Page 1

БИОМАСАТА И НЕЈЗИНИТЕ МОЖНОСТИ ВО МАКЕДОНИЈА

90 денари / БРОЈ 155 / ПЕТОК 22.04.2011 година VII

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

СКОПЈЕ ДОБИВА ЛУКСУЗНИ МИНИ-ГРАДОВИ

14

дијаманти ја крунисаа архитектурата во 2010


БРОЈ 155 ПЕТОК 22.04.2011

ГОДИНА VII

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, да се зафати со решавање на ова прашање, ви го пренесуваме англиското искуство. Англиската агенција за домови и заедници ја промовираше програмата „Прво купување" наменета за 10.000 потенцијални купувачи во Англија, кои во наредните две години планираат да го направат своето прво исчекорување на „станбеното скалило" и да дојдат до својот прв стан или куќа. Годишното количество на создаден комунален отпад во Република Македонија во 2008 година изнесувало 349 килограми по жител или 0,9 килограми по жител на ден. Целта на Европа во периодот што следи е оваа бројка да се намали под 300 килограми годишно. Но, поважно е искористувањето на биомасата. Депонијата ,,Дрисла" е идеална за такво нешто според карактеристиките, капацитетот и оддалеченоста од центарот на главниот град.

СКОПЈЕ 14

ГЛАВНИОТ ГРАД ДОБИВА ЛУКСУЗНИ МИНИ-ГРАДОВИ

VODAFONE HEADQUARTERS, ПОРТО, ПОРТУГАЛИЈА

Автори:

BARBOSA & GUIMARÃES ARCHITECTS БИОМАСАТА И НЕЈЗИНИТЕ МОЖНОСТИ ВО МАКЕДОНИЈА

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

90 денари / БРОЈ 155 / ПЕТОК 22.04.2011 година VII

Пролетта е период кога по некој обичај се става црта под постигнатото во годината што изминала. Така и овој пат, над три илјади читатели на ArchDaily ги определија победниците меѓу номинираните во секоја од четиринаесетте категории на реализирани објекти во 2010 година. Станува збор за 14 архитектонски дијаманти, според изборот на читателите на сајтот, кои ја крунисаа минатата година. Скопје добива луксузни миниградови. Сега актуелна е изградбата на модерни станбени комплекси, кои наликуваат на град во град. Градилишта се отворија во Ќерамидница, Ново Лисиче, Карпош 3, Аеродром, каде се градат објекти кои исполнуваат високи стандарди во градежништвото и кои на станарите ќе им ги нудат сите удобности. Проблемите со купување стан во сопственост на младите брачни парови или младите воопшто се добро познати кај нас. Во очекување некоја идна влада во државава

Насловна страница:

СКОПЈЕ ДОБИВА ЛУКСУЗНИ МИНИ-ГРАДОВИ

14

дијаманти ја крунисаа архитектурата во 2010

ОД РЕДАКЦИЈАТА

34

20

Маркетинг: Биро Проект biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796

ЕНТЕРИЕР 48 ЕКСПЕРТ 52

АРТ ДИЗАЈН 60

СТЕНОГРАФСКИТЕ ЦРТЕЖИ НА ТОНИ ОРИКО

Телефон: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk Печати: Европа92 - Кочани

„КУЌА C114“ ВО ПРИШТИНА

БИОМАСАТА И НЕЈЗИНИТЕ МОЖНОСТИ ВО МАКЕДОНИЈА

графички уредник: Дејан ДАВИТКОВ

Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 9, 1000 Скопје

УРБАНИОТ ПАРК ВИЛЕТ ВО ПАРИЗ

ЕКОЛОГИЈА 56

надворешни соработници: Ангел СИТНОВСКИ Игор РИСТОВСКИ Сандра ДОНЧЕВА Владимир Б. ЛАДИНСКИ Трајче СТОЈАНОВ Сашо КУЗМАНОВСКИ Александра ПЕТРОВСКА Даниела МЛАДЕНОВСКА Билјана САВИЌ Драган РИСТОВ Александра ШЕКУТКОВСКА Кире КИПРОСКИ Сузана ВАСИЛЕВА Павлинка АТАНАСОВА Елена ПЕТРОВСКА

Издавачки совет: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл. инж. арх. - претс. проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА, дипл. град. инж Вања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх. Сања ВЕЛИЧКОВСКА, дипл. инж. арх.

14

АРХИТЕКТУРА 26

БРИТАНИЈА: ПОМОШ ПРИ КУПУВАЊЕ НА СВОЈОТ ПРВ ДОМ

новинари: Катерина СПАСОВСКАТРПКОВСКА Леонида Пенка БАША

лектор: Костадинка СОЛЕВА

РОМАНСКАТА ЖЕЛЕЗНИЦА ВО РАМКИТЕ НА ЕВРОПСКАТА МРЕЖА

УРБАНИЗАМ 34

главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ

фоторепортер: Кире ПОПОВ

ГРАДЕЖНИШТВО 20

ARCHDAILY ГИ ПРОГЛАСИ НАЈДОБРИТЕ ВО 2010

Редакција:

60

52

www.porta3.com.mk ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден. жиро с-ка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485 Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година


`


инфо

Заокружена финансиската конструкција за автопатската делница од Демир Капија до Смоквица

Коридорот 10 готов за Пет до шест години

Најавено распишување тендер за избор на компании за изградба на оваа делница од автопатот на крајот од овој или на почетокот од следниот месец, а склучување договор со консултант и со идниот изведувач на работите се очекува кон крајот на годината

С

о обезбедувањето на заемот од ЕБОР целосно e заокружeна финансиската конструкција во износ од 270 милиони евра за изградба на автопатското решение на потегот Демир Капија - Смоквица, последната и единствена делница која не е на ниво на автопат од делот на Коридорот 10 што поминува низ Македонија. Од ЕБОР Македонија ќе добие заем од 107 милиони евра, а претходно се обезбедени 130 милиони евра кредит од Европската инвестициска банка, 45 милиони евра како грант од ЕУ и шест милиони евра обебзедува Македонија. Според владини претставници, од заемот од 107 милиони евра, 90 милиони евра се за изградба на нова модерна автопатска делница, а 17 милиони евра за воспоставување електронски систем за наплата на патарина на постојните наплатни станици и изградба и опремување на четири нови на Коридорот 10. Министерот за транспорт и

6

3

ПОРТА

22 април 2011

врски Миле Јанакиески најави распишување на тендерот за избор на компании за изградба на автопатот на крајот од овој или на почетокот од следниот месец, а склучување договор со консултант и со идниот изведувач на работите кон крајот на годината. Тој очекува градежните активности да траат околу пет-шест години. „На 17 март беше објавен тендер за надзор на градежните работи во износ од 13 милиони евра од страна на Европската комисија. Веќе се работи на последните забелешки од Европската комисија на целокупната тендерска документација, кои се во финална фаза и очекувам месецов или на почетокот на мај да се објави тендерот“, вели Јанкиески. Вкупната ширина на автопатот ќе биде 25,6 метри, односно ќе има две ленти по 3,5 метри за секој правец и лента за застанување со ширина од два метри, како и зелен појас од три метри и останати дополнителни елементи на трупот

на патот. Предвидено е новата делница да содржи две клучки, кај селата Миравци и Смоквица, два тунела со должина од околу 1.200 метри, шест мостови со дијапазон на должини од 100 до 500 метри, шест потпатници и два натпатника. Новата автопатска делница ќе почнува веднаш по Демир Капија со цел да се спои со веќе постоечкиот автопат, продолжува десно од реката Вардар и оди во близина на селото Миравци, а завршува кај селото Смоквица каде ќе се спои со постоечкиот автопат накај Гевгелија. Двонасочниот, веќе постоечкиот пат ќе остане недопрен и ќе служи како алтернатива на новоизградениот автопат. Проектираната брзина се планира да изнесува 110 километри на час. Во текот на проектирањето, тврди Јанакиески, се земени предвид европските стандарди за безбедност на автопатиштата, а во основниот и изведбен проект се вклучени европските стандарди за заштита на животната

средина. За безбеден премин на животинскиот свет се предвидени околу 200 премини, а е планирано и пошумување на 130 хектари. Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, оценува дека ефектите од изградбата на автопатот ќе бидат доста значителни за целата економија. Пред сè за градежниот сектор, каде се очекува многу работа за градежните компании, но уште повеќе во трговијата со оглед на тоа што долж Коридорот 10 се одвива 70 проценти од вредноста на увозно-извозната трговија на Македонија. Завршувањето и комплетирањето на Коридорот 10 ќе значи скратување на времето за патување и за транспортните компаниите од Македонија, но и за оние што транзитираат низ Македонија. Од големо значење ќе биде и скратеното време на патување, во просек две недели, на стока од Далечниот Исток до Западна Европа.


инфо

АДИНГ веќе го применува Законот за управување со пакување и отпад од пакување

С

амо неколку месеци по стапувањето во сила, „Адинг“ веќе го применува Законот за управување со пакување и отпад од пакување, како и Правилникот за формата и содржината на образецот на годишниот извештај за видови и количината на пакувања што се пуштиле на пазарот во Република Македонија. Од почеток на годинава отпочна водењето месечна евиденција за влезени пакувања со репроматеријали, произведени и пуштени пакувања со готов производ. Доставен е и првиот Годишен извештај до Управата за животна средина при Министерството за животна средина и просторно планирање, за пакувањата пуштени на пазар и увезени со репроматеријали во изминатиот период. Според Законот, ако производителот при вршење на својата дејност и извршување на повеќе активности создава отпад, тогаш е одговорен за преземање мерки за управување со отпадот без разлика на неговото потекло: комунален, индустриски, опасен отпад (електронски, електричен или хемиски) или отпад од пакувања, како од суровини така и по употреба на готов производ. Со Законот е зацртано на територија на Република Македонија до 2020 година да се соберат и обработат минимум 60 отсто од тежината на отпадот од пакување, со операции на обновување (рециклирање) или со операции на енергетска преработка, а по тип на материјал да се рециклираат 60 проценти стакло, 60 проценти хартија и картон, 50 процнети метали и 15 проценти дрво. Љ. Д.

Tрадиционална средба на ААМ во Битола

Архитектите бараат Комора според потребите

М

акедонските архитекти бараат Комората на овластени архитекти и на овластени инженери да биде она што треба, а не она што е денес. Ова е пораката од Традиционалната средба на архитектите од Македонија, што минатиот викенд се одржа во Битола. Во расправата околу актуелните проблеми во фелата доминираше искажувањето дека се плаќаат лиценци во Министерството за транспорт и врски и овластувања во Комората, но за возврат не се добиваат

никакви бенефиции, ниту пак она од што имаат потреба. Оттука и заклучокот за приспособување на работата на Комората на барањата на нејзиното членство. Архитектите расправаа и за работата на Асоцијацијата на архитектите на Македонија, при што беше кажано дека од неколку илјадно членство, редовна членарина имаат платено педесетмина. Со тоа, во прашање се доведува и работата на ААМ, а и иднината на самата асоцијација. Инаку, во тематскиот дел од средбата наречен Архитектура-

образование, присутните архитекти ги слушнаа искажувањата на деканот на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, професорот Тихомир Стојков, деканот на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот „Американ колеџ“, професорката Викторија Еремеева и професорот од истиот факултет, Кокан Грчев. Во своите излагања тие се осврнаа за плановите на нивните институции, посебно околу наставата и кадрите, како и наставните програми.

Викторија Еремеева,Тихомир Стојков ,Кристинка Радевска

Новиот Ауди А6 - направен од челик, алуминиум и железна воља

Е

ден од најиновативните автомобили во светот, новиот модел на бизнис лимузината Ауди А6, по само две недели од стартот на продажбата во Европа, пристигна и во Македонија. Овој софистициран и моќен освојувач на европските патишта, продолжува со својата филозофија

на автомобилскиот напредок преку технологијата, и ги внесува најновите иновации и во својот нов модел. За успешни луѓе кои ја сакаат страста и животот, новиот Ауди А6 поставува високи стандарди, кои ретко кој друг автомобил може да ги задоволи. Во Ауди решиле да ја намалат тежината

на возилото, што значи вградување на помали мотори, градба на возило со помали димензии, што самото по себе значи и помала потрошувачка на гориво, како и помали резервоари за гориво и поекономични возила. Генерален импортер за Volkswagen, Volkswagen Комерцијални возила, Audi и Skodа е Порше Македонија.

3

22 април 2011 ПОРТА

7


инфо

Договор меѓу ИЗИИС и кинеската администрација за менаџирање земјотреси

Р

аководствата на македонскиот Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) и кинескиот Институт за инженерска механика од кинеската администрација за менаџирање земјотреси, потпишаа Договор за соработка во областа на намалувањето на ризикот од земјотреси, кој предвидува спроведување заеднички билатерални проекти за превенција од земјотреси и размена на научен кадар. - Во Кина надлежните многу работат на предвидување, превенција и интервенција по катастрофални земјотреси, а македонскиот Институт тоа го прави најмногу во областа на превенцијата, но ќе се обиде да почне да соработува и во предвидувањата на земјотресите, иако тие се предвидуваат многу тешко -изјави директорот на ИЗИИС Михаил Гаревски. Според него, соработката со кинескиот Институт е значајна затоа што станува збор за институција со околу 30.000 вработени стручњаци со голем буџет. Најнови трендови во заштита при земјотреси, појасни Гаревски, се мониторирањето на конструкциите во реално време со цел да се алармира, во случај да дојде до оштетување за време на земјотресот и таканареченото брзо предупредување со поставување сензори. Потпишаниот договор е во согласност со Декларацијата Hyogo усвоена на Светската конференција за намалување на последиците од природните катастрофи. Нејзина основна цел е градењето институционални истражувачки капацитети за намалување на штетите од природните катастрофи. Последиците од земјотреси изразени преку човечки жртви или материјални загуби се едни од најкастрофалните природни непогоди. Доказ за тоа се минатогодишните земјотреси во Хаити и Чиле и неодамнешните разурнувачки земјотреси во Јапонија. Инаку, во Македонија, тврди директорот на ИЗИИС, од аспект на некласичното проектирање, само зградата на училиштето „Песталоци“ е базно изолирана и на некој начин 100 проценти сигурна од земјотрес.

8

3

ПОРТА

22 април 2011

Соработка за намалување на ризикот од земјотреси - Во светот сè повеќе, а особено за виталните капитални објекти се оди кон таканаречени интелигентни конструкции каде се поставуваат одреден вид дисципатори на енергија меѓу самите рамки, се поставуваат одредени изолатори на самите темели и со помош на компјутери се води управување на самиот објект, односно се прават контрасили на силите што делуваат на зградата

како резултат на дејството на земјотресот - рече Гаревски. Законската регулатива секогаш, покрај статичките пресметки, подразбира и сеизмички, но колку се применуваат и колку се издржани, според Гаревски, не може да се каже, бидејќи Институтот во последно време речиси и немал никаков увид на проектите во Скопје. Но, истакнува, тоа не значи дека тие објекти не

Платформата за симулација на земјотреси предизвика интерес кај гостите од Кина

чинат. Претпоставувам дека би требало да бидат добри, бидејќи нив ги проектираат инженери, рече Гаревски. Гарантира за безбедност на објектот на театарот што се гради како дел од проектот Скопје 2014. ИЗИИС детално го испитал тлото и објектот е една од најсигурните конструкции која би го издржала дури и јапонскиот земјотрес, тврди директорот на Институтот.


огласи Претседателството на Друштвото на градежните конструктори на Македонија, врз основа на одредбите на Статутот на ДГКМ и Правилникот за доделување на годишно признание за најдобро конструкторско остварување, распишува

Ј А В Е Н К О Н К У Р С ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ПРИЗНАНИЕ НА ДГКМ ЗА НАЈДОБРО ОСТВАРУВАЊЕ ВО ОБЛАСТА НА ГРАДЕЖНОТО КОНСТРУКТОРСТВО ВО 2009 и 2010 ГОДИНА Признанието за најдобро остварување во областа на градежното конструкторство се доделува на дела завршени во 2009, односно 2010 година, за секоја од следните три ка¬тегории:

- Теориско и/или експериментално истражување на конструкции; - Проектирање на носечки конструкции, - Градење на носечки конструкции. Деталите околу Јавниот конкурс и подготовката на предлозите за доделува¬ње на највисокото признание на ДГКМ се регулирани со Правилникот на ДГКМ и Одлуката на Претседателството на ДГКМ. За сите потребни информации, заинтересираните можат да се обратат до Преседателството на ДГКМ. Комплетно подготвените предлози за доделување на Признанието за најдобри конст¬рукторски остварувања во 2009 и 2010 година треба да бидат доставени најдоцна до 15 мај 2011 година на адреса: Друштво на градежните конструктори на Македонија, Градежен факултет - Скопје, Партизански одреди 24, П.Фах 560, 1001 Скопје.

Д Г К М

Друштво на градежните конструктори на Македонија

Асоцијација на архитекти на Македонија (ААМ) објавува

НОВ СИМБОЛ ЗА СТУДЕНТСКИОТ ПАРЛАМЕНТ НА АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ

ЈАВЕН ПОВИК

за предлагање на можни добитници на наградата “Андреја Дамјанов” за 2011 година Согласно Чл.43 од Статутот на ААМ и согласно член 3 од Правилникот за доделување на наградата, “Андреја Дамјанов”, се доделува на државјани на Р.Македонија, како признание за животно дело, особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството. Право на поднесување на предлог за можни добитници на наградата “Андреја Дамјанов” имаат членовите на ААМ. Предлогот треба да содржи: куса биографија на кандидатот, детална професионална биографија со листа на референци со сите дела од областа на архитектурата и градителството со кои што кандидатот придонел за вкупниот развој на струката. Рокот за поднесување на предлозите трае 90 дена од денот на распишувањето. Пристигнатите предлози ќе бидат разгледани од петчлена Комисија, избрана од Управниот одбор (УО) на ААМ . Еден член во Комисијата е од редот на добитниците на наградата “Андреја Дамјанов”. Добитникот на наградата “Андреја Дамјанов”, согласно Чл. 39 од Статутот на ААМ, станува член на Архитектонската академија на Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Пријавите можат да се достават во канцеларијата на ААМ, на ул.Даме Груев 14а во Скопје. Телефон за информации е 02/3237 277. e-mail: contact@aam.org.mk

По спроведениот конкурс за избор на нов симбол (лого) за Студентскиот Парламент на Архитектонски Факултет - Скојпе на 17 април 2011 беше донесена одлука за најдобро понудено решение од страна на студентите. На конкурсот кој траеше еден месец беа понудени 26 конкурсни труда од различни автори. Изборот за најдобро понудено решеније го донесе Претседателството на Студентскиот Парламент, каде за симбол кој најсоодветно ќе го претставува Студентскиот Парламент го прогласи трудот на Сашо Табанов, студент од трета студиска година. Студентскиот Парламент на Архитектонски Факултет – Скопје на Сашо Табанов, како прворангиран, му додели парична награда од 50 евра, а заедно со студентите Александар Пејков и Илчо Илиевски, како автори на првите три најдобро рангирани конкурсни труда, добија награда од едногодишна претплата на списанието ПОРТА .

3

3

22 април 2011 ПОРТА

9


рубрика

■ Истражување, испитување и атестирање на градежни материјали ■ Истражување и испитување од областа на геомеханиката, хидрогеологијата, геофизиката и инженерската геологија

10

3

ПОРТА

22 април 2011

ГРАДЕЖЕН ИНСТИТУТ “МАКЕДОНИЈА“ Tel.: + 389 02 30 66 816; + 389 02 30 66 833 Fax: + 389 02 30 66 828 e-mail: gim@gim.com.mk gim-skopje@t-home.mk www.gim.com.mk

■ Санација на материјали и конструкции ■ Испитување на конструкции ■ Проектирање, надзор, ревизии, инженеринг, заштита на човековата околина и др


инфо

Сеуште губите време во објаснување на Вашите клиенти за Вашата локација Контакт: Тел: +3892 / 6090 - 671 Моб: +38978 / 330 - 313

Тел.+389 2 2460 458, Факс.+389 2 2460 459

skopje@rehau.com www.rehau.com.mk

contact@directorium.mk Одсега Directorium.mk и на Вашиот Android Телефон

3

22 април 2011 ПОРТА

11


скопје

жичницата е при крај, а се уредува и платото

крстот на водно оди чекор поблиску до туристичка атракција

Иако стои речиси една деценија, досега не ги исполни очекувањата, но новите градежни зафати ќе ја збогатат содржината на неговата околина и, уште поважно, ќе го олеснат пристапот до него, кој досега беше ограничен

М

илениумскиот крст на врвот на Водно наскоро нема да биде привилегија само на физички добро подготвените и на оние што успеале да фатат врски за да отидат до него со автомобил. Веќе од 24 мај до крстот ќе може да се патува со новата жичница, која тогаш ќе биде пуштена во употреба, според најавите на градските власти на Скопје. На теренот веќе се гледа дека градежните работи се при крај. Столбовите се направени и се работи само уште на почетната станица на Средно Водно, веднаш до двете големи паркиралишта, од каде што ќе се тргнува кон врвот. Допрва треба да се монтираат и

12

3

ПОРТА

22 април 2011

кабините. Со тоа ќе заврши само првата фаза од изведбата на проектот за жичница на Водно, односно ќе се пушти горната траса со должина од околу два километра. Потоа ќе се работи и на другата фаза, нејзиното продолжување до подножјето на планината и поставувањето на почетната станица во близина на црквата Свети Јован и на детската болница во населбата Козле. Се најавува дека ќе има вкупно 62 кабини, од кои две ќе бидат ВИП кабини, а ќе може за еден час да превезе и до 1.200 патници. Изградбата ја финансира Владата преку Министерството за транспорт и врски и за неа се одвоени 6,7 милиони евра. Готовата

жичница ќе му се предаде на градот Скопје, кој веќе го задолжи Јавното сообраќајно претпријатие Скопје да стопанисува со неа, како еден вид рекреативен јавен превоз. Изведувач на градежните работи е австриската фирма Допелмаер. Со овие зафати дополнително се уредува и просторот околу Крстот и се збогатуваат содржините на врвот на Водно, со цел да се привлечат што повеќе посетители на ова место, односно патници за идната жичница. Градската управа почна нов проект со кој ќе се направат два павилјони околу Милениумскиот крст. Поголемиот ќе се наоѓа токму пред крстот и ќе има радиус од дури 20 метри, а помалиот, од кој

ќе има поглед кон манастирот Свети Пантелејмон, ќе биде со радиус од осум метри. Вкупно ќе се уреди површина од 2.840 квадратни метри, која ќе се поплочи со различни типови камен, за да се вклопи во планинскиот амбиент. Ќе се уреди и просторот околу планинарскиот камен, највисоката точка на Водно, на која што ќе стои натпис Крстовар - 1,.066,74 метри надморска височина, како и околу катастарскиот камен што е обележје на првата поставена геодетска кота, односно реперна точка во Скопје. Градот планира да потроши вкупно 4.7 милиони денари за овие градежни работи, кои ги изведува фирмата Алкон. Ќе има клупи,


скопје корпи за отпадоци и осветлување, односно облагороден простор кој, според надлежните, ќе биде пријатно катче за одмор и за рекреација. Проектот го направија архитектите Јован Стефановски Жан и Ивана Стефановска. Милениумскиот крст своевремено беше најавуван и граден како голема туристичка атракција за главниот град, но иако стои на Водно речиси една деценија, досега не ги исполни очекувањата. Долго време не се ни одржуваше, туку беше оставен самиот на себе. Почна да фаќа 'рѓа, а бетонските плочи во основата да пропуштаат вода. Самата изградба заврши во 2002 година, откога почна и неговото пропаѓање. Требаше да поминат четири-пет години за повторно да почне нешто да се прави, најпрвин да се санираат оштетувањата што се појавија поради негрижата. Крстот се спасуваше со донаторски конференции, со владина и со друга помош. Во 2008 година конечно се направи лифт кој води до краците на објектот, а сегашното уредување на

просторот, како и изградбата на жичницата, се првите поголеми зафати оттогаш. Иако конечно почна да се движи по патот кон исполнувањето на својата функција, кон тоа да биде привлечен за туристички посети и така самостојно да се одржува, сепак многумина коментираат дека на објектот му фали уште и квалитетен угостителски простор, како што било замислено при изградбата, односно ресторан од кој ќе има неверојатна панорама. Крстот има висина од 66 метри и со тоа е еден од највисоките, можеби дури и највисок објект од ваков вид во светот. Тој е највисока градба во Македонија. Составен е од 33 метални елементи, кои ја симболизираат возраста на Исус Христос при распнувањето, а секој од нив е висок по два метра, за да означи два милениума од христијанството. Основата е направена од бетон и е поставена на 12 столбови, како симболика за 12-те апостоли. К.С.Т.

www.biroproekt.com.mk proekt


градежништво

Тренд на изградба на станбени комплекси

СКОПЈЕ добива луксузни мини-градови Актуелна е изградбата на модерни станбени комплекси кои наликуваат на град во град. Освен централното градско подрачје градилишта се отворија и во Ќерамидница, Ново Лисиче, Карпош 3, Аеродром, каде се градат објекти кои исполнуваат високи стандарди во градежништвото и кои на станарите ќе им ги нудат сите удобности

Т

рендот за изградба на нови станбени објекти досега беше видно забележан во централното градско подрачје. На удар најмногу беа Дебар маало, Центар, Карпош, Тафталиџе, па дури и влезот на Кисела Вода. Станбени згради од по четири или пет ката никнуваа на местото на секоја шупа или барака. Зградите во различна боја, модерна фасада, доближени една до друга и со „ѕиркачки“ ефекти во комшиските спални соби сега се обележје на градот. И таман се мислеше дека народот веќе се задоволи од купувањето на станови, настана нов градежен станбен бум во Скопје. Животот во куќа која има убаво уреден двор, со голем тревник остана лезет само за оние вистинските љубители на живот во индивидуално домување. Останатите сакаат да уживаат во домувањето во станови. И токму тука се отвори пазарот и потребата од уште и уште станови. Освен централното градско подрачје актуелни станаа и

14

3

ПОРТА

22 април 2011

Ќерамидница, Ново Лисиче, Карпош 3, Аеродром. Сето она земјиште што досега беше засадено со некои градинарски култури или, пак, беше депонија, сега е градилиште. Трендот да се гради една зграда измина. Сега е актуелна изградбата на модерни станбени комплекси кои наликуваат на град во град. Но, не само тоа и не само тука се гради. Убавините на Водно полека ги снемува. Ако до пред неколку години Основното училиште „Кочо Рацин“ беше еден од поголемите објекти во подножјето на Водно, сега веќе е меѓу најмалите. Тој сѐ уште е во подножјето, но сега веќе не на планината туку на повеќе станбени комплекси кои и натаму се шират како ластик. Ексклузивитетот што го имаше животот на Водно веќе го нема. Сега таму ќе станува борба за паркинг-плац повеќе, а и убавата глетка е нарушена. Погледот сега е насочен во градот што се гради како лего коцки. Масовната изградба на станбени комплекси од страна на приватни

инвеститори и фирми ја смени ситуацијата и во поглед на цената на становите. Во модерен и објект изграден со висококвалитетни материјали цената на квадратен метар е пониска или, пак, иста како и во објект стар 20-ина години. Цената на станбениот квадрат во централното градско подрачје изнесува од 900 до 1.100 евра, а во пооддалечените, но поатрактивни населби од 750 до 850 евра. Оваа цена за квадрат воопшто не е причина да се презасити пазарот, барем во текот на оваа година. Приватните фирми велат дека се задоволни од тоа како оди продажбата на становите, а како причина за тоа го наведуваат токму квалитетот на животот што го нудат нивните објекти. Последниве месеци особено се актуелни изградбите на станбени комплекси во Горно Лисиче и во Ќерамидница. Во населбата Горно Лисиче веќе се градат осум станбени објекти. Станува збор за локација на која

во деталниот урбанистички план општина Аеродром предвиде изградба на 14 станбени објекти со вкупна површина од над 22 илјади квадратни метри. Но, засега само четири инвеститори ги градат своите објекти. Фирмите „Настел“, „Диас констракшн“, „Глиц“ и „Адора“ ќе изградат 412 станбени единици и 14 деловни простори. Марјан Наков од фирмата „Настел“ вели дека се компанија која сама се финансира и нивните четири објекти ќе бидат изградени без разлика на тоа дали становите се продадени или не. „Нашата фирма четирите свои


градежништво

Падините на Водно се големо градилиште објекти до 31 октомври годинава ќе ги изгради до фазата клуч на рака без разлика дали становите ќе се продадат или не. Но, мора да признаам дека досега има голем интерес и добар дел од становите се продадени. За сето тоа придонесува квалитетот на градбата што го нудиме. За првпат во овој дел од градот се градат вака луксузни станови кои се продаваат по не многу висока цена од 945 евра за квадрат. Тоа е цена која може да си ја дозволат и оние луѓе што немаат многу пари, како и тие поимотните. Во нашите четири згради може да се најдат станови

од 41,5 квадратни метри, па сѐ до 77 квадрати на приземје“, вели Наков. Според него овој тренд на изградба на многу станбени објекти ќе трае најмногу до крајот на оваа година. Потоа, пазарот ќе се засити, ќе има многу станови за продажба и ќе треба да помине време додека повторно да се јави потребата. И изградбата на луксузниот станбено-деловен центар „Космос“ е во полн ек. Сместен покрај реката Вардар, во населбата Ќерамидница, комплексот е предвидено да биде како град во град. Големата зградаседумнаесеткатница од комплексот, ќе биде поделена на пет ламели,

а ќе има повеќе посебни влезови. Ќе има и помала зграда, која ќе биде поставена полукружно. Двете згради заедно ќе имаат околу 560 стана. Поголемата зграда зафаќа бруто-површина од околу 80.000, а помалата околу 40.000 квадратни метри. Изградбата на комплексот ќе чини околу 30 милиони евра. „Постои навистина голем интерес за купување станови во „Космос“. Тоа причинува големо задоволство затоа што целиот објект се гради по многу високи стандарди, со квалитетни материјали и добро е што купувачите тоа го ценат и покажуваат интерес за живот во ваков мини град.

Целиот комплекс ќе биде готов до крајот на идната година“, вели Ивана Јаневска од фирмата „Фине“ која е инвеститор во „Космос“. Во долниот дел од големата зграда на „Космос“ ќе има деловни простории и шопинг-центар, а на последниот кат ќе има луксузен ресторан, кој ќе ротира и ќе биде со површина од 1.500 до 2.000 квадратни метри. Од него ќе може да се гледа целата панорама на Скопје. Во средишниот дел на овој последен кат ќе бидат сместени и фитнес-центар, базен и сауна за рекреација на станарите, а ќе има и детска градинка. 

3

22 април 2011 ПОРТА

15


градежништво

Станбено-деловен центар "Космос" 16

3

ПОРТА

22 април 2011


градежништво  Меѓу двете згради, кои ќе бидат оддалечени 120 метри, ќе има парк и шеталиште. Паркирањето е решено со две подземни гаражи од по два ката под подрумите на зградите, а странично од комплексот е предвидена и гаража на два ката со околу 562 паркинг-плацови, така што ќе бидат задоволени потребите на станарите. Иако големи комплекси, во овие два нема големи висококатници. Но, за градот да не остане покус од таквото задоволство се најде градител заинтересиран да го направи аеродромскиот „Менхетн“, како што се нарекува предвидениот комплекс од три облакодери покрај булеварот Србија во општината Аеродром. Турскиот холдинг „Џевахир“, преку својата локална фирма „Турк мак“ доби градежна парцела од 21.150 квадратни метри, со површина за градење од 14.873 квадрати. Трите висококатници, кои не смеат да бидат пониски од 33 ката, а чија максимална предвидена

висина изнесува импресивни 500 метри или 126 ката, ќе се наоѓаат на празното место меѓу касарната „Гоце Делчев“ и бензинската пумпа „Макоил“, покрај булеварот Србија. Градителот сам треба да реши на колку ката ќе ги направи зградите, во рамките на предвидените димензии, но ќе треба внатре во нив да обезбеди 3.167 паркингплацови за идните станари. Општина Аеродром, како најмлада во градот, по се изгледа е и најатрактивна за инвеститорите. И фирмата „Адора инженеринг“ инвестира, проектира, изведува и вселува по принцип имотен лист со клуч на рака два нови станбено деловни објекти во АеродромНово Лисиче. Двата објекта ќе имаат вкупно 5.300 квадратни метри станбен простор, 2.026 квадрати паркинг. Овие станбеноделовни објекти се очекува да бидат пуштени во употреба во 2012 година. Претставуваат модерни зданја кои ќе ги подигнат

стандардите во градежништвото на повисоко ниво за колективно современо домување. Околу објектите ќе има широк зелен појас до булеварот АСНОМ, зградите се со висока сеизмичност на градба, применети се високи стандарди за енергетска ефикасност и квалитет на вградените материјали. Освен приватни фирми во општина Аеродром гради и Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор. На булеварот Трета македонска бригада ЈПССДП гради објект со вкупно 152 стана. Големи станбени згради е предвидено да се градат и на другиот крај од градот, во населбата Тафталиџе. На местото на поранешната фабрика „Алумина“ треба да никнат ексклузивни трговски центри, киносали, галерии, станбени згради, со максимална висина до 30 метри. Исто така, станбено-деловни комплекси ќе имаат и словенечки

„Меркатор“ и „Импекс-Л“, која ќе вложи во зграда на местото на бараките на „Гранит“ во Карпош 4. Атрактивни станови се градат и на падините на Водно. „Соравиа Ресорт“ нуди осум вили, секоја од нив со четири до осум станови. Во коплексот спаѓа и една поголема мултифункционална зграда, каде што има ексклузивни апартмани. Во комплексот е предвидено да има и ресторан, базен, сауна и продавници. Објектите имаат сопствен систем за греење и ладење со геотермални пумпи и колектори за сонце како и централно регулирана топла вода. Ваквиот систем е практичен, еколошки и економски исплатлив. Големината на становите се движи од 75 до 190 квадрати, вклучувајќи ги двојните апартмани на два ката. Поголемиот дел од апартманите имаат величествен поглед на Скопје и кон Водно.  Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

3

22 април 2011 ПОРТА

17


Од основањето во 1997 год. па се до денес Торус инженеринг има изведено повеќе станбени, деловни, индустриски, спортско рекреативни објекти како и ентериери, реставрации и завршни работи. Торус инженеринг вработува одличен раководен кадар и тим од градежни работници кои на секој проект му пристапуваат со максимален ангажман, независно од големината и сложеноста на истиот. Во објектите што ги изведува Торус инженеринг се вградуваат квалитетни материјали кои ги задоволуваат највискоите стандарди за градба.

Друштво за проектирање и изведување градежни и градежно занаетчиски работи ТОРУС ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ ул. Востаничка 51, Скопје Тел: 02/3110 847 02/3110 848 Факс: 02/3138 384 e-mail: torus.inzt@gmail.com torus.inz@t-home.mk 18

3

ПОРТА

22 април 2011

Зголемувањето на бројот на градежни работи кои ги изведува Торус инженеринг е проследено и со константен раст на бројот на ангажирани работници, на стручен кадар и секако, на градежна механизаија. Основни задачи во развојот на нашата фирма се постојано усовршување и напредок во сите фази на градба со примена на посовремени методи и опрема


Дилатациони профили од алуминиум и не'рѓосувачки челик за затворање на фуги, од грчкиот производител

ACP hellas

Бетонски одводни канали и шахти • универзални канали • рамни канали • стандардни канали • канали за поголеми оптоварувања • централен одвод • широки канали • тесни канали • метални фасадни канали made in austria

ПРОДАВНИЦА ул. Кузман Шапкарев Бр.5,1060 Скопје, Тел./Факс: +389 2 2033 350 КОМЕРЦИЈА и ДИРЕКЦИЈА Тел./Факс:+389 2 2035 170, +389 2 2035 149, info@bc-a.com.mk www.bc-a.com.mk

Biznis Centar

3

22 април 2011 ПОРТА

19


градежништво

ЖЕЛЕЗНИЧКИ СООБРАЌАЈ

Романската железница во рамките на европската мрежа (Специјално за Порта3 од Романија)

НИВО Во април 2007 година е склучен договор помеѓу австриската компанија PORR и Романски железници за целосен ремонт на двоколосечната пруга од делот на IV Пан-европски коридор, односно делницата Кампина - Предеал на железничката пруга Букурешт - Брашов. Со изградба на оваа делница и нејзиното вклучување во извршување на домашни и меѓународни потреби за железнички сообраќај, истата ќе се издигне на едно ниво на технички и оперативни параметри компатибилни и еднакви на европското ниво на железнички сообраќај. 20

3

ПОРТА

22 април 2011

д-р Ален Адровиќ, дипл.град.инж.

А

встриската компанија PORR Technobau und Umwelt е претставена во Македонија преку својата фирма-ќерка ПОРР Градежништво Скопје. ПОРР Градежништво за своја цел има реконструкција, модернизација и изградба на железнички пруги и работи исклучиво на делот од горен строј во железниците. Со инвестиција од 5 милиони евра во машини, и околу 100 вработени, австрискиот PORR во 2007 година се решава токму кај нас да постави база за своите градежни активности на ова поле. Во услови кога речиси и да

не се инвестира во модернизацијата на железничките пруги во нашата земја, компанијата успешно работи во околните земји на Балканот, односно во Романија и Србија. Во ова поле во основа е тешко да се најде добар и квалификуван кадар, но сепак истиот го има во Македонија и со тим од градежни инженери, машински инженери, градежни техничари, возачи и ракувачи на градежни машини, како и квалификувани железнички работници, својот квалитет го потврдува со добивањето на сертификати за најуспешна 


градежништво

3

22 април 2011 ПОРТА

21


градежништво  градежна фирма и топ-профит градежна фирма во областа Прахова, Романија. Во април 2007 година е склучен договор помеѓу PORR и Романски железници за целосен ремонт на двоколосечната пруга од делот на IV Пан-европски коридор, односно делницата Кампина – Предеал на железничката пруга Букурешт - Брашов. Со изградба на делницата Кампина Предеал и нејзиното вклучување во извршување на домашни и меѓународни потреби за железнички сообраќај, истата ќе се издигне на едно ниво на технички и оперативни параметри компатибилни и еднакви на европското ниво на железнички сообраќај. Градилиштето е со должина од 48 км и подразбира замена и поставување на нов материјал од долен и горен строј, појачување на потпорните ѕидови и фундаменти, реновирање на шест станици и шест стојалишта, вклучувајќи замена на целата електрична и санитарна инсталација. ПОРР Градежништво работи исклучиво на делот од горниот строј, а на крајот од извршувањето на градежните работи, зад себе ќе има преку 100 километри нова пруга само од овој објект (предвидено е завршувањето на објектот да биде кон крајот на 2011 година).

МОДЕРНИЗАЦИЈА

Делницата Кампина - Предеал датира од периодот кон крајот на 19 век, поточно од 1879 година кога е пуштена во употреба, а е проектирана и градена во согласност со тогашни австриски и германски технички норми и регулативи. Вториот колосек, развојот на пругата и изградбата на сите станици се завршени во 1939 година, а електрификацијата е комплетирана во 1969 година. Простирањето е во правец север - југ, поминувајќи ја планината Буцеги, следејќи го течението и долината на реката Прахова, пресекувајќи ја притоа на 17 точки. Пругата стара повеќе од 100 години нема претрпено поголеми работи во смисла на сериозен ремонт, модернизација и развој сè до 1980 година, кога се започнува со сериозни проекти за целосно вклучување на романската железница во рамките на европската мрежа. Земајќи ја предвид големината 22

3

ПОРТА

22 април 2011

на градилиштето и комплексноста на работите што се изведуваат, организицијата на работите во себе обединува работи од горен и долен строј, работи поврзани со електрика, инсталации и контактна мрежа и работи кои во себе ги вклучуваат изградбата и реконструкцијата на мостовски конструкции, пропусти и подземни премини. Фазите на работа се резултат на веќе предвидениот динамички план и не се разликуваат од вообичаената пракса при ваков тип објекти. Олеснителна околност е работењето на двоколосечна пруга бидејќи во ниеден момент нема прекин на сообраќајот и не е нарушен возниот ред, а станиците исто така не претставуваат проблем за опслужување на патнички и товарен сообраќај заради големиот број колосеци во секоја од нив, и при изведување работи на едната половина сообраќајот е овозможен по останатите колосеци (пр. најголемата станица има 16 колосеци, а најмалата 5). На објектот се врши целосен ремонт на речиси 130 км пруга кој во себе вклучува замена на стариот материјал и вградување нови компоненти, освен на споредните колосеци во станиците каде што се вградуваат материјали за втора употреба. По речиси целата должина се задржува оската на трасата со мали приспособувања бидејќи станува збор за поголема брзина на новопроектираната пруга од постоечката; на делница од 2 км сепак има големи изместувања на оската заради близината на пругата до меѓународниот пат ДН1 и исполнување на одредени технички и безбедносни препораки. За напредување на работите, распоредот на горниот и долниот строј е тесно поврзан. По демонтираната контактна мрежа се отвора фронтот за работа на демонитарање и на самиот колосек: новите шини се навремено пристигнати на градилиште и се распоредуваат со помош на багери – грајфери, така што се формира кранска патека по која се движи портален кран (Donelli PD350) кој ги подига старите полиња (исечени на должина од 20-ина метри) и ги натоварува на работниот воз (во една смена се креваат околу 500-ини метри). Истиот воз се транспортира до градежната депонија каде со

багери и ситна механизација се демонтираат на шини, прагови и ситен прицврстен материјал, и се сортираат на некорисен и материјал за втора употреба (за споредните станични колосеци). Земјените работи следат по фазата на демонтажа на стариот колосек и опфаќаат замена на сите материјали од долниот строј со нови, а вклучена е механизација од багери, ровокопачи, гредери, валјаци и камиони: има ископ на стар толченик и земја, се подготвува долниот слој на земјата, се решава одводнувањето со изработка на соодветни канали и дренажи, следува положување на геотекстил, изработка на тампонски слој и поставување на основен слој од толченик во висина од 20 см. Земјата и толченикот се одвезуваат на однапред утврдени депонии каде што се распростираат соодветно пропишаните критериуми, а новиот материјал се наоѓа на депонии во близина на местото на вградување и се донесуваат со камиони. Во текот на целата фаза се извршува потребна контрола и технички прием на работите за овој дел, а најмногу мора да се внимава да не се вознемирува и нарушува безбедноста на колосекот во сообраќај. На овој објект се опфатени и железничките станици, а се предвидени и нови перони изработени од готови бетонски елементи. Тие се поставуваат на проектираната кота врз тенок слој од бетон, се изработуваат темели за столбовите на покривите на перонските конструкции, а покривите за пероните во станиците и стојалиштата се изработуваат во работилница и се монтираат на самото место. Се решава и одводнувањето на самите перони. Фазата на поставување на самите перонски елементи се изведува брзо и точно, со постојан надзор од геодет, со цел да нема застој во другите позиции кои следат по неа или течат паралелно. За овие работи се употребуваат: автокран, багер, ровокопач, автомиксер за готов бетон, ситна механизација (апарат за заварување, компресор, агрегат и сл) придружено со група работници. Премини за пешаци се изработуваат во делот од пероните и овозможуваат комуникација меѓу два соседни перони. Се изработуваат

врз конечно положен колосек по хоризонтала и вертикала. До нивно конечно монтирање, во време на изведување на работи во станиците, проодноста е овозможена преку привремени пешачки премини. Премините за автомобили се монтираат исто како и пешачките: до конечното поставување на колосекот по хоризонтала и вертикала проодноста е овозможена преку привремени патнички премини. И двата типа премини претставуваат еластични елементи и се монтираат по упатство за употреба од производителот. Во нашиот случај се монтираат STRAIL елементи. Потребна е механизација составена од комбинирана машина или багер, камионет, рачен алат и мала група работници. Реконструкцијата на подземните пешачки премини започнува на самиот старт од работите. На овој објект има реконструкција на веќе постоечки премини и опфаќа поставување нова хидроизолација, реконструкција на внатрешните површини како и проширување на некои од излезите. Генерално, оваа позиција тече независно од изградбата на пругата, но сепак е поврзана со позицијата на изработка на перони и мора да има соодветство меѓу овие две позиции. Голем дел од работите на овој објект зависат од напредувањето во делот со пропустите и мостовските конструкции. Динамиката на работите предвидува овие конструкции да се одработат пред започнувањето на работите на горниот строј, имајќи предвид дека треба да се одработат повеќе од 20 мостови и отприлика толку на број пропусти. Предвидена е замена на старите челични мостови без корито со нови армирано-бетонски со корито и толченик, а на останите се врши санација или евентуално појачување на конструкциите. Кога работите на одредена делница се доведуваат кон крај, во рамките на делот заштита на околната средина се монтираат панели за заштита од звук. Работите од горниот строј почнуваат на веќе завршен долен строј, на основен слој од толченик. Повторно се користи порталниот кран кој се движи по кранска патека од истите шини како и при демонтажата. На работниот воз се наоѓаат


градежништво

нови преднапрегнати прагови произведени во лиценцирана фабрика во непосредна близина на градилиштето. Врз положените прагови се монтираат шините (тип 60 или 49) кои претходно ги користевме за потребите на кранот, а при оваа операција користиме машина т.н. треадер. Закопчувањето на шините со праговите се врши со т.н. клип-машина (во нашиот случај за PANDROL прибор) и една група работници која на ден просечно може да монтира околу 600 метри колосек. Во овој момент шините меѓусебно сè уште се поврзани со класични спојки со стеги и челични плочи, а нивното заваравуање во долги шински ленти следува подоцна во градежниот процес. Големината на станиците и бројот на колосеците значи дека на овој објект се вградуваат и голем број свртници, од типот 60 и од типот 49, нови, на дрвени и бетонски прагови. Положувањето на

свртници почнува прво како би се отвориле можности за положување на колосек во станица; прецизноста и брзината на поставувањето на свртниците е многу битен елемент во оваа фаза; за оваа фаза потребни се багери кои ќе учествуваат во положувањето. На така положените колосеци се продолжува со истовар на толченик кој најчесто доаѓа на градилиште во композиција од специјални ФАД вагони. Работниот воз е следен од шинско возило за вградување на толченик и формирање на т.н. призма (Plasser und Theurer-SSP110). Во тој момент колосекот се наоѓа на 10 см под проектираната кота. Следува нивелирањето на колосекот по вертикала и доведување по хоризонтала. Ова е всушност последна операција и во продолжение колосекот го добива својот дефинитивен изглед. Во зависност од тоа дали се работи за отворена пруга или пак станични колосеци (делот од

станицата со свртници) се користат машини за регулирање колосек т.н. нивелирки, свртнички или линиски (Plasser und Theurer 08-32 /отворена пруга/ или 08-275 / свртници и колосек). Просекот на изработен колосек им е околу 500 метри готов колосек на ден, или од 2 до 3 свртници. Геодетскиот инженер врши контрола и мерење и дава податоци за состојбата на колосекот (вертикала-хоризонтала) после работата на овие машини. Речиси секогаш се потребни минимум две поминувања на оваа машинерија за да се дојде до проектираното ниво. Збивањето на колосекот секогаш е следено и со повторна работа на т.н. плуг, кој овој пат ја дава и дефинитивната форма на толченичката призма. Сосема на крајот од монтирањето на колосекот следува и заварувањето. На овој објект се работи со шини долги 120 метри. Најпрвин ги заваруваме шините во отсеци, 240 или 360 метри, со

т.н. алумино-термиско заварување, следејќи ги упатствата и правилата за заварување на шините. При заварување на шините во овој дел се изработуваат внатрешните варови. Заварен во отсеци и стабилизиран, како и поволната надворешна температура, се потребните фактори за преотпуштање на колосекот, односно вклучување во долги шински ленти. При ова, се одврзува колосекот, се крева на мали ролери, се удираат шините за да се ослободат од напоните, повторно се фиксираат со прицврстниот прибор, и се заваруваат отсеците од 240 или 360 метри. Истовремено се монтираат и изолирани состави, дел од колосекот којшто служи за давање сигнал за положбата на возот на одредена делница. На вака поставен колосек следуваат уште завршните работи: средување на толченичката призма, поврзување на електрични инсталации и сигнали и вклучување на пругата во сообраќај. 

3

22 април 2011 ПОРТА

23


градежништво

37. меѓународен саем За градежништво во белград

поместување на границите

П

од мотото „Ги поместуваме границите“, во текот на минатата недела во Белград, се одржа 37. Меѓународен саем за градежништво. Белградскиот саем спаѓа во една од најпрестижните манифестации во секторот градежништво на просторот на Југоисточна Европа каде изложуваат сите еминентни компании од оваа област. На саемот беа претставени најновите технолошки достигнувања во проектирањето и градењето. Не е случајно што оваа манифестација

24

3

ПОРТА

22 април 2011

се одржуваше токму за време на Меѓународната недела за енергетска ефикасност, затоа што акцентот моментално е ставен врз ефикасното градење и заштедата на енергија тренд кој ќе се практикува во иднина. Саемот за градежништво е особено значаен за соседна Србија и развојот на српското градежништво кое за првпат, после две години, забележа раст од еден процент во гранката што сочинува 60 отсто од економијата, изјави министерот за просторно планирање, животна средина и рударство, Оливер Дулиќ

на отворањето на саемот. Србија подготвува инвестиција од околу 500 милиони евра во градежниот сектор и околу 250 проекти. На Меѓународниот саем за градежништво во Белград, на изложбен простор од над 60.000 квадратни метри, се претставија повеќе од 900 изложувачи, меѓу кои 300 странски компании од 29 земји од Европа, Азија и Америка. Најголем број странски изложувачи беа од Германија, Италија, Словенија и Турција. Централен настан на саемот беше

Конференцијата за енергетска ефикасност во градежништвото во организација на Агенцијата за енергетска ефикасност на Република Србија. Целта на презентацијата беше натамошна изградба на „паметни“ згради со заштеда на енергија. Забележавме голем напредок и на Саемот и на фирмите учеснички, подготвеност со материјали и уникатни штандови кои го привлекуваа вниманието на посетителите. На Саемот успешно се претстави и македонската компанија „АДИНГ“. Е.П.


градежништво

3

22 април 2011 ПОРТА

25


архитектура

14

ArchDaily ги прогласи најдобрите

дијаманти ја крунисаа архитектурата во 2010 РЕЛЕВАНТНОСТ

Изборот за најдобри објекти се врши секоја година на архитекти чии проекти се реализирани во тековниот период, а се номинирани и изгласани од страна на посетителите на овој релевантен медиум за архитектура

Признанијата ArchDaily се доделуваат секоја година на архитекти чии проекти се реализирани во тековниот период, а се номинирани и изгласани од страна на посетителите на овој релевантен медиум за архитектура. Селекцијата вклучува проекти окарактеризирани со јаснота во изразот, предизвици во структурата, и нови пристапи во програмирањето и изборот на материјали за градба. Со тоа, овој избор не се базира на популарност туку на солидност препознаена од страна на стручната јавност. Во овогодишното гласање учествуваа над три илјади читатели, кои ги определија победниците меѓу номинираните во секоја од четиринаесетте категории.

Категорија Станбена зграда 60 Richmond East Housing Co-operative 60 Richmond East Housing Co-operative е еден од последните проекти на Teeple Architects. Оваа единаесеткатница со 85 целини за комбинирана употреба е еден од првите објекти од овој вид во Торонто, Канада. Објектот е добитник на повеќе награди, меѓу кои и Design Excellence Award (2010) од Асоцијацијата на архитекти на Онтарио, како и LEED - златен сертификат. Примарната намена на објектот е сместување на вработените во угостителството и туризмот. Комплексот содржи целосен систем за производство и преработка на храна. И покрај тоа што не се работи за големи количества, постои затворен круг на производство: ресторанот и кујната се снабдуваат со градинарски продукти кои се одгледуваат на терасите на шестиот кат, градините се наводнувани од покривните системи за иригација, а отпадот од органско потекло што се генерира во кујната се користи за наѓубрување на почвата. 26

3

ПОРТА

22 април 2011


архитектура

Категорија Приватна куќа Hunsett Mill Проектот Hunsett Mill е дело на архитектите од ACME, изградено во Норфолк, Англија. Се работи за живеалиште сместено во амбиент на природна и создадена идила. Објектот е активно позитивен во однос на локалната екологија. Дури и изгледот донекаде е инспириран од минималното влијание врз околината: робусна форма, чиста и едноставна, со надворешност која се вклопува во амбиентот. Објектот имал долга и неславна историја на доградување и обновување, а последните интервенции го доведуваат неговиот изглед најблизу до првобитната и оригиналната форма. Играта со традиционалните и современите материјали е максимално присутна, но речиси незабележителна. Објектот е скоро сосема самоодржлив: секоја просторија има максимален прилив на дневна светлина, има вградени геотермални пумпи за извлекување на подземна топлина, пасивно соларно греење и независен бунар со кој се снабдува со вода за пиење и техничка и санитарна употреба.

Категорија Индустриски објект Laposa Winery Новиот објект на винаријата Лапоса е проект излезен од Ателјето на Петер Кис. Градбата е лоцирана во Унгарија, на еден од винските поседи на нејзините основачи. Новиот објект е одговор на новите потреби создадени од технолошките унапредувања на производството и експанзијата на компанијата во областа на туризмот. Целта што е постигната е модернизирањето, но и зачувувањето на обележјата на винаријата. Следната градежна фаза која ја планираат сопствениците ќе опфаќа изградба на ресторан, простории за дегустација на вино, помал хотелски капацитет, како и изградба на вински пат кој ќе нуди едукативна содржина за посетителите. Инаку, целиот регион е дел од Националниот парк Балатон. Тоа значи дека градењето во таа зона мора да исполнува многу услови и критериуми. Заради вклопување во амбиентот, инспирација за изгледот на објектот е најдена во самата околина – насадите со лозници. Токму затоа, објектот е на еден кат, со чисти форми и разместеност која одговара на потребите за обработка на грозјето. 

3

22 април 2011 ПОРТА

27


архитектура Kатегорија Музеј North Carolina Museum of Art NCMA - North Carolina Museum of Art e дизајниран од страна на Thomas Phifer да одговара на потребите на една институција од ваков калибар. Покривната конструкција изобилува со овални окулари во паралелна поставеност, кои на волшебен начин ја исполнуваат просторијата со дневна светлина. При вакво осветлување уметничките дела добиваат видливост на белите ѕидови. Внатрешиот простор е замислен како една огромна соба, а просторниот континуум е одржан благодарение на преградите што не се доближуваат до висината на таванот. Секоја просторија има отворени агли со што е овозможена активна флуидност низ просторот.Уметничките дела се изложени без хронолошки редослед, што е мошне невообичаено во однос на искуството на посетителите. Отворените градини се простори каде што се изложени вајарските дела од музејската колекција. Околината на музејот е контраст на неговиот екстериер - бела правоаголна зграда во полиња со свилена трева, што само по себе остава силна импресија.

Категорија Угостителство Temporary Bar Секоја година студентите од Архитектонската школа Опорто се поканети да дизајнираат привремен бар, кој ќе ја претставува нивната институција на највисоко ниво како извонредно архитектонско решение. Брзата конструкција и ниската цена на градба се дел од условите што треба да ги исполнува. Барот, кој го осмислија Diеgo Aguiar и Teresa Otto, е висок 4,7 м, има површина од 9 м², и е сочинет од самостојни модуларни елементи во стилот на ИКЕА. Големите светлечки кутии распоредени во различни интервали, според длабочината на секој елемент, му даваат дополнителна атрактивност на барот преку формирањето необична текстура. Со импозантната висина, оваа светлечка кутија добива скулптурален карактер. Мрежата од лед-диоди, поставена зад белите кутии игра голема улога бидејќи ја претвора белата коцка, каква што е преку ден, во илуминациско шаренило кое одговара со диџејскиот сет навечер.

28

3

ПОРТА

22 април 2011

Категорија Јавен објект Bridge in Esch Пешачкиот мост во Еш, кој претставува вистинска атракција во Алзет Луксембург, е проект на Metaform Architects. Примарната идеја е да се создаде директна конекција меѓу срцето на градот и зелениот простор во паркот Галгенберг. Должината на пешачкиот мост изнесува 150 метри, а кај дизајнот воочлива е инспирацијата од филозофијата на минимализмот. Ваквиот објект е во остар контраст со околината во која се наоѓа. Главниот акцент е поставен на фасадната игра со колорит и светлина. Концептот за осветлување е производ на соработката со Speirs and Major Associates. Естетиката на овој објект е она што го прави уникатен, односно придонесува тој да биде нова изразита линија во имиџот на вториот по големина град во Луксембург.


архитектура Категорија Институција Vodafone Headquarters Станува збор за проектот на Barbosa & Guimaraes за Водафон, кој победи на конкурсот со слоган „Водафон живот, живот во движење“, лоциран во Порто, Португалија. Зградата е вистинска архитектонска интерпретација на ваквото мото, создавајќи импресија на динамика во окото, поигрувајќи ги сетилата, предизвикувајќи ја статиката. Како објект од институционален карактер се очекува да има линеарен дизајн, но оваа осумкатница наеднаш ги крши правилата со неправилните форми и балансираната динамика во изразот. Особеноста е во пластичноста на бетонот што дозволува креирање на невообичаени облици. Функционира и како градежно и како екстериерно решение, кое внесува кохезија во изгледот на овој монолитен објект.

Категорија Образовна институција Barnard College Соработката на Weiss/Manfredi на повикот на Barnard College резултираше со вистинско архитектонско ремек дело. Седумкатниот објект лоциран во Њујорк Сити, на површина од 98.000 квадратни стапки, беше во фаза на проектирање и изградба цели седум години. Конечно, Центарот Дијана е новото јадро на социјалниот, културниот и интелектуалниот живот на овој колеџ. Како градба потполно се вклопува во стилот на женскиот колеџ, кој од своето формирање во 1889 година, како филијала на Универзитетот Колумбија, претставува тивко интимно катче во интензивната урбана средина на Менхетен. Главна карактеристика се заедничките простории и халите наменети за спојување и комбинирање на уметноста, архитектурата, драмата и историјата.



3

22 април 2011 ПОРТА

29


архитектура Категорија Објект со спортска намена Richmond Olympic Ova По повод Зимската Олимпијада која се одржа во Ванкувер, Канада, како дел од подготовките беше изграден и проект на Cannon Design. Олимпискиот овал е конструиран како централен простор на урбаното крајбрежје, кое е уредено како комбинација на станбени, деловни и јавни простори. По завршувањето на олимписките игри, „Овал“ стана спортски и велнес центар. Неговиот дизајн е таков што одговара на потребите на најголем број спортови, но и други социјални активности. Со впечатливата форма која му е дадена, овој објект прерасна во симбол на регионот. Формата е инспирирана од заштитниот знак на градот. Покривот во целост е изработен од борово дрво настрадано од епидемија на штетници. Со тоа, нè само што е најголемиот покрив од дрво туку е и поттик за користење на „оштетено“ дрво, со цел намалување на економскиот удар што епидемијата го зададе на локалните компании кои се бават со сеча на бор. Најголемиот дел од другите користени материјали се исто така еколошки, за што говори и LEED®Silver сертификатот, што е необично достигнување за објект со вакви димензии и намена.

Категорија Ентериер Closet House Необичното решение на ентериерот на таканаречената Closet House им ја донесе наградата на Consexto. Се работи за обид за трансформација на простор од 44 м² во комплетно комфорно и практично живеалиште. Благодарение на елементите создадени за преместување и пренамена, оваа квадратура содржи пет одделни простории. Амбиентот е главно во натур дрво и пастелни бои со кои се постигнува визуелен ефект на комоција и пространост. Најголем дел од покуќнината е вграден во самиот објект, како што е случај со телевизорот, фиоките, плакарите, кујнските елементи... Едукативната нота на овој дизајн е тоа што служи како доказ дека е можно да се живее на мала површина во потполна удобност и софистицираност.

Категорија Сакрален објект Tampa Covenant Church Признанието за сакрален објект го доби студиото Alfonso Architects за Црквата на заедницата во Тампа, Флорида, САД - Tampa covenant church. Проектирана во 2010 година, црквата покрај светилиште вклучува и канцеларии за администрацијата, училнци со капацитет од 450 лица и паркинг. Проектот се базира на два постоечки едноспратни објекта, еден изграден во 1960, а другиот во 1990 година. Предизвикот што е реализиран со овој проект е создавањето интимен црковен кампус, преку обнова на надворешниот простор кој ги опкружува постоечките и новите објекти. Ентериерот и екстериерот на црквата се осмислени комплетно во пропорција со теолошките услови за градба и уредување. Голем дел од елементите што се препознаваат како обележја на објектот произлегуваат од симболите на религијата, на пример: три маслинови дрвја, седум кутии за свеќи, дванаесет прозорци во канцеларискиот дел и тн. Вкупната сума вложена во изградбата на овој комплекс изнесува 2.600.000 долари. 30

3

ПОРТА

22 април 2011


архитектура Категорија Обнова и пренамена Urban Outfitters Corporate Campus Наградата од оваа категорија ја доби Корпорацискиот кампус на Urban Outfitters, а е дизајн на Meyer Scherer & Rockcastle. Се работи за адаптација на четири историски згради на морнарицата во Филаделфија, САД, преобразени во деловен простор со идеален амбиент. Пренаменетите објекти порано биле дел од просториите на бродоградилиштето на морнарицата, до 1996 година, по што биле напуштени, а осум години подоцна и продадени во

приватна сопственост. Така, комплексот од овие четири згради доаѓа во сопственост на оваа команија за трговија со текстил и облека, која има вложено над 100 милиони долари за реализација на овој проект. Пространите волумени и пристапот на дневна светлина, кои некогаш биле клучни за производството, сега се фактор за зголемување на креативноста. Синтезата на четирите елементи: уметност, култура, економија и животна средина, резултирале со транформација на еден јавен производствен објект во приватен центар на креативноста. Овој проект ја доби и почесната АIА награда за архитектура за 2010 година.

Категорија Деловен објект Vakko Headquarters and Power Media Center REX се препознатливи по инвентивните структурални решенија и необичните идеи за употреба на материјали во градба. Ја освоија наградата во категоријата за најдобар деловен објект со зградата за Vakko and Power Media, лоцирана во Истанбул, Турција. Во објектот е сместена дирекцијата на турската модна куќа и медиумската куќа што е во иста сопственост, а просторот од 9.100 м² покрај канцеларии содржи и сали за модна презентација, конференциски сали, аудиториум, музеј и ресторан, како и тв и радио продукциски студија. Дизајнот интегрира челична структура што, покрај миксот на постоечката бетонска структура и комплексното внатрешно јадро, овозможува екстериерно објектот да биде перципиран како компактна целина. Структуралното „Х“ на стаклените панели на фасадата ја разбиваат монотонијата на надорешната форма преку контраст со огледалниот волуменозен финиш на врвот. Токму овој елемент на објектот му дава скулптурални карактеристики и ја потенцира неговата уникатност.

Категорија Култура BIG / Denmark Pavilion, Shanghai Expo 2010

подготви: Леонида Пенка БаША

Данскиот павилјон на Shanghai Expo 2010 им носи уште една ArchDaily награда на архитектите од бирото BIG. Објектот е интересен нè само од архитектонски и градежен аспект туку највеќе затоа што го доловува духот на Данска. Павилјонот претставува голема велосипедска патека, по која посетителите се возат со велосипеди достапни на самиот влез. Во средината на кружната патека е сместен голем базен исполнет со вода од крајбрежјето на Копенхаген, кое важи за едно од најчистите во светот и е отворен за пливање за посетителите. Во средината на базенот се наоѓа скулптура на „малата Сирена“, која е симбол на Данска. Изведбата е во челик обоен бело, со што се задржува ниската температура и покрај силното шангајско сонце. Она што е најважно кај овој објект е силната порака што ја испраќа, односно дека нештата што се добри за околината и заштитата на животната средина, нè секогаш значат одрекување од забавата или квалитетот. 

3

22 април 2011 ПОРТА

31


архитектура инфо сад

концертната сала „дизни“

Oбјектот нa новиот Дом на филхармонијата на Лос Анџелес e дело на фантастичниот дизајн на Френк Гери. Овој објект го сметаат за најсофистицираната концертна сала во светот, како во поглед на естетиката, така и во однос на акустиката. Неговата изградба е поттикната од визијата и дарежливоста на Лилијан Дизни, како и други донатори. Она што е најфасцинантно кај овој објект е впечатокот на лелеаво движење во просторот на масивните форми од челик.

индија

елегантен дом за челични птици

Во 2006 година, идејното решение на HOK International победи во изборот за дизајн на интернационалниот аеродром „Индира Ганди“ во Делхи. Комплетната изведба на објектот заврши кон крајот на минатата година. Резултат на инвентивноста и професионалноста е новиот хај-тек аеродром од светска класа, со капацитет од 100 милиони патници годишно. Вкупната површина на комплексот изнесува 450.000 m², а во неа се вклучени деловите од постоечкиот аеродром, како и издвоени паркиралишта за возниот парк.

србија

куќа "le corbusier"

Оваа куќа е семеен објект со вкупна површина од 215 м² и се состои од просторија за дневен престој, трпезарија, бања и библиотека, а капацитетот е три спални соби, од кои двете се наоѓаат на вториот спрат. Куќата е конципирана земајќи ги предвид минималните димензии на локацијата - 9x15 м. Со оглед на тоа што во непосредна околина на објектот постојат неколку предимензионирани куќи, чии сопственици главно живеат во странство, така што овие објекти се користени само во кратки интервали во текот на летото и зимата и практично се бескорисни, куќата "Le Corbusier" наспроти нив служи како пример за рационално искористување на просторот и инвестиција за реални потреби. 32

3

ПОРТА

22 април 2011


архитектура инфо шпанија

las Arenas Barcelona

Подзаборавената знаменитост на Барселона, Las Arenas за борби со бикови, прерасна во главен центар за уживање и забава благодарение на проектот на Rogers Stirk Harbour + Partners. Објектот од доцниот 19 век, денес е во ново, современо здание како обележје на новиот милениум во градот. Покрај задржувањето на автентичноста и шармот на старата градба, пред сè на фасадата, некои од изведените промени биле практични. Така, влезот е доведен на ниво на улицата, била направена подземна гаража со капацитет од 1.250 паркинг-плацови и биле ослободени над 47.000 м² простор за забавни, трговски, спортски, велнес и други содржини.

британија

одржливата убавица на херон јужна кореја

прегратка со природата Ann Demeulemeester Shop е проект на Mass Studies, кој е реализиран во Сеул, Јужна Кореја. Лоцирана во соседство кое нагло се има претворено од станбен во претежно комерцијален центар, оваа градба има за цел да вметне колку што е можно повеќе природа во секојдневието. На тој начин, проектот претставува засебен организам, плод на синтеза на природата и архитектурата, игра со ентериерот и екстериерот. Во комплексот, на површина од околу 700 м², се опфатени повеќе содржини и сите премини и заеднички простори се осмислени како максимално непосредни со природата и природните елементи. подготви: Леонида ПЕНКА БАША

Беа потребни повеќе од 12 години за објектот на Херон, дизајниран од Kohn Pedersen Fox, да стане комплетно олицетворение на првичниот концепт. Зградата со висина од 230 метри е лоцирана во Бишопс гејт, во срцето на Лондон. Обезбедува 40.836 м² деловен простор, вклучувајќи ресторан и „небесен“ бар на последните три ката. Овој објект е чист израз на уметноста во архитектурата, што поставува нови стандарди за изгледот и функцијата на деловните објекти. Објектот има добиено BREEAM признание за одржливост благодарение на јужната фасада која е фотонапонска, MIPIM награда за иден објект во 2008 година во категоријата високи градби, како и награда за најдобар инженеринг за безбедност од пожар.

3

22 април 2011 ПОРТА

33


урбанизам

Париз

Геода е дело на архитектот Адријан Фансилбер. Свечено е отворена на 6 мај 1985 година. Подоцна таа е споена со Музејот на науки и индустрија. Тоа е сферичен објект со дијаметар од 36 метри во кој е сместена кино салата ИМАКС. Лушпата на сферата е покриена со 6.433 идентични, триаголни и огледални челични панели.

Урбаниот парк Вилет 34

Потребата од поголеми зелени зони во Париз резултира со пренамена на старите градски кланици во современ урбан парк 3 ПОРТА

22 април 2011

П

росторот каде што се наоѓа паркот Вилет, кој денес е дел од северноисточниот дел од централното градско јадро на француската метропола, има долга историја во однос на намената на овој јавен простор. Сè до 20 век, во овие североисточни делови на Париз биле сместени сиромашните станбени квартови, кои тогаш биле предградија на градот, а со појавата на индустриската револуција во Европа, во истиот дел се лоцираат и главните индустриски зони. Со Османовото преструктуирање на

урбаната слика и зголемувањето на градот во средината на 19 век, се појавуваат и низа пропратни промени поврзани со тенденцијата на зголемувањето на квалитетот на животот на граѓаните. Позната е потребата од целосно прочистување на старите средновековни квартови на градот поради присуството на заразни болести, големата влага и недоволната осонченост. Како дел од овие мерки за зголемувањето на степенот на санитарната култура е и преместувањето на сите градски кланици на посебен дел од градот.

Наполеон Трети со декрет од 1867 година, одлучува дотогашните „јавни кланици“ да бидат преместени во Вилет. Дотогаш кланиците биле дел од самите месарници или „егзекуцијата“ на животните се одвивала на отворено, на самите париски улици. Тоа предизвикувало непријатна миризба, крв по улиците и една слика која била во комплетен контраст со амбициите на оваа европска метропола која важела за лидер во културниот и економскоиндустрискиот раст на континентот во овој историски период. На


урбанизам

Cité de la Musique

Претставува еден од главните амблемски објекти во паркот Вилет, а негов архитект е Кристиан де Портзампарк. Се состои од амфитеатар, концертна сала која може да варира со капацитет на гледачи од 800 до 1.500, музеј на музика кој опфаќа колекција на класични музички инструменти од 15 до 20 век, како и простори за изложби, ателјеа и архива. Свечено е отворен на 7 декември 1995 година.

просторот, на делот од градот наречен Вилет, биле изградени три хали од челична конструкција, од кои една голема и две помали кои служеле како главна градска кланица наречена „Големите Кланици“ на Париз. Кланиците функционираат од 1867 до 1979 година, кога повторно се појавуваат нови потреби предизвикани од растењето на градот и новите технолошко-технички достигнувања од овој период. Последиците од забрзаниот индустриски раст веќе се

чувствувале и во втората половина од минатиот век. Новите станбени и трговско-деловни зони предизвикале ширење на градот, но и потреба за правопропорционално зголемување на зелените зони на градот. Моќта на државата повеќе не се изразувала со големите фабрички оџаци и огромните производствени хали што биле поставувани на видни места во градот. Имиџот на развиен град во седумдесеттите години на 20 век прераснал во една градска слика со високо развиена идеја и свест за потребата од

Музеј на науки и индустрија

Автор е Адријан Фансилбер. Свечено е отворен за јавност на 13 март 1986 година од страна на претседателот Франсоа Митеран. Објектот опфаќа простор од 150.000 м² и содржински е посветен на помладата популација, каде може да ги осознае научно-техничките достигнувања низ еден атрактивен и едукативен пристап на поставки низ пет нивоа.

чист воздух, потребата од зелени зони и парковски целини. Вилет во втората половина од минатиот век станал дел од централното урбано ткиво кое е заокружено од „периферикот“, односно париската заобиколница, и оваа локација за градска кланица повеќе не е посакувана за новото соседство.

КОНКУРСОТ

Првата идеја на градските власти за пренамена на локалитетот Вилет претставувала една станбена зона пропратена со социјални

и јавни содржини. Но, државата подоцна го ангажирала Париското ателје за урбанизам „АПУР“ за изработка на проектната програма за ревитализација на Вилет. Тогаш и била прифатена идејата за формирање на новиот парк Вилет, кој ќе биде новата зелена зона во градот. Францускиот историчар Даниел Водман за ова ќе истакне дека со новопредвидениот парк ќе се постигне рамнотежа помеѓу недоволно културно развиениот источен Париз со високо развиениот западен Париз. 

3

22 април 2011 ПОРТА

35


урбанизам

Cité de la Musique, ентериер

Парискиот Конзерваториум

Големата Хала

е единствениот доказ за претходната функција на Вилет кога во просторот од 20.000 метри квадратни била сместена главната кланица на Париз. Автор на објектот е Жил де Мерандол. Се изградила помеѓу 1865 и 1867 година од челична конструкција.

Во 1982 година бил распишан меѓународен архитектонски конкурс за ново решение на паркот и преадаптација на постоечките хали на локалитетот Вилет. Се пријавиле 805 архитектонски субјекти од 41 земја. Во конкурсните трудови веќе бил напуштен концептот на зонирање од шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век, а исчезнале и класичните затворени плоштади и стереотипни паркови. Жирито составено од звучни имиња, како што се архитектите Ренцо Пијано и Виторио Греготи, како и пејзажистите Пјер Доверњ и Пол Фридберг го усвоиле идејното парковско решение 36

3

ПОРТА

22 април 2011

на Бернар Чуми, францускиот архитект со швајцарско потекло. Еден од адутите на победничкиот труд е што со ова решение се овозможи и стимулција на оската север-југ на Вилет, како и оригиналноста на црвените видиковци - реперни објекти наречени Фоли, кои се поставени во замислена модуларна мрежа на секои 120 метри. Главните содржини кои биле предвидени во архитектонскоурбанистичкото решение се Музејот за науки и индустрија, Геодата, Зенит арената, Парискиот Конзерваториум и Site de la Muzik.

Сточна хала во Вилет, 2000 г.

Сточна хала во Вилет, 1950 г.

СТРУКТУРА НА ПАРКОТ

Морфолошки, паркот Вилет е поставен помеѓу две стари порти на Париз од вкупно седумнаесет, Порта Вилет и Порта Пантан кои во минатото го штителе градот од непријатели. Денес овие порти ја чуваат својата симболика, но и овозможуваат брза и непречена конекција со остатокот од градот. Тие се метро станици поставени на двата крајни пола на урбаниот парк. Во хоризонтала паркот е пресечен со каналот Урк, преку кого со планот на Чуми се градат пасарели и мостови поврзувајќи ги двата дела од паркот. Пристапноста до паркот Вилет е

овозможена со повеќе параметри. Освен метро станиците, постојат автобуска и трамвајска постојка на периферијата на паркот, а самиот парк е поставен тангенцијално на главната париска обиколница која овозможува лесно автомобилско поврзување со центарот, но и со околните предградија на метрополата. Постои и можност преку околните канали со мали бротчиња да стигнете до паркот, кои водат директно до средиштето на оваа најголема зелена зона во централното подрачје. Движењето на посетителите низ паркот Вилет е овозможено на повеќе начини и низ повеќе тематски


урбанизам

АДАПТАЦИЈА Вилет всушност претставува успешен пример за преадаптација на простор кој го изгубил своето значење во изминатиот век Градина на песочни дини

целини, кои се наоѓаат долж оските и шеталиштата. Без разлика од која страна, северна или јужна, има одличен пристап до паркот и во зависност од намерите на посетителот, тој лесно стигнува до сите дестинации. Во ова помагаат долгите перспективи на пешачките патеки, но и видиковците Фоли, кои ги има вкупно 26 на број, разместени на целата површина од паркот, па кога посетителот има и најмал сомнеж за местоположбата, само со искачување на неколкуте скали од Фоли добива лесна прегледност од птичија перспектива. Освен правите геометриски форми на пешачките патеки, постои и една

Челична конструкција, Бернар Чуми

органско-кривовидна пешачка патека која на еден егзотичен начин ги поврзува сите 12 тематски парковски содржини. Најпознати од нив се: бамбусовата градина, градина на песочни дини, змејовата градина, градина на сенките, градина на огледалата...

ТУРИСТИЧКА АТРАКЦИЈА

Културниот предзнак што го носи Вилет, денес овозможува рамнотежа во развиеноста на истокот и западот на главниот град на Франција. Овој парк претставува нов магнет на јавни собирања на луѓето и тоа на поголеми размери. Поранешната голема хала на Градската кланица,

Бамбусова градина Змејова градина

денес претставува голема концертна хала која се користи за различни спектакли. Граѓаните, но и големиот број туристи се постојани корисници на овој урбан простор. Во текот на изминатите триесеттина години од неговото постоење, Вилет прерасна во вистински културно-рекреативен центар со високи естетски, еколошки и научно-образовни вредности. Вилет всушност претставува успешен пример за преадаптација на простор кој го изгубил своето значење во изминатиот век. Додавањето на сосема нова функција и бројни содржини од различен карактер овозможува повторно раѓање на тој ист простор

кој во новите услови нè само што не му пречи на соседството туку и придонесува за зголемување на квалитетот на живеење на соседните станбени квартови и генерално, зголемување на пазарната вредност на околниот изграден простор. Со тоа целта на властите и урбанистите е постигната. Градот на светлината продолжува да пулсира со полна пареа и овозможува континуитет и самоодржливост на новопроектираните простори како што е примерот за урбаниот парк Вилет. д-р Александар Андовски,

доц. при Универзитет МИТ-Скопје

www.aleksandarandovski.webs.com

3

22 април 2011 ПОРТА

37


архитектура

Водата во градините и парковите ПЛАСТИЧНОСТ Основна физичка особина на водата е нејзината „пластичност“, односно можноста како „материјал“ да се приспособи во секаков облик

б

ез оглед на големината на водните површини, тие го оплеменуваат секој простор давајќи му ведрина и живост со своето преливање, прскање, како и чистота со бистриот и проѕирен изглед. Основна физичка особина на водата е нејзината „пластичност“, т.е. можноста како „материјал“ да се приспособи во секаков облик. Водната површина може да има статичен или динамичен карактер, во зависност од тоа дали е стоечка (езеро, бара, базен) или е протечна (алпиниум, поток,

38

3

ПОРТА

22 април 2011

водопад). Најважно од се е таа да има смирувачко до извесно трепетно дејство. Во малите градини се користи како дизајнерски елемент, меѓутоа на начин приспособен на околната средина. Поради доминантниот карактер на водата и нејзината можност да ги потчини сите останати елементи во градината, најдобро е на мали простори да се исползува во вид на фонтани и базени со помали димензии и едноставни облици. Еден од ефектите што ги создава водата е нејзиниот звук. Покрај

својот успокоителен ефект, таа претставува и извонреден звучен параван, односно добро апсорбира бучава. Различната текстура на површината по која водата тече го условува и звукот што самата го произведува. По рамни површини водата тече тивко, додека по стрмни терени создава турбулентни и погласни звуци. Мирната водна површина создава ефект на огледало во кое се пресликуваат сите околни елементи со својата целосна убавина. Исто така, водата не се користи само како

декорација, туку и како основен дел од градината со што ја презема доминантната фокусна улога.

македонија

Во Република Македонија во поново време постои тренд за изградба на водни елементи и површини. Во зависност од големината и местоположбата на индивидуалното земјиште се одредува и видот на водните елементи. Кај нас во пракса луѓето најчесто бараат совети и помош од стручни лица за изградба на базени со најразлични


архитектура

форми и димензии, алпинуми, мини езерца и фонтани. Во парковите, скверовите и другите поголеми површни од јавен карактер во градовите ширум земјата, водните елементи се во форма на фонтани, водоскоци и чешмички, со исклучок на Градскиот Парк во Скопје, во кој има добро развиен систем на канали и водни огледала.

класификација

Стилот на градината го диктира обликот и местото што водата го зазема. Иако е многу тешко да се

изврши класификација на стилот на градината, поради големиот број стилови кои се среќаваат во пејсажната архитектура, би можеле да ги поделиме во две основни групи: градини во класичен (геометриски) и градини во пејсажен стил. Во класичните градини одговараат едноставни и геометриски водни површини и елементи кои ќе бидат вклопени во композицијата. Едноставноста се одржува преку правоаголни или кружни облици. Во вакви градини можно е и присуство

на фонтани, посебно оние со скулптурален карактер. Водната површина треба да се види на сите главни точки во градината. Кај градините изградени во пејсажен стил водните површини претежно имаат неправилен облик со што би се прикажале идентично како и во природата. Кај овие водни површини се садат и различни барски растенија, опкружени со најразлични цветни и дрвни композиции чии бои и форми се отсликуваат во водата. Водоскоците во овие градини

често се поставуваат во близина на одморалишта со што создаваат пријатен амбиент за посетителите. Водата, како никој друг дел од градината, внесува изразити привлечни промени во пејсажната архитектура, кои се согледуваат во изгледот, звуците и во движењата во околината. Дури и кога е замрзната, нејзината површина впечатливо ги претставува контрастите на боите и градбите. Филип ФИЛИПОСКИ, дип.шум.инж.

3

22 април 2011 ПОРТА

39


репортажа

Прага

П

40

3

ПОРТА

22 април 2011

низ епохите (Специјално за Порта3 од Прага)

Адријана САВИќ, дипл.инж.арх.

фото: Дејан Давитков

рага е град кој претставува цивилизациска книга на Централна Европа. За секој љубител на архитектурата, културата и историјата е вистинското место за уживање. Од романтиката и готиката до функционализмот и кубизмот, главниот град на Република Чешка е место во кое мноштво архитектонски форми егзистираат заедно. Секоја ера од историјата на градот е рефлектирана низ архитектурата. И покрај тоа што во многу градови се присутни многу објекти од различни цивилизациски епохи, Прага плени со својата уникатна атмосфера која е мешавина на повеќе времиња вткаени во себе. Прага истовремено личи на типичен протестантски град како Антверпен и на католички град од Северна Италија, а сето тоа е надополнето со словенската топлина. Оваа разноликост се должи на присутноста на римокатоличката црква во типично протестантски амбиент, кој пак дише во словенски дух, а сето тоа сместено во посткомунистичка земја. Тоа е навистина збунувачки за некој архитект - турист кој недоволно е запознаен со историјата на Чешката Република, сè додека не дознаете дека Чесите всушност биле протестанти кои насилно биле конвертирани во католичка вероисповест за време на Австроунгарското царство. Поради овие причини, Чесите се и најмалку религиозниот народ во Европа, а веројатно и меѓу најслободоумните. Има и други збунувачки доживувања, на пример, кога шетате покрај реката Влтава пред вас е големиот Карлов дворец, и вие чуствувате струење на благ воздух и звуци на морски галеби, а знаете дека сте далеку од морето. Навечер, архитектурата на амбиентот е таква што ве обземаат прво романтични чуства, а потоа ноќна еуфорија. Центарот на Прага со реката Влтава е поделен на два дела, Стар град чија структура датира уште од 9 век и Нов град подигнат за време на владеењето на Карло Велики во 16 век, кој како император оставил значително влијание на прашката архитектура.Тој го изградил Карловиот Универзитет, Карловиот мост и дворец, кои се најзначајниот архитектонски бренд на Прага. Овие зданија се нешто што може само да се доживее и не може лесно да се опише. Не случајно од 1992 година, центарот, односно историскиот дел на Прага е под заштита на УНЕСКО.

романтиЗам

Пред портите на Карловиот дворец се наоѓа најстариот пример на романтизмот во Прага, Ротондата Св. Мартин. Таа е изградена во 1118 година во митската шума на Вишеград, и е отворена само за време на миси.


репортажа

УНЕСКО Центарот на Прага со реката Влтава е поделен на два дела, Стар град чија структура датира уште од 9 век и Нов град подигнат за време на владеењето на Карло Велики во 16 век, кој како император оставил значително влијание врз прашката архитектура. Од 1992 година, центарот, односно историскиот дел на градот е под заштита на УНЕСКО.

Готика

Готските влијанија доаѓаат од Франција во раните години на 13 век, донесувајќи попространи и поголеми градби. Некои од нив, поради нивната сложеност се градени и повеќе од 100 години. На прекрасниот плоштад со својата импозантност и помалку застрашувачки карактер се наоѓа Богородичната Црква. Ако ја видите осветлена навечер сигурно ќе ви го земе здивот. На истиот тој плоштад, се разбира, се продава варено вино, познатите колбаси и прашката пршута печени на ќумур. Карловиот мост, најпознатата туристичка атракција, е изграден во 1392 година, а барокните скулптури се додадени во 17 век. Кога минувате преку него,  пред вас е глетката кон Карловиот дворец.

3

22 април 2011 ПОРТА

41


репортажа



Барок

Многу од градбите на Прага изградени во времето на романтизмот добиле барокни фасади за време на реконструкцијата на градот во 16 век, по избувнувањето на големиот пожар. Замокот Троја на брегот на Влтава е вистински пример за барокот, изграден во 1675 година во прекрасна барокна градина со свое лозје. Внатрешноста е декорирана со богато фреско сликарство со сцени од животот на Хасбуршката династија. Раскошните скали водат кон градината што е украсена со прекрасни скулптури, јаболкници, фонтани и геометризирани форми на жива ограда. Овој замок сега е градска галерија на слики, а воедно во себе содржи и интимен вински музеј, каде што може да се купи и проба чешко вино.

Ренесанса

Примери на ренесансна архитектура се најочигледни во стариот град. Куќата „At the Minute“ е ренесансен бисер и со својата фасада е многу впечатлив објект. Градбата е изградена во 1620 година, и се претпоставува дека била продавница за тутун. Во оваа зграда живеел и Франц Кафка со неговото семејство, всушност тој тука го поминал целото свое детство. Пред неа се наоѓа спектакуларен италијански ресторан, така што може да ја гледате и од удобна перспектива.

Арт нуво

Концертната сала на Прага е изградена во духот на арт нуво од страна на познатиот чешки уметник Алфонс Муха, чија интенција била да креира тотална уметност. Тој ги дизајнирал сите елементи во објектот - самата градба, ентериерот, опремата, и употребените текстилни материјали. Внатре е сместена прекрасна градска кафеана, во која е вистинско задоволство да се испие едно кафе.

42

3

ПОРТА

22 април 2011

Неокласицизам

Музејот за фосили, минерали и разни артефакти, изграден со љубов на Венциславскиот плоштад, сосе својата богата колекција останал недопрен, и покрај тоа што објектот ги имал издржано несреќните времиња како што се бомбардирањето во Втората Светска војна, Прашката пролет и градењето на метрото во поново време.


репортажа Кубизам

Прага изгледа дека е единствениот град во кој Пикасовите кубистички идеи се применети во архитектурата. Оваа радикална форма на експресионизам може да се види насекаде, а најмногу на станбените блокови. Таков пример е куќата на Црната Мадона, изградена од бетонски скелет во духот на Чикашката школа. Архитектот Јозеф Гочар ја изградил во 1912 година, спротиставувајќи се на строгите правила за градење, кои биле во духот на неокласицизмот. Градските власти неколкупати го отфрлале проектот поради неговиот модерен карактер. По многу измени е направен баланс, навидум да личи на бараниот стил, а сепак да биде во духот на кубизмот. Била изградена за трговецот Јозеф Хербс со намена да биде трговски центар. Во неа се наоѓа таканареченото Ориент кафе, најубавиот пример за кубистички ентериер во светот.

Модернизам

Адолф Лос е највлијателниот архитект во ерата на модернизмот и секако, палатата Мулер е доказ за неговата генијалност. Сместена во најелитниот дел на Прага, познат уште како „Беверли Хилс“, оваа палата е направена за семејството Мулер, во која мирно живееле 18 години, сè до ерата на комунизмот кога им била одземена, и повторно вратена на нивната ќерка години подоцна. Во 2000 година, таа е продадена на градот, а по неколку реставрации, претворена во куќа-музеј. Овој објект е материјализација на идејата за економичноста и функционалноста. Дизајнот познат како Раумплан е видлив низ неколку нивоа на индивидуалните соби, а екстериерот е целосно бел со кубистичка фасада. На тој начин се случува целосен контраст со буржоаските ентериери од прашкото минато. Разгледувана како едно од најдобрите дела на Адолф Лос, таа ја илустрира својата вера во идејата дека просторот е нешто што треба да се доживее, „градбата треба да е нема однадвор, а да зрачи со богатство одвнатре“. Оваа вила е отворена само за приватни туристи. Во комбинација на модернистичко и кубистичко влијание, словенечкиот архитект Јоже Плечник ја има проектирано Црквата на жртвуваното срце во 1922 година како еднокорабен објект со масивна кула на која е поставен стаклен саат, кој остава изненадувачки ефект.

Постмодерната

Откога американските трупи, наводно несакајќи ја бомардирале Прага, тврдејќи дека сакале да го погодат Дрезден, градот останал со голем празен простор покрај реката Влтава. Таков бил сè до 1989 година, кога хрватскиот архитект Владо Милуниќ заедно со канадскиот архитект Френк Гери ја поставиле најконтравезната зграда во историјата на архитектурата, позната како "Dancing House" или „Фред и Џинџер“. Како иновативно деконструктивиситичка градба, и покрај контравезноста што ја носи со себе, таа е прифатена од жителите на Прага. Објектот е декларација на нови динамични идеи измешани со статичноста на архитектурата. На врвот се наоѓа француски ресторан со поглед кон Прашкиот дворец и Влтава. Иако оргинално е замислена како културен центар, денес е седиште на многу интернационални фирми.

Комунизам

Дефинитивно, епохата на комунизмот не остава убав впечаток ако гледаме од аспект на архитектурата на овој монструозен објект со два огромни столба, кој го претставува Чешкиот комунистички парламент.

Поради богататата архитектура, малку е неправедно да се каже што сè во иднина ќе биде изградено во Прага, дали ќе остане во сенка сето она што веќе е изградено, така што навистина останува голем предизвик за секој современ архитект да твори во овој спектакуларен град. 

3

22 април 2011 ПОРТА

43


наука

МИХАИЛ ТОКАРЕВ: 100 ГОДИНИ МОДЕРНА АРХИТЕКТУРА (107)

АВСТРИЈА (2)

Книга 2: Достигнувањата на одделните земји - резимирани извадоци

Р. Рајнер. Спортската сала, Виена. Основи со три функции и изглед

Р. Рајнер. Пливачката сала, Виена

К. Шланцер. Фабричкиот ансамбл BMW, Минхен Развојот на австриската архитектура е прекинат во 1938 година, кога земјата е присилно присоединета кон Германија, а голем број видни архитекти емигрираат. Поради тие причини, долго време по Војната, речиси сè до 1955 година се чувствува отсуство на јасни архитектонски идеи. Роланд Рајнер (1910-2004) е најзначаен творец од крајот на 50-тите години, кој се занимава со урбанизам и изградба на објекти од префабрикувани елементи, при што ја почитува и домашната традиција. Во 1953 година Р. Рајнер и А. Алто ја поделуваат првата награда на конкурсот за изградба на Градска спортска сала (Штатхале) 44

3

ПОРТА

22 април 2011

во Виена, а проектот е порачан кај Р. Рајнер. Штатхале (1958) има голема флексибилност во решението, бидејќи, зависно од потребите, таа може да се трансформира за различни спортски натпревари и за различен број гледачи, од 4.000 до 16.000. Обликувањето е направено со енергични форми од челик и алуминиум, кои јасно укажуваат на содржината. Со слични својства, Роланд Рајнер подоцна ја гради и Штатхале во Бремен, Германија (1964). Пливачката сала (Штатхаленбад) во Виена (1960) е сместена во непосредна близина на Штатхале, при што се истакнува со големите стаклени површини

и челичната конструкција со жив колорит. Концепцијата на Рајнер за новиот генерален урбанистички план на Виена има многу противници, но и покрај тоа, тој успева да ја спроведе. Карл Шванцер (1918-1975) е претставник на движењето од крајот на 50-тите години, кое во австриската архитектура се залага за градење на објекти со стаклена ѕид-завеса. Негово најзначајно остварување е Австрискиот павилјон на Светската изложба во Брисел (1958), во вид на објект со квадратна основа (56,5 х 56,5 м), чиј кубус се држи на четири внатрешни челични столбови. Павилјонот подоцна е демонтиран и пренесен во Виена, каде што повторно е составен

за потребите на Музејот на ХХ век. Карл Шванцер го гради и ансамблот на фабриката BMW во Минхен (1968-70) со административна кула чија основа има облик на четирилист кој лебди над хоризонталниот издолжен објект. Непосредно до неа е сместен изложбениот салон со необична форма во вид на чашка. Ото Швајцер (1890-1965) е автор на првобитниот проект за стадионот Пратер во Виена (1931), кој подоцна е трипати доградуван и реновиран (1959, 1965 и 1986). Основната концепција се состои од кружна форма во вид на спортска арена, заобиколена со приземје и два ката, изградени и обликувани со армиранобетонски скелет.


Покрив кој трае со генерации. ТОНДАХ Македонија АД ИГМ Пролетер бр. 1 МК- 2310 Виница е-маил: office@tondach.com.mk

Телефони: ++389 / (0)33 361 332 ++389 / (0)33 362 152 Факс: ++389 / (0)33 361 780 www.tondach.com.mk

ДООЕЛ ТАТЈАНА

DVORNIK

Лична заштитна опрема од 1990 8 Mарт, бр. 2, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3110 624 +389 2 3110 901 info@dvornik.com.mk Факс: +389 2 3110 546 www.dvornik.com.mk

liting@t-home.mk

070 387 535 070 385 585

Тел.: Тел.: 02 02 3122284 3122284 Орце Николов 93/8 alchimica.mk@gmail.com alchimica.mk@gmail.com www.alchimica.mk www.alchimica.mk

HY PERDESMO®

ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНА ЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА ЕЛАСТИЧНА на - 40С УВ - СТАБИЛНА

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА Mob: 071 673 ЕКОЛОГИЈА

895

e-mail: beta_beko@yahoo.com

канцелариски материјал друштво за производство трговија и услуги

„ГВ“ ДООЕЛ

Друштво за инжинеринг и изведба на објекти

ќ“ лам.2, 1/1-2 Ковачеви Ул. „Саваре он 77, Скопје

15 , 2720-2 2720-214 Тел: 02 акс: 2720-216 Ф

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606 E-mail: pelagskp@pelagonija.com.mk , pelagskp@mol.com.mk


ИЗРАБОТКА НА СИТЕ ВИДОВИ ПОДОВИ Ул. „Љубо Петровик“ 33, Скопје Тел/Факс: 02 26 27 391 Мобилен: 070 311 470

www.kb.com.mk

Контакт-центар: (02) 3 296 800

46

3

ПОРТА

08 април 2011

Б


спортски храмови

"Coface Arena" - Мајнц, Германија

Мајнц има ново лице

ФАКТИ ЗА "Coface Arena" - Мајнц, Германија Седишта: 33.500 Површина на градба: 45.000 м2 Отворање: 3 јули 2011 Придружни објекти: бизнис-клуб, медиа-центар, ресторан, 27 бар-шанкови, фан-клуб Дизајн: AGN Niederberghaus & Partner Инвеститор: Град Мајнц Проект Менаџер: Фердинанд Графе Мајнц нè само што и оваа година го потврди својот фудбалски квалитет во Бундеслигата, туку е еден од тимовите што сериозно вложува во инфраструктурата на спортските капацитети. На почетокот на следната натпреварувачка сезона, фудбалскиот клуб Мајнц 05 ќе добие нов дом, поголем и инфраструктурно помодерен стадион со капацитет од 33.500 места за своите фанови. Популарната Кофејс Арена веќе извесен период се гради за да биде замена за досегашниот Брухвег стадион, каде Мајнц ги играше средбите како домаќин. Црвена, карактеристична и уникатна. Ова се зборовите со кои европските архитекти накусо ја прокоментираа Кофејс Арената. AGN Niderberghaus&Partner, кои стојат зад потписот на новиот дом на Мајнц, велат дека нивната архитектура е комбинација на духот на традиционалните фази во градбата и функционалноста на модерните спортски стадиони. Лицето на Кофејс Арената ќе биде свртено кон градот, ќе импресионира со својот неконвенционален изглед, кој пак се базира на елементи на

црвениот лак кој се протега и во внатрешноста сè до фоајето. Стадионот, сепак, е замислен само како фудбалски. Тоа е тоа што од нив го бараше инвеститорот. Неконвенционален, британски стил на градба на стадион, со трибински простор близу до централниот терен, стрмен и полн со атмосфера. Вкупниот капацитет можеби за многумина на прв поглед ќе биде преголем за вистинските потреби на клубот, но од Мајнц објавија дека уште од сега 13.700 карти се резервирани за првите 5 сезони. Локацијата на изградбата на Кофејс Арената е многу близу до Универзитетот во Мајнц. Тоа ќе биде одлична можност и за подмладоците да бидат близу до тренинг камповите. Централната трибина ќе биде издигната на пет нивоа. На неа ќе бидат изградени и централните ВИП ложи, застаклени, од кои ќе има отворен поглед на сите трибини и делови од теренот. На простор од околу 3.000 квадратни метри ќе биде изградена и ВИП соба (центар), кој ќе се користи како простор за ВИП гости на натпреварите. 2.100 места ќе бидат одвоени во т.н. централна

ВИП ложа, а едно ниво над нив ќе бидат 160 новинарски позиции. „Црвената трибина“, која и сега е заштитен знак за најзапалените фанови на Мајнц ќе постои и на Кофејс Арената. За разлика од сегашниот стадион на Мајнц, оваа црвена трибина на Кофејс ќе биде од А категорија, со вкупен капацитет од 11.500 места. Црвените ѕидови по која е препознатлива, целосно се вклопуваат во совршенството на стадионот. Освен што е замислен како фудбалски стадион, новиот дом на Мајнц ќе има и многу други функционални карактеристики. На околу 3.000 м² се гради конференциски центар, еден од најголемите во областа. Покрај тоа, ќе има ресторан-тераса со поглед на централниот терен, фан-клуб, медиа-центар, неколку соби за организација на помали настани од 30 до 200 квадратни метри, како и бистро и кафе-бар. Добар дел од поттрибинскиот простор ќе биде искористен за поставување на помали шанкови по аглите кои ќе се изнајмуваат и ќе бидат во функција за време на одигрувањето на натпреварите. На сите делови во поттрибинскиот

простор на 27 локации ќе бидат поставени вакви шанкови за изнајмување, кај кои ќе може да се сместат и да добијат услуга од 13 до 20 лица. Со изградбата на новата модерна арена на Мајнц, секако се размислуваше и за сообраќајната поврзаност. Јадрото на транспортот на навивачите би требало да биде автобускиот превоз. Со оглед на изградбата на неколку постојки во близина на стадионот и отворање на нови трансферзали за автобускиот сообраќај, се претпоставува дека со автобуски превоз за еден меч на Мајнц на Кофејс Арената можат да бидат услужени околу 24.000 навивачи. Во состав на стадионот, секако, се гради и паркинг за 1.100 автомобили, но во функција ќе бидат ставени и еден паркинг за 4.000 автомобили кај Универзитетот во Мајнц, има дополнителни 600 места кои ќе останат кај стариот Брухвег стадион и уште 2.000 места кај саемот во Мајнц, кој е на само 10 минути пешачење до новата арена. Деновиве од клубот објавија дека официјалното отворање на новата арена се планира за 3 јули. Сашо Кузмановски

3

22 април 2011 ПОРТА

47


ентериер

Куќа C114“ во Приштина

Прозрачност и впечатлива естетика неодамна „Куќа С114“ ереализиран проект на ентериер во југоисточниот дел на Приштина. Се наоѓа во приградска населба и е опкружена со приватни семејни домови. Објектот

е составен од неколку целини, кои се распоредени на различни висини (меѓукатови) и го сочинуваат: подрум, кујна, трпезарија, дневна соба, три спални соби и три купатила. Автори на прокетот се архитекти од студиото

„Postarch“. Главниот влез се наоѓа на ниво на улицата, каде што главниот ходник е поврзан со подрумот од една страна и кујната од другата. Замислено е подрумот парцијално да служи како простор за технички простории, а другиот дел како вински подрум. Полиците за 750 вински шишиња се направени од локално дабово дрво, кое со колоритот мошне успешно се вклопува во материјализацијата на самата просторија. Подовите се поплочени со мермерна керамика, додека ѕидовите се обложени со тула. Впечатливото присуство на белата боја во кујната се простира на 48

3

ПОРТА

22 април 2011

целокупниот ентериер, и претставува добра подлога за дизајнерскиот мебел, кој поседува впечатлива естетика. На кујната се надоврзува дневната соба, која се наоѓа на ниво на меѓукат. Клиентот имал специфични желби за оваа просторија, и архитектите се обиделе да го усогласат неутралниот колорит на ѕидовите со малиот број на парчиња мебел за да не биде пренатрупана. Низ централниот дел на куќата се простираат скалила, кои исто така на целиот простор му даваат прозрачност и многу добро осветлување. Д.Б.


ентериер

3

22 април 2011 ПОРТА

49


ентериер

Софа FAVN

Шпанско-данска „прегратка“

50

3

ПОРТА

22 април 2011


ентериер

П

ознатиот дански произведувач на мебел “Republic of Fritz Hansen“ ја претстави софата FAVN на овогодишниот саем за мебел во Милано. За дизајнот на оваа софа бил задолжен необичниот шпански уметник Хаиме Хајон, кој и досега соработувал со дизајнерите на овој произведувач. Зборот FAVN преведен од дански јазик, всушност значи „прегратка“, а насловот доаѓа од желбата на дизајнерот да креира софа која ќе поседува извонредно ниво на удобност, впечатлива естетика и материјализација. Софата се состои од надворешен слој и внатрешен волумен на кој се седи или се лежи. Големината на софата може да варира, а идните купувачи можат да комбинираат десет комбинации на бои кои поединечно се однесуваат на тврдиот слој, внатрешниот слој и перниците. Токму ваквата можност на колорит, на најдобар начин ја покажува шпанско-данската соработка, бидејќи Шпанија е позната по темпераментните бои и шареноликата архитектура, додека Данска е позната по скандинавската умереност и леснотијата на облиците. Д.Б.

3

22 април 2011 ПОРТА

51


експерт

британски искуства

ПОМОШ ПРИ КУПУВАЊЕ НА СВОЈОТ ПРВ ДОМ (Специјално за Порта3 од Велика Британија)

д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ, дипл.инж.арх.

ПРОГРАмА На 5-ти април годинава, англиската Агенција за домови и заедници (Homes and Communities agency - HCa) ја промовираше програмата „Прво купување“ (first Buy) наменета за 10.000 потенцијални купувачи во Англија, кои во наредните две години планираат да го направат своето прво исчекорување на „станбеното скалило“ и да дојдат до својот прв стан или куќа

К

ога станува збор за домувањето во Велика Британија, вообичаено се зборува за „станбена скала“ (housing ladder) по која најчесто најголемиот дел од населението се искачува во текот на својот животен пат. Иако во Велика Британија официјално се станува полнолетен на 21 година, веќе со 16 години лицето може легално

52

3

ПОРТА

22 април 2011

да се вработи, а на оваа возраст престанува и законската обврска на родителите да се грижат за своите деца. Затоа секое лице со наполнети 16 години може да отпочне да ги следи патеките на претходните генерации и постепено како животно така и станбено да се осамостојува. Вообичаено, оваа животна патека води преку изнајмување соба во

куќа или стан, каде што живеат и неговите сопственици. Оваа пракса системски е поддржана од страна на државата, односно изнајмување соба во станбена единица во која живее и сопственикот е ослободено од плаќање данок на приход, доколку годишната наемнина не го надмине со закон пропишаниот износ. На овој начин се стимулираат

лицата (најчесто самци или брачни парови без деца) слободната соба во станот или куќата да ја издадат, со што тие ќе можат да го надополнат својот приход, а истовремено цената на наемнината ќе биде поднослива за лицето што ќе ја изнајми собата. Следната стапка на патот од „станбената скала“ води кон изнајмување соба во „колективен“


експерт стан или куќа, која се дели помеѓу повеќе лица кои имаат земено соба под наем, а заедничките простории меѓусебно ги делат. Во овој случај станува збор за комерцијално изнајмување соби во станбена единица, која подложи на сите даночни обврски. Наредната стапка најчесто е целосно изнајмување на стан или куќа, од која потоа се оди кон зачекорување на првата стапка од „станбената скала“ - купување стан или мала куќа. Ваквото однесување во голема мерка е стимулирано и насочено од страна на државата. Таа настојува да го сведе на минимум домувањето во станбени единици кои се во јавна сопственост или пак во сопственост на непрофитни станбени асоцијации. Оттука, домувањето во рамките на јавниот и непрофитниот сектор е резервирано исклучиво за лицата со сериозни здравствени проблеми, самохрани мајки, социјални случаи и лица со ниски примања, како и азиланти.

ЗАКОНСКИ ПРОПИСИ

Од друга страна, комерцијалното и долгорочно изнајмување на станбени единици, исто така, индиректно е дестимулирано со оглед на тоа што се очекува да не се изнајмува една иста станбена единица на две или повеќе години. Ова е резултат на законските прописи според кои, лице кое престојува повеќе од две години во една станбена единица се стекнува со станарско право, а тоа не им одговара на најголемиот број сопственици на станбени единици за изнајмување. Како резултат на ова, речиси секогаш постои правило да не се престојува две или повеќе години во една станбена единица, дури и доколку најмувачот треба со сите свои работи на најмалку 24 часа да се отсели од единицата, за формално да се заврши стариот и да се отпочне со нов договор за изнајмување. Исчекорувањето на првиот чекор од „станбената скала“ - купувањето на првиот стан или куќа секогаш е најтешко. Се разбира, овој чекор е уште потежок во условите на глобална и национална економска криза карактеризирана со зголемена невработеност, несигурност на работните места, намалени можности за вработување и плати, исклучително ниски каматни стапки

на штедните влогови кои реално ја намалуваат вредноста на капиталот заради зголеменото ниво на инфлација, отежнатиот и заострен пристап кон станбени кредити, итн. Како одговор на ваквата состојба, а со цел да се промовира долгогодишната определба за зачекорување на „станебната скала“, на 5-ти април оваа година англиската „Агенција за домови и заедници“ (Homes and Communities Agency - HCA) ја промовираше програмата „Прво купување“ (First Buy) наменета за 10.000 потенцијални купувачи кои во наредните две години планираат да дојдат до својот прв стан или куќа. Станува збор за програма според која, потенцијалните сопственици своите први станбени единици ќе можат да ги купат по цена од најмногу 280.000 фунти (околу 322.000 евра), а во исклучителни случаеви и до 300.000 фунти (околу 345.000 евра), во зависност од нивната кредитна способност. Програмата се однесува на оние домаќинства чијшто бруто годишен приход не надминува 60.000 фунти (околу 69.000 евра) освен за оние што живат во Лондон, каде што бруто годишниот приход на домаќинството не треба да надминува 74.000 фунти (околу 85.000 евра). Во купувањето на избраната станбена единица тие ќе треба финансиски да учествуваат со удел од 80 проценти, а тоа може да биде комбинација од учество во готово и комерцијален станбен кредит кој треба да го исплаќаат. За останатите 20 проценти од вредноста на објектот тие ќе добијат „учеснички заем“ (equity loan), од кој 50 отсто ќе биде финансиран од страна на градежната фирма која ја изградила станбената единица, а другите 50 отсто од страна на „Агенција за домови и заедници“, која за таа цел ќе има пристап до владин фонд во вредност од 210 милиони фунти (околу 241,5 милиони евра). „Учесничкиот заем“ се доделува на период од 25 години, колку што е и вообичаениот период на

исплата на комерцијален станбен кредит. Во текот на првите пет години купувачите нема да треба да плаќаат надомест за „учеснички заем“. Од почетокот на шестата година, тие ќе треба да плаќаат надомест од 1,75 проценти од вредноста на заемот на годишно ниво, што ќе се плаќа во месечни рати, со тоа што овој надомест од седмата година ќе се зголеми на годишно ниво, во согласност со зголемувањето на еден од индексите за покачување на цените на државно ниво, плус еден насто (на пример, ако индекстот е три насто, тогаш купувачот ќе треба да плаќа четри проценти). Доколку купувачот сака да ја продаде станбената единица пред рокот на исплатата на „учеснички заем“ од 25 години, или пак сака предвремено да го исплати комерцијалниот станбен кредит, без да земе нов станбен кредит, тогаш „учесничкиот заем“ доспева за наплата. Во тој случај, давачите на „учесничкиот заем“ ќе ја делат пропорционално со купувачот капиталната добивка или загуба од продажната, или проценетата вредност на станбената единица. Потенцијалните купувачи нема да можат да купат која било станбена единица. Тие ќе треба да изберат од оние што ќе ги нудат службите на „Агенцијата за домови и заедници“, а кои ќе бидат избрани врз основа на пропишани критериуми од поднесените понуди на градежните фирми. Притоа, како клучни критериуми за селекција ќе бидат роковите за испорака на единиците, вклучително со пристапноста до станбени единици, програмите за изградба, сопственоста на земјиштето и резултатите од претходните испораки на станбените единици, видот и разноликоста на објектите, стандардите и цената. Програмата „Прво купување“ сигурно ќе биде добродојдена за потенцијални купувачи во Англија, кои ќе сакаат да дојдат до својот прв стан или куќа во наредните две години, но ќе им помогне и на градежниците во обезбедување на пласман

за своите производи.

ПОЛЕМИКИ

И покрај овие предности, предложената програма е предмет на полемики дури и пред официјално да биде промовирана. Така одредени аналитичари (во „Times“, 26.03.2011: 66-67) укажуваат дека можеби промоцијата на програмата не доаѓа во најдобриот период со оглед на тоа што се очекува пад на цените на станбените единици, со што потенцијалните купувачи можат да се доведат во несакана финансиска ситуација во која вредноста на земениот станбен кредит и „учеснички заем“ е поголема од пазарната вредност на станбената единица. Исто така, се наведува дека алоцираните финансиски средства во владиниот фонд можеби не се најдоволни со оглед на тоа што ќе бидат доволни да им помогнат само на околу пет проценти од оние што го купуваат својот прв стан или куќа во наредните две години. Не се отсутни и размислувањата дека предложената програма оди повеќе во прилог на градежниците и на банките што можеби ќе бидат поголеми добитници од програмата, за разлика од купувачите. Како и да е, некои домаќинства најверојатно ќе зачекорат по првпат на „станбената скала“, која понатаму би ги водела кон купување на поголеми станови или уште подобро куќи, и тоа во подобрите квартови на градовите, за на крај по „напуштањето“ на децата да почнат да размислуваат за купување на помал стан или помала приземна куќа каде ќе се поминат пензионерските денови.

3

22 април 2011 ПОРТА

53


екологија

проектот grEEn За подобро еколошко работење

Проектот на европската мрежа на претпријатија за „позеленување“ на бизнисот се стреми да придонесе кон подобрување на еколошкото работење на малите и средните претпријатија од прехранбената и индустријата за градежни материјали во Европа

в

о услови на сè поголема конкуренција на пазарот, претпријатијата се соочуваат со потребата од континуирано унапредување на ефикасноста и продуктивноста во своето работење. За да бидат успешни на глобалниот пазар, претпријатијата настојуваат секогаш да одат чекор понапред од тековните случувања, а со цел да се здобијат со неопходната конкурентска предност пред другите. Улогата на квалитетот на производите и услугите, во овој контекст, е од клучно значење. Примената на нови или унапредени технологии, трансферот на знаење и вмрежувањето со најразлични организации за поддршка, може да им помогнат на претпријатијата во процесот кон подобрување на перформансот. Една од сè почесто применуваните алатки за унапредување на организацијата во претпријатијата претставува воведувањето на различните менаџмент системи, засновани на меѓународни стандарди. Со нивното воведување

54

3

ПОРТА

22 април 2011

нè само што се подобрува организацијата во фирмата, среденоста на документите и записите, туку и се распределува надлежноста и работните обврски на сите вработени. Дополнително, со долгорочно одржување и подобрување на системот, претпријатијата градат солидна основа за следење на клучните перформанси, усогласување со законските обврски од областа што ја покрива стандардот, а се воведуваат и мерки за континуирано подобрување. Постојат најразновидни серии стандарди, на пример ИСО - за квалитет (9001), за безбедност на производите (22000), за безбедност на информативни системи (27001), за енергетска ефикасност (16001), за заштита и намалување на влијанието врз животната средина (14001); или ОХСАС - за безбедност на вработените (18001), итн. Секое претпријатие треба да ги идентификува сопствените и потребите на своите клиенти, односно партнери и да го имплементира

најсоодветниот стандард. Зголемената грижа за штетното влијание на економијата врз животната средина започна со објавувањето на Брундтланд Извештајот во 1972 год., што ја алармираше пошироката јавност за влијанието на економските активности врз животната средина и човековото здравје. Потоа, следеа и Самитот во Рио, Кјото Протоколот и серија други настани за подигнувањето на свеста кај претпријатијата во однос на заштитата на животната средина. Важно е да се напомене дека имплементирањето на системот согласно некој стандард не мора да е проследено и со трошоци за негова сертификација/ верификација, туку претпријатието може да го воведе заради подобрување на перформансите.

Зошто да се мачиме?

Воведувањeто на системот за заштита на животната средина го менува начинот на размислување и пристапот кон намалување на негативните влијанија

врз човековата околина, го преструктуира работењето на претпријатието и ја подигнува свеста. Истовремено, го подобрува и перформансот, поради воведувањето анализи за секој процес одделно, користењето на ресурси - енергија, вода, суровини, материјали и видовите и количините на произведен отпад. Се врши анализа на сите релевантни аспекти од работењето и се рангираат влијанијата од дефинираните аспекти. За идентификуваните значајни влијанија се прават цели и менаџмент програми како да се постигнат целите. Следењето се врши преку индикатори на еколошкиот перформанс, како на пример: потрошено количество енергија, ниво на штетна бучава врз околината, број на потрошени картонски кутии/амбалажа, рециклирани материјали, реупотребена количина вода во технолошки процеси и слично.

можности

Постојат бројни извори на информации и услуги од доменот


екологија

на заштита на животната средина. Еден од начините за информирање околу можностите за унапредување на перформансот во однос на животната средина е преку GREEN проектот (www.green-eu.net). Проектот GREEN (Greening business through the Enterprise Europe Network) се стреми да придонесе кон подобрување на еколошкото работење на малите и средните претпријатија од прехранбената и индустријата за градежни материјали во Европа. Тој претставува иницијатива на 11 партнерски организации - членки на најголемата европска мрежа за поддршка на бизнисот - Enterprise Europe Network (www.enterpriseeurope-network.ec.europa.eu). Оваа Мрежа нуди бесплатни услуги од областа на бизнисот, технолошка и истражувачка соработка на европските претпријатија преку своите 600 организации во 46 земји. Во Македонија услугите на Мрежата се обезбедени преку Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија – ЕИИЦМ (www.een.mk).

GREEN партнерите што доаѓаат од 10 европски земји настојуваат да ги поддржат малите и средните

претпријатија од наведените сектори при справувањето со предизвиците за унапредено

еколошко работење, како и зголемување на капацитетот на партнерите при пружање на услугите за поддршка на претпријатијата. Придобивките за претпријатијата се огледаат во зголемено познавање на националното и европското законодавство за животна средина, олеснет пристап до услуги од областа на животната средина на локално и европско ниво, контакти со потенцијални партнери од цела Европа за бизнис и технолошка соработка како и за заедничко учество на европски истражувачки проекти и подобрено еколошко работење. Проектот е финансиран од Програмата за конкурентност и иновации на Европската комисија. Подетални информации за проектот, како и за можностите за добивање на бесплатни услуги од Мрежата може да се добијат кај GREEN партнерот од Македонија (воедно член и на ЕИИЦМ) – Фондација за менаџмент и индустриско истражување (www.mir.org.mk). м-р Игор РИСТОВСКИ

3

22 април 2011 ПОРТА

55


екологија

биомасата и нЕјзинитЕ МоЖноСти во македонија Постојат некои работи кои секојдневно нè опкружуваат и се дел од нашето секојдневие. Работи кои можеме да ги искористиме за

подобрување на нашето живеење. Некои од нив на прв поглед може да ни предизвикаат одбивност и 56

3

ПОРТА

22 април 2011

негодување, но дали би ги гледале на ист начин доколку би знаеле дека истите тие работи би можеле да ни донесат подобрување на квалитетот на нашето живеење и можност за профит. Биомасата отсекогаш претставувала извор на енергија за човекот. Најпрвин како храна, односно како гориво за човековиот организам, а понатаму и како топлина, електрична енергија, како и добивање на горива (биодизел). Според некои анализи, биомасата претставува четврти најголем извор на енергија, со вкупна застапеност од околу 15% од светската примарна енергија. Под поимот биомаса се подразбираат биолошки разградливите материи кои се создаваат во земјоделството и сточарството, како и биолошки разградливите материи кои се составен дел на комуналниот и индустрискиот отпад. Биомасата

Годишното количество на создаден комунален отпад во Република Македонија во 2008 година изнесувало 349 кг по жител или 0,9 кг по жител на ден. Целта на Европа во периодот што следи е оваа бројка да се намали под 300 кг создаден отпад по жител на ниво на целиот континент.

генерално може да се подели на: дрвна биомаса (остатоци од шумарство, неупотребливи дрва, брзо растечки дрвја), не-дрвна биомаса (алги и треви, остатоци и отпадоци од земјоделството и сточарството, како и животински отпад и остатоци од храна).

податоци

Според податоците на Државниот завод за статистика на Македонија, вкупното количество на собран комунален отпад во 2008 година изнесувало 531.281,900 тони, додека количеството на создаден комунален отпад изнесувало 713.564,298 тони. Но, за жал, многу мал дел од оваа количина си ја наоѓа својата вистинска намена, а тоа е да биде искористена, односно претворена во енергија. Годишното количество на создаден комунален отпад во Република Македонија во 2008 година изнесувало 349 кг по жител или 0,9 кг по жител на ден. Во нашиот главен град Скопје се создаваат

околу 175 илјади тони комунален отпад, а се собираат околу 152 илјади тони, при што околу 90% од населението користело комунални услуги. Процентот на население што користи комунални улуги на ниво на цела територија на Македонија изнесува 77%. Целта на Европа во периодот што следи е оваа бројка да се намали под 300 кг создаден отпад по жител на ниво на целиот континент.

енергија

Идејата првично лежи во промовирањето и употребата на енергии кои не ја загадуваат животната средина, и воедно истата ја заштитуваат. Таков е случајот со искористувањето на биомасата. Комуналниот отпад во голем дел се состои од биомаса, која може да биде искористена со што ќе се заштити средината (намалување на количината на отпад), и истовремено ќе се добие енергија. Моментално биомасата најмногу се користи за добивање на тополотна енергија,


екологија

но секако дека може и треба да се користи за производство на електрична енергија. За споредба колку е значајна енергијата добиена од биомасата доволно е да се набројат неколку примери кои ќе ни ја разјаснат целата ситуација: 2,5 килограми биомаса се доволни да заштедат еден литар нафта, 1,1 м3 гас или пак 9,72 kWh електрична енергија. Исто така, претходно наведената количина биомаса е доволна да замени 2 килограми јаглен. Од материите што најчесто се користат како биомаса треба да се спомене дрвната маса, односно остатоци од дрва и растенија кои не можат повторно да се употребат на ни еден друг начин освен како потенцијален извор на енергија. Овој вид биомаса може да се искористи како дополнително гориво во постројките за производство на електрична и топлотна енергија, или пак може да се преработи во течни и гасовити горива, кои ќе најдат своја примена во домаќинствата и

во автомобилската индустрија. Иако преку согорување на биомасата се испуштаат одредени количини штетни гасови, заменувањето на добиена енергија од нафта со добиена енергија од биомаса е далеку покорисно за Земјата. Иднината на биомасата треба да се нагласи и со константното поскапување на електричната енергија, а тоа дополнително треба да го стимулира искористувањето на биомасата и нејзините можности за произведување на топлина и електрична енергија. Искористувањето на биомасата се исплати само доколку местото на нејзиното настанување е во близина на местото на нејзиното искористување (околу 10-15 км) поради цената на транспортот. Депонијата ,,Дрисла“ е идеална според карактеристиките, капацитетот и оддалеченоста од центарот на главниот град Скопје, најголемиот создавач на отпад во државава. Исто така, вреди да се спомене за постоењето на

активни депонии (повеќето диви) во близина и на другите градови на нашата држава, при што со воведување на потребните мерки и активности истите би можело да се приспособат за искористување на можностите што ги нуди биомасата.

мани

Недостаток на биомасата е тоа што таа има помала концентрација на топлинска моќ во однос на другите извори на енергија, а тоа бара извршување на поголем обем на работа при нејзиното собирање, транспорт и складирање. Примената на биомасата за производство на енергија претставува еден од принципите на одржливиот развој, што сам по себе претставува еден комплексен приод кој доколку се почитува има за цел да го подобри квалитетот на живот на човекот, како и животот на сите други живи организми. Никола НЕШКОСКИ,

дипл.еко-инж. за животна средина

ДРИСЛА Искористувањето на биомасата се исплати само доколку местото на нејзиното настанување е во близина на местото на нејзиното искористување (околу 10-15 км) поради цената на транспортот. Депонијата ,,Дрисла“ е идеална според карактеристиките, капацитетот и оддалеченоста од центарот на главниот град Скопје - најголемиот создавач на отпад во државава.

3

22 април 2011 ПОРТА

57


еко инфо страЗбур

вредности на емисијата за лесните комерцијални возила

Две години по усвојувањето на правилата за емисијата на CO2 од автомобилите, Европскиот парламент конечно ја донесе Одлуката за ограничување на емисијата на јаглероден диоксид од новите лесни комерцијални возила во Европската Унија. Според новите правила, емисијата на CO2 од оваа категорија возила треба да се намали од сегашните 203 g/km, на 175 грама по километар до 2014 година, и дури на 147 грама по километар до 2020 година. Новите правила предвидуваат и парични казни - за секој грам емитуван CO2 над дозволената граница, производителот ќе мора да плати 95 евра. (France- Presse)

билбао

најголем ветерен парк во светот

Шпанската компанија „Ибердрола“ соопшти дека започнала изградбата на ветерен парк во Североисточна Романија, за кој се предвидува дека ќе биде најголем во светот. Ветерниот парк со капацитет од 1500MW се гради во регионот Добруџа во близина на Црно Море, и се очекува комплетно да се заврши до 2017 година. Ова ќе биде прв ветерен парк, кој компанијата „Ибердрола“ го гради во Романија. Инвестицијата е проценета на 2,7 милијарди евра, а првите ветрогенератори ќе проработат до крајот на оваа година. Ветерниот парк ќе обезбеди електрична енергија за еден милион домаќинства, и истовремено ќе ја намали емисијата на CO2 за 1,25 милиони тони. „Ибердрола“ веќе има изградено ветерни паркови во Полска, Унгарија и Естонија.

(Energyobserver)

вашингтон

ветерна турбина со најниски трошоци

Најголемиот светски производител на ветротурбини, данската компанија Vestas, ја претстави својата нова турбина наменета за инсталирање во офшор електраните на ветер. Турбината има моќност од 7MW, дијаметар на роторот од 173 метри, и е дизајнирана за сигурно и доверливо производство на електрична енергија во услови кои владеат на Северното Море. Прототипот ќе биде довршен идната година, а сериското производство ќе започне во 2015 година. Меѓутоа стручната јавност е изненадена од конструкцијата на турбината. Германскиот производител и конкурент Siemens, за својата нова турбина со моќност од 6MW која ќе почне да се произведува од 2014 година, избра конструкција со директен погон. Таквото решение го редуцира бројот на делови на машината на половина, а со тоа ја намалува потребата за одржување, што е од исклучителна важност кај офшор турбините со оглед на атмосферските влијанија, кои знаат на подолг период да го отежнат пристапот на тимовите за сервисирање. Од друга страна пак, Vestas избрал погон со систем запчаници, кој овозможува одржување на средна брзина на работа на турбината, наведувајќи дека таа технологија ќе им овозможи на клиентите да имаат сигурно производство со најниски трошоци. (UPI) 58

3

ПОРТА

22 април 2011


еко инфо

бон

храната поскапа поради биогоривото е10!

брисел

попуст за десетте нови членки на еу

Европската комисија ги дефинираше правилата што ќе мора да ги исполнат десетте земји кои последни се приклучија на Европската Унија, доколку сакаат да се квалификуваат за ослободување од обврската за задолжителна аукциска продажба на правата за емисија на јаглероден диоксид. Имено, од 2013 година компаниите од ЕУ шемата за тргување со дозволи за емисии (EU ETS), не ќе можат бесплатно да ги добиваат правата на емисиите, туку поголемиот дел ќе биде продаван на аукции. Меѓутоа, со цел да се помогне модернизацијата на електроенергетскиот сектор, на десетте нови членки на ЕУ ќе им биде дозволено делумно ослободување од обврската за аукционирање. На тој начин, овие земји ќе продолжат со доделување определен процент бесплатни CО2 дозволи на електраните до 2019 година. Притоа, процентот на доделените бесплатни дозволи не смее да биде поголем од 70% во 2013 година, а потоа истиот постепено ќе се намалува до 0% во 2020 година. Тоа се: Бугарија, Кипар, Чешка, Естонија, Летонија, Литванија, Унгарија, Малта, Полска и Романија.

Воведувањето на новото биогориво E10 во Германија се покажува како вистинско фијаско. Потрошувачите го бојкотираат, на производителите им се закануваат казни, а сега и прехрамбената индустрија најавува дека поради новото гориво ќе мора да поскапи и храната. Имено, претставниците на Здружението на производители на храна веќе најавија дека цените на намирниците во Германија во просек ќе се покачат за 3%. Како виновник го посочуваат новото билошко гориво E10. Многу суровини кои се користат за производство на сточна храна, сега се пренасочени во производство на гориво кое потрошувачите не сакаат да го купуваат. И германскиот автомобилски клуб ADAC е загрижен поради последиците од воведувањето на горивото E10. Според претставниците на ADAC, оваа состојба ќе доведе до понатамошно поскапување на класичното (старо) гориво, со оглед на фактот што производителите се обврзани на производство и продажба на одреден процент биогориво, а во спротивно следуваат казни. Возачите не му веруваат на новото гориво бидејќи многумина и не знаат што тоа всушност значи, односно дека кратенката E10 означува присуство на етанол од 10%. Според лингвистите, ваквото име кај луѓето најчесто асоцира на додатоците во храната, односно емулгаторите.

(Reuters)

(Deutche Welle)

бар

транс јадранскиот гасовод низ грција

Според компанијата за проектирање Trans Adriatic Pipeline (TAP) регистрирана во Швајцарија, е дефинирана трасата на Транс Јадранскиот гасовод низ Грција. Гасоводот преку кој се планира увоз на природен гас од Каспискиот регион во Европа, преку Грција, Албанија и Италија, ќе влезе на грчка територија кај местото Неа Месимвриа, а ќе излезе на грчко-албанската граница северно од градот Дипотамија. Грчката делница на овој гасовод ќе биде долга 189 км. Трасата е усогласена со сите еколошки и други барања согласно анализите на стручњаците. Во април, TAP ќе организира состаноци со надлежните власти и здруженија, со цел да се потврди трасата и да се договори изработка на Студијата за влијание врз животната средина заради добивање дозвола за реализација на проектот во Грција. (energetika-net) подготви: Даниела мЛАДЕНОВСКА

3

22 април 2011 ПОРТА

59


арт дизајн

Т

они Орико (1979) е млад американски визуелен уметник, кој креира необични геометриски слики, кои честопати се темелат на правилата на симетријата и златниот пресек. Како изведувач и уметник во изминатиот период работи на серијата насловена Penwald Drawings. Покрај самите цртежи, многу е интересен и начинот на нивното настанување, што овој уметник го прават единствен. Сите слики настануваат преку перформанси, кои се реализираат во галерии и музеи за време на одржувањето на изложбите на овој уметник. Тони Орико покрај своето академско образование, во изведбата на овие цртежи го користи и богатото искуство како танчер во разни театарски трупи. Меѓу другото, тој е и поранешен член на Shen Wei Dance Arts и Trisha Brown Dance Company, а учествуваше на големата ретроспектива посветена на Марина Абрамовиќ во Музејот на Модерна Уметност во Њујорк. Она по што Тони Орико е препознатлив во уметничкиот свет, е што ги креира цртежите како стенограф, што всушност многу малку луѓе се способни да го направат тоа. Тоа значи дека потезите се креираат во текот на одредена игра кога уметникот ги движи рацете потполно симетрично, креирајќи дела на совршена симетрија. Неговите дела неодамна беа откупени од страна на Националната академија на науките во Вашингтон. Дејан Буѓевац

60

3

ПОРТА

22 април 2011

Сликата како стено г


о графска изведба

арт дизајн

ФИЗИЧКА УМЕТНОСТ Перформансите и цртежите на Орико, според критичарите, се вистински доказ за напорна работа и физичката природа на уметноста. Овие дела понекогаш тој ги изведува и во траење од 4 часа.

3

22 април 2011 ПОРТА

61


совети

СТАН ЗА ИЗНАЈМУВАЊЕ - Многу ќе ми помогнете ако ме посоветувате како да го уредам станот што сакам да го изнајмувам за подолго време. Станот е мал и не би сакала многу да вложувам во негово опремување. Радмила, Скопје

потоа

пред

Б

идејќи во станот ќе живеат луѓе со различни стилови на живеење, различни активности и афинитети, станот треба да се уреди така за да е привлечен за секого. Тоа значи дека ентериерот треба да е пријатен, едноставен за одржување, да има мерка, текстура, топлина и тактилност. Минимализмот како база е идеален за дополнување, па во понатамошното уредување секој лесно ќе се снајде. Најдобар пример за хармонија и склад треба да се бара во природата, која е непогрешлив учител. Затоа во ентериерот нека преовладуваат природните земјани тонови во сите нијанси. Ѕидовите бојадисувајте ги во светла боја, но не и во бела која најмногу ги покажува нерамнините и нечистотијата на ѕидот. Изберете мебел со едноставни линии, кој се склопува и расклопува, но да не е лесно кршлив и лесно запалив (мебел од трска,бамбус, пластика). Добро би било да сошиете или купите прекривки за седечката гарнитура. Тие се навлекуваат преку гарнитурата, а можат релативно често да се перат во машина за перење алишта. Под умивалникот и над фрижидерот поставете висечки елементи и орманчиња во кои може да се сместат многу работи, а да се избегнат гломазните

62

3

ПОРТА

22 април 2011

плакари. Кујнската врата која се отвора заменете ја со лизгачка со што ќе се овозможи спојување или раздвојување на просторот. Кадата е најдобро да ја замените со туш кабина. Килимот не треба да е со големи димензии, или

наместо него поставете памучни черги кои лесно се одржуваат. Огледалата се популарни како украс, ја зголемуваат просторијата, а лицето што се гледа во него е посреќно. Кога го поставувате, внимавајте да го поставите на

место кое овозможува во него лесно да се огледува некој ефектен пејсаж (градот ноќе). Билјана СТЕВКОВСКА-САВИЌ,

дипл.инж.арх.

bibisavic@yahoo.com


најчудни градби

к

уќата во облаци е всушност водна кула во градот Торпенес во областа Суфолк, во Велика Британија. Кулата била изградена во 1923 година за да може да ја прими водата што се испумпувала од ветерницата во градот. Оригиналниот капацитет на водниот резервоар бил 230.000 литри. Мештаните дошле на идеја да го замаскираат резервоарот, а тоа се случило во 1977 година кога тој престанал да се користи, откако градот добил нова препумпна станица. Во 1979 год. целата структура на водниот резервоар се искористила за високо кренато живеалиште. Денес куќата во облаци е вистинска туристичка атракција. Располага со пет спални соби од кои две се со двоен кревет, купатило, трпезарија и посебна соба во поткровјето, која служи како еден вид панорамска зона од каде може да се гледа во далечината на хоризонтот. Во сопственост на објектот се и околните игралишта за голф и други спортски терени со што се реализирала идејата на авторот на објектот, Гленсерн Стјуарт Оливие. Тој сметал дека оваа област има убава природа и заслужува да им се понуди како место за одмор на луѓето. Куќата била посветена на блиска пријателка на Оливие, Малколм Мејсон која била писателка на детски приказни. Првично ја именувале како Газебо, но таа сметала дека името не е соодветно, па ја нарекла куќа во облаци (house in the clouds).

куќа во облаци Адаптацијата на водниот резервоар во куќа во облаци Оливие им ја доверил на архитектите од студиото Форбс Глен. Тие дошле на идеја, наместо само да се маскира структурата од резервоарот (според изгледот од 1977 г.), да се направи и класична куќа на смаиот врв. Така и сториле, па на височина од 70 метри била направена куќарка која

од далечината, низ високите дрвја изгледала како да лета. Затоа и ја нарекле куќа во облаци. Структурата од основата до куќата била адаптирана во соби за ноќевање. Куќата има шест ката, односно вкупно седум, ако се смета и поткровјето што не се изнајмува за ноќевање. Телото на кулата е направено од дрво во кафеава

боја, додека куќата на врвот има црвена боја. Во внатрешноста има 68 скали, кои се мали исто како што постои и отстапување од стандардната височина или растојание меѓу катовите. Досега биле извршени четири големи поправки и обновувања на објектот. Драган РИСТОВ

3

22 април 2011 ПОРТА

63


излог

Италијанскиот архитект AquiliAlberg ја дизајнирал спиралната подна ламба Evita за Kundalini.

Подвижен сад за лупење на компири од Tomas Kral кој ја олеснува работата на секоја домаќинка.

64

3

ПОРТА

Поради нивната мала димензија, колоритноста и невообичаената форма овие светилки предизвикуваат големо внимание. Изработени се од алуминиум во комбинација со поликарбонат. Дизајнирани се за Foscarini од страна на француската дизајнерка Ionna Vautrin. 22 април 2011


Данската дизајнерка Hanne Kortegaard ја претставува оваа столица во вид на школка, како дипломска работа од данското дизајнерско школо, која е наменета за млади луѓе, како и за деца и возрасни.

Инспирацијата за оваа трпезариска маса доаѓа од секојдневниот алат во градежништвото - глетарка. Дизајнерот Guilherme Torres сфатил дека формата на глетарката може да се истражи за да се создаде извонредно парче мебел и успеал во тоа.

подготви: Сандра ДОНЧЕВА дипл.инж.арх.

3

22 април 2011 ПОРТА

65


јавни набавки ИСПРАВКА НА УРЕДБАТА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА ЗА НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА НА ОТУЃУВАЊЕ, ДАВАЊЕ ПОД ДОЛГОТРАЕН И КРАТКОТРАЕН ЗАКУП, НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, СО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ, ПО ПАТ НА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ И СО НЕПОСРЕДНА СПОГОДБА, ВИСИНАТА НА ТРОШОЦИТЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ОТУЃУВАЊЕТО И ДАВАЊЕТО ПОД ЗАКУП, КАКО И ВИСИНАТА НА ЦЕНАТА НА ЗЕМЈИШТЕТО И НА ЗАКУПНИНАТА ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ОБРАЗЕЦОТ НА ЛЕГИТИМАЦИЈАТА И АМБЛЕМОТ НА ГРАДЕЖЕН ИСНПЕКТОР И НАЧИНОТ НА ИЗДАВАЊЕ И ОДЗЕМАЊЕ НА ЛЕГИТИМАЦИЈАТА

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 41/2011 ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 52/2011 Назив на договорниот орган: Град Скопје, бул. “Илинденска“ бб, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Конкурс за идејно решение за реконструкција на фасади на постојни објекти во централното градско подрачје на градот Скопје на Плоштад “Пела“, објект со адреса на ул. “Вељко Влаховиќ“ бр. 2 и ул. “11 Октомври“ бр. 4, согласно графички прилог. Контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт: Марија Петрова Блажевска. Плановите или проектите да се достават најдоцна до: 04.05.2011 година во 16.00 часот. БРОЈ: 07-03/2011 Назив на договорниот орган: Агенција за државни патишта, ул. “Даме Груев“ бр. 14, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изработка на техничка документација на ниво на проект за Инфраструктура и Основен проект за реконструкција и рехабилитација на патен правец од с. Липково – с. Арачиново до спој со автопатот за влез во Скопје. Контакт тел/факс: 3118-044, 3220-535, лице за контакт: Жаклина Стефановска Богдановска. Јавно отворање на понудите на ден 26.05.2011 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 42/2011

БРОЈ: 04-1/2011 Назив на договорниот орган: Општина Сарај, ул. “Рекреативен Центар“ бб, Сарај, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изработка на проектна документација и ревизија на проектна документација. Контакт тел/факс: 02 2057-996, 2057-990, лице за контакт: Арсим Рустеми. Јавно отворање на понудите на ден 03.05.2011 год. БРОЈ: 07/2011 Назив на договорниот орган: Општина Куманово, ул. “11 Октомври“ бб, 1300, Куманово. ПРЕДМЕТ: Изработка на атлетска патека во дворот на ОСТУ “Наце Буѓони“ – Куманово. Контакт тел/факс: 031 475-832, лице за контакт: Дарко Станојковски. Јавно отворање на понудите на ден 03.05.2011 год. БРОЈ: 0204-588/2011 Назив на договорниот орган: ГА-МА АД – Скопје, бул. “Свети Климент Охридски“ бр. 54, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изведување на градежни работи заради полагање на гасовод на приклучната делница 25, 26, 27 и 28 и МРС на објектот ТО Запад – Скопје и идни приклучоци на трасата, во вкупна должина од околу 8.000 м, а во се според условите и барањата од овој Оглас и Техничката Спецификација од Тендерската документација бр. 0204-588/2011. Контакт тел/факс: 02 3117-110, 02 3110-409, лице за контакт: Владо Петровски. Јавно отворање на понудите на ден 03.05.2011 год.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОНИШТУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ БРОЈ: 14/2011 Назив на договорниот орган: Град Скопје, бул. “Илинденска“ бб, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Конкурс за избор на идејно решение за Реконструкција на фасади на постојни објекти во централното градско подрачје на градот Скопје на Плоштад “Пела“, објект со адреса на: ул. “Вељко Влаховиќ“ бр. 2 и ул. “11 Октомври“ бр. 4. Контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт: Марија Петрова Блажевска.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 46/2011

ОДЛУКА ЗА РАСПРЕДЕЛБА НА СРЕДСТВАТА ЗА ИЗГРАДБА НА КАСКАДНИ ПРЕГРАДИ НА РЕКА ВАРДАР ЗА ОПШТИНИТЕ САРАЈ И ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

ПРОГРАМА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ГОДИШНАТА ПРОГРАМА ЗА ИЗГРАДБА, РЕКОНСТРУКЦИЈА, ОДРЖУВАЊЕ И ЗАШТИТА НА ДРЖАВНИТЕ ПАТИШТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА 2011 ГОДИНА

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 45/2011

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 47/2011

ЗАКОН ЗА ГАРАНЦИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА ОБВРСКИТЕ ПО ДОГОВОРОТ ЗА ЗАЕМ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРЕТХОДНИТЕ И ПОДГОТВИТЕЛНИТЕ РАБОТИ ЗА ПРОЕКТОТ “ЛУКОВО ПОЛЕ И ДОВОД НА КОРАБСКИ ВОДИ“, КОЈ ЌЕ СЕ СКЛУЧИ МЕЃУ МЕЃУНАРОДНАТА БАНКА ЗА ОБНОВА И РАЗВОЈ – СВЕТСКАТА БАНКА И А.Д. ЕЛЕМ

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА

ЗАКОН ЗА ГАРАНЦИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА ОБВРСКИТЕ ПО ДОГОВОРОТ ЗА ЗАЕМ, НАМЕНЕТ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТОТ “ВЕТЕРЕН ПАРК БОГДАНЦИ“, КОЈ ЌЕ СЕ СКЛУЧИ МЕЃУ КРЕДИТНАТА БАНКА ЗА ОБНОВА – КфВ И А.Д. ЕЛЕМ

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА ОД БУЧАВА ВО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПАКУВАЊЕ И ОТПАД ОД ПАКУВАЊЕ ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА КВАЛИТЕТОТ НА АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ГРАДЕЖНИТЕ ПРОИЗВОДИ

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 25-841/3/2011 Назив на договорниот орган: Општина Кочани, ул. “Раде Кратовче“ бр. 1, 2300, Кочани. ПРЕДМЕТ: Изградба на фонтана во трговски центар во општина Кочани. Контакт тел/факс: 033 274-001, 033 273-542, лице за контакт: Силвана Благонова. Јавно отворање на понудите на ден 10.05.2011 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 48/2011 УРЕДБА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА ЗА ВИСИНА НА НАДОМЕСТ ЗА ПРИВАТИЗАЦИЈА НА ГРАДЕЖНОТО ЗЕМЈИШТЕ ШТО СЕ ПРИВАТИЗИРА, НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА ЗА НАПЛАТА НА НАДОМЕСТОТ ЗА ПРИВАТИЗАЦИЈАТА НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ИСПРАВКА НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА НАЧИНОТ НА ОБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ПРОЕКТИРАНА ГРАДБА НА ТЕРЕН ПРАВИЛНИК ЗА ТЕХНИЧКИТЕ НОРМАТИВИ ЗА ИЗГРАДБА НА ЈАВНИ ЗАСОЛНИШТА

ОГЛАСИ ЈАВЕН ПОВИК БР. 41/2011 ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНО ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО ЗА ИЗГРАДБА НА НОВ СТУДЕНТСКИ ДОМ НА ЛОКАЦИЈА ВО СКОПЈЕ ЈАВЕН ПОВИК БР. 43/2011 ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНО ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО ЗА ИЗГРАДБА НА НОВ СТУДЕНТСКИ ДОМ НА ЛОКАЦИЈА ВО ТЕТОВО

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 08/2011 Назив на договорниот орган: Општина Гевгелија, ул. “Димитар Влахов“ бр. 4, 1480, Гевгелија. ПРЕДМЕТ: Изработка на Урбанистички планови за општина Гевгелија (Детални урбанистички планови, Урбанистички планови за село и Урбанистички планови вон населено место). Контакт тел/факс: 034 213-843, 034 213899, лице за контакт: Митко Дојчинов. Јавно отворање на понудите на ден 03.05.2011 год. БРОЈ: 09/2011 Назив на договорниот орган: Општина Гевгелија, ул. “Димитар Влахов“ бр. 4, 1480, Гевгелија. ПРЕДМЕТ: Изградба на пешачка патека од зграда на “Винојуг“ до влез во индустриска зона “Блоктехна“ Гевгелија. Контакт тел/факс: 034 213-843, 034 213899, лице за контакт: Митко Дојчинов. Јавно отворање на понудите на ден 04.05.2011 год. БРОЈ: 07/2011 Назив на договорниот орган: Општина Сарај, ул. “Рекреативен Центар“ бб, Сарај, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изградба на водоснабдителен систем за г. Свиларе. Контакт тел/факс: 02 2057-996, 2057-990, лице за контакт: Арсим Рустеми. Јавно отворање на понудите на ден 04.05.2011 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 49/2011 ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

www.porta3.com.mk

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 40/2011

БРОЈ: 34/2011 Назив на договорниот орган: Управа за заштита на културното наследство, ул. “Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изведување работи на конзервација, реставрација и реконструкција на дел од тврдинскиот ѕид кула 1 на Кастелот кај Кожле, Општина Петровец. Контакт тел/факс: 3289-759, 3289-777, лице за контакт: Саша Крстевски. Јавно отворање на понудите на ден 05.05.2011 год. БРОЈ: 8/2011 Назив на договорниот орган: Јавно претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија, ул. “Орце Николов“ бр. 138, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Градежни работи за изградба на објект Катна гаража 9.13 Голем ринг во Скопје – Градежен дел. Контакт тел/факс: 02 3121-270, 02 3225094, лице за контакт: Лидија Мицева. Јавно отворање на понудите на ден 03.06.2011 год. БРОЈ: 13/2011 Назив на договорниот орган: Општина Гевгелија, ул. “Димитар Влахов“ бр. 4, 1480, Гевгелија. ПРЕДМЕТ: Изработка на геодетски елаборати за Ажурирани геодетски подлоги за реализација на Детални урбанистички планови, Урбанистички планови за село, Урбанистички планови вон населено место. Локална урбанистичка планска документација и Нумерички податоци за експропријација. Контакт тел/факс: 034 213-843, 034 213899, лице за контакт: Митко Дојчинов. Јавно отворање на понудите на ден 09.05.2011 год. БРОЈ: 08/2011 Назив на договорниот орган: Општина Куманово, ул. “11 Октомври“ бб, 1300, Куманово. ПРЕДМЕТ: Изградба на дел од ул. “Бранко Радичевиќ“ со потпорен ѕид и атмосферска канализација во Општина Куманово. Контакт тел/факс: 031 475-832, лице за контакт: Дарко Станојковски. Јавно отворање на понудите на ден 04.05.2011 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 50/2011 СТАТУТ НА АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО ЗА ИЗГРАДБА И СТОПАНИСУВАЊЕ СО СТАНБЕН ПРОСТОР И СО ДЕЛОВЕН ПРОСТОР ОД ЗНАЧЕЊЕ ЗА РЕПУБЛИКАТА

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 36/2011 Назив на договорниот орган: Општина Аеродром, ул. “Венјамин Мачуковски“ бр. 6, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Избор на фирма, со лиценца Б за изведувач, за изградба на спортски игралишта на територија на Општината Аеродром. Контакт тел/факс: 2401-548, 02 2401-546, лице за контакт: Светлана Лазевска. Јавно отворање на понудите на ден 05.05.2011 год. БРОЈ: 38/2011 Назив на договорниот орган: Општина Аеродром, ул. “Венјамин Мачуковски“ бр. 6, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Избор на фирма со потребна лиценца за изработка на проектна документација – лиценца за проектирање Б согласно Законот за градење, за изработка на елаборати за геомеханика, протоколи, студии и друга проектна документација, за изведба на објекти на територија на општина Аеродром. Контакт тел/факс: 2401-548, 2401-546, лице за контакт: Светлана Лазевска. Јавно отворање на понудите на ден 11.05.2011 год.

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА


рубрика

3

22 април 2011 ПОРТА

67


PORTA3 155  

Porta3 broj 155

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you