Оваа анализа е подготвена за целите на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, а финансирана од Mastercard. Мислењата и ставовите наведени во оваа содржина не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Mastercard. Издавач: Асоцијација за е-трговија на Македонија Уредници: Нина Ангеловска, Јулијана Ангеловска и Виктор Стојкоски Автори: Нина Ангеловска и Јулијана Ангеловска Дизајн: Лина Ламбринидис Рецезенти: Сандра Томановиќ и Дамјан Дано Печат: Винсент Графика Тираж: 100 примероци Бесплатeн/комерцијален примерок CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", Скопје 004.738.5:339(047) Извештај од анализата на е-трговијата во Република Македонија - "Подготвеност, потенцијал, фактичка состојба, бариери и препораки за развој на е - трговијата во Р. Македонија" / [автори Нина Ангеловска, Јулијана Ангеловска]. - Скопје: Асоцијација за е-трговија на Македонија, 2018. 132 стр.: илустр.; 28 см Фусноти кон текстот. - Библиографија: стр. 132 ISBN 978-608-66223-9-8 а) Електронска трговија - Македонија - Извештаи COBISS.MK-ID 107522826
ИЗВЕШТАЈ ОД АНАЛИЗАТА НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, 2018 ГОДИНА “Подготвеност, потенцијал, фактичка состојба, бариери и препораки за развој на е-трговијата во Р. Македонија”
Асоцијација за е-трговија на Македонија, АЕТМ Скопје
Автори: Д-р Нина Ангеловска, Претседател на АЕТМ и косопственик и директор на Grouper.mk Проф. д-р Јулијана Ангеловска, Универзитет за туризам и менаџмент, Скопје
Оваа публикација е изработена за потребите на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија со цел мапирање на моменталната состојба со е-трговијата во Република Македонија, идентификување на бариерите за раст и развој на е-трговијата во земјата и формирање на препораки. Анализата е поддржана од Mastercard.
ИЗВЕШТАЈ ОД АНАЛИЗАТА НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ПРЕДГОВОР Новите паметни дигитални технологии го променија засекогаш нашиот живот и ќе продолжат да го менуваат со уште побрзо темпо. Начинот на кој комуницираме, начинот на кој носиме одлуки, начинот на кој водиме бизнис, начинот на кој живееме е целосно променет. Промената од традиционална кон електронска трговија веќе се случува и целосно го трансформира однесувањето на компаниите и крајните корисници. Е- трговијата повеќе не е избор туку потреба за сите - за владите, за компаниите и за поединците. Електронската трговија може да претставува поттикнувач за намалување на невработеноста, зголемување на продуктивноста и ефикасноста и да овозможи подобрување на економската состојба на една земја односно поголем економски раст, Додека е-трговијата зема голем замав на глобално ниво и особено во земјите во развој во последнава декада, во економскиот раст и развој во Република Македонија е се уште далеку од развиените земји. Асоцијацијата за е-трговија на Македонија беше основана токму со оваа цел - да го забрза растот и развојот на е-трговијата во Македонија преку холистички пристап, односно здружување на сите засегнати страни. Асоцијацијата за е-трговија на Македонија има за цел да ги поддржи интересите на компаниите за е-трговија, да придонесе кон знаењето за е-трговија и негово проширување вклучувајќи ги поврзаните услуги и технологии и да ги намали и елиминира бариерите кои го ограничуваат растот и развојот на индустријата. За таа цел асоцијацијата нуди советодавна помош, тренинзи и истражувања, како и лобирање, а со тоа се стреми кон инклузивна е-трговија. За да знаеме каде сакаме да бидеме, за да знаеме кои ни се пречките и предизвиците, за да може структурно да делуваме, да креираме планови и политики потребно е да знаеме каде се наоѓаме денес. Во таа насока оваа сеопфатната анализа ја мапира постојната состојба преку разгледување на развојот во изминатите години и споредба со ЕУ земјите и врз таа основа се стреми да ги посочи приоритетните мерки кои треба да се преземат за раст и креирање на поволна клима за развој на е-трговијата. Извештајот е поделен во три дела: подготвеност на Македонија за етрговија, фактичката состојба со е-трговијата и препораки за развој. Овој извештај може да им послужи на компаниите, организациите, владините институции и поединците кои се инволвирани во е-трговијата и кои сакаат да се запознаат повеќе со истата. Засегнатите страни може да ја согледаат состојбата, бариерите и предизвиците кои стојат на патот на развојот и да креираат политики кои ќе го забрзаат растот на индустријата. Компаниите кои се уште не се инволвирани во онлајн продажба може да се запознаат со сите аспекти и да ги искористат предностите од е-трговијата за да остварат раст и конкурентска предност. Нашата визија е Македонија да стане смарт држава, а е-трговијата е еден клучен и интегрален дел во едно дигитално и смарт општество.
Д-р Нина Ангеловска Претседател, Асоцијација за е-трговија на Македонија
5
ИЗВЕШТАЈ ОД АНАЛИЗАТА НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ПРИЗНАНИЈА Извештајот е подготвен од тим составен од д-р Нина Ангеловска (ко-автор и лидер на тимот), Проф. д-р Јулијана Ангеловска (ко-автор главен аналитичар), Филип Чижбановски (спроведување на анкетни прашалници и интервјуа) и Виктор Стојкоски (спроведување на анкетни прашалници и интервјуа). Асоцијацијата за е-трговија на Македонија е благодарна за споделените статистички податоци од Народната банка на Република Македонија и домашните банки кои доставија податоци за етрговијата и одговорија на прашалникот. АЕТМ е подеднакво благодарна на е-трговците кои земаа учество во анектата, придонесоа за идентификување на моменталната состојба и ги посочија предизвиците со кои се соочуваат. Дополнителен придонес кон збогатување на оваа анализа имаа интервјуираните претприемачи кои ги споделија своите приказни и предизвици кои се презентирани со студии на случај - Даниела Милошевска (BastetNoir.com), Петар Ниновски (Brainster.co) и Драган Јосифовски (Paket.mk). Понатаму, Г-дин Сашко Неделков, комерцијален менаџер на DHL Express кој придонесе значително кон идентификување на предизвиците поврзани со доставата, Г-ѓа Сандра Томановиќ, нeзависен советник во Ki-Pay во делот на плаќањата која придонесе со прегледување и давање сугестии на драфт верзијата и г-дин Дамјан Дано кој придонесе со преглед и коментари за формираните препораки во драфт верзијата. Во анализата придонесоа Г-ѓа Маја Кадиевска-Војновиќ, вицегувернер и Г-дин Игор Величковски, директор на Дирекција за платни системи од Народна банка на Република Македонија. Оваа анализа е овозможена благодарение на финансиската поддршка од Mastercard.
6
ИЗВЕШТАЈ ОД АНАЛИЗАТА НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
СОДРЖИНА
ПРЕДГОВОР ............................................................................................................ 5 ПРИЗНАНИЈА .......................................................................................................... 6 ЛИСТА НА ТАБЕЛИ ................................................................................................... 9 ЛИСТА НА СЛИКИ ................................................................................................... 10 ЛИСТА НА КУТИИ.................................................................................................... 13 КРАТЕНИЦИ .......................................................................................................... 14 ВОВЕД ................................................................................................................. 15 ПОДАТОЦИ И МЕТОДОЛОГИЈА .................................................................................... 17 I ДЕЛ: ПОДГОТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА ... 21 1. ИНФОРМАТИЧКО-КОМУНИКАЦИСКА ТЕХНОЛОГИЈА ............................................. 21 1.1. Население .................................................................................................. 21 1.1.1. Интернет пристап ................................................................................ 21 1.1.2. Уреди за пристап................................................................................. 24 1.2. Деловни субјекти .......................................................................................... 25 1.2.1. Интернет пристап ................................................................................ 25 1.2.2. Начин на поврзување............................................................................ 25 1.3. Оценка на ИКТ состојбата во Република Македонија ............................................... 26 2. ПЛАТЕН СИСТЕМ ЗА ОНЛАЈН КУПУВАЊЕ ........................................................... 29 2.1 Платен систем во Република Македонија ............................................................. 29 2.1.1. Платежни картички и нивно користење ..................................................... 30 2.2. Банки и платежни процесинг системи за е-трговија во РМ ........................................ 34 2.2.1. Банкарски систем и платежни картички во РМ ............................................. 34 2.2.2. Процесирање на e-трансакција со картички ................................................ 36 2.2.3. Услови за е-трговците .......................................................................... 38 2.2.4. 3D безбедносна автентикација - Безбедна автентикација при онлајн купувањето .. 40 3. ДОСТАВА................................................................................................... 43 3.1. Индекс на логистички перформанси - LPI (Logistic Peformance Index) .......................... 44 4. РЕГУЛАТОРНА РАМКА ................................................................................... 46 5. ИНДЕКСИ КОИ ГО ОЦЕНУВААТ ПОТЕНЦИЈАЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА РАЗВОЈ НА Е ТРГОВИЈАТА .............................................................................................. 47 5.1 UNCTAD B2C Индекс за е-трговија ...................................................................... 47 5.2. Индекс на подготвеност за мрежно поврзување (The Networked Readiness Index NRI) ....... 48 ДЕЛ II - ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА СО Е-ТРГОВИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ............... 59 1. РАСТОТ И РАЗВОЈОТ НА Е-ТРГОВИЈАТА ........................................................... 59 1.1. Колку Македонците ги користат платежните картички?............................................ 59 1.2. За што ги користат Македонците платежните картички? ........................................... 61 1.3. Каде купуваат Македонците со платежните картички? ............................................. 69 2. АНАЛИЗА НА МАКЕДОНСКИОТ Е-КУПУВАЧ ......................................................... 71 2.1. Колку купуваат Македонците онлајн? .................................................................. 71 2.2. Што купуваат Македонците најмногу онлајн? ........................................................ 72
7
ИЗВЕШТАЈ ОД АНАЛИЗАТА НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
2.1. Каде купуваат македонските е-купувачи?............................................................. 75 2.2. Колку често купуваат Македонците онлајн? .......................................................... 77 2.3. Колку трошат Македонците по нарачка? .............................................................. 78 2.4. За што се користи интернетот во Република Македонија? ......................................... 79 2.5. Какво е однесување на онлајн купувачите? .......................................................... 86 2.6. Бариери зошто Македонците не купуваат онлајн? ................................................... 88 2.7. На кое ниво се дигиталните вештини на Македонците? ............................................ 88 3. АНАЛИЗА НА МАКЕДОНСКИТЕ Е-ТРГОВЦИ ......................................................... 91 3.1. Анализа на деловните субјекти во Македонија според податоците од ДЗС и Еуростат ...... 91 3.1.1. Употреба на интернетот од компаниите ..................................................... 91 3.1.2. Колку од компаниите имаат веб страна и функционалности на веб страната ........ 91 3.1.3. Колку компаниите купувале и продавале онлајн? ......................................... 95 3.1.4. За што го користат интернетот компаниите?................................................ 97 3.2. Анализа на АЕТМ за бројот и дејноста на активните е-трговци во Р. Македонија ........... 100 3.2.1. Колку е-трговци ја формираат понудата во е-трговијата во Р. Македонија?........ 102 3.3. Анализа на прашалникот на е-трговците спроведена од АЕТМ ................................. 104 ДЕЛ III - ПРЕПОРАКИ ЗА РАСТ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА .................. 119 1. ПРЕПОРАКИ НАСОЧЕНИ КОН ПОНУДАТА ВО Е-ТРГОВИЈА НА ПАЗАРОТ..................... 119 2. ПРЕПОРАКИ НАСОЧЕНИ КОН ПОБАРУВАЧКАТА (НАСЕЛЕНИЕ)................................. 123 3. ЗАЕДНИЧКИ ПРЕПОРАКИ/МЕРКИ ЗА ПОНУДАТА И ПОБАРУВАЧКАТА ........................ 125 4. СТУДИИ НА СЛУЧАЈ ..................................................................................... 126 Студија на случај: Grouper.mk............................................................................... 127 Студија на случај: Bastet Noir ............................................................................... 128 Студија на случај: Paket.mk ................................................................................. 129 Студија на случај: Brainster.co .............................................................................. 130 Студија на случај: DHL ........................................................................................ 131 БИБЛИОГРАФИЈА ............................................................................................... 132
8
ИЗВЕШТАЈ ОД АНАЛИЗАТА НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ЛИСТА НА ТАБЕЛИ Табела 1.1: Индикатори за ИКТ (2016) за Македонија, Европа и свет 27 Табела 1.2: Вредност на електронски иницирани кредитни трансфери по уреди на иницирање 33 Табела 1.3: Издавање и прифаќање на платежни картички во Македонија 35 Табела 1.4: Осврт на услугата е-трговија кај петте банки во Р. Македонија 38 Табела 1.5: Функционалности и можности на процесинг системите за е-трговија на петте банки 39 Табела 1.6: Лиценцирани даватели на поштенски услуги 43 Табела 1.7: Вредности за параметрите од B2C Индексот за е-трговија за Р. Македонија 2014 и 2015г. 47 Табела 1.8: Индексот за подготвеност за мрежно поврзување за Република Македoинија 51 Табела 1.9: Индикаторите на Индексот за подготвеност за мрежно поврзување за Република Македoнија 52 Табела 2.1: Вкупни трансакции со платежни картички на интернет продажни места 65 Табела 2.2: Трансакции на виртуелни места на продажба (итернет-продажни места) во мил. евра со домашни картички во странство 68 Табела 2.3: Трансакции на виртуелни места на продажба (интернет-продажни места) во мил. евра со домашни картички во странство 70 Табела 2.4: Дневен број и вредност на реализирани онлајн трансакции со домашни картички кон странство во 2017г. 70 Табела 2.5: Број на трговци, продажни места и уреди кои прифаќаат платежни картички 101 Табела 2.6: Задоволство на е-трговците од соработката со банката 109 Табела 3.1: Едукативни и промотивни мерки [Сет мерки за градење на свест и знаење за етрговија] 120 Табела 3.2: Мерки за законската регулатива 121 Табела 3.3: Мерки за евиденција, информираност и следење на е-трговијата 121 Табела 3.4: Мерки за финансиска поддршка 122 Табела 3.5: Мерки за зголемување на извозот - царина и достава 122 Табела 3.6: Мерки за финансиската инфраструктура 123 Табела 3.7: Мерки намалување на готовина и нелојална конкуренција 123 Табела 3.8: Едукативни и промотивни мерки 124 Табела 3.9: Промотивни мерки 125
9
ИЗВЕШТАЈ ОД АНАЛИЗАТА НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ЛИСТА НА СЛИКИ Слика 1: Структура на извештајот 16 Слика 2: Податоци и методологија на анализата 17 Слика 1.1: Процент од домаќинства со интернет пристап во европските земји (33) во 2010 и 2017г. 21 Слика 1.2: Употребиле интернет во последната година, како процент од население 16-74 години 22 Слика 1.3: Причини за немање интернет поврзување во домот [% од домаќинства без интернет] во 2017г. 22 Слика 1.4: Фиксно широкопојасно поврзаување [% од домаќинства со интернет пристап дома] 23 Слика 1.5: Мобилно широкопојасно поврзување [% од домаќинства со интернет пристап дома] 24 Слика 1.6: Уреди со кои населението пристапило на интернет, Македонија и ЕУ (% од населението) 24 Слика 1.7: Употреба на мобилен телефон (или смарт телефон) за пристап до интернет како процент од поединците што употребиле интернет во последните 3 месеци за период 2012 и 2017г. 25 Слика 1.8: Процент на компании со поврзаност на интернет преку пренослив уред употребувајќи мобилна тел. мрежа (3G/4G) како процент од сите компании и од компаниите со интернет пристап 26 Слика 1.9: Индикатори за ИКТ (2016) за Македонија, Европа и свет 28 Слика 1.10: Процент од население на возраст 15+ кое поседува сметка 30 Слика 1.11: Процент од население на возраст 15+ кое поседува кредитна картичка 31 Слика 1.12: Процент од население на возраст 15+ кое поседува дебитна картичка 32 Слика 1.13: Структура на уреди за електронско иницирања на кредитни трансфери на физички лица 2016 и 2017г. 33 Слика 1.14: Процесирање на е-трансакција 37 Слика 1.15: Вредности за параметрите од LPI за Европските земји за 201ог. 45 Слика 1.16: Вредности за параметрите од LPI за Европските земји за 2016г. 45 Слика 1.17: Споредба на вредности за параметрите од LPI за Република Македонија 2010 и 2016г.45 Слика 1.18: UNCTAD B2C е-commerce индекс за 2015г. 48 Слика 1.19: Рамка за мрежна подготвеност 49 Слика 1.20: Вредности за параметрите од NRI Индексот за 2016г. 50 Слика 2.1: Процент од населението 15+ кои употребиле кредитна картичка во 2014г. 60 Слика 2.2: Процент од населението 15+ кои употребиле дебитна картичка во 2014г. 60 Слика 2.3: Процент од население 15+ со сметка кои направиле трансакции со моб. во 2014г. 61 Слика 2.4: Структура на вредноста на вкупните трансaкции со платежни картички во 2016 и 2017г. 61 Слика 2.5: Вредност (во мил. евра) на направени трансакции со македонски и странски картички и пораст (%) во вредноста на трансакциите во РМ остварени на интернет уреди во 2017г. физички и правни лица 62 Слика 2.6: Удел на уредите во вкупната вредноста на остварени трансакции со македонски картички во 2016 и 2017г. 63 Слика 2.7: Вредност на остварени трансакции кон домашни уреди со домашни и странски платежни картички во 2017г. 63 Слика 2.8: Вредност на трансакции остварени со картички издадени во земјата кон странство по уреди во 2017г. 64 Слика 2.9: Вредност на трансакции остварени со странски картички во Р.Македонија по уреди во 2017г. 64 Слика 2.10: Вредност на трансакции по секој од уредите (во мил. евра) и уделот на секој од уредите (%) во вкупната вредност со картички остварена од Македонците кон дома и кон странство за 2016 и 2017г. 64 Слика 2.11: Вредност (во мил. евра) и пораст (%) на вредноста на онлајн трансакциите во РМ остварени кон домашни е-трговци 2011-2017г. 65 Слика 2.12: Вредност на онлајн трансакции (во милион евра) во 2017г. според потеклото на картичката и трансакцијата 66
10
ИЗВЕШТАЈ ОД АНАЛИЗАТА НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Слика 2.13: Број на онлајн трансакции со домашни картички на домашни е-трговци во 2017г. 66 Слика 2.14: Број на онлајн трансакции со домашни картички кон странски е-трговци во 2017г. 67 Слика 2.15: Структура на вредноста на трансакциите кон интернет трговци за 2016 и 2017г. 68 Слика 2.16: Удел на земјите во вредноста на реализирани онлајн трансакции со домашни картички кон странство во 2017г. 69 Слика 2.17: Удел на земјите во бројот на реализирани онлајн трансакции со домашни картички кон странство во 2017г. 69 Слика 2.18: Онлајн купување во последните 12 месеци како процент од поединци со интернет пристап во 2010 и 2017 години во Европските земји 71 Слика 2.19: Што купувале Македонците споредено со ЕУ (28) просекот изразено како % од тие што порачале услуги/производи во последните 12 месеци во 2017г. 72 Слика 2.20: Купување облека, спортска опрема онлајн во последните 12 месеци [како процент од тие што порачале производи/услуги преку интернет во последните 12 месеци] 73 Слика 2.21: Купување медицински производи онлајн во последните 12 месеци [како процент од тие што порачале производи/услуги преку интернет во последните 12 месеци] 73 Слика 2.22: Купување производи за домаќинство онлајн во последните 12 месеци [како процент од тие што порачале производи/услуги преку интернет во последните 12 месеци] 74 Слика 2.23: Купување храна и производи за секојдневна употреба онлајн во последните 12 месеци [како процент од тие што порачале производи/услуги преку интернет во последните 12 месеци] 74 Слика 2.24: Купување хотелско и друго сместување онлајн во последните 12 месеци [како процент од тие што порачале производи/услуги преку интернет во последните 12 месеци] 75 Слика 2.25: Купиле/нарачале производи/услуги од продавачи од домицилната земја [како процент од оние кои нарачале/купиле преку интернет во последните 12 месеци] 75 Слика 2.26: Купиле/нарачале производи/услуги од продавачи од Европа [како процент од оние кои нарачале/купиле преку интернет во последните 12 месеци] 76 Слика 2.27: Купиле/нарачале производи/услуги од продавачи од другиот дел на светот [како процент од оние кои нарачале/купиле преку интернет во последните 12 месеци] 76 Слика 2.28: Еднаш до двапати купување во последните 3 месеци од оние кои купиле во истиот период во 2017г. 77 Слика 2.29: Онлајн купување во последните 3 месеци во вредност под 50 евра [како процент од оние кои купиле нешто во последните 3 месеци во 2017г.] 78 Слика 2.30: Производи како електроника, облека, играчки и др. купени онлајн од странство [како процент од оние кои купиле онлајн во последните 12 месеци во 2017г.] 78 Слика 2.31: Употреба на интернет за учество на социјални мрежи [како процент од оние кои користеле интернет во последните 3 месеци во 2017г.] 79 Слика 2.32: Употреба на интернет за телефонирање или видео повици [како процент од оние кои користеле интернет во последните 3 месеци во 2017г.] 80 Слика 2.33: Употреба на интернет за споделување на самокреирана содржина на веб страна [како процент од оние кои користеле интернет во последните 3 месеци во 2017г.] 80 Слика 2.34: Употреба на интернет за барање на информации за здравје [како процент од оние кои користеле интернет во последните 3 месеци во 2017г.] 81 Слика 2.35: Употреба на интернет за читање онлајн сајтови за вести, весници, магазини [како процент од оние кои користеле интернет во последните 3 месеци во 2017г.] 81 Слика 2.36: Употреба на интернет за играње и симнување игри [како процент од оние кои користеле интернет во последните 3 месеци во 2017г.] 82 Слика 2.37: Споредба на Македонија и ЕУ (28) просекот во користење на интернетот за активности во кои Македонците се под европскиот просек за 2017г. 82 Слика 2.38: Употреба на интернет за праќање/примање на е-маил-ови [како процент од оние кои користеле интернет во последните 3 месеци во 2017г.] 83 Слика 2.39: Употреба на интернет за сместувачки услуги [како процент од оние кои користеле интернет во последните 3 месеци во 2017г.] 83 Слика 2.40: Употреба на интернет за продавање производи и услуги [како процент од оние кои користеле интернет во последните 3 месеци во 2017г.] 84
11
ИЗВЕШТАЈ ОД АНАЛИЗАТА НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Слика 2.41: Употреба на интернет за барање информации за производи и услуги [како процент од оние кои користеле интернет во последните 3 месеци во 2017г.] 84 Слика 2.42: Употреба на интернет за барање работа и праќање на апликација [како процент од оние кои користеле интернет во последните 3 месеци во 2017г.] 84 Слика 2.43: Употреба на интернет за интернет банкарство [како процент од оние кои користеле интернет во последните 3 месеци во 2017г.] 85 Слика 2.44: Употреба на интернет за управување на сметката за плаќање за производи или услуги купени на интернет [како процент од оние кои користеле интернет во последните 3 месеци во 2017г.] 85 Слика 2.45: Однесување на корисниците како процент од оние кои користеле купиле производ или услуга на интернет во последната година. последните 3 месеци во 2017г. 86 Слика 2.46: Перцепирани бариери за онлајн купување/нарачување за Македонија споредено со европскиот просек (28) како процент од тие што не купиле/нарачале во последните 12 месеци 88 Слика 2.47: Поединци кои имаат ниско целокупно ниво на дигитални вештини како процент од вкупното население 89 Слика 2.48: Поединци кои имаат основно ниво на дигитални вештини како процент од вкупното население 89 Слика 2.49: Поединци кои имаат основно и над основно ниво на дигитални вештини како процент од вкупното население 90 Слика 2.50: Компании кои имаат веб страна во 2016 година 92 Слика 2.51: Компании со веб страна која има каталог на производи и ценовник [како процент од сите компании и компаниите со веб страна во 2016г.] 92 Слика 2.52: Компании со веб страна кој има рекламирање на отворени работни позиции и онлајн апликација за работа [како процент од сите компании и компаниите со веб страна во 2016г.] 93 Слика 2.53: Компании со веб страна кој има можности за онлајн порачки, резервации [како процент од сите компании и компаниите со веб страна во 2016г.] 93 Слика 2.54: Компании со веб страна кој има можности за следење нарачки [како процент од сите компании и компаниите со веб страна во 2016г.] 94 Слика 2.55: Компании со веб страна кој има можности за олајн порачки, резервации и имаат бар еден од: webacc, webctm, webot or webper [како процент од сите компании и компаниите со веб страна во 2016г.] 94 Слика 2.56: E-набавки на деловни субјекти: испратиле нарачки за купување стоки/услуги преку компјутерски мрежи - веб или EDI 95 Слика 2.57: Деловни субјекти кои примиле е-нарачки во 2017г. 95 Слика 2.58: Процент на веб продажбата во однос на вкупната продажба =/>1% 96 Слика 2.59: Употреба на социјални медиуми и интернет рекламирање во Република Македонија споредено со просекот на Европската Унија (28) во 2016 година [% од компаниите 10+ вработени] 97 Слика 2.60: Употреба на социјални медиуми (било кои) [% од компаниите 10+ вработени] 98 Слика 2.61: Употреба на социјални мрежи (пр. Facebook, Linkedin и др.) [% од компаниите 10+ вработени] 98 Слика 2.62: Имаат веб страна и користат социјални медиуми [% од компаниите 10+ вработени] 99 Слика 2.63: Плаќаат да се рекламираат на Интернет [% од компаниите 10+ вработени] 99 Слика 2.64: Категоризација по дејности на е-трговците со активни веб страни 103 Слика 2.65: Застапеност на индустрии на испитаниците 104 Слика 2.66: Типови на е-трговци според каналите на продажба 105 Слика 2.67: Структура на понуда 105 Слика 2.68: Каде продаваат е-трговците (домашен и странски пазар) 105 Слика 2.69: Причини за неиспорачување на странски пазари 106 Слика 2.70: Предизвици при испорака на производите 106 Слика 2.71: Удел на банки со кои работат е-трговците 107 Слика 2.72: Начин на плаќање на онлајн нарачката 108
12
ИЗВЕШТАЈ ОД АНАЛИЗАТА НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Слика 2.73: Удел на секој од каналите за плаќање кај е-трговците кои нудат исклучиво онлајн плаќања со картичка или банкарски трансфер 108 Слика 2.74: Удел на секој од каналите за плаќање кај е-трговците кои ги нудат сите три канали за плаќање 109 Слика 2.75: Потребна функционалност од банките 110 Слика 2.76: Предизвици во работењето 111 Слика 2.77: Бариери за развој на е-трговијата во Македонија, според е-трговците 112 Слика 2.78: Канали на промоција 113 Слика 2.79: Социјални медиуми за платено рекламирање 113 Слика 2.80: Користени и преферирани методи на комуникација со клиентите 114 Слика 2.81: Удел на компании со мобилна апликација 114
ЛИСТА НА КУТИИ Кутија Кутија Кутија Кутија Кутија Кутија Кутија Кутија Кутија Кутија Кутија Кутија
1.1: 1.2: 1.3: 1.4: 2.1: 2.2: 2.3: 2.4: 2.5: 2.6: 2.7: 2.8:
Дефинирање на е-трговијата Прва мобилна апликација за плаќања на ПОС терминали со паметен уред Првиот метод за плаќање базиран на е-банкарство - Ki-Pay Видови на е-трговија Методологија на НБРМ усогласена со ЕЦБ Придобивки и предизвици за корисниците на е-трговијата СИНЏИРОТ НА Е-ТРГОВИЈА Придобивки и предизвици за бизнисите од е-трговијата Проблеми со извозот Можност за плаќање со други валути Побрза реакција од банките при измамнички трансакции Проблеми со нелојална конкуренција и ниска куповна моќ
28 30 41 46 62 77 87 96 107 109 110 112
13
ИЗВЕШТАЈ ОД АНАЛИЗАТА НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
КРАТЕНИЦИ АТМ
Банкомат
ДЗС
Државен завод за статистика
Е-трговија
Електронска трговија
Е-трговци
Електронски трговци
ЕМУ
Европска монетарна унија
ЕЦБ
Европска централна банка
ИКТ
Информациско комуникациска технологија
КИБС
Клириншки интербанкарски системи
НБРМ
Народна Банка на Република Македонија
ПЛ
Правни лица
ПОС
Продажно место со физичка локација (POS - point of sale)
ПС
Персонален комјутер
С2C
Потрошувач-кон-Потрошувач е-трговија (Consumer-to-consumer e-commerce)
ФЛ
Физички лица
API
Апликативен програмски интерфејс (Application Program Interface)
B2B
Бизнис-кон-Бизнис е-трговија (Business-to-business e-commerce)
B2C
Бизнис-кон-Потрошувач е-трговија (Business-to-consumer e-commerce)
CVC
Код за верификација на картичката (Card Verification Code)
CVV2
Код за верификација на картичката (Card Verification Value)
DSL
Дигитална линија за запишување (Digital Subscriber Line)
EDI
Eлектронска размена на податоци (Electronic Data Interchange)
Gbps
Гигабајти по секунда
GNI pc
Бруто национален доход по жител БНД/ж
ITU
Меѓународна телекомуникациска унија (International Telecommunication Union)
LTE
4G мобилна широкопојасна технологија потврдена од ITU. LTE користи радио бранови и може да достигне брзина до 1Gbps (“Long Term Evolution)
LPI
Индекс на логистички перформанси (Logistics Performance Index)
NRI
Индекс на подготвеност за мрежно поврзување (Networked Readiness Index)
OECD
Организација за економска соработка и развој (Organisation for Economic Cooperation and Development)
OTP
Лозинка за една употреба (One-time password)
UNCTAD
Конференција за трговија и развој на Обединети Нации (United Nations Conference on Trade and Development)
WiMax
4G мобилна широкопојасна технологија која ги имитира можностите на Wi-Fi, но преку мобилна телефонска мрежа користејќи отворен протокол (802.16m) потврдена од ITU (Worldwide Interoperability for Microwave Access)
3G
Трета генерација на безжична мобилна телекомуникациска технологија
4G
Четврта генерација на безжична мобилна телекомуникациска технологија
14
ИЗВЕШТАЈ ОД АНАЛИЗАТА НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ВОВЕД Е-трговијата е ново-креиран канал во индустријата на традиционалната трговија заснована на техничко технолошките промени предизвикани со интернетот и компјутерите кои се сметаат за дигитална или трета индустриска револуција. Електронската трговија е еден значаен сегмент кој се развива со ИКТ како предуслов и придонесува за зголемување на продуктивноста, намалување на неефикасноста и претставува двигател и мотор на економскиот раст во една земја, а уште повеќе во земјите во развој. Интернетот, како откритие на 20-тиот век заедно со дигиталната трансформација или напредната дигитална технологија е неизбежен избор за сите: бизниси, корисници, институции, влади итн. Бизнис пејзажот е редизајниран со цел да има способност да одговара на промените и потребите на новата информациско технолошка ера. Брзиот развој на дигиталната економија влијае на изведувањето на активностите на речиси сите бизниси и затоа од голема важност е земјите да имаат предвид политики кои ќе ја олеснат употребата и имплментацијата на е-трговијата за одржлив развој. Во овој контекст изградбата на национална стратегија за развој на е-трговијата во соработка со бизнис заедницата и засегнатите учесници може да одигра клучна улога. Уште повеќе акцентот треба да се стави на ефективно инволвирање на микро, малите и средни бизниси кои се флексибилни на промени. Дополнително е-трговијата и е-бизнисот овозможуваат унапредување на претприемништвото во земјите во развој, вклучително и поголемо вклучување на жените како и зголемување на достапноста до финансии за малите фирми преку различни онлајн платформи за финансирање. Секако, како основа за изготвување на било какви политики и стратегии за развој на е-трговијата потребна е оценка на состојбата со создадените предуслови за развој на истата како и постигнатото до сега. Изработката на оваа анализа за е-трговија, на иницијатива на Асоцијацијата за Е-трговија на Македонија, а поддржана од Mastercard има токму за цел да даде сеопфатен приказ на состојбата во оваа гранка во Република Македонија. За развој на е-трговијата потребно е да се разгледаат предусловите, како состојбата со развојот на ИКТ, потоа платните системи, регулативната адаптација на ново-креираната состојба во трговијата, како и проследувачките индустрии кои се клучни за развој на е-трговијата како што е доставата. Од тие причини најпрво е презентирана состојбата со развојот на факторите или условите за развој на е-трговијата односно потенцијалот кој може да обезбеди понатамошен раст. Во таа насока, тековната состојба е споредена со состојбата во 2010 година кога и за прв пат беше изработена анализа од УСАИД за е-трговијата. Напредокот направен во однос на 2010 год. сам по себе не кажува многу доколку не се споредиме со европските земји. Анализата вклучува споредба на потенцијалот за вршење на е-трговија во Македонија со земјите од Европа и од регионот, за да може вистински да го согледаме напредокот остварен од 2010 год. Во вториот дел се анализира состојбата со е-трговијата, обем по трансакции и вредност, што се купува онлајн, од каде се купува и сл. Исто така направена е анализа на навиките и начините на користење на интернетот за различни цели и намери. Анализата е направена за 2017 год., но во споредба со 2010 год. и со европските земји. Понатаму спроведени се прашалници и интервјуа со засегнатите страни, односно е-трговците, финансиските институции и водечка компанија за достава. Во анализата се опфатени како индивидуалните корисници така и бизнисите. Сето ова понатаму ни овозможува формирање на препораки за елиминирање на бариерите, адресирање на предизвиците и овозможување раст на е-трговијата во Република Македонија, кои го сочинуваат третиот дел од овој извештај.
15
ИЗВЕШТАЈ ОД АНАЛИЗАТА НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
СТРУКТУРА НА ИЗВЕШТАЈОТ Студијата е поделена во три дела како што е прикажано на Слика 1. Првиот дел ја анализира подготвеноста и потенцијалот за развој на е-трговијата на Република Македонија преку разгледување на четирите клучни пилари кои се предуслови за е-трговија и тоа: информатичко комуникациска технологија (интернет пенетрацијата, начин на пристап на населението и деловните субјекти до Интернет), платежниот систем (платежни картички во оптек и користење на платежните картички), достава (покриеноста за испорака на пакети во земјата и надвор) и регулаторната рамка (дали се донесени потребните закони за е-трговија). Вториот дел ја разгледува фактичката состојба преку анализа на вредноста на трансакциите во етрговијата, споредба со европските земји, анализа на македонскиот купувач (колку, што и од каде купува, за што го користи интернетот, неговата компјутерска писменост и дигитални вештини) и на крајот се анализира тековната понуда на пазарот од страна на домашните компании кои ја формираат понудата на пазарот на е-трговија. Третиот дел е посветен на формирање на конкретни препораки за развој на е-трговијата како резултат на мапирање на потенцијалниот за развој и фактичката состојба во претходните два дела како и земајќи предвид студии на случај кои ги разгледуваат бариерите и искуствата на некои од учесниците на пазарот на е-трговија. Слика 1: Структура на извештајот
16
ИЗВЕШТАЈ ОД АНАЛИЗАТА НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ПОДАТОЦИ И МЕТОДОЛОГИЈА За изработка на анализата користени се секундарни податоци, како: објавени статистички податоци, интерни податоци, публикации од различни автори, домашна и странска литература и голем број на интернет-страници. Исто така користени се и примарни податоци собрани од учесниците во е-трговијата преку прашалници и интервјуа. Во истражувањето се користени научната метода, историскa методa и компаративна анализа. Потоа е изготвен извештајот и според детектираните ситуации извлечени се препораки. На Слика 2 прикажани се главните извори на податоци и методологијата на нивно прибирање. Слика 2: Податоци и методологија на анализата
[1] Државниот завод за статистика ја спроведува анкетата за ИКТ од домаќинствата и поединците. За рамка на примерокот се користи пописот на населението, домаќинствата и становите од 2002 година. Метод на собирање: доброволно, самостојна анкета, лице-в-лице интервју. Населението кое е опфатено се поединци од 16-74 години старост (1.571.896 *75) а бројот на домаќинства изнесува 564.237 *74 [Stat.gov.mk, 2018]. За компаративна анализа користени се податоците од Еуростат [Ec.europa.eu, 2018]. Податоците за деловните субјекти се прибираат со пополнување на прашалник (образец ИКТ.1). До 2014 година, прашалникот до избраните деловни субјекти се испраќаше во хартиена форма (пo пошта), а од 2015, тој се пополнува електронски во естат системот. Примерокот е стратифициран случаен примерок. Стратификацијата на примерокот е по групи на дејности и по групи на вработени. Рамката за примерокот е Статистичкиот деловен регистар со состојба на крајот на претходната година. Од 2012 година, како единици на набљудување се исклучени деловните субјекти под 10 вработени. Прикажаните податоци се оценка на добиените одговори од деловните субјекти. Пондерирањето на добиените одговори од деловните субјекти е направено со ХорвицТомсоновиот (HT) естиматор на обратни веројатности, по стратуми, при што се користени статистички процедури на САС [Stat.gov.mk, 2018]. За компаративна анализа користени се податоците од Еуростат [Ec.europa.eu, 2018].
17
ИЗВЕШТАЈ ОД АНАЛИЗАТА НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
[2] НБРМ - Податоците на месечна основа во однапред дефинирани рокови преку електронска апликација ги доставуваат до Дирекцијата за платни системи при Народната банка на Република Македонија: банки, издавачи на електронски пари, правни лица, посредници при микроплаќањата и останати обезбедувачи на платежни услуги и оператори на платни системи коишто се вклучени во платен систем или вршат други услуги поврзани со плаќањата. Податоците од јануари 2005 година до јануари 2016 година се по старата методологија [Nbrm.mk, 2018]. Од март 2016 година методологијата е прилагодена спрема ЕЦБ. [3] UNCTAD - B2C E-commerce index - Селекцијата на индикатори за индексот е направен во неколку чекори. Најпрво различни компоненти потребни за извршување на трансакција за етрговија, вклучувајќи плаќање и испорака. Ова вклучува пристап до интернет од страна на потрошувачот, веб присуство за да се добие нарачката, начин на плаќање и метод на испорака. Второ, статистичката анализа е направена со регресирање на овие показатели за процентот на поединци кои направиле онлајн нарачка. Индексот опфаќа 130 земји со сите достапни индикатори за 2013 година или покасно [UNCTAD, 2015, 2017]. [4] Светска банка - Индикаторите во Глобалната финансиска инклузија за 2014 година (Global Financial Inclusion -Global Findex) се добиени од истражувањето со анкета кое опфаќа речиси 150.000 луѓе во 143 економии - што претставува повеќе од 97 проценти од населението во светот. Истражувањето е спроведено во текот на 2014 година од страна на Галуп, АД, како дел од нејзината анкета Галуп Свет, која од 2005 година континуирано се спроведува на околу 1.000 луѓе во секоја од повеќе од 160 економии и на повеќе од 140 јазици, користејќи случајно избрани, национално репрезентативни примероци. Целна група е целокупното цивилно, неинституционално население на возраст од 15 и повеќе години [Demirguc-Kunt еt all., 2015]. LPI индексот ги мери перформансите долж синџирот на снабдување во рамките на една земја врз основа на светско истражување на глобалните шпедитери и експресни превозници, Податоците за LPI 2016 се базираат на спроведена анкета помеѓу октомври и декември 2015 година на меѓународни логистички компании во 132 земји [Arvis еt all., 2016]. [5] Светски економски форум - Како главни извори за околу половина од индивидуалните индикатори користени за пресметка на NRI се користени меѓународни организации: Меѓународната унија за телекомуникации (the International Telecommunication Union), УНЕСКО и други агенции на ОН и Светската Банка. Другата половина од индикаторите за NRI се изведени од Анкетата на Светскиот економски форум (World Economic Forum’s Executive Opinion Survey). Истражувањето од анкетата се користи за мерење на концепти кои се квалитативни по природа или за кои не се достапни меѓународно споредливи статистички податоци за доволно земји. Истражувањето e направено во 2015 година на повеќе од 14.000 извршни директори во повеќе од 140 земји [World Economic Forum, 2016; International Telecommunication Union, 2017]. [6] Прашалници - креирани се два прашалници наменети за банките и е-трговците со филтер прашања. Прашалникот за банките се разликува зависно од тоа дали банката ја нуди услугата етрговија или не, со што банките кои не ја нудат оваа услуга добија пократок и различен прашалник, додека банките кои ја нудат оваа услуга одговараа на подетален прашалник вклучувајќи податоци за е-трговците кои ги имаат како клиенти и достапните услуги кои ги нудат. Прашалникот за е-трговците во суштина се разликува зависно дали е-трговецот нуди достава, со што ако нуди добива дополнителен сет на прашања поврзани со доставата на производите. [7] Интервјуа - семи-структурирани интервјуа и е-маил интервјуа беа спроведени со повеќе засегнати страни меѓу кои платежни институции, компанија за достава и одбрани е-трговци со цел идентификување на предизвиците со кои се соочуваат и формирање на препораки.
18
ПОДГОТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА
I ДЕЛ: ПОДГОТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА 1. ИНФОРМАТИЧКО-КОМУНИКАЦИСКА ТЕХНОЛОГИЈА Интернетот заедно со дигиталната трансформација или напредна дигитална технологија е неизбежен избор за сите: бизниси, корисници, администрација, влада итн. Дигиталната технологија ја менува економијата и нуди нови можности за развој. ИКТ е нов извор на раст кој ќе овозможи понатамошни реформи, модернизација и иновации, со цел да ги зголеми стапките на економски раст и да создаде вработување. Иако ИКТ се инволвира насекаде во светот, брзината со која се имплементира е различна. За да може корисниците и организациите да се инволвираат во е-трговијата потребно е најпрво да имаат пристап до интернет. Така интернет пенетрацијата, начинот на поврзување, како и уредите за пристап на населението и деловните субјекти се еден од основните предуслови.
1.1.
Население
1.1.1. Интернет пристап Во 2017 година 73,6 % од домаќинствата во Република Македонија имаат интернет, спрема 46% во 2010 година. Според Државниот завод за статистика на Република Македонија во 2017 година има 564.237 домаќинства односно 417.535 домаќинства имаат интернет пристап. Ако просечно домаќинство има 3.58 членови тогаш 1.494.775 поединци имаат пристап до интернет. Во Европската Унија 87% од домаќинствата имаат интернет пристап, а во развиените земји од Европа како Луксембург и Данска имаат скоро целосна покриеност, односно 97% од домаќинства се со интернет пристап. Република Македонија во споредба со Балканските земји има повисок процент на интернет пристап кај домаќинствата и тоа од Грција, Црна Гора, Србија и Бугарија (Слика 1.1). Слика 1.1: Процент од домаќинства со интернет пристап во европските земји (33) во 2010 и 2017г.
Извор: Еуростат
21
ПОДГОТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА
Слика 1.2: Употребиле интернет последната година, како процент население 16-74 години
во од
Употребата на интернет според методологијата на Еуростат се пресметува на население на возраст од 16-74 години кое во Република Македонија во 2017 година изнесува 1.571.896. Од населението на возраст од 16-74 години, 76% или 1 194 640 употребило интернет во последната година. Во 2010 година 54% од населението на возраст од 16-74 години во Република Македонија користело интернет во последната година. Просекот на интернет пенетрација на населението на ниво на Европската Унија (28) е 85% во 2017 година спрема 71% во 2010 година (Слика 1.2).
Извор: Еуростат Што се однесува до причините за немање на интернет пристап, одговорите на домаќинствата без интернет пристап во Македонија се слични со одговорите во Европската Унија. Од 24% од домаќинствата во Република Македонија што немаат интернет, 48% како главна причина за тоа наведуваат дека немаат потреба, а 40% дека им недостига искуство или умешност. На ниво на Европска Унија, од тие 13% што немаат интернет, 47% како главна причина за тоа наведуваат дека немаат потреба, а 42% дека им недостига искуство или умешност (Слика 1.3). Слика 1.3: Причини за немање интернет поврзување во домот [% од домаќинства без интернет] во 2017г.
Извор: ДЗС Начинот на поврзување е исто така важен за да може да се врши е-трговија, односно потребна е висока брзина и постојаност во интернет поврзаноста што го овозможува широкопојасното поврзување. Широкопојасното поврзување почна да се појавува во некои развиени земји во доцните деведесетти, користејќи бакарна жица во обични телефонски врски (т.е. дигитална претплатничка линија (DSL)) или коаксијален кабел во кабелските телевизиски мрежи (т.е. кабелски модем). Во 2001 година беа отворени првите мобилни мрежи со голема брзина. Денес
22
ПОДГОТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА
комерцијализираните фиксни широкопојасни мрежи достигнаа брзини на преземање од 1.000 Mb/s преку оптички влакна и мобилни широкопојасни 300 Mb / s преку мрежи за долгорочна еволуција од четвртата генерација (4G). Широкопојасно поврзување (фиксно или мобилно) во 2017 година во Република Македонија имаат 62% од домаќинствата спрема 37% во 2010 година. Во ЕвропскатаУнија (28) широкопојасно поврзување имаат 75% од домаќинствата. Притоа учеството на фиксното широкопојасно поврзување во Европска Унија пораснало од 57% во 2010 година на 75% во 2017 година, додека мобилното широкопојасно поврзување пораснало за 4 пати односно од 10% во 2010 година на 42% во 2017 година. Во Република Македонија фиксно широкопојасно поврзување во 2010 година имаат 37% од домаќинствата, додека во 2017 година 62% од домаќинствата. Мобилното широкопојасно поврзување забележува енормен пораст односно во 2010 година само 1% од домаќинствата имаат мобилно широкопојасно поврзување, а во 2017 година 37% од домаќинствата и е близу до просекот на Европската Унија. Од домаќинствата со интернет пристап во 2017 година во Република Македонија широкопојасно се поврзани 84%, спрема 80% во 2010 година. Просекот на Европската Унија (28) е 87% од домаќинствата со интернет, спрема 82% во 2010 година (Слика 1.4). Слика 1.4: Фиксно широкопојасно поврзаување [% од домаќинства со интернет пристап дома]
Извор: Еуростат Што се однесува до мобилното широкопојасно поврзување, во Република Македонија се поврзани 50% од домаќинствата со интернет пристап и е поголем од европскиот просек од 49%. Мобилното широкопојасно поврзување забележува експоненцијален пораст во однос на 2010 година кога само 3% од интернет корисниците биле мобилно широкопојасно поврзани (Слика 1.5).
23
ПОДГОТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА
Слика 1.5: Мобилно широкопојасно поврзување [% од домаќинства со интернет пристап дома]
Извор: Еуростат
1.1.2. Уреди за пристап Неспорно е дека за да се има интернет мора населението да поседува и уреди со кои ќе пристапи. 58% од вкупното население во Република Македонија пристапило на интернет со мобилен или паметен телефон спрема 65% во Европската Унија, 64% од населението пристапило на интернет со компјутер или лаптоп во Република Македонија спрема 76% во Европската Унија. Употребата на интернет од паметен телевизор е само 7% во Република Македонија спрема 12% во Европската Унија (Слика 1.6). Но за потребите на анализата ќе го истакнеме пристапот со мобилни уреди што овозможува интернет пристап од било каде како процент од тие што пристапиле на интернет во последните три месеци. Слика 1.6: Уреди со кои населението пристапило на интернет, Македонија и ЕУ (% од населението)
82% од корисниците кои пристапиле на интернет во последните 3 месеци во 2017 година во Република Македонија тоа го направиле со мобилен телефон или смарт телефон, спрема 75% од корисниците во Европска Унија (28). На Слика 1.7 е даден приказ на употребата на мобилен телефон за пристап до интернет како процент од оние кои употребиле интернет во последните 3 месеци и забележително е дека Балканските земји имаат висок просек на учество. Овој податок е важен заради фактот што ако најмногу користат мобилен за интернет пристап тогаш можеби повеќе треба да се користат и мобилните апликации за различни намени.
Извор: Еуростат
24
ПОДГОТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА
Слика 1.7: Употреба на мобилен телефон (или смарт телефон) за пристап до интернет како процент од поединците што употребиле интернет во последните 3 месеци за период 2012 и 2017г.
Извор: Еуростат
1.2.
Деловни субјекти
1.2.1. Интернет пристап Интернет пристапот претставува неопходен услов за сите бизниси да ги извршуваат нивните деловни активности. Само 3 % од од деловните субјекти со 10 или повеќе вработени во Европската Унија во 2017 година немале интернет конекција, а најголемо учество на компании без интернет пристап има во Романија (16 %) и Грција (12 %). Во Република Македонија 7,6% од деловните субјекти со 10 или повеќе вработени немаат интернет, спрема 16% во 2010 година.
1.2.2. Начин на поврзување Најмногу од компаниите (10 или повеќе вработени) кои се поврзани на интернет во Република Македонија во 2017 година користат фиксно широкопојасно поврзување односно 88,4%. И на ниво на Европска Унија исто така најмногу се користи фиксното широко појасно поврзување или 94% спрема 85% во 2010 година. Секако сѐ попопуларно станува мобилното поврзување кое го користат 69 % од деловните субјекти со 10 или повеќе вработени во Европската унија во 2017 година спрема спрема 27% во 2010 година. И во Република Македонија 63% од деловните субјекти во 2017 година користат мобилно поврзување во споредба со само 11% во 2010 година. Во рамки на Европската Унија употребата на мобилно интернет поврзување е највисоко во Финска (94 %), Данска (92%) и Хрватска (83%) во 2017 година (Слика 1.8).
25
ПОДГОТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА
Слика 1.8: Процент на компании со поврзаност на интернет преку пренослив уред употребувајќи мобилна тел. мрежа (3G/4G) како процент од сите компании и од компаниите со интернет пристап
Извор: Еуростат Од деловните субјекти со 10 и повеќе вработени, речиси сите кои имаат интернет пристап односно 98% имаат компјутер во 2016 година, и 100% од големите со над 250 вработени. Пристап на интернет преку пренослив уред, употребувајќи мобилна телефонска мрежа (3G/4G), имале 63.0% од деловните субјекти. Ваков тип мобилна поврзаност на интернет (преку преносливи уреди: таблет, лаптоп, смартфон, телефон PDA итн. за деловна намена, користеле 14.5% од вработените во деловните субјекти.
1.3.
Оценка на ИКТ состојбата во Република Македонија
Вкупната оценка за состојбата со ИКТ во Република Македонија, дадена од Меѓународната телекомуникациска унија, е дека земјата презела значајни чекори кон конкурентен и модерен телекомуникациски пазар. При тоа, се наведува дека иако фиксната мрежа не е доволно развиена, мобилната е многу важна за земјата и стапката на пенетрација е релативно висока за мобилна –целурар конекција, а исто така се зголемува мобилното широко појасно поврзување. Мобилните услуги се добро развиени и широкопојасното поврзување е во раст [International Telecommunication Union, 2017]. Во Табела 1.1 се дадени индикаторите за оцена на ИКТ во 2016 година за Република Македонија, но и европскиот и светскиот просек.
26
ПОДГОТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА
Табела 1.1: Индикатори за ИКТ (2016) за Македонија, Европа и свет
Клучни индикатори за ИКТ (2016)
Македонија
Европа
Свет
Фиксни телефони, на 100 жители,
17,5
37,7
13,6
Мобилни телефони, на 100 жители,
97,2
118
1.015
Фиксно широкопојасно поврзување, на 100 жители,
18,1
30,2
12,4
Активно мобилно широкопојасно поврзување, на 100 жители,
56,4
80,1
52,2
3G покриеност (% од население)
99
98,5
85
LTE/WiMAX покриеност (% од население)
91,5
92,2
66,5
Цени на мобилни (% GNI pc)
2,5
1
5,2
Цени за широко појасно поврзување (% GNI pc)
3,3
1,2
13,9
Цени за мобилно широкопојасно поврзување 500 MB (% GNI pc)
1
0,6
3,7
Цени за мобилно широкопојасно поврзување 1 GB (% GNI pc)
1,3
0,6
6,8
Процент на домаќинства со комјутер
69,8
79,6
46,6
Процент на домаќинства со интернет пристап
70,4
82,5
51,5
Процент на поединци кои употребуваат интернет
72,2
77,9
45,9
Меѓународен интернет пропусен опсег по интернет корисник (kbit / s)
109,0
178,0
74,5
На Слика 1.9 и графички се прикажани податоците за подобро споредбено согледување на индикаторите за ИКТ на Република Македонија. Во споредба со светот Македонија има подобри перформанси во индикаторите за оцена на ИКТ состојбата, но во споредба со Европа заостанува, односно сите перформанси се на пониско ниво.
27
ПОДГОТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА
Слика 1.9: Индикатори за ИКТ (2016) за Македонија, Европа и свет
Извор: Measuring the Information Society Report 2017, Vol. 2 International Telecommunication Union
Кутија 1.1: Дефинирање на е-трговијата “Е трговијата е: „продажба или купување на производи и услуги, преку компјутерска мрежа со специјално дизајнирани методи за целите на примање на нарачките. Производите и услугите се нарачани со помош на овие методи, но не мора испораката на производите и услугите, ниту плаќањето да биде извршено онлајн. Притоа трансакцијата во е-трговијата може да биде помеѓу претпријатија, домаќинства индивидуи, влади и други јавни или приватни организации. За да се сметаат како е-трговија нарачките мора да бидат направени преку веб, екстра нет или преку електронска размена на податоци (ЕДИ). Дефиницијата е според типот на нарачката, при што исклучени се телефонски повици, факсимил или рачно пратени e-меилови“ (OECD, 2011). Дефинирањето на е-трговијата може да биде во поширока смисла и во потесна смисла. Етрговијата се состои од купување и продавање на производи или услуги онлајн, но во горе наведенaта дефиниција во поширока смисла на зборот важно е само нарачката да биде направена онлајн, а не мора и плаќањето да биде направено онлајн, додека во потесна смисла на зборот, е-трговијата претставува купување и продавање производи и услуги онлајн, но претпоставува и плаќање онлајн. Во анализата во главно се користи дефиницијата во поширока смисла, додека при анализата на остварените трансакции онлајн според податоците од НБРМ се користи дефиницијата во потесна смисла на зборот.
28
ПОДГОТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА
2. ПЛАТЕН СИСТЕМ ЗА ОНЛАЈН КУПУВАЊЕ Како втор основен или критичен услов за е-трговија е платежниот систем кој го овозможува примањето на електронското плаќање за онлајн трансакцијата. Платежниот систем за е-трговија е исто така познат како електронска размена на податоци (Electronic Data Interchange EDI). Платежните системи постојано еволуираат со развојот на технологијата, но разлика може да се направи помеѓу платен систем базиран на сметка, електронска валута и друго (OECD,2006,2012). Е-трговијата напредува кога корисниците плаќањата може да ги направат безбедно и лесно, користејќи ефективни решенија кои вклучуваат банкарски и небанкарски оператори. Со усвојувањето на сигурни системи за плаќање, земјите во развој можат да отворат нови можности за потрошувачите и компаниите. Платен систем базиран на сметка постои во 6 форми и дозволува плаќање преку постоечка персонализирана сметка. Доминантна форма на онлајн плаќање во развиените земји е кредитната платежна картичка. Дебитната платежна картичка директно ги повлекува онлајн средствата од сметката во банка. Исто така постои медијаторски системи односно т.н. „Електронски пари” или „Е-паричник“ како на пр. PayPal. Е-купувачите можат да се регистрираат на провајдерот на услугата или производот и да ја дадат својата сметка во банка како извор на плаќање. Потоа за да платат треба само да го знаат е-меилот на продавачот кој е верификуван и закачен за сметката на провајдерот. Мобилното плаќање и систем на телефонски сметки претставува користење на мобилен уред за купување производи и услуги на два начина: а) со контактна радиотехнологија која се извршува во физичко присуство на купувачот и продавачот; б) мобилно далечинско плаќање иницирано со користење на мобилен апарат преку телекомникациската мрежа или интернет. Последниот начин е електронско банкарство, при што корисниците се преусмеруваат од страната на продавачот на услугата на онлајн страната на корисникот во банката. Системот базиран на електронски пари дозволува онлајн купување ако купувачот има електронски пари и има две форми: смарт систем на картички кој во главно се користи за мали износи во рамки на организација (на пр. за фотокопирање) и онлајн кеш систем, кој е само софтверски систем на електронски пари базиран на „потпишани пари“. Дигиталните пари или крипто валутите како Биткоинот добиваат на популарност, а веќе постојат интернет продавници кои ги прифаќаат крипто валутите за онлајн плаќања. Постојат и други помалку познати платежни системи, но во Република Македонија како и во многу земји во развој постои платен систем заснован на сметка.
2.1
Платен систем во Република Македонија
Во Република Македонија за онлајн трансакции се користи најмногу платен систем базиран на сметка. Иако онлајн трансакцијата претпоставува и онлајн плаќање, во Република Македонија сѐуште се користат и други две рудиментарни форми како плаќање со уплатница уплатена во банка и плаќање при испорака, кои не претставуваат електронски плаќања.
29
ПОДГОТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА
Кутија 1.2: Прва мобилна апликација за плаќања на ПОС терминали со паметен уред KomPay е првата мобилна апликација која овозможува бесконтактно плаќање на продажни места со паметен телефон. Лансирана на македонскиот пазар во март 2018 година од Комерцијала Банка Ад Скопје апликацијата им овозможува на имателите на платежни картички од Комерцијална Банка да ја внесат својата платежна картичка во апликацијата и потоа да вршат плаќања на ПОС бесконтактни терминали со смарт уред, без употреба на картичката. Извор: http://www.kb.com.mk/
2.1.1. Платежни картички и нивно користење Платниот систем базиран на сметка претпоставува трансакциска сметка на која се издаваат платежни картички. Затоа прво ќе биде презентирана состојбата со трансакциски сметки на физички и правни лица. На почетокот на 2010 година во Република Македонија имало 3.335.262 додека во 2017 година има 3.858.644 трансакциски сметки, од кои 3.670.026 се на физички лица додека 188.618 на правни лица. Бројот на депоненти е 1.751.857, од кои 1.635.544 се физички лица додека 116.313 се правни лица. Секое физичко лице на крајот од 2017 година има 2,2 трансакциски сметки додека секое правно лице има 1,6 трансациски сметки. Притоа како процент од населението постаро од 15 години трансакциски сметки имаат 72% и е помалку отколку во 2011 година кога имало 73,7 % од населението. Иако Република Македонија е над Балканските земји, Романија и Турција, сепак е далеку под европскиот просек каде 95% од населението постаро од 15 години во 2014 година поседува сметка (Слика 1.10). Слика 1.10: Процент од население на возраст 15+ кое поседува сметка
Извор: Светска банка Позитивни трендови се остварени во насока на користење на онлајн услуги со пристап од ПС или друг уред. Иако се забележуваат релативно високи годишни стапки на раст на трансакциските сметки достапни за електронски плаќања во анализираниот временски период, сепак може да се констатира дека многу малку се користат за електронски плаќања. Од вкупниот број на сметки во јануари 2010 година, 9,6 % имале пристап преку ПС или друг уред за онлајн плаќања и извештаи,
30
ПОДГОТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА
од кои 92% биле само за извештаи, додека во декември 2017 година 20% се сметки достапни преку ПС или друг уред за извештаи од кои 41% се користат и за плаќање. Но само 8% од вкупниот број на трансакциски сметки може да се користат за електронски плаќања. Притоа 7,1% од физичките лица ја користат оваа услуга додека кај правните лица достапноста за плаќања е нешто повеќе искористена и изнесува 29%. Фактичката сотојба покажува уште полоши резултати, односно од анализите направени од страна на банките околу 2/3 од клиентите на банките –корисници на електронски канали за вршење на плаќања и увид во состојбата на трансакциските сметки се неактивни1 (НБРМ) што укажува на навистина ограничена искористеност на дигиталните банкарски канали за вршење на плаќања. Бројот на платежни картички во циркулација исто така има позитивен тренд односно постојан раст. Вкупниот број на платежни картички во циркулација во јануари 2010 година бил 1.294.064 додека во декември 2017 година има издадено 1.849.282 картички со функција за повлекување/депонирање на готовина односно 1.821.997 со платежна функција. 98% од издадените картички со платежна функција во 2017 година во Република Македонија се во сопственост на физички лица. Просекот по жител е помалку од една картичка (0,9) и е далеку од европскиот просек кој изнесува околу 1,5 картичка по жител. Од издадените платежни картички најзастапен е брендот Виза и Мастеркард, со учество од 59% и 36%. Притоа 21% од населението постаро од 15 години во Република Македонија во 2014 година поседува кредитни платежни картички спрема 16,5% во 2011 година. Дебитни картички поседува 52,7% од населението постаро од 15 години во 2014 година спрема 36,3% во 2011 година. Процентот на население кое поседува картичка е далеку под Европскиот просек (ЕМУ земјите) 2, кој изнесува 42% за кредитни и 81% за дебитни картички, но е над земјите во регионот како и над Словачка, Литванија, Полска (Слика 1.11 и 1.12). Слика 1.11: Процент од население на возраст 15+ кое поседува кредитна картичка
Извор: Светска банка
Анализата е направена врз основа на репрезентативен примерок од банкарскиот сектор. За активни корисници се сметаат корисниците што во текот на месецот извршиле електронски увид во состојбата на трансакциската сметка и/или направиле барем едно плаќање преку дигиталните банкарски канали. 1
2
Просекот е пресметан на земјите во Европската Монетарна Унија
31
ПОДГОТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА
Слика 1.12: Процент од население на возраст 15+ кое поседува дебитна картичка
Извор: Светска банка Бројот на издадени платежни картички е еден предуслов кој укажува на исполнувањето на првиот предуслов за вршење на онлајн трансакција, но многу поважен индикатор е активното користење на платежните картички односно колку имателите на картичките ги користат за вршење на плаќања. За да се согледаат навиките на населението во однос на користење на дигитални начини на плаќање значајно е согледувањето на начинот на кој се одвиваат кредитните трансфери3. Се уште учеството на кредитните трансфери иницирани во хартиена форма изнесува 50% од вкупните кредитни трансфери. Правните лица во вкупните кредитни трансфери учествуваат со 94% и во вкупно електронски иницирани кредитни трансфери учествуваат со 98%. Што се однесува до начинот на кој населението иницира кредитни трансфери состојбата е се уште поразителна иако во 2017 година има пораст и 17 % од физичките лица иницирале кредитни трансфери електронски спрема само 13% во 2016 година. Деловните субјекти во поголем дел, вредноста на кредитните трансфери ја иницираат електронски или 52% во 2017 година, што е сепак низок процент на електронско иницирање, што укажува на ниски навики за употреба на современтите дигитални начини на иницирање на плаќањата. Она што може да е надежно од анализата на податоците за уреди од каде што ја иницирале електронски трансакцијата за кредитен трансфер е дека се забележува напредок во користењето на мобилните уреди кај населението и кај деловните субјекти. Во Табела 1.2 се гледа дека иницирањето на кредитни трансфери има огромен пораст во 2017 година спрема 2016 година и тоа и кај физичките лица, а уште повеќе кај правните лица, иако во структурата на учество е помалку забележително.
3Кредитните
трансфери се безготовински трансфери иницирани со платен налог во земјата и во однос на начинот на кој можат да бидат иницирани се делат во две категории: иницирани во хaртиена форма и иницирани електронски.
32
ПОДГОТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА
Табела 1.2: Вредност на електронски иницирани кредитни трансфери по уреди на иницирање 2016
2017
пораст 2017/16
вкупно мобилен телефон
1.286.945.883
3.733.549.766
190,11%
вкупно банкомати
270.339.480
259.469.024
-4,02%
вкупно персонален компјутер
1.577.075.275.188
1.717.174.601.122
8,88%
ФЛ мобилен телефон
1.277.207.446
2.443.811.428
91,34%
ФЛ банкомати
270.339.480
259.469.024
-4,02%
ФЛ персонален компјутер
25.080.562.012
33.687.753.896
34,32%
ПЛ мобилен телефон
9.738.437
1.289.738.338
13143,79%
ПЛ персонален компјутер
1.551.994.713.176
1.683.486.847.226
8,47%
Извор: НБРМ Забележително е дека кај физичките лица се гледа промената или зголемување на употребата на мобилни апарати при иницирање на кредитни трансфери од 5% во 2016 година на 7% во 2017 година на сметка на намалувањето на учеството на персонални компјутери прикажано на Слика 1.13. Од аспект на вредноста на трансакциите реализирани од страна на правните лица, може да се констатира дека порастот на трансфер од мобилни апарати е зголемен за 13 илјади проценти. Во структурата промената на учеството е незначително односно од 0,0006% во 2016 година е зголемено на 0,007% од вредноста на електронски иницираните трансакции. Слика 1.13: Структура на уреди за електронско иницирања на кредитни трансфери на физички лица 2016 и 2017г.
Извор: НБРМ
33
ПОДГОТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА
Бројот на трансакции на електронски иницираните кредитни трансфери има зголемување во 2017 година и тоа учеството на електронски иницирани трансфери е зголемено на 42,2% спрема 40,6% во 2016 година. Кај физичките лица учеството на бројот на електронски трансакции за кредитни трансфери иницирани од мобилен апарат се зголемил на 12% во 2017 година спрема 8% во 2016 година. Кај правните лица состојбата е слична како и со електронски иницирања на кредитни трансфери по вредност, односно иако бројот на иницирани трансакции е енормно зголемен во структурата учеството е занемарливо. Исто така во контекст на употреба на платежните картички треба да се спомнат и навиките на населението во Република Македонија за поседување на готовина. Во РМ употребата на платежните картички главно е насочена кон повлекување на готовина иако постои мало зголемување на бројот и вредноста на трансакциите со платежни картички во трговијата на годишна основа. Ова поместување во позитивна насока на бројот и вредноста на трансакциите со картички во трговијата може да биде значаен показател за можна промена на навиките на плаќањата на населението, онаму каде платежната инфраструктура поддржува ваков тип на плаќања.
2.2.
Банки и платежни процесинг системи за е-трговија во РМ
За да може една компанија да продава онлајн со картички односно да врши електронски наплати потребно е да се поврзе со една од петте банки во Македонија кои ја нудат оваа услуга (процесирање на онлајн трансакции). За разлика од земјите каде се приустни и други начини како директно поврзување на е-трговецот со портал за наплата (анг. payment gateway) како што е PayPal, во Македонија во моментот единствен начин за инволвивање во е-трговија (продавање и наплата онлајн) останува поврзувањето со една од банките. PayPal во моментот е достапен само за испраќање на средства (анг. sending) односно вршење на исплати, но не и за примање на средства (анг. reveiving) односно вршење на наплати.
2.2.1. Банкарски систем и платежни картички во РМ Во банкарскиот систем на Република Македонија во моментов постојат 14 деловни банки. Сите банки работат со платежни картички од интернационалните картични шеми (Mastercard, Visa, American Express и Diners). Дел од банките издаваат и прифаќаат платежни картички од локални македонски брендови. Табела 1.3 содржи сублимирани информации за сите банки во врска со издавањето и прифаќањето картички на АТМ, ПОС и е-трговија од различни брендови.
34
ПОДГОТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА
Табела 1.3: Издавање и прифаќање на платежни картички во Македонија Mastercard издавање + прифаќање на АТМ
Mastercard прифаќање на ПОС
Mastercard прифаќање во е-трговија
Visa издавање + прифаќање на АТМ
Visa прифаќање на ПОС
Visa прифаќање во е-трговија
American Express издавање + прифаќање
Diners прифаќање
Издавање на домашни картички
Прифаќање на домашни картички
НЛБ
Процесор
Bankart dd прифаќање
КБ
Сопствен + Casys
СТБ Скопје
Сопствен + Casys
е-трговија
Халк
Сопствен + Nestpay
Охридска
First Data
УНИ
Casys
ТТК
First Data
Шпаркасе
Euronet
Еуростандард
Casys
ЦКБ
Casys
Капитал
Casys
Силк Роуд
FDH
ПроКредит
Quipu
СТБ Битола
Casys
Извор: Анкета на банки, АЕТМ
- целосно
- делумно прифаќа или издава
35
ПОДГОТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА
2.2.2. Процесирање на e-трансакција со картички Во процесирањето на онлајн трансакцијата учествуваат 5 субјекти: e-трговец (продавач), купувач (крајниот корисник кој ја врши трансакцијата), “acquirer” т.е прифаќач (банка прифаќач со која соработува е-трговецот), картична организација (Visa, Mastercard, Diners и др.) и “issuer” т.е издавач (банката издавач на картичката на крајниот купувач). За да може банката прифаќач да ја процесира трансакцијата потребен е “payment gateway” (платежен портал) и картичен платежен процесор. “Payment gateway” е веб портал кон кој епродавницата ги праќа деталите за трансакцијата, на кој купувачот ги внесува деталите за картичката и преку кој банката прифаќач ги добива податоците за трансакцијата за понатамошно процесирање. Картичниот платежен процесор претставува технички систем со кој се воспоставува интероперабилноста помеѓу банката опслужуач и банката издавач преку интернационалната картична организација со цел да се изврши онлајн трансакцијата. Картичниот платежен процесор може да биде сопствен систем на банката (in-house) или банката може да користи надворешен платежен процесор. Во Република Македонија пет од вкупно 14 банки ја нудат услугата е-трговија со картички односно се јавуваат како “acquiring” банка. Од нив три банки, Комерцијална Банка, Стопанска Банка и Уни Банка го користат Casys како картичен платежен процесор и согласно неговиот веб платежен портал т.н Cpay. Халк Банка користи сопствен картичен процесор за процесирање на трансакциите (in-house), а како платежен портал за е-трговија го користи Nestpay на Asseco. НЛБ Банка го користи картичниот платежен процесор Bankart dd. и неговиот платежен портал ACI Commerce Gateway. На Слика 1.14 е прикажан процесот на процесирање на трансакцијата односно автентикацијата и авторизација на една трансакција. Она што е важно да се напомене е дека е-трговецот нема никаков увид врз податоците од платежната картичка на купувачот како резултат на погоре наведениот начин на поврзување на е-трговецот со порталот за наплата. Деталите за платежната картичка се внесуваат на веб порталот, се пренесуваат преку истиот заедно со останатите податоци за трансакцијата директно до банката прифаќач која потоа преку картичниот платежен процесор (сопствен или надворешен) ги пренесува информациите до интернационалната картична организација која комуницира со банката издавач на картичката на купувачот.
36
ПОДГОТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА
Слика 1.14: Процесирање на е-трансакција
Во продолжение се анализирани можностите и условите за е-трговците кои ги нудат петте банки во Македонија врз база на добиените одговори од спроведените прашалници до банките (Табела 1.4; Табела 1.5). Првата банка во Македонија која овозможува онлајн процесирање на трансакции е Уни Банка, која започнува со нудење на оваа услуга во 2008 година, а веќе во 2009 година се приклучуваат и Стопанска Банка Скопје, Халк Банка и НЛБ Банка. Комерцијална Банка започнува со нудење етрговија во 2011 година. Три банки ги процесираат трансакциите преку платежниот процесор Casys, НЛБ користи услуги на процесорот Bankart dd и Халк користи свој процесор. Сите пет банки имаат назначено одговорно лице за е-трговија кое кај СТБ, КБ и УНИ се наоѓа во рамките на Секторот за картично работење, додека кај НЛБ се наоѓа во Секторот за деловна мрежа и платни системи, а во Халк Банка во Дирекцијата за алтернативни канали на дистрибуција, операции и маркетинг.
37
ПОДГОТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА
2.2.3. Услови за е-трговците Трошокoт за започнување со е-трговија кај повеќето банки зависи од прометот додека само кај НЛБ нема никаков трошок за започнување без разлика на прометот и дејноста. Провизија по трансакција варира од 2,5% до 6% кај СТБ, НЛБ и Халк Банка, додека податокот отуствува за другите две банки. За да може една компанија да започне со онлајн наплата со платежни картички, потребно е да поднесе барање во една од петте банки. Доколку се работи за новоотворена компанија која штотуку започнува со работа некои банки бараат и приложување на бизнис план, а каде што е апликативно и финансиски извештај за последната година кон барањето. Покрај барањето, компанијата мора да има отворено сметка во банката и да приложи тековна состојба. По разгледување на барањето банката доставува понуда до е-трговецот со условите и ако истата се прифати трговецот потпишува договор и добива техничка документација за да може да започне со интеграција во тест околина. Табела 1.4 ги мапира функционалностите на петте банки поврзани со е-трговија. Табела 1.4: Осврт на услугата е-трговија кај петте банки во Р. Македонија
Стопанска Банка Скопје
Комерцијална Банка
НЛБ Банка
Уни Банка
Халк Банка
Која година започнавте да нудите e-трговија?
2009
2011
2009
2008
2009
Платежен процесор за e-трансакции
Casys
Casys
Bankart dd.
Casys
In-house
Payment gateway
cPay [Casys]
cPay [Casys]
ACI Commerce Gateway
cPay [Casys]
Nestpay [Asseco]
Дали трговецот има трошоци за започнување со e-commerce?
Да (еднократно 3100 ден.)
нема податок
Не
Не
Не
нема податок
Не
Трговецот депонира гарантен Да, кај некои депозит за е-трговци годишен надомест за ecommerce
нема податок
од 2.5% до 3.5% (зависно дејноста и потенцијалот)
нема податок од 2% до 6%
Дали трговецот плаќа месечен/годишен надомест за e-commerce?
Провизија за процесирање на трансакцијата
Да (зависно од остварениот промет) од 0 до 4.700 ден.
2.5% (просечна)
38
ПОДГОТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА
Фукнционалностите кои петте банки ги нудат за е-трговците варираат и истите се сублимирани во Табела 1.5. Табела 1.5: Функционалности и можности на процесинг системите за е-трговија на петте банки
Стопанска Банка Скопје
Комерцијална Банка
НЛБ Банка
Уни Банка
Халк Банка
Има посебен оддел или одговорно лице во банката за е-трговија 3D безбедносна автентикација iFramе технологија Приспособување на веб страната на е-трговецот со свој брендинг Прилагодувања на екранот за плаќање за смарт уреди Plugins за интеграција со ecommerce платформи API (поврзување на системот на банката со надворешни системи) Повторени плаќања (Recurring payments) Зачувување на картичката за идни плаќања кај е-трговецот (Card on File) Е-трговецот може самостојно да рефундира трансакции Можност за парцијална рефундација на трансакција Овозможување на плаќање на рати за купувачите кај е-трговецот Шеми за лојалност (cashback) во соработка со е-трговци
39
ПОДГОТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА
2.2.4. 3D безбедносна автентикација - Безбедна автентикација при онлајн купувањето ”3D Secure” технологијата е највисок меѓународен стандард за интернет заштита на Visa & Mastercard картичките на една банка. Стандардот може да се имплементира со статичка или динамичка сигурност за клиентите, при што динамичката сигурност обезбедува значајно повисоко ниво на заштита во однос на можноста за дефинирање на статичка интернет лозинка. Технологијата овозможува проверка на автентичноста и идентитетот на корисникот на картичката при извршувањето на интернет плаќања со Visa или Mastercard картички. Користејќи ја најсовремената технологија на Visa & Mastercard платежните организации, кај динамичката автентификација се врши верификување на е-трансакциите со испраќање на СМС со лозинка за еднократна употреба (ОТП – onetime password) на купувачот за време на извршувањето на трансакцијата. Притоа за да може да ја комплетира трансакцијата, од купувачот се бара да ја внесе на платежниот портал добиената ОТП лозинка (пратена на СМС на неговиот мобилен телефон) со што ќе се верификува автентичноста на трансакцијата. Механизмот на заштита на ”3D Secure” технологијата е насочен кон заштита од кражба на идентитетот на корисниците на картичките и заштита од злоупотреба на податоците од картичката (бројот на картичка, датумот на истекување и CVC/CVV2 кодот). Се работи за напредна технологија која преставува највисок стандард во областа на заштитата на корисниците на картички при плаќањата на интернет. Сите 5 банки во Македонија кои нудат е-трговија имаат имплементирано 3Dacquiring безбедносна автентикација. iFrame технологија e HTML елемент вметнат во друг HTML документ на друга веб страна. Едноставно кажано во случај на процесирање на онлајн трансакција на страната на трговецот, кога купувачот ќе биде пренасочен на веб страната на платежниот портал за да внесе податоци од картичката, доколку е овозможен iFrame, купувачот нема комплетно да се пренасочи туку ќе му се појави вметнатиот HTML елемент во рамките на страната на е-трговецот. Што се однесува до можноста за прилагодување со свој дизајн на веб страната за плаќање сите банки изјавиле дека ја нудат оваа можност за е-трговците, додека прилагодување на екранот за плаќање за паметни уреди нудат три од петте банки. Кога е-трговецот ќе ја добие техничката спецификација за интеграција на плаќањето потребно е да ангажира техничко лице (програмер) кој ќе ја изврши имплементацијата. Приклучоците (анг. plugins) за плаќање овозможуваат лесна интеграција за е-трговците со што најчесто имплементацијата може лесно да се направи без стручно техничко лице. Пример е PayPal и интеграцијата на некои од познатите платформи за е-трговија како Shopify. API [Application program interface] - можност за поврзување и комуникација на системот на банката со надворешни системи на клиентите. Доколку одредена банка нуди апликативен програм интерфејс истата отвара можност за е-трговецот да може да го поврзе својот систем со системот на банката со цел да автоматизира и олесни одредени административни процеси. Повторени плаќања [Reccuring Payments] претставуваат можност за е-трговците кои нудат услуги на база на членство или други услуги за кои е потребна наплата во преодреден временски период (месечно, годишно итн) да може автоматски да ја извршат истата. На пример ако купувачот се зачлени за добивање на услуга кај некој сервис провајдер (пр. складирање на податоци во облак “Cloud Storage” или било која друга услуга која се наплаќа на месечно ниво како Netflix, Spotify и
40
ПОДГОТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА
сл) при што се сложува со условите, повторените плаќања дозволуваат автоматски да се изврши наплатата во одреден период од месецот без потребна активност од купувачот. Card on file преставува можност за зачувување на податоците од картичката на купувачот за идни купувања кај трговецот. Оваа опција нуди удобност во купувањето со што купувачот нема потреба при следни купувања да ја внесува картичката. Притоа податоците од картичката не се зачувуваат од страна на трговецот и истиот нема пристап до податоците туку истите се пренесуваат во енкриптирана форма до банката која потоа ги чува запазувајќи го безбедносниот протокол и пропишаните стандарди. Рефундирање на трансакции - Потреба за рефундирање на трансакција (поврат на уплатените средства) може да се појави во различни ситуации: купувачот се премисли и сака да ја сторнира трансакцијата, незадоволен купувач кој сака да врати производ и сл. Трговецот донесува одлука за рефундација на трансакцијата и потоа потребно е истата да ја рефундира преку картичниот систем на банката. Само една банка не овозможува е-трговецот да може сам да ги извршува потребните рефундаци, односно во овој случај е-трговецот треба да ја контактира банката со цел да се изврши рефундацијата. При тоа рефундацијата може да биде целосна (полниот уплатен износ се враќа на сметката на купувачот) или парцијална (делумна - се враќа одреден износ). Парцијалната рефундација е потребна на пример кога купувачот купил неколку производи со една трансакција, а сака да врати еден производ. Три банки ја нудат можноста за воведување плаќање на рати од страна на е-трговците за купувачите со тоа што купувачот за да може да врши купувања на рати потребно е да поседува картичка (трансакицка сметка) кај банката преку која е-трговецот ги процесира трансакциите. Шемите за лојалност (cashback) добиваат на популарност изминатите неколку години во Република Македонија, а претставуваат начин со кој компаниите ги наградуваат своите клиенти преку “наградување” со поени или одреден процент од наплатениот износ кој им се враќа назад по изврешната трансакција. Постојат најразлични видови на шеми за лојалност, а банките како издавачи на картички се јавуваат како партнери на трговците кои ги развиваат овие програми. Само една банка има картичка за лојалност до сега во соработка со е-трговец. Кутија 1.3: Првиот метод за плаќање базиран на е-банкарство - Ki-Pay Онлајн плаќањата во Македонија во најголема мера се извршуваат со платежни картички. Останатите методи како E-wallet, Online Banking, Direct Debit, Direct Carrier, Cryptocurrency или воопшто не се користат или имаат почетни обиди за свое место на пазарот. Во процесот на плаќање учествуваат трговецот, купувачот и банките на трговецот и купувачот. Воспоставените платни системи не можеа и сѐуште не можат целосно да го следат бумот на технолошки иновации, дигиталните уреди и со тоа и очекувањата на корисниците. Затоа услугата “плаќање” започнаа да ја нудат и таканаречените FinTech и BigTech компании и други добавувачи на платни услуги кои не се банки. Дополнително во Република Македонија се очекува донесување на закон за платежни услуги со што небанкарски институции ќе добијат можност да се регистрираат и да извршуваат платежни услуги за клиентите. Ако се земе предвид големиот број на иновации, и големиот број на компании кои се занимаваат со подобрување на процесот на плаќање, ќе видиме силна конкуренција помеѓу Amazon, Facebook, Google, Alibaba, Samsung, банките, но и многу startup компании со иновативен пристап. Во овој момент пазарот на нови платни сервиси
41
ПОДГОТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА
можеме да го дефинираме како масовен маратон на отворено поле. Иако со задоцнување, Република Македонија ги следи платните трендови во светот. Ki-Pay нуди можност за плаќање преку електронско банкарство следејќи го моделот кој во Холандија по прв пат беше пласиран од iDEAL во 2005 година. Преку интеграција со порталите за електронско банкарство и мобилните апликации на сите релевантни банки во Холандија, iDEAL можат да го користат 90% Холанѓани. Во 2015 година се процесирани 222 милиони трансакции со просечна вредност од 81 евро. [Еcommerce Payments Methods Report, 2016]. Основниот модел на поврзување на трговецот со ебанкарство е проширен со интеграција со мобилните апликации на банките. Дополнително со користење на QR code, овозможено е плаќање од физички продажни места, со скенирање на QR кодот. Во Македонија, КИБС АД Скопје во 2017 година го воведе Ki-Pay како платежен процесор за е-трговците кој нуди наплата преку е-банкарството на купувачите. Почетокот на работењето е реализиран во соработка со Комерцијална Банка, ТТК Банка и НЛБ Банка. Понатаму се очекува и другите банки да пристапат согледувајќи ја корисноста од сервисот. Во сите досегашни анализи и презентации пред државните органи, Ki-Pay е оценет како погоден за плаќања кон буџетските институции. Како работи Ki-Pay? Е-трговецот се поврзува со Ki-Pay со што овозможува купувачите да платат директно од нивната сметка со употреба на е-банкарство. При извршувањето на нарачката купувачот се пренасочува на страната на Ki-Pay каде ја одбира својата банка и го извршува плаќањето преку неговото е-банкарство. Потоа се враќа кон страницата на е-трговецот каде што добива информација за купениот производ/услуга. Во шемата на плаќање – Online Banking ePayments (OBeP), корисниците се автентицираат во реално време во финансиската институција (банката) на корисникот. Проверката и резервацијата на средствата се прави во реално време, што му овозможува гаранција на трговецот дека средствата ќе ги прими со следното меѓубанкарско порамнување, најдоцна следниот работен ден (D+1), додека информација за плаќањето ја добива веднаш. При обработката на плаќањата овој модел користи стандардни платни налози ПП30 и ПП50, со што лесно се применува во контекст на тековните сметководствени системи, банкарски изводи за контрола, законски прописи и сл. Извор: КИБС АД Скопје
42
ПОДГОТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА
3. ДОСТАВА Обемот на е-трговијата во голема мера зависи од системот на испорака. Тој е клучен за eтрговијата бидејќи корисникот купува онлајн и поради удобноста да го добие производот во својот дом, а притоа навремено и безбедно, односно неоштетен. Евентуални слабости во системот на испорака значително може да влијаат врз загрозување на обемот и растот на е-трговијата. Најважно е да постои систем кој ќе ги испорача пратките до домот на купувачот. Во Република Македонија постои покриеност на јавниот поштенски сервис, односно пратката може да се испорача до секој дом во земјата. Покрај Македонска пошта која редовно врши испорака на писма и пратки, се појавија и други приватни сервиси за испорака кои ги опслужуваат е-трговците при испорака на пратките. Според Регистарот на лиценцирани даватели на поштенски улуги на Агенцијата за пошти на Република Македонија [Ap.mk, 2018] постојат 33 даватели на поштенски услуги. При тоа, покрај Македонска пошта за внатрешен и меѓународен сообраќај како подрачје на делување нудат уште 7 компании, 9 нудат испорака на територијата на Република Македонија, 7 на подрачјето на Скопје и 9 локално на подрачје на општини во Прилеп, Тетово, Гостивар, Охрид, Струга и Кавадарци - Скопје, Во Табелата 1.6. се прикажани сите комании кои нудат испорака според подрачјето на дејствување. Табела 1.6: Лиценцирани даватели на поштенски услуги Внатрешен и меѓународен сообраќај
Цела територија на Р. Македонија
Подрачје на град Скопје
На подрачје на општините
АД Македонска пошта Скопје
Карго Експрес ДООЕЛ увоз извоз Битола
ДРД КУРИР ДООЕЛ СКОПЈЕ
ЕКСТРА 03 ДООЕЛ Кавадарци
Глобко логистик ДООЕЛ Скопје
ДелЦо ДООЕЛ Скопје
ДЕЛИВЕРИМЕН ДОО увоз-извоз Скопје
ДЕЛИВЕРИ ФИЛИП ДООЕЛ Прилеп
ДХЛ Експрес Македонија ДООЕЛ Скопје
ТПЛ Тотал Логистик ДООЕЛ Скопје
СКОПЈЕ ВЕЛОСИПЕДИСТ ДООЕЛ Скопје
МАКРОШПЕД ЛОГИСТИК ДООЕЛ Прилеп
ТНТ ЕКСПРЕС МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ СКОПЈЕ
ПОСТ ЕСКПРЕС МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје
ПРОЛОГИС сервис ДООЕЛ Скопје подружница ПРОЛОГИС СЕРВИС сервис
БРЗА ПРАТКА ПОСТ-М ЛОГИСТИК ДООЕЛ експорт импорт Тетово
ИН ТИМЕ МК БПС ДОО Скопје
ИН ПОШТА РАДЕСКИ ДООЕЛ Скопје
ГЛОБАЛ МЕССАГЕ ДООЕЛ увозизвоз Скопје
ЈДМ ПОСТ ЛОГИСТИКС Тетово
РСЕ ОПТИМА Вите ДООЕЛ увоз-извоз Скопје
Интернешенел меил деливери-ИМД ДООЕЛ Скопје
БАЛКАН ДЕЛИВЕРИ СЕРВИС ДОО Скопје
ДМ Јосифоски ДООЕЛ Прилеп
ДЕЛИВЕРИ СЕРВИС ИНТЕРНЕШЕНЕЛ ДООЕЛ СКОПЈЕ
ЕКСПРЕС ПОШТА ДОО Струмица
РИВАЛ ИНЖИНЕРИНГ подружница ЕКСПРЕС Скопје
ЈОКАМ пошта 2011 ДООЕЛ с.Оровник Дебарца
Брза пратка ДООЕЛ Скопје
Ваш Курир Плус ДООЕЛ Прилеп НОВА ПОШТА ДОО Скопје
АБЦ Пост ТП Гостивар .
МЕРЏАНОСКИ ТП - Тетово
Извор: Агенција за пошти-Република Македонија
43
ПОДГОТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА
3.1.
Индекс на логистички перформанси - LPI (Logistic Peformance Index)
За да го видиме вистинскиот капацитет и квалитетот на логистичките оператори или испорачувачите на пратки даден е индексот на логистички перформанси (LPI - logistic peformance index) објавен во извештајот на Светската банка [Arvis at all. 2016]. Овој индекс е уникатен индекс и ја изразува перцепцијата за операторите на земјата и може да послужи како алатка за донесување одлуки во врска со оваа услуга. Овој индекс може да биде од особена важност за етрговијата односно е предуслов за вршење на ефикасна достава на нарачаните пратки, особено за развивање на меѓународни нарачки. Индексот за логистички перформанси (LPI) е пондерираниот просек од резултатите на земјата за шест клучни димензии: 1. Ефикасност на процесот на царинење (односно, брзина, едноставност и предвидливост на формалностите) од страна на агенциите за гранична контрола, вклучувајќи ги царините; 2. Квалитетот на трговијата и транспортната инфраструктура (на пример, пристаништа, железници, патишта, информатичка технологија); 3. Леснотија на менаџирање на пратки по конкурентни цени; 4. Компетентност и квалитет на логистичките услуги (на пример, транспортни оператори, царински брокери)- меѓународни испораки; 5. Способност за означување и следење на пратки; 6. Навременоста на пратките при стигнување на дестинација во рамките на закажаното или очекуваното време на испорака. Димензиите се прикажани на скала (најниска оценка до највисок резултат) од 1 до 5 релевантни за можните споредбени групи. Меѓународниот ранкинг се базира на резултат кој користи шест клучни димензии за да ги оцени перформансите на земјите, а исто така го прикажува и целокупниот LPI индекс. Табелата со резултати овозможува споредби со светот (со можност да се прикаже најдобриот светски изведувач) и со регионот или група на земји со слични приходи за шесте индикатори и вкупниот индекс на LPI. Индексите ја покажуваат компаративната предност на земјата во однос на логистичка поддршка. Што се однесува до индексот на логистички перформанси може да се види дека на ова поле рангот на Република Македонија не е задоволителен. Тој е 2,51 и е на 106 место на светско ниво од 159 земји во 2016 година, додека во 2010 година бил 2,71 и бил на 73 место од 156 земји. Република Македонија има помал индекс на логистички перформанси во 2016 година спрема 2010 година. На Сликите 1.15 и 1.16 дадени се индексите за логистички перформанси на европските земји за да се види рангот на Република Македонија во рамки на Европа. Во 2010 година индексот е 2,71 и е над Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Русија, Украина, Црна гора, додека во 2016 година тој е 2,51 и е поголем само од Албанија, Белорусија и Црна Гора.
44
ПОДГОТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА
Слика 1.15: Вредности за параметрите од LPI за Европските земји за 201ог.
Извор: Светска банка Слика 1.16: Вредности за параметрите од LPI за Европските земји за 2016г.
Извор: Светска банка
Слика 1.17: Споредба на вредности за параметрите од LPI за Република Македонија 2010 и 2016г.
За да направиме анализа зошто е намален севкупниот индекс на логистички перформанси во Република Македонија направена е споредба на сите 6 индикатори во 2016 спрема 2010 година. Намалување во индексите има во индикаторите: ефикасност на процесот на царинење, означување и следење на пратката, квалитетен логистички сервис и меѓународни испораки. Намалувањето на севкупниот индекс на логистички перформанси е аларм за делување односно преземање мерки особено кај индикаторите кои бележат намалување (Слика 1.17).
Извор: Светска банка
45
ПОДГОТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА
4. РЕГУЛАТОРНА РАМКА Во Република Македонија постои законска регулатива која ја регулира е-трговијата. Најважни закони се: ➢
Закон за електронска трговија (Службен весник бр.133/2007 со измените) - последно ревидиран во ноември 2015 година.
➢
Закон за трговија (Службен весник бр.16/2004 со измените)- општ закон- lex generalis, член 16- Посебни начини на вршење трговија, член 18- Електронска трговија.
➢
Закон за заштита на потрошувчите (Службен весник бр.38/2004 со измените)- последно изменет 2015 година.
➢
Закон за заштита на личните податоци (Службен весник бр.7/2005 со измените)-последно изменет мај 2016-усогласен е со GDPR.
➢
Закон за електронски комуникации (Службен весник бр.39/2014 со измените)
➢
Кривичен законик (член 149) -Закон за cybercrime нема посебен закон, има член 251 од кривичен законик кој регулира кривични дела против имот.
Кутија 1.4: Видови на е-трговија B2B‐ Бизнис-кон-Бизнис електронска трговија Електронската трговија што се врши помеѓу бизниси, како помеѓу производител и трговец на големо или пак трговец на големо (големопродажба) и трговец на мало (малопродажба) се нарекува Бизнис-кон-Бизнис е-трговија (B2B). Најчест пример за Бизнис-кон Бизнис етрговија е кога компаниите работат со своите доставувачи, дистрибутери и други партнери преку електронските мрежи. Постојат голем број платформи креирани за да ги сретнат потребите на конкретни индустрии или мрежи на набавка. B2C ‐ Бизнис-кон-Потрошувач електронска трговија
Електронската трговија што се врши помеѓу бизниси и крајни потрошувачи се нарекува Бизнис-кон-Потрошувач е-трговија (B2C). Ваков тип електронска трговија вршат компании како што е Аmazon.com, при што овие компании им ги продаваат своите производи и услуги на крајните потрошувачи. С2C ‐ Потрошувач-кон-Потрошувач електронска трговија
Електронска трговија која се врши помеѓу потрошувачите директно без посредници. Дезинтермедијацијата е овозможена со дигиталната технологија која овозможува иновативен начин за нивна комуникација и инетракција со можност да продаваат стоки или услуги меѓусебно. Иако од аспект на големината на приходите доминира е-трговијата Бизнис-кон-Бизнис, во анализата доминиантно се истражува B2C е-трговија.
46
ПОДГОТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА
5. ИНДЕКСИ КОИ ГО ОЦЕНУВААТ ПОТЕНЦИЈАЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА РАЗВОЈ НА Е ТРГОВИЈАТА 5.1
UNCTAD B2C Индекс за е-трговија
Податоците од временските серии за различни параметри и нивната анализа овозможуваат да се добие слика за текот и брзината на развојот на е-трговијата. Во извештајот на UNCTAD “Отклучување на потенцијалот на е-трговијата за земјите во развој” се воведува нова мерка за одредување на подготвеноста на една држава за е-трговија т.н индекс на електронска трговија Бизнис-кон-Потрошувач (E-commerce B2C Index). Индексот зема превид 4 параметри: интернет пенетрација, покриеност на поштенска испорака, пенетрација на платежни картички и безбедносни интернет сервери [UNCTAD, 2015]. Со статистичка анализа преку регресија на процентот на поединци кои направиле онлајн купување креиран е UNCTAD B2C E-commerce индексот за 77 земји од цел свет за кои постоеле податоци во 2013 година. Во индексот не се вклучени егзогени фактори како приход, дигитална писменост, законска регулатива и др. Исто така довербата која во голема мера зависи од правната и регулаторна рамка не е земена во предвид. Индексот пресметан во 2016 година го проширува опфатот и од 130 економии во 2014 година се зголемува на 137 вклучени земји во 2015, односно 96% од светската популација и 99% од светскиот БДП (UNCTAD, 2016). Меѓу првите 10 економии во 2015 година, шест се европски, три се од Азиско-пацифичкиот регион, а едn[ е од Северна Америка [UNCTAD, 2016]. Република Македонија во 2015 година има пад во индексот за подготвенотста за етрговија односно 45-то место од 137 земји спрема 41-вото место од 133 земји во 2014 година. Индексот во 2015 година е 60 поени спрема 62,2 поени во 2014 година (Табела 1.7).
Табела 1.7: Вредности за параметрите од B2C Индексот за е-трговија за Р. Македонија 2014 и 2015г. 2014
2015
63,2%
68%
100%
83%
16,5%
21%
Безбедносни сервери на 1 милион луѓе (нормализирана вредност, 2013, 2014)
69,1
68
B2C Индекс за е-трговија
62,2
60
41/133
45/137
Интернет пенетрација (2013, 2014 или понов податок) Покриеност со поштенска испорака (2012 или понов податок); UPU поштенскa доверливост (2013=2014) Дел од населението кое поседува платежна картичка (15+, 2011, 2014 или понов податок)
Ранг
Извор: UNCTAD, 2016
47
ПОДГОТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА
Методолгијата за пресметката на индексот за B2C е-трговија во 2015 година е сменета кај индикаторот за поштенска покриеност, односно во индексот за 2014 година, се разгледуваше само физичката достава, а избраниот индикатор го вклучуваше процентот на населението кое добива домашна поштенска испорака. За пресметката на Индексот за 2015 година избран е друг показател: поштенска доверливост на Универзалната поштенска унија (Universal Postel Union UPU). Oригиналниот индекс го користеше процентот на население кое може да прима пошта дома како индикатор за испорака. Иако се смета дека испораката дома е најзгодниот метод за купување кој е важен и за плаќање при испорака и воедно е популарен во многу земји во развој, направена е промена на индикторот бидејќи во добро развиените пазари за е-трговија со широко распространета домашна испорака, се посакуваат и други опции за испорака. Намалувањето на индексот за е-трговија во 2015 година, покрај промената на методологијата која пак ги засега сите земји, се должи и на намалување на безбедносните сервери. На Слика 1.18 прикажан е рангот на Република Македонија на ниво на Европа. Притоа Република Македонија е најдобро рангирана од транзициските земји и во 2015 година. Слика 1.18: UNCTAD B2C е-commerce индекс за 2015г.
Извор: UNCTAD, 2016
5.2.
Индекс на подготвеност за мрежно поврзување (The Networked Readiness Index NRI)
Светот влегува во Четвртата индустриска револуција. Капацитетите за обработка и складирање на податоци експоненцијално се зголемуваат, а знаењето станува достапно за повеќе луѓе отколку било кога досега во човечката историја. Целосните ефекти од новите технологии, како што се интернет на нештата, вештачката интелигенција, 3Д печатењето, складирањето на енергија и квантното пресметување, во иднина ќе имаат уште поголем потенцијал за човековиот развој. Информациите и комуникациските технологии се 'рбетот на оваа револуција. Иднината на земјите, бизнисите и поединците сѐ повеќе ќе зависи од тоа дали, како и со која брзина ги прифаќаат дигиталните технологии. Извештајот за глобалната информатичка технологија 2016 ја содржи последната итерација на Индексот на подготвеност за мрежно поврзување (The Networked Readiness Index NRI), кој ја оценува подготвеноста на земјите за искористување на придобивките од новите технологии и за капитализирање на можностите што ги претставува дигиталната револуција и пошироко [World Economic Forum, 2016].
48
ПОДГОТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА
Рамката за подготвеност за мрежно работење се заснова на шест принципи: 1. Висококвалитетна регулаторна и деловна средина која е критична за целосно искористување на ИКТ и да генерира влијание; 2. ИКТ подготвеност - мерено според ИКТ достапност, вештини и инфраструктура - е предуслов да генерира влијание; 3. За целосно искористување на ИКТ е потребен напор од: владата, бизнис секторот, како и од населението кои имаат критична и важна улога; 4. Употребата на ИКТ не треба да биде цел само по себе туку влијанието што ИКТ навистина го има врз економијата и општеството е она што во крајна линија е важно; 5. Сет на драјвери - околината, подготвеноста и употребата - комуницираат, соработуваат, и се зајакнуваат едни со други за да формираат виртуелен циклус; и 6. Рамката за подготвеност за мрежно работење треба да обезбеди јасни насоки за политиките. Слика 1.19: Рамка за мрежна подготвеност
Извор: World Economic Forum, Тhe Global Information Technology Report 2016 - “Innovating in the Digital Economy” Рамката се преведува во NRI, композитен индикатор составен од четири главни категории (подиндекси), 10 подкатегории (столбови) и 53 индивидуални показатели дистрибуирани низ различните столбови. Подиндекс за средина 1. Политичко и регулаторно опкружување (9 индикатори) 2. Бизнис и иновативност (9 индикатори)
49
ПОДГОТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА
Под-индекс на подготвеност 3. Инфраструктура (4 индикатори) 4. Достапност (3 индикатори) 5. Вештини (4 индикатори) Подиндекс за користење 6. Вештини (4 индикатори) 7. Деловно користење (6 индикатори) 8. Владина употреба (3 индикатори) Подиндекс влијание 9. Економско влијание (4 индикатори) 10. Социјално влијание (4 индикатори) Пресметката на целокупниот NRI се добива со последователно агрегирање на резултатите односно поединечните индикатори се агрегирани за да се добијат резултатите од столбовите, што потоа се комбинираат за да се добијат подиндексите. Подиндексите потоа се комбинираат за да се добие вкупниот NRI резултат на земјата. Како главни извори за околу половина од индивидуалните индикатори користени за пресметка на NRI се користени меѓународни организации: Меѓународната унија за телекомуникации (the International Telecommunication Union), УНЕСКО и други агенции на ОН и Светската Банка. Другата половина од индикаторите за NRI се изведени од Анкетата на Светскиот економски форум (World Economic Forum’s Executive Opinion Survey). Истражувањето од анкетата се користи за мерење на концепти кои се квалитативни по природа или за кои не се достапни меѓународно споредливи статистички податоци за доволно земји. Истражувањето e направено во 2015 година на повеќе од 14.000 извршни директори во повеќе од 140 земји. На Сликата 1.20 е покажан рангот на Република Македонија во 2016 година во однос на Европските земји и е рангирана на повисоко ниво од Словачка, Турција, Унгарија, Романија и Балканските земји. Слика 1.20: Вредности за параметрите од NRI Индексот за 2016г.
Извор: World Economic Forum, The Global Information Technology Report 2016 - “Innovating in the Digital Economy”
50
ПОДГОТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА
Индексот за подготвеност за мрежно поврзување за Република Македoнија бележи напредок и во 2016 година и рангот на земјата е 46 место од 139 земји спрема од 67 место од 144 земји во 2013 година. Во Табелата бр. 1.8 се прикажани вредностите и рангот на четирите главни категории (подиндекси) и 10-те подкатегории (столбови) од кои е составен индексот. Најлошо се рангирани подкатегориите деловно користење (92), вештини (66), политичко и регулаторно опкружување (62). Табела 1.8: Индексот за подготвеност за мрежно поврзување за Република Македoинија ранг
вредност 1-7
Индекс на подготвеност за мрежно поврзување 2016/ од139
46
4,4
Индекс на подготвеност за мрежно поврзување 2015/ од143
47
4,4
Индекс на подготвеност за мрежно поврзување 2014/ од 148
57
4,2
Индекс на подготвеност за мрежно поврзување 2013/ од 144
67
3,9
Ранг и вредност на подиндексите за 2016 година за Република Македонија A. Подиндекс за средина
42
4,4
1. Политичко и регулаторно опкружување
62
3,9
2. Бизнис и иновативност
32
5
49
5,2
3. Инфраструктура
56
4,6
4. Достапност
39
5,9
5. Вештини
66
5,1
В. Подиндекс за користење
50
4,2
6. Индивидуална употреба
49
5
7. Деловно користење
92
3,4
8. Владина употреба
58
4,1
53
3,9
9. Економско влијание
55
3,4
10. Социјално влијание
55
4,3
Б. Подиндекс на подготвеност
Г. Подиндекс влијание
Извор: World Economic Forum, The Global Information Technology Report 2016 - “Innovating in the Digital Economy”
51
ПОДГОТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА
Во Табелата 1.9 се прикажани сите индикатори на 10-те столба. Имено во првиот столб за политичко и регулаторно опкружување може да се забележи дека рангот е најмногу детреминиран од судската независност со ранг 98, ефикасност на правниот систем во предизвикувачки региони со ранг 88 и број на денови за спроведување на договорот 90. Во вториот столб бизнис и иновативна средина најлошо е рангиран квалитет на училишта за менџмент на 81 место. Во петтиот столб вештини лошо се рангирани стапката на запишување во средно образование (92), квалитетот на образованиот систем (61) и квалитетот на образованието по математика и наука (60). Во столбот деловно користење индикаторот апсорпција на технологија на ниво на деловен субјект е со ранг 105, потоа капацитет за иновации на 91 место, обем на обука на персоналот 96 и др. Табела 1.9: Индикаторите на Индексот за подготвеност за мрежно поврзување за Република Македoнија Прв столб: Политичко и регулаторно опкружување
ранг
вредност 1-7
Ефективност на законските тела *
38
4,2
Закони во врска со ИКТ *
37
4,6
Судска независност *
98
3,3
Ефикасност на правниот систем во решавањето на споровите *
58
3,9
Ефикасност на правниот систем во предизвикувачки региони
88
3,2
Заштита на интелектуална сопственост *
64
4
Стапка на софтверска пиратерија, % инсталиран софтвер
61
65
Број на денови за спроведување на договорот
90
604
ранг
вредност 1-7
Достапност на најновите технологии *
52
5
Достапност на капитален капитал *
49
2,9
Вкупна даночна стапка, % од профит
2
12,9
Број на процедури за започнување на бизнис
1
1
Интензитетот на локалната конкуренција *
31
5,5
Стапка на запишување на високо образование, %
66
39,4
Квалитет на училишта за менџмент *
81
4
Набавка на напредна технологија од владата *
22
3,9
Втор столб: Бизнис и иновативна средина
52
ПОДГОТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА
Трети столб: Инфраструктура
ранг
вредност 1-7
Производство на електрична енергија, kWh / жител
66
2.940,3
Покриеност со мобилна мрежа, % од население
37
99,9
Меѓународен интернет пропусен опсег, kb / s по корисник
62
41,8
Безбедни интернет сервери / милион население
57
76,6
ранг
вредност 1-7
Припејд мобилни тарифи, PPP $ / мин
54
0,2
Фиксни широкопојасни интернет тарифи, ППП $ / месечно
62
31,07
Интернет и телефонска конкуренција, 0-2 (најдобар)
1
2
ранг
вредност 1-7
Квалитет на образовниот систем *
61
3,8
Квалитетот на образованието по математика и наука *
60
4,3
Стапка на запишување на средно образование, %
92
82
Стапка на писменост на возрасни, %
31
97,8
ранг
вредност 1-7
Претплати за мобилен телефон / 100 население
87
105,5
Поединци кои користат Интернет, %
44
68,1
Домаќинства со персонален компјутер, %
44
70,1
Домаќинства со пристап до интернет, %
45
68,3
Фиксна широкопојасен интернет / 100 население
50
16,8
Мобилни широкопојасни корисници / 100 население
59
49,5
Употреба на виртуелни социјални мрежи *
23
6,2
ранг
вредност 1-7
Апсорпција на технологија на ниво на деловен субјект *
105
4,2
Капацитет за иновации *
91
3,7
Апликации за патенти (PCT)/ милион население
67
1,4
Користење на ИКТ за трансакции со бизнис-кон-бизнис *
64
4,7
Користење на Интернет за бизнис-кон-потрошувач *
72
4,3
Обем на обука на персоналот *
96
3,7
4-ти столб: Достапност
5-ти столб: Вештини
6-ти столб: Индивидуална употреба
7-ти столб: Деловно користење
53
ПОДГОТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА
8-ти столб: Владина употреба
ранг
вредност 1-7
Важноста на ИКТ за визијата на владата *
19
4,8
Индекс на онлајн сервис на Владата, 0-1 (најдобар)
106
0,24
Успех на Владата во ИКТ промоцијата*
20
4,9
ранг
вредност 1-7
Влијание на ИКТ врз бизнис моделите *
51
4,7
Апликации за ИКТ патенти (PCT) / милион население
79
0,1
Влијание на ИКТ врз организациските модели *
62
4,3
Интензивни со знаење работни места, % работна сила
51
26,3
ранг
вредност 1-7
Влијание на ИКТ врз пристапот до основните услуги *
34
5
Интернет во училиштата *
35
5,2
ИКТ употреба и ефикасност на владата *
29
4,8
Индекс на Е-учество, 0-1 (најдобар)
112
0,22
9-ти столб: економски ефекти
10-ти столб: Социјални влијанија
54
ПОДГОТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА
Според направената анализа, Република Македонија има голем напредок во обезбедување на потенцијал или неопходни услови за вршење на е-трговијата во однос на 2010 година. Создадените предуслови за развој на е-трговијата се споредени со земјите од Европската Унија. Иако пониски од развиените земји во Европа, Република Македонија има подобри услови за развој на е-трговијата во споредба со земјите од регионот. Вкупната оценка за состојбата со ИКТ во Република Македонија дадена од Меѓународната телекомуникациска унија е дека земјата презела значајни чекори кон конкурентен и модерен телекомуникациски пазар, при што иако фиксната мрежа не е доволно развиена, мобилните услуги се добро развиени и широкопојасното поврзување е во раст. За подготвеноста на Република Македонија за развој на е-трговијата говори и UNCTAD B2C e-commerce index. Иако спрема овој индекс рангот на Република Македонија е добар, индикативно е што индексот се намалува и рангот се влошува во 2015 година спрема 2014 година. Република Македонија во 2015 година има пад во индексот за подготвенотста за етрговија односно 45 –то место од 137 земји спрема 41-вото место од 133 земји во 2014 година. Индексот во 2015 година е 60 поени спрема 62.2 поени во 2014 година. Исто така Индексот на логистички перформанси во Република Македонија се намалува. Во 2016 година тој изнесувал 2,51 со што Македонија се наоѓа на 106тото место на светско ниво од 159 земји, додека во 2010 година бил 2,71, односно на 73то место од 156 земји. Ефикасност на процесот на царинење, означување и следење на пратката, квалитетен логистички сервис и меѓународни испораки се индикаторите кои имаат влошување во однос на 2010 година. Индексот на подготвеност за мрежно поврзување (The Networked Readiness Index NRI), кој ја оценува подготвеноста на земјите за искористување на придобивките од новите технологии и за капитализирање на можностите што ги претставува дигиталната револуција и пошироко, покажува напредок во рангот на Република Македонија која во 2016 година се наоѓа на 46тото место од 139 земји спрема 67мото од 144 земји во 2013 година. Од 10-те подкатегории (столбови) од кои е составен индексот, најлошо се рангирани подкатегориите деловно користење (92), вештини (66), политичко и регулаторно опкружување
55
ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА СО Е-ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ДЕЛ II - ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА СО Е-ТРГОВИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА [тековна состојба, споредба со 2010 година и споредба со европските земји: купување онлајн, користење на интернет и понуда од е-трговците] Во овој дел ќе биде претставено купувањето онлајн во Република Македонија, во број и вредност на трансакции според податоците на Народна банка. Исто така ќе биде анализирана употребата на интернетот (купување: што и од каде, од македонските граѓани во 2017 година, истите споредени со 2010 година, но и споредени со европските земји. Користени се податоци од Државниот завод за статистика и од Еуростат. Во анализата се вклучени 33 европски земји за кои има податоци. Исто така за споредбата се користи и европскиот просек на ниво на 28 земји членки на Европската Унија. Заради заокружување на децималите мали отстапки постојат со податоците на Државниот завод за статистика. Податоците се сортирани спрема големина на релативното учество на варијаблите по земји за 2017 година за подобро да се види местото на Република Македонија во споредба со европските земји.
1. РАСТОТ И РАЗВОЈОТ НА Е-ТРГОВИЈАТА Употребата на дебитни и кредитни картички според последните податоци на Светска банка (2014 година) се анализирани и споредени со европските земји и просекот на зeмјите од Европската монетрана унија. Потоа е анлизирана вредноста и бројот на трансакциите остварени во етрговијата, за плаќањата кои биле реализирани онлајн, според податоците на Народната Банка на Република Македонија. Анализирано е и учеството на трансакциите реализирани онлајн во вкупниот број на реализирани трансакции со платежни картички, нивниот тек односно кон домашни и странски е-трговци и уделот на правните и физичките лица.
1.1.
Колку Македонците ги користат платежните картички?
Според податоците на Светската банка во 2014 година, видовме (прв дел стр. 24) дека 21% од населението постаро од 15 години во Република Македонија во 2014 година поседува кредитни и 52,7% дебитни картички, со што споредено со земјите во регионот Македонија е подобро рангирана. Меѓутоа не сите издадени картички се употребуваат. Колку од населението ги употребилo картичките е дадено на Сликите 2.1 и 2.2. Од Македонците на возраст 15+ години, кредитна картичка употребиле 12%, додека 36% употребиле дебитна картичка во 2014 година. Притоа употребата на картички на ниво на просекот на ЕМУ е 34,5% на кредитни и 70,5 % на дебитни картички во 2014 година. Може да се забележи исто така дека Република Македонија е добро рангирана спрема земјите во регионот особено во користењето на кредитните картички.
59
ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА СО Е-ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Слика 2.1: Процент од населението 15+ кои употребиле кредитна картичка во 2014г.
Извор: Светска банка Слика 2.2: Процент од населението 15+ кои употребиле дебитна картичка во 2014г.
Извор: Светска банка Исто така мобилната поврзаност и користењето на мобилни уреди особено паметни телефони е важно за развојот на е-трговијата. На Слика 2.3 даден е и процентот на население кое направило трансакции со мобилен уред како процент од населението 15+ со сметка во 2014 година. Како кај имателите на кредитни и дебитни картички така и кај употребата на мобилни уреди за трансакции, Република Македонија иако е под просекот на ЕМУ таа е добро рангирана во однос на земјите во регионот. 7% од населението кое има сметка на возарст 15+ направило трансакција со мобилен уред спрема 14% просекот на ЕМУ од 2014 година.
60
ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА СО Е-ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Слика 2.3: Процент од население 15+ со сметка кои направиле трансакции со моб. во 2014г.
Извор: Светска банка
1.2.
За што ги користат Македонците платежните картички?
Вредноста на вкупните трансакции (трансакции на домашни и странски картички кон домашни етрговци и македонски картички кон странство) со платежни картички во 2017 година изнесува 3,5 милијарди евра и е за 12% повеќе отколку во 2016 година. Во вкупните транскации со платежни картички по уреди опфатени се повлекување и депонирање готовина на АТМ уредите, плаќање на ПОС терминали на физички места на продажба и виртуелни места или интернет продажни места, картичките во главно биле користени за повлекување пари од АТМ, па потоа за купување од ПОС терминали на физички места на продажба. Во структурата на употреба на картичките по уреди во 2017 година спрема 2016 година има поместување во повлекувањето готовина во корист на плаќање на ПОС терминали на физички места на продажба. Интеренет купувањата и во 2017 година имаат исто учество во структурта на вредноста на вкупните трансакции со картички од 3% (Слика 2.4). Слика 2.4: Структура на вредноста на вкупните трансaкции со платежни картички во 2016 и 2017г.
Извор: НБРМ
61
ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА СО Е-ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Кутија 2.1: Методологија на НБРМ усогласена со ЕЦБ Согледувајќи ги потребите за анализа на растечкиот пазар на е-трговијата, Народната Банка на Р.М. во април 2016 година, донесе одлука за промена на методологијата за прибирање на податоците за платните системи која во значаен дел е прилагодена на стандардите на Европската Централна Банка. Со новата статистика се отвори можноста за креирање на подетална анализа на состојбата на е-трговијата во Република Македонија и тоа пред се во поглед на тоа колку Македонците купувале онлајн кон домашни трговци, колку нерезиденти купувале од македонски онлајн продавници и колку Македонците купувале онлајн од трговци надвор од земјава. Во новиот извештај за Платежни трансакции со платежни картички според типот на уредот подетално се содржани следните типови на трансакции: 1. трансакции на уредите во земјата со картички издадени во земјата; 2. трансакции на уредите во земјата со картички издадени надвор од земјата; 3. трансакции на уредите надвор од земјата, со картички издадени во земјата. Поради промената на методологијата детална компарација не може да биде направена за изминатите години до 2016 година и согласно оневозможено споредување на трансакциите со европските земји, бидејќи во датабазата на Европската Централна Банка (ЕЦБ) ја нема Република Македонија, Анализата за трансакциите направени на виртуелни продажни места во Република Македонија како и надвор од земјата со домашни платежни картички е направена на двегодишен период односно јануари 2016 година декември 2017 година.
Слика 2.5: Вредност (во мил. евра) на направени трансакции со македонски и странски картички и пораст (%) во вредноста на трансакциите во РМ остварени на интернет уреди во 2017г. - физички и правни лица
На Слика 2.5 прикажани се вкупните трансакции направени на виртуелни или интернет продажни места односно вклучени се збирно: трансакциите на уреди опслужувани од страна на резидентни обезбедувачи на платежни услуги со картички издадени во земјата, трансакциите на уреди опслужувани од страна на резидентни обезбедувачи на платежни услуги со картички издадени надвор од земјата, како и направени трансакции од домашни картички кон странски уреди и тоа направени од правни и физички лица. Додека 29.2% отпаѓа на трансакции реализирани на физички места на продажба (ПОС) само 3% од вкупната остварена вредност со картички е во е-трговија и тоа 78.6% oд физички лица и 21.4% од правни лица.
Извор: НБРМ
62
ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА СО Е-ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Три милијарди евра изнесува вредноста на трансакциите од македонските иматели на картички направени во 2017 година на домашите уреди во Република Македонија, или за 10% повеќе од минатата година. Но како Македонците ги користат картичките дома може да се види од структурата на направените трансакции по тип на уреди односно Македонците преферираат кеш и во 2017 година учеството на повлекување од банкомат во вкупните трансакции направени на домашни уреди изнесува 69%. Добро е што има тенденција на намалување на повлекувањето на готовина од АТМ кое во 2016 година било 72% од вредноста на направените трансакции. Мало поместување има и во корист на трансакциите на физичките места на продажба или на ПОС терминалите или во 2017 година 26% од вредноста на трансакциите со картичка кон дома Македонците ги направиле на ПОС терминал спрема 23% во 2016 година. Учеството на вредноста на трансакциите направени од Македонците кон домашните интернет продавници останува непроменето односно само 1% и во 2017. Слика 2.6: Удел на уредите во вкупната вредноста на остварени трансакции со македонски картички во 2016 и 2017г.
Извор: НБРМ Слика 2.7: Вредност на остварени трансакции кон домашни уреди со домашни и странски платежни картички во 2017г.
Извор: НБРМ
Состојбата е малку поинаква ако ја вклучиме и вредноста на трансакциите направени од имателите на странски картички кон уреди во Република Македонија односно странците повеќе ги употребуваат своите картички на ПОС терминалите на физички места на продажба. Странците во Република Македонија направиле трансакции со картички во вредност од 322 милиони евра во 2017 година, што претставува 19% повеќе од минатата година. За што ги користат картичките претставено е на Слика 2.8 односно 39% за плаќања на ПОС терминали, а 60% за подигнување готовина од АТМ. Онлајн купувањето на интернет продажните места е исто така 1%.
63
ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА СО Е-ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Слика 2.8: Вредност на трансакции остварени со картички издадени во земјата кон странство по уреди во 2017г.
Извор: НБРМ Слика 2.9: Вредност на трансакции остварени со странски картички во Р.Македонија по уреди во 2017г.
Македонците во странство потрошиле 217 милиони евра и тоа најмногу на ПОС терминалите на физички места, 119 милиони евра или 55% од вкупната сума. Од АТМ повлекле 24 милиони евра односно 11% од вкупно потрошената вредност во странство, и на интернет продажни места во странство Македонците потрошиле 73 милиони евра или 34% од вкупната вредност во странство остварена со картички (Слика 2.9). При тоа од вкупно поторшената вредност на интерент продажни места тоа преставува 70%. На Слика 2.10 прикажана е вредноста на трансакциите по уреди кои Македонците ги направиле вкупно, односно дома и во странство. Забележително е зголеменото учество на онлајн плаќања на интернет продажни места односно може да се констатира дека многу повеќе Македонците купуваат онлајн во странствo.
Извор: НБРМ
Слика 2.10: Вредност на трансакции по секој од уредите (во мил. евра) и уделот на секој од уредите (%) во вкупната вредност со картички остварена од Македонците кон дома и кон странство за 2016 и 2017г.
Извор: НБРМ
64
ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА СО Е-ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Она што е најважно за анализата на е-трговијата во Република Македонија се трансакциите направени кон интернет продажните места. За да се види порастот на остварени трансакции на виртуелни интернет продажни места направена е временска серија за остварената вредност на трансакции кон домашните е-трговци за период 2011-2017 година, како и годишниот пораст прикажано на Слика 2.11. Слика 2.11: Вредност (во мил. евра) и пораст (%) на вредноста на онлајн трансакциите во РМ остварени кон домашни е-трговци 2011-2017г.
Извор: НБРМ Во Табела 2.1 дадена е вредноста на вкупните трансакции направени кон интернет продавниците од Македонци дома и во странство, како и од иматели на странски картички во Р. Македонија. Таа изнесува 6.465 милиони денари или 105 милиони евра во 2017 година и има пораст од 21% во однос на 2016 година. Притоа доминираат физичките лица со 79% во вкупно направените онлајн трансакции на виртуелни места на продажба со тенденција на зголемување во однос на 2016 година, Физичките лица бележат поголем пораст во вредноста на направените онлајн трансакции односно 22% додека порастот кај правните лица е 18% во 2017 година, спрема 2016 година. Тоа е уше повидливо ако се анлизира бројот на направените трансакции кон интернет продажните места кој има пораст од 17% во однос на 2016 година и тоа кај физичките лица со 23%, додека правните лица имаат негативен тренд, односно се забележува помал број на направени трансакции спрема 2016 година. Оттука се наметнува и пресметката на просечната вредност на една трансакција која кај физичките лица се намалува во 2017 година спрема 2016 година, и изнесува 1538 денари, додека кај правните лица се зголемува и изнесува 2271 денари. Табела 2.1: Вкупни трансакции со платежни картички на интернет продажни места Вредност (во мил. ден.)
Број (во мил.)
Просечна нарачка (ден.)
Вкупно
ФЛ
ПЛ
Вкупно
ФЛ
ПЛ
Вкупно
ФЛ
ПЛ
2016
5.348,05
4.175,46
1.172,59
3,34
2,68
0,66
1.602,77
1.557,04
1.789,97
2017
6.465,59
5.081,61
1.383,97
3,91
3,30
0,61
1.652,51
1.538,39
2.271,15
пораст 17/16
0,21
0,22
0,18
0,17
0,23
-0,07
0,03
-0,01
0,27
Извор: НБРМ
65
ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА СО Е-ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
На Слика 2.12 е дадено движењето на вредноста на реализираните трансакции во е-трговијата според потеклото на картичката по месеци во 2017 година, но и според местото на направената трансакција, дома и во странство. Слика 2.12: Вредност на онлајн трансакции (во милион евра) во 2017г. според потеклото на картичката и трансакцијата
Извор: НБРМ Понатаму, анализирана е вредноста на трансакциите направени во Република Македонија од македонските и странските иматели на картички кон виртуелните трговци, односно она што е примарно за анализата т.е колку е-трговија е остварена во Република Македонија. На Слика 2.13 и 2.14 даден е бројот на онлајн трансакции направени со домашни картички од физичките и правните лица кон домашните и кон странските трговци по месеци за 2017 година. Додека учеството на правните лица изнесува во просек 29,4% во вкупниот број трансакции, при трансакциите реализирани кон домашни трговци, истото е помало и изнесува 6.3% кај трансакциите реализирани кон странски е-трговци. Слика 2.13: Број на онлајн трансакции со домашни картички на домашни е-трговци во 2017г.
Извор: НБРМ
66
ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА СО Е-ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Слика 2.14: Број на онлајн трансакции со домашни картички кон странски е-трговци во 2017г.
Извор: НБРМ Притоа може да се забележи сезонска цикличност во движењето како на вредноста така и на бројот на направените трансакции на интернет продажните места на месечно ниво. Секако трендот на вкупните движења зависи од направените трансакции на физичките лица. Месеците февруари, март, септември и ноември се месеци кога најмногу се купува на виртуелните места на продажба. Правните лица не го следат истиот циклус. Бројот на трансакции направени кон интернет продажните места ни покажува дека во јуни и јули има најмал број на трансакции, а просечната вредност по трансакција е најголема во месеците јули и август што може да се поврзе со резервирање и плаќање хотелски сместувања и аранжмани онлајн. Структурата на вредноста на направените вкупни трансакции на виртуелни или интернет платежни места во 2016 година прикажана на Слика 2.15 покажува дека е најголемо учеството на трансакциите на уреди опслужувани од страна на нерезидентни обезбедувачи на платежни услуги надвор од земјата со картички издадени во земјата односно 70%. Трансакциите на уреди опслужувани од страна на резидентни обезбедувачи на платежни услуги со картички издадени во земјата изнесува 27% и само 3% се трансакции на уреди опслужувани од страна на резидентни обезбедувачи на платежни услуги со картички издадени надвор од земјата во вкупната вредност на трансакциите. Во структурата на вредноста на трансакциите направени кон интернет трговците во 2017 година има мало поместување во однос на 2016 година односно мало намалување кај вредноста на трансакциите во странство со домашни картички во корист на направените трансакции во земјата со странски картички.
67
ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА СО Е-ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Слика 2.15: Структура на вредноста на трансакциите кон интернет трговци за 2016 и 2017г.
Извор: НБРМ Само 3% од вкупната остварена вредност со платежни картички е од е-трансакции. Што се однесува до бројот на трансакциите може да се каже дека учеството на бројот на направени трансакции во странство со домашни картички е највисоко и изнесува 55% во 2016 година и 58% во 2017 година. Понатаму кон домашните е-трговци изнесува 44% во 2016 и 41% во 2017 година. Уделот во вкупниот број на трансакциите остварени со картички издадени во странство кон домашните е-трговци изнесува само 1% и во двете разгледувани години. Македонците оствариле 70% од вредноста на онлајн трансакциите во странство во 2017 година и потрошиле околу 73 милиони евра за купување производи и услуги онлајн од странство. Порастот споредено со 2016 година изнесува 18% кога во странство потрошиле околу 62 милиони евра. Порастот на вредноста на трансакциите направени во странство е поголем кај правните лица кои за 24% повеќе купувале онлајн во странство. Истото го направиле во 2,3 мил. трансакции, односно просечната трансакција изнесува околу 32 евра (Табела 2.2). Табела 2.2: Трансакции на виртуелни места на продажба (интернет-продажни места) во мил. евра со домашни картички во странство Вредност (во мил. евра)
Број (во мил.)
Просечна нарачка (евра)
Вкупно
ФЛ
ПЛ
Вкупно
ФЛ
ПЛ
Вкупно
ФЛ
ПЛ
2016
61,86
47,02
14,84
1,84
1,73
0,11
33,6
27,22
129,3
2017
73,25
54,82
18,43
2,26
2,12
0,14
32,4
25,85
130,1
пораст 17/16
18,42%
16,59%
24,23%
22,8%
22,8%
23,52%
-3,56%
-5,02%
0,58%
Извор: НБРМ
68
ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА СО Е-ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
1.3.
Каде купуваат Македонците со платежните картички?
Најмногу од трансакциите како по број (88%) и вредност (76%) Македонците ги направиле во 5 земји и тоа: Обединето Кралство, Луксембург, Унгарија, САД и Ирска. Притоа 60% од бројот на трансакциите го направиле во Обединетото Кралство и Луксембург, додека 50% од вредноста на трансакциите се направени во Обединетото Кралство и Унгарија (Слика бр 2.16 и 2.17).
Слика 2.16: Удел на земјите во вредноста на реализирани онлајн трансакции со домашни картички кон странство во 2017г.
Извор: НБРМ Слика 2.17: Удел на земјите во бројот на реализирани онлајн трансакции со домашни картички кон странство во 2017г.
Од анализата на направените трансакции, на правните и физичките лица може да се види дека правните лица најмногу по вредност направиле трансакции во Унгарија додека физичките лица во Обединетото Кралство. Просечната зделка на физичките лица е 1.590 ден., додека на правните лица 8.000 денари. Физичките лица направиле најниска просечна трансакција во Обединето Кралство и Луксембург, додека правните во Луксембург. Во глобалниот дигитален свет во финансиските текови не може да се одреди вистинското потекло на нарачаниот производот или услуга, односно местото на нарачка/купување не мора да е исто со местото каде парите стигаат при наплата. Постои веројатност да плаќањата за нарачаните производи од Кина се вршат во Обединетото Кралство и Луксембург. Реализираните трансакции со повисока просечна вредност најверојатно се должат на уплата на авионски карти во Унгарија, резервирање хотелски услуги во Холандија.
Извор: НБРМ Македонците дневно трошат околу 200 илјади евра преку 6.200 реализирани трансакции во странство. Од тоа, правните лица трошат 50.000 евра дневно, додека физичките лица 150.000 евра. Физичките лица тоа го прават во 5.800 трансакции дневно, додека правните во 388 трансакции дневно (Табела 2.3).
69
ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА СО Е-ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Табела 2.3: Трансакции на виртуелни места на продажба (интернет-продажни места) во мил. евра со домашни картички во странство Број на трансакции Физички лица Обединето Кралство
Правни лица
Вредност на трансакции (МКД)
Просечна трансакција (МКД)
Физички лица
Физички лица
Правни лица
Правни лица
1.039.028
13.196
1.077.381.109
101.570.957
1.037
7.697
Луксембург
281.262
6.226
298.540.031
30.936.483
1.061
4.969
САД
253.002
13.640
338.484.196
79.838.991
1.338
5.853
Унгарија
130.558
60.411
615.075.973
467.127.663
4.711
7.732
Ирска
134.382
14.757
176.989.264
78.109.058
1.317
5.293
Холандија
41.123
4.002
104.667.470
44.312.604
2.545
11.073
Остаток од светот
240.950
29.463
760.125.271
331.682.846
3.155
11.258
2.120.305
141.695
3.371.263.314
1.133.578.602
1.590
8.000
Вкупно
Извор: НБРМ Табела 2.4: Дневен број и вредност на реализирани онлајн трансакции со домашни картички кон странство во 2017г. Дневно потрошени евра во странство од домашни картички
Физички лица
Физички лица
Правни лица
Обединето Кралство
47.996
4.525
52.520
2.847
36
2.883
Луксембург
13.299
1.378
14.678
771
17
788
САД
15.079
3.557
18.636
693
37
731
Унгарија
27.401
20.810
14.678
358
166
523
Ирска
7.885
3.480
11.364
368
40
409
Холандија
4.663
1.974
6.637
113
11
124
Остаток од светот
33.862
14.776
48.638
660
81
741
150.184
50.499
200.683
5.809
388
6.197
Вкупно
Вкупно
Дневни трансакции со домашни картички во странство Правни лица
Вкупно
Извор: НБРМ
70
ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА СО Е-ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
2. АНАЛИЗА НА МАКЕДОНСКИОТ Е-КУПУВАЧ Во овој дел се анализира колку, што и од каде купувало населението и деловните субјекти во Република Македонија во 2017 година спрема 2010, но и во споредба со европските земји, според податоците од анкетата на ДЗС и Еуростат.
2.1.
Колку купуваат Македонците онлајн?
Во Република Македонија има значителен пораст во онлајн купувањето мерено како процент од поединците кои имаат интернет пристап. Во 2017 година 20% од населението со интернет пристап направило нарачка онлајн спрема 7% во 2010 година. Притоа мора да се има предвид дека во 2010 година во Република Македонија само 46% од населението имало интернет пристап. На сликата 2.18 може да се забележи дека Република Македонија е на претпоследното место, после Црна Гора во онлајн купување што значи иако има значителен пораст во однос на 2010 година, Република Македонија заостанува не само зад развиените европски земји и е под европскиот просек туку е и зад сите балканските земји освен Црна Гора. Ако се има предвид дека во анализата за потенцијалот за развој на е-трговијата, Република Македонија има создадено подобри предуслови од балканските земји за е трговија, треба подлабински да се согледаат причините. Слика 2.18: Онлајн купување во последните 12 месеци како процент од поединци со интернет пристап во 2010 и 2017 години во Европските земји
Извор: Еurostat
71
ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА СО Е-ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
2.2.
Што купуваат Македонците најмногу онлајн?
Од Македонците што се охрабриле да купат онлајн во последната година на Слика 2.19 прикажано е што купувале односно учеството на нарачани/купени одделни категории на производи и услуги како процент од оние кои купиле/нарачале нешто во последната година споредено со Европскиот просек. Најмногу купувале спортска опрема и облека, а најмалку материјали за е-учење. Слика 2.19: Што купувале Македонците споредено со ЕУ (28) просекот изразено како % од тие што порачале услуги/производи во последните 12 месеци во 2017г.
Извор: Еurostat Заради споредбена анализа на релативното учество на производи и услуги на графиците подолу прикажани се избрани категории на производи и услуги, и тоа во однос на 2010 година и споредено со европските земји. Како и другите онлајн корисници Македонците најмногу купувале облека и спортска опрема. На Сликата 2.20 се гледа дека купувањето облека како процент од вкупното купување во последната година е еднакво со просекот на Европската Унија од 64%. Во 2010 година во Република Македонија учеството било 13% што значи интересот за купување облека и спорска опрема значително пораснал.
72
ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА СО Е-ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Слика 2.20: Купување облека, спортска опрема онлајн во последните 12 месеци [како процент од тие што порачале производи/услуги преку интернет во последните 12 месеци]
Извор: Еurostat Во однос на купување медицина и лекови, Македонците се под европскиот просек (13%), и како релативно учество во купувањето онлајн имаат 6%. Она што може да се забележи од Сликата 2.21 е дека во 2010 година тоа учество било поголемо (7%) отколку во 2017 година што значи дека македонските граѓани уште во 2010 година се охрабриле да купат лекови онлајн. Споредбата со другите земји сепак покажува дека тие купуваат повеќе лекови од многу европски земји. Слика 2.21: Купување медицински производи онлајн во последните 12 месеци [како процент од тие што порачале производи/услуги преку интернет во последните 12 месеци]
Извор: Еurostat За разлика од облека и спортска опрема и лекови, Македонците не купувале производи за домаќинство како другите земји од Европа, така да тие се на последно место спрема релативното учество на купување на производи за домаќинство од вкупните купувања во 2017 година заедно со Црна Гора. Во 2017 година тоа учество е 13% спрема 9% во 2010 година односно бележи мал пораст. Европскиот просек е 46% од вкупните купувања во 2017 година спрема 35% во 2010 година (Слика 2.22).
73
ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА СО Е-ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Слика 2.22: Купување производи за домаќинство онлајн во последните 12 месеци [како процент од тие што порачале производи/услуги преку интернет во последните 12 месеци]
Извор: Еurostat Македонците многу малку купувале прехрамбени производи и производи за секојдневна употреба во 2017 односно само 5% за разлика од просекот во ЕУ (28) кој изнесува 24%. Изненадувачки е тоа што оваа категорија бележи значителен пад споредено со 2010 година кога дури 17% од Македонците кои купувале онлајн вршеле нарачки за храна и секојдневни производи (Слика 2.23). Слика 2.23: Купување храна и производи за секојдневна употреба онлајн во последните 12 месеци [како процент од тие што порачале производи/услуги преку интернет во последните 12 месеци]
Извор: Еurostat Што се однесува до хотелско и др. сместување Република Македонија е на претпоследно место со само 10% од направените онлајн купувања и порачки во 2017 година. Од Сликата 2.24 се гледа дека има намалување спрема 2010 кога тој процент бил 15%. Просечно, 43% од поединците во членките на Европската Унија (28) кои направиле онлајн купување во последните 12 месеци биле за хотелско и др. сместување. Состојбата била слична и во 2010 година кога учеството изнесувало 40%.
74
ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА СО Е-ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Слика 2.24: Купување хотелско и друго сместување онлајн во последните 12 месеци [како процент од тие што порачале производи/услуги преку интернет во последните 12 месеци]
Извор: Еurostat
2.1.
Каде купуваат македонските е-купувачи?
Од оние кои нарачале купиле производи или услуги на интернет во Република Македонија најмалку купувале од домашни продавачи односно само 31% и има тренд на опаѓање спрема 2010 година кога тој процент изнесувал 51%. Дополнително треба да се има предвид дека во 2010 година само 5% од интернет корисниците нарачале/купиле нешто во последните 3 месеци. На Слика 2.25 прикажано е учеството на нарачките/купувањата направени од домашни продавачи како процент од вкупните нарачки/купувања направени во последните 12 месеци на ниво на европските земји. За одбележување се земјите каде над 90% од купувањата се направени од домашни продавачи како Полска, Турција, Холандија, Германија. Слика 2.25: Купиле/нарачале производи/услуги од продавачи од домицилната земја [како процент од оние кои нарачале/купиле преку интернет во последните 12 месеци]
Извор: Еurostat Македонците исто така малку купувале/нарачувале онлајн и од Европските земји, односно 26% и релативно тој удел се намалува во однос на 2010 година. европскиот просек изнесува 33%. На Слика 2.26 прикажано е купувањето од земјите од европските земји како процент од вкупните кпувања во 2017 година.
75
ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА СО Е-ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Слика 2.26: Купиле/нарачале производи/услуги од продавачи од Европа [како процент од оние кои нарачале/купиле преку интернет во последните 12 месеци]
Извор: Еurostat За разлика од купувањето онлајн од домашни и продавачи од Европа, Македонците купувањето од продавачи од другиот дел на светот го зголемуваат, и во 2017 година тоа изнесува 59% спрема 21% во 2010 година. На Слика 2.27 се гледа дека Република Македонија е во првите земји во купување од земји од другиот дел на светот како процент од вкупните купувања во 2017 година. Европјаните просечно купувале 23% во 2017 година и 13% во 2010 година од други земји во светот како процент од вкупните купувања во последните 12 месеци. Слика 2.27: Купиле/нарачале производи/услуги од продавачи од другиот дел на светот [како процент од оние кои нарачале/купиле преку интернет во последните 12 месеци]
Извор: Еurostat Претходно анализираните податоци од НБРМ покажаа дека Македонците најмногу купуваат во 5 европски земји, за разлика од тоа што одговориле од каде купуваат од странство анкетираните Македонци.4
Во глобалниот свет на финансиите не може едноставно да го одредиме вистинското потекло на нарачаниот производот или услуга така што местото на испорката не мора да се поклопи со местото на наплата. Постои веројатноста да производите кои Македонците ги нарачуваат од Кина ги плаќаат во Обединетото Кралство и Луксембург. 4
76
ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА СО Е-ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
2.2.
Колку често купуваат Македонците онлајн?
Најголем процент од тие што купиле производ или услуга во последните 3 месеци во Република Македонија купиле само еднаш до два пати или 68%. Слика 2.28 го покажува купувањето онлајн еднаш до два пати на ниво на европските земји. Слика 2.28: Еднаш до двапати купување во последните 3 месеци од оние кои купиле во истиот период во 2017г.
Извор: Еurostat Кутија 2.2: Придобивки и предизвици за корисниците на е-трговијата Предизвици
Придобивки •
•
• • •
24/7 пристап, кој им овозможува на корисниците да купуваат и прават онлајн трансакции 24 часа на ден, цела година, од која било локација Поголем избор на производи, но и можност да го прилагодат производот на своите потреби и тоа на меѓународно ниво Можност за лесно споредување на цените, не само на локално, туку и на глобално ниво Подобрен процес на достава, Создавање поголема конкурентска околина, која дава можност на корисниците да им бидат понудени значајни попусти или производи со додадена вредност.
• • •
• • •
Трошок за компјутерска техника Трошок за пристап до интернет Потребно е основно информатичко знаење и тоа како за компјутерската опрема, така и за интернетот и World Wide Web Недостаток на безбедност и приватност на личните податоци Физичкиот контакт и односите се заменети со електронски процеси Недостатокот на доверба, бидејќи тие се во интеракција со безлични компјутери, односно недостаток од персонален контакт и идентификација.
77
ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА СО Е-ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
2.3.
Колку трошат Македонците по нарачка?
Најголем дел од Македонците купуваат најмногу во вредност до 50 евра што е и очекувано согласно царинските прописи за увоз. На Слика 2.29 прикажани се онлајн купувањата до 50 евра во рамки на европските земји во 2017 година каде се гледа дека Република Македонија е на врвот после Унгарија по купување до 50 евра како процент од вкупните купувања. Од Македонците кои купувале онлајн во странство последните 12 месеци најмногу или 63% купиле електроника, облека, играчки како резултат на атрактивни понуди на сајтовите во Кина. На Слика 2.30 прикажано е учеството на производи како електроника, облека, играчки купени онлајн од странство на ниво на европските земји. Слика 2.29: Онлајн купување во последните 3 месеци во вредност под 50 евра [како процент од оние кои купиле нешто во последните 3 месеци во 2017г.]
Извор: Еurostat Слика 2.30: Производи како електроника, облека, играчки и др. купени онлајн од странство [како процент од оние кои купиле онлајн во последните 12 месеци во 2017г.]
Извор: Еurostat
78
ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА СО Е-ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Од оние што купувале онлајн во последните 12 месеци само 6% симнале платени апликации од странство како на пр. филмови платени апликации, музика и др., а само 11 % купиле во странство аранжмани за патување, сместување или транспорт.
Од направениот статистички приказ и компаративна анализа може да се направи профил на македонскиот онлајн купувач кој купува најмногу облека и спортска опрема, прави нарачка во вредност до 50 еур еднаш до два пати во 3 месеци и тоа го прави во странство, надвор од Европа најчесто купувајќи електроника, облека, играчки и др.
2.4.
За што се користи интернетот во Република Македонија?
Ако подетално се разгледа што прават интернет корисниците кога се онлајн се забележува дека постојат заеднички активности како праќање и примање на е-маилови, телефонирање преку интернет/видео повици, онлајн барање на информации, читање на онлајн вести и секако учество во социјалните мрежи. Компаративна анализа за употребата на интернетот од страна на корисниците е направена за 2017 година според податоците на Еуростат и ДЗС. Македонците се над европскиот просек во користење на интернетот за социјални медиуми и телефонирање и видео повици. Македонија со 84% е четврта земја во Европа после Исланд, Малта, Норвешка и Унгарија во користење на интернетот за социјални мрежи за креирање на кориснички профил, постирање пораки и друг придонес на Фејсбук, Твитер и др. (Слика 2.31). Слика 2.31: Употреба на интернет за учество на социјални мрежи [како процент од оние кои користеле интернет во последните 3 месеци во 2017г.]
Извор: Еurostat Македонците го користат интернетот најмногу на ниво на Европа за телефонирање и видео повици (77%), одма после Бугарија и Црна Гора. На Слика 2.32 се гледа дека просекот на Европската Унија (28) е 46%.
79
ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА СО Е-ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Слика 2.32: Употреба на интернет за телефонирање или видео повици [како процент од оние кои користеле интернет во последните 3 месеци во 2017г.]
Извор: Еurostat Македонците се блиску до европскиот просек во користење на интернетот за симнување и играње игри, споделување на само-креирана содржина на веб, барање на информации за здравје и читање на онлајн сајтови за вести, весници и магазини. За да закачат своја креирана содржина која сакаат да ја споделат на некоја веб страна 38 % од Македонците користеле интернет. На Слика 2.33 е прикажана состојбата на ниво на европските земји, а Македонците се близу до европскиот просек од 40%. Слика 2.33: Употреба на интернет за споделување на самокреирана содржина на веб страна [како процент од оние кои користеле интернет во последните 3 месеци во 2017г.]
Извор: Еurostat Блиску до европскиот просек од 61% е и употребата на интернет за барање на информации за здравје од страна на Македонците кое изнесува 59% од корисниците на интернет во последните 3 месеци. На Слика 2.34 прикажан е рангот на Република Македонија во Европа.
80
ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА СО Е-ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Слика 2.34: Употреба на интернет за барање на информации за здравје [како процент од оние кои користеле интернет во последните 3 месеци во 2017г.]
Извор: Еurostat На Слика 2.35 се гледа дека 68% од Македонците читале онлајн сајтови за вести, весници, магазини како процент од оние кои користеле интернет во последните 3 месеци во 2017 година, што е под европскиот просек кој изнесува 72%. Слика 2.35: Употреба на интернет за читање онлајн сајтови за вести, весници, магазини [како процент од оние кои користеле интернет во последните 3 месеци во 2017г.]
Извор: Еurostat Македонците сакаат да играат онлајн, па 38% го користеле интернетот за играње и симнување на игри, со што се над европскиот просек од 34%. На Слика 2.36 е прикажан рангот на Република Македонија за играње во рамки на европските земји.
81
ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА СО Е-ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Слика 2.36: Употреба на интернет за играње и симнување игри [како процент од оние кои користеле интернет во последните 3 месеци во 2017г.]
Извор: Еurostat Македонците се далеку под европскиот просек во користење на интернетот за барање на информации за производи и услуги, управување со сметка за онлајн плаќања, користење интернет банкарство, барање и аплицирање за работа, користење професионални мрежи, продавање производи и услуги онлајн, сместувачки услуги и праќање или примање е-маил (Слика 2.37). Слика 2.37: Споредба на Македонија и ЕУ (28) просекот во користење на интернетот за активности во кои Македонците се под европскиот просек за 2017г.
Извор: Еurostat За подобра слика на активностите кои Македонците ги прават на интернет даден е приказ на рангот на Република Македонија во примање и праќање на е-маил. Во Република Македонија малку се користи интернетот за праќање и примање на е-маил односно само 58% од интернет корисниците кои употребиле интернет во последните 3 месеци. Единствено во Србија и Турска интернет корисниците помалку праќале и примале е-маилови (Слика 2.38). Просекот за употреба
82
ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА СО Е-ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
на интернет за праќање и примање е-маилови во Европската Унија (28) е 86%, а во Холандија, Данска, Финска, Исланд, Норвешка тоа е над 95%. Слика 2.38: Употреба на интернет за праќање/примање на е-маил-ови [како процент од оние кои користеле интернет во последните 3 месеци во 2017г.]
Извор: Еurostat Во Република Македонија исто така интернетот најмалку го користат односно само 13% за сместувачки услуги со што Македонија е на последно место во ранг на европските земји. (Слика 2.39). Слика 2.39: Употреба на интернет за сместувачки услуги [како процент од оние кои користеле интернет во последните 3 месеци во 2017г.]
Извор: Еurostat Само 4% од македонските интернет корисници продаваат производи и услуги онлајн и се на претпоследно место пред Грција во рамки на европските земји (Слика 2.40). Од времето кое го користат на интернет многу мал дел од Македонците односно само 50% го користеле за барање на информации за производи и услуги. На Слика 2.41 се гледа дека само Романија има помало учество, а европскиот просек е 80%. Само 12% од македонските интернет корисници бараат работа и праќаат апликации за работа онлајн (Слика 2.42).
83
ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА СО Е-ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Слика 2.40: Употреба на интернет за продавање производи и услуги [како процент од оние кои користеле интернет во последните 3 месеци во 2017г.]
Извор: Еurostat Слика 2.41: Употреба на интернет за барање информации за производи и услуги [како процент од оние кои користеле интернет во последните 3 месеци во 2017г.]
Извор: Еurostat Слика 2.42: Употреба на интернет за барање работа и праќање на апликација [како процент од оние кои користеле интернет во последните 3 месеци во 2017г.]
Извор: Еurostat Само мал дел, или 11% од македонските интернет корисници го користеле за е-банкарство и се на долниот ранг во Европа прикажано на Слика 2.43,
84
ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА СО Е-ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Слика 2.43: Употреба на интернет за интернет банкарство [како процент од оние кои користеле интернет во последните 3 месеци во 2017г.]
Извор: Еurostat За управување на сметка за купвање онлајн, 9% од интернет корисниците во Република Македонија користеле интернет - споредбено со европските земји прикажано на Слика 2.44. Слика 2.44: Употреба на интернет за управување на сметката за плаќање за производи или услуги купени на интернет [како процент од оние кои користеле интернет во последните 3 месеци во 2017г.]
Извор: Еurostat Од компаративната анализа може да извлечеме заклучоци за што најмногу Македонците го користат интернетот. Најмногу сакат да се на социјалните мрежи и да телефонираат и се на горниот ранг на сортираната табела за овие активности на интернет, како и во играње и симнување игри. Исто така како активности кои се малку под просекот на Европската Унија (28) се барање на здравствени информации, читање онлајн вести како и споделување на само-креирана содржина. Но, во ранг на дното на табелата се во користење на интернетот за праќање емаилови, за барање информации за производи и услуги, сместувачки услуги, продавање на производи и услуги, за барање и праќање на апликација за работа, за интернет банкарство и менаџирање на сметка за онлајн купување.
85
ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА СО Е-ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
2.5.
Какво е однесување на онлајн купувачите?
Македонците кои купиле нешто на интернет се однесуваат внимателно и секогаш или скоро секогаш прават проверка на информации од неколку продавачи, производители или веб провајдери пред да купат/нарачаат онлајн исто како и Европјаните. Но воедно Македонците проверуваат повеќе сајтови или апликации за компарација на цени или производи од Европјаните, а исто така прават и повеќе кориснички прегледи на веб страната или блогови секогаш или скоро секогаш пред пред купување онлајн. Дека македонскиот онлајн купувач е повнимателен од европскиот купувач се гледа и во тоа што многу помал дел од испитаниците одговориле дека купиле/нарачале онлајн со директно кликање/купување од реклама на веб или апликација на социјални медиуми, додека многу поголем дел се изјасниле дека не купиле/нарачале онлајн со директно кликање/купување од реклама на веб или апликација на социјални медиуми (Слика 2.45). Слика 2.45: Однесување на корисниците како процент од оние кои користеле купиле производ или услуга на интернет во последната година. последните 3 месеци во 2017г.
Извор: Еurostat
86
ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА СО Е-ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Кутија 2.3: СИНЏИРОТ НА Е-ТРГОВИЈА Синџирот на е-трговија може да се подели во 4 фази: прибирање информации, договор, трансакција и испорака. Во секоја од овие фази постојат потенцијални импликации врз корисниците, компаниите и другите организации и владите (UNCTAD, 2015). Во првата фаза интернет пребарување, е-маил нарачките и другите социјални платформи им помагаат на корисниците да споредуваат цени и да добијат спецификации за производи онлајн, наместо да ја посетуваат физичката локација на компаниите. Купувачите може да прочитаат и да се информираат и за искуството на другите купувачи од одреден производ и тоа во кое било време 24/7 без ограничување на работното време на физичките локации. Една студија за етрговија во Европската Униjа открила дека зголемениот избор при купување онлајн, наспроти офлајн, придонесува повеќе за благосостојбата на корисниците отколку пониските цени (Civic Consulting, 2011). Во втората и третата фаза, онлајн апликации и платежни солуции го претставуваат алтернативното решение наместо да се посети продавница или да се направи телефонски повик или да се плати со картичка или во готовина на физичката локација на компанијата. Конечно, четвртата фаза се однесува на испораката т.е на доставата на производите која може да биде дигитална, на пример симнување книга или пак физичка испорака на купена книга или друг производ (UNCTAD, 2015).
Извор: OECD, 2013
87
ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА СО Е-ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
2.6.
Бариери зошто Македонците не купуваат онлајн?
Што се однесува до причините зошто Македонците не купиле/нарачале нешто онлајн, најголем дел одговориле дека сакаат лично да пазарат и да го видат производот (39%); потоа дека немаат потребни вештини (18%); стравуваат за безбедност (16%); немаат платежна картичка (11%); немаат доверба за примање или враќање на производите (10%); долго време на достава и не се дома за прием (9%); и поради други причини (4%). Сите одговори/причини се под евроспскиот просек освен други причини (Слика 2.46). Слика 2.46: Перцепирани бариери за онлајн купување/нарачување за Македонија споредено со европскиот просек (28) како процент од тие што не купиле/нарачале во последните 12 месеци
Извор: Еurostat
2.7.
На кое ниво се дигиталните вештини на Македонците?
Како бариера зошто не купиле онлајн во последната година, 18% од анкетираните Македонци навеле дека немаат потребни вештини за тоа. Покрај сите услови за купување онлајн потребно е и корисникот да поседува основни дигитални вештини. Еуростат препознавајќи ја клучната улога на дигиталните компетенции во денешниот свет, креира така наречен индикатор за дигитални вештини кој потполно, согласно методологијата се ипмплементира од 2015 година. Методологијата на составување на овој индикатор 5 се состои од сумирање на 4 типа на вештини: информациски вештини, комуникациски вештини, вештини за решавање на проблем и софтверски вештини за манипулирање со содржина. Според овој индикатор може да се забележи на Слика 2.47 дека Република Македонија е рангирана на врвот по ниско целокупно ниво на дигитални вештини. Уште повеќе што тој процент на ниско ниво на дигитални вештини како процент од вкупното население се зголемува во 2017 година во споредба со 2016 година.
Digital Skills Indicator – derived from Eurostat survey on ICT usage by Individuals, Methodological note - 2015
5
88
ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА СО Е-ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Слика 2.47: Поединци кои имаат ниско целокупно ниво на дигитални вештини како процент од вкупното население
Извор: Еurostat Веќе на базично ниво на дигитални вештини Република Македонија е во долниот ранг на ниво на европските земји со 20% во 2017 година, спрема 23% во 2016 година (Слика 2.48). Слика 2.48: Поединци кои имаат основно ниво на дигитални вештини како процент од вкупното население
Извор: Еurostat На Слика 2.49 дадени се збирно поeдинци со основни и над основни дигитални вештини каде пак Македонците (32%) се во група на најниско учество од вкупното население на ниво на Европа.
89
ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА СО Е-ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Слика 2.49: Поединци кои имаат основно и над основно ниво на дигитални вештини како процент од вкупното население
Извор: Еurostat
Од компаративната анализа може да извлечеме заклучоци дека Македонците се однесуваат многу внимателно при купување онлајн, а оние кои не купуваат онлајн тоа не го прават бидејќи сакаат да одат во продавница и физички да го допрат производот, но воедно и немаат потребни вештини и се плашат за безбедноста. Што се однесува до знаење и вештини, Македонците се на горниот ранг во ниско ниво на дигитални вештини, а на најдолниот ранг во базични и повисоки дигитални вештини во Европа.
90
ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА СО Е-ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
3. АНАЛИЗА НА МАКЕДОНСКИТЕ Е-ТРГОВЦИ Во овој дел ја разгледуваме е-трговијата од аспект на понудата. Најпрво се разгледуваат генерални податоци за користењето на интернетот и онлајн продавање и купување кај македонските компании според податоците од ДЗС и Еуростат, потоа е направена анализа на понудата во е-трговијата во Македонија од страна на АЕТМ, а според податоците од НБРМ и банките кои нудат е-трговија и на крајот се презентирани податоците од спроведениот анкетен прашалник на е-трговците.
3.1.
Анализа на деловните субјекти во Македонија според податоците од ДЗС и Еуростат
3.1.1. Употреба на интернетот од компаниите Компаниите мора да се прилагодени на новите техничко технолошки промени за да работат успешно. Во овој дел е прикажано колку од компаниите во Република Македонија имаат веб страни, потоа функционалноста на нивната веб страна и за што го користат интернетот македонските комапнии. Само половина од интернет корисниците во Република Македонија во 2017 година барале онлајн информации за производи и услуги. На ниво на Европската Унија 8 од 10 интернет корисници бараат онлајн информации за производи и усуги. Затоа бизнисите треба да го зголемат интернет прсисутвото со веб страна, користење на социјални мрежи и таргетирано рекламирање. Компаниите ја користат веб страната да обезбедат најразлични информации и функционалности за своите производи и услуги наменети за корисниците или бизнис партнерите. Во 2016 година 53% од компаниите (10+ вработени) во Република Македонија имаат веб страна што е далеку под просекот на Европската Унија (28) од 77%. Но компаниите можат да ги користат социјалните мрежи за да објават информации или за маркетинг активности и без да имаат веб страна. Според методологијата објаснета од Државниот завод за статистика во анкетата се опфатени деловни субјекти со 10 и повеќе вработени без финансиски сектор. Од вкупно 71.519 деловни субјекти во 2016 година, бројот на опфатени компании со 10 и повеќе вработени, без финансиски сектор, изнесува 6.664 деловни субјекти, што значи релативното учество на компаниите е пресметано во однос на овој број на компании.
3.1.2. Колку од компаниите имаат веб страна и функционалности на веб страната Веб страна во Република Македонија во 2016 година имаат 53% од компаниите со 10 и повеќе вработени односно 56% од компаниите со интернет пристап, а во Европската Унија 80% од комапниите со интернет пристап имаат веб страна. Во развиените земји како Финска, Данска, Германија, Шведска над 90% од комапниите имаат веб страна (Слика 2.50).
91
ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА СО Е-ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Слика 2.50: Компании кои имаат веб страна во 2016 година
Извор: Еurostat Компаниите од Република Македонија обезбедуваат информации за своите производи и услуги со каталози и ценовници и тоа 83% од компаниите кои имаат веб страна, што е над просекот на Европската Унија од 72%. Но имајќи предвид дека многу малку компании имаат своја веб страна процентот од сите компании изнесува само 44% и е под европскиот просек. На Слика 2.51 прикажана е состојбата со понуда на каталози и ценовници за производи од компниите како процент од сите компании и од оние кои имаат веб страна на ниво на европските земји. Слика 2.51: Компании со веб страна која има каталог на производи и ценовник [како процент од сите компании и компаниите со веб страна во 2016г.]
Извор: Еurostat На Слика 2.52 прикажано е учеството на компании со веб кои имаат рекламирање на отворени работни позиции и онлајн апликација за работа како процент од сите компании и од тие што имаат веб страна во 2016 година. Во Република Македонија 27% од компаниите со веб страна поседуваат ваква функционалност и рангот во споредба со европските земји.
92
ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА СО Е-ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Слика 2.52: Компании со веб страна кој има рекламирање на отворени работни позиции и онлајн апликација за работа [како процент од сите компании и компаниите со веб страна во 2016г.]
Извор: Еurostat Во текот на 2016 година, 10,3% од деловните субјекти со 10 или повеќе вработени, биле инволвирани во е-трговија, односно купувале или продавале стоки или услуги преку компјутерски мрежи (преку веб или EDI). Она што е најважно за е-трговијата или онлајн купувањето е компаниите да имаат на својата веб страна можности за онлајн порачки/резервации (shopping cart). На слика 2.53 прикажано е учеството на компаниите со ваква функционлност во однос на сите компании и во однос на оние со веб страна. Во 2016 година ваква можност понудиле само 20% од компаниите со веб страна во однос на 24% на ниво на Европската Унија. Во Холандија, Чешка, Шведска тој процент е околу 40%. Слика 2.53: Компании со веб страна кој има можности за онлајн порачки, резервации [како процент од сите компании и компаниите со веб страна во 2016г.]
Извор: Еurostat
93
ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА СО Е-ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Функционалноста на веб страната за следење на онлајн нарачката во Република Македонија ја имаат 11% од компаниите со веб страна и е на ниво на европскиот просек (Слика 2.54). Слика 2.54: Компании со веб страна кој има можности за следење нарачки [како процент од сите компании и компаниите со веб страна во 2016г.]
Извор: Еurostat Учеството на компании со веб кои имаат можности за онлајн порачки, резервации и имаат барем еден од: webacc, webctm, webot or webper, како процент од компаниите и компании со веб страна во 2016 година е прикажано на Слика 2.55 во споредба со европските земји. Слика 2.55: Компании со веб страна кој има можности за олајн порачки, резервации и имаат бар еден од: webacc, webctm, webot or webper [како процент од сите компании и компаниите со веб страна во 2016г.]
Извор: Еurostat
94
ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА СО Е-ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
3.1.3. Колку компаниите купувале и продавале онлајн? Само 5,8% од компаниите направиле е-набавки: испратиле нарачки за купување стоки/услуги преку компјутерски мрежи - веб или EDI во 2017 година. На Сликата 2.56 е прикажано набавувањето направено онлајн од деловните субјекти како процент од сите компании во европските земји и европскиот просек (45%). Република Македонија е на последно место. Слика 2.56: E-набавки на деловни субјекти: испратиле нарачки за купување стоки/услуги преку компјутерски мрежи - веб или EDI
Извор: Еurostat Притоа процент на е-набавките во однос на вкупните набавки еднаков или поголем од 1% во Република Македонија изнесува 4% спрема 20% во Европската унија. Што се однесува пак до е-продажбата или колкав процент од компаниите примиле нарачки преку компјутерски мрежи, во 2017 година во Република Македонија продале 5,4% од компаниите а на ниво на Европска Унија 20%. На Слика 2.57 евидентно е последното место на Република Македонија во Европа. Слика 2.57: Деловни субјекти кои примиле е-нарачки во 2017г.
Извор: Еurostat
95
ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА СО Е-ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Што се однесува до веб-продажбата, како процент од вкупната продажба еднаков или поголем од 1%, во Република Македонија изнесува 4% спрема 18% во Европската унија. На ниво на Европа, Република Македонија е повторно на последно место (Слика 2.58). Слика 2.58: Процент на веб продажбата во однос на вкупната продажба =/>1%
Извор: Еurostat Кутија 2.4: Придобивки и предизвици за бизнисите од е-трговијата Предизвици
Придобивки • • • • • •
Интернационален пазар Масовно прилагодување поголем домашен пазар Намалување на залихите и режиските трошоци. Помали телекомуникациски трошоци. Дигитализација на производи и процеси. Нема временски пречки во работно време, бидејќи бизнисите можат да генерираат приходи во кое било време.
• • • • •
Недостаток на доволен систем за безбедност, сигурност, стандарди и протоколи за комуникација Брз развој и промени на технологијата Притисок да се иновираат и да се развијат бизнис-модели за да се искористат нови можности Зголемената конкуренција, како на национално така и на меѓународно ниво Проблеми со компатибилноста на постари и понови технологиии
96
ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА СО Е-ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
3.1.4. За што го користат интернетот компаниите? Покрај веб страните, технолошките промени обезбедуваат бизнисите и без веб страна да ги користат каналите на социјалните медиуми за да ја рашират својата информација, да пристапат до своите корисници односно да имаат онлајн маркетинг и промоција. Во Република Македонија компаниите ги користат социјалните мрежи и тоа над просекот на Европската Унија (28). На Слика 2.59 се прикажани онлајн активностите на компаниите во Република Македонија и просекот на Европската Унија (28) во 2016 година. 53% од компаниите во Република Македонија искористиле најмалку еден социјален медиум и 51% дека користеле социјални мрежи. 39% од компаниите имаат веб страна и користат социјални медиуми. Исто така каректеристично е и што во Република Македонија компаниите во голема мера користат само еден тип на социјален медиум односно 37%, додека на ниво на Европската Унија просекот е 24%. Поголем процент од македонските комапнии плаќаат за рекламирање на интернет базирано таргетирање (било кој метод) односно 17% спрема 9% во Европската унија. Но затоа македонските комапнии многу малку користат блогови и микроблогови односно само 8% спрема 14% на ниво на Европската Унија. Исто така многу помалку од европските компании плаќаат за рекламирање базирано на следење на активностите на корисникот и клучни зборови. Слика 2.59: Употреба на социјални медиуми и интернет рекламирање во Република Македонија споредено со просекот на Европската Унија (28) во 2016 година [% од компаниите 10+ вработени]
Извор: Еurostat
97
ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА СО Е-ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
На Сликите 2.60 и 2.61 се гледа дека и македонските компании дека во употреба на социјални медиуми се во горниот ранг на ниво на европските земји. Слика 2.60: Употреба на социјални медиуми (било кои) [% од компаниите 10+ вработени]
Извор: Еurostat Слика 2.61: Употреба на социјални мрежи (пр. Facebook, Linkedin и др.) [% од компаниите 10+ вработени]
Извор: Еurostat
98
ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА СО Е-ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
На Сликите 2.62 и 2.63 е прикажан рангот на Република Македонија како процент од компаниите кои имаат веб страна и користат социјални медиуми и компании кои плаќаат реклами на интернет кој е малку под европскиот просек. Слика 2.62: Имаат веб страна и користат социјални медиуми [% од компаниите 10+ вработени]
Извор: Еurostat Слика 2.63: Плаќаат да се рекламираат на Интернет [% од компаниите 10+ вработени]
Извор: Еurostat
99
ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА СО Е-ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Од компаративната анализа може да извлечеме заклучоци за користењето на интернетот од поголемите (10+ вработени) компании во Република Македонија опфатени со анкетата на ДЗС. Само 56% од овие компании имаат веб страна и Република Македонија е рангирана претпоследна после Романија на графикот. Но, ако се погледнат графиците за функционалностите, може да се забележи дека истите се добро рангирани во нудење ценовници, каталози, можности за порачки и за следење на порачките. Но повторно кога се работи за етрговија тие се во ранг на дното или последни на графиците за енабавки и е-продажби. Како и индивидуалните корисници на интернет и компаниите користеле социјални мрежи (Facebook во најголема мера) над европскиот просек.
3.2.
Анализа на АЕТМ за бројот и дејноста на активните е-трговци во Р. Македонија
Според податоците објавени во извештаите на НБРМ за бројот на уреди кои што прифаќаат платежни картички, на крајот на 2017 година во Македонија имало 12.817 деловни субјекти (трговци) кои прифаќаат платежни картички (независно од функцијата на картичката) и вкупно 20.524 продажни места кои прифаќаат платежни картички вклучително физички и виртуелни места на продажба (НБРМ, 2017). Во Табела 2.5 се прикажани бројот на трговците, продажните места и уредите кои прифаќаат платежни картички. Од вкупно 71.419 деловни субјекти во 2017 година, само 18% прифаќале плаќања со картички. Дополнително бројот на трговци кои прифаќаат картички во 2017 година бележи пад од 2%. Единствено пораст бележи бројот на трговци кои прифаќаат онлајн плаќања (виртуелни места на продажба) и тоа за 17%. Во просек еден трговец има по 2.7 уреди за плаќања со картички и 1.6 продажни места кои имаат уред кој прифаќа платежни картички.
100
ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА СО Е-ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Табела 2.5: Број на трговци, продажни места и уреди кои прифаќаат платежни картички 2017
2016
Пораст ‘17/’16
Вкупно регистрирани деловни субјекти во РМ
71.419
71.519
-0,14%
ДЗС
Вкупен број на трговци кои прифаќаат картички
12.817
13.080
-2,01%
ПОС
11.899
12.265
-2,98%
92,84%
НБРМ (податокот се однесува на крајот на годината)
за онлајн плаќања
719
613
17,29%
5,61%
други уреди
199
202
-1,49%
1,55%
20.524
20.581
-0,28%
ПОС
19.042
19.202
-0,83%
92,78%
виртуелни места на продажба
789
678
16,37%
3,84%
останати уреди
693
701
-1,14%
3,38%
34.632
37.465
АТМ
1.031
1.039
-0,77%
2,98%
ПОС
32.046
34.974
-8,37%
92,53%
15.807
12.056
31,11%
45,64%
виртуелни места на продажба
832
711
17,02%
2,40%
Останати уреди
723
741
-2,43%
2,09%
Вкупно продажни места кои прифаќаат картички
Вкупно уреди кои прифаќаат платежни картички
од кои бесконтактни
Удел во вкупно за 2017
Извор
-7,56%
*Коментар и појаснување на Табела 2.5: Еден трговец може да има повеќе продажни места и повеќе уреди на едно и повеќе продажни места од повеќе различни банки. Кај виртуелните места на продажба ова значи дека еден трговец може истиот “payment gateway” да го користи на повеќе веб страни со што еден трговец може да има повеќе виртуелни продажни места (веб страни). Методологијата на прибирање на податоците за виртуелните места на продажба на НБРМ се состои во прибирање на податоците кои ги испраќаат банките за бројот на регистрирани виртуелни места за продажба.
101
ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА СО Е-ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
3.2.1. Колку е-трговци6 Р.Македонија?
ја
формираат
понудата
во
е-трговијата
во
Поради тоа што во Македонија не постојат официјални статистички податоци за бројот на актвини е-трговци, како и за дејноста на истите, со оваа анализа направено е мапирање на постојната понуда во е-трговијата. Анализата беше спроведена во месец февруари и март 2018 година и истата се состоеше од најпрво прибирање на сите веб страни на е-трговците од петте банки кои ја нудат услугата е-трговија и потоа проверка на активноста на веб страните и категоризација по дејност согласно тоа што го нудат за онлајн продажба. Четири од пет анкетирани банки ги испратија листите со е-трговците додека од една банка беа преземени од јавно објавените податоци на нивната веб страна (информација од банката дека листата е ажурирана). При спроведување на анализата беа отстранети дупликатите односно веб страните кои се повторуваа. Вакво повторување може да се случи ако некој е-трговец работел со една банка, па потоа се префрлил во друга, при што и двете банки се’ уште го водат во листата на е-трговци или доколку некој е-трговец соработува со повеќе банки. Дополнително повторување може да се случи ако повеќе деловни субјекти кои имаат договори за е-трговија со одредена банка работат под иста веб страна.
Од вкупно регистрираните е-трговци во Македонија во 2017 година активни биле 578 веб страни за онлајн продажба. Понатаму беше направена категоризација во 14 дејности (Слика 2.63). Најголема е понудата во малопродажба (154 веб продавници), услужни дејности (111 веб продавници) и туристички агенции и хотели (70 веб продавници). Компаниите во малопродажба и услужни дејности креираат речиси половина од понудата во е-трговијата или 46%. При анализата на понудата на домашните етрговци треба да се има предвид дека во истата влегуваат и владините услуги кои учествуваат со 3% во вкупниот број на е-продавници како и телекомуникациските услуги, струја, горива, транспорт и комунални услуги кои учествуваат со 7% или 39 веб продажни места.
Под е-трговци подразбираме компании во потесна смисла на зборот, кои што имаат имплементирано односно нудат и онлајн плаќање. 6
102
ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА СО Е-ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Слика 2.64: Категоризација по дејности на е-трговците со активни веб страни
Вкупниот број на активни е-трговци на пазарот изнесува околу 500 Во анкетниот прашалник кој беше спроведен до банките имаше и прашање во врска со тоа кој е критериумот за одредување дали еден трговец е активен или не. Критериумот за класифицирање на активен е-трговец варира кај петте банки односно некои се водат според остварениот годишен обрт додека некои според тоа дали е-трговецот имал минимум 1 трансакција во годината. При анализата земени се податоците од 4 банки кои го одговориле ова прашање, додека за банката која не го обезбеди овој податок сметан е максималниот можен број на активни трговци односно вкупниот број на активни веб страни на е-трговци кои се клиенти на таа банка.
103
ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА СО Е-ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
3.3.
Анализа на прашалникот на е-трговците спроведена од АЕТМ
Вкупната листа на собрани е-маил адреси се состоеше од 422 е-маил контакти. На 13 е-трговци кои беа веќе членки на АЕТМ како и оние е-трговци со кои асоцијацијата беше во директен контакт беше испратен персонализиран директен е-маил со прашалникот во текот на месец март. Дополнително е-маил со прашалникот беше испратен на 04.04.2018 година до вкупно 409 етрговци со употреба на Mailchimp е-маил сервисот. Од испратените е-маил пораки, 401 беа успешно приситигнати, додека 21 не беа доставени (можни причини: невалидна е-маиладреса, полно сандаче и сл.) Стапката на отвореност на е-маилот изнесуваше 42,4%, односно 170 е-трговци го отвориле е-маилот според податоците од извештајот на Mailchimp. Стапката на одговореност изнесуваше 7% односно 30 е-трговци го одговориле прашалникот. Втора е-маил порака за потсетување до оние кои не го одговориле прашалникот беше испратена на 09.04, по што дополнително беа собрани 13 одговорени прашалници. Вкупната стапка на одговореност изнесува над 10%, односно од 414 успешно испратени е-маил пораки, прашалникот го одговориле 43 е-трговци. Но ако се земе има предвид дека 170 трговци го отвориле е-маилот тогаш стапкатана одговореност е 25%.
Демографија на е-трговците кои одговориле на прашалникот Онлајн компаниите се отворени со понов датум, така да и компаниите кои одговориле на прашалникот се прилично млади или скоро 60% се е-трговци кои отвориле во текот на 2017 и 2018 година. Притоа само 8 е-трговци се отворени пред 2013 година односно од тие што го одговориле прашалникот над 81% се отворени по 2013 година. Очекувано е новите компании да бидат и со помалку вработени, односно 32 од учесниците во прашалникот се со под 10 вработени. 11 компании кои одговориле на прашалникот се со повеќе од 10 вработени односно 6 со повеќе од 10 а помалку од 20, 3 со повеќе од 20 и помалку од 100 вработени и 2 се компании со 280 и 320 вработени. Слика 2.65: Застапеност на индустрии на испитаниците Во која индустрија спаѓа вашата компанија?
Друго 14%
Големопродажба Групно 3% вложување 2% Едукација 12% Здруженија и невладини организации 2%
Услужни дејности 14% Туризам (агенции, хотели) 2%
Малопродажба 28%
Разни продавници 7% Производство 9% Продавници за облека 5%
Од компаниите кои одговориле застапени се повеќе индустрии: големопродажба, групно вложување (Crowdfunding), едукација, здруженија и невалдини организаци, малопродажба, прехрамбени производи, продавници за облека, производство, разни продавници, туризам (туристички агенции, хотели и мотели), услужни дејности и друго, а структурата на нивно учество е прикажана на Слика 2.64. Најмногу од бизнисите кои одговориле се секако од малопродажба и услужни дејности.
Прехрамбени производи 2%
104
ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА СО Е-ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Притоа 60% од е-трговците кои одговориле продаваат само онлајн, додека 40% имаат и продажба на физички места (Слика 2.66). Од компаниите кои учествувале во прашалникот, 27 продаваат производи, 9 услуги и 7 и производи и услуги (Слика 2.67). Слика 2.66: Типови на е-трговци според каналите на продажба Преку кои канали продавате? Click and mortar (онлајн и традицио нална продажба на физичк…
Слика 2.67: Структура на понуда
Што нудите/продавате онлајн? Производи и услуги 16%
Pure-play (само онлајн продажба) 60%
Услуги 21%
Производ и 63%
Што се однесува кој тип на е-трговија го практицираат компаниите кои одговориле на прашалникот, 41 се B2C (бизнис-кон-потрошувач), а 1 е трговец B2B (бизнис-кон-бизнис) и 1 е C2C (потрошувач-кон-потрошувач). Слика 2.68: Каде продаваат е-трговците (домашен и странски пазар)
Колкав дел од продажбите кои ги остварувате онлајн се продажби на домашен пазар (во земјата)? Од 10-75% во Македонија 12%
Повеќето од анкетираните компании продаваат само на домашен пазар во Македонија и тоа 35 испитаници 100% или скоро 100% остваруваат продажба на домашен пазар. Но на прашалникот одговориле и чисто извозно ориентирани компании кои исклучиво работат за странски пазари (11%) и компании кои работат и дома и во странство (12%) (Слика 2.68)
Околу 77% од компаниите кои работат само на домашен пазар (33) како причина за не испорачување на странски пазари ја навеле скапата испорака. Дополнително наведени причини се: недоволно познавање на Само во Македониј процедурата, трошоците и процедурите за а извоз. Овие може да се земат предвид како 77% објективни причини кои може да се подобруваат, бидејќи некои од компаниите навеле и реални причини односно дека нивните производи не се адекватни за странски пазари или не се конкурентни, како и некои кои се обврзани со договори да продаваат само на македонскиот пазар (Слика 2.69). Само во странство 11%
105
ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА СО Е-ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Слика 2.69: Причини за неиспорачување на странски пазари Доколку не испорачувате на странски пазари што е причината за истото? (% од компаниите на домашен пазар) 70.0% 60.0% 50.0% 40.0% 30.0% 20.0% 10.0% 0.0%
60.0%
20.0%
Скапа испорака Нашите производи не се конкурентни на странските пазари
15.0%
15.0%
15.0%
15.0%
Недоволно познавање на процедурата
Нашите производи не се адекватни за продажба на странски пазари
Трошоци и процедура за извоз
Друго
32 компании испорачуваат производи до своите корисници односно од тие 11 кои не вршат достава само 2 се компании кои имаат производи, додека останатие се компании кои нудат услуги. Компаниите кои вршат испорака со користење на компании за достава и на домашен и на странски пазар, за достава на странски пазар ги користат Македонска пошта и DHL. Само 3 компании одговориле дека сами вршат достава и тоа само на домашен пазар. На прашањето „Колку сте задоволни од целокупната соработка со компанијата за достава на домашен пазар?“, компаниите кои ја користеле оваа услуга се изјасниле во опсег од 1 до 5 со просечна оцена од 3,5, додека од доставата на странски пазар компаниите кои испорачуваат исто така оцениле од 1 до 5 со просечна оцена од 3,5. На прашањето за потешкотиите кои ги имаат компаниите при испораката на производите најмногу одговориле дека тоа се предизвиците со враќање на производите, како и високите цени на испораката. Исто така како потешкотии при испораката компаниите ги навеле и потешкотиите со административно, техничко работење, комплексни процедури, наплата и др. Исто така има компании кои се пожалиле и на непрофесионална испорака. Охрабрувачки е дека има компании кои се изјасниле дека немаат потешкотии (Слика 2.70). Слика 2.70: Предизвици при испорака на производите Кои се потешкотиите кои ги имате при испораката на производите? (% од компаниите со испорака) Потешкотии со наплата
6.5%
Немаме потешкотии
9.7%
Комплексни процедури,
9.7%
Потешкотии во техничкото водење
19.4%
Потешкотии во административното водење
22.6%
Високи цени за испорака
32.3%
Предизвици со враќања на производи 0.0%
48.4% 10.0%
20.0%
30.0%
40.0%
50.0%
60.0%
106
ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА СО Е-ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Кутија 2.5: Проблеми со извозот “Проблемот на нашата организација која работи и за домашен и за странски пазар и врши испорака е кога тоа го вршиме за странски пазари.” - Проблемот кој го истакнува претседателот Владо Голчев е што нивните пратки се мали и со мала вредност, а при тоа се оптоварени со задолжителни царински декларации, потоа задолжително користење на овластен шпедитер, што ја оптоварува цената. На пример: “при испорака на филигран пеперутка во вредност од 50 евра, имаме трошоци кои се поголеми од вредноста на самиот производ. А исто така за извоз сме оптоварени и со 2-3 дозволи од музеј и Министерство за култура со кои ќе се докаже дека производите не се под заштита“. Извор: Одговор од анкетниот прашалник на е-трговците, АЕТМ од страна на Владо Голчев, претседател на Културна ризница
Во врска со плаќањето на доставата најголем број е-трговци ја нудат бесплатно но за одредени нарачки или за нарачки над одреден износ и тоа 70% од е-трговците кои нудат достава, Помал дел нудат комплетно бесплатна достава, а најмал дел само 10% од анкетираните е-трговци кои доставуваат го теретат купувачот да си ја плати доставата. Притоа ако ја плаќа купувачот нарачката таа кај најголем дел се додава при самата онлајн нарачка и може да се плати онлајн со целиот износ, а многу мал дел корситат плаќање на доставата од корисникот при прием на пратката одделно.
Слика 2.71: Удел на банки со кои работат етрговците Со која банка работите за процесирање на трансакциите? Нема онлајн и не сака да каже Комерцијал 5% на Банка 12%
ХалкБанк 23%
НЛБ 16%
Стопанска Банка Скопје 21%
Уни Банка 23%
За процесирање на трансакциите најмногу од компаниите ги користеле услугите на Халк банка и Унибанка, потоа на Стопанска банка Скопје, НЛБ и најмалку на Комерцијлна банка (Слика 2.71). Скоро сите компании нуделе онлајн плаќање со исклучок на една која нуди само плаќање при достава или банкарски трансфер. Покрај онлајн плаќање, 16 од компаниите им нудат на своите корисници и банкарски трансфер, додека 15 нудат плаќање при испорака. Притоа 29% од е-трговците или 12 имале 100% плаќања со картички, кај 7% над 50% од плаќањата се реализираат со картичка, додека кај останатите под 50% (Слика 2.72).
107
ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА СО Е-ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Слика 2.72: Начин на плаќање на онлајн нарачката Колкав % од плаќањата се вршат онлајн со картичка? 12 7
6
5
7 4
2 100%
11-25%
26-50%
51-75%
76-99%
до10%
0%
Заради важноста на начинот на плаќање, особено кога се нуди плаќање при испорака подетално се разгледани кои начини на плаќање е-трговците ги нудат за купувачите и колкав дел од вкупните плаќања се извршуваат преку онлајн плаќањe со картичка, банкарски трансфер со уплатница и наплата при испорака. Од анкетираните испитаници 25 се изјасниле дека не прифаќаат плаќање во готово при испорака (плаќање на врата), а нудат само онлајн плаќања со картичка или банкарски трансфер (факутра или уплатница). Кај овие е-трговци најголем дел од плаќањата се извршувале со платежни картички, но има значаен удел и плаќањето со фактура или уплатница. Слика 2.73: Удел на секој од каналите за плаќање кај е-трговците кои нудат исклучиво онлајн плаќања со картичка или банкарски трансфер
Колкав дел од вкупните плаќања се извршуваат преку секој од каналите? (кај трговците кои примаат онлајн плаќање со картичка и банкарски трансфер)
15 10 5
1
12
0 100%
4 4
1 2
3 2
76-99%
51-75%
26-50%
Онлaјн плаќањe со картичка
4 2 1 11-25%
3 до 10%
Банкарски трансфер (фактура или уплатница)
Кај трговците кои ги нуделе сите канали, односно 17 од испитаниците најголем удел има наплатата во готово при испорака, или кај 41% од е-трговците над 76% удел има наплатата во готово (Слика 2.74).
108
ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА СО Е-ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Слика 2.74: Удел на секој од каналите за плаќање кај е-трговците кои ги нудат сите три канали за плаќање
Колкав дел од вкупните плаќања се извршуваат преку секој од каналите? (кај трговците кои примаат онлајн плаќање со картичка, банкарски трансфер и плаќање на врата во готово) 20 10
0 100%
76-99%
51-75%
26-50%
11-25%
до 10%
Банкарски трансфер (фактура или уплатница) Плаќање во готово при достава (Cash on Delivery) Онлaјн плаќањe со картичка Еден од испитаниците се изјаснил дека единствен канал за наплата кој го нуди е плаќањето во готово при достава. Е-трговците кои одговориле на прашалникот се задоволни од соработката со банката и просечните оценки се дадени во Табела 2.6. Најмалку задоволни се со системот и техничките можности кои ги нуди банката. Табела 2.6: Задоволство на е-трговците од соработката со банката Прашање: “Оценете колку сте задоволни од соработката со банката во следните аспекти”
Просек од одговорите (од 1-5)
Брзина и навременост во одговарање на Вашите прашања
4,1
Условите кои ги имате
4,0
Системот и техничките можности кои ги нуди банката
3,8
Целокупната соработка со банката
4,1
Кутија 2.6: Можност за плаќање со други валути Маја Орозовска, Сопственик и управител на Eveline's Handmade Gifts истакнува дека во моментот плаќањата се вршат во денари, но доколку клиентот прегледот на страната го врши во некоја друга валута мора да се користи plugin кој на страната за наплата (checkout) ќе префрла во денари од причина што доколку се одбере можноста и се продолжи со истата валута тогаш системот не препознава, не врши конверзија и наплатата се врши во погрешен (и многу помал) износ. Таа додава дека од голема важност за е-трговецот е можноста за плаќање во други валути, со поголем избор на картички и paypal. Извор: Одговор од анкетниот прашалник на е-трговците, АЕТМ од страна на Маја Орозовска, Сопственик/Управител на Eveline's Handmade Gifts
109
ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА СО Е-ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
На прашањето околу потребната функционалност која не ја добиваат од банките одговориле 36 етрговци. На прашањето: „Кои функции ви се потребни, кои моментално не ги нудат банките?“, најмногу од е-трговците истакнале дека им е потребно приспособување на страната за плаќање со свој брендинг, прилагодувања за смарт уреди на изгледот на екранот за плаќање, зачувување на картичката за идни плаќања "Card on file", а во помал број функциите како: месечни автоматски наплати (Recurring payments) и API за поврзување на нивниот систем со системот на банката за полесно процесирање и работење. Дополнително еден е-трговец истакнал дека имаат потреба од детални прегледи и можност за наплата преку мобилен телефон во соработка со мобилните оператори (Слика 2.75). Може да заклучиме дека голем дел од компаниите инволвирани во етрговијата не се запознани со можностите кои ги нудат банките со оглед на тоа дека поголемиот дел посочиле дека им се потребни некои функции од банките кои не се присутни во моментот според сознанијата на е-трговците, а всушност банките посочиле дека ги поседуваат истите тие функционалности (Табела 1.5). Слика 2.75: Потребна функционалност од банките Кои функции ви се потребни, кои моментално не ги нудат банките? (% од е-трговците) Можноста за плаќање во други валути Можност за наплата преку мобилен телефон во соработка со … Детални прегледи
1.6% 1.6%
1.6% 10.9%
API за поврзување на вашиот систем со системот на банката за…
10.9%
Месечни автоматски наплати (Recurring payments)
21.9%
Зачувување на картичката за идни плаќања "Card on file"
26.6%
Прилагодувања за смарт уреди на изгледот на екранот за плаќање
25.0%
Приспособувања страната за плаќање со свој брендинг?
0.0%
5.0%
10.0%
15.0%
20.0%
25.0%
30.0%
Само 7 е-трговци од испитаниците се изјасниле дека се соочиле со измама односно fraud трансакција која била решена. Кутија 2.7: Побрза реакција од банките при измамнички трансакции Иако имале неколку случаи и сите завршиле без да бидат оштетени, истакнува менаџерот на ДДстор Ивица Јовановски, тој смета дека многу време поминува додека реагира банката на ваквите трансакции. “Имено за некои трансакции кои беа сомнителни банката беше известена дека е можна измама. Но, по успешна испорака на продуктот банката реагираше после 30-40 дена. Не се преземаат доволно мерки кон успешните и неуспешните измамнички (fraud) трансакции.” Извор: Одговор од анкетниот прашалник на е-трговците, АЕТМ од страна на Ивица Јовановски, менаџер од ДДСтор
110
ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА СО Е-ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Кои се главните предизвици со кои се соочувате во работењето? Е-трговците убедливо го истакале како главен предизвик во работењето наоѓањeто на соодветен кадар или 49% од анкетираните кои одговориле на прашалникот. 36% од е-трговците ги истакнале проблемите од техничка природа, а потоа 23% проблеми со испорака на производите и 18% неодостатокот на капацитети за следење и реагирање на новите трендови. Помал број од испитаниците истакнале проблеми како: справување со кориснички поплаки, проблеми поврзани со разбирање на бизнис моделот од страна на трговците и несигурност кај купувачите да плаќаат со картички (Слика 2.76). Слика 2.76: Предизвици во работењето Кои се главните предизвици со кои се соочувате во работењето? (како процент од тие што одговориле) 60.0% 50.0% 40.0% 30.0% 20.0% 10.0% 0.0%
48.7% 35.9% 23.1%
17.9% 5.1%
Наоѓање на соодветен кадар
Проблеми од техничка природа
Испорака на производи
2.6%
2.6%
Неодостаток на Справување со Проблеми Несигурноста капацитети за кориснички поврзани со кај купувачите следење и поплаки разбирање на да плаќаат со реагирање на нашиот бизнис картички новите модел од трендови страна на трговците
Е-трговците добро го оцениле потенцијалот за развој на е-трговијата во Република Македонија со просечна оцена од 3,6 со опсег на оценки од 1 до 5. Кои сметате дека се бариерите за развој на е-трговијата во Македонија? Од анкетираните е-трговци во најголем процент одговориле дека како бариери за развој на етрговијата ги сметаат: недоверба во онлајн купувањето (72%); ниско ниво на свесност на купувачите за онлајн купување (67%); компјутерската писменост (51%); а потоа платежниот систем и недоволно користење на платежни картички (44%); безбедносните грижи (37%). Понатаму помал дела од е-трговците ги сметале за бариери: условите од банките и процедурите за воведување етрговија (28%); малата понуда на пазарот од домашни компании (26%); и високите провизии на банките за онлајн уплати (5%) (Слика 2.77).
111
ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА СО Е-ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Слика 2.77: Бариери за развој на е-трговијата во Македонија, според е-трговците Според вас, кои се бариерите за развој на е-трговијата во Македонија? 72.1%
67.4% 51.2%
44.2%
37.2% 27.9%
25.6% 4.7%
Недоверба во оналјн купувањето
Ниско ниво на Компјутерска свесност на писменост купувачите за онлајн купување
Платежниот систем и недоволно користење на платежни картички
Безбедносни грижи
Условите од Мала понуда на високи провизии банките и пазарот од на банките за процедурите за домашни онлајн уплати воведување екомпании трговија
Кутија 2.8: Проблеми со нелојална конкуренција и ниска куповна моќ Сашо Јовановски - сопственик на Среќа истакнува дека: “Сите продаваат преку Фејсбук во групи и страници, и наплатуваат во готово, односно работат на црно“. Исто така се спомнува нелојална конкуренција и од други е-трговци кои не сакаат да бидат споменати. Маја Орозовска, Сопственик/Управител на Eveline Handmande ja споменува малата куповната моќ во Република Македонија истакнувајќи дека голем процент на населението е со месечни приходи под просечната плата со што било какво купување надвор од она што се смета како основно за преживување го сметаат како луксуз.
Кои канали за промоција ги користите? Може да кажеме дека одговорите на е-трговците во анкетата се до некаде очекувани ако ги имаме предвид претходно презентираните податоци според Еуростат дека Македонците најмногу го користат интернетот за социјални медиуми и Facebook во што се над европскиот просек, а воедно и македонските компании се над европскиот просек. Скоро сите е-трговци вклучени во анкетата ги користат социјалните медиуми како канал за промоција, имајќи предвид дека двајаца од етрговците не се рекламирале воопшто. Исто така најмногу од трговците користеле и е-маил маркетинг и содржински маркетинг (content marketing), а потоа медиумски закупи (банери на други веб портали), Google Adwords, PR, радио, надворешно рекламирање и најмалку Affiliate маркетинг и ТВ (Слика 2.78).
112
ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА СО Е-ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Слика 2.78: Канали на промоција Кои канали за промоција ги користите? (како % од е-трговците) Не се рекламирале
ТВ Affiliate маркетинг
4.9% 9.8% 14.6% 24.4% 24.4% 29.3% 31.7% 36.6%
Outdoor advertising Радио PR Google Adwords Медиумски закупи (банери)
46.3%
Content marketing
58.5%
Newsletter marketing
97.6%
Социјални медиуми
0.0%
20.0%
40.0%
60.0%
80.0%
100.0%
Кои социјални медиуми ги користите за платено рекламирање? Од социјалните медими кои ги користат е-трговците за платено рекламирање исто така очекувано е да се користи најмногу Facebook односно над 90% од испитаниците, а потоа Instagram со 61%, а многу помалку Youtube и Twitter. Три од анкетираните е-трговци изјавиле дека не користеле социјални медиуми за платено рекламирање (Слика 2.79).
Слика 2.79: Социјални медиуми за платено рекламирање Кои социјални медиуми ги користите за платено рекламирање? (како% од е-трговците) Не користеле Twitter Youtube Instagram
7.3% 4.9% 7.3% 65.9% 95.1%
Анектниот прашалник ги постави и прашањата за најчестите канали на комуникација со клиентите, но и каналите кои ги преферираат е-трговците со цел да се испита кои се најчестите канали за комуникација со корисниците и дали се преклопуваат со преферираните од страна на е-трговците. Е-трговците одговориле дека корисниците најчесто ги упатуваат своите прашања преку социјалните медиуми и телефонски повици, а најмалку преку емаил, додека на прашањето како тие би сакале да се одвива таа комуникација етрговците одговориле дека најмногу сакаат да биде преку е-маил, а најмалку со телефонски разговори (Слика 2.80).
0.0% 20.0% 40.0% 60.0% 80.0% 100.0%
113
ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА СО Е-ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Слика 2.80: Користени и преферирани методи на комуникација со клиентите Преку кои канали најчесто комуницирате со клиентите и кои канали вие ги преферирате? Како комуницираат (како % од е-трговците)
80.0%
60.0%
58.5%
Како преферираат да комуницираат (како % од е-трговците)
48.8%
46.3%
40.0%
24.4%
20.0% 0.0%
Социјални медиуми
22.0%
12.2%
Телефонски повици
Изненадувачки само 5 (12%) компании имаат мобилна апликација имајќи предвид дека во користење на мобилен телефон или смарт телефон Македонците предничат спрема европскиот просек или 82% пристапиле на интернет во последните 3 месеци во 2017 година со мобилен телефон или смарт телефон (Слика 2.81).
Слика 2.81: Удел мобилна апликација
на
компании
со
Дали имате мобилна апликација? Да 12%
Не 88%
114
ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА СО Е-ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Само 3% од вкупната остварена вредност со платежни картички е од е-трансакции. Вкупните трансакции направени кон интернет продавниците од Македонци, дома и во странство, како и од иматели на странски картички во Република Македонија во 2017 одина изнесува 6,465 милиони денари или 105 милиони евра. Македонците во 2017 година направиле 70% од вредноста на онлајн трансакциите во странство, и тоа најмногу во: Обединето Кралство, Луксембург, Унгарија, САД и Ирска. Дневно трошеле околу 200 илјади евра во 6.200 трансакции. 20% од населението со интернет пристап во Република Македонија купило/нарачало онлајн во 2017 година. Најмногу купувале спортска опрема и облека, а најмалку материјали за еучење. Најмалку купувале од домашни продавачи, а најмногу од земји од другиот дел на светот. Македонците се над европскиот просек во користење на интернетот за социјални медиуми и телефонирање и видео повици. Македонците се блиску до европскиот просек во користење на интернетот за симнување и играње игри, споделување на само-креирана содржина на веб, барање на информации за здравје и читање на онлајн сајтови за вести, весници и магазини. Македонците се далеку под европскиот просек во користење на интернетот за барање на информации за производи и услуги, управување со сметка за онлајн плаќања, користење интернет банкарство, барање и аплицирање за работа, користење професионални мрежи, продавање производи и услуги онлајн, сместувачки услуги и праќање или примање е-маил. Македонците кои купиле нешто на интернет се однесуваат внимателно при купување онлајн, а не купуваат бидејќи сакаат да одат во продавница и физички да го видат производот, но и немаат потребни вештини и се плашат за безбедноста. Што се однесува до знаење, Македонците се на горниот ранг во ниско ниво на дигитални вештини, а на најдолниот по базични и повсиоки дигитални вештини во Европа. Од компаниите со 10 и повеќе вработени, веб страна во 2016 година имаат 53% односно 56% од компаниите со интернет пристап, а 83% од нив обезбедуваат информации за своите производи и услуги со каталози и ценовници. Во текот на 2016 година, 10,3% од деловните субјекти со 10 или повеќе вработени, имале е-трговија, односно купувале или продавале стоки или услуги преку компјутерски мрежи (преку веб или EDI), е-продажба реализирале 6.0%, а е-купувања имале 5.8% од деловните субјекти. Можности за онлајн порачки, резервации (shopping cart) понудиле само 20% од комапниите со веб страна, а функционалност за следење на онлајн нарачката имаат 11% од нив. 53% од компаниите во Република Македонија рапортирале дека искористиле барем еден социјален медиум и 51% користеле социјални мрежи. 39% од компаниите имаат веб страна и користат социјални медиуми. Поголем процент од македонските комапнии плаќаат за рекламирање на интернет базирано таргетирање (било кој метод) 17% спрема 9% во Европската унија. Но затоа македонските комапнии многу малку користат блогови и микроблогови односно само 8% спрема 14% на ниво на Европската Унија. Исто така многу помалку од европските компании
115
ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА СО Е-ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
плаќаат за рекламирање базирано на следење на активностите на корисникот и клучни зборови. На крајот на 2017 година во Македонија имало 12.817 деловни субјекти (трговци) кои прифаќаат платежни картички (независно од фукнцијата на картичката) и вкупно 20.524 продажни места кои прифаќаат платежни картички вклучително физички и виртуелни места на продажба. Од вкупно регистрираните е-трговци во Македонија, во 2017 година активни биле 578 веб страни за онлајн продажба. Од анкетираните е-трговци, оние кои не испорачуваат на странски пазари како причина ја навеле скапата испорака. Исто така како причини се наведени и недоволно познавање на процедурата, трошоците и процедурите за извоз, кои може да се сметаат како објективни причини кои може да се подобруваат. Компаниите при испораката на производи имаат најмногу предизвици со враќање на производите, високите цени на испораката, но и потешкотиите со административно, техничко работење, комплексни процедури и наплата. Најмногу од е-трговците истакнале дека им е потребно приспособување на страната за плаќање со свој брендинг, прилагодувања за смарт уреди на изгледот на екранот за плаќање, зачувување на картичката за идни плаќања "Card on file", а во помал број функциите: месечни автоматски наплати (Recurring payments) и API за поврзување на нивниот систем со системот на банката за полесно процесирање и работење и еден етрговец истакнал дека имаат потреба од детални прегледи и можност за наплата преку мобилен телефон во соработка со мобилните оператори. Голем дел од барањата кон банките кои е-трговците ги навеле се функционалности кои банките веќе ги нудат, но очигледно се работи за недоволна информираност и промовираност на истите од страна на банките. Е-трговците убедливо го истакнале како главен предизвик во работењето наоѓањето на соодветен кадар, проблемите од техничка природа и др. Како бариери во е-трговијата ги сметаат: недоверба во онлајн купувањето, ниско ниво на свесност на купувачите за онлајн купување, компјутерската писменост, а потоа платежниот систем и недоволно користење на платежни картички, безбедносните грижи, условите од банките и процедурите за воведување е-трговија, малата понуда на пазарот од домашни компании и високите провизии на банките за онлајн уплати. Анкетираните е-трговци напоменале исто така дека постои нелојална конкуренција преку Facebook и др. канали. Можноста за плаќање во други валути, со поголем избор на картички и Paypal се барања од е-трговците кои работат на странски пазари. Исто така е-трговците кои работат за странски пазари бараат олеснување на царински процедури кои и вредносно ја оптоваруваат цената. Позитивно сознание е дека е-трговците сметаат дека постои потенцијал и простор за напредок и раст на е-трговијата во земјата.
116
ПРЕПОРАКИ ЗА РАСТ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ДЕЛ III - ПРЕПОРАКИ ЗА РАСТ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Последниот дел од оваа анализа содржи конкретни препораки за раст и развој на е-трговијата. Препораките се резултат на спроведената сеопфатна анализа и истите се категоризирани во две секции, и тоа препораки насочени кон компаниите учесници на пазарот односно кон подобрување и зголемување на понудата во е-трговијата и препораки насочени кон побарувачката односно крајните корисници во е-трговијата (населението). Дополнително се дадени препораките кои се заеднички за двете страни. Важно е да се спомене дека при формирање на препораките, земени се предвид резултатите од спроведените анкетни прашалници на е-трговците кои помогнаа во детектирање на предизвиците и бариерите во е-трговијата кои претставуваа основа за формирање на соодветните препораки. За реализација на препораките и спроведување на мерките, секако потребна е помош од владините институции за елиминирање на бариерите и олеснување на работењето на индустријата во целост со цел стимулирање на раст на е-трговијата. Од голема важност за реализација на мерките е финансиската помош од донори и фондови кои преку грантови ќе ја овозоможат реализацијата на предложените мерки. Дополнително потребно е вклучување и волја од сите стеикхолдери кои се дел од синџирот на е-трговија.
1. ПРЕПОРАКИ НАСОЧЕНИ КОН ПОНУДАТА ВО Е-ТРГОВИЈА НА ПАЗАРОТ Компаниите во Република Македонија со 10+ вработени иако имаат интернет пристап (97%), поврзани се широкопојасно (88.4%), имаат мобилно поврзување (63%) и имаат комјутери (98%), сепак само 56% од нив имаат веб страна. Само 10,3% од деловните субјекти со 10 или повеќе вработени, купувале или продавале стоки или услуги преку компјутерски мрежи (преку веб или EDI). Само 5,8% направиле онлајн нарачки и само 5,4% примиле нарачки онлјан во 2017 година. На крајот на 2017 година на пазарот биле активни само 500 е-трговци7 (Анализа на АЕТМ, 2018) од вкупно 71.419 регистрирани деловни субјекти (ДЗС, 2017). Како резултат на овие сознанија и дополнително сознанијата од спроведените интервјуа и прашалници на засегнатите страни (етрговци, банки и достава) формирани се следните конкретни мерки, за елиминирање на бариерите и помагање на развојот на е-трговијата во Република Македонија. Ниското ниво на дигитални вештини на населението се отсликува и кај деловните субјекти со што еден од главните предизвици со кои се соочуваат домашните е-трговци е наоаѓањeто на соодветни кадри. Дополнително административните пречки и процедури го отежнуваат развојот на е-трговијата во земјава. Готовината доминира на пазарот, и во е-трговијата најголем дел од плаќањата кај етрговците се реализираат со плаќање при прием на пратката (Анкета на е-трговци, АЕТМ, 2018)
7
во потесна смисла на дефиницијата
119
ПРЕПОРАКИ ЗА РАСТ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Табела 3.1: Едукативни и промотивни мерки [Сет мерки за градење на свест и знаење за е-трговија] бр.
Индикативна акција
Очекуван резултат
1
Зголемување на свеста и капацитетите за е-трговија кај ММСП преку промотивни кампањи, едукативни настани, семинари, тренинзи, работилници и менторски програми
Зголемување на конкурентноста на ММСП и остваруање одржлив раст на бизнисот; Отварање нови работни места со отварањето нов канал за продажба кон дома и надвор; Кревање на свеста за придобивките бенефитите и бизнис можностите во етрговија; Зголемување на знаењата за безбедносните мерки во е-трговија.
2
Организирање едукативни настани и работилници во соработка со Универзитете и центрите за неформална едукација
Градење на кадри за е-трговија и воопшто зголемување на дигиталните вештини и конкуретноста на работната сила на пазарот
3
Креирање на платформа за е-трговија (заедница на е-трговци)
Платформа која ќе претставува “Центар на знаење” каде сите компании ќе може да ги добијат потребните одговори во врска со регулатива, достава, платежни методи и сл. и дополнително ќе може да побараат ментори и консултантски совети од другите е-трговци на платформата
4
Конкурс за изработка на стратегија за унапредување на каналот за е-трговија на одбрани 10 ММСП
Зголемување на конкурентноста и раст на бизнисот на компаниите за кои ќе се креира персонализирана стратегија
5
Промоција на успешни приказни во е-трговија (E-commerce role-models)
Охрабрување нови ММСП да се вклучат во е-трговија
6
Организирање на годишна конференција за е-трговија со присуство на сите засегнати страни
Кревање на свеста за е-трговија, градење на заедница и поврзување на компаниите за потенцијални партнерства
7
Организирање на избор за најдобар е-трговец на годината
Наградување на најдобрите и кревање на свеста за е-трговија
8
Едукативни работилници за надлежните лица на органите кои вршат инспекицски надзор на е-трговците
Зголемување на капацитетите и знаењата на инспекторите и одговорните лица кои ги креираат политиките за е-трговија
9
Грантови и спонзорства за едукација на вработени лица преку нивно учество на интернационални конференции, обуки и тренинзи. (согласно потребите на компаниите)
Адресирање на најголемиот предизвик со кој се соочуваат сите компании - наоѓање соодветен квалитетен кадар. Со оваа мерка ќе се овозможи компаниите да испраќаат постојни и нови вработени лица на обуки и конференции во странство.
120
ПРЕПОРАКИ ЗА РАСТ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Табела 3.2: Мерки за законската регулатива бр.
Индикативна акција
Очекуван резултат
10
Ревидирање на легислативата за е-трговија и усогласување со ЕУ регулативата
Зголемена транспарентсност и работење според ЕУ стандардите
11
Воведување на начин за автентикација на плаќачот и потпишување на договор на далечина (преку интернет) со употреба на мобилен уред (верификација со потврда, QR код и сл.)
Олеснување на административните процедури за компаниите кои се соочуваат со потешкотии во случаи кога треба купувачот да потпише договор (пр. телекомуникациски услуги, туристички агенции и сл.)
Табела 3.3: Мерки за евиденција, информираност и следење на е-трговијата
8
бр.
Индикативна акција
Очекуван резултат
12
Воведување регистар на е-трговци (платформа на македонски е-трговци)8
Платформа на која што ќе бидат систематизирани сите е-трговци и каде што ќе може потрошувачите да остават рејтинг или да пребараат дали одредена веб страна е легален ентитет пред да нарачаат нешто онлајн. Дополнително ова ќе влијае на зголемување на сигурноста кај потрошувачите. Е-трговците ќе може да се регистрираат, или сами со следње на одредена процедура или преку преземање на информации од банките на е-трговците
13
Систематизација и воведување на методологија за прибирање на податоци од институциите кои ќе известуваат за е-трговијата во земјава (пр. удел на онлајн продажбата во вкупната продажба кај деловните субејкти, вкупен број на онлајн нарачки и сл.)
Транспарентснот и следење на состојбата со етрговијата во Македонија и нејзина споредба со ЕУ земјите
http://e-trgovija.gov.mk/ последно ажуриран во 2014 година.
121
ПРЕПОРАКИ ЗА РАСТ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Табела 3.4: Мерки за финансиска поддршка бр.
Индикативна акција
Очекуван резултат
14
Стимулирање на претприемништво во етрговија преку натпревари, доделување на грантови и менторска програма за поддршка на бизнис развој
Стимулирање на нови стартап компании во областа на е-трговија
15
Можности за финансирање за компаниите за нивно инволвирање за етрговија
Олеснет пристап до финансирање и ресурси
16
Субвенции/даночни олесувања за ММСП во е-трговија
Стимулирање на повеќе компании да почнат да продаваат онлајн
Табела 3.5: Мерки за зголемување на извозот - царина и достава [Институционална инфраструктура] бр.
Индикативна акција
Очекуван резултат
17
Олеснување на административните пречки и царински процедури за извоз и други административни пречки (документации за извоз) кои е-трговците ги имаат при извоз на производи
Стимулирање на извоз на домашните компании и нивно вклучување на интернационални пазари
18
Субвенции за достава при извоз на пратки
Зголемена конкурентност (високите цени на доставата ја оптеретуваат цената на производите кои домашните компании ги нудат на странските пазари)
19
Даночни олесувања за извоз на производи и услуги
Стимулирање на извоз
20
Зголемување на прагот на вредноста на стоките испратени од странство кои ќе бидат ослободени од плаќање царина и ДДВ
Стимулирање на корисниците да купуваат онлајн од други е-трговци со што ќе се едуцираат за потоа да купуваат повеќе и дома
21
Демонополизација на ТАВ за прием на пратките
Намалување на времето на чекање за прием на пратките, зголемена конкуретност и пониски цени за компаниите за достава што ќе овозможи истите да понудат подобри цени за е-трговците
122
ПРЕПОРАКИ ЗА РАСТ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Табела 3.6: Мерки за финансиската инфраструктура бр.
Индикативна акција
Очекуван резултат
22
Овозможување на услови за влез на PayPal за прием на пари за македонските е-трговци
Е-трговците ќе имаат можност да понудат глобален и етаблиран начин за плаќање како и да ги користат бројните погодноси кои ги нуди PayPal
23
Отварање на пазарот за влез на нови FinTech компании
Нови платежни канали и зголемување на конкуренцијата за банките која ќе поттикне повеќе иновативни решенија
24
Да се отвори законска можност македонските е-трговци да имплементираат странски етаблирани payment gateways (пр, Stripe)
Олеснување на работењето на компаниите преку отворање можност да имплементираат некои од реномираните платежни платформи кои се користат насекаде во светот.
Табела 3.7: Мерки за намалување на готовина и нелојална конкуренција бр.
Индикативна акција
Очекуван резултат
25
Стимулирање на онлајн плаќања кај етрговците преку имплементација на различни мерки и активности (пр. даночни стимулации и сл.)
Зголемување на учеството на наплатите преку онлајн трансакции наспроти плаќања во готово при испорака
26
Лоцирање и намалување на нелојалната конкуренција од нерегистрирани поединци кои нудат онлајн нарачки на производи
Намалување на сивата економија и зголемување на продажбите на постојните регистрирани етрговци
2. ПРЕПОРАКИ НАСОЧЕНИ КОН ПОБАРУВАЧКАТА (НАСЕЛЕНИЕ) Република Македонија иако е оценета како релативно добро подготвена за искористување на придобивките од новите технологии и капитализирање на можностите што ги претставува дигиталната револуција, сепак е-трговијата е на релативно ниско ниво. Само 19.5% од населението со интернет пристап направило онлајн нарачка во последните 12 месеци на 2017 година. Покрај желбата да го видат физички производот и недовербата, ниското ниво на дигитални вештини на населението претставува бариера за вклучување во е-трговија. Овие сознанија вклучително и останатите сознанија од спроведените анализи во Дел II од овој извештај претставуваат главни наоди за формираните предлог мерки на страната на побарувачката.
123
ПРЕПОРАКИ ЗА РАСТ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Табела 3.8: Едукативни и промотивни мерки [Сет мерки за градење на свест и знаење за е-трговија] бр.
Индикативна акција
Очекуван резултат
27
Проект за едукација на население со цел: зголемување на компјутерската писменост, дигитални вештини и онлајн купување преку обуки, работилници, семинари и други едукативни и промотивни активности
Зголемување на свеста за онлајн купувањето, бенефитите и можностите во е-трговијата и зголемување на целокупното ниво на дигитални вештини на населението
28
Кампањи и промотивни активности за кревање на свеста за придобивките од онлајн купување и воопшто користењето на е-услуги
Зголемена свесност за бенефитите од онлaјн купувањето и предизвикување промени во навиките на купувачите
29
Избор на најдобар е-купувач според одредени критериуми
Стимулирање на онлајн купување
30
Платформа за е-трговија и консултативен центар (Во платформата да се вклучат и корисниците на услугите со можност за давање и добивање на одговори потребни за онлајн купување)
Добивање и споделување на знаења и помош помеѓу самите корисници, компании и институции што ќе придонесе кон зголемена инклузивност на сите учесници на пазарот и крајно зголемена е-трговија
31
Наградните игри на банките да нудат повеќе (зголемена шанса) за извршени онлајн плаќања наспроти на ПОС терминали.
Стимулирање на онлајн плаќања
32
Воведување на предмет како дел од програмата во основните и средните училишта за дигитализацијата (вклучително и е-трговијата) или нејзино инкорпорирање во постоечките предмети. Посети на средни училишта каде ќе се имплементира соодветна обука за е-трговија, значењето на истата и кои се предностите од користење платежни картички наместо кеш.
Спремање на децата од мали нозе за дигиталниот свет и градење на капацитети и кадри за да може Република Македонија да биде во чекор со развиение земји во светот
124
ПРЕПОРАКИ ЗА РАСТ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
3. ЗАЕДНИЧКИ ПРЕПОРАКИ/МЕРКИ ЗА ПОНУДАТА И ПОБАРУВАЧКАТА Препораките во прилог кои би се имплементрирале, од една страна бараат активна инволвираност на страната на понудата, а истата иволвираност и иницијативност е насочена и кон крајните купувачи односно кон стимулирање и зголемување на побарувачката. Табела 3.9: Промотивни мерки
9
бр.
Индикативна акција
Очекуван резултат
33
Прогласување ден на е-трговијата во Македонија кога компаниите кои продаваат онлајн ќе понудат атрактивни цени со попусти и ќе ја максимизираат онлајн продажбата
Промоција на е-трговијата, градење свест и препознатлив ден како што има во повеќето развиени земји
34
Организирање наградни игри со вклученост на институциите и компаниите (аплицирање гејмификација) за поттикување на онлајн купувања, а особено онлајн плаќања9
Стимулирање на онлајн купување
Потенцијална соработка со Mastercard за организирање на иницијативи и активности
125
ПРЕПОРАКИ ЗА РАСТ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
4. СТУДИИ НА СЛУЧАЈ Како студии на случај во оваа анлиза се избрани 4 успешни компании во е-трговијата членки на Асоцијацијата за е-трговија на Република Македонија. Тоа се компании кои ги искористија придобивките на дигиталната технологија и воведоа нови бизнис модели на македонскиот пазар. Од нив најдолго на онлајн пазарот постои компанијата Grouper која го донесе бизнис моделот на групно купување преку дневни зделки. Grouper стана лидер во е-трговијата и направи револуција на онлајн пазарот токму преку иновативниот бизнис модел кој преку атрактивните зделки ги поттикна македонските граѓани да го направат своето прво онлајн купување. Во Европа веќе многу се употребува и користи колаборативната или споделувачка економија која е овозможена со помош на дигиталната економија, каде корисниците можат да бидат и даватели и приматели на услуги. Во Република Македонија овој бизнис модел го искористи Brainster.co со цел да направи револуција во едукацијата. Brainster има за цел да го смени едукативниот процес како што Airbnb го смени начинот на кој го планираме патувањето. Дигиталната технологија овозможува неограничен онлајн пазар и можностите постојат, само треба да се искористат како во случајот на компанијата Bastetnoir.com. Компанијата со својата платформа го отвори светскиот пазар за македонските дизајнери. Paket.mk е случај кој е исто така пример на добра идеја на модел на посредништво за понуда на производи. Платформата им понуди на македонските граѓани онлајн супермаркет но со можност за пазарење без да се излезе од дома. Како што веќе е напоменато дигиталната економија овозможува без голема инвестиција со добра идеја и пасија во работата да се успее дури и на меѓународни пазари. Првиот случај на онлајн платформа Grouper е основан со добиена награда за освоено прво место на натпревар за најиновативен бизнис план. BastetNoir, платформа која извезува македонски производи на 4 континенти е започната делумно со капитал добиен преку програмата за самовработување на УНДП, а делумно со сопствена инвестиција. Brainster.co е наследник на WeLrn кој е со инвестиција од бизнис ангели. Paket.mk е започнат со сопстевна инвестиција, но голем дел од софтеверот го изработил сам сопственикот. Сите 4 разгледувани студии на слуачи можат да послужат како пример, но и да детектираат предизвици за решавање и овозможување на раст на е-трговијата во Република Македонија. Доставата е клучен дел од синџирот на е-трговијата и компаниите за достава имаат клучна улога во растот на е-трговијата. На македонскиот пазар DHL е еден од главните учесници кој дава посебно значење на е-трговијата во својата стратегија во насока на стимулирање на домашните компании да ги извезуваат своите производи на глобалните пазари. Како студија на случај за да помогне во решавање на наведените проблеми со доставата е истражуван и DHL.
126
ПРЕПОРАКИ ЗА РАСТ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Студија на случај: Grouper.mk Трансформирање на пазарот на е-трговија во Македонија Grouper.mk е првата македонска компанија која го воведе бизнис моделот на групно купување преку дневни зделки на пазарот во Република Македонија во 2011 година. Бизнис моделот претставува онлајн посредништво помеѓу крајните корисници и компаниите чии услуги и производи се нудат преку онлајн промоции со попусти во форма на купони. Имајќи предвид дека пазарот на е-трговија во 2011 година воопшто не беше развиен и не постоеа неопходните предуслови за започнување на ваков бизнис како ниска интернет пенетрација, страв за безбедноста при онлајн купување, мал број на активни платежни картчки во оптек, ниска свест за е-трговијата и мала понуда од е-трговци, основачите видоа можност за промена на пазарот преку воведување на овој нов бизнис модел кој се темели на атрактивни понуди со заштеди за купувачите. Попустите се покажаа како одличен поттикнувач за граѓаните да го направат своето прво онлјн купување токму на Grouper и да се вклучат во онлјан купувањето. Grouper го разгази патот за останатите компании во е-трговија преку справувањето со бројните бариери кои стоеа на патот на растот и развојот на компанијата. Во таа насока, Grouper даде клучен придонес во едукацијата на пазарот, како на компаниите кои за прв пат ги понудија своите услуги и производи онлајн, така и за крајните купувачи. Денес Grouper брои над 200.000 регистрирани корисниции и над 2500 партнери соработници (домашни и интернационални компании). Зделките се поделени во три главни секции и тоа: услуги, производи и патувања. Клучно за одржување на постојан раст и развој било постојаното адаптирање на трендовите и воведување новини за компаниите и крајните купувачи. Во 2014 година Grouper ја лансираше својата мобилна апликација која денес брои над 30.000 активни корисници месечно. Така, денес покрај тоа што Grouper е изграден и препознатлив бренд на македонскиот пазар, воедно претставува и пример за многу компании и млади претприемачи. Д-р Нина Ангеловска е ко-основач и директор на Grouper.mk. Во 2010 година таа победува на натпреварот за најиновативен бизнис план организиран од НЦДИЕЛ и добива награда од 5.000 евра; средства за да го започне својот бизнис, по што ја започнува реализацијата и егзекуцијата заедно со двајцата ко-сопственици на компанијата. Ангеловска тргнала со пасија и желба да направи успешна компанија и да го промени пазарот на е-трговијата. Таа верувала дека бизнис моделот на групно купување, кој се појави за прв пат во Америка на крајот на 2008 година, ќе биде одличен за менување на навиките на купувачите и продавачите и нивно вклучување во светот на е-трговијата. Сепак како што посочува идејата без реализација не би се претворила во денешната успешна приказна, а реализацијата бара многу напорна работа, знаење, постојано учење, носење на добри одлуки, менаџерски и лидерски вештини и градење на мотивиран и квалитетен тим. Помеѓу бројните предизвици со кои се соочиле низ годините ги посочува следните: административни пречки и процедури, ниска компјутерска писменост на населението и ММСП, наоѓање на квалитетен кадар како предуслов за раст и сл. за кои посочува дека требало постојано да бараат креативни решенија за да се соочат и да ги надминат сите предизвици кои им стоеле на патот. Извор: Интервју со Нина Ангеловска, ко-основач и директор на Grouper.mk
127
ПРЕПОРАКИ ЗА РАСТ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Студија на случај: Bastet Noir Способноста за пивотирање на бизнис модел клучна за успех Bastet Noir започува како платформа за изложување, пласман и продажба на македонски модни дизајнери онлајн во 2013 година. По една година, тргнувајќи од преференциите на корисниците, кои сакаат дизајни по мерка и за тоа се спремни да платат повеќе, го менуваат концептот и ја додаваат опцијата купувачите да внесат сопствени мерки за потоа дизајнерите да креираат custom-made облека. Преку ваквата промена успеваат да привлечат многу интернационални дизајнери. Клучно за почетокот на соработката со дизајнери надвор од Балканот било тоа што македонските дизајнери не биле спремни да одговорат на предизвиците на онлајн трговијата, како и големата побарувачка за интернационални дизајнери. Иако Bastet Noir на почетокот соработувал само со само 3 дизајнери, тој број во 2015 година се зголемува на 37 дизајнери од различни делови на светот. Најгордиот момент за Милошеска е што продуктите на Bastet Noir успеале да ги продадат на сите континенти, со исклучок на Африка. По неколку години, повторно прават промена и се насочуваат исклучиво на производство на свои производи, па од пред една година функционираат како засебен моден бренд. Изработуваат 5-6 колекции годишно кои содржат по 5 парчиња. Сите колекции се изработуваат во Македонија, а најголеми пазари на кои се активни се САД и Англија. И во овој случај гледаме голема флексибилност во адаптација на моделот спрема барањата на пазарот, што е клуч за успех во современиот бизнис свет. Основачот на Bastet Noir е Даниела Милошеска, млада девојка со идеја и ентузијазам за реализација. Идејата за основање на овој бизнис модел потекнала за време на студиите во Франција, на моден и луксузен менаџмент, каде нејзините колеги и пријатели се интересирале за македонските парчиња на облека кои ги носела. Нејзината главна цел била популаризирање и проширување на македонските дизајнери кон другите пазари, но и промоција на тренди облека која е еко friendly и е изработена од природни материјали. “Немав никакво искуство во областа на е-трговијата, а искрено сакав да започнам онлајн продажба заради тоа што пазарот надвор од границите на Република Македонија ми изгледаше како предизвик, особено оној во САД и Англија. Започнав со помислата дека сакам да им помогнам на модните дизајнери кај нас да ги пласираат своите производи и да го прошират својот пазар, затоа што искрено верував и сеуште верувам дека некои од нив имаат потенцијал да го прошират својот бренд и да го направат препознатлив и во странство. Македонија искрено станува премала за толку многу дизајнери.” - вели Даниела Милошеска Бизнисот го започнува со финансиска поддршка од 3.000 евра, обезбедена преку програмата за самовработување на УНДП, сопствена заштеда и финансиска помош од фамилијата. Најголемите предизвици со кои се соочува во првата година биле управување на буџет, комуникација со клиенти и добавувачи, проблеми со серверите, но и наоѓање на квалитетен графички дизајнер, што резултирало со промена на дизајнот дури четири пати. Особено го истакнува процесот на достава како предизвик, поради должината која траела од 10 до 15 работни дена, што резултирало дел од купувачите да се откажат од нарачката. Недоволното искуство, недостигот на квалификуван кадар, недостигот на онлајн платен систем, погрешно распределување на постоечкиот буџет таа ги вбројува како некои од најтешките предизвици со кои се соочувала и сеуште се соочува. Според Милошеска за прогрес на е-трговијата во Македонија, потребна е едукација на потрошувачите и трговците, но и воведување на Paypal за да може македонските бизниси да станат конкурентни на интернационален план. Извор: Интервју со Даниела Милошевска, основач и директор на BastetNoir.com
128
ПРЕПОРАКИ ЗА РАСТ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Студија на случај: Paket.mk Надминување на очекувањата на купувачите и ефективен word-of-mouth со додадена вредност и добро организирани процеси Paket.mk е онлајн супермаркет кој започна со работа на почетокот на 2018 година. Иако кога започнаа со работа, постоеја супермаркети со онлајн понуда, Paket.mk настапи со иновативен пристап и автоматизиран процес за нарачка и достава воведувајќи фукнции за македонските купувачи кои не постоеја. Нивната таргет групата се млади домаќинства, кариеристи и мајки со мали деца и бебиња. Соработуваат со ЗУР Маркет со што нудат околу 2.000 производи за онлајн нарачка. Работното време е од 9ч до полноќ, ветуваат испорака за 2 часа и купувачот добива СМС со предвиденото време за достава. При нарачката купувачот одбира време во кое сака нарачката да му биде доставена (најрано 2 часа истиот ден или некој од следните 7 дена). По успешно завршена нарачка, купувачот добива известување во кое има шифра со која може да ја следи нарачката. Доставата за нарачка над 500 ден. е бесплатна и се остварува со сопствена достава поради контрола на квалитетот. Согласно законската регулатива, на купувачите им овозможуваат да поднесат барање за поврат на производи во рок од 15 дена или до рокот до рокот на траење на производот. Нивниот фокус е зголемување на асортиманот на производи кои ги нудат, инвестирање во логистика но и унапредување на корисничкото искуство. За само четири месеци од нивното започнување, стекнале речиси 500 купувачи, стигнале до околу 1.000 нарачки, а воедно ги поттикнале супермаркетите да започнат да нудат опција за онлајн нарачки и достава, со што влијаеа врз развојот и унапредувањето на е-трговијата во Македонија. Основачот на Paket.mk е Драган Јосифовски, млад ентузијаст со идеи. Во бизнисот влегол со претходно искуство со два слични проекти - Едниот е divano.mk, а другиот сѐ уште не е објавен, но се работи за платформа за онлајн пица деливери сервис. Идејата ја развил по враќањето од Лондон, каде работел на неколку консалтинг проекти и покрај другото, ја анализирал ecommerce индустријата. “Oнлајн продажбата на намирници ми беше посебно интересна, бидејќи сè уште е во зачеток. Бев импресиониран од тоа како Amazon и Ocado успеваат да ги поттиснат етаблираните ланци на супермаркети. За разлика од конкурентите, ние интензивно користиме технологија за овој дел. Речиси целиот процес е автоматизиран, што ни овозможува да бидеме брзи. Од друга страна, подолгото работно време ни овозможува да ги ублажиме пиковите. Користиме готово решение прилагодено на нашите потреби, кое е речиси целосно интегрирано со е-продавницата.” – истакнува Драган Јосифовски Најголемите предизвици со кои се соочувал на почетокот е градење на базите на производите и нивно сортирање и добро организирање. Од друга страна, соработката со stakeholder-ите одела доста тешко бидејќи повеќето биле скептични за поддршка и приклучување кон идејата. Сепак, успеале да направат автоматизација на целиот процес за да нема простор за грешки и да има што помалку ад хок одлучувања. Плаќањето за нивните услуги е возможно само со картички, иако има барања од корисниците и за плаќање на врата. Сопственикот на Paket.mk смета дека за унапредување на е-трговијата потребно е подобрување на услугите на Македонски пошти, поедноставување на имплемнтацијата на payment getaways, изработка на водичи за усогласување со регулативата поврзана со готовинско работење, ДДВ, фактури и сл. Смета дека организирање на повеќе настани за вмрежување и субвенционирање за учество на конференции/саеми во странство ќе стимулираат отварање на повеќе компании за е-трговија. Извор: Интервју со Драган Јосифовски, основач и директор на Paket.mk
129
ПРЕПОРАКИ ЗА РАСТ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Студија на случај: Brainster.co Пасија, реализација и постојано воведување новитети, клучни за креирање раст на бизнисот Brainster.co е нов бизнис модел на македонскиот пазар, платформа за неформална едукација основана во 2015 година. Визијата на Brainster е да го промени начинот на учење и да го претвори целиот град во универзитет, секој простор во училница и секој да може да биде и инструктор и студент. Brainster понуди модел за едукација по принципите на колаборативна економија и овозможува на секој активно да учествува во градењето на локалната 2.0 заедница, да се вмрежува со луѓе со слични интереси, да креира, да го споделува знаење и да учи од другите. Тие нудат офлајн курсеви и академии за стекнување на практични вештини за лица од 25 до 35 години. Преку ова, се стремат да влијаат на невработеноста, но и да го променат мајндсетот дека дипломата е единствено нешто кое е потребно за вработување. Само во првите неколку месеци од основањето успешно реализирале 80 курсеви и работилници, а до денес имале речиси 4000 крајни купувачи и клиенти. Brainster по завршувањето на курсевите и академиите, учесниците ги спојува со компании и фирми кои имаат потреба од таленти. Бројот на Hire Up партнери постојано расте, а тоа го сметаат како доказ дека на компаниите не им се потребни луѓе со диплома и теоретско знаење, туку со реално знаење и вештини, зошто преку тоа компаниите го исполнуваат својот раст и развој. Нивната цел во иднина е да постигнат бројка од 100% вработување по завршување на курсевите. Препознатливи се по нивната уникатност, брз раст и константно унапредување и надградување. За тоа сведочи и фактот што веќе прават тестирања на пазари надвор од Македонија, а до крај на годината планираат да се приклучат кон истите. 70% од продажбата се врши со онлајн плаќања. User friendly профилите на социјалните мрежи и директната конекција на купувачите со фирмите им носи 2.000 корисници (само во 2017 година). Тимот се состои од 10 вработени (сите од нив дипломирани на курсевите на Brainster) и повеќе од 40 инструктори. Преку својот блог пост овозможуваат содржини и интеракција со потенцијалните корисници, а опцијата за добивање новости преку меил и персонализираните меилови е еден од начините на кои се трудат да ги привлечат и задржат корисниците. Постојано прават проширување на темите на курсевите спрема потребите на пазрот и имаат најразлични теми - од курсеви за изработка на мобилни апликации, до курсеви за улична фотографија. Успехот на компанијата секако се должи на постојаната адаптација на брзите промени кои се случуваат во современиот бизнис свет. Основачот на Brainster е Петар Нинoвски е млад ентузијаст со идеја да го смени процесот на учење. Тој влегол во овој бизнис со искуство во едукацијата, но без претходно искуство во етрговијата. Бизнис идејата била препознаена и финансиите за основање на бизнисот ги обезбедил од бизнис ангели. Според него: во секој стадиум од бизнисот е нормално да се соочиш со најразлични предизвици како грижата за квалитетот на програмата, наоѓање на квалитетни инструктори, финансии, наоѓањето на вистинските луѓе за работа, реализација. Сепак, најважни за успех се луѓето, егзекуцијата и постојаното надградување. За отварање на бизнис кој ќе е дел од е-трговијата смета дека е потребно подобрување на сервисите на банките, овозможување на интернационален пејмент провајдер и овозможување на Recurring Payments. Но дури и покрај ова, напоменува дека климата за отварање на сопствен бизнис во Македонија е поволна, особено заради релативно ниските оперативни трошоци за водење на компанија. Извор: Интервју со Петар Нинoвски, основач и директор на Brainster.co
130
ПРЕПОРАКИ ЗА РАСТ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Студија на случај: DHL Како рамноправен член на „Дојче Пост ДХЛ”, ДХЛ Експрес Македонија е основана во 1993 год. со 100% странски капитал и претставува дел од светската мрежа на ДХЛ повеќе од две децении. ДХЛ Македонија е лидер на пазарот на експресната достава на пратки и логистика во Македонија, со пазарно учество во полето на курирскиот транспорт од 63%, обезбедувајќи им секојдневна поддршка на над 4.000 компании и институции во нивната меѓународна комуникација. 65% од пратките се увозни додека 35% се извозни. Од клиентите кои испраќаат пратки во странство, 90% од нив се компании а 10% од нив се приватни лица. Според бројот на испратени пратки, најзастапени се: текстилна индустрија, тутунопреработувачка, винарии, компании од металуршка индустрија, авто-мото и др. Соработуваат со речиси 50 е-трговци, а очекуваат пораст на оваа бројка во иднина. Најголемиот дел од пратките за е-трговците се кон САД, Канада, ЕУ, но во последно време се зголемил бројот на пратките кон Блискиот Исток. Корисниците од Македонија преку ДХЛ ги добиваат стндардните транзитни перформанси, односно испорака преку ноќ и во сите земји на ЕУ, без разлика на големината и тежината на пратката. Корисникот има опција за онлајн следење на пратката, во секој момент знае каде се наоѓа истата, а може да добие и подетални информации како и потврда за доставување. Воведувањето на електронската алатка ODD (On Demand Delivery) е едно од нивните иновативни решенија, со кое примачот на пратката има опција онлајн да направи промена во адресата или времето на достава. Она што е значајно за големите пратки е тоа што од 2001 год., ДХЛ Македонија е дневно поврзан со меѓународната ДХЛ мрежа со сопствен карго авион со носивост од 4.5 тони, кој сообраќа 5 пати седмично од и кон Скопје, сите работни денови. Благодарение на оваа инвестиција, корисниците од Македонија ги имаат на располагање стандардните транзитни перформанси (overnight delivery) како и во земјите од ЕУ, без разлика на големината и тежината на пратките. Компанијата ја покрива целата територија на Р. Македонија, преку мрежа на агенти во 12 градови кои работат исклучиво според поставените стандарди. Најчесто се соочуваат со предизвици со е-трговците кои немаат познавања за царинската процедура за испорака надвор од земјава, односно процедурата за испорака на пратка надвор од Македонија е долга. Исто така, враќањето на роба не е целосно регулирано што создава потешкотии. За надминување на овие предизвици и зголемување на извозот на домашните компании, сметаат дека е потребно поедноставување на регулативата и царинската процедура кои создаваат дополнителни трошоци за трговците. Тие посочуваат - “Царинските процедури, и нивното поедноставување како еден неизбежен дел од прекуграничната трговија директно би влијаело врз работата на самите трговци и намалување на нивните трошоци, нивната конкурентност на глобалниот пазар, а и би допринело до поголемо задоволство кај крајните купувачи од аспект на побрза испорака на нивната пратка, што секако носи повеќе нови и лојални постојани купувачи. Секако постојат и други аспекти кои не се директно поврзани со транспортот но би придонеле за зголемување на извозот како поедноставување на начиите на плаќање, влез на т.н. “fintech” компании, како и до-едуцирање на сите заинтересирани трговци кои сметаат дека за нивниот производ има побарувачка на глобалниот пазар, за начините како успешно да ја креираат нивната приказна.”. Тие активно учествуваат на трибини со Царинската Управа и Стопанската Комора со цел подобрување на процесите на изнаоѓање на решенија, а фомирањето на Асоцијацијата за етрговија на Македонија го гледаат како уште еден начин да се влијае на состојбите во насока на унапредување преку заедничко делување. Извор: Интервју со Сашко Неделков, комерцијален менаџер во DHL Експрес Македонија
131
БИБЛИОГРАФИЈА
БИБЛИОГРАФИЈА Arvis J-F., Saslavsky D., Ojala L., Shepherd B., Busch C., Raj A., Naula T. (2016). Trade Logistics in the Global Economy 2016. Connecting to Compete, The Logistics Performance Index and Its Indicators. Civic Consulting (2011). Consumer market study on the functioning of e-commerce. Final Report. Part 1: Synthesis Report. Demirguc-Kunt, Asli, Leora Klapper, Dorothe Singer, and Peter Van Oudheusden. 2015. The Global Findex Database 2014: Measuring Financial Inclusion around the World. Policy Research Working Paper 7255, World Bank, Washington, DC. International Telecommunication Union (2017). Measuring the Information Society Report - Volume 2 OECD (2011). Guide to Measuring the Information Society. OECD, Paris. UNCTAD (2015). Information Economy Report: Unlocking the potential of E-commerce for Developing Counties. UNCTAD (2016). B2C E-COMMERCE INDEX 2016, Technical Notes on ICT for Development, N˚7. UNCTAD (2017). Information Economy Report 2017: Digitalization, Trade and Development World Economic Forum (2016). The Global Information Technology Report Innovating in the Digital Economy. ДЗС (2018). Државен завод за статистика, Информатичко општество. НБРМ (2018). Народна Банка на Република Македонија, Извештаи за платежна статистика УСАИД (2010). Анализа на состојбата со Е-трговијата во Република Македонија, Скопје, Република Македонија Веб страни Светска Банка, http://databank.worldbank.org/ https://lpi.worldbank.org/ Eurostat, http://ec.europa.eu/eurostat/data/database Агенција за пошти Република Македонија, http://www.ap.mk/ap.mk/registar Комерцијална Банка, http://www.kb.com.mk/ НБРМ, http://www.nbrm.mk/platiezhna_statistika.nspx ДЗС, http://www.stat.gov.mk/ Стопанска Банка, https://www.stb.com.mk/ Уни Банка, http://www.unibank.com.mk/ НЛБ Банка, http://www.nlb.mk/ ХалкБанк, http://halkbank.mk/
132