Референт за социјални мрежи (м/ж) Централа-Скопје
Полно работно време
Барате нови предизвици, повеќе лични одговорности и можност за напредување? Направете го тој чекор заедно со нас. Вклучете се во обликувањето на секојдневниот живот на нашиот сектор за маркетинг и помогнете му на целиот тим да се надмине себеси.
Од вас очекуваме:
• Најмалку IV степен стручна спрема • Креирање на контент план за социјалните мрежи на dm • Познавање и следење на актуелни трендови на социјалните мрежи • Креативно пишување на текстови за PR цели и пласирање на веб-страницата на dm • Комуникација со надворешни соработници за создавање на ефективна social media маркетинг стратегија • Активно користење на MS Office пакетот (Word, Power Point, Excel) • Работно искуство во маркетинг ќе се смета за предност • Познавање на германски јазик ќе се смета за предност
Вас ве очекува:
• Пријатно работно опкружување и услови за работа • Обука и вовед во интересна работа • Работа во млад и динамичен тим • Постојано усовршување • Грижа за здравјето на вработените • Други бенефиции за вработените и членовите на нивните семејства
Што ве очекува?
Нашата работна заедница се карактеризира со взаемно почитување и ценење на различностите. Во dm, „Ние“ е на прво место. „Ние“, во кое секоја индивидуа може и сака да даде личен придонес. • Образование и можности за развој: Покрај обука за самата позиција, исто така нудиме бројни можности за личен и професионален развој, во рамките на кои можете да ги подобрите знаењето и вештините и да се поврзете со темите што Ве придвижуваат. • Современо работно опкружување: Од уредување до работна опрема, секогаш сме во чекор со времето и новите трендови.
Пријавете се до 13.11.2023 година со испраќање на Вашата биографија на нашата e-mail адреса: vrabotuvanje@dm.mk со назнака: Референт за социјални мрежи.
dm.mk