Серафимот на божествената Мудрост: „Јас се залагам за моите сестри.“ Христос Божји: „Мојот живот како Исус од Назарет за вас беше симбол на служење и љубење.“
Габриеле Издателство Реч
Порака на вистината
Серафимот на божествената Мудрост: „Јас се залагам за моите сестри“ и Христос Божји: „Мојот живот како Исус од Назарет беше симбол на служење и љубење.“ Објавено преку пророкот Улрих на 7 март 2026 Јули 2026 Лиценцирано издание со дозвола од издавачот Gabriele-Verlag Das Wort GmbH Max-Braun-Str. 2, 97828 Marktheidenfeld, Deutschland www.gabriele-verlag.com Наслов на германскиот оригинал: „Ich breche eine Lanze für meine Schwestern.“ За смислата на текстот меродавно е германското издание Сите права се задржани Бр. на нарачка: G371мк Издавач: Габриеле Издателство Реч Ул. 32, бр. 52а, 1041 Илинден Моб. +389 71 217 477 www.izdatelstvo-gabriele.com Печати: KlarDruck GmbH, Marktheidenfeld
Ова е Мојата реч АиΩ Христос самиот објаснува, преку Габриеле, пророчицата Божја, она што делумно неточно или погрешно е предадено. Дознаваме што било, што е и што ќе биде. И што Тој, како Исус од Назарет, навистина поучувал. Од содржината: • Значењето и целта на земниот живот • За законот за причина и последица • Предуслови за исцелување на телото • Доктрината за „вечно проклетство“ е исмејување на Бога • Исус учи на молитва • Битката на темнината против Божјиот план и Неговите праведни пророци • Исус ги сакал животните и се залагал за нив • За правилното разбирање на Заповедите • За смртта, реинкарнацијата и животот • Вистинското значење на искупителското дело на Исус, Христос • За минатото, сегашноста и иднината на човештвото • и уште многу друго.. www.izdatelstvo-gabriele.com
Предговор Исус од Назарет, Христос Божји, ни го донесе учењето на мирот во Својата Беседа на гората. Од Неговото време на Земјата, луѓето повторно и повторно се собирааза да живеат како Негови следбеници во целосна слобода. Тие формираа прахристијански заедници и празаедници и се собираа околу пророчката реч – согласно Неговото објавување: „Затоа говори Мудроста Божја: Сакам да им пратам пророци.“ Ова се случува и денес во „Матичната заедница на Господ за изградба на Царството на Мирот на Христос Божји“. Матичната заедница во Германија се состанува во редовни интервали, а овие прахристијански средби често се снимаат како телевизиски програми и се емитуваат на многу јазици. Преку техниката, браќата и сестрите во „собирните места“, исто така, се поврзани – тоа се прахристијани кои, во различни земји, формираат точка на контакт, „собирно место“, за луѓе кои се стремат кон прахристијанскиот живот на љубов кон Бог и ближниот.
1
Во прахристијанската заедница важат петте божествени принципи на Еднаквост, Слобода, Единство и Братство, од што произлегува Праведноста. Ова, меѓу другото, значи дека нема ниту надредени, ниту потчинети, ниту водачи на молитва, свештеници или посредници од каков било вид. Меѓусебно сите се браќа и сестри во Христос. Меѓу другото, еднаквоста вклучува ротација во различните задачи во заедницата. На средбата на прахристијанската заедница одржана на 7 март 2026 година, неколку млади сестри ја водеа вечерната средба на заедницата – на што серафимот на божествената Мудрост, на земјата Габриеле-Софија, во овде репродуцираната објава, се застапува за сите сестри низ целиот свет. Христос Божји се надоврзува на повикот за будење на Габриеле-Софија и гради понатаму. И двете објави се сумирани во оваа брошура. Прахристијаните во следбеништво на Исус, Христос
2
Серафимот на божествената Мудрост: „Јас се залагам за моите сестри“ По повод средбата на „Матичната заедница на Господ за изградба на Царството на мирот на Христос Божји“, на 07.03.2026 год., преку пророкот Улрих, се објави серафимот на божествената Мудрост, еднаш во Габриеле
Iас сум првата Божја ќерка, јас
сум серафимот на божествената Мудрост, вечно поврзана со херувимот на божествената Мудрост во дуално единство пред Божјиот престол.
Јас бев вашата сестра Габриеле, пророчицата и пратеничка за ова време, кое е време на крајот, и заедно со мојот дуал, вам познат како брат Емaнуел, сите ве 3
поздравувам во вашите срца со едно навистина срдечно Бог за поздрав. Пријатели мои, љубени браќа, љубени сестри, вечерва мојот дуал, брат Емануел, ми даде предност, јас да ви говорам. И јас толку се радувам, љубени браќа, љубени сестри, да, јас вечерва сосема посебно се радувам што сѐ повеќе млади сестри преземаат збор и се вежбаат во водење на заедницата на Господ и во поздравот на заедницата со ТВ пренос, за да го носат и тие Христовото Божјо дело во ова време. Да, јас толку се радувам за многуте млади сестри. Јас не сакам браќата да ги оставам настрана, но јас сакам да говорам, да се заземам за сестрите во овој свет, бидејќи овој свет сѐ уште е машки свет, а содржината на „машкиот свет“ е она што ве сретнува кога со отворени очи одите по овој свет. 4
Да, структурите на народите сѐ уште се изградени на владеење на мажите, на владеење на т.н. достоинственици, на кои им е потрербно нивното надворешно достоинство, затоа што ни малку немаат внатрешно достоинство. Јас сакам на денешниов ден навистина да се заложам за многу, многу сестри во овој свет кои мораат да страдаат под владеењето на машкиот свет – сѐ до денешен ден. Сестрите на овој свет сакам да ги охрабрам, да ги разбудам и избавам од структурите во кои живеат, кои им ги наметнал машкиот свет. О, видете, до денешен ден жените се под стега на мажите, а женско не е она што жената го претставува во овој свет, туку тоа се особините на детинството – добрина, љубов и милосрдие, значи, 5
она што кај многу браќа се изгубило, она заради што многу браќа, значи машкиот свет, е полн со агресивност и бруталност кон луѓето, кон природата и животните, но пред сѐ против сестрите, против жените. Затоа, еднаш навистина сакам да се заложам за многуте сестри кои се повлекле во самотија, кои се кријат во манастири-те затоа што веруваат дека таму можат подобро да Му служат на Христос Божји и за да не бидат премногу изложени на агресивноста на машкиот свет. Навистина, јас сум првата Божја ќерка и ги повикувам своите сестри: исправете се во своите чувства, во своите осетувања и мисли и станете свесни: ако му служите на машкиот свет, сосем општо кажано, му служите на богот на подземјето. Станете свесни, отворете ги очите и погледнете во овој свет. Што има тој да ви 6
понуди во државите и религиите? Мажи, насекаде мажи – а оние малку жени само се толерираат, бидејќи ги презеле програмите на мажите. Љубени сестри, а јас исто така смеам да кажам, љубени браќа, кои сте на патот да ги подготвите патиштата на Христос Божји, што значи, сѐ повеќе и повеќе да се пронаоѓа љубовта кон Бог и ближниот: навистина, земете ги во рака Десетте заповеди, земете ја во рака Беседата на гората, живејте го единството, живејте ја љубовта кон Бог и ближниот! Драги браќа, драги сестри, во целата бесконечност во Божјото Царство нема горе, нема долу, нема достоинственици, нема светци, нема папи, кардинали и бискупи, исто така, нема кралеви ниту претседатели. Има одговорни, но меѓусебно сите се браќа и сестри и сите се заштитени во 7
љубовта кон Бог и ближниот на Сѐ-Едниот Татко-Мајка-Бог. Сите се битија на светлината, светлина од Неговата светлина, да, љубов од Неговата љубов. О, сестри, браќа, што направивте вие од тоа, од таа несебична љубов, која во длабочината на вашите души е вашето наследство? Што направивте од таа бесконечна љубов и таа бесконечна светлина во вашите души? Љубени сестри, погледнете во лицата на младите сестри кои денес ја водат заедницата со ТВ преносот, погледнете: млади сестри со исполнети зборови кои влегуваат во срцата на луѓето – а потоа погледнете ги старите мажи, достоинствениците со нивните раскошни, празни зборови. Тогаш вие самите забележувате дека таму нешто не е во ред. Зошто во заедницата жената би требало да молчи? За да не можат да бидат допрени срцата на луѓето? 8
Навистина, јас ви велам: сестрите изградија многу, многу прахристијански заедници, сестрите основаа заедништва за да Го следат Христос Божји, а мажите во текот на илјадалетија ги прогонуваа сестрите и првите прахристијански заедници и војуваа против нив, свирепо изживувајќи се над беспомошни девојчиња, беспомошни млади жени, а исто така и стари жени. Секогаш мажите, секогаш покорни на богот на крвната жртва, Баал – до денешен ден. Навистина, јас се залагам за своите сестри, кои толку неописливо страдаат под владеењето на мажите. До денешен ден жените вредат помалку во општествaтa на сите народи. До денешен ден тоа е нееднаквост, која навистина повеќе не може да се трпи. Навистина, љубени сестри низ светот, соберете се заедно во љубовта кон Бог и ближниот и ослободете се од јадот и 9
синџирите кои ви ги наметнал машкиот свет. Вие сте слободни битија во Бог, Вечниот, вие сте слободни битија надарени со сите сили на Постоењето, исто како што и браќата се надарени со силите на Постоењето, во љубовта кон Бог и ближниот. Навистина, овој свет мора да мине, бидејќи машкиот свет отслужи. На хоризонтот веќе стои запишано: пропаст на овој свет. И така, уште еднаш ги повикувам сестрите: Ослободете се од сето она што мажите ви го наметнуваат, со оглед на тоа дека познаваат само насилство, искористување, ропство и силување. Навистина, љубени сестри, бидете свесни дека вие сте ќерки на еден навистина љубечки Татко, на Татко-Мајка-Бог, 10
кој престојува во вас, дека вие сте светли битија, навистина светли битија полни со нежност, полни со љубов, полни со силите на светлината и вие, заедно со своите брaќа, Му служите на нашиот Татко-МајкaБог и на Неговиот Син, од вечноста до вечност. Љубени сестри, станете свесни за своето божествено потекло! Тоа не значи дека сите сестри се совршени. Вие сега на Земјата, под владеењето на законот на Падот сте станале луѓе со човечки и премногу човечки програми, но зошто покрај тоа морате да се поклонувате на владеењето на насилството на машкиот свет, иако во вас, навистина, силно се развиени особините на детинството? Бидејќи вие сте примачкиот принцип на особините на детинството: добрина, љубов и кроткост. А на браќата нека им биде кажано: разбудете се и помогнете им на своите 11
сестри ако сте на патот да Му служите на Христос Божји, ако сте на патот на чистење на своите души за да остварите единство, бидејќи единство меѓу мажи и жени постои само ако браќа и сестри се обединети како на Небото, така и на Земјата. Навистина, љубени деца, љубена заедницо, носете ја Речта надвор – и носете надвор дека сестрите навистина тешко страдаат под машкиот свет. Примете го тоа навистина во своите срца и проверете во народите на оваа Земја, како вие, љубени сестри, можете да изградите структури за да се ослободите од притисокот на машкиот свет. Навистина, отворете ги очите, погледнете во овој свет, погледнете ги своите вести, погледнете ја природата, погледнете го уништувањето насекаде, сѐ е резултат на машкиот свет, според законот на сеидба и жетва. 12
Љубени браќа, љубени сестри, навистина, имав желба во срцето, бидејќи јас самата, во безбројни инкарнации како човек, неописливо страдав под овој машки свет, за да Му ги подготвам патиштата на Христос Божји. И така, навистина имав потреба еднаш да покажам како младите сестри можат со љубов, јасност и некомплицирано да ги допрат срцата на луѓето во целиот свет – за разлика од старите мажи во нивното „достоинство“. Навистина, љубени деца, негувајте единство, негувајте ги петте принципи, негувајте ротација, развивајте ги своите таленти и вештини за да остварите единство со своите браќа. А во срцата на браќата нека биде запишано: тие да остварат единство со своите сестри. Навистина, денес една сосема поинаква тема, но тоа навистина ми беше на срце, ова еднаш да го објавам, ова еднаш да го обзнанам. 13
Љубовта на Татко-Мајка-Бог важи за сите битија еднакво. Љубовта на ТаткоМајка-Бог важи за луѓето, душите, природата, животните и минералите. Сите ја примаат истата љубов. Станете свесни за тоа: љубовта е нераздвојна и љубовта кон Бог и ближниот е исполнување на Законот. Сакате ли да го исполните Законот? Тогаш станете љубовта која секојдневно, секој час, секој миг ви зрачи. Тоа е нашиот Татко-Мајка-Бог на љубовта, кој сите нас толку силно нѐ љуби и кој нѐ води дома преку Христос, нашиот божествен брат, кој стана ваш Спасител на Голгота. Дали Тој осуди некоја сестра? Дали Тој бараше меч за сестрите? О, видете, Христос е љубовта на ТаткоМајка-Бог. Христос е првиот Божји син. Јас, серафимот на божествената Мудрост, сум првата Божја ќерка. Ние заедно одиме низ духовните рамништа и разговараме 14
за враќањето дома, зашто нашиот Татко, љубениот Татко-Мајка-Бог, сака сите повторно да ве има назад во Вечната татковина. Љубени сестри, љубени браќа, со оваа слика се поздравувам со вас и ви го посакувам мирот на Христос Божји. Навистина, останете во љубов. А сестрите нека се разбудат и нека се ослободат од влијанието на машкиот свет – тоа овој свет ќе го направи помирољубив. Мир нека биде со вас!
15
Христос Божји: „Мојот живот како Исус од Назарет за вас беше еден симбол на служење и на љубење“ По повод средбата на „Матичната заедница на Господ за изградба на Царството на мирот на Христос Божји“ на 07.03.2026 се објави Христос Божји, преку пророкот Улрих
I
ас Сум Кој Јас Сум, Христос Божји, вашиот Искупител и ваш брат. Да, Јас Сум Кој Јас Сум, Синот Божји, Првородениот, од вечноста до вечност соединет со Таткото. Браќа Мои, сестри Мои, Мојот живот како Исус од Назарет за вас беше симбол на служење и љубење. И како што самите знаете од своите преданија, никогаш не отфрлив некоја сестра. Но лажливото перо на свештениците од многуте следбенички и 16
следбеници за следните генерации ги остави само следбениците, за да манипулираат, залажуваат, лажат, бидејќи навистина: кој стоеше покрај крстот при Моето погубување на Голгота? Сестрите! Самото тоа треба да ви даде слика за да го разоткриете лажливото перо на религиите кои се нарекуваат христијански. Јас Сум Кој Сум, животот во Бог, вашиот и Мој Татко и Јас Сум Пророчката реч преку Моите пророчици и пророци, преку Моите браќа и сестри, праведните мажи и жени, кои за мене дојдоа во земна облека и кои мораа неописливо да страдаат и да трпат во подрумите за мачење на религиите, кои се нарекуваат христијански, кои уште и денес се финансирани од државата. Јас Сум Кој Сум, Христос Божји, а на крајот од времето сѐ ќе стане видливо, сите злосторства на свештеничката банда, која го злоупотребува Моето име сѐ до денешен ден. Исто така, и оние кои 17
до денешен ден сестрите ги држат под контрола, кои не само што ги мамат, туку и ги малтретираат на машки начин. Навистина, злоупотребата на деца во текот на вековите е само врв на сето тоа. А тие цркви, тие религии, до денешен ден се штитат и ниту еден државен службеник не се осмелува да притвори некој бискуп заради непочитување на судот, додека не објави докази, кои ги има доволно во архивите на религиите. Браќа Мои, сестри Мои, овој свет не е само на крајот, што се однесува до природата, туку пред сѐ и етички и морално, заради постапките на вашите влади и религиозни водачи. Пробудете се, навистина, пробудете се и препознајте каде седат оние кои се против Христос Божји и кои името, Моето добро име, го злоупотребуваат за своите неморални цели на моќ и злоупотреба на моќта. 18
Пријатели Мои во заедниците на овој свет, пријатели Мои во собирните места, навистина, времето е близу кога Мојата светлина на доаѓањето ќе стане видлива во овој свет, но пред тоа уште многу нешто ќе се случи. И така, секогаш и секогаш одново ве молам: носете ја Мојата реч во овој свет, носете ја Мојата реч на сите кои бараат, на сите волни луѓе, а исто така и на душите во подрачјата на чистење, преку телевизиски станици кои можат да се гледаат и во многу подрачја на чистење, за душите, за тие да можат да одат понатаму, повеќе да не се инкарнираат – освен ако нивната вина е толку неизмерна, или во инкарнација ги повлекува налогот од Божјото Царство. Навистина, овој свет е на крајот, Падот е на крајот. Веќе со години тоа им се објаснува на луѓето, веќе со години Јас, Кој Јас Сум, Христос Божји, ги повикувам 19
луѓето на преобраќање. Ги повикувам луѓето да се повлечат во своето внатрешно. Појдете во внатрешното, молете се слободно и напуштете ги институциите кои, преку вашите слепи водачи на слепци кои не се вредни да ја примат Мојата реч, само ве залажуваат. Навистина, Падот се приближува кон крајот и часовите летаат пред луѓето. Така, одново повикувам во народите на оваа Земја: употребете го својот разум! Употребете го својот разум, земете ги во рака Десетте заповеди и Беседата на гората, кои ви ги дадов од љубов кон вас, за да го пронајдете патот на простување, патот на молба за прошка, за сето она што сте му го нанеле на својот ближен. Јас толку многу ве љубам, зашто Јас Сум љубовта во Бог, вашиот и Мој Татко. А Таткото Ме испрати да ве повикам, да ве опоменам, Таткото Ме испрати да ве замолам: преобратете се! Престанете со своите негативни дела! 20
Јас Сум Христос Божји и толку многу ве љубам, Јас Сум во секој поединец од вас како енергетска сила во вашето срце, сфатете го тоа конечно, љубени браќа и сестри. Со децении и децении серафимот на божествената Мудрост ве школуваше, поучуваше и ви го објавуваше изобилството од Божјото Царство. Навистина, дадено ви е изобилство за сите животни подрачја, за да можете навистина да одите по патот кон дома. Вие навистина можете врз основа на она што ви е објавено, да ги чистите своите души, да дадете нова насока на својот животен пат, но вие мора да донесете одлука: за или против Мене, оти Јас Сум од вечноста во вечност Синот Божји, Христос Божји. А длабоко, сосем длабоко во вашите души, во Јадрото на битието, кое вашето духовно битие го носи во себе – тука е скриена љубовта кон Мене и од љубовта кон Мене сите вие сте дошле во овој свет 21
за да Ми служите Мене. А Мене да Ми се служи значи: да им се служи на своите браќа и сестри, да се носи, да им се помага, да, најавено е водење во Татковината оти ние сакаме многу, многу луѓе, браќа и сестри кои имаат душа, да ги допреме во нивните срца, за тие уште за време на животот на Земјата да го започнат патот назад во вечната Таткова куќа. На оваа Земја ѝ претстојат неописливи катастрофи; оваа Земја, овој свет со световните луѓе повеќе не може да се спаси. Како што веќе е објавено, вие се наоѓате на планета која изумира. Така ние од Божјото Царство сите вас ве повикуваме на преобраќање, вие народи на оваа Земја. А преобраќањето би можело да започне со зборовите на објавата на серафимот на божествената Мудрост, со тоа машкиот свет да го преиспита својот однос кон сестрите. Јас како Исус од Назарет никогаш не осудив некоја жена, некоја сестра. Зошто 22
вие осудувате, вие мажи на овој свет? Дали сте подобри отколку една сестра? Повторно ви велам: кој од вас е без грев, нека го фрли првиот камен. Повторно ви велам: откажете се од своите вредности, откажете се од својата воинственост, откажете се од силувања, убивања и погубувања. Вие ќе го жнеете она што сте го посеале. Јас Сум Христос Божји, Јас Сум љубовта, да, љубовта кон Бог и ближниот. Па и ако Моите зборови како Исус од Назарет упатени кон свештеничката каста често беа исклучително јасни и недвосмислени, оти препознав кои души се таму управувани од демонските сили, Јас никогаш ниту една душа, ниту еден човек не го испуштив од Своето срце, оти Јас умрев за сите. А на сите души, на сите луѓе, им ја положив искупителската искра во срцето, енергетската, неуништлива сила, која навистина го гарантира вечниот живот на вашите души. 23
Јас Сум Кој Јас Сум, Христос Божји, и Мене ми е дадена моќта од Татко-МајкаБог сите паднати битија да ги вратам назад во Божјото Царство. И се радувам дека многу, многу сестри сега се пробудени преку серафимот на божествената Мудрост, бидејќи тоа ќе го забрза водењето во Татковината, назад во Божјото Царство. Навистина, браќа Мои, сестри Мои, вие сте Матичната заедница на Господ за изградба на Царството на мирот на Христос Божји, Кој Јас Сум. И Јас не ве оставам, Јас ви ја давам Мојата сила да ги направите следните чекори. Останете во љубовта, останете во Мојот мир, бидејќи ви го донесов Мојот мир и Мојот мир ви го оставам. Јас толку ве љубам. Вашиот брат, Христос Божји, Кој престојува во вас. Мир нека биде со вас. 24
25
Серафимот на божествената Мудрост: „Јас се залагам за моите сестри“ и Христос Божји: „Мојот живот како Исус од Назарет беше симбол на служење и љубење.“ Објавено преку пророкот Улрих на 7 март 2026 Јули 2026 Лиценцирано издание со дозвола од издавачот Gabriele-Verlag Das Wort GmbH Max-Braun-Str. 2, 97828 Marktheidenfeld, Deutschland www.gabriele-verlag.com Наслов на германскиот оригинал: „Ich breche eine Lanze für meine Schwestern.“ За смислата на текстот меродавно е германското издание Сите права се задржани Бр. на нарачка: G371мк Издавач: Габриеле Издателство Реч Ул. 32, бр. 52а, 1041 Илинден Моб. +389 71 217 477 www.izdatelstvo-gabriele.com Печати: KlarDruck GmbH, Marktheidenfeld
Ова е Мојата реч АиΩ Христос самиот објаснува, преку Габриеле, пророчицата Божја, она што делумно неточно или погрешно е предадено. Дознаваме што било, што е и што ќе биде. И што Тој, како Исус од Назарет, навистина поучувал. Од содржината: • Значењето и целта на земниот живот • За законот за причина и последица • Предуслови за исцелување на телото • Доктрината за „вечно проклетство“ е исмејување на Бога • Исус учи на молитва • Битката на темнината против Божјиот план и Неговите праведни пророци • Исус ги сакал животните и се залагал за нив • За правилното разбирање на Заповедите • За смртта, реинкарнацијата и животот • Вистинското значење на искупителското дело на Исус, Христос • За минатото, сегашноста и иднината на човештвото • и уште многу друго.. www.izdatelstvo-gabriele.com
Серафимот на божествената Мудрост: „Јас се залагам за моите сестри.“ Христос Божји: „Мојот живот како Исус од Назарет за вас беше симбол на служење и љубење.“
Габриеле Издателство Реч
Порака на вистината