Скопје 2070 е водич кој претставува насока и рамка за развој на нашиот град низ призмата на 15 различни категории (од благосостојба и животен стандард до туризам) кои што меѓусебно се надополнуваат и испреплетуваат, одејќи во правецот содржан во 165-те визии, втемелен во вредностите поврзани со секоја од визиите и мерлив низ општи индикатори соодветни за секоја од тие визии.
Овој водич цели да нѐ инспирира да размислуваме амбициозно и храбро кон подобра иднина. Овој водич цели да нѐ обедини како општество заеднички и секојдневно да работиме кон остварување на поубав живот во кој ќе можеме да го оствариме нашиот личен и колективен сон за подобар живот во нашиот животен век. Овој водич цели да нѐ инспирира да бидеме одговорни со нашата моќ и влијание во градење на нашето општество.
Овој водич е визија за нашиот поубав живот за време на нашиот животен век како и за нашите идни генерации.
Водич за визии за Македонија 2070: https://issuu.com/globalshapersskopje/docs/vodic_za_vizii_za_makedonija_2070