Компанија dm drogerie markt: Извонреден двоцифрен раст и рекорден број на донации во деловната 2020/21 • • • •
Остварен промет во Република Северна Македонија од речиси 1.4 милијарди денари, што претставува раст од 31,3% во однос на претходната година, додека на ниво dm Групација во Европа забележан е промет од 12,26 милијарди евра; Рекордна сума на донации во вредност од 4,8 милиони денари; 20 продажни објекти во 9 градови – продажната мрежа се прошири во Охрид и Гостивар; Најголем понудувач на сопствени трговски брендови со понуда на речиси 4.000 производи.
Скопје, 11 ноември 2021. Компанијата dm drogerie markt во деловната 2020/21 оствари промет од речиси 1.4 милијарди денари, со што бележи раст од 31,3%. Со ваков позитивен биланс компанијата ја заврши својата 9-та деловна година на македонскиот пазар. Најголемиот дрогериски ланец во Европа, покрај континуираниот раст, оваа година ја одбележа и со рекордна сума на хуманитарни донации од 4,8 милиони денари. Со ова, dm drogerie markt не само што го потврдува епитетот на една од најуспешните, туку и на една од најпосветените општествено-одговорни компании. Во деловната 2020/21 година, dm ја прошири својата продажна мрежа со 2 нови дрогерии во 2 нови градови во нашата земја, со што, моменталниот број на продажни објекти на dm изнесува 20 дрогерии во 9 градови. Покрај 12-те дрогерии во Скопје, купувачите можат да ги уживаат производите и услугите на најголемиот европски дрогериски ланец и во Тетово, Велес, Куманово, Штип, Битола, Струмица, Гостивар и Охрид. Дополнително, во оваа деловна година, компанијата инвестираше речиси 55 милиони денари во модернизација на постоечките и отворање на нови продажни објекти. Со ова,