богатата Саудиска Арабија, во својот поранешен клуб, Ал Раед, член на Премиер лигата. Пред една сезона, Влатко Костов успеа да го спаси Ал Раед од испаѓање, за на крајот да се пласира и во плеј офот, во борба за титулата. Тој потпиша договор со овој клуб, каде очигледно со својата работа оставил неизбришливи траги. Токму фановите на АЛ РАЕД бараа тој да се врати во клубот. Договорот е потпишан на „ неутрален терен“, во Трабзон, Турција, каде се сретнале Костов и претседателот на Ал Раед. Договорот е потпишан на една година . Условите не се наведуваат, но се претпоставува дека се работи не за мала сума на пари. Одамна не постојат дилеми околу комплетноста на Влатко Костов како човеќка и спортска големина. Впрочем, за тоа зборуваат и неговите досегашни успеси и како фудбалер и тренер Секогаш ги прифаќал и ги приф предизвиците. Костов во својата средина го посакуваа и други клубови, не само од Македонија. Но, тој се одлучи да се врати во Саудиска Арабија, од каде ја доби и најдобрата понуда. На Влатко Костов и вратите на матичниот клуб Брегалница и Штип секогаш ќе му бидат отворени. Впрочем, тој со својот коректен однос остави траен печат во спортскиот живот во Штип и во Македонија. На македонскиот спортски амбасадор, Влатко Костов му посакуваме нови успеси во Саудиска Арабија. Се разбира и успешно да ја претставува Македонија во оваа далечна земја. Колку Влатко Костов е миленик на фудбалската јавност зборув аат и јавувањата и честитките што ги добива на социјалните мрежи, при што сите му посакуваат продолжување на успешната интернационална кариера , а потоа враќање и на селекторската функција во македонската репрезентација,каде пред неколку години беше заменик селектор. Страницата ја подготви: Кирил Манев


[tipski Glas, Juni, 2014 br. 53

15

RAZONODA Предуслов

TR-MR

ov -Mi Re k e ~e R i T

Ке живее овој народ Под услов да – преживее!

Mислители

За да не го боли глава Нашиот народ Ич не му ја мисли!

Собир

За да се собере нашето семејство Некој треба да се жени Или да умре. Големите семејни собири Се главно за она второто!

Слобода

Слобода е да мислиш Со своја глава. Ако мислиш така Може и да заглавиш во затвор. Наравоучение: вистинската слобода е Во нашите затвори!

Razmisluva: Iv. BOJ

Фестивал

Откако се дадоа Астрономски награди Макфест си го Испеа своето!

Броевите од 1 до 9 впишете ги во блоковите со големина 3 x 3 полиња (врамени со здебелени линии), така да секој број може да се најде само еднаш во водоравната или хоризонталната насока

С У Д О К У

СКРИВАЛКА треба да пронајдете два скриени предмети

ВИЦОТЕКА Циганка му се јавува на својот тако на мобилен и му вика: -Тато, ќе ме земеш ли од градинка? -Не можам ќерко, нека те земе маж ти, јас сум сега на школо! Синот го прашува својот татко: -Тате, за што служат кондомите? -Ех, синко, да го знаев јас одговорот на времето сега ти немаше да ми поставуваш така глупави прашања. Младата му вели на вереникот: -Мили мој пред да се земеме сакам да и ги признаам сите мои гревови. -Па мила моја, ми ги призна пред десеттина дена. -Да, ама сега имам и нови!

ШТИПСКИ ГЛАС Основач, главен и одговорен уредник: Иван Бојаџиски 072/214-159 Компјтерска подготовка: Јорданчо Бојаџиски

Печатено во печатница „Европа 92’-Кочани Дистрибуција: „Басе прес“ -Штип

Трпе се враќа од служебен пат а во спалната здогледува двајца голи мажи. -А бе педери, што барате во нашата спална? -Не сме педери бе Трпе, само што женати отиде да ни купи пиво! Спасе се враќа дома а женаму во плач му се жали: -Спасе, синот ме нарече кучка! -Така ли, е сега има да го претепам тој кучкин син!


16

[tipski Glas, Juni, 2014 br. 53

ПЕРИСКОП

Од дебатата за состојбата во новинарството

Драган Секуловски и Насер Селмани

Новинарите од истокот се дружеа во Аурора на Беровското езеро

Р

егионалниот актив на новинари „Исток“ чие седиште е во Штип, еден викенд (7 и 8 јуни) си го посветија себе си. Тие се дружеа во прекрасниот рисорт и спа-центар Аурора на Беровско езеро. Точно 25 претставници на седмата сила, членови на ЗНМ, на чело со претседателот Насер Селмани и извршниот директор Драган Секуловски, го споија убавото и корисното поминувајќи два преубави дена во еден светски туристички бисер каков што е Аурора, Новинарите претстојот го заокружија со традиционален малешевски ручек на бачилото Клепало, кај семејството Панковски, на 1.350 метри надморска височина. Новинарите од повеќе градови од овој дел на државата имаа дебата за состојбите во Македонското новинарство. Уште еднаш беше констатирано дека ЗНМ е репрезентативното Здружение на македонските новинари поради значителната бројност на своето членство кое се доближува до бројката од 600 членови. –„Европската комисија и даде до знаење на нашата Влада дека ако се сака напредок во медиумите и во медиумската област дијалогот исклучително мора да се води со ЗНМ“, потенцира претседателот Селмани. Новинарите од регионот како главен проблем го посочија односот на националните електронски медиуми кон целокупноста на територијата на државата. -Само пет проценти од националните електронски медиуми имаат свои дописници од регионот во редовен работен

Заедничка вечера во Аурора

однос. Останатите се потпираат на хонорарци и на неовластено користење информации од дописниците од истокот што се смета за кражба на интелектуалната сопственост. Најлошо од се е тоа што јавниот информативен сервис МРТВ, кого го

рите се невработени или работата на црно“, беше еден од заклучоците од дебатата. Во глобала новинарството, ЗНМ пред се, се перцепира како невладина оргнизација која има поголемо влијание од невладините организации кои располгаат

Во опуштена атмосвера на бачилото Клепало

плаќаат сите граѓани, нема ниту еден пла- со многу поголеми буџети. Овој факт е тен дописник од истокот. За разлика од него докажан преку едно релевантно истражусрпскиот јавен сервис има дваесет дописни вање кое е и јавно објавено. регионални центи со 220 вработени надвор ● од Белград. Затоа најголем дел од новина-

дел од новинарите во преубавата Аурора


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Br53 by Jole Boja - Issuu