Бидејќи две третини од сите бизниси во Македонија се семејни бизниси, оваа брошура има за цел да придонесе за подобрен економски развој на Македонија.
Оваа брошура е резултат на две активности кои беа спроведени во перидото август-ноември 2019 во Македонија.
1. Истражување за потребите и препораките за наследување на семејни бизниси во Р. Македонија.
2. Дводневен форум кој направи дијалог меѓу креирачите на политики и младите наследници на семејни бизниси од Р. Македонија за потребите и политиките кои треба да се креираат или променат.
Овој проект беше реаизиран благодарение на поддршката од Националната Агенција за Европски образовни програми и мобилност на Македонија. Преку финансиска поддршка од Еразмус+ програмата на Европската Комисија.
Реализатор на проектот: ЦЕФЕ Македонија
Времетраење: август 2019 - февруари 2020