Skip to main content

Серафимот на божествената Мудрост – Не постои смрт

Page 1

Други бесплатни брошури за вас: • Беседата на гората • Бог во нас • Лиобани • Исус од Назарет дојде и за животните • Не откажувај се! • Јас се залагам за моите сестри • Вие живеете вечно - не постои смрт • Од јануари 2024 започна Новата доба • Младиот и пророкот и др.

Серафимот на божествената Мудрост

Бо

жј

о -

б ес к о н е ч

но

то

Не постои смрт

а

ве

ен

ат

чн

ор

ост

Отв

а

ење

Царств

с то

от

по

о

Габриеле Издателство Реч Ул.32, бр. 52А, 1041 Илинден www.izdatelstvo-gabriele.com Моб. 071 217 477 www.gabriele-publishing.com

не

б ес

к а в р ат а - п ат о

тв

о

Габриеле Издателство Реч

Порака на вистината


Не постои смрт Серафимот на божествената Мудрост објавено преку пророкот Улрих 6. јануари 2026 јули 2026 Лиценцирано издание со дозвола од издавачот © Gabriele-Verlag Das Wort GmbH Max-Braun-Str. 2, 97828 Marktheidenfeld, Германија www.gabriele-publishing.com Оригинален наслов на германски: „Der Seraph der göttlichen Weisheit. Es gibt keinen Tod“ За смислата на текстот меродавно е германското издание. Сите права се задржани. Број на нарачка: G369mk Издавач: Габриеле Издателство Реч Ул. 32, бр. 52а, 1041 Илинден Моб. +389 71 217 477 www.izdatelstvo-gabriele.com Печати: KlarDruck GmbH, Marktheidenfeld, Германија

Ова е Мојата реч AиΩ

Христос самиот објаснува, преку Габриеле, пророчицата Божја, она што делумно неточно или погрешно е предадено. Дознаваме што било, што е и што ќе биде. И што Тој, како Исус од Назарет, навистина поучувал. Од содржината: • Значењето и целта на земниот живот • За законот за причина и последица • Предуслови за исцелување на телото • Доктрината за „вечно проклетство“ е исмејување на Бог • Исус учи на молитва • Битката на темнината против Божјиот план и Неговите праведни пророци • Исус ги сакал животните и се залагал за нив • За правилното разбирање на Заповедите • За смртта, реинкарнацијата и животот • Вистинското значење на искупителското дело на Исус, Христос • За минатото, сегашноста и иднината на човештвото • и уште многу друго. www.izdatelstvo-gabriele.com


Серафимот на божествената Мудрост Не постои смрт Вовед Незабележано за бучавата на светот, на 6 јануари 1975 год. се случи едно големо духовно-божествено случување. Во сеќавање на тој ден, непосредно од Божјото Царство, од серафимот на божествената Мудрост, еднаш во Габриеле, добивме порака со богата содржина, во пророчка реч преку нејзиниот духовен син Улрих, која е овде изложена. Прахристијани во следбеништвото на Исус, Христос

1


2


Серафимот на божествената Мудрост Не постои смрт По повод големото духовно-божествено случување на 6 јануари се објави серафимот на божествената Мудрост, еднаш во Габриеле, преку пророкот Улрих

Драги браќа, драги сестри низ светот!

Во вашите срца ве поздравува серафимот на божествената Мудрост, еднаш Божја пратеничка и пророчица на Земјата, Габриеле. Да, на 6 јануари браќата и сестрите во следбеништвото на Исус од Назарет, Христос Божји, секоја година по тој повод Му оддаваат чест на Христос и на ТаткоМајка-Бог, така што објавуваа и нагласуваа дека пред неколку децении на тој посебен ден дојде до продор на Внатрешната реч. 3


Од тој ден, пред повеќе од 50 години (1975 год.), Небото е отворено и Божјото Царство повторно може да се објавува преку пророчка уста. Тоа е денот кога принцот на божествената Мудрост, на Земјата наречен брат Емануел, на човекот Габриеле, директно од Божјото светилиште му ги даде првите зборови на објавата - Вечната реч, која јас, како човек Габриеле, од тој ден скоро 50 години смеев да ја примам. Вечниот Сѐ-Еден, Татко-Мајка-Бог ме испрати мене, Габриеле, кај луѓето, како пророчица и пратеничка Божја. Јас, Габриеле, не се нареков „пророчица“ на почетокот човекот Габриеле силно се бореше против тоа - тоа беше Бог, Вечниот, Господ, кој ме нарече Негова пратеничка и пророчица. И така, скоро пет децении смеев да Му служам НЕМУ и на Неговиот Син, Христос Божји. За сите животни подрачја, кои им 4


се потребни на луѓето, дадени се објави, школувања и учења, кои се слободно достапни во Библиотеката Софија. И со тоа на човештвото навистина му беше излеан рогот на изобилството на божествената Мудрост. Сѐ е дадено преку Христос Божји, по чијшто налог божествената Мудрост сето тоа го изврши. Многу темели се изградени и во надворешното, дадени, поттикнати, објавени од Божјиот Дух преку Христос Божји, преку принцот на божествената Мудрост и, исто така, преку Вечниот Сѐ-Еден, Татко-Мајка-Бог, Бог на Авраам, Исак и Јаков. Навистина, скоро пет децении јас, Габриеле, смеев да Му служам на Вечниот Сѐ-Еден како слугинка, како пророчица и пратеничка Божја. Тогаш дојде време кога смеев да заминам и да се вратам кај својот дуал, херувимот на божествената Мудрост. Навистина, сега има малку повеќе од година дена како го оставив своето земно тело и се вратив во Божјото Царство. 5


В ие луѓе на оваа Земја, да, вие народи

на оваа Земја, во мојот земски живот се случи неверојатен настан. Преку многу, многу инкарнации јас бев подготвувана за тоа директно од Божјото Светилиште да ја објавувам Божјата реч, до чијшто продор навистина дојде тогаш, пред децении, и која сега преку техниката им се испраќа на сите волни луѓе низ светот на многу јазици, и се прима во безброј Слободни заедници и Собирни места на оваа Земја. Мои љубени браќа и сестри, со тоа 6 јануари навистина стана еден посебен ден за човештвото. Секогаш, за човекот Габриеле тоа повеќе беше мој ден; тоа исто така, секогаш одново им го кажував на моите браќа и сестри. Но моите браќа и сестри со тоа сакаат да Му оддадат чест на Бог, Вечниот и на Неговиот Син, Христос Божји, нашиот божествен брат, а сега и на парот носители 6


на божествената Мудрост, така што на тој ден секогаш одново продуцираат посебни радио и ТВ емисии за луѓето да се разбудат и преобразат и сѐ повеќе и повеќе да се ориентираат кон учењето од Беседата на гората на Исус од Назарет и кон Десетте Божји заповеди дадени преку Мојсеј, а освен тоа, и кон сето она што со децении го даваше парот носители на божествената Мудрост, а што сега стои во Библиотеката Софија во изобилие, за да му се овозможи на човештвото со помош на тие објави, школувања и содржини на учења да преземе чекори кои водат во Царството на мирот на Христос Божји, и преку Царството на мирот на Христос Божји назад во Вечната татковина.

Драги браќа, драги сестри низ светот

пред телевизиските екрани, пораката од Божјото Царство е сосем едноставна и јасна: Бог е Дух и вечен живот, високо 7


вибрирачка енергија, вечна светлина. Не постои смрт. Душите на луѓето живеат вечно. Бог, Вечниот, целиот живот го исполни со Духот. Бог во нас и ние во Бог. И животот во сѐ и во сите е Христос Божји, Кој прими живот од Бог, Вечниот, и Кој заедно со божествената Мудрост одговорно го презеде Својот налог, враќањето дома на сите паднати души и луѓе. Кој може тоа да го сфати, нека сфати; кој сака тоа да го остави, нека остави! Но времето минува и на луѓето часовите им летаат. И во оваа година, љубени браќа и љубени сестри, значи, цела година по моето заминување, јас, Габриеле, се објавувам преку својот духовен непосреден син, пророкот Улрих, кој беше покрај мене во текот на децении додека бев човек, и кој ми служеше мене и на Божјото Царство. Тој беше повикан по налог на Севишниот, а објавено преку принцот на божествената 8


Мудрост - како човек да ја преземе главната одговорност за изградбата на најавеното Царство на мирот на Христос Божји - и дека принцот на божествената Мудрост сака вдахновувачки да дејствува преку нашиот непосреден син. Нашиот духовен син уште пред децении како човек покрај мене започна да прави вежби на вдахновување. И уште при неговиот повик му беше објавено дека принцот на божествената Мудрост и јас, некогаш Габриеле, по моето заминување ќе дејствуваме вдахновувачки преку нашиот духовен син, човекот Улрих. Сето тоа се случи, драги браќа, драги сестри, и сега Речта на објавата тече од Небото преку нашиот непосреден духовен син, пророкот Улрих, кој е во зрачењето на неговите духовни родители, парот носители на божествената Мудрост, слично како и во мое време кога живеев како Габриеле. И Вечниот Сѐ-Еден Татко 9


се објавува преку него и Христос Божји, еднаш во Исус од Назарет, се објавуваат преку него, нашиот непосреден син на божествената Мудрост. Исто така и парот носители на божествената Мудрост, принцот на божествената Мудрост, наречен Емануел, и јас, Габриеле, неговата духовна мајка, даваме објави преку нашиот син.

Континуитетот на објавите од Божјото

Царство е даден. Вие народи на оваа Земја, земете ја оваа порака во своите срца! Божјото Царство преку серафимот на божествената Мудрост, кој јас сум, еднаш во Габриеле, сега покрај принцот на божествената Мудрост, повторно објавува: Не постои смрт. Душата живее вечно. Душите ќе се чистат, затоа што длабоко во душата е јадрото на битието, чистото духовно битие од Бог, Вечниот, кое ќе се врати дома, назад во Божјото Царство. На луѓето им е 10


заповедано да живеат според Беседата на гората на Исус од Назарет и според Десетте Божји заповеди дадени преку Мојсеј. На луѓето им е заповедано да го земат за сериозно рогот на изобилството на божествената Мудрост, кој е даден, и да почнат да живеат според тоа. Бидејќи навистина, времињата стануваат сѐ поопасни за мајката Земја, а со тоа и за сѐ што живее на, во неа и околу неа. О, вие луѓе на оваа Земја, кога веќе ќе сфатите дека Бог, Вечниот, е семоќта на љубовта, а не вашите богови, кои самите сте си ги одбрале за да се почитува богот на подземјето, било да е тоа во религиите или во државите! Сето она на што му се поклонувате, е грозно за Бог, Вечниот. И никој од пророците никогаш не го објави и не го поучуваше она што привидните христијански религии им го претставуваа на народите како Божја волја. 11


Б раќа и сестри во целиот свет, денес

(6 јануари) многу луѓе се потсетуваат на продорот на пророчката реч од Божјото Светилиште, пред повеќе од 50 години. Божјото Царство не молчи. Бог, Вечниот, е Бог Кој говори. Повеќе од 5 децении човештвото примаше. Со децении пророчката реч на СѐЕдниот Татко-Мајка-Бог и на Неговиот Син, Христос Божји, повторно се напаѓа, клевети, потсмева и исмејува. И затоа што тоа не е можно насекаде, бидејќи многу луѓе повеќе не веруваат во лагите на религијата и не ги следат, моќниците на овој свет често ја игнорираат и понижуваат пророчката реч на денешното време. Со децении вистинските следбеници на Исус од Назарет беа исмевани во медиумите со лаги, изразени како мислења и со целосни невистини, кои сѐ уште црковно ориентираните судии ги одобруваат како „слобода на мислење“, со 12


кое што државата ги дозволува навредите. Прилагодувањето на законот за сопствени цели, на човештвото му е добро познат феномен од историјата на инквизицијата. Но Бог, Вечниот, не е државното, судско право, туку е вечна праведност. А човекот кој ќе се огреши од тоа, најдоцна како сиромашна душа ќе го жнее она што го посеал. Човештвото самото го создало законот на причина и последица, на сеидба и жетва. По смртта на човекот, тогаш, во подрачјата на чистење ќе има долго време лелеци и шкрипење со заби, што како луѓе воопшто не можеме да си го претставиме. Кој му се поклонува на таткото на лагата, него тогаш ќе го дочека таткото на лагата. Драги ближни, не им верувајте на медиумите кога станува збор за пророчката реч на денешницата! Јас сум таа, Габриеле, пратеничката и пророчица Божја, која ви донесе толку многу нешта, 13


првата Божја ќерка, серафимот на божествената Мудрост, која во безброј инкарнации толку многу и толку долго страдаше за вас на оваа Земја, слично како Исус од Назарет во свое време. А во налогот на Христос Божји, божествената Мудрост е овластена секогаш и секогаш одново на луѓето и душите да им ги објавува учењата од Божјото Царство. И нашиот духовен син, човекот Улрих, преку кого го издигнувам својот збор, навистина, уште и во Стариот завет беше на Земјата како Божји пророк за Христос, за Божјото Царство и за божествената Мудрост. Така, сега повторно го отворивме пророчкиот канал, за Божјиот пророк за оваа доба, нашиот син, човекот Улрих, синот на божествената Мудрост, на крајот на времето да може уште еднаш да им ја даде Речта на Небото на луѓето, кои вистински Го бараат Бог - за конечно да настане она што треба да настане: Божји народ на Земјата. 14


А пророкот Улрих, кој е во зрачењето на парот носители на божествената Мудрост, херувимот и серафимот на божествената Мудрост, дуалот на неговите духовни родители, ќе дејствува за Божјото Царство на оваа Земја, и понатаму ќе ја дава пророчката реч на Заедницата на Господ за изградба на Божјото Царство на оваа Земја, бидејќи Господ е со него.

Темелите за Царството на мирот на Исус, Христос Божји, веќе се дадени. Тие понатаму ќе се изградуваат и прошируваат преку Матичната заедница на Господ за изградба на Царството на мирот на Христос Божји. И тоа ќе настане. А Христос навистина, Својата реч ја обистинува: Јас доаѓам наскоро.

Драги ближни, драги пријатели на Христос Божји, навистина, дојдете и учествувајте во изградбата на Царството на мирот на 15


Христос Божји, нашиот божествен брат, Спасителот на човештвото. И така јас, вашата сестра Габриеле, повторно повикувам: отворете ги широко вашите срца и сфатете за што отчука часовникот! Погледнете во своите медиуми, слушајте што се зборува во стопанството, во науката, во политиката и религиите, и ќе препознаете дека сето тоа се само празни и безначајни зборови, кои ништо, ама баш ништо не носат за иднината на човештвото - само страдање, неволја, војна, беда и уништување. Затоа Бог, Вечниот, уште еднаш Го испрати Христос Божји и божествената Мудрост, за да ви го сврти вниманието на тоа дека Бог, Вечниот Сѐ-Еден, Бог Создателот, е љубов и дека вечно проклетство не постои. Сѐ што е поврзано со надворешните религии и нивните култови, ритуали, церемонии, свештеници и хиерархии, тоа на Бог, Вечниот, Му е грозно. Исто така, и секој вид пролевање крв на Бог, Вечниот, Му 16


е грозно, затоа што се огрешува против љубовта кон Бог и ближниот, што веќе беше запишано во Десетте заповеди со зборовите: Ти не треба да усмртиш. Сѐ што се зборува спротивно на тоа, му служи само на богот на подземјето. Навистина, многу луѓе му се молат на богот на подземјето - без да се свесни за тоа. Оти Бог, Вечниот, е Бог Создател и животот. И бидејќи Бог е живот, ТОЈ не може да потврдува усмртување и убивање на живот. Вечниот Бог, Создателот на љубовта кон Бог и ближниот не може да постапува против Своето сопствено создавање, против сопствениот Закон. Затоа не им верувајте на лагите на свештениците во старите преданија, кои ги фалсификувале списите само за сопствена корист, и со тоа му служат на богот на подземјето кој сака да ги уништи душите, и долготрајно да ве држи во подрачјата на чистење, затоа што му се потребни вашите енергии. 17


Посветете се на Беседата на гората на Исус од Назарет, посветете се на Десетте Божји заповеди преку Мојсеј. Тоа е патот до Божјото срце. И ако има некој кој уште подлабоко сака да сфати и сознае како може да се оди по патот назад во Вечната татковина, тој може да чита и учи од изобилството на божествената Мудрост, кое за сите животни подрачја е дадено во Библиотеката Софија.

Навистина, браќа и сестри во земна

облека, крајно време е! Навистина е крајно време, а времето, часовите за луѓето летаат. Јас сум, и вечно останувам првата Божја ќерка, јас сум серафимот на божествената Мудрост; како Божја пратеничка и Божја пророчица на оваа Земја, бев вашата сестра Габриеле. Но бидејќи сега времето минува и часовите летаат, појдов кај својот син преку кого се објавувам и го замолив да го прифати 18


мојот збор на денот кога пред неколку децении се случи пробивот на пророчката реч. Бог, Вечниот Сѐ-Еден, не молчи ни до денешен ден, оти Бог, Вечниот, е Бог на љубовта кон Бог и ближниот и Тој Своите деца не ги остава сами - ТОЈ во сите времиња на луѓето им ги испраќаше Своите пророци и пророчици. Навистина, народи на Земјата, разбудете се, разбудете се и следете Го Христос Божји! А Христос Божји како Исус од Назарет ви објави: Љуби го Бог над сѐ и својот ближен како самиот себе. Тоа е законот и пророците. И ниту една буква од тоа нема да биде повлечена. Навистина, патот на љубовта кон Бог и ближниот е даден во Десетте Божји заповеди и Беседата на гората на Исус од Назарет. Мои браќа и мои сестри во целиот свет, ве поздравувам во вашите срца и навистина ви посакувам сознание за 19


тоа кој е Бог, Вечниот, кој навистина е Христос, воскреснатиот Исус од Назарет, за да излезете од духовната смрт. Јас ви велам, живиот Христос не е ниту мртвиот човек на крстот, ниту детенцето во јаслите, со што ве заведуваат привидните христијански свештенички религии. Навистина, ниту мртвиот човек на крстот, ниту детенцето во јаслите не можат да се објават! Но живиот Христос Божји го застапува Божјото Царство во пророчка реч и Тој веќе со илјадници години говори преку пророчка реч; Тој секогаш зборува против конструкцијата на лаги на свештеничката фела. Многу, многу Божји пророци, просветлени мажи и жени, во минатото ја примија Неговата реч и почнаа да живеат според Неговата света реч. Но поголемиот дел од нив беа убиени и прогонувани од свештениците на владеачките религии на култот на крвна жртва, култот на богот 20


на подземјето, поврзани со светските владетели. Слично е и денес. Божјата пророчка реч повторно се исмејува, прогонува, потсмева, клевети, а вистинските следбеници на Исус од Назарет се клеветат или секогаш одново и одново се замолчуваат.

Но часовите за луѓето летаат а тоа значи

дека Христос Божји Своето навестување го претвора во вистина: Јас доаѓам наскоро. Навистина, љубени браќа и сестри низ светот, тоа исто така, значи дека пред тоа ќе мине и целокупното надворешно човештво оддалечено од Бог, постојаното молење на масата народ и нивните слепи водачи на слепци на богот на подземјето. Да, Земјата се чисти, Земјата се отвора и голта сѐ што не одговара на Божјите заповеди, на љубовта кон Бог и ближниот. Тоа стои така запишано уште во старите преданија. 21


Браќа и сестри на целата Земја, разбудете се! Вие луѓе кои дури како трауматизирани само вегетирате, разбудете се - слушнете го гласот од Духот Божји и земете го сериозно, затоа што времето за луѓето одминува. Па сепак, сите луѓе и души, сите еднаш ќе се вратат дома, оти љубовта е единственото што останува во душите, а љубовта на Татко-Мајка-Бог и на Неговиот Син Христос сите битија повторно ќе ги поведе назад во вечното Божјо Царство. Затоа што Бог, Вечниот, е љубовта кон Бог и ближниот. Над тоа нема ништо. Мирот на Христос Божји и љубовта на Христос Божји ви ги оставам во вашите срца. Навистина, разбудете се и дојдете дома. Разбудете се и сфатете: не постои смрт. Душите живеат вечно, вие живеете вечно, оти Бог, Вечниот, е живот и љубов, а Неговиот Син, Христос Божји, секоја душа и секој човек го зема за рака и го води 22


назад во таа љубов, која е Постоење од вечноста во вечност.

А ко сега се сеќавате на продорот на

Божјата Реч од Божјото светилиште пред неколку децении, потсетете се и на сериозноста на ова време и на тоа дека Божјото милосрдие повторно ви ја пружа милоста на Неговата реч. Мир на моите деца, мир на моите пријатели, мир на моите браќа и сестри вашата сестра Габриеле, серафимот на божествената Мудрост, која денес говори како ангел на Законот пред Божјиот престол. Мир нека биде со вас!

23


Живот и умирање, за да се продолжи да се живее Секој умира за себеси

Оваа книга се однесува на секој оној кој сака од стравот од смртта да дојде до свесен живот, до сигурност, опуштеност и внатрешна цврстина. Бидејќи, објаснува Габриеле: „Кој учи да го разбере својот живот, тој не се плаши веќе од смртта.“ Габриеле воедно го информира читателот, и за досега непознати поврзаности на животот и смртта, за состојбата и чувствувањето на душата во различните ситуации на умирањето и за она што ја очекува душата „онаму преку“, во отадестраното, по умирањето на физичкото тело. 156 стр., мека подврска. ISBN: 978-9989-688-50-8

24


Не постои смрт Серафимот на божествената Мудрост објавено преку пророкот Улрих 6. јануари 2026 јули 2026 Лиценцирано издание со дозвола од издавачот © Gabriele-Verlag Das Wort GmbH Max-Braun-Str. 2, 97828 Marktheidenfeld, Германија www.gabriele-publishing.com Оригинален наслов на германски: „Der Seraph der göttlichen Weisheit. Es gibt keinen Tod“ За смислата на текстот меродавно е германското издание. Сите права се задржани. Број на нарачка: G369mk Издавач: Габриеле Издателство Реч Ул. 32, бр. 52а, 1041 Илинден Моб. +389 71 217 477 www.izdatelstvo-gabriele.com Печати: KlarDruck GmbH, Marktheidenfeld, Германија

Ова е Мојата реч AиΩ

Христос самиот објаснува, преку Габриеле, пророчицата Божја, она што делумно неточно или погрешно е предадено. Дознаваме што било, што е и што ќе биде. И што Тој, како Исус од Назарет, навистина поучувал. Од содржината: • Значењето и целта на земниот живот • За законот за причина и последица • Предуслови за исцелување на телото • Доктрината за „вечно проклетство“ е исмејување на Бог • Исус учи на молитва • Битката на темнината против Божјиот план и Неговите праведни пророци • Исус ги сакал животните и се залагал за нив • За правилното разбирање на Заповедите • За смртта, реинкарнацијата и животот • Вистинското значење на искупителското дело на Исус, Христос • За минатото, сегашноста и иднината на човештвото • и уште многу друго. www.izdatelstvo-gabriele.com


Други бесплатни брошури за вас: • Беседата на гората • Бог во нас • Лиобани • Исус од Назарет дојде и за животните • Не откажувај се! • Јас се залагам за моите сестри • Вие живеете вечно - не постои смрт • Од јануари 2024 започна Новата доба • Младиот и пророкот и др.

Серафимот на божествената Мудрост

Бо

жј

о -

б ес к о н е ч

но

то

Не постои смрт

а

ве

ен

ат

чн

ор

ост

Отв

а

ење

Царств

с то

от

по

о

Габриеле Издателство Реч Ул.32, бр. 52А, 1041 Илинден www.izdatelstvo-gabriele.com Моб. 071 217 477 www.gabriele-publishing.com

не

б ес

к а в р ат а - п ат о

тв

о

Габриеле Издателство Реч

Порака на вистината


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Серафимот на божествената Мудрост – Не постои смрт by Gabriele-Verlag Das Wort - Issuu