Skip to main content

Stipski Glas

Page 1

Јaсмина Гуњова:

Штипјанка за навек

Проф.д-р Трајче СТОЈАНОВ, автор на тритомното капитално дело Руска религиска философија

Ниту една власт нема(ше) слух за науката

Ристе ПЕТКОВСКИ замина од директорската позиција во Гимназијата и се пресели во легендите

Зорица НУШЕВА, Петрунија од филмот „Господ постои, името и е Петрунија“

Ликот на Петрунија е близок до секоја жена

Младите - носители на прогресот во Штип


2

Од мој агол

За Јапонците, за Трпчевски, за Светиот крст и за медиумите за кои само лошата вест е добра вест

N

1

Во нашиот Штип доаѓале и доаѓаат делегации од многу страни на светот. Доаѓаат и амбасадори, деловни луѓе, европејци, американци, руси, кинези...Убаво е тоа кога и на ваков начин се дружиме со светот. Кога светот не почитува, а ние му го покажуваме нашето гостоприемство. Пред крајот на минатиот месец имавме посета на делегација од земјата на изгрејсонцето. Од Јапонија. Но, луѓето не дојдоа во Штип за да прават политика. Како што е иманентно на Јапонците, тие дојдоа за нешто да сработат. Да видат дали добро се потрошени парите кои ги дадоа за хидросистемот „Злетовица“. Да констатираат во која состојба е штипската филтер станица за која јапонската развојна агенција „Џајка“ исто така даде пари. Ова беше уште една можност од овие вредни, успешни, напредни луѓе да научиме дека грижата за секој потрошен јен, долар, денар, евро мора да ни е еден од приоритетите. Посебно ако тие пари, како што е случај со нас, доаѓаат од граѓаните. Оттука, ние мораме да се подготвиме и за времето кога ќе станеме членка на Европската Унија. Ако Бугарија за дванаесет години членство од Унијата добила триесет милијарди евра за својот развој и благосостојба, и Македонија треба да смета на добри пари од Унијата. Но, и одтаму ќе имаме чести гости, зашто и Унијата не дава пари, а притоа да не врши постојани контроли на тоа дали парите правилно и наменски се потрошени. Мислата ми е дека ние мораме да се менуваме. Во нашата одговорност кон нашите состојби. Да се менуваме во сознанијата дека носителите на власта имаат одговорност кон парите кои доаѓаат од граѓаните. Како што тоа го наравија Јапонците зашто парите кои тие ги дадоа за ХС „Злетовица“ се пари на даночните обврзници на земјата на изгрејсонцето..

2

Ненајавеното гостување на уметникот Симон Трпчевски на традиционалниот Годишен концерт на Музичкото училиште од уметничко доживување се претвори во голема јавна

галама. Бројни медиуми, портали пред се и тоа главно од курирското семејство, своите текстои ги посветија на говорот на Трпчевски во однос на студената сала. За тој дел, за студенилото во салата, уметникот беше во право. Но, не може да биде добро ако говорот на еден уметник е подолг од неговото изведено уметничко дело. Посебно ако во тој говор има и прилично голема доза на политички оценки. Оценки дадени на настан кои политички тиради никако не трпи. Да останеше уметникот во својот говор само на студената сала, а пред се и над се на својата клавирска изведба ќе беше сосема во ред. Но, не испадна баш така.. Долгата, исполитизирана тирада која ја имаше уметникот му нанесе голема штета на самиот преубав настан. Ниту еден медиум не напиша ништо за културниот настан на годината во Штип, зашто сите курирски медиуми го елаборираа говорот на Трпчевски. И така се случи од дрвото (говорот на уметникот) ослепените во медиумската заедница да не ја видат прекрасната шума, а тоа беше концертот на нашето Музичко училиште. Штета! Но, само еден месец подоцна од овој настан, во дел од медиумите прочитав дека скопјани, во Театар Комедија, проследиле претстава облечени во капути. Медиумот кој тоа го објави напиша дека во салата било крчан студено. Но, на таа претстава не присуствуваше, неа не ја гледаше големо уметничко име. Согласно тоа во Театар Комедија немаше уметник кој ќе изусти било што за студената сала. Штета. Штета бидејќи така ќе дознаевме дека проблемот е на државно ниво, дека не е само штипски. И соодветно на таквото сознание надлежните да ја понудат спасоносната терапија.

Иван Бојаџиски

{tipski Glas, Fevruari, 2020 br. 98

де најава за среќна и успешна година исполнета со благосостојба на нив и нивното семејство. Но, од година во година на оваа прекрасна манифестација на вербата во Бог ни се случуваат се поголем број инциденти. Ако пред некоја година токму во нашиот Штип инцидент беше што женско чедо се фрли во водите на Брегалница и го фати крстот па црквата му го одзеде, годинава двајца млади штипјани се споречкаа околу тоа кој го фатил крстот. Сцената беше непријатна и ја обиколи Македонија. Подоцна, од Брегалничката епархија информираа дека одлучила до идните Водици крстот да се чува во црква, а граѓаните кои сакаат да го бакнуваат можат тоа да го направат во верскиот храм. На истиот ден свештеник во Валандово каде крстот се фрлаше трипати ги навредуваше верниците и другите присутни граѓани со непристојни квалификации кои не се за објава во медиум. И пак на Водици во соседниот Пробиштип се фрлале два краста, првиот потонал и никако не можел да биде најден, вториот направен од полесен материјал ја завршил работата. Во сенка на овие инцидента незбележливо помина настанот за Водици случен во Делчево. Во овој град момчето кое го фатило крстот на подарок од Општина Делчево добил телевизор. Но, момчето одлучило телевизорот да го подари на сиромашно семејство. Медиумите речиси и не му посветија внимание на овој благороден потег на делчевецот. Сите, како под команда, беа насочени кон настаните од Штип, Валандово и Пробиштип. Можеби и затоа во ова ново, „модерно“ време добра вест за поголем дел од медиумите е само лошата вест. Но, јасно како сончев ден е дека и во овој случај, како и во случајот со говорот на Трпчевски, бројни медиуми од дрвото (инцидентите) не ја видоа шумата, односно не го препознаа убаИ годинава на Водици се фрлаше виот, хуман гест на делчевецот како моСветиот крст во сите води во др- дел по кој треб да се владеаат и многу жавата. Бројни млади луѓе скокаа други. во студените води во надеж дека токму тие ќе го фатат крстот и дека тоа ќе би-

3


{tipski Glas, Fevruari, 2020 br. 98

Ј

асмина Гуњова. Штипјанка, естрадна уметничка, фолкерка, дама со преубав глас, барана на естрадата, живее во Скопје, но во мислите секогаше е во родниот Штип. Пред крајот на минатата година ја претстави песната за својот роден град. Во разговор за нашиот весник вели дека наскоро песната ќе ја промовира во Штип, а за начинот, денот, месецот и местото каде ќе се случи убавиот настан штипската јавност ќе дознае на време.

Јасмина, се сеќавате ли на моментот кога моравте да заминете од Штип? Како да беше вчера. Првото мое „разделување“ од градот под Исарот беше кога започнав со студии во Скопје. Беше трауматично и плачев секој ден за моите дома, а и тие за мене како што ми кажа комшивката подоцна. Резултат на тоа беше да си доаѓам секој викенд во Штип. Кога автобусот ќе свртеше кај „Мал одмор“ срцето ќе ми летнеше од радост. Четири години по ред ниту еден викенд не сум останала во метрополата. За жал, никогаш не го засакав Скопје. Си останав штипјанка за навек. Кога денес некој ќе Ви спомене Штип, на што тоа Ве асоцира? На безгрижно детство, на мојот ангажман како актерка во Штипскиот театар на 15 годишна возраст глумејќи ја Јелкица во претставата „Светот“ од Нушиќ, вработувањето во Средното текстилно училиште и на многу други за мене драги и важни нешта.

Јaсмина ГУЊОВА: Штипјанка за навек

РАЗГОВОР

3

Каде и што во моментов работите, дали таа работа Ве исполнува, што убавина наоѓате во неа, дали сте сонувале за нешто друго да работите во животот... Моментално се бавам само со естрадна дејност и тоа во потполност ме прави среќна. Сонував да бидам д-р. по ветерина, а сега мечтаам да му бидам помошник на Cesar Millan кој ги скротува агресивните кучиња. Колку време сте на естрадата... Дали (и) таа е еден вид учителка на животот. Што од патувањата, настапите, средбите со публиката можевте да научите, позитивно да извлечете? Со професионална кариера започнав во 1992 година кога мојот драг колега од текстилното училиште, инаку професор по физичка култура, Стево Илиев ме поврза со штипјанецот Киро Милев, вработен во МРТВ. Настапував многу и го прошетав светот дружејќи се со нашинци и добив многу животни лекции. Тоа е еден живот кој може да се смести во цел едден роман. Можеби еден ден кога ќе имам повеќе слободно време ќе седнам и ќе се обидам да го напишам.

ја прашате кое од децата и е најмило. Која публика, во кој град најмногу те инспирира? Мојот драг колега Перо Христов уште во1993 година ми кажа дека јас сум за публика која е над 40 годишна возраст, а бев многу млада. Значи сега сум за публика која е над 60 годишна возраст. Се шегувам. Најмногу сакам да пеам во Штип и во Берово. Локал патриот... Слушнавме дека пред крајот нас минатата година сте испеале нова песна за вашиот роден град. За која песна се работи, кога е создадена, што Ве инспирираше? На 8 ноември минатата година ја промовирав мојата песна за родниот ми град. Идејата и рефренот ги направив јас и некој стих од строфите, но ја разубави и доработи нашиот познат автор на стихови Орце Зафировски. Музиката и аранжманот се на Милан Зафков. Најсреќна ќе бидам ако моите штипјани ја засакаат и ја пеат. Дали доаѓате во Штип? Ако одговорот е „да“ дали понекогаш и некаде пеете? Доаѓам секогаш кога ќе ме побараат и секое мое доаѓање е исполнето со посебна радост. Скоро

Колку песни во кариерата имате испеано? Има ли некоја што Ви е посебно мила, некоја песна која со најголема радост и инспирација ја исполнувате. За жал точна евиденција немам, но во Радио Роса деновиве ми кажаа дека имам 60 песни, а имам сигурно уште многу повеќе кои не сум ги пуштила во етерот. Сите песни ми се мили, тоа е како мајката да

сите роднини ми се во Штип. Најчесто пееме со дуо Александрија во ресторанот Мал одмор. И за крај, според Вас, на кое ниво е денес народната музика во нашата држава? Имаме ли фестивали за неа, освен Валандовскиот... Да, да фестивали има и тие се многу значајни за да промовираме наши песни.

Мојата најнова песна ја посветив на родниот град. Мене ми е најубава. Пред два месеци ја промовирав во Скопје, а наскоро сакам да ја промовирам пред моите штипјани. Подготовките за тој настан се во тек, штипјани на време ќе ги добијат сите информации во однос на промоцијата.


4

ИНТЕРВЈУ

{tipski Glas, Fevruari, 2020 br. 98

Проф.д-р Трајче СТОЈАНОВ, автор на тритомното капитално дело Руска религиска философија

Т

Ниту една власт нема(ше) слух за науката

рајче Стојанов, доктор по филозофија, професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ пре крајот на минатата година во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го промовира своето тритомно капитално дело под наслов Руска религиска философија. Со професор Стојанов разговараме за идејата нашата држава да добие вакво драгоцено книжевно дело, за тоа колку властите кај нас ја поддржуваат науката и за некои други важни нешта од оваа област Професоре, Оставивте капитално дело во нашата наука. Од каде идејата и зошто беше значајно вакво дело да имаме кај нас? Па, ако може така да се каже, во мојата досегашна, скромна академска кариера, ова ми е животно дело. Впрочем, ова е резултат на нешто со што се занимавам целиот свој живот. Јас магистрирав на Достоевски, од што излезе мојата прва книга, а докторирав на руска философија. И дел од докторатот всушност е интегриран од оваа три томна студија. Студијата претставува сеопфатен преглед на руската религиска мисла. Поделена е на три, засебни книги: првата е насловена како „Контексти“ и во неа се исцртани општествено-политичките, историските и културните околности во кои се родила, настанала и се развивала руската мисла. Тоа е своевидна историја, или поточно философија на историјата на Русија: од нејзиното раѓање како нација во т.н. Киевска Русија, па сè до периодот после револуцијата.И оваа книга може да биде интересна, не само за философите, ами и за историчарите кои се занимаваат со руска историја, но и за сите што ги интересира бурната и интересна повест на оваа голема нација. Вториот том е насловен „Историја“ и тоа е класична историја на философијата, во која се застапени сите позначајни претставници на руската философија од идеалистичка, т.е. религиозна провиниенција. Од првиот мислител, до

мислителите по револуцијата кои твореле во прогонство ширум Европа и светот. Третиот том, насливен „Проблеми“ е можеби најоригиналниот придонес во оваа област, затоа што претставува редок проблемски приказ на руската мисла. Редок, затоа што дури и во светската публицистика од оваа област, ретко ќе сретнете ваков проблемски приказ, вообичаено секоја историја на било која философија, вклучително и на руската, хронолошка, ретки се проблемските студии. Во оваа студија

продукт. Инаку, книгата е издадена со поддршка на Министерството за култура на Македонија, како дел од нивната годишна програма за издаваштво. Но, во однос на промоцијата, беа вклучени и Амбасадата на Руската федерација, МАНУ,Одделот за стратегиски истражувања при МАНУ, мојот матичен универзитет УГД-ШТИП, мојата издавачка куќа АЗ-БУКИ, како и Филозофското друштво на Македонија. Се одлучивте за промоција на МАНУ. Зошто таму, зошто не на УГД, или во Вашиот Штип? Па и колегите од фелата, и членовите на Философското друштво, а искрено и јас самиот, ценев дека првата промоција би требало да се случи во главниот град и да биде на достојно и соодветно место, со оглед на делото. Низ дискусиите со луѓето кои ми помагаа околу промоцијата, разгледувавме неколку опции. По контактите со некои од академиците од МАНУ, пред сè со академик Камбовски, кој го води одделот за Стратегиски истражувања при МАНУ, и академик Старделов, кој е философ по образование и мој поранешен професор, решивме дека токму тоа е вистинскиот избор. И така и се збидна, со помош на амбасадорот на Руската

издвоив шест проблеми кои се типични, според мене, за руската религиска мисла. Сумарно, во сите три тома, на скоро 900 страници, има детален преглед на руската религиска мисла. Се решив да ја издвојам само религиската и идеалистичката линија на развој, а да ги изоставам материјалистичките и атеистичките претставници, затоа што, според мене, сметам дека токму религиската мисла е автентичниот руски философски

Федерација во РМ, неговата екселенција Сергеј Баздникин, колегите од Философското друштво на Македонија, господинот Љ. Гајдов, ваш колега, кој се најде во улога и на организатор и на модератор на настанот, го организиравме овој убав настан токму таму, во присуство на неколку академици, претставници од МПЦ, поранешни и сегашни ректори на универзитетите во Македонија, професори, колеги, роднини и прија-

Ние, како нов универзитет, ја имавме среќата, да се поставиме на поинакви темели, да почнеме од ново и да растеме и да се развиваме поинаку од постарите македонски универзитети. Во рамките на своите можности УГД се труди да биде во чекор со технолгиите, да ни обезбеди пристап до соодветни научни бази, списанија и слично.


{tipski Glas, Fevruari, 2020 br. 98

тели. На сите, еве и во оваа прилика им благодарам што ме удостоија со нивното присуство. Настанот го поздрави амбасадорот на Руската Федерација, со која имам одлична соработка и која, верувам, ќе продолжи уште поинтензивно и во иднина, свој осврт на книгата имаше и академик Старделов, поранешен претседател на МАНУ, што за мене претставуваше особена чест, а промотор беше

мојот драг колега, проф. д-р Ристо Солунчев, професор на Институтот за философија, при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Ова секако не значи дека нема да има промоција во Штип и во другите градови ширум Македонија. Впрочем, планирани се после Нова година, уште четири промоции: во Штип, Во Струмица, во Св. Николе и во Битола. На тој начин, книгата би добила поголема видливост помеѓу читателската публика низ Македонија. Доктор сте по философија, професор, научник колку е важно луѓе од вашиот ков да откриваат нови нешта во научната сфера како што тоа го направивте Вие? Секоја држава, а особено, ваква мала и со ресурси лимитирана, каква што е Македонија, нема друг пат кон напредокот, освен преку образованието и науката.Немаме обемни природни ресурси, немаме нафта, гас, а имаме дополнителен хендикеп што сме на геополитичка раскрсница од која тргнувале локални, регионални, а и Балкански, но и светски војни, што и историски се потврдува. Таква една држава, нема друг пат, освен силно образование, високо обучено граѓанство кое преку знаењето ќе го обезбедува својот личен и колекти-

ИНТЕРВЈУ

5

вен напредок. Преку природните науки треба да се обезбеди високо ниво на техничко-технолошки напредок, а преку општествено-хуманистичките науки треба да се овозможи автентично промислување на општествено-политичката стварност, со цел носење на правилни политички одлуки и решенија. Задачата на философијата тука е особено важна, како наука која го промислува тоталитетот и со тоа овозможува критички увид во севкупната стварност, таа помага и на поединецот, но и на заедницата автентично да го промисли и физиономира сопствениот живот. Постојат ли услови за квалитетна научна работа кај нас? Односно колку државата ја стимулира науката? Имајќи го пред вид погоре истакнатото значење на науката, истражувањето и знаењето, можам сосема отворено да кажам дека, за жал, во оваа држава, во овие 30 години независност, никоја власт немаше слух за образованието и науката. Ние сме држава која издвојува најмал процент од буџетот за наука и истражување, од сите држави во опкружувањето, дури и од Косово. Исто, така, една од ретките сме која нема стратегија за долгорочен научен развој. Без стратегија, мала и сиромашна држава како нашата, не може да си го дозволи

стематски и во одреден јасно предвиден рок, најголем дел од своите ресурси за наука ќе ги вложува таму. За жал, сè е оставено на поединечните напори, на индивидуални проблесоци и делумно на институционалните напори да се профилираат и да се изборат за место под сонцето. Јас, во случајот, сум благодарен што работам на Универзитетот „Гоце Делчев“, во Штип, кој иако е релативно млада високо-образовна и научна институција, сепак за кратко време се позиционираше како второрангиран македонски универзитет и кој сè уште покажува младешки ентузијазам за напредок и развој. Ние, како нов универзитет, ја имавме среќата, да се поставиме на поинакви темели, да почнеме од ново и да растеме и да се развиваме поинаку од постарите македонски универзитети. Во рамките на своите можности УГД се труди да биде во чекор со технолгиите, да ни обезбеди пристап до соодветни научни бази, списанија и сл. Дури и во денешните тешки услови, кога бројот на студенти опаѓа, универзитетот се обидува да се трансформира, што говори за неговата виталност и подготвеност за промените што доаѓаат. И јас во оваа институција ја гледам една од ретките светли ѕвезди на македонското образовно и научно небо. Исто така и мојот матичен факултет при УГД – Факултетот за образовни науки, за мене претставува вистински стимулативна средина за академски и научен развој, за што еве, и во оваа прилика им ја изразувам мојата бла-

луксузот да инвестира во различни области по малку и никаде да не добие никаков резултат. Мораме таргетирано, плански, систематски и стратешки да донесеме одлуки во кои области, во кој период и со кои суми ќе инвестираме на долг рок во научниот развој. Ако процениме, на пример, дека развојот на информатичките технологии, ќе ни донесе научни резултати и ќе го интензивира нашиот развој, тогаш државата плански, си-

годарност на моите драги колешки и почитувани колеги. Вистински предизвик е да се работи во таква заедница. Колку е значајна Руската религиска философија за нашата научна мисла, колку за студентите, дали таа ќе се изучува на факултетите по философија... Па до сега, за жал, оваа философија е малку позната, дури и помеѓу специјалистичките кругови. Една од

Лично ценам дека нашиот менталитет, нашиот духовен хабитус, колку и да инклинира кон Запад, е исто толку сроден и со Исток. Ние едноставно не можеме да побегнеме од таа „природна“ припадност кон двата света, јас лично се чувстувам комотно не само во Берин или во Лондон, туку и во Москва, па дури и во Истанбул


6

причините секако е „западоцентричноста“ или „евроцентричноста“ или уште поточно „англо-центричноста“ на денешната култура. А како што истакна и академик Старделов на промоцијата: во Европа постојат три големи философски нации – Германската, Француската и Руската.За нас, како доминантно славјанска и православна земја, руската мисла е особено интересна и вредна. Мислам дека токму заради сличноста и во историјата и во духот и традицијата, таа може да ни послужи како рамка за сопственото осмислување како нација. А токму и на руската мисла, може да се види потентноста и применливоста, апликативноста на философија – т.е. може да се види како може мислата да ја физионимира стварноста, да ја осмисли и да ја креира. На рускиот пример, може многу јасно да се види обидот на секоја земја, особено на земја како руската, располана на два контитенти, за себеосмислување. Тоа може многу да ни помогне и нам, затоа што нашата колктивна самоидентификација е во исто таква „шизофрена“ позиција: имено, исто како што Русија постојано се прашува што е таа европска или азиска или евроазиска земја, така и ние како култура постојано сме растргнати помеѓу исток и запад, помеѓу Европа и Ориентот, помеѓу „западната“ и источната култура? Што се однесува до тоа дали ќе се изучува, можам да кажам дека се прават напори на единствениот институт по философија во Македонија, на Филозофскиот факултет при УКИМ, да се внесе овој предмет во новите курикулуми, што се надевам наскоро ќе се случи и ќе имам прилика на студените да им ја пренесам мојата експертиза од оваа област. Со оглед на фактот дека и Русија и Македонија се од групата славјански народи колку Вашето дело ќе помогне во откривање на некаква синергија помеѓу Русија и Македонија? Па ова секако претставува еден облик на взаемна соработка и зближување на двете пријателски земји. И покрај, се разбира, „русофобијата“ која се шири, сметам дека нашата земја е „природно принудена“ на соодветен однос и кон тој свет. Нашите политики се јасно евро-атлански ориентирани, но ниту светската поли-

ИНТЕРВЈУ

тика, ниту меѓународните односи, а особено ниту геополитиката е нешто што е врежано во камен и е вечно. Особено во овој исторкиски миг. Ценам, дека ние денес сме живи сведоци на едно ново геополитичко распоредување на силите, во кое Русија се враќа, Кина надоаѓа, додека САД и Европа поминуваат низ сериозно самопреиспитување и ново светско позиционирање.За историчарите ова е навистна возбуливо време. Во едни такви констелации, секое приближување кон старите и новите светски сили, од една страна е и опасно, но и потребно. Ние, како држава на раскрсница, отсекогаш сме служеле како паричка за поткусурување, токму на овие прераспределби помеѓу големите сили. Идејата е како од паричка за поткусурување, да станеме партнер и гарант за мирот и стабилноста. Јас лично ценам дека нашиот менталитет, нашиот духовен хабитус, колку и да инклинира кон Запад,

е исто толку сроден и со Исток. Ние едноставно не можеме да побегнеме од таа „природна“ припадност кон двата света, јас лично се чувстувам комотно не само во Берин или во Лондон, туку и во Москва, па дури и во Истанбул. И Македонија ја имаа таа, можеби „коб“, исто како и Русија, да се чуствува на меѓата, на работ помеѓу два света, помеѓу два идентитета. Но, тука може да лежи и нашата предност, оти меѓата не само разделува таа и спојува, меѓата е и мера. Македонија може да биде тој мост помеѓу два света. И токму тоа треба да се искористи во секоја смисла: политичка, културна, економска... Ако моето дело е скромен влог во тоа, тогаш мојата задача засега е делумно исполнета. Работите ли сега на друг научен труд или ви е потребен одмор, мала акумулација на енергија за нови остварувања...

{tipski Glas, Fevruari, 2020 br. 98

Па имам потреба од одмор, што можеби малку и ќе си го дозволам, но секако не онолку колку што сакам. Вообичаено е за професорите на факултет да се мисли дека „малку“ работат, со оглед на тоа што имаат скоро два месеци летен распуст и скоро еден месец зимски распуст, но тоа воопшто не е така. Секој професор, со душа ги чека тие распусти за во тој период да може да сработи нешто за себе, да се посвети на истражувањата, на книгите и трудовите, затоа што само во тој период е слободен од факултетските обврски. Колку философијата е значајна за еден народ, за една нација, за нејзиниот здрав ум во здраво тело... Па, како што веќе реков, философијата е навистина важна, како за поединецот, така и за заедницата. Таа е една перенијална активност, способност на духот да промислува отаде дадените историски и социјални услови и со тоа да погледне отаде – во вечноста, и од таму, да ја осмислува временоста, бивствувањето и постоењето како на поединецот, така и на заедницата. Како што ќе каже еден антички мислител: животот поминат без размисла за неговата смисла, не е вреден за живеење. А философијата е токму таа алатка за осмислување, како на поединечната егзистенција, така и на стварноста која нè опкружува. Задачата на философијата, особено денеска, во доба на силен научен развој, кој изнедри многу нови науки, а со тоа и ја подели целовитата стварност, е да упатува токму на целовитоста на стварноста, и со тоа да им помогне и на научниците од егзактните науки, да ја видат својата работа во светло на пошироката слика на сеединството на светот. Оти светот е единствен, нашиот разум го парцијализира, го дели, за да може подобро да го проучи. Но вистината, секогаш лежи во целината и во целовитоста. Ништо, ниту во нас, ниту во светот не постои одвоено, сè е во взаемна проникнатост и условеност и само така се открива смислата на сè, но и убавината на сè. А овде, сме токму заради убавината, зарем не!?


Ристе ПЕТКОВСКИ замина од директорската позиција во Гимназијата и се пресели во легеендите {tipski Glas, Fevruari, 2020 br. 98

О

д почетокот на вој месец легендарниот Ристе Петковски го отстапи директорското место во гимназијата „Славчо Стојменски“ на својот наследник. Петковски ќе остане во училиштето уште две години како професор по историја од која позиција ќе замине во пензија. Нема случај во нашата општина, а можеби и во државата некој толку долго (27 години) да останал на директорска позиција во две култни средни училишта, а притоа и во двете да остави неизбришливи квалитетни траги како резултат на своето управување со нив. Уште повеќе што таква можност беше поизвесна во годините на социјализмот отколку во годините на самостојната ни држава кога имше многу промени на властите и на државно и на општинско ниво. Тие промени значеа поставување на „свој“ човек на раководни позиции, но тоа единствено не важеше за Петковски зашто родителите, училишниот совет во Гимназијата беа тие кои не го даваа „својот директор“. Тоа беше така бидејќи со принципите кои тој ги постави во двете училишта, постигнатите резултати и со учениците кои добиваа одлично образование и освојуваа високи награди на регионални и државни натпревари тој сам си го заслужи таквиот статус. Апсолутно е јасно дека успешното и квалитетно образование на нивните деца за секој родител е приоритет од прв степен. Петковски е професор по историја кој шест години предметот кој е „учителка на животот“ им го предаваше на гимназијалците во ова средно училиште. Во неговата пребогата работно-професионална биографија е запишано дека во 1989 година тој станува директор на Средното медицинско училиште. Таму, со силна посветеност на големата обврска

ПОРТРЕТ

која е резултат на неговото поимање за пресудното значење на образованието за севкупниот успех на државата, работите ги доведува во најдобар ред. Го сплотува кадарот, го средува училиштетот од секаков аспек и со својата харизма успева да воведе две нови паралелки кои дотогаш ги имало само во Скопје. Во тој период Петковски издава и публикува два исклучително значајни стручни трудови – „Пат кон пообјективно оценување“ и „Демократско оценување“. Двата труда се резултат на стекнатото искуство во областа на воспитно-образовната работа и како професор и како педагошки раководител.

7

капетан на голем брод кога се има „посада“ каква што ја има Гимназијата. Успесите кои учениците ги остваруваат на републички натпревари по математика, физика, хемија,општествени науки, за Петковски се резултат на квалитетот на наставниот кадар кој го има училиштето кое има 57 вработени од кои 47 се наставници. Оние пак кои добро го познаваат Петковски ќе ви кажат дека тој

Петковски 27 години е директор. Од нив 10 години на Средното медицинско училиште, а 17 на гимназијата „Славчо Стојменски“. Таква биографија штипското образование не познава...

Во 1998 година Петковски се враќа на работа во Гимназијата како професор по историја. Десет години подоцна, на јавен оглас, е избран за директор на оваа образовна институција. По тој чин во Гимназијата настапува нова ера во нејзиното едновековно постоење. Во сите седумнаесет години управување со Гимназијата, Ристе Петковски трнува од начелото дека воспитно-образовниот процес е најважната алка во севкупноста на тоа што значи едно училиште. Грижата учениците да добијат квалитетно образование му е на прво место. Дека и на ова поле штипската Гимназија е раритетна, докажуваат резултатите. На интерната евалуација која се прави на секои четири години ова наше средно училиште секогаш е во врвот меѓу средните училишта во државата. Петковски секогаш вели дека во овој случај се работи за успех на професорите за чиј квалитет тој има само убави и пофални зборови. Вели дека е лесно да се биде добар

кон гимназијата се однесува како што добар стопан се однесува кон својата куќа, кон семејството...Него можете да го видите и секој викенд кога не се работи, а тој е во Гимназијата и контролира за сé да си биде на своето место и како што му доликува на едно училиште. И во моменти кога во училиштето има 500 ученици, во зградата сместена во центарот на градот владее апсолутна тишина, ништо не смее и не може да го ремети куќниот ред. Петковски на својот наследник не му остави никакви долгови и обврски, напротив, многу работи како струја и нафта се однапред платени и за идните години. Поради сето ова Ристе Петковски е личност која можете да ја сакате и почитувате или да ја мразите, но снемувате аргументи кога ќе се обидете да ги оспорите огромните резултати во нашето образование кои тој ги остави зад себ. И по тоа Петковски е една сосема раритетна личност.


Новинарите од регионот го направија изборот на најдоброто од истокот за 2019 година Н 8

ИЗБОР

{tipski Glas, Fevruari, 2020 br. 98

Посебни признанија новинарите доделија на овинарите од регионалниот центар на новинари „Исток“ во составот на ЗНМ ја донесоа коне- младите македонски актери .Нушева, за улогата на Печната одлука во однос на носителите на при- трунија во филмот „Бог постои, се вика Петрунија и на Благој Веселинов за главата улога во филмот „Исцезнанието „Најдоброто од истокот за 2019 година“. лител“. Нушева е од Делчево, а Веселинов од Кочани.

Носители на ова признание по области се:

1.Стопанство – фабрика „Антура“ – Кочани 2.Менаџер на 2019 година: Трајан Ангелов, прв човек на Квенбергер логистик Македонија-Штип 3.Образование: Горан Иванов, директор на ОУ „Славчо Стојменски“-Виница 4.Туризам: Хотел Сан Рајс – Делчево 5.Здравство: Поликлиника „Д-р. Златко Стојменов“Штип 6.Култура: Виница, град на културата за 2019 година. 7. Култура поединец: - Горан Огнановски, КИЦ Романска-Македонска Каменица. 8.Спорт: Женски фудбалски клуб „Саса“-М.Каменица 9.Хуманост: град Штип. 10.Општествена одговорност: Чедо Петров-Пробиштип 11.Невладин сектор: Едукативен центар Негрево, општина Пехчево 12.Наука: проф.д-р Трајче Стојанов, проф.по философија на УГД. 13.Странска амбасада во РСМ: амбасада на Јапонија. 14.Личност надвор од регионот: Проф.д-р Ванчо Чифлиганец. 15.Зорица Нушева, Делчево, актерка за главната улога во филмот „Господ постои, името и е Петрунија“ 16.Благој Веселинов, Кочани, за главната улога во филмот „Исцелителот“ 17.Киноверзум-Свети Николе, за првото 3Д кино во регионот

Новинарите од регионот оваа манифестација годинава ја одржуваат по шести пат. Во претходните пет години се доделени 75 признанија на стопнски организации, поединци, институции, стопански амбасади, невладин сектор, хуманисти од сите општини во регионот и на странски амбасади. Признанија на добитниците ќе им бидат врачени на свечена приредба под наслов „Ноќ на источните оскари“ која и годинава ќе се одржи во амфитеатарот на Славјански во Свети Николе кон крајот на месец февруари. Сите добитници ќе бидат претставени преку спотови кои ќе бидат прикажани на филмско платно по што ќе им бидат врачени признанијата, а тие ќе имаат можност да и се обратат на публиката. Меѓу добитниците најмногу се од Штип, ги има во четири категории. Градот Штип е добитник на признанието за хуманост за акцијата за собирање пари за малата Симона, Трајан Ангелов, архитектот на Квенбергер логистик Македонија е најменаџер за 2019 година, проф.д-р Трајче Стојанов е добитник на признанието за наука за неговиот тритомен научен труд „Руска религиска философија“, а полилиниката „Д-р Златко Стојменов“ е најдоброто во реггионот во областа на здравството.


Штип од Владата доби 12 милони евра Ш {tipski Glas, Fevruari, 2020 br. 98

ГРАДОТ

тип мора да е посебно задоволен од Владата. Ретко кој град може да се пофали дека во период од половина година за свои капитални проекти добил дванаесет милиони евра од државниот буџет. Седум милиони евра градот доби за изградба на браната на реката Отиња, за остварување на полувековниот сон. Покрај овие пари нашата општина од владата доби додатни пет милиони евра за конечно решавање на проектот на филтер станицата за таа да може квалитетно да ги прифати, преработи и до сите наши домови дистрибуира површинските води од регионалниот хидросистем „Злетовица“. Се разбира дека не се само овие пари кои Владата му ги има дадено на нашиот град и на нашата општина, но тоа се големите пари кои решаваат големи прашања. Како што голем проблем се реши со изградбата на новата детска градинка. Сега на градската управа е овие пари рационално да бидат искористени за намената за кои која се добиени. Уште еднаш да потсетиме дека браната на Отиња со акумулативна моќ од 3,5 милиони метри куб-

С

9

ни вода го сместува Штип меѓу градовите кои на своја територија имаат голема вода. Со тоа се обезбедуваат услови за многу задоволства на граѓаните: одмор покрај вода и рекреација, разладување за време на летните горештини, спортски риболов, туризам, речното корито кое минува низ центарот на градот ќе има постојана вода која низ него ќе протекува и ќе влијае на климата... Само да нотираме дека изградбата на новиот дел на филтер станицата за таа да може да ја прифати водата од ХС „Злетовица“ му обезбедува на градот сигурно водоснабдување за наредните најмалку педесет години. Имено, од „Злетовица’ за шест општини ќе се дистрибуираат 900 литри вода во секунда од кои на Штип, како најголем град во регионот му следуваат 500 литри.

Иван Бојаџиски, најзастапен новинар во печатените медиуми во 2018 година

о 193 објавени текстови во Штипски Глас и Независен весник, Иван Бојаџиски е прогласен за најзастапен автор од Штип во дневните весници и списанија во публикацијата „Штип и штипјани во дневните весници и списанија во 2018 година“. Приредувач на изданието е Националната установа универзитетска библиотека „Гоце Делчев“, а нејзината промоција беше извршена и во присуство на други автори кои во таа година имале свои написи во весници и списанија. -Да се изготви една тековна локална библиографија со библиографски единици произлезени од статии поместени во одредени сериски публикации, за период од една календарска година, значи да се колекционираат на едно место податоците за целокупната медиумска застапеност на еден град и на луѓето во него“, порача рецензентот на публикацијата доц. д-р Милена Ристова-Михајловска. Во 2018 година Бојаџиски, кој над 55 години е активен во новинарството, има напишано и објавено 193 текста во месечникот Штипски Глас и во Независен весник. Тоа значи дека тој во просек пишувал и објавувал по близу четири текста во една календарска недела.

-Посебно сум почестен што моето име и мојата професионална работа се на челното место во една вака грандиозна публикација. Новинарството од првиот ден до денес го работам со голема страст, а на секој мој текст му приоѓам со голема возбуда. Но, сакам да потенцирам дека очекувам идната година на овој подиум да стои некој од помладата генерација новинари кој ќе продолжи по патеките кои ги исцртавме јас и бројни мои колеги од нашиот убав Штип, рече Бојаџиски. „Последниот весник ќе умре кога ќе умре последниот читател“! Т.Кацаров


10

М

За една година пробно тестирање на водите од ХС Злетовица ВОДИ

инатата година имавме едно многу сушно лето, а есента и тековниот зимски период со ништо не ја поправија сликата во однос на недостигот од врнежи од дожд и снег кои се значајни за нивото на подземните води. Сопшственици на бушотини се жалат на тотално пресушување, а со оглед на фактот дека ЈП „Исар“ го снабдува градот од рени бунари, во ова јавно претпријатие се интересиравме за тоа каква е состојбата со водата во бунарскиот систем. Покрај оваа тема, значајна за Штип е и темата на прифаќањето на водите од ХС Злетовица“ што беше и повод за посета на нашата филтер станицата од стручна делегација на јапонската агенција за меѓународна соработка „Чајка“ која за целиот проект „Злетовица“ даде исклучително повелен кредит од 82,5 милиони евра. На овие важни теми за пролетта и за летото кое ни претстојат разговараме со Живко Тасев, првиот човек на ЈП „Исар“.

-Состојбата на сите подземни води во пределот во кој се рени бунарите од кои Штип го снабдуваме со вода се во задоволителна кондиција. Тоа значи дека вода се експлоатира постојано и во потребните за градот количини. Сепак факт е дека во овој период од годината се соочуваме со снижување на нивото на подземните води, кое е резултат на слабите врнежи од дожд и снег, вели Тасев. Градот со вода се снабдува преку експлоатација на подземните води од три локалитети. Тоа се Штипско Езеро, АРМ и локалитето Фортуна. Во овој дел од годината се врши експлоатација на бунарите од локалитетите Штипско Езеро и АРМ преку рени бунари кои се подхрануваат од помалите бушени бунари кои се околу дваесетина на број. Локалитетот Фортуна е независен систем кој се активира при поголема потрошувачка во период некаде од пролет до есен, овде функционираат петнаесеттина активни бунари.

{tipski Glas, Fevruari, 2020 br. 98

-Штип преку лето, од почеток на месец јули до крајот на месец август, има дневна потрошувачка на вода од 190 до 210 литри во секунда, но потрошувачката неретко знае да стигне и до 320 литри во секунда. Во зимскиот период таа е помеѓу 160 и 180 литри во секунда. Нашето претпријатие, нашата филтер станица и целиот систем засега квалитетно го обезбедува Штип со потребните количини вода, вели Тасев. Долгорочното решени за градот сепак е во прифаќањето на водите од регионалниот ХС „Злетовица“. Се работи за период од најмалку 50 години. Неодамна во посета на филтер станицата беа експерти од јапонска „Џајка“ која го обезбеди кредитот за системот. Кој беше карактерот и која беше целта на нивната посета? -Да, во посета на филтер станицата беа преставникот на главната канцеларија на JICA во Токио, шефот на регионалната канцеларија на JICA (Balkan Office) и градоначалникот на Општина Штип. Целта на нивната посета беше да се запознаат со активностите кои се преземаат од страна на Општината и ЈП Исар за дозавршување на Проектот за водоснабдување на Штип од ХС Злетовица. Претставниците на Џајка беа задоволни од виденото, појаснува Тасев. Инаку, за реализацијата на првата фаза од проектот средства во висина од 475.000 евра се обезбедени од страна на Општина Штип како заем од Јапонската инвестициона агенција (ЏАЈКА). Неодамна и Владата одлучи да даде пет милиони евра за филтер станицата. Тие пари ќе се искористат за реализација на проектот за системот за пречистување на водата да оди во две фаза. Тоа се фазите предтретман со класична филтрација и финален третман, односно ултрафилтрација. Со тоа Штип ќе превзема вода од ХС „Злетовица“, истата квалитетно ќе ја преработува и доставува до граѓаните. Тоа значи дека целокупната опрема која досега е поставена ќе се користи во фазата на предтретман, додека со новиот проект ќе се набави и инсталира опрема за дополнување на технолошкиот процес со ултрафилтрација. За нас е важно тоа што крајниот капацитет на постојната филтер станица за прием на сирова вода е 500 литри во секунда. Но, со проектната документација во оваа фаза е планирано поставување на ултрафилтрациони единици за преработка на 300 литри во секунда. Тендерската постапка за избор на најповолен понудувач ја спроведува Министеството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Рокот за реализација е една година од воведување во работа по што следи период на пробни тестирања, укажува Живко Тасев.


ВОДИ

Годинава сите општини ќе бидат приклучени на Злетовица В {tipski Glas, Fevruari, 2020 br. 98

Љупчо БЛАГОЕВСКИ, проект менаџер во ХС Злетовица:

11

одите од регионалниот хидросистем Злетовица во моментов ги користат само општините Пробиштип и Свети Николе. Годинава на регионалниот проект е планирано да се приклучат и трите преостанати општини, а тоа се Штип, Карбинци и Лозово. На ова укажува Љупчо Благоевски, проект менаџер во ХС Злетовица чие седиште е во Пробиштип. -Тоа ќе значи конечно затворање на фаза еден, или на првата од вкупно трите фази за кои е граден овој регионален водоснабдителен систем.Во тоа име во посета на Злетовица беа експерти од јапонска Џајка на кои им го презентиравме акцискиот план за периодот 2019/2020 година. Тоа е акциски план донесен од Владата со кој е предвидено приклучување кон систе-

блем со нивото на водата, тоа не е случај и со Кнежево во која брана, во месец јануари, има акумулирано 13 милиони метри кубни вода, односно 60 проценти. Во Злетовица се сигурни дека до крајот на пролетта браната ќе биде полна. -Јапонските експерти се интересираа и за тоа како ги одржуваме објектите како што тоа се скада центарот, браната, зафатите три и четири, и филтер станицата во Пробиштип. Во глобала тие беа задоволни

мот на општините Штип, Карбинци и Лозово. Во Карбинци и во Лозово ќе се градат нови филтер станици, додека во штипската филтер станица се гради новиот дел кој ќе биде со технологија која на квалитетeн начин ќе ја филтрира водата, вели Благоевски. Браната Кнежево, како составен дел на севкупноста на ХС Злетовица е со капацитет од 22,5 милиони метри кубни вода. Ако во некои други брани има про-

од тоа што кај нас го видоа и го констатираа, посочува Благоевски. Според проектот Штип од Злетовица ќе добива 500 литри вода во секунда, Пробиштип-60, Свети Николе-40, додека Карбинци ќе добива 25, а Лозово 20 литри вода во секунда. Двете други фази се наводнување на 4.500 хектари обработливи ниви од кои 3.000 во општина Пробиштип и 1.500 во општина Кратово.


{tipski Glas, Fevruari, 2020 br. 98

РЕКЛАМИ

13


12

МЛАДИ

{tipski Glas, Fevruari, 2020 br. 98

НОВАТА ЕНЕРГИЈА ВО АКТИВА: На стотина млади од машинска, електро и градежна струка како и економски финансиери го имаат вградено својот капитален придонес во успесите на компанијата. Тие се и најголемиот влог во иднината која стои пред Актива ДОО во која младите секој работен ден, секоја минута, го вложуваат својот труд и своето знаење во нешто што се нарекува успех. Конечно, младите кои ги има во толкав број се и најдобриот доказ дека пред Актива ДОО престојат уште многу нови предизвици и уште многу попросперитетна иднина. СТУДИО АТРИУМ: Од осуммина вработени шестмина се млади. Школувани, стручни и низ праксата веќе докажани стручњаци. Изработуваат проекти од нискоградба и високоградба, проекти на индустриски објекти, архитектонско-урбанистички проекти, вршат надзор и ревизија на урбанистички проекти...Ако повозрасните со својата харизма, идеја и посветеност го создадоа Студио Атриум младите се тие кои со својат инспиративна и креативна енергија носат нова дополнителна вредност. И затоа нивниот печат стои на голем број градби во Штип, во регионот и во државата.


Има ли леб без сирење, има ли месен па обесен? КОЛУМНА

14

С

Пишува: М-р Трајче КАЦАРОВ, писател

поред податоците за настаните на светско ниво што ги добиваме преку медиумите можеме да заклучиме без заклучување дека во денешно време најлесно е да се запалат шумите и социјалните мрежи. Доволно е мало стакленце изложено на директно влијание на сончевите зраци да запали шума, па дури и прашума, односно доволно е некој висок функционер (повеќето се физички ниски) да ја збрца левата рака во државната каса, или да ја кидне од државата претворен во „брзата птица тркачица“ и да пламнат социјалните мрежи. Деновиве мирис на пламнати социјални мрежи доаѓа од соседната држава. Жител на главниот град по занимање доктор се јавува на социјалните мрежи и меѓу многуте умувања го лиферува и овоа: „Ако имате среќа на време ќе сфатите дека нема бесплатно сирење освен во капаната, во примката за глувци.“ Одлично речено уште да наиде на практична примена. Мојот дедо Трајко кој дезертирал од кралската војска, кој за време на иселувањето на турците во големиот грабеж на турските куќи донел дома една вреќа со наут и кој на прашањето :Што знаеш за историјата на македонскиот народ? велеше: „Во Бугарско беше мирно, во Српско беше ефтино.“ Ова реченица на дедо Трајко најексплицитно зборува за историјата на нашиот народ.За време на окупацијата Бугарите сметале дека се повикани од својот братски народ и не морале да применуваат којзнае какви репресивни мерки, додека пак Србите морале да го плаќаат она за што сметале дека не е нивно. Ете тој мој дедо Трајко уште пред Русите да го испратат Гагарин

да ја заобиколи земјата, пред Американците да стапнат на месечината, во миговите кога ќе забележеше дека некој од потесното семејство боледува од мрза, не му се работи, ќе речеше: „Никаде нема лежи лебу да те јадам! Ако најдеш некаде месен обесен и мене да ме повикаш!“. Многу добро речено, ама не до крај прецизно. Да е сега дедо Трајко жив (почина во 1974 година) ќе му кажев : Дедо знам каде има „лежи лебу да те јадам“, знам и каде можеме да најдеме „месен па обесен“. Кога би можел да ме слушне сигурно би плукнал пред нозете и со петицата на чевлата убаво би ја размачкал, плуканицата, за да не му текне да ја излиже зашто дедо беше човек кој никогаш не го менуваше своето мислење, ниту она што ќе го кажеше. За него не постоеше „лежи лебу да те јадам“ ниту пак „месен па обесен“. Немам намера да се впуштам во јалови дискусии или преписки по социјалните мрежи инаку и на докторот потпалувачот на социјалните мрежи би можел да му кажам дека има многу места што не се примки за глувци, а сирењето е без пари. Трагите на таквото нешто водат уште од Стариот Рим. Тогашните центруниони секогаш кога ќе заклучиле дека народот е немирен, се подготвува да организира немири во империјата, ја применувале тактиката: „Panem et cirk,, Оттогаш до денешени дни во светската историја има многу примери каде сирењето е без пари. Но, нека ми простат оние на кои надежта никако не им умира, мислам дека во нашава страдалници има многу места каде што се ништат тезите на дедо Трајко, да потсетиме: „Никаде нема лежи лебу да те јадам, никаде нема месен па обесен“, и онаа на докторот опожарувачот на социјалните мрежи „Нема сирење без пари освен она во примката за глувци.“ За да бидат издржани нашите наоди доволно е само да ги лоцираме местата, односно времето во кое е забележана

{tipski Glas, Fevruari, 2020 br. 97

таквата појава: За време на изборите, без разлика дали се локални,парламентарни или за избор на претседател на државата, многу гласачи добиваат „сирењ без пари“, односно што би рекол дедо Трајко наоѓаат „месен па обесен.“ Откако одредена партија ќе дојде на власт, ќе формира влада и ќе ги стави институциите на системот под нејзина контрола, многу така наречени заслужни членови на партијата која е на власт, преку вработувањето или раководните функции, добиваат „сирење без пари“, или добиваат позиција од која можат да речат: „Лежи лебу да те јадам!“ Но, она што мене посебно ме тангира е што местата кои ја негираат тезата на горе наведените личности во голема бројка ги има во културата, меѓу културните институции. Причина за тоа се партиите на власт, кој воедно се и биро, или ако сакате агенција за вработување, па на културните институции гледаат како на кошничка за складирање на кадри кои не им се од клучно значење за задржување на власта освоена на нерегуларен начин. Таквите „кадри“ најчесто се затечени од работните обврски. Ниту можат да ги видат, ниту можат да ги разберат зашто за нивна реализација не е потребно само образование и партиска книшка, туку и афинитети (да се писатели, актери, музичари, сликари, режисери и слично). Во таков случај „затечените“ прибегнуваат кон тактиката избегнување на работните задачи, односно ги користат нивните способности кои со една реченица се опишуваат како „лежи лебу да те јадам“. Овде морам да го прекинам пишувањето зашто ќе почне да ми мириса на нешто потпалено, а јас најмногу жалам кога гори она што никогаш не треба да биде запалено, кога умира она што ни го дава живот човечки неповторлив.


{tipski Glas, Fevruari, 2020 br. 98

Пишува:

М-р Игор

О

Стојанов, новинар

„Јавна соба“ јавна тајна КОЛУМНА

на што се случи со „Јавна соба“ и споделувањето на фотографии од разголени тинејџери треба да биде повик за освестување за сите нас. Праќањето на разголени фотографии на интернет стана феномен пред кој многумина замижуваат, стана јавна тајна. Овој феномен е присутен повеќе од што мислиме. Во светски рамки, но и во Македонија, тоа стана начин на комуникација, флерт и сексуално задоволство. Во светот веќе се анализира дека еден од тројца тинејџери праќаат и добиваат пораки или фотографии со сексуална содржина. Имајќи предвид дека малолетниците тешко се отвораат на ова прашање бројките веројатно се далеку поголеми. Според статистиките, 90% од тинејџерите во развиениот свет поседуваат паметен телефон, а околу половина од средношколците веќе имале сексуално искуство во животот. И не секогаш од другата страна се педофили или возрасни луѓе кои ги заведуваат младите. Многу често тие пораки и фотографии се испраќаат меѓу нив самите, не знаејќи какви последици има тоа за нив или кој е ризикот на кој се изложени. Праќањето на разголени фотографии меѓу младите станува дел од процесот на заведување или на флертување. Ако претходно процесот на заведување се состоел од делење комплименти, денес тоа е делење на делови од своето тело на фотографија. Некако слично како реклама за грепка. Еве што можеш да добиеш. Ова се прави без претходно да се има знаење за технологијата зад праќањето на разголени фотографии. Со прифаќањето на условите за користење на социјалните мрежи вие се согласувате на многу работи за кои можеби не сте свесни. Она што се согласувате не е за социјалните мрежи да одат против вас, туку заради тоа што така функционира технологијата и тоа е единствениот начин тие (социјалните мрежи) да бидат правно заштитени. Кога испраќате фотографија во приватен чет, на некој од вашите пријатели, вие отстапувате дел од правата за таа фотографија. Можеби мислите дека само вие го имате правото над фотографијата, но реалноста не е баш таква. Штом вие ја испраќате преку, на пример Инстаграм, вие му давате право на Инстаграм таа слика да ја постави на нивните сервери во Калифорнија. Воедно му давате право на примателот на сликата, да ја има на својот уред. Јавно поставена слика е сосема друга работа и за тоа нема да зборуваме овде. Значи, штом ќе испратите фотографија во приватен разговор, право над неа веќе имаат три страни. Вие, Инстаграм и тој што ја прима. Право на Инстаграм давате заради тоа што тој е медиумот преку кој се пренесува сликата, тој мора да има право таа фотографија да ја има на меморија кај нив за другата страна да може да ја види. Значи мора тој да има право да ја пренесе, но и да ја чува. Во исто време давате право на тој што ја прима фотографијата да ја има на својот уред – вечно! Дури и Инстаграм да не дозволува тој што ја прима сликата да ја даунлоадира тие сепак се свесни дека примачот има начин фотографијата да ја зачува на својот уред. Поради тоа тие во условите за користење предвидуваат дека тоа може да се случи и затоа пренесуваат дел од правата и на тој што ја прима. Односно му го даваат правото на примачот да ја има на својот личен уред (хард диск, мобилен, усб меморија...). Замислете дека штом еднаш нешто ќе испратите преку интернет има шанси тоа да остане вечно таму. Технологијата

15

овозможува никогаш да не биде избришано, и вие речиси немате начин да го избришете тоа ниту кога вие ќе имате деца, ниту кога ќе бидете баби и дедовци на некои деца, ниту кога ќе бидете сопруги и сопрузи на некои партнери, никогаш. Овде може да се спомене и феноменот на одмаздничко порно (revenge porn). Што може и да е случај за дел од фотографиите споделени во „Јавна соба“. Тоа е феномен кога партнерите се фотографираат со согласност, но подоцна еден од нив ги споделува фотографиите јавно во тесен или поширок круг како одмазда кон партнерот. Инстаграм и страната што ја прима сликата немаат право таа да ја дистрибуираат, ниту да заработуваат од неа, но сепак тоа не ве прави безбедни. Страната што ја прима сликата штом ќе ја има на својот уред може слободно да се „фали“ со неа покажувајќи ја на други луѓе преку својот уред. Нема право да ја праќа, но има право да ја поседува. Од друга страна сигурно сте слушнале за стотици хакерски напади кои се случуваат на серверите на социјалните мрежи. Па така вашата фотографија не е безбедна ниту во серверите на Инстаграм. Впрочем многу порно сајтови поседуваат вакви фотографии и видеа и од нив прават пари. Тоа секако дека не е легално, но е реално. Наједноставно кажано штом ќе испратите било каква фотографија преку интернет вие немате контрола каде таа ќе заврши. Истото се случува и со секстинг (праќање на пораки со сексуална содржина). Доколку возрасни луѓе се сликаат и праќаат слики едни на други тоа го прават со пресметан ризик, но кога станува збор за малолетници мора родителите да бидат повнимателни за ризикот во кој се впуштаат нивните деца, а и самите малолетници да се едуцираат повеќе. Овде вреди да се спомене и тоа дека дури и кога сакате да избришете некоја слика од социјалните мрежи или некој приватен разговор тоа не оди така. Социјалните мрежи имаат бекап речиси на сета ваша активност. Тие на своите сервери имаат податоци на сите слики што се ги лајкнале до сега, сите слики што сте ги поставиле до сега, сите пријатели што сте ги имале и што сте ги избришале, сите разговори што сте ги правеле и така натаму. Имаат речиси се и речиси ништо не бришат. Не е целосно јасно кога и како социјалните мрежи ги бришат од своите сервери податоците кои вие сте побарале да бидат избришани, но сепак кога ќе кликнете „delete“ тоа останува уште некое време на нивните сервери (нејасно е колку време, тоа зависи од компаниите). Кога ќе го избришете тоа станува невидливо, но тие податоци се уште стојат и има начин да се стигне до нив. Она што може да се извлече како заклучок е тоа дека ако постои и најмала шанса нешто, некогаш да посакате да избришете тоа нешто не го поставувајте на интернет. Исто така важно е родителите да бидат проактивни, а не само активни во врска со дигиталната безбедност на нивните малолетни деца. Да имаат отворени разговори со децата рано и често, а не само кога ќе се јави скандал како „јавна соба“. Родителите да имаат контрола што нивните деца гледаат и примаат на интернет. Да им се објасни на младите дека често ќе го имаат притисокот од своите врсници да праќаат фотографии и може често да добиваат пораки од своите врсници со сексуални содржини. Да им се појасни и на децата и на возрасните дека дел од овие активности повлекуваат кривична одговорност и во одредени случаи станува збор за сериозно кривично дело, а не само наивна забава. Родителите да не ја прават грешката „моето дете не е такво“ и да се има предвид фактот дека најголемиот дел од оние што праќаат/примаат разголени фотографии и секстинг се малолетници.


16

КУЛТУРА

{tipski Glas, Fevruari, 2020 br. 98

Ликот на Петрунија е близок до секоја жена

Зорица НУШЕВА, Петрунија од филмот „Господ постои, името и е Петрунија“

З

орица Нушева е дипломирана актерка од ДелРаботите во Театар Комедија...Каков е Вашиот чево. Оваа инспиративна млада дама со Штип ја статус таму, всушност какви се можностите десврзува главната улога во филмот „Господ понес младите, талентирани актери и актерки да стои, името и е Петрунија“ снимен според вистински можат да работат во театар како редовно врабонастан случен во нашиот град, а во кој филм таа ја игра тени и од тоа пристојно да живеат? главната улога, односно ја игра Петрунија. Со Нушева -Да, Театар Комедија е мојата матична куќа. Таразговараме за филмот, за Петрунија како инспирација му сум вработена како актер од самото отварање на за квалитетна филмска улога, за културата и уметно- Театарот. Ме избраа преку аудиција за вработување. ста на нашите простори. Ја имав таа среќа. Среќа да имаш пристоен живот. Но, навистина не би можела да кажам за генерациите што доаѓаат. Никогаш не знаеш која е твојата патека. Може да си талентиран и да чекаш со години некој да ти даде шанса, може почетоците да ти бидат на Оскари. Едноставно, никогаш не знаеш. Само вербата и љубовта можат да те водат. Како се случи да Ве изберат за главната улога во филмот Господ постои, името и е Петрунија? -Имаше кастинг, и со Теона прв пат се сретнавме така. Не беше тешко да се поврзам со приказната. Ова сценарио е многу добро, а ликот на Петрунија близок до секоја жена. Теона препозна нешто во мене и тоа мора да било доволно силно за да ми ја довери оваа улога. Знаеме колку се ретки вакви женски улоги во нашата кинематографија, и Теона, нормално, ја знаеше „големината“ на Петрунија. Јас никогаш нема доволно да и заблагодарам што ме избра. Колку време снимавте во Штип, во Ново Село? -Снимавме во февруари. Беше исклучително ладно, и требаше да скокам повеќе пати. Имаше цел тим и под вода и надвор од вода, нуркачи, доктори... Нушева, за читателите на Штипски Глас прво нешто за Вас? -Благодарам за можноста преку вашиот весник да споделам некои свои нешта со штипјани и другите до кои допира Штипски Глас. Јас сум Зорица Нушева, ја живеам третата декада од животот, имам прекрасна фамилија со две мали деца и сопруг музичар. Живееме во Скопје, но годинава ретко бевме таму, а одговорите на вашите пршања ги давам од Делчево каде сум родена. Јас имав исклучителна година со многу патувања, а со енормното загадување на воздухот во Скопје, тоа значеше бегање од таа средина, најмногу заради децата. Љубовта кон оваа професија од секогаш била тука, уште од рано детство. Сосема интуитивно, спонтано... Кога научив да читам одев на рецитаторски секции со поголеми деца. Се сеќавам како читав песни од Блаже Конески- „Тешкото“, „Везилка“... Мојата мајка е голем љубител на поезијата и пишувањето. Го имам тоа од неа.

Штипјани беа инволвирани во снимањето на „Господ постои, името и е Петрунија“, а задоволството беше обострано. Сеуште добивам прекрасни пораки од тамошни жители, откако ќе го гледаат филмот. Пораки на подршка и восхит.

Многу луѓе се грижеа за мене и за другите актери и статисти, но, беше прашање на ментална хигиена и предизвик за телото. Научив дека треба понекогаш да скокнеш без да размислуваш и да бидеш надвор од комфор за да напредуваш. Многу штипјани го следеа снимањето на филмот, каков беше нивнот однос кон екипата, кон Вас? Штипјани беа инволвирани во снимањето и задоволството беше обострано. Сеуште добивам прекрасни пораки од тамошни жители, откако ќе го гледаат


{tipski Glas, Fevruari, 2020 br. 98

КУЛТУРА

17

филмот. Пораки на подршка и восхит. Филмот доби позитивни критики, се прикажуваше низ целата држава и стигна до Берлиналето...а таму е тешко да се влезе...Како го доживеавте тој факт, се чуствувавте ли некако посебно... Мали моменти на голема среќа и возбуда. Засекогаш ќе останат во моето срце и добро паметење. Благодарна сум и спремна за нови предизвици и нови битки. Каков е односот на државата кон театарот и кон филмската индустрија кај нас? После успесите на македонскиот филм во светски рамки, државата дава поголема поддршка, а теат- само стравот да се замени со лутина, а депресијата со рите со мали буџети пробуваат да прават чуда. Се- иронија. когаш се може подобро и на една држава развојот на За крај на ова интервју, прашањето ми е дали со културата треба да и биде на врвот на приоритетите. Театар Комедија сте гостувале во Вашето Дел-

Медена земја? -На среќата и нема крај, искрена детска радост заради медените. Треба да сме им длабоко благодарни, и да сме горди, што сме Маќедонци. За Вас медиумите пишуваа покрај несомнениот тален за глума сте имале талент и за пеење и танцување...А тоа и за театарот и за филмот е мошне важна работа... Таму кај што се игра и пее, таму барај ме... Од секогаш било така. Колку повеќе вештини толку побогат човек. Колку побогат човек, толку подобар актер. Тоа значи дека ги поседувате сите состојки за настап во кабаре? Но Скопје, град со над половина милион жители такво нешто нема. Ви фали ли тоа? -Сосема ве разбирам, и јас мислам дека ни фали кабаре, но зошто е тоа така не знам. Можеби не сме зрели за тоа, можеби немаме доволно храброст, немаме волја, немаме каде, или со кој... А не треба многу,

Во Штип снимавме во февруари. Беше исклучително ладно, и требаше да скокам повеќе пати. Имаше цел тим и под вода и надвор од вода, нуркачи, доктори... Многу луѓе се грижеа за мене и за другите актери и статисти, но, беше прашање на ментална хигиена и предизвик за телото. Научив дека треба понекогаш да скокнеш без да размислуваш и да бидеш надвор од комфор за да напредуваш.

чево, во Штип...или само во Скопје си настапувате... Театар Комедија има за цел да ја шири културата низ цела Македонија, тоа значи дека театарот не ретко гостува во другите градови. Се разбира дека Делчево, Виница, (фестивалот на хумор и сатира Ин Виница Веритас), Штип се дел од нив.


18

КУЛТУРА-ПИСМО

Штип заслужува по 95 години одново да ја постави операта Паљачи, градот има ресурси за така голема работа

{tipski Glas, Fevruari, 2020 br. 98

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО БЛАГОЈ БОЧВАРСКИ, ГРАДОНАЧАЛНИК НА ШТИП

М. Китановски

Почитувани г-дине Градоначалник,

Поводoт за моето јавување (преку Штипски Глас) е диктиран од две причини: Градот Штип и Штипјани во минатото учествувале максимално во збогатување на нашата, на севкупната македонска тради-

да се заложете на 29 август о.г. повторно изведена операта “Паљачи“ подготвена од италијанскиот композитор Руѓеро Леонкавало. За ова дека е така, најголема потврда наоѓаме во објавените прилози на Ристо Стефановски, Александар Алексиев, Лилјана Мазова, Кирил Цацков, но и во објавените текстови на колегите

ција (една од значајните компоненти на индетитетот), од една, а тоа значи дека таа и таква создадена традиција постојано треба да се негува и слави за да стане дел од колективната меморија на луѓето, од друга страна. Тоа добро го знаеле нашите претци и затоа постојано ја збогатувале... Бидејќи во оваа 2020 година (нека ни е среќна и бериќетна) се навршуваат 95 години (1925-2020) од изведбата на првата опера во Македонија, Ве замолувам

Иван Бојаџиски, Кирил Петров, Кирил Манев и др. Но, ориентално сеќавање за тој историски/културолошки и музичко-театарски настан наоѓаме во сочуваниот Дневник на директниот учесник во настанот, легендарниот Сергеј Н. Михајлов. Сите погоре наоброени имиња ни открија и ни оставија бројни аргументи за подвигот изведен на 29 август 1925 год. во тогашниот Офицерски дом (денес Дом на млади) каде што е поставено и спомен обележје. Овој факт е влезен и во


{tipski Glas, Fevruari, 2020 br. 98

КУЛТУРА-ПИСМО

историјата на македонскиот народ... Оттука, сметам дека само со потсетување, негување и славање нашата вековна традиција ќе ја продолжиме во интерес не на минатите, туку на сегашните и идни генерации... Поради погорните редови Ви предлагам и ве замолувам за следното: 1. Што е можно побрзо формирајте Одбор на чело со Вас за одбележување на овој многу значаен културен настан, зашто 95-те години од неговото одржување, никогашен веќе нема да се повторат. 2. Ликовите на легендарната Благородна Бруева, Андреј Шчербаков, Славко Нетков, Ристо Ѓурѓичков, Глигор Ќурчиски и тогашниот Хор Единство нека ги оживеат/пејат студенти од Факултетот за музичка уметност при Универзитетот “Гоце Делчев“ во Штип и Музичкото училиште кое не попусто го носи името на Сергеј Михајлов. Со ова ќе добиеме две убави дела, ем ќе го одбележиме јубилејот - 95 години на настанот, и ќе ја продолжиме традицијата, ем студентите и средношколците јавно ќе ги покажат своите музички квалитети, потврдувајќи го она за што се школуваат. Впрочем зошто постојат ваквите образовни институции, ако не и за јавно потврдување на стекнатите знаења и со вакво учество во вакви музички настани. Нивното учество белким ќе биде конкретна потврда дека се значаен дел од образовно-културниот живот на градот под Исарот, но и во источниот дел од нашата држава. 3. Доколку не најдете поддршка и бидете одбиени (скраја да е) од Наставничкиот колегиум на Факултетот за музичка уметност при УГД, и (или) Музичкото училиште побарајте директна помош од Штипјани-оперски пејачи и музичари кои живеат и творат надвор од нашата држава (а за нив доволно аргументи ќе најдете објавени во месникот “Штипски Глас“). Ве уверувам дека тие со најголемо задоволство би посакале да се дел од овој исклучителен историски настан и, одбележување на овој - 95-годишен јубилеј. 4. Со подготвувањето и изведбата на операта “Паљачи“ на 29 август 2020 год. на свечен и најдобар начин ќе заврши и Штипското културно лето годинава, што е уште еден влог во збогатувањето и проширувањето на неговата програма реализирана низ годините, но и вистински настан за културата во Штип. 5. Бидејќи Општината има значајни институции од културата - Театар, Дом на култура “Ацо Шопов“ како и други културно - образовни друштва и училишта, хпрови, музички групи и слично соодветно мобилизирајте ги и вклучете ги и во овој проект, затоа што и нивниот придонес ќе биде драгоцен и добродојден. И, уште музејот на град Штип да организира соодветна изложба за овој и подоцнежните театарско-музички настани во градот... 6. Отворено побарајте помош од штипските фирми и, кажете им ги аргументите зашто го одбележуваме овој еден и единствен јубилеј во Штип, со додавка дека со тоа и тие активно да учествуваат во продолжувањето на традицијата, но и одбележувањето на овој значаен јубилеј. Убеден сум дека погоре спо-

19

менатиот Одбор на чело со Вас и вашето барање, никој нема да го одбие, а да не Ве поддржи и помогне... 7. Со вака подготвена опера и, со овој јубилеј 95 години, екипата нека ги посети соседните општини, со што и тие ќе го почуствуваат јубилејот, но и ќе ги заплисне и нешто што одамна го немале и не го доживеале во своите општински средини. Тоа нашите луѓе, искрено речено, во ова време не само што го заслужуваат, туку и ќе го почитуваат и ќе ви бидат благодарни. А, тоа нема цена... 8. Потсетете го Наставничкиот колектив на Државното средно музичко училиште дека и тие треба да организираат чествување на 145-годишнината од раѓањето и 45 години од смртта на Сергеј Н.Михајлов (1885-1975),чие име го носи училиштето. И, уште, нека придонесат во одбележувањето на 95-годишнината од изведбата на операта „Паљачи„ на свој начин , со изведба на јавен концерт на плоштадот на градот во средината на месец септември оваа година посветен на С. Михајлов. 9.Доколку во Штип не можете да го обезбедите сиот профил на музичари и оперисти побарајте директна помош од Штипјани-оперски пејачи и музичари, кои живеат и творат надвор од нашата држава. Почитуван г-дине Градоначалник,

Доколку, се разбира, го прифатите овој мој предлог тогаш ве замолувам, подготовките за неговата реализација, веднаш и неодложно да почнат уште сега за да се обезбеди квалитет на настанот. Со оваа програмска активност што би се реализирала во 2020 година Вие сте на вистинскиот пат Штип како центар на Источниот дел од нашата татковина и како универзитетски град, на најдобар начин да ја продолжи (односно со вас ќе почне ова одбележување) и уште ќе ја зајакне нашата традиција на културен план, на тој начин, покажувајќи ги сите квалитети со кои располага општината. Впрочем, луѓето по делата се познаваат... Според тоа, Вие сте на потег! И, сосема на крај, за сето погоре што го предлагам имам изработено детална програма, зашто настанот овозможува бројни дополнителни можности за афирмација на Општина Штип. Сметам дека имам се: автетнтичен простор, броен и исклучително квалитетен музички кадар и организациски способности, така што овој редок, културен настан ќе придонесе и за збогатувањето на вкупниот живот кај нас. Најпосле, како штипски зет, Ви стојам на располагање доколку, се разбира, покрај предлогов, почуствувате потреба и конкретно да ме вклучите во реализацијата на проектот. Со ова сите ние, барем малку ќе се оддолжиме и ќе придонесеме во разубавувањето и живеењето во градот под Исарот. Примете ги моите искрени поздрави! Мишо КИТАНОВСКИ, новинар во пензија (Штипски зет) - Скопје


Очекувано, Емил Павлов, спортист на годината К 20

СПОРТ

{tipski Glas, Fevruari, 2020 br. 98

аратистот Емил Павлов по петти пат e прогласен за спортист на Штип за 2019 година во гласањето за избор на најдобрите спортисти на градот за минатата година учествуваа членови на Комисијата за спорт при Советот на Општина Штип, спортски работни и новинари. Одлуката Емил Павлов по петти пат да ја понесе титулата Спортист на Штип е донесена едногласно. За неговите спортски остварувања сме пишувале повеќепати во весникот. Немаше многу дилеми и кога се носеа одлуки за избор на најдобрите спортски клубови, спортски работници, спортисти...

За најдобра екипа за 2019 зичко во основните училишта Звонгодина е прогласен Карате клуб- ко Рунчев. „Штип“, најдобар тренер е Сашко Во пионерска конкуренција Арсовски, кој и на државно ниво ја зеде оваа награда, Марија Гогова ја најдобра спортискта е Тамара Ри-

Во категорија кадети првото место е за Стефан Штерјов борач на БК „Балканец“, на второ место е Љупче Михаилов Код крате клуб „Штип“, третото место го делат Фадил Назифов борење „Балканец“ и Никола Нацев кик бокс „Гладијатор“. Во категорија младинци првото место е за Давид Мишев борач на БК „Балканец“, второ место Марјан Попадинов кик бокс и третото место го делат Григор Хаџи Кимов карате и Христијан Јованов. Во сениорска конкуренција прво место е за Емил Павлов, второ Владимир Егоров и трето место го делат Славче Арсов и Жарко Арсовски. Постхумно, признание за посебен придонес во развојот на спортот му е доделено на Трајче Тасевски, спортски работник, долгогодишен одбојкар и одбојкарски тренер кој неодамна прерано го напушти овој свет.

доби наградата за посебен придонес за развој на спортот, бидејќи по 30 години ја активира женската кошарка во Штип. За најдобри наставници по физичко во средното образование е прогласен Новит Здравев, а за најдобар наставник по фи-

стов а од карате клубот„Астибо“, второто место му припадна на Јован Данилов член на кик бокс клубот „Гладијатор“,а на трето место е Драгана Ефтимовска од карате клубот „Штип“.

Свечената приредба на која на добитниците им беа доделени признанијата се одржа во Општинскиот мултикултурен центар „Киро Глигоров“.


Преку Сојузот на училишен спорт спортуваат над 1.000 деца и младинци

{tipski Glas, Fevruari, 2020 br. 98

С

СПОРТ

ојузот за училишен спорт од Општина Штип доби 250.000 денари за своите активности во тековната година. Јавноста малку знае за овој Сојуз иако неговото влијание на спортскиот дух и на правилиниот развој на децата и младинците е од капитално значење. Тоа беше и основниот мотив за Советот да донесе одлука за најголема финансиска поддршка на сојузот досега. -Во овој Сојуз членуваат деца од сите наши основни училиште и младинци од средните училишта. Преку Сојузот со спорт се бават над илјада лица, вели Мијалче Маџаров, претседател на оваа општинска спортска асоцијација Младите спортисти преку својот сојуз имаат систем на натпреварување и се натпреваруваат на општинско, зонско, регионално и на државно ниво. Натпреварите се во колективни но и во индивидуални спортови. Маџаров, наставник по физичко воспитување во Средното медицинско училиште, вели дека децата и младите спортуваат и во машка и во женска конкуренција.

-Натпревари на сите нивоа се одржуваат во машка и во женска конкуренција. Годишно се одржуваат над сто натпревари во сите категории. Во кошарка, одбојка, ракомет, футсал но и во голем фудбал во кој учествуваат машки и женски екипи. Со натпревари започнуваме од месец октомври и тие траат се до месец мај, наредната година, односно до крајот на учебната година, појаснува Маџаров. За потребите на БК „Балканец“ се прават посебни општински натпревари во борењее со учество на околу 70 деца, а стручњаците по борење од „Балканец“ ги избираат најдобрите. Индивидуавлно, децата и младите од Штип, преку својот Сојуз, се натпреваруваат во пливање, скијање, карате, тенис, борење, атлетски дисциплини...Штип има државни прваци во повеќе спортови.

21

Јован Атанасов и Кирил Сичев од ОУ „Ванчо Прке“ како и Андреј Трајков од ОУ „Димитар Влахов“ се државни прваци во борење, Давид Милошев, од ОУ „Ванчо Прке“ е државен првак во трката на 300 метри, Изабела Таскова од СОУ „Јане Сандански“ (Медицинско) е државен првак во фрлање ѓуле, Станислав Грпов од ОУ „Ванчо Прке“ е државен првак во џудо,Тамара Ристовска од ОУ „Димитар Влахов“ е државен првак во карате, а Мила Долдурова од ОУ „Вачо Прќе“ е државен првак во скијање. -Со децата работат нивните наставници во нивните училишта. За се да тече во најдобар ред имаме формирано Извршен одбор во кој членуваат наставници по физичко воспитување. Овој орган има редовни состаноци и се грижи за децата кои спортуваат да ги имаат сите неопходни услови. За одбележување е дека од основните училишта во спортските активности учествуваат учениците од 6 и од 7 одделение. Интересот кај учениците е голем, а најмногу зависи од нивниот наставник по физичко, вели Маџаров.. Целта на училишниот спорт е децата од мали нозе нозе да стекнуваат љубов спрема спортот, а потоа од нив градот и државата да добијат врвни спортисти. Маџаров вели дека поддршката од општината за нив била голема и истакнува дека во други градови општините не ги поддржуваат овој спорт. – Ние во Штип над три децении го имаме училишниот спорт и секогаш од општината сме добивале поддршка, иако таа оваа година е најголема, појаснува Маџаров. Затоа пак тие на градот му враќаат со одржување на спортски натпревари за сите празници значајни за Штип. На сите натпревари е задолжително присуство на лекар, децата се натпреваруваат со натпреварувачки книшки, а за секое дете кое спортува задолжителен е лекарскиот преглед.


РАЗОНОДА

22

TR-MR ov -Mi Re k e ~e R Ti

{tipski Glas, Fevruari, 2020 br. 98

Имало oгласи за нови вработување, реагира од Антикорупциска. Потоа се пожалија дека немале доволно кадар за да си ја вршат асално работа. И побараа нови вработувања. По принципот „што е за царот не е за говедарот“... За обичниот човек во нашата држава да се најде во вестите на наша ТВ Мора да направи само една работа: Да ограби банка... „Спознај ја вистината и вистината ќе те ослободи“. Така рече Исус. Ако ја спознаеме вистината ние душата ќе си ја ослободиме ама некои ќе мора да ги затвориме. И слободата како и вистината се релативна работа.

Говорејќи во Советот на Општина Штип советниците ја пишуваат својата оставштина. На некои од нив нивните партии ќе им бидат благодарни. На други благодарен ќе им биде народот.

Razmisluva: Iv. BOJ

Ги сакам и оние за кои пишувам критички. Но Штип си го сакам повеќе. Колку работите да ни станат појасни.

Малиот Трпе го прашува дедо си: – Дедо, дедо, каква книга читаш? – Историска книга. – Каква историска, кога тоа е порно списание?! – За тебе може е порно, за мене е историја.

ВИЦОТЕКА

Ги собрале сите професори од приватните факултети во Македонија во ист авион. Пред авионот да тргне им рекле: – Овој авион целосно е дизајниран и направен од ваши студенти. Сите професори веднаш се разбегале, само еден останал мирно да седи. Влав прашува комшија: – Ми дојдоа 9 гости, а имам 6 столици. Имаш 3 Го прашале зошто не бега како другите, а тој им столици? одговорил: – Имам. – Ако авионот навистина е направен од моите - Одлично, сега ќе ти пратам тројца гост студенти, сигурно нема ни да полета.

ИМПРЕСУМ

Издавач: Медиум Боја 43 – Штип Седиште на фирмата и адреса на редакцијата: Ул. „Тошо Арсов“ бр. 23 – 2000 Штип Одговорно лице: Иван Бојаџиски

Излегува еднаш месечно Првиот број излезе во месец април, 2009 година Главен и одговорен уредник: Иван Бојаџиски Графички уредник: Јорданчо Бојаџиски,

Овој број е отпечатен на 05.02.2020 година

Тираж: 1.000 примероци

Ж-ка: 290000002136767 Едб:4029019522191 Т.Т.К. банка А.Д. Скопје Годишна претплата: 180 денари.

Печати печатница Генекс-Кочани Ул. „Тодосија Паунов“ б.б.

За Штипски глас се плаќа повластена даночна стапка од 5% ISSN 2545-4498


{tipski Glas, Fevruari, 2020 br. 98

С У Д О К У

Броевите од 1 до 9 впишете ги во блоковите со големина 3 x 3 полиња (врамени со здебелени линии), така да секој број може да се најде само еднаш во водоравната или хоризонталната насока

СКРИВАЛКА треба да пронајдете два скриени предмети

РАЗОНОДА

23


24

РЕКЛАМА

{tipski Glas, Fevruari, 2020 br. 98


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Stipski Glas by Jole Boja - Issuu