Прирачникот за финансиска писменост е бесплатен образовен материјал со содржини за основно и понапредно познавање на светот на финансиите. Водени од мисијата да го зголемат нивото на финансиска писменост кај младите и придонесат кон Целта за одржлив развој 4 – Квалитетно образование, Шејперите го изработија овој прирачник со кој се надеваат дека ќе ги поттикнат младите да размислуваат за своите финансиски средства и да научат за: 1) финансиска писменост, 2) лични финансии и буџетирање, 3) финансиски системи, 4) производи на комерцијалните банки, 5) инвестирање и осигурување – индивидуален приод, 6) корпоративни финансии и финансиски извештаи, 7) управување со готовина и стратегии за готовина во услови на криза, 8) одржливи финансии за одржлив развој и справување со климатските промени.
Изработката на прирачникот беше поддржана од Конект и Германското друштво за интернационална соработка (GIZ).